Print Page | Close Window

Бучава

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=471
Printed Date: 25-Apr-2024 at 17:18


Topic: Бучава
Posted By: lslcrew
Subject: Бучава
Date Posted: 23-Nov-2008 at 08:38
Нишкава ја отворам со цел да го раглобиме проблемот кој што е директна последица од урбаните средини. За неои воопшто не е проблем, но за некои е може би и најголем проблем во градското живеење. Во продолжение ќе постирам делови од материјалите кои се однесуваат за Скопје, а во посочените линкови ќе најдете и за Битола и за Кичево. Во Македонија само овие три града ја мерат бучавата.



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Nov-2008 at 08:52
На првата слика може да ги видите позициите на мерните станици во Скопје, ана втората слика податоците за бучавата во [dB] [Децибели] od 2004-та година. Староста на податоците воопшто не е битна пошто порастот на бучавата има премногу благ пораст.





Напомена: Децибелите не се скаларна величина туку логаритамска, односно 2х60dB не е еднакво со 120dB, туку 2х60dB=63dB, 10х60dB=70dB.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Nov-2008 at 08:54

http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/%D0%93%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%B5%D0%BD%20%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%98%20%D0%B7%D0%B0%202005%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D1%83%D1%87%D0%B0%D0%B2%D0%B0.pdf - 1. Годишен извештај за 2005
http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Godisen%20izvestaj%202004%20Bucava.pdf - 2. Годишен извештај за 2004
3. http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Godisen%20izvestaj%20bucava%202003.pdf - Годишен извештај за 2003
4. http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Poster%20Bucava.pdf - Постер за справувањето со бучавата
5. http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Bucava%20RZZ.pdf - Податоци околу бучава од РЗЗЗ
6. http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Pravilnik%20za%20lokaciite%20na%20mernite%20stanici%20i%20mernite%20mesta%20za%20bucava.pdf - Правилник за поставува на мерни станици
7 . http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/bucava%20centralna%20lab.pdf - Лабораторија за мерење на бучавата
8. http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Brosura%20BUCAVA.pdf - Брошура за справување со бучавата

Податоците се превземени од министерство за животна средина и просторно планирање
www.moepp.gov.mk - www.moepp.gov.mk



Posted By: vardar
Date Posted: 05-Jan-2009 at 01:17

Само надлежните глуви за бучавата од работилниците

Граѓаните се жалат, а инспекторите велат дека чекаат Министерството за животна средина да ги направи измени во Законот за заштита од бучава

Зачестија жалбите на граѓаните за бучавата од малите работилници - сервиси и салони за миење автомобили и други занаетчиски дуќани, кои работат во семејни куќи во нивното непосредно соседство.

- Соседот постојано не' вознемируваше со бучавата при поправка на автомобилите во својата гаража и пред неа. Водата со која ги миеше ја насочуваше на улицата, а од миризбата на боите не можевме ни дома да седиме - се жалат жителите на улицата Мариовска, во населбата Пржино. Реагирале во општинската инспекцијата и во Државниот пазарен инспекторат, но поминало долго време додека службите го опоменале.

Повеќето од овие мали работилници работат на диво, бидејќи нивната дејност не е евидентирана во Занаетчиската комора на град Скопје, а немаат ниту Елаборат за влијанието на нивната дејност врз животната средина. Според Законот за заштитата од бучава, за контрола на работилниците се задолжени општинските инспектори за животна средина. Но тие велат дека се' уште не се координирани и чекаат Министерството за животна средина да ги донесе подзаконските акти. Тие нагласуваат дека било тешко да ги најдат на работно место сопствениците на вакви работилници. Во повеќето општини тврдат дека не регистрирале такви случаи на нарушување на јавниот ред и дека тие се во незначителен број.

Во Општина Центар е пријавена бучава од работилница во куќен двор кај Универзалната сала и една во Маџар Маало која се граничи со станбена зграда.

- Работилницата во Маџир Маало нема елаборат, нејзината дејност не е регистрирана во регистарот на Занаетчиската комора, ќе се измери бучавата што ја предизвикува и потоа ќе се преземат мерки - вели Весна Јанкова, општински инспектор за животна средина.

Во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода велат дека навремено реагираат и досега немале поголеми проблеми со ваквите работилници. Градските инспектори потсетуваат дека доколку работилниците немаат елаборат за заштита, а бучавата ја надминува дозволената граница, ќе платат казна од 3.000 евра. Тиме Андонов, раководител на Одделението за инспекциски надзор, објаснува дека инспекторите излегуваат на терен само по пријава. Специјализираната куќа „Фармахем“, избрана на тендер, е задолжена за мерење на бучавата - 55 децибели се дозволени во текот на денот, а 45 навечер.

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E510B6BA7F88B84586A76DBA646F240E - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E510B6BA7F88B84586A76DBA646F240E


Posted By: beTon
Date Posted: 04-Feb-2009 at 22:45

http://www.dexterlions.org/Hearing%20Loss.htm - An ounce of prevention . . .

Hearing loss

Statistics
Hearing loss affects approximately 28 million Americans. About 10 million of these people can attribute the impairment to damage from exposure to loud sounds.

Causes
Noise damages hearing in a couple of ways. The loudness of a sound (decibel level or dB) can cause hearing loss by itself. Most hearing-health professionals agree that sounds above 85 dB are potentially hazardous.
You have to take the length of time you hear a noise into consideration as well. If a noise is too loud for too long, nerve receptors in the inner ear can be destroyed. The more receptors that are destroyed. the greater the hearing loss. There is no cure for nerve loss.

Decibel level - Sound

0 dB - Threshold of hearing
20-30 dB - Rustling leaves. whispered voice
40
-60 dB - Refrigerator, clothes dryer, normal conversation
70
-85 dB - Electric shaver, heavy traffic, train, alarm clock, vacuum cleaner, loud conversation, factory (light/medium work)
90
-100 dB - Lawn mower, motorcycle, woodworking shop, subway train, thunder
110
-120 dB - Chainsaw, snowmobile, sandblasting, loud stereo
130
-140 dB - Live rock concert, firecrackers, gunshot, jet engine
140
-190 dB - Space rocket at takeoff

Prevention 
Except in cases of accidental exposure, noise induced hearing loss (NIHL) is preventable! Use common sense A noise should be considered loud enough to produce damage if:

  •  You have to shout over the noise to be heard,
  •  You experience ringing in the ears;
  •  You experience a period of "deafness" in which sounds seem muffled after leaving the sound exposure area;
  • The sound 'hurts' your ears or causes a headache. 

If you experience any of these warning signs, either discontinue your exposure to the sound or wear adequate hearing protection. 
Hearing protection devices decrease the intensity of the sound that reaches the eardrum. The most common devices are earplugs and earmuffs. Earplugs are small inserts that fit into the outer ear canal. They are available in a variety of shapes and sizes and can be custom made. Earmuffs are held in place by an adjustable head-band and fit over the entire outer ear to form an air seal so the entire circumference of the ear canal is backed. 
Properly fitted earplugs or muffs reduce noise 15 to 30 dB. If worn together, sound can be further reduced by 10-15 dB. That may not seem to be a significant difference, but the decibel measurement of sound is logarithmic, which means that a 30 dB drop is actually a 1,000-percent reduction in sound. However, these devices must be worn continuously and must fit properly in order to effectively protect your ears. Be sure to read the instructions!



Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Apr-2009 at 10:57
ВРЕВАТА ОД УЛИЦИТЕ И КАФУЛИЊАТА ИМ ПРЕЧИ НА ГРАЃАНИТЕ
Скопје прави бучава како да е милионски град

На најголем дел од жителите на Скопје им пречи вревата од градилиштата, помал број се вознемируваат од звуците на сообраќајот, а на трето место е вревата од кафулињата и од бучните соседи. Ова се резултатите од студијата која ја спровел Републичкиот завод за здравствена заштита меѓу скопјани, во врска со видот на вревата што кај нив предизвикува најголема вознемиреност и им го нарушува сонот и здравјето. Истражувањето е направено во пресрет на Светскиот ден на вревата, кој се одбележува месецов, а резултатите споредени со тие од другите држави покажале дека Скопје, иако се уште го нема достигнато милионскиот број на жители, по вревата веќе се вбројува во милионските градови. Анализата на податоците покажа дека кај речиси 34 проценти од испитаниците во градот постои умерен степен вознемиреност, кај 13 проценти е забележан висок степен вознемиреност, а кај 53 проценти не постои вознемиреност предизвикана од врева. Во однос на степенот на нарушување на спиењето кај речиси 18 проценти од испитаниците е регистриран умерен степен на нарушување на спиењето, осум проценти имаат големо нарушување, додека останатите имаат мирен сон. Скопје, израснувајќи во главен трговски, економски и деловен центар во Македонија, се соочи и со постојан пораст на комуналната врева. Тоа се должи на зголемениот број моторни возила во сообраќајот, но и на несоодветно урбанистичко планирање на станбените населби. Во градот последниве години се создаваат мешовити индустриско-населени зони со училишни објекти, се градат трговско-забавни центри во густонаселени станбени зони без заштита од ширењето на вревата, како и станбени, училишни и рекреациони објекти покрај фреквентни сообраќајници. - На одредени места се надминуваат граничните вредности и тие, споредени со вредностите на акустичните мапи во различни земји од светот направени до 1990 година, го класираат Скопје во градови со популација со повеќе од еден милион жители “ сметаат од РЗЗЗ. За контрола на вревата е неопходна легислатива, набљудување и мерки за нејзино намалување. Во Македонија прописите се наоѓаат во Законот за заштита од врева во животната средина и подзаконските акти кои се однесуваат на индикаторите на вревата, мерните места и мерните станици и условите кои треба да ги исполнуваат институциите за мерење на бучавата. Донесен е и Правилник за граничните вредности на нивото на бучавата во животната средина.

За пребучните 500 евра казна

Парична казна од петстотини евра мора да плати секој локал, дискотека или кафуле доколку градските инспектори утврдат дека од него се предизвикува врева што ја надминува границата на дозволеното. За раководителите на таквите објекти, казната изнесува околу двесте евра. Парични казни за нарушување на јавниот мир можат да заработат и сите приватни лица од чиишто домови се слуша врева и бучава која излегува од дозволените граници.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1689&ArticleID=112654


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-May-2009 at 18:23

Од 150 до 20 000 евра казни за предизвикувачите на бучава
Петок, 29 Мај 2009 18:46

CVETANKA%20bucava%20sl%20001

Како и низ целата држава и во Битола граѓаните се соочуваат со нарушување на мирот особено во времето предидвидено за одмор. Најчеста причина за реакции се непочитувањата на законските одредби од страна на кафе баровите и другите угостителски објекти каде музиката ги надминува предвидените децибели за конкретниот период од денот:

,,Од неодамна секторот за внатрешни работи- Битола, двете полициски станици во двата најголеми градови во рамките на секторот се веќе опремени со фонометри-инструменти за мерење на бучавата во животната средина и првичните мерења се веќе извршени не само во Битола и Прилеп, туку и во останатите градови и населени места кои гравитираат кон секторот и констатирани се голем број недостатоци во поглед на нарушувањето на јавниот ред и мир преку зголемување на бучавата која што ја создаваат угостителските објекти", вели Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.

CVETANKA%20bucava%20sl%20002

Часовните зони предвидуваат почитување на попладневниот одмор од 15 до 19 часот и ноќниот одмор од 23 до 6 часот наутро. За овие периоди законот предвидува определен степен на бучава кој нема негативно да се одразува врз мирот и здравјето на граѓаните. Денес менаџерите и сопствениците на угостителските објекти се советуваа како да не дојдат до екстремно високите казни:

,, Казните- глобите кои се предвидени со законот за заштита од бучава се од 150 евра за физички лица во денарска противвредност, 300 евра за одговорно лице во правниот субјект, 500 евра за правни лица кои работните задачи не ги прилагодуваат кон законот па се до од 8000 до 20 000 евра во денарска противвредност која се изрекува на правно лице доколку изведува градби кои не ги задоволуваат стандардите за заштита од бучава, согласно законот за бучава во животната средина", вели Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.

Досега добиени се само опомени:

CVETANKA%20bucava%20sl%20003

,,Првични мерења се извршени и секаде онаму каде што беа констатирани пропусти - недостатоци во врска со почитувањето на законот за бучава беа опоменети сопствениците и менаџерите на угостителските објекти, така да во наредниот период доколку не се почитува законот ќе бидеме приморани да поднесуваме и соодветни прекршочни пријави, вели Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.

За да не дојде до пријави и казни денес во апелациониот суд одделението за превенција при СВР Битола, заводот за здравствена заштита и општинскиот инспекторат за заштита на животната средина ги информираа угостителите за одредбите од законот за заштита од бучава, граничните вредности на бучавата и секако за казните кои можат да ги добијат ако не го почитуваат со закон предвиденото.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8357&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8357&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Jun-2009 at 12:14
ГЛАСНАТА МУЗИКА ОД КАФУЛИЊАТА ГИ ОСТАВА СКОПЈАНИ БЕЗ СОН
Децибелите параат уши на улица Македонија

Граѓаните што живеат на улицата Македонија, во Дебар маало и во кулите на кејот на реката Вардар мака мачат со гласната музика која секојдневно ечи од кафулињата и од кафеаните кои таму се најмногубројни. Со слични проблеми се соочуваат и скопјани кои живеат во Лептокарија или во близината на ТЦ „Бисер“, но и во други делови од градот. Речиси на секој чекор има отворени тераси и поставени се маси и столчиња на јавните површини пред кафулињата. - Не се живее од вревата. Постојано музика свири од сите страни. Што е најлошо, секое кафуле пушта своја музика и се надгласуваат едно со друго. Ни дење човек не може да одмори, ниту навечер, кога бучавата достигнува кулминација. Вака е секое лето и никој ништо не презема &“8211; вели Елизабета која живее на улица Македонија. Надлежните од СВР Скопје, пак, велат дека секоја година, особено во летниот период, ги казнуваат сопствениците на кафулињата и на кафеаните за пуштање премногу гласна музика, но дека повторно има такви што не ги почитуваат законски предвидените мерки. - Полицијата речиси секојдневно казнува за прегласна музика. Со парична казна од петстотини евра се казнува секој локал, дискотека или кафуле доколку се утврди дека од него се предизвикува бучава што ја надминува границата на дозволеното. За раководителите на таквите објекти, поради тоа што несовесно си ја извршувале работата, казната изнесува околу двесте евра &“8211; објаснува Лиза Бендевска, портпаролка на СВР Скопје. Но освен СВР Скопје, должност да ја следат состојбата со бучавата, според законот, имаат и Град Скопје и општините. Од Градот велат дека Одделението за инспекција на животната средина ја извршува законската надлежност за мерење на бучавата од угостителските објекти и од летните тераси. - За мерење на бучавата, Град Скопје по пат на јавен повик ангажираше фирма за мерење на бучавата. Мерењето се врши по службена должност и по барање на граѓаните, за што се воспоставуваат дежурства од страна на овластената градска инспекција - објаснуваат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Доколку постои сомневање дека од некој локал се создава преголема врева, надлежните инспектори поставуваат мерни инструменти на повеќе мерни места и на тој ја мерат бучавата. Доколку резултатите покажат дека граѓанинот кој пријавил навистина бил во право и неговото барање за мерење е оправдано, во тој случај трошоците, како и казната за направената штета си ја плаќа прекршителот. Во случај, пак, инспекторите да утврдат дека буката е во рамките на дозволените гранични вредности, тогаш граѓанинот е должен да плати за мерењето. Сепак, од надлежните не дознавме дали и колку локали се казнети за создавањето врева со пуштање прегласна музика. Барем на терен тоа лесно може да се провери. Една прошетка на инспекторите навечер по улицата Македонија веројатно ќе биде доволна за да се утврди дека ниедно кафуле не го почитува законот. За тоа не се потребни ни мерни инструменти, ниту, пак, пријави од граѓаните.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1721&ArticleID=115013


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jun-2009 at 02:36

Лудница од гласна музика


На бучавата најчесто се жалеа станарите во строгиот центар на градот, околу Плоштадот и улицата Македонија или Кејот 13 Ноември, но во последно време се почести поплаки доаѓаат од населбите кои беа синоним за мирни места за живеење


Гласната музика од кафулињата, летните тераси и ноќните клубови им го ремети мирот на скопјани. На бучавата најчесто се жалеа станарите во строгиот центар на градот, околу Плоштадот и улицата Македонија или Кејот 13 Ноември, но во последно време се почести поплаки доаѓаат од населбите кои беа синоним за мирни места за живеење. Таква е сликата во Дебар Маало, на Чешма во Кисела Вода, на делови од Водњанска..., на местата каде последниве пет-шест години никнаа нови облакодери. Во новоградбите, по правило, приземјето и првиот кат се наменети за деловен простор, па угостителски објекти како најдоходовни локали никнуваат преку ноќ. Станарите организирани преку куќни совети ги користат сите средства да си го решат проблемот, разговараат со кафеанџиите, пријавуваат во полиција, се жалат во општините, но велат дека резултати нема.
- Права лудница! По цела ноќ трешти музика, а басот од вуферите ми чука во мозок. Спалната соба ми е над кафулето и не помага ни изолација, ни затворање на прозорците... Цела година откако сме вселени во новиот стан на работа одам ненаспана, нервозна. Една моја сосетка се отсели поради тоа - се пожали една станарка од новите згради во Дебар Маало кај слаткарницата Апче.
И жителите од солитерите во ГТЦ со години не знаат што е мирен сон. Се жалат дека од музиката и од силната бучава од кафулињата и летните тераси што се поредени во Трговскиот и на Кејот 13 Ноември не можат ни да спијат, ни да функционираат нормално.
- Неодамна ја мерев бучавата во мојата спална соба која е над едно од кафулињата и таа беше околу 82 децибели што е за двојно повисока од дозволената граница од 40 децибели. Имам несоница, а добив и повишен крвен притисок, сето тоа на нервна база - се жали жител од кулата број 2.
Одговорните од Град Скопје знаат дека бучавата од кафеаните, кафулињата или летните тераси или дискотеките е едан од најголемите проблеми во градов. Токму затоа, велат тие, деновиве почнала построга контрола и мерење на децибелите од угостителските објекти во различен период од денот. Најпрво ќе пишувале опомени а после ќе казнувале.
- Во изминативе шест месеци опомени добиле повеќе од 50 локали, а казнети се 10. Во следниот период ќе има редовни контроли на бучавата во угостителските објекти во различни периоди од денот. Мерењето ќе го врши Фарма хем, фирма која е избрана на тендер. Секој што ќе го повреди законот ќе биде казнет, без исклучок. Ќе се казни секој што ќе го наруши законот - информираат од Градот.
Граничните вредности за нивото на бучавата се прецизирани со Законот за бучава во животната средина со кој се предвидуваат и високи парични казни за прекршителите. Локалите каде градските инспектори ќе констатираат пречекорување на границата ќе се казнат со 500 евра и уште 300 евра за раководителот или вкупно 800 евра.



Бучавата го нарушува здравјето

Акустичен стрес - урбана болест


Експертите велат дека музиката од локалите не може да предизвика оштетување на слухот, но е погубна за нервниот систем. Докажано е дека гласната музика е значаен фактор за предизвикување на нервоза кај луѓето што според лекарите спаѓа меѓу водечките заболувања особено во градските средини. Според податоците од Светската здравствена организација повеќе од 25 отсто од населението во големите градови е изложено на бучава посилна од 65 децибели што сериозно го нарушува сонот и доведува до појава на психосоматски симптоми на акустичен стрес.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9E649128CA747C448B5EFE3248696CD2


Posted By: se_manda
Date Posted: 09-Jun-2009 at 14:48
off...
Таква е сликата во Дебар Маало, на Чешма во Кисела Вода, на делови од Водњанска..., на местата каде последниве пет-шест години никнаа нови облакодери....
...И жителите од солитерите во ГТЦ со години не знаат што е мирен сон...
ako 6-7 sprata za novinarive se oblakoderi...Wallbash

on...
kako i da e,sakaat u centar da ziveat,zatoa ke trpat basovi od vuferi CrazyLOL


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Jun-2009 at 15:08
Да споделам една лична фрустрација. Малтене секоја вечер сонот ми го кршат ѓубреџиите кога го собираат сметот. Кај мене од прилике поминуваат меѓу 1 и 3 после полноќ. Збориме за едно 5 минути траскање додека ги соберат 2та сета контејнери кои се на од прилика 50м од мојот прозорец (инаку сум на први кат).

Не ги кривам луѓето, си ја вршат работата, но очигледно процедурите не се на место а да не зборам за механизацијата. Во нормални земји ова не би прошло така глатко да се реметат луѓе во работен ден.

Празнењето на контејнер звучи како да го качуваат и фрлаат од зграда. Мешалката која го гмечи сметот е прилично бучна сама по себе а сето тоа е најчесто зачинето со некој дупнат ауспух од кој се тресат прозорците.

Дали некој (особено членовите кои живeат на запад) знаат како се решени овие работи таму?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-Jun-2009 at 15:29
На запад, имаш прозорци војна да фати ништо нема да чуеш надвор. Затоа и така се практикува таму, ем да не го кочат сообраќајот, ем кога веќе си заспан мала бучава нема да те разбуди (ем механизацијата е нова, ем прозорците ти се добри <- по правило ако си на запад LOL, па мала е бучавата). Јас додуша морам да се пожалам дека го имам истиот проблем во Солун, но тука кај мене поминуваат кај 23:00 па немам проблем не сум веќе заспан, ама гласни се како авион. Додека живеев во Битола, пак, денски го береа и немаше полошо. Го застануваа сообраќајот по и онака тесните улици, и беше катастрофа. Сега како е, не знам.

А ти се жалиш само дека е гласно, или дека е касно?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Jun-2009 at 15:48
Originally posted by гитардемон

На запад, имаш прозорци војна да фати ништо нема да чуеш надвор. Затоа и така се практикува таму, ем да не го кочат сообраќајот, ем кога веќе си заспан мала бучава нема да те разбуди (ем механизацијата е нова, ем прозорците ти се добри <- по правило ако си на запад LOL, па мала е бучавата). Јас додуша морам да се пожалам дека го имам истиот проблем во Солун, но тука кај мене поминуваат кај 23:00 па немам проблем не сум веќе заспан, ама гласни се како авион. Додека живеев во Битола, пак, денски го береа и немаше полошо. Го застануваа сообраќајот по и онака тесните улици, и беше катастрофа. Сега како е, не знам.

А ти се жалиш само дека е гласно, или дека е касно?


Пред се се жалам дека е касно, дење таа бучава не би се ни осетила во Скопје.

Инаку нема врска што прозорците имаат добра звучна изолација на запад. Летно време и таму луѓе знаат да спијат со отворен прозорец што тогаш.

Во некои земји како во Швајцарија постојат комбинации каде човек не смее да се тушира после 11 часот да речеме за да не ги вознемири соседите, каму ли да му улета група ѓубреџии со monster trucks и да прави чуда.



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 09-Jun-2009 at 16:17
Гитар прашањето беше како е на ЗАПАД а колку што знам Грција не е по ниеден критериум (не само географски), западна земја, особено не Солун и неговиот регион. Crazy
Второ за какви прозорци зборуваш ти? Ај замисли си да смејат парижани да лупнат алуминиумски прозори по своја волја во вековните згради по старите паришки булеварди!?
Пбенкс, проблемот има повеќе димензии. Како што знаеш тука нема еден вид на контејнер, туку повеќе. Колку што знам, во Љубљана преку ден се собираат оние за стакло (затоа што самото нивно празнење создрава огормна бучава, иако самите контејнери се од пластика), како и оние за био-одпадоци. Се останато се собира навечер, кога сообраќајот е минимален, особено во центарот поради гужвите.
Инаку комбинацијата стара механизација и разлупани метални контејнери во секој случај си игра своја улога во сета бучност на овој иначе многу лесен урбан процес во секој друг нормален град.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2009 at 03:27

Граѓаните немаат сон од бучните кафеани

Вознемирувањето може да се пријави во Градот или во Министерството за животна средина

Сања Наумовска

Рестораните и кафулињата ги отворија летните тераси, а од тогаш скопјани немаат мир. Силна музика, бендови кои свират во живо, врева од гостите, се секојдневен кошмар на луѓето кои живеат во близина на овие објекти. Најстрашно е во Капиштец и во Дебар маало, велат жителите на овие две густо населени населби, каде што кафеанчиња и кафулиња има на секој чекор.

Минатиот викенд без сон останале жители на зграда во Капиштец, веднаш спроти кафеаната „Дуомо“. Признаваат дека живата свирка не траела подоцна од 1 часот по полноќ, но била толку гласна што не можеле око да затворат. Бидејќи многу им се вознемирило и бебето, тие се јавиле в полиција. Но, ни тоа не им помогнало многу.

„Полицаецот ни рече дека човекот вложил многу пари во кафеаната, и сега мора да си ги врати. За гласната музика ништо не преземаа, па ние и нашите деца не спиевме и едноставно чекавме сами да престанат. Тоа се повторува секој викенд, иако и ние и соседите постојано пријавуваме“, вели жител на Капиштец.

Единствено решение за ваквите проблеми, а на кое упатуваат надлежните институции, е пријава до Градот Скопје или, пак, до Министерството за животна средина. Инспекторите ќе излезат на терен и ќе ја измерат бучавата, а за пречекорувањето можат да изречат мандатна казна. Законот предвидува само 500 евра за правно лице и од 100 до 150 евра за физичко лице. Нашиот соговорник и неговите соседите, откако не добиле помош од полицијата, решиле да побараат мерење на бучавата. Но, не се убедени дека казната ќе ги мотивира кафеанџиите да ја стивнат музиката.

Во Министерството за животна средина, пак, информираат дека се казнува секоја бучава над 80 децибели, ако е направена ноќе и во урбана и населена средина. Условите не се толку ригорозни ако се работи за ден и за периферија на град или, пак, за ненаселено место. Мерењето, кое инспекторатот на Министерството го врши по барање на граѓани се спроведува во стан или некаде надвор во близина на локалот кој ја создава бучавата.

„Технологијата овозможува вредностите да се исчитаат веднаш, па казната може брзо да му се врачи на сопственикот на локалот“, информираат во Министерството за животна средина.

И градските власти, по службена должност или по барање на граѓаните, мерат бучава. За таа намена Градот ангажирал фирма која со специјална опрема излегува на терен кога е потребно да се утврди дали некој од локалите го пречекорува нивото на бучава пропишано со закон.

„Во текот на летните месеци, поради големиот број летни тераси и зголемената бучава, инспекторатот спроведува дежурства за мерење на бучавата. Во сите овие активности се соработува со инспекторатот во Министерството, како и со општинските инспектори“, информираат градските власти.

Имајќи го ова предвид може да се заклучи дека се' се сведува само на мерење на бучава. Казни, очигледно, нема, бидејќи ниту во Министерството за животна средина ниту, пак, во Градот одговорија на прашањето колку казни се изречени досега.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=5DC061FCAE347B488F046B9FA2B7D600


Posted By: La Linea
Date Posted: 26-Sep-2009 at 00:14
о поплаките на скопјани за бучавата од угостителските објекти


Ќе се казнува за гласна музика


Сериозните поплаки на скопјани на гласната музика од кафулињата, особено на станарите во строгиот центар на градот, околу Плоштадот и улицата Македонија, од Кејот 13 Ноември, но во последно време и од населбите кои негогаш важеа за мирни места како што е Дебар Маало, конечно ги разбудилја надлежните. Од Општина Центар информираат дека инспекцијата за животна средина почнала да спроведува редовна контрола на нивото на бучава од угостителските објекти на целата територија.
- За таа цел, ангажиравме овластена фирма да спроведува мерења на нивото на бучава во локалите. Најчесто мерењата се изведуваат во ноќните часови, кога има најголема посетеност на кафулињата и ноќните клубови, а мирот и ноќниот сон на граѓаните е нарушен - информираат одговорните од општината.

Оттаму апелираат до сите угостителски објекти да ги почитуваат пропишаните законски дозволени нивоа на бучава. За станбени реони тие изнесуваат 55 децибели за ден, а навечер на 45 децибели.

За сите прекршители на Законот за бучава се предвидени парични казни во износ од 500 евра на правно лице и уште глоба од 300 евра на одговорното лице во правното лице.
Надзорот во Општина Центар го врши овластен инспектор за животна средина.

(Е.А.)

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E5FAFECF21313B4188318D0B5CA1242E



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Feb-2010 at 13:50
Так­са­та за му­зи­ка од 50 до 100 ев­ра

Точ­ни­от из­нос на так­са­та сe уш­те не се знае, и ка­ко таа ќе се прес­ме­ту­ва, ќе од­лу­чат гра­до­на­чал­ни­ци­те на скоп­ски­те оп­шти­ни. За­ко­нот пред­ви­ду­ва об­врз­ни­кот да ја пла­ти так­са­та во рок од 15 де­на од де­нот на дос­та­ву­ва­ње на ре­ше­ни­е­то, во спро­тив­но, ќе тре­ба да пла­ти каз­на од 150.000 до 300.000 де­на­ри

Од 50 до 100 ев­ра го­диш­но ќе тре­ба да пла­тат ка­фе­ан­џи­и­те и газ­ди­те на ка­фу­ли­ња­та, ако са­ка­ат да пуш­та­ат му­зи­ка во нив­ни­те ло­ка­ли.
Рам­ка­та за ви­си­на­та на ко­му­нал­на­та так­са е ут­вр­де­на спо­ред За­ко­нот за ко­му­нал­на­та так­са, до­не­сен уш­те во 2004 го­ди­на. Во од­лу­ка­та стои са­мо де­ка си­те угос­ти­тел­ски об­јек­ти тре­ба да пла­ќа­ат так­са за пуш­та­ње му­зи­ка и ис­та­та ќе се дви­жи од 3.300 до 6.700 де­на­ри. Но не се об­јас­ну­ва од што ќе за­ви­си и ка­ко ќе се прес­ме­ту­ва кој ло­кал кол­ка­ва так­са ќе пла­ќа. Тоа ос­та­ну­ва да го од­ре­дат гра­до­на­чал­ни­кот на Град Скоп­је и гра­до­на­чал­ни­ци­те на дру­ги­те оп­шти­ни.
"Гра­до­на­чал­ни­ци­те на оп­шти­ни­те во Гра­дот Скоп­је и гра­до­на­чал­ни­кот на Гра­дот Скоп­је со ре­ше­ние ќе ја ут­вр­дат ви­си­на­та на так­са­та во го­ди­шен из­нос и ќе го за­дол­жат об­врз­ни­кот да ја пла­ти так­са­та во рок од 15 де­на од де­нот на дос­та­ву­ва­ње на ре­ше­ни­е­то. До­кол­ку тоа не го сто­ри во пред­ви­де­ни­от рок, каз­ни­те из­не­су­ва­ат од 150.000 до 300.000 де­на­ри", стои во од­ред­би­те на За­ко­нот за ко­му­нал­на­та так­са.
Спо­ред не­о­фи­ци­јал­ни ин­фор­ма­ции, во Гра­дот ве­ќе се ра­бо­ти на ут­вр­ду­ва­ње на ви­си­на­та на так­са­та и ка­ко таа ќе се прес­ме­ту­ва, оти на ова гле­да­ат ка­ко на до­бар на­чин за пол­не­ње на град­ска­та ка­са. Нас­ко­ро пред­лог - це­на­та ќе би­де ста­ве­на на дне­вен ред на сед­ни­ца на Со­ве­тот на Град Скоп­је.
Од ка­би­не­тот на гра­до­на­чал­ни­кот ги не­ги­ра­ат вак­ви­те ин­фор­ма­ции, твр­деј­ќи де­ка во мо­мен­тов не се раз­мис­лу­ва за спро­ве­ду­ва­ње на за­кон­ска­та об­вр­ска за так­са за му­зи­ка.
"Тоа бе­ше са­мо ед­на од пред­лог-точ­ки­те на гра­до­на­чал­ни­кот Тра­ја­нов­ски. Так­са­та не е не­го­ва иде­ја ту­ку об­вр­ска про­пи­ша­на со За­ко­нот. Во мо­мен­тов не се раз­мис­лу­ва за спро­ве­ду­ва­ње на так­са­та", ве­ли Не­дел­чо Крс­тев­ски, пор­тпа­рол на Град Скоп­је.
Из­ја­ва­та на гра­до­на­чал­ни­кот Ко­це Тра­ја­нов­ски пред де­се­ти­на де­на де­ка ка­фе­ан­џи­и­те ќе тре­ба да му пла­ќа­ат так­са на Гра­дот ако са­ка­ат да пуш­та­ат му­зи­ка, ка­фе­ан­џи­и­те ја до­че­каа на нож. Тие сме­та­ат де­ка уш­те ед­на да­вач­ка кон Гра­дот фи­нан­си­ски ќе ги униш­ти. Но ос­вен ка­фе­ан­џи­и­те, за спро­ве­ду­ва­ње­то на так­са­та ток­му во овој мо­мент не­го­ду­ва­ле и дел од гра­до­на­чал­ни­ци­те на Ко­ор­ди­на­тив­но­то те­ло на гра­до­на­чал­ни­ци кои на Тра­ја­нов­ски му су­ге­ри­ра­ле да го од­ло­жи во­ве­ду­ва­ње­то на му­зич­ка­та так­са. Нив­но­то об­раз­ло­же­ние би­ло тоа да не се пра­ви, оти не­о­дам­на се во­ве­де заб­ра­на­та за пу­ше­ње во ка­фу­ли­ња­та и во ка­фе­а­ни­те.
"Е па ај­де да во­ве­де­ме и так­са за воз­ду­хов што го ди­ше­ме. На угос­ти­те­ли­те им се на­не­се го­ле­ма ште­та со За­ко­нот про­тив пу­ше­ње, пла­ќа­ат фир­ма­ри­ни, а се­га, за не­кој ме­сец, и так­са за лет­ни те­ра­си. Уш­те ова им фа­ли. Јас, ако гра­до­на­чал­ни­кот Тра­ја­нов­ски ја ста­ви так­са­та за му­зи­ка на раз­гле­ду­ва­ње на след­на­та сред­ба на гра­до­на­чал­ни­ци­те, ќе би­дам про­тив неј­зи­но­то до­не­су­ва­ње", ве­ли гра­до­на­чал­ни­кот на Оп­шти­на Кар­пош Стев­че Ја­ки­мов­ски.

Градот ќе ќари 100.000 евра

Во градската каса, годишно, од собирање такса за музика ќе се приберат околу 100.000 евра. Според Државниот завод за статистика во Скопје, заклучно со 2008 година се регистирани 927 угостителски објекти. Од таму велат дека денеска оваа бројка е зголемена, и сигурно во главниот град има над 1.000 кафулиња и кафеани. Па оттаму ако едно кафуле годишно плаќа по 100 евра, тогаш Градот само од такса за музика ќе биде побогат за 100.000 евра во текот на една година.
На целата територија на Македонија, пак, има околу 5.000 угостителски објекти, што значи дека од новата давачка за кафеанџиите општините ќе соберат половина милион евра годишно.

http://vest.com.mk/?ItemID=561201B88FBFA7479964B604AE6A0B8C


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 03-Feb-2010 at 14:20
PreviousЕ не ми се верува! Го претеруваат!

Врзоснова на што ги утврдуваат висините на таксите? Онака паушално во завистонст колкави дупки треба да пополнат во буџетот? Ако ова се однесува на почитување на некакви авторски права за музиката, верувам дека таксите би требало да бидат многу многу повисоки.... И ќе биде многу прецизно регулирано колкава сума ќе се плаќа, а не вака од 50 до 100 евра, зависи како ќе ни испадне математиката. .. Како побогу се регулира правото за пуштање(и слушање) на МУЗИКА?!?!

Ова (и законот за пушење во одредена мера) е директен упад во лични слободи, и се надевам едка граѓаните ќе се позанимаваат со овие работи... Пошто Уставен е и онака ненадлежен за ништо...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Feb-2010 at 16:16
ГРАДОТ СКОПЈЕ НЕМА ДА НАПЛАЌА ТАКСА ЗА ПУШТАЊЕ МУЗИКА

По шпекулациите што се појавија во некои медиуми за наводното воведување комунална такса за пуштање музика во скопските кафулиња, Градот Скопје и градоначалникот Коце Трајановски демантираат дека се планира воведување на таква такса. Тоа беше само една од точките на средбата на Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје и на скопските општини, на која што се дискутираа делови од законите за локална самоуправа.

Со ова сакаме да ја известиме јавноста дека Градот Скопје нема намера да воведе комунална такса за пуштање музика во скопските кафулиња и ресторани со што и дополнително би се оптовариле фирмите што вршат угостителска дејност.

http://www.skopje.gov.mk/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Feb-2010 at 17:17

Муштериите бегаат од прегласна музика

Инспекторите од Општина Центар лани, од септември до декември, поради бучава казниле осум локали со по 800 евра

Поради прегласната музика во објектите, граѓаните не можат на раат да се напијат кафе или да вечераат ниту, пак, да пазаруваат. Иако Законот за заштитата од бучава е во сила две и пол години, градските и општинските инспектори слабо казнуваат за прегласната музика, па сопствениците на локалите и на дуќаните си продолжуваат по старо.

- Со син ми, кој има една и пол година, не можам да влезам во некои бутици да пазарувам. Иако во нив има и детски оддели, музиката е толку гласна што сметам дека и на тинејџерите им е тешко. Не знам која е поентата во бутик да се пушта музика како да е дискотека. Да не мислат газдите така да ги зашеметат купувачите, па тие да не внимаваат добро што купуваат и колку плаќаат? Не гледам друга причина и затоа таму и не купувам - вели една револтирана скопјанка.

Граѓаните што истрпеле тортура од прегласна музика велат дека особено навечер во некои ресторани е невозможно да се јаде.

- Тоа што не' затече во еден ресторан беше незамисливо! Со пријателите седевме на мала маса, во ресторан на кејот на Вардар. Ај што на масата одвај чиниите ги собра, туку на келнерот цело време моравме да му нарачуваме со викање. За комуникација меѓусебе си читавме од усни. Кога конечно по еден час го напуштивме ресторанот, бевме засипнати од викање, а седевме едни до други. Ушите ни беа затнати, а дома цела ноќ не заспав од тахикардија - вели скопјанецот Д.Т.

Општина Центар, каде што граѓаните најмногу се жалат на гласна музика и прекумерна бучава, велат дека лани спровеле неколку контроли.

- Во периодот од септември заклучно со 31 декември, казнети се осум локали за бучава. Казните се 800 евра вкупно, односно 500 евра за правното лице и 300 евра за раководното лице. Мерењето го врши овластена консултантска куќа, од каде што извештајот го доставуваат на општинската инспекција за животна средина, а потоа инспекторите го доставуваат на сопственикот на локалот, со налог за казна - вели портпаролот на Општина Центар, Јовица Ацковски.

Од Министерството за животна средина велат дека најчести поплаки за зголемена бучава се однесуваат на гласната музика од кафулињата.

- Според Националниот правилник за бучава во животната средина, граничната вредност во затворени простории како што се и рестораните, треба да изнесува 55 децибели. Тоа е интензитет на бучава што овозможува разбирливост на говорот и не предизвикува вознемиреност кај луѓето. Основно во реакцијата од зголемено ниво на бучава е стимулацијата на автономниот нервен систем, што може да предизвика и зголемување на крвниот притисок. Во секој случај, интензитетот на бучавата не смее да биде повисок од 85 децибели, за да не предизвика оштетување на слухот. Честопати им се случува на луѓето при неколкучасовен престој во просторија со гласна музика да почувствуваат таканаречен слушен замор, односно дупло слушање, ѕунење во ушите. Останува констатацијата дека кај нас не се почитуваат овие гранични вредности, па реагирањето на граѓаните поради нивната вознемиреност, раздразливост, агресивност и склоност кон влегување во конфликт е оправдано - вели Гордана Ристовска, доктор во Републичкиот завод за здравствена заштита.

Од Градот Скопје велат дека нивните инспектори мерат бучава по службена должност или на барање од граѓаните.

- За таа намена и Градот ангажира фирма, која со специјална опрема излегува на терен. Ако по барање на граѓани инспекторите излезат по рестораните и кафулињата и ако утврдат дека е пуштена прегласна музика, односно ако барањето на граѓанинот за мерење е оправдано, во тој случај трошоците и казната си ја плаќа прекршителот. Во случај инспекторите да утврдат дека бучавата е во рамките на дозволените гранични вредности, тогаш граѓанинот е должен да плати за мерењето - велат во Одделението за односи со јавноста на Градот.

Апаратите со кои се мери бучавата овозможуваат вредностите да се прочитаат веднаш, па казната може брзо да му се врачи на сопственикот на локалот.

Марија Тасев


Соседите мора да внимаваат колку се бучни

Со Законот за заштитата од бучава се предвидени казни и за граѓаните, ако премногу им бучат апаратите за домаќинство како оние за чистење, перење и за приготвување храна.

Од Министерството за животна средина велат дека граѓанин ќе може да пријави во Инспекторатот ако на соседот многу му бучи правосмукалката или ако миксерот се слуша и во соседниот стан, па соседот ќе мора апаратите да ги замени со нови, кои помалку бучат или да ги приспособи старите.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9D8C5DDF7478484EAC30BF66053854C1


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Mar-2010 at 06:37

Набавен апарат за мерење бучава

Градот Скопје набави нов апарат за мерење на бучавата. Инспекторите за животна средина на Град Скопје со овој инструмент ќе ја мерат и ќе ја анализираат бучавата во градот во текот на 24 часа и за подолг временски период. Апаратот ќе се користи и за следење на бучавата покрај големите сообраќајници и во индустриските зони, како и за процена на влијанието на градските проекти врз бучавата во Скопје.

Овој софистициран инструмент е всушност акустички калибратор, а работи во согласност со меѓународните стандарди. Овозможува систематично прегледување и анализа на мерењата и нивно архивирање, автоматско генерирање извештаи и архивирање податоци, информира прес-службата на Град Скопје.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C3049DE413874C428715ADC1FF5DD797


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 21-Jun-2010 at 23:39
Нема раат од гласната музика и од паркираните коли по улицата


Инспекторите од Општина Центар се во постојан инспекциски надзор и контрола на повеќе локации низ центарлното градско подрачје. При контролата што ја вршат инспекторите на Општина Центар на сите корисници на јавнопрометни површини што не се придржуваат кон прописите најнапред им се изрекува опомена, а потоа во соработка со општинската инспекција и со пазарната инспекција им се изрекуваат соодветни казни


Жителите од улицата "Ленинова" секојдневно се жалат на бучавата од музика и од многуте паркирани коли и мотори на тротоарите и по самата улица. Тие велат дека никој од одговорните служби нема преземено ништо и дека не можат нормално да се движат по самата улица.
- Навистина е невозможно да се движи човек по оваа улица. Од сите страни е се блокирано што од маси и столици, што од коли и мотори. Не можеш да се движиш, мораш од сите страни да се пазиш да не те згазне некој. Но, проблемот не е само тоа, туку и гласната музика што ја пуштаат од кафичите. И покрај неколкуте жалби до Општина Центар за да дејствуваат во врска со гласната музика, нема ништо. Секојдневно се расправаме да се манали, но никој не не слуша. Како да живееме во кафичите, а не во стан. Апелираме до одговорните да се преземе нешто или пак да се најде некоја соодветна локација како што ќе бидат сместени сите кафичи и да немаме никакви проблеми - велат револтираните жители од улицата Ленинова".

Се обративме до Општина Центар да ги прашаме дали се запознаени со овој проблем и да добиеме некое објаснување за целата ситуација. Оттаму не информираа дека Општина Центар во соработка со Град Скопје и ЈП "Улици и патишта" деновиве ја спроведоа акцијата за одбележување на јавните прометни површини, односно тротоарите што ќе се користат за летни тераси, а воедно ќе можат граѓаните непречено да се движат.
- При спроведување на оваа акција се одбележаа јавни прометни површини на улиците Македонија", Ленинова", Кеј 13 Ноември", се со цел да не се отстапи од повришината што е предвидена за летна тераса. Секое отстапување од пропишаното ќе биде казниво според законските прописи од страна на инспекцијата на Општина Центар во соработка со пазарната инспекција. Инспекторите од Општина Центар се во постојан инспекциски надзор и контроли на повеќе локации низ центарлното градско подрачје. При контролата што ја вршат инспекторите на Општина Центар на сите корисници на јавнопрометни површини што не се придржуваат кон прописите најнапред им се изрекува опомена, а потоа во соработка со општинската инспекција и со пазарната инспекција им се изрекуваат соодветни казни, ни рече Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар. Тој додаде дека деновиве беше спроведена акција на инспекцијата на Општина Центар и на пазарна инспекција и биле казнувани локалите доколку немаат дозвола издадена од Град Скопје. Казните се затворање на локалот од страна на пазарната инспекција во период од 30 дена поради непоседување на дозвола за вршење дејност, а општинската инспекција има право да за заплени урбаната опрема за непоседување дозвола за летна тераса, а ако објектот поседува дозвола, а сепак е надвор од дозволеното, му се одзема дозволата и се постапува со истите мерки. Општина Центар настојува да обезбеди мир во ноќните часови за сите граѓани, а истовремено им наложува на локалите работење во согласност со Законот за заштита од бучава.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0DD79433DCC1A14EAECAAE9D36A2C8AD - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0DD79433DCC1A14EAECAAE9D36A2C8AD


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jul-2010 at 16:00

Кој стаса крева врева

Инспекторите не се сеќаваат дека казниле некого, иако Законот за бучавата постојано го нарушуваат и граѓани и фирми

Скопје е бучен град. Сообраќајниот метеж, кафулињата, фабричките погони, изведувачите на градежни работи се најчестите вреваџии. Според Законот за бучавата, прекршителите се соочуваат со парични казни од 500 до 2.400 евра, но

инспекторите од неколку скопски општини не се сеќаваат дека казниле некого. Ова, меѓу другото и поради недостигот на валидни апарати за мерење на овој загадувач на животната околина. Тоа го користат несовесни граѓани, но и фирми, кои на штета на здравјето на сограѓаните, не почитувајќи го законски дозволениот максимум. Градат и реконструираат куќи и станови и надвор од дозволениот временски термин за градежни работи - меѓу 7 и 19 часот.

Законот ја третира бучавата што ја создаваат возилата, но ниту еден инспектор не мерел други типови врева што ги вознемируваат граѓаните.

- Според Законот за бучавата, градежните работи во станот можат да траат 8 часа, во периодот од 7 до 19 часот, плус-минус два часа. Кога треба да се интервенира во некој станбен објект, задолжително инвеститорот или тој што ќе создава бучава при работата треба да се договори со куќниот совет за времетраењето на зафатот и задолжително да одреди еден час мирување - вели Сашо Младеновски, инспектор за животна средина во Град Скопје.

Лекарите предупредуваат дека вревата влијае врз менталната состојба на граѓаните која се манифестира со немирен сон и замор. Луѓето изложени на бучава се вознемирени и нервозни.

- Веќе цела недела сум без сон. Ме измори бучавата од околината. Живеам во населбата Аеродром, навикнати сме на потивка животна средина, со многу паркови, на што особено внимаваме кога купувавме стан. Но деновиве сум без нерви, откако соседот од утро до мрак го преуредува станот. Немам ништо против тоа да си го уреди станот, ама неиздржлив е звукот од бор-машините. Ќе морам со мали деца да шетам надвор додека соседот не се заврши, зашто дома не се седи. Не сум пријавила во ниедна инспекција оти не сакам да му наштетам, сепак сме соседи. Но ако потрае, ќе мора да земам апчиња за спиење и за смирување - вели една вознемирена скопјанка, која поради добрососедските односи не се претстави.

Законот предвидува во зона во која има станбени објекти да е дозволена бучава до 50 децибели, што е неколкупати помалку од бучавата што се создава при работа на разни дупчалки, апарати за домаќинство или косилки за трева.

Досега во Општина Аеродром, освен еден исклучок, немало други пријави или поплаки во однос на зголемена бучава од која било причина, велат во општината.

Косат трева, го косат и законот

Дел од граѓаните чии станови се блиску до големи зелени површини се нервозни што косачите на трева уште во раните утрински часови, во 5 часот, прават голема бучава, па им го кршат сонот на скопјани.

Од Градот велат дека работното време на ЈП „Паркови и зеленило“ почнува во 7 часот наутро и демантираат дека нивните работници го кршат Законот за бучавата.

Поради топлото време работниците се на терен порано од вообичаеното, признаваат во Општина Аеродром.

- Сезонските работници, во координација со вработените од ЈП „Паркови и зеленило“, во текот на овие два месеца ги косат зелените површини во раните утрински часови од причина што подоцна надворешната температура расте, маслото се загрева и машините не можат да работат.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0F30B1C02A98224E957752141D738A7D



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jul-2010 at 17:13

Бучавата се мери со невалиден апарат

Според Трајановски, со апаратот што е набавен годинава не можат да им мерат гласност на кафеанџиите и да ги казнуваат, но смета дека сепак има ефект од него, зашто „угостителите не знаеле дека не е валиден“

Градската власт има апарат за мерење на бучавата. Тој е набавен годинава, но не е меродавен за казнување, кажа градоначалникот Коце Трајановски на седница на Советот. Запрашан зошто не се употребува за казнување на кафеанџиите што скопјани ги оставаат без сон, Трајановски рече дека можеби не можат да им покажуваат сила со парични казни, но сепак има ефект, затоа што „угостителите не знаеле дека не е валиден“.

- Најмеродавен апарат за бучава е само тој на Министерството за внатрешни работи - соопшти тој.

Според неговите објаснувања, Градот ќе врши мерења само во индустриските зони, урбаните средини и покрај сообраќајниците, но со цел изработка на карти од кои би се добивале информации. Не работат на повик.

По неговото признание дека со новиот градски апарат не се мери гласноста на музиката од кафулињата, кои на граѓаните им ги кинат нервите секоја вечер и ги оставаат без спиење, членот на Советот, Ѓорѓи Савов од СДСМ, го запраша градоначалникот:

- Состојбата со бучавата е неиздржлива и со години е исто. Во два и пол наутро, кај Зоолошката градина, не се спие ни со затворени прозорци. Напатени сме како граѓани. Како следниот ден да бидеме работоспособни кога како граѓани сме малтретирани со милиони оправдувања - рече Савов. Тој предложи под итно да се изработи програма, која потоа ќе биде образложена на Советот, со цел да се надмине овој проблем.

Трајановски се согласи со обвинувањата на негова сметка, велејќи дека „уште многу треба да се работи за да се доведе во ред бучавата во градот“. Го прифати предлогот да се изработи програма на кој начин во иднина Градот ќе се справува со бучавата и да се вработат повеќе инспектори што ќе ја следат состојбата на терен.

Проблемот со апаратот, пак, на МВР е тоа што доколку граѓаните ги повикаат надлежните да измерат, а притоа се покаже дека нема пречекорување на гласноста, тогаш трошокот паѓа на грб на тој што пријавил.

- Имајќи го тоа предвид, луѓето се решаваат да трпат - потенцираше членот на Советот, Савов.

Од Општина Центар велат дека неколкупати мереле бучава во ноќните часови во Дебар маало. На локалите што го надминувале максимално дозволеното ниво по 23 часот, им врачиле налог за наплата на глоба, која изнесува 500 евра за правно лице, плус 300 евра за одговорно лице во фирмата.

Бучавата е еден од најголемите нерешени проблеми во метрополата. Податоците од Републичкиот завод за здравствена заштита велат дека од континуирани мерења на 14 мерни места, дозволеното ниво на бучава редовно се пречекорува за повеќе од десет децибели. Најголема е бучавата во центарот на градот поради фреквенцијата на возила, на раскрсниците, во индустриските зони и во урбаните средини со кафулиња, ресторани и дискотеки.

Јорданка Ивановска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4460D7099E385F4C909E243D0C3C18B1


Posted By: miki
Date Posted: 17-Aug-2010 at 13:22
dobro sto e dolku fama so NABAVKATA na aparatot za merenje, go nabavile pa go nabavile,
apartceto cini 50eur, i moze da go ima bilo koj sto tolkava fama so NABAVKA na aparatot
Bash


Posted By: marijamkd
Date Posted: 07-Sep-2011 at 23:58
ако може да ми казе некој,каде мозе да пријавам нарушување на јавен ред и мир,кога ке може да се спие од бучава би сакала да се јавам во полиција...ама немам бор.ве молам кажете ми број!!!!!!!!!! веке е 1 по полноќ и не се спие ..... ви блеагодарам


Posted By: marijamkd
Date Posted: 08-Sep-2011 at 00:00
Originally posted by marijamkd

ако може да ми казе некој,каде мозе да пријавам нарушување на јавен ред и мир,кога ке може да се спие од бучава би сакала да се јавам во полиција...ама немам бор.ве молам кажете ми број!!!!!!!!!! веке е 1 по полноќ и не се спие ..... ви блеагодарам
аххх телефонски број мислев...многу су изморена а музиката е срање...бар да беше добра....


Posted By: gjoko
Date Posted: 08-Sep-2011 at 00:03
на 192 јави се и кажи им го проблемот,а ако не реагираат ќе ти кажам како понатака


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-Sep-2011 at 00:14
се додека полицијата е корумпирана, џабе ќе се јавува

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Supervisor
Date Posted: 08-Sep-2011 at 00:33
За овие проблеми со бучава нема "лек". Според законот првите двапати кога ќе пријавите доаѓа џандар и само опоменува. Е сега на првите пет обиди може и да не ви дојде
Тек после втора опомена праќаат инспектор што мери со апарат бучава и ако има кршење на закон има пријава која доколку вие после не ја бркате ќе се заташка. Џандариве не ги боли уво они опоменуваат или ич не доаѓаат. Најдобро ви е директно во станица да разговарате со инспректор за вакви проблеми и да пишете исказ.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: bali975
Date Posted: 17-Feb-2012 at 22:54
Здраво,
Почитувани , сакам да започнам ваков форум за да можете да ме советувате или дадете мислење ваше , поради една интересна ситуација иако потполно го разбираме човекот.
За што се работи:
Мојата сопруга во станот има индустриска машина Неки Багат и си работи веќе со неа неколку години без проблем.,но сега и текнало на комшијата дека и сметало и дека не можела неговата сопруга да одмори - и сака сега да тужи.
Јас се распрашав по инспекторите и ми рекоа дека ако му смета треба да пријави и да изврши мерење на бучавата.,
Имам сознанија дека бучавата доклку е во нормалните вредности од одколу 35дБ,  и се работи нон-стоп тогаш е проблем, но сопругата работи самон дење однодно од 17,00-20,00 и не верувам дека поминува 35дБ.
Кажете ми сега што да превземам оти човекот ми вика , немате право да си работите дома и дека не можел веќе да ја трпи ситуацијата.
ПОМОШ.ПОМОШ.ПОМОШ.


Posted By: bali975
Date Posted: 17-Feb-2012 at 23:06
СЕ ИЗВИНУВАМ СЕ РАБОТИ ЗА  ЗАШТИТА ОД БУЧАВАТА ОД 2007 ГОД.

·        Бучава од соседство е примање на имисија на бучава меѓу соседни места во кои престојуваат или живеат луѓе, која предизвикува непријатност и вознемиреност;

·        Непријатност од бучава значи вознемиреност предизвикана од емисија на звук кој е чест и/или долготраен, создаден во определно време и место, а кој ги попречува или влијае на вообичаената активност и работа, концентрација, одморот и спиење на луѓето;




Posted By: gjoko
Date Posted: 17-Feb-2012 at 23:33
едно појаснување:скалата за бучавост е логаритамска.тоа значи дека на пример звук од 38 децибели е двојно појак од звук со 35 децибели.човекот слуша звук со логаритамска зависност.математичарите знаат за што зборувам


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Feb-2012 at 05:30
bali975, доколку не ја расчистиш ситуацијата легалистички, секогаш можеш проблемот да го решиш со подобра звучна изолација. Разгледај ја оваа тема на форумот, можеби ќе најдеш корисни информации применливи во твојот случај:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=747 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=747




Posted By: edikojsi
Date Posted: 15-Mar-2013 at 10:30
Здраво,
за мојов проблем можеби имате читано по форумов. Имено младичот над мене живее ноќе а спие дење и константно (веќе 2 години) вознемирува, малтретира, треска, тропа, шкрипи со столици, се журка..и се тоа кога се прибира 2-3саат после полноќ. Ние под него најдиректно сме засегнати, мада во зграда каде звучната изолација е под минимум (што може и да се докаже) матретирани се и сите во радиус од 2 спрата околу него.
Типот не реагира на укажувања и поплаки. Куќниот совет се оградува.другите комшии не сакаат да се замерат. во општина да пријавам негови луѓе се.
Значи цел живот штедиш за стан, на крај сваќаш дека си добил шупа и плус си заложник на разуздан неразбран тип што не знае што со себе и парите од тато. да немаш основни права на живот во сопствен стан тоа може само овде.
има ли некој да сподели слични искуства и да предложи совет како да се справам? (освен продавање на стан)
фала.


Posted By: mirko
Date Posted: 15-Mar-2013 at 14:47
Jas bi se priklucil kon ovaa diskusija
ziveam vo stan na prvi sptat a pod mojor stan se otvori kafe bar koj kontinuirano preci prvenstveno na moeto semejstvo no i na site stanari vo zgradata. Znaci ne stanuva zbor samo za glasna muzika tuku i na kontinuirano extremno pusenje pod mojte prozori ( bidejki vnatre vo kaficot e zabranetopo zakon), a vo mojot stan kontinuirano mirisa ( smrdi ) na chad koi moite deca sekojdnevno go cuvstvivaat.
Iako donekade se pocituva rabotnoto vreme so sopiranje na muzikata vo 12 casot no sepak gostite mene mi galamat i se derat podprozor do 2-3 casot bidejki nikoj ne im zabranuva da sedat i bez muzika.
Probavav da se spravam so gazdata no toj mi vika jas imam dozvola mene toa mi e biznis i tolku.Dali jas imam problem ili dali nekoj trpi steta dodeka toj pravi pari toa voopsto ne go zanima. Da nezboram deka stanot go kupiv pred 7 godini vo nova zgrada i plativ mnogu pari i krediti za istiot a sega nemozam niti da go prodadam i da se iselam od tuka bidejki nikoj nema da go kupi so kafic pod nego.
Ocekuvam da mi kaze nekoj dokolku znae ima li nacin da se spravam so ova, kad da se obratam i koi moze da mi pomogne, ili da stavam kluc na vrata i da se iselam od tuka i da odam pod kirija i pokraj toa sto imam stan so cel da go zacuvam mirot i zdravjeto na moite dve malometni deca.
Blagodaram


Posted By: edikojsi
Date Posted: 15-Mar-2013 at 15:06
кај тебе Мирко е дури полошо, сосема те разбирам ако е за утеха, ама за жал нема каде да се жалиме. знам случај кога е мерено во кафиќ кај што трешти музика а резултатите покажуваат дека не се крши законот. единствено размислувам да платам мерење на бучава на свој трошок и да докажам дека ме матретира. ова е психичко малтретирање што води до сериозни здравствени нарушувања. и да дадам писмена поплака до некоја инситутиција, ама која! во мојов случај врзани се со општината, а они се надлежни.
Мирко ти би можел да се жалиш до општината кај што живееш во сектор за животна средина (така бар мислам) или и до Министерство за животна средина. и да се соберете со другите комшии и да викнете новинари и граѓански здруженија за човекови права. само и кај тебе лошото е што не знаеш дали тој што го мислиш е вистинскиот газда на локалот!


Posted By: Supervisor
Date Posted: 15-Mar-2013 at 15:13
Да ви кажам како да се справите бидејќи и јас лично се имам справувано со вакви слични работи.
Прво и основно полиција. Значи се обраќате во полиција за нарушување на јавен ред и мир. Неколку пати по ред ќе пријавувате и ќе ги викате и кај вас дома не само кај комшијата на врата, да слушнат бучава. Ќе побарате во станица да пишете записник и да испратат инспектор кој ќе мери со апарат и после тоа ќе следуваат прекршочни пријави значи со пари директно на сметка кај комшијата.
Една работа однапред да ви кажам, бидете упорни и дрски со ваквите несовесни граѓани и тоа по секоја цена. Ако полицијата не реагира вие нема што да се замерувате со полицијата или па ако имал тој некој пријател, само телефонот во МВР во секторот за внатрешна контрола. Или па директно таму. Значи пак ви велам, бидете упорни и одете до крај.
Ако мислите дека ќе се замерите знајте и дека е тоа најглупата помисла која ќе ве спречи да одите до крај и затоа нема да завшите. Со ваквите копуци извинете на збор веќе сте замерени уште од првиот момент кога сте го сретнале. Такада само дрско.
Јас ваков проблем решив многу едноставно, директно на врата кај комшијата на премногу дрзок начин му се појавив и човекот од тогаш си е мирен како бубица. Не се замарав со полиција ама и не сум прекршил закон па да се пресметувам физички. Меѓутоа доволно дрско за да види со кој си има работа. Се работеше за постар фамилијален човек, несовесен и безобразен ама среќа се сретна со побезобразен и спремен на се за разлика од него. Запамтете една работа а тоа е дека само посилниот оди до крај, многумина кај нас не се замараат поради тие причини да не се замереле и не знам што значи ќе ви повторам само дрско прво по закон видете што можете да направите и бидете упорни.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: edikojsi
Date Posted: 15-Mar-2013 at 15:38
Supervisor, бидејки имаш искуство, доколку знаеш да ми одговориш - дали мислиш дека држи да се жалам кај инвеститорот зошто голем дел е и негова кривица? од купатилото ненормално се слуша во спална, а младичот кога ќе се прибере нели мора да се истушира пред спиење. зградата е пуштена пред 3-4 години, не е во гаранција, ама дефинитивно звучната изолација не задоволува. постои ли задолжителна документација и мерења дека се задоволени критериуми за бучава пред да се пушти една станбена зграда? 


Posted By: Supervisor
Date Posted: 15-Mar-2013 at 15:54
Originally posted by edikojsi



Supervisor, бидејки имаш искуство, доколку знаеш да ми одговориш - дали мислиш дека држи да се жалам кај инвеститорот зошто голем дел е и негова кривица? од купатилото ненормално се слуша во спална, а младичот кога ќе се прибере нели мора да се истушира пред спиење. зградата е пуштена пред 3-4 години, не е во гаранција, ама дефинитивно звучната изолација не задоволува. постои ли задолжителна документација и мерења дека се задоволени критериуми за бучава пред да се пушти една станбена зграда? 


Нема да ти помине тоа. За жал кај нас во однос на тој дел не се води никаква евиденција односно нема правен субјект преку кој ќе може да си направиш повраток на средставата. Половина Скопје а 90% од новите згради се изградени за евтини пари и не обезбедуваат квалитетни услови. Квалитетен станбен објект не е по тоа какви плочки и прозорци има. Туку токму звучната и топлинска изолација пред се. Секако и статиката. Па потоа вратите, прозорите и плочките. Сите што живееме во станови ги слушаме комшиите и тие нас, ти кажав ако ти е слаба изолацијата немаш многу избор ама па во стан не очекувај голема приватност и кај мене не е најидеално практично така е во стан. Со полиција гледај да завршиш работа околу музика и поголема секојдневна бучава другото мора да го трпиш ако веќе немаш алтернатива за живеење.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: edikojsi
Date Posted: 20-Mar-2013 at 10:37

Супервисор, апсолутно се согласувам со тебе дека изолацијата и статиката се клучни. ама како да одредиш на нов стан дека се задоволени некои критериуми? и дали постојат такви? ај за статиката има проект и ревизија, ама за другово? невселена зграда, немаш осет ни за звучна ни за топлинска изолација. како човек да направи прав избор?



Posted By: Jelena
Date Posted: 25-Jun-2016 at 11:23
Здраво на сите
Во моментов се борам да се фокусирам да истипкам еден факен пост, затоа што сум под тортура на брусалицата и швајц-апаратот на комшијата. Звукот не остава без спиење и мене и сопругот, особено затоа што работиме само 2ра смена до доцна во ноќта, а наутро почнуваат механичариве. Буквално се претворивме во зомбија.

Имено, живеам на 4ти спрат, во реновиран стан (стиропор 5ка одвнатре, надворешни зидови со полна тула од старите згради и Salamander дограма, 5коморно стакло).

Во дворот на зградата, некој од соседната зграда (мислам дека се татко и двајца синови, плус пајташи шо се берат на ракија) си има направено квази-механичарска гаража (не знам дали е дозволено) и по цел ден (празник-делник-викенд) работи и тропа.
Инсталирав фонометар на мојот телефон, на 4ти спрат со прозорец на кипање мери врева од 69 децибели.
Лаик сум и не знам, ама 69 децибели ми се многу.
Исто така, не знам како да постапам и каде да пријавам.

Ве молам за помош. Што да правам?


Posted By: phenomenon
Date Posted: 25-Jun-2016 at 11:52
Originally posted by Jelena

Здраво на сите
Во моментов се борам да се фокусирам да истипкам еден факен пост, затоа што сум под тортура на брусалицата и швајц-апаратот на комшијата. Звукот не остава без спиење и мене и сопругот, особено затоа што работиме само 2ра смена до доцна во ноќта, а наутро почнуваат механичариве. Буквално се претворивме во зомбија.

Имено, живеам на 4ти спрат, во реновиран стан (стиропор 5ка одвнатре, надворешни зидови со полна тула од старите згради и Salamander дограма, 5коморно стакло).

Во дворот на зградата, некој од соседната зграда (мислам дека се татко и двајца синови, плус пајташи шо се берат на ракија) си има направено квази-механичарска гаража (не знам дали е дозволено) и по цел ден (празник-делник-викенд) работи и тропа.
Инсталирав фонометар на мојот телефон, на 4ти спрат со прозорец на кипање мери врева од 69 децибели.
Лаик сум и не знам, ама 69 децибели ми се многу.
Исто така, не знам како да постапам и каде да пријавам.

Ве молам за помош. Што да правам?


Пробај да ставиш дебели теписи на подот, тешки завеси на прозорците и таписерии по ѕидовите.



-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: nenad
Date Posted: 26-Jun-2016 at 10:51
69 децибели се страшно многу, не ѕнам дали можеш да пријавиш, најдобро самите да го решите проблемо со добра изолација. Бидејќи вревата доаѓа однадвор може да се спречи со добри прозорци ( http://www.mrpvcsistem.rs/pvcialustolarija-blog_Kako-buka-utice-na-kvalitet-zivota.php - 1 ). Е сега, знаме дека е лето, нема смисла да бидете во затворени простории кога е мн топло, но што да се праљви. Поголем проблем е вравата која доаѓа преку ѕидовите, таа потешко се спречува. Со теписи може малку да се намали, но не премногу. Ако не е добро избедена уште во изградба звучната изолација тешко се поправа накнадно


Posted By: beTon
Date Posted: 26-Jun-2016 at 12:43

пријава во општина, следен механизам пазарна инспекција, а потем судски а ги закачите колективно како станари, сигурно нематесамо вие мукает, а што е до кабаетот на комшијата, тој ако го притиснат макар се му било легално секогаш може да си изолира работилницата соодветно, та бучавата да ја сведе на некое прифатливо ниво ако не на минимум

но пробајте прво со убаво, најдете компромис културно, со оглед дека посекако самиот тој на крај ќе разбере кој го подбрал и пријавил, а навистина нема ништо полошо него некому зад грб да му го закачиш, особено е подмолна работа за арпаџик механичари, конечно помогнете му работилницата да ја пресели во блиска околина каде никому нема нит да му пречи нит да го тревожи

конечно ако нема чаре, бар вие имајте разбирање за туѓата несреќа и поарно отселете се него да си извадите очите, зар толку ли ви е свето тоа место каде сега сте затекнати да живеете!? мада општината треба да го гарантира мирот во и по станбените населби!



Posted By: micko_v
Date Posted: 27-Jun-2016 at 20:18
Originally posted by phenomenon

Originally posted by Jelena

Здраво на сите
Во моментов се борам да се фокусирам да истипкам еден факен пост, затоа што сум под тортура на брусалицата и швајц-апаратот на комшијата. Звукот не остава без спиење и мене и сопругот, особено затоа што работиме само 2ра смена до доцна во ноќта, а наутро почнуваат механичариве. Буквално се претворивме во зомбија.

Имено, живеам на 4ти спрат, во реновиран стан (стиропор 5ка одвнатре, надворешни зидови со полна тула од старите згради и Salamander дограма, 5коморно стакло).

Во дворот на зградата, некој од соседната зграда (мислам дека се татко и двајца синови, плус пајташи шо се берат на ракија) си има направено квази-механичарска гаража (не знам дали е дозволено) и по цел ден (празник-делник-викенд) работи и тропа.
Инсталирав фонометар на мојот телефон, на 4ти спрат со прозорец на кипање мери врева од 69 децибели.
Лаик сум и не знам, ама 69 децибели ми се многу.
Исто така, не знам како да постапам и каде да пријавам.

Ве молам за помош. Што да правам?


Пробај да ставиш дебели теписи на подот, тешки завеси на прозорците и таписерии по ѕидовите.




Здраво, пред се дебелите теписи и завеси нема на никаков начин да помогнат за бучавата од надвор, само ќе фрлате пари.
Ако навистина сте измериле 69 децибиле внатре (иако со телефон е доста непрецизно) со конкретен акустичен третман на зидот може да се спуштите до кај најмногу 50децибели, што е огромна разлика, но сепак не знам дали тоа ќе ве задоволи.
Ако сте заинтересирани за поконкретни информации слободно пишете, тоа би подразбирало вадење на стиропорот од внатре (кој нема никакви фонозолациски својства, туку само термички) и правење на акустичен контраѕид од внатрешна страна.
Исто така профилот саламандер е со 5 комори, прозорот е сигурно дупли, со една комора, но не верувам со добри фоноизолациски својства.
Во секој случај најдобро би било да се обратите прво директно кај комшијата и да најдете разбирање, ако не потоа во општина и полиција евентуално да направат пријава за нарушување на ред и мир, плус човекот сигурно работити на диво, може и финансова полиција да му викнете ќе се вразуми...



Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Jun-2016 at 23:48

бидете реални, проблемот не е во изолацијата на објектот, туку во екстремната бучава... и кај мене има огромни дебели ѕидови со повеќе изолациски слоеви, па тие немаат никаква функција ако комшијата се реши да реновира да речеме...

да живеевме во правна држава или во општество каде функционира соживот и колективна свест, проблемот ќе беше многу лесно решен или воопшто немаше да го има... да се работеше за буџава од улица или некој друг неизбежен извор, ќе зборевме за изолација, ама тука проблемот е на сосема друго место

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 02-Oct-2019 at 12:31
Градежната бучава им го одзема мирот на граѓаните

Скопје е град што изминативе години е зафатен од градежна експанзија. Постојано се градат нови станбени објекти, a сите тие градежни активности секојдневно создаваат бучава. Ова урбана врева веќе почна да им пречи на локалните жители во тие градежни зони. Поголем е проблемот на оние што живеат со бучава повеќе години во низа, каде што се градат згради една по друга.

Во градовите има многу извори на бучава, а тука веројатно најпрвин ќе се вброи онаа од сообраќајот и од индустријата. Истражувањата покажуваат дека изложеност на урбаната бучава може да предизвика сериозни нарушувања на здравјето на луѓето. Некои скопјани веќе се жалат на урбаната бучава од градежните активности, а други имаат на ум своите поплаки да ги достават усно или писмено и до своите општини за да побараат некаква контрола и мерење на бучавата, колку е таа и до каде законски е дозволена. Таков е примерот со дел од жителите на Кисела Вода, во делот на средното економско училиште „Васил Антевски-Дрен“, кои се жалат на бучава предизвикана од градежни активности во поголемиот дел од денот. Велат дека периодов немаат мир и од соседските градежни активности за реновирање и градење. Не е поинаку ниту во другите населби каде што градежниците воопшто не водат сметка за бучавата или за зачувување на околината од загадување, прашина и од други отпадни материјали.

– Скоро секој ден слушам од зградите во околината некакво чукање, брмчење, разни звуци допираат до нас. Три години едноподруго нема мир, завршија една зграда, почнаа друга, па трета и така секој ден живееме со бучава. Ако случајно не работат работниците, тогаш соседите прават нешто со бормашина. Не е прегласно секогаш, но е постојано и во поголемиот дел од денот. Ова е особено лошо во овие топли денови и летово кога не можеме да бидеме со затворени прозорци преку ден – се пожали жителка од Кисела Вода.

Од општината Кисела Вода, пак, велат дека во изминатиов период до општината нема доставено пријави од граѓани за бучава предизвикана од градежни активности, но тврдат дека има законски утврдени гранични вредности до каде може да оди таа.
– Граничните вредности на основните индикатори се утврдени со правилник за граничните вредности на нивото на бучава во животната средина, донесен во 2008 година. Истите тие се дефинирани според степенот на подрачјето во кое се мери бучавата. Граничните вредности се движат: за подрачје од втор степен од 45 до 55 децибели, во зависност од периодот во денот. За подрачја од трет степен од 55 до 60 децибели исто така во зависност од периодот во денот. Граѓаните можат да пријават бучава во општината или во текот на 24 часа во Министерството за внатрешни работи – информираат од општината Кисела Вода.

Од општината Карпош, пак, појаснија дека според Законот за заштита од бучава во животната средина, проектот за изградба на зграда треба да предвидува како да се контролира бучавата, дали се исполнети посебните услови и мерки во врска со стандардите за заштита од бучава. Тие стандарди и ограничувања мора да се содржани во самиот проект.

– Ние не можеме да ја мериме бучавата на отворен простор. Но граничните вредности за станбен простор се 35 децибели. Досега имаме добиено четири-пет поплаки од граѓани за бучава при изградба на два-три градежни објекта во Тафталиџе и во Козле. Од општината Карпош се направени контроли, инвеститорите се предупредени дека мораат да ги почитуваат ограничувањата во согласност со добиеното одобрение за градба – тврдат од општината Карпош. Оттаму дополнуваат дека граѓаните, во секое време, може да пријават во општината Карпош и да поднесат барање за увид во бучава од градежни активности. Според Законот за заштита од бучава во животната средина за правните лица што не преземаат мерки за заштита од бучава, предвидена е глоба од 3.000 евра, додека за физичко лице глобата изнесува 500 евра.

Хроничното изложување на прекумерна бучава го оштетува слухот
Бучавата создадена од градежните активности може да влијае на квалитетот на здравјето. Хронично или повторено изложување на звуци до или над 85 децибели може да предизвика губење на слухот, се наведува во „Ерт џурналисм нетворк“. Додека градската бучава може да изгледа неизбежна, дури и најгустите и најактивни места можат да преземат чекори за ограничување на бучавата. Многу градови и држави имаат закони со кои се ограничува бучавата во станбени области, сепак, овие закони некогаш тешко се спроведуваат. На пример, кај нас се вршат неколку мерења со кои се утврдува дали има бучава што ги надминува вредностите.
– Нашите инспектори излегуваат на самото место и во разговор со инвеститорот му изрекуваат усна опомена, да го почитува дозволеното ниво на бучава. Доколку бучавата и натаму продолжи, се ангажира фирма што врши две до три мерења на бучавата, и доколку тие покажат надминување, поточно, бучавата е надвор од границите на дозволеното, следува парична казна во согласност со Законот за прекршоци – нагласуваат од општината Карпош.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/градежната-бучава-им-го-одзема-мирот-н/


Posted By: ehrlich
Date Posted: 02-Oct-2019 at 20:36

И бучавата од џамиите, да не ги заборавиме. Цело лето фино ме будеше џамијата од Лака на 1 километар воздушна линија оддалечена од мене, во населба каде нема ниеден муслиман, но очигледно сите треба да го чуеме повикот во 5:05 за молитва.


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Apr-2020 at 09:58
Бучавата непријател број два за скопјани

Патниот сообраќај е најдоминантен извор на загадување со бучава, а во урбаните центри на бучава се изложени повеќето од луѓето. Транспортниот сектор во и надвор од урбаните средини во Европа е главна причина за ваков вид загадување. Според Светската здравствена организација, бучавата од сообраќајот е втор најголем проблем во животната средина во Европската Унија, по загадувањето на воздухот. Процената е дека 100 милиони Европејци се погодени од штетните нивоа на бучава од патниот сообраќај, односно дека се изложени над европскиот праг од 55 децибели во текот на денот и 50 децибели во текот на ноќта. Од овие 100 милиони, 32 милиони се изложени на многу високи нивоа на бучава од над 65 децибели. Како резултат на ваквата изложеност на бучава, секоја година во Европа има најмалку 10.000 случаи на предвремена смртност.

Сообраќајната бучава станува и дел од секојдневието на поголемите градови во Македонија, особено во Скопје. Сообраќајните експерти веќе советуваат како може да се намали интензитетот на сообраќајната бучава врз граѓаните и препорачуваат примена на одредени мерки. Неодамна вакви мерки беа презентирани во Скопје и во Битола, а презентациите беа организирани како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализираше Институтот за комуникациски студии. Кампањата беше финансирана од британската амбасада во Скопје.
За утврдување на нивоата на бучава од патниот сообраќај, беа извршени мерења на две селектирани локации во Скопје. Опфатени беа локации со интензивен сообраќај во центарот на градот, но пред сè оние видови објекти што се чувствителни на бучавата, како што се болници, училишта и станбени зони. Мерењето беше направено кај Градската болница, потоа на улицата Дрезденска пред основното училиште „Војдан Чернодрински“ и кај Педагошкиот факултет. Мерењето го изведоа студенти од Отсекот за сообраќај и транспорт од Техничкиот факултет од Битола.

– Мерењето на бучавата беше изведено во претпладневниот и попладневниот шпиц на секоја од локациите. Треба да се истакне дека во самиот тек на мерењата се забележа дека во бучавата доминантни се патничките возила, поради нивната многубројност во однос на другите категории возила. Појавата на товарните возила, автобусите и мотоциклите во сообраќајните текови придонесуваше за краткотрајни, но интензивни осцилации во висината на измерената бучава. Исто така, повисоки нивоа на бучава беа измерени и од самите патнички возила во фаза на забрзување или движење со повисока брзина. Добиените резултати од сите мерни места беа обработени и беше изведена споредба со ограничувањата според постојниот Правилник за гранични вредности за нивото на бучава во животната средина. Резултатите покажаа дека на секоја од мерните локации, максималните вредности се далеку поголеми од дозволените, а на одредени локации, беа измерени максимални вредности од 111 децибели, односно двапати поголеми вредности од дозволените граници. Ваквите резултати потврдија дека проблемот со бучавата од патниот сообраќај е присутен и во нашите урбани области и дека е неопходно да се селектираат, препорачаат и спроведуваат соодветни мерки за намалување и контрола на бучавата – објасни д-р Бети Анѓелеска, доцентка на Техничкиот факултет во Битола.

За намалување на бучавата кај Градската болница се предложени комбинација од мерки како замена на сигнализираната крстосница на улиците 11Октомври, Даме Груев и Филип Втори Македонски со кружна крстосница, потоа смирување на сообраќајот со поставување лежечки полицајци со пневматско перниче или со заоблен горен дел на улицата Филип Втори Македонски. Експертите сметаат дека сообраќајната бучава ќе се намали и на улицата Дрезденска, ако се смири сообраќајот со ограничување на брзината на 30 километри на час или ако тоа се направи со поставување издигнати пешачки премини пред ОУ „Војдан Чернодрински“, Педагошкиот факултет и објектот на Катастарот за недвижности. За истата цел може да се ограничи сообраќањето на товарните возила во текот на денот и за нив да се забрани сообраќајот во вечерниот/ноќен период. Некои од економски прифатливите мерки, како што се редукциите на брзината или забраната за товарните возила, може да се применат многу брзо. Според сообраќајните познавачи на состојбите, плановите за реконструкција на патиштата треба да бидат тесно координирани со плановите за развој на сообраќајната мрежа и со плановите за одржување на сообраќајниците. Инвестирањето во проекти исто така е клучно за намалување на сообраќајната бучава.

Бучавата претставува мешавина на разни звуци со различен број треперења во одредено време. Загадувањето со бучава негативно влијае врз квалитетот на урбаниот живот. Сообраќајната бучава го опфаќа секој звук што влијае врз психичката и врз физичката состојба, така што ја попречува и ја смалува продуктивноста на работа, предизвикува вознемиреност и стресни реакции, го оневозможува одморот и им штети на здравјето и на расположението. Изложеноста на повисоки нивоа на бучава доведува до предвремена смртност, кардиоваскуларни болести, когнитивни нарушувања, нарушувања на спиењето, хипертензија и на крајот вознемиреност и сериозни психички нарушувања.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/бучавата-непријател-број-два-за-скопј/?fbclid=IwAR3AdHOhEvO2zNNcg_wwUKuymOs3Jr1MeAXyAMThom7iHebEe3WrE4w41XQ


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Aug-2020 at 12:50
Казна од 6.000 евра поради гласна музика и бучава за кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец

Општина Центар соопшти дека по бројните поплаки од граѓаните кои живеат во близина на кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец, кои се жалеле на бучавата и гласната музика која се слуша од локалот, општинската Инспекција за животна средина на кафе барот, поради гласна музика му изрекле мандатна глоба во висина од 6.000 евра во денарска противредност.

„Проблемот со гласната музика и бучавата од конкретниот локал се јавува веќе неколку години наназад и по сите претходно преземени мерки, односно опомени, мерења на децибелажата и предупредувања, Општина Центар изрече казна.
Општина Центар нема да дозволи некој, со своето неодговорно однесување да го вознемирува населението и затоа апелира до сите сопственици, менаџери и управи на локалите на територија на општината, да се придржуваат до правилата и законските одредби за бучава и да не ги надминуваат дозволените нивоа на бучава.
Општина Центар укажува дека ќе продолжи со санкционирање на локалите кои нема да го почитуваат Законот“, се вели во соопштението од општинската управа.

https://meta.mk/kazna-od-6-000-evra-poradi-glasna-muzika-i-buchava-za-kafe-barot-intermeczo-vo-kapishtecz/


Posted By: Lorelei
Date Posted: 16-Sep-2020 at 21:59
Луѓе, што правиме со агресивните кафе барови никнати на приземје на станбени згради, посебно сега здивени за заработка поради ковид кризата? Мора да почнеме граѓанска иницијатива да се сменат законите за да се заштитат луѓето што живеат во околина, како прво (нафрлам работи) да не може сопственикот на локалот (кој може си живее на друго место и му е битна само киријата што ќе му ја плаќаат) да го издаде на угостители ако нема согласност од Куќниот совет, потоа ако веќе има кафе бар на приземје, да мора според закон да ја почитува станбената зона во која се наоѓа, на пример да нема звучници надвор, или после 21ч да не смее да пушта музика а гостите на отворениот дел да мора да бидат или тивки или да си заминат, или да влезат внатре за да не вознемируваат. Зошто, има кафе барови и кафе барови: некаде има културни гости, некаде се собираат дечишта, пијаници и сл., што урлаат. Друго, да се бара мерењето на ниво на бучава да биде бесплатно а не ако не е над дозволеното ниво тој што пријавил уште и да плаќа. Мерењето во станбените простории да не биде со затворени прозори - тоа е глупост - јас во својот дом сакам да имам слобода да отворам прозор, посебно во лето, без да ме измачуваат звуци од кафе бар. За да се забављаат 30тина души и газдата да заработи паричка плус, сите што живеат во околина мора да затвараат прозори, да плаќаат за заградување на терасите, итн итн..А, да, создаваат и додатен сообраќај од гостите кој исто прави бучава и додатна гужва... - некако закониве и прописите а и постапувањето на институциите, се повеќе во корист на угостителите. Па уште кога ќе прочитам по коментари под некоја пријавена ковид - журка, тоа трешти музика, пијани луѓе викаат, и некој „интелигентен“ ќе пише - остајте ги луѓето да се забавуваат
Кај многу од угостителите свеста за околината е таа, ниска, и плус се штитат едни со други, имаат здруженија за заштита на правата на угостителите па мислам дека и ние како граѓани треба да дигнеме повеќе прашина околу проблемов, да пишуваме, притискаме по институции, да бидеме упорни!


Posted By: ehrlich
Date Posted: 16-Sep-2020 at 22:50
Бучавата треба да се реши, ама да важи за сите, вклучувајќи ги верските објекти (кхм, џамиите), читај НЕМА да се реши никогаш.

Еднаш прочитав во објава на градоначалникот на Карпош дека мерењето за бучавата (во случајот за џамијата) требало да се мери во близина на објектот од кај што доаѓала бучавата внатре со затворени прозорци. Тоа е се што треба да се знае за нашата прекрасна држава.


Posted By: Lorelei
Date Posted: 18-Sep-2020 at 19:19
Еве одговор од МЖСПП на прашање како се постапува по пријава за бучава за кафе бар во инспекторат за животна средина:
„Врз основа на секоја претставка, инспекторот мора задолжително да постапи во одреден законски рок по Закон за претставки и предлози, односно материјални закони од областа на животната средина. Подносителот на претставката треба да биде известен за постапувањето, а доколку не е известен или не е задоволен од постапувањето може да обжали во Државен Управен Инспекторат, кој врши супервизија на предметот и постапувањето на општинскиот инспектор.
Согласно Уредбата секој угостителски објект мора да има Елаборат за животна средина кој го одобрува општината, а треба да има и мерења на минимум 2 мерни места. При процедура на мерење инспекторот присуствува за да обезбеди пристап на лабораторијата до 2 најафектирани места од угостителскиот објект. Секој објект има одредена опрема и се мери на неколку нивоа од најслабо до најсилно спрема музичкиот систем и неговата јачина. Во извештајот се пишува на пример над тоа ниво да не се пушта музика. Исто не треба да се занемари комуналната бучава од летни тераси минувачи, автомобили и сл, затоа планерите треба да внимаваат при издавање на дозволи за работа на одредени локации во општините, може да нема локалот воопшто музика, а да има комунална бучава од посетители-говор и сл. Има процедура како се врши мерењето на акредитирана лабораторија.“


Posted By: stef4o
Date Posted: 20-Apr-2021 at 13:33
Иритирачки звуци на мотоцикли и автомобили - секојдневие за скопјани

Иритирачките звуци на мотоциклите и автомобилите што со голема брзина се движат по скопските булевари се секојдневје за скопјани. Бучавата што ја прават возилата, особено од туража при трки по улиците, носат задоволство само за оние неколкумина што се дрзнале да се мерат кој е побрз или повешт возач на мотор или автомобил. За сите други – тие се проблем.

Борбата на полицијата како да не вродува со плод. Постојано пристигнуваат поплаки од жителите чии куќи или станови гледаат кон булевар.

Вознемирувањето со бучава или со звук може да создаде сериозни проблеми по здравјето на луѓето, а влијае и врз работоспособноста на населението.

По дефиниција, вознемирувањето со бучава е онаа бучава што константно постои и секојдневната изложеност може да предизвика многу штетно влијание врз луѓето и врз животинскиот свет. Најчесто изворите на вознемирување со звук се предизвикани од фреквентните сообраќајници, но и од машините, возовите, авионите… Изложеноста на бучава може да предизвика анксиозност, стрес, но да има и сериозно влијание врз крвниот притисок, како и на различни начини да го наруши психофизичкото здравје.

Законското ограничување за дозволена бучава изнесува 78 децибели, а брзите возила во ноќните часови често можат да ги надминат и границите од 100 децибели, со што вознемируваат многу жители на главниот град. Полицијата често ги зголемуваа сообраќајните патроли и контроли во главниот град, во летните месеци. Сепак, во текот на изминатите четири дена во Скопје и околината се регистрирани 187 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, што зборува дека преземените мерки не се доволни и дека треба нешто повеќе од контрола и поефективни казни.

https://skopjeinfo.mk/iritirachki-zvuci-na-motocikli-i-avtomobili-sekojdnevie-za-skopjani?


Posted By: zabegan
Date Posted: 20-Apr-2021 at 19:01

настрана од тоа што трките и дивеењето на одредени возачи се опасни и треба да се спречуваат, не можеш да се буниш за бучава кога живееш до булевар или било каде во урбана средина

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Aug-2021 at 16:44
Радарите за мерење бучава на мотоцикли и автомобили се по распространети



Франција и Шпанија моментално поставуваат таканаречени радари за бучава со камери и микрофони од 360 степени, кои долгорочно ќе се користат за казнување на возачите, додека камерата со мерач на бучава ќе се тестира во Англија, а во Данска со контрола на брзината истата ќе биде намалена поради бучава од патот штетна за здравјето….
Секоја година, бучавата предизвикува илјадници предвремени смртни случаи, како и хронични нарушувања на спиењето за милиони граѓани на ЕУ.

Поради борбата против нелегалната сообраќајна бучава на мотоцикли и автомобили, многу европски земји усвојуваат нова технологија која ги бележи бучавата и регистарските таблички, пишуваат специјализираните портали

Во Франција, прототип на радар за бучава беше тестиран минатата година на затворена тест патека во градот Нант.

Резултатите од експериментот беа толку убедливи што осум градови сега се пријавија да учествуваат во тестирање на прототип на радар за бучава. Радарите за бучава бележат нивоа на децибели од нивната околина десет пати во секунда.

Уредите се со камера од 360 степени заедно со четири акустични микрофони кои откриваат бучава и ја снимаат регистарска табличка.

Радарите за бучава во Франција се очекува да се користат за казнување најрано до крајот на наредната 2022 или 2023 година, во зависност од тоа како ќе се одвива проектот, инициран од Министерството за животна средина.

Во Шпанија, властите во Каталонија неодамна објавија дека радарите за бучава, кои покрај Франција, исто така, беа тестирани во минатото во Швајцарија, ќе бидат поставени покрај еден од основните автопати во регионот, C-31.

Слично решение е испробано и во Англија, и сега таму ќе бидат инсталирани повеќе камери за заштита од бучава, кои веќе се користат за делење на казните.

Во Данска, владата објави дека ќе се постават кутии за мерење бучава на автопатите во близина на градовите.

https://avtoklub.mk/radarite-za-merene-buchava-na-mototsikli-i-avtomobili-se-po-rasprostraneti/?fbclid=IwAR2Ypki179INJfbBONKlTg6s6O6dsqFnzP2h6DDbFbrCrpKstk5irgt9me0 - https://avtoklub.mk/radarite-za-merene-buchava-na-mototsikli-i-avtomobili-se-po-rasprostraneti/?fbclid=IwAR2Ypki179INJfbBONKlTg6s6O6dsqFnzP2h6DDbFbrCrpKstk5irgt9me0


Posted By: Џоле
Date Posted: 17-Feb-2022 at 19:16
Интересна статија на блогерот Илја Варламов (на руски јазик) за тестирање на радари за мерење бучава во Париз.

Вака изгледаат:





Секој радар се состои од два модула со по два микрофона и три камери, од кои едната го снима сообраќајот, а другите две регистерската табличка на прекршителот.

Горна граница за бучава е 90 децибели. За споредба, тешките товарни возила обично предизвикуваат бучава од 84-85 дб, додека моторциклите можат да стигнат и до 110 дб.

Засега казната за бучава ќе изнесува 135 евра, а ако се плати во рок од 15 дена - 90 евра.

Според пресметките, еден моторцикл што дивее ноќе може да вознемири до 10.000 парижани.

Ајде, да си дочекаме и кај нас.

извор: https://varlamov.ru/mIiCkLjXbpG

-------------
За сè има вторпат


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Feb-2022 at 23:51
Слични уреди има близу многу европски аеродроми за т.н. noise abatement,. Има пропишани граници на бучава кои мора да бодат почитувани при полетување (а поретко и слетување), и компаниите кои ги надминуваат си плаќаат казни.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 18-Feb-2022 at 13:50
А за џамии ќе важи?


Posted By: user8642
Date Posted: 18-Feb-2022 at 18:21
Originally posted by ehrlich

А за џамии ќе важи?
Едноставно не е возможно 70% од население да го казнува другото 30% население. Научете како функционира општество! Може да се спроведе само она што репресира многу мал број на луѓе. Enforce е возможен на оние закони кои се практично 99% против 1% население, на пример 99% нормални луѓе против 1% ненормлани возачи, лопови, криминалци. Ако пола население живее во дивоградба, не очекувајте никаков закон дека може да се спроведе против дивоградби. Ако третина население не плаќа вода/струја/комуналии, исто така не очекувајте напредок. Така се гради општество, со мали чекори каде што секогаш огромното мнозинство спроведува, нормализира, некој мал дел од оштетството. И така чекор по чекор, во секој домен некое мало мнозинство бива репресирано и васпитано. Преку ноќ не е возможно ништо, па ни бучава да се реши. Магично може само ако не окупира некој, или не интегрира преку еу типови на оргазнизации па да мора да се спроведе некоја реформа.


Posted By: Denko
Date Posted: 18-Feb-2022 at 18:51
Originally posted by user8642

Originally posted by ehrlich

А за џамии ќе важи?
Едноставно не е возможно 70% од население да го казнува другото 30% население. Научете како функционира општество! Може да се спроведе само она што репресира многу мал број на луѓе. Enforce е возможен на оние закони кои се практично 99% против 1% население, на пример 99% нормални луѓе против 1% ненормлани возачи, лопови, криминалци. Ако пола население живее во дивоградба, не очекувајте никаков закон дека може да се спроведе против дивоградби. Ако третина население не плаќа вода/струја/комуналии, исто така не очекувајте напредок. Така се гради општество, со мали чекори каде што секогаш огромното мнозинство спроведува, нормализира, некој мал дел од оштетството. И така чекор по чекор, во секој домен некое мало мнозинство бива репресирано и васпитано. Преку ноќ не е возможно ништо, па ни бучава да се реши. Магично може само ако не окупира некој, или не интегрира преку еу типови на оргазнизации па да мора да се спроведе некоја реформа.
Ednas veke rekov, vo Makedonija e taka kako sto e zatoa sto graganite taka sakaat. I da se najde nekoj koj ke promovira red, vednas ke bide sprecen od drugite. Cesto reagiram na nered i bezzakonie i vednas sum spusten na zemja od sogovornicite koi voopsto ne im smeta ili se veke naviknati na toj haos i za mene nesfatlivo kuso ke odgovorat: "Ova e Makedonija, tuka e taka."


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Feb-2022 at 22:44
зошто еден моторцикл што дивее по улици би се казнувал за бучавата, а не за дивеењето?
бучава во град е нормална работа, освен ако не живееш во некое изолирано предградие со пристапни улички... ако живееш над булевар со шест ленти, што се криви возачите?

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Џоле
Date Posted: 18-Feb-2022 at 22:52


Се мисли на звучно дивеење, сигурно си слушнал како некој турира мотор на семафор или додека го вози низ град.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: Denko
Date Posted: 18-Feb-2022 at 22:53
Originally posted by zabegan

зошто еден моторцикл што дивее по улици би се казнувал за бучавата, а не за дивеењето?
бучава во град е нормална работа, освен ако не живееш во некое изолирано предградие со пристапни улички... ако живееш над булевар со шест ленти, што се криви возачите?
Problemot e sto ne se kaznuva za nisto. Delumno si vo pravo koga velis deka bucava vo grad e normalna rabota. Normalna e ako vozacite ja pocituvaat brzinata na dvizenje, a nenormalna e ako so motor vozis 150 km/h na partizanska i toa vo noknite saati. Vo normalnite zemji postoi ogranicuvanje na brzinata od 22-06 casot na 30 km/h tokmu za namaluvanje na bucavata!


Posted By: stef4o
Date Posted: 04-Mar-2022 at 17:53
ЗАСИЛЕНИ МЕРКИ ЗА КОНТРОЛА НА БУЧАВАТА



Инспекциските служби на Општина Аеродром во изминатиот период извршија мерења и анализа на нивото на бучава во животната средина. Мерењето ја опфати бучавата од угостителските објекти, автопералниците и бучава што се емитува од надворешните единици на клима-уредите од маркетите.
Во периодот што следува континуирано ќе се вршат мерења на бучавата по пријава од граѓани, но и по службена должност. Општина Аеродром упатува апел да се почитуваат пропишаните правила и закони, бидејќи прекршувањата според член 56 и 57 од Законот подлежат на високи глоби, кои се движат од 2 000 до 3 000 евра за трговци поединци, а од 6 000 до 98 000 евра за микро, мали, средни и големи трговци.

https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom - https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom


Posted By: gizzmond
Date Posted: 03-Apr-2022 at 22:26
Прекумерната бучава е еден од најгорките проблеми во Скопје, поточно во централното градско подрачје. Конкретно мака мачам веке 9 години, од 2013 година па наваму со прегласната музика што доаѓа од Градскиот парк. Таму дискотеката Привилиџ го држи приматот, а од оваа година ова летно диско работи нон стоп, вклучително и зимоска. Иако станува збор за летна дискотека, без покривна конструкција и изолација, овој локал работи. Работи и тоа како сака и колку сака и кога сака. За нив не важи никаков закон, дури и полицијата не им може ништо.Тоа зборува каде живееме! Граѓаните кои што живеат во околината на Паркот како да дигнале раце, се откажуваат и трпат, молат господ да дојде утро, некој таму да ја изгаси музиката.
Градските власти се прогласуваат за ненадлежни, иако просторот е во сопственост на Град Скопје, додека локацијата е на територија на Карпош, а од друга страна луѓето немоќно бдеат цели ноќи.
Мене не ми останува ништо друго, освен да се надевам дека некој можеби ќе го прочита ова и ќе интервенира за почитување на Законот за бучава. Каде тоа ние живееме?
На крај, да не се чудиме колку сме на број и зошто толкав број на луѓе ја напуштаат родната земја? Ако не е бучавата, тогаш е некој друг проблем што политичките моќници го игнорираат. Проблеми што со години се таложат и не се решаваат сами со себе. Градоначалниците со тоа треба да се занимаваат, а не со висока политика. Тоне полека државата и вербата за подобро утро!


Posted By: stef4o
Date Posted: 28-Jan-2023 at 16:02
Бучавата не се сфаќа сериозно, во зоните за домување има од кафулиња до складишта за градежен материјал



Кафулиња, дискотеки, обложувалници во станбени објекти, врвулици од луѓе и гласна музика, молови изградени во сред град, индустриски капацитети, магацини или складишта за градежни материјали во зони за домување, огромен број стари и бучни автомобили, камиони, автобуси по улиците….

Причинителите на бучавата се многубројни, а тоа е значајно нарушување на животната средина, кое не се третира сериозно во земјава. Изворите ги сретнуваме на секој чекор во нашата околина, но ретко некој граѓанин знае каде да се обрати и како да се избори за потивка средина. С. Македонија нема Катастар на бучава, нема стратешки карти, а податоците од мониторингот не се секогаш достапни на најшироката јавност, иако сите директиви на Европската унија се транспонирани во домашното законодавство, а изработени се и правилници како подзаконски акти.

Според Извештајот во сенка на Поглавјето 27, бучавата може да е еден од сериозните нарушувачи на животната средина, доколку не се имплементираат веќе преземените обврски од европското законодавство. Од Центарот за климатски промени информираат дека Законот за бучава во животната средина ги регулира основните принципи за управување со бучавата во животната средина и е направен според теркот на европските закони. Дефинирани се изворите, граничните вресности, начинот на мониторинг и мерките за заштита

Според Сандра Стојковска, проектен координатор во Центар за климатски промени, анализата направена во рамките на Извештајт во сенка за Поглавјето 27, покажува главната ЕУ директива за бучава е целосно транспонирана во националниот закон, но во однос на спроведувањето има одредени недостатоци.

„Кога станува збор за мониторинг и мерење на бучава, се преземаат податоците од мерањата спроведени од страна на центрите за јавно здравје во четири градови во Македонија и тоа, Скопје, Куманово, Кичево и Битола. Според одредени анализи може да се согледа дека во поголемиот дел има надминување на граничните вредности за бучава кои се пропишани во законот“, вели Стојковска.

Посочува дека регулирањето на бучавата е проблем и од аспект на урбанистичкото планирање бидејќи еколошките дозволи, односно елаборати за животна средина, се издаваат вон законски прописи. Слично е и за планирањето за изградба на објекти од кои има ризик за надминување на граничните вредности на бучава на несоодветни локации.

Решението за сите проблеми, сметаат од Центарот за климатски промени, кое ќе придонесе за целосна заштита од бучава во животната средина, е пред се изработка на стратешки карти за бучава и акциони планови но и кога ќе ги има, нивно спроведување. Потребно е да се работи и на катастарот на загадувачи од бучава, но и на негово редовно ажурирање.

„Голем проблем, особено во големите градови е бучавата која доаѓа од комерцијалните објекти како кафулиња, ресторани, диско клубови, но и комерцијални објекти со други дејности. Сообраќајот е исто така голем проблем кога станува збор за бучава во урбаните средини. За таа цел неопходно е соодветно урбанистичко планирање, односно да се води грижа при планирањето на резиденцијалните објекти и издавање дозволи за работа за некои од горенаведените области. Комерцијални објекти чии активности може да предизвикуваат зголемено ниво на бучава не треба да добиваат дозвола за работа во делови од општината кои се предвидени за домување“, смета Стојковска.

Посочува дека неопходни се и измени во законот за градење кои ќе ги задолжат инвеститорите да поставуваат прозорци со подобра звучна изолација на зградите кои се наоѓаат во неопсредна близина на големи сообраќајници.

Директивата за бучава во животната средина на Европската Унија бара секоја земја која го следи европското законодавство да има стратешки карти за бучава и за главните патишта, железници, аеродроми и агломерации со повеќе од 100.000 жители. Според Архуската конвенција, институциите мора да им обезбедат информации на граѓаните за нивната изложеност на бучава, нејзините ефекти и мерките што се разгледуваат за справување со бучавата.

Миистерството за животна средина информира дека кај нив се собираат и обработуваат податоци од мерење на комуналната бучава и од индустриските капацитети кои се задолжени да вршат мерења на бучава согласно Интегрираните еколошки дозволи кои ги поседуваат. Овие податоци се дел од годишните извештаи за квалитетот во животната средина, што се објавуваат на веб страната на министерството, а последниот достапен е тој за 2021 година.

„Стратешки карти и Акциони планови за бучава се уште не се изработени. Сепак во 2011 година донесена е Уредба за агломерациите, главните патишта, главните железнички пруги и главните аеродроми за кои треба да се подготвуваат стратешки карти за бучава. Се планира да се започне со подготовка најпрво на Стратешките карти, а потоа и на Акционите планови со помош ИПА проект ,кој е во фаза на избор на најдобра понуда и кој ќе трае две години“, информираат од Министерството.

Од таму велат дека е воспоставена државна мрежа за мониторинг на бучава во животната средина преку донесувањето на Одлуката за формирање на државна мрежа за следење на животната средина во 2011 година. Мерењата на нивото на бучавата ги врши Институтот за јавно здравје и десет Центри за јавно здравје од кои само три, во Битола, Куманово и во Кичево и собираат и обработуваат податоци од мерењата од други лаборатории кои се однесуваат на бучавата создадена од различни категории создавачи на бучава како индустрија, аеродроми, угостителско туристички капацитети и други активности. Од Министерството велат дека во земјава постои и Катастар на причинители на бучава, но кој е во рамките на катастарот за животна средина.

Според преземеното европско законодавство, обврска на Градот Скопје, како и на Тетово, Куманово и Битола, како градови со над 100.000 жители, е да имаат изработено стратешка карта и акционен план за бучава, како и да воспостават мрежа за мониторинг на бучава во урбаната зона. Според документи поставени на веб страната на Градот Скопје, градските власти преземале обврска стратешката карта да ја завршат до 2015 година. Сепак, таму се наоѓа само карта на бучава предизвикана единствено од сообраќајот како причинител, но без податоци која година е изработена, ниту пак дали податоците редовно се ажурираат.

Од Градот Скопје за Мета.мк велат дека тие се надлежни само за контрола на бучавата од инсталациите кои имаат Б интегрирана еколошка дозвола. Од таму немаше одговор зошто нема стратешка карта и акциони планови, ниту пак, дали и колку контроли градските инспектори направиле во инсталациите под нивна надлежност, дали биле констатирани пречекорувања на нивото на бучава и дали биле изречени санкции.

https://meta.mk/buchavata-ne-se-sfakja-seriozno-vo-zonite-za-domuvanje-ima-od-kafulinja-do-skladishta-za-gradezhen-materijal/ - https://meta.mk/buchavata-ne-se-sfakja-seriozno-vo-zonite-za-domuvanje-ima-od-kafulinja-do-skladishta-za-gradezhen-materijal/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Jun-2023 at 18:14
Да се демонтираат звучниците од џамијата во Долно Нерези, гласните звуци од минарето ги вадат од памет

Револтираните жители реагираат дека гласните повици од минарето започнуваат уште во 5 часот наутро, а продолжуваат и повеќе пати во денот. Муфтијата на скопското муфтиство, Кенан Исмаили, за весникот ВЕЧЕР истакна дека повеќе пати разговарал и со претходниот и со сегашниот градоначалник на Општина Карпош и заради почит кон другите вели дека утринскиот повик за молитва од џамијата во Долно Нерези се одвива само внатре во џамијата





Жители од Тафталиџе, Карпош 4 и Нерези, како и книжевниот критичар и есеист Јовица Тацевски поднесоа иницијатива до Општина Карпош да преземе соодветни мерки и да издаде решение за демонтирање на звучниците од џамијата во Долно Нерези, поради големата бучава. На оваа иницијатива се придружија и советниците од Левица во Советот на Општина Карпош.

Револтираните жители реагираат дека гласните повици од минарето започнуваат уште во 5 часот наутро, а продолжуваат и повеќе пати во денот.

– Се слуша и во Влае. Нè буди, а кога ќе заечи, од памет ме вади. Бев во Приштина неколку дена. Само еднаш дневно и тоа со тивок звук слушнав пеење на оџа и камбана од католичката црква во центарот на Приштина. Во Македонија се злоупотребуваат озвучувањата за демонстрирање на моќ и сила. Крајно примитивно и насилно однесување – коментира Јована Стефановска.

Други, пак, велат дека силниот звук ги буди рано наутро, поради што потоа цел ден се ненаспани, потенцирајќи дека станува збор за беззаконие и нечовечност, бидејќи има и болни луѓе на кои им е потребен мир, а не вознемирување.

Како што велат советниците од Левица во Карпош, токму договорот дека нема да биде инсталирана звучна опрема на ова минаре, бил условот за советниците од редовите на СДС и ЛДП да дозволат легализација на дивоградбата во 2005 година.

– Бидејќи се работи за објект во кој се употребуваат звучни уреди, истиот подлежи на одредбите од Законот за заштита од бучава во животна средина, кој пропишува мерки и правила за дозволено ниво на бучава. Претседателот на одборот за изградба на џамијата, Сали Бедри, тогаш има потпишано изјава пред нотар дека нема да бидат поставени звучници, но очигледно законите на оваа држава важат селективно и не сите граѓани ги уживаат истите права и слободи – потенцираат од Левица.

Од Општина Карпош одговорија дека нивниот овластен инспектор за животна средина неколку пати разговарал со одговорните лица на самиот објект и испратил допис до Исламската верска заедница на ден 30. 8. 2021 година, но за жал до сега не добиле никаков одговор од нивна страна.

– По пријава од граѓанин на 26. 5. 2023 година Општина Карпош ќе ангажира овластена лиценцирана фирма и ќе издаде налог да се изврши мерење на ниво на бучава на животна средина. По извршеното мерење ќе постапи согласно резултатите – децидни се од Општина Карпош.

Ова не е единствен пример на вознемирување на жителите од гласното озвучување на џамиите. Реакции има и за оние во Бит Пазар, студентите од Универзитетот се жалеа дека тоа им пречи во наставата, а реагираат и од Ченто

– Живеам во Ченто, од една страна село Синѓелиќ, од друга Инџиково. Премногу гласно пее оџата – вели Стефан Величковски.

Муфтијата на скопското муфтиство, Кенан Исмаили, за весникот ВЕЧЕР истакна дека повеќе пати разговарал и со претходниот и со сегашниот градоначалник на Општина Карпош и заради почит кон другите вели дека утринскиот повик за молитва од џамијата во Долно Нерези се одвива само внатре во џамијата.

– Се договоривме само за месецот кога е Рамазан тоа да биде и надвор со звучници – истакна Исмаили.

Тој додаде дека тие барале да се мери јачината на звукот со децибели, но оти до сега немале одговор.

– Езанот, односно повикот за молитва, трае две минути. Некаде се бара да биде погласен, за да се слуша подалеку, а некаде каде што е меѓу згради се бара да е потивок. Зависи од местото. Така и одборите на џамиите реагираат. Така и функционираме и се приспособуваме. Во Чаир имаше такво барање за да се намали, така и постапивме – потенцира Кенан.

https://www.vecer.press/да-се-демонтираат-звучниците-од-џамиј/ - https://www.vecer.press/да-се-демонтираат-звучниците-од-џамиј/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Jun-2023 at 15:16
Бесрамни напади на сетилото за слух и на психичката и физичката состојба на граѓаните

Брзи и бесни моторџии произведуваат децибели што ги загрозуваат скопјани
Со затоплувањето на времето, автоматски моторџиите, односно љубителите на брзи, бесни и гласни мотори ги „изгореа“ улиците. На сите страни веќе се слушаат силни мотори, чии децибели ги параат ушите на скопјани. И тоа не е проблем само прекуден, напротив, проблемот станува опасен во вечерните часови, кога целата градска бучава е стивната и одеднаш, како гром од ведро небо, се слуша силното и долготрајно „грмење“ на бесните машини.

МОТОЦИКЛИСТИ НАДВОР ОД ЕТИКАТА НА МОТОЦИКЛИЗМОТ И „НАДВОР ОД ЗАКОНИТЕ“


Проблемот со бучните мотори не е нов во Скопје. Жителите речиси од сите населби се жалат за прекумерната бучава што ја прават, за трките што се случуваат во вечерните часови по булеварите и не ги оставаат граѓаните да одморат.
Независно дали е Чаир, Бутел, Аеродром, Карпош, сите жители едногласно велат дека летниот период е неподнослив поради некои моторџии што бесчувствително ги возат по улиците.
Додека едни се исплашени за безбедноста во сообраќајот, други велат дека немаат мир од силната бучава на моторите, затоа што булеварот на кој живеат ноќе станува пофреквентна сообраќајница отколку што е прекуден.
Моторџиите, освен што ги нарушуваат јавниот ред и мир, ги нарушуваат и сообраќајните прописи и не возат со дозволената брзина, која, секако, е ограничена во урбаните средини. Од МВР веќе почнаа да информираат за санкционирани мотоциклисти, а на пет возачи им биле одземени мотоциклите.
– На 18.6.2023, во периодот од 12 до 18 часот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР-Скопје, во содејство со Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување при Министерството за внатрешни работи, спроведе засилена акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Притоа се санкционирани 76 возачи, и тоа 23 за возење без шлем, 14 за возење без возачка потврда, седум нерегистрирани возила… Привремено се одземени пет мотоцикли поради истек на важноста на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци – информираат од МВР.
Како што информираат оттаму, акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за побезбеден сообраќај – истакнуваат оттаму.

БУЧАВАТА ГО НАРУШУВА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ

Дека бучавата е штетна по здравјето на луѓето потврдуваат многубројни истражувања направени на оваа тема.
Бучавата претставува мешавина на разни звуци со различен број „звучни треперења во одредено време“. Имено, „загадувањето со бучава“ негативно влијае врз квалитетот на урбаниот живот. Сообраќајната бучава го опфаќа секој звук што влијае врз психичката и физичката состојба, така што ја попречува и намалува продуктивноста на работа, предизвикува вознемиреност и стресни реакции, го оневозможува одморот и им штети на здравјето и на расположението. Изложеноста на повисоки нивоа на бучава доведува до предвремена смртност, кардиоваскуларни болести, когнитивни нарушувања, нарушувања на спиењето, хипертензија и на крајот вознемиреност и сериозни психички нарушувања.
Граѓаните со кои разговаравме велат дека сега, кога во поголемиот дел од денот седат со отворени прозорци, бучавата од моторите значително им го нарушува квалитетот на животот.
– Периодот за ручек е време за одмор. Само што сум ги заспала децата, ете, се нашол некој што вози моќен мотор и неконтролирано дава гас, а тоа се невидено силни звуци. Јас живеам во Бутел 2, веднаш до булеварот Христијан Тодоровски-Карпош, и тоа навистина е тортура. Децата се будат, плачат, исплашени се, па и кога сме надвор, кога ќе видат мотор, веднаш ги затвораат ушите, бидејќи се плашат од звукот – вели Милица Бошковска.
Според едно истражување направено од Светската здравствена организација, бучавата од сообраќајот е втор најголем проблем во животната средина во Европската Унија по загадувањето на воздухот. Процената е дека 100 милиони Европејци се погодени од штетните нивоа на бучава од патниот сообраќај, односно дека се изложени над европскиот праг од 55 децибели во текот на денот и 50 децибели во текот на ноќта. Од овие 100 милиони, 32 милиони се изложени на многу високи нивоа на бучава од над 65 децибели. Како резултат на ваквата изложеност на бучава, секоја година во Европа има најмалку 10.000 случаи на предвремена смртност.

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/besramni-napadi-na-setiloto-za-sluh-i-na-psihichkata-i-fizichkata-sostojba-na-gragjanite/ - https://novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/besramni-napadi-na-setiloto-za-sluh-i-na-psihichkata-i-fizichkata-sostojba-na-gragjanite/

-------------
Carpe diem


Posted By: Sk2023
Date Posted: 05-Sep-2023 at 18:21
Originally posted by stef4o

Да се демонтираат звучниците од џамијата во Долно Нерези, гласните звуци од минарето ги вадат од памет

Револтираните жители реагираат дека гласните повици од минарето започнуваат уште во 5 часот наутро, а продолжуваат и повеќе пати во денот. Муфтијата на скопското муфтиство, Кенан Исмаили, за весникот ВЕЧЕР истакна дека повеќе пати разговарал и со претходниот и со сегашниот градоначалник на Општина Карпош и заради почит кон другите вели дека утринскиот повик за молитва од џамијата во Долно Нерези се одвива само внатре во џамијата





Жители од Тафталиџе, Карпош 4 и Нерези, како и книжевниот критичар и есеист Јовица Тацевски поднесоа иницијатива до Општина Карпош да преземе соодветни мерки и да издаде решение за демонтирање на звучниците од џамијата во Долно Нерези, поради големата бучава. На оваа иницијатива се придружија и советниците од Левица во Советот на Општина Карпош.

Револтираните жители реагираат дека гласните повици од минарето започнуваат уште во 5 часот наутро, а продолжуваат и повеќе пати во денот.

– Се слуша и во Влае. Нè буди, а кога ќе заечи, од памет ме вади. Бев во Приштина неколку дена. Само еднаш дневно и тоа со тивок звук слушнав пеење на оџа и камбана од католичката црква во центарот на Приштина. Во Македонија се злоупотребуваат озвучувањата за демонстрирање на моќ и сила. Крајно примитивно и насилно однесување – коментира Јована Стефановска.

Други, пак, велат дека силниот звук ги буди рано наутро, поради што потоа цел ден се ненаспани, потенцирајќи дека станува збор за беззаконие и нечовечност, бидејќи има и болни луѓе на кои им е потребен мир, а не вознемирување.

Како што велат советниците од Левица во Карпош, токму договорот дека нема да биде инсталирана звучна опрема на ова минаре, бил условот за советниците од редовите на СДС и ЛДП да дозволат легализација на дивоградбата во 2005 година.

– Бидејќи се работи за објект во кој се употребуваат звучни уреди, истиот подлежи на одредбите од Законот за заштита од бучава во животна средина, кој пропишува мерки и правила за дозволено ниво на бучава. Претседателот на одборот за изградба на џамијата, Сали Бедри, тогаш има потпишано изјава пред нотар дека нема да бидат поставени звучници, но очигледно законите на оваа држава важат селективно и не сите граѓани ги уживаат истите права и слободи – потенцираат од Левица.

Од Општина Карпош одговорија дека нивниот овластен инспектор за животна средина неколку пати разговарал со одговорните лица на самиот објект и испратил допис до Исламската верска заедница на ден 30. 8. 2021 година, но за жал до сега не добиле никаков одговор од нивна страна.

– По пријава од граѓанин на 26. 5. 2023 година Општина Карпош ќе ангажира овластена лиценцирана фирма и ќе издаде налог да се изврши мерење на ниво на бучава на животна средина. По извршеното мерење ќе постапи согласно резултатите – децидни се од Општина Карпош.

Ова не е единствен пример на вознемирување на жителите од гласното озвучување на џамиите. Реакции има и за оние во Бит Пазар, студентите од Универзитетот се жалеа дека тоа им пречи во наставата, а реагираат и од Ченто

– Живеам во Ченто, од една страна село Синѓелиќ, од друга Инџиково. Премногу гласно пее оџата – вели Стефан Величковски.

Муфтијата на скопското муфтиство, Кенан Исмаили, за весникот ВЕЧЕР истакна дека повеќе пати разговарал и со претходниот и со сегашниот градоначалник на Општина Карпош и заради почит кон другите вели дека утринскиот повик за молитва од џамијата во Долно Нерези се одвива само внатре во џамијата.

– Се договоривме само за месецот кога е Рамазан тоа да биде и надвор со звучници – истакна Исмаили.

Тој додаде дека тие барале да се мери јачината на звукот со децибели, но оти до сега немале одговор.

– Езанот, односно повикот за молитва, трае две минути. Некаде се бара да биде погласен, за да се слуша подалеку, а некаде каде што е меѓу згради се бара да е потивок. Зависи од местото. Така и одборите на џамиите реагираат. Така и функционираме и се приспособуваме. Во Чаир имаше такво барање за да се намали, така и постапивме – потенцира Кенан.

https://www.vecer.press/да-се-демонтираат-звучниците-од-џамиј/ - https://www.vecer.press/да-се-демонтираат-звучниците-од-џамиј/


Пак си пуштени на најгласно. Како да се пријави повторно?



Posted By: beTon
Date Posted: 08-Sep-2023 at 18:29

вакво прашање ако се решева парцијално во најдобар случај ќе продуцира поединечно решение кое ко такво не решава ништо долгорочно пошто општина потака може да се појачаат децибели!, та или ќе се отвори здрва јавна дебата каде потребите и забелшките на Сите ќе се избалансираат за да се донесе генерална стандардизација не само за еден аспект од гласни звучки ваму или онаму туку за во урбана ем рурална средина!

пр. мене навистина ме вади од такт појавата на дискачи сред Парк!, или концерти на стадионите, небаре ако се такви појави в сред Центар ко ОпенЕр ќе не биде, небаре имаат за карта ем скапа пијачка ама немале за бензин до некоја дискотека или место за концерт во околин на Скопје пр. како Хавзипашини Конаци, а повторно бидејќи и таму има Народ та бар ним да им се делат гратиси за мирот што некој ќе им го ремети, но тоа да е законска норма наместо поука!

и ај карпошани не им пречело у Градски Парк да рока цела вечер петпарачка музика, но што да кажат то Животните во Золошка кои кај по цел ден затворени та и цела вечер измрцварени а утреден оди нека се развижени Деца да им се радуваат, токму се чудат абе ови ги ранат што е работата преку ден спијат!, а ако веќе мора и в Парк некаква мелодија тоа законски да е дозволиво за населени места само Акустични Концерти!, или пак нека платат ко да праеле концерт в њуЈорк та бар да видиме индиректно аир од мрцварењето и на Народ и на Животни, таман ќе може да ги шетаат и низ други Золошки во Македонија на летна рехабилитација ...


Posted By: stef4o
Date Posted: 18-Oct-2023 at 17:30
Бучавата ги премина сите граници!

[tube]-zUmm4xBNe8[/tube]

[tube]fATyKAvpbv8[/tube]

https://samoprasaj.mk/ziveacka/bucavata-gi-premina-site-granici/ - https://samoprasaj.mk/ziveacka/bucavata-gi-premina-site-granici/

-------------
Carpe diem



Print Page | Close Window