Print Page | Close Window

Базени и водени паркови

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Спортски
Forum Discription: Стадиони, сали, спортско-рекреативни објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=434
Printed Date: 25-Apr-2024 at 23:38


Topic: Базени и водени паркови
Posted By: pbanks
Subject: Базени и водени паркови
Date Posted: 08-Nov-2007 at 15:58
se zaredija vesti od Gevgelija.... realno ova se se proekti sto prv pat se spomnati pred 1-2 godini... Ako se zeme vo predvid brzinata na nasata administracija od prilike sea bi trebalo i da pocnat so realizacija
 
Комплекс од базени во близина на Гевгелија

Крај автопаторт Е-75 во непосредна близина на изворите за геотермална вода кај Смоквица во местото Туфка треба да никне туристичко-рекреативен комплекс “Терме Гевгелија“.


Како што јави нашиот дописник, со проектот се предвидува изградба од комплекс од неколку базени, сауна фитнес центар и центар за рекреација и разубавување.

Комплексот ќе располага со хотел со 350 легна, казино и со конгресен центар.
Во новоформираната фирма “Терме –Гевгелија“ потврдуваат дека во тек се последните подготовки за комлетирање на урбанистичката документација.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 08.11.2007 13:24:36




Replies:
Posted By: La Linea
Date Posted: 14-Feb-2008 at 18:13
Освен изградбата на аквапаркот, мислам дека ништо од текстов не може да се свати сериозно. А за локацијата не сум баш сигурен дека е најдобра... сепак Скопје е главен град... тука е 2/3 од населението... даваат глупави аргументи за локацијава...

АКВА ПАРКОТ ЌЕ БИДЕ ВО БЛИЗИНА НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ  [12.02.2008]

Аква паркот кој ќе се гради во Македонија да биде во близина на езерото Младост. Ова од Владата го бара велешкиот градоначалник Аце Коцевски. Барањето го оправдува со блискоста на сообраќајниот коридор Е-75, аеродромот и вкрстувањето на сообраќајниот и железнички сообраќај. Барањето следи откако неодамна Владата објави оти со програмата за развој на туризмот оваа година, од буџетот ќе одвои 20 илјади евра за изградба на аква парк. Минатата недела во посета на Велес дојдоа германски бизнисмени заинтересирани да градат голф терени токму во близина на Младост. Сакаат да купат шеесетина хектари земјиште. Неофицијално деновиве во Велес треба да пристигнат инвеститори кои планираат да градат хотел покрај езерото. Најавуваат инвестиции од неколку милиони евра. Атрактивниот простор околу езерото Младост го оправдува и минатонеделната продажба на дваесетина парцели за изградба на куќи од кои Владата заработи 80 илјади евра.

ЗОРАН ЈАНЕВСКИ
http://www.sitel.com.mk/vesti_detmk.asp?ID=24215&kategorija=%C5%EA%EE%ED%EE%EC%E8%BC%E0 - Сител


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Feb-2008 at 18:22


Незнам дали е сериозно или несериозно, ама и тоа за аква-парк не би рекол дека е со некоја поразлична веројатностод  другото. Аргументите на Коцевски во врска со локацијата на аква-паркот ми се малку наивни, ама во суштина не ми е јасно зошто мора да има еден аква парк? Ако има инвеститор за кај Младост, слободно нека гради. Ако се најде инвеститор за Скопје - супер тука нека се изгради. Ако има и за тука и за таму, нека кршат глави, нека градат и во секое село ако сакаат. Ама не ми е јасно како тоа треба да биде одлука на владата.


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Feb-2008 at 23:02
Ок, само нека изградат нешто за што би вредело да се оди до таму и нека се грижат за него како што треба.

ВЕЛЕС - Велешани конечно ќе добијат "АКВА" парк на велешкото езеро, а одлуката вчера ја донесе Советот на Општина Велес. Оваа иницијатива неодамна ја покрена градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Иницијативата е врз основа на Програмата за развој на туризмот на Владата на Република Македонија која се донесе на 15 јануари годинава. Реализацијата на проектот би придонела за развој на транзитниот туризам, економска експанзија, намалување на невработеноста, како најгорлив проблем со кој се соочува Општина Велес. Исто така, се очекува да се поттикнат и спортот и  рекреацијата.

Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3A88EA033156DB49B660E77AF38164D2 - Вечер





-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Feb-2008 at 23:52


Абе да се зацрта нешто е лесно... Кој ќе е инвеститор?


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Feb-2008 at 00:24


Донатори Crazy


Posted By: ProMKD
Date Posted: 25-Feb-2008 at 18:37
Здраво на сите! Бидејќи не видов каде можам да се претставам како нов член ќе се вклучам директно во дискусиите. (и така немаме премногу членови, се надевам не се лутите )

Од се тоа што го слушам деновиве за на Велешко езеро, звучи дека можеби почнува да се средува како што треба. Локациите околу езерото се продаваат брзо, се планираат станови и куќи, а еве иако нема сеуште инвеститор за аква-парк, барем има одобрение од Градскиот Совет. А и добро за нив што се заврши автопатот, мислам дека до сега требаше да се врти полукружно среде автопат, за да се влезе во Велес! (ако не грешам)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2008 at 19:10
Добредојде ProMKD Smile


Инаку мислам дека немало легално таква работа на автопат, туку луѓето во балкански стил правеле прекршоци за да не патуваат до наредната клучка.


Posted By: beTon
Date Posted: 30-Oct-2008 at 22:44

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1296&ArticleID=83355 - Почнува изградбата на девет олимписки базени

Директорот на АМС ја најави и изградбата на девет олимписки базени во Македонија, а проектот ќе почне во втората половина на годинава. Изградбата на базените ќе чини околу 30 милиони евра и тие ќе се градат во следните неколку години. Владата размислува базените да им ги даде во сопственост на општините каде што ќе се градат, бидејќи општините досега се покажале како добри домаќини. Поголемиот дел од локациите веќе се најдени, а според планот нови базени ќе се градат во Скопје, Штип, Битола, Тетово, Куманово, Охрид, Струмица, Прилеп и во Гостивар. Ќе бидат со димензии 25 на 50 метри и ќе имаат трибини за 500 гледачи, со помошни базени, соларни колектори, деловен простор... Георгиевски најави дека еден од базените ќе се гради и во скопската населба Аеродром, кај спортската сала „МЗТ“.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1296&ArticleID=83355 - Време - 08.01.2008

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=448&ArticleID=17526 - Базените лесно се градат, тешко се одржуваат

Агенцијата за млади и за спорт во втората половина од годинава ќе почне со изградба на олимписки базени во девет града низ земјава, со кои ќе раководат општините, а ќе ги одржуваат од издавање на деловен простор и од билети од посетителите. Дел од раководителите на постојните базени во Скопје тврди дека одржувањето на базените е многу поскапо од нивното градење и затоа поголем дел од постојните базени не функционираат.
- За одржување на Олимпискиот базен потребни се 360.000 евра годишно, од кои третина ги даваме за струја. Базените, за разлика од спортските сали, мора постојано да се одржуваат и за тоа се потребни од 15 до 20 вработени, од техничари и спасувачи до чувари – објаснува Мијалчо Маневски, директор на Олимпискиот базен.
Тој тврди дека поголем дел од олимписките базени во Европа ги одржуваат самите градски власти. Како пример го посочуваат базенот во Ниш, каде што градот ги плаќа струјата и греењето на базенот.
Засега како затворен базен во Скопје функционира само базенот „Младост“ во населбата Карпош. Олимпискиот базен, поради финансиски загуби и недоразбирање со Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, не работи, а повеќе од 20 години базенот во Топаанско Поле се користи како магацин. Иста судбина има и базенот во Струга.
Димитар Поповски-Шкипер, кој има 45-годишно искуство како тренер на македонските пливачи, ја поддржува одлуката за градење нови базени, но тврди дека градењето на објектите е едно, а нивното функционирање е друго.
- Откако ќе ги изгради, Агенцијата мора да има и сериозна конструкција за нивно одржување. Треба да се утврдат можностите на општините да раководат со објектите за тие да функционираат и да не завршат како магацински простор – тврди Поповски.
Нови базени ќе се градат во Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Струга, Гостивар, Тетово, Куманово и во Скопје. Во Скопје базенот ќе се гради во населбата Аеродром, до спортската сала МЗТ. Деталниот план за објектите е во изработка, а првичните процени се дека за нивната изградба се потребни околу 30 милиони евра.
Ивица Ѓорѓиевски, директор на Агенцијата за млади и за спорт, тврди дека базените ќе ги исполнуваат олимписките стандарди и нема да бидат премногу големи за да не се троши многу за нивно одржување.
Со објектите ќе раководат општините, но во постојана соработка со Агенцијата. Ѓорѓиевски тврди дека нема да дозволат општините да го злоупотребат правото за издавање на деловниот простор во објектите и со тек на време базените ќе можат самостојно да функционираат.

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=448&ArticleID=17526 - Шпиц - Дејан Ристовски - 09.01.2008

По најавата дека во Македонија ќе бидат изградени девет олимписки базени
http://74.125.39.104/search?q=cache:VP86isgZjKEJ:www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx%3Ftabindex%3D2%26tabid%3D1%26EditionID%3D910%26ArticleID%3D47584+%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%82+%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8+%D0%B1%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D0%BD%D0%B8&hl=mk&ct=clnk&cd=16 - Првата понуда стигна од Штип

Веќе е познато дека македонската ватерполо репрезентација обезбеди учество на ЕП во Малага. Но, тоа не е единствената цел за развојот на ватерполото и пливачките спортови во Македонија. Историскиот успех на ватерполо репрезентацијата на Македонија, придонесе Владата на Р.Македонија, односно Агенцијата за смлади и спорт, да го промовира проектот - изградба на девет олимписки базени. Еден ќе се гради и во Штип.
За овој базен во Штип се создадени сите предуслови за изградба. За него се споменуваат локации во непосредна близина на салата во изградба на населбата Сењак, па во идниот студентски град и на крајот во близина на бањата Кежовица.
Која локација ќе биде избрана, времето ќе покаже. Но, од АМС најавуваат дека изградбата на олимписките базени ќе почнат во втората половина од оваа година, а ќе бидат завршени за две години.
...
Што се однесува за идејата новите пливачки базени во Македонија да се затоплуваат со сончева енергија, истата е прифатлива. Во месец октомври минатата година, штипското претпријатие “Еко Солар” ја достави понудата за затоплување пливачките базени со сончеви колектори. Во понудата од Штип, покрај другото, стои дека базените би требало да работат 24 часови и да бидат со олимписки димензии. Анализите на Еко Солар од Штип, како што вели раководителот, Зоран Трајков, покажале дека сончевите колектори можат да ги затоплуваат базените од 65% од енергијата. Плановите се базените да работат непрекинато преку целата година.

http://74.125.39.104/search?q=cache:VP86isgZjKEJ:www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx%3Ftabindex%3D2%26tabid%3D1%26EditionID%3D910%26ArticleID%3D47584+%D0%B4%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%82+%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8+%D0%B1%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D0%BD%D0%B8&hl=mk&ct=clnk&cd=16 - Нова Македонија - К. Манев - 12.01.2008

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0952D6FDA2D4C44AA3255B38C52C35D4 - девет пливачки базени со олимписки димензии, сала за зимски спортови, спортско стрелиште според олимписките стандарди и новиот проект - вештачка карпа.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0952D6FDA2D4C44AA3255B38C52C35D4 - Вечер - 17.07.2008



Posted By: beTon
Date Posted: 30-Oct-2008 at 22:44

http://217.16.70.245/?pBroj=1787&stID=36805&pR=12 - Општина Карпош ги бара од Владата базенот „Младост" и салата „Партизан"

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pBroj=2943&stID=69709 - Учениците бесплатно ќе пливаат во "Младост"

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=B86ED7A624A32B40A16C10CF8AE08273&arc=1 - Општината Карпош стана сопственик на базенот „Младост“

Базенот „Младост“ прејде во сопственост на Општината Карпош. Објектот мина од државни во рацете на локалната власт со делбениот биланс кој беше обврска по донесување на Законот за децентрализацијата. Во минатата недела, велат од Општината, била формирана комисија за примопредавање на објектот. Од Карпош најавуваат дека наредната недела ќе одржат состанок на кој ќе се разговара за статусот на базенот. Се' уште не е познато дали со него ќе раководи некое јавно претпријатие или пак Општината.

Базенот „Младост“ со години беше во надлежност на ЈП за стопанисување со спортски објекти, а со него досега стопанисуваше „Технометал Вардар“. Со години не работеше поради партиски престрелки, штетни договори за закупнина и тужби. Општина Карпош, со цел развивање на спортскиот дух кај младите, годинава воведе бесплатни часови по пливање за основците што учат на нејзина територија. Минатиот градоначалник Андреј Петров најавуваше дека Општината има намера кога ќе го добие базенот во своја сопственост, да го реновира однадвор и однатре.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=B86ED7A624A32B40A16C10CF8AE08273&arc=1 - Дневник - 29.10.2008


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=3356369649248B4595896E55AE52BEBE - Базенот „Младост“ под концесија на Општина Карпош

Општина Карпош е новиот концесионер на затворениот базен „Младост“, единствен кој во последниве години работеше и зиме. Со одлука на Советот на Карпош, од 1 октомври општината ќе се грижи за нормално работење на базенот и во иднина ќе обезбедува средства за негово функционирање преку цела година.

Според зборовите на менаџерот на базенот, Зоран Михајлов, за одржување на објектот се потребни прилично големи суми. Така, само за парно греење во текот на зимскиот период треба да се одделат 550 илјади денари, плус околу 220 илјади за електрична енергија и уште околу 100 илјади денари за други трошоци. Во лето, кога не се користи парно, трошоците се помали.

Базенот „Младост“ беше изграден во 1979 година со средства од самопридонес на граѓаните на Скопје. Долго време со него управуваше Јавното претпријатие за спортски објекти и Здружението на граѓани за спортски активности „Младост“ од Карпош. Со одлука на Владата, до јули 2006 година базенот со децентрализацијата премина во надлежност на Општина Карпош, која склучи договор со фирмата „Технометал-Вардар“ за негово одржување и финансирање за период од 30 години. Така, последниве години со објектот успешно концесионираше фирмата „Технометал-Вардар“, која обезбеди повеќе средства не само за негово одржување туку и за реновирање на машинскиот дел и за функционирање на целиот внатрешен базенски дел и платформата околу базенот.

Но, поради големи трошоци, неопходни за добро функционирање на базенот преку цела година, фирмата се откажа од концесијата на сметка на општината. По раскинување на договорот, советниците од Карпош заедно со в.д. градоначалникот Сашо Димиќ донесоа едногласна одлука да го преземат одржувањето и финансирањето на овој, засега, единствен зимски пливачки објект.

Инаку, во „Младост“ тренираат пливачи од 11 клуба. Го користат и студентите на ФОН, Факултетот за физичка култура, Универзитетот од Тетово, но и припадниците на специјалните единици на МВР и на Министерството за одбрана.

Во иднина базенот ќе биде отворен за граѓаните од 9 до 16 часот, а од 16 до 22 часот ќе го користат активните пливачи и ватерполисти. За рекреативците ќе има и ноќно пливање - од 22 до 24 часот. Цената на влезниците изнесува 200 денари, а учениците и студентите ќе плаќаат по 100 денари.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=3356369649248B4595896E55AE52BEBE - Утрински - 29.10.2008



Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 31-Oct-2008 at 00:01
Не знам дали некој досега постирал слика за изгледот на новите девет олимпоски базени,јас денеска наидов на информација дека изгадбата на прилепскиот ќе започне во јануари 2009,а еве ја и сликата




-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Oct-2008 at 00:04
Со оглед на тоа што ватерполо репреземнација постои во последниве неколку години (2 до 3), се надевам дека базениве ќе заживеат, а и тие трибини нема да бидат за џабе!


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Oct-2008 at 00:26
Ова е сосема пристоен проект Thumbs%20Up


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 31-Oct-2008 at 11:49
Originally posted by lslcrew

Со оглед на тоа што ватерполо репреземнација постои во последниве неколку години (2 до 3), се надевам дека базениве ќе заживеат, а и тие трибини нема да бидат за џабе!


Да те поправам ЛСЛ ватерполо репрезентација на Македонија има од самата самостојност 1992/93. Вардар како ватерполо клуб играше долги години во втората југословенска лига а пред распадот на Југославија влезе во тогаш најсилната светска ватерполо лига. Традицијата во пливањето е уште поголема и подолга, но заради намањето на ниту еден олимписки базен во Македонија, кој работи 12 месеци, се случи деградација на овие спортови. Реконструкцијата и изградбата на спортските објекти, а особено базените ја има целосната моја поддршка, но се надевам нема да биде само напумпан балон.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 31-Oct-2008 at 18:17
Лсл, пази што најдов на Википедиа


Republic of Macedonia men's national water polo team

From Wikipedia, the free encyclopedia

Jump to: http://en.wikipedia.org/wiki/Republic_of_Macedonia_mens_national_water_polo_team#column-one - navigation , http://en.wikipedia.org/wiki/Republic_of_Macedonia_mens_national_water_polo_team#searchInput - search

The Republic of Macedonia men's national water polo team was formed in 1991, following the http://en.wikipedia.org/wiki/Republic_of_Macedonia - Republic of Macedonia 's declaration of independence. Before 1991, the Republic of Macedonia was part of Yugoslavia, and its players participated in the http://en.wikipedia.org/wiki/Yugoslavia_national_water_polo_team - Yugoslavia national water polo team .

The first major event that the team qualified for was the http://en.wikipedia.org/wiki/2008_Mens_European_Water_Polo_Championship - 2008 Men's European Water Polo Championship , finishing in 8th place.



http://en.wikipedia.org/wiki/Republic_of_Macedonia_mens_national_water_polo_team - http://en.wikipedia.org/wiki/Republic_of_Macedonia_men%27s_national_water_polo_team



Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 31-Oct-2008 at 18:29
Хаха не згрешиле многу сепак рендерот погоре е одличен само и да ги направат


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Oct-2008 at 23:36

Аква-парк во општина Аеродром

петок, 31 октомври 2008
 
Турската фирма „ПОЛ-КАР“ заинтересирана да гради аква - парк во општина Аеродром
 
 
 
 
http://">Градоначалникот на општина Аеродром Кирил Тодоровски денеска имаше средба со делегација на турската фирма „ПОЛ-КАР“, која се занимава со производство, монтажа и одржување опрема за базени, тобогани и други реквизити за опремување аква-паркови.

Генералниот координатор на „ПОЛ-КАР“ Баран Усаваш и Октај Калканер, одговорен за производството на базените, на средбата со Тодоровски ја претставиле фирмата и покажале интерес за изградба на аква-парк и наоѓање инвеститор.

Општина Аеродром информира дека претставниците на „ПОЛ-КАР“ понудиле и подготовка на проект за изградба на забавен воден-парк покрај кејот на реката Вардар во Општина Аеродром.

Фирмата „ПОЛ-КАР“ членува во светската, европската и во руската аква-парк асоцијација, а во моментов изведува работи во Гостивар.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=18076


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Nov-2008 at 12:56
Еве ви концепт за воден парк во комплексот Метропол/Белви во Охрид. Го ископав од нивниот сајт пред едно година дена но сега не го глеам таму. Дали е концептот напуштен незнам.



Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Nov-2008 at 12:11
ОПШТИНА КАРПОШ СТАНА ГАЗДА НА БАЗЕНОТ
Акваленд во "Младост" од Нова година
Општината, со инвеститор, од страната на Илинденска ќе гради нов, отворен базен со уредена тераса

Општина Карпош од први овој месец го презеде управувањето со базенот "Младост" кај хотелот "Александар Палас", и најавува дека од Нова година ќе почне со изградба на акваленд. Управувањето со овој спортски објект Општината го презеде откако фирмата "Технометал" летово најави дека сака да ја врати концесијата, бидејќи и е неисплатливо да го работи базенот. Локалните власти објаснуваат дека "Технометал" договорот за концесија го потпишала со ЈП за стопанисување со спортски објекти, но дека, во меѓувреме, со одлука на Владата од 2006 година, базенот и е доделен на Општината и затоа концесијата е вратена на Карпош.
Сашо Димиќ, в.д. градоначалник на Општина Карпош, вели дека ќе го реновираат базенот, односно дека ќе го обноват машинскиот дел и ќе стават нови пумпи, а ќе воведат нов начин на греење со сончева енергија. Надвор од базенот, како што објаснува Димиќ, од страната на булевар Илинден, сакаат да прават акваленд, односно ќе градат отворен базен со тобогани и со уредена тераса.
"Во тек е измената на урбанистичкиот план каде што треба да се внесе маркичка за аквалендот. Очекуваме сите административни работи да завршат до Нова година, кога ќе почнеме со негова изградба. Веќе обезбедивме инвеститор, но се уште не сме одлучиле дали тоа ќе се прави преку јавно-приватно партнерство или ќе отвориме јавно претпријатие", вели Димиќ.
Зоран Михајлов, менаџер на "Младост", вели дека базенот најнормално работи, и покрај тоа што добиле нов газда. Тој објаснува дека, како и досега, за рекреативно пливање остануваат термините од 9.30 до 17 часот, а од 17 до 22 часот во базенот тренираат пливачките клубови. Терминот од 22 часот до полноќ, како и досега, е за ноќно капење. Билетите за возрасни, како и досега, чинат 200 денари, за студенти 100 денари и 50 денари за деца.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=159576&idg=8&idb=2523&rubrika=Skopje


Posted By: Plugger
Date Posted: 13-Nov-2008 at 15:57

Znaci vo Karposh Akva Lend a vo Aerodrom Akva Park ke ima dupla investicija.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Nov-2008 at 17:21
Незнам дали го имаме евидентирано овој проект. Се работи за термален аква-парк во близина на Кочани.
ТЕРМАЛЕН АКВА ПАРК
- Прв термален аква парк во Македонија
- Одлична локација за семеен туризам (планински ски-центар во близина)

- Геотермални извори со просечна температура од 75 степени Целзиусови
- Постоечки спортско-рекреативен центар со фудбалски стадион, тениски терени, кошаркарски игралишта, мини голф...
- Најчист град во Македонија
- Лоциран во Источна Македонија близу до границите на ЕУ земји членки (Бугарија и Грција)

- Вкупна површина на паркот 14 ха

Проект за термален аква парк со кој Општина Кочани беше еден од претставниците на Македонија на меѓународниот саем ЕКСПО РЕАЛ во Минхен, Германијаод 8. - 10. октомври 2007 г., хала Б2, место 413


[tube]lHTn1X0U9IY[/tube]


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 29-Nov-2008 at 00:41
inace zaboraiv da pisam za akva parkot,imam slusnato nesto ama ne mi se veruvase,i bas lokacija kochani ili tamo negde,ama kaj i da e a super bi bilo da se naprai.


Posted By: vardar
Date Posted: 01-Dec-2008 at 09:33
Убава иницијатива, јес да е дизајнот супер (и далеку подобар од салите) али нели е многу 5 милиони евра за еден базен???
 
 
 
Во Прилеп ќе се гради затворен базен
 
17.11.2008.
 
До крајот на годинава траба да биде објавен тендерот за изградба на затворениот базен во Прилеп информираа од Агенцијата за млади и спорт при денешната посета на локацијата каде што ќе се гради базенот во Прилеп. Станува збор за олимписки базен кој ќе биде граден со средства од Владата на Република Македонија, а ќе биде во сопственост на Локалната самоуправа.
 
Базенот би чинел околу 5 милиони евра. Димензиите на олимпискиот базен се педесет на дваесет и пет метри, а покрај него ќе има и помал базен за пливачи почетници. Базенот ќе има трибина за петстотини гледачи, а истот ќе може да прими од осумстоптини до илјада и двеста капачи.

Кристијан Јорданов од скопската фирма „Тетрактис“ која е проектнт на базенот најави дека во истиот ќе биде вградена најновата светска технологија за базени.

На денашната посета беше и господинот Ивица Ѓорѓиевски, актуелен пратеник, а поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт, кој уште еднаш потсети дека во Македонија покрај прилепскиот ќе бидат изградени уште 8 други базени во период од 4 години. Прилепскиот базен ќе биде прв или еден од првите кој ќе биде изграден во Македонија, рекоа при денашната посета на локацијата на Затворениот базен во Прилеп.
 
 
 
 
 
 
 
http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=426&Itemid=1 - Општина Прилеп
 
 


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 01-Dec-2008 at 10:59
super ke bide 8 bazeni da se izgradat niz makedonija ama i kaj nas olimpiski malce da go obnovat zasto ne go biva.a ovoj za vo prilep sto e malce mi e cuden barem na slikive i mnogu mal.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Dec-2008 at 14:33
Прилеп, Битола и Штип ќе добијат нови олимписки базени



Прилеп, Битола и Штип се првите општини каде што од јуни следната година ќе почне изградбата на пливачки базени, како прва фаза од проектот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) за изградба на девет нови базени низ Македонија. Во тек е огласот за доделување договор за изградба на првите три базени.На денешната прес - конференција директорот на АМС Драган Ѓурчевски упати повик до сите заинтересирани понудувачи - градежни компании од земјата и странство да се вклучат во постапката за доделување договор за нивната изградба.- Изборот да се почне со градба во овие три општини е во согласнот со одлуката на Владата на РМ да се инвестира во изградба на девет олимписки базени во Скопје, Kуманово, Штип, Струмица, Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар и Тетово и ажурноста на локалните власти за обезбедување на градежна документација, рече Ѓурчевски. Изградбата на олимпските базени ќе се врши според проектната документација изготвена од проектантската куќа Тетрактис - Скопје и ревидирана од Студио 2000 - Скопје.

Базените кои ќе бидат дадени под надлежност на локалната самоуправа каде што се изградени се во рамки на највисоки светски стандарди на ФИНА со вкупна површина од 300 метри квадратни, капацитет од 500 гледачи и овозможуваат одржување на сите олимписки пливачки дисциплини.
 
Според директорот Ѓурчевски, тие ќе бидат во модерен стил, комбинација на челик и стакло со најмодерна технологија и опрема за базени и систем за енергетско себенапојување.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=19870


Posted By: BlacK
Date Posted: 26-Dec-2008 at 15:50
Da ne se sprema nacionalna liga u vaterpolo LOL.Sala na strana mi se svigja proektov.I kako idejno resenie e pristojno i celosno kako proekt za gradenje na 9 bazeni vo 9-te pogolemi gradovi.
Ja umesto celikot bi stavil nosaci od lamelirano drvo,sto se pokazalo kako podobar materijal za ovoj tip na objekti,pr. vo Slovenija.A i taka mislam deka poubavo izgleda.Ne pretstavuva problem i istata forma da bidat nosacite kako na ovoj proekt sto e izbran.
Ja ce bidem presrecen i ova ako se realizira kako sto e vakaThumbs%20Up


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Dec-2008 at 16:04
Originally posted by BlacK

Da ne se sprema nacionalna liga u vaterpolo LOL.Sala na strana mi se svigja proektov.I kako idejno resenie e pristojno i celosno kako proekt za gradenje na 9 bazeni vo 9-te pogolemi gradovi.
Ja umesto celikot bi stavil nosaci od lamelirano drvo,sto se pokazalo kako podobar materijal za ovoj tip na objekti,pr. vo Slovenija.A i taka mislam deka poubavo izgleda.Ne pretstavuva problem i istata forma da bidat nosacite kako na ovoj proekt sto e izbran.
Ja ce bidem presrecen i ova ako se realizira kako sto e vakaThumbs%20Up


jas sum 100% za podrska na sport i mislam deka e mnogu bitno za nas kako nacija.

No... moze sum dosaden no nemozam a da ne bidam skeptik za ova. Znaci gradenjeto e polesniot del... Odrzuvanjeto i eksploatacijata e poteskiot. Se nadevam deka vo AMS imaat strategija.

Pojdi od Skopje. Ima dva solidni bazeni koi verojatno so mala investiicja moze da se vo top forma no no.... znaeme kako stojat rabotite.

Pojdete od primerot so kompjuterizacijata na ucilistata. Se potrosija mnogu pari no vekje so meseci se postavuva prasanjeto.... Sto so kompjuterite? Voopsto ne e napraven plan kako tie kje pomagaat vo obrazovanieto.

Vo sekoj slucaj proektot mi se dopagja i od toj aspekt nemam zamerki.


Posted By: BlacK
Date Posted: 26-Dec-2008 at 16:12
Zboruvam za vakvo nesto:


Posted By: BlacK
Date Posted: 26-Dec-2008 at 16:14
Mislam deka vakvo nesto e i poeftina varijanta.Eve uste edna slika.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Dec-2008 at 18:02

Во контекст на муабетот на pbanks морам да кажам дека исто како што ќе се одржуваат тие 35-те сали (или колку ќе бидат според новото), толку и овие базените. Да тргнам од Битола, спортската сала (иако не е од 35-те нови на ист принцип работи) има директор (роднина на едно дете што го знам) кој освен тоа што зема 920 денари на час за салата (која нема ни греење ни салам паркет ни ништо) не презел никогаш ништо за подобрување на салата. Еден дел од ходникот на салата го издаде за фитнес студио (значи ходникот е прекинат на средина и има ѕидови меѓу кои има 4 справи и некојси таму држи фитнес центар), и тие пари сигурно не одат за салата туку за директорот. И онака не се реновирало ништо во последните 20 години, барем да влегуваат во буџетот за вработените тие пари. Ова можеби навидум нема врска со темата, но сепак така функционира кај нас сѐ, па така и овие базени утре другиден ќе добијат некој директор кој ќе го издава „деловниот простор“ некому за смешни пари, ќе изгледаат прегрдо накитени со милијарда реклами (како и цела македонија), а уствари ќе се кради наголемо и не ме чуди ако некој не си ги земе филтрите за дома, или пак делчиња од деловите за „breakthrough технологијата“ на самонапојување или како рекоа на kirilica.com. Значи ако не се постави некој одговорен за овие базени (значи спортски човек, макаршо и тие не се баш нешто сигурни луѓе) осудени се на пропаст уште од пред да се отворат. Би било супер и да се формира нормална ватерполо лига кај нас, но ако ги добие некој апаш базените сигурно клубовите ќе немаат пари да играат во нив. Како и да е, морав да ја искажам мојата фрустрација од ваквите јавни објекти кои служат само за перење пари. Еве да се надеваме дека од овие ќе бидне нешто.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Dec-2008 at 23:50

Ќе се градат пливачки базени


Агенцијата за млади и спорт денес одржа прес-конференција по повод огласот за доделување на договор за изградба на три пливачки базени како прва фаза за реализација на проектот – Изградба на девет пливачки базени во Македонија.

На пресот беше упатен повик до сите заинтересирани понудувачи - градежни компании од земјата и странство, да се вклучат во постапката за доделување договор за изградба на базените согласно критериумите за утврдување на способност на кандидатите- лична состојба, професионална дејност,економска и финансиска состојба, техничка способност и стандарди за системи за квалитет.



Директорот на Агенцијата Драган Ѓурчевски објасни дека прво ќе се гради во општините Прилеп, Штип и Битола, а потоа ќе се инвестира и во Скопје, Куманово, Струмица, Охрид, Гостивар, и Тетово.

Градбата на Олимпските базени ќе се врши според проектната документација изготвена од проектната куќа Тетрактис - Скопје и ревидирана од студио 2000 - Скопје.



Базените се во рамките на највисоки светски стандарди по ФИНА со вкупна површина од 9 300 м2 со капацитет од 500 гледачи и овозможуваат одржување на сите олимписки пливачки дисциплини. Градбата ќе биде во модерен стил комбинација на челик и стакло со најмодерна технологија и опрема за базени и систем за енергетско себенапојување.

http://www.taratur.com/node/7019

Клипчето го имаше на сител во спортската редакција, ама за жал тој дел од вестите го нема на интеренет. Тамо имаше 3D приказ и од внатрешноста, ама тоа е. Ај ваљда ќе налетаме и на клипчето деновиве па ќе го имаме и тука во нишкава!



Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Jan-2009 at 23:17
Битола ќе добие затворен базен

СРЕДА, 14 ЈАНУАРИ 2009 18:04



Со средства од Владата, како проект на Агенцијата за млади и спорт ќе се градат 9 базени во Македонија, а базените во Битола, Прилеп и Штип се во првата фаза на проектот. Локацијата на затворениот олимписки базен во Битола е предвидена до Спортската сала. треба да започне од јуни следната година. Претходно треба да бидат завршени сите подготовки околу тендерската постапка што ја распиша Агенцијата за спорт и млади и околу изборот на фирмите кои ќе ги градат.
-Ние помогнавме со целата наша администрација да ги дотераме деталните урбанистички планови. Се надевам дека пролетва ќе започне изградбата на покриениот олимписки базен. Тој е поинаков, два или три такви ќе има во Македонија, нашиот е еден од нив. Мислам дека ќе биде на радост на нашите граѓани одобено на малдите кои често пати ми се обраќаа и го очекуваат овој базен. Конечно после многу години, после многу децении, најави од разни структури убеден сум дека ќе се реализира една голема желба на нашите граѓани, изјави градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.



Со изградбата на еден ваков базен во Битола на младите пливачки таленти кои досега имаа можност да тренираат само во летниот период, им се дава можност за успешна иднина. Но и на сите оние кои рекреативно го сакаат пливањето.

-Ние сакаме на нашите млади луѓе да им дадеме услови да го негуваат натпреварувачкиот дух, да бидат здрави, силни, личности кои ќе се изградат со знаење и со спортски дух и едноставно нашите идни генерации да не го губат времето на нешто што е непопуларно. Сакаме да се социјализираат преку овие активности што ги преземаме и се разбира да бидат граѓани кои нашата држава ќе ја носат во поубави времиња, рече Талески.

Базенот ќе се гради по најсовремени светски стандарди на ФИНА, во модерен стил, во комбинација на челик и стакло, ќе опфаќа површина од 9300 м2, со капацитет од 500 гледачи, со систем на енергетско самонапојување со кое ќе се овозможи одржување на натпревари во сите пливачки дисциплини. По изградбата базенот ќе биде даден под надлежност на општината.


Преземено од: http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3208&Itemid=106 - http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3208&Itemid=106

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2009 at 16:14
Еве низ оваа убава статија на Тотал убаво се прикажува зошто барем јас сум скептик за безбројните најави и проекти кои ни се сервираат. Никој не објаснува зошто никој не обраќа внимание на она што веќе го имаме пред да троши големи средства во нешто ново. И никој не дава детали за одржливоста на проектите како гаранција дека за едно 20-30 години нема да ги гледаме истите во некоја статија слична на оваа.

ФОТО ВЕСТ: Капитални инвестиции

                  

Владата на Република Македонија најави изградба на три нови затворени базени во Битола, Прилеп и Штип, а најавена е и изградба на олимписки базени уште во Скопската населба Аеродром, Куманово Струмица, Охрид, Гостивар и Тетово.

                

 

И оваа депонија на фотографиите некогаш беше затворен базен, кој некогаш беше гордост на Струга, а од него излегуваа голем број на пливачи и ватерполисти кои гордо ја претставуваа Македонија на многубројните натпревари во земјава и светот.

               

 

Не само стружани во базенот редовно тренираа и пливачите од Охрид, а во овој базен првите завеслаи ги направи и Александар Маленко. Овој базен воедно е и најстариот затворен базен изграден во Македонија, а од 2002 година базенот е оставен самиот на себе, а беше затворен поради “скапото греење“ и немањето на доволно средства за негово одржување, претворајќи се од дом на спортот и здравата младина, во дувло на наркомани и деликвенти.

           

Лесно е да се изградат новите базени, па макар и со насјакапа опрема и технологија, но тешко е истите да се одржуваат и да произведуваат пливачки таленти. Ова може да се случи само во Македонија.



Извор: http://www.total.com.mk/upload/Gojko/DSC09182.JPG - Тотал


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jan-2009 at 16:24
Гаранцијата за оддржливсот е многу релативна работа. Ова е од инситуцинална негрижа. Ова да е на некој приватљак ќе го напраи.... бреееееее! Ако веќе државава не го оддржава јас предлагам ова да се продаде уште сега! Или ако не па нека му го дадат на некој на концесија за едно 7-8 години. Така се оддржава!

Кога сме кај базениве ми текна на еден базен во топаанско поле што се користи како магацин пошто е утната изградбата и нешто незнам што е финтата точно!


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2009 at 14:45
Originally posted by lslcrew

Гаранцијата за оддржливсот е многу релативна работа. Ова е од инситуцинална негрижа. Ова да е на некој приватљак ќе го напраи.... бреееееее! Ако веќе државава не го оддржава јас предлагам ова да се продаде уште сега! Или ако не па нека му го дадат на некој на концесија за едно 7-8 години. Така се оддржава!

Кога сме кај базениве ми текна на еден базен во топаанско поле што се користи како магацин пошто е утната изградбата и нешто незнам што е финтата точно!


Па фактот дека ниедно јавно-приватно партнерство не успеа ни со постоечкиве базени е доказ дека одржливоста во овој момент не баш возможна.

А институционалната негрижа во меѓувреме ќе им го најде крајот на овие нови базени.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jan-2009 at 12:31
Акваленд до базенот во Карпош
Скопје
Отворен базен и акваленд ќе може да се изгради на просторот околу базенот „Младост“ во Карпош со измените во деталниот урбанистички план што ги подготвува општината. Новиот базен со уредена тераса треба да се направи од страната на булеварот Илинден.

Сашо Димиќ, в.д. градоначалникот на Карпош, најави дека во деталниот план ќе се вметне и маркичка за акваленд, односно за воден забавен парк, но не се знае кога би почнала неговата изградба. Тој додаде дека базенот „Младост“ засега и припаѓа на државата, односно сè уште не било извршено неговото примопредавање за да потпадне под општината.

- Базенот сè уште не е во наша надлежност, но чекаме да ни припадне. Како идеја и проект, аквалендот е поддржан од сите институции и ако се изгради тој ќе остварува голем профит. Сега работиме на измените во деталниот план за тој дел, каде што ќе ја вцртаме маркичката. Рано е да се прецизира кој и кога би го градел тој забавен парк, но во секој случај ќе го има - рече Димиќ.

Базенот „Младост“ е изграден во 1979 година со пари од самопридонес на граѓаните на Скопје. Долго време со него управуваше Јавното претпријатие за спортски објекти и Здружението на граѓани за спортски активности „Младост“ од Карпош. Со одлука на Владата, до јули 2006 година базенот со децентрализацијата премина во надлежност на општината Карпош, која склучи договор со фирмата „Технометал-Вардар“ за неговото одржување и финансирање за период од 30 години. Така, последниве неколку години со објектот успешно концесионираше фирмата „Технометал-Вардар“, која обезбеди повеќе пари не само за негово одржување, туку и за реновирање на машинскиот дел и за функционирање на целосниот внатрешен базенски дел и платформата околу објектот. Но, поради големи трошоци, неопходни за работењето на базенот преку целата година, фирмата се откажа од концесијата на сметка на општината. По раскинувањето на договорот, советниците од Карпош заедно со в.д.градоначалникот Димиќ донесоа едногласна одлука да го преземат одржувањето и финансирањето на овој засега единствен зимски пливачки објект. Бидејќи и за општината трошоците за одржување на базенот се преголеми, државата реши да го земе под своја закрила и тој да стане дел од спортскиот комплекс „Борис Трајковски“.

Ако се усвои деталниот план, ова ќе биде второ место во градот каде што ќе може да се изгради аквапарк. Таков комплекс веќе се предвидува и во општината Аеродром, покрај кејот на реката Вардар, каде што сега се наоѓаат стоваришта на градежни фирми.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=300&top=1&ArticleID=16575


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jan-2009 at 13:19


Вакво решение на таа локација повеќе ми фаќа око отколку порано најавуваниот трговски центар.
Оди во прилог на целиот тој спортско рекреативен центар што се развива таму и плус ја ублажува грешката што салата ја збутавме во позадина.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 27-Jan-2009 at 13:59
mnogu ubava zamisla a i se slozuvam deka lokacijata odgovara za vakvo neshto,samo ushte da dadat kinecna odluka i da pocnat da go gradat ke bide superBig%20smilepa da imame i nie akvapark


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 02-Mar-2009 at 08:41

Карпош го даде базенот без амин од Советот

Членови на Советот на Општината бараат отчет од в.д. градоначалникот Сашо Димиќ дали и кога му го дал базенот „Младост“ под концесија на претпријатието „Борис Трајковски“

Членови на Советот на Општина Карпош бараат отчет од в.д. градоначалникот Сашо Димиќ дали и како е можно без одлука на Советот да го дал базенот „Младост“ под концесија на државното претпријатие „Борис Трајковски“. Дел од советниците се надеваа дека на последната седница ќе добијат одговор и детали за оваа вест, која ја дознале од медиумите, но Димиќ не беше присутен.

- Базенот е имот на општината, а со имотот на општината располага Советот. Очекувавме Димиќ да одговори дали навистина го дал базенот под концесија на државата без согласност од Советот, но него го немаше. Немаме никакви информации, никој за ништо не не' известил. Не знаеме ни дали, а и каков договор е склучен со Јавното претпријатие „Борис Трајковски“ - изјави членот на Советот Горан Михајлов.В.д. градоначалникот Димиќ не беше достапен да одговори на испратените прашања дали е вистинита веста за новото концесионерство.

Не беше достапен ниту директорот на Јавното претпријатие, Борис Змејковски, кој изминативе денови во медиуми наголемо информираше за идните планови на претпријатието за базенот, односно дека базенот ќе се реновира откако ќе зборувале со Владата. Тој појасни и дека ќе размислат дали ќе ги остават исти цените на билетите, како и дека е неизвесно дали ќе има бесплатно пливање за основците од училиштата што се наоѓаат на територијата на Карпош.

Базенот „Младост“ во 1996 година, со децентрализацијата, премина во сопственост на Општината Карпош. Тој со години е единствениот базен во Скопје, кој им е достапен за спортување на професионалните пливачи, ватерполистите и рекреативците. Граѓаните имаа пристап само во одредени термини. Поради непоседување фискален апарат изминативе месеци се случи тој целосно да биде затворен. Вториот базен во Скопје, Олимпискиот базен, не функционира поради долгови.

Базенот „Младост“ е изграден во 1979 година со пари од самопридонес на граѓаните на Скопје. Изминативе децении не беше посериозно реновиран. Последниве години тој е во многу лоша состојба. Главна причина за тоа е неодговорното работење со него, како последица на штетни договори што тогашниот газда, Јавното претпријатие за стопанисување спортски објекти, ги склучи со неколку фирми за багателно смешни суми. Договорите беа склучени во време на директорот Алил Палоши. На новите раководства им требаа многу години и пари за судски процеси за да ги поништат договорите.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DAF073CEBBD35B429F57A975A00C7FCC - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DAF073CEBBD35B429F57A975A00C7FCC
 


Posted By: Makedonij
Date Posted: 13-Apr-2009 at 14:54
Во Кочани ке се гради Термални Аква Парк

http://img15.imageshack.us/my.php?image=dfyd.png">
http://img53.imageshack.us/my.php?image=gigzuzu.jpg">

http://www.kocani.gov.mk/linkovi/thermal%20aqua%20park_mk.htm


Posted By: Makedonij
Date Posted: 13-Apr-2009 at 15:17
Спа центар Кежовица во Штип

http://img254.imageshack.us/my.php?image=serwaqwqr.png">
http://img529.imageshack.us/my.php?image=tut66.jpg">



Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Apr-2009 at 01:06

Базенот „Младост“ пред распаѓање

Родители и граѓани апелираат државата да најде пари за децата, младинците, рекреативците за да можат нормално да спортуваат во единствениот базен во Скопје

Не ми се испраќа детето на пливање во базенот во Карпош. Тоалетите се толку стари, валкани, смрдливи и руинирани што не верувам дека може да се доведат во нормална состојба. Очајни се и кабините, тушевите, кадите...Таму владее тажна слика и тмурна атмосфера. Објектот е пред распаѓање, како внатрешно, така и надворешно. Персоналот е одличен, но џабе. Апелирам државата да преземе нешто, бидејќи ова е единствениот базен во Скопје во кој нашите деца одат со радост, вели Александра Симоновска, мајка на дете кое тренира во еден од пливачките клубови.

Таа не е единствената со вакво мислење. Оваа слика ја имаат и многумина рекреативци кои се откажале од пливање токму поради катастрофалната состојба во која се наоѓа базенот. Од пред два месеца, со базенот „Младост“, кој со години е единствен во употреба, стопанисува државното претпријатие „Борис Трајковски“. Директорот Борис Змејковски вели дека на базенот нема да му се стави клуч, но во 2009 нема да се вложува во него. Причината за тоа е што државата не одвоила средства за базенот за оваа година. Не е отфрлена можноста да се издвојат пари со ребаланс на буџетот, но тоа е нешто што сега засега е под прашалник.

- Ако базенот го преземевме лани, можеби годинава нешто ќе беше обновено. Во моментов вложуваме средства и напори единствено да функционира нормално. Ова не е профитабилен објект, напротив работи со загуби. Сметките за парно се енормно високи - изјави директорот Змејковски.Тој објасни дека пред обновата на објектот, која начелно се очекува наредната година, ќе биде изработен проект. Базенот треба да се реновира и одватре и однадвор.

- Со проектот планираме реновирање на подрумските простории, односно системот на базенот за вода, кој сега е стар и тешко се одржува. Предвидуваме изградба на сопствена котларница за затоплување, имајќи предвид дека сега многу пари одат на сметки за парно. Придобивка од тоа ќе биде што базенот ќе биде затоплен постојано, за разлика од досега -објасни Змејковски. Базенот „Младост“ во 1996 година со децентрализацијата премина во сопственост на Општината Карпош. Официјално трансферот е направен пред неколку месеци, но неодамна в.д. градоначалникот Саша Димиќ го врати повторно под државна капа. Станува збор за единствен базен во Скопје, кој е достапен за спортување на професионалните пливачи и поретко и на обичните граѓани, само во одредени денови и термини, и тоа поради зафатеноста на термините од спортистите.

Вториот покриен базен во Скопје, Олимпискиот, не функционира со години. Базенот „Младост“ е изграден во 1979 година со средства од самопридонес на граѓаните на Скопје. Последнава деценија тој се наоѓа во очајна состојба поради неодговорното работење со него, како последица на штетни договори на некогашниот газда, Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти. Ова претпријатие склучи договори со неколку фирми за многу мали суми. Базенот беше вратен во државна сопственост по многу години и судски процеси, со цел да се поништат штетните договори.

Во Карпош 3 ќе се гради нов летен базен

Со проектот за реконструкција на базенот „Младост“, која е планирана за наредната година, директорот Борис Змејковски рече дека е предвидена и изградба на нов базен. Тој би се наоѓал веднаш до постојниот и би бил отворен летен базен. Предвидено е да се изгради според сите професионални стандарди.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4298F0D1BD13734491CB3949C69BB099


Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Jun-2009 at 14:47
На Олимписки базен од идната недела
Четврток, 11 Јуни 2009 17:17
Jovica%2014Тропските горештини веќе ги мачат битолчани, а најдоброто и најблиско место за разладување за една недела ќе биде отворено. Олимпискиот базен Император на граѓаните ќе им понуди нови реновирани услови за рекреација:

,, Поплочен е и исфарбан целиот базен и поради тоа оваа година малку задоцнивме, вели Јовица Талевски, сопственик на Олимпискиот базен.

Целосно обоен е и малиот базен, а водата и во двата базена секојдневно ќе се прочистува со прочистителна станица со автомско хлорирање. Цените пред отворањето на базенот се многу поповолни за граѓаните.

 ,, 1200 денари е сезонска карта, а по отворањето ќе биде 1500, а во 100 денари влезница влегува и топоганот, вели Талевски.Jovica%2015

Обезбедување, доктор и спасувачи секојдневно ќе се грижат за здравјето и безбедноста на пливачите. За оние кои не знаат да пливаат школата за пливање и оваа година нуди одлични можности.

И не би биле професионалци ако немаат понуда и за напредните пливачи, а тие тоа го имаат.

Пливањето за школата за пливање која ќе стартува од први јули е во ресторанот Император или на неговиот телефонски број. За да биде освежувањето комплетно ресторанот на посетителите на Олимпискиот базен им нуди можност да ја изгаснат својата жед или да си обезбедат добар оброк во текот на деновите за одмор и уживање.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8884&Itemid=107 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8884&Itemid=107

Па добро, сега штом е приватен, и престанаа да му одат луѓе, нормално дека ќе го поплочи.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jul-2009 at 15:12
ГРАДСКИТЕ РЕКРЕАТИВНИ ОБЈЕКТИ РУИНИРАНИ
Хоророт во базените ги избрка капачите

Стари и исчкртани соблекувалници, смрдливи тоалети со искршени врати и прокиснати тавани, се истата грда слика поради која со години двата базени во градот, „Олимпискиот базен“ и „Младост“, ги губат посетителите. Рекреативците велат дека во базенот „Младост“ биле принудени да си ја остават облеката во стари, искинати и валкани торби. Во нив завршуваат и личните предмети, како паричникот и мобилниот телефон, што, и покрај тоа што на објектот стои натпис дека тој е обезбеден, тие стравуваат дека лесно може да останат без нив. - Вратите од соблекувалниците и од тоалетите, од кои ниту една не се затвора како што треба, иако се по неколку пати пребојадисувани, за кратко време пак се исчкртани. Во тоалетите и во кабините за туширање смрди, а подот плива во вода “ револтирано објаснува Ели, која вели дека се кае што решила денот да го помине на базен. Поредовните посетители, пак, се разочарани и од тоа што водата во базенот не е чиста како порано. Греењето во минатите два месеци изостана, и покрај свежото и врнежливо време. Но, затоа рекреативците неколку пати мораа да пливаат на дожд поради дупките на стариот покрив од кој протекува вода. Раководителите признаваат дека објектите, кои се уште работат со загуба, и однадвор и однатре покажуваат дека ништо не е инвестирано во нив откога се изградени. Директорот на спортската сала „Борис Трајковски“, во чијашто сопственост од пролетта е базенот во населбата Карпош 3, не најавува инвестиции за годинава, туку само изработка на проект за негова реконструкција. - За жал, сите што стопанисувале со базенот во последните триесетина години ни шајка не ставиле во него. Објектот се уште работи по стар систем, па секој ден треба да влечкаме буриња хлор од „ОХИС“. Затоа не сакаме да се зафатиме со мали поправки и да импровизираме, туку од корен треба да се направи реконструкција на базенот и да се воведе нова технологија во неговата работа “ вели Борис Змејковски, директор на јавното претпријатие „Борис Трајковски“. Според него, проектот до крајот на годината треба да се достави до Владата, но, поради економската криза, не е оптимист дека веднаш ќе се одобрат средства. Дотогаш ветува дека во базенот ќе се постават нови панични светла, неопходни кога ќе снема струја, за кои се чека да заврши тендерот за избор на фирма-набавувач. Сликата не е ништо подобра и во „Олимпискиот базен“, во кој, за разлика од „Младост“, во зимските месеци работи само малото корито поради високите сметки за греење и за одржување. Летово базенот работи со полн капацитет, но, сепак, посетеност нема. - Поради врнежливото време, посетата е слаба. Пред почетокот на сезоната ги бојадисавме соблекувалниците и кабините за туширање, полиравме, ги сменивме скршените плочки, ставивме нов песок за филтрите, а на терасата се поставени лежалките со чадори и шанк, на кој се служат пијалаци и сладоледи “ велат од базенот и додаваат дека цената на билетот е 200 денари и важи за цел ден.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1755&ArticleID=117633


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Aug-2009 at 12:54

Шут и ѓубре, место вода во базенот во Струга

Инвентарот на базенот е украден, крадци ја имаат откорнато и однесено дури и покривната конструкција, соблекувалните се искршени, тушовите и плочките ги нема, а и од прозорците не останало речиси ништо

Македонија изгуби прекрасни таленти што можеа да станат врвни пливачи поради тоа што затворениот базен во Струга е целосно запустен, тврди Ѓорѓи Чуркоски, претседател на Пливачкиот клуб во Струга. Според него, во минатото во овој базен тренирале најуспешните македонски пливачи, но цели осум години тој е недостапен за клубовите од Струга и од Охрид бидејќи е претворен во магацин. Ниту државата ниту општината водат грижа за објектот.
"Инвентарот е украден, а школката на базенот место со вода, полна е со парчиња од фасада и со ѓубре. Крадци ја имаат откорнато и однесено дури и покривната конструкција. Соблекувалните се искршени, тушовите и плочките украдени, а од прозорците нема останато речиси ништо. Некои простории до неодамна функционираа и како магацини", вели Чуркоски.
Тој објаснува дека државата сега се расфрла со изградба на скапи базени кои чинат 5 милиони евра, а санацијата на овој нема да чини повеќе од половина милион евра и ќе трае само неколку месеци.
Вршителот на должноста директор на ЈП за стопанисување со спортски објекти Аце Русевски тврди дека базенот државата уште пред две години $ го има доделено на користење на локалната власт.
"Ако некој треба да се грижи за објектот, тоа е Општина Струга. Јавното претпријатие веќе нема никаква надлежност", тврди Русевски.
Од Општина Струга, пак, одговараат дека немаат никаква надлежност на објектот, но не се расположени да дадат повеќе информации. Општинската секретарка ни рече дека градоначалникот Рамиз Мерко не е на работа и оти нема кој да објасни што се случува со затворениот базен во Струга. Градоначалникот беше недостапен и на неговиот службен мобилен телефон.
Затворениот базен во Струга е изграден во 1981 година. Тој бил направен за рекреација и тренинг на македонските пливачки и ватерполо репрезентации. Последниот поголем натпревар во него е одржан во 2003 година, во рамки на Балканската олимпијада која ја организираше МОК.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=82F51F63CAF5614AB5AF83CCD12CC231


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Aug-2009 at 15:04
 Previous Повеќе слики неколку постови поназад. Жална слика forum_posts.asp?TID=434&PID=28019#28019 - #33  Ohno

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Makedonij
Date Posted: 25-Sep-2009 at 11:01
Рекреативен центар Моклиште

Проектот Брана –Моклиште е со вредност од 15.000.000 денари и истиот е во завршна фаза.

Проектот опфати повеке градежни работи како што се поплочување на коритото на реката Луда Мара како и бетонска ограда на локалитетот.

Со отпочнување на градежната сезона локалитетот Брана-Моклиште партерно и хортикултурно ке се уреди и со тоа овој простор ке претставува место за рекреација на гаѓаните на општина Кавадарци.

Доколку фирмите во кои волатираат лицата израат заинтересираност за продолжување на нивното работно ангажирање општина Кавадарци-локална самоуправа е спремна да врши финансирање на овие лица уште за период продолжен за 3 месеци.

Проектот овозможува стекнување на работно искуство како и можност со самодокажување и ангажираност на лицата волантери да бидат постојано вработени во фирмите во кои волантираат.

http://img19.imageshack.us/i/mokliste.jpg/">

http://www.kavadarci.gov.mk/?jazik=1&id=05



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 23-Jan-2010 at 15:45
Originally posted by Makedonij

Спа центар Кежовица во Штип

http://img254.imageshack.us/my.php?image=serwaqwqr.png">
http://img529.imageshack.us/my.php?image=tut66.jpg">



Ovoa ušte stoe u mesto,se čeka investitor od stranskvo inaku kežovica doživeala malo renoviranaje:

http://img686.imageshack.us/i/61560918.jpg/">
http://img205.imageshack.us/i/36902123.jpg/">
http://img94.imageshack.us/i/18331594.jpg/">
http://img693.imageshack.us/i/67765760.jpg/">
http://img301.imageshack.us/i/43379243.jpg/">
http://img510.imageshack.us/i/77567777.jpg/">
http://img301.imageshack.us/i/66344641.jpg/">

http://jpisar.com.mk/jpisar/simpleviewer/kezovica.html



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Feb-2010 at 03:54

На базенот „Младост“ му треба повеќе од површинска шминка

Објектот стар повеќе од три децении ќе чека подобри времиња за реконструкција

Базенот „Младост“ во Карпош ќе почека подобри времиња за реновирање, бидејќи му е потребно многу повеќе од површинска шминка. Иако од минатата година тој е дел од новата сала „Борис Трајковски“, засега нема планови за негова реконструкција. Од јавното претпријатие кое ги стопанисува двата објекта велат дека досега не е направена ниту процена што се треба да се обнови во базенот, ниту, пак, е почната изработка на проект. Извесно е дека тој ќе се работи годинава, а за пари ќе се размислува, веројатно, од идната година.

Според директорот на јавното претпријатие Борис Змејковски, базенот ќе биде голем зафат, бидејќи е потребна темелна реконструкција на повеќе сегменти, особено на системот за прочистување на водата. Оној што се користи сега, иако е функционален, сепак, е стар колку и самиот објект.

„Методите што ги користиме за хлорирање на водата во базенот се застарени и не се употребуваат речиси никаде. Освен системот за прочистување, за реконструкција е и електричната мрежа, водоводниот систем, практично, речиси целиот објект“, вели Змејковски.

Тој потенцира дека откако базенот „Младост“ е под капата на јавното претпријатие, тие се грижат за неговото тековно одржување, со што се овозможува тој да биде во функција и на располагање на рекреативците и пливачките школи. За се' дополнително, вели Змејковски, се потребни големи инвестиции.

„Базенот, секако, ќе се реконструира и тоа темелно, но сега не можеме да кажеме кога. Сепак, штом сме зеле да го работиме, мора да се направи тој навистина да биде во функција на новата сала и да се овозможи без проблеми тука да се одржуваат сите спортски настани во базен“, вели Змејковски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0D072A05FB618D41A2893AC11CBCB7E1


Posted By: Makedonij
Date Posted: 10-Feb-2010 at 23:33
БАНСКО СПА Центар

[tube]wpDnr-do46g&feature=related[/tube]


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Max
Date Posted: 22-Feb-2010 at 05:35

Ватерполото ни стана спорт на апсурди

Базенот во Карпош не работи, па во прашање е доведено играњето на мечот Македонија - Грција на 16 март

Во Македонија ватерполото е спорт на апсурди. Македонската ватерполо репрезентација се наоѓа меѓу осумте најдобри селекции во Европа, а во земјава моментно нема ниеден покриен базен што работи. Тоа веројатно е единствен случај во Европа и во светот. Од неодамна базенот Младост веќе не се грее и водата е испуштена, откако стигнала сметката од „Топлификација“ дека треба да се плати 20.000 евра само за еден месец. Така и овој базен, покрај Олимпискиот во центарот на Скопје е вон функција, токму во моменти кога репрезентацијата се подготвува за претстојните дуели во Светската лига и за квалификациите за ЕП-2010, во Хрватска.

Репрезентацијата на Македонија игра со Хрватска во следното коло, на 23 февруари како гостин. Пред оваа средба Македонија во Хрватска ќе има неколку контроли со клубови од оваа земја. Но, играњето на средбата која сите ја очекуваат, против Грција, во рамките на Светската лига на 16 март е во прашање, затоа што тогаш базенот ќе биде празен. Покрај тоа и подготовките на националниот тим кој кон крајот на март во Грција ќе игра во квалификации за ЕП 2010, се доведени во прашање.

- Моравме да ја испуштиме водата од базенот затоа што сметките ни се астрономски. Последната сметка што ни стигна е 20.000 евра, што е за два и пол пати повеќе од она што досега го плаќавме. Едноставно не можеме да го издржиме тој притисок, па ја испуштивме водата од базенот. Така сега ватерполото, а и пливачките клубови се на суво. Во преговори сме со Пливачката федерација на Македонија да го наполниме базенот на две недели пред мечот со Грција за да може да се загрее и да се игра средбата. Но и тоа не е сигурно. Ако тоа го направиме, ќе чини околу 6.500 евра - ни рече Филип Хаџиевски, раководител на базенот Младост. Како што дознаваме покачувањето на цената на греењето е поради тоа што базенот сега веќе нема статус на привилегиран потрошувач. Не успеавме да го добиеме ставот на Пливачката федерација околу проблемот со базенот.

ПРОЕКТ ВО ВОДА

Македонија игра во Светската лига од сезонава и досега изигра три средби во групата. Во Скопје загубивме од Хрватска и од Русија, а во Грција загубивме од домаќинот. Целиот настап во Светската лига е замислен како подготовка на Македонија за главниот настан, квалификациите за ЕП, кои се играат во Грција, а во групата покрај нас и домаќинот, се и Франција и Словенија. Оценките беа дека имаме добри шанси да го освоиме второто место во групата што би ни овозможило настап на завршницата од ЕП, во Загреб. Тоа би бил втор настап на Македонија на едно ЕП, по она во Малага 2008 година, кога бевме осми. Со оваа состојба во базенот Младост целиот проект може многу лесно да падне во вода.

- Многу несериозен потег од Топлификација. Со ваквото зголемување на цените многу ватерполисти и пливачи останаа на суво - изјави Саше Поповски некогашниот капитен на ватерполо репрезентацијата.

„ВИСИ“ И ВК РАБОТНИЧКИ

Со престанокот на работа на базенот Младост во вода може да падне и учеството на ВК Работнички во Првата Б-српска ватерполо лига. Работнички сезонава прва година учествува во натпреварите во Првата Б српска лига, каде од 10 екипи е на солидното петто место. Во состојба кога базенот не работи и настапите на овој клуб во оваа лига висат затоа што нема каде да ги игра натпреварите како домаќини.

- Домашните натпревари во оваа лига Работнички најверојатно ќе ги доигра како гостин. Тоа ни е единственото решение за да ја завршиме лигата. Што се однесува до репрезентацијата, многу не' сопира тоа што нема да имаме терен за подготовки за квалификациите. Што се однесува до мечот со Грција во рамките на Светската лига, тоа сега е неизвесно. Федерацијата мора да најде решение за да се одигра мечот. Бидејќи сме домаќини мора да се игра кај нас. Единствени базени кои одговараат за тоа се Младост и Олимпискиот базен во Скопје. Ќе видиме што ќе биде - вели Боби Кузмановски, помошник селектор во репрезентацијата. (Б.Г.)

Крај на пливањето во Македонија?

Во Младост тренираат и 15-тина пливачки клубови со над 400 пливачи. Сега сите тие се на суво. Малото корито на Олимпискиот базен, кое пливачите го нарекуваат „леген“ нема ни оддалеку капацитет да ги прими сите оние кои по затворањето на Младост останаа на суво. Ова значи ново тонење на пливањето како спорт, откако тоа почна по затворањето на големото корито од Олимписки за време на зимскиот дел од сезоната, пред неколку години. Ако не се најде решение за Младост, тоа ќе значи веројатно крај на пливањето како спорт во Македонија. Исто така Македонија ќе стане земја која ќе нема ниеден јавен базен во функција во текот на целата година.

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=71FAD4CAEB3FDA4CAC83EC36D6C7107F&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=71FAD4CAEB3FDA4CAC83EC36D6C7107F&arc=1

Во Струга, наместо базен, руина

Струшкиот покриен пливачки базен, некогаш собиралиште на младите од Охрид и од Струга, е комплетно руиниран. Во објектот одамна нема ништо, искршени се прозорците, нема врати, распарчени и расфрлани се столчињата, а единствено стартните блокови, кои не можеле да бидат откорнати, потсетуваат дека тука едно време имаше базен во кој се одржуваа натпревари.

Стружани сметаат дека ако навремено се презеле сите потребни активности струшкиот пливачи базен не би бил доведен во ваква мизерна состојба и не би претставувал срам за спортска Струга.

- Ни државата ни Општината водат грижа за објектот, наместо да биде место на здрави генерации, таа е „дувло“ на наркозависници - велат тие. Охрид и Струга со години биле расадник на таленти, желбата кај младите да се занимаваат со овој спорт е оргомна, но...

- За жал, последниве 7 години тренираме само во летните месеци, јуни, јули и август. Низ тој период вршиме обука на повеќе од 100 деца, пливачи и непливачи - вели Никола Докоски, пливачки тренер од Струга.

- Кога имавме услови за работа се тренираше во континуитет и имавме пливачи од највисок ранг, учесници на европски првенства, балканијади, разни меѓународни натпревари надвор од државата и сите тие беа проследени со успеси - додава Докоски.

Водите во струшкиот базен ги брануваа дел од најдобрите македонски пливачи, стружанецот Михајло Ристовски - учесник на Олимписките игри во Пекинг и охриѓанецот Александар Маленко - една од пливачките легенди: европски младински првак, шестопласиран на Светското првенство во Палма де Мајорка и учесник на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година.

Затворениот пливачки базен во Струга е пуштен во употреба во 1981, а затворен во 2002 година од Агенција за стопанисување со спортски објекти.

- Од септември 2002 до овој момент никој нема ништо преземено за затворениот пливачки базен во Струга. Спортот во светот оди напред, се развиваат сите методи на тренинг, а ние, наместо тоа да го следиме и да чекориме напред, со времето се вративме во 1980 година, кога немавме базен. Државата троши толку многу пари, кампањи за борба против дрога, аклохол, цигари, а ние децата ги оставаме на улица поради тоа што се трошат пари само за реклами, а не се презема ништо конкретно - завршува Докоски.

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=92D316CCDEE5814785D73137B8770AE7&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=92D316CCDEE5814785D73137B8770AE7&arc=1



-------------


Posted By: Makedonij
Date Posted: 28-Feb-2010 at 17:53
http://www.kanal77.com.mk/kanal77/index.php/2009-11-09-10-04-21/1731-2010-02-03-10-05-07 - Арсов: Ќе градиме хотел
Напишано од Весна Коловска   
Среда, 03 Февруари 2010 10:04

Откако штипската бања Кежовица не влезе во владиниот проект за бањско лекување на пензионерите директорот на ЈП Исар Васе Арсов  призна дека на штипската бања и треба темелна реконструкција признава .

Кога дошла комисијата од Министерството за труд и социјална политика во увид било јасно дека бањата тешко ќе влезе во владиниот проект. Петнаесет соби се без тоалет, а ниту кујната одговара на основните стандарди. Поради тоа, директорот на Исар најави нов проект.

 

Ќе се гради хотел како почеток на проектот за бањско-рекреативен комплекс. Заедно со постоечките капацитети кои ќе се реновираат, ќе бидат изградени вкупно 62 соби со сите дополнителни простории. Над 300.000 евра ќе чини новата зграда. Од каде пари кога Исар е во долгови за струја, а треба да се плаќаат и ратите за европскиот кредит земен за реконструкција на водоводниот систем.

Арсов вели дека хотелот ќе го градот од сопствени пари. Ќе вложат за идната година да влезат во владиниот проект за бањското лекување на пензионерите.

http://www.kanal77.com.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Mar-2010 at 15:29
Кога се сака, сè се може...

Политиката ги наполни базените



Двата покриени базена во Скопје за некој ден повторно ќе проработат, откако Владата на Република Македонија силно притиснала за тие да ја обноват функцијата, се зборува во пливачките кругови. По тревогата што ја направи Пливачката федерација на Македонија, кога објави дека ватерполо-натпреварот Македонија - Грција на 16 март, наместо во земјава, ќе се игра во странство затоа што немаме базен во функција, атмосферата се вжешти. Срамот ваков меч да се игра во странство, а и Македонија на целата своја територија да нема ниеден покриен базен во функција преку зима, бил преголем.

Раководствата на двата покриени базена, „Младост“ во Карпош и Олимписки во центар, кои имаа празни корита затоа што наводно не било рентабилно тие да се греат, одеднаш го сменија мислењето и експресно почнаа да се полнат. Кој сега ќе го плати цехот на нерентабилното греење на водата? Според концесионерот на Олимписки, АД „Полет“, кај нив никој. Но, и покрај тоа што ќе биде во загуба, „Полет“ ќе го наполни и загрее базенот за да може Македонија да игра со Грција во Скопје. Според управата на базенот „Младост“, тие спасот ќе го бараат во заеднички проект со Министерството за образование што ќе вклучи организирана посетеност на базенот со ученици, кои ќе имаат часови по пливање.

- Заедничкиот проект со Министерството за образование ќе ни помогне да имаме дневно по 350 до 400 деца, што на долги патеки може да ветува рентабилна работа. Инаку не беше можно да се издржи затоа што греењето поскапе триста отсто, а нема доволно посетители за да се покријат трошоците - ни изјави Филип Аџиевски, раководителот на базенот „Младост“, кој спаѓа во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Според АД „Полет“, ова претпријатие свесно влегува во була.

- Базенот ќе проработи навреме за натпреварот Македонија - Грција, а тоа е основен мотив што го полниме. Целиот трошок ќе ни биде околу 1.500.000 денари, што нема да можеме да го покриеме. Никакви притисоци немало од никаде, туку само решивме да влеземе во трошок што нема да можеме да го вратиме - изјави Мијалче Маневски, директор на АД „Полет’.

Мечот најверојатно ќе се игра на Олимписки, иако се' уште Пливачката федерација не донела конечно решение.

- Имало притисок од Владата за да проработат базените. Ќе беше голем срам, со Грција да игравме во Србија. Како тоа ќе се покрие и кој кому колку ќе плати или надомести, не се знае. Сепак, добро е што базените пак ќе бидат во функција, иако и порано имало слични случаи, па откако тревогата ќе минела, работите пак се враќале на старо - велат пливачки работници.

Големото корито на Олимписки со години е празно за време на зимската сезона, затоа што концесионерот вели дека не може да плаќа греење. „Младост“ главно работеше, а пред неколку дена првпат се испразни поради истиот проблем. Во обата базена сега велат дека ќе ја греат водата до крајот на зимската сезона. За жал, сега работите во овој спорт, како и порано, се решаваат инцидентно, кога догоре до нокти. Притоа не се гледа дека водните спортови со години полека се дават, токму поради проблемите со базените.

- Нашите трошоци за греење и за другите потреби на базенот „Младост“ за еден месец, откако поскапе греењето, беа над 1.500.000 денари, а приходот ни беше малку над 287.000 денари. Логично, загубата е голема. Поскапувањето на греењето дојде оттаму што го изгубивме статусот на привилегиран потрошувач кај Топлификација поради неодамнешното решение на Регулаторната комисија. Со толкав расход не можевме да опстанеме. Ние цело време работиме со загуби, а последново поскапување не' докусури. Проектот со Министерството за образование може да не' спаси, затоа што искористеноста ќе се зголеми па ќе имаме и поголеми приходи. Децата ќе почнат да го посетуваат базенот за неколку дена - изјави Борис Змејковски, директор на салата „Борис Трајковски“. Тој вели дека бил повикан на седница на Владата на која била донесена одлуката во решавањето на целиот проблем да биде вклучено и Министерството за образование.

Благоја Георгиевски



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=001D37BB7355DF4D995B8E2DAD08E381 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=001D37BB7355DF4D995B8E2DAD08E381

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Mar-2010 at 15:59
Од какви материјали се изградени базениве, безмалку како на отворено да се по енергетската ефикасност. Па знаат дека им треба многу топлење и не превземаат нешто да ги заменат покривите од обичен лим и стакло со нешто поефикасно. Слободно крововите може да се заменат високо ефикасни материјали, а за стаклото некоја добра комбинација со двослојни стакла од тип на енфапен и сличните. И на крај сето тоа може многу поубаво да изгледа и да не трошат толку греење. Башка им текнало ли на сопствено греење како на пример геотермални или слично. Сигурен сум дека за една до две сезони ќе го исплатат греењето. Лани летоска на Карпош на вечерно имаше по едвај десетина луѓе, немаат никаква политика на мотивирање на граѓаните. И базениве кај нас се со една нога во еден систем, со друга нога во друг, исто како и скоро секој објект под град Скопје, зоолошка, луна парк, треска, дрисла, базените. И упорно си мислат дека ќе му донесат објективе профит на градот, а само пропаѓаат од ден на ден.


Posted By: axel
Date Posted: 13-Apr-2010 at 11:27
ПРВ АК­ВА­ПАРК ВО МА­КЕ­ДО­НИ­ЈА

Ба­зе­ни и то­бо­га­ни на Ке­јот во Ае­род­ром

За из­град­ба на вод­ни­от парк Ми­нис­терс­тво­то за тран­спорт и вр­ски об­ја­ви тен­дер, на кој ве­ќе се ја­ви­ле чет­во­ри­ца по­ну­ду­ва­чи

Пр­ви­от ак­ва­парк во Ма­ке­до­ни­ја до кра­јот на го­ди­на­та ќе поч­не да се гра­ди на Ке­јот во Оп­шти­на Ае­род­ром, вед­наш зад са­ла­та на МЗТ.
На тен­де­рот за из­град­ба на вод­ни­от парк, кој Ми­нис­терс­тво­то за тран­спорт и вр­ски го об­ја­ви ми­на­ти­от ме­сец, до­се­га прис­тиг­на­ле ду­ри че­ти­ри по­ну­ди. Што сe со­др­жат овие по­ну­ди, кол­ку ба­зе­ни и то­бо­га­ни пред­ви­ду­ва­ат за скоп­ски­от Кеј, ќе се знае за две не­де­ли, ко­га јав­но ќе би­дат от­во­ре­ни и раз­гле­да­ни.
Вед­наш до ак­ва­пар­кот, пред­ви­де­на е из­град­ба и на фуд­бал­ски иг­ра­лиш­та и на дру­ги спорт­ски те­ре­ни.
"Тоа се две гра­деж­ни пар­це­ли, со по­вр­ши­на од 25.260 и од 6.885 квад­рат­ни мет­ри. Пра­во на уче­ство на јав­но­то над­да­ва­ње има­ат фи­зич­ки ли­ца, ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни, и прав­ни ли­ца.
По­чет­на­та це­на на јав­но­то над­да­ва­ње из­не­су­ва 1.900 де­на­ри по квад­ра­тен ме­тар", ве­лат од Ми­нис­терс­тво­то за тран­спорт и вр­ски.
Гра­до­на­чал­ни­кот на Ае­род­ром Иви­ца Ко­нев­ски оче­ку­ва го­ди­на­ва да поч­нат гра­деж­ни­те ак­тив­нос­ти за раз­у­ба­ву­ва­ње на Ке­јот.
"Из­град­ба­та на ак­ва­пар­кот ја пред­ви­дов­ме во Де­тал­ни­от ур­ба­нис­тич­ки план, и оној што ќе по­бе­ди на тен­де­рот, сло­бод­но мо­же да поч­не со ра­бо­та", ре­че Ко­нев­ски.
Пок­рај ба­зе­ни и то­бо­га­ни, на Ке­јот во Ае­род­ром ќе се гра­ди цел спорт­ски ком­плекс, вклу­чу­вај­ќи ја и згра­да­та на Фуд­бал­ска­та фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја. (М.Ѓ.)


http://www.vest.com.mk/?ItemID=CF6CDAB78BC3D54EBE83BBF48095BF3C


Posted By: axel
Date Posted: 23-Apr-2010 at 13:24
TUKA LI TREBA DA SE GRADI AKVAPARKOT??

Почитувани,

 

 

Ве информираме дека денес во Министерството за транспорт и врски се одржа јавно наддавање по јавната објава за  отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање наменето за изградба на спорт и рекреација, спортски терени и објекти во општина Аеродром.

 

Предмет на јавното наддавање беа две градежни парцели со површина од 25.260 м2 и 6.885 м2, а со статусот најповолен понудувач на јавното наддавање се стекна компанијата „Манд интернационал“ од Скопје, која ја понуди највисоката цена од вкупно 50.520.000 денари за првата градежна парцела и вкупно 13.770.000 денари за втората градежна парцела.

 

Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена да ги уплати средствата за отуѓување согласно постигнатата цена од јавното наддавање. Доколку средствата не се уплатат во предвидениот рок ќе се смета дека земјиштето не е отуѓено, а депонираните средства на најповолниот понудувачнема да му бидат вратени. По извршената уплата во утврдениот рок со најповолниот понудувач се склучува договор за отуѓување со кој најповолниот понудувач се обврзува дека предвидениот објект ќе го изгради во рок од 2 години.
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2483


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Apr-2010 at 22:46


Да

Најдоцна во 2013 во Аеродром ќе никне аква парк

Денес во Министерството за транспорт и врски се одржа јавно наддавање за две парцели во општината Аеродром наменети за спортски и рекреативни содржини. На поголемата од нив која има површина од 25.260 метри квадратни веќе подолго време се најавува изградба на аква парк, додека на помалата која има површина од 6.885 метри квадратни со ДУП-от е предвидена повеќенаменска спортска сала. Парцелите ги доби „Манд интернационал“ од Скопје, која за нив ќе треба да исплати 50.520.000 и 13.770.000 денари. Компанијата треба да ги уплати средствата во рок од 15 дена, да обезбеди одобрение за градба најдоцна 9 месеци од солемнизирање на договорот и да ги изгради објектите во рок од 2 години после правосилноста на одобрението.

Според ДУП-от инвеститорот ќе треба да обезбеди 210 паркинг места во рамки на парцелите, а максималната дозволена висина за градба е 12 метри. Објектите ќе бидат дел од идниот спортско – рекреативен центар на кејот на Вардар во Аеродром. Поголем дел од него е зацртан на просторот на бившата голема ../?p=856 - градежна база на АДГ Маврово која е речиси расчистена . На 31 јануари таму беше поставен ../?p=1703 - камен темелник за четири тениски игралишта , а на почетокот на месецов Министерството за транспорт и врски ../?p=2689 - на лицитација понуди и две парцели за хотели , кои исто така треба да бидат дел од комплексот.

http://www.build.com.mk/?p=2928 - http://www.build.com.mk/?p=2928






Posted By: SkyBoy
Date Posted: 24-Apr-2010 at 14:06

Преку фирма за тутун, кошаркарот Наумовски ќе гради аква-парк

Поранешниот пратеник во Собранието и кошаркар Петар Наумовски ги купи двете парцели во општината Аеродром, каде што ќе се градат аква-парк и спортски терени, за по 2.000 денари од квадрат

 
 
Преку „Манд интернационал“, фирма специјализирана за трговија на големо со производи од тутун и за само 2.000 денари по квадратен метар, поранешниот пратеник во Собранието и кошаркар Петар Наумовски ги купи двете парцели во општината Аеродром, каде што ќе се градат аква-парк и спортски терени. На едната парцела со површина од 25.260 квадратни метри, а за која Наумовски плати 50.520.000 денари, треба да се градат спортски терени. На помалата локација од 6.885 квадрати, за која кошаркарот даде 13.770.000 денари, треба да се прави првиот аква-парк во Скопје. Почетната цена за квадратен метар за двете парцели беше по 1.900 денари. На јавното наддавање за отуѓување на земјиштето учествуваа четири потенцијални понудувачи, но фирмата на Наумовски понуди дури 100 денари повеќе од почетната цена и двете парцели ги доби за по 2.000 денари од квадрат. На наддавањето можеше да се лицитира или само за една од парцелите или за двете. Наумовски вчера не беше достапен на својот мобилен телефон за да одговори на прашањата дали овој пат навистина планира да изгради спортски терени или, пак, ќе се повтори случајот со парцелите на Водно, кои му беа доделени за спортски терени, а тој изгради луксузни апартмани.

Ако за две години на предвидената локација Наумовски не изгради спортски терени и аква-парк или, пак, ако на нивно место почне да гради објекти што не се предвидени во Деталниот урбанистички план, од Министерството за транспорт и врски најавуваат дека ќе му го одземат земјиштето.

- Најповолниот понудувач треба во рок од 15 дена да ги уплати средствата, бидејќи во спротивно ќе се смета дека земјиштето не е оттуѓено, а парите што фирмата веќе ги има депонирано нема да и се вратат. Истото важи и ако на локацијата почне да се гради она што не е предвидено во договорот за отуѓување на земјиштето - објаснија од Министерството.
 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42410108288&id=14&setIzdanie=21967 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42410108288&id=14&setIzdanie=21967
 
Мислам дека и тука е време за нова нишка. Big%20smile



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Apr-2010 at 14:11
Originally posted by Нова Македонија

На едната парцела со површина од 25.260 квадратни метри, а за која Наумовски плати 50.520.000 денари, треба да се градат спортски терени. На помалата локација од 6.885 квадрати, за која кошаркарот даде 13.770.000 денари, треба да се прави првиот аква-парк во Скопје
И според ДУП-от и според објавата на министерството и според здрава логика (дека на 6885m2 не може да никне баш некој аква парк) очигледно е дека е обратно.



Posted By: axel
Date Posted: 28-Apr-2010 at 11:05

Кошаркарот Наумовски го победи татко си во наддавањето за аква-паркот


Според законските процедури, за да се одржи јавно наддавање треба да учествуваат најмалку две фирми. Најголемата „случајност“ во наддавањето за земјиштето за аква-паркот е што само две фирми и тоа на таткото и синот Наумовски се „бореле“ за овој простор

 
 
%20  
За само 100 денари фирмата „Манд интернационал“, чиј сопственик е поранешниот кошаркар и пратеник Петар Наумовски, на јавното наддавање за откуп на градежно земјиште во општината Аеродром ја победи фирмата на неговиот татко Михајло Наумовски, „Сава-мак Михајло“. На јавното наддавање што се одржа во петокот во просториите на Министерството за транспорт и врски, за оттуѓување на земјиштето само таткото и синот Наумовски се наддавале за двете парцели на кои сега помладиот ќе гради спортски терени и аква-парк. Петар Наумовски плати 2.000 денари за квадратен метар. Почетната цена на земјата беше 1.900 денари, а согласно со пропишаната постапка во јавната објава, наддавањето не смее да е за помалку од 100 денари, што било доволно за Петар Наумовски да го победи својот татко.

Причината зошто голем број жители на Аеродром не сакаат Петар Наумовски да го гради аква-паркот е случајот со „Петарленд“, плацот на Водно каде што наместо кошаркарски игралишта никнаа станбени објекти.

Аеродромци велат дека по тоа што го направи Пеце Наумовски со земјиштето на Водно, треба да му се забрани да учествува во какви било јавни наддавања за откуп на земјишта.

- Во најдобар случај мислам дека на просторот ќе никнат згради, а можно е и некоја фабрика. Дефинитивно се сомневаме дека Наумовски ќе направи спортски терени и аква-парк - се пожалија неколку жители, кои од разбирливи причини сакаат да останат анонимни.

%20Иако и од Министерството за транспорт и врски се свесни што се случи со претходното земјиште, кое Наумовски го доби за да изгради спортски терени, велат дека нема никаков простор за паника. Министерот Миле Јанакиески изјави дека инвеститорот треба да ги уплати парите во рок од 15 дена и дека несмее да прави никаква пренамена на локацијата.

- Според Деталниот урбанистички план на таа локација треба да се изградат спортски терени, тоа ќе биде потенцирано и во договорот што ќе се потпише со откупувачот. Ако на локацијата почне да се гради нешто што е спротивно од договорот и од Деталниот план, тогаш сé друго ќе се смета за дивоградба - објасни Јанакиески.

Ниту помладиот, ниту, пак, постариот Наумовски не беа достапни за да дадат коментар за ситуацијата со земјиштата во Аеродром.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42810101618&id=14&prilog=0&setIzdanie=21970


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 02-Jun-2010 at 14:48
незнаев каде да пишам..... живеам кај маврово монт...... и си седам јас на копмјутер... ама цело време нешто ми шкрипи ми чука....искачам на тераса и ете ти еден булдужер се шетка натаму наваму.....го спремаат изгледа теренот за хотелот.....туку што ми дојде идеа... додека не се почнати официјално и со хотелот и со салата и со аквапаркот...најдобро да отвориме една нишка за тој дел на маврово-монт...како урбана целина... па како ќе се одвиваат работите за секој проект посебно...


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 08-Jun-2010 at 22:11

Три базени за цел град

 

Во услови кога езерото Треска и понатаму не може да се користи за капење поради загадената вода и во исчекување на градската плажа на Вардар, каде што исто така ќе биде забрането капењето, на скопјани летово им остануваат само трите поголеми базени за разладување

Трите поголеми скопски базени се подготвени да ги примат капачите за оваа летна сезона. Од денеска ќе почнат со работат летните тераси на базените „Младост“ во Карпош и „Бисер“ во Аеродром, а в петок се очекува да почне и летната шема на Олимпискиот базен. Во услови кога езерото Треска и годинава не може да се користи за капење поради загаденост на водата и во очекување на градската плажа на Вардар, на скопјани за разладување им остануваат само базените. Или трите големи јавни базени или пак приватните базенчиња по дворовите, кои од година на година ги има се' повеќе.

- Базенот „Младост“ официјално од денеска ги отвора летните тераси, со работно време од 10 до 16.30 часот за рекреативци. Пливачките клубови ќе го користат базенот од 16.30 до 20.30 часот, а потоа од 20.30 часот до 23.30 часот повторно имаме термин за рекреативно пливање. На терасата ќе може да се користат лежалки, за чие користење ќе се наплаќа 50 денари, плус цената на влезницата - објаснува Сашо Димитровски, раководител на базенот.
Базенот има бифе што ќе работи до 22 часот, но се размислува неговото работно време да се продолжи до 1 часот. Според Димитровски, во подготовка е и одбојкарско игралиште со песок, кое се очекува да биде пуштено во употреба за 10 дена, а ќе бидат поставени и пингпонгарски маси. За Светското првенство во фудбал ќе биде поставен и видеобим за да можат посетителите да ги следат фудбалските натпревари. Влезницата за посета ќе чини 200 денари, а за децата до 7-годишна возраст ќе биде бесплатно.

Од денеска почнува капачката сезона и во базенот „Бисер“. За рекреативците ќе биде отворен од 10 до 18 часот и од 20 до 1 часот по полноќ. Од 8 до 10 часот во него ќе тренираат ватерполо-клубовите, а од 18 до 19.30 часот тренинзи ќе одржуваат пливачките школи.

- Базенот располага со летна тераса со лежалки и со чадори, кои се изнајмуваат по цена од 50 денари и два шанка каде што се служат безалкохолни напивки, сендвичи и сладолед. Ова лето ќе бидат ангажирани тројца спасители, кои ќе се грижат за безбедноста на капачите. Еднаш неделно од Центарот за јавно здравје на град Скопје ќе се врши контрола на квалитетот на водата - вели Александар Маниќ, управител на базенот.

Тој вели дека, за разлика од лани, влезницата ќе биде за 20 отсто пониска и ќе чини 100 денари за дневно капење и 50 денари за ноќно капење, а за децата до четири години влезот е бесплатен.

Билјана Антиќ, технички раководител на Олимпискиот базен, не најавува некои нови содржини за ова лето.

- Нашиот базен со летната капачка сезона почнува од петок, со работно време од 11 до 18.30 часот за рекреативци, а ќе има и ноќно капење од 20 до 23.30 часот. Посетителите ќе може да ги користат лежалките и чадорите на летната тераса, што е пресметано во влезницата, како и шанкот, каде што ќе има безалкохолни напивки, сладолед и сендвичи. По 20 часот ќе работи и другиот шанк, кој е внатре во базенот - вели Антиќ.

Таа додава дека се преземени сите потребни хигиено-технички мерки како дезинсекција, дезинфекција и дератизација и дека е поставен нов систем за влегување со нови картички.

- Новина е што на влезот се поставени три камери, а за една недела ќе бидат поставени и повеќе камери внатре во објектот. Целта е да имаме контрола над посетителите, односно дали го почитуваат нашиот куќен ред - нагласи Антиќ.

Таа вели дека имаат повеќе идеи за воведување нови содржини со кои би привлекле повеќе посетители, но не се финансиски моќни да ги реализираат.

За безбедноста на капачите во базенот ќе се грижат четворица спасители, а во зависност од бројот на посетителите, по потреба ќе бидат ангажирани и повеќе.

Влезницата за овој базен чини 200 денари, без временско ограничување, а за деца до пет години влезот е бесплатен.

Анела Петрова


„Младост“ ќе стане елитен базен

Раководителот на базенот „Младост“, Сашо Димитровски, најави дека на крајот на септември базенот ќе се затвори заради реновирање.

- Предвидено е да се смени покривот, а во него ќе има и елитен ресторан. Ќе се заменат столчињата на трибините, плочките во соблекувалните и во тоалетите, како и тушевите. Ќе воведеме џакузи и сауна, со што овој базен ќе стане елитен. Се планира работите да завршат в година во мај-јуни, така што за наредната капачка сезона, во летото 2011 година ќе имаме луксузен базен - најави Димитровски. Базенот ќе има и сопствено греење од средствата што ќе се соберат во оваа капачка сезона, но и од пари од салата „Борис Трајковски“, бидејќи сега и со базенот и со салата стопанисува јавното претпријатие „Борис Трајковски“.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=298D014B411E384BBCB8B89B3B20A3F2 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=298D014B411E384BBCB8B89B3B20A3F2


Posted By: Makedonij
Date Posted: 28-Jul-2010 at 14:50

26.07.2010 - Свечено отворен новиот базен "Тропико" во населеното место Брвеница

Новиот базен "Тропико" во населеното место Брвеница официјално беше пуштен во употреба вчера вечер. На свеченото отворање, гостите имаа можност да се запознаат со условите кои ги нуди овој објект.

Базен со длабочина околу 1,70 м, тропска декорација, лежалки, музика и ладни пијалоци за сите кои сакаат денот да го поминат тука. За најмалите има посебно катче каде што ќе можат да се разладуваат во текот на летните денови.

Цената на влезницата во базенот "Тропико" е навистина поволна.

Новиот базен "Тропико" е опремен со соблекувални, тушеви и тоалети. За пријатниот престој во него и за освежувањето со разни пијалоци и коктели ќе се грижат осумте вработени во овој објект.

Базенот Тропико се наоѓа на влезот во населеното место Брвеница и претставува одлична можност за разладување и за забава во текот на летните жешки денови.

Данијела Петковска

Izvor:KISS TV


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2010 at 16:31

Аква парк во Македонија

Од три до пет милиони евра ке чини првиот Аква парк во Македонија. Ке се гради на местото на сегашниот градски базен кај Штип.Ќе инвестираат романски и турски бизнисмени.

- Да во првите разговори и договори со инвеститорите од Романија и Турција, од беше конкретизирано дека инвестицискиот потфат би изнесувал од три до пет милиони евра тврди за Канал пет штипскиот градоначалник Зоран Алексов.

Македонскиот Аква ленд ке биде распослан на над пет хектари на сегашниот спортски центар кој пред 40 години тогашната ЈНА го изгради за потребите на армиските спортски средби во тогашна Југославија. Аква лендот е влезен во ДУП на Штип. Процедурата за негово издавање на заинтересираните инвеститори е стартирана.

- Во тек е процедурата за распишување на лицитација за овој спортско рекреативен центар. Убеден сум дека в година Штип и Македонија ке го имаат првиот вистински како што треба да биде Аква ленд, изјави Алексов.Според педантните економски аналитичари инвестицијата ке се врати за најмалку две години. Вода ке има доволно како за идниот забавен рекреативен центар, така и за граѓаните на Штип тврдат локалните власти. Освен пастрмајлијата и Макфест,Штип е подготвен и на ваков начин да се промовира пред светот. На потег се странските вложувачи.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=64479


Posted By: FT
Date Posted: 04-Sep-2010 at 19:37
подобро да го направат во Кочани..таму има и геотермални извори..а имаше и проект направен кој беше претставен на саем во Германија..сигурно сте слушнале еве го..
http://www.youtube.com/watch?v=0GBbxsI2cv0 - http://www.youtube.com/watch?v=0GBbxsI2cv0


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2010 at 19:47
Originally posted by FT

подобро да го направат во Кочани..
Ееее за тоа општината ќе си мисли. Еве како тоа денеска објави дека ќе го прави Општина Василево ( http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/opshtina-vasilevo-so-poniski-komunalii-ke-privlekuva-investitori - http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/opshtina-vasilevo-so-poniski-komunalii-ke-privlekuva-investitori ), нешто што мислам дека Прилеп и Илинден подолго време го прават. Сега Општините се фирми што конкурираат на пазарот и има натпревар. Како што Аеродром го "лапна" ФФМ комплексот од Карпош. Постои некоја непишана берза и треба да постои. Секој со својата политика, своите ресурси и своите даноци и обврски. На крај инвеститорот сепак ќе си одлучи каде ќе му биде најдобро.

А инаку никој не ставил граница дека мора само еден аквапарк да постои во Македонија па да зборуваме како за затворено прашање. И Кочани може да добие аквапарк некој ден, може некој да привлече и инвеститор за нешто друго. Тоа е регионален развој. А и не гледам причина да постои друг аквапарк на 30 километри од овој. Некој возат и по толку за на работа секој ден.

ФТ да не ме сватиш погрешно, се трудам што понормално да одговорам, може ќе звучам грубо но на твојата ненормална реакција мотиваран, претпоставувам од пориви, "Штип го лапна, Кочани остана со куси ракави."


Posted By: sportsfan
Date Posted: 13-Sep-2010 at 19:52
Локацијата кај што треба да се гради Аква Паркот на Пеце Наумовски во Општина Аеродром.
Многу брзо се пополнува големата вдлабнатина што беше претходно..
Мое мислење е дека максимум за месец дена ке се израмни целосно
Како што имам разбрано јас, земјата која се вади од проектот Космос-Керамидница се истура тука,можеби и некоја друга земја од друго место.









Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Oct-2010 at 11:54
Базенот „Младост“ ќе се обновува од корен



Едниот од двата затворени базена, „Младост“ во Карпош, ќе се обновува и реконструира. Распишан е оглас за фирма што би изработила основен проект за негова реконструкција, беше објавено вчера на страната за електронски јавни набавки. Директорот Ратко Капушевски не беше достапен за повеќе детали - кога би почнала обновата, колку би траела и од каде би се нашле пари за оваа скапа инвестиција.

Базенот е сопственост на спортскиот центар „Борис Трајковски“, и тоа од пред две години. Претходно, во 2006 година, со децентрализацијата и' припадна на Општина Карпош. Потоа, пред изборите, во 2008 година, со одлука на в.д. градоначалникот Сашо Димиќ, базенот беше вратен од локална во државна сопственост, со образложение дека општината нема сила да го стопанисува овој објект.

Но, и тоа не се покажа како најсреќно решение за базенот. Според бившиот директор Борис Змејковски, претпријатието „Борис Трајковски“, од почеток нема сила за поголема обнова и затоа се оди на мали зафати, за да се овозможи барем нормално функционирање за спортисти и граѓани. Тогашното раководство се пожали дека не остваруваат профит од базенот и дека тоа е голем проблем за нив.

- Ова не е профитабилен објект, напротив, работиме со загуби. Сметките за парно се енормно високи - рече Змејковски. Тој уште тогаш го најави овој проект, за кој сега е распишан оглас.

Реконструкцијата на базенот „Младост“ ќе подразбира надворешна и внатрешна обнова, имајќи предвид дека во овој објект со децении не е вложено ништо. Неодржувањето го забрза процесот на „стареење“ и требаат многу пари за негово враќање во живот.

Беше кажано дека ќе се реновираат подруми, односно системот на базенот за вода, ќе се гради сопствена котларница, за затоплување, имајќи предвид дека сметките за парно греење најмногу го цедат буџетот на базенот. Со сопствена котларница, раководството очекува базенот да биде затоплен цело време.

Со проектот за реконструкција на базенот „Младост“, планирана е и изградба на летен отворен базен, кој би се наоѓал веднаш до постојниот. Поради отсуство на директорот Капушевски, никој не беше во можност да ја потврди оваа информација, дадена пред две години.

„Младост“ е единствениот функционален затворен базен во Скопје, особено за спортисти. Вториот, „Олимпискиот“, со години тоне во долгови поради неплаќање сметки и затоа работи со застои.

„Младост“ е изграден во 1979 година со пари од самопридонес на граѓаните на Скопје. Последнава деценија тој се наоѓа во очајна состојба поради неодговорното работење со него, како последица на штетни договори кои некогашниот газда, Јавното претпријатие за стопанисување спортски објекти. Ова претпријатие склучи договори со неколку фирми за многу мали суми. Базенот, потоа беше вратен во државна сопственост, но по многу години и судски процеси, за да се поништат договорите.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=061242E1B8D4EF4C8755D6DA81FB90F7


Posted By: Plugger
Date Posted: 04-Oct-2010 at 15:09
Ovoa e interesno intervju so Direktorot za Agencija na Mladi i Sport ,Dime Spasov  sto kazuva za Bazenite.

Како гледате на проблемот со постојните базени?

- Реално, состојбата со базените во Македонија е лоша. Имаме базени, кои се стари повеќе од 20 години и кои не се според сите стандарди и се скапи за одржување. Во Скопје може да се користат само базените Центар и Карпош. Она што во најскоро време ќе почне да се реализира е целосното реновирање на базенот Карпош, кој ќе почне во ноември годинава за по 7-8 месеци повторно биде функционален, но целосно реновиран, современ, на највисоко можно ниво. Со ПФМ имаме добра комуникација и сега работиме на решавање на проблемот со базенот Центар, за ПФМ да стане потконцесионер и базенот да биде во функција.


Дел пливачки клубови, нивните тренери, пливачи и нивните родители имаат забелешка и во однос на начинот на доделувањето спортски стипендии?

- Точно е дека постои одредена нетрпеливост помеѓу ПФМ и одредени пливачки клубови. Се согласувам дека се високи цените за тренинг, но треба да се знае дека базенот Центар работи со големи загуби поради трошоците за струја, парно... Тој е во приватна сопственост и нормално е дека сопственикот не сака да биде во загуба, па настојува преку цената на влезниците таа загуба и да ја покрие. За ова не е виновна ПФМ. Што се однесува до пливачките стипендии, ПФМ е задолжена од АМС да направи анализа на најуспешните спортисти и да ги достави до нас. АМС не може да се меша во работата на ПФМ и да кажува кој ќе добие стипендија. Сепак, во АМС има комисија што ги проверува основните критериуми како што се години, успеси итн. Така е и со сите други спортски федерации.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102101019318&id=20&prilog=0&setIzdanie=22098


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Oct-2010 at 15:17
Зашто секогаш се бара сложени причини, кога работата е едноставна. Базените трошат многу зашто се обичен лим и стакло и нема топлана на свет што може да загрее, де факто "отворен простор". Еднократна инвестиција во пвц прозорци и покрив од современи матерјали драматично ќе ја намалат потрошувачката на базените. До толку е просто и едноставно, да ме чуди како причинава е толку неприметлива.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 04-Oct-2010 at 15:18
Во врска со базените, па и спортските копмлекси пошироко, илузија е да се очекува функционирање по 100% пазарна/капиталистичка логика. Тоа никаде во светот не е случај. Се рабира дека државата во интерес на здравата идна популација и развојот на спортот мора да кофинанасира во огромен дел. Така што да се очекува дека некаков концесионер ќе го направи базенот профитабилен е илузија, макар пронашол и извор на природен гас под базенот. Загревањето и одзжувањето на хигиената на толкав објек е енеормно скапо, поготово за општество како нашето каде што билет за базен неможе да се нплатаи повеќе од 100 денари. Но тоа е случај и со болниците, училиштата, домовите на културата, театрите и слично, и државата мора да најде некој оптимален модел, од една страна тие идеално да функционираат и опслужуваат што повеќе спортисти и рекреативци а од друга страна загубата да се сведе на минимум.


Posted By: build.mk
Date Posted: 19-Oct-2010 at 18:21
Се бара инвеститор за базен во Аеродром

Државно градежно земјиште во општината Аеродром, наменето за изградба на спортски објект – базен, нуди Министерството за транспорт и врски по пат на јавно наддавање. Парцелата со големина од 23.624 метри квадратни е вцртана во Деталниот урбанистички план „Јане Сандански, урбана единица Г“ и предвидува површина за градење од 7.205 квадрати и бруто развиена површина од 21.616 квадрати. Максималната висина до венец е утврдена на 12 метри. Точната локација е на брегот на Вардар, помеѓу ../?p=1703 - новите тениски игралишта кај салата „МЗТ“ и ../?p=2928 - аква-паркот кој е во изградба . Почетната цена инесува 1.900 денари за метар квадратен. Рокот за пријавување е до 09.11.2010, а лицитацијата ќе се одржи на 18.11.2010.


http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/SPORTSKI/Sportski%20Centar%20JS/JaneSandanskiUEG%20bazen.jpg">Извадок%20од%20ДУП%20Јане%20Сандански%20УЕ-Г


http://www.build.com.mk/?p=5313 - http://www.build.com.mk/?p=5313


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Nov-2010 at 16:27
БАЗЕНОТ ВО КАРПОШ ЗАТВОРЕН ПОРАДИ РЕНОВИРАЊЕ

"Младост" ќе се грее на гас

Според проектот, базенот ќе добие нова фасада идентична како на спортската сала, комплетно ќе биде реновиран и внатрешниот дел, а ќе биде поставен и нов систем на греење со котларница на гас и нафта

Базенот "Младост" до лето ќе биде затворен за капење. Пред една недела надлежните од спортскиот центар "Борис Трајковски" почнаа со комплетно реновирање на целиот објект. Во моментов се работи на обнова на надворешниот дел. Според проектот, фасадата ќе добие нов лик, идентичен како оној на спортската сала. После Нова година ќе се почне со реновирање на внатрешниот дел на базенот, односно поставување на нови санитарни јазли, менување на плочките во и околу базените, поставување нови столчиња на трибината, како и воведување на комплетно нов систем за греење. Покрај базените, комплетно нов лик ќе добие и летната тераса, на која ќе бидат поставени лежалки за сончање, чадори, маси и столови.
"Во јули ќе имаме еден базен со сосема нов лик. Ќе го реновираме според сите светски стандарди, со што ќе се исполнат сите услови за одржување меѓународни натпревари во ватерполо. Ќе го смениме и начинот на загревање на базенот со што во голема мера ќе заштедиме пари и ќе го решиме проблемот со огромните сметки кои ни стигаат за струја. Ќе поставиме котларница на гас и нафта која ни е донација од Република Чешка, а која чини околу 300.000 евра", вели Ратко Капушевски, директор на спортскиот центар "Борис Трајковски".
Според пресметките, комплетното реновирање на базенот ќе чини околу половина милион евра.
Директорот Капушевски најавува дека од јули покрај тренинзите по пливање и ватерполо, во базенот ќе функционира и школа за спасувачи.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=9745724F8BA5A3408BCF6E9F78A7E0C5


Posted By: Denko
Date Posted: 15-Nov-2010 at 22:31
Znae li nekoj sto bidna so vladiniot proekt, devet zatvoreni olimpiski bazeni?


Posted By: Stibera
Date Posted: 24-Nov-2010 at 11:14
Originally posted by Denko

Znae li nekoj sto bidna so vladiniot proekt, devet zatvoreni olimpiski bazeni?


епа тој беше најдобар проект зашто се планираше градење на такви базени во повеќе градови на макеоднија и со тоа сигурно ќе заживееше пливањето и втерполото во македонија. ама и јас се прашувам зашто никој од новинарети не истражува за ова.


Posted By: toasumjas
Date Posted: 24-Nov-2010 at 12:51
Почнато е со реновирање на базенот Младост.Црвената цигла фасада од страните се фарба црно, се работи со задоволително темпо, има работници. Ако сум во можност ќе поминам да сликнам.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2010 at 23:08

БАЗЕН "МЛАДОСТ" ВО КАРПОШ 3


Реконструкција по светски стандарди


Првата фаза која е започната е менување на фасадата со цел да се добие нов лик идентичен на оној на спортскиот центар, втората која ќе започне по Нова година е менување на внатрешноста на базенот, кој е најбитниот дел бидејќи ќе се менува целиот систем за греење, филтрацијата на водата и менување на целиот ентериер. Третата завршна фаза е да се добие комплетно нов лик на летната тераса на која ќе бидат поставени лежалки за сончање, чадори, маси и столови


Повеќе од две недели интензивно се врши реконструкција на базенот "Младост" во скопската населба Карпош 3. Базенот "Младост" до лето ќе биде затворен за капење. Исто така базенот ќе се ребрендира во пливачка арена.

Како што информира менаџментот на спортскиот центар, во јули ќе имаме еден базен со сосема нов лик. Според нив, реновирањето на базенот ќе ги содржи сите светски стандарди, со што ќе се исполнат сите услови за одржување меѓународни натпревари во ватерполо.

Директорот на спортскиот центар "Борис Трајковски", Ратко Капушевски истакна дека реновирањето на базенот ќе се одвива во три фази.
- Првата фаза која е започната е менување на фасадата со цел да се добие нов лик идентичен на оној на спортскиот центар, втората која ќе започне по Нова година е менување на внатрешноста на базенот, кој е најбитниот дел бидејќи ќе се менува целиот систем за греење, филтрацијата на водата и менување на целиот ентериер. Третата завршна фаза е да се добие комплетно нов лик на летната тераса на која ќе бидат поставени лежалки за сончање, чадори, маси и столови, вели директорот Капушевски.

Тој додаде дека ќе се менува и начинот на загревање на базенот, а тоа би значело во голема мера заштеда на пари.
- Ќе поставиме котларница на гас и нафта. Со отпочнување на летната сезона 2011 со нов базен за градов, покрај можноста за одржување на тренинзи за ватерполо и пливање, во базенот ќе функционира и школа за спасување, вели Капушевски.

Според направените пресметки, комплетното реновирање на базенот ќе чини околу половина милион евра.

http://vecer.com.mk/?ItemID=BC5C750FA1B7F64E9CD07B9A99FD0A48



Posted By: leonid23
Date Posted: 09-Dec-2010 at 12:47
Базенот „Младост“ станува пливачка арена „Борис Трајковски“

Половина милион евра што останаа од владиниот инвестициски влог за салата „Борис Трајковски“ ќе се искористат за реконструкција на базенот „Младост“

Нови санитарни јазли, менување на плочките во и околу базените, поставување нови столчиња на трибините, воведување комплетно нов систем за греење, филтрација на водата со УВ-зраци се дел од проектот за реконструкција на базенот „Младост“, лоциран во населбата Карпош 3, во рамките на спортскиот комплекс „Борис Трајковски“.

- Базенот ќе се реновира според сите светски стандарди, со што ќе се исполнат и условите за одржување меѓународни натпревари во ватерполо. Моментно се работи на првата фаза од реконструкцијата, односно на менување на фасадата на базенот, за таа да добие идентичен лик со оној на спортската сала – изјави Ратко Капушевски, директор на центарот „Борис Трајковски“.

Во почетокот на идната година ќе почне реновирањето на внатрешниот дел на базенот. Покај базените, комплетно нов лик ќе добие и летната тераса, на која ќе бидат поставени лежалки за сончање, чадори, маси и столови.

- Реконструкцијата треба да заврши до јули наредната година, кога првите капачи ќе може да ги видат сите новитети што ги подготвуваме за претстојната летна сезона. Исто така, базенот по реконструкцијата ќе биде ребрендиран во пливачка арена „Борис Трајковски“ – додаде Капушевски.

Пливачката арена ќе може да ја користат како рекреативните пливачи, така и професионалните клубови. Средствата за реконструкцијата на базенот се од инвестицискиот влог на Владата за изградба на салата „Борис Трајковски“, а градежните работи ги изведува фирмата „Градба промет“.

Во состав на базенот, исто така, се планира и клуб за бокс, каде што ќе тренираат боксерските клубови. Ќе се проектираат и деловни простории за издавање, како и кафе-бар дополнет со игротека за деца. Ова е прва поголема реконструкција на базенот „Младост“, од неговото отворање во 1979 година.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12910101322&id=14&setIzdanie=22153


Posted By: Buliwyf
Date Posted: 09-Dec-2010 at 16:04
Кога напоменуваат "Менување на фасадата на базенот, за таа да добие идентичен лик со оној на спортската сала".Се мисли на идентичен надворешен изглед на базенот,со онај на спортскиот центар,или се мисли на изработка на фасадата со идентични материјали?Бидејќи овај рендер што е прикажан,не наликува многу на Борис Трајковски салата,а камоли за идентичност.

-------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Dec-2010 at 16:09


Јас се надевам на втората варијанта. Бидејќи од секогаш ми се допаѓала линијата на базенот а мислам дека би било и без врска да имаме помал клон на салата.




Posted By: alexgizh
Date Posted: 09-Dec-2010 at 16:10
Веројатно се мисли на посоодветен изглед, да делува како еден комплекс, бидејќи досега не делуваа како целина.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Buliwyf
Date Posted: 09-Dec-2010 at 16:17
Па да,која корист од идентичност,навистина би немало смисла да се менува веќе постоечката и природна линија на базенот.

Едино ме интересира за капацитетот,дали ке се менува или ќе остане истиот.Како што прочитав се спомнува само менување на столчиња.

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Dec-2010 at 04:00


На базенов не сум бил уште од дете, па не се сеќавам како е внатре, ама претпоставувам дека капацитетот е максимален според расположливиот простор. Се надевам не прашуваш за намалување на капацитетот 


Posted By: Buliwyf
Date Posted: 10-Dec-2010 at 12:18
Ма какво намалување Кло,одиме ние на експанзија .Туку,се спомнува ребрендирање во пливачка арена,затоа и прашав(што немора да значи дека ќе се проширува).

-------------


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 26-Dec-2010 at 16:31
Многу убаво ме изненади базенот во Карпош...прееска поминав, реконструирана е фасадата (во забележителен обем) со темни панели...
Сигурен сум дека ќе се оформи убава целина со салата, откако ќе се затвори и овој објект...треба да се поработи на партерот, а богами и да се подразмисли за оградување на целиот комплекс...
Се спремам за почесто одење на базен, нормално ако го одржуваат во добра форма, а не знам зошто не би било така


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: axel
Date Posted: 27-Dec-2010 at 08:14

Базенот „Младост“ ќе стане пливачка арена „Борис Трајковски“

Објектот сега е надвор од употреба и треба да стане комплетно функционален до налето

Деспина Трајковска


Подновена трибина, комплетно нов систем за греење и филтрација на водата, нова фасада и летна тераса, се само дел од активностите што ќе се преземат како дел од проектот за комплетна реконструкција на базенот „Младост“ во Карпош, кој од неодамна е дел од спортскиот центар „Борис Трајковски“. Објектот сега целосно е надвор од употреба и се очекува комплетно функционален да стане најдоцна до лето. Моментално се врши реконструкција на фасадата, која треба да добие комплетно нов лик. Таа ќе биде со модерен изглед, усогласена и слична на спортската сала „Борис Трајковски“. Се очекува нејзината обнова да заврши за триесетина дена.

„По Нова година, планираме да започнеме со вториот дел од проектот, а тоа се активности за обнова на внатрешноста на базенот. Планирана е изградба на комплетно нови санитарни јазли, ќе се сменат плочките во базенот и околу него. Капацитетот на трибината нема да се зголемува, но таа целосно ќе биде опремена со нови столчиња“, објаснува Ратко Капушевски, директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Еден од битните елементи од проектот за реконструкција е начинот на кој ќе врши затоплувањето на објектот. Имено, ќе се изгради долгонајавуваната котларница, која ќе овозможи поевтин и посигурен начин на затоплување не само на базенот, туку и на салата. За изградба на котларницата надлежните речиси ја имаат обезбедено потребната документација, додека котларницата, која ќе работи на гас и нафта, е обезбедена како донација од Република Чешка. Освен фасадата и внатрешниот дел на базенот, со проектот за обнова ќе биде опфатена и летната тераса каде што е планирано да се постават лежалки за сончање, чадори, маси и столови.

„Очекуваме веќе во јули објектот да ги прими првите гости како рекреативни капачи, така и спортски клубови. Базенот ќе биде отворен и за рекреација, а со оглед на тоа дека ќе биде изграден според сите светски стандарди, ќе ги исполнува условите и за одржување на меѓународни натпревари во ватерполо“, вели Капушевски и најавува дека на базенот ќе се организираат тренинзи по пливање и ватерполо, а ќе функционира и школа за спасувачи. Новина во објектот ќе биде катчето за тренинзи за бокс, а ќе се проектираат и деловни простории за издавање и кафе-бар дополнет со игротека за деца.

По реконструкцијата, базенот ќе се ребрендира во пливачка арена „Борис Трајковски“. Инаку, целиот проект чини речиси 600.000 евра, средства обезбедни од инвестицискиот влог на Владата за изградба на салата. Ова е прва поголема реконструкција на базенот „Младост“ од неговото отворање во 1979 година. Градежните работи ги изведува фирмата „Градба промет“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7439D9E9FCFA7843BFB70076C06896A1


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 29-Dec-2010 at 21:31
I vchera i denes projdov od kaj bazenot, poshto se izvadeni prozorite celiot e momentalno vo sostojba "hotel promaja" ali ima skelinja i momentalno se raboti na krovot. Od dvete strani kade shto si beshe cigla fasadata e ofarbani sivi. Nazhalost nemav i seushte nemam asalen aparat za dokumentacija.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Dec-2010 at 20:45
Еве фотки

1


2


3


4


5


6


7



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 30-Dec-2010 at 21:15
Originally posted by Dave Gahan

...реконструирана е фасадата (во забележителен обем) со темни панели...


Жими К муабетов со панеливе, од кола ми изгледало така....сега малку се разочарав...



-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 30-Dec-2010 at 23:50
Jas mislam deka od se najbiten del od celata rekonstrukcija e noviot kotel so za greenje so koj celiot bazen kje stane daleku porentabilen i fleksibilen funkcionalno.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Feb-2011 at 13:38
01.


02.


03.


04.


05.


Posted By: axel
Date Posted: 22-Feb-2011 at 12:12

Втор обид за изградба на олимписки базен

Парцелата наменета за изградба на затворен олимписки базен во Аеродром, на кејот во близина на планираниот аквапарк, повторно е на продажба. И овој пат почетна цена за еден квадрат земјиште изнесува 1.900 денари. Парцелата е со површина од 23.624 квадратни метри, а површината за градење изнесува 7.205 квадрати. Министерството за транспорт и врски ќе се обиде да го продаде земјиштето по втор пат откако првото јавно наддавање не се одржа, бидејќи не беа исполнети условите за одржување на лицитацијата, со оглед на тоа дека имаше само еден заинтересиран купувач. Тогаш условите налагаа минимум двајца наддавачи, додека сегашните критериуми дозволуваат наддавање со само еден учесник. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=77F81BE44BED5F4FB610E5E434408FEF


Posted By: Sale SK
Date Posted: 23-Feb-2011 at 21:59
А што ќе ни е затворен базен во Аеродром покрај Олимпискиот кој е на 3-4 км одалечен од Аеродром,а кој патем едвај функционира?


Posted By: Tuvok
Date Posted: 24-Feb-2011 at 04:58
Originally posted by Sale SK

А што ќе ни е затворен базен во Аеродром покрај Олимпискиот кој е на 3-4 км одалечен од Аеродром,а кој патем едвај функционира?


Баш така, прво постоечките нека профункционираат како што треба па после да мислиме за нови.


Posted By: Plugger
Date Posted: 05-Mar-2011 at 16:19
Ovie izgleda turbo rabotat.
 
Јуни 2011 година

ОТВОРАЊЕ НА ПЛИВАЧКА АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ

http://www.salaboristrajkovski.gov.mk/ - http://www.salaboristrajkovski.gov.mk/
 


Posted By: Tuvok
Date Posted: 05-Mar-2011 at 18:17

А што е финтава со ова АРЕНА, мислам дека не мора на се за да изгледа пограндиозно да го додаваат овој збор, малце глупо е и далеку од тоа како би изгледала арена


Posted By: Buliwyf
Date Posted: 05-Mar-2011 at 23:46
Би се надоврзал на вчерашниот мој пост во врска со Струга и реновирањето на некој си базен во хотелot "Дрим". Погледнете го видеото ве молам.
Целосен инфраструктурен линч на Струга

Сашка Цветковска     Коментари (1)    


05.03.2011 19:08



Во Струга многу работи потсетуваат на тотален хаос. Но, веројатно нема толку стравотна глетка како глетката кон струшкиот базен или она што останало од него. 15 години е надвор од функција.

Толку грижа покажала локалната и централната власт за градот во кој е формиран првиот пливачки клуб во Македонија.

„Не можам да сфатам дека се планираат 50-метарски базени, дури девет во државата, во центри кои не биле моќни за пливање како овој, немале таква масовна пливачка јавност, каде што 50-метарски затворени базени се планираат, од нив за три се распишани, за нив има и проекти, а ниту еден во Струга.

- Сите тие проекти чинат преку 5,5 милиони евра, за само еден, 50-метарски се, а овој е 25-метарски каде што имаме одличен фундамент. Вистина инфраструктурата, машинскиот дел и сите тие се упропастени и требаат минимални средства, по наши проценки 300 до 500 илјади евра“, вели Ѓоко Џуркоски, тренер по пливање.

Целиот прилог можете да го погледнете во видеото.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=135161

-------------


Posted By: Djole88
Date Posted: 06-Mar-2011 at 18:06
Дали некој има информации за waterland-от што ќе го градеше Петар Наумовски. Гледам дека се врткаат багери таму, но дали имате инфо дали има добиено градежна дозвола и дали се очекува во скоро време да се почне со озбилна работа?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Mar-2011 at 19:01
Не можат да почнат поконкретно со проектот додека не ја наполнат сосема дупката. Е сега дали тоа оди бавно затоа што околностите не дозволуваат да се пополни побргу или не им се брза затоа што другите фази на проектот не се спремни, тоа не знам. Сепак да споделам дека до мене дојде информација дека поради големината и длабочината на дупката, трошокот за подготовка на теренот бил многу солиден дел од финансиската конструкција на проектот.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 06-Mar-2011 at 19:26
Јас мислам дека со Аква Паркот ќе се оди бавно. Најпрвин треба да ја пополнат, па да се компресира ако ова е добар збор , во секој случај земјата треба да биде стабилна. Потоа ако има темели, а 100% ќе ги има, па да се дупчи за нив, а за базените посебни ископувања ќе има. Интересна работа е. Да пополнуваш, па после пак да копаш. Ама тоа најмногу поради тоа што претходниот ископ од Маврово Монт беше огромен. Така да просторот беше далеку од нивелиран со околината. Па мора да се израмни, па дури потоа да се копа за темели и базени. Итн...

-------------
Македонија - Земја на чудата!



Print Page | Close Window