Print Page | Close Window

Гранични премини и царински терминали

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Инфраструктура
Forum Discription: Транспорт, телекомуникации, водостопанство...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=424
Printed Date: 19-Jul-2018 at 14:15


Topic: Гранични премини и царински терминали
Posted By: Cloverstack
Subject: Гранични премини и царински терминали
Date Posted: 20-Oct-2008 at 02:08
Редно е да имаме ваква нишка, иако навистина тешко се наоѓаат материјали.



Табановце, нашиот најфреквентен, а во моментов и „најнов“ премин (новиот објект е пуштен во употреба пред 2 години), има 6 излезни и 8 влезни ленти.

1


2


3


4  Непосредно после отворањето





Богородица (ми изгледа дека е поголем и од Табановце, знае ли некој колку ленти има?)

5


6  Еве го и железничкиот терминал во Гевгелија




Деве Баир

7


8





Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Oct-2008 at 02:12
За новости детално ќе можеме да се информираме на http://www.customs.gov.mk - http://www.customs.gov.mk Cheers

Галерија сега за сега за жал нема Ohno




Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 20-Oct-2008 at 13:48
Граничниот премин во Гевгелија е најголем но не е реновиран од кога е изграден а и со оглед на тоа дека тој дел се развива со ненормална брзина ке треба и тоа да го направат исто како и грците со нивниот ем го направија еден од најмодерните на Балканот ем го проширија за додатни 4 влезни и 4 излезни ленти.А овој нашиот мислам дека има 6 со 6 но се користат моментално само 4 со 4 ленти.


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 20-Oct-2008 at 13:53


И на самите собраќајни табли се гледа дека има 6 ленти


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Oct-2008 at 16:02
Па не би рекол баш дека се гледа, плус другата страна си е посебна приказна, ама ако има 2х6 тигаш сепак не е најголем затоа што Табановце има 14


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-May-2009 at 21:30

ОТВОРАЊЕ НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН МАРКОВА НОГА

Хроника

http://bitolski.makmreza.com/NewsFiles/RealSize/e75d4b7e-d888-426c-a0fe-ddd930ad52fe.jpg">

Министерот  за надворешни работи во Владата на Република Македонија, Антонио Милошоски минатата недела со писмо до грчката шефица на дипломатијата, Дора Бакојани, побара отворање на нов граничен премин меѓу двете земји кај Преспа на потегот Маркова Нога - Герман.
 
Во писмото Милошоски истакнува дека отворањето на преминот како иницијатива која постои подолго време ќе претставува значаен чекор кон остварување на декларираните зало-жби за добрососедство, со што ќе се поттикне развојот и соработката во областа на туризмот и во функција на интензивирање на трилатералната соработка и сообраќајот меѓу Македонија, Грција и Албанија во рамките на Евро-регионот Преспа.
 
Верувам во натамошниот развој на соработката помеѓу Република Македонија и Република Грција и се надевам дека и Вие го споделувате мислењето за потребата од отварање на уште еден граничен премин, како мала, но значајна нишка во процесот на градење на добрососедските односи -  се вели во писмото на македонскиот министер.
 
Милошоски предлага работна средба на делегации на двете министерства, која би се остварила до крајот на мај годинава.



http://www.bitolski.makmreza.com/FullInfo.aspx?NID=78ac78c2-da88-499f-a94b-f8c66ceec86f - http://www.bitolski.makmreza.com/FullInfo.aspx?NID=78ac78c2-da88-499f-a94b-f8c66ceec86f

Имаше баш една репортажа за тоа како луѓето од овие краишта би сакале да се отвори преминот. Но јасно ни е на сите дека тоа нема да го биде уште 60 години (политика).


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 05-May-2009 at 00:58
Знае ли некој за овој проект на Табановц,го најдов на prostor.com.mk




-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-May-2009 at 12:04
Јас само да ви кажам дека Грците градат гигантски граничен премин на Меџитлија-Ники (околу 100-150 метри поблиску до границата со Македонија од претходниот кој на некој начин беше 'длабоко' во грча територија, а овој ќе биде на самата линија).

Ај кажете зошто ЕУ би давала толку пари за толку голем граничен премин ако мисли да ни ги укине визите?

BTW се гради само десеттина месеци, а скоро е готов. Ако можам ќе сликам некогаш Roll%20eyes

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-May-2009 at 12:53
Ај баш сликни, колкаво може да биде тоа гигански премин?! Тамо не ни има нешто посебно место за поголем од сегашниов. Или можеби прават премин кој ќе биде доволно широк за евентуален автопат во иднина. Само незнам како го поврзе тоа со укинувањето визи, кога ионака нити сме блиску до потполна schengen либерализацијана (не овој безвизен режим) односно овој премин би служел минимум десет години, а и потоа би му се нашла примена. Но на страна визна политика не е баш за у оваа нишка. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-May-2009 at 12:56
Па каква врска има градењето на граничен премин со укинувањето на визите?

Грничниот премин ќе стане непотребен кога ќе се приклучиме на шенгенскиот договор, а по логика на нештата тоа ќе биде неколку години после влегување во ЕУ

Колку што знам, постоечкиот премин од грчката страна е мал и неугледен.
Е сега дали се исплати да се гради граничен премин за 10-тина години експлатација (дури и кога ќе се земе во предвид состојбата на постоечкиот), или во ЕУ си имаат зацртано поинакви работи од она што ни го кажуваат, или ЕУ нема никаква врска со финансирањето на преминов туку тоа го прави грција на своја рака, одговорн на овие прашања немам. Битно градбата на преминов воопшто не ја тангира барем  визната либерализација.


Туку кажи ни во каква состојба е Меџитлија. На фотки од далеку и на google earth изгледа повеќе од пристојно, но доволно е да не се одржува и од блиску да е сосема друга приказна.



Едит: ЛСЛ веќе го пишал за визите скоро истото што и јас, ама ми останува прашањето за Меџитлија, сподели инфо Big%20smile


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-May-2009 at 15:59
Originally posted by Cloverstack

Па каква врска има градењето на граничен премин со укинувањето на визите?


Па на пример една теорија е дека ќе ни ги укинат визите и затоа го градат голем бидејќи се очекува и зголемен проток, па нема смисла кога градат нов да биде пак мал. Друга теорија е дека штом градат толкаво утврдување и ја преместуваат и војската (ги преместија и просториите на војниците) дека не ни мислат ништо арно во блиска иднина (ни укинување на визи ни ништо) штом ЕУ го финансира тоа. Трета теорија е дека џабе се сеќираме ни самите не знаат што прават и зошто (и јас во постот погоре изреагирав многу народски), не дека ако нема визи не треба ни граница, ама во никој случај не значи дека треба толкав утврден премин (освен ако изгледа масовно вака од око, а нема да биде, но поголем е од Меџитлија во секој случај, а Меџитлија е голем).

Originally posted by Cloverstack


Туку кажи ни во каква состојба е Меџитлија. На фотки од далеку и на google earth изгледа повеќе од пристојно, но доволно е да не се одржува и од блиску да е сосема друга приказна.


Па преминот е прилично нов, исто така граден со пари на ЕУ (донација за регионален развој или делумно учество), меѓутоа прилично е запуштен. Има многу пајажини во застаклениот дел (низ него поминуваат автомобилите), а рампите се во катастрофална состојба бидејќи се користат само на едната лента, другите ленти скоро и да не постојат (освен таа за камиони). Вецињата се вечно заклучени, не знам зошто (додуша во последно време немам проверено), но барем не е како на Табановце да се наплаќа 10 денари Интересна светла точка е што трчкаат многу пауни наоколу, навистина интересна глетка, не знам дали на сите премини има или само тука.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 05-May-2009 at 17:10
Јас колку што знам за граничниве премини,ЕУ бара од државите членки посебни услови,подобра контрола на границите со државите што не се членки на ЕУ.Нешто како обележување на надворешните граници на ЕУ.

Затоа и Бугарија го реновираше нивниот премин Гјуешево,кај Крива Паланка.


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-May-2009 at 18:04
сега ми текна дека имав постирано еден пост со слика од новиот премин што се гради пред да ја отворите оваа нишка (мојот пост ве инспирираше) што се случи со него? не можам сега никако да ја најдам сликата, беше од нечиј flickr или panoramio профил, некаква си тура на некои французи низ македонија. баш ми текнува сега ама не ми текнува што се случи со постот?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-May-2009 at 22:53

Разлистав малку по нишки во кои би можел да биде таков пост и не го најдов Unhappy


Posted By: гитардемон
Date Posted: 07-May-2009 at 00:51
Ова е најдоброто што можев да го најдам од грчкиот премин, но изградбата на новиот премин не се гледа.
http://www.flickr.com/photos/markuswagner/2456738482 - http://www.flickr.com/photos/markuswagner/2456738482

А ова е веројатно преминот од македонска страна пред да се изгради новиот (веројатно пред 2000 година)
http://www.flickr.com/photos/tierecke/2188631160/ - http://www.flickr.com/photos/tierecke/2188631160/

Фликр не дозволува линкање до сликите :/


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-May-2009 at 17:42

cvetanka%20grci%20premin%20sl%20001


Граничен премин Меџитлија - лентата за влегување во Македонија. Само ова е многу стара слика некако.





-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Jun-2009 at 17:25

Нови гранични премини меѓу Македонија и Србија

http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=17&VestID=109530 - Ирина Гелевска http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109530#komentari - Коментари (0)    
03.06.2009 17:08

Лојане во Македонија и Миратовац во Србија, две села оддалечени 3 километри, но невозможно да се посетат во лето кога има навала на туристи.

„Од Лојане до село Миратовац нема ни 3 километри, а селаните треба да патуваат повеќе 40 км“, рече Неџат Османи, секретар во општина Липково.

„Во лето кога доаѓаат туристи, невозможно е да се стигне или е потребен цел ден“, вели Рамаз Луфшиу, заменик градоначалник на општина Прешево.

Причината е немање локален граничен премин, кои би го користеле само жителите од пограничниот појас, па тие во лето мора да чекаат во колони на преминот Табановце.

На меѓуграничната зона меѓу село Лојане и село Миратовац асфалтниот пат веќе три години од Миратовац до пограничната зона е направен.

Македонија и Србија од 2003 година имаат потпишано Протокол за отворање на локалните премини, Лојане-Миратовац, Огут-Трговиште и Големо Црцорење-Голеж, но изградбата се одолговлекуваше.

„Имаше некој одредени проблеми, од српска страна одлуката не беше верифицирана од Владата и затоа не можеше да се оди со тоа темпо“, изјави Тодор Нанев, МНР.

„Имаше административни и материјални проблеми, но ова е еден од чекорите што мора да се преземат за да се отворат премините што е можно побрзо“, рече Сава Станковиќ, МНР на Србија.

Локалните премини треба да бидат по европски терк, со заедничка контрола на македонски и српски граничен полицаец за побрзо преминување на границата.

Прогнозите се дека новите гранични премини на македонско-српската граница ќе бидат отворени за најмногу една година.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109530


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Jun-2009 at 17:34
Голема Црцорија - Голеж
42°19'30.54"N 22°19'40.41"E

Огут - Трговиште
42°19'9.47"N 22° 9'28.31"E

Лојане - Миратовац
42°14'41.00"N 21°39'54.64"E


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 03-Jun-2009 at 19:16

ova tabanovce preminot soliden e, zadovoluva, ne sum pominuval najverojatno ima golema funkcionalnost



Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-Jun-2009 at 15:54

Активности за отворање нов граничен премин на македонско-српската граница кај кумановско Лојане


Комисиите за гранично управување на Македонија и на Србија денеска започнаа со мерење на граничната линија и утврдување на местото каде ќе биде поставена граничната контрола на новиот граничен премин кај пограничниот регион на кумановско Лојане.

Македонските претставници изразија надеж дека за најмалку шест, а најмногу за една година и официјално ќе биде отворен новиот граничен премин.

По денешното мерење на границата во кумановско Лојане утре и задутре српската и македонската служба ќе ги продолжи активностите долж граничниот реон.

На македонско-српската граница треба да бидат отворени три нови гранични премини кои ќе му помогнат на локалното население во олеснување на секојдневната комуникација.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0C77C97EA1EBDB49BC7547F2EAB49F68 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0C77C97EA1EBDB49BC7547F2EAB49F68

Значи овај е Лојане-Митровац


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jun-2009 at 02:30

Кон Србија нови гранични премини

Експертски групи од Македонија и од Србија ги утврдија точките за новите гранични премини Голеш-Голема Црцорија и Огут-Трговиште кај Кривопаланечко и Лојане-Миратовац кај кумановско-прешевската територија

Експертски групи од Македонија и од Србија изминативе денови излегоа на терен на македонско-српската граница и ги утврдија нулта-точките за отворање на новите гранични премини за малограничен сообраќај, договорени со протоколот од 2003 и 2005 година. Со ова работите се поместени од мртвата точка, а како приоритетни се издвоени граничните премини Голеш-Голема Црцорија и Огут-Трговиште кај Кривопаланечко и Лојане-Миратовац на кумановско-прешевската територија, каде што се предвидени уште два нови премина.

По завршувањето на техничките работи, експертските групи на двете држави одржаа заедничка средба со градоначалниците на Крива Паланка, Босилеград и на Трговиште, српскиот конзул Миливое Ѓурѓевиќ и претставниците на Здружението „Босилеградско“, кога беа договорени натамошните активности за што поскоро профункционирање на новите премини.

- Со геодетското мерење ги утврдивме местата предвидени за новите премини, а на 15 јуни во Скопје ќе биде потпишан протокол според кој ќе се продолжи со натамошните административни работи и обезбедувањето минимални услови за функционирање на граничните објекти. Допрва ќе бидат утврдени видот и категоризацијата на премините, како и тоа кој ќе може да поминува и на која длабочина на територијата. Но, за да не трпи штети населението од пограничниот регион, додека да бидат прецизирани работите и изградена граничната инфраструктура, се договоривме во меѓувреме тие да ја минуваат границата само со пропусници за да можат да ги обработуваат своите имоти во соседните држави - истакна Стево Симски од македонското МНР.

Според сегашниот договор, предвидено е овие премини да функционираат како малогранични премини од трета категорија, за почеток само за пешаци и за лесни возила, но не е исклучена можноста тие да бидат преквалификувани во премини од втора категорија, во зависност од потребите и можностите на двете држави. Од српска страна веќе е понуден и нацрт-договор за протоколарно отворање на премините.

- Според нашиот предлог, предвидено е функционирање на дневни премини, од 6-18 часот во летните и од 7-17 часот во зимските месеци. Жителите ќе можат границата да ја минуваат само со погранични пропусници, што не е во спротивност со одредбите на ЕУ, а граничната инфраструктура за контрола би била сместена во монтажни контејнери. Но, во рамките на протоколот, заедно со македонските претставници, ќе го дефинираме потребниот документ за преминување на границата - истакна началникот на Граничната служба при МНР на Србија, Сава Станковиќ.

Српскиот конзул Миливое Ѓурѓевиќ нагласи дека по повеќегодишното одолговлекување на отворањето на новите премини, сега постои интерес не само кај населението туку и кај највисоките државни структури на двете држави, поради што премините треба да профункционираат во каков било вид, а понатаму според потребите ќе се наметне и развојот на границата. Градоначалниците на Крива Паланка, Босилеград и Трговиште, Арсенчо Алексовски, Владимир Захариев и Власта Петровиќ истакнаа дека се подготвени како општини тие да ја обезбедат граничната инфраструктура, само што поскоро да се решат проблемите на населението од овие региони и да можат економски да заживеат. Но, тие се надеваат дека во перспектива овие премини нема да бидат само за малограничен сообраќај, што истовремено е барање и на Здружението „Босилеградско“.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5E5FEA13D54C3C499F614F147025BB1A


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jun-2009 at 01:01

Се реновираат два гранични премина

Со пари од Европската комисија, на албанско-македонската граница почна осовременувањето на два гранични премина - Тушемиште кај Свети Наум и Горица кај Стење. За преминот Тушемиште ќе бидат инвестирани 492.000 евра.  Старите и дотраени монтажни бараки во кои беа сместени царинските и полициски работници, ќе бидат заменети со нови објекти - вели Ирјан Хука, шеф на граничниот премин. Тој објасни дека ќе биде изграден нов објект за потребите на царинската испостава и полицијата, паркинг, а просторот ќе биде уреден и хортикултурно.

Идентична активност од неодамна почна и на преминот Горица кај Стење. Според градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко, и овој премин треба да ги добие потребните стандарди за еден современ граничен премин. Таму ќе бидат инвестирани 560.000 евра, исто така од Европската комисија. Освен што се осовременува преминот Горица, се гради и патот што ја поврзува Мала Преспа со Македонија. Тоа е инвестиција од албанската влада од околу 4 милиони евра.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=265F5E5278EF624A97F8B6EC86059B87


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Jun-2009 at 10:31
Колку што се сеќавам на тој кај Св. Наум не можеше да се преминува границата, имаше само гранична полиција на патот, да не пребега некој, ама и со пасош не се поминуваше, нели?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jul-2009 at 12:11
Зелена линија за брз премин на границите


Транспортните асоцијации од Балканот поведуваат заедничка иницијатива пред Меѓународната унија за патен транспорт-ИРУ, за воведување на Пилот-проект за издавање на шестлистен ТИР карнет по бенифицирана цена, кој ќе овозможи брз премин на границите и ќе ја зголеми сигурноста од евазија на данокот и царинските давачки на превезуваните стоки


За ублажување на последиците од глобалната криза, транспортерите од регионов поведуваат неколку иницијативи пред Меѓународната унија за патен транспорт - ИРУ и пред владите на своите матични држави да се спроведат повеќе мерки со кои би се олеснил и забрзал транспортот и би се намалило времето за чекање на границите меѓу балканските држави. Во насока на тоа, транспортерите од балканските земји ќе побараат од своите влади да воведат зелена линија" на граничните премини што ќе им овозможи побрзо поминување на возилата со ТИР карнети. Од Македонија сообраќај-АМЕРИТ, која е најбројната транспортна асоцијација во земјава, велат дека зелената линија" многу ќе им помогне бидејќи не ќе мораат да чекаат во ред со другите возила за да ги завршат процедурите.
- Со чекањето се губи ефектот и брзината што ја обезбедува ТИР процедурата, а која треба да изнесува пет минути по возило. Тоа ќе овозможи подобро и порационално искористување на времето за возење и за одмор на возачите. Чекањето на граница не се смета во одмор на возачот, од причина што возилата повремено се движат во колоната, па се губи драгоцено време за возење - велат од Македонија сообраќај.

Транспортерите се жалат дека за преминување на границите со Србија и на излезите од Србија кон Хрватска, Босна и Херцеговина и кон Унгарија, им се потребни 6-8 часа. Тоа е всушност онолку време колку што им е потребно за поминување на овие релации при возење. Истовремено, сметаат тие, побрзото минување на границите ќе ја зголеми атрактивноста, функционалноста и рентабилноста на Коридорот 10 за транзит, со што би се зголемиле приходите од патни такси, гориво и други услуги.

Пред ИРУ веќе е поведена заедничка иницијатива во Балканскиот регион да се воведе т.н. Пилот-проект за издавање на шестлистен ТИР карнет по бенифицирана цена, кој ќе овозможи брз премин на границите и ќе ја зголеми сигурноста од евазија на данокот и царинските давачки на превезуваните стоки. Исто така се бара да се воведе заедничка наплата на патната такса за транспортерите од Македонија, Србија и Хрватска и тоа на првата влезна граница, а понатаму возачот да остава само примерок од пресметката и уплатата на патарината. Оваа опција сега е можна бидејќи Србија воведе хармонизирана цена на патната такса и би можело да се врши порамнување на собраните патни такси помеѓу трите држави. Ќе се бара и меѓусебно признавање на фитосанитарната и радиолошката контрола, како и проверка на тежината на стоката меѓу Македонија, Србија, Хрватска и БиХ, како и укинување на дозволите за транспорт меѓу овие држави, вклучително и Турција.
- Ваквата либерализација е поволна и прифатлива за македонските транспортери со оглед на бројноста на возниот парк и од силината на нашата економија - истакнуваат од Македонија сообраќај.

Овие иницијативи се срочени во заедничко писмено барање и се упатени до генералниот секретар на ИРУ, Мартен Марми, кој искажал подготвеност да го посети регионов за на лице место да се запознае со состојбите.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=08CE2B7D462CBE40BD4C9C7764B59CF7


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 08-Jul-2009 at 13:13
Реновираниот бугарски премин Гјуешево


Нашиот премин,Деве Баир,на влез од бугарска страна



од македонска страна



-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Aug-2009 at 22:18
Блаце денеска. Секогаш одново се импресионирам на фактот дека имаме УБЕДЛИВО најспори граничари на светот. Незнам во што лежи проблемот но околу 4 минути за едно возило во просек (таква пресметка направив чекајќи) е идиотизам на кој треба да му се стави на крај. Изгубив 1 час на граница на рута од 90на км. Како после да тераме бизнис регионално ако државата безскрупулозно ни го губи времето? Влезот/излезот во Косово е далеку побрз.



Posted By: YuGa
Date Posted: 10-Nov-2009 at 23:00
Originally posted by гитардемон

Јас само да ви кажам дека Грците градат гигантски граничен премин на Меџитлија-Ники (околу 100-150 метри поблиску до границата со Македонија од претходниот кој на некој начин беше 'длабоко' во грча територија, а овој ќе биде на самата линија).

Ај кажете зошто ЕУ би давала толку пари за толку голем граничен премин ако мисли да ни ги укине визите?

BTW се гради само десеттина месеци, а скоро е готов. Ако можам ќе сликам некогаш Roll%20eyes


А според тебе ако се укинат визите не треба да постои границаQuestion Малку чуден заклучок... пак ке има контрола но ке не пропуштаат без визи Нема потреба од граница ако сме дел од ЕУ... Е сеа кога ја почна темата ке ти кажам тоа можеби е повеќе затоа што не очекуваат брзо да сме во ЕУ па затоа ставаат граница, а кога ке влеземе не е проблем брзо се урива

П.С. Бугарија својата ултра најмодерна граница ја има со Романија... Меѓу нив нема визи, а се членки и двете на ЕУ ама пак има граница што мислиш околу тоа?

Што се однесува  темата само сакам да кажам дека сите стандарди ги ужива само Табановце ама не очекувам да ги критикувате поради другите пошто тие беа супер граници и нови ама не може постојано да се менуваат пр. Деве баир беше одлична, а на Бугарите беше мизерија Сега нивната е нова и така се со ред... Не се секирам со тоа прашање, мислам дека за брзо време ќе се обноват пошто не бараат мн пари- новите граници сега се прават на база на монтажни објекти


Posted By: YuGa
Date Posted: 10-Nov-2009 at 23:10
Еве го и граничниот премин Пелинце со Србија во непосредна близина на манастирот Прохор Пчински...






Оваа граница е малку прометна и по неа се движат околу 20-30 возила дневно  (тешки возила не е дозволено) во летен период, а во другите делови на годината 1-2 возила...

Нема потреба од реновирање само со малку шминка ќе заличи ептен...

П.С. Поминав пред 2 недели од тој премин и бев единствен што помина во период од 3 часа ако не и во цел ден... Повеќето луѓе од МКД одат од овде кога сакаат само да одат до манастирот Прохор Пчински и ако Табановце има премногу гужва...






Posted By: YuGa
Date Posted: 10-Nov-2009 at 23:25
Граничен премин Ново Село, ги поврзува Струмица со Петрич и Сандански Во Бугарија...






Posted By: YuGa
Date Posted: 10-Nov-2009 at 23:53
Листа на сите гранични премини за излез и влез во Република Македонија:

Патен сообраќај

Koн Грција
1. Граничен премин Богородица- Гевгелија
2. Граничен премин Дојран- Дојран
3. Граничен премин Меџитлија- Битола

Кон Бугарија
1. Граничен премин Деве Баир- К. Паланка
2. Граничен премин Ново Село- Струмица
3. Граничен премин Делчево- Делчево

Кон Албанија
1. Граничен премин Ќафасан- Струга
2. Граничен премин Св. Наум- Охрид
3. Граничен премин Блато- Дебар
4. Граничен премин Стење- Ресен

Кон Србија
1. Граничен премин Табановце- Куманово
2. Граничен премин Пелинце- Куманово
3. Граничен премин Сопот- Куманово
4. Граничен премин Јажинце- Тетово кон Косово
5. Полициска Станица за гранична контрола Блаце- Скопје кон Косово

Железнички премини

Кон Србија
%20details.aspx?zaglavje= - - - %20details.aspx?zaglavje= - Граничен премин Гевгелија- Гевгелија

Аеродромска контрола

%20details.aspx?zaglavje= - %20%20details.aspx?zaglavje= - Граничен премин-Аеродром %20%20details.aspx?zaglavje= - %20%20details.aspx?zaglavje= - %20%20details.aspx?zaglavje= - Скопје
%20%20details.aspx?zaglavje= - Граничен премин-Аеродром Охрид %20%20details.aspx?zaglavje= -



Posted By: YuGa
Date Posted: 11-Nov-2009 at 00:20
Граничен премин Ќафасан- Струга кон Албанија



Граничен премин Св. Наум- Охрид кон Албанија








Posted By: YuGa
Date Posted: 11-Nov-2009 at 00:29
Граничен премин Јажинце- Тетово



Posted By: YuGa
Date Posted: 11-Nov-2009 at 00:33
Железнички Премин- Табановце




Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Nov-2009 at 17:07
Пелинце знае да биде доста зезнат премин летно време ЈуГа изгледа не си го фатил во тоа светло. Имам таму чекано и по 6-7 часа. Инаку му треба и малку повеќе од шминка, сега и од двете страни има некакви бараки насадени на сред пат, никакво проширување ниту во меѓуграничниот дел, и како што се гледа на сликата што си ја постирал, кучиња скитници, заштитен знак на многу од македонските премини особено на оние на северната граница Ohno


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Nov-2009 at 17:14
Ама ГП Табановце (за желзнички сообраќај) е реновиран а?
Да, апсолутно сме рекордери во бавноста на граничните процедури а и во грубоста на службените лица! Како може да ме праша некој наш полицаец Шо бараш во Македонија?! ако му давам македонски пасош?!?!
Инаку ЈуГа, не е воопшто точно дека ултра најмодерниот премин е со Романија. Вусшност зависи што подразбираш со тоа. Инаку убедливо најголемите се ГКПП Капитан Андреево-Едрене со Турција (овој важи за најголем гранишен премин во Европа), потоа ГКПП Калотина - Димитровград  со Србија, ГКПП Дунав Мост - Гиургево со Романија и ГКПП Кулата - со Грција. Само знам дека на копнените гранични премини со Романија ( ГКПП Дунав Мост, Силистра, Кардам и Дуранкулак се изведува единечен граничен контрол, односно Романија и Бугарија имаат заеднички премин и контрола. Бугарија има вкупно 44 ГП (32 копнени) другите се 5 воздушни (Софија, Пловдив, Варна, Бургас и Горна Орјаховица), а останатите се железнички и пристаништни. Малку офтопик ама ајде Smile


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: YuGa
Date Posted: 11-Nov-2009 at 23:42
Originally posted by pbanks

Пелинце знае да биде доста зезнат премин летно време ЈуГа изгледа не си го фатил во тоа светло. Имам таму чекано и по 6-7 часа. Инаку му треба и малку повеќе од шминка, сега и од двете страни има некакви бараки насадени на сред пат, никакво проширување ниту во меѓуграничниот дел, и како што се гледа на сликата што си ја постирал, кучиња скитници, заштитен знак на многу од македонските премини особено на оние на северната граница Ohno


Види ја зборам во просек пошто стварно и релано нема мн кој поминува од таму ради тоа што има Табановце е сеа летно време гужва се ствара ради тоа што летно време е ФУЛ Табановце ради сите кои транзитираат преку МКД и СРБ  посебно Турците па сакаат да избегнат гужва и одат таму ама пошто е мал прелаз и тесен пат и 20 коли праат гужва...
Мислам дека таму ке заврши работа неколку нови монтажни куќички како што моментално ставаат Србите и ништо повеќе...

Andrej_LJ моето мислење беше во контекст на тоа дека моментално тој е најнов терминал и најмодерен, а не дека е најголем Што се однесува до прелазите Кулата и Калотина за мене не се нешто којзнае (мада се многу подобри откако се реновирани не како што беа порано затапени и комунистички) што само не сакам се да постирам слики пошто темата е нашати прелази не нивните или барем оние кои се за влез и излез према нас не према други земји




Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Nov-2009 at 11:47


Јас лично не гледам логика за никакви гранични контроли. Со Србија и Албанија во најмала рака може да воспоставиме некакви лабави гранични режими каде ќе има контрола про форма, ќе се контролира на еден премин, ќе може да се преминува со лична карта итн. Овие две земји ги издвојувам бидејќи сме погоре или подол дел од истиот "интеграциски" пакет. Со Бугарија би било малку потешко да се востопстави таков режим бидејќи тие бркаат Шенген зона. Со Грција уште потешко.

Поентата ми е дека не треба да чекаме да дојде Шенген за да си ги бутнеме границите меѓу себе колку што може. Хрватска долги години одеше со лични карти во Словенија, Унгарија и Италија, далеку пред Шенгенот.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Nov-2009 at 12:08
Во колкава и каква форма ќе бидат граничните премини мене и не ми изглед атолку битно. Единствено сметам дека нема потреба од градење некои цврсти објекти, единствено монтажни.

А Словенија своевремено неможеше да се справи со преголемиот број премини кон Хрватска па колку што се сеќавам и рушеа некои стари мостови што функционира како гранични премини каде што реките се граници.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Nov-2009 at 12:13
Originally posted by lslcrew

Во колкава и каква форма ќе бидат граничните премини мене и не ми изглед атолку битно. Единствено сметам дека нема потреба од градење некои цврсти објекти, единствено монтажни.

А Словенија своевремено неможеше да се справи со преголемиот број премини кон Хрватска па колку што се сеќавам и рушеа некои стари мостови што функционира како гранични премини каде што реките се граници.


Па не е така, затоа тие земји поелегантно и либерално ја решија комуникацијата меѓу нив (незнам можеби ова што си го гледал ти било кога се воведувал шенген во Словенија).

Баш скоро на ССЦ гледав некоја нишка со помали гранични премини во Европа. НА пример меѓу Словенија и Италија ги има еден тон... Селски патчиња, патеки, чуда... Мислам дека тоа треба да биде и нормално во региони каде границата се јавува како вештача препрека меѓу луѓе кои живееле заедно со векови. Кај нас ги има тие примери еден тон пред се кон Грција, Косово и Бугарија.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Nov-2009 at 12:17
Имаше скоро на телевизија гледав едено село на граница со србија луѓево ги паселе кравите со двоглед да не им киднат у странство.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Nov-2009 at 17:48
Ај ваљда преминов ќе повлече нога и за преминот "Маркова Нога"...

Нов граничен премин меѓу Македонија и Грција

Сузана Тасева http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116286#komentari - Коментари (0)    
14.11.2009 16:45
 

 

Безвизниот режим кој треба да стартува од 19. декември ги размрда и пограничните општини со Грција. Ќе се отвора уште еден граничен премин кај Гевгелија.

Иницијативата е заедничка на локалните од пограничните општини Гевгелија и грчката Аксиополи.

Според градоначалникот на Гевгелија, со овој граничен премин ќе се олесни малограничниот промет и ќе се намалат мешаниците на еден од најфреквентните гранични премини со Грција - Богородица. Тука годишно поминуваат над 3 милиони луѓе.

„Сметам дека ќе придонесе за нашето зближување, затоа што овде во близина порано постоел премин за малограничен промет. Сега тој од поодамна е затворен, но иницијатива има од двете општини, од Гевгелија и од Аксиополи, за да тој малограничен промет се обнови“, рече градоначалникот

Со изградбата на мостот со пари од Програмата за соседство на ЕУ, веќе е направен првиот чекор. Следниот е изградбата на пат до граничниот премин во должина од 1 километар.

Гевгелија овој мост го именува како мост на македонско-грчкото пријателство, како знак на добра волја за интензивирање на меѓуграничната соработка меѓу Македонија и Грција, во која се вклучени по 10 општини од двете земји.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116286


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Nov-2009 at 01:00

Гевгелија сака нов премин кон Грција

Новиот мост на Стара Река наречен Мост на македонско-грчкото пријателство, кој се наоѓа во близина на некогашниот граничен премин меѓу Гевгелија и Грција, гевгеличани ги прави поблиски со јужниот сосед за неколку километри.

Со програмата за меѓугранична соработка и зачестените контакти меѓу градоначалниците на соседните грчки општини, Поликастро и Аксеополи, локалната самоуправа на Гевгелија покрена иницијатива за отворање нов граничен премин, на неполн километар од Гевгелија.

- Сега гевгеличани патуваат три километри до границата, а со отворањето на новиот мост делницата ќе се скрати на само еден километар. Во летниот период, кога на Богородица има многу мешаница, овој нов премин ќе ја намали. Сметам дека тој ќе придонесе за нашето зближување, затоа што тука, во близина, порано постоел премин за малограничен промет. Тој од поодамна е затворен. Иницијативата е од страна на двете општини и наша задача во следниот период е да го изградиме патот до граничниот премин - изјави градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов.

Од Општината, изградбата на патот до граничниот премин ја најавуваат за идната година. Истото би требало да се направи и од грчка страна, по што со договор на двете влади би требало да се утврди кога ќе биде отворен новиот граничен премин меѓу Македонија и Грција.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9A600D2D1734AA439647A200BB2AA0CD


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Nov-2009 at 01:01
За неодамнешната премиерска средба во Преспа се најавуваше на дневен ред дека ќе бидат и преминот Маркова Нога и пругата за Лерин, ама не обивме никаква информација дека воопшто се разговарало.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Dec-2009 at 21:09

Идејата за „Клепало“ и до Бојко Борисов

Сеад Ризвановиќ http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117957#komentari -   
25.12.2009 16:16




Иницијативата за отворањето на граничниот премин „Клепало“ дошла и до бугарскиот премиер Бојко Борисов. На неодамнешниот собир на народни партии во Бугарија, македонските претставници му ја пренеле оваа иницијатива.

„Беше дадено ветување од страна на Бојко Борисов дека ќе се заложи максимално за овој проблем да се реши во што е можно побрзо време. Како нов премиер Бојко Борисов не беше запознаен со тој проблем дека е тоа проблем за граѓаните од малешевијата“, изјави Миле Пачемски, пратеник во Собранието на Македонија.

Активностите за отворањето на граничниот премин „Клепало“ ги води асоцијацијата за алтернативен балкански туризам Балканија. Нив им помага и широка лоби група составена од пратеници, заменици министри, агенцијата за поддршка и развој на туризмот и повеќе туристички организации.

Граничниот премин би бил од огромна корист за стопанството на малешевскиот регион, но и за општините кои се наоѓаат на бугарска страна.


 

 

„Од тој граничен премин до Банско, големо развиено туристичко место е 43 километри а до Кулата, преминот на грчката граница е 57 километри. Самото тоа значи дека пуштањето на овој граничен премин ќе значи многу голема фреквенција, многу големо движење, развој на туризмот, размена на идеи, размена на искуства и поврзување на регионот“, вели Владо Србиновски, претседател на Балканија.

„Контактираме со нашите партнери од бугарска страна. Едноставно лобираме да и туристичките работници се заангажираат и едноставно да лобираат на нивната страна “, рече Зоран Стрезовски, агенција за поддршка и развој на туризмот.

Македонија одамна е подготвена за пуштање на овој граничен премин. Асфалтиран е патот од Берово до „Клепало“, долг 16 километри, а веќе 15 години е изградена и современа погранична зграда со сите придружни објекти. Целиот проект застана од бугарска страна. На двапати, кај нашите соседи досега пропаѓаа обидите да се изгради патот во должина од 30 километри.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117957


Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-Jan-2010 at 13:31




Меџитлија

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: The Man
Date Posted: 19-Feb-2010 at 08:51
Гледам дека протестот на грчките цариници се продолжи и ќе трае до 23 февруари. Ќе бидат затворени граничните премини или сепак ќе може да се патува и да се влезе во Грција ако се одлучам да тргнам по пат денес?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Mar-2010 at 03:54

„Гранит“ ќегради дел од преминот Блаце

Оперативата на „Гранит“ ќе го гради патничкиот дел од граничниот премин Блаце. Договорот што вчера го потпишаа првите луѓе на Царинската управа и на „Гранит“, Ванчо Каргов и Страшо Милковски, е вреден 1,65 милиони евра. Проектот, како што соопшти Царинската управа, ќе биде финансиран со средства обезбедени од Светска банка, во рамките на Вториот проект за олеснување на трговијата и на транспортот во Југоисточна Европа.

Договорот предвидува изградба на нови сообраќајни ленти, со што нивниот број ќе се зголеми од постојните две ленти на четири за влез и од две на три за излез. Истовремено ќе се градат и современи објекти за вршење на граничните и на царинските формалности.

Одговорните во Царината очекуваат новиот патнички премин што ќе ги содржи сите неопходни содржини за нормално функционирање, како и современа контрола на патници и на патнички превозни средства, да ја зголеми реалната моќ на пропустливост за два-три пати, бидејќи ќе овозможи побрз и полесен прекуграничен промет според потребите на бизнис- заедницата и на граѓаните.

Изградбата треба да биде завршена за 14 месеци, по што новиот граничен премин треба да биде пуштен во употреба.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B0FB9D0184DB0443BE764DB197CA3464


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Apr-2010 at 03:32
Царински терминал Куманово. Веднаш до бензинската Детоил (за која некаде имаме рендери за изградба на нова). За координативе не сум точно сигурен, од причина што незнам која од бензинските покрај патот е наведената. (42°12'25.02"N 21°42'6.95"E)

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.



Posted By: axel
Date Posted: 26-Apr-2010 at 16:18
Македонија и Косово со пари од ЕУ ќе градат нов граничен премин Белановце - Станчиќ Скопје, 26 април - Изградба на нов граничен премин Белановце (Куманово) - Станчиќ (Гнилање) на македонско - косовската граница со 1,2 милиони евра од Европската унија, предвидува програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, чија содржина ја финализираат денеска во Скопје работни групи предводени од министрите за локална самоуправа на двете држави.

- Изготвувањето на Програмата е услов за подготовка и имплементација на проекти со финансии од ИПА програмата на ЕУ. Покрај стратешкиот проект за граничниот премин Белановце-Станчиќ, вредноста на останатите предвидени проекти за кои ќе има јавен повик е 1,080 милиони евра, информира на прес-конференција македонскиот министер за локална самоупрва Муса Џафери кој со косовскиот колега Садри Ферати потпиша Меморандум за согласност за програмата за прекугранична соработка.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1988


Posted By: axel
Date Posted: 03-May-2010 at 18:33

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/izgradbata-na-fito-stanicata-na-tabanovce-pri-kraj.html - Изградбата на фито станицата на Табановце при крај

 Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и евро-амбасадорот Ерван Фуере на граничниот премиен Табановце, денеска се информираат до каде е изградбата на ветеринарната и фито-санитарната станица, како дел од проектот за Подршка на интегрирано гранично упрваување.

 Станува збор за центар за интегрирана гранична контрола во кој ќе бидат инкорпорирани повеќе објекти , упрвана зграда , зграда за ветринарна контрола, зграда за фито-контрола, штала во која ќе бидат третирани животните.Овде ќе имаме центар во кој ќе се врши контрола во склад со европските стандарди.Оваа е прв центар што се гради, а палнирано е вакви објекти да бидат изградени и на граничните премини Меџитлија, Блаце, Ќафасан и Аердромот Александар Велики. На овој начин ќе се овозможи брз прием, односно брз преглед на сите пратки од животинско и растително потекло и ќе има непречена циркулација на стоката без особени проблеми-изјави министерот Димковски.

 Евроамбасадорот Фуере при посетата на Табановце, истакна дека фито-санитарните стандари се многу важен дел за евро-интегрирањето на државата.

Административниот капацитет којшто Владата треба да го обезбеди за спроведување на ваквите проекти останува многу работа за нас, впрочем тоа е најважното за реализиацијата на проектот - истакна Фуере.

Фито-санитарната е на повшина од 1860 м2 и се очекува да биде изградена до крајот на месецот јуни. Средствата во висина од 1.674 000 денари ги обезбди Европската агенција за реконструкција.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/izgradbata-na-fito-stanicata-na-tabanovce-pri-kraj.html


Posted By: axel
Date Posted: 11-Jul-2010 at 16:06

Модернизацијата на Блаце - подобра конекција со земјите од ЈИЕ

Автор: http://makfax.com.mk/_user/289/profile - Маја Трајковска
11 јули 2010, 15:55
Извор: Макфакс
Скопје

Стартуваше реконструкцијата на граничниот премин Блаце кој ќе овозможи подобрување на конекцијата со Косово и олеснување на транспортот и размената на стоки.

„Блаце ќе биде по европски стандарди ќе се изгради нова зграда на царината и полицијата објект за контрола на автобуси и патници, две коловозни ленти ќе се забрза протокот на возила автобуси и патници“, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески на поставувањето камен темелник за реконструкција на граничниот премин.

Со 324 милиони долари годишно Косово е на листата на топ 10 партнери во размена на стоки, остваруваме најголем суфицит во првите пет месеци од минатата година трговското салдо  со Косово изнесувало 35 милиони долари, а за истиот период оваа година изнесува 165 милиони долари.

„Со модернизација на граничниот премин стануваме уште поатрактивна земја за инвестиции со отварање на повеќе работни места Македонија докажува дека е сериозен кандидат за европскиот пазар“, изјави министерот за економија Фатмир Бесими.

Средствата во висина од 15 милиони евра се обезбедени Светската Банка за олеснување на трговијата и транспортот меѓу Македонија и земјите од Југоисточна Европа.

„Македонија како држава без излез на море треба да инвестира во стратешките транспортни врски на граничните премини со што се олеснува комуникацијата со регионот, изјави Беким Имери претставник од Светската банка во Македонија.

За царинската управа ова значи создавање на подобри услови за граничните премини и на царинските контроли сметаме дека  проектот ќе биде готов за 14 месеци, изјави Ванчо Каргов директор на Царинската управа.

Димче Алеков претседател на Сојузот на Стопански Комори смета дека ќе се подобри бизнис заедницата преку зголемување на стоковната размена меѓу Македонија и Косово.

Со реконструкцијата на граничниот премин предвидено е зголемување на бројот на сообраќајните лентите од 2 на 4 на влез и од 2 на 3 на излез./крај/мт

http://www.time.mk/read/9683e17cfe/6b787d04d4/index.html


Posted By: axel
Date Posted: 27-Jul-2010 at 16:30

Дојдете преку Богородица, Господ да ве види


Ако првите неколку километри по границата се доволни за да се стекне впечаток за една земја, тогаш тие што досега не биле во Македонија најдобро е да нé посетат преку Грција

 
 
%20  
Лошиот впечаток тешко се поправа, а добриот лесно се губи.

Оваа изрека е особено применлива за патувањата низ Македонија, односно за влегувањето во земјава низ најфреквентните премини на четирите граници, Табановце на северната, Деве Баир на источната, Богородица на јужната и Ќафасан на западната.

Ако првите неколку километри по границата се доволни за да се добие барем воопштена идеја за тоа во каква земја се влегува, разликите меѓу четирите премини се значителни, речиси како да станува збор за сосема различни држави.

Од еден граничен премин се излегува на градилиште, друг води преку лош пат кон запустени села, преку трет се влегува во негибната природа, а четвртиот е порта кон луксузни хотели и казина. Но никаде нема барем едно срдечно „добредојдовте во Македонија“, освен на неколку билборди на „Ти-мобајл“, а на држачите за рекламен материјал многу почесто може да се најдат информативни и рекламни брошури за хотели и за ресторани, но не секогаш и за Република Македонија.

Како објекти, самите премини се, да речеме, солидни - си ја извршуваат работата за која што се наменети. Некогаш со помал застој, некогаш со поголем, а има и моменти кога воопшто не се чека ред за влез. Командирите на граничните премини велат дека бројот на патници што поминуваат дневно во лето е двојно поголем отколку во зима - на сите премини. Но биометриските пасоши, кои ги имаат сé повеќе граѓани и на нашата земја и на соседните, овозможувале протокот да биде многу побрз.


ОД ТАБАНОВЦЕ ДИРЕКТНО ВО ЛОЗЈЕ



Табановце е нашиот најфреквентен граничен премин, каде што дневно поминуваат по 25 илјади патници, влегувајќи во земјава низ осум, а излегуваат низ пет ленти. Ваква е состојбата во лето, кога се јавуваат и застои, особено ако има поголем бран возила. За само еден ден минатата недела поминале дури 40 илјади луѓе, во десетина илјади возила. Во остатокот од годината, пак, на ден поминуваат по 10 до 12 илјади луѓе. Но иако колоните понекогаш го исполнуваат целиот простор меѓу српските и македонските рампи, сепак, процедурите се кратки, траат одвај една минута кај полициските и две-три минути кај царинските служби.


Tабановце
%20
40 илјади луѓе во десетина илјади возила минатата недела поминале во еден ден


Што доаѓа по преминот, дали прв град е Куманово, каде се Скопје и Охрид, не може да се дознае уште на Табановце. Првиот патоказ само покажува дека на 90 километри јужно има лозови насади и може да се вози низ „винските патишта“. А потоа, нервозното чекање на границата најчесто преминува во нервозно возење низ големото градилиште. Патот од Куманово до Табановце се проширува веќе две години, а уште не му се гледа крајот. Мора да се патува побавно од вообичаено и да се внимава на работниците и на градежните машини, но коловозот што се употребува е релативно чист и покрај засиленото градење околу него.

Оваа слика може некому да асоцира дека сме земја што добро се грижи за својата инфраструктура, но тој впечаток ќе се расипе само што ќе се напушти градежната зона и ќе се продолжи по оштетениот пат.


НАШИОТ ВЕГАС ПАЛИ ОД ВТОРА



За жал, на патниците што влегуваат во Македонија преку граничниот премин Богородица тоа најчесто им е втора посета на земјава. Веќе поминале 172 километри низ неа кога патувале кон Грција или кон Турција. Ретките посетители што за првпат ќе влезат оттаму ќе бидат пријатно изненадени од сликата. Добар автопат, со многу цвеќиња меѓу коловозните ленти, зимзелена шума од едната страна, лозја од другата. Но она што остава најсилен впечаток се казината, хотелите, десетината блескави објекти покрај патот. Македонскиот Лас Вегас можеби е многу помалку сјаен од вистинскиот, американскиот, но сигурно е доволен за да ги надмине очекувањата од земја за која ретко кој чул. Секако, и оваа слика има крај, веќе кај мостот на Вардар, од кој се гледаат остатоци од стар урнат премин, а во водата има и понекој насукан трупец, донесен при последното зголемување на водостојот.


Богородица
%20
18 илјади патници поминуваат во работни денови за време на сезоната
25 илјади луѓе поминуваат за време на викендот


Преминот Богородица е најголемиот што го имаме, со по осум ленти во двата правца, чист е, уреден, и според неговиот командир Никола Стамов, застои може да има само кога доаѓа голем бран возила, на пример за Илинденските празници. Сега низ него поминуваат до 18 илјади патници во работни денови, а во викенди до 25 илјади. Летниот проток секаде е двојно зголемен, но овде е тројно, бидејќи надвор од оваа сезона граничарите на Богородица опслужуваат околу шест илјади луѓе на ден или до осум илјади во саботи и во недели.

- Со биометриските пасоши проверката е побрза, бидејќи тие само се ставаат на скенер, не се внесуваат податоците рачно. Затоа времето на чекање е кратко. Еден автомобил во кој сите имаат такви пасоши се задржува најмногу минута и половина кај полицискиот службеник. Доволно сме опремени и кадровски и технички за да си ја извршуваме работата. Годинава, откога почна безвизниот режим, има и повеќе патувања од лани. Во првите, нецели седум месеци, сме регистрирале 470.180 патници повеќе во однос на истиот период минатата година. Затоа очекуваме 2010 година да ја завршиме со повеќе од четири милиони патници, за разлика од евидентираните 3,2 милиони во 2009 година - вели командирот Стамов.


БУГАРСКОТО ЗНАМЕ КОЛКУ ДЕСЕТ МАКЕДОНСКИ



Источната и западната граница се далеку помалку фреквентни од северната и од јужната. Теренот овде не дозволил брз и лесен развој на инфраструктурата. Двата најголеми премина се наоѓаат среде планини, Деве Баир на Осоговските, а Ќафасан на Јабланица. Дневно низ нив поминуваат по околу три илјади патници во лето.

- Во овој период е зголемен прометот, инаку има околу 1.500 патници за 24 часа. Имаме доволен капацитет, три ленти за излез и четири за влез во земјава - вели Ивица Тошевски, командирот на Деве Баир.

Овој премин често се споменува во вестите, за заплена на стоки, спречен нелегален увоз, но и за откриена дрога.

- Нивото на опременост ни е задоволително. Имаме телескопски палки, детектори, сетови за присуство на дрога, радијација итн. Но најважно е што полициските службеници често посетуваат обуки, па според тоа што го учат, според искуството и интуицијата успеваат да ги откријат овие криминални дела - објаснува Тошевски.


Деве баир
%20
1.500 патници поминуваат за 24 часа


Дали ова значи дека на тие што влегуваат преку Бугарија првиот контакт со Македонија ќе му биде претрес до гола кожа?

- Детално не се проверуваат сите возила. Постојат техники за да се процени дали нешто е сомнително, според однесувањето на патникот, ако изгледа нервозно, на пример - додава командирот.

Без разлика дали ќе биде претресуван или пропуштен веднаш, на патникот што ќе дојде од тој правец нема многу да му се допадне земјата на прв поглед. Нешто што веднаш се забележува е минијатурното знаме. Всушност, тоа е еден од оние 20-метарски јарболи што ги има насекаде, кои ги нарекувавме огромни. Но не во споредба со двете знамиња од другата страна од границата, бугарско и европско, кои се барем десет пати поголеми од нашето.

По патот кон Крива Паланка, природата од двете страни воодушевува, но коловозот е толку оштетен што целото внимание треба да се насочи на возењето, а не на разгледувањето на околината. Така полесно ќе се забележат и зарѓаните огради покрај патот, како и избледените знаци и патокази на кои одвај се познава што пишува. Поминувајќи низ неколку села заостанати во времето, но не доволно живописни, се пристигнува до градот и до ѓубриштата околу него, кои уште повеќе ја влошуваат целата слика.


ЗЕЛЕНА, НО ПРАЗНА ЗЕМЈА



Сосема спротивна е состојбата на Ќафасан. Оттаму кон Струга се патува по широк, одржан пат, со само две-три оштетувања, низ исто така негибнатата природа на Јабланица. Коловозот е во добра состојба и покрај тоа што, според податоците на пограничните служби, од 800 возила што просечно го газат секој ден, околу 300 се тешки камиони. Но можно е до струшкото поле да не се пресретне ниту едно друго возило, па на патниците да им се чини дека влегуваат во пуста земја.

- Сообраќајот годинава е намален зашто косовските граѓани поретко го користат овој пат кон Албанија, откако е отворен граничниот премин Молина на косовско-албанската граница. Претходно, имаше денови кога оттука поминуваа по пет-шест илјади патници - вели Мишко Наумоски, командирот на Ќафасан.

Ќафасан
%20
5.000-6.000 патници дневно пред отворањето на преминот Молина на косовско-албанската граница


Тој додава дека со пет ленти за влез и четири за излез неговиот премин овозможува патниците набрзина да ги завршат сите формалности, а метеж можело да се создаде само кога доаѓа траект со нашинци од Италија во Албанија, кои во колона со своите автомобили одеднаш пристигнувале на границата.

По патот има и многу малку градби, само во селото Мали Влај. Но и овде патувањето е пријатно само додека се слегува од планината. Во полето веднаш се забележува засилена градба, ѓубришта и метеж.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72710103491&id=9&prilog=0&setIzdanie=22044


Posted By: Plugger
Date Posted: 04-Aug-2010 at 06:07

Pred nekoj den imase vesti deka granicniot premin izmegju Trebishte i Dzepishte za prv pat se otvori za Ilinden. Nashive od Albania (Golo Brdo) vikaat deka sve bilo gotovo od Albanskata strana samo od Makedonskiot del ne bilo sredeno. Isto taka Markova Noga so Prespanskiot del vo Grcija treba da se otvori a i nakaj Srbija trebalo da se otvorat uste dva novi granicni premini edniot mislam deka bese blisku do Kriva Palanka a ne znam kaj ke bide drugiot.




Posted By: axel
Date Posted: 05-Aug-2010 at 05:22

По цели 60 години кружење за влез во Македонија од Албанија


Отворен преминот Џепиште - Требиште


Македонците полека, но сигурно ги добиваат своите права во Албанија. Ако досега им беше тешко да кажат дека се Македонци, сега се надеваат дека државата ќе им овозможи официјално да го направат тоа. - Во пописот во 2011 се надеваме дека ќе има графа за Македонците, изјави градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко


Шеесет години беа потребни за преминот Џепиште - Требиште повторно да ги поврзе Македонците во Албанија со татковината. Првата државна делегација викендов го означи почетокот на новата врска. Старо-новиот премин повторно ја врати надежта кај Македонците од другата страна на границата. Новата можност побргу да стасаат до Македонија им ја враќа можноста за зајакнување на своите врски и зачување на корените.
- Да, токму тоа е она што ни е потребно за да се шири македонската кулутура, традицијата и нашата историја, вели Едмонд Темелко, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција.

Најголема е радоста за најстарите. По долги години повторно ќе имаат можност да го минуваат патот по кој ги правеле првите чекори сеќавајќи се на времето кога само половина час им требало за да ги посетат роднините и да се напијат чај во селската меана. Македонците полека, но сигурно ги добиваат своите права во Албанија. Ако досега им беше тешко да кажат дека се Македонци, сега се надеваат дека државата ќе им овозможи официјално да го направат тоа.
Токму сега се надеваме дека во пописот во 2011 г. ќе покажеме дека Македонци освен во Мала Преспа има и во Голо Брдо и во Гора, додава Темелко.

Присуството на државната делегација им ја врати вербата на Македонците во Албанија. Заменик-министерот за надворешни работи и неговиот колега од Министерството за локална самоуправа ги бодрат дека државата стои зад нивните напори. Преминот Џепиште - Требиште, петтиот премин на овој дел од границата, наскоро ќе започне да функционира. На почетокот Македонците ќе можат само пеш да ја поминат границата, а во иднина тоа ќе можат да го прват и со возила. Но, не само границата со Албанија, вакви премини се во подготовка и на останатите државни гранични линии. Да им се олесни животот на локалните жители и да се подобрат врските со татковината и семејствата.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=95F9C314DE40EE408E9596E6955F2436


Posted By: Plugger
Date Posted: 05-Aug-2010 at 19:03
Interesno e sto se spomnuva kako Slovenija i Austria imaat 12 granicni premini taka da bi trebalo da imame poveke granicni premini okolu drugite nashi sosedni drzavi. Ke bide dobro em za biznis em za turizam da ne kruzhat okolu zhitelite od Albania vo ovoj slucaj.

http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/intervju-so-zamenik-ministerot-za-nadvoreshni-zoran-petrov - http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/intervju-so-zamenik-ministerot-za-nadvoreshni-zoran-petrov

http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/nov-granichen-premin-na-golo-brdo - http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/nov-granichen-premin-na-golo-brdo





Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Aug-2010 at 19:26
Словенија и Австрија имаат слободен проток и практично имаат безброј премини. Неспоредливо е тоа, тука е друг случај.


Posted By: axel
Date Posted: 19-Aug-2010 at 07:10

Се чека српскиот министер Дачиќ за отворање на новиот премин

Според договорот, предвидено е за почеток преминот Голема Црцорија-Голеш да биде малограничен, односно дневен премин од трета категорија, наменет за пешаци и лесни возила

Со најавената посета на српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ на Македонија се очекува да биде отстранета и последната пречка за отворање на новиот граничен премин Голема Црцорија-Голеш, на македонско-српската граница, во кривопаланечкиот пограничен регион. Со преминот треба да се реши долгогодишниот проблем на комуникација за жителите од ова погранично подрачје. Според најавите, скорашната средба на министрите Дачиќ и Гордана Јанкуловска ќе биде искористена за потпишување на договорот на ниво на министерствата за внатрешни работи, по што ќе се преземат конкретни активности за функционирање на преминот.

- Останува уште потпишувањето на договорот помеѓу двете министерства, по што ќе се пристапи кон доизградба на патната инфраструктура и обезбедување на потребните гранични објекти. Задоволни сме што помеѓу двете страни е постигнат договор за довршување на сите потребни формалности, така што овој долгогодишен проблем конечно ќе биде решен, а жителите ќе може повторно да ги воспостават прекинатите врски со родните огништа, роднините и имотите од другата страна на границата - истакна градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Работите за отворањето на новиот премин, за кој е потпишан меѓудржавен договор пред повеќе години, постојано се одлагаа, што наидуваше на остри реакции кај месното население, кое најавуваше блокади, протести и тужби за државата, поради 18-годишните гранични бариери. Тие реагираа и при неодамнешната посета на министерката Јанкуловска на Крива Паланка, која им вети дека ќе го отвори ова прашање со српскиот колега Дачиќ. Конечно, од министерството е најавено дека од двете страни се надминати сите пречки за реализација на новиот премин, за кој лани беа утврдени нулта точките, со уште двата приоритетни премина Огут-Трговиште во Кривопаланечкиот регион и Лојане-Миратовац во кумановско-прешевската област.

Според договорот, предвидено е за почеток преминот Голема Црцорија-Голеш да биде малограничен, односно дневен премин од трета категорија, наменет за пешаци и лесни возила. Пограничните служби ќе бидат сместени во заеднички објект, а во зависност од потребите и можностите на двете држави, не е исклучено во иднина преминот да биде преквалификуван во премин од втора категорија.

Градоначалникот Алексовски потенцира дека отворањето на новиот премин е од големо значење за економското заживување на овој пограничен регион.

- Овозможувањето на секојдневните комуникации ќе придонесе за развој на целото подрачје и искористување на заедничките потенцијали со кои располага. Со пограничните српски општини Босилеград и Трговиште имаме засилена соработка и правиме напори за реализација на проекти, кои ќе го заживеат регионот и ќе обезбедат економски просперитет за целото подрачје - вели Алексовски.

Отворена граница за средбата во Трговиште

Македонските граѓани денеска ќе може непречено да ја минуваат македонско-српската граница кај селата Огут, Кривопаланечко и Лесница, Општина Трговиште, каде што ќе се одржи погранична средба и општонароден собир по повод христијанскиот празник Свето Преображение Господово. Границата ќе биде отворена од 8 до 18 часот, а граѓаните ќе може да ја минуваат само со лични карти или со патни исправи.

На средбата кај Козји Дол, Општина Трговиште, ќе присуствува општинска делегација од Крива Паланка, како и голем број жители што потекнуваат од овој крај, а кои поради граничните блокади не се во можност да ги посетат своите родни огништа и семејства.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=79E1A6367185A249B813DE5DDAC3100E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Aug-2010 at 14:19
Што се случи со преминот Пулевец кај селото Мајдан близу Алшар. Требаше да има уште еден премин према Грција што е најавуван со години заедно со Маркова Нога. Лани се спомна еднаш се сеќавам, а еве во прилог текст од 2002-ра година...

Тиквешијата поблиску до Пела и Воден, Грција
Се гради патот до новиот граничен премин Пулевец

КАВАДАРЦИ - Деновиве на Кожув, во делот на Тиквешијата, почнаа градежните работи околу пробивањето на патот од селото Мајдан до новиот граничен премин Пулевец кон соседна Грција. Инаку, од Мајдан, на македонска страна, до идниот граничен премин Пулевец ќе биде изграден нов асфалтен пат во должина од 5,4 километри и ќе ја претставува идната раскрсница на одамна проектираните патни насоки: Демир Капија - Витолиште - Прилеп - Кавадарци. Втората делница до Кавадарци е асфалтиран регионален пат во должина од околу 40 километри, а на овој потег од поодамна има изградено инфраструктурни објекти за струја, телефон и слично.

Првичните пресметки на проектот за новиот граничен премин Пулевец се ценат на над шест милиони евра. Притоа радува фактот што Европската унија има обезбедено четири милиони евра преку програмата за погранична соработка КАРЦ и тие средства се депонирани на сметка во Владата. Ова, неодамна официјално го изјави министерот за Македонија и Тракија во владата на Симитис, Георгиос Паскалидис при престојот во Кавадарци.


http://217.16.70.245/?pBroj=851&stID=8793&pR=3 (Се работи за Утрински весник)



Posted By: Plugger
Date Posted: 31-Aug-2010 at 08:10
 
 
Србија го отвори граничниот премин Прохор Пчињски
Белград , 30 август –Српска делегација свечено го отвори граничниот премин Прохор Пчињски  кој се граничи со Македонија, пренесува ФоНет.

Модернизираниот граничен премин се наоѓа на  достапно место, 2,5 километри од местото каде претходно се наоѓаше.

Спред соопштението од Управата на царините изградени се четири нови  сообраќајни ленти, комплетна сигнализација и нови службени простории за вработените во царинската служба и пограничната полиција.  / fonet /
http://www.zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208120405&s=27209153317&ID=3081015250 - http://www.zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208120405&s=27209153317&ID=3081015250


Posted By: Swimmer
Date Posted: 13-Sep-2010 at 12:29

Проширена урбанизација на Деве Баир

Деновиве во општина Крива Паланка почнаа подготовките за изработка на потребната планска документација за урбанизацијата на нови површини на граничниот премин Деве Баир, заради доопремување на патниот Коридорот 8. Со измените и дополнувањата на урбанистичкиот план предвидена е изградба на повеќе придружно-услужни објекти за потребите на овој патен коридор.

- Бидејќи со проширувањето на опфатот на новиот план се зафаќа и приватно земјиште, остваривме средба со сопствениците за да се запознаат со постапката на урбанизација. Ако од нивна страна постои интерес, и тие самите можат да партиципираат во изработката на документацијата за објектите, кои се од државен интерес. Со тоа им се дава можност на сопствените парцели да ги градат предвидените објекти и да ги стопанисуваат - истакнува Добри Јовановски, раководител на одделението за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина.

Сопствениците на имотот на Деве Баир побарале најпрвин да се дефинираат површините за градење и да се знае дали на една парцела може да се предвиди само еден објект, како и да се одреди критериум врз основа на кој ќе се финансира изработката на документација и по која цена.
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=84E2073A06565A4682035D704B1F1573 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=84E2073A06565A4682035D704B1F1573


-------------


Posted By: Makedonij
Date Posted: 20-Sep-2010 at 22:37
Албанија го модернизира граничниот премин кај Св. Наум

На македонско-албанската граница кај Св. Наум од албанска страна во тек е модернизација на граничниот премин.

Според најавите новиот граничен премин ќе биде готов до 26-ти септември. Со тоа овој граничен премин ќе го зголеми капацитетот на пропуст, што ќе го олесни движењето на луѓето и стоката.


се модернизира граничниот премин кај Св. Наум од албанска страна



http://ohridnews.com


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Nov-2010 at 15:17
ВЛА ДА ТА НЕ ДАВА ПАРИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ

Доб ре дој дов те во смрдлива Македонија

Царинската управа нема пари за чистење на граничните премини, Ми нис терс тво то за финансии вчера не кажа зошто нема пари, а Владата не коментираше да ли не и пречи што првиот впечаток на странците се гнасните премини


Си те гранични премини се задушуваат во ѓубре и во смрдеа, а никој во државата не мр да ни со мал прст да се подобри хигиената на влезовите во Македонија. Ца рин ска та управа нема пари за да ја одржува хигиената на граничните премини. Парите што на почетокот на годинава биле определен за оваа намена со Буџетот, со ре ба лан сот се преполовени. Управувањето со премините премина од ЈП за станбен и де ло вен простор кај Царинската управа кон крајот на 2008 година. Месечно за оваа намена се потребни околу два милиона денари.
Офи ци јал но, од кабинетот на директорот на Царината објаснија:
"Хи ги е на та на сите гранични премини и внатрешни царински филијали во др жа ва та се одржува во континуитет. По истекување на годишните договори (во сеп тем ври) со правните лица што беа задолжени за одржување на хигиена, поради ог ра ни че ни те финансиски средства за оваа година, Царинската управа продолжи са мос тој но и во соработка со јавните комунални претпријатија на соодветната оп шти на да го одржува неопходното ниво на хигиена на сите гранични премини".
Иа ко Царината е надлежна за граничните премини и за државните терминали, па ри те кои таму се собираат од услугите и таксите не ги зема Царината туку одат во цен трал ни от Буџет.
"Што се однесува до средствата - приходи од гранични премини, информираме де ка од први јуни 2009 година, со измена на Законот за Царинската управа овие сред ства се приход на централниот Буџет", изјави кабинетот на директорот на Ца рин ска та управа.
Од Министерството за финансии немаше одговор зошто нема пари за хигиена на пре ми ни те.
На прашањето упатено до Владата: "Дали на Владата не и пречи што изминатава го ди на првиот впечаток на странците им е ѓубрето на граничните премини ?", ни бе ше одговорено дека одговорите за нас ги има Царинската управа. (А.С.)

Граничниот премин Ќафасан корне на мочка

Гра нич ни от премин на македонско-албанската граница Ќафасан кај Стру га, корне од смрдеата од расфрланото ѓубре и од мочките на патниците кои на отворено вршат нужда.
Еки па на "Вест" вчера беше на преминот. Ѓубрето беше расфрлано од нашата страна на границата, во правец на Албанија. Ос та­ве но е на тревникот, а десетина метри пред овој дел има два контејнера пол ни со ѓубре. Има и еден превртен контејнер, кога се влегува од Ал ба ни ја кон Македонија, ама на наша територија.
То а ле ти те на граничниот премин се затворени веќе еден месец.
"Ис те че договорот со една фирма која ги одржуваше и, откако видовме де ка може да ни се случи зараза, решивме да ги заклучиме. Сега тие не мо жат да се користат, но затоа патниците физиолошките потреби ги вр шат каде што ќе стигнат. Не можат луѓето да трпат. А и кој е тој што ќе ги спре чи", вели еден вработен на граничниот премин Ќафасан.
Ко га ѓубрето речиси го покрило преминот, биле повикани комуналните служ би од Струга, но тие дошле доброволно само еднаш.
Проб лем имаат и вработените од царинските и од полициските служби. Тие има ат тоалети, но што вреди кога често снемува вода. Индустриската во да ја земале од една каптажа, но често имало рестрикции. Вработените не ма ат ниту парно греење, и во вечерните часови мрзнат.
Пат ни ци те што поминуваа, и вчера имаа можност да видат како вра бо те ни во некои служби приборот за јадење го мијат со вода собрана во ши ши ња. (Д.Ч.)

Куче скитник искаса цариник

Кучиња скитници нападнале и изгризале цариник на граничниот премин Табановце. Инцидентот се случил пред неколку дена во ноќната смена додека цариникот си ја извршувал работата. Кучето го нападнало и го каснало за нога. Вработените кажуваат дека ова не е прв случај кучиња да напаѓаат некој од вработените на преминот. Минатата година бил искасан еден вработен во Царинската служба.
Откако се намали хигиената се зголеми присуството на кучиња на преминот. Не смееме да ги отстраниме, а тие се сериозна закана по нашата безбедност. Не знаеме дали се болни и агресивни и кога можат да нападнат. Кога се во група тоаш се најопасни, се жалат вработените.
Тие велат дека присуството на кучињата посебно е опасно за патниците кои пеш ја поминуваат границата. Тоа се често жени и деца кои не можат да се одбранат ако ги нападне глутница кучиња.
Луѓето немаат ништо во раце освен пасош и кога ќе налетаат на нив, се враќаат да ги бранат вработените или пак влегуваат во некоја кола за да ги поминат. Тие лаат и скокаат и на коли, а од нив особено се плашат странците, кажува нашиот соговорник.
Цариниците се жалат дека присуството на кучињата скитници им пречи во работењето, бидејќи кога ќе донесат нивно куче трагач тие му го оттргнуваат вниманието.
С.Н.

Табановце го чистат деца за 100 денари

Вработените и деца за 100 денари го чистеле граничниот премин Табановце, по пишувањето на "Вест" дека најфреквентниот државен премин се души во смет и нечистотија. За да се подобри хигиената, надлежните наложиле двете хигиеничарки што работат во зградата на полицијата и царината да ги изметат коловозните ленти, а вработените да го собираат расфрленото ѓубре околу кантите и тревните површини. Бидејќи повеќето од нив се спротивставиле да бидат чистачи, биле повикани неколку деца што продаваат дреболии на терминалот за 100 денари да го собираат ѓубрето.
"Срамота е да нe тераат да го собираме ѓубрето што го фрлаат патниците. Ќе ги пречекуваме со метли до контејнер, а потоа ќе им правиме царинска контрола. Нека си најде начин државата да си го реши проблемот или нека вработат едно лице кое ќе се грижи за хигиената на преминот, а не да се правдаат дека нема пари", велат револтирано вработените.
На граничниот премин контејнерите се повторно полни и има расфрлано ѓубре насекаде. Единственото веце кое беше многу валкано и претставуваше извор на зараза, сега е затворено со катанец. Од него се шири неподнослива реа и истекува некаква жолта течност. Додека екипата на "Вест" вчера беше на терен, еден патник во зорт наместо внатре, нуждата ја изврши зад објектот пред очите на останатите патници и вработените.
Иста е состојбата и на терминалот каде работат царинските, шпедитерските и ветеринарните служби, без тоалет и вода за пиење и покрај тоа што од Ветеринарната управа ветија дека тоа ќе се реши за 20 дена, кога ќе биде готова новата зграда. Граничниот премин Табановце не се чисти од почетокот на септември кога истекол договорот со фирмата што била задолжена за одржување.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=7AB3691920D2134797F45AD375D5B3BD


Posted By: axel
Date Posted: 11-Nov-2010 at 16:04
vistina e toa sto pisuva za tabanovce.ima edna grupa od 5-6 kucinja koi navistina se mnogu opasni im davam jadenje ne odi po jadenjeto me napagja mene stvarno e sramota za nasata drzava a i gjubre ima na sekoj cekor vekje izvesno vreme nikoj ne cisti ne ja odrzuva higienata za dr granicni premini ne znam ama na tabanovce sum sekoj den stvarno e sramota


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2010 at 02:05

Прифатен предлог


Нов граничен премин Берово - Сандански


Препорака за отворање граничен премин Берово - Сандански даде Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Македонија.

Предлог-амандманот на пратеникот Влатко Ѓорчев едногласно бил усвоен на состанокот во Брисел.

Според Ѓорчев, во своето излагање пред европратениците и претставниците на Македонија, сите градежни работи околу патната инфраструктура од македонска страна се завршени, а останува да се заврши патот од бугарска страна.

http://vecer.com.mk/?ItemID=A778FB62DBD23C4EB3C104592A410EB3

Само овој ли е? Да не имаат поднесено и за премините Маркова Нога и Кавадарци-Соботско.


Posted By: Plugger
Date Posted: 01-Dec-2010 at 03:20

Poleka lsl ne se nerviraj tolku, otom potom uste kolku granicni premini treba da se otvorat da bea samo tie sto gi nabroi, ami ima i mnogu poveke pogotovo prema Albania,Srbija i Kosovo.

Samo ne mie jasno zosto idat preku EU, zar ne mozeme nie direktno so Bugarite da se dogovorime?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Dec-2010 at 03:27


Цела ЕУ има унифициран и единствен граничен систем, (освен за Обединетото Кралство и Република Ирска, ама се скоро исти), пропишано со договорот од Шенген, и со оглед на тоа што уште малку и Бугарија ќе биде дел од Европа без граници, фактички исто ти е како да правиме премин за Финска, или Португалија

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2010 at 04:09
Па добро и Блаце здравје еден ден ќе биде премин кон Финска. Муабетот ми беше во овие години на преод да има повеќе премини каде што е можно повеќе. И после се премин не е само рампата, премин значи и два пата што стварно ќе поврзуваат.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Dec-2010 at 14:05
Таа забелешка беше за делот зошто преговараат со ЕУ, а не со МВР и МНР на Бугарија. А тоа дека има потреба од уште повеќе премини, е апсолутно точно.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ink
Date Posted: 25-Dec-2010 at 02:58
Еве неколко слики от премина Деве Баир - Гуешево.
От тук ке преминава автопатот Скопjе-Софиja и железничката пруга. Граничниот премин е дел и от коридор 8

Деве Баир


Гуешево


Друг премин е Ново Село - Златарево.
Ново Село

Златарево



Posted By: axel
Date Posted: 03-Jan-2011 at 14:11
fitosanitarna stanica tabanovce

http://img196.imageshack.us/i/p15101015051.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us

http://img209.imageshack.us/i/p2410101337.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us

http://img24.imageshack.us/i/p24101013371.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us

http://img703.imageshack.us/i/p24101015101.jpg/">

Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us




Posted By: Dragan
Date Posted: 03-Jan-2011 at 14:59
Кој ја изградил оваа фитосанитарна станица и за што служи ?

-------------


Posted By: axel
Date Posted: 03-Jan-2011 at 15:25
delta prom ja gradi ke se carini zelencuk meso ima izgradeno i golemi komori vnatre vo objektite a vo prvite 2 objekti na gorniot kat ima kancelarii


Posted By: axel
Date Posted: 12-Jan-2011 at 15:36

ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ЗАТРУПАНИ ВО ЃУБРЕ

Царината ја засмрди Македонија

Купишта од ќесиња со ѓубре, неисчистени контејнери и канти за смет, зат­на­ти тоалети и неподнослива смрдеа е сликата која секојдневно ја гле­да­ат граѓаните и странците што поминуваат на македонските гранични пре­ми­ни

с­фр­ла­но ѓубре и расипани и смрдливи тоалети станаа секојдневие за ма­ке­дон­ски­те гранични премини. Купишта од ќесиња со ѓубре, неисчистени кон­теј­не­ри и канти за смет, затнати тоалети и неподнослива смрдеа е сли­ка­та која секојдневно ја гледаат граѓаните и странците што поминуваат на граничниот премин Табановце, кај Куманово.
Вра­бо­те­ни­те во Царината и Граничната полиција на овој граничен премин ве­лат дека пред десетина дена преминот бил темелно исчистен, но никој од нив не сакаше да каже кој чистел. По ова "чистење" на преминот, кон­теј­не­ри­те и кантите за ѓубре се релативно празни, но затоа ќесињата со смет се расфрлани насекаде околу. Единствена корист од расфрланото ѓубре имаат само кучињата скитници кои деноноќно ја "чуваат" границата и се хранат со остатоците од храна кои минувачите го фрлиле.
Врвот на грдата слика се затнатите и смрдливи санитарни јазли. Во не­ис­чис­те­ни­те тоалети не се влегува од неподносливата реа, внатре врие од расфрлана хартија и ѓубре, канализацијата е затната. Смрдеата на мочка се шири на неколку метри околу тоалетот, па никој од патниците не се осмелува да влезе внатре ни да се измие, а камоли за нешто дру­го.
Пат­ни­ци­те што поминуваат на граничниот премин Табановце се жалат на сос­тој­ба­та на преминот, но и на сликата која прва ја гледаат во Ма­ке­до­ни­ја.
"Ова е страшно. Влегуваш во Македонија, и гледаш само ѓубре. Преполни кон­теј­не­ри, расфрлано ѓубре и кучиња кои ги пребаруваат и раскинуваат ќе­си­ња­та со ѓубре. Не ни помислувам да влезам повторно во овој тоалет. Смр­ди на километри! Расфрлана хартија, затната канализација и не­под­нос­ли­ва реа. Не ми е јасно како може да се затне тоалетот до овој ста­ди­ум. Како мислиме да им оставиме добар впечаток на странците, ако првата сли­ка која ја гледаат на влезот на државава е ѓубре и мирис на мочка", раз­о­ча­ра­но коментира еден од патниците што преминуваа на преминот Та­ба­нов­це.
Уп­ра­ву­ва­ње­то со премините премина од ЈП за станбен и де­ло­вен простор кај Царинската управа кон крајот на 2008 година. И фактичките фотографии што екипа на Вест вчера ги направи на граничниот премин Табановце, од Царинската управа тврдат дека хигиената на премините се одржува во континуитет, односно дека по завршувањето на договорите за одржување со приватни фирми, тие самостојно се грижат за хигиената во соработка со локалните јавни комунални претпријатија, а за оваа цел од буџетот на управата се одделени 15 милиони денари.
"По завршување на тендерските процедури, согласно Законот за јавни набавки, одржувањето на хигиената на премините ќе продолжи да го врши фирма или јавното комунално претпријатие кое ќе биде избрана за најповолен понудувач", објаснуваат од кабинетот на директорот на Царинската управа. Од таму додаваат дека состојбата со санитарните јазли на повеќето гранични премини е задоволителна, освен на граничните премини Табановце, Деве Баир и Ќафасан каде поради одредени дефекти истите се привремено затворени.
Љ. Спирковска

http://vest.com.mk/?ItemID=27198B4033813547B6ABB476D8D377B8


Posted By: Тркало
Date Posted: 12-Jan-2011 at 19:07
Originally posted by гитардемон

Колку што се сеќавам на тој кај Св. Наум не можеше да се преминува границата, имаше само гранична полиција на патот, да не пребега некој, ама и со пасош не се поминуваше, нели?


Свети Наум е забрането само за товарни возила, со кола немаш гајле.Исто како Пелинце најчесто го користат на лето ако е гужва на Ќафасан за да стигнат на море.Мислам дека е 3х3 ленти.


Posted By: Мартин
Date Posted: 20-Jan-2011 at 17:49
Македонија има законска рамка за отворање на двата гранични премина со Република Косово. Станува збор за граничниот премин Белановце - Станчиќ и локалниот премин Танушевци – Дебалде. Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Македонија, Абудалкадр Мехмеди, за Алсат-М објаснува дека Владата на Македонија на косовската страна ù предложила два билатерални договора, за секој од граничните премини посебно. Сега се чека одговор за нивно потпишување што ќе ги забрза процедурите за нивно отворање.

„Неопходно е да има  нов билатерален меѓудржавен договор и другите договори кои им ги предложивме на нашите колеги од Косово, а тоа се Договорот за слободно локално гранично движење, што подразбира, за сите локални гранични премини, за сите жители кои живеат во внатрешноста на 25 километри долж граничниот појас, да можат да поминуваат со посебни документи. На сите премини нема да треба да се користат пасоши.“ - Абдулкадар Мемеди- државен секретар на МНР

Вршителот на должноста амбасадор на Република Косово во Македонија, Скендер Дурмиши, вели дека потпишувањето на овие договори ќе биде приоритет на косовската влада.

„Можам да Ви кажам дека Косово, како што знаете дека веднаш по изборите е среде процеси за формирање на институциите на новата влада. Секако дека ова ќе биде една од главните теми кои наскоро ќе бидат начнати. Значи, очекуваме да се одговори за ваквата иницијатива, но тоа е само дел од мозаикот и големите проекти за соработка. Тука влегуваат идеите за модернизирање на постоечките премини. Верувам дека ова ќе биде дел од приоритетите бидејќи станува збор за процедура, а ова е едно од оние прашања за кои се очукува многу скоро да биде адресирано и многу брзо да се реши.“

Дурмиши додава дека Косово го поздравува чекорот на Владата на Македонија за отворање на новите премини. Тоа, според него, сведочи за реализација на договорите за што поинтензивна соработка меѓу двете држави. Според најавите, годинава се очекува да започне и изградбата на овие два гранични премина.
Шкелзен Аќифи
http://www.time.mk/read/NONE/390454ddfb/index.html


Posted By: Makedonij
Date Posted: 01-Feb-2011 at 19:46
http://www.malesh-net.com/malesh-berovo/index.php?option=com_content&view=article&id=876:2011-02-01-14-49-30&catid=122:ekonomija&Itemid=195 - Бугарија го замрзна преминот Клепало

http://www.malesh-net.com/malesh-berovo/images/stories/vesti/ekonomija2010/mali/mala032.jpg

Граничниот премин Клепало, кој треба да го поврзе Берово со бугарскиот град Сандански, и годинава нема да биде отворен. Прекрасната зграда и сета друга потребна инфраструктура, која нашата држава ја изградила уште пред 17 години, и понатаму е празна и оставена на забот на времето. Нема цариници и полиција, ниту патници. Причината за тоа е што асфалтниот пат од македонска страна завршува точно на граничната линија, по што на бугарска страна следуваат само планинска ледина и ниви на кои нема никаков објект или барем неасфалтиран пат.

Ваквиот развој на настаните ги фрустрира жителите на Малешевијата, кои очекувале дека ќе се реализира договорот помеѓу двете соседни држави на ова место да профункционира граничен премин.

- Не сакам да помислам дека Бугарија ова го прави намерно, но по толку години игнорирање немам друг логичен одговор. Изгледа побрзо ќе влеземе во ЕУ и границите ќе исчезнат отколку што овој премин ќе профункционира - ни вели еден беровец, кој има нива во близина на границата.

Иницијативите од двете држави за отворање на овој премин почнале уште од 1993 година, кога од наша страна и почнала изградбата на модерниот комплекс. Сето тоа се официјализирало шест години подоцна со потпишување на спогодба помеѓу владите на Бугарија и Македонија за отворање два нови меѓународни гранични премина, од кои едниот е Клепало.

Нашиот источен сосед добил и пари од ЕУ за реализација на својот дел од договореното, но работата не мрднувала од мртва точка. На многуте меѓуопштински и регионални средби со претставници од двете држави нашата страна дури предлагала Бугарија да не мора да гради сопствена зграда, туку и тие да ја користат нашата новоградба. Бугарите требало само да го направат потребниот асфалтен пат од неколку километри до граничниот премин, но и по тој предлог не се раздвижиле работите.

- Бугарија привремено го замрзна своето учество во овој проект - кратко ни одговорија вчера од бугарската амбасада во земјава на прашањето до каде е реализацијата на договорот за нов граничен премин кај Клепало.

Во македонското Министерство за надворешни работи уверуваат дека се настојчиви Малешевијата да се поврзе со соседната држава.

- Прашањето го реобновуваме на секоја средба со бугарските дипломати. Министерот Милошоски деновиве побара детаљна информација за овој проблем по што можно е да се испрати и директна дипломатска нота - објаснува Борче Стамов, портпарол во МНР.

Жителите на Берово апелираат на поголема настојчивост на нашите власти за да се надмине ова прашање. Кај нив с` уште е свежо сеќавањето дека за време на социјализмот Клепало било попрометно место бидејќи за време на одредени празнични денови се дозволувало „свиждање“. Луѓето од двете страни на границата се сретнувале и правеле панаѓур иако немало никаков премин.

- Се надевам дека ќе бидат препознаени интересите и придобивките на двете страни ако брзо се отвори овој граничен премин - вели Марија Рашковска, пратеник од Берово.

Пред три месеци по поднесен амандман од пратеникот Влатко Ѓорчев со препорака за отворање на овој граничен премин излегол и Заедничкиот парламентарен комитет на Р. Македонија и ЕУ.

Додека трае оваа дипломатска игра, десеткилометарскиот асфалтен пат од Берово до граничниот премин речиси никој не го користи. Верувајќи дека ќе се исполни договореното меѓу двете држави, некој покрај патот изградил и убав мотел, кој е затворен исто како и границата.

http://www.malesh-net.com


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Feb-2011 at 02:09
позната приказна, Маркова Нога, Кавадарци-Соботско, Кременица-Негочани


Posted By: axel
Date Posted: 10-Feb-2011 at 16:25
utre e predavanjeto na fitosanitarnata stanica na tabanovce 


Posted By: Plugger
Date Posted: 13-Feb-2011 at 16:14

Набрзо ќе почне изградба на патот до преминот Џепиште- Требиште

По многу најави и ветувања конечно ќе почне изградбата на патот до граничниот премин, Џепиште- Требиште. Макадамскиот пат во должина 1,3 километри ќе биде проширен на шест метри. Од Агенцијата за државни патишта, потврдуваат дека за оваа цел се одобрени 28, 2 милиони денари. По неговата изградба и реализацијата на други помали зафати, преминот кој за жителите од Голо Брдо значи многу се очекува да почне нормално да функционира во втората половина од годинава.

-Најважен ни е нам граничниот премин. Сами гледате без тој премин во Голо Брдо нема живот. Тој ни е најважниот за овој регион, изјави Едмонд Османи, претседател на Регионалниот комитет на МАЕИ.

-Дај Боже нешто да се направи имаме многу маки паѓаат снег, болни во ќебе ги носиме. Тешко е за нас. Сега ако се може да се отвори патот тоа е најдобро, вели Илбер Кадриу, жител на Требиште.

Вештачкиот ѕид меѓу Голобрдци поставен во 1948 година, падна на ланскиот Илинден, кога за првпат официјална македонска делегација мина преку овој премин. Вкупната оддалеченост меѓу двете села е околу четири километри.

Поради нефункционрање на овој, мора да минуваат преку преминот Блато, или триесет километри повеќе тешко прооден пат. Кој не бил не знае дека за тука важи правилото доколку сакате да стигнете до Голо Брдо, не треба да прашате колку километри има дотаму, туку за колку време се стигнува.

Со отворањето на новиот премин поради близината од само половина час пат до Дебар, работите очекуваат да се изменат на подобро. Ќе продаваат и ќе купуваат во Дебар, но поради близината и ќе се лекуваат и школуваат.

Вера Тодоровска


http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=71303


Posted By: axel
Date Posted: 16-Feb-2011 at 16:36

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/lipkovo-i-gnilane-baraat-nov-granicen-premin.html - Липково и Гнилане бараат нов граничен премин

Градоначалникот на Липково, Садула Дураку најави дека наскоро ќе се отвори граничниот премин Белановце-Станчиќ за поврзување на кумановско-липковскиот регион со Гњилане и Витина.

 "Јас сум оптимист и верувам дека наскоро ќе започнат работите за изградба на граничен премин, со кој ќе се подобри комуникацијата на двете држави", рече Дураку.

Тој додаде дека отворањето на овие гранични премини е од исклучително значење за жителите од двете страни на границата.

Општината Липково својот економски развој го гледа во трговијата со косовските општини.

И градоначалникот на Гнилане, Кемал Мустафа  при вчерашната посета на Куманово, побара да се забрза изградбата на патот до границата, за да се поврзе со нивниот, и да се создадат услови за отварање на новиот граничен премин.

Гнилане и Липково воздушно се оддалечени триесетина километри, а преку граничниот премин  Блаце се заобиколува  околу 200 километри.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/lipkovo-i-gnilane-baraat-nov-granicen-premin.html


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 11-Mar-2011 at 07:14
Гевгелија сака нов премин кон Грција.
За овој премин е изграден и „Мостот на Македонско-грчко Пријателство“ ( http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=AC0301B82E4E3447A712CA327C8C3201 - линк )

Грците од своја страна си ја завршиле работата:





Значи од Вардарски Рид (Гевгелија) се гледа дека се е завршено.
Преостанува само 1км пат (ако има и толку) од мостот до грчката граница и се разбира поставување на сите тие пропратни објекти.

Сега ни престанува да видиме колку време ќе фати ова.


-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Mar-2011 at 17:00
Чекај сега ме збуни... кој е тој големиот мост што се гледа на зумираното?

Инаку денеска растур си направил со апдејти  Bow


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2011 at 17:41
Па не е баш готово од грчка страна. Возот поминува веднаш до тој пат и се гледа. Ама да мрдне кај нас, ќе биде завршено за брзо.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 13-Mar-2011 at 09:50
Originally posted by Cloverstack

Чекај сега ме збуни... кој е тој големиот мост што се гледа на зумираното?

Инаку денеска растур си направил со апдејти  Bow


Мостот е од Грчка Страна... сликав со телефонот па затоа не е баш НАЈ.
Од сеќавање е пат-тунел-па мостот- па се спушќа патот на кај Македонија...

Инаку во право е гитардемон дека не е баш 100% од грчка страна, ама мостот им е направен, поврзани им се нивните села и се чека на нас...

Така разбрав, така видов, така пренесувам... слободно демантирајте.

п.с.
Апдејтите така стигнаа бидејки неможев да ги најдам сликите еден извесен период.
Потоа ги најдов (затоа некои слики се од Декември, кога бев низ Македонија) и ги аплоадирав при првата можна прилика.


-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: axel
Date Posted: 19-Apr-2011 at 08:53

Нови објекти за ветеринарна и фитосанитарна контрола на Табановце

Нови%20објекти%20за%20ветеринарна%20и%20фитосанитарна%20контрола%20на%20Табановце%20Трите нови објекти за ветeринарна и фитосанитарна контрола на Граничниот премин Табановце, што се градеа во последниве 13 месеци, денеска ќе бидат пуштени во употреба. Изградбата на овие објекти ја финансираше Европската унија со 1,3 милиони евра. “Објектите за ветаринарна и фитосанитарна контрола ќе овозможат максимални проверки при увозот што подразбира ефикасна заштита на здравјето на населението, животните и растенијата.

Инспекторите непречено ќе ја извршуваат секојдневната работа согласно ЕУ стандардите“, информираат од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.На пуштањето во употреба ќе присуствуваат ЕУ амбасадорот Питер Соренсен, вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветерина на Република Македонија Дејан Рунтевски.Освен пари за новите контролни објекти на Табановце, ЕУ обезбеди и три милиони евра техничка помош за Агенцијата за храна и ветерина, како и дополнителни 5,1 милион евра финансиска поддршка преку ИПА Програмата во следните две години

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/65131/novi_objekti_za_veterinarna_i_fitosanitarna_kontrola_na_tabanovce.aspx


Posted By: Plugger
Date Posted: 20-Apr-2011 at 02:22


http://sitel.com.mk/video/biznis/pogolema-kontrola-na-uvoznata-hrana-vo-makedonija - http://sitel.com.mk/video/biznis/pogolema-kontrola-na-uvoznata-hrana-vo-makedonija


Posted By: axel
Date Posted: 06-May-2011 at 13:03
Пуштен во употреба нов граничен премин меѓу Македонија и Србија

Крива Паланка, 6 мај 2011 (МИА) - Министрите за внатрешни работи на Република Македонија и на Република Србија, Гордана Јанкулоска и Ивица Дачиќ, денеска го пуштија во употреба новиот граничен премин Голема Црцорија - Голеш наменет за локален граничен сообраќај, пред се за населението кое живее во непосредна близина на границата меѓу двете земји.

Патната инфраструктурна мрежа од двете страни се уште не е средена, но двајцата министри најавија дека во иднина ќе се работи на решавање на тој проблем, како и на реализирање нови проекти од ваков вид. Преминот ќе се користи само шест месеци во годината, односно од пролет до есен.

- Во нашата комуникација, која е доста честа, го одредивме отворањето на овој граничен премин како приоритет на кој треба да работиме и денеска ми е задоволство што свечено го отвораме, што ќе значи зближување на луѓето од двете страни на границата. Ваквиот начин на работа потврдува дека интересот на граѓаните за нас е најголем приоритет, поттик нивните потреби да станат дел од нашите програми за работа и од проектите кои ги реализираме, изјави Јанкулоска.

Таа потенцираше дека со српскиот колега има извонредна соработка и при одржување на честите средби се договара некоја нова иницијатива во интерес на граѓаните од двете држави.

Двајцата министри потврдија дека преговорите за финализирање на договорот меѓу двете земји кој се однесува на преминување на државната граница само со лична карта е во завршна фаза. Завршувањето на проектот ќе доведе до непосредна директна комуникација меѓу граѓаните на двете земји и отворање нови можности за соработка. Јанкулоска верува дека новиот состав на Собранието на самиот почеток ќе го ратификува овој договор.

- Задоволство ми е што денеска го отвораме граничниот премин кој пред се ќе им користи на граѓаните кои живеат од едната и од другата страна. Долги години овде не постоеше граница. Отворањето на некој начин е најдобар показател дека двете држави и двете министерства работат во интерес на обичните луѓе и пред отворањето на новиот премин беше потребно да се поминат многу километри за да се дојде до другата страна на државната граница. Дај Боже ова да биде граница на спојување, а не на раздвојување на двата пријателски народи, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека во план е да се отворат уште неколку вакви премини, а се работи на уште неколку проекти кои се однесуваат на слободното движење на луѓето, изразувајќи жалење што предолго се чекало на отворање на овој премин.

Двајцата министри ја искористија можноста да апелираат за намалување на злоупотребата на визната либерализација и барањата за азил кон западноевропските земји, при што ја злоупотребуваат либерализацијата на визниот режим. Потенцираа дека во иднина ќе спроведуваат контрола и мерки за намалување на злоупотребите на визната либерализација. лѓ/паг/12:58

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=83472091&lId=1&pmId=501


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jul-2011 at 10:20
Конечно реконструкцијата на Блаце тргна малку со поголем интензитет.

Моментално преминот е комплетно импровизиран, отстранети се бараките и контејнерите и на нивно место се градат нови трајни објекти.

Во моментов, Блаце има 4 ленти за влез/излез што многу често не е доволно (особено за влез во МК). Од око, капацитетот веројатно се дуплира и се градат 4 нови ленти.

Се надевам дека ќе ги имаат во предвид и пешаците. На оваа граница многу луѓе преоѓаат пешки (од двете страни на границата има доста таксисти). Досега пешаците без врска улетуваат рандом по лентата каде се проаѓа со кола. На косовскиот граничен премин, за пешаците е предвиден посебен шалтер.

Исто така би било добро да се среди малку околината. Меѓупросторот помеѓу двете граници е комплетно неосветлен во последно време и изгледа многу лошо ноќе. Тука е секако и декорот со кучиња скитници, ѓубре итн...






Posted By: N23
Date Posted: 20-Jul-2011 at 15:51

Едно офф-топик прашање. Пред самоиницијативно да се прогласи Косово за држава, на границата стоеја строго луѓе од КФОР (или некои слични, не памтам) и само они го регулираа протокот на возила и пешаци. Ме интересира сеа дали целосното регулирање самостојно го вршат органите на таа држава и дали стои само нивното знаме, или сепак имаат помош од евро-атланските безбедносни сили и притоа се користат и знамињата на одредени меѓународни организации.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jul-2011 at 16:11
Одавна контролата ја вршат косовските органи во последниве 6-7 години сигурно, значи пред да прогласат независност. Странци немам приметено да вршат гранични процедури барем од кај 2005та.


Posted By: axel
Date Posted: 27-Jul-2011 at 16:00

Македонија може најмногу да искористи од косовското ембарго

среда, 27 јули 2011, 16:39

Откако ја затворија границата за Србија, Косовските власти отвораат нова за Македонија. Ќе се гради уште еден граничен премин помеѓу Белановце и Станчиќ. Двете страни очекуваат дека со тоа ќе се зголеми трговската размена и Македонија максимално ќе ја искористи шансата од ембарготио за српските производи.

-Мислам дека од мерката на реципроцитет, најголема придобивка од земјите од регионот, ќе има Македонија, со оглед на тоа што вашата земја е еден од поголемите трговски соработници. Во оваа лоша состојба Македонија има шанса да ги промовира своите квалитетни производи кои не биле на косовскиот пазар, вели претставникот на Министерството за евроинтеграции на Косово, Едон Чана.

Инвестициите во инфраструктурата треба да го забрзаат протокот на стока и да го олеснат влезот на македонските извозници на Косовскиот пазар.

-Овој проект ќе има големо економско значење за меѓусебното поврзување на двете држави. Моментално не постои таков граничен премин Белановце – Станчиќ, со отворање на истиот дополнително ќе се зголеми можноста за транспортна поврзаност меѓу двете земји, што ќе значи зголемување на можностите за трговска соработка, вели државниот секретар на Секретаријатот за европски прашања, Јован Андоновски.

Можност за зголемен обем на работа и бенефит од косовското ембарго кон србија гледаат и бизнисмените и транспортерите. Поголем профит очекуваат и транспортерите. Бизнис заедницата повика да нема злоупотреби.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=39357


Posted By: OCB
Date Posted: 27-Jul-2011 at 17:12
За поздрав е отварањето на уште еден граничен премин кон Косово, но само на Балканот некој може да поверува дека од ембарго се профитира. Ова ја нагризува структурата на Централно европска асоцијација за слободна трговија (ЦЕФТА), предизвукува фрагментација на регионалната економија, ја забавува евро-интеграцијата и е негативен показател за странски инвестиции.


Posted By: axel
Date Posted: 10-Aug-2011 at 08:16

ЧМААТ НЕИСКОРИСТЕНИ ОБЈЕКТИ НА ГРАНИЦАТА КОН БУГАРИЈА

Новите премини остареа неотворени

Милионски суми евра во последните две децении Македонија потроши за изградба на инфраструктура и за пробивање, тампонирање или асфалтирање на патишта во должина од околу 40 километри до трите нови гранични премини договарани со Бугарија на териториите на Малеш и на Пијанец. Од бугарска страна, пак, досега не е направено речиси ништо, а и нема најави дека наскоро нешто ќе се промени, поради што и инвестираното од македонска страна пропаѓа од забот на времето, а вложените пари може да отидат целосно во бунар.



Се уништува инфраструктурата

Во план беа три нови гранични премини - Црна Скала кај Делчево, Ајдучки Кладенец кај Пехчево и Клепало кај Берово. На подрачјето на Пијанец и на Малеш сега функционира само граничниот премин Делчево - Станке Лисичково, еден од вкупно трите, покрај тие кај Крива Паланка и струмичко Ново Село, што Македонија ги има со Бугарија. Изграден е пред околу четири децении и ги поврзува Делчево со Благоевград.

Одамна требаше да биде пуштен и граничниот премин Црна Скала или Делчево - Невестино. Во 2002 година од македонска страна беа потрошени 1,7 милион евра од продажбата на телекомот за пробивање и тампонирање на десетте километри пат од Делчево до Црна Скала. Се проценуваше дека за завршување и асфалтирање на патот беа потребни уште толку пари. Но, бидејќи со проектот не се почна и од другата страна, работите беа запрени и од наша, па сега незавршената инфраструктура пропаѓа.

- Со новиот премин ќе се скратеше патот до Ќустендил и до Софија за 40 километри, во однос на делницата што сега се минува преку Благоевград. Голем интерес за отворање на преминот има и од соседните бугарски општини, но испаѓа дека влијание имаат само државните структури - вели градоначалникот на Делчево, Горан Малешевски.

Слична е состојбата и со преминот Ајдучки Кладенец кај Пехчево. Во 2001 година Владата на Македонија издвоила средства во висина од еден милион тогашни германски марки за земјени работи и за пробивање на патот од Пехчево до преминот. Работите биле завршени за една година. Но, тука се застанало, бидејќи, во соседната држава за реализација на проектот не било мрднато ни со малиот прст. Сега од направеното пред една деценија не остана речиси ништо.

- Имаме и изведбен проект, а за отворање на преминот се заинтересирани дури 12 бугарски општини, од кои со три - Кресна, Симитли и Јакоруда, сме збратимени. Сега, за да стигнеме до нив, преку Делчево поминуваме трипати подолг пат. Тоа му прави проблеми и на бизнисот, но и на луѓето, бидејќи од двете страни на Малешевските Планини, односно на границите, многумина имаат роднини - истакнуваат во Пехчево.



За Клепало најмногу пари

Од трите неотворени гранични премини, Македонија најмногу пари има вложено во Клепало кај Берово. Уште пред 18 години беше изграден современ пограничен објект на Клепало, кој требаше да го користат и нашите и бугарските гранични служби. Според договорот, Бугарите таков објект за двете гранични служби требало да изградат на некој од другите два планирани гранични премина. Неколку години по завршувањето на пограничната зграда беше завршен и асфалтиран и патот од Берово до Клепало, во должина од 17 километри. Но, и покрај тоа што имале одобрено и европски пари, Бугарија не почна со асфалтирање на патот од Струмјани до Клепало, а, за разлика од порано, сега нема ни ветувања кога ќе почнат.

Жителите на македонските општини не можат да сфатат зошто се прават опструкции и истакнуваат дека не сакаат да веруваат оти тоа Бугарија би можела да го прави за да спречи поблиски и почести контакти на населението од двете страни на границата. Нагласуваат и дека не може да држи ни евентуално оправдување оти по влезот и на Македонија во ЕУ граничните премини нема да ја имаат таа функција, зашто и да нема гранични премини и служби, за проток на луѓе и на стока мора да има патишта.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5BB03AC03A401A4DBC72DE34DAD7D845


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Aug-2011 at 13:27
Па пракса во последно време е да се користат заеднички објекти за мали премини, така да еве кога ги имаме веќе може да се предложи до Бугарија да ги користиме готовите премини од Македонска страна.


Posted By: OCB
Date Posted: 10-Aug-2011 at 13:53
Originally posted by lslcrew

Па пракса во последно време е да се користат заеднички објекти за мали премини, така да еве кога ги имаме веќе може да се предложи до Бугарија да ги користиме готовите премини од Македонска страна.

Тие премини не соодејствуваат на условите кои Бугарија мора да ги исполни за да влезе во Шенген зоната. Незаинтересираноста на Бугарија за отварање на овие премини се должи на високите трошоци за оперирање на истите според правилата за надворешни граници на ЕУ. Овде не се работи за просто заедничко користиње на граничен објект. Бугарија во близина на премините ќе мора:
- да изгради центар за прием на азиланти,
- да ја милитаризирана граничната линија,
- да вработи дополнителен број на гранични полицајци,
- да изгради кули за надгледување,
- да изгради координативен центар за гранично управување,
- да купи современа воена технологија (на пр. хелихоптери) итн.

Имајќи в предвид дека сето тоа чини многу пари - а Бугарија во овој сегмент потроши огромни стредства - нивната влада одлучила да не отвара нови премини се додека не го потпише Шенген договорот. Дали по зачленувањето ќе се размислува за ова прашање засега не е познато.


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 11-Aug-2011 at 02:48

Навистина ова ќе се случува на Бугарската граница?
Не ми се допаѓа ама ич. Железна завеса да не ни прават.

п.с.
За трговијата мислам дека Македонија сепак ќе има профит од ембаргото.
Овде не се зборува за целокупната економска структура туку за Македонија како единка во својот микро-економски сектор.
Ова е исто како да имаме предност на своите продукти од Косовските власти во форма на високи тарифи (увозни даноци) за српските продукти.
Ембаргото е еден степен погоре, каде и српските продукти магично ќе стануваат Македонски (ако ова е по легален пат, државата преку даноци ќе има доста ќар), а бидејки тоа нема да е доволно да се надоместат косовските побарувачи - сигурно ќе има профит и на Македонските компании (се разбира ако се спремни за да профитират) преку пласирање на поголем број од своите продукти на Косовскиот пазар. (ова е само мое мислење - се извинувам за офтопикот)

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: ink
Date Posted: 15-Aug-2011 at 23:11
Originally posted by lslcrew

Па пракса во последно време е да се користат заеднички објекти за мали премини, така да еве кога ги имаме веќе може да се предложи до Бугарија да ги користиме готовите премини од Македонска страна.

Бугариja нема право да користи готовиот премин от македонска страна,кога тази граница ке е надворешна за ЕУ,а во иднина и за Шенген зоната.


Posted By: axel
Date Posted: 27-Oct-2011 at 08:46

Се подготвува нова лента за камиони на Евзони

Атина - Грција подготвува уште еден излез само за камиони и товарни возила на граничниот премин Евзони. Како што информираат од децентрализираната управа на регионот Македонија - Тракија излезот на Евзони кон Македонија и Србија за товарни возила е планирано веднаш да започне со изградба.

Проектот ќе се фокусира на целосна реновација на бајпас-лента која досега била неактивна и неискористена. Планирана е изградба на нови царински куќарки и осум рампи за контрола при влез и излез од Грција. Лентите за камионите и товарните возила ќе бидат обновени со нов слој на бетон и асфалт за полесно поминување. Покрај ова, управата предвидува и целосно реновирање на покривот на царинскиот премин и инсталација на ново осветление.

Со оглед на тоа дека се прави огромен застој за поминување на камионите и товарните возила за кои сега има само една лента на Евзони, може да се очекува дека овој нов излез ќе помогне за олеснување на застојот и побрз премин на камионите и товарните возила кон Македонија. (М.П.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=98B7718C423E9F419370AEDA7F25095B


Posted By: axel
Date Posted: 27-Oct-2011 at 12:52

Четири гранични премини 20 години го чекаат првиот патник

Дејан Азески
Четири%20гранични%20премини%2020%20години%20го%20чекаат%20првиот%20патник

Два големи гранични и неколку помали локални премини во Македонија со децении го чекаат својот прв патник. Клепало, Беровско, Маркова Нога, Преспанско, бродската линија Охрид - Подградец се само дел од планираната инфраструктура, која и тоа како може да им го олесни животот и да им реши многу проблеми на мештаните, но и на инвеститорите.

“Капитал“ го посети Клепало - несудениот граничен премин кон соседна Бугарија, чија изградба датира од почетокот на нашата државност. Отогаш се покренати многу иницијативи со цел да се изврши конечен притисок кон бугарската страна, која главно се наведува како пречка, но досега ништо од ова не вродило со плод.

Зошто овој премин сè уште не видел “бел ден“ никој официјално не кажува. Но, затоа, шпекулациите се бројни. Низ беровската чаршија неофицијално се кометира дека причината лежи во етничката структура на соседните општини Струмјани и Сандански. Иако тоа не е докажано на попис, се верува дека таму доминира македонското етничко население кое преку Клепало би добило морална поддршка од Македонија за посмело настапување кон реализацијата на своите уставни права.

“Јасно е дека спасот треба да се бара во Софија и натаму ќе бидат насочени нашите наредни активности“, ни изјавува Владо Србиновски од невладината организација Балканија која се занимава со алтернативен туризам.

“Ние минатата година имавме подготвено и пешачки маратон од Берово до општина Струмјани и градот Сандански за да се потенцира кратката оддалеченост меѓу овие две места, но работата беше повторно спречена токму од бугарската влада, со изговор дека таму каде што нема официјален граничен премин не може да има ни организирано поминување на границата“, додава тој алудирајќи на политичките причини.

Директорката на хотелскиот комплекс Манастир од Берово, Дина Муцунска, вели дека проценките се оти со отворањето на овој премин неколкукратно би се зголемил бројот на туристите како од Бугарија така и од Грција.

“Берово со пробивањето на Клепало од периферна област би станало тромеѓе за туристи од Бугарија, Грција и Македонија, бидејќи до Штип има само 50 км колку што има и до граничниот премин “Кулата“ (Грчко-Бугарски), а и Софија не е на преголема оддалеченост“.

Подградец и Охрид - пет несовладливи километри

Прашањето за бродско поврзување на Охрид и Подградец како два крајбрежни града е отворено уште во раните деведесетти. Според охриѓаните, ова би претставувало интересна тура за посетителите, бидејќи Подградец уште од минатото е познат како трговски град, а и прочуени се нивните ресторани каде што може да се најде евтина пастрмка, чиј лов кај нас е забранет поради заштита на истата. Бродската линија досега неколку пати се најавуваше дека е во финална фаза, но де факто сè уште не е мрдната од место. Како главни причини се наведуваат немањето соодветно пристаниште во Подградец каде што езерото е и премногу плитко во летните и есенските месеци за да може да пристане некој поголем брод, недоизградениот терминал за пасошка контрола и прашањето за исплатливоста особено во зимските месеци.

Капетан Јован Костовски од охридскиот брод Галеб за “Капитал“ вели дека бродарите се подготвени за почеток на линијата:

“Имаме извадено дозволи за пловидба по целокупната површина на Охридското Езеро и регистрирани сме за таква дејност. На пристаништето во Подградец му фали уште 25 метри долг мост за да можат да пристапат и поголемите бродови во текот на целата година. Охридските бродари се заинтересирани за бродски линк со Подградец, но само по принципот на слободен превоз, бидејќи редовната линија во текот на целата година доколку не биде субвенционирана од владите би донела лоши резултати особено во текот на зимските месеци“, вели тој.

Костоски додава дека ниту еден од поголемите охридски бродови не може да плови со помалку од 30 патници, бидејќи на тој начин уште во старт би рабoтел нерентабилно.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека меѓу Албанија и Македонија е потпишан протокол за регулирање на водниот сообраќај со кој се предвидени два гранични премина кај Тушемишта, Преспанско, и Св. Наум, Охридско, со тоа што вториов е во завршна фаза.

“Според истражувањата на Капетанијата на пристаништа – Охрид, кај туристичките оператори и туристите во Македонија постои заинтересираност за патување во Подградец. Таму постои едно пристаниште кое, според информациите од експертската работна група, е безбедно за застанување на пловни објекти“, се вели во соопштението од Министерството.

Маркова Нога најблизок, а неискористен линк на Западна Македонија со Лерин

Враќањето на летните туристи во Претор и јакнењето на селскиот туризам во село Брајчино во последниве години повторно го актуализира отворањето на граничен премин со соседна Грција кај Маркова Нога на источниот брег на Преспанското езеро. Ова поврзување со нашиот јужен сосед би имало огромно значење како од гледна точка на туризмот така и од практични причини, бидејќи би се скратил патот до Костур и Лерин, а со тоа и кон остатокот на Грција за сите жители од Западна Македонија кои нема да се принудени да ги поминуваат Ѓавато и цела Битола за да стигнат до граничниот премин Меџитлија.

“Овој премин беше отворен до средината на шеесетите години и јас не можам ни да избројам колку пати имам одено од тука за Лерин, Костур и Воден“, вели Милка Поп Јаневска, сопственик на приватен сместувачки и капацитет за еко и селски туризам во пограничното село Брајчино.

“Сега работата е многу потешка ние вложуваме и се трудиме да донесеме гости, но и самите Грци кои често доаѓаат кај нас се чудат зошто мораат да вртат дури преку Битола“, додава таа.

Ѓорги Ѓорѓиевски, сопственик на угостителски објект во туристичката населба Претор, очекува огромни придобивки од отворањето на преминот.

“Доколку се пушти во употреба Маркова Нога заедно со Преминот кај Пустец од другата страна на езерото и грчко-албанскиот пограничен премин Преспа ќе стане еден вид кружен тек за туристи од поширокиот регион“, додава Ѓорѓиевски.

Со асфалтирањето на патот од “Макази“ значително се подобри потенцијалот на Преспа, но проблемот е што не сме доволно моќни да го истуркаме и отворањето на Маркова Нога што ќе го препороди овој регион, завршува Ѓоргиевски.

И Гевгелија сака нов граничен премин

Иницијативата на општина Гевгелија во соработка со Министерството за надворешни работи за отворање патнички премин веднаш до железничкиот, кој се наоѓа на околу 4 км западно од постоечкиот премин Богородица, е започната уште пред две години и е на добар пат да се реализира, што би ги доближило граѓаните на Гевгелија на помалку од километар до соседна Грција и би се избегнал метежот кој се создава на Богородица.

Иван Франгов, градоначалник на Гевгелија, смета дека сега на потег е грчката страна.

“Ние ги завршивме сите формалности како општина и држава сега само го чекаме одговорот од другата страна“, додава Франгов.

Преминот би се користел единствено за патнички возила додека тешките товарни возила кои одат кон Солунското пристаниште и Мала Азија би продолжиле да го користат постоечкиот премин Богородица.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75296/chetiri_granichni_premini_20_godini_go_chekaat_prviot_patnik.aspx?iId=2421


Posted By: axel
Date Posted: 03-Nov-2011 at 15:30
Посебна лента за излез на товарни возила на граничниот премин Табановце

Скопје, 3 ноември 2011 (МИА) - На граничниот премин Табановце од утре ќе почне да функционира посебна лента за излез на празни товарни возила и товарни возила натоварени со лесно расиплива стока и стока со ризик од измама.

Како што информира Царинската управа, веќе се обезбедени неопходните услови за функционирање на посебната лента и направена е потребната координација со полициската служба.

- Тоа е направено согласно препораките од Рамката на стандарди на Светската царинска организација за олеснување на меѓународната трговија, како и согласно европските стандарди и најдобри пракси, а со цел да се обезбеди олеснување на протокот на лица и стоки преку државната граница, на граничниот премин Табановце, велат од Царинската управа.

Со ставање во употреба на посебната лента престанува потребата од претходна најава на вакви пратки на царинскиот орган, што беше досегашна пракса

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=88187837&lId=1&pmId=504



Print Page | Close Window