Print Page | Close Window

Економски вести

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=46
Printed Date: 16-Apr-2024 at 08:23


Topic: Економски вести
Posted By: pbanks
Subject: Економски вести
Date Posted: 28-Sep-2007 at 22:33
...



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Sep-2007 at 22:34
изглеа бидна и оваа работа
 

ПРОДАДЕНИ НАД 70 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ


Британски Салфорд ја купи битолската млекарница


В понеделник се очекува и официјално да биде потпишан договорот за купопродажба на битолската млекарница со англискиот инвестициски фонд "Салфорд", кој го купи пакетот од над 70 проценти од акциите на АД Индустрија за млеко од Битола. Фондот плати по 340 евра за акција со што ќе стане доминантен сопственик на битолската Млекарница. Неофицијално дознаваме дека "Салфорд" треба да вложи околу 25 милиони евра, пари кои ќе треба да легнат на сметка во некоја од комерцијалните банки во Македонија.

Според договорот, сите вработени ќе ги задржат своите работни места, но има најави дека нивните плати ќе се зголемат ако се зголеми и производството на млечни производи. Ситните акционери велат дека се задоволни од оваа трансакција која ќе овозможи нови вработувања, зголемување на производството на млечни производи, но и на сточниот фонд, обезбедување гарантирани цени за откуп на млекото, како и зголемување на производството на сточна храна што позитивно ќе се одрази на целокупните состојби во областа на земјоделството.

(П.С.)



Posted By: dejan
Date Posted: 12-Oct-2007 at 12:50

ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕГИОНОТ

Црна Гора ни отвора бизнис

Во Црна Гора се бара градежник повеќе, особено затоа што македонските работници се докажале со квалитет во регионот

Црногорскиот пазар им нуди речиси двојно поголема заработувачка на македонските градежни работници. Во земјата се случува вистински инвестициски бум, а има недостиг од работна сила што ќе одговори на потребите на инвеститорите, велат нашите бизнисмени вклучени во градежен бизнис во Црна Гора.

- Нашата компанија „Елмак“ се занимава со електрика. Случајно стапивме во контакт со црногорски инвеститори, кои се соочиле со недостиг од работна сила и од материјали, а почнуваат милионски проект во градежништвото. Ние доставивме понуда, но тие ни рекоа да размислиме со македонски фирми да се спроведе целиот проект на површина од 100 илјади квадратни метри - раскажува бизнисменот Алберто Пренков. Тој им го доставил црногорскиот проект со предлозите на сите компании што се поврзани со градежниот бизнис. Вели дека се отвора работа за многу наши компании. „Елмак“ ќе ги поставува електричните инсталации во објектите, ќе го менаџира проектот, односно ќе ги поврзува македонските фирми со црногорски инвеститори и ќе ангажира градежни работници.

- Успеавме да најдеме 185 работници заинтересирани за четиригодишен ангажман во Црна Гора, а проектот бара 500 градежници. На работниците им се нуди многу повисока плата одтколку во Македонија, со обезбедени сместување и храна. Работниците што заминаа велат дека се задоволни, затоа што работат во земја што им е блиска - вели Пренков.

Според него, на градежните фирми од Македонија многу им се исплати бизнисот во Црна Гора затоа што квадратен метар чини двојно повеќе отколку во земјава.

- Со оглед на тоа што не можеме да најдеме 500 работници што не се во постојан работен однос во Македонија, контактиравме со градежните фирми и тие се заинтересирани да испратат работници во Црна Гора. Се' уште не можам да ги објавам имињата на градежните фирми што се вклучени во овој проект затоа што не ги завршиле сите детали од договорите. Но, можам да ви кажам дека „Керамика нова“ веќе склучи договор за сите керамички производи во објектите, а Мермерниот комбинат од Прилеп ќе испорачува мермер. Инвестициската експанзија во Црна Гора може навистина да се одрази многу позитивно и на нашата економија и треба да се искористи моментот. Уште поповолно е што македонските градежници се докажани со својот квалитет во Црна Гора и се барани многу повеќе отколку српските и босанските работници - додава Пренков.

Според неговите сознанија од бизнис-контактите во Црна Гора, градежната експанзија таму е на почеток и се очекува во наредните години инвестициите да се зголемуваат неколкукратно, особено со развојот на туризмот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=78BC825BED67594E8887EAC9E8E22B69

Smile



Posted By: dejan
Date Posted: 15-Oct-2007 at 13:31

ВЛАДАТА НАЈАВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Нови клупи за 190.000 ученици

Планирана е и реконструкција на санитарните јазли во 400 основни и средни училишта

Околу 400 средни и основни училишта в година ќе имаат реконструирани тоалети и санитарни јазли, најави вчера премиерот Никола Груевски. Паралелно со тоа, Владата ќе обезбеди пари и за 95.000 нови клупи што ќе го заменат дотраениот училиштен инвентар. Одлуката за инвестирање во двата проекта Владата ја донела за да ги подобри хигиенските услови во училиштата, кои во многу од нив се на ниско ниво. Според Груевски, особено е алармантна состојбата со санитарните јазли, што пред неколку месеци го констатираше и Државниот санитарен инспекторат. Контролите на санитарните инспектори извршени во текот на летото покажаа дека 90 отсто од училиштата имаат неисправни санитарни јазли. Од 330 училишта во кои беше извршена контролата, 280 не ги исполнуваа основните хигиенски услови. Поради тоа, Инспекторатот дури и издаде наредби за затворање на неколку образовни установи пред почетокот на учебната година.

- Состојбата со санитарните јазли во училиштата не ги задоволува основните критериуми. Ова беше констатирано и од Санитарниот инспекторат кој реагираше со забрана за нивно користење како превенција од заразни болести. Состојбата е особено загрижувачка во училиштата во кои бројот на учениците е поголем - рече Груевски.

Според процените на Владата, за оваа намена ќе се потрошат околу 6,5 милиони евра од државниот буџет предвиден за 2008 година. Освен за реконструкција на училишните тоалети, ќе се издвојат пари и за обнова на инвентарот, кој во многу училишта е стар и дотраен. Според најавите на премиерот, околу 95.000 искршени клупи ќе се заменат со нови, од кои половината ќе бидат комплетирани со столови.

- Со ова ќе дојде до сериозно опремување на училниците со клупи и столови во голем дел од училиштата. Информациите за тоа каде реконструкцијата е најпотребна ја добивме од самите училишта. Во изминатиот период опременоста на училиштата со инвентар не беше третирана како битен момент. Како резултат на тоа, клупите и столовите се стари и во лоша состојба и не дозволуваат нормално одвивање на наставата - истакна Груевски.

За ваквата состојба премиерот ја обвини лошата политика на поранешните влади.

od dnevnik


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 15-Oct-2007 at 14:51
Abe ova e se OK ali MORA li da iskacaat site tamu da se redat ko fudbaleri za da kazat deka klupi kje menjaat???????


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Oct-2007 at 15:04
Originally posted by gotsomekicks

Abe ova e se OK ali MORA li da iskacaat site tamu da se redat ko fudbaleri za da kazat deka klupi kje menjaat???????



Да за жал такви се. Таква им е владејачката филозофијата а изгледа тоа им е и во крвта. Се понашаат ко селски чаламџии.

Ама нема врска, паметен човек ионака ги цени резултатите, а не чаламите.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 15-Oct-2007 at 16:18
Еве неколку вести од А1:

14.10.2007

Израелската фирма „Нетафим“ доаѓа во Скопје оваа недела. Фирмата е светски познат бренд, производител на системот капка по капка.

На закажаната средбата со претставници од македонската Влада треба да се одлучи на колку локации ќе се користи овој современ систем за наводнување и кој ќе го финансира.



Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 15-Oct-2007 at 16:19
14.10.2007

13 македонски компании до 17-ти овој месец се претставуваат на „ануга“ - саемот за храна и пијалаци во Келн, Германија. Македонија се претставува во два национални павилјона.

Во едниот 10 компании ќе ја претстават палетата готови производи од кондиторската индустрија и преработки на овошје и зеленчук.

Во вториот павилјон се презентациите на смрзната храна каде ќе учествуваат три македонски компании.



Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 15-Oct-2007 at 16:20

Зголемени стимулациите за сточарите

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=62&VestID=84868 -
 
10.10.2007



 

Заради сушата и кризата за добиточна храна, Владата донесе одлука за два милиона евра да ги зголеми стимулациите за сточарите.

„Заради зголемените цени на добиточната храна, пченка и јачмен, на светскиот пазар, Владата на денешната седница одлучи значително да ја зголеми поддршката за сточарите, при што за сите категории на сточен фонд ќе се издвојат дополнителни два милиона евра од буџетот на РМ“, изјави Никола Груевски, премиер.

Стимулации за сточарството:

  • за одгледувачите на говеда 2.700 денари за грло,
  • за одгледувачите на јагниња 1.000 денари за грло,
  • за одгледувачите на кози 500 денари за грло.

Се уште трае пријавувањето кај свињите и живината, по што ќе се знае по колку ќе добијат од грло. И за овие две сточарски гранки има зголемување на вкупната сума на пари, а стимулациите се 10% повисоки во руралните средини.




 

Годинава фармерите ќе добијат поддршка од над 12 милиони евра, како најпогодени од сушата и постојаниот раст на цените добиточната храна. Владата преку ребалансот обезбедила и пет милиони евра за набавка на 20.000 тони пченка и јачмен за стоковите резерви.

„Вкупниот недостиг е 60.000. Бирото за стокови резерви со постоечката сточна храна, која ја има како залиха, и овие цениме дека ќе може да интервенира во случај на недостаток на сточна храна, а до тие 60.000 треба да го оставиме приватниот сектор да си набавува“, рече Ацо Спасеновски, министер за земјоделство.

Годинава Владата, согледувајќи ги последиците од сушата, за стимулации во земјоделството ќе исплати вкупно 27 милиони евра.



Posted By: dejan
Date Posted: 21-Oct-2007 at 02:47
Франција, Австрија и Швајцарија најголеми инвеститори во Македонија
 
Во вториот квартал на 2007 година нето приливите врз основа на директни инвестиции го надминаа нивото од 45 милиони евра, а портфолио инвестициите изнесуваа 45,5 милони евра. На годишна основа тие се повисоки за 2,6 пати или за 83,6% стои во анализата на НБРМ
Напорите за подобрување на инвестициската клима и потенцијалот на Македонската берза привлекоа значајни странски инвестиции во земјава.
Анализата на НБРМ за странските директни инвестиции покажува дека најголеми инвеститори во Македонија се Франција, Австрија и Швајцарија, а најмногу е инвестирано во телекомуникациите, во финансиското посредување (влез на позната француска банка) и во компјутерските активности. Според анализата, општата оценка на инвеститорите е дека работите се придвижуваат и одат кон подобро, иако треба уште да се работи на случајот. Нивната позитивна оценка најмногу се однесува на намалувањето на даноците што според нив е добар сигнал за интерес на инвеститорите.
(Тотал)


Posted By: dejan
Date Posted: 22-Oct-2007 at 11:47
Ova zvuchi mnogu dobro

Голема контрола за купување компјутер со ваучер

За десетина дена факултетите ќе ги добијат ваучерите со кои околу 10.000 студенти можат да купат компјутер


Целокупниот промет на ваучерите ќе се следи со помош на дигитална заштита, обезбедена преку креираната веб-апликација на Генералниот секретеријат на Владата

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Факултетите во државава во почетокот на ноември ќе ги добијат ваучерите со кои околу 10.000 студенти во државава кои запишале четврта година можат да купат компјутер. Студентите ќе можат да ги искористат ваучерите во висина од 200 евра до 22 декември. Министерството за финансии во моментално ги разгледува понудите од фирмите за печатење на ваучерите. Од Министерството велат дека нема да се распишува тендер за избор на фирма која ќе ги печати, туку ќе се оди на избор на најповолна фирма од веќе пристигнатите десетина понуди, бидејќи висината на набавката-печатењето не ја надминувала сумата од 3.000 евра за да се објави јавен повик.

За да нема недоразбрање и за да се спречат евентуални малверзации, Министерството за финансии јавно ги обелодени правилата за издавање и користење на ваучерите. Како што се појаснува од Министерството, целокупниот промет на ваучерите ќе се следи со помош на дигитална заштита, обезбедена преку креираната веб-апликација на Генералниот секретеријат на Владата. Студентите, кои првпат запишале четврта година, за да земат ваучер, треба да пополнат барање до матичниот факултет. А, за да го подигнат ваучерот, мора секој студент да пополни формулар со изјава за прием на ваучерот, во која ги наведуваат своите лични податоци. Откако ќе го земат ваучерот, студентите го носат и приложуваат во фирмата за компјутери, а подоцна таа компанија ги добива средствата од Владата во висина на вредносниот ваучер.

Но, студентите, не ќе можат да купат компјутер во која било ИТ- компанија. Според Упатството од Министерството за финансии, сите субјекти регистрирани за дејност поврзани со трговија, одржување и поправка на компјутери, кои се заинтересирани за продажба на компјутери, мора прво да пополнат пријава. Во пријавата мора да се внесат точните податоци за компанијата, а истовремено е неопходно компаниите да приложат документ дека се регистрирани во Централниот регистар на РМ. Ова значи дека студентите ќе можат да набават опрема само во фирми кои ги исполнуваат условите.

„При приемот на ваучерите фирмите ќе пополнат формулар со изјава за купување на компјутер во која се наведуваат личните податоци на студентот, број на индекс, лична карта, серискиот број на ваучерот, името на факултетот и потпис на студентот“, стои во Упатството од Владата за начинот и постапката на издавање и користење на вредносните бонови.

Акцијата на Владата за доделување на вредносни бонови од 200 евра, со кои студентите од четврта година ќе набават ИТ-опрема во основа наиде на позитивни критики во јавноста, но со одредена резерва дека мора да се најде начин да се елиминираат можностите за малверзации. И Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ ја поздравува одлуката на Владата за прифаќање на предлогот за воведување ваучерски систем за олеснување при набавка на персонални компјутери наменета за апсолвентите на сите факултети. Според МАСИТ, иако станува збор за само еден сегмент од граѓаните на РМ кои имаат потреба од вклучување во современите информатички текови, со успешна реализација на овој владин проект се отвора пат за поширока примена на ваучерскиот модел за максимално широк слој на корисници.


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Oct-2007 at 22:30
фрката со млечнава индустрија продолжува


"Идеал Шипка" на продажба


Странски фирми се заинтересирани за купување на втората по големина млекарница во земјава Идеал - Шипка, по продажбата на Битолската млекарница на британски Салфорд.

ВЕЧЕР дознава дека деновиве во млекарницата Идеал - Шипка престојувале претставници од француската млечна индустрија Лакталис за да го снимат нејзиното работење, по што и официјално ќе ги соопштат намерите. Неофицијално, дознаваме, дека првичните преговори се успешно завршени и дека наскоро се очекува постапката за влез на Лакталис во Идеал - Шипка да се реализира.

Млекопроизводителите се надеваат дека со влезот на оваа инвестиција ќе се зголемат откупни цени на млеко и ќе се развива млекопроизводството. Врабитени во Идеал - Шипка сметаат дека по влезот на Лакталис ќе биде обезбеден поголем пласман на нивните производи, бидејќи оваа млечна индустрија со своите производи го освојува светот.

(П. С.)


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Oct-2007 at 15:46
podednakvo bitno so bilo koja investicija sprema mene


Гевгелија преплавена од грчки гости


Рекорден број на грчки гости биле забележани во Гевгелија, на вчерашниот пазарен ден кои доаѓале најмногу од пограничните места на македонско-грчката граница, јави дописникот на Нетпрес.

Тие купувале речиси од сите земјодлески производи за кои велеле дека се доста квалитетни и евтини.

Грците голем интерес пројавиле и за купување на слики од ликовни уметници од Гевгелија и Струмица, чија цена се движела од 800 до 1.200 денари.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Oct-2007 at 19:40
eve gi listite na TOP 200 kompanii.... Ima dosta "new entries"

http://www.build.com.mk/docs/vk_lista_najgolemi_2006.xls - http://www.build.com.mk/docs/vk_lista_najgolemi_2006.xls
http://www.build.com.mk/docs/vk_lista_najuspesni_2006.xls - http://www.build.com.mk/docs/vk_lista_najuspesni_2006.xls


Posted By: dejan
Date Posted: 27-Oct-2007 at 11:34
Toa e interesno fala.

Mislam poveketo od tie 'Grci' se stvarno Makedonci inache.


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2007 at 09:54

Италијанци ќе градат две фабрики во Охрид

Италијански бизнисмени во Охрид ќе градат фабрики за производство на соларни панели и на ликер од лековити тревки. Тие викендов имаа средба со охридскиот градоначалник Александар Петрески, на која го информираа за своите бизнис-идеи, јави МИА.

Делегацијата ја предводеше професорот и познат уметник Винченцо Бјанки, кој навести отворање музеј или уметничка академија во Охрид.

- На градот ќе му подарам повеќе од 200 уметнички дела на автори од Европа и од Јапонија - рече Бјанки, кој поседува 12 музеи во Италија, Шпанија, Полска, Романија и во Јапонија.

Италијанскиот уметник доби и клуч на Охрид од градоначалникот Александар Петрески. Винченцо Бјанки е автор на фреските во Католичката црква во Охрид, која вчера беше осветена.

 

Извор: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=662A5A8EC7EE6E4D83BA4EC867A45438 - Дневник


Posted By: dejan
Date Posted: 03-Nov-2007 at 05:31
Od A1

Во Ресен презентирани европски стандарди за конзервирање јаболка

Пеце Стефановски  
30.10.2007

Експерти од Франција и Италија денеска во Ресен на преспанските овоштари им ги презентираа европските стандарди за конзервирање на јаболката и нивно чување во контролирана атмосфера.

Тоа е еден од најзначајните фактори за брендирање на преспанското јаболко, долгорочно одржување на неговиот квалитет, постигнување на подобра цена и смалување на загубите до 30%.

За таа цел во Ресен веќе е формирано Европското претпријатие за валоризација, со поддршка на француската компанија „Сеф“, а меѓу производителите на јаболка владее огромен интерес за изградба на модерни ладилници.

„Ако тргнеме со овој ритам, за кој има огромен интерес, во Преспа секојдневно сум баран за потпишување договори, ние можеби можеме 50% од 100-те илјади тони што се произведуваат за неколку години да ги пласираме на светските пазари“, изјави Кристијан Робињ, претседател на Европското претпријатие за валоризација.

Денеска беше склучен и првиот договор за изградба на ладилник со Осман Шукриу, овоштар и бизнисмен со јаболка, чии амбиции се со оваа инвестиција од 200.000 евра преспанското јаболко да го пласира на европските трпези.

„Сонот што го сонував 20 години денеска ми испадна реалност, бидејќи јас сум најсреќниот човек оти денеска е потпишан договор за изградба на еден ладилник, со кој ми се овозможува наредниве години јаболкото да го чувам на европски начин“, рече Осман Шукриу, овоштар и бизнисмен на јаболка од Преспа.

За изградба на еден ладилник од 10.000 метри кубни со калибратор потребни се пет милиони евра. Потребите на преспанските овоштари би ги задоволиле четири вакви ладилници, во кои ќе можат повеќе време да чуваат 40.000 тони јаболка, а инвестицијата би чинела 20 милиони евра.

Само од разликата на повисоката цена на јаболката во пролет инвестицијата може да се врати уште во првата година.

Go Resen!SmileThumbs%20Up


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2007 at 05:45

Само од разликата на повисоката цена на јаболката во пролет инвестицијата може да се врати уште во првата година.



Можеби ова е преувеличување, но сепак малце подобро сум запознаен со конкретниот проблем во Преспа и можам да кажам дека вакви вложувања во секој случај би се вратиле извонредно брзо. Секаде во светот таквите инвестициони можности се вистинска премија (низок ризик, голем поврат). Ама кај нас и за вакви работи се влечкаме... Што се вика нејќеме ни да се наведнеме да ги собереме парите расфралани наоколу. Roll%20eyes

Сепак добро е што работите конечно мрднаа од мртва точка. Cheers


Posted By: dejan
Date Posted: 03-Nov-2007 at 05:55
Vo pravo si za toa!
Mozhebi i so ova ke dodje nekakov turizam vo Resen, Prespanskiot del na Makedonija


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2007 at 05:58
Хехе, за туризмот Аква Пура нека се погрижи Big%20smile


Posted By: dejan
Date Posted: 03-Nov-2007 at 06:00
Au da...gi zaboraviv


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Nov-2007 at 09:44
Од целата вест најбитен е делот за Осман, пошто од празни презентации многу аир немаме видено.
 
Но изглеа ни се случува мала "револуција" во земјоделскиот сектор оваа година.
 
- окрупнувања во млекарскиот бизнис
- ладнилнициве во Ресен
- ладилниците на Агрокор (според последната вест треба да почнат да се градат за околу месец дена во Струмица и Росоман заедно со откупни центри).
 
Во нормален свет ова ваљда и не се вести но за нашето земјоделство во споредба со она што се случуваше во овие 15на години ова е супер.
 
Thumbs%20Up


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Nov-2007 at 15:40
Thumbs%20Up
 
Od Netpress
 
Фершпед купува 100 вагони и 50 камиони

Најголемата шпедитерска компанија во МАкедонија “Фершпед“ ќе земе под лизинг 100 специјални железнички вагони, а во блиска иднина и 50 камиони, поради зглемениот обем на работа.

Како што информираат од “Фершред“, зголемен бил обемот на работа на полето на превоз на масовни товари во насока на пристаниште Солун - Македонија - Косово и обратно, како и останатите соседни земји.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Nov-2007 at 01:47


Ме буни ова сега дали купува или зема на лизинг. Пошто ова не е као да купиш кола на лизинг, туку може да е класичен лизинг односно „изнајмување“. Така на пример прават авио-компаниите со лизинг на авиони, кога им треба привремено зголемување на капацитетите, или кога сакаат да експериментираат со ризична експанзија. Или па ако немаш пари у моментот да купиш, а имаш сигурен профит кој би оправдал и лизинг (кој е нормално долгорочно поскап него да купиш)


Posted By: dejan
Date Posted: 27-Nov-2007 at 03:06
Eve od A1

1,1 милион евра за семејни бизниси

26.11.2007 19:21

Владата ќе одвои 1,1 милион евра и уште 170.000 евра од УНДП за 500-тини луѓе, кои ќе отворат свои бизниси.

Проектот е во завршна фаза - направена е селекција од пријавените, дел веќе ги регистрирале фирмите. Секој од нив ќе добие по 2.500 евра за отворање на семеен бизнис.

„Досега околу 370 лица веќе ги регистрираа бизнисите, останатата бројка до 500, во завршување на третиот циклус до крајот на годината. Најголемиот број на фирми се од областа на ограничени друштва со ограничена одговорност, 16% се занаетчии и земјоделци имаме 7%“, изјави Љупчо Мешков, министер за труд и социјала.




Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Nov-2007 at 20:09
Originally posted by Cloverstack



Ме буни ова сега дали купува или зема на лизинг. Пошто ова не е као да купиш кола на лизинг, туку може да е класичен лизинг односно „изнајмување“. Така на пример прават авио-компаниите со лизинг на авиони, кога им треба привремено зголемување на капацитетите, или кога сакаат да експериментираат со ризична експанзија. Или па ако немаш пари у моментот да купиш, а имаш сигурен профит кој би оправдал и лизинг (кој е нормално долгорочно поскап него да купиш)


како и да е... укажува на зголемена активност а тоа е добро. Јас мислам дека станува збор за купување.


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Dec-2007 at 20:34
Cheers што почесто да имаме вакви постови. За едно 20на дена Johnson Controls

„Сведмилк Македонија“ почна со работа

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=62&VestID=86782 - Игор Манасиевски javascript:otvoriVideoPrilog%2807/svedska-mlekara-01-12.wmv,%2086782%29">  
01.12.2007 19:30
 

 

Наздравувајќи со чаша јогурт, кој по млекото е новиот производ, премиерот Груевски го одбележа официјалниот старт на производството на шведската млекарница.

„На задоволство на многу производители на млеко, коишто во минатите години доживуваа речиси секоја година млечна криза, истурајќи ги вишоците на млеко по улиците, денеска со задоволство да го отвориме овој капацитет во којшто се вложени 18 милиони евра, над 50% шведски капитал во најмодерна млекарница со производство на млеко коешто е шведско, а наше“, изјави Никола Груевски, претседател на Владата.

„Шведска може да биде горда за оваа инвестиција“, рече Мосберг Короненберг, шведска амбасадорка во РМ.

Млекото произведено од внимателно избрани фарми, седум пати лабораториски испитано, чувано во лактофризери и специјални цистерни, преработено по најсовремената европска технологија, освен по македонските продавници, на големо се бара и во Бугарија, Косово, Грција, па дури и за извоз во Франција.

„Сведоци сме денес на почетокот на новото поглавје во млечната историја на Македонија. Старите индустриски структури се потиснати и нови генерации на млади кадри ја преземаат одговорноста за производство на квалитет и вкус кој го заслужуваат македонските потрошувачи“, вели Роџер Оскарсон, генерален директор на „Сведмилк Македонија“.

Млекопроизводителите задоволни од долгорочните партнерски односи со шведската млекарница, преку која не само фер откуп и реална исплата, туку добиваат и поддршка за развој на своите фарми.

„Во однос на другите преработувачки капацитети, мислам дека ќе бидат најдобри, најреални“, изјави млекопроизводител.

„Презадоволни сме, немам што друго да кажам“, рече млекопроизводител.

Отворањето на шведската млекарница најавува пресврт во македонското земјоделство. Силната конкурентска битка за фармерите носи подобри денови, пореално вреднување на откупеното млеко.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=86782


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Dec-2007 at 22:05
'frenzy'-то со млекото продолжува Nuts

Виндија ја презема млекарницата Насто!?
 
Хрватската прехранбена групација Виндија ќе ја преземе скопската млекарница “Насто“, дознава Тотал од свои извори кои инститираа да останат анонимни.
Како што дознаваме преговорите со сопствениците на “Насто“ се во крајна фаза и наскоро може да се очекува договорот за преземање да биде и јавно објавен.
Ваквиот потег на “Виндија“ покажува дека хрватската прехранбена групација упорно работи за да се пробие на домашниот пазар на млеко, дури и по неуспехот со преземањето на Битолската млекарница.
Тотал се обиде да стапи во контакт со сопствениците на “Насто“, но не успеа, бидејќи некогашните телефонски броеви на фабриката која се наоѓа на “Новоселски пат“ веќе не и припаѓаат на фирмата.
Според неофицијални информации до кои дојде Тотал, млекарницата “Насто“ во Скопје, која е македонска green-field инвестиција на семејството Генадиеви не работи веќе две години. Причината за згаснувањето на погоните на инвестицијата која беше амбициозно најавувана не ни се познати.
Неофицијално дознаваме и дека сопствениците веќе подолго време барале стратешки парнери кои ќе им помогнат бизнисот да порасне.
Фабриката на “Насто“ во Скопје беше отворена пред неколку години, а во неа беа инвестирани 1,5 милиони евра. Се произведуваа млечни производи, но и сокови под брендот “Насто“. Сопствениците ги најавуваа првите бизнис зделки за извоз, при што прогнозираа дека ќе извезуваат 50% од вкупното производство.
Скопската фабрика на “Насто“ беше продолжение на бизнисот на семејството Генадиеви, кое претходно имаше млекарница во Тетово.

(Тотал)


Извор: http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=9482&mid=303&tabId=1&tabindex=0 - Тотал


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Dec-2007 at 00:06
Cheers

Идната недела ќе почне со работа „Џонсон контролс“

Фабриката на „Џонсон контролс“ која се гради во технолошко развојната зона „Бунарџик“ во Скопје, од средината на идната недела официјално почнува со работа. В среда ќе се означи почетокот на работата на оваа фабрика, кој неколку пати беше пролонгиран.

„Џонсон контролс“ за почеток ќе ја пушти во работа првата производствена линија од вкупно шест кои ќе бидат импелементирани и пуштани сукцесивно во текот на наредните една-две години.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=848AFDF6CCE0EF4A89EC792D74F65F47


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2007 at 04:50
Се разјаснуваат работите околу планот на Минчо за Бетон... Компанијата веројатно ја очекуваат многу добри времиња Smile

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D3E0C38D46F3844F9EAC1B2CBD0E2B8E - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D3E0C38D46F3844F9EAC1B2CBD0E2B8E

Украинскиот тајкун Тарута влегува во „Бетон“?

Овој милијардер треба да биде избран за член на новиот УО на градежната компанија


Сергеј Тарута
 

НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА

Сергеј Тарута, украински мултимилијардер, влегува во скопски „Бетон“. Богатиот бизнисмен денес треба да биде избран за член на УО на оваа компанија. Информацијата вчера не сакаа да ја потврдат, ниту да ја демантираат официјални извори. Неофицијалн, во предлог-одлуката за утрешното годишно Акционерско собрание е најавено дека Тарута ќе биде изгласан за член на новиот УО на „Бетон“.

Вчера низ бизнис-круговите проструија многу шпекулации на оваа тема. Одредени извори тврдат дека Тарута е заинтересиран за купување на „Бетон“, при што би купил дел од акциите на компанијата „Репро уан лимитед“, зад која стои македонскиот бизнисмен Минчо Јорданов, која инаку моментално има пакет од 24,51 отсто, а дел од други помали акционери. Други кругови, пак, велат дека Тарута засега настапува во компанијата како нејзин „деловен пријател и партнер“.

Во текот на вчерашниот ден различни беа и информациите околу тоа кога овој украински тајкун би требало да допатува во земјава и тоа со својот приватен авион. Така, првите вести беа дека тој ќе дојде во Македонија уште денес, да присуствува на своето назначување како член на УО. Потоа неговата посета беше под знак прашање, наводно, поради магла во Украина. Одредени извори дури и тврдеа дека тој денес сигурно нема да дојде во Македонија, но дека е можно да пристигне најдоцна до четврток или в петок, кога треба да се одржи 60-годишен јубилеј на компанијата.

Бизнис-магазинот „Форбс“ неговото богатство го процени на 2 милијарди долари, со што тој е меѓу педесетте најбогати луѓе на светот. Тарута, кој има 48 години, е претседател на Бордот директори на холдингот „Индустриски сојуз на Донбас“, во кој спаѓаат повеќе металуршки комбинати, а Тарута е еден од двајцата сопственици. Корпорацијата во 2006 имала обрт од 5,2 милијарди американски долари.

Порталот „Нетпрес“, пак, вчера објави дека Тарута влегува во „Бетон“, бидејќи оваа компанија ќе биде дел од конзорциумот што ќе го гради олимпискиот град Сочи во Русија, каде што ќе се одржат следните зимски Олимписки игри. Финансиска поддршка за овој огромен проект „Бетон“ требало да добие и од британската Ројал банк. Покрај Тарута, во новиот УО на „Бетон“ ќе бидат Гари Парфет, претставник на Ројал банк од Велика Британија, Минчо Јорданов, претседател на УО на „Макстил“ (за кого исто така се тврди дека денес нема да присуствува на Собранието), Мино Дамјановски, македонски бизнисмен, Златко Јанакиевски, досегашниот генерален директор, и Трајко Трпески, негов заменик.



Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Dec-2007 at 11:42
Originally posted by Cloverstack

Се разјаснуваат работите околу планот на Минчо за Бетон... Компанијата веројатно ја очекуваат многу добри времиња Smile
 
 
И акционеритe Yes


Posted By: dejan
Date Posted: 18-Dec-2007 at 13:45
Chitav i za Turksi investicii od Istanbul.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Dec-2007 at 14:35
 
Yes...... Шишеџам LOL
 
но добро е ако бидне супер.... гринфилд е гринфилд Cheers
 

Турција ќе гради фабрика во Македонија

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=13&VestID=87465 - Сафет Бишевац  
17.12.2007 15:50

Голема компанија од Турција е пред конечна одлука за изградба на фабрика во Македонија.

Неофицијално, станува збор за турската компанија „Шишеџам“, еден од најголемите произведувачи на стакло во Европа.

80% од преговорите се завршени, останува компанијата да се реши за една од двете можни локации, Скопје или кумановско.

Фабриката ќе има околу 800 вработени, а турската компанија, преку Македонија, своите производи ќе ги извезува на европскиот пазар.

Груевски и тимот „Инвестирајте во Македонија“, овде во Истанбул, на претставници на околу 200 турски компании им ги презентираа поволностите за инвестирање во Македонија.

Економските односи меѓу Турција и Македонија заостануваат за традиционално одличните политички односи.

Премиерот Груевски утре во Анкара, со домаќинот Таип Реџеп Ердоган ќе разговараат за престојниот самит на НАТО, но и ситуацијата во регионот во светло на решавање на статусот на Косово.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=87465 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=87465
 


Posted By: dejan
Date Posted: 18-Dec-2007 at 14:44
hehe ama ime

Mislam podobro ke bide da se gradi vo Kumanovo.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2007 at 15:37
Знае некој под какви околности пропадна Стакларница Скопје? Остана државна?


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Dec-2007 at 15:38
Originally posted by Cloverstack

Знае некој под какви околности пропадна Стакларница Скопје? Остана државна?
 
незнам. Само се сеќавам дека бев наму на екскурзија во основно и дека беше огромна фабрикетина


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2007 at 15:51
Ај што е огромна, него сигурно има нешто да се искористи од тој комплекс (инфраструктура, хали, складишта, можеби нешто специфично стакларско што може да е појдовна точка...) Мислам дека е државно тоа. Не ми е јасно зашто Турциве не се заинтересирани за таа локација.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Dec-2007 at 16:00
Originally posted by Cloverstack

Ај што е огромна, него сигурно има нешто да се искористи од тој комплекс (инфраструктура, хали, складишта, можеби нешто специфично стакларско што може да е појдовна точка...) Мислам дека е државно тоа. Не ми е јасно зашто Турциве не се заинтересирани за таа локација.
 
Па често гледам дека на инвеститориве им се исплати повеќе да почнат од 0 него да ревитализираат.
 
Јас за таа фабрика немам ништо чуено бар 10 години, којзнае во која состојба е сето тоа.


Posted By: La Linea
Date Posted: 18-Dec-2007 at 17:32
Previous Моментално Стаклара издава простории на ситни бизнисмени - на пример производство на варикина, кои работат НАЈЧЕСТО без работни дозволи и со нерегистрирани работници. Во главно е тоа, и е во катастрофална состојба.

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Dec-2007 at 22:46


сакаш да кажеш дека стаклара постои како некаков правен субјект и рента простор? Или просторот го рента директно државата?


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Dec-2007 at 00:01
Не сум сигурен како тоа функционира. Мој другар работеше таму летово, се издава простор (дали државата го издава - не знам) кај некој производител на варикина, меѓу останатите кои изнајмуваат простории. Местото е тешка дупка и многу е језиво.  Confused


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 03-Jan-2008 at 14:13

Овде му е местото. Cheers


ПОЧНА ИСПОРАКАТА НА ПРЕПАРАТИ СО ЕДИНСТВЕНИ И ПОНИСКИ ЦЕНИ

Јануари треба да ги испие скапите лекови

Не очекуваме застој во снабдувањето на аптеките, а најдобро е фабриките да ги печатат цените на пакувањето ,вели директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев

Сите лекови што се испорачуваат во аптеките од вчера имаат единствени цени, одобрени од Бирото за лекови. Во ниедна аптека не смеат да се примаат лекови без наведена цена на кутијата, што е во согласност со новиот Закон за лековите, рече вчера директорот на Бирото, Илчо Захариев. Цените на многу лекови ќе бидат пониски од постојните, а препаратите во сите аптеки во земјата од 1 февруари ќе мора да се продаваат по исти цени. Лековите ќе може да се продаваат по единствените цени дури откако аптеките ќе ги потрошат резервите од препарати, кои сега се со повисоки цени. Аптеките имаат преоден рок од 30 дена за да ги потрошат старите резерви на лекови, но тие што пред тоа ќе се ослободат од нив, веднаш ќе може да ги продаваат лековите по нови, пониски цени.

Инспекторите на Бирото за лекови, по направената контрола кај производителите на лекови и кај веледрогериите, оцениле дека дел од нив ги печатат цените на лековите на бандеролите, а останатите ги печатат на самите кутии.

- Имаше 14 жалби на одлуката за воведување единствени цени, но таа стана правосилна и почнавме да ја спроведуваме. Се работи интензивно, а најголемите производители на лекови во земјата, како „Алкалоид“ и „Реплек“, се сосема подготвени за новата одлука, а и во „Јака“ веќе ги лепат бандеролите. И сите веледрогерии се подготвени и добро организирани, па не би требало да има застој во снабдувањето со лекови - изјави Захариев.

Бирото за лекови ги известило аптеките дека тие не смеат да порачуваат нови количества од некој лек се' додека не ја потрошат постојната резерва лекови во аптеките што ги набавиле пред да почне да важи Одлуката за единствените цени.

- Досега резервите лекови се трошеа за 15 до 30 дена, затоа и го определивме 1 февруари како краен рок. Не очекуваме застој во испораката на лекови во аптеките поради единствените цени, а најдобро е фабриките да ги печатат цените на кутиите со лекови - објаснува Захариев.

Бирото за лекови, во соработка со Управата за јавни приходи и Царината, вршат контрола на спроведувањето на оваа одлука.

Казните за непочитување на единствените цени на лековите се ригорозни. Казна од 25.000 до 50.000 евра ќе добие аптеката и веледрогеријата што нема да продава лек по овие цени. Освен тоа, на аптеката, односно веледрогеријата може да и' биде привремено или трајно одземена дозволата за работа ако не се придржува кон одлуката.

Љубица Балабан

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8B4199387A9D0941ABFE7DF917509CFA





Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Jan-2008 at 14:15


Cheers


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 03-Jan-2008 at 14:18
И ова вреди да се спомне:

Владата ги покачи пензиите

Зголемувањето на пензиите во просек од 15 отсто е најголемо досега, нагласи премиерот  Никола Груевски

Пензионерите од 1 јануари ќе добиваат повисоки пензии, одлучи Владата вчера. Покачувањето - во просек од 15 отсто - е најголемо кај најниските пензии.Пензионерите што примаат 6.000 денари ќе добијат покачување од 20 отсто, 15 проценти за тие од втората група, односно за пензии до 10.800 денари, 12 отсто за пензии до 15.000 денари и 10 отсто покачување на пензии над 15.000 денари. Јануарската пензија нема да биде покачена во најавениот процент, туку скратена за 3 отсто. Значи, во февруари пензионерите од првата група ќе добијат покачување од 17, од втората 12, од третата 9 и од последната група 7 отсто. Целосно покачени пензии ќе се исплаќаат од јули, кога пензионерите ќе ги добијат и сега „скратените“ три проценти.

Во јули пензионерите ќе добијат и евентуално ново покачување, зашто според усвоените законски измени пензиите треба да го следат порастот на платите и на трошоците за живот.

- Направивме дополнителни детаљни анализи и пресметки и тие покажуваат дека во наредниот период од пет полугодија, односно две и пол години пензиите ќе бидат зголемени од 20 до 30 проценти, сообразно со висината на пензијата. Сегашното покачување е најголемо досега - рече премиерот Никола Груевски.

Вицепремиерот Зоран Ставревски напомена дека, ако не беше вчерашната владина одлука, пензионерите годинава ќе можеа да добијат покачување на пензиите од само 6 отсто. Тој потсети дека во последните четири години вкупниот пораст на пензиите изнесуваше само 6 отсто. А ако се има предвид дека во овој период престана исплатата на „укинатите“ 8 проценти, пензиите практично се намалуваа, наспроти порастот на платите од 21 отсто.

- Со ова покачување од 15 отсто во просек, ние го компензираме одеднаш сето тоа, односно порастот на пензиите го усогласуваме со порастот на платите - рече Ставревски.

Покачувањето на пензиите, според министерот за труд и социјална политика Љупчо Мешков, е за подобрување на материјалната и социјалната состојба на корисниците на пензија.

- Најниската сегашна пензија, која изнесува 4.091 денар, на крајот од годинава ќе достигне ниво од 4.970 денари, што е значајно за оваа категорија пензионери. Со ова паѓаат во вода скептичните предвидувања дека пензиите не може да бидат покачени за повеќе од три отсто - рече тој.

Вчерашниот дневен ред на владината седница, на барање од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, беше проширен со иницијативата за отворање канцеларии за врски во Израел - Тел Авив и во Индија - Њу Делхи.

Предраг Димитровски

Thumbs%20Up


Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Jan-2008 at 14:24
Конечно ќе заврши сагата со пензиите.. Особено ми се допаѓа планот - тие со најниска пензија да добијат најголемо зголемување , како што е ред... Thumbs%20Up

Сега ќе се најде некој да се просерава, ама тоа е неизбежно.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Jan-2008 at 14:28
Добри вести надвор од Скопје

2007ма ќе се памети како најуспешна година последнава деценија за Оптина Ресен и цела Преспа. Нашата Преспа годинава доживеа економска ренесанса.
 
Започнувањето со изградба на Градскиот пазар во Ресен кој веќе е во завршна фаза, како и почетокот на изградбата на хотелите на Аквапура во Отешево ја најавија успешната економска година во Ресен.

Отворањето на големиот маркет СП, а со тоа и целосното реновирање на некогашната Стоковната куќа во Ресен беше постигнато вработување за 33 лица.

Исто така на 19 декември беше удрен камен темелник на новата фабрика за градежни материјали која ќе се гради на локацијата на поранешна "Слога".

Во последниве 24 месеци во Ресен се вработени над 1300 лица, бројката постојано се зголемува.
Ресен е Општина со најмногу инвестиции во овој регион.

PrespaSky,
31/12/2007





-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Jan-2008 at 14:29


изоставиле да спомнат дека се отвори и првиот ладилник за овошје во тој регион Cheers


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 03-Jan-2008 at 14:38
Зарем Аквапура веќе почна со изградба?? 


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Jan-2008 at 14:39
Originally posted by gotsomekicks

Зарем Аквапура веќе почна со изградба?? 


во септември почна изградбата според медиумите. Но немаше никакви дополнителни информации, сечење ленти, слики....  би сакал да го видам градилиштето со мои очи пред да го земам здраво за готово


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 03-Jan-2008 at 14:44
 Yes


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 04-Jan-2008 at 18:18

За земјоделството 45 мил.евра

Субвенциите за земјоделството годинава ќе изнесуваат 45 милиони евра, изјави вчера премиерот Никола Груевски. Според него, ова е највисок износ на годишна поддршка за земјоделците.

Груевски соопшти дека тутунот годинава ќе биде поддржан со 30 денари за килограм предадена количина, што е двојно повеќе од лани. Пченицата, пченката, јачменот, оризот, сојата и маслодајната репка ќе се субвенционираат со 100 евра за хектар, а стимулациите за млекото ќе изнесуваат два денара за предаден литар.

- Владата првпат ќе го поддржи производството на ориз со 100 евра за хектар, а ќе обезбеди и по 2.000 денари за регистрација на секој земјоделец - истакна премиерот.

Thumbs%20Up




Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Jan-2008 at 18:39
Applause

Сега знам чија слика Кочанчани ке ја закачат до онаа на Тито ... Big%20smile

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Jan-2008 at 05:59
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=145732&idg=8&idb=2266&rubrika=Makedonija - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=145732&idg=8&idb=2266&rubrika=Makedonija

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ ТЕНДЕР ЗА НАЈСТАРИОТ СКИЈАЧКИ ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА
"Попова Шапка" се продава по трет пат
На првите два тендера за продажба на скијачкиот центар не стигна ниту една понуда од заинтересиран инвеститор

Друштвото за угостителство и туризам "Попова Шапка" ги подготвува последните документи за третиот обид да се продаде овој зимско-планински туристички центар на јавен тендер. На продажба се двата хотела "Славија" и "Попова Шапка" со вкупно 240 легла, 11 ски-лифтови и влечници, како и кондолната(?) жичница до Тетово. Терминот на наддавањето ќе биде објавен по изјаснувањето на второстепената комисија во Геодетската управа на РМ, која треба да ја заврши процедурата за издавање имотен лист на ова друштво за сопственоста врз земјиштето на кое се наоѓаат хотелите.
Директорот на друштвото, Алајдин Хасани, изјави: "Владата донесе одлука за продажба. Има повеќе заинтересирани компании од САД, Израел, Германија, Австрија и од други европски држави кои се на врвот на зимскиот туризам. Тие веќе доаѓаат и ги разгледуваат капацитетите". За првиот и за вториот тендер во изминативе две години немаше ниту еден официјално пријавен интересент од странство. Во овие два обида не беше истакната никаква почетна тендерска цена. Се шпекулира за номинална вредност од околу пет милиони евра. Од Министерството за економија и од ЕЛЕМ нема никакви навестувања дали овој пат ќе биде утврдена појдовната вредност за лицитацијата.
Науме Мариновски, професор на Факултетот за туризам во Охрид, нагласува дека ако Владата сака успешна приватизацијата на скијачкиот центар на Шара, мора да размисли и за постапка за издавање на ски-терените и на земјата околу нив под концесија за во целост да се разјаснат перспективите на овој планински центар.
С.Т.



Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 26-Jan-2008 at 13:33

НОВА „МЛЕЧНА КРИЗА“ со откупот ВО ЗЕМЈАВА

Се бара литар повеќе млеко

Млекарниците најавија дека ќе ги кредитираат земјоделците за да набават крави, вели земјоделскиот лидер Вељо Тантаров

Првпат Македонија се соочи со нов вид „млечна криза“ - недостиг од млеко за откуп. Отворањето нови млекарници и продажбата на старите драстично ја зголемија побарувачката за сурово млеко, но понудата не е доволна. Откупните цени за шест месеци се зголемија речиси за 80 отсто.

Сточарите најавија дека ќе бараат ново зголемување на цените поради поскапувањето на сточната храна. Во Сојузот на земјоделците велат дека во пелагонискиот регион владее јагма за млеко.

- Се бара литар повеќе. Откупната цена се движи од 25 до 30 денари за литар. Сточарите се генерално задоволни, но се надеваат на долгорочни кооперантски односи со млекарниците за да може да набават храна за кравите - изјави Вељо Тантаров, претседател на Сојузот.

Според него, влегувањето на странски капитал во земјава и' стави крај на долгогодишната агонија во сточарството. Тантаров вели дека млекарниците најавиле оти ќе ги кредитираат земјоделците за да набават млечни крави, кои ќе ги отплаќаат со предаденото млеко.

Сојузот со Министерството за земјоделство и со експерти подготвува нов правилник, во кој строго ќе се дефинираат кооперантските односи помеѓу сточарите и млекарниците.

Во Федерацијата на фармери тврдат дека поскапувањето на млекото не ги покрива трошоците на сточарите.

- Ако млекопроизводителите и Министерството се задоволни од сегашната цена, сигурно не би имало субвенции. Реалната откупна цена на млекото е 35 денари - велат во Федерацијата.

Од битолската млекарница бараат подобар квалитет на млекото и зголемување на бројот на кравите.

- Ќе ги едуцираме земјоделците за да го зголемат квалитетот. Со тоа ќе се подобри пласманот во земјава и надвор - изјавија во ИМБ.

Според експертите, продукцијата на млеко мора да се зголеми до 7.000 литри од крава годишно ако сакаме да се доближиме до европскиот просек.

- Млечноста на нашите крави е на многу ниско ниво и се движи од 2.000 до 2.500 литри годишно, а вкупното дневно производство е 250.000 литри. Не треба се' што е понудено да се откупува без проверка на квалитетот - порачува Соња Србиновска, професорка на Факултетот за земјоделство и храна.

Производството на млеко и на млечни производи во земјава стана привлечен бизнис за странските инвеститори. Со шведски капитал се отвори млекарницата „Сведмилк“ во Петровец, „Бучен Козјак“ и' е продаден на корпорацијата „Данубе фудс“, а „Дукат“ ја купи „Идеал шипка“.

Во Министерството за земјоделство не се изненадени од сегашната ситуација.

- Знаевме дека ќе се случи тоа откако се појавија странските инвестиции. Уште тогаш министерот ги предупреди млекарниците дека треба да најдат начин да си ги задржат кооперантите бидејќи млеко ќе нема - вели Соња Трајкова, портпаролка во ресорот.

Според неа, за да се поттикне производството на млеко годинава првпат се даваат по два денара пзао литро предадено млеко, а се субвенционира и грло добиток за да се зголеми бројот на кравите.

Валентина Ангеловска



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2008 at 19:00
Ова со Катар се спомнува од лани. Ни останува да чекаме и да видиме што ќе испадне... Можеби меѓудругото облакодери карши Холидеј Ин Big%20smile

http://kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=28699&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - http://kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=28699&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

Македонија
Црвенковски во Катар: Македонија подготвена за катарски инвестиции

Доха, 28 јануари (МИА) - Претседателот Бранко Црвенковски, кој престојува во тридневна посета на Катар, денеска се сретна со емирот Хамад бин Калифа ал-Тани, јави известувачот на МИА од Доха.

Главна тема на разговорите, на кои беше констатирано дека политичките релации се на високо ниво, беа економските односи. Црвенковски истакна дека оваа негова посета треба да претставува импулс за сите субјекти во Македонија и во Катар за почнување на соработката во сите економски области.

Тој ги презентираше можностите и најновите мерки на македонската Влада за привлекување странски директни инвестиции и ја презентираше даночната политика на Владата претставувајќи ја како најповолна во регионот, како и други погодности што Македонија ги нуди во промоцијата за создавање услови за привлекување странски директни инвестиции.

Во тој контекст Црвенковски оцени дека Македонија и натаму продолжува да создава услови за привлекување странски директни инвестиции, бидејќи тоа е приоритет на економската политика на земјата.

Црвенковски истакна и оти Македонија има склучено договори за слободна трговија со други земји што ја прави земјата еден регионален пазар. Тој исто така укажа и оти поради мерките на Владата многу странски компании пројавуваат интерес за инвестирање во земјата, а како уште една поволност за тоа е и фактот што Македонија е на чекор за влез во НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ што, според него, придонесува потенцијалот за инвестирање во Македонија да стане уште поголем.

Црвенковски укажа дека Македонија располага со можности за странски инвестиции во земјоделството и сточарството, а нуди и потенцијали во областа на градежништвото. Тој истакна дека Македонија има можности за енергетски инвестиции, како и инвестиции во туризмот вклучувајќи го хотелиерството.

Емирот ал-Тани од своја страна истакна дека Катар е заинтересиран за соработка со Македонија, а како најинтересни за соработка ги посочи областите на земјоделството, енергетиката, туризмот и гасот.

Тој ја истакна подготвеноста за катарски инвестици во Македонија, но како негативен пример го посочи проблемот со неподготвеноста на македонската Влада во 2005 година да обезбеди 17 локации за изградба на бензиски пумпи од страна на катарска нафтена компанија.

Емирот ал-Тани додаде дека Катар е во економска експанзија, во земјата се присутни многу странски компании, како и тоа дека многу од нив сакаат да се присутни на македонскиот и на поширокиот балкански пазар.

Во Кабинетот на емирот, кој е познат и како Диванот, беа потпишани Договор за одбегнување на двојното одданочување и заштита на фискалната евазија по однос на даноците по доход и Меморандумот за разбирање во областа на земјоделството.

Договорите ги потпишаа министерот без ресор Аднан Ќахил, кој е во состав на македонската делегација предводена од претседателот Црвенковски, и катарскиот министер за финансии Јусиф Хусаин ал-Камал.

Македонскиот претседател утре ќе ја посети Катарската Фондација за образование, наука и општествен развој, а предвидени се и посети на Катарската Стопанска комора и Агенцијата за инвестиции на земјата.

Во чест на посетата на претседателот Црвенковски во катарската престолнина се виорат македонски знамиња.

Македонија и Катар воспоставија дипломатски односи во јуни 1996 година. Катар ја признава Македонија под уставното име.

Надворешно-трговската размена меѓу Македонија и Катар во 2006 година изнесува 6.750.000 американски долари главно од македонски извоз на суровини и репроматеријали железо, челик и други конструкции.

Првата рамка за стопанско-трговска соработка меѓу двете земји е воспоставена со склучување на договорот за економска и трговска соработка меѓу двете земји во март 2005 година.

Катар е Емират на Блискиот Исток и се наоѓа на Катарскиот полуостров, што е дел на Арабискиот полуостров. Во последните 150 години со политиката во Катар доминира семејството Ал-Тани. По завршувањето на британскиот протекторат во 1971 година, земјата не се приклучи кон Обединетите Арапски Емирати и ја одбра целосната независност. БДП по глава на жител во 2005 година изнесува 27.400 американски долари.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jan-2008 at 19:21
Хмммм... прилично замашен кредит... Изгледа сме направиле добра рокада со кредитите (тие што ги исплативме лани пред време)

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=28708&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=28708&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

Македонија повторно се задолжи кај Светска банка

Македонија повторно се задолжи кај Светска банка. Од финансиската институција ќе позајми 280 милиони долари за следните четири години – годинава за четири проекти ќе потроши 175 милиони долари.

 

Најмногу 100 милиони се за изградба на регионални и локални патишта. Македонија ги бара за позначаен регионален развој.

 

Владата одлучи да се задолжи кај Светската банка и покрај тоа што обемниот буџет годинава го правдаше токму со предвидените пари за инфраструктурни објекти од кои најмногу за патишта.

 

Другите пари планирано е да се распоредат рамномерно - за секој проект по 25 милиони долари. Еден е за финансиска помош на посиромашните семејства – Владата ќе ги стимулира задолжително да ги испраќаат децата во училиште. Предвидени се пари и за развојни политики и посебно за развој на општините.

 

Новата кредитна линија за Македонија бордот на директори на банката треба да ја одобри во мај годинава.


(28.01.2008) Александра%20Мишовска
Автор: Александра Мишовска


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Feb-2008 at 23:15
hm

„Текно Хозе“ сака да гради фабрика во Бунарџик

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=96&VestID=90004 - Александар Момировски  
22.02.2008 18:13

Италијанската компанија „Текно Хозе“ го пикирала Бунарџик за следна бизнис дестинација во регионот. Сака да гради фабрика за производство на челични цевки во слободната економска зона.

Според информациите на А1, се работи за инвестиција од околу 7 милиони евра, но се уште не е финализиран начинот за влез на Италијанците во зоната.

Во игра се две опции - или да закупат одредена парцела и таму да ја градат фабриката или, пак, „Текно Хозе“ да ја откупи зградата што ја изградија тајванските инвеститори во текот на 1999-та.

Извори на А1 тврдат дека за производство на италијанските бизнисмени им треба затворен простор од околу 3.000 квадратни метри, но отворена е можноста компанијата да закупи уште 3.000 квадратни метри што ќе ги употреби за евентуално ширење на бизнисот.

Засега нема информации кога би финиширала зделката. Владата треба да објави тендер за да ја продаде зградата што на крајот од декември лани ја откупи за 510.000 долари, а кои ги плати како спогодбено решение за судскиот спор што го покренаа Тајванците.

Во Бунарџик засега има само две компании инвеститори. Американската „Џонсон контролс“ веќе почна со производство во фабриката, а според информациите, сопствениците резервирале уште една парцела во зоната, најверојатно за нов објект.

Влез во зоната договори и британскиот гигант за производство на делови за автомобили „Џонсон Мети“.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90004


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Feb-2008 at 23:17
Ова е последна бланко територија која можеме економски да ја освоиме и колку толку да го зголемиме капацитетот на нашето стопанство. Тирана веќе гради автопат кон Приштина и не смее да дозволиме Драч да ја превземе улогата на Солун и со тоа да изгубат Скопје и Македонија. Автопат кон Косово треба да биде меѓу приоритетите.

ЌЕ СТАНЕМЕ ТРАНЗИТЕН ЦЕНТАР
Производи за Косово од македонски магацини

Македонија има голема шанса да стане транзитна зона и главен дистрибутивен центар за стоките наменети за косовскиот пазар бидејќи Косово е земја зависна од увоз, објаснуваат познавачите на глобалниот пазар. Големите странски компании ќе ги транспортираат стоките од солунското пристаниште во Грција, преку Македонија до Косово. - Можно е да се отворат нови или уште повеќе да се активираат постојните странски претставништва во Македонија, а повеќе работа ќе имаат и домашните извозни компании. Развиената дистрибутивна мрежа и магацините во Македонија ќе се користат за префрлување на стоките од солунското пристаниште кон Косово - вели Владо Андонов од Центарот за економски анализи. Според него, сега Косово нема развиено никаква внатрешна контрола на увозот на стоки, а, од друга страна, живее од странски пари. Со оглед на тоа, единствена можност му се стоките што доаѓаат од солунското пристаниште преку Македонија и од албанското пристаниште. Мора да се има предвид дека и Албанија ќе ја искористи ваквата шанса за пренесување стоки кон Косово преку своето пристаниште. Билјана Муратовска од Асоцијацијата на камионските превозници - „Макам транс“, вели дека и досега Македонија претставувала значајна транспортна зона за Косово. Соодносот на стоките што се превезувале од солунското пристаниште кон Косово и Македонија бил три спрема еден за Косово, односно ако еден континент бил наменет за македонскиот пазар, три биле за косовскиот. - И досега македонските транспортери превезуваа стоки од Солун за Косово, но за разлика од тоа што се случуваше досега, со независноста на покраината може да се создаде една нова ситуација. Косово како независно сега може да потпише повеќе билатерални спогодби за транспорт со други превозници, така што би извисиле македонските превозници. Тоа е веќе една нова и многу незгодна ситуација - вели Муратовска.

А. Б.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1325&ArticleID=85419


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Feb-2008 at 23:36


На автопат Приштина-Драч може само делумно да му конкурираме, без разлика дали ќе бидеме први. Со изградбата на тој автопат работите секако ќе се поместат. Но тој автопат веројатно ќе доцни на албанска страна, а на косовска нема ни абер за изградба, па имаме повеќе време. Исто така имаме пруга како наш адут. Како трет адут треба да ја искористиме положбата на Скопје кој е логичен „хаб“ во околината. Тука се вкрстуваат два пан-европски коридори и тоа има голема тежина.

Автопат Скопје-Приштина е работа за која треба да се изјасни косово. Доколку евентуално навистина се гради од таа страна (не им верувам баш премногу на оптимистичките најави на косовските медиуми), мислам дека воопшто нема да е проблем да се изгради и кратката делница од наша страна.

Во секој случај, како што кажав - долгорочно гледано Драч ќе добие големо значење за косово. Но не треба да гледаме само низ призма на „пристаништа“, туку и низ призма на тоа дека Скопје природно се наметнува како „хаб“ за Косво во многу погледи. Само се надевам дека цената нема да ја платиме преку лоши односи со Србија или со некаква изолирана Србија. Србија е сепак многу поважна за македонската економија отколку Косово во секој поглед.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Feb-2008 at 23:40
Еве да ја илустрирам хабовската поставеност на Скопје Big%20smile

http://imageshack.us">


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Feb-2008 at 00:02
Точно е (и природно е) Драч да земе дел од колачот на долг рок. Но сите аргументи се на наша страна до тогаш. До тогаш можеби сепак економската логика ќе биде над националистичката и тука Скопје повторно би бил победник.

Не верувам дека нешто ќе се наруши со Србија. Српска реакција веројатно ќе има на почетокот кога Македонија ќе го признае Косово но верувам дека во некој разумен рок односите ќе се нормализираат како и со сите други земји. Тензијата која се одржува деновиве пред се е усмерена на Северно Косово како некаква последна шанса но верувам дека на Белград му е јасно дека независноста на остаокот е завршена работа.
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Feb-2008 at 00:17


Косово не е завршена работа. Тоа нема да се реши ни со децении... За жал мислам дека ова преминува во хроничен проблем кој ќе тлее и периодично ќе ескалира во некоја мерка, како Израел, Северен Кипар и слични...

Wallbash


Илузорно е да се надеваме на стабилизација, можеме само да се надеваме на делумно смирување. Мораме да се соочиме со тој факт.


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Feb-2008 at 00:25


Види... И Тајван не е решен, и Турски кипар не е решен и милион други места... Ама луѓето сепак мора да живеат. Можно е да се генерираат повремени кризи и да има некоја дологодишна политичка игра околу статусот. Ама... економијата ќе мора да тргне напред.


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Feb-2008 at 14:36
Cheers

Порше Лизинг и во Македонија

Порше Лизинг почна со работа и во Македонија. Основната цел на Порше Лизинг е да понуди добри и сигурни услови на финансирање, односно да одговори на сите потреби и желби на купувачите и клиентите.

Одлуката за влез на Порше Лизинг на македонскиот пазар е донесена од страна на Порше Банк како основа на развојот и растот на македонскиот пазар и станува збор за нивна директана инветстиција. Порше Холдинг каде што припаѓа и Порше Банк работи во повеќе земји во регионот.

Тие ќе го нудат Финансискиот лизинг  кој е наменет за правни и физички лица со флексибилна отплата со што се овозможува ратите да се прилагодат за специфичните потреби на клиентот.

Оперативниот лизнг кој нуди користење на лизинг без стекнување на сопственост, со што на претпријатијата им се овозможува редовно да го обновуваат својот возен парк и на тој начин да ја зголемат конкурентноста на пазарот.  Поволноста на Оперативниот лизинг е тоа што трошоците се пресметуваат како материјални торшоци.

Исто така Порше Лизинг ќе ја нуди и услугата Одржување на возила односно целосно одржување на возилата со пресметка за трошоците на секои шест месеци. Лизингот ќе се нуди со минимално учество од 10 проценти.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=24579&kategorija=2


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-May-2008 at 09:56
Хрватска Ингра најавува инвестиции во туризмот и градежништвото
 
Раководството на Хрватската компанија, ИНГРА која ја превзеде домашната градежна фирма Маврово, денеска во Скопје вети дека “Маврово“ ќе прерасне во модерна компанија со препознатлив имиџ преку нови дополнителни инвестиции во процесот на модернизација на компанијата. Освен модернизација на компанијата, ќе следи и вклучување на Маврово во проектите на Ингра.
Според претседателот на Упарвниот одбор на ИНГРА, Игор Опенхајн, “Маврово“ ќе биде вклучено во сите проекти кои ги има ИНГРА, во Хрватска и во регионот. Очекуваат голем успех на пазарите во Европа, регионот и Блискиот исток.
ИНГРА заедно со “Маврово“ веќе работи на подготовка на проект за учество на тендер за изградба на брана во Алжир. Во врска со долговите што “Маврови“ ги има кон Управата за јавни приходи , раководство на ИНГРА вели дека ќе ги почитува одлуките на надлежните институции и заеднички ќе бараат решение за ситуацијата.
Ингра е една од најреномираните хрватски компании, присутна во повеќе европски земји, Блискиот исток и Ажир. Преку своите активности Ингра учествувала во реализацијата на 800 инвестициски проекти од најразличен вид како енергетски проекти, хотелски комплекси, патишта, индустриски капацитети, брани и силоси. Минатата година Ингра оствари приход од 96,6 милиони евра, а профитот за истата година изнесуваше 9,6 милиони евра. Вкупната вредност на договорените работи изнесуваат преку 400 милиони евра. Компанијата е основана пред повеќе од педесет години.
(Тотал)


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=10503&mid=303&tabId=1&tabindex=0


Posted By: vardar
Date Posted: 14-May-2008 at 10:24
Значи класичен out-sourcing хрватите бараат премногу па ај македонците нека градат поевтини се...


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-May-2008 at 10:40
Originally posted by vardar

Значи класичен out-sourcing хрватите бараат премногу па ај македонците нека градат поевтини се...


Па добро јас и се радувам на инвестицијава. Уште Пелагонија да се ревитализира и мислам дека може да се каже дека македонското градежништво конечно излегува од транзицијата иако неколку големи фирми неповратно пропаднаа.


Posted By: vardar
Date Posted: 14-May-2008 at 11:23
Ne deka e losho eve ke gi zadrzele site vraboteni nego ke bese mnogu podobro da se konsolidiraa nasive gradezhnici i zaednicki da nastapat nadvor a ne vaka poedinechno kako podizveduvaci.....se znae kaj se parite
 

ОФИЦИЈАЛИЗИРАНО ПРЕЗЕМАЊЕТО НА МАВРОВО


Ингра и Маврово ќе градат брана во Алжир


Ќе бидат вратени сите долгови што фирмата ги има, а досегашниот директор Ванчо Поповски нема да остане без работа, бидејќи ќе биде ангажиран како советник


Модернизацијата и реорганизација на Маврово, заедничкиот настап на домашниот и странските пазари, задржување на 1.100-те вработени во компанијата, но и вработување на нови кадри се дел од преспективите на градежната компанија кои вчера во Скопје ги најави Игор Опенхајм, претседател на УО на хрватската групација Ингра по успешното превземање на компанијата.

-Ингра за 79,01 отсто од акциите на Маврово плати седум милиони евра. По пат на успешна јавна понуда Ингра се стекна со 52,08 отсто од акциите на Маврово, а останатиот дел ги купи преку Македонската берза - објасни Опенхајм.

Тој најави дека ќе бидат вратени сите долгови што фирмата ги има, а досегашниот директор Ванчо Поповски нема да остане без работа, бидејќи ќе биде ангажиран како советник. Опенхајм најави дека е формиран транзиционен тим кој треба да ја заврши транформацијата на Маврово до крајот на годинава

Претставниците на Ингра вчера најавија и инвестиции во туризмот и во високоградбата во земјава. Двата партнери веќе работат на заеднички проект за изградба на брана во Алжир.

Членот на НО на Ингра, Маријан Костренчиќ ќе биде задолжен да го води транзиционот тим. Тој се пофали дека е задоволен од соработката со стручниот тим и со Синдикатот.

-Нас не интересира иднината на Маврово, на вработените и на сите оние фирми кои со нас имаат кооперански односи. Она што се случувало со компанијата пред нашето превземање за нас е минато - тврди Костренчиќ.

Зад групацијата Ингра е огромно меѓународно искуство. Компанијата учествувала во реализација на 800 инвестициски проекти од енергетскиот и еколошкиот сектор, хотелиерството, патиштата, индустриските капацитети, брани и силоси. Лани, Ингра оствари приход од 96,6 милиони евра, а профитот изнесувал 9,6 милиони евра.Во моментов вкупната вредност на договорените работи на компанијата изнесуваат преку 400 милиони евра.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=60CB7958278D48428BF72D9D6FE3B723 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=60CB7958278D48428BF72D9D6FE3B723
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-May-2008 at 12:44


во право си но и ова е чекор напред. Маврово долго време се сметаше за отпишано

„ДХЛ Експрес“ инвестира два милиона евра во Македонија


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=92868#komentari - Коментари (0)    
13.05.2008 20:18

Компанија „ДХЛ Експрес - Македонија“ го шири својот бизнис во земјава. Инвестира два милиона евра во нови простории и царински складишта.

Компанијата денеска одбележа 15 години од своето постоење во Македонија и најави долгорочни планови за проширување, со цел побрзи и посигурни услуги во експресната испорака.

„Со цел ова да го оствариме инвестираме во нови објекти, инвестираме во авиони носачи кои можат да полетуваат секојдневно од Скопје, информатичката опрема што се користи тука од страна на нашите вработени е иста како секаде во светот. Продолжуваме да инвестираме во нашиот бренд и на крај, како најважно, значајно инвестираме во нашите луѓе, нашите вработени“, изјави Гари Кејмп, регионален директор на „ДХЛ Експрес“.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=92868


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-May-2008 at 13:44
Агроплод Ресен влегува во бизнисoт со ноеви
 
Во Ресен е отворен голем репро- центар за производство на ноеви во Македонија. Во рамки на агрокомбинатото Агроплод од овој град, изградена е фарма со околу 200 ноeви, односно педесетина ноеви семејства (две женки и еден мажјак). Се очекува овие семејства да произведат околу 10.000 јајца. Се гради инкубатор и веќе за неколку месеци можат да се очекуваат младите ноеви.
Одгледување на ноеви е многу профитабилен бизнис. Чистата годишна заработка од едно ноево семејство е околу 3.000 евра. Во рамките на Агроплод заедно со месната индустрија Митрос од Сремска Митровица до крајот на годината ќе биде изградена и специјализирана кланица за обработка на ноевото месо кое е многу барано на светскиот пазар како деликатес.
“Од нојот практично ништо не се фрла. Од месото, кое е хранливо и без холестерол, па до кожата и неговите трепки, а коските се користат во фармацевтска индустрија за производство на калциум”, вели Анастас Кичеец, директор на Свислион Аграр во Ресен.
Другата новина која доаѓа од агрокомбинатот Агроплод, е дека наскоро се очекува извоз на своите производи во исламските земји. Овој комбинат е прв и единствен од Македоонија кој наскоро ќе се здобие со сертификатот Алал кој овозможува слободен извоз на неговите производи во арапските и други исламски земји.
Олгица Стојчевска, директорка на Свислион Агроплод од Ресен вели дека се завршени сите тестирања и анализи на нивните прехранбени производи и е добиено позитивно мислење за стекнување на Алал сертификатот.
„Исламските земји се посебно заинтересирани за нашите производи како што се Ресана, Агрокрем и Блок чоколада. Со ова се отвораат новите пазари за нашиот прехранбен комбинат”, вели Стојчевска.
Агроплод засега е прв прехранбен комбинат од Македонија кој врз основа на овој сертификат ќе може да извезува храна во исламските земји.
Агроплод во минатата година произведе 620 илјади тони прехранбени производи, кои се пласирани на домашниот и на пазарите на соседните земји.
(Тотал)


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=10537&mid=303&tabId=1&tabindex=1


Posted By: ProMKD
Date Posted: 17-May-2008 at 20:16
DHL ima objekt odma pred hotelot Belvi vo Skopje pokraj avtopatot bas vidov vo cetvrtok. Dobra lokacija imaat megju aerodromot i gradot, kako sto gledam vekje se dobro zastapeni vo skopje pa so povekje investicii mozat mnogu da kjarat


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-May-2008 at 22:51
Originally posted by ProMKD

DHL ima objekt odma pred hotelot Belvi vo Skopje pokraj avtopatot bas vidov vo cetvrtok. Dobra lokacija imaat megju aerodromot i gradot, kako sto gledam vekje se dobro zastapeni vo skopje pa so povekje investicii mozat mnogu da kjarat


Јас го имам фатено објектот во онаа турана фотографии на индустриски објекти кога го сликав и Бунарџик. Може да го видите во таа нишка ништо посебно.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-May-2008 at 00:29
Денеска баш идев до александар македонски аеродромот, и стално кога идам се се нервирам што е така далеко од градот. А за аеродромот а не праиме муабет, Он можеби е среден, ама по кафиќите нема цени во евра. Поготово не ми се свиѓа делот каде што излагаат патниците. Надвор се прави ептен голема гужва, а со оглед на тоа што се работи за дестинации како цирих и дизелдорф, можете да замислите каква сељачана се збира пред аеродором и бадијала прават гужва. По 100 луѓе чекаат еден патник. Мора барем тука некој минимален ред да се воспостави.

п.с. постов може би не е затука, ама гледам сте спомнале аеродром, па ако треба префрлете го.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-May-2008 at 12:25
Originally posted by lslcrew

Денеска баш идев до александар македонски аеродромот, и стално кога идам се се нервирам што е така далеко од градот. А за аеродромот а не праиме муабет, Он можеби е среден, ама по кафиќите нема цени во евра. Поготово не ми се свиѓа делот каде што излагаат патниците. Надвор се прави ептен голема гужва, а со оглед на тоа што се работи за дестинации како цирих и дизелдорф, можете да замислите каква сељачана се збира пред аеродором и бадијала прават гужва. По 100 луѓе чекаат еден патник. Мора барем тука некој минимален ред да се воспостави.

п.с. постов може би не е затука, ама гледам сте спомнале аеродром, па ако треба префрлете го.


Незнам зошто е проблем што е Аеродромот далеку?? Dunno Мислам дека е 25км точно, во Минхен е на пример 40км од градот. Баш мислам дека локацијата му е супер во однос на Скопје.

Другите забелешки ти се на место но џабе ќе ги дискутираме бидејќи и онака овој терминал ќе го снема кога ќе почне да се прави новиот така да со него ќе ги снема и најголемиот дел од овие проблеми.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-May-2008 at 12:52
Абе има нешто се гради лево од постојниот терминал, ама тоа како жто знам оддамна се гради и веќе е зарѓана арматаурата, тоа којзнае од кога е во застој. Инаку фали паркинг постор. Сега е намалена цената на паркингот, порано беше 100 ден за саат. А има и коли што се паркирани на патот пред аеродромот.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-May-2008 at 12:57
Originally posted by lslcrew

Абе има нешто се гради лево од постојниот терминал, ама тоа како жто знам оддамна се гради и веќе е зарѓана арматаурата, тоа којзнае од кога е во застој. Инаку фали паркинг постор. Сега е намалена цената на паркингот, порано беше 100 ден за саат. А има и коли што се паркирани на патот пред аеродромот.


да ама и сето тоа ќе се реши со новиот проект. Објектот со зарѓана арматура мислам дека требаше да биде нова постројка за одмрзнување авиони но не сум сигурен. Почна да се гради во преходниот мандат на ДПМНЕ мислам според еден план на атеље Ајвар. Планот го имам некаде ќе го постирам за пола саат.




Posted By: pbanks
Date Posted: 18-May-2008 at 13:47
Еве го




Posted By: vardar
Date Posted: 18-May-2008 at 15:08

Еве интересно интервју (мада долго) прв пат слушам за ваков договор со метро, ако се паметни можат многу да добијат од вакви соработки. Cheers

 
Димитар Петрушевски, директор на винарската визба "Сковин"

Инвестираме над милион евра во нов погон!

Договорот со еден од најголемите малопродажни синџири во регионот Метро, што винарската визба Сковин го склучи на крајот од минатата година, годинава на скопската винарија и даде силен залет во конкурентската трка за зголемување на извозот. Така, во првите три месеци Сковин има 30% раст на извозот, а најавите проширување на пазарите во Русија и Јапонија, ветуваат уште поуспешно финансиско работење во периодот што следи



-"Сковин" од неодамна целото производство го префрли во сосема нов погон. Кажете ни повеќе околу оваа инвестиција, од кога се подготвува, колку е вложено и кои беа мотивите за инвестицијата?

Петрушевски: Првото произведено шише во Сковин се појави пред четири години во услови и амбиент какви што тогаш можевме да овозможиме, со оглед на она просторот и машините кои ги имавме затекнато по преземањето на Сковин. И досега имавме вложувања, но за покрупни инвестиции, кои сега ги реализираме, требаше да создадеме одредени предуслови и да спроведеме распоред на активности. Сега е тој момент кога создаваме нови услови, односно нова просторија со дополнителна опрема, за да добиеме што посигурен производ, како во неговото формирање, односно појавување на шишето, така во однос на квалитетното чување, што е од посебно значење во винарството. Знаеме дека виното има третман на жива материја и не е сеедно во каков амбиент и какви услови ќе биде чувано. Освен ова, новиот погон ни овозможува целосно да ги запазиме оние услови што се предвидени со законот, виното да отстои околу три месеци, да го следиме случувањето во самата течност, дали има измени во квалитетот итн. Значи, станува збор за посебни услови, каде што е запазен температурниот режим, влагата, светлината и сите други предуслови. Сето ова го правиме со една комбинација на постоечките машини, но и нови машини. Од аспект на хигиената новиот погон исто така ги задоволува сите услови кои HACCP-от, како стандард за безбедно производство на храна ги бара. Новиот погон работи во две смени, бидејќи со тек на време се создаде потреба од поголемо производство. За таа цел вработивме и 10 нови работници. Од само еден технолог, сега седум стручнаци технолози кои работат на квалитетот на виното. Капацитетот на новото производство е 2.500 шишиња на час, што значи дека сега годишно ќе надминеме производство од еден милион шишиња. Инаку, вкупната инвестиција вреди над еден милион евра.

-Дали подготвувате некои новитети во однос на палетата на вина и до каде е реализација на производството на органско вино, кое го најавивте неодамна?

Петрушевски: Полека ја заокруживме палетата на сковински вина со асортиман каков што е актуелен во светот и во Европа. Во моментов не планираме проширување на асортиманот, туку ќе работиме на онаа втора фаза во производството на вина, односно претворање на квалитетните вина во висококвалитетни вина. Досега се изборивме да имаме три висококвалитетни вина (Марков Манастир, Мускат и Кале) и можам слободно да кажам дека сме единствени производители на висококвалитетни вина во Македонија. Ова навистина го мислам, бидејќи декларирањето на високиот квалитет не се прави само со ставање на етикета на која пишува дека виното е висококвалитетно. Тоа треба да биде пропратено со документ кој ќе наведува дека производството било и соодветно контролирано од надлежните институции. Значи сакаме да продолжиме со надградување на квалитетот и кај другите видови вина, од квалитетни да преминат во висококвалитетни вина. Само така би можеле да се носиме со конкуренцијата во Европа, затоа што знаете дека македонскиот пазар е премал и тоа не прави извозно зависни.
Инаку, наша визија, на која работиме веќе трета година, е органското производство на грозје. Целта ни е да станеме првиот производител на органско вино во Македонија и пошироко, што ќе не направи позабележителни на светскиот вински пазар. Веќе сме во фаза на сертификација на производството од страна на реномираниот Институт FIBL од Швајцарија. Тоа го правиме преку нивното претставништво во Бугарија Balkan Biocert, кое пак има филијала во Македонија акредитирана од Министерството за земјоделство. Но, сакам да нагласам дека патот до органско вино воопшто не е лесен, затоа што се потребни многу подготовки, дисциплинирано и стандардизирано одгледување на лозјето. Дури идната година ќе го добиеме првото органско грозје, а во наредните неколку години и првото органско вино. Органските лозја ни се на површина од 20 хектари, каде имаме засадено три сорти вино: Каберне Совињон, Сан Џовезе и уште една сорта која засега не би сакале да ја откриеме, а спаѓа во сортите кои веќе се присутни на ова поднебје. Инаку, за споредба, органските вина на странските пазари се најмалку 50% поскапи од обичните вина.

- На крајот од минатата година Сковин го доби тендерот за избор на винарија која ќе ги снабдува маркетите на малопродажниот синџир Метро на Балканот. Дали беше тешко да се добие еден ваков тендер и како оди соработката со Метро?

Петрушевски: Важно е што успеавме да го добиеме тендерот, кој се одвиваше по електронски пат, во конкуренција на дваесетина винарии од поранешните југословенски простори. Станува збор за договор со Метро Загреб и Метро Белград, што значи дека нашето вино ќе се продава во маркетите на овој малопродажен синџир во Србија и во Хрватска.
Првите количини вино веќе се наоѓаат на полиците во маркетите на Метро. Договорот предвидува извоз на вината кои ги имаме во поголеми количини, како што се Вранец, Мерло, Шардоне, кои таму ќе се продаваат во етикета на Метро, а ќе пишува дека се произведени во Македонија. Првично ќе извезуваме 150.000 шишиња годишно, но секако отворено е можноста за неколкукратно зголемување на количините. Со оглед на тоа што потрошувачите веќе се запознаа со квалитетот на сковинските вина, овој месец ќе испорачаме први количини и од нашите амбалажирани вина, под бренд на Сковин. Сознанието дека има интерес за нашето вино е навистина охрабрувачка и ветува успех во оваа соработка со Метро.


-Покрај договорот со Метро, Сковин одамна извезува на повеќе странски пазари. Како се движи вкупната продажба во првите три месеци годинава, во однос на истиот период лани?

Петрушевски: Од вкупната продажба, на македонскиот пазар отпаѓа една четвртина, а другиот дел оди за извоз. Охрабрувачки делува тоа што некако заживува пласманот на нашето вино на рускиот пазар, а се чувствува и мала раздвиженост на чешкиот пазар. Во Јапонија каде досега извезувавме налевно вино, неодамна побараа да купат и висококвалитетно амбалажирано вино. Имаме испратено мостри од нашите на вина и на повеќе други пазари, но морам да кажам дека тоа пробивање оди бавно и сега не би најавувал ништо додека нема конкретни договори. Но, истовремено ни се засилува континуираното присуство и на австрискиот пазар и на словенскиот пазар, така што се на се во првите три месеци имаме 30% раст на извозот. Овде би сакал посебно да го истакнам значењето на српскиот пазар за нашата винарија, кој е на прво место по извоз на амбалажирано вино. Сковин има и претставништво во Белград, каде се вработени 30 луѓе. Побарувачката од српскиот пазар континуирано расте и ние сме задоволни од пласманот. Но, зголемената побарувачка е резултат на тоа што нашето вино е веќе препознатливо меѓу српските консументи, бидејќи и таму применуваме иста техника на промоција како и во Македонија. Значи, работиме вината да ги има на секоја винска карта во белградските ресторани.

-Имате ли планови за зголемување на површините со лозови насади и дали се соочувате со некои проблеми на тој план?

Петрушевски: Сковин користи повеќе од 500 хектари државно земјиште за кое плаќаме концесија и имаме дозвола да го користиме. Но, сега со процесот на децентрализација секојдневно "како печурки по дожд" никнуваат нови сопственици на земјиштето, така што нам ни се јавуваат проблеми и наместо да ги окрупнуваме лозјата, што ни е тендеција, ние сме ставени во ситуација блоковите да ни се уситнуваат така како што некогаш биле формирани. Ова навистина ни е проблем, бидејќи се случува и новопосадените површини да треба да ги ископачиме. Тоа е пропадната инвестиција, која никој не ни ја обесштетува. Сметаме дека државата треба да ја преземе одговорноста по ова прашање и еднаш засекогаш да ја регулира сопственоста. Многу од потенцијалните сопственици сакаат да направат размена на земјиштето или да го продадат, но и за тоа треба некој да им даде документ што ќе ја покаже сопственоста. Затоа апелирам до институциите во државата посериозно да се зафатат со решавање на оваа материја, за да ни биде овозможено како производители да располагаме со поголеми сопствени плантажи на грозје.

-Меѓу земјоделските експерти во државава мислењата околу тоа дали производството на вино треба да биде стратешка земјоделска гранка се поделени. Кој е вашиот став во однос на ова прашање и како сметате дека треба да се развива винарството во Македонија, воопшто?

Петрушевски: Ни требаше многу време за да дојдеме до заклучок дека земјоделството претставува примарна гранка во Македонија, а дека за нејзин развој ќе биде потребна многу работа. Македонија има можност, поради нејзината микролокација, да даде прекрасни и квалитетни црвени вина. Ниту Србија на север од нас, ниту Грција на југ од нас, не можат да произведат вина како нашите. Тоа едноставно го прави природата. Значи ние ја имаме таа компаративна предност и не смееме да не ја искористиме. Мислам дека државните институции веќе почнаа да се освестуваат. Навистина се работи на тој план, се делат субвенции за осовремување на производството на грозје, а мислам дека треба повеќе да се вложи и во оние институции кои се задолжени за контролата на финалниот производ. Ме радува фактот што почна да се прави катастарот на лозови насади, за на крајот да можеме да го увериме и светот дека сме принципиелни производители и достојни на она што го нудиме. Во однос на сортите не се согласувам со некои тврдења дека Смедеревката треба да се ископачи, за сметка на актуелните сорти грозје. Еве нашата винарија чувствува недостаток на таа сорта грозје. Можеби производителите на оваа сорта грешат во начинот на одгледување на таа сорта, затоа што ја форсираат да дава поголеми родови, за сметка на што опаѓа квалитетот на грозјето. Како и да е, факт е дека најголем купувач на македонското вино, во моментов е германскиот пазар кој увезува големи количини налевно вино од Македонија. Гермаците бараат неутрално, заслабено вино, а концетратот за тоа вино се добива токму од Смедеревката. Значи оваа сорта е пожелна и за нас домашните производители и за странските пазари, треба само да се умее да се одгледува за потоа да се пласира соодветно.

Шампионски признанија за три вина!

Винарската визба Сковин продава пет бели вина (Совињон Бланк, Шардоне, Мускат, Македонско бело, Водно Семијон Шардоне), осум црвени (Марков Манастир, Вранец, Кале, Сира Каберне, Македонско црвено, Водно-Мерло-Вранец, Водно-Розе од Pinot Noar и Пинот Ноар) и две пенливи вина (Сковин пенливо суво и Сковин пенливо полусуво). Шампионски признанија имаат добиено висококвалитетните вина Марков Манастир, Кале, Мускат, како и Сковин пенливото вино и за ракијата Марков Манастир. Последно добиени награди се трите златни медали на саемот во Нови Сад минатиот месец, каде што беа наградени вината Вранец, Кале и Шардоне. Винаријата Сковин ги има имплементирано стандардите за производство ISO и HACCP.
 
 
http://www.total.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=12&tabid=140&EditionID=23&ArticleID=593 - total


Posted By: vardar
Date Posted: 20-May-2008 at 10:03
Не ме нервира продажбата него тоа што ако веќе се продаваат барем нека се продадат на "познатите" банки  Roll%20eyes
 
 

Холандската ДХБ ја купува ИК банка

Банката Демир Халк, основана во Холандија, потпиша договор за купување 62 отсто од ИК банка

ИК банка доби нов странски газда. Банката вчера соопшти дека веќе е потпишан договор за продажба на нејзиниот мнозински пакет акции на банката Демир Халк. Станува збор за банка основана во Холандија. Според сознанијата на „Утрински“, оваа банка купила пакет од околу 62 процента од акциите на ИК банка, со што практично ја добива управувачката позиција во таа наша банка. Засега не е позната цената што ќе ја плати ДХБ за ИК банка. Европската банка за обнова и развој и натаму ќе биде значаен акционер, со пакет од 25 отсто од акциите. ЕБОР досега поседуваше поголем процент, но таа продаде дел од своите акции, учествувајќи во конзорциумот заедно со други домашни правни и физички лица, кои поседуваа акции во ИК банка.

„Договор за купопродажба на контролниот пакет акции беше потпишан помеѓу конзорциумот од акционери на Извозна и кредитна банка и банката Демир Халк, основана во Ротердам, Холандија“, се вели во соопштението што беше испратено вчера од ИК банка.

Од ИК банка информираат дека банката Демир Халк е основана во 1992 година. Свои филијали и експозитури има во Холандија, Германија, Белгија и претставништво во Турција. Нејзината актива се проценувала на околу 2 милијарди евра. ДХБ е активна во кредитирање правни и физички лица, како и пласмани на пазарите во развојот.

Според веб-страницата на ДХБ, банката се основала во 1992 година според холандските закони како комерцијална банка со турски капитал. Од септември 2005 година нејзиниот капитал ја има следнава структура: 70 отсто поседува ХЦБГ холдинг Б.В., додека 30 отсто од акциите се во сопственост на Турки Халк банкаси. Притоа, ХЦБГ холдинг Б.В. е сто отсто во сопственост на Халит Џингилиоглу, а негова главна дејност е финансиски холдинг. Сега се очекува дозволи за оваа зделка да дадат нашата централна банка и властите во Холандија. „По добивање дозвола од регулаторните власти во Македонија и од Холандија, ДХБ ќе стане мнозински акционер“, информираат од ИК банка. Оттаму уште и додаваат дека досега најголемиот акционер ЕБОР - Европска банка за обнова и развој од Лондон и натаму останува значаен инвеститор во банката со 25 отсто.

ИК банка нагласува дека во изминатата 2007 година постигна особено добри резултати, кои се континуитет на низа исклучително успешни деловни години. Вкупниот капитал (активата) на банката порасна за 33 отсто и изнесуваше 113 милиони евра, кредитното портфолио забележа пораст од 40 проценти, а депозитната база 47 отсто. Моментно мрежата на филијали и експозитури на ИК банка брои вкупно 19, а мрежата на банкомати 42 локации.

„Новиот акционер и стратегиски партнер на ИК банка се очекува да го задржи и зголеми трендот на раст и развој преку своето интернационално искуство и своите ресурси, со што ќе се овозможат додатни можности и поволности за македонските претпријатија и граѓани“, се вели во соопштението од ИК банка. (Н.Н.Ф.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4795FB23FD32074F8D5FCBD01520E3C4 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4795FB23FD32074F8D5FCBD01520E3C4

 



Posted By: pbanks
Date Posted: 29-May-2008 at 18:53
Се мислев ова да го постирам во нишката за трговски центри но сепак се работи за продавница и за инвестиција од само милион ЕУР.

„Јуск“ ја отвори првата продавница во Македонија
Данскиот гигант за мебел, облека и бела техника „Јуск“ ја отвори првата продавница во Македонија. Конкурентот на „Икеа“ го започна својот бизнис во Тетово но најави дека ќе го проширува низ цела Македонија со отворање на салони во Скопје, Струмица и Битола. Инвестицијата е вредна еден милион евра. Од земјите во регионот данската компанија е присутна само во Косово и Албанија. Во Европа ова е стотата продавница и 1250 во светот. Купувачите ќе ги привлекуваат со евтини и квалитетни производи.


http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=33730&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=33730&mid=1500&tabId=1&tabindex=0

Еве информација и од официјалниот сајт на http://www.jysk.com/ - JYSK

Today, the first store is opening in Macedonia in the Balkans in the town of Tetovo, which situated to the west of the capital, Skopje. This means that JYSK is now represented in 32 countries with more than 1,350 stores– and more stores are opening each week.

The Macedonian market will be operated under a franchise agreement, which the Kosovo-Albanian owner, Fatmir Zymberi, is behind. He was also the man behind the opening of JYSK in Kosovo in February 2004 and, last November, he opened the doors to the first franchise store in Albania.

»This is yet another exciting day for JYSK and the opening in Macedonia is part of our ambition to move towards increasingly greater internationalisation. There is great potential in the countries in the Balkans and we have gained valuable experience from our store in both Kosovo and Albania. Although purchasing power is small, compared with European countries, we have great expectations for the Macedonian market, « says Frederik Kroun, Franchise Manager at JYSK.




Posted By: pbanks
Date Posted: 29-May-2008 at 18:57


Не сум ја пастирал целата информација од официјалниот сајт Nuts Еве дополнување

Product range similar to that in Denmark

The first store is about 1,500 m2 with a range that has 90% of the products found in the Danish store. The store also has a warehouse of about 500 m2. 100,000 papers containing offers will be distributed in both Tetovo and Skopje in connection with the opening.

With this opening the JYSK enterprise, owned by Lars Larsen, is now represented in the following 32 countries. Denmark, Norway, Sweden, Finland, Poland, the Czech Republic, Hungary, the Netherlands, Slovakia, Germany, Austria, Switzerland, Iceland, Canada, Greenland, the Faeroe Islands, Georgia, Estonia, Latvia, Lithuania, Ukraine, Spain, Kosovo, Bulgaria, Kazakhstan, Romania, France, Dubai, Albania, the United Kingdom, Slovenia and now Macedonia.



Пристојна големина на продавница. Тоа е нешто како Веро Тафталиџе мислам. Инаку еве и каде се наоѓа, во cct центарот во Тетово, каде што се наоѓа Рамстор.




Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Jun-2008 at 15:17
Rock

Сведмилк ќе извезува на косовскиот пазар
 
Македонската млекарница Сведмилк, денеска во Приштина потпиша договор со косовскиот дистрибутер Некст, за извоз на 500 тони млеко месечно, со интенција за постојано зголемување.
”Една од главните цели на Сведмилк Македонија е преку понуда на најквалитетни млечни производи од најдоброто македонски квалитетно млеко, да биде заменето со сегашниот увоз од соседните земји. Не само што успеавме во оваа наша цел, туку во исто време правиме се, за македонскиот производ да биде конкурентен на соседните пазари. Ова потпишување на договорот е всушност почеток на нашата бизнис стратегија, Сведмилк да стане лидер извозник во регионот”, изјави Роџер Оскарсон, генерален менаџер на Сведмилк Македонија.
Трајна определба на Сведмилк Македонија е да им понуди на потрошувачите широка палета на свежи и здрави млечни производи направени од најдоброто македонско млеко според најстогите стандарди за квалитет на Европската Унија, применети во целокупниот производствен процес.
Компанијата Некст со која Сведмилк потпиша договор за извоз е дистрибутер на Унилевер, Титанија, Пол Коч и производите на Луминарк во косовскиот регион.
(Тотал)


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=10831&mid=303&tabId=1&tabindex=0


Posted By: dejan
Date Posted: 03-Jun-2008 at 15:53
Bravo  


Posted By: vardar
Date Posted: 05-Jun-2008 at 10:04
Брилијант инвестираше 9,8 милиони евра во нов погон
 
Фабриката за производство на масло за јадење Брилијант од Штип отвори нов погон за производство, во кој се инвестирани 9,8 милиони евра.
Новата фабрика е опремена со современа опрема, единствена на Балканот, кој е од светски познатиот производител германската ГЕА Вестфалија.
Производствениот капацитет е составен од складиште и терминал за преточување на сурово рафинирано масло со капацитет од 500 илјади литри на ден, рафинерија за масло за јадење со капацитет од 150 илјади литри на ден. Во фабриката е изградена и станица за прочистување на отпадните води со капацитет од 30 кубни метри нa час и нова хемиска лабараторија за комплетна контрола на суровините, фазите на производство и на готови производи.
“Најновата германска технологија ни овозможува поквалитетно и поекономично производство, а со само тоа и по конкурентни цени на домашниот и на странските пазари. Изградбата на фабриката се реализирашне етапно, во неколку фази, почна во ноември 2006 година, заврши во мај оваа година. Со заокружување на оваа инвестиција почнува новиот развоен циклус на Брилијант”, изјави Златко Михајлов, комерцијален директор на компанијата.
Компанијата планира во периодот од 2009 до 2011 година да изгради и погон за екстракција на растителни масла од маслодајни култури, произведени исклучиво од домашните земјоделци. За ова компанијата планура да инвестира дополнителни пет милиони евра.
Брилијант е позната трговска марка, присутна на македонскиот пазар веќе 10 години и успеа од ликален производител да прерасне во успешна компанија.
(Тотал)
 
 
http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=10863&mid=303&tabId=1&tabindex=3 - Total
 


Posted By: vardar
Date Posted: 05-Jun-2008 at 10:11

 

 
 
mala fotka od objektot, prefrlete go vo industriski objekti ako mislie deka treba.


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jun-2008 at 12:30
Originally posted by vardar

 

 
 
mala fotka od objektot, prefrlete go vo industriski objekti ako mislie deka treba.


Pa podobro da nabavime pogolemi sliki... Thumbs%20Up


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jun-2008 at 12:31
Домашни инвестиции секогаш ме радуваат Thumbs%20UpCheers

Месната индустрија “Мега“ ќе гради нов погон вреден три милиони евра
 
Месната индустрија Мега планира да гради нов погон за производство на месни преработки во село Трубарево во кој ќе бидат инвестирани три милиони евра. Овој капацитет, на површина од 3.000 квадратни метри, ќе го зголеми производството од 30 на 60 тони преработено месо на ден. Причината заради која Мега го зголемува производството е планираниот извоз на европскиот пазар.
”Со најсовремените производни капацитети што ги има Мега , слободно може да им конкурира на европските месни компании. Во септември ја очекуваме посетата на преставниците од Брисел кои ќе го одобрат ,со сертификат, пласирањето на нашите производи во Европа” , рече Драган Радосављевиќ од Мега, одговорен за увоз на месни суровини и извоз во регионот.
Тој вели дека Мега има воведен систем за управување со квалитет ИСО 9001:2000 и системот за безбедност на храна ХАССАП.
Производите на Мега се пласираат во Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, а се преговара за извоз на хрватскиот и на бугарскиот пазар.
Со изградбата на новиот погон, Мега ќе го зголеми и бројот на вработени за уште 50, така ќе биде достигната вкупна бројка од 400 вработени.
Месната индустрија "Мега" е формирана во 1992 година, но со производство на преработки започнала во 2003 година. Има 20 сопствени продажни места во Скопје. Околу 80% од суровини за производство, оваа месна индустрија ги увезува од Шпанија, Германија и Италија, а само 20% од месната суровина обезбедува од домашните фармери.
(Тотал)


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=10995&mid=303&tabId=1&tabindex=0


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Jun-2008 at 22:14
Секогаш е убаво да се чита за Swedmilk Cheers

SWEDMILK со 70 млечни производи на македонскиот пазар


Идните планови на шведската млекарница се поврзани со пласирање на сите 70 производи на пазарот, процес што треба да се заокружи до септември годинава, а во јужниот дел на земјава се планира отворање на нов центар за собирање на млекото, што е дополнителна инвестиција за мини фабрика


Млекото на шведската млекарница "Swedmilk" веќе шест месеци се наоѓа на нашите трпези. Слоганот "Од најдоброто домашно млеко" даде позитивни ефекти бидејќи македонските консументи се повеќе го заменуваат увозното млеко со наше млеко. Тие велат дека го купуваат млекото не само дека е наше, туку и затоа што е изработено по светските стандарди за квалитет. Од млекарницата која е лоцирана во современ објект во реонот на индустриската зона - Илинден најавуваат забрзан развој и инвестирање во нови млечни производи и мини фабрика на југот. По тој повод деновиве разговаравме со Роџер Оскарсон, генерален директор на "Swedmilk" Македонија.

Стартувавте многу агресивно и на домашниот пазар и на пазарот во регионов. Од неодамна договоривте соработка со Косово и со фирмата Некст. Каков бенефит Ви донесе извозот на Косово и која е следната земја што планирате да ја освоите?
- "Swedmilk" од почетокот на работењето, во ноември 2007 година, имаше за цел да го замени увозот. Во тоа успеваме и следен чекор ни е да се фокусираме на извозот и тука сакаме да станеме лидери. Сигурни сме дека квалитетното македонско млеко е одличен производ пред се за регионалниот пазар, посебно поради брендот на Сведмилк. За нас договорот за извоз на Косово е првиот чекор за воспоставување на голем извоз надвор од Македонија. Косово е значаен пазар со два милиони жители, каде конзумирањето на млеко и јогурт е на доста високо ниво. Во меѓувреме го добивме извозниот број од Европската унија, број 01, што значи дека и официјално сме првата компанија од Македонија која доби ваков број за извоз во земјите од Европската унија.Нашите планови се да започнеме да ги извезуваме млечните производи и на пазарот во Бугарија. Веќе склучивме начелни договори и со Србија, Црна Гора, Хрватска.

Вложивте многу во млекопроизводството, особено во високиот квалитет на млечните производи. Кога можеме да го очекуваме првото органско млеко на македонскиот пазар?
- Наша цел е да бидеме конкурентни со земјите од Европската унија. Еден од начините за тоа е токму органското млеко, кое во Европската унија е најбрзорастечки сегмент. Поради тоа разговараме со нашите фармери за да направат конверзија од производство од обично во органско млеко. Но, секој оној фармер кој ќе се согласи со оваа промена ќе има постојана финансиска поддршка од Владата и од фондовите на Европската унија. Ние, за почеток, планираме производство за 20 илјади литри огранско млеко. Тоа е поскапо млеко на пазарот што значи и поголем профит и за фармерите и за нас.

Дали "Swedmilk" во моментов има сериозен конкурент на пазарот од страна на домашните и странските млекопроизводители. Кој е вашиот рецепт за успех и како се справувате со конкуренцијата?
- Ние успешно го заменивме увозот од сите производители, во моментов последните податоци велат дека 35% од увозот е заменет со македонското најдобро млеко. Не велиме дека тука е крајот, во овој дел има се уште работа. За конкуренцијата во Македонија треба да се напомене дека во земјава има сериозни млекарници кои одлично работат, но пазарот ќе остане со ограничен број на играчи. Тоа не е поради нас, туку поради регулативата која обврзува секој од нас да ги применува стандардите на Европската унија. Тие се однесуваат на квалитетот, хигиената, производството. На пример, во изминатиов период во Бугарија која неодамна стана членка на Унијата се затворија околу 70 мали млекарници токму поради овие стандарди.

Најавивте модернизација на фармерството во земјава. Со колку фармери досега имате случено договори и уште колку можат да се вклучат во вашиот бизнис. Задоволни ли се фармерите од откупната цена на млекото и дали може да очекуваме намалување на цената на крајните производи ?
- Последните бројки говорат дека наши партнери се над 1.000 фармери. Исплатите за откуп на млеко се базирани и врз квалитетот и врз квантитетот. Има класификација според квалитет на млекото и даваме денар повеќе за подобар квалитет.
- Кога станува збор за производите на пазарот, ние не можеме да бидеме најевтини на пазарот. Имаме квалитетен производ од македонско млеко со поевтина цена од увозните производи. Ако до минатата година 55% од купувачите немаа доверба во македонскиот производ, годинава веќе се смени сликата.

Каков е рецептот да се произведе квалитетно млеко што се носи со светските стандарди.Точен ли е податокот дека вашето млеко се тестира седум пати?
- Да, ние седум пати го тестираме млекото, можеби и повеќе од седум. Првото тестирање се спроведува во секоја фарма, потоа се тестира и секој лактофризер.Третото тестирање се реализира при самото пристигнување на млекото во фабриката, потоа уште еднаш пред неговата пастеризација. Се тестира и по пастеризацијата и по стерилизацијата, а седмиот пат е по десет дена во магацинот на готовото млеко. Тоа е начинот на кој мора да се работи.

Кои се вашите идни планови,може ли да очекуваме на пазарот да стартувате со нова палета на производи или можеби отворање на уште еден ваков капацитет во земјава?
- Нашите идни планови се поврзани со пласирање на сите 70 производи на пазарот. Процес што ќе заврши во септември. Во јужниот дел на Македонија ќе отвориме центар за собирање на млекото, што е дополнителна инвестиција за мини фабрика, каде млекото ќе се чува на одредена температура, што е многу значајно посебно во летниот период. Оваа инвестиција ќе ни овозможи да бидеме сигурни во квалитетот.

Деновиве последен хит кај младата генерација е вашата нова реклама за овошните јогурти. Добриот маркетинг секако дека влијае на зголемувањето на потрошувачката, но дали вашата компанија е задоволна како се реализира маркетингот во земјава?
- Маркетинг агенциите овде се прилично професионални. Ние сме задоволни и од адвертајзингот и ПР-от кој за нас го работат македонски агенции. Имаме коментари дека адвертајзингот е од Шведска, но не, македонски компании работат на нашите брендови. Ние вложуваме многу пари во маркетингот, бидејќи нашето млеко не е само обично млеко, туку млеко препорачано од Здружението на педијатри во Македонија. Формулите на производите се направени токму во соработка со педијатрите кои најдобро знаат што им треба на децата. Во нашето млеко сите вкусови и ароми се природни, нема ништо вештачко.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1C43749987C4B44C90AF4B54DCCEDB43 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1C43749987C4B44C90AF4B54DCCEDB43


Posted By: se_manda
Date Posted: 16-Jun-2008 at 15:10
mn im e ruzno mlekoto na ovie.mirisa na jajca....PukePukePuke


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jun-2008 at 15:19

Bash


Млекото им е екстра! Cheers

Big%20smile


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 16-Jun-2008 at 15:55
И млекото, и јогуртот и чоколадното млеко им се ЕКСТРА Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jun-2008 at 17:34
Јас сум ги пробал и млекото и јогуртот и чоколадното. Млекото како сите млека исто е. Чоколадното посебно ми се свиќа пошто до сега немаше наше, мораше српско да купувам, а настојувам домашни производи да купувам. Јогуртот е со погодена густина. Незнам дали имаат кисело млеко сакам да го дегустирам у комбинација со краставица.


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jun-2008 at 17:37
Originally posted by lslcrew

Јас сум ги пробал и млекото и јогуртот и чоколадното. Млекото како сите млека исто е. Чоколадното посебно ми се свиќа пошто до сега немаше наше, мораше српско да купувам, а настојувам домашни производи да купувам. Јогуртот е со погодена густина. Незнам дали имаат кисело млеко сакам да го дегустирам у комбинација со краставица.


Имаше наше чоколадно млеко. Не си глеал добро. Млекси од Битолска млекара


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jun-2008 at 17:44
Абе едно српско ли беше босанско ли беше незнам. Ама сега има, Шведско, а наше! Језда не купувам многу често, ама добро е.


Posted By: vardar
Date Posted: 18-Jun-2008 at 12:57
Незнам само зошто со години ништо немаме превземено околу ова клучно прашање, изгледа премногу е да се очекува државна/национална стратегија од политичариве Roll%20eyes  да не бидеме колку толку заложници на нечие самоволие. Bash 
 
Е сега друга работа е што солунското е најпрактично (а можеби и најевтина варијанта со оглед на далечината и инфрасктруктурата до другите пристаништа)
 
 

Наместо во Солун, нашите бизнисмени се вртат кон пристаништето во Бар

Грчките блокади ги блокираат црната металургија и челичната индустрија, кои создаваат над 20 отсто од БДП

Александрија Стевковска

Постојаните блокади на железницата и неработењето на солунското пристаниште целосно ги блокираат носечките македонски индустрии - црната металургија и челичната индустрија, кои создаваат над 20 отсто од бруто-домашниот производ и речиси половина од македонскиот извоз. Поради проблемите со транспортот, тие немаат начин како да ги пласираат своите производи на странските партнери и доколку ваквата крајно неповолна ситуација продолжи и во наредниот период, се очекува последиците да се рефлектираат врз целокупната економија на земјата. Поради зголемениот интерес на македонските компании за алтернативно пристаниште, со оглед на големите загуби и непланираните трошоци предизвикани од грчките блокади, стопанствениците почнаа да бараат нови алтернативни патишта, а еден од нив е црногорското пристаниште Бар, кое може да биде перманентно решение за морски транспорт за македонските компании.

„Црногорското пристаниште е оспособено за претовар на сите видови товар и има терминали за сите видови стока. Бидејќи целиот простор во Бар е во режимот на слободна економска зона, тој може да биде дистрибутивен центар за македонската стока, која оттаму може да се превезува кон Македонија или кон други дестинации“, истакна извршниот директор на пристаништето, Слобо Пајовиќ, за време на презентацијата на можностите на Бар пред македонските стопанственици.

Според него, предноста на Бар во однос на солунското пристаниште е тоа што цените може да бидат пониски. „Овој правец е малку подолг, но сигурно е дека цените може да бидат пониски. Можеме да им понудиме на македонските стопанственици стоката да ја оставаат во Бар, бидејќи целиот простор таму е во режимот на слободна економска зона. Сигурни сме дека можеме да одговориме на барањата на македонските стопанственици“, истакна Пајовиќ.

Од пристаништето во Бар стоката може да се транспортира до Македонија преку два патни правца низ Косово и преку Божај. Засега најкратката траса преку Скадар останува неискористена поради руинираноста на мостот кај реката Бојана, каде што не можат да поминат товарни камиони со носивост поголема од пет тони. Токму поради тоа стопанствениците истакнуваат дека мора да се поработи на подобрување на патната инфраструктура.

„Срамота е во почетокот на 21 век да зборуваме за транспортен коридор преку кој треба да се помине дрвен мост изграден во 19 век. Коморите на Балканот се согласни во тоа дека единствен начин е да бараме инфраструктурно поврзување“, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој смета дека тоа е единствен начин за решавање на проблемот со транспорт на стоката предизвикан од блокадите на солунското пристаниште, поради кои македонските компании трпат големи штети и трошоци во секојдневното работење.

Стопанската комора на Македонија во наредните недели ќе организира и презентации на можностите на пристаништата во Драч и Бургас

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=21CF72102290EB41A2DC430475A7A323 - Utrinski
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jun-2008 at 13:33
Се прашувам во каква состојба се железничките врски, бидејќи за металургијата и челичната индустрија, камиони и онака не вршат работа...


Posted By: vardar
Date Posted: 18-Jun-2008 at 13:46
Каде е владимир Big%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2008 at 13:52
Ова е некоја ниско-балканско-национал-патрио-сељачка заврзлама. Демек сега на грциве париве не им ги даваме, ама ни на албанциве, па ај сега ќе си идеме на "наше" море!!!

Мене вака ми изгледа, па сега.....!


Нас освен Солун све друго не ни одговара. Можеби во иднина драч, кога ќе го направиме коридорот. Све друго е виц.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2008 at 13:56
Премногу е глупо цел сообраќај да го пренасочуваме поради некои политички прашања со краток фитиљ. Имаме прашања на кои им се гледа крајот (на двете), и глупо е сега некој сериозно да размислува за вакви потези, кога утре ќе се реши работава. Ама ние сме земја на чудата, кај нас се мрда мост за една колиба, така да не е чудно и ова.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jun-2008 at 14:03
Originally posted by lslcrew

Ова е некоја ниско-балканско-национал-патрио-сељачка заврзлама. Демек сега на грциве париве не им ги даваме, ама ни на албанциве, па ај сега ќе си идеме на "наше" море!!!

Мене вака ми изгледа, па сега.....!


Нас освен Солун све друго не ни одговара. Можеби во иднина драч, кога ќе го направиме коридорот. Све друго е виц.


Прво, у ситуацијата у која што сме, ова не се однесува на долгорочно решение, туку за каков таков лек, кој барем малку ќе помогне.

Второ, кога веќе сме у таква ситуација, не ми е јасно како гледаш завера за тоа на кого ќе сме му ги „дале парите“... Едноставно се бара било какво начин нешто да се закрпи и мисламдека никој не ни помислува на таков луксз да бира на кого ќе му ги „дава парите“

Зошто Бар би бил подобар од Драч дури и за камионски транспорт не знам, можеби Драч не е во топ форма како пристаниште, можеби има други причини. Ама како што реков,, сигурно не е ради некаква дискриминација од македонска страна.



Print Page | Close Window