Print Page | Close Window

Treska Residence - Центар

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=4699
Printed Date: 18-May-2024 at 03:24


Topic: Treska Residence - Центар
Posted By: stef4o
Subject: Treska Residence - Центар
Date Posted: 23-Apr-2021 at 07:19
И КАЈ СКОПСКАТА ФАБРИКА „ТРЕСКА“ ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ, ПОДНЕСЕНИ БАРАЊА ЗА ГРАДБА НА ЗГРАДИTE КОИ БОГДАНОВИЌ ГИ НАРЕЧЕ НАПОЛИТАНКИ



Инвеститори почнаа да поднесуваат барања за градба во Општина Центар и за просторот кај поранешната фабрика „Треска“. Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, досега во електронскиот систем за издавање градежни дозволи на Општината се поднесени 5 барања за градба на овој простор. Доставени се идејни проекти за изгледот на зградите кои треба да ги одобри Општината и врз основа на нив да пресмета комунали.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдува дека се поднесени барања за добивање градежна дозвола, но вели дека постапката е на почеток и дека секој инвеститор има такво право откако е укинат мораториумот. Богдановиќ не знаеше точно да ни каже колку барања се поднесени. Најпрво ни рече дека се три, а откако му рековме дека имаме информации дека се поднесени 5 барања, ни рече дека дополнително треба да провери.

„Овде постапката е на почетокот. За просторот кај ‘Холидеј ин‘ е одобрен проектот и пресметани се комуналии бидејќи земјиштето беше чисто во целост сопственост на инвеститорите. Во овој случај дел е приватно земјиште, дел е со право на користење. Значи проектите уште не се одобрени, ниту се пресметани комуналии“, ни изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Поднесените идејни проекти за изградба на зградите на овој простор се според параметрите од Деталниот урбанистички план донесен во 2012 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кој оваа власт на СДСМ не успеа да го смени. Со планот, просторот на „Треска“ е поделен на шест градежни парцели и предвидува на нив да никнат триесетина нови згради. Се дозволува катност од приземје, 4 ката плус поткровје и приземје, 5 ката плус поткровје. Самиот градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ велеше дека просторот е лошо испланиран и зградите ги нарекуваше ‘наполитанки‘.

На нашето прашање за кои градежни парцели станува збор, дали е еден или повеќе инвеститори што сакаат да градат, што предвидува идејното решение, колку и какви ќе бидат зградите, со колкава катност и колкaв број на жители, градоначалникот Богдановиќ ни рече да испратиме прашања по електронска пошта зошто не може напамет да ги знае овие податоци и мора да провери со службите од урбанизам.

Со почнувањето на постапката од страна на инвеститорите, Општина Центар не успеа да го спаси ниту овој простор. Откако почна постапката на измена на плановите во рамките на процесот на мораториум до неговото укинување, Општина не успеа да го смени планот. Граѓански организации и архитекти бараа за делот кај фабриката „Треска“ да се распише конкурс, односно тој да се изземе од планот и просторот одделено да се испланира и уреди. Советот на Општина Центар лани во февруари донесе одлука да се распише конкурсот, но до ден денеска тој не е распишан.

Ниту за овој план нема суспензија која ја дозволува новиот Закон за урбанистичко планирање, што значи инвеститорите слободно можат да градат според плановите од ВМРО-ДМПНЕ за кои СДСМ вели дека се лоши и незаконски бидејќи се спротивни на ГУП-от, но не смогна сили да ги смени.

%20 - https://sdk.mk/index.php/naslovna/i-kaj-skopskata-fabrika-treska-ke-pochne-da-se-gradi-podneseni-barana-za-gradba-na-zgradite-koi-bogdanovik-gi-nareche-napolitanki/



Replies:
Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Apr-2021 at 07:31
ДУП за „Треска“: Сопственик на земјиштето, во име на Општината, самиот црта што да се гради



Планерската компанија „Ин-пума“, која е најмена од Општината Центар за да го нацрта деталниот урбанистички план кој до скоро ја опфаќаше и фабриката „Треска“, во својата сопственичка структура има градежни фирми и физички лица кои се сопственици на парцели на истата локација.

Тоа е едно од сознанијата до кои дојде „360 степени“ во серијата обиди да дојдеме до одговори – зошто се влечкаат корекциите на замрзнатите детални урбанистички планови во Општината, каде што локалната власт тврди дека притиска за повеќе зеленило и помали згради од претходно, додека бизнисот инсистира на зачувување на т.н. стекнато право.

Ем планираат во име на Општината ем се подготвуваат да градат во свое име
Планерската компанија „Ин-пума“ е етаблирано име во јавноста и во своето портфолио има голем број детални урбанистички планови (ДУП). Еден од нив е и ДУП „Буњаковец“, кој го уредува и просторот на некогашната фабрика „Треска“. Тоа е можеби најголемото парче земја во центарот на Скопје кое не е развиено.

Во моментов, парчето за „Треска“ е издвоено од ДУП „Буњаковец“ поради идејата на општината за просторот да распише конкурс. Но, за локацијата еднаш беше донесен ДУП, изработен од „Ин-пума“, а по нарачка на едно од претходните раководства во оваа локална самоуправа, во 2012 година. Решението беше – на земјиште на поранешната фабрика да „никнат“ 30 нови згради,

Тој план беше дел од групата детални урбанистички планови кои Општината Центар ги стопираше на крајот на 2017 година. Според локалната власт, стопираните детални урбанистички планови не беа во согласност со Генералниот план на градот и/или беа во спротивност со други закони кои ја уредуваат материјата на планирањето на просторот. Конкретно за „Треска“, Општината се обидува „ослободениот простор“ да биде планиран за зеленило или за други јавни намени. Во принцип, работа на Општината е да кажува што да се смени, но планерската куќа најмена со јавни пари од општинскиот буџет е таа што ги „впишува“ промените во планот.

Апсурдот во случајот со „Треска“ е што меѓу сопствениците на планерската компанија „Ин-пума“ е градежната компанија „Ремис“ од Охрид. Меѓу сопствениците на „Ремис“, пак, е фирмата „Градежник“. А еден од сопствениците на фирмата „Градежник“ е лицето Предраг Виќентијевиќ.

https://360stepeni.mk/dup-za-treska-sopstvenik-na-zemjishteto-vo-ime-na-opshtinata-samiot-tsrta-shto-da-se-gradi/


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Apr-2021 at 07:36
Во сегашниот ДУП има 30 градежни маркички поделени во четири блокови



https://prizma.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Apr-2021 at 13:36
Инвеститорите ставија раце и на локацијата на поранешната фабрика „Треска“





По укинувањето на мораториумот за градење од Уставниот суд и можноста да се гради според старите Детални урбанистички планови, инвеститорите ставија раце и на локацијата на поранешната фабрика „Треска“, за кој жителите бараа да стане парк.

Општина Центар требаше да распише конкурс за начинот на уредување на тој дел, но тоа до сега не се случи. Од Општина Центар информираат дека досега се пристигнати четири барања за одобрување на идеен проект за четири парцели на локацијата кај поранешната фабрика „Треска“, но ниту едно барање за издавање на дозвола за градба. За тоа што предвидуваат идејните проекти кои чекаат на одобрување, од Општината немаат конкретен одговор.

Поради редовно одржување на е-урбанизам системот, кој поради миграција на податоци нема да биде во функција до понеделник (26.4.2021), оневозможени сме да потврдиме точно за кои парцели станува збор и што предвидуваат идејните решенија – образложија општинските власти.

Инаку, во врска со конкурсот кој се планира за поранешната фабрика „Треска“, од Општина Центар велат дека Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) до Општината доставила допис со кој побарала општината да ги исклучи членовите на семејствата кои поседуваат имот на локацијата од комисиите формирани за конкурсот (Комисија за проектна задача и Комисија за оценување на конкурсни трудови).

– Во комисиите членуваат претставници од Град Скопје, Архитектонски факултет, невладиниот сектор, Асоцијација на Архитекти на Македонија (ААМ), Академија на асоцијација на архитекти на Македонија, Комора на архитекти и Општина Центар, каде недостасува претставник од државната Агенција за планирање на просторот. Општина Центар се обрати до Агенцијата за планирање на просторот, како изработувач на Генералниот урбанистички план и засегната страна со барање за номинација на член, но од таму добивме негативен одговор, односно дека Агенцијата нема намера да номинира член – образложија општинските власти.

Тие додадоа дека за понатамошните случувања со конкурсот за „Треска“, Општина Центар дополнително ќе ја информира јавноста и медиумите во наредниот период.

– Една од програмските задачи, освен домувањето кое беше единствена намена во претходниот ДУП, беше да се внесат и други намени, како што е градинка и објект за културни намени, како и дополнителни содржини. Како второ, јавниот простор да биде соодветно димензиониран, односно тротоарите да не бидат по минимални стандарди од 1,5 метар, туку да бидат поголеми и по главните улици да се постават дрвореди, но и да се задржат постојните, што ќе носи дополнителни поени на конкурсот – информираа претходно од локалната самоуправа, додавајќи дека во програмските задачи е нагласено и тоа да се зачува државното земјиште на таа локација и понатаму да не се продава.

Со планот, просторот на „Треска“ е поделен на шест градежни парцели и предвидува на нив да никнат триесетина нови згради. Се дозволува катност од приземје, четири ката плус потпокрив и приземје, како и пет ката плус потпокрив. Самиот градоначалник Богдановиќ велеше дека просторот е лошо испланиран и зградите ги нарекуваше „наполитанки“.

Претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, смета дека е потребен мораториум за градење за целиот град Скопје. Според неа, прво треба да не се продава државно земјиште, се додека не се направи новиот Генерален урбанистички план, а потоа сите ДУП-ови да се усогласат со него.

https://www.vecer.press/инвеститорите-ставија-раце-и-на-локац/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Apr-2021 at 08:55
Колкав е севкупниот простор тука(отприлика)? Се користат ли просториите од бивша Треска за нешто,мислам има некои фирми кои користеа магацини но одамна немам поминато.



https://www.facebook.com/bunjakovets/



Posted By: Phiko
Date Posted: 26-Apr-2021 at 11:08
Најголем беше Сетек, ама тие пред повеке од година дена се префрлија во кругот на Охис. Нивниот простор никој не го презеде.

За другите повеќете се затворено како што имам приметено. Ќе поминам деновиве ќе сликам што е останато во употреба.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Apr-2021 at 20:45
Originally posted by stef4o

Колкав е севкупниот простор тука(отприлика)?


Вкупно околу 6,3 хектари







Posted By: stef4o
Date Posted: 07-May-2021 at 17:04
ИНВЕСТИТОРИ НА НАЈГРУБ НАЧИН НИ СЕ ЗАКАНУВААТ СО ТУЖБИ АКО НЕ ИМ ДОЗВОЛИМЕ ДА ГРАДАТ КАЈ „ТРЕСКА“, СЕ ПОЖАЛИЈА БОГДАНОВИЌ И СОВЕТНИЦИТЕ

Градоначалникот на Општина Центар и советниците во Советот добиле закана од инвеститорите и сопствениците на земјиште кај фабриката „Треска“, дека ќе поднесат кривична пријава ако не им се дозволи да градат. Од Општината денеска соопштија дека стигнал допис од адвокат кој ги претставува инвеститорите и сопствениците во кој, како што велат, на најгруб начин се упатуваат закани кон нив и се бара да се прекине постапката за распишување на конкурсот за овој простор и да не се ни помислува да се донесе суспензија на планот.

„На најгруб можен начин беше упатена директна закана кон Советот и советниците на Општина Центар. Добиен е допис кој би требало да биде сфатен како крајна опомена пред поднесување кривична пријава до сите советници и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, доколку не се донесе Заклучок за прекин на работата на конкурсната Комисија и прекин на постапката за спроведување на конкурсно решение, како и да не се посегнува кон суспензија на постојните детални урбанистички планови“, велат од Општина Центар.

Во дописот се вели дека ако не биде испочитувана волјата на подносителите, а со тоа Советот опстои на досегашниот став, подносителите преку полномошникот – адвокат, ќе поднесат кривични пријави за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и кривично дело Несовесно постапување во службата.

„Во целост сме згрозени од ваквото грубо мешање во работата на Советот и уверувањето на советниците при носење на одлуки на пленарна седница. Овој допис Советот, односно советниците, го сметаат за најгруб притисок врз работата на Советот на начин што преку отворена закана за поднесување неосновани кривични пријави, се врши диктат какви одлуки да отповикаат и какви да донесат на нивно место, само за да ја задоволат волјата на приватните инвеститори, а сето тоа на товар и на штета на оние кои што ги избрале“, велат од Општината.

Конкурсот за уредување на просторот кај фабријата „Треска“ уште не објавен, а од Општината велат дека тоа е така бидејќи од Агенцијата за планирање на просторот не бил предложен претставник во Комисијата.

„Агенцијата деновиве ни достави допис во кој без образложение наведува дека нема да делегира членови и заменик-член во состав на Комисијата за јавни набавки и во состав на жири комисијата за избор на идејно решение за локацијата на некогашната фабрика ‘Треска‘. Општината, откако Агенцијата за планирање на просторот одби да делегира членови, се обрати до Архитектонскиот факултет при Универзитетот Американ Колеџ, од каде доби позитивен одговор и двајца нови членови во комисиите за конкурсот“, велат од Општината.

Во меѓувреме, откако веќе на сила не е мораториумот, до Општината се поднесени 4 проекти за изградба на згради во кругот на фабриката односно почната е постапката за издавање градежна дозвола за четири парцели.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/investitori-na-najgrub-nachin-ni-se-zakanuvaat-so-tuzhbi-ako-ne-im-dozvolime-da-gradat-kaj-treska-se-pozhalija-bogdanovik-i-sovetnitsite/


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-May-2021 at 07:56
Кој тактизира со иднината на „Треска“?

[tube]5Z4gKKEwqlE[/tube]

Инвеститорите веќе чекаат одобрение за идејните проекти за градба, а поднеле и барања за доокрупнување на дел од парцелите. Планираат да градат според стариот и важечки ДУП, во кој десетици згради се наредени една до друга, по што станаа познати како „наполитанки“
Градоначалникот тврди дека не се тактизира со обидите за стопирање на плановите што се на сила. Но, во меѓувреме, состојбата е во полза на инвеститорите
Закани со кривични пријави од градежните фирми и сопствениците на парцели кај фабриката „Треска“ го вознемирија Советот на Општина Центар кој повеќе од една година најавува конкурс за ново идејно решение.

Распаднати погони, остатоци од мебел, слики од едно друго време сведочат за периодот кога тука функционираше фабриката „Треска“. Денес наликува на голема депонија, а оној што не ја знае, не би претпоставил дека овој простор е во срцето на Скопје.   

Станува збор за повеќе од 62 илјади квадратни метри. Според последниот Детален урбанистички план, од 2012 година, тука треба да никнат 30 згради. Но, градење не беше можно неколку години, бидејќи просторот е дел од деталните планови кои Општината Центар ги стави под мораториум затоа што не се во согласност со Генералниот план за Скопје.   

Општината не стигна да го „поправи“ планот, а Уставниот суд неодамна го укина мораториумот, па сега е отворен патот за градба. Додека инвеститорите чекаат одобренија за идејните проекти, локалната самоуправа ја турка идејата за нов план преку архитектонско-урбанистички конкурс.

Местото кај поранешната фабрика Треска е меѓу последните локации во центарот на Скопје, од толкав габарит, каде што се уште не почнало да се гради. Целта на распишувањето на јавен конкурс е да се најде компромис меѓу јавниот и приватниот интерес и да се воспостави нова пракса во урбанистичкото планирање.

Според анализите на општината, стариот ДУП, кој до скоро го опфаќаше и просторот кај Треска, отстапува од ГУП-от по разни параметри. Меѓу главните проблеми е што планот предвидува експанзија на згради и раст на бројот на жители, додека недостасуваат јавни површини и објекти како градинки, паркови, плоштади. Идејата е со јавниот конкурс, кај „Треска“, освен згради да се изградат и содржини од јавен интерес, за просторот да може да „дише“ и да не биде тесно грло на градот.

Но, процедурата за конкурсот повеќе од една година тапка во место, а на инвеститорите не им се чека.

Роберт Јакимовски од компанијата „Голден Арт“, кој вели дека зборува во име на сите сопственици на имот кај „Треска“, потенцира дека инвеститорите нема да дозволат конкурсот да помине. Се бранат со т.н. „стекнато право“, принцип што според нив забранува да се скрати еднаш дозволена висина и основа за градба на една градежна парцела во приватна сопственост.

Иако општината нема такви сознанија, инвеститорите тврдат дека кај „Треска“ има опасен материјал кој треба да се отстрани што е можно побрзо.

„На самата локација моментално поседуваме преку 50 000 квадрати површина под азбесни плочи, тоа е канцероген материјал, тоа е еколошка бомба во строгиот центар на градот и може да ни се случи еколошка катастрофа ако дојде недај Боже до пожар или не знам какви други непријатни ситуации. Tоа е интересот на сите нас, тоа е јавниот интерес да го расчистиме тој дел, да го урбанизираме и да го направиме похуман и поубав за живеење за сите граѓани во градот Скопје“,

вели Јакимовски.
Инвеститорите веќе чекаат одобрение за идејните проекти за градба, а поднеле и барања за доокрупнување на дел од парцелите. Планираат да градат според стариот и важечки Детален урбанистички план, во кој десетици згради се наредени една до друга, по што станаа познати како „наполитанки“.

Јакомовски, сепак, уверува дека ќе има отстапки и дека ќе водат сметка за хумано живеење.

„Ние како сопственици, инвеститори, самоиницијативно ги предвидуваме параметрите што ги налага новиот Закон за урбанистичко планирање. Паркирањето да го решиме во склоп на градежна парцела, зелената површина да не биде 5 отсто како што е предвидена по стариот ДУП, туку да биде преку 20 отсто, во склоп на самите парцели да уредиме зелени површини, дворни површини и се останато“,

%20 - https://360stepeni.mk/koj-taktizira-so-idninata-na-treska/


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-May-2021 at 07:58


https://360stepeni.mk


Posted By: doncho
Date Posted: 11-May-2021 at 09:14
Штета и овој простор да пропадне со некреативна архитектура т.н наполитанка, како во Аеродром.


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 11-May-2021 at 12:23
Originally posted by doncho

Штета и овој простор да пропадне со некреативна архитектура т.н наполитанка, како во Аеродром.


Ma kakov Aerodrom ovde ke gradi 100% Trim&Ljum i Sanik. Inache za SaNik se spekulira dolgo deka e na Sasho mijalkov a samoto ime inicira Sasho-Nikola... E tolku e mafija gradeznistvovo a teatar politikava. Se punat ko brodovi i predhodni i segasni i idni...


Posted By: Tooold
Date Posted: 11-May-2021 at 15:49
Голден Арт да не заборави


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-May-2021 at 16:53
ИНВЕСТИТОРИТЕ КАЈ ФАБРИКАТА ТРЕСКА ЗА ТВ 24: ЌЕ ГРАДИМЕ СО УСУЛ - ЗГРАДИ ЌЕ ИМА СОГЛАСНО ДУП-ОТ

[tube]393BRd1PLuY[/tube]

Од фабрика за мебел до своевидна фабрика за кислород. Оваа фабрика некогаш била производствен гигант на територијата на Македонија, но и пошироко во југословенски рамки.

Денес тоа што останало е руинирани хали, стакло распослано на сите страни и распаднати ѕидови меѓу кои доминантно е зеленилото со високостеблести дрвја. Запуштена но не и заборавена, општината Центар преку јавен конкурс сака да ја уредува но инвеститорите со своја визија. Копјата се кршат помеѓу јавниот наспроти приватниот интерес. На ова алокација доминанта е приватната сопственост.

Инвеститорите преку својот адвокат за ТВ 24 велат дека поминаа скоро 4 години чекајќи општината да го ревидира планот и да го распише конкурсот. Сега веќе се одлучни преку свои идејни решенија да го уредат просторот следејќи ги како што велат параметрите на моментално важешкиот ДУП за што не планираат отстапки. Ќе градат 18 згради во три блокови со 20 посто зеленило.

„Инвеститорите согласно параметрите кои што се во ДУП каде е предвидено 5 посто зеленило истите со предвидените решенија предвидуваат 20 проценти зеленило во рамки на градежните парцели, а исто така го решават паркирањето во рамки на самите градежни парцели при што паркирањето го зголемуваат за еден и пол пат во однос на тоа што е предвидено со правилникот за просторно урбанистичко планирање. Од тука сакам да истакнам дека она што се ствара во јавноста фама дека ќе има не знам какви големи мегаломански објекти овде се работи за објекти во рамки на градежни парцели кои што ќе бидат во висина од 4 плус еден кат, односно 5 ката.“ - вели Бојан Богоески, адвокат-застапник на инвеститорите кај фабриката Треска.

Градоначалникот Саша Богдановиќ, спротивно на инвеститорите – вели просторот ќе го уредува преку Јавен конкурс кој ќе го распише до крајот на овој месец а за остатокот од ДУП-от ќе се оди со суспензија на делови, но не и цел план.

„Јас ветив дека низ планот кој што ќе го донесеме ќе пробаме да ја измениме целата работа и конкурсното решение е еден од начините каде што ќе се вклучат луѓе стручни и ќе дадат можеби некое поквалитетно решение. Затоа не можам да знам бидејќи не сум архитект и урбанист да оставиме тие сами да кажат. Моја задача како градоначалник е што е можно подобри услови да овозможам за тоа да се спроведе.“ - вели градоначалникот на општина центар, Саша Богдановиќ.

Инвеститорите веќе испратиле идејни решенија за кој градоначалникот Богдановиќ вели не се прифатливи - инвеститорите тврдат нема да отстапат ќе бараат спроведување на нивните решенија. Во меѓувреме антикорупциска најавија дека под нивна лупа ќе се најде токму и фабриката „Треска“.

https://24.mk/details/investitorite-kaj-fabrikata-treska-za-tv-24-kje-gradime-so-usul-zgradi-kje-ima-soglasno-dup-ot


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-May-2021 at 15:41
Нема простор за нови „градежни ламели“ кај „Треска

Земјиштето на поранешната фабрика за мебел „Треска“, заедно со локацијата кај „Холидеј Ин“ и „Алумина“, важи за еден од најголемите потенцијали што ги поседува градот. Можност да се заврти нов лист наспроти дводецениското интензивно градење според досегашните прописи и детални урбанистички планови. Да се развие нов пристап за развојот на градот, со цел да се утврди дека „може поинаку“.

На централното подрачје на Скопје му е потребна длабока анализа и визија за неговиот развој, ширење и иднина. Изреката „без добар урбанизам, нема добра архитектура“ никогаш не била поважна од сега. Скопје заслужува добар урбанизам и добра архитектура. Поранешната фабрика за мебел „Треска“ може да биде запаметена како пресврт за Скопје. Со овие зборови, на 17 јануари 2020 беше поднесена граѓанската иницијатива за распишување домашен или меѓународен архитектонско-урбанистички конкурс за урбанистички проект на локацијата кај „Треска“, со цел да се преиспита и да се реанализира постоечкото решение за локацијата утврдено со деталниот урбанистички план од јули 2012 година. Прашањето, секако, не е дали воопшто треба да се гради на овие локации. Градот мора да се гради, тој е жив организам којшто е во постојана состојба на промена и развој; прашањето што треба да си го поставиме е како и што ќе се гради. Покрај сѐ, просторот во градот е еден необновлив ресурс и треба многу внимателно да пристапуваме кон него.

Денешна состојба



Површината на локалитетот Фабрика „Треска“ изнесува околу ~ 63000 м2 или 6,3 хектари. Погоните и придружните објекти на фабриката се денес вон употреба и се наоѓаат во средна до лоша состојба, со исклучок на објектите во јужниот дел, коишто сѐ уште се активни.

На локацијата зеленилото е присутно во голема мера, плански засадено, но и самоизраснато. Постојат повеќе дрвореди главно по должината на улицата „Франклин Рузвелт“ и спрема јужната страна.

Што предвидува ДУП и ГУП?



Просторот на поранешната фабрика „Треска“ спаѓа во четврт 3 11 од Генералниот урбанистички план за Скопје. Деталниот урбанистички план (ДУП Буњаковец 2, плански период 2011 – 2016), во којшто спаѓа и фабриката „Треска“ и којшто е моментално на сила на оваа локација, е донесен во јули 2012 под Советот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ. Тој е донесен според нумерички параметри од ГУП 2002 – 2012 и според Општина Центар од 2017 година, тоа е еден од 31 план коишто не се во согласност со параметрите на важечкиот ГУП (2012 – 2022) и со параметрите на Општина Центар.

Во важечкиот ДУП – Буњаковец 2, локацијата на фабриката „Треска“ припаѓа во блок 6, којшто го вклучува и веќе постоечкото домување на улица „Христо Смирненски“ на источната страна. На површината кај фабриката „Треска“ основната намена е домување А2, поделено во 49 индивидуални парцели и исто толку објекти, групирани во 21 блок, со можна секундарна намена до 40 %. Висината која е предвидена варира помеѓу приземје + 4 или + 5 ката со поткровје (П+4/5+ПК). Висината на венецот е 16,20 метри за П+4 и 19,20 метри за П+5. На јужната страна, кон булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, е предвидено зеленило. Секундарната улична мрежа е надоврзана со веќе постоечката мрежа на околните блокови.

Според планот, површината за градежните парцели изнесува 41.109 м2, или околу 65 % од површината на денешната фабрика. Од површината за градежна парцела, површината за градба изнесува 21.850 м2. Бруто развиената површина е предвидена да изнесува 141.363 м2. Како симулација од оваа површина, можеме да предвидиме дека бројот на жителите што е предвиден со овој план изнесува околу 2.750 – 3.000. За споредба, ГУП (2012 – 2022) за четврт 3 11 или цел Буњаковец предвидува 12.500 жители како максимален број. Тоа значи дека само на површината на фабриката „Треска“ треба да живеат околу 22-25 % од целокупниот број на овој четврт. Парковското зеленило на јужната страна изнесува 9.960 м2.

Планот е изработен од планерската куќа ИН-ПУМА во јули 2012 година и според анализата спроведена од Општина Центар, планот не е во согласност со параметрите на важечкиот ГУП како план од повисок авторитет.





Сопственичка структура според катастар денес

Дел од земјиштето под фабриката „Треска“, преку процесот на денационализација, се враќа во рацете на приватни сопственици. Моментално, според податоците анализирани од OSSP – Агенција за катастар на недвижности, на локацијата на фабрика „Треска“ се појавуваат 4 приватни сопственици, но како сопственик се појавува и државата. Приватните сопственици се појавуваат во веќе оформените парцели според Деталниот урбанистички план, каде што се и косопственици со државата.

Хронологија на случувањата



Потребите и иднината на локацијата
Укинувањето за забраната за градба на територијата на Општина Центар го вклучи повторно алармот за иднината на фабриката „Треска“ и сличните локации. Во воведот наведовме дека „Треска може да биде запаметена како пресврт за Скопје“, но можеби позначајно е да се нагласи дека Треска треба да биде пресвртот за Скопје.

Новиот план треба да ги земе предвид поширокиот контекст и околината при негово осмислување. Треба да пристапи со критичка мисла за тоа што значи индустриското наследство за градот и кои се моделите на живеење во 2021 година. Без постоењето визија, сведоци сме на повторно фрагментирање на градот, каде што индивидуалните „градежни ламели“, предвидени од постоечките планови, се третираат како самостоен микросвет, без обѕир на целокупната форма на архитектурата. Конкурсот е пристапна врата за добивање нови внатрешни и надворешни влијанија и трендови во архитектурата и урбанизмот. Скопје, еднаш по земјотресот од 1963, беше поле на такви случувања и несомнено е потребно истото да се повтори. Скопје заслужува ваква шанса и можност!

https://samoprasaj.mk/naacik/1991-2021-05-14-12-00-00


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Jun-2021 at 15:09
Трка за откуп на државно земјиште кај „Треска

Ќе се примени ли за локацијата кај поранешната фабрика „Треска“ во Скопје сличен рецепт како во случајот со просторот спроти хотелот „Холидеј Ин“ е прашање кое заслужува внимание откако инвеститорите на адреса на Општина Центар до 7 јуни, годинава поднеле 20-тина барања за окрупнување парцели преку откуп на државно земјиште. Сопствениците на приватното земјиште сакаат да градат според детален урбанистички план кој беше прогласен за незаконски, а според постоечката регулатива можат да бараат окрупнување на парцели доколку поседуваат над 30 отсто од земјиштето. Општина Центар одлучува дали тоа ќе им се овозможи.

Од локалната самоуправа информираат дека барањата за окрупнување на парцелите биле доставени без дополнителни документи.

„Прво, треба да ги отвориме предметите за да видиме дали ги исполнуваат основните критериуми за дали воопшто можат да поднесат барање, па отпосле ќе знаеме каква управна постапка ќе треба да се води, односно дали таа постапка ќе треба да се води во Општина Центар или во Министерството за финансии“, велат од Општината.

Од Министерството за транспорт и врски за „Само прашај“ велат дека топката е во рацете на локалната самоуправа.

„Општината ги има сите надлежности во делот на градежното земјиште, а не Министерството за транспорт и врски“, велат од Министерството.

Се планираат градби според ДУП кој беше под мораториум
Инвеститорите за „Само прашај“ тврдат дека поседуваат повеќе од 90 отсто од градежното земјиште во рамки на градежните парцели. Поднеле барања за дооформување со преостанатиот дел и не гледаат проблем уште сега да добијат одобрение за градба.

Се планира да се гради според стариот детален урбанистички план што долго време беше ставен под мораториум, а со кој се предвидени триесетина згради наредени една до друга, коишто иако неизградени во јавноста станаа познати како „наполитанки“.

Секој од инвеститорите настапува согласно соодветниот дел од сопственоста којашто ја има во рамки на градежните парцели. Проектите се изработени согласно параметрите коишто се предвидени со важечките детални урбанистички планови, каде што како основна класа на намена е предвидено домување“, вели Ивица Јакимовски, претставник на инвеститорите.

Кој е кој на просторот на поранешна „Треска“?
Просторот кај поранешната фабрика „Треска“ е исклучително атрактивна локација. Станува збор за простор од речиси 63.000 квадратни метри. Пребарувањето во системот на Агенцијата за катастар на недвижности покажува дека дел од парцелите се во приватна, дел во државна, а дел во мешана сопственост.

Па така, на пример кај една од најголемите катастарски парцели на овој потег со број 10912, кај големите фабрички хали на „Треска“, имотните листови покажуваат дека дел од имотот е сопственост на Македонија, а во пребарувањето се појавува името на Предраг Виќентијевиќ кој според податоците на Катастарот располага со имот од илјадници квадратни метри во овој дел. Tрет дел од оваа катастарска парцела и припаѓа на градежната компанија „Голден Арт“ која изминативе години интензивно гради низ Аеродром, а уште еден дел од оваа парцела е под капата на битолската градежна компанија „Пелистер“ на битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски.

Слично е и кај другата голема катастарска парцела со број 10920. Тука во игра се кумановската фирма „Мега“, скопската фирма „Акустик“ и повторно „Голден Арт“, а дел од имотот е државен. Истата комбинација сопственици се јавува и кај соседните катастарски парцели со број 10919, 10918 (без „Голден Арт“), 10917, 10916 (без „Голден Арт“). Предраг Виќентијевиќ и „Голден арт“ се главни и кај катастарската парцела со број 10911/1, а сите претходно наведени се главни и на спротивната страна кај големата катастарска парцела 10900.

Центар најавува конкурс, инвеститорите се против
Случајот „Треска“ повторно се актуелизираше деновиве откако советници од Општината се пожалија на притисоци од инвеститорите кои се заканиле со кривични пријави против советниците и градоначалникот Саша Богдановиќ ако ја продолжат постапката за тендер за конкурсно решение за локацијата и ако ги суспендираат постојните урбанистички планови.

Се надеваме дека во наредните неколку денови што претстојат ќе биде распишан конкурсот“, велат од Општината.

Инвеститорите тврдат дека преку адвокат испратиле опомена поради незаконско функционирање на Советот и стручните служби, но негираат дека вршеле притисок. Тие се против каков било конкурс за „Треска“.

„Инвеститорите изразија спремност да учествуваат во конкурсната комисија за изработка на конкурсна програма, но од страна на општината повеќе од една година немаше никакви активности што беше сигнал до инвеститорите како сопственици на земјиштето дека целта е само одолговлекување на целата постапка на штета на сопствениците како инвестирори, па оттука истите веќе не се согласни со изработка на какво било конкурсно решение на приватен имот“, вели Ивица Јакимовски, претставник на инвеститорите.

https://samoprasaj.mk/naacik/2012-2021-06-10-10-29-07


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Jun-2021 at 16:52
ДАЛИ КАКО ЗА „ХОЛИДЕЈ ИН“ ЌЕ СЕ СЛУЧИ ПРОДАЖБА НА ДРЖАВНОТО ЗЕМЈИШТЕ И КАЈ „ФАБРИКА ТРЕСКА“ СОГЛАСНО ЗАКОН?

[tube]_70GUtnxnhY[/tube]

Ќе се случи ли продажба на државното земјиште кај фабриката Треска по теркот на продажбата на државното земјиште кај холидеј Ин? Во случајот кај Холидеј Ин државното земјиште премина во рацете на инвеститорите, согласно закон, по багателна цена од 312 евра за метар квадратен.

Во случајот со фабриката Треска каде има приватна, државна и мешана сосптвеност, инвеститорите поднесоа дваесеттина барања за окрупнување на парцелите преку откуп на државно земјиште. Во случајот со продажбата на земјиштето кај Холидеј Ин потпис стави поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески, но во случајот со земјиштето кај фабрика Треска потпис ќе треба да стави градоначалникот, Саша Богдановиќ кој пак за ТВ24 вели дека:

„Вие во електронскиот систем не можете да го спречите, односно после укинувањето на мораториумот, немате правен начин како да го спречите некој да аплицира. Како ќе се одвива постапката ќе зависи нормално од задоволување на некои законски прописи и.т.н. Ние паралелно си го тераме нашиот оглас.“ - вели градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Во Законот за градежно земјиште, Член 15, меѓу другото се наведува дека за оформување на градежна парецела предвидена со детален урбанистички план или урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30 посто од градежната парцела, државното земјиште може да се продаде. Дали земјиштето кај фабрика Треска ќе биде продадено исто како и тоа кај Холидеј Ин согласно истиот Закон по Член 68, каде е наведено дека:

„Доколку во рамките на градежната парцела има повеќе сопственици на земјиштето, барањето од ставот 1 на овој член може да го поднесе и само еден од сопствениците кој има повеќе од 30 посто сопственост од градежната парцела, со приложување на изјава заверена на нотар со која останатите сопственици на градежната парцела се откажуваат од правото да бидат подносители на барањето.“ - се наведува во Законот за градежно земјиште.

Градоначалникот Саша Богдановиќ тврди дека доколку има правни пречки нема да дозволи продажба на државното земјиште кај фабрика Треска. Од друга страна појаснува дека е поднесен суспензивен елаборат и дека ставил потпис за распишување на Јавен конкурс со кој треба да се уреди локацијата кај фабрика Треска.

„Вчера го потпишав барањето за спроведување на јавна набавка, бидејќи конкурсот мора согласно Законот да се спроведе како јавна набавка и очекувам дека во понеделник - вторник ќе биде објавен на Бирото за јавни набавки бидејќи нормално толку е процедурата од потписот на градоначалникот ден два треба да се прикачи на системот. Откако ќе се прикачи, веќе стартува јавната набавка и потоа нормално ќе видиме како ќе се одвива.“ - вели градоначалникот на општина Центар, Саша богдановиќ.

Инвеститорите кај фабриката Tреска, претходно, преку својот адвокат за ТВ 24 појаснија дека поминаа скоро 4 години чекајќи општината да го ревидира планот и да го распише конкурсот. Сега веќе се одлучни преку свои идејни решенија да го уредат просторот следејќи ги како што велат параметрите на моментално важешкиот ДУП за што не планираат отстапки. Ќе градат 18 згради во три блокови со 20 посто зеленило.

Aнтикорупциска најавија дека под нивна лупа ќе се најде токму и фабриката „Треска“.

%20 - https://24.mk/details/dali-kako-za-kholidej-in-kje-se-sluchi-prodazhba-na-drzhavnoto-zemjishte-i-kaj-fabrika-treska-soglasno-zakon


Posted By: stef4o
Date Posted: 13-Jun-2021 at 06:47
Богдановиќ одобрил распишување јавен конкурс за локацијата кај фабриката „Треска“- ќе никнат ли „наполитанките“?

На почетокот на минатиот месец, градежните фирми и сопствениците на парцели кај фабриката „Треска“ се заканија со кривични пријави, посочувајќи дека повеќе од една година чекаат конкурс за ново идејно решение
Станува збор за повеќе од 62 илјади квадратни метри, каде според последниот Детален урбанистички план, од 2012 година, тука треба да никнат 30 згради
Антикорупциска најавува исти проверки и за локацијата кај „Треска“ како за Холидеј ин – од процесот на оттуѓување на земјиштето до носење на планот
Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ вчера го потпишал распишување јавен конкурс со за уредување на локацијата кај фабриката „Треска’, кој според законските рокови ќе биде објавен на почетокот на следната недела.

Вчера го потпишав барањето за спроведување на јавна набавка, бидејќи конкурсот мора согласно Законот да се спроведе како јавна набавка и очекувам дека во понеделник – вторник ќе биде објавен на Бирото за јавни набавки, бидејќи толку е процедурата од потписот на градоначалникот, ден-два треба да се прикачи на системот. Откако ќе се прикачи, веќе стартува јавната набавка и потоа нормално ќе видиме како ќе се одвива “,
изјави Богдановиќ за ТВ 24.

На почетокот на минатиот месец, градежните фирми и сопствениците на парцели кај фабриката „Треска“ се заканија со кривични пријави, посочувајќи дека повеќе од една година чекаат конкурс за ново идејно решение.

Тие се повикуваат на важечкиот ДУП, и сакаат да почнат да го градат она што го дозволиле претходните општински власти – десетици згради наредени една до друга, по што станаа познати како „наполитанки“.

Станува збор за повеќе од 62 илјади квадратни метри, каде според последниот Детален урбанистички план, од 2012 година, тука треба да никнат 30 згради.

Но, неколку години градењето не беше можно поради мораториум во Центар. Но, Уставниот суд неодамна го укина мораториумот, па сега е отворен патот за градба.

Местото кај поранешната фабрика Треска е меѓу последните локации во центарот на Скопје, од толкав габарит, каде што се уште не почнало да се гради. Целта на распишувањето на јавен конкурс е да се најде компромис меѓу јавниот и приватниот интерес и да се воспостави нова пракса во урбанистичкото планирање.

Инвеститорите веќе поднеле и барања за доокрупнување на дел од парцелите, поради што овој случај се споредува со изградбата на повеќекатниците спроти Холидеј Ин, за кој Aнтикорупциската комисија побара од обвинителството да утврди кривична одговорност за тоа што се дозволило за на овој простор да се донесе план што не е во согласност со ГУП-от.

ДКСК најавува исти проверки и за локацијата кај „Треска“ – од процесот на оттуѓување на земјиштето до носење на планот.

Градначалникот на Центар Богдановиќ како и во прилогот на 360 степени пред еденмесец, така и денеска за ТВ 24 вели доколку има правни пречки нема да се дозволи продажба на државното земјиште кај фабриката „Треска“. Односно ќе се искористат сите правни механизми, а кога ќе се исцрпат, тогаш ќе даде одговор.

%20 - https://360stepeni.mk/bogdanovik-odobril-raspishuvane-javen-konkurs-za-lokatsijata-kaj-fabrikata-treska-ke-niknat-li-napolitankite/


Posted By: stef4o
Date Posted: 15-Jun-2021 at 09:40
ПОДНЕСЕНИ 5 БАРАЊА ЗА ЗГРАДИ КАЈ ПОРАНЕШНА „ТРЕСКА“ ВО СКОПСКИ ЦЕНТАР, БОГДАНОВИЌ НЕДЕЛАВА ЌЕ РАСПИШЕ КОНКУРС ШТО ДА СЕ ГРАДИ

Општина Центар до крајот на неделава ќе го објави конкурсот што да се гради на просторот кај фабриката „Треска“. Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека конкурсот е спремен и во наредните два-три дена ќе биде официјално објавен.

На кокурсот треба да биде одбрано идејно решение за уредување на просторот бидејќи сегашниот Детален урбанистички план предвидува изградба на триесетина згради и целосно бетонизирање на просторот.

Богдановиќ го распишува конкурсот во време кога инвеститори веќе поднесуваат барања за градба на просторот според параметрите на стариот Детален план. Досега во електронскиот систем за издавање градежни дозволи на Општината се поднесени 5 барања за градба на овој простор. Доставени се идејни проекти за изгледот на зградите кои треба да ги одобри Општината и врз основа на нив да пресмета комунали.

„Овде постапката е на почетокот. Во овој случај дел е приватно земјиште, дел е со право на користење. Значи проектите уште не се одобрени, ниту се пресметани комуналии“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ.

Минатиот месец градоначалникот Богдановиќ и советниците во Советот добија закана од инвеститорите и сопствениците на земјиште кај фабриката „Треска“, дека ќе поднесат кривична пријава ако не им се дозволи да градат. Во Општината стигнал допис од адвокат кој ги претставува инвеститорите и сопствениците во кој, како што соопштија тогаш од Општина Центар, на најгруб начин се упатуваат закани кон нив и се бара да се прекине постапката за распишување на конкурсот за овој простор и да не се ни помислува да се донесе суспензија на планот.

Богдановиќ тогаш изјави дека не отстапува од намерата да се распише конкурс и покрај заканите.

Од комисијата за спроведување на конкурсот по укажувањата на Антикорупциска комисија исклучени се сопствениците на земјиштето. Во комисијата остануваат Мирко Андоновски од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), професорката од Архитектонскиот факултет Дивна Пенчиќ, Снежана Митовска од Град Скопје и Биљана Насковиќ од Општина Центар.

Комисијата која ќе ги оценува пристигнатите решенија е составена од професорката Јасмина Силјановска од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), професор Михајло Зиновски од Архитектонскиот факултет, Миодраг Радоњиќ-Бато од Архитектонската академија на ААМ, Ивана Драгшиќ, претставничка на невладиниот сектор, Жаклина Ангеловска од Комората на овластени архитекти, Марјан Иванов од Градежната комора, Наташа Тодоровска-Пренк од Општина Центар и Виктор Михајлов од Град Скопје.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/podneseni-5-barana-za-zgradi-kaj-poraneshna-treska-vo-skopski-tsentar-bogdanovik-nedelava-ke-raspishe-konkurs-shto-da-se-gradi/


Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jun-2021 at 06:50
ШТО ЌЕ СЕ ГРАДИ КАЈ ПОРАНЕШНАТА ФАБРИКА „ТРЕСКА“?

[tube]IT30KTQy7EA[/tube]

Ќе биде ли поранешната фабрика „Треска“ во рацете на стручпната фела или бизнис интересите? После долги години, Јавниот конкурс за фабрика „Треска“ отвара можност да биде уредена од рацете на стручната фела вели архитектката, Даница Павловска - Циги.

Архитектите, планерите, урбанистите, потенцира Павловска, конечно ќе извојуваат битка после многу години преку Јавен конкурс да се смени проистапот во проектирањето, планирањето и обликувањето на есенцијалните локации во градот Скопје.

Конкурсното репшение за два-три дена треба да биде објавено од страна на Бирото за јавни набавки велат од општина Центар.

За разлика од Скопје, во Загреб еднаш месечно се спроведува по еден Јавен конкурс за урбанистичка задача додека кај нас таа пракса скоро и да е мртва, вели Павловска која покрај Јавен конкурс за фабрика „Треска“ смета дека и локацијата наспроти Холидеј ин треба да биде уредена на истиот начин.

Додека се чека на распишување на јавниот конкурс, од антикорупциска за ТВ24 информираат дека од општина Центар ја побарале комплетната документација за ДУП-от кој го уредува и просторот кај фабрика „Треска“ но дека во документацијата која што ја добиле недостигале клучлни документи со потписи на луѓе кои учествувале во целата постапка на деталниот урбанистички план Буњаковец.

Од друга страна, и за двете локации, фабрика Треска и паркингот наспроти Холидеј Ин поднесени се суспензивни елаборати – се чека на мислење од министерството за транспорт и врски кои се меѓу клучните играчи заедно со општина Центар за судбината на двете локации.

%20 - https://24.mk/details/shto-kje-se-gradi-kaj-poraneshnata-fabrika-treska


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Jun-2021 at 14:29
Конкурсот за уредување на просторот кај Треска ќе биде објавен на 22 јуни





На 22 овој месец ќе биде објавен конкурсот за уредување на просторот кај поранешната фабрика „Треска“. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, информира дека го потпишал барањето за јавна набавка за негово објавување и дека тоа е предадено во Бирото за јавни набавки.

– Барањето го потпишав и сега е предадено до Бирото за јавни набавки. Оттаму ме информираа дека ќе биде објавено на 22 јуни – изјави Богдановиќ за весникот ВЕЧЕР и објасни дека конкурсот ќе трае 45 дена, но не прецизираше, кој сè може да се јави на него и кои се критериумите наведени во него.

И претходно, но и сега Богдановиќ потврди дека не се плаши, иако сопствениците на парцели преку адвокат го опоменаа Советот и градоначалникот дека ќе поднесат кривични пријави за сторени кривични дела: „Злоупотреба на службена должност и овластување“ по член 353 и „Несовесно постапување во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик, доколку не се прекине работата на конкурсната комисија и постапката за спроведување на конкурсно решение на приватно земјиште на наведената локација.

Тие најавија дека преку својот полномошник, кривичните пријави ќе бидат поднесени против претседателот на Советот на Општина Центар и сите инволвирани членови.

По одговорот од Агенцијата за планирање на просторот дека нема да делегира свои членови, односно член и заменик/член во состав на Комисијата за јавни набавки ангажирани во улога на надворешно стручни лица и член и заменик – член во состав на жири – комисијата, кои треба да одлучуваат при изборот на идејно решение за локацијата на некогашната фабрика „Треска“, Општина Центар има позитивен одговор од „Американ колеџ“ за делегирање на членови.

Планот што го опфаќа просторот кај поранешната фабрика „Треска“, кој сега е на сила предвидува само домување, односно згради, но со ревидирањето кое беше започнато пред да биде укинат мораториумот, се предвидени и други дополнителни содржини, како што се: градинка и повеќе мали јавни простори со зеленило.

– Баравме да се измени планот со тоа што ќе се додадат и други намени, односно да има и други дополнителни содржини. Направено е поинакво решение за да се ослободи повеќе простор. Се уште ја немаме финалната верзија на планот, тој е заглавен кај планерот. Откако ќе ја добиеме од него ќе знаеме точно кои други намени ќе бидат предвидени. Потоа, планот ќе биде даден на јавна анкета – претходно изјавија од Секторот за урбанизам во Општина Центар.

Планот опфаќа површина повеќе од 62.000 квадратни метри, каде што треба да никнат 30 згради.

Конкурсот беше вратен лани во февруари, откако тоа го побараа архитекти, професори и граѓански организации. По нивниот притисок, Советот на Општина Центар по предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ донесе одлука преку јавен конкурс да се одлучи што ќе се гради на просторот на некогашната фабрика, која е на граница помеѓу Општина Центар и Општина Карпош.

https://www.vecer.press/конкурсот-за-уредување-на-просторот-к/


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Jun-2021 at 16:57
ОПШТИНА ЦЕНТАР РАСПИША КОНКУРС ЗА „ТРЕСКА“, ПОКРАЈ ЗГРАДИ И ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ СЕ БАРА И ГРАДИНКА

Општина Центар денеска на страната на Бирото за јавни набавки го објави конкурсот за уредување на просторот кај фабриката „Треска“. Според конкурсното решение, од целата површина најмалку 37 отсто треба да биде предвидено за содржини од јавен интерес, а согласно сопственоста, земјиштето под јавни намени може да се движи до 47 отсто од содржините.

Во конкурсот стои дека треба да бидат предвидени објекти за домување односно згради со приземје и четири ката. Препорачана е густината да биде од 300-500 жители на хектар, развиената станбена површина да изнесува од 60.000-100.000 метри квадратни, а процентот на изграденост на парцелата за станбени намени да не надминува 60 отсто.

„Мали комерцијални и деловни дејности (Б1) може да се предвидат во приземјата од станбените објекти, особено кон примарните улици, главните станбени улици или обликувани јавни простори. Лоцирањето кон внатрешноста да е условена од создавање мирни простори каде ќе се обезбеди посебен квалитет за станови за ранливи групи. Големи трговски и угостителски единици (Б2 и Б3) може да се планираат зависно од концептот и тие да претставуваат додаден квалитет, а не да ги нарушуваат условите за домување и пристап. Деловните простори (Б4) да се предвидат во делот кон примарната улична мрежа или во делови каде има обезбедено подобра пристапност“, стои во конкурсот.

Во конкурсот треба да бидат предвидени и јавни содржини односно детска градинка (В2) за новите жители и жителите кои живеат во непосредна близина. Објектот треба да згрижи најмалку 250 деца. Содржини од култура (В3), чиј избор, обем и локација се авторски и треба да допринесат за квалитетот на урбанистичкото решение и локацијата

Право на учество на конкурсот ќе имаат домашни и странски физички и правни лица, со услов едно лице да има валидно овластвување од областа на урбанистичкото планирање. Согласно големината на конкурсната задача, заинтересираните кандидати ќе може да аплицираат во периодот од 24 јуни до 1 септември 2021 година. По завршување на конкурсот и фазата на оценување на испратените трудови, најдобрите тројца кандидати ќе бидат наградени со паричен фонд, а трудовите ќе бидат изложени на архитектонска изложба за јавноста.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-raspisha-konkurs-za-treska-pokraj-zgradi-i-delovni-objekti-se-bara-i-gradinka/


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Jun-2021 at 17:25
Конкурсот за „Треска“ на стаклени нозе



Богдановиќ вели дека јавниот конкурс за избор на идејно решение за „Треска“ е правно издржан и независен од неуспешниот обид на Општината да ги суспендира плановите кои не се во согласност со Генералниот урбанистички план за Скопје. Сепак, не открива како ќе „купува време“ додека постапката не заврши, со оглед дека стариот ДУП од 2012 година е вратен во сила и се чекаат одобренија за градба
Инвеститорите и сопственици на имот кај „Треска“, кои претходно се заканија дека кривично ќе ги гонат општинските советници доколку распишат конкурс, не откриваат дали официјално ќе почнат правна битка
Реална можност за стопирање на нова бетонизација на центарот на Скопје или обид за смирување на реакциите во јавноста со решение кое „не држи вода“? Јавниот конкурс за изработка на нов план за локацијата кај поранешната фабрика „Треска“ после една и пол година вчера конечно го објави Општина Центар, но дали и какви промени може да донесе?

Дополнителни дилеми наметна и неуспешниот обид на Општината да ги суспендира спорните детални урбанистички планови донесени од претходните општински власти, кои со падот на мораториумот се вратија на сила.

Суспензија се очекуваше и за локацијата кај „Треска“, каде според стариот и важечки ДУП од 2012 треба да никнат 30 згради. И покрај тоа што Министерството за транспорт и врски не даде „амин“ за стопирање на примената на спорните планови со образложение дека Општината ги „промашила“ елаборатите, локалната власт и дел од стручната јавност се со став дека конкурсот е правно издржан иако примената на старите планови во моментов е на сила.

Со конкурсот за „Треска“ треба да се дојде до ново урбанистичко решение за оваа локација која е меѓу единствените во Скопје од толкав габарит, каде што се уште не почнало да се гради.

Зеленило и градинка наместо „наполитанки“
Локацијата кај „Треска“ има околу 63 илјади квадратни метри, на која актуелниот ДУП предвидува 30 згради наредени една до друга, по што станаа познати како „наполитанки“. Градење не беше можно неколку години, бидејќи просторот е дел од деталните планови кои Општината Центар ги стави под мораториум затоа што не се во согласност со Генералниот план за Скопје.

Но, Општината не стигна да го „поправи“ планот, а Уставниот суд неодамна го укина мораториумот, па инвеститорите и сопствениците на земјиште кај „Треска“ поднесоа барања за одобрение за градба по стариот план.

Според анализите на општината, стариот ДУП, кој до скоро го опфаќаше и просторот кај Треска, отстапува од ГУП по разни параметри, а меѓу главните проблеми е што предвидува експанзија на згради и раст на бројот на жители, додека недостасуваат јавни површини и објекти како градинки, паркови, плоштади.

Според јавниот конкурс пак, од споредбата на планските документации – земјиштето под површини од јавен интерес треба да биде минимум 37 отсто. Согласно сопственоста, земјиштето под јавни намени може да се движи до 47 отсто од содржините.

Во него стои и дека треба да бидат предвидени објекти за домување односно згради со приземје и четири ката, да има јавни содржини односно детска градинка, содржини од културата, зеленило, локален парк….Препорачана е густината да биде од 300-500 жители на хектар, развиената станбена површина да изнесува од 60.000-100.000 метри квадратни, додека процентот на изграденост на парцелата за станбени намени да не надминува 60 отсто.

Но, како би се реализирале овие измени во планот? Иницијаторката на конкурсот, поранешната претседателка на Асоцијацијата на архитекти, Даница Павловска, вели дека изгледот на локацијата ќе зависи од понудените конкурсни решенија, додека општината ќе треба да најде начин како да го реализира тоа.

Инвеститорите најавија тужби, Богдановиќ оптимист
Но, тоа што нема суспензија или мораториум, односно стопирање на примената на планот за овој простор, може да го усложни процесот, бидејќи додека општинските власти се подготвуваа да распишат конкурс, инвеститорите и сопственици на земјиште кај „Треска“ поднесоа барања за одобренија за градба и доокпрунување на нивните парцели на кои планираат да градат 30 згради согласно стариот ДУП.

Од Општина Центар не откриваат колку барања за градба се пристигнати, а градоначалникот Саша Богдановиќ не дава конкретен одговор дали доколку биде исправен пред потпис ќе даде „амин“ за градба.

Општина Центар во моментов постапува и по 11 барања за продажба на државно градежно земјиште кај „Треска“ поднесени од приватните сопственици на објекти кај поранешната фабрика, а каков исход ќе имаат, локалната власт не сака да прејудицира бидејќи, како што велат, тие се во почетна фаза.

%20 - https://360stepeni.mk/konkurs-za-treska-na-stakleni-noze/


Posted By: alexsend
Date Posted: 25-Jun-2021 at 21:47
Урбанизмов се претвори во класично мафијаштво и силување на градот!

Прашање:
*Ако сопственоста е мешовита дали може државата да одлучи да не продава!?

*Тие што се делумни сопственици на парцелите како ги добиле? Свесно купувале магацини и распаднати хали? Ако да зошто тогаш да добијат било што повисоко од П+2!?

Во случај да мора да се изведе мафијаштвото зарем неможе да се групираат во да речеме 3 поголеми згради како би ја задржале истата квадратура, а градот би добил поголем простор за зеленило?


Мене ми е нејасно некој да купувал распаднати хали или на диво живеел во фабрика и денес да биде во надредена позиција од властите.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Jul-2021 at 13:00
По сугестиите на претседателот на Комисјата на конкурсот „Треска“,градоначалникот Саша Богдановиќ го зголеми наградниот фонд и го продолжи рокот

Идејата за уредување на локацијата на фабрика „Треска“ по пат на конкурс беше иницирана по предлогот на Граѓанската иницијатива со барање за распишување Архитектонско-урбанистички конкурс, а доставен до Општина Центар на 17.1.2020 година од предлагачот Даница Павловска-Циги, дипл. инж. арх., и поддржан од повеќе професори, архитекти, членови на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти, како и граѓанските здруженија „Здравје пред профит во Центар“, „О2 коалиција“ и „Транспарентност Македонија“.

Стручен тим од Општина Центар изготви проектна програма, услови за учество на конкурсот и состави жири кое ќе ги оценува трудовите.

Претседателот на Комисијата, архитет Миодраг Радоњиќ-Бато делегиран член од Архитектонската академијата при ААМ, е назначен за претседател на Комисијата. Тој по детално разгледување на предложената проектна програма и условите за учество, смета дека доколку останат предвидените услови, не е спремен да биде ниту претседател, ниту член на жири, бидејќи смета дека пропозициите на конкурсот се несоодветни и деградирачки за струката и вели: „Како еден од иницијаторите за распишување конкурс за идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот на фабрика „Треска“, морам да го изразам моето задоволство по повод , одлуката на Општина Центар и објавата на Конкурсот од страна на градоначалникот Саша Богдановиќ.

Голема чест е да бидеш назначен за претседател на Комисијата која ќе ги оценува пристигнатите трудови, но уште поголема е одговорноста пред јавноста и стручната фела како и пред самите учесници на конкурсот.

За преземање на доделената чест и одговорност се произнесов со мој личен став, усогласен со ААМ и Архитектонската академија при ААМ, кој со допис е доставен до градоначалникот Саша Богдановиќ“.

По доставениот допис одржан е состанок помеѓу градоначалникот и Миодраг Радпњиќ – Бато. Градоначалникот Саша Богдановиќ ги послуша неговите сугестии и го продолжи рокот за аплицирање на Конкурсот, го зголеми наградниот фонд за најдобрите трудови и го продолжи за еден месец, до 1 октомври 2021 година, рокот за предавање на трудовите.

Зголемениот наградниот фонд изнесува:

1 место: 492.000,00 денари во нето износ;

2 место: 369.000,00 денари во нето износ;

3 место: 246.000,00 денари во нето износ;

додека трите откупи остануваат со истата вредност од 30.000 денари.

%20 - https://www.porta3.mk/po-sugestiite-na-pretsedatelot-na-komisjata-na-konkursot-treskagradonachalnikot-sasha-bogdanovikj-go-zgolemi-nagradniot-fond-i-go-prodolzhi-rokot/?fbclid=IwAR2c1mNsJuIrLR_R0JklMPGIIeVC8rES7LGJ7ummbVoBF-c5vAdkiEVfJgw


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Jul-2021 at 13:08
Незнам зошто не се одеше на некоја варијанта со конкурс и предлог решенија за целините Маџир маало Ново маало и Крњево кои како три паралелни целини во центарот на градот се оставени да се унаказуваат без никаков концепт со 50-тина зградички од кои нема да има 2 исти и ќе бидат со различен квалитет.
Ново маало и Маџир маало веќе ги чепнаа а Крњево сеуште не,но донесоа прилично штетен план со многу згради.
Требаше да се предложат неколку предлог проекти од поголемите фирми и да се избере некој концепт со што ќе се добиеше и некаква унифицираност и градот ќе се спасеше од вечни градилишта,прекопи и прашина среде центар со децении.


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Sep-2021 at 17:01
Нема идејни решенија за уредување на просторот кај „Треска“

До денеска во архивата на Општина Центар немаше пристигнато ниту едно идејно решение/труд по распишаниот конкурс за уредување на просторот кај поранешната фабрика „Треска“. Ова се случува и покрај тоа што Општина Центар го продолжи крајниот рок за доставување на трудовите до 1 октомври, наместо до 1 септември како што беше првично, но и го зголеми наградниот фонд за најдобрите трудови за 597.000 денари, односно за 9.700 евра.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, вели дека не би можел да знае зошто нема заинтересираност по конкурсот, иако критериумите се поповолни.

Тој објасни дека имајќи ги предвид одредбите од Законот за јавни набавки, како и конкурсната документација, трудовите се доставуваат во две затворени пликоа и тоа во едното се става идејното решение/трудот со шифра, а другото е со иста шифра и назнака автор. По завршување на оценувањето на трудовите од страна на жири-комисијата се врши рангирање на трудовите и потоа се отвораат пликоата со авторите, со соодветните шифри заради утврдување на авторот на конкретниот труд.

– Од тие причини, доколку општината добие идејни решенија/трудови, тие ќе бидат непознати за жири-комисијата, со цел, објектива, транспарентна и независна оценка на идејните решенија. Жири-комисијата има рок од 30 дена, сметано од крајниот рок за доставување на трудовите, односно најдоцна до 01.11.2021 година да изврши оценка и рангирање на пристигнатите трудови, а општината во рок од 10 дена, од приемот на извештајот на жири-комисијата ќе го објави рангирањето, односно изборот на најдоброто решение врз основа на конкурсните просторни, програмски, естетски, еколошки и економски критериуми – нагласи Богдановиќ.

Конкурсот за идејно решение за уредување на локалитетот кај некогашната фабрика „Треска“, Општина Центар го распиша на 24 јуни годинава.

https://www.vecer.press/нема-идејни-решенија-за-уредување-на-п/


Posted By: Théoden
Date Posted: 23-Sep-2021 at 18:57
Погледнете само колку човечки изгледале плановите за овој четврт од 1989 г. Речиси половина од просторот е резервиран за училиште и за спортски терени, а во станбениот дел составен од разиграни згради со променлива висина, средишната положба ја има голем отворен простор со детско игралиште и претпоставувам зеленило.






Posted By: fichot
Date Posted: 24-Sep-2021 at 09:53
Ми личи на Аеродром/НЛ. Што секако е многу поарно од тоа што се планира.

А ова што не пристигнало ништо на конкурсот не знам шо да речам.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Sep-2021 at 12:51

Мојата прва помисла е дека тие за кои е наместен тендерот едноставно чекаат да стигнат понуди од другите (кои нелегално ќе бидат отворени и информациите споделени со тие за кои е наместен тендерот), и после едноставно ќе понудат малку помала сума. Арно ама, тие другите не се од вчера и намерно не пуштаат понуда до последен момент.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Sep-2021 at 09:11
Скопските пожарникари вечерва интервенираа во поранешната фабрика „Треска“

Екипа со едно возило на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје вечерва интервенирала во кругот на поранешната фабрика за мебел „Треска“ по дојава од граѓани за густ чад што се шири од фабричка хала

„Тоа што сега се гледа како чад е само од испарувањето“ објаснија од скопска Пожарна за „Мета“.

Во моментов втора екипа е на местото и контролира дали повторно ќе се појави оган.

Екипата на „Мета“ на терен посведочи дека халите се полни со остатоци од мебел и крш и при евентуална нова појава на пожар би можело да изувне огнена стихија што ќе создаде многу токсичен чад што ќе ги покрие околните куќи и згради на улиците Владимир Полежиновски, Христо Смирненски, Теодосиј Гологанов и Рузвелтова.





https://meta.mk/skopskite-pozharnikari-vecherva-intevenirale-vo-poraneshnata-fabrika-treska/ - https://meta.mk/skopskite-pozharnikari-vecherva-intevenirale-vo-poraneshnata-fabrika-treska/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Sep-2021 at 09:12
ШАНСА ЗА ЦЕНТАР: Поранешна „Треска“ ја зафати пожар, ако изгоре ќе биде идеална ситуација за урбаната мафија



На социјалната мрежа Твитер, движењето Шанса за Центар објави фотографија од поранешната фабрика Треска во центарот на Градот зафатена од голем пожар. На својот профил на Твитер, од движењето истовремено порачаа:

-Старите хали на бившата фабрика Треска во Центар попладнево ги зафати пожар. На просторот на Треска има скоро 200 здрави стебла, дрвја кои даваат основа местото да се преуреди во парк. Ако изгори ќе биде идеална ситуација за урбаната мафија да ја убие идејата за нов парк.

https://faktor.mk/shansa-za-centar-poraneshna-treska-ja-zafati-pozar-ako-izgore-kje-bide-idealna-situacija-za-urbanata-mafija


Posted By: mackomk
Date Posted: 27-Sep-2021 at 07:47
Originally posted by гитардемон


Мојата прва помисла е дека тие за кои е наместен тендерот едноставно чекаат да стигнат понуди од другите (кои нелегално ќе бидат отворени и информациите споделени со тие за кои е наместен тендерот), и после едноставно ќе понудат малку помала сума. Арно ама, тие другите не се од вчера и намерно не пуштаат понуда до последен момент.


Чекај нели е конкурс ова, не тендер? Каква пониска понуда?
Има награди за прво, второ, трето место.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-Sep-2021 at 09:36
Originally posted by mackomk


Чекај нели е конкурс ова, не тендер? Каква пониска понуда?
Има награди за прво, второ, трето место.


Изгледа не сум во тек, имав сфатено дека е тендер за оттуѓување на земјиштето.

Како и да е, и како конкурс, пак може да се намести да биде избран конкурсот по вкус на тој што е сопственик (или тој што дефинитивно ќе биде наместен да стане сопственик) на земјиштето.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Oct-2021 at 10:01
24/10/2021

Пристигнати три идејни решенија за уредување на просторот кај Треска

Три идејни решенија/трудови се пристигнати во Општина Центар по распишаниот конкурс за уредување на локалитетот кај поранешната фабрика „Треска“, потврди градоначалникот Саша Богдановиќ.

Ниту од Општината, ниту од жири-комисијата која треба да ги разгледа трудовите не даваат подетални информации за тоа какви се понудените решенија.

Од жири-комисијата велат дека ажурирањето завршува до крајот на неделата, по што ќе бидат достапни сите детали.

Поради тоа што немаше пројавено интерес, Општина Центар рокот за доставување на идејните решение од 1 септември го продолжи до 1 октомври 2021 година, но и го зголеми наградниот фонд за најдобрите трудови за 597.000 денари.

Жири-комисијата има рок од 30 дена, сметано од крајниот рок за доставување на трудовите, односно најдоцна до 01.11.2021 година да изврши оценка и рангирање на пристигнатите трудови, а општината во рок од 10 дена, од приемот на извештајот на жири-комисијата ќе го објави рангирањето, односно изборот на најдоброто решение врз основа на конкурсните просторни, програмски, естетски, еколошки и економски критериуми – објасни градоначалникот Богдановиќ.

Конкурсот за идејно решение за уредување на локалитетот кај некогашната фабрика „Треска“ Општина Центар го распиша на 24 јуни годинава, а според него планерите треба да понудат решенија со комбинирани содржини, односно станбен и деловен фонд во рамнотежа со јавниот простор, како и нови содржини: изградба на нова детска градинка со капацитет за 250 деца, придружни комерцијални и јавни содржини во функција на домувањето, како детски и спортски игралишта, потоа содржини од областа на културата, зачувување на просторните маркери од локалитетот, зеленило со еколошка функција и одржливост во планирањето на сообраќајот.

Во споредба со актуелниот план, кој предвидува на просторот на „Треска“, кој е поделен на шест градежни парцели да никнат триесетина нови згради со катност: приземје, четири ката плус поткровје, придобивките што се очекуваат од Конкурсот за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот фабрика „Треска“ се зголемување на површината за јавни функции до 47 проценти, но и задржување на постоечкото зеленило од 95 дрвја, за што е направена и посебна геодетска снимка.

Идејата за конкурсот произлезе од граѓанската иницијатива доставена во месец јануари 2020 година, а беше прифатена од Советот на Општина Центар и од градоначалникот на општина Центар.

https://www.vecer.press/пристигнати-три-идејни-решенија-за-ур/ - https://www.vecer.press/пристигнати-три-идејни-решенија-за-ур/


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Nov-2021 at 08:26
Второрангиран труд (откуп) на конкурсот за Треска
Treska Dynamic City

📏Минимум 20 метри дистанца од соседните згради
📏Загарантирани 40м растојание од зградите во блокот
💫Динамична диспозиција на сите типови простори, секој стан добива и зеленило и рекреација
📍Црвена улица (по примерот на Словенска Цеста)
🌳Парк Треска - отворен од главната улица за непречена достапност
⚽️Простор за Спорт и рекреација како дел од последниот блок
🪑Музеј Треска - Зачувани објекти на самата раскрсница
🏢Низа на блокови, и тематски содржини
🚸Градинка со внатрешен безбеден двор - по примерот на градинката во Аеродром
👁Ориентација на становите на сите страни (Југ, Запад, Исток, Север)
🌿Внатрешни дворови кои што се гаранција дека во иднина нема да се изградат згради на тоа место.
🚶Пасажи како пристап во дворовите.
🛍Активно приземје со низа на комерцијални и едукативни содржини.











https://www.facebook.com/sarasimoska - https://www.facebook.com/sarasimoska


Posted By: Vire
Date Posted: 09-Nov-2021 at 12:42
Ѕидој та ѕидој...и после немало воздух епа нема.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-Nov-2021 at 13:51
Ми се допаѓа што има кули💪🏻


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Nov-2021 at 17:59
ЗГРАДИ, ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ, ГРАДИНКА И ПАРК ПРЕДВИДУВА ПРВОНАГРАДЕНОТО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОСТОРОТ КАЈ ФАБРИКА „ТРЕСКА“ ВО ЦЕНТАР

На конкурсот кој Општина Центар го распиша за уредување на просторот кај поранешна фабрика „Треска“ стигнале три идејни решение. Сите идејни решенија меѓу останатите содржини имаат вцртано и маркички за згради и деловен објект, што всушност се бараше во насоките на конкурсот кога беше распишан.

Според Комисијата за избор на идејното решение која е составена од претставници на Асоцијацијата на архитекти, Архитектонскиот факултет, Град Скопје, Општина Центар и здружението „Плоштад слобода“, само едно решение во голем дел ја почитува зададена регулација, како и односот кон контактните подрачја, нуди соодветни предуслови за понатамошна разработка.

Автори на тој, првонаграден труд се група автори, Јован Ивановски, Паолина Милушева, Теа Дамјановска, Мхајло Стојановски, Билјана Темелковска и Маја Јанковска

Со конкурсното решение се предлага просторен концепт оформен од пет полуотворени станбени блокови, со намена А2, отворени кон централниот парковски простор со комбинирана катност од приземји плус 4 ката до приземје плус 8 ката, лоцирани долж улицата Рузвелтова. Централно поставен парк подолжно во правец север-југ како и станбени низови со катност приземје плус 3 ката и приземје плус 4 ката долж улицата Адолф Циборовски. Целиот комплекс е дооформен со деловниот комплекс лоциран на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Со самата форма на блоковите оформени се интимни дворови за станарите и истите се поплочани и озеленети и сите се ориентирани кон централниот парк. Помеѓу блоковите предвидени се отворени врски помеѓу централниот јавен парковски простор и улицата Рузвелтова со што истата пешачки се интегрира во комплексот. Парковското зеленило е со повеќе намени за одмор и рекреација. Во продолжение на паркот, кон улица Владимир Положановски лоцирана е детска градинка која е вклопена во целокупниот амбиент.

„Вака оформен и компактен, јасно препознатлив јавен простор, со повеќенаменски содржини со зеленило и простор за одмор, спорт и рекреација, со својот волумен и просторна диспозиција лесно е достапен на жителите на новооформениот комплекс како и на жителите на контактните подрачја Буњаковец, Тафталиџе и Капиштец. Станбените низови, лоцирани долж улицата Адолф Цибороровски, се со пониска катност и со друга типологија на станови кои нудат повисок стандард на живеење. Поставката на деловниот комплекс на улицата Теодосиј Гологанов е транспарентен и нуди лесен пристап кон централниот простор. Сообраќајното решение и во однос на колскиот и пешачкиот сообраќај е коректно решено со услови на непречено движење и добри врски со околните сообраќајници. Параметрите зададени со проектната програма, во однос на домувањето и деловната намена се оптимално задоволени. Со поголема смелост и иновативност во креирање на поединечните архитектонски целини, предложениот труд можеше да биде и повисоко рангиран“, се вели во образложението на Комисијата за првонаграденото решение.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zgradi-deloven-objekt-gradinka-i-park-predviduva-prvonagradenoto-reshenie-za-prostorot-kaj-fabrika-treska-vo-tsentar/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zgradi-deloven-objekt-gradinka-i-park-predviduva-prvonagradenoto-reshenie-za-prostorot-kaj-fabrika-treska-vo-tsentar/


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Nov-2021 at 10:23
Автори и краток осврт на наградените трудови

Со објава на авторите направен е и краток осврт на трудовите со обид да се претстави генералниот став на поголемиот број на членовите на жирито врз основа на кои е донесена конечната одлука и распределбата на наградите.

Автори на Прворангираниот конкурсниот труд со шифра „ГДВОР“ со доделена ВТОРА НАГРАДА се; Група автори со Јован Ивановски, Паолина Милушева, Теа Дамјановска, Мхајло Стојановски, Билјана Темелковска и Маја Јанковска
Со конкурсното решение се предлага просторен концепт оформен од пет полуотворени станбени блокови, со намена А2, отворени кон централниот парковски простор со комбинирана катност од П + 4 до П + 8 лоцирани долж ул. „ Ф. Рузвелт“, централно поставен парк подолжно во правец север-југ како и станбени низови со катност П + 3 и П + 4 долж улицата „ А. Циборовски“. Целиот комплекс е дооформен со деловниот комплекс лоциран на ул. „М.Т. Гологанов“. Со самата форма на блоковите оформени се интимни дворови за станарите и истите се поплочани и озеленети и сите се ориентирани кон централниот парк. Помеѓу блоковите предвидени се отворени врски помеѓу централниот јавен парковски простор и ул. „ Ф. Рузвелт“со што истата пешачки се интегрира во комплексот. Парковското зеленило е со повеќе намени за одмор и рекреација. Во продолжение на паркот, кон ул. „В.Положановски“ лоцирана е детска градинка која е вклопена во целокупниот амбиент. Вака оформен и компактен, јасно препознатлив јавен простор, со повеќенаменски содржини со зеленило и простор за одмор, спорт и рекреација, со својт волумен и просторна диспозиција лесно е достапен на жителите на новооформениот комплекс како и на жителите на контактните подрачја „Буњаковец“, „ Тафталиџе“ и „ Капиштец “ Станбените низови, лоцирани долж улицата „А. Цибороровски“, се со пониска катност и со друга типологија на станови кои нудат повисок стандард на живеење. Поставката на деловниот комплекс на улицата „М.Т.Гологанов“, е транспарентен и нуди лесен пристап кон централниот простор. Сообраќајното решение и во однос на колскиот и пешачкиот сообраќај е коректно решено со услови на непречено движење и добри врски со околните сообраќајници. Параметрите зададени со проектната програма, во однос на домувањето и деловната намена ,се оптимално задоволени. Со поголема смелост и иновативност во креирање на поединечните архитектонски целини, предложениот труд можеше да биде и повисоко рангиран.

Заклучок : Вака предложениот конкурсен труд, со урбанистичко-просторниот концепт, сообракајното решение, односот на изградени и слободни површини, програмските барања, во голем дел почитуваната зададена регулација , како и односот кон контакните подрачја,   нуди соодветни предуслови за понатамошна разработка.

Автори на второрангираниот   конкурсн труд со шифра „SRHNC“ со доделен ОТКУП се;
       Група автори: Сара Симоска, Лимба Минова Златески, Ружица Станковиќ, Нина Стрезовска, Христијан Пелтековски и Теодор Ангеловски

Со конкурсното решение се предлага просторен концепт оформен од станбени блокови со катност П + 6 и станбени кули со катност П + 17 ,со намена А2 – домување, поврзани меѓу себе со објекти со катност П со комплементарни содржини, со што се оформени три просторни целини со внатрешни отворени атриуми. Композицијата на станбените целини, со високи и пониски објекти е разиграна и динамична а партерното уредување и организација на атриумите со содржини за одмор, рекреација и можности за културни збиднувања, е високо ценета. Со ваквата планерска постапка предвидена е сосема нова регулација. Просторните целини сами за себе се коректно решени, но нивната поставеност го разбива и уситнува просторот, при што гледајќи од човечка перспектива, не може да се согледа целовитоста на комплексот. Со самото тоа намалео е значењето на локацијата како можен центар на атракција во централното градско подрачје, на контактот помегу општина Центар и општина Карпош. Во однос на отворените простори, иако процентуалниот однос на зазеленети и пешачки површини е задоволен, не е оформен на компактен , јасно препознатлив, јавен простор со повеќе наменски содржини со зеленило и простор за одмор и рекреација, со оглед дека паркот „ Треска“ е периферно поставен и не е во контакт со домувањето и не е директно достапен на жителите на новооформениот комплекс како и на жителите на контактните подрачја „Буњаковец“, „ Тафталиџе“ и „ Капиштец “. Оттука целокупната просторна поставка не е во корелација со местоположбата и значењето на предметнот простор на фабриката „Треска“ и како таква би можела да биде позиционирана на било која локација. Предвидената Градинка е интегрирана во еден од атриумите, а за дејностите со намена Култура предвидеана е реконструкција на стариот објект на аголот на ул. „Рузвелтова“ и ул.„М.Т.Гологанов“. Параметрите, зададени со проектната програма, се задоволени на горната граница при што е запазен планираниот број на жители и густина на населеност.                                                           Од вака предложениот просторен концепт произлезено е нерационално сообраќајно решение при што се измешани функциите на главните собирни сообраќајници и станбените сообраќајници во комплексот. Пристапите до подзмните паркиралишта се изнудени од диспозицијата на објектите, при што четри излезно – влезни рампи се предвидени директно на ул. „Френклин Рузвелт“, со што непрописно и недозволиво се нарушува нејзината основна функција на собирна сообракајница. Овој факт беше одлучувачки при рангирањето на овој конкурсен труд.

Заклучок : Вака предложениот конкурсен труд, со урбанистичко просторниот концепт, сообраќајното решение, односот на изградени и слободни површини, предвидената регулација и односот кон контакните подрачја, освен во поединечни сегменти на партерно решение и типологија на поедини станови , не нуди соодветни предуслови за понатамошна разработка.

Автор на треторангираниот конкурсниот труд со шифра „КСИНГ“ со доделен ОТКУП е:
       Јане Стојаноски

Конкурсното решение се базира врз сеопфатна анализа на поширокото градско подрачје со цел да се интегрира просторот на ф-ка „ Треска “ преку препознатливи вертикални акценти долж на ул. „ М.Т.Голпганов“ во правец исток-запад од Објектот на „Нова Македонија“ па се до објектот на студентскиот дом „ Гоце Делчев“. За таа цел, како еден во низот , предвиден е вертикален елемент- кула од 71,60м со П + 16 со намена Хотел, на аголот на улиците „М.Т.Гологанов“ и „Рузвелтова“. Со иста цел предвидена е голема парковска површина – парк- Шума и парк – Ливада со водена површина помеѓу, со што се овозможува интеграција на населбите „ Буњаковец“ и Тафталиџе“, Ваквите планерски постапки се високо ценети, но не се консеквентно спроведени во просторниот концепт и излегуваат вон барањата на проектната програма. Со просторниот концепт преголем акцент , освен на парковските површини, даден е и на деловно- комерцијалните содржини на сметка на домувањето кое во голема мерка е поддимензионирано. Овој факт беше одлучувачки при рангирањето на овој конкурсен труд. Домувањето е концетрирано во два атриумски блока како реминисцнција на „ Железничка колонија“ и два линеарни станбени блока, долж ул. „Адолф Циборовски“. При тоа предвидена е сосема нова регулација. Предвидените станбени единици се воглавно двоетажни – дуплекс станови што како идеја за живеење во стан – куќа е привлечно но во однос на социо – економските прилики е тешко остварливо. Предлогот детската Градинка да се лоцира периферно во директен контакт со зеленило , вон основниот опфат, во стариот железнички објект, може да биде и добар предлог доколку е тоа остварливо во однос на неговата сопственост. Пешачкиот сообракај е добро конципиран со непречена достапност до сите содржини и овозможува продори и согледување на сите просторни целини. Предлогот на колскиот сообраќај не е на соодветно ниво, особено поради воведување на на внатрешна станбена улица со која се оформува нова крстосница со ул. „ Ф. Рузвелт“. Исто така проблематични се и двата колски влеза (само влезови) од ул. „ М.Т. Гологанов“. Зеленилото е апсолутно доминантно со големите парковски површини и со предвидените дрвореди. Основните параметри зададени со основната програма во однос на површините и намената не се задоволени а тоа се однесува особено на домувањето. Параметрите во однос на бројот на жители и густината на населеност , поради специфичната методологија на пресметување, не се јасни и не може прецизно да се дефинираат.


Заклучок : Вака предложениот конкурсен труд, со урбанистичко просторниот концепт, сообраќајното решение, односот на изградени и слободни површини, предвидената регулација, како и односот кон контакните подрачја, освен во поединечни концепциски поставки кои би можеле да се применат, не нуди соодветни предуслови за понатамошна разработка.

https://www.centar.gov.mk - https://www.centar.gov.mk


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Nov-2021 at 16:23
Заврши урбанистичкиот конкурс за уредување на локацијата на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје. Нема прва награда, туку е доделена втора награда. Ова решение предлага концепт оформен од пет полуотворени станбени блокови со висина од 3 до 8 ката со свои дворови. Во средината да има поголем парк со градинка, а на едниот крај деловен комплекс. Стручната комисија смета дека со ова решение се задоволуваат условите. Пишувавме како претходно беа предвидени низови од згради за кои инвеститорите брзаа да фатат позиции:



https://www.facebook.com/prizma.mk/ - https://www.facebook.com/prizma.mk/


Posted By: alexsend
Date Posted: 17-Nov-2021 at 17:38
Дефинитивно поубаво решение од оние глупости претходно.
Дури подобро и повисока катност со парк.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 17-Nov-2021 at 20:05
Редот на последните зградички најдесно не е потребен, премногу се близу една до друга и се веднаш до соседните објекти.


Posted By: Bezveza
Date Posted: 17-Nov-2021 at 20:19
не е лошо, а што ќе излезе на крај ќе видиме


Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Nov-2021 at 16:59
Ќе се спаси ли барем „Треска“?



Додека за просторот кај „Холидеј ин“ се чини извесна победата на интересот да се градат нови и големи згради во центарот на Скопје, како се уште да има надежи дека просторот кај поранешната фабрика „Треска“ ќе биде урбанизиран со помалку бетон и повеќе зеленило. И тука приказната е слична – откако Уставниот суд го укина мораториумот, на сила се врати стариот, спорен Детален план од 2012 година, со кој се предвидени 30 згради една до друга.

Во обид да го смени планот и на него да име повеќе јавен простор на сметка на станбените објекти, Општината летово спроведе јавен конкурс на кој пристигнаа три труда кои просторот го третираат поинаку.

Наместо 30 згради, со новите решенија треба да се најде простор и за јавни содржини, градинка, зеленило….

„Сите парцели имаат дел сопственост на РМ. Така што, по мене, би требало пред се, да се заштити тој јавен интерес, да се направи прераспределба која ќе ја пружи едно солидно решение, нормално, со почитување на сите интереси и на тој начин да се оствари можност овој комплекс да има доволно голем простор за јавни содржини“,

вели Миодраг Радоњиќ Бато – Претседател на Жири комисија за избор на идејно решение за „Треска“
Она што треба да следува е врз основа на конкурсните трудови да се направи нов урбанистички план за оваа локација. А, за тоа ќе треба компромис со инвеститорите.

Но, дел од инвеститорите одамна најавија тужби доколку не им се дозволи да градат по стариот план, бранејќи се со веќе „стекнато право“. Како ќе постапат сега, не сакаа да коментираат. Во меѓувреме, и тие чекаат одобренија за градба, но и одговор на барањата за доокрупнување на парцелите.

Градоначалникот Герасимовски, сепак, се надева на компромис. Најавува дека ќе ги повика на состанок сопствениците на парцелите и ќе им ги презентира конкурсните решенија, со цел да се најде заеднички јазик каде и што да се гради.   

https://360stepeni.mk/video-antikoruptsiska-se-somneva-vo-nepristrasnosta-na-obvinitelstvoto-poradi-molkot-za-dup-ot-sproti-holidej-in/ - https://360stepeni.mk/video-antikoruptsiska-se-somneva-vo-nepristrasnosta-na-obvinitelstvoto-poradi-molkot-za-dup-ot-sproti-holidej-in/


Posted By: skopskodete
Date Posted: 30-Nov-2021 at 19:24
Се надевам ова долу-лево им е паркинг на идејново решение...


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Dec-2021 at 21:49
Незнам како ќе го изведат ова со конкурсите бидејќи мислам дека некои фирми веќе имаат купено плацови и сигурно си имале и зацртани некакви проекти кои сега веројатно би требало да ги усогласат согласно идејните решенија што се појавија. Во секој случај подобро е да има помалку згради но повисоки отколку стотици наредени кутии=наполитанки како што се случи во Аеродром.


Posted By: doncho
Date Posted: 01-Dec-2021 at 22:35
Некаде прочитав, преговарање и компромис со инвеститорите. Али сето ова е на добра воља изгледа.


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Feb-2022 at 18:37
Идејните решенија за „Треска“ далеку од очите на јавноста

[tube]piXBfXpmGTE[/tube]

[tube]jCj-0j2OgJQ[/tube]





Архитектонските решенија од конкурсот за локацијата кај поранешната фабрика „Треска“ никако да го видат светлото на денот. И покрај тоа што изминаа повеќе од четири месеци откако жири комисијата ги оцени трудовите, а Општина Центар се пофали со транспарентно работење и најави дека решенијата јавно ќе бидат изложени во културно-социјалниот простор „Центар – Јадро“, тоа не се случи.

Членови на партиципативното тело (тело коешто беше формирано за поголемо учество на јавноста во урбанистичкото планирање во Општината) реагираат дека едно се договара, а друго се прави.

Архитектката и поранешна претседателка на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Даница Павловска – Циги која е дел од партиципативното тело вели оти е загрозена комуникацијата меѓу членовите на телото и градоначалникот Горан Герасимовски. Таа е разочарана што од иницијативата за конкурс до неговото спроведување изминале цели шест години.

„Само прашај“ побара одговори од Општина Центар до каде е целата постапка и зошто досега не се организираше изложбата, најавена со објавувањето на Извештајот на жири-комисијата уште на 11 ноември 2021 година. Прашавме и дали можеме да ги добиеме идејните решенија. Од Центар ни одговорија дека претставувањето на трудовите ќе се случи наскоро.

„Најавената изложба ќе се реализира кон крајот на месецот. На изложбата ќе биде организирана презентација на секој од конкурсните трудови. Решенијата ќе бидат јавно достапни на страната на Општина Центар, непосредно по нивната презентација на изложбата“, велат од Општина Центар.

Малку време, малку трудови
И покрај големите апетити на инвеститорите коишто се противеа на јавен конкурс, на крајот се донесе таква одлука. Но, на конкурсот пристигнаа само три трудови. Првиот човек на жири-комисијата, архитектот Миодраг Радоњиќ – Бато целата процедура ја опиша како делумно успешна. Тој наведе неколку причини зошто епилогот беше таков.

Дека има простор да се доработи конкурсното решение смета и Општина Центар, иако од одговорот што го добивме од локалната самоуправа за состанокот што го организирала, а на којшто присуствувале градоначалникот, урбанисти, стручните служби, претставник на жири комисијата и доминантните сопственици на земјиштето, станува јасно дека се притиска за повеќе катови и поголеми профити, со што е прашање дали на крајот ќе се дојде квалитетно и хумано урбанистичко решение.

Доминантните забелешки и барања на сопствениците беа насочени кон предолгото чекање, отпочнување со постапките за реализација на нивните права и задржувањето на квадратурата од важечкиот Детален урбанистички план. Општината, од друга страна, предлага доработка на конкурсното решение како би се задржале многубројните квалитети на истото, со промена на катноста на предложените објекти, како би се направило приближување до квадратурата по сопственик од важечкиот детален урбанистички план.“, велат од Општината.

Сопствениците на земјиште лани поднесоа десетици барања за окрупнување парцели, сакајќи да се гради според ДУП што беше прогласен за незаконски.

Се бара нова планерска куќа за „Треска“
Локацијата „Треска“ е дел од Градска четврт 3 11, за која кога се организираше конкурсот имаше активна постапка за изработка на ДУП за Буњаковец 1 и 2. Се оцени дека конкурсот е најдобра опција за да се разрешат проблемите на просторот коишто произлегуваа од неусогласеноста со важечкиот ГУП на Град Скопје, но и за да се добијат поиновативни и покреативни решенија. Локалната самоуправа го раскина договорот со планерската куќа и во тек е процес на отпочнување постапка за избор на нова планерска куќа којашто ќе изработи ДУП во којшто ќе биде вградено избраното конкурсно решение.

Иако јавноста сè уште немала прилика да го види, Комисијата за прворангираниот труд наведе дека решението предвидува пет полуотворени станбени блокови за домување, отворени кон централен парковски простор. Катноста е комбинирана: од П + 4 до П + 8 долж улицата „Рузвелтова“ и П + 3 и П + 4 долж улицата „ Адолф Циборовски“. На „Гологанов“ е предвиден деловен комплекс. Комисијата оцени дека со самата форма на блоковите се оформени интимни дворови за станарите кои се ориентирани кон централниот парк, со пешачки патеки кои го поврзуваат просторот, парковско зеленило за одмор и рекреација, детска градинка.

„Со поголема смелост и иновативност во креирање на поединечните архитектонски целини, предложениот труд можеше да биде и повисоко рангиран“, наведе Комисијата.

https://samoprasaj.mk/naacik/2259-idejnite-resenija-za-treska-daleku-od-ocite-na-javnosta - https://samoprasaj.mk/naacik/2259-idejnite-resenija-za-treska-daleku-od-ocite-na-javnosta


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Feb-2022 at 15:40
НЕ ЗНАЕМЕ ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРА КОНКУРСОТ ЗА ТОА ШТО ДА СЕ ГРАДИ КАЈ ФАБРИКАТА „ТРЕСКА“, ВЕЛИ ГЕРАСИМОВСКИ



Просторот кај фабриката „Треска“ ќе се уредува заедно со Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец 1и 2, а не како посебна целина. Не се знае и дали ќе се земат предвид решенијата од конкурсот за тоа што да се гради на просторот, кој по притисок на граѓанските организации, професори и архитекти лани беше распишан од Општина Центар. Општината го раскина договорот со планерската куќа „Инпума“ и сега ќе бара нов планер кој треба да го направи планот. Дотогаш ако некој побара дозвола за градба, Општината ќе мора да ја даде според стариот план кој предвидува цели блокови згради.

„Пробиени се сите рокови, а план не е направен. Новата планерска куќа ќе треба да предвиди решенија и за просторот кај ‘Треска‘. Не може тоа посебно да се прави, како што некој мислел. Дали нешто ќе биде применето од конкурсот ќе видиме, тоа треба да го кажат правниците, со оглед дека таму е приватно земјиште и не можеме да спречиме луѓето да дооформуваат парцели и да бараат да градат. Конкурсот кој беше спроведен е скапа анкета за слушање стручно мислење. Изминативе 4 години некој проблемите ги ставал под тепих за да се купи време“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

На конкурсот, што Општина Центар во времето на ексградоначалникот Саша Богдановиќ го распиша за уредување на просторот, стигнаа три идејни решенија. Сите идејни решенија меѓу останатите содржини имаат вцртано и маркички за згради и деловен објект, што всушност се бараше во насоките на конкурсот кога беше распишан.

Според Комисијата за избор на идејното решение која е составена од претставници на Асоцијацијата на архитекти, Архитектонскиот факултет, Град Скопје, Општина Центар и здружението „Плоштад слобода“, само едно решение во голем дел ја почитува зададена регулација, како и односот кон контактните подрачја, нуди соодветни предуслови за понатамошна разработка. Автори на тој, првонаграден труд се групата автори Јован Ивановски, Паолина Милушева, Теа Дамјановска, Михајло Стојановски, Билјана Темелковска и Маја Јанковска

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ne-znaeme-dali-mozhe-da-se-realizira-konkursot-za-toa-shto-da-se-gradi-kaj-fabrikata-treska-veli-gerasimovski/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ne-znaeme-dali-mozhe-da-se-realizira-konkursot-za-toa-shto-da-se-gradi-kaj-fabrikata-treska-veli-gerasimovski/


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Feb-2022 at 15:44
Не знам зошто сите овие формалности и епизоди кога се вели дека во секој момент може некој да побара дозвола за градба и да си гради по стариот план кој предвидува многу згради т.н наполитанки.А ако почне некој да гради па после го сменат планот тогаш ќе добиеме шаренило бетер од Маџир маало,Кисела Вода и слични реони.


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Mar-2022 at 18:05
Дали „Треска“ ќе стане новиот „Холидеј ин“

Шанса за центар денеска реагираше преку прес-конференција барајќи општинските власти да одговорат дали е продадено државното земјиште кај „Треска“, кога конечно ќе бидат обелоденети решенијата за уредување на овој простор и зошто не се менуваат законите и уредните кои овозможуваат сопственици да си дооформуваат парцели доколку поседуваат само 30 отсто од земјиштето
Локалната власт, пак, тврди дека не е продадено земјиште. Како што велат оттаму, стигнати се шест предмети за дооформување на градежни парцели и 20 барања за откуп на земјиште под објектите кај „Треска“, но на ниту едно досега Општината не одговорила. Во однос на законските промени, пак, порачуваат дека како локална власт немаат моќ да ги сменат законите

Дали земјиштето кај поранешната фабрика „Треска“ ќе стане новиот „Холидеј ин“, прашуваат од Шанса за Центар реагирајќи дека немаат одговори што се случува со државното земјиште во тој дел на Општина Центар односно дали е продадено за да се дооформат парцелите на инвеститорите кои сакаат да градат таму или не.

„Добивме одредени неофицијални информации дека во следните месеци ќе се случи решавање и спроведување на спорниот план за Буњаковец кој го опфаќа и подрачјето на фабриката ’Треска‘ на начин што ќе ги обезбеди интересите на поединци и инвеститори, но нема да се заштити јавниот интерес“,
велат од Шанса за Центар

Покрај за состојбата, оттаму прашуваат и зошто не се објавени резултати од конкурсот за идејните решенија за уредување на овој простор бидејќи, како што велат, чекаат повеќе од половина година да ги видат понудените и наградените решенија, а го обвинуваат градоначалникот Горан Герасимовски дека одбива соработка со партиципативното тело за урбанизам кое бара одржување на ветената изложба со овие решенија.

Третиот главен проблем околу кој реагираат од Шанса за центар е тоа што не се менуваат законите и уредбите кои овозможуваат сопственици кои имаат 30 отсто од земјиштето, да може да си ја дооформат парцелата.

По јавните реакции од Шанса за Центар, се огласија и општинските власти кои демантираат дека е продадено земјиште во четири очи. Ниту има продадени земјиште надвор од законските прописи, ниту такво нешто ќе се случи, велат од Општината. Оттаму велат дека стигнати се барања за дооформување на парцени, но и за откуп на земјиште под објектите што се наоѓаат на потегот, меѓутоа тврдат дека на ниту едно не е одговорено.

„До општината стигнати се 6 предмети за дооформување градежна парцела и 20 предмети за откуп на земјиште под објект и по овие постапки општината сè уште нема одговорено. Што се однесува на законските регулативи и зошто уредбите за дооформување парцели не се променети цели 5 години, Шанса за Центар треба да знае дека општината воопшто нема надлежност ниту каква било можност да изврши било какви промени. Оттука, ја повикуваме Шанса за Центар да не манипулира со јавноста дека ингеренциите по ова прашање се во рамки на локалната самоуправа“,

велат од Општина Центар.
Во врска со решенијата за уредување, пак, велат дека просторот кај „Треска“ ќе се уредува заедно со ДУП-от за Буњаковац 1 и 2, а не како посебна целина.

„Општина Центар исто така порачува, Шанса за Центар да не ја манипулираат јавноста дека градоначалникот Горан Герасимовски одбива соработка со Партиципативното тело за урбанизам, затоа што тој неколкупати досега лично иницираше средби со Комисијата за урбанизам, како и со архитекти и сопственици со цел да се слушнат сите засегнати страни“,

реагираат од Општината.
За тврдењата дека 47 отсто од земјиштето е државно, локалните власти исто така демантираат и велат дека информациите се неточни бидејќи всушност станува збор за вкупно земјиште од околу 15 отсто кое треба да се дооформи, додека останатиот дел се јавни површни како пешачки патеки, улици и тротоари кои воопшто не се предмет на дооформување.

„Како општина уште еднаш повторуваме дека бараме начин како јавниот интерес да биде целосно заштитен, меѓутоа не можеме да бидеме над законот. Се работи за приватни имоти кои ние како општина законски не смееме да ги сопреме. Бараме решение во интерес на граѓаните, но кое во исто време ќе биде безболно и за општината, бидејќи Општина Центар не може да трпи милионски штети на грбот на граѓаните“,велат од локалната власт.

https://360stepeni.mk/dali-treska-ke-stane-noviot-holidej-in/ - https://360stepeni.mk/dali-treska-ke-stane-noviot-holidej-in/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Mar-2022 at 18:19
Урнатини и пропаднати бараки кај „Треска“ – половина земјиште таму е државно, но прашање е за колку долго

Сега само урнатини и пропаднати бараки стојат на земјиштето каде што некогаш функционираше индустрискиот гигант „Треска“ во центарот на Скопје.

Простор кој е еден од последните слободни во подрачјето што особено ги привлекува големите градежни моќници.

Половина од земјиштето е приватно, а половина е во сопственост на државата, но прашање е уште колку долго. Во општинските канцеларии постојано пристигнуват барања за откуп на земјиште на име на доокрупнување на градежни парцели – но, колку се на број барем засега не се знае.

Затоа советниците од „Шанса за Центар“ бараат официјални информации од општината.

„ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ ДЕКА НА ЗЕМЈИШТЕТО НА ПОРАНЕШНАТА ФАБРИКА „ТРЕСКА“ ДО МАЈ 2021 ГОДИНА КАКО ШТО СТОИ ВО СТРУЧНИОТ ЕЛАБОРАТ ИЗРАБОТЕН ОД САМАТА ОПШТИНА, 47% ОД ЗЕМЈИШТЕТО БЕШЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ. НАС НÈ ИНТЕРЕСИРА ДАЛИ ОД ТОГАШ ДО ДЕНЕС НЕШТО СЕ СМЕНИЛО И ДАЛИ ОПШТИНАТА ИМА ПРОДАДЕНО ДЕЛ ОД ЗЕМЈИШТЕТО“ ИЗЈАВИ ЈАНЕ ДИМЕСКИ, СОВЕТНИК ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР.

Општина Центар со одлука на Советот организираше и Конкурс за идејно решение – околу тоа како да изгледа тој дел од градот.

Идејните решенија уште ѝ се непознати на јавноста. Никогаш не биле изложени некаде за луѓето да можат да ги погледнат.

„АРХИТЕКТИТЕ И ПРЕТХОДНО СУГЕРИРАА ДЕКА ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ МОРА ДА ПОДЛЕЖИ НА ПРОМЕНИ И МОРА ДА СЕ ГРАДАТ НОВИ ОБЈЕКТИ, НО КАКО СЕ ПРАВИ ТОА Е ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ИЗГЛЕДОТ НА ГРАДОТ.“

Фокусот треба да биде токму на хуманиот начин на планирање и на градење, затоа што државното земјиште кое ќе биде бетонизирано веќе не се враќа и од тоа никогаш не бидува парк, вели Јана Белчева.

Но, стравува дека државно земјиште може и во овој случај да биде распродадено за багателна цена како во случајот со парцелата спроти „Нова Македонија“ која беше приватизирана за 7 евра по метар квадратен.

„ЈАВНИОТ ПРОСТОР ОДНОСНО ДРЖАВНИОТ ПРОСТОР АКО СЕ РАСПРОРДАДЕ – ТОА Е НЕОБНОВЛИВ РЕСУРС И ПОНАТАМУ ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТИ ЗА СÈ ОНА ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ЈАВНА НАМЕНА КАКО ЗЕЛЕНИЛО, ГРАДИНКИ, УЧИЛИШТА ИЛИ ДРУГИ ОБЈЕКТИ КОИШТО СЕ СУШТИНАТА НА ЖИВЕЕЊЕТО ВО ЕДНА УРБАНА СРЕДИНА, БИДЕЈЌИ НЕ Е САМО ДОМУВАЊЕТО ЕДИНСТВЕНАТА ПОТРЕБА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ЖИВЕЕЊЕТО ВО ГРАДОТ“ ИЗЈАВИ ЈАНА БЕЛЧЕВА – АНДРЕЕВСКА, СОВЕТНИК ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР.

Градоначалникот на Центар во краток телефонски разговор за Телма ѝ одговори на поранешната претседателка на Советот, Јана Белчева – зошто во тие години додека на сила беше мораториумот за градење, Деталниот урбанистички план не бил усогласен со Генералниот?

Повеќе: Нашите приватни имоти се легално купени, „Шанса за Центар“ манипулира-демант од сопствениците на земјиштето кај Треска
Тој посочи дека во иднина треба да се избегне и сценариото да се плаќа милионска отштета на оние кои веќе вложиле пари.

https://telma.com.mk/2022/03/23/урнатини-и-пропаднати-бараки-кај-тре/ - https://telma.com.mk/2022/03/23/урнатини-и-пропаднати-бараки-кај-тре/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Mar-2022 at 18:21
Експресна реакција: Имотите кај „Треска“ се легално купени, „Шанса за Центар“ манипулира

По денешната прес-конференција одржана од страна на „Шанса за Центар“, сопствениците на приватни парцели на локацијата кај „Треска“ реагираа експресно со демант.Според нив нивните имоти на тој простор се легално купени и „Шанса за Центар“ манипулира.

-Ние сопствениците на приватните имоти во напуштениот индустриски капацитет „Треска“ во општина Центар остро реагираме на изнесените невистини и обвинувања од страна на „Шанса за Центар“ и претседателката на Советот, Јана Белчева. Тие денеска се обидоа да претстават во јавноста дека нашите приватни имоти, кои сме ги купиле на најлегален начин, се дел од некакви законски малверзации и неправилности.

Во целост демантираме дека како сопственици на приватните парцели, ни било „тајно“ продавано државно земјиште за дооформување на нашите приватни имоти и целосна лага е дека во „четири очи“ се продава државно земјиште. За ваквите обвинувања бараме итно извинување од Белчева и „Шанса за Центар“.

Понатаму, лага е дека 47% од земјиштето кое е државно ќе се распродава. Одговорно тврдиме дека државното земјиште останува државно, а за додоформување на имотите има уште 15% и тоа се прави согласно законот. Сè останато е во државна сопственост и спаѓа во делот на улиците, тротоарите и други јавни површини. Зошто Белчева се обидува да манипулира со вистинските бројки прикажувајќи дека се „разграбува“ државен имот?

Ние имаме право и согласно закон сè што бараме е да со го оствариме тоа право. Дополнително, ние како сопственици на имотите во комплексот ќе направиме парк со големина од над 9.400 квадрати, како и дополнителни зелени површини од 20%, иако истите не се воопшто предвидени со актуелниот ДУП. Сите овие работи „Шанса за Центар“ се обидува да ги прикаже погрешно во јавноста.

Ние нема да се откажеме од нешто што ни е загарантирано со Устав. „Шанса за Центар“ и Белчева сакаат да ни ги ускратат правата на нашето парче простор. Веќе три години поминуваме низ голгота и трпиме огромни штети заради политичките хирови на Белчева. Конкурсот на кој се повикува таа е целосно невалиден и спротивно на било кој закон бидејќи во него не е испочитувано правото на сопственост. Ние како сопственици на имотите отворено прашуваме дали „Шанса за Центар“ ќе преземе каква било одговорност пред граѓаните за каква било штета ако не ни се дозволи да си го оствариме нашето право? Нашиот проект чека веќе три години и ништо не се помрднало од мртва точка.

Ја информираме јавноста дека како сопственици на тие имоти подготвуваме тужба за нанесена штета во износ од 50 милиони евра. Белчева и останатите ќе треба да одговорат пред граѓаните како општината ќе ни ги надомести средствата во случај овој притисок од нив да продолжи.

За крај, дали „Шанса за Центар“ и Белчева сакаат напуштената фабрика „Треска“ уште долги години да остане огромна депонија, еколошка бомба во срцето на Општината? Под превезот на „граѓански активизам“, претставувајќи се дека ги застапуваат интересите на жителите на Центар, сведоци сме како „Шанса за Центар“ наместо да нудат решенија на проблемите, тие се кочничари. До кога ќе градат политички кариери со блокади без решенија?

Апелираме до градоначалникот Герасимовски дека нема да толерираме повеќе блокади и дека ќе си ги бараме правата пред судовите доколку продолжат незаконските опструкции. Бараме во најскоро време да се завршат барањата за дооформување на парцелите кои ни следуваат законски и конечно да се реши проблемот кој никому не носи добро, освен на оние кои сакаат политички да профитираат од него, стои во реакцијата на сопствениците на имоти чија реторика, закани и квази ветувања потсетуваат на тие на компаниите што градат кај „Холидеј Ин“.

Како сопственици на имотите се запишани фирмите Годен Арт, Мега, Акустик, Пелистер и група физички лица.

https://nezavisen.mk/ekspresna-reakcija-imotite-kaj-treska-se-legalno-kupeni-shansa-za-centar-manipulira/ - https://nezavisen.mk/ekspresna-reakcija-imotite-kaj-treska-se-legalno-kupeni-shansa-za-centar-manipulira/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Mar-2022 at 13:01
Градинка и голем парк од 9.000 квадрати на просторот кај некогашната фабрика „Треска“



Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, побарал од сопствениците на приватните имоти – во „Треска“ да има многу зеленило, повеќе од планираното согласно со ДУП-от, но и објекти од јавен интерес, како градинка, но дополнително да има и голем парк од 9.000 квадратни метри на државнотo земјиште.

За весникот ВЕЧЕР, тој истакна дека, освен планираниот сообраќен режим, ќе има и зеленило и дополнително планира средба со сопствениците на парцелите, Комисијата за урбанизам, архитектите што го изработија идејното архитектонско решение за тој дел за да разговараат и за да се изнајде соодветно решение.

Бидејќи се планирани повеќе згради, ќе барам да се направи и градинка. Освен тоа, бидејќи во тој дел има државно земјиште, ќе побарам да се направи и голем парк со околу 9.000 квадратни метри и покрај тоа што Општина Центар има побарување да се уреди просторот согласно со Законот за урбано зеленило, кој предвидува задолжителен процент зеленило на градежна парцела од најмалку 20 проценти. Тоа е многу повеќе зеленило кое не е планирано со ДУП-от, а го надминува и законскиот минимум, што, пак, го потврдува фактот дека не се окупира целиот простор само за нови градби – истакна Герасимовски.

Тој повтори дека е раскинат договорот со планерската куќа и дека ќе се распише јавна набавка за избор на нова, која ќе изработи нов детален урбанистички план за Буњаковец 1 и Буњаковец 2, кој го опфаќа и делот кај поранешната фабрика „Треска“.

Од „Шанса за Центар“ и денеска повторно реагираа во однос на просторот кај поранешната фабрика „Треска“. Тие тврдат дека Советот на Центар досега нема донесено одлука со која се поништува одлуката за конкурсот.

– Советниците не се само гласачка машина за исполнување на волјата на градоначалникот, туку претставници и гласот на граѓаните и имаат право и да прашаат и да добијат одговори за сѐ што е важно за граѓаните. Општината не е приватна фирма, не поседува приватен имот и нема право сама, како институција, да одлучува, туку постои за да ги штити интересите на сите свои граѓани – велат од „Шанса за Центар“.

https://www.vecer.press/градинка-и-голем-парк-од-9-000-квадрати-на-п/ - https://www.vecer.press/градинка-и-голем-парк-од-9-000-квадрати-на-п/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Mar-2022 at 17:31
ЗГРАДИ ДО 5 КАТА ЌЕ ИМА КАЈ „ТРЕСКА“ Јавноста се замајува со шпекулации за облакодери и со бетонизација

Чиста шпекулација е бетонизирање на просторот, велат сопствениците на приватните парцели на опфатот „Треска“ во врска со информациите кои излегоа во јавноста дека на оваа локација ќе се градат облакодери, или пак дека ќе се задуши просторот.

Тие појаснуваат дека нивниот план е во согласност со конкретниот урбанистички план за просторот кај „Треска“, кој е донесен во 2012 година и предвидува изградба на згради со височина од најмногу приземје со 5 ката и поткровје, а во дел и приземје со 4 ката и поткровје, во класична блоковска распореденост, со многу зеленило помеѓу зградите, но и со голем парк во рамки на комплексот. Всушност, се работи за максимална висина која нема да надмине вкупно 16 метри, што е сосема спротивно на досегашните шпекулации во јавноста.

Сопствениците потсетуваат и на конкурсот за идејни решенија за оваа локација и концептите кои биле пристигнати, а се всушност надвор од урбанистичките регулативи и параметрите кои ги дозволува важечкиот ДУП. Во јавноста веќе беа презентирани овие идејни решенија и објавени во јавноста на веб-страницата на Општина Центар, а и сè уште се достапни на линкот: https://marh.mk/izvestaj/

Таму се наведува дека прворангираниот концепт од идејните решенија е оформен од пет полуотворени станбени блокови со комбинирана катност од приземје + 4 ката, но и до приземје + 8 ката, што е 3 ката над дозволената висина согласно актуелниот ДУП. Второрангираното решение предвидува станбени блокови со приземје + 6 ката и станбени кули со 17 ката, додека треторангираното конкурсно решение предвидува вертикален елемент кула од 71 метар со намена хотел. Урбанистички можеби висината не е единствениот параметар кој се гледа, но сепак понудените конкурсните решенија излегуваат од важечката регулатива, наспроти планот на сопствениците на градежните парцели, кои ветуваат ниска градба, со многу зеленило и јавни површини.

Она што е реалната слика, согласно најавите од сопствениците на парцелите на поранешната фабрика „Треска“, е дека е предвидена изградба на комплекс од вкупно 6 блока, при што најмалиот е со вкупна површина од околу 3900 м2, додека најголемиот 8920 м2, и кај сите 6 блокови се предвидува голема површина на зеленило како партерно уредување.

Она што е важно да се потенцира е дека актуелниот ДУП од 2012 година, на оваа површина предвидува само 5% зеленило, меѓутоа инвеститорите предвидуваат и повеќе од законскиот минимум од 20%, или вкупно 8200 м2 зелена површина како партерно уредување во рамки на блоковите, а дополнително предвидена е и изградба на јавен парк со вкупна површина од 9474 м2. Согласно ова, вкупното зеленило предвидено за овој простор достигнува близу 18.000 м2, што е значително над минимумот кој го наложува новиот Закон за урбано зеленило.

– Каков ќе биде исходот и што точно ќе биде изградено на оваа локација, се надеваме дека јавноста ќе дознае наскоро. Но она што е важно е дека оваа локација, која сега е мини депонија во сред Центар, мора да се реши и урбанизира. Впрочем, урбанизација и конечно решение за „Треска“ бараат и жителите од околните згради затоа што она што е останато од некогашната фабрика за мебел е потенцијален извор на инфекции – наведуваат сопствениците на приватните парцели на опфатот „Треска“.

https://plusinfo.mk/zgradi-do-5-kata-e-ima-ka-treska-avnosta-se-zama-uva-so-shpekulacii-za-oblakoderi-i-so-betonizaci-a/ - https://plusinfo.mk/zgradi-do-5-kata-e-ima-ka-treska-avnosta-se-zama-uva-so-shpekulacii-za-oblakoderi-i-so-betonizaci-a/

-------------
Carpe diem


Posted By: Vire
Date Posted: 31-Mar-2022 at 18:22
Па уште полошо ако се градат пет-5катници место еден облакодер,појќе земја ќе отиди и автоматски помалку земенило ќе остани. Не знам дали матат и дефокусират или се астрономски глупи.

Како и да е,тежок криминал е во прашање за кој како по навика никој нема да одговарат,ама па кога на центарци не му сметат,нека им е со среќа


Posted By: stef4o
Date Posted: 09-Apr-2022 at 13:52
Treska Dynamic City предлог за Локацијата на Фабрика Треска

[tube]22QIcXnpw6M[/tube]

https://www.facebook.com/sarasimoska/ - https://www.facebook.com/sarasimoska/

-------------
Carpe diem


Posted By: Vire
Date Posted: 09-Apr-2022 at 14:21
Се океј ама тие ѕидој,посебно тенки настелски морат да ги заборават архитективе наши,посебно вака помладите. Целиов станбен простор можит да се спакуват во една 20 катна коцка и 2 кули по 25 спрата да речиме и толку цел простор ќе им останит после за уште појќе зеленило,паркој,улички,комерцијални или музејски објекти.


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Apr-2022 at 14:44
Голем пожар во „Треска“



Голем пожар во "Треска", а чадот се чувствува во речиси цело Скопје, пренесуваат медиумите.

На социјалните мрежи граѓаните споделуваат фотографии од чадот прашувајќи што се случува.

Се очекуваат официјални информации од надлежните.

https://skopjeinfo.mk/golem-pozhar-vo-treska - https://skopjeinfo.mk/golem-pozhar-vo-treska

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 14-Apr-2022 at 14:47
Гори поранешната фабрика Треска

[tube]UmDqQz2eTgo[/tube]

Голем пожар изби попладнево во кругот на поранешната фабрика Треска во центарот на Скопје. Станува збор за локација којашто подолг период е во центарот на вниманието на граѓаните во Скопје поради интересот на инвеститорите да градат станбено-деловни објекти според детален урбанистички план кој не е усогласен со Генералниот урбанистички план на градот.

https://samoprasaj.mk/naacik/2342-gori-poranesnata-fabrika-treska - https://samoprasaj.mk/naacik/2342-gori-poranesnata-fabrika-treska

-------------
Carpe diem


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Apr-2022 at 15:20
Епа тоа се знаеше, ова стана пракса


Posted By: Petra
Date Posted: 14-Apr-2022 at 15:33
се спрема терен за градба


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 14-Apr-2022 at 15:38
Mirisa na ZSF ili Pucko Petrol


Posted By: builder-ot
Date Posted: 14-Apr-2022 at 19:38
Од една прекрасна земја, средена и убава, во која се знаеше кој краде (само ВМРО), сега се е башибозук со ова комуњариве неписмени...страшно



-------------
< 2nd world >


Posted By: user8642
Date Posted: 14-Apr-2022 at 20:10
Ја незнам зашто цело општество со истиве коментари, кога нема врска. Во Македонија законот не те ограничува да не градип на сопствено змејиште ако имаш маркица. Тоа с емуабети од ГРција кога се палат шуми заради пренамена на опожарена шума во градеѓно земјиште. Тука не е тоа случај


Posted By: hcitrS
Date Posted: 15-Apr-2022 at 02:07
Хаха, окс. И јас обично би играл на објаснувања без теории на заговор, ама случајов ептен смрди. И немора да се работи за расчистување за градење. Едноставно простачки инает, ако јас не можам да сум рает - сите нека не се рает. Побудите се истите кои ги тераат партиските дебили да палат рандом контејнери со ѓубре само затоа што градоначалникот е од друга партија. Ќар нема никој освен неколку небитни ега, а штета трпат сите.


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Apr-2022 at 17:08
(ВИДЕО) Аларм по пожарот кај „Треска“ – азбестните кровови голема опасност за здравјето на луѓето

[tube]BwTde9cw9mM[/tube]



Додека се истражува што ја предизвика огнената стихија, се прави и стратегија за расчистување на остатоците. Главниот предизвик се големите количини азбест – минерал кој при вдишување може да предизвика канцер на белите дробови
Само едно вдишено влакно од азбест може да предизвика рак на белите дробови – предупредува професорот по хемија на ПМФ (УКИМ), Виктор Стeфов, кој потенцира дека расчистувањето на азбестните кровови од опожарените објекти на поранешна „Треска“ мора да се прави со строги мерки на заштита
Дождот го изгасна ризикот од нови жаришта кај некогашната фабрика Треска во Скопје, но остана да тлее опасноста од еколошка катастрофа.

„Има околу 35 000 до 40 000 метри квадрати азбесен кров“,информираше градоначалникот Герасимовски.

„Треска“ стана жешка тема во јавноста по падот на мораторумот на Општина Центар, со што се отвори патот за градба на 30 нови згради, предвидени со ДУП-от од 2012 година, кој отстапува од параметрите на Генералниот план за Скопје.

„Се јавуваат инвеститори. Велат дека ќе градат. Со еден дојдовме, ни вети толку станови ќе ни даде, ова-она. Што ќе биде, како ќе биде, да видиме со општината пак. Општината што ќе направи“,

вели жител кај фабриката „Треска“.
Герасимовски вели дека досега не ставил потпис ниту за градба ниту за продажба на државно земјиште. Надеж гледа во носење на нов ДУП, за што вели дека наскоро ќе биде избрана планерска куќа, која ќе треба да ги земе предвид и идејните решенија од јавниот конкурс за просторот кај Треска. Но, факт е дека носењето на овој нов план трае многу подолго од роковите во кои Општината треба да одговори на барањата на инвеститорите.

Герасимовски: Има закони кои мора да ги почитуваме, а јас секогаш кажувам, сите гледаме да биде најидеално, но….

360°: Чувствувате ли пораз? Од овој аспект, во битката против оваа урбанизација и против тие спорни дупови на ВМРО-ДПМНЕ кои СДСМ многу ги критикуваше?

Герасимовски: Имам револт зошто толку време и покрај тоа што сме имале чист терен и мораториум не е донесен идеален ДУП. Оној дел – да ќариме на време не доведе до оваа ситуација.

360°: Каде ја лоцирате вината?    

Герасимовски: Не би навлегувал во тоа, целосно, битно е дека не е донесен ДУП-от, за жал.

А без нов Детален план или суспензија на постојниот, прашање на време е кога Општината ќе мора да даде „амин“ за градба.

https://360stepeni.mk/video-alarm-po-pozharot-kaj-treska-azbestnite-krovovi-golema-opasnost-za-zdravjeto-na-lugeto/ - https://360stepeni.mk/video-alarm-po-pozharot-kaj-treska-azbestnite-krovovi-golema-opasnost-za-zdravjeto-na-lugeto/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Aug-2022 at 11:53
Почна расчистувањето на „Треска“, објектите ќе ги отстрануваат сопствениците



Почна расчистувањето на локацијата кај поранешната фабрика „Треска“. Чистењето ќе се врши плански во неколку фази. Најпрво ќе се отстранува опасниот отпад, азбестниот покрив, ќе се уриваат објектите, па ќе се отстранува кабастиот отпад. На крајот ќе се врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просторот, бидејќи, како што кажа денес на прес конференција градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, просторот врие од глувци и змии.

Според очекувањата на Герасимовски, просторот би требало да се расчисти за неколку недели. Моменталната состојба на оваа локација, како што рече тој на денешната прес-конференција, освен што претставува извор на зарази за жителите од околината, претставува и нелегална депонија во срцето на општината и Градот

Герасимовски посочи дека до почетокот на месецов сите постапки биле во застој, бидејќи се чекала дозвола за почнување на активности од Обвинителството кое постапуваше по утврдување на причините за пожарот кој неодамна избувна во магацин кај „Треска“.

До овој момент, како што информира градоначалникот, во општина Центар се пристигнати 36 барања за издавање решение за отстранување на објекти од кои досега одобрени се 13. Отстранувањето на објектите ќе го вршат самите сопственици кои претходно до општината доставиле барање за отстранување на објектите и начинот како ќе бидат истите отстранети. За тоа време сопствениците ќе бидат под надзор од страна на инспекциските служби за животна средина на општината. Отпадот ќе биде депониран во Дрисла каде ќе биде соодветно уништен.

– Град Скопје води постапка за донесување на регулациски план за ДУП Градска четврт З 11 – локалитети Буњаковец 1 и Буњаковец 2. Носењето на овој план ќе ја олесни процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај „Треска“ со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот. Ги повикувам и останатите надлежни институции активно да се вклучат за негово поскоро донесување, рече Герасимовски.

Прашан дали расчистувањето на овој дел е со цел инвеститорите да градат згради, Герасимовски појасни дека општината прави напори да се донесе нов ДУП, се со цел да се направи подобра урбанизација.

– Во моментов има важечки ДУП, имавме три години мораториум чија цел беше да се изменат ДУП-овите, за жал не се успеа, но правиме напори преку регулација да се одвои овој дел и да направиме подобар ДУП. Во моментов има доставено 15 барања за доофурмување на парцели и околу четири барања за градежни дозволи. Додека не ги издадеме сите 36 одобренија за расчистување на објектите ќе се закочи целиот процес. Не зависи од Општината Центар, но сигурен сум дека за брзо време ќе ја направиме измената на ДУП-от, нагласи Герасимовски.

Поради тоа што во моментов има важечки ДУП, како што појасни тој, доколку не се донесе нов, тие во меѓувреме мора да го почитуваат Законот и според тој ДУП ќе даваат одобренија за градежни дозволи.

Во одговор на прашање каква ќе биде судбината на жителите во бараките на улицата „Рузвелтова“, Герасимовски посочи дека во договор со инвеститорите тие ќе бидат обесштетени.

https://nezavisen.mk/pochna-raschistuvanjeto-na-treska-objektite-kje-gi-otstranuvaat-sopstvenicite/ - https://nezavisen.mk/pochna-raschistuvanjeto-na-treska-objektite-kje-gi-otstranuvaat-sopstvenicite/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-Aug-2022 at 17:27
Почна расчистувањето на теренот на поранешна Треска

[tube]xuNkIM7-lTA[/tube]

https://sitel.com.mk/pochna-raschistuvanjeto-na-terenot-na-poraneshna-treska - https://sitel.com.mk/pochna-raschistuvanjeto-na-terenot-na-poraneshna-treska

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Aug-2022 at 14:12
ЗА ФАБРИКАТА „ТРЕСКА“ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВОДИ ДВЕ ИСТРАГИ, ОД АНТИКОРУПЦИСКА ВЕЛАТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ГРАДИ ДОДЕКА ТРААТ ПОСТАПКИТЕ



За фабриката „Треска“ каде се расчистува просторот за градење згради Основното јавно обвинителство води две истраги. Првата е за можни незаконитости при денационализација на земјиштето во кругот на фабриката, а втората е истрага за пожарот кој изби на 14 април годинава.

За случајот со пожарот вештачењето покажало дека станува збор за човечко невнимание. Како што велат од Обвинителството, јавниот обвинител работи на утврдување на вредноста на настанатата штета за да утврди дали во конкретниот случај се исполнети елементи на кривичното дело – Предизвикување општа опасност.

„Доколку се утврди дека се исполнети елементите на кривичното дело, постапката продолжува со откривање на сторител“, велат од Јавното обвинителство.

За предметот „можни незаконитости при денационализацијата на фабриката“ сѐ уште се води предистражна постапка во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

„За овој предмет е дадена наредба за градежно архитектонско – урбанистичко вештачење. По доставување на вештиот наод и мислење од Бирото за судски вештачења, надлежниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошниот тек на постапката. Со оглед дека предистражната постапка е тајна, во моментов не можеме да споделиме повеќе детали“, велат од Обвинителството.

Општина Центар вчера објави дека се почнува со расчистување на просторот и уривање на објектите и дека за оваа активност добиле дозвола од Обвинителството кое води предмет за пожарот. Градоначалникот Горан Герасимвски вчера се фалеше дека тие всушност со расчистување на просторот го решавале проблемот на граѓаните со депонијата и опасните матријали кои ги има во кругот на фабриката. Вели, погрешна била перцепцијата дека просторот се спрема за градење згради, иако потврди дека се поднесени четири барања за давање градежни дозволи според Деталниот урбанистички план донесен од ВМРО-ДПМНЕ и тие мора да постапуваат по нив. Неговата партија СДСМ го критикуваше планот овој план според кој сега Герасимовски постапува како лош и криминален и не го сменија изминативе 5 години откако се на власт во Центар.

Со планот, според кој сега Општина Центар ќе издава дозволи за градба, просторот на „Треска“ е поделен на шест градежни парцели и предвидува на нив да никнат триесетина нови згради. Се дозволува катност од приземје, 4 ката плус поткровје и приземје, 5 ката плус поткровје. Поранешниот градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ велеше дека просторот е лошо испланиран и зградите ги нарекуваше ‘наполитанки‘ бидејќи целосно го бетонизираат просторот без соодветни јавни површини и зеленило.

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска вели дека на просторот на „Треска“ не треба да има никакви градежни активности додека траат истрагите.

„Имајќи предвид дека Деталниот урбанистички план не е во согласност со Генералниот урбанистички план и со тоа тој не е законски, а од друга страна Обвинителството води истрага за тој локалитет, сметам дека е многу ризично издавање решенија за почеток на градба односно не смее да се издаде ниту една дозвола“, вели Ивановска.

Во времето на ексградоначалникот Саша Богдановиќ, по неколкугодишна борба на стручната јавност и граѓанските иницијативи беше спроведен конкурс за тоа што да се гради кај „Треска“ и врз основа на тоа да се уреди просторот. Но, кога дојде на функција Герасимовски кажа дека конкурсот не може да се реализира оти имало голем дел приватно земјиште.

Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, која има 3 советници во Советот на Општина Центар, велат дека расчистувањето на „Треска“ е нужно, но подеднакво е важно што ќе следи потоа, односно дали ќе се градат згради „наполитанки“ и со нив ќе има само профит за малкумина или уредување на просторот со кој ќе се подигне квалитетот на животот во целото подрачје.

„Конкурсот беше можност за урбанистичкото планирање кон покреативни, компетитивни решенија и размислување преку проекти, а не сурово шпекулантско – инвеститорско планирање и градење. Сегашната општинска власт со сите сили сака да ги оспори, па дури и да ги скрие од јавноста овие наградени конкурсни решенија кои требаше да бидат основа за нов ДУП за Треска“, велат од „Шанса за Центар“.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/za-fabrikata-treska-obvinitelstvoto-vodi-dve-istragi-od-antikoruptsiska-velat-ne-smee-da-se-gradi-dodeka-traat-postapkite/ - https://sdk.mk/index.php/naslovna/za-fabrikata-treska-obvinitelstvoto-vodi-dve-istragi-od-antikoruptsiska-velat-ne-smee-da-se-gradi-dodeka-traat-postapkite/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Dec-2022 at 16:21
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Горан Герасимовски: Просторот кај Треска мора да се урбанизира плански, не смее една метропола да престане да се гради

Неизбежно е да се гради. Секој град мора да се модернизира и проширува. Мал е бројот на здруженија кои што бараат целосно да се сопре градаба, што во исто време преставува невозможен процес да се стопира во една метропола како Скопје. Ова меѓудругото го изјави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски при гостувањето во утринската емисија „Утрински Печат“.

Во разговорот во студиото градоначалникот Герасимовски истакна дека општината во пределот на падините на Водно изминатиот период успеала да стопира вкупно 8 парцели за градење кои беа многу говорени во јавноста од страна на граѓаните како спорни. Сепак, според него по пожарот во фабриката Треска и самиот процес на стопирање на процедурите да се превзема било што во делот на издавање на дозволи за расчистување на оние опожарени објекти, просторот ќе мора да се урбанизира плански што е во интерес на граѓаните на главниот град.

– Просторот кај Треска мора да се урбанизира и модернизира. Во моментов пробувавме со регулација да го одвоиме просторот од зацртаниот ДУП за поитно негово средување, но сигналите кои ги добиваме од советот на Град Скопје говори дека многу тешко ќе успееме во таа намера. Тоа практично значи дека нема да можеме да го одвиме тој ДУП кај Треска со цел побрзо да ја реализираме оваа наша заложба за негова планска урбанизација без согласноста на градските власти. Со ова морам да констатирам дека неизбежно е дека ќе се гради во тој дел од општината, но прашање на време е кога ќе започне уредување на тој дел од градот – посочи градоначалникот Герасимовски.

https://www.slobodenpecat.mk/video-intervju-goran-gerasimovski-prostorot-kaj-treska-mora-da-se-urbanizira-planski-ne-smee-edna-metropola-da-prestane-da-se-gradi/ - https://www.slobodenpecat.mk/video-intervju-goran-gerasimovski-prostorot-kaj-treska-mora-da-se-urbanizira-planski-ne-smee-edna-metropola-da-prestane-da-se-gradi/

-------------
Carpe diem


Posted By: alexsend
Date Posted: 20-Mar-2023 at 17:00
Тука е започнато со расчистување на просторот, денес има багери, камиони...





https://tinypic.host/i/5Wd4e

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Mar-2023 at 17:54
Originally posted by alexsend

Тука е започнато со расчистување на просторот, денес има багери, камиони...



https://tinypic.host/i/5Wd4e




Едно време беа ангажирани екипи на Голден Арт да расчистуваат простор по настанатиот пожар освен нив и Мега Акустик мислам имаа парцели.
Мислам сеуште нема издадено одобрение за градба на овој дел но веројатно наскоро ќе почне и тука да се гради.



-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Apr-2023 at 12:15
ЛОКАЦИЈАТА НА „ТРЕСКА“ СЕ СПРЕМА ЗА ЗГРАДИ И НОВА БЕТОНИЗАЦИЈА НА ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ



Со градежна механизација веќе неколку недели се уриваат објекти во кругот на поранешна скопска фабрика „Треска“. Со тоа се расчистува просторот за градење на згради и нова бетонизација на центарот на Скопје.

И покрај барањата на стручната јавност да се изработи нов план за просторот, Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски го спроведуваат стариот план, според кој се предвидува да никнат 30-тина нови згради. Се дозволува катност од приземје, 4 ката плус поткровје и приземје плус 5 ката и поткровје.

Поранешниот градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ, велеше дека просторот е лошо испланиран и зградите ги нарекуваше ‘наполитанки‘ бидејќи целосно го бетонизираат просторот без соодветни јавни површини и зеленило, ниту пак е предвидена градинка. Целиот простор е планиран само за згради.

Од Општина Центар велат дека за просторот „Треска“ уште не е издадено одобрение за градба, а за дооформување на парцели одобрено е едно барање.

„Досега се пристигнати 4 барања за одобренија за градење во текот на 2021 и 2022 година. За дооформување на парцели во ‘Треска’ има поднесено вкупно 17 барања, од кои одобрено е само едно барање“, велат од Општината.

Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ пред три дена повторно побараа од градоначалникот Герасимовски да го спроведе конкурсот за „Треска“.

„Помина скоро година и 5 месеци откако жири комисијата составена од 9 члена ги објави резултатите од конкурсот за избор на идејно решение за локалитетот на фабриката ‘Треска’. Исто толку време Општината и градоначалникот на Центар одбиваат да ги објават проектите и како што тоа е ред, да ги поканат авторите јавно да ги објаснат своите визии како сметаат дека треба да се уреди последниот голем градежен простор во Центар. Во планот донесен кога на власт беше ВМРО, а кој оваа власт го смета за важечки, просторот е покриен со згради како наполитанки. Условите во конкурсот бараа авторите да го проектираат овој простор на начин што приватните сопственици ќе добијат право на градба на згради, а општината ќе го задржи јавното земјиште и на него ќе организира јавен простор како парк и детска градинка. Но, ваквите идеи од конкурсот инициран од претходниот градоначалник, сегашниот градоначалник кој за себе вели дека е „транспарентен“ ги смета за незаконски и неспроведливи. До таа мера што не сака ниту да ги објави проектите наградени од стручната жири комисија и со пари од граѓаните од Центар“, велат од „Шанска за Центар

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/lokatsijata-na-treska-se-sprema-za-zgradi-i-nova-betonizatsija-na-tsentarot-na-skopje/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/lokatsijata-na-treska-se-sprema-za-zgradi-i-nova-betonizatsija-na-tsentarot-na-skopje/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Apr-2023 at 12:26
ПОЧНА РАСПРОДАЖБАТА НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ ВО „ТРЕСКА“, ФИРМИТЕ „ГОЛДЕН АРТ“ И „МЕГА И АКУСТИК“ ДООФОРМИЈА ПАРЦЕЛА ЗА ДА ГРАДАТ ЗГРАДИ



Општина Центар го издаде првото одобрение за купување државно земјиште во поранешната фабрика „Треска“ заради дооформување на градежна парцела за изградба на згради според планот донесен уште од времето кога локалната власт беше на ВМРО-ДПМНЕ до 2013 година. Градоначалникот Горан Герасимовски не сака ниту да ги објави проектите наградени од стручната жири комисија за урбанизирање на просторот. Конкурсот беше распишан од неговиот претходник, сопартиецот од СДСМ Саша Богдановиќ. Нема објаснение зошто ниту едниот, ниту другиот не ги објавија идејните решенија на конкурсот.

Од Општина Центар велат дека согласно имотните листови на земјиштето, сопственици и баратели за откуп на државно земјиште заради дооформување на парцела се фирмите „Голден Арт“ и „Мега и Акустик“.

„По доставената документација, истите поседуваат 90.17 проценти од вкупната површина на градежната парцела, што значи дека за дооформување имаа само 9.83 проценти од вкупната градежна парцела“, ни одговорија од Општина Центар на прашањето кои градежници купиле државно земјиште во „Треска“.

Сега овие градежни фирми се на чекор до добивање одобрение за градба, а со тоа да почне бетонизацијата на последното слободно парче во центарот на Скопје.

Во Општината чекаат на одговор уште 16 барања на градежници за купување на државно земјиште за да можат да ги зголемат парцелите за градба.

Како што велат од Општина Центар дозвола за градба во „Треска“ уште не е издадена, а поднесени се четири барања.

Герасимовски уште кога дојде на функција изјави дека конкурсот не може да се спроведе бидејќи не може на сопственици на приватни имоти да им се забрани да дооформуваат парцели и да бараат дозволи за градба. Со тоа тој ќе потпише дозволи за градба според Деталниот урбанистички план донесен во времето на ВМРО-ДПМНЕ со кој се предвидува изградба на 30-тина згради, кои неговиот претходник Саша Богдановиќ ги викаше „наполитанки“. Фактички – џабе имаше конкурс.

Условите во конкурсот бараа авторите да го проектираат овој простор така што приватните сопственици ќе добијат право на градба на згради, а општината ќе го задржи јавното земјиште и на него ќе организира јавен простор како парк и детска градинка.

Откако во кругот на старата фабрика „Треска“ на големо почна да се работи на расчистување на просторот за да се гради, од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ минатата недела дена повторно побараа од градоначалникот да го спроведе конкурсот за урбанистичко уредување на „Треска“.

„Помина скоро година и 5 месеци откако жири комисијата составена од 9 члена ги објави резултатите од конкурсот за избор на идејно решение за локалитетот на фабриката ‘Треска’. Исто толку време Општината и градоначалникот на Центар одбиваат да ги објават проектите и како што тоа е ред, да ги поканат авторите јавно да ги објаснат своите визии како сметаат дека треба да се уреди последниот голем градежен простор во Центар. Но, ваквите идеи од конкурсот инициран од претходниот градоначалник, сегашниот градоначалник кој за себе вели дека е „транспарентен“ ги смета за незаконски и неспроведливи. До таа мера што не сака ниту да ги објави проектите наградени од стручната жири комисија и со пари од граѓаните од Центар“, велат од „Шанса за Центар“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-rasprodazhbata-na-drzhavno-zemjishte-vo-treska-firmite-golden-art-i-mega-i-akustik-dooformija-partsela-za-da-gradat-zgradi/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-rasprodazhbata-na-drzhavno-zemjishte-vo-treska-firmite-golden-art-i-mega-i-akustik-dooformija-partsela-za-da-gradat-zgradi/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 07-Jul-2023 at 17:25
Се рушат објектите од некогашната фабрика „Треска“

Во кругот на некогашната фабрика „Треска“во Скопје , деновиве интензивно се работи на рушење на поранешните фабрички погони и се подготвува простор за во иднина да се градат нови згради. Изминатава недела најпрво работници ги отстрануваа крововите на фабричките погони, по што дел од објектите беа срушени, а со багери градежниот шут се товари во камиони и се изнесува надвор од фабриката.

Рушењето на некогашните фабрички погони е видливо единствено за жителите на околните згради, но не и за минувачите на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Рузвелтова“, бидејќи објектите кои се наоѓаат покрај самите сообраќајници се уште не се срушени.





https://nezavisen.mk/se-rushat-objektite-od-nekogashnata-fabrika-treska/ - https://nezavisen.mk/se-rushat-objektite-od-nekogashnata-fabrika-treska/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Jul-2023 at 10:17
ПЛАТЕНИ КОМУНАЛИИТЕ ЗА ПРВАТА ЗГРАДА ВО „ТРЕСКА“, СЕ ЧЕКА УШТЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОД СДСМ ДА ГО ПОТПИШЕ ОДОБРЕНИЕТО И ПОЧНУВА ГРАДБАТА СПОРЕД ПЛАНОВИТЕ НАЦРТАНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ

Летово ќе почне градбата на првата зграда во кругот на поранешната фабрика „Треска“ и со тоа ќе се бетонизира и последниот слободен простор во центарот на Скопје. Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ веќе уплатиле комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект.

Од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека се платени комуналиите и сега следува изготвување и потпишување на одобрението за градба.

„По завршување на постапката и сите законски процедури одобрението за градење ќе стане правосилно. Ќе се гради објект со висина од 19.20 метри, катноста е приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина изнесува 6.662 метри квадрати. Станува збор за стaнбено-деловен објект“, велат од Општина Центар.

За изградба на првата зграда која ќе има и деловен објект градителот платиl комуналии 662.674 евра за станбената зграда и 122.785 евра за деловниот објект или вкупно околу 800.000 евра. Од нив 60 отсто се платени на Град Скопје, а останатите на Општина Центар.

Во април годинава Општина Центар продаде државно земјиште во кругот на фабриката на фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ и со тоа почна постапката за градење во „Треска“. Тогаш од Општината рекоа дека градителите поседуваат 90.17 проценти од вкупната површина на градежната парцела, а за дооформување се продадени само 9.83 проценти државно земјите од вкупната градежна парцела.

Во Општината чекаат на одговор уште 16 барања на градежници за купување на државно земјиште за да можат да ги зголемат парцелите за градба, а поднесени беа 4 барања за издавање градежна дозвола.

Со платените комуналии и потписот кој секој момент треба да го стави Герасимовски, се уриваат сите надежи просторот да се уреди според решенијата на конкурсот кој по барање на стручната фела и граѓанските организации го распиша ексградоначалникот Саша Богдановиќ.

Герасимовски уште кога дојде на функција изјави дека конкурсот не може да се спроведе бидејќи не може на сопственици на приватни имоти да им се забрани да дооформуваат парцели и да бараат дозволи за градба. Сега Герасимовски кој е кадар на СДСМ ќе потпишува дозволи за згради нацртани од времето на ВМРО-ДПМНЕ кои неговиот претходник ги викаше „наполитанки“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/plateni-komunaliite-za-prvata-zgrada-vo-treska-se-cheka-ushte-gradonachalnikot-od-sdsm-da-go-potpishe-odobrenieto-i-pochnuva-gradbata-spored-planovite-natsrtani-od-vmro-dpmne/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/plateni-komunaliite-za-prvata-zgrada-vo-treska-se-cheka-ushte-gradonachalnikot-od-sdsm-da-go-potpishe-odobrenieto-i-pochnuva-gradbata-spored-planovite-natsrtani-od-vmro-dpmne/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Jul-2023 at 16:55
„ШАНСА ЗА ЦЕНТАР“ БАРА УСТАВЕН СУД ДА ГО УКИНЕ ДЕТАЛНИОТ ПЛАН ЗА БУЊАКОВЕЦ И ДА СТОПИРА ГРАДЕЊЕ ВО „ТРЕСКА“

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и адвокатката Сузана Јошевска поднесоа иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста и законитоста на Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец, во чии рамки спаѓа и просторот на поранешната фабрика „Треска“. Иницијативата е поднесена на 14 јули, за да го спречат неговото понатамошно спроведување што ќе нанесе штета на јавниот интерес.

САКАМДАКАЖАМ.МК утрово објави дека комуналиите за првиот станбено-деловен објект во „Треска“ се веќе платени и сега само се чека градоначалникот Горан Герасимовски да го потпише одобрението за градба и на тој постор ќе се почне со градење.

„Според законот за урбанистичко планирање, деталните урбанистички планови треба да бидат во согласност со генералните урбанистички планови, а тоа не е случај со планот за Буњаковец. Генералниот урбанистички план (ГУП) има за цел да обезбеди хумани услови за живеење и работа на граѓаните, со почитување на стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, со рационално користење на просторот, заштита на животната средина и одржлив развој. Планот за Буњаковец, спротивно, предизвикува ризици за здравјето, безбедноста на локалната заедница и квалитетот на живот. Во ДУП-от за Буњаковец се отсликува практиката на планирање од изминатава деценија, а со главен белег на зголемување на површините за домување и бројот на жители. Истовремено, се намалуваат површините под зеленило, јавните површини и објектите со социјална или образовна намена. Затоа бараме од Уставниот суд да го стави вон сила и да го заштити правото на граѓаните на чиста и здрава животна средина“, велат од „Шанса за Центар“.

Планот предвидува изградба на нови објекти на просторот на поранешната фабрика „Треска“, што би значело уништување на просторот и реализирање на т. н. „наполитанки“, нацртани во време на власта на ВМРО-ДПМНЕ.

„Претходното раководство на Општината се обиде со институционани механизми како мораториумот и суспензијата да го стопира реализирањето на овој план, а со поддршка на еминентни професионалци од областа се направи урбанистички конкурс за уредување на овој значаен простор. Но, промената на власта во Центар и доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски ги запре и прекина сите заложби за похумано уредување на овој простор и отвори простор за инвеститорско-профитерските спреги да се стават над јавниот интерес. Жално е што во период кога светот сѐ повеќе се врти кон одржливо искористување на просторот, планирање на градовите за безбедно, спокојно и достоинствено живеење на луѓето, кај нас се прават планови во кои се важни интересите само на малкумина. Најтажно е што и властите развојот на просторот го третираат само како можност за полнење на општинската каса, еднократен приход со кој ќе се ‘преживее’ годината и ќе се покријат неколку проекти, но и непродуктивните трошоци и вработувања. Оваа кусогледост остава несогледлива штета за идните генерации“, велат од „Шанса за Центар“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shansa-za-tsentar-bara-ustaven-sud-da-go-ukine-detalniot-plan-za-bunakovets-i-da-stopira-gradene-vo-treska/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shansa-za-tsentar-bara-ustaven-sud-da-go-ukine-detalniot-plan-za-bunakovets-i-da-stopira-gradene-vo-treska/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Jul-2023 at 11:09
Голден Арт и Мега Акустик добија градежна дозвола за „Треска“

Општина Центар ја издаде првата градежна дозвола за кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје, по што се очекува набрзо да започне и изградбата на првиот објект.


- Издадено е едно правосилно Одобрение за градење за правните лица Голден Арт и Мега Акустик, информираат од општината на прашањето на „Фактор“.

Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ претходно ги уплатија комуналиите во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект.


Ќе се гради објект со висина од 19.20 метри, катноста е приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина изнесува 6.662 метри квадрати.

Засега не е издадена градежна дозвола за „Ремис“, кој покрај тоа што е инвеститор, еден од сопствениците на оваа градежна компанија поседува околу 90 отсто од просторот преку денационализација.

Инаку станува збор за простор од повеќе од 62 илјади квадратни метри.

https://faktor.mk/golden-art-i-mega-akustik-dobija-gradezna-dozvola-za-treska - https://faktor.mk/golden-art-i-mega-akustik-dobija-gradezna-dozvola-za-treska

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Aug-2023 at 11:24
„Ремис“ подготви стартни 14 милиони евра за градење кај „Треска“?

Градежната компанија Божо Илоски „Ремис“ од Охрид, која претендира да гради поголем број на станбени објекти во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје , ја зголеми основната главнина со паричен влог од 14 милиони евра.

Промената во Централниот регистар покажува дека има 834.256.336 денари уплатен дел на сметката на „Ремис“. Останува да се види дали „Ремис“ планира да ги користи средствата за уплата на потребните комуналии или пак за инвестициски активности.

Еден од содружниците Предраг Виќентијевиќ, кој наедно е и сопственик на поголемиот дел од земјиштето, во телефонскиот контакт кој го остваривме ни рече дека се уште не е ништо испланирано докрај и дека, како што ни рече, тој е само еден од сопствениците на „Ремис“ со помал удел во компанијата.

Откако поголем дел од просторот на напуштениот индустриски капацитет беше вратен со денационализација на семејството Виќентијевиќ од Скопје, градежните фирми почнаа да фаќаат позиции на теренот, каде што според деталниот план имаше градежни маркички за 30 згради.

Инаку Општина Центар ја издаде првата градежна дозвола за кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје, по што се очекува набрзо да започне и изградбата на првиот објект.

- Издадено е едно правосилно Одобрение за градење за правните лица Голден Арт и Мега Акустик, информираат од општината на прашањето на „Фактор“.

Фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“ претходно ги уплатија комуналиите во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар за изградба на станбено-деловен објект.

Инаку станува збор за простор од повеќе од 60 илјади квадратни метри во рамки на ДУП „Буњаковец“.

https://faktor.mk/remis-podgotvi-startni-14-milioni-evra-za-gradenje-kaj-treska - https://faktor.mk/remis-podgotvi-startni-14-milioni-evra-za-gradenje-kaj-treska

-------------
Carpe diem


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Aug-2023 at 09:10
ВИДЕО: Објавена првата визуализација на Треска: Модерен и урбан комплекс со ниски згради на местото на запуштената фабрика

https://libertas.mk/video-ob-avena-prvata-vizualizaci-a-na-treska-moderen-i-urban-kompleks-so-niski-zgradi-na-mestoto-na-zapushtenata-fabrika/

Има видео на линкот

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Vire
Date Posted: 03-Aug-2023 at 15:38
wow ниски згради,односно ѕидој и кокошарници,од то шо го видов преубај,ваква архитектура во свет немат Очекував нешто Кензо Тангевистичко ама,чудно повторно ништо од брутализам,оти така ?



Posted By: stef4o
Date Posted: 05-Aug-2023 at 10:24
(Видео) Први снимки како ќе изгледа „Треска“: Планот им е да никнат куп згради со приземје, пет ката и поктровје

Визуелизација со низа згради со приземје, пет ката и поткровје е објавена на „Јутуб“, со цел да се прикаже изгледот на комплексот „Треска“. На видеото доминираат градбите, а покрај нив е прикажано и зеленило. На сите три кадри, се гледаат зградите кои се од активистите симболизираат бетонизација на просторот.

Ова е прва скица која се појавува за просторот. Повеќе од порталите посочуваат дека ова ќе биде модерна населба, додека, активистите поднесоа и оспорување до Уставен суд со цел да се запре ова, бидејќи се доверува во прашање хуманизацијата на живеењето.

[tube]yY51HgBJ1uE[/tube]

https://skopje1.mk/archives/233532 - https://skopje1.mk/archives/233532

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Aug-2023 at 11:15
Инвеститорите се фалат, Уставен отвори предмет за згради кај „Треска“



Уставниот суд го предаде на тим од советници и судии предметот за земјиштето каде што се наоѓа поранешната фабрика Треска. Иницијаторите бараат да се почитува генералниот урбанистички план, додека некои инвеститори почнаа јавна кампања за идните згради на овој простор.

Во ист ден кога е пуштено промотивно видео и фотографии за тоа како ќе изгледа изградбата на нов урбан комплекс кој треба да никне на местото на поранешната фабрика Треска, Уставниот суд отвори предмет за Деталниот урбанистички пан Буњаковец 2 во кој влегува токму ова земјиште со вкупно 15 парцели. Едни од подносителите се и граѓанската иницијатива „Шанса за Центар„ кои изминативе години се спротивставуваа на планот за градење на зградите кај фабриката Треска, кои екс градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ ги нарече „наполитанки“.

Во иницијативата до Уставен, поднесена од адвокатката Сузана Јошевска и граѓанската иницијатива Шанса за Центар стои дека ДУП Буњаковец 2 е во спротивност со генералниот урбанистички план.

„Во наводите на иницијативата се вели дека границата на ДУП-от не е усогласена со опфатот на градската четврт планирана со ГУП, како и дека нумеричките податоци на ДУП-от се неусогласени со оние од ГУП-от. Подносителите наведуваат дека поради овие околности се прави груба повреда на член 11 став 7 и член 15-б од законот за просторно и урбанистичко планирање“, се вели во иницијативата поднесена до Уставен.

Првиот сигнал дека наскоро може да почне изградба на планираниот урбан комплекс згради во кругот на „Треска“ за овие актитивисти беше пожарот кој избувна во април минатата година. Иако надлежните во Општина Центар и МВР објавија дека пожарот е подметнат, сепак немаше разрешница и конкретен виновник.

Веднаш по пожарот, се расчисти целиот објект како и опасниот отпад од некогашната фабрика Треска. Теренот е расчистен, а една година потоа, или денеска објавено е видеото со визуелизација на идниот урбан комплекс.
Антикорупциската комисија во повеќе наврати алармираше дека на локацијата на поранешната фабрика „Треска“ не смеат да започнат градежни работи, дека не завршат постапките кои што се водат во Јавното обвинителство.

Станува збор за простор во центарот на главниот град кој последниве години е во фокусот на интерес на јавноста , токму поради битката што да се гради на оваа атрактивна локација.

Шанса за Центар: Само судот може да ја врати законитоста во планирањето

Од граѓанската иницијатива Шанса за Центар задоволни се од одлуката на Уставен суд да се оформи предмет за најавената градежна „офанзива“ кај Треска.
„Се надеваме на еднакво брзо и ефикасно постапување на Судот имајќи предвид што и инвеститорите забрзано се подготвуваат да почнат со градба. Герасимовски веќе потпиша една дозвола, а од медиумските објави се гледа дека и други инвеститори забрзано собираат милионски суми за да почнат со градба на „наполитанките“ кај „Треска“. Во недостиг на политичка волја да се сопре со спроведувањето на незаконските ДУП-ови кои се косат со Генералниот урбанистички план на Скопје, само судот може да ја врати законитоста во планирањето во Центар“, се вели во реакцијата на Шанса за Центар.

Издадена една градежна дозвола, има ли нови барања?

На земјиштето на поранешната фабрика „Треска“ има 15 парцели. Како сопственици се јавуваат и три градежни фирми, Ремис од Охрид, Голден Арт и Мега акустик од Скопје.

Според податоците од Централниот регистар, сопственици на фирмата Ремис Охрид ДОО се Виктор Илоски и Предраг Виќентијевиќ и ИН-ПУМА Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ДООЕЛ Скопје, а управител Божо Илоски. Токму Предраг Виќентијевиќ, според катастарските податоци, е сопственик на парцели на поранешниот имот на Треска, добиени со денационализација која ја извршила државата. Биснизменот Виктор Илоски во јавноста е познат како еден од сопствениците на познатиот хотел Инекс Олгица, но и како градежен инвеститор во Охрид. Неговото име се јавува и како овластено лице во ИН-ПУМА Институт за урбанизам чие седиште се наоѓа на Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов број 130, адреса која е на влезот на поранешна „Треска“.

Со планот, просторот на „Треска“ е поделен на шест градежни парцели и предвидува на нив да никнат триесетина нови згради. Се дозволува катност од приземје, 4 ката плус поткровје и приземје плус 5 ката и поткровје. Веќе се поднесени 4 барања за градба и 15 за дооформување на парцели.
Градежниците бараат да градат на локацијата на Треска според актуелниот Детален урбанистички план донесен во времето на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ го критикуваше планот како лош и нехуман, а зградите што треба да никнат ги нарекуваше наполитанки. Општина Центар има градоначалник од СДСМ или коалицијата трет мандат по ред, но не успеа да го смени планот. Во 2013 година за градоначалник беше избран Андреј Жерновски од ЛДП, кој сега е дел од СДСМ, по него беше Саша Богдановиќ од СДСМ, а од пред две години градоначалник е Горан Герасимовски од СДСМ.

Герасимовски вели дека се во преговори со Град Скопје да се донесе нов ДУП само за делот на фабриката Треска, но таа постапка може да трае со години. Дотогаш, градежниците ќе добијат градежни дозволи според сегашниот план.

https://www.slobodnaevropa.mk/a/investitorite-se-falat-ustaven-otvori-predmet-za-zgradi-kaj-treska- - https://www.slobodnaevropa.mk/a/investitorite-se-falat-ustaven-otvori-predmet-za-zgradi-kaj-treska-

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Aug-2023 at 11:44
ПОЧНА ДА СЕ КОПА ДУПКА ЗА ПРВАТА ЗГРАДА ВО „ТРЕСКА“ КОЈА Е ПОСЛЕДНА СЛОБОДНА ПАРЦЕЛА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ



Почнаа градежните работи за изградба на првата зграда во просторот на поранешната фабрика „Треска“. Откако со месеци просторот се расчистуваше, деновиве со багери почна да се копа дупка за првата зграда. Жителите на околните згради за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека од рано утрово градежни машини работат на ископот за поставување на темелите на првата зграда.

Станува збор за зградата која ќе ја градат фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“, кои пред еден месец платија комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар. Ќе се гради станбено-деловен објект, со висина од 19.20 метри, на приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина ќе изнесува 6.662 метри квадрати.

Со почетокот на изградбата на првата зграда почнува бетонизацијата на последниот слободен простор во центарот на Скопје. Бетонизацијата на овој дел од градот ја нацрта власта на ВМРО-ДПМНЕ, а постапката ја продолжи и реализира власта на СДСМ, со тоа што не направи никакви измени на планот и дозволи да се гради според лош план, кој не овозможува хумано живеење на граѓаните.

По поднесената иницијатива од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и од адвокатката Сузана Јошевска, Уставниот суд на 3 август оформи предмет за измената на Деталниот урбанистички план (ДУП) Буњаковец 2, во чии рамки спаѓа и просторот на попранешната фабрика „Треска.

Оспорена е Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012 година, за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016, соопшти Уставниот суд.

Во иницијативата се тврди дека оспорената одлука за конкретни измени на ДУП Буњаковец 2 е во спротивност со Генералниот урбанистички план (ГУП), односно дека границата на ДУП-от не е усогласена со опфатот на градската четврт планирана со ГУП, како и дека нумеричките податоци на Деталниот се неусогласени со оние од Генералниот. Подносителите наведуваат дека поради овие околности се прави груба повреда на член 11 став 7 и член 15-б од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Подносителите во иницијативата наведуваат дека донесената одлука за ДУП е во спротивност со владеењето на правото содржано во членот 8 од Уставот, како и дека е во спротивност со членови од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

„Овие наводи Уставниот суд допрва ќе ги испитува. Предметот е формиран и предаден за работа на тим од судија и советник и се наоѓа во рана фаза, во претходна постапка“, рекоа од Судот на 3 август.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-da-se-kopa-dupka-za-prvata-zgrada-vo-treska-koja-e-posledna-slobodna-partsela-vo-tsentarot-na-skopje/?fbclid=IwAR0W-ecCz-_2XLxmo0q3068WrploOIupIE1RlvAb7jMBE1mEqd3ZT9jtQC8 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pochna-da-se-kopa-dupka-za-prvata-zgrada-vo-treska-koja-e-posledna-slobodna-partsela-vo-tsentarot-na-skopje/?fbclid=IwAR0W-ecCz-_2XLxmo0q3068WrploOIupIE1RlvAb7jMBE1mEqd3ZT9jtQC8

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Sep-2023 at 17:26
ЗГРАДИТЕ ВО „ТРЕСКА“ СЕ ГРАДАТ 24/7, ЏАБЕ УСТАВЕН СУД ОФОРМИ ПРЕДМЕТ



Во кругот на фабриката „Треска“ на големо се гради првата зграда за која е издадена дозвола од Општина Центар и потпишана од градоначалникот Горан Герасимовски. Машини, како што велат за САКАМДАКАЖАМ.МК жители на околните згради чии станови гледаат во „Треска“, работат 24/7. Машини и кранови бучат од рано наутро до доцна вечерта. Веќе е ископана дупката за темелите и наскоро ќе почне бетонирањето.

Станува збор за зградата која ќе ја градат фирмите „Голден арт“ и „Мега акустик“, кои пред еден месец платија комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар. Ќе се гради станбено-деловен објект, со висина од 19,20 метри, на приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина ќе изнесува 6.662 метри квадрати.

Со почетокот на изградбата на првата зграда почнува бетонизацијата на последниот слободен простор во центарот на Скопје. Бетонизацијата на овој дел од градот ја нацрта власта на ВМРО-ДПМНЕ, а постапката ја продолжи и реализира власта на СДСМ, со тоа што не направи никакви измени на планот и дозволи да се гради според лош план, кој не овозможува хумано живеење на граѓаните.

Уставниот суд на 3 август оформи предмет за измената на Деталниот урбанистички план (ДУП) Буњаковец 2, во чии рамки спаѓа и просторот на поранешната фабрика „Треска“, по поднесената иницијатива од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и од адвокатката Сузана Јошевска.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zgradite-vo-treska-se-gradat-24-7-dhabe-ustaven-sud-oformi-predmet/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zgradite-vo-treska-se-gradat-24-7-dhabe-ustaven-sud-oformi-predmet/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Sep-2023 at 16:40
На 18-иот роденден од компанијата објавуваме нов голем проект, започнува со изградба ТРЕСКА



https://www.facebook.com/GoldenArtMKD - https://www.facebook.com/GoldenArtMKD

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Sep-2023 at 16:55
Стратешки позициониран во скопската општина Центар, овој луксузен нов објект ветува редефинирање на висококвалитетното живеење на моментално најбараната локација за станбено живеење во Македонија.

ТРЕСКА ќе го спои архитектонскиот гениј со неспоредливите удобности, создавајќи комфор и луксуз токму во срцето на Скопје.

Гаранција за квалитетот во кој ќе вложат идните станари претставува примената на Golden Art системот за градба во кој со традиција употребуваме исклучиво првокласни материјали од реномирани производители кои и самите работат по систем.



https://www.goldenart.mk/dnevnikot-na-edna-zgrada-treska/ - https://www.goldenart.mk/dnevnikot-na-edna-zgrada-treska/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 21-Sep-2023 at 17:19






https://www.facebook.com/GoldenArtMKD/videos/633158338807772 - https://www.facebook.com/GoldenArtMKD/videos/633158338807772

-------------
Carpe diem


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 21-Sep-2023 at 21:52
Маркица 6.30 е ова?


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Oct-2023 at 14:14
Архитектите се бунат, на терен се рушат последните објекти во „Треска“ [видео]



Рушењето на објектите во кругот на некогашната фабрика за мебел „Треска“ продолжува со несмалено темпо, наспроти реакциите на архитектите дека центарот на Скопје ја губи последната локација која ќе се претопи во густи згради без никаков јавен простор за граѓаните.

Откако најпрво беа срушени некогашните објекти од фабриката „Треска“ кои гравитираа кон булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, неделава почнаа да се рушат и последните зданија лоцирани долж улицата „Владимир Полежиновски“. Останува да бидат срамнети со земја уште градбите долж улицата „Рузвелтова“, за целосно да се сруши некогашната фабрика за мебел „Треска“.

Инаку, рушењето на објектите долж улицата „Владимир Полежиновски“ се прави од кругот на некогашната фабрика „Треска“, но затоа пак градежниот шут паѓа и на самата улица. И покрај тоа што градежни работници го следат рушењето од надвор, а дел од просторот е ограден, граѓаните кои ги затекнавме додека снимаше Мета.мк, велат дека нема доволно простор за движење за нив како пешаци, а камоли доволно простор за рушевините кои паѓаат под налетот на багерите.

Во меѓувреме, двајца архитекти – добитници на највисокото архитектонско признание во Македонија – „Андреја Дамјанов“, Бато Радоњчиќ и Билјана Филиповска деновиве на Фејсбук реагираа за рушењето на објектите во фабриката „Треска“, но и за сето она што ќе се гради според Деталниот урбанистички план за локацијата кој беше изгласан во 2012 година.

Прво реагираше архитектот Бато Радоњчиќ, кој беше претседател на конкурсната комисија за избор на урбанистичко решавање на просторот „Треска“, откако од Општина Центар претходно во 2020 година беше распишан конкурс.

Радоњчиќ во пост на Фејсбук што го пренесува „Шанса за Центар“ пишува дека комисијата што ги оценувала пристигнатите конкурсни трудови била сочинета од еминентни стручњаци, а самиот тој му предложил на градоначалникот на Центар да се продолжи со разработка на прворангираниот труд на конкурсот. Токму тој овозможувал препарцелација и задоволување на поголемиот дел од интересите на приватните инвеститори, но и оформување на простор со зеленило и површини од јавен интерес за овој значаен дел од центарот на градот.

„Конкретно, за спроведување на предлогот, првенствено требаше да се изврши дооформување и окрупнување на државното земјиште од страна на општината, како најголем поединечен сопственик, а не обратно, и потоа останатиот простор да се дооформи и препарцелизира, процентуално на инвеститорите согласно стекнатата сопственост, со минимални загуби во квантитет, но со голема добивка во квалитет за нив“, пишува Бато Радоњчиќ.

Тој тврди дека немало интерес од градоначалникот за вакво нешто, ниту политичка волја. Радоњчиќ му поставил директно прашање на градоначалникот на Центар како планира да го реализира предвиденото зеленило во „Треска“, кое требаше да го задоволи процентот на зазеленување, а кое е вцртано на простор каде постојат највредните објекти во комплексот „Треска“, кои во меѓувреме се легализирани и приватизирани. Одговор не добил.

„Парите ги трошат, ги фрлаат, тие што ги опструираат Конкурсите, наместо да ги искористат како значаен допринос во развојот и урбанизацијата на просторот“, му одговори Радоњчиќ на градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, кој минатата недела на општинска седница рече дека е жално што граѓаните на Центар плаќале за конкурсни решенија за коишто нема простор за реализација.

Герасимовски тогаш тврдеше дека ваквите идејни решенија не само што не се искористени, туку нема и да може да се искористат.

Актуелната состојба со рушењето на некогашната фабрика „Треска“ на Фејсбук пред неколку дена ја искоментира и архитектката Билјана Филиповска, која смета дека просторот на фабриката е последниот слободен во центарот на градот кој можеше да добие креативна разрешница наместо густа блоковска градба без ниедна реална јавна површина и јавна функција. Таа додава дека не се јавни површини само улиците и паркинзите.

Минатата недела „Шанса за Центар“ и градоначалникот на Центар Герасимовски имаа преписка во однос на фабриката „Треска“, односно за изработениот архитектонски конкурс за локацијата и неговото невклопување во ново урбанистичко решение од страна на општинското раководство, со кое би се заменил актуелниот Детален урбанистички план од 2012 година.

Советот на општина Центар во 2020 година донесе заклучок за урбанистичко решавање на просторот на локацијата на „Треска“ со објава на конкурс, по што беше избрано победничко решение, но истото никогаш не беше вклопено во нов урбанистички план за делот на фабриката „Треска“. Од „Шанса за Центар“ велат дека виновник за ова е токму градоначалникот Герасимовски.

https://meta.mk/arhitektite-se-bunat-na-teren-se-rushat-poslednite-objekti-vo-treska-video/ - https://meta.mk/arhitektite-se-bunat-na-teren-se-rushat-poslednite-objekti-vo-treska-video/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Oct-2023 at 17:21


https://www.facebook.com/photo/?fbid=704272635059965&set=a.458992866254611 - https://www.facebook.com/photo/?fbid=704272635059965&set=a.458992866254611

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Oct-2023 at 16:42


https://www.facebook.com/megaakustik.mk - https://www.facebook.com/megaakustik.mk

-------------
Carpe diem


Posted By: Théoden
Date Posted: 20-Oct-2023 at 17:40
Колку дозволи за градба има издадено досега? Личи како да има активности низ целиот блок! Изгледа како да се брзаат за ги започнат сите објекти одеднаш, да не се остави никаква можност ни квадрат да се спаси.
Патем, во што да се обложиме дека оние зелени појаси ќе биде паркинг?


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Oct-2023 at 17:46
Originally posted by Théoden

Колку дозволи за градба има издадено досега? Личи како да има активности низ целиот блок! Изгледа како да се брзаат за ги започнат сите објекти одеднаш, да не се остави никаква можност ни квадрат да се спаси.
Патем, во што да се обложиме дека оние зелени појаси ќе биде паркинг?


Рекоа дека е само една дозвола на ГА И Мега Акустик ама како им е планот колку згради ќе прави Мега а колку ГА како си имаат направено поделба тоа не знам?.
Штом почнаа секако нема да има измени ќе си тераат со сите згради а за зеленило ќе видиме колку ќе има.


-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Oct-2023 at 11:26
Станбен комплекс Тreska Residence





https://www.facebook.com/CapitalGroupMKD - https://www.facebook.com/CapitalGroupMKD

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Oct-2023 at 18:44
19.10.2023
Армирање и шаловање на плоча за 1 кат. Изолирање на надворешни ѕидови.





https://www.goldenart.mk/dnevnikot-na-edna-zgrada-treska/ - https://www.goldenart.mk/dnevnikot-na-edna-zgrada-treska/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 29-Oct-2023 at 18:17


https://www.facebook.com/megaakustik.mk - https://www.facebook.com/megaakustik.mk

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Nov-2023 at 09:29
од твитер







-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window