Print Page | Close Window

Македонски градежни компании во странство

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=446
Printed Date: 19-Apr-2024 at 00:38


Topic: Македонски градежни компании во странство
Posted By: pbanks
Subject: Македонски градежни компании во странство
Date Posted: 06-Nov-2008 at 12:51

Гранит почна нов бизнис во Украина вреден 70 милиони евра

Најголемата македонска градежна компанија деновиве Гранит почна да гради нов автопат во Украина, бизнис вреден 70 милиони евра, информира генералниот директор на Гранит, Страшо Милковски.
“Пред две недели почнавме со реновирањето на нов автопат во Украина, од Киев до Новоград. Станува збор за бизнис вреден 70 милиони евра. Со оглед на ризичната финансиска ситуација на Украина, би требало да се плашиме од можната инфлација во оваа држава, односно од евентуалното девалвирање на вредноста на договорената зделка. Но, не се плашиме за судбината на овој договор, бидејќи кредитор за реновирање на делницата е ЕБРД”, вели Милковски.
Тој објаснува дека Гранит во принцип внимава, кога влегува во нови проекти во странство, тие да имаат сигурни инвеститори, како што се ЕБРД, ЕИБ и слични меѓународни институции. Целта е секако обезбедување на сигурна наплата за изведувањето на градежните работи.
Милковски исто така не се надева дека глобалната финансиска криза може да предизвика сериозни потреси на бизнисот на Гранит во Македонија, затоа што не се надева дека домашната економија е до тој степен изложена на глобалните потреси.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=12878



Replies:
Posted By: beTon
Date Posted: 09-Apr-2009 at 02:23
ИЗГУБЕН ПАЗАРОТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=19143F5F2C365A4585AE26B5CF920494&arc=1 - Кувајт се' подалечен за македонските градежници

Во Кувајт сега имало педесетина работници од Македонија,
наспроти неколкуте стотици пред петнаесетина години


Се' помалку Македонци работат на градилиштата во Кувајт, кажуваат градежни работници што деновиве се вратија од таа земја. Наспроти некогашните неколку стотици градежници што беа таму на печалба, сега ги имало едвај педесетина.

- Порано во една од најбогатите земји во светот се одеше на гурбет преку „Гранит“, „Пелагонија“, „Алумина“ и други компании. Со распадот на Југославија многу работи во Македонија не функционираат како што треба, па така изостана и организираниот настап на нашите градежници на Блискиот Исток. Сега таму има само ситни групи или поединци градежници. За да се работи во кувајтска фирма мора да се знае англиски, а познавањето на англискиот јазик се' уште е слабост на нашите стручњаци - објаснуваат работниците.

Тие раскажуваат дека македонската рака се препознава во многу објекти во Кувајт. Биле толку квалитетно изработени што нивните фасади и по триесетина години изложени на екстремно високи температури го имале истиот сјај како и во почетокот.

- Таму едноставно не може да се избрише тоа што македонските градежници го оставиле зад себе - додаваат тие. Велат дека е многу тешко да се отиде во Кувајт, бидејќи туристичката виза е непознат поим. Постоеле работна виза, визит-виза и еден куп други категоризации. Работната виза се добивала на една или две години и постојано се обновувала.

- Дури и ако стапиш во брак со некој или со некоја од Кувајт, не можеш да добиеш државјанство. Можеби по четириесетина години, а можеби ни тогаш. Децата се сопственост на родителот од Кувајт. Бенефициите што ги имаат Кувајќаните се огромни за наши услови, па тие самите се штитат. Кредити за куќа се даваат на огромен временски период без камата, а голема е веројатноста ако се роди дете кај некој од шеиците кредитите да се отпишат - објаснуваат работниците.

Најголемиот дел од Македонците во Кувајт работеле во градежништвото. Едни работеле за кувајтски фирми, а други направиле сопствен бизнис. Но, сите биле со добро реноме и важеле за добри стручњаци.

- Оние што работат во помали групи, главно, не се спремни да излезат од групата. Секоја група има лидер и тој е неприкосновен. Обично има енормно повисока плата од обичните работници и ги претставува нив пред газдата - велат нашите соговорници.

Според нив, Македонците во Кувајт добиваат плати пристојни за наши услови. Еден градежен техничар може да заработи најмалку илјада долари. Добар инженер почнувал со плата од околу три илјади евра. Но само за неколку години работа таа можела да се дуплира.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=19143F5F2C365A4585AE26B5CF920494&arc=1 - Дневник - Светлана Дарудова - 01.10.2008



Posted By: beTon
Date Posted: 09-Apr-2009 at 02:40

Previous Гранит мислам дека највеќе има градено по арапскиот свет, од поголемите, аеродромот во кувајт, бункерот на садам во ирак, автопати итн. јавна тајна беше дека за бомбардирањето на багадад им биле од корист на америте

Гранит во 80-тите години го градел и подземниот бункер на Садам Хусеин и пролетта 2003-та, при нападот на Багдад, на Вашингтон наводно му ги предал старите градежни планови. [ http://www.dw-world.com/dw/article/0,2144,3575572,00.html - 1 ]

можеби овој текст погоре и немаше да звучи толку песимистички доколку Гранит и 2006 не отвори свое претставништво во Кувајт, но се до денес немам чуено дека договориле некоја работа!

http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=3174 - Гранит отвори застапништво во Кувајт - 30.05.2006

Скопската градежна компанија Гранит отвори свое застпаништво во Кувајт, на почетокот на месецов, дознава Тотал. Нашата градежна компанија, која изгради силен бренд на блискоисточниот градежен пазар, склучи ексклузивен договор со локална компанија, која ја застапува пред клиенти од Саудиска Арабија, Катар, Ирак, Иран, Сирија, Јемен и други земји од блискиот исток. Застапништвото на нашата најдобра градежна компанија се наоѓа во Кувајт Сити, главниот град на државата Кувајт.
Менаџментот на Гранит, не одговара на барањето на Тотал и десетина дена ниту ја потврдува ниту ја демантира оваа информација.
Со овој бизнис потег сите бизнис операции на блискиот исток Гранит ќе ги води преку својот локален партнер.
Акцијата на Гранит е една од најликвидните на скопската берза. Во последниве неколку денови бележи раст на цената, особено откако менаџментот објави дека како предлог одлука за усвојување на претстојното собрание ќе се најде точка со која се предлава дивиденда од 15 денари по акција, што претставува раст од 50% на вредноста на дивидендата во споредба со 2004 година.
Гранит во минатото пред заливската војна учествувал во изградба на аеродроми и авиобази. Прв најзначаен проект на Гранит е учество во конзорциумот Дамаск – Алепо во Сирија. Во 1981 година компанијата во рамки на конзорцумиот СДПР добива проект вреден 1 милијарда долари, но тогаш започнува војната во заливот на Кувајт. Во тој период Гранит работи и во големиот македонски конзорциум Македонија Инвест во Либија, Алжир, Јордан и во Кувајт, проектот бил вреден 400 милиони долари, а учеството на Гранит било 30% од вредноста на проектот.

http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=3174 - Тотал - 30.05.2006



Posted By: beTon
Date Posted: 10-Apr-2009 at 01:50

малку бајати написиве, но ме интересира што бидна со ова долговите  од ирак има некој абер? патем малку А1 имале лош извор за информации но можеби и не е тоа толку битно од денешна дистанца Bash инаку во поглед на насамарени во ирак мислам дека Пелагонија предничи!?   

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2104&stID=15860&pdate=20030319 - Државата со обврзници ги откупила долговите на Ирак кон градежниците - Дневник -  19.03.2003

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=53570 - Владата ќе им прости дел од долговите на 17 компании - 02.11.2005

Владата ќе преземе една третина од вкупната сума што Ирак и Иран им ја должат на 17 македонски компании. Идејата е азиските земји да и останат должни на државата, а таа да им ги прости долговите што овие фирми ги имаат кон државните институции.

На овој начин ќе се наплатат најмалку 50 милиони евра што 17-те фирми ги заработиле изведувајќи разни проекти во овие две земји.


За да се реализира оваа компензација, треба да се направат две измени во законот за побарувањата од Ирак и Иран, што веќе постои.

Пребивањето на меѓусебните долгови е веќе испланирано во Министерството за економија, дознава А1. Се чека уште ставот на финансии.

Според информациите на А1, вкупните побарувања на фирмите што работеле во Ирак и Иран е близу 180 милиони долари.

Охридски „Емо“, градежните фирми „Пелагонија“, „Маврово“ и „Гранит“, „Раде Кончар“, некогашниот гигант „Металски завод Тито“, скопски „Охис“, „Еурокомпозит“ од Прилеп се фирмите кои и должат на државата, но истовремено имаат милионски побарувања од Ирак и Иран.

Најмногу побарува „Емо“ - дури 40 милиони долари. Втора фирма која со години не успеа да си го наплати сработеното е „Пелагонија“. Во зделките со Иран и Ирак заглавила близу 10 милиони долари.

Според информациите на А1, во Владата постоело расположение за реализација на пребивањето.

Тоа ќе им овозможи на фирмите да ги расчистат сметките со државата, а некои од нив дури и да го сменат статусот од загубари, да станат ликвидни компании.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=53570 - А1 - Даниела Михајловска - 02.11.2005

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=78455 - Ал-Малики: Простете ги долговите на Ирак - А1 - 03.05.2007
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=813DE3323703D04AAB8A959267AEE29E - Ирак сака да врати дел од долгот кон Македонија - 17.11.2007 http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=813DE3323703D04AAB8A959267AEE29E -  

Вкупните побарувања на македонските градежници изнесуваат 330 милиони долари

Ирак и' понуди на градежната компанија „Гранит“ од Скопје да и' исплати дел од големиот долг што го има кон неа за работењето во периодот од 1990 година. Понудено е да се исплатат 10,25 проценти од вкупниот долг, зголемени за каматата пресметана од 1990 година до денес, односно вкупно околу 25 отсто од побарувањата. Исплатата би се извршила во кеш и еднократно до крајот на годинава. Понудата, како што објаснуваат во „Гранит“, доаѓа преку поранешната Сојузна дирекција за промет и резерви од Белград (СДПР), преку која во Ирак работеа многу фирми од бившата СФРЈ. Во вторник, претставници на „Гранит“ ќе се сретнат во Белград со првите луѓе на јавното претпријатие „Југоимпорт“, кое е правен наследник на СДПР, при што понудата официјално ќе им биде презентирана и ќе се договорат деталите.

Ирак во минатата недела почна со отплата на долгот што го има кон Бугарија која треба да добие 360 милиони долари. Македонија од оваа блискоисточна земја има побарувања во висина од 330 милиони американски долари и тоа најголем дел од нив е долг кон градежните фирми за извршени работи уште од почетокот на деведесеттите години, кога на градилиштата во Ирак нашите градежници беа присутни со многу проекти кои беа завршени, но никогаш не се успеа да се наплатат.

Од сите градежни претпријатија од Македонија, најголем долг Ирак има кон „Пелагонија“, чии побарувања се дефинирани со клемот  (ова клемот претпоставувам се однесува на claim-от - побарувањата) доставен до Комисијата за обесштетување при Советот за безбедност на ОН, со седиште во Женева. Но, за голем дел од работата „Пелагонија“ има посебен аранжман во кој не влегуваат побарувањата за одложено плаќање. „Гранит“, пак, од Ирак побарува околу 44 милиони долари и во оваа сума се вклучени и дел од каматите пресметани до 1994.

Проблемот досега не е решен, бидејќи, како што појаснуваат градежниците, Ирак долгот го третира како државен долг кон поранешна Југославија, а не како комерцијален, на што се инсистира од наша страна. Ирачаните го избегнуваа исплаќањето, тврдејќи немаат долгови кон стопански субјекти, туку кон влада, а од друга страна, пак, државни долгови не сервисира. Факт е дека нашите фирми не се во ситуација да дејствуваат сами, бидејќи не поседуваат документи на свое име, туку документацијата е на име на СДПР. Во времето кога се растури СФРЈ, останаа ненаплатени вкупно околу 1,5 милијарда американски долари од сите субјекти кои во тој период работеа во Ирак. Чии се тие пари, велат градежниците, знаат само во СДПР.

Инаку, досега се обесштетени 526 физички лица на кои им се исплатени 2,5 милиони долари, додека фирмите добија многу малку, бидејќи е завршено само делумно обесштетување. Кон крајот на деведесеттите години е извршено минимално обесштетување преку државни обврзници, при што државата откупи дел од побарувањата на фирмите, а тие, пак, обврзниците ги искористија за намирување на своите заостанати обврски кон државата. Договорот тогаш беше градежниците да продолжат со обидите да наплатат дел од долгот преку женевската комисија и доколку успеат, имаа обврска да ги вратат обврзниците.

Ирачката влада лани во март го информираше Министерството за финансии дека ја ангажирала меѓународната фирма „Ернст и Јанг“ преку која доверителите од нашава држава треба да достават информации за висината на своите побарувања. Од Министерството за надворешни работи велат дека на Самитот за обнова на Ирак, што се одржа лани во Полска, Македонија настапила со стратегија побарувањата на нашите фирми да бидат аргумент за предност на градежните компании при добивањето работа. Инаку, МНР планира деновиве да ги повика фирмите кои имаат неисплатени побарувања од Ирак да ја приложат својата документација, која треба да биде основа за натамошно интензивирање на активностите за исплата на долгот од Ирак.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=813DE3323703D04AAB8A959267AEE29E - Утрински - Билјана Ангеловска - 17.11.2007

   

http://www.uncc.ch/reports/r02-15.pdf - S/AC.26/2002/15 -  Page 185 - XIX. CONSTRUCTION COMPANY “GRANIT”

203. On 19 December 1980, an agreement between the Directorate of Airforce and Air Defence Works, Ministry of Defence, Iraq, and http://www.yugoimport.com/index.php?newlang=serbian - FDSP was signed (the “main contract”). The agreement was for the construction, supply, erection and installation of an air base residential camp in Baghdad, Iraq.  
The total contract value was USD 688,777,630. According to the terms of the agreement, the contract was to be completed in “1461 (one thousand four hundred and sixty one) calendar days”. FDSP entered into a second contract (“FDSP contract”) with the following entities: “Granit”-Skopje, Lavcevic, Sour Unioninvest and Trbovlje -OOUR Aeroinzenjering.

http://www.uncc.ch/reports/r01-28.pdf - www.uncc.ch/reports/r01-28.pdf




Posted By: Dragan
Date Posted: 09-Jul-2009 at 13:09
http://www.beton.com.mk/workabroad%20-%20mk.htm
Vidite sami


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jul-2009 at 16:00
СЕКНА ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО НОВИ ОБЈЕКТИ
Градежниците без надеж за работа во странство

Елена Костовска


Градежните компании од почетокот на годината склучија многу малку договори за работа во странство, предупредуваат од Синдикатот на градежниците. Тие на странските пазари ги довршуваат работите од претходно склучените договори, а ситуацијата со нови проекти е алармантно загрижувачка. Земјите во кои најмногу работеа нашите градежни компании ги затворија пазарите за странски компании. Во Русија, Украина и во Хрватска се намали обемот на работа поради претпазливоста на странските инвеститори кои се откажуваат од продолжување на проектите. - Запирањето на градежните работи во земјите во регионот огромен број градежни работници натера да се вратат дома. Така, во земјава се создаде поголема понуда на работна сила од побарувачка. Загрижува и бавната динамика на реализација на најавените 200 милиони евра, што државата вети дека ќе ги инвестира во инфраструктура “ вели Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот на градежниците. Тој додава дека падот од 40 проценти во секторот градежништво ќе повлече намалување и во другите гранки зашто градежната оператива е сектор со најголем извозен потенцијал, кој има најголемо учество во домашниот бруто-производ, а со тоа и носител на економскиот развој. Во Стопанската комора на Македонија велат дека поради девалвацијата посебно е намалена работата на домашните градежни компании во Русија и во Украина. Таму работните договори не се продолжуваат поради намалената моќ за финансирање крупни проекти. - Проблемот е поголем кај инвеститорите отколку кај градежните компании. Вложувањето на домашните инвеститори во земјите во регионот се стабилизира, но продолжуваат откажувањата на странските инвеститори “ вели Марија Петроска од Здружението на градежништвото. Според статистичките податоци, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првото тримесечје од годинава изнесува 40 милиони евра што е за 36,6 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Но, поради извршувањето на старите договори, градежниците во овој период изградиле објекти во вредност од 6,4 милиони евра, што претставува 13,1 проценти повеќе отколку во минатата година. Главно се градело во Хрватска и во Албанија, додека во Русија и во Украина е регистриран намален обем на извршени работи.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1753&ArticleID=117488


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 01-Aug-2009 at 15:39
http://www.sintek.com.mk - http://www.sintek.com.mk

Еве и Синтек е една наша успешна градежна фирма, која работи на санации на бетонски конструкции и специфични градежни работи.

Требаше да изведуваат санација на еден објект во Украина, за којшто проектот го работеше фирмата во која работам, ама во овие финансиски услови инвеститорот го стопираше проектот.
Градежните работи во земјите каде што нашите фирми најмногу работеа (Русија, Украина, Црна Гора) се скоро целосно замрзнати. Колку што и може да се насети, Украина е на добар пат да го изгуби и европското првенство во фудбал во 2012 год. Посебно е трагично за Украина, затоа што можеа многу нашите фирми да се вклучат и да го искористат периодот на подготовка за првенството, во кој во нормални услови интензивно се гради, што во случајов не е така.
Има уште многу што да видиме од таканаречената финансиска криза...дури сега почнува!





-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Oct-2009 at 19:04

„Адинг“ ќе гради фабрика во Иран


 

Македонската градежна компанија „Адинг“ отвори своја фирма во Иран, со седиште во Техеран, а наскоро планира изградба и на фабрика во оваа земја

 

 
%20  
Во компанијата соопштија дека во тек е изработка на главен проект за новата фабрика, која ќе се гради во индустриската зона на Техеран.

Се предвидува производствената хала на фабриката да биде со површина од 1.200 квадратни метри и административен дел со лабораторија во вкупна површина од 660 квадратни метри. Вредноста на производствениот комплекс е околу 1,5 милиони евра, се предвидува 15 лица да се вработат во производствениот дел, а 10 лица во централната канцеларија во Техеран.

Капацитетот на производствениот погон е 80.000 тони годишно од кои околу 90 отсто се наменети за производство на адитиви за бетон, а 10 отсто за производство на прашкасти и пастозни производи. Предвидено е фабриката да се пушти во работа до крајот на идната година, а во првата година се очекува пласман од 7.000 до 10.000 тони производи. Македонската компанија годинава отвори производствен погон во бугарскиот град Перник.

Основната дејност на „Адинг“ е производство, пласман и примена на адитиви и други хемиски производи за потребите во градежништвото.
 
   
Автор: В.Н.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10229941379&id=10&prilog=0&setIzdanie=21818


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Nov-2009 at 22:23
ГРАДЕЖНИЦИТЕ ГИ ПРОПУШТИЈА ШАНСИТЕ ВО ИРАК И ВО АВГАНИСТАН
Не не бидува за воени профитери

Македонските градежни компании не најдоа работа во Авганистан или во Ирак иако таму постојано се гради и многу градежни компании од светот заработуваат во тие земји. На нашите стопанственици досега честопати им беше ветувана работа во регионите каде што државата има мировни мисии за кои во последните четири години беа потрошени 17,4 милиони евра од Буџетот. Како најголеми проблеми зашто не можат да настапат на овој пазар упатените ги наведуваат небезбедноста, слабата финансиска моќ на компаниите и невоспоставените дипломатски односи. Во времето на договарање на мисијата во Ирак, во медиумите на големо се пишуваше дека тоа е и наша бизнис-шанса. Тогашниот министер за одбрана Владо Бучковски вели дека домашните градежни компании не ги искористиле можностите поради лошата стратегија на државата. - Со Владата беше договорено мисијата да се одвива во две фази. Прво да се обезбеди мирот, а потоа да се учествува во повторното градење на Ирак. Вината не беше во странските партнери зашто тоа не беше обврзувачко. Требаше да се има подобра стратегија, но се остана како пуста желба. Ја пропуштивме и шансата да го искористите и НАТО-просторот - вели Бучковски. Тој додаде дека, според неговите информации, градежните компании не работат ни во земјите каде што мисиите се уште траат. Од Здружението на градежништвото велат дека градежните компании не можат да ризикуваат да работат во опасни подрачја каде што се војува и не се доволно финансиски моќни да учествуваат. - Не сме толку богати да однесеме оператива и механизација и да ја загубиме. Уште повеќе, никој наш директор не би ризикувал да загуби работник на ризичните подрачја. Ние правевме некои анализи дали можеме да учествувавме, но заклучивме дека не сме доволно моќни - вели Марија Петроска од Здружението. Шефот на кабинетот во Министерството за економија, Исмаил Ебипи, проблемот го лоцира во невоспоставените билатерални односи со земјите од кризните подрачја. - Немаме договори за економска соработка со кои македонските компании ќе можат да работат во земјите како Авганистан и Ирак. Со такви договори може да се испраќаат контингенти со работници и за нивната безбедност ќе гарантира државата. Веќе почнуваат да се воспоставуваат релации, но тоа оди побавно зашто се работи за нестабилни држави - вели Ебипи. Македонија сега има мировни мисии во Авганистан, Либан, Босна и Херцеговина и логистичка поддршка во Косово, а учествуваше и во мисијата „Слобода за Ирак“, која заврши во 2008 година. Од почетокот на следната година земјава ќе го зголеми своето учество во мировната мисија во Авганистан за уште 80 војници, со што вкупниот број на македонски мировници во оваа азиска земја ќе се искачи на 250.




http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1856&ArticleID=125611


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Nov-2009 at 13:57
Мислам ова може да оди тука

„Ренова“ ги освојува европските пазари

ТЕТОВО - Сувите малтери на компанијата „Ренова“ од Џепчиште ги освојуваат пазарите во повеќе европски земји, а од неодамна се најдоа и меѓу потрошувачите од Блискиот Исток.

„Последните наши успеси се пробивањето во Саудиска Арабија и во Оман. Во двете држави отворивме продажни центри не само за земјите во кои се нашите претставништва, туку и за околните. Големо изненадување за нас се Емиратите каде што интересот за суви малтери е се' поголем“, вели Шефки Идризи, првиот менаџер на „Ренова“ од тетовското село Џепчиште.

„Ренова“ отвори производствен капацитет и во Битола. Идризи нагласува дека од овие два погона потекнуваат и извозните контингенти во земјите на Блискиот Исток, но и во Германија и Грција. „Присутни сме на пазарите преку нашите центри во Хамбург и во Солун. Почетните успеси во овие две земји се задоволителни што не' охрабрува во намерите за проширувања и освојувања и на други пазари“, со задоволство констатира Шефки Идризи.

Според првиот човек на „Ренова“, токму поради зголемениот интерес кај потрошувачите во соседните земји, компанијата за потребите во Косово има свои капацитети во Урошевац и во Качаник, а во Албанија во близина на Тирана. Сувите малтери на овој производител се' повеќе ги освојуваат и пазарите во Бугарија, Црна Гора и во Србија. „Во услови на светска рецесија и намалени инвестициони вложувања ние сме на исто рамниште како и претходната година. Тоа е потврда дека успеваме во стопанисувањето“, додава Идризи.

Во успешното чекорење на „Ренова“, каде што има 400 вработени, се потврдуваат и податоците дека фирмата спаѓа во редот на стоте најуспешни стопански капацитети во Македонија. Пред три години „Ренова“ доби потврда за ИСО 9001 и „Ц“ ознака за висок квалитет на производите. (Г.Е.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ACD91AA40A40C74886651E08163E77FA


Posted By: pavche
Date Posted: 09-Nov-2009 at 14:37
Тhe tiles of the Tondach factory in Macedonia are very popular in Bulgaria Just to let you know that fact.  As i had some house building process to deal with over the last couple of months i found out that most of the building companies and specialists recommend the production of Tondach Macedonia before the local made http://www.bramac.bg/ - Bramac and http://www.ceramicshouse.com/default.htm - Стралджа . Couldn't find a web site of the Tondach factory in Macedonia. Can you give me a clue if there is one?


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Nov-2009 at 14:48


Here you go Cheers

http://www.tondach.com.mk - http://www.tondach.com.mk


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Nov-2009 at 14:52
BTW pavche... did you built a house for yourself. Maybe you can share some of your observations regarding the roof tiling? Did you consider different materials (metal, bitumen etc) or you went directly with 'traditional tiling'?

You can give your comment if you want http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=499 - here .


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Nov-2009 at 14:34

Македонските градежници се враќаат дома





 

Најтешко е на црногорскиот пазар, каде што работеа многу работници и македонски фирми и во овој период практично не се градат нови објекти

 

 
%20  
За македонските градежници има се помалку работа во странство. Работниците и фирмите што, пред појавата на рецесијата, заминаа на градилиштата во соседните земји, се враќаат дома. Започнатите инвестиции во Бугарија, Албанија и Црна Гора, земјите што беа главните дестинации на градежните работници, се одложуваат на неопределено време. Најтешко е на црногорскиот пазар, каде што работеа многу работници и македонски фирми и во овој период практично не се градат нови објекти.

Намалените градежни активности во странство се рефлектираа и во последните статистички податоци. Државниот завод за статистика објави намалување на извршените градежни работи во странство за 2,3 отсто, со што продолжи надолниот тренд забележан по појавата на кризата во светот. Вредноста на извршените работи е околу 2,3 милијарди денари, додека драстичен пад е забележан кај вредноста на договорените работи во странство во периодот јануари - септември 2009 година, која изнесува околу 3 милијарди денари, што е за 39,8 5 помалку во однос на лани.

Работниците кои се враќаат вршат притисок на домашниот градежен пазар, кој исто така, бележи стагнација. Најавените инвестиции во инфраструктурни проекти, посебно во сообраќајот, не се реализирани. Домашните компании, главно се ангажирани во градбата на индивидуални објекти, кои се недоволни да ги задоволат потребите на градежниците.

- Странските потенцијални инвеститори ги одложија своите проекти во исчекување на политичките настани во декември. Државните инвестиции од буџетот, исто така, не се во оној обем што беа најавени. Концесиите за некои патни правци сега беа објавени и за тоа ќе биде потребно седум до осум месеци за почеток на нивната реализација - вели Никола Велковски, заменик-претседател на Групацијата на градежништво во Стопанската комора на Македонија.

Раздвижување на градежните активности во земјата е можно доколку се релаксираат условите за кредитирање на купопродажбата на станови, сметаат дел градежници. Но, поради ограничувањата на кредитирањето на населението од народната банка на Македонија, продажбата на станови е отежната.

- Според сегашните услови на кредитирање и висина на каматните стапки за фирмите никој од инвеститорите нема да се одлучи да гради деловно-станбен објект. Никој не сака да се задолжува ако знае дека тешко ќе го продаде. Згора на ова, и условите за кредитирање се нестимулативни и се оптоварени со разни провизии, што банкарските трошоци стигнуваат до 30 отсто - велат градежниците.

Кредитирањето на граѓаните е ограничено од централната банка и висината на каматите зависат од понудата на слободните парични средства и висината на депозитите, велат од банките.

- Каматата за станбените кредити се околу 8 отсто. За нив има големо интересирање од граѓаните, но не сме во можност да ги зголемиме пласманите поради ограничувањата од НБМ. Од монетарните власти мора да размислат за изземање на кредитирањето на станови од т.н. потрошувачки кредити, зашто со поттикнувањето на изградбата се раздвижува и домашната економија, велат од банките.
 
   
Автор: М.Р.Ј.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112391018422&id=10&prilog=0&setIzdanie=21844


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Feb-2010 at 06:03
Гранит ќе гради автопат во Полска
Градежното друштво "Гранит" а.д. Скопје потпиша нов договор со главната дирекција за патишта и автопати на Република Полска. "Гранит" во конзорциум со фирмата НДИ СА од Полска ќе учествува во изградба на автопат А4, делница од клучката Брезско до клучката Њиерзцхослањице во должина од 20,8 клометри. Вредноста на договорот изнесува 125 милиони евра со рок на изведба од 24 месеци.

http://vecer.com.mk/?ItemID=622C6EA21C27A845890368CD6D5B74C4


Posted By: axel
Date Posted: 15-Feb-2010 at 14:27
Градежните работи во странство намалени за 4,6 отсто

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/68162/%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0.jpg">

Според податоците на Државниот завод за статистика, минатата година домашната  градежнат оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 2.745.863 денари што е за 4,6 отсто помалку во споредба со претходната година.

Единствено  во тој период е забележан зголемен обем на извршени градежни работи во Алжир, Украина и Албанија.

Вкупната вредност на договорените работи во странство во 2009 година изнесувала 3.104.242 денари што е за 39.4 отсто помалку во споредба со претходната година.                                                                                                                                          http://www.time.mk/read/c6410954de/dc66dcdbd6/index.html    



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Feb-2010 at 18:18
Поопширно за неодамнешната убава вест од Полска

„Гранит“ ќе гради автопат во Полска

Македонската најуспешна градежна фирма ГД „Гранит“ АД Скопје освои уште еден странски пазар. Менаџментот на компанијата деновиве потпиша договор за изградба на 20.8 километри автопат во Полска. Вредноста на проектот изнесува 156.345.822 евра, а рокот за изведба на целиот објект е 24 месеци. Како што информираат од „Гранит“, оперативата ќе биде ангажирана на изградба на делницата од Бжешко до Вјешкославице, која е дел од автопатот А-4, кој ја поврзува Полска со Германија и со Украина. Автопатот ќе биде од А-класа со две насоки на движење. Во секоја насока ќе има по две ленти за одвивање на сообраќај и плус трета лента за застанување. По должината на сообраќајницата ќе има повеќе објекти, како мостови, натпатници, потпатници и клучки, што придонесува за зголемување на вредноста на целиот проект.

Инаку, „Гранит“ ја доби работата во Полска на јавен тендер на кој настапи во конзорциум со локалната компанија НДИ. Конзорциумот победи во исклучително силна конкуренција од повеќе домашни фирми, но и неколку интернационални реномирани градежни компании, како што се австриските „Алпине бау“ и „Штрабаг“, потоа „Драгадос“ од Шпанија, ЈиП, „Авакс“ од Грција, МСФ од Португалија и други.

Деновиве во Полска веќе почнаа подготовките околу организацијата на градилиштето. Таму веќе се пристигнати првите луѓе од „Гранит“, кои ќе се грижат за организацијата, а се носи и опремата потребна за изведба. На почетокот се планира на градилиштето да работат околу 200 работници, а во екот на најголемите активности ќе бидат ангажирани во просек околу 300 луѓе. Компанијата има рок од 28 дена да ги заврши подготовките и да почне да работи. Веќе во март и официјално ќе се стартува со изградбата на новиот автопат во Полска. (Б.А.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0A020B08A0A33047AA8BDD2811268969


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Mar-2010 at 00:23
НА СТРАНСКИ ТЕНДЕРИ
Градежништвото без поддршка

Елена Костовска

Македонските градежни компании не можат да учествуваат на големи јавни огласи во странство бидејќи не можат да обезбедат банкарска гаранција. Банките во Македонија се ограничени на 25 проценти од гарантниот капитал, што на компаниите им создава проблем при учество на поскапи странски тендери. Со сегашните гаранции тие се ограничени на земјите во регионот.
- Банкарските гаранции се често ограничување да се јавиме на одредени тендери. Досега некако го решаваме тој проблем. Работиме само со банките што се признаени надвор - вели Страшо Милковски, директорот на „Гранит“.
Во градежната компанија велат дека за да учествуваат на јавните огласи им се потребни гаранции што се движат од 18 до 28 проценти од вредноста на проектот.
- Вкупниот капитал на сите банки во земјава изнесува меѓу 300 и 400 милиони евра што значи дека при искористување на максималниот лимит кај сите банки може да се обезбеди максимум кредитна рамка од 100 милиони евра што може да покријат договори во вредност од 400 милиони евра. За да се обезбеди оваа гаранција е потребен залог од 100 милиони евра, што компаниите не можат да го обезбедат - вели Софија Митрова, одговорната за банкарски гаранции во „Гранит“.
Според неа, за повисоки банкарски гаранции е потребно да се зголеми законскиот лимит на банките.
Во Македонско - руската комора велат дека македонски компании може да учествуваат на јавни огласи за проекти од градежништвото со банкарска гаранција обезбедена од странска банка. Според економскиот аналитичар Сем Вакнин, пак, македонски градежни компании имаат доволно искуство да ги добијат јавните огласи во ЕУ на кои може да учествуваат земји што не се членки, но немаат доволно финансиски капацитет.
- Проблемот со македонските банки е што тие не се вистински поддржувачи на стопанството, не сакаат да даваат гаранции и работат само со депозити и со сигурни државни обврзници. Затоа државата треба да помогне. Во сите земји државата дава гаранции за големи проекти, односно, постои гарантен фонд што ги поддржува компаниите што работат во странство - вели Вакнин.
Во банките велат дека висината на кредитната поддршка на одредена компанија е директно условена од обемот и од резултатите од работењето на компанијата, како и од кредитната политика на банката.
- Одлуката дали банката ќе обезбеди поддршка во вид на кредити и на гаранции на одредена компанија, меѓу другото, зависи од нејзините финансиски резултати, редовноста во намирувањето на обврските, анализа на тековните проекти и опременост со градежна механизација - велат во Комерцијална банка.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1980&ArticleID=137310


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 05-Apr-2010 at 23:08

Во Европа градат, во Македонија крпат дупки

Во Македонија моментално се градат само 7 километри автопат, а се' друго е реконструкција на патиштата

Билјана Ангеловска

Најуспешната македонска градежна компанија „Гранит“ е на добар пат да обезбеди уште еден проект во странство, откако пред само два месеца склучи 150 милионски договор за изградба на 20 километри автопат во Полска. И овој проект е во Полска, но тој е многу потежок и има вредност од 240 милиони евра. Станува збор за друга делница од истата траса на големиот автопат А4, кој ја поврзува Полска со Германија и Украина. Ако „Гранит“ успее да го добие и овој тендер, тоа практично, ќе биде најголем успех на една македонска компанија остварен на странски пазар, бидејќи ќе обезбеди работа за 400 милиони евра, со што ќе ја ангажира оперативата за наредните две до три години. Во „Гранит“ веруваат дека нема да има никакви пречки да се добие работата, бидејќи компанијата е првопласирана според сите барани критериуми, а од друга страна, на тендерот настапува во конзорциум со домашна, полска фирма.

И додека оперативата на „Гранит“ ќе има полни раце работа, за другите градежни работници тоа не може со сигурност да се каже. Сигурната иднина за работниците на „Гранит“ ја гарантира обезбедената работа надвор од Македонија, а не отворените градилишта дома. Навистина, во последниот период на домашен терен има неколку фронта за работа на градежниците, но тоа се, пред се', објекти од високоградбата, додека на полето на инфраструктурата многу малку се вложува.

Опозицијата ја обвини државата дека не прави речиси ништо за да ја подобри сообраќајната мрежа. „Патната инфраструктура во земјата е пред колабирање. Секојдневно се случуваат одрони, свлечишта, дупки по патиштата. Реалноста е дека немаме ниту инвестициони активности по двете круцијални патни артерии, Коридорите 8 и 10, ниту пак имаме било какво одржување на постојната магистрална и регионална патна мрежа. Агенцијата за патишта, иако располага со буџет од околу 100 милиони евра годишно, во последните четири години не успеа да направи ниту еден километар автопат. Тоа досега не се памети во историјата на оваа државна институција“, коментира опозициската СДСМ.

Се чини дека, сепак, најлошо е што нема ни оптимистички најави дека наскоро би можел да се реализира некој поголем и позначаен инфраструктурен проект. Се' што се најавува дека ќе се работи тоа се само реконструкции, или изградба на регионални патишта. Изградба на сообраќајници од највисок ранг, автопати, нема. Единствено на што моментално се работи, проект почнат уште лани, а кој би требало да биде завршен до крајот на оваа година, е изградбата на седум километри автопат, делот од Коридорот 10 од Табановце до Куманово.

Од овој паневропски коридор ќе остане неизграден делот од Демир Капија до Смоквица, долг 27 километри, за кој, според информациите од Агенцијата за државни патишта моментално се изработува главниот проект. Засега нема најави дека наскоро ќе почне да се гради некоја делница и од Коридорот 8. Таму, се' уште се во тек постапки за експропријација на земјиштето долж трасата. А и самата изградба на делниците од овој коридор, според планот на Владата, ќе биде изведена преку нивно издавање под концесија при што концесионерот ќе треба да го изгради автопатот.

Се' останато што се гради од патната инфраструктура во државава, всушност, се патишта од пониска категорија, магистрални и регионални патни правци со релативно мала должина, додека сите други активности се сведуваат на реконструкција и санација. Така, според последните информации од Агенцијата за државни патишта, деновиве ќе се избираат изведувачи за санација на свлечиштата во Сопиште и кај Ресен, коишто се појавија по обилните врнежи во текот на изминатиот период. Со заем од Светска банка, во висина од 70 милиони евра во тек е рехабилитација на 11 регионални делници со вкупна должина од околу 280 километри, а ќе се работи и на поправка 61 локален пат.

Од регионалните патишта, најдолг е патниот правец Макази - Долно Дупени, граница со Грција со 37,5 километри, потоа Р’жаничино - Свети Николе, кој има 35,8 километри, правецот Лакавица - Неготино со 33,4 километри и Струмица - Нов Дојран - граница со Грција со должина од 31,13 километри. Останатите регионални патишта се со помали должини, од 13 до 26 километри.

Она што се гради како нова сообраќајница, пак, се многу мали делници од локално значење, како што се патот за Порече во должина од 8,4 километри, делницата од 17 километри до Ски-центарот на Кожуф и 10 километри долгиот пат од Радовиш до Струмица. Тука треба да се спомене и обиколницата на Охрид, која ќе биде од рангот на магистрален пат.

За разлика од Македонија, пак, во соседството се градат автопатишта. Така, во последниве неколку години Албанија изгради 170 километри автопат, во изминатиов период интензивно се гради и во Косово автопат од Приштина кон Пеќ и Албанија, додека Србија ја завршува изградбата на своите делници по Коридорот 10. Овој наш сосед не застанува тука. Владата на Србија планира во наредната година да почне шест нови патни правци, сите од рангот на автопати, за што ќе бидат издвоени 1,5 милијарда евра, а средствата ќе бидат обезбедени од продажбата на „Телеком“.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=0348A65055DCAC4B93B6DBAAEC6AFF24 - http://utrinski.com.mk/?ItemID=0348A65055DCAC4B93B6DBAAEC6AFF24



Posted By: axel
Date Posted: 29-Apr-2010 at 19:35

Македонската градежна оператива со повеќе договорени работи во странство во првиот квартал

четврток, 29 април 2010
 
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првиот квартал од годинава изнесува 3.083.141.000 денари, што е за 27,3 проценти повеќе во споредба со истиот период лани
 

 
 
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите три месеци од годинава македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вредност од 273.438.000 денари, или за 29,5 проценти помалку во однос на истиот период од 2009 година.

Забележан е зголемен обем и на договорените и на извршените градежни работи во Украина, додека во другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Германија, Романија, Словачка и Полска.

http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=47324


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 08-Jun-2010 at 23:57
Нови български и чужди фирми наддават за последния участък на "Тракия"



Нови български и чужди фирми, които не участваха в предишните два търга за строителството на магистрала "Тракия", се включиха в надпреварата за последния участък от Ямбол до Карнобат, който е най-дълъг и скъп за изпълнение. Общо 13 кандидати подадоха оферти, стана ясно при публичното им отваряне днес в Агенция "Пътна инфраструктура". За сравнение, в търга за отсечката от Стара Загора до Нова Загора участниците бяха 8, а в от Нова Загора до Ямбол - 11.

За първи път участват няколко чужди и български фирми. Това са италианската БТП - "Балдасини - Тоньоци - Понтело Конструкциони Дженерали", която се явява в съдружие с благоевградската фирма "Агромах". Словенската "Приморие" пък участва заедно с унгарската "Евроасфалт". Словенската компания прави пречиствателната станция на Балчик, като проектът се реализира по програма ИСПА и е на стойност 22 млн. евро. За първи път се включва в търга и азербайджанската "Азвирт". На предишния участва най-голямата строителна компания от бившата съветска република - "Азеркорпу". "Азвирт" е основана през 1995 г. и е специализирана в строителството и реконструкцията на пътища, магистрали и самолетни писти. Компанията е участвала в строителството на три летища в Азербайджан, сред които и международното, носещо името на бившия президент Гайдар Алиев, както и в изграждането на участък от магистралата "пътя на коприната".

Нов партньор е избрала за последния участък и хърватската "Конструктор". Този път тя залага на софийската "АБС - Асфалт Бетон", която е специализирана в производството на асфалтови и бетонови смеси, но има опит и в реконструкцията на пътища по проекти по програма ФАР, както и ремонт на общински улици. Двете компании участват под бранда "АБДСКИ - Тракия Лот 4". На търга за отсечката от Стара Загора до Нова Загора хърватите участваха заедно с "Пътни строежи", Пловдив, която е част от "Холдинг Пътища", а на следващия търг за участъка от Нова Загора до Ямбол се явиха заедно с разложката "Балканстрой", като останаха на второ място в класирането.

"Балканстрой" също участва, но този път е предпочело за съдружник най-голямата македонска строителна компания "Гранит". Тя е строила обекти и в България. Преди десетина години "Гранит" даде и най-ниската цена на търга за строителството на участъка от Даскалово до Дупница, но беше предпочетена друга македонска фирма. "Гранит" е основана през 1947 г., като в момента е собственост на работещите в нея според сайта й в интернет. Годишният оборот на компанията е около 200 млн. долара. Изградила е над 700 км магистрали и над 3000 км пътища.

Останалите участници в търга са същите като при предишните два. Австрийските "Щрабаг" и "Алпине", както и гръцката "Актор", която спечели предишния лот, отново участват самостоятелно и за последния участък на "Тракия". Гръцката "Терна" играе отново с пловдивската "Сиенит", а испанската "Рубау" с българската "Пътстрой".

След като пропусна предишния търг, този път строителят на участъка от Стара Загора до Нова Загора "Магистрали Трейс" е подало оферта с печелившата комбинация от фирми - "Трейс груп", Пи Ес Ай, "СК 13 холдинг", "Пътно строителство", Добрич, и "Виастройинженеринг", с които строи участъка от Стара Загора до Нова Загора.

"Холдинг Пътища" този път участва в нова конфигурация от компании в сравнение с предишните два търга. Под бранда "Тракия ІV" са обединени общо девет български компании. Това са пет фирми, които са част от "Холдинг Пътища", заедно с хасковската "АБ", благоевградската "Галчев" и търговищката "Пътстройинженеринг Т".

Под името "Български автомагистрали - Кабиле" отново участва консорциумът от четири български компании - "Главболгарстрой Инфраструктурно строителство", "Автомагистрали Черно Море", Шумен, "Пътстрой 92" и "ИСА 2000". Те останаха на трето място в търга за участъка от Нова Загора до Ямбол, а на този от Стара Загора до Нова Загора бяха декласирани.

Изненадващо турската компания "Доуш", която игра на предишните два търга, но беше отстранена заради пропуски в докумунтацията, този път не е подала оферта. Турците построиха обаче участъка от Карнобат до Бургас.

Отсечката от Ямбол до Карнобат е дълга 47.7 км. Прогнозната й стойност е 146 млн. евро. Финансирането е по оперативна програма "Транспорт" със средства от Кохезионния фонд на ЕС. Плановете са строителството да започне през септември, каза Божидар Йотов, председател на управителния съвет на Агенция "Пътна инфраструктура"



-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: axel
Date Posted: 13-Jul-2010 at 18:10

Гранит зема 23 милиони евра кредит од Комерцијална Банка

Градежната компанија Гранит земала револвинг кредит вреден 23,2 милиони евра. Тоа е 46,4 проценти од книговодствената вредност на имотот, стои во соопштението на сајтот на македонската берза.

Кредитот Гранит ќе го користи во најголем дел за обезбедување на банкарски гаранции и за веќе преземени и следни преземања на работи во земјата и странство. Како залог за кредитот, компанијата ги ставила под хипотека управна зграда и хотелот во Скопје, деловен објект во Битола,стопански комплес во Каменица, хотел во Охрид, деловен објект во Делчево како и дел од градежна механизација и товарните возила.
13.07.2010, 17:51
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=62719


Posted By: axel
Date Posted: 10-Aug-2010 at 23:26

Македонските градежници ги шират активностите во странство

Автор: http://www.makfax.com.mk/_user/51/profile - Александар Поповски
10 август 2010, 16:05
Извор: Макфакс
Скопје

Македонските градежници во првото полугодие од годината успеале да договорот на странските пазари зделки во вкупна вредност од 3,14 милијарди денари (51,1 милиони евра).

Ова, според податоците на Државниот завод за статистика, претставува пораст од 7,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Ваквата состојба се должи на зголемениот број на градежни работи во Украина, додека на останатите пазари е регистрирано намалување на обемот.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 737 милиони денари (близу 12 милиони евра) што е за 46,2 отсто помалку во споредба со лани, се наведува во соопштението. /крај/со/ап/

http://www.makfax.com.mk/_home/home#113645


Posted By: axel
Date Posted: 19-Aug-2010 at 09:14

http://www.biznis24.com.mk/node/9915 - АДИНГ ќе гради на коридорот „Западна Европа – Западна Кина”

Нов пробив на македонската компанија во Казахстан

http://www.biznis24.com.mk/node/9914">ading
Македонската фирма АДИНГ деновиве склучи договор вреден повеќе од четири милиони евра, за проектот „Автопат - Тараз” во Казахстан. Станува збор за автопат во јужноказахстанската област Тараз, во должина од 57 километри, кој е дел од меѓународниот транзитен коридор „Западна Европа – Западна Кина” и е проект на Владата на Казахстан, потпомогнат од Светска банка.
На пазарот на оваа природно богата и далечна евроазиска земја, АДИНГ е присутен повеќе од 15 години, и има учествувано на повеќе значајни инфраструктурни проекти.
Договорот е склучен со казахстанската градежна компанија К-Дорстрои и претставува дел од нивниот договорен ангажман со вредност поголема од 135 милиони евра. Договорениот рок за изведба на работите е 10 месеци, или до крајот на 2011 година, со предвидени паузи во зимскиот период.

Конкретно, АДИНГ ќе учествува во контролата на изработка и вградување на цементно-бетонски коловоз, со примена на АДИНГ-ови материјали и адитиви. Во меѓувреме, отпочнати се подготовките за проектот и е формиран тим за негова реализација. На изведбата ќе работат околу 60 лица, од кои, од Македонија ќе бидат ангажирани околу 20 лица. Дел од нив се градежни инженери, технолози, архитекти и ќе работат како раководители на проектот, проект-менаџери и контролори при изведбата, а другиот дел се управувачи на градежни машини (бетонски финишери, секачи...)

Инаку, АДИНГ е водечка компанија во Југоисточна Европа за производство на хемиски производи за градежништвото, основана во 1969 година. Позиционирана во Скопје со својот најголем производствен капацитет и со својата матична фирма, Адинг денес извезува преку 90 производи во повеќе од 13 земји во регионот, на Блискиот исток и Азија.
Освен во Македонија, АДИНГ сопствено производство организира и во погонот во Бугарија и Казахстан, а наскоро со производство ќе започне и фабриката во Техеран, во Иран каде што веќе се пласира дел од производната програма на АДИНГ.

Со повеќе од 160 вработени, од кои 40 отсто се инженерски кадар (градежни инженери, архитекти, технолози и хемиски инженери), АДИНГ повеќе од 40 години успешно го следи своето мото, да се биде „состојка на секоја градба”.

http://www.biznis24.com.mk/node/9915


Posted By: axel
Date Posted: 18-Sep-2010 at 08:45
Гранит“ бара уште шест милиони евра од Косово

Дебар, 17 септември 2010 (МИА) - Македонската градежна компанија „Гранит“ упатила барање до највисоките косовоски инситуции, до претседателот Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи, како и до раководството на аеодромот во Приштина, за исплата на шест милиони евра, пренесува порталот „Журнал“.

„Гранит“ од Косово бара да му се плати за извршените градежни работи на приштинскиот аеродром во 2008 и 2009 година.

Според порталот „Журнал“, раководството на аеродромот ги отфрлило сите досегашни жалби на компанијата. де/хс/ 19:15

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=77013501&lId=1&pmId=501


Posted By: axel
Date Posted: 29-Dec-2010 at 20:22
Македонските градежници го градат патот на свилата ading_kazakstan_thumb.jpgКомпанијата АДИНГ изведувач на реконструкцијата на меѓународниот транзитен коридор „Западна Европа - Западна Кина“. Компанијата е вклучена во изградбата на цементно-бетонски коловоз на автопатот со ширина од 2 x 9.25 м и дебелина на бетонскиот слој од 25 см. Вкупна должина на двете ленти кои треба да се изведат е околу 44 км. Во период од само 2 месеца (октомври и ноември оваа година) се направени вкупно 13,5 км од страна на АДИНГ.

Работите што ги прекина зимата, ќе продолжат напролет. Градилиштето е на југот на земјата, во Жамбилската област која се наоѓа во близина на градот Тараз. Градиме и реконстуираме пат кој поминува преку целиот Казахстан и e долг повеќе од 2000 километри. Проектот се финансира со кредит од Исламската банка за развој. Тимот е интернационален, покрај неколкуте екс Ју експерти, има Французи, Американци, Германци" , вели Златан Ѓурѓиќ, дипл.град.

 

Повеќе во број 147/148.

  http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2788&Itemid=122

ading_kazakstan.jpg




Posted By: axel
Date Posted: 03-Feb-2011 at 14:02
МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ И РАБОТНИЦИ СЕ ВРАЌААТ ОД СОСЕДСТВОТО
Градежниците ја губат работата во странство

Елена Костовска


Македонските градежни компании го губат пазарот во земјите во регионот, а слободните градежни работници масовно се враќаат дома поради намалената градежна оператива, предупредуваат од Синдикатот на градежните работници. Оттаму велат дека застапеноста на македонските градежни компании во Црна Гора е сведено речиси на нула, додека во Албанија е значително намалена во споредба со периодот кога беа главни учесници на пазарот. Иако министерот за финансии Зоран Ставрески најави пораст на градежниот сектор од 4,8 проценти за годинава, во синдикатот се скептични и велат дека тоа е тешко остварливо. - Хрватска со која единствено имаме потпишано спогодба за преземање работници ја намали квотата за македонски градежници за 50 проценти. Словенија уште на почетокот на минатата година го забрани влезот на градежни работници од странство. Ние, пак, сме во фаза на потпишување меморандум со поранешните југословенски републики за заштита на градежните работници - вели Павел Трендафилов, претседателот на Синдикатот на градежниците. Во Црна Гора странските инвестиции се преполовени, за разлика од порано, кога Русите градеа на секој чекор. Македонските фирми што работат во оваа земја велат дека таму не се вложува како пред две години, кога се градеше масовно и многу се заработуваше од градежништвото. - Се инвестира, но сега во инфраструктура, патишта, водовод, се што претходно не се правеше. Под напливот на странски капитал цената на земјиштето и на недвижниот имот многу се зголеми и за некои неатрактивни локации во камениот дел над Будва земјиштето достигна цена од 600 до 700 евра за еден квадратен метар. Сега се враќа на нормалата, но и помалку се гради - вели Атанас Петров, директорот на градежната компанија „Торос“. Од другите традиционални партнери на македонските градежници, во Украина работи само една македонска компанија. Оваа источноевропска земја минатата година изградила речиси 1.000 километри пат, а за оваа година планира 1.200 километри.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика за периодот од јануари до ноември вредноста на завршените градежни работи во странство се 23 милиони евра, или за 35,9 проценти помалку од истиот период во 2010 година.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2232&ArticleID=155766


Posted By: axel
Date Posted: 10-Feb-2011 at 16:47
Лани договoрени 22 отсто повеќе градежни работи во странство од 2009-та

Скопје, 10 февруари 2011 (МИА) - Во текот на минатата година вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесуваат 3.715.596.000 денари што е за 22 отсто повеќе во споредба со 2009 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари - декември 2010 година градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 2.282.111.000 денари што е за 15,1 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период е забележан зголемен обем на договорените градежни работи во Украина, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Германија, Романија, Словачка, Полска, Словенија, Холандија, Италија и Австрија.скс/са/13:20

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=81055766&lId=1&pmId=504


Posted By: axel
Date Posted: 14-Feb-2011 at 11:57

Гранит АД - ценовно чувствителна информација

14.02.2011 | Автор: Сеи Нет

Македонско полскиот конзорциум ГД Гранит АД и НДИ Со(изведувач) писмено ја извести Генералната Дирекција за национални патишта и автопати (ГДНПиА-инвеститор) дека сака да го раскине договорот по вина на ГДНПиА-инвеститорот. Согласно договорот, доколку не дојде до спогодба помеѓу изведувачот и инвеститорот, во рок од 14 дена од предавањето на вакво известување откажувањето формално стапува во сила.

http://daily.mk/cluster3/47762c1ec1d6829c7a965349cf6b8d28/595359


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Feb-2011 at 14:05


За која држава се работи?


Posted By: axel
Date Posted: 14-Feb-2011 at 14:37
pa mislam deka polska tamu granit rabotese na izgradba na avtopat


Posted By: axel
Date Posted: 21-Feb-2011 at 23:30

СРПСКИТЕ И ХРВАТСКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ ВО ПОХОД НА РАБОТИ ОД НЕКОЛКУ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ


Македонската оператива постепено се враќа на странските пазари


Градежниците од поранешните ју-републики прават напори за заедничко учество на големи инфраструктурни проекти во Либија, Алжир, Иран, Русија и поранешните советски републики. Тоа се големи инвестициски проекти што ќе бидат градени во наредните 10 до 15 години


Градежниците од поранешните ју-републики прават напори за заедничко учество на големи инфраструктурни проекти во Либија, Алжир, Иран, Русија и поранешните советски републики. Тоа се големи инвестициски проекти што ќе бидат градени во наредните 10 до 15 години. Вредноста на тие работи ќе бидат и до неколку милијарди долари, а реализацијата ќе почне во првата половина од оваа година.

За таа цел денеска во Стопанската комора на Србија во Белград ќе се одржи состанок на кој ќе бидат присутни претставници на најголемите градежни компании и тоа 21 компанија од Хрватска и 23 од Србија. Тие ќе разговараат како здружени, српските и хрватските градежници да можат полесно да дојдат до банкарски гаранции за големи градежни работи на кои директно ќе работат неколку илјади градежни работници и над десетина илјади вработени во фабрики од придружните дејности.

-Големите странски инвеститори, посебно од Алжир, Либија, Русија и поранешните земји од Советскиот Сојуз, бараат поранешната југословенска оператива повторно обединета да најде место на тие пазари. Хрватите ги повикуваме да заедно со нас настапат на трети пазари бидејќи и кај двете страни ни фали занатска елита: добри инженери, мајстори. Заеднички можеме таквите големи потфати да ги завршиме до крај - велат од Стопанската комора на Србија.
Се очекува српските и хрватските градежници да се договорат околу заедничкиот настап во регионот и споменатите земји на деловно-станбени објекти, хидроградба, изградба на патишта, болници, трговски центри и други објекти.

Марија Петровска од Стопанската комора на Македонија вели дека во скоро време треба да се одржи слична средба на претставници на македонските и српските градежни компании за вклучување на нашата оператива во изградба на големи инфраструктурни проекти на странски пазари.
-Македонски градежни компании и сега настапуваат на одредени проекти заедно со српски, хрватски, украински и полски компании. На пример, "Бетон" работи во Србија и соработува со тамошни градежни компании, а "Гранит" со украински и полски фирми. Значи, и сега се соработува со фирми од поранешните ју-простори, но само онаму каде има заеднички интерес - вели Петровска.

Павел Трендафилов од Синдикатот за градежништво и проектирање при ССМ смета дека македонската градежна оператива постепено се враќа на странските пазари. Според него, со искуството што го поседува македонската оператива и квалитетот на изведените работи во изминатиот период, се гаранција дека нашите градежници ќе дадат голем придонес во евентуалните заеднички настапи со компании од поранешна Југославија на африканскиот пазар и државите од Блискиот Исток каде претстојат големи инфраструктурни зафати. Алжир планира во наредниот период во инфраструктурни проекти да вложи околу 100 милијарди долари, Либија 50 милијарди, Иран 70 милијарди, а поранешните советски републики и Русија над 100 милијарди долари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2010 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство надминала скромни 3,7 милијарди денари (60,4 милиони евра). Лани градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вредност од над 2,2 милијарди денари (37,1 милиони евра).

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4DDBC6D13011954ABE59AF13392BB9F6


Posted By: axel
Date Posted: 29-Apr-2011 at 16:54
Извршени градежни работи во странство, I тримесечје 2011

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-март 2011 година, вкупната вредност на извршените градежни работи во странство изнесува 273 775 илјади денари што е за 7.8% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство договорила градежни работи во вкупна вредност од 1 602 444 илјади денари што е за 52.1% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во наведениот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Хрватска, Романија, Украина и Косово, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Австрија и Холандија.

http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=4


Posted By: axel
Date Posted: 29-Jul-2011 at 12:34
Соопштението е од областа: Градежништво


Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

петок, 29 јули 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни 2011 година, вкупната вредност на извршените градежни работи во странство изнесува 1 004 352 илјади денари што е за 25.5% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
 
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство договорила градежни работи во вкупна вредност од 1 633 233 илјади денари што е за 52.1% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
 
Во наведениот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Хрватска, Албанија, Украина, Германија и Романија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Австрија и Франција.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=52


Posted By: axel
Date Posted: 28-Oct-2011 at 12:46
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=52 - http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=52
Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

петок, 28 октомври 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-септември 2011 година, вкупната вредност на извршените градежни работи во странство изнесува 1 703 523 илјади денари што е за 8.9% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
 
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство договорила градежни работи во вкупна вредност од 2 027 279 илјади денари што е за 48.9% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
 
Во наведениот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Словенија, Албанија, Хрватска, Италија и Украина, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Црна Гора и Франција.




Posted By: build.mk
Date Posted: 28-Oct-2011 at 23:14
Македонските градежници ги губат странските пазари

Македонската градежна оператива бележи значителен пад на договорените градежни проекти во странските држави во периодот јануари – септември 2011 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, македонските градежници во странство договориле работа во вредност од 2.027.279 илјади денари, што е за дури 48,9% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Намалувањето најмногу се чувствува кај државите Полска и Украина, во кои се бележи пад на склучените градежни работи од преку 1.800.000 илјади денари. Ваквите статистички информации покажуваат дека нашата градежна оператива во наредните месеци ја очекува помала активност во странство која ќе мора да ја надополни со договори на домашен план.

 

Спротивно на оваа ставка, градежниот сектор бележи пораст на извршените работи во странство за истиот период. Во наведениот период вкупната вредност на завршените проекти изнесува 1.703.523 илјади денари, што е за 8,9% повеќе во споредба со истиот период лани. Идентично како во 2010 година, македонските компании успеале да ги задржат традиционалните пазари како што се Украина и Хрватска, каде истовремено успеале двојно да ја зголемат вредноста на имплементираните градежни зафати. Македонското градежништво успеало да придобие нови пазари (Франција и Хрватска), но истовремено и да ги изгуби постоечките држави (Полска и Словачка) во кои работеле на значително поголеми проекти.





Извор: Државен завод за статистика





Извор: Државен завод за статистика




Бојан Блажевски

../?p=10275 - http://www.build.mk/?p=10275


Posted By: axel
Date Posted: 25-Jan-2012 at 12:06

Дали градежниците ќе земат дел од 250 милијарди евра вредни проекти во странство?

Дејан Азески
Иако македонските градежни компании повеќе од половина век се меѓу најзастапените на пазарите во Русија, Украина и на Блискиот Исток, во клучниов момент, кога овие земји најмногу се градат, нашите градежници ги нема

Традиционалните пазари на македонските градежни компании - Либија, Украина, Русија, Полска - моментално се наоѓаат во најголема градежна експанзија во последните 30 години. Повеќе од 250 милијарди евра се планира да се вложат во изградбата на овие четири земји за само неколку години. Европското фудбалско првенство Украина-Полска 2012 година, Зимските олимписки игри во Сочи 2014 година и обновата на Либија по падот на Гадафи се најголемите градежни зафати кои се изведуваат во поширокиот регион, а сите тие земји се поранешна Мека за македонските градежници.

Стадиони, патна инфраструктура, сместувачки капацитети, аеродроми, железнички пруги, телекомуникациски врски се дел од проектите кои треба да ги реализираат Русија, Украина и Полска за да ја спроведат огранизацијата на спортските настани. Според грубите проценки на организаторите, 37 милијарди евра ќе чини Европското првенство во Фудбал во Полска и Украина. Олимписките игри во Сочи пак, ќе бидат едни од најскапите, чија цена веќе надмина неколку десетици милијарди евра. По воени судири штетите во Либија се проценуваат на неколку стотици милијарди евра.

Македонските градежници, кои во последните неколку години сè повеќе се повлекуваат од странските пазари, се внимателни во изборот на тендерите на кои учествуваат поради неможноста да ги исполнат бараните услови и поради големиот ризик.

Трајко Трповски, извршен директор на Бетон, вели дека македонските компании играат претпазливо поради лошото искуство што го имаат од долгодишната соработка со овој регион.

„Либискиот пазар сè уште е премногу ризичен, на рускиот пазар е неисплатливо поради напливот на работници од земјите од ЗНД, а во Украина и во Полска градежните работи се при крај бидејќи првенството е оваа година“, вели тој.

Еден од последните големи проекти на македонските градежни компании кои беа одложени поради кризата е железарницата, која во Русија во 2008 година заедно со украински партнер требаше да почне да ја гради Бетон. Како што велат оттаму, кризата го натерала украинскиот партнер да ја одложи инвестицијата во 2009 година за подобри времиња.

Банкарските гаранции пак, кои се услов за добивање работа на секој голем тендер, многу често се недостижни за македонските градежници. Само за лицитацијата се бара банкарска гаранција од минимум 3% од вкупната вредност на проектот. Минималната гаранција за навремено и добро извршување е 10% од вкупната вредност, а кај големите проекти вообичаено се додава и по 20% аванс. Како можно решение се споменува турскиот пример, каде што државата порано обезбедувала 20% од вредноста на проектот, што е еден вид директна субвенција на градежништвото за настап на странските пазари.

Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Стопанска банка, смета дека гаранциите се условени од финансиските биланси на компаниите и дека тука треба да се лоцираат проблемите.

„Ниедна банка нема да направи проблем за каква било банкарска гаранција доколку подносителот на барањето настапи со позитивни биланси. Единствено државата, како носител на економската политика, може да одлучи да ги помага градежниците. Банките работат по строгите принципи на пазарната економија“, вели Бишев.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/79191/dali_gradezhnicite_kje_zemat_del_od_250_milijardi_evra_vredni_proekti_vo_stranstvo_.aspx?iId=2562



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jan-2012 at 16:01


Во Либија после Гадафи важат поинакви правила и веројатно обновата ќе ја вршат некои други момци, барем така претпоставувам.

Евротското фудбалско првенство во Полска и Украина е за пола година, на потенцијалните зделки поврзани со него требало да се мисли пред 3-4 години.

И олимпијадата во Сочи, барем што се однесува до времето потребно за подготовка и изградба на проектите, е веќе зад ќошот. Веројатно сеуште има простор да се ќари нешто, но треба да се реагира брзо.


Posted By: axel
Date Posted: 31-Jan-2012 at 12:46
Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

вторник, 31 јануари 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2011 година, вкупната вредност
на извршените градежни работи во странство изнесува 2 203 566 илјади денари што е за 11,0% помалку во споредба со
истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство договорила градежни работи во
вкупна вредност од 2 459 242 илјади денари што е за 39,0% помалку во споредба со истиот период од претходната
година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Албанија, Словенија, Хрватска
и Украина, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Црна Гора и Франција.
Вредносните податоци за периодот јануари - декември 2011/2010 година се дадени врз база на паритет 1 САД долар =
46,314 денари.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=52


Posted By: axel
Date Posted: 07-May-2012 at 17:18
Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

понеделник, 07 мај 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-март 2012 година, вкупната вредност на извршените градежни работи во странство изнесува 66 356 илјади денари што е за 76.4% помалку во споредба со истиот период од претходната година.


Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство договорила градежни работи во вкупна вредност од 189 356 илјади денари што е за 88.5% помалку во споредба со истиот период од претходната година.


Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Холандија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Италија и Франција.


Вредносните податоци за периодот јануари - март 2012/2011 година се дадени врз база на паритет 1 САД долар = 47.5346 денари.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=52



Posted By: axel
Date Posted: 22-Jul-2012 at 08:05

Konzorcijum “Granit – Integral inženjering” najpovoljniji

Objavljeno: Jul 21. 2012. 21:12

http://www.capital.ba/konzorcijum-granit-integral-inzenjering-najpovoljniji/#"> BANJALUKA, Ministar saobraćaja i veza Republike Srpske Nedeljko Čubrilović potvrdio je da je konzorcijum koji čine “Integral inženjering” iz Laktaša i “Granit” iz Skoplja dostavio najpovoljniju ponudu za izgradnju dionice autoputa od Prnjavora do Doboj vrijednu 180 miliona evra.

Čubrilović je naveo da je za gradnju ove dionice autoputa stiglo šest ponuda koje se kreću od 180 do 287 miliona evra, te se nada da će na jesen biti raspisan tender za gradnju.

On je naveo da je Evropska banka za obnovu za razvoj spremna da na kreditnoj osnovi finansira budućeg koncesionara za gradnju dijela Koridora “Pet ce” i da će ta procedura biti poznata u septembru.

Čubrilović je potvrdio da je za gradnju autoputa Banjaluka – Glamoč prema Splitu stigla ponuda jedne kineske kompanije koja će ovih dana dobiti odgovor. “Mislim da nije vrijeme za neku veliku priču o tome jer je takvih ponuda bilo i do sada”, rekao je Čubrilović za Alternativnu televiziju.

Tokom jučerašnje posjete Zagrebu sa premijerom Srpske Aleksandrom Džombićem, Čubrilović je rekao da su precizirali aktivnosti gradnje mosta preko rijeke Save kod Gradiške i da je građevinska dozvola u procesu izdavanja.

“Hrvatska strana je obezbijedila finansijski dio sredstava i od 1. januara 2013. spremna je da finansira svoju polovinu mosta i dionicu puta od mosta do autoputa Beograd – Zagreb”, rekao je Čubrilović koji se nada da je ovaj dogovor definitivan i da nijedna strana više neće odstupati od toga. Srna

http://www.capital.ba/konzorcijum-granit-integral-inzenjering-najpovoljniji/



Posted By: BOJAN
Date Posted: 22-Jul-2012 at 11:18
Не ми е јасно како тоа стигнале понуди за изградба на автопатската делница, а во септември ќе биде распишан тендер за автопатот?

Во секој случај, во каква лоша состојба е македонското градежништво во странство, на една ваква зделка би требало да и се радуваме.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Aug-2012 at 12:53
Од вчера
Дебакл на македонските градежни компании на странските пазари

Речиси е сигурно дека актуелната 2012 година ќе биде најлоша за македонските градежни компании во однос на настапот на странските пазари. Државниот завод за статистика денеска ги соопшти податоците, според кои вкупната вредност на извршените градежни работи во странство во првата половина на 2012 година изнесува 152.463.000 денари (2,48 милиони евра) што е за 85,2% помалку во споредба со истиот период лани. Огромно намалување е забележано и кај договорените градежни активности на пазарите надвор од земјава, при што фирмите од овој сектор успеале да склучат договори во вредност од 275.463.000 денари (4,48 милиони евра) што е за 83,6% помалку во споредба со првите шест месеци од 2011 година.

 

Публикуваните бројки укажуваат дека во наредните неколку месеци нема простор за оптимизам на ова поле. Статистичките информации ги поткрепуваат досегашните тврдења дека македонските градежници работат исклучиво на домашниот пазар, опстојувајќи од зделки кои се најчесто склучени со државните институции или со локалните самоуправи. Во прилог на ова се и склучените договори на најголемите македонски компании од овој сектор – „Гранит“ и „Бетон“ од Скопје, во чии извештаи доставени до Македонската берза не можат да се сретнат проекти кои во последниве месеци се договорени за изведба во странство.

 

Единствена надеж за подобрување на состојбата на странските пазари е најавата од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), која се согласи да го додели договорот за изградба на 37 – километри долгиот автопат од Прњавор до Добој во Република Српска, на конзорциумот сочинет од босанската компанија „Интеграл инженеринг“ и скопски „Гранит“. Првата делница на планираниот автопат од Бања Лука до Добој ќе чини 180 милиони евра. Статистичките податоци покажуваат дека во текот на минатата година http://www.build.mk/?p=12248 - извршените градежни работи надвор од земјава од страна на македонските фирми опаднале за 11%, додека договорените се намалиле за дури 39% во споредба со 2010 година .


http://www.build.mk/?p=17574 - http://www.build.mk/?p=17574


Posted By: Max
Date Posted: 10-Aug-2012 at 13:52

па добро што очекуваа дека мазгата секоја година ќе може да ја товарат исто, нормално е да олабаи и таа некогаш, но тоа мислам не е бидејќи неможе веќе колку што има поспретни и побрзи играчи кои на крај пак неа ќе ја ангажираат ко подизведувач, едно време имаат проблем со гаранцијата, потоа со капацитетот, па на крај со портфолиото, та за бидат конкурентни за европските бирократски тендери чија цел е штитее на компаниете од унијата заради што и се бараат стандарди кои нашиве не можат да ги исполнат, ете почнаа да настапуваат здружено те во србија, те во црна гора, еве сега српска краина...

туку има ли некој абер колку се подновени со механизација, пример до неодамна имаа само една современа асфалтна база која ја користеа во Хрватска за а1 итн. ако има некој абер нека посочи скрининг на компанијата т.е. колку и како е амортизирана истата!

но освен инсајдер, ваквите информации тешко дека би ги знаел некој друг јасно бидејќи кај нас транспарентноста е мисловна именка, но не му куца од тоа магарето во гранит, имаат тие многу што друго да оправаат, ко за почеток нека ги наградат своите бивши прелажани и ограбени акционери т.е. работници, бар нека им дозволи раководството додека се живи да ги користат нејзините хотели ето зиме ако не лето т.е. секој што работел гранит мин. 10 години, а има луѓе и цел живот што го минале таму, пример со својот содружник да имаат бесплатен престој во гранитовите одморалишта јасно без пансион т.е. оброци, та може после и да им тргне работата доколку почнат нивните пензионери да го благословуваат претпријатието, кое ете иако е едно од најдобро стоечките на балканов сепак ги остави нив на цедило, арно ама тоа е цела армија пензионери та не ми се верува дека http://www.amcham.com.mk/WBStorage/Files/Saso%20Milkovski%20Granit%20441%20Kapital.pdf - Страшо со лезет би прифатил ваков пристап!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Aug-2012 at 14:31
Originally posted by Max

па добро што очекуваа дека мазгата секоја година ќе може да ја товарат исто, нормално е да олабаи и таа некогаш, но тоа мислам не е бидејќи неможе веќе колку што има поспретни и побрзи играчи кои на крај пак неа ќе ја ангажираат ко подизведувач, едно време имаат проблем со гаранцијата, потоа со капацитетот, па на крај со портфолиото, та за бидат конкурентни за европските бирократски тендери чија цел е штитее на компаниете од унијата заради што и се бараат стандарди кои нашиве не можат да ги исполнат
Нашите градежни компании не беа нешто особено присутни на ЕУ пазарот, така да очигледно не го губат него, туку пред се други пазари. Потешкотии и пречки се разбира дека има на секој пазар, но континуираниот катастрофален пад веќе делува алармантно и укажува дека капацитетот за прилагодување што го имаат нашите големи градежни компании е многу слаб. Мора што поскоро да најдат начини да бидат присутни на позначајни проекти во странство, не само од финансиски аспект, туку и од аспект на одржување на кондиција на полето на know-how.


Posted By: Max
Date Posted: 10-Aug-2012 at 14:45
во право си кај нас сме сеуште во фаза know-who наместо how, инаку европа ја издвојувам како ебрд пример на пропуштени шанси, а истото веќе важи и за цел свет, секаде бараат цврсти гаранции освен ефтини понуди, капак сега се повеќе конкуренција имаат и од азија та ако јурнат братја кинези ќе си остане гранит на газоза!

[tube]lxOQ3Dw72E8[/tube]

туку да не им фрлеше Грујо ова коскиве за глодање од и околу ск'14 може ќе ја заглаве и подебело, вака бар не се нокаутирани, не дека особено па се офајдени од дома, особено што секое расплинување го олабавува и фокусот та наместо едно а вредно ето сто проекти ко ниедно!







Posted By: gjoko
Date Posted: 10-Aug-2012 at 14:46
читав една анализа,мислам беше на Дојче Веле,која кажува дека во време на криза(рецесија),многу од државите се оринетираат кон позитивен национализам во економијата,т.е.давање на работа на домашни фирми,купување на домашни производи,работна сила тин.Во ова вероватно лежи еден дел од проблемите на нашите градежни компании во странство


Posted By: axel
Date Posted: 24-Aug-2012 at 16:04

Potpisan Ugovor o izgradnji autoputa Prnjavor-Doboj

Objavljeno: Aug 24. 2012. 16:15

http://www.capital.ba/potpisan-ugovor-o-izgradnji-autoputa-prnjavor-doboj/#"> BANJALUKA, Predstavnici Javnog preduzeća “Autoputevi RS” i konzorcijuma koji čine “Integral inženjering” iz Laktaša i “Granit” iz Skoplja potpisali su danas u Banjaluci Ugovor o izradi projekta i izgradnji autoputa Banjaluka-Doboj, dionica Prnjavor-Doboj, dužine 36 kilometara, čija je ukupna vrijednost 180 miliona evra.

Predsjednik Vlade Republike Srpske Aleksandar Džombić, koji je prisustvovao svečanom potpisivanju ugovora, rekao je novinarima da je ovaj projekat veoma značajan za Srpsku i jedan je od najvećih infrastrukturnih projekata RS.

“Moderna putna saobraćajna komunikacija preduslov je za provođenje svih sektorskih strategija, privrednog rasta i poboljšanja životnog standarda kojeg Srpska želi da ostvari u narednom periodu”, istakao je Džombić.

Osim Džombića, svečanom potpisivanju ugovora prisustvovali su i predsjednik Republike Srpske Milorad Dodik, predsjednik Narodne skupštine Igor Radojičić, predsjednik Vlade Makedonije Nikola Gruevski, i nekoliko ministara Vlade Srpske.

Ugovor su potpisali direktor “Autoputeva RS” Dušan Topić, direktor “Integral inženjeringa” iz Laktaša Slobodan Stanković i direktor skopskog “Granita” Strašo Milkovski. Srna

http://www.capital.ba/potpisan-ugovor-o-izgradnji-autoputa-prnjavor-doboj/



Posted By: axel
Date Posted: 08-Feb-2013 at 13:37
Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

петок, 08 февруари 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2012 година, вкупната
вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 5 345 324 илјади денари што е за 111.8%
повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни
работи во вкупна вредност од 928 124 илјади денари што е за 59.0% помалку во споредба со истиот период од
претходната година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија и Холандија, додека
на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Босна и Херцеговина, Швајцарија
и Србија.
Вредносните податоци за периодот јануари - декември 2012/2011 година се дадени врз база на паритет
1 САД долар = 47.5346 денари.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=52


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Feb-2013 at 02:42
Strabag i bh. firme ponudili najnižu cijenu za dionicu Svilaj - Odžak


SARAJEVO - JP Autoceste FBiH otvorilo je ponudu za izgradnju i pružanje usluga nadzora nad izgradnjom dionice Svilaj - Odžak, a u nastavku teksta donosimo vam cijene koje su dali ponuđači na tenderu za ovaj posao. Ponude za izgradnju dionice Svilaj - Odžak obuhvaćaju i izgradnju međunarodnog graničnog prelaza Svilaj. Prema Protokolu o suradnji nadležnih institucija u BiH, JP Autoceste FBiH je preuzelo obvezu izgradnje graničnog prelaza Svilaj do nivoa asfalta te izgradnju još jedne petlje za priključenje Odžaka na Koridor 5c.

Ponude za izgradnju dionice Svilaj - Odžak predale su sljedeće kompanije: Granit AD (Makedonija), JV: Viadukt d.d. (Hrvatska) i Hering d.d. (BiH), JV: Strabag AG (Austrija), Euro-Asfalt d.o.o. (BiH) i ŽGP d.d. (BiH).

Navedene kompanije ponudile su sljedeće cijene:

- Granit AD (Makedonija) - 112.905.857,10 eura
- JV: Viadukt d.d. (Hrvatska) i Hering d.d. (BiH) - 98.701.239,89 eura
- JV: Strabag AG (Austrija), Euro-Asfalt d.o.o. (BiH) i ŽGP d.d. (BiH) - 82.854.984,59 eura

JP Autoceste FBiH će, kako je priopćeno iz ovog poduzeća, analizirati kvalifikacijske i tehničke uvjete ponude na osnovu čega će donijeti odluku o najpovoljnijem ponuđaču.

Ponude za pružanje usluga nadzora nad izgradnjom spomenute dionice predale su slijedeće kompanije: JV: Mott MacDonald (Velika Britanija) - Safege (Belgija), JV: WS Atkins (Velika Britanija) – Spea Ingegneria (Italija), kao i IGH (Hrvatska), Egis International (Francuska) i Aecom Inocsa (Španija).

Direktor Autocesta FBiH Ensad Karić je istakao da je prethodna Vlada Federacije BiH i Fedaralna direkcija za izgradnju, upravljanje i održavanje autocesta za ovu dionicu predvidjela "svega 30 milijuna eura", te ovaj tender, kako je naveo, još jednom pokazuje sve manjkavosti planiranja gradnje Koridora 5C u ranijem periodu.

"Uprava JP Autoceste FBiH će izvršiti procjenu mogućnosti pokretanja ovih radova jer su još jednom cijene ponuda puno veće od planiranih iznosa, što će predstavljati problem u realizaciji", naveo je direktor Karić.


http://www.abcportal.info/clanak/strabag-i-bh-firme-ponudili-najnizu-cijenu-za-dionicu-svilaj--odzak


Posted By: axel
Date Posted: 09-Aug-2013 at 13:20
Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

петок, 09 август 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни 2013 година, вкупната вредност
на договорените градежни работи во странство изнесува 4 951 425 илјади денари.


Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни
работи во вкупна вредност од 454 540 илјади денари што е за 203.8% повеќе во споредба со истиот период од
претходната година.


Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија и Германија, додека
на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Швајцарија, Бугарија,
Либиска Арапска Џамахирија, Босна и Херцеговина и Словенија.


Вредносните податоци за периодот јануари-јуни 2013/2012 година се дадени врз база на паритетот
1 САД долар = 46.651 денари.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=52



Posted By: jyvation
Date Posted: 31-Aug-2014 at 02:06
„Гранит“ ќе го гради автопатот Бања Лука – Прњавор



Директорот на Јавното претпријатие „Автопати на Република Српска“, Душан Топиќ, изјави дека изградбата на автопатот Бања Лука – Добој, на делницата Бања Лука – Прњавор во д0лжина од 36 километри, би требало да почне во првите денови од септември.
Тендерската процедура за изградба на главниот проект и за изведување на работите беше спроведена во 2013 година. Најдобра беше оценета понудата на конзорциумот „Интеграл инженеринг “ и „Гранит“ во износ од 158 милиони евра.
Тој нагласи дека во изминатите месеци се направени сите неопходни процедури за ратификација на Меѓународниот договор за кредитирање со Европската инвестициона банка(ЕИБ), која ја финансира изградбата на оваа сообраќајница.
„Во меѓувреме ЕИБ им го уплати авансот на изведувачите на работите, конзорциумот составен од „Интеграл Инѓенеринг“ од Лакташ и и македонски „Гранит“, така што веќе нема никакви пречки за почеток на работите“ рече Топиќ.
Со истиот конзорциум во август 2012 година беше потпишан договор за изградба на автопатот Бања Лука – Добој, делот Добој – Прњавор, во вредност од 180 милиони евра.

http://www.porta3.mk/granit-kje-go-gradi-avtopatot-banja-luka-prnjavor/ - http://www.porta3.mk/granit-kje-go-gradi-avtopatot-banja-luka-prnjavor/



Print Page | Close Window