Print Page | Close Window

ГУП - Скопје

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбанистички целини
Forum Discription: Урбанистички планови и градски микролокации
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=458
Printed Date: 19-Apr-2024 at 12:38


Topic: ГУП - Скопје
Posted By: Cloverstack
Subject: ГУП - Скопје
Date Posted: 30-Oct-2007 at 19:58
Еве го генералниот урбанистички план на Скопје 2002-2020. За жал немам поголема верзија а немам ни легенда... Голем дел од боите и мене не ми се 100% јасни.





Replies:
Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Jan-2008 at 12:25
Еве се посветив малце на проучување на ГУП-транспорт, и сега почнува да ми станува јасно до кое ниво ни е патната мрежа, и колку е ургентно да се почне со работа.

     Ако може некој да ми даде објаснување што значат боите - виолетовата на крушевска , жолтата, црвената што ја има на крај на обиколницата мислам,  би бил благодарен.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 13:08


xxx Виолетова - урбани автопати
xxx Зелена (темно) - магистрални градски сообраќајници
xxx Жолта (лимон) - собирни сообраќајници
xxx Зелена (светло) - локални патишта
xxx Жолта (банана) - регионални патишта
xxx Црвена - магистрални патни правци


А еве да ставиме тука и една помала верзија, за да знаат луѓево за што се работи:






Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 13:10
Верзија во висока резолуција (6430x3860) можете да симнете од тука:

../docs/GUP-Transport.jpg - http://www.build.com.mk/docs/GUP-Transport.jpg


Cheers Cheers Cheers Cheers Cheers


Posted By: Supervisor
Date Posted: 30-Jan-2008 at 14:33
Брзите сообраќајници Скопје ги нема. Тоа се Крушевска, Јужен Булевар, Србија која што треба да се прошири, па и Александар Македонски, да се тргнат сите тие пешачки премини и да се постават надвозници.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2008 at 14:40
Originally posted by Junkie

Брзите сообраќајници Скопје ги нема. Тоа се Крушевска, Јужен Булевар, Србија која што треба да се прошири, па и Александар Македонски, да се тргнат сите тие пешачки премини и да се постават надвозници.


Брзите сообраќајници (ваљда двајцата мислиме на урбаните автопати), не го опфаќаат бул србија, кој и понатака ќе има крстосници и пешачки премини.

Урбаните автопати се три и јасно ти се исцртани на мапата. Тие се тие што треба да бидат комплетно денивелирани.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 30-Jan-2008 at 14:49
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by Junkie

Брзите сообраќајници Скопје ги нема. Тоа се Крушевска, Јужен Булевар, Србија која што треба да се прошири, па и Александар Македонски, да се тргнат сите тие пешачки премини и да се постават надвозници.


Брзите сообраќајници (ваљда двајцата мислиме на урбаните автопати), не го опфаќаат бул србија, кој и понатака ќе има крстосници и пешачки премини.

Урбаните автопати се три и јасно ти се исцртани на мапата. Тие се тие што треба да бидат комплетно денивелирани.
 
Мислев на Александар Македонски во делот од кај циганите до Момин Поток. Грешка!


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: La Linea
Date Posted: 10-Mar-2008 at 00:06
240,000 eвра?! Аман бе, зарем толку чини?

Градот ќе врши корекција на ГУП со 240.000 евра владини средства

За измените на ГУП требаше да се разговара на последната координација на градоначалниците

Деспина Трајковска

Град Скопје од државата ќе добие 15 милиони денари за измена и дополнување на Генералниот урбанистички план. Оваа владина одлука е донесена по барање на Градот, кој конкурирал за влез во програмата за приоритетна изработка на урбанистички планови за годинава коишто ги финансира државата. Градските власти велат дека работат на документот кој е дел од постапката за измени и дополнување на ГУП, за што одлука има донесено и Советот на Град Скопје. Корекцијата на урбанистичката рамка на Градот е неопходна не само поради промената на територијалната организација, туку, велат надлежните, и поради потребите на побрзиот економски урбанистички и еколошки развој на општините. Единиците на локалната самоуправа уште во текот на мината година до Градот ги доставија забелешките за ревизија на ГУП. За таа проблематика, која е од особена важност за развој на општините и градот од повеќе аспекти, требаше да се разговара на последната координација на градоначалниците, која не се одржа. На дневен ред точката за измена на ГУП беше ставена по претходно доставен предлог на Општина Кисела Вода.

„Градот покажа слух за ова прашање кое е и од негово значење, но поради немање кворум, состанокот не се одржа. Се надевам дека веќе на средбата идниот месец колегите ќе го разберат значењето на состанокот и ќе дискутираме за ГУП, чиишто измени се во интерес на сите општини“, вели градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов. Тој бара да се изврши проширување на границите на ГУП во зоните на Усје, Пинтија, Припор и дел во Драчево. Прифаќањето на предлогот за поместување на границите, автоматски, смета Арсов, ќе значи регулирање на статусот на нелегалните индивидуални објекти во овие населби, кои во просек егзистираат повеќе од 15 години.

„Од опфатот на новиот ГУП ќе зависи дали од 7.000 до 10.000 индивидуални објекти ќе добијат можност за легализација“, додава градоначалникот. Покрај оваа забелешка, општинарите од Кисела Вода бараат и да се редуцира површината за здравствени објекти во зоната на Расадник, а сугестии имаат и во однос на сообраќајот. Сепак, општинарите се најгласни во барањето за вцртување на неколку катни гаражи и тоа во делот на МЗ „Цветан Димов“, во близина на општината, како и во реонот од Рампа до улицата „Народни херои“.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D539322A32C1C340AE16AA9B7C122422 - Утрински весник




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Mar-2008 at 02:43


Ако се суди според искуството што го имаме, ова прекројување може да донесе само лоши работи.

После сите криминали и обични глупости што ни се случуваа на полето на урбанистичкото планирање во последните 15-тина години, сега како круна на деструктивното „планирање“ може да ни се случи и бришење на Бул. Крушевска Република. Tој никако не и е по мерак на урбаната мафија, иако за градот ќе биде од најголема важност.


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Mar-2008 at 15:12
Погледнете ја последната реченица. Eeek2.. Не дека прв пат вакво нешто се спомнува но во последно време ја немам затекната оваа информација па мислев дека идејата умрела сама од себа. Има ли граници штетата што Аларова е способна да ја направи на градот Wallbash

АРХИТЕКТИТЕ СТРАВУВААТ ОД УРБАНИСТИЧКИОТ ПЛАН НА ГРАДОТ
Новиот ГУП опасен за Скопје

Роза Петкова

Промената на Генералниот урбанистички план ја посакуваат и планерите и урбанистите, но архитектите предупредуваат дека некои градби се опасни за градот. Градските власти неколку години најавуваат корекција на овој плански документ кој има големо значење. Советот на Град Скопје, пак, на седница в понеделник ќе гласа за предлог-одлуката за изработка на нов ГУП. - Добро би било некои работи што се согледале како пропуст да се предвидат со новиот план. Во секојдневното искуство честопати се судруваме со планираното во ГУП. Од една страна мораме да го почитуваме бидејќи е главен документ за градот, но, од друга страна, има доста работи кои во него не се предвидени и се сметаат за пропусти. Затоа се што е регистрирано како превид во овој план, треба да се вклучи - сметаат група архитекти. Слично е мислењето и на дел планери и урбанисти кои велат дека веќе подолго време очекуваат да почне промената на ГУП. Но сметаат дека проблем ќе се појави онаму каде што се градело, а локациите биле наменети за нешто друго. - Има повеќе случаи каде на пример во ГУП е предвидена сообраќајница, а во меѓувреме таму веќе се изградиле објекти. Слични случаи се шпанското село кое се наоѓа во зона каде што не е планирана градба, а истото е случај и со други места. Затоа сметам дека за потребите на градот треба да се промени главниот план - велат урбанистите. Од друга страна, архитектите предупредуваат дека изработката на ваков план е доста сериозна работа и треба да се внимава што ќе се предвиди со него. - Особено центарот на градот може да биде проблематичен. На пример, подигнувањето на венецот на зградите на плоштад со доградба на поткровје или стокатниците кои се планираат се критични моменти. Не знам како се планира во ГУП да се вклучат екстремно високи објекти и со која намена - смета еден архитект. Градските власти неодамна од Владата добија дополнителни 15 милиони денари за да го почнат процесот на промена на Генералниот план. Последната ревизија на овој документ беше направена во 2002 година, а има важност 20 години. Во меѓувреме, скопските општини доставија повеќе барања до градот. Општината Карпош е заинтересирана да ги вклучи во ГУП шпанското село на Водно, Нерези и Бардовци, Кисела Вода ќе побара да се внесат Усје, Пинтија, Припор и дел од Драчево, Бутел сака да го уреди просторот околу аквадуктот, а Центар сака да се избрише булеварот Крушевска Република од Маџир Маало.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1350&ArticleID=87377


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Mar-2008 at 15:36
Па што ќе ни е Крушевска? Нам ни требаат 80-тонски лавови на мостот Гоце Делчев Roll%20eyes


Posted By: dejan
Date Posted: 25-Mar-2008 at 12:07
Eve vo vrska za noviot GUP od http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E1F0452170697C458DD29C9CEF0A434F - Utrinski
Inace slikata od centarot mnogu ja sakam

Советот на Скопје даде зелено светло за изработка на нов ГУП

Опозицијата во Советот смета дека постапката е спротивна на законите

Сања Наумовска

Мнозинството советници од Советот на Скопје, на вчерашната седница ја поддржаа Предлог-одлуката за пристапување кон изработка на нов Генерален урбанистички план на Скопје. На донесувањето на одлуката и' претходеше долга расправа меѓу мнозинството и опозициските партии во Советот околу законитоста на постапката. Додека мнозинството ја оправдуваше итноста на постапката со новата територијална поделба и растот на градот по донесувањето на последниот ГУП, советниците на СДСМ и на ЛДП овој начин на почнување постапка за менување на ГУП без поткрепа од потребната документација, годишна програма и студија за оправданоста на донесување нов план, го оценија како незаконски. Тие нагласија дека доколку биде оваа одлука обжалена пред Уставниот суд, може да биде поништена или укината. Дека постапката е противзаконска, на говорницата образложи и раководителот на Секторот за правни работи, Бранко Трајчевски, за што од некои советници беше обвинет дека како член на градската администрација ја саботира работата на Советот, бидејќи е член на СДСМ.

Опозициските советници неколку пати излегуваа на говорницата и цитираа законски услови според кои се поведува ваква постапка. Според советничката Софија Куновска, потребна е годишна програма која треба да се донесе врз основа на стручна и јавна расправа и ревизија на постојниот план. „Никој нема право да прави упад во Генералниот урбанистички план на ваков начин. Според законот, пред истекот на планскиот период може да има само измени на ГУП, а овој период истекува во 2012 година. Значи, за да се скрати овој период треба да бидат изнесени стручни и силни аргументи и докази“, нагласи Куновска.

Мнозинството во Советот, пак, застана на ставот дека со оваа Предлог-одлука само се поведува иницијатива за започнување на процесот за донесување нов план, кој може да трае со години. Според советникот Игор Гиевски од ВМРО-НП, на овој начин ќе се даде иницијатива на Секторот за урбанизам да започне да ги подготвува сите потребни документи и постапки.

Дел од актуелните измени на ГУП што се бараат, се однесуваат и на поранешните „сиви зони“ на кои се наоѓаат воени објекти, кои од неодамна Министерството за одбрана му ги додели на Министерството за транспорт и врски. Локации на кои се наоѓаат касарни треба да се впишат како градежно земјиште, што е услов да започне реализацијата на владината Програма во која се вклучени и странски инвестиции.




Posted By: dejan
Date Posted: 25-Mar-2008 at 12:09
Od http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E50332ACACF961458F9191A1D0C77FA0 - Dnevnik (i ovaa slika ja sakam)

ОПОЗИЦИЈАТА во градскиот совет ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ ОДЛУКАТА ЗА ИЗМЕНА НА ГУП

СДСМ: Новиот генерален план ќе биде незаконски

Куновска потенцираше дека е бесмислено да се бара само измена на текстуалниот дел од планот, а притоа графичкиот и нумеричкиот дел да останат несменети

Генералниот урбанистички план на Скопје (ГУП) ќе претрпи драстични измени во урбанистичките решенија. Тој беше усвоен во 2002 година, со рок на траење до 2020 година, но ќе се носи нов за да се вметне Сарај во градските граници. Советниците од мнозинството во Советот на Град Скопје на вчерашната седница објаснија дека мора да се донесе нов ГУП, бидејќи постојниот не може да се справи со новите замисли за развој на градот и за привлекување странски инвестиции. За побрзо да се усвои новиот ГУП, вчера Советот изгласа Предлог-одлука за пристапување кон измени и дополнување на текстуалниот дел на ГУП. Претходеше жестока расправа и обвинувања од опозицијата дека одлуката и гласањето се незаконски, а дел од советниците од коалицијата „За Македонија заедно“ ја напуштија седницата.Советничката од СДСМ, Софија Куновска, постапката ја нарече недозволена импровизација. Никој нема право да прави упад во ГУП. Донесувањето на планот во незаконска постапка е силување на Скопје и противприроден блуд. Бесмислено е да се бара само измена на текстуалниот дел од планот, а притоа графичкиот и нумеричкиот дел да останат несменети, како што е во случајот - рече Куневска. Нејзината сопартијка Тања Томиќ, која е претседател на Комисијата за урбанизам, рече дека законот не познава измени на ГУП без претходно Градот да донесе годишна програма. 

- Исто така, потребна е и студија. Не знам дали владејачкото мнозинство работи во интерес на урбаната мафија кога сака во скратена постапка да го измени планот. Не сакаат да слушаат аргументи, туку агресивно ги спроведуваат само своите интереси - рече Томиќ. Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека доколку има нешто незаконско во постапката, Уставниот суд потоа ќе ја поништи. Денеска бев сведок на класична политичка конструкција што ја создаде опозицијата. Зар не сакате ред во државава? - праша Бичиклиски. ГУП претставува највисок урбанистички документ за развој на градот, а општините при носењето на детаљни урбанистички планови се раководат според неговите решенија. За изработката на нов генерален план на Скопје, Владата на Градот ќе му префрли 250.000 евра, а за да тече беспрекорно постапката, градските власти треба да обезбедат уште 750.000 евра.  Иако потребата од нов ГУП произлегува од вметнувањето на Сарај во неговите граници, ќе има и други измени во урбанистичките и сообраќајните решенија, зашто владејачката коалиција во Советот смета дека сегашните не соодветствуваат со реалните потреби на градот.  И општините имаат свои желби, кои со години ги доставуваат до Градот. Барањата се однесуваат на пренамена на земјишта, односно акцент е ставен кон профитабилни дејности како изградба на станови. Со цел легализација на седум до десет илјади дивоградби, Општина Кисела Вода смета дека во ГУП треба да се вметнат дивите населби Усје, Пинтија, Припор, како и дел во Драчево. Карпош, пак, бара проширување на градежниот реон на Водно во заштитениот појас, со цел легализација на дивоградбите во таканареченото „шпанско село“. Општина Бутел бара можност да го уреди просторот околу Акведуктот, а Центар се залага за бришење или поместување на булеварот Крушевска Република од Маџир Маало.

Станови на местото на касарните

Во Предлог-одлуката за измена на ГУП се вели дека и Владата имала иницијатива за редифинирање на намените и содржините во планот за да се обезбедат услови за инвестиции за развој на Скопје. Како основни причини за измените се наведени влегувањето на Сарај во градски граници, но и искористувањето на слободното државно градежно земјиште. За таа цел, Министерството за транспорт и врски доставило барање до Градот Скопје за утврдување на намената на комплексите и објектите на Министерството за одбрана. Од Градот објаснија дека се работи за делот во кој се наоѓа касарната „Илинден“, каде што би требало да биде зацртна намена домување и деловни објекти. Поради овие измени Министерството за транспорт е подготвено финансиски да ги помогне измените на ГУП.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Mar-2008 at 12:42
Сигурно има оправданост за некои измени, ама се плашам дека ќе испадне како со измените на „Мал Ринг“, то ест дека слабостите ќе си останат, а новост ќе бидат некои штетни решенија од којзнае какви побуди...

Како и секогаш, највеќе ме плашат обидите да се избрише/измести трасата на Бул. Крушевска Република. Тоа е тотално неприфатливо!

Исто така ме буни и она со касарната Илинден... Зарем целата касарна се планира да се напушти?!? Таа е сепак „срцето“ на АРМ и армијата сигурно има потреба од нејзините капацитети, па макар и во некаква редуцирана форма. Не знам баш колку е во државен интерес таа касарна едноставно да се збрише. Можеби е во интерес на некој што сака да прави дебели профити со разноразни сомнителни зделки, ама сигурно не е во општ интерес.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Mar-2008 at 14:21
Теоретски ова е во ред, ама во пракса досегашното искуство со слични интерванции во урбанистички планови е застрашувачко. Особено од она за сообраќајната мрежа ме фаќаат морници.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1918A07B7B8DEF459119B056DDAAE3C8 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1918A07B7B8DEF459119B056DDAAE3C8

Новиот ГУП ќе го редефинира сообраќајот во Скопје

Постапката за нов план ќе трае околу две години, а изработката ќе чини околу милион евра

Сања Наумовска

Скопје има потреба од нов Генерален урбанистички план заради вметнување на Општина Сарај во границите на главниот град, но и заради големиот број измени кои по барање на граѓаните или на општините треба да се вметнат во новиот план. Новиот ГУП на поинаков начин ќе ја уредува и сообраќајната мрежа, што практично е ’рбет во развојот на еден град. Од 2002 година, кога е донесен актуелниот план, па досега се сменети голем број закони што ја регулираат оваа материја, вклучувајќи ја и најновата промена на Законот за просторно и урбанистичко планирање пред неколку месеци. Заради тоа, по одлуката на Советот на Скопје за предвремено донесување нов ГУП, Градот започна постапка која веројатно ќе трае околу две години. Изработката на новиот план ќе чини околу еден милион евра, а најголемиот дел од парите ќе ги обезбеди Владата. Моментно, во Градот очекуваат да се потпише договор со кој и официјално ќе бидат уредени обврските околу изработката на ГУП-от, кој ќе го изготвува државната Агенција за просторно и урбанистичко планирање.

„Актуелниот ГУП има недоречености кои, ако почнеме да ги менуваме, ќе зафатат обем од 80 проценти од планот, поради што и е иницијативата за негова замена со нов. Тука првенствено се мисли на сообраќајот кој, ако не е правилно решен, нема правилен развој ниту планирање на што било друго“, вели Алјоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам, најавувајќи во новиот план сообраќајни модели кои ќе претставуваат своевиден софтвер за планирање на идните потези во сообраќајот. Сега, вели Шопар, имаме само зацртани сообраќајници, кои не знаеме кога ќе се реализираат ниту, пак, имаме алатка да направиме симулација што би се случувало во одредени моменти од развојот на Градот без нив или со нив.

Тој најавува новини во урбанистичкото планирање кое ќе се сведе на урбанистички блокови што се помали форми и од месните заедници. Блоковите ќе бидат нумерирани, со што во планирањето ќе има и поголем ред и прегледност. Можно е, вели Шопар, во иднина деталните урбанистички планови да се ограничат, еден план за еден блок. „Во Градот веќе функционира Партиципативното тело за урбанизам составено од десетмина стручњаци кои ги разгледуваат предлозите на граѓани и општини за измени на ГУП. Покрај тоа тело, наскоро со Владата ќе се оформи и Координативно тело кое ќе работи на изработка на новиот план, на дефинирање на границите на Скопје и ќе ги собира сите извештаи потребни за изработката на ГУП-от“, вели Шопар.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jun-2008 at 03:32

Започнува изработката на новиот ГУП за Скопје

Во скратена постапка ќе бидат внесени локации на АРМ кои ќе бидат станбени комплекси

Сања Наумовска

Внесувањето на зоните на кои денеска се наоѓаат објекти на АРМ во Генералниот урбанистички план и започнување на изработката на новиот ГУП се два приоритета на Градот Скопје во областа на урбанистичкото планирање. На локациијата на касарната „Илинден“, која досега не фигуриршево ниеден план, според проектите на Владата, најверојатно ќе се гради станбена населба. Постапката за внесување во ГУП ќе биде скратена заради итноста на реализицијата.

Во новиот ГУП, кој официјално ќе почне да се работи по изгласувањето на одлуката во Советот на Скопје на следната седница, ќе влезе и Општина Сарај, бидејќи по донесувањето на новиот закон за територијална поделба стана дел од Градот Скопје. Во новиот ГУП ќе се вметнат и голем број измени по барање на граѓаните, или општините. ГУП-от на поинаков начин ќе ја уредува и сообраќајната мрежа, што практично е ’рбет при развојот на еден град. Од 2002 година, кога е донесен актуелниот план, па досега се сменети и голем број закони кои ја регулираат оваа материја, вклучувајќи ја и најновата промена на Законот за просторно и урбанистичко планирање пред неколку месеци.

Новиот ГУП, според прогнозите во Градот, ќе се работи две до три години, ќе го финансира Владата, а ќе го изработи државната Агенција за просторно и урбанистичко планирање. Советот на Градот, во текот на постапката ќе ги разгледува и усвојува нацрт-материјалите. Во Градот веќе функционира Партиципативното тело за урбанизам, составено од 10 стручњаци кои ги разгледуваат предлозите од граѓани и општини за измени на ГУП. Освен тоа тело, наскоро со Владата треба да се оформи и Координативно тело кое ќе работи на изработка на новиот план.

„Актуелниот ГУП има недоречености, кои ако почнеме да ги менуваме, ќе зафатат обем од 80 проценти од планот, заради што и е иницијативата за негова промена. Неопходно е внесување на Општина Сарај која неколку години е дел од Скопје, а се' уште има посебен ГУП, како и голем број други измени. Првенствено тука се мисли на сообраќајот кој, ако не е правилно решен, нема правилен развој ниту планирање на што било друго“, вели Алјоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам, најавувајќи во новиот план сообраќајни студии или модели кои ќе претставуваат своевиден софтвер за планирање на идните потези во сообраќајот.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=9C72C89C60C1F743A8ACBEA5AF14BED2



Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jun-2008 at 03:38
1. Труфка ѓе си ги убаци дивоградибте да му бидат легални.
2. Сарај како слепо црево ќе се закачи за Скопје.
3. Погоре видов пишуваше 10 Стручњаци вероватно Вангел, Жан, Грчев и компанија.
4. Конечно АРМ нема да биде дивоградба у сред центар
5. Ми се свиѓа идејата станбена населба кај касарната. И конечно да не го гледаме руглото топаана.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Jun-2008 at 04:16


Не е кај касарната, туку во просторот на сегашната касарна. За ова веќе имаме дискутирано... Се плашам дека ова значи крај за најголемата и главната касарна во Македонија, која патем има одлична стратешка поставеност во однос на Скопје и скопскиот регион.


А овој дел од текстот, знаејќи ги некои од иницијативите, е крајно загрижувачки...

ГУП-от на поинаков начин ќе ја уредува и сообраќајната мрежа


Ни останува само да се надеваме дека здравиот разум и долгорочното планирање ќе провладаат...




Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Jun-2008 at 05:21
За ова мора да има издржани јавни дебати, со сообраќајни инженери архитекти и све што има малку поврзаност со градот. Пак ќе кажам, страв ми е од вангел,жан компанија да не ја усерат работава. Мене ме плаши кај владава да не умеша прсти, а како што гледам веќе умешала, па после да треба да го воскреснуваме Скопје од пред 19363 со примеси на 2063, пошто некоја таква тенденција е на повидок.


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Jun-2008 at 08:39
Originally posted by Cloverstack


Не е кај касарната, туку во просторот на сегашната касарна. За ова веќе имаме дискутирано... Се плашам дека ова значи крај за најголемата и главната касарна во Македонија, која патем има одлична стратешка поставеност во однос на Скопје и скопскиот регион.


Крајот на касарната сепак не е поврзан со градските власти туку со нешто друго. Градските власти само ќе го структуираат просторот кој им е отстапен. Единствена друга опција (ако е толку стратешка позицијата) е на тој простор да се зачува каков е за да може лесно да се пренамени за првобитната функција.

Мене лично ми се допаѓа овој дел да се урбанизира. Не сум сигурен дека големи касарни или војска ќе ни послужат во било кој контекст.


А овој дел од текстот, знаејќи ги некои од иницијативите, е крајно загрижувачки...

ГУП-от на поинаков начин ќе ја уредува и сообраќајната мрежа


Ни останува само да се надеваме дека здравиот разум и долгорочното планирање ќе провладаат...


Да... овој дел треба навистина да не плаши Ohno




Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Jul-2008 at 08:59
Јас сум дефинитивно за. Но не да се направи некој ДУП ради реда туку да го направат како што треба. Не ми се допаѓа локацијата за индустриски објекти во секој случај. Сосема се доволни качанички пат и идната обиколница за таква намена. 

ЖИТЕЛИТЕ НА ВИЗБЕГОВО ДВЕ ГОДИНИ ЧЕКААТ ИЗМЕНА НА ГУП
Урбанизацијата заглавена во бирократските процедури

Жителите на Визбегово веќе две години ги чекаат измените во Генералниот урбанистички план на градот, со кој зелениот појас од двете страни на булеварот Словенија треба да се пренамени во градежна зона. Тие бараат овој простор да се урбанизира бидејќи со изградбата на новиот булевар очекуваат нивното населено место да се развие и да привлече инвеститори. - Кога градските власти се договараа со нас за пробивање на булеварот, беше ветено дека околното земјиште ќе се изгради и ќе се предвиди дел за домување и дел за индустриски објекти. Идејата беше земјата да се култивизира, а со отворање на производствените капацитети би имало и нови вработувања. Но оттогаш немаме никаква информација до каде се работите - велат жители од месната заедница на Визбегово. Во Општината Бутел потврдија дека пред две години поднеле иницијатива до Градот со истите барања. - Целиот појас низ кој минува булеварот според сегашниот ГУП не е наменет за градба, а само еден потег од десната страна за кој немаше законски пречки е урбанизиран. Во продолжение очекуваме да се прошири индустриската зона Визбегово, додека од левата страна ќе бидат лоцирани станбените објекти. Исто така, како општина подолго време имаме идеја за уредување на просторот околу аквадуктот. Дадовме предлог да учествуваме и финансиски во донесувањето на ГУП, но идејата пропадна откако другите општини не се согласија да партиципираат “ вели Снежана Клинчарова од Службата за односи со јавност на Општина Бутел. Надлежните од Градот посочија дека за сите измени во новиот Генерален план што ги предложиле општините, ќе одлучува заедничко тело формирано за таа намена. - Изработката на нов ГУП подразбира формирање стручно координативно тело во кое ќе учествуваат претставници од сите скопски општини. Предлозите за измени ќе бидат разгледани од страна на ова тело, кое исто така ќе има задача да одлучува за нив. Со оглед на тоа што изработката на ГУП е сложена постапка, сите измени кои ќе бидат направени ќе се вклопат во новиот документ, како една целина, затоа што станува збор за носење нов план, а не за измени и дополнувања на постојниот “ велат одговорните од Службата за односи со јавност на Градот. Во градскиот буџет за 2008 година се предвидени 12 милиони денари за новиот ГУП. Овој стратегиски документ за развојот на градот подразбира изработка на планови во две фази “ нацрт и предлог-план. Годинава е предвидено да се направи нацрт-планот, откако и Владата ќе учествува со дел од потребните средства, а потоа ќе почне активниот дел за изработка на генералниот план.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1446&ArticleID=93989


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Aug-2008 at 16:43

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=18958&idg=2&idb=429&rubrika=Skopje -

Во новиот Генерален урбанистички план на Скопје предвидени се нови резиденции за државната управа во околината на Калето, кај Француските гробишта и на улица Илинденска, кај Електротехничкиот и Машинскиот факултет.
Новиот Генерален урбанистички план на град Скопје-ГУП предвидува да се градат нови објекти за државната управа во околината на старата скопска тврдина-Кале, во близина на Француските гробишта. Ваков тип на резиденции се предвидени и на улица Илинденска, кај Машинскиот и Електротехничкиот факултет. Претходно, во околината на Калето, каде сега се предвидуваат јавни функции, било замислено да се градат дипломатски претставништва, но бидејќи странските мисии сместувањето си го решиле на друг начин, идејата е преименувана. Иницијативата за ширење на работниот простор на државната управа е на Владата. Како идеја е стара неколку години, неофицијално од 1991 година, веднаш по осамостојувањето на Македонија, кога во државава почнале да доаѓаат многу дипломатски мисии. По неколку години, некаде во 1998 година, се провлече идејата таму да се изградат резиденции за претседателот на државата, бидејќи само тој нема ваков вид простор. Тогашниот претседател на парламентот, алтернативецот Саво Климовски дури сугерираше претседателската резиденција да се смести во Музејот на современа уметност. Подоцна Министерството за урбанизам се обиде да го заокружи резиденцијалното прашање, нудејќи неколку солуции, но сето тоа остана без завршница.
Замислата за резиденции на Кале, на неодамна одржаната стручна расправа за новиот ГУП, наиде на големо негодување кај присутните архитекти и кај други стручњаци што зедоа збор. Нивните забелешки беа дека во новиот ГУП, Калето воопшто не е добро третирано, имајќи предвид дека станува збор за едно од најатрактивните места во главниот град. Доминираа мислења дека Калето е стратешки објект и дека неговата околина треба на поинаков начин да се осмисли, а исто и да се посвети внимание на разните археолошки истражувања. Беше наведено дека на Калето треба да се предвиди културен туризам, паркови, споменични места, да се уреди Музејот, и да се земе предвид улицата Климент Охридски која треба да поминува под Калето. Никола Бошку, еден од членовите на тимот од Јавното претрпијатие за просторни и урбанистички планови, објаснува дека предлогот за резиденции се уште не е усвоен, и дека тоа ќе се знае за неколку дена. Според него, старата тврдина-Кале воопшто не е засегната од оваа идеја, затоа што резиденциите не се на површина на делот што е заштитен. Тој објаснува дека типот и намената на државните резиденции, доколку се усвои предлогот, ќе бидат утврдени отпосле, на јавен конкурс.

што стана со оваа иницијатива, немам видено што е сега во ГУП и што планираат да се вметне на кале со новите измени, мислам дека ова ќе држи вода но нешто малку потака некаде кај француски гробишта бидејќи ионака тој дел заради штабот на циа за балкан кој го градат на калето сето тоа таму ќе биде под специјален режим на движење, а кај мсу најдобро е да ја направат фамозната филхармонија или пак да го дислоцираат таму музеј на македонија а воедно и да го прошират но и ќе имаат доста бришан простор за инсалации и манифестации, а вака е музејот најнекорисниот објект што постои во скопје после зградата на мтв, ниту на народов му е до современа уметност ниту пак современата уметност е наменета за мецени па да е издвоена од центарот и да се лоцира каде нема никаков јавен транспорт до неа, а за тоа дека локацијата е нај топ во градов тоа е точно само што на секој можен начин е заборавена и одсечена од градот, она со монореилот кој го превидуваат за кале може би го заживеало мсу но без јсп ништо, па затоа дефинитивно “мсу“ би било подобро да се дислоцира пример некаде под нова железница до најсовремениот и нај уникатен мост во светот со кривина на излез (искривен во право време) - местото е измислено за такво нешто а плус ќе биде во опкружување на постмодерни архитектонски дела како нова железничка и телевизија па и саемот како појава, а најинтересен момент ќе биде тоа што сите уметнички експонати колку и да бидат тие гломазни ќе се истовараат директно од воз во галериите на музејот...

____________________________________________________________

разбрав што биднало со иницијативата ... 

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2045&stID=12522 - Дневник 18 март 2003

Претседателска палата на Кале може да никне за една година

СДСМ, како што дознаваме, има сериозна намера да обезбеди ново седиште за шефот на државата, не толку за актуелниот Трајковски, колку за идниот, што ќе биде избран на претседателските избори во 2004 година

Несекојдневни "новогодишни" честитки, со скица на претседателска палата на скопското Кале, биле испратени до шефот на државата Борис Трајковски, претседателот на Собранието Никола Поповски, премиерот Бранко Црвенковски и до скопскиот градоначалник Ристо Пенов. Честитките ги испратил угледниот архитект Живко Поповски, со намера да ја актуализира неговата стара идеја за изградба на претседателска резиденција во внатрешноста на скопската тврдина, веднаш до кулата што се издига над бараките на скопски "Водовод". 

Потврда за тоа дека станува збор за сериозна идеја е и најавата на претседателот на Парламентот, Поповски, дека наскоро ќе побара Владата да најде решение за ново седиште на шефот на државата, бидејќи собраниската зграда станала претесна за двете институции. Тој притоа не прецизираше каде би можело да биде идното седиште на шефот на државата, оставајќи ги еднакво отворени можностите за изградба на сосема нов објект и за приспособување на некој од постојните резиденцијални објекти што се во сопственост на државата.

Архитектот Поповски коментира:

- Да, направив цртеж и им го испратив како честитка за Нова година. Очигледно е дека сакаат, по секоја цена, да го издвојат седиштето на претседателот од зградата на Парламентот и притоа се споменуваат крајно срамни решенија, какви што се Клубот на пратениците или зградата на "Македонија табак". Го сугерирав најдоброто можно решение, за чија изградба веќе имам и првични проекции. Се уште немам повратна информација од ниту еден од кабинетите, но се надевам дека тие ќе ја разберат семантиката на мојот предлог.

Објектот, според него, би можел да биде изграден за помалку од една година и не би чинел повеќе од 750 евра по квадратен метар.

- Најбитно во сето ова е значењето што преместувањето на седиштето на претседателот на Кале би го имало за Скопје и за државата - вели архитектот Поповски.

Тој очекува да ги заинтересира надлежните за овој проект. Евентуален отпор, според него, би можело да има од археолозите, кои, со претпоставката дека станува збор за потенцијално наоѓалиште, со години се противат на какви било градежни зафати на локацијата.

Во Кабинетот на Трајковски вчера немаа никаков коментар за идејата на Поповски.

- Освен за приспособување на некоја од резиденцијалните вили на Водно, не сме разговарале за други опции. Но, ако Владата смета дека може да издвојат пари од буџетот за таа намена, ние во основа се согласуваме со кое било решение. Условот е тоа сепак да биде репрезентативен објект што ќе ги исполнува безбедносните и други критериуми неопходни претседателот на државата - изјави портпаролот на Трајковски, Борјан Јовановски.

Без оглед на иницијативата на архитектот Поповски, СДСМ, како што дознаваме, има сериозна намера да обезбеди ново седиште за шефот на државата, не толку за актуелниот Трајковски, колку за идниот, што ќе биде избран на претседателските избори во 2004 година.

____________________________________________________________

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=27335 - Американците ќе градат амбасада на Кале - А1 - 22.12.2003

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=98412&idg=5&idb=1483&rubrika=Skopje - Трифун сака Градска куќа кај Кале - Вест - 06.07.2005

http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=11286 - Претседателскиот Кабинет На Нова Локација -  Бранко се сели! - Вечер - 05.09.2006 

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9724E598157581439B095A27D63678AC - Доцни резиденцијата на Водно - Вечер - 21.06.2007

____________________________________________________________

LOL

http://www.e-cart.ro/7/oliver/uk/g/oliver-musovik_uk.html - Museum of Contemporary Art

The building of the Museum of Contemporary Art, as one of most monumental in Skopje, was designed (Czech architect Viktor J. Hudak) and constructed in the course of 1930 - 1938. The object is conceived in modern architectural language for that time, with specific massive and playful dimensions and clear façade elements in the shape of a pentagon with an inner court.
The building is in use since 1939 as Museum of the Vardar Banovina of the Kingdom of Yugoslavia, when part of the modern painting collection of prince Pavle was stored in it.
After the liberation of Skopje in 1944 the museum building is renamed as Art Museum of the People Republic of Macedonia.
The earthquake that Skopje experienced in 1963 significantly damaged the Museum building. Works for its repair and reconstruction were undertaken. In this year the museum is renamed to Museum of Contemporary Art and the collection was significantly enriched with presents from artist from all over the world.. The fund of donated works has exceeded 4000 art works by around thousand artists from all over the world
The museum has several exhibition rooms, a big exhibition hall, drawing and print cabinets, depots, library, offices etc.

Presidential Palace

In 1970, after several decades of activity in various residential objects, the President of the Socialistic Republic of Macedonia, finally gets adequate working space when the new Presidential Palace is built on the Kale fortress - the old heart of the city of Skopje.
The project of the Presidential Palace building was solidarity present from the People Republic of Poland after the catastrophic earthquake in 1963. The architects of the building are the renounced Polish architects Waclaw Klyszewski, Jerzy Mokrzynski and Eugeniush Wiezbicki.
Along with the Presidential cabinet, in the Presidential Palace, which is an exceptional example of the late modernistic architecture (5428m²), several meeting halls, a gala salon and offices of the presidential administration are located. The residence (living quarters) of the President are situated in the south wing of the palace.
For the purpose of protocol activities that take place in the palace, after the independence of the Republic of Macedonia in 1991, several major renovations of the palace have been undertaken. For the future, a creation of a Presidential Library in the north wing of the palace is planned.

http://www.e-cart.ro/7/oliver/uk/g/oliver-musovik_uk.html - www.e-cart.ro/7/oliver/uk/g/oliver-musovik_uk.html

Претседателот Трајковски во историјата на македонската уметност
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=23&ArticleID=808 - Човек со чувство за уметничката креација - 01.03.2004

Учествувајќи и посредно и непосредно во проектот „Претседателска палата“ на младиот уметник Оливер Мусовиќ, претседателот Борис Трајковски покажа исклучително чувство и почит за уметноста што не е честа, ниту, пак, вообичаена карактеристика на актуелните политичари.

Сите типови уметност, без исклучок, ја имаат идејата како заеднички именител, но за концептуалата идејата е праисходиште, но и основна цел. Поради тоа, второто име на концептуалата е идеја-уметност. Таа ги користи телото, говорот, јазикот, зборовите, летристичките и нумеричките форми како материјал, а нејзините дела често не постојат како објекти, туку опстојуваат во колективната меморија како идеи. Тоа што физички останува зад нив е документот.

И проектот „Претседателска палата“ на Мусовиќ, претставен во ноември на изложбата Концептуалниот дискурс во македонската ликовна уметност, во МСУ, е идеја – уметност. Мусовиќ си поигра со размислата за пренамена на Музејот на современата уметност во претседателска палата, која пред неколку години почна да се тркала низ јавноста.

Меѓутоа, таа ноемвриска вечер, со согласност на претседателот Трајковски, Музејот навистина стана претседателска палата, а претседателот на државава - дел од македонската концептуала.

- Проектот беше замислен како концептуална реакција на идејата Музејот да биде пренаменет во претседателска палата. Мусовиќ претстави фотографии на Музејот на современата уметност и на зградата на Собранието на Македонија, под кои со инверзија на податоци беа променети легендите. Така, под фотографијата на Собранието стоеја податоци за МСУ, а под фотографијата на Музејот – податоците за Собранието – си спомнува Соња Абаџиева, куратор на изложбата за македонската концептуала.

Двајцата гардисти од почесната претседателска гарда во своите свечени униформи што стоеја на влезот во Музејот околу црвената патека само ја дополнија идејата на авторот. Плочата со натписот „претседател на Република Македонија“ на влезот во Музејот ја зачини целата ситуација со неопходната зачуденост, а присуството на претседателот Трајковски на отворањето на изложбата му даде нова, неочекувана димензија на проектот.

- Многу посетители мислеа дека гардистите се присутни поради претседателот, но тие, всушност, беа дел од проектот на Мусовиќ - вели Абаџиева.

- Претседателот беше запознаен со целиот овој проект и целосно ја почитуваше желбата на авторот, поради што без збор го обезбеди присуството на гардистите за време на отворањето на изложбата. Доаѓањето на претседателот му даде сосема поинаква димензија на целиот проект и ја овозможи неговата комплетна реализација. Со тоа проектот на Мусовиќ, во ваква форма, беше изведен прв и единствен пат само на отворањето на изложбата. Тоа е неоконцептуала во духот на концептуализмот - вели Абаџиева.

- Сметам дека гестот на претседателот да ги отстапи гардистите во функција на еден перформанс беше во духот на целиот проект „Македонска концептуала“, а тоа е дух на слободата на творештвото, на слободата на изразот и на мислењето, на слободата на изразувањето на мислењето и на творештвото. Контекстот беше персифлажа на една стара идеја, потекната од некои политички кругови за пренамена на Музејот во претседателска палата. Ние се обидовме да се пошегуваме со таа идеја и драго ми е што претседателот тоа го прифати, што зборуваше за неговата интелектуална широчина – вели Емил Алексиев, директор на Музејот за современа уметност.

Овој запис за изложбата на македонската концептуала, една од повпечатливите манифестации во минатата сезона, е потсетување на проектот што ги тестираше отвореноста и сензитивноста на политичкиот врв за уметничка креација и на претседателот Трајковски што повеќе од успешно го помина тој тест.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=23&ArticleID=808 - Време - Јасна Франговска - 01.03.2004



Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Aug-2008 at 22:06
Originally posted by beTon

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=18958&idg=2&idb=429&rubrika=Skopje - претседателската резиденција да се смести во Музејот на современа уметност - 2001

ѕшто стана со оваа иницијатива, немам видено што е сега во ГУП и што планираат да се вметне на кале со новите измени, мислам дека ова ќе држи вода но нешто малку потака некаде кај француски гробишта бидејќи ионака тој дел заради штабот на циа за балкан кој го градат на калето сето тоа таму ќе биде под специјален режим на движење, а кај мсу најдобро е да ја направат фамозната филхармонија или пак да го дислоцираат таму музеј на македонија а воедно и да го прошират но и ќе имаат доста бришан простор за инсалации и манифестации, а вака е музејот најнекорисниот објект што постои во скопје после зградата на мтв, ниту на народов му е до современа уметност ниту пак современата уметност е наменета за мецени па да е издвоена од центарот и да се лоцира каде нема никаков јавен транспорт до неа, а за тоа дека локацијата е нај топ во градов тоа е точно само што на секој можен начин е заборавена и одсечена од градот, она со монореилот кој го превидуваат за кале може би го заживеало мсу но без јсп ништо, па затоа дефинитивно “мсу“ би било подобро да се дислоцира пример некаде под нова железница до најсовремениот и нај уникатен мост во светот со кривина на излез (искривен во право време) - местото е измислено за такво нешто а плус ќе биде во опкружување на постмодерни архитектонски дела како нова железничка и телевизија па и саемот како појава, а најинтересен момент ќе биде тоа што сите уметнички експонати колку и да бидат тие гломазни ќе се истовараат директно од воз во галериите на музејот...


До некаде се сложувам со ова што го збориш (за МСУ). Сепак не би влегувал во такви комбинации, зградата (според мене) е една од подобрите таму. Спрема мене и МСУ е жртва на прекинатата врска помеѓу центар и турска чаршија. Незнам што ќе излезе од наглава урбанизација на потегот околу карпошово востание но искрено се надевам дека новите објекти (Музеј на ВМРО и стар театар) независно што сум категорично против нив малку ќе го дигнат нивото во тој дел (го заборавив и центарот на холокаустот) и ќе се создадат услови за евентуална изградба на плоштадот Карпошово востание кое е сега руина. Ако таа празнина се исполни и заживее како што треба мислам дека реинтеграцијата на турската чаршија, кале и МСУ во градот е неминовна само ќе биде потребно време.

Во делот после француски гробишта се сложува, тоа е интересна локација за претседателска палата или пак за уште некоја амбасада.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Aug-2008 at 00:34
Кале може да биде добра дипломатска ареа. Дипломатската ареа е нешто што е карактеристично за многу главни градови. Во Скопје амбасадите и резиденциите се разштркани по цел град по несоодветни објекти, односно преадаптирани куќи. Кале има предиспозиции за такво нешто, поготово со новата амбасада на САД. Патем тоа ќе значи многу за реинтеграција на целата таа лева страна на вардар. А ќе се отвори и голема потреба за довршување на булеварот климент охридски, којшто пак ќе биде директна конекција со владата и делумно собраниет!


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Sep-2008 at 19:56

Нов град ќе никне во Скопје

Нов град на површина од 300 хектари со 60.000 жители ќе никне во Скопје. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на генералниот урбанистички план на градот, кои се однесуваат исклучиво на касарните.

Воените објекти ќе станат зони за живеење.

„Измените и дополнувањата не генералниот урбанистички план се однесуваат на начинот на планирање на т.н. сиви зони или пак, на простори на Министерството за одбрана, кои се отстапени на Министерството за транспорт и врски. Сега тие се во интерес на градот, изјави проф. Андреј Токарев од партиципативното тело на град Скопје.

Касарната „Илинден“ ќе се пренамени во урбанизирана населба, Бардовци ќе стане елитна населба, дел од касарната во Аеродром ќе биде со станбени згради, а останатиот ќе има комерцијални намени.

Но, стручната расправа која ја организираа изведувачите на планот наиде на низа критики. Повеќето од експертите сметаат дека измените и дополнувањата на ГУП-от имаат недостатоци, од кои ќе произлезат многу пропусти.

„Специјалните зони кои ќе станат елитни, или други современи населби за домување, нема да имаат исправни инфраструктури. Нема да имаат правилно димензионирани, планирани и изведени патна мрежа, водовод, канализација и електрификација“, изјави Мирослав Грчев, универзитетски професор.

„Едноставно, немавме информација што се предвидува, кој дел ќе се зафати, каков ќе биде интензитетот на изградбата, какви ќе бидат реперкусиите врз просторот“, вели Влатко Коробар, универзитетски професор.

Сите забелешки на стручната јавност во врска со планот треба да поминат на Советот на град Скопје. Намената на овие површини е според одредбите на Владата, која и ќе ги издвои средствата за изработката на ГУП-от за главниот град.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97858


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Sep-2008 at 04:01
Елитни населби наместо касарни


Ова е една од алтернативите за промена на глобалната слика на македонската метропола според која целосно би се преуредиле касарните Илинден, Аеродром, Ѓорче Петров и уште три локации


Со привршување на процедурата за донесување на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје, можно е таканаречените градски сиви зони, да израснат во големи елитни населби.
Ова беше една од алтернативите за промена на глобалната слика на Град Скопје, што беше главна тема на вчерашната дебата во градското собрание. Партиципативното тело на Град Скопје заедно со Агенцијата за просторно планирање, ја презентираа можноста во новиот идеен урбанистички план на Скопје да се вметне проект со кој 6 локации ќе добијат можност да се трансформираат во нови станбени елитни населби. Тоа се локациите каде што во моментов се наоѓаат војничките касарни и се нарекуваат "сиви зони", а земјиштето е сопственост на Министерството за одбрана. Станува збор за целосно преуредување на касарните Илинден, Аеродром, Ѓорче Петров и уште три локации.

Денешните воени комплекси би требало да се расчистат, постојните објекти да се урнат и земјиштето да се подготви за изградба на нови станбени комплекси. Според проценките на експертите, во новите станбени зони би се обезбедил простор за околу 60 илјади жители.
Од Агенцијата за просторно планирање велат дека тие веќе имале направено сообраќаен, хидроелектричен и градежен план за реализација на оваа замисла, но сето залагање во моментов мора да се одложи, се до монентот додека не заврши постапката за донесување на новиот Генерален урбанистички план на Скопје.
- Со оглед на тоа дека има законски рокови кои мора да се испочитуваат и да поминат неколку фази од постапката за донесување на новиот ГУП, ваквите елитни зони и натаму ќе се нарекуваат сиви - истакнаа урбанистите.

http://vecer.com.mk/?ItemID=485A0C6644DB264DA3565FEC9CBC4657


Со измените на ГУП некогашните касарни ќе станат станбени комплекси

Во „сивите зони“ во Скопје се планира да се изградат станови за 60.000 луѓе

Сања Наумовска

Измените и дополнувањата на Генералниот урбанистички план на Скопје се донесуваат во незаконска скратена постапка и без ниедна стручна анализа, забележаа стручњаци-урбанисти на јавната расправа организирана вчера во Градот Скопје. Измените на ГУП кои се однесуваат на поранешните „сиви зони“, во кои се наоѓаа објекти на Министерството за одбрана, ги побара и ги финансира Владата, со цел на овие локации да се направат станбени и деловни комплекси.

Како што информираше претставникот на Партиципативното тело за урбанизам на Градот Скопје, Михаил Токарев, на местото на касарната „Илинден“ треба да се гради станбена населба во која би живееле од 25.000 до 30.000 луѓе и која ќе претставува една од најголемите населби во државава. На местото на воените објекти во Бардовци, предвидено е да никне елитна населба, а на делови од касарните во Аеродром и во Ѓорче Петров, пак, станбени згради, односно комерцијални објекти.

Според претпоставките на изработувачите на измените и дополнувањата на ГУП, Агенцијата за планирање на просторот, во новите цивилни населби се очекува прилив на 60.000 луѓе, кои тука би живееле или би работеле. Во тој правец се движеа и најголемите забелешки на дел од дискутантите на вчерашната јавна расправа, кои се интересираа во колкав временски период ќе се случи приливот и од каде ќе дојдат овие луѓе.

Тие забележаа дека постапката за измена е нарушена со тоа што не се направени потребните стручни анализи како овој прилив на луѓе би влијаел на околината, на инфраструктурата и сообраќајот во градот. Забелешка имаше и на нацрт-формата во која се понудени измените, за кои и Советот на Скопје на една од своите седници побара да бидат во предлог- форма.

„Ниедна стручна расправа за измена на Генерален план не се изведува на овој начин, без графички планови, за кои и би требало стручната јавност да дискутира. Истовремено, со инсистирањето само на измени во определените сиви зони, без да се анализира нивното влијание на околината, од Генералниот план ќе создадат еден ’франкенштајн план’“, истакна професорот и урбанист, Мирослав Грчев.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8F26C17D72D8C2468E738F9FF8574104



Во Скопје ќе се населат нови 60.000 жители

Никој не знае за колку време ќе бидат населени зградите и комплексите што ќе се градат на местото на касарните „Илинден“ „Гоце Делчев“ и „Јане Сандански“


Според планот, Бардовци треба да стане елитна населба

Скопје ќе добие нови 60.000 жители. Овие луѓе ќе се населат во новите згради што ќе се градат на местото на касарните „Илинден“, „Гоце Делчев“, „Јане Сандански“, како и касарната во Бардовци. Како што најавија урбанистите, кои вчера учествуваа на расправата по повод измените на Генералниот план на Скопје (ГУП), комплексите на Министерството за одбрана ќе се уредуваат по програма на Владата. Откако ќе се измени Генералниот план на Скопје, Владата планира да го продаде државното земјиште на инвеститори, кои таму би граделе станбени и зони со комерцијална намена.  До бројката од 60 илјади нови жители е дојдено со пресметките за просечна густина, додека вистинската никој не ја знае. На местото на објектите на Министерството за одбрана ќе се изградат згради, кафулиња, хотели. Кај „Илинден“ ќе се гради урбана населба, на местото на „Гоце Делчев“ - комерцијални објекти, а во Аеродром - станбени згради. Во Бардовци е предвидена елитна населба.  Главниот проблем е што сите зборуваат за измени, но никој не направил истражување за колкав временски период би се доселиле тие 60.000 луѓе, за една, две или 10 години.

- Не е познато ни од каде ќе дојдат, ни за колкав временски период. Тоа ќе биде истражено во рамките на ГУП - изјавија вчера од градското партиципативно тело за урбанизам, кое се противи на измените.Професор Михаил Токарев, член на ова тело, потенцираше дека не е време за измена на ГУП, односно мора да се запазат законите пред да се пристапи кон усвојување на измените.

Претставници од Општина Карпош вчера предупредија и на проблем со имоти што се предмет на денационализација. Рекоа дека поранешни сопственици на национализиран имот се прашуваат дали некој ќе ги обесштети, но од Агенцијата за урбанистичко планирање се оградија, велејќи дека тие се само планери.Одлуката за драстични измени на ГУП беше донесена пред некој месец, а на усвојувањето претходеше жестока расправа од опозицијата, која гласањето го нарече незаконско.

- Законот не познава измени на ГУП без претходно Градот да донесе годишна програма. Исто така, потребна е и студија зошто се оди кон измени - рече тогаш Тања Томиќ, која обвини дека власта сака во скратена постапка да го измени планот со цел да ги спроведе своите интереси.За измените на Генералниот план на Скопје, Владата на Градот ќе му префрли 250.000 евра. Со цел постапката да тече беспрекорно, треба да се обезбедат уште 750.000 евра. Новиот план пред се' е предизвикан од потребата во границите на Скопје да влезе и Општина Сарај. Исто така, ќе се оди и кон измена на многу други решенија, имајќи предвид дека владејачката коалиција во Советот, „За подобра Македонија“, смета дека сегашните урбанистички и сообраќајни решенија не соодветствуваат со реалните потреби на Градот.

Освен влегувањето на Сарај во градски граници, скопските општини имаат свои желби што со години ги доставуваат до Градот. Барањата се однесуваат на пренамена на земјишта, односно акцент е ставен кон профитабилни дејности како што е изградбата на станови. Со цел легализација на седум до десет илјади дивоградби, Општина Кисела Вода смета дека во ГУП треба да се вметнат дивите населби Усје, Пинтија, Припор, како и дел во Драчево. Карпош, пак, бара проширување на градежниот реон на Водно во заштитениот појас, со цел легализација на дивоградбите на таканареченото Шпанско село. Општина Бутел има предлог меѓу гробиштата и Серава - зона за спорт, додека Центар се залага за бришење или поместување на булеварот Крушевска Република од Маџир Маало.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F4DA266A409E3F409AD0DEFAE7815F62



Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Sep-2008 at 04:09
Супер е све што се планира. Ја не признавам констатации од типот дека Скопје треба да се закочи во проширување. Добро е што Скопје се шири, само прво нека се изградат Крушевска, Северен и Јужен комплетно, тунел под плоштад комплетно (3 со 3 ленти), Цветан Димов комплетно, Првомајска до центар комплетно, па после не е проблем да се шири. Со вака недоградена мрежа ништо не правиме. А со оглед на формата на Скопје само два градски автопати ќе ја премостат гужвата, секако и споредните (битни) проекти што ги набројав неколку реда погоре!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Sep-2008 at 05:23
Генерално во ред е ова (иако имам резерви во однос со касарната Илинден), но само ако се редизајнира целата инфраструктура пошироко, за овие населби добро да се вклопат и добро да функционираат. Ме плашат забелешките на некои од стручњаците дека тоа не е случај...


Originally posted by lslcrew

тунел под плоштад комплетно (3 со 3 ленти)
2 х 3 не ни може да се изведе баш задоволително... На пример што простор ќе остане на Партизанска ако понираат вкупно 6 ленти?
2 х 2 е сосема доволно (ако е изградена и останатата мрежа), плус ЛРТ да проаѓа на посебен простор, а не да зафаќа 2 од тие зацртани 4 ленти. Ова во нормални услови не би било под знак прашање, но видовме дека новите верзии на Мал Ринг предвидуваат 2 х 2 без дополнителен простор за шини. Bash
А како тргнале работиве, можда ни тие 2х2 на крај нема да ги добиеме Ohno Wallbash


додека Центар се залага за бришење или поместување на булеварот Крушевска Република од Маџир Маало.
Овие никако да си ја избијат од глава таа ненормална идеја Roll%20eyes
Каков ли страотен коктел од корупција, неспособност и неодговорност е потребен, за некој воопшто да помисли да спомнува таква работа, во името на којзнае какви интереси. Bash Bash Bash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Sep-2008 at 05:31
Абе што корист од два со два, само ќе го преместиме РЕКОРД под земја. 3со 3 е подобро, за да се задржи континуитетот од партизанска, и после кога ќе излезе непосредно пред комплекс банки пак да си продолжи со три. И не само поради тоа. Што да речеме ако се деси сообраќајка доле. Пристап нема никаков и автоматски закрчен сообраќај. Ако веќе отвараме градилиште да го направиме асално. Финансиските издатоци не се многу поголеми за 6 ленти одколку за 4. Поскапо е накнадно да се проширува. Веќе е време да се планира ова!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Sep-2008 at 05:44
Originally posted by lslcrew

Абе што корист од два со два, само ќе го преместиме РЕКОРД под земја.
Рекорд е едно, а ова е друго и како правец и како конфигурација и како пропустна моќ. Да не ги мешаме работите.


3со 3 е подобро, за да се задржи континуитетот од партизанска, и после кога ќе излезе непосредно пред комплекс банки пак да си продолжи со три.
Ај пак да ти го поставам истото прашање: на пример што простор ќе остане на Партизанска ако понираат вкупно 6 ленти?
Без разлика каде ќе биде тоа понирање... Мора да се остави простор за сообраќајот што нема да транзитира низ тунелот, за ЛРТ, за тротоари и велосипедски патеки. Со толку голема ширина на оската на Партизанска не располагаме. Мислам дека ќе биде тешко добро да се изведе и 2 х 2, а камо ли 2 х 3


И не само поради тоа. Што да речеме ако се деси сообраќајка доле. Пристап нема никаков и автоматски закрчен сообраќај.
Ова ептен го преувеличи, ситуацијата не би била воопшто толку критична, ниту различна од 2 х 3.
А дефинитивно не би бил ни прв ни последен градски тунел со 2 х 2 и не знам дека негде од тоа се изродиле толкави проблеми.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Sep-2008 at 09:48
Партизанска ќе си понира од кај тифани, кога тифани ќе ја чуваме само во спомените, а не во сред центар. Значи тунелот место да понира од сред раскрсница може да си пројде раскрсница и да си влезе под земја, исто така обратно и на излез. Ај ќе скицирам. Инаку пропусната моќ ќе треба да биде јако појака од рекорд. Пази, и доле треба да стојат автобуси.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Sep-2008 at 12:58


Слободно скицирај, ама ептен си ги помешал работите...

Прво не знам од каде таа сигурност дека Тифани ќе се сруши и ќе ни остане „само во спомените“. Јас мислам дека тој филм тешко дека ќе го гледаш... Но тоа и онака е сосема ирелевантно. Имено тоа за што се прозиваше Тифани дека смета, не е дека тунелот требало да почнува од таму, туку дека таа со својата „длабочина“ би му сметала и на тунел што би почнувал после соборна. Тоа наводно го „решиле“ избегнувајќи ја Тифани со дупла кривина на самото понирање на тунелот, што нашиве таленти најверојатно ќе го искомбинираат со некој гаден нагиб и ќе завршиме со мизерни карактеристики, а се работи за исклучително важна алка во нашата сообраќајна мрежа.

Туку да се вратам на ова ти што си го замислил. Не знам од каде искочи тоа, ама планот воопшто не бил таков ни пред ни после изградбата на Тифани. Планот си беше и останува да биде понирањето да е помеѓу раскрсниците кај соборна и Тифани.
За да се изведе како што кажуваш ти, не би требало да се сруши само Тифани, туку све помеѓу Тифани и новиот објект на телеком, вклучувајќи го и него. Затоа што понирање на тунел не се прави во два метри, туку за да обезбедиш пристоен нагиб ти требаат над 80 метри кои би требало да се надоврзат на пожелни 50-60 метри „луфта“ после раскрсницата (за да не се чека на семафор на значителна угорница), испаѓа дека порталот на тунелот ќе биде кај Магос. Е сега прашање е колку под земја е Магос и дали и тука нема да треба да направат некоја дупла кривина за да се избегне. Stern%20Smile
Така да мислам дека треба да ја баталиш теоријава...

П.С.
Ја доле автобуси не би пуштал, но без разлика, не е проблем да се направат постојки со проширување.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Sep-2008 at 13:06
За раскрницата кај соборна имаш право. Проверив сега у ГУП!

А за автобусиве незнам како тоа не би ги пуштил. Па нели рекорд треба да биде пешачка зона доколку овие тунели постојат. Автобусите мора да се доле. Можеби со прошируваше и тоа може да се реши. Инаку доколку Скопје добие вакви тунели некој ден, многу интересно ќе изгледа спојот на паркингот под ГТЦ со тунелот. Сега тука има еден премногу остар наклон воопшто непогоден за чекање семафор.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Sep-2008 at 13:19
Originally posted by lslcrew

За раскрницата кај соборна имаш право. Проверив сега у ГУП!

А за автобусиве незнам како тоа не би ги пуштил. Па нели рекорд треба да биде пешачка зона доколку овие тунели постојат. Автобусите мора да се доле. Можеби со прошируваше и тоа може да се реши.


Рекорд и да биде пешачка зона, улицата би можела да си поминува доле, ова го имаме дискутирано. Ама тоа е чисто моја преференца, проширувања за постојки си остануваат како една од работите што би требало да се планираат во тунелот. На крајот на краиштата 2 х 3 за тунелот останува невозможно, така да ќе мора да се гледа 2 х 2 да се изведе најдобро што може.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Sep-2008 at 14:44
Не сакам да влегувам во дискусија со Кловер на овие теми бидејќи обично е добро поткован и знае што збори. Веројатно и сега е така.

Но генерално сум на линија со ЛСЛ. Булеварот треба да има 2х3 заради континуитет. Последните ленти би се користеле за јавниот превоз а другите две би биле транзит за возила.

Незнам зошто не би имало место за такво нешто и незнам каква врска има градиентот со тоа дали се две или три ленти. Единствена компликација ја гледам во тоа дека нема да има простор за дополнителни ленти во потегот Соборна Црква-Тифани кои ќе водат до улицата позади Кинг Бургер/Соборна црква и до улицата која е крајна граница на Мал Ринг (незнам дали и овој дел кај Т-Мобиле, МТ Алмако итн се вика Даме Груев).

За да се добие добар подземен транзит јас пре би импровизирал тука во комуникациите со овие улички отколку со подземниот коридор.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Sep-2008 at 18:49


Таман помислив дека лсл ме разбра што зборам, сега и со тебе недоразбирање за што всушност се работи Bash Big%20smile

Ќе мора да нацртам, вака не бива...



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Sep-2008 at 20:11
Originally posted by pbanks


Но генерално сум на линија со ЛСЛ. Булеварот треба да има 2х3 заради континуитет.
2х3 би било невозможно да се изведе ниту со минимум задоволителни карактеристики, а мислам дека непотребно ставаш толкав голем акцент на некој таков тип на континуитет. За овој тунел (како и за тој пред влада), главен проблем би бил генерално големиот обем престројувања на мали растојанија, а не „континуитетот“ во однос 2х3 / 2х2 per se.

Незнам зошто не би имало место за такво нешто
Па таму реално има место за максимум 8 ленти вкупно. Ако 6 од нив му „доделиш“ на тунелот, ти остануваат 2 за сите други потреби, то ест по една за секој правец (и тоа не 2х1, туку раздвоени, посебни ленти што е значително полоша варијанта од повеќе аспекти)


и незнам каква врска има градиентот со тоа дали се две или три ленти.
Па нема врска со тоа директно. За градиентот зборев во контекст на замислата на лсл - Тифани да се руши, таму да се оформи класична четворокрака крстосница, а тунелот да почнува после таа крстосница, во правец на плоштад. Градиентот едноставно го ставив во математиката дека не би требало да се руши само Тифани, туку све помеѓу Тифани и Магос.


Единствена компликација ја гледам во тоа дека нема да има простор за дополнителни ленти во потегот Соборна Црква-Тифани кои ќе водат до улицата позади Кинг Бургер/Соборна црква и до улицата која е крајна граница на Мал Ринг (незнам дали и овој дел кај Т-Мобиле, МТ Алмако итн се вика Даме Груев).
Тој дел колку што знам се вика Булевар ВМРО, но името секако не е многу битно.
Тука мислам дека ти е главниот превид во анализата - грубо ја поценуваш важноста на комуникацијата помеѓу крстосницата кај соборна и крстосницата кај тифани. Имај на ум дека сообраќајниот прстен околу Мал Ринг треба да добие комплетно булеварско решение и неговата важност во иднина ќе биде и поголема поради значително поголем капацитет. Луѓето ќе го користат како класичен прстен, за разлика од сега кога има тесни грла и еднонасочни делови.

Споредните улучки од кај Кинг Бургер и од кај соборна мање више, ама во услови на веќе закрчена врска, тие исто така ќе прераснат во голем проблем.

За да се добие добар подземен транзит јас пре би импровизирал тука во комуникациите со овие улички отколку со подземниот коридор.
Дури и толку лесно да ја жртвуваме комуникацијата помеѓу двете крстосници и во однос на нејзе да импровизираме како што викаш, таму веднаш ќе се створи гужва која ќе го блокира и влезот во тунелот. Како последица, претпоставената придобивка од 2х3 би се претворила во своја спротивност и би го направила и тунелот полошо да функционира, а не само комуникацијата помеѓу двете крстосници.

Еве едно сликовито сценарио затоа што овие работи стварно тешко се објаснуваат само со текст. Со зелено ги имам одбележано возилата кои би транзитирале низ тунелот, а со сино возилата кои се упатени во други правци. Тие засебни единечни ленти во голем дел од денот не би биле во состојба да се носат со потребите, а особено на нивниот влез има потенцијал да се створи "bottlenck", кој ќе го блокира не само пролазот по тие ленти, туку ќе опструира се наоколу и ќе стимулира општ хаос.
Ова сценарио и оптимистички зема во предвид дека трамвајски шини тука нема да прават дополнителни компликации, туку дека ЛРТ трасата ќе понира уште пред ул. Ленинова (убеден сум дека тоа е клучен предуслов за добро решавање на влезот во булеварскиот тунел во било која варијанта). Доколку тука се вкрстат и ЛРТ шини, хаосот ќе биде уште поголем...
Инаку јасно се гледа дека од лошото решение не би бил загрозен само тунелот, туку и крстосниците лесно би се блокирале, особено таа кај соборната црква.





Има и други проблеми со 2х3 тунел, но не сакам да влегувам во комплицирани објаснувања за работа што е всушност равенка со премногу непознати...

Единствена варијанта што ми текнува, што можеби донекаде ќе те задоволи и тебе и лсл, а што е функционална и изводлива е во контекст на тоа што спомнав ЛРТ трасата да понира уште пред ул. Ленинова - тоа да се изведе така да биде по една заедничка лента во секој правец што ќе ја користат и автобуси и трамваи (тунелски влез и излез резервиран исклучиво за масовниот јавен превоз), кои веднаш после понирањето на булеварскиот тунел ќе му се приклучат и така барем во заедничкиот подземен дел ќе се добие некој модифициран 2х3. Не дека тоа е скроз иделано решение, ама вака од прва, компаративно ми изгледа како поповолна од другите варијанти. Нормално, тоа бара и поголема инвестиција, ама ја по дифолт сум за поскапи решенија доколку долгорочно се очигледно подобри и поисплатливи.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Sep-2008 at 20:51
Има простор да се изведе тунел со 6, а да останат 4 ленти за партизанска. Процепот е широк одприлика 40 метри. Башка да не го заборивиме средишното зеленило кое може да компензира една лента. И уште една ќе оди на сметка на тротоар, велосипедска патека, странично зеленило.

А за другиот крај од тунелот има слобода да излезе кај дрво декор и после кај народна банка може класична 4-крака раскрсница.


Posted By: mitatos
Date Posted: 20-Sep-2008 at 21:29
Супер е скицата што ја направи Clover@ но би можело да се помести малку понапред  ,а и има и други варијанти во врска со тунелот само што се потребни многу пари и не верувам дека некогаш тоа ке се изреализира ,градот ептен е сиромаф ,понекогаш има право тривка што се жали дека буџетот на Скопје е мал. Во право е.


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Sep-2008 at 22:23
Originally posted by lslcrew

Има простор да се изведе тунел со 6, а да останат 4 ленти за партизанска. Процепот е широк одприлика 40 метри. Башка да не го заборивиме средишното зеленило кое може да компензира една лента. И уште една ќе оди на сметка на тротоар, велосипедска патека, странично зеленило.
Има простор за 10 ленти ако се силува работата...
Средишното зеленило го врачунав, погледни ја убаво скицата.
Е сега како точно би имало простор за 10 ленти. Прво да се редуцира ширината на лентите на 3,25м што мислам дека е краен минимум за ваква сообраќајница. Плус да се се изведат тротоари по 2,5 метри што би било исто минимум со оглед на тоа дека се работи за центар. Плус велосипедски патеки од 1,5м и простор за неопходни странични и средишна бетонска бариера (и столбови во средина) во функција на тунелот околу 3 метри вкупно. Странично зеленило па и дрворед, во варијанта со 10 ленти најпаметно одма да отпишеш.

10х3,25+2х2,5+2х1,5+3=43,5m

Значи со вакво форсирање на сметка на све друго, можда и ќе пројде... Ама одма нов проблем - кривината за избегнување на Тифани треба да биде пооштра, затоа што во Мал Ринг е правена математика за не толку широк коридор (нели се бунеше градот што општина центар ја редуцирала ширината на подземниот коридор).
Исто така ме чуди почетокот на оваа кривина - испаѓа дека треба порано да почнува и со тоа да узурпира простор на површина, додека тунелот уште понира, па горе сече сообраќајни ленти... Стварно не ми е јасно како ќе се реши ова... Сигурно на лош начин Roll%20eyes
Ама така е кога урбаната мафија може да се заебава со стратешките планови на градот... Bash


Инаку се си мислам дека во некој напис беше спомната „новата“ широчина на подземниот коридор како што го турка општина центар, но се утепав барајќи и пак не успеав да го најдам тој податок. А тој податок е една од најважните „непознати“ во целиов муабет што го правиме Wallbash





А за другиот крај од тунелот има слобода да излезе кај дрво декор и после кај народна банка може класична 4-крака раскрсница.

Епа не е така, ни таму не е планирана четворокрака крстосница, туку клучка (а и со право, затоа што тука вкрстувањето не е со малиот прстен, туку со Бул. Кочо Рацин кој има уште поголема сообраќајна „тежина“, а плус и клучката со Крушевска е во непосредна близина, па е потребно да се осигура континуирана пропустливост на Бул. К.Ј.Питу.
Ама за тука тоа не е клучно прашање, затоа што просторот е поширок, па може да дојдат во предвид и „подарежливи“ решенија. Главниот проблем останува на Партизанска.

Во секој случај лсл, ја не би се истрчувал толку, прашање е дали и кога ќе добиеме 2х2, а засебен простор за ЛРТ да не ни спомнувам...



Ама колку повеќе размислувам, вакво решение се повеќе и повеќе ми се допаѓа:
Originally posted by Cloverstack

Единствена варијанта што ми текнува, што можеби донекаде ќе те задоволи и тебе и лсл, а што е функционална и изводлива е во контекст на тоа што спомнав ЛРТ трасата да понира уште пред ул. Ленинова - тоа да се изведе така да биде по една заедничка лента во секој правец што ќе ја користат и автобуси и трамваи (тунелски влез и излез резервиран исклучиво за масовниот јавен превоз), кои веднаш после понирањето на булеварскиот тунел ќе му се приклучат и така барем во заедничкиот подземен дел ќе се добие некој модифициран 2х3. Не дека тоа е скроз иделано решение, ама вака од прва, компаративно ми изгледа како поповолна од другите варијанти. Нормално, тоа бара и поголема инвестиција, ама ја по дифолт сум за поскапи решенија доколку долгорочно се очигледно подобри и поисплатливи.
Па нели ионака запињаш за уште една мегаломанска замисла, то ест метро, па ваква опсежна денивелација на ЛРТ мрежата сигурно нема да ти пречи Big%20smile




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Sep-2008 at 22:24
Originally posted by mitatos

Супер е скицата што ја направи Clover@ но би можело да се помести малку понапред  ,а и има и други варијанти во врска со тунелот само што се потребни многу пари и не верувам дека некогаш тоа ке се изреализира ,градот ептен е сиромаф ,понекогаш има право тривка што се жали дека буџетот на Скопје е мал. Во право е.

Што да се помести понапред?


Posted By: mitatos
Date Posted: 21-Sep-2008 at 00:13
Skicata od tunelot sto si ja pravel malku ponapred da ja namestis ,mislam poblizu do raskrsnicata, i tuka da se napravi nesto ovie drugite koli sto idat za bul. partizanski da pominat poslobodno ,znaci sepak partizanski da bide takva kakva sto e, a ulickava sto ide od bul goce delcev da ima i nekoj nadvoznajk imam videno na internet ima popametni idei , samo sto ti vikam deka problemot e vo budzetot na gradot.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Sep-2008 at 11:09
@Clover

муабетот ми беше дека комуникацијата ВМРО-Партизанска може комплетно да се збрише за да се оспособи со полн потенцијал главната транзитна подземна артерија. Голем дел од таа гужва која моментално удира слепо во Тифани и трга по контурите на Мал Ринг воопшто не иде кон центар туку транзитира. Значи притисокот кон центар би бил многу помал и разгранувањето на сообраќајот може да се изведе уште на раскрсницата ПАртизанска-Климент Охридски (кон центар и кон Илинденска/Гоце Делчев).

Значи воопшто не би размислувал на варијанти каде би се создал bottleneck. Би идел или со онаа варијанта јавниот превоз да понира порано низ засебен тунел или со ова што јас го зборувам.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Sep-2008 at 11:27
пбанкс оддамна се двоумам, и незнаев колку сум во право дека може да се збрише комуникацијата партизанска вмро. Ете сега гледам дека го делам исто мислење со некој друг. Инаку добра опција е!


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Sep-2008 at 12:02
Originally posted by lslcrew

пбанкс оддамна се двоумам, и незнаев колку сум во право дека може да се збрише комуникацијата партизанска вмро. Ете сега гледам дека го делам исто мислење со некој друг. Инаку добра опција е!


Па не и фали ништо на таа комуникација ама за повисока цел би ја жртвувал.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Sep-2008 at 13:30
Јас мислам дека би било огромна грешка да се жртвува таа комуникација, само како тунелот би понирал со 6 ленти.
4 летни би биле доволно, особено со добри дополнителни решенија за јавниот превоз. Рачунај дека на целиот тој потег помеѓу соборна и народната банка евентуално ќе има само еден семафор, со што сепак ќе има голема проточност и со 2х2, за разлика од остатокот на оската Партизанска - Јане Сандански, каде има семафори на секој чекор. На крајот на краиштата, со тоа што се движиме кон строга имплементација на жолтите ленти, а дополнително ова со начинот на кој сакаат да го градат трамвајот, и Партизанска и Јане Сандански се сведуваат на 2х2.

Од помала важност, но сепак не за занемарување се и уличките кои ги спомнавме, а кои со укинување на комуникацијата Партизанска-ВМРО исто така би се блокирале.


Едит: Исто така да не го забораваме Јужен Булевар. Со негова реализација, реално ќе се намали важноста на овој тунел. Навистина трасите не се баш толку блиску, но проточноста и поголемата дозволена брзина на јужен, сигурно ќе биде примамлива луѓето што патуваат на поголеми растојанија да не ја бараат едноставно најкратката делница, туку севкупно најповолната.
Исто така треба да рачунаме со многу попроточна Илинденска.


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Oct-2008 at 23:19
Не ми текнуваше на подобро место да го постирам ова..

Originally posted by http://www.vecer.com.mk/?ItemID=31F9260149EC8A4C8C7BB332F81C244B - Вечер

]
Метрополата ќе се скроти со нова просторна рамка


Планот ќе биде основа за изработка на нова урбанистичка документација на регионот како и Генерален урбанистички план на Град Скопје


Македонската метропола ќе добие нова просторна рамка, а целиот скопски регион ќе добие нови насоки за уредување и развој врз основа на експертска анализа на активностите на жителите и состојбата со животната средина. Сите податоци ќе бидат внесени во единствениот стратешки документ Просторен план за скопскиот регион, а зелено светло за почнување на постапката вчера дадоа градоначалниците од десетте скопски општини, кои ги ставија своите потписи на меморандумот за соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за планирање на просторот.

Со просторниот план ќе се разрешат проблемите со урбаната експанзија, ќе се лоцира проблемот со инфраструктурата, со комуналната и патната мрежа, ќе се дефинираат заштитните зони и ќе се воспостави режим на културното наследство, а ќе се ублажат или надминат проблемите во однос на заштита на животната средина и вода. Планот ќе биде основа за изработка на нова урбанистичка документација на регионот, како и нов Генерален урбанистички план на Град Скопје.
- Овој документ е од стратешко значење за локалната власт бидејќи во него ќе се прецизираат насоките за нашиот развој, како подобро да го организираме и уредиме просторот, да го подобриме животот на нашите граѓани - рече претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски. Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи потенцираше дека самиот ќе инсистира процедурите за донесување планот да се спроведат во определен термин, бидејќи тоа е главниот услов за стопанскиот развој на општините и на целата држава.

Просторниот план се изработува врз основа на Националната стратегија за просторно планирање на Македонија и се носи во две фази - нацрт и предлог. До крајот на годинава се очекува да се изработи нацртот, а потоа да се организира стручна расправа и сите сугестии да бидат внесени во предлог-планот. Финалната врзија ќе биде готова до крајот на идната година.



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Oct-2008 at 00:18

Меморандум за просторен план за Скопскиот регион

Градоначалниците на 17 општини во Скопскиот регион и Градот Скопје вчера потпишаа Меморандум за соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање за изработка на просторен план на Скопскиот регион. До крајот на годинава планот ќе биде готов во нацрт-форма, по што ќе следува јавна расправа и изработка на предлог-верзијата. Просторниот план ќе го изработува Агенцијата за планирање.

Според министерот за животна средина, Неџат Јакупи, планот, кој претставува стратегија за рамномерен и одржлив развој, бара интензивна соработка на сите засегнати страни. Во Скопскиот регион, нагласи Јакупи, постои несоодветно користење на градежното земјиште, пренамена на земјоделско земјиште, концентрација на население во приградските населби, непланска изградба и слично.

Градоначалниците на скопските општини се задоволни од придобивките од просторниот план. Според претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски, планот треба да го следи развојот на Скопје и да ги задоволи потребите на граѓаните. Просторниот план ќе биде стратегиски документ за управување и организирање на просторот, кој ќе содржи насоки за понатамошна изработка на генерални и детаљни урбанистички документи на општините. (С.Н.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=EBE48BE8BAF5924CB523A13507E57752




Posted By: La Linea
Date Posted: 05-Mar-2009 at 00:37


ГУП го ограничува Трајановски

Генералниот урбанистички план на Скопје го ограничува кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“ за нов градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Тој на вчерашната средба со евроамбасадорот Ерван Фуере истакна дека еден од приоритетите му е промена на ГУП.„Овој план стана пречка за развојот и за функционирањето на градот Скопје, од аспект на просторното уредување, што го почувствував како градоначалник на Гази Баба. Претходно ќе се работи на изработка на просторен план на градот Скопје и на Скопскиот регион. Со тоа ќе се овозможат предуслови за развој на градот, како што се изградба на индустриски зони, зони за домување, рекреација, спорт“, рече Трајановски.

Тој додаде дека сите потреби на граѓаните што се создавале со тек на времето треба да се вградат во новиот генерален урбанистички план, кој ќе ги отсликува моменталната состојба и проекциите за идниот развој на градот.
(С.Н.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3D401B98C946A24E9D6667A562404CC0
Статијата е прочитана 15 пати.


Да погодам, бришење на Крушевска република?!


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Supervisor
Date Posted: 06-Mar-2009 at 20:46
За скицата:
Таа варијанта со лентите е нелогична.
Ако се оди со тој план тогаш треба да се оди со 2 ленти кон тунелот и 2 ленти кон раскрсницата со ВМРО. Многу е логично дека ќе се парализира тука сообраќајот помеѓу Католичка и ВМРО раскрсницата со една лента кон Центар. Друга работа, кон тунелот 2 ленти се сосема доволни тоа ќе бидат некои 300 метри додека да се влезе во тунелот и потоа се продолжуваат три, бидејќи тука нема во никој случај да се кочи сообраќајот нема ни семафори ниту раскрсница што значи дека 2 ленти према влезот се сосема доволни!


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Svabo
Date Posted: 04-Jun-2009 at 20:43
По законот ГУП е устав а ДУП е закон. Ова го кажав сликовито, но за жал ДУП-овите не се прават во согласност со ДУП-от. Сите вие овде сте се сконцентрирале за сообраќајот, но ајде да продискутираме малку и за останатите сегменти од урбанизмот.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Jun-2009 at 20:47
Originally posted by Svabo

По законот ГУП е устав а ДУП е закон. Ова го кажав сликовито, но за жал ДУП-овите не се прават во согласност со ДУО-от. Сите вие овде сте се сконцентрирале за сообраќајот, но ајде да продискутираме малку и за останатите сегменти од урбанизмот.


Дај тема јас сум за...

Инаку се слагам со метафората што ја искористи Thumbs%20Up


Posted By: Svabo
Date Posted: 04-Jun-2009 at 21:06
Еве ќе ви откријам лично искуство но без посебно прецизирање. По ГУП донесен 2002 соодветното место е означено како “спортски центри и терени“ (шифра 631). На истото место има донесено ДУП од 1998 каде што тука предвиделе едно игралиште, црква и паркинг. Со приговарање на планот (некаде 2007) и барање да се прилагоди према ДУП. И се беше попусто. Едноставно некои бариери се непремостливи. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Jun-2009 at 21:12
Се разбира, не е првпат токму оние што треба да го штитат тој поредок најфлагрантно да го погазуваат. ДУП-ови не се во согласност со ГУП-от, дозволи за градба не се во согласност со ДУП-ови, ДУП-овите постојано се преправаат од секакви причини, само не за да се корегираат слабостите и да се подобрат. Ужаснат сум што може да ни донесат измените на ГУП-от кои се во процедура.

Жалосно е затоа што грешките во урбанизмот се многу скапи, тешко се исправаат, а штети трпат генерации и генерации.

Svabo може ли да прецизираш за која локација поточно станува збор во примерот што го посочи?


Posted By: Svabo
Date Posted: 04-Jun-2009 at 21:15
Не, бидејки е во процес на судска постапка и не би сакал да пишувам за тоа. Но покасно ќе споменам еден друг пример од општина Центар.



Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Jun-2009 at 15:58
бескрајни стратегии и анализи, никаква реализација, се по старо... 15 месеци само за стратегијата. Во оваа земја времето и јавните пари навистина немаат никаква вредност.

Шпанска фирма ќе ја изработува студијата за сообраќајниот систем на град Скопје

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/57307/Skopje.jpg">

Компанијата “Идом инжинериа и консалториа С.А. “ (Idom ingeneria y consultoria S.A.” од Шпанија е избрана за најповолен понудувач на јавната набавка на услуга за изработка на Студија за сообраќајниот систем на град Скопје со идејни проекти за сообраќајниците: Булевар “Св. Климент Охридски“ и подземната сообраќајница од Соборниот храм до Комплексот банки.

Најповолниот понудувач треба да изготви Студија за сообраќајниот систем на Скопје. Сообраќајната студија ќе треба да ги потврди програмските определби на важечкиот ГУП на Скопје или да согледа можности од поинакви програмски определби за социо - економскиот и просторен развој на градот.


Во изработката на Студијата предвидена е реализација на анкета за прибирање на податоци поврзани со социо-економската состојба и потребите за мобилност на граѓаните во Градот, за која ќе се изработи посебна методологија. Врз база на податоците од анкетата и дефинираните цели за развој на сообраќајните системи во градот, ќе се направи модел  за прогноза на идната побарувачка за транспорт на долг период.

Проектот се предвидува да биде реализиран во период од 15 месеци, а студијата ќе ги опфати сите десет општини кои според последната територијална и административна организација го сочинуваат Скопје.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=57307&kategorija=2



Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jun-2009 at 06:46

Новиот генерален план ќе ја отслика реалноста во Скопје


Според градоначалникот Трајановски, сегашниот план е пречка за развојот на градот и тој би требало да сеизмени за година и пол

%20
Скопје може да добие нов генерален урбанистички план за година и пол, било договорено на вчерашниот координативен состанок на скопските градоначалници. Градоначалникот Коце Трајановски истакна дека сегашниот план е пречка за развојот на Скопје, како дека и општините имаат забелешки што дополнително ќе бидат разгледани и вметнати во измените. Тој најави дека планот треба да ја отслика реалноста во градот.

- На пример, има места што биле планирани за лесна индустрија, но таму во изминативе години се изградиле куќи. Една од целите со новиот план е сите локации да си ја добијат вистинската намена за која се користат - рече Трајановски.

Деталите за новиот план дополнително ќе се утврдуваат. Вчера немаше најави дали со измените ќе се реализира идејата на Владата за изградба на станбен комплекс на местото на касарната „Илинден“, елитна населба кај воените објекти во Бардовци, како и станбено-деловни згради во касарните во Аеродром и во Ѓорче Петров. Се очекува генералниот план да се приспособи и кон веќе усвоениот детален урбанистички план за Малиот ринг, со кој се овозможи изградба на црква на плоштадот „Македонија“, а максималната висина на објектите во строгиот центар се зголеми од 21 на 29 метри.

............

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6109419875&id=14&prilog=0&setIzdanie=21708


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jun-2009 at 13:01
Одлично, ГУП-от ќе го прилагодуваат на ДУП-овите. Супер почеток на прекројувањето, да не речам касапењето на ГУП-от.
Навистина сум вџашен, бидејќи многу работи укажуваат на тоа дека има голема веројатност да се направи ГУП кој ќе го осуди Скопје на успорен и неправилен развој и ќе го направи многу понепријатно место за живеење. Се разбира за лош ГУП цената ќе ја плаќаат генерации и генерации.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 07-Jul-2009 at 17:09

Мислам дека ова е добро решение, можеби поскапо и покомплицирано. Место да тунелот да излегува пред раскрсницата со "Климент Охридски", да излегува после неа, воедно да биде цела Партизанска. Под постоечката раскрсница да се направи нова, а бидејќи "Климент Охридски"е широк ќе има место и за две ленти во тој правец. Од "Климент Охридски" ќе останат барем две ленти во двете насоки кои ке излегуваат на горната раскрсница и ќе се поврзуваат со горниот дел од Партизанска. Црвените линие се местата каде што почнува спуштањето на тунелите. Исто така може да се направи и на раскрсницата кај Тифани. 

Друга работа е тоа што може да се направи поголемо и поумерено спуштање на тунелот. 

Исто така од соседните раскрсници до местата на спуштање има околу 150m.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Jul-2009 at 17:53
Фосил твојв предлог е идентичен со оној јас што го скицирав пред некое време. Еве го http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=604 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=604 . Дефинитивно вака како што предлагаш и ти е многу посречно решение одколку некаква шикана околу тифани.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 07-Jul-2009 at 18:01

Епа ако се спушти доволно ќе може да поминува под темелите на Тифани. Еј ај ако може некој да ми даде линк и да ми прати некој програм кај сто можам да цртам. Ова paint-ov е глуп и тежок.



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 07-Jul-2009 at 18:04
а делот од местото кај што почнува тунелот може да се искористи за други работи ако ништо друго како пешачка улица


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Jul-2009 at 18:37
воедно да биде цела Партизанска. Под постоечката раскрсница да се направи нова, а бидејќи "Климент Охридски"е широк ќе има место и за две ленти во тој правец. Од "Климент Охридски" ќе останат барем две ленти во двете насоки кои ке излегуваат на горната раскрсница и ќе се поврзуваат со горниот дел од Партизанска


FoSsil, малце сум збунет. Предлагаш ем да има подземна траса која би се издвојувала од постоечките сообраќајници со по неколку ленти, ем целосно да се зачува надземната мрежа?


Патем, јас кога скицирам нешто слично користам photoshop. За него можам да ти кажам неколку елементарни финти ако решиш да го користиш и ти.




Posted By: Max
Date Posted: 11-Nov-2009 at 19:00

пред некој саат беше на скајнет градоначалникот на општина гази баба Тони Трајковски, при прашање зошто нема некои поозбилни урбанистички интервенции во општината, одговори дека се чека на новите измени на ГУП за скопје, кои веќе се во процедура во градот...

ајде што мислите јужен и крушевска ќе ги бришат? се надевам не, но и тоа не е далеку од паметот! најверојатно со овас ќе се покрие дополнително ширењето на скопје!?



Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 16-Nov-2009 at 00:29

Ме интересира дали некој знае и дали нешто воопшто се планира во овој дел на градот:

Одма до обиколницата, кога се оди за накај радишани, летно време тука се продаваат лубеници. Мислам дека земјиштето е државно, рамно е супер за градби, а сепак стои така со години.





Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Nov-2009 at 00:34
Како што можеш да приметиш улицата за Радишани сега е поместена на еден краток потег малку поисточно од предходно и све што доаѓа од западна страна на улицата се приватни куќи и дворови, оние кои порано без на главната улица, а сега се на споредна.

А во горниот десен на маркираниот дел се гради населбата Хот&Хот ( http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=436 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=436 ). За останатиот простор нема никакви најави, а и не сум баш сигурен дека е државно. Мене ми изгледа на приватни бавчи.


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 16-Nov-2009 at 00:52
Сигурно е државно земјиштето, ми имаат кажано ама држаавата го дава под концесија моментално на тие што садат бостан, а порано мислам пченка имаше. Кај што завршува сега веќе споредната улица бутелска, во тој дел кај што е маркирано со денационализацијата доле во ќошот имаат дадено дел на некој албанци така да само тоа делче може да не е државно.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Nov-2009 at 04:22

Комисија ќе го разграничи Скопје

Градските власти формираа Комисија за определување на границата на планскиот опфат на Генералниот урбанистички план, која беше прифатена и од Советот на Град Скопје.

Комисија ја сочинуваат претставници од секторите за планирање и уредување на просторот, сообраќај, животна средина и комунални работи при Градот Скопје, како и од Партиципативното тело од областа на урбанизмот. Има по еден претставник од десетте скопски општини, од јавните претпријатија „Водовод и канализација“ и „Паркови и зеленило“, од ЕВН Македонија, министерствата за транспорт, земјоделство, шумарство, за животна средина и за одбрана, од Државните заводи за статистика и за геодетски работи, како и од Државниот инспекторат за животна средина.

Како што се вели во образложението на Одлуката, формирањето на комисијата е во функција на натамошната постапката за изработка на ГУП. Целта на комисијата е да ги определи границите на планскиот опфат на градот.

Советот на Град Скопје лани, на 24 март, одлучи да донесе нов генерален план на Скопје. Целта на новиот план е да се усогласи со новата територијална организација, односно во неговиот опфат да се смести и територијата на Општина Сарај.

Освен вклучувањето на Сарај, со новиот ГУП ќе се направи редефинирање на содржините во градот, некои решенија ќе се усогласат со постојната состојба, ќе се изработи на нов транспортен модел на градот, ќе се дефинираат границите на заштитените зони и друго.

За потребите на изработката на нов ГУП, Министерството за животна средина изработи Решение за услови за планирање, кои произлегуваат од Просторниот план на Република Македонија. Архитектонскиот факултет изработи елаборат за содржински и методолошки елементи за изработка на планска програма за ГУП и елаборат за проблемски и стратегиски програмски барања.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A009D95A59D16C4B82D83F9761A5B845


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Dec-2009 at 00:12
Комисија ќе го крои новиот генерален план


Советот на Град Скопје формираше Комисија за определување на границата на планскиот опфат на Генералниот урбанистички план, која ќе ја почне постапката за редефинирање на содржините на постојниот план. Оваа одлука е втор чекор по одлуката што ја донесоа на 24 март лани за донесување на нов генерален план на Скопје. Целта на новиот план е да се усогласи со новата територијална организација, односно во неговиот опфат да се смести и територијата на Сарај и Кондово и да се дефинираат границите на заштитените зони. Со новиот ГУП треба да се изработи и нов транспортен модел на градот.

Архитектонскиот факултет изработи елаборат за содржински и методолошки елементи за изработка на планска програма за ГУП и елаборат за проблемски и стратегиски програмски барања.

Во новоформираната Комисија членуваат претставници од администрацијата на Град Скопје, претставници од десетте скопски општини, министерствата како и други институции.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F5B1A243B3868847A3735A272428AB51


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Dec-2009 at 15:43

Комисија од 50 луѓе ќе го прекројува градот


Изработката на нов генерален урбанистички план ќе почне наскоро, а за таа цел советот на градот формираше комисија од вкупно 50 члена, по двајца од 25 институции, што треба да ги утврдат новите граници на Скопје


Во комисијата влегуваат претставници од четири градски сектори, односно од тие за планирање и уредување на просторот, за сообраќај, за заштита на животната средина и за комунални работи, како и од партиципативното тело од областа на урбанизмот. Секоја од десетте општини исто така ќе има претставници, а од шесте јавни претпријатија ќе бидат застапени две, „Водовод и канализација“ и „Паркови и зеленило“, а од другите даватели на комунални услуги компанијата „ЕВН Македонија“. Членови ќе има од министерствата за транспорт, за земјоделство, за животна средина и за одбрана, како и од други владини институции, односно од заводите за статистика и за геодетски работи и од државниот инспекторат при Министерството за транспорт и врски.

Одлуката да се смени генералниот план, кој е донесен во 2002 година, беше усвоена лани на 24 март, иако овие планови обично се носат за периоди од 20 години. Сепак, потребата за промени била наметната од промените во Законот за Скопје, со кој кон градот се припоија и општините Сарај и Кондово. Но ќе се редефинираат и содржините на сегашниот план, кои ќе се усогласуваат со постојната состојба, ќе се изработува нов транспортен модел и ќе се дефинираат границите на заштитените зони. И градоначалникот Коце Трајановски откога дојде на функцијата неколку пати нагласи дека на градот му е потребен нов генерален план, кој целосно ќе ја отсликува сегашната состојба.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121891041428&id=14&prilog=0&setIzdanie=21865


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Feb-2010 at 01:55

Градот си измислува нови клучки

Градските власти ќе изработуваат идејни решенија за четири клучки што не се предвидени во сообраќајните решенија во Генералниот план, а ако се покажале како добри проекти, ќе биле вметнати во новиот ГУП

Градските власти годинава ќе изработуваат идејни решенија за неколку клучки на булеварот Партизански одреди и на други улици, иако тие не се предвидени во Генералниот урбанистички план (ГУП) на Скопје како мерки за решавање на сообраќајниот метеж. Експертите одамна, уште во 1965, утврдија кои се брзите сообраќајници што треба да се изградат и каде треба да поминуваат, а ниту една градска власт досега не покажа волја ниту да ги гради ниту, барем, да направи идејни решенија. Нејасно е зошто сега се трошат и време и пари за проектирање клучки што никаде не се предвидени, а она што одамна е зацртано во ГУП, како единствено можно решение, се игнорира.

Градот ќе проектира четири нови клучки со чија помош разминувањето на возилата на раскрсниците ќе се одвива во две нивоа: на булеварот Гоце Делчев кај Судска палата, за раскрсниците на булеварот 8 Септември со „Илинденска“ и со „Партизанска“, како и за улицата Даме Груев. Иако ги нема во ГУП, градската власт смета дека се важни за решавање на метежот. Сепак, интересно е што градската власт не е сигурна дали идејата за клучки е добра. Велат дека откако ќе бидат готови проектите, ќе решат дали тие се одржливи за да се вметнат во новиот ГУП, кој е во фаза на изработка.

Од Градот убедуваат дека законските решенија им наложувале да нарачуваат идејни проекти пред нешто да вметнат во ГУП.

- За да се преиспита можноста таму каде што во ГУП нема решение или, пак, каде што има решение, но е несоодветно за дадените сообраќајни услови, најнапред треба да се направи идејно решение. Законската обврска ни налага пред нешто да биде вметнато во ГУП најнапред да се направи идејно решение - изјави портпаролот Неделчо Крстевски.

Кои беа брзите сообраќајници

Повеќе од 40 години на хартија е нацртано дека за растоварување на метежот единствено решение е изградбата на т.н. брзи сообраќајници без семафори, односно градски булевари, на кои може да се вози со брзина околу 60 километри на час. За нив се' уште нема ниту идејни проекти ниту пари за реализација. Тоа се: булевар Македонија, попознат како Јужен булевар, кој оди од Ѓорче Петров до Драчево, потоа Крушевска република, која треба да мине преку Маџир Маало, булевар Климент Охридски, кој е замислен да води преку Вардар и со тунел под Кале да се спои со булевар Никола Карев, кој исто така е предвиден како брза сообраќајница.

Од Градот Скопје убедуваат дека ќе нарачаат проекти и за брзите сообраќајници, но не е јасно за кои, оти во изјавата споменуваат улици што се собирни улици.

- Значи, ништо не е заборавено, напротив, сите проекти се дополнуваат онака како што е предвидено во програмата на градоначалникот Коце Трајановски, каде што сообраќајните решенија се приоритетни. Сите брзи сообраќајници се опфатени во делот на програмата за проширување, изградба и реконструкција на булевари: Илинденска, Митрополит Теодосиј Гологанов, Србија, Првомајска, со точно предвидени рокови и постапки. Во подготовка за реализација е проектот за проширување на булеварот Првомајска, чија изградба треба да почне годинава - велат од одделението за односи со јавност.

Дека клучките доаѓаат како изненадување покажува и дискусијата за Буџетот за 2010 година, што се одржа пред два месеца во Маврово. Тогаш беше кажано дека пари за нови проекти нема, а ако се најдат, ќе се трошат на изработка на проекти за постојни сообраќајни идеи од Генералниот план.

Аљоша Шопар, раководител на Секторот за планирање на просторот, тогаш најави изработка на проекти за булевар АСНОМ, кој ќе ја спојува салата МЗТ со Ќерамидница, потоа за втора фаза од булевар Словенија, кој ќе поминува покрај Бардовци и ќе се поврзе со „Илинденска“ во Карпош, како и проширување на Првомајска од булевар Србија до Драчево. Акцент беше ставен и на изградба на нови попречни улици кои би го спојувале Аеродром со Кисела Вода, потоа улицата Фрањо Клуз, која би се споила со Михаил Чаков, како и изградба на нов булевар Есенинова и улица Борис Кидрич, кои би поминувале покрај Транспортен центар.

Од Градот изјавија дека сите најавени проекти при презентацијата на Буџетот за 2010 година ќе бидат опфатени со изработка на идејни решенија. Велат дека е потребно прво на тендер да изберат фирма, а дури потоа ќе состават приоритетна листа за реализација.

- Составувањето приоритетна листа за изработка на проекти ќе биде иницијална фаза во нивната реализација - изјавија од Градот.

Дека градската власт нема намера да се фати во костец со капитален проект, како што е на пример Јужен булевар, говори и најавата на градоначалникот Трајановски за проширување на булеварот Теодосиј Гологанов за една до две ленти.

Прстенот Југославија заборавен

Освен со четирите примарни, односно брзи сообраќајници кои минуваат близу центарот, сообраќајниот метеж според ГУП е предвидено да се решава и со други булевари на периферијата на Скопје, како што се булеварите Србија, Војводина, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црногорска. Тие се проектирани на тој начин што заедно со булеварот Македонија формираат надворешен сообраќаен прстен со имиња на бившите југословенски републики.

Изградбата на овој прстен, сосе булеварот Македонија, е проценета на неколку стотици милиони евра. Иако е скапа инвестиција, според експертите, е неопходна за развојот на Скопје.

Од овие булевари целосно е изграден само „Босна и Херцеговина“ во Чаир. Изградени се делови од „Словенија“ во Бутел, од „Војводина“ во индустриската зона во Гази Баба, како и од Србија во Ново Лисиче. Црногорска делумно постои само како маалска уличка во населбата Ѓорче Петров. Булеварот Хрватска треба да води од надвозникот Естекада во Автокоманда до Чаир, каде што ќе се поврзе со булеварот Босна и Херцеговина.

Јорданка Ивановска


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AF412095AE71A346AD9DC0609BE9ED5C



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Feb-2010 at 06:29
Ни БиХ не е изграден целосно, само едниот правец е изграден, а сега се корсти за возење во два правци. Добро вака што им текнало да ги пофторат малку низ весници проктите што фалат низ Скопје. А за ова клиучки вероватно и не се клучки, ќе да се работи за нмекои крпеници кружни токови и слични маневри што кај нас обично ги викаат клучни.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Mar-2010 at 15:13
ВЕЌЕ СЕ ДОСТАВЕНИ БАРАЊАТА ЗА ИЗМЕНИ НА ГУП
Се кројат новите скопски граници

Роза Петкова

Површините наменети за домување во куќи да се пренаменат во станбени згради, зеленилото за спорт и рекреација да стане градежна зона, а некаде и да се променат булевари и поголеми сообраќајници. Ова се барањата на скопјани за измените во Генералниот урбанистички план, кои граѓаните веќе ги доставиле во повеќето општини, а тие ги препратиле во Град Скопје. Оттаму не даваат подетални информации за тоа како тече постапката за измена и дополнување на ГУП, иако Комисијата за исцртување на границите на планот е формирана уште од октомври минатата година. - Општините ги доставуваат границите на опфатот, потоа ќе се распише тендер за фирма што треба да го изработи ГУП - е речиси истиот одговор кој портпаролот Неделчо Крстевски со месеци го дава. Општините Аеродром, Сарај и Карпош ќе бараат проширување на нивните сегашни граници. - Од жителите досега имаме добиено повеќе од 20 барања. Во Мичурин и во индустриската зона А се бара просторот од домување во семејни куќи да се пренамени во станбени згради, како и во Горно Лисиче, каде што жителите ја сакаат истата измена на местото предвидено за детска градинка и социјални станови. Од Мичурин беше предложено и површина за спорт и рекреација да се пренамени во станбена зона, а имаме и побарувања за промена на булевар, но тоа не може да се направи затоа што сообраќајниците остануваат онака како што се зацртани во ГУП - велат од Одделението за односи со јавност на Аеродром. Оваа општина доставила барање до Градот и за зголемување на површината опфатена со Генералниот урбанистички план. Општина Сарај ќе бара внесување на делови од Сарај, Матка и Кондово. - Разговаравме за проширување на генералниот план со уште неколку делови од Сарај, покрај Треска, потоа левата страна од вториот локален пат кога се оди накај Матка и рекреативната зона кон Матка, од кривина Треска до езерото. Разговарано е и за неколку делови на Кондово. Досега имаме добиено едно до две барања од граѓаните, но наредната недела ќе излеземе на терен и ќе ги слушнеме нивните предлози - вели Бекир Мухамети, шеф на кабинетот на градоначалникот на Сарај. Во Карпош, исто така, утврдиле нови граници за вградување во ГУП, со кои општината треба да се прошири на северната страна, кон селото Бардовци и дел од Злокуќани. За овој простор општината донела урбанистичка документација, со две зони, од кои едната е за индивидуално домување, а другата за сервисни дејности и лесна незагадувачка индустрија. Властите ќе бараат промена и на трасата на Јужната обиколница и да се вклучат во ГУП објектите што се изградени на неа. - На иницијатива на заинтересирани граѓани, Општината побара преиспитување на јужната граница, поточно трасата на предвидената Јужна обиколница бидејќи реално тешко може да се реализира тој профил, во согласност со сегашниот ГУП, како и да се утврди можноста за анектирање на изградените објекти во опфатот на планот, а кои гравитираат кон неговата граница &“8211; велат од Одделението за односи со јавност на Карпош. Во Општина Чаир, како што тврдат, не бараат проширување на своите граници затоа што немаат таква можност, но затоа и овде има жители кои сакаат да си ги легализираат куќите. - Граѓаните од Гази Баба, Серава, Стара Топана бараат површините што претходно биле наменети за колективно домување да се пренаменат во индивидуално домување. Имаме забелешки за улицата Џон Кенеди, која, според планот, поминува низ шумата Гази Баба, но не може да се реализира бидејќи е стрмнина, па предлагаме да се реши со тунел под земја - објаснува Омерфејзи Биљали, раководител на секторот за урбанизам, и додава дека во последните три години собрале 200 барања од жителите за измени во ГУП.


Процедурата почната, резултати нема

Една јавна расправа и формирана комисија од 25 институции и сектори, кои треба да ги дадат границите на урбанистичкиот план, е с* што досега & е познато на јавноста за изработката на генералниот урбанистички план на Скопје.
Последно, на седница во Градското собрание беа одобрени десет милиони денари за подготвителни работи за изработка на основа на нацрт-верзија на ГУП. Пред две години, кога почна процедурата за измена, државата му префрли на Градот 15 милиони денари.


Ѓорче, Центар и Кисела Вода си молчат

За разлика од општините каде што поотворено кажаа кои предлози ги дале граѓаните, од Центар, Ѓорче Петров и од Кисела Вода не добивме одговор за конкретните барања на нивните жители. Од Општина Центар, каде што пред неколку години беше актуелно бришењето на дел од трасата на булеварот Крушевска република затоа што поминува низ населби, сега велат дека вакво барање од жителите немаат добиено. Во Кисела Вода потврдуваат дека с* уште се актуелни предлозите за вклучување на Пинтија, Припор и дел од Драчево во планот, а во Ѓорче Петров с* уште не го донеле конечниот став.
За очекуваното приклучување кон ГУП на локации како што е популарното Шпанско Село и други локалитети со кои се урбанизира Водно, општините не кажуваат ни збор.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1961&ArticleID=135664



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Mar-2010 at 15:37


Лошо... Себични барања, поигрување со сообраќајници, уништување на зеленило и рекреативни зони. Ако менувањето на ГУП-от се сведе (или макар ги содржи повеќето од овие барања на општините), тоа ќе биде колосален чекор во погрешен правец. За вакви ли работи беше „неопходно“ да се иницира вонредно донесување нов ГУП?



Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Mar-2010 at 06:40

Нацрт-просторниот план пред стручна ревизија

Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање во Собранието на Град Скопје се одржа стручна расправа по Нацрт-просторниот план за Скопскиот регион 2005-2020 година. Планот е нарачан и финансиран од буџетот на Министерството врз основа на усвоена Програма на Владата, а подготвувач е Агенцијата за планирање на просторот. Планот бил завршен лани и му е предаден на Министерството. Формирана е комисија од експерти за стручна ревизија.

- По завршување на стручната расправа, забелешките ќе бидат вградени во Нацрт-планот, а потоа следува спроведување на постапка за усвојување од Владата и утврдување од Собранието - рече Лепиткова.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, оцени дека Нацрт-планот е многу важен за донесување Генерален урбанистички план.

Документот изработен врз основа на 18 експертски елаборати, во кои учествуваа еминентни стручни научни институции од државата и експерти од различни области што ги обработува планот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9FB9CA0A2CC5284CA907A6F2802341DE


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-May-2010 at 01:25

Нов генерален план дури во 2012 година

Новите граници на Скопје ќе се гласаат на една од наредните седници на Советот на Градот, најавија преставници од секторот за урбанизам на последната седница, наменета за советнички прашања до градоначалникот Коце Трајановски. Тој, на прашањето на советникот Зоран Шапуриќ од ЛДП до каде е изработката, информира дека активно се работи на донесување на новиот генерален урбанистички план.

- Поминати се сите општини, разговарано е со граѓани, здруженија и фирми околу нивните предлози и сугестии. Сето тоа оди во секторот за урбанизам, каде што треба да се разгледа - рече градоначалникот.

Раководителот за секторот за урбанизам, Аљоша Шопар, дообјасни дека на дневен ред набрзо ќе се најдат предлозите за проширување на метрополата во одредени реони.

Потребата од нов ГУП се наметна по територијалната организација во 2004 година, кога Општина Сарај влезе во границите на Град Скопје. Сепак, како што рече Шопар, утврдувањето на новите граници не значи дека ГУП е готов. Во него допрва ќе се вцртуваат многу нови урбанистички и сообраќајни решенија.

- Штом ќе се усвојат границите, ќе се оди на избор на проектант. Очекуваме планот да биде готов некаде до 2012 година - изјави Шопар.

За новиот генерален план на Скопје, Градот и Министерството за транспорт и врски ќе дадат околу 1 милион евра. Приближно толку пари беа потрошени за последниот ГУП на Скопје, кој важи од 2002 до 2020 година.

Предвидено е главниот град да добие нови 60.000 жители, кои би се населиле на местото на касарните „Илинден“, „Гоце Делчев“, „Јане Сандански“ и во Бардовци. Кај „Илинден“ ќе се гради населба, на местото на „Гоце Делчев“ комерцијални објекти, додека во Аеродром - станбени згради. Во Бардовци е предвидена елитна населба.

Желбите на општините при носењето нов ГУП, пред се', се однесуваат на пренамена на земјишта, односно акцент е ставен кон профитабилни дејности, како изградба на станови, но и легализација на 7.000 до 10.000 дивоградби.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=22D7D5B6A29DAC4799ADD6F4DC7F3E7D


Posted By: axel
Date Posted: 30-Aug-2010 at 16:48

Новиот Генерален урбанистички план ќе се донесе во 2012 година

Автор: http://www.makfax.com.mk/_user/361/profile - Бојана Стојчевска
30 август 2010, 17:08
Извор: Макфакс
Скопје

На тринаесеттата координативна седница на скопскиот заедно со останатите градоначалници на главниот град се разговарало за донесувањето на новиот Генерален урбанистички план, како и Законите за домување и за легализирање на градби.

Градоначалникот Коце Трајановски, рече дека новиот ГУП Ќе биде готов до декември 2012 година и истиот Ќе чини два милиони евра.

„Новиот ГУП го изработува Агенцијата за просторно планирање на Република Македонија бидејЌи располага со голем број на документи. Разговаравме за проширување на урбаниот опфат и градоначалниците Ќе треба да изработат елаборат во кој ќе наведат до каде треба да се зголемат границите и кои се позитивните и негативните страни на нивната промена”, рече градоначалникот Трајановски.

Градоначалниците разговарале за Законот за домување и реШиле секој во својата општина да отвори канцеларија која подетално ќе ги информира граѓаните за начинот на кој треба да функционираат куЌните совети. Овие канцеларии ќе бидат отворени најдоцна до почетокот на октомври ова година.

Разговарале и за Законот за легализација на градби кој сеуште е во изработка. Нивниот заклучок бил дека треба да се легализираат сите објекти за кои има можност да се направи тоа, а да се руШат оние каде според деталните планови се предвидени улици, булевари и друг вид на објекти кои се сметаат за јавни добра./крај/бс

http://www.makfax.com.mk/_home/home#115001


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Sep-2010 at 15:34
ОДЛУКА
Скопскиот ГУП готов Новиот генерален урбанистички план на Скопје ќе го прави државната агенција за просторно планирање, а краен термин за негово донесување е декември 2012 година. Ова уште еднаш го потврди градоначалникот Коце Трајановски, на последната седница на координативното тело на скопските градоначалници. - Владата на една од последните седници го стави планот во нејзината приоритетна програма за изработка на урбанистички планови и со тоа се доби можност изработувач на новиот план да биде Агенцијата за просторно планирање. Досега беа поминати сите општини. Добар дел од нив побараа проширување на опфатот на генералниот план - рече Трајановски, кој смета дека постојниот ГУП е многу одамна направен и не ги задоволува потребите на градот. Според него, следно ќе биде општините да направат мини елаборати, во кои ќе ги образложат своите предлози за генералниот план. Изработката на планот целосно ќе биде финансирана од Град Скопје и ќе чини два милиона евра, кои ќе се издвојат од буџетот. Одлуката за донесување нов ГУП Советот на Град Скопје ја донесе пред две и пол години, но оттогаш работите не се помрднаа од место. Се формираа комисии, кои ќе ги разгледуваат измените, а за нивната работа не се објави ништо во јавноста. Се одржа само една отворена дебата. Досега Градот веќе доби 240.000 евра од државата за изработка на овој план. Постојниот Генерален план е донесен пред осум години и важи до 2020 година.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2111&ArticleID=147718


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Sep-2010 at 01:48
ГУП - Скопје. Ова колку што ми е познато треба да е постара верзија колку што можам да заклучам според двете клучки на Јужен Булевар во центар и според тоа што некои села не се опфатени кои се дел од Скопје од 2004-та навака. Во секој случај многу корисен материјал. Благодарност до http://www.build.com.mk/forum/member_profile.asp?PF=737 - mladen_s за материјалот.

http://www.build.mk/docs/GUP_Skopje_SINTEZIS.pdf - http://www.build.mk/docs/GUP_Skopje_SINTEZIS.pdf


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Sep-2010 at 02:08
Постои ли легенда за боите?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Sep-2010 at 02:13
Зумирај убаво ќе видиш и дека има бројки. Побарај во законот за просторно и  урбанистичко планирање и правилниците што произлегуваат од него, веројатно има некоја официјална нумерација на намени. Документите ги има некаде по интернет, мислам дека беа на http://www.mtc.gov.mk/ - http://www.mtc.gov.mk/ .


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Sep-2010 at 16:36
На порталот на Град Скопје има поставено интерактивен ГУП само според намените и ГИС алатки.

http://gup.skopje.gov.mk/gupSkopjeMK/map_full.jsf?width=1272&height=821 - http://gup.skopje.gov.mk/gupSkopjeMK/ - http://gup.skopje.gov.mk/gupSkopjeMK/
http://gis.skopje.gov.mk/skopjegis/ - http://gis.skopje.gov.mk/skopjegis/

Кловер и за бројките што прашуваше ги има тука.
ГЕОГРАФСКИ ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ НА ГРАД СКОПЈЕ
 
 

http://gup.skopje.gov.mk/gupSkopjeMK/">

      
http://gup.skopje.gov.mk/gupSkopjeMK - Увид во ГУП овозможува увид во тековниот ГУП на градот Скопје. Град Скопје располага со пет слоја од генералниот урбанистички план (водовод - канализација, сообраќај - примарна мрежа, сообраќај – градска мрежа, гасовод – топлификација, електрика – телефонија) и еден синтезен приказ, како и граници на општините, зони на намена, адресен  модел на Град Скопје, сателитска снимка и др. Тековно се прикажани дел од податоците. Апликацијата е во тест период.Вашите забелешки може да ги испратите на gis@skopje.gov.mk.
http://gup.skopje.gov.mk/gupSkopjeMK/ -  
 
   

http://gis.skopje.gov.mk/skopjegis/">

 
http://gis.skopje.gov.mk/skopjegis - Гис за граѓаните овозможува увид во просторните податоци како класифицирани слоеви од областите: образование (основни, средни училишта, факултети), култура, транспорт, туризам, дипломатски претставништва и др. со кои располага централната геобаза на градот. Базата вклучува адресен модел со можност за пребарување по општина, населено место, улица и куќен број и сателитска снимка на градот од 2010 година.

http://gis.skopje.gov.mk/skopjegis/ -  

 
     

 
НАСКОРО!!! Граѓанска иницијатива овозможува комуникација меѓу граѓаните и градската управа каде граѓаните можат да постават прашање или побараат мислење од надлежните служби во Град Скопје. Одговорите на поставените прашања се јавно одговорени ако се прашања од јавен карактер или на e-mail адреса за прашање од приватен карактер.

Граѓанска иницијатива

   

http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=564



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 17-Sep-2010 at 16:47
zabelezav nova snimka od skopje! Ubavo!!!!!!!!!!

-------------


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 17-Sep-2010 at 17:35
videte kolku kucarki treba da se rusat vo opstina cair!Ako se rusati ako se najde nekoj kompromis togas super no sto ako ne sakaat da se selat?
A prvo, parite se problem!
 
http://img833.imageshack.us/i/ccai.jpg/">
Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us


-------------


Posted By: Supervisor
Date Posted: 17-Sep-2010 at 17:56
Па не е ова google earth ова се снимки од мајкрософт.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Sep-2010 at 17:58
Едно големо браво за град Скопје за овие алатки  Applause
Предолго ги чекавме, но ај да го оставиме тоа на страна сега

Инаку мене како на лаик и барем на прв поглед ми изгледаат квалитетно сработени.


-------

myMacedonia, како го доби тој приказ?


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 17-Sep-2010 at 18:00
koj prikaz? toa so kucarkite?

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Sep-2010 at 18:04

Да


@ Supervisor
Снимките се од комерцијални сателити за таа намена, и мајкрософт и гугл и град скопје ги купуваат од нивните оператори


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Sep-2010 at 18:16
Originally posted by Cloverstack

Снимките се од комерцијални сателити за таа намена, и мајкрософт и гугл и град скопје ги купуваат од нивните оператори
Да те дополнам, ги купуваат кога ќе застарат и кога ќе им падне цената, некаде пола година до година после сликањето.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 17-Sep-2010 at 18:16
clo, eve eden del od planot!(ovde e planirano tunel pod kale i ulica sto poverzuva so plasticnata ulica)sekade e so sina boja, samo tamu kade treba da se gradi nesto, e cisto(bez boja) pa neli ulicata gi fati i kucarkite?!!!
 
http://img691.imageshack.us/i/36135855.jpg/">
Uploaded with http://imageshack.us - ImageShack.us


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Sep-2010 at 17:47
Еве уште една верзија од ГУП-от. Иста е со предходната што е објавена неколку постови поназад, само во оваа дополнително се вклучени и Драчево и Радишани. Благодарност до Mladen_s за материјалот!

http://www.fileden.com/files/2010/9/14/2969910/GUP%20SINTEZIS.pdf - http://www.fileden.com/files/2010/9/14/2969910/GUP SINTEZIS.pdf

Hint: Јужен Булевар после Драчево?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Nov-2010 at 21:16
хммм... сеа март или јуни?
(двете се денешни објави)

Во 2012 година Скопје ќе ги има новите урбанистички граници

ГУП-от ќе го исцртаат од Агенцијата за просторно и урбанистичко планирање за два милиона евра

Новите урбанистички граници на Скопје ќе бидат исцртани до крајот на 2012 година од страна на Агенцијата за просторно и урбанистичко планирање што ќе ги чини градските власти два милиона евра. Градоначалникот Коце Трајановски информира дека Градот неодамна ја официјализирал соработката со Агенцијата, според кој договор, новиот ГУП треба да биде изработен за две години. Се очекува неговата нацрт-верзија да биде исцртана до јуни 2012, а најмногу шест месеци подоцна во финална предлог-верзија да се најде на разгледување пред градските советници.

„Договорот е потпишан и од Агенцијата веќе почнаа со изработката. Изработката на ГУП-от како практично устав во урбанистичкото планирање ќе овозможи развој на градот од сите аспекти“, изјави Трајановски по последната координација со колегите - градоначалници од скопските општини. Освен што ги информирал за ГУП-от, им укажал дека очекува општинските инспектори да излезат на терен и да ги санкционираат сите несовесни кафеанџии што не го почитуваат предметниот закон и правилникот за поставување урбана опрема. Имено, строго е забрането јавните површини, односно терасите да ги оградуваат со најлони. Трајановски порача дека сите недисциплинирани сопственици на кафулиња ќе можат да се соочат со забрана од шест месеци работа во случај доколку и по санкциите од општинарите, ќе продолжат да поставуваат најлон-шема во кафулињата. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B945C5E49E274D4EADFA27781A5F2A3D - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B945C5E49E274D4EADFA27781A5F2A3D



Нови граници на Скопје до 2012

До крајот на 2012 година Скопје ќе добие нов Генерален урбанистички план. Град Скопје деновиве склучи договор со Агенцијата за просторно планирање за изработка на новиот ГУП. За таа цел општините треба до Агенцијата да ги достават нивните предлози кои делови од нивната територија треба да влезат во новите граници на Скопје.
"Новиот ГУП е од големо значење за Скопје. Очекуваме до март 2012 да биде готова нацрт-верзијата на планот, а до крајот на истата година да биде и усвоен", вели градоначалникот Коце Трајановски.
Постапката за донесување на нов Генерален урбанистички план на Скопје, со кој би се прошириле границите на градот, е почната уште од времето на градоначалникот Трифун Костовски. Изработката на новиот ГУП ќе го чини Град Скопје 2 милиона евра. (А.А)
http://vest.com.mk/?ItemID=CADBC8A71E5FB343A3FAEDDB119FA9E6 - http://vest.com.mk/?ItemID=CADBC8A71E5FB343A3FAEDDB119FA9E6


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Dec-2010 at 18:34
Конкурс за планската документација за ГУП

     
Агенцијата за планирање на просторот распиша конкурс за избор на фирма која ќе изработи дел од планската документација за генералниот урбанистички план за градот



     
Предмет на конкурсот објавен на страницата на Бирото за јавни набавки се архитектонски услуги, инженерски и интегрални инженерски услуги, услуги за просторно планирање и за уредување на земјиштето, поврзани со научни и технички советодавни и услуги за технички испитувања и анализа. Највисок критериум за избор на фирмата која изготвува еден дел од документацијата е референтната листа која носи 40 бода, предвидениот рок за завршување и цената носат по 30 бода.

Сите заинтересирани фирми понудите треба да ги достават најдоцна до 14 февруари идната година во просториите на Агенцијата за планирање на просторот.http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=122710912239&id=14&prilog=0&setIzdanie=22168


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Jan-2011 at 20:08
Градот го израснал постојниот ГУП

Новиот Генерален урбанистички план (ГУП), кој треба да се донесе кон крајот на 2012 година, бил тема на разговор на завчерашната седница на Координативното тело на градоначалници, информира вчера Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски истакна дека ГУП, кој треба да го изработи Агенцијата за просторно планирање, треба да одговори на многу прашања што со години биле поставувани до Градот и до општините во Градот, за потребите на граѓаните и на фирмите.

- Уште во 2009 година, од кога почна постапката за донесување нов ГУП, беа поминати сите 10 општини. При тоа, по една недела се задржувавме во секоја општина за да ги дефинираме границите и начелно да ги одредиме содржините на ГУП-от - информира Трајановски.

Експертите велат дека потребите на општините за одредени намени се менуваат бидејќи развојот на градот веќе го надминал постојниот ГУП.

- Ние сме имале индустриски зони, мало стопанство, во делови на Скопје, кои се многу блиску до центар, а во нивната околина веќе почнуваат да се градат станбени и деловни објекти. Така што, во таквите делови ќе бидат направени најголемите измени на ГУП - изјави Трајановски. (А.П.)


http://dnevnik.mk/?ItemID=EAF47CFB0F770C4A8125984DB84E39F4 - http://dnevnik.mk/?ItemID=EAF47CFB0F770C4A8125984DB84E39F4

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Buliwyf
Date Posted: 16-Feb-2011 at 15:09
Граѓаните ќе имаат увид во тековниот ГУП на Град Скопје

http://sitel.com.mk/video/makedonija/gragjanite-ke-imaat-uvid-vo-tekovniot-gup-na-grad-skopje

-------------


Posted By: axel
Date Posted: 03-Mar-2011 at 18:49
СКОПЈЕ Скопје ќе се дели на квартови

Според првичните граници на Генералниот урбанистички план(ГУП), градот Скопје освен на општини и урбани заедници, ќе биде поделен и на квартови.
 
Ова денеска го соопшти градоначалникот Коце Трајановски, кој одржа седница на координативното тело со градоначалниците.

Според Трајановски, општините ќе треба да ги донесат границите на урбаните заедници во рамките на ГУП-от, каде урбаните заедници ќе бидат поделени на квартови.

Трајановски рече дека на општините веќе им се пратени прелиминарните граници на ГУП-от, кои во рок од два до три месеци треба да бидат опфатени.

Тој истакна дека општините треба особено да внимаваат на промените на намените направени во ГУП-от.

„Сега на некој начин ги воспоставуваме механизмите според кои градот ќе биде многу подобро организиран, а воедно со ГУП-от ќе се овозможат одредени намени што сега го кочат развојот на Скопје. Со нивната промена, повеќе ќе се инвестира во Градот“, рече Трајановски.

http://www.tocka.com.mk/index12.php?ID=34780


Posted By: axel
Date Posted: 07-Apr-2011 at 11:43

Како ќе се скрои новиот лик на Скопје?

mailto:risteski@kapital.com.mk - Максим Ристески
Како%20ќе%20се%20скрои%20новиот%20лик%20на%20Скопје?

Изготвувањето на новиот Генерален урбанистички план за град Скопје, што е во надлежност на Агенцијата за планирање на просторот, влегува во суштинска фаза. Веќе наредната недела град Скопје треба да и ги достави на Агенцијата ажурираните геодетски подлоги, по што проектот ќе продолжи да се реализира. Во меѓувреме, Агенцијата ја чека и планската програма на која работи тим од Архитектонскиот факултет. Прецизен рок кога овој тим треба да заврши со програмата нема!

Советниците на СДСМ се жалат дека проектот во градската управа се води и премногу бавно, но и нетранспарентно. Нивните прашања до градоначалникот, Коце Трајановски, поврзани со новиот ГУП, останувале неодговорени. Тие не знаат што се е опфатено или се планира да влезе во новиот Генерален план, а сите одговори што ги добивале говореле дека во секој случај, планот ќе бил готов до 2012 година. 

“Како членови на Советот на град Скопје неколупати сме барале информации од градоначалникот Коце Трајановски за тековните активности за изготвувањето на ГУП, но како одговор добивавме само една општа реченица: се работи и ГУП ќе биде готов во 2012 година. На прашањето зошто се доцни со работата на планот, кој за да биде готов во 2012 година досега требаше да биде во многу поконкретна фаза, Трајановски не ни одговори“, вели советничката Софија Куновска.

Директорот на Агенцијата, Огнен Апостолски, тврди дека досега се се одвива по предвидената динамика, што се однесува до нивниот дел од работата.

“Од страна на Агенцијата за планирање на просторот се оди со милиметарска точност. Во моментов проектот е во фаза на изготвување на елаборати, на број поголем од дваесет, неопходни за ГУП, а од Архитектонскиот факултет ја очекуваме планската програма. Овие две работи се услов за изготвувањето на планот да продолжи, заедно со ажурираните геодетски подлоги, кои очекуваме градот да ни ги дотстави до дванаесетти овој месец“, изјави Апостолски за “Капитал“.

Градоначалникот Трајановски на неодамнешна седница на Советот на град Скопје, кратко и општо се осврна на новиот ГУП. Детали не изнесе, но ја кажа цената:

“Предвидени се нешто повеќе од 2 милиони евра од Буџетот на градот за 2011-2012 година за изработка на нов ГУП, кој треба да биде готов до втората половина на 2012 година. Во подготовките ќе учествуваат и претставници на советничките групи кои ќе даваат сугестии и идеи за ГУП. Потребата од донесување нов ГУП ја наметна развојот на градот. Голем број од градоначалниците не информираа за своите согледувања и побараа од нас да направиме измени поради ширењето на градот“, изјави Трајановски.

Портпаролот на градоначалникот, Неделчо Крстевски, вели дека забелешките и сугестиите на градоначалниците од скопските општини во однос на новиот ГУП се веќе доставени до Агенцијата за планирање на просторот. Според Крстевски, првенствено се однесувале на барања за зголемување на територијата на општините, и за пренамена на одредени површини.

Професорот на архиетектонскиот факултет, Мирослав Грчев, кој е дел од тимот за изготвување на планската програма за ГУП, вели дека уште е многу рано за да се зборува за кокретните урбанистички решенија што се очекуваат од проектот.

“Проекотот за новиот ГУП е голема интер и полидисциплинарна работа, која допрва треба да се конкретизира, да се детектираат проблемите и на нивното решавање да му се даде планска перспектива. Процесот во најдобри околности ќе трае две години, и во оваа фаза сме многу далеку од можноста да се каже нешто конкретно. Планската програма, предвидена со новите законски решенија, откако ќе ја изготвиме, градоначалникот ќе им ја предаде на изведувачите како водич за нивните активности, зашто во неа е содржан системот на цели на ГУП“, изјави Грчев за “Капитал“.

ГУП не е виновен за урбанистичкиот хаос

Проблемите што ќе треба да ги реши новиот ГУП имаат два главни извори. Едниот е пренаселеноста на Скопје, која продолжува со несмален интензитет, а другиот потекнува од урбанистичко-градежните законски решенија, кои очигледно дозволуваат просторот на градот да биде легално злоупотребуван. Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, смета дека за урбанистичките проблеми на главниот град не е виновен ГУП, туку законите што го овозможуваат неговото заобиколување.

“Градот се развива хаотично и не е проблемот во ГУП туку во неговото изигрување. Законите од областа на урбанизмот и градежништвото дозволуваат секое парче земја да се претвори во градежна парцела. Секоја куќа може да стане повеќекатна зграда без да се внимава дали со тоа се уништува просторот. Тоа е резултат на либерализацијата на урбанизмот во услови на транзиција, што неминовно раѓа хаос и е рај за диво градење. Ако се проанализираат најголем дел од дозволите за градба во сите нив ќе се најдат сериозни пропусти“, изјави Пенов за “Капитал“.

Во своето видување за причините кои доведоа до скопскиот урбанистички хаос, архитектот Мирослав Грчев, уште поконкретно посочува на државата.

“Влезени сме во зол круг, поради корупција и непочитување на законите градовите се развиваат без и против план. За жал, вртењето на кругот е помогнато и од државата. Планските активности системски се ставени во втор план. Планерите служат за покривање на веќе изведени дивоградби – се гради без план, а дури потоа изграденото се вклопува во планот“, вели Грчев.

Пенов: За жал, во Македонија можеш да живееш и работиш само во Скопје

За решавање на проблемот со пренаселеноста на Скопје, Пенов го препорачува словенечкиот модел.

“Неконтролираното зголемување на бројот на населението во Скопје не може да се избегне, се додека во Македонија можеш да работиш и да живееш само во главниот град. Секој студент, вработен или бизнисмен од внатрешноста сака да дојде во Скопје. Словенија тоа го решава со развој на околните места на Љубљана, развивајќи ги на начин кој не го наметнува главниот град како единствена опција“, вели Пенов.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik/27253/kako_kje_se_skroi_noviot_lik_na_skopje_.aspx?iId=42


Posted By: krale
Date Posted: 07-Apr-2011 at 13:34
Конечно промена на ГлУПОТ!!!

Ај да видиме што ќе излезе од се тоа.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Apr-2011 at 13:59
krale mozesh ti ideoloshki da go gledash gupot, no ima edna rabota shto nikoj na svetot nemoze da ja smeni, toa e prirodata na chovechkoto dvizenje oe tochno matematichki se opishuva. Sekoj sho se obidel da izigrava bog i da gi remeti tie prirodno nametnati pateki zavrshil neslavno. Ne me plashi, mene tolku promenata na gup-ot iako reagiram zhestoko. Toa e obichen dokument od covek sozdaden. Toj dokument samo gi konstatira prirodnite linii i odgovara na potrebite. Sekoj shto se izlazal da misli deka moze da bide "supreme being" shto ke gi diktira ovie linii samo zavrshuva isfrustirano i na kritika na javnosta. Site onie shto mislat deka shansa im se dala sega so promenava na gup, samo se lazat dlaboko. Ke dojde vreme koga ke go proglasime takviot gup za sramen i ke se vratime nazad na izvornite linii na dvizenje. Nemoj da mislish deka ovoj momentalniot go smetam za nepogreshliv, i ovo nego ima kup greshki i protivenje na priroda, ama barem osnovnite linii se zapazeni. Toa shto sega se predlaga e brishenje na osnovnite linii i na teren vo praksa ke se srushi. Mozesh da se sitish ti kolku sakash, ne e ova rpashanje na arhitektonski stil pa nekoi poddrzuvame barok, nekoi moderno pa eden da se siti na drug, se raboti za matematika ne za umetnost. Soobrkajno inzenerstvo ne e slikarstvo!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Apr-2011 at 14:01
Ako ne me svakash, neka ti tekne na site onie komunjarski maala so pateki crtani tuku taka i nikoj ne se dzivi po niv, a trevnicite site izgzeni. Doprva gi prereduvame so paver elementi. Dzabe se site prikazni za mentalitet i kultura, ako proektiranjeto e zgresheno. Nekoi raboti uporno ne sakash da gi svatish.



Print Page | Close Window