Print Page | Close Window

Фасади (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=456
Printed Date: 28-Mar-2024 at 23:19


Topic: Фасади (општо)
Posted By: Cloverstack
Subject: Фасади (општо)
Date Posted: 31-Jan-2008 at 18:59
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E3E288C112EFC1428B3612D1D8783C4B - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E3E288C112EFC1428B3612D1D8783C4B


ОД КУЌНИОТ СОВЕТ НА КУЛИТЕ ВО КАРПОШ 2 СЕ ЖАЛАТ ДЕКА СЕ ИГНОРИРАНИ

Градоначалникот Петров ги одбегнува станарите од излупените кули


Куќниот совет од вториот влез на сината кула со излупена фасада, која се наоѓа на „Октомвриска револуција“, број 10 не може да најде разбирање со општинските власти од Карпош за обнова на фасадата. Претседателот на куќниот совет, Миле Златевски, вели дека единствената причина поради која не може да се обнови фасадата е немањето комуникација со општинските власти. - Во два наврата се обидував да стапам во контакт и да бидам примен кај градоначалникот Андреј Петров, но не успеав. Комуникацијата засега се сведува само преку медиумите. Од нивните информации ние знаеме дека е донесена одлука фасадата на кулите да се обновува со пари од Општината и од Градот и тоа по половина од потребната сума - објаснува Златевски.Тој вели дека повторно преку средствата за јавно информирање дознале за новата одлука, според која за обновата на фасадите, освен Градот и Општината, треба да плаќаат и станарите, односно сите по една третина од потребното.

- Ние сме обични луѓе, во нашата зграда 70 отсто од станарите се пензионери и немаме пари за учество. Од каде да најдеме 50.000 евра, од вкупно потребните 150.000 евра за една фасада - вели Златевски.Од куќниот совет бараат средба со градоначалникот Петров за да најдат заеднички јазик. Тие би сакале да учествуваат во конкурсот за изведувач и да имаат одреден увид и влијание врз изборот.

- Иако првично одредената цена од Општината е 150.000 евра за обнова на фасадата, од кои само за поставувањето на скелето се потребни 100.000 евра, ние разговаравме со луѓе што ни потврдија дека целата работа може да се заврши и за 100.000 евра. За се' може да се договориме со Општината, но немањето комуникација е единствениот курцшлус во случајов - тврди Златевски и додава дека недоразбирањата со останатите куќни совети од кулите се надминати.Од Општина Карпош велат дека се подготвени веднаш да реновираат две од трите сини кули, што се наоѓаат на булеварот Партизански одреди, само чекаат да се усогласат куќните совети.

- Еден од куќните совети бара да стопанисува со фасадата, односно да наплатува за поставување реклами. Тогаш, зошто и тие да не учествуваат во обновата со одредена сума - велат во Општина Карпош. Според Законот за домувањето, обврската за одржување и обнова на фасадите е на куќните совети. Фасадите на сините кули во населбата Карпош 2 се комплетно руинирани и ја нагрдуваат околината во тој дел од градот.

 (А.П.)


Нема да навлегувам во другите аспекти на ова (кое патем се најавува веќе цела година), туку сакам само да се задржам на резонирањето и свеста на нашите граѓани. Според болдираните делови може да се заклучи дека:

1. Обврската за одржување на фасадата е нивна, значи тие се и одговорни за моменталното ругло.
2. Сепак не сакаат ни делумно финансиски да учествуваат во обновата.
3. Ама затоа сакаат да имаат увид и влијание во целата работа.
4. Како капак сакаат тие да стопанисуваат со фасадата како рекламен простор.

Ако е ова навистина вака, тогаш е поразително. Не знам веќе како да се работи на свеста за заеднички интерес...

Еве се согласувам дека учеството што се бара од нив е преголемо, но тоа можам да го прифатам само ако не се толку нападни во другиот дел - профитниот. Како тоа друг да инвестира, а они да печалат?

Crazy

Навистина сум изреволтиран од вакви „финти“. Не дека ради овој конкретен случај ќе пропаднеме, ама сепак пропаѓаме затоа што вакви примери има премногу...



Replies:
Posted By: Supervisor
Date Posted: 01-Feb-2008 at 14:31

Да браво за постот ова е без сомнение точно! Значи на крај сепак целта е да се заработи. Поразителни факти. Инаку се согласувам само со тоа дека и општината треба да помогне во реконструкцијата на фасадата.



-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 05-Feb-2008 at 23:27

Сепак ќе светнат кулите на Партизанска

Убавиците дочекаа дотерување


Финансиските средства ќе ги обезбедат Општина Карпош и Град Скопје, а станарите ќе партиципираат преку фирмата "Еуро кидс", која се рекламира на зградата и која за возврат ќе обезбеди бесплатни часови по странски јазици и компјутери за 50 деца од општината


Трите сини кули на "Партизански одреди" спроти бензинската пумпа на "Макпетрол" во Карпош 1, конечно ќе добијат нови фасади. Финансиските средства ќе ги обезбедат Општина Карпош и Град Скопје, а станарите ќе партиципираат преку фирмата "Еуро кидс", која се рекламира на зградата и која за возврат ќе обезбеди бесплатни часови по странски јазици и компјутери за 50 деца од општината.

Договорот паднал завчера доцнапопладне, на средбата меѓу претставници на Општина Карпош со куќниот совет на кулата број "10", на која биле расчистени сите нејаснотии што во изминатиов период ги кочеа активностите. Имено, на неколкуте барања на станарите, Општина Карпош им нудеше да им помогне ако самите партиципираат со една третина од вкупниот износ, или пак средствата да си ги обезбедат сами од издавањето на рекламниот простор. Овие опции беа неприфатливи за станарите од финансиски причини.

По средбата, претставникот на куќниот совет Александар Коневски, изјави дека е задоволен што конечно на своите соседи им соопштил добра вест.

- Многу сме благодарни што градоначалникот Андреј Петров пројави добра волја да се реши овој за нас навистина голем проблем. Ние му презентиравме дека има фирми кои фасадите ќе можат да ги изработат за цена од 40 до 60 илјади евра, што се речиси за двојно пониско од понудите кои пристигнале во Општината, така што Петров прифати и се обврза во најкус можен рок да го распише тендерот за избор на изведувачот - рече Коневски.

Реконструкцијата на надворешниот изглед на некогашните "скопски убавици", кои по катастрофалниот земјотрес беа гордост и украс на Партизанска, беше неопходна не само од естетски аспект, туку парчињата од фасадата паѓаат и се опасни за минувачите. Токму затоа, вели градоначалникот Петров, нема да се чека ниту еден ден за започнување на тендерските процедури. Ќе се распише и конкурс за идејно решение и избор на бојата на фасадата за трите кули, кои и натаму ќе останат симбол на овој дел од градот.

- Некогашните општествени станови во кулите сега се во приватна сопственост, па согласно со Законот за домување, трошокот би требало да падне на грбот на сопствениците. Бидејќи тие самите не беа во можност да издвојат толку средства, неколку пати бараа да им помогнеме во решавање на проблемот. Сега кога конечно се договоривме, можеме да очекуваме дека градежните работи ќе почнат до почетокот на април - рече Петров.

Фасадите ќе се работат истовремено на трите кули.

Извор: Вечер


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Feb-2008 at 23:43


Само да не биде некој кич. Во последната акција на Пенов за светнување на фасадите по градот, зажалив што некои објекти воопшто ги чепнаа.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 05-Feb-2008 at 23:45
Slusnav deka ke gi pravele zeleni celite ....)))))


Posted By: blejdsk
Date Posted: 05-Feb-2008 at 23:46
ZELENI


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 06-Feb-2008 at 10:51
Ејј одлична вест, само да не биде како онаа зграда во Софија што е офарбана лила и пишува „Милка„ LOL


Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Feb-2008 at 19:39
Originally posted by gotsomekicks

Ејј одлична вест, само да не биде како онаа зграда во Софија што е офарбана лила и пишува „Милка„ LOL


Подобро од ова, во секој случај...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jun-2008 at 23:12
Cheers

Се обновуваат фасадите на сините кули во Карпош

Проектот се реализира со задоцнување од 1,5 година поради несогласувања помеѓу станарите и Општината

Деспина Трајковска

По едногодишни најави, општинарите од Карпош во соработка со градските власти почнаа со акцијата за обнова на фасадите на сините кули на булеварите „Партизански одреди“, „Октомвриска револуција“ и на улицата „Орце Николов“. И покрај тоа што интервенција е најнеопходна на кулата што се наоѓа на булеварот „Октомвриска револуција“, прва на листата за обнова се најде фасадата на кулата спроти Технолошкиот факултет. Таму деновиве привршува монтирањето на скелињата, по што ќе се пристапи кон пребојадисување на фасадата, на која претходно не и' се неопходни некои поголеми зафати за санација. Се очекува кулата да го добие новото руво за еден месец.

Градоначалникот Андреј Петров вели дека редоследот на фасадите за обнова е извршен сосема случајно и зависел од ангажманот на избраната фирма што ќе ги врши планираните активности. Најмногу работа ќе има на кулата на „Октомвриска револуција“, со оглед на тоа дека таа фасада е најоштетена.

„Најбитно е тоа што конечно почнавме да ги реализираме активностите на терен. Ги надминавме недоразбирањата што ги имавме со некои од куќните совети и сега на заедничко задоволство почнавме со работа на терен“, вели Петров, според кого сите три кули конечниот обновен лик ќе го добијат до крајот на летото. Фасадата ќе ја задржи истата боја.

За обновата ќе се потрошат околу 300.000 евра, сума која половично ќе ја делат Градот и Општината, со оглед на тоа дека станува збор за заеднички проект. Инаку, тој требаше да биде реализиран пред повеќе од една и пол година, но поради одредени несогласувања со станарите, се пролонгираше. Откако од Карпош го најавија проектот, станарите од кулата на „Октомвриска револуција“ се пожалија дека градоначалникот Петров побарал и тие да учествуваат во финансирањето, иако од Општината потенцираа дека обновата ќе се изведе на сметка на Карпош и на Градот. Станарите се жалеа дека општинарите им укажале оти тие мора да дадат пари, бидејќи сметале дека е недозволиво Куќниот совет да зема пари од издавање рекламен простор на фасадите, а Општината да им ја обновува без тие да вложат ниту денар. Сепак, по неколкумесечни преговарања, се најде компромис. Беше договорено Општината да ги преземе трошоците за неопходните интервенции, а за возврат фирмата што ќе ја користи фасадата за рекламни цели да обезбеди бесплатни часови за англиски јазик и за информатика за 50 деца од социјални семејства од Карпош.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=137207EC36B7FC40B9F12583CE333F78 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=137207EC36B7FC40B9F12583CE333F78


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Jun-2008 at 23:56
Закон, видов како го поставуваат скелето пред да одам. Во очајна состојба се куливе, добро би дошло реновирање и на многу други комиблокови. Лсл таа кулата што е во Кисела Вода кај тебе можеш да ја сликнеш. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jun-2008 at 06:20
Ок важи ќе ја сликнам, ама не е во толку лоша состојба.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jul-2008 at 15:28


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Jul-2008 at 20:25
добро ќе биде да ги реновираат зградите, еве и моите кули имаат излупена или изронета фасада, па се надевам ќе им текне и на нив

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jul-2008 at 20:38


А да му текне на куќниот совет и на самите станари? Знаеш дека тое според прописи е единствено нивна надлежност и обврска?
Али веќе загазивме во непринципиелното пристапување кон ова прашање и тоа очигледно ќе ги заплетка работите за во иднина... Нормално, ако може нивната, зошто не и нашата...


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 21:00
Roll%20eyes

Жештините ја замрзнаа обновата на фасадата

Дел од станарите ги одложиле плановите за годишен одмор бидејќи се плашат некој да не се качи по скелето и да им влезе во становите


Обновата на фасадите ја финансираат Општина Карпош и
 Град Скопје

Високите температури ја прекинаа на неколку недели обновата на фасадата на кулата на улица Никола Тесла во населбата Карпош, велат општинските власти.Околу кулата е поставено скеле, но веќе подолго време нема работници што вршат фасадерски работи. Досега е обновено половина од фасадата.Станарите од зградата се жалат дека градежните работи се одвиваат бавно и дека поради скелето не можат да отворат прозорец. Дел од станарита ги одложиле плановите за годишен одмор бидејќи се плашат некој да не се качи по скелето и да им влезе во становите.Во Општина Карпош велат дека градежните активности на кулата почнале во јуни и дека е предвидено целата работа да се заврши за три месеци. Општинарите велат дека е можно да се пролонгира рокот поради големите жештини што го зафатија Скопје.Не ми е јасно како може во период кога градежната сезона е во полн ек, да се запрат работите на нашата зграда. На други градилишта гледам дека интензивно се ѕида, фасадира и молерисува. Останавме со скелето поставено околу зградата. Сега не можеме прозорец да отвориме цел ден. Навечер ни е страв да оставиме отворени прозорци за некој да не се прекачи преку скелето и да не' опљачка. Поради тоа не отидовме на одмор, во ваква ситуација стан не се остава празен - вели една станарка.Обновата на фасадите ја финансираат Општина Карпош и Град Скопје. За идната година е предвидено да се санираат фасадите на кулите на булеварите Партизански одреди и Октомвриска револуција. Санацијата на секоја кула ќе чини по 6,6 милиони денари.Беше планирано реконструкцијата да заврши за три месеци, но поради високите температури можно е да се пролонгира рокот. Според Законот за домувањето, обврската за обнова на фасадата е на станарите. Поради лошата состојба во која се наоѓаат кулите и се' почестите одрони, Општината и Градот одлучија со заеднички пари да ги обноват фасадите - вели Стефанија Макаровска, портпарол на Општина Карпош.Во Општината велат дека плаќањето на работниците ќе се изврши откако целосно ќе се завршат градежните работи. Плаќањето ќе се изврши откако целосно ќе се реконструираат фасадите, односно во рок од 30 дена по завршувањето на работата - вели Макаровска.Реконструкцијата на фасадата ја врши фирмата „Темон“, која беше избрана на јавен повик.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=91967C7BE72CE74D977E92A54235C05D - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=91967C7BE72CE74D977E92A54235C05D


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 18-Aug-2008 at 15:16
Епа дечки, конечно ми стигна дигиталниот апарат Cheers па еве направив неколку фотки низ маало. Прво, неколку слики од кулава за која зборевте.

1.

2.

3.

4.

5.



Posted By: Cibi
Date Posted: 22-Aug-2008 at 15:05
konecno i ovaa zgrada da zalici na nesto.No mislam deka ovaa rabota treba da si ja zavrsat stanarite na ovaa zgrada a ne gradonacalnikot na opstina karposh ili na grad skopje.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Aug-2008 at 00:20
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D4B5EC517C220649B803727FC04BAF0D - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D4B5EC517C220649B803727FC04BAF0D

Фасадите на сините кули во Карпош останаа необновени

Градот се повлече од проектот, а од Карпош се' уште не одлучиле дали сами ќе ги санираат трите фасади

Деспина Трајковска


Фасадите на трите сини кули во Карпош се' уште се оштетени и покрај тоа што пред речиси два месеца едната од нив, лоцирана на улицата „Орце Николов“ спроти Технолошкиот факултет, почна да се обновува. Интервенциите на фасадата беа стопирани само неколку дена откако се изврши нејзина делумна санација и едно пребојосување.

„Точно е, обновата се прекина, а скелињата уште стојат. Дали и кога ќе продолжи санацијата на таа и на другите две фасади, засега не можеме да кажеме“, ни изјави Стефанија Макаровска, одговорна за информирање во Општина Карпош.

Општината заедно со градските власти го започна проектот за санација на излупените фасади на сините кули. Општинарите потврдуваат дека Градот се повлекол од проектот во кој, според потпишаниот протокол, и двете страни требаше да учествуваат со половина од предвидените 300.000 евра потребни за акцијата. „Градот не го испочитува договорот, односно се повлече од проектот. Неодамна имавме средба за да го разрешиме проблемот, но конечен епилог се' уште нема. Деновиве планираме да одржиме уште еден состанок и се надеваме дека акцијата ќе продолжи онаму каде застана“, додава Макаровска.

Од Градот, пак, рекоа дека дефинитивно се повлекуваат од договореното, без да ги прецизираат причините за донесената одлука. Не објаснија ниту зошто воопшто се нафатиле на заедничката акција, кога на самиот старт се повлекуваат. „Ниту Градот, ниту Општината немаат обврска да ги обновуваат фасадите. Првичните планови за акцијата отидоа во друга насока. А, кажано со еден збор, зошто да ставаме трн во здрава нога“, накусо коментираат градските власти, алудирајќи на немањето обврска да се грижат за изгледот на фасадите на станбените објекти.

Од Карпош велат дека засега не се во ситуација да информираат дали општината сама ќе го заврши тукушто започнатиот проект. Тие се сигурни дека фасадите годинава нема да се обноват, а дури е неизвесно и дали ќе се дозаврши онаа на зградата спроти Технолошкиот факултет.

Инаку, проектот требаше да се изведе уште пред речиси две години, но се пролонгира поради одредени несогласувања помеѓу куќните совети и општината.


Зошто да ставате трн во здрава нога? Да, прашањето држи... Но прашање кое уште повеќе се наметнува во ситуацијата е зошто воопшто се почнуваше?!? Честитки, се надминавте Crazy


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Aug-2008 at 08:07
Многу сум им љут и на карпош и на градот што им даваат пари на овие за фасадите. Ај нека ми дадат пари ја дома сакам да си сменам прозори за да не ја нагрдувам фасадата! Може ли?!

Не е ниту на градот ниту на карпош обварска да реновириаат нечии приватни објекти. Тоа е обврска на куќните совети и станарите и на никого повеќе. Е сега што цел град ги гледа грдите фасадаи, тоа можеме да го решиме со законско решение. Може да има стручна комисија која ќе утврди дали некоја фасада е за санација или не. Или па да има неколкугодишни интервали во кои ќе биде задолжителна санација. Така сопствениците ќе бидат обврзани на извршат санација, а со тоа градот нема да губи пари, а башка и ќе се реши проблемот.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 09-Nov-2008 at 21:37
Еден контраст кој денес на проваѓање го приметив на улица „Македонија“

Прекрасен балкон со цвеќиња и плех за настрешница
и
одлична настрешница која ја прати линијата од фасадата но никаков балкон







-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-Nov-2008 at 22:06
ах, и она соседното поткровје, значи кој како сака гради поткровје во државава, не знам дали има зграда во цела македонија шо нема поткровје... па уште не се намачиле да го малтерисаат од страната...

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Nov-2008 at 01:15
Едно прекрасно решение за шумата од климатизери по фасадите
и кој не ви капат на глава






-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Nov-2008 at 18:49

обично во светот има централно ладење/греење (на новите објекти), или кај некои се одделно но сепак е централно, и нема потреба од вакви вентилаторчиња на секој чекор... ама изгледа кај нас или нема стручњак за таква работа, или е многу поскапо.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Nov-2008 at 19:27
Кај нас во згради ако се угради централен систем веднаш почнуват проблемите од страна на станарите
Тоа ја не го расипав, не сакам, овој користи повеќе, држи прозори отворени, јас не го користам, ....
Затоа вака е кај нас


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Nov-2008 at 18:54
Незнам дали има потесна фасада-куќа во Ск.




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Nov-2008 at 18:57
LOL како ми промакнала оваа Nuts. Има една слична блиску до бугарска амбасада. 


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Nov-2008 at 19:07
Незнам дали и оваа е знаеш што дефинитивно е најтесна стара зграда (штета моментално не можам да го најдам фотосот после нејзината ресторацијата)



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: mitatos
Date Posted: 17-Nov-2008 at 19:39
mislam deka jas imam samo cekaj da ja najdam hahaha

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Nov-2008 at 11:14
Најдена, само била од друга страна



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: dimme.von.macedonia
Date Posted: 13-Feb-2009 at 19:08
Hmm, se prasuvam samo kako i dali voopsto nekogas ke se osveyat fasadite na kulite na gradski zid i opsto na rezidencijalnite zgradi vo Skopje. Koj e voopsto merodaven za toa, i od koji pari? Mislam kolku god se sprdame so Tirana

sekako e podobro nego li:

Zalno, zarem tolku li sme bedni.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Feb-2009 at 19:14
zalno mnogu ovie zgradi
neznam kade procitav kaj eden albanski forum ili nesto drugo ...pisuvase: eve zgradata  vo skopje mu treba nova fasada i imase istata slika kako ova...
mislam so tirana nemame sansi


Posted By: dimme.von.macedonia
Date Posted: 13-Feb-2009 at 19:22
Mislam koj e merodaven? Koj go financira / sufinancira toa? Dobro, Tirana ne e nesto posebno ( ne e ruzna, ok e ), ama sepak, ako nejkeme da bideme podsmev i ruglo na Balkanot, predlagam da se trgneme sto poskoro.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Feb-2009 at 19:30
da, rabotata e deka stanovite se prodavat i koj da gi renovira?
prekrasno resenie e vo svajcarija, ne mozes da kupis stan tuku pod kirija i taa zgrada ja ima nekoja firma (kaj mene e madiba) i koga ce mu izlezat fasadite tie ja renoviraat
tamu kade ziveam me cudi koga rece firmata deka zgradata e 52 god stara izgleda ko da bide 3 god.stara


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Feb-2009 at 19:45
da bev jas kako alarova, prvo ce davaav pari za renoviranje na stari blokovi
deka koga se prodale stanovite opstinata gi zemale parite
so 22.mil evra barem 5  kuli da se renovitaat


Posted By: beTon
Date Posted: 13-Feb-2009 at 20:00

па и во Тирана старирите стамбени блокови се ужас, незнам кој бил но од Скопје се во далеку полоша состојба, исто како и во Белград и во Софија и во Загреб итн.

порано за одржување на зградите бил задолжен СИЗот За Домување подоцна ПУИГ денес ЈПССДП, кој по остамостојувањето и приватизацијата веќе не е надлежен за одржувањето на кондицијата на објектите, но и тогаш морало да се осигура полиса во СИЗот т.е. да се уплаќаат редовно средства во одреден фонд, за при секаква потреба од репарација или одржување да не му ја мислат, од одржување-кречење влез и фасада до сервисирање лифт, во зависност од уплатата и премијата. ова сега слично мора секоја зграда сама да си го решава проблемот односно станарите организирани во куќен совет треба сами да се грижат за состојба преку собирање средства и ангажирање на профисионалци за сите тековни одржувања,што врти сучи исто му доаѓа само тогаш што била на располагање само една институција, а денес може човек да бира каде ќе отиде и кој за колку пари нешто ќе му одржува.

е сега незнам каква е регулативата во градов  и кого и како го обврзува на колку време фасадите да мораат да бидат искречени, претпоставувам логично е на десет години или веднаш во случај на оштетување! абе тоа со еркондичните не е решен проблемот а не па нешто друго, ајде што ги оставаат да висат тоа фрижидерите по фасадите па бар тоа каблите да ги покријат некако со некаква лајсна...



Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Feb-2009 at 23:44
Таквите фондови се многу добра работа за оддржување на фасадата. Се сеќавам пред еколку митинзи Кире кажуваше како иде плаќањето во Германија,. Мислам дека спомна дури и месечно 50 евро по стан. Кај нас во никој случај неможе толку многу, ама мислам дека може да се почне со 100 денари.

Еве на пример сум приметил низ маало дека инвеститориве што доградуваат по уште еден кат на старите згради обично кога се гребат потписи од станарите ги оправуваат ентериерно влезовите со целиот заеднички инвентар како некој вид на мито. Често се случува сите влезови да се реновираат различно. Е сега не е којзнае колку страшно за станбена зграда, сепак делува малку неугодно да се гледа. Немора да иде работава и до влезови, ама треба сериозно да се обрне внимание на фасадите да речеме како на градски ѕид. Дури и да се максимално ажурни станарите сепак постои опасност две кули две фирми и да се деси шаренило. Затоа викам барем надворешноста на зградите да иде преку некој фонд, кој меѓу другото ќе внимава и на унификација на фасадите. Пред некоја година во Франција разбрав дека тамо има некоја законска обврска да ја реновираш фасадата на не повеќе од 7 години. Односно кога ја реновираш фасадата од фирмата ти даваат документ кој ти важи 7 години. Ако немаш вакво парче хартија ризикуваш да бидет казнет со драконска казна!

А што се однесува до куќните совети тоа треба да се остави на станарите и никкој друг. Нема што општина да се грижи да ма измете на некој пред врата. Дури ие ассурдно да се каже дека воопшто некој некогаш се занимавал со кречење на приватни влезови!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Feb-2009 at 13:35
Празните ѕидови украс на Запад, грдотија во Скопје
Скопје
Голем број странични ѕидови на зградите во градот, пред сè во местата каде што во изминативе години се изградија многу нови објекти, зјаат празни. На нив најчесто се гледаат голи тули, дел градители вложиле дополнителна сума пари и ги прекриле со малтерна фасада, а други, пак, ги покриле со огромни рекламни билборди.

Станува збор за парцелите каде што инвеститорите, во согласност со деталните урбанистички планови, ги градат зградите до самата меѓа, односно границата со соседниот плац. На него треба да се изгради нов објект залепен до постојниот, па затоа од тие страни не може да се направат ниту прозорци, ниту тераси. Затоа се остава празен ѕид, кој стои така сè додека друг инвеститор не се одлучи да го изгради соседниот објект.

Жителите на градовите во Западна Европа, пред сè тие во Франција, на мошне инвентивен начин го решиле овој проблем со просторот. На празните ѕидови во француските градови Лион и Париз тие направиле вистински уметнички дела, нацртале огромни мурали. Поранешните голи странични ѕидови на објектите сега ги красат цртежи со пејзажи од природата, од згради, пристаништа, фарми за крави, врати и прозорци, или, пак, некои апстрактни уметнички дела.

За разлика од тие градови, кај нас секој можен празен простор на зградите се користи за истакнување што повеќе и што поголеми реклами, а недостасува иницијатива за поинаку да се облагороди просторот, смета Коле Манев, ликовен уметник и советник во градот Скопје, кој често престојувал во Франција.

- Градот се пренатрупа со билборди и со реклами. Тие се поставуваат секаде каде што има барем малку место. За жал, кај нас комерцијалното преовладува над естетското. Толку многу реклами не сум видел во ниту еден град. Во Франција има мурали, но и таму тие не се премногу чести. Оваа уметност е многу повеќе карактеристична за јужноамериканските земји, а во Европа полека замира. Не сум воопшто воодушевен од постојната состојба во Скопје. Просторот изгледа премногу агресивно поради рекламите. Мамутски билборди се поставуваат дури и над Културно-информативниот центар, кој е институција на градот Скопје. Значи таму, или на други слични места, дури и да се стави некој ликовен елемент, тој воопшто нема да се забележува. Што во ваква ситуација можеме да очекуваме за приватните објекти - вели Манев.

Тој додава дека главен проблем во градот е недостигот на иницијативи за да се направи нешто поинакво со празните ѕидови.
- За ова не можеме да бараме конкретна вина кај некого. Вината е кај сите. Досега ниту градот, ниту некоја општина, ниту советите не апелирала да се нацртаат мурали на ѕидовите. Иницијатива недостасува и кај Друштвото на ликовните уметници на Македонија, но и кај самите станари. Само некои индивидуални барања, како моето, веќе да се запре поставувањето нови реклами насекаде. Пред да го почнеме нашиот мандат немаше ниту половина од билбордите што ги има сега. Значи за четири години нивниот број се зголеми најмалку двојно - смета Манев.

Станари во згради на чии ѕидови се поставени реклами велат дека парите се главната причина поради оваа состојба.

- За да се нацрта нешто убаво некој треба да плати, а за да се постави реклама куќните совети ќе земат пари со кои ќе можат да ги одржуваат ходниците, скалите или лифтовите, наместо да собираат пари од станарите за тоа. На нашата зграда се постави реклама и сега имаме пари за цела година да ги финансираме заедничките потреби - вели Станко Николовски, жител на центарот.
Луѓе што живеат во згради со празни ѕидови без реклами, пак, велат дека тоа е така затоа што никој досега не се заинтересирал да залепи билборд на нив, но и куќните совети не им функционирале како што треба, за да побараат некоја рекламна агенција.

На скопјани, пак, воопшто не им се допаѓа тоа што градот е пренатрупан со рекламен простор.

- Се сеќавам кога порано воопшто немаше реклами. Изгледаше некако пусто, па кога почнаа да се поставуваат првите, тоа ни изгледаше некако европски. Но и оваа, како и многу други работи, излезе од контрола и сега повеќе се чувствувам како да живеам во некоја огромна маркетиншка агенција, а не во град. Празните ѕидови се одлична можност да се направи нешто убаво, но некој треба да се заангажира за тоа - вели скопјанецот Милчо Ивановски.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=324&ArticleID=18738


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Mar-2009 at 15:34
ова со рекламиве забега длабоко во Аеродром  Shifty



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Mar-2009 at 15:47


Се повеќе сум убеден дека за вакво рекламирање треба да се добива дозвола од локалните власти, која ќе се темели на некакви критериуми. А доколку тие критериуми бидат исполнети, куќниот совет со тие средства да мора прво да ја среди фасадата, па дури после да ги наменува за други работи.

Еве се гледа дека фасадата на оваа зграда е веќе прилично оштетена. Изгледа тоа никого не го загрижува. Не знам што мислат станарите... Кога ќе дојде работата како кулите во Карпош ќе бараат градот или општината да им ја среди фасадата??? А за реклами гледам способни се да се организираат Roll%20eyes
Преку глава више од овој наш менталитет! Па никого не сме заебале со него освен самите себеси!


Posted By: beTon
Date Posted: 09-Apr-2009 at 01:02

НЕМА СТАНДАРДИ ЗА ГРАДСКАТА АРХИТЕКТУРА
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1414&ArticleID=92095 - Скопски хаос од стилови и од бои

Не постои никаква законска регулатива со која би се ограничиле проектантите во врска со формата и со бојата на објектите што се градат во Скопје. Во Деталните урбанистички планови на општините се одредува само висината на зградите, тврдат од Град Скопје. Затоа тоа што е прво забележливо за секој посетител на главниот град се згради со различни стилови и бои и шаренило кое честопати се граничи со невкус. Според архитектите и општинарите, ваквото шаренило му дава живот на градот и претставува напуштање на стереотипите и на некогашното гледање на Скопје како град на сивилото. Но, така не мислат повеќето граѓани.

- Како жител на главниот град и како стар скопјанец, не ми се допаѓа начинот на кој во денешно време се градат новите објекти. Секоја чест на исклучоците, но многу од зградите не изгледаат ниту модерно, ниту светски, а уште помалку традиционално македонски. Се е некако измешано и неубаво за око - изјави Трајче Шушлевски, жител на населбата Кисела Вода.
Од Општина Аеродром велат дека на нивна територија постојат згради кои се разликуваат од секоја друга направена во околината, но и такви што се израз на времето во кое се изградени.

- Во секторот за урбанизам, ги поддржуваме архитектите и инвеститорите, во нивната креативност. На просторот за кој имаат дозвола да градат, дозволено им е да изберат на кој начин ќе се изразат и со тоа да ја направат општината поубава. Ние ги поддржуваме во нивната идеја - изјави Страшко Хаџи-Коцев од секторот за урбанизам на Општина Аеродром.

Надлежните од Гази Баба велат дека не постои закон со кој би се одредувало како треба да изгледа, по форма или по боја, објектот што се гради. Од општината додаваат дека инвеститорот има право на избор.

И повеќето архитекти се со став дека нема ништо лошо во тоа во градот да има згради во различни форми, големини и бои.
- Како архитект, не се согласувам со унифицираното градење. На места каде што има повеќе згради кои имаат иста боја, висина и се сосема идентични, искуствата говорат дека луѓето кои што живеат во нив при одењето дома се случува да ги измешаат влезовите. Сепак, архитектите треба да внимаваат на изгледот на зградата која ја прават и во никој случај не треба во еден објект да се мешаат различни стилови и бои. Но не е убаво ни кога сите објекти изгледаат еднолично - изјави архитектот Драгослав Милоевски.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1414&ArticleID=92095 - Време - Елена Мачевска - 07.06.2008



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Apr-2009 at 15:12
Во текстов некои тези се сосема изместени. Зарем ако градиш во некои рамки и по одредени правила тоа автоматски значи сивило? Или доколку е оставена апсолутна слобода (а особено на нашето општествено ниво на вкус, култура, одговорност...) автоматски резултатот е позитивен??? За побивање на второво доволна е само една кратка прошетка во некои делови од Скопје.

Не сум за строги ограничувања, но дефинитивно треба да се размисли за некаква поширока рамка.
Кога не проработе барем елементарен вкус, мислам дека треба да се наметнат макар елементарни правила во форма на правни обврски.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 10-Apr-2009 at 13:54
eve edna fasada sto mene ic ne mi se sviga


Posted By: beTon
Date Posted: 25-May-2009 at 14:21
Originally posted by http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=38432#38432 - beTon

] а она што велиш лсл машини за кречење, за тоа буквално треба фирма која ќе покрива цела месна заедница или општина, но немора машина доволно е и мобилно скеле! во секој случај поедноставно е соработката да се одвива со еден субјект кој ќе понуди комплетна програма за одржување него за секое штрафче да се бара нова компанија, и со секоја да се градат нови односи на соработка.
скеле тешко, а машини уште потешко! Smile
 
кај нас тренд е урбан алпинизам! шала на страна но единствено знам за алпинистите од екстрим клубот дека чистеа недостапни фасади, претежно ангажирани за стаклените површини. е сега она што ме изненади е дека почнале да ангажираат фирми и не баш алпинисти за вакви работи, јасно сигурно имаат јабанџиите некаков курс, но мислам дека ова мора со закон и со лиценци да се покрие, со јасни стандарди и за опремата и за вработените но и за инспекциите!
 
ме интересира доколку има некој нешто повеќе инфо оклу законската регулатива на ова поле (чисто се сомневам дека таква постои) или пак е запознаен со ово бизнис, нека фрли нешто повеќе светло за акорбатсково одржување фасади...
 
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jun-2009 at 11:51
СТАРИТЕ ЗГРАДИ ПРЕПУШТЕНИ НА ЗАБОТ НА ВРЕМЕТО
Излупени фасади се ронат врз скопјани

Излупени и сиви, стари фасади на дотраени објекти, малтер кој се рони и плочки што се закануваат да паднат врз нечија глава се уште го нагрдуваат Скопје. На атрактивни локации низ градот и натаму паѓаат во очи згради стари триесетина и повеќе години, кои го загубиле некогашниот сјај и иако делови од нив умешно се прекриваат со огромни рекламни платна, онаму каде што ги нема, ѕирка грдотија во секоја смисла на зборот. Еден од примерите е комплексот Градски ѕид, кој како градба составена од повеќе станбени блокови и кули никогаш не бил реновиран. Засега ниту локалните власти, ниту институциите за заштита на културно наследство или станарите на зградите не ја преземаат грижата за градските фасади, па градбите остануваат препуштени на забот на времето. Поранешниот главен градски архитект, Никола Велковски, а сега советник во градското собрание, кој учествувал во реновирањето на фасадите пред неколку години, смета дека ваквите зафати се потребни за Скопје. - Направивме идејни проекти за најголем дел од дотраените градби, со колоритни решенија. Целта беше да се инвестира заедно со куќните совети во промена на излупените и стари фасади. Тоа е добро и континуирано треба да се работи за одржување и за освежување на ликот на градот “ вели Велковски. Според него, станарите треба еднаш за секогаш да сфатат дека нивна обврска е да си ги одржуваат објектите чиишто сопственици се. Тоа е потребно и поради сигурноста и безбедноста на граѓаните, затоа што под некои згради е опасно да се минува кога фасадата се лупи и паѓа. За него не е праведно жител од Автокоманда преку даноците да плаќа за промена на фасада на некоја зграда во центарот на градот. - Многу од станарите, на пример, го издаваат фасадниот простор за реклами, а потоа парите од нив не ги вложуваат за надворешно одржување. Градот и сите општини, а не само Центар, треба да помогнат во делот на проектирањето, па и со помал процент во финансирањето, но не смеат да ги амнестираат граѓаните од обврската “ нагласува Велковски. Тој вели дека Градскиот ѕид е заштитен со Законот за споменици како авторски објект, односно дело на јапонскиот архитект Кензо Танге. Но Заводот нема ингеренции да ја преземе грижата за нив, туку само да изработи или да одобри проект. Градоначалникот Коце Трајановски во својата програма за работа има вклучено проект за реновирање фасади во централното градско подрачје. - Работата е во иницијална фаза. Сакаме да изработиме идеен проект, да видиме кои се тие објекти, што не значи дека истите ќе влезат во крајниот проект, да направиме финансиска конструкција и да видиме кои се начините на изведба. Нормално дека ќе бидат консултирани и граѓаните, но за нивниот финансиски удел не можеме сега со сигурност да кажеме. Би се почнало од централното подрачје, од оние згради кои се во најлоша состојба, па потоа би преминале, условно кажано, и на периферијата на градот “ вели Неделчо Крстевски, портпарол во Град Скопје. Фасади на триесетина објекти на улиците Димитрија Чуповски, Македонија и во Старата чаршија се реновираа во мандатот на градоначалникот Ристо Пенов, а беа потрошени околу 500.000 евра од градскиот буџет. Со смена на власта и доаѓањето на неговиот наследник Трифун Костовски, оваа акција запре бидејќи властите сметаа дека обврската треба да си ја извршуваат куќните совети.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1736&ArticleID=116124


Posted By: ел_ченто
Date Posted: 21-Jun-2009 at 00:33
Панорамата на градов полека почнува да станува како циркуски шатор. Нема боја која ја нема. Време е да се донесе некаква регулатива која би го ограничила естетското нагрдување на градот. Ме плаши тоа што се поблиску сме до Тирана одошто до некоја европска метропола, каква упорно се обидуваме да ја направиме нашата престолнина.
http://img15.imageshack.us/i/15172105.jpg/">
Кај и да е ќе ги стигнеме соседиве, барем во нешто.


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Jun-2009 at 12:57
Некогаш модерен хотел а сега...




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jun-2009 at 16:01
@ел_ченто

има една битна разлика. Колку и да тоа ни изгледа кичесто во Тирана (барем мене ми е кичесто) сепак се работи за еден поголем планиран проект по иницијатива на градоначалникот Еди Рама за разбивање на сивилото во градото. Кај нас пак не се работи за ништо друго туку за лош вкус на инвеститорите и човек фирмите кои ни го унаказија градот без никој да ги контролира или барем да постави рамка во која ќе треба да се изведуваат фасадите во одредени делови од градот.

@linea

навистина страшно, сепак и ден денеска се работи за еден од 4-5те најдобри хотели во градот, срамота е фасадата да биде вака излупена.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 21-Jun-2009 at 17:01
Еден прекрасна рестоврација но за жал се гледа дека нема слога мегу газдите на спратовите.
Очито едниот е естета и граганин а другиот „бизнисмен“ - штета





Едина ситна замерка, додатокот над оградата од балконот


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: vardar
Date Posted: 04-Aug-2009 at 01:50
 

Општина Карпош и граѓаните ќе ги обновуваат фасадите

Општина Карпош ги повикува граѓаните и куќните совети од целата нејзина територија да се пријават во акцијата разубавување на фасадите на станбените згради. За оваа акција, која е наречена „Да го вратиме заедно сјајот на старите фасади“, Општината издвои 15 милиони денари (околу 250 илјади евра), а веќе е распишан јавен повик кој ќе трае до 20 август. Идејата на Општината е да ги разубави населбите, но заедно со граѓаните кои би учествувале со одреден дел од парите што се потребни за санирањето.

- Старите руинирани фасади на објектите за колективно домување не само што претставуваат грда слика на една урбана општина која е дел од метрополата, туку претставуваат и реална опасност за граѓаните при нивното движење под и околу нив - се вели во јавниот повик распишан од Општината. Од Карпош велат дека не знаат колку фасади ќе санираат, бидејќи ќе зависи од тоа колку куќни совети ќе се пријават. Потоа ќе се формира Комисија за бодување, составена од лица од Општината, членови од Комисијата за урбанизам, од Здружението на архитекти и претставници од месните заедници. Рангирањето, како што објасни градоначалникот Стевчо Јакимовски, ќе се врши според староста на објектот, местоположбата и бројот на станови. Еден од важните услови во секој случај ќе биде понудата за учество од станарите. Според објаснувањата, во оваа акција ќе се санираат фасадите на главните улици. Во акцијата ќе учествува и Градот Скопје.

- Најголем проблем ни се фасадите на зградите на „Партизански одреди“, односно во населбите Карпош 1 и Карпош 2, во дел од Карпош 3, како и кулите кај Мостот на Обединетите нации. Сакаме зградите на булеварите да личат на нешто, а не да се руинирани. Зборувавме и со градоначалникот Коце Трајановски за учество на Градот во оваа акција и добивме позитивен одговор - изјави градоначалникот Јакимовски. На прашањето зошто Општината организира акција за обнова на фасади, кога тоа е обврска на секој куќен совет, градоначалникот објасни дека Општината врши и многу други обврски кои не се во нејзина надлежност, со цел разубавување на околината и подобрување на условите за живеење. Апликациите од куќните совети, се вели во јавниот повик, треба да бидат доставени до Комисијата за обнова на фасади во Општина Карпош. Сите стасани барања потоа ќе бидат објавени во средствата за јавно информирање, во месните заедници, како и во просториите на Општината. Динамиката за одвивање на акцијата ќе зависи од расположивите пари од буџетот на Општината, како и од парите на граѓаните и донациите.

 
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6EA43AAA8109A24FB9EC7EBCCFC83181 - Dnevnik


Posted By: Max
Date Posted: 24-Aug-2009 at 19:12

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=551&PID=45664#45664 - Со новите измени на законот за градење, http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=13254#13254 - енрегетската ефикаснот ќе биде загарантирана, со оглед дека регулативата сега и законски ќе биде условена со издавање употребна дозвола на објектите.

Колку ќе помогнат измените во Законот за градба, да се стави ред во еден од најспорните сектори?

Колку ќе помогнат измените во Законот за градба, да се стави ред во еден од најспорните сектори. Две работи подвлече министерот Јанакиевски вчера промовирајќи ги измените. Се зголемува рокот за изградба на објектите и втората дека без да се направи фасада, нема да може да се запише објектот во катастар. Канал 5 на терен, ги анкетираше градежниците. Колку ваквите измени ќе го решат Урбаниот хаос.

Градежниците сметаат дека при изработка на фасадите треба да се внимава да се запази енергетската ефикасност. Да се поставува соодветна изолација на објектите. Ваква обврска има предвидено и во законот.

Но обврската за фасада нема да важи за дивоградбите. За нив нов закон допрва се работи. Прво треба да се легализираат па потоа за нив да важат одредбите од Законот за градба.

Во делот на роковите за градба пак, бизнисмените објаснуваат дека тие и досега постоеле само биле пократки. Добро е да ги има, за да постои ред. Еден од предлозите како да се осигураат и државата и граѓаните дека становите ќе бидат изградени е да се депонираат пари, како што некогаш се отворале акредитиви, за почнување бизнис.

Во пракса Законот за градба цели 20 години континуирано се надополнува и се менува. На терен проблемите остануваат, дивоградби, изградба повеќе од дозволеното. Недовршени објекти во речиси секоја населба. Урбана мафија и натаму царува во овој сектор.

Може и натаму да трае, иако континуирано се прават измените и дополнувања на градежниот закон. Клучот е во спроведување на прописите - вака коментираат градежните работници. Продолжување на роковите за градба.

Делот на законот кој се менува за фасадите во новиот предлог закон кој сега треба да го мине уште собранискиот филтер.
24.08.2009
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=52575 - http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=52575
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Aug-2009 at 19:15
без да се направи фасада, нема да може да се запише објектот во катастар


Applause


Нешто паметно во целово лудило






Posted By: FoSsiL
Date Posted: 27-Aug-2009 at 17:50
сега уште да се направи нешто и околу одржувањето и обновувањето на фасадите на старите згради, што може да прави проблеми зашто повеќето се стамбени, станарите може нема да мозат да обезбедат средства но не иде и да се остават така, на распаѓање


Posted By: igorius
Date Posted: 29-Aug-2009 at 02:13
Originally posted by FoSsiL

сега уште да се направи нешто и околу одржувањето и обновувањето на фасадите на старите згради, што може да прави проблеми зашто повеќето се стамбени, станарите може нема да мозат да обезбедат средства но не иде и да се остават така, на распаѓање


realno mislam deka e toa daleko od realnosta....


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 29-Aug-2009 at 15:45
абе и јас така мислам, ама добро би било


Posted By: Max
Date Posted: 05-Sep-2009 at 03:15
Има сега со новиниве и обврзувачка одредба за сите објекти, мислам на три ил пет години беше, дека мора да се освежуваат и обновуваат фасадите, исто врзано со пенали во случај на заборавеност... 

Незнам дали конечно ќе се воведе ред, но се додека инспекциите работат како да се во африка а не во европа, не ми се верува дека на ова поле ќе видиме некој напредок, освен можеби дополнителен калабалак како што е кај босанциве http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=478&PID=31071#31071 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=478&PID=31071#31071




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Oct-2009 at 14:53

Сината кула во Карпош, конечно, ќе се обновува

Реновирањето се очекува да почне до крајот на есенва, деновиве ќе се распише тендер за изведувач

Општина Карпош одлучи да ја санира фасадата на сината кула на аголот на булеварите „Партизански одреди“ и „Октомвриска револуција“. Одлуката е резултат на неодамнешниот јавен повик до граѓаните и куќните совети од територијата на Карпош да аплицираат за разубавување на фасадите на станбените згради. Акцијата ќе ја реализира Општината под мотото „Да го вратиме сјајот на старите фасади“.

Освен за оваа фасада, до надлежната општинска комисија пристигнале предлози за вклучување во акцијата на уште 12 згради. Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека сината кула е првата што ќе биде обновена, а наскоро ќе биде одлучено уште колку и кои згради со општински пари ќе добијат обновен лик на надворешноста.

„Оваа фасада имаше 234 поени по основа на критериумите што ги земаме предвид за една зграда да се вклучи во акцијата. Од сите доставени апликации, таа имаше најфреквентна местоположба, една е од најстарите и со најголем број станови. За десетина дена ќе распишеме тендер за изведувач за обнова на фасадите, а најдоцна до крајот на есенва очекувам да почнеме со реализација на акцијата на терен“, вели Јакимовски.

Тој информираше дека наскоро ќе биде одлучено кои други фасади ќе бидат вклучени во општинската акција. Во игра се и три згради на улицата „Никола Русински“, две на улицата „Јуриј Гагарин“ и по една зграда на „Женевска“, „Веселин Маслеша“, „Вич“, „Миле Поп Јорданов“, „Бранислав Нишиќ“ и на „Разловечко востание“.

За почеток на акцијата, Општината од сопствениот буџет има издвено 15 милиони денари. Колку ќе чини обновата на излупената фасада на сината кула, ќе зависи од доставените понуди на тендерот.

Ова ќе биде втора шанса една од најпрепознатливите згради во Карпош воопшто и во Скопје, конечно, да биде подновена. Идеја за реновирање на надворешноста на зградата потекна уште од времето на градоначалникот Андреј Петров, но поради недоразбирања со дел од станарите, таа никогаш не се реализираше. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9B35256ED5DE5A4BBE8CE8A5AAF59342


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 05-Oct-2009 at 15:06

edna sina kula bese renovirana sega i ova Thumbs%20Up

znae li nekoj kolku vakvi kuli ima vo skopje??
vo opstina centar bi bilo dobro da se renovirat nekoj gradski kuli i gradski zidovi posto centar e centar, dreba sekogas ubavo da izgleda...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Oct-2009 at 15:34


Не беше реновирана ниту една. Една кула беше почната па баталена, има поназад во нишкава

Инаку вакви идентични кули се три на број.


Posted By: Max
Date Posted: 05-Oct-2009 at 18:04

малку е смешно заради бојата на балконите да се вика сина кула, но ајде порано очигледно во недостаток од колорит и малку требало за етикета но не е лошо сега поколоритно да ги освежат куливе, бар од сивилото да се решат, но мислам подобро ќе биде со украсен малтер да ги поминат наместо само да ги офарбаат, со оглед дека ваквиот малтер потешко се прља, а и при помали оштетувања не остава големи флеки. 

патем овие три кули нудат екстра панорами за фотографирање, со оглед дека горе имаат огромни неокупирани тераси, а и бришан простор пред себе, навистина невообичаено чувство е панорамата од тоа место, посебно на оваа кула спроти поликлиниката букурешт која сега ќе ја освежуваат, и која веќе не е на булевар октомвриска рев. туку на булевар осми септември http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=370&PID=14848#14848 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=370&PID=14848#14848 административен лапсуз кој доволно кажува на кое ниво ни е локалната самоуправа, ниту се координираат, ниту пак следат медиуми ако ништо друго!



Posted By: Max
Date Posted: 21-Oct-2009 at 03:55
ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ИМ ПОМАГА НА ГРАЃАНИТЕ
Четири згради ќе добијат нови фасади

Четири згради се избрани како приоритетни од листата на општина Карпош за реновирање на надворешните фасади. Општинските власти информираа дека на нивниот конкурс за менување на фасадите на старите згради се пријавиле 12 куќни совети и по бодувањето кое го направила комисијата, избрани се четири кои примарно ќе се реновираат. Тоа се сината кула на булеварот Октомвриска револуција, односно спроти бензинската пумпа на „Макпетрол“ во Карпош 2, зградата на Партизански одреди број 81, станбен објект на улица Никола Русински број 4 и кулата на улица Јуриј Гагарин број 25, поточно до Министерството за економија. Сите објекти датираат од 60-тите и 70-тите години на 20 век.  

Како приоритети ги земавме зградите кои беа во најлоша состојба и кои добија најмногу поени според определените критериуми. Мислам дека нема некој што не ја забележал онаа румунска кула спроти бензинската пумпа која изгледа како излупено велигденско јајце - изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој објасни дека кога ги примале апликациите од куќните совети, добиле различни предлози од граѓаните за тоа како да се финансира реновирањето. - Тоа значи дека станарите работеле на овој проблем и не им е сеедно што фасадата им се рони или што паѓаат плочки од нивната зграда. Имаше граѓани кои предлагаа да учествуваат во промена на прозорците затоа што и тие се дел од фасадата, потоа киријата од фирмите кои закупиле простор во зградата да ја собираат на општинска сметка за нова фасада или самите да издвојат средства од сопствен буџет или, пак, да најдат спонзори - рече градоначалникот Стевчо Јакимовски. 

Како следен чекор тој најави дека ќе се направи премер и пресметка за сите згради за да се одлучи дали ќе се примени поскапа варијанта со фасада која вклучува и изолација или, пак, ќе се постави само обична фасада, што е поевтино. Градоначалникот на Карпош најави дека во проектот ќе се вклучи и Град Скопје и дека со последниот ребаланс на буџетот биле издвоени средства за таа намена. Во градот потврдија дека со ребалансот е внесена ставка за реновирање фасади, односно тоа е ставката за одржување на згради, осум милиони денари- Точна спецификација за кои фасади ќе се наменат средствата ќе биде дополнително направена - одговорија од Одделението за односи со јавност. За овој проект во буџетот на општина Карпош за 2009 година се обезбедени 243.000 евра.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=124513&EditionID=1844 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=124513&EditionID=1844



Posted By: Max
Date Posted: 26-Oct-2009 at 23:39

ова ми беше порано една од поубавите реновирани фасади на предземјотресни објекти во скопје, но очигледно е дека со ова накинџурувањето со еркондишни и реклами истата е веќе прилично грда, а капак што откако ја средија има поминато едно десетина години па истата веќе е зрела за освежување, но дали и кој ќе примора некого на ред тоа незнам, бар сред центар да нема ваква слика   



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2009 at 16:19

Бакшиш фасади за две згради во Карпош

Станарите на „Партизански одреди“ 81 и на „Никола Русински“ 6 нема да платат ниту денар за обновата на фасадите, а оние од „Октомвриска револуција“ 10 и од „Јуриј Гагарин“ 25 ќе платат околу 20 отсто од вкупната сума

Општината Карпош наскоро ќе обнови фасади на четири згради на нејзината територија. Станува збор за објектите на булевар Октомвриска револуција број 10, булевар Партизански одреди 81, како и на улиците Никола Русински 6 и на Јуриј Гагарин 25.

Општината Карпош летово распиша конкурс со кој ги повика куќните совети да се пријават за обнова на фасадите, на кој пристигнале 12 пријави. За тоа кои згради ќе добијат нови фасади во изминатиот период одлучувала општинска комисија составена од вработени во Општината, архитекти и членови на урбани заедници. Селекцијата била направена по принципот на бодување според староста на фасадата, местоположбата на зградата, бројот на становите и учеството на станарите.

- Комисијата за обнова на фасадите на зградите, за да ги разгледа пристигнатите апликации, изврши увид на теренот со посета на секој станбен објект. Општина Карпош, заедно со граѓаните, смета дека фасадите треба да добијат нов лик по пет децении постоење, со цел да се подобри нивниот естетски и функционален изглед - се вели во образложението на информацијата за подобрување на изгледот на фасадите.

Акцијата, која ќе се реализира под мотото „Да го вратиме заедно сјајот на старите фасади“, е водена од идејата дека фасадите се огледало на општината.

Според најавите, во санирањето, освен општината, финансиски требаше да учествуваат и самите станари, но, ова правило излезе исклучок за некои куќни совети. Станарите од зградата на „Партизански одреди“ 81 и од „Никола Русински“ 6 не поднеле предлог-сума за учество, но сепак, ќе добијат нова фасада поради други критериуми, како што е излез на магистрална улица, за кој добиле 30 бода, наспроти критериумот за учество над 20 отсто, за кој биле предвидени 10 бода. За разлика од соседите на „Партизанска“ и на „Русински“, кои ќе добијат бакшиш нов изглед на зградите, станарите од „Октомвриска револуција“ ќе учествуваат до 20 отсто од вкупната сума за обновата, а оние од „Јуриј Гагарин“ ќе платат над 20 отсто.

За овој проект е предвидено од буџетот на општината да се потрошат 15 милиони денари, односно околу 230.000 евра.

Во врска со прашањето зошто Општината организира акција за обнова на фасади, кога тоа е обврска на секој куќен совет, градоначалникот Стевчо Јакомовски објасни дека Општината врши и многу други обврски кои не се во нејзина надлежност, со цел да се разубави околината и да се подобрат условите за живеење. (Ј.И.)


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=31E84B6C9CD2614381E98785890331F5


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Nov-2009 at 12:23

Тазе боја на "Холидеј ин"

Фасадата на "Холидеј ин" неделава се бојосува со тазе жолта боја. Молери, качени на скелиња, го користат убавото време за да го освежат надворешниот изглед на хотелот. Работниците ни рекоа дека "Холидеј ин" нема да добие нов изглед, туку само се освежува фасадата.

http://vest.com.mk/?ItemID=60B17179477EB24B9D396BA3564D04DA


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Dec-2009 at 14:14

Во самиот центар на Скопје


2009-12-18

И зградата наспроти неа


2009-12-18

Ке проработи ли законот за рок на изградба и фасади ???



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jan-2010 at 22:31

Струмичките бизнисмени ќе ги обновуваат старите фасади

Струмичките бизнисмени ќе ја разубавуваат Струмица. Со свои средства ќе помогнат во реализација на проектот на градоначалникот Зоран Заев Струмичани за поубава Струмица. 

Идејата на градскиот татко е без трошење пари од општинскиот буџет да се фасадираат над дваесет стари згради од централното градско подрачје. Финансиите за овој проект ќе бидат на грбот на локалните фирми кои доброволно ќе помогнат за менување на ликот на градот. 

Според градоначалникот Заев, веќе се пријавиле неколку фирми расположени да бидат дел од овој проект. Фасадирањето на старите струмички згради треба да се заврши во рок од една и пол година. 
26.01.2010, 16:34


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=57130


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Feb-2010 at 23:23

Фасада ќе усмртеше битолчанка

Украсен орнамент тежок неколку килограми, кој завчера се изрони од фасада на битолски Широк сокак, малку недостигало да усмрти жена, која во тој момент минувала покрај објектот. Малтерот се откинал од повисоките катови на куќа спроти маркетот „Веро“. Очевидци раскажуваат дека за конец малтерот ќе ја погодел жената в глава. На помош и' притрчале минувачи што тука се затекнале и ја повлекле од местото стравувајќи да не се откорне уште некое парче од богато украсената фасада.

- Жената беше вкочанета, одвај доаѓаше до збор. Имаше над 70 години. Се пожали дека од уплав добила болки во главата. Одвај се движеше, па ние минувачите ја одведовме до такси-возило за да замине дома или на лекар - изјави очевидецот Миле Наумовски.

Од битолскиот Завод и музеј, установа задолжена за заштита на културното богатство во Битола, велат дека одржувањето на оваа фасада паѓа на товар на сопствениците на објектот.

- Таа фасада беше меѓу првите на Широк сокак кои беа реконструирани пред девет години при почетокот на проектот за реставрација на фасадите на оваа амбиентална улица. Гаранцијата за градежните делови на фасадите е две години, а одржувањето по реставрацијата е на сопствениците на објектите. Но, има еден добар дел на објекти во кои не живее никој, па веројатно и овој објект е таков - изјави директорот Зоран Николовски.

Проектот за реставрација на Широк Сокак почна со државни пари пред десет години. Обновувањето на амбиенталните фасади заштитени со закон го изведуваа прочуените вевчански мајстори потпомогнати од битолска градежна фирма. Досега беа реставрирани фасади на 62 објекти. Проектот завршува годинава со обнова на надворешниот изглед на последните два предвидени објекта. Надлежните не може да посочат колку пари досега се потрошиле за реставрација на фасадите, но со ваквата активност велат дека се врати сјајот на Широк сокак.

Од друга страна, ова не е првпат реставрираните фасади да претставуваат опасност за животот на минувачите. Пред четири години се одрони дел од фасада на истата улица и падна врз бебешка количка. За среќа, парчето не го повреди бебето.

Две години по овој настан повторно падна поголемо парче малтер, овој пат од стариот и нереновиран хотел „Македонија“ на Широк сокак, спроти плоштадот Гоце Делчев. И тогаш малку фалеше да усмрти случаен минувач.

Надлежните тврдат дека не се работи за распаѓање на фасадите, туку за потреба од редовно одржување од сопствениците. Објаснуваат дека ронењето е предизвикано од временските услови, обилни дождови, силен ветар и големи температурни разлики.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=64223C7DC39A2E45B6D12C2376C83CFF


Posted By: axel
Date Posted: 31-Mar-2010 at 23:24
Конечно нова фасада за сината кула

По празниците, Општина Карпош и станарите ќе го
реализираат заедничкиот проект

Конечно ќе почне обновата на фасадата на сината кула на булеварот „Партизански одреди“. Општинарите очекуваат по празниците да ја добијат и конечната согласност од куќниот совет за да стартуваат со планираните зафати. Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски објасни дека станува збор за заеднички проект на Општината и станарите, бидејќи и двете страни имаат свое учество во проектот. Станарите биле задолжени да ги сменат надворешните прозорци, а Општината да ја санира „лушпата“ на зградата.

„Куќниот совет си обезбеди фирма што ќе ги замени прозорците во становите за да не се доведеме во ситуација да ја обновиме фасадата, а ликот да биде нагрден со старата дрвенарија. Веднаш по велигденските празници ги очекуваме договорите од станарите. Инаку, фасадата и по обновата ќе ја има препознатливата синосива комбинација, но со одредени нијанси“, вели Јакимовски. За оваа активност Општината ќе издвои 10 милиони денари.

Со санацијата на најпрепознатливата фасада во Карпош, општинарите, всушност, стартуваат со проектот за обнова на неколку фасади на станбени објекти, пред се', оние што се наоѓаат на фреквентни локации. По анализите на терен и во соработка со граѓаните, од Општината утврдија дека освен на сината кула, неопходно е освежување и на уште 12 фасади. Дел од листата за обнова се и три згради на улицата „Никола Русински“, две на улицата „Јуриј Гагарин“ и други. За таа цел, наскоро ќе биде распишан тендер за изведувач за една фасада, а во август ќе се бара фирма за санација на уште две фасади. (Дс.Т.)

                                                                                                                                                                         http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=872902C544AE70439A1DF34DEA4A82C8 



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 27-Apr-2010 at 18:05
И тоа се случува - реновирање на фасатата на едната кула на Партизанска прекопат МП пумпа.


2010-04-26

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 06-May-2010 at 23:29

Почна обновата на фасадата на сината кула

По тригодишни најави, вчера, конечно, почна да се обновува фасадата на сината кула на „Партизански одреди“, изградена пред 40 години. Со 150.000 евра од касата на Општината Карпош, ќе се освежи „лушпата“ на објектот, а со кредитирање од НВО „Хабитат“, во секој стан ќе се изврши замена на прозорците. Зградата ќе ја зачува препознатливата синосива боја на фасадата. Работата треба да биде завршена за два месеца.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски вчера најави дека обновата на овој објект е почеток на проектот на Општината за санација на фасадите на 12 препознатливи згради во Карпош. (Дс.Т.)

 
 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=24B0B7680F696E47B5A89E73510C053A - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=24B0B7680F696E47B5A89E73510C053A


Posted By: Makedonij
Date Posted: 24-May-2010 at 15:25
Продолжува акцијата на Општина Струмица „Нови фасади за старите згради“ која локалната самоуправа ја спроведува во соработка со струмичките бизнисмени. Се обновуваат старите фасади на колективните згради и јавни институции во централното градско подрачје. Во склоп на акцијата се вклопи и реновирањето на „Стара Нама“ или „Српски Крал“ која е купена од страна на „Про кредит Банка“







http://www.strumica.gov.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-May-2010 at 20:50
1. Завшен е првиот дел од фасадата

2. Дефинитивно освежувачки...

3. ... особено што се оди и на комплетна промена на прозорците (колку што видов со ПВЦ)

4.

5. Приметив и неколку прозорци кои не беа сменети, но мајсторите ме уверуваа дека промената ќе биде секаде

6. Да се потсетиме во каква состојба беше зградава (и сеуште е оваа фасада)

7. Од другата страна веќе се работи

8. Целава работа треба да заврши за највеќе 2 месеци



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-May-2010 at 21:01

@pbanksApplause

vakvo osvezuvanje mu treba na gradskite zidovi i kuli na centarot na gradot, ostaj super ke bese
a za opstina karpos: znae kakvi proekti prajtCheers


-------------


Posted By: Djole88
Date Posted: 16-Jun-2010 at 12:08
овде е почната и јужната фасада да се средува. Север и Исток се завршени. Немав време да пројдам да сликам, само вака од далеку да се види до каде е јужна страна



Posted By: mladen_s
Date Posted: 16-Jun-2010 at 13:14
А убаво би било накрај да се отстранат рекламните билборди. Посебно онаа манекенката што ја има насекаде.. Големата сестра те гледа..   


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Jun-2010 at 00:25


Билбордот боде очи и во однос на финансискиот аспект на целава работа. Логично е да се претпостави дека од него ќари куќниот совет и станарите на зградата, па доколку е тоа така, уште понеумесно е финансирањето на новата фасада со општински пари.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 17-Jun-2010 at 20:31
boahhh kolkav e bilbordov!!!! dzabe ja renoviraat fasadata koga si ima xxl bibort v glava!!!istoto g*mno e!!Wallbash

-------------


Posted By: Makedonij
Date Posted: 22-Jun-2010 at 19:33
Во периодот што следи ЛС најавува реконструкција на фасадите

Во периодот што следи ЛС најавува реконструкција на фасадите. Инвестицијата ќебиде на фирми кои за возврат ќе добијат бесплатен рекламен простор.

Речиси истовремено се дискутираше и за био потенцијалот на Источниот регион во кој експертите сметаат дека има огромна можност со кој бенефит ќе имаат поголем број на општини. ЛС Најавен беше и стартот на овогодинашното Штипско културно лето на кое ќе има над 40 учесници во кој штипјани че може да уживаат повеќе од еден месец. Фондацијата за развој на локалните заедници денес на дебата пред младите штипјани за значењето на неформалното образование.

  www.stip.gov.mk

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jun-2010 at 19:43

Извор?


Posted By: Dragan
Date Posted: 22-Jun-2010 at 20:20
што е тоа ЛС ???

-------------


Posted By: mitatos
Date Posted: 22-Jun-2010 at 20:21
Локална самоуправа =)

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Jun-2010 at 20:16
Еве подетално

Штип ќе ги освежува фасадите во центарот

Иван Бојаџиски


ШТИП - Локалната власт изработи идеен проект за реконструкција на фасадите на поголемите згради во центарот на Штип. Одлуката наиде на одобрување од јавноста, бидејќи сивилото во градското подрачје е евидентно. Лицето на сите згради без исклучок не е обновено над половина век.

„Оваа акција ќе ја реализираме со штипската бизнис-заедница, односно со фирмите кои имаат потреба да се рекламираат и своите пораки да ги истакнат во центарот на градот. Прво ги анкетиравме жителите во зградите чии фасади треба да се реконструираат, а речиси сите беа согласни со нашата идеја“, рече на вчерашната прес-конференција штипскиот градоначалник Зоран Алексов.

На фирмите, пред се', од Штип, ќе им биде понудено да вложат во реновирањето на фасадите, а за возврат ќе добијат можност на најкултното место во градот - регионален центар, да ги истакнат своите реклами. Според градоначалникот Алексов, станува збор за фасадна површина од 3.200 квадратни метри, која е планирано да се обнови, а на 500 квадрати бизнисмените ќе можат да ги „исцртаат“ своите ЕПП-пораки.

Анализата на локалната самоуправа покажала дека обновувањето на фасадите на одделни згради ќе ги чини заинтересираните фирми од 150.000 до 520.000 денари. Исклучок е улицата - шеталиште „Ванчо Прќе“ каде што обновувањето на фасадите на сите згради се потребни 3,5 милиони денари. Оваа улица е трговски центар на Штип и тука се сместени стотина трговски објекти. Бидејќи просторот е голем и има многу згради, оставена е можноста освежувањето на фасадите да оди етапно, според желбите на фирмите кои ќе пројават интерес токму тука да имаат своја реклама. На оваа улица во иднина ќе се забрани сообраќајот и ќе стане шеталиште.

„Идејата е да го подобриме изгледот на центарот на градот, а на бизнисмените да им дадеме шанса за промоција како што се прави тоа во речиси сите модерни светски метрополи. Општината и станарите во зградите чии фасади ќе бидат обновени немаат пари за вакво нешто. Оттаму идејата за спојување на убавото со корисното, давајќи шанса и на бизнис-заедницата. Конкурсот ќе биде отворен за сите бизнисмени, не само за локалните. Сепак, би сакале во Штип на новите фасади да ги назначиме вредностите на локалниот бизнис“, појасни Алексов. Од локалната власт се надеваат дека заинтересирани ќе има и дека обновата на фасадите ќе почне ова лето.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1F39FF0EE73C2446A74CEEEBAFDBF6C1


Posted By: axel
Date Posted: 24-Jun-2010 at 15:02
Проект за обнова на фасадите во центарот на градот
stip1.jpgШтип: Општината ќе им понуди на потенцијалните инвеститори да ги обноват дотраените фасади, а за таа цел ќе добијат локации во централното градско подрачје и дел од споменатите фасади да ги искористат за поставување на реклами.

Општина Штип изготви идеен проект за реконструкција на фасадите во централното градско подрачје, односно реконструкција на предните фасади на дел од станбените згради на улиците: „Маршал Тито“, „Ванчо Прке“, „Јосиф Ковачев“, „Кирил и Методиј“ и предните фасади на зградите на Плоштадот „Слобода“.

По изготвениот проект од страна на Општината, беше спроведена граѓанска анкета, чии резултати покажаа дека станарите се согласуваат со реконструирање на фасадите и дека немаат ништо против искористување на дел од нив за рекламен простор.
stip3.jpg
Преку јавен повик, општината им понуди на потенцијалните инвеститори да ги обноват дотраените фасади, а за таа цел ќе добијат локации во централното градско подрачје, кои изобилуват со големи ѕидни површини, што би можеле да ги искористат за поставување на реклами, рекламни паноа и друг вид на урбана опрема во комерцијални цели.

Локацијата за обновување на фасадите на зградите се наоѓа во строгото централно градско подрачје каде што фреквенцијата на луѓе и движење е голема. Со тоа и со големите ѕидни површини на постојните згради оваа локација е доста атрактивна и примамлива за истакнување на реклами од страна на потенцијалните инвеститори. На овој начин би се обновиле постојаните фасади, централното градско подрачје би добило нов и урбан лик, а инвеститорите би добиле долгогодишно бесплатно рекламирање.

 

stip2.jpg stip4.jpgstip5.jpgstip6.jpgstip7.jpgstip8.jpg

 
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2260&Itemid=125
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Jul-2010 at 13:39
Струмица...
веста е од февруари, а сликата е скорешна

...

Општината го најави и проектот „Струмичани… за поубава Струмица“, со кој локалните бизниси ќе можат да се вклучат во уредувањето и разубавувањето на својот град. Тие треба да обезбедат финансии, материјали и услуги за обновување на старите фасади во централното градско подрачје. Тони Милушев од одделението за локален економски развој на општината вели дека се планира проектот да се реализира континуирано и во наредните години, а дека во 2010 ќе бидат опфатени 20 колективни станбени згради. Според градоначалникот Заев, неколку фирми веќе пројавиле интерес за учество.

...

http://www.build.com.mk/?p=1998 - http://www.build.com.mk/?p=1998





Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Jul-2010 at 16:00
Колку само со една кофа боја може да се симне грдотијата од фасади по градовите. само едно кречење е доволно и одма се менува изгледот. А па да не збориме колку може да се добие сосема нов објект де факто, ако малку се разигра со боите како она едно училиште некаде низ источна Македонија беше, неможам сега слика да најдам.


Posted By: se_manda
Date Posted: 01-Jul-2010 at 17:38
ако мислиш на тоа во прилеп (неам слика моментално) тогаш не би сакал до толку разигран да ми биде градот...


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 01-Jul-2010 at 18:55
Училиштата во Прилеп баш испаднаја добри со новите фасади. Порано со сивите бои изгледаја како затвори, како да се тераат децата сосила внатре да одат. Училиштата треба да се настојува да станат пријатно место за сите. А во тој правец се постигнаја позитивни резултати со промена на фасадите на училиштата.
Исто така и во Центарот на Прилеп се менуваат фасадите на старите згради, со нови шаренолики бои.


-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: theMac3donian
Date Posted: 02-Jul-2010 at 05:58
На Гевгелија и треба реставрација на фасадите на центарот, по главната улица на пешачкиот дел. Има и една многу убава градба, која така пропаѓа.

Ај можеби некој ќе ја среди работата и за таму. Како што некој кажа - „една кофа боја колку разлика прави.“

п.с.
Дали имате сретнато некаде, каде има решение за клима уредите? Навистина грдо изгледаат.


-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 02-Jul-2010 at 12:17
Originally posted by theMac3donian


...“п.с.Дали имате сретнато некаде, каде има решение за клима уредите? Навистина грдо изгледаат.

Има две постирани на форумов едната е Stone Design - Партизанска I а другата подолу пркопат Светска банка (од партизанска се гледа - неможам да ја најдам таа фотографија 42.001 21.425)

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 02-Jul-2010 at 12:36
и ова ќе ги чини не повеќе од 3000 евра вкупно, може и помалку..... а ако се оди на повеќе објекти заедно, или поголеми..... цената на квадрат за рака и боја паѓа...... па на големо е ...... ако зборуваме реално...... еден цел стан е 150 евра, а тука има само екстерни ѕидови


Posted By: Makedonij
Date Posted: 14-Jul-2010 at 21:43

РЕКОНСТРУКЦИЈА ОБНОВУВАЊЕ НА ФАСАДИ ВО

ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ

Општина Крушево во соработка со ЈП,,Комуна,, Крушево во рамките на проектот ,,Уредување на централно градско подрачје,, започна со обновување - реконструкција на фасадите кои што датираат од дваесетите години на минатиот век. Целта на проектот е зачувување и негување на културното историско богатство на градот Крушево. Инвеститор е општина Крушево, изведивач ЈП ,,Комуна,, Крушево.





-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jul-2010 at 17:14

Предлог за обнова на фасади во Центар

Општина Центар ќе прави листа со објекти на нејзина територија, на кои во иднина би можеле да им ги обноват фасадите од општинска сметка. На последната седница на Советот, дел од неговите членови предложија фасадите на куќите или на станбените објекти кои се со специфичен лик, особено крај булеварот Илинден, Општината да ги обнови по примерот на Општина Карпош.

Градоначалникот Владимир Тодоровиќ ја поддржа иницијативата и додаде дека би требало да се направи листа со предлози на објекти на кои Општината би можела да им ги обнови фасадите во нивниот автентичен стил.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F6C33BB82BBE704C9355C878FD92BEA8


Posted By: Makedonij
Date Posted: 19-Jul-2010 at 17:26
РЕНОВИРАЊЕ НА ПОКРИВОТ И ФАСАДАТА НА ОПШТИНСКОТО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „МИЛЕ ЈАНЕВСКИ ЏИНГАР“
За време на летниот распуст почна реновирањето на Општинското средно училиште „Миле Јаневски Џингар“ на покривната конструкциј и фасадата. Средствата за реновирање ги обезбеди Општинското средно училиште.

http://www.makedonskakamenica.gov.mk/


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jul-2010 at 00:26
Не можам да дадам баш некоја пофална оценка за сработеното:



Posted By: alexgizh
Date Posted: 28-Jul-2010 at 00:31
Оваа е, ако не се лажам, постарата реновирана зграда, на ул.Никола Тесла? За само година-две се покажа дека е тежок фуш.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jul-2010 at 00:39
Да таа е, заборавив да наведам...

42° 0'17.56"N  21°24'40.27"E


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 28-Jul-2010 at 09:56
Ако не се раскитат балконите и унифицираат прозорите, тешко дека ќе се смени впечатокот со фасадиве. На овој објект и самата реконструкција на малтерот е очигледно лошо направена.

Разбирливо е кај станарите да се јави потреба од промена на прозорите, ама не ми е јасно (посебно на мојата зграда ми боде очи) тоа што не се држат во поглед на бојата на профилите и ролетните, поделбата на крилата и ширината на отворот (ги смалуваат отворите )...сето тоа во комбинација со обесените гаќи, бурињата со туршија и надворешните единици од клима-уредите толку ја нагрдуваат фасадата, да никакво кречење или премалтерисување не помага. Требаше порано овие прашања и законски да се уредат. Нормално е дека не може да се спречи некој да си постави клима-уред (би било стварно неверојатно), ама секако дека може да се најде позиција (позиции) во однос на фасадата од која тие нема да делуваат како тумори и нема да им капат на луѓето што поминуваат покрај зградата - само како пример...за овие детаљи, што ние ги доживуваме како детаљи, а нормалниот свет како нормални правила на градски живот треба да одлучува куќниот совет...не знам колку во пракса ќе се офајдиме од новосоздадените куќни совети и дали имаат воопшто право да учествуваат во овој дел од живеењето!?



-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: axel
Date Posted: 29-Jul-2010 at 17:09
Се обновуваат фасадите на станбените згради во Струмица Струмица – Во центарот на Струмица во тек е обновувањето на старите фасади од колективните станбени згради. За реализацијата на овој проект што го иницираше и го спроведува локалната самоуправа, од општинскиот буџет нема да бидат потрошени средства.

- Се зафативме навистина со еден мошне обемен и долгорочен проект наречен „Струмичани за поубава Струмица“, кој го реализираме со целосна поддршка на бизнис секторот. Имено, за поубавиот изглед на градот, стопанствениците ги донираат потребните градежни материјали, а работите ги извршуваат градежни работници од Струмица и струмичкиот регион. Како што се договоривме, локалните бизнисмени, секој според своите материјални можности, и помогаат на општината и на овој начин најсоодветно и враќаат за поддршката што таа им ја давала и ќе им ја дава во развојот на наивните бизниси, вели градоначалникот Зоран Заев.


Според проценките на стручњаците, реалната вредност на овој проект е од 600 илјади до еден милион евра, односно толку би ја чинела општинската каса доколку би се издвојувале средства од буџетот и доколку во обновувањето на фасадите би партиципирале станарите кои живеат во тие згради.
Како што е планирано, во првата фаза од реализацијата на овој проект ќе бидат фасадирани дваесетина станбени згради во центарот на Струмица. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2528&Itemid=125


Posted By: Jumbo
Date Posted: 11-Aug-2010 at 20:21
Фасадите на зградите на Илинденска треба да се реновираат.


Posted By: Swimmer
Date Posted: 11-Aug-2010 at 23:33

Веднаш бе Jumbo, само изрази желба... друго ? Big%20smile

 
После Илинденска и околните згради ќе добијат нови фасади?!


До неофицијалниот првичен список и информација во кој први фасади на станбени згради би влегле во реконструкцијата, не можевме да дојдеме вчера бидејќи очигледно службите на општината се на колективен одмор и не креваат телефон. Скопјани што живеат на ова централно градско подрачје велат дека со задоволство би партиципирале во обнова на заедничката фасада.


Иако не е во нејзина законска надлежност, општина Центар се со цел зачувување на нејзиниот автентичн лик, на една од последните седници на советот, нејзините советници до градоначалникот поднесоа иницијатива за финансиска помош на дел од куќните совети за реконструкција на дотраените фасади со специфичен лик на нејзина територија. Советниците до градоначалникот Владимир Тодоровиќ, најпрво алудирале на станбените објекти и куќите сместени на булеварот Илинден, бидејќи со изградбата на комплетно новиот булевар, овие воочливи објекти би ја грделе новината која треба да го разубави градот. Градоначалникот Владимир Тодоровиќ ја поддржа иницијативата и додал дека би требало да се направи листа со предлози на објекти на кои општината би можела да им ги обнови фасадите во нивниот автентичен стил. Сите трошоци околу обновата на фасадите би ги сносела самата општина.

До неофицијалниот првичен список и информација во кој први фасади на станбени згради би влегле во реконструкцијата, не можевме да дојдеме вчера бидејќи очигледно службите на општината се на колективен одмор и не креваат телефон.

Скопјани што живеат на ова централно градско подрачје велат дека со задоволство би партиципирале во обнова на заедничката фасада.
- Со одговорните од куќниот совет неколку пати контактиравме со една фирма што ги бојадисува фасадите, но се откажавме од идејата оти ни побараа околу 600 евра од стан. Ретко кое семејство во градов денес може да си дозволи да издвои толку пари од скромниот домашен буџет. Сите сакаме градот да го украсуваат обновени фасади, но немаме пари за да го истуркаме месецот. Оваа оптимистичка иницијатива на советниците во општината можеме само со позитивно да ја поздравиме. Дали ќе се реализира останува да видиме вели еден од станарите на една од веќе излупените згради сместена токму до пионерскиот дом "Карпош".

Вакви објекти од времето на старо Скопје во општина Центар има повеќе. Граѓаните се надеваат дека надлежните од општината нема да ги заборават кога ќе ја прават листата на објекти, чии фасади општината ќе ги обновува на свој трошок.

Инаку единствени згради кои наскоро ќе добијат нов лик во централното подрачје, а се на товар на градскиот буџет, ќе бидат фасадите на оние објекти што се наоѓаат околу Плоштадот и се вклучени во проектот Скопје 2014.

(Д.С)


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4676062CAA88BB4996577B9A27143E45 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4676062CAA88BB4996577B9A27143E45


-------------


Posted By: Jumbo
Date Posted: 12-Aug-2010 at 00:37
Мора да се реновира фасадата зошто сега ги нема дрвцата што го прикриваа трошниот надворешен изглед на зградиве, патем фала до Swimmer што прв постираше околку оваа новост.



Print Page | Close Window