Print Page | Close Window

Прилеп и Битола

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=4235
Printed Date: 27-Apr-2024 at 12:19


Topic: Прилеп и Битола
Posted By: S.P.Q.R.
Subject: Прилеп и Битола
Date Posted: 19-Nov-2010 at 22:45
 Зграда Македонија 2, се градеше подолг период конечно е при крај

01.

02.

03.

04.


Највисоката зграда во Прилеп, со своите 13 спратови

01.

02.


Нова зграда почна да се гради на кејот но немаше табла за да видам за каква инвестиција се работи

01.

02.



-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај



Replies:
Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Nov-2010 at 16:44


100% иста како двете кули во Битола. Само во Прилеп што е една.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 20-Dec-2010 at 14:52
Еве нешто подобри слики од зградите Македонија, Македонија 2 и 13 катницата во Прилеп

01.

02.

03.

04.




-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: Тркало
Date Posted: 07-Jan-2011 at 12:29
Грдо,грдо


Posted By: JOE
Date Posted: 14-Jun-2011 at 19:00







Случајно поминвав од тука и реков да сликнам за на форум нешто од зградите во "Областа"


Posted By: JOE
Date Posted: 14-Jun-2011 at 19:03


Posted By: N23
Date Posted: 14-Jun-2011 at 20:03
ЈОЕ колку чини квадрат у овие станови, и на што се грејат?


Posted By: nouseforname
Date Posted: 14-Jun-2011 at 21:45
a kaj e ova?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Jun-2011 at 21:52
JOE
Groupie
Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 49




-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: JOE
Date Posted: 14-Jun-2011 at 22:11
Originally posted by N23

ЈОЕ колку чини квадрат у овие станови, и на што се грејат?

Незнам немам многу инфо ама ке дознаам


Posted By: nouseforname
Date Posted: 14-Jun-2011 at 22:42
hahah ne vidov ,lelel steta so i u bitola vakvi gadni zgradi pocnaa da pravat,a 2rata slika 2red taa zgradata visokata vo sredina e stara a sega renovirana?

JOE:imam nesto barano ,ako te interesira vo centar u bitola edna zgrada do Epinal e 750E od metar a mislam deka e so parno ,a inace moze e poskapo zosto stanot bese sega izgraden i + bese nesto lukzuzno opremen


Posted By: JOE
Date Posted: 14-Jun-2011 at 23:01
Originally posted by nouseforname

hahah ne vidov ,lelel steta so i u bitola vakvi gadni zgradi pocnaa da pravat,a 2rata slika 2red taa zgradata visokata vo sredina e stara a sega renovirana?

JOE:imam nesto barano ,ako te interesira vo centar u bitola edna zgrada do Epinal e 750E od metar a mislam deka e so parno ,a inace moze e poskapo zosto stanot bese sega izgraden i + bese nesto lukzuzno opremen


Незнам дали добро те разбрав за која зграда збораш ама за таа што е до високата зграда со зелена и гријава фасада мислам дека е неколку години постара од овие ама не сум сигурен. Иначе не те разбрав што точно прашваш за тие зградите кај епинал?За луксизни станови близу епинал се зградите Обител што се од карши Епинал и се луксузни и наменети Кремот.Доконкретизирај го прашањето па ако знам ке ти одговорам


Posted By: BOJAN
Date Posted: 13-Jun-2012 at 13:05
На „златниот рид“ никнува нов град

Изградбата на луксузниот станбено-деловен комплекс на рускиот инвеститор Јуриј Липухин во битолската касарна е само почеток на изградбата на цел нов град во овој најатрактивен дел во Битола, кој се наоѓа во подножјето на Тумбекафе



Русите беа први што го скршија мразот и почнаа градба во некогашната битолска касарна, каде што земјиште купија голем број инвеститори. Без многу помпа и сечење ленти и панделки, завчера официјално почна изградбата на луксузниот станбено-деловен комплекс „Јуриј“ на рускиот инвеститор Јуриј Липухин, кој, за жал, не дочека да присуствува на поставувањето на камен-темелникот, бидејќи минатата година почина.

Но, и покрај тоа, неговото семејство одлучи да го изгради овој станбено- деловен комплекс за да се испочитува неговата голема желба да гради во Битола.

Станбено-деловниот комплекс „Јуриј“ ќе опфаќа површина од 35.000 квадратни метри, а во него во три ламели ќе се градат најлуксузни станови и деловни објекти. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 8,5 милиони евра.

Откако општината Битола од АРМ ја презеде касарната, локалната самоуправа и градоначалникот Владимир Талески се фатија со работа и го осмислија овој дел на градот.

Според деталниот план, во касарната ќе се гради буквално цел нов град, со голем број објекти и нова инфраструктура.

Покрај големиот број станбени згради и деловни објекти, во касарната ќе се градат и над сто индивидуални станбени објекти, детска градинка, училиште, голем трговски центар, неколку хотели, полициска станица, пожарна, катни гаражи, поликлиника, здравствен дом, а ќе се гради и голема ротациона кула, на чиј врв ќе се изгради и најмодерен ресторан, од каде што секој посетител ќе има прекрасен панорамски поглед на градот.

Овој дел на Битола воедно ќе биде и универзитетски центар, бидејќи по добивањето на објектите локалната самоуправа некои од нив веќе му ги отстапи на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, а ќе се гради и филмско студио, со што практично ќе се реализира идејата на градоначалникот Талески за Битола да стане филмски град.
Становите по светски стандарди
Изградбата на станбено-деловниот комплекс „Јуриј“ ќе трае нецели две години, а становите ќе бидат изградени по светски стандарди, со најсовремени екоматеријали, луксузни плочки, паркети, инсталации, санитарни јазли, џакузи, кади, какви што досега не се практикувале во станбената изградба во Битола, а цената на квадратен метар сепак ќе се движи од 700 до 800 евра, вели проектантот на комплексот Јорго Шундовски, бивш министер за урбанизам.


Извор: Нова Македонија, http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6131292165&id=10&prilog=0&setIzdanie=22603



Posted By: JOE
Date Posted: 26-Jun-2012 at 20:58
http://www.youtube.com/watch?v=g03pvYoBn3M&feature=player_embedded - http://www.youtube.com/watch?v=g03pvYoBn3M&feature=player_embedded



Posted By: macedonia
Date Posted: 13-Jul-2012 at 23:04
Can some give me the coordinates? Thanks

VIDEO: JURI stanbeno deloven prostor - OrbisTV


[TUBE]LfLx5Xoho2A[/TUBE]


Posted By: makonix
Date Posted: 19-Jul-2012 at 11:43
објектов ми изгледа на една висока касарна


Posted By: JOE
Date Posted: 19-Jul-2012 at 12:35
разочаран сум, ништо посебно не се зградиве


Posted By: nouseforname
Date Posted: 19-Jul-2012 at 13:51
jas si mislev deka toa ke bidat nekolku bloka vo nekoi moderen stil ama ova bas i nisto novo pa duri i za bitola....


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 19-Jul-2012 at 15:11
Моментот со стаклото е интересен, а и поткровјето е прифатливо решено. На прв поглед подобри се од Grand Prestige кај Алумина. Кај боите треба некоја промена.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 25-Jul-2012 at 17:55

Промовирана новата населба Градина

Во последната објава за продажба на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање, по прв пат се понуди домување во семејни куќи, предвидени во Деталниот урбанистички план за урбана единица 11.05 и 11.04, во населба наречена Градина, на местото на поранешните оранжерии.

Новата населба е замислена како модерна европска населба, за 13. 000 жители, еден мал современ град во поглед на намените кои се предвидени. Предвидената населба овозможува идеални услови за задоволување како на основната човекова потреба за домување. Населбата Градина е на само 1,5 км раздалеченост од строгиот центар на Прилеп. За потребите на овој комплекс предвидена е комплетна инфраструктура, која ќе се изведи според Деталниот урбанистички план. Инфраструктурата е предвидена по европски стандарди: широки улици, тротоари, велосипедски и пешачки патеки, енергетски ефикасно осветлување, централно греење, многу зеленило, градинка, училиште, спортски центри, трговски центри и се она што претставува модерна и урбана населба.

Инвеститорите во оваа населба ќе бидат задолжени да градат градби кои ќе ги задоволуваат критериумите на енергетска ефикасност, односно користење сончева енергија, термика во изградбата, технолошка вода и сл.

Населбата Градина е со површина од 42 хектари, со предвидени градежни парцели за станбени куќи и станбени куќи со посебен режим, парцели за станбени згради, за деловни објекти, големи трговски и угостителски единици, за образование, објекти за спорт и рекреација, како и парцели за комунална супраструктура односно за изградба на трафостаници.

За станбените куќи и станбените куќи со посебен режим предвидени се 368 градежни парцели. Станбените куќи со посебен режим се со просечна површина на парцела од 600м2, додека станбените куќи со просечна површина на парцела од 300м2 и со максимална дозволена височина за градба од приземје, 2 ката и поткровје.

За станбени згради се предвидени 24 парцели со површина на парцела која се движи од 800 до 4300м2 и со максимална дозволена височина за градба од приземје, 3 ката и поткровје, до височина од приземје, 9 ката и поткровје.

Предвидени се 7 парцели за мали комерцијални и деловни намени со просечна површина на парцела од 1000м2 и максимална дозволена височина за градба од приземје и два или три ката, во зависност од големината на парцелата.

За намената големи трговски единици-Б2, во која спаѓаат трговски центри, супермаркети, затворени пазари, превидени се 7 градежни парцели со просечна површина на парцела од 5000м2 и максимална дозволена височина за градба од приземје, 2 ката и поткровје.

За големи угостителски единици-Б3, каде што спаѓаат ресторани, таверни, дискотеки, предвидени се 2 градежни парцели со просечна површина на парцела од 1100м2 со максимална дозволена височина за градба од приземје и 3 ката.

Парцелата предвидена за изградба на училиште во оваа населба е со површина од 11 336м2 и со височина од приземје и 2 ката.
Предвидени се 2 градежни парцели за изградба на спортско-рекреативни сали со површина од 700 и 23 000м2.

Во границите на оваа населба, а во консултации со ЕВН, предвидени се 13 парцели за изградба на трафостаници кои се потребни за нормално функционирање на оваа населба.

Во последната објава за продажба по пат на електронско јавно наддавање, понудени се 14 градежни парцели, со просечна површина на парцела од 300м2, со максимална дозволена височина за градба од приземје, 2 ката и поткровје. Предвидената површина за градба се движи од 90 до 160м2.

Откако ќе биде продаден овај модул, ќе се пристапи кон продажба на останатите модули, онака како ќе пристигнуваат елаборатите.
Почетна цена за електронското наддавање на овие парцели е 61ден. за м2, со нареден чекор од 10ден.

На јавното наддавање можат да се пријават физички и правни лица. Пријавувањето е во тек и ќе трае до 23.август, а јавното наддавање ќе биде на 30.август.


Извор:http://www.prilep.gov.mk/news/mk/promovirana-novata-naselba-gradina/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jul-2012 at 16:50

Зошто тие оранжерии не се експлоатираат сеуште?

... претпоставувал локацијата е оваа:
41°21'21.23"N  21°34'4.34"E

Инаку не ми е јасно прилепските локални власти со кого планираат да ја наполнат оваа населба за 13.000 жители...



[tube]RbFiMdwlFRQ[/tube]






Posted By: Dexter26
Date Posted: 26-Jul-2012 at 19:04
Previous
 
Ќе дознаеме или кога ќе ги изградат сите тие објекти, под претпоставка дека ќе ги изградат, или кога ќе банкротираме како држава.
 
Веќе 2 квартали неофицијално сме во рецесија, останува уште заклучно со крајот на третиот квартал на 30 септември 2012 и официјално да влеземе во рецесија, по што ќе мораат да запрат сите активности околу некапиталните инвестиции, како што е проектот Скопје 2014, или во спротивно ќе набилдаме доволно национален и надворешен долг за да банкротираме, а во такви околности, тие објекти или нема да бидат изградени, или никој нема да се всели во нив, бидејќи кога се нема пари, нема кој да купува недвижнини, а уште помалку па да гради недвижнини.


Posted By: makedon4e
Date Posted: 27-Jul-2012 at 01:03
За да се објави рецесија растот на прозиводството треба да е во минус 2 послдователни квартали, а податоците за вториот се уште не се објавени.

Инаку 13.000 луѓе не знам од каде ќе се најдат, тоа е огромна бројка за град како Скопје, а не за Прилеп. Во општина Прилер има некаде 5000-6000 луѓе кои не живеат во градот, тку во некој од околните села. Значи освен разместување на постојното население, друг спас за населбата да не остане празна не знам дали има.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-Jul-2012 at 09:18
Искрено, не верувам дека би можело да се стигне до бројката од 13.000 жители во некој побрз временски период, но мислам дека локалната самоуправа во Прилеп има капацитет за да започне со инфраструктурните зафати и паралелно да ги продава градежните парцели. И да бидат 1.000 жители за неколку години, тоа би било успех за град со големина на Прилеп.


Posted By: axel
Date Posted: 11-Jan-2013 at 19:04

На продажба нови парцели во прилепската типска населба ,,Градина,,

naselba%20Gradina%203

Општина Прилеп со најновата објава нуди на продажба нови парцели во новопроектираната типска населба ,,Градина,, која ќе се гради во Прилеп на просторот на поранешните оранжерии. Станува збор за населба која се планира да има околу 13.000 жители и во која предвидени се 364 парцели за индивидуални куќи и 24 за станбени згради, градинка, училиште, спортски комплекс, трговски комплекси.

Парцелите се со големина од 300 до 600 м2 а куќите ќе имаат приземје, два ката и поткровје, вели Градоначалникот Марјан Ристески:
-Имаме направено една математика дека доколку платат комуналии, со купената локација и цената за изградба на куќата таа ќе ги чини меѓу 30.000 и 35.000 евра колку чини еден половен двособен стан во центарот на градот. Тоа значи дека многу евтини куќи кои нногу ќе значат во решавањето на прашањето за простор за живеење за младите брачни парови и многудетните семејства.


Продажбата на парцелите ќе оди по модули, а очекувањата се до крајот на годинава да бидат продадени третина од сите парцели , вели раководителот на комисијата за електронско наддавање Менде Зајкоски:
- На продажба се 5 парцели. Пријавувањето трае до 28-ми, а јавното наддавање ќе се одржи на 31-ви јануари. Почетната цена е 60 денари за м2 со чекор од 10 денари за секое наддавање.


Минатата година за првите 14 парцели, за кои почетната цена на елетронската аукција беше 1-о евро за м2, Општината инкасира 7,2 милиони денари или 117.591 евро, а од продажбата на 21 парецела во индустриската зона Прилеп 1 во касата на Општината се слеаа над 300.000 илјади евра, и 177.000 евра од продажба на една голема и една помала парцела во населбата Ѓогдере на кои ќе се градат мал деловен објект и станбено деловен објект на 9 ката во рамки на владиниот проект ,,Купи куќа купи-стан,,.

http://www.kanal77.com.mk/mk/vesti/ekonomija/item/1690-na-proda%D0%B7ba-novi-parceli-vo-prilepskata-tipska-naselba-,,gradina,,




Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 17-Jun-2013 at 23:28
Два проекти од Прилеп, за едната има убава презентација на youtube а за другата само макета директно од сајтот на фирмата, инаку и двете се во фаза на градба.

1.[tube]Zda36mJJKUw[/tube]

2. http://atlasinvest.com.mk/galerijacane93_mk.htm - http://atlasinvest.com.mk/galerijacane93_mk.htm

Уште на три места има започнато градба на згради, но немам суште материјали за нив.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: macedonia
Date Posted: 22-Aug-2013 at 23:47
Mihajlov Apartments, Zlaten Rid, Bitola

http://gmpconstruction.com/mk/app1/apartments.php - http://gmpconstruction.com/mk/app1/apartments.php






Posted By: JOE
Date Posted: 23-Aug-2013 at 21:42













Posted By: zabegan
Date Posted: 24-Aug-2013 at 00:01
ако има нешто одвратно во архитектурата, тоа сигурно се класични станбени згради со огромни рефлектирачки стаклени сегменти на нив... ама тоа е, кога е побитен профитот од сериозноста на проектот...


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Danndy
Date Posted: 24-Aug-2013 at 02:12
Не можев да најдам тема за Битолската Касарна па затоа тука ќе ги ставам сликите.

Аурум:







[TUBE]WtkAcETDDuI[/TUBE]




-------------
Traveling.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-May-2014 at 09:08
Во продолжение следуваат неколку фотографии од комплексот „Јуриј“, кој искрено иако прв почна да се гради, некако најспоро се издигнува. Тука се и фотографии од битолската касарна, каде што веќе се градат неколку станбени згради, а има ископани дупки и за нови:



















Posted By: гитардемон
Date Posted: 07-May-2014 at 18:10
Имаш одврзани раце да изградиш било што, имаш простор да се докажиш архитектонски како сакаш, на празна полјана, и го градиш:



Мала Речица, 1996. Не можам да замислам како им е уредено дома, ако ова им е вкусот.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: fichot
Date Posted: 07-May-2014 at 21:31
Што е тоа најгоре? Пентхаус гулабарник? Резил.


Posted By: WhyNot
Date Posted: 08-May-2014 at 09:10
и 700 евра квадрат е многу за вакво нешто


Posted By: tinodj
Date Posted: 12-May-2014 at 23:18
и има некои новости од градинава? 


Posted By: N23
Date Posted: 21-Jul-2014 at 14:08
Пошто баш и не можев да разликувам која згрда од кој проект е, еве ги сите објекти што се градат у битолската касарна

1.

2. (зградата не е крива, у движење е сликано )

3.

4.
 


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: N23
Date Posted: 21-Jul-2014 at 14:16
Битола




-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Џоле
Date Posted: 02-Oct-2014 at 17:09
Станбено-деловен комплекс А.Р.М. во Битола (на линкот има фотки)

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.586297974807780.1073741840.405857869518459&type=1 - https://www.facebook.com/media/set/?set=a.586297974807780.1073741840.405857869518459&type=1

Aurum Residence во Битола

https://www.facebook.com/AurumResidence/timeline?ref=page_internal - https://www.facebook.com/AurumResidence/timeline?ref=page_internal

-------------
За сè има вторпат


Posted By: macedonia
Date Posted: 03-Apr-2015 at 16:10
http://www.prilep.gov.mk/news/mk/nova-turska-kompanija-ke-investira-vo-prilep/ - Нова турска компанија ќе инвестира во Прилеп





Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Apr-2015 at 16:15
Поубави од Џевахир кулите во Скопје

-------------
За сè има вторпат


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-Apr-2015 at 16:43
Не изгледа лошо. Ауу како ќе бешеза во центарот на кичево кај зелезничката станица... 😂😁


Posted By: Kid_A
Date Posted: 03-Apr-2015 at 17:01
Ова повеќе ми наликува на чист популизам отколку на вистинска инвестиција. Колку само такви најавуваа градба во Македонија, па ништо не испадна од сето тоа.



Posted By: Svarog
Date Posted: 03-Apr-2015 at 19:49
Точно така. Незамисливо е ваква инвестиција поготово за град каков што е Прилеп каде што половина од населението го напушти градот, каде што економската состојба и тоа како е лоша.
Иначе Прилеп е водечки град по ветени, а нереализирани проекти. Слично како и стадионот Гоце Делчев, така и ова е само "перење на мозок".


Posted By: Teglarot
Date Posted: 04-Apr-2015 at 00:29
Некаде прочитав дека се десеткатници, овие на рендерот се по 27-28 ката.

Со сигурност станува збор за чист популизам и да изградат нешто, ќе биде далеку од ова на сликите.


Posted By: alexsend
Date Posted: 04-Apr-2015 at 11:14
Ова што го гледам на рендерите е одлично!
Но толку високи згради во Прилеп?
Сомнително.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: fichot
Date Posted: 05-Apr-2015 at 10:40
Чек сеа коа ќе ги изградат странските инвестиции.. да видиш како се купува стан на 23ти спрат со плата од 150евра.


Posted By: Svarog
Date Posted: 05-Apr-2015 at 11:51
Во Прилеп просечната плата е 100 евра. Има многу потенцијални купувачи


Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Apr-2015 at 12:35
Во Прилеп само од тутун влегуваат од страна над 25 милиони евра.Само да се посети пазарот во градот и после тоа посетете било кој друг пазар,ќе се види разликата.

Прилеп и Кавадарци се најработливите градови во Македонија и со право се едни од поимушните(за разлика од Скопје кој неправедно е богат)


Posted By: kiriOK
Date Posted: 05-Apr-2015 at 13:25
Originally posted by gjoko

Во Прилеп само од тутун влегуваат од страна над 25 милиони евра.Само да се посети пазарот во градот и после тоа посетете било кој друг пазар,ќе се види разликата.

Прилеп и Кавадарци се најработливите градови во Македонија и со право се едни од поимушните(за разлика од Скопје кој неправедно е богат)


Ја пак сум го посетил градот и можам да го кажам сосема спротивното од тебе.
Еден од најмизерните градови во Македонија.

Сред центар на град се суши тутун и се забележуваат магариња.

И пазарот сум го посетил,требаше да помагам на една жена од Скопје на која
пазарџијата не сакаше да и ги врати 500'те денари кусур туку и ги зема и започна да збори со други и нејзе да ја одбегнува.

Колата треба да ја паркираш на видно место,најпрепорачливо во близина на Комерцијална Банка,иначе обавезно посебно ако си од страна,ти ги снемува бришачите или некој друг детаљ.


Posted By: Navigator
Date Posted: 05-Apr-2015 at 13:27
Ѓоко, остави ти тутун, земјоделие, 25 милиона... Еве ти кажува дечкото погоре, 100 евра просечна плата, сигурно истражувал, знае од прва рака. Пола град иселен, популистички станбени проекти, странски инвеститори-крвопијачи... Бидејќи платите сами од себе растат, нели, со седење пред компјутер и плуќање на секоја идеја и проект.


Posted By: gjoko
Date Posted: 05-Apr-2015 at 13:32
Невикам дека е сјајно во Прилеп,ама во другите градови во Македонија е бетер,да неречам катастрофа.

Мислата ми беше дека во споредба со другите градови)освен Скопје и тетово),Прилеп има повисок стандард


Posted By: Kid_A
Date Posted: 05-Apr-2015 at 13:51
Originally posted by kiriOK

Originally posted by gjoko

Во Прилеп само од тутун влегуваат од страна над 25 милиони евра.Само да се посети пазарот во градот и после тоа посетете било кој друг пазар,ќе се види разликата.

Прилеп и Кавадарци се најработливите градови во Македонија и со право се едни од поимушните(за разлика од Скопје кој неправедно е богат)


Ја пак сум го посетил градот и можам да го кажам сосема спротивното од тебе.
Еден од најмизерните градови во Македонија.

Сред центар на град се суши тутун и се забележуваат магариња.

И пазарот сум го посетил,требаше да помагам на една жена од Скопје на која
пазарџијата не сакаше да и ги врати 500'те денари кусур туку и ги зема и започна да збори со други и нејзе да ја одбегнува.

Колата треба да ја паркираш на видно место,најпрепорачливо во близина на Комерцијална Банка,иначе обавезно посебно ако си од страна,ти ги снемува бришачите или некој друг детаљ.


Кога се споредува нешто секогаш треба да се види како било порано, а како е сега.

Последните 10 години Прилеп отиде многу напред во секаква смисла. Изградија инфраструктура, патишта, канализација, осветлување, најчист град е во Македонија, центарот убаво го средија, добија нови административни згради, нови здравствени и старечки домови, многу училишта се реновираа, нови градинки и спортски терени итн.

Нова автобуска станица, нов пазар, нова зграда за пожарникарите.

Добија комплетно нов влез кон Прилеп, а ќе се асфалтира и тој кон Градско ( рак рана).

Тутунски комбинат повторно работи рентабилно заедно со Филип Морис, тука е и Прилепска пивара, Витаминка Прилеп, ТИРЗ зоната со нови 4-5 фабрики коишто се градат во моментов.

Пивофест прерасна во вистински професионален фестивал по сите нишани со огромна посетеност, а тука се надоврзува Џез фестивалот, маскенбалот.

Прилеп доби 4-5 дискотеки/кафе барови коишто можеби по инфраструктура и ентериер се меѓу најдобрите во Македонија. Новиот Irish Pub отворен пред неколку недели според мене е најубав во Македонија.

Од сето ова немаше ништо до пред 10 години. Типична селска паланка, мртов град и население со прилично див менталитет и духовно празни. Денес Прилеп има сосема друга слика.




Posted By: kultuzin
Date Posted: 05-Apr-2015 at 13:55
Originally posted by kiriOK

[QUOTE=gjoko] Во Прилеп само од тутун влегуваат од страна над 25 милиони евра.Само да се посети пазарот во градот и после тоа посетете било кој друг пазар,ќе се види разликата.

Прилеп и Кавадарци се најработливите градови во Македонија и со право се едни од поимушните(за разлика од Скопје кој неправедно е богат)


Ја пак сум го посетил градот и можам да го кажам сосема спротивното од тебе.
Еден од најмизерните градови во Македонија.

Сред центар на град се суши тутун и се забележуваат магариња.

И пазарот сум го посетил,требаше да помагам на една жена од Скопје на која
пазарџијата не сакаше да и ги врати 500'те денари кусур туку и ги зема и започна да збори со други и нејзе да ја одбегнува.

Колата треба да ја паркираш на видно место,најпрепорачливо во близина на Комерцијална Банка,иначе обавезно посебно ако си од страна,ти ги снемува бришачите или некој друг детаљ.[/iQUOTE]

Друже мислам дека муабетот ти е за Прилеп пред 15 до 20 години. Ти препорачувам сега да го посетиш.


Posted By: Kid_A
Date Posted: 05-Apr-2015 at 13:59
Originally posted by gjoko

Невикам дека е сјајно во Прилеп,ама во другите градови во Македонија е бетер,да неречам катастрофа.

Мислата ми беше дека во споредба со другите градови)освен Скопје и тетово),Прилеп има повисок стандард


Најбогати градови во Македонија се Скопје, Струмица, Гевгелија, Кавадарци. Таму нема невработени лица, низок степен на криминал, урбани и мирни градови.

Тетово и Гостивар немаат висок стандарт, туку буквално живеат од печалбари со оглед на тоа дека тие се фамилијарно многу поврзни отколку ние.



Posted By: Svarog
Date Posted: 05-Apr-2015 at 14:28
Кога се во прашање градовите од Пелагонискиот регион можам од прва рака да ви дадам информации.
Во Прилеп има многу повеќе невработени во однос на градовите што Kid_A ги наброи. Во продавници и ден денес во Прилеп работат за 6000 денари (мајка ми сеуште работи за таа плата), има многу невработени, посебно млади лица кои со помош на бугарски пасоши само во последните две-три години и тоа колку заминаа во Германија.
Единствено што во Прилеп се прави се паркчиња и по некоја улица. Има сеуште улици неасфалтирани во центарот на градот, сеуште има проблем со водата и канализацијата. Стотици куќи се распаѓаат, стотици семејства што живеат и со социјална помош, а уште повеќе и без социјална помош.
Иначе да, се печали од тутун, но не сите имаат ресурси за да одгледуваат тутун.
Економската состојба во градот особено се влоши во последните 3-4 години. Многу дуќани од самата чаршија па и пошироко беа затворени, најголем дел поради пресиите од УЈП.
Се на се, Прилеп е мноогу далеко зад Скопје, Тетово, Битола, Кавадарци, Струмица, Гевгелија... Единствено само 4 дена во годината Прилеп жживее, а тоа е Пивофест.


Posted By: Kid_A
Date Posted: 05-Apr-2015 at 15:20
Originally posted by Svarog

Кога се во прашање градовите од Пелагонискиот регион можам од прва рака да ви дадам информации.
Во Прилеп има многу повеќе невработени во однос на градовите што Kid_A ги наброи. Во продавници и ден денес во Прилеп работат за 6000 денари (мајка ми сеуште работи за таа плата), има многу невработени, посебно млади лица кои со помош на бугарски пасоши само во последните две-три години и тоа колку заминаа во Германија.
Единствено што во Прилеп се прави се паркчиња и по некоја улица. Има сеуште улици неасфалтирани во центарот на градот, сеуште има проблем со водата и канализацијата. Стотици куќи се распаѓаат, стотици семејства што живеат и со социјална помош, а уште повеќе и без социјална помош.
Иначе да, се печали од тутун, но не сите имаат ресурси за да одгледуваат тутун.
Економската состојба во градот особено се влоши во последните 3-4 години. Многу дуќани од самата чаршија па и пошироко беа затворени, најголем дел поради пресиите од УЈП.
Се на се, Прилеп е мноогу далеко зад Скопје, Тетово, Битола, Кавадарци, Струмица, Гевгелија... Единствено само 4 дена во годината Прилеп жживее, а тоа е Пивофест.


Не можеш нешто да средиш коешто пуштало канцер со децении за само 10 години. Треба време, работа и посветеност.

Јас сум бил во Прилеп последен пат дури пред 4-5 години, а таму каде што поминав не видов ниту една трошна куќа. Имате неколку населби прилично добро средени. Центарот ви е исто така убаво среден.

За економија верувам дека новите фабрики ќе го кренат стандардот во наредните 4-5 години.


Posted By: stratus
Date Posted: 05-Apr-2015 at 16:10
Колку и да се зградите пропаганда и замачкување очи, лично не мислам дека се толку не остварливи.
Ако ги погледнете убаво дека во горниот дел се стеснуваат, се доаѓа дека една ваква зграда е еднаква на 3-4 просечни македонски згради со по 5 ката, а по бројот на евентуални станови и помалку. Односно заедно двете би биле еднакви на 6-7 ново изградени пет катни згради и една помала деловна, плус продавници (комерцијален простор) на приземје.
За споредба во Битола во последните неколку години се градат/изградени 7-8 нови просечни македонски згради само во касарната. Прилеп е град со слична големина како Бт, а и нема баш некоја новоградба.
Зборот ми е, да имало инвеститор од ваков тип, место тие згради од повеќе инвеститори, можел да изгради 2 вакви.
Во овие зградиби имало 200-300 станови, во зависност од процентуалната застапеност на станбен простор. Таков боеј не мислам дека е "огромен" и неверојатен да се продаде во рок од ~5 години и во некоја нескопска општина.
За жал домашните инвеститори, немаат толку пари, а дел сакаат побрзо и посигурно богатење и затоа не се нафаќаат на посериозни проекти како овој.
Впрочем, овие две згради заедно не се ни колку една турска на Џевахир.

И за крај, дали некој може да прикаже на статистика на градење и купување на станови по година за регионите во МК?


Posted By: Svarog
Date Posted: 05-Apr-2015 at 17:38
Вп заводот за статистика има неколку публикации кои не нудат многу обемни информации:
http://www.stat.gov.mk/OblastOpsto.aspx?id=20
http://www.stat.gov.mk/pdf/2015/6.1.15.17.pdf
http://www.stat.gov.mk/Publikacii/6.4.14.02.pdf
Иначе во предвид се земени и оние индивидуални куќи.
Иначе во Прилеп пазарот на недвижнини е и тоа како неразвиен, затупавен. Многумина продаваат, а ретко кој купува и тоа најчесто се лица од соседните општини пред се Кривогаштани и Долнени.
Иначе среќа што го имаме Економскиот Факултет, да не е тој уште толку ќе пропадне градот. Како и да е има некоја раздвиженост.
Иначе, да, проблемот што го има Прилеп го имаат и останатите градови, особено оние во Источна Македонија.
Искрено се надевам дека во иднина ќе имаме децентрализиран развој во Државава.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 05-Apr-2015 at 19:33
Originally posted by Kid_A

Originally posted by gjoko

Невикам дека е сјајно во Прилеп,ама во другите градови во Македонија е бетер,да неречам катастрофа.

Мислата ми беше дека во споредба со другите градови)освен Скопје и тетово),Прилеп има повисок стандард


Најбогати градови во Македонија се Скопје, Струмица, Гевгелија, Кавадарци. Таму нема невработени лица, низок степен на криминал, урбани и мирни градови.

Тетово и Гостивар немаат висок стандарт, туку буквално живеат од печалбари со оглед на тоа дека тие се фамилијарно многу поврзни отколку ние.



Струмица е град со богата фасада но позади фасадата стојат печалбарите и земјоделците кои го држат градот во живот. Инаку во струмица нема некој голем работодавач туку во градот најголемиот дел се трговци, угостители и други услужни дејности кои живеат на грбот на земјоделецот и печалбарите.


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Apr-2015 at 20:45


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Apr-2015 at 20:45


-------------
За сè има вторпат


Posted By: Kid_A
Date Posted: 05-Apr-2015 at 22:35
Што знам. Едноставно сум бездушен кога ги гледам овие нови згради во касарната. Nothing special според мене.

Имаа огромен простор на располагање, можеа да направат мал рај во Битола и да го разубават градот, но сето ова ми изгледа баш типично македонски, т.е. кажано, а недоречено!

Можеби кога ќе биде завршен целосно проектот ќе добие комплетно друга димензија, но моментално не гледам ништо елитно тука и што те остава без зборови.


Posted By: fichot
Date Posted: 06-Apr-2015 at 02:02
Originally posted by kultuzin

Originally posted by Kid_A

Originally posted by gjoko

Невикам дека е сјајно во Прилеп,ама во другите градови во Македонија е бетер,да неречам катастрофа.

Мислата ми беше дека во споредба со другите градови)освен Скопје и тетово),Прилеп има повисок стандард


Најбогати градови во Македонија се Скопје, Струмица, Гевгелија, Кавадарци. Таму нема невработени лица, низок степен на криминал, урбани и мирни градови.

Тетово и Гостивар немаат висок стандарт, туку буквално живеат од печалбари со оглед на тоа дека тие се фамилијарно многу поврзни отколку ние.



Струмица е град со богата фасада но позади фасадата стојат печалбарите и земјоделците кои го држат градот во живот. Инаку во струмица нема некој голем работодавач туку во градот најголемиот дел се трговци, угостители и други услужни дејности кои живеат на грбот на земјоделецот и печалбарите.


Што е битно дал живеат од трговија, фабрики или земјоделство. Битно да им е ок.

---------

А за Тетово и Гостивар.. мислам дека барем Тетово е доста поразвиено од остатокот од Македонија во поглед на фирми, трговија и сл.
Во фирма која се занимава со издавање на рекламен простор Полошкиот регион носи отприлика иста заработка колку и остатокот од Македонија заедно (без Ск).

---------

А за Прилеп, супер ако се развил. Ја признавам одамна не сум бил, нити со некој oд таму сум зборел. Дај боже сите Прилепчани да се вработени и со добри плати и да си купат станови во облакодериве и да не ми идат Ск, освен како туристи.



Posted By: Kid_A
Date Posted: 06-Apr-2015 at 03:42
Originally posted by fichot

Originally posted by kultuzin

Originally posted by Kid_A

Originally posted by gjoko

Невикам дека е сјајно во Прилеп,ама во другите градови во Македонија е бетер,да неречам катастрофа.

Мислата ми беше дека во споредба со другите градови)освен Скопје и тетово),Прилеп има повисок стандард


Најбогати градови во Македонија се Скопје, Струмица, Гевгелија, Кавадарци. Таму нема невработени лица, низок степен на криминал, урбани и мирни градови.

Тетово и Гостивар немаат висок стандарт, туку буквално живеат од печалбари со оглед на тоа дека тие се фамилијарно многу поврзни отколку ние.



Струмица е град со богата фасада но позади фасадата стојат печалбарите и земјоделците кои го држат градот во живот. Инаку во струмица нема некој голем работодавач туку во градот најголемиот дел се трговци, угостители и други услужни дејности кои живеат на грбот на земјоделецот и печалбарите.


Што е битно дал живеат од трговија, фабрики или земјоделство. Битно да им е ок.

---------

А за Тетово и Гостивар.. мислам дека барем Тетово е доста поразвиено од остатокот од Македонија во поглед на фирми, трговија и сл.
Во фирма која се занимава со издавање на рекламен простор Полошкиот регион носи отприлика иста заработка колку и остатокот од Македонија заедно (без Ск).

---------

А за Прилеп, супер ако се развил. Ја признавам одамна не сум бил, нити со некој oд таму сум зборел. Дај боже сите Прилепчани да се вработени и со добри плати и да си купат станови во облакодериве и да не ми идат Ск, освен како туристи.



Полошки регион е еден од регионите со највисока стапка на емиграција. Тоа е тоа што ги вади од просекот. Живеат и работат низ Европа, а градат и праќаат пари во својот роден крај. Стопанството им е тесно поврзано со производство и шверц на дрога, а борделите им се редовен декор насекаде. Плус, на сето тоа треба да се додаде и фактот дека државата најмалку собира данок од тој крај. Од дрога највеќе се прават пари секаде.

Тетово има 3 универзитети, блиску е до Скопје и Косово, а пола град и околината се на печалба со години да не речам децении. Тоа е тоа што ги вади од просекот. Без печалбарските пари би биле еднакви на мизерија.

За мене после Скопје најразвиен град по сите нишани е Битола. Културно, инфраструктурно, естетски, туристички.

Има доста богати места низ Источна и Централна Македонија, но тие својот капитал го вложуваат во Скопје. Па, види само кој е купец на повеќето станови низ Скопје.


Posted By: stratus
Date Posted: 06-Apr-2015 at 10:13
Кај нас зборот елитно се користи за секој нов станбен објект. Така што верувам, од старт не требаше дабидат елитни туку станови за просечен македонец. Јас повеќе сум не задоволен од урбанистичкиот план за пвршината. Баш на погорната слика тоа се гледа. Имајќи на располагање огромна градежна површина, мораше ли дасе гради до улицата (Партизанска).
А за изгледот, оваа ми е врв
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/2033707-Luksuzni-stanovi-na-atraktivna-lokacija#5 - објект1
а оваа дно:
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1971239-EVTINI-LUKSUZNI-STANOVI-VO-ARM-BITOLA-43-50-I-70M2 - објект2


Posted By: fichot
Date Posted: 08-Apr-2015 at 12:29
Тоа што се купци во Ск мене нешто друго ми кажува, но ок.

Не ми беше зборот кој од каде ги направил парите, туку општо стандардот на жителите, та белким не се сите шверцери и макроа мме, а не дека такви нема и кај „нашиве“ (франкфурт мафија пример).



Posted By: jyvation
Date Posted: 09-May-2015 at 18:54
Станбено-деловен комплекс АРМ во Битола





Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Jun-2015 at 09:07
Старата касарна во Битола добива нов лик
ОД М.Н. · 02.06.2015



Во „Златен Рид“, новата населба која се протега на територијата на Старата Касарна, Општина Битола извршува голем број на активности. Поставена е фекална канализација, атмосферска канализација, водовод и се прави коловоз во СРУ 1 во делот на АРМ Четврт 1 во вредност од милион евра, а до завршувањето на коловозот во СРУ 1 вкупната вредност за овој дел би достигнала до 1.5 милион евра.

Со задолжувањето кое Општина Битола го направи, преку Министерството за финансии кај Светска банка во вредност од 2.5 милиони евра, ќе биде завршен и останатиот дел од АРМ Четврт 1 и АРМ Четврт 2 и тоа атмосферска канализација, водовод, улично осветлување и коловоз.

Три објекти се веќе изградени, а осум фирми градат објекти од кои седум се домашни инвеститори , а еден е странски. Потоа се направени реконструкции на повеќе стари објекти кои беа дел од Касарната и тоа во еден реконструиран објект се наоѓаат Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи и Факултетот за биотехнички науки, а во друг објект се наоѓа Правен факултет. Извршена е реконструкција и адаптација на Стреланата, во реконструиран објект е сместено противпожарното друштво ПЕГАЗ ЕДУ, како и новата телевизија МЕГА. Изграден е и Филмски град.

„До крајот на оваа градежна сезона, веројатно и дел од работите ќе ни останат и за следната градежна сезона затоа што обемот е премногу голем и се надеваме некаде до Ноември да се заврши најголемиот дел 70 до 80 проценти од сето тоа што треба да се работи и еден дел да остане за следната градежна сезона. Идните потенцијални инвеститори кои што ќе сакаат да градат, едноставно само ќе треба да се приклучуваат. Ќе биде завршена целата фекална, атмосферска канализација, водоводната мрежа, патната инфраструктура, паркови, пристапни патеки сето она што ќе значи една нова населба, еден мал град кој што потенцијално би требало да опфати околу 5 илјади жители“ – изјави градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески.

http://setaliste.com.mk/top-vesti/%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D1%81%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BB/ - http://setaliste.com.mk/top-vesti/%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D1%81%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BB/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Jun-2015 at 10:40
М-р д-р Владимир Севселенски Талевски.

Grow a dick. А најлошо, не е Двојче единствениот искомплексиран што си ги форсира титулите пред името во весници.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 09-Oct-2015 at 21:49
Три понови станбени објекти во Прилеп

http://s342.photobucket.com/user/ovaj_stariov/media/ured_zpsnyuuhldh.jpg.html"> [/img]

http://s342.photobucket.com/user/ovaj_stariov/media/terakota_zpsq6ngzjbh.jpg.html"> [/img]

http://s342.photobucket.com/user/ovaj_stariov/media/kasarni_zpsyov0oxxi.jpg.html"> [/img]

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Џоле
Date Posted: 11-Oct-2015 at 13:55
Поставени камен темелите за новиот стамбено–деловен објект во Прилеп



Во чест на празникот 11 Октомври, камен темелник за колективен стамбено деловен објект, беше поставен вчера во присуство на сопствениците на комапнијата „Инженеринг Теракота„ и „ДМ -ОИЛ“ дооел Струмица и градоначалникот Марјан Ристески.

Објектот претставува колективно стамбено деловен објект со намена за домување во стамбена зграда со деловен простор во приземје и вкупна инвестиција од два милиони евра.

Објектот ќе се гради на улица „Кеј 9-ти Септември“ на местото на старите судски бараки. Објектот се предвидува да се изгради со катност Подрум + Приземје + 6 ката. Во подрумот се предвидени паркинг места за објектот, на приземје се предвидени деловни простории додека на катот се предвидени станбени единици – станови.

На секој кат се предвидуваат по 9 станбени единици со различна големина со цел да се задоволат потребите на секој кој купува. Бруто површината на секој кат од станбените единици изнесува 784,96м2, додека нето површината изнесува 676,062м2.

Зградата ќе ги задоволува предвидените стандарди на правилникот за енергетски карактеристики на згради однсно потребна енергија за греење ќе биде помала од 100KWh/m2.

http://setaliste.com.mk/top-vesti/makedonija/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD-%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8/ - http://setaliste.com.mk/top-vesti/makedonija/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD-%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Могли
Date Posted: 29-Oct-2016 at 14:04
Еве нешто и од Битола во поранешната касарна. (27.10.2016)

[1] Станбен комплекс „Ангела“ (лево) и „Михајлов“ апартмани (десно)


[2] 3/4 од станбено - деловниот центар „Јури“


Posted By: Џоле
Date Posted: 29-Oct-2016 at 19:03
„Ангела“ е катастрофа, креативност - нула, „Михајлов“ колку-толку се труди да биде покреативен во изгледот, а „Јури“ како да ги копира најлошите руски комиблокови од 1990-те години, да му се невиди.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Могли
Date Posted: 02-Nov-2016 at 17:19

Се согласувам Џоле со тоа што го искоментира, иако морам да признаам „Михајлов“ мене ми се допаѓа.

Во продолжение еве уште нешто исто така од касарната. Сите овие згради (освен првата) гледаат на улица Партизанска.

[1] Зградата на ГП „Пелистер“ (малку е оддалеку)


[2] За оваа зграда немам информации ни кој е инвеститор, ни како се вика


[3] Зграда „Аурум“


[4] И оваа е на ГП „Пелистер“


[5] А ова го гради „КАМ“. Ќе видиме како ќе изгледа кога ќе биде готово.


Е, ова e сè што е новоизградено/се гради во касарната во Битола.


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Oct-2017 at 10:42






https://www.facebook.com/GpPelisterMacedonia/ - https://www.facebook.com/GpPelisterMacedonia/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-May-2018 at 18:37
Негде во Битола-превземено од фб



Posted By: JOE
Date Posted: 07-Nov-2018 at 13:26

„Ариа“ е новиот резиденцијален комплекс, вашиот нов дом кој воведува револуција во начинот на домување и носи нов сјај во Битола.

Во состав на современата архитектонска композиција се вбројува деловен простор на приземјето, спа центар во подрумот и приближно 180 станови на катовите, со различни типови на станбени единици во зависност од нивната големина и ориентација, а сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционално, современо и квалитетно домување.

Комплексот „АРИА“ е лоциран во јужниот дел од централното градско подрачје на Битола во месноста позната под името “ОБЛАСТА”. На пресечната точка помеѓу улица „Нико Фундали” и улица „Север-Југ”, во непосредна близина на зградата позната под името „СИМПО”. Зградата е оддалечена на помалку од 500м пешачка дистанца од строгиот градски центар и градскиот парк.

Во непосредно опкружување на комплексот се лоцирани висококатници – станбени објекти за колективно домување од кои „СИМПО“, „АУРУМ“, основното училиште „Стив Наумов” и градската болница.




Ова инфо е од нивниот веб сајт
http://aria.mk/ - Линк


Posted By: JOE
Date Posted: 07-Nov-2018 at 13:29
Започна изградбата на комплексот Aria Residence & Spa



Во непосредна близина на центарот на Битола, почнува со изградба новиот станбен комплекс Aria Residence&Spa кој ќе се гради на 25000м2, а во својата структура содржи 180 станови, 3 згради, 5000м2 паркинг, базен и спа центар.Објектот е една сосема нова и поразлична структура која нуди комплетно решение за модерно и квалитетно живеење.


Предвидениот рок за изградба на зградата е 24 месеци.

Колективната станбена зграда „АРИА“ почна да се гради на просторот во јужниот дел од централното градско подрачје на Битола во месноста позната под името “ОБЛАСТА”. „АРИА” се наоѓа на пресечната точка помеѓу улица „Нико Фундали” и улица „Север-Југ”, во непосредна близина на зградата позната под името „СИМПО”. Зградата е оддалечена на помалку од 500м пешачка дистанца од строгиот градски центар и градскиот парк.



о однос на функционалната поставеност и содржините објектот ќе содржи:

Партер – приземна платформа за влез во објектот, хортикултурно обогатена со зелени површини и надземен откриен паркинг простор;
Колективна станбена зграда која во својот состав има три ламели: Ламела „1“ и Ламела „2“ и Ламела „3“. Секоја ламела, во својот вертикален пресек се состои од: подрум ( -2) + приземје (Пр) + 8/9/10 катови + Поткровје (Пк); Во составот се вбројува деловен простор на приземјето, спа центар во подрумот и приближно 180 станови на катовите, со различни типови на станбени единици во зависност од нивната големина и ориентација, а сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционалност.

Инвеститори се БЕКОМ ДОО и ФОРМИ ДООЕЛ, а објектот го проектира ФОРМИ ДООЕЛ


Posted By: hcitrS
Date Posted: 07-Nov-2018 at 19:59
А подземна гаража сама ќе порасне од темелите, а? *@$%та нивна.


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Nov-2018 at 20:58
Neznam kolku Bitola ima potreba od novi stanbeni objekti,koga ja vidov niskava se zacudiv ocekuvav deka e pak negde vo Skopje. Inaku zgradi se pravat i niz Gostivar,Veles,Debar,Kumanovo no neznam kako ke im odi so prodazba pogotovo so delovniot prostor koj zjae prazen vo mnogu novoizgradeni zgradi niz Skopje(primer flatiron kisela voda veke ke pravi edna godina od otvoranjeto a ima samo dva lokali vseleni). I vo Skopje pazarot go prezasitija so stanovi koi dolgi godini ke stojat neprodadeni(mislam deka momentalno poveke od 8000 stanovi stojat neprodadeni a uste ne se izgradeni kompleksite na Limak i Skopje East Gate koi isto taka ke ponudat uste najmalku 3000 stanovi). Patem nekoj ako e vo moznost neka postavi krance na niskava i neka dopise deka proektot e vo Bitola.


Posted By: hcitrS
Date Posted: 07-Nov-2018 at 22:30
Не знаеш уште колку ги има у ствари, само не се постирани по форумов оти се грди реонски-центар тип на зградишта. Тие кулите што ги гледаш околу оваа што се гради, се одамна завршени, а барем пола сигурно не се вселени (што не значи дека не се купени). Овој простор со кулите тука се наоѓа сред стара населба со ниски куќи и тесни улички (освен Партизанска која е во близина но таа е најголемата и најфреквентна градска улица и плус функционира како обиколница). Доколку сите згради што се насликата беа вселени ќе немаше игла кај да се фрли од коли (не дека сега не е презаситен градот, ама уште полошо ќе беше). Фрапантен е бројот на станови и коли во Битола, наспроти луѓето кои ги нема за лек.

Мене ми е многу сомнително цело ова лудило со изградбата на станбени објекти ни државата, а луѓето се убедени дека сето ова е веќе распродадено. Кога ќе прашам кому - нема конкретен одговор освен дека во Македонија сите затворале пари во недвижнини. Држи вода тоа, ама за мене не е доволно за да се објасни лудилото во градежништвото. Од сите луѓе кои ги познавам, знам само 2-ца кои имат купено стан во последно време и тоа во Скопје. Е сега за становите во Битола можат да се кријат иселениците кои од Пелагонија ги има дури и повеќе отколку Тетово-Гостивар.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 08-Nov-2018 at 01:59
Еве ја локацијата

Тука можеа парк да им направат,они зграда градат...

https://www.google.co.uk/maps/@41.0238176,21.3290686,3a,60y,342.79h,80.54t/data=!3m6!1e1!3m4!1sfLs8qaGsmsO8To-vormAuQ!2e0!7i13312!8i6656 - https://www.google.co.uk/maps/@41.0238176,21.3290686,3a,60y,342.79h,80.54t/data=!3m6!1e1!3m4!1sfLs8qaGsmsO8To-vormAuQ!2e0!7i13312!8i6656


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Feb-2019 at 16:44
Од фб,може да се забележат досегашните активности кои претежно биле поврзани со ископ за темели.



Posted By: stef4o
Date Posted: 06-May-2019 at 18:20
Во Битола(од фб)





Posted By: JOE
Date Posted: 26-Jul-2019 at 15:31



Poveke sliki na instagram profilov

https://www.instagram.com/sohoresidencebitola/ - https://www.instagram.com/sohoresidencebitola/


Posted By: JOE
Date Posted: 21-Aug-2019 at 12:06





Posted By: JOE
Date Posted: 21-Aug-2019 at 12:08




Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Oct-2019 at 07:21
Soho Residence-Bitola









https://www.facebook.com/sohoresidencebt/


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Oct-2019 at 07:23
Kuzma Residence-Bitola



https://www.facebook.com/Kuzma-Residence-110435193671504/?eid=ARC5QF0pu06JYQHFYJZyegQLRj6zbR_dvgUyqihJTv5eSH6sUZPkNwP5Y6JWaWlw8FIpkwXS3EhtHLf4


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Nov-2019 at 08:19
Од фб



https://www.facebook.com/AriaResidenceandSpa/


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Nov-2019 at 10:09
ЕЛИТНИОТ ЗЛАТЕН РИД ЈА ИЗЕДЕ ШУМАТА КАЈ КАСАРНАТА И ЈА ЗАДУШИ БИТОЛА





Некогаш беше касарна, а денес е Златен рид. Порано имаше грст објекти од тврда градба, не повисоки од два-три ката и многу зеленило. Сега е урбанизирана населба со атрактивно име и локација, со подигнати згради, куќи и вили во изградба кои сѐ повеќе се шират на сметка на зелениот појас на Битола.

Со Деталниот урбанистички план (ДУП), донесен пред девет години од претходната локална власт за урбанизацијата на 103 хектари од Касарната во Битола, еден од најзагадените градови во земјава изгуби дел од белодробното крило. Жителите реагираат дека со години се сечат дрвја за да градат објекти и инфраструктура. Од Секторот за урбанизам во Општина Битола одговараат дека зелени површини се застапени во соодветен процент и со максимално почитување на веќе постоечките.

Враќање назад нема, продадени се 99 парцели, инвеститорите платиле за градежното земјиште и за негово уредување, па Општината е должна да им направи инфраструктура.

„Просторот на поранешната касарна практично беа белите дробови на Битола. Пред десетина години, по предавањето на објектите во сопственост на Општината беше изготвен ДУП кој скоро и да не предвидуваше зелени површини, туку голем број нови згради меѓу постоечките. И не само тоа, ДУП-от за Касарната предвидуваше и уништување на зелениот појас на сметка на индувудуални станбени објекти. Иако во моментот таму има изградено само пет нови згради, уште на почетокот теренот беше исчистен од зеленилото – беа исечени стотици децениски стари листопадни дрвја, оставено само понекое зимзелено, оти тие не се погодни за огрев“, вели Игор Војновски, екоактивист, кој живее во близина на Касарната.

Ликот на касарната го промени проектот „Старите касарни за нов развој“ од 2009, кога Министерството за одбрана ја отстапи оваа површина на Општина Битола за изградба на нова градска населба. За тогашната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и битолскиот градоначалник Владимир Талески, ова беше исторски проект кој на градот требаше да му донесе згради, хациенди, винарски визби, филмски град, градинки, училишта, 7.000 жители… Ја нарекоа Златен рид. Опколена со густа шума, сончева, незагадена, со цена од едно евро за метар квадратен, ги привлече како магнет градежните фирми, бизнисмените, инвеститорите, па и поимашливи битолчани да купат дел од ветената земја.

Битола втурната во тој розов сон за елитната населба, тогаш не се спротивстави на проектот иако имаше јавна расправа за Деталниот урбанистички план. Во 2009, градот како да немаше и невладини организации на кои во фокусот им беше загадувањето. Дури по неколку години здружението „За нас се работи“ беше првото кое проговори за овој проблем и на оградата од касарната го прикачи транспарентот „И тука некогаш имаше дрвја“.

Драган Вељанов од платформата „Земи здив“ вели дека со урбанизацијата на касарната го загубивме многу брзо она што со години било градено и планирано како јадро преку кое Битола ќе дише длабоко, со полни гради.

„Неслучајно таа локација беше избрана за изградба на Касарна, која беше замислена да биде еден голем зелен појас, со голем број зимзелени и листопадни дрвја, а и сите павилјони беа градени во ист правец со цел да се овозможи непречено струење на воздухот кое е многу битно за разнесување на загадениот воздух и неможност да се задржи подолг период на една иста локација“, вели Вељанов.

Тој додава дека со процесот на приватизација на државното земјиште голем дел од ова зеленило беше неплански уништено како за потребите на новите урбанистички планови, така и од несовесните граѓани кои ги сечеја дрвјата за сопствени потреби.

Ако градот има потреба од проширување, тогаш не мораше ова подрачје секогаш да остане само зелена зона. Но, можеше да се трансформира многу попретпазливо. Во урбанистичките планови да се предвидеа повеќе зелени зони со паркови и зачувување на постоечките дрвја за сметка на непланска сеча на дрвјата, новите градби да го задржеа принципот на градба во иста насока со цел да се овозможи непречено струење на воздухот за сметка на градбите во спротивна насока кои прават вакуум простор и го отежнуваат природното проветрување“, вели Вељанов.

Нема официјален податок колку дрвја досега се исечени. Но, факт е дека уште постои дел од зелениот појас кој битолчани го користат за рекреација и бараат да се зачува.

Во населбата денес живеат над илјада битолчани. Во ек е изградба на куќи веднаш до шумата. Луксузни, на два ката, со балкони кон зелениот појас. Ги градат претежно мајстори од Вевчани и други струшки села. Повисоко низ Златен рид околчени се и други места за градба. Зградите пак се полнат со станари. Цените на становите се движат од околу 800 до 840 евра за метар квадратен што е повисока цена за 200 евра од другите делови на Битола.

„Зградата во која живеам јас е поставена толку на правец север- југ и ветрот не струи. Од ридот кон улица Партизанска зградите се како препрека. Тоа се познава особено во есен, сите лисја од дрвјата се берат пред зградата, од цела Партизанска и од околу“, вели Анета Блажевска, станар во Касарната.

Местото уште личи на населба во изградба со купишта градежен шут и тоа што е шума малку оставено околу зградите е многу запустено од градењето.

„Зеленило имаше многу повеќе кога се вселивме во 2015, но се исекоа многу дрвја и листопадни и зимзелени за да се направават зградите и да се направат улиците“, вели Блажевска.

%20 - https://sdk.mk/index.php/naslovna/elitniot-zlaten-rid-ja-izede-shumata-na-tumbe-kafe-i-ja-zadushi-bitola/


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Nov-2019 at 16:47
НЕМА СПАС ЗА ЗЕЛЕНИОТ ПОЈАС КАЈ КАСАРНАТА ВО БИТОЛА ОТИ ЗА ЗГРАДИ ВО ЗЛАТЕН РИД СЕ ПРОДАДЕНИ 99 ПАРЦЕЛИ





Нема шанси да се смени Деталниот урбанистички план (ДУП) според кој во Битола се гради населбата Златен рид со високи згради, куќи и вили што ѐ повеќе се шират на сметка на зелениот појас над еден од најзагадените градови во земјава. ДУП-от донесен пред девет години од претходната локална власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Владимир Талески за урбанизацијата на 103 хектари од Касарната во Битола веќе се реализира, и општинските власти велат дека нема враќање назад, оти се продадени 99 парцели, инвеститорите платиле за градежното земјиште и за негово уредување, па Општината е должна да им направи инфраструктура.

Ексградоначалникот Талески во 2009 рече дека во касарната ќе никне нова елитна населба. Рече дека постоечката патна инфраструктура не е употреблива, па со ДУП се предвидуваат нови инфраструктурни коридори. Деталниот урбанистички план беше донесен едногласно во битолскиот Совет. Претходната локална власт, од продажбата на градежно земјиште во комплексот АРМ наплатила над 150 милиони денари (2,5 милиони евра), а од надоместок за уредување на градежното земјиште над 280 милиони денари (4,5 милиони евра).

Но, проблем настана кога добар дел од парите завршија во изградба на индустриската зона Жабени. По ова, претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ подигна кредит од 2,5 милиони евра за да ги гради улиците во Касарната. Власта се промени, па и изградбата и враќањето на кредитот паднаа на товар на новата власт предводена од СДСМ.

Запрашани дали имаше можност по доаѓањето на новата локална власт да се откажат од градење во Касарната и да ја пренаменат во паркови, од Општина Битола ни одговорија:

„Затоа што веќе беа изградени дел од објектите, за дел беше отпочната постапка, граѓаните имаа вложени инвестиции, така што најдобро решение беше да се реализира проектот и граѓаните да го добијат она за што платиле“.

Над илјада битолчани веќе живеат во населбата, а куќи се градат веднаш веднаш до шумата. Жителите се жалат дека се исечени многу дрвја и за објектите и за улиците, а и дека зградите не се градат во ист правец туку и попречно, што го спречува струењето на воздухот, што видно ќе влијае врз микроклимата како и врз загадувањето.

Од фелата на архитекти се со поинакво гледиште. Велат дека најголем проблем е несфаќањето колку е важна урбанизацијата на просторот која директно влијае врз квалитетот на живеењето.

„Со урбанизацијата на Касарната се планира просторот од сто хектари да се оплемени и заштити. Со ДУП-от се планирани 30 проценти од оваа површина да бидат под зеленило, посебно во највисоките делови од опфатот на надморска височина од 700 метри, односно четвриот дел, ридот да не се урбанизира туку зеленилото да се контролира и да се поврзе со Тумбе Кафе. Во спротивно, на овој простор ќе никнеа диви градби слично како во соседната населба Стрчин. Она што треба да се реализира најбрзо од локалната власт е контролирано одржување на зелениот појас со засадување на нови стебла и зеленило“, велат група архитекти кои не сакаа јавно да зборуваат за да не влегуваат во конфликт со граѓаните.

И инвеститорите кои градеа згради во касарната велат дека не сечеле здрави дрва, само некои деградирани.

„Не се исече многу зеленило. На нашето место тоа беа полуисушени дрвја, немаше некои поголеми сечења на дрвја ние каде што инвестиравме“, велат Васко Четелев.

Но, сателитските снимки на истиот простор од 2002 и од 2017 покажуваат дека зеленилото е значително намалено.

Од Секторот за спроведување на урбанистички планови во Општина Битола велат дека низ годините се продале 99 парцели во АРМ 1 и АРМ 2. За згради 21 парцела, за индивидуални домови 60 парцели, за куќи со посебен режим 12 парцели, бензинска пумпа една и старски домови три парцели.

Претходно, станбените објекти се градеа, но без соодветна инфраструктура. Наследениот хаос требаше да се среди. Од оваа власт, речиси целосно се реализирани инфраструктурните објекти во АРМ 1, додека во АРМ 2 е изградена инфраструктурата на главните собирни улици кон кои гравитираат споредните улици каде треба да се градат индивидуалните објекти. Истовремено, за две години отплатени се 24.000.000 денари од кредитот со кој општината беше задолжена од претходната локална власт. Комплетно изградени (водовод, канализација, асфалтирање, тротоари и улично осветлување) се 14 улици, од кои најголемиот дел од оваа локална власт“, велат од Општина.

За две години изградена е инфраструктура од над 100 милиони денари и тоа: за атмосферска канализација 8.420.000 денари (без ДДВ), за санитарна и технолошка вода 7.150.000 денари, за коловоз и тротоари 63.330.000 денари и за улично осветлување 7.660.000 денари. Со наследените долгови за уредување на земјиштето, оваа власт исплати над 160 милиони денари.

Во однос на тоа дали ќе се зачува постоечкото зеленило и дали ќе се изградат нови паркови, од Секторот за урбанизам велат дека планското решение е изработено согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, при што зелени површини се застапени во соодветен процент со максимално почитување на постоечките. Понатаму, дека зеленилото како намена е доминантно во опфатот на АРМ Четврт 3 и тоа како заштитно и парковско зеленило, а во рамките на ДУП за АРМ Четврт 2, зеленилото е планирано со доминантна класа со намена за спорт и рекреација.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

%20 - https://sdk.mk/index.php/naslovna/nema-spas-za-zeleniot-pojas-kaj-kasarnata-vo-bitola-oti-za-zgradi-vo-zlaten-rid-se-prodadeni-99-partseli/


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jan-2020 at 14:04
Во Прилеп



https://www.facebook.com/pg/KARPA-Prilep


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Feb-2020 at 17:10
Во Битола





...
Soho Residence



https://www.facebook.com/sohoresidencebt/
https://www.facebook.com/Vivarta-


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Mar-2020 at 11:45
Посветеноста и иновациите во изградбата вродуваат со квалитетот кој пак, се истакнува од вообичаеното и просечното, а тоа влева доверба кај купувачите.

Во моментот се поставува плафонската плоча од конструкција на базенот, кој е дел од Спа Центарот на Aria Residence & Spa. Во основата се вклучени најквалитетни и современи материјали кои ќе и дадат цврстина и флексибилност на градбата.

Пропратени со соодветни мерења од експерти во областа на градежништвото изградбата на Aria Residence & Spa е во тек, сите активности се одвиваат на високо ниво и според предвидената динамика



https://www.facebook.com/AriaResidenceandSpa/


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Mar-2020 at 18:11
Во Прилеп на ул.11-ти Октомври(до СОУ Ѓорче Петров)





https://www.facebook.com/dino99dooel


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Apr-2020 at 12:37
@cistac или @JOE незнам кој од вас поредовно го прати форумот па ме интересира дали знаете до каде е напредната изградбата на комплексов...некако нишката ни е слабо снабдена со слики бидејќи нивниот веб сајт нема приказ на тековниот процес на градба.Ако некој од овој дел е во можност нека направи по некоја фотка...


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Apr-2020 at 10:43
Во Битола





https://www.facebook.com/IPET.Invest


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Apr-2020 at 14:38
Нов проект на Аттика Архитектс во Скопје-Центар(од Инстаграм)



типувам на оваа локација непосредно до Боними на Партизанска


...

Инаку тука и Хантерс имаат најавено нов објект









Posted By: JovanOdGjorche
Date Posted: 27-Apr-2020 at 13:40
Овие две се во Карпош во близина на Реплек од другата страна на булеварот.





А оваа е во Ѓорче Петров.




-------------
And something, somewhere was lost in 1938...



Print Page | Close Window