Print Page | Close Window

АДИССДП - Комерцијални згради

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=4621
Printed Date: 10-May-2024 at 13:44


Topic: АДИССДП - Комерцијални згради
Posted By: lslcrew
Subject: АДИССДП - Комерцијални згради
Date Posted: 20-Oct-2008 at 23:18
Ќе градиме 1.500 комерцијални станови по пониски цени


За три години ќе се изградат илјада комерцијални станови во Скопје и 500 во Битола и тоа по цена од 800 евра за квадратен метар


Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) ќе почне со изградба на станови за да ги урне високите цени на квардатниот метар. Директорот на ЈПССДП, Ивица Коневски најавува почеток на тригодишна изградба на илјада комерцијални станови во Скопје и 500 во Битола и тоа по цена од 800 евра за квадратен метар. Според него, ова е релативно ниска цена и се разликува од цените на станбен квадрат што во моментов ги продаваат други градежни компании. На пазарот на недвижности, цените на станбен квадрат во Скопје се движат од 800 евра па нагоре.
- Идната година ќе понудиме поголем фонд на станови за продажба со цел да ја спуштиме цената на квадратот на пазарот на недвижности - вели Коневски.

Тој не ја исклучува можноста сегашната цена од 800 евра за квадратен метар да се намали со оглед дека тоа е тренд секаде во светот. Покрај комерцијални станови, ЈПССДП (ќе) гради социјални станови, како и станови за деца без родители. Покрај 102-та социјални стана во Ѓорче Петров и 29-те во Македонска Каменица, што се во фаза на градба, до крајот на годинава ќе се почне со изградба на такви објекти и во Кавадарци, Кочани, Крива Паланка, Охрид, Кичево и Штип, а од идната година и во други градови.

Поради високиот квалитет во изведбата на станбената изградба, на Јавното станбено претпријатие вчера му беше врачен сертификатот ИСО 9001:2000 од страна на реномираната сертификациона куќа СГС или Сосиете Женерале од Женева.
- Со овој сертификатот ЈПССДП е вброено на листата на доверливи испорачатели на услуги и меѓу најпознатите светски фирми и јавни претпријатија кои го добиле ова признание како што се ИБМ, Бритиш Ервејз, Бритиш Телеком, Ер Франс, општините Женева, Будимпешта, Братислава и уште 300 други европски општини и јавни претпријатија. Ова е прв сертификат за јавно претпријатие во Македонија и се надевам дека ќе биде поттик и за другите - рече Маринко Копола од СГС.

За министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески постигнувањето на европските стандарди е од големо значење за македонските јавни претпријатија.
-Со овие стандарди се осигурува висок квалитет на услугите со кои, освен што ќе се обезбеди поголемо задоволство кај потрошувачите, ќе се обезбеди и соединување со европскиот пазар - нагласи Јанакиески. 

http://vecer.com.mk/?ItemID=A5CA256674383E43A3CC8DE71CBE4AC0




Replies:
Posted By: vardar
Date Posted: 29-Jul-2009 at 07:11
ММ има некој рендер на градилиштето? Дали знаеш колку ката биде?
 
Еве веб страна од изведувачот али нема инфо за овој проект    http://www.bemosv.mk - www.bemosv.mk  


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Dec-2009 at 12:36

Догодина државата ќе гради 492 социјални станови и 612 за продажба
  • http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • Изгрaдбата останува приоритет на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) во 2010 година, во која планира  да почне да гради 612 станови за продажба, од кои 515 во Скопје и 67 во Битола.

    Ќе стартува изградбата и на 492 социјални станови, 356 во Скопје, 44 во Гевгелија, 51 во Берово и 41 во Струмица. Тоа го најавува директорот на ЈПССДП Владимир Бахчовановски во интервју за МИА.
     
    Капитално дело, истакнува Бахчовановски, останува стадионот, а има начелна одлука да градиме катна гаража кај плоштадот Македонија меѓу МЕПСО и Т- Хоме, во висина од 29 метри. Со објекти од комерцијална градба ќе бидеме сконцентринари во општина Центар, Карпош и  Аеродром, вели Бахчовановски и додава дека комерцијалните градби во Општина  Аеродором ќе бидат во населбата Стар Аеродором, каде треба да се постигне договор за локации со лицата кои живеат во тн. воени бараки. 
     
    ЈПССДП ќе биде вклучено и во проектот „АРМ мој вистиски дом“, при што ќе се грижи за проектирање и изградба на становите за вработените во АРМ.
     
    Цената на становите за младите брачни парови со оглед на тоа што стапи во сила одлуката за пет проценти ДДВ ќе се движи од 750 до 770 евра по метар квадратен, а кај комерцијалните максималната цена во Центар би била од 850 до 900 евра, информира Бахчовановски. 
     
    Според него,  моментната просечна цена на становите од приватните компании од 1.200 до 1300 евра по метар квадаратен е нереална.
     
    - Не може приватните фирми да тврдат дека бруто произведен метар квадратен чини повеќе од 550 евра, па и со највисоко софистицирани квалитетни материјали. До 1.300 евра има уште многу. Ним им е намален трошокот. Градежните компании плаќаа 18 проценти ДДВ, а сега 5 проценти, вели Бахчовановски и додава дека одобренијата за градба се издаваат на физички лица кои не се ДДВ обврзници и понатаму становите се продаваат од физичко на физичко лице, со што се изигрува државата со плаќањето ДДВ.
     
    Бахчовановски истакнува дека освен во Скопје, Охрид, Битола и Штип, побарувачката на станови во останатите градови е многу мала. Злоупотребата на толку високата цена на чинење е само поради фактот што сите луѓе од Македонија сакаат да купат стан во Скопје и тоа во Центар, Кисела Вода, а во наредниот период поради пребукираноста на тие две општини, тежиштето веројатно ќе биде во Општина Карпош, смета директорот на ЈПССДП.

    sitel.com.mk



    Posted By: axel
    Date Posted: 31-Mar-2010 at 12:50

    Започна продажбата на 50 стана за млади брачни парови

    http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=44&VestID=121594 - Наташа Стојановска http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121594#komentari - Коментари (0)   javascript:otvoriVideoPrilog%2810/natasa-izjavi-31-03.wmv,%20121594%29">  
    31.03.2010 12:11
     

     

    50 станови изградени од јавното станбено претпријатие од денеска се на продажба по цена од 750 евра за квадрат. Граѓаните уште рано утрово чекаа да ги видат условите за да аплицираат. Станува збор за станови наменети за млади брачни парови и самохрани мајки.

    Доколку се случи накои од барателите да имаат ист број бодови, тогаш предност ќе им се даде на оние кои први аплицирале.

    Поднесувањето на документите почна од денеска, а ќе трае во наредните 15 дена.

    Аплициравте ли денеска за стан?

    „Не јас не аплицирав затоа што условите не беа погодни за нас, цената беше многу скапа околу 700 евра така што и кредитирањето не ни дозволува некој правила така што јас не аплицирав“, вели граѓанин.

    Не ги исполнувавте условите?

    „Условите ги исполнував, само заради цената не аплицирав“, додаде граѓанин.

    Аплициравте за стан?

    „Чекаме да аплицираме за ќерка ми за стан ама не ги знаеме се уште кои се условите“, изјавија граѓани.                                                                                                                                                 http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121594 



    Posted By: axel
    Date Posted: 13-May-2010 at 10:07
    СТАНБЕНАТА ПОЛИТИКА НЕ ГИ СТИМУЛИРА БРАКОВИТЕ
    Држава нуди прескапи станови

    Елена Костовска

    Становите за млади брачни двојки и за самохрани родители се достапни само за доброситуирани семејства, кои имаат големи месечни приходи, за да можат да ги платат високите рати. Овие станови се продаваат по цена од 800 евра за квадратен метар. За конкурирање се потребни десетина документи до кои тешко се доаѓа, најмногу бодови добиваат тие што можат веднаш целосно да го исплатат станот, а другите, доколку, сепак, дојдат до ваков стан, треба да земат комерцијален кредит во некоја банка. Социолозите коментираат дека ова не е политика што ќе ги охрабри младите да влегуваат во брак бидејќи немањето услови за живеење е една од причините поради која не се решаваат на овој чекор. Стан од 50 квадратни метри, лоциран во Ново Лисиче, во согласност со огласот за млади брачни двојки и самохрани мајки се продава по цена од 41.337 евра. Дури и да се вложи веднаш половина од износот, треба да се земе кредит од 22.000 евра и секој месец да се плаќаат по околу 11.000 денари. Во првите три години, месечната рата е со фиксна камата од 6,9 проценти, а во следните 17 со осум проценти променлива каматна стапка. Ова е банкарска симулација доколку месечни примања на брачната двојка се 35.000 денари, со рок на отплата од 20 години. Банкарите обично и не даваат кредит на подолг рок, ратата според прописите треба да биде една третина од примањата, така што тие со помали плати, практично и немаат услов за банкарски кредит. Министерството за транспорт и врски објави оглас за распределба на 41 стан во скопската населба Ново Лисиче наменети за продажба на млади брачни двојки, кои се на возраст до 38 години, кои се во брак до осум години, а 30 проценти од нив ќе бидат неменети за самохрани родители. Се продаваат станови од 50 до 60 квадратни метри, а бодирањето се врши според бројот на години во брак, бројот на деца и понудениот процент за учество во вкупната цена на станот. Тие што можат да ја платат целата сума во готово добиваат 44 од максимум 100 поени, а тие што имаат услови за почеток да платат 30 до 40 проценти од станот, ќе добијат само осум поени. Во агенциите за недвижен имот велат дека цената од 800 евра за еден квадратен метар не е државна помош зашто тука некаде се и пазарните цени на становите во оваа скопска населба, кои се движат од 900 до 950 евра. Брачните двојки се категорични дека цената од 800 евра за еден квадратен метар е висока и дека за толкава цена нема потреба од никакво декларирање на владина политика и од собирање еден куп документи. - Со сопругот во брак сме пет години и имаме две деца. Живееме под кирија зашто немаме пари да купиме стан. Нема да ни помогне ни овој оглас на Владата зашто цената е многу висока. Проклетството да се живее под кирија е што петпати ќе ја отплатиш цената на станот - вели една Скопјанка. Според социологот Илија Ацевски тука нема никаква социјална компонента, туку само можност до поевтини станови да дојдат тие што имаат пари. - Овие станови се наменети за средната ситуирана класа, за семејствата кај кои двајцата родители имаат месечни примања од 500 до 1.000 евра или за тие што се синови или ќерки на доброситуирани родители - вели Ацевски. Во агенцијата за недвижен имот „Хепинес“ велат дека јавното претпријатие за станбен и деловен простор ја пумпаат цената иако градат под многу поповолни услови и на државно земјиште. - Кај малку брачни двојки се вработени и двата возрасни членови на семејството. Нема ни гаранција дека ќе останат на работното место додека го отплатат станот - вели Сашо Поп Илоски, сопственик на „Хепинес“. Во споредба со Македонија, во Србија Владата субвенционира 20 проценти од цената на станот, додека другите се отплаќаат со поволен кредит што го даваат банките со фиксна каматна стапка од 5,25 проценти на годишно ниво.

    http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2020&ArticleID=140659



    Posted By: ovaj_stariov
    Date Posted: 23-Jul-2010 at 14:31
    Добро е се вразумиле од владава

    Стопирани становите за млади брачни двојки

    На оние што ги добија становите, Министерството за транспорт и врски ќе им понуди нов договор со нова клаузула, според која државата ќе им заб ра ни на младите брачни парови да ги препродаваат субвенционираните ста но ви во првите пет години. Оние што нема да го потпишат новиот до го вор, го губат станот

    Јав но то претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор прив ре ме­но ги стопира сите договори за продажба на станови наменети за мла ди брачни парови и самохрани родители. Министерството за транспорт и врски ги менува условите за продажба и додава нова клаузула со која др жа ва та ќе им забрани на младите брачни парови да ги препродаваат суб вен ци о ни ра ни те станови во првите пет години. Забраната за продажба на становите ќе биде ставена во имотниот лист, а нотарите не смеат да ги за ве ру ва ат ваквите купопродажни договори.
    От ка ко "Вест" ја откри скандалозната препродажба на суб вен ци о ни ра ни те станови, Владата веднаш за ова расправаше на прексиноќешната сед ни ца. Министрите заклучиле дека е направен превид во постојните до го во ри кој, практично, им дозволува лесна заработувачка на добитниците. Дел од брачните двојки кои пред еден месец ги добија становите по пов лас те на цена од др жа ва та за 750 евра по квадратен метар, сега ги про да ва ат за 1.200 евра.
    "Не можеме да забраниме засекогаш да не можат да ги продаваат, но мо же ме да им забраниме тоа да го направат во првите пет години", изјави вче ра министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
    Са мо еден ден пред тоа, од Министерството тврдеа дека е противуставно да се мешаат во сопственоста, и изјавија дека единствената можна казна за препродавачите ќе била тоа што нема да може по вторпат да ап ли ци ра ат за ваков стан.
    Спо ред податоците на Министерството, од вкупно 37 станови колку што пред еден месец беа распределени во скопската населба Ново Лисиче, само 10 се платени. Но ниту еден договор кој бил потпишан не бил конечен и ста пен во сила.
    "До кол ку некој одбие да го потпише новиот договор, тогаш станот ќе го до бие второрангираниот. Ако никој не е заинтересиран, тогаш ќе рас пи ше ме нов конкурс за становите кои ќе останат непродадени", вели Ја на ки е ски.
    Од Министерството тврдат дека новите договори не го стопираат вториот кон курс кој е во тек и со кој треба да се распределат дополнителни 56 ста нови во истата населба.
    Ми нис терс тво то за транспорт и врски, во јуни годинава подели 37 станови во Скоп је. Интересот беше огромен, зашто за еден стан аплицираа по шест брач ни парови или вкупно 244 апликанти.
    Ко га беше најавена изградбата на зградите со станови за млади брачни двој ки, и министерот Јанакиески и премиерот Груевски, во неколку нав ра ти, из ја ву ваа дека целта на Владата е да им помогне да го решат стан бе но то пра ша ње на младите брачни двојки кои не можат да дојдат до стан по па зар на цена, но и да влијаат врз намалување на цените на становите.
    До крајот на 2012 година во Скопје, Охрид и во Велес ќе би дат изградени уш те три згради со 139 станови, наменети за продажба за млади брач ни двој ки и за самохрани родители.
    Р.Фотиновска


    http://www.vest.com.mk/?ItemID=A2265029FF76AE4D9F40CDE8044AAF9E&arc=1 - http://www.vest.com.mk/?ItemID=A2265029FF76AE4D9F40CDE8044AAF9E&arc=1

    -------------
    build.mk, гради форумска историја


    Posted By: axel
    Date Posted: 15-Aug-2011 at 13:47

    300 нови државни комерцијални станови ќе се градат од септември

    mailto:s.jovanova@kapital.com.mk - Соња Јованова

    Со изградба на државни комерцијални станови на атрактивни локации во Скопје јавното претпријатие ќе ги руши цените на становите

    Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) од септември почнува силна градена офанзива. Освен социјални станови и станови за млади брачни парови, во наредниот период станбеното претпријатие ќе почне интензивна изградба на станови за комерцијална продажба. Офанзивата ја најавува новиот директор на претпријатието, Цветко Грозданов, кој за “Капитал“ изјави дека има намера да го трансформира претпријатието во менаџерска фирма која ќе прави профит не само за плати на вработените, туку и за добивка, од која ќе се градат нови социјални станови.

    “Становите кои ги продаваме во моментов се за 15%-20% поевтини од тие што моментално ги нудат приватните градежни компании. Од септември повеќе ќе се фокусираме на изградба на комерцијални станови на атрактивни локации во Скопје. Прво почнуваме со една зграда кај Католичка црква, понатаму ќе следува изградба на уште една зграда кај Педагошки факултет, а се размислува и за градење во Ѓорче Петров, што севкупно е околу 300 станови“, вели Грозданов.

    Тој додава дека цените на становите кои ќе се градат од септември ќе бидат повисоки од вообичаените по кои досега продаваше ЈПССДП, поради тоа што ќе се градат на атрактивни локации каде што комуналиите се поскапи. Грозданов објаснува дека е неопходно приоритет на претпријатието да биде изградба на комерцијални станови со цел добивката да се реинвестира во градење социјални станови, но и бидејќи како државна компанија имаат обврска да го раздвижат пазарот и преку зголемена понуда да ја намалат цената на станбен квадрат.

    Најпрвин ќе се изградат 56 комерцијални станови во близина на Католичката црква, каде што уште лани е поставен камен-темеленик, но изградбата не почна бидејќи ЈПССДП го раскина договорот со градежната компанија Маврово инженеринг, која требаше да ги изведува градежните работи. Сега на тендер ќе се бара нова градежна фирма, но нема отстапки од предвидениот рок за почеток на градбата во септември. Зградата ќе биде на четири ката со мансарда и деловен простор за 10 локали. Објектот ќе чини околу два милиони евра.

    Во Реонскиот центар во скопската населба Ново Лисиче веќе почна изградба на комплекс од седум станбени згради со 350 станови и подземна гаража, што е вкупна инвестиција на ЈПССДП од 13 милиони евра. Цената на овие станови нема да биде повисока од 850 евра за квадратен метар, велат од ЈПССДП.

    КОМЕРЦИЈАЛНИ СТАНОВИ
    ИЗГРАДЕНИ И ВО ИЗГРАДБА

    БИТОЛА - 149 изградени станови

    ОХРИД - 78 изградени станови

    КАВАДАРЦИ – 19 изградени и продадени станови

    ШТИП - 46 станови изградени

    http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72249/300_novi_drzhavni_komercijalni_stanovi_kje_se_gradat_od_septemvri.aspx?iId=2310



    Posted By: maci
    Date Posted: 17-Aug-2011 at 11:35
    искрено ако е се во ред и како што најавува владата со новиот проект би земал стан се разбира ако ми дадат


    Posted By: Djole88
    Date Posted: 22-Dec-2011 at 11:39
    Државата ќе се фрли на комерцијална градба

    Објектите ќе се градат по сите ИСО-стандарди и со енергетска ефикасност, а ќе се продаваат по цена конкурентна на останатата комерцијална градба

    Државата ќе ја интензивира комерцијалната станбена изградба. Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во иднина ќе гради станови секаде каде што ќе има интерес за такво нешто. Колку комерцијални станбени објекти и со каква динамика ќе се градат, ќе зависи од побарувачката на пазарот и од капацитетот на претпријатието. Сепак, постои можност во иднина овие станови да не се продаваат преку јавна лицитација, бидејќи станбеното претпријатие нема голем бенефит од таквата продажба. Средствата од продадените комерцијални станови, меѓу другото, ќе бидат наменети и за изградба на станови за социјални случаи.

    Градбите ќе бидат изведувани по сите ИСО-стандарди и задолжително со енергетска ефикасност. Целта е, како што вели директорот на АД, Цветко Грозданов, објектите да се вреднуваат според квалитетот со кој се изведени, но и да не се дозволи одредени субјекти енормно да ја зголемат цената на станбениот квадрат, туку да им се овозможи на граѓаните да дојдат до сопствен покрив над главата. Тоа никако не значи дека државата ќе биде нелојална конкуренција на оние фирми што се занимаваат со изградба на станови за пазар.

    „Ние градиме и продаваме станови по реална цена. Секако, вредноста ќе се зголеми доколку се зголеми ДДВ од пет на 18 проценти. Но, да се надеваме дека нема да дојде до такво нешто. А колку чини квадратот во даден момент зависи од повеќе фактори, како што е локацијата, квалитетот на изведбата, но и од висината на комуналиите“, појаснува Грозданов.

    Според него, моментно во тек на изградба се 10-ина станбени објекти наменети за комерцијална продажба. Пред неколку дена во Скопје стартуваше изградбата на зградата на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти ресторанот „Воденица“, а четири-пет објекти веќе се готови и во тек е продажба на становите. Цената на станбениот квадрат во Реонски центар Аеродром изнесува 795 евра квадрат, додека во новоизградените објекти во индустриската зона кај Американски колеџ од 820 до 850 евра. Становите во Охрид се продаваат по 700 евра, а во Битола, пак, за 488 евра за квадрат. Сите овие цени се без ДДВ, но, сепак, според Грозданов, тоа се реални цени со кои може да се постигне заработувачка од најмногу 10 проценти.

    Инаку, продажбата на становите што ги гради Станбеното претпријатие преку лицитација, како што вели неговиот прв човек, имала многу негативности. Се случувало да има обиди да се скрие по некој стан што има добра позиција во објектот и да се чува за некој близок или, пак, интерес за купување да има во време на празници или на туристичка сезона кога доаѓаат гастарбајтерите. Сето тоа придонесува претпријатието да нема голема заработувачка од ваквата продажба, особено ако се има предвид дека лицитирањето се одвива со наддавање од само едно евро за квадрат. Оттаму, според Грозданов, не треба да има лицитација на комерцијалните градби.

    АД за станбен и деловен простор не се откажува и од изградбата на станови наменети за социјално ранливите категории граѓани. Во завршна фаза е изградбата на четири такви згради, а во план е до 2015 година да бидат изградени уште 1.700 социјални стана.

    Инаку, претпријатието моментално води постапка за 120 државни стана чии станари со години не плаќале кирија и на кои им се нуди можност или да ги откупат или да ги закупат. Станува збор за станови во кои се вселени порано регистрирани социјални случаи, а кои во меѓувреме го смениле таквиот социјален статус, па сега државата им нуди можност да ги купат. Во зависност од тоа како ќе се произнесат овие граѓани, односно колку од становите ќе бидат откупени, ќе зависи и колку социјални станови ќе бидат изградени в година.

    http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=A30B2A102A06DA49B5D1EA222F7AF49A - http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=A30B2A102A06DA49B5D1EA222F7AF49A


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 06-Jun-2012 at 18:39
    Зградите што ги гради АДСДП во Аеродром, на 3-та Македонска Бригада


    1


    2


    3



    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 06-Jun-2012 at 19:15
    Имам другар кој живее во една од зградите кои се распространети на 3-та Македонска Бригада. Се работи за понови згради кои по неколку години употреба изгледат како да се градени пред 30 години, освен тоа со паркинг се наоѓат кој како умее а згора на тоа кога ќе заврне пред зградата има бара така да доаѓање до влезот е возможно само со рипање и снаодливост. Со еден збор „катастрофа„,а уште полошо е што повеќето згради во Скопје се со слични стандарди. Би било добро некој од нас по можност ако ништо друго да фотографира дел од паркинзите или влезовите во споменатите згради и пошироко.



    Posted By: Џоле
    Date Posted: 07-Jun-2013 at 17:10
    на бул. митрополит Теодосиј Гологанов

    http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8977080257/"> http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8977080257/ - DSC00842 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr[/IMG]

    http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8977080555/"> http://www.flickr.com/photos/84288284@N02/8977080555/ - DSC00841 by http://www.flickr.com/people/84288284@N02/ - george k. 1981 , on Flickr[/IMG]

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 15-May-2020 at 16:22
    Во Реонски Центар-Аеродром(од фб)



    Posted By: Staro Skopje
    Date Posted: 14-Jun-2020 at 12:56
    Првонаграден конкурсен труд за станбен објект / Андонова, Мицевска

    Проектот го освои првото место на Конкурсот за избор на идејно решение за објект ГП 04.01 Јужен дел-централно градско подрачје во Скопје распишан од Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје преку Бирото за јавни набавки во декември 2019.

    Автори: Елена Андонова, Натали Мицевска,

    Консултант: Предраг Андонов,

    Година: 2020

    Локација: Јужен Булевар

    (...)

    Градежната парцела се наоѓа помеѓу две улици: сервисна улица 3 дел од улица 11 Октомври и булевар Македонија. Колскиот пристап е предвиден да биде од сервисна улица 3.

    (...)

    Проектниот концепт создава објект кој влегува во зададените урбанистички параметри и јасно ги одредува содржините, односно намените на секое ниво. Основниот принцип на решавање на објектот е формирање на џебни отвори долж максималниот волумен на објектот во правец југозапад-североисток со цел непречено струење на воздушните струи од планината Водно. Со овие продори се избегнува формирањето на условно кажано „ѕид„ кој би го задушил јадрото на градот Скопје. Се добиваат шест волумени кои се моделираат според зададените параметри на проектната програма, а се физички и визуелно поврзани со балкони на катовите. На југозападната фасада е поставен систем на засенчување заради директната изложеност на сонце.

    (...)

    На шестиот кат предвиден е зелен прооден кров од екстензивен тип кој е достапен за сите жители и корисници на објектот.

    (...)






    https://marh.mk/prvonagraden-konkursen-trud-za-stanben-objekt-andonova-micevska/ - marh.mk

    -------------
    Градот убав никна, но го откорнаа


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 14-Jun-2020 at 14:00

    Ова ли е локацијата?



    Posted By: stef4o
    Date Posted: 15-Aug-2020 at 13:57
    АДСДП во Реонски Центар Аеродорм





    https://www.facebook.com/regnum.mk


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 17-Aug-2020 at 11:11
    Нови наративи за градот Скопје









    Во декември 2019 Агенцијатa за стопанисување на станбен и деловен простор распиша конкурс за изработка на конкурсна документација за Идеен проект за објект со намена А2-домување во станбени згради, П + 6 + Пк на ГП.04.17, Градска четврт И 04, Даре Џамбаз, Општина Центар, Скопје. Во јуни 2020 распишан е и тендер за негова реализација.
    Првонаградениот проект е решение на Елена Андонова, м-р инж. арх. и Натали Мицевска, м-р инж. арх. млади архитекти, магистрирани на Архитектонски факултет при УКИМ во јуни 2019. (консултант Предраг Андонов, дипл. инж. арх.) За нас овој конкурс е еден од низата локални и меѓународни учества на изложби, работилници и конкурси, но е од посебно значење бидејќи игра директна улога во формирањето на нови урбани пејзажи во Скопје.

    Како архитекти кои во моментот на распишување на конкурсот титулата магистер инженер архитект ја поседувавме помалку од една година, бевме предводени од поривот за докажување и покажување на професионално ниво, и ја поздравуваме одлуката за анонимен конкурс за решавање плански опфат, бидејќи можеби сè уште наивно веруваме во институцијата конкурс како објективен филтер за проценка на еден проект. За нас, графичкиот израз игра голем удел во квалитетот на архитектонскиот проект и цртеж, а специфичноста на истиот е препознатлив белег за нашето авторство.

    Основниот принцип на решавање на објектот е формирање џебни отвори долж максималниот волумен, во правец југозапад-североисток, со цел непречено струење на воздушните струи од планината Водно. Со овие продори се избегнува формирањето на условно кажано „ѕид“, кој би го задушил јадрото на градот Скопје. Се добиваат шест волумени кои се моделираат според зададените параметри на проектната програма, а се физички и визуелно поврзани со балкони на катовите

    Проектниот концепт создава објект кој влегува во зададените урбанистички параметри и јасно ги одредува содржините односно намените на секое ниво. Според изводот од план, проектниот опфат е со основна класа на намена А2 – домување во станбени згради и компатибилни класи на намени. Максимално дозволен процент на учество на збирот на компатибилните класи на намена во однос на основната класа на намена е 40 %. Градежната парцела се наоѓа помеѓу две улици: сервисна улица 3, дел од улица „11 Октомври“ и булевар „Македонија“. Колскиот пристап е предвиден да биде од сервисна улица 3.

    На југозападната фасада е поставен систем на засенчување заради директната изложеност на сонце. На приземјето е сконцентрирана намена Б1 со директен пристап, и тоа: продавница за електротехника, cowork простор, детски престој, козметички салон, минимаркет, аптека и кафуле, со вкупна површина од 338 м2.

    Продорите формираат пет пасажни премини. Исто така се лоцирани и осум сервисни јадра од кои две се за подземните нивоа за паркирање, а шест се за станбените единици. Обезбедени се еднособни/едноиполсобни станови, двоиполсобни станови, трособни станови и поголеми станови, со вкупна површина од 6.476 м2. При решавањето на станбените единици водено е сметка за рационална искористеност, без нарушување на основните принципи за начинот на користење и хуманизација на просторот. На шестиот кат предвиден е зелен прооден кров од екстензивен тип кој е достапен за сите жители и корисници на објектот.

    Конструктивното решение е систем кој потполно одговара за сеизмичките подрачја третирани во современи услови по најнови технички методи. Основниот конструктивен систем е мешовит, го сочинуваат носечки а.б. столбови со а.б. греди и а.б. платна. Со цел оптимална енергетска ефикасност избрана е контактна фасада со термоизолационен незапалив материјал и завршна обработка абрихт. Системот за засенчување е од леснопенасти бетонски префабрикувани елементи анкерисувани за а.б. елементите на објектот.
    Станбеното прашање е скокотлива тема за Скопје, и ако се има предвид моменталната ситуација во архитектурата и урбанизмот во рамките на нашата држава каде општото добро е второстепено, а желбите на инвеститорот за квадрат повеќе се императив, за голема почит и поздрав е одлуката на Агенција за стопанисување на станбен и деловен простор да избере решение кое на прво место ја става благосостојбата и квалитетот на живот на крајниот корисник на просторот наспроти максималното искористување на можностите на парцелата зададени од ДУП-от.

    Ние, како млади архитекти, се надеваме дека ќе продолжиме да играме активни улоги во архитектонските наративи за нашиот град Скопје.

    https://www.porta3.mk/novi-narativi-za-gradot-skopje/


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 21-Aug-2020 at 11:56
    Originally posted by stef4o

    Нови наративи за градот Скопје









    https://www.porta3.mk/novi-narativi-za-gradot-skopje/


    Еве го ревидираниот детален план за овој дел



    Ситуација од Google maps





    Posted By: my Macedonia
    Date Posted: 21-Aug-2020 at 12:27
    Супер!!


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 23-Aug-2020 at 10:41
    Во Реонски центар



    https://www.facebook.com/regnum.mk


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 11-Nov-2020 at 17:47
    50 СТАНОВИ ВО ГРАДБА во РЕОНСКИ ЦЕНТАР АЕРОДРОМ во ОБЈЕКТ 1.12, во Скопје.







    https://www.facebook.com/adsdp.makedonija


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 22-Nov-2020 at 14:17
    Во Реонски Центар-Аеродром







    https://www.facebook.com/adsdp.makedonija


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 19-Jan-2021 at 18:01
    АДИССДП ќе гради комерцијални згради во Охрид, Битола и во Скопје

    Интензивно работиме на нови комерцијални градби кои ќе ги понудиме по прифатливи цени на заинтересираните граѓани. Оваа година нѐ очекуваат активности за неколку комерцијални згради, во Охрид и Битола по две и една поголема локација во Скопје во делот на Јужен Булевар, изјави директорот на АДИССДП Кристијан Трајковски, по денешната средба со министерот за транспорт Благој Бочварски.

    Според Трајковски, има интерес за комерцијалните градби на државата бидејќи становите се по конкурентни цени.

    АД е регулатор на пазарот на цените на сите комерцијани објекти што се градат. Во Општина Аеродром кај двете комерцијални згради почетната цена на наддавањето беше 850 евра. На последната продажба на зградата во Аеродром во тек на ископот на почетокот на градбата се продадоа 46 од вкупно 50 станбени единици што зборува доволно за интересот на граѓаните за купување станови преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор. Цената од 850 евра согласно постапката и Правилникот по кој се продаваат овие станови порасна до 1.050 евра која е повторно конкурентна во однос на цената на приватните инвеститори – рече Трајковски.

    На терен во тек е изградба на 574 станови во седум општини. Во Пробиштип се градат 48 станови, во Неготино 62, Виница 36, Свети Николе 48, Бутел 312, Демир Капија 16, а во Гевгелија 52 станови.

    https://www.facebook.com/adsdp.makedonija

    Незнам за која поголема парцела на Јужен Булевар се мисли?



    Posted By: stef4o
    Date Posted: 28-Jan-2021 at 14:55
    Во Реонски Центар Аеродром



    https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 06-Mar-2021 at 12:28
    Во Реонски Центар-Аеродром(од фб)









    Posted By: stef4o
    Date Posted: 13-Mar-2021 at 17:58
    Директорот Кристијан Трајковски најавува изградба на комерцијални станови на атрактивни локации во Центар

    Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП) Кристијан Трајковски најавува изградба на нов комерцијален и деловен простор во општината Центар, откако Уставниот суд го укина мораториумот за градење

    Тој вели дека во изминатиот период интензивно се посветиле на расчистување на сите локации на кои беа предвидени згради за социјално ранливите категории.

    – Сметам дека навистина успеавме да покажеме сериозна реализација на капиталните инвестиции и дека бројките од 100% реализација за 2019 и 2020 година доволно покажуваат за нашиот ангажман и посветеност. Со ваквата динамика во соработка со Социјалната развојна банка на Европа ЦЕБ (The Council of Europe Development Bank -CEB), успеавме на целата територија на РСМ да отпочнеме изградба на 13 локации. Локациите на кои се градат сите објекти се претходно усогласени со Министерството за транспорт и врски и Министерството за труд и социјална политика согласно потребите и нивната евиденција на лицата од социјално ранливите категории и впрочем се утврдени во Годишната програма на АДИССДП која ја донесува Владата на РСМ – вели Трајковски во интервју за „Локално“.

    Тој оценува дека е голем интересот за купување на комерцијални станови кои АДИССДП ги гради како инвеститор во изминатиот период.

    – Само за пример можам да ги истакнам продажбите на двете комерцијални згради во Реонски центар Аеродром кадешто на првата објава и лицитација се продадоа над 90% од понудените станови. Со укинувањето на мораториумот во Општина Центар се отвара можност за изградба на нов комерцијален и деловен простор. АДИССДП веќе подолг период работи на расчистување на неколку локации во Општина Центар од кои можам да ги истакнам следните локации како атрактивни: локацијата на јужен булевар – поранешна воена пекара, една локација во населбата Дебар маaло, локација во населбата Буњаковец и секако локацијата каде што во моментов се наоѓаат канцелариите – бараките на АДИССДП. За првата локација е завршена постапката за избор на проектант и во наредните месеци очекувам да започнеме со постапката за избор на изведувач – вели директорот Трајковски.

    %20 - https://plusinfo.mk/direktorot-kristi-an-tra-kovski-na-avuva-izgradba-na-komerci-ani-stanovi-na-atraktivni-lokacii-vo-centar/


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 02-Jul-2022 at 13:52
    Originally posted by stef4o

    Нови наративи за градот Скопје





    Во декември 2019 Агенцијатa за стопанисување на станбен и деловен простор распиша конкурс за изработка на конкурсна документација за Идеен проект за објект со намена А2-домување во станбени згради, П + 6 + Пк на ГП.04.17, Градска четврт И 04, Даре Џамбаз, Општина Центар, Скопје. Во јуни 2020 распишан е и тендер за негова реализација.



    Еве еден проект за оваа локација

    Објект: Стамбено-деловен објект
    Локација: Јужен Булевар, Скопје
    Инвеститор: Акционерски Друштво за изградба и стопаисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката
    Површини:
    Станбен простор: 8342m²
    Деловен простор: 872m²
    Администрација: 1783m²
    Подруми и паркинзи: 1438m²
    Година: 2018









    https://www.smartconcept.mk/проект-11

    локацијата



    -------------
    Carpe diem


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 30-Sep-2022 at 17:25
    Originally posted by stef4o

    [QUOTE=stef4o] Нови наративи за градот Скопје





    Во декември 2019 Агенцијатa за стопанисување на станбен и деловен простор распиша конкурс за изработка на конкурсна документација за Идеен проект за објект со намена А2-домување во станбени згради, П + 6 + Пк на ГП.04.17, Градска четврт И 04, Даре Џамбаз, Општина Центар, Скопје. Во јуни 2020 распишан е и тендер за негова реализација.



    од фб,изгледа се спрема рушење на објектов и реализација на проектов



    ова би требало да му е задната страна





    -------------
    Carpe diem


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 13-Apr-2023 at 17:09
    Објект заборавен од сите, дури и од сопственикот: Некогашен салон за мебел, денеска е руина полна со ѓубре и засолниште за бездомници



    Напуштената зграда се наоѓа на Јужен булевар, веднаш по вкрстувањето со булеварот Кочо Рацин, во непосредна близина на основното училиште „Димитар Миладинов“ и е сопственост на АД за Изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката, односно поранешен ПУИГ.

    Стара и напуштена зграда, каде некогаш беше сместен салон за мебел, сега зјае без врати и без прозорци, преполна со ѓубре и се чини, заборавена од сите. Објектот се наоѓа на Јужен булевар, односно на булевар Македонија, веднаш по вкрстувањето со булеварот Кочо Рацин, во непосредна близина на основното училиште „Димитар Миладинов“.

    Некогашниот салон за мебел, сега е депонија за шут и за остатоци од она што некогаш се продавало во него. Стари, превртени и искинати делови од кревети и друга покуќнина, искршени плочки, валкани сунѓери, кабли, полуразрушени сводови, искршено стакло – тоа е денешната слика во објектот и околу него. Сепак и покрај состојбата во која се наоѓа во него се сместиле бездомни семејства, обезбедувајќи си каков – таков покрив над глава, но и ризикувајќи да бидат повредени во зградата која сега е целосно небезбедна за оние кои ќе влезат во неа.



    – Секојдневно минувам покрај овој објект и не можам да се изначудам како е можно во центарот на градот да постои ваква руинирана градба, полна со ѓубре и никој, ама баш никој од надлежните да не мрдне со прст. Ајде што навистина изгледа грдо, туку во последно време гледам луѓе влегуваат во неа, со деца се, ќе настрада некој, па отпосле ќе се бара виновникот. Ако веќе не се реконструира или урива објектот, кој одамна си го отслужил своето, барем да се исчисти, па да се огради. Блиску е училиштето, не се знае што сѐ може да им падне на ум на децата, да влезе некое, да „истражува“ – вели скопјанец револтиран затоа што поради нечија негрижа објектот е претворен во депонија.

    За состојбата со објектот и за тоа постои ли некаков план тој да се исчисти или да се урне, одговор побаравме од Општина Центар. Оттаму велат дека инспекцијата веќе извршила надзор, но појаснуваат дека станува збор за објект кој е во сопственост на АД за Изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката, односно поранешен ПУИГ.

    Инспекцијата за животна средина и комуналната инспекција на Општина Центар извршија вонреден надзор на булеварот Македонија (Јужен булевар), на напуштениот објект во приватна сопственост на АД за Изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката. Започната е инспекциска постапка согласно Законот за управување со отпад, член 38, отпад на приватен имот, согласно кој сопственикот е задолжен со Решение да го исчисти имотот од отпад и соодветно да го заштити, за да спречи загадување на животната средина – објаснуваат од Центар.



    Оттаму додаваат дека по истекот на рокот, инспекцијата треба да утврди дали е постапено по обврските од решението.

    Доколку сѐ уште не е исчистено, ЈП „Комунална хигиена“ ќе биде задолжена да го исчисти отпадот, со што трошокот ќе падне на сметка на сопственикот. Воедно, комуналната инспекција ќе постапи согласно Законот за јавна чистота за оставениот отпад на јавна површина – велат од Општина Центар.



    https://www.slobodenpecat.mk/objekt-zaboraven-od-site-duri-i-od-sopstvenikot-nekogashen-salon-za-mebel-deneska-e-ruina-polna-so-gjubre-i-zasolnishte-za-bezdomnici/ - https://www.slobodenpecat.mk/objekt-zaboraven-od-site-duri-i-od-sopstvenikot-nekogashen-salon-za-mebel-deneska-e-ruina-polna-so-gjubre-i-zasolnishte-za-bezdomnici/

    -------------
    Carpe diem


    Posted By: user8642
    Date Posted: 13-Apr-2023 at 18:13
    Тука е предвидено да се градат комерцијални државни станови, ама зашто се завлечка работата незнам. А баш е добра локацијата, обично државните комерцијални станови не изгледаат на тортите на урбаната мафија.


    Posted By: skopskodete
    Date Posted: 13-Apr-2023 at 22:53
    Originally posted by user8642

    Тука е предвидено да се градат комерцијални државни станови, ама зашто се завлечка работата незнам. А баш е добра локацијата, обично државните комерцијални станови не изгледаат на тортите на урбаната мафија.

    Какви се тие државни комерцијални станови?


    Posted By: antigona
    Date Posted: 14-Apr-2023 at 10:18
    .


    Posted By: antigona
    Date Posted: 14-Apr-2023 at 10:26
    Да останеше малку нормалност во овој Франкештајн-град, овој стар, симпатичен објект државата/ПУИГ ќе го обновеше, или барем ќе го понудеше за јавно-приватно партнерство со обврска да се задржи габаритот и надворешниот изглед. Овој објект е идеален за адаптција во т.н. "farmer's market" со комбинација на продавници за органска храна и етно ресторани. Не треба да одиме подалеку од Софија, Тирана и последното, во Солун (Agora Modiano) за да видиме успешна пренамена на вакви слични објекти. Исто како претходно со старата Сапунара крај Рампа, кај нас повторно дивјачки ќе се сруши објектов и ќе се изгради уште една зградурина со стотици станови сред центар. Едноставно, одамна веќе за Скопје нема надеж!

    п.с. Инаку се работи за поранешен магацин за Старата железничка станица, објект кој треба да е историско наследство на градов. И објектот, и покрај сето намерно запуштање низ годините, се уште има цврста основна конструкција и лесно може да се обнови и адаптира!

    Originally posted by skopskodete

    Originally posted by user8642

    Тука е предвидено да се градат комерцијални државни станови, ама зашто се завлечка работата незнам. А баш е добра локацијата, обично државните комерцијални станови не изгледаат на тортите на урбаната мафија.

    Какви се тие државни комерцијални станови?


    Posted By: user8642
    Date Posted: 14-Apr-2023 at 12:45
    Станови наменети за продажба од страна на претпријатие во државна сопственост (поранешто ПУГ/СИЗ/ЈПССДПРМ/АДСДП). Државата не гради само социјални станови, него и комерцијални. Како на пример цел Реонски Центар Аеродром, овде онде по некоја разфрлани низ Скопје, дел од зградите на местото на старата општина Бутел.


    Posted By: Denko
    Date Posted: 14-Apr-2023 at 13:54
    Originally posted by user8642

    Станови наменети за продажба од страна на претпријатие во државна сопственост (поранешто ПУГ/СИЗ/ЈПССДПРМ/АДСДП). Државата не гради само социјални станови, него и комерцијални. Како на пример цел Реонски Центар Аеродром, овде онде по некоја разфрлани низ Скопје, дел од зградите на местото на старата општина Бутел.
    Toa se stari stanovi ili novoizgradeni!? Prv pat slusam deka drzavata planira da gradi komercijalni stanovi!?


    Posted By: user8642
    Date Posted: 14-Apr-2023 at 15:10
    Е како бе прв пат слушаш

    Новоизградени

    http://adsdp.com.mk/category/oglasi-stanben-prostor/arhiva-na-oglasi-za-stanben-prostor/ - http://adsdp.com.mk/category/oglasi-stanben-prostor/arhiva-na-oglasi-za-stanben-prostor/

    http://adsdp.com.mk/category/oglasi-stanben-prostor/vo-tek-oglasi-stanben-prostor/ - http://adsdp.com.mk/category/oglasi-stanben-prostor/vo-tek-oglasi-stanben-prostor/


    Posted By: Denko
    Date Posted: 14-Apr-2023 at 16:44
    Ama ova e javno naddavanje, odnosno prodazba na odamna izgradeni stanovi koi poradi razni okolnosti ostanale vo drzavna sopstvenost. Tuka nema novogradba, t.e. plansko gradenje novi stanovi vo drzavna sopstvenost i prodavanje po komercijalni ceni.


    Posted By: user8642
    Date Posted: 14-Apr-2023 at 19:33
    Ima i novi.


    Posted By: zabegan
    Date Posted: 15-Apr-2023 at 03:48
    Originally posted by antigona

    Да останеше малку нормалност во овој Франкештајн-град, овој стар, симпатичен објект државата/ПУИГ ќе го обновеше, или барем ќе го понудеше за јавно-приватно партнерство со обврска да се задржи габаритот и надворешниот изглед. Овој објект е идеален за адаптција во т.н. "farmer's market" со комбинација на продавници за органска храна и етно ресторани. Не треба да одиме подалеку од Софија, Тирана и последното, во Солун (Agora Modiano) за да видиме успешна пренамена на вакви слични објекти. Исто како претходно со старата Сапунара крај Рампа, кај нас повторно дивјачки ќе се сруши објектов и ќе се изгради уште една зградурина со стотици станови сред центар. Едноставно, одамна веќе за Скопје нема надеж!

    п.с. Инаку се работи за поранешен магацин за Старата железничка станица, објект кој треба да е историско наследство на градов. И објектот, и покрај сето намерно запуштање низ годините, се уште има цврста основна конструкција и лесно може да се обнови и адаптира!

    Originally posted by skopskodete

    Originally posted by user8642

    Тука е предвидено да се градат комерцијални државни станови, ама зашто се завлечка работата незнам. А баш е добра локацијата, обично државните комерцијални станови не изгледаат на тортите на урбаната мафија.

    Какви се тие државни комерцијални станови?
    и јас имам слично мислење ама дискутабилно е
    по должината на цел јужен булевар/гологанов има поранешни објекти магацини од времето на железницата... дел од нив се обични бараки што може да бидат срушени, а дел се големи објекти ко овој кои може да се пренаменат во комерцијални цели, може да има музеј, галерија, пазар и дуќани, угостителски локали и т.н.
    ама викам дискутабилно е затоа што со оглед на тоа какви све чирови се изградени во околината, сега и самите тие објекти се чирови во простор неповрзани со ниедна градежна линија, дел од нив сметаат и на потенцијален инфратруктурен развој
    како и да е, што и да се прави, секако ќе биде подобро отколку да стојат така како руини и депонии расфрлени низ градот

    -------------
    Architects create dreams...politicians create nightmares


    Posted By: Théoden
    Date Posted: 15-Apr-2023 at 09:41
    Конкретно за овде беше распишан конкурс на кој бее избрано https://marh.mk/prvonagraden-konkursen-trud-za-stanben-objekt-andonova-micevska/ - ова идејно решение , но оттогаш нема никакви новости.



    Posted By: stef4o
    Date Posted: 16-Apr-2023 at 17:03
    АДИССДП реагира за објектот на Јужен Булевар: Бездомниците сами се вселуваат, нема како да се справуваме

    АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, по реакцијата на граѓани, а согласно објавата на порталот СЛОБОДЕН ПЕЧАТ за објектот на Јужен Булевар „Објект заборавен од сите, дури и од сопственикот”, даде неколку појаснувања.

    Од таму соопштуваат дека за предвидената локација Јужен Булевар АДИССДП има добиено одобрение за градба на станбен објект за домување и во многу краток период ќе бидат отпочнати активности за уривање на постоечкиот објект и за започнување на изградба на нов, што подразбира дека хаосот во конкретниот простор ќе биде соодветно обезбеден и отстранет.

    -За моменталната состојба на локацијата сме запознаени и дополнително бевме известени од страна на инспекциските служби на Општина Центар и за истата е започната постапка за отстранување на постојниот шут и ѓубре, и пред отпочнување со градежните активности. Објектот како таков е запуштен, а АДИССДП нема надлежност, ниту пак има сопствено обезбедување да го реши проблемот со бездомниците коишто се вселени самоиницијативно. Објектот е отворен и нема како да се справуваме, соопштуваат од АДИССДП.

    Од страна на АДИИСДП велат, повеќе пати е интервенирано на терен, но безуспешно.

    https://www.slobodenpecat.mk/adissdp-reagira-za-objektot-na-juzhen-bulevar-bezdomnicite-sami-se-vseluvaat-nema-kako-da-se-spravuvame/ - https://www.slobodenpecat.mk/adissdp-reagira-za-objektot-na-juzhen-bulevar-bezdomnicite-sami-se-vseluvaat-nema-kako-da-se-spravuvame/

    -------------
    Carpe diem


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 19-Apr-2023 at 17:16
    Каде е старата воена пекара за кој дел се мисли??

    ================================================

    Цените на становите ќе се намалуваат

    Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев денеска информира дека цените на становите во наредниот период ќе имаат благ пад.

    – Според она како што се движи сега, има некое намалување на градежните материјали и во секој случај цените ќе одат надолу. Ние сме државна фирма кои сме и регулатор на цената и затоа за брзо време ќе почне градба во старата воена пекара. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад, рече Ѓоргијев, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска извршија увид во градежните работи за изградба на социјална зграда во Општина Бутел.

    https://nezavisen.mk/cenite-na-stanovite-kje-se-namaluvaat/ - https://nezavisen.mk/cenite-na-stanovite-kje-se-namaluvaat/

    -------------
    Carpe diem


    Posted By: user8642
    Date Posted: 19-Apr-2023 at 18:01
    Originally posted by stef4o

    Каде е старата воена пекара за кој дел се мисли??

    ================================================

    Вероватно се мисли на зградата на јужен булевар. Описот одговара на на само неколку десетици метри.

    "Кога одите од Центар кон Црниче на самиот семафор од левата страна има триаголник на чие место се наоѓала познатата воена пекара каде секое утро имало тазе леб, пекарат се има срушено за време на земјотресот 1963 година."
    https://novlist.mk/retki-fotografii-od-skopje-kako-se-gradese-starata-zeleznicka-stanica/ - https://novlist.mk/retki-fotografii-od-skopje-kako-se-gradese-starata-zeleznicka-stanica/




    "Во објекти во подготовка се опфатени. ГП 04.01 Јужен дел-централно градско подрачје (Воена пекара) во Скопје, "

    https://www.mse.mk/Objavi/Repository/Announcement166/%D0%90%D0%94%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D0%B3.%20%D0%B8%20%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D0%BD.%20%D1%81%D0%BE%20%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD.%20%D0%B8%20%D0%B4%D0%B5%D0%BB.%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%81.%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%9C%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5%20-%20GodisenIzvestaj_i_Odluki_201920201008102738.pdf - https://www.mse.mk/Objavi/Repository/Announcement166/%D0%90%D0%94%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B8%D0%B7%D0%B3.%20%D0%B8%20%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D0%BD.%20%D1%81%D0%BE%20%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD.%20%D0%B8%20%D0%B4%D0%B5%D0%BB.%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%81.%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%9C%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5%20-%20GodisenIzvestaj_i_Odluki_201920201008102738.pdf


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 20-May-2023 at 12:39
    Објектот на Јужен Булевар каде треба да почнат АДСДП со проектот изминатиов период по објавите го чистеле од насобраниот отпад имаше некои ленти од комунална хигиена но сеуште нема знаци дека наскоро ќе се работи.
    Во секој случај просторот е лом,многу прашина,див паркинг хаос...








    -------------
    Carpe diem


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 21-Sep-2023 at 17:08
    Originally posted by stef4o

    Објектот на Јужен Булевар каде треба да почнат АДСДП со проектот изминатиов период по објавите го чистеле од насобраниот отпад имаше некои ленти од комунална хигиена но сеуште нема знаци дека наскоро ќе се работи.
    Во секој случај просторот е лом,многу прашина,див паркинг хаос...







    Напуштениот објект на Јужен булевар и понатаму загадува: Ние чистиме, бездомниците го полнат со ѓубре, тврдат сопствениците

    Стариот и напуштен објект лоциран на Јужен булевар веднаш по вкрстувањето со булеварот Кочо Рацин, во непосредна близина на основното училиште „Димитар Миладинов“, и понатаму е преполн со ѓубре, шут и остатоци од мебел, руиниран и без врати и прозорци, претставувајќи потенцијален извор на зараза. На сопственикот, АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката, ни по пет месеци откако општинските инспекции со решение го задолжија да го исчисти имотот од отпад и соодветно да го заштити за да спречи загадување на животната средина, тоа не му тргна од рака.

    Од Општина Центар дури се заканија дека доколку сопственикот не постапи според решението, тогаш ЈП „Комунална хигиена“ ќе биде задолжена да го исчисти отпадот, но трошокот ќе падне на сметка на сопственикот.

    Од АДИССДП тврдат дека во изминатиот период неколкупати се обиделе да го исчистат објектот, кој како што претходно најавија треба да се урне и на негово место да се изгради нов, со што ќе биде отстранет хаосот што долг период владее на овој простор. Оттаму како доказ испратија и фотографии од акциите за чистење што досега ги спровеле.



    Во изминатиот период службите на АДИССДП, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и со поддршка на Општина Центар, реализираа неколку акции на чистење на просторот околу објектот лоциран на Јужен булевар, како и во дел од неговата внатрешност. Беше собрано големо количество смет, кој понатаму стручните служби го дистрибуираа на соодветни локации. Во оваа пригода напоменуваме дека во објектот се вселени бездомни лица, меѓу кои и одредени несовесни поединци, кои по секоја акција исчистениот простор го затрупуваат со нови отпадоци, поради што на интервенција на нашето Друштво во неколку наврати беа повикани надлежни институции – објаснуваат од АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.

    Но и покрај спроведените акции за чистење, состојбата на терен не е променета. Објектот и околината околу него и понатаму се во ужасна состојба. Граѓани реагираат, бараат просторот под итно да се исчисти и потсетуваат дека во близина се наоѓа основно училиште што значи дека тука поминуваат ученици и дека местото за нив е небезбедно и опасно по здравјето. Тие се сомневаат дека наместо да се чисти, местото се остава како депонија сѐ додека не дојде објектот до фаза за уривање за да не се прави дополнителен трошок.

    Катастрофа! Ужас! Колку време треба да се санира оваа депонија среде град? Инфекции и болести ќе фатиме! Ова е срам за сите нас, но изгледа надлежните не се срамат штом не преземаат мерки – реагира скопјанец.

    Од Друштвото сопственик велат дека ги разбираат реакциите на граѓаните и ветуваат дека наскоро проблемот ќе се реши.

    АДИССДП има разбирање за забелешките на граѓаните што живеат во непосредна близина на овој објект, па оттаму посочуваме дека е во завршна фаза јавната набавка за избор на изведувач за изградба на станбена зграда на овој простор. Веднаш по изборот, избраниот изведувач ќе пристапи кон расчистување и оградување на парцелата, што во случајов подразбира и уривање на руинираниот објект – посочуваат од Друштвото.

    https://www.slobodenpecat.mk/napushteniot-objekt-na-juzhen-bulevar-i-ponatamu-zagaduva-nie-chistime-bezdomnicite-go-polnat-so-gjubre-tvrdat-sopstvenicite/

    -------------
    Carpe diem


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 18-Oct-2023 at 17:36
    Акционерското друштво во државна сопственост има во план за комерцијална продажба на станови да изгради уште пет згради, од кои најпрво таа во градската четврт Даре Џамбаз кај „стара воена пекара“. Во Општина Центар е предвидена уште една во Дебар Маало, како и уште две во Охрид и една во Битола. Сепак, овие згради се уште во подготовка.

    https://faktor.mk/kolku-chini-metar-kvadraten-na-stanovite-shto-gi-gradi-drzavata - https://faktor.mk/kolku-chini-metar-kvadraten-na-stanovite-shto-gi-gradi-drzavata

    -------------
    Carpe diem


    Posted By: user8642
    Date Posted: 28-Nov-2023 at 23:59
    Dodelen e temderot za stambena zgrada so komercijalni stanovi shto kje ja gradi ADSDP na juzen bulevar pozadi Dare Đambaz. Može da otvorote posebna tema, i da gi soberete nekolku posta za toj objekt, kje bide golem.proekt dobro e da dobie svoja tema.

    https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/55e31bcf-5647-4821-b028-ad1faced73e6 - https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/55e31bcf-5647-4821-b028-ad1faced73e6


    Posted By: user8642
    Date Posted: 29-Nov-2023 at 22:11
    Originally posted by user8642

    Dodelen e temderot za stambena zgrada so komercijalni stanovi shto kje ja gradi ADSDP na juzen bulevar pozadi Dare Đambaz. Može da otvorote posebna tema, i da gi soberete nekolku posta za toj objekt, kje bide golem.proekt dobro e da dobie svoja tema.

    https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/55e31bcf-5647-4821-b028-ad1faced73e6 - https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/55e31bcf-5647-4821-b028-ad1faced73e6
    Ова не е социјална зграда, него за комерцијална намена, без разлика што се гради од државна АДСДП.


    Posted By: <Fresno>
    Date Posted: 30-Nov-2023 at 08:27

    Да, исто како објектите во Реонски центар Аеродром, на Трета македонска бригада, а веројатно има уште неколку. Може и генерална тема: АДИССДП - Комерцијални згради.


    Posted By: user8642
    Date Posted: 30-Nov-2023 at 18:59
    Конкретно за оваа зграда имаше некаде и рендери излезено, можда и тука по форумот некаде. Баш добро изгледаше.


    Posted By: user8642
    Date Posted: 30-Nov-2023 at 19:07
    Eve kako treba da izgleda. Google mi ja naogja nekade tuka na build.mk, ama na klikot posle ne vodi do nikakov post so taa slika:

    https://ibb.co/12JDfk0">


    Posted By: user8642
    Date Posted: 30-Nov-2023 at 19:14
    Gi najdov na sajtot na nekoja firma Megaron Engineering:
    https://megaron.com.mk/project/domuva%D1%9Ae-vo-stanbeni-zgradi-1-nagrada/ - https://megaron.com.mk/project/domuva%D1%9Ae-vo-stanbeni-zgradi-1-nagrada/


    https://ibb.co/2W8MDPs">

    https://ibb.co/sg9qKTX">

    https://ibb.co/8dYrQ5T">

    https://ibb.co/M9PCZxZ">

    https://ibb.co/fF1n75f">

    https://ibb.co/pryrg2D">

    https://ibb.co/BNsyPgt">

    https://ibb.co/LPPhZW9">

    https://ibb.co/YT0PJzj">

    https://ibb.co/Rb8bX3c">


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 01-Dec-2023 at 09:52
    Штом на тендерот добива најниско понудената цена, не верувам дека ќе добиеме проект со изглед и фасада како оние што се вртат во нишкава.

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: <Fresno>
    Date Posted: 01-Dec-2023 at 16:23
    Ништо чудно проектот да биде сличен како целина и внатрешни распореди, а фасадата да е нешто едноставно. Што во случајов може и да е добро, пошто архитектот изгледа мислел да долови атмосфера на затвор со решеткиве на тераси.


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 12-Dec-2023 at 18:25
    Нова државна зграда во строг Центар



    Двете изградени дваесеткатници на Лимак, во центарот на Скопје, се полнат со новите станари. Уште две од вкупно четирите предвидени згради се градат на потегот од „Нова Македонија“ до катната гаража „Кирил и Методиј“. Високите градби со повеќе од 770 станови ќе бидат дом на илјадници нови жители.

    А во нивна близина ќе никне уште една зграда на државно земјиште. Инвеститор е државна фирма, Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор АДСДП. Тоа ќе значи и уште нови жители во срцето на главниот град, каде што до пред само една деценија имаше привремени бараки, во кои имаше институции, фирми и по некое семејство. Тогаш таму живееја или транзитираа стотици луѓе.

    Сега сликата е сосема поинаква. Во објектите обиколени со улиците – Кирил и Методиј, Јужен булевар, Јордан Мијалков и Мајка Тереза, не само што живеат илјадници луѓе и уште толку ќе се населат, туку секојдневно доаѓаат голем број посетители на деловните објекти.

    На овој простор, во последниве 15-тина години се изградија банка, два трговски центри, од кои едниот отворен пред два месеца, луксузен хотел, два хипермаркети…

    Сета таа река луѓе сега се слева низ две еднонасочни улици – Кирил и Методиј и Јордан Мијалков. Долгите колони возила во сообраќајните шпицови покажуваат дека тие се тесно грло во градот. Но, така ќе остане уште долго време. Затоа што новоизградениот подземен булевар под зградите на Лимак не е никако поврзан со останатата инфраструктура. Не е ниту почната изградбата на трите кружни текови што треба да овозможат тој да профункционира. Нема најава, нема распишано тендер за изградба на клучките.

    А булеварот што треба да ги реши сообраќајните проблеми стои нацртан во Генералниот урбанистички план повеќе од 30 години. Наместо тој инфраструктурен проект, кој во плановите поминал разни фази од надземен до подземен, никнуваат згради, чии жители постојните улици не може да ги апсорбираат.



    Но, сообраќајниот хаос што веќе владее таму и решението што останува само на хартија, не е пречка за државното акционерско друштво да ја гради новата зграда. Спроти последната кула на Лимак, која уште е во градба, на Јужен булевар, до скопското основно училиште „Димитар Миладинов“, старите руинирани жолти магацини ќе ги снема. Ќе никне седумкатница.

    Проектот бил планирал одамна и за него општина Центар веќе има издадено градежна дозвола. Тие нема да бидат социјални станови, какви што најчесто гради државното акционерско друштво. Објектот ќе биде комерцијален. На 14 ноември, државното претпријатие склучило договор вреден осум милиони евра, со конзорциум предводен од градежната фирма „Ак Инвест“, заедно со „Еуровиа“ и „Рапид Билд“.

    Зградата, според проектот, ќе биде долга околу сто метри. Објект со толкава должина на седум ката, според познавачите, би имал од 100 до 120 станови. Според проектната документација, половина од становите се планира да бидат од 40 до 60 квадратни метри, 40 отсто 65 квадратни метри, а најмалку десет отсто еднособни. Ако се остане на тоа што е предвидено, 40 отсто од објектот би требало да бидат продавници и други деловни објекти.

    „Ак Инвест“ и компаниите што го добија тендерот имаат рок од три години за изградба на објектот. Тоа значи дека по три години тука ќе се вселат уште околу 300 нови жители, кои ќе донесат уште стотина возила на истиот потег.

    На прашањето зошто се гради зграда таму кога сообраќајно решение нема, од државното акционерско друштво се држат до нивната годишна програма и велат дека „локација не е ниту поврзана , ниту пак детерминирана од изведувањето на другите, соседни објекти со нашиот“.

    Инаку маркичката за зградата е ставена одамна, во време кога на просторот околу Старата железничка станица не беа изградени висококатниците на Лимак. Така, во еден од најзагадените градови во светот, во неговиот најгусто изграден дел, државна фирма стана инвеститор на уште една зграда.

    Од идеја до реализација



    Додека светот живее во пандемија, во АДСДП ги поставуваат основите на седумкатницата во центарот на Скопје. Од огласот за идејно решение објавен на крајот на 2020 година, па сè до потпишувањето договор за градба, минуваат три години.

    Процесот се одолжува бидејќи првиот тендер за изведувач пропаѓа. Има тројца понудувачи, а победува исто како и сега, „АК Инвест“, но во конзорциум со три други фирми. Останатите двајца понудувачи се жалат на нерегуларности, Комисијата ги отфрла нивните жалби, но, сепак, наместо склучување договор за градба, од АДСДП се повлекуваат од проектот поради „непредвидени промени во буџетот“.

    Годинава распишуваат нов тендер, со безмалку исти услови. Сега работите течат побргу. Се јавува само еден понудувач и ја добива работата. „Ак Инвест“, во конзорциум со „Рапид Билд“ и „Еуровиа“, склучува договор за изградба на зградата за 8 милиони евра.

    Кои се фирмите зад тендерот?

    Ак Инвест“, заедно со „Еуровиа“ се градежни ѕвезди во подем, барем кога се работи за добивањето државни тендери. И двете можат да се поврзат со бизнис-елитата што орбитира околу владејачката ДУИ.

    Сопственик на „Ак Инвест“ е Азби Ибрахими, чиј син Фитим беше основач на фирма за електрична енергија, заедно со синот на поранешниот функционер Муса Џафери. Подоцна Ибрахими помладиот се повлече од фирмата. „Ак Инвест“ беше сопственик и на зграда во Тетово, која подоцна стана партиски имот на ДУИ.

    Формирана во 2006 година, првиот милионски државен тендер, компанијата го добива во 2011 година од Министерството за здравство, кога на негово чело е Бујар Османи од ДУИ. Истата година добива уште еден голем тендер за изградба на комплексот Македонско село по што продолжува освојувањето државни тендери. Договорот за изградба на седумкатницата во Центар е меѓу двата најголеми државни тендери што ги има добиено „АК Инвест“.

    Дека оваа година беше добра за компанијата, кога се работи за проектите платени од државата, говори и тоа што „Ак Инвест“, заедно со „Еуровиа“ и „Стентон Градба“, почнаа да работат како подизведувачи на автопатиштата што ги гради „Бехтел и Енка“, за 1,3 милјарда евра.

    „Еуровиа“, пак, е формирана во 2010 година. Првите државни тендери ги добива во 2017 година за реновирање училишта од Министерството за образование и наука. Тогаш министер е Пиштар Љутвиу од ДУИ, кој во 2016 година, оваа фотелја ја наследува од својот сопартиец Абдулаќим Адеми, чиј внук е Ељмедин Адеми, сопственикот на „Еуровиа“.

    Компанијата веќе следната година добива тендер од над 2 милиони евра за изградба на канализација во Гостивар. Профитот од година во година им расте, а 2023 година им е рекордна кога се работи за добивањето државни тендери.

    Сопственикот на „Еуровиа“ и самата фирма се едни од најголемите донатори на ДУИ во 2022 година поради што Антикорупциската комисија летово отвори и предмет, бидејќи, според законот за финансирање политички партии, тие не можат да се финансираат од „приватни претпријатија, кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпријатија и фондови по пат на договор“.

    Кумановската „Рапид Билд“ на Тони Каранфиловски, пак, третата компанија од конзорциумот, е најпозната по изградбата на гасоводот по сртот на Водно, преку кој гасот ќе се носи до Гостивар и Тетово, за 30-тина милиони евра. Изградбата на зградата во центарот на Скопје не е нивна прва соработка со „Ак Инвест“. Од 2018 година, тие, на заедничка потсметка, добиваат средства од Министерството за земјоделие, за изградба на капацитети за водоснабдување, но и субвеници од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

    Сега трите фирми заедно ќе градат зграда во строгиот центар на Скопје, на државно земјиште.

    https://prizma.mk/nova-drzhavna-zgrada-vo-strog-tsentar/ - https://prizma.mk/nova-drzhavna-zgrada-vo-strog-tsentar/

    -------------
    Carpe diem


    Posted By: MarkoPargo
    Date Posted: 24-Dec-2023 at 01:43
    Поминав прееска и забележив дека почнале да го оградуваат објектот.


    Posted By: doncho
    Date Posted: 24-Dec-2023 at 11:04
    Штета што ваков објект не се реставрира и не се претвори во некоја друга намена, т.е место за дружба, креатива итн итн.


    Posted By: user8642
    Date Posted: 24-Dec-2023 at 17:22
    Originally posted by doncho

    Штета што ваков објект не се реставрира и не се претвори во некоја друга намена, т.е место за дружба, креатива итн итн.
    Цело време се пуштаат некои вакви глупави идеи, најчесто да биде полошо, поттикнати од архитектонски факултет. Замишљање некои комунистички форми на нефункционални младински центри, па уште и на врз сопственост. Ајде сега нека нема 100 стана, нека има празна хала само затоа што некој му дошла фикс идеја.


    Posted By: doncho
    Date Posted: 24-Dec-2023 at 17:29
    Па веројатно не си видел такви функционални примери во други градови. Луѓето во градов треба нешто и да прават сем да седат дома нели?


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 29-Dec-2023 at 19:29
    Денес
    Веќе се работи на демонтажа на лимот од кровот а поставена е и инфо табла.Рушењето ќе остане за догодина.







    -------------
    Carpe diem


    Posted By: doncho
    Date Posted: 30-Dec-2023 at 16:13
    Супер репрезентативна архитектура


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 30-Dec-2023 at 18:41
    ИНТЕРВЈУ ЃОРГИЈЕВ, ДИРЕКТОР НА АД ЗА СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР: Во јануари ќе биде објавен јавен оглас за продажба на станови од нашата комерцијална зграда кај Даре Џамбаз

    Во услови на експлозија на цени на надвижностите, АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор стартува со градење на зграда во општина Центар, со почетна цена од 1.450 евра по метар квадратен. Во интервју за Фактор, директорот на ова државно акционерско друштво, Зоран Ѓоргијев, вели дека според неговите очекувања, граѓаните ќе бидат заинтересирани за овие станови. Тој открива дека интенција на АДИССДП е повторно да се наметне како регулатор на цената на станбениот квадрат, сепак објаснувајќи дека генерално, стабилизирањето на цените зависи и од многу други параметри. Со Ѓоргијев разговаравме и за динамиката на изградба на социјалните згради, но и за можноста тие во иднина да се градат и за проблемите кои искрснаа со Арената Тодор Проески и нивното решавање, за катните гаражи...

    Господине Ѓоргијев, нашата редакција има информации дека АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор после подолг период почнува со изградба на комерцијална зграда, и тоа во скопската општина Центар. Можете ли за Фактор да откриете колку ќе изнесува цената на квадратот и за колку станови станува збор? Исто така, дали Вашето друштво планира комерцијална изградба и во другите градови низ државава?

    Ѓоргијев: Нашето друштво деновиве почна со изградба на комерцијална зграда во градската четврт Даре Џамбаз, кај „стара воена пекара“. Цената која што е утврдена со одлука на Владата е 1.450 евра по м2, но напоменуваме дека согласно нашите процедури, станува збор за почетна цена на која заинтересираните купувачи ќе можат да лицитираат. Договорот предвидува рок за изградба од три години, а она што е особено важно е дека меѓу најголемите приоритети за купувачите ќе биде високиот квалитет на градбата, кој е впрочем и препознатлив елемент кај сите наши згради. Почетокот на изградба на оваа комерцијална зграда за нас има особено значење, бидејќи се реализира по подолг период на неактивност на ова поле, и секако, означува придвижување на работите. Во следниот период, односно во јануари ќе биде објавен Јавен оглас за продажба на еден дел од становите, додека останатите, во зависност од финансиската динамика и темпото на градба, ќе бидат огласени во третиот, односно четвртиот квартал од годината. Оттука, во интерес на навремено информирање, заинтересираните купувачи треба да ги следат огласите во дневните печатени медиуми, како и на нашите социјални мрежи. Зградата во Центар е најава за поинтензивна „офанзива“ во оваа насока, бидејќи во тек се постапки за почеток на градба на две комерцијални згради во Охрид и една во Битола.

    АДИССДП треба да биде регулатор на пазарната цена на станбениот квадрат, па затоа би Ве прашале колкав е „маневарскиот простор“ на ова државно акционерско друштво во овој период на дивеење на цените, и генерално кој е главниот предуслов за повеќе да можете да им излезете во пресрет на граѓаните, кои токму кај вас очекуваат да купат стан по поприфатлива цена?

    Ѓоргијев: „Маневарскиот простор“ во кој можеме да функционираме на пазарот на недвижнини најмалку зависи од нас самите. Основниот предуслов се бројот на локации коишто ќе ни бидат доделени од страна на Владата, преку системот на Министерството за транспорт и врски. Оттука, за вистински да ја оствариме улогата на коректор на цената на станбениот квадрат нам ни е потребен поголем обем на комерцијална изградба. Нашата интенција е повторно да станеме регулатор на цената, но затоа ќе ни треба одреден временски период, особено ако се има предвид дека со една зграда не можеме да се наметнеме како посериозна конкуренција во услови на градежната „офанзива“’ од страна на приватните инвеститори. Од друга страна, треба да го имаме предвид фактот дека генерално, стабилизирањето на цените не зависи само од нас, туку и од многу други параметри, на кои ниту ние не можеме да влијаеме.

    https://faktor.mk/intervju-gjorgijev-direktor-na-ad-za-stanben-prostor-vo-januari-kje-bide-objaven-javen-oglas-za-prodazba-na-stanovi-od-nashata-komercijalna-zgrada-kaj-dare-dzambaz?fbclid=IwAR260zaQRdbNUJdf4mZwapMoxtjaVzb7xLpGNKmgckJf3CwnUjnAoao5cWQ - https://faktor.mk/intervju-gjorgijev-direktor-na-ad-za-stanben-prostor-vo-januari-kje-bide-objaven-javen-oglas-za-prodazba-na-stanovi-od-nashata-komercijalna-zgrada-kaj-dare-dzambaz?fbclid=IwAR260zaQRdbNUJdf4mZwapMoxtjaVzb7xLpGNKmgckJf3CwnUjnAoao5cWQ

    -------------
    Carpe diem


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 03-Jan-2024 at 18:26
    Originally posted by stef4o

    Денес
    Веќе се работи на демонтажа на лимот од кровот а поставена е и инфо табла.Рушењето ќе остане за догодина.









    https://www.facebook.com/adsdp.makedonija

    -------------
    Carpe diem


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 03-Jan-2024 at 18:32
    Уште неколку рендери(кои искрено немаат врска со она што беше прикажувано по некои портали пред отпочнување на проектот) и линк за пристап до каталог







    https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fdrive.google.com%2Ffile%2Fd%2F19prwh7yWanq0TFyE3p5ynfLA6NsyWeC1%2Fview%3Fusp%3Ddrive_web%26fbclid%3DIwAR1KeoiTodp-9p48Fm1Tt5kAdqbOMwfpmL7QyljQIj2hDzNWIn-OAQ5UAt0&h=AT1VGNPx7d-puSxL6ZssqtTqvM2bkyptADVJpUq23TUXiFNIK84eBXhyIflBFKx6wGhfSuQYKEwZSgn_-fFMsVXSLQ5PrqrkdZOXghOtWffEyee580aPCTtyEfFQtKDw14s2&__tn__=-UK-R&c%5b0%5d=AT3iI9t0iCqGKxOfUfIrb_-WU1PtTBShWCbzjn1gLoCT5vRu2OoZHgNdBcht8HMjNPesfzdgyi_nnsnAzJRKdsbz6nanhqCd9SrOdg8xJ5eDNt_v1BiprvnWkL181tLCPCy8v6qpMQu0GvRmHOJfIDKRpjFDKlvQuCX1uLNP6i3vKW3jB7oE_uLIgmZbaeTjeKatO3X1z3z5 - https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fdrive.google.com%2Ffile%2Fd%2F19prwh7yWanq0TFyE3p5ynfLA6NsyWeC1%2Fview%3Fusp%3Ddrive_web%26fbclid%3DIwAR1KeoiTodp-9p48Fm1Tt5kAdqbOMwfpmL7QyljQIj2hDzNWIn-OAQ5UAt0&h=AT1VGNPx7d-puSxL6ZssqtTqvM2bkyptADVJpUq23TUXiFNIK84eBXhyIflBFKx6wGhfSuQYKEwZSgn_-fFMsVXSLQ5PrqrkdZOXghOtWffEyee580aPCTtyEfFQtKDw14s2&__tn__=-UK-R&c[0]=AT3iI9t0iCqGKxOfUfIrb_-WU1PtTBShWCbzjn1gLoCT5vRu2OoZHgNdBcht8HMjNPesfzdgyi_nnsnAzJRKdsbz6nanhqCd9SrOdg8xJ5eDNt_v1BiprvnWkL181tLCPCy8v6qpMQu0GvRmHOJfIDKRpjFDKlvQuCX1uLNP6i3vKW3jB7oE_uLIgmZbaeTjeKatO3X1z3z5

    -------------
    Carpe diem


    Posted By: SkMk
    Date Posted: 04-Jan-2024 at 11:06
    Од Facebook
    https://www.facebook.com/share/p/K26hzAchbDrY5V5L/?mibextid=K8Wfd2 - https://www.facebook.com/share/p/K26hzAchbDrY5V5L/?mibextid=K8Wfd2

    Почитувани,
    Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, објави Оглас за продажба на комерцијален станбен простор и гаражи (ВО ГРАДБА), по пат на усно позитивно јавно наддавање, со почетна цена од 1,450 евра/м2, во објект ГП 4.17 ДУП Градска Четврт И 04 Даре Џамбаз, Јужен Булевар, стара Воена Пекара, во општина Центар, Скопје, во траење од 02.01 2024 до 18.01 2024 година.
    Повеќе информации на линковите подолу:
    https://adsdp.com.mk/2024/01/02/%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b1%d1%80-1-2024-%d1%81%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%b0%d0%b6%d0%b1%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bdo%d0%b2%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d0%b3/?fbclid=IwAR0DfGn_jf6yaCI2Wo2UxpE4BtK3vp4NHUUyGxIPIjW5ZrZYPRnXuoym974 - https://adsdp.com.mk/2024/01/02/%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b1%d1%80-1-2024-%d1%81%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%b0%d0%b6%d0%b1%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bdo%d0%b2%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d0%b3/?fbclid=IwAR0DfGn_jf6yaCI2Wo2UxpE4BtK3vp4NHUUyGxIPIjW5ZrZYPRnXuoym974

    https://maps.app.goo.gl/i1hwXuqj7Vxf2Qvg7 - https://maps.app.goo.gl/i1hwXuqj7Vxf2Qvg7

    https://drive.google.com/file/d/19prwh7yWanq0TFyE3p5ynfLA6NsyWeC1/view?fbclid=IwAR2tMe5G-6c73x-OlWRJIeemmvsnllC23klk7VpZZUbXc4r7ugDFpAYX-Us - https://drive.google.com/file/d/19prwh7yWanq0TFyE3p5ynfLA6NsyWeC1/view?fbclid=IwAR2tMe5G-6c73x-OlWRJIeemmvsnllC23klk7VpZZUbXc4r7ugDFpAYX-Us


    Posted By: hcitrS
    Date Posted: 04-Jan-2024 at 22:13
    Originally posted by user8642

    Originally posted by doncho

    Штета што ваков објект не се реставрира и не се претвори во некоја друга намена, т.е место за дружба, креатива итн итн.
    Цело време се пуштаат некои вакви глупави идеи, најчесто да биде полошо, поттикнати од архитектонски факултет. Замишљање некои комунистички форми на нефункционални младински центри, па уште и на врз сопственост. Ајде сега нека нема 100 стана, нека има празна хала само затоа што некој му дошла фикс идеја.


    А па толку ли со лопата да ги риниш има такви центри во градот? На кој пример низ градот ти е базиран аргументот?

    Единствен солиден релативно алтернативен културен центар е МКЦ, кој е секогаш фул. Градот дефинитвно нема да се засити ако има уште 1-2 такви центри.

    Со руинирањето на киното Милениум на пример, покрај една Кинотека и една Фросина, во град од над пола милион жители со неколку филмски фестивали, нема алтернативни кино сали. Синеплекс има исклучиво copy-paste блокбастери.


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 05-Jan-2024 at 16:45
    Затворен и ограден напуштениот објект на „Јужен булевар“



    Надзор е извршен на градилиштата во Буњаковец, Центар, Кале и Пролет, а напуштениот објект на Јужен булевар во кој се палеше отпад е ограден и затворен – соопштија од локалната самоуправа.

    Тие ги повикуваат граѓаните да ги пријавуваат ваквите несовесни активности и апелираат и до сите надлежни координирано да се работи на намалување на загадувањето за да има резултати.

    https://www.vecer.press/%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%B8-%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B5%D0%BA/ - https://www.vecer.press/%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%B8-%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B5%D0%BA/

    -------------
    Carpe diem


    Posted By: <Fresno>
    Date Posted: 07-Jan-2024 at 16:47
    Сите рендери + ДУП. Добро е што на 0 ниво има паркинг, наместо деловен простор што создава гужва.

















    Posted By: stef4o
    Date Posted: 07-Jan-2024 at 19:36
    Објектот-депонија на Јужен булевар ќе се урне и на негово место ќе се изгради нова зграда

    Напуштениот објект на Јужен булевар во сопственост на поранешен ПУИГ, кој до неодамна беше преполн со ѓубре наскоро, како што беше најавено, ќе се урне и ќе стане градилиште каде за три години треба да изникне нов станбен објект.

    Руинираниот напуштен објект лоциран на Јужен булевар веднаш по вкрстувањето со булеварот Кочо Рацин, во непосредна близина на основното училиште „Димитар Миладинов“, кој до неодамна беше преполн со ѓубре, шут и остатоци од мебел, конечно е заграден со метална ограда за да се спречи во него да влегуваат бездомници и да се пали ѓубрето.

    Од Општина Центар деновиве информираа дека вршат засилени контроли по градилиштата за справување со аерозагадувањето и на објектите кои ја загадуваат животната средина и, меѓу другото, накусо објаснија што се случува моментално со напуштената зграда, која е во сопственост на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката, односно поранешен ПУИГ .

    Надзор е спроведен на локацијата на Јужен булевар во напуштен објект кој претставуваше црна точка каде што имаше пријави од граѓани за палење на отпад. Со наредба од надлежен инспектор објектот е заграден со метална ограда и спречено е понатамошно палење и загадување на воздухот – соопштија од Центар.

    Слободен печат“ неколкупати пишуваше за руинираната и преполна со ѓубре зграда во изминатата година по реакции на скопјани кои живеат во околината или секојдневно поминуваат во близина. Граѓаните постојано укажуваа дека објектот е претворен во депонија, дека е извор на зарази и дека во него се засолнуваат бездомници кои палат ѓубре и дека може да се случи поголема катастрофа. Тие бараа просторот итно да се исчисти, потсетувајќи дека во близина се наоѓа основно училиште што значи дека тука поминуваат ученици и дека местото за нив е небезбедно и опасно по здравјето. Граѓаните кои се јавија во нашата редакција дури искажаа сомневање дека наместо да се чисти, местото се остава како депонија сѐ додека не дојде објектот до фаза за уривање за да не се прави дополнителен трошок.

    Општинската инспекција уште минатата пролет со решение го задолжи сопственикот да го исчисти имотот од отпад и соодветно да го заштити за да спречи загадување на животната средина. Од Општина Центар тогаш се заканија дека доколку сопственикот не постапи според решението, тогаш ЈП „Комунална хигиена“ ќе биде задолжена да го исчисти отпадот, но трошокот ќе падне на сметка на сопственикот.

    Од АДИССДП тврдеа дека во изминатиот период неколкупати се обиделе да го исчистат објектот, кој како што најавија треба да се урне и на негово место да се изгради нов, со што ќе биде отстранет хаосот што долг период владее на овој простор. Оттаму се пожалија дека во него влегуваат бездомници, но дека немаат надлежност, ниту сопствено обезбедување за да го решат проблемот со бездомниците коишто се вселени самоиницијативно, затоа што објектот е отворен.

    Во изминатиот период службите на АДИССДП, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и со поддршка на Општина Центар, реализираа неколку акции на чистење на просторот околу објектот лоциран на Јужен булевар, како и во дел од неговата внатрешност. Беше собрано големо количество смет, кој понатаму стручните служби го дистрибуираа на соодветни локации. Во оваа пригода напоменуваме дека во објектот се вселени бездомни лица, меѓу кои и одредени несовесни поединци, кои по секоја акција исчистениот простор го затрупуваат со нови отпадоци, поради што на интервенција на нашето Друштво во неколку наврати беа повикани надлежни институции – објаснија од Друштвото есенва.

    Тие посочија дека имаат разбирање за забелешките на граѓаните што живеат во непосредна близина на овој објект и најавија дека е во завршна фаза јавната набавка за избор на изведувач за изградба на станбена зграда на овој простор.

    Веднаш по изборот, избраниот изведувач ќе пристапи кон расчистување и оградување на парцелата, што во случајов подразбира и уривање на руинираниот објект – информираа од АДИССДП.

    Сега, просторот е ограден, а поставена е и табла според која се гледа дека таму ќе се гради станбена зграда. Се очекува градежните активности да започнат наскоро затоа што краен рок на изведба е јануари 2027 година, а градежната дозвола е издадена во март 2023 година. Инвеститор на објектот е сопственикот, АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката, кој ќе го врши и надзорот, а изведувач е фирмата „Ак инвест“.

    https://www.slobodenpecat.mk/objektot-deponija-na-juzhen-bulevar-kje-se-urne-i-na-negovo-mesto-kje-se-izgradi-nova-zgrada/ - https://www.slobodenpecat.mk/objektot-deponija-na-juzhen-bulevar-kje-se-urne-i-na-negovo-mesto-kje-se-izgradi-nova-zgrada/

    -------------
    Carpe diem


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 03-Feb-2024 at 14:25
    03.02.2024

    Старата воена пекара е веќе срушена









    -------------
    Carpe diem


    Posted By: Erol
    Date Posted: 06-Feb-2024 at 12:56
    Koja cena se prodade stanovite i dali e vredno mestoto?


    Posted By: Bridgeburner
    Date Posted: 06-Feb-2024 at 13:40
    1400 е м2 , сите станови се продадени на јавна лицитација. 70 стана беа како алва отидоа... И после кажете нема народот пари во Скопје..


    Posted By: Erol
    Date Posted: 06-Feb-2024 at 14:13
    Kako moze 1400e da se prodadeni ko 1450e pocetna cena so javno nadavanje se prodavashe


    Posted By: kiriOK
    Date Posted: 06-Feb-2024 at 17:04
    Народот да имаше пари немаше да се зголеми квадратот за 50%, а кириите да останат исти. По тоа се гледа за каква игра станува збор.

    И во Лондон се продаваат тоталка становите додека парцелата уште е ливада, само што после кога ќе се изгради облакодерот со години не свети ни едно светло.
    Исто кај нас само на многу помала- паланка величина се случува.
    Обичен народ не изкупува него најверојатно неколку стотина индивидуалци и тесен круг на компании.

    Само мислам дека не се толку глупи да се надеваат дека во Скопје кој знае каков повраток на инвестиција ќе добијат, така да најверојатно станува збор за перење пари.

    Ова лудило може лесно да секне ако државата интервенира и воведе оданочување на второ, трето, десето живеалиште, станови и куќи кои не се издаваат и стојат празни и данок на луксуз.


    Posted By: nekoj
    Date Posted: 06-Feb-2024 at 19:52
    Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, познато како ПУИГ, почна со изградба на зграда на Јужен булевар, во центарот на Скопје. На местото на некогашниот објект кој беше салон за мебел, а со години беше руиниран, затрупан со ѓубре, претворен во депонија и место за бездомници, ќе никне зграда со приземје и седум ката. Стариот објект е веќе урнат, а градежна механизација сега работи на расчистување на просторот.

    Зградата ќе има 112 станови и два влеза, а маркичка е предвидена со Деталниот урбанистички план (ДУП) за овој дел од градот. Становите ќе се продаваат на јавна лицитација, а на првата која се одржа на 2 февруари беа понудени и продадени 70 станови.

    „На усното, јавно наддавање беа продадени сите 70 објавени станови. Почетната цена по метар квадратен на која купувачите лицитираа изнесуваше 1.450 евра, а просечно постигнатата е 1.672 евра. Изградбата на оваа комерцијална зграда е предвидена во годишната програма на Владата за изградба, продажба и одржување, а предвидениот рок за нејзино завршување е 3 години“, велат од ПУИГ.

    За останатите 42 станови ќе се одржи нова јавна лицитација.


    BTW. Цената е без ДДВ а паркинг место е накај 10000 евра.

    https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/drzhavata-gradi-zgrada-na-juzhen-bulevar-vo-tsentarot-na-skopje-pochetna-tsena-1-450-evra-kvadrat-na-litsitatsija-veke-prodadeni-70-stanovi/


    Posted By: Erol
    Date Posted: 07-Feb-2024 at 09:28
    A koja cena se prodade pomalite stanovi od 40 tina kvadrati dali imate informacija


    Posted By: <Fresno>
    Date Posted: 07-Feb-2024 at 17:30

    Почетната цена по метар квадратен на која купувачите лицитираа изнесуваше 1.450 евра, а просечно постигнатата е 1.672 евра

    Логично би било помалите станови воглавно да биле продадени над оваа сума.


    Posted By: Erol
    Date Posted: 07-Feb-2024 at 21:13
    Nema shanci 1672 da se prodadeni pomalite stanovi


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 12-Feb-2024 at 14:15
    https://postimg.cc/063G28gg">

    https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/drzhavata-gradi-zgrada-na-juzhen-bulevar-vo-tsentarot-na-skopje-pochetna-tsena-1-450-evra-kvadrat-na-litsitatsija-veke-prodadeni-70-stanovi/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/drzhavata-gradi-zgrada-na-juzhen-bulevar-vo-tsentarot-na-skopje-pochetna-tsena-1-450-evra-kvadrat-na-litsitatsija-veke-prodadeni-70-stanovi/

    -------------
    Carpe diem


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 12-Feb-2024 at 18:57
    од рушењето 13.01.2024(од фб)





    -------------
    Carpe diem


    Posted By: Erol
    Date Posted: 27-Feb-2024 at 14:35
    Do kaj e so gradbava dali e iskopano temeli sliki nesh?


    Posted By: Erol
    Date Posted: 27-Feb-2024 at 14:36
    i zosto AK INVEST ne reklamirat po internet nishto ?


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 27-Feb-2024 at 20:07
    Originally posted by Erol

    Do kaj e so gradbava dali e iskopano temeli sliki nesh?


    Во тек е ископ за темели.

    -------------
    Carpe diem


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 27-Feb-2024 at 20:09
    Originally posted by Erol

    i zosto AK INVEST ne reklamirat po internet nishto ?


    АК Инвест се изведувачи,не продаваат станови тоа оди преку АДСДП.Можеби за некој месец ќе објават фотки од изведбата на терен.

    -------------
    Carpe diem


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 01-Mar-2024 at 19:16
    Originally posted by Erol

    Do kaj e so gradbava dali e iskopano temeli sliki nesh?


    од фб,се набиваат шипови



    -------------
    Carpe diem


    Posted By: Erol
    Date Posted: 01-Mar-2024 at 21:27
    Na koj profil vo fb gi ima ovie sliki, od kade gi gledate?


    Posted By: Erol
    Date Posted: 28-Mar-2024 at 11:07
    Od Gradbava imat nekoj novi sliki


    Posted By: stef4o
    Date Posted: 18-Apr-2024 at 18:18
    Монтажа на кран



    https://www.facebook.com/photo?fbid=912664877322809&set=pcb.912664947322802 - https://www.facebook.com/photo?fbid=912664877322809&set=pcb.912664947322802

    -------------
    Carpe diem



    Print Page | Close Window