Print Page | Close Window

Основно училиште „Нова“

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Образовни
Forum Discription: Училишта, универзитети, институти, библиотеки...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=431
Printed Date: 28-Mar-2024 at 15:38


Topic: Основно училиште „Нова“
Posted By: STEVEY
Subject: Основно училиште „Нова“
Date Posted: 30-May-2008 at 14:04
Сметам дека објектот на Училиштата НОВА треба да си земе свое место на форумот! Изведен е во 2000 и тогаш беше хит еден школски кампус да изгледа модерно и стилски. особено внимание треба да се обрне на предвидениот анекс до самото школо, кој што требаше да се гради минатата година, но нормално сето тоа е одлозено за оваа. Сето тоа на крај ке претставува своевиден комплекс на НОВА. Рендери нема!



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 30-May-2008 at 14:18
Originally posted by STEVEY

Сметам дека објектот на Училиштата НОВА треба да си земе свое место на форумот! Изведен е во 2000 и тогаш беше хит еден школски кампус да изгледа модерно и стилски. особено внимание треба да се обрне на предвидениот анекс до самото школо, кој што требаше да се гради минатата година, но нормално сето тоа е одлозено за оваа. Сето тоа на крај ке претставува своевиден комплекс на НОВА. Рендери нема!


Рендерите за анексот требаше да ги добијам ама некако се изначекав. Незнам зошто ги немаше во каталогот на БИМАС.

Инаку се сложувам објектот е одличен. Единствено не ми се допаѓа сосем локацијата, некако не доаѓа до израз.

Со тек на време се надевам дека ќе присобереме материјали и ретроактивно за сите интересни објекти во Скопје и МК.




Posted By: STEVEY
Date Posted: 30-May-2008 at 16:14
.


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2008 at 00:17
Под итно треба да го набавиме овој рендер, имам слушнато дека проектот бил супер и веројатно ќе заслужи да добие своја нишка.

Камен-темелник на основно училиште „Нова“

До постојниот објект на меѓународната гимназија „Нова“ во населбата Тафталиџе, денеска ќе биде поставен камен-темелник на новиот објект на истоименото приватно основно училиште. Новата приватна осмолетка „Нова“ ќе има капацитет за 440 ученици, а ќе располага и со спортско-рекреативен и културен центар. Комплексот ќе се протега на околу 10.000 квадратни метри, а објектите ќе се градат од еколошки материјали и ќе користат пасивна енергија. Училиштето ќе биде еден вид практична лабораторија за наставата на „Нова“ и ќе спаѓа во таканаречени „зелени училишта“.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BF28222A0C9E314FBD655C97371ACDC8


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Oct-2008 at 21:44
Денеска беше поставен камен-темелникот на зградата на основното училиште „Нова“. Овој проект, иако е образовна институција, заслужува своја нишка поради еколошките стандарди по кои се гради и самата големина на објектот.

1.


2.





-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Oct-2008 at 23:28
Originally posted by http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FD189CF327E38E418DD8456257E1A592 - Вечер

]

МЕЃУНАРОДНОТО УЧИЛИШТЕ НОВА ЌЕ ДОБИЕ И ЗГРАДА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ


Образовен кампус по светски стандарди


Во новиот училишен комплекс на НОВА освен културен, ќе има и спортско-рекреативен центар со професионална фискултурна сала, фитнес простории, како и аква центар за пливачки спортови, терени за сквош и карпа за алпинизам


Во продолжение на веќе постоечкиот објект на меѓународната гимназија НОВА, лоцирана во населбата Тафталиџе, вчера беше поставен камен-темелник на зграда за основно образование. Во новото училиште наставата ќе можат да ја следат 440 ученици, а објектот ќе содржи и спортско-рекреативен и културен центар.
-Нашиот нов образовен кампус ќе се протега на околу 10 илјади метри квадратни. Училиштето ќе биде еден вид практична лабораторија за наставата на НОВА и ќе спаѓа во таканаречените "зелени училишта", а ќе се гради од еколошки материјали, при што ќе користи соларна и геотермална енергија и природна светлина. Спортско-рекреативниот центар, пак, ќе вклучува професионална фискултурна сала и фитнес простории, како и аква центар за пливачки спортови, терени за сквош и карпа за алпинизам. Училиштето исто така ќе произведува и сопствена здрава храна по меѓународни стандарди за своите ученици и вработени, вели Венера Новаковска, директор на Меѓународни училишта НОВА.

Инаку, во ова училиште кое има меѓународни акредитации и е поддржано од американската влада, во моментов се школуваат над 400 ученици од преку 43 различни нации и култури.
Според американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, американската влада ќе продолжи и со поддршката на образованието во нашата држава. Притоа напомена дека преку УСАИД со поддршка на локалните општини, ќе се реновираат повеќе од 100 училишта во Македонија.

(Д.Т.)



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Oct-2008 at 01:11
     

     

     

   



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 30-Oct-2008 at 19:35
ce ve molam ako mozete da davate nekoi kordinati ,.. vie od skopje znaete se deka tamu ziveete Big%20smile a sto da napravime nie sto sme od kicevo gevgelia i drugi .........  mislam bez kordinati sme izgubeni Laugh


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Oct-2008 at 22:21
Во право си, повели Smile

41°59'55.97"N  21°23'39.97"E


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Nov-2008 at 19:30
Cheers

1

2

3

4

5

6

7

8




Posted By: shyes
Date Posted: 16-Nov-2008 at 16:22
"Во новиот училишен комплекс на НОВА освен културен, ќе има и спортско-рекреативен центар со професионална фискултурна сала, фитнес простории, како и аква центар за пливачки спортови, терени за сквош и карпа за алпинизам"

интересен дизајн има, не е лошо. Но мене ми изгледа малку мал за да ги собери овие сите спортски простории, но ако оди неколку спратови подземја, но сепак Thumbs%20Up


Posted By: Supervisor
Date Posted: 16-Nov-2008 at 19:58
Што не им стават на кров фудбалско игралиште???

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Nov-2008 at 01:01
ама ќе бега малку топката налево кога напаѓаш и надесно кога се браниш

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Jan-2009 at 14:30
Се копа на големао



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 31-Jan-2009 at 21:24
Почеток на темели



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jan-2009 at 21:27


Нашиот дописник од Тафталиџе Благодарам на сликите Thumbs%20Up


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 02-May-2009 at 17:57
Идат нагоре






-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Jun-2009 at 13:36
1

2

3



Posted By: Dragan
Date Posted: 02-Jun-2009 at 17:23
a kade e lokacijata potocna ako moze nekoj da mi kaze koja nasleba ??


Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-Jun-2009 at 17:29
Пишува погоре дека се гради во истиот комплекс со гимназијата. Јас би сакал да прашам дали онаа оградата што се гледа на последните слики е од гимназијата, бидејќи ако е, тогаш изгледа многу стара, ама покрај тоа и многу запуштена бидејќи се нараснати грмушки и треви, веројатно училиштето не спаднало на тоа ниво? А ако е некоја стара ограда значи имало нешто на оваа локација. Знае некој што имало порано тука?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jun-2009 at 19:08
Originally posted by Dragan

a kade e lokacijata potocna ako moze nekoj da mi kaze koja nasleba ??


Во продолжение на веќе постоечкиот објект на меѓународната гимназија НОВА, лоцирана во населбата Тафталиџе, вчера беше поставен камен-темелник на зграда за основно образование.


Originally posted by Cloverstack

41°59'55.97"N  21°23'39.97"E



Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 18-Jun-2009 at 09:12
Ѕвездените патеки во Тафталиџе




Од септември во скопската населба Тафталиџе, учениците од приватното меѓународно училиште НОВА ќе учат во зграда во која се вградени еколошки материјали, ќе се користи соларна и геотермална енергија, а низ училиштето ќе има мерни станици за следење на природните процеси

Кирил е ученик во седмо одделение. Тој не го поминува денот поинаку од неговите другарчиња. Сe додека не тргне на училиште. На влезот од неговото училиште, во скопската населба Тафталиџе, тој во џебот носи идентификациска картичка. Поминува преку прагот и веќе е внатре. Во меѓународното училиште НОВА. Зад стаклената врата се наоѓа огласната табла, но наместо вообичаената плута, сабајлешните известувања се анимирани на дигиталните дисплеи. Додека Кирил поминува покрај разиграните екрани, системот ја препознава неговата картичка и го активира дисплејот што му посакува добредојде, го потсетува дека доцни, го потсетува на распоредот на часовите за тој ден, дека попладнето школскиот јуниорски фудбалски тим ќе игра пријателски натпревар со Американското училиште од Загреб, и дека на часот по историја ќе има гостин ветеран од Втората светска војна... Од таму со двоен чекор, низ големиот осветлен атриум поминува покрај ботаничката градина која со дрвја и растенија, подарени од амбасадите на родните земји на учениците во НОВА, доминира и го обојува просторот. Жардиниерите на ботаничката градина се проѕирни, така што преку нив можат да се видат корењата на растенијата , се гледа понекоја колонија на мравки, се наѕираат системите за регулирање на дневната светлина и насобраната дождовница за наводнување. Ништо не е скриено од љубопитниот поглед на посетителите. На часот по географија Кирил веќе некое време ги проучува вулканите. Тој ден ќе презентира на смарт борд свои новостекнати другарчиња од Фејсбук од вулканските земји Никарагва и Гватемала. Тој беше задолжен пред неколку недели да почне комуникација со нив со цел да разбере нешто повеќе за начинот на живот близу активни вулкани. Во соседната училница по хемија неколку дена по ред неговите соученици подготвуваат хемиски реакции кои би симулирале вулканска ерупција. Одеднаш ѕидот помеѓу двете училници почнува да се поместува, но никој не е изненаден, зашто во училиштето е секојдневна појава да се спојуваат просториите, а децата да работат и функционираат како дел од поголема лабораторија. Се спојуваат и географијата и хемијата.
Колку и да е ова неверојатно за македонски услови и колку и да наликува на некој научно-фантастичен филм, сето ова ќе биде новата реалност на НОВА. Во НОВА велат дека имплементирањето на оваа визија ќе биде континуиран процес кој ќе треба да заврши до крајот на наредната учебна година. Во меѓународното училиште НОВА сите ја живеат својата визија за модерно и ефикасно образование. На големо се подготвуваат од наредната година да направат вистински бум во македонското образование. Тоа ќе им го овозможи новиот комплекс кој се гради веднаш до постојната зграда на НОВА. Таму приказната, која сега за македонски услови наликува на научна фантастика, ќе стане реалност, најавуваат од НОВА.
Во моментот во НОВА се школуваат 400 ученици од 34 нации. Во новиот комплекс од септември ќе има место за уште толку ученици. Објектот ќе има посебни, но меѓусебно поврзани делови за предучилишна, одделенска и предметна настава. Училиштето е замислено да биде еден вид практична лабораторија за наставата на НОВА и ќе спаѓа во таканаречените зелени училишта. Ова подразбира вградени еколошки материјали, користење на соларна и геотермална енергија, природна светлина, вентилација и филтрација, како и поставување мерни станици низ училиштето за следење на природните процеси. Одредени училници ќе комуницираат меѓу себе преку подвижни ѕидови за остварување на интердисциплинарна настава. Централната библиотека, внатрешниот аудиториум и други општи простории, по потреба ќе се отвораат кон надворешната зелена површина за да овозможат поголема социјална интеракција. Училиштето ќе произведува сопствена здрава храна по меѓународни стандарди за своите ученици и за вработените. Финансискиот директор на НОВА вели дека инвестицијата на новиот кампус е финансирана од Стопанска банка и ИФЦ (дел од Светската банка) , а изведувач е Гранит. Архитект на новата училишна зграда е д-р Влатко Коробар, кој заедно со д-р Мартин Гулевски ја имаат дизајнирано и постојната зграда на Гимназијата НОВА за која имаат добиено и национални и меѓународни признанија. Во моментот, го завршуваат идејното решение за последната фаза од развојниот план на НОВА - спортско-рекреативниот и конвенциски центар, кој треба да биде завршен до 2012 година.
Спортско-рекреативниот и конвенциски центар на НОВА ќе биде, исто така, исклучително импресивен објект во кој ќе се одвива културниот и спортскиот живот на учениците на НОВА, но и на нивните семејства. Тој ќе овозможи целосно заокружување на инфраструктурната визија на НОВА, опфаќајќи ги структурите за предучилишно, основно и средно образование, и обезбедувајќи услови за современ училиштен кампус со сите потребни содржини за богат ученички живот. Новата зграда за основно образование заедно со спортско - рекреативниот и конвенциски центар ќе опфатат површина од 10.000 квадратни метри и заедно со постојниот гимназиски комплекс ќе се простираат на 15.000 квадратни метри. Новиот развоен проект на НОВА, чија прва фаза (комплексот за основно образование) ќе профункционира во текот на наредната учебна година, а ќе ја добие завршната физиономија (спортско-рекреативниот и конвенциски центар) во 2012 година, ќе биде фасцинантен препознатлив футуристички образовен, но и архитектонски белег на Македонија , и ќе претставува пример за тоа како во иднина би требало да се градат училиштата во земјава.
-Што се однесува на наставната програма, таа се заснова на западни модели кои се флексибилни и лесно приспособливи на способностите и афинитетите на секој ученик поединечно. Академски новини од следната година ќе бидат центарот за поддршка на децата со посебни потреби со помош на специјалист од универзитетот Кардиф од Лондон, како и програмата за поддршка на особено надарени и напредни деца што летово ќе се изработи на светски признатиот универзитет Џонс Хопкинс.
Анализите што ги правиме говорат дека НОВА во последните неколку години покажува импресивни резултати во средното образование со упис на свои ученици на врвни институции во светот. Како илустрација, 60% од учениците оваа учебна година беа примени на факултети надвор од Македонија, еден добар дел од нив на врвни институции од типот на Харвард, Браун, Колумбија, Џорџтаун, Технолошкиот институт Рочестер, Мичиген, Бостон, Утрехт, Кардиф, Кингстон и други. На наше големо задоволство, нашите први генерации матуранти веќе работат во организации од светски ранг, во автомобилската, финансиската и модната индустрија, меѓу другите. Според мене, тие се потенцијално идните лидери на Македонија-, вели Иван Новаковски, финансиски директор на НОВА. Во изминатите 13 години од своето постоење, покрај локалната македонска верификација, НОВА се здоби со американска и меѓународна акредитација преку Северозападната асоцијација на акредитирани училишта (НААС), акредитација за спроведување меѓународна матура преку Организацијата за меѓународна матура, акредитација за спроведување висока матура преку Американскиот колеџ борд и влезе во системот на поддржани училишта од американската Влада.
http://vest.com.mk/?ItemID=7BF2FC04ACD13F47BB41274EA1E27D6D


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Jun-2009 at 10:48
Eeek Кој не го прочита текстов му препорачувам да го направи тоа сега, ова заслужува внимание! Кога државните училишта би имале барем квантум од ова...

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 19-Jun-2009 at 11:36
Коробар и Гулевски добија и награда ако добро се сеќавам, на некоја од нашиве архитектонски манифестации за „старата„ зграда што е прв комшија на новиов објект. Освен гужвите што ги прават родителите на децата со колите во одреден период од денот, немам ништо против овие објекти, немаат голема висина и не отскокнуваат со боите и материјалите.

Перверзијата на родителите што ја наведов горе може да ја смали самото училиште со некаков организиран превоз, не верувам дека би им било проблем со оглед на школарината (што ја нема никаде во текстов), ама тоа е друга тема.

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 06-Aug-2009 at 20:43
http://www.imagebam.com/image/dea4b744496696"> http://www.imagebam.com/image/7c14a044496699">

Не верувам дека ќе стигнат до први септември, ама прилично брзо и активно се гради зградава...


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: igorius
Date Posted: 07-Aug-2009 at 00:42
i jas ne veruvam spored fotkava i fazava do kade sto se naogjaat


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 26-Aug-2009 at 21:01
Очито дигнава руки од оваа школска година


2009-08-26


2009-08-26


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Keeray
Date Posted: 28-Sep-2009 at 20:36
Хмм пред недела две инсталираа огромен број на разлицни цефки и изолација и конечно ги поврзаа по подземен пат.. целата улица беше лом =) ама мислам дека сега ке почнат со поплочување на внатрешноста и надворешна фасада.

Исто така има многу гласини дека на комплексот на "Нова" ке биде додаден и Универзитет позади основото школо


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Dec-2009 at 00:00
Ништо спектакуларно различно од апдејтот на Владимир во Август... Се работеше на пристапите




Posted By: La Linea
Date Posted: 15-Jan-2010 at 18:20
Ништо ново тука




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Jan-2010 at 20:36
Еве и од мене од денеска, одградата е нова од последниот пат, се гледа и на твојата слика

1

2



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Feb-2010 at 22:06

2010-02-25


2010-02-25


2010-02-25


2010-02-25

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 26-Feb-2010 at 09:08
Браво Владимире!

Интересен детаљ е котата 0.00 на објектов, иста е како партерот...не се практикува многу кај нас заради одводнување, обично се подигнува барем за висина на еден скалник или повеќе, само овде веројатно патеката е изведена со правилен пад, се надевам, инаку децава ќе се бањаат на секој дожд...

Имам впечаток дека целиот објект ќе биде изведен на коректно ниво, ако ни е гимназијата за пример...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 30-Apr-2010 at 00:35
Нешто малце се мрдна од мртва точка


29-04-2010

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Djole88
Date Posted: 16-Jun-2010 at 12:14
И тука се работи со полна пареа. Најверојатно ќе се заврши до новата учебна година






Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jun-2010 at 13:44
Вака на прв поглед ми се чини не напреднале баш од претходните фотки кои беа поставени пред месец и пол. Џоле, забележа ли дали се работи внатре?


Posted By: Djole88
Date Posted: 16-Jun-2010 at 16:03
барем од тоа што видов накај 13ч внатре имаше 10тина работници. Што правеа и дали нешто правеа незнам, а ептен беше жешко за да застанувам да ги прашувам. Исто така позади имаше некои работници, нешто како да сликаа, испитуваа немам појма. Ама кога е до оваа фаза градбата, да се надеваме на завршување во текот на летото


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2010 at 19:02

ОД СЕПТЕМВРИ ОСНОВЦИТЕ ОД МЕЃУНАРОДНОТО УЧИЛИШТЕ "НОВА" ВО НОВ КАМПУС

Ѕвездените патеки пристигнаа во Тафталиџе

Кирил годинава завршува седмо одделение. Последната година од основно, дефинитивно, ќе му биде најинтересната. Но не само поради тоа што набрзо ќе стане гимназијалец туку и поради тоа што осмото одделение ќе го заврши во училиштето од иднината - новиот комплекс на меѓународното училиште "Нова" во Скопје.
Кирил и неговите другарчиња од септември ќе влезат во новата зграда, која е веднаш до сегашната зграда на "Нова".
Целиоцентар за нив лани беше сон за училиште како од "Ѕвездени патеки". Кирил постојано сонуваше како оди во едно такво училиште.
На влезот од неговото училиште, во скопската населба Тафталиџе, Кирил во џебот носи ИД картичка. Влегува внатре и на местото од вообичаената огласна табла, сабајлешните известувања се на дигиталните дисплеи. Системот ја препознава неговата картичка и му посакува добредојде и го потсетува на распоредот на часови, како и дека школскиот фудбалски тим ќе има натпревар со Американското училиште од Загреб, и оти на часот по историја ќе има гостин ветеран од Втората светска војна... Од таму, низ големиот атриум поминува покрај ботаничката градина полна со дрва кои потекнуваат од земјите од каде доаѓаат учениците. Низ проѕирните жардиниери во ботаничката градина се гледаат корењата на растенијата, колонии мравки и насобрана дождовница за наводнување. На часот по географија, Кирил ќе презентира на смарт борд свои нови другарчиња од Фејсбук од вулканските земји Никарагва и Гватемала. Во соседната училница учениците подготвуваат хемиски реакции кои би симулирале вулканска ерупција. Ѕдот меѓу двете училници се поместува,училниците се спојуваат и се е како голема лабораторија.
За ова сонуваа Кирил и неговите другари. Од септември, сонот ќе им биде стварност.
Од основното во "Нова", одат во средното на "Нова". А од таму на престижните Харвард, Колумбија, Браун, МИТ,Бостон, Оксфорд...
"Новата зграда опфаќа три различни структури, програмски издвоени, но функционално поврзани во една целина: Предучилиштен центар за деца од 3 до 5-годишна возраст, одделенската настава за ученици од 6 до 9 години и предметната настава за ученици од 10 до 14 години. Зградата спаѓа во таканаречената зелена архитектура, со еко-фасада, тревен покрив, систем на греење и ладење со заштеда на енергија... Новата зграда за основно образование е првата фаза од нашиот 5-годишен развоен план. Втората фаза опфаќа изградба на спортско-рекреативен и конвенциски центар", велат од менаџерскиот тим на "Нова".
"'Нова' е типичен меѓународен модел на образование, и во таа смисла различна од нашите државни или приватни македонски системи, односно неспоредлива. Натприродно е да се споредуваме со меѓународните училишта од Источна и Средна Европа, со кои делиме исти стандарди и во чија асоцијација членуваме. Покрај нашата локална акредитација, имаме и американска и меѓународна акредитација, преку Северозападната асоцијација на акредитирани училишта во САД (НААС), акредитација за спроведување на меѓународна матура, преку Организацијата за меѓународна матура во Европа, верификација за спроведување на висока матура, преку Американскиот колеџ борд, станавме рамноправна членка на Асоцијацијата на акредитирани меѓународни училишта од Источна и Средна Европа и, врз основа на постигнатите резултати, ја добивме поддршката на американската Влада", велат во "Нова".

http://vest.com.mk/?ItemID=16F005C97BA7814C843B38B3B3707773


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Jun-2010 at 19:20
Не ни сакам да прашам колку чини оваа привилегија за сите осум (и по ново девет) години основно образование... Тешки да ги имаа сите овие услови.


Posted By: Djole88
Date Posted: 27-Jun-2010 at 13:02
Одлично, дефинитивно НОВА е еден добар пример за тоа како треба да работи една приватна образовна институција. Јас лично не преферирам приватни школи(со исклучок на факултетите) но ова ми се допаѓа поради тоа што системот е навистина Американски и тоа што ветуваат тоа и исполнуваат(барем според зборувања на луѓе што таму учеле)

Инаку Гитардемон, цената мислам дека се движи од 2000-4000 $ година во зависност од тоа дали е за предучилишна, основно или средно.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 27-Jun-2010 at 13:38
А што се различни приватните факултети од другите приватни образовни институции???

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Djole88
Date Posted: 28-Jun-2010 at 18:32
Зборам во однос на бројот на луѓе кои ги користат тие институции. Од една страна имаме 10тина приватни факултети со огромен број на студенти и одлични препораки/професори и слично. Основното и Средното од приватен ефект сеуште се неисплатлива инвестиција кај нас а и ретко кој има да одвои за своето дете 30 000 - 40000 Евра(градинка + основно + средно + 5 години факултет) со цел детето да му го пројде цел живот по вакви институции.

Сепак се радувам што Нова, 5та приватна гимназија и Јахја Кемал сеуште се држат добро со број на ученици иако јас мислев дека во услови на криза нема да имаат профит. Па капак на се, Нова и нова зграда гради што е уште еден огромен плус


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 29-Jun-2010 at 19:27
Почна фасадата да се формира


29-06-2010

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 29-Aug-2010 at 17:54
Мал апдејт од маало со неколку сликици (со мобилен напраени). Основното училиште Нова е во некоја завршна фаза, веројатно се припремаат за 1 септември. Од тоа што во живо може да се види, мене ми изгледа одлично. Интересно решение на главната фасада, може за некого се употребени многу различни бои, ама воопшто не делува нападно. Тука е и сосема оправдано, школо е. Не знам што се случува внатре, ама фасадата и оградите за наши услови се одлично изведени. Посебно ми се допаѓа што оградата од гимназијата континуирано го обиколува сега и новото школо. Не знам колку можеме да најдеме некакви основни податоци за проектантите, изведувачи исл., па и некоја основа...
Колку е подобар пристапот тука, отколку кај новата ограда на „Коменски“ нема што да се коментира, првата слика кажува се’. Од каде е идејата школска ограда со онолкави „бајонети“ да се прави не ми паѓа на памет. Кога се проектираат образовни објекти, мора да е пристапот многу почувствителен. На крај краева еден тон литература има на таа тема, само кого го заболе овде да се замисли за тоа.
Никогаш нема да ги спречат децата да влегуваат во школото после часови на ваков начин, само оставаат можност некое да се распне на неа. Ко криминалци да чуваат, а не малолетници.
И уште еден детаљ што не ми е јасен околу „Коменски“ е делот од Јахја Кемал и обновените бараки. Зошто не можеа да издејствуваат некакво заедничко функционирање. Што ќе сметаше децата да учат во некаков заеднички двор? Сега едниве оградуваат со „електрична“ ограда, другите исто си оградуваат по свое, репарираат бараки што требаше да се срушат уште во 70-ти години и се’ тоа изгледа хаотично...











p.s. фала Djole88 ...не видов, ко од вчера да сум на форумов

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Djole88
Date Posted: 02-Sep-2010 at 00:40
хехе фала на заблагодарувањето Само ептен си бил под импресии па си ја ставил и сликата од Коменски


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 02-Sep-2010 at 09:13
Originally posted by Djole88

хехе фала на заблагодарувањето Само ептен си бил под импресии па си ја ставил и сликата од Коменски


Не, не е случајно...мал edit направив, ама намерно ја оставив сликата од оградата на Коменски, за да се направи некаква споредба...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Red`black
Date Posted: 13-Oct-2010 at 15:09
Ги има некој основите да ги гледаме ???
Иначе вака просторно изгледа убаво..


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Oct-2010 at 19:58


Мислам дека може да ги набавам, а во меѓувреме може да ги постира и некој друг доколку ги има.

Еве една слика од денеска

1.



Posted By: OKA
Date Posted: 13-Oct-2010 at 20:40
Имав ексклузивна прилика за „индустриска шпионажа” на покривот од новото училиште за предшколска возраст, инаку, во составот на најновата „Нова”.
И да, о да, тој е зелен. Cheers
Засаден со паразитско растение, кое веќе солидно ја имаше освоено покривната површина.
Солидно издрениран, со убава косина, чуден, но толку прекрасен...
Искуства!?
Па, домаќините рекоа дека летото биле принудени да го стартуваат забавиштето, пред да проработи системот за ладење. И внатре било мнооооогу пријатно.
А надвор +42 C°.
Каква сатисфакција!!!
П.С. Фотки, за жал, нема. Фотокамерата со „шпионски” димензии е во фаза на набавка. Big%20smile



-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Oct-2010 at 20:45
Каква подлога е кровот на Нова? Како се "локализира" тоа паразитско растение, и на што вирее?

Секако, доколку ги дозна овие работи од "шпионажа"


Posted By: OKA
Date Posted: 13-Oct-2010 at 20:50
Originally posted by pbanks

Каква подлога е кровот на Нова? Како се "локализира" тоа паразитско растение, и на што вирее? Секако, доколку ги дозна овие работи од "шпионажа"
Подлогата е класична изведба за овој тип на покриви, хумусен слој врз чакал како дренажен слој. Растението, според мојот прв впечаток е еден вид отпорна паразитна трева, експандитивна во широчина, не во височина. Тоа е визуелно што можеше да се заклучи, за другите детали, опсесија ми е. И ќе го барам изведувачот.



-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 13-Oct-2010 at 20:56
Не би требало да се сфати како шпионажа. Дури мислам дека е добро за Нова, ако може да се претстави во новиот објект во јавноста. Мислам дека повеќето на форумов баш би сакале да видат фотографии и од покривот и од ентериерот.
Мене објектов ми е многу блиску, ама секогаш поминувам во некое бош време за да напраам добри слики...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Red`black
Date Posted: 15-Oct-2010 at 14:34
Pocituvani ako gi imas osnovite postiraj ili pratimi gi preku mail kangaro.toure@gmail.com
bidejki mi trebat za seminarska
studiram vo Arh. fakultet skopje
pozdrav i fala odnapred.


Posted By: ivanmak79
Date Posted: 18-Oct-2010 at 09:35
За повеќе фотографии од новиот објект на основното училиште посетете го следниот линк:
 
http://www.facebook.com/search/?q=NOVA+International&init=quick&tas=0.6755542413266564#!/album.php?aid=21643&id=108334789202916 - http://www.facebook.com/search/?q=NOVA+International&init=quick&tas=0.6755542413266564#!/album.php?aid=21643&id=108334789202916
 
Инаку активно го следам Вашиот сајт и со посебен интерес се осврнувам на тоа што се постира за училиштето. Работам во НОВА и мило ми  кога гледам дека новиот објект ја буди љубопитноста на луѓе коишто се архитекти или ентузијасти. Ние сме отворена и транспрарентна институција па би сакале да излеземе во пресрет на тие што се интересираат за објектот, неговата реализација, концептот, и се останато. Расположени сме да организираме и една кратка посета со обиколка за тие што би биле заинтересирани, придружени од самиот архитект. Тоа би била уште една прилика да се даде одговор на некои од Вашите прашања.
 
Срдечно,
 
Иван Новаковски
Финансиски Директор
Меѓународно Училиште НОВА


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 18-Oct-2010 at 13:15
БРАВО! Тоа е модел за проактивно и европско однесување, отвореност и транспарентност кон општеството, за взаемен бенефит. Многу ме интересираат доста работи околу објектов, штета што не сум во Скопје, но се надевам дека идеава ќе се оствари и ќе биде само почеток на една убава соработка, не само со НОВА но и со други институции.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 18-Oct-2010 at 13:32

И од мене едно БРАВО... мислам дека ова е прв официјален настап на некоја институција на форумов....

Школото е одлично. Досега имавме слики од екстериерот но сега имаме и од ентериерот... Екстериерот е одлчино среден.... А уште повеќе ми се допаѓа и ентериерот... баш за деца од таа возраст... пристојно, средено....

Ви пожелувам успешна и долгорочна работа.... Поздрав...

ПС... ми се допадна фразава....."Hardhats needed, Great minds being built"



Posted By: Plugger
Date Posted: 19-Oct-2010 at 03:12
 
Fantasticno izgleda, bravos
 
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Nov-2010 at 17:40
Претходно дискутираната посета со обиколка на објектот во придружба на архитектот ќе се одржи во среда (10-ти ноември) од 17:30 часот.

Се чекаме кај самиот објект, во населба Тафталиџе, на улица Прашка:

41°59'56.71"N   21°23'37.94"E


Добредојдени се сите заинтересирани.



Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-Nov-2010 at 21:04
Scheiße, а се случува нешто вакво, јас не сум таму :/ Очекуваме слики.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: SJCF
Date Posted: 09-Nov-2010 at 16:29
Не сум сигурен дали ќе успеам во тој термин ама ќе се обидам да дојдам. Но што ако има групи ученици наоколу, како ќе се препознаеме кои сме што се чекаме за посета на објектот? Да си носиме по една ружа ко знак за препознавање? Big%20smile


Posted By: alexgizh
Date Posted: 09-Nov-2010 at 18:28
Не е лошо некој да земе камера, па да имаме официјален јутјуб канал на билд.мк, со некое вакво слободно интервју/тура. Башка, ќе биде позитивно за нашите членови кои нема да се во можност да дојдат

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 09-Nov-2010 at 18:36
Јас доаѓам, ми се погоди прва смена сум. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Nov-2010 at 21:19
Originally posted by SJCF

Но што ако има групи ученици наоколу, како ќе се препознаеме кои сме што се чекаме за посета на објектот? Да си носиме по една ружа ко знак за препознавање? Big%20smile

Нема да има ученици, терминот меѓудругото е одбран кога часовите се завршени за да може обиколката да биде непопречувана од ништо. Ама ти ако сакаш сепак дојди со ружа


Posted By: La Linea
Date Posted: 09-Nov-2010 at 23:52
Се гледаме таму Cheers


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Мартин
Date Posted: 10-Nov-2010 at 00:09
Ако успеам да стигнам бидејќи сум на факултет, ќе присуствувам и јас, и онака сум од Карпош 3, па блиску ми е. Big%20smile


Posted By: FT
Date Posted: 10-Nov-2010 at 20:33
Се одржи средбата?
Имате слики?


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 10-Nov-2010 at 22:17
Средбата се одржа, искуството беше одлично. Зградата е одлично промислена, и изведбата е навистина солидна. Веројатно едно од најквалитетните парчиња архитектура создадени кај нас во последниве 20 години! Секоја чест!

-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: FT
Date Posted: 10-Nov-2010 at 22:21
Originally posted by Mr.Edmund

Средбата се одржа, искуството беше одлично. Зградата е одлично промислена, и изведбата е навистина солидна. Веројатно едно од најквалитетните парчиња архитектура создадени кај нас во последниве 20 години! Секоја чест!

А ви дадоа да сликате..?


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 10-Nov-2010 at 22:25
Дадоа, се надевам ќе следат наскоро. Јас направив неколку фотки со телефонот, но се со прилично слаб квалитет. Мислам дека некој од форумџиите носеше добар апарат, па веројатно нишкава деновиве ќе добие повеќе фотографии од училиштето.

-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 10-Nov-2010 at 22:37

Мене генерално ми се допаѓа. Сосема е различно од тоа на што сме навикнати по школиве.... Функционалноста е одлична. Единствена сериозна замерка ми е проблемот со достапноста на лица со физички хендикеп до горните катови. Но мислам дека ќе се земе во предвид и дека ќе се обезбеди таков пристап за во секој случај. 

Мислам дека има одличен и огромен потенцијал да се развива и да се усовршува, а со тоа и сите постоечки недостаци, кои реално се мали би исчезнале...

Дополнување:

Воедно колку што бевме информирани. Во иднина се планира проширување на просторот и изградба на спортски центар.

А исто така, во склоп на основното училиште има и градинка, незнам дали бевме запознаени досега. И изгледа фантастично.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Nov-2010 at 01:36
Еве неколку фотографии од посетата. Се извинувам за доцнењето, малку се оддолжи авторизацијата.

Се надевам наскоро со помош на архитектите ќе направиме и подетален осврт на објектот, пропратен со дополнителни визуелни материјали.


1


2


3


4


5


6


7


8


9


10



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 18-Dec-2010 at 11:04
Иванов: Архитектурата е огледало на еден народ

Mакедонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска на доделувањето на Големата годишна награда за архитектура, која му припадна на Влатко П. Коробар за проектот „Основно училиште со градинка Нова“, истакна дека архитектурата е огледало на еден народ, на неговите вековни традиции, постојани вредности и идни стремежи.


- За некои архитектурата е визуелна уметност, други пак мислат дека е занает. Независно од одговорот на оваа дилема, верувам дека сите се согласуваме околу суштина на архитектурата - да создава, да гради и надградува. Да го спојува корисното со убавото, прагматичното со естетското, порача Иванов, кој е покровител на оваа традиционална манифестација.

Тој додаде дека вредноста на ова признание е дотолку поголема што доаѓа токму од колегите архитекти кои, како што рече, најдобро умеат да ја проценат важноста на архитектонското дело.

- Сите добро знаеме дека архитектурата е огледало на еден народ, на неговите вековни традиции, постојани вредности и идни стремежи. Но и дејност која им дава слобода на поединците да стават индивидуален печат на своето време, рече Иванов.

Тој македонската архитектура ја спореди со куќа чии цврсти темели ги удриле македонските народни неимари. - Тоа е куќа во која се вградени архитектонските решенија и форми од различните периоди и цивилизации кои низ вековите ја обликувале нашата култура. Додавајќи нови катови, секоја епоха ја доградува и надградува оваа македонска куќа. Секоја генерација има обврска да ја чува, но и усовршува нашата куќа за на следната генерација да и ја предаде побогата и поцелосна, изјави шефот на македонската држава.

Тој порача дека централното место во овој голем градителски потфат им припаѓа на архитектите, на кои, како што рече е да го освојуваат, но и да го збогатуваат просторот, изнаоѓајќи нови решенија и форми.

- Сликата на едно општество е неговата архитектура, а вие, со вашиот творечки дух, вашата имагинација и знаење ја создавате таа слика. Голема е честа, довербата и одговорноста која ви се пружа, да ги препознаете потребите на граѓаните, да имате чувство за современите текови. Да проектирате цврсти, функционални, складни градби во кои луѓето ќе живеат, работат и ќе го минуваат своето време. Да градите зданија чија идеја и конструкција ќе го издржат тестот на времето и ќе остават траен белег во македонската архитектура, рече претседателот.


http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ivanov-arhitekturata-e-ogledalo-na-eden-narod - Извор

Браво за Сител што не можеа да се потегнат една слика од школото да стаат барем, полесно им беше од Џоле од архива да ископаат

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY



Print Page | Close Window