Print Page | Close Window

Хотели, преноќишта и одморалишта (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Хотели и одморалишта
Forum Discription: Хотели, хостели, одморалишта, кампови...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=480
Printed Date: 28-Mar-2024 at 20:05


Topic: Хотели, преноќишта и одморалишта (општо)
Posted By: Cloverstack
Subject: Хотели, преноќишта и одморалишта (општо)
Date Posted: 20-Sep-2007 at 08:00




Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Sep-2007 at 18:20
eve nesto novo okolu holandskiot hotel sto treba da se gradi kaj Gorica. Sega imeto mu stana "Ekstelzior" (valjda mislel pisatelot na Excelsior). Prethodno muabetot bese deka Ajax kje gradel hotel za sportisti. Standardno makedonsko novinarstvo na delo. No toa e toa.
 
Холандската фирма „Екстелзиор” ќе гради хотел во елитниот туристички комплекс „Горица - Исток”
 
Холандската фирма „Екстелзиор” ќе може да ја започне градбата на хотелот во елитниот туристички комплекс на „Горица - Исток” во Охрид.
Општинските советници денеска го изгласаа Деталниот урбанистички план за овој дел од крајбрежјето каде на 30 хектари земјиште е предвидена градба на хотели и резиденцијални објекти.
„Екстелзиор” купи 4,5 хектари земјиште. Во градбата на хотелот ќе инвестира седум до осум милиони евра, но се чекаше само одлуката на Советот на Општината.
Локалната власт сака да изгради кинески ѕид во Охрид и со градба на станбени објекти некој дебело да профитира, се тврдењата кои ги изнесоа советниците од опозицијата на денешната седница во Охрид по повод Деталниот урбанистички план за спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори”.
Началникот на Секторот за урбанизам Бранко Арнаудов тврди дека на овој простор е предвидена изградба на два хотели и пет други објекти, дека не се работи за станбени згради туку за капацитети за туристичката дејност.
Советниците сепак го изгласаа Нацртот на урбанистичкиот план за овој простор.
(Тотал)


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2008 at 12:15
Unhappy

Нема кандидати за изградба на луксузниот хотел во Охрид

На јавното наддавање за изградба на луксузен хотел на крајбржјето на Охридското езеро немало заинтересирани кандидати.

“Немаше заинтересирани кандидати на јавото наддавање кое се одржа во петокот. Министерството за транспорт и врски ќе ги објави истите услови за јавно наддавање“ рече портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Драган Смоновски.

Почетната цена за метар квадратен беше 3.000 денари со депозит за учество од 4,7 милиони денари. Право на учество имаа сите правни и физички лица кои поседуваат најмалку 250 хотелски објекти брендирани од ист сопственик и  договор за деловна соработка.

Луксузен хотел од прва категорија се планира да се гради во близина на хотелот “Инекс горица“, покрај Билјанините извори.



Извор: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=21892&kategorija=2 - Нетпрес


Posted By: blejdsk
Date Posted: 08-Apr-2008 at 22:27

БУГАРСКО-МАКЕДОНСКА КОМПАНИЈА ЌЕ ГРАДИ СПА ЦЕНТРИ


Зелен смарагд на Охридското Езеро


И без влезот во НАТО нема пречки за бизнисмените кои сакаат да инвестираат во земјава - вели бизнисменот Зоре Темелковски, кој има капитал во фирмата што ќе го гради хотелот во Охрид


Македонско-бугарската компанија "Media Investment" ќе гради луксузен хотел на познатиот бред Емералд (смарагд) на брегот на Охридското Езеро. Хотелот ќе биде правен според светски стандарди и ќе биде многу сличен на оној што бугарскиот холдинг веќе го има изградено на Црното Море, во туристичкото место Равда.

Според македонскиот бизнисмен Зоре Темелковски, кој учествува со 49 проценти од сопственоста на заедничката компанија, овој хотелски комплекс лани ја добил престижната бугарска награда - Објект на годината во Бугарија за 2007 годинаа.
- Се работи за хотел со околу 900 апартмани кој поради својата атрактивност веднаш беше закупен од руски и од чешки бизнисмени - вели Темелковски.

Тој објаснува дека дел од плановите на нивната заедничка компанија е ваков хотелски комплекс да биде изграден и на Охридското Езеро, иако тој ќе биде многу помал од оној во Равда.
Темелковски потврдува дека за хотелот веќе е купено земјиштето и се очекува многу скоро да почне изградбата. Тој засега не ја обелоденува локацијата на која ќе се гради луксузниот хотел.

Според Темелковски, основната дејност на мешовитата компанија во која ќе се инвестираат 10 милиони евра е градежништво.
- Ќе градиме бизнис и спа центри, деловни згради и хотели.Ова само покажува дека и без НАТО нема пречки за бизнисмените кои сакаат да инвестираат во земјава - потенцира Темелковски.

Тој вели дека половина од парите за инвестирање се обезбедени од сопствени средства, а другата половина е банкарски заем. Македонскиот бизнисмен за својот бугарски партнер вели дека зад себе има долгогодишно искуство и е присутен во 14 европски земји.
Темелковски за денеска најави поставување на камен-темелник на претставништвото на мешовитата фирма во скопската општина Аеродром
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0E7AEED55F4EBF48B221A6A1A7E8711B - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0E7AEED55F4EBF48B221A6A1A7E8711B


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Apr-2008 at 22:54
Блејд ти ја префрлив веста за хотелот тука, сепак се работи за потенцијален проект.

Се радувам на секоја нова инвестиција но треба да бидат внимателни, брегот на црно море во Бугарија е измасакриран со грди  хотели иако има и убави комплекси. Не смееме иста грешка да направиме со Охрид.


Posted By: La Linea
Date Posted: 08-Apr-2008 at 23:29
Originally posted by pbanks

Блејд ти ја префрлив веста за хотелот тука, сепак се работи за потенцијален проект.

Се радувам на секоја нова инвестиција но треба да бидат внимателни, брегот на црно море во Бугарија е измасакриран со грди  хотели иако има и убави комплекси. Не смееме иста грешка да направиме со Охрид.


Вакви огромни хотели можат да испаднат огромни грдосии. А Охридското езеро е единственото асално место што го имаме, па мора да се пазиме од волкави огромни комплекси. Не ме радува многу хотелов некако


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 30-Apr-2008 at 12:55
Од каде па сега ова? Со осум милиони евра ќе изгради хотел,ресторани и центри за одмор за рекреација, а ние со 8 милиони евра градиме катна гаража.

Инвестиција од осум милиони евра во манастирскиот комплекс св.Пантелејмон кај Штип

Манастирскиот комплекс св.Пантелејмон кај штипското село Брест ќе добие нов лик преку проектот од осум милиони евра  на странскиот инвеститор од Данска со арапско потекло Мајкл Сивили, јави дописникот на Нетпрес.

На ваков чекор се решил бизнисменот од Дубаи поради питомата природа околу манастирскиот комплекс.

“ Вакви места се ретки на земјата, можат само на прсти да се избројат и штета е луѓето да не ги искористат“ тврди Севили.

Според бизнис планот, во пазувите на месноста Пилав Тепе каде е лоциран манастирскиот комплекс на самата граница помегу штипската и радовишка општина, Сивили ке изгради хотел,ресторани и центри за одмор за рекреација.

За универзитетскиот професор по економија од Копенхаген, инаку долгогодишен банкарски советник немало дилеми за реализација на инвестицијата. Но доколку административната процедура била подолга од неговото трпение проектот ќе го преселил во Романија.
Документацијата и по една година не била комплетирана.    Во
Македонија работи со две свои компании чии седишта се во
Струмица, АР СИ маркетинг и Колор интернешенел.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=29035&kategorija=1



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Aug-2008 at 11:51
TCC Plaza Mavrovo

1

2

3 Поглед од хотелот

4

5


Адаптација на постар објект, има еден дел со цигла што веројатно ќе го обложат со дрво како и ова што се гледа на сликите. Ништо посебно но барем складно за разлика од оваа грдосија која веќе го постирав овдека Bash

6


Или пак ова чудовиште што е во оваа фаза веќе една деценија сигурно

7


Wallbash



Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Oct-2008 at 17:55
Најновиот Хилтон во Македонија LOL Nuts. Не се нормални. Текстот изобиулува и со многу други македонски новинарски вратоломии Cheers

Хилтон сака да гради хотел на Козјак

Светскиот синџир на хотели „Хилтон“ сака да изгради хотел на бреговите на вештачкото езеро Козјак во поречието.

А1 неофицијално дознава дека освен „Хилтон“, хотел тука сакаат да изградат и други познати светски брендови. Се работи за 6.000 метри квадратни државно земјиште, кое чини 10 евра од квадрат, а кој ќе го добие ќе се знае на 30-ти овој месец кога ќе се отворат понудите во министерството за транспорт и врски.

„Има доста фирми заинтересирано како и од нашата држава така и од европската заедница за изградба на хотели тука, заинтересираноста е голема поради чистата еколошка средина, езерото Козјак и близината на главниот град Скопје“, изјави Милосим Војнески градоначалник на општина Македонски Брод.

А1 неофицијално дознава дека менаџерите на овој познат светски синџир на хотели веќе 2 години ја скенирале оваа локација. Локацијата е атрактивна поради убавините на езерото кое е најголемо вештачко езеро во Европа, каде моментално се градат цели елитни населби со приватни плажи. Тука куќи имаат многу наши политичари, бизнисмени и луѓе од јавниот живот, а веќе е развиен и такси превоз со чамци по езерото.

„Со ова се создаваат услови за развој на езерскиот туризам, за развој на селскиот туризам и ова е еден почеток со изградба на хотелите. Тука ќе можат да живеат повеќе семејства и да најдат вработување“, вели Војнески.

Огласот за државното земјиште за приватните куќи ќе се објави следниот месец. Со тоа се планира овој крај целосно да заживее, а покрај езерото ќе се гради и регионалниот пат Брод-Скопје кој ќе поминува низ националниот резерват „Јасен“.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99286


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 25-Oct-2008 at 19:06
Абе нема што на секоја пола година нов Хотел градат ама само во нивните сонови или на новинарите


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Oct-2008 at 21:51

Originally posted by Raisinloaf

Абе нема што на секоја пола година нов Хотел градат ама само во нивните сонови или на новинарите

мислам ова се влече уште од времето на претседателот БТ кога од караџица сакаше да направи елитен светски скијачки и туристички центар баш таа страна над јасен па се до езерото, но барам по нет нема никакво инфо за таа иницијатива која и незнам баш зошто се изјалови, мислам дека во лошо време ја имаше предложено па затоа и не се почна никаков идеен проект, но пополека самите инвеститори ќе ја истуркаат таа работа чекор по чекор, најважно нов пат до браната има само треба да се префрли и преку браната од лево кон потенцијалното место за хотели, http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=16043#16043 - а ем се работи и на пробивање на постојниот кон Мак.Брод...



Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Nov-2008 at 18:54

Заборавено и оставено на забот на времето, вака денеска изгледа едно од најголемите детски одморалишта во Македонија „Титови пионери“ кај Дојран.

Од надвор се уште стои импонзантната градба направена пред 28 години, а внатре останале само голи ѕидови. Гнездата на птиците сведочат дека тука одамна не се слушнал детски џагор.

На последната понуда за продажба ова одморалиште беше проценето на 2,2 милиони евра. Во слична состојба се и останатите осум одморалишта кои се под капа на државата. Сите зад себе имаат два неуспешни обиди за продажба, а вкупно беа проценети на 7,4 милиони евра. Сега за нивната судбина ќе одлучува Владата.

„Со новиот буџет се очекува да биде дефинирана сумата за реконструкција на одморалиштата. Во моментот се прави детална финансиска конструкција, колку средства се потребни за реконструкцијата“, изјави Жаклина Величковска, портпарол на министерството за труд и социјална политика.

Во Македонија има вкупно 16 детски одморалишта.


Преземено од: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100881 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100881

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Nov-2008 at 19:04
Овие детски одморалишта можат да бидат елитни хотели. Еве на пример Бунец Маврово. Тој е хотел со приватни мини скијачки терени, со ограда околу цел комплекс. Тоа може скупо да се продаде.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Nov-2008 at 19:16
Originally posted by lslcrew

Овие детски одморалишта можат да бидат елитни хотели. Еве на пример Бунец Маврово. Тој е хотел со приватни мини скијачки терени, со ограда околу цел комплекс. Тоа може скупо да се продаде.


Како што пишува, не успеале да ги продадат порано, а се обиделе. Сега дали има врска со тоа што некоја од претходните влади не успеала да најде купувач кој ќе им фршне под рака доволно пари, или никој не бил заинтересиран, не е наведено, но сепак во право си, и во Битола одморалиштето има патеки за скијање покрај него. Убава работа се тие и да се реновираат, знам дека во 6то 7мо одделение децата баш таму најинтересно си поминуваат Пошто друго место екскурзија нема...

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Nov-2008 at 19:22
Gitardemon izgleda ne si pomislil do sega deka nekoj moze bi saka da gi lapne po eftina cena pa gi ostava da se doopustoshat ushte malku ili pa cheka pogoden moment za navodna kupoprodazba.


Posted By: vardar
Date Posted: 05-Dec-2008 at 06:58

Четврт повик за продажба на парцелата кај Горица 3 во Охрид

Mинистерството за транспорт и врски денеска објави уште еден јавен повик до сите заинтересирани правни и физички лица кои поседуваат минимум 250 брендирани хотелски објекти да учествуваат на јавнотои надавање за државното земјиште во Охрид за изградба на хотел со пет ѕвезди.
Ова е четврт обид на Министерството да го продаде земјиштето за предвидено за изградба на хотел со пет звезди кое се наоѓа кај плажата Горица 3.
Земјиштето наменето за продажба е во вкупна површина од 15.887 метри кавдратни, а почетната цена на јавното надавања изнесува 4.800 денари за метар квадратен.
Според објавата ,лицата кои ќе учествуваат на јавното наадавање треба да поседуваат ланец хотели, да имаат договор за франшиза со лица кои поседуваат ланец на хотели или договор за соработка која обезбедува право на употреба на носители на ланци на хотели.
Сите учесници на јавното надавање треба платат депозит од 7.620.960 денари денари, а најповолниот понудувач е должен да ја изврши изградбата во рок од 24 месеци од денот на добивање на дозволата за градење.
Првиот пат кога беше објавен јавниот повик за прибирање на понуди,  како најдобар понудувач беше избрана австриската компанија "Соравиа”, но договорот беше раскинат бидејќи инвеститорот не ги уплати средствата во определениот рок. Ниту на втората и третата јавна понуда немаше ниту една компанија заинтересирана за купување на оваа парцела.
Пријавите за учество на јавното наддавање треба да се достават најдоцна до 12 јануари, а јавното надавање ќе се одржи на 21 јануари 2009 година.
http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=13683 - Тотал

 



Posted By: anDarko
Date Posted: 10-Dec-2008 at 15:36
еве уште нешто од соседството, релативно ново, а прекрасно - Хотел Калин во Лазарополе  http://www.kalinhotel.com.mk - http://www.kalinhotel.com.mk


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Dec-2008 at 16:22
LOL Nuts

Аман со овие Хилтони. Многу е интересен муабетов како да зборат за фабрика што треба да опслужува одреден регион па ако не сме побрзале ќе отишол во Косово.

Ќе се обидам да направам еден краток рекапитулар на сите македонски Хилтони па ако некој ми промаканал дополнете ја листата

- мал ринг на место на печатница Гоце Делчев
- кај Плаја Виста под Кале
- во Охрид на Горица 3
- на браната Козјак

Се мислам дека пропушатм уште една две локации во Скопје.

Хилтон заминува на Косово, Владата неинформирана!

Македонија може да остане без инвестицијата на хотелскиот ланец Хилтон вредна 110 милиони евра.  Надлежните институции немаат одговор зошто е проблематизиран процесот за издавање на локациите за градба.
Како што пред неколку дена  јави Алфа ТВ, Хилтон бил заинтересиран за три локации во Македонија, и тоа на браната Козјак, Скопје и Охрид. Новинарите од Алфа се обиделе да дојдат до официјален став од Министерството за транспорт и врски, но одтаму не добиле одговор. Денес и “Тотал“ се обиде да добие одговор од Министерсрвото за транспорт, но до завршувањето на работниот ден не добивме официјален став. Ниту вице премиерот Зоран Ставрески не е информиран со проблемите кои ги има Хилтон за влез во Македонија. Тој изјави дека не бил доволно информиран со ситуацијата и дека наскоро ќе излезе со изјава.

“Јас лично не сум доволно информиран за случајот со Хилтон, кога ќе ги проверам информациите ќе ви дадам по конкретен одговор“, изјави Ставревски. Тој изјави дека му е познато дека  дека има процедурални  проблеми но значајно е трендот да биде оди во нагорна линија, за што повеќе компании да бидат задоволни од услугите во Јавната администрација, а Владата ќе работи во таа насока и понатаму.
Претседателот на британската бизнис групација во Македонија Реј Пауер неодамна за Алфа ТВ изјави дека со Владата имале одлична комуникација, но дека треба да се посвети поголемо вниманије врз бирократките пропусти.
Според најавите на Пауер, поради бирократските пробелми во земјава и бавната администрација можно е изградбата на хотелите да биде пренасочена на Косово.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=14119


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Dec-2008 at 19:41
Се мислам дека пропушатм уште една две локации во Скопје.


Не сум сигурен пошто ми се испомеша више бројните најави за глобални хотелски брендови, ама ми текнува локцијата карши Холидеј ин од другата страна на Вардар и оние хотели што требаше да ги градиме во склоп на голф терените кај Петровец каде требало да се градат два Хилтони и еден Шератон или обратно беше... Nuts


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jan-2009 at 00:25

МАЛЕШЕВИЈАТА САКА ДА СТАНЕ СОВРЕМЕН ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР

Се градат повеќе хотели, работи само еден

Хотелот „Македонија“ во центарот на Берово, кој повеќе години не работеше, го купи „К-15 продукција“ од Скопје, но најавеното реновирање се' уште не почнало

Природата не штедела кога на Малеш му дарувала убавини, но ние не знаеме да ги користиме, па и понатаму сме сиромашен крај од кој луѓето се иселуваат. Вака најчесто коментираат беровци кога станува збор за туризмот. Во последните години се направија напори за афирмација на убавините на Малешевијата, дојдоа и туристи, но само на еднодневни прошетки или најмногу на викенд-тури. Желбите и плановите овој привлечен планински регион да стане современ туристички центар се реализираат многу тешко и бавно. Во Берово во моментот работи само хотелот „Манастир“ со 50 легла, кој се наоѓа на излезот од градот кон Беровското Езеро. Честа на беровскиот туризам колку-толку ја спасуваат уште два-три мали комерцијални сместувачки капацитети и многуте вили и викендички што им стојат на располагање на туристите. Другите хотели или се затворени или се' уште се градат.

„МАЛЕШЕВО“ ЧЕКА ГАЗДА

Туристичкиот комплекс „Малешево“, сместен во најубавиот дел на Малеш, на брегот од Беровското Езеро, не работи и во него годинава првпат немаше организиран пречек на Новата година. По неколкуте неуспешни обиди за приватизација, тој и понатаму е во државна сопственост. Го чуваат за да не биде разграбан од поранешни вработени, кои се надеваат дека наскоро објектот ќе добие газда, а тие работа. На 200 метри оттаму се гради нов хотел на скопската туристичка агенција „Аурора“. Тој ќе биде од висока категорија, работите се во завршна фаза, но не се знае кога ќе биде отворен. Се' уште не е готов и хотелот во близина на граничниот премин Клепало. Хотелот „Македонија“ во центарот на Берово, пак, кој повеќе години не работеше, пред седум-осум месеци го купила „К-15 продукција“ од Скопје, но најавеното реновирање се' уште не почнало.

- Во рамките на нашите можности, максимално сме ангажирани на промоцијата на туризмот и на убавината на Малешевијата во земјата и во странство. Организираме повеќе манифестации, деновиве издадовме современ туристички водич во кој се влезени сите категоризирани сместувачки капацитети и другата туристичка понуда на Берово, а во фаза на формирање е и туристичко здружение. Очекуваме во текот на годинава да биде отворен луксузниот хотел на ТА „Аурора“, да се најде решение за „Малешево“ и да почне реконструкцијата на хотелот „Македонија“. И понатаму проблем ни е што се' уште не е отворен граничниот премин Клепало. Од наша страна одамна е се' завршено, но бугарската со години не го завршува патот до преминот - вели Јасминка Пашалиска-Андоновска, раководителка на беровската канцеларија за локален економски развој.

ХОЛАНЃАНИТЕ - НАЈЧЕСТИ ГОСТИ

Во „Манастир“, единствениот хотел што работи во Берово и кој на гостите им нуди разновидна понуда, се задоволни од посетеноста, но нагласуваат дека за да стане Малеш современ туристички центар според европски терк, треба уште многу да се работи.

- Ги имаме сите услови. Прекрасна природа, чиста животна средина, еколошки здрава храна... Неопходна е помош од државата и комплетна посветеност на локалната самоуправа на туризмот, бидејќи спасот за Малеш се само туризмот и сточарството. Нема турист што еднаш дошол, а да не посакал да се врати. Така е и со Холанѓаните, кои ни се најчести гости од странство. Од ова лето очекуваме и редовни туристички тури од Австралија. Но, за жал, туристите во Берово остануваат само на два-три дена. Потоа им станува здодевно. Нема забава. Тоа градот мора да го реши. Треба да се размислува и за изградба на скијачки патеки - истакнува Владо Мишовски, менаџер на хотелот „Манастир“.

Со слични проблеми се судира и соседната, помалата малешевска општина Пехчево. Во прекрасниот туристички реон Рамна Река, кој граничи со Беровското Езеро, туристичката понуда ја сочинуваат само еден мал мотел, два угостителски објекта и викендичките. Општината со странска помош неодамна ја уреди околината и ги направи достапни седумте водопади кај изворите на Брегалница. За друго нема пари.

Носталгијата инвестира најмногу

Во малешевскиот туризам засега најмногу инвестираат иселените Малешевци, кај кои носталгијата е секогаш голема, а многумина и кога-тогаш сакаат да се вратат во родниот крај. Хотелот „Манастир“ е сопственост на Малешевец од Скопје, хотелот кај Клепало на Малешевец од Тетово, а „скопски беровец“ е сопственик и на скопската туристичка агенција „Аурора“, која го гради хотелот на Беровското Езеро. И многу вили, викендички угостителски објекти градат Малешевци иселени во Скопје, Штип, Струмица ...

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8F8882F455D47246846D71F9F17E223B


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jan-2009 at 13:11

Хипо Алпе Адриа Лизинг ја стопира изградбата на хотел во Охрид

Хипо Алпе Адриа групацијата, која во 2007 година најави изградба на хотел во Охрид, го стопираше проектот. Причина е повлекувањето на странскиот партнер поради неповолните економски трендови.
“Ние не се откажуваме од изградбата на хотелот во Охрид. Се уште има можности за негова реализација, но ќе се чекаат подобри времиња за инвестирање”, изјавија од компанијата за “Тотал“. Хипо Алпе Адриа нема купено ни една од четирите локации што Владата ги продаваше на меѓународен тендер, наменети за изградба на хотелски комплекси.
Во репрезентативниот хотел, Хипо Алпе Адриа Лизинг планираше да инвестира повеќе од седум милиони евра.
Оваа лизинг компанија e присутна во регионот преку лизинг на возила,  станови, изградба на бродови и авиони.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=14459


Posted By: La Linea
Date Posted: 18-Feb-2009 at 00:37

Финско село во Преспа

Брисел - Приватни компании од Финска почнале процедура за изградба на финско село во Дупени, на Преспанско Езеро, кое покрај објекти за сместување, ќе има и сауни и трговски центар.

Моментно компаниите чекаат документи за инфраструктурата, а изградбата ќе почне по три-пет години на земјиште кое е во сопственост на државата. Целта е пензионери од оваа земја да престојуваат шест месеци во Македонија, бидејќи климатските услови се многу поповолни од оние во Финска. (С.Ј.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=599EEE063E841E41BF286048BE27B695


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Feb-2009 at 23:22
Каков е тој 50 милионски комплекс кој го промовира локалната самоуправа? Crazy Кој е инвеститорот? Зошто се трошат пари за вакви глупави рендери кога само припремаат урбанистичка документација на која ќе гради некој приватник?

Ах, локални избори Ohno

Елитен хотелски комплекс во Стење

Локалната власт во Ресен до Министерството за транспорт и врски, ќе достават проектна документација за изградба на хотелски комплекс од елитен тип кој е предвидено да „никне“ во месноста Стење кај спортското игралиште.

Ова минатата недела на промоцијата по повод финиширањето на проектот “Стандарди за локален квалитет на Преспа” го најави градоначалникот Бузлевски и притоа потенцираше дека изградбата на хотелскиот комплекс ќе чини околу 50 милиони долари.
Со ова уште еднаш се потенцира намерата на актуелната локална власт, Преспа да биде местото кое ќе биде атрактивно за одмор и уживање на туристите кои се со подлабок џеб и кои ќе сакаат да уживаат во благодетите што ги нуди Преспа и нејзиниот бисер Преспанското Езеро.

-Подготвена е целокупната проектна документација. Според урбанистичкиот план предвидена е изградба на хотел од висока А категорија во месноста Стење, кој ќе биде со капацитет од 605 легла. Хотелот ќе располага со сите удобности што се карактеристични за хотелите од високата А категорија. Истиот ќе содржи велнес центар кој ќе вклучува фитнес центар, базен со длабочина од 2 метра, детски базен, турска бања, сауна, ладна када, простории за масажа, гардероби, а ќе има простории каде ќе бидат сместени куглана, стрелиште итн. Во приземјето на хотелот ќе има и бутици, парфимерии, златарници и фризерски салони кои ќе овозможат луксузен престој за посетителите - велат од локалната самоуправа.

Воедно елитниот хотел во Стење ќе има и свое сопствено казино кое, според проектот, е предвидено да се протега на две нивоа.

И овој хотелски комплекс покрај грандиозната “Аква пура” ќе отвори бројни работни места особено за младите, а воедно со нивната реализација ќе се направи едно видоизменување на туристичката понуда на Македонија кон светот.

- Нашата држава и Преспа со ова ќе бидат на мапата на туристичката понуда во светот- смета градоначалникот на Ресен, Димитар Бузлевски.

Останува на Министерството за транспорт и врски во Владата на Република Македонија позитивно да одговорат на овој проект.



Извор: http://www.prespasky.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=128&Itemid=58 - Преспа Скај


Posted By: se_manda
Date Posted: 19-Apr-2009 at 08:30
dali znae nekoj so se desava so holiday inn? poso imaat staeno skele od stanata nakaj soravia...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Apr-2009 at 11:34
Ако мислиш на тоа зеленото,н е е тоа скеле, скали за во случај на пожар се!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Apr-2009 at 11:42
Тоа е од страната на кејот, не соравиа. Да не ставиле нешто друго?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Apr-2009 at 11:45
Crazy

Сорри Јас некако импулсисвно изреагирав, пошто тие скалите на секого што незннае дека се скали им личат на скеле и одма си викам уште еден таков случај!


Posted By: anDarko
Date Posted: 20-Apr-2009 at 02:12
Холидеј Ин во Скопје целосно ќе ја смени фасадата. Морале да се усогласат со целосното менување на корпоративниот имиџ на хотелите од групацијата Холидеј Ин кој се менува на светско ниво од оваа година. Така да хотелов кај нас темелно ќе го реновираат - рокот им е до 2010. Ова ми е се информации од пријател кој работи таму.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 20-Apr-2009 at 11:12
Previous
Многу ме израдува оваа информација.
Можеби хотелот внатре ги исполнива сите улови за Холидеј Ин,но екстериерот му беше катастрофа,обична комунистичка зграда со нова боја.


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Apr-2009 at 15:12
Навистина одлична вест, надворешноста на хотелот дефинитивно бодеше очи  Cheers

Ниту прилегаше на луксузен хотел, ниту прилегаше на нештѕо што би требало да е во Мал Ринг


Posted By: se_manda
Date Posted: 21-Apr-2009 at 18:42
off @ lslcrew....
uzivaj razlikuvam skali od skele Big%20smile sea mi tekna koa se pukna seir za toa samo ne mi teknuva za koj bese...nvm..
on...
konecno da zalici na neso hotelov,do sea ko blokovine u karpos bese...ne veruvam deka neso epten ke go smenat ali valjda ke bide ok...so vikate za zeleni stakla ko na arhivot so drec zolta fasada,a? taman ke se pretopi preku kejot i mostot na floresita (alarova) do arhivot.... LOL


Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-Apr-2009 at 00:59


Еве да ви доловам што е ребрендирањето Или барем дел од него (courtesy of www.on.net.mk, а тие од кај го ископале врска немам)


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-May-2009 at 17:24
se zboruvase nekade za holiday inn, no ne znam kade tocno.
http://img8.imageshack.us/my.php?image=bild030a.jpg">
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-May-2009 at 19:11
Планинарски дом "Чеплес" (под Солунска Глава).



Ова што се гледа на сликата е новиот објект кој е во изградба, а тоа десно е стариот кој е граден 1952 година. За жал планинарските домови едвај ги задоволуваат и основните санитарни потреби. Јасно е дека ПД има улога да задоволи основни потреби, ане луксуз, но мислам дека треба мала доза капиталистичка логика да заигра при стопанисувањето со домовите, или пак евентуално да се размислува за урбанизација (носење ДУП) за локации вон населени места и да се развие планински туризам под Хитно. Интересот е преголем, но нема иницијативност. Еве на пример до конкретниов планинарски дом има пробиено два пата кои се земјени и пред се се трасирани поради потреби на армијата на Солунска Глава. Дури и немора да се вметнуваат во игра ПД-ата, нека се одпочне со некои неискористени ливади.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-May-2009 at 22:16
Трета мајка за изградба на бренд хотел


Министерството за транспорт и врски, по трет пат, преку лицитација бара инвеститор за изградба на бренд хотел на атрактивната локација на охридското крајбрежје. Претходните обиди за продажба на парцелата, на која во согласност со урбанистичкиот план е предвидена изградба на хотел со пет ѕвездички, беа безуспешни. Првиот пат за локацијата со највисока цена лицитираше австриската Соравија груп, но таа се откажа и навреме не ги уплати парите, а на повтореното наддавање не се јави ниту еден заинтересиран.

Според портпаролот на Министерството за транспорт, Драган Симоновски, овој пат критериумите за учество на наддавањето се намалени и се бара инвеститор кој има изградено најмалку пет хотели со пет ѕвездички. Почетната цена за квадратен метар изнесува 9.500 денари, а пријавите со потврда за исполнување на условите за учество во јавното надавање треба да се достават најдоцна до 15 јуни.

Ова е првиот од серијата огласи што во наредните 20 дена ќе ги објавува Министерството за транспорт и врски, при што на продажба ќе бидат понудени 160 локации од кои се очекува да бидат инкасирани најмалку 11 милиони евра. Согласно измените на Законот за градежно земјиште, 80 проценти од парите ќе се слеат во буџетот на општините, а останатиот дел во државниот буџет.

Сите 160 локации што ќе се нудат на продажба во согласносст со деталните урбанистички планови се наменети за изградба на бензински пумпи, угостителски и производни, комерцијални и деловни објекти, хотели, катни гаражи и станбени згради, а имаат за цел реализирање на нови инвестиции и поддршка на економскиот развој на општините. Објавите за поатрактивните локации ќе ги презентираат и економските промотири во странство, а тие ќе бидат објавени и на веб-страницата на Министерството на англиски јазик.

Во текот на 2007 и 2008 година преку отуѓување градежно неизградено земјиште се инкасирани над 40 милиони евра.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=67FB13CE830A844F9594837A0C25C176


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Jun-2009 at 14:44
Мирка Гинова ученички дом
Петок, 19 Јуни 2009 17:40

DOM%20001

Подготовка за потребите на општестевната средина ,социјализација како и воспитување на младиот човек, се само дел од работите кои битолскиот ученички дом Мирка Гинува ги нуди на средношколците.Воспитен тим кој делува 24 часа ,помош при училишните и сите проблеми со кои се соочува ученикот, тука ќе бидат помогнати од домот велат ние да бидеме втор дом во буквална смисла на зборот.

DOM%20002

„Домот располага со капацитет од 270 легла претходната година бележевме недостиг во поголем дел број односно помалку пријавени кандидати од колку вкупната просторност оваа година се надеваме дека во извесна мера и ќе се искорегира таа состојба, откако она што ќе остане непополнето го пополнуваме со сместување на студенти но наш приоритет и дејност се учениците."- вели м-р Јасминка Новакова Стојановска директор во државниот дом Мирка Гинова

Бројноста на ученици кои ќе престојуваат во домот годинава, се надеваат дека ќе се зголеми и со донесувањето на Законот за задолжително средно образование.

DOM%20003

„Од ланската година Владата на РМ има овозможено бесплатен престој за учениците опфатени со задолжителното средно образование и истиот тој треба да продолжи и оваа година значи учениците кои лани завршиле прва година сега се запишале во втора и се со цел покривање на трошоците од старна на Владата на РМ, од Министерството со тоа што треба да ги исполнат критериумите значи да се одалечени повеќе од 20 км од Битола и во местото на живеење да немаат насока или наставна програма која ја посетуваат."- вели м-р Јасминка Новакова Стојановска директор во државниот дом Мирка Гинова

DOM%20004

Бесплатно е за средношколци но за студенти цената за еден месец престој изнесува 3700 денари.

„Од ланската година направивме некакви напори но од оваа година веќе домот ќе работи 12 месеци бидејќи едноставно неможеме да бидеме рентабилни со 3 месеци заклучени врати на домот."- вели м-р Јасминка Новакова Стојановска директор во државниот дом Мирка Гинова

Домот велат има трошоци и ако е затворен, Владата на РМ финансиски покрива само 10 месеци работење по глава на ученик додека останатите трошоци како и платите зависат од заработката на Домот.



Не е за тука, ама колку да имаме генерално инфо колку чини и како изгледа средношколски дом.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 12-Jul-2009 at 23:56
Може ли некој да каже што стана со работите околу holiday inn,се смени ли нешто во фасадата или...?

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jul-2009 at 10:12


Сабајлево поминав и колку што можев да видам уште нема никакви промени


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Jul-2009 at 00:17
Криво ми е што проектот за турската болница на место на Хотел Панорама не се реализираше, но доколку се реализира оваа најава тоа ќе виде навистина одлично, особено ако се работи за хотел на Кемпински

Панорама ќе добие пет ѕвезди!


Нашите извори велат дека причина за одлагање на конкретните градежни активности е таа што идејниот проект има помала висина, но поширока основа од пропишаната во актуелниот ДУП, па инвеститорот се интересирал за можностите дали може да добие одобрение за градба токму на таков објект


Старата, грда зграда на хотелот Панорама на Водно ќе се претвори во резиденцијален хотелски комплекс со пет ѕвезди, дознава Вечер од свои извори. Повеќе од два месеци градежни работници го подготвуваат градилиштето кое е обезбедено со нова ограда, но се уште ја нема информативната табла со името на инвеститорот како и проектот заедно со бројот на одобрението за градба. Нашите извори велат дека причина за одлагање на конкретните градежни активности е таа што идејниот проект има помала висина, но поширока основа од маркичката во актуелниот Детален урбанистички план, па инвеститорот се интересирал за можностите дали може да добие одобрение за градба токму на таков објект. Дознаваме дека резиденцијалниот хотелски комплекс ќе биде од светски познатиот синџир Кемпински хотели.

Од Општина Центар ги потврдуваат нашите информации, но велат дека официјално барање за издавање одобрение за градење се уште не е побарано.
- Точно е дека новиот сопственик имал средба со градоначалникот Тодоровиќ, но нема доставено проект ни услови за градба. Усмено има најавено дека би градел луксузен хотел со вкупна површина од 3760 метри квадратни колку што е дадено со ДУП, но на помала висина а поголема основа и сето тоа во истата парцела - информира Горан Матевски, портпарол на градоначалникот Владимир Тодоровиќ.

Хотелот Панорама кој некогаш важеше за еден од најелитните угостителски објекти, со години е оставен сам на себе, претворен во депонија на градежен шут. Во 2004 година, турската компанија "Универзал хоспитал груп" планираше да инвестира во изградба на елитна болница, но проектот пропадна поради тоа што земјиштето беше продадено без усогласување со тогашниот Детален урбанистички план, кој на споменатата локација не предвидувал изградба на болница, туку објект со угостителско-хотелиерска намена.

Дали и овој пат Деталниот план ќе биде пречка за реализирањена инвеститицијата повторно ќе зависи од градските власти.



http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=FF50192DF6F7CB4EB80CA2AC7801B0F0


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jul-2009 at 13:08

Ух да, еден Кемпински ќе легне многу подобро од приватна болница Thumbs%20Up

Инаку малку офтопик, малку погоре од Панорама, а под Олимписко село сепак се гради нешто под турско знаме, а според карабината не ќе да е станбен објект, но комотно може да биде болница.
Dunno


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Jul-2009 at 13:20


На тој потег воопшто доста се гради а ние не го покриваме доволно...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Aug-2009 at 18:53
Unhappy

Нема трета среќа за луксузниот хотел во Горица


Владата ниту од трет обид не успеа да  го продаде атрактивното земјиште во комплексот Горица во Охрид каде е предвидено да се изгради луксузен хотел со пет ѕвездички.

На јавното наддавање за продажба на 15 000 метри квадратни државно земјиште во Горица, што требаше да се одржи на 24 јули, не се пријавил ниту еден инвестотор, по што пропадна уште еден обид во Охрид да се донесе светски хотелски бренд. Од Министерството за транспорт и врски, за „Оhridnews“ изјавија дека ќе биде распишана нова објава, а потенцијалните инвеститори ќе се анимираат преку економските промотори и амбасадите. Според најавите нема да има промена во критериумите за продажба, односно за атрактивната локација ќе може да конкурираат само оние инвститори  кои поседуваат синџир од најмалку 5 хотели.

Владата неодамна ги намали критериумите за продажба на земјиштето за изградба на луксузен хотел во Охрид, но според локалната самоуправа тоа не е доволно.

-Кога имаше заинтересирани инвеститори критериумите на Владата за продажба на земјиштето во Горица беа превисоки, а сега кога тие се спуштија дојде економската криза и никој не вложува, вели градоначалникот Александар Петрески.

Според него критеиумите за продажба на атрактивниот имот за изградба на елитен хотел треба уште да се спуштат. Доволно е да се побара хотелот да биде со пет ѕведички и нема потреба да се бараат дополнителни услови инвестирот да поседува ланец со толку и толку хотели, додава Петрески.

Обидите на владата да привлече светски хотелски бренд во Охрид траат три години. Се спомнуваа имињата на „Хилтон“ и „Есксцелзиор“, а се шпекулираше и со инвеститори од Турција. Никој од нив не пројави конкретен интерес да инвестира во Охрид.


http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=14629


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 06-Aug-2009 at 23:44

Малку вероватно дека баш во Петровец некој голем бренд ќе се нафати да гради луксузен хотелски комплекс, но вероватно општината сеуште се надева на ексклузивните голфтерени. Во секој случај еве ја веста:

Се продава земја за хотелски комплекс во општина Петровец

Државата на меѓународен тендер продава земјиште во Ќојлија, Општина Петровец, наменето за изградба на ексклузивен хотелски комплекс. Ќе се лицитира за земјиште со површина од 152.136 квадратни метри со почетната цена од 500 денари за квадрат. Купувачот на земјиштето, составено од четири градежни парцели, ќе треба да изгради хотелски комплекс што ќе може да достигне максимална височина до осум ката.

На лицитацијата за земјиштето, што ќе се одржи за два месеца, ќе можат да учествуваат исклучително субјекти кои веќе поседуваат синџир хотели, односно имаат изградено најмалку пет хотелски објекти, брендирани од еден ист сопственик на името на брендот. Ова е посебниот услов за учество на заинтересираните за купување на државната земја.

Во согласност со одредбите на објавата, лицитацијата ќе може да се спроведе и доколку има само еден заинтересиран субјект. Купувачот ќе биде обврзан градежната дозволата за комплексот да ја обезбеди во рок од најмногу шест месеци по потпишувањето на договорот за оттуѓување на земјиштето, а за максимум две години ќе треба да заврши со градбата. (Дс.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=439717A5AB7A6849BC45935261A198D5 - http://utrinski.com.mk/?ItemID=439717A5AB7A6849BC45935261A198D5


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 08-Aug-2009 at 11:36

НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СЕ ПРОДАВА АТРАКТИВНА ПАРЦЕЛА ВО ПЕТРОВЕЦ


Близу Александар Велики ќе се гради хотел де лукс


По електронски пат ќе се продава државно градежно земјиште со вкупна површина од околу 152 илјади метри квадратни за почетна цена од 500 денари и 5.515 квадрати приватно земјиште по почетна цена од 1.800 денари


Близу аеродромот Александар Велики во Петровец ќе се гради луксузен хотелски комплекс, но од кој бренд ќе се знае по 8 октомври годинава, за кога Министерството за транспорт на веб страницата: http://www.aukcija-mtc.gov.mk/ - www.aukcija-mtc.gov.mk . ќе го одржи електронското јавно наддавање. Според објавата на ресорното министерство, станува збор за државно градежно земјиште со вкупна површина од околу 152 илјади метри квадратни составено од три градежни парцели кое ќе се продава за почетна цена од 500 денари и уште една парцела од 5.515 квадрати приватно земјиште по почетна цена од 1.800 денари. На електронското јавно наддавање можат да учествуваат сопственици на ланец хотели кои поседуваат најмалку 5 брендирани хотелски објекти, односно имаат изградено најмалку пет хотелски објекти, брендирани од еден ист сопственик на името на брендот. Ова е посебниот услов за учество на заинтересираните за купување на државната земја. Сопствениците на приватното земјиште, пак се согласни да го продадат земјиштето по цена од најмалку 1800 денари за квадрат за што имаат доставено изјави заверени од нотар.

Од општината информираат дека овој комплекс е вцртан во Детален урбанистички план и ќе значи многу за развојот на општината Петровец.
- На потенцијалниот купувач му е овозможено да изгради хотелски објекти на осум ката на 30 отсто од парцелата. На преостанатиот дел му се дава можност да внесе спортско - рекреативни содржини по свој проект кој што се разбира треба претходно да биде одобрен од надлежните институции. Значи, инвеститорот ќе може да гради спортски терени, базен, забавно-рекреативен парк. Ова е атрактивна локација, особено поради тоа што се наоѓа во една живописна околина, со прескрасна придода а е многу блиску до автопатот и се разбира до Скопскиот аеродром - велат од Општина Петровец.

Во согласност со одредбите на објавата, лицитацијата ќе може да се спроведе и доколку има само еден заинтересиран субјект. Купувачот ќе биде обврзан градежната дозвола за комплексот да ја обезбеди во рок од најмногу шест месеци по потпишувањето на договорот за отуѓување на земјиштето, а за максимум две години ќе треба да заврши со градбата.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3C00A95CE0FEEC4D8EE9158637622D35 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3C00A95CE0FEEC4D8EE9158637622D35


Posted By: La Linea
Date Posted: 27-Oct-2009 at 14:23

Скајвингс ќе гради хотел кај „Александар Велики“


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115465#komentari - Коментари (8)    
27.10.2009 09:53
 

 

Инвестиција вредна 500.000 евра во изградба на помал хотелски објект во близина на аеродромот „Александар Велики“ најави авиокомпанијата Скајвингс.

Ваков амбициозен план објави во понеделникот претседателот на Бордот на директори на компанијата Ајан Џафероски за време на промотивниот лет Скопје-Брисел.

Џафероски посочи дека изградбата на хотелот треба да започне во март идната година, а истиот треба да биде пуштен во употреба во јуни 2010 година.

Предвидено е хотелот да има 20 соби, а во најголем дел би се користел за потребите на екипажите на Скајвингс, која планира во идниот хотел да го пресели и седиштето на компанијата.

Скајвингс во соработка со Ер лифт сервис во понеделникот воведе директна линија на релацијата Скопје-Брисел, а веќе в недела ќе започне да сообраќа кон Рим, додека од 10 ноември ќе биде воспоставена линија кон Бергамо, во близина на Милано.

Скајвингс, која е регистрирана во Скопје, досега има отворено редовни линии од Скопје кон Истанбул, Цирих и Диселдорф.

Скајвинг засега оперира со еден авион од типот боинг 737-300, но од декември треба да пристигне уште еден ист таков авион.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115465



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2009 at 23:28
Во врска со http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=480&PID=36973#36973 - овој пост на anDarko, еве на Холидеј Ин повторно некои скелиња, ама јас не гледам некоја разлика, ова ми изгледа како обично молерисување... а 2010 е на прагот.

Dunno






Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 21:53
Nuts како замислил мали ѓокица... повеќето локации се релативно логични (освен безидејното расфрлање со скап квадарат во центарот на градот со некакви катни гаражи), но после сите искуства со пропаднати тендери, со катастарски заврзлами и со нерасчистено правно-имотни односи и дополнително во оваа економската криза сум скептик дека било каков сериозен инвеститор ќе се заинтересира.

На сајтот на Министерството за транспорт и врски се потрудиле да направат некакви ПДФки за ова што ќе се случува но 90% линкови им се грешни, на некои фали комплетно фајлот. Како и да е ги извлеков сите освен два и ќе ги постирам во продолжение.

Се продава државно земјиште за изградба на хотели, облакодери

02.11.2009 18:47
 

 

Хотели на крајбрежјето на реката Вардар, деловни центри и катни гаражи во центарот на метрополата, висококатници во населба Аеродром, голф терени.

Атрактивни локации за изградба на овие објекти до крајот на годината ќе понуди на продажба Министерството за транспорт и врски.

Деновиве објавен е оглас со кој се информираат потенцијалните инвеститори за операцијата продажба на луксузно државно земјиште, по што најдоцна до крајот на декември ќе се оди на втората фаза - закажување на датуми за јавни лицитации.

Се нудат вкупно 23 локации на територијата на целата државата, а дел од предвидените проекти како оној за голф терените веќе и се познати за јавноста но останаа нереализирани најчесто поради бирократски бариери.

Во транспорт и врски велат дека локациите сега се чисти и подготвени за продажба но не се открива колку пари планира да собере државата. Квадратен метар земјиште ќе се продава по утврдена почетна цена а купувач ќе биде оној што на лицитациите ќе понуди најмногу. Во милионските проекти замислени од страна на владата предвидена е и изградба на деловен центар кај Соборниот храм, катни гаражи кај судската палата, кај јужен булевар спроти дирекцијата на Макпетрол и во строгиот центар на градот кај полициската станица Беко.

На кејот на Вардар во близина на скопско Кале се нудат локации за изградба на три хотели еден до друг од висока категорија. Во населбата Аеродром се продава земјиште каде треба да никнат највисоките згради во македонија од по 25 ката.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115752 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115752


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 22:04
Под Кале освен катната гаража и спортскиот комплекс погоре има и 3 хотели еден до друг.

Еве го првиот




Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 22:04
Вториот хотел покрај Вардар под Кале...




Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 22:04
... и третиот




Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 22:05
Хилтон кај Горица... повторно n-ти дел




Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 22:06
И Хилтон во Петровец n-ти дел (покрај ова се продаваат и околу 900.000 квадрати за голф терени покрај овој Хилтон)




Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Nov-2009 at 22:06
Хотел Билјанини Извори




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2009 at 16:38
СЕ БАРА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОР
Четврта среќа за хотел во Охрид

Државата не се откажува од изградба на елитен хотел на охридското крајбрежје. Таа деновиве во „Фајненшл тајмс“ по четврти пат објави оглас за продажба на земјиште во Горица, а за првпат кај Билјанини извори наменети исклучително за изградба на хотели. Од Министерството за транспорт и врски потврдуваат дека објавиле известување за потенцијални инвеститори заинтересирани за купување атрактивно земјиште во Македонија на повеќе локации во земјата, а тоа ќе биде доставено и до сите економски промотори на земјава. Владата веќе три години неуспешно се обидува да привлече светска хотелска марка во Охрид, а се спомнуваа имиња на „Хилтон“, „Ексцелзиор“, како и некои инвеститори од Турција. Досега за местото во Горица биле распишани три јавни огласи. На последниот обид за продажба на 15.877 квадратни метри по цена од 4.800 денари за еден квадратен метар не се пријави ниту еден инвеститор. Од Асоцијацијата на хотелиери на Македонија (ХОТАМ) велат дека никој не е заинтересиран за изградба на луксузен хотел зашто државата не создава услови и стимулации за влез на познат странски синџир на хотели. - Тргнете од нашите хотелски комплекси со повеќе од 200 соби. Тие работат на граница на рентабилност, со позитивна нула или со минимален остаток. За да има враќање на инвестиција од 20 милиони евра, треба чистата годишна заработка да биде од 10 до 12 проценти од вложениот капитал или околу три милиони евра - вели Дончо Танески, претседател на ХОТАМ. Тој додаде дека странска марка нема да влезе се додека Македонија стане атрактивна туристичка дестинација, а тоа ќе се постигне со поевтинување на авионските билети и подобра сообраќајна поврзаност, намалување на данокот на додадена вредност во угостителската дејност и подобрување на инфраструктурата во земјата.

Е.К.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1857&ArticleID=125713


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Nov-2009 at 01:26
Италијанци ќе градат спортско-рекреативен центар во Катланово


На површина од 22.500 метри квадратни ќе се гради хотел од висока категорија на шест ката, а околу него ќе се градат спортски терени со професионални димензии наменети за подготовка и тренинзи на спортисти


Италијанска градежна компанија е заинтересирана да вложи 14 милиони евра во изградба на луксузен спортско-рекреативен и спа-центар во Катлановски бањи. На површина од 22.500 метри квадратни ќе се гради хотел од висока категорија на шест ката, а околу него ќе се градат спортски терени со професионални димензии наменети за подготовка и тренинзи на спортисти. Локацијата се наоѓа во близина на бањите, поточно над црквата Св. Недела", во близина на чешмата со лековита вода.

Од Општина Петровец информираат дека локацијата е урбанизирана и дека во моментов изработката на локалната планска документација е во завршна фаза и ќе биде предадена во Министерството за транспорт и врски за десетина дена. Министерството треба да ја продолжи постапката за отуѓување на земјиштето. Од таму велат дека инвеститор е градежната фирма "Евроиталија", која има регистрирано фирма во Скопје и го доби тендерот во Прилеп за производство на мермер.
- Евроиталија е компанија што во нашата општина веќе подолг период се смета за еден од најсигурните инвеститори. Минатиот месец наша делегација беше во посета на Италија и градоначалникот Борче Митевски разговараше за инвестицијата, за проектот којшто навистина е многу значаен за локалниот економски развој на нашата општина, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Петровец.

Општинарите велат дека ова е една од неколкуте странски инвестиции што треба да се реализираат наскоро.

http://vecer.com.mk/?ItemID=C39DE5FBA520994BADDC760F7674568B


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 20-Dec-2009 at 16:15
само за да ја потврдиме веста дека нема ништо да се менува во фасадата.


Тазе боја на "Холидеј ин"

Фасадата на "Холидеј ин" неделава се бојосува со тазе жолта боја. Молери, качени на скелиња, го користат убавото време за да го освежат надворешниот изглед на хотелот. Работниците ни рекоа дека "Холидеј ин" нема да добие нов изглед, туку само се освежува фасадата.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=60B17179477EB24B9D396BA3564D04DA - http://www.vest.com.mk/?ItemID=60B17179477EB24B9D396BA3564D04DA

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: La Linea
Date Posted: 09-Jan-2010 at 14:19

ЗАТВОРЕН ЕДИНСТВЕНИОТ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ


Велес остана и без хотелот Вила Зора!


Од пред десетина дена Велес е без хотел откако единствениот сместувачки капацитет во градот - хотелот Вила Зора, беше затворен. Неколку години не работи ниту хотелот Интернационал, кој претставува грда слика на градот. Хотелот Вила Зора беше изграден во 1985 година со средства од Фондот за пензиско и здравствено осигурување и пари од боречката организација. Последен со него управуваше фирмата а.д. Киро Ќучук". На неколку дена пред Новата година, го напуштија хотелот и тоа без никакво објаснување. Го собрале инвентарот, ставиле клуч на вратата и заминале. Причините за напуштањето на објектот, раководството на друштвото не ги обелоденува. Службените телефони на фирмата се исклучени поради неплатени сметки и беа недостапни за одговор. Од боречката организација ни рекоа дека пред да го напуштат хотелот со нив и со претставници од Фондот на ПИОМ, било извршено примопредавање на она што тие го оставиле.
-Пред да се иселат, не повикаа. Без многу објаснување рекоа дека го напуштаат хотелот. Како боречка организација не сме во можност финаниски да го одржуваме хотелот. Со фондот за ПИОМ мораме да се договориме што понатаму. Доколку не се најде друг да стопанисува, Вила Зора ќе пропадне. Навистина е жално овој објект да не работи. А што е поважно, жално е Велес да остане без хотел и хотелско сместување. Овој хотел некогаш беше гордост на Велешани - вели Кицо Саздовски, претседател на Здружението на борците.

Хотелот Вила Зора располагаше со 160 легла во 60-тина соби и имаше три ресторан-сали за 500 гости и голема летна бавча. Со делбениот биланс од 1999 година, Владата му го даде објектот на градот, поради што борците оваа одлука ја оспоруваат.

Посетителите кои доаѓаат да ги видат големиот број историски и културни споменици во Велес, мораат сместување да побараат во некој од хотелите во соседните градови или пак, во мотелот Романтик на брегот на Велешкото Езеро. Но, сите велат дека тоа не е решение и дека на Велес му е потребен хотел.

(С.А.)


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3C3A9049C6B1E74EB5156E784124AC05


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jan-2010 at 00:50
Не, џабе се ломоти навистина... Sleepy

И хотели на кејот под Кале во антички стил?!

Од вчера се продава парцела за хотел, чија фасада ќе треба да се вклопи со новите објекти во околината

Деспина Трајковска 


По инсистирање на Владата, и кејот на просторот под Кале ќе биде во антички стил. Фасадите на петте ексклузивни хотели, предвидени да се градат по течението на Вардар, ќе треба да се приспособат на фасадите на Уставниот суд, тетарот, музејот на ВМРО и другите планирани градби во тој реон, од кои речиси сите ќе имаат антички примеси. Токму изгледот на фасадите на хотелите со пет ѕвезди е еден од главните урбанистичко-архитектонски услови што ќе треба да ги исполнат инвеститорите. 

Парцелите за објектите, кои се во државна сопственост, ќе се продаваат на лицитација. Првата од предвидените пет од вчера е понудена на продажба со стартни 6.600 денари за квадратен метар. Станува збор за локација со површина од 4.745 квадрати на која објектот ќе може да достигне висина до 14,5 метри. Идниот инвеститор ќе има обврска хотелот да го изгради во рок од три години по обезбедувањето на градежната дозвола, која е должен, пак, да ја извади шест месеци по потпишувањето на купопродажниот договор за парцелата. 

Во меѓувреме, очигледно државата ќе треба да ги расчисти имотните односи со три од вкупно петте парцели наменети за хотели за да се реализира целиот комплекс, бидејќи дел од земјиштето веќе беше понудено на продажба уште во 2006 година. Некои од учесниците на тогашната лицитација поднесоа жалби, по што отуѓувањето „заглави“ и се' уште нема официјални информации што се случи со него. Последен пат од Министерството за транспорт информираа дека сите предмети се во судска постапка, со која се испитува дали продажбата била извршена во согласност со сите закони и прописи. До каде е постапката и дали можеби е завршена, засега никој не кажува. 

Иако се очекуваше, тогаш на лицитацијата не учествуваше ниту едно познато име од хотелиерскиот бизнис. Две парцели купи фирмата „Гемак трејд“ од Скопје, сопственост на Енвер Малиќи, а една Ејуп Алими, кој понуди 10.050 денари за квадрат. Претставникот на „Гемак трејд“ тогаш изјави дека немаат решено што ќе прават со земјиштето, но навести дека, најверојатно, ќе градат луксузни хотели. 

Инаку, согласно со урбанистичкиот план за реонот, освен хотелскиот комплекс, предвидена е изградба и на катна гаража и спортски комплекс. Петте хотели е предвидено да бидат распоредени еден до друг крај брегот на Вардар, три од нив со дозволена максимална висина од 14,5 метри, а два од 11 метри. Планот овозможува изградба на катна гаража од осум подземни нивоа со капацитет од 1.960 возила, додека објектите во спортскиот комплекс ќе можат да достигнат висина до осум метри. Во овој комплекс, планот предвидува и спортско-рекреативна сала, придружни објекти во функција на спортот, отворени спортски терени и привремено сместување. Со предметниот ДУП, всушност, се урбанизира целиот реон со нови градби, единствено се потврдува надградба на резиденцијата на поглаварот на МПЦ, а планот овозможува и изградба на нови содржини во функција на постојните верски објекти. 

Ваквата урбанизација е направена по нарачка на Владата, која ја финансираше изработката на планот како дел од владината програма за приоритетна изработка на урбанистички планови.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ADFAB4812B232D45923ED933E3DF925E - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ADFAB4812B232D45923ED933E3DF925E


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jan-2010 at 06:05
Која патологја

Инаку „узорите“ се на цел километар од овде... не дека „антикава“ ќе беше пооправдана доколку растојанинието беше помало...


Posted By: gorco
Date Posted: 13-Jan-2010 at 08:44
Нека му рече некој на ГУЕФСКИ дека Скопје настана како логор на римската војска - к`етенчето да не залажал некој дека го основал Александар ?!

-------------


Posted By: axel
Date Posted: 13-Jan-2010 at 11:17
im nema kraj na vladinite gluposti.zalno e sto se slucuva so skopje.mozebi i kulite ako nekogas se izgradat vo aerodrom i mislav vo centar negde beshe kje saka gruevski da bidat vo anticki stil,navistina zalno!!!


Posted By: gorco
Date Posted: 13-Jan-2010 at 11:38
OMG за кулите - какви црни кули прво со која економија, второ со кој наталитет кај населението во нашава драга Македонија и трето со која инфраструктура покрај Вардар.

Во Солун со 2 милиона жители нема зграда повисока од 8 ката - а ние се глупираме со 100 катници - смешно и патетично е луѓе - баш ме потсеќа ова со какви се глупости се залажува овој народ - како примерот ќе посочам идеја за изградба на катна гаража на паркингот пред екс Лотарија и Југобанка - со капацитет од 900 возила


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jan-2010 at 11:51
Примерот со Солун не ти е точен. Низ цела Грција обично градовите се со скоро сти изглед како под лењир, во однос на станбениот дел, па и доста голем дел од деловниот и имаат некој закони што тоа така го уредуваат. А башка и има нешто низ центар што е повисоко од 8 ката. Примерот не ти е релевантен. Сите знаеме дека стокатници се цртаат туку така од ракав. А за катната исто така не ти точна споредбата, и воопшто не би рекол дека катни гаражи што до пред некоја година кукавме дека воопшто никој не ги зема као решение, сега кога се вцртаа во план биле нешто демек недостижно. Никад нема да има вишок паркинг простор во ценатр на град.

Инаку цело време гледам со некоја апатија зборуваш како да воопшто не ти текнува дека некои состојби се менливи, а не фиксни. А за долгорочни интереси или долгогодишни проекти не гледам дека покажуваш некој засилен интерес или некоја особена логика, напртови преовладува апатијата што предмалку ја набројав.

И ќе апелирам на достојно ниво на дискусија. Г`уефски и слични добацки не доликуваат! Ќе замолам за елеменатарна почит.


Posted By: Baze
Date Posted: 13-Jan-2010 at 12:39

Одлично ! Еве добра инвестиција за да заживее и тој дел од левата страна на вардар, а освен тоа и цел лев крајбрежен појас ке биде една целина од градби во антички стил.



Posted By: krale
Date Posted: 13-Jan-2010 at 12:43
Штом се удри со тн. „антички фасади“ по кејот, има логика да се доврши тоа стилизирање на градот, инаку ќе биде каша-попара.

Само никогаш не ми беше до крај јасно што тоа значи „антички стил“, бидејќи ко што мене ми личи повеќето од објектите се со типична архитектура од 17-19 век (која пак влече црти од антиката, ама сепак со изразен австро-унгарски стил).


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jan-2010 at 19:01
Originally posted by krale

Штом се удри со тн. „антички фасади“ по кејот, има логика да се доврши тоа стилизирање на градот, инаку ќе биде каша-попара.

Question
Како го замислуваш довршувањето на таквото „стилизирање“ на градот, до кога би граделе така, што би правеле со постоечките објекти (за да не биде каша попара нели) и зошто за овој тренд што почна пред 2-3 години, сега треба цел град да го превртиме на глава?



Originally posted by krale

Само никогаш не ми беше до крај јасно што тоа значи „антички стил“, бидејќи ко што мене ми личи повеќето од објектите се со типична архитектура од 17-19 век (која пак влече црти од антиката, ама сепак со изразен австро-унгарски стил).
Ни мене не ми е баш јасен овој наш „антички“ стил, ама бидејќи проективе што не спопаднаа не можат да се класифицираат во некој востановен стил и бидејќи разноразни претставници на институциите и официјално така го именуваа во повеќе наврати, ваљда не грешиме премногу ако го употребуваме тој термин. Алтернатива би била на пример „архитектонски шунд“ или нешто слично.

Инаку ова што го опишуваш најблиску ми звучи до неокласицизам (кој воопшто не е ограничен на Австро-Унгарија), но архитектурата којa се форсира кај нас е далеку дури и од таков надминат и стил. Ова што се форсира кај нас е невешто и вулгарно комбинирање на се и сешто.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jan-2010 at 19:09
gorco, навистина, да не ја спуштаме дискусијата на тоа ниво со такви ругања


Posted By: krale
Date Posted: 14-Jan-2010 at 00:27
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by krale

Штом се удри со тн. „антички фасади“ по кејот, има логика да се доврши тоа стилизирање на градот, инаку ќе биде каша-попара.

Question
Како го замислуваш довршувањето на таквото „стилизирање“ на градот, до кога би граделе така, што би правеле со постоечките објекти (за да не биде каша попара нели) и зошто за овој тренд што почна пред 2-3 години, сега треба цел град да го превртиме на глава?



Довршувањето треба да биде на тој потег околу кејот, односно на левата страна од двете страни на камени мост. Инаку ќе биде навистина полошо и од ова.



Originally posted by krale

Само никогаш не ми беше до крај јасно што тоа значи „антички стил“, бидејќи ко што мене ми личи повеќето од објектите се со типична архитектура од 17-19 век (која пак влече црти од антиката, ама сепак со изразен австро-унгарски стил).
Ни мене не ми е баш јасен овој наш „антички“ стил, ама бидејќи проективе што не спопаднаа не можат да се класифицираат во некој востановен стил и бидејќи разноразни претставници на институциите и официјално така го именуваа во повеќе наврати, ваљда не грешиме премногу ако го употребуваме тој термин. Алтернатива би била на пример „архитектонски шунд“ или нешто слично.

Инаку ова што го опишуваш најблиску ми звучи до неокласицизам (кој воопшто не е ограничен на Австро-Унгарија), но архитектурата којa се форсира кај нас е далеку дури и од таков надминат и стил. Ова што се форсира кај нас е невешто и вулгарно комбинирање на се и сешто.


Добро, пред да коментирам за тоа дека ова  е „невешто и вулгарно“ би почекал да видам барем еден објект завршен - бидејќи вака ги вадиме сите ние заклучоците базирани врз фотошопови од медиумите, кои пак сите си имаат свои политички агенди. Рендерите сами по себе ништо не кажуваат додека не се види во живо.


Posted By: zabegan
Date Posted: 14-Jan-2010 at 19:59
мислам дека најлошо е што не знаеме што не чека, нетранспарентноста на владата е таа што убива, објектите се познати само како маркици, а оставени сме на милост и немилост на медиумите кои секој ден си измислуваат нови стилови, нови зборови (не дека досегашнава „нова“ архитектура припаѓаше на некој стил, ама сепак)
 
@krale не секогаш мора да се реагира кога ќе се изгради објектот, зошто да чекаме на тоа? нели е полесно да не го градиме одколку да го рушиме?


Posted By: Baze
Date Posted: 18-Jan-2010 at 16:17
Originally posted by zabegan
mailto:---@krale - ---@krale не секогаш мора да се реагира кога ќе се изгради објектот, зошто да чекаме на тоа? нели е полесно да не го градиме одколку да го рушиме?
 
 
Никој не не прашува дали сакаме да се гради или не, едноставно ке го направат колку и да се крева глас Ohno. А дали е полесно да се сруши или гради, се гледа од тоа колку обијекти се изградија, а колку од нив се срушија. И ако може кажи ми за некој обијект кој е стопиран со изградба само поради таа "погрешна" архитектура или срушен. Ако стигнеме до таму да рушиме сигурно ке се почне од обијектот кој е дизајниран во сон а е наменет за  куќата од "kalkuta".Wallbash



Posted By: lupo
Date Posted: 19-Jan-2010 at 02:01
Barem i amerikancive ambasadata da ja napravea belata kukja so anticki stubovi


Posted By: krale
Date Posted: 19-Jan-2010 at 08:54
Originally posted by zabegan


@krale не секогаш мора да се реагира кога ќе се изгради објектот, зошто да чекаме на тоа? нели е полесно да не го градиме одколку да го рушиме?


Така е, ако имаме априори некоја предрасуда дека лошо ќе излезе. Јас се што реков е бидејќи не се прашуваме дали да се гради, да видиме како ќе завршат барем еден објект, па потоа да даваме судови.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Jan-2010 at 13:27
Па ете имаме доста лошо искуство. На крајот на краиштата целиот овој наплив на „стара“ архитектура е погрешен уште во корен. Која е поентата да се чекаат готови објекти за да се искаже негативен став околу тоа?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jan-2010 at 17:25


Еве како изгледа сега локацијата кајшто го планираат овој хотелот. Чекаме да биде, па ќе споредиме после некоја година ако се направи.


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 21-Jan-2010 at 14:01
Руски инвеститор сака да гради хотели и казина

Голем руски инвеститор е заинтересиран за изградба на модерни хотели и казина што ќе ги привлече туристите да дојдат во нашата земја



Изградба на хотел и казино, подадена рака за гасификација, враќање на клириншкиот долг од 60 милиони долари, вклучување на нашите градежници на рускиот пазар, пласман на македонското вино, се само дел од најавените проекти за економска соработка меѓу Македонија и Русија. Кај руските инвеститори има голем интерес за вложување во Македонија, вели рускиот амбасадор во нашата земја Владимир Солоцински. Тој нагласува дека за големите проекти, како гасоводот „Јужен поток“, има место и за Македонија, за што потребно е да се постигне и меѓудржавен договор.

Русија е убедливо земјата од која Македонија најмногу увезува, и тоа пред Германија, Србија и Грција. Ваквиот примат ќе остане и во иднина бидејќи увозот од Русија од година во година покажува тренд на раст. Во 2008 тој изнесуваше 930 милиони долари, од што 97 отсто отпаѓа на увозот на горива. За досегашната соработка меѓу двете земји амбасадорот Солоцински вчера го одликува со медал министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.



По врачувањето на наградата имавте одвоена средба со министерот Јанакиески. За што разговаравте?

- Стана збор за цела низа прашања од дневен карактер. Во рацете на Јанакиески се сите локации за индустриски градби. Ако нема локации, нема да има ниту инвестиции.



Има ли конкретен интерес за некоја инвестиција?

- Секако. На средбата присуствуваше и Михаил Бортник, кој е еден голем руски инвеститор и има мрежа на хотели и казина во разни земји, како и во соседна Бугарија и Србија. Тој изрази интерес за изградба на хотел и казино и во Македонија. На тој начин ќе се зголеми туристичката понуда на земјата и дополнително ќе се привлечат туристи да дојдат во Македонија.



До каде е постапката со враќањето на клириншкиот долг?

- Се надеваме дека ќе го затвориме ова прашање до април годинава, кога планираме да се одржи состанок на Меѓувладина комисија за научно-техничка и економска соработка. Комисијата ќе се состане во Русија, а во нејзината работа ќе учествуваат претставници на повеќе министерства и институции. На состанокот лани во Москва меѓу вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески со рускиот вицепремиер и министер за финансии Алексеј Леонидович Кудрин постигнат е договор за регулирање на советскиот клириншки долг кон Македонија. Останаа да се прецизираат уште некои технички детали. Со тоа ќе се затвори едно отворено прашање во односите меѓу Русија и Македонија и ќе ни дозволи да се занимаваме со гасификацијата, што ќе придонесе за развој на индустријата и воопшто на економијата на Македонија. Очекувам до 2011 да бидат прецизирани сите проекти и да започне практичната реализација на гасификацијата.



Какви се шансите се вклучување на Македонија во проектот „Јужен поток“, односно еден крак од овој значаен магистрален гасовод да дојде и до нашата земја?

- Се работи за огромен проект во кој има можност за учество и на Македонија. Тоа е прашање на преговори. Планираме да одржиме меѓувладина седница за економска соработка. Еден ваков меѓудржавен проект, кој е скап, се остварува, освен од комерцијални интереси, и со договор помеѓу државите.



Дали досега имало барање од Македонија за учество?

- Директно обраќање немаше, но може да се постави тоа прашање и ние сме спремни да го разгледаме.



За кои македонски производи сметате дека може да бидат атрактивни за рускиот пазар?

- Главно се работи за традиционални прехранбени производи и вино. Потребно е да се создаваат заеднички руско-македонски претпријатија ориентирани кон извоз во Русија, но и во трети земји. За ова има интерес и нема политички пречки.     
      
Автор: Александар С. Димковски

Извор: - НоваМакедонија


-------------
www.realmadrid-mk.blogspot.com


Posted By: Makedonij
Date Posted: 23-Jan-2010 at 18:43
Хотел Македонија, со капацитет од 55 апартмани, реновиран 2008 година - DOJRAN

http://img218.imageshack.us/i/53734330.jpg/">

Хотел Казино Атлантик, од затворен тип, со капацитет од 18 апартмани
http://img521.imageshack.us/i/52937154.jpg/">




-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: axel
Date Posted: 25-Jan-2010 at 12:07

Стара руина меѓу нови старински хотели

Се најавуваат големи градежни активности на левиот брег на Вардар, каде што ќе се прават хотели што треба да се вклопат во амбиентот на Стариот театар и на музеите, но останува една полуразурната градба што не се вклопува во ниту еден амбиент, освен можеби во некој постапокалиптичен




Левиот брег на реката Вардар се урбанизира. На старински начин. Тоа нема да ги опфати само државните градби во строгиот центар, како музеите, архивот или театарот, туку и тие што ќе се протегаат по линијата на реката кон лизгалиштето и кон поранешниот полигон за обука на возачи. Токму на ова место се предвидува да се направат пет луксузни хотели и една катна гаража, кои треба да се вклопат во архитектонскиот стил на музеите и на другите државни градби. Но еден објект на таа локација стои речиси цела деценија и не се вклопува во никаков архитектонски амбиент, освен можеби во некој постапокалиптичен. Тоа е зградата што заедно ја градеа јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти и фирмата „Рудине“, која недоградена и полуразурната се претвори во вечно градилиште на кое не му се гледа крајот.


ДРЖАВАТА СИ УРНАЛА СВОЈ ОБЈЕКТ


Зградата почна да се гради во почетокот од 2002 година, но по само неколку месеци од изградбата се донесе решение таа да се урне. Причината за тоа, како што се објаснуваше, беше бидејќи фирмата „Рудине“ не градела угостителско-спортски објект, како што се предвидувало во урбанистичкиот план, туку магацин за храна. Од јавното претпријатие тогаш испратиле предупредување до „Рудине“ да запре изградбата, но тоа не се случило и градежната инспекција почнала да урива. Таа скратила по 80 сантиметри од столбовите и ги пресекла железата во бетонот, за да оневозможи зградата да продолжи да се гради. Во овие случаи инвеститорот е должен да го дорасчисти плацот од урнатините, но овде тоа не се случи, бидејќи сопственик на земјиштето е државата, а градител на објектот приватна фирма и никој не се чувствува повикано.

Фирмата „Рудине“ стопанисувала со објектите на јавното претпријатие уште од 1990 години. На градбата што се наоѓала на местото на сегашната карабина и се урнал покривот, а ЈПССО немало пари да го обнови, па затоа се договорило со „Рудине“ тие да го сторат тоа, а како замена да не плаќаат кирија. По неколку состаноци, фирмата одлучила дека е поисплатливо да се направи цел нов објект отколку да се реконструира стариот и се извадиле сите потребни дозволи за да почне изградбата.

Но по само неколку месеци стигнало и решение за уривање, со образложение дека се градел магацин. Од фирмата „Рудине“ велат дека почнале да градат зграда што целосно соодветствувала со одредбите од урбанистичкиот план, бидејќи во неа требало да има фитнес-центар, хотелско сместување и ресторан, а не магацин. Во спортскиот центар требало да се вработат 50 луѓе.

- Објектот што го градевме беше во сопственост на јавното претпријатие, значи државата си урна своја градба. Не ни е јасно како некој може да каже што ќе биде некоја зграда додека таа сé уште се гради, но се случи тоа што се случи - велат од „Рудине“.

Краток период откако објектот бил онеспособен, Министерството за транспорт и врски го поништило решението за уривање. Веднаш потоа фирмата „Рудине“ поднела тужба и бара да биде обесштетена за нејзиниот влог во градбата.


БЕЗ ИДЕЈА ЗА ИДНИНАТА


Никој не знае што ќе се случува со објектот во иднина. Министерството за транспорт и врски веќе распиша јавен оглас за наддавање на дел од соседното земјиште, за кое треба да се најде инвеститор што ќе направи хотел. Изгледот на таа градба треба да го проектира самиот градител, но да го одобри посебна државна комисија, која има за цел да се осигури дека ќе биде запазен старинскиот стил. Руината, пак, сите ја заборавија.

- Без разлика на најавите дека ќе има големи градежни активности за да се уреди целиот овој простор, со нас никој не контактирал за да се договориме што ќе се прави со објектот. Не знаеме ниту ние што ќе се случува понатаму, односно дали ќе се направи нешто на неговото место - велат од „Рудине“.




Лична карта

објект: „Рудине“
инвеститор: „Рудине“ и ЈПССО
почеток на градба: почеток на 2002 година
прекин на градба: крај на 2002 година
изграденост: разурната карабина
проблем: нерасчистени односи меѓу државата и ин веститорот   

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12510105314&id=14&prilog=0&setIzdanie=21892




Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jan-2010 at 15:10
Овој објект јас колку што знам е дека е дивоградба и лежи на трасата на идното продолжение на булеварот Св. Климент Охридски.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jan-2010 at 19:03
Еве една штура денешна објава од министерството за транспорт и врски:

СООПШТЕНИЕ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ОБЈАВА - 25.1.2010

Министерството за транспорт и врски им соопштува на сите заентересирани физички и правни лица дека Јавната објава објавена во дневните весници Вечер и Време на ден 23.12.2009година, која се однесува за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање предвидено со Урбанистичи план наменето за изградба на хотел на Охридско езеро СЕ ПОВЛЕКУВА ВО ЦЕЛОСТ .

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2276

Под соопштението има линк „Кликнете тука за да го погледнете целото соопштение“, но тој носи на The page cannot be found

Roll%20eyes


Во отсуство на попрецизни информации, можеме само да шпекулираме дека можеби има некаква поврзаност со „аферата“ околу хотелот Окото на Охрид:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=763&PID=50878#50878 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=763&PID=50878#50878

Dunno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Feb-2010 at 00:35
ЈП Исар ќе гради хотел во бањата Кежовица
Јавното претпријатие Исар" ќе гради хотел во бањата Кежовица. Инвестицијата на претпријатието за развивање на бањски туризам ќе чини 300 илјади евра.
Директорот на ЈП Исар", Васко Арсов,вели дека во моментов ја чекаат промената на детаљниот урбанистички план за бањата Кежовица, а од март веќе ќе можат да ги почнат и градежните работи.
- Хотелот, кој планираме да го градиме, сметаме дека ќе биде исплатлива инвестиција, бидејќи постоечкиот објект што го имаме во рамките на градската бања не ги задоволува потребите на граѓаните од Источна Македонија, вели Арсов.

http://vecer.com.mk/?ItemID=DAE7340E72F92A46BB0A75FF3D976644


Posted By: axel
Date Posted: 24-Feb-2010 at 07:14

Никој не сака да инвестира во антички хотел под Кале

Шест часа пред истекот на рокот за учество на лицитацијата нема заинтересирана компанија за парцелата

Ниту една компанија не е заинтересирана да гради ексклузивен хотел на просторот под Кале со фасада во антички стил на каква инсистира државата. Шест часа до истекот на рокот за пријавување на учество за лицитација, повик што го распиша Министерството за транспорт и врски, не била доставена ниту една понуда, па извесно е дека нема да се одржи ниту предвиденото јавно наддавање закажано за втори март.

Од Министерството набргу треба да одлучат дали и кога повторно ќе распишат тендер за оттуѓување на парцелата. Истовремено, надлежните велат дека ќе утврдат и дали ќе бидат распишани објави за продажба на локациите кои се во непосредна близина на локацијата наменета за хотел, имајќи предвид дека парцелите се државни, а урбанистичкиот план предвидува изградба на комплекс од пет ексклузивни хотели и други содржини. Останува нејасно на кој друг начин би се продале парцелите, со оглед на тоа дека актуелната власт е противник на оттуѓување на државна земја со непосредна спогодба.

Инаку, на продажба беше понудена парцела со површина од 4.745 квадратни метри, а објектот може да достигне висина до 14,5 метри. Утврдената почетна цена изнесуваше 6.600 денари. На повикот за продажба на парцелата, хотел со фасада во антички стил беше еден од главните урбанистичко архитектонски услови што би требало да ги исполнува инвеститорот. Надлежните образложија дека тоа, всушност, е наложено со планираниот изглед воопшто на сите објекти што се градат и допрва ќе се градат по течението на Вардар, за да се добие една целина. Фасадите на хотелите треба да се приспособат кон оние на Уставен суд, Театарот, музејот на ВМРО и другите во реонот од кои речиси сите ќе имаат антички примеси. (Дс.Т.)                                                                                                                                          http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F433189AD0571C46859CA27DE149BBFF   



Posted By: axel
Date Posted: 08-Apr-2010 at 14:52
Распишана објава за локација во општина Аеродром наменета за изградба на хотели - 8.4.2010

 

 

Почитувани,

 

Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски распиша јавна објава за отуѓување по пат на jавно наддавање на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, кое се наоѓа во Општина Аеродром, наменето за изградба на хотели.

 

Предмет на јавното наддавање се две градежни парцели со вкупна површина од 11.972 m2. Право на учество на јавното наддавање имаат физички лица, државјани на Република Македонија и правни лица, односно домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирано во Централен регистер на Република Македонија.

 

Почетна цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари по метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање можат за да се доставуваат најдоцна до 12.05.2010година. Јавното наддавање ќе се одржи на ден година, во просториите на Министерството за транспорт и врски, со почеток во10:00 часот.

 

Целосниот текст на јавната објава може да се прочита на интернет-страницата на Министерство за транспорт и врски: http://www.mtc.gov.mk/ -


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Apr-2010 at 19:20
Море море како се јуриша со вцртување на хотели на секое ќоше. Ова веројатно е навремена подготовка за сите оние силни туристи што ќе навалат да ги видат убавините на Скопје 2014 и традиционалните двокатни скопски автобуси  Roll%20eyes

Еве една листа на „идните“ хотели во Скопје од она што веднаш ми текнува, без особено да листам или да истражувам. Веројатно ќе пропуштам по нешто, но мислам и ова е доволно за да се стекне слика. Покрај посточеките, моментално се гради (ако може така да се дефинира нивото на активности и вкупниот прогрес до сега) и Радисон зад Рамстор, а и Соравиа Ресорт ќе содржи хотел. Но еве што следува наводно:

Огромен хотел на Плоштад Македонија
5 хотели на кејот на Вардар, под Кале, еден до друг
2 хотели на кејот на Вардар во населба Јане Сандански (овие од веста)
Хотел кај МОБ
Хотел на местото на печатницата Гоце Делчев
Хотел зад постоечкиот хотел Јадран
Хотел во комплексот Александрија
Кулите на G-Mall се спомнуваат со намена за хотелско сместување
Хотелско сместување зацртано во облакодерите карши Холидеј Ин
После фијаското со турската болница, кај Панорама пак ќе се правел хотел
Хотели кај „идните“ терени за голф во Петровец (како беше, три Хилтони и два Шератони или обратно? Roll%20eyes)... Лани имаше лицитација на 150.000 квадратни метри за еден хотел, ама не слушнавме како заврши  Sleepy
Хотели на аеродромот Александар Велики (а да го видевме прво планот за претворање на аеродромот во транзитен а? бидејќи не се ломоти само за онакви мали хотели за потребите на екипажите, како најавениот на скајвингс...)

П.С.
Дури и Тинекс-Тодоровиќ начука хотел во трговскиот центар „катна гаража“ Зебра...

Ај баш да видиме до кога ќе се пумпа овој балон


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 09-Apr-2010 at 20:03

кинески автобуси, кинески туристи.... е мора многу хотели LOL



Posted By: axel
Date Posted: 12-Apr-2010 at 11:49
ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Покрај Вардар ќе никнат два хотела Жителите на општина Аеродром ќе добијат тениски игралишта, сали за хокеј и забавен воден парк, кои ќе се градат во околина на два сосема нови хотели, покрај реката Вардар на крстосницата на булеварите Трета македонска бригада и Србија. За таа цел општината објави тендер, за кој ќе се собираат понуди од физички и од правни лица, кои ќе ги исполнуваат воспоставените услови за изградба на хотелите. Двете земјишта што се отуѓуваат се со вкупна површина од 11972 квадратни метри, а се очекува завршувањето на хотелите да биде за четири години, од денот на правосилноста на одобрението за градба. Оној што ќе го добие земјиштето за градење, како најповолен понудувач, должен е да обезбеди студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, која треба да биде одобрена од органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.                                                                                                                                                                                                                                                                    http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1991&ArticleID=138188


Posted By: axel
Date Posted: 15-Apr-2010 at 18:55
ОБЈАВА отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање кое се наоѓа во Општина Kratovo , за изградба на „Хотелски комплекси „ - 15.4.2010


ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ



Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален Урбанистички План на град Кратово со намена за изградба на хотелски комплекси, донесен со одлука нр. 07-498 од 27.02.2009година на општина Кратово.

ОБЈАВА За отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно надавање кое се наоѓа во Општина Делчево, за изградба на објект со намена Хотел - 15.4.2010


ПРЕДМЕТ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ



Предмет на јавното наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален Урбанистички План за туристички локалитет ”Голак” за општина Делчево. Земјшиштето претставува една градежна парцела ГП бр. 3.3 која е (формирана од две катастарски парцели КП бр.4976/5 и КП бр.4990/3 )со вкупна површина од 2.420м2 со намена за изградба на хотел во Блок М3.


http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=2465


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Apr-2010 at 23:03


Државата продава земјиште за хотели на Голак и во Кратово

Министерството за транспорт и врски бара купувач за неизградено државно градежно земјиште во општина Делчево, предвидено за изградба на Хотел во туристичкиот локалитет Голак. Парцелата е со вкупна површина од 2.420 метри квадратни, а урбанистичкиот план налага максимална површина за градење од 1001 метар квадратен, максимално дозволена висина до венец од 14,6 метри и коефициент на искористеност од 1,24. Земјиштето ќе се продава на јавно наддавање кое ќе се одржи на 29.05.2010, а пријавите за учество ќе се примаат до 20.05.2010. Почетната цена за квадрат е утврдена на 3.200 денари.


Министерството исто така објави оглас за продажба на неизградено државно градежно земјиште наменето за хотелски комплекс во Кратово. Деталниот урбанистички план предвидува изградба на објект со приземје и три спрата, висок 13,6 метри. Парцелата е со големина од 1.657 метри квадратни, додека површината за градба изнесува 887 метри квадратни. Пријавувањето на заинтересираните ќе трае до 19.05.2010, а наддавањето е закажано на 27.05.2010. Почетната цена за квадрат е исто така 3.200 денари.


http://www.build.com.mk/?p=2881


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 26-Apr-2010 at 23:41

Пехчево од караулата ќе прави мотел

Општината Пехчево деновиве од Министерството за одбрана ја доби на долгорочно користење напуштената армиска караула кај Ченгино Кале, најисточната точка на Македонија. Со тоа се создаваат услови за реализација на плановите на локалната самоуправа за преуредување на тој објект во мотел, наменет пред се' за ловен туризам. Во план е прво да се направат преостанатите четири километри од патот од Пехчево до караулата, кој е долг 18 километри.

- Веќе преговараме со проектантска куќа што треба да го подготви проектот за реконструкција на караулата и преадаптација во мотел. Во соработка со ловечкото друштво „Буковик“, предвидовме низа интересни содржини за туристичка промоција на тој предел. Можни се и заеднички проекти со соседната општина Кресна, од бугарската страна на Малешевски Планини - вели градоначалникот Јованчо Станоевски.

Ченгино Кале и караулата се најисточниот дел на пехчевскиот туристички комплекс Равна Река, во кој се водопадите на Брегалница (Љ.Ш.)
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2C72639F0653E94F8DBE67F02CFA5518 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2C72639F0653E94F8DBE67F02CFA5518


Posted By: axel
Date Posted: 27-Apr-2010 at 11:07

Козјак е атрактивен за диви викендички, но не и за легален хотел


Трипати неуспешно се нуди на продажба земјиштето во близина на селото Здуње, покрај езерото Козјак, кое се смета за главен адут за развој на еден од најсиромашните и најзаостанати краишта во Македонија

 
 
%20  
Пропадна и третиот обид на државата да ги продаде двете парцели на езерото Козјак во општината Македонски Брод, кои се наменети за изградба на хотел. Јавното наддавање, закажано за минатата недела, не се одржа, бидејќи ниту еден инвеститор не се пријавил за да учествува. Земјиштето, кое се наоѓа во близината на селото Здуње, првпат се продаваше во октомври 2008 година, а потоа и во јуни лани, но ниту тогаш никој не се пријавил.

Станува збор за плацеви со вкупна површина од речиси шест илјади квадратни метри, на кои почетната цена им беше 60 денари за квадрат, односно околу 60 илјади евра за целиот простор. Процентот на изграденост изнесува до 60 отсто, а висината до 5,5 метри, што значи дека инвеститорите ќе можат да искористат околу четири илјади квадрати за градење, а објектот би имал најмногу два ката.

Од Скопје до Здуње сега се стигнува само преку Кичево и Македонски Брод и треба да се помине пат од речиси 250 километри, од кои дел се во многу лоша состојба, иако селото е оддалечено само педесетина километри од главниот град. Се гради само една делница од регионалниот пат, што треба да го поврзе Скопје со поречкиот крај, таа од Коломот до Близанско долга 8,4 километри, а допрва треба да се доврши делот кон Самоков и да се најде начин како да се пробие коловоз низ резерватот „Јасен“. Од друга страна, евентуалниот купувач на плацот за хотелот ќе има обврска уште веднаш да почне да гради, што значи дека е можно неговиот угостителско-сместувачки капацитет да биде отворен долго време пред да се овозможи квалитетен сообраќаен пристап до него.

Покрај езерото Козјак, кое се смета за главен адут за развој на еден од најсиромашните и најзаостанати краишта во Македонија, веќе се изградени педесетина викендички-дивоградби и за сите нив е издадено решение за уривање. Некои од нив веќе се урнати, а Државниот градежен инспекторат најавува дека тие активности ќе продолжат и во иднина за да се расчисти теренот. Покрај брегот на оваа вештачка акумулација, долга 30 километри, со урбанистички план се предвидени и 540 плаца за викенд-куќи, но и тие слабо се продаваат. На последниот оглас се нудеа осум, а се продадоа пет, иако цената е само 10 евра за квадрат.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42710102878&id=10&prilog=0&setIzdanie=21969


Posted By: axel
Date Posted: 10-May-2010 at 20:19

Хотел Парк се демолира, ќе се гради елитен хотелски комплекс

http://www.sitel.com.mk/video/biznis/hotel-park-se-demolira-ke-se-gradi-eliten-hotelski-kompleks
VIDEO



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-May-2010 at 20:25


Каде е ова


Posted By: axel
Date Posted: 10-May-2010 at 20:29
OHRID mestoto gorica 3 vo blizina na pretsedatelskata vila biljana


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-May-2010 at 21:18
Да бидам искрен воопшто не ми мириса на арно работава. Горица 1 има прилично елитна локација и заслужува многу повеќе. Рендерот кој го прикажаа на Сител делува како најобична станбена зграда. На таблата пишува времено сместување (апартмани). Кој тоа ќе менаџира со тие апартмани. Фирмата Градежник која е инвеститор?



Во случајов воопшто не важи девизата "Добро е, нека се гради", само нека продолжи вака Охрид и ќе го дочека елитниот туризам на свети никогаш. Секогаш кога одам таму се запрепастувам колку дифтарски се гради вон подрачјето на стариот град.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 10-May-2010 at 21:52
И мене ова не ми личи на елитен хотелски комплекс, туку некој гради станбена зграда чии станови ќе служат за изнајмување за ден/недела за време на летен период и веројатно месечно за студенти во останатиот вонсезонски период... како и да е, чекаме фотки/рендери па ќе процениме.. Big%20smile
 
и да додадам, елитен хотелски апартман во ваква (стабнена) зграда...?! каде се базените, ако ништо повеќе тобогани ќе се гледаа на сликава ?  Ова повторно ми мириса на она типично охридско, квантитет (масовност) пред квалитет (е да, во џиновски хостел има пари)..


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-May-2010 at 22:00
Охрид буквално е под капата на урбана мафија.

Каква заштита, каков УНЕСКО, ке го претворат градот во КАСАБА.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-May-2010 at 22:00
Originally posted by SkyBoy

каде се базените, ако ништо повеќе тобогани ќе се гледаа на сликава ?


Кој луксузен хотел има тобогани бе? Poke

Во Хилтон на тобоган! Rollin

Те заебавам, сфаќам што сакаш да кажеш! Ај да не критикувам бидејќи ми се пожаливте дека многу сум критикувал, ама за ваквите бизнис планови небаре сме 1960 - Сутоморе можам да кажам само Bash


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 10-May-2010 at 22:11

Поентата ми е дека елитен/неелитен објектов нема ама баш никакво обележје за хотелски комплекс.. освен што е зграда



Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-May-2010 at 22:17
Хотел не се суди по надворешниот изглед, мора да признаеме, (тргни од Александар Палас и Холидеј ин кои изгледаат како нуклеарна катастрофа), ама од ова по самите имиња на инвеститорите уште отсега се гледа што ќе излезе. И тоа до претседателската вила!

Кај не се најде некој да направи луксузни бунгалови, сè сите запнале згради да градат. Масовно никогаш не е подобро во туризмот!


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-May-2010 at 22:24
Originally posted by SkyBoy

И мене ова не ми личи на елитен хотелски комплекс, туку некој гради станбена зграда чии станови ќе служат за изнајмување за ден/недела за време на летен период и веројатно месечно за студенти во останатиот вонсезонски период... како и да е, чекаме фотки/рендери па ќе процениме.. Big%20smile
 
и да додадам, елитен хотелски апартман во ваква (стабнена) зграда...?! каде се базените, ако ништо повеќе тобогани ќе се гледаа на сликава ?  Ова повторно ми мириса на она типично охридско, квантитет (масовност) пред квалитет (е да, во џиновски хостел има пари)..


Дури и голем хостел може да се направи со многу повеќе стил. Ова е ужасно, ова ме потсеќа на архитектурата од крајбрежјето во Драч каде комплетно уништија плажа од 30км со вакви незграпни грдосии веднаш покрај езерото.

Делот помежу каналот Биљанини извори па токму до Хотел Парк е единствениот простор на Охридскиот дел од крајбрежјето каде можат да се развијат сериозни туристички капацитети како што му доликуваат на Охрид. Можеби плажите тука не се спектакуларни но единствено тука Галичица го дозволува тоа, како се оди понатаму ниту има простор а би се навлегло на некои места во националниот парк. ПРосто не ми се верува дека со ваква грдосија се уништува и овој дел од Охрид.

Постојат многу критики за стариот дел од градот каде дефинитивно се имаат направено штети. Но штетите таму не се ни приближни на дивеењето во остатокот на градот каде се гради на секој слободен квадрат, без никакви градежни линии, непостоење на венец, никаква унификација на објектите, со нималку стил, кич, кич, бескрајно многу кич...

Во прилог еве една моја постара нишка околу Охридскиот кеј токму  на оваа тема

forum_posts.asp?TID=226 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=226


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-May-2010 at 22:26
Originally posted by гитардемон

Хотел не се суди по надворешниот изглед, мора да признаеме, (тргни од Александар Палас и Холидеј ин кои изгледаат како нуклеарна катастрофа), ама од ова по самите имиња на инвеститорите уште отсега се гледа што ќе излезе. И тоа до претседателската вила!

Кај не се најде некој да направи луксузни бунгалови, сè сите запнале згради да градат. Масовно никогаш не е подобро во туризмот!


Не зезај Гитар, Холидеј Ин е хотел од 50те а Александар Палас кога се градеше беше за сите светско чудо, и реално ако ја баталиме архитектурата уште од тогаш се гледаше дека се работи за сериозна работа, ја средија околината, пристапите, хортикултурата, изградија терени итн.

Мене овој никаков рендер кој го извадивме од Сител не ме асоцира на ништо друго освен на уште една станбена зграда.



Print Page | Close Window