Print Page | Close Window

Возен ред

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Железници
Forum Discription: Возен парк, инфраструктура, железнички станици...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=479
Printed Date: 22-Nov-2017 at 19:34


Topic: Возен ред
Posted By: Cloverstack
Subject: Возен ред
Date Posted: 04-Oct-2007 at 20:00
Оваа вест е стара десетина дена, ама нема штета да ја ставиме Smile

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=24978&mid=1500&tabId=1&tabindex=0 - http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=24978&mid=1500&tabId=1&tabindex=0



Четири пара патнички возови кои сообраќаат кон Битола, Гевгелија, Табановце и Велес се укинати
Четири пара патнички возови кои сообраќаат кон Битола, Гевгелија, Табановце и Велес од денес се укинати.
 
Одлуката за намалување на возовите од железници ја правдаат со обидот да се намалат трошоците на јавното претпријатие што тоне во долгови. Очекуваат намалување на транспортните како и трошоците за инфраструктура за околу 300 милиони денари. Парите кои МЖ ќе ги заштеди ќе се пренаменат во повторно воведување на линијата Скопје - Кочани.






Replies:
Posted By: vardar
Date Posted: 29-Apr-2008 at 08:03

ВЕЛЕШАНИ СЕ ЖАЛАТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ

Повеќе патници, полоши возови

Бројот на патниците од Велес е зголемен за 20 отсто, а со тоа и турканиците во старите и бавни возови

Бројот на патниците во возовите се зголеми, но квалитетот на услугите се влоши. Од Велес со воз патуваат за 20 отсто повеќе граѓани во споредба со истиот период лани. Причина е поевтиниот превоз. Во изминатите 12 месеци имаме пораст на продадените билети за една петина. Најмногу од патниците, две третини, се возат до Скопје, следува Битола, а кон Гевгелија и Кочани е многу мал бројот - велат во железничката станица во Велес. Оваа станица е најфреквентна во земјавам со околу 1.200 продадени билети дневно.

ТУРКАНИЦИ ВО ВАГОНИТЕ

Но, патниците се жалат дека условите се катастрофални поради старите вагони, бавните возови и големите турканици. Најлошо е во понеделник наутро, кога им завидуваме дури и на сардините во конзервите. Толкава турканица е. Има многу патници, па може некој ден да се случи да почнеме да седиме на покривот како во Индија. Не може ни кондуктерот да помине за да ги прегледа билетите - вели Милан Ѓоргиев, кој работи во Скопје.Тој е еден од 400-те патници што користат месечен билет и со години патуваат на оваа релација. Особено е критично во првиот работен ден од неделата, кога во возот од Битола, полн со патници, треба да се качат уште 500 велешани, вработени, студенти и ученици. Тие се прашуваат како ќе биде кога за некоја недела ќе се зголемат температурите. Евроамбасадорот Ерван Фуере, кој во минатата недела патуваше со воз од Велес до Скопје, ги пофали „Македонски железници“ за редовноста, но се пожали на квалитетот на услугата. Возот со кој патував стигна навреме. Но, железничкиот сообраќај и инфраструктурата мора да се поправат бидејќи се особено важни за развојот на земјата - изјави тој.

МАЛКУ ВОЗОВИ

Патниците се жалат и на лошиот распоред на возниот ред бидејќи од осум до 12 часот нема ниту еден воз кон Скопје. Според нив, во тој термин многумина сакаат да тргнат кон главниот град. Велешани бараат и да се изгради санитарен јазол во железничката станица. Постојниот го затворила санитарно-здравствената инспекција во 1999 година. Во ЈП „Македонски железници“ изјавија дека знаат за поплаките од патниците, но не можело ништо да се промени бидејќи просечната старост на возовите била над 20 години. За жал, имаме ограничен број патнички вагони и локомотиви. Со нив треба да одржуваме триесетина линии во земјава, поради што е мошне тешко да ги задоволиме барањата на патниците - велат во МЖ.

Петар Печков

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=58DE8504A8B68B4EA7EC1978188508CF - Dnevnik



Posted By: vardar
Date Posted: 01-Sep-2008 at 07:25

ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ


Бројот на патници зголемен за 21,5 насто


Бројот на патници во железничкиот превоз во второто тримесечје од годинава е зголемен за 21,5 насто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Во април, мај и јуни бројот на превезените патници во патниот патнички превоз изнесувал 2.421.000, а во градско-приградскиот 16.543.000, за овој период со авион патувале 169.178 патници.
Во истиот период споредбено со второто тримесечје од 2007 година, количеството на превезената стока во воздухопловниот превоз е зголемено за 14,4 отсто, во железничкиот превоз за 4,1, додека во товарниот патен превоз за седум проценти.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AE520234E04E5B48A7D5824D990DE47F - Vecer
 


Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Sep-2008 at 20:19
Се надевам дека паралелно со зголемувањето на патниците ќе се модернизира железницата, а ќе се воведе брз воз кон Битола, а постојните кон Солун и Белград нема да доцнат со часови. Моето прво патување со воз кон Белград пред три недели заврши со неверојатни 8 часа доцнење на белградската станица.
П.С. Нов сум на форумов и ми се допаѓаат размислувањата на него. 


Posted By: mitatos
Date Posted: 10-Sep-2008 at 21:23
Dobrodojde Bojan

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Sep-2008 at 22:13
Originally posted by BOJAN

Моето прво патување со воз кон Белград пред три недели заврши со неверојатни 8 часа доцнење на белградската станица.


За ова најголем дел од вината лежи на српска страна. Од тоа што сум го читал по српски форуми, состојбата на пругите кај нив е во значително полоша состојба од нашите и доцнењата се значително поголеми на нивна страна. За ова прашање се прилично самокритични...

Не дека ние не треба да си ја модернизираме железницата независно од тоа што се случува таму, ама сепак конкретно на таа линија не е се во наши раце...

За разлика од пругите пак, преовладуваат мислења дека „возниот парк“ им е подобар од нашиот.



Posted By: BOJAN
Date Posted: 11-Sep-2008 at 13:39
Во право си за српската железница. Патот со воз за Нови Сад го продолжив во поштенски вагон, што досега не ми се случило кај нас! Сепак, возот во Скопје од Солун доцнеше 4 и пол часови, а во Белград станаа цели 8 часови. Да напоменам дека повратниот билет сега е 2000 денари со воз, а за истата таа цена со автобусот на Фудекс добивате и вечера, сок и директен превоз до Белград без застанување. Сакам да кажам дека ако вака се продолжи, возовите до Белград е подобро да се укинат! Возејќи се со нивниот возен парк не би можел да се сложам дека им е подобар од нашиот. Кратко речено, требаат големи инвестиции веднаш!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-Oct-2008 at 11:35
Како и секаде околу нас така и во нашата железница не се води сметка за чистотата, а нарочно на нешто ново, никој ни во планирањето ни во буџетот не предвидува тековни месечни и годишни одржувања, во делод на хигиената и изгледот, нерачунајќи го во случајов машинскиот дел.
А позната е нашата навика во домашниот двор е идеално чисто, а штом излеземе надвор, е тое не е мое, тоа е нечие - ничие.

А кога го спомна Кочани, еве една снимка од вчерашниот ден која се кажува за можноста на профитабилност на железницата со мудра политика и малку време

[TUBE]RcdWHEPV6k0[/TUBE]


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Oct-2008 at 19:34
BananaШпанецот е полн! Колку и да е прекрасна ваквава глетка, сепак треба да не загрижува тоа што во возовите нема место. Вчера бев со Кенеди за Битола и беше преполн, а луѓето стојат по ходници. Тоа ни докажува дека имаме дефицит на патнички вагони и моторни возови. За време на викендите потребно е да се пуштаат и вонредни возови, а и возниот ред на возовите не е најдобар. На пример, Шпанецот за Кочани вози празен во 3 часот наутро, а единствената дневна врска со Кочани е овој попладневен воз. Истото е и за Битола, утринскиот воз од Битола поаѓа во 3:49 часот наутро. Наместо да се укинат ноќните возови и да се воведат неколку дневни возови, ние имаме возови кои возат празни преку ноќ, а тие што се преку ден се ретки и се преполни. Се надевам дека новиот возен ред во моментов го осмислуваат и дека ваквите грешки ќе бидат исправени од Македонски железници.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Oct-2008 at 12:56
Дали некој знае како ќе изгледа возниот ред за 2009 година, ќе има поголем број на возови и подобар тајминг? Јас наслушнав дека ќе се воведувала уште една линија за Солун од Белград, попладневна од Скопје и кон Белград и кон Солун, но не се знае дали ќе продолжува кон Загреб и Љубљана? Ако има нешто пишетеBig%20smile!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 28-Oct-2008 at 23:08
Originally posted by BOJAN

Дали некој знае како ќе изгледа возниот ред за 2009 година, ќе има поголем број на возови и подобар тајминг? Јас наслушнав дека ќе се воведувала уште една линија за Солун од Белград, попладневна од Скопје и кон Белград и кон Солун, но не се знае дали ќе продолжува кон Загреб и Љубљана? Ако има нешто пишетеBig%20smile!

Еве инфо од Српски железнички весник каде тоа се спомнува



Posted By: BOJAN
Date Posted: 29-Oct-2008 at 11:02
Значи сепак било вистина, ќе си се врати старата линија кон Белград-Солун што беше укината оваа година. Тоа би значело дека со Солун и Белград ќе имаме и дневна врска, а не само утринска и вечернаApplause. Супер е тоа, гледам српскиве железници уште од сега го имаат средено возниот ред, а како што гледам кај нас абер нема за такво нешто. Сепак, треба да има неколку измени во новата година, а посебно да се укинат оние возови што поаѓаат во 3 часот наутро празни, да се преместат како утрински па и пладневни линии. Ова го говорам од позиција на патник, срамота е тие возови да одат празни и да носат загуби,  а утринските и попладневните возови да бидат ретки и преполниBow!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 29-Oct-2008 at 13:35
Немој така, двојца бевме во воз на тура Ск-Кичево во 03:10, е назад имаше повеќе. Big%20smile

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 29-Oct-2008 at 16:54
Bash...  и токму поради тоа возот во 15:30 е преполн и нема место!!! Тоа е правење на возен ред без мозок, а можеби и намерно да е! Во моменти кога автобуски превоз кон Кичево, Гостивар и Тетово има на секои 15 минути до 1 час, нема ниту еден воз на оваа релација(од 6 до 15:30 часот!). Истото е и со Кочани и со Куманово(од 6 до 15 часот нема ниту еден воз!). Се надевам дека овие грешки ќе ги исправат, ама и се прашувам дали намерно не се пуштаат возови во овој тајминг само за автобуските компании да остваруваат екстра профит!!!


Posted By: beTon
Date Posted: 30-Oct-2008 at 14:01

ќе биде добро доколку се врати старата меѓународна која ја возеше Hellas express ( http://www.vest.com.mk/default.asp?id=118160&idg=6&idb=1784&rubrika=Crna+Hronika - Dortmund - Athenes ) која пред некое време заради нерентабилност од страна на грците беше десеткувана и ја пуштија солун-белград, па доколку сакаше некој да продолжи кон загреб или кон европа мораше и мислам сеуште мора да преседува во белград, баш преседување но со едно сат-два чекање друг воз за БГ-Виена... мислам дека доколку србите под итно не преземат нешто околу нивниот дел од К10 дека и народот од европа ќе го избегнува овој коридор а и компаниите нема да пуштаат возови... инаку порано во ЈУ имало воз Битола-Марибор кој и бил крцат и рентабилен, па ако не сакаат грците да пуштат срце можеме ние една ваква линија да вратиме во живот...



Posted By: BOJAN
Date Posted: 30-Oct-2008 at 15:48
Железницата не е мртва,ниту ќе биде во догледно време. Точно е дека постојат евтини авиобилети, но и железничките билети во последно време многу поевтинија низ Европа, а брзината на возовите е поголема. Што се однесува до Балканов, би било добро линијата Солун-Белград барем да се продолжи до Villach, Австрија бидејќи србите имаат врска до таму со новиот возен ред. Да не заборавиме, од јуни до септември ќе имаме и секојдневна врска со Прага, бидејќи Хелас Ексрес е продолжен и по Будимпешта. Сепак, ја би сакал да имавме добра железница и да ја си вратиме директната линија Скопје-Минхен што сообраќаше до пред 10-тина години. Исто така, да се врати и Пелагонија ексрес, ако веќе не може Загреб-Битола, бар да оди Скопје-Битола, да се патува 1 час побрзо до Битола. Во иднина со изградбата на пругата со Бугарија би се вовеле директни возови до Софија, а со директни кушет вагони и до Букурешт и Истанбул, па и Москва! Исто така и до Охрид.
П.С. Да се вратиме во денешнината, би сакал да се отвори една дебата, дали ви се допаѓа сегашниот возен ред на Македонски железници? Дали сметате дека треба нешто да се менува, како што се сеќавам јас како новинар баш пишував текстови за Велешани кои минатиот декември ја блокираа пругата поради катастрофалниот возен ред на возовите!


Posted By: beTon
Date Posted: 30-Oct-2008 at 18:50

Originally posted by BOJAN

П.С. Да се вратиме во денешнината, би сакал да се отвори една дебата, дали ви се допаѓа сегашниот возен ред на Македонски железници? Дали сметате дека треба нешто да се менува, како што се сеќавам јас како новинар баш пишував текстови за Велешани кои минатиот декември ја блокираа пругата поради катастрофалниот возен ред на возовите!

возниот ред според мене воопшто не е добар, а и реално за  тоа повеќе фактори се во игра, но подобро нешто него ништо, инаку мислам дека возниот ред треба една година предходно да се најави во ЕУ како би се усогласиле сите проекции, и евентуално би се вршело корекции. па така да колку нешто да може да се смени треба од сега за в година да се почне муабет, т.е. вакво нешто баш плукни-залепи нема да може да се смени. а се додека не се трасира нова пруга или не се обнови целосно старата(нови бетонски прагови) нема да имаме никаков квалитет, а и ни интерес ни од потенцијални компании ниту пак од патници, но што вели pbanks доколку постојано качува цената на нафтата, а и откако ќе се кренат патарини на секој чекор, и нормално се среди инфраструктурата во железницата што би отворило простор за http://en.wikipedia.org/wiki/Inter-city_rail - IC  возови http://en.wikipedia.org/wiki/Electrical_multiple_unit - [1]  , мислам дека не само што ќе има фајде од возовите туку и ќе се користат максимално.



Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Oct-2008 at 19:07


IC возови се подобро решение не само од кола туку и од авион дури и за дестинации како Загреб, Љубљана или Атина.

Ако се земе во предвид времето до/од аеродром, чекирање, багаж итн како и трошоците кои идат со тоа споредено со фактот дека IC вози од центар на град до центар на град, математиката е јасна.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 30-Oct-2008 at 19:14
Знам за тоа дека сега треба да се преговара за 2010 година, ама барем нека сега се водат преговори за возниот ред 2009-2010 година. Мислам дека ние во моментов не можеме да ги опслужуваме патничките возови, а камоли да размислуваме за брзи, интерсити или не дај боже еуросити возови(IC и EC), ама треба да се согласиме дека главната вина за тоа ја имаат србите со нивните возења од 20-30 км. на час. Можеби меѓународниот сообраќај ќе се подобри кога ќе се укине визниот режим, па тогаш бар чекањата на границите ќе ги нема.
Што се однесува до возниот ред, мислам дека и да немаат возни средства, подобро ќе биде тие да ги пуштаат во било кој дел од денот, отколку во 3 часот наутро! Зошто на пример возот за Кочани не сообраќа во 9 часот наутро, наместо во 3 часот по полноќ или возот за Кичево наместо во 3 часот наутро да сообраќа во 6 часот попладне? Еве денес, наместо да носам пакет до Битола со воз, поради лошиот тајминг на возовите пакетот го испратив преку карго-превоз.


Posted By: beTon
Date Posted: 30-Oct-2008 at 19:38
па најверојатно е тоа така заради тие што треба да стигнат во 6-7 на работа сигурно правеле анализи во МЖ, друго објаснување нема, туку кажи како се цените за карго со воз до БТ за физички лица?!


Posted By: BOJAN
Date Posted: 30-Oct-2008 at 22:18
Beton, испраќање на пратка до Битола со карго е 150 денари во еден правец плус 50 денари за да ја однесат до врата односно поскапо отколку ти самиот да ја однесеш пратката со возCrazy! Затоа и велам, нека стави Железница возови во подобар тајминг и патници ќе има многу повеќе од сега, бидејќи картите до Кичево, Битола, Кочани и Гевгелија се 2 до 2,5 пати поевтини од автобус, а преку 5 пати поевтини од автомобил!!! Често патувам, па си знам за ова. Затоа и ја отворив дебатата околу возниот ред.
Владимир,
јас имам информација од српските медиуми дека наредната година Србија ќе вложи 1,1 милијарди долари во инфраструктурата и во набавката на нови возови. Мислам дека ова беше наслов во Политика, но не сум 100% сигурен за суматаLaugh.


Posted By: beTon
Date Posted: 30-Oct-2008 at 23:26
чекај 150 ден за пакет до колку кила, или од 150 ден од кило, па види ако е 150 ден од пакет + 50 ден испорака до врата, па тоа е екстра јас мислев утепуваат, ова е веќе далеку поисплатливо од dhl, ова е брза пошта na http://www.ems.com.mk/macedonian/emskalk.htm - EMS  - Express Mail Service или ?! 


Posted By: BOJAN
Date Posted: 31-Oct-2008 at 12:14
Бетон, фирмата се вика Карго превоз и тарифата важи најверојатно само за помали пратки каква што и испратив. Не сум повеќе упатен во оваа област.
Владимир, фала што ме исправи, сепак биле 1,1 милијарди евра!!!!!
Е сега, 2007 година ние вложивме околу 2,5 милиони евра, па сега видете зошто ни е железницата во криза. Тука лежи одговорот зошто нема доволно возови, зошто Велес-Прилеп се искачува со просечни 26 километри на час, зошто возовите се крцати како во Индија, а имам и впечаток дека не се ни трудиме на смениме нешто на позитивноOhno.


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Oct-2008 at 12:21
Во возниот ред највеќе ми боде очи фактот дека нема почести линии до Велес па и до Куманово и Тетово.

Дали мислите е паметно да се отворат нови линии кои би сообраќале повеќе пати дневно само до овие градови? Мислам дека посебно линијата до Велес  би била исплатлива од повеќе причини. Што е најбитно и времето на патување е горе долу разумно до овие дестинации.

Прашањево е пред се упатено до Владимир и Бојан како најистакнати "железничари на форумов".




Posted By: BOJAN
Date Posted: 31-Oct-2008 at 18:11
Ај да одговорам, и сега постојат директни врски Скопје-Велев во 10:50 и 13:20 часот според возниот ред. Сепак би требало да се воведе според уште еден во околу 9 часот наутро и уште еден околу 20 часот навечер на оваа релација. Кон Куманово состојбата е многу полоша, бидејќи нема воз од 6 часот наутро па се до 15:20 попладне. Според мене, би завршело работа да се воведе уште еден утрински воз до 9 часот и еден пладневен околу 12 часот. Исто и со Тетово од 6 до 15:30 часот нема ниту еден воз и тука би требало да воведат уште еден утрински, пладневен и еден вечерен околу 19 часот.
Тоа би бил мој предлог. Цените би биле дупло поевтини од автобускиот превоз, пругите кон овие релации се солидни, а автобусите на овие релации застануваат на секоја бандера!!!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 31-Oct-2008 at 18:37
Бојан веќе делумно одговори но пред тоа мислам дека треба една мала студија.

Во секој случај и моето мислење е дека возниот ред не е баш најсоодветно направен, за кој мислам дека не треба нешто многу „математика“.
 
- Со просто броење на патници за одреден период.
- Местата каде има движење на работна снага.
- Враќање на студентите во петок попладне т.е недела навечер.
- Испитување (шпиунирање) на автобуските патници и нивните потреби, со нивно превземање.

И веќе за два до три месеца можете да го имате најекономичниот возен ред, но несмее да се заборави и двосезонски ред и празничен.

Останува да се организираат

- Влечните и влечените средства, каде сме малку тенки, две локомотиви во наредните месеци треба да пристигнат.
- И секако особје за обслужување на истите, тука веќе е направен голем помак во МЖ и примени се поголем број на млади машиновазачи кој се при крај со нивната обука.

Еве веќе утре во 6 ч ќе направам една тура по МК па ќе имаме документирани свежи инфо. Smile


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 31-Oct-2008 at 18:51
А мислам дека би требало Железница да се ангажира и малку повеќе со Штуловиот и Тетовскиот универзитет, студентите кои секојдневно патуваат да добијат месечни карти, а истото важи и за работниците од Куманово и Велес кои секојдневно патуваат кон СКопје. На овие лица треба најпрво да се смета. После доаѓаат студентите, пензионерите и викендашите кои најчесто патуваат 2 дена во неделата.
Владимир, мислам дека Заводот за статистика има вакви податоци, Железница треба пробно да пушти возови, па да се види дали се исплатливи или не овие линии.Bow


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Oct-2008 at 20:00
Originally posted by Vladimir P

Бојан веќе делумно одговори но пред тоа мислам дека треба една мала студија.

Во секој случај и моето мислење е дека возниот ред не е баш најсоодветно направен, за кој мислам дека не треба нешто многу „математика“.
 
- Со просто броење на патници за одреден период.
- Местата каде има движење на работна снага.
- Враќање на студентите во петок попладне т.е недела навечер.
- Испитување (шпиунирање) на автобуските патници и нивните потреби, со нивно превземање.



Во оваа насока ми беше највеќе и поставено прашањето. Комуникација со Велес треба да има на секој саат малтене. Не само што ќе им олесни на Велешани да работат во Скопје туку ќе им олесни и на Скопјани на пример да купат недвижнина во Велес која е многу многу поефтина и воопшто животот е поефтин и да се преселат таму а да продолжат да работат во Скопје. Можеби ова баш и не е типично за нас но навики се создаваат само треба да има предуслови.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 31-Oct-2008 at 20:15
Во потполност се слагам, дефинитивно мора да постои двосмерна миграција, која само со добра комуникација можеме да ја оствариме.
Примерот буквално можеме да го пресликаме од Словенија


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BlacK
Date Posted: 31-Oct-2008 at 20:27
Ne samo so Veles,istoto bi trebalo da se napravi i so Kumanovo i Tetovo.Bi se ovozmozila daleku podobra komunikacija,a studentite od ovie gradovi ne bi morale da iznajmuvaat stanovi vo sk po astronomski ceni ili da facaat legla na studenti od podalecnite gradovi na Makedonija.So pogolema cirkulacija bi se zgolemilo i dnevnoto prisustvo na lugje vo Skopje a so toa bi ojacal ekonomski i bi se podignal na povisoko nivo.
Istoto bi trebalo da se napravi i so Bitola da receme koga bi se povrzala so okolnite gradovi,potoa Strumica so okolnite naseleni mesta i da receme Stip za kraj.Taka ovie gradovi bi bile da receme kako nekoj centri kade bi se srecavale lugjeto od tie i okolnite gradovi.
Ne znam nisto za zeleznickiot soobracaj taka sto ova mislenje e cisto laicko.
Se vodev od toa bidejci znam deka vo Italija na primer ima Regionalni linii i linii koi gi povrzuvaat centrite na tie regiono pomegju sebe.
Kako primer ce vi navedam Linijata Oristano-Kaljari.Oristano e na 90 km od Kaljari a Zeleznickata stanica vo Kaljari e vo centarot na gradot.Od Oristano do Kaljari se stignuva za nekoi 35-40 min.Zitelite nemaat nikakva potreba da kupuvaat skapi stanovi vo Kaljari bidejci za polovina cas se vo centarot na Kaljari.Sto se vika moze da se ide na edno kafe i da se vrati isto kako da te fatilo guzva u skopje u subota za vreme za kafe )))))))


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Oct-2008 at 20:34
Originally posted by BlacK

Ne samo so Veles,istoto bi trebalo da se napravi i so Kumanovo i Tetovo.Bi se ovozmozila daleku podobra komunikacija,a studentite od ovie gradovi ne bi morale da iznajmuvaat stanovi vo sk po astronomski ceni ili da facaat legla na studenti od podalecnite gradovi na Makedonija.So pogolema cirkulacija bi se zgolemilo i dnevnoto prisustvo na lugje vo Skopje a so toa bi ojacal ekonomski i bi se podignal na povisoko nivo.
Istoto bi trebalo da se napravi i so Bitola da receme koga bi se povrzala so okolnite gradovi,potoa Strumica so okolnite naseleni mesta i da receme Stip za kraj.Taka ovie gradovi bi bile da receme kako nekoj centri kade bi se srecavale lugjeto od tie i okolnite gradovi.
Ne znam nisto za zeleznickiot soobracaj taka sto ova mislenje e cisto laicko.
Se vodev od toa bidejci znam deka vo Italija na primer ima Regionalni linii i linii koi gi povrzuvaat centrite na tie regiono pomegju sebe.
Kako primer ce vi navedam Linijata Oristano-Kaljari.Oristano e na 90 km od Kaljari a Zeleznickata stanica vo Kaljari e vo centarot na gradot.Od Oristano do Kaljari se stignuva za nekoi 35-40 min.Zitelite nemaat nikakva potreba da kupuvaat skapi stanovi vo Kaljari bidejci za polovina cas se vo centarot na Kaljari.Sto se vika moze da se ide na edno kafe i da se vrati isto kako da te fatilo guzva u skopje u subota za vreme za kafe )))))))


Па да и Тетово и Куманово ги спомнав како градови кои треба да имаат постојана железничка врска со Скопје, малтене да се сметаат како предградија.

На Велес би му дал за нијанса предност (ако веќе мора да бираме) бидејќи Тетово и Куманово имаат пак за нијанса подобри патни врски со Скопје. Тетово-Скопје (без возење низ град) е реално 15-20мин. А Тетово и сам по себе добива на значење и станува центар кон кој се гравитира во последниве години.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 31-Oct-2008 at 21:18
Во секој случај дискусијава неведува дека решение на демографија, миграција, развој, секако е во комуникациите.
Се надевам дека со разумна и позитивна политика можеме да го постигнеме тоа за едно 5-7 години.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 01-Nov-2008 at 01:53
Се согласувам со Владимир, позитивностите би излегле на виделина за 5 години, ама ако уште од сега се фатиме за работа. Не верувам дека Железница е до толку во криза, да не може да пушти бар по една линија плус за Тетово, Велес и Куманово во новиот возен ред за 2009 година. Пак ќе повторам, мислам дека тука се вмешани и бизнис интереси на автобуските компании, а и на општините од внатрешноста. Велес донекаде има врски скоро во целиот ден, ама Тетово и Куманово ситуацијата е катастрофална. Поради индолентниот однос на железници, картите со автобус се качуваат само нагоре до плафон, а за удобноста и да не говориме, автобусите на ЈУГ ТУРИСТ-Куманово се најлоши во земјава, а автобусот кон Тетово стои на секоја можна станица во Скопје пред да излезе на автопат.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Nov-2008 at 20:44
Најнова вест на А1 телевизија!
Македонски железници отпуштиле 8 работници од кои 1 машиновозач и 3 кондуктори заради кражба на нафта од депо и за кражба на пари од билети во патничкиот сообраќај! Според А1, од годинава кога зачестиле контролите во патничките возови Железници собрале за 300.000 евра повеќе средства од изминатите години. Според телевизијата, можно е железница да покрене и постапка за да се утврди за колку пари е оштетено претпријатието во текот на минатите години.
Свака част, конечно да тргнеCheers!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Nov-2008 at 21:01
Ја се сеќавам на една поговорка која потекнуваше толку од кондуктерите во железница. "Бурек мене, бурек тебе, железница гомна да јаде!!!" Ете така се наплатуваа/т билети во МЖ. Никој не плаќа/ше цела сума, него се дели по пола со кондуктерот.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 13-Nov-2008 at 12:10
Самиот податок кој говори дека се собрани 300.000 евра повеќе пари откога се зачестени контролите треба да говори дека не се работи за мали пари и не е баш за преживување работата. А ако им доцнат парите на кондуктерите можат да штрајкуваат, и така Железници немале штрајк задниве неколку години. Има методи за притисок, но тука не спаѓа и крадењето на пари. Поради крадењето на пари од билетите се кратат и патничките линии, па после се чудиме зошто нема возови. Железницата пропаѓала со години затоа што се крадело од директор до вратар, мора да се стави точка еднаш!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Nov-2008 at 00:46
Originally posted by mitatos

За тоа што делеле пари ич не ги кривам нив, па нормално дека ке краде кога неколку месеци не земал плата, од што ке живее.. од една страна ги оправдувам ама од друга страна сепак крадење е крадење, ако не те плаќа напуштај, но сепак на некој му отишол животот таму па сега за неколку години да упропости пензија ќе издржи , мене ме чуди фактот што не ги затвараат тие големите крадци па нашле да ги бркат кондуктериве.... според мене е голема глупост.

Незнам од каде ти се овие информации дека со месеци не зеле плата, и да е така што не верувам е оправдување да се краде.
Во секој случај чудно размислување !!??


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Nov-2008 at 12:22
YesТака е Владимир, секогаш кога во Железница доцнела платата синдикатите штрајкувале, така што до платата не е. И вработените имаат голема одговорност за сегашнава состојба на МЖ. Баш се сеќавам дека до пред неколку месеци сите знаеја тарифа за потплаќање на кондуктер до Велес, Гевгелија или Битола. После тоа ќе се чудиме зошто има се помалку патнички возови и зошто железницата ни пропаѓа.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Nov-2008 at 19:54
Да прашам и јас дали во Македонија уште постојат експресни линии или брзи или како и да се викаат, тие кога застанува возот само во поголемите градови (станици). Знам дека Солун-Скопје застанва само Гевгелија, Велес и уште неколку места не знам кои точно, многу малку во секој случај (не сум се возел, ми имаат кажано). А Битола-Скопје сите возови (4, 5 колку се дневно?) застануваат на секоја можна постојка. Да има експресен многу луѓе порадо би платиле 600 денари за возот (колку што е автобусот) наместо 300 и да се клацкаат тргни застани цел ден.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Nov-2008 at 12:48
Кај нас има три типа
D - екпресен
B - брз
П - патнички

D - Експресен Скопје - Гевгелија воз број 335 кој застанува Велес Градско Неготино Д.Капија Миравци Гевгелија, тргнува во 8:00, Велес 8:42 Гевгелија 10:15, ~ 2:15 мин
D - Експресен Скопје - Табановци воз број 334 кој застанува во Куманово, тргнува 20:06, Куманово 20:39 Табановце 20:50, ~ 40 мин
D - Експресен Скопје - Приштина воз 892 тргнува 16:13 пристига 18:51
Другите се или брзи или патнички, собирајќи од секое место и местенце патници - рентабилнист


Posted By: BOJAN
Date Posted: 22-Nov-2008 at 18:56
Јас би го надополнил Владимир со една добра вест дека за еден месец ќе имаме и втор експресен воз кон Белград и Солун(разбира се и Табановце-Гевгелија) кој во Белград ќе поаѓа во 7:50 часот а од Скопје за Солун отприлике во 17:30 часотApplause! За останатите линии од новиот возен ред сега за сега ништо не се знае.



Posted By: BOJAN
Date Posted: 11-Dec-2008 at 12:53
Во денешниот број на ВРЕМЕ има информација дека рибарскиот воз за Гевгелија ќе има скратена релација и со новиот возен ред се до 9 јануари 2009 година. Имено поради градежни зафати на пругата Велес-Гевгелија, патничкиот воз кој поаѓа од Скопје во 6:15 часот ќе сообраќа само до Неготино и на релацијата Неготино-Скопје во обратен правец. Сите рибари и останати патници на утринскиот воз за Гевгелија се упатуваат да го користат експресниот воз за Солун кој поаѓа од Скопје во 8 часот и кој ќе застанува на сите службени места помеѓу Неготино и Гевгелија.
Попладневниот воз за Гевгелија, како и новиот експресен воз ќе си возат вообичаено до Гевгелија.


Posted By: mitatos
Date Posted: 11-Dec-2008 at 18:00
Skopje -gevgelija za 2 saata i 15 min ???
a so koja brzina ke se vozi.


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Dec-2008 at 21:42
15:48  http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=59876703&lId=1&title=%d0%9c%d0%90%d0%9a%d0%95%d0%94%d0%9e%d0%9d%d0%98%d0%88%d0%90+-+%d0%a1%d0%9e%d0%9e%d0%91%d0%a0%d0%90%d0%8c%d0%90%d0%88+%d0%98+%d0%92%d0%a0%d0%a1%d0%9a%d0%98 - Викендов стапува во сила новиот возен ред
  • Скопје, 11 декември (МИА) - Викендов, во ноќта меѓу 13-ти и 14-ти овој месец, на пругите на европските и македонските железници стапува во сила новиот возен ред 2008/2009 година со важност до 12 декември следната година ... http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=59876703&lId=1&title=%d0%9c%d0%90%d0%9a%d0%95%d0%94%d0%9e%d0%9d%d0%98%d0%88%d0%90+-+%d0%a1%d0%9e%d0%9e%d0%91%d0%a0%d0%90%d0%8c%d0%90%d0%88+%d0%98+%d0%92%d0%a0%d0%a1%d0%9a%d0%98">bulletПОВЕЌЕ


Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Dec-2008 at 12:04
Mitatos, so patnicki voz spored vozniot red do Gevgelija patuvas 2 casa i 45 minuti, a dokolku patuvas so ekspresniot voz togas patot e 2 casa i 15 minuti, no problemot so ekspresnite e sto znaat da docnat od Solun ili Belgrad.
Sto se odnesuva do noviot vozen red, ne sum go videl seuste, ama edinstvena novina e noviot ekspresen voz Belgrad-Solun i letnoto povrzuvanje so Varna i SOfija. Toa se dobri novini, a precizni informacii ke pocekame uste den-dva!


Posted By: mitatos
Date Posted: 12-Dec-2008 at 17:06
Bojan@ mene me raduva faktot ako e 2:15 min skopje -gevgelija , oti poveke se isplati da ides so voz nego so kola, ili autobus, toa mi bese zborot inace nemam niso protiv, se nadevam toa 2:15 ke se skrati nekogas na 30 min ))

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: BOJAN
Date Posted: 13-Dec-2008 at 02:19
Возен ред на Македонски железници од 14.12.2008 до 12.12.2009 година:
СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА: 6:09(П); 7:20(Е); 17:15(Е); 19:42(П);
СКОПЈЕ-БИТОЛА: 6:46(П); 14:30(П); 18:15(П);
СКОПЈЕ-КУМАНОВО-ТАБАНОВЦИ: 6:10(П); 7:41(Б); 13:11(Е); 16:32(Б); 18:40(П); 20:40(Е);
СКОПЈЕ-КУМАНОВО: 22:37(П);
СКОПЈЕ-КИЧЕВО: 2:50(П); 8:00(П); 16:30(П);
СКОПЈЕ-КОЧАНИ: 2:22(П); 15:30(П);
СКОПЈЕ-ВЕЛЕС: 2:22(П); 6:09(П); 6:46(П); 7:20(Е); 10:10(П); 13:20(П); 14:30(П); 15:30(П); 16:40(П); 17:15(Е); 18:15(П); 19:42(П); 22:40(П);
СКОПЈЕ-ВОЛКОВО: 15:35(Б);
МЕЃУНАРОДНИ ВОЗОВИ:
СКОПЈЕ-БЕЛГРАД: 7:41(Б); 13:11(Е); 20:40(Е);
СКОПЈЕ-СОЛУН: 7:20(Е); 17:15(Е);
СКОПЈЕ-НИШ: 16:32(Б);
СКОПЈЕ-ПРИШТИНА: 15:35(Б);
СКОПЈЕ-НИШ-БАР: 13:11(Б) (само во летните месеци)
-покрај за Бар, во летните месеци директни вагони од Скопје ќе има и за Софија, Варна, Будимпешта, Братислава, Прага, Киев и Москва со возовите што сообраќаат кон Белград)


Posted By: гитардемон
Date Posted: 15-Dec-2008 at 14:06

Само што дојдов од Скопје со воз, врска нема ова. Еден мој другар дојде со возот од Битола во 03:45 а за мене имаше само во 7:20 воз (кој пристигна во 8 а кога тргна не сакам да дискутирам, сега стигнав пред малку Солун)

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-Dec-2008 at 19:39
Originally posted by гитардемон

Само што дојдов од Скопје со воз, врска нема ова. Еден мој другар дојде со возот од Битола во 03:45 а за мене имаше само во 7:20 воз (кој пристигна во 8 а кога тргна не сакам да дискутирам, сега стигнав пред малку Солун)

Не би знаел дали е активен новиот ред на возење, но каснењето на возот за Солун стана веќе нормална работа, целата работа е во Србија од каде возовите константно каснат, така да во Скопје секогаш доаѓаат во наддобар случај нешто после 8:30, и на сето тоа, скоро секој 4-5 воз, еден од српските вагоните се вади како неисправен и се додава нов, така да тоа е дополнително време на чекање.

Еве тоа искуство се потврди вчера, меѓународниот возо 335 кој требаше да пристигне во Скопје во 8:00, каснеше ~ 50 мин. + замена на еден вагон негде околу ~ 50 мин. така да во Велес каде требаше да пристигнеме во 8:41 пристигнавме во ~ 11:00 час. а во Солун ...

Меѓународниот воз 335 кој требаше да тргне во 8:00 ч.



Пристигање на возот во Велес во ~ 11:00 ч.



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 16-Dec-2008 at 12:10
Возовите за Солун редовно каснат, во просек од 30 до 60 минути поради србите!
Така што сметајте дека овие термини од 7 и 20 и 17 и 15 часот се ставени само кога возот ќе пристигне на време од Белград. Што се однесува за домашните релации, дајте простор од неколку денови да се видат сите поплаки, можно е да има и некои измени во возниов ред.
Во секој случај треба да се знае дека скоро сите возови за 2009 година имаат значајни измени во поаѓањето и пристугнување во станица Скопје, затоа информирајте се пред да патувате
By the way, на интернет страната на МЖ сеуште е стариот возен редGunz!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Dec-2008 at 12:40

Тоа го нарекуваш интернет страница? Сепак ги сфаќам, имаат премногу проблеми не им е до мрежно место (веб-сајт) дојдено... Како и да е, мислам дека со оглед на тоа што кај нас бројот на интернет корисници енормно расте би требало да го подобрат сајтот.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Dec-2008 at 21:53
Previous
... да го подобрат сајтот.

Мислиш да направат сајт, како сите други железници


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 17-Dec-2008 at 11:30
Во право си Владимир, Македонски железници имаат убедливо најлош сајт по многу параметри. Возниот ред е copy-paste ист од оној на железничките станици, нема можност за резервација на билети, нема можност да прочиташ колку би те чинело патувањето до крајната дестинација, каков тип на вагони има до бараната дестинација, со еден збор касниме со години.


Posted By: beTon
Date Posted: 31-Dec-2008 at 19:51

Народе кој е последниот воз во 2008 и првиот во 2009 што ќе тргне од НЖС ?



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 31-Dec-2008 at 21:13
Мислам
2008 - 22:38 Ск-Велес

2009 - 03:12 Ск-Кочани

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 31-Dec-2008 at 22:22

а експресниот 391 треба да е балкански новогодишен воз со пречек на нова година кај Градско! Smile

со исклучок на новогодишниов, значи со мексиканец пардон шпанец ќе ни тргне годината, значи прилично воинствено !



Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Jan-2009 at 06:31
Владо ај провери да не има везе нешто возот за гевгелија?!


Posted By: BOJAN
Date Posted: 02-Jan-2009 at 21:55
Ај мала исправка: последен воз во 2008 беше оној во 22:40 кон Велес, а првиот во 2009 година беше возот кон Кочани во 2:22 часот.
Ај да се пофалам дека со возот во 3:33 часот се враќав од прослава на Нова година од Прилеп и можам да кажам дека и во него имаше патници... и беше топлоBig%20smile!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 13-Jan-2009 at 18:13
Otkazan međunarodni voz Niš-Skoplje-Niš
Subota, 10. Januar 2009.

Zbog nemogućnosti materijalnog obezbeđenja reda vožnje, međunarodni voz na relaciji Niš- Preševo-Skoplje-Niš, koji, po redu vožnje polazi iz Niša u 8.55 sati, a u povratku iz Skoplja u 16.32 sata do daljeg ne saobraća. 
 
http://www.zeleznicesrbije.com/system/sr-latin/home/newsplus/viewsingle/_params/newsplus_news_id/20242.html - http://www.zeleznicesrbije.com/system/sr-latin/home/newsplus/viewsingle/_params/newsplus_news_id/20242.html

Тоа е брзиот возот 392 за Ниш, кој од Скопје тргнува во 16:32 и во Ниш пристига во 21:24

Од текстот ама баш ништо не е јасно - неможност на материално обезбедување ???!!!

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jan-2009 at 18:24
nemogućnosti materijalnog obezbeđenja reda vožnje


Мене ми звучи како фенси начин да се каже дека има недостаток од прикладни локомотиви или евентуално вагони Dunno


Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Jan-2009 at 19:14
И што правиме сега? Укинувањето на возот за Ниш ќе ги погоди најмногу оние што патуваат кон Куманово и Табановце, бидејќи и онака не патуваа многу луѓе кон Ниш. Дали возот и понатаму ќе сообраќа само до Табановце или целосно се укинува? Има многу луѓе кои работат во Скопје и секојдневно патуваат од Куманово. Со кој воз ќе се вратат назад, кога им е укинат единствениот попладневен воз. Мислам дека има само уште еден околу 18 часот. Жалосна ситуација, еве зошто се помалку луѓе користат железнички превоз!


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Jan-2009 at 19:21
па не е проблем  доколку има простор ние да ја тераме таа линија бар до КУ, а во спротивно секогаш тука е и автобуска, со оглед дека за 30 до 45 мин си во КУ нема толку опасност ако некој користи автобус бар додека да се среди ситуацијата. 


Posted By: BOJAN
Date Posted: 18-Jan-2009 at 22:08
Имаше и текст во Утрински за овој проблем. Голем проблем е во тоа што има Кумановци кои си купиле месечни и годишни билети за патување со железница, а сега Железница ги извиси. Друга работа е што Куманово ќе остане преку 10 часови без воз и тоа во период од 7 часот наутро до 16 часот навечер! Затоа се жалат луѓето. Возниве редови за железница од година во година се полоши и полоши!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Jan-2009 at 22:59
Проблемот е во Србија - Немаат вагони, и се повеќе им се зголемува, укинати се и повеќе локални линии.
Така да нашиве неможат ништо да сторат бидејќи двете земји морат да состават композиција .


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: vardar
Date Posted: 19-Jan-2009 at 01:46
 
Владимир значи неможе ние самите тоа да го правиме, пример доколку имаме доволно вагони дали смее МЖ само со своите вагони и лок. да тера до Ниш? И уште нешто, што се случува ако имаме патничка композиција (мислам нешто како шпанецот)


Posted By: BOJAN
Date Posted: 02-Feb-2009 at 23:04
Еве вест што ја прочитав од не знам каде, од 2 февруари се враќа брзиот воз Скопје-Ниш-Скопје во истиот терминBig%20smile!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 02-Feb-2009 at 23:30
Агенција Бета од 01-02-2009

Železnice Srbije saopštile su da će od sutra ponovo vratiti u saobraćaj međunarodni voz koji iz Niša preko Preševa za Skoplje polazi u 8.55, a vraća se u 16.32.



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: dejan
Date Posted: 03-Feb-2009 at 03:23
А дали тој воз редовно би се користел? И зошто бил укинат?


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 03-Feb-2009 at 10:43
Originally posted by dejan

А дали тој воз редовно би се користел? И зошто бил укинат?

Тоа никој не знае, проблемот е што Србија има огромен недостаток на вагони.
Од постојните 570 патнички вагони кој ги има, вон употреба се 310, па затоа незнаат каде попрво да ги распоредат.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-Feb-2009 at 22:45
Поново во промет
Воз 392 Скопје - Ниш во 16:32






-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-Feb-2009 at 00:31
Владимир, дали возов кон Ниш беше полн со патници, т.е. дали го вратија со причина назад во возниот ред? Не за друго, пошо гледам само 2 вагони за таа релација. 


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-Feb-2009 at 01:37
Дека беше полн, не, но имаше доволно патници.
А мислам дека лугето и не знаева дака поново е пуштен, добив прашања и од Ниш дали иде возот за Скопје


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 07-Feb-2009 at 12:30
vozovite.. ko od horor film se

-------------


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 07-Feb-2009 at 16:34
И мене не ми е јасно, како може надворешноста да е толку ГНАСНА?!?!Да се трудат да ги изгнасат волку, нема да постигнат. Ова никаде го нема!


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Feb-2009 at 18:32
Старите вагони не го намалуваат интересот за патување со воз, пресудна е ниската цена

Вагоните стари, но полни. Ниту дотраените возови не го намалуваат интересот за патување со железницата. Според статистичките податоци бројот на патници во железничкиот сообраќај лани се зголемил за дури 35 проценти. Пресудна е ниската цена на билетот, но и поголемата комоција при патувањето. Сепак патниците и понатаму забележуваат на гужвите и не хигиената во возовите.

„Патувам со воз затоа што е поефтино и е покомотно внатре за седење, зашто можеш да станеш да се прошеташ а во автобус ја немаш таа комоција„ , изјави еден од патниците.

Овој човек е редовен посетител на железничките станици, возовите се неговата страст. Постојано патува и ги проучува.

„Хоби ми е железницата, а посебно овој кој е полн посебно во петок , кога си заминуваат сите студенти„ изјави патникот.

Она што ја прави железницата конкурентна се ниските цени. Вака изгледа споредбата во цените за патување во патниот и железничкиот сообраќај. Доколку се возите со воз на релацијата Скопје Куманово ќе платите 58 денари, со автобус 100 денари. Во еден правец за Скопје - Прилеп со воз чини 166 денари, наспроти двојно поскапата автобуска карта која ќе ја платите 430 денари.

Иако од Македонски Железници велат и наплата е подобрена, се уште нема најави за драстични промени во железничкиот превоз.

Македонските возови се стари и по 30-тина години. Сепак поради ниската цена граѓаните и понатаму одлучуваат да патуваат со нив. Од МЖ иако најавуваа инвестиции поради финансиската криза сега најверојатно ќе ги одложат.



http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=45939&mid=1500&tabId=1&tabindex=0


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: BOJAN
Date Posted: 13-Feb-2009 at 20:01
Дефинитивно хигиената е првата работа што треба да се промени и на која треба да се поработи нешто повеќе.
Еве едно прашање, ако некој знае да ми одговори, зошто не сообраќа повеќе ПЕЛАГОНИЈА ЕКСПРЕС? Како што ми имаат зборено познаници од Битола, овој воз сообраќал до пред 4-5 години како единствен домашен ексресен воз, но оттогаш е укинат. Ако знае некој поподробно бујрум, јас сметам дека неговото воведување би било добредојдено, со вагони од 1 и 2 класа како и бифе вагон за патниците, како и со задолжителна резервација на седиштата.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 13-Feb-2009 at 20:28
Previous
Се е во исплатливоста, уште МЖ кубури со исплатливост на патнички сообраќај, се надевам дека некогаш и ќе се врати


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Feb-2009 at 20:07
Поради невреме во Србија каснат возовите за Скопје

[TUBE]1NKWJZYn4WI[/TUBE]


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 21-Feb-2009 at 00:44
Ех бев шив сведок за тоа колку каснат возовите од Белград. Денес бев во Велес и сосема случајно имав средба со утринскиот воз за Солун, кој помина низ Велес во 17 часот попладне, наместо во 8 часот сабајле. Слично лично искуство имав летото, кога возот за Белград доцнеше на белградската железничка станица 7 саати!
Денес кога се вратив од Велес иста приказна. Белградскиот попладневен воз каснеше 2 и пол саати, а патниците за Солун чекаат! Претеризам!


Posted By: BOJAN
Date Posted: 15-Mar-2009 at 00:32
Во изборната кампања влегоа и Македонски железници во денешното соопштение на СДСМ.
Еве дел од соопштението: "...согласно оваа телеграма бр.49 од 12 март 2009 година раководството на Македонски железници го става претпријатието во функција на организација на превоз на граѓаните до Скопје за утрешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Како што може да видите за утрешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ се воведуваат во сообраќај посебни возови на неколку релации до Скопје и обратно. Раководството на Македонски железници за оваа операција на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжило подружниците на претпријатијата да обезбедат персонал, возни средства и машински контролори за сите посебни возови кои ќе возат за Скопје...(повеќе на www.sdsm.org.mk)"
Организацијата на СДСМ од Штип пред 2-3 дена обвини дека Железничката станица во Штип е претворена во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
ДПА долго време обвинува дека еден од директорите во Македонски Железници е обвинет за организација на нападите на гласачки места на минатогодишните избори.
Какви раководства има нашето железничко претпријатие е сериозно прашање?!



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Mar-2009 at 01:49
Па не гледам ништо лошо во тоа доколку има пуштено воз плус поради потреби од одредена било каква организација, ма макар тоа било и партија. Нормално доколку све си е платено. Ова е само дополнителна можност за МЖ да направи промет. Во контекст на ова еве предлог петок и недела попладне да се пуштаат т.н. студенстски воз по бенифицирана цена или незнам со повеќе вагони па да се акумулираат сите такви социјални таргет групи и да се направи промет. Колку што знам и тито користел воз, еве сега и Обама корисштеше, па така еве предлог до сите политички провиненции да се вклучат активно во промовирање на железничкиот транспорт. Нека земат еден вагон нека префарбаат и ајмо изволте у акција. После кампања назад бојата и готово.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Mar-2009 at 02:46
Баш ме интересира дали некој знае (веројатно МАРЈАН или Vladimir) дали уште важи вториот воз што го воведоа од Скопје за Солун? Тој во 17 и 15? И дали често доцни и многу или не? Ако може некој да ми каже ми треба за лични потреби

Ова тука вика дека постои:

* http://mz.com.mk/uploads/vozen_red.pdf - http://mz.com.mk/uploads/vozen_red.pdf

Но има грешно време за поаѓање од Солун.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 19-Mar-2009 at 11:35
По возниот ред на возот Olimpus Ex. 334 од Солун тргнува во 17:09 а во Скопје треба да е во 20:14.
Немам информации дека е укинат или нешто такво. А за доцнење зависи синхронизацијата со IC 52 кој иде од Атина, но мислам дека ако има каснење тоа се создава на граница.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Mar-2009 at 13:39
Originally posted by Vladimir P

По возниот ред на возот Olimpus Ex. 334 од Солун тргнува во 17:09 а во Скопје треба да е во 20:14.
Немам информации дека е укинат или нешто такво. А за доцнење зависи синхронизацијата со IC 52 кој иде од Атина, но мислам дека ако има каснење тоа се создава на граница.


Јас го прашував обратното, од Скопје за Солун. Возниот ред вика дека има два воза дневно: Еден во 07:20 наутро (за овој знам дека уште постои) и еден во 17:15 попладне (за овој прашувам дали уште вози).


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 19-Mar-2009 at 15:35
Званичен возен ред, нема засто да не вози, сепак тоа е меѓународен воз

Воз Exp 335 HELLAS EXPRESS од Скопје тргнува во 7:20 во Солун 12:31
Воз Exp 337 ICB Olympur од Скопје тргнува во 17:15 во Солун 22:34

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 19-Mar-2009 at 20:56
Го потврдувам Владимир, попладневниот воз за Солун вози и има многу подобри грчки вагони. Топло ти го препорачувам, Гитардемон. Е сега, затоа што доаѓа од Белград касно околу 1 саат, ама можеш секогаш да се јавиш на Железничка и да си прашаш.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 19-Mar-2009 at 21:34
Ај да ги илустрираме грчките вагони од возот Солун - Скопје - Белград




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Mar-2009 at 18:06
Епа испадна да ми дојдат гости од Скопје, а јас не отидов Скопје (избори ова она, може да ме застрела некој весел човек ) Инаку, во врска со ова, во 17:00 h точно ги испратив гостите и возот од Белград (утринскиот) сè уште немаше стигнато во Солун како што ми кажаа вработените бидејќи 'претрпел штета' (<- веројатно се расипал мислеле) некаде по пат, па пуштија Siemens Desiro IC до Идомени, па оттаму патниците да менуваат воз (веројатно македонски ќе биде, бидејќи мешаниот се расипа по пат) до Скопје. Немав видено толку збунета маса на луѓе, сите се чудеја зошто ги пуштаат на грешен воз, зошто ги лажат дека тој е возот за Скопје Беше многу интересно, а и прв пат да видам толку патници од Солун на тој воз (над 50 луѓе беа), освен ако ми се причини така бидејќи овој пат не беше со купиња возот. А што се однесува до вагоните (вообичаените), знам дека грчкиот (розевиот) вагон е навистина како спејс-шатл за нашите, секогаш се возам со тој, и покрај тоа што е прва класа. Кондуктерите секогаш ми викаат: 'абе добро прва класа купува некој некогаш билети? Ајде седи уживај'


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 21-Mar-2009 at 19:31
Дај ако можеш извести ако дознаеш што точно се десило и кој воз бил тоа 

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Mar-2009 at 20:34
Па јас не можам да знам што се случило на граница точно кој воз бил, меѓутоа сега се јавив да проверам дали е сè во ред, и возот е на 3 минути од Скопје (20:29 часот). Е сега не се луѓето баш заинтересирани за која локомотива ги вози, и какви вагони така што повеќе информации не можам да обезбедам Како и да е, попладнето кога бев на железничка ми рекоа возот што тргнува од 07:20 од Скопје наутро (не знам кога тргнува од Белград) не пристигнал во Солун (а јас отидов по 4 и пол часа откако нормално би требало да има пристигнато возот, т.е. во 17:00), па затоа ќе пуштат нивна композиција до граница, а потоа од граница ќе ги преземе патниците друг воз. Сега што се чув, ми кажаа дека немало воопшто застој на Идомени, не го чекале возот (иако ни тој не ги чекал нив), стигнале двата воза во исто време, ама не прашав дали овај IC-то застануваше по пат во Синдос или Адендро до граница, или како секогаш без застанување возел. Друго не научив повеќе, тоа беше сè. Но имав ново искуство, влегов во desiro, и морам да признам дека беше навистина убаво внатре.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 22-Mar-2009 at 01:13
Ма не се секирајте, гарант возот каснел поради снегот во Македонија, којшто целосно не покриBig%20smile!
Шала на страна, трагично е што не можеме да оддржиме експресна линија во нормална состојба, возот да тргне навреме во Белград, навреме од Скопје и да стигне на време во Солун според важечкиот возен ред.
Јас мислам дека треба да влече една локомотива од Белград до Солун со пасошка контрола на граничните места, но притоа возот да не стои. Тоа е единствениот начин да не каснат овие возови.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Mar-2009 at 10:05
Originally posted by BOJAN

Ма не се секирајте, гарант возот каснел поради снегот во Македонија, којшто целосно не покриBig%20smile!
Шала на страна, трагично е што не можеме да оддржиме експресна линија во нормална состојба, возот да тргне навреме во Белград, навреме од Скопје и да стигне на време во Солун според важечкиот возен ред.
Јас мислам дека треба да влече една локомотива од Белград до Солун со пасошка контрола на граничните места, но притоа возот да не стои. Тоа е единствениот начин да не каснат овие возови.

Би сакал да го дочекам тој SF филм.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: tasko
Date Posted: 11-Apr-2009 at 22:36
Послеедниот пат што сум се шетал со воз во македонија е пред 10 години и тоа беше од солун. Неам појма со кој воз беше дека бев мал. А што гледам во слики и кога сум во македонија нај веќе ми се свиѓа 712 дму дизел.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-Apr-2009 at 23:59
Originally posted by tasko

Послеедниот пат што сум се шетал со воз во македонија е пред 10 години и тоа беше од солун. Неам појма со кој воз беше дека бев мал. А што гледам во слики и кога сум во македонија нај веќе ми се свиѓа 712 дму дизел.

Си се возел со експресниот воз 336 (електричен) истиот ко сликата од погоре само тој е во обратен правец.
А за дизел мотирниот 712 (шпанец) да додадам дека со него дефинитивно имате најубава вожња бидејки има воздушни перници така да во него нема она стадардно клацкање.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Apr-2009 at 02:06
Vladimir ај те молам, пошто си во тек, да ми кажеш за Богомила кога има воз за натака и за назад. Сега слушнав наводно некој од ноќните возови бил укинат, незнам дали за навака или за натака е, ама јас колку што се сеќавам има некој околу 3 сабајле за накај Богомила. Ако можеш значи возниот ред за Скопје-Битола и Битола-Скопје плус времето кога стои возот у Богомила за двете насоки. Фала однапред!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Apr-2009 at 11:39
Релација Скопје - Битола

Патнички воз 4901 Скопје 06:46 перон 3 - Богомила 08:39
Патнички воз 4903 Скопје 14:30 перон 3 - Богомила 16:18
Патнички воз 4905 Скопје 18:15 перон 3 - Богомила 20:25

Патнички воз 4900 Богомила 04:56 - Скопје 06:44 перон 2
Патнички воз 4902 Богомила 14:20 - Скопје 16:20 перон 2
Патнички воз 4904 Богомила 20:20 - Скопје 22:05 перон 2

Да не идеш на планинарење Thumbs%20Up


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Apr-2009 at 21:13
Повторно е укинат возот 392/393 Скопје - Ниш - Скопје, очигледно Србија има дебели проблеми со возни средства.




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 16-Apr-2009 at 23:35
Србиве се навистина АУТ, сеуште имам кошмари од нивните возови, дури се бетер и од нашитеBig%20smile!
Владимир, тоа значи дека повторно нашите железници ќе треба да организираат превоз до Куманово во истиот термин, пошо така се случи минатиот пат.
Владимир, да те замолам за една информација ако ја имаш.
Дали знаеш дали постои разлика во цената за возната карта за експресниот воз до Гевгелија во однос на патничкиот и ако постои колку би бил поскап експресниот воз во однос на патничкиот? Знам дека е глупо да замарам, ама треба да патувам, а не сум прашал на ЖелезничкаOhno


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Apr-2009 at 23:47
Уф, Бојане, стварно не би знаел да ти кажам за цената, но мислам дека разликата е минимална.
П.С. Ова меѓу нас, бидејќи ме научива на шалтерот, стално имам некој попусти така да за редовните не би знаел Roll%20eyes


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 26-Apr-2009 at 15:23
Морам да признаам дека Железници се поправаат во однос на доцнењето на возовите.
Вчера бев на Гитаријада во Гевгелија и експресниот воз од Белград воопшто не изневери. Додуша, пристигна со задоцнување од 30 минути, но затоа во Гевгелија пристигна со задоцнување од само 5 минути. Башка, грчките вагони се мноооогу добри со чисти тоалети и вода во нив, имаше и хигиеничарка во возот, а и гужва во возот имаше до Гевгелија, па и накај Солун. Не верував дека со возовите ќе поминам подобро од ГитаријадатаBig%20smileThumbs%20Up!



Print Page | Close Window