Print Page | Close Window

СЦ Св.Климент Охридски Бутел

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Спортски
Forum Discription: Стадиони, сали, спортско-рекреативни објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=4158
Printed Date: 25-May-2024 at 03:52


Topic: СЦ Св.Климент Охридски Бутел
Posted By: stef4o
Subject: СЦ Св.Климент Охридски Бутел
Date Posted: 03-Feb-2022 at 17:14
Ќе се гради модерен олимписки спортски центар „Св. Климент Охридски“



Станува збор за сериозен и голем проект и затоа ќе се реализира дел по дел. Покрај стадион за голем фудбал, модерниот олимписки спортски центар ќе има и мини фудбалско игралиште со вештачка трева – информира Горјан Донев, шеф на Кабинетот на градоначалникот во Општина Бутел. Комплексот ќе содржи и игралиште за баскет, терен за тенис, мултифункционална сала и сала за боречки вештини. Планирано е да има големо детско игралиште, парк за прошетка, како и фитнес зона на отворено



Со изградба на мини фудбалско игралиште со вештачка трева, како и со оформување на парцелата за сала за боречки спортови, напролет ќе започне изградбата на олимписки спортски центар наречен „Свети Климент Охридски“ во населбата Бутел, кој ќе биде во близина на истоименото основно училиште, најавуваат општинските власти.

Како што велат од Општина Бутел, бидејќи се работи за голем проект, кој е еден од носечките во програмата на градоначалникот Дарко Костовски уште во предизборната кампања, тој ќе се реализира дел по дел. Костовски напомена дека во Бутел живеат голем број олимписки медалисти и докажани спортисти, и токму паради тоа мора да прерасне во водечка спортска општина во државата.

– Станува збор за сериозен и голем проект и затоа ќе се реализира дел по дел. Покрај стадион за голем фудбал, модерниот олимписки спортски центар ќе има и мини фудбалско игралиште со вештачка трева – информира Горјан Донев, шеф на Кабинетот на градоначалникот во Општина Бутел.

Тој додаде дека комплексот ќе содржи и игралиште за баскет, терен за тенис, мултифункционална сала и сала за боречки вештини. Освен тоа, планирано е да има големо детско игралиште, парк за прошетка, како и фитнес-зона на отворено.

Како што објаснува Донев, во моментов се работи на урбанистичко дооформување на парцелата, односно таа да биде со намена Д3. Но, треба да се решат и одредени имотноправни работи, бидејќи дел од земјиштето во овој дел е приватно, па ќе треба да се изврши експропријација.

Од Општината сè уште не можат да кажат колкава ќе биде вкупната површина на која ќе се простира олимпискиот спортски центар, бидејќи, како што образложија, сè уште се оформува парцелата.

Центарот ќе се гради согласно со можностите на Општина Бутел и буџетските средства. Средствата за изградба на овој олимписки спортски комплекс ќе бидат обезбедени од буџетот на Општината, а можно е да се вклучат и други институции, како Фудбалската федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

https://www.vecer.press/ќе-се-гради-модерен-олимписки-спортск/ - https://www.vecer.press/ќе-се-гради-модерен-олимписки-спортск/



Replies:
Posted By: skopskodete
Date Posted: 03-Feb-2022 at 19:08
Супер ако се оствари!



Print Page | Close Window