Print Page | Close Window

Здравствени институции (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Здравствени
Forum Discription: Болници, клиники...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=442
Printed Date: 28-Mar-2024 at 17:59


Topic: Здравствени институции (општо)
Posted By: Cloverstack
Subject: Здравствени институции (општо)
Date Posted: 08-Sep-2007 at 08:00




Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Sep-2007 at 19:17

Јапонска компанија сака да гради болница во Македонија

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=9&VestID=83660 - Менче Атанасова Точи javascript:otvoriVideoPrilog%2807/tokuda-bolnica-0909.wmv,%2083660%29">  
09.09.2007
Имер Селмани
 

Јапонската компанија „Токушаи медикал корпорејшн“ сака да гради дијагностички центар во Македонија. Станува збор за најголемиот болнички ланец со 360 болници низ цела Јапонија.

Основач и сопственик е доктор Торао Токуда, кој бил четири мандати во Парламентот. Пред осум месеци ја отвори првата болница на Балканот, која се наоѓа во Софија. Сега е заинтересиран и за Македонија.

„Ова е пилот проект. Сакаат да изградат околу 200 болници низ цел свет. Нивни претставници ја сакаат и Македонија за проект“, изјави д-р Росен Панов, извршен директор на Токуда болница.

Министерот за здравство Имер Селмани веќе ги покани да дојдат во Македонија.

„Да видиме кои се можностите вакво искуство евентуално да се практицира и во РМ“, рече Имер Селмани, министер за здравство.

Огромната Токуда болница заедно со дијагностичкиот центар им овозможува на пациентите современа дијагностика и операции од сите области на медицината.

Опремена е со современа јапонска апаратура. Сега се адаптира и просторија за верски обреди.

Токуда болницата во Софија функционира веќе осум месеци и таа е прва од ланецот на болници коишто работат надвор од Јапонија.

Дијализата, за разлика од државните болници, во Токуда болницата функционира беспрекорно. Пациентите не плаќаат ништо, а државата една дијализа ја чини околу 100 евра месечно, исто колку и во Македонија.

„Централниот систем е сместен одделно. Тоа значи сите шумови, сите податоци, сите миризби се одделно. Тука се само пациентите со апаратите“, вели Александар Осиченко, началник на одделение за дијализа.

Дали македонските власти ќе бидат заинтересирани на ваков начин да го решат барем проблемот со дијализата, останува да видиме наскоро.



Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Nov-2007 at 01:01
Ohno


Ќе се откаже ли Владата од изградбата на болницата кај „Панорама“ во Скопје?

Турските инвеститори се соочија со голем проблем - сопственици на земјиштето од 9.000 квадрати се приватни лица

Билјана Јовановска

Современата болница што требаше да биде изградена пред две години на местото на некогашниот хотел „Панорама“ на Водно, во која турска компанија ќе инвестира 35 милиони евра, се' уште е во фаза на проект. Се чека позитивна одлука на Владата, бидејќи турските инвеститори сметаат дека власта, која се декларира како отворена за странски инвестиции, нема валидна причина за да се откаже од еден олку значаен проект.

Турската „Универзал груп“ уште во 2004 година го купи хотелскиот комплекс сосе 9.000 квадратни метри земјиште, но кога почнаа градежните работи, на виделина излезе дека некој експресно или, наводно, од поодамна го купил земјиштето што се водело како државно и го користел хотелот „Панорама“, односно дека инвеститорот платил нешто што не е во сопственост на нашата држава, туку на приватни лица.

Станува збор за земјиштето околу „Панорама“, кое е неопходно за изградба на болницата за која се тврди дека ќе биде најсовремена на балканскиот простор. За нејзината изградба е информирана и Светската здравствена организација, бидејќи таа треба да биде во синџирот од 82 болници кои се наоѓаат на три континенти.

Во меѓувреме, турските инвеститори нарачаа и добија три проекти за болницата, ја започнаа и изградбата, за што се потрошени неколку милиони евра, но од поодамна сите работи се запрени. Спорно е земјиштето кое уредно го купиле.

За хотелот „Панорама“, како што вели Јуксел Чалишкан, сопственик на градежната фирма што треба да работи на изградбата на болницата, се јавуваат многумина заинтересирани да го откупат, но за такво нешто не станува ни збор. Презедовме обврска пред Светската здравствена организација дека ќе изградиме најсовремен болнички комплекс, со кој ќе ги кренеме здравствените стандарди во Република Македонија, објаснува Чалишкан, и со некакво откажување сериозно би го нарушиле и имиџот на вашата држава.

Во болницата, која ќе се изгради најмногу една година по надминувањето на спорните прашања што го кочат проектот, освен што ќе има најсовремени медицински апарати, пациентите ќе добиваат третман на европско ниво. Замислено е, како и во другите болници во синџирот, итните случаи веднаш да бидат примени од лекарот или, како што велат, „една минута по влегувањето во болницата“. Ќе бидат вработени најмалку 400 лица, главно од Македонија, но ќе има и докажани специјалисти од светот. Во вашата земја има многу врвни лекари, но ним им се потребни современи услови за работа и третман на болните, појаснува Сание Чалишкан, задолжена за медицинскиот кадар и опремувањето на болницата. Во срцето на Европа видовме дека во здравството се работи со застарена технологија и сакаме да помогнеме да се надмине овој проблем, потенцира Чалишкан.

Инвеститорите од Турција сметаат дека проблемите што им ги посочувала претходната власт, а делумно и оваа, се вештачки и дека, всушност, некој бега од конкуренцијата. За такво нешто нема причина, категоричен е Јуксел Чалишкан, сопственик на градежната фирма „Јуксан“, и ова го поткрепува со примерот од истанбулската Капали-чаршија. Таму, раскажува, постои улица со 120 златарски дуќани и, без оглед на конкуренцијата, сите одлично работат и заработуваат цели 400 години.

Проблемот со изградбата на болницата, чија инвестиција е тешка цели 35 милиони евра, неодамна министерот за здравство на Турција им го предочил на македонските власти. Тогаш била покажана подготвеност да започне реализација на овој проект, но конечниот, официјален одговор, зависи од Владата што треба да одлучи дали сака или се откажува од оваа странска инвестиција.

Работите се' уште се статус кво, но во случај на нови пролонгирања, турските инвеститори правдата најнапред ќе ја побараат пред македонските, а потоа и пред меѓународните судови, бидејќи платиле нешто што сега не е во нивна сопственост.



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4269308E3CB2244E95D9F914A629BC90 - Утрински весник


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Nov-2007 at 19:11


Зарем е можно вакви работи да се случуваат? Како може некој да продаде нешто што не е негово? Случајов ако е точен е неколку пати пострашен зашто како продавач се јавува државата Nuts

Исто така интересно би било да се дознае кој е тој скриен сопственик, што во многу интересен момент го купил имотот, а толку долго успеал да остане анонимен... Сигурно таа информација би била многу индикативна.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 20-Nov-2007 at 19:08
Originally posted by Cloverstack



Зарем е можно вакви работи да се случуваат? Како може некој да продаде нешто што не е негово? Случајов ако е точен е неколку пати пострашен зашто како продавач се јавува државата Nuts

Исто така интересно би било да се дознае кој е тој скриен сопственик, што во многу интересен момент го купил имотот, а толку долго успеал да остане анонимен... Сигурно таа информација би била многу индикативна.


Абе одвратни работи се дешаваат со оваа болница. Се сеќавате уште лани каков медиумски притисок се вршеше за владата да превземе нешто околу целава ситуација, а тие се понашаа ко да не допира ништо до нив. „Ќе се среди, ќе се најде решение„ сите ко навиени повторуваа. Мене уште тогаш ми пукна филмот. Целата предизборна програма на ВМРО беше дека ќе носат инвеститори од цел свет и тн. а се дозволува тие што ни се до гз ги заебаваат некои локални мафијаши.

Сеа излегуваат на површина па вакви некои информации... којзнае и овие турциве што се не кријат. Како и да е, испаѓа дека ни една инвестиција кај нас неможе да тече како што треба... Ohno


Posted By: vardar
Date Posted: 30-Jul-2008 at 09:35
Незнам дали малце бојичка и ролетни се рачуна ко реставрација/реконструкција али нема каде на друго место Big%20smile 
 

Поликлиника „Бит-пазар“ добива нова фасада и прозорци

Поликлиниката „Бит-базар“ по цели 55 години добива нова фасадна боја и нови прозорци со ролетни. Три милиони денари чини боењето на фасадата и исто толкава сума ќе бидат потрошени за нови прозорци и ролетни. Моментно се бојосува задниот дел од објектот, а набрзо ќе се уредува и двориштето. Единствено останува нерешен дивиот пазар, кој ќе ја гради новоуредената зграда, а за кој надлежните од поликлиниката постојано се жалат и бараат дислокација. „Средствата за фасадата и прозорците ги обезбедивме од буџетот на поликлиниката, а дел ќе ни ги рефундира Министерството за здравство. До 20 септември ќе биде обновена и оградата и ќе се заврши партерното и хортикултурното уредување на дворната површина. Планирано е и внатрешно уредување на поликлиниката и замена на електричната инсталација со нова“, вели Боби Бојчевски од кабинет на директорот на поликлиниката „Бит-пазар“. (Сн.К.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8E8606E7131A174DA05DF2BF9AA9B09A - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8E8606E7131A174DA05DF2BF9AA9B09A


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Sep-2008 at 11:48
КАМЕН - ТЕМЕЛНИК ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА
Домот за зависници и официјално во Бардовци
Според најавите на Општина Кисела Вода, изградбата на новата болница за наркозависници во Брадовци се очекува да заврши напролет

Општина Кисела Вода до крајот на годинава ќе постави камен - темелник на нова зграда во кругот на болницата во Брадовци и во неа ќе ги пресели наркоманите од Центарот за зависници лоциран кај амфитеатарот "Свети Ѓорѓи". Од Општина Кисела Вода информираат дека деновиве имале неколку завршни средби со надлежните од Министерството за здравство и тие им потврдиле дека ќе ги обезбедат финансиските средства за изградба на нова болница во Бардовци.
"Подготовките за изградба на нова болница се во завршна фаза. Во моментов работиме на комплетирање на документацијата и очекуваме во најбрзо време да ги добиеме сите дозволи за преселба на зависниците. Веднаш после тоа ќе објавиме тендер за избор на фирма која ќе ја гради болницата. Очекуваме таа да биде готова напролет", вели Тони Чуповски, портпарол на Општина Кисела Вода.
Повеќе од 15 години населението кое живее во близина на Центарот за зависници во Кисела Вода има сериозен проблем со наркоманите. Тие се жалат дека наркоманите кои таму одат на терапија им влегуваат во дворовите, им ги кршат прозорците и вратите, крадат, се случувало и да ги нападнат, а редовно наоѓаат расфрлани шприцеви пред нивните домови. Жителите велат дека ако Општината во најбрзо време не го пресели Центарот, ќе почнеле да ги напуштаат нивните домови и да се селат во други општини.
Според најавите на општинарите, на барање на жителите на Кисела Вода, на местото каде што сега е лоциран Центарот за зависници ќе се изгради поликлиника.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157274&idg=8&idb=2480&rubrika=Skopje



Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Oct-2008 at 00:08

Гостиварец, хирург од Германија, планира да инвестира во медицински бизнис

Д-р Серге е импресиониран од убавините на родниот крај и на селото Куново

ГОСТИВАР - Професор д-р Серге Јовановиќ, по потекло од гостиварското село Куново, над две децении е професор и шеф на Катедрата за уво, грло и нос во интернационална државна клиника „Шарите“ во Берлин, Германија. Неодамна, на 50-годишна возраст првпат го посети родниот крај. Професор Јовановиќ планира да вложува во Македонија во медицинскиот бизнис.

„Сакам да отворам приватна клиника за уво, грло и нос во Скопје. Со години соработувам со колегите оториноларинголози на скопската клиника. Тие ми испраќаат пациенти во Берлин кои ги оперирам и лекувам. Имам идеја, почетните чекори ги презедов“, вели д-р Јовановиќ. Тој е специјалист и за пластична хирургија на лице, а прави функционални и естетски операции. Познати личности од политиката, уметноста, водители, артисти, не само од Германија туку од цела Европа, доаѓаат токму кај него да се разубават.

„За првпат во мојот живот го посетив гостиварското село Куново, родното место на мојот покоен татко Васо, на моите дедовци и прадедовци. Импресиониран сум од убавините на крајот, на селото, кое се наоѓа во пазувите на Сува Гора. Посебно ме фасицинира тоа што од Куново, како на дланка ги гледав Гостивар и целото Полошка Поле. Средбите и разговорите со куновчани никогаш нема да ги заборавам. Нивните кажувања ме трогнаа, дури и солзи ми потекоа, емоциите не можев да ги скријам. Многу жалам што порано не дојдов да ги најдам корените на моето потекло. Меѓутоа, никогаш не е доцна. Македонските корени и идентитетот не сум ги заборавил, тоа никогаш нема да се случи“.

Вака со треперлив глас зборува професор Јовановиќ. За него Галичник е специјално место каде што има желба да изгради викендичка.

Како дванаесетгодишно момче, со завршено шесто одделение во Скопје, Серге со семејството се преселува во германскиот град Хесе, каде што го продолжува образованието. Во Берлин успешно ги завршува студиите на Медицинскиот факултет, а потоа магистрира и докторира на Државната клиника „Шарите“.

Специјалност на д-р Јовановиќ е операција на отосклероза (глувост), која ја врши со ласерски зраци и со микроскопско зголемување. Целата операција, во зависност од пациентот, трае околу два часа. Операцијата е доста сложена и прецизна.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0B1AEAC1C39B5E4B9C02A7FA210DACFF




Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Oct-2008 at 08:39
Да ви кажам дека досега што беше летното хард-рок, она кај Хубо, епа тоа ќе се руши и тука реплек ќе ја гради болницата. Значи нема да биде кај спортската сала, него на локацијата на денешно хард-рок. Така барем разбрам од маалски муабет, ама што се однесува до изворот е веродојтоен зашто се работи за личност блиска до еден од инволвираните во проектот.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 23-Nov-2008 at 16:32

Продолжува изградбата на новиот објект на Гинекологија - Чаир

23 November, 2008 03:01:00
Големина на фонт: javascript:tsz%28article_body,12px%29">Decrease%20font javascript:tsz%28article_body,16px%29">Enlarge%20font
image

Вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за здравство Бујар Османи денеска го посетиа новиот објект на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје

Одобрени се околу три милиони евра од буџетски пари, кои се веќе префрлени преку Министерството за здравство на сметката на Гинекологија.

- Конечно сега со средства обезбедени од Владата ќе се заврши овој објект. Ова е значајно за сите жени во Македонија, кои во иднина ќе го користат објектот и треба породувањето како најсвечен и најзначаен чин во нивниот живот и раѓањето на децата да биде направено во услови кои што се најдобри и соодветствуваат на европските стандарди, изјави вицепремиерот Ставрески.

Тој изрази верување дека за идните мајки и за вработените на Гинеколошко-акушерската клиника во новиот објект ќе има услови според европските стандард.

Овој проект, како што посочи Ставрески, ќе биде надополнет со купување на опрема од најдобрите светски производители  и со реконструкција и на други објекти во здравството и конечно ќе се вклопи во напорите на Владата за зголемен наталитет во Република Македонија и поттикнување на сите брачни парови да имаат повеќе деца.

Министерот Османи  потсети дека изградбата на Гинеколошко-акушерската клиника е почната со гранд од тајванската влада во вредност од пет милиони долари и додаде дека со тие средства е направена конструкцијата на објектот.

- Битно е што побрзо да го имаме овој објект, со цел квалитетот на здравствена услуга за сите жени да се подобри, како и за бебињата кои ќе се раѓаат во оваа установа, истакна Османи.

Според министерот за здравство, предвидено е објектот за биде завршен во рок од шест месеци, по што во него ќе се пресели старата гинеколгија, која сеизмички не е издржлива.

Работата на објектот, како што рече Османи ќе ја продолжи истата фирма која во 2002 година ја започна изградбата.

Новата клиниката се гради на површина од 10.500 квадратни метри и во неа треба да бидат сместени современи операциони сали, амбуланти, интензивна нега и одделение за инвитро-фертилизација

 

http://alsat-m.tv/mk/zemja/7513.html - http://alsat-m.tv/mk/zemja/7513.html



Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Nov-2008 at 00:11


Да не помешале Алсат дека се работи за Гинекологија Чаир? Мене ми делува дека се работи за гинекологијата во клиничкиот центар

Гинекологија ќе се доградува

Вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за здравство, Бујар Османи, со вчерашната посета на новиот објект на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, го одбележаа продолжувањето на градежните и други рабoти на објектот. Одобрени се околу три милиони евра буџетски пари, кои веќе се префрлени преку Министерството за здравство на сметката на Гинекологија. „Ова е значајно за сите жени во Македонија, кои во иднина ќе го користат објектот, а породувањето како најсвечен и најзначаен чин во нивниот живот и раѓањето на децата треба да биде направено во услови што се најдобри и соодветствуваат на европските стандарди“, изјави вицепремиерот Ставрески. Министерот Османи потсети дека изградбата на Гинеколошко-акушерската клиника е почната со грант од тајванската влада во вредност од пет милиони долари.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A63342A499F80748B8DA5BF077126B59


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jan-2009 at 22:10

Одржана средба со стручниот колегиум на Градска болница


image

Наскоро може да отпочне процедурата за реконструкција на оваа болница, откако е добиена и дозволата од Заводот за заштита на културните споменици

Министерот за здравство, д-р Бујар Османи, денеска ја посети Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски” во Скопје, каде се сретна со директорот д-р Виктор Камиловски и со стручниот колегиум на клиниката. 

Тој најави дека наскоро може да отпочне процедурата за реконструкција на оваа болница, откако е добиена и дозволата од Заводот за заштита на културните споменици која беше пречка за нејзината реконструкција. 

.....

http://moh.gov.mk/index.php?news=364



Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jan-2009 at 22:11
Е ај сега?! Кој будала ја заштитил градска болница?! Crazy Мене стварно не ми јасно што има тука да се заштитува!


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Jan-2009 at 22:59
Хмм, градска болница на времето била во тек со најмодерните правци во архитектурата, не знам како се вика.  Земете го ова како рекла-казала бидејќи неможам да го најдам весникот кај што го прочитав ова (одаамна)

И пред некој ден кога поминав, баш ја забележав и мислам дека изгледа многу интересно.

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jan-2009 at 23:16


Да дефинитивно. И кога ја правеа реконструкцијата на фасадата во 2000 некаде се правеше се под голема супервизија и според строги услови бидејќи објектот е заштитен.

@ЛСЛ грешиш за ова


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jan-2009 at 23:30
Еве баш сега барав по форум да видам со што располагаме од слики од градска болница. Ок може грешам, ај ќе ве молам ако знае некој нека открие повеќе, баш ме заниме кој е тој стил?!


(Се гледа сао ќошот)



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 19-Jan-2009 at 23:31
...  Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ е објект од витално значење за градот и државата. Оваа зграда е направена по проектот на архитектот Драго Иблер и е дел од архитектонското богатство на Скопје. Градската болница која во прво време по изградбата била Завод за социјално осигурување е меѓу првите објекти граден во стилот на модерната архитектура во Скопје. Во тој период е изградено и Републичкото собрание, Црвениот крст на Македонија, Офицерскиот дом и банката. Сето тоа се реализирало благодарение на лавовскиот придонес на архитектот Јосиф Михајловиќ, кој бил и градоначалник на Скопје. Изградбата на овој објект е битна и по тоа што тој има големо значење и за зачувувањето на стилскиот израз. Во тоа време во буквална смисла се водело борба да се задржи неоромантичарскиот стил на градба исто како што денес се води битка помеѓу традиционализмот и модернизмот. Токму поради тоа со реконструкцијата на надворешноста на овој објект треба да се зачува историско-уметничката автентичност како архитектонски културен споменик од 20 век, а со тоа архитектурата и амбиентите во градот. По истиот проект е изграден ваков објект и во главниот град на Хрватска, Загреб.

http://217.16.70.245/?pBroj=794&stID=5618 - http://217.16.70.245/?pBroj=794&stID=5618
http://217.16.70.245/?pBroj=794&stID=5618 -



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Jan-2009 at 23:38
еве една фотка, ја превзедов од  http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c06/c06gradezna.html - http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c06/c06gradezna.html
ова е Градска болница во 1936, патем и јас малце чаршиски, ама изградена е во слично време со собранието




Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jan-2009 at 23:40
Еве ти и две архивски објави од реконструкцијата. Датумот за првата објава е грешен на сајтот (вели 2006 година Crazy) но објавата од Вест е од 8.7.2002 што веќе има логика

ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ
Се одрони дотраена фасада на Градската болница
За реконструкција на објектот биле одобрени 2,3 милиони ГМ, кои се обезбедени од продажбата на телекомот, но се уште не се префрлени



Поради дотраеност, завчеравечер се одрони дел од фасадата на Градската болница и тоа од страната на паркот "Жена-борец". Никола Груевски, директор на Градската болница, вели дека веднаш ги известиле надлежните институции и го заградиле просторот околу зградата оти не е безбеден за минувачите. Во Министерството за здравство велат дека за реконструкција на објектот биле одобрени 2,3 милиони ГМ од Владата, кои се обезбедени од продажбата на телекомот, но се уште не се префрлени. Градскиот архитект Никола Велковски вели дека градот е подготвен да изработи проект за реконструкција на фасадата, а парите за градежниот зафат треба да ги обезбеди Градската болница.

- Реагиравме до сите надлежни институции и од нив бараме да се подготви итен проект за поправка на фасадата, но и да се заштитат тротоарите околу болницата, бидејќи не е безбедно за минување на граѓаните. Фасадата е многу стара и е дотраена и бараме да се испрати екипа што ќе испита колку е оштетена. За среќа, завчеравечер немаше повредени - вели Груевски.

Во Министерството за здравство велат дека откако ќе се префрлат средствата од Владата, ќе почне реконструкцијата на објектот.

- Тротоарите околу болницата не се безбедни за минувачите и затоа ќе бидат заштитени се дури не заврши реконструкцијата. За сите активности што ќе ги преземеме со управата на Градската болница за реконструкцијата, ќе ги известиме граѓаните, заради нивна безбедност - велат во Министерството за здравство.

Градскиот архитект вели дека денеска проектантите ќе испитаат кој дел од фасадата треба да се поправа.

- Ние бесплатно ќе подготвиме проект за реконструкција на фасадата во соработка со Заводот за заштита на споменици, но парите за реконструкција треба да ги обезбеди болницата или Министерството за здравство - вели Велковски.


Извор: http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1594&stID=1478 - Дневник

Градската болница со нова фасада на 8 Септмеври

Најдоцна до 8 Септември ќе заврши реконструкцијата на фасадата на Градската болница, објект заштитен како споменик на културата. Одговорните од болницата велат дека континуирано се работи на дотерување на сите страни на фасадите на болницата и веќе работите се прикрај. Единствено, вели заменикот директор д-р Љубен Арсенков, фасадата која гледа накај Работничкиот Универзитет Кочо Рацин, нема да може да се реконструира до предвидениот рок.
Инаку за фасадата на болницата се користат германски мат црвени плочки кои се со термичка изолација. Исто така на прозорците од болницата се поставени и тенди кои се целосно нови.
Во болницата велат дека се очекува дел од уличките на кој сега стојат таксисти да бидат затворени со рампа. Наедно, тоа ќе бидат паркинг простори, како и паркинзи за возила на болницата. Дотерувањето на внатрешноста на Градската болница ќе почне во текот на месецов, а ќе се стартува со целосно уредување на приземниот хол. За приземјето ќе се користи мермер. Исто така целосно ќе биде поставена нова столабијата и браваријата, а ќе се обноват и работните простории.
За реконструкцијата на градската болница се потрошени 150 илјади евра. Изведувач на градежните работи е градежната фирма " Конартис"


Извор: http://www.vest.com.mk/default.asp?id=41501&idg=3&idb=623&rubrika=Skopje - Вест


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Jan-2009 at 23:41
Браво Владимир токму ова го барав Thumbs%20Up

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 08-Feb-2009 at 17:27

Нова оперативна сала во Гостивар

08 February, 2009 06:18:00
Големина на фонт: javascript:tsz%28article_body,12px%29">Decrease%20font javascript:tsz%28article_body,16px%29">Enlarge%20font
image

Министерството за здравство во соработка со општината на Гостивар и со болницата во овој град, денеска свечено ја пуштија во употреба нова оперативна сала.

Во објектот за апарати и за друга опрема се инвестирани околу 200.000 евра. Министерот за здравство Бујар Османи, рече дека новата сала е опремена со сите елементи за модерна хируршка интервенција со што ќе се зголеми нивото на здравствените услуги  во Гостивар.  Првиот човек на општината, Невзат Бејта, потенцираше дека соработката меѓу централната и локалната власт е на високо ниво и дава резултати со што добиваат граѓаните на Гостивар и околината.

„Промовираме уште една инвестиција на министерството за  здравство вредна 200 илјади евра за да се опреми една модерна хируршка сала со сите потребни елементи, за модерни хируршки зафати. Верувам дека во голема мера ќе се зголеми нивото на  здравствените услугите што ги нуди Општата болница на Гостивар“ изјави Османи.

„Сите овие инвестиции се прават во интерес на граѓаните, се покажува и во пракса дека кога има  добра соработка меѓу локалната и централната власт, односно со министерствата, во овој случај со министерството за здравство, добиваат граѓаните на Гостивар и сите граѓани кои живеат во околината на Гостивар“ рече Бејта.
http://alsat-m.tv/mk/zemja/10119.html - http://alsat-m.tv/mk/zemja/10119.html
 


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-May-2009 at 14:29
ERA MEDICINA - KICEVO

znaci se raboti za edna bolnica vo kicevo sto se gradi vo momentov....

1. http://img7.imageshack.us/my.php?image=dsc00560i.jpg">
2. http://img7.imageshack.us/my.php?image=dsc00542buu.jpg">
3. http://img7.imageshack.us/my.php?image=dsc00543gic.jpg">
 a ova e starata
 
 
http://img7.imageshack.us/my.php?image=dsc00541anc.jpg">
 
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-May-2009 at 14:33
Рендерот не ветува многу, да се надеваме дека барем во живо ќе излезе колку-толку подобро... и дека ќе се среди околината.


Posted By: 46&2
Date Posted: 03-May-2009 at 16:39
My Macedonia дали би знаел да ми кажеш нешто повеќе за плоклиникава какви прегледи вршат, колку се вработени, дали имаат операциони сали, болнички сместување затоа што и јас располагам со сличен ваков поликлиничко дијагностички центар само во Куманово. BTW имам слушнато од порано за Ера Медика.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 27-May-2009 at 20:32

mislam deka i vreme bese

Реконструкција на клиниката во Чаи
image

 По 12 години чекање, Клиниката за гинекологија во Чаир конечно ќе добие нов  изглед, изјави Министерот за здравство Бујар Османи, по почетокот на градежните работи. Според Османи, предвидено е за една година да се завршат сите работи околу реконструкцијата.

„Средствата за реконструкција на оваа клиника кои ќе ги обезбеди министерството за здравство или Владата се оценуваат на 1,5 милиони евра и 1 милиони за опрема. Опремата ќе дојде порано од самата реконструкција, кон крајот на летото планираме да стигнат првите модерни апарати кои се наменети за гинеколошката болница во Чаир и со ова сметам дека ќе создадеме една од најдобрите болници во овој дел“.

Според директорот на гинеколошката болница, Мендуг Јегени реконструкцијата нема да ја попречи работата на болницата и соодветниот третман на пациентите.

„Никако не планираме да ја сопреме работата бидејќи нивото на работа кое се врши тука е од државен интерес, ако ние одлучиме да затвориме 5 до 6 дена тогаш е во ред,  но подолго од ова не можеме да планираме бидејќи другите клиники и болници не можат да се соочат со напливот на жени кои евентуално би биле вратиле од нашата болница“.

Гинеколошката болница „Чаир“е втора по големина во земјата, а секоја година се раѓаат по 3 илјади новороденчиња. Реконструкцијата на болницата во вредност од 200 илјада евра ќе биде помогната и од Норвешката Амбасада.

http://alsat-m.tv/mk/vesti/zemja/13667.html - http://alsat-m.tv/mk/vesti/zemja/13667.html


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Jun-2009 at 08:59
 

Воена ќе стане Градска болница

Градската ќе стане ургентен центар, а во кругот на Воената болница ќе бидат изградени уште две-три приватни болници


Од трансформацијата најголема корист ќе имаат пациентите: Груевски, Коњановски и Османи

Воената болница ќе се трансформира во општа болница за градот Скопје до крајот на годинава, а сегашната Градска „Св. Наум Охридски“ ќе биде градски ургентен хируршки центар, најави вчера премиерот Никола Груевски, по средбата со министрите за одбрана и за здравство, Зоран Коњановски и Бујар Османи, и со раководството на Воената болница.Одлуката е донесена по многубројни консултации за трансформација и реформа на Воената болница, меѓу опциите за приватизација, концесија или вклучување во јавното здравство. Се размислува во кругот на Воената болница да бидат изградени уште две до три други болници, кои би оделе на јавен меѓународен тендер.

- Пациентите нема како досега да одат од амбуланта директно во Клиничкиот центар, и тоа ќе биде и сериозно растоварување на клиниките, кои главно треба да се занимаваат со научно-истражувачка и едукативна дејност - изјави Груевски.Се најави и поинтензивна едукација на кадарот и засилување со опрема на таа нова установа. Според управникот на Воената болница Петре Утковски, петтиот и седмиот кат од болницата, кои се веќе испразнети, нема да му бидат издадени на „Филип Втори“, туку ќе останат составен на болницата. Трансформацијата нема да се одрази ниту на вработените во двете болници.

- Нема да има рационализација и отпуштање на вработените од Воената болница.Првпат воведуваме ред во здравствениот систем во Скопје, со воведување секундарна здравствена заштита. Ќе се утврди планот за трансформација, со што Воената болница преминува во Министерството за здравство. Во договор со Фондот за здравство, пациентите ќе се движат од матичните лекари во новата градска општа болница, а потоа на Клинички центар - појасни министерот за здравство Бујар Османи.Во Воената болница ќе се формира единица за воен медицински центар, од која стотина лица годишно би заминувале во мировни мисии.  Оттука ќе го развиваме и центарот за медицинска обука, кој е деклариран кај сите земји НАТО-партнери - изјави Коњановски.Вработените во Градската болница ќе работат како и досега.

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9612B3790823CB40B92FEA2514738E7E - Dnevnik


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Jun-2009 at 10:21
Од трансформацијата најголема корист ќе имаат пациентите: Груевски, Коњановски и Османи


Big%20smile


Big%20smile

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Jul-2009 at 18:01
Originally posted by 46&2

My Macedonia дали би знаел да ми кажеш нешто повеќе за плоклиникава какви прегледи вршат, колку се вработени, дали имаат операциони сали, болнички сместување затоа што и јас располагам со сличен ваков поликлиничко дијагностички центар само во Куманово. BTW имам слушнато од порано за Ера Медика.


ne znam mnogu osven deka e privatna, moderna, i ima sala i za zabite(znaci 2 vo eden objekt-> normalna bolnica i bolnica za zabite
 
inace eve edna slika sto mozev da slikam (slika od 18.7.09)
ne bese 100% zaversena, ke ima uste 2-3 nedeli rabota
 
http://img21.imageshack.us/i/dsc00807x.jpg/">
 


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Jul-2009 at 20:51
http://img9.imageshack.us/i/12386613.jpg/">


Posted By: shyes
Date Posted: 30-Jul-2009 at 12:42
леле, овиее изгледа colour blind се. Оваа зградава, освен бојата ке беше убо ако ја напраја фасадата по детална, дека со споредба со покривот многу празна ми ли личи.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 12-Aug-2009 at 15:14
Тетово:Започна изградба на дијагностички центар
image

Во тетовската болница денеска стартуваше изградбата на дијагностички центар. На почетокот на работите присуствуваа министерот за здравство Бујар Османи и вицепремиерот Абдулаќим Адеми.

„Современиот центар за дијагностика во кој се предвидува да се инвестираат 200 милиони денари е само дел од големите инвестиции во нови капитални објекти во здравството. Во процедура е изградбата на 17 нови амбуланти во исто толку населени места, додека наскоро ќе започне проектот за реновирање и изградба на голем број болници и одделенија во вредност од 100 милиони евра“ рече Османи.

„Сакам да истакнам дека набргу Владата на Македонија ќе започне со изградба на неколку лаборатории низ целата територија на земјава, а неколку од нив ќе се изградат во Државниот универзитет во Тетово. Тие ќе бидат во служба на граѓаните, но и на студентите, односно во овој случај на Универзитетот“ изјави Адеми.

Овој проект се очекува да заврши следната година.

http://alsat-m.tv/mk/vesti/zemja/16037.html - http://alsat-m.tv/mk/vesti/zemja/16037.html


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2009 at 15:21
01.


02.


03.


04.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Oct-2009 at 00:00
Амбуланта за жителите на Катланово


Проектот ќе го финансира Владата преку Министерството за здравство во рамките на акцијата за градење на 17 амбуланти во рурална средина


Поставен камен-темелник за изградба на нова амбуланта во Катланово, општина Петровец, која е во рамките на проектот на Владата и Министерството за здравство за градење на 17-те амбуланти во рурална средина. Објектот чија површина ќе изнесува 122 метри квадратни, ќе се гради на локација од 900 метри квадратни и во него ќе се даваат услуги од примарната здравствена заштита. На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, министерот за здравство Бујар Османи, како и месното население.

Министерот Османи во своето обраќање пред присутните истакна дека правото на пристап до квалитетна здравствена заштита е уставно загарантирано право и оти мора на сите граѓани да им се овозможи пристап до здравствените услуги. Тој посочи дека донесовме одлука во сите населени места каде граѓаните пешачат повеќе од 10 километри до најблиските здравствени установи, во нивните села да изградиме амбуланти чиј инвеститор е Министерството за здравство.
- Амбулантите ќе бидат рурални, а лекарите ќе бидат финансирани независно од бројот на пациенти кои ги третираат и ќе бидат стимулирани да работат. За оваа амбуланта најдовме одлична локација која е претпоследна за која поставивме камен-темелник- рече Османи. Османи напомена дека останува уште во Охрид да се најде локација за амбуланта, а останатите амбуланти се веќе пред завршување на градбата, а една е веќе отворена и функционира.
-Почнавме со 17 амбуланти, но не застануваме тука. Секаде каде ќе процениме дека има потреба од градење ваква рурална амбуланта ќе ја изградиме и таму - додаде Османи.

Градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски рече дека ова е само еден од повеќе објекти кои ќе се градат на територијата на општината.
- Имаме многу идејни проекти и во непосредна близина ќе имаме уште два поголеми објекта, рече Митевски. Тој изрази ветување дека во текот на неговиот мандат ќе се постават уште многу вакви камен-темелници за подобри услови за живеење на жителите на општина Петровец.

http://vecer.com.mk/?ItemID=1CF4C87F6F460946A79357B35E675B82


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Dec-2009 at 02:08

Во Штип ќе се гради универзитетска клиничка болница

Штип ќе добие универзитетска клиничка болница, чија изградба е планирано да почне во првата половина на идната година.

Портпаролот на Универзитетот „Гоце Делчев“, Кирил Барбареев, истакна дека Клиничката болница ќе се гради во кругот на Факултетот за медицински науки.

- Со изградбата на универзитетската клиничка болница и на универзитетска студентска поликлиника ќе се изгради кампусот три или ќе се оформи делот за медицински науки - рече Барбареев.

Тој додава дека универзитетската клиничка болница, на која ќе бидат застапени сите одделенија, ќе се гради со пари од Владата, а еден мал дел ќе издвои и Универзитетот „Гоце Делчев“.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=08A713FC8A9F134ABFCE203B05238C61


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Dec-2009 at 13:45

Градилиште до родилиштето во Чаир


Изградбата на објектот почнала пред 12 години и стигнала во завршна фаза, но тоа не било доволно за тој да се пушти во употреба, а од Министерството за здравство велат дека новиот дел е влезен во проектот за реконструкција на јавни здравствени установи во земјава





Искршени прозорци, разурната фасада, расфрлан песок и тули веќе десетина години е сликата на новиот дел кој е залепен до зградата на Гинекологија „Чаир“, со чија изградба објектот требаше да прерасне во современа здравствена установа по европски стандарди. Изградбата на објектот започнала во 1997 година и стигнала до завршната фаза, но тоа не било доволно за официјално да биде пуштен во употреба и да ја извршува функција на родилиште. Оттогаш, па се до денес, просториите во зградата останале да зјаат празни и во нив никогаш не се слушнал бебешки плач. Во внатрешноста се раширила влага, која почнала да ги нагризува ѕидовите, а со тоа се оштетил и подот. На местото каде почнала изградбата се наоѓала барака со челична конструкција, која чешката влада ја донирала по земјотресот.

Фондот за здравство во минатото вината за недовршената болница и ја припишуваше на тогашната директорка, Ратка Куњан, на која и се изгубиле милионски суми. Со тоа, загубата за објектот секојдневно расте, бидејќи недоградениот дел веќе почна да се руинира. Сепак, најмногу губат граѓаните, бидејќи болницата работи со намален капацитет, а бројот на породувањата секојдневно расте.


РУИНА НАРЕЧЕНА „НОВ ДЕЛ“


И покрај морничава состојба, докторите од Гинекологија „Чаир“ сé уште го нарекуваат местото „нов дел“, кој, според нив, е оставен на милост и немилост на околината. Граѓаните, пак, велат дека е срамно ваква руина да се наоѓа веднаш до едно од најголемите родилишта во градот, како и дека и покрај тоа што се нарушува надворешниот изглед, се добива лош впечаток за внатрешноста на објектот и за здравствените услови во него.

- Сметам дека е грешка на надлежните што не собраа сили за да го завршат објектот и да го пуштат во употреба. Во нашата држава со секоја промена на власта се прави друг план и програма, што за жал носи негативни последици и се оставаат недоградени вакви капитални објекти. Децата што живеат во близина често си играат во дворот на Гинекологијата, па се случува некои од нив да фрлаат камења и да ги кршат прозорците. Сепак, не можеме за тоа да ги обвиниме нив. Ако имаше поставено чувари во близина, тогаш тоа немаше да се случи - објасни Виолета Најдовска, жителка во населбата Чаир.


КРЕДИТ ЗА ОБНОВА


Од Гинекологијата „Чаир“ велат Владата во својата програма најавувала дека ќе го доврши запуштениот објект, каде што ќе ги смести акушерскиот дел од болницата и родилните сали.

Според сознанијата на Менду Јегени, директорот на Гинекологијата „Чаир“, веќе во подготовка била изработката на новиот проект за доградба на болницата и дека веќе бил одобрен кредит од европските фондови.

- Во 1997 година помпезно беше најавена изградба на современо родилиште веднаш до стариот дел од болницата. Градежните работи се одвиваа со динамика, но по две-три години изградбата запре. Објектот стигна во завршна фаза, но не знам зошто не бил пуштен во употреба. Не сакам да обвинувам никого, особено што на болницата и препишаа голем дел од долговите. Ако се догради „новиот дел“ ќе имаме поголем капацитет на породувања, а со тоа ќе се запази процедурата родилката да се движи во еден правец од влегувањето во болницата - истакна Јегени.

Тој додава дека годишно во чаирската болница се пораѓаат околу три илјади жени и дека ако се случи да биде затворена, Клиниката ќе крахира, бидејќи акушеријата не може да чека.

Од Министерството за здравство велат дека реновирањето на чаирската гинекологија веќе е во план, како и дека тоа ќе биде остварено во рамките на проектот за реконструкција на јавните здравствени установи, за кои се обезбедени околу 45 милиони евра.

- Се надеваме дека на пролет ќе започне реновирањето на стариот дел од Гинекологијата во Чаир, во кое ќе се менува подот, покривот и санитарните јазли. Руинираниот дел е во фаза на подготовка на проектот, а откако ќе се финализираат деталите ќе може да се подигнат кредити од европските фондови - додаваат од Министерството за здравство.

Лична карта

објект: нов дел на Гинекологија „Чаир“
инвеститор: Министерство за здравство
почеток на градба: 1997 година
прекин на градба: 1999-2000 година
изграденост: речиси целосна
проблем: нема пари

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122191057319&id=14&prilog=0&setIzdanie=21867


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jan-2010 at 21:53
Калишта доби амбуланта



Околу 1.000 жители од потшарпланинското село Калишта во општината Врапчиште добија амбуланта за новогодишен подарок. Министерот за здравство Бујар Османи на пригодна свеченост го предаде во употреба објектот што е дел од проектот за отворање на 17 амбуланти во рурални и планински области. Министерот Османи вети дека наскоро амбулантата ќе биде опремена целосно, бидејќи веќе се јавил заинтересиран лекар за да се грижи за здравјето на овие луѓе, кои до неодамна патуваа повеќе од 10 километри за да се прегледаат. (З.Г.М.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=88B35832CB53B345851C2DDB63B940A4


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Jan-2010 at 18:28
“Еуропијан ЕЕ Хоспитал“ ќе го гради новиот здравствен објект во Ѓорче Петров

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/67032/min-za-transport-i-vrski.jpg">

Компанијата “Еуропијан ЕЕ Хоспитал“, е избрана за најповолен понудувач на јавното наддавање за отуѓување на градежното земјиште во Ѓорче Петров во површина од 3.190 метри квадратни со намена за изградба на здравствен објект, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.

На јавното наддавање кое се одржа на 29 декември, минатата година, компанијата постигнала крајна цена во износ од 5.742.000 денари, при што стана сопственик на тоа градежното земјиште.

Најповолниот понудувач се обврза дека во рок од шест месеци од вклучување на договорот ќе обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект и дека истиот ќе изгради за две години од прибавеното одобрение., но доколку објектот не биде изграден во определениот рок, договорот ќе биде раскинат.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 21.01.2010 14:19:53


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=67032&kategorija=1


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Makedonij
Date Posted: 24-Jan-2010 at 12:09
Se raboti mislam za objekt šo ke služe kako komuna za narko zavisnici.

Терапискаата заедница  ПОКРОВ е заеднички проект на  НВО Избор и МПЦ Струмичка Епархија сместена помеѓу с.Баница и с.Водоча (околу 5 км. одалечено од Струмица)  на површина од седум хектари и претставува непрофитабилна (здравствена) организација. Реконструкцијата на просторот во кој може да се сместат првите 45 згрижени лица е овозможен преку програмата “Форуми во  заедницата, водена и координирана од ЦИРа.
Најголем дел од средствата во проектот ПОКРОВ се донирани од Швајцарска агенција за развој (СДЦ), Општина Струмица, Струмичка Епархија, сопствени извори, локален бизнис сектор.

Буџет

  1. Швајцарска агенција за развој  4.000.000 денари
  2. Општина Струмица  2.000.000 денари
  3. МПЦ - Епархија Струмичка, Избор, Локален бизнис сектор (Нипром) 2.900.000 дернари

ВНАТРЕШНО ОПКРУЖУВАЊЕ
Целокупната површина на објектот е 420 м2.
Објектот го сочинуваат 15 трокреветни соби од кои 12 се предвидени за машки, а три за женски лица. Машкиот од женскиот дел е физички одвоен. Деловите имаат засебни санитарни чворови и бањи. Дневниот престој и трапезаријата се на простор од 90 квадратни метри, а има посебни простории за чување храна, кујна и перална. Објектот има два влеза  службен и економски. Има просторија за одговорно лице и посебен санитарен чвор за персоналот кој работи во кујната.
Останатите активности предвидени со програмата ќе ги обавуваме во специјализирани простории кои ги имаме на располагање.
Изведувач:   АРХИГОТА
Надзор:      ЕУРОМОНТА

http://img10.imageshack.us/i/69810369.jpg/">
http://img189.imageshack.us/i/78334036.jpg/">
http://img25.imageshack.us/i/12691579.jpg/">
http://img514.imageshack.us/i/76678827.jpg/">
http://img689.imageshack.us/i/97944017.jpg/">
http://img69.imageshack.us/i/16166099.jpg/">
http://img21.imageshack.us/i/84837240.jpg/">
http://img689.imageshack.us/i/63444640.jpg/">

http://www.strumica.gov.mk/html/MKD/v_12_2009_8.asp


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 24-Jan-2010 at 13:26
Eve ušte edna zabna ambulanta ''Endomak'' vo Strumica. Ne znam dali e nova no izgleda taka.

http://img237.imageshack.us/i/5553607.jpg/">

http://www.endomak.com.mk/



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Feb-2010 at 17:43

Реконструкција на 40 здравствени установи

Вака за околу една година треба да изгледааат Интерните клиники и Гинекологија Чаир.

Ќе се реновираат и скопските поликлиники Идадија, Букурешт, Јане Сандански, општите болници во Гостивар, Прилеп, Битола, Велес, Струмица, Штип.
 
Заводот за Нефрологија во Струга, Психијатриските болници во Негорци и Демир Хисар. Министерството за здравство почна со темелна реконструкција и изградба на 40-тина јавни здравствени установи во целата земја.
 
- Проектот ќе се одвива во 3 фази, првата фаза ќе опфати реновирање на 20 јавни здравствени установи, вели Фатмир Авмедовски од министерството за здравство.
 
Целиот проект чини 110 милиони евра. Парите се обезбедени преку кредит од Банката за развој при советот на Европа и од буџетот на министерството за здравство.
 
Како што велат од таму целта на оваа капитална инвестиција е подобрување на условите во болниците и поквалитетни здравствени за пациентите.

[tube]SP_JyRArcNk[/tube]

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/rekonstrukcija-na-40-zdravstveni-ustanovi


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Mar-2010 at 16:36
  • 16:06  http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=100&vId=72138481&lId=1&title=%d0%a2%d0%98%d0%9a%d0%95%d0%a0 - Почна постапката за отворање на понудите за изведување градежни работи на повеќе јавни здравствени установи
    Скопје, 8 март (МИА) - Министерството за здравство денеска соопшти дека почнало со отворање на доставените понуди за реализација на проектот за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи во Република Македонија ... http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=100&vId=72138481&lId=1&title=%d0%a2%d0%98%d0%9a%d0%95%d0%a0">bulletПОВЕЌЕ

Веста застарува и е достапна 8 часа по објавувањето.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2010 at 17:50
Почна постапката за отворање на понудите за изведување градежни работи на повеќе јавни здравствени установи

Скопје, 8 март (МИА) - Министерството за здравство денеска соопшти дека почнало со отворање на доставените понуди за реализација на проектот за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи во Република Македонија, финансиран со средства од Банката за развој при советот на Европа (ЦЕБ).

Денеска се отворени понудите за вршење стручно-технички надзор при изведување градежно-занаетчиски работи, доставени од девет понудувачи и пет понуди за изведување градежно-занаетчиски работи во ЈЗУ Општа болница Прилеп, во ЈЗУ Здравствен дом Прилеп и во ЈЗУ Општа болница Велес.

Министерството наведува дека утре ќе се отвораат понуди за реконструкција и доградба на Специјална болница за гинекологија и акушерство-Чаир, како и за поликилиниките „Идадија“, „Букурешт“ и „Јане Сандански“. В среда ќе биде отворен четвртиот тендер за изведување градежни работи во општа болница Охрид, а в четврток ќе се отвораат понудите за изведување градежни работи за ЈЗУ Специјална болница Негорци и Општа болница Струмица.

Во меѓувреме, беа објавени уште пет тендери за изведување градежни работи во Психијатриска болница Бардовци – Скопје, Специјална болница Јасеново-Велес, Клиничка болница Тетово, општа болница Гостивар и општите болници во Куманово, Крива Паланка и Кратово.

Од страна на Комисијата за јавни набавки ќе биде разгледана документацијата од сите доставени понуди, во согласност со утврдените критериуми и ќе се направи избор за најповолна понуда, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

http://www.mia.com.mk/

Почната постапката за отворање на понудите за изведување градежни работи на повеќе ЈЗУ

8 март

Министерството за здравство, почна со отворање на доставените понуди за реализација на проектот за реконструкција и доградба на ЈЗУ во РМ, финансиран со средства од Банката за развој при советот на Европа (ЦЕБ).

Денеска се отворија понудите за вршење стручно-технички надзор при изведување градежно-занаетчиски работи, доставени од девет понудувачи и пет понуди за изведување градежно-занаетчиски работи во ЈЗУ општа болница Прилеп, во ЈЗУ Здравствен дом Прилеп и во ЈЗУ општа болница Велес.

Во вторник (09.3.2010) ќе се отвораат понуди за реконструкција и доградба на Специјална болница за гинекологија и акушерство-Чаир, како и за поликилиниките „Идадија“, „Букурешт“ и „Јане Сандански“.

Во среда (10.3.2010 г) ќе биде отворен четвртиот тендер за изведување градежни работи во општа болница Охрид, а во четврток ќе се отвораат понудите за изведување градежни работи за ЈЗУ Специјална болница Негорци и општа болница Струмица.

Во меѓувреме беа објавени уште пет тендери за изведување градежни работи во Психијатриска болница Бардовци – Скопје, Специјална болница Јасеново-Велес, Клиничка болница Тетово, општа болница Гостивар и општите болници во Куманово, Крива Паланка и Кратово.

Од страна на комисијата за јавни набавки ќе биде разгледана документацијата од сите доставени понуди, во согласност со утврдените критериуми и ќе се направи избор за најповолна понуда.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО




Posted By: Makedonij
Date Posted: 16-Mar-2010 at 12:18
Камен-темелник на Здравствен Дом во Катланово http://www.opstina-petrovec.gov.mk/petrovec/index.php?view=article&catid=37%3A1&id=209%3A2010-03-07-03-12-37&tmpl=component&print=1&layout=default&page=&option=com_content&Itemid=109">Печати http://www.opstina-petrovec.gov.mk/petrovec/index.php?option=com_mailto&tmpl=component&link=aHR0cDovL3d3dy5vcHN0aW5hLXBldHJvdmVjLmdvdi5tay9wZXRyb3ZlYy9pbmRleC5waHA/b3B0aW9uPWNvbV9jb250ZW50JnZpZXc9YXJ0aWNsZSZpZD0yMDk6MjAxMC0wMy0wNy0wMy0xMi0zNyZjYXRpZD0zNzoxJkl0ZW1pZD0xMDk=">Е-пошта
Напишано од Администратор   
Недела, 07 Март 2010 04:03

КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ЗДРАВСТВЕН ДОМ ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО КАТЛАНОВО

 

Во населеното место Катланово се постави камен-темелник на здравствен дом (амбуланта) каде жителите од овој реон повеќе нема да мораат д пешачат десетици километри за да добијат и најосновна здравствена услуга.Изградбата на амбулантата е финансирана од Владата преку Министерството за здравство во рамките на акцијата за градење на 17 амбуланти во руралните средини.

 
 

Објектот чија површина изнесува 122 м2 ќе се гради на локација од 900 м2 и вонего ќе се даваат услуги од примарната здравствена заштита.На поставување на камен-темелникот присуствуваа градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски,министерот за здравство Бујар Османи ,пратеникот од собранието на РМ Цветан Трипуновски како и други гости од разни области заедно со месното население.

 
 

Амбулантата ќе биде рурална,а лекарите ше бидат финансирани независно од бројот на пациенти кои ги третираат и ќе бидат стимулирани.На ова поставување на камен-темелникот на амбулантата,градоначалникот Борче Митевски изрази ветување дека во текот на мандатот ке се градат уште многу вакви И слични објекти за да жителите на оваа општина добијат подобри услови за живот.

 
Последно освежено на Недела, 07 Март 2010 04:57
 

http://www.opstina-petrovec.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Apr-2010 at 17:05
Ќе се реконструираат психијатриските болници во земјава

http://netpress.com.mk/vestiimages/71289/ministerstvo%20za%20zdravstvo.jpg"> Министерството за здравство ќе ги реконструира психијатриските болници во Демир Хисар, Негорци и Скопје, со цел подобрување на здравствените услуги.

Со цел подобрување на условите во психијатриските болници, а со тоа и подобрување на квалитетот и ефикасноста на здравствените услуги, како и условите за работа на медицинскиот персонал, Министерството за здравство започна постапка за темелна реконструкција на овие здравствени установи.

Од Здравство информираат дека со проектот темелно ќе се реконструираат Психијатриска болница Негорци–Гевгелија, ЈЗУ Психијатриска болница “Скопје“ (Бардовци) и болницата во Демир Хисар.

Предвидено е реконструкцијата на овие објекти да биде завршена во период од шест до 16 месеци од денот на склучувањето на договорите за градба.

По подолг временски период ова е прва темелна реконструкција, доградба и изградба на психијатриските болници во земјава што ќе доведе до значително подобрување на условите за престој на пациентите и за работа на медицинскиот персонал.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=71289&kategorija=1


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-May-2010 at 13:41
Ќе се реконструираат здравствените установи

http://netpress.com.mk/vestiimages/72535/%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B7%D0%B5.jpg">

Околу 130 до 150 милиони евра  ќе  чини проектот за целосна реконструкција на  Јавните здравствени установи во земјава, беше кажано денес во Влада на заедничкиот прес на министрите за здравство и финансии, Бујар Османи и Зоран Ставревски.

Проектот иќе се реализира во три фази. Во првата фаза е одобрен кредит од  23 милиони евра од Банката  за развој на Советот на Европа и  23 милиони ќе обезбеди државата.

“ Средствата од Банката за развој при Советот на Европа ги добиваме под најдобри можни услови што денес постојат на кредитниот пазар, тоа е 20 години на отплата со пет години грејс период и варијабилна каматна стапка која што во моментов ќе изнесува 1,2 отсто на годишно ниво.“; рече министерот за финансии Ставревски.

Првиот човек на Здравство рече дека во првата фаза  ќе биде опфатена реконструкција, доградба, надградба, изградба на нови објекти со опфаќање на 19  јавни здравствени установи.

“Целиот проект планирано е да се реализира во три фази. Во првата ќе се реконструираат, доградат и надградат вкупно 19  ЈЗУ, а ќе се изгради и целосно нова  болница за Институтот за белодробни  заболувања кај децата Козле.“, рече Османи.

 За почеток ќе  бидат изведувани градежни зафати на Здравствен дом Прилеп, општите болници во Прилеп, Велес, Куманово, Тетово Крива Паланка,  Охрид, специјална болница за гинекологија Чаир, скопските поликлиниките Идадија, Букурешт,  Јане Сандански, психијатриска болница Негорци.

“Очекуваме дека во текот на месец јуни и ќе почнат градежните работи.“ истакна министерот за здравство.

Ставревски  посочи дека со најавениот ребаланс на буџетот  ќе се зголемат средствата за здравство. “  Здравството ќе биде еден од секторите, единствениот што со ребалансот ќе добие дополнителни средства, така да планираме зголемување на средствата за здравството“.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=72535&kategorija=1


Posted By: Makedonij
Date Posted: 27-May-2010 at 17:13
Па време е, незнам како е по другите болници, но јас имав прилика на почетокот на месецот да ја видам болницата во Кочани......од вонка ни не изгледа лошо... но внатре е нужник буквално растурена и на половина празна со затворени просторији, како во некој психо филм.....СРАМОТА НЕ ВИДЕНА!!

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: axel
Date Posted: 17-Jun-2010 at 22:14

КУМАНОВО


Ќе се реконструира општата болница


Со средства од еден милион евра наесен ќе почне реконструкцијата на Општа болница во Куманово. Проектот предвидува целосно реновирање и осовременување на повеќе одделенија и подобрување на условите за работа во болницата.
- Во првата фаза ќе бидат опфатени пет објекти: зградата во која се сместени одделенијата за хирургија, гинекологија, интерно и детско. Потоа објектите каде што се наоѓаат ушното и очното одделение, неврологија и психијатрија. Целосно ќе биде реновирана и старата зграда на инфективно, а ќе се изградат нови објекти за потребите на трансфузиологија и дијализа, вели директорот на болницата, Ариф Љатифи.
Во Министерството за здравство веќе е завршена тендерската постапка и се очекува почетокот на градежните работи. Овој зафат е дел од првата фаза од проектот за реконструкција на 20 јавни здравствени установи во Македонија, за што се предвидени 23 милиони евра од Банката за развој и исто толку од Владата. Вкупната вредност на проектот изнесува од 130 до 150 милиони евра.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B837DAB14C967640B8AA362E1DC9E786


Posted By: axel
Date Posted: 26-Jun-2010 at 18:17

Турска инвестиција- Приватна специјална очна болница „Европа“

-Високиот стандард за здрав и квалитетен живот на граѓаните е една од суштествените потреби на секое општество и поле во кое постојат можности за постојан и континуиран напредок и подобрување на услугите за граѓаните, нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски по повод поставувањето камен-темелник за изградба на објект на турска приватна специјална очна болница „Европа” во месноста Јурија во населбата Ѓорче Петров во Скопје.

Тој меѓу другото укажа дека ваквите инвестиции се и показател и за ефектите од досегашните мерки на Владата за ублажување на последиците од глобалната криза во економијата.

Основна цел на болницата за очи „Европа”, потенцира од своја страна директорот Фарук Семис, е да даде квалитети и прецизни услуги во однос на лекувањето на очните болести за граѓаните на Република Македонија.

26.06.2010, 18:12

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=62104


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2010 at 19:03




МИА фото


Posted By: build.mk
Date Posted: 18-Jul-2010 at 16:01
Се продаваат 8.211 метри квадратни во Општина Карпош

Градежно земјиште кај локалитетот Зајчев Рид, наменето за изградба на здравствени и социјални институции, нуди Министерството за транспорт и врска на јавно наддавање кое ќе се одржи на 24.08.2010. Парцелата е со големина од 8.211 метри квадратни, со дозволена вкупна изградена површина на приземје од 6.568 метри квадратни и максимална разиена површина на сите нивоа од 32.843 метри квадратни. Објеткот може да биде висок најмногу 21 метар. Рокот за доставување на пријавите е 17.08.2010, а почетната цена изнесува 1.500 денари за квадрат.


../?p=4349 - #
Објавено на 16.07.2010

http://www.build.com.mk/?p=4349 - http://www.build.com.mk/?p=4349


Posted By: axel
Date Posted: 19-Jul-2010 at 15:38

Странски компании ќе ги реконструираат болниците

Автор: http://www.makfax.com.mk/_user/326/profile - Катарина Стојанова
19 јули 2010, 14:20
Извор: Макфакс

Градежни компании од Хрватска, Бугарија и Македонија ќе реконструираат 20 јавни здравствени установи со заем од Банката за развој при советот на Европа, во висина од 23 милиони евра и со средства од Буџетот.

Министерот за здравство Бујар Османи, денеска потпиша договор со фирмите „Ингра“ и „Конструктор Инженеринг“ од Хрватска, како и со фирмата „ДБС“ од Благоевград за реконструкција на три објекти, како и со домашните компании  „Вардар Градба“ од Скопје за реконструкција на еден објект и велешката фирма „Делта пром“,  која што ја градеше зградата на гинекологија на Клинички центар пред четири години.
„Се работи за отворена постапка во која, право на конкурирање имаат и домашни и меѓународни компании, така да во зависност од тоа кој ги исполнува условите и кој колку понудил се прифаќа најевтината цена. Имаше голем број на фирми, што се јавија на тендерот. Тие што ги исполнија условите беа рангирани по однос на цена“ - рече Османи на денешната прес конференција.

Во првата од вкупно три фази за реконструкција на здравствените установи не се опфатени Клиниката за белодробни заболувања „Козле“ и Болницата за душевни заболувања во Демир Хисар каде и според извештајот на Хелсиншкиот комитет, состојбата е алармантна. Министерот Османи најави дека тие влегуваат во втората фаза од целиот проект, бидејќи според проценката на експертите од проектната единица и според експертите од банката, овие две установи немаат комплетирана проектна документација
„Во тек се постапките за изградба на целосно нов објект на Институтот за белодробни заболувања „Козле“, каде ќе се руши еден дел и ќе се гради нов и целосна реконструкција на интерните клиники“ - рече Османи.

Во оваа прва фаза се опфатени општите болници во Прилеп, Велес, Охрид, Струмица, Куманово, Крива Паланка, Гостивар и Кочани, Здравствен дом Прилеп, Специјална болница за гинекологија и акушерство Чаир, Специјална болница Јасеново – Велес, клиничка болница Тетово, психијатриска болница Бардовци, и психијатриска болница Негорци.
„Ние корегираме една историска неправда во последните 20, можеби и 50 години која што е нанесена врз здравствените работници и врз пациентите што беа приморани да користат здравствени услуги во такви капацитети. Ова е еден голем исчекор кој што ќе влијае во подобрување на квалитетот на услугите“ - истакна Османи.

Според договорот, градежните работи треба завршат најдоцна за 16 месеци и доколку не се испочитува дадениот рок, предвидени се одредени пенали.

Првата фаза од проектот за реконструкција е во вредност од околу 30 милиони евра, од кои 23 се заем од Банката за развој при советот на Европа што ќе се исплаќаат во наредните 25 години со каматна стапка од еден процент на годишно ниво, а остатокот е од буџетот на Македонија.

Според Османи, намалувањето на Буџетот на Владата за реконструкција нема да се одрази и врз овој проект бидејќи во тој дел Владата учествува со само 2 милиони евра средства кои што ќе се префрлуваат на посебна жиро сметка, а ДДВ-то од 18 отсто ќе го исплаќа Министерството за здравство.

Реконструкцијата на јавните здравствени установи до сега беше најавувана во месеците март и јуни, а целата процедура околу завршувањето на тендерите трае речиси две години.крај/к.с.

http://www.makfax.com.mk/#112381


Posted By: Makedonij
Date Posted: 21-Jul-2010 at 22:40

21.07.2010 - Ќе започне реновирање на инфективното и интерното одделение во Општата болница во Гостивар

Инфективното одделение на гостиварската болница и делот во интерно за машки пациенти ќе се подновуваат. Двете болнички одделенија се опфатени во првата фаза од проектот на Министерството за здравство за реконструкција на здравствените установи низ земјава. Пред неколку денови министерот ги потпиша договорите со фирмите изведувачи.

Според најавите, работите се очекува да започнат за околу две недели.

Пациентите кои во периодот на изведување на работите имаат потреба од лекарски услуги на овие одделенија не треба да се грижат. Инфективното ќе биде дислоцирано на нервно, а во делот за женски пациенти на интерно ќе се згрижуваат и машките.

Доколку се тече според предвиденото, реконструкцијата треба да заврши наесен.

За обновување на двете болнички одделенија во Гостивар ќе бидат потрошени околу 400 илјади евра.

Љупка Антеска

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 31-Jul-2010 at 08:31

Реконструкција на болницата во Чаир

published - 30/07/2010 19:38:00
Големина на текст: javascript:tsz%28article_body,12px%29">Decrease%20font javascript:tsz%28article_body,16px%29">Enlarge%20font
image


По 15 години во Чаир почна реконструкцијата на Болницата за гинекологија и акушерство. Инвестицијата од околу 2 милиони евра, опфаќа модернизацијата со современа опрема со највисоки европски стандарди и подобрување на условите за сместување на родилките. Според министерот за здравство  со проектот е предвидено и реновирање на уште 20 болници низ земјава и тоа во Тетово, Гостивар,Куманово, Велес, Охрид, Струга, Струмица.

 “...........работите нема да траат повеќе од  12 месеци ќе имаме една модерна болница со современи соби и апартмани што значи ќе имаме и квалитетна услуга и пријатен престој за сите жени... Бујар Османи Министер за здравство

“Работата е перманентнана и тешка во вакви услови со кои се соочуваме, зградата е стара, имаме недостаток на кадар, се обидуваме да направиме колку што можеме, до сега сме успеале во тоа, да се надеваме дека ќе издржиме уште една година” Мендух Јегени директор на  Болницата за гинекологија и акушерство во Чаир

Министерот за здравство Османи , ги смета како неосновани обидите на Невладините женски организации кои побараа негова оставка, поради катастрофалната состојба на здравството, особени во родилиштата во земјава. Османи рече дека нема да поднесе оставка бидејќи тоа би значело само бегање на проблемите.

Семра Јакупи

http://alsat.mk/vesti/zemja/1018251.html - http://alsat.mk/vesti/zemja/1018251.html


-------------


Posted By: axel
Date Posted: 05-Aug-2010 at 05:34

Ќе се реконструира гостиварската болница

Две одделенија во гостиварската болница се опфатени со првата фаза од проектот на Министерството за здравство за реконструкција на јавните здравствените установи во Македонија. Со подновување ќе бидат опфатени машкиот оддел на интерното одделение и објектот во кој е сместено инфективното одделение. Предвидено е да се поправат санитарните јазли, замена на прозорци и на врати, а ќе се менува и покривот на инфективното одделение. Вредноста на овие зафати достигнува 400.000 евра.

- Пациентите што во периодот на изведување на работите ќе имаат потреба од лекарски услуги на овие одделенија ќе бидат згрижени соодветно и за нив веќе е определен простор - вели Софре Јованоски, директор на гостиварската болница

Се очекува реконструкцијата да почне во средината на август, а треба да заврши за три месеци. (З.Г.М.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7CC8EB40DB589547944EE48D41F8AE82


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 18-Aug-2010 at 16:12

Гинекологија Чаир ќе го носи името „Мајка Тереза“

18.08.2010 - 12:47 |
  • http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija - Македонија

Владата, на предлог на Министерството за здравство на вчерашната седница донесе одлука, Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир да го носи името „Мајка Тереза“.

Преименувањето на болницата, како што соопшти Министерството за здравство, доаѓа во време кога целосно ќе се реконструира, догради и модернизира со што ќе го зголеми капацитетот, а ќе биде подигнат и квалитетот на здравствените услуги што ги нуди на граѓаните.

Реконструкцијата предвидено е да трае 12 месеци и е дел од првата фаза од проектот за реконструкција, доградба и изградба со кој се опфатени 20 јавни здравствени установи во државата.

По извршувањето на предвидените градежи зафати, родилиштето ќе добие нови модерни родилни, двокреветни соби и апартмани по најновите стандарди, со што родилките ќе добијат посовремен третман и попријатен престој во болницата, стои во соопштението.

Одлуката за преименување на болницата се совпаѓа со одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза.  

Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир е второ по големина родилиште во земјава, со над 3.000 породувања годишно.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ginekologija-chair-ke-go-nosi-imeto-%E2%80%9Emajka-tereza%E2%80%9C - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ginekologija-chair-ke-go-nosi-imeto-%E2%80%9Emajka-tereza%E2%80%9C


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Aug-2010 at 23:14
ВЛАДИН ПРОЕКТ

Реконструкција на болницата Јасеново

Почнува реконструкцијата на болницата за белодробни заболувања "Јасеново" кај Велес. Оваа институција која е единствена од ваков вид во земјава, ќе добие модерни згради и опрема, најави министерот за здравство Бујар Османи. Идејата е таа да прерасне во регионален центар за рано откривање на белодробни карциноми, да се зголеми нејзиниот капацитет и да се изгради оддел за геријатрија.
Болницата Јасеново е една од најстарите болници во земјава. Лоцирана е во специфична природа, која е идеална за рехабилитација на болните.
- Се работи за болница со одредени историски моменти, слушнав денеска дека е изградена во текот на Граѓанската војна во Грција како хируршка болница да се спасат животи, а потоа трансформирана во болница за потребите на пациентите со туберкулоза. Сега ќе направиме еден модерен капацитет за пациенти, еден регионален дијагностички центар за централна Македонија за карцином на бели дробови, за лекување на хронични белодробни заболувања, а зошто не и понатаму и геријатриски центар заради самите услови кој што ги има ова место, изјави Османи.
Владата издвои 1,7 милиони евра за реконструкција на болницата "Јасеново", што е дел од проектот за реновирање на 20 болници во земјава.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=274EB894778F63459CC191C71BBFB2DD


Posted By: axel
Date Posted: 24-Aug-2010 at 12:28

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/zapocnuva-rekonstrukcijata-na-bolnicata.html - Започнува реконструкцијата на болницата

 Утре официјално започнува реконструкцијата на Општата болница во Куманово.  На свеченото отпочнување на работата ќе присуствува и министерот за здравство Бујар Османи.

 Според информации од болницата, градежните работи ќе започнат од одделението за трансфузиологија, каде треба ќе се гради нова зграда, а ќе продолжи на старата зграда на хируршко, интерно и детско одделение. Министерството за здравство за реновирање на болницата одвои околу 1 милион евра. 

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/zapocnuva-rekonstrukcijata-na-bolnicata.html


Posted By: axel
Date Posted: 27-Aug-2010 at 09:05
Ќе се реконструира старата зграда на Општата болница во Охрид

Охрид, 26 август 2010 (МИА) - Идниот месец почнува целосна реконструкција на старата зграда на Општата болница во Охрид. Со проектот вреден 2,1 милиони евра ќе бидат реноврани повеќе од четири илјади метри квадратни, а градежните зафати е предвидено да траат околу 16 месеци.

Портпаролот на Општата болница во Охрид, Сашо Василески, појасни дека во периодот додека трае реконтрукцијата на објектот, пациентите ќе можат здравствените услуги да ги вршат во останатите објекти на Охридската болница, како и во другите здравствени установи во Охрид и во соседна Струга.

- Согласност за прием на пациенти имаме и од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, Кардиолошкиот центар и од Болницата во Струга, истакна Василески, појаснувајќи дека медицинскиот персонал од одделенијата сместени во зградата што ќе се реконструира ќе бидат ангажирани во споменатите медицински установи.

Средниот персонал, како што додаде, ќе биде распределен на соодветни работни места во други одделенија, а лекарскиот персонал од урологија, хирургија, гинекологија и уво грло и нос ќе биде распореден во кардиолошкиот центар, специјалната болница „Св. Еразмо“ и во болницата во Струга, што значи дека граѓаните нема да останат без услугите на тие одделенија.

Според првата варијанта предвидено било да се изврши парцијално санирање на зградата, но по спроведените технички испитувања била донесена одлука за нејина целосна реконструкција бидејќи, како што истакна Василески, се работи за асеизмичен објект за кој поради старите ѕидови, дотраена електрична инсталација и дограма се трошеле огромни средства за затоплување во зимскиот период.

Сите средства за реконструкција на Охридската општа болница ќе ги обезбеди државата.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76453548&lId=1&pmId=


Posted By: Dragan
Date Posted: 04-Sep-2010 at 18:00
Се реконструира првиот објект од клиничкиот центар во Тетово.
1.
2.
Еве г опредниот дел од објектот
3.
Вотриот објект наинтересно ќе биде кога ќе го реконструираат буквата ''H'' да ја направат во црвено и да свети навечер
4.
Инаку се изгради нов објект Ургентен центар се извинувам што не сум сликал порано да ја прикажем изгрдбата.
5.
6.
7.



-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Sep-2010 at 18:28
SUPERRRR!!!!!
Novata bolnica e bonbona!!!
Dragan aj daj mi koordinati od starata i novata bolnica.


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 04-Sep-2010 at 18:41
Повели МјМацедониа  42° 0'16.71"N  20°58'19.30"E од новата
еве го од првиот објект  42° 0'16.20"N  20°58'23.14"E
еве го вториот  42° 0'17.81"N  20°58'17.62"E


-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Sep-2010 at 18:58
fala dragan, celoto mesto e recisi so bolnici, sekako pozitivno!Ne ima sekoj grad vo mkd vakvi centri so bolnici!

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2010 at 19:13
My Macedonia јас искрено веќе почнав да се сомневам кон објективноста на твоите критериуми за убавина на објекти и проекти. Ме чуди што понекогаш за објекти со и не така лоши проекти искажуваш негодување, а за ваков хангар таква фасцинација.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Sep-2010 at 21:42
@Isl
Me fascinirase bolnicata posto drzavata ne investira sekogas na vakvi moderni objekti.
Znaete ubo deka ima uste bolnici sto se smesteni vo baraki.....Roll%20eyes
Vakva slicna bolnica sum videl vo svajcarija, pa zato mi se dopadna nekakoWink
E sega makar vakov objekt bi gradil vo skopje, odkako muzejot.......
Mozebi nemam bas ubav vkus, no toa e toa, ne mozaat site da mislat istoCool


-------------


Posted By: Makedonij
Date Posted: 11-Sep-2010 at 11:20
Малце постара вест но мислам нее забележана...

Ќе се гради универзитетска клиничка болница
Два нови објекти ќе се градат во Кампус 3 во склоп на локацијата на Факултетот за медицински науки во Штип. Комплексот што ќе содржи Универзитетска клиничка болница и поликлиника, ќе биде еден од најголемите и најамбициозните проекти на Универзитетот Гоце Делчев- Штип што ќе се реализира во 2010 година. Ќе се простира на површина од 6.93 хектари која е ограничена со трите постоечки сообраќајници Тодор Коларов, Љубен Иванов и Мирче Ацев, како и една новопроектирана улица. Проектната документација и идејното решение за објектите кои ќе зафаќаат 4461 м2 подготви фирмата
за проектирање и инженеринг “Слеме-Проект”. Автор на идејниот проект е дипл. инж. арх. Благој Здравев, а конструктивното решение го изработија проф. д-р Грозде Алексовски, дипл.град.инж. Славче Здравев и дипл.град.инж. Мирослав Василев.




-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 11-Sep-2010 at 11:21
Previous

Ќе се гради клиничка болница во Штип


Ќе се реконструираат постоечките објекти,а голем дел од 100-те милиони денари наменети за подобрување на услугите во здравствените објекти во државата, ќе бидат наменети за набавка на нова дијагностичка опрема.

„Во тек е проектот за реконструкција, со кој токму во Штип се предвидуваат најголемите инвестиции во смисла на изградба на два нови објекти и комплетно реновирање на зградата за Физикална терапија“, изјави Министерот за здравство, Бујар Османи.

Поради постоењето на Медицински факултет во Штип, останува отворено и прашањето, кога ќе бидат исполнети законските услови, штипската болница да прерасне и во регионален универзитетски клинички центар.

Трансформацијата во клиничка болница, според Министерот за здравство е во насока на реформите во здравството кои во наредниот период ќе бидат фокусирани сите граѓани да добиваат 24 часовна лекарска заштита.

http://www.a1.com.mk

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 11-Sep-2010 at 17:01
ВАСИЛЕВО
Се бараат средства за Здравствен дом

Вторник, 31 Август 2010 18:01   

Општина Василево прави максимални напори за изнаоѓање средства за реконструкција на дотраениот Здравствен дом во Василево.

Градоначалникот Ване Стојанов деновиве со писмо се обрати до стопанските субјекти од општината за донирање на средства за реконструкција на Здравствениот дом.

Објаснувајќи им ја неопходноста и итноста од санација и реконструкција на овој објект, и потребата за жителите од Василево и од неколкуте населени места кои гравитираат кон општинскиот центар, вработените во општинската администрација лично ги посетуваат сопствениците на стопанските субјекти.

Во таа насока, во Домот на културата во Василево се организираат и кино проекции. За симболични 50 денари граѓаните можат да ја покажат својата хуманост на дело и притоа да погледаат добар филм.

Досега, обезбедени се средства од 3000 американски долари од Мировниот Корпус за промена на столаријата, со посредство на нивниот волонтер во општина Василево, Џејмс Карлин и околу 450.000 денари, неопходни за комплетирање на оваа активност од буџетот на општина Василево.

Општина Василево, со Одлука на Владата во средината на 2009 година го има добиено на времено користење објектот Здравствен дом, и од тогаш прави перманентни напори за негова реконструкција, со што би се создале квалитетни услови како за работа на вработените, така и за здравствените услуги кон пациентите.

Како прв неопходен чекор, општината изготви техничка документација, односно основен проект за реконструкција на објектот, од каде точно се гледа кои активности треба да бидат превземени и колкав буџет би бил неопходен за реализација на истите. Согласно проектната документација неопходно е промена на целокупната столарија, обновување на подовите и таваните, поставување плоча над приземјето, обновување на фасадата, внатрешно малтерисување, поставување изолација, олуци, громобранска инсталација, интервенции во електриката и санитариите, со еден збор се работи за целосна реконструкција чија проектна вредност е околу 5 милиони денари.

Во објектот во моментот има лекар од примарното здравство и стоматолошка ординација, кои пружаат здравствена заштита на повеќе од 2000 граѓани. Меѓутоа условите во кои тие работат се далеку од нормалните.

Локалната самоуправа ќе биде активна во напорите за обезбедување средства се до постигнувањето на целта: создавање оптимални услови за работа во објектот, односно негово целосно реконструирање – дециден е градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов.


http://strumicanet.com/images/stories/dom%20zdr%20vas%201%20600%20x%20450.jpg"> http://strumicanet.com/images/stories/dom%20zdr%20vas%202%20600%20x%20450.jpg"> http://strumicanet.com/images/stories/dom%20zdr%20vas%203%20600%20x%20450.jpg"> http://strumicanet.com/images/stories/dom%20zdr%20vas%204%20600%20x%20450.jpg"> http://strumicanet.com/images/stories/dom%20zdr%20vas%205%20600%20x%20450.jpg"> http://strumicanet.com/images/stories/dom%20zdr%20vas%206%20600%20x%20450.jpg">


http://strumicanet.com


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 14-Sep-2010 at 08:54
Originally posted by axel

http://www.kumanovonews.com/vesti/dnevni-vesti/zapocnuva-rekonstrukcijata-na-bolnicata.html - Започнува реконструкцијата на болницата




 Проектот предвидува да се изгради нова зграда за дијализа и трансфузиологија, а ќе бидат реновирани постоечките објекти на повеќето одделенија. Министерството за здравство ќе обезбеди нова опрема и современи апарати. Проектот чини околу 1 милион евра, а треба да се заврши за една година.

Наша идеја е Општата болница Куманово да биде регионален медицински центар за северо-источниот регион, кој покрива околу 200 илјади жители. Бидејќи има одлевање на лекари специјалисти во сите болници, ние направивме акционен план за вработување, кој ќе оди на седница на Влада за да се утврди кој профил на кадар ни треба и која специјализација и колку нови вработувања треба да има-изјави министерот Османи.

Реконструкцијата на болницата ќе значи многу за нас од секој аспект. Покрај најсовремената опрема што треба да ја добиеме и подобри услови за работа, министерот вети дека во најскоро време ќе има нови вработувања на специјалисти. Со тоа ќе се комплетираме и ќе можеме на нашите пациенти да им дадеме најквалитетни услуги- вели директорот Атифи.

Во реализација на овој проект придонес даде и локалната самоуправа, откако Советот на Општината Куманово го ослободи болницата од плаќање комуналии за изградба на новите објекти во висина од 100 илјади евра.

Комплетната документација и комуналиите се донација од Општината. Во интерес на граѓаните се откажавме од овие сретства и пред 9 месеци издадовме градежна.Тоа не е случај во другите градови, бидејќи Клиниката за гинекологија во Скопје плати 800 илјади евра за Град Скопје- вели градоначалникот Дамјановски.

http://www.kumanovonews.com


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 17-Sep-2010 at 17:49
Се реконструира струмичката болница

Петок, 17 Септември 2010 16:20

Се прави реконструкција на Општата болница во Струмица. На почетокот се поправа покривот од инфективното одделение и термофасадирање на целата болница.

Според д-р Ирфан Максудов, директор на струмичката болница, ќе се прошират и амбулантите во болницата, ќе се промени комплетната столарија, а се планира да се воведе и електронски прием на пациентите со што ќе се намали нередот кој се создава од самите пациенти. Ќе бидат поставени и нови најсуфистицирани медицински апарати во висина од 2,5 милиони евра, кои ќе придонесат за поквалитетно здравство во струмичката болница. Оваа реконструкција се планира да заврши за 6 месеци.

Општата болница во Струмица е предвидена и во втората фаза од проектот на Владата на Република Македонија, каде ќе се реконструира и новиот крак на болницата, а реализацијата ќе започне во почетокот на следната година.

Додека да се завршат градежните и занаетчиските работи во струмичката болница, лекарите апелираат до своите пациенти да бидат трпеливи и да покажат разбирање, со што нема да биде попречена работата на изведувачите. (Р.Ѓоргиев)



http://www.strumicanet.com



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: axel
Date Posted: 20-Sep-2010 at 16:36
Почна реконструкцијата на струмичката Општа болница Струмица – Со реновирање на покривната конструкција на Инфективното одделение и со поставување на нова термо-фасада, во Струмица почна реконструкцијата на Општата болница, стара над три и пол децении.

Со реконструкцијата вредна околу 2,5 милиони евра, која е дел од проектот на Владата и се очекува да заврши до крајот на март идната година, ќе биде заменета столаријата во петте одделенија и нивно опремување со најсовремени медицински инструменти и апарати.
- Одделенијата за гинекологија, хистологија со патологија, очна и ушна хирургија, ќе се конституираат како посебни медицински гранки, а ќе биде воведен и електронски систем за прием на пациентите. Со тоа ги започнуваме и подготовките за трансформирање на струмичката Општа болница во Регионален медицински центар за потребите на Југоисточниот дел од земјата, изјави директорот на болницата Ирфан Максудов.
Во втората фаза од владиниот проект, наредната година ќе почне и целосната доградба на новиот болнички крак на Ургентниот центар, кој речиси по две децении конечно ќе биде даден во употреба. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2598&Itemid=125


Posted By: leonid23
Date Posted: 20-Sep-2010 at 17:37
redno bese veke , fasadata besa siva i dotraena , Inace za mala korekcija, ne e 3 tuku 5 decenii .
Inaku dali nekoj znae da kaze koga ke se pusti novoto krilo ( urgentniot centar ) Koj po merilo e za 3 pati pogolem od stariot objekt , go uredija , i taka go ostavija ...


Posted By: toasumjas
Date Posted: 20-Sep-2010 at 18:13
Originally posted by my Macedonia

@Isl
Me fascinirase bolnicata posto drzavata ne investira sekogas na vakvi moderni objekti.

Znaete ubo deka ima uste bolnici sto se smesteni vo baraki.....Roll%20eyes

Vakva slicna bolnica sum videl vo svajcarija, pa zato mi se dopadna nekakoWink

E sega makar vakov objekt bi gradil vo skopje, odkako muzejot.......

Mozebi nemam bas ubav vkus, no toa e toa, ne mozaat site da mislat istoCool


Му мацедониа ја се согласувам со тебе оваа болница е стварно за почит и каков вкус и да има човек во споредба со другите болници што ги имаме оваа е далеку подобра и пријатно освежување. Истотака мое мислење е и дека старите два објекти реновирани ќе изгледаат убаво по тоа што може да се види од веќе реновираниот дел. Убаво доаѓа дрвената ограда на терасите, ја разбива некако.А можам да забележам и дека околу неколку прозорци е истотака употребена истата боја (помаранџеста или жолта) како за оградите од балконите што истотака ми се допаѓа. Реставрацијата на старата зграда на ТЕ клинички центар е покреативна од ск2014.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 29-Sep-2010 at 08:05
Старото болничко крило во урнатини - Охрид

Неодамна започна реконструкцијата на старото крило на охридската општа болница. Одделенијата за уво грло и нос, урологија, хирургија и гинекологија се затворени, а вработените прераспоредени во други одделенија. Охридските новороденчниња во наредните 16 месеци, колку што е предвидено да трае реконструкцијата на болницата, ќе се раѓаат во другите градови. Амбулантата на хирургија, како и на другите затворени одделенија се преместени во другите болнички згради.

Неодамна започна реконструкцијата на старото крило на охридската општа болница. Одделенијата за уво грло и нос, урологија, хирургија и гинекологија се затворени, а вработените прераспоредени во други одделенија. Охридските новороденчниња во наредните 16 месеци, колку што е предвидено да трае реконструкцијата на болницата, ќе се раѓаат во другите градови. Амбулантата на хирургија, како и на другите затворени одделенија се преместени во другите болнички згради.

Во новото болничко крило ќе бидат инвестирани 2,1 милиони евра, а Охрид ќе добие модерен здравствен центар кој ќе може да одговори на потребите на градот, информираат од општата болница.



http://ohridnews.com


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Dragan
Date Posted: 30-Sep-2010 at 22:14
Готова е надворешната реконструкција на првиот блок од клиничкиот центар во Тетово
1.
2.
3.
4.
5.
6.


-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Sep-2010 at 22:38


Фино  Cheers
Мада овој ојект секако е одличен по дифолт.

Штета само за класиката со климатизерите и сите оние кабли што висат... што се побогу каблине?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Oct-2010 at 01:13
Што се овие шупи околу? На четвртата слика и на шестата.


Posted By: Dragan
Date Posted: 01-Oct-2010 at 11:29
Clover. незнам зашто служат тие кабли, но навероватно се реновира и внатре па земаат струја Big%20smile.
Исл. тие шупи од кога е изградена болницата се тука, и највероватно тука живееат роми,


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 15-Oct-2010 at 19:04
Вака сега, имав една работа со еден другар до болница и имав намера да сликам, колку што можев да приметим, имаше реконструкција на тоалетите, а собите бие варосани, сменети некој работи, до собите немав пристап зашто не оставаја вработените, но сликав од тоалетите.
1.
2.


-------------


Posted By: Dragan
Date Posted: 15-Oct-2010 at 19:07
Од новиот објект, имав дозвола да влезем само на првиот спрат, на другите спратови се работеше па не ме пуштија да влезем.
1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8


-------------


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Oct-2010 at 20:02
Одлично.... уште од сега се гледа дека ќе биде пристојна, чиста.... треба да се средат сите болници по овој пример... не треба некој луксуз, доволно е и ова.....


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Oct-2010 at 20:45
Dosega ne izgleda loso...

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2010 at 23:07

ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ РМ


Отворена прва приватна стоматолошка клиника


Претседателот Бојо Андрески истакна дека во Стоматолошкиот центар граѓаните наскоро ќе можат да се лекуваат и со сини картончиња


http://www.vecer.com.mk/galerii/klinika/index.html - Стоматолошкиот клинички центар, што ќе функционира во рамките на Европскиот Универзитет РМ, вчера беше осветен од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, а во присуство на професорите, студентите и челниците на оваа високообразовна установа. Овој Стоматолошки клинички центар има шест клиники, а тоа се Клиника за болести на забите и ендодонтот, Клиника за протетика, Клиника за болести на устата и парадонтот, Клиника за ортодонција, Клиника за детска хирургија и Клиника за орална хирургија.

Претседателот на Европскиот универзитет, Бојо Андрески, истакна дека објектот се осеветува, бидејќи тој претставува една нова ѕвезда во РМ. Најави дека неговото отворање ќе се случи за неколку дена.
- Стоматолошкиот центар освен што ќе ги задоволува нашите стандарди, тој ги задоволува и светските стандарди, па може и да се каже дека и ги надминува сите граници, бидејќи со помош на деканката Славјанка Оџаклиевска, ние со нашите сили и знаења направивме нешто со што ќе се гордеат многу генерации, а посебно студентите на Факултетот за стоматологија. Овој Стоматолошки клинички центар не беше во план да го направиме, меѓутоа сакајќи да го заокружиме процесот на едукација, дојдовме до заклучок дека треба да бидеме независни, треба да бидеме подобри и најдобри, рече Андрески.

Претседателот на Европскиот универзитет РМ најави дека во иднина Стоматолошкиот центар ќе биде проширен и од сегашните 70 вработени како стручен кадар, догодина бројката ќе биде зголемена на 105 вработени лица.
- Заедно со деканската управа на Факултетот за стоматологија за Клиниката за детска хирургија решивме да додадеме новитет, а тоа е децата да гледаат цртани филмови, додека им се поправаат запчињата за да не бидат уплашени, бидејќи тие оваа состојба ја доживуваат како еден вид траума. Сето ова е резултат на целиот декански тим, истакна претседателот Андрески. Притоа, додаде дека во Стоматолошкиот центар граѓаните наскоро ќе можат да се лекуваат и со сини картони.

Славјанка Оџаклиевска, декан на Факултетот за стоматологија, рече дека идејата потекнува уште од времето кога се одлучи да се формира Стоматолошкиот факултет.
- За вежбање на студентите практично за настава мора да има и клиничка настава, којашто почнува некаде по третата година, па токму на време стасавме да го оформирме клиничкиот центар, којшто не само што ќе служи за едукација практично на студентите, туку ќе служи за услуги на целото население, рече Оџаклиевска.

http://vecer.com.mk/?ItemID=7E7E96A13E614F4E98FCB2E6A17895AA


Posted By: axel
Date Posted: 14-Jan-2011 at 20:52

Темелна реконструкција на клиничката болница

По 40 години ќе се реновира битолската клиничка болница. Таа влезе на листата со здравствени установи кои државата ќе ги реновира со кредит од Банката за развој при Советот на Европа. Планирана е комплетна реконструкција на објектот и доградба, со што ќе се обезбедат пошироки простории, поголем комфор за пациентите и подобри услови за работење на медицинскиот кадар.

- Објектот е граден во 60-тите години. Инсталациите се стари и за нивно одржување потребни се големи средства. Се знае дека ќе се вложат неколку милиони евра во темелната реконструкција на оваа болница. Од греење, поголем комфор за пациентите и вработените, двокреветни соби, комплетна реконструкција на парно, топла вода, санитарни јазли блиску до собите или во самиот апартман. Ќе се прави и доградба на уште едно крило. Тоа ќе биде поликлинички-дијагностички дел за надворешни пациенти. Таму ќе има амбуланти за лесна дијагностика, кабинети и простор за дијализа на тешките болни - вели директорот Михајло Џолонга. (Ж.З.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=24C2F447DEAF854190FBC93FC7056160


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Jan-2011 at 20:33

Ќе се гради болница во Аеродром

Жителите од Аеродром се скептични дека ќе се гради ваков објект и мислат дека на атрактивната локација ќе никне трговски центар

Министерството за транспорт и врски наскоро преку јавна лицитација ќе продава државно земјиште на територијата на општина Аеродром, на кое треба да се гради голем болнички комплекс. Според општинарите од Аеродром, на лицитацијата ќе може да учествуваат странски и домашни компании. Но, жителите од Аеродром се скептични дека ќе се гради болница и мислат дека на нејзино место ќе никне трговски центар.

- Според детаљниот урбанистички план „Бисер АРМ УЕ В“, предвидена е изградба на болнички комплекс зад касарната „Гоце Делчев“, кој ќе гледа кон булеварот Србија. Во земјава има неколку приватни болници, па се надевам дека и за оваа атрактивна локација ќе голем интерес. Освен поликлиниката „Јане Сандански“, во општината нема поголема здравствена институција. А општината се шири и има поголема бројност, така што болницата ќе биде добредојдена. Станува збор за голема маркица, па затоа се надевам дека ќе се изгради голем болнички комплекс. Во Општината во план е и изградба на градинка, средно и основно училиште, комерцијални и културни објекти и, се разбира, цела една зона ќе биде наменета за спорт и рекреација, а со изградбата на болницата ќе се заокружи урбанистичката целина. Аеродром навистина ќе биде најпосакуваното место за живеење - вели градоначалникот Ивица Коневски.

Граѓаните од Аеродром се скептични дека планот за изградба на болницата ќе биде успешен.
- Идејата за изградба на болница е повеќе од добра, а тоа и ме плаши. Многу е важно да се гради, тоа и останува, но не е добро ако се постават темели и на тоа да остане. Аеродром е голема општина, можеби според бројот на жители колку некој град од внатрешноста на земјава. Затоа, не само што е неопходна болница туку е и пожелна. Подобро е да се гради болница, отколку трговски центар. Веќе сум изморен од презентациите на деталните урбанистички планови каде што се планира само изградба на катни гаражи и на трговски центри - вели пензионерот Диме Петровски.


Од Општината Аеродром велат дека според детаљниот урбанистички план „Бисер- АРМ, УЕ В“, покрај болничкиот комплекс, на површина од 5,20 хектари се планира изградба на четири станбено-комерцијални објекти, еден објект за лесна индустрија и дури 16 станбени објекти, од кои еден е веќе во градба.

Марија ТАСЕВ

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A72E37480034FD44A17BD0257D24FA0A - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A72E37480034FD44A17BD0257D24FA0A


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2011 at 05:13
Не знаеме како стојат побарувачките но барем кога некој сака да гради болница тоа унапред се знае па се распишува тендер ако има интерес. Жан Митрев, Филип Втори болницата колку што знам си купи земјиште кај Воена кај салата или не сум во право? Ако нема купено, веројатно се барало друго земјиште низ Скопје. Јас колку што знам и Ремедика нешто низ маало се зборешен дека треба во расадник да гради болница само тука имаше некои имотноправни пречки колку што знам земјиштето беше во процес на денационализација па после се чекаше да се расчисти и да гради ре-медика. Нето таков муабет имаше низ маало. е сега дали е некој од овие две не знаме, ама ќе имаше некоја најава нешто. Или па може некој други.


Posted By: build.mk
Date Posted: 09-Feb-2011 at 23:56
Продажба на парцела за болница во Карпош




Државно градежно земјиште во кругот на Воената болница, со површина од 11.241 метар квадратен, ќе се продава на јавно наддавање со почетна цена од 12.000 денари за квадрат. Маркичката за градба предвидува здравствена институција со можност за вклучување и класа на намена за мали комерцијални и деловни дејности. Објектот може да има најмногу приземје и четири ката со дозволена висина до венец од 21 метар и максимална бруто развиена површина од 17.022 метри квадратни. Со условите на огласот се бара да бидат обезбедени 380 болнички легла и 150 паркинг места. Рокот за доставување на пријавите за учество е 07.03.2011, а јавното наддавање ќе се оддржи на 15.03.2011.

Соседната, нешто помала парцела со иста намена, ../?p=3845 - во јуни минатата година ја купи Приватната здравствена установа „Филип Втори“ за 12.500 денари за метар квадратен.


http://www.build.mk/?p=6681 - http://www.build.mk/?p=6681



Posted By: kultuzin
Date Posted: 12-Feb-2011 at 19:27
Нова болница во Струмица на кардиохирургија „Филип Втори“
Петок, 11 Февруари 2011 15:01
Сподели
170

Споделете ја веста и добијте книга.
Доколку споделувате повеќе вести, шансите за добивка се поголеми.
Кардиохирургот Жан Митрев ќе отвори болница во Струмица, во договор со сопственикот на „Делукс“, односно на деловниот центар „Глобал“, Горан Митев.
Болничка установа „Филип Втори“, со дијагностички центар, хируршко, интерно, гинеколошко и детско одделение, ќе биде сместена на третиот кат од „Глобал“ и се најавува дека ќе биде поголема од онаа во Скопје.

Локалната самоуправа од почетокот на иницијативата за отворање кардиохирургија во Струмица целосно го поддржува овој проект и е подготвена во рамките на своите можности и надлежности да помогне во неговата реализација, нудејќи повеќе локации за изградба на новиот болнички центар.

Поради големиот број пациенти од југоисточниот дел на Македонија, како и близината со Грција и Бугарија, се очекува дека новата болница на „Филип Втори“ во Струмица потполно ќе го оправда нејзиното отворање и дека ќе значи голем чекор за унапредување на квалитетот на здравствените услуги во нашава земја.
http://www.kurir.mk/republika/opstini/18744-Nova-bolnica-vo-Strumica-na-kardiohirurgija-Filip-Vtori


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Feb-2011 at 19:35
Originally posted by Makedonij

ВАСИЛЕВО
Се бараат средства за Здравствен дом


Донација од “Пријатели на Македонија“ за болницата во Василево

Општина Василево доби награда од 1000 УСА долари, од американската организација Friends of Macedonia, за активностите што ги презема за реновирање на Здравствениот дом во Василево. На повик од Friends of Macedonia, организација формирана од поранешни доброволци на Мировниот корпус (Peace Corps) во Македонија, општина Василево преку волонтерот на Peace Corp, Jamеs J. Carlin, учествуваше со проектот реконструкција на Здравствениот дом во Василево, проект во чие реализирање со 3000 американски долари учествуваше и Мировниот корпус. Средствата од наградата ќе бидат употребени за активности во здравствениот дом кои ќе придонесат за подобрување на условите за корисниците на здравствените услуги, конкретно планирано е со овие средства да биде решено прашањето на затоплување во чекалните.

Организацијата Friends of Macedonia, согласно правилата на повикот, доделува награди на проекти кои придонесуваат за подобрување на општествените услови во заедницата.
Инаку во моментот во тек е завршување на втората фаза од планираните активности која опфаќа: обнова на малтарија на внатрешните ѕидови, врата кон подрумот, приклучување на регионалниот водовод (приклучок со шахта) досега се користеше вода од хидрофор, надворешно малтерисување, поставување на олуци како и заштитен бетонски појас околу зградата
Првата фаза, опфаќаше комплетна замена на столаријата. Со комплетната реконструкција, која треба да опфат поставување на плоча меѓу двата спрата, според градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов ќе се створат услови за оспособување и на другите простории во кои граѓаните би добивале специјалистички услуги.

http://www.opstinavasilevo.gov.mk/files/672/bolnica%20vasilevo.jpg
http://www.opstinavasilevo.gov.mk/files/672/bolnica.jpg
http://www.opstinavasilevo.gov.mk/files/672/izjavi.jpg
http://www.opstinavasilevo.gov.mk



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Feb-2011 at 20:29
http://www.strumicadenes.mk/index.php/vesti/strumica/1444-nova-bolnica-vo-strumica-na-kardiohirurgija-filip-vtori.html - Нова болница во Струмица на кардиохирургија „Филип Втори“

http://www.strumicadenes.mk/images/stories/2011/fev/12-02/45041_142558665781862_142226439148418_172160_1114532_n.jpg

Болничка установа „Филип Втори“, со дијагностички центар, хируршко, интерно, гинеколошко и детско одделение, ќе биде сместена на третиот кат од „Глобал“ и се најавува дека ќе биде поголема од онаа во Скопје.

Локалната самоуправа од почетокот на иницијативата за отворање кардиохирургија во Струмица целосно го поддржува овој проект и е подготвена во рамките на своите можности и надлежности да помогне во неговата реализација, нудејќи повеќе локации за изградба на новиот болнички центар.
Поради големиот број пациенти од југоисточниот дел на Македонија, како и близината со Грција и Бугарија, се очекува дека новата болница на „Филип Втори“ во Струмица потполно ќе го оправда нејзиното отворање и дека ќе значи голем чекор за унапредување на квалитетот на здравствените услуги во нашава земја.

http://www.strumicadenes.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: micko_v
Date Posted: 23-Feb-2011 at 19:04
Донирале 1000 УСД . Е сега ќе го оправат со париве! Овие Американциве мислат дека донираат пари во Бурунди па демек со париве ќе направат големо дело, смешно или жално..


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Feb-2011 at 19:22
Апелирам да не се постираат вести за менување прозорци и олуци, кречење, и новости од сличен калибар. Треба малку да се филтрираат вестите.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 15-Mar-2011 at 17:12
Болницата во Струмица, ќе прерасне во регионален медицински центар

http://www.strumicadenes.mk/images/stories/2011/19-01/strumica%5B12%5D.jpg

За овој проект Владата и  Министерството за здравство инвестираа 2,5 милиони евра.

Со реконструкцијата е опфатено реновирањето на покривната конструкција на Инфективното одделение, поставување на нова термо-фасада на старата болничка зграда, замена на столаријата во сите пет одделенија и нивно опремување со најсовремени медицински инструменти.
Директорот на Општата болница во Струмица, Ирфан Максудов, вели дека овие одделенија ќе се конституираат како посебни медицински гранки, како што се гинекологија, хистологија со патологија, очна и ушна хирургија, а ќе биде воведен и електронски систем за прием на пациентите.
Со ова ќе се изврши трансформирање на струмичката Општа болница во Регионален медицински центар за потребите на југоисточниот дел од Македонија.
Во втората фаза од владиниот проект, до крајот на годинава треба да започне и целосната доградба на новиот болнички крак на Ургентниот центар, кој речиси по две децении, во 2012 година конечно ќе биде ставен во функција.

http://www.strumicadenes.mk/index.php/vesti/strumica/1634-strumickata-bolnica-ke-porasne-vo-regionalen-medicinski-centar.html


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Mar-2011 at 18:22
http://sitel.com.mk/video/makedonija/turskite-oftalmolozi-otvoraat-evropska-ochna-bolnica-vo-makedonija - http://sitel.com.mk/video/makedonija/turskite-oftalmolozi-otvoraat-evropska-ochna-bolnica-vo-makedonija


Posted By: Djole88
Date Posted: 27-Mar-2011 at 15:04
Каде се наоѓа оваа очна болница?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Mar-2011 at 15:10
Изгледа на Водно е таа кај Панорама.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Mar-2011 at 21:59

Амбулантите во Скопје од ’63 ќе се реновираат од темел

  • http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija - Македонија
  • Амбулантите бараки од ’63 ќе се реновираат од темел. Времените здравствени установи изградени по катастрофалниот земјотрес комплетно ќе бидат срушени, а на нивно место ќе се изградат модерни објекти.

    Во Скопје има 7 вакви амбуланти кои веќе се дотраени иако неколкупати се обновувани. Се наоѓаат во Бутел, Автокоманда, Лисиче, Маџари, Карпош. Ѓорче и Тафталиџе. Најголем дел се дадени под концесија, но во сите има лаборатории и пунктови за вакцинација кои се во состав на Здравствен дом Скопје.

    Кога ќе се изградат каде има потреба ќе се пружаат  и специјалистички услуги.

    -Оваа реализација се врши во тековната 2012 година, рок на извршување е 1 година, кога сите овие времени објекти ќе бидат заменети со цврста градба, вели Боби Бојчевски од Здравствен дом Скопје.

    Целата инвестиција ќе чини околу 1 милион евра.

    -Финансиски средства се обезбедени од буџетот на Здравствен дом Скопје, Владата на Р. М и министерството за здравство, додава Бојчевски од Здравствен дом Скопје.

    Од здравствен дом Скопје додаваат дека со реконструкцијата на амбулантите на пациентите ќе им обезбедат нормални услови за здравствени услуги.http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ambulantite-vo-skopje-od-%E2%80%9963-ke-se-renoviraat-od-temel



    Posted By: axel
    Date Posted: 04-Apr-2011 at 13:44

    http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-rekonstruiraat-nekolku-oddelenija-vo-bolnicata.html - Се реконструираат неколку одделенија во болницата

    Инфективно, нервно и одделението за уво, грло и нос деновиве се реновираат. Се менува кровната конструкција, електричната и водоводната инсталација, санитарните јазли, а се преуредуваат и собите за помалку пациенти.

    http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-rekonstruiraat-nekolku-oddelenija-vo-bolnicata.html"> Се%20реконструираат%20неколку%20одделенија%20во%20болницата

    "Средствата се во висина од 980.000 евра. Освен овие одделенија ќе започне и обновата на главната болничка зграда, каде се сместени одделнијата за хирургија, детското, интерното и одделението за гинекологија. Предвидено е обнова на фасада и внатрешнoста на објектот"- вели директорот Ариф Латифи.

    Наскоро ќе започне и изградбата на одделенито за транфузиологија кое ќе зафаќа површина од 900 метри квадратни.Со реконструкцијата на објектите и набавените нови апарти се очекува да се подобри квалитетот на услугите на пациентите. Со проектот се предвидува Општата болница Куманово да стане регионален центар, кој ќе ја покрива територијата на североисточниот дел од државата со околу 200.000 пацинети.

    http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/se-rekonstruiraat-nekolku-oddelenija-vo-bolnicata.html


    Posted By: JOE
    Date Posted: 19-Jul-2011 at 00:33
    “Плодност“ прва приватна болница во Битола






    Болницата “Плодност“ ќе ги отвори вратите за првите пациент кон крајот на овој, или почетокот на идниот месец во сопственост на битолчанецот, гиникологот д-р Таше Трпчевски.



    Додека болницата “Плодност“ со својот надворешен архитектонски изглед предизвикува воздишки кај граѓаните, тогаш сите оние кои истата ќе можат да ја посетат буквално ќе занемат од тоа што ќе го видат.

    Според опременоста со медицински апарати кои се последен збор на медицинската техника и според комфорноста и опременоста на болничките соби, амбулантите за прегледи, операционите сали, собите за интензивна нега, собите за новороденчињата, оваа болница во ништо нема да заостанува зад ниту една болница во светот.



    Доколку се се одвива според зацртаниот план болницата     “Плодност“ за петнаесетина дена широко ќе ги отвори вратите за првите пациенти и свечено ќе биде пуштена во употреба.

    Во иднина, во оваа болница ќе се раѓаат новороденчињата кои досега на свет доаѓаа од ординацијата “Плодност“, која се наоѓа на улицата “Борис Кидрич“, но која стана претесна да ги прими сите пациентки кои имаат огромна желба да станат мајки.

    Болницата располага со корисна површина од над 2.500 м2. На долниот кат има 4 амбуланти за прегледи, најсовремена лабораторија, 16 соби за пациентите, од кои сите се еднокреветни и имаат сопствени капатила.

    Болницата покрај тоа што има неколку амбуланти за рутински прегледи, располага и со дневна болница за пациентите и соби од апартмански тип.



    Болницата има две супер модерни сали за породување, кои се опремени со најсовремени столови. Во едната од тие сали има и услови за породување во када или популарно наречено “водно породување“.

    Сите соби, салите за прегледи и операционите сали, како и собите за престој на болните се дизајнирани и изработени по најновите ИСО стандарди, а при изградбата на болницата особено се водело сметка за хигиената во болницата, која по сето она што го видовме наликува на вистинска аптека.


    Posted By: Dave Gahan
    Date Posted: 19-Jul-2011 at 08:25
    Originally posted by JOE


    Додека болницата “Плодност“ со својот надворешен архитектонски изглед предизвикува воздишки кај граѓаните, тогаш сите оние кои истата ќе можат да ја посетат буквално ќе занемат од тоа што ќе го видат.

    Според опременоста со медицински апарати кои се последен збор на медицинската техника и според комфорноста и опременоста на болничките соби, амбулантите за прегледи, операционите сали, собите за интензивна нега, собите за новороденчињата, оваа болница во ништо нема да заостанува зад ниту една болница во светот.


    Секоја чест за инвестиции во објекти од овој тип во државава, посебно во други градови освен Скопје и за поздрав е опременоста со најсовремена здравствена опрема (се надевам дека е баш така)...со тоа што делов со воздишкиве не можам баш да го прескокнам - ама мислам дека можело и посмирено и поскромно да се истретира еден објект со ваква намена...текстов е поприлично маркетиншки обликуван и искрено не верувам дека битолчани стварно губат воздух и добиваат вртоглавици кога ќе поминат покрај алукобондот и релативно ефтината стаклена фасада во комбинација со лимениот кров...

    -------------
    MAKE CAPITALISM HISTORY


    Posted By: <Fresno>
    Date Posted: 19-Jul-2011 at 11:38
    Се супер, само да имаше уште и некој закон за да им удрат казна за неписменоста. BOLNICA PLODNOST



    Print Page | Close Window