Print Page | Close Window

Мичурин и Острово - Аеродром

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбанистички целини
Forum Discription: Урбанистички планови и градски микролокации
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=4304
Printed Date: 12-May-2024 at 13:13


Topic: Мичурин и Острово - Аеродром
Posted By: pbanks
Subject: Мичурин и Острово - Аеродром
Date Posted: 07-Aug-2008 at 09:47

Наместо доградби, нови згради во населбата Мичурин

Општина Аеродром веќе нема да дава дозволи за надградување на руинираните згради

Старите згради во Мичурин ќе може да се урнат и на нивно место да се изградат нови и поголеми, предвидува новиот ДУП за оваа населба, кој пред два дена го донесе Општина Аеродром. Со оваа одлука, општинарите ќе дозволат, заради безбедност на сопствениците на станови во овие згради изградени во четириесеттите и педесеттите години на минатиот век, да се изградат нови колективни домови според модерни стандарди. По оваа одлука, Аеродром нема да издава дозволи на инвеститори кои ќе сакаат да направат надградби и доградби на руинираните објекти како што се случи пред неколку години со некои од овие згради. Според новиот ДУП, кој е во согласност со Генералниот план на Скопје, во Мичурин е дозволена изградба на згради на пет ката со потпокрив. Станарите на старите двокатни згради можат да склучуваат договори со потенцијални инвеститори или, пак, и сами да инвестираат во новите колективни договори.

„За разлика од досегашните доградби и надградби на постојните објекти, дозволени во другите усвоени детални планови, со овој ДУП се дозволува да се преземат активности за уривање на старите згради, кои се супстандардни и опасни за живеење, и на нивно место да се изградат нови објекти“, вели раководителот на Секторот за урбанизам во Аеродром, Страшко Хаџи Коцев. Тој потенција дека во ДУП-от стриктно е кажано да нема доградби и надградби на постојните објекти, бидејќи тие се во лоша состојба. Покрај тоа, со новиот ДУП за Мичурин се предвидува и изградба на нова улица, која одамна е зацртана во Генералниот урбанистички план за Град Скопје, паралелно со транспортниот центар и со два нови влеза во Мичурин.

„Задоволни сме што конечно Општината го донесе деталниот план за нашата населба, зашто сега на местото на старите и руинирани згради ќе никнат нови убави објекти какви што му доликуваат на Мичурин во 21 век“, изјави Соња Бинова, жителка на Мичурин.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0E1515EB1C200D49BBE8F8CEB4DAC103 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0E1515EB1C200D49BBE8F8CEB4DAC103



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Sep-2008 at 23:52
Дуп-от за Мичурин е поставен на сајтот на општина Аеродром   Cheers

http://80.77.150.4/Sliki/Micurin.jpg - http://80.77.150.4/Sliki/Micurin.jpg


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Dec-2008 at 03:05

Законска рамка за изградба на катна гаража во Аеродром

Во близина на Транспортниот центар, во делот од Маџир Маало што потпаѓа под Општина Аеродром, ќе се гради катна гаража. Ова е овозможено со нацртот на Деталниот урбанистички план за локалитетот „Скопјанка“, урбанистичка единица Б, што вчера го усвоија општинските советници. Катната гаража ќе има приближно 2.000 квадратни метри во основа и бруто- површина за изградба од 14.500 квадрати. Планот дозволува објектот да има висина од шест ката и приземје, од кои 30 отсто ќе имаат комерцијална намена. Покрај катната гаража, планот, со кој е опфатен простор со површина од еден хектар, предвидува и изградба на новопроектирана улица „Борис Кидрич“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=40623BEF5F60734490B6AD8632BFE3EA




Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Dec-2008 at 12:34
Малку поопширно....
Катна гаража во аеродромското Маџир Маало



Скопје
Катна гаража и нова улица е предвидено да се изгради во делот од Маџир Маало, кој се наоѓа во општината Аеродром, во близината на железничката станица. Ова е планирано со нацрт-деталниот урбанистички план, кој беше усвоен на вчерашната седница на општинскиот совет. Планот треба да биде изложен за да жителите можат да го погледнат и да ги искажат своите мислења со пополнување на анкетни листови. Маџир Маалото, кое се простира покрај Вардар, со пругата што била изградена во 1960-те години е поделено на два дела, односно неколку куќи останале на источната страна, во сегашната општина Аеродром.

Сашо Стојчевски, раководителот на секторот за урбанизам, истакна дека може да се направи гаража висока 21 метар со вкупна површина од 14.500 квадрати.

- Според нацрт-планот се предвидува да се преуреди делот кај улицата Владимир Комаров до Транспортниот центар, со што на местото на куќите треба да се изгради катна гаража со приземје и шест ката, а 30 отсто од површината може да се наменат за деловен простор. Објектите што се наоѓаат на тоа место се приватни и инвеститорите ќе мора да ги обесштетат жителите. Се планираше на покривот од гаражата да се направи хелиодром, но предлогот беше одбиен поради зградите и железничката станица, кои се наоѓаат во непосредна близина.Освен катна гаража, се планира и изградба на новопроектирана улица Борис Кидрич, која ќе поминува покрај тој објекти најверојатно ќе оди до кејот - објасни Стојчевски.

Советниците одлучија овој план граѓаните да имаат можност да го разгледуваат 15 дена, за разлика од другите планови што биле изложени десет дена.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=263&ArticleID=13584



Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Jan-2009 at 00:23
Катна гаража и нова улица кај Транспортниот центар

Инвеститорите ќе треба да ги обесштетат сопствениците на објектите што се на тоа место

Општината Аеродром ќе гради катна гаража висока 21 метар со основа од 2.000 квадратни метри, на вкупна површина од 14.500 квадратни метри. Гаражата може да има шест ката и приземје, а триесет отсто од нејзината површина ќе биде наменета за комерцијални цели.

Според Детаљниот урбанистички план „Скопјанка“, што го усвои Советот на последната седница, новата градба ќе никне кај Транспортниот центар, на дел од Маџир Маало во близина на Железничката станица и кај Вардар, а ќе ги опфати и куќите на источната страна на реката. На истиот простор планирано е да се изгради и нова улица Борис Кидрич, која ќе поминува крај гаражата и најверојатно ќе оди се' до Кејот.

Од општинското Одделение за односи со јавноста објаснуваат дека објектите што се наоѓаат на тоа место се приватни, па инвеститорите ќе треба да ги обесштетат нивните сопственици. Освен катна гаража, се планира и изградба на новопроектирана улица. Планот треба да биде изложен на јавна расправа и граѓаните ќе имаат можност да кажат што мислат за новиот детален план и да пополнат анкетни листови.

Советниците, поради деликатноста на планот, на граѓаните им овозможија да го разгледуваат 15, а не како досега 10 дена. Во моментов на овој простор има купишта ѓубре, стари алишта, пластични шишиња, стар мебел, а во импровизираните шатори живеат бездомници и нивните коњи. Граѓаните што често поминуваат таму се жалат дека неуредениот простор се користи и како паркинг за меѓуградски автобуси што минуваат низ автобуската станица.

- Овој дел од градот, иако е блиску до строгиот центар на градот, долго време не е прописно уреден. Не може ваков голем простор да се остави неискористен. Оние што живеат во близина се загрижени и за своите деца кои играјќи може да се повредат на расфрлените стари предмети, лесно може да се заразат зашто нема тоалет за бездомниците. Затоа просторот мора да се уреди, па макар и со катна гаража. Лично сметам дека старата идеја таму да се направат скејт-парк и парк за урбани спортови е многу подобра - вели Андреј Здравковски, жител од општина Аеродром.

Од Градот велат дека не се изненадени од тоа што во планот нема парк за урбани спортови, зашто подолго време не комуницираат со градоначалникот на Аеродром, Кирил Тодоровски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=744758A61ED69F4EACA7C5C6401BE7E0


Posted By: zabegan
Date Posted: 02-Jan-2009 at 01:30
чекај малку, се работи за просторот лево од рекламата на космофон, ако е таму немам проблем со изградба на било каков објект, само да се уреди, плус ако градат катна гаража можно е да се расчистат паркираните коли по Бојмија
само што им е таа улица? улица е тежок збор, што ќе поврзува и каде ќе поминува воопшто не не ми е јасно Dunno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Jan-2009 at 01:39
Се мисли да оној ден од кај вардар од страната на аеродром. Има тука некои куќички! До зградата на Станинов, ако заеш која е таа зграда!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 02-Jan-2009 at 11:01
@ zabegan
vidi malce pogore tamu kade pisuva katna garaza vo aerodromskot mazir maalo


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 05-Jan-2009 at 12:54
СОГЛАСНО НАЦРТ-ДЕТАЛНИОТ ПЛАН ЗА ЛОКАЛИТЕТОТ "СКОПЈАНКА"
Ќе се гради катна гаража во Маџар маало
Катната гаража ќе се гради на површина од 2.000 метри квадратни, ќе има шест ката и приземје, а триесет проценти од површината ќе бидат за комерцијална намена

На површина од 2.000 квадратни метри во Маџар маало во близина на Транспортен центар, Општина Аеродром ќе гради катна гаража. Изградбата на гаражата е предвидена во нацрт-верзијата на деталниот урбанистички план за "Скопјанка" урбана единица Б, кој Советот на Општина Аеродром го изгласа на последната седница, минатата недела.
Според утврдените услови во нацрт-ДУП, катната гаража ќе биде на шест ката и приземје, а триесет проценти од нејзината површина ќе бидат за комерцијална намена.
Претседателот на Советот на Општина Аеродром, Сашо Петковски вели дека со нацрт-верзијата на планот, освен катна гаража предвидено е да се гради и новопроектирана улица Борис Кидрич.
Според Петковски, планот бил подготвуван согласно барањата на жителите на Аеродром од тој регион, за што добиле и позитивно мислење на јавната анкета. (М.Ѓ.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=161726&idg=9&idb=2566&rubrika=Skopje - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=161726&idg=9&idb=2566&rubrika=Skopje
 
super vest neli?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jan-2009 at 03:24
Јавна анкета за урбанистичкиот план „Скопјанка“

Од 8 до 29 јануари годинава, нацртот на Детаљниот урбанистички план за локалитетот „Скопјанка“ - Урбана единица Б ќе биде ставен на јавна анкета во основното училиште „Браќа Миладиновци“, информираат од Општината Аеродром.

Граѓаните ќе може да го видат нацрт-планот и воедно да пополнат анкетни листови, секој работен ден од 12 до 19 часот. На анкетните листови кои ќе може да се добијат од надлежното лице во просториите на училиштето, граѓаните ќе можат да ги наведат своите забелешки, предлози и сугестии во однос на планот.

Од Општината предупредуваат дека пополнувањето на анкетните листови се врши лично, а граѓаните ќе треба да покажат документ за идентификација.Во текот на јавната анкета, во училиштето ќе има претставници од Општина Аеродром и други стручни лица, од кои граѓаните ќе може да добијат подетаљни информации за планот.

Стручната презентација на овој нацрт-план ќе се изврши на 12 јануари, во 17.30 часот, во истото училиште Нацртот на ДУП за локалитетот „Скопјанка“ - Урбана единица Б опфаќа простор со површина од 1,07 хектар и со него се предвидени површини за семејно домување во станбени згради и катна гаража.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=68546326059C714B8BC2574A8A7F8E2B



Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Jan-2009 at 15:36
СТАНАРИТЕ НА УЛИЦА БОЈМИЈА ПРОТИВ ДУП-ОТ "СКОПЈАНКА"
Доградбата на "Неоком" ќе ни го земе сонцето
Станарите на кулата, која се граничи со зградата на "Неоком", тврдат дека ако над "Неоком" се изградат уште 5 ката, ним ќе им се одземе светлината и ќе им се намали циркулацијата на воздух

Станарите на кулата на улица Бојмија бр.4 во Општина Аеродром бараат да се стопира донесувањето на деталниот урбанистички план "Скопјанка", урбана единица- А, согласно кој се дозволува доградба и надградба на "Неоком", со што директно ќе им се загради излезот од засолништето и ќе им се одземе светлината.
Станарите на кулата, која се граничи со зградата на "Неоком", тврдат дека ако над "Неоком" се изградат уште 5 ката, ним ќе им се одземе инсолацијата и ќе се намали циркулацијата на воздух. Тие велат дека сите згради од двете страни на булеварот Кузман Јосифовски - Питу имаат по 7 ката, па надградбата на "Неоком" ќе стрчи над сите и ќе го наруши изгледот на булеварот.
Согласно нацрт-деталниот урбанистички план, ќе се гради и подземна гаража, со што на околу 1.000 жители во сите четири кули од овој регион ќе им се уништи единственото зеленило.
"Не се согласуваме со предвиденото решение и бараме и доградбата и надградбата да се изземат од деталниот план, кој Советот ќе го гласа на следната седница, закажана за в петок. Во кулата живееме од 1981 година, а "Неоком" е тука 7 години, па мислиме дека не е во ред да му се дозволи толкаво проширување на зградата и подземни гаражи кои ќе ни го узурпираат дворот и ќе ни го одземат воздухот", загрижено велат жителите.
Сашо Петковски, претседател на Советот на Општина Аеродром вели дека ДУП-от е легален и за него дале согласност и Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје.
"Ги имаме сите согласности за носење на планот и тука нема ништо сомнително. На следната седница ќе се презентираат потребните документи и ДУП-от ќе го ставиме на гласање. Дали ќе се усвои или не зависи како ќе гласа монозинството", изјави Сашо Петковски, претседателот на Советот на Аеродром.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162427&idg=9&idb=2579&rubrika=Skopje

Мило ми е што се иде на довршување на проектите, а не на забаталување у некоја полу фаза. Еве и на овој објект се работи. Некаде го имавме и проектот како тоа треба да изгледа комплетно. Само незнаев дека досега ДУП-от вил проблем, јас се си мислев дека тоа било недостиг од средства!

(за оние кои не знаат, се мисли на Космофон зградата)


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Jan-2009 at 15:45
кој воздух, кое црно зеленило, изгледа забораваат каде живеат
ај да речеш да беше пред изградба зградава, па да се бунеа, ама таа веќе е изградена и не знам зошто се бунат да не се догради
а инаку станарите кои се бунат живеат во кулите на бојмија кои се дупло повисоки од неоком, како тие не прават сенка и не го спречуваат воздухот?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Jan-2009 at 16:00
Еве како би изгледало ако се комплетира!
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=278&PID=2477#2477 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=278&PID=2477#2477


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Jan-2009 at 16:03
Ова е една од подобрите вести кои сум ги чул во последно време Banana Јас навивам ЗА


Posted By: maestro
Date Posted: 05-Feb-2009 at 12:52
ДУП „СКОПЈАНКА“ НЕ ПОМИНУВА КАЈ СОВЕТНИЦИТЕ
Зградата на „Неоком“ ќе порасне двојно



Уште седум нови ката или дополнителни 25 метри во височина е предвидено да се градат врз зградата на „Неоком“. Ова е дел од деталниот урбанистички план „Скопјанка УЕ А“ на општина Аеродром. Покрај доградбата во височина, во ДУП е предвидена и изградба на нов објект веднаш до зградата на „Неоком“. Токму овој план, кој веќе двапати беше ставан и повлекуван од дневен ред, беше повод за жестока дебата на последната седница на општинскиот совет. Советниците не го изгласаа, но дел од нив најавуваат дека ќе бараат планот повторно да се најде на наредната седница. - Нема никакви правни пречки ДУП да не биде ставен повторно на следната седница на Советот. Тој како таков ги има поминато сите правни процедури и бил разгледуван и одобрен од страна на надлежните институции - вели советникот Гоце Јовчев. Граѓаните што живеат во близина на Железничка станица, во зградите на улица Бојмија, се противат на донесувањето на овој ДУП и не се согласуваат со никакви доградби и надградби на веќе постојната комерцијална зграда. - Им приложивме на советниците документи каде што јасно се гледа дека има многу спорни елементи во врска со тоа кој е сопственик на тамошното земјиште - велат претставниците на куќните совети. Тие тврдат дека поседуваат два различни документи кои се издадени од Катастар, во кои се нудат различни податоци за тоа кој е сопственик на земјиштето каде што се наоѓа зградата на „Неоком“. - Во документот од 2001 година, како сопственик на земјиштето се посочува „Неоком“. Сепак, поради тоа што никогаш немаше распишан тендер за купување на локацијата, ние во 2004 година од Катастарот пак извадивме документ во кој стои дека сопственик на тамошното земјиште е државата - вели една од тамошните жители. Граѓаните објаснуваат дека доколку се дозволи да се изградат уште катови на веќе постојната зграда, тие цело време ќе живеат во сенка. За нив е спорна и доградбата, која е предвидена во ДУП, која треба да се гради на сегашна зелена површина. Од Општина Аеродром, пак, велат дека за овој ДУП имаат позитивно мислење од Министерството за транспорт и врски и од Град Скопје. - Според сите законски прописи, Советот треба само да ја потврди одлуката на надлежните институции и да го донесе ДУП, без можност за какви било измени во истиот - објаснуваат од Општина Аеродром.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=19&tabid=1&EditionID=1615&ArticleID=107051


Posted By: medo
Date Posted: 05-Feb-2009 at 13:27
А дали некој прво се распрашал и заинтересиран дали воопшто е можна надградбата од статички и сеизмички аспект?


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 05-Feb-2009 at 13:40
Па зависи дали сегашниот објект е изведуван според статичките пресметки од оргиналниот проект.  Доколку е така пресеците на главните носачи би ги издржале наредните нивоа...Но дури и да е така, не знам како би фатиле прикључок на арматурата од долните носачи.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Feb-2009 at 15:14
Мене колку што ми изгледа најгорниот дел на зградата е монтажен. Може би си имаат оставено од озодле фазла за да продолжат.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Feb-2009 at 15:19
@ ArchiTechTone & medo

Тоа е легитимна дилема. Но бидејќи се работи за недовршена зграда, се надевам дека сето ова било земено во предвид на времето.

А аргументот на граѓаните дека зградата не смее да се доврши според оргиналниот проект, затоа што тие ќе живееле во „постојана сенка“  е тотално нелегитимен.

Инаку имав другарка што на времето живееше баш во кулите до зградава и многу беше револтирана колку бил грд покривот на неоком (гледан од горе), до толку бил грд што зградава требало да се сруши. Еве сега со доградбава ваљда ќе се оправи работата со привремениот покрив, ама па сега на жителите им смета доградбата. Никако да им удоволиш на луѓево Laugh


Posted By: beTon
Date Posted: 22-Mar-2009 at 18:10

толку од http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=29831#29831 - неоком и ДУП СкУЕ-А , најверојатно само два максимум три спрата да добиле за надградба!? 

http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=1237 - ДОНЕСЕН ДУП-ОТ ЗА ЛОКАЛИТЕТОТ „СКОПЈАНКА“ УЕ А


Деталниот урбанистички план за локалитетот „Скопјанка“ урбана единица А, кој неколку седници по ред беше одложуван, денеска, 11.3.2009 година (среда), на 94-та седница на Советот на Општина Аеродром, е донесен со мнозинство гласови.

Присутните претставници на граѓаните видно задоволни ја напуштија седницата и упатија искрена благодарност до општинската администрација и до членовите на Советот на Општина Аеродром.

Донесувањето на овој ДУП практично значи дека се отвора патот за влез на нови инвестиции во општината, како и за изградба на паркинзи, улици, урбанистичко и хортикултурно уредување на просторот, а што е најбитно за жителите на овој локалитет, сега ќе може да се врши и надградба на постојните објекти.

На седницата, меѓу другото, се изгласа и Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година, а едногласно се донесе одлука и за доделување парична помош на семејството Тодосиевиќ кое минатата недела настрада во пожар.

http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=1237 - ОА - 11.3.2009



Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Mar-2009 at 18:15


Ohno блазесе ни


Posted By: zabegan
Date Posted: 22-Mar-2009 at 20:59
Originally posted by beTon

толку од http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=29831#29831 - неоком и ДУП СкУЕ-А , најверојатно само два максимум три спрата да добиле за надградба!? 

http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=1237 - ДОНЕСЕН ДУП-ОТ ЗА ЛОКАЛИТЕТОТ „СКОПЈАНКА“ УЕ А


Деталниот урбанистички план за локалитетот „Скопјанка“ урбана единица А, кој неколку седници по ред беше одложуван, денеска, 11.3.2009 година (среда), на 94-та седница на Советот на Општина Аеродром, е донесен со мнозинство гласови.

Присутните претставници на граѓаните видно задоволни ја напуштија седницата и упатија искрена благодарност до општинската администрација и до членовите на Советот на Општина Аеродром.

Донесувањето на овој ДУП практично значи дека се отвора патот за влез на нови инвестиции во општината, како и за изградба на паркинзи, улици, урбанистичко и хортикултурно уредување на просторот, а што е најбитно за жителите на овој локалитет, сега ќе може да се врши и надградба на постојните објекти.

На седницата, меѓу другото, се изгласа и Буџетот на Општина Аеродром за 2009 година, а едногласно се донесе одлука и за доделување парична помош на семејството Тодосиевиќ кое минатата недела настрада во пожар.

http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=1237 - ОА - 11.3.2009

како може да се дозволи да се касапи градот на ваков начин
можеби погрешно сум разбрал, дали на сите објекти ќе може да се доградува?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Mar-2009 at 03:11
Од оскудното објаснување на општинскиот сајт ми изгледа дека со најпровиден и најдеструктивен вид на предизборен маркетинг, општинарите ги „послушале“ ирационалните желби на граѓаните и го заглавиле објектот на неоком иако тој од почеток бил планиран повисок. Од друга страна пак доградби надградби и крпеници по старите станбени згради гледам се океј, а и самите граѓани се воодушевени со таквиот концепт. Очигледно тие не им го „земаат сонцето“ ниту ја нарушуваат „циркулацијата на воздухот“... Такви последици изгледа се јавуваат само кога станува збор за нови објекти, коректно испланирани и вклопени.

Не знам од што повеќе ми се гади, дали од мизерниот предизборен потег на општинарите, или од хроничното дебилно однесување на голем дел од нашите сограѓани (кое иако не се свесни им се враќа, ама за жал ги тангира и оние кои не ја делат таа непринципиелност и деструктивност).


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Mar-2009 at 10:46
Еве појасна статија за ДУП Скопјанка од оние што ги коментиравме погоре. Стравувањата можеби ни беа неосновани.... за сега

Деталниот план за „Скопјанка“ ќе оди на Уставен суд

Скопје
Уставниот суд ќе треба да провери дали деталниот урбанистички план за локалитетот „Скопјанка“, урбана единица А, кој го усвои советот на општината Аеродром, е донесен во согласност со Уставот и со законите. Жителите на улицата Бојмија во населбата Острово, кои остро се спротивставуваа на донесувањето на овој план, велат дека ги правеле последните подготовки, односно ја собирале целосната документација за да го обжалат пред судот.

- Ние неколку пати во општината се обидовме да им дадеме забелешка дека планот не е законски, но тие ниту еднаш не сакаа да н? ислушаат. Немаме друг избор, ќе мора да поднесеме претставка до Уставниот суд, па тој да одлучи дали треба или не треба да важи овој план - објаснија граѓаните од улицата Бојмија.

Како еден од аргументите дека планот треба да се поништи жителите го посочуваат фактот што до неговото донесување поминале повеќе од два месеца откако била добиена согласност од Министерството за транспорт и врски. Сепак, општинарите објаснуваат дека тоа важи само за планови чија изработка ја финансира Владата, а не и за тие што се плаќаат од локалните буџети.

На седницата на општинскиот совет во Аеродром, кога беше усвоен деталниот план, жителите на улицата Бојмија беа премногу разочарани поради, како што рекоа, лошите услови за живот што ќе им ги донесе неговото усвојување. Тие велеа дека со него значително ќе им се намали просторот за паркирање, ќе им се блокираат вратите за подземните скривници, како и дека нема да им влегува дневна светлина во домовите поради планираната надградба на зградата на „Неоком“.

- Не знам како советниците не разбираат дека со ова ни нанесуваат штета. Тие се таму за да работат за сите жители на нашата општина, а не само за една група, како што прават сега - додаваат револтираните жители.

Граѓаните што живеат на улицата Владимир Комаров, пак, која исто така се наоѓа во планскиот опфат, беа пресреќни поради одлуката на советот. Тие велеа дека со планот ќе им се дозволи да ги преместат трафостаниците и да ги надградат своите тераси. Според овие жители, нивните проблеми биле многу поголеми од нивните соседи што живеат на улицата Бојмија, затоа што нивните згради се стари, без лифтови и без други поволности, а на овој начин ќе им се овозможи да ги реконструираат.

Деталниот урбанистички план за локалитетот Скопјанка урбана единица А неколку пати беше поставуван, но и отстрануван од дневниот ред на седниците на советот на општината. Во почетокот не беше изгласан поради поделеноста на советниците од двете водечки партии. Членовите од СДСМ беа против планот, а тие од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да се усвои. Една седница беше прекината и затоа што поголеми групи од двете групи засегнати граѓани присуствуваа во салата, па поради довикувања и караници претседателот на советот оцени дека нема услови за работа.


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=353&ArticleID=21371


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Mar-2009 at 13:06
Е убаво, само незнам оваа себичност до кадеќе тера. Уставниот ќе го направиме општински совет! Јас очекувам еве веќе по превземањето од телеком словенија и они како етаблирана корпорација да притиснат да добијат дозвола да ја доградата недоградената дирекција.


Posted By: axel
Date Posted: 15-Oct-2011 at 11:07

Ниту катна гаража, ниту хелиодром во Аеродром


На местото на трошните куќички во близината на Транспортниот центар треба да се изгради катна гаража со хелиодром, но нивната изградба не е ни на повидок

 
 
%20  

Од општина не прецизираат кога ќе се срушат старите куќи за да се реализира проектот за катна гаража

Меѓу многуте нови станбени згради, комерцијални објекти, спортски игралишта и терени на кејот на реката Вардар, од Транспортниот центар кон Аеродром остана една „црна точка“. Тоа се трошните куќички веднаш до Транспортниот центар. Некои од нив се остаток од некогашното Маџир Маало, а со изградбата на железничката станица станале дел од општината Аеродром. Токму таа локација е најпроблематична и го кочи урбанистичкиот план. На нивното место е предвидена изградба на катна гаража на чиј покрив треба да има хелиодром, ама проектот ќе може да се реализира дури откако ќе се обесштетат жителите.
- Не знам зошто им пречиме тука на општинарите. Знаеме дека е предвидена изградба на нови модерни објекти, но ние немаме каде да одиме. Ако државата ни определи друга локација за живот, ние ќе се иселиме - вели Марија Тодоровска, жителка во ова запуштеното маало.

Убавата слика во овој дел од градот дополнително ја градат бездомниците, кои под мостот имаат направено импровизирани домови и во тој дел редовно има купишта отпад расфрлан на сите страни.
Според деталниот план Јане Сандански, врз катната гаража е предвидена изградба на хелиодром, меѓутоа од општината не прецизираат кога ќе се реализира сето тоа.

- На местото на куќите во овој дел од општината е направен ДУП што предвидува разни содржини, така што кога ќе дојде до реализација на содржините во овој дел, куќите ќе бидат срушени - објаснуваат од одделението за односи со јавност при општината Аеродром.

Со реализацијата на плановите, кејот на реката Вардар (потегот на територија на општината Аеродром) би добил сосема поинаков и модернистички стил. Во продолжение на кејот се предвидени многу спортски објекти, паркови и други содржини од рекреативен карактер, како и неколку објекти за хотелско сместување. Дел од нацртаното веќе е реализирано, како на пример фудбалското и тениските игралишта.
За поголемиот дел од планираните објекти не постојат имотноправни проблеми и нивната реализација ќе се одвива тековно. Исклучок е потегот во близината на Транспортниот центар. Нацрт-плановите го направија кејот атрактивна локација, како за аеродромци така и за околината. Во летниот период шеталиштето и велосипедската патека се преполни со рекреативци. Предвидени се и нови сообраќајници, како што е продолжението на улицата Борис Кидрич, која ќе биде паралелна со Транспортниот центар, но и реализацијата на овој проект сé уште е неизвесна.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10151111964&id=14&prilog=0&setIzdanie=22406



Posted By: Џоле
Date Posted: 04-Mar-2016 at 09:03
ЗГРАДИ НАМЕСТО КУЌИ КАЈ ДЕПОТО НА „ПАЈАКОТ“

Згради и трговски центар ќе се градат на местото на куќите кај Железничка станица во близина на депото на „Градски пајак“ и „ПОЦ“. Така предвидува урбанистичкиот план, кој вчера требаше да се разгледува на седница на Советот на Општина Центар. Советниците од Аеродром веќе дадоа согласност за планираната урбанизација, а за ДУП-от треба да гласаат двете општини, бидејќи по поделбата на квартовите и новиот ГУП, предметниот реон ги зафаќа и двете општини.

Од Центар вчера појаснија дека станува збор за појас кој, генерално, го зафаќа просторот по должина на Железничката станица од депото на „пајакот“ кон „Трета македонска бригада“.

„Предвидената урбанизација, всушност, е усогласување со новиот ГУП. Се потврдуваат Автобуската станица, бензинската пумпа и депото. ДУП-от предвидува колективно домување на местото на куќите, а има и маркичка за трговски центар, односно деловни објекти“, појаснија вчера од Центар.

Планот предвидува изградба на вкупно пет згради во тој реон, со максимална катност од пет, односно шест ката.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=1EF059DC5954804F909C06142D987173 - http://www.utrinski.mk/?ItemID=1EF059DC5954804F909C06142D987173

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Mar-2016 at 17:48
затоа што малку се зградите во маџир маало што се градат
дај бе изградете нешто што не е факинг станбен објект

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Mar-2016 at 18:57
Na koja ulica e planirano ova spaga vo micurin ili ne!


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Mar-2016 at 19:25
Originally posted by stef4o

Na koja ulica e planirano ova spaga vo micurin ili ne!
се мисли на куќите на Никола Карев и дивиот простор од другата страна на пругата

е сега, дали е мичурин или пролет, не знам

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Mar-2016 at 19:45
Cim e i od drugata strana na prugata znaci del od proektov e i vo Micurin. Samo ne svakam kaj ke praat trgovski kao sto e spomnato po nekoi portali. Ne gledam nikakva potreba od nego. A inaku koga ke se pocne so realizacija na ova.


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Mar-2019 at 17:17
Ново градско лице кај новата железничка станица



Завршија јавната презентација и анкетата за деталниот урбанистички план градска четврт И09 – нова железничка станица во делот за општината Центар. Бидејќи планот опфаќа и дел за Аеродром и за него допрва ќе следуваат јавна презентација и анкета. Центарци веќе ги дадоа своите забелешки, барем оние што го видоа планот и сега им останува на надлежните да ги сумираат, анализираат и евентуално да ги вградат во предвидениот план. Планот опфаќа површина од 8,51 хектари во градската четврт нова железничка станица. Се предвидува изградба на нови станбени и деловни објекти, зелени површини и единици за здравствена и социјална заштита. Притоа, во делот на општината Центар планот предвидува инфраструктура и станбени згради, а во делот на општината Аеродром големи трговски единици и единици за здравствена и социјална заштита, а истиот тој предвидува и паркови и зеленило на територијата на двете општини.

Конечниот предлог-план по деталниот урбанистички план градска четврт И09 за новоформираната градска четврт беше на јавна презентација во просториите на општината Центар. Граѓаните можеа да видат и кои се границите на опфатот. Северната граница се движи по оската на булеварот Кузман Јосифовски-Питу, на југоисток границата оди по должината на улицата Борис Кидрич. Југозападната границата се движи по оската на Третата македонска бригада и на северозапад по крајната линија на улицата Никола Карев, која оди во иста линија со Железничката станица и Маџир Маало.

– Со планот се предвидени нова инфраструктура и нови станбени објекти за колективно домување, односно згради. Предвиденото зеленило во рамките на ДУП-от е во обем што би бил можен со постојната состојба, односно таканареченото парковско и заштитно зеленило. На ова место е предвидена изградба на шест објекти со катност П+7, со исклучок на постојниот објект, кој е со катност П+4. Станува збор за објекти за колективно живеење со приземје и плус седум ката во висина, иако според генералниот урбанистички план општината можеше да дозволи П+12, приземје плус дванаесет ката, но одлучивме дека се доволно седум ката. Постојната зграда на тој дел е П+4, приземје плус четири ката, објект на кој му дадовме да се направи доградба. Објектите се блоковски решени – објаснуваат од општината Центар.
Оттаму додаваат дека јавната анкета на планот И09 за општината Центар заврши заклучно со 27.2.2019 година. По сумирањето на сите забелешки што ги доставиле граѓаните, истите тие ќе се анализираат, сумираат и евентуално – ќе се вметнат во идниот план.

Од општината Аеродром сѐ уште не ја завршиле јавната анкета за својот дел и тоа допрва ќе го направат. Неофицијално дознаваме дека повеќето од забелешките на овој план се однесуваат на делот за Аеродром, бидејќи таму се предвидени комерцијални објекти, куќи, згради и хостели. Какви ќе бидат забелешките на аеродромци ќе се знае откако делот за Аеродром ќе ја помине јавната презентација.

– Овој план е заеднички со општината Центар. Делот од Центар беше ставен на јавен увид, а делот што се однесува на Аеродром ќе биде ставен на јавен увид набрзо кога на увид ќе бидат презентирани сите детали од страна на стручното лице – планерот, за што јавноста ќе биде навремено информирана – ни одговорија од општината Аеродром.

Досега само за мал дел од опфатот на овој план постоела планска документација, бидејќи со генералниот урбанистички план на градот Скопје од 2002 година овој опфат бил третиран како зона со намена на површини за сообраќај и врски. Со генералниот урбанистички план од 2012 година овој опфат ја менува намената и се формира градска четврт И09 – нова железничка станица.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/ново-градско-лице-кај-новата-железнич/


--------------------------------------------------------------------
Не ми е јасно на кој дел планираат да прават згради со катност П+7??


Posted By: Théoden
Date Posted: 03-Mar-2019 at 00:10
Originally posted by stef4o


--------------------------------------------------------------------
Не ми е јасно на кој дел планираат да прават згради со катност П+7??


На место на куќите покрај 3-та македонска бригада. Има еден предлог план на страницата на Општина Аеродром:
http://www.aerodrom.gov.mk/page/urbanistichki - http://www.aerodrom.gov.mk/page/urbanistichki


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Mar-2019 at 19:17
Ќе се гради трговски центар и згради кај депото на „пајакот“

Завршија јавната презентација и анкетата за деталниот урбанистички план градска четврт И09 – нова железничка станица во делот за општината Центар, пишува Нова Македонија.
Бидејќи планот опфаќа и дел за Аеродром и за него допрва ќе следуваат јавна презентација и анкета. Центарци веќе ги дадоа своите забелешки, барем оние што го видоа планот и сега им останува на надлежните да ги сумираат, анализираат и евентуално да ги вградат во предвидениот план. Планот опфаќа површина од 8,51 хектари во градската четврт нова железничка станица. Се предвидува изградба на нови станбени и деловни објекти, зелени површини и единици за здравствена и социјална заштита. Притоа, во делот на општината Центар планот предвидува инфраструктура и станбени згради, а во делот на општината Аеродром големи трговски единици и единици за здравствена и социјална заштита, а истиот тој предвидува и паркови и зеленило на територијата на двете општини.

Конечниот предлог-план по деталниот урбанистички план градска четврт И09 за новоформираната градска четврт беше на јавна презентација во просториите на општината Центар. Граѓаните можеа да видат и кои се границите на опфатот. Северната граница се движи по оската на булеварот Кузман Јосифовски-Питу, на југоисток границата оди по должината на улицата Борис Кидрич. Југозападната границата се движи по оската на Третата македонска бригада и на северозапад по крајната линија на улицата Никола Карев, која оди во иста линија со Железничката станица и Маџир Маало.

– Со планот се предвидени нова инфраструктура и нови станбени објекти за колективно домување, односно згради. Предвиденото зеленило во рамките на ДУП-от е во обем што би бил можен со постојната состојба, односно таканареченото парковско и заштитно зеленило. На ова место е предвидена изградба на шест објекти со катност П+7, со исклучок на постојниот објект, кој е со катност П+4. Станува збор за објекти за колективно живеење со приземје и плус седум ката во висина, иако според генералниот урбанистички план општината можеше да дозволи П+12, приземје плус дванаесет ката, но одлучивме дека се доволно седум ката. Постојната зграда на тој дел е П+4, приземје плус четири ката, објект на кој му дадовме да се направи доградба. Објектите се блоковски решени – објаснуваат од општината Центар.

Оттаму додаваат дека јавната анкета на планот И09 за општината Центар заврши заклучно со 27.2.2019 година. По сумирањето на сите забелешки што ги доставиле граѓаните, истите тие ќе се анализираат, сумираат и евентуално – ќе се вметнат во идниот план.

Од општината Аеродром сѐ уште не ја завршиле јавната анкета за својот дел и тоа допрва ќе го направат. Неофицијално дознаваме дека повеќето од забелешките на овој план се однесуваат на делот за Аеродром, бидејќи таму се предвидени комерцијални објекти, куќи, згради и хостели. Какви ќе бидат забелешките на аеродромци ќе се знае откако делот за Аеродром ќе ја помине јавната презентација.

– Овој план е заеднички со општината Центар. Делот од Центар беше ставен на јавен увид, а делот што се однесува на Аеродром ќе биде ставен на јавен увид набрзо кога на увид ќе бидат презентирани сите детали од страна на стручното лице – планерот, за што јавноста ќе биде навремено информирана – ни одговорија од општината Аеродром.

Досега само за мал дел од опфатот на овој план постоела планска документација, бидејќи со генералниот урбанистички план на градот Скопје од 2002 година овој опфат бил третиран како зона со намена на површини за сообраќај и врски. Со генералниот урбанистички план од 2012 година овој опфат ја менува намената и се формира градска четврт И09 – нова железничка станица.

https://skopjeinfo.mk/kje-se-gradi-trgovski-centar-i-zgradi-kaj-depoto-na-pajakot-0?fbclid=IwAR3keb3jAqWRLkYEtZHLVLhwvTYAe5sOXsJxmmb_Z2BwxBfNhXokYG5pw7M
-----------------------------------------------------------------

На градот не му треба ништо друго освен згради и трговски центри.
Конкретно Аеродром ајде да го земеме Мичурин пред се има потреба од градинка,од нови паркинзи,реконструкција на инфраструктура и ред други работи.
Аеродорм нема средно ама затоа бројот на згради од ден на ден расте.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 07-Mar-2019 at 20:49
Сѐ повеќе од две згради П+4 во Центар и градинка и парк во Аеродром е дополнително угушување на централниот дел од градот. Само згради, згради, згради. Едвај чекам да пукне и балонот и градот.

Како би изгледал планот во корист на Скопје и жителите


Како ќе изгледа планот (веројатно сѐ е двојно поголемо) во корист на малата група профитери за кои Скопје е перална за пари, а не град


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: kiriOK
Date Posted: 03-Apr-2019 at 18:59
Кога ќе прочитам ''зелени површини'' ми се иде у ВЦ, бетер него кога ќе видам рендери со саксии на секоја тераса и дрва на кров.
Дај бе признајте дека Мичурин го чека судбина на Дебар Маало и готово.

Ново градско лице кај новата железничка станица



Завршија јавната презентација и анкетата за деталниот урбанистички план градска четврт И09 – нова железничка станица во делот за општината Центар. Бидејќи планот опфаќа и дел за Аеродром и за него допрва ќе следуваат јавна презентација и анкета. Центарци веќе ги дадоа своите забелешки, барем оние што го видоа планот и сега им останува на надлежните да ги сумираат, анализираат и евентуално да ги вградат во предвидениот план. Планот опфаќа површина од 8,51 хектари во градската четврт нова железничка станица. Се предвидува изградба на нови станбени и деловни објекти, зелени површини и единици за здравствена и социјална заштита. Притоа, во делот на општината Центар планот предвидува инфраструктура и станбени згради, а во делот на општината Аеродром големи трговски единици и единици за здравствена и социјална заштита, а истиот тој предвидува и паркови и зеленило на територијата на двете општини.

Конечниот предлог-план по деталниот урбанистички план градска четврт И09 за новоформираната градска четврт беше на јавна презентација во просториите на општината Центар. Граѓаните можеа да видат и кои се границите на опфатот. Северната граница се движи по оската на булеварот Кузман Јосифовски-Питу, на југоисток границата оди по должината на улицата Борис Кидрич. Југозападната границата се движи по оската на Третата македонска бригада и на северозапад по крајната линија на улицата Никола Карев, која оди во иста линија со Железничката станица и Маџир Маало.

– Со планот се предвидени нова инфраструктура и нови станбени објекти за колективно домување, односно згради. Предвиденото зеленило во рамките на ДУП-от е во обем што би бил можен со постојната состојба, односно таканареченото парковско и заштитно зеленило. На ова место е предвидена изградба на шест објекти со катност П+7, со исклучок на постојниот објект, кој е со катност П+4. Станува збор за објекти за колективно живеење со приземје и плус седум ката во висина, иако според генералниот урбанистички план општината можеше да дозволи П+12, приземје плус дванаесет ката, но одлучивме дека се доволно седум ката. Постојната зграда на тој дел е П+4, приземје плус четири ката, објект на кој му дадовме да се направи доградба. Објектите се блоковски решени – објаснуваат од општината Центар.
Оттаму додаваат дека јавната анкета на планот И09 за општината Центар заврши заклучно со 27.2.2019 година. По сумирањето на сите забелешки што ги доставиле граѓаните, истите тие ќе се анализираат, сумираат и евентуално – ќе се вметнат во идниот план.

Од општината Аеродром сѐ уште не ја завршиле јавната анкета за својот дел и тоа допрва ќе го направат. Неофицијално дознаваме дека повеќето од забелешките на овој план се однесуваат на делот за Аеродром, бидејќи таму се предвидени комерцијални објекти, куќи, згради и хостели. Какви ќе бидат забелешките на аеродромци ќе се знае откако делот за Аеродром ќе ја помине јавната презентација.

– Овој план е заеднички со општината Центар. Делот од Центар беше ставен на јавен увид, а делот што се однесува на Аеродром ќе биде ставен на јавен увид набрзо кога на увид ќе бидат презентирани сите детали од страна на стручното лице – планерот, за што јавноста ќе биде навремено информирана – ни одговорија од општината Аеродром.

Досега само за мал дел од опфатот на овој план постоела планска документација, бидејќи со генералниот урбанистички план на градот Скопје од 2002 година овој опфат бил третиран како зона со намена на површини за сообраќај и врски. Со генералниот урбанистички план од 2012 година овој опфат ја менува намената и се формира градска четврт И09 – нова железничка станица.


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Apr-2019 at 20:58
Na Micurin mu se nameracija vo posledno vreme,preku nok niknuvaat novi gradilista a infrastrukturata e ocajna,ulickite stanuvaat se potesni od parkirani koli(osobeno Simeon Kavrakirov koja mislam deka najpametno e da se napravi ednosmerna) a spored toa sto imaat vo plan da go gradat pretezno se stanbeni zgradi i trgovski centar(ne sfakam zosto zapnaa sekoe maalo da ima trgovski no pretpostavuvam se misli nesto vo stilot na Lisa Centar vo Lisice). Sepak parkingot e najgolem problem,starite zgradi nemaat predviden parking a kaj novive stoi poluprazen,isto taka i gradinka ne bi bila na odmet. Na Debar Maalo potsetuva samo poradi soobrakjaniot haos i zgradickite so gi pravat na S.Kavrakirov a nekolku ulicki vo vnatresnosta se gradat prilicno masivni zgradi so nad 100 stanovi.


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Apr-2019 at 15:53
Со жолто се означени сите потенцијални места за згради а со црно местата каде веќе се одвиваат градежни активности.



Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Apr-2019 at 15:56
Рендери од она кое веќе се гради









Posted By: skopskodete
Date Posted: 06-Apr-2019 at 21:22
Originally posted by stef4o

Со жолто се означени сите потенцијални места за згради а со црно местата каде веќе се одвиваат градежни активности.


Имаш некои грешки во однос кај би се градело.
Провери во ДУП-от.


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Apr-2019 at 21:52

Da vo pravo si imam ispusteno nekolku lokacii a na nekoi mozebi i voopsto nema predvideno markica za gradba.Ke vidam sto e planirano spored DUP i ke napravam nova posredena ovaa ja napraviv nabrzinka od oko. Na onoj del okolu depoto na pajak sluzbata i ulici i patista imaa najava za trgovski i nekoi drugi sodrzini ama neznam dali gi usvoija promenite.


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Apr-2019 at 16:21
Еве извадок од ДУП-от за поголем дел од населбава



Posted By: hcitrS
Date Posted: 29-May-2019 at 18:04
Нема појезива населба на Балканот, порадо во Идризово в ќелија отколку во ова гето би живеел.


Posted By: kiriOK
Date Posted: 30-May-2019 at 07:31
И јас мислам дека оваа населба ќе го извлече најдебелиот крај...
Има уште неколку празнини кои ќе ги пополнат,исто и со деловите каде постојат привремени објекти...куќите комплетно ќе се заменат со згради,постоечките помалку габаритни згради ќе се 'украсат' со надрадби и доградби или и тие ќе се заменат со блокови...
Целата населба има улична мрежа достојна за време турско и еден парк/игралиште со 15 дрва.





Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Aug-2019 at 11:07
Ако се реализира сегашниот ДУП тогаш навистина населбава ќе стане вистински хаос.Еве што каде е предвидено

1.Наместо паркингов предвидена е 4-катница што значи 30-тина коли на улица





2.Отспротива кај Жито Маркет и соседните бараки две петкатници







3.Ресторанот Рулет и соседните перални треба да станат деловен објект со висина 7м



4.Плус во внатрешноста веќе се градат големи згради со по 100-тина станови а уличките уште сега се претесни и преполни со коли а голем дел од нив завршуваат слепо бидејќи ул.Борис Кидрич треба според ГУП да стане булевар и тоа за Мичурин би било добро бидејќи со тоа ул.Петар Ацев и Анастас Митрев ќе станат попроточни но прашање е дали тоа некогаш ќе се реализира.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 06-Aug-2019 at 13:02
Дефинитивно треба Симеон Кавракиров да стане еднонасочна со една лента за паркирање, а во однос на паркирањето има пред Стокомак еден голем простор којшто е совршен за катна гаража. Плус, со ул. Борис Кидрич не би имало некој голем сообраќаен хаос.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 06-Aug-2019 at 13:13
https://imgur.com/a/6JptCMr - Фото
Друго нешто за кое што сум размислувал е овој простор да биде еден парк така што под паркот би имало две нивоа за паркирање под земја така што сите оние кои би ги користеле услугите на приземје во околните згради или одат на гости би се паркирале тука, а во исто време огромна површина во Мичурин би станала парк.
За надоместокот за земјиштето сигурен сум дека општината не би имала проблем со оглед на тоа што милиони и милиони евра добива од големиот број новоизградени згради, тие што се градат и допрва тие што ќе се градат, па сигурно ќе се договори со тој кој е газда на земјиштето.


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Aug-2019 at 13:16

Da definitivno treba da stane ednonasocna a prostorot kaj Stokomak spored planot e parking za 105 vozila samo treba da go napravat ili katna ili montazen parking ovaka e premnogu haoticno ulicata e pretesna a na istata treba da niknat uste najmalku dve tri zgradi.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 06-Aug-2019 at 13:17
Originally posted by stef4o


Da definitivno treba da stane ednonasocna a prostorot kaj Stokomak spored planot e parking za 105 vozila samo treba da go napravat ili katna ili montazen parking ovaka e premnogu haoticno ulicata e pretesna a na istata treba da niknat uste najmalku dve tri zgradi.

За се' секогаш има решение само треба да се оди малце понапред од шаблонските размислувања кои со децении ги има за Скопје.


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Aug-2019 at 13:20
Parcelata koja ja posocuvas za park so vakov stepen na razmisluvanje poprvo ke stane nekoja dolgnavesta petkatnica sekoj cekor go koristat za stanben objekt bez resen parking so novive gradbi se gubi se poveke zelenilo.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 06-Aug-2019 at 13:24
Originally posted by stef4o

Parcelata koja ja posocuvas za park so vakov stepen na razmisluvanje poprvo ke stane nekoja dolgnavesta petkatnica sekoj cekor go koristat za stanben objekt bez resen parking so novive gradbi se gubi se poveke zelenilo.

Па мислам дека со оваа парцела можат да докажат од општината дека навистина размислуваат за граѓаните ако ја направат парк+паркинг. Тоа би се видело кога би се изработувал следниот ДУП.


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Oct-2019 at 07:12
Мичурин снемува животен простор, добива ли градот ново Дебар Маало?



Некогаш беше идилична населба

Градоначалникот Марин мора да поведе грижа во што ќе се претвори Мичурин ако продолжи градењето на нови згради. Тој кога доаѓаше на власт рече дека ќе се бори против градежната експанзија и дека ќе го чува животниот простор на Аеродром, ни вели мичуринката Гордана.

На улица „Венјамин Манчуковски“ во скопската населба Мичурин тешко да може да се разминат две возила. Едното, мора да застане, за другото да помине. А место за паркинг и скоро да нема. Сообраќајницата која води од школото „Блаже Конески“ па до Нова железничка станица секојдневно е пренатрупана со автомобили. Е, сега на улицата се гради уште нова седумкатница со десетици станови. Каква гужва ќе биде тогаш, зарем треба да се запрашаме? Исто е и на другите неколку улици кои поминуваат низ Мичурин, во општина Аеродром. Така е во последните петнаесетина години кога многу стари згради се дозволи да се надградат, а и нови стамбени објекти никнаа како печурки.

-Овде е веќе неподносливо да се живее. Нема простор. А уште се гради. Еве оваа нова зграда сега ќе заземе голем простор, а кај ќе се паркираат нивните станари никој не знае. Не требаше да се дозволи толку голема зграда. Тука имаше стара зграда и добро е што тие луѓе ќе добијат нови станови ,но мораше ли зградата да биде толку голема? Но така е кога профитот решава за се, ни рече Панче Настоски, жител на оваа населба во општина Аеродром.

Но, не е само новата седумкатница објект што ќе го задуши просторот во ова населба која што го градот е позната по традицијата на прославата на Василица кога во локалното паркче се собираат многу скопјани. Новата повеќекатница се гради и на улицата „Атанас Митрев“, се гради на делот до булеварот „Трета македонска бригада“, се гради на улицата „Петар Ацев“…

-Зградите се толку блиску една до друга што комшиите ќе можат да зборуваат од тераса. Се ми се чини дека ќе ни се повтори она што се случи со Дебар Маало. Ќе ни стане претесно и ќе ни се наруши убавината на живеењето која досега ја имавме, ни рече Милица Костовска.

А низ населбата има повеќе стари двокатни згради чии станари чекаат инвеститори или дозволи за градење на згради.

-Градоначалникот Марин мора да поведе грижа во што ќе се претвори Мичурин ако продолжи градењето на нови згради. Тој кога доаѓаше на власт рече дека ќе се бори против градежната експанзија и дека ќе го чува животниот простор на Аеродром. Нека сега не дава дозволи за правење на асфалтна џунгла, ни вели мичуринката Гордана.

Инаку, жителите на Мичурин чекаат и на обнова на водоводот, нови сообраќајни решенија, подземни контејнери, заграден простор за домашни миленици, хортикултурно уредување на просорите кај новите згради…

Решение за паркирање нема
Решавањето на проблемите со паркирањето во населбата но и во цел Аеродром е застанато, иако, беше една од клучните заложби во изборната програма на градоначалникоит Златко Марин. Тој ветуваше формиање на општинско претпријатие за паркинг услуги, изградба на монтажни паркинзи на едно или две нивоа…., но тоа се уште не се остварува.

А имаше најави дека ќе стане елитна населба
Стеснувањето на населбата почна кога општинарите дозволија да се уриваат старите згради и на нивно место да се градат нови, поголеми. Дотогаш, на сила беше планот кој дозволуваше само надоградување на старите згради. Кога се менуваше ДУП-от имаше најави дека Мичурин ќе стане елитна населба но тоа, очигледно, не се случува туку се трупаат згради една до друга.

https://skopskoeho.mk/michurin-snemuva-zhivoten-prostor-dobiva-li-gradot-novo-debar-maalo/?fbclid=IwAR2puJdt2yZ1U2hhVAqnP52B-gVnArQRu03hByaTZXrV2Qj5dsb2oOvmhEU


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Jul-2020 at 16:21
Се надевам дека овие промени нема да бидат во насока на нови маркици за згради таму кај што не им е место или пак зголемување на катноста...пожелно би било да се во насока на пренамена на парцели во паркинг простор или нешто слично но сепак мислам ќе испадне првата опција а тоа се нови згради.



Според мене некои работи кои би можело да се предмет на измените но ќе видиме во која насока

1.На овој паркинг каде сега паркираат околу 50-тина возила е вцртана маркица за 4 катна зграда што би било вистински хаос ако се реализира бидејќи тие коли тогаш би останале буквално на и онака оптоварената улича



2.Ова е сега див паркинг позади комплексот Градиа Хоум и моментално има маркица Б5 но сеуште никој ништо не изградил



3.Ширинката до маркетот Стокомак идеално место за паркинг било да е на едно ниво или монтажен



4.Картонажи,магацини и слично...воопшто не доликува за една населба но ме плаши дека ќе се вцрта некое огромно Настел здание а паметно би било подземен паркинг со паркче одозгора но тоа тешко да биде



5.Спорната маркица до црквата но не верувам дека ќе ја чепкаат во овие измени



Сепак ова се само мои претпоставки ќе видиме на што точно се однесуваат измените во планот.



Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Jul-2020 at 07:11
Еве нешто повеќе околу измените,се работи за парцелите 2.3 и 2.4 некаква корекција на гранични линии меѓу парцелите

2.4 е веќе изградена зграда а 2.3 е барака





http://aerodrom.gov.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Feb-2021 at 12:29
Денешни















Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Dec-2021 at 18:34
Originally posted by Џоле

ЗГРАДИ НАМЕСТО КУЌИ КАЈ ДЕПОТО НА „ПАЈАКОТ“

Згради и трговски центар ќе се градат на местото на куќите кај Железничка станица во близина на депото на „Градски пајак“ и „ПОЦ“. Така предвидува урбанистичкиот план, кој вчера требаше да се разгледува на седница на Советот на Општина Центар. Советниците од Аеродром веќе дадоа согласност за планираната урбанизација, а за ДУП-от треба да гласаат двете општини, бидејќи по поделбата на квартовите и новиот ГУП, предметниот реон ги зафаќа и двете општини.

Од Центар вчера појаснија дека станува збор за појас кој, генерално, го зафаќа просторот по должина на Железничката станица од депото на „пајакот“ кон „Трета македонска бригада“.

„Предвидената урбанизација, всушност, е усогласување со новиот ГУП. Се потврдуваат Автобуската станица, бензинската пумпа и депото. ДУП-от предвидува колективно домување на местото на куќите, а има и маркичка за трговски центар, односно деловни објекти“, појаснија вчера од Центар.

Планот предвидува изградба на вкупно пет згради во тој реон, со максимална катност од пет, односно шест ката.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=1EF059DC5954804F909C06142D987173 - http://www.utrinski.mk/?ItemID=1EF059DC5954804F909C06142D987173


Еве каков план имаат донесено О.Центар за овој дел истиот вклучува 6 масивни згради од по 7 ката и 2 згради со намена Б2-големи трговски единици од 5 ката



http://www.centar.gov.mk/?page_id=6460#83-донесени


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Dec-2021 at 14:35
Мислам дека оваа населба е еден од најзабаталените делови од општината каде во последниве 15 години скоро и да нема никаков инфраструктурен план,изградба на паркинг,атмосферска канализација,систем на едносмерни улици,пробивање на ул,Борис Кидрич

Еве што требаше да се направи,со жолто пробивање на ул,Борис Кидрич и едносмерност на ул.Симеон Кавракиров а со црни стрелки посочени позиции за катни гаражи или монтажни паркинзи.



Освен маркици за нови згради ништо друго не се реализира,внатрешниот дел од населбата е се поголем хаос,при помал дожд улиците се под вода,се паркира или во кал и земја или по улици и тротоари.


Posted By: skopskodete
Date Posted: 20-Dec-2021 at 15:59
Да...

А за општина како Општина Аеродром мислам дека не е ништо ова да се среди.


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Dec-2021 at 17:47
Незнам дали само јас имам таков впечаток дека населбава заедно со соседната населба Острово се едни од најзапоставените во рамки на Аеродром а и воопшто.
За цели 15 години само неколку минијатура од проекти се имаат направено без притоа да е решено нешто суштински од значење за жителите.
Можеби било подобро да потпаднат под ингеренции на Центар но ете таква била среќата Транспортен да биде границата.
Во последниве години освен по неколку нови згради и обнова на веќе постоечки паркизи скоро и да нема инвестиции во инфраструктура,паркинзи,хигиена кои се под секое нормално прифатливо ниво.
На толку инкасирани комуналии и даноци мислам дека е срамота да се биде на вакво ниво.


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Dec-2021 at 23:19
Originally posted by stef4o

Незнам дали само јас имам таков впечаток дека населбава заедно со соседната населба Острово се едни од најзапоставените во рамки на Аеродром а и воопшто.
За цели 15 години само неколку минијатура од проекти се имаат направено без притоа да е решено нешто суштински од значење за жителите.
Можеби било подобро да потпаднат под ингеренции на Центар но ете таква била среќата Транспортен да биде границата.
Во последниве години освен по неколку нови згради и обнова на веќе постоечки паркизи скоро и да нема инвестиции во инфраструктура,паркинзи,хигиена кои се под секое нормално прифатливо ниво.
На толку инкасирани комуналии и даноци мислам дека е срамота да се биде на вакво ниво.
мислам дека да потпадне под Центар нема да смени ништо, со оглед на состојбата на Пролет, Ново маало и Маџир маало во истиот склоп

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 27-Dec-2021 at 15:02
Пролет е коректна уште од пред 10-ина години. Проблем таму се старите фасади и рандом доградби на балкони. Со оглед на тоа што има по 24 релативно мали стана во тие згради, ништо чудно да го видиме за 10-15 години Мичурин сценариото и таму - рушење и нови П+8+Пк, за конечно да се упропасти и првата урбана населба во градов.

И за Острово не мислам дека е запоставено, ако негде беше активен Марин, тоа беше таму, реновирање на парк и асфалт на паркинзи. За хигиена да, недоволна, како и поголем дел од Скопје.

Еве за Мичурин што ветил новиов: градинка; надградба на ООУ „Блаже Конески“ со нови 8 училници; монтажна гаража и нови паркинг места за 300 возила; нов кружен тек помеѓу Мичурин и Стар Аеродром; целосна реконструкција на двата крака на улицата Фрањо Клуз низ цела должина во должина од 600 метри; сообраќајно поврзување на бул. Трета македонска бригада со улиците Анастас Митрев, Венјамин Мачуковски и Петар Ацев; сервисна улица на крак од ул. Анастас Митрев.


Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Jan-2022 at 16:35
Во контекст на муабетот од претходно...

-------------------------------------------------------
Аеродромци бараат од Муцунски конечно да се средат Мичурин и Скопјанка



Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, изврши увид во градежните активности зад трговскиот центар „Бисер“ кои веќе подолг период беа закочени. На ова место се поставува плочник, а според преоктот да претходната локална власт треба да никне современ сквер со повеќе содржини

-Како нова локална власт јавно кажуваме дека нема да работиме деструктивно и ќе ги завршиме сите веќе започнати проекти. Но, она што ќе се разликува во наредниот период е тоа што веќе нема вакви проекти, како овој зад Бисер да се работат толку долг временски период и ќе бидат ангажирани повеќе работници, порача Муцунски при увидот.

Тој за оваа календарска година најави и нови капитални проекти кои, како што рече, се од огромно значење за сите нас.

Дел од жителите на една од најголемите скопски општини, Аеродром, пак, се пожалија дека недоволно се посветува време на Мичурин и се реагираше на запуштеноста на Трговскиот Центар Скопјанка.

-Гледам Нов Аеродром го правите мал Париз. Секојдневно се уредува, се' повеќе и повеќе. МИЧУРИН СЕ ЗАГУШУВА ВО КАЛ И НЕЧИСТОТИЈА! Ниту еден ден, никој со мал прст не помрдна нешто, пишува еден револтиран граѓанин.

-Мичурин до автобуската станица кога ќе се среди, се е земја и кал, а нови згради. Фали и зеленило и паркинг соодветен.

-ТЦ.Скопјанка е запустен мириса на урина, приземјето е хорор, никој ли не го одржува? Нека се освежи фасадата и ѕидовите..Колку убаво име има, не иде да биде грда Скопјанка, вели друг жител.

-Од најурбана населба Аеродром на што почна да личи? Нека се шири Градот, не да се пренатрупува. Треба културни содржини да се развиваат. Децата нема каде да излезат, па нема ни пристојни шеталишта, освен крајбрегот на Вардар и по тротоарите од Булеварите! Размислете....ТЦ.Скопјанка е крајно запустена...20 години ништо не се вложува, ниту се чисти и реновира, гласи ставот на друг граѓанин.

https://skopjeinfo.mk/aerodromci-baraat-od-mucunski-konechno-da-se-sredat-michurin-i-skopjanka - https://skopjeinfo.mk/aerodromci-baraat-od-mucunski-konechno-da-se-sredat-michurin-i-skopjanka


Posted By: skopskodete
Date Posted: 11-Jul-2022 at 23:35
Бидејќи нема тема за населба Острово ќе пишам во темата за соседната населба.


Видов дека амбулантата во Острово е половина срушена. Што е планот уствари со рушењево?


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jul-2022 at 17:23
Originally posted by skopskodete

Бидејќи нема тема за населба Острово ќе пишам во темата за соседната населба.


Видов дека амбулантата во Острово е половина срушена. Што е планот уствари со рушењево?


Не знам зошто е срушена,патем ги споив двете населби во една нишка.

И Острово со години е запуштено,нема скоро никакви активности освен обновата на паркот Бојмија.

Требаше да се гради сервисна улица за да ги опслужи потребите на новите станари до зградите што почнаа да се прават зад Кипер(бивши Тинекс).Поточно досега е изградена една во план се уште две.Но се откажаа по реакции за сечата на дрва и уништување на паркот.



бидејќи преку К.Ј.Питу не можат да влезат мора да се спуштат до долу кај Три Бисери па преку паркингот да дојдат до зграда



овој дел прашање дали воопшто ќе се среди,многу лошо делува



Околу ПИОМ и околните објекти е невиден хаос за паркинг бидејќи и станарите од кулите немаат доволно паркинг простор.

За Скопјанка не вреди ни да се зборува,една голема депонија и затворени дуќани.

На местото на жолтата стрелка планираат градинка,а другите две локации се прилично неуредени паркови кои би можело да се средат со ново зеленило,а не бекатонски скверови.





-------------
Carpe diem


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Jul-2022 at 20:09

цел потег на Аерродром од железничка до Тобако 2 и од 3та Македонска до Вардар е див запад во поглед на градежни линии, паркинг, пешачки зони и зеленило... не се знае кој пие кој плаќа

за таа новата зграда не треба да им пробијат улица низ зеленилото, туку да ја испорушат тоа дивата населба и гаражите и да ја спојат уличката што веќе се има оформено колку толку со уличката кај пензиско, или ако ништо друго за 10 метра да ја поврзат со паркинзите од зградите... не е квантна физика, кога веќе има зграда таму барем да направат нешто ко што треба

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: skopskodete
Date Posted: 13-Jul-2022 at 00:52
Паркингот треба да се реши. Не е некоја филозофија, според мене, за Мичурин треба да се направат една катна гаража (кај „Стокомак“) и една подземна гаража со парк (кај „Кипер“), може и со мала деловна зграда, реално има голем простор таму, а во Острово една подземна катна гаража спроти ОУ „Браќа Миладиновци“ со парк одозгора, а реално простор за градинка постои покрај Вардар, кај поранешното игралиште за пејнтбол.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 13-Jul-2022 at 09:41
http://www.aerodrom.gov.mk/Upload/Editor_Upload/Urbanizam/PLANIRANA%20I10%20PREDLOG%203-4_%20SINTEZEN.pdf - ДУП Острово

Слаб ДУП дефинитивно, но има некои добри работи:
- улицата С2 треба да се пробие по цела должина се до ПИОМ
- нема згради покрај Вардар на потегот северозападно од ПИОМ
- со рушење на бараките се добива можност конечно за пешачка патека на кејот

Паркинзите мора полека да одат под земја. Има и случаи како зградата кај што е Гет каде подземните гаражи од х причини не се доправени и тој простор не служи за ништо, што е недозволиво.

Улиците како Бојмија каде се паркира на тротоар мора да се реорганизираат по Орце Николов принцип, пешаци, колички и велосипеди се мислена именка таму. За жал, општината континуирано со паркчиња се занимава.


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Jul-2022 at 12:44
Во Острово па и во Мичурин има доста вакви блокови со гаражи кои би било добро да се срушат и да се претворат во подземни или монтажни паркинзи









-------------
Carpe diem


Posted By: skopskodete
Date Posted: 14-Jul-2022 at 17:02
Исто така, во „Скопјанка“ иако има многу празни дуќани, сепак, има и голем број фирми и слично, на кои им се потребни паркинг-места. Најеклатантен пример е државната институција под Ракометната федерација, која за потреби на нејзини возила (3-4 автомобили) блокира пешачки влез од северната страна на самиот трговски...

И не е решение да се стават столпчиња, и ајде после истите автомобили на некој тротоар. Решение е да се најде соодветна локација за НОВ паркинг, дали подземна гаража, дали монтажна гаража. Доста беше со решенија за „шминка“ од типот на зонско паркирање.




Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Sep-2022 at 12:43
Не знам дали некогаш овие куќарки во Острово до Synergy ќе ги срушат за изградба на згради,просторот е многу запуштен,со депонии,миризба на запален отпад особено зимските месеци.Имам впечаток дека ова е една од најзапуштените населби во рамки на Аеродром,нечисти паркинзи,тротоари полни со кал,земја...
Според планот предвидено е П+3
















-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Jun-2023 at 17:46
Најзапуштениот дел од Мичурин,трасата за ул.Борис Кидрич која со години се ветува но абер нема.Барем некој крупен песок да фрлат по овој див паркинг кој како привремено решение постои со децении.
Генерално овие 2 населби од нишкава се многу запоставени и освен косење трева буквално нема ни денар вложено во паркинзи и друга инфраструктура.



https://mzaednica.mk

-------------
Carpe diem


Posted By: skopskodete
Date Posted: 04-Jun-2023 at 19:10
Богами ни косење трева нема во последно време во Острово и Мичурин...


Posted By: skopskodete
Date Posted: 19-Aug-2023 at 09:43
Originally posted by stef4o

Originally posted by skopskodete

Сегде се изградија згради во Аеродром, само таму кадешто би било најлогично, не -- делот кај Гет кафе кон Железничка, кој дефинитивно треба да се урбанизира.


Се согласувам,Острово е за никаде останаа многу стари објекти,инфраструктурата е ужас ни Мичурин не е нешто подобро само се прават повеќе згради бидејќи се рушат куќа по куќа полесно ги договараат со инвеститорите.

Инаку за Острово веројатно мислиш на овој потег,тука е планирана голема 8 или 9 катна зграда во 2-3 ламели но очигледно проблем е тоа што има голем број сопственици на имоти и тешко оди договарање со потенцијални инвеститори(ако воопшто има) слично како што е и во Ново Маало и Маџир Маало(патем ова е отсечен дел од него).Да одеа на варијанта со 10-тина маркички П+5+Пк сигурно досега ќе имаше зградички.



исто така и во овој дел од Вучко кон Синерџи се направи една зграда сега МГИ градат уште една но има на неколку места стари куќарки каде претежно живеат Роми а според планот мислам дека има предвидено уште 2 или 3 згради
Тука има потреба и од сервисна улица за новите згради но ништо не се направи.


Да, на тој потег мислам. Искрено, добро што е и една зграда, барем некаде да биде добро испланирано, а не 10 зградички...

А исто и за таа сервисна улица, никако да ја направат. Општината како да го има заборавено Острово.


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Aug-2023 at 13:36
Мичурин и Острово со години се заборавени,освен делумно косење трева и 2-3 сервисни улички во Мичурин што се направија друго ништо.
Хигиена,тротоари под секое ниво.
Паркинг е мисловна именка

Низ Мичурин,просторот околу новата црква е тотално неуреден,напуштената куќа се повеќе се полни со отпад



позади оградата на црквата има треви над 2м од лани неисчистено



кај Блок Кафе навидум го средија просторот и направија сквер но деновиве скршени се столбчиња и пак се паркира



Острово е хаотично за паркинг делот позади Скопјанка и кај Вучко
И зонско не е решение бидејќи едноставно фали простор за паркирање и секако многуте фирми и кафичи дополнително ја влошуваат состојбата.



-------------
Carpe diem


Posted By: skopskodete
Date Posted: 19-Aug-2023 at 13:56
За жал, тоа е реалноста во населбиве.

Во однос на тој делот кај Блок кафе кој го уредија, и претходно имам напишано, мислам во друга тема. Тој дел е одлично место да се искористи за еден монтажен паркинг за 30-40 возила. Кога веќе таму се паркираат автомобили, очигледно е потребно да се зголеми бројот на паркинг-места, ама нормално многу полесно е да се стават две-три клупи и да се насади некое дрвце (кое нема ни да биде одржувано) и да се направи политичко себерекламирање.



Print Page | Close Window