Print Page | Close Window

Патарини

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=486
Printed Date: 29-Mar-2024 at 11:08


Topic: Патарини
Posted By: pbanks
Subject: Патарини
Date Posted: 21-Nov-2007 at 23:25
ова ваљда би дошло тука :(

Нема плаќање патарина со картичка


Со автоматското плаќање на патарините требаше да се спречи корупцијата и злоупотребите на наплатните рампи, но проектот е закочен поради административни причини


Плаќањето на патарините со картичка нема да почне да се применува од почетокот на идната година, како што бомбастично најавуваше Фондот за магистрални и регионални патишта, бидејќи проектот е закочен поради бирократските причини. Парите за реализација на проектот во износ од околу 5 милиони евра ги обезбеди Светската банка и со него требаше да се автоматизира начинот на плаќање на патната такса за да се спречи корупцијата и злоупотребите на наплатните рампи. А токму поради овие причини 29 инкасанти деновиве завршија во притвор под сомнение дека украле 5 милиони евра од наплата на патна такса. Според засега непотврдени информации, околу 35 проценти од патарините завршувале во џебот на инкасантите.
Од Фондот за патишта потврдуваат дека проектот е закочен бидејќи е одложено донесувањето на нов закон за јавни патишта, кој се прави со поддршка на Европската Унија.

- Законот треба да помине на Влада и да го усвои Собранието, со што ќе добиеме надлежност да менаџираме со наплатата. Тоа е услов Фондот да почне со подготовка на тендер за избор на компанија која ќе треба да понуди концепт за новиот автоматизиран наплатен систем - вели портпаролката на Фондот за патишта, Катерина Панова- Илиевска.
Според неа, одложувањето на стартот на проектот е направено и поради барањето на Светската банка да ангажира консултант од ЕУ.

- Консултатот со задоцнување се вклучи во подготовките за техничката спецификација на новиот наплатен систем. Очекувам дека работите ќе се одвиваат побрзо и би можеле во првите месеци од идната година да го распишеме тендерот - објаснуваат од Фондот.
Оттаму велат дека ќе се доцни со примената на новиот систем и поради тоа што ЈП Македонија пат, кое е задолжено за прибирање на патарината, нема направено нова организациска поставеност како ќе функционираат наплатните рампи во иднина во однос на број на луѓе што ќе бидат ангажирани.

Сите наплатни ленти на пунктовите треба да се опремат со нови и ефикасни подсистеми за броење, како и да се направи категоризација кое возило низ која лента ќе помине без разлика дали плаќањето е во готово или на електронски начин - објаснуваат од Министерството за транспорт и врски.

При креирањето на проектот, се користени искуствата во Турција, Хрватска и Франција. Новиот систем на наплата предвидува повеќе начини - во готово, со кредитни картички, со безготовинско електронско поддржано плаќање (pripeid или postpeid картички), како и со микробранови транспондери (TAG). Подсистемите ќе вршат и видео-надзор и архивирање на возилата, а ќе алармираат ако биде направен прекршок на некоја наплатна станица.

Новиот систем за наплата ќе чини од 3,5 до 5 милиони евра. Се очекува овие средства да бидат вратени во првата година од работењето на новиот систем бидејќи наплатата, во наредната фаза, ќе биде стопроцентна затоа што ќе биде исклучен човечкиот фактор.

Светлана БЛАЖЕВСКА


Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4D1C7A524C806747BDE0A4EC8464342D - Вечер



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Nov-2007 at 23:04
уште една вест во врска со патарините. На која основа доаѓаат сите овие поскапувања а одржувањето на патиштата е никакво? Ако веќе толку сакаат да ги заокружат цените можеа на подолната сума да го сторат тоа. Мал ОТ. Ништо изгледа ни од поевтиниот зелен картон што беше најавуван од Нова година. Bash

ОД 1 ЈАНУАРИ 2008
Поскапува патарината
Патната такса поскапува само за патничките возила, во просек, за 5 денари на поголемиот дел наплатни рампи, а најголема промена има во цената на патарината Куманово - Миладиновци - Куманово каде што лесните возила ќе плаќаат 10 денари повеќе

Патничките возила за возењето по автопатиштата низ Македонија од 1 јануари 2008 година ќе плаќаат, во просек, за 5 денари поскапа патарина на поголемиот дел наплатни рампи. Одлуката за зголемувањето на цената е донесена лани во март и објавена во "Службен весник". Според новиот ценовник, на пример, патната такса за прва категорија возила (патнички) на наплатните рампи Скопје - Петровец - Скопје, место 35, ќе чини 40 денари. Возачите, пак, кои сега на патарините Тетово - Гостивар - Тетово плаќаа 25 денари, од Нова година ќе плаќаат по 30 денари. Поголемо зголемување на цената за цели 10 денари има на наплатните рампа Куманово - Миладиновци - Куманово. Место 50 денари, од први јануари возачите на овие рампи ќе плаќаат 60 денари. На другите рампи каде што цените и досега беа највисоки, надоместокот за употреба на автопатот не е променет.
Од ЈП "Македонија пат" велат дека промената на висината на цената на патната такса се прави за да им се олесни работата на инкасантите.
"Изминатите години мака мачевме со монетите од пет денари. Со најновата одлука, цените се заокружени и повеќе не би требало да имаме проблеми со ситните пари", вели Сулејман Сулејмани, раководител на секторот за наплата во ЈП "Македонија пат".
Според Сулејмани, поскапувањето не значи дека во касата на Јавното претпријатие ќе се слева поголема сума пари од очекуваната, оти повисоката цена на таксата за патничките возила ќе се компензира со поевтинувањето на патната такса за другите потешки категории возила чија наплата стартува, исто така, на 1 јануари в година.
"За четвртата категорија возила, во која влегуваат автобусите, шлеперите и други товарни возила, на поголемиот број наплатни рампи има драстично намалување на цената. На пример, на наплатните рампи Куманово - Миладиновци сега за нив таксата е 290 денари, а од Нова година ќе плаќаат само 220 денари", вели Сулејмани.
Според него, кај овие категории возила е дозволено драстично намалување на таксата, оти нивниот број е значително помал од бројот на патнички возила кои дневно минуваат по автопатиштата низ Македонија. (И.С.)



Извор: http://www.vest.com.mk/default.asp?id=144162&idg=7&idb=2234&rubrika=Makedonija - Вест


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Dec-2007 at 10:46
Cheers

Да се надеваме дека ова значи и повеќе инвестиции во патната мрежа (и нови проекти и одржување). Да видиме само како ќе се одвива работата со воведување автоматска наплата...

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E06AA3DFF5918C4D9B5ECBC9B1EE11EF - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E06AA3DFF5918C4D9B5ECBC9B1EE11EF

„Змиско око“ ги наполни касите!

Од 10 до 16 декември, на патарините, собрани се 404.296 евра, што е за 234.646 евра повеќе споредено со 2006


Менталитетот на нашите граѓани ќе се искорени дури в година кога, според Министерството за транспорт и врски, треба да профункционира електронското плаќање на патарината

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА

Расте наплатата на патарините. За една недела, од 10 до 16 декември, Јавното претпријатие „Македонија пат“ собрало 404.296 евра, што е за 234.646 евра повеќе споредено со минатата година. Во истиот период во 2006 година се прибрани 169.650 евра. Зголемувањето на приходите, како што појаснуваат од Министерството за транспорт и врски, е резултат на акцијата „Змиско око“, која ја подигна свеста на граѓаните дека мора да плаќаат за користење на автопатите, како и на инкасантите на наплатните станици кои со страв и сега многу ретко се одлучуваат да прифатат делење на парите со возачите според принципот „пола - пола“.

Анализите од „Македонија пат“ покажуваат дека драстично е подобрено собирањето средства од патарина на наплатната станица кај скопскиот аеродром, односно кај Миладиновци, како и на станиците во Тетово, Гостивар, Желино и Глумово. Така, од 10 до 16 декември на наплатната станица кај Миладиновци се собрани средства во висина од 4.864 евра, што е за 2.710 евра повеќе споредено со истиот период лани. Кај наплатната станица Тетово приливот од патарини изнесува 4.462 евра, што е речиси трипати повеќе од лани, кога се собрани 1.281 евро. Слична е состојбата и кај Желино, каде што од патарини има прилив во висина од 6.198 евра или трипати повеќе од 2006 година, кога во касата се инкасирани 2.070 евра.

Од „Македонија пат“ појаснуваат дека подобрувањето на наплатата не е само поради апсењето на инкасантите и на вработените од јавното претпријатие, туку во вкупните резултати сега влегуваат и наплатата од наплатните станици кај Сопот и Отовица. Овие две наплатни места точно една година беа затворени и не се наплаќаше за патен надоместок, бидејќи сообраќајот од Скопје до Велес беше двонасочен поради реконструкцијата на 29 моста.

Надлежните од Министерството за транспорт и врски истакнуваат дека парите од патарините ќе се искористат идната година за развој на патната мрежа, која во одредени делови е во очајна состојба, како и за изградба на нови делници. Засега, од Министерството не прецизираат точно кои делници ќе бидат приоритетни за санација ниту, пак, колку средства ќе се употребат за оваа намена.

По бројните малверзации и злоупотреби од страна на инкасантите од „Македонија пат“ и со цел да се искорени менталитетот на нашите граѓани по секоја цена да избегнуваат да ја плаќаат патарината изнаоѓајќи различни начини, од Министерството за транспорт и врски велат дека се прават напори од наредната година да профункционира електронското плаќање. На тој начин ќе се избегне можноста за неплаќање на надоместокот за користење на автопатите. Новиот систем на електронско плаќање, кој се' уште не е подготвен, ќе биде поддржан од Светска банка. При подготовката на системот, треба да се вклучат повеќе параметри, како што е плаќање во готово или со електронски картички, како и да се обезбеди соодветна опрема на наплатните станици кои ќе располагаат со ефикасни потсистеми за броење и за категоризација на возилата.



Posted By: vardar
Date Posted: 07-Mar-2008 at 04:15
Unhappy Во денешен дневник, накако очекував повеќе разлика откако ги уапсија патаринциве лани.
Преостанатиот дел од парите ќе се обезбедат од зголемената наплата на патарини, која бележи пораст од 700.000 евра во јануари во споредба со истиот месец лани.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 07-Mar-2008 at 04:44
Не сватив? Очекуваше повеќе зголемување на наплатата? Па ако е тоа, јас мислам сосема доволно се има качено. Пример викаа на почетокот дека 250% се качила наплатата уште после првите апсења во Змиско Око


Posted By: vardar
Date Posted: 07-Mar-2008 at 06:48

Previous

Да очекував многу повеќе, ако наплатата се качила 250%, 700,000 е некако малце. Месец-два после апсењата мислам се спомнуваа 5 милиони евра    Dunno.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Mar-2008 at 12:57
700.000 Месечно е прилично зголемување.

А тие 250% беа само фарбање, затоа што тука влегуваше и зголемувањето поради повторното пуштање во работа на наплатните рампи меѓу Катланово и Велес.

Исто така 10 милиони само за смена на горниот слој асфалт се прилично голема сума и ќе завршат многу работа.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 19-Mar-2008 at 04:46
не ми текнува баш каде разговаравме околу змиско око - ама еве нови вести во врска со судењето (за кое имавме прашања)

Судењето за „Змиско око“ ќе се одржи во Царинската управа

Судскиот процес започнува на 7 април и континуирано ќе трае до 18 април годинава

Даниела Трпчевска

Судењето на групата приведени по полициската акција „Змиско око“ за проневери на патарините ќе започне на 7 април и непрекинато секој ден ќе трае до 18 април годинава. Судењето ќе се одржи во амфитеатарот на Царинската управа, каде што судот оценил дека ќе бидат обезбедени услови за одржување на овој мегапроцес. На обвинителна клупа ќе се најдат 72 лица, од кои 54 лица четири месеци поминаа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Судењето е закажано откако беа одбиени сите приговори поднесени од страна на адвокатите на приведените. Роднините на обвинетите, сомневајќи се дека станува збор за монтиран процес, најавуваат дека ќе најмат странски вештаци кои ќе ја утврдат вистинската штета која е направена на патарините и колку реално е оштетен државниот буџет.

„На сите притворени вчера им беа врачени решенијата за почеток на судскиот процес и ниту едно лице повеќе не штрајкува со глад во истражниот затвор ’Скопје’“, информира директорката на затворот во Шутка Билјана Зефиќ. Притворените во неколку наврати со штрајк со глад го изразуваа својот револт од одолжувањето на постапката и престојот во преполниот затвор. Незадоволството особено ескалираше откако и по петти пат им беше продолжен притворот на 54 вработени на патарините во земјава.

Во исчекување на почетокот на судскиот процес, на кој се очекува во амфитеатарот на Царинската управа да присуствуваат околу 200 лица, роднините на осомничените за проневери на патарините планираат да најмат странски вештаци за да ја утврдат реалната штета што е направена на патарините, оти во обвинението стои дека не е утврдена штетата.

„Подготвени сме сами да платиме вештаци од надвор за да добиеме јасна слика колку е оштетен буџетот, бидејќи станува збор за преседан. Досега не се случило на некој да му се суди за неутврдена штета. Луѓето беа четири месеци во притвор без докази, врз база на само неколку фотографии на кои не се гледа ништо“, вели Стефан Кирков, претставник на семејствата на притворените во акцијата „Змиско око“. Тој додава дека е чудно тоа што претпоставената штета од пет милиони евра, за која првично се тврдеше дека е направена со тоа што биле наплаќани патарините, а парите завршувале во приватни џебови, едноставно ја нема во обвинението. „Тоа е само уште една потврда дека станува збор за политички монтиран случај. Едни беа приведени, а на нивно место веднаш беа вработени партиски кадри“, заклучува Кирков. Тој додава дека на самото презентирање на доказите се видени уште 70 колеги на притворените, кои работеле на истиот начин како и уапсените, но кои не се приведени. Ова укажува дека станува збор за селективно притворање, дециден е нашиот соговорник.

„Во почетокот од полицијата најавија дека ќе бидат поведени 120 обвиненија за инкасанти, но потоа имаше обвинение за 50 инкасанти на патарините, а останатите беа контролори и полицајци. Потоа акцијата одеднаш беше стопирана. Зошто е прекината, кој ја стопирал и зошто селективно се апсело на патарините“, прашува Кирков.

Акцијата на полицијата наречена „Змиско око“ започна во ноември минатата година во која од патарините во државава беа приведени инкасанти, контролор и заменик-командир. МВР со тајно поставени камери на најфреквентните патарини ги снимала вработените кои место фискални сметки, наводно, издавале бланко-ливчиња. Парите на патарините, според МВР, потоа ги делеле меѓу себе со што го оштетиле буџетот на државата.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=054FA84122F40F4099300A75AC7CAC1A


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Mar-2008 at 12:24
„Подготвени сме сами да платиме вештаци од надвор за да добиеме јасна слика колку е оштетен буџетот


Да, не се сомневам дека фамилиите на приведените се добро нафатирани... Roll%20eyes

Инаку каква врска има тоа што не може да се одреди точна штета? Зарем е тоа навистина некаква правна одбрана?

Сите знаеме дека штетата е огромна... Не верувам дека некој од вас не бил и личен сведок на тоа што се случуваше на патарините... А најважно е што сега работите се сменети. Ако за нешто и ставам плус на оваа власт, тоа е оваа акција и таа со цариниците.


Posted By: ProMKD
Date Posted: 19-Mar-2008 at 19:35
Епа тука да видиш... разбирам дека сакаат роднините да не им бидат у затвор - ама што направиле криминал, направиле... дали оштетиле за 2 милијони или 30 милијони исто ти е.. тие пари никој не ги враќа!

И сведоци како што викаш кловерстак сите сме, 100%, истите што се жалат за дупките на патиштата се тие што крадат од фондот за патишта... иронија


Posted By: mitatos
Date Posted: 17-Jul-2008 at 22:59
me nerviraat ovie glupaci na sekoi 20 km ke stavat putarina , bi im predlozil putarinata da se naplatuva 1nash i da sluzi za site patishta neka bide so  nekoja poskapa cena ali sepak  ke imas nekoj popust ako patuvas niz cela makedonija ,dokolku patuvas samo vo tetovo da receme , togas ke si platis po stara cena , taka valjda ke bidat po zadovolni i strancite i nie,mnogu e glupo vaka so putarinivie ,1 pred vlezot na aerodrom , druga pred izleozt na skopje posle saraj, uste nekoja ke stavat koj znae kade epten e glupo  

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jul-2008 at 02:30
Абе митатос ок ти е забелешката, до гостивар има 4 патарини, а нема ни 100 км. ама мораш да се сложиш дека тоа е тапа во денешни услови при овој начин на наплата. Во иднина когха ќе се воведат начини каде што можеби и воопшто нема да има сопирање ќе биде подобро. јас мислам дека со автоматско регистрирање на регистрација е најбољи. Ние дома ќе си плаќаме при регистрација*, а странците при излез од државата. Секако би можело и со картички или некој сличен систем на наплата.

*При регистрација може и да се даде аванс да речеме од 1000 денари, апосле при следната рег. да се прерачунаат овие 1000  па ако треба да се доплати или врати дел од парите. Ова чисто само како некоја сигурност или гаранција, иако и толку не би требало. Нормално при оттуѓување на возилото се врши наплата од последната рег. до моментот на оттуѓување за да не би дошло до покривање на туѓи долгови.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jul-2008 at 08:25
во Словенија само што воведоа вињета. 35ЕУР за пола година возиш кај сакаш. 


Posted By: vardar
Date Posted: 18-Jul-2008 at 10:49

Мислам дека вињетата не е практична за странци, додека е многу евтино ако често возиш по автопатите  (без да го рачунаме бензинот се разбира Big%20smile  ). Знам дека на ссц комшиите на словенците се бунат поради вињетата (особено тие што транзитираат низ краток дел од словенија да стигнат до хрватска а плаќаат 35евра).
 
 
@lslcrew тоа со читање на регистрација е несигурно и може лесно да се злоупотреби (особено кај нас)
 
 
Кај нас треба да се тргнат непотребните патарини, на пример зошто 4 патарини помеѓу скопје-гостивар кога може со две? (ќе се застанува само 2 пати и плус помалце вработени)  и да се воведе http://en.wikipedia.org/wiki/Electronic_toll_collection - electronic toll collection   и тоа со http://en.wikipedia.org/wiki/Transponder - transponder   со што ќе се елиминира кај нас омилениот начин на плаќање ( пола-пола ) итн..... На ова поле и ЕУ треба малце да поработи, едноставно нема причина да не се стандардизира начинот на наплата во цела европа  (пример со транспондерот ти си поминуваш низ патарина и после во мк си подмируваш сметка, ако се донесат такви закони лесно може да ги натераат производителите на автомоили да мора да вградат ваков уред во секоја нова кола и ете решен проблемот)
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jul-2008 at 11:02
Originally posted by vardar

 Кај нас треба да се тргнат непотребните патарини, на пример зошто 4 патарини помеѓу скопје-гостивар кога може со две? 


На нашите автопати има релативно доста излези/влезови, што нормално има доста позитивни страни, но тоа наметнува потреба од повеќе патарини, за да не биде премногу атрактивна опцијата да ги „заобиколуваш“.


Posted By: vardar
Date Posted: 18-Jul-2008 at 11:06
Па добро сега ако се држиме до таа филозофија треба на секој излез да ставиме патарина....


Posted By: vardar
Date Posted: 18-Jul-2008 at 11:08
Него баш ми текна дека на некои автопати се наплаќа по километар (на секој влез/излез има уред и слично ко на патарина ти наплаќа, можеби кога ќе се воведе електронска наплата и вакво нешто би можеле да направат)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jul-2008 at 11:26
Originally posted by vardar

Па добро сега ако се држиме до таа филозофија треба на секој излез да ставиме патарина....
Па добро не реков дека не можеш да заобиколиш, туку дека тоа вака е прилично дестимулирано.


Originally posted by vardar

Него баш ми текна дека на некои автопати се наплаќа по километар (на секој влез/излез има уред и слично ко на патарина ти наплаќа, можеби кога ќе се воведе електронска наплата и вакво нешто би можеле да направат)
Да има и таков концепт, ама ќе биде многу зезнато и скапо сега допрва да ги редизајнираме автопатите за таков систем. Тоа се планира од сам почеток, не може туку така да ги менуваме концептите. Затоа треба да се знае од почеток на што точно се цели и да се планира долгорочно.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jul-2008 at 12:47
@vardar знам дека се бунат соседите на Хрватите но колку е тоа оправдано? Па претходно сигурно не ги чинело под 15-20ЕУР во двата правца да ја поминат Словенија (од и до море) колку тие 15ЕУР плус им менуваат на луѓето нешто? Напротив Австриците и Унгарците можат за многу поевтина пара многу почесто да патуваат низ Словенија.

Мислам дека системот на вињета е добар за кај нас и во контекст на она што го кажа Кловер (многу влезови излези од автопат иако не се сложувам со таа констатација напротив мислам дека кај нас ги има премалку во споредба со други земји).

Но колку таков систем би се почитувал овдека е друго прашање.

Се плашам дека најдобро што може да направиме за да ја дигнеме наплатава на патарини е да ги дадеме и постоечките патишта под концесија (во пакет со новите). Така веројатно концесионерот ќе го стегне ременот, ќе инсталира современ систем за патарина и нема да има вакви заебанции.

Видете го примерот со ЕВН, води вистинска војна со неплаќачите но очигледно е дека полека но сигурно ја добива и тоа е добро. 

Секако би го условиле и да ги модернизира патиштата бидејќи голем дел од нив плачат за крупни интервенции.

Најдобра делница за ова ми личи Тетово-Гостивар која е добро да добие профил на вистински автопат а таму и дефинитивно има поволен ПГДС.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2008 at 21:17
Wallbash

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A1E65C183B663547BFD2FFE6B35808A7 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A1E65C183B663547BFD2FFE6B35808A7

Судењето за „Змиско око“ од почеток

Судењето против обвинетите за случајот „Змиско око“ вчера почна од почеток бидејќи изминаа законски дозволените 60 дена од последното рочиште. На вчерашното судење Судскиот совет од Основниот суд Скопје 1 по предлог од одбраната им одреди куќен притвор на првообвинетиот Зоран Јаневски и последнообвинетиот Дејан Готиќ. Судот го одби барањето на другите да бидат ослободени од куќен притвор.На рочиштето не се појави вештакот Борис Арсов, кој треба да објасни како се регулирале автоматските бројачи на патарината за да се утврди висината на украдените пари.

Процесот против 72 обвинети, кои како вработени на наплатни рампи се товарат за злоупотреба на службената должност бидејќи парите ги ставале в џеб, почна во минатата недела во простории на Царинската управа. Полициската акција за апсење на инкасаторите почна во ноември лани. Апсењата се одвиваа во неколку поголеми групи што биле фатени од скриени камери како парите за патарина, наместо во каса, ги земале за себе, а притоа не издавале сметки. Тогаш беше соопштено дека државната каса од наплатата по принципот „пола-пола“ само за пет месеци била оштетена за милиони евра. Обвинетите во почетокот од судењето тврдеа дека се невини и дека не земале од парите за патарина.



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 02-Nov-2008 at 23:30

ЗА ПАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ
Понизок надоместок за 65% за странците

Надоместоците што досега ги плаќаа странските превозници кои вршат меѓународен превоз по македонските патишта се намалуваат за 65 проценти. Оваа одлука ја донесе Владата на последната седница, со која се изврши изедначување на висината на надоместокот што го плаќаат странските и домашните превозници кои вршат меѓународен превоз. Имено, тие досега плаќаа 50 проценти повисоки надоместоци од домашните за прекумерно користење на државните патишта, како и за вонреден превоз и заштита на државен пат и на објектите на патот.

Со овие преземени мерки се овозможува поголем протек на странски транспортни возила, кои транзитираат низ земјава, но и дополнително се стимулира транспортната дејност кај нас.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E979CD703F450A478DC6FBECD61B7435


Не мислам дека намалувањево ке вроди со плод, исто како што не вроди во авионскиот сектор. Трошоците кај нас се ниски во споредба со регионалните. Кај нас ниту има инфраструктура, ниту развиена индустрија и трговија нити логистички центри. На тоа  треба да се работи, а не на вакви плукни-залепи цели.


Posted By: anDarko
Date Posted: 09-Dec-2008 at 10:51
дали некој знае што бидна со искористувањето на грантот од Светска Банка за воведување на нови систем за наплата на патарини? грантов го добивме уште пред две години чинам и абер нема од реализација! ко се друго, многу галама, малку реализација Nuts


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2008 at 11:54
НЕМА АБЕР ЗА НОВИОТ ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА НАПЛАТА НА ТАКСАТА НА АВТОПАТИШТАТА
На патарините уште се краде
Во големиот судски процес "Змиско око" пред две недели беа изречени и казни затвор за крадење на патарините, а на наплатните рампи се уште функционира стариот систем на наплата кој и натаму дозволува плаќање пола - пола или кревање на рампата без да

Новиот систем за наплата на патарините со електронски картички кој гарантира 100- процентна заштита од кражба и злоупотреба никаде го нема и по две години откако беше најавен. На 26 декември 2006 година министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорката на Фондот за магистрални и регионални патишта Наташа Валкановска новите патарини ги најавија како голем проект на Владата кој требаше да се реализира уште на почетокот на 2008 година. Тогаш Јанакиески и Валкановска рекоа дека тендерот за набавка на новите наплатни рампи ќе се распише во 2007 година, а парите ќе се обезбедат со заем од Светска банка и целосно ќе се вратат во текот на 2008 година.
Во меѓувреме се случи големата акција на МВР во која беа притворени над 70 раководители, контролори, инкасатори и полицајци за крадење на патарините. Со судска одлука пред две недели 12 од нив добија казна затвор, 57 условни казни и тројца беа ослободени од обвинувањето. Јавна тајна е дека инцидентно на патарините и натаму се случуваат кражби затоа што застарениот систем на наплата го дозволува тоа.
Од Министерството за транспорт и врски не сакаа да одговорат зошто замената на примитивните наплатни рампи се развлече цела година.
"Јавете се во Агенцијата за државни патишта. Од кабинетот на министерот Јанакиески успеав да го обезбедам само овој одговор", ни изјави Драган Симоновски, портпарол на Министерството за транспорт и врски.
Од Агенцијата за државни патишта вчера ни рекоа дека може само да кажат дека современи патарини се предвидени, но не можат да излегуваат со точни датуми кога тие ќе бидат поставени на автопатиштата низ Македонија.
Пред само три месеци во Фондот за патишта тврдеа дека од нивна страна се е спремно, односно дека целата техничка документација за електронските патарини веќе одамна е готова. Тогаш од Фондот изјавија дека чекаат само уште да видат што ќе се случи со концесиите на автопатиштата, постапка која веќе ја почна Министерството.
Изминатите неколку месеци Министерството за транспорт и врски и Фондот за патишта кажуваа најразлични информации за да го оправдаат доцнењето на електронскиот систем за наплата. Прво, според нив, новиот систем не се воведуваше оти доцнеше подготовката на тендерот. Потоа странци правеа истражување што е поисплатливо: дали под концесија да се даваат само автопатиштата и патиштата или и наплатните рампи да се понудат на концесионери. Ниту Министерството ниту Агенцијата не ги објавија резултатите од истражувањето, а на крај новиот систем за наплата стана предмет за префрлање на одговорноста од една институција на друга.
Според најавите од 2006 година, новиот систем треба целосно да ги отстрани загубите. Тој ќе се прави според стандардите на Европската унија и ќе чини од 3,5 милиони до 5 милиони евра.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160923&idg=8&idb=2549&rubrika=Makedonija


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Dec-2008 at 21:48
Еве еден пример на темава

Недела, неработен ден, човекот рече нешто на наплатната, рампата се отвори и човекот пројде без да плати.
На наше прашање, зашто, службеното лице одговори - бил некој судија !!!???



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2008 at 21:50
Ohno

Мада ме чуди како се идентификувал, уште повеќе ме интересира од кога тоа судии не треба да плаќаат патарина 

Bash


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 16-Dec-2008 at 23:11
pa bash takvi lica treba da plakaat za da bidat primer za ostanatite.a posle koga ke dojde red toj istiot (sluzbenoto lice sto raboti na naplatna rampa) da se sudi deka kradel,dali sudijata ke se seti deka i on pominal isto kaj nego.QuestionQuestionOhno


Posted By: vardar
Date Posted: 20-Jan-2009 at 03:09

ПОВТОРНО КОНТРОЛА НА МАКЕДОНСКИТЕ НАПЛАТНИ РАМПИ


За три часа 44 возачи не платиле патарина


Од вкупно 44 возачи, тројца се вработени во МВР, петмина во АРМ, тројца во Ј.П. Македонија пат, двајца од Министерство за економија, еден пратеник, еден возач вработен во влада, еден од Основен суд Крива Паланка, еден судија од Основен суд Виница, еден од Министерство за труд и социјална политика, еден од Министерство за локална самоуправа и еден од финансиска полиција


За три часа четириесет и четири возачи одбегнале да платат патарина користејќи ги своите службени легитимации, покажала истрагата на полицијата, која по втор пат за два месеца била спроведена на наплатните рампи низ земјава.

Втората контрола на наплатни станици во Републикава била направена минатиот петок во периодот од 15,00 до 18,00 часот, согласно годишната наредба од 5 јануари годинава од министерот за внатрешни работи, со цел откривање на злоупотреба на службените легитимации и поминување на наплатни станици на вработени во МВР со приватни возила, без притоа да бидат подмирени трошоците. Со контролата биле опфатени наплатните станици Глумово, Романовце и Петровец на влез за Скопје, наплатна станица Желино на излез од Тетово за Скопје.

За три часа на четирите наплатни станици, без да платат патарина со покажување на службени легитимации поминале вкупно 44 возила. На сите возачи кои ги поминале наплатните станици без да платат патарина им беше издаден платен налог за наплата на глоба за сторени прекршоци од Законот за јавни патишта. Од вкупно 44 возачи, тројца биле вработени во Министерство за внатрешни работи, петмина во АРМ, тројца во ЈП "Македонија пат", двајца од Министерство за економија, еден пратеник, еден возач вработен во Влада, еден од Основен суд Крива Паланка, еден судија од Основен суд Виница, еден од Министерство за труд и социјална политика, еден од Министерство за локална самоуправа и еден од финансиска полиција. Останатите 24 возачи биле граѓани кој ги поминале наплатните рампи без да платат патарина користејки разни картички, беџови и друго.

За поминување на наплатните станици без плаќање на патарина, вработените во Министерството за внатрешни работи ја покажувале службената легитимација, иако добиле телеграма од 17 мај 2007 година, потпишана од министерот за внатрешни работи, во која било наведено дека "се забранува употреба на службените легитимации од страна на овластените службени лица на Министерството за внатрешни работи, спротивно на начинот и целта утврдени во законите и подзаконските прописи, што ја регулираат предметната материја, а посебно употребата на службени легитимации со цел избегнување на плаќање надомест за употреба на јавен пат (патарина) на овластена наплатна станица".

До сега во два наврата била спроведена ваква акција при што биле откриени 115 службени лица и граѓани, од кои 21 вработени во МВР кој ја злоупотребиле службената значка одбегнувајки да платат патарина. Со тоа вкупниот број на откриени и санкционирани службени лица и граѓани во досегашните акции се искачи на 159, од кои 24 се полициски службеници. На сите кои ги сториле прекршоците од страна на МВР им бил издаден платен налог за наплата на глоба во висина од 200 евра.

 
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=53AE52C8A0B4394F8605C1D1CD765CFE - vecer


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Jan-2009 at 05:21
Cheers


Сепак вистинското решение е електронска наплата и контрола


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 21-Jan-2009 at 02:09
РЕШЕНИЕ СЕ ВИНЕТКИ КАКО ШТО ИМА ВО СИТЕ НОРМАЛНИ И СРЕДЕНИ ДРЖАВИ, ПРОПРАТЕНИ СО СИЛНА КОНТРОЛА ОД СТРАНА НА МВР. ПАТАРИНИТЕ СОЗДАВААТ ГУЖВИ, КОРУПЦИЈА, АНГАЖИРАЊЕ НА ДОДАТЕН ПЕРСОНАЛ ПЛУС СО НАШЕВО ОДРЖУВЊЕ СЕ ОДРАНИ И СРАМ ЗА ДРЖАВАТА!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 21-Jan-2009 at 02:25
Се сложувам 100% со Андреј, ова јас го зборам веќе 5-6 години. Најсигурен систем, плус каква ли само заштеда Фондот би била неплаќањето на цела онаа армија луѓе, набутани по партиски заслуги.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2009 at 03:33
Кога би бирал и јас би одбрал вињети (комбинирани со силна и постојана контрола се разбира), ама еве ние веќе долго време ја подготвуваме електронската наплата, а до сега не сум слушнал некој воопшто да најави можност да преминеме на вињети... Се надевам дека има добра причина зошто направиле ваков избор, но искрено се сомневам.
Во секој случај затоа реков дека лекот за злоупотребите треба да го бараме во електронска наплата, затоа што тој проект е во тек, а не затоа што го преферирам во однос на вињетите.


Posted By: vardar
Date Posted: 21-Jan-2009 at 06:50

Веќе имаме зборено за ова и ме мрзи да пишувам многу, лично мислам дека електронска наплата е најдобро решение.

Originally posted by vardar

Мислам дека вињетата не е практична за странци, додека е многу евтино ако често возиш по автопатите  (без да го рачунаме бензинот се разбира Big%20smile  ). Знам дека на ссц комшиите на словенците се бунат поради вињетата (особено тие што транзитираат низ краток дел од словенија да стигнат до хрватска а плаќаат 35евра).
 
 
@lslcrew тоа со читање на регистрација е несигурно и може лесно да се злоупотреби (особено кај нас)
 
 
Кај нас треба да се тргнат непотребните патарини, на пример зошто 4 патарини помеѓу скопје-гостивар кога може со две? (ќе се застанува само 2 пати и плус помалце вработени)  и да се воведе http://en.wikipedia.org/wiki/Electronic_toll_collection - electronic toll collection   и тоа со http://en.wikipedia.org/wiki/Transponder - transponder   со што ќе се елиминира кај нас омилениот начин на плаќање ( пола-пола ) итн..... На ова поле и ЕУ треба малце да поработи, едноставно нема причина да не се стандардизира начинот на наплата во цела европа  (пример со транспондерот ти си поминуваш низ патарина и после во мк си подмируваш сметка, ако се донесат такви закони лесно може да ги натераат производителите на автомоили да мора да вградат ваков уред во секоја нова кола и ете решен проблемот)
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2009 at 06:54
„Ригидноста“ на вињетите сепак може да се ублажи до разумна мерка со повеќе видови вињети во зависност од околностите. Ете и Словенците попуштија пред ЕУ притисокот за воведување на краткорочна транзитна вињета.


Posted By: vardar
Date Posted: 21-Jan-2009 at 07:05
Неам слушнато што се случува со словенциве одкога го пишав постот али сепак стојам на тоа дека целосна електронска наплата е најдобро решение. Мислам дека сите ќе се согласиме дека нема логика да земаш полугодишна доколку автопатиштата ги користиш еднаш годишно за на одмор или ако користиш само еден мал дел од автопат. Пример и да се воведе дневна вињета сепак треба од негде во лице да ја купиш додека транспондерот (дури и со тие припејд картички што ги зборат) го купуваш еднаш и го надополнуваш по потреба.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2009 at 07:20
Да дефинитивно има свои адути и електронска наплата, но до сега вињета можевме сто пати да воведеме без овие бескрајни одлагања, плус тоа за релативно сиромашна земја како нашата, имплементирање на систем на електронска наплата мислам е по малце луксуз.

Јас лично највеќе преферирам вињета систем пред се за автопатите да си бидат отворени, без патарини, рампи, застанувања... Поготово ако ни живне економијата и сообраќајот, па да ни се поднаполнат автопатиштата, стварање гужва е неизбежно, па следи проширување на патарините, ангажирање дополнителни луѓе и пак проблемот со гужвата не може целосно да се елиминира.

Само џабе разглабаме, одлука е донесена Big%20smile
Нека го спроведат веќе еднаш тоа што е зацртано - електронска наплата... и јас ќе бидам пресреќен Thumbs%20Up




Posted By: vardar
Date Posted: 21-Jan-2009 at 08:01
Добро имаш право можеби е поскапо и до негде да речеме луксуз, али со оглед колку кај нас се краде милам дека инвестицијата ќе се исплати за многу кратко време.
 
 
Уште една предност е што овој ТАГ би можел на пример да се користи во сите паркиралишта низ градов, ем нема да плаќаш чичко да седи на рампа цел ден ем нема истиот да те краде Laugh или например доколку некогаш како на запад се наплаќа за влез во строг центар со кола. Уште една предност (додуша незнам баш дали е предност Big%20smile) е што со овој систем може да се мери брзина, пример ако во 10 часот те сними како тргаш од Скопје а после 45 минути те снима кај Гевгелија може и една казна да заработиш LOL
 
 
Иначе со овој систем изгледа може и автопатите да бидат отворени без рампи и без застанување, се разбира доколку сите имаат ваков уред.
 

This system provides for a good flow of traffic: the non-stop lanes have a 40 or 60Km/h speed limit, although the system has been proven to work at speeds above 200Km/h (which are obviously unsafe, especially on the narrow non-stop lanes).

 
 
 
 
 
 
 


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 21-Jan-2009 at 12:09

@Vardar

Електронската наплата се повеќе се применува во ЕУ. Словенците воведоа електронска наплата пред 5-6 години и сега ја заменија со вињета. Електронска наплата се применува најчесто на патишта кои се по приватна концесија. Во секој случај проблемот со странците кои само транзитираат повторно се решава компромисно со некои вињети кои траат 1 недела или 30 дена и кои не би им бил посебен трошок на транзитерите. Се бунеше пола Европа (со право) за вињетите на Словенците кои имаа најмал рок од 6 месеци и чинеа 35ЕУР. Сега колку што разбрав веќе има вињети со пократок рок и во Словенија. Кај нас на пример би можеле да наплаќаат 10ЕУР за 10 дена, 15 за 30 или слично. Дури и со тоа мислам дека би се зголемила далеку наплатата бидејќи највеќе се транзитира Табановце-Богородица каде што сите патарини заедно се некои 200 денари правец.



Posted By: vardar
Date Posted: 02-Feb-2009 at 00:30

НОВ БРАН КОНТРОЛИ НА МВР


Судии не плаќале патарини


Во шестото продолжение на акцијата за "одвикнување" на државните службеници да неплаќаат патарина откриени се 23 нови случаи


Во шестото продолжение на акцијата за "одвикнување" на државните службеници да не плаќаат патарина откриени се 23 нови случаи, се вели во соопштението на МВР. Овој пат контрола била извршена на наплатните станици Глумово, Миладиновци и Отавица на излез од Велес кон Скопје. Полицајците од внатрешна контрола во периодот за четири часа, на патарините забележале дека минале 23 возила чии возачи покажале службени легитимации и неплатиле.

Од вкупно 23 возачи, меѓу кои нема вработен во МВР, тројца се судии, а по еден возач е од АРМ, од Влада, од министерствата за земјоделство, за локална самоуправа, за правда, од Државна болница, од Агенција за развој и од Здравен дом. Останатите 12 возачи се граѓани кој ги поминале наплатните рампи, без да платат патарина користејќи разни картички, беџови и друго.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека на сите возачи кои ги поминале наплатните станици без да платат патарина им е издаден платен налог за наплата на глоба за сторени прекршоци.

Контролите се извршени согласно годишната наредба од јануари од Министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска по претходно изготвен оперативен план, од страна на вработени во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Овие акции објаснуваат од полицијата, ќе продолжат и понатаму а тие имаат цел да цел откријат злоупотреба на службените легитимации и поминување на наплатни станици на вработени во МВР со приватни возила.

Колку службеници досега се фатени
Точно 224 владини службеници се шверцувале со легитимации
Во досегашните пет вакви акции, не броејќи ја оваа последната, се откриени вкупно 244 службени лица и граѓани, кои ја злоупотребиле службената значка, одбегнувајќи да платат патарина. На сите кои досега ги сториле прекршоците од страна на МВР им е издаден платен налог за наплата на глоба во висина од 200 евра, а полицијата очекува за оние кои не се вработени во полиција, нивните претпоставени да преземат дополнителни мерки.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FD32683E477EE7429E58D86D6F253B46 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FD32683E477EE7429E58D86D6F253B46


Posted By: vardar
Date Posted: 19-Mar-2009 at 09:28
 

Дупка во патарината

Наплатата од патарина во јануари е помала за 400.000 евра во однос на истиот месец лани, а за 300.000 евра во однос на декември, покажуваат податоците на Агенцијата за патишта.

Во јануари, во Агенцијата од наплата на патарината влегле 1,1 милион евра, а во истиот период лани 1,5 милион евра. Државната каса во првиот месец од годинава остана покуса и за 700.000 евра поради потфрлање во наплатата на надоместоците што се слеваат во Агенцијата за магистрални и регионални патишта. Најголемо потфрлање има во наплатата на патарина, намалени се приходите и од надоместокот што се плаќа при регистрација на возилата и од патната такса што ја плаќаат возила што се регистрирани во странство.

Владата при проекцијата на буџетот за годинава планирала дека Агенцијата ќе собере 32,2 милиона евра, односно 400.000 евра повеќе од лани. Според првичните показатели, во касата во првиот месец годинава се слеале 1,7 милион евра, што е потфрлање во однос на јануари лани кога биле собрани 2,4 милиона евра и од декември лани кога имало 2,1 милиона евра. Според податоците на Агенцијата, истиот тренд продолжува и во февруари, кога исто како и во првиот месец се собрани вкупно 1,7 милион евра. Тоа покажува дека проекциите на Владата „висат“ и доколку ваквата ситуација продолжи и понатаму, државниот буџет може да биде покус за над десет милиони евра до крајот на годинава.

Покрај патарината, помали приходи има и од другите надоместоци. Наплатата на патна такса на странски возила е намалена на 55.000 евра за разлика од истиот месец лани кога се собрани 84.000 евра или во декември кога се инкасирале околу 93.000 евра. Има пад и во приходите од регистрацијата на возила, што во однос на јануари лани се помали за 300.000 евра и за 40.000 евра во однос на декември лани.

Од Агенцијата немаат реално образложение за потфрлањето во планираните приходи. Ги правдаат со намалената цена на патарините и на надоместокот што се плаќа при регистрација. Тие признаваат дека тие мерки се донесени во средината од минатата година и дека не може да се почувствуваат по половина година. Тогаш немало поголеми осцилации во наплатата како резултат на тие мерки. Најверојатно ваквите показатели се резултат на лошата временска ситуација и врнежливото време, додека лани имавме посува година. Ова е сезонски и очекуваме дека до крајот на годината ќе го оствариме проектираното - велат од Агенцијата.

ИНФО-Помали приходи

Државната каса до крајот на годината може да остане покуса за десетина милиони евра планирани да се слеат од надоместоците за Фондот за патишта. Во јануари, од наплата на патарина, патна такса од странски возила и од регистрација се собрани 1,7 милион евра или за 700.000 евра помалку од истиот месец лани.

 
[url=http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7844E31EB976C64C813266EDB186DBC5]Dnevnik[/url


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 21-Apr-2009 at 16:51

Заглавени на патарината кај Велес


Целосен застој или најмногу со брзина од 5 километри на час, вака се движеа граѓани кои вчера попладнето со своите автомобили се враќаа кон Скопје од внатрешноста на Македонија.

По 45 па дури и 60 минути останаа заглавени на автопатот на патарината кај Велес.

Според читателите кои денес ни пишаа на a1.com.mk меѓу 17 и 18 часот состојбата била најлоша бидејќи најдолго се чекало.

Причината за тоа тие ја гледаат во „неспособноста на вработените“ на наплатните пунктови - „од постоечките четири пункта беа отворени само два“, раскажуваат гледачите на А1.

Нервозата и напнатоста ги засени добрите семејни средби и богатите велигденски ручеци, па дел од возачите решија со тупаници да си обезбедат подобро место во километарската колона над езерото Младост.

Сепак, околу 21 часот проработеа три наплатни пунктови на патарината во Велес, кога екипата на А1 пристигна пред Скопје и тие беа спремни да ја дочекаат реката автомобили но, таму веќе бројноста на возилата се намали бидејќи дел од возачите веќе ги користеа заобиколните патишта.

Дали дигањето на рампите немаше најбрзо да го расчисти метежот?

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107466





Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 21-Apr-2009 at 17:17
Малку да ја прокоментирам оваа вест. Навистина неудобно, но искрено оваа вест ме радува. Знаете, фрекфренцијата на патиштата е еден доста добар и значаен показател за сеопштата економска и културна развиеност на една земја. Македонија полека но сигурно станува се помобилна, луѓето повеќе патуваат, се примаат европски навики...
Нашиот, систем за патаринење (си изведов глагол затоа што нпр. во словенски јазик е цестнинење ) е многу застарен. Прво треба да се направи една дебата, каков систем за патна наплата сакаме да имаме. Засега има 3 опции во игра:
1) Класична патарина со затворен систем на наплата (тоа значи дека на секој излез би требало да има наплатни станици, како и на главните влезови влезови на автопатот). Тоа би значело да речеме на автопатот Табановце-Скопје-Гевгелија 3 големи терминали за наплата и тоа Куманово, Скопје-Хиподром и Гевгелија, како и помали наплатни станици на секој излез. Овој систем за жал е доста застарен, создава гужви и е економски поскап, затоа што освен градба на многу помали станици, бара и вработување на доста обсежен кадар.
2) Вињети - мислам дека засега е применлив и најефикасен систем за патаринење во Македонија. Треба да се напомене дека во овој систем важна улога има полицијата, а имено контрола на спроведувањето.
3) Сателитско патаринење ова е најнов систем од овие. Подразбира вградување на ГПРС некаков-си уред во секоја кола. Километражата се мери преку сателит и се наплаќа при регистрација на возилото, значи еднаш годишно. Ова е доста коплициран и скап, но крајно функционален и справедлив систем за собирање на патни такси. Овој систем за околу една година би требало целосно да се вовоеде во Словенија (која сега преодно користи вињети за возилата под 3,5 т), кои само проаѓаат низ наплатните станици, додека автобуси и ТИР камиони застануваат по старому:



Морам да признаам дека системот со вињети и многу поедноставен и ефикасен (особено за земји како Хрватска и Словенија кои имаат голем обем на сообраќај на автопатите и најчесто се создаваа 10 км колони токму при наплата на патарина).



Е сега, ако Македонија се одлучи за варијанта 1), би требало малце да се замисли дека нејзините патарини се всушност штали! Мали, со искршени рампи, ценовници со различни и застарени цени лепени едно врз друго, искршени семафори... УЖАС; нешто невидено од мои очи ни на исток ни на запад.
Прво мора да се реновираат и УНИФИЦИРААТ сите наплатни станици. Би го предложил (да не кажам ископирал) Хрватското или Словенското искуство. Еве некои детали/предлози:
-Сите наплатни станици да се унифицирани, офарбани во две бои. Да речеме претежно зелена земја каква што претендира да е Македонија би било многу убаво да бидат зелено-бели како во Словенија. Некако се добива убава поврзаност и компатибилност со природната околлина.
-Да се воведат електронски знаци, сепарација на камионите, автобусите и колите, како и замена на семафорите со систем ИКС - црвено, СТРЕЛКА-зелено.
-Голем натпис со името на наплатната станица на кровот на секоја станица, централно позициониран! ПАТАРИНА ГОСТИВАР- да се знае каде си!
-Централна климатизација на целата постојка. Инаку вака имаме многу кич ефект на секоја бутка метар на метар имаме огромен ер кондишн, да не речам поголем од самата бутка.
-Електронски ценовник (овозможува брзо, компјутерски поддржано и естетско менување на цените), на секој влез на патарина.
-Релокација на патарините. На пример на М-4 (мислам дека беше) Скопје-Гостивар. 70км и 4 патарини. И тоа на најоптоварениот патен правец во летните услови Скопје-Охрид е чиста глупост! Патарина Скопје-Запад кај Сарај, и таа кај Гостивар.
И само уште две помали и тоа Тетово-Запад (на влезот кај Штул) и Тетово -Исток (кај Рамстор), за да не трпи транзитниот сообраќај.

Еве како би сакал да заличат нашите штали еден ден:













Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jun-2009 at 06:33
Железницата и патарините се таргети на Капш

Оваа компанија која деновиве формираше фирма-ќерка во Македонија, планира да учествува и во подготовка на софтверско решение за проектот за дигитална наплата на патарини во земјава, а истовремено да биде и оператор кој ќе ја наплатува патната такса..........

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=763C4BD61C64B6478ACF3798DB81CDA5


Posted By: Goran
Date Posted: 09-Jul-2009 at 07:02
Zdravo na site
Vo Melbourne Australia za naplakjne se korisi etag elecronski chip sto se montira na ogledalceto i ima sceneri na izlezite i na priklucocite na avtopatot sekoj vozac si ima account electronsko plakajne nema vraboteni rampi ili kocejne na sobrkaj no ima kameri koi slikaat za onie sto nemat etag imas 24 casa od koga ke go koritis avtopatot da se javis po telephone ili da odis vo ovlasteni preprodavaci i da si platis ako toa ne go storis ke ti dojde doma kazna so pet pati pogolema od patarinata se praj pamenten ke te dad na sud i na kraj ke mora da platis i ke te kosta mnogu poke no ima zakon ima sudstvo sto go sproveduva zakonot i nema korupcija.
Texnologija ima no dali ima volja i luge sto ke go pocituvaat zakonot isto sudstvo i policija sto ke sproveduva zakonite i sudskite odluki.
Pozdrav do site
Goran


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Jul-2009 at 07:06
Здраво Горан, добредојде

Колку чини вградување на чипот?


Posted By: Goran
Date Posted: 10-Jul-2009 at 01:51
Zdr Cloverstack
Za detalni iformacii odi na ovaa web stranawww.citylink.com.au

CityLink Home | Choose a product | Everyday account
Everyday accountProduct selectorOpen accountEveryday accountAccess accountCommercial accountMelbourne PassOptions for small businessTaxi owner / Driver accountVehicle ClassificationsFAQs
A CityLink Everyday account is ideal if you plan to travel on CityLink more than 12 times per year. There is no need to contact us for each trip you make.


Your family and friends can be covered on your account too, as you are able to register up to four vehicles on the one account. You can add and remove vehicles as often as you like. Fees may apply if the additional vehicles travel without an e-TAG® device.



The CityLink Everyday account also gives you flexibility. It allows you to travel on any other toll road in Australia and have the applicable tolls from the eligible toll operator charged to your CityLink account.



To assist you in maximising the benefits of using CityLink, a CityLink Everyday account can also work in conjunction with a CityLink pass. It’s ideal if you need to travel on CityLink multiple times on the one day or over the weekend.



Some features of an Everyday account:


Up to four vehicles and four e-TAGs (any classification) can be linked to the one account
Toll price is capped for continuous one-way travel
No monthly administration fees
You can travel at any time without having to contact us
Free quarterly summary statements
On-line statements available upon request
$50 opening payment automatically becomes an account credit for use on CityLink
$27.50 minimum annual payment fee per e-TAG for the first three years of your e-TAG
$0.75 cent administration fee if e-TAG not detected
$3.30 for requested one-off detailed statement.


Please note: When opening an Everyday account via the web it may take fourteen (14) working days to process your application. Your account will be active once you receive a confirmation email from CityLink.

Any tollway travel made prior to the date of your confirmation email will need to be paid for independently of your CityLink account application. Interstate tollway travel will only be charged to your account once an e-TAG is placed in the travelling vehicle.

Continue to open a CityLink Everyday account for individuals
| Privacy statement | Website disclaimer | Site map | Contact us |


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jul-2009 at 21:59
Да споделам што видов вчера на патарината кај Гостивар. Жена со бебе си застанала кај самата наплатна куќичка и си проси и гајле нема.
Застануваш на патарина и оп одеднаш дополнителна рака се пружа накај тебе  Nuts

Да се повторам по милионити пат - дали во оваа држава се спроведува барем некој елементарен ред??? Барем колку за така да изгледа ако не нешто суштински... Колку вработени има Македонија Пат? Каде е полицијата?


Posted By: vardar
Date Posted: 05-Aug-2009 at 13:37
 

ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ ВО КРИЗА

Патарините за Илинден наплатија над 300.000 евра

Ако се земе, во просек, дека секое возило ос­та­ви­ло по едно евро на патарините, ќе се добие сума од околу 340.000 евра, што е над 11 милиони денари заработени за само три дена", вели Арбен Бис­лиу, раководител на секторот за наплата при ЈП "Македонија пат"

За продолжениот викенд по повод Илинден патарините во Македонија за­ра­бо­ти­ја над 300.000 евра од наплатата на патната такса. Според по­да­то­ци­те од службата за наплата на ЈП "Македонија пат", на 1, 2 и на 3 август де­сет­те наплатни рампи низ Македонија ги поминале вкупно 341.994 возила, што е за 14.107 возила помалку од лани, кога во истиот период на па­та­ри­ни­те поминале вкупно 327.887 возила.
Во петокот и во неделата попладнето рампите беа преблокирани со во­зи­ла. На наплатната рампа кај Сарај, на автопатот кон Тетово, се чекаше и по 20 ми­ну­ти. Слична била состојбата и на наплатните рампи кон Велес и Град­ско.
"Точ­на­та сума ќе ја имаме на крајот од месецот, кога ги добиваме из­веш­та­ите за наплатената такса. Но ако се земе, во просек, дека секое возило ос­та­ви­ло по 1 евро на патарините, ќе се добие сума од околу 340.000 евра, што е над 11 милиони денари заработени за само три дена", вели Арбен Бис­лиу, раководител на секторот за наплата при ЈП "Македонија пат".
Но и покрај заработените милиони во денари, 1.600 вработени во Јавното прет­при­ја­тие веќе втор месец се без плата. Тие во четвртокот минатата не­де­ла започнаа предупредувачки штрајк, а за десетина дена се очекува да почнат и генерален штрајк, ако не им се исплатат заостанатите плати.
Па­ри­те од патарината ги наплаќа ЈП "Македонија пат", но тие се слеваат ди­рек­тно на сметка на државата, која потоа еден дел $ дава како го­ди­шен буџет на Агенцијата за државни патишта, која, пак, еден дел од нив му уплаќа на Јавното претпријатие. Синдикатот на вработените од ЈП "Ма­ке­до­ни­ја пат" тврди дека нема плати за работниците, оти со парите кои до­а­ѓа­ат на сметка на Јавното претпријатие со судски налог се плаќаат за­ос­та­на­ти долгови, направени во изминатите три години за набавка на ма­те­ри­ја­ли за работа. (И.С.)

 
 
http://www.vest.com.mk/?ItemID=858D3ABDD181C4449828E96EABE7F517 - vest


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Aug-2009 at 18:17
во неделата бев кон крива паланка и на патарината кај Куманово беше хаос, колона долга околу пеесетина метри, а еден куп роми искористија шанса да се моткаат (за малку ќе ги испогазеа) и да просат Bash


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 08-Aug-2009 at 20:23
Еве слики од неколкуте патарини низ Македонија низ кои пројдов за време на летниот престој во татковината. Мислам дека коментари не се потребни колку ужасно изгледаат станиците. На гости ми дојде многу добар пријател од Австрија кој има патувано низ цела Европа, вклучително и цел Балкан и заедничка констатација беше дека се немаме сретнато со похаотичен (авто)патен систем никаде.

Особено мизерно изгледаат постарите наплатни станици на Е75. Од нив мислам дека во најдобра состојба е онаа кај Петровец. За жал таа не ја сликав, туку онаа пред Куманово.







Следуваат некои од патарините на Скопје-Гостивар:

НС Желино:









НС Тетово:




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Aug-2009 at 20:26
Повторно питач?
(на последнава слика)


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 08-Aug-2009 at 20:30
АПСОЛУТНО!!!
Зошто мислиш дека нивното појавување би било еднократно штом нема кој да ги санкционира или барем одстрани!?! Жалосно... Кога ќе имам време ќе аплоудирам слики од патот Дебар-Струга кој е во плачевна состојба како и сообраќајните знаци во струшкиот регион.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Aug-2009 at 20:47
Барем има „напредок“ од кога поминав јас. Овој питач е подалеку од наплатната куќичка и има кутија наместо да пружа рака  Crazy

Се прашувам колку државни службеници има во објектите до патарините кои во меѓувреме пијат кафиња, трачарат, мирцаат, играат игрици, дремат (во буквална смисла на зборот) и којзнае уште што не прават додека ги „заработуваат“ даночните пари.

Bash


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Aug-2009 at 20:53
Еве го и моето искуство од летово. Ја документирав патарината на излезот од Скопје кон Тетово но истата може да се користи како образец за останатите.

1.

2. Некакви идиотски бетонски блокови кои треба да служат како бариери. Изгледаат грдо, хаотично се поставени, воопшто не им ја разбирам функцијата

3. Под дифолт една од рампите, најчесто онаа во средина е блокирана. со овие блокови. Во овој дел се обавезно искршени рампите и најчесто вработените ја користат за паркинг, се собираат на цигара, децата што продаваат овошје ги користат како складишта итн

4. Еве едно од децата кои продаваат овошје. Стандарден декор заедно со питачите, особено на оваа делница од автопатот. Кон грција пак најчесто гледам питачи или типови кои продаваат ѓевреци. Сепак безобразлукот никаде не е толку голем како на овие неколку патарини каде децата буквално му дишат во врат додека човек плаќа патарина. Кога почнав да сликам од далеку се разбегаа. Додека стигнав на ред да платам нивниот "лидер" се осети повикан да ме легитимира, да се информира зошто сум сликал. Го отерав во 3 ПМ, и веднаш се повлече

5. Знаците со цените се поставени кога е направен автопатот и од тогаш не се менувани. Промените на цените се прават со лепење фластери, пишување со фломастери и слични "софистицирани" трикови а тука се и стандардните оштетувања како дел од фолклорот.

6. Самите куќарки се во очајна состојба. Не верувам дека било когаш се измиени, имаат дебела глазура од смог, уље, прљавштина, целите се со гребаници, вдлабнувања, 'рѓа и секако облепени со стари избледени весници како штитници за сонце. На оваа и следните 2 слики може да го приметите тоа

7.

8.


За крај доаѓа инкасаторот. Секогаш е голема шансата да ве пречека неугледен, запотен човек со раскопчана кошула. Од внатре може да ечи некое музиче од кое неможе да се разберете со него, ве удира бран на пот и устоена човековина. Тука се и стандардните довикувања со некој од другите вработени или пак смеа од внатре бидејќи собрал неколку од другите колеги кои ги мрзи да седат сами во кабините на гости. За униформа, легитимација, куртоазија воопшто и неможе да зборуваме.

Додека чекаме патарина најчесто и ќе видиме како некој ќе профура преку рампа без да плати. Од другата страна на патарината често ќе има и полиција која сето тоа ќе го изигнорира бидејќи е презафатена со ловење невини луѓе од спротивниот правец кои ете возеле 45 на 200м пред патарина иако знакот бил 40.

Се на се браво за нас, патарините се едно одлично огледало на нашата некултура и овој пристап грижливо го одржуваме со години без да ни падне на памет нешто да смениме.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 08-Aug-2009 at 21:03
Одлични набљудувања Пбанкс, во потполност се сложувам! А токму на двете наплатни станици од Скопје кон Тетово (как што се гледа на последната слика најубаво), беше при градбата монтиран систем за затвотено наплаќање на патарините. Или барем е тоа моја претпоставка за монтирањето на овие авотмати. Зошто не се поставија наплатни рампи и на сите излези од автопатот и зошто не го спомена повеќе никој овој систем во којшто веројатно се инвестирани многу големи пари, можеме само да погодуваме...


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Aug-2009 at 02:41
 
 
 
 

Патарините и натаму одат во непознат правец

Значителната присутност на „човечкиот фактор“ во постоечкиот систем на наплата создава ризик од прикажување неточни податоци за бројот на возила што поминале, што одбиле да платат патарина и слично, укажуваат ревизорите

Нема соодветна контрола за наплата на патарините и се доцни со донесувањето на правилникот со кој треба да се воспостави ред во тоа, предупредија државните ревизори по контролата спроведена во Агенцијата за патишта. Увидот покажал дека сегашниот начин на прибирање на патарините не гарантира дека нема да се прават злоупотреби.

- Агенцијата прави интерни контроли преку *“еџ-пост“ увид во базата на податоци од електронскиот систем за следење на наплатата на патарина, кој го користи ЈП „Македонија пат“. Но, со тоа не се гарантира точноста на приходите. Причина за ваквата состојба е тоа што постоечкиот систем за следење на наплатата на патарина не дава целосни податоци за точна наплата според категориите на возилата, ниту за евиденција на возилата и за уплата на патарината. Значителната присутност на „човечкиот фактор“ во постоечкиот систем на наплата создава ризик од прикажување неточни податоци за бројот на возила што поминале, што одбиле да платат патарина и слично, укажуваат ревизорите.

Злоупотребите при наплатата на патарините изминатава година резултираа со неколку полициски акции и приведување поголем број инкасанти. Досега, е осудена една поголема група инкасанти кои првостепениот Основен суд Скопје 1 ги задолжи солидарно да надоместат сума од 2.750.000 евра на Агенцијата за патиштата.

Истовремено, ревизорите укажаа дека одамна изминал рокот во кој мораше да се донесат актите со кои ќе се намалат опасностите од злоупотреби.

- Со Законот за јавните патишта од јули 2008 година предвидено е начинот за контрола на наплатата на патарината да се пропише од страна на министерот за транспорт и врски. Другите прописи требало да се донесат во рок од шест месеци по донесувањето на тој Закон. До моментот на вршење ревизија не беше донесен Правилник за начинот на контролата на наплатата на надоместокот за употреба на пат од страна на Министерството за транспорт, иако законски утврдениот рок од шест месеци е поминат, се потенцира во извештајот.

Бранко Ѓорѓевски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DFFEC1139C006046B4FA69698A4C61CD - Dnevnik


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Aug-2009 at 02:52
во постоечкиот систем на наплата создава ризик од прикажување неточни податоци за бројот на возила што поминале, што одбиле да платат патарина и слично, укажуваат ревизорите
 
 
Eeek2 Shake  Абе ајде , како бе.... ова е веќе смешно да се коментира, еден куп најави и ништо. Од првата страна во нишкава 22/11/2007
 
Плаќањето на патарините со картичка нема да почне да се применува од почетокот на идната година, како што бомбастично најавуваше Фондот за магистрални и регионални патишта, бидејќи проектот е закочен поради бирократските причини. Парите за реализација на проектот во износ од околу 5 милиони евра ги обезбеди Светската банка и со него требаше да се автоматизира начинот на плаќање на патната такса за да се спречи корупцијата и злоупотребите на наплатните рампи.
 
 
Новиот систем за наплата ќе чини од 3,5 до 5 милиони евра. Се очекува овие средства да бидат вратени во првата година од работењето на новиот систем бидејќи наплатата, во наредната фаза, ќе биде стопроцентна затоа што ќе биде исклучен човечкиот фактор.
 
 
 
.... ама изгледа на некого ептен му одгавара сегашниов систем Roll%20eyes


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Aug-2009 at 03:51
Originally posted by vardar

.... ама изгледа на некого ептен му одгавара сегашниов систем Roll%20eyes


Апсолутно! Тука лежи целиот проблем.

Да се имаше минимум воља, со денешнава технологија многу лесно и ефтино ќе се знаеше точно до возило колку поминале... ама изгледа не треба да се дознае!

Истото важи и за оние што „одбиле да платат“. Абе ајде, така било тоа да се одбие да се плати. Да се имаше малку воља да се стави ред, на никого немаше да му текне таква работа. Ама очигледно таквите се толерираат ради алиби и мачкање очи!

А огромни пари се во игра со патариниве, значи и криминалот е огромен!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Aug-2009 at 03:56
Го чекам само денот кога работниците што работат на санација и на оддржување што не земаат редовно плата ќе им влезат у кабините на своите колеги од наплата на патарина кои им го јадат лебот, па и во канцелариите на оние што го збираат кремот, а не прљаат раце! Ќе биде тоа интересно да видиме како пополека ќе се открие џзелата шема и како "змиското око" ќе им намигне на доста лешинари во тоа претпријатие.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Aug-2009 at 05:37

Ни „Змиско око“ не воведе ред во патарините

Се' уште нема правилник за контрола на работењето на наплатните рампи

Билјана Ангеловска

Две години по полициската акција „Змиско око“, со која беше направена контрола во работењето на наплатните рампи на автопатиштата низ државава, се' уште нема абер од воведување на какви било правила при наплатата на патарините. Откако во најголемиот судски процес во Македонија беа осудени стотина „рампаџии“ за злоупотреба на службената должност, беше одреден законски рок за да се донесе нов правилник, со кој ќе се врши контрола на наплатата на надоместокот за употреба на автопатиштата. Но, државата, барем досега, не покажа никаков интерес да го стори тоа.

Освен вовлечениот страв кај оние што останаа на работа, но и кај новопримените во ЈП „Македонија пат“, кое поради апсењето остана со преполовен број вработени, се чини ништо повеќе не се направи за да се обезбеди правилна и целосна наплата на патарината. И натаму останаа старите рампи и нема евиденција кога, какви и колку возила поминуваат низ наплатните станици. Ако се има предвид дека во текот на летниот период низ Македонија транзитира околу еден милион само турски државјани, плус останатите патници, како странски, така и домашни, тогаш сосема зачудува индиферентниот однос на државата кон целиот проблем со патарините.

Дотолку повеќе што според Законот за јавни патишта, средствата од наплатата на надоместокот за употреба на јавните патишта што го плаќаат странските возила се приход на Агенцијата за државни патишта. Меѓутоа, во Агенцијата молк. „Утрински весник“ цела седмица безуспешно се обидуваше да добие одговор на прашањето колку пари се собираат од наплатата на патарините и на каков начин се спроведува контролата врз работата на наплатните пунктови. Со образложение дека е сезона на годишни одмори и никој од одговорните не е на работа, освен заменик-директорот Роберто Тошевски, не ни беше овозможен контакт со никого во Агенцијата. Дури ни Тошевски не успеавме да го добиеме на телефон, бидејќи поради презафатеност постојано беше на состаноци или надвор од Агенцијата!

Инаку, неодамна и Државниот завод за ревизија констатираше дека не постои никаква контрола во начинот на наплата на патарините. При контролата на работењето на Агенцијата за државни патишта ревизорот утврдил дека „сегашниот начин на собирање на патарините не гарантира дека нема да се прават злоупотреби. Причина за ваквата состојба е што постојниот систем за следење на наплатата на патарината не дава целосни податоци за точна наплата според категориите на возилата, ниту за евиденција на возилата и за уплата на патарината“.

Законот за јавни патишта, донесен уште во јули минатата година, предвидува начинот за контрола на наплатата на надоместокот за употреба на пат (патарина) да го пропише министерот за транспорт и врски, а поблиските прописи, пак, да се донесат во рок од шест месеци од стапувањето во сила на Законот. Но, иако Агенцијата за државни патишта го изготвила предлог-правилникот и го доставила до Министерството за транспорт и врски, оттаму не е преземен никаков чекор за негова примена. Од кои причини Министерството толку доцни со овој важен правен документ, без кој Законот за патишта не е целосен, засега не е јасно. Заменик-министерот Горан Михајловски нема одговор на прашањето.

Ваквата незаинтересираност на државата за наплата на патарината на најважните патни правци е само уште еден доказ за фактичката состојба со патиштата кај нас. Потврда е и немоќта да се доизградат дваесетината километри од автопатот кон Гевгелија, со што би се заокружил делот од Коридорот 10, кој минува низ Македонија и ја поврзува Западна Европа со Грција. Со години одложуваното завршување на овој исклучително важен автопат за нашава држава, незаинтересираноста да се инвестира во рехабилитација на веќе оштетениот коловоз на делот од патот кој одамна е во експлоатација, отсуството на соодветни места за одмор на патниците кои доаѓајќи од далечните западноевропски држави транзитот низ малата Македонија можат да го искористат токму за починка, а притоа секако и да потрошат пари, се некои од фактите што само покажуваат дека едноставно се нема сенс за остварување придобивка од географската положба на Македонија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3E41DE12170C834C9D0195061D86D253


Posted By: vardar
Date Posted: 27-Aug-2009 at 07:31
Колку се само прозирни, богами и форумов ептен помага кога можеш на едно место да видиш дека на 17/8 утрински критикува а на 27/8 во вечер демек работеле нешто Bash
 
 
 
ЖЕЛИНО-ОТОВИЦА-ПЕТРОВЕЦ

21 возило не платило патарина

Државниот инспекторат за транспорт при завчерашната контрола на наплатните станици во земјава забележал дека 21 возило не платило автопатска такса на патарините во Желино, Отовица и Петровец. На прекршителите им е изречена глоба од 200 евра која треба да ја платат во рок од осум дена. Во спротивно Инспекторатот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка со санкционирање на прекршителите на законската обврска во висина од 100 до 300 евра.
 
 
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5D0765680BF8F14BB48C49E4FE7BC153 - Vecer
 
 
 
Е сега, зошто Државниот инспекторат за транспорт секојдневно не виси по патариниве и како успеале тие 21  возила да не платат, ги претепале рампаџиите и насилно поминале или биле пуштени, во кој случај треба да има и кривична за вработените, ама ај не е тоа целта на акцијава. Roll%20eyes
 
 
 


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Sep-2009 at 15:42

Патарините под концесија

Скопје / 22.09.09 / 15:56
Пет наплатни станици долж Коридорот 10 наскоро би можеле да отидат под концесија, со цел да се овозможи модернизација на системот за наплата на патната такса.

За патарините Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско, Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта ќе објават јавна покана до соодветни компании и конзорциуми за изразување на интерес за учество во тендерска постапка.

Концесионерот ќе мора да изврши реконструкција, проширување и ремонт на постоечките објекти, како и набавка и инсталирање и одржување на интегриран систем за наплата на патарини.

На овој начин се очекува подобра наплата на патарините и намалено време за чекање. Поканата ќе биде објавена утре. /крај/со/ст

http://www.makfax.com.mk/mk-mk/Details.aspx?itemID=9161


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 23-Sep-2009 at 12:12

Пет патарини ќе бидат дадени под концесија

23.09.2009 10:01
 

 

Наплатните станици Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско ќе бидат дадени под концесија. За нив денеска Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта ќе објави јавен повик за учество во тендерската постапка за отстапување на правото на наплата на патарина.

Рокот за доставување на писмата е 30 денови од објавувањето на јавниот повик, а концесионерот ќе има обврска да изврши реконструкција, проширување и ремонт на објектите неопходни за вршење на концесиската дејност, како и набавка, имплементација и одржување на интегриран систем за наплата на патарина.

Целта на јавниот повик, како што соопшти ресорното Министерство, е да се испита интересот на соодветните компании и конзорциуми за учество во проект кој ќе овозможи модернизација на системот за наплата на патната такса за користење на автопатот долж Коридорот 10 во Македонија по пат на концесии.

Очекувана корист од проектот е зголемување на ефикасноста во системот на наплатата, намалување на времето на чекање и воведување современи решенија за вршење на наплатата.

А1


Е сега ова мене не ми се допаѓа и е крајно сериозно! Давање на патарини значи давање на целиот автопат под концесија! Само патарините се извор на пари за имателот на делниците, така што ако ги дадеме нив се сме дале, но за некакви ситни пари (во споредба со градење на цели нови одсеци автопатишта)... Дали не е допрецизирано, дали ќе оди кај некој приватен само процент од патните такси??





Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Sep-2009 at 12:47
Не се работи за давање под концесија на цели патишта, аман! Да беше за патишта ќе пишуеше патишта горе у тексстот. се даваат под концесија само наплатните станици со тоа што некој минимален процент од наплатата го зема концесионерот, а вечината пак си идат у државна каса. Е сега предноста е тоа што концесионерот всушност е на процент и од негов врховен интерес е да пријави што повеќе легални возила со цел да земе што повеќе пари. Нормално треба да издава и сметки кои имаат сериски број и лесно ќе се примети околку пуштил некоја фалсификувана сметка со цел да ја задржи комплетната наплата, а не само процентот што му следува.

Е сега може да дискутираме и од конспиративен аспект, а тоа е дека некој надлежен сака да ги даде наплатните под негови луѓе па да разврзе нова пирамидална шема, но сметам дека многу потешко со овој модел може да се иде на такви комбинации пошто уствари ќе има чисти односи меѓу државата и вршителот на услуга на државата (концесионерот).


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 23-Sep-2009 at 12:54
Аман бе другар, не се возбудувај толку! Само прашав затоа што тотално е нејасно. Ти каде ги прочита овие информации ако не се тајна или си претпоставил? Потоа штом толку умно размислуваш, не ли мислиш дека е попаметно да се воведе систем на винетки штом незнаеме и една патна такса да собереме!? Потоа тие патишта што се под концесија би влечеле процент на база на удел во целата автопатска мрежа или број на возила! И ова горе на кој јазик беше, не разбрав?!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Sep-2009 at 13:06
Овој оглас се однесува на државните автопати. И може концесионерот ќе воведе и вињети, незнаеме ние тоа сега. А тие патишта што ќе бидат по концесија тамо тој што ќе го гради патот ќе си наплаќа сам. Нормално, ако има вињети ќе треба да го усклади сиситемот на наплата со оној од државните патишта да не после два вида вињети.

Е сега ни мене не ми е јасно зашто толку години никој не се ни обидува да проба да воведе некој автоматизиран начин на наплата, вероватно има доста кучиња што вијат околу златната кокошка патарина. Токму тие причини ни оставаат простор за сонмнеш дека повеќе се иде на институционализација на долгогодишните пирамиди, одколку што некој има намера да го среди хаосот.


Posted By: pbanks
Date Posted: 23-Sep-2009 at 16:57
За мене е ова во најмала рака поразително. Што е следно ќе ги дадеме банкините под концесија. До каде може да оди нашата неспособност?


Posted By: vardar
Date Posted: 25-Sep-2009 at 09:58
 

Патарините патуваат кон приватни џебови

Лани од патарини во државната каса се слеале 20 милиони евра, од кои најмногу собрале оние пет за кои се планира да се дадат под концесија. Државата веќе требаше да инвестира 6 до 8 милиони евра во интегриран систем за наплата на патарините

Државата ќе инвестира десетици милиони евра за да ги реконструира автопатиштата во земјава, а приватна фирма ќе ги собира парите од патарината што ќе ја плаќаат возачите за искористување на истите патишта. Овој модел за експертите е нелогичен и значи дека некому даваме со години да користи „златна кокошка што несе пари“. Токму ваков модел предвидува Владата со распишаниот меѓународен оглас за изразување интерес за давање под концесија на петте најфреквентни патарини во земјава на Коридорот 10. Според објаснувањето од Агенцијата за патишта, сево ова се прави бидејќи државата „немала локално искуство во имплементацијата на новиот електронски систем за наплата на патарините и ако тоа го спроведе друга компанија, ќе значи поголема ефикасност и дисциплина во наплатата, но и модернизација на патарините“.

Проектот за воведување на електронски систем на наплата Агенцијата за патишта го промовира со години наназад и овој систем до сега требаше да функционира. Според пресметките за воведување на овој интегриран систем за наплата на патарини, државата требаше да оддели 6 до 8 милиони евра. Од патарини во земјава лани биле собрани речиси 20 милиони евра, од кои најголемиот дел од петте патарини за кои се планира да се дадат под концесија. Според експерти што работеле на оваа проблематика, државата за една и пол до две години ќе си ја вратела инвестицијата само од парите што сега се губат поради лошиот систем за наплата.

Детали за изработувачот на студијата и за економската исплатливост на овој проект не се откриваат, а се' уште не се дефинирани ниту условите под кои најверојатно странска фирма би ги стопанисувала нашите патарини.

- Компанијата што ќе понуди најдобра финансиска понуда и ќе ги исполнува техничките услови би оперирала со патарините. Владата и понатаму ќе добива приходи од патарините, а парите како и досега, ќе се наменат за изградба и поправка на патиштата. Времетраењето на концесискиот период, како и сите други детаљни обврски и критериуми ќе бидат предмет на понатамошните фази - објаснуваат од Министерството за транспорт.

Од таму информираат дека за овој проект се користеле анализи направени во Агенцијата за патишта, а се користеле и позитивните искуства на слични проекти што се реализирани во земјите од Европската Унија - Италија, Португалија, Шпанија, Франција и Чешка, каде што се спроведени проекти за модернизација на патарините со концесија.

Од Агенцијата за патишта не коментираат кои се економските бенефиции за државата со овој модел, кои ги потврдила нивната студија.

- Времетраењето на концесијата се планира да биде многу пократко од она што го предвидува законот, на 35 години. Според плановите, за компанијата која ќе стопанисува со патарините ќе се одделува одреден процент од наплатата кој ќе биде мал, а останатите пари ќе одат во буџетот и од нив ќе се одржуваат патиштата - објаснуваат од Агенцијата за патишта.

Во Агенцијата потенцираат дека ова не значи дека и јавното претпријатие „Македонија пат“, кое до сега оперираше со патарините, не може да конкурира на огласот и да победи. Тврдат дека најверојатно ќе има услов во тендерот фирмата која ќе победи да преземе дел од вработените на патарините.

За експертите е нелогичен огласот што го објави Министерството и тврдат дека сево ова е како некому да подаруваш златна кокошка која несе пари.

- Со ова државата треба да ги одржува патиштата, а граѓаните на приватна фирма да и' плаќаат за услугата, односно за кршењето на возилата од дупките на нашите автопатишта. Никаде во соседството не е користен ваков модел, туку има примери за давање под концесија патишта со патарини, но на фирми во државна сопственост чија надлежност е и одржувањето на патиштата - објаснуваат експертите.

За нив, проблем плус е начинот на кој државата ќе го контролира концесионерот за собраните пари од патарина и поминатите возила, кога досега не можеше да го контролира „Македонија пат“, па се појавија афери од типот „Змиско око“.

Според огласот, нема дефинирани услови за работата на идниот концесионер, освен дека тој ќе нема обврска да ги одржува патиштата на петте патарини. Концесионерот „треба да изврши реконструкција, проширување и ремонт на објектите неопходни за вршење на концесиската дејност, како и набавка, имплементација и одржување интегриран систем за наплата на патарина“.

Државните институции не дадоа конкретен одговор зошто властите се обидуваат да се ослободат од оперирањето со патарините на една од најфреквентните делници во земјава. Според огласот, под концесија ќе се даваат наплатните станици Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Рокот за доставување на писмата е до 26 октомври.

Александра Филиповска

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AA5968B0847FD84EA028573ECCD7DD91 - Dnevnik


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Sep-2009 at 19:48
И мене ми е многу чуден овој потег, под концесија да се дадат токму наплатните станици, односно само местата каде што се собираат парите. Уште почудно е што до сега многупати ни се најавуваше дека ќе стартува системот за електронска наплата, за кој што се имаше земено и кредит... што со тоа? Зошто државата нагло прави ваков радикален пресврт и работата одеднаш ја префрла во приватни раце?

Друга работа што многу боде очи е дека во целиот куп на параметри за концесијата кои не се обелоденуваат, недостасува дури и процентот на парите што ќе остануваат кај концесионерот. Ваљда можеа барем да одредат некаков максимум, аналогно како што на 99% од тендерите од старт се одредуваат границите во кои треба да се калкулира.

Дополнително, до сега институциите ни објаснуваа дека немаат точна статистика за прометот на патарините (WTF?!?). Па доколку е тоа точно, ме интересира како ќе биде контролиран концесионерот? Доколку не можеа да се справат со групи корумпирани вработени, како ќе се справат кога патарините ќе бидат под целосна контрола на некој приватен концесионер, а нашиве ете немаат ни основни статистики?!?

Бидејќи сеуште нема практично никакви информации, не би сакал да навлегувам во анализи дали зад ова се крие крајна неспособност и капитулација на државата пред неколку групи корумпирани службеници, или всушност се работи за корупција на многу повисоко ниво и сето ова се прави смислено и контролирано. Но и во двата случаи чекоров е погубен, а трета логична опција не ми текнува...

И низ дискусијата на форумов лоциравме многу проблеми и можни решенија и заклучивме дека со патарините мора да се смени нешто коренито и тоа брзо, но се плашам дека ова е чекор во погрешен правец. Едноставно целава работа делува прилично сомнително и нелогично, а вообичаената нетранспарентност само го зацврстува тој впечаток!



@ lslcrew
Пирамидална шема на патарина?
Лоповска шема да, ама пирамидална?  Dunno


Posted By: kire85
Date Posted: 27-Sep-2009 at 16:53
КОНЦЕСИИТЕ НА ПАТИШТАТА ЌЕ ДОНЕСАТ НОВИ НАПЛАТНИ ПУНКТОВИ
Ќе никнат патарини на секој чекор

Елена Костовска

Нови патарини и поскапи билети ќе добиеме откако ќе бидат изградени најавените седум патишта што ќе се даваат под концесија и откако постојни патарини ќе добијат приватни сопственици. Според Министерството за транспорт и врски, се уште не се знае колку нови патарини ќе има низ држава, но сигурно е дека концесионерите на новите патишта ќе бараат оправданост на своите инвестиции.
Јавниот оглас за концесија на патиштата треба да излезе до крајот на месецов, а интерес за изградба покажале дури 48 компании, финансиски институции и конзорциуми од Европа, Азија и од Северна Америка. Според Асоцијацијата на транспортерите на Македонија („Макамтранс“) во интерес на секој концесионер е што побрзо да ги врати вложените средства.
- Многу е подобро патиштата да се градат со државни пари или со средства од европските фондови зашто тоа е инвестиција вредна стотици милиони евра, кои потоа треба да се вратат на вложувачот. Концесионерот ќе сака побрзо да ги врати вложените средства, што може да доведе до зголемување на цените на патарините. Тоа беше случај со царинските терминали – вели Билјана Муратовска, претседателка на „Макамтранс“
Таа додава дека позитивен знак е што Владата ќе биде таа што ќе ги одредува цените. Според неа, со тоа барем нема да има опасност од неконтролирано зголемување на патната такса и нејзино формирање по пазарни цени.
Во Министерството за транспорт и врски не сакаа да откријат колкав процент од приходот на патарините ќе им припадне на концесионерите на патиштата и на петте наплатни станици. Оттаму велат дека рокот на концесионерите за изградба на патишта на ниво на автопат ќе биде шест години, а во наредните 35 години концесионерот ќе биде одговорен за нивното одржување и за наплата на патарината. За патарините, рокот на концесија ќе биде многу помал од овој на патиштата.
- Во секој случај, економската оправданост е изградена и добро одржувана патна мрежа. За патарините, пак, оправданоста е што инвеститорот ќе изгради модерни патарини со електронска наплата – велат во Министерството за транспорт и врски.
Во Агенцијата за патишта на Македонија велат дека давањето на патарините под концесија нема да влијае на работата за одржување на патиштата зашто приходите од патната такса се само едни од изворите на финансирање.
- Освен од патарините, годишниот приход на Агенцијата за изградба, реконструкција и за одржување на патиштата се финансираат и од акцизата на горивото и од регистрација на возилата. Нашите процени се дека тоа многу малку ќе влијае ако се зголеми ефикасноста на наплатата поради воведувањето на електронското плаќање – вели Кире Каракалов од Агенцијата за патишта.

Нема да има отпуштања на патарините

Од Агенцијата за патишта смируваат дека нема да има отпуштања на работници од патарините и покрај обврската на концесионерот да воведе електронска наплата заради поефикасно собирање на приходите.
- Предвидено е проширување на наплатните станици. Единствено, ќе треба работниците да се преквалификуваат – велат во Агенцијата за патишта.

Се откажуваме од 11,5 милиони евра

Годишните приходи од патарините во државата се движат околу 20 милиони евра. Тие оваа година забележале пад од 17 проценти и во периодот од јануари до јули изнесувале 10 милиони евра. Ова се случило, како што објаснуваат надлежните, поради намалувањето на цените за 20 проценти за возилата од прва и од втора категорија и за 30 проценти за тие од трета и од четврта категорија.
Минатата година вкупните приходи што се остварени на петте наплатни станици, Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско, кои се даваат под концесија, изнесуваат 11,5 милиони евра.

ПатиШта под концесија

Романовце – Узем (Коридор 8)
Стенковац – Блаце (Коридор 10)
Гостивар – Требеништа (Коридор 8)
Ќафасан – Битола (Коридор 8)
Велес – Меџитлија (Коридор 10)
Велес – Обел (Коридор 8)
Миладиновци – Штип (Коридор 8)


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1823&ArticleID=122560



Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Sep-2009 at 17:31
не ми е јасно која е целта на сето ова, ако изговорот им е модернизација на патарините и изградба на нови, тоа можеше да го направи и државата без да троши буџет за споменици и музеи
и да не се повторувам со се што е горе наведено


Posted By: kire85
Date Posted: 28-Sep-2009 at 21:30
nekako tekstov mi e kontradiktoren od seto ona sto go imav pred nekolku meseci procitano vo vesnicite. inaku pisuvase kako odgovor na zagrizenosta na gragjanite, a pogotovo na onie koi se cesto na makedonskite avtopati, deka koja firma i da go dobie tenderot za avtopatite odnosno patarinite, nema da ima celosna sloboda vo tarifnata opredelba za naplatnite rampi. odnosno deka ke ima nekakov zakon so koj vladata ke opredeli ramki vo koi ke moze da se dvizat cenite.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Oct-2009 at 13:54

До 26 октомври пријавување за патарините





 

Министерството за транспорт и врски не дава информации каков е интересот кај странските компании за добивање на правото на наплата на патарините на коридорот 10

 
 
%20  
Од министерството само соопштуваат дека рокот за доставување на писмата во кои се изразуваат намерите за добивањето на концесиите за пет наплатни станици (Петровец, Романовце, Сопот, Отовица и Градско) е до 26 октомври годинава. Тоа значи дека сé уште трае постапката за изразување интерес за учество на тендерската постапка за отстапување на правото на наплата на патарините, изјавуваат од Министерството за транспорт.

Објавувањето на намерите на министерството да ги даде под концесии петте најпрометни делници предизвика реакции во јавноста дека Владата „неаргументирано“ се откажува од сигурните приходи од наплата на патарините, кои изнесуваат околу 11 милиони евра годишно. Условите и критериумите под кои би се отстапиле патарините на идниот концесионер дополнително ќе се утврдуваат. Но, според објаснувањата од министерството заинтересираните компании треба да инсталираат систем за електронска наплата и да ги реконструираат и одржуваат наплатните станици, како и да ја наплатуваат патарината. Обврската за обновување на патиштата останува за државата.

Давањето на патарините на „надворешен“ субјект треба да ги испита и можностите за реализирање на големиот инвестициски пакет во изградба на патната инфраструктура во земјата во должина од 555 километри. Владата и покрај најавите дека тендерот за давање под концесии на новите сообраќајници ќе го објави до крајот на септември, се уште, не се одлучува да го стори тоа. Причината е што таа не ги усвоила тендерската документација и нацрт-договорот за концесионирање што е услов да биде распишан јавен повик. На „пробниот“ јавен повик лани се јавија 48 компании, кои покажаа интересирање за градење на патиштата под концесии.
 
   
Автор: М.Р.Ј.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102491013452&id=10&prilog=0&setIzdanie=21819


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Oct-2009 at 15:04
За петте наплатни станици заинтересирани 26 компании

vestiimages/63375/patarina-150.jpg">

Дваесет и шест компании заинтересиран да добијат концесии на петте наплатни станици за кои Министерството за транспорт и врски објави јавна покана за изразување интерес за учество во тендерска постапка.

Според информации од министерството, за наплатните Романовце на делницата Куманово – Миладиновци, Петровец на делницата Скопје – Петровец, Сопот и Отовица на делницата Петровец – Велес и Градско на делницата Велес – Градско се заинтересирани компании од Велика Британија, Европа и Индија.

Крајниот рок за составување на писмата со интерес истече денеска наплдне. Според министерството, давањето под концесии на овие најпрометни делници  и наплатни станици ќе донесе зголемување на ефикасноста во системот на наплатата, намалување на времето на чекање и воведување на современи решенија за вршење на наплатата.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=63374&kategorija=1 - http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=63374&kategorija=1


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Oct-2009 at 19:34

Колона заинтересирани за патарините

На повикот за интерес за концесија се пријавија 26 компании и конзорциуми од Европа, Велика Британија и од Индија

Дури 26 компании и конзорциуми од Европа, Велика Британија и од Индија се заинтересирани да управуваат со петте најфреквентни, а со тоа и најдоходовни патарини на Коридорот 10 во Македонија.

Од Министерството за транспорт вчера соопштија дека на првиот меѓународен јавен повик за учество на конкурс за отстапување на правото на наплата на патарините на наплатните станици Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско, интересот на странските компании бил голем.

- Очекуваните придобивки од овој проект се зголемување на ефикасноста во системот на наплатата, намалување на времето на чекање и воведување современи решенија за вршење на наплатата - велат од Министерството.

Сега Министерството за транспорт треба да го објави меѓународниот оглас во кој ќе се прецизираат условите за издавање на концесијата, нејзината цена, како и времетраење.

Овие пет патарини даваат повеќе од половината од вкупните приходи од наплата на патарини во земјава, кои изнесуваат околу 20 милиони евра годишно. Во Министерството објаснуваат дека државата и понатаму ќе добива приходи од патарините, а парите ќе се користеле за изградба и поправка на патиштата. Со патарините управува јавното претпријатие „Македонијапат“, чиј досегашен директор Бранислав Митиќ поднесе оставка откако Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај за работата на фирмата во 2008 година. Според извештајот, Јавното претпријатие незаконски потрошило речиси 600.000 евра преку нелегални активности спротивни на Законот за јавни набавки. Ревизорите особено укажуваат дека „Македонијапат“ немала целосен увид во наплатата од патарините, односно се уплаќаат многу помалку пари отколку што реално поминуваат возила.

Според објаснувањето од Агенцијата за патишта, патарините се даваат на управување на странски компании бидејќи државата „нема локално искуство во имплементацијата на новиот електронски систем за наплата на патарините и ако тоа го спроведе друга компанија, ќе значи поголема ефикасност и дисциплина во наплатата, но и модернизација на патарините“.

- Времетраењето на концесијата се планира да биде многу пократко од она што го предвидува законот, на 35 години. Според плановите, за компанијата што ќе стопанисува со патарините ќе се одделува одреден процент од наплатата, кој ќе биде мал, а другите пари ќе одат во буџетот и од нив ќе се одржуваат патиштата - објаснуваат од Агенцијата за патишта.

Во Агенцијата истакнуваат дека ова не значи оти и Јавното претпријатие „Македонијапат“ не може да конкурира на огласот и да победи. Тврдат дека најверојатно ќе има услов во тендерот фирмата која ќе победи да преземе дел од вработените на патарините.

Експертите посочуваат дека проблем е начинот на кој државата ќе го контролира концесионерот за собраните пари од патарина и поминатите возила, кога досега не можеше да го контролира „Македонијапат“, па се појавија афери од типот „Змиско око“.

Според огласот чиј рок заврши вчера, концесионерот треба да изврши реконструкција, проширување и ремонт на објектите неопходни за вршење на концесиската дејност, како и набавка, имплементација и одржување интегриран систем за наплата на патарина, но нема обврска да ги одржува патиштата.

Горан Ризаов



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9A7E7D1EBD58E64BBA8E91CD44B58E8A


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Oct-2009 at 15:50
Човек мора да се запраша зошто електронските бројачи на возила ете постојано биле во дефект...

Ќе заколеме златна кокошка

Државата може да собира до 40 милиони евра од наплатата на патарината ако добро ги менаџира и со очекуваниот зголемен сообраќај со приближувањето до ЕУ

Македонските патарини може да носат годишни приходи од 40 милиони евра ако добро се менаџираат и контролираат. Со зачленувањето на земјава кон Европската унија и со зголемувањето на сообраќајот се очекува да се дуплираат приходите од патарините, велат експерти за патишта.

Петте патарини долж коридорот 10 за кои Агенцијата за патишта објави оглас за интерес даваат повеќе од половина од овие приходите. Оттука, логична е големата колона од триесетина компании од Македонија, Грција, Британија, Индија, Србија, Хрватска, Франција, Турција, Русија, Австрија и Шпанија кои покажаа интерес да ја добијат концесијата и да управуваат со петте најфреквентни наплатни рампи во следните најмалку 10 години.

Според неофицијалните податоци, наплатата на патарините од 1998 година до 2002 година изнесуваше од шест до седум милиони евра годишно. Од 2002 до 2006 година таа се зголеми на 14 милиони евра годишно, а од 2006 до сега таа изнесува околу 18 милиони евра годишно.

- Тоа не е максималната бројка на приходи од патарините. Ако имаме по три отсто зголемување на сообраќајот годишно и на тоа ако се додадат најавите за започнување на пристапните преговори со ЕУ, што значи зголемување на инвестициите, подобрување на инфраструктурата, повисок стандард и поголема мобилност на граѓаните, тогаш може да се очекува за пет до десет години приходите од патарините да се зголемат двојно повеќе и да изнесуваат околу 40 милиони евра годишно- вели експертот за патишта.

Со патарините во моментов управува јавното претпријатие „Македонијапат“, кое доби нов директор откако Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај за работата на фирмата во 2008 година. Според извештајот, „Македонијапат“ немала целосен увид во наплатата од патарините, односно се уплаќаат многу помалку пари отколку што реално поминуваат возила.

- Една од причините за лошата работа на патарините е тоа што илјадници официјални лица од полицијата, војската, судството, парламентот, министерствата воопшто не плаќаат патарина, па дури и кога не се на работа односно патуваат приватно. Дури 40 отсто од автомобилите кои поминуваат на рампите воопшто не ја плаќаат патарината. Само 5 до 10 отсто од наплатата е предмет на кражба - вели експертот за патишта, според кој втората причина за неуспехот е тоа што Македонија нема затворен систем на наплата на патната такса.

Воедно, сегашниот систем на мерење на бројот на возила кои поминуваат на наплатните рампи, кој е електронски и е донација од Франција, воопшто не работи. Електронските бројачи можат да разликуваат четири различни категории на возила кои плаќаат различна цена за патната такса, но тие се во континуиран дефект. Токму неисправноста на електронскиот систем за контрола на возилата беше причината поради која што не можеше да се утврди точната штета во двата случаи „Змиско око“, каде околу стотина инкасанти и контролори беа обвинети за злоупотреба на 5 милиони евра од наплатата на патарините и за организиран криминал. Сепак, обвинителството не можеше да докаже дека постоел организиран криминал, ниту точно да ја утврди штетата. Заради тоа, „Македонијапат“ и Агенцијата за патишта ги повлекоа побарувањата за отштета.

- Тоа е навистина еден голем профитен центар, кој треба да биде контролиран од независна агенција или здружение на граѓани која ќе врши надзор над бројачите и ќе го регистрира бројот и категоријата на возилата кои поминуваат. Ваквата контрола може двојно да ја подобри наплатата - потенцираат познавачите.

Од Министерството за транспорт очекуваат со давањето под концесија на наплатните рампи да се зголеми ефикасноста на наплатата и да се воведе современ систем на наплата.

Од Агенцијата за патишто при објавување на повикот за интерес посочија дека времетраењето на концесијата се планира да биде многу пократко од она што го предвидува законот, на 35 години. Се планира за компанијата што ќе стопанисува со патарините ќе се оделува одреден процент од наплатата, кој ќе биде мал, а другите пари да одат во буџетот и од нив да се одржуваат патиштата.

Горан Ризаов


Непознати критериуми

На јавниот повик за концесија над петте патарини Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско по должина на автопатот Табановце-Гевгелија се јавија седум компании од Македонија и тоа: Липтон 3 НСФ, Гранит, Портел Ком, Алпине Бау, Алкател Лусент, Ренова, Виста Груп и Ксмет Карт. Потоа Ефкон, Капш, Еуропас прожект дивелопмент и консалтинг и Асфинаг од Австрија; Савроник систем и Аселсан од Турција; Институт „Михајло Пупин“ од Србија; 3Г пројект од Хрватска; Бурлаков од Русија, Егис прожектс и Г.Е.А. иновале од Франција; ИМ технолоџис лимитед од Британија; ТД Ка-дис од Грција, Сице од Шпанија и Манаси Пињар од Индија.

Од Министерството за транспорт потенцираат дека условите за стопанисување на концесионерот ќе се утврдат и ќе бидат познати при објавата на огласот за што јавноста навремено ќе биде информирана.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B56FCFB926F94F47B8C328E55BB294D7


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Oct-2009 at 15:51

Отштетите ги изедоа електронските патарини

„Македонијапат“ за штети на патиштата на возачите им исплатил 5,7 милиони евра, пари со кои може самото претпријатие да ги модернизира патарините

Јавното претпријатие „Македонијапат“, кое ги стопанисува патарините во земјава, за шест години платило 5,7 милиони евра за штети на патот и камати за ненаплатени долгови. Со овие пари, ако работеше одговорно, претпријатието ќе можеше само да инвестира во нов автоматски систем за наплата на патарините, а не за тоа да бара странски концесионер. Во тек се судски процеси за уште 3,7 милиони евра, кои компанијата треба да ги плати по истите основи. Со заштеда на овие пари и автоматизиран систем за наплата, „Македонијапат“ би заработувала големи профити, а државната каса би добила повеќе милиони евра екстра-приходи.

Наместо тоа, претпријатието во последните години се соочува со сериозно расипништво во работењето, што само ги зголемува загубите и ја намалува вредноста на фирмата. Според последниот ревизорски извештај, „Македонијапат“ од 2002 година наваму, само за штети на патот и камати ќе плати вкупно околу 10 милиони евра. Претпријатието во 2007 и 2008 година ги зголемило трошоците за камати за рекордни 210 отсто, кои изнесуваат 1,7 милион евра, односно 11 отсто од вкупните расходи. Една од главните забелешки на ревизорот е дека на наплатните рампи поминале повеќе возила отколку што биле пријавени пари, што ги скратило парите за одржување и заштита на патиштата.

Министерот за транспорт Миле Јанакиески неколку месеци откако дојде на власт, во декември 2006 година го презентира автоматскиот систем за наплата на патарините, кој требаше да почне да работи од првата половина на 2008 година. Тогаш Јанакиески најави дека новиот систем за наплата ќе чини од 3,5 до 5 милиони евра, а ќе се финансира со пари од Светската банка.

Три години подоцна, министерот Јанакиески ненајавено објави меѓународен оглас за интерес за концесија над петте најфреквентни, а со тоа и најдоходовни патарини на Коридорот 10. На конкурсот интерес пројавија дури 26 компании од десетина земји од Европа и од Азија. Интересот е голем поради големите приходи на овие пет наплатни пункта од над 10 милиони евра годишно, кои се очекува во следните пет години да се дуплираат.

Десетина дена откако беше објавен огласот, Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работата на Ј.П. „Македонијапат“ во 2008 година. Тој изобилува со сериозни обвинувања за неодговорно работење: големи злоупотреби во јавните набавки од близу 600.000 евра; намалување на производството на асфалт за 60 отсто во споредба со 2007 година, односно за 84 отсто во споредба со 2005 година; намалување на вкупните приходи во споредба со планираните за неверојатни 5,4 милиони евра. Резултатот е финансиска загуба во работењето од 3,3 милиони евра. Вкупната загуба за 2007 и 2008 година изнесува 8,6 милиони евра.

Како решение за проблемот, Државниот ревизор советува дека „е неопходна реорганизација на компанијата“. Владата уште во минатата година во септември донела заклучок, а Собранието во јули годинава изгласало Закон за трансформација со кој Јавното претпријатие се дели на две акционерски друштва во државна сопственост и тоа: АД за одржување на патиштата „Македонијапат одржување“ и АД за услуги на патиштата „Македонијапат услуги“. Експертите очекуваат токму „Македонијапат услуги“ да биде цел на концесионерство на претстојниот тендер кој треба да го објави Министерството за транспорт.

Експертите посочуваат дека една од причините за лошото работење на патарините е тоа што дури 40 отсто од возилата што ги поминуваат наплатните пунктови не ја плаќаат патната такса, а околу 10 отсто од наплатата е предмет на кражба. Втората причина е тоа што Македонија нема затворен систем на наплата на патарините. Сегашниот систем е полуотворен кој има повеќе наплатни пунктови отколку што е потребно. Според некои истражувања, возачите губат во просек по 12 минути на Коридорот 10 само при застанување за наплата на патарини.

Горан Ризаов



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D25EE4C99480F7408553A5169E636020


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Nov-2009 at 19:16
01.

02.
www.on.net.mk

03.


04.


05.


06.


07.


08.

www.makedonijapat.com.mk


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Apr-2010 at 17:01
Ај баш да видиме

ОД ЈУНИ реформа НА ПАТАРИНИТЕ

Ќе ги бричат инкасаторите

Точно пред стартот на летниот шпиц ќе стигнат и нови униформи, па ше­фо­ви­те на наплатните рампи секој ден ќе проверуваат дали ин­ка­са­то­ри­те се дотерани и избричени и дали љубезно ги пречекуваат возачите на па­та­ри­ни­те

Ин­ка­са­то­ри­те на патарините уште два месеца ќе може да наплаќаат пат­на такса небричени, небањати и несредени. Раководството на ЈП "Ма­ке­до­ни­ја пат" за претстојната летна сезона, кога и вообичаено се очекува зго­ле­му­ва­ње на бројот на возила на автопатиштата низ земјава, одлучи да ги дотера и да ги научи на културно однесување вработените на нап­лат­ни­те рампи. Тоа ќе биде единствената промена на патарините пред летната на­ва­ли­ца, оти за долгонајавуваниот електронски систем за наплата, кој тре­ба­ше да ги намали редиците во летниот шпиц, а беше најмалку двапа­ти најавуван, никој не сака да зборува.
Од ЈП "Македонија пат" вчера ни рекоа дека веќе се прави нарачка на но­ви униформи, без кои инкасаторите од јуни годинава веќе нема да можат да влезат во кабина, а и строго ќе се контролира во каква состојба до­а­ѓа­ат на работа.
"Се­га некои доаѓаат со бради и облечени во тренерки, што воопшто не им прилега на ваков вид работници. Сепак, тие имаат директен контакт со луѓе и мора да се дотерани и учтиви. Затоа ние одлучивме да ги промениме овие лоши навики, и веќе набавуваме нови униформи кои ќе пристигнат точ­но пред летниот шпиц, кога голем број туристи транзитираат низ Ма­ке­до­ни­ја", вели Ирфан Идризи, раководител на секторот за наплата во ЈП "Ма­ке­до­ни­ја пат".
Ид­ри­зи објаснува дека службената облека на инкасаторите ќе биде во сива бо­ја, која е отпорна на издувните гасови и на прашината на која секојдневно се из­ло­же­ни. Штом ќе стигнат униформите, вели Идризи, ќе се зајакне и кон­тро­ла­та за личната хигиена на вработените, но и на нивното однесување со возачите. Од инкасантите ќе се бара странките да ги пречекуваат со нас­мев­ка, а на странците да им посакуваат добредојде во Македонија. Ше­фо­ви­те на наплатните рампи, освен што ќе прават надзор на ефек­тив­нос­та на наплатата, ќе бидат задолжени и да следат дали некој од вра­бо­те­ни­те дошол на работа неизбричен или несреден, и дали е учтив при нап­ла­та­та на патната такса.
Мо­дер­ни­за­ци­ја­та на системот за наплата, од која сe уште нема ништо, ми­нис­те­рот за транспорт и врски Миле Јанакиески ја најави уште пред три го­ди­ни. Вчера не добивме одговор ниту од Министерството за транспорт и вр­ски ниту од Агенцијата за државни патишта кога најбрзо е можно ав­то­па­тиш­та­та низ државава да добијат нови наплатни рампи. Пос­лед­на­та изјава на директорката на Агенцијата за државни патишта Наташа Вал­ка­нов­ска беше дека за поставувањето на електронските наплатни рампи ќе се чекаат концесионерите на автопатиштата. (И.С.)

За Велигден за два дена заработени 7 милиони денари

За велигденските празници, од зголемената фреквенција на возила на ав­то­пат­ни­те делници се инкасирани над седум милиони денари од патна так­са.
Од Секторот за наплата велат дека само во четвртокот и во по­не­дел­ни­кот, кога имало најголема фреквенција на возила, на патарините биле за­ра­бо­те­ни 7 милиони денари. Оваа сума е речиси 10 отсто од вкупната ме­сеч­на заработувачка во летниот шпиц, кога голем број возила од странство по­ми­ну­ва­ат низ Македонија.

http://vest.com.mk/?ItemID=9F2E0D59D8E9D245BDA19D226497BCDD


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 15-Jun-2010 at 20:19
Знам дека во оваа вест има политичка конотација, но мислам дека е неопходно секој ваков пример да се покаже како срам и позор за свесното граѓанско општество и однесување.

Без да платат патарина, со развиоренo знаме на ВМРО - ДПМНЕ и без никој да ги сопре. Вака четиринаесет автобуси на „Галеб“ од Охрид, попладнево нешто пред 17 часот, ја поминаа наплатната рампа кај Желино.

Возачот на првиот автобус прво долго разговара со инкасаторот во бараката. За цело време рампата е крената. Потоа возилото тргнува, а по него и останатите автобуси. Евидентно е дека на лице место на наплатната рампа, никој не го подмири долгот за да поминат.

Во овој случај уште еднаш се покажа дека сите граѓани не се еднакви пред законот. Пред и по поминувањето на конвојот со автобуси, патниците од другите возила уредно си ја плаќаа цената да го користат автопатот Тетово - Скопје.

Ниеден автобус не ја платил цената на патарината, рампата стоела крената неколку минути за да поминат сите 14 автобуси без да платат патарина.

Не ги знам цените на автопатот Скопје-Гостивар за автобуси. За автомобили е над 100 ден.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124289

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: nenad
Date Posted: 02-Aug-2010 at 19:09
Bi sakal nekoj koj se razbira vo taa problematika da mi gi objasni dobrite i loshite strani na vinjetite. Ne gledam zosto ne se voveduvaat kaj nas kako vo Bugarija ili Slovenija, dali postoi nekoja racionalna prichina za toa? Preku glava mi se 6 patarini od Ohrid do granica, g narushuvaat ritamot na vozenje i pravat nepotrebni guzvi


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Aug-2010 at 00:55
Originally posted by nenad

Bi sakal nekoj koj se razbira vo taa problematika da mi gi objasni dobrite i loshite strani na vinjetite. Ne gledam zosto ne se voveduvaat kaj nas kako vo Bugarija ili Slovenija, dali postoi nekoja racionalna prichina za toa? Preku glava mi se 6 patarini od Ohrid do granica, g narushuvaat ritamot na vozenje i pravat nepotrebni guzvi

Ни јас не сум баш експерт за оваа тема, но еве го моето мислење.

1. Нашиве планираат шаренолика автопатска мрежа во смисол на тоа кој е оператор на поедини делници. Засега го фураат филмот дека дел од мрежата го ќе оперира државата, а дел ќе оперираат два концесионери. Во таква ситуација вињети не би биле баш најпрактично решение.

2. Во каубојска држава како нашата, каде што не се спроведува ред, ни патарините не функционираат на сјајно ниво, а воведување на вињети во недостаток на континуирана строга контрола би довело до тотален распад на системот.

Друг недостаток на вињетите коj ми текнува, ама сигурно не е пречка поради која не се воведуваат, е тоа што наплатата е прилично паушална во однос на извозените километри (а тоа и донекаде сепак може разумно да се ублажи со понуда на широк спектар на вињети).


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Aug-2010 at 22:31
Еве една компарациона табела за видовите и цените на вињетите во неколку европски држави каде функционира таков систем




Posted By: nenad
Date Posted: 13-Aug-2010 at 08:03
Cenite vo Bugarija i Roanija mislam deka se sosema OK i za nasi uslovi, i pokraj nasiot mentalitet za izbegnuvanje na sekakvi finasiski obvrski. Za kompenzacija moze da se namali cenata na registracijata na vozila.  Ili cenata na gorivoto vo delot na odvojuvanje za odrzuvanje na patistata. Mislam deka polesno ke se sobiraat tie sredstva od kolku sto sega se pravi so patarinite. A i vozenjeto ke bide poudobno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Aug-2010 at 02:38
Премиерот Груевски за давањето на патарините под концесии

Премиерот Никола Груевски негира дека последното намалување на критриумите за избор на фирма на тендерот за давање под концесии на патарините е направено за бизнисот да го добие човек-фирма или пак партиска фирма.
-По менувањето на Законот за концесии на патарините Македонија пат" ќе треба да го преземе управувањето со патарините и за да може да го направат тоа се спуштени критериумите. Ако дојде до концесионирање, во тендерот ќе има многу повисоки критериуми - појаснува премиерот Груевски.
Прашан дали Владата ќе одговори на барањата на Макамтранс" за намалување на цената на зелениот картон, премиерот рече дека неколку министерства работат на тоа и оти во моментов се вршат анализи.
-Ми беше укажано дека во септември би требало да се дојде до некаква понуда и се надевам дека така и ќе се случи - рече Груевски.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=18A747DB86A68F4F9CC842F4EA2B437C


Posted By: axel
Date Posted: 31-Aug-2010 at 11:04

Патарините премали за дупките


Граѓаните кои често патуваат на релација Скопје - Охрид бараат за цената што ја плаќаат да добијат и добри услови за патување

 
 
%20  
Илјадници возила секој викенд возат слалом за да ги избегнат дупките на најпрометната делница на регионалниот патен правец Гостивар - Кичево - Охрид. Ни колоните автомобили за викендите и зголемениот промет од собрана патарина во овој период од годината не се доволен поттик за државните институции да извршат целосна реконструкција на коловозот, кој е главната сообраќајна артерија до нашиот најголем туристички центар во земјата. За да се стигне до Охрид е потребно многу внимание и умешност за возачите да не влетаат во некој кратер на асфалтот.

Граѓаните кои често патуваат на оваа делница се револтирани од начинот на кој се одржува овој патен правец, иако за тоа редовно си ја намируваат својата обврска со плаќање на патарината на овие четири пункта и на одење и на враќање!

Тоа што автопатот Скопје - Тетово - Гостивар е добар извор на приходи, не значи дека овој патен коридор треба да добие приоритет во искористувањето на тие средства, велат во Агенцијата за државни патишта. Средствата прибрани од патарина се влеваат во заедничкиот буџет, од кој потоа се распоредуваат на сите патни правци во земјата. Тоа се прави врз основа на годишни програми и за одредени патни правци, објаснуваат во Агенцијата.

- Патарините се еден дел од приходите со кои се покриваат трошоците за одржување и реконструкција на патиштата, а тие кај нас се најниските во регионот и се недоволни за да се врши целосна реконструкција и изградба на нови делници, за што се потребни и кредити - велат од АДП.

Од патарините годишно се планира да се соберат 1,2 милијарда денари. До јули годинава се наплатени 621 милион денари, што е намалување од 2,2 отсто во однос на истиот период лани. Намалувањето на приходите е поради минатогодишното намалување на висината на патарините.

Од Министерството за транспорт и врски во изминативе години најавуваат изградба на нови 380 километри автопат. Но досега се изградени и пуштени во употреба само четири регионални патни правци, додека до 2012 година се планираат да бидат реконструирани уште десет. Од локалните патишта досега се изградени 31, а во наредните две години би се завршиле уште 64 локални патишта.




Километарски колони пред рампите

Последниот викенд од август помина со вообичаената слика со долги колони возила пред патарините. Во неделата вечер на влезот во Скопје од Катланово возачите чекаа долго за да ја платат патарината на само два влеза. Иста беше состојбата и на наплатната рампа од Тетово за Скопје, каде што возачите незадоволни од долгата колона и бавното движење негодуваа со сирените. На интервенција на сообраќајната полиција беше отворена третата лента и метежот брзо се намали.

Раководителот на наплатна служба на патарините Ирфан Идризи вели дека оваа состојба не може да се надмине поради ограничените технички можности на патарините, но и поради навиките на патниците да се враќаат во исто време од туристичките места.

- И во пософистицирани системи на наплата на патарини присутен е овој проблем. Така е и во Хрватска, каде што во шпицовите во викендите се прават долги колони од возила. Тоа е максималниот капацитет на патарините и невозможно е 10.000 возила да бидат услужени во така краток временски период. Не станува збор дека во викендите работат помалку луѓе на патарините. Не можеме да им кажуваме на патниците кога се враќаат дома и тие сами си го планираат времето на тргнување - ни изјави Идризи.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=83110107198&id=10&prilog=0&setIzdanie=22072


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Aug-2010 at 11:06

ФАТЕНИ НА ДЕЛО НА НАПЛАТНА РАМПА

Каубојци на автопатот Скопје - Тетово

Очевидец сликал со мобилка во моментот кога колона од автомобили поминала без да плати патарина на наплатниот пункт на кој било вклучено црвеното светло, откако првиот возач од колоната излегол и сам ја кренал наплатната рампа

Пет- шест автомобили во четвртокот поминале на првата наплатна станица од Скопје кон Тетово без да платат патарина. Сите автомобили биле со тетовски и гостиварски регистарски таблички. Инцидентот се случил приквечер кога колона возила застанала на наплатна станица на која било вклучено црвеното светло и немало никој во куќичката за наплата.
Читател на "Вест", кој бил сведок на настанот, успеал со својот мобилен телефон да фотографира дел од автомобилите.
"Еден излезе од првата кола, сам ја дигна рампата и со рака им рече на другите да поминат. Никој не реагираше. Како да е нормално да си ја дигнеш сам рампата и да поминеш без да платиш. По него, дури и продавачите што продаваат сливи, ја држеа рампата подигната за да им направат пат на другите коли. Работеше само една патарина, ама и вработениот таму што седеше не реагираше. Дури кога му кажавме што се случува, тој малку свика, па се оправда: 'А што да им правам'", кажува нашиот читател.
Целиот случај бил пријавен на наредната патарина кај Желино, а на вработените таму им биле дадени и регистарските таблички на автобомилите што не платиле патарина. Но тие само кусо изјавиле дека тоа не се случува по првпат.
"Што да правиме, а ако извади пиштол", бил одговорот на вработените на патарината.
За целиот случај не се заинтересирала ниту полицијата. На телефонското пријавување одговориле дека не може да ги казни престапниците "ако не ја скршиле рампата, ако само поминале, ништо", рекле од полицијата.
Надлежните од "Македонија пат" вчера не можеа да ни го потврдат инцидентот. Но велат дека често се случуваат вакви испади.
"Нема шанси вработените да пропуштат некој без да плати патарина. Но овде е див запад. Се случува сами да си ја дигнат рампата и да си поминат. Ние ваквите случаи ги пријавуваме во Инспекторатот за транспорт и во полицијата", ни изјави заменик-раководителот на наплатните станици Бобан Поп Крстев.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека полицијата нема ингеренции да ги застане автомобилите и да бара фискална сметка за платена патарина.
"Проверката за патарината е надлженост само на Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт и врски. Полицијата може да се вклучи само ако инспекторите побараат асистенција, на пример, ако не можат да стопираат некое возило", велат во МВР.
На наплатните рампи нема поставено камери. Од Агенцијата за државни патишта велат дека камерите не функционираат уште од 2004 година поради недостаток во системот за напојување. Од таму не кажаа дали ќе се поставуваат нови камери и дали патарините ќе се даваат под концесија.
"Постапката за давање на управување на патарините од Коридорот 8 зависи од завршувањето на постапката и изборот на концесионер за изградба на патишта", изјавија од Агенцијата за државни патишта. (Р.Ф.)

Инспекторите казниле 273 лица

Од Државниот инспекторат за транспорт вчера не добивме објаснување што направиле по пријавите од вработените на патарините за дивото поминување. Од таму само ни соопштија дека инспекторите во текот на јуни, јули и август казниле 273 лица за кои е констатирано неплаќање патарина. Акциските контроли биле направени во близина на патарините во целата држава. Лицата биле казнети со глоба од 200 евра, која треба да ја платат во рок од 8 дена, во спротивно за нив се поднесува прекршочна пријава.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=0798F9D23FF7094BAF43E889D257D8F3


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Sep-2010 at 12:28
На наплатните рампи нема поставено камери. Од Агенцијата за државни патишта велат дека камерите не функционираат уште од 2004 година поради недостаток во системот за напојување.

Како може банален проблем со напојувањето да се наведува како оправдание за нефункционирање на камерите цели 6 години?!? Тоа не е никакво оправдување, туку дополнителна работа поради која треба да бидат прозвани за неспособност и незаинтересираност. Мада во случајов сум убеден дека на друго место лежи зајакот и дека камерите намерно се оставаат нефункционални!

Bash




Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Sep-2010 at 19:49
не е проблемот ради незаинтересираност или немање средства, туку поради тоа што некој парите за одржување и правилно функционирање на рампите си ги тура во џеб, згора на тоа во џеб си остануваат и парите на тие за кои камерите се исклучени!

знам дека не е убаво да се збори вака на слепо, ама мислам дека е повеќе од кристално јасно


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 22-Oct-2010 at 20:45
Ova patarina se naogja pomegju aerodromot aleks. i gradot skopje!
http://img529.imageshack.us/i/kk12060.jpg/">


-------------


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 27-Dec-2010 at 23:08

ДРЖАВАТА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ЗЛАТНАТА КОКОШКА


Патарините нема да се дадат под концесија


Постојните наплатни рампи на автопатиштата долж Коридорот 10 нема да се дадат под концесија. Државата со кредити ќе ги модернизира и ќе воведува еден интегрален систем на наплата, а во втора фаза ќе им се приклучат и наплатните станици покрај патните делници од Коридорот 8, што ќе ги гради и со кои ќе се стопанисува идниот концесионер. Како што велат од Агенцијата за државни патишта, во преговори се со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која, покрај изградбата на делницата Демир Капија - Смоквица, треба да го кредитира и новиот интегрален систем за наплата со кој ќе стопанисува државата. Проектот е вреден пет милиони евра.
- Владата планира во овој проект да ги вклучи и патарините долж Коридорот 8, со кои ќе менаџираат идните концесионери на автопатиштата - вели Катерина Панова - Илиевска, портпарол во Агенцијата за државни патишта.

Како што појаснуваат од Агенцијата, идните концесионери имаат обврска да воведат ист ваков систем за наплата кој ќе го контролира Агенцијата за државни патишта. Преку централен систем ќе треба да бидат поврзани сите наплатни станици.

Инаку, од наплата на патарините, заклучно со ноември, Агенцијата за државни патишта инкасирала над милијарда денари (околу 16,3 милиони евра). Од наплатата на патарините годинава во буџетот на Агенцијата е предвидено да влезат 19 милиони евра. Заклучно со октомври се реализирани 97 проценти од предвидените приходи. За следната година, согласно Програмата за изградба, реконструкција и одржување на државните патишта, Агенцијата има на располагање 93,4 милиони евра. Проектот концесионирање на патиштата е во втора фаза. Новите концесионери треба да стопанисуваат со пет наплатни станици: Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско.


http://vecer.com.mk/?ItemID=407F3238BCF9224EBA0DC959BAD647FD - http://vecer.com.mk/?ItemID=407F3238BCF9224EBA0DC959BAD647FD

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Dec-2010 at 23:21
Би сакал да кажам дека е подобро да се оди на вињета, но со тековните навики, сепак е подобро да има патарини (колку и да се избегнуваат и тие).

Ако конечно го средат ова, ќе биде голема работа.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Dec-2010 at 02:24
Само вињета не спасува. Подобро да има трафика кај што ќе се продаваат вињети пред секоја наплатна одколку да оставиме по една рампа со стариов систем. И задолжитлно интегрален систем со двата идни концесионери и третата страна државата. Ако во Скопје ЈСП и многуте приватни превозници е тешко да се воведе интегрален систем, тука со три стари и како директен учесник владата и два сериозни концесионера, не би требало да биде проблем. Технологијата денеска нуди секакви решенија и не е ова проблем да се спроведе, го има веќе низ свет.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2010 at 16:22
Преговори со меѓународни финансиски институции за пари за гасификацијата

Во однос на патарините на Коридорот 10, вклучително и наплатната станица Петровец која не му припаѓа на ниту еден коридор, Владата одлучила да ги финансира преку заем и  веќе е поднесена апликација за добивање на овие средства.

“Се очекува следната година да се започне со изградба на патарините, што значи целосна модернизација на патарините без човеково влијание при наплатата“, вели министерот.http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=80888&kategorija=2



Posted By: axel
Date Posted: 04-Jan-2011 at 13:26

Два милиона евра за рампи на една патарина

За модернизација на пет наплатни станици државата ќе земе заем од 10 милиони евра

Билјана Ангеловска


Два милиона евра ќе чини една наплатна станица со нов современ електронски систем на наплата. Според пресметките на надлежните, дигитализацијата на петте наплатни станици, кои се по должината на Коридорот 10, ќе чини околу 10 милиони евра. За толкава сума државата ќе се задолжи, по што ќе ги осовремени патарините и ќе ги стопанисува. Одлуката на државата да задржи дел од патарините и да не се откажува од златната кокошка која и' носи сосем солиден приход на годишно ниво, не изненадува, особено ако се знае дека само за еден месец, и тоа август, кога фреквенцијата од возила е најголема, петте патарини инкасираат над еден милион евра.

Засега под државна капа ќе останат наплатните рампи Романовце, Сопот, Отовица, Градско и Петровец, кои „покриваат“ околу 95 километри од овој коридор во Македонија. За нив веќе се водат преговори со меѓународни финансиски институции за набавка на нов електронски интегриран систем за наплата на патарината. Со предвидените 10 милиони евра, како што велат во Агенцијата за државни патишта, ќе се извршело проширување и адаптација на постоечките наплатни станици, ќе се набавел интегриран систем за наплата на патарина и ќе се купеле електронски уреди за плаќање на патарината.

Државата се обиде да го испита пулсот кај фирмите колку се тие заинтересирани за евентуално да ги земат под концесија патарините што се наоѓаат по должина на Коридорот 10. За таа цел во септември 2009 година беше распишан и јавен повик, на кој се јавиле 27 домашни и странски фирми. Големиот број заинтересирани компании никого не зачуди, со оглед на тоа дека освен првобитната инвестиција во нова современа електронска опрема, се' после нејзиното инсталирање би му останувало на концесионерот како чист ќар, бидејќи не се предвидуваше тој да има обврска околу одржување на делницата, туку само да ги собира парите од патарините.

Сепак, како што велат во Агенцијата за државни патишта, по направените истражувања, анализи и консултации со повеќе меѓународни експерти за системи за наплата на патарина, било одлучено државата да не се откаже од наплатните станици по Коридорот 10, туку да воведе нов интегриран систем за наплата кој што нема да користи човечки фактор.

„Наплатата ќе биде управувана од Агенцијата за државни патишта преку централен систем на кој ќе бидат поврзани сите наплатни станици“, појаснуваат во Агенцијата за државни патишта.

Ниту од Агенцијата ниту, пак, од Министерството за транспорт кажуваат колку точно ќе чини опремувањето на петте наплатни станици, односно дали сите 10 милиони евра колку што се планира да се задолжи државата ќе бидат искористени за оваа намена. Колку точно вреди електронската опрема, дали за модернизирање на една наплатна станица ќе бидат потрошени два милиона евра и од каде ќе се набавува опремата, никој не кажува.

Засега единствено е јасно дека државата ќе ги задржи овие пет патарини, а ќе се откаже од наплатните станици кои се дел од Коридорот 8 и ќе ги даде под концесија, во пакет со патните правци на кои се наоѓаат. Ваквата одлука, како што вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, е со цел тие да бидат искористени како мамка за идните концесионери да се нафатат да ги реконструираат делниците од автопатот и притоа да им се пружи можност да ги собираат и средствата од патарините.

„Коридорот 8 е дел од проектот за концесија за изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта, при што е предвидено системите за наплата на патарината на патната мрежа во Македонија да бидат компатибилни, односно, интероперабилни“, велат во Агенцијата за патишта, потенцирајќи дека лани од сите 10 наплатни станици биле собрани над милијарда денари, односно, речиси 19 милиони евра.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6DAC54846CB99048B63DCB04163E80D7


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jun-2011 at 19:12
Див запад...  Ohno

За што постои полиција во оваа држава? За што постојат институциите? Вака ли функционира држава?


Секој ден по еден натепан на патарина


 

Колку возачи толку приказни, кажуваат вработените на тетовската патарина, онаа што е на автопатот кон Гостивар. Ги псујат, им викаат и им се закануваат. Многу пати им вадат и пиштоли

 
 
%20 
Нема, велат, се чини ден, а некој да не си појде дома помодрен од ќотек. Последниот инцидент беше пред само два-три дена кога возач на „ауди“ сакал да помине без да плати, а инкасантот да го спречи во намерата и ја спуштил рампата што паднала врз покривот од автомобилот. Лут поради тоа што му било оштетено возилото, возачот го нападнал инкасантот удирајќи го со тупаница по лицето. Вакви настани таму не се реткост. Ништо побезбедни, пак, не се ниту оние што работат на наплатната кај Гостивар.

-Честопати, запираат и дрско ни наредуваат да ја кренеме рампата за да поминат. Ни се закануваат, не псујат и не навредуваат. Во таква една ситуација приморани сме да постапиме според нивните упатства затоа што никој не нé заштитува. Не вреди за дваесетина денари да изгубиме глава. Не ни преостанува друго освен да ја запишеме регистерската табличка и да пријавиме во полиција, вели Зоран, вработен на тетовската патарина. 

Но поради стравот од освета, според соговорникот, и пријавувањето во полиција и тој и колегите многу ретко го прават.

- Ако кажеш дека некој не платил патарина мораш да ги оставиш генералиите и да се појавиш во суд доколку му биде напишана прекршочна пријава за таа работа. Тогаш станува уште полоша работата, објасни Зоран. 

Безбедноста на инкасантите понекогаш е загрозена и поради постапки на возачите, кои не се директно насочени кон нив. Тоа пред сé се случува поради неприспособената брзина. Под дејство на алкохол или дрога „летаат“ по автопатот. Возачите некогаш и доцна се сеќаваат дека мораат да запрат на наплатната. Во април годинава на гостиварската патарина автомобил удри во ѕидот среде коловозните ленти, се сврти неколку пати и запре на неколку сантиметри пред самата кабина, каде што се вработените. Совозачот загина, возачот беше повреден, а нималку добро не ќе поминеше и инкасантот доколку возилото удреше во кабината. 

- Беше чинам во јули минатата година кога камионџија удри директно во кабината. За среќа во неа немаше никој, оти колегата извесно време пред тоа појде на пауза, ни раскажуваше Идриз, од патарината во Гостивар.

Сé прават, објаснуваше Идриз, само да не дадат дваесет денари. Како да им е сеедно и ако си го оштетат автомобилот. Се „лепат“ еден зад друг и во моментот кога ќе ја кренете рампата за оној што платил, „шверцерот“ го користи моментот за и тој да помине. 

- Честопати се трудат да поминат без да платат и лажно претставувајќи се како полицајци, старешини во АРМ или дека се божем вработени во институција што е ослободена од патарина. Кусо ќе прикажат беџ и со намќорест поглед бараат да им ја кренете рампата. Во спротивно веднаш се подготвени „за акција“ - вели Идриз 
 
  
Автор: Александар Самарџиев
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=614112316117&id=12&prilog=0&setIzdanie=22305 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=614112316117&id=12&prilog=0&setIzdanie=22305


Posted By: N23
Date Posted: 15-Jun-2011 at 19:49

Друже а зашто ова не се случува на наплатната рампа кај Петровец, пред Велес и сл? Овие работи се повеќе од јасни, самото тоа што напиша див запад (з. мкд) доволно говори. И полицијата е немоќна во вакви ситуации, ако извади пиштол цивилот, џандарот нема одобрение да пука, мора да го уапси, а уапсувајќи го го ризикува својот живот и све останува на тоа тој да си помине гага.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jun-2011 at 19:59


Значи нема решение? Каубојците се посилни од организирана држава... Или можеби не е до тоа, туку каубојците се посилни од „организирана држава“?


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 15-Jun-2011 at 20:02

Затоа ваквите случки елегантно би се решиле со Виниети. Прво нема да има потреба да се вработуваат преку 200 инкасанти, второ наплатата ќе биде 100%, трето нема да има застои и чекања на патарини и четврто нема да се плаќа за струја и одржување на наплатните рампи.



-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jun-2011 at 20:04
А со вакви институции, кој ќе го спроведува системот со вињети, кој во нашиве околности би бил дури и многу повеќе предмет на злоупотреби?


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 15-Jun-2011 at 20:11

Едноставно. Полиција со драконски казни или пак набавка на вињета со регистрација на восило и со влез во МК за странци.



-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו



Print Page | Close Window