Технички прием,квалитет на градба(општо)
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=4122
Printed Date: 02-May-2025 at 17:11
Topic: Технички прием,квалитет на градба(општо)
Posted By: Triki
Subject: Технички прием,квалитет на градба(општо)
Date Posted: 30-Nov-2021 at 21:24
%20 - https://www.facebook.com/GoldenArtMKD/posts/4081644795270746
Голден Арт денес делеле клучеви од својата зграда, од мега акустик уште нема никаков контакт, да се надеваме дека ќе се јават наскоро.
|
Replies:
Posted By: crespitto
Date Posted: 01-Dec-2021 at 09:07
Официјално клучевите беа доделени на овие семејства на 11.11.2021год. Сега ја имаат ставено објавата од страна на Голден Арт, инаку и од претходно од месец август-септември некои 6 семејства веќе живееа во зградата.
|
Posted By: Triki
Date Posted: 01-Dec-2021 at 09:55
Како е можно да живеееле? Од мега акустик велат дека треба сите 3 згради да се пуштат во исто време поради тоа што е комплекс и треба да пројдат сите технички прием. Инаку краен рок е крај на декември...
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 01-Dec-2021 at 10:34
Posted By: bulevar3
Date Posted: 11-Dec-2021 at 23:06
Дали има некој повеќе инфо за останатите две згради , кога поточно ќе биде правење записници и примопредавање на клучевите?
Благодарам.
|
Posted By: Triki
Date Posted: 12-Dec-2021 at 08:07
И мене ме интересира Да не вртам кај мега акустик, сигурно ќе ме мотаат Секако како што пишува горе по договор краен рок е до крај на месецов
Еве crespitto делува како да е вработем во голден арт, можеби он има инсајдер инфо
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 12-Dec-2021 at 23:51
Posted By: bulevar3
Date Posted: 13-Dec-2021 at 00:55
Не дозволуваа посета да се види до каде е со внатрешното уредување , требаше таркет да се мести , внатрешни врати и елементи во вц-то и влезот . Сега велат се чистат становите . Значи треба убаво да се провери што ќе се потпише во записниците за примопредавање. Од првата зграда гледаме слики убаво уредени влезови ,ходници ,станови домофон , супер . Благодариме за информацијата.
|
Posted By: BlackBrett
Date Posted: 13-Dec-2021 at 09:32
Ние се јавивме кај нивниот агент што ни го продаде станот и ни кажаа дека требало да се доправи улицата доле за да биде пристапна и ќе ни ги дале клучевите - тоа ќе било до крајот на месецов... Така разбравме ние
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 13-Dec-2021 at 10:07
Posted By: LadyD
Date Posted: 13-Dec-2021 at 17:41
Originally posted by crespitto
Откако зградата ќе помине технички прием, тогаш ќе може да бидат доделени клучеви од становите на купувачите. Но како стојат работите моментално тоа би било многу тешко да се направи зошто реално уште 3-те подземни нивоа(паркинзите) не им се средени и не знам кој свесен човек би ставил потпис дека е извршен технички прием на некои недовршени работи. Но ова е Македонија каде што ништо не треба да зачуди, се е корумпирано и секогаш подебелиот крај го извлекува чесниот човек во оваа наша држава, за жал. Може ќе направат технички прием но реално имаат многу за доработување, но луѓето треба да бидат свесни исто така дека готов стан значи дека се е готово и комплетирано, а работата не е да го прими купувачот станот и после уште една година да чека да ги доработат другите работи паркинзи, партер и друго, а тој за тоа време ќе ја паркира колата долу кај крстот или кај супер-тинекс. А во меѓувреме ќе си тече гаранцијата од станот. Исто така многу грешки имаат направено од брзање или е намерен фушерај во последно време, бидејќи становите ги имаат продадено многу одамна, којзнае што ќе излезе на крај, и бидете сигурни дека некои работи што ви ги имаат ветувано пред да ги купите становите, некои се променети, дали станува збор за плочки или нешто друго е сменето, гледајте да не е ставено нешто полошо од тоа што ви е ветено. Но како и да е, само да знаете дека тие не ве гледаат како човечки суштества и дека на нив им е гајле дали е се добро сработено, бидејќи за некои работи човек просто да не верува како ставаат тие надзори потпис за веќе завршени работи кои се лоши, како некое дете од градинка да врши надзор на работите и ставаат потпис. И да знаете исто така дека тие ќе гледаат да ве убедат дека е се во ред, како не треба да замерувате за најразлични работи и најбитното за нив е да ги предадат становите, едноставно да ги откачат, бидејки тие ве гледаат како пари а не како луѓе. А парите веќе ви ги зеле така да си ја завршиле главната работа. Мој совет е да си барате квалитет и се друго останато поврзано со станот. Сте ги купиле становите не ги имате добиено на лото или пак некој да ви ги има поклонето од страна на инвеститорите.. туку вие на некој начин сте соинвеститори не сте само купувачи бидејќи имате инвестирано предвреме пари, пари со кои во меѓувреме си работат инвеститорите и уште одозгора неможат да стигнат да завршат на време?! Замислете да требаше инвеститорите да ги продаваат становите откако ќе ги завршат 100%?! И ќе речат после ние сме „инвеститори“, а сите пари ги зеле предвреме.. ова го кажувам бидејќи забележувам дека поголем дел од станарите им е незгодно да им се јават или да ги прашаат до каде е работата, иако тие имаат должност да ги известат луѓето до каде е градбата, што и како се случува, но не го прават тоа воопшто, единствено што дадоа известување до станарите односно се пофалија како ги имаат ПРОДАДЕНО СИТЕ СТАНОВИ!!! А за да отидеш да го видиш станот треба да се јавиш еден месец претходно и прашање е дали ќе ти дозволат, како демек тие се Господ и не смееш да им се заѕвониш на луѓето што се претпоставени таму и зошто се многу, многу зафатени со тоа што по цел ден не излегуваат од контејнерите што се поставени покрај зградите. Епа не се завршуваат така лесно и квалитетно зградите самите препуштени на себе.. како во нивниот случај, пушти ги кооперантите сами нека си сработат како знаат и умеат за да си наплатат пари, а во меѓувреме некој слепец-надзор ќе им удри потпис и на крај пак самиот купувач на стан ќе треба да ангажира мајстори да им ги средуваат и чистат нивните го**а! |
Ова делува на конфликт помеѓу двата инвеститори, а хејтот единствено може да го наруши угледот на комплексот што наводно е една целина, додека Голден Арт постојано изолирано ја рекламираше и промовираше само својата зграда. .
|
Posted By: Triki
Date Posted: 13-Dec-2021 at 22:45
Делува да, меѓутоа тоа што не го сфаќа crespitto е дека неговите писанија делуваат само непрофесионално и максимално пристрасно, како намерно да сака да створи нервоза кај купувачите од другиот инвеститор. Колку и да е во право, не е начин на ваков форум да се докажуваат тие работи. Во секој случај анонимно кудење на ваков форум е крајно несмасен потег.
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 13-Dec-2021 at 23:08
Колку сака нека звучи непрофесионално, бидејки и од нивна страна е многу непрофесионално како тие постапуваат. Да бидам искрен јас имам купено стан од Мега-Акустик уште пред 2 години цели и целосно исплатен до денар, тогаш ветуваа дека ќе се заврши во март 2021, после тоа ветуваа дека ќе се заврши во јуни, па во септември па еве дојде и нова година и тешко дека ќе биде готова. Па сега кога сум реален, ајде кажете ми вие дали е во ред од нивна страна?
|
Posted By: doncho
Date Posted: 14-Dec-2021 at 11:18
Originally posted by crespitto
Колку сака нека звучи непрофесионално, бидејки и од нивна страна е многу непрофесионално како тие постапуваат. Да бидам искрен јас имам купено стан од Мега-Акустик уште пред 2 години цели и целосно исплатен до денар, тогаш ветуваа дека ќе се заврши во март 2021, после тоа ветуваа дека ќе се заврши во јуни, па во септември па еве дојде и нова година и тешко дека ќе биде готова. Па сега кога сум реален, ајде кажете ми вие дали е во ред од нивна страна? |
А во договор што пишува? Едно е ветување, друго е на хартија?
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Dec-2021 at 11:43
Мислам дека доцнењето со изградба односно предавање на објектот во употреба е многу честа појава на нашиот пазар и истото произлегува од повеќе работи.
1.Си задаваат прилично кратки рокови каде во старт се свесни дека ќе има пролонгирање.
2.Се поголем недостиг на работна сила(особено на гипсари,плочкари,електричари,водоинсталатери,молери) па така единствено брзо одат армирачко бетонските и ѕидарските работи а потоа се заглавува уште минимум година година и половина во занатски работи.
3.Зависи што е ветено во договорите и исто така некои компании работат врз основа на соинвеститорство односно купување станови во почетна фаза на градба.
4.Временски фактори(најчесто се сведува на 30-тина дена скратено работење во лето и нешто помалку зимно време при снег и позначителен минус) но тоа обично не влијае премногу на роковите.
5.Зависи дали имаат сопствен тим за градба или ангажираат други изведувачи и подизведувачи при градбата.
Патем зависи многу од компанија до компанија колку што знам ГА,Елена Лука и Адора важат за прилично доследни со почитување на роковите при изградба и пуштање во употреба со тоа што обично по месец-два од пуштањето ги ставаат во функција подземните паркинзи.А знам и примери за поголеми доцнења(над 10 месеци) што повлекува исплата на пенали но сепак зависи кои клаузули се ставени во договорот при купувањето на стан.
Во иднина чинам проблемот со доцнење ќе биде се поголем бидејќи работната сила во овој сектор станува се подефицитарна и со тек на време ќе има поголеми одолговлекувања и при земјените и армирачко бетонските работи поради недостиг од возачи на кипери,миксери и друга механизација.
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 14-Dec-2021 at 11:44
Во договорот пишува до крајот на оваа година, но без разлика на тоа тие секако немаат теоретски шанси да го комплетираат целиот комплекс до крајниот рок што е предвиден и по договорот. Значи проблемот е во нивниот непрофесионален пристап, класично манипулирање од нивна страна со цел побрзо да се продадат становите, тоа им успеа но забораваат дека Скопје е многу мал град. Инаку цело време кажуваат како целиот комплекс ќе се пуштел во исто време, дека нема никакви шанси да се пуштат на пример 1.1 и 1.5 па потоа 1.3 зградата, морало да биде се готово за да се пушти целиот комплекс во употреба. И сега ние станарите на мега-акустик, излегуваме за разлика од станарите во 1.1 зградата, црни овци? Може е и добро вака што се случи што ја пуштија 1.1 зградата па станарите дигнаа бунт и овие почнаа нешто да работат инаку ако ги чекаа да се заврши цел комплекс којзнае до кога ќе траеше изградбата.
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 14-Dec-2021 at 12:02
Posted By: Џоле
Date Posted: 14-Dec-2021 at 12:25
Јас кога лани летото се распрашував за стан во овој комплекс, од Голден Арт ме уверуваа дека целиот комплекс ќе биде пуштен во исто време, декември 2021 година.
------------- За сè има вторпат
|
Posted By: LadyD
Date Posted: 14-Dec-2021 at 14:49
А деловните простори продадени ли се? Знае некој што се очекува да има долу, ако воопшто има нешто ?
|
Posted By: bulevar3
Date Posted: 15-Dec-2021 at 20:07
Ne oficijalno megunarodna kompjuterska kompanija vo golemiot del izmegu dve zgradi .
Mozebi gresham moze ne .
|
Posted By: Triki
Date Posted: 20-Dec-2021 at 19:01
Некаква најава? Еве го 31ви кај е За 10 дена.
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 20-Dec-2021 at 20:17
Најава никаква бар до денес. Мислам дека треба да се помириме со фактот дека нема да добиеме клучеви до 31ви. Според мене би можеле да одат на варијанта да се јават до 31ви, но ќе објаснуваат како демек веќе подготвуваат записници бидејќи се е готово со комплексот и дека за некои 15 дена во Новата Година 2022 ќе ги предадат клучевите, односно да го потпишеме записникот (ова исто така претпоставувам дека ќе го направат за да не смират нас станарите за да не ги вознемируваме за време на празниците), но апелирам доколку најдете забелешки за станот или општо за останатиот дел од комплексот запишете го во записникот, секако дека дополнително ќе се пролонгира предавањето на станот, но да знаете и дека со самото потпишување на записникот ви започнува истекот на гаранцијата на станот. Досегашното искуство кажува дека тие не се ажурни и се глуви на сите забелешки што ги имаат досега за средување, истите не ги имаат чепнато со прст а им се укажани многу пати досега. Не верувам дека и воопшто ќе ги корегираат доколку ние станарите не реагираме на сите тие забелешки во записникот бидејќи досега усното укажување на забелешките немаат никаков ефект, не е ништо корегирано. Поентата ми е дека доколку не им ги укажаме забелешките сите ние, тие во никој случај нема да ги корегираат зошто мислат и очекуваат дека тоа може да помине кај станарите но отпосле ќе видите самите дека ќе имате проблеми за најразлични работи, затоа верувам дека така и ќе останат, и ќе започне истекот на гаранцијата на становите. Апелирам повторно до сите кои очекуваат стан во градба да им биде готов, независно кој е инвеститорот, да си ги отворите добро очите и внимавајте што потпишувате.
|
Posted By: zorant
Date Posted: 20-Dec-2021 at 20:42
Originally posted by crespitto
Најава никаква бар до денес. Мислам дека треба да се помириме со фактот дека нема да добиеме клучеви до 31ви. Според мене би можеле да одат на варијанта да се јават до 31ви, но ќе објаснуваат како демек веќе подготвуваат записници бидејќи се е готово со комплексот и дека за некои 15 дена во Новата Година 2022 ќе ги предадат клучевите, односно да го потпишеме записникот (ова исто така претпоставувам дека ќе го направат за да не смират нас станарите за да не ги вознемируваме за време на празниците), но апелирам доколку најдете забелешки за станот или општо за останатиот дел од комплексот запишете го во записникот, секако дека дополнително ќе се пролонгира предавањето на станот, но да знаете и дека со самото потпишување на записникот ви започнува истекот на гаранцијата на станот. Досегашното искуство кажува дека тие не се ажурни и се глуви на сите забелешки што ги имаат досега за средување, истите не ги имаат чепнато со прст а им се укажани многу пати досега. Не верувам дека и воопшто ќе ги корегираат доколку ние станарите не реагираме на сите тие забелешки во записникот бидејќи досега усното укажување на забелешките немаат никаков ефект, не е ништо корегирано. Поентата ми е дека доколку не им ги укажаме забелешките сите ние, тие во никој случај нема да ги корегираат зошто мислат и очекуваат дека тоа може да помине кај станарите но отпосле ќе видите самите дека ќе имате проблеми за најразлични работи, затоа верувам дека така и ќе останат, и ќе започне истекот на гаранцијата на становите. Апелирам повторно до сите кои очекуваат стан во градба да им биде готов, независно кој е инвеститорот, да си ги отворите добро очите и внимавајте што потпишувате. |
Да не знаеш какво е искуството во првата зграда (на Голден Арт) со вакви ствари?
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 20-Dec-2021 at 21:04
Знам за некои пријатели лично кои купија таму стан, ми кажаа дека имале забелешки но уште во текот на градбата ги имаат корегирано бидејќи тие нон-стоп имаа пристап до станот кога и да посакаа одеа на увид и буквално на денот на потпишување тие немале забелешки бидејќи од претходно ги имаат корегирано сите недостатоци и на денот за примопредавање го потпишаа записникот и си ги зедоа клучевите. Тоа и така треба да биде, но овие се глуви за било каква забелешка. Не знам дали некој друг имал вакво искуство? Како со намера не корегираат ништо за да отпосле плус ви изгубат време или пак да добијат на време? Навистина не ми е јасно. И имаат многу антипатичен пристап што те убедуваат дека ќе се среди, те лажат како мало дете дека е средено а ништо не чепкаат, те гледаат во очи и те лажат дека е нешто средено. Крајно човек ќе се доведе во ситуација да го прифати станот таков каков што е и да си викне мајстори и сам да си го досреди. Ама зошто кога е НОВ стан?! Не купуваш стар стан...туку НОВ кој го чекаш со години за да ти го направат и на крај пак не е направено како што треба!
|
Posted By: atanas1982
Date Posted: 21-Dec-2021 at 14:42
Читајќи ги вашите искуства морам да искажам загрижување во врска со станот кој што го имам купено во порта резиденс бидејќи и ние не смееме да видиме што се случува во зградата и како одат работите и со кој тек. Искрено најмногу се информирам преку форумов и пешки ако поминам околу зграда. Од фирмата не информираа дека наводно имале забрана за посети од страна на изведувачот за само од вив познати причини. Можно и ќе напоменам само дека е само мое мислење и страв бидејќи не ни даваат да видиме како се гради внатре, дека е можно и да ги полнат ѕидовите со празни пластични шишиња а не смееме да посетуваме за да не го видиме тоа. Тресам може глупости меѓутоа да не дадеш да видиш купец да види што платил ми сосдава еден тон сомнежи. И јас не знам како си дозволив на порта да им исплатам цел стан ама тоа ми е. После ...... нема каење.
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 21-Dec-2021 at 16:31
Мислам дека најдобро ќе биде, за општо добро (посебно за станарите) да се донесе закон да не може да се продаваат станови во градба туку откако ќе биде готова зградата т.е кога ќе помине технички прием. Во тој случај ќе излезе на виделина кој се всушност „вистински инвеститори“, а се останато што чекаат пари за да се продаде стан и да се исплатат подизведувачи со истите пари ќе отпаднат, ќе ги снема. Во тој случај мислам дека ќе останат само 2-3 инвеститори сериозни. Бидејќи вака, ем ги даваш сите пари однапред и без разлика што секој човек има право да си го види станот, да си направи увид при градбата.. тоа право за жал не му е овозможено од страна на некои „замислени“ инвеститори.
|
Posted By: LadyD
Date Posted: 21-Dec-2021 at 17:24
Нас ни кажаа дека од утре почнуваат со предавање на клучевите од зграда 1.5, влез 5. Но најверојатно нема да се стигне со предавање на клучевите од влез 6 и зграда 1.3 до 31.
|
Posted By: bulevar3
Date Posted: 21-Dec-2021 at 18:42
Многу негативности на форумов , од поединци. Никој со сила не влијае дали да се купи во градба или не, секој има право на свој избор.
Од утре се почнува со влез 5 и 6 , потоа влез 3 и 4 така ни кажаа, а секој при примопредавање нека гледа . Станува збор за над 350 стана, да се надеваме дека сите до 31,12 ќе ги земеме клучевите .
Среќно на сите комшии кој имаат земено станови во комплексот .
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 21-Dec-2021 at 19:39
Но баш поради тие негативности од страна на тие поединци, можеби затоа ќе се поделат клучевите во рокот кој што е предвиден. Што доколку не се вршеше притисок од тие одредени поединци? И во случај да ги поделат клучевите од становите, тука треба да застанеме со притисок? Што ќе биде со паркинзите? Кај ќе ги оставаме колите а сме купиле гаражно место? Ќе чекаме уште половина година да ги средат и нив? Просто кажано од 13 катови колку што е целата зграда, се готови само 8 да речеме, а тоа се 60-70% комплетираност. И точно никој со сила не влијае за да се купи стан во градба или не, но на некој начин луѓето им изразиле доверба на инвеститорите без разлика дали им имаат кажано усно дека ќе биде порано комплексот или слично. Кој што сака нека каже но не е баш така едноставно, сите знаеме како се доаѓа до стан во оваа наша држава, и верувам дека има „поединци“ кои плаќаат во исто време и рата за кредит и кирија за стан (минимум 500евра или над 30,000 денари) во ова кризно време, и на нив секој еден ден им е важен а не пак месец.
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 22-Dec-2021 at 17:06
Да не има некоја фотка од денешното предавање на клучеви?
|
Posted By: Triki
Date Posted: 24-Dec-2021 at 18:33
Чисто сумњам дека така церемонијално делат како голден арт, ако воопшто почнале бо средата. Ако некој земал и го чита форумов нека пише искуство.
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 24-Dec-2021 at 19:13
Не се гои прасе пред Божиќ!
|
Posted By: LadyD
Date Posted: 24-Dec-2021 at 19:15
Нас ни се јавија да уплатиме за паркинг ( нема да се предаваат паркинзите сеуште ), и нареден ден да одиме за записник. Доколку е во ред записникот, веднаш ќе ги дадат клучевите.
Подрумите ќе се уплаќаат дополнително.
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 24-Dec-2021 at 19:19
А тие што имаат платено паркинг уште пред 2 години, сеуште чекаат на повик мислам. Дали е во прашање записникот овде или нешто друго(пари)? Шала на страна, зошто пари за паркинг кога нема да биде во употреба уште пола година?!
|
Posted By: LadyD
Date Posted: 24-Dec-2021 at 19:23
Искрено не знам, ние се понудивме да го платиме и паркингот при купување, но ни кажаа дека тоа ќе се плаќа на крај.
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 24-Dec-2021 at 19:34
Луѓе мислам дека е време веќе да направиме вибер група или некоја друга група на друга платформа-фејсбук или слично, каде ќе можеме да споделиме повеќе информации. Мислам дека веќе нема време за чекање, на мене ако не ми се јават ќе одам на 1ви пред Урбан Гарден со сиот мебел што ми е купен бидејки тогаш ми е крајниот рок(кој неколку пати го одложувам) за истиот во продавниците каде спие веќе 8 месеци и на истиот плаќам кирија. А и каде сум подстанар моментално имам рок да се отселам до крајот на месецот. Ако го чита некој од нив форумов, доколку не ми го предадат станот, нека ми ослободат еден контејнер од нивните.
|
Posted By: bulevar3
Date Posted: 24-Dec-2021 at 20:57
Денес касно поминав кај компексот , становите од влезот 5 и влезот 6 почнати се со примопредавање. Влезовите беа осветлени и некој стан .
Во врска со паркингот тој го плативме уште со плаќање на станот .
|
Posted By: Triki
Date Posted: 25-Dec-2021 at 12:37
Дали идат по спратови со делење клучеви?
|
Posted By: team17
Date Posted: 25-Dec-2021 at 16:40
Нема парно??? Добро луѓе, баш ме инересира како се одлучувате на вакво нешто. Па постојано ќе имате вибрации и непријатно зуење. Срамота за инвеститорот...
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Dec-2021 at 17:49
Originally posted by team17
Нема парно??? Добро луѓе, баш ме инересира како се одлучувате на вакво нешто. Па постојано ќе имате вибрации и непријатно зуење. Срамота за инвеститорот... |
Да,комплексов е предвиден да се затоплува преку инвертери што искрено не го одобрувам во населби каде веќе има воспоставена топлификациона мрежа,па дури и да нема соодветен развод кон тој дел можело за овие 3 години да ги ангажираат БЕГ и да се среди тоа.
|
Posted By: LadyD
Date Posted: 25-Dec-2021 at 19:19
За некои инвертер е подобра опција од градско парно.
Цел ден не си дома, кога си доаѓаш веќе го исклучуваат, па пак треба да пуштиш греалка или клима за да ти е топло вечерта или наутро. А парно плаќаш и лето и зима.
И секогаш има некој со клима во зграда, па зуење и вибрации пак има, а ако се добри климите не би требало да е значително.
|
Posted By: skopskodete
Date Posted: 25-Dec-2021 at 20:47
А што повеќе се исплати, инвертер или парно (гледано на годишно ниво)? Не сум направил некоја анализа.
|
Posted By: bulevar3
Date Posted: 25-Dec-2021 at 21:07
Парното не може да се користи летно време , што значи за ладење пак е потребно да се финансира во инвертери , а ке плаќаш цела година за парно.
Зградите имаат убава изолација и нема потреба за парно . Мое мислење .
Од вторник влез 3 и влез 4 за записник и примопредавање на клучевите .
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 25-Dec-2021 at 21:51
Ве читам и не можам да се изначудам, влез 5 и влез 6 сите ли земаа клучеви? Па сега дојде време во вторник за влез 3 и влез 4.. Какво е ова селективно повикување на станари? Еве на пример мене лично не ме повикал, ниту пак се јавил некој. Ова е срамно, ако веќе се предаваат клучеви се известуваат сите станари во исто време, па кој кога може ќе оди на записник. Вака не само што излеговме црни овци кога се предаваше зградата 1.1, сега повторно излегуваме исто но во сопствениот влез. Многу дискриминирачки!!! Срамота...
|
Posted By: Triki
Date Posted: 25-Dec-2021 at 23:12
И јас не сум земал од 5ти влез.
|
Posted By: doncho
Date Posted: 26-Dec-2021 at 01:46
Originally posted by team17
Нема парно??? Добро луѓе, баш ме инересира како се одлучувате на вакво нешто. Па постојано ќе имате вибрации и непријатно зуење. Срамота за инвеститорот... |
Најголема срамота. Т.е поголема срамота е за купувачите кои плаќаат за квази решенија. Инвертер е квази решение, доволно добро за тие што немаат пристап до парно. Дека инвертер е подобро решение може да каже само неук човек за термодинамика, звучно загадување и економија и оние што никогаш не се грееле на парно.
|
Posted By: bulevar3
Date Posted: 26-Dec-2021 at 10:04
Секој си избира што му одговара , затоа и пишав (мое мислење од искуство) Живеам во зграда со парно ,каде парното не го користам ,а користам инвертер и финансиски ми е многу многу поисплатливо.
Потполно се согласувам со мислењето LadyD .
|
Posted By: doncho
Date Posted: 26-Dec-2021 at 11:11
Originally posted by bulevar3
Секој си избира што му одговара , затоа и пишав (мое мислење од искуство) Живеам во зграда со парно ,каде парното не го користам ,а користам инвертер и финансиски ми е многу многу поисплатливо.
Потполно се согласувам со мислењето LadyD . |
Поиаплатливо ти е бидејќи воздухот и ѕидовите во зградата кај што живееш се загреани од комшиите на парно, и веројатно станот ти се наоѓа во горната половина од зградата каде воздухит е потопол.
|
Posted By: LadyD
Date Posted: 26-Dec-2021 at 11:31
Мислам дека нема воопшто потреба од генерализации и класификации на оние кои преферираат инвертер .
Кога една Битола може да функционира без парно на - 20 и инвертер да заврши работа, за Скопје да не зборуваме.
|
Posted By: team17
Date Posted: 26-Dec-2021 at 12:04
И јас мислам дека не е до провинција, туку до скопјани кои се греат на парно, па го исклучуваат и се после се догреваат и се фалат дека ефтино поминувале. Не збориме за ефтино или не ефтино, збориме за квалитет на живот, а тоа што реков дека треба да има парно, не е луксуз, туку основна потреба на човек кога ќе се врати дома да му биде топло и пријатно, а не да пали клими и да му зуе и да му дува топол воздух. Баш во таа Битола, баш со тие клими, психички се подготвував да одам во тоалет и да измијам заби со камен студена вода, така да тоа не треба да биде репер и нормално. Сепак преку 1000е/м2 сте платиле. И за крај, секој си добива тоа што си заслужува. Ако критериумите ни се ниски, зошто инвеститорот би вложувал екстра? Ваквата наша пасивност им одговара баш на нив. И размислете во Европа дали имаат парно или им висат клими... ама Европа е далеку, а од форумов видов дека и соседствово ни отиде далеку. Поздрав до сите и уживајте си во новите станови, се надевам дека се друго е во ред со зградава.
|
Posted By: user8642
Date Posted: 26-Dec-2021 at 14:43
Не е скапо парното, ефтина е струјата вештачки.
|
Posted By: kiriOK
Date Posted: 26-Dec-2021 at 18:48
Originally posted by LadyD
Мислам дека нема воопшто потреба од генерализации и класификации на оние кои преферираат инвертер .
Кога една Битола може да функционира без парно на - 20 и инвертер да заврши работа, за Скопје да не зборуваме. | Битола функционира на огревно дрво...све ван Скопје се мали и големи села реално погледнато
|
Posted By: kiriOK
Date Posted: 26-Dec-2021 at 18:54
Originally posted by team17
И јас мислам дека не е до провинција, туку до скопјани кои се греат на парно, па го исклучуваат и се после се догреваат и се фалат дека ефтино поминувале. Не збориме за ефтино или не ефтино, збориме за квалитет на живот, а тоа што реков дека треба да има парно, не е луксуз, туку основна потреба на човек кога ќе се врати дома да му биде топло и пријатно, а не да пали клими и да му зуе и да му дува топол воздух. Баш во таа Битола, баш со тие клими, психички се подготвував да одам во тоалет и да измијам заби со камен студена вода, така да тоа не треба да биде репер и нормално. Сепак преку 1000е/м2 сте платиле. И за крај, секој си добива тоа што си заслужува. Ако критериумите ни се ниски, зошто инвеститорот би вложувал екстра? Ваквата наша пасивност им одговара баш на нив. И размислете во Европа дали имаат парно или им висат клими... ама Европа е далеку, а од форумов видов дека и соседствово ни отиде далеку. Поздрав до сите и уживајте си во новите станови, се надевам дека се друго е во ред со зградава. | Си фатил да објаснуваш на луѓе што искеширале 1000+ евра за квадрат за зграда до главен булевар и со поглед на индустриска зона и пруга, ти стварно мислиш такви луѓе со тој тип на анализа ќе дадат издржано мнение во врска со парно наспрам инвертер.
|
Posted By: LadyD
Date Posted: 26-Dec-2021 at 20:13
Зборувам од аспект на корисник на инвертер во Битола, а не на огревно дрво. Незнам што е толку комплицирано во тоа дека некој сака да има сопствена контрола врз тоа кога и колку греење/ладење ќе користи.
А бирајќи помеѓу поглед накај пруга која сигурно наредна година нема да никне во друга зграда, и поглед кон други висококатници, првиов е подобар.
|
Posted By: doncho
Date Posted: 26-Dec-2021 at 21:55
Зошто мислиш дека ние со парно се мрзнеме? Да беше лош системот на централно греење немало да се имплементира во било кој поголем град. Јас по кратки ракави горе и доле седам цела година. Парното сега го пуптаат од 3 саат ноќе. Го гасат во 12. Баш како што рече еден корисник ако вие сте спремни да дадете еден куп пари и да имате само една опција за греење тогаш вашите критериуми се ниски. Порано задолжително било секој стан да поседува 2 опции за греење (оџак и струја), сега сте оставени само на една опција т.е само струја. И секако дека тоа му одговара на инвеститорот, полесно е да купи клима за 700-800 еур, него ли да спроведува инсталации, грејни тела, потстаници итн. Затоа и становите со парно ќе држат секогаш повисока цена, дури и да се покаже како поскап начин на греење, неспоредлив е квалитетот.
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Dec-2021 at 22:07
Во врска со парното или инвертерот се си има свои предности и недостатоци. Пред се зависи колку објектот губи топлина односно дали е соодветна и добра изолацијата а потоа може да се разгледува што е подобра опција.
Кај инвертерот предност е тоа што можеш да определиш посакувана температура но сепак тие уреди си имаат гаранција од 3 до 5 години а по изминување на тој период може да бидат потребни сервисирања па дури и промена зависи која марка уреди се вградени и како ќе се погодат со квалитетот. Кај парното нема можност да се регулира јачината на греењето но нема потреба од некое сервисирање обично радијатори без проблем тераат и по 30 години и подеднакво ги затоплуваат сите соби но знае да има големи варијации од зграда до зграда во однос на јачината некои среде зима се со прозор на кипање а отспротива имаат млако парно.
Честа е комбинацијата на слабо парно и дополнување со инвертер(ако се сака да се постигне температура повисока од 21-22 степени) во спротивно доволно е само парно или инвертер.
Секако зависи и квадратура на станот и поставеноста на инверторот.
|
Posted By: doncho
Date Posted: 26-Dec-2021 at 22:24
Ако парното е млако ондак или не испуштиле воздух, или филтерот не го исчистиле или пак потстаницата не е подесена да пупма појако. Трето нема. Температура може да си регулираш ако ти е топло. Сега гледам инвеститори почнуваат да вградуваат и калориметри за секој стан (а не за цел влез). А доколку изолацијата на зградата не чини, тогсш нема да чини нити за парно нити за инвертер.
Хипотетски, дури и да сум фан на инвертер греење, ќе барам инвеститор кој вградува парно, па за клима лесно е, ќе си купам накнадно.
|
Posted By: vlatko.mk
Date Posted: 26-Dec-2021 at 23:21
Originally posted by bulevar3
Парното не може да се користи летно време , што значи за ладење пак е потребно да се финансира во инвертери , а ке плаќаш цела година за парно.
Зградите имаат убава изолација и нема потреба за парно . Мое мислење .
Од вторник влез 3 и влез 4 за записник и примопредавање на клучевите .
|
Има најава за од вторник за влез 3 и 4? Дали некој знае што реално е проблемот за гаражата и до каде се таму работите?
Инаку и денес работеа - на влез 4 се работеше на финишот околу влезната врата и се припремаше конструкцијата за затворање со стакло на деловниот од задната страна (што гледа кон влезот на железница)
|
Posted By: hcitrS
Date Posted: 27-Dec-2021 at 01:24
Аргументи дека инвертер има некакви предности се во најмала рака себични за условите за кои се зборува. Такви муабети можат да се тераат во некој паралелен универзум каде земјата има 120% сопствено производство на струја и каде барем 50-60% од тоа е од обновливи(или нуклеарка). Бустање инвертери, и тоа пред се' во колективно домување е крајно неекономично, скапо, и скапо по здравјето на луѓето со оглед на тоа дека струјата која ја произведуваме е од високозагадувачки јаглен и мазут.
Во некои западни земји децата во основно ги носат на задолжителни екскурзии во фабрики кои го преработуваат и горат ѓубрето. За да знаат дека твоите животни навики и дела не почнуваат и завршуваат во твоите 50 квадрати, туку влијаат на целото општество и средина.
|
Posted By: LadyD
Date Posted: 27-Dec-2021 at 10:57
Се симнавме до -1 ниво на паркинзите, беа готови, обележани и подрумчињата се поставени, но не е исчистено. За другите нивоа неможам да тврдам.
Инаку и лифтовите не се пуштени во употреба бидејќи нема фирма одржувач сеуште.
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 27-Dec-2021 at 12:04
Па и не треба да се пуштаат лифтовите барем 6 месеци, секој ќе качува по лифтовите се и сешто и ќе се оштетат. Но имаат направено грешка зошто ја имаат поставено оградата во скалишното јадро, верувам дека ќе се оштетат ѕидовите а и самата ограда бидејќи ќе пречи при качување на мебелот. Требало да причекаат да се вселат луѓето, па тогаш да ја домонтираат.
|
Posted By: vlatko.mk
Date Posted: 27-Dec-2021 at 19:57
Originally posted by crespitto
Па и не треба да се пуштаат лифтовите барем 6 месеци, секој ќе качува по лифтовите се и сешто и ќе се оштетат. Но имаат направено грешка зошто ја имаат поставено оградата во скалишното јадро, верувам дека ќе се оштетат ѕидовите а и самата ограда бидејќи ќе пречи при качување на мебелот. Требало да причекаат да се вселат луѓето, па тогаш да ја домонтираат. |
Последната информација што ја добив беше дека лифтовите се подготвени со тоа што се заштитени (со цел станарите да може да го качуваат мебелот) и дека само се чека прием да се направи за да се пуштат.
Според мене поголема штета ќе се направи кај скалишниот простор при качување одошто со лифт.
Претпоставувам вакво нешто имаат поставено?!
|
Posted By: Spider-Man
Date Posted: 27-Dec-2021 at 23:25
Па за украс ли се лифтовите ( башка има еден товарен тој треба да се користи при вселување ).инвеститорот навел 2 години гаранција по технички прием. Што правиме за периодот кога ќе се добијат клучеви , ( а реално нема технички прием ) до период кога ќе има технички прием. Дали во тој период ( Х месеци ) нема никаква обврска инвеститорот доколку нешто се расипе.
|
Posted By: listerija
Date Posted: 28-Dec-2021 at 10:37
Здраво, дали на некој од влез 4 му се имаат јавено за клучеви?
|
Posted By: team17
Date Posted: 28-Dec-2021 at 11:04
А да си направите вибер група "Станари на Urban Garden влез 1/2/3" и тековни работи како стиропор во лифт, колку пари ќе собирате за чистење, дали после 6 месеци пак ќе кречи влез инвеститорот, да ги дискутирате таму? Ништо лошо не ми е коментарот, него мислам дека идејата на форумов не е станбен управител.
|
Posted By: Aowek
Date Posted: 30-Dec-2021 at 16:19
Crespito го има земено клучот изгледа затоа го нема да хејта
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 30-Dec-2021 at 16:31
Не. Премногу сум разочаран. Не вреди ништо повеќе да се каже, го пробија и датумот што е предвиден по договорот. Проклет да е денот кога отидов од кај нив да купам стан.
|
Posted By: Triki
Date Posted: 30-Dec-2021 at 17:48
Де бе последниот рок е утре. Ако каснат 10 дена со клучеви не е ништо катастрофално. Луѓе по 8-9 месеци чекаат, тоа е веќе ужас.
|
Posted By: listerija
Date Posted: 30-Dec-2021 at 18:00
Posted By: crespitto
Date Posted: 30-Dec-2021 at 19:06
Листерија 5ти влез сум. Почитувани форумџии, не е работата ако каснат 10 дена со клучеви, работата е многу специфична, тие ми дале рок во договор, тој рок го потврдуваат цело време дека ќе биде краен и испочитуван, дури и предвреме ќе ни ги предале клучевите.. сакам да ви објаснам зошто е специфично се ова поради тоа што не го почитуваат рокот, бидејки се е поврзано. Да почнам од мебелот што го имам купено и што на него плаќам кирија во продавниците, им имам кажано дека најкасно до 31.12.2021 ќе си го земам, и сега утре кај да го носам мебелот? Оставете мебелот би сакал да ве прашам нешто побитно, јас лично кај да одам сега после 1ви, кога сум му веќе кажал на газдата на станот каде сум моментално под кирија дека краен датум кога ќе го напуштам станот е 31ви, морам да го ослободам и напуштам и тој човекот си доаѓа за празници од странство да си се смести во станот негов за да си празнува, јас дали утре да одам да прославувам Нова Година или да одам да барам стан нов за да се преселам на некое кратко време?! Кој ќе ми го дозволи тоа?! Или да престојувам во хотел додека не биде готов станот?! Ајде еве ве замолувам дајте ми предлог-совет, бидејќи мислите дека сум некаков хејтер? Ете тоа е работата што народот неможе да го разбере, неможе да претпостави некој низ се што поминува, иако и јас сега ви кажувам, вие пак неможете да сфатите, бидејки човек што не поминува низ вакво нешто неможе да го сфати, треба да се осети на своја глава и тогаш ќе му стане јасно. И би сакал да ве прашам дали вие знаете уствари што значи да биде готова една зграда?! Па нели гледате дека сеуште им висат каблови по фасадата, немаат поставено осветлување, немаат паркинг, немаат пристапни улици за влез и излез од комплексот, тоа што го направија за влез кај пешачкиот премин на раскрсницата, почитувани мои комшии дали мислите дека тоа е во ред и дека тоа така може да остане?! Би сакал да апелирам дека овде станува збор за колективно домување, отворете ги очите малку наоколу, јас им укажувам на овие недовршени работи, ама една капка ништо не прави, не гледајте само кога ќе го преминете прагот од станот и тоа да ви е само битно. Да не ме сфатите погрешно, секој треба нормално да си гледа за себе и за својот стан ама во исто време треба да се обрне внимание и на самата фасада на комплексот, влезниот дел-скалишно јадро, надворешен партер, ходници, лифтови, паркинзи и сл. Тоа е наше, заедничко. И уште нешто би ве замолил да не споредувате како е со други инвеститори и како тие некои каснат и по повеќе време, овие инвеститори бар за мене не ми дадоа опција да им дадам пари пола и пола откако ќе ми биде готов станот, за вас не незнам.. сакам да кажам овие инвеститори не ме чекаа за пари ни ден, си ги бараа парите и јас им ги наброив до денар со се уплата и за гаражно место уште пред 2 години. И сакате да кажете дека треба да биде човек трпелив и сеуште да ги чека? Ве замолувам доста со она наше размислување типично за нас македонците “ќути има и бетер(полошо)“..
П.С. Ова за деновите дека може ќе се закасни 10ина денови, да не ви го кажаа како оправдување од страна на самиот инвеститор - како тоа имало други инвеститори што каснеле со повеќе месеци, а како они демек малку каснат?!
|
Posted By: Triki
Date Posted: 30-Dec-2021 at 19:35
Друже сите те разбираме во која ситуација си, малце глупаво ќе звучи од моја страна ама мислам дека си се ставил сам во таа ситуација. Малку си испланирал кнап. Да, парите се броени и секој месец кирија е многу ама дури и во идеална ситуација тоа што си го испланирал може да се изјалови. Ти веројатно си повеќе лут сам на себе што си рачунал на тоа предвремено завршување. За другото си во право.
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 30-Dec-2021 at 20:23
Тоа е точно. Пред да купам стан си имав едно мое мислење кога човек ќе се одлучи за купување на стан, НИКОГАШ ама баш НИКОГАШ да не купува стан во градба, и ова топло го препорачувам на секој кој сака да си купи стан. Искрен да бидам, барав многу, и видов многу станови веќе готови, имаше солидни станови, имаше и полоши, но сепак бев свесен дека секој ден ќе живеам во него, и барав баш нешто што ќе биде најдобро за мене и ќе ми се допаѓа пред се, и да не треба да го менувам во иднина. Тука ја ставив и таа опција стан во градба, бидејки становите што можев да ги видам готови беа со некакви недостатоци и сл. Па така отидов првин во Голден Арт, таму немаа слободни станови со таа квадратура јас што ја барав, па разгледав во другите згради и таму го најдов тоа што го барав и благодарение на Голден Арт(на нивна сугестија) бидејќи тие ги работеа карабините на другите згради и ми кажаа дека имаат премногу напредок во тој момент постигнато од тоа што било предвидено да се постигне, дефинитивно ќе биде порано комплексот(така и излезе кај нив), но за рокот во договорот(31.12.2021) ми беше кажано дека имаат заедно постигнат-направено договор за купопродажба на становите со цена иста за цел комплекс и дека така мора да стои во договорот тој датум како и други некои работи(не правеа промена никаква во договорите) но исто и од Мега-Акустик ми беше укажано дека ќе биде порано предадена. (Инаку јас немаше шанса во тој момент да го прифатам тој рок, беше премногу далеку) По нивното ветување од страна на инвеститорите требаше да биде готов комплексот во март 2021, потоа преместија во јуни, па во септември и на крај веќе немаше каде па се потпреа на тоа дека краен рок е 31.12.2021 но сепак пак порано ќе ја предадат зградата. И ете благодарение на сите овие работи јас се најдов во ваква ситуација, пак ќе кажам и би ги посоветувал сите тие што бараат да си купат стан НИКОГАШ да не купуваат во градба, зошто на крај мораат да излезат измамени за нешто дали тоа ќе биде материјали, опрема или рокови, мора на крај да излезат изманипулирани.
|
Posted By: TheDreamer
Date Posted: 31-Dec-2021 at 00:49
Crespitto, под кој изговор се уште не те повикаа на примопредавање? Баш чудно, и јас исто сум во 5-ти влез и клучевите ги зедов во недела(се зачудив дека работат и тогаш), а знам дека во среда клучеви зеле и дел од станарите од 3-ти и 4-ти влез.
Ме изнендади и тоа дека воопшто ме повикаа, се помирив со фактот дека на пролет ќе не повикаат сите ☹. Инаку,за станот имавме неколку забелешки кои влегоа во записникот,па ќе видиме колку ќе се поправат. Искрено не ми се допадна тоа што не ни дозволуваа да ги видиме становите последните неколку месеци за да се земат мерки или слично под изговор дека се чисти, ама кога ги видов сега не ми изгледаа баш премногу средени. Сега засега само товарниот лифт е во функција, а другиот ќе бил пуштен кога ќе се населат 50% од станарите. Ни претставија и една фирма за управување, техничко одржување, хигиена на зградата - ДОМ365 - истата е задолжена и за зградите од Голден Арт. Гаражите и подрумите не ги видовме...Во глобала океј е, но има уште доста работа во комплексот. Поздрав
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 31-Dec-2021 at 01:24
Таа фирма за одржување е на Голден Арт. А инаку тебе ти се јавија во истиот ден за да одиш на примопредавање или од претходно па на договорен термин?
|
Posted By: TheDreamer
Date Posted: 31-Dec-2021 at 11:40
Се јавија два дена порано, примопредавањето беше во недела сабајле.
|
Posted By: Spider-Man
Date Posted: 31-Dec-2021 at 16:22
Dali moze da navedete na sto se odnesuvale zabeleshkite vo zapisnikot , da znaeme na sto da se obrne vnimanie.
|
Posted By: TheDreamer
Date Posted: 31-Dec-2021 at 17:08
Буквално проверувајте се, од светла до било какви гребнатинки на вратите, функционалност на инвертерот и бојлерот. Конкретно кај мене не работеше ѕвончето, камерата на видеофонот не беше функционална и имаше мала гребнатинка на влезната врата. Со среќа!
|
Posted By: crespitto
Date Posted: 01-Jan-2022 at 21:14
Почитувани форумџии Среќна Нова година нека ви е, и се најубаво во неа! Најпрво ви посакувам здравје, среќа, љубов, пари па се останато! Да ви се исполнат сите ваши желби и планови. Искрено се надевам дека ќе се заврши конечно оваа корона криза и ќе дојдат поубави времиња за сите нас!
Поздрав до сите
|
Posted By: vlatko.mk
Date Posted: 02-Jan-2022 at 19:50
Дали до сите станари пристигна email на 31.12 дека становите се спремни и наскоро ќе се закаже термин за примопредавање?
|
Posted By: Triki
Date Posted: 02-Jan-2022 at 20:34
Posted By: listerija
Date Posted: 03-Jan-2022 at 16:49
Дали некој од 4 влез е повикан за примопредавање?
|
Posted By: Spider-Man
Date Posted: 05-Jan-2022 at 22:44
Ova e nevidena neprofesionalnost. Vo dogovorite e navedeno deka do 31.12 ke ima kluc na raka so tehnicki priem. Sega trcaat da podelat klucevi a realno celiot kompleks ke mu trebaat meseci rabota za da se prisposobi celosno za zivot. Aber nema od tehnicki priem.Nekoi raboti gi pravele epten na trcanje.
|
Posted By: vlatko.mk
Date Posted: 06-Jan-2022 at 18:41
Како се задоволни оние кои ги имаат добиено клучевите од квалитетот на изведбата на завршните работи? Имаше некои шпекулации дека се доцни поради проблеми со подизведувачите во делот на глетување, гипсарија, молерисување итн и дека токму во овој дел е потфрлено во однос на квалитетот на изведбата.
|
Posted By: bulevar3
Date Posted: 06-Jan-2022 at 20:42
За разлика од други инвеститори , нема многу забелешки во врска со изведбата . Повеќе се наметнува негативно мислење . Среќни празници .
|
Posted By: user8642
Date Posted: 06-Jan-2022 at 21:13
Abe lugje, imate li vie viber grupa? Pa tamo da si brkate ovie kukjen sovet stvari.
|
Posted By: listerija
Date Posted: 07-Jan-2022 at 12:57
Seuste ne e napraveno primopredavanje
|
Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 07-Jan-2022 at 14:25
Prosto da vi objasnam zamislete site so kupile stanovi tuka da si brkaat rabota po forumov?! Nema smisla temava ne e za toa otvorena. Ili kreirajte nishka za toa ili viber.
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Jan-2022 at 14:51
Дечки еве една издвоена нишка за вакви работи,не само за овој комплекс(Урбан Гарден) туку и за сите идни комплекси и згради каде учесниците на форумов имаат купено стан да може да се комуницира во врска со предавање клучеви,технички приеми,задоволни незадоволни од изведбата и слично.
|
Posted By: atanas1982
Date Posted: 01-Feb-2022 at 14:13
%20 - https://forum.kajgana.com/threads/%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%83-%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B5%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8.40651/post-9517809
|
Posted By: builder-ot
Date Posted: 03-May-2022 at 09:32
Што би значело
"Преградни ѕидови - блок со дебелина од 16 цм, кој од страна на становите се малтерисани"
За какви блокови станува збор? Навистина сум неупатен на темава па затоа прашувам. Дали е тоа цигла вертикално ѕидана или ?
Благодарам.
------------- < 2nd world >
|
Posted By: Hpsm12
Date Posted: 05-May-2022 at 10:28
Posted By: Hpsm12
Date Posted: 05-May-2022 at 10:37
Originally posted by builder-ot
Што би значело
"Преградни ѕидови - блок со дебелина од 16 цм, кој од страна на становите се малтерисани"
За какви блокови станува збор? Навистина сум неупатен на темава па затоа прашувам. Дали е тоа цигла вертикално ѕидана или ?
Благодарам.
|
Се мисли на ѕид од керамички шуплив блок со дебелина од 16cm (може и сипорекс блок) што го преградува станот со главниот ходник. Во станот ѕидот е малтарен, а кон ходникот претпоставувам ќе се оди со гиспскартонски систем.
|
Posted By: builder-ot
Date Posted: 11-May-2022 at 09:30
Фала многу. Дали сите нови згради во Скопје ги прават со гипс картон преградни ѕидови меѓу соби?!
Има некоја компанија што става блокови/цигла преградни ѕидови внатрешно меѓу соби?
------------- < 2nd world >
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 11-May-2022 at 09:40
Originally posted by builder-ot
Фала многу. Дали сите нови згради во Скопје ги прават со гипс картон преградни ѕидови меѓу соби?!
Има некоја компанија што става блокови/цигла преградни ѕидови внатрешно меѓу соби?
|
Доминира гипс картон,мислам Голден Арт беа со цигла(но постои можност кај некои фирми ако се купува стан во градба со доплата да се стави цигла наместо гипс).
------------- Carpe diem
|
Posted By: doncho
Date Posted: 11-May-2022 at 16:49
Зошто би ставил цигли дома? Заблуда е дека има подобра звучна изолација од правилно изведен гипс картон.
|
Posted By: builder-ot
Date Posted: 11-May-2022 at 20:37
Originally posted by doncho
Зошто би ставил цигли дома? Заблуда е дека има подобра звучна изолација од правилно изведен гипс картон. |
Зошто тогаш се "доплаќа" за цигла? Самото тоа кажува што е поубаво. И сите го зборат тоа дека се гради неквалитет (само гипс картон). Баш би сакал да слушнам друго мислење ама од се што видов тезата и те како држи вода.
Еве Голден Арт како најдобри во МК си користат цигла.
Мислам дека во странство користат блок цигла (развиени земји).
Ако некој е експерт во областа, би било супер да сподели мислење.
------------- < 2nd world >
|
Posted By: <Fresno>
Date Posted: 12-May-2022 at 12:00
Џевахир имаат ytong блокови и од искуства на луѓе што живеат таму ги фалат. Технички поим немам дали е подобро од цигла.
|
Posted By: doncho
Date Posted: 12-May-2022 at 16:41
Originally posted by builder-ot
Originally posted by doncho
Зошто би ставил цигли дома? Заблуда е дека има подобра звучна изолација од правилно изведен гипс картон. |
Зошто тогаш се "доплаќа" за цигла? Самото тоа кажува што е поубаво. И сите го зборат тоа дека се гради неквалитет (само гипс картон). Баш би сакал да слушнам друго мислење ама од се што видов тезата и те како држи вода.
Еве Голден Арт како најдобри во МК си користат цигла.
Мислам дека во странство користат блок цигла (развиени земји).
Ако некој е експерт во областа, би било супер да сподели мислење. |
Голден арт најдобри во МК? По кој основ?
|
Posted By: builder-ot
Date Posted: 12-May-2022 at 20:01
По муабет од улица хаха. Купувачите задоволни. За разлика од другово.
------------- < 2nd world >
|
Posted By: doncho
Date Posted: 12-May-2022 at 20:15
Не ме зезај, барем сега има се повеќе инвеститори што вградуваат надстандардни прозори, алуминиумски профили, фасадна цигла итн итн.
|
|