Print Page | Close Window

✔ City Mall - Штип

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=4404
Printed Date: 15-May-2024 at 08:01


Topic: ✔ City Mall - Штип
Posted By: stef4o
Subject: ✔ City Mall - Штип
Date Posted: 02-Sep-2020 at 11:05
Во Штип почна да се гради првиот CITY MALL!





Во Штип е означен стартот на активностите за изградба на првиот Stip city mall, кој е по примерот на светските метрополи, а кој ќе значи многу не само за Штип туку и за источна Македонија.
Објектот е планиран да содржи три катни висини над нивото на теренот и една покривна спратна целина roof top. Објектот ќе претставува модерен хотелски-трговски комплекс со сите пропратни содржини и функции (трговски центар, хотел, ресторан и казино) кои се неопходни за еден современ урбан хотелски комплекс.
Штипскиот сити мол е лоциран на самиот влез на градот, во голем отворен простор, опкружен со зеленило, пешачка патека и во непосредна близина на реката Брегалница, во чиста еколошка зон

Концепцијата на проектот е така проектирана при што тој е поделен на три функционални делови/ ламели кои визуелно ќе претставуваат една целина и во целост ги опфаќаат сите намени на еден модерен трговски-хотелски комплекс. Главната ламела претставува трговски центар “Stip City Mall” со површина од над 4.560 квадратни метри, поделена на три спратни нивоа по 1520 квадратни метри. Втората ламела претставува хотел со влезно фоаје, ресторантски дел на првиот кат со кујна и сите пропратни содржини, на вториот кат. Во оваа ламела ќе има 14 двокреветни соби, пет апартмани, бројот на истите хотелски единици се повторува на третиот и четвртиот кат. Вкупниот број на хотелски единици изнесува 42 двокреветни соби и 15 апартмани. Во подрумскиот дел од оваа ламела се наоѓа сопствен паркинг простор како и технички/сервисни простории за инсталации.

Инвеститор на целокупниот проект е познатиот штипски бизнисмен Горан Јордев кој е еден од косопствениците од најголемата дрвопреработувачка компанија ДИК ФАГУС – Пехчево. Изградбата на целокупниот проект и негово пуштање во употреба е предвидено да заврши во 2022 година.
“Oвој објект ќе промени многу нешта за Штип и регионот. Ќе се обидеме да направиме нешто уникатно за Штип, со што градот но и истокот ќе се гордеат. Работиме темелно, посветено и ова е само почеток на многу проекти кои ќе ја променат сликата за Штип“, кажа инвеститорот Јордев за „Порта 3“.
Инаку, автор на идејното решение за Штип сити мол е дипломираниот инжинер-архитект Александар Василев, од друштвото за градежништво, архитектура, проектирање, инженеринг и дизајн „СТУДИО АТРИУМ“ од Штип кое е основано во 2002 година.

https://www.porta3.mk/vo-shtip-pochna-da-se-gradi-prviot-city-mall



Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Sep-2020 at 12:21
од фб



Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Sep-2020 at 16:23
Рендери











https://www.facebook.com/goran.jordev


Posted By: Théoden
Date Posted: 02-Sep-2020 at 20:54
На која локација поточно ќе се гради?


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Sep-2020 at 20:57
На самиот влез во градот близу реката Брегалница(така е наведено во првиот пасус од текстот погоре)
Во иднина порта 3.мк најавуваат повеќе инфо,не би можел сега точно да ја утврдам локацијата.


Posted By: FT
Date Posted: 02-Sep-2020 at 21:02
Локацијата е веднаш до градскиот базен.


Posted By: Théoden
Date Posted: 02-Sep-2020 at 21:20
По сѐ изгледа е овде:
41°44'36.26"N, 22°11'13.34"E
Моја првична претпоставка беше овде:
41°44'44.32"N, 22°11'3.67"E
...што можеби и е подобра локација. Овде некако во дупка доаѓа, под нивото на улицата. Но ќе видиме како ќе излезе.
Патем, сакам пак да ја искритикувам Општина Штип како една од најнетранспарентните општини во Македонија кога е во прашање урбанизмот. Ниту еден урбанистички план за Штип не може да се најде на интернет.


Posted By: user8642
Date Posted: 02-Sep-2020 at 23:59
Точна ти е претпоставката, другата парцела вероватно ќе биде во иднина некоја приватна здравствена установа. Сепак, парцелата за новиот трговски како што се гледа на гоогле не баш во тој облик, него границите според катастар отркиваат повеќе за урбанистичкиот план. И сопственоста е баш на Фагус Пехчево кој го гради трговскиот.

https://ibb.co/P4gxtfs">


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Sep-2020 at 15:47
















https://www.facebook.com/stipcitymall.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Sep-2020 at 16:02
фб страната нуди можност за редовни фотки од градилиште











https://www.facebook.com/stipcitymall.mk/


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Sep-2020 at 14:16
Доаѓа Штип Сити Мол: Светски брендови во истокот

Градежните машини почнаа со расчистивање на теренот, каде што ќе се гради првиот Сити мол во Штип. На површина од 11.000 метри квадратни се проектирани трговски центар и хотелски комплекс. Трговскиот центар е на четири ката со површина од 7.500 метри квадратни. Сопственикот, Горан Јордев, кој е и косопственик на фирмата „Дик Фагус“, вели дека изградбата на терен почнува и официјално од денеска, а се гради на локацијата кај стариот Градски базен или сега во непосредна близина на новиот Аква парк.

-За градот Штип ова ќе значи капитален објект, во којшто купувачите ќе можат да најдат се на едно место. Штип Сити Мол ќе има забавни содржини. Во моментов сме во преговори со сите странски брендови, кои веќе се присутни на нашиот домашен пазар, а стартуваме преговори и со странски брендови, кои сега сакаат да бидат присутни на македонскиот пазар, вели Ордев.

Штип Сити Мол се очекува да стартува со работа кон крајот на 2022 година со цел, како што рече Ордев, да се фати и сезоната есен-зима.

-Со оглед на тоа дека во целиот овој регион Штип, Кочани, Пробиштип, Виница, па и Радовиш и Струмица немаат ваков ултра модерен мол се одлучивме да направиме еден ваков чекор, за да овозможиме поголем број на брендовите да бидат поблиску достапни до нашите сограѓани, вели Ордев.

Во услови на пандемија, ова е храбра инвестиција на штипски инвеститор. Штип Сити Мол со новиот Аква Парк, кој исто така е приватна инвестиција ќе ги дели сама една улица, а Општина Штип изминатиот период на инвеститорите им обезбеди нова водоводна и канализациска мрежа.

https://pogled.mk/vo-shtip-zapochna-izgradbata-na-prviot-siti-mol/


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Sep-2020 at 06:32
10.09.2020







https://www.facebook.com/stipcitymall.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Sep-2020 at 13:56
Почнале со ископ







https://www.facebook.com/stipcitymall.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Sep-2020 at 12:34
Штип City mall / Студио АТРИУМ

ЛОКАЦИЈА



На најфреквентната и највпечатлива локација во град Штип (центарот на Источна Македонија) и на самиот влез во градот ќе се издигне објект кој ќе вдоми најразлични содржини, а вооедно ќе ги задоволи потребите на граѓаните од поширокиот регион. Сместен е во зона за спорт и рекреација која долги години беше заборавена и напуштена, со овој проект таа ќе заживее и ќе добие сосема нов современ и модерен изглед.

Поставеноста и ориентацијата на објектот овозможува непрекинати визури кон самиот град и историската тврдина „Исар“. Самата конфигурација на теренот која беше голем предизвик придонесе во формирањето на волумените и функционалноста на објектот. Самите содржини кои ќе бидат присутни во објектот како: хотелски соби, хотелски ресторан, конференциски сали, трговски единици и најатрактивниот ROOF TOP, го прават објектот уникатен и единствен според неговата хибридна намена во регионот.

Процесот за да се добие финалното решение беше долг и предизвикувачки, но во соработка со Инвеститорот и неговите визии и идеи за овој простор, Тимот на Студио Атриум-Штип составен од инженери: дипл.инж.арх. Павле Петрушев, дипл.инж.арх. Весна Василева, дипл.инж.арх Александар Василев, дипл.инж.арх.Кристина Петрушева Русеска, дипл.град.инж Светомир Русеским-р.инж.арх. Сања Миташ Иванова, м-р. инж.арх. Љубица Мицевска и апсолвент на Архитектонски факултет Емилија Кљонкова, го изработија решението за овој хибриден објект кој ја вклучува основната класа на намена – хотелски комлекс и компатибилните класи на намена – големи трговски, комерцијлани и деловни единици според урбанистички план. Како најатрактивна содржина во склоп на проектот е STIP CITY MALL.

КОНЦЕПТ

Објектот е проектиран на 5 нивоа (подрум, приземје и три ката). Главниот влез на објектот е поставен централно, нагласен со осветлена настрешница и ориентиран кон пристапната улица. Во централниот дел се предвидени главните комуникации (ескалатори) и простран хол кој целосно е осветлен со природна светлина. Лево и десно од холот се развиваат содржините по нивоа. Во подземниот дел се проектирани паркинг места за посетителите на хотелот, а останатиот дел е предвиден за голем супермаркет. Приземјето ги содржи влезот во хотелот и лобито и големи трговски единици.

На катот содржините се повторуваат, освен ресторанот за хотелот кој е сместен на западната страна. Вториот кат содржи хотелски двокреветни соби и апартмани, конференциски сали, канцеларии и деловни простории. Последниот кат на кој се сместени исто така хотелски соби, на источниот дел се предвидува проодна кровна тераса со уникатни визури на градот, која на одреден дел ќе биде покриена. Овој простор, така наречен ROOF TOP, ќе има забавна содржина.



За да се овозможи добра функционалност на содржините во објектот, предвидена е сервисна рампа за дотур на роба до подземното ниво и рампа до паркинг просторот. Дистрибуцијата на робата и намирниците ќе се спроведе со два сервисни лифтови. Предвидени се и две јадра со лифт и скали за посетители.

Во однос на надворешното обликување искористени се најсовремени материјали и од самата фасада лесно се чита соджината во внатрешноста. Самиот објект комуницира со надворешноста преку големите стаклени отвори кои се предвидени по вертикалата на објектот на соодветни делови. Разиграноста и обликувањето на останатиот дел од фасадата е добиена со фасадни панели во различна текстура и боја кои ја потенцираат хоризонталата на објектот.

Целиот простор е флуиден и се испреплетуваат содржините едни во други без прекинување. Решението и концептот на објектот е разработувано долг временски прериод   со идеја дека овој простор и содржините во него ќе бидат реперна точка и главна дестинација во овој регион и пошироко.

https://marh.mk/shtip-citymall/


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Sep-2020 at 06:39
3D Приказ на Хотел и Stip City Mall











https://www.facebook.com/stipcitymall.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Oct-2020 at 18:23
Уште неколку рендери(од фб)







Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Dec-2020 at 18:15
Изградбата на Штип Сити Мол е доказ дека државата и општините создаваат подденакви услови за инвестиции за домашните и за странските компании.
Верувам дека изградбата на овој објект на компанијата Дик Фагус ќе ја раздвижи економијата во Штип и регионот.
Оваа инвестиција ќе овозможи нови 250 вработувања за наши сограѓани, нешто што е многу важно во ова време, кога државата посветува огромно внимание и носи нови мерки во зачувувањето на работните места.



https://www.facebook.com/bochvarskiblagoj


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Dec-2020 at 18:27
Поставен камен-темелник на Штип Сити Мол- Поблиску до Вас!

Инвестицијата вредна вредна 10 милиони евра во Штип ќе отвори над 250 нови работни места во источниот регион
Денеска во Штип беше поставен камен-темелник со кој се означи почетокот на реализацијата на проектот Штип Сити Мол- Поблиску до Вас! чиј носител е компанијата Дик Фагус.

Инвестицискиот проект Штип Сити Мол – Поблиску до Вас! тежи 10 милиони евра и подразбира изградба на модерен бизнис комплекс и хотелски објект кои во наредниот период ќе имаат важна улога за заедницата преку поттикнување на економскиот развој во источниот регион и отворање на повеќе од 250 нови работни места.

Ова е важен проект за мене лично, за моето семејство, кое е дел од оваа заедница, и за мојата компанија која децении наназад се развива и успешно работи овде. Идејата е да изградиме место кое ќе претставува двигател на економскиот развој во градот Штип и поширокиот регион, да ги донесеме поблиску до граѓаните на источниот регион големите брендови и на едно место да понудиме содржини карактеристични за модерното урбано живеење. Штип Сити Мол- Поблиску до Вас! е проект кој има потенцијал да отвори многу работни места и да стимулира напредок на целиот регион.“ – истакна на денешниот настан Горан Јордев, извршен директор на Дик Фагус.

На настанот присуствуваа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Штип, Сашко Николов кои ја потенцираа важноста на ваквите инвестиции за опоравување на македонската економија во време на светска економска криза предизвикана од ковид-19 пандемијата како и за економски развој на источниот регион и задржување на младите во Штип.

„Во ова тешко време на ковид криза, ова е убава можност да одбележиме почеток на еден многу значаен проект за Штип и регионот. Убеден сум дека овој проект е пресвртница за градот кој ќе отвори преку 250 нови работни места и нови можности за економски развој. Владата ќе продолжи да работи со своите политики на поттикнување на македонските компании да инвестираат во државата, конкретно ресорот што го водам ќе настојува да пружа помош и поддршка во доменот на изградба на инфраструктура со цел компанитите да имаат добри услови за градба и инвестирање“. – рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Ми претставува особена чест и задоволство, на овој убав ден Св. Никола, патронен празник на нашиот град, да присуствувам на почетокот на изградбата на еден прекрасен објект со кој Штип ќе се гордее. Штип Сити Мол ќе биде место на сретнување и собирање за сите туристи, сите граѓани на градот и пошироко од регионот, ќе доаѓаат овде ќе уживаат во Штип Сити Мол, во гостопримството на Штипјани и во нашата штипска пастрмајлија. Како градоначалник на Штип, благодарен сум на компанијата Дик Фагус што инвестираат за доброто на сите граѓани и ќе настојувам да помагам на сите кои сакаат да отовраат можности за унапредување на градот. – рече новоизбраниот градоначалник на Штип, Сашко Николов.


Дик Фагус е компанија-лидер во дрвната индустрија која помеѓу првите македонски компании се ориентираше дизајнерски, продавајќи под своето име, македонски производ. Од 2005 е во сопственост на Пеком Инженеринг, компанија која постои и се развива од 1990 година. Дик Фагус денеска брои 500 вработени и извезува на пазарите во Велика Британија, Западна Европа, Блискиот Исток, Израел, Америка и Канада, Австралија и Скандинавски земји. Штип Сити Мол – Поблиску до Вас! е проект кој се очекува да биде завршен во 2022 година.

https://faktor.mk/postaven-kamen-temelnik-na-shtip-siti-mol--poblisku-do-vas-


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Jan-2021 at 18:08
Уште по некој рендер(од фб)











Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Apr-2021 at 13:57


https://www.facebook.com/StipCityMall


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Apr-2021 at 13:59
Уште една серија некои поинакви рендери(од фб)











Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Aug-2021 at 17:13
21.08.2021

Со брза динамика до крајната цел, со одлично темпо се гради Штип сити мол









https://www.facebook.com/mnethd/videos/239179151414300 - https://www.facebook.com/mnethd/videos/239179151414300


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Dec-2021 at 13:12
Štip City Mall - Поблиску до Вас!

[tube]q4aK8acPTOk[/tube]



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Dec-2021 at 13:23
Štip


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Dec-2021 at 17:53
ШТИП ДОБИВА СИТИ МОЛ Почнува со работа вгодина

На атрактивна локација на самиот влез на градот Штип, привршува изградбата на најголемиот регионален трговски центар во Источна Македонија – Штип Сити мол. Пред точно една година инвеститорот компанијата ДИК ФАГУС ги постави темелите на новиот објект, со што започна градежниот процес за изградба на најсовремен трговски центар во град Штип. Сега тој процес е во својата завршна фаза и наскоро ќе биде објавено и свеченото отворање кое ќе се случи на есен 2022 година.

Денеска во хотелот DoubleTree by Hilton се реализираше и првата презентација на која сите потенцијални закупци имаа можност и одблиску да се запознаат со сите детали за Štip City Mall. Презентацијата ја водеше Васко Давидовски, извршен директор и сосопственик на овластената лизинг агенција Brick and Mortar, која заедно со инвеститорот, се грижат овој проект да биде успешен и на едно место да ги соберат сите познати светски и локални брендови и да понудат содржини карактеристични на модерното и урбано живеење.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на град Штип Иван Јорданов кој истакна:

– На мене како градоначалник на Општина Штип ми е од исклучително големо значење да отвориме трговски центар каде ќе има познати брендови, кои ќе го зголемат разнообразието и изборот при купување, ќе ја зајакнат конкурентноста меѓу компаниите и ќе учествуваат во развојот на локалната економија. Колку ни е поширока палетата на избор, толку ќе имаме позадоволни и посреќни градови, а тоа е мојата визија за Штип!

Инвеститор на овој проект е Горан Јордев, кој е еден од косопствениците на најголемата дрвопреработувачка компанија ДИК ФАГУС – Пехчево, компанија во сопственост на Пеком инжињеринг, која 30 години успешно работи во Штип.

Многу сме среќни што успеавме да ја оправдаме довербата и со многу брзо темпо да стигнеме до оваа фаза во која денес веќе со конкретен план и понуда можеме да се претставиме пред идните потенцијални закупци. Имаме одличен квалитетен проект, односно трговски центар со светски стандарди каде што сите посетители ќе имаат можат да ги извршуваат своите секојдневни потреби и да уживаат во најразличните забавни содржини во срцето на Источна Македонија – изјави сопственикот на Штип Сити мол, Јордев.

Објектот се протега на вкупна површина од 12.780 м², распоредени во 5 нивоа, и нуди тематски разновидни содржини и услуги кои ја заокружуваат целата идеја за еден светски мултифункционален објект. Ниво -1 е наменето за супермаркет, а покрај него има резервиран простор за паркинг места и магацини. Приземјето и првиот кат ќе бидат исполнети со содржини од лидерите од секој сегмент на трговско услужниот сектор – модни брендови, спортска опрема, накит и часовници, козметика, ИТ опрема и телекомуникации, аптеки и останати видови содржини како и кафуле за кафе-муабет со пријателите и бизнис средби.

Вториот и третиот кат, пак, се предвидени за деловен простор за домаќинство, ресторани, книжарници, кино-сала, ноќен бар, како и детски катчиња со едукативно-забавен карактер.

Покрај тоа што целиот регион Штип, Кочани, Пробиштип, Виница, Радовиш и Струмица ќе добијат ваков ултра модерен мол, воедно и ќе се отворат повеќе од 250 нови работни места, кој позитивно ќе влијаат на целата економија.

https://plusinfo.mk/shtip-dobiva-siti-mol-pochnuva-so-rabota-vgodina - https://plusinfo.mk/shtip-dobiva-siti-mol-pochnuva-so-rabota-vgodina


Posted By: carver91
Date Posted: 15-Jun-2022 at 15:19
Hекои нови информации за овој проект?


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Sep-2022 at 16:48


https://www.facebook.com/watch/mnethd/

-------------
Carpe diem


Posted By: kicevo
Date Posted: 01-Sep-2022 at 20:36
Tolkava vreva za 12000m pa toa e pola Ramstore vo Skopje,zalno.


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Sep-2022 at 11:11






https://www.facebook.com/StipCityMall/videos/482273673403111 - https://www.facebook.com/StipCityMall/videos/482273673403111

-------------
Carpe diem


Posted By: hcitrS
Date Posted: 04-Sep-2022 at 13:36
Види ги ти штипјани колку биле обновливи, сите големи покрови наоколу се покриени со фотоволтаици.

Иако ич не сакам трговски центри во принцип, со оглед дека се работи за мал град во Македонија - излезе супер. Па поготово ако се спореди со "трговските" во една Битола на пример, ова иди сци-фи. Ми се допаѓа дека релативно умешно се вклопија во конфигурацијата на теренот.

А базенот исто од нив е обновен и стопанисуван?


Posted By: Marxentric
Date Posted: 05-Sep-2022 at 21:10
Originally posted by hcitrS

Види ги ти штипјани колку биле обновливи, сите големи покрови наоколу се покриени со фотоволтаици.

Иако ич не сакам трговски центри во принцип, со оглед дека се работи за мал град во Македонија - излезе супер. Па поготово ако се спореди со "трговските" во една Битола на пример, ова иди сци-фи. Ми се допаѓа дека релативно умешно се вклопија во конфигурацијата на теренот.

А базенот исто од нив е обновен и стопанисуван?

И јас се пријатно изненадив од крововите, а базенот си е посебен субјект кој функционира одделно и е изграден поодамна.
Сепак, во целина заедно со спортските терени и базенот, трговскиот изгледа доста фино. Не е преголем, но и нема потреба, подобро помал, а функционален.
Се надевам ќе го уредат и пристапот, паркингот, како и дека ќе додадат зелени содржини во просторот.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 06-Sep-2022 at 22:29
Изгледа молот е споредна работа во објектов, но како и да е, за Штип супер. Колку е GLA и колку паркинг места има? И каде е паркингот за базенот?


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Oct-2022 at 08:06
Брендови во Štip City Mall











https://www.facebook.com/photofbid=528858449116081&set=pcb.528859009116025 - https://www.facebook.com/photofbid=528858449116081&set=pcb.528859009116025

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Oct-2022 at 08:08
Некои фотки од септември(од фб)








-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Oct-2022 at 08:10
Последни подготовки за отворање Штип сити мол

Оваа есен, граѓаните на Штип и цела Источна Македонија ќе добијат нова дестинација за шопинг и забава. Првиот трговски центар во Штип – Штип сити мол е во завршна фаза и наскоро ќе ги отвори вратите за сите посетители. Овој нов трговски центар на граѓаните, но и на градот Штип ќе им пружи квалитетно шопинг искуство по светски стандарди, место за забава и дружење, и ќе претставува вистинска регионална атракција и место за уживање на целото семејство.

Меѓу бројните иновации кои ги има молот, значајно е да се спомене дека Штип сити мол е и првиот трговски центар кој има своја фотонапонска централа која ќе задоволува дел од потребите на молот со што придонесува за поповолни услови за закупците.

„Во тек се последните подготовки до официјалното отворање на единствениот трговски центар во Источна Македонија, и со гордост можам да кажам дека целиот тим на Штип сити мол заедно со сите вклучени страни во проектот работиме во полн капацитет, со цел побрзо да бидеме достапни за сите купувачи. Овој шопинг центар кој ќе биде најголем и најмодерен трговски центар во овој регион, претставува двигател на економијата и ќе има значителен придонес во економско-трговски развој на градот Штип и целиот источен регион, кој опфаќа повеќе од 250.000 жители.

Од самиот почеток објектот интензивно се гради, и веќе е во завршна фаза, а инвестицијата досега изнесува 10,5 милиони евра и очекуваме да биде завршена со 12 милиони евра во предвидениот рок. Во изградбата на овој центар интензивно работат од 100 до 150 луѓе секојдневно, а по отворањето дополнително ќе придонесе и за околу 300 до 400 нови директни и индиректни вработувања”, изјави Гоце Југов, проект менаџер на Штип сити мол.

„Трговскиот центар се простира на површина од 12.780м², со околу 30 закупци, распоредени на 5 нивоа, и е најголемиот и единствен од таков тип трговски центар во Источна Македонија. Со изградбата на овој шопинг центар успеавме да воведеме нова приказна во градот Штип, но и во целиот источен регион, која е на ниво на светските шопинг центри, со ултра модерен ентериер и изглед, опкружена со зеленило, со цел шопинг искуството да биде на највисоко ниво. Среќни сме што 98% од капацитетот на молот е веќе пополнет, и закупците полека ги спремаат своите локали. Штип сити мол се наоѓа на лесно достапна и одлично поврзана локација, во најфреквентниот дел на Штип, надополнувајќи ја урбаната нота на градот”, изјави Марија Портарска, архитект на Штип сити мол.

Трговскиот центар ќе нуди голем број локални и светски познати брендови на едно место, богати забавни содржини, хотел, ресторан, кафуле, брза храна, текстил, козметика, игротека, книжара, бела техника и многу повеќе.
Лоциран е на една од најатрактивните точки во градот Штип, на самиот негов влез, Штип сити мол, заедно со хотелот и аква паркот, ќе ја збогати понудата на забавни и шопинг содржини, привлекувајќи огромен број на посетители од сите возрасти, не само од регионот, туку и од целата држава.

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/posledni-podgotovki-za-otvoranje-shtip-siti-mol? - https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/posledni-podgotovki-za-otvoranje-shtip-siti-mol?

-------------
Carpe diem


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Oct-2022 at 10:43
[tube]pWTVSVsRfxM[/tube]

-------------
За сè има вторпат


Posted By: hcitrS
Date Posted: 17-Oct-2022 at 23:09
Сепак малку се претера со бехатон во опкружувањето, поубаво ќе изгледаше со тревник и некое дрво.

Генерално ми се чини кај нас владее глупо мнение дека "бетон ти е чиста работа", како да вадење трева и дрва два пати неделно да кошта милиони евра.

Би лупнал вака грубо дека во поглед на ладење на објектот во лето, трева и дрва околу би умале влијание.


Posted By: user8642
Date Posted: 18-Oct-2022 at 17:16
Originally posted by hcitrS

Сепак малку се претера со бехатон во опкружувањето, поубаво ќе изгледаше со тревник и некое дрво.

Генерално ми се чини кај нас владее глупо мнение дека "бетон ти е чиста работа", како да вадење трева и дрва два пати неделно да кошта милиони евра.

Би лупнал вака грубо дека во поглед на ладење на објектот во лето, трева и дрва околу би умале влијание.
Никогаш не го разбрав тој концепт на грд бекатон ставање сегде. Па правиш трговски од милиони евра и на крај најефтин бекатон. Да е нешто од оптшина па да разбере човек дека штеделе или дека испокрале парите.


Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Oct-2022 at 18:11
така со бекатон најлесно се претвара во паркинг покасно

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Nov-2022 at 17:37


https://www.facebook.com/StipCityMall/ - https://www.facebook.com/StipCityMall/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Dec-2022 at 18:02




https://www.facebook.com/rozentalis.ohrid/videos/2985812488394815 - https://www.facebook.com/rozentalis.ohrid/videos/2985812488394815

-------------
Carpe diem


Posted By: Џоле
Date Posted: 10-Dec-2022 at 19:21






https://www.biznisvesti.mk/ofitsijalno-so-rabota-zapochna-eden-od-najgolemite-molovi-vo-drzhavata-shtip-siti-mol-foto/



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Alexandar
Date Posted: 11-Dec-2022 at 11:44
Eден мал дожд и поплава. Не бива да се помине без ништо.

Сега бев во Кипер има поплава, едната каса што имаа наредено се тргнаа, на средина на маркет езеро.
Не се ни качив горе да видам дали има.

Промашен е изборот на маркет за ваков мол кој ќе работи во недела и празници. Очекував да биде Супер Тинекс, ама овие изгледа имаа премногу долгови и ќе ги купи Вива Фреш.

Кипер нема алкохол, нема свинско, нема фрижидери за пијалоци, нема рефус сувомесно и млечни производи.
Штип не е западна Македонија каде се купува на големо. Има Роми и Турци, но повеќе се они кои сакаат маркет како Супер Китго со страшно голем избор, само кој ќе работи во недела.

Вчера кога сите беа во Кипер за јајца и банани гужва имаше и во Супер Китго. Едноставно не знам како и со што ќе ги привлечат тие купувачи.

Ќе има конкуренција и со уште еден Супер Китго кој наскоро ќе му е во близина.


За изборот на брендови разочаран и се премалк, требаше да има барем уште неколку за да привлечат од цел исток. Пример Њу Јоркер, Теранова, Котон, СТравидариус, Де Факто...

Спорт Вижн и Спорт Ријалити е премногу за таков мол. Спорт Вижн кој беше на 500 метри го затворија за да се префрлат таму.
Исто и ДМ и Сара Фешн доволно едно за таков град.

Нема ништо за бела техника, пример Анхоч нешто што ќе работи недела и ќе биде кокуренција на Сетек, Техномаркет, Нептун, Риверсофт кои се во близина.



Posted By: Vasilij
Date Posted: 11-Dec-2022 at 11:57
Хахаха еден од најголемите.. би рекол еден од најмалите, колку 2-3 продавници во Сити Мол, Рамстор или Ист Гејт.. Капитол е поголем од овој, Глобал во Струмица исто така..


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 11-Dec-2022 at 11:58
Има слободни простори за рентaње или тоа е тоа? Што има во food court?

Интересно е дека Риверсофт постои на неколку локации низ Македонија, мислев пропаднале.


Posted By: Denko
Date Posted: 11-Dec-2022 at 14:18
Originally posted by Vasilij

Хахаха еден од најголемите.. би рекол еден од најмалите, колку 2-3 продавници во Сити Мол, Рамстор или Ист Гејт.. Капитол е поголем од овој, Глобал во Струмица исто така..
Ete go golemiot Global, so godini stoi poluprazen, a toa deka nekoj se ucel na nego kako se pravi City-Mall e stara makedonska boljka!


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Dec-2022 at 18:08


https://www.facebook.com/StipCityMall - https://www.facebook.com/StipCityMall

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 03-Feb-2024 at 09:09
Локација: ул.Гоце Делчев бб, Штип (КП 1410/02 КО Штип 1)
Услуга: фаза Карабина и градежно-занатски работи
Инвеститор: ФАГУС ДООЕЛ ПЕХЧЕВО
Нето изведена површина: 11.507m2
Година на изведба: 2020-2022

[tube]AExy6jL7nRU[/tube]

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window