✔ Општинска зграда Петровец
Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Административни
Forum Discription: Државни органи и јавни институции...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=4571
Printed Date: 18-Jul-2025 at 03:49
Topic: ✔ Општинска зграда Петровец
Posted By: stef4o
Subject: ✔ Општинска зграда Петровец
Date Posted: 16-Jan-2022 at 18:40
Во Петровец ќе се гради нова општинска зграда
Администрацијата на Општина Петровец ќе добие нови подобри услови за работа во нов објект. Од март ќе започне да се гради новата административна зграда која ќе биде веднаш до старата, која како што истакна градоначалникот Борче Митевски е пред распаѓање и е изградена од пред повеќе од 70 години.
Веќе е распишан и тендерот за изработка на проектна документација за изградба на управна (општинска) зграда на Општина Петровец, по што ќе следи нов за избор на изведувач на објектот.
– Новата општинска зграда ќе биде со површина од 850 квадратни метри и ќе биде со приземје и еден кат. Ќе биде двојно поголема за разлика од старата – изјави Митевски.
Во новиот објект ќе има четири канцеларии, сала за седници на Советот, но и сала за матичната служба, како и просторија во која ќе биде сместена архивата и просторија каде вработените ќе може да јадат, наместо како што вели Митевски тоа да го прават по канцелариите.
Со зголемување на просторните капацитети ќе има можност да се примат уште двајца правници, како и двајца вработени во Секторот за урбанизам. Освен тоа, советниците ќе имаат просторија во која ќе се одржуваат седниците, наместо тоа да го прават во блиското основно училиште „Кочо Рацин“. Исто така, до сега младите се венчаваа во ходникот на Општината, а во 90 проценти им го отстапував мојот кабинет за да се одржи свечената церемонија. Со изградбата на новата општинската зграда тие ќе добијат просторија каде ќе можат онака како што заслужуваат да склучат брак – вели Митевски.
Во буџетот на Општината за оваа година за изградбата на објектот до покрив се предвидени 15 милиони денари, иако ќе бидат потребни уште плус 7 милиони денари за комплетно да се заврши.
Инаку 70 проценти од мебелот ќе се префрли во новата зграда, додека само 30 проценти ќе се купи нов.
Изградбата на општинската зграда би траела не повеќе од 11 месеци, и градоначалникот Митевски очекува во неа да се преселат до крајот на годинава.
https://www.vecer.press/во-петровец-ќе-се-гради-нова-општинска/ - https://www.vecer.press/во-петровец-ќе-се-гради-нова-општинска/
|
Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Oct-2022 at 14:58
Денес (30.07.2022 г.), пред голем број на граѓани, гости , бизнисмени , новинари, советници, политичари ,претставници од МПЦ,, се постави камен темелник на новата општинска зграда. Таа треба да биде со површина од 860 м2 ,а вредноста за нејзина изработка чини 29.600.000 денари,средства обезбедени од буџетот на општината. Објектот треба да биде завршен за околу 6 ( шест ) месеци . Постоечката општинска зграда е изградена пред скоро 80 години и е непоправливо руинирана. Истата не овозможува непречено и нормално работење на општинската администрација со цел брзо и експедитивно излегување во пресрет на потребите на граѓаните, па поради тоа се јави потреба од изградба на нова општинска зграда.
https://www.facebook.com/borce.mitevski.927 - https://www.facebook.com/borce.mitevski.927
------------- Carpe diem
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Sep-2023 at 17:37
Денес, свечено со сечење на лента се пушти во употреба новата општинска зграда во населено место Петровец
https://www.facebook.com/borce.mitevski.927 - https://www.facebook.com/borce.mitevski.927
------------- Carpe diem
|
Posted By: Џоле
Date Posted: 06-Sep-2023 at 18:20
Уште една фотка од фб:

------------- За сè има вторпат
|
Posted By: hcitrS
Date Posted: 07-Sep-2023 at 00:31
Originally posted by stef4o
Денес, свечено со сечење на лента се пушти во употреба новата општинска зграда во населено место Петровец
....... |
Кое геније од гардоначалник шо ја нарекува сопствената општина населено место.
|
Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Sep-2023 at 17:49
https://www.facebook.com/adradooel - https://www.facebook.com/adradooel
------------- Carpe diem
|
|