Print Page | Close Window

Земјоделие и рурален живот

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Наука и технологија
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468
Printed Date: 21-Oct-2014 at 09:02


Topic: Земјоделие и рурален живот
Posted By: beTon
Subject: Земјоделие и рурален живот
Date Posted: 21-Nov-2008 at 00:43

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=66001 - Новиот европски фонд ИПАРД во Скопје - А1 - 27.07.2006

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=1321&ArticleID=85111 - Ќе користиме европски пари за рурален развој

За минатата година Европската унија ни намени 2,1 милион евра за рурален развој, но поради нашата не подготвеност да ги земеме овие пари, тие се уште стојат неискористени. Според договореното, парите може да се искористат до 2009 година, а ако и дотогаш останат неискористени, пропаѓаат. Платежната агенција ИПАРД, која требаше да се формира пред утврдениот тајминг за делење пари, се очекува да биде акредитирана до крајот на годинава. Со тоа ќе почне искористувањето на парите од европските претпристапни фондови наменети за рурален развој, што практично значи реализирање конкретни инвестиции во неразвиените подрачја и во земјоделството. - Целта на ИПАРД е да се подобри животот во руралните подрачја, да се спречи миграцијата во урбаните средини и, евентуално, да се зголеми процентот на населението во неразвиените средини, што би било одличен резултат. Планот за 2007 година предвидува 2,1 милион евра, за 2008 година вкупно 6,7 милиони, а за 2009 година се проектирани 10, 2 милиони евра - вели Александар Николовски од Секретаријатот за европски прашања, координатор на Програмата ИПАРД. Периодот за искористување на средствата е две години, а се што ќе остане нереализирано, автоматски пропаѓа. - Кога зборуваме за ИПАРД, фактички зборуваме за инвестиции. Мора да се направи разлика меѓу тоа што значи поддршка во земјоделството и тоа што е инвестиција, потенцира Николовски. По акредитирањето на национално и на европско ниво, Агенцијата ќе распише тендер на кој може да конкурираат сите заинтересирани за инвестирање во руралниот развој и во земјоделството. - Секој потенцијален корисник, по објавувањето одреден тендер, ги поднесува документите и своите проекти во Агенцијата. Тие се оценуваат и ако се во согласност со планот ИПАРД, се потпишува договор. Од тој момент почнува инвестицијата која за одредено време треба 100 процентно да се реализира. Потоа, се донесуваат документите што треба да го потврдат сработеното, Агенцијата ги разгледува и врши контрола на терен. Кога тоа ќе заврши, почнува процедурата со која на корисникот му се враќаат 50 проценти од средствата. Инвестицијата може да трае подолго, но битно е дека од нејзиното завршување и поднесувањето на сите документи до исплатата се потребни максимум два месеца, објаснува Николовски. Една половин од средствата за инвестирање се приватен капитал, а другите се од фондовите ИПАРД и тоа, 75 проценти европски пари, а 25 проценти од државниот буџет.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=1321&ArticleID=85111 - Време - број 1293 - 18.02.2008


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99273 - „Ипард“ програмата доби зелено светло - 24.10.2008

 Македонската „Ипард“ програма за рурален развој доби зелено светло од европската комисија. Вицепремиерот Боцевски и директорот на секторот за земјоделство во европската комисија, Жан Лук Демарти, во Брисел ја потпишаа секторската спогодба за „Ипард“ програмата, која е клучна за користење на парите од европските фондови.

„Ова е голема одговорност за нашите институции кои се одговорни за спроведување на програмата „Ипард“ во согласност со принципите на Европската Унија. Програмата беше навреме подготвена, и доказ за тоа е ова потпишување“, изјави Ивица Боцевски, потпретседател на владата на Р.М.

„Ова претставува важен чекор за Македонија во спроведувањето на целата „Ипард“ програма која ги содржи правилата за користење на европските пари. Засега процесот оди добро и се надевам дека така ќе продолжите“, рече Жан Лук Демарти, директор на секторот за земјоделство во Европската Комисија.

Управувањето со парите од петтата компонента „Ипард“, со оваа спогодба ќе биде во целосна надлежност на Македонските институции,со што Македонија добива третман на земја членка на Европската Унија.

„Го потпишавме секторскиот договор што е континуитет на работата за припрема на сите институции во областа на земјоделието, за искористување на петтата компонента на „Ипард“, вели Ацо Спасеновски, министер за земјоделство.

Со потпишувањето на спогодбата е исполнет и последниот услов за акредитирање на платежната агенција, преку која ќе се врши исплатата на европските пари.

До 2010-та година од европските фондови во делот на земјоделството, на Македонија ќе и бидат на располагање 31 милион евра, а првото повлекување на парите се очекува да биде кон средината на следната година кога и платежната агенција треба да ја добие европската акредитација.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99273 - А1 - Соња Јанковска - 24.10.2008

http://www.mzsv.gov.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=329&Itemid=47 -




Replies:
Posted By: beTon
Date Posted: 21-Nov-2008 at 01:48

горе наведената информација ќе ги израдува селата но сепак ова е муабет за утеха, но подобро нешто него ништо, бар од некаде почнавме! се додека не дојдат повеќе фондови како ИПАРД програмата народот ќе се снаоѓа на разно разни начини за да профитира, во некои случаи оправдано во некои не, но не се тие криви што банките се скржави кога станува збор за рурална област, а капак на тоа и некој да добие кредит, или е некој градски менаџер што инвестирал на село или е некој селанец што му е исполџија на таков менаџер...

сепак... за секоја штета што ќе ја предизвика домашно милениче/животно одговорност сноси оној кој го чува, http://www.vest.com.mk/default.asp?id=144410&idg=7&idb=2239&rubrika=Makedonija - но за дивите животни кои се заштитени со закон  државата плаќа отштета! од пред некое време волците http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=83450 - таман што ја добија таа привилегија на заштитени еве http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=699&ArticleID=27594 - за нецела година ја изгубија ! незнам дали под штета се подразбира и претрпен стрес, но доколку е човек не е задоволен може да си дозволи и евентуално судска екскурзија... пр. пред некое време имаше вест за волци што нападнаа дете кое за среќа куртули http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=C25A9700BCA1684A967C6F303131FE8B&arc=1 - Кучиња спасија дете од волчји напад - Дневник - 13.11.2008 , но дали детото ќе добие некаква отштета тоа не сум сигурен со оглед дека државата без процес исплаќа само материјална штета! има и случаеви каде судски процес подобро ќе излезе за оштетениот отколку да се остане на проценка од државата, како што беше случајот со судскиот спор за загинатиот мед во с.Церово за кој цел свет разбра, пред се заради сарказмот на дневник...

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=02E08E8741360C40815B0D075F91AE9D&arc=1 - Битолскиот суд осуди мечка што крадела мед - Дневник - 13.03.2008 - [ http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=90764 - 1 ]

http://www.planetark.com/dailynewsstory.cfm/newsid/47495/story.htm - Macedonian Court Convicts Bear Of Stealing Honey - Reuters - 14.03.2008

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=EF65823F52AF4342AA511EF505256957&arc=1 - Судењето на мечката ја враќа Македонија во среден век - Дневник - 15.03.2008

и последното со фармата со диви свињи од с.Буково http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97746 - Мечка на суд - А1 - 17.09.2008

но ептен е смешно кога на некого и по двапати му светнува да си ја наплати штетата на ист начин...

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=856&ArticleID=56883 - Мечка го изела буџетот на Владата - 12.09.2006
 
Македонец ја тужел Република Македонија затоа што мечка (заштитено животно во државата) му го изела медот од пчелите. Судот досудил дека тој треба да добие отштета од буџетот од 50.000 евра за медот и за загубената заработувачка. Пчеларот, задоволен со пресудата си ги ставил парите в џеб. Наредната година, на изненадување на правосудните органи, истиот пчелар вторпат поднел тужба против државата, затоа што мечката повторно ги брцнала шепите во неговиот мед. Како што дознаваме, на јавните правобранители им паднало чудно како може два пати за една година на пчеларот да му се случи истиот инцидент. Кога отишле на терен, кај што, наводно, му стоел медот, правобранителите зеле влакно од мечката и го пратиле на вештачење во Бугарија. На записникот од бугарските вештаци испратен до правобранителството на Македонија пишувало: „Според доставениот примерок, станува збор за влакно од коњ!“. Пчеларот не ги добил парите од државата вториот пат, но оние 50.000 евра од буџетот веќе никој не можел да му ги земе.

Ова е само еден од многубројните случаи за тоа како се црпеле пари од државната каса, за кои Владата обвини дека ќе се испразни поради неангажман на Јавното правобранителство во судските спорови. Правобранителите, пак, се правдаат дека тие не сносат никаква одговорност затоа што државните институции требало навреме да си ги плаќаат долговите утврдени со правосилни судски одлуки и да им даваат соодветни докази.
...
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=856&ArticleID=56883 - Време - 12.09.2006

Dohстана правило човек ако е во недостаток од приходи да проба да ја насамари прво државата а после на поштен начин да продолжи да живее, се плашам да не стане истото и закон LOL сепак навистина има штети кои не се мајтап, но за тоа треба полицијата и правобранителството да се погрижат како би се утврдила веродостојноста на обвиненијата како во погорниот случај! веќе на жими мајка не се проаѓа на суд, само не ми е јасно зошто влакното од коњот го испратиле на анализа во бугарија http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=31932 - кога ние имаме днк лабаратории кај нас... ?

патем еве и малку сеир на темава Bash

[tube]yo5ydtldoqg[/tube]



Posted By: beTon
Date Posted: 21-Nov-2008 at 04:45

http://217.16.70.245/?pBroj=1542&stID=20149&pR=7 - Реемиграција во неразвиените подрачја - 05.08.2004

Еден од основните елементи на одржлив економски концепт на локалната самоуправа, претставува стратегијата за економска и демографска ревитализација на руралните општини. Притоа, оваа стратегија е само дел од комплексната економија на просторот во Република Македонија, која во основа треба да овозможи рамномерен регионален развој во државата.

Организацијата на локалната самоуправа во руралните единици содржински ги опфаќа следните цели: брз развој на инфраструктурата; оптимализација на стопанската структура; подобрување на животниот стандард на населението; заштита на животната средина; создавање претпоставки за реемиграција на луѓе од урбаните центри. Инфраструктурните зафати се нужен услов за економска, технолошка и социјална модернизација на заостанатите региони. Во тој контекст, тие зафати треба да бидат долгорочни од аспект на временската димензија и сеопфатни по својот карактер. Оттаму, решавањето на проблемите во образованието (предучилишни установи, основни училишта), обезбедувањето целодневна и современа здравствена заштита, навремено и перманентно снабдување со неопходните стоки за квалитетно задоволување на потребите, овозможување редовен локален сообраќај, квалитетни радио, ТВ-сигнал, телефонска комуникација, се императивна норма за создавање претпоставки на нова иднина во овие рурални региони. Задоволувањето на потребите на граѓаните на ваков начин, мора да биде во корелација со инвестициски вложувања од технички карактер, како што се - изградба на квалитетни локални патишта, електрична мрежа за квалитетен напон на струјата, комунална инфраструктура и слично.

Оптимализацијата на стопанската структура е дефинирање на потребната техничка опременост на средствата за работа и опремата, од што зависи продуктивноста на трудот на вработените во неразвиените подрачја. Изгледа нелогично, но стимулирачки фактор на развојот е трудоинтензивниот карактер на органскиот состав на капитал да набави софистицирана технолошка опрема, а нема ни потреба за тоа. Трудоинтензивниот карактер на малите претпријатија, коишто користат домашни репроматеријали и суровини, овозможува нови вработувања на локално ниво. Кооперативните односи со големите капиталинтензивни регионални системи, овозможуваат технолошка синтеза во реоганизација на процесот на производство низ целата земја. Застарените производствени линии во големите системи можат да бидат дисперзирани мали погони на локално ниво. Ваквата економска политика создава не само еднакви услови за живот и работа секаде низ државата, туку се обезбедува рамномерност во регионалниот развој и кохезија на македонскиот стопански систем.

Зголемената ефикасност во работењето на малите локални претпријатија продуцирана од технолошката интерактивност со големите системи, како и сигурноста на договорените работи на подолг рок, ќе резултира со зголемување на животниот стандард на населението во руралните подрачја. Тоа ќе биде првиот сигнал за почнување на процесот на реемиграција на луѓе од урбаните центри кон руралните порачја на државата. На овој начин, се мобилизираат сите просторни и севкупни човечки потенцијали во Македонија и се создаваат можности за економско, административно, културно и социјално интегрирање на секоја општина одделно, во системот на локална самоуправа во државата. Со тоа се постигнува непосредно и активно учество на сите граѓани од соодветна општинска заедница, во решавањето на актуелните проблеми со локална димензија.

Економскиот прогрес на неразвиените подрачја ќе обезбеди доволно средства за заштита на животната средина од последиците на урбанизацијата. Животниот простор и природните ресурси се ограничени. Ако сакаме да ја зачуваме здрава нашата животна средина и таква да им ја предадеме на идните генерации, потребна е темелна организација. На тој план, базично поле за успешна стратегија е општината. Треба да размислуваме глобално, но и да дејствуваме локално.

Економскиот развој на руралните подрачја во Македонија е од интерес и за урбаните центри. Притоа е важно да се специфицираат разликите помеѓу одделни општини од аспект на природните услови, економско-географските фактори, достигнатиот степен на стопански развој и социјалната структура на населението. Утврдувањето на овие разлики ќе ја детерминира специјализацијата на регионалното производство, кое ќе се потпира на динамичко користење на компаративните предности, иманентни за секоја општина. Вака детерминирано регионално производство овозможува организација на комплементарно производство, што ги лоцира потенцијалните евтини ресурси во одделни региони од државата. Со тоа се остварува хармоничен и рамномерен регионален развој на ниво на целата македонска територија.

Концептот за рамномерен регионален развој обезбедува можности за секоја одделна општина да се организира производство, наменето за задоволување на потребите на стопанството и населението од "локален карактер°. Притоа, основа за овој вид стопанска активност се "внатрешните° регионални потенцијали, со што се стимулира автономен правец на развојот, што во секој случај не треба да биде тежнение кон автархија или монокултура. Сосема спротивно, овој вид локална иницијатива ќе ги мотивира граѓаните од руралните подрачја, креативно да ги решаваат локалните проблеми. Од една страна, граѓаните активно и непосредно учествуваат во процесот на локалното производство, а од друга страна, преку посредните демократски форми на меѓучовечка комуникација во општинската заедница, тие управуваат со општината.

Имајќи ги предвид глобалните последици од транзицијата на ниво на целата земја, треба особено да се потенцира руралниот егзодус во неразвиените подрачја. Во тие подрачја, безмалку целото население остана без работа, без средства за егзистенција и без никаква социјална заштита. При општо ниско ниво на развиеност во земјата, се продлабочува јазот помеѓу развиените и неразвиените општини. Иако не постои единствена методологија за дефинирање на поимот "неразвиена општина°, сепак, постојат релевантни индикатори, кои практично го одразуваат нивото на општинскиот развој. Најзначајни индикатори се: нивото на општествен производ по глава на жител во општината; нивото на опременост со основни средства по жител; ниво на вработеност и репродуктивната способност на општинско ниво.

Основна мерка за надминување на нерамномерноста во регионалниот развој е инвестирањето. Инвестициите претставуваат неопходност за руралните подрачја. Секако дека не треба да се заборават грешките од минатото. Забрзаната индустријализација во последните педесет години ги опустоши пасивните региони во земјата, создавајќи огромни "празни ненаселени зони° на повеќе од 2.000 км2 (Тиквешкиот крај, Мариово, Мијачкиот крај, Осоговскиот крај). Во тие региони е неопходно да се инвестира најпрво во инфраструктурата воопшто, за потоа да се пристапи кон стопански развој на регионот. Исто така, нужност е инвестирање во луѓето, т.е. создавање функционално-административна општинска управа, основање мали претпријатија, производствени погони, земјоделски погони и слично.

Бирото за недоволно развиени подрачја на републичко ниво, ќе биде стратешката институција за операционализација на овој проект. Тука секако дека треба да ги споменеме и инструментите: дотации од буџетот; ослободување од данок на добивка; намалување на ДДВ за специфични производи, карактеристични за монокултурни региони; субвенционирање на одредено стратегиско земјоделско производство и слично. Во 2005-та година може да очекуваме финансиска поддршка од структурните европски фондови. Општинските проекти ќе имаат највисок приоритет. Дотогаш, ќе мора да ја растовариме општинската и граѓанска власт, од непринципиелниот политичко-етнички притисок на централната државна власт.

http://217.16.70.245/?pBroj=1542&stID=20149&pR=7 - Утрински - Маријан Ѓорчев - 05.08.2004

текстов е чист научен труд, кој единствено е разбирлив доколку човек има трпение да ги анализира поентите кои пратеникот и министер Ѓорчев ги има пуштено во весник небаре професори го читаат само, на утро да се расонуваш со збун муабет LOL 

се ова што е наведено требало на крај да се идеализира со некоја премиса! ...како “доколку сакате живот бегајте од град“  или... ова живот треба да се чита во природна и полна смисла на зборот! незнам зошто но мислам дека сите богати луѓе во светот(во секоја смисла) живеат надвор од град Question во град тераат социјалците, менаџерите, монополистите, урбаните херои и веселите акционери, може се наоѓа и по некој заталкан уметник, но дали сето тоа вреди и колку чини тоа е сосем друг муабет! сепак во град 80%  од времето луѓето го поминуваат во затворен простор - (кола/зграда/куќа) - со исклучок на викендот, но и тогаш обично растоварот се одвива меѓу четири ѕида, па ако тоа е живот тогаш јас сум пијан пиштолџија кој од параноја се распукува LOL ако некому му значи нешто ова!

да не бидам волку патетичен но виновникот не е во градот и во ѕидовите, колку што е во телевизијата, затоа горе во текстот (а и вообичаено) испуштив да ја маркирам како потребна и полезна работа за унапредување на руралниот живот... некој ќе рече дека и интернетот е слично враџуле но бар таму можеш да бираш што и како ќе читаш, а пристапот е повеќе истражувачки отколку шупливо конзумирачки! има и други крајно негативни нус ефекти од живеењето во град каде за истите, истиот е најплодна почва, но темава не се однесува на него па нема ни да ги тимарам тука истите, а и нивното демистифицирање не верувам дека некого во истиот момент ќе го натераат веднаш да се пресели на село, што би рекол Маријан да “реемигрира во некоја рурална прерија“...! 



Posted By: beTon
Date Posted: 21-Nov-2008 at 21:03
http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=37&vId=58432794&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%97%D0%95%D0%9C%D0%88%D0%9E%D0%94%D0%95%D0%9B%D0%A1%D0%A2%D0%92%D0%9E - Безбедноста на храната, клучна слабост на македонското земјоделство, оценува Европската комисија - MIA - 06.11.2008

Скопје, 6 ноември (МИА) - Што поскоро воспоставување интегрална контрола на безбедноста на храната и доекипирање на службите во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се главните забелешки за македонскиот аграр, посочени во последниот Извештај на Европската комисија (ЕК).  

Сепак, како што рече денеска на прес - конференција ресорниот министер Ацо Спасеноски, генералната оценка е дека има напредок во областа на земјоделството.

- Во Извештајот на Европската комисија е нотирано дека Македонија направи значаен прогрес во одредени земјоделски сектори, но среден е напредокот во делот на безбедноста на храната, истакна Спасеноски.

Според него, се уште претставува проблем тоа што храната е во надлежност на две министерства, за здравство и за земјоделство. Ова беше наведено и во претходниот извештај на ЕК.

Спасеноски, кој се осврна на сработеното во изминатите 100 дена, нагласи дека забелешките од Извештајот треба да послужат како насоки за натамошно реализирање на предвидените активности.

- Во секторот земјоделство се реализирани сите активности предвидени со Националната програма, исплатата на субвенциите тече според планираната динамика, продолжува огласувањето на земјоделското земјиште за давање под закуп, а паралелно се изготвува и носи законската регулатива согласно препораките на ЕУ, рече Спасеноски.

Новоформираниот Сектор за анализа на земјоделска политика почна со воспоставување единствен регистар на земјоделски стопанства, т.н. Фарм регистар, што практично значи собирање сметководствени податоци од земјоделски стопанства, односно регистрација на сите фарми во земјата.

Од јули до октомври се објавени четири огласи за издавање вкупно 22.900 хектари земјоделско земјиште во 18 региони. До крајот на годинава ќе се објават уште два, за 15 региони. Во истиот период се извршени инспекциски контроли на 10 отсто од поднесените апликации за субвенционирање. Притоа е утврдено дека во растителното производство неправилно пријавени се 723 хектари за кои би се исплатиле над пет милиони денари, а во сточарството, за обележано женско јагне, 700 грла или 700.000 денари.

Изминатите 100 дена се изработени измени и дополнувања на законите за вино, за тутун и тутунски производи и за органско земјоделско производство, донесени се законите за води, водни заедници и хидрометеоролошка дејност, а изготвена е и Стратегија на хидрометеоролошката служба за периодот 2009 - 2011 година.

- Согласно измените и дополнувањата на Законот за ловство волкот веќе не спаѓа во категоријата заштитен дивеч. Отсега, секој што ќе убие волк, ќе добие награда од Министерството, рече Спасеноски.

Тој информира дека Министерството ќе ги обештети земјоделците кои претрпеле штети од животни заштитени со Законот, како што е мечката, но не и оние чии стада се уништени од т.н. незаштитен дивеч.

До крајот на овој месец, најави Спасеноски, ќе заврши обележувањето на ситниот добиток по што ќе почне обележувањето на пчелните семејства. Ќе се искоренуваат и заразните болести кај добитокот, посебно туберкулозата. До крајот на ноември ќе финишира и вакцинацијата против бруцелозата.

Според него, се воведува и т.н. селска сеча за луѓето од руралните средини. Тие ќе имаат можност да купуваат дрва 50 отсто поевтино од сегашната цена, под 1.000 денари за кубик.

Во соработка со ФАО, почнувајќи од октомври годинава, Министерството за земјоделство следните 24 месеци ќе спроведува проект за јакнење на готовноста за заштита на националните шуми од пожари, вреден 340.000 долари.

Планирано е и довршување на воспоставувањето системи за искористување на европските претпристапни фондови, завршување на катастарот на земјишни парцели, финализирање на фарм регистарот и целосно функционирање на земјоделскиот информативен систем.

Во периодот што претстои, внимание ќе се посвети на доисплатата на субвенциите, но и на подготовката на програмата за финансиска поддршка во идната година, рече Ацо Спасеноски.

http://www.mzsv.gov.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_view&gid=312 -



Posted By: beTon
Date Posted: 22-Nov-2008 at 01:55

http://209.85.129.132/search?q=cache:Vxs-bqhsjrgJ:www.sobranie.mk/prasanjaDoc/odgovor%2520A%2520Buzaku%252027-06-2007_1.doc+%D1%80%D1%83%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8+%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8&hl=mk&ct=clnk&cd=19 - Приоритетна оска 3: Развој на руралната економија

Владата на РМ од Мај 2006 година донесе одлуката за избор на следниве под-сектори како приритетни за ИПАРД програмата: вино и грозје, овошје и зеленчук, млеко и млечни производи и месо и месни производи. Според реализираните подсекторски студии за погоре дефинираните под-сектори, како и врз основа на препораките од техничките работни групи, одредени се следниве ИПАРД мерки за периодот 2008-2010 година:

Инвестиции во земјоделски стопанства за реструктуирање и постигпување на стндардите на ЕУ;
Подобрување на преработувањето и маркетингот на земјоделските и рибни производи за реструктуирање и постигнување на стндардите на ЕУ;
Диверсификација и развој на рурални економски активности:

Техничка поддршка.

http://europa.eu/rapid/pressReleasesAction.do?reference=MEMO/08/144&format=HTML&aged=0&language=EN&guiLanguage=en - EU Financial Assistance under the Instrument for Pre-Accession Assistance (IPA)

http://www.agrowebmk.awardspace.info/NV/news.php - www.agrowebmk.awardspace.info/NV/news.php       http://www.ace.org.mk/nastani.php - www.ace.org.mk/nastani.php       http://www.agbiz.com.mk - www.agbiz.com.mk         http://www.eastagri.org/countries.asp%20 -  www.eastagri.org/countries.asp           http://www.eastagri.org/projects.asp?country=21 - Agro Projects in Macedonia           http://www.faostat.fao.org - www.faostat.fao.org           http://rod.eionet.europa.eu/obligations?country=24&id=&filter=GO&issue=-1&client=-1&_sourcePage=%2Fpages%2Findex.jsp&__fp=K9ROZ0BJ%2FvlHxArxQ7s8InY8zvMMc%2B2xjfhwBKLm0abiEw9z6JgNexPDXPvbQdxK - European Environment Agency - Environmental reporting obligations Macedonia

Фондови за рурални подрачја во Македонија:

  • http://www.ifad.org.mk/zmk_index.html - ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТЕН ДИСКОНТЕН ФОНД

http://www.mzsv.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=189&Itemid=89 - Нови и најповолни кредити за земјоделците и агро комплексот

  • EU http://europa.eu/rapid/pressReleasesAction.do?reference=MEMO/07/608&format=HTML&aged=0&language=EN&guiLanguage=en - IPA Rural Development (IPARD) Programe - (2008-2010)

http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=121&EditionID=596&ArticleID=13657 - Подготвено ли е македонското земјоделство за ИПАРД?

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=7933 - Повеќе пари од ИПАРД фондовите за Македонија

  • UN http://extranet.fao.org/fpmis/FPMISReportServlet.jsp?APD=&countryId=MK&div=&fundG=&type=countryprofileopen&lng=EN&qlfrs=&UF=N&typeUF=&colorder=2345&pwb=&sorttype=1 - FAO Food and Agriculture Organization - (2006-2010) [ http://www.un.org.mk/index.asp?lang=MK&id=77 - 1 ][ http://fao.org.mk - 2 ][ http://mk.wikipedia.org/wiki/Организација_на_обединетите_нации_за_исхрана_и_земјоделство - 3 ]
  • EU http://www.efse.lu/products%20and%20Instruments/products.html - European Fund for Southeast Europe - (2006- )

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=9FCA3B12BF6A704AB5DE94AAE2A60BAC&arc=1 - Европскиот фонд ќе обезбеди 12 милиони евра за кредити

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=08A3BD0F23767042889A93EFDB622BAC - Македонија на мапата на Европскиот фонд за ЈИ Европа



Posted By: beTon
Date Posted: 23-Nov-2008 at 15:06

ова со фондовите е добредојдено и потребно, но нашиот селанец не е научен да се задолжува, бар таков е случајот со повеќето! едно е сигурно и да сакаат да вложат нема никакви гаранции од никого дека има надеж вложувањата бар да се повратат! па така сите живеат со таксиратот сам свој ага сам свој паша но без азно и трезор, што не е случај со земјоделците и селаните низ европа (западниот дел од еу)! но државата се труди да да ги растовари колку толку од јаремот на сиромаштијата. па така за социјалните случаи повеќе се исплати да живеат во село него во град, каде има олеснувања на поголем број давачки, порано додека есм беше државно и струјата се плаќаше со мали паушали но тоа веќе не е случај, сега бенифиции има данокот на имот, вода и олеснувањат за огрев кои се освежување за многу семејства од руралните области... еве конкретно за што станува збор:

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=838542E474363B49ABF1C4B40EDAF482 - * Се дозволи и селска сеча , а граѓаните се жалат дека немаат доволно дрва за огрев. Точна ли е нивната констатација?

- Со измената и дополнувањата на Законот за шумите Владата пак им ја врати можноста на граѓаните што живеат во руралните средини да се снабдуваат со огревно дрво директно од шумите. Може да сечат дрва во одреден период во годината, а прецизирана е и дозволената количина. Секое семејство може да посече 14 кубни метри. Неопходно е граѓаните претходно да поднесат барање во подружниците на „Македонски шуми“. Таму ќе им кажат во кои делови во шумата може да се снабдат со дрва за свои потреби. Цената на кубен метар ќе изнесува 999 денари со пресметан ДДВ. На граѓаните им се овозможува за 560 денари да се снабдат со дрвна маса - остаток од сеча. На овој начин социјално загрозените граѓани ќе може по поповолни услови да се снабдат со огревно дрво за грејната сезона. Одговорно тврдам дека сите заинтересирани граѓани ќе може да се снабдат со огревно дрво за оваа грејна сезона. „Македонски шуми“ целосно ќе го оствари планираното производство на огревно дрво.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=838542E474363B49ABF1C4B40EDAF482 - Дневник - Валентина Ангеловска - 18.11.2008

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=115B5DBECF97E04A8B5ABF95057335CD&arc=1 - Изгор цена за кубик дрва

Поради зголемените цени, граѓаните купуваат помалку дрва за огрев, лани земале по шест, а сега по само четири кубици дрво, велат упатените
Препродавачите во ек на грејната сезона ја зголемија цената на дрвата за скоро 1.000 денари. Кубен метар дабово дрво во приватните скопски складишта достигна фамозни 3.200 до 3.500 денари. Буката е поевтина и се движи од 2.700 до 3.000 денари за кубен метар. Во помалите градови цената е пониска за десетина отсто, но ако побарате да купите дрва, ќе ви речат дека нема.

...

СЕЛСКАТА СЕЧА ПОЕВТИНА

Огревното дрвото што „Македонски шуми“ ќе го продава в година ќе биде исечено, исцепено и спакувано со различен волумен. Со тоа граѓаните би добиле целосно преработено дрво. Од годинава Владата ја врати можноста одредена категорија граѓани, кои живеат во руралните средини да се снабдат со огревно дрво директно од шумата и тоа во одреден временски период од годината и со определена количина. Секое семејство ќе може да купи само 14 кубни метри дрво. Цената на дрвото набавено на овој начин изнесува 999 илјади денари. Социјалнозагрозените граѓани ќе може да се снабдат со огревно дрво собрано како остаток по сеча за 560 денари.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=115B5DBECF97E04A8B5ABF95057335CD&arc=1 - Дневник - Валентина Ангеловска - 21.11.2008



Posted By: beTon
Date Posted: 26-Nov-2008 at 08:00

еве нешто прирачници кои може да послужат како насока како до ИПАРД кредит!
од цел муабет ќе излезе дека човек од село, а и од град, никогаш нема да се запне да исполни еден куп критериуми и препораки како би стигнал до некој поволен кредит. ова најверојатно ќе треба да го турка Платежната Агенција ИПАРД чие формирање е во тек, но ќе треба и некој модел на здружување да се направи како би се олеснило добивањето на ИПАРД кредити (како што ги наведува капитал како досегашни европски искуства, во подолната анализа)...

незнам дали е подобро човек цел живот да вози такси или уште сега да се врати на село и да инвестира во земјоделие?! но во принцип за такво нешто треба голема волја и еластична кичма кои освен од идеолошки мора да бидат и од економски агол издржани, а и долгорочно одржливи...
кај нас пред се проблемот е, што исклучиво се оди на суровина, но не и на финален производ. сетне не се живеело од земјоделие! ќе живеат бугарите и грците од нашата пот кога државата не знае како да ги мотивира луѓето да го пренасочат вниманието кон финални производи и поголем профит. а и таа не е крива до пред некое врме немаше ни лабараторија пример за органско сертифицирање, а за некакви колективни ладилници и калибратори нема ни абер...! вака гледано - разбирливо е зошто социјалната категорија таксисти не се вртат или враќаат кон селото, а оние пак и што ќе се решат на таков чекор освен компир, бостан, пипер и грозје ништо друго не фаќаат, за инвестиции од типот http://zlatnistranici.com.mk/preview.aspx?FirmaID=2001064 - шитаке , http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=5&articleId=300 - полжави , http://www.vest.com.mk/default.asp?id=123859&idg=6&idb=1877&rubrika=Revija - аронија , http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1795&stID=11542 - цвеќе ... кај нас нема место, тоа е само за на филм... 

http://www.mrfp.org.mk/WBStorage/Files/Uspesno%20iskoristuvanje%20na%20fondovite%20na%20IPARD.pdf - ПРИРАЧНИК ЗА УСПЕШНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ФОНДОВИТЕ ИПАРД - www.mrfp.org.mk - 09.04.2007

I - СПОРЕДБЕНИ ИСКУСТВА ВО КОРИСТЕЊЕТО НА ПРЕДПРИСТАПНИТЕ ЕУ ФОНДОВИ: КАКО ДА СЕ ИЗБЕГНАТ ГРЕШКИТЕ? - стр.7

  1. Вовед 7
  2. Пристап за користење на фондовите ИПАРД - стр.9
      2.1. Подготвителни активности и мерки
      2.2. Споредбени искуства
      2.2.1. Проблеми при воспоставување
      2.2.2. Нетранспарентни процедури
      2.2.3. Мерење на успехот
      2.2.4. Фокус на институционално јакнење, дефокусиран од комплицирани административни процедури на децентрализираните системи
      2.2.5. Проблеми со кофинансирањето
      2.2.6. Што со ДДВ и со каматите?
      2.2.7. Злоупотреби при распределбата на средствата
  3. Пораки за почеток - стр.18
      3.1. Прв чекор – програмирање
      3.2. Која е целта?
  4. Заклучок - стр.22

II - ПОЗИТИВНИ ИСКУСТВА И ПРАКТИКИ НА ДРЖАВИТЕ КАНДИДАТКИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И ПРЕПОРАКИ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - стр.25

  1. Препораки на ЕУ - стр.25
  2. Принципот на партнерство - стр.31
  3. Апсорпциски капацитет и институционална изградба - стр.34
  4. Заклучок - стр.39

III - ПОДГОТОВКИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ФОНДОВИТЕ ИПАРД - стр.43

  1. Вовед - стр.43
      1.1. Што претставува ИПА?
      1.2. Што претставува ИПАРД?
  2. Подготовки на Македонија за користење на ИПАРД - стр.45
      2.1. Формирање агенција која ќе раководи со ИПАРД
      2.2. Анализа на потенцијалот на Македонија за успешно Раководење со ИПАРД
      2.3. Креирање план и програма за ефикасно искористување на фондовите ИПАРД
      2.4. Транспарентно скенирање на состојбата со руралните области и земјоделството во Македонија
  3. Придобивки од ИПАРД за Македонија - стр.50
      3.1. Подобрување на стандардот на земјоделците
      3.2. Подобрување на пазарната конкурентност и ефикасност
      3.3. Зголемување на вработувањето во руралните области
      3.4. Подобрување на ветеринарните стандарди
      3.5. Зголемена заштита на животната средина
      3.6. Институции во РМ кои ќе имаат придобивка од фондовите ИПАРД
      3.7. Други вклучени страни (стакехолдерс) и корисници од фондовите ИПАРД
  4. План за одржливост и одржување на инвестираната помош - стр.54
      4.1. Тело/институција одговорна
      4.2. Инвестирање во човечки ресурси
      4.3. Начини на мотивирање и наградување на најуспешните за одржливост на проектите
  5. Заклучок и препораки - стр.57

IV - МОЖНОСТИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФОНДОВИТЕ ИПАРД ЗА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ - стр.59

  1. Дали Македонија е подговена за искористување на фондовите ИПАРД - стр.59
      1.1. Досегашни подготовки и постигнати резултати
  2. Проблеми на кои ќе наидеме во подготовката на апликациите за користување на фондовите во секторот земјоделство и рурален развој - стр.66
      2.1. Регистрирање земјоделци
      2.2. Едукација на земјоделците
      2.3. Регистрирање фарми и матично книговодсво
      2.4. Регулативи за изградба на фарми и исполнување стандарди за животна средина
      2.5. Финансиско книговодство

V - ВОДИЧ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВА ОД ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ НА ЕУ - ИПАРД - стр.75

  1. Вовед - стр.75
  2. Критериум за одобрување проекти - стр.79
  3. Финансирање - стр.80
  4. Постапка за пријавување - стр.81
  5. Исплата на средства - стр.82
  6. Контрола и надзор - стр.84
      6.1. Административна контрола
      6.2. Контрола на теренот
  7. Враќање на средствата - стр.85
  8. Забелешка - стр.86

VI - МЕТОДОЛОШКИ ПОСТАПКИ ПРИ ИЗРАБОТКА НА ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОГРАМИ ЗА АПЛИКАЦИЈА ЗА ИПАРД - стр.91

  1. Вовед - стр.91
  2. Заедничка методологија за изработка на инвестициски програми - стр.922
      2.1. Детална разработка на заедничка методологија за изработка на инвестициски програми
      2.1.1. Резиме на инвестициската програма
      2.1.2. Анализа на развојни можности и способности на инвеститорот
      2.1.3. Анализа на пазарот на продажба
      2.1.4. Технолошко-техничка анализа
      2.1.5. Анализа на пазарот на набавка
      2.1.6. Анализа на локацијата
      2.1.7. Анализа на заштита на човековата околина
      2.1.8. Финансиска анализа
      2.1.9. Финансиско-пазарна оценка на проектот
      2.1.9.1. Статичка оценка
      2.1.9.2. Динамичка оценка
      2.1.9.2.1. Оценка на рентабилноста
      2.1.9.2.2. Оценка на ликвидноста
      2.1.10. Анализа на осетливоста
  3. Искуствата од Словенија при изработка на инвестициските програми за САПАРД - стр.105 (методолошката постапка)
  4. Искуствата од Бугарија при изработка на инвестициските програми за САПАРД - стр.108
  5. Искуствата од Хрватска при изработка на инвестициските програми за САПАРД - стр.110
  6. Заклучоци - стр.112

Прирачник со најдобрите методолошки практики од партиципативниот пристап на АЛКА за одржлив развој
http://issuu.com/dejankostic/docs/priracnik_alka?mode=embed&documentId=080604195516-9f30fda92c8344a4863c4a6d76be961b&layout=grass - УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕДПРИСТАПНА ПОМОШ НА ЕУ ИПАРД - стр.88

  • Услови
  • Критериуми за одобрување на проекти
  • Финансирање
  • Постапка за пријавување
  • Исплата на средства
  • Контрола и надзор
  • Враќање на средства

http://www.mzsv.gov.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=329&Itemid=47 -
http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=5&articleId=322 - Партнерството е основа за користење на европски средства! - Total - Анализа

Во насока на подигање на темата “европски фондови” на повисоко ниво во процесот на европска интеграција на Македонија, “Капитал” преку конференцијата “ЕУ фондови- можности и перспективи” сака да ја & ги претстави на македонската јавност и на потенцијалните корисници на ЕУ фондовите основните принципи и критериуми кон кои се придржува ЕУ при доделување на фондовите. Јавно-приватните партнерства се едни од нив! Фактот дека Македонија како земја-кандидат за членство во Европската Унија има на располагање 210,5 милиони евра не значи многу ако субјектите на кои се наменети средства не знаат како истите да ги искористат. Македонската јавност се уште нема доволно информации за критериумите и начините за користење на петте ИПА компоненти кои во крајна линија треба да ги научат македонските компании, општини, граѓански организации и други на европските правила на игра. Партнерството е основен принцип во процесот на подготвување на националните планови и програми за развој на руралните средини. Спрема регулативите на ЕУ, за партнери се сметаат: Европската комисија, земјата кандидат, локалната власт, економските и социјалните партнери и други претставници на граѓанското општество. Целта на партнерството е планирањето на програмите кои ќе се финансираат со овие фондови и програмирањето на приоритетите да соодветствуваат на реалните потреби. Партнерскиот однос на заинтересираните субјекти од друга страна е гарант дека реализацијата ќе биде ефективна и ќе се изгради соодветен капацитет за развој. Принципот на партнерство бара сите партнери да ги презентираат нивните мислења и предлози на транспарентен начин уште од почетокот на процесот на планирање. Примената на принципот на партнерство самата по себе претставува и механизам за подигање на апсорпцискиот капацитет на земјата зашто користењето на ИПА фондовите нема да биде можно без мобилизирање на напорите на широк круг локални и регионални партнери за формулирање и предлагање поголем број квалитетни проекти. Силното партнерство со приватниот сектор отвора врата и за приватно кофинансирање, кое ќе обезбеди дополнителни средства за кофинансирање. Искуствата од поранешните земји кандидатки покажуваат дека онаму каде не се извршени консултации со локалните партнери, многу помали биле шансите за успешна реализација на проектите.


ИПА - распределба по сектори

Искуството на другите земји

Многу поранешни земји кандидатки формирале месни иницијативни групи од 20 до 25 членови како начин за мобилизирање на локалните потенцијали и ресурси, како и работни групи со посебни надлежности. Ирска основала месни иницијативни групи кои ги акцентирале специфичностите на одделните реони. Тие ги одредувале приоритетите и разработувале интегрирани бизнис-планови за локален развој, а преку користење нови технологии со цел производите на руралната област да бидат поконкурентни. Во локалните одбори биле вклучени советници, претставници на јавната власт, приватниот сектор и претставници на граѓанското општество кои ја предлагаат стратегијата за рурален развој. Преку принципот на партнерство, во процесот на планирање и развој на проектите вклучено е јавното приватното партнерство (ЈПП) и хоризонталното партнерство помеѓу повеќе општини. Унгарското искуство исто така познава месни иницијативни групи на микрорегионално ниво, но е отидено уште подалеку преку формирањето на т.н. „Рурален парламент” во 1998 г. каде учествуваат 490 национални и локални претставници на граѓанското општество (ГО), 100 граѓански агенции за развој, 400 членски организациии. Целта е преку принципот на партнерство да се изгради мрежа од иницијативи за развој, зајакнување на организацискиот капацитет и соработка меѓу различните учесници во развојот, размена на информации и вршење обуки, „изградба на мостови” меѓу владата и ГО за носење одлуки, меѓународна соработка, лобирање за руралниот развој и др. За Полска е карактеристично основањето на Полскиот рурален форум. Мисијата е да се обезбеди партнерство меѓу организациите кои учествуваат во Форумот (Рурална развојна фондација, Полски партнерски фонд за животна средина, Кооперативен фонд, Национална асоцијација на претседатели на селските совети и др.) и истите да соработуваат во подготовката на „Рурална Полска” за работа во ЕУ. Форумот промовира одржлив развој на руралните средини преку интегрирање на економските интереси на руралната популација со заштита на природната средина и културното наследство. Во Бугарија владата создаде посебен фонд за помагање на општините за усвојување средства од еврофондовите, претежно за помагање при разработка на проекти и оперативни програми за развој на земјоделството и селските реони. (Извор: “Успешно искористување на ИПАРД фондовите”



Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Nov-2008 at 08:19
Бетон добра ти е поентава со оние ексцентрични култури. Кај нас е све граф жито, граф жито и така со години и владат крива после. Пред некој ден гледав онаа емисијата кај Велија за земјоделие како се викаше не ми текнува. Имаше интересни факти колку можат приход да донесат само оние ретки култури како малина или киви, или па животни како полжави, ноеви. Имаше во емисијата еден земјоделец, кој што се гледаше дека беше во тек со технолошките новости, кажа демек дури ни она жито што се сади луќево не го сејат како што треба. Од механизација користат дрљача што е секаде у свет исфрлена од употреба. Исто така на пример новитет во свет е да се користат ваљаци, а нашите земјоделци тоа воопшто не го користат. Значи зборот ми е дека освен што треба делумно баталување на овие стандардни култури и свртување кон она што се бара на пазарот, треба и технолошки да бидеме во тек. Еден дел се криви земјоделците зашто упорно ја пикаат главата во песок и не сваќаат дека 20 години сме капитализам и дека гарантиран откуп е нешто што треба да го заборават. Но во друг дел се крива и сите влади уназад поради тоа што не им дале на располагање општетвена м,еханизација која треба да биде само отскочна даска за малите бизниси и после тоа земјоделците сами да си набавуваат механизација. Еве сега колку пто знам имаше набавено владата некои јапонски трактори, ама уште по битен дел се оние приклучни уреди.


Posted By: beTon
Date Posted: 26-Nov-2008 at 08:53

мене не ми боде толку очи екстензивно земјоделие па и новите култури, иако нормално доколку сакаш едноставен и брз приход, вложуваш во добра механизација или  техника(капка  по капка) и во култури кои се трошат, држат цена и се бараат. главен момент е што не се размислува како на едноставен начин да го сочуваш долготрајно плодот а и да профитираш турбо од истиот! па така доколку само малку вложиш (не е  беспари но) во некаков финален производ пример место малина на кило, компот од малина во тегла/конзерва од пола кило, тогаш и нема да знаеш што натака а и од еднаш креваш категорија од мал во среден стопанственик... иако компотите се најпримитивна форма на преработка на овошјето сепак поентата е во конзервирањето и можноста за тактизирање околу пласманот, исто ваѓи и за зеленчукот па ако не можат финален бар полуфинален производ нека продаваат, а не бамјите од туку во турција ги извезуваме за од турција во конзерви да ни ги вратат по рафтовите во веро, случај со скоро секоја култура во МКД, незнам што беше ова од неорганизираност но очигледно дека за овој народ единствено е чаре владата да интервенира и инвестира, модел сличен на социјализмот но со постоење на приватна сопственост, како што е шведска, па онаму каде нешто сме мањак нека пушти вода, дали било тоа во конзервни фабрики, колективна механизација, ладилници, калибратори... па навистина ќе биде греота кога цела земја некој утре ќе ни ја купи бадијали а после или ќе ни ја изнајмува или ќе му бидеме исполџии на истата... незнам што направија со искуствата од израел што беа и таму  нашите и тука израелците, т.е. муабетот со кибуците?!

абе лсл толку малку народ сме што само да почнеме за сопствени потреби да произведуваме овошје и зеленчук нема да можеме да го покриеме пазарот а не па да извезуваме, но едно што државата е без стратегија(сега нешто најавуваат) а сосем трета работа што сите малади денес сакаат да бидат исклучиво или  монополисти или озетеисти, секретарки или манекенки! секоја чест за прогресивното малцинство натуралисти и хипици кои се враќаат кон земјоделието, но тие немаат сила да ја преструктуираат МКД кон интензивно земјоделие и турбо преработувачка прехрамбена индустрија...



Posted By: beTon
Date Posted: 28-Nov-2008 at 21:22

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=19021 - Од идната година земјоделците ќе плаќаат помал персонален данок

Земјоделците што ќе остваруваат приход до 300.000 денари од идната година ќе бидат ослободени од данок, а оние чиј приход ќе изнесува од 300.000 до 1,3 милиони денари ќе плаќаат 10 отсто данок на добивка
 
Измените на Законот за персонален данок што сега се во собраниска процедура, а ќе се имплементираат од 1 јануари 2009, практично значат сосема нов модел. Досегашното плаќање по катастарски приход се менува комплетно, рече Спасеноски.

Согласно измените, сите земјоделци што остваруваат приход над 1,3 милиони денари ќе се третират како даночни обврзници.

- Реалниот приход во земјоделството ќе биде 20 проценти наместо 65 отсто како досега. Ако се оствари максимален приход од 20.000 евра, ќе се плаќаат 400 евра данок, посочи министерот.

Според Законот, од 100 отсто добивка, 35 проценти се книжат како трошок, а за 65 отсто приход се плаќа данок, но, со измените, 80 отсто од приходот ќе се признава како трошок, а за 20 отсто ќе се плаќа персонален данок.

Спасеноски потсети дека субвенциите за идната година, проектирани на 70 милиони евра, ќе бидат уште една олеснителна мерка за земјоделците.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=19021 - Кирилица -  28.112008

што има поубаво за земјоделците од растеретување на персоналецот кој од неодамна и доколку не сакаа мораа индиректно да го плаќаат пример како млекарите... ова сега веќе е муабет за поздравување, работава е сериозно олеснување за земјоделците, во најмала рака ќе се амортизираат најавените удари на глобалната рецесија или поотимистички гледано ова и уште неколкуте олеснувања што ги воведе владата [ http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=100781 - 1 ][ http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=100854 - 2 ] ќе ги наполнат амбарите на селаните полесно и побрзо...



Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Nov-2008 at 21:31
Незнам зашто уште даноците кај нас се толку сатанизирани. Како да е ова турско време па да се плаќа некој присилен данок за безвезе. Во секоја нормална држава сите граѓани плаќаат данок. Се слагам со меркава колку за почеток да биде како една отскочна даска за земјоделците и сточарите, но да не биде тоа навика и некој да си се навикне на таквата ситуација.


Posted By: beTon
Date Posted: 28-Nov-2008 at 22:32

абе како тргнало и пчеларите ќе бараат да им се даде бенифициран стаж, ова темпо што го наметнува грујо сега, сите сакаат да го искористат па кој преку ред кој со сила сака одма да си обезбеди позиција, иако реално откако портокаловите се настрвија да вложат во двокатните оставија простор сите да се надеваат дека МКД може да си дозволи и треба да си дозволи луксуз...

но кога станува збор за земјоделието мислам дека не треба да се жали ниту бенефиции ниту олеснувања, така е по цел развиен свет! таму оној што сака да биде земјоделец ги има најдобрите услови и поволности за живот и работа, доволно е само човек да има желба, се друго му е наредено од државата до степен на целосно покривање на производствените трошоци, нему му осатнува само кајмакот да го бери и да става високи маржи на сопствениот труд... во хрватска само од овци пасење се живее богато, а доколку пак инвестираш во некаков производ пример сирење, е тогаш можеш и лексус да си дозволиш да земеш на лизинг! луксуз доволно голем и примамлив за од тука наголемо да оди народ да пасе таму овци за плата од илјада евра! http://217.16.70.245/?pBroj=2044&stID=65546&pR=20 - Професија овчар - Утрински - 31.03.2006 илја добро таму и нешто повеќе вештачки е кренат стандардот па со плата од илјада евра можеш да живееш како тука со 500, но оваа плата оди за овчарот, а што е со газдата на трлото, тоа незнам нагаѓајте?! 



Posted By: beTon
Date Posted: 30-Nov-2008 at 21:00

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=40733&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - Костеновите насади во дебарско, годинава, Бог ги дарува со рекорден род - К5 - 15.11.2008

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=234&ArticleID=11447 - Во Дебарско рекорден род кај костените

Костеновите насади во Дебарско годинава забележаа рекорден род. Сопствениците се презадоволни од родот, но бараат да се направи организиран пласман. Костенот во Дебарско го одгледуваат над 200 семејства. Годишното производство е околу 400-450 тони. Според началникот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Вејсел Дука, во Дебарско има над 250 хектари со овошна градина костен.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=234&ArticleID=11447 - НоваМакедонија - 19.11.2008

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4B663D69F3D0284F96DC61E280A852A1 -



Posted By: beTon
Date Posted: 14-Jan-2009 at 15:54

се работи за министерска епизода од емисијата Фармер на А1 од 21.12.2008 иако интервјуво е за во патна мрежа бидејќи сепак претежно ги тангира локалните селски патишта се одлучив да го постирам тука, повеќе како интермецо џем на министерот за транспорт и врски, а во однос на агилноста и волјата на општините бар за населените села да обезбедат асфалтиран пат. 

снимката е колку толку добра, но синхронизацијата касни заради дефицит на фрејмови, сепак добро е со оглед дека е снимен со http://applian.com/replay-video-capture/index.php - Screen Recorder [ http://www.techsmith.com/camtasia.asp - 1 ] инаку  се решив вака да ја симнам  емисијата бидејќи обично клиповите од сајтот на ИнтерНИК ги тргаат за месец дена евентуално два, а друг начин за да ја симнам или линкувам не најдов, па мислам дека и вака ќе заврши работа.

http://video.google.com/videoplay?docid=4111263838226238071 - video.google.com/videoplay?docid=4111263838226238071



Posted By: beTon
Date Posted: 23-Jan-2009 at 22:12

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=AE2A8E148E758747A4AE3A29B3274303&arc=1 - Фали град, живеј в село - Дневник - 20.01.2009
...Не смееме да дозволиме визната либерализација да му зададе нов удар на селото...
http://www.tocka.com.mk/vest.php?vest=9359 - Животот на село, благодет за секоја трудница - Точка - 09.09.2008

http://www.makedonskosonce.com/broevis/2008/sonce744.pdf/46_47_devic.pdf - Заживување на Животот на село - МакСонце - 03.10.2008
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=54BB380F50BBDE46AEE3EB21D2C2DB1C - Лопата блуз - Утрински - 07.07.2008
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=53B136888CED8648B18206D9B29AA997&arc=1 - Регионален и рурален развој - Дневник - 25.01.2008

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ED89CA4C28C0294C875DDDD7097D9B1C - Мелеви се вратија од Словенија во сиромашното Суво Грло - Утрински - 17.07.2007

http://www.maticanaiselenici.com/index.php?page=read_news&id=6710&PHPSESSID=5aa2755e64523a6de7216b1aeedfab19 - Бебе пропеа каде што ни пиле не пееше - МИ - 09.07.2007

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=68C006BD49A7144AA2D7DA7BA34FC7E9 - Во Радoво по триесет и пет години се слушна плач на бебе - Утрински - 01.11.2006

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=256B519D1E407344907C568AD6474E94 - Струмичките градски моми стануваат селски снаи - Утрински - 30.12.2006

http://217.16.70.245/default.aspx?pbroj=1889&stID=44100&pdate=20050927 - Ни посетата на Русинките не ги усреќи битолските ергени - Утрински - 27.09.2005

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2636&stID=45488 - Невести од Албанија за 1.000 евра http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2636&stID=45488 - - Дневник - 16.12.2004

http://217.16.70.245/default.aspx?pbroj=1654&stID=27187&pdate=20041216 - Луѓето и земјата - Утрински - 16.12.2004

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2606&stID=43329 - Синот се врати на огништето што го напуштиле родителите - Дневник - 11.11.2004

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2079&stID=14495 - Во Демир Капија отворена првата фарма на ноеви во Македонија - Дневник - 04.01.2003

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=52985&idg=3&idb=714&rubrika=Revija - Малиот Петар ги враќа животот и традицијата во Витолиште - Вест - 23.11.2002

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2734&stID=53034 - Среќни Луѓе - Фали град, живеј в село - Дневник - 21.12.2001


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Jan-2009 at 22:21

http://iris.ftpaccess.cc/index.php?option=com_content&view=article&id=463:2009-01-13-13-38-03&catid=39:lokalnivesti&Itemid=83 - Агенцијата за потикнување на земјоделството ќе ги советува земјоделците

Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството од четврток ќе излезе на терен да им помогне на земјоделците полесно да стигнат до парите предвидени за субвенции. Од Агенцијата за потикнување на земјоделството велат дека ќе ги посетат сите 250 села што се под нивна надлежност за да се избегнат грешките и потешкотиите што постоеја при распределбата на субвенциите во 2008.

-„Ќе им помагаме на земјоделците од сите села за да можат полесно да ја потполнат документацијата и да може полесно да дојдат до субвенциите“-вели Ристе Огњанов, раководител на Регионалниот центар на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството. Во 2009-та се предвидени субвенции од 70 милиони евра. За стратешките култури се предвидува 6.000 денари од хектар за житарици, за предадено грозје во домашни винарии по 2,5 денари и дополнителни 7.500 ден за хектар, за млекопроизводителите освен 2,5 ден. за литар млеко и 2000 денари по грло, 45 денари за килограм тутун, за овца 850 денари, во свињарството 1.000 денари по грло предадено во кланица.

http://iris.ftpaccess.cc/index.php?option=com_content&view=article&id=463:2009-01-13-13-38-03&catid=39:lokalnivesti&Itemid=83 - Ирис - 13.01.2009

http://alsat-m.tv/mk/ekonomija/9519.html - Бирократските процедури ја намалуваат достапноста на земјоделските субвенции

Бирократските и катастарски проблеми можат повторно да им се испречат на земјоделците и сточарите и голем дел од нив да не ги добијат државните субвенции за годинава.
Од државата велат дека годинава на земјоделците ќе им даваат повеќе совети како да дојдат до 70-те милиони евра, а жените фармери имаат за 10 насто поголеми субвенции од мажите.

Долгата катастарска процедура, непочитувањето на роковите за апликација, нерешените имотно правни односи и неподмирувањето на долговите кон институциите се главните причини поради кои поголемиот број на земјоделци не добиле субвенции во минатата година.
За да не се повтори истата грешка обучени лица ги советуваат како да дојдат до државните пари. По забелешките од земјоделците, Владата реши од годинава да ја скрати постапката и потребната документација за добивање на овие парични надоместоци.

„Веќе има активно вклучување на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството преку своите советодавни услуги што во голема мера сметаме дека ќе го унапредат начинот на аплицирање и запазување на роковите пропишани за аплицирање. Се надеваме дека и аплицирањето ќе биде порамномерно во текот на времето дадено за аплицирање, а не како што беше лани најголема навала да има последните денови“ изјави Тони Димовски, директор на Агенција за финансиска подршка во земјоделството

А, веќе втор ден тече рокот за пријавување. Со намалување на процедурата годинава се очекува бројот на субвенционирани земјоделци да се зголеми. Лани оваа помош ја добиле 80 илјади од кои само 20 беа жени. Министерството ги подржува жените да се вклучат активно во оваа гранка.

Жените фармери кои се носители на дејноста имаат за 10 отсто поголеми субвенции. А, од програмата за рурален развој 60 до 65 отсто им се дава повраток на средствата за сè она што ќе го инвестираат вели министерот Ацо Спасеновски.

Пријавувањето за добивање на овие државни пари ќе трае до 15 февруари, а први ќе ги добијат земјоделците кои веќе засејале житни култури.

http://alsat-m.tv/mk/ekonomija/9519.html - Алсат - Верица Милева - 21.01.2009

Зоран Ставрески, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања
http://www.maticanaiselenici.com/index.php?page=read_news&id=6795&PHPSESSID=786c6751347edc577a4523c25ffcd1ef - Над 500 милиони евра од буџетот за земјоделците до 2012!

...

Земјоделството е една од областите каде ВМРО-ДПМНЕ најави целосна преродба. Ветувате многу пари за стимулации. Дали имате јасни цели што сакате да постигнете, со оглед на сомневањата на некои експерти дека субвенциите не се добро поставени и може да не резултираат со зголемување на производството?

Нашата политика во земјоделството е со јасна визија и е ориентирана кон резултатите. Битно е да се зголеми приходот на земјоделците, да се зголеми конкурентноста и пласманот на македонските земјоделски производи на европските пазари и да се подобрат условите за работа и живот на село. Ефектите на ниво на земјата ќе се позитивни од аспект на илјадници нови работни места, нето- прилив на девизи и суфицит во размената на земјоделски производи со странство. Тоа се постигнува преку издвојување на 45 милиони евра субвенции во 2008 година, десеткратно повисок износ во однос на порано, кој понатаму прогресивно ќе расте до 130 милиони евра во 2012 година, односно кумулативно 500 милиони евра во периодот од 2008 година до 2012 година. Го решивме и долгогодишниот проблем на откуп и пласман на производите, оваа година сe се продаде по најдобри цени. Со влезот на познати фирми како Агрокор и други и изградбата на најмалку четири откупни центри, пласманот на земјоделските производи ќе биде сигурен и цените ќе бидат многу повисоки од досега. Со овие мерки најголемиот дел од земјоделците се задоволни. Се разбира, секогаш ќе има некој незадоволен и секогаш може и подобро. Затоа, ние сме во постојан контакт со земјоделците, нивните здруженија и експертите, ги слушаме нивните коментари и сугестии и постојано ја подобруваме нашата земјоделска политика. Таа е жива материја и постојано се прилагодува на реалноста и потребите на земјата.
Како ќе се измерат ефектите и успешноста од големите трансфери од дравниот буџет во земјоделството?
Главно мерило ќе биде зголемувањето на производството, што е од исклучително значење бидејќи храната денес е стратешки производ и зголеменото домашно производство ќе овозможи да се ублажи ефектот од високите увозни цени. Секако позитивни ефекти ќе се остварат и кај извозот, односно девизните приливи. Се разбира, основниот ефект ќе биде повисокиот доход за земјоделците, поквалитетниот живот и повторното заживување на селските подрачја.
Во контекст на најавената финансиска поддршка за земјоделството, дали се зборува само за пари од буџетот или во оваа сума се вклучени и парите од европските претпристапни фондови? И дали земјоделците се информирани на кој начин можат да ја добиваат таа финансиска поддршка?
Износот од 500 милиони евра е чисто буџетска поддршка за земјоделството. На тоа треба да се додадат претпристапните ИПАРД фондови за земјоделството. Ние во 2007 година ја формиравме ИПАРД платежната агенција чија акредитација ќе овозможи веќе во 2009 година македонските земјоделци да почнат да добиваат европски фондови за развој на земјоделството и финансирање на проекти. 

На долг рок, со политиките за поттикнување на земјоделското производство создадовме услови за пораст на домашната понуда на храна, што е многу значајно.

...

http://www.maticanaiselenici.com/index.php?page=read_news&id=6795&PHPSESSID=786c6751347edc577a4523c25ffcd1ef - МИМ - 16.06.2008

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=C70FC48946FB144C8AFFE451FB1C2EF6&arc=1 - Интервју  со директорот на платежната агенција за земјоделците - (Идното) ОВА ЛЕТО ПРВИТЕ ПАРИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД ЕУ - Дневник -  11.08.2008

http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp - АФПЗРР (Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој) - ВЕСТИ  



Posted By: beTon
Date Posted: 25-Jan-2009 at 19:18

ај што среќа имаа фармерите да им го скрши атерот "свето ирачанецот", таман поверувавме сите дека млекарите ќе видат бел ден, почнаа да добиваат и бесплатни лактофризери, и мобилни сензори за бактерии и маститис(бар беа во најава), и редовно беа плаќани и се отвори побарувачка за биолошко млеко(храната за крави без концентрат, исклучиво трева) со дупла цена за кооперантите, и уште еден куп работи кои ветуваа долгорочна селска идила, и кога разјафениот пријателот на зоре им влета со макази на швеѓаните! како ќе заврши овој калабалак може само да нагаѓаме, но едно е сигурно дека швеѓаните се наголтаа балкански марифети сосе млекото... да не објаснувам в овие два текста може да се разбере од кога и каде почна агонијата на сведмилк односно нејзините кооперантите кои претходно на културен начин ги извади од ИМБ!  

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=94319EE459DC274092A7BD42377EC20F - „Сведмилк“ ги затвора погоните? - Борба за превласт меѓу акционерите на шведската млекарница. Оскарсон: Ќе се борам докрај и не заминувам - Утрински - 26.11.2008

[ http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3F354C1A97AEAB46BC8A7B4A21230251 - 1 ]

http://volanskopje.blogspot.com/2009/01/blog-post_24.html - „Сведмилк“ - зошто пропаѓа ... ке интервенира ли државата ... каде се парите ... - ВОЛАН - 24.01.2009



Posted By: beTon
Date Posted: 10-Feb-2009 at 13:31
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=3FF665F7C441144C84FF5D13DE19B10E&arc=1 - Земјоделските инспектори со полициски овластувања

За да откријат земјоделски криминал, првпат ќе имаат право да користат стоп- палка за запирање на возила, да наплаќаат мандатна казна и да конфискуваат узурпирани ниви

Земјоделската инспекција засилено ќе контролира дали семињата одговараат на стандардите за квалитет

Земјоделските инспектори ќе добијат овластувања како и полициските службеници. Со Предлог-законот за Државен инспекторат за земјоделство, инспекторите во откривањето и спречувањето на земјоделскиот криминал првпат ќе имаат право да користат стоп-палка за запирање возила, да наплаќаат мандатна казна, па дури и да конфискуваат узурпирана земјоделска земја. Исто така тие ќе може и да запечатат објект ако утврдат дека во него недозволено се продавал семенски материјал или средства за заштита од болести и штетници. Експертите велат дека со овој закон ќе се зголеми ефикасноста на инспекторатот, бидејќи е предвидено соединување на Државниот инспекторат за земјоделство со Фитосанитарната инспекција.

Марихуана сред нива со пченка, семиња што не одговараат на стандардите за квалитет, расипана добиточна храна, недозволени средства за заштита на растенијата, вино што не ги задоволува стандардите, мрежи за недозволен лов на риба се само дел од стоките пронајдени од Земјоделската инспекција при направените контроли изминативе неколку месеци. Во инспекторатот објаснуваат дека нивните инспектори се постојано на терен, но малверзациите од страна на трговците и производителите се во постојан пораст.

- Не велиме дека ова нема да се случува и понатаму, но сигурни сме дека со новите казни и овластувања на инспекторатот овие појави ќе се намалат - велат во Инспекторатот. Земјоделците велат дека секоја година имаат проблем со набавка на семенски материјал, кој најчесто е фалсификуван и наместо предвидениот род, на крајот може да не добијат ништо. Според нив состојбата со шверцот на семенски материјал е алармантна.

- Минатата година купив семе за домат, кое требаше да ми гарантира висок принос. Имав и мое семе оставено од претходната година. На крајот се покажа дека од домашното семе добив поквалитетни домати. Кога се пожалив кај трговецот дека семето му е неисправно, ми рече дека не сум знаел како се одгледуваат растенијата - вели Раде Стојановски од Струмица.

Инспекторите посочуваат на многубројни примери, кога во пакување од препарат што се користи кај нас, наоѓаат препарати што се шверцувани и со закон не се дозволени. Станува збор за живини препарати кои се многу ефикасни, но и многу отровни. Во Сојузот на земјоделци на Македонија објаснуваат дека и покрај работењето на инспекторите на терен, трговците продолжуваат со малверзации од кои најчесто најоштетени се земјоделците.

Во Министерството за земјоделство велат дека законот ќе овозможи подобро работење во сите дејности на земјоделството, од набавката на семе и други репроматеријали, до рибокрадство и злоупотреба на земјоделската земја. Според Ацо Спасеноски, министер за земјоделство, со новиот закон ќе се намали можноста за корупција на инспекторите, бидејќи се предвидени неколку нивоа на контрола.

- Промени има и во висината на казните за непочитување на законот. Глобата ќе изнесува од 3.500 до 5.000 евра за правни лица, а од 1.000 до 2.000 евра за одговорното лице. Покрај парична казна, со Предлог-законот е предвидена и можност за забрана на вршење на дејноста од шест месеци до една година - вели тој.
 
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=3FF665F7C441144C84FF5D13DE19B10E&arc=1 - Дневник - Валентина Ангеловска - 09.02.2009

интересна новина, но колку истата ќе биде функционална останува да видиме, посебно со рибокрадството и заврзламите со семињата, но мое мислење е се додека не бидне ваквата служба при полицијата, мислам дека ќе олабават уште после два три месеца, тоа во мвр мака мачат да внесат војнички ред а не па во мзсв. но ајде да видиме можеби работите се менуваат на подобро колку толку, еве бар да успејат да го подзапрат касапењето на преспансиот крап, бар во сезоната на мрестот, и ќе видиме можеби некаков аир од новава земјоделска полиција!



Posted By: beTon
Date Posted: 21-Feb-2009 at 05:15
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=1D0FF50098223E44BF57EC434CBD0417&arc=1 - Правници и економисти го водат аграрот

Правници, економисти и професори го водат земјоделскиот сектор, покажуваат статистичките податоци од последниот земјоделски попис. Само 10 отсто од високообразованите кадри во земјоделието се агрономи. Според статистиката, повеќе од половина од земјоделците во земјава се неписмени, односно немаат завршено четврто одделение или одвај завршиле основно образование.

- Бројките се запрепастувачки. Излегува дека необразованите и кадрите од други професии се носители на нашиот аграр - вели универзитетскиот професор Борис Анакиев. Негови истомисленици се и другите професори од Факултетот за земјоделство и храна. Тие тврдат дека на нивниот факултет се образоваат кадри што на крајот чекаат по десетина години вработување и најчесто завршуваат во сосема друга дејност.

Според официјалните статистички податоци, 476.613 лица во земјава се занимаваат со земјоделска дејност. Од нив, 40,5 отсто се со основно образование, 10,6 отсто немаат завршено осмо одделение, а 4,7 отсто ни ден не оделе не училиште. Значи 55,8 отсто немаат никакво земјоделско образование. Со средно земјоделско училиште се само 3,8 отсто од земјоделците, а дури 33 отсто имаат завршено друго средно училиште што нема никаква врска со аграрот.

- Вишо и високо образование имаат само 1,2 отсто од земјоделците, а со друго високо образование се 5,7 отсто. Од нив, магистри и доктори на науки се 0,1 отсто од производителите.Тоа се околу 300 луѓе, што е навистина мала бројка за држава што се декларира како аграрна - сметаат експертите. Според статистичките податоци, во земјоделските фирми во земјава се вработени помалку од 6.000 лица. Експертите укажуваат дека бројките за вработените во аграрот од пописот и од статистичкиот годишник се разликуваат за околу 1.000 лица.

Пописот покажа дека бројот на вработените е 5.540, а според официјалната статистика се 4.611 лица. Не е јасно дали станува збор за нови вработувања или се користат различни методологии. И кај професионално ангажираните работници во земјоделските претпријатија преовладуваат несоодветно образованите. Речиси половина од вкупниот број се со основно образование - 2.108 лица. Со завршено средно земјоделско училиште се само 575 вработени, а со друго средно образование речиси 1.500 лица. Диплома за вишо или за високо земјоделско образование имаат 460 работници, а од друг факултет 434, при што повторно најмногу има економисти и правници.Професорите од Факултетот за земјоделство и храна коментираат дека токму на ваквата образовна структура се должи и долгогодишното тапкање во место на нашето земјоделство.

- На човек што нема земјоделско образование или завршил само осмо одделение не можете да му објасните дека треба да користи нови препарати или на поинаков начин да ја обработува почвата. За него е исправно само она што неговите предци му го пренеле - велат професорите. Земјоделците се согласуваат дека необразованоста е голем проблем. За нив е многу важно експертите почесто да ги посетуваат и на практичен начин да им објаснат како да ги применуваат новитетите.

- Голем дел од граѓаните што останаа без работа најдоа егзистенција во обработката на почвата. Не треба да се очекуваат врвни резултати од електротехничари или од градежни работници, но со текот на времето состојбата сигурно ќе се подобри - велат земјоделците.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=1D0FF50098223E44BF57EC434CBD0417&arc=1 - Дневник - Валентина Ангеловска - 19.02.2009

донекаде е и во ред ваквата неписменост бидејќи доколку малку од малку се разбираат земјоделците во генетика ќе ја сардисаат докрај почвата, Македонија е една од ретките земји која ја нема загадено почвата со пестициди, што е исклучиво резултат на неписменоста, малку и нашиве професори колку за да кажат дека се паметни па велат дека ваквата состојба е лоша, со што нема воопшто да се сложам, единствено е подтребно едукација на земјоделците кои се писмени како и што треба за да се преориентираат на органско производство за кое ќе добиваат далеку повисоки цени со што ќе го надоместуваат мањакот на квантитет, и во исто време ќе го набилдаат имиџот за земјава како место на чиста вода, клима и почва!!!

баш оние кои ја работат земјата според усмено предание се далеку понапредни во науката за аграрот, отколку оние кои добиле писмено предание какви препарати и гмо семиња да пазарат во земјоделските аптеки ширум земјата...

има една вистина а тоа е недоволната свест на професорите на земјоделски кои наместо досега да потикнаа отворање на лабаратории за сертифицирање на органско производство на секој чекор, тие едвај и тоа со помош на владата успеаја само една да ја обезбедат нецелосно! абе саде мозоци!



Posted By: Max
Date Posted: 18-Sep-2009 at 20:46


 

СЕ ВОВЕДУВААТ СТАНДАРДИ ВО СТОЧАРСТВОТО ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Според закон треба да поседуваат интегрирана дозвола, но за неа сопствениците на свињарски и живинарски фарми се уште немаат слушнато.  

Од први јануари 2009 година сите објекти од ваков тип треба да имплементираат стандарди со кои ќе се зачува животната средина. Колку ќе ги чини овој дополнителен трошок, што треба да сменат на своите објекти и колку време имаат за тоа да го сторат сопствениците се уште не знаат.

Лиценците од типот А и Б се еден од условите при аплицирање за добивање средства од ИПАРД фондовите. Без овие дозволи македонскиот аграр тешко ќе влезе во Европа бидејќи искуствата на оние кои веќе го поминаа овој пат велат дека без комплетно имплементирање на сите закони од областа на животната средина нема да можеме да добиеме позитивен сигнал.

Фарма со капацитет од четири до десет илјади пилиња подлежи под интегрирана Б дозвола која треба да ја издаде локалната самоуправа. Дозволата А е во надлежност на Министерството за животна средина, а нивниот бројот на грла во оваа категорија треба да биде над илјада свињи или 700 маторици. Лиценците сите ќе треба да добијат до крајот на 2013 година, а за немање на истата следува и казна од 3.000 евра до затворање на фармата.

http://www.sitel.com.mk/default-mk.asp?ItemID=80F5C5C448C4B04AA29787E6B637F6DE - Сител - Борче Пауновски - 18.09.2009

 



Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2009 at 18:43
Во Прилеп презентирани можностите за финансирање проекти од ИПАРД програмата

24 септември (МИА) - Сојуз на стопански комори во соработка со „Басме тренинг и консалтинг“ денеска во Прилеп одржа презентација на тема: „Европски бизнис концепти и фондови“, за конецептот на општествена одговорност на претпријатијата, како и ИПАРД програмата и можностите за финансирање на проектите со средства од оваа програма.

- Со цел потенцијалните корисници на овој фонд да го дочекаат подготвени повикот, се обидовме да им објасниме кои се условите, процедурите, кои документи треба да ги подготват и на кој начин може да го финансисраат проектот, зошто донацијата од 50 проценти од инвестицијата која ја обезбедува ЕУ, ќе може да ја вратат, откако ќе отпочнат со реализација на инвестицијата, рече Владимир Матевски, извршен директор на ССК.

ИПАРД фондовите се веќе обезбедени и првиот повик за користење на средствата се очекува да биде објавен до крајот на оваа година од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПРР).

Бети Деловска, сопственик на Басме тренинг и консалтинг на денешната презентација истакна дека финансирањето на проектите е исклучително сложена работа и бара издржани проекти, без грешка пополнета документација, како и одлично менаџирање со проектот како во фазата на подготовка, така и во фазата на имплементација.

- Правилата се многу строги, не смее да има никаков пропуст за да може проектот да се разгледа. Ние го имаме искуството од другите земји како Словенија, Бугарија, Полска кое покажува дека ниту една земја не успеа целосно да ги искористи фондовите, додаде Деловска.

http://www.idividi.com.mk/Biznis/MakBiznis/551529/index.html - www.idividi.com.mk/Biznis/MakBiznis/551529/index.html

Првите договори за пари од ИПАРД од мај 2010

Првите договори за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија во областа на рурален развој(ИПА – 5 компонента ИПАРД) ќе бидат склучени до април-мај 2010. година.

Ова денеска го изјави Тони Димовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Според него, во тек се подготовките за објавување на првиот јавен повик за користење на европските претпристапни средства за рурален развој и се очекува тоа да биде направено во декември оваа година.

Тој додаде дека во периодот од 7 до 18. септември оваа година била извршена ревизорска мисија од страна на ревизорите на Директоратот за земјоделство и рурален развој околу пренесувањето на правото за управување со средствата од ИПА петтата компонента-ИПАРД, при што не биле утврдени блокирачки фактори што би го спречиле овој трансфер.

Од Агенцијата очекуваат ревизорите да предложат на македонската оперативна структура за ИПАРД да и се пренесе правото за управување со европските средства во областа на руралниот развој.

„Македонија покажа дека ги поседува потребните административни капацитети, стручност и знаење за управување со европските предпристапни фондови во областа на руралниот развој“, рече Димовски, додавајќи дека официјалната одлука за доделување на правото за управување со средствата се очекува во текот на ноември.

Во периодот од 2007 до 2011. година од европските фондови за рурален развој ќе бидат доделени 45 милиони евра, пари што ќе ги добијат лица кои ќе конкурираат со соодветен одржлив проект.

Сега ќе бидат понудени средства од 2007, 2008 и 2009. година, во висина од околу 20 милиони евра.

http://www.makfax.com.mk/mk-mk/Details.aspx?itemID=9156 - Makfaks - 22.09.2009



Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2009 at 18:55
Првите пари од ИПА в година

ЕУ со 45,5 милиони евра во периодот 2007-2011 година ќе ги поттикнува инвестициите во земјоделските стопанства, вложувањата во преработка и маркетинг на земјоделските производи

Во почетокот на следната година земјоделците треба да ги очекуваат првите пари од петтата компонента од ИПА-фондовите на Европската Унија. Станува збор за 45,5 милиони евра од најкомплицирана компонента на претпристапната помош - ИПАРД во областа на земјоделството и руралниот развој - за периодот 2007-2011 година. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Тони Димовски, вели дека ова е последица на позитивните оценки на Агенцијата од страна на Брисел.

- Не се утврдени никакви проблеми што би го одложиле правото на управување со парите. Се очекува официјалната одлука за доделување за управување со парите да биде објавена во службен весник на ЕУ во ноември годинава. По ова ќе следува објавување огласи на кои ќе може да аплицираат земјоделците - вели Димовски.

Според него, за искористување на парите, неопходно е да се поднесуваат издржани и добри проекти од што ќе зависи дали и колку од парите ќе добијат апликантите. Неискористените пари се пренесуваат од година на година и треба да се искористат до 2011 година, а, во спротивно, се губат.

- За 45,5-те милиони евра конкурираме со проекти и не значи дека сме ги добиле во полн износ. Колку од нив ќе искористиме зависи само од тоа колку добри проекти имаме - велат во Министерството за земјоделство.

Целта на ИПАРД е да се подобрат квалитетот на живеење и стандардот во руралните средини преку зголемување на приходот и отворање можности за вработувања. Инвестиции во земјоделски стопанства, вложувања во преработка и маркетинг на земјоделските производи и диверзификација, односно развој на економски дејности во руралните средини, се трите основни мерки содржани во Програмата. Од таму велат дека клучните сектори за ИПАРД се млеко, месо, грозје и вино и овошје и зеленчук.

Доброупатени извори велат дека ИПАРД има и долгорочни цели - подготовка на агропрехранбениот сектор за исполнување на критериумите на европското законодавство, помош на земјата корисник во подготовките за ефикасно имплементирање на програмите во рамки на Европскиот земјоделски фонд за рурален развој и придонесување за одржлив развој на руралните средини.

- Принципот на поддршка со оваа програма е кофинансирање преку грант за капитални вложувања. Земјоделецот набавува машина или гради, а средствата се исплаќаат по завршување на проектот, за што инвеститорот ќе добие 50 проценти од вложеното. Од тие пари 50 отсто се европски, 25 отсто од буџетот на матичната земја, а 25 проценти се пари кои ги обезбедува самиот земјоделец- велат во Министерството.

Според нив, правилата за користење на европските пари се ригорозни и затоа неколку години наназад нашите земјоделци се вежбаат за овие фондови преку средствата за рурален развој од парите за субвенции.

Од државите-кандидати за членство во ЕУ најмногу пари од ИПА во периодот 2008- 2012 се предвидени за Турција - 3,44 милијарди, а за Хрватска - 769 милиони евра, а за Македонија се предвидени вкупно 507,2 милиони евра.

Целта на инструментот ИПА што почна да се применува од 2007 година е да се стави во единствена рамка целата претпристапна помош за земјите-кандидати за членство во ЕУ - Македонија, Хрватска и Турција, како и за државите аспиранти - Албанија, БиХ, Србија и Црна Гора.

ИПА опфаќа пет компоненти: земјоделство и рурален развој, транзиција и институционална соработка, прекугранична соработка, развој на човечки ресурси и регионален развој. Парите од ИПА се одобруваат врз основа на поднесени проекти во тие пет области, а потенцијални корисници се државните институции, општините, универзитетите, компаниите и земјоделците.

http://sliki.nabu.mk/?klasa=ekonomija&page=100&hl=news&showcluster=8&class=site&dosearch=false - http://sliki.nabu.mk/?klasa=ekonomija&page=100&hl=news&showcluster=8&class=site&dosearch=false


Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2009 at 23:05

http://mk-mk.facebook.com/note.php?note_id=13882254225&_fb_noscript=1 - ЗЕМЈОДЕЛСКА ВЛАДА - http://mk-mk.facebook.com/note.php?note_id=13882254225&_fb_noscript=1

...Во периодот 2008-2012 ќе продолжиме со натамошно зголемување на финансиската поддршка за земјоделството и се обврзуваме да обезбедиме субвенции во вкупен износ од 460 милиони евра. Тоа е најголема финансиска поддршка на эемјоделството во эемјите од Југоситочна Европа!

 45 милиони евра за 2008 година 
 70 милиони евра за 2009 година 
100 милиони евра за 2010 година
115 милиони евра за 2011 година и
130 милиони евра за 2012 година


покрај ИПАРД фондовите кои се добредојдени, мислам дека најдобра финансиска проекција за финансиска помош на земјоделието доаѓа од државата, но сепак истата касни околу иницијативата за форсирање на агроберзи и едукација на самите земјоделци, нешто што ќе бара далеку поголема активност освен иницијатива!

на карјот по текстот има интересен коментар од Тихомир Браздовски зад кој целосно застанувам и јас, впрочем каква и непогода да не ујдиса, економска, политичка, еколошка или трудова, единствен гарант за опстанок на државава е само јако земјоделие!!! навистина е смешно да чекаме утре земјоделските опции и ресурси комплет да им ги препуштиме за експлоатирање на европските земјоделски комбинати, кои ај што се ќе земат по багателни цени, туку и се ќе испрашат со пестициди како побрзо и полесно би ја повратиле инвестицијата, со што не само нас што ќе не загадат, туку шансата за трајно етикетирање на нашиот регион како органски здрав ќе ни го скастрат целосно, па така наместо утре во европа да бидеме на коњ, ние ќе се влечеме како полжави во земјоделскиот сектор...



Posted By: Dragan
Date Posted: 01-Oct-2009 at 22:43
@Max.
Колку што јас знам ние од 1996год. во земјоделието ги имавме CARDS проектите. Тоа беше техничка помош на Европската Униа после договорот за стабилизација и асосиациј. Во тоа време ЕУ не бараше да ние имаме Европски закони ниуту пак фирмите кој беа во транзиција можеа да влезат во проекти на CARDS. CARDS во земјоделието најчесто се имплементираше преку некои технички помоши, а и најчесто 80-90% од сретствата(парите) преставниците на ЕУ ги користеа за себе. Услов за ИПАРД и ЦАПАРД соработката е да Македонија ги имплементира сите закони на ЕУ значи и оние од земјоделието, да изврши реорганизација на земјоделските фирми и на тој начин да се воспостави хоризонтална соработка со ЕУ(соработка на еднакви помеѓу себе) во овој случај веќе имаме правно воспоставен однос за бизнис по сите закони на ЕУ пошто се и нашите при крај на усогласуванње. Е сега СУБВЕНЦИИ во земјодлеието не може да се ТРЕСАТ од рака тоа го нема во ЕУ. Туку секој оној кој е земјоделец мора да има регистрирано фирма, во општината или во министерството да е во база на податоци, да се знае неговото произвоство неговите трошоци неговите приходи и даноците кој ги платил на оваа држава, да ги применува сите технички мерки за прозвоство на здрава храна(ХАСАП системот), на тој начин секој таков после минимун 1 година од неговото работење може да користи СУБВЕНЦИИ. Смислата на сето ова е: ОПЛОДУВАЊЕ  на парите(земаш СУБВЕНЦИИ пр.1000 евра работиш остваруваш и враќаш на државата 1001 евро за да можеш наредната година да земеш 1002 евра да вратиш 1003 евра).Сега како што е не е да ЈАС критикувам но двање на 40-50 мил. евра а до година 100 мил. евра е многу несигуран работа тоа е само гаснење на пожар- дали ако се дадад 100 мил. евра ќе се врата 101 мил евра или ''земјоделците''ќе ги потрошат парите за свадби свирки крштевки купуванје коли и по некоа пиачка во нека кафана, а нивното произвоство нито е рентабилно нито е доходовно нито е некаде регистрирано што значи нема круг на ВРТЕЊЕ НА ПАРИТЕ.


Posted By: Max
Date Posted: 08-Oct-2009 at 06:17

извини Драган за задоцнетата реплика, не сум ја забележал навреме

види хасап му треба на земјоделецот доклку произведува финален производ, но не и за суровина, едно е да продаваш млеко на млекара друго е ти од млекото да штанцаш сирење...

во основа пријавувањето на дејноста не е позитивно само за ујп, туку за цело општество, во спротивно како државата би имала реален увид каде што да планира и чии потреби на населението имаат приоритет доколку незнае точно која е и фактичката ситуација. тука жртва е и едукацијата, инфраструктурата, субевенционирањето итн. а зошто бидејќи земјоделецот стравува да си ги промени навиките и конечно да се прилагоди за влез во еу, инаку ако се прашуваше власта таа радо би ја оставила оваа категорија на луѓе без ич да гои гиба, чисто колку за да купува социјален мир и да не си прави непотребно и масовно противници, нешто што е најзабележително кај таксистите во земјава, но и ним сега кај и да е ќе им врзат машна, о повторно тоа стандардизирање ќе им биде од сите за корист, професионалност без предрасуди

за земјоделието и те како има решение, но никако да се свртиме кон масовно органско производство ниту пак се решаваме локално да ја свртиме на некакво производтсво на готови производи, упорно распродавајќи квалитетна суровина која сетне ни ја враќаат за пет до ддесет пати поголема цена назад единствено етикетирана и спакувана... исто факт е дека ја претеравме со агалукот, па биваше ли европа земјоделците да се здружуваат и така во задруги да функционирааат, а ние тука да глумиме амерички фармери кои можат да си дозволат глумење аги небаре државата се завршила а ние само треба кајмакот да го собереме. во израел ја затерале и уште подалеку со кибуците, каде фури живеајат во иста заедница земјоделците, а во европа добро и долго познати се машинските кругови, кои од скоро и кај нас се промовираа скромно...

а што е конкретно до субвенциите тие ќе дадат екстра ефект доколку народот се здружи и постојано бизнисот го шири, но из асиромашните или агите истите се поволни како појава без разлика што мора да се регистрирани , а и државата е срќна бидејќи парите и онака што би ги давала за социјална помош, им ги дава на луѓе кои би можело да се одржат сами понатака. наместо да дремат и очајуваат, вака во најмала рака ќе бидат ангажирани и ќе немаат време за млатење празна слама и маалџиска политика

треба само волја за реорганизација, и свест од сите вклучени во процесот 



Posted By: Dragan
Date Posted: 08-Oct-2009 at 19:36
@Max Колку што ја занам бидејќи дома работиме земјоделиие(Овоштарство) HASP системот викаат дека треба да се применува токму во почетокот(примарното) на производството. Затоа што од правилна примена на пестиците и сточна храна  финалниот производ ќе биде квалитетен. Токму ЕУ законите тој дел од произвоствотот на храна го потенцираат како најважен еве еден прост пример: ''Ако вие имате кравја маст'' во супермаркте како финален производсите сите негови неисправности потекнуваат од моментот на произвоството на храната и моментот на произвоството на млекото ако ваквиот производ е неисправен Републичкиот завод за исправност на храната само може да констатира не исправна храна и да го повлече од продажба.
А што се однесува до субвенциите знам дека е оформена агенција за рурален развој. Таа треба на регистрираните земјоделци да им овозможи трансфер на парите преку платежна картичка како што имаат и комерциалните банки. Проблемот е што во голем дел нашите земјоделци нема расчистено со имотната структура(земјиштето) тоа се влече од дедовци татковци синови... итн. Ако сакаш да купиш нива еден се јавува газда а парцелата гласи насосема друг. Занам во Енглеска земјата ја наследува првиот син и тоа по закон. Кај нас да се донесе генерален закон за земјоделство треба да се усогласи со Енглескиот, во моментов тоа е скоро невозможно. Еве само еден аспект за разговори за  руралниот живот и за тоа што субвенциите значат за македонскиот земјоделец.


-------------


Posted By: Max
Date Posted: 08-Oct-2009 at 22:35

јас не сум земјоделец "сеуште", логично додека не заминам од градов, но од она што го знам од пријатели и роднини, немам чуено дека некој им побарал хасап, можат но не мораат да извадат сертификат за квалитет од земјоделскиот институт во скопје, страната им е падната веќе некое време www.zeminst.edu.mk но нема врска бар обезбедивме конечно 2005 лабараторија која може да издаде сертификат обично за надвор но и дома, доколку станува збор за органско производство како истото и би било верификувано...

   за ова јас бар не сум чул досега, конкретно за хасап имаш цела детална нишка во офтопик, правилникот, написи итн... 

еве цитат каде се спомнува и земјоделството, но според кампањата што ја води власта јас немам чуено дека освен фирмите дека и индивидуалните земјоделци ќе треба да бидат сертифицирани, ај баш информирај се поточно кој и каде и зошто ќе ви бара хасап за одгледување јаболка!?!

HACCP им е потребен на сите кои работат со храна без разлика дали е во прашање производство, увоз, извоз, складирање или директно служење на прехрамбените производи.

Според сектори можат да се набројат:
Месопроизводство, преработка и продажба на месо и месни производи
Производство и продажба на производи од житарици
Рибници, преработка и продажба на риба и рибни производи
Подготовка на свежа и смрзната храна
Производство на свежо, преработено и смрзнато овошје и зеленчук
Пакување на вода и производство на освежителни пијалоци
Трговци со храна и угостителски објекти
Мензи во детски градинки, училишта, претпријатија како и пензионерски домови
Секаде каде што се врши транспорт и складирање на храна

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=469&PID=22590#22590 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=469&PID=22590#22590



Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Oct-2009 at 02:43
драган не ми се верува англија да има таков закон за наследство. Може би тоа е некој алтернативен начин доколку нема тестамент или слично. Но за Англија знам друга работа. Земјиштето всушност никој неможе да го купи. Туку купување тамо всушност значи рентање од државата на 400 години и после тоа по некои бенифицирани цени се обновува сопственоста за наредни 400 и така со векови се врти. 


Posted By: Dragan
Date Posted: 09-Oct-2009 at 11:22
Ајде сега да размениме информации искуство. Велиш на индивидуалните земјоделци никој не им бара сертификат(ХАСП).Тогаш зашто земјоделците треба да се регистрираат како прозиводител?. Тие на таков начин стануваат фирми со сметки во банките и книговтствено работење. Пример за јаболката за да ја извезам во ЕУ мене ми треба сертификат (како регистриран земјоделец-фирма) така наречен ЕУРО ГАП 1- тоа е сертификат во кој треба целиот процес на произвоство на јаболката да биде пратен од резидба до берба, во посебни формулари се опишува начинот на резидба дали има пренос на вируси или бактерии при истата, по натака за ѓубриваата нивниот хемиски состав количините кој се внесени во земјиштето(мах. дозвволените остатоци од нив во почвата), наводнувањето количините вода по хектар нијзината биолошка исправнос и температурите при наводнувањето. Најпосле нјаважниот дела примената на пестициди од почетокот до крај- нивните активни матери(треба да се со оние на ЕУ) нивните остатоци во плодовите треба да бидат во границите на оние ЕУ ги пропишува. Е ова е Мах сертификат за безбеднос на храна кој еден индувидуален регистриран земјоделец кој мора да го поседува за да извезува во ЕУ па и во нашата држава. Целиот овој процес на мониторинг  треба да го врши овластена институција од државата која ги има сите кадри потенциали и лабаратории за да изврши еден ваков мониторинг на прозиводство и на земјоделецот да му издаде сертификат за безбеднос на храната. Ова е само мал дел од тој ХАСАП кој со два збора значи безбеднос на храна а него во ветеринарството и растителното произвоство го покриваат 7-8 основни закони и колку што ја знам најмалку 60-70 подзаконски акти

:@ Islcrew во Англија знам дека постои со сигурнос генерален земјоделски закон кои ги уредува и регулира сите останати закони во земјоделието таму. Тој е што викаат правниците ''Закон  LEKS SPECIALIST"  закон над законите во еден свој дел тој закон земјиштето му го дава на прво родениот син и ништо повеќе и затоа таму нема цепкање на земјиште


-------------


Posted By: Max
Date Posted: 09-Oct-2009 at 13:21

ако си регистриран тоа е пред се заради евиденција, она вработени невработени, сетне доаѓаат на субвенциите, како ќе знае некој колку ти следува ако ти и твојот бизнис не ти е регистриран, а на крај и заради контрола на болести, статистика на производство и животни...

инаку постојат различни сертификати, но за конвенционално земјоделие во еу еве речиси десет години (како би си го заштитиле пазарот) европеите по примерот на америте го воведоа во еурогапот, стандард кој е хасап за земјоделци, но кај нас истиот не е обврзувачки (како што е хасапот),  и истиот е исклучиво потребен за извоз во земјите од ЕУ, но за јапонија, австралија и северна америка бараат сосем друки GAP сертификати, но ако го имаш исполнето еуГАПот и овие лесно би можел да ги обезбедиш... http://en.wikipedia.org/wiki/Good_manufacturing_practice - en.wikipedia.org/wiki/Good_manufacturing_practice   http://www.eurepgap.org/Languages/English/about.html - www.eurepgap.org/Languages/English/about.html   http://www2.globalgap.org/FAQ/index_html - www2.globalgap.org/FAQ/index_html е сега за кредитирање од ИПАРД фондот, колку што знам не е потребно поседување однапред сертификат, туку јака програма која меѓу другото би довела целосно до тој процес на стандардизација, впрочем затоа се и наменети сите претпристапни фондови, за приближување кон еу стандардите, што пак само по себе гарантира и поголема конкурентност и одржливост на бизнисот (кај нас најчесто семеен) ...

а според она табелата погоре малку и јас сум збунет бидејќи не е точно наведено на кој дел од земјоделското производство се однесува хасапот и дали воопшто се однесува, па ај уште еднаш ќе те замолам доколку имаш некој во околина кој веќе го има еуригапот, да ти објасни каде и како се надополнуваат со хасапот, и дали воопшто во некој дел од суровинското производство е обврзувачки хасапот и за земјоделците



Posted By: Max
Date Posted: 09-Oct-2009 at 13:23
  а за лексот тоа секаде го има Драган, и кај нас за општиот закон се вели лекс специјалис http://en.wikipedia.org/wiki/Lex_specialis - en.wikipedia.org/wiki/Lex_specialis


Posted By: Dragan
Date Posted: 09-Oct-2009 at 21:04
@ Max да не бидам само досаден. Но еве што знам јас, ХАСАП системот треба откако ќе усогласат нашите закони и подзаконски акти со тие на ЕУ да биде контролиран од неколку нивоа на испекции и тоа: Земјоделска инспекциа(Ветеринарна и Фитосанитарна) од пазарна инспекциа, и од инспекциата од републичкиот завот за заштита на луѓето. Дејностите кој горе си ги наброал каде се треба да се применува ХАСАПОТ, односо фирмите кои се бават со сите тие дејности се должни по подзаконските акти а рековме дека најмлаку ги има во ветерината и фитозаштитата повеќе од 80 строго да ги применуваат. На пр. еден ладилник е должен да ги применува во најмала рака сите техничко-технолошки решениа кој ги има еден ладилник да речеме во Холандија. Ако тој ладилник чува овштие се почнува од начинот на ладење(количината на амонијак NH4) хигиенските услови, контрола на температураа хигиена на просториите каде работаат работниците, начинот на пакување етикетирање па и транспортот со ладилници камиони + сертификат за соодветната операциа на чување пакување и транспорт. Потребни примероци за лабараториски анализи, сето ова повторно ќе речам е дел од поимот што значи ХАСАП систем. ХАСАП системот во растителното и зивотинското произвотство сега за сега како што занм е еден материјал со од прилика околу 30 илјади страници научен труд кои во ЕУ секогас кога тоа е потребно го препорачува така наречена Европска комисија и затоа таму секогаш имаме надополнување или иземна на законите со така наречени директиви или регулативи кои се оврзувалки а се носат врз база на нови научни сознанија за безбеднос на храната и мора да се вградат обавезно во нивните закони. Значи ЕУ законите од безбедноста на храна постојано се надополнувааат со нови прописи. Ние овде се уште не моземе  повеќе од технички аспект а и од лошата економска состојба така добор да го вовдеме во пракса овој СИСТЕМ


-------------


Posted By: Max
Date Posted: 09-Oct-2009 at 21:49

значи ништо не е спорно од ова што го велиш, поентата е дека земјоделците не се приморани да обезбедата хасап како тоа што е случај со прехрамбената индустрија, единствено доколку се фирма која ете складира преработува итн. во случај ова складирањето земјоделецот да го брка сам а не преку посредник да тој најверојатно би требало да обезбеди сертификат според горенаведените точки, но дека и земјоделците ќе бидат приморани немаше никаква кампања засега ниту пак знам дека некој почнал да имплементира некаков стандард, а уште помалку дека некој почнал и да ги контролира.

велиш дека имаш ладилници па затоа, ок, а што е со оние во визби што ги чуваат јаболката и за нив треба хасап или тие воопшто веќе нема ни да можат така да ги чуваат јаболката,  а патем кога сме тука, кажи ми има тетовско сеуште да се одгледува некоја постара сорта јаболка која не се прска а дава добар род, мубетов ми е за органско производство јаболка дали се наоѓа сеуште некој жив расад? 




Posted By: Dragan
Date Posted: 09-Oct-2009 at 22:24
Такво нешто има во Порече со така наречени ЃУЛАБИИ, прашај некој од тој крај тоа се планински дрва јаболкници слични на старата тетовка донесени од Турците, не се прскаат и се отпорни на болести. Но највероватно можат да вегетираат само на ридски подрачја кои се проветрени и на поголемо растојани едни од други, Денес можеш од таму да земеш калем гранки напролет но незнам на каков вид подлога да ги калемиш, највероватно на некоа дива подлога јаболко ако ги има во институтот Скопје. Во Тетово освен тетовката кој е многу ретка  нема друга сорта која се огледува скоро без прскање односно како што го викаш ти органско произвотство, а се сетив има круша кој овде ја викаа КУРЗАЈАМ исто таа е тетовска Турска сорта одпорна на болести.


-------------


Posted By: Max
Date Posted: 09-Oct-2009 at 23:09
Благодарам Драган, имав чуено на сител она емисијата за аграр "наша земја" дека единствен активен овоштарник со стари сорти кај нас имa во топаанско поле во скопје, не фатив за која сорта се работи, но во секој случај важно го има, а не дека и другите сорти не можат да се одгледуваат органски, но треба малку запознавање со техниките за органска заштита и ефектите од органско производство... еве информативен прирачник во однос на муабетов  http://www.agrokonsalting-pro.com.mk/index.php?option=com_rokdownloads&view=file&task=download&id=5%3A--&Itemid=12&lang=en - Водич за органско производство на јаболка - http://www.agrokonsalting-pro.com.mk/index.php?option=com_rokdownloads&view=file&task=download&id=5%3A--&Itemid=12&lang=en но не е проблем човек да се нафати на органско производство, колку што е потребно да има насади на неколку различни места, доколку сака за брзо време да крене глава. ова со различните локации е чисто заради осигурување, за ако и навистина оболи еден овоштарник другиот да го покрие зијанот од претходниот итн...


Posted By: Max
Date Posted: 09-Oct-2009 at 23:43
кога веќе го разврзавме муабетов за јаболкава, пред некоја година присуствува на берба, и она што ме изненади беше е човек со торба, излезе дека тоа било профи торба за берачи на јаболка, си ја донел назад од печалба со себе човекот и сега си бере со неа, и тоа бере трипати побрзо од овие другите со гајби, мислам кенгур вреќа ја викале, горе полниш, доле празниш http://www.pleasanthillgrain.com/fruit_picking_bag_apple_harvesting_bag_wade_wells_bucket_picker_picking_pole.aspx - http://www.pleasanthillgrain.com/fruit_picking_bag_apple_harvesting_bag_wade_wells_bucket_picker_picking_pole.aspx е сега човекот ми кажа дека вакво нешто кај нас не се наоѓа, па еве ти како запознаен и вклучен во јаболкарството кажи има вакво нешто некаде да се купи кај нас, и по која цена?

а за хасапот не заборавај да апдејтираш поточно што и како сте условени и дали складирањето мора да биде исклучиво во ладилници за да може да се добие хасап сертификат!


Posted By: Dragan
Date Posted: 10-Oct-2009 at 20:39
Запознен сум со кенгур торба тоа е платнена торба со косо дно и отвор кој се отвара на принцип на патент или рачка и јаболката излагаа под ИНЕРЦИА накосо во така наречени бокс палети кој собираат повеќе од 300кг, торбата  е еластична се шири и се носи однапред на градите закачена околу врат и грбот така да слободно се бере со двете раце, овде кај нас нема во продажба незнам можеби тоа го има во Италија место Јужни Тирол тоа е нјаразвиена овоштарскаи крај во Италија.


-------------


Posted By: Max
Date Posted: 19-Oct-2009 at 03:31

не ми се верува дека хрватите почнаа да го преставуваат ајварот како домачи далматински умак, малку тоа низ заби го изговори водителот кога ја промовираше палетава органски прозиводи, но тоа е тоа, додека ние дремеме и чекаме, во еу веќе хрватите продаваат органски ајвар http://www.didaboza.hr/19.aspx - http://www.didaboza.hr/19.aspx http://www.didaboza.hr/ и тоа не е спорно, но за онакви мали теглички од 200g да дерат на живо тоа ми е малку несфатливо, ем според она што и самите хрвати го велат истиот и не е баш нешто вкусен, еве линк додека сеуште го има... http://www.forum.hr/archive/index.php/t-386317.html - http://www.forum.hr/archive/index.php/t-386317.html  

се надевам дека ова со хасапот конечно ќе ни ги отвори европските врати, но бар за големите преработувачи од конзервната индустрија тие и до сега беа отворени, но незнам зошто воопшто не се обидат со органско производство!?! разбирам дека мора да има мас производство, но зошто воопшто не се обидат со еко бар за миг тоа не ми е јасно! за маркетингот да не почнувам...

ова пред се тупам околу органсково и особено финализирање на истото во некој производ а не само суровина, бидејќи реално само тоа е можност за селото кај нас повторно да заживее и воопшто некој од младите да се врати и нафати таму да живее, енормната концентрација на работна сила во градовите, без своевремено отварање работни места по фабрики, кај и да е ќе предизвика или масовен одлив по отворањето на границите или тотален колапс на социјално-општествените прилики, наталитет, здрава исхрана, сиромаштија...



Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Oct-2009 at 17:58
Ако нешто ме изнервира со Хрвативе е тоа што требаше уште и име да му мењаме на ајварот ради копирајт, но како што кажа макс, но наша вина е што никој не сака да развие некој поголем бизнис со било што во светот и прв да се покаже со тоа


Posted By: Max
Date Posted: 19-Oct-2009 at 19:16

со словенците беше тоа околу патентирањето на името, но кој ни е нам крив што касниме околу индустриската сопственост, до пред некоја година имаше само тројца правници кај нас чија специјалност е индустриска сопственост, односон само три регистрирани правни субјекта на ова поле, ееј, па нормално дека се пред нос ќе ни земат, и на крај пак другите ни се криви! факт е дека едни од најосакатените сме од бивша ју, какапак ко за иронија уште ние останавме како БЈ, но тоа не треба да ни е сеуште оправдување за да нешто промениме!

а кој да промени кога нема едукација ни на земјоделците ни на бизнисмените, во цел нормален свет народ постојано се надоградува во знаењата, а кај нас со што си тргнал на тоа и ја главиш, ние сеуште не сконтавме дека без разлика што сме пазарно стопанство дека единствено со окрупнување на капиталот и здружување на силете е возможно да опстанеме, сега допрва сконтуваме дека во ЕУ земјоделските задруги се нормална појава, дека еден од основните модели за опстанок на малиот земјоделец се машинските кругови, дека во услови на незагадена почва и вода и 300 сончеви денови годишно единствено логично решение е органско производство, за ова никој не ни е крив што институциите владини и невладини  дури сега почнуваат со превземање на искуствата и едукација на земјоделците, навистина е смешно што неинформираноста е еден од поголемите наши проблеми... никој не ни е крив што најнапред незнаеме од себе масимумот да го извлечеме, дури потоа би имале право на овој или оној да му се лутиме, вака навистина е патетично!

наместо веќе пред 5 години да воведуваме хасап стандардизација, ние сега допрва ја почнуваме, наместо земјоделците уште со првите субвенции да се мотивираа за еугап ние дури допрва ќе ги учиме која е поентата од нив, и дали и каква цел имаат ипард фондовите.



Posted By: Max
Date Posted: 01-Dec-2009 at 00:24

http://www.time.mk/?query=+%D0%98%D0%9F%D0%90%D0%A0%D0%94&search=news - Земјоделците бараат промена на условите за ИПАРД - http://www.time.mk/cluster/aa164741cb/index.html 

Земјоделците тешко до ЕУ-пари

Околу 60 милиони евра од ИПАРД-програмата нема да бидат искористени целосно бидејќи земјоделците не се доволно информирани и не ќе може да најдат пари за инвестиции, оти банките не прифаќаат селски имот како хипотека
Земјоделците не ќе може да ги искористат целосно парите од ИПАРД-програмата во износ од 60,7 милиони евра поради проблеми со обезбедувањето на потребната документација за аплицирање, со оглед дека се' уште не се добро информирани, предупредија членови на Агросоветот.

Според нив, тешко ќе биде и да се најдат пари за инвестиции зашто банките не дозволуваат селскиот имот да се заложува како хипотека.

Реализацијата на Програмата дополнително ја комплицираат, беше речено, и критериумите што го ограничуваат конкурирањето на големите стопанства поради нивниот капацитет. Тие не можат да бараат суми што се предвидени за малите и средните фирми.

- На овој начин големите компании се дискредитираат, за сметка на тоа, средствата ќе останат неискористени. Затоа сметаме дека условите треба да се коригираат. Немаме намера да им ги земеме парите на индивидуалните земјоделци и на помалите стопанства туку, напротив, сакаме реализацијата на ИПАРД да биде максимална - рече Зоран Даневски од Агробизнис-комората при Сојузот на стопанските комори.

Тој нагласи и дека многу од помалите фирми немаат воведено ХАЦЦП, што е услов за добивање европска поддршка.

Неинформираноста на земјоделците за ИПАРД, посебно во руралните средини, ја акцентираше и претседателот на Федерацијата на фармерите, Ѓоко Данаилов.

- Токму од неразвиените подрачја се очекуваат најмногу проекти за изградба на инфраструктурата. Оттука сметаме дека треба многу повеќе да се работи на информирањето, на земјоделците да им се објасни што точно значи ИПАРД, да разберат дека тоа не е грант, туку поврат на инвестиција што претходно мора сами да ја обезбедат - истакна Данаилов.

Претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров, укажа на алармантната состојба во македонските села каде што, како што рече, е евидентно масовно иселување. Старите лица што се останати, пак, физички се немоќни за какви било земјоделски активности, ниту знаат што воопшто значи ИПАРД.

- ИПАРД-програмата треба да се сфати не само како инвестициска туку и како програма за развој на селата - рече Тантаров.

Претставниците на Стопанската комора генерално немаа забелешки, само сугерираа индустријата за пакување на земјоделските производи да биде дел од ИПАРД.

За успешно искористување на европските претпристапни фондови неопходна е соработка меѓу непосредните производители, нивните здруженија, асоцијации, коморите и науката, рече деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Драги Димитриевски.

- Длабока анализа на македонското земјоделство, сериозни проучувања на потсекторите и консултации со странски експерти беа направени при подготвувањето на ИПАРД-програмата. Целта беше да го отвориме процесот за што повеќе апликации, треба да се искористат сите капацитети - потенцира Димитриевски.

Според него, крупните земјоделски стопанства треба да ги повлечат малите за постигнување на потребните ЕУ-стандарди.

Повторувајќи ги уште еднаш мерките предвидени со ИПАРД-програмата, министерот за земјоделство Љупчо Димовски апелира дека идејата е на земјоделците на едноставен, јасен начин да им се објасни која е полезноста од европските пари.

Македонија, согласно ИПАРД-програмата, за периодот 2007- 2011 година има на располагање 60,7 милиони евра. На првиот оглас во идниот месец ќе се аплицира за вкупно 23 милиони, а до крајот на 2010 година за 41 милион евра.

Од вкупните ЕУ-средства, 45,5 милиони евра се од европските фондови, а 15,2 милиона се буџетски пари.

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=84D234BF25120743A1364A7B392CB624&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=84D234BF25120743A1364A7B392CB624&arc=1

http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/117 - Состанок на Агросовет ,,Можности што ги нудат ИПАРД фондовите,, - http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/117



Posted By: Max
Date Posted: 22-Dec-2009 at 14:13

ИПАРД фондовите недостапни за повеќето фармери

Само регистрираните земјоделци од денеска ќе можат да аплицираат за ИПАРД фондови, односно за да добијат пари кои не треба да ги вратат. Земјоделецот Зоран Ангеловски вели дека заитересираноста кај земјоделците е многу мала затоа што и тука политиката е вмешана.

„Јас пред некој ден бев, и сега не сакам човекот да го именувам, но ми рече дека прво гледаат да им удоволат на партиски обоените па после на другите. А кравите или земјата не гледа партиски војници. Кравата си сака да јаде - не познава ни ВМРО, ни СДСМ, ни ДУИ, ни било кој“

Претседателот на асоцијацијата на земјоделци , Ефтим Шаклев има понакво мислење.Тој вели дека нема да има политичко влијание во одлуките кој ќе ги добие парите . Но Шаклев укажува и на еден друг проблем кој може да се појави во делењето на парите од ИПАРД фондовите. Според критериумите само сточарите кои имаат легално изградени фарми имаат право да побараат пари.
По нашите сознанија, над 95 отсто од фармите немаат градежна дозвола, што значи дека никој нема да може да ги користи овие средства од малите и средни сточари во Македонија

Шаклев вели дека побарале од министертвото за земјоделие да изготват програма за легализирање на фармите за да можат и сточарите да ги користат овие пари.
Според податоците на асоцијацијата право на користење на ИПАРД фондовите имаат околу 2 и пол илјади земјоделци кои се регистрирани.

Земјоделецот Ангеловски не е регистриран и вели дека не сака да се регистриа затоа што трошоците се неисплатливи.
„Не можма, да опстанам. Уште да се регистрирам и секој месец да одвојувам по пет-десет илјадарки, тешка работа. Да ви кажам, вистина сме заплашени. Не сум се плашел никогаш, ама оваа година мислам дека е катастрофална“

Дваесет и четирите милиони евра кои се нараполагање во ИПАРД програмата можат да се користат само во неколку сектори од земјоделството како овоштарството, градинарството лозарството и производството на млеко и месо. Но овие пари не треба да се користат за подигнување на пример за нови лозови насади туку за обновување на старите. Истото важи и за сточарството, парите можат да се користат за реновирање на веќе постоечките објекти за одгледување на стока не и за градење на нови вели Шаклев. Тој додава дека не може со овие пари сточарите да си докупуват стока. Огласот за европските пари ќе трае шеесетина дена. Во министертвото за земјоделство велат дека интересот е голем и се надеваат дека парите ќе се искористат.

http://www.makdenes.org/content/article/1911589.html - Макденес - Зорана Гаџовскаv - 23.12.2009




Posted By: Max
Date Posted: 23-Dec-2009 at 14:59

Околу 24 милиони евра од ИПАРД за земјоделците

Платежната агенција доби европска акредитација и право самостојно да управува со парите од европските претпристапни фондови. 
Ова беше последната работа која се чекаше за да почне поднесувањето на проектите за парите до ИПАРД програмата.


„Веќе утре во медиумите ќе биде објавен јавен повик со потребните детали за аплицирање за овие средства од ЕУ. Со ова официјално во македонското земјоделство покрај парите односно финансиската поддршка од националниот буџет отпочнуваат да се слеваат и пари од претпристапната помош, односно од буџетот на ЕУ“, изјави Тони Димовски, директор на платежна агенција.

Со овој оглас се опфатени 24 од вкупно 60,7 милиони евра наменети за модернизација и осовременување на македонскиот аграр и приближување кон стандардите на Европската Унија.

„Проектите кои ќе бидат финансирани со ИПАРД програмата се однесуваат на инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба, преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи и диверзификација и развој на рурални економски активности во согласност со стандардите на ЕУ“, вели Љупчо Димовски, министер за земјоделство.

Огласот ќе би де отворен во следните два месеца. По ова се очекува во мај или во јуни да се потпишат првите договори, а од тоа кога ќе бидат завршени проектите ќе зависи кога ќе почне и повлекувањето на првите пари кои за земјоделците се 50% неповратни од вкупната инвестиција.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117824 - а1 - Игор Манасиевски -  22.12.2009

Почнува користењето на ИПАРД фондовите во земјоделството

дата на објава: 22.12.2009

По добивањето на европската Акредитација на Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Националниот координатор за авторизација и Националниот фонд при Министерството за финансии, како и Ревизорското тело при Државниот завод за ревизија,околу 24 милиони евра им стојат на располагање на земјоделците и на преработувачите од ИПАРД програмата за рурален развој за 2010 година.

„Сакам да упатам порака до крајните корисници да ги користат советите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, да се советуваат со Агенцијата за поттикнување на развојот и да се консултираат со агенцијата за финансиска поддршка. Искуството што го имаме со националната програма за рурален развој ни дава за право да веруваме дека многу бргу можеме да ги добиеме првите проекти со кои ќе искористување на средствата од ИПАРД фондовите“, изјави на денешната прес-конференција во Владата на Република Mакедонија Љупчо Димовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Годинава Македонија за прв пат самостојно ќе ги користи и управува средствата од компонентата 5 од програмата.

„Ова е значајно бидејки ќе се надоврзе на силните владини напори за поддршка на земјоделскиот сектор преку континуирани и историски највисоки нивоа на субвенции во земјоделството“, рече Васко Наумовски, заменик претседател на Владата и национален координатор за ИПА програмата.

„Користењето на ИПАРД фондовите ќе значи зголемување на конкурентноста на македонските компании на регионално и на европско ниво, зајакнување на капацитетите на фармите, земјоделските фирми и фирмите од преработувачката индустрија“, изјави Владимир Пешевски, заменик претседател на Владата задолжен за економски систем.

,,Во среда ќе биде објавен јавен повик, на кој земјоделците ќе можат да конкурираат со свои проекти за искористување на средствата. Очекуваме првите договори за искористување на средствата да бидат склучени во текот на мај - јуни 2010 година кои што се однесуваат за три мерки: за инвестиции на земјоделски стопанства, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи, како и мерката диверзификација и развој на руралните активности, а со цел достигнување на европските стандарди, изјави Тони Димовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/158 - http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/158

ех за маркетинг ќе се истроши се малку камен за промовирање на домашниот производ, малку за амбалажа, нешто за репрезентативен материјал, и се на се како алва ќе отидат париве! ајде многу народ ќе крене глава и околу модернизирањето на процесот за производство или преструктуирањето во однос на финално производство, а не само на суровина... дали и колку сето ова ќе донесе некое особено раздвижување со оглед дека многу земјоделци не се пријавени, а повеќе  немаат легални фарми, тоа е прашање, но како поука а воедно и за сите кои се активни ова ќе биде идеален почеток од првава транша! 



Posted By: Dragan
Date Posted: 23-Dec-2009 at 21:51
мах не е така, овие пари се од Еу фондови за земјоделе.Со нив ќе располага Агенцијата за Рурален развој контролирана од европската агенција за ЕУ интеграции.Тие ќе се доделуваат по строги критериуми.Прашање е дали 2-3% од нашите земјоделци се спремни да конкурираат затоа што не лиќат на никакви фирми со никакво пазарно искуство ,а пазарот коси секаква инвестиција па и оваа која помага со50% ама отпосле откако ќе потонеш на неЕВРОПСКИ (наш) домашен мал и затворен пазар.Дури откако ќе нема доволен број на добри кандидати од 24-те милиони повеќе од половината ќе висат ,па мозеби тогаш со амин на Европејците заедно со некој наши ќе има некоја лапаќка,ама тоа ништо чудно нее така работи Европа

-------------


Posted By: Max
Date Posted: 23-Dec-2009 at 22:48

па ете во последниот маркиран параграф имаш напоменато и маркетинг! значи тоа е информација односно објава од министерството! е сега доколку имаш ти производ со кој излегуваш во мало-продажба или во големо-продажба без разлика односно кој не го продаваш како суровина туку тоа е брендирано производство, ете значи можеш преку проекција (проект) за промоција да извлечеш пари од агенцијата, проект кој доколку неможеш сам секогаш стои на располагање помош од министерството за изработка или разработка на истиот! за жал земјоделците и оваа можност квалитетно не ја користат! а тоа дека ќе останеле пари тешко не ми се верува, ќе ги организираат земјоделците како што ми изгледа и секој кој ќе се нафати да земе учество во системот тој и ќе може да повлече средства! патем ова се средства со кои не треба да почнуваш бизнис од нула, туку веќе почнатиот бизнис да го издигнеш на едно постандардизирано ниво како би бил конкурентен на европскиот пазар! абе само квалитетна промоција да истераш, веб страна, брошури, амбалажа итн. треба и средства и време да изабиш и не баш во мали количини доколку сакаш тоа да биде квалитетно стокмено, а не па што станува збор да го осовремениш производството пример ти со калибратор, или пак со опремување и стандардизирање како би заслужил еугап сертификат... ова дефинитивно е на арно, прашање е колку ќе успеме земјоделецот да го увериме во тоа! обично колективно тешко се преорентираме кон непознати и нови стандарди и начини на производство, што е многу нормално, но тоа не смееме да оставиме да прејде и во трајна навика, затоа е многу битно да се поработи повеќе и на самата едукација по селата односно земјоделците кои доволно не се запознаени со сите услови но и предности од легализацијата на аграрот!

а кажи ми кај го има тоа да сакаш за диво производство некој да те стимулира, тоа во нормални услови ниедна банка не би те подржала, а не па кога станува збор за европски пари и тоа кои ги спроведува државата! легализирањето на дејноста во никој случај не смее да биде спорно, што досега се ескивираше како земјоделците би влечеле социјална помош односно би добивале сини картони, што сега со ова либерализираново здраство каде за сите подеднакво се достапни сините картони без разлика на статусот, мислам веќе нема ни потреба од ескивирање, а тоа дека давачките биле големимислам дека не е точно, кај легализираните земјоделци со субвенциите се покрива и останува повеќе него што се дава, но како велат човек од она што не го познава и се плаши, си мислат сеуште е феудализмот од транзицијата... 

патем не се само 24 милиони туку ова е првата трашна од 45 милиони евра од 5 дел од ипард фондовите кој е за рурален развој, но доколку земјоделците се регистрираат оваа година ќе имаат и можност да аплицираат за дупло средства за субвенционирање, односно оваа година влада издвојува за тие намени 70 милиони евра, значи се на се годинава тоа ќе бидат 115 милиона евра директни стимулации за земјоделието,  а ова мислам воопшто не е шала!!! за натака проекциите дополнително се зголемуваат како проекција од година во година има поназад во нишкава http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=48033#48033 - #23 , абе аирлија нека им е на оние кои ќе го фатат возот со време а за другите треба кураж да се ослободат и бизнисот да си го легализираат, од тоа дефинитивно нема зијан, сетне да видиш како паѓа бројка на невработеност  




Posted By: Dragan
Date Posted: 24-Dec-2009 at 01:18
Пази мах. сега да размениме малку информации. Ми се чини дека некој работи ги мешаш. Еу-пари кој сега се нудат се на така наречено 2 ниво а тоа значи дека во нашата држава веќе е воспоставен законодавен систем и дека нашите фирми(земјоделски) се подигнале на повисоко организациско ниво (дали) и се смета дека е можна хоризонтална соработка со фирмите од  Еу (а ние се уште не сме членка) затоа овие фондови се викаат пред пристапни  тие се даваат на нашата држава затоа што таа сега има законодавно тело - Агенција за рурален развој, која мора да работи по закони и подзаконски акти а контролирана од инспекции како што се на пр. контролирани банките или било која фирма од УЈП, значи дека сме направиле агенција (тело) на кое ЕУ има доверба дека ќе работи по закони.
Веќе реков дека нашиот земјоделец во овој момент не е споспбен за инвестиција поголема од 100.000 евра бидејќи таа во земјоделието со било кој производ и со било која интерна добивка не може да се поврати најмалку од 5-7 години. Во Словенија пре да влезе во Еу одбраните регистрирани земјоделци се подигнаа економски со така наречен КЕШ неповратни пари што државата им ги даде на некој земјоделци мислам дека бројката е околу 200 милиони евра . Каде Словенија ги најде тие пари тоа е прашање ( некој викаат дека тоа е награда за нејзиното рушењ на Југославија а кој и ги дал ....... ) Како ние КЕШ ќе ги подигнеме добрите земјоделци- ТЕШКО. Но мислам дека има способни и како што велиш ќе влезат во бизнисот тие што ќе изнајдат сретства и знаење. А ако некој од ЕУ сака со некој од МКД да прави  перење тоаа може веќе реков горе.


-------------


Posted By: Max
Date Posted: 24-Dec-2009 at 01:38

Драган види не е до толку апансас работата, најголем момент е што ваквата земјоделска политика заедно со нешто помош од европа (не дека е нешто голема, но и тоа не е малку за наши услови) ќе го придвижи руралниот сектор пред се! значи потенцијално помалку стечајци и безработица, а повеќе шанси и поголема атмосфера за аграризација, што ни е потребна како  на жеден вода!

патем ова нема да влијае за сега особено на раздвижување на економијата бидејќи не станува збор за можност за проширување на бизнисот, туку преадаптирање на истиот кај оние фармери кои веќе до некое ниво си ја имаат завозено дејноста... а  за особено влијание на економијата она што најмногу ни треба  е големи комбинати кои плански ќе ја полнат економијата, пример ЗИК Пелагонија да ја затера цела Пелагонија со ораженрии (од РЕК Битола топла вода во изобилство), а преку Жито Полог која му е фирма ќерка односно има најголем удел во неа истото да го стори и во Полог, јасно потоа да ја сврти и во Овчеполиието итн, значи да се крене на ниво како тоа што стана Агрокор прво во Хрватска а потоа и на балканот! не е тешко и не е страшно,  но само големите комбинати можат нешто на овој план да сторат односно економијата преку земјоделскиот сектор да ја придвижат! 

а малите  односно индивидуалните земјоделци треба да кренат глава колку за да живеат поубаво и да имаат посигурен пласман во иднина, но доколку сакаат истите да се наметнат како силни и озбилни субјекти во своите кластери треба да се здружуваат и што повеќе да се групираат во земјоделски задруги и околу машински кругови, појава која ние ја напуштивме во транзицијата за да сконтаме дека цела европа и ден денес така функционира! кога за банкарскиот сектор е потребно групирање и соединување по која логика во земјоделието тоа да изостанува, како прво пласманот не е  возможен доколку не се излезе на светскиот пазар со загарантирани и големи количини, што дефинитивно не е возможно доколку сите и понатака ја тераат самостојно или за жал им оставаат на неколку прекупци преку нивниот грб и мака да си прават богатсва... како беше онаа волкот е дебел во вратот оти сам си ги брка работите! додека ова нашиве земјоделци се ќе средат и на крај трудот и маката за бадијала на друг ќе му ја препуштат!   

исто планирањето ни е слаба страна, а во голем дел тоа се должи на непријавените дејности па и државата нема јасна претстава кој сектор во даден момент треба повеќе а кој помалку субвенции и форсирање, или како да ги советува регионите кои земјоделски култури во одредена годени за нив се најидеални за форсирање... во основа дури сега почнува,ме малку од малку да го враќаме планското производство, но не е само тоа бељата, слабо стоиме со преработувачката индустрија,  но и земјоделците не се одлучуваат на свој производ како што напомнав понапред, јасно дека ова не е лесно на дело колку на хартија, но преку здружување и тоа е песна, бар вреди за човек да се обиде, јасно со помош на агенцијата која би им помогнала во разработката на проектите!   

во принцип најголемиот удар за Македонија освен сите погоре наведени  слабости е депопулацијата на руралните места и  воедно намалената заинтересираност на младите за земјодлие,  ако воопшто иста и постои, освен кај оние кои имаат наследено фамилијарен бизнис! тука мора дополнително да се работи на обезбедување услови за привлекување на народот кон аграрот, а тоа е возможно само доколку се одржи во живот ваквата про-земјоделска политиката на државата во иднина и јасно доколку се омасоват машинските кругови, опсекако и банките треба да бидат нешто повеќе флексибилни околу кредитирањето, но и државата мора да се пушти во масовна едукација и подршка на сите заинтересирани! колку само идеални услови имаме за одржлив развој преку органското земјоделие а ние што правиме сеуште глава кршиме по тоа пестицидите! 



Posted By: Max
Date Posted: 24-Dec-2009 at 17:29

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 23 декември 2009 година објавува Јавен повик бр. 01/2009 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007 - 2013   http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/_vesti1/javen_povik.pdf - македонска верзија и http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/_vesti1/thirje_publike.pdf - албанска верзија . [ http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp - 1 ]


ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развoj

Ул. Скупи 3-а, 1 ООО Скопје

Врз основа на член 14 став 2 (а) од Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република  Македонија и Комисијата на Европските Заедници за правилата за соработка во однос на финансиската помош од ЕК на Република Македонија и спроведување на помошта според компонента V (ИПАРД) од  инструментот за претпристапна помош "Сл. весник на РМ" бр. 165/2008) и врз основа на Дел V став (5) од Програмата за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за период 2007-2013 "Сл. весник на РМ" бр. 83/2009), 

АФПЗРР
на 23 декември 2009 година објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2009 
за доставување на барања за користење на средства од
ИПАРД Програмата 2007-2013


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-
2013 за следните мерки:
Мерка 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија 
Мерка 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија 
Мерка 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности

1. Вкупниот износ на финансиските средства за спроведување на овој Јавен повик изнесува во евра 24.320.000 или во
денари 1.494.150.272, од кои 75% од средствата се обезбедени од Европската Унија и 25% од средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија. 
2.Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 50% од вредноста на прифатливите трошоци, односно 55% за барање поднесено од носител на земјоделско стопанство не постар од 40 години на денот на поднесување на барањето за користење на средства по мерка 101. 
3. Крајниот рок за поднесување на барањата е 23.02.2010 година, до 16:30 часот по локално време.
4. Подигнување на обрасци и упатсва:
Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013" како и„Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013"во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за 
изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013, во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: http://www.ipardpa.gpv.mk - www.ipardpa.gpv.mk  
Печатените обрасци од барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 и Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се подигнат директно во Агенцијата на адреса: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ул. Скупи бр. 3-а, (зграда Фонко) 1000 Скопје
и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
5. Начин на поднесување на барањето:
Барателите треба да поднесат Барања за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2007-201 Зза поединечни мерки, деловен план со кој ги опишуваат планираните типови на инвестиции и придружна документација наведена во Барањето за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2007-2013. Подетални информации за специфичните барања за прифатливост се наведени во Упатствоза корисници на средства по ИПАРД Програмата 2007-2013.

Пополнетите барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 на македонски јазик заедно со целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол "НЕ ОТВАРАЈ" за Јавен оглас ИПАРД број 01/2009 и назначување на шифрата на мерката за која се 
поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата. 
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-450 или на контакт е-маил адреса: http://www.ipardpa.gpv.mk - ipardpa.info@ http://www.ipardpa.gpv.mk - ipardpa.gpv.mk   и на веб-страната:  http://www.ipardpa.gpv.mk - www.ipardpa.gpv.mk

целосното упатство кое е на 16 страни може да го превземете од http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/_vesti1/javen_povik.pdf - http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/_vesti1/javen_povik.pdf  



Posted By: Max
Date Posted: 26-Dec-2009 at 15:09

Многу малку фармери ќе успеат да дојдат до европските пари
Поголемиот дел од македонските земјоделци не ги исполнуваат основните услови за да конкурираат со средства од ИПАРД програмата, велат експертите. Многу малку земјоделци се регистрирани земјоделци што е основен предуслов а кристење на европската помош. Ескпертите советуваат домашните фармери и земјоделски компании навреме да се подготват. Да се едуцираат како да водат матични книговодства и да почнат да ги плаќаат сите даноци кон државата. Само ако ИПАРД програмата ја сфатат како можност за развој на бизнисот, а не како субвенции, ќе имаат шанси проектите да им бидат кофинансирани
http://kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=121&EditionID=596&ArticleID=13657 - http://kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=121&EditionID=596&ArticleID=13657

...

До 2011 година на Македонските земјоделци им се на располагање 45 милиони евра, средства од европските фондови.

Средствата кои ги одвојува Европската Унија ќе бидат достапни до лицата кои примарно се занимаваат со земјоделство, производството и преработка на земјоделски производи.

ИПАРД фодовите се можност за приближување на македонското земјоделство до стандардите на Европската Унија преку модернизирање на постоечките земјоделски капацитети.

Програмата ИПАРД нуди кофинансирање на инвестиции за:

  • инвестиции во земјоделски стопанства за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија,
  • за преработка и маркетинг на земјоделските производи,
  • како и за развој на руралните земјоделски региони.

ИПАРД фондовите се подготовка за земјоделието за ефикасно имплементирање на понатамошните програми на Европскиот земјоделски фонд за рурален развој и придонесување кон одржлив развој на подолго време запоставените рурални подрачја. 

Со тоа на македонските земјоделци им се отвораат можностите за искористување на средства кои ќе помогнат во производството на квалитетни земјоделски производи.

Почитувани,

Достапноста на Ипард фондовите преставува надополнување на поддршката за развој на земјоделието.

Владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ за поддршка и развој на земјоделското производство, само во оваа година на својот мандат, обезбеди 70 милиони евра субвенции како директна поддршка за земјоделците.

Од годинашните 70 милиони евра финансиска поддршка за земјоделството, во најголемиот дел се исплатени.

Идната година вкупната сума на средства која ќе се одвои за субвенционирање на земјоделието е 100 милиони евра, а 115 мил. евра во 2011 год.односно 130 мил. евра во 2012 година. http://www.vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=5547 -
http://www.vmro-dpmne.org.mk/mk/zapis.asp?id=5547

http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/formulari_ipard_mak.asp -


Posted By: Max
Date Posted: 26-Dec-2009 at 15:21
  
да те запитам Драган, Полог кеде си, кажуј како излегуете накрај со мразоиве и јаболкниците!?! ал е доволно да се замотат со јутени платна или правете и друге работе мислим ако ниет тајна, а ако не, дај троа ишарет шо да сепраи!

~

најдов интересен текст упатство за тоа кои се начини постојат за борба со мразоите но мене ми треба некоја природна комбинација, значи освен покривките за стеблото и мулчирање над коренот, дали помага некоја друга работа за дрвата, она како да поминеш најефтино а да не премрзнат дрвата или пак во последен момент како да интервенираш најпрактично па макар и се расфлал пари по опрема како би сочувал овоштарникот! и патем дали и колку истите такви комбинации кои се надевам ќе ги споделиш ќе имаат ефект и на други дрва!?!

http://viticulture.hort.iastate.edu/info/06iawgmtg/frostprotectionhandout.pdf

е сега имам чуено дека порано и со слама ги завиткувале дрвата до под крошна наместо со јутени платна, со оглед дека сламата и лесно се суши преку ден, а и насобира воздух во себе што ја прави идеален изолатор за ваква намена! ех што уникатни изворни начини на заштита имало порано, додека сега саде без калорифер не почнуваат насади да креваат по европа...

~

претпоставувам вие го терате овоштарството поинтензивно како култура па затоа сигурно и ја вртите на хемија, во таков случај за овие прилики најчеста пракса колку што се сеќавам е прскање со http://sr.wikipedia.org/wiki/Бакар-сулфат - син-камен ! со што во ова вртикапа време дрвата се зашитуваат од паразити и рано вегетирање

ајде фрли некој абер да чуеме како со непогоди се справуете! ова чоек мора да те влече за нос за нешто да поткажеш како доволно инволвиран не е лошо да отвориш и блог на билд за овоштарство односно јаболкарство


Posted By: Dragan
Date Posted: 26-Dec-2009 at 23:13
мах. за јабуките (растенијата во фаза на продукција) најважен услов за да не дојде до мрзнење во зимскиот (јануарски) период е правилната заштита од болести и штетници.
Имено ако имамо јак напад на болест тогаш листовите одпаднуваат уште во јуни а од папките кои се носители на род во идната година потеруваат нови лисја, тогаш во цитоплазмата на клетките има заради променета  физиологија поголема количина на слободна вода (нема киселини и хранливи материи) која на температура од -20 до -25 ја разорува структурата на клетката и настанува мрзнење на родни гранки и паки. Ова што го викаш со слама тоа е стара метода но за мрзнење во месец април при цутење и кога температурате е -2 до -4 .
Да ние се занимаваме со овоштарстово имамо 500 овошки јаболка и 1500 вишни но имаме и поледелски култури.
За заштита неколку збора, ние ја изведуваме со наша опрема и годишно јаболката ги третираме од 7-9 пати најчесто тоа се модерни фунгициди и инсектицити, на пример за фузкладиум(краставост) одиме со блок прскања 3х3 ( 3 пати со еден добар фунгицид па потоа уште 3 пати со друг фунгицид) татко ми гледа тиа да бидат од листата на регистрираните активни матери на ЕУ кој ги има кај нас, потоа употребувамо инсектициди и акарициди и едно прскање за складирање (гниење). да не биде фалење Ресен прскаат 12-14 пати а ние гарантирно успеваме со 7-9 пати зависно од годината.


-------------


Posted By: Max
Date Posted: 26-Dec-2009 at 23:42

ова со волку малку прскање чим минувате тогаш на арно е, но и до сортата е колку што знам исто зависи колку и како е разретчен и осончен овоштарникот и јасно колку е во завет, незнам како одеше математиката но милам дека за она топ јаболка овоштарниците ги прскаат и до 15 пати! абе нензма дали некој тоа употребата на препарати ја контролира во државава но по се изгледа станува збор за импровизирана работа, може сме една од ретките земји каде за оваа за повеќето овоштари неопходна појава немаме никаква статистика ниту контрола, се надевам дека со хасапот и еугапот ќе се воведе некаков ред но мислам дека уште долго ќе има безвластие на овој план! пред некое време им вратија на преспани една тура мислам од полска, а пред десет години и од холандија им вратија една тура, значи она преку дозволената граница на третирање со хемија, н не дека ние сме единствени ова секаде е појава: http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=15&vId=65249418&lId=1&title=%D0%9F%D0%9E%D0%A2%D0%A1%D0%95%D0%A0%D0%92%D0%98%D0%A1%D0%98+-+%D0%A1%D0%A2%D0%9E%D0%A0%D0%98%D0%88%D0%90 - Граничната инспекција тврди дека увозното овошје и зеленчук се подложни на ригорозни контроли но сепак можеме да бидеме поеколошки ориентирани како би избегнале и труење на земјата но и подобар пласман!

а ова со син камен немате прскано досега!? обично како најбезбедно, наједноставно и наефтино решение а воедно квалитетно е синиот камен http://aba.ugd.edu.mk/show_listapreparati.asp?ID=159&WhPreparat=SIN%20_KAMEN - http://aba.ugd.edu.mk/show_listapreparati.asp?ID=159&WhPreparat=SIN%20_KAMEN



Posted By: Dragan
Date Posted: 27-Dec-2009 at 01:20
Мах контрола на зашитата кај овошјето е должна да врши фитосанитарна инспекција, е сега дали таа е дел од земјоделскиот инспекторат или е посебна инспекција тоа кај нас се уште не е организациски средено. Иначе ако се извезува на преимер вишна треба да добиеш сертификат дека твоето произвоство е еколошки здраво (махсимално ниво на резидуи)  таков сертификат треба да издаде овластена институција која со закон ги има исполнето исловите за вршење на таква а дејност.Граничната инспекција е само еден мал сегмент на контрола на исправноста на храната (растителна) и семиња но најчесто кога увезуваат и таа не е доволна,тоа е само еден од око преглет. Граничните инспектори скоро да немаат ни орпема за брзи испитувања.
По ригорозна конторола врши РЗЗ (републички завод за заштита на здравјето ) но тој е дел од менистерството за медицина  врши конторли од тој аспект ако граничните инспектори и инспекторите во внатрешоста нешти испратат таму што многу ретко се прави затоа што е многу скапо. Главнота заштита на храна од растително произвотстов се врши на нива во самото одгледување тука треба да има инспекциа на примена на пестицидите и ѓубриваата во пропишани колични (дози)затоа што после веќе касно во лабараторија може да се утврди само голема количина МНР (махсимално ниво на резидуи - остатоци од пестициди) и затоа на Ресенчани тоа им е најдено и е вратено назад затоа што во на пример Германија има акредитирани лаборатории кои тоа лесно го отврдуваат.Во Холандија за 2-3 култури постои еден фитосанитарен инспектор така таму колку што знам има 15-на вида на фитосанитарни инспектори. Еколошки производ често пати се заменува со органски производ. Органски производ во права смисла на зборот не постои.
Син камен- е бакарен елемнт каде бакарниот јон има главно дејство врз протоплазмата на габите и така ги уништува но тој се применува само до појавата на првите поголеми листови во концентрација од 0,5 до 1% има ефикасни својства но бидејќи е елементарен препарат нема транс локаторно својство ( не влегува во сокодвижението ) и помал дожд едноставно го измива од поворшината на листот исто така тој може да направи и ожеготини но сепак кај лозата има поголема примена. Ако сакаш за пестицидите повеќе може еден по еден да ги објаснуваме понатака.


-------------


Posted By: Max
Date Posted: 27-Dec-2009 at 02:01

види инспекциите на сите ни е јасно дека дури и да сакаат можат само по случаен избор или по пријава да делуваат, тоа дека имаат капацитет се да поминат тоа тешко, инаку по правило земаат мостра од овоштарникот и ја испраќаат во http://www.unet.com.mk/rzzz/m27.htm - http://www.unet.com.mk/rzzz/m27.htm како што и напомена, но има и повеќе лабаратории мислам една на ветеринарен друга на шумарски итн http://mzsv.10less.com/index.php?option=com_contact&Itemid=3 - http://mzsv.10less.com/index.php?option=com_contact&Itemid=3 во зависност од потребата! но сега имаме сертифицирана лабараторија и за органско производство и да истото е возможно! http://krr.ugd.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=12&Itemid=20&lang=mk - http://krr.ugd.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=12&Itemid=20&lang=mk само кај нас тешко ја вртиме кон нешто што е непознато односно во случајов изворно треба само старите сорти и методи да се вратат! 

е сега синиот камен како полезет чаре ако може така да се каже (сепак е отров) се користи сега ова време кога се мразовите за да се спречи појавување на паразити и како што напоменав за да се оневозможи прерано вегетирање односно предвремено цветање...

а за тоа отровите еве ти линкот од погоре http://aba.ugd.edu.mk/default.asp?mnuId=1&subMnu=3&PgID=3 - http://aba.ugd.edu.mk/default.asp?mnuId=1&subMnu=3&PgID=3 сите се на долго и широко разглобени, абе за арно за лошо за нив лесно се разбира, тешко луѓе стигаат до инфо и изнаоѓаат волја за органска комбинација, абе бар тоа продавниците да упатуваа колку се се' третирани продуктите и арно ќе беше но тие мчат и гледат како со бадијала прекуп да наполнат каса! за тоа ГМОто генетски модификуваните организми односно овоштија и зеленчуци и да не отворам уста, ајде но тоа е тоа за инстант живот и инстант храна нормално што сетне преоѓа и во инстант навика, која лекарите посетне пак ја третираат со чиста хемија, то ти е еден затворен комерцијален круг кој квалитетно се одржува во живот! а зошто тоа времето ќе покаже... абе отрове комшо, незнам само тебе како производител не ти е шубе да јадеш тоа вишната и јаболката свежи бар им лупиш кора или ги отстојуваш во алкализирана вода, како и да е ретко кој има трпение па најчесто (и јас до скоро) со се' лушпа ја тераме!

а за цариниците стој тие допрва треба да ги усогласиме со европа, за нив треба лабараторија на лице место односно по терминалите за мострите одма да се проконтролираат но повторно тоа оди по случаен избор на пакет од цел шлепер па со сигурност и неможе човек да знае дали нешто му се протнало, а може исто и заради еден пакет цел камион или цел контејнер да вратат во зависност од прецозот...



Posted By: Max
Date Posted: 28-Dec-2009 at 01:57
еве тазе заебанција
ЦРНА ГОРА РЕАГИРА
Отров во компир

Надлежните инспекциски служби во Црна Гора вратиле во Србија 35 тони компир поради зголемено количество кадмиум, потврдила директорката на Фитосанитарната управа, Зорка Пејовиќ, пишува белградскиот весник „Блиц“. Пејовиќ на медиумите им рекла дека зголемената количина кадмиум во компирот е утврдена на 11 декември, за време на редовна контрола на безбедноста на храната што се увезува во Црна Гора. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=129963&EditionID=1902 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=129963&EditionID=1902

мостри и кај нас се препраќаат до лабораторија редовно, но кој гарантира дека нема пропусти, тоа во западниот свет работата постојано им бега од контрола а не па кај нас



Posted By: Max
Date Posted: 04-Jan-2010 at 17:16

НОВИОТ СИСТЕМ СО САКСИИ ВНОСЕН БИЗНИС

Бери јагоди и полни паричник

Се поголема е заинтересираноста на земјоделците за новиот модел на одгледување јагоди во пластеник, во саксии од стиропор - вертикално наредени. Засега единствената производителка на јагоди во пластеникот во Кочанско, Дивна Иванова, тврди дека луѓето се интересираат за новиот модел и секојдневно доаѓаат за да се уверат како функционира во практика. - Дневно по десетина семејства од сите страни на земјава доаѓаат да се консултираат како да почнат сопствен бизнис. Голема е заинтересираноста на оние што имаат пластеници и одгледуваат домати и пиперки, па сакаат да почнат со јагоди, бидејќи слушнале дека нема толку работа како кај зеленчукот. Нема што да кријам. Јас мислам дека треба што повеќе луѓе да да произведуваат вакви квалитетни јагоди, бидејќи трговците молат за количества за извоз - Иванова. Она што ги интересира сите што доаѓаат е колку чини целата инвестиција и дали се враќаат парите, тврди производителката на јагоди. - Ако имаат пластеник пренамената за 320 квадратни метри чини околу 5.000 евра, но парите се враќаат по првата година. Втората година веќе нема никаква инвестиција. Само берба и ќар - вели Иванова. Во пластеникот на меѓуредово растојание од метар и дваесет собира 6 реда со 40 столба во должина - или 240 столба со саксии. Секој столб има по осум саксии, за што се потребни 1.920 стиропорни саксии, за чија набавка според моменталните цени се потребни околу 1.500 евра. За да се наполнат со земја, односно со тресет, се потребни 700 евра. Држачите се обични цевки од 2 метра, за чија набавка треба да се одвојат 1.350 евра. Следна исто така значајна инвестиција е набавката на садниот материјал. За квалитетен расад се трошат 1.100 евра. Останува уште 80 евра за системот за наводнување капка по капка и 200 евра за филц-фолијата која се поставува на земјата за да нема плевели во пластеникот. - Можеби изгледаат многу 5.000 евра за пластеник од 320 квадратни метри, но математиката на приходите кои веќе ги имав оваа година покажуваат дека е исплатливо. Затоа што еден корен во првата година дава најмалку 400 грама, што значи дека од еден столб би требало да се наберат 12,8 килограми јагоди, што се околу три тона од пластеник. Иако цената на стартот на бербите достигнува и по 180 денари, со просек по 100 денари од еден столб се добиваат 1.280 денари. Ова значи дека од целиот пластеник приходот првата година е околу 5.000 евра, колку и целата инвестиција. Но натаму веќе нема толку големи инвестиции. Втората година родот се зголемува на 600 грама од корен, односно 4,6 тона од пластеник, што се чисти 7.500 евра заработка - вели Иванова. Едно семејство со ангажираност само на двајца члена можат да сработат два пластеници од 320 квадратни метри. Работа во пластениците со јагоди има околу 10 месеци во просек по 4 часа на ден. Ова сведено на месечна плата во просек изнесува 440 евра вклучувајќи ги и двата неработни месеци од годината како платен одмор, иако работниот ден е со скратено работно време.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=94282&EditionID=1450 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=94282&EditionID=1450

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ГЛАДНИ ЗА НОВИ ИДЕИ

Експанзија на производство на јагоди во саксии

Експресно се шири производството на јагоди под пластеници во земјава. За само четири месеци, 35 семејства почнаа со производство, а уште стотина најавуваат почнување на овој бизнис од следната сезона. По појавувањето на Дивна Иванова, првиот производител на јагоди во саксии, во емисијата „Фармер“ на телевизија А1, повеќе од 300 семејства се заинтересираа да почнат со ваков начин на одгледување јагоди и формирано е здружението „Македонска јагода“ за чиј претседател е избрана Иванова. - Планираме новоформираното здружение на производители на јагоди да се шири и да има и регионални здруженија и сите организирано да настапуваме и да можеме да понудиме количества за извоз бидејќи трговците веќе се интересираат, но, главно, бараат поголеми количества за да ги наполнат шлеперите за извоз - вели Иванова. Многумина во одгледувањето јагоди под пластеници препознаа добар семеен агробизнис. Првите берби се за неколку месеци од инвестирањето, а вложените пари се враќаат уште во првата година. - Сметам дека не треба да имаме страв за пласманот бидејќи ако имаме квалитет, јагодите сами ќе се продаваат. За продажбата многу ќе помогне и ваквиот начин на здружување, а преку здружението понатаму ќе вршиме и групна набавка на сите репроматеријали и со тоа уште повеќе ќе си ги зголемиме приходите - вели Милојко Ангеловски, производител на јагоди од Крива Паланка. Досега се засадени 300.000 садници од кои се очекува годишно производство на 100 до 120 тони јагоди под пластениците. За поголем развој и за помасовно ширење на производството, земјоделците очекуваат од следната година да бидат вклучени во програмата за поделба на субвенциите, што на државата ќе и се врати преку зголемен извоз на македонските јагоди.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=102457&EditionID=1554 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=102457&EditionID=1554

Кризата и економските турбуленции во нашата земја создадоа огромен број работници што се технолошки вишок. Па, тие што имаат и мала површина земја егзистенцијата ја пронајдоа во производство на јагоди. Ако се земе предвид фактот дека во Македонија доминираат парцели со површина од 1.000, 2.000 до 5.000 квадратни метри, ретко 10.000 квадратни метри, јагодата како овошка со скромни биолошки барања, високи приноси од единица површина, со добра цена на пазарот, е идеална за овие површини, вели, доц. д-р Бојан Попов-ски, од Факултетот за земјо-делски култури и храна
Производството на јагоди може да биде исплатлив агробизнис. Искуствата од терен покажуваат дека вло-жените пари брзо враќаат.
- Јагодата е единствена овошна култура што веднаш дава плодови, уште во првата година по садењето, притоа е многу важен периодот на садење. Задолжително треба да се сади во втората декада на август. На тој начин во тековната година се формираат цветни пупки и се добиваат високи и квалитетни приноси во пролетта наредната година. Ако површината е добро подготвена и ако објектите се навреме подигнати, и ако се употреби квалитетен саден материЈал, инвестицијата ке се врати уште во првата година и ќе се оствари соодветна заработка - вели Поповски.
Последниве две години интересот за производство на јагоди уште повеќе се зго-леми, со новиот тренд на производство на јагоди во саксии, под пластеници. Со овој начин на производство јагодите созреваат порано, поради што постигнуваат   
 повисока цена на пазарите. Но, овој начин на производство на јагоди со себе носи и низа специфичности на кои треба да внимаваат земјоделците. Важно е да се заварди рокот за садење, да се внимава при изборот на саден материјал, од што зависи квалитетот на родот. Кон средината на јуни треба да се почне со подготовка за садење на јагодите во саксии. Во овој период треба да се набави садниот материјал, тресетот и саксиите од стиропор и веќе на почетокот на август да се почне со садење за да може да се стигне есенската берба во октомври.
- Потребно е добро да се познава ова производство на јагоди, како и карактери-стиките на сортите. Во спро-тивно, може да настанат големи штети и уништување на насадите. Јагодата како овошка нуди многу начини на производство и овој начин под пластеници може да биде во саксии, вертикално, хоризонтално, со или без за-топлување и други комбинации. Важно е да се обезбеди висококвалитетен саден ма-теријал со сертификат, навреме да се подготват површините и да се спроведат сите агротехнички мерки. Технологијата на производство може за неколку години успешно да се совлада. А, новите производители не се сами, имаат поддршка од науката и од практиката. Секако, би го споменал тука и здружението на производители на јагоди „Македонска јагода", како и катедрата на Факултетот за земјоделски науки и храна. Секој производител може да побара совет како да ја усоврши тех-нологијата на производство на јагоди под пластеници објаснува, Поповски.
Многумина во производството на јагоди под пла-стеници препознаа добар семеен агробизнис. Податоците покажуваат дека досега повеќе од 50 семејства се самовработија, засадени се околу 600.000 садници, а интересот не запира.
Македонија има услови за производство на јагоди, дури и странските експерти советуваа да се искористат позитивните климатски ус-лови и да се прошири произ-водството на јагоди бидејќи станува збор за исплатлив семеен агробизнис.
ДИВНА ИВАНОВА ПРВИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ЈАГОДИ ВО САКСИИ

Дивна Иванова од Кочанско е првиот сериозен производител на јагоди во саксии од стиропор, наредени вертикално. Со овој семеен бизнис почнала во 2007 година, а претходно се занимавала исклучително со градинарство.
- Почнав со производство на јагоди бидејќи, реално, работата е полесна, за разлика од градинарството. Јас почнав со 24 илјади садници во саксии сместени на површина од еден и пол декар. За сите што сакаат да се занимаваат со ова, од искуство препорачувам да почнат со помалку корења, околу четири илјади, а тоа значи со околу илјада саксии, бидејќи во една саксија успеваат четири корења - вели Иванова.
За квалитетно производство на јагоди е потребна голема едукација, посочува Дивна. Таа се едуцирала преку списанија, во соработка со Министерството за земјоделство и со проф. Бојан Пoповски од Факултетот за земјоделски науки и храна. Исто така, искуствата од соседството, особено од српските производители на јагоди, кои се лидери на балканот за вертикално производство на јагоди под пластеници.
- Ова зборува за фактот дека нашето поднебје одговара за овој семеен агробизнис и токму затоа сето мое ангажирање не е само за лично усовршување, туку имам желба производството на јагоди во саксии да стане препознатливо производство и во Македонија За само една година откако го промовиравме производството, тоа стана вистински хит мегу земјоделците - додава Дивна.
Засега таа е задоволна од овој бизнис, па затоа годинава го проширила производството и инвестирала во уште во три илјади саксии, со вкупно 12 илјади корења. Што значи дека нејзиниот производство оди во нагорна линија и сега во нејзините пластеници има 36 илјади садници.

Време -  Марија Кимовска - 28.12.2009



Posted By: Dragan
Date Posted: 04-Jan-2010 at 21:31
Во програмата за инвестиција или како сега популарно се вика бизнис план се објаснуваат во детали два дела а третиот и најважниот само  се прелетува.Првиот дел е технологијата на работењето,вториот се занимава со економските категории рентабилност,продуктивност и економичност.Овие категории исто така се разработуваат во детали и со нив се укажува на оправданоста на инвестицијата.Есега третиот дел е ПАЗАРОТ .
Пазарот е широк поим и има повече видови на пазар од локален ,регионални,берзи,затворен тип отворен ,сезонски идр.Флуктацијата на побарувачката е многу непредвидлива во земјоделието особено ако не се произведува по стандарди и за определени познзти купувачи.Обртот на производството е помало од единица(се произведува во една а се реализира во друга година)За да земјоделецот инвистира навистина мора да биде многу сигурен пред се за пласманот,затоа што тех.на работенето се совладува ,правењето објекти исто така ,но на пазарот нашите земјоделци се слабо организирани или никако организирани.Генерално кажано нашиот пазар може да се рече е ЛОКАЛЕН,слаб да апсорбира се што ние произведуваме.Но за тоа другпад.Како и да е мора да се ризикува и нвестира за дасе оформат нови работни места,борбата на пазарот ше ги издигне најупорните.подобро така иначе следи фамилијарен банкрот ,но оние кои че успеат че имаат добар буѓет


-------------


Posted By: Max
Date Posted: 06-Jan-2010 at 14:49

јагодата никогаш не се фрла во најмала рака вишокот завршува во конзервна индустрија за слатко или компот! 

сепак мора квалитетно истемпиран пласман, а тоа со компјутериве денес и не е некој особен проблем, битно е да имаш воспостаео комуникација а другото само ќе си дојде!

она што е речиси најтурбо фактор кај саксискиве јагоди особено тие вертикално поставените е тоа што болестите поретко ги напаѓаат, што не е случај и со нивското производство! најидеално за борба со болестите и штетниците е да се оди на саксиско но висечко одгледување односно воопшто да немаат допира саксиите со земја, во тој случај и така големиот принос кај саксиските јагоди се  осигурува целосно од болести, ова е особено погодно за органското одгледување на јагоди http://www.agrokonsalting-pro.com.mk/index.php?option=com_rokdownloads&view=file&task=download&id=6%3A--&Itemid=12&lang=mk

кај нивските насади мора редовно јагодите да се штитат од коров, односно да се плеват, да се чистат трапоите од треви кои ги гушат и допринесуваат за болести кај насадите, освен ако ова не е решено со систем капка по капка! како и да е и во која и комбинација да оди ова производство нема зијан! http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=4517 - Од еден корен пола кило италијански сорти на јагоди http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=4517  

~

еве и нешто дополнително инфо

http://scindeks.nb.rs/SearchResults.aspx?query=ARTAK%26and%26jagode&page=0&sort=1&stype=0 - http://scindeks.nb.rs/SearchResults.aspx?query=ARTAK%26and%26jagode&page=0&sort=1&stype=0

http://www.ffrm.org.mk/index.php?searchword=%D1%98%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8&option=com_search&Itemid=5 - http://www.ffrm.org.mk/index.php?searchword=%D1%98%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8&option=com_search&Itemid=5

http://www.gardenaction.co.uk/fruit_veg_diary/fruit_veg_mini_project_february_2_strawberry.asp - http://www.gardenaction.co.uk/fruit_veg_diary/fruit_veg_mini_project_february_2_strawberry.asp

http://www.biostim.com.au/pdf/Green-house.pdf - http://www.biostim.com.au/pdf/Green-house.pdf

http://smallfruits.psu.edu/?q=node/2

http://www.omafra.gov.on.ca/english/crops/facts/straw_fert.htm

http://www.ces.uga.edu/Agriculture/agecon/budgets/printed/strawpub.pdf

http://smallfarms.ifas.ufl.edu/crops/vegetables/strawberry.html

http://arec.oregonstate.edu/oaeb/files/pdf/EM8462.pdf




Posted By: SkyBoy
Date Posted: 10-Apr-2010 at 15:10
РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Отворен деловен центар

Во Струмица е отворен деловен центар за развој на аграрот, проект што го спроведува локалниот деловен инкубатор со финансиска поддршка на Холандската агенција за развој. Целта на деловниот центарот е да им помага на индивидуалните земјоделски производители, трговците, преработувачите на зеленчук и на овошје и на другите субјекти од земјоделскиот сектор за полесно да ги решаваат секојдневните проблеми.
- Во понудата на центарот се разновидни услуги и обуки од областа на земјоделството и се што е директно или индиректно поврзано со оваа стопанска област, информации од програмите на ИПАРД, отворање веб-портал за цените на одредени земјоделски производи. Идејата за неговото отворање потекна од деловниот инкубатор во Струмица - истакнаа од Холандската агенција за развој.
Центарот ќе се фокусира врз развојот на услужните дејности во земјоделството. За таа цел е изработена програма наменета за индивидуалните земјоделци. Се очекува подобрување на квалитетот, квантитетот и на асортиманот на земјоделското производството, како и зголемување на отвореноста на информациите наменети за партнерите.
Деловниот центар за развој на земјоделството во Струмица е прв од ваков вид во Македонија и ќе биде отворен за соработка со сите учесници од регионот

 
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1990&ArticleID=138099 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1990&ArticleID=138099


Posted By: Max
Date Posted: 06-Jul-2011 at 21:17

србите предничат со агрономски емисии http://www.poljopartner.rs/index.php?option=com_content&task=view&id=426&Itemid=73 - http://www.poljopartner.rs/index.php?option=com_content&task=view&id=426&Itemid=73 но на нет се тенки, затоа хрватите  скромни но  конечно почнаа да ја качуваат емисијата   http://www.hrt.hr/?id=enz&tx_ttnews%5Bcat%5D=205 - Plodovi Zemlje - http://www.hrt.hr/?id=enz&tx_ttnews%5Bcat%5D=205

нормално кормерцијализирање не им бега http://www.plodovizemlje.hr/ - http://www.plodovizemlje.hr/ само белки нема да бидат ситничави па само последните 7 емисии да ги качуваат како што тоа го прават англичаните http://www.bbc.co.uk/podcasts/series/farming - http://www.bbc.co.uk/podcasts/series/farming

кај нас ги имаме - аграр на мтв, фармер на а1, наша земја на сител  и агроберза на ирис, но ниедна нема видео подкаст

[tube]tJpxaWR2J-c[/tube]

[tube]-YRREtIlv7g[/tube]

[tube]iFuFezJaFnU[/tube]  

видеа на нет има на претек, пример евопскиве   http://www.ag2020.org/ - http://www.ag2020.org/ ,  или пример австралиските шоуа   http://www.sbs.com.au/shows/costa/watchonline/page/i/1/h/Watch-Online/ - Costa's Garden Odyssey и http://www.vasilisgarden.com/index.php/episodes - Vasili's Garden





Posted By: Max
Date Posted: 07-Jul-2011 at 13:41

информативно касниме во западен балкан, портали слабо, списанија исто, а земјоделски форуми како   http://www.poljoprivredni-forum.com - http://www.poljoprivredni-forum.com , http://poljoinfo.com/forum.php - http://poljoinfo.com/forum.php или http://www.poljoprivredni-forum.biz/forum - http://www.poljoprivredni-forum.biz/forum за сега  нема, освен пчеларските http://www.pcelar.mk/forumbeta - http://www.pcelar.mk/forumbeta и http://pcela.mk/forum/index.php - http://pcela.mk/forum/index.php

од агро списанија кај нас ги имаме  

http://ие%20за%20www.ffrm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=93&Itemid=87 - Моја Земја - списание за земјоделие и рурален развој - http://www.ffrm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=93&Itemid=87 (проект на ффрм)

http://pcela.mk/index.php?option=com_content&task=blogcategory&id=33&Itemid=65 - АПИС - списание за пчеларство - http://pcela.mk/index.php?option=com_content&task=blogcategory&id=33&Itemid=65

http://www.pcela.rs/melitagora.htm - МелитАгора - списание за пчеларство - http://www.pcela.rs/melitagora.htm [ http://pcela.mk/forum/index.php?topic=1598.0 - 1 ]

и неделниот додаток Фармер во дневниот весник Време кој сега откако згасна весникот може ќе мигрира, или евентуално да прерасне во агро портал како што се во комшилуков пример http://www.agroburza.hr - http://www.agroburza.hr , http://www.seljaci.hr - http://www.seljaci.hr ,   http://www.agroklub.com - http://www.agroklub.com и http://poljoprivreda.info - http://poljoprivreda.info

доколку имате вишок време:

- http://usain.org/agzines.html
- http://www.world-newspapers.com/farming.html
- http://www2.lib.udel.edu/subj/agr/ejrnls/agr.htm
- http://www.thefreelibrary.com/Business+and+Industry-p1+Agricultural+industry
- http://www.ifaj.org/



Posted By: Max
Date Posted: 07-Jul-2011 at 16:29

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1233&PID=105722#105722 - ЗК Пелагонија ќе гради млекара во Жабени - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1233&PID=105722#105722

ЗК Пелагонија ќе гради млекарница во индустриската зона Жабени, за што одборот на директори на компанијата одобри изработка на физибилити студија. Студијата ја подготвува Центарот за истражување на Земјоделскиот факултет, а треба да биде готова до крајот на месецов. Истовремено, ЗК Пелагонија нарачува изработка на физибилити студија исто така од Центарот за истражување на Земјоделскиот факултет, за реконструкција на свињарската фарма и воведување на новa технологија во неа. 
И за двете физибилити студии ЗК Пелагонија на факултетот ќе му плати по 250.000 денари, односно вкупно 500.000 денари. http://daily.mk/Plus-Info/zk-pelagonija-kje-pravi-fizibiliti-studija-za-mlekarnicata/804550 - http://daily.mk/Plus-Info/zk-pelagonija-kje-pravi-fizibiliti-studija-za-mlekarnicata/804550

http://www.zkpelagonija.mk/proizvodi - www.zkpelagonija.mk/proizvodi ЗКП е најголем коперант на ИМБ со 25 до 30тони млеко дневно (од2000молзни крави-3000вкупно), а млекарата ќе ја прават за 50тони дневна преработка, значи јака конкуренција на ИМБ која дневно преработува 70 до 100тони млеко официјално(300 потенцијал), додека ИдеалШипка  30 до 50тони...  ова за ИМБ и ИШ како странски инвестиции првата на Салфорд-Имлек(која ја држи и БученКозјак кај нас) а втората на Лакталис-Дукат е силна конкуреција во ист атар, така ЗКП враќајки го И-то(индустриски) ЗИК Пелагонија  би требало да ни ја исправи млечната индустрија заедно со Здравје Радово, Олми и Сточарство Богданци... исто и поранешниот директор на ИМБ  сегашен сопственик на http://217.16.70.245/default.aspx?pbroj=1446&stID=12387&pdate=20040413 - ВитаПела најави своја млекара   http://174.120.126.194/~orbiscom/orbis/index.php?option=com_content&view=article&id=3091:2011-07-06-11-35-42&catid=81:lokalni&Itemid=419 - Две нови млекарници во Битола ?! само прашање е зошто не ја купуваат Сведмилк, но најверојатно полезет им е ново во Битола него старо во Скопје од повеќе причини иако имало интерес... http://zk.com.mk/act/млекарници/Македонија  - http://zk.com.mk/act/млекарници/Македонија

[tube]KNCjp2wNyJ8[/tube]

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=51510103351&id=10&setIzdanie=21984 - Драстично опаднало производството на млеко - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=51510103351&id=10&setIzdanie=21984

ИМБ годишмо преработува 38 милиони литри кравјо млеко, а вкупно во земјава се произведуваат 350 милиони литри http://www.stat.gov.mk/pdf/2011/5.1.11.13.pdf - http://www.stat.gov.mk/pdf/2011/5.1.11.13.pdf



Posted By: Max
Date Posted: 07-Jul-2011 at 21:16

незнам што е по нехуман однос, дали да се чуваат http://video.google.com/videoplay?docid=6361872964130308142 - крави за месо или за млеко, по мене и едното и другото, за првото ете документарец, а за второво мислам тврдењето дека кравјото млеко е здраво и неминовно не е точно иако по навика луѓе се вртат кон него под изговор потреба од калциум...

денес има доста начини како на природен начин да се обезбеди доволно количество калциум, дали преку чаеви од коприва, малина, киноа, овес итн. [ http://www.herbcompanion.com/health/supplement-calcium-with-herbal-tea.aspx - 1 ] или пример лушпа од кокошкино јајце [ http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/15018022 - 2 ]...

но од тоа не му куца магарето колку што проблемот е во протеините од кравјо млеко кои не се подобни за луѓето [ http://www.naturalnews.com/001030.html - 3 ][ http://www.naturalphysiques.com/485 - 4 ][ http://www.ehow.com/list_6825107_dangers-milk-human-infant-kidneys_.html - 5 ] дури и самите производители не одбегнуваат да посочат(умерено) дека млечните производи се штетни за спечифична таргет група  [ http://norbitoncheese.co.uk/stock/Stock.aspx?LinkID=4&SubLinkID=69 - 6 ]



Posted By: Max
Date Posted: 07-Jul-2011 at 23:02

во однос на http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=469&PID=22595#22595 - кодекс алиментариус еве со што се си има  народ проблем на запад, но веќе и кај нас се стега обрачот, прво стегнаа околу регистрирањето и етикетирањето на  приватното производство вино и ракија, а по секако ќе стегнат и за млечните производи, месото и плодовите, доколку сеуште  останеме на еа-курсот...

[tube]ioN0ehlyyXI[/tube]

 



Posted By: Max
Date Posted: 16-Jul-2011 at 21:42


најглавен проблем кај необработената храна е појавата на салмонела, особено во лето, но доколку истата таа храна е  тазе обрана односно приготвена и се внесува како  свежа, истата нема да предизвика проблем... ова на село е изводливо, но за град се почесто алтернативата е процесирана храна, која не дека некого труе инстантно, но го сотрува човека пополека, најнапред истиот ја губи волјата и запаѓа во депресија заради недостаток на витамини, а потоа и имунитетот му ослабнува заради што и станува по неотпорен на вируси, бактерии итн. http://www.puristat.com/standardamericandiet/processedfoods.aspx - http://www.puristat.com/standardamericandiet/processedfoods.aspx - http://en.wikipedia.org/wiki/Food_additive#Safety - http://en.wikipedia.org/wiki/Food_additive#Safety

еве што се сме приморани да внесуваме

[tube]fE_UttRwlhE[/tube]


ни вегетаријанците не се изоставени

[tube]t4TZ2LKSdm8[/tube]

претпоставките зошто ваквата вештачка исхрана безусловно се наметнува, па и на село, може да се бара само во конспиративни анализи 

[tube]MSpkLk0vYmk[/tube]





Posted By: Max
Date Posted: 20-Aug-2011 at 15:51
Во македонскиот мед нема антибиотици!

Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ, информира дека во земјава е увезена една пратка на српски мед, но тој е безбеден за употреба, а тоа го потврдиле анализите на мострите што се земени од медот

Српскиот мед е опасен по живот, бидејќи содржи во себе големи количини антибиотици од типот на стептомицин и хлорамфеникол. Оваа информација деновиве ја обелодени белградскиот дневен весник Курир". Авторот на текстот пишува дека во соседна Србија се јаде мед збогатен со антибиотици, што сериозно го загрозува здравјето на оние што го консумираат.

Наодите ги потврдиле и официјалните институции каде што биле направени соодветни анализи на медот. Дел од пчеларите потврдиле дека некои од нив ги користат антибиотиците за да ги лекуваат пчелите и нагласуваат дека таквиот мед не треба да се користи во исхраната. Наместо тоа, медот се почесто завршува на домашните трпези.

Минатата година од Германија биле вратени неколку шлепери мед од Србија, коишто исто така биле полни со антибиотици. Директорот на Управата на ветерина при српското Министерство за земјоделие, Зоран Миќовиќ, најавил дека за сите пчелари кои продаваат ваков мед ќе биде поднесена кривична пријава.

Од Агенција за храна и ветеринарство на РМ велат дека медот се контролира уште при увозот на самиот граничен премин. Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, потврдува дека во земјава е увезена една пратка на српски мед.
- Направени се комплетни микробиолошки и хемиски анализи на мострите што се земени од медот и резултатите се во ред. Медот слободно може да се користи во исхраната - тврди Рунтевски.
Тој нагласува дека се вршат редовни проверки и на домашниот мед.
- Сите поголеми производители на мед во земјава се контролираат. Се случувало да се најдат одредени недозволени количини на одредени состојки и медот не се пуштал во употреба - објаснува Рунтевски. Тој додава дека антибиотик, како што е хлорамфеникол, досега не е најден во македонскиот мед.

Македонскиот медар Аце Георгиев тврди дека во неговото 20-годишно искуство никогаш не употребувал атибиотици за лекување на пчелите.
- Доколку пчелите се хранат со квалитетна храна, тие не се разболуваат. Но, ако се случи и тоа, ги лекувам исклучиво по природен пат - вели Георгиев. Тој појаснува дека има сознанија дека во соседна Србија, заради превентива, ставаат антибиотици во питите со коишто ги хранат пчелите.
Георгив вели дека медот исклучиво го продава на домашните пазари и досега не добил никакви поплаки од потрошувачите.

Лекарите предупредуваат дека со употреба на мед со антибиотици може да се предизвикаат различни алергиски реакции.
- При консумирање на ваков мед може да дојде и до анафилактички шок со смртни последици - вели д-р Мирослав Стоишиќ. Тој појаснува дека прво се јавува чешање, потоа отежнато дишење и голтање, а потоа може да се јави несвестица, кома и смрт.
http://daily.mk/cluster3/1d512d14e67c4ccfea5592692b6d02f7/869794 - http://daily.mk/cluster3/1d512d14e67c4ccfea5592692b6d02f7/869794


Posted By: Max
Date Posted: 24-Aug-2011 at 20:02

медот може да  се  "саботира" и индиректно од незнање или неадекватен комшилук

Eve i jas da se priklucam odgovorive na postavenovo prasajne.Mojot pcelarnik e oddalecen od gradot okolu 4 km.Okolinata e so bavci,rasadnici ima i vrbi bagrem i sl. no ima i dosta nivi so tutun,pa kako mlad pcelar baram mislejne od poiskusnite kako deluva toa na pcelite.
Пред се треба да знаеш што најчесто се сади на тие површини и колку се употребува хемија што е и најголем проблем како за пчелите така и за тебе како конзуматор на медот кој ке го соберат, иако пчелите го прочистуваат медот сепак има остатоци од пестицидите.
за тутунот имам слушнато дека добро меди а медот има специфичен вкус кој исто така содржи и поголемо количество на никотин а и има малку горк вкус а по боја е нешто потемен од ливадскиот
http://pcela.mk/forum/index.php?topic=888.msg3464#msg3464 - http://pcela.mk/forum/index.php?topic=888.msg3464#msg3464

finding sufficient organically-maintained land on which bees can forage may be even a greater challenge. Remember, bees will forage in roughly a three to four mile radius from their hive, meaning that if your hives were at the center of an imaginary circle, you’d need an area organically-maintained land up to eight miles in diameter, let alone any “buffer zone” between your land and any treated with synthetic pesticides, fertilizers, insecticides, GM (genetically-modified) crops, and the like http://www.thenibble.com/reviews/nutri/matter/organic-honey.asp#challenges - http://www.thenibble.com/reviews/nutri/matter/organic-honey.asp#challenges

Even so called ‘organic’ beeswax may be contaminated with beeswax containing low amounts of pesticides or paraffin. Thus, raw honey, beeswax, bee bread, pollen and propolis may be contaminated, especially if beekeeping methods are not according to the standards of the Centre for Ecological Apiculture. 

Honeybees in countries that allow genetically modified (GM) crops collect pollen from maize, and thus GM-maize pollen can be found in bee products such as pollen, bee bread, combs, propolis and beeswax. Foods containing GM-maize or compounds of other GM crops are toxic as shown by the latest scientific findings... Candles without beeswax are often made of plant oils from genetically modified cotton seeds. http://www.bee-hexagon.net/files/file/fileE/Organic/DefinititiveProgram.pdf - http://www.bee-hexagon.net/files/file/fileE/Organic/DefinititiveProgram.pdf



Posted By: Max
Date Posted: 24-Aug-2011 at 20:30

Кај нас има три програми од кои пчеларите имаат можност да земат помош www.ipardpa.gov.mk

-програма за директни плаќања(добро познатите субвенции)-условот е да имаш над 35 семејства

-програма за рурален развој-минимум 10 семејства, дел од инвестицијата плаќаш ти, а дел државата

 -ИПАРД-за разлика од програмата за рурален развој каде дозволено е да инвестираш во сандаци, рамки, опрема за мед и сл,

со ИПАРД добиваш средства(дел) за опрема за пакување, етикетирање на пчелни производи, софтвер, опрема за изработка на производи од восок, можеби пчеларски туризам, за садење на ароматични лековити билки кои можат да се искористат во пчеларењето, а после и за други цели и сл.

За жал ниедна програма не ги опфаќа почетниците
http://pcela.mk/forum/index.php?topic=1299.msg14696#msg14696 - http://pcela.mk/forum/index.php?topic=1299.msg14696#msg14696


Предложено е субвенциите за 2011г. да бидат најмалку 700 ден. по Пчелно Семејство за конвенционално, плус 30% за органско пчеларење. http://pcela.mk/forum/index.php?topic=1025.msg12999#msg12999 - http://pcela.mk/forum/index.php?topic=1025.msg12999#msg12999
Тие бараат за пчелно смејество да добиваат по 1000 денари како лани, а не 650 како што е предвидено за годинава. Посочуваат дека во органското производство три пати се помали количините мед, а три пати поголеми трошоците за разлика од конвенционалното производство. http://www.makdenes.org/content/article/2223962.html - http://www.makdenes.org/content/article/2223962.html


Закон за Органско Земјоделско Производство - http://www.mzsv.gov.mk/files/OZPmak.pdf%20  - http://www.mzsv.gov.mk/files/OZPmak.pdf  

Член 28 -  Правила за местоположбата на пчеларникот
(1) Пчеларникот треба да ги исполнува следните технички барања во однос на
местоположбата:

- да се обезбедат доволно извори на нектар, роса и полен за пчелите, и пристап до вода; 

- во радиус од 3 км од пчеларникот изворите на нектарот и поленот да се состојат од органски произведени растенија или од природна вегетација која не е третирана со хемиски средства, или пак растенија одгледани на начин кој има мало влијание врз животната средина што не може позначително да го променат одредувањето на пчеларското производство како органско; 

- да постои доволна оддалеченост од било кое место, можен извор на загадување на околината, како што се на пр.: градски центар, индустриска зона, автопат, депонии, места за спалување на ѓубришта и сл.

(2) Техничките барањата од став (1) од овој член не се однесуваат на времето
кога пчелните заедници мируваат или кога нема цутење.

Член 29   - Употреба на материјали во пчеларството и собирање на медот  
(1) Кошницата и материјалите кои се употребуваат во пчеларството треба да
бидат од природен материјал, без можен ризик од загадување на околината или
пчелниот производ. (2) Собирање на медот и другите пчелни производи не е дозволено да се врши
со уништување на пчелите во саќето и со употреба на хемиски синтетизирани средства.
(3) Поблиските правила и постапувања во пчеларството поблиску ги пропишува министерот.

  Член 36 - Правила за премин од редовно во органско земјоделско производство (преоден период)
(7) Органското производство во пчеларството се воспоставува година дена по преодниот период. Во текот на истиот, потребно е во кошниците да се изврши замена на пчелниот восок. Новиот восок треба да потекнува од органско пчеларско производство, освен ако контролното/сертификациско тело даде согласност дека не е можна набавка на восок со такво потекло под услов истиот да потекнува од медените капачиња.
(8) Преодниот период во производните единици во аквакултурното производство трае две години, во кој период треба да се почитуваат правилата и постапките за органско сточарско производство.


  Член 58 - Прекршочни одредби
(1) Глоба во износ од 3 000 евра до 5 000 евра во денарска противредност, ќе
му се изрече за прекршок на правно лице ако:

- употребува Г.М.О во органско производство (член 12, став 1);     

...

- не се почитуваат услови за органско пчеларско производство (член 28);
- постапува спротивно на одредбите од членот 29 на овој закон;

Закон за Квалитет на Земјоделски Производи - (Мед и Пчели)  http://pcela.mk/forum/index.php?topic=1318.msg12470#msg12470 - http://pcela.mk/forum/index.php?topic=1318.msg12470#msg12470



Posted By: Max
Date Posted: 24-Aug-2011 at 21:31

Органско Пчеларење - http://www.pcelar.mk/ekologijasection/ekoloski-proektii-akcii/49-2009-03-10-17-53-20 - http://www.pcelar.mk/ekologijasection/ekoloski-proektii-akcii/49-2009-03-10-17-53-20  

Органско Пчеларство - http://pcela.mk/forum/index.php?topic=830.0 - http://pcela.mk/forum/index.php?topic=830.0

Кратка информација за органско пчеларство - http://www.procert.mk/dokumenti/3.2.4.pdf - http://www.procert.mk/dokumenti/3.2.4.pdf

Август – суптилен месец за пчеларот

Во следната пчеларска година, август се смета како прв месец. Во август почнува да се оформува посебна генерација на пчели таканаречени ЗИМСКИ ПЧЕЛИ. Тие имаат специфично променета морфолошка структура која одговара на тешкиот и долг живот во зимата. Летните пчели како предци на зимските се веќе остарени и физиолошки непогодни за тешкиот зимски живот. Летните пчели обично изумираат до почеткот на зимата и затоа треба максимално да се искористат нивните нектарособирачки и хранителни способности.

Пчелите се карактеризираат со голема пластичност и, според потребите, можат да се пренасочуваат. За да се зголеми бројот на зимските пчели, треба стимулативно прихранување во август. Ова стимулативно прихранување е потребно бидејќи кон крајот на зимата бројот на пчелите во прихрануваните пчелни друштва е скоро ист со тие што не се прихранувани. Преработувањето на шеќерот многу ги амортизира пчелите затоа што инвертазата што ја лачат за тој процес се произведува на сметка на масното ткиво и белковините од телото на пчелите. Пчелите без масно ткиво во својот организам имаат краток век на живеење.
Зимските пчели, доколку е можно, не треба да се занимаваат со хранителна и нектарособирачка дејност, освен во критични години (лоши години) кога е дозволено едно семејство да преработи од 3 до 6% шеќер и тоа во текот на јуни или најдоцна до август.Наведените проблеми се решаваат со држење на продолжеток со мед кој во август треба да се става на подницата, а над него продолжетокот со легло. Со пренесувањето на медот од долниот продолжеток нагоре се врши и стимулација на матицата за несење, а тоа не ги истоштува и старее пчелите.Силни пчелни семејства во есента ќе добиеме ако од пролетта сме обезбедиле доволно помошни семејства, а сега со одземање на рамки со легло ќе ги појачаме основните и производни семејства. Ова најдобро ќе го поткрепиме со податокот дека раните пролетни роеви се најгарантираната есенска паша. Со овие роеви го решаваме и проблемот на слабите пчелни друштва со додавање на нуклеус со оплодена матица со легло и пчели.

Во овој месец пчеларот треба да обезбеди доволно празни рамки на кои матицата ќе несе непречено. Внимателно треба да ја
проследиме здравствената состојба на пчелните семејства, а особено да обрнеме внимание на американскиот гнилеж. За да ги заштитиме зимските пчели од оштетување од вароата, потребно е да се почне со заштита уште од 1 август, а тоа е пожелно да се направи со средства за органска заштита (мравја киселина и тимол). Во август голема штета на пчелите им прават осите, коишто во некои години ги има во поголем број. Добар начин на уништување на осите е испржена риба наросена со некој отров (инсектицид). Миризбата на рибата многу ги привлекува осите.

Овој месец се карактеризира и со бројни грабежи по пчеларниците и затоа пчеларите треба да бидат внимателни бидејќи тие се случуваат исклучително по нивна вина.
Често пати во август пчелите во плодиштето натрупуваат многу медлика која не е добра за зимска исхрана.
Вентилациите треба да бидат отворени што повеќе и пчелите да бидат снабдени со чиста вода за пиење (поило).

Како заклучок може да се напомене дека во август се удираат темелите на целогодишно јако пчелно семејство. Каков било пропуст не може да се надополни.

Раде Каранфиловски, советник за пчеларство при АПИ ЦЕНТАР - Битола http://ffrm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=447 - http://ffrm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=447





Posted By: Max
Date Posted: 24-Aug-2011 at 23:45


во контекст на пост http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=22414#22414 - #2 од нишкава, сугестија од http://spos.info/forum/index.php?board=59.0 - http://spos.info/forum/index.php?board=59.0

[tube]D-A44El_DMU[/tube]

[tube]CJQwbTDr1hc[/tube]

слично е и во преспанското подпелистерие каде вакви неприлики имал и д-р Павел Шљахов еден од поголемите приватни производители на мед во земјава http://pcela.mk/forum/index.php?topic=1278.msg12980#msg12980 - http://pcela.mk/forum/index.php?topic=1278.msg12980#msg12980 имаше доста информативен документарец за неговото производство,  мислам на мтв1...

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=90017&EditionID=1385 - Преспанските мечки ќе завршат на суд  

Преспанската мечка, како што ја нарекуваат ресенските ловџии, која има своја територија во густите шумски појаси на Потпелистерието и Баба Планина во појасот над Курбиново и Штрбово, наскоро ќе заврши на суд. Од средината на април, изгладнети од зимскиот сон, мечките секоја ноќ слегуваат во преспанските села и ги уништуваат сандаците со пчели и го јадат медот. - Нашиот пчеларник се наоѓа во боровата шума до патот над Претор. Мечката од 25 април неколку дена со ред доаѓаше и ни уништи 25 сандаци. Државната комисија ни призна штета од 386.000 денари. Истото ни се случи во средината на април минатата година. Во овој период мечките се изгладнети и слегуваат од Националниот парк „Пелистер“ - вели најпознатиот преспански пчелар Павел Шљахов.

Овие два месеца, мечки нападнаа и уништија стотина сандаци со пчели на медарите во преспанските села Лавци, Избиште, Златари. Бидејќи мечките се заштитени со закон од страна на државата, преспанските пчелари ќе поднесат тужба против Република Македонија за надоместување на штетата или, како што велат, ќе ја тужат мечката. Тие во судска постапка треба да докажат дека пчелините семејства им се уништени од ова шумско животно.

Покрај преспанските медари, со пелистерските мечки мака мачат и битолчани, кои пчели чуваат во потпелистерските села. - Досега неколку пати ни се случувало мечки да ни ги уништат сандаците и да ни го изедат медот. Иако во судска постапка штетата ни беше надоместена, сепак измислуваме начини како да се заштитиме. Во пчеларниците ставаме акумулатори и радиоприемници кои емитуваат гласни звуци за да се плашат мечките. По некогаш ни тоа не помага. Пред две години една мечка се прошета сретсело во Дихово, каде што ни е пчеларникот - вели битолчанецот Томе Кузев. Битолскиот јавен правобранител Ѓоко Талевски вели дека законската процедура е јасна и по неа се постапува. - Надлежна комисија ја утврдува штетата, а медарите треба да докажат дека штетите им се од мечка. Мечките немаат правен субјективитет и надоместување на штета се бара од државата, а овие неколку години се водат повеќе спорови - вели Талевски. Основниот суд во Битола пред два месеци го досуди досега најголемиот надомест на штета за пчелни семејства уништени од мечка. Прилепчанецот Зоран Киселоски од Кривогаштани ќе добие 140.000 денари за штетата што му ја направиле мечките во 2006 година во неговиот пчеларник во демирхисарското село Церово

можеби за некого чаре е електрифицирана ограда[ http://icwdm.org/Publications/pdf/Bears/bearsbeehivesCoSU.pdf - 1 ] но не ми е јасно зошто за вакви подрачја  не користат висечки кошници кои би се ределе на сајла, јасно сајлата би можело да се спушта, а кошниците може да бидат стандардни современи[ http://en.wikipedia.org/wiki/Langstroth_hiveo - 2 ] или нестандарни улишта[ http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=DC4F35652244C0499C3A0BA7CC1D371A - 3 ][ http://en.wikipedia.org/wiki/Bee_hive#Mud_and_clay_hives - 4 ][ http://translate.google.com/translate?hl=en&sl=ja&u=foodpia.geocities.jp/mituro36/CCP033.html&ei=JOxYToLTMYTJswb759W-Cg&sa=X&oi=translate&ct=result&resnum=1&sqi=2&ved=0CBkQ7gEwAA&prev=/search%3Fq%3D%25E4%25BC%259D%25E7%25B5%25B1%25E7%259A%2584%25E3%2581%25AA%25E6%2597%25A5%25E6%259C%25AC%25E3%2583%259F%25E3%2583%2584%25E3%2583%2590%25E3%2583%2581%25E3%2581%25AE%25E5%25B7%25A3%25E7%25AE%25B1%26hl%3Den%26biw%3D851%26bih%3D467%26prmd%3Divns - 5 ]

[tube]Y3-S3EbToJg[/tube]




Posted By: Max
Date Posted: 25-Aug-2011 at 01:42

пред некоја година сретнав берач на див мед, ме зачуди колку едноставен но оригинален пристап имаат таквите берачи, ниту ги тимарат особено пчелите, ниту пак тоа го прават од особен материјален ќар, а сепак собираат квалитетен мед... принципот е во процеп на карпа ставаат мед или шекер, истиот го затвораат со плитар, и прават дупка, периодот е од Спасовден до Митровден односно го поставуваат шекерот во мај а го собираат медот најкасно во октомври... во кратовско ваквите камени улишта ги викале бртви [ http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=23FFC52E8063C4409512A6A6BE364D0F&arc=1 - 1 ]

Laboratory reports have established our products as wild honey, which has more superior health benefits than honey extracted form made-made hives. Wild honey has a very slight sour taste. And when mixed in water, the solution obtained is clear and not cloudy http://www.benefits-of-honey.com/wild-honey.html - http://www.benefits-of-honey.com/wild-honey.html

http://www.benefits-of-honey.com/honey-benefits.html - http://www.benefits-of-honey.com/honey-benefits.html


  [tube]lx5jgxBYI00[/tube]


Со интензивно проучување утврдено е дека Прополисот е природен, бактерицид, анестетик, антиоксидант, антисептик, антибиотик, дека делува против голем број вируси вклучувајкиго и вирусот на грипот и дека е одличен во борба против габи и паразити. Пчелите го собираат билниот материјал за производство на прополис кога се појавува оштетување на (пукнатитини ,отвори) на кошницата,но и појава на натрапници ги поттикнува на произведување на прополис. Пчелите во кошниците секој простор поголем од 7 мм го исполнуваат (градат со восок ) а секој простор потесен од 8 мм го лепат со прополис. Тоа е поради неможноста на пчелата да навлезе во овие пукнатини и да ги отстрани нечистотиите и отпадот од восок и доколку не ги потполнат со прополис може да се јави восочниот молец и други паразити. 

http://www.pcelar.mk/aktuelno/pcelite-i-zdrajeto/262-2009-06-09-20-03-38 - http://www.pcelar.mk/aktuelno/pcelite-i-zdrajeto/262-2009-06-09-20-03-38

Мед Лековити Својства

Денес, со сигурност знаеме дека медот поседува антибактериско, антивирусно и антимикотично дејство. Богат е со антиоксиданси, особено феноли и флавоноиди. Поради тоа, може да се користи и како конзерванс. Со бројни научни студии се докажуваат и неговите антиканцерогени својства.
 Особено е интересна кафеинската киселина која делува превентивно на карциномот на дебелото црево. Но, треба да се знае дека неговите лековити својства се губат со негово изложување на повисоки температури. Одличен лек е за грип и настинка, како и за зајакнување на имунитетот.

http://beekeeping.blog.mk/ - http://beekeeping.blog.mk/

Пчели - настанале пред повеќе од 50 милиони години, живеат во полиморфно друштво, организирани во колонии кои може да имаат 30.000 до 100.000 единки. Полиморфизмот на медоносната пчела настанал со поделба на функциите помеѓу поедини членови на друштвото, што придонесло до совршено работење. Ваквата организација на друштвото придонесло до губење на способноста на неговите членови за самостоен живот. Зависат едни од други, и надвор од таа заедница не можат долго да опстанат. Пчелините производи се прави ремек-дела. 
Медот со векови останува во исправна и биолошки полновредна храна, прва слатка супстанција која човекот ја користел, бил единствен засладувач се додека не се појавил белиот шеќер.

Пчелиниот восок долго време се користел за осветлување на домовите
Поленот се користи за специјална исхрана 
Прополисот се повеќе се користи како антивирусно сретство
Пчелиниот отров наоѓа се поголема примена во медицината како антиревматско сретство
Матичен млеч:
Први почнале да го истражуваат Руските научници. Уште на почетокот на XX век, Руските академици добиле една голема задача да изнајдат природен производ кој ќе биде адаптоген, кој ке придонесе за зачувување на здравјето на оние работници кои работат во тешки и многу тешки услови на работа, пред се, мислеле на работниците кои работеле во рудници, во подморници, леарници, космонаути, истражувачи во поларните области, на спортистите. Овие работници многу брзо психо-физички се трошеле, многу рано оделе во пензија, а остатокот од животот го трошеле во отстранување на последиците, стекнати од таквиот начин на работа, наместо да уживаат во деновите после пензионирање. Многу од нив не ја дочекувале заслужената пензија, прерано завршувале со животот. За таа цел, Руските научници, испитувале над 30 000 природни производи, за на крајот од десетгодишната напорна работа да продолжат со понатамошно испитување на Матичниот млеч, кој покажал најсилно регенеративно делување на човековиот организам, како најсовршен природен производ. 

Но и покрај својата совршеност, и матичниот млеч имал една голема негативна особина, а тоа е неговата стабилност. Биле потребни уште околу 10 години за стабилизација на Матичен млеч. Бил стабилен најмногу 48 часа откако ќе се извади од кошница, за која нестабилност била одговорна водата која во Матичениот млеч ја има околу 70%. Тоа го знаеле и пчеларите и пробале да го стабилизираат Матичниот млеч но ништо не успеало во тоа, освен смрзнување кое порано и не било многу можно. Стабилизацијата им успеала на Руските акаемици со примена на Лиофилизација, постапка со која се одзема вода од некоја супстанција во нашиот случај Матичен млеч, со смрзнување и до -50оC, која ниска температура не му пречи. Во посебни апарати наречени Лиофилизатори, под вакуум, водата го напушта системот. Сега имаме Матичен млеч со само 5% вода, која не му пречи Матичниот млеч да остане стабилен и до 2 години, доколку е добро херметички затворен.

Било каде да најдете Матичен млеч, доколку е лиофилизиран тој е оној вистинскиот за употреба. Ако пак е измешан со мед, прополис, алкохол, неговото дејство е поминато, тој нема да биде токсичен, но нема да го има оној биолошки ефект кој ние го очекуваме од него.

Хемиски состав: Вода 60-70%, Сув остаток 30-40%, Протеини 10-18%, Масти 1,5-7%, Шеќери 9-15%
Хемискиот состав е познат многу одамна, но се повеќе се проучува и не само во Русија, туку и во Америка, Германија, Франција... 
Денес со сигурност се знае дека:
- во протеините содржи Албумини, Глобулини  и 8 Есенцијални Амино Киселини 
- содржи незаситени масни киселини кои се слични на растителните
- во состав на Мастите, содржи и 10 HDA или 10-хидроксидеценска-киселина која има особина да спречува раст на малигни клетки. 
- во состав на Шеќерите содржи Глукоза и Фруктоза чија енергија клетката многу лесно ја искористува
- Минералниот состав на ММ е многу богат со макро и микро елементи
K, Na, Ca, P,Mg, Fe, Co. Cr. Cu, S, Bi, Au....... 

Кога би прашале еден нутриционист, специјалист за здрава храна, каков состав на храна треба дневно да примама, би ни препорачал состав на храната кој е многу сличен на составот од Матичниот млеч.

Иако Матичниот млеч не е лек ниту помошно лековито сретство, се користи како превентива и за помош при лекување кај многу заболувања. Тој се користи како имунотоник, биорегулатор и биостимулатор, кај деца и возрасни, кај здрави и болни, кај спортисти, кај студенти кои трошат многу енергија за спремање на испити, кај вработени кои физички и психички се исцрпуваат на своите работни места.

Може да се користи кај кардиоваскуларните заболувања во отстранување на маснотиите во крвта и во регулирање на крвниот притисок, за смирување на нервниот систем, во детоксикација на организмот, поточно исфрлање на сите токсини кои се натрупуваат во хепарот со внесување на токсини од храна, напитоци, лекови, и др., во геријатрија и кај рековалесценти, во педијатрија, во нормализирње на функициите на жлездите со внатрешно и надворешно лачење....
Едноставно, пробајте го животот со МАТИЧЕН МЛЕЧ и ке осетите разлика


[tube]Ke9LvRBAfnc[/tube]




Posted By: Max
Date Posted: 27-Aug-2011 at 16:16

ценете го медот како бесплатна благодат, со оглед дека ако и малку постои алтруизам меѓу луѓето, на пчеларството би гледале како нехуман однос како на тоа што гледаат пример веганите http://www.vegetus.org/honey/honey.htm - http://www.vegetus.org/honey/honey.htm особено е нехумано медот да се конзумира рафиниран, форма во која најчето го среќаваме по маркетите и пазарите...

http://www.benefits-of-honey.com/raw-honey.html - http://www.benefits-of-honey.com/raw-honey.html

never add honey when water is hot as the heat will destroy the enzymes and other nutrients in the raw honey

What Happens When You Heat Raw Organic Honey?

Excessive heat can have a detrimental effect on the nutritional value of honey

Heating up to 37 Degrees C (98.6 F) causes loss of nearly 200 components, part of which are antibacterial

Heating up to 40 Degrees C (104 F) destroys invertase, an important enzyme

Heating up to 50 Degrees C (122 F) turns the honey into carmel (the most valuable honey sugars become analogous to sugar)

In fact, raw, unpasteurized honey is known to be high in enzymes, but after pasteurization, honey loses all of its enzymes. When pasteurized honey is fed to bees, it actually kills the bees because pasteurized honey is enzyme depleted [ http://books.google.com/books?id=2OWDOA7froAC&pg=PT30&lpg=PT30&dq=In+fact,+raw,+unpasteurized+honey+is+known+to+be+high+in+enzymes,+but+after+pasteurization,+honey+loses+all+of+its+enzymes.+When+pasteurized+honey+is+fed+to+bees,+it+actually+kills+the+bees+because+pasteurized+honey+is+enzyme+depleted.&source=bl&ots=tOrsjNzM4y&sig=0c0ni-sWWcJNHfgTqeGNtPf52tE&hl=en&ei=a_tYTs2TIMWE4gTfmsmsBQ&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=3&ved=0CCQQ6AEwAg#v=onepage&q=In%20fact%2C%20raw%2C%20unpasteurized%20honey%20is%20known%20to%20be%20high%20in%20enzymes%2C%20but%20after%20pasteurization%2C%20honey%20loses%20all%20of%20its%20enzymes.%20When%20pasteurized%20honey%20is%20fed%20to%20bees%2C%20it%20actually%20kills%20the%20bees%20because%20pasteurized%20honey%20is%20enzyme%20depleted.&f=false - 1 ]

  http://www.naturalnews.com/021506.html - http://www.naturalnews.com/021506.html

  http://www.gentlebreezehoney.com/honey_facts.htm - http://www.gentlebreezehoney.com/honey_facts.htm



Posted By: Max
Date Posted: 27-Aug-2011 at 16:41


ЗОЗП - Закон за Органско Земјоделско Производство

Член 59

Глоба од 1 000 евра до 1 500 евра во денарска противредност ќе му се изрече и на физичко лице за сторен прекршок ако:
-употребува Г.М.О во органско производство (член 12, став 1);
-употребува јонизирачко зрачење за третман на органска или добиточна храна или сировини кои се употребуваат во органска или добиточна храна (член 13);
-употребува производи и супстанции, препарати, ѓубриња и производи за заштита на растенија кои не се дозволени за употреба во органското производство (член 15);
-употребува семенски и саден материјал од неорганско потекло на кој е спроведен третман со производи за заштита на растенија кои не се дозволени средства за употреба во органско земјоделско производство, како и употребува средства за чистење и дезинфикација кои не се дозволени за употреба на органско земјоделско производство (член 16);
-за производство на печурки користи супстрати спротивно на (член 17);
-собира самоникнати растенија и нивни делови спротивно на (член 18);
-не ги почитува правилата за одгледување и условите за сместување на животните (член 21);
-не се почитуваат правилата за размножување (член 22);
-не се почитуваат правила за исхрана на добиток во органско производство (член 23);
-добитокот со органски статус не го чува одделно од останатиот добиток (член25);
-не се почитуваат услови за органско пчеларско производство (член 28);
-употребува подмладок од водни животни кои не потекнуваат од органска производна единица (член 30);
-за исхрана на риби и ракообразни животни употребува потикнувачи на раст и синтетски аминокиселини (член 32, став 5);
-не ги исполнува условите од член 35, став (1);
-не ја запазува постапката за премин од редовно во органско земјоделско производство (член 36);
-не се почитуваат општи правила за производство на преработена добиточнахрана (член 38)
-неовластено употребува термини кои се однесуваат на органско земјоделско производство (член 42);
-означува органски производи спротивно на (член 43);
-не употребува национална ознака за органски производ и за производ во преод (член 44);
- постапува спротивно на одредбите од член 45 на овој закон;
-не го почитува начинот и постапката за вршење на стручна контрола во органското производство (член 46);
- постапува спротивно на одредбите од член 47 на овој закон;
-не води и не ја чува евиденцијата на прозводителите односно преработувачите (член 48, став 2);
- издава сертификат за производ кој не ги исполнува условите за органско производство и преработка (член 48, став 2);
-субјектите не водат и не ја чуваат евиденцијата за своето производство на органски производи (член 48, став 3);-увезува органски производи спротивно на (член 51)
-не постапува по решение на инспекторот спротивно на (член 53,став 1)
http://www.sobranie.mk/ext/exporteddocumentdownloadwindow.aspx?Id=f8f9591a-3233-4cac-bf02-dcbf05e33e40&t=pdf - http://www.sobranie.mk/ext/exporteddocumentdownloadwindow.aspx?Id=f8f9591a-3233-4cac-bf02-dcbf05e33e40&t=pdf


дополнување Јули 2008


Одредби од Законот за органско земјоделско производство што се менуваат со предложениот закон

Член 27 

(1) Со парична казна од 100.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок правно лице ако:

1. произведува производи од органско производство во смисла на овој закон, а не е регистриран во регистар на производители (член 13 став 1);

2. не се придржува на прописите за периодот на конверзија (член 9) 

3. произведува органски производи без склучен договор за стручна контрола (член 14 став 1 и 2);

4. става во промет производи од органското производство без оригинален сертификат (член 16, став 1).

5. врши увоз на производи од органско производство без потребните докази од член 17 на овој закон, и

6. пакува, превезува и продава органски производи спротивно на условите предвидени со член 20,21 и 22 од овој закон. 


(2) Со парична казна од 30.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 на овој член и одговорното лице во правното лице.

(3) Со парична казна од 20.000 до 30.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 точка 1, 2, 3, 4 и 6 на овој член и физичко лице.
http://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/7-1-2008.doc - http://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/7-1-2008.doc



Posted By: Max
Date Posted: 27-Aug-2011 at 20:10

Закони и правилници за ОП - http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/185 - http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/185 [ http://www.mzsv.gov.mk/files/IR_Pravilnici_novi_organsko.pdf - 1 ]

Федерација на Органски Производители - http://fpopm.com/indexe.html - http://fpopm.com/indexe.html

КРР прирачници за ОП - http://krr.ugd.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=12&Itemid=20&lang=mk - http://krr.ugd.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=12&Itemid=20&lang=mk

НСАП за Органско Земјоделство 2008-2011 - http://www.mzsv.gov.mk/files/NSAP%20Mkd.pdf - http://www.mzsv.gov.mk/files/NSAP%20Mkd.pdf

http://www.organicmacedonia.org.mk/index.asp?str=2&jazik=mk - http://www.organicmacedonia.org.mk/index.asp?str=2&jazik=mk

Експертите објаснуваат дека земјоделците мора да се вратат на традиционалниот начин на производство на храна и да користат сертифициран семенски материјал.

- Европската Унија бара здрава храна која не е третирана со хемиски препарати и ѓубрива. Затоа земјоделците мора да ги почитуваат европските препораки за значењето на семенскиот материјал, оправданоста или неоправданоста за употреба на минералните ѓубрива, економика во производството на храна, употребата на компостот и органските ѓубрива - велат професорите од Факултетот за земјоделство и храна во Скопје.

Тие објаснуваат дека кај нас никој од земјоделците не прави испитување на почвата и никој не знае колку таа е квалитетна.

- Неконтролирано се додава ѓубре. Можно е во земјата да има премногу калциум на пример, а тој повторно се додава бидејќи земјоделците не знаат колку има. Така комплетно се менува составот на почвата и ако таа порано била погодна за една култура, станува необработлива - велат професорите.

Земјоделците, пак, објаснуваат дека производство на храна без употреба на хемиски препарати е невозможно.

- Земјата е многу испостена и без додаток на минерално ѓубриво нема квалитетен род. Испитувања на почвите не правиме зошто се скапи, а за органско производство треба многу време и пари бидејќи првите неколку години се добива послаб род - велат земјоделците.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=B6F05441B2F8D64AAA995B3BE26029FC - http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=B6F05441B2F8D64AAA995B3BE26029FC

Aлтернатива 

Органски Ѓубрива http://en.wikipedia.org/wiki/Composting - http://en.wikipedia.org/wiki/Composting

Биохумус http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_composting_systems - http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_composting_systems

http://planetgreen.discovery.com/videos/g-word-online-clips-worm-poop.html - http://planetgreen.discovery.com/videos/g-word-online-clips-worm-poop.html

http://www.youtube.com/watch?v=BH_Od5RdOrI&t=7m30s - http://www.youtube.com/watch?v=BH_Od5RdOrI&t=7m30s

http://vimeo.com/16360331 - http://vimeo.com/16360331

ВЛИЈАНИЕ НА БИОХУМУСОТ ВРЗ ПОЧВАТА 
Биохумусот ја поправа структурата на почвата, и врши биомелиорација на истата.
Големиот број на микроорганизми со своите ферменти вршат оживување на почвата, и ја зголемуваат нејзината плодност.
Ги стабилизира изворите на азот од сите врсти ѓубрива и почви.

ВЛИЈАНИЕ НА БИОХУМУСОТ ВРЗ РАСТЕНИЈАТА 
БИОХУМУСОТ ја обезбедува и балансира исхраната на растенијата.
- Растенијата контролирано го користат азотот, постигнуваат природна рамнотежа и конечно содржат 75% амонијачен и 25% нитратен азот што е сон на секое растение.
- (Нитратите во поголеми количини се штетни за луѓето и растенијата)
- Микроорганизмите го стимулираат растот и развојот на растенијата, и ја зголемуваат отпорноста на растенијата кон сите видови болести, суша и мраз.
- Растенијата имаат поздрав и побогато развиен коренов систем, поголем број листови и крошната им е пополна.
- Растенијата се поздрави и наездата на инсектите се намалува.
- Намален процент на измрзнување при екстремно ниски температури.

ВЛИЈАНИЕ НА БИОХУМУСОТ ВРЗ ПЛОДОВИТЕ
- Зголемен процент на витамин “ C “ во плодовите од 2-7 пати.
- Приносите кај овие растенија се поголеми за мин. 20 %.
- Плодовите се покрупни со поизразени бои и со поубав мирис и вкус.
- Плодовите созреваат порано за 5-8 дена.
- Плодовите подолго остануваат свежи и подобро го поднесуваат транспортот.

http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/339253 - http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/339253
http://bioflor.com.mk/biohumus.htm




Posted By: Max
Date Posted: 29-Aug-2011 at 12:59


09.04.2011 Oтворање на првата специјализирана продавница за органски производи во Македонија

Во нашава земјава веќе постои категорија потрошувачи кои се заинтересирани органска храна, биолошки најчиста, здрава. Се надевам дека ова нема да биде прв ваков објект, туку само поттик за отворање што повеќе, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по отворањето специјализираната продавница за органски производи.

Идејата за реализирање на целиот проект околу „БИОкулт“, велат менаџерите, базира на фактот дека органската и свежо подготвената храна се клуч за здравјето на луѓето.

Кога се во прашање животот и здравјето на луѓето, органските производи може да си ги дозволи секој, независно од цената. Наместо да ја полнат корпата со секакви продукти, потрошувачите е подобро да ја наполнат само една третина со здрави артикли, рече сопственичката Снежана Јовановска.

Владата во целост ги поддржува органските фармери. Само лани за субвенции беа издвоении околу 70,8 милиони денари, а годинава речиси 50 отсто повеќе или 110 милиони. Следната година, напомена министерот Димовски, зголемување повторно ќе има зашто е се поголем и интересот кај земјоделсците за овој бизнис.

Во 2005 година Македонија имаше 226 хектари под органско производство, а сега се над 5.000, додека од тогаш евидентираните 50 фармери кои се занимаваат со органско земјоделство, денес се регистрриани 565 или 11 пати повеќе. Веќе се лиценцирани и овци за органско производство на млечни месни производи.

Според последните податоци, 3.000 хекатри се под органски житарици, 1.000 хектари се органски фураж, 350 хектари се органски овоштарници, 245 хектари се органски лозови насади, а 200 хектари се органски градинарски култури.

Повеќе од 2.500 артикли со сертификат за 100 процентно органско потекло може да се купат во продавницата „БИОкулт“ што беше отворена денеска. Освен храна, овој прв специјализиран центар за органски производи во Македонија, на потрошувачите им нуди и органска козметика за лице, тело и коса, еколошки средства за лична хигиена и за чистење во домаќинството, суплементи, како и храна за бебиња од органско потекло, пелени, цуцли и шишиња. http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/603 - http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/603

„БИОкулт“ е сопственост на фирмата „Снеисис“ дооел од Скопје, а се наоѓа во Градскиот трговски центар, на вториот кат, над киното „Милениум“. Палетата производи се двојно поскапи од конвенционалните, но сопствениците не очекуваат тоа да влијае на продажбата. http://mk-mk.facebook.com/biokult.mk#!/biokult.mk?sk=wall - http://mk-mk.facebook.com/biokult.mk#!/biokult.mk?sk=wall [ http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=82796051&lId=1&pmId=505 - 1 ]

ако овие се исклучок од досегашните продавници за здрава храна како http://www.heltiko.mk/proizvodi-od-organsko-poteklo.html - http://www.heltiko.mk/proizvodi-od-organsko-poteklo.html или http://www.vitalia.com.mk/organski-proizvodi.nspx - http://www.vitalia.com.mk/organski-proizvodi.nspx и почнале со продажба на свежи органски плодови како што се надзира на сликава, тогаш да први се, во спротивно може да се каже дека се само поорганизирани



Posted By: Max
Date Posted: 11-Sep-2011 at 16:19

21.07.2011 - Малку  се користат парите од ИПАРД програмата 

Од вкупно 40 милиони евра, досега од ИПАРД програмата се искористени само 6 милиони. Денеска беа потпишани 40 нови договори од третиот јавен оглас. Најголем дел од нив, 24 се за модернаизација на овоштарството. За преработка и маркетинг на земјоделските производи се потпишаа 9 договори, а останатите се за развој на руралните економски активности. Оние кои добија пари, велат дека на овој начин ќе го подобрат сопственото производство. 
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=9659 - http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=9659

[tube]XZ32IHYB39g[/tube]

07.09.2011 - Отворен Центар за контакти за ИПАРД средствата и субвенции во земјоделството

Станува збор за современа телефонска централа преку која со бирање на бројот 02/3097-460, односно префиксот 1, може да се добијат информации за директните плаќања во земјоделството. Со бирање на префиксот 2 ќе се добијат информации за финансиска поддршка во руралниот развој, рибарството и аква-културата, а со бирање на префиксот 3 информации поврзани со ИПАРД-програмата. 

- Модернизирањето на Центарот за контакти е многу важно за институција која има над 100.000 апликанти и годишна реализација на преку 300.000 финансиски трансакции, рече директорот на Агенцијата Тони Димовски.

Телефонската централа е поддржана со два сервера. За почеток се ангажирани шест оператори што ќе овозможи опслужување на шест корисници истовремено, но согласно потребите може да се надградува до неограничен број јавувања. Кол-центарот вклучува и посебна база на податоци каде што се бележат поставените прашања, поплаки, предлози и сугестии од граѓаните. Разговорите ќе се снимаат заради квалитетот.

- На овој начин се овозможува изготвување извештии кои нудат информации за интензитетот и интересот за програмите за финансиска поддршка, најчестите прашања и проблемите со кои се соочуваат апликантите. Преку анализа на информациите од Центарот, ова техничко решение ќе послужи како алатка за планирање нови активности за унапредување на квалитетот на услугата, истакна Димовски.

Новата телефонска централа на Агенцијата е реализирана со реалокација на слободни средства од „Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ“, финансиран од кредитот на Светска банка.

Одговарајќи на новинарски прашања, директорот рече дека на четвртиот ИПАРД-оглас што траеше до 31 август годинава се доставени 60 апликации, а вкупната вредност на пријавените инвестиции е шест милиони евра. Во тек е разгледувањето и оценката на барањата по што ќе биде утврдено и нивното евентуално одобрување. Со четвртиот ИПАРД-оглас беа понудени 18,5 милиони евра. Идниот месец, како што најави Димовски, ќе биде објавен уште еден ИПАРД-јавен повик.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/otvoren-centar-za-kontakti-za-ipard-sredstvata-i-subvencii-vo-zemjodelstvoto - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/otvoren-centar-za-kontakti-za-ipard-sredstvata-i-subvencii-vo-zemjodelstvoto




Posted By: Max
Date Posted: 12-Sep-2011 at 14:41
Лозарите добиваат државни субвенции од 40 илјади денари по хектар и 2 денари по килограм предадено грозје http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/pochna-otkupot-na-grozjeto-vo-tikveshijata - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/pochna-otkupot-na-grozjeto-vo-tikveshijata

искрена изјава на клипот од линкот дека со субвенциите сите трошоци за производството се покриени, останува на лозарите да го соберат кајмакот од приносот...




Posted By: Max
Date Posted: 24-Sep-2011 at 14:22


Вкупно 175 земјоделски парцели пренаменети во градежни

Владата донесе одлука за пренаменување на 175 парцели земјоделско земјиште во градежно. Според одлука на Владата, објавена во Службен весник, пренаменето е земјоделско земјиште во неколку општини, во голем дел за изградба на бензиски станици и енергетски објекти и за индустриски објекти за изградба на фабрики. Пренаменето е земјоделско во градежно земјиште наменето за изградба на бензиски станици во Боговиње, Велес, Градско, Демир Капија и Свети Николе.

Во Ростуше, Крива Паланка и Пехчево пренаменето е земјоделско земјиште за изградба на мали хидроелектрани. Две земјоделски парцели се оформени за индустриски објекти, едната за изградба на фабрики и мали стопанства, а другата за складишта и магацини. Во Ранковце, Кумановско, Владата донела одлука да се пренамни земјоделско земјиште за изградба на викенд-населби, а во Струга на 30 хектари земјоделско земјиште ќе се гради технолошко-развојна индустриска зона (ТИРЗ).

На почетокот на годината Владата донесе пакет-мерки за поттикнување на градежната експанзија, во која беа предвидени неколку законски измени во делот на пренаменување на земјоделското земјиште во градежно.

Според законските измени, преку либерализацијата на постапката за пренаменување на земјоделското земјиште во градежно се предвидува пренаменување и на трета и четврта класа земјоделско земјиште, со што ќе се зголемат можните места за градење објекти за неземјоделски цели.
http://kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73844/vkupno_175_zemjodelski_parceli_prenameneti_vo_gradezhni.aspx?iId=2359 - http://kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73844/vkupno_175_zemjodelski_parceli_prenameneti_vo_gradezhni.aspx?iId=2359

плодна земја да се уништува тоа не е оправдано, освен ако не се работи на ревитализација на друго земјиште за сметка на уништеното! ваквата опција побарана од градинарите лани http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=A58F67798D728A4A986FD458D90485B6 - Имотните листови проблем за оранжериите - http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=A58F67798D728A4A986FD458D90485B6 сега пуштена и за инвеститори  

Пониски приноси - помалку храна
Урбанизацијата ги сотре ораниците 

Ораниците се намалуваат, а земјиштето за урбани цели се шири.
За само пет години обработливите земјоделски површини се помали за 33.000 хектари. Или, од 546.000 хектари во 2005, на 513.000 хектари во 2009 година, со тренд на осипување и во наредниот период. За 215.000 хектари, пак, е намалено вкупното земјоделско земјиште. И тоа, за истиот период, односно од 1.229.000 хектари во 2005 на 1.014.000 хектари во 2009 година.

За сметка на тоа, растат површините со згради, патишта, како и за други урбани цели, со процент од 73,5 отсто во 2008, а во споредба со состојбата од 2005 година. Наспрото ова, и тие површини на кои се одгледуваат земјоделски култури се распарчени на мали парцели, со најмногу до три декари во просек.

Плодното земјиште е природен ресурс со немерлива вредност. Тој ресурс Република Македонија го има, со тоа што од вкупната површина на земјата, околу 41 отсто отпаѓа на земјоделското земјиште. А, од вкупното земјоделско земјиште, 50 отсто е обработливо. Меѓутоа, во последните години земјоделските површини, како вкупен ресурс и како ораници, се намалуваат.

Овие бројки, коишто се регистрирани и во статистичката евиденција, се должат на миграцијата на населението на релација село - град, како и на пренамената на земјоделското земјиште за други неземјоделски цели. Ваквата тенденција на осипување на обработливото земјиште не е во ред, особено од аспект на климатските промени, кои веќе се чувствуваат со „вжештувањето на атмосферата“ и со намалувањето на приносите. Помалку храна и посиромашна летнина може да се очекува и со осипувањето на обработливото земјиште.

Уште повеќе, и со придружните појави на деградација и на зајакната ерозија, предизвикана од атмосферските и други влијанија на временските прилики. Згора на тоа се и појавите на „оттуѓување“ на дел од земјоделското земјиште за урбани цели, што говори за промоција на една цивилизација на градови и на индустријализирано општество.

Навистина, таа тенденција во Република Македонија не е многу изразена, но сепак, бројките од статистичкиот регистер се опомена за преземање мерки со кои ќе се заштитат ораниците од натамошно осипување. Оти проектите што се најавуваат за ублажување на последиците од климатските промени, за натамошно одржливо земјоделство и плодна почва, промовираат концепт на враќање кон природата и воспоставување партнерство со неа.

Или, според легислативата на ЕУ и заедничката европска земјоделска политика, земјоделците се должни осум отсто од површината на вкупното земјиште да го вратат на природата. Тоа значи враќање на растителниот и на животинскиот свет на површините што не се обработуваат, отколку да се отстапуваат за урбани и други цели и таму каде што треба и каде што не треба.

Одржувањето на земјоделското земјиште, особено на плодните ораници и бавчи, е неопходно заради производство на доволни количества храна. За збогатување на производствениот асортиман, за стабилизирање на пазарот, за обезбедување на повисок девизен прилив од извозот, за остварување поголем приход од земјоделската активност, за промоција на оригиналните сорти, растенија и производи, за продолжување на традицијата и на развојот на земјоделското стопанство, воопшто.

Да се воспостави еден таков баланс на ораницата како природен ресурс, меѓу другото, е и спроведувањето на новата политика за консолидација на земјоделското земјиште. Расцепканоста на земјоделското земјиште го отежнува руралниот развој, а може слободно да се каже, дека тоа има влијание и на напуштањето на ораниците. Токму затоа, со политиката на консолидација на земјоделското земјиште ќе се овозможи окрупнување на ораниците и на парцелите.

Тие активности се отпочнати со проектот СТИМЕРАЛД, во чии рамки од јуни лани почна реализацијата на пилот-активностите за новата земјоделска политика.
Нормално, зашто расцепканоста на земјоделското земјиште е шест до седум парцели од два до три хектари, и тоа на различни локации. Ова го попречува развојот и оневозможува земјоделскиот да прерасне во силен комерцијален сектор.
Окрупнување на земјоделските површини преку процес на комасација е еден од можностите за решавање на проблемите со сегашната раситнетост на земјоделските имоти. Процесот на комасација е доброволна постапка од страна на заинтересираните земјоделски производители.

Оттука, и не случајно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја поддржи размената на приватни парцели кои се наоѓаат на различни локации. Тоа е заради создавање поголеми производствени блокови, за што ќе се изнаоѓаат најоптимални опции за размена на парцелите, во што е вклучена и холандската агенција за развој СНВ.
Преку Програмата за рурален развој, за прав пат оваа година ќе се кофинансираат правните трошоци за консолидација на земјоделското земјиште, трошоците за изработка на елаборати, како и оние за информирање на земјоделците, чија иницијатива за комасација е најважна. Во насока на поддршка на процесот на окрупнување на земјоделските површини се и измените на Законот за земјоделско земјиште, меѓу кои е и мерката за ограничување на натамошното раситнување на земјоделските површини.

Окрупнувањето на земјоделските парцели е мерка која треба да се спроведе, најмногу поради фактот што со тоа ќе се обезбеди извесно зголемување на површините со „бришење“ на меѓите, а ќе има и многу поголема примена на агротехничките мерки, кои многу полесно се спроведуваат на поголеми блокови. Сепак, треба да се води сметка и за пренамената на земјоделското земјиште за други цели, зашто во тој случај тешко ќе можат да се враќаат дел од површините на природата и, уште помалку, да се одржува партнерството со неа.
http://biznis24.com.mk/node/15825 - http://biznis24.com.mk/node/15825



Posted By: Max
Date Posted: 24-Sep-2011 at 18:31

агрокор за година ипол го реализира проектот http://www.build.mk/?p=1901 - http://www.build.mk/?p=1901 иако повеќе од три години се разработува како идеја http://www.youtube.com/watch?v=tgRqvmFknZo - http://www.youtube.com/watch?v=tgRqvmFknZo а според најавата на клипов и во росоман ќе кренат откупен центар http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1100 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1100 инаку предвреме е пуштен во функција центаров најверојатно како подарок за државниот јубилеј, но најверојатно бидејќи Ивица не бил во можност да присуствува тогаш, официјалното отварање ќе биде во октомври  

6.9.2011 - Croatian businessmen and owner of Agrokor Ivica Todoric will visit Macedonia in October for the purpose of opening the purchasing centre in Strumica. The centre started to operate a few days ago and the purchase of season farm produce has already started. 

Nonetheless, the official opening is scheduled for early October. Todoric’s attendance has been confirmed. The opening ceremony will be also attended by Macedonian PM Nikola Gruevski and several government representatives. Final work is being conducted, but the purchase of produce has already started, explains Blazo Vitanov, head of Agrokor’s branch office.
http://limun.hr/main.aspx?ID=739932&pojam=strumica - http://limun.hr/main.aspx?ID=739932&pojam=strumica



Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2011 at 11:45

http://www.agroberza.com.mk/ponuda.htm - http://www.agroberza.com.mk/ponuda.htm

Агроберзите почнуваат да даваат резултати Годинава земјоделците што произведуваат зеленчук и овошје ќе можат своето производство да го продаваат со претходно склучени договори со неколкуте откупни центри што најавуваат добра година за македонското земјоделство. Иако ваквата практика и сега постои, се чини дека годинава ќе се почувствува повеќе и во подобриот пласман и во подобрите откупувачки цени. Струмичани и оние од околината на Струмица од јуни ќе можат да го користат најголемиот откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во државава. Го гради хрватската компанија „Агрокор“, од каде што најавуваат дека ова ќе биде современа агроберза, за која ќе бидат инвестирани околу девет милиони евра. Целиот комплекс се очекува да биде готов до почетокот на летото и веќе во годинашнава градинарска сезона да реши барем дел од проблемите поврзани со откупот и со пласманот на зеленчук во регионот. Капацитетот за откуп на целиот комплекс ќе биде околу 30 илјади тони зеленчук и овошје. Ова ќе значи крај за многубројните случаи на измамени земјоделци што беа уценувани од препродавачите на зеленчук и на овошје што со камиони родот го собираа дирекно од нивите по багателни цени. За подобрување на состојбата говорат и неколкуте илјади потпишани договори од страна на земјоделците со „Агрокор“. - Очекуваме веќе во текот на јули да почне откупот на градинарски производи во новиот откупно-дистрибутивен центар, како еден од најсовремените објекти од таков тип во земјава. Досега имаме склучено договори за откуп на зеленчук и овошје со над 2.000 кооперанти, кои однапред ќе добијат субвенции во вештачки ѓубрива, заштитни средства, семенски и други репроматеријали - изјави Блажо Витанов, директор на фирмата „Плодови-фруктус“, претставник на „Агрокор“ во Македонија. Се очекува годинешниов род од нивите во јужна Македонија да се откупат веднаш по бербата по солидни цени, а тоа ќе значи дека и цените на нашите зелени пазари ќе бидат повисоки од претходните години, кога вишокот зеленчук и овошје ги принудуваше земјоделците да го продаваат родот за бадијала, а на крајот во голема мера завршуваше на зелените тезги. Само откупниот центар во Струмица се претпоставува дека годинава ќе го собере родот од околу 5.000 земјоделци од овој дел на земјата, од кои ќе се откупат над 30 илјади тони градинарски производи, или 30 отсто повеќе од лани. Неколку слични но помали откупни центри постојат и во општината Росоман, кои успешни работат. Од соработката се задоволни сите. - Кај нас речиси нема вишок овошје и зеленчук. Сé се откупува од неколкуте приватни откупни фирми. Има и ладилници во кои се складира вишокот, а понатаму се продава со добри цени. Плаќањето е во задоволителен рок во согласност со договорите што самите земјоделци си ги прават со откупувачите. Задоволни се сите - ни изјавија од општината Росоман. Вакви агроберзи ќе никнат и во другите градови. Тие ќе располагаат со најсовремени мерни уреди, разладни комори, калибратори, хали за пакување и транспортни системи за дистрибуција на ран и индустриски зеленчук и овошје.

Во Струмица на големо се сади и се сее Струмичките земјоделци се подготвуваат за пролетната сеидбена кампања, со која ќе бидат опфатени над 18.000 хектари. Временските услови се идеални, а како што велат надлежните, во почвата има доволно влага. Како што се очекува, од вкупните планирани површини, раноградинарските култури ќе бидат застапени на околу 7.800 хектари, при што речиси на една четвртина, односно 1.900 до 2.000 хектари ќе зафаќаат посевите под бостан.Струмичките ниви ќе се садат до последниот квадрат култура - хектари рани пиперки        - 1.300 домати                  - 1.200 краставици            - 1.100 раниот компир -          600  пролетната зелка -   1.300  пченка                  - 4.000  тутун                    - 1.800  индустриски домати и пиперки и друго - 3.500 до 3.800  бостан                  - 2.000  други раноградинарски култури над          300 хектари. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3251195223&id=10&prilog=0&setIzdanie=22240 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3251195223&id=10&prilog=0&setIzdanie=22240

Структурата на земјоделството остана иста 20 годиниСтатистичките податоци од областа на земјоделството за последните 20 години не покажуваат поголеми осцилации во овој сектор, констатира Државниот завод за статистика. Според податоците од пописот на земјоделството во 2007 гоидна, просечната површина на користено земјиште по стопанство изнесува 1,73 хектари. Со подобрување на условите во земјоделството се забележува и зголемување на производството и на приносите кај некои поважни земјоделски производи, како што се пченицата, доматите, пиперките, грозјето, јаболката и други. Во последните 20 години, производството на кравјо млеко по молзна крава постепено забележува раст. Иако состојбата со обработливите земјоделски површини е релативно стабилна, сепак во одделни категории се настанати одредени промени во однос на ожнеаните површини и во производството или приносот на земјоделските производи. Според изработената типологија на земјоделските стопанства од пописот, најзастапени се земјоделските стопанства, кои се специјализирани за полјоделски култури. http://www.kapital.mk/mk/dneven_vesnik/73289/strukturata_na_zemjodelstvoto_ostana_ista_20_godini.aspx?iId=2342 - http://www.kapital.mk/mk/dneven_vesnik/73289/strukturata_na_zemjodelstvoto_ostana_ista_20_godini.aspx?iId=2342



Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2011 at 13:26

правилници за попис ќе има во сите земјоделски гранки

Донесен Правилникот за евиденција на овошјето и зеленчукот

Министерството за земјоделство го донесе Правилникот за поднесување месечни и годишни извештаи за откупени, продадени и складирани количества свежо овошје и зеленчук по видови, сорти и класи. Со него се овозможува водење прецизна евиденција за расположливите количества овошје и зеленчук, нивното потекло, квалитет и промет, а се пропишува и формата и содржината на обрасците за поднесување месечни и годишни извештаи.

Во извештаите треба да бидат наведени основните податоци за операторот, сопственото производство во тони, доработувачкиот капацитет, ладилникот... исто така, операторот ќе треба да го наведе и бројот на редовни кооперанти и останати добавувачи, како и главните пазари за пласман на овошјето и на зеленчукот. Засега откупувачите и трговците немаат ваква обврска и се уште нема попрецизни информации за изготвување производствени и извозни политики.
Со влегување во сила на овој Правилник, донесен во согласност со Законот за квалитет на земјоделски производи и со регулативите на ЕУ, од 1 јануари 2014 година странските трговци ќе може да добијат детална информација каде да го побараат она што им е потребно. За примената на Правилникот е предвиден две и полгодишен подготвителен период, бидејќи со него практично се воспоставува нов систем за квалитет на земјоделските производи.
http://www.vecer.mk/?ItemID=03F9B4C410F81347A2DC44268FEBC0C8 - http://www.vecer.mk/?ItemID=03F9B4C410F81347A2DC44268FEBC0C8


Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2011 at 15:11
Излезе правилникот со мерките за рурален развој 

Федерацијата на фармери на Република Македонија го информира своето членство дека излезе Правилник за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, во кој се објаснети прифатливите трошоци, капацитетите и висината на поддршка за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка.

Во правилникот се дообјаснуваат условите за располагање со соодветни производни капацитети на корисниците на поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства.

Како најмногу користени средства од програмата за Рурален Развој, тоа се мерките за модернизација на земјоделските стопанства во која фармерите ќе може да аплицираат за трактори до 95КС, култиватори или мотокултиватори, опрема и приклучна механизација, комбајни во поледелското производство, генератори и агрегати за обезбедување на електрична енергија, како и опрема во живинарството и пчеларството.

Освен мерките во примарното земјоделско производство, предвидени се и мерки за инвестиции за зголемување на економската вредност на шумите; за преработка и маркетинг на земјоделски производи; за инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството; за економско здружување на земјодлски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност и друго.

Ова се само дел од членовите на Правилникот во кои многу детално се пропишани сите ставки за прифатливи трошоци за користење, развој и модернизација на земјоделското производство.

Целосната содржина на Правилникот можете да ја погледнете на следниот http://www.ffrm.org.mk/index.php?option=com_jdownloads&Itemid=113&view=viewcategory&catid=22 - ЛИНК .

http://www.ffrm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=461:izleze-pravilnikot-so-merkite-za-ruralen-razvoj-&catid=43:soopstenija&Itemid=76 - http://www.ffrm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=461:izleze-pravilnikot-so-merkite-za-ruralen-razvoj-&catid=43:soopstenija&Itemid=76

Бркање Туризам или Рурален Опстанок!?

Член 11 
(1) Прифатливи трошоци за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини,
се следните:
- градежни материјали и елементи за конструкција;
- урбана опрема и украсна опрема и елементи освен за набавка на растителен и
посадочен материјал за хортикултурно уредување; 
- опрема за одбележување, знаци, мапи, патокази, граничници, мостови, премини; 
- санитарна и водоснабдителна опрема, вклучително и опрема за системи наводнување
на зелени површини и опрема за обезбедување на вода за фонтани;
- опрема за поврзување со електрична енергија, вклучително и опрема за осветлување; 
- агрегати или генератори и придружна опрема и инсталација;
- трошоци за изработка на проекти, студии, елаборати, планска и техничка
документација;
- услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни и електрификациски 
работи;
- услуги од трети лица за инсталирање на опремата вклучително и софтвер;
- услуги од трети лица за хортикултурно уредување на зелени површини; и 
- услуги од трети лица за изработка на студии, елаборати, планска и техничка 
документација.

(2) Висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник на мерката од став 
(1) на овој член изнесува:
- до 10.000.000 денари за изградба и/или реконструкција патна инфраструктура за
поврзување на селата со културни знаменитости и локалитети од значење за селската
популација или изградба и/или реконструкција на селски улици;
- до 3.000.000 денари за изградба и/или реконструкција на плоштади, зелени површини и/или шеталишта во рурални средини или одбележување и унапредување на шумски и велосипедски патеки или уредување на излетнички места во рурални средини  или одбележување на културни и природни знаменитости во рурални средини; 
- до 17.000.000 денари за прифатливи трошоци кои се однесуваат на комбинирани
проекти кои вклучуваат и изградба и/или реконструкција патна инфраструктура за поврзување на селата со културни знаменитости и локалитети од значење за селската
популација, изградба и/или реконструкција на селски улици и изградба и/или
реконструкција на плоштади, зелени површини и/или шеталишта во рурални средини.





Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2011 at 19:36

официјално заради противењето пред се на словенците околу нивниот процент на учество  во „Фондот за неравиени подрачја„ почна да се растура сфрј, прашање е  само кога истото утре ќе се случи во еу заради пеглањето на финансиските дупки во помалку равиените јужни членки на унијата! но на истото може да се гледа локално потикнато од потребата за рамномерен регионален развој односно зошто буџетски средства би се слевале во руралните средини особено доколку таквите инфузии    немаат повратен ефект! дали е доволно само да се дадат средства или е потребно и да се разработат стратегии и механизми за имплементација на истите...

[tube]tdqQczwluLg[/tube]

...И покрај изгледите единствена Југославија брзо да стане член на ЕЗ, раководствата на развиените републики во рамките на СФРЈ, одбиваа да плаќаат во тогашниот Фонд за неразвиени, и место заемна соработка водеа битка за национални суверенитети. Потоа уследија судири, со што се прокоцка реномето на државата и шансата да се влезе во Европската заеница. http://vecer.com.mk/?ItemID=DE27D55DD1226B44A2C9F6397C58AA13 - http://vecer.com.mk/?ItemID=DE27D55DD1226B44A2C9F6397C58AA13
 



Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2011 at 21:30

во сфрј за неразвиени и рурални подрачја се одвојувало околу 2% од бдп-то на федерацијата( http://www.cpi.hr/download/links/hr/7309.pdf - страна 9/65 ), додека денес  државата одвојува 0.16% од бдп-то т.е. вкупно 660 милиони од 400 милијарди денари[ http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/preku-poddrshkata-za-ruralen-razvoj-do-pokonkurentno-zemjodelstvo-i-unapreduvanje-na- - 1 ] оваа бројка  или процент се надополнува со предпристапните средства од ИПАРД програмата за рурален развој на еу во износ од 40мил.еу т.е. 240 милиони денари, но  треба  да го одржиме ритамот за да стигнеме на ниво на бившата држава, иако тие 2% во сфрј се распределувале  претежно меѓу цг, мк, бих и косово,  па да речеме дека тогаш од таквиот фонд кај нас се влевале 0.5% од бдп-то на федерацијата, но повторно тоа е за повеќе од пола во сооднос со денешниот процент, сепак пораст има низ годиниве  пример за период од две години(’07-’09) подршката на руралните области изнесувала 25мил.евра и државни и европски средства[ http://europa.eu/rapid/pressReleasesAction.do?reference=MEMO/07/608&format=HTML&aged=0&language=EN&guiLanguage=en - 2 ] што е за пет пати помалку во однос со постојните средства, што доколку е сличен тренд и понатака многу брзо би требало овој фонд да надмине 0.5% од бдп-то, а најверојатно и нема да запре на тоа доколку секоја идна влада се прогласува за земјоделска како во случај со постојната[ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=468&PID=48033#48033 - 3 ]

За помодерни села 650 млн. денари

Со речиси 650 милиони денари ќе се поттикнува економскиот развој на руралните средини, а целта е зголемување на ефикасноста преку намалување на трошоците и подигнување на квалитетот на производството, соопшти Министерството за земјоделство.

Околу 29 милиони денари ќе бидат наменети за поддршка на лозарството, а 19 милиони за овоштарството. Со осум милиони денари ќе се кофинансираат инвестициите во живинарството, со 36 милиони производството на маслодајни фуражни култури, тутун и компири, со 31 милион градинарското производство и со 78 милиони денари житните култури.

Согласно со Програмата за финансиска поддршка од Министерството, вкупно 120 милиони се планирани за кофинансирање проекти за поттикнување на економските активности во руралните средини. Има и поддршка за инвестиции во патната инфраструктура, како и за изградба на плоштади и шеталишта во местата со помалку од 15 илјади жители. Министерството со 69 милиони денари финансиски ќе го помага и формирањето земјоделски задруги, додека со 60 милиони се помага и маркетингот. Од овие пари ќе се кофинансираат и 20 проценти од трошоците за маркетинг, амбалажа и за извоз на македонското вино.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=514588907D34BC4CA123B15FDE4CB6D6 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=514588907D34BC4CA123B15FDE4CB6D6

доколку влеземе во еу покрај домашниот на располагање ќе ни биде и европскиот рурален фонд EAFRD http://www.2007-2013.eu/by_scope_eafrd.php - http://www.2007-2013.eu/by_scope_eafrd.php а во меѓувреме треба да ги користиме искуствата на словенија која 100% ги искористи средствата од САПАРД фондот, исто што и ИПАРД кај нас  кои ние ги користиме со 15% ефикасност односно од 40мил. искористени се само 6мил.евра засега http://www.arsktrp.gov.si/fileadmin/arsktrp.gov.si/pageuploads/Aktualno/Aktualno/2010/RDP2007-2013__en.pdf - http://www.arsktrp.gov.si/fileadmin/arsktrp.gov.si/pageuploads/Aktualno/Aktualno/2010/RDP2007-2013__en.pdf            



Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2011 at 22:24

[tube]jREMPB8NNhk[/tube]

[tube]AdFKEuVzUDQ[/tube]

[tube]xQwYjEKskAw[/tube]



Posted By: Max
Date Posted: 25-Sep-2011 at 22:45


кампањиве иако делуваат вишок, освен кај земјоделците дефинитивно можат да подотворат интерес и кај градски стопанственици и инвеститори кои размислуваат за диверсификација на капиталот

[tube]9pRBju55eC4[/tube]

но истите би требало да бидат попластичнo и поинформативно склепани

[tube]VkDtCyKylP0[/tube]

иако и на мајтап истерани знаат да подтикнат интерес

[tube]ZxgaVHNaUuA[/tube]

[tube]EL_5oa-4zy0[/tube]





Posted By: Max
Date Posted: 26-Sep-2011 at 14:31


„Zeleni Kvadrat„ http://www.profil.hr/index.php?cmd=show_kategorija&kategorija_id=17&podkategorija_id=242 - http://www.profil.hr/index.php?cmd=show_kategorija&kategorija_id=17&podkategorija_id=242

http://www.youtube.com/playlist?list=PLE0861687C50A9B07 - http://www.youtube.com/playlist?list=PLE0861687C50A9B07

Savjete za početnike u organskom vrtlarstvu otkriva Kornelija Benyovsky Šoštarić

Trikove iz vlastitog vrta, preporuke za jesen i savjete za potpune početnike u vrtlarstvu donosi poznata tv-vrtlarica i autorica knjige 'Zeleni kvadrat' Kornelija Benyovsky Šoštarić

Povodom nedavnog izdavanja njezine knjige 'Zeleni kvadrat' koja je izdana u lipnju u izdanju Profila, a već je izazvala velik interes javnosti pa se na 'top 10 najprodavanijih naslova publicistike' nalazi na 2. mjestu, savjete i preporuke za stvaranje vlastitog malog organskog vrta potražili smo kod autorice knjige Kornelije Benyovsky Šoštarić.

Vrt kao vječna inspiracija

Kornelija je na snimanje stigla na biciklu s teglicom paprike pod rukom. Bez bicikla, kako sama kaže ne ide nikuda, a vozi ga čak i zimi. Kao istinska ljubiteljica prirode i životinja Kornelija svaki slobodni trenutak provodi u svom organskom vrtu u kojem joj pomaže i njezina kćer Barbara koja hrani ptice, nosi mamine kišne gliste na sigurno, pomaže u kompostištu i već zna što je zdravo, a što nije.

Ispričala nam je zašto ju je organsko vrtlarstvo nadahnulo da napiše knjigu u kojoj je prenjela svo znanje stečeno u vlastitom vrtu smještenom u okolici Donje Stubice u Zagorju u kojem je snimljeno čak više od 150 tv-reportaža o eko-vrtlarstvu.

'Odmalena volim prirodu i životinje, a zašita okoliša je uvijek bila u središtu mog interesa i privatno i profesionalno jer sam kao televizijska novinarka pratila te teme. Ipak, shvatila sam da kao promatrač ne mogu puno napraviti. Također, kao pejzažni arhitekt nisam imala prilike da stvarno napravim vrt kakav ja želim.

'Smatram kako vrt treba biti lijep, ali i koristan, a vrtlarstvo treba biti u službi zaštite prirode, a ne ju narušavati', priča Kornelija koja je iako je na Agronomskom fakultetu diplomirala vrtlarstvo i oblikovanje krajolika, prave spoznaje o biljkama naučila prije svega proučavajući prirodu.

Savjeti za početnike

Ako si vrtlar početnik koji na raspolaganju ima samo svoj mali balkon Kornelija ti savjetuje:

  • balkon je odlično mjesto za vrt jer ćeš izbjegnuti sve štetnike, a u posudama na balkonu možeš uspješno zasaditi papriku, luk, krumpir, mini rajčicu, salatu, blitvu, niske mahune
  • iako mnogi 'kućni vrtlari' izbjegavaju donošenje zemlje s livade, presterilna zemlja je mrtva zemlja, pa slobodno uzmi malo zemlje s neke zdrave livade koja nije tretirana pesticidima i drugim štetnim kemijskim sredstvima jer takva sadrži zdravu kulturu mikroorganizama
  • na svom balkonu možeš postaviti okomite letvice za mahune i krastavce da se biljke mogu penjati po njima
  • čuvaj odstajalu vodu u kantici jer će se tako voda ohladiti na idealnu temperaturu, postati mekša i bolja za zalijevanje biljaka, a klor koji ubija korisne mikroorganizme će ishlapiti
  • ruke su najbolji instrument za vlagu pa ako osjetiš da je u području korijena biljka suha zalit ćeš, a ako je vlažna ne trebaš još zalijevati
  • jesen je idealno vrijeme za sadnju luka i češnjaka, te ukrasnog bilja, grmlja i trajnica koje će se do zime ukorijeniti
  • prednost daj sadnicama kupljenim kod domaćih proizvođača jer su prilagođene našoj klimi, otpornije su i lakše će se ukorijeniti, a tako također izbjegavaš troškove transporta iz dalekih dijelova svijeta
  • sakupljaj sjeme starih sorta i čuvaj ih u frižideru zamotane u papirnate vrećice u posudicama u koje možeš ubaciti i vrećicu silica gela jer on čuva sjeme od suvišne vlage
  • da bi proklijalo sjeme treba toplinu, svjetlost i vodu, a ako započinješ uzgoj u kući smjesti posude na sobnu temperaturu i u blizini prozora i u fazama klijanja zalijevaj uz pomoć prskalice
  • izbaci plastiku iz vrta i umjesto nje koristi posude od keramike, gline, drvene sanduke ili staklenke
  • za kuhinju su idealni peršin, bosiljak, luk vlasac i ljekovito bilje poput kadulje ili majčine dušice jer su jednostavni za uzgoj tijekom cijele godine, a ujedno su i ukras i korisni
  • ako želiš biljku koja ne traži puno brige i često zaboraviš na zalijevanje za tebe su kaktusi, tustike i slične biljke mesnatih listova koji dugo čuvaju vodu i ne zahtijevaju često zalijevanje

Genetski modificirane biljke

Korneliju smo pitali i za njezino mišljenje o genetski modificiranim biljkama.

'GM biljke imaju svojih prednosti i mana. Problem je u tome što ne postoji dovoljan broj istraživanja o tome kako utječu na ljude, a drugi veliki problem je u peludu koji može oprašiti i biljke koje nisu GM i promijeniti njihove genetske kodove, ako nisu dovoljno udaljene od njih. Također, poljoprivrednici ne mogu sami uzgojiti takvo sjeme, pa su prisiljeni kupovati ga od velikih korporacija'.

Ipak, GM biljke imaju i neke prednosti jer su često otpornije na bolesti i štetnike pa se na taj način izbjegava korištenje pesticida', objasnila je Kornelija.

Prirodni recepti  za zaštitu biljaka

Donosimo recepte za prirodne pripravke za zaštitu biljaka iz knjige 'Zeleni kvadrat':

Pripravak od mlijeka
U prskalicu ispunjenu 1 litrom vode stavlja se pola šalice mlijeka i tom se mješavinom prskaju gornji i donji dijelovi listova.
Na taj se način stvara alkalna sredina, nepovoljna za razvoj sive plijesni, pepelnice i plemenjače, čestih bolesti rajčica, krastavaca i tikvica.

Pripravak od češnjaka
Odbojan za mnoge kukce. Stisni jedan cijeli češnjak i prekrij ga biljnim uljem, nakon dva dana procijedi tekućinu, dodaj nekoliko kapi deterdženta i koristi jednu žlicu koncentrata na jednu žlicu vode.

Pripravak od koprive
Odlično sredstvo protiv lisnih ušiju, priprema se tako da se 1 kg mlade koprive potopi u 10 l vode na jedan dan, prska se nerazrijeđeno.

http://www.24sata.hr/dom/svatko-moze-postati-uspjesan-vrtlar-uz-male-prakticne-savjete-220423 - http://www.24sata.hr/dom/svatko-moze-postati-uspjesan-vrtlar-uz-male-prakticne-savjete-220423



Posted By: Max
Date Posted: 26-Sep-2011 at 17:21

[tube]6Il82C_CH1k[/tube]

Želite li jesti organsku hranu, uzgajajte je sami

Želite li da se vaša djeca hrane zdravo i da u tijelo ne unose goleme količine pesticida kojima obiluje većina hrane koja nam se nudi, osmislite svoj vlastiti zeleni kvadrat! Za to ne morate imati stotine kvadrata površine, zdravu hranu možete uzgajati i na balkonu – poruka je to inženjerke agronomije Kornelije Benyovsky Šoštarić koju gledatelji znaju po korisnim reportažama o ekovrtlarstvu iz nedjeljne emisije Plodovi zemlje, a Profil joj je izdao prvu knjigu o organskom vrtu pod nazivom Zeleni kvadrat.

– Još tijekom studija na Agronomskom fakultetu upoznala sam se s herbicidima, insekticidima, fungicidima i svim ostalim “cidima” te već tada znala da jednog dana moje dijete to sigurno neće staviti u usta. No, tek kada sam postala mama dogodio se onaj “klik” koji je potreban da pokrene ljude iz pasivne u aktivnu fazu. Drugim riječima, uzela sam stvari u svoje ruke i postala proizvođač vlastite hrane – objašnjava Kornelija razloge zbog kojih se bavi organskim vrtlarstvom, a koje je samo jedan oblik zdravog i ekološkog načina života kojim živi cijela obitelj.

Prehrana danas više nema alternative osim prirodnog uzgoja namirnica kod kuće, kaže Kornelija, koja smatra da je moderna poljoprivreda jedan od najvećih onečišćivača suvremenog svijeta. – Umjesto da proizvodi zdravu hranu i stvara prioritet zdravog života, ona je danas prije svega sredstvo za proizvodnju novca, pa hrana često obiluje nezdravim sastojcima – govori ova moderna ekovrtlarica koja poručuje da se ležernim vrtlarenjem na stotinjak kvadrata može prehraniti svaka obitelj.

Patka će vam vrt očistiti bolje od insekticida
Ljudi skupo plaćaju voće i povrće, a ispred kuće imaju zasađene ruže, čemprese, tulipane i lijepo uređene travnjake. Ja im nudim alternativu. Oblikujte zelene kvadrate biološke raznolikosti, uzgajajte organsko povrće uz tradicijske vrste cvijeća, pustite dvije, tri patke ili kokoši neka očiste vrt od nametnika ili, ako ne možete držati kokoši, gradite kućice za sjenice koje će napraviti istu korist kao perad. U toj varijanti ne morate rabiti nikakve insekticide.
http://dalje.com/hr-zivot/zelite-li-jesti-organsku-hranu-uzgajajte-je-sami/320357 - http://dalje.com/hr-zivot/zelite-li-jesti-organsku-hranu-uzgajajte-je-sami/320357


Crap Foods We Eat - http://www.youtube.com/view_play_list?p=28DF88558096E190 - http://www.youtube.com/view_play_list?p=28DF88558096E190



Posted By: Max
Date Posted: 26-Sep-2011 at 19:40

http://en.wikipedia.org/wiki/Permaculture - Permaculture : Any system of sustainable agriculture that renews natural resources and enriches local ecosystems...

http://permaculture.blog.mk/2010/01/01/azot-fosfor-kalium-arsko-gjubre/ - http://permaculture.blog.mk/2010/01/01/azot-fosfor-kalium-arsko-gjubre/

http://www.cvijet.info/forum/forum_posts.asp?TID=5581&KW=permakultura - http://www.cvijet.info/forum/forum_posts.asp?TID=5581&KW=permakultura http://poljoinfo.com/showthread.php?803-Biopoljoprivreda-Bioagrikultura-linkovi&p=93389&viewfull=1#post93389 -

Vrt bez motike - http://poljoinfo.com/showthread.php?803-Biopoljoprivreda-Bioagrikultura-linkovi&p=118245&viewfull=1#post118245 - http://poljoinfo.com/showthread.php?803-Biopoljoprivreda-Bioagrikultura-linkovi&p=118245&viewfull=1#post118245

http://www.youtube.com/playlist?list=PLBCFC6C073034533E - http://www.youtube.com/playlist?list=PLBCFC6C073034533E



Posted By: Max
Date Posted: 27-Sep-2011 at 13:33

http://en.wikipedia.org/wiki/Monoculture - Monoculture : cultivation of a single crop, a culture that lacks or have http://www.sciencedaily.com/articles/m/monoculture.htm - low diversity

http://blog.sustainablog.org/monoculture-agriculture/ - http://blog.sustainablog.org/monoculture-agriculture/

http://www.poljoprivreda.ba/preporucujemo/leksikon-mainmenu-143/2162-monokultura-i-plodored - http://www.poljoprivreda.ba/preporucujemo/leksikon-mainmenu-143/2162-monokultura-i-plodored

Plodored - http://poljoprivreda.info/?oid=3&id=318 - http://poljoprivreda.info/?oid=3&id=318

International Day Against Tree Monocultures http://www.youtube.com/watch?v=b-0luL6nCws - http://www.youtube.com/watch?v=b-0luL6nCws



Posted By: Max
Date Posted: 27-Sep-2011 at 14:16

монокултурните посеви за сметка на пестицидите сега ја потикнуваат употребата на гмо http://www.bio.davidson.edu/people/kabernd/seminar/2004/Grp4/monoculture.html - http://www.bio.davidson.edu/people/kabernd/seminar/2004/Grp4/monoculture.html наводно намалувајќи ја потребата од пестициди во земјоделието, но напротив гмо-то е насочено кон биоинжинеринг на растенија кои ќе бидат отпорни на пестициди, и едниот и друиот пристап се погрешни иако државите во своите политики ги сметаат за неопходни, дури на очиглед многуте негативности кај луѓето се прифаќаат како пример за позитивна аналогија и во други области од живот што е за жалење...

Leaving genetic modification aside, the huge monocultures of the agro industry can only be maintained through the extensive use of pesticides with all their negative side effects. They poison the plants and the soils, kill off all kinds of other species as well as remove bugs from the natural food chain and set off chain reactions. Birds, for example, can hardly survive in areas of crop monocultures, because all the bugs they eat have been killed by pesticides. http://www.heise.de/tp/artikel/8/8129/1.html - http://www.heise.de/tp/artikel/8/8129/1.html

[tube]cXrCXB7ir1k[/tube]

...Like the ancient cultures whose ancestors transformed teosinte into modern corn, most of us take corn for granted. We modify corn genetics in the laboratory, endanger it further by extensive monoculture, and then wastefully turn it into ethanol. http://richardbrenneman.wordpress.com/2010/05/30/monoculture-monsanto-and-the-threat-of-famine/ - http://richardbrenneman.wordpress.com/2010/05/30/monoculture-monsanto-and-the-threat-of-famine/

ваквиот пристап е нус ефект од постојниот либерален капитализам, економија која брка константен раст, заради што многу земја се испустува, непотребно многу храна се фрла, односно се е подредено кон константна необновлива експлоатација, заради која и гмо е либерализирано како можно решение за грешките во системот, иако постојат и поконспиративни мотиви како контрола на земјината популација, нејзино лоботомирање заради одржување на класната т.е. интелектуалната разлика, био-геополитика итн.

WAM [ http://topdocumentaryfilms.com/the-world-according-to-monsanto/#comment-174490397 - 1 ] http://www.youtube.com/watch?v=JJiIuQyStr4 - http://www.youtube.com/watch?v=JJiIuQyStr4 [ http://www.youtube.com/watch?v=htQkVRF68qg - 2 ]



Posted By: Max
Date Posted: 27-Sep-2011 at 15:55

http://en.wikipedia.org/wiki/The_Future_of_Food - http://www.youtube.com/watch?v=EnD-DiDRIJA - http://www.youtube.com/watch?v=EnD-DiDRIJA

http://ekopokret.org.rs/content/петиција-анти-гмо - http://www.youtube.com/watch?v=4HxZz5d2fjk - http://www.youtube.com/watch?v=4HxZz5d2fjk [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=469&PID=22595#22595 - 1 ]

Генетски модифицирани организми

Кон средината на деведесетите години, генетско модифицираните организми (ГМО) влегоа во комерцијално производство и употреба. За тоа што претставуваат ваквите организми и како настануваат, разговаравме со проф. Д-р. Миодраг Димитријевиќ, од Катедрата за генетика при Земјоделскиот факултет во Нови Сад, Србија.

Професоре, Ве молиме, накратко да ни кажете што се тоа генетски модифицирани организми (ГМО) и како настануваат.

Генетски модифицираните организми се такви организми кои никогаш спонтано не би настанале во природата. Тоа се, значи, организми кои настануваат со свесното делување на човекот во лабораторија. По излегувањето од лабораторија, тие своето место го наоѓаат или во светот на микроорганизмите, или во светот на повисоките организми. ГМО не познаваат граница: се работи за еден механички трансфер на гени од организмот кој го дава генот (донор) во организмот кој истиот тој ген го прима (акцептор), преку техники кои не познаваат никакви бариери; на тој начин, буквално, може да се земе било кој ген од било кој организам, и да се вметне во генетската основа на некој друг организам. Еве еден пример: од рибата иверка, која живее во северот од Атлантскиот Океан, се изолирани гените кои се одговорни за добро поднесување на ниски температури, и преку техниката на генетски инженериг, овие „антифриз“ гени се вградени во доматот, со што се продолжува сезоната за негово одгледување. Ова е сè уште во фаза на лабораториски истражувања. Во Северна Америка се експериментира со лосос, во кој што е вграден човечкиот (hGH) ген одговорен за создавање на хормонот за растење, и на тој начин се забрзува растот и се зголемува големината на лососот. Човечкиот ген за хормон на растот (rBGH), исто така се внесува и во геномот на некои крави и свињи. Уште еден пример за делување на внесени човечки ген е и кравата Роуз. Кај оваа крава е внесен ген за лактација земен од женскиот организам, за да се добие млеко со хемески состав најблизок до мајчинскиот. Резултатот е постигнат со 96% успешност. Од овие примери се гледа дека тука нема ни таксономски сродности, ниту бариери во врска со оплодувањето: гените можат да се префрлаат од микроорганизми во луѓе, растенија, од животни во билки – значи, можно е да се оствари било каква релација.

Кои се најсовремените можности кои денес ги нуди генетскиот инженеринг?

Генетскиот инженеринг на човекот му овозможува да го запознае микрокосмосот кој постои во нас, зашто системот на наследување е токму тоа – еден космос кој секој од нас го носи во себе, една геолошка меморија со исклучителна моќ, која мора да биде поврзана со макрокосмосот. Генетскиот инженеринг ни овозможува да навлеземе во тајните на животот, зашто со запознавањето на генот, таа книга на паметење, во секој случај дознаваме многу подетално кои сме и од каде сме. Сите ние носиме генетски информации од првиот пар, Адам и Ева, и кога би ја маринискринувале ДНК, тогаш би дошле до гените на првиот пар.

Кога се појави идејата за генетска модификација на организмите, ветувањата беа навистина големи. Се сметаше дека ГМО ќе ни овозможат да добиеме храна со поголема нутритивна вредност, дека ќе добиеме храна со определени карактеристики, погодна за луѓе кои поради алергија или од други причини не можат да ја консумираат вообичаената храна. Се сметаше дека ќе се добие овошје кое ќе произведува вакцини, и така децата и возрасните ќе можат полесно да се вакцинираат: јадете банана, и сте се вакцинирале! Потоа, се очекуваше дека ќе се одгледуваат животни со органи кои се погодни за трансплатација, и кои не би биле отфрлени од човечкиот организам.

Потоа, се сметаше дека ќе се добијат градинарски производи кои би успевале и во ограничени услови на градинарско производство. Се очекуваше и дека ќе се добијат микроорганизми кои ќе овозможат евтино производство на лекови, хормони и слично. Имено, прво се започна со микроорганизмите. Првите ГМО беа микроорганизми кои произведуваа инсулин. Тие го произведуваат многу поевтино отколку порано, па со самото тоа и попристапно. Денес дојдовте до фазата кога ГМО најчесто се користат во градинарството.

Зошто е важно да ги познаваме ГМО?

Кога станува збор за генетските модификации во врска со производството на лекови, со цел да ги направат поефикасни и подостапни, тогаш луѓето не се бунат против ГМО. Меѓутоа, кога се работи за ГМО во храната, тогаш луѓето се поделени, па едни ги прифаќаат, а други ги одбиваат. Вистина е дека во случајот со лековите имаше, како што се вели, акциденти, и се случуваше да се појават болести поврзани со употребата на генетски модифицираниот триптофан. Кај 1.500 луѓе кои ги користеле ваквите лекови дојде до различни болести и тескоби, а некои од нив дури и умреа. Бидејќи сојата често се користи како состојка во прехрамбената и кондиторската индустија, пологично е луѓето да бидат внимателни во врска со нејзината генетска модификација. Добро е да се има информации за ГМО, но истовремено е многу тешко да се добие вистинска информација за истите. Експертите, воглавно се поделени, и едните се a priori за, а другите a priori против. Кога работиме со генетски материјал кој десетици милиони години бил стабилен, наглите акции многу често предизвикуваат неизвесни реакции. Затоа е важно луѓето да читаат за тоа и да изградат свое мислење, свој став. Факт е дека во Европа, како и во поголемиот дел на светот, ставот за генетски модифицираната храна е негативен, и затоа е важно генетски модифицираните производи да бидат соодветно означени, за самите потрошувачи да можат да донесат одлука дали ќе ги купат или не.

Какви би биле последиците од генетската модификација врз природата и луѓето, и дали постојат истражувања во таа насока?

Истражувањата се контроверзни и зависат од тоа кој ги финансира. Ако истражувањата потекнуваат од лоби-групите кои се залагаат за ГМО, тогаш резултатите одат во прилог на нив. Според нив, се работи за продолжена еволуција, и сето тоа, помалку или повеќе и онака би се случило; зошто тогаш, науката да не го забрза истиот процес во лабораторија? Меѓутоа, тоа е лага, тоа никогаш не би се случило, затоа што не постои теоретска шанса рибата да се вљуби во еден домат и тие да добијат потомци! Постојат цели студии за алергиите кои се предизвикани од користењето на генетски модифицираната храна.

Кое е вашето мислење, од етичка гледна точка, за ГМО?

Најнапред, од каде смелост кај човекот, и кој му ја дал власта да го прави тоа? Етиката во науката е тема сама за себе. Мендел бил свештеник, и неговите толкувања за тоа време биле многу напредни, и овозможувале основа за ткн. генетски детерминизам. Односите на поделба во генетиката овозможуваат основа генот да биде сфатен механистички, како една изолирана единица на наследување, што и е дефиниција за генот. Меѓутоа, секој кој има било каква професионална врска со науката, знае дека во природата ништо не се случува случајно. Сè се случува поради некоја причина, а прашање е дали таа причина ние можеме да ја увидиме или не. Во природата постојат од Бога зададени бариери. Кој е човекот, што се обидува да ги руши тие бариери, и какви се последиците од таквото негово мешање во природата? Дали навистина се работи за човечка смелост за промена на Божјиот ред, тоа останува на читателите да оценат.
http://www.agapi.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=238:gmo&catid=53:sovremeni-predizvici&Itemid=110 - http://www.agapi.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=238:gmo&catid=53:sovremeni-predizvici&Itemid=110



Posted By: Max
Date Posted: 27-Sep-2011 at 23:50

што е до пестицидите, истите кај нас се користат во изобилие, и никому не му ја мисли дали и колку тоа е штетна пракса, од европа редовно ни враќаат јаболка, грозје и компир заради преголеми количини пестициди во плодовите иако истите се дозволени во еу, сепак не е дозволено пример јабоката да се прскани по 15 до 20 пати годишно како што неретко е случај пример во преспа, и сето тоа оди во недоглед бидејќи профитот е најголемиот мотив наместо тоа е да е здравата храна, но кој гарантира дека европските препарати се здрави, кога дури и во сточната храна им се провлекува незабележано диоксин заради што и масовно испаничија пред некое време! 

Дали храната во Македонија е безбедна 

Храната што ја јадеме во Македонија е пристојно здрава и безбедна, со генерално правилна употреба на пестициди и хемиски средства за заштита на растенијата произведена во начелно чиста средина, порачуваат стручњаците за заштита на растенијата од науката и инспекциските служби.Сите забранети препарати веќе не се дозволува на пазарот во Македонија да се дистрибуираат, сите се од зелената листа, се применува анекс еден за дозволените препарати од Европската Унија,,Сите забранети препарати веќе не се дозволува на пазарот во Македонија да се дистрибуираат, сите се од зелената листа, се применува анекс еден за дозволените препарати од Европската Унија. Можам да потврдам дека сите земјоделци употребуваат препарати кои не се толку голем ризик за безбедноста на храната" вели Ментор Зеќири, директор на Фитосанитарната управа. Сепак сеуште има канали преку кои на црно се увезуваат и користат недозволените препарати за заштита, поради пониските цени. ,,До сега постоеа такви препарати, со оглед дека новиот закон за пестициди стапи во 2007 година, кога им беше даден период од две години на сите увозници на пестициди од Индија, Кина и Египет, да ги потрошат постојните резерви, значи дека спомнатите земји се места од каде се внесуваат сомнителни производи за заштита и здравјето на растенијата. Но, со новиот закон и принципиелната работа на комисијата за контрола, мислам дека овие недостатоци ќе бидат еднаш за секогаш решени, зошто Големи количини посебно на грозје, вино, јаболка и други продукти кои ги пласираме на пазарите на Европската Унија се вратени поради третманот со пестициди и продукти што не се наоѓаат на анекс еден листата на Европската Унија се вратени поради третманот со пестициди и продукти што не се наоѓаат на анекс еден листата на Европската Унија" вели Звонко Пацаноски, професор на Земјоделскиот факултет во Скопје, кој ја отвори дилемата дали воопшто може да постои органско производство на храна, без никаква употреба на пестициди, произведено во идеално здрава животна средина, или тоа е само квази мит за богатите.

,,Не Македонија, туку светот се соочува со недостаток на храна. Органското производство е еден од можните начини за производство на храна, но го достигнува биолошкиот и генетскиот потенцијал на културите само од 50-60%. Само економски развиените земји можат да си дозволат помало производство на храна, но во светски рамки, каде спаѓаме и ние, може да имаме дел од вкупното производство категоризирано како органско, во кое ќе се следат стандардите на органското производство. Ние не одиме само во таа насока, туку се движиме кон интегрално производство, со примена на сите можни мерки кои нема да ја загрозат безбедноста на крајниот производ, од фитосанитарен аспект, значи дека ќе ги применуваме активните материи кои се безбедни и добиле дозвола од Европската комисија да бидат регистрирани, да не ја загадуваат животната средина и да не се токсични, под услов ако се употребуваат правилно, во спротивно може да бидат отров" вели Станислава Лазаревска, претседател на Здружението за заштита на растенијата на Македонија, што во Охрид го организира 35-тиот меѓународен семинар од оваа област, на кој експерти и производители на заштитни препарати од државава и регионов, разменуваа искуства од оваа област, каде во примената на Европските стандарди и регулатива има напредок, Македонија, Србија и БИХ се на почетокот, а најдалеку е стигната Хрватска. http://www.makdenes.org/content/article/2233043.html - http://www.makdenes.org/content/article/2233043.html

[tube]rsgeZu_3C_U[/tube] 



за жалење сме

http://www.pesticide-residues.org/food.html - http://www.pesticide-residues.org/food.html

http://www.ihpa.info/how-to-be-involved/how-big-is-the-problem/ - http://www.ihpa.info/how-to-be-involved/how-big-is-the-problem/

http://www.goodplanet.info/eng/Globe-theme/%28theme%29/266/%28page%29/0 - http://www.goodplanet.info/eng/Globe-theme/(theme)/266/(page)/0

[tube]HhQJUiHexQQ[/tube]

[tube]Pen1isLmIPo[/tube]



Posted By: Max
Date Posted: 28-Sep-2011 at 20:20

мислам дека комасацијата е начин како да се опустоши повеќе земја со пестициди, воедно начин како полесно истата утре да се распродаде во пакет на странски инвеститори во земјоделството!?

Од следната година ќе се окрупнуваат земјоделските парцели

За приближување кон европскиот аграр од следната година Министерството за земјоделство ќе започне кон реализација на стратегијата за комасација или окрупнување на парцелите која ќе трае се до 2020 година.

- Сегашната просечна големина на земјоделските стопанства од 2,5 до 2,8 хектари и просечната големина на катастарската парцела од 0,3 до 0,5 хектари се под големината на парцелите на земјоделското земјиште во земјите од Европската унија - изјави државниот секретар во Министерството за земјоделство, Бесир Јашари.

Пилот проектот започнат во радовишко Конче покажува резултати, но сепак нашите земјоделци сеуште не биле подготвени да вршат размени на сопствените парцели. Иако имаат и финансиска поддршка од Владата, тешко одел и процесот на здружување во кооперативи.

Со новите измени на Законот за земјоделство земјоделските имоти во иднина нема да смеат да се делат на површини помали од два хектари.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/od-slednata-godina-ke-se-okrupnuvaat-zemjodelskite-parceli - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/od-slednata-godina-ke-se-okrupnuvaat-zemjodelskite-parceli

Aктивностите за комасација на земјоделското земјиште

Во Македонија како и во поголемиот дел од централна и источна Европа, проблемите кои произлегуваат од расцепканоста на земјоделското земјиште и од малите земјоделски фарми го отежнуваат и руралниот развој. Станува збор за сериозен структурален проблем, кој е сериозна пречка за профитабилно земјоделско производство и за инвестирање во аграрот.

Поради ваквата состојба, по активностите за распределба на секое парче државно земјоделско земјиште, од 2007 година наваму, сега активностите се насочени кон консолидација, односно окрупнување на земјоделските површини. Преку проектот СТИМЕРАЛД почнуваат пилот ативностите за реализирање на новата земјоделска политика за косолидација на земјоделското земјиште, во прв ред на приватните земјоделски површини.

-Карактеристика на земјоделското земјиште кај нас сега е раситнетоста. Доминира земјоделско производство на мали површини, расцепкани на 6-7 парцели од по 2-3 декари и тоа на различни локации. Ова го попречува развојот и оневозможува земјоделскиот сектор да прерасне во силен комерцијален сектор – рече заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Перица Иваноски на презентацијата на пилот активностите на проектот СТИМЕРАЛД во битолското село Новаци .

Окрупнување на земјоделските површини преку процес на комасација е еден од можностите за решавање на проблемите со сегашната фрагментиранос на земјоделските поседи. Неопходно е и државата да се вклучи во процесот на окрупнување на земјодеското земјиште и да ги стимулира ваквите активности, но, како што смета Иваноски, тоа не треба да го направи со сила туку процесот на комасација потребно е да се реализира доброволно од страна на заинтересираните земјоделски производители.

-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја поддржи размената на приватни парцели кои се наоѓаат на различни локации во насока на создавање на поголеми блокови и тоа преку активностите за изнаоѓање на најоптимални опции за размена на парцели, во чија реализација е вклучена и холандската агенција за развој СНВ. Преку Програмата за рурален развој, за прав пат оваа година, ќе се кофинансираат правните трошоци за консолидација на земјоделското земјиште, трошоците за изработка на елаборати како и оние за информирање на земјоделците, чија иницијатива за комасација е најбитна, бидејки процесот е на доброволна основа – потенцира тој.

Во насока на поддршка на процесот на окрупнување на земјоделските површини се и измените на Законот за земјоделско земјиште кој е во владина процедура и наскоро ке се најде во Парламенотот. Во нив, објаснува тој, предвидена е мерка за ограницување на понтамошното раситнување на земјоделските површини кои се помали од 2 хектари.

Пилот проектот за комасација наскоро ќе почне да се реализира во битолскиот регион. ,,Пелагонија е најголема житница во Република Македонија. Поволните карактеристики во однос на земјишната структура која е со еднакви својства и бонитетни класи, придонесува во идните проекти за комасација, да има релативно мал број на проблеми поврзани со геодетски и правни работи. Анализите на проектот за комасација Емерлад, покажаа дека во овој регион, најголема е заинтересираноста на земјоделците за решавање проблемот со раситнените земјоделски парцели преку консолидација, односно комасација,, - потенцира заменик министерот Иваноски.

Проектот Стимералд почна да се реализира во јуни минатата година, а има за цел добивање на ефикасна помош во реструктуирање на земјоделските стопанства преку воспоставување на реформирана рурална и земјоделска политика и ќе претставува основа за изградба на стратегија за земјишен и рурален развој.
http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/535 - http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/535



Posted By: Max
Date Posted: 29-Sep-2011 at 23:46


Жидилово резерват за еколошка храна

Првиот целосно заокружен комплекс за органско производство во Македонија "Да-Бо" е сместен во подножјето на Осогово, во кривопаланечкото село Жидилово. Тој претставува природен резерват на исклучиво еколошки здрава храна, без употреба на грам хемија и други вештачки препарати. Во него се искористуваат сите природни ресурси, а е единствен по тоа што, за разлика од другите капацитети во земјава насочени главно кон производство на само еден производ, разработи синџир на десетина производствени процеси, без никаков отпад или појава на нуспроизводи.

- Процесот почнува со производство на биохумус преработен од калифорниски црви, со употреба на картонска амбалажа и арско ѓубре, па се до богатата понуда на традиционални кривопаланечки специјалитети во ресторанот уреден во автентичен стил, кој се вклопува во живописното опкружување покрај водите на Крива Река. На имотот имаме пауни, срни, овци, јапонски кокошки-дукатки, зајаци, посебни видови кокошки, свињи, патки, фазани, гулаби, пчели, полжави, а еве во моментот имаме производство на подмладок од околу 100 зајаци и 600 мисирки. Дел од комплексот е наменет и за земјоделски култури, овошки и шумски плодови, а интересно е и што меѓу компирите има садници на специјални цвеќиња на кои се собираат сите штетници, поради што се гарантира здраво и еколошки чисто призводство на компир - истакнува Ивановски.

Овој центар располага и со рибник со капацитет од 20 тони, во кој се одгледуваат калифорниска и златна пастрмка и поточарка. Ивановски годинава успеал во репроцентарот да произведе 40 илјади парчиња подмладок, а за в година планираат околу еден милион икри. За рибниците се користи исклучително чиста вода од Кркљанска Река од изворите на Осоговските Планини, а за мрестилиштето само изворска планинска вода. Рибите се хранат со протеинска природна храна, како што се калифорниските црви, ларви и полжави, кои се дел од верижниот производствен циклус во овој комплекс. Сепак , најголем успех на Ивановски е тоа што прв на Балканот успеал да го скрати инкубацискиот период на мрестење на пастрмката во планински услови од 90 на само 28 дена.

- Бидејќи овде зимите се многу студени, па голем број икри се уништуваат, се обидов со посебен процес на протечни бојлери да одржувам постојана температура и успеав дури и во најстудените месеци да ја скратам инкубацијата за 62 дена. Бидејќи тоа бара голема потрошувачка на електрична енергија, решив да изградам и сопствена мини-хидроцентрала, која ќе ја користи истечната вода од рибниците, што значи дека ќе се искористуваат исклучиво природните потенцијали. Проектот, кој е изработен со парична поддршка на Бас-програмата преку Лондонската банка за развој на мали и средни претпријатија и кој на презентацијата во Опатија беше прогласен како трет најуспешен проект на Балканот, веќе е почнат и се надевам дека наскоро ќе се реализира - вели Ивановски.

Новина во развојниот процес на комплексот е обуката на тренери за органско производство, која се спроведува во соработка со Здружението за заштита на природата "Осогово" од Крива Паланка, а е насочена кон зголемување на производството на здрава храна на овие простори и развивање на кооперантските односи со населението.

- Почнавме со производство на биохумус и печурка буковка, во кое, за почеток, се вклучени 20-ина земјоделци од селата Осиче, Добровница, Киселица, Жидилово и Кркља, кои се едуцираат за оваа дејност. Ние бесплатно им го даваме матичното јато, а целта е да се искористат напуштените селски објекти, да се активира производството и самовработувањето, како и да се зголеми понудата на еколошки здравата храна на пазарот - истакнува Ивановски. Комплексот располага и со сопствена воденица на камен, фурна и со ресторан од камен и дрво, наречен македонски чардак, во кој се приготвуваат традиционални кривопаланечки специјалитети, исклучиво од сопственото производство. Покрај рибите, меѓу богатата понуда можат да се најдат и зелници и леб направени од 'рж и испечени под вршник, качамаци, симити, чуреци, млечни производи и разновидни салати. 

Комплексот постојано се надградува со нови објекти и производи, а во реализацијата на неговата развојна програма се вклучени македонски и бугарски експерти.

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2861&stID=63000 - http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2861&stID=63000



Posted By: Max
Date Posted: 03-Oct-2011 at 00:13

ЕУ ќе ни ги врати земјоделските задруги ...Во субвенционирањето има посебна ставка со која сите фармери кои сакаат да направат кооператива, добиваат 50 отсто од парите што ги потрошиле за нејзино формирање. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=BF486C758E7BC44A99484F8C31833932 - http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=BF486C758E7BC44A99484F8C31833932

...Не постојат ниту иницијативи за окрупнување на расцепканите земјоделски парцели, ниту, пак, за здружување во поголеми земјоделски стопанства.

„Просекот на Европската унија за формирање на земјоделско стопанство изнесува 25 хектари, а кај нас е од 2,5 до три хектари, а може да се случи и тие парцели да се расцепкани“
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D5228DDE7CB8D149B916529138BE236C - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D5228DDE7CB8D149B916529138BE236C

Фармерите да се здружат, наместо да си конкурираат!

Професорите ќе ги здружуваат агробизнисмените од регионот, со помош на новоформираното регионално здружение за менаџирање со земјоделски производи и агротуризам SELL.

Професорот од Земјоделскиот факултет, Миле Пешевски, вели дека целта на здружението е да им помогне на сите кои се директно засегнати со проблемите на земјоделското производство и тоа да постигне поголеми профити.

“Сакаме да ги научиме земјоделците да станат агроменаџери, да го менаџираат пазарот на земјоделски производи. Од друга страна, да им помогнеме и на фирмите за преработка, во делот на пласманот, со цел поголем профит во своето работење. Ние професорите од регионот, заеднички ќе организираме работилници за усвојување на нови техники и методи за пласман на земјоделските производи во регионот и во западноевропските земји“, вели Пешевски.

Според него, во регионот, а главно во Македонија, земјоделците не ги познаваат основните елементи за стандардизиран земјоделски производ, односно производ со воедначен земјоделски квалитет.

“Свесни сме дека не може 100% од вкупното производство да биде прва класа производ, но би било добро да доминира. Тоа значи да се продава воедначен производ за да постигне подобра цена на пазарот и да биде поконкурентен. За да се постигне тоа, земјоделците и преработувачите треба да се здружат и да применат европски стандарди на производство и пакување, за да се привлече европскиот купувач да ги купува македонските производи“, вели Пешевски.

Според него, Македонија има природни предиспозиции за квалитетен производ, но досега земјоделците си конкурираа сосед со сосед, село со село или фирма со фирма. Здружението ќе го развива и агротуризмот. За македонските села да станат атрактивни за странците, селаните не треба да градат нови градски куќи на местата на старите, туку во автентичен стил да ги обноват старите куќи, со што ќе ги примамат туристите да ги посетат, вели Пешевски.

Работата на здружението ќе се финансира преку членарини, а тоа ќе конкурира и за финансирање на проекти преку фондовите на Европската унија, во делот на истражување на пазарот.

Здружението ќе формира база на регионални податоци во Скопје, од каде што потоа ќе се дистрибуираат во сите региони во земјава. Во здружението членуваат професори, претставници на институциите и агробизнимени од Македонија, Бугарија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Романија.
http://www.kapital.mk/mk/dneven_vesnik/70592/farmerite_da_se_zdruzhat,_namesto_da_si_konkuriraat!.aspx?iId=2260 - http://www.kapital.mk/mk/dneven_vesnik/70592/farmerite_da_se_zdruzhat,_namesto_da_si_konkuriraat!.aspx?iId=2260


Posted By: Max
Date Posted: 03-Oct-2011 at 12:30

Селски Коперации, кај нас ги наметнале комунистите но безуспешно[ http://mk.wikibooks.org/wiki/Некои_специфичности_на_колективизацијата_на_селото_во_Република_Македонија_1949-1953_година - 1 ][ http://mk.wikibooks.org/wiki/4._Состојбата_на_земјоделството_во_Македонија - 2 ], а пола агро сектор во еу функционира на тој начин, иако ефикасноста е последица на принудното формирање на нашите, додека европските се доброволно формирани[ http://www.wisegeek.com/what-is-an-agricultural-cooperative.htm - 3 ], иако индиректно стимулирани кон кооперативност[ http://www.france24.com/en/20090622-agricultural-cooperatives-end-model- - 4 ]

Agricultural cooperatives in the EU are an important socio-economic element in the economy and society at large:
⇒ Over 50 % share in the supply of agricultural inputs
⇒ Over 60 % share in the collection, processing and marketing of agricultural products
http://www.copa-cogeca.be/Main.aspx?page=CogecaHistory&lang=en - http://www.copa-cogeca.be/Main.aspx?page=CogecaHistory&lang=en

можеби со комасацијата и задругарството се потикнува стабилно и пообемно земјоделие, но воедно и поголема употреба на хемија во производството и обработката заради бркање поголем профит, но и притисок ЗИК-овите да ги превземат ваквите коперации кои како окрупнети се примамливи за откуп, но од тоа сеуште не не' боли глава нас, кај нас засега се тераат само муабетите на индивидуалните земјоделци пред коперација(старите селски управни објекти(камени) кои останале од периодот на колективизацијата)   



Posted By: Max
Date Posted: 03-Oct-2011 at 23:01

и кај нас екстра се стимулира кооперативноста, која во комбинација со руралните субвенции, може да потикне брз развој на селата, но треба и понатамошно зголемување на средства за фондовите! воедно и коперациите се здружуваат[ http://akom.mk - 1 ][ http://biznis101.com/osnovaj-biznis/formi-na-biznis/95-kooperativa-socijalna-kompanija.html - 2 ]

Економското здружување гаранција за успешно земјоделство
 
Сигурен пласман по повисоки цени, поголем профит и капитал, стандардизирана и континуирана понуда, поголема конкурентност и можност за кредитирање, се само некои од бенефитите на земјоделското здружување. Само организирани, информирани и добро едуцирани земјоделци можат да се справуваат со актуелните проблеми и случувања што ги наметнуваат пазарите.

Ова беше истакнато на Меѓународната конференција “Кооперативно здружување – основа за подобрување на конкурентноста на фармите“, организирана од ФФРМ.

„Европските претензии на нашата земја како и на земјите од соседството залагаат потреба од соочување со многу предизвици кои треба да водат кон исполнување на стандардите и барањата со земјите кои се веќе членки на Европската Унија. Либерализација на пазарот, зголемената конкуренција и високите побарувања на потрошувачите и пазарот се едни од главните фактори кои влијаат на земјоделството и земјоделските стопанства.

Земјоделската конкурентност на фармите во нашата земја не е на задоволително ниво а се манифестира преку недостаток на претприемништво и основни вештини во сметководство и планирање, недоволните инвестиции и недостатокот на модернизација во поглед на ефикасност и технологија, како резултат на што се јавува неефикасност во производството, недоволни пост-бербени активности, недоволен развој на синџирите на вредности; слаба домашна додадена вредност; “, вели Андрија Секуловски, претседател на ФФРМ.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски напомена дека ако земјодлеците организирани преку задруга бидат заинтерсирани за инвестиции во опрема, механизација, преаработрувачки капацитети, постбербени активности, ладилници, државата ќе им покрие 60 отсто од трошоците.

„Единствен начин за брзо надминување на проблемите што ги имаат земјоделците со пласманот е нивното економско здружување. Преку формирањето земјоделски задруги и кооперативи, производителите ќе станат посилни на пазарот, ќе ја подобрат својата преговарачка моќ во однос на откупувачите, ќе ја концентрираат понудата и ќе обезбедат континуирана продукција во текот на целата година со стандардизиран квалитет“, вели Иваноски.

“Искуството е мошне поволно за интересите на земјоделците. Јас 80 насто од производството го продавам преку кооперативите и член сум на неколку такви. Го поттикнуваме пазарот, влијаеме на купопродажбата на производите”, истакна претседателот на француска организација АФДИ од Горна Нормандија Ричар Думанк

Тој вели дека колку што забележал земјоделството е битен сектор во Македонија и за производителите е најважно да се групираат и заедно да работат во кооператива.

На конференцијата присуствуваат релевантни фармерски организации од Албанија, Косово, како и претставници од македонските кооперативи.
http://www.ffrm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=305:ekonomskoto-zdruzuvanje-garancija-za-uspesno-zemjodelstvo&catid=41:nastani&Itemid=74 - http://www.ffrm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=305:ekonomskoto-zdruzuvanje-garancija-za-uspesno-zemjodelstvo&catid=41:nastani&Itemid=74

Земјоделските кооперативи модел за успешен развој на аграрот

Формирање кооперативи како деловни структури во кои земјоделците ќе ги остварат своите права и ќе функционираат како еден бизнис ентитет, е пораката од денешната конференција „Политики за развој на задругите и нивната улога во економијата“ што ја организира Алијансата на кооперативите во Македонија (АКОМ).

Учесниците на конференцијата заклучија дека организирањето на земјоделците е неопходно за развој на македонскиот аграр со оглед на потенцијалите со кои располага државата.

- Структурата на македонското земјоделство ја наметнува потребата од неминовно формирање кооперативи како бизнис структури што ќе им овозможи на земјоделците да влијаат на производните трошоци и на решавањето на проблемите околу пласманот, рече претседателот на Федерацијата на фармери на Македонија Ѓоко Данаилов.

Според него, во Македонија има успешни примери на кооперативно здружување, но тие се премалку за да се каже дека кооперативите се реалност во државата.

Една од главните активности на Федерацијата годинава ќе биде спроведување кампања за формирање кооперативи на ниво на цела држава и поддршка на здруженијата да ги формираат кооперативите.

Претседателот на Словенечкиот задружен сојуз и потпретседател на „Копа-Кожека“ Петер Вриск порача дека Македонија мора да стави акцент на здружувањето за поголем придонес во сето она што се работи.

Перцепцијата за задругарството е се уште лоша поради влијанието на стариот систем на здружување од поранешна Југославија, рече претседателот на Хрватскиот задружен сојуз Ведрана Стекано, потенцирајчи дека Хрватска работи на новиот европски тип на задругарство кој се темели на заеднички интереси.

Во Македонија има околу 100 задруги од кои 25 до 30 се земјоделски. Од нив 13 се членови на Асоцијацијата на коперативи во Македонија (АКОМ).
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=64950960&lId=1 - http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=64950960&lId=1



Posted By: Max
Date Posted: 05-Oct-2011 at 01:24

единствено ни фалат машински кругови за да се потикне формирањето на кооперативи, а и појаките кооперации сигурно ќе имаат услови да ја рентаат сопствената опрема, но за сега имаме слаб напредок и на овој план, официјално постои само еден машински круг во земјава т.е. во Пробиштип, лани дури спремиле и страна за унија на машински кругови но најверојатно сватиле дека сеуште нема реални услови за вакво нешто па отстапиле

uzmkm.com.mk http://www.emr.maschinenringe.com/files/EMR_UZMKM_Power_Point_Presentation.ppt - http://www.emr.maschinenringe.com/files/EMR_UZMKM_Power_Point_Presentation.ppt
 Унија Земјоделско Машински Круг во Македонија има за цел да ги поврзува сите локални здруженија на Машински Кругови, и други земјоделски здруженија и кооперативи во Р. Македонија и да ги застапува и заштитува нивните и правата и интересите на нивните членови.
 

но има интерес http://radovis.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=31%3A2010-01-28-14-22-37&lang=mk - http://radovis.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=31%3A2010-01-28-14-22-37&lang=mk а реално за нашиот земјоделец не се исплати да инвестира во нови и скапи машини, затоа и полесно би одело со рентање опрема од машинските кругови, кои логично би било врз основа на кооперативност да влечат екстра субвенции од државата како што се наведува пост погоре, истите би можеле да нудат услуги и за складирање на плодови односно да инвестираат и во ладилници покрај земјоделски машини и опрема

Македонскиот масшински круг примен во Европското здружение

17.02.2008 - Унијата на земјоделско-машински круг од Македонија експресно примена во Европското здружение на машински кругови.
На годишниот собир на машински кругови од цела Европа, каде секое здружение покажува што направило, годинава учествуваше и Машинскиот круг од Македонија.
По презентацијата во Германија, управниот одбор одлучил да ја скокне праксата за поднесување молба и веднаш да му додели членство на Македонскиот машински круг како награда за огромниот успех кој го постигнале преку здружувањето на механизацијата.
http://www.a1.com.mk/pda/vestlat.asp?vestid=89797 - http://www.a1.com.mk/pda/vestlat.asp?vestid=89797


http://emr.maschinenringe.com/ - http://emr.maschinenringe.com/

http://www.agmachine.com/ - http://www.agmachine.com/

http://www.agritechnica.com/home-en.html - http://www.agritechnica.com/home-en.html

http://www.entam.net/glossary.php - http://www.entam.net/glossary.php

http://www.ringleader.co.uk/about_us/links.php - http://www.ringleader.co.uk/about_us/links.php



Posted By: Max
Date Posted: 05-Oct-2011 at 17:37

...Претставниците на земјоделските здруженија беа едногласни во ставот дека многу важно земјоделците да се здружат и да прераснат во моќна преговарачка сила со откупувачите и трговците. ,,Сега производителите и преработувачите се конструктивни фактори во креирањето на земјоделската политика преку предлозите кои ги даваат за подобрување на состојбата со земјоделскиот сектор,,- децидни беа тие.

Драги Димитриевски, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна истакна дека финансиската поддршка која сега ја издвојува државава за земјоделството треба да се свати како влог во иднината, поточно како подготовка за да успееме да опстоиме на големиот европски пазар. ,,Како наука силно ќе ги поддржиме промените со цел да прерснеме во силна, економски развиена економија која ќе може да се соочи со предизвикот од членството во ЕУ,, истакна професор Димитриевски...
http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/806 - http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/806

се плашам само иднината да не отиде во раце на индустриските корпорации, од кои кај нас засега најмногу потенцијал има ЗИК-Битола, но сеуште сме зад србски делта груп или хрватски агрокор на овој план, така да нашите ЗИКови не се толкава опасност колку инсталација на комшискиве http://www.youtube.com/watch?v=13noQh10QMg - кои и баш не се најстабилни , можеби осигурач би било доколку субвенциите се ограничат само на корпорации кои имаат минимум 75% домашен акционерски удел, како бенефит би имале пред се македонските граѓани, но за ваков модел треба нов колосек различен од либералниот капитализам, о'том по'том најдобро за сега е пеглање на разликите во однос на регионот http://econstor.eu/bitstream/10419/45958/1/638146534.pdf - http://econstor.eu/bitstream/10419/45958/1/638146534.pdf но и давање предност и натаму на малите и средните(здружените) земјоделци, додека комбинатите да се потикнуваат само доколку е осигуран домашниот капитал во нив!

[tube]n4kXKQOvdvU[/tube]

[tube]pU8UKhzgDs0[/tube]




Print Page | Close Window