Print Page | Close Window

Енергетика (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Енергетика
Forum Discription: Електростопанство, гасификација, топлани, алтернативни извори...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=491
Printed Date: 24-Apr-2024 at 23:06


Topic: Енергетика (општо)
Posted By: ProMKD
Subject: Енергетика (општо)
Date Posted: 19-Mar-2008 at 04:47
ЕВН постави нови трансформатори во Скопје (мисла ова е соодветна нишка - ако не, мрдајте сори)

ЕВН- ЕСМ со нови трансформатори во Скопје

Два нови 110- киловолтни трансформатори со зголемен капацитет се инсталираа во трафостаницата „Запад“ во Скопје, информираат од ЕВН- ЕСМ. Нивната вкупна моќност од 63, се зголеми на 80 мегаволтампери. Со оваа инвестиција се подобрува снабдувањето во западниот дел на Скопје, особено во населбите Капиштец, Тафталиџе, Нерези, делови од населбите Карпош и Влае, како и села од општините Кондово и Сарај, кои се на 35- киловолтно напонско ниво. (М.Т.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F06AED7644C5DD4EAE9065B17B5940C2



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Apr-2008 at 09:06
Иако текстов звучи скромно, ова е прилично значаен проект Cheers

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=92F97E9D2626FB4AA1AE0B3FE27B086D - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=92F97E9D2626FB4AA1AE0B3FE27B086D

МЕПСО го изгради далноводот Штип-Црвена Могила

МЕПСО информира дека го изгради 400-киловолтниот далновод Штип-Црвена Могила, до македонско-бугарската граница, со што го исполни својот дел од проектот. Поставени се 193 челично-решеткасти столбови на траса долга 71,2 километри на македонска територија, со почеток од 400 киловолтната трафостаница во Штип до македонско-бугарската граница во реонот на Кратово.

Далноводот поминува на териториите на општините: Штип, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка. Оваа интерконекција ќе биде предадена во употреба откако бугарската страна, чии работи се во тек, ќе заврши со градба на далноводот на нивна територија. (Ек.Р.)



Posted By: vardar
Date Posted: 30-Apr-2008 at 10:08
Готов 400-киловолтниот далновод кон Бугарија

Македонија го изгради 400-киловолтниот далновод од Штип до македонско -бугарската граница, кој ќе биде пуштен во употреба кога и Бугарија ќе ја обезбеди потребната инфраструктура за електроенергетско поврзување. Од Македонскиот електропреносен систем оператор(МЕПСО)соопштија дека на трасата долга71,2 километри сега се поставуваат алуминиско-челичните јажиња за пренос на струја. Далноводот поминува низ општините Штип, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка.Изградбата почна во 2006 година, а изведувач е германската компанија САГ. Овој капитален проект е финансиран од кредитна линија на Европската банка за обнова и развој со 29,5 милиони евра. МЕПСО за една година доби два 400-киловолтни далновода, кон Грција и кон Бугарија. Овој далновод е од огромно значење за стабилноста на системот и за снабдувањето со струја. Ова е прва 400-киловолтна врска на исток и ќе ги замени постојните 110-киловолтни далноводи - велат во МЕПСО.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=519B00C1AC015040890D1080C608F813 - Dnevnik
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Apr-2008 at 10:15


Ама ти не читаш, директно постираш Bash Big%20smile


Posted By: vardar
Date Posted: 30-Apr-2008 at 10:22
Добро ама мојот е од дневник твојот од утрински..... Shifty Shifty Shifty  DohDohDoh


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jul-2008 at 10:36
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1463&ArticleID=95417 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1463&ArticleID=95417

ИНТЕРВЈУ: АТАНАСКО ТУНЕСКИ, УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР
Само нуклеарна централа ќе не спаси од скапата струја

Цената на струјата ќе се зголеми, а доколку струја немаме доволно, никој нема да има одговорност пред граѓаните. Ваква ќе биде енергетската реалност, објаснува Атанаско Тунески, професор на Машински факултет. Тој појаснува дека Македонскиот електропреносен систем-оператор (МЕПСО), кој досега се грижеше за редовно снабдување со струја, сега ја нема лиценцата за снабдување со електрична енергија. Од друга страна, Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) сега се во позиција да произведуваат и да продаваат струја. Ова, како и самиот факт дека цената на струјата не е зголемена од 2006 година, ќе го поскапи енергентот, кој на светските берзи оттогаш доживеа повеќекратно зголемување. у Како ги коментирате новите измени на Законот за енергетика?
- ЕЛЕМ со новите измени ќе произведува, ќе купува и ќе продава. Не е јасно како ќе се прави ова бидејќи диспечерскиот центар преку кој се следи сето производство, сета потрошувачка и сиот извоз на електрична енергија се наоѓа во МЕПСО. Лиценцата за снабдување со електрична енергија, која досега ја посетуваше МЕПСО, сега ја нема никој. Не е јасно кој ќе биде одговорен за снабдувањето со електричната енергија. Ова е сериозен пропуст. До сега МЕПСО се грижеше да има струја насекаде и во секое време. Сега никој нема да биде крив ако нема струја. Со новите измени во Законот за енергетика, на ЕЛЕМ му се даде право да купува и да продава, но не и законска обврска да се обезбеди струја за населението во доволни количества. у Владата рече дека е потребно да се зголемат производните капацитети. Имаме ли за тоа потенцијал?
- Реално не постојат причини зашто ЕЛЕМ не би можел да ги задоволува потребите за електрична енергија. Во периодот од 2000 година до 2006 година, ЕЛЕМ произведуваше 6.330 гигават-часа електрична енергија годишно и со тоа ги задоволуваше потребите за струја за населението и малото стопанство. Во 2007 година произведе само 5.500 гигават-часа, а во 2008 година најавите се дека ќе произведе дури и помалку од ова. Недостигот од овие 1000 гигават-часа ја чини Македонија речиси 100 милиони евра. Ако ЕЛЕМ го задржи своето просечно производство од 2000 до 2006 година, тогаш нема да има потреба од увоз на струја. Сегашната цена на увозната струја е над 100 евра за мегават-час, што значи дека непотребно се одлеваат 100 милиони евра. у Дали ова е основната причина за огромниот трговски дефицит?
- Увозот на електричната енергија и нафтата се клучни причини за огромниот трговски дефицит. Намаленото производство на ЕЛЕМ од околу 15 проценти, зголемената цена на увозната струја од 100 проценти од пред две години, доведе до огромни и неоправдани трошоци за државата у Во каква состојба е енергетскиот систем?
- Резервите на јаглен во РЕК „Битола“ се доволни за уште пет години експлоатација. Во меѓувреме, мора да се активира наоѓалиштето Брод - Гнеотино, што ќе обезбеди јаглен во наредните околу 10 години. Но, за помалку од 20 години веќе нема да може да се прави струја од домашен јаглен и ќе мора да се увезува. Сега треба да се направат анализи дали е економски поисплатливо Македонија да почне да увезува јаглен за потребите на РЕК „Битола“ пред да се потрошат домашните резерви. Според мене, подобро е како од безбедносни, така и од политички причини уште сега да се почне со увоз на јаглен. у Во Бугарија веќе се гради нуклеарна централа, а има најави за нуклеарна централа и во Лерин. Каде сме ние тука?
- Македонија мора да реагира. Првото од можните решенија е да учествува во изградбата на нуклеарната централа во Белене, Бугарија, и да има сопствен дел од таа електрана. Со тоа ќе добие многу поевтина електрична енергија. Нуклеарната електрична енергија е повеќе од двојно поевтина од струјата произведена од мазут и од увозен јаглен и двојно поевтина од увозната струја. Македонија во 2008 година за увоз на електрична енергија дала околу 250 милиони евра, од кои околу 100 милиони за потребите на населението и малата индустрија и околу 150 милиони евра за големата индустрија. Доколку располагаме свој дел од електричната централа во Белине, значително ќе заштедиме во увоз на електрична енергија. Исто така, може да учествуваме во изградба на наши енергетски објекти. За пет години со издвојување на само 50 милиони евра од буџетот годишно, што е само 2 проценти од буџетот, ќе може да имаме енергетски објект со капацитет од 250 мегавати.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2008 at 22:15
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7A05208DCF740349962D35F8BEDC2E6A - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7A05208DCF740349962D35F8BEDC2E6A

Италијанци ќе прават струја од ѓубрето во Дрисла

Италијанскафирма е заинтересирана за производство на електрична енергија од сметот од депонијата Дрисла, велат во „Комунална хигиена“.Според Златко Димовски, директор на јавното градско претпријатие, како енергенс за создавање електрична енергија ќе се користи метанот што се создава при скапување на ѓубрето. Италијанците треба да изработат студија за економска оправданост и исплатливост на проектот.Проектот ќе се оствари преку јавно-приватно партнерство. Потпишан е меморандум на ниво на држави за таква соработка. Објавен е тендер во Торино, на кој е избрана фирмата која сака да ја користи Дрисла за производство на електрична енергија - вели Димовски.„Комунална хигиена“ ќе се согласи да се даде депонијата под концесија ако се задоволат еколошките стандарди за заштита на околината

- Жителите од околината на Дрисла треба да добијат бесплатна струја. На фирмата да и' се даде „зелена“ цена на електрична енергија, односно да биде поевтина и покрај високите трошоци за производство. Потребно е државата да го стимулира ова производство за да биде конкурентно на пазарот со електрична енергија - вели Димовски.До крајот на годината ќе се направат промени во работењето на Дрисла за да се задоволат најстрогите еколошки стандарди за депонија. Распишан е тендер за санација на Дрисла, со хоризонтални цевки за исцедокот на ѓубрето, но и вертикалните цевки низ кои ќе се спроведува гасот.Во Дрисла дневно се носат 450 тони комунален смет, а просторот за депонирање смет е со површина од 30 хектари.Во „Комунална хигиена“ најавуваат проект за селектирање на пластичната амбалажа од сметот. Се предвидува дека ќе се собираат по четири тони пластика дневно. Имаме 12 вработени што го селектираат отпадот. Пластичната амбалажа ќе се складира во боксови под натстрешница, а потоа ќе се балира - вели Димовски.

(А.П.)





http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=62E635B1A66BFB40A91CCD9FB32BEDA1 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=62E635B1A66BFB40A91CCD9FB32BEDA1

Италијанци заинтересирани да произведуваат струја од гасот во „Дрисла“

„Комунална хигиена“ од потенцијалниот партнер ќе побара да инвестира во депонијата

„Комунална хигиена“ ќе соработува со италијанска фирма која е заинтересирана да произведува електрична енергија од гасот на депонијата „Дрисла“. Во моментов во јавното претпријатие очекуваат во Италија да биде избрана фирма која ќе изработи физибилити студија за оправданоста на инвестицијата во „Дрисла“, по што може да се очекува создавање на приватно-јавно партнерство. „Комунална“ од потенцијалниот партнер ќе побара да инвестира во депонијата во контролирање на исцедокот од сметот, во премостување на изворот на чиста вода која сега се меша со отпадот и во најважниот дел, искористување на гасот што се создава од распаѓањето на комуналниот отпад.

Како што информира директорот на „Комунална хигиена“, Златко Димовски, во „Дрисла“ може да се произведува електрична енергија која ќе ги задоволува потребите на околните населени места и која би требало да има посебна, пониска, т.н. „зелена“ цена. Заради еколошкиот ефект кој ќе се добие со искористувањето на гасот од „Дрисла“, но и со регулирањето на исцедокот, приватниот партнер треба да добие и стимулации од државата и од Градот.

„По пропаѓањето на преговорите со јапонската фирма ’Шимицу’, веднаш започнавме разговори со друга фирма од Италија, која е заинтересирана за истиот проект. Потпишан е и меморандум за соработка и очекуваме, кога ќе им заврши тендерот да дојдат и да им ги кажеме нашите услови. Мислам дека ова е доста профитабилен бизнис во други држави, а ќе има и позитивен бенефит и за ’Дрисла’ која ќе добие модерен лик“, вели директорот Димовски. (С.Н.)




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Sep-2008 at 20:46
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98255 - http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98255

Без инвестиции опасност за системот

natasa-stojanovska.jpg http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=44&VestID=98255 - Наташа Стојановска http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98255#komentari - Коментари (1)    
29.09.2008 15:43
Козјак

 

Секоја минута измината без инвестиции во енергетиката е сериозна опасност за стабилноста на системот.

Ревитализација, модернизација но и отворање на нови термо, хидро - капацитети, рудни наоѓалишта. Без ова, само ќе се бројат дефекти.

„Јас мислам дека е е една минута до дванаесет за да почнат инвестициите во енергетиката, изјави Григор Каневче, академик.

Инвестициите одамна ги нема.

„Имавме интензитет до 70 и 83 година со изградбата на третиот блок требаше тоа континуирано да продолжи но се се сведе само на изградба на ХЕЦ „Козјак“, вели Илија Андонов Ченто, академик.

Македонија со години не направи добра енергетска стратегија. „Си дозволивме да трошиме и јаглен и се без да размислуваме за развој“, рече Благоја Георгиевски, рударски инженер

Експертите порачуваат да се следат странските примери.

„Во Норвешка семеен бизнис се малите хидроцентрали. Се обучуваат земјоделците како да изградат и тие да користат“, вели Илија Андонов Ченто.

Но тука е и албанското сценарио. Со генератори во секој дом. Власта уверува дека тоа нема да ни се случи нам.

Во меѓувреме проектите чекаат во фиоките, а повисоката цена на струјата ќе биде запишана на сметките од ноември.





http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98269 - http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98269

Енергија за иднината се создава во Белене

mladen-cadikovski.jpg http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=11&VestID=98269 - Младен Чадиковски http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98269#komentari - Коментари (0)   javascript:otvoriVideoPrilog%2808/proekt-atomska-29-09.wmv,%2098269%29">  
29.09.2008 19:28
Проектот за атомската централа чини 4 милијарди евра

 

Мало гратче на бугарско-романската граница со огромен потенцијал да стане енергетски џин на Балканот. Што претставува атомската централа во Белене? А1 на местото на настанот.

Фронтмените на атомската централа не пречекаа со порака - Македонија мора навреме да се пријави и да закупи струја ако сака да ја избегне енергетската криза.

„Може да се водат отворени разговори за Македонија да си учествува со свои средства во изградбата на проектот. Било дали ќе биде во вид на процентно учество, или во вид на авансно плаќање на електрична енергија која подоцна ќе се користи. Постои можност за тоа“, изјавија од атомската централа.

Изградбата почна месецов - чини четири милијарди евра. Инвеститор е бугарската компанија „Нек“ со 51 процент. За останатите 49%, битка бијат германски РВЕ и белгиски „Електрабел“.

Овој проект не мина без контроверзи. Противниците, екологистите сметаа дека нуклеарните централи се опасни жаришта.

Раководството уверува дека Белене е последен крик на модерната технологија, а граѓаните се надеваат дека нема да биде балкански Чернобил.

„Франција има 50 нуклеарни централи, никој ништо не се пожалил. Една дури има и во Париз и сите си живеат мирно. Ова е добра инвестиција во нашиот град, добра перспектива, многу млади ќе се вратат во градот“, велат граѓани на Белене.

На ова место за пет години треба да се подигнат двата реактора на најголемиот проект во енергетиката на Балканот.

„Сакаме да се заштитиме од променливите цени на нафтата и јагленот. Едноставно да бидеме во состојба на независност од надворешните извори на енергија“, рекоа од централата.

Речиси сите земји во регионот се соочуваат со ист проблем. Недостаток на струја, истрошени термо централи, слаби водни ресурси.

Изградбата на нуклеарните централи беше само идеја која не дочека да биде ставена ниту на хартија. Во Македонија предизвикуваше дебата само во академските кругови.

Многумина сметаат дека изградбата на нуклеарната централа може да претставува пресвртница во енергетската стратегија и за другите земји во опкружувањето.




Posted By: my Macedonia
Date Posted: 09-Oct-2008 at 18:21
Големина на фонт: javascript:tsz%28article_body,12px%29">Decrease%20font javascript:tsz%28article_body,16px%29">Enlarge%20font
image

Државата најави изградба на мали хидроцентрали по течението на реката Вардар и започнување на разговори за учество во нуклеарната централа Белене.

Проектот кој е целосно изработен ќе почне да се реализира набргу и за него ќе се бара стратешки партнер кој ќе може до крај да ја истера оваа голема инвестиција образложи директорот на Електрани на Македонија Влатко Чингоски.

Според планот најпрво ќе се изгради една до две хидроцентрали, а парите кои ќе се остварат од продажбата на струјата ќе бидат вложени во изградбата и на преостанатите. Планираното производство на струја од хидроцентралите треба да достигне 325 мегавати и годишно производство на струја од 1.000 гигават часови.

Проектот според планот треба да заврши за десет години посочи Чингоски според кого владата бара инвеститор кој веќе има искуство во изградба и раководење на каскадни хидроцентрали.

Тој најави дека државата активно ќе се вклучи и во проектот Белене, како еден од начините на подолг рок да се реши проблемот со енергетската криза со која се соочува Македонија и целиот регион.

„Владата сериозно размислува да разговара со партнерите од Бугарија да види кои се условите и дали тие услови одговараат на потребите на Република Македонија, но да бидеме јасни дека самата одлука да учествуваме во нуклеарката во Белене не значи дека треба да запреме со другите развојни проекти во Република Македонија. Нормално ако успееме да добиеме одредена количина на енергија од Бугарија ќе биде од помош за енергетската стабилност“ изјави Чинговски.

Експертите се на мислење дека проектот Белене на земјава ќе и овозможи да добива струја која ќе биде за околу 60 проценти поефтина од досегашната. Кој од неколкуте модели кои стојат како опции ќе го прифати Македонија ќе зависи од какви услови ќе ни понуди Бугарија.

„Тоа е дискутабилно со оглед на тоа што цените на сите енергенси и на опремата постојано расте во светот. Сепак она што може да го понуди нуклеарната енергија е нешто поевтино од сите други извори особено од нафтата и гасот“ рече Чинговски.

Струјата во Македонија ќе поскапи најмногу за еден месец, но сеуште не е познато колку. Според надлежните се чека одлуката на Регулаторната комисија која треба да се достави до нив. Во прилог на поскапувањето се изјаснуваат и од Здружението на енергетичари.

„Гледајки го целото опкружување цената на електричната енергија е на ниско ниво и би требало да оди нагоре за да се изедначи со соседството. Само така може да се отвори реален пазар каде сите ќе имаме исти услови за купување на електрична енергија“ рече Илија Хаџидаовски од Здружението на енергетичари.

Во Охрид почнувајќи од денеска, во наредните три дена, ќе се одржува Меѓународно советување за енергетика на кое ќе бидат презентирани околу сто научни трудови на експерти од земјава и странство.

Мики Трајковски
http://alsat-m.tv/mk/ekonomija/5828.html - http://alsat-m.tv/mk/ekonomija/5828.html


Posted By: vardar
Date Posted: 16-Oct-2008 at 08:43

ЕВН-МАКЕДОНИЈА


Милион евра за трафостаница во Куманово


ЕВН - Македонија вчера ја пушти во употреба новата реконструирана 110кВ трафостаница "Куманово 1", преку која со струја ќе се снабдуваат околу две третини од граѓаните во Куманово. Компанијата за обновата на трафостаницата вложи еден милиони евра.
Потребата за реконструкција на високонапонската трафостаница е од поодамна, поточно од хаваријата настаната во 1993 година кога биле опожарени 20 киловолтни постројки. Оттогаш овој инвестициски зафат бил неколку пати одложуван поради недостиг на пари, како и поради техничката сложеност на реконструкција.
- Сега проблемот е надминат. Во трафостаницата е имплементирана најсовремена опрема, вклучувајќи и уреди за далечинско управување.

Вработените на ЕВН Македонија направија натчовечки напори целата реконструкција да се изведе под напонски услови или кога потрошувачката е на минимално ниво во ноќните часови, со цел потрошувачите да не останат без електрична енергија за време на техничките зафати - соопштуваат од ЕВН-Македонија.

 
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1C518F1662561D4B9BAC5E88FDEB6CFB - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1C518F1662561D4B9BAC5E88FDEB6CFB


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Oct-2008 at 15:40
не ми текнуваше каде да го сместам ова мислам дека имаше нишка за обновливи извори на енергија ама не ја најдов

Италијанска фирма сака македонски отпад

Италијанската компанија „Космо груп“ е заинтересирана да инвестира во рециклирање отпад во Македонија. Градоначалници од повеќе македонски градови од југозападниот дел, меѓу нив и градоначалникот на Дебар - Аргетим Фида, при престојот во Италија потпишале писмо за намери со италијанската фирма.

- Во првата фаза се предвидува рециклирање на 50 проценти од урбаниот отпад од пластика, хартија, стакло и метал, а во втората целосно рециклирање на сиот отпад, кој ќе се користи за производство на електрична енергија. За таа намена би се изградиле три мали термоелектрани од по 4 до 6 мегавати. Една термоелектрана би требало да биде во Скопје, една во источниот и една во западниот дел на Македонија - изјави Фида. Се проценува инвестицијата за двете фази да биде од 250 до 300 милиони евра.

- За Дебар, но и за цела Македонија ова значи чиста околина, но и нови вработувања - вели Фида. За првата фаза преговорите ќе ги водат општините, а за втората фаза Владата, која била запозната со иницијативата.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=61E2DB1B43F61E4AB0E74DE5160CC7D5 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=61E2DB1B43F61E4AB0E74DE5160CC7D5

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Nov-2008 at 00:19
Инвестиција од 2,85 мил. евра во трафостаница
МЕПСО инвестираше 2,85 милиони евра во трансформатор во скопската населба Бутел. Инвестицијата е реализирана со пари од Светска банка - 2,23 милиони евра, а МЕПСО вложил 620.000 евра.

Овој трансформатор е специјално конструиран за потребите на мрежата на МЕПСО. Со новиот трансформатор ќе се подобрат напонските прилики на 110-киловолтно ниво и ќе се обезбеди постабилна работа на електроенергетскиот систем. Со монтажата и пуштањето во работа на овој трансформатор е завршена втората фаза од проширувањето на оваа трафостаница со уште еден трансформатор.

http://vecer.com.mk/?ItemID=32D2007BFF4BD5479EE71893E161EA17



Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Nov-2008 at 23:23
Инвестиции во енергетски проекти


Во земјава има потенцијал за влез на странски инвестиции во енергетскиот сектор, особено во инвестиции насочени кон енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Ова вчера го изјави Атанас Србиновски, директор на Македонската агенција за енергетика на вчерашната работилница што се одржа во Скопје во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ.

Во дел од презентацијата учествуваше и новоформираната Австриска развојна банка ОеЕБ која понуди нови можности во земјава за финасирање на инфраструктурни и енергетски проекти.
Србиновски ги повика инвеститорите да вложуваат во проекти со кои ќе се подобри енергетската ефикасност на нашите општини.

Оливер Валтер од Одделението за инвестициски финансии на Австриската развојна банка кажа дека нивна целна група се пазарите на земјите во развој, а на приоритетната листа е ставена и нашата земја, бидејќи ваквите инвестиции сеуште не се нудат од страна на комерцијалните банки.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E23A290BDDC99A4CA516E5442EB9D847




Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Nov-2008 at 02:59
МАНУ ПОРАЧУВА
Итно да се инвестира во нови термоцентрали

Времето на евтина струја, поради скапиот увоз, изминува, и државата итно мора да инвестира во нови термоцентрали, порачаа вчера академиците на МАНУ. Нивните анализи покажуваат дека околу 80 отсто од потребите на струја Македонија ги задоволува од увоз, по цени и до трипати повисоки од домашното производство. Констатираат дека производството од домашните капацитети е недоволно, а скапиот увоз само ќе ја турка нагоре цената за потрошувачите.
"Треба да се инвестира во нови капацитети за да ја намалиме зависноста од увоз, оти цената на струјата од увоз ќе се зголемува. Таа сега се движи околу 110 евра и е трипати поскапа од она што му се признава на ЕЛЕМ. Значи, цената на струјата сигурно ќе расте. Но тоа не е проблем само во Македонија туку е присутен во сите европски земји каде што тенденција е цената на струјата да се израмни со 70 евра за мегават-час, а цената на струјата во земјава се движи околу 30 евра за мегават-час", изјави вчера академик Томе Бошевски.
Критики за македонскиот енергетски систем, како и за недоволната независност на Регулаторната комисија за енергетика има и во извештајот на Европската комисија, за што академикот Глигор Каневче вели:
"Факт е дека Регулаторната комисија работи добро. Не може да се постигне целосна независност на телото, бидејќи овие тела никаде не се сосема независни. Но Комисијата работи максимално професионално".
Академиците посочија и дека изградбата на нови капацитети ќе ја засили и стабилноста на енергетскиот систем во државава.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=159363&idg=8&idb=2519&rubrika=Makedonija




Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Nov-2008 at 00:13

Македонија станува зависник од увоз на струја

Земјава стаса до ситуција да увезува 80 отсто од потребите за струја, која е три пати поскапа од домашната

Маја Томиќ


Во државата се увезува струја во се' поголеми количини, што заедно со нафтата се едни од главните причини за растечкиот трговски дефицит, кој за девет месеци годинава достигна рекордни 2,2 милијарди долари. Владата мора да преземе итни мерки за да го стопира постојаниот раст на овој увоз и да прави напори за зголемување на домашното производство.

„Ако не можеме да ги скратиме количествата на нафтата, тогаш сигурно дека може да се интервенира кај струјата. Треба да се запрашаме зошто толку многу електрична енергија увезуваме и по се' повисоки цени, што граѓаните потоа индиректно ја плаќаат. Дали домашните капацитети не можат да ги задоволат потребите или, пак, струјата се користи нерационално. Ако е така, тогаш крајно време е да почнеме рационално да ја користиме, затоа што за кусо време може да биде доцна и земјава ќе влезе во енергетска криза. Владата мора со време да најде лек за проблемот“, вели професорот Ванчо Узунов.

И академиците на МАНУ во петокот се огласија во врска со енергетската ситуација. Тие, генерално, констатираа дека лошото, односно недоволното домашно производство на струја и понатаму ќе биде причина за големиот увоз и за раст на домашната цена, која од ноември е поскапа за 13,6 проценти. Според нив, домашните капацитети произведуваат недоволно електрична енергија, што е главната причина потребите во земјава да се задоволуваат со се' поскапиот увоз. Веќе Македонија стаса до ситуцијата да увезува 80 отсто од потребите за струја, а увозните цени се три пати повисоки од струјата што е произведена дома. Затоа, академиците и' порачуваат на Владата итно да ги ревитализира постојните капацитети, но и да вложува во нови енергетски објекти.

„Едно е сигурно, цената на увезената струја на пазарот постојано расте. За разлика од цената на нафтата која се менува, или се зголемува, или паѓа, очигледно е дека кај електричната енергија нема шанси да го сопре трендот на пораст“, вели академик Томе Бошевски.

Со последниот тендер за увоз на струја на ЕЛЕМ, државата побарува 350 ггвч. за периодот од јануари до април 2009 година. За тоа треба да се платат околу 30 милиони евра, бидејќи просечната цена на еден мегават-час е 90 евра. Од ЕЛЕМ изјавија дека задолжително ќе се набават 80 ггвч., а остатокот ќе биде понуден на „ЕВН Македонија“. Овие количества се значително поголеми од набавките во претходните години. На пример, за периодот мај 2007 година - април 2008 година, беа побарани 240 мегавати, при просечна цена од 72 евра за еден мгвч. На крајот на минатата година МЕПСО објави тендер за набавка на 578 мегават-часа струја за цела 2008 година, при максимална цена од 109 евра за мгвч.. Тоа по кусо време се покажа за недоволно, па затоа во март годинава беше распишан тендер за интервентен увоз на уште 211 мегават-часа, со просечна цена од 86 евра за мегават-час, за што требаа да се платат уште 18 милиони евра. Тогаш од МЕПСО објаснуваа дека во 2008 година нема да ни треба толку струја, затоа што големите потрошувачи веќе сами ја увезуваат на пазарот.

Втората причина за помалите набавки беа што ЕЛЕМ, во согласност со измените во Законот за енергетика, ќе му испорачува на „ЕВН Македонија“ помалку струја по регулирана цена, само 11 отсто од загубите, а не како претходно - 24 отсто.

Инаку, за цела 2006 година државата побаруваше 269 мегават-часа струја, со просечна цена од 45 евра за мгвч. за што се платија околу 120 милиони евра. Тоа беше двојно повеќе од парите дадени за увоз на струја во 2004 година.

Според професорот Атанаско Туневски, со тоа што државата од пред една година нема обврска да ги снабдува со струја големите компании, кои трошеа 40 проценти од целата струја, домашните капацитети треба да ги задоволат потребите на земјата. Но, очигледно дека производството не е ни приближно толкаво колку што ни треба. Туневски објаснува дека ако ЕЛЕМ работи со максимум капацитети и ако произведува околу 6.000 гигават-часа струја, како што постојано тврдат од компанијата, тогаш увозните количества треба да се сведени на минимум. (М.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=69C37E11F4D729428BB39FD767741D44



Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Nov-2008 at 03:10

Македонија е енергетски неефикасна земја

Максимално да се искористат водните потенцијали и обновливите извори на енергија и што повеќе да се користи природниот гас, порачуваат академиците

Македонија е енергетски неефикасна земја. Губи премногу енергија, долго не инвестира во нови енергетски капацитети, поради што е увозно зависна. Ова е заклучокот на истражувањето на Македонската академија на науките и уметностите за домашниот енергетски сектор, кое ќе биде основа за создавање национална стратегија за енергетика.Академиците предупредуваат дека ако не се подобрат постојните енергетски извори и не се изградат нови, ќе се соочиме со забавување на целата економија, огромен трговски дефицит и недостиг од ресурси.

- Со оглед дека цената на енергијата ќе расте, може да се заклучи дека и во 2020 година ќе имаме многу високи трошоци за енергија во однос на развиените земји. Тоа ќе ја намали конкурентноста на нашата економија - вели академик Глигор Каневче.Македонија увезува 80 отсто од потребната енергија. Од увоз се снабдуваат вкупните потреби од нафта и нафтени деривати и природен гас, како и дел од електричната енергија.

- Едно е сигурно, цената на увезената електрична енергија на пазарот постојано расте. Цената на нафтата може да се менува. Но, цената на електричната енергија нема да го сопре порастот - вели академик Томе Бошевски.

КЛУЧОТ Е ВО ГАСОТ

Според анализата на МАНУ, треба да се искористат максимално водните потенцијали, јагленот и обновливите извори на енергија (мали хидроцентрали, сончева енергија, ветерот и биомасата). Државата треба да ги обезбеди сите предуслови за поголемо искористување на природниот гас. Долгорочно гледано, според МАНУ, Македонија не треба да отфрла опции за инвестирање во енергетски капацитети во регионот и изградба на нуклеарна централа.Еден од главните предизвици, според експертите, е да се намали потрошувачката на струја во домаќинствата. Посебен проблем претставува тоа што во Македонија, голем дел од домаќинствата се греат на струја.

- Учество на електричната енергија во домаќинствата е повеќе од два пати поголемо во однос на другите европски земји. Карактеристично за европските земји е големото учество на потрошувачката на природниот гас во домаќинствата. Кај нас, се уште не се користи природниот гас во домаќинствата и поради тоа два пати е помало учеството на нафтените деривати во однос на развиените земји. Во таа смисла треба да се преземат мерки за воведување на природниот гас во домаќинствата и за поголемо учество на нафтените деривати, како течен нафтен гас и масло за ложење на сметка на електричната енергија - се вели во првичниот извештај на академиците.

Од аспект на потрошувачката на енергијата во индустријата, посебно е анализирана челичната индустрија. Експертите посочуваат дека клучно е однесувањето на мал број на компании, енергетски интензивни и силно зависни од движењата на светскиот пазар на челик и легури. Вкупната потрошувачка на електрична енергија во Македонија, ако се исклучат овие големи потрошувачи, во последните 17 години расте со просечна стапка од 2,02 отсто.

УЗДИ ЗА ГОЛЕМИТЕ ПОТРОШУВАЧИ

- Мора да се зауздаат големите компании, чија потрошувачка на електрична енергија од 2003 година наваму расте за дури 11 отсто годишно. Ако се изземат тие, растот на потрошувачката кај остатокот од индустријата е релативно прифатлив - вели академик Бошевски.Професорите и' порачуваат на Владата да усвои долгорочна стратегија за енергетика и да подготви акциски план за забрзан економски развој во кој детаљно ќе биде прецизирана улогата на државата во енергетскиот сектор.

- Целосно да се искористи гасоводот и постепено да се воведат пазарни цени на енергијата. Индустријата треба да се преструктуира, да се подобри еколошката состојба и да се зајакнат кадровските и институционалните капацитети - порачува академик Каневче.

Според сценариото за развој на електроенергетскиот систем, кое го подготви академик Томе Бошевски, Македонија до 2020 година ќе мора да ги изгради планираните хидроцентрали во Бошков мост, Црн Камен, Галиште, Чебрен и Велес со вкупна инвестиција од 1,3 милијарда евра. Трите гасни централи: „ТЕ-ТО“ Скопје, „Железара“ и ЕЛЕМ треба да се пуштат во погон до 2013 година. До 2025 година треба да почнат да работат и сите планирани термоцентрали на јаглен од длабински јамски коп: „Битола 4“, „Неготино“ и „Мариово“.

За термоцентралите, академик Бошевски предвидува дека ќе биде потребна инвестиција од скоро две милијарди евра. Паралелно со изградбата, ќе се исклучуваат постојните термоцентрали „Неготино“, „Осломеј“ и „Битола 1 и 2“.

ИНФО-Не се штеди

Македонија троши премногу енергија, не се штеди и не се користат обновливите извори. МАНУ препорачува Владата да усвои итно стратегија за енергетика со акциски план. За изградба на нови хидро- и термоцентрали, се потребни повеќе од три милијарди евра инвестиции.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=90A45A53B4E611488479A50FD6674F89




Posted By: гитардемон
Date Posted: 18-Nov-2008 at 15:15
инаку, што туку кукаат за ова дека 100% ќе сме биле зависни од увоз кога пишува дека новата те-то ќе придонесува за 30% од потрошувачката во македонија. или пишуваше 30% од производството не се сеќавам, сепак како и да е рек битола е 60% од струјата во македонија, така што ако тие заедно сите се 20% од потрошувачката, колку ни треба нам струја? кој ни дава колку 4 цели рек битола (тие 80% шо ги увезваме)

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Nov-2008 at 15:19
Гитардемон, зависноста не се мери така како што мислиш. Според таа логика треба ние воопшто ништо да не произведуваме за да бидеме 100% зависни. Зависноста се пресметува поинаку и тој процент не кажува колкав процент од енергијата што се користи во Македонија е увезена! Тој процент претставува сосема друго, но нема воопшто да го објаснувам моделот на кој се пресметува пошто може да го утнам објаснувањето, а и не ми е јасно до крај.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 18-Nov-2008 at 15:29
па добро, тогаш што би значело 100% зависна од увоз? дека секогаш ќе ни треба увоз за да го задоволиме моменталното побарување, а додека 80% зависна значи дека во 80% од времето сме зависни од увоз, а 20% е доволно она што сами го произведуваме? дај ми барем линк на интернет да го најдам ова да научам, пошто на англиски неможам да замислам како би се викало. dependence on electrical power import?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Nov-2008 at 17:45
ЕЛЕМ: Производтсвото на струја задоволувачко

Трите енергетски блока на ТЕ “Битола“ во октомври произведоа за 6 % повеќе електрична енергија од планираната, согласно енергетскиот биланс за 2008 година, односно од почетокот на годинава досега. Со тоа производството на електрична енергија е поголемо за 2 % од зацртаното согласно енергетскиот биланс на државата, соопшти денеска ЕЛЕМ.

“И рудникот ’Суводол’ во изминатиов период покажува добри производни резултати и континуирано, без посериозни проблеми ги задоволува потребите на термоелектраната со јаглен. Покрај фактот што површинскиот коп Суводол е на крајот на својата експлоатација, а новиот коп Брод-Гнеотино во фаза на отварање, во РЕК ’Битола’ не се чувствува недостиг на јаглен. Напротив, депонијата има преку 300.000 тони  резервен јаглен, количини што одамна не се забележени во овој период од годината.

Ова е само уште еден аргумент повеќе, кој го потврдува фактот дека РЕК ’Битола’ сосема спокојно влегува во годинашната грејна сезона. Добрата погонска подготвеност на блоковите,  по ремонтите, и резервите на јаглен на депонија се добра гаранција дека и во наредниот период, во услови кога  во државата расте потребата од електрична енергија,  Комбинатот ќе продолжи со сигурна и континуирана работа,  и ќе го оствари производството кое од него се очекува според  енергетскиот биланс. Доколку продолжи сегашниот континуитет на производство, до крајот на годината, трите термоблокови се очекува значително да го натрфлат зацртаниот план“, се вели во информацијата до јавноста која ја проследи ЕЛЕМ.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=44435&kategorija=2



Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Nov-2008 at 01:31
ДАЛНОВОД ШТИП-НИШ

Приоритетен проект во програмата за подобрување на енергетската инфраструктура ќе биде далноводот Штип-Ниш.

- Веќе е поднесена предлог-траса до Агенцијата за просторно планирање, која треба да утврди дали далноводот ќе пресекува важни објекти и да го поддржи предлогот. Потоа ќе се решаваат евентуалните проблеми со експропријација, односно со сопственоста на земјиштето - изјави Никола Стојанов, портпарол на МЕПСО.Според Стојанов, во далноводот ќе се инвестираат 14 милиони евра, од кои 11 преку заем од Светската банка, а останатите три милиони ќе ги обезбеди МЕПСО преку државниот буџет. Македонскиот дел од далноводот ќе биде околу 75 километри. Паралелно со далноводот, најавена е и изградбата на една хидроцентрала, брана и отворање нови рудници за јаглен.

Тригодишната инвестициска програма предвидува и модернизација на железничкиот транспорт. За таа цел, Министерството за транспорт и врски ќе набави стотина вагони со кои треба да се модернизира транспортот на стоки. Сите проекти од програмата, според министерот за финансии Трајко Славески, треба да ги дефинира Комитетот за инвестиции. Покрај Славески и Груевски, членови на Комитетот се министерот за транспорт Миле Јанакиески и директорите на ЕЛЕМ и МЕПСО, Влатко Чингоски и Владимир Здравев.

- Министерството за финансии е задолжено да обезбеди пари за проектите и да внимава да не се надминат лимитите на задолжување на државата. Целиот инвестициски циклус ќе го зголеми дефицитот во платниот биланс, но тој нема да биде неодржлив. Пораст на дефицитот во платниот промет е својствен за сите економии што инвестираат во развој - изјави Славески.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9EC1A94E3A0AA947953DF053E2DCE9AA



Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Nov-2008 at 21:37
Енергетската мрежа „паѓа“ од студот



Автор:  М.Р.Ј.
Економија
Енергетската дистрибутивна мрежа попушти под првиот студ и зголемената потрошувачка на струја. За два дена се случија поголеми испади на високонапонскиот далновод Вруток-Тетово, поради што градот под Шар Планина остана 17 часа без струја. Вториот поголем прекин на струја се случил во Кочани, каде здравствениот дом во Кочани, два дена е без напојување со електрична енергија. Причината за тоа е дефект на трафостаницата за чие одржување е задолжена ЕВН Македонија.

Овие проблеми го поттикнаа стравот кај граѓаните за тоа дали претстојната зима ќе имаат редовно снабдување со електрична енергија. Состојбата е алармантна во оние региони каде, поради поскапувањето на огревното дрво и парното греење, многу граѓани се преориентираа да се греат на струја. Од компаниите задолжени за производство и дистрибуција на струја ветуваат дека се максимално подготвени за редовна испорака на енергија.

Состојбата со високонапонската дистрибутивна мрежа е стабилна и нема опасност од пад на системот во преносот на електричната енергија. Испадот што се случи во Тетово не може да се повтори во другите региони во Македонија. Мрежата редовно се одржува и сервисира, уверуваат во МЕПСО.

- Дотраената опрема на двата најстари високонапонски далеководи е причина за испадите во електричното напојување. Далеководот Вруток-Тетово е стар 50 години. Нивната опрема е застарена и МЕПСО има преземено напори за санација на овие далеководи - вели Михаил Пановски, директор за преносна мрежа во МЕПСО.

Со реконструкцијата на далеководите Полог-Тетово и Тетово 1-Скопје 1 трајно ќе се реши проблемот со напојувањето со електрична енергија во Тетово и Гостивар. За негова обнова се обезбедени 3 милиони евра, но тоа не може да се реализира поради отпорот на неколку лица на чии имоти се наоѓаат два столба.

- Работата е во застој поради имотно-правното одделение во Министерството за финансии во Гостивар кое не сака да обезбеди извршност на решенијата за пристап или да побараат асистенција од полицијата. Нивниот пасивен однос го блокира проектот. Буквално двајца локални шерифи со пиштоли во раце го држат цел реон во заложништво - вели Пановски.

Во ЕЛЕМ подготвено ја дочекуваат зимата и ветуваат редовна испорака на произведена електрична енергија во домашните енергетски капацитети. На депонијата на нашиот најголем објект моментно има 300.000 тони резерви на јаглен, што е доволно да обезбеди континуирана работа на трите енергетски блока на РЕК „Битола“. Во октомври во оваа термоцентрала биле произведени 6 отсто повеќе енергија од планираното производство односно тоа е зголемување од 2 отсто повеќе од енергетскиот биланс за овој период од годината. Производствените резултати во рудникот за јаглен Суводол, исто така, се добри.

- Ако се продолжи со оваа динамика трите блока на РЕК „Битола“ ќе го натфрлат поставениот план за производство на струја - велат од ЕЛЕМ.



ЕВН го демантира МЕПСО

„ЕВН Македонија“ ги исполнува сите законски услови за пуштање во употреба на трафостаницата „Теарце“, од чие неработење страдаат потрошувачите на електрична енергија, соопштуваат од ЕВН.

Од оваа компанија ги демантираат изнесените изјави од МЕПСО дека трафостаницата „Теарце“ не исполнува технички и правни услови да биде приклучена во системот. МЕПСО ја ограничува конкуренцијата во енергетскиот пазар и со неприклучувањето на ТС „Теарце“ и причинува ненадоместлива финансиска штета, наведуваат од ЕВН.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=240&ArticleID=11590


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Dec-2008 at 00:44
Еве уште една поразителна вест:
В година ниту денар за енергетски проекти

Тоа значи дека и понатаму нема инвестиции во енергетскиот развој и учество во нуклеарката „Белене“

Владата очигледно нема намера да инвестира во нови енергетски проекти ниту, пак, да финансира учество во бугарската нуклеарка „Белене“, што е сосема спротивно на нејзините јавни заложби за инвестирање во развојот на енергетиката. Ова го тврдат енергетски експерти, кои велат дека тоа е единствениот логичен заклучок ако се има предвид дека во најобемниот буџет досега од 2,7 милијарди евра, кој моментално се анализира во собраниските комисии, не е спомната ниту денар инвестиција во енергетски проекти.

Срамно е за Владата, од толку многу пари предвидени за мебел, за автомобили, за плати, за реклами и за што ли уште не, да не се најдат никакви пари за нови енергетски објекти или барем одредена сума пари како учество во „Белене“, коментираат експерти. Тие прашуваат зошто не се планирани пари за изградба на гасна електрана, паралелно со ТЕЦ „Неготино“, што се заговара долго време. На тој начин земјава ќе се спаси долгорочно од енергетската криза што се' повеќе и' се заканува.

Наспроти фактот што во буџетот нема конкретни средства за енергетските објекти за наредната година, министерот за економија, Фатмир Бесими, на последниот економски форум на ЈИЕ во Охрид изјави дека во енергетскиот сектор се работат неколку проекти во хидро и термопотенцијалот, гасификацијата, како и зафати во преносот на мрежата. За таа цел, не прецизирајќи за кои проекти станува збор, според него, Владата во наредните две-три години планира инвестиции од 3 до 4 милијарди евра.

Слични обвинувања како и експертите упати пред три дена и опозицискиот СДСМ, кој на собраниска комисија укажа дека не е предвиден ниту денар за капитални проекти во енергетскиот сектор, иако за Македонија, како увозно зависна земја од електрична енергија, нужни се инвестиции во обновливи извори на енергија. Додека за стабилна енергетска иднина, неопходно е да се вклучиме во „Белене“ за да не се соочиме со забавување на целата економија. Иако оваа партија поднесе многу амандмани, од кои најголем дел се однесуваа на инвестиции во енергетиката, комисијата не прифати ниту еден. Радмила Шекеринска, пак, обвини дека единствениот аргумент на Владата против инвестирањето во „Белене“ е што тоа ќе ги спречи лесните пари до кои доаѓаат одредени бизнис-кругови во ВМРО-ДПМНЕ со милионските суми евра за увоз на струја.

Според министерот за финансии, Трајко Славески, во буџетот, посредно преку гаранции што служат за резерва, ако Владата оцени дека е потребно, ќе се издвојат пари за ревитализација на дотраените домашни енергетски капацитети. Тоа, според експертите, не дава цврста сигурност дека воопшто ќе има инвестиции. Тие велат дека пренамена на пари од една за друга цел не значи ништо. Туку дека, ако Владата мислела да инвестира во енергетски проекти, требаше конкретно да го вгради тоа во текстот на буџетот.

Настрана од немањето планови за инвестиции за наредната година, Владата и во изминатиот период од годинава ги закочи веќе започнатите тендерски процеси. Беше се' поизвесно дека изборите во јуни уште повеќе ги пролонгираат работите со ХЕЦ „Бошков мост“, ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“, тендерот за 28-те мали хидроцентрали, како и со тендерот за избор на консултанти кои требаше во март годинава да го утврдат моделот на приватизација на ЕМО и на ОХИС. Заокружувањето на документација за сите овие тендери тапкаше и ќе тапка во место најмалку уште неколку месеци. Владата молчи и за тендерот вреден 500 милиони евра, за кој гласно се фалеше, „Чебрен“ и „Галиште“. Тендерот го доби германската РВЕ пред шест месеци. Уште нема информации на што се чека се' уште

http://utrinski.com.mk/?ItemID=24B0E6EF999C5040B898B6477929CC48



Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Dec-2008 at 11:14
ЕК: Потребни се независни регулатори



Економија
Македонија и понатаму треба да работи на независноста на регулаторните тела во енергетиката, порача претставникот на Европската комисија на вчерашната седница на собраниската комисија за економски прашања, на која се расправаше за извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во 2008 година во делот на економските критериуми, пренесе МИА.

Претставникот на Европската комисија во Скопје посочи дека Македонија има направено најголем напредок во економските критериуми во однос на сите одредници. Според него, исклучок е сè уште недоволната независност на регулаторните тела. Во делот за енергетика во извештајот на ЕК, меѓу другото, се наведува дека степенот на независност на регулаторот за енергетика и регулаторот за заштита од радијација останува несоодветен и оти во областа на енергетиката земјата не е соодветно подготвена.

Заменик-министерот за економија Методија Хаџи-Васков изјави дека во сите сегменти од економската сфера е постигнат значаен напредок.

- Трите особено битни области каде што е направен напредок се слободниот протек на стоки и услуги и регистрацијата на трговските друштва, втор сектор е енергетиката, особено во либерализацијата на пазарот, во обновливите извори и во енергетската ефикасност. Третата област се однесува на индустриските политики - рече Хаџи-Васков.

Хаџи-Васков додаде дека простор за работа сè уште има кај административните капацитети, имплементацијата на донесените закони и обука на институциите во подобрување на надзорот на пазарот.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=253&ArticleID=12713



Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Dec-2008 at 01:19

Замена на јагленот со гас за намалување на стакленичките гасови

Иднината е во т.н. зелена економија, а компаниите што ќе инвестираат во чиста технологија ќе бидат наградувани

Сања Наумовска

Замена на јагленот со природен гас во термоцентралите треба да биде придонесот на Македонија во намалувањето на климатските промени. Главен извор на емисии на стакленички гасови, од кои директно зависат климатските промени, во нашата држава е енергетскиот сектор, особено термоцентралите кои работат на лигнит. Во создавањето на овие гасови учествуваат со близу 70 проценти, а ослободуваат најмногу јаглероден диоксид, 80 проценти. По енергетиката, штетни гасови емитираат и патниот сообраќај, земјоделството, депонирањето на цврстиот отпад, градежништвото и други.

Ова се дел од податоците содржани во Вториот национален план за климатски промени, изработен од Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со УНДП, кој беше промовиран вчера во присуство на министерот Неџати Јакупи и постојаниот претставник на УНДП Марија Мехијас.

Ублажувањето на промените, според препораките на планот што го донесе Владата минатиот месец на глобално и на национално ниво, треба да одат во правец на интервенции во замена на горивото, од јаглен на природен гас во термоцентралите. Потребно е подобрување на енергетската ефикасност во индустријата, промовирање чиста технологија, која троши помалку струја и, како најважно, поинтензивно промовирање обновливи извори на енергија, хидро, соларна, геотермална, дожд и ветер.

„Експертите предвидуваат многу веројатен пораст на температурите и суши, недостаток на вода и порадикални промени на временските услови, особено за Медитеранскиот регион, каде што припаѓа и Македонија. Поради тоа, неопходна е ориентација на земјата кон почисти технолошки процеси, т.н. зелена економија, за што, како и кај другите економски транзиции, ќе има огромни награди за компаниите што ќе ги прифатат иновациите во овој правец“, истакна Мехијас.

Вториот национален план предвидува и значајни промени во повеќе области од живеењето и производството, врз кои ќе влијаат глобалните промени во климата. Како што образложи Теодора Обрадовиќ-Грнчаровска, национален координатор за климатски промени, во Македонија се очекува намалување на земјоделските приноси од некои култури. Најзагрозени се пченицата, грозјето, доматите, пред се' поради тенденцијата на постојано зголемување на температурите, кои се претпоставува дека ќе пораснат за 3,8 Целзиусови степени до 2100 година. Од друга страна, пак, тенденцијата за намалување на врнежите од дожд продолжува и понатаму, особено во летните периоди.

„Ефектот на стаклена градина ќе влијае и на зголемување на заболените од малигни и од кардиоваскуларни болести“, истакна Грнчаровска, како и на намалување на достапноста на населението до чиста вода за пиење до 18 проценти. Погодени ќе бидат и некои природни реткости како што се пелистерската молика и Дојранско Езеро.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=CB6E4A1BBCE6844393BB2A2FA0B3E13B




Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Dec-2008 at 23:32
За енергетика-10 милиони евра


Владата одвои десетина милиони евра за спас на енергетската мрежа на државните компании МЕПСО и ЕЛЕМ.Предвидено е во следниве три години да се инвестира во далекуводи и транформатори.Според вицепремиерот Зоран Ставревски дел од средствата веќе се проектирани во државниот буџет за идната година.

МЕПСО деновиве има проблеми со санација на далекуводот во реонот на Гостивар,што е лоциран на приватен имот и поради тоа од компанијата бараат помош од надлежните институции.Со поправката на далекуводот ќе се надминат честите дефекти и проблемот со недостаток на електрична енергија во Гостивар и Тетово.

http://vecer.com.mk/?ItemID=0429B1802953E2478F45A54797DE6B3A




Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Dec-2008 at 23:31
Класичните светилки заминуваат во историја
Класичните светилки во ЕУ ќе можат да се користат до 2012 година, а потоа само штедливите светилки, одлучиле експертите во рамките на Европската комисија.
За таа одлука, како што пренесуваат европските агенции, треба да се изјаснат државите членки на ЕУ и Европскиот парламент. Доколку не бидат против, предлогот може да виде прифатен по скратена постапка во март следната година. Новите мерки би можеле да важат од септември 2009 година, кога од пазарите би требало да се повлечат класичните светилки од 100 вати. Неколку месеци покасно би ги снемало и останатите варијанти на светилки што се над 40 вати. Во домаќинствата старите светилки ќе можат да се користат и после тој период, со тоа што од 2012 ќе можат да се купат само штедливите светилки.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6F549F00DBE58F4A81D385401389E3DE
Ова незнаев каде да го сместам. Сепак нека иде тука како една од енергетските вести.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Dec-2008 at 03:07

Да се искористат обновливите извори на енергија

„Подобрувањето на енергетската ефикасност, како и поголемото вклучување на обновливите извори на енергија во енергетската потрошувачка е една од главните програмски определби на Владата во енергетскиот сектор во наредниот период", рече министерот за економија Фатмир Бесими во поздравниот говор на отворањето на меѓународниот форум „Енергетска ефикасност - регионална соработка“, што се одржа вчера во МАНУ во рамките на „Недела на енергетика - Македонија 2008“.

Бесими рече дека во Македонија има поволни услови за искористување на обновливите извори на енергија.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=40D42DFEB7734F44AFC7DBA8F0FCA4CA


На овој семинаров додека се дебатираше за енергетска ефикасност снема струја! Crazy


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Dec-2008 at 03:10
Новата методологија може да ја остави Македонија без струја

На ЕВН ќе и' се признаваат нереално ниски трошоци, поради што ќе остане без пари за набавка на струја од ЕЛЕМ

Практичната примена на новата методологија за пресметка на цената на струјата што ја подготви Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) може да го доведе во прашање снабдувањето со струја на потрошувачите. Бидејќи со неа ќе се признаваат голем дел од трошоците на ЕЛЕМ за сметка на малиот процент признати трошоци на „ЕВН Македонија“, што ќе има финансиски последици врз компанијата. Пред се', се доведуваат во прашање нејзините идни инвестиции во мрежата, но и плаќањето на обврските за набавка на струја од ЕЛЕМ, бидејќи дистрибутерот може да се доведе во неликвидност за покривање на тековните обврски.

Од „ЕВН Македонија“ се незадоволни поради лошата распределба на признати трошоци, односно на големата поддршка која со методологијата и' се дава на државната ЕЛЕМ, наспроти ограничувањата на ЕВН, која исклучиво се финансира од наплата на сметките на струјата. ЕЛЕМ во иднина може да пријавува до РКЕ се' поголеми трошоци што ќе и' бидат одобрени и врз основа на тоа да бара и зголемување на цената на струјата.

„Суштинските делови ги нема во оваа методологија и може да дојде до загрозување на позицијата на ЕВН на пазарот на енергетика. Доколку на ЕВН не и' се признаат одредени тарифи, може да се предвиди неликвидност на фирмата, а со тоа и запирање на инвестициите, како што е онаа во ’Бунарџик‘. Но, ќе се загрозат и сите обврски што ги има ЕВН кон ЕЛЕМ“, изјави Карл Хајнц Грасман, заменик-претседател на УО на „ЕВН Македонија“, потсетувајќи дека компанијата досега инвестира 90 милиони евра во мрежата.

Новата методологија за пресметка на цената на електричната енергија најверојатно ќе биде готова за еден месец, а РКЕ и претставници на енергетските компании МЕПСО, ЕЛЕМ и „ЕВН Македонија“ вчера одржаа подготвителна седница на која ја разгледуваа предложената методологија.

Според претседателот на РКЕ, Славе Ивановски, методологијата не би требало да значи зголемување на цената, туку таа може да даде можност и за нејзин пад. Тој рече дека во иднина на потранспарентен начин ќе се пресметуваат трошоците, а РКЕ ќе има подобар увид во нивната реалност. Тоа би значело дека цената на струјата може и да се намали, бидејќи кога ќе се признаат реалните трошоци на компаниите, тогаш ќе се види колку тие инвестирале или не и дали имало или немало толкави трошоци колку што претставиле во своите извештаи. „Се обидовме да направиме транспарентен пристап, со многу попрецизни податоци во однос на она што се прикажува од регулираните компании како инвестиции, така што сметам дека ќе имаме и многу пофер однос“, рече Ивановски.

Инаку, со новата методологија и понатаму на „ЕВН Македонија“ ќе и' се признаваат загуби на струја од 11 проценти, иако од компанијата побарале поголем процент што ќе биде признат во цената. Од ЕВН побарале и ризикот на земјата да се земе предвид при определување на цената на струјата, односно нивните досегашни вложувања да се вреднуваат со одредена стапка на ризик, а забелешки доставиле и во однос на признавањето на инвестициите, но тие не биле прифатени од РКЕ.

„Она што досега е дадено како нацрт во методологијата е сосема доволно да им се обезбеди нормално работење на компаниите“, изјави Ивановски, додавајќи дека методологијата е организирана согласно со обврските од Законот за енергетика.

Инаку, Ивановски се' уште ја извршува функцијата директор на РКЕ, иако мандатот му е завршен пред неколку месеци.

Законската регулатива предвидува усогласување на методологијата на секои три години и тоа требаше да се случи до крајот на 2007 година. Одложувањето за две години е поради бавноста на другите законски измени со кои треба да се уредува либерализацијата на пазарот со струја.

Од „ЕВН Македонија“ се надеваа дека новата методологија, за разлика од претходната, ќе ги прикаже реалните трошоци во работењето и ќе овозможи и формирање реална висина на цената на струјата.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=670192DFF1355C46BA9A35B195CF90FD



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-Dec-2008 at 12:01
Бугарија ја поддржува Македонија за ЕУ, НАТО и визната либерализација

Скопје, 15 декември (МИА) ...
...
Двајцата премиери најавеното пуштање во употреба на далноводот Дуброво - Црвена Могила го оценија како важен елемент за развој на Коридорот 8, како и за поттикнување на инвестициите.  ...


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2008 at 05:00

Македонија и Бугарија се поврзаа со нов далновод

Кај трафостаницата „Дуброво“, во близина на ТЕЦ „Неготино“, вчера свечено беше пуштен во работа новиот 400- киловолтен далновод Дуброво - Црвена Могила , што ги поврзува Македонија и Бугарија.

Далноводот е првата 400 -киловолтна врска меѓу енергетските системи на Македонија и на Бугарија. Тој е изграден во согласност со Договорот за енергетска соработка меѓу двете земји, со средства на МЕПСО и на бугарскиот НЕК- преносен оператор, како и со заем од ЕБОР, за кој државна гаранција даде Владата. Вкупната инвестиција на проектот изнесува 32 милиони евра, од кои 19 милиони се за далноводот. Тој е долг 150 километри, од кои 70 се на територијата на Македонија. Предвидено е НЕК да исплати средства во износ од 9,5 милиони евра, што МЕПСО ги инвестира за изградба на далноводот на бугарска територија, со доставување на електрична енергија за Македонија. На вчерашната свеченост присуствуваа премиерите на Македонија и на Бугарија, Никола Груевски и Сергеј Станишев.

Со пуштањето во работа на овој далновод, започнува реализацијата на Коридорот 8. Премиерот Груевски посочи дека тој е од исклучително значење за Македонија и за Бугарија, но и за целиот регион, бидејќи ќе обезбедува сигурност во снабдувањето со електрична енергија. „Во последните години енергетскиот дефицит станува предизвик на Македонија и за регионот поради што е неопходен оптимален пристап за зголемување на производните капацитети со дополнителни инвестиции за изнаоѓање нови извори на енергија и за енергетско поврзување со регионот“, рече Груевски.

Тој додаде дека Владата иницира сериозен инвестициски циклус од 1,5 милијарда евра во следните четири-пет години во делот на хидроцентрали, термо и гасни централи, како и во обновливи извори на енергија. Груевски потсети дека неодамна се склучени договорите за концесија за изградба на 400 мали хидроцентрали, деновиве ќе се објави јавниот повик за изградба на „Чебрен“ и „Галиште“ и дека во завршна фаза е постапката за избор на стратегиски партнер за хидроцентралата „Бошков мост“. (МИА)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=519BFA2FACBC5C4999638CDA1E433F5F


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Dec-2008 at 10:37
Се гради трафостаницата во Штип
МЕПСО интензивно работи на изградбата на новата трафостаница во Штип со која треба да се подобри високонапонската електроенергетска мрежа во тој регион. Вчера таму се поставуваа порталите, високи 27,5 метри со кои трафостаницата ќе се приклучи на 400-киловолтниот далновод што ги поврзува Македонија и Бугарија.
- Ова е наша најголема инвестиција во реонот на источна Македонија, реализирана во последните десетина години, вредна повеќе од 11 милиони евра. Таа е финансирана од МЕПСО и со кредит од Европската банка за обнова и развој. Трафостаницата почна да се гради на 3 март годинава, а се планира да биде завршена и вклучена во електроенергетскиот систем на пролет идната година - изјави портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов. Според него, оваа трафостаница ќе ги задоволи потребите на реонот на источна Македонија за наредните 10 години и ќе обезбеди стабилно снабдување со струја и за потенцијалните странски инвеститори што ќе инвестираат во технолошко-индустриско-развојната зона Штип, која се наоѓа во непосредна близина на трафостаницата.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=213AD636EBDFA6479668C7267168DE9F

1

2


Од МИА


Posted By: vardar
Date Posted: 22-Dec-2008 at 01:05

Хрватски „Алстом“ ќе ја модернизира „Енергетика“ за 2,7 милиона евра

Хрватската компанија „Алстом“ ќе биде изведувач на реконструкцијата на два турбоагрегата во подружницата „Енергетика“, во што „Електрани на Македонија“ ќе инвестира 2,7 милиона евра.

- ЕЛЕМ успешно ја заврши тендерската постапка и за изведувач преку тендер ја избра хрватската компанија „Алстом“ од Карловац. Предмет на инвестицијата е модернизација на старите турбини произведени во периодот од 1964 до 1966, кои со години не беа во функција и кои по реконструкцијата комбинирано ќе произведуваат електрична и топлинска енергија - велат од ЕЛЕМ. Со тоа, државната компанија ќе има на располагање приближно 30 мегавати нова инсталирана моќност за потребите на домашниот електроенергетскиот систем.

Подружницата „Енергетика“ се предвидува да произведува годишно до 160 гигават-часови струја, плус со можност за производство до 200 гигавати топлинска енергија. Како погонско гориво ќе се користи природниот гас, кој досега на истата локација се користеше само за производство на топлинска енергија. Оваа инвестицијата се очекува значително да ги намали трошоците за производство на топлинска енергија и да ја зголеми ефикасноста на агрегатите при производството на електрична енергија. Хрватската компанија „Алстом“, според договорот, ќе треба да ја заврши реконструкција пред почетокот на наредната грејна сезона, најдоцна до средината на октомври 2009 година. 

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AA176069039BFC40B87494277E34C979 - Dnevnik


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Dec-2008 at 00:20
Англичани ќе инвестираат во регионална депонија

Реализацијата е неизвесна поради страв од загадување на животната средина

ШТИП - Англиската групација „Вирвољ“ е подготвена да инвестира 30 милиони евра во изградба на најсовремена регионална депонија во источниот дел на земјава. Во оваа современа фабрика отпадоците би се претворале во топлинска енергија која може да се користи за греење станови. Сепак, реализацијата е неизвесна поради страв од загадување на животната средина. Ниту една општина од Брегалничкиот регион не сака депонија на свое подрачје, па затоа и не е избрана локација.

Идејата за проектот „Регионална депонија“ кај локалните власти на Штип, пред новогодишните празници ја образложи директорот на англиската групација, Крис Прат. Тој појасни дека ја имале предвид студијата која за регионалната депонија, која своевремено ја подготвиле општините од истокот.

„Ние сме конгломерат од повеќе фирми кои го здружија капиталот и знаењето во рециклажа на отпадот. Слични инвестиции реализиравме во Англија, Франција, Шпанија. Наша цел е да ја елиминираме концентрацијата на секаков вид отпад и, секако, од тоа да правиме профит. Тука го гледаме двостраниот интерес - општините да се ослободат од отпадот, а ние да произведуваме чиста енергија од отпад“, изјави Крис Прат.

Првиот човек на „Вирвољ“ потенцира дека депонијата е, всушност, најсовремена фабрика за трансформација на сите видови отпадоци во топлинска енергија. Услов за да се гради таков капацитет е регионот да има отпадок од 150.000 тони на годишно ниво. Брегалничкиот регион го исполнува тој услов. Прат вели дека топлинската енергија ќе може да се употребува за затоплување станбени и деловни објекти.

„Подготвени сме проектот да го реализираме како јавно-приватно партнерство. Наша обврска ќе биде целосно да го финансираме проектот, а општините да обезбедат услови за собирање и транспортирање на отпадот", потенцира Прат.

Според него, депонијата ништо и никого не загадува, а просторот околу неа ќе личел на цветна градина. "Вирвољ" имала готов проект и во оваа работа сакала да инвестира 30 милиони евра.

„Станува збор за успешно менаџирање со отпадот, нешто што во светот во кој свеста еколошки се' повеќе се развива е од поголемо значење. Во таа смисла ние сме подготвени да работиме со регионот и Општина Штип како негов центар", вели Крис Прат.

Сепак, тука има еден голем проблем. Имено, општините од регионот цели пет години не можат да се договорат каде да биде депонијата. Имаше повеќе локации, последната во Општина Карбинци, но таму се побуни населението. Всушност, регионалната депонија никој не ја сака во својот атар. И тоа се' поради фактот што населението нема информации за каков вид депонија станува збор, а смета дека тоа е извор на големо загадување.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=53E4CFB5E9CB954D883006E7B636CEEA

Уффффффф...................... Ај да ми легне материјалов, па ќе дадам мислење у некој од наредниве денови.....


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Jan-2009 at 14:49
Потпишан договор за изработка на Базна студија за искористување на извори на енергија

http://netpress.com.mk/vestiimages/47388/Besimi-Stardelov.jpg">

Министерот за економија Фатмир Бесими, и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите академик Георги Старделов денеска во просториите на Акедемијата потпишаа договор за изработка “Базна студија за искористување на обновливите извори на енергија на Република Македонија“.

МАНУ во наредните четири месеци треба да ја изработи студијата во која ќе има детален преглед на расположивите ресурси на обновливи извори на енегија во Македонија и можноста за нивно користење, пишува на владиниот сајт. Исто така, во неа ќе биде утврден целниот процент на електрична енергија произведена од повластени производители кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија, начинот и динамиката на постигнување на целниот процент, како и целниот процент на вкупната потрошувачка на обновливи извори на енергија.

“Стратегијата за искористување на обновливите извори на енергија во Република Македонија, односно стабилноста на енергетскиот систем е еден од врвните приоритети на Владата. Првиот работен ден од годинава го почнуваме со симболично потпишување на овој значаен договор од областа на енергетиката“, изјавил министерот Бесими по потпишувањето на договорот.

Тој посочи дека енергетиката е една од најзначајните теми на светско ниво бидејќи, како што рече, геополитички и стратешки е многу значајна на глобално ниво.

- Особено сум задоволен што годинава ја почнуваме со еден ваков голем проект кој МАНУ го доби на најтранспарентен начин преку јавен оглас, што е уште една потврда за кредибилитетот, компетентноста и современоста на оваа наша институција да работи на значајни проекти и директно да придонесе за идните политики од областа на енергетиката на владите и на Министерството за економија“, додаде министерот Бесими, истакнувајќи дека стратегијата е базирана на научни основи и оти во неа ќе бидат имплементирани последните светски практики.

Министерот за економија нагласи дека другата значајност на овој, како што го нарече, меѓугенерациски договор е што ќе придонесе за заштита на животната средина.

- Сведоци сме дека светот се соочува со глобалното затоплување, а еден од главните генератори за неговото појавување е токму секторот за енергетика, како најодговорен за значајната емисија на јаглерод диоксид, еден од главните предизвикувачи на затоплувањето. Ние денеска сме сведоци на еден договор како Македонија ќе пристапи кон искористување на алтернативните извори на енергија, што значи „0“ емисија на јаглерод диоксид, рече министерот Бесими.
 
Со тоа, како што кажа, како земја кандидат за членство во ЕУ Македонија предвреме влегува во реализација на Проектот до 2020 година 20 отсто од енергијата на ниво на Унијата да се произведува од обновливи извори на енергија, бидејќи е евидентно дека дотогаш ќе стане членка на ЕУ.

Академик Старделов рече дека задолжен за изработка на стратегијата ќе биде Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали на МАНУ со кој раководи академик Јордан Поп Јорданов.

“Убеден сум дека МАНУ има историска шанса да го покаже својот колективен ум и знаење, бидејќи денеска не потпишуваме само договор за изработка на еден голем проект, туку почнуваме да готвиме стратегија која ќе биде методолошки поинаква од сите останати“, рече академик Старделов, посочувајќи дека се планира таа да стапи во сила веднаш и да влијае на сегашноста, а не да го опишува идното време.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=47388&kategorija=2


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 02-Jan-2009 at 20:35
Мојот дом во деновите пред и по Нова 2009-та.




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Jan-2009 at 22:03
Нека не те чуди!! Маџир маало неможе да мрдне од 180 VAC погоре!


Posted By: vardar
Date Posted: 05-Jan-2009 at 02:07

Гасната војна нема да не' смрзне

Ако испораката на гас секне, „Топлификација“ ќе се префрли на мазут

Соња Маџовска

Откако настана проблемот меѓу руски „Гаспром“ и Украина поради неплатени долгови и одбивањето на Киев да ја прифати новата повисока цена на рускиот гас, вчера од „Гаспром“ изјавија дека ги обезбедува неопходните количества природен гас за Европа. Рускиот гигант „Гаспром“ уште еднаш ја обвини Украина, која има улога на транзитна земја, дека е одговорна за намалувањето на доставувањата на европските клиенти. Поради длабочината на проблемот и претседавачот со Европската унија, Чешка, свика итен состанок на земјите- членки на Унијата за денеска во Брисел.

Македонските компании кои користат гас смируваат и велат дека нема да имаат проблеми во работењето, особено „Топлификација“ од каде што порачуваат дека ако настане посериозен проблем во снабдувањето со гас ќе се преориентираат на мазут и граѓаните нема да останат без парно греење.

Информациите околу снабдувањето со гас го вклучија алармот откако викендов и шефот на бугарската компанија „Булгаргас“ предупреди дека поради намалена испорака на руски гас кон Бугарија е доведено во прашање и снабдувањето со гас во Македонија, Турција и Грција, земји кои со овој енергенс се снабдуваат преку Бугарија, која пак, викендов добила дури за 15 проценти помалку руски гас преку Украина.

Во земјава дваесетина компании го користат гасот како енергенс.

Првиот човек на „Топлификација“, Димитар Хаџимишев, уверува дека граѓаните нема да останат без парно греење.

„Македонскиот оператор ’Макпетрол‘ е во непосредни разговори со Бугарија. Според нив, нема непосредна опасност за прекин на доставувањето гас. А ако се случи тоа, ние ќе можеме уште 2-3 дена да користиме гас. Има одреден период на отказ во кој можеме да се преориентираме на мазут.

Така, нема никаков проблем за снабдувањето со топлина и за снабдувањето со гас во овој момент“, објаснува Хаџимишев. Според него, веќе извесно време „Топлификација“ бара целосно да премине на користење мазут, што е за 2,5 пати поевтино од гасот.

Извори од фирмата велат дека ако им се дозволи целосно користење мазут, тоа ќе доведе до драматично намалување на цената за парното греење, дури и повеќе од 60 отсто, односно тоа може да значи поголемо намалување и од цената на парното што ја имавме до август. И онака овој месец се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ја намали цената на парното, но со сегашната поставеност на користење во комбинација на гасот и мазутот, очекувањата се дека намалувањето на цената на парното може да биде околу 20 до 30 отсто.

Инаку, од „Топлификација“ велат дека тие веќе подолго време од Министерството за животна средина бараат целосно да се преориентираат на мазут и за тоа се во тек преговори.

Според информациите од ГАМА, состојбата со снабдување со гас кај нас е нормална, а доколку дојде до промени - потрошувачите навреме ќе бидат информирани.

Што се однесува до проблемот меѓу „Гаспром“ и Украина, вчера од

„Гаспром“ изјавија дека го доставуваат гасот до украинскиот систем за транспорт со целосно почитување на договорот за транзитирање и според барањата на европските потрошувачи. Според портпаролот на компанијата, Сергеј Купријанов, намалениот притисок во украинскиот систем за транспорт на гас се должи на непочитувањето на ангажманите од украинска страна.

„Гаспром“ ја повика, исто така, Европската унија да го контролира транзитот на руски гас преку Украина за Европа и вети дека ќе го зголеми обемот на енергенсот за да ги компензира загубите.

Полска, Романија и Бугарија потврдија дека доставувањата на руски гас, кои минуваат преку Украина, се намалени.

Заменик-претседателот на Управниот одбор на рускиот гигант „Гаспром“, Александар Медведев, завчера во Прага изјави: „Од 31 декември Украина одби да преговара со ’Гаспром‘ и избегнува достава на природен гас, наменет за европските потрошувачи, нарушувајќи ја на тој начин обврската на транзитна држава“. Тој додаде дека ја повикале Украина да се воздржи од таквите незаконски дејства и украинските претставници да се вратат во Москва со цел веднаш да се договори спогодба за доставување природен гас, која ќе биде прифатлива за двете страни.

Претходно Медведев изјавуваше дека преговорите со Украина се одвиваат тешко и дека единствен излез е да се најде начин Украина да се заобиколи, а гасот да се испорача до другите земји.

На 1 јануари Русија го запре доставувањето природен гас за Украина, бидејќи Киев не ги исплати на време старите долгови кон „Гаспром“ и не беше постигната спогодба за цените по кои рускиот енергетски гигант ќе ја доставува суровината на Киев во 2009 година. „Гаспром“ најави и тужба за украинската компанија „Нафтогас“ пред Меѓународниот арбитражен суд.

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F1CD5EFA647D5540B8D2F33DEF0225FE - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F1CD5EFA647D5540B8D2F33DEF0225FE


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jan-2009 at 03:30
Владата ги чешла инвестициите на ЕВН

Компанијата „Ернст и Јанг“ ќе врши независна ревизија дали Австријците вложиле 96 милиони евра, а резултатите ќе бидат познати во февруари


Несогласувањата кулминираа со изјавата на премиерот Груевски дека е разочаран од работата на австриската компанија

Владата проверува дали „ЕВН Македонија“ ги исполнила условите од купопродажбениот договор кои предвидуваат Австријците да инвестираат 96 милиони евра до 2009 година во реконструкција на дистрибутивната мрежа. И од ЕВН и од Министерството за економија потврдуваат дека независната ревизија ќе ја врши компанијата „Ернст и Јанг“, а резултатите ќе бидат познати во февруари.

Несогласувањата меѓу Владата и „ЕВН Македонија“ кулминираа завчера, кога премиерот Никола Груевски изјави дека е разочаран од работата на австриската компанија, која според него е најлош странски инвеститор во земјава. Премиерот Груевски и вчера му порача на ЕВН да се однесува совесно, одговорно и согласно со законите во државата.

- Во Брвеница и Демир Хисар веќе шест месеци имаме неотворени готови спортски сали поради тоа што ЕВН одбива да пушти струја. Тоа е една многу чудна работа, запирање на проектите на Владата и монополистичко однесување. Не е толку страшно што половина година државата чека ЕВН да приклучи струја за спортските сали што ги направила, туку уште потрагично е што многу компании во приватниот бизнис, фабрики или други објекти што се градат, чекаат и молат со месеци монополот ЕВН да им приклучи струја - изјави Груевски.Од „ЕВН Македонија“ велат дека Агенцијата за млади и спорт се' уште не платила за приклучокот, иако за овој проект се потпишани договори и испратени фактури.

- Како големи поддржувачи на спортот и образованието, му даваме целосна поддршка на проектот за изградба на спортски сали и затоа имаме добра соработка и специјален третман на Агенцијата за млади и спорт. Постапуваме според законот, бидејќи поинаку не знаеме да работиме - велат од ЕВН.

Во ЕВН се изненадени од изјавата на премиерот и жалат што тој не може да го види напредокот на австриската компанија. Тие велат дека дефектите се двојно намалени во однос на претходните години. Како главна причина за дефектите од ЕВН ги посочуваат кражбите на струја и неприклучените нови трансформатори. Австријците сметаат дека Владата систематски ги опструира.

- Работевме на подобрување на состојбите во Македонија и ќе продолжиме во иднина. Ќе работиме согласно со законите во државата и во интерес на потрошувачите. Државните институции се тие што треба да ни овозможат пристап насекаде и да се обезбедат социјални пакети за тие што не можат да платат струја - велат од „ЕВН Македонија“.„ЕСМ дистрибуција“ беше продадена во 2006 година за 225 милиони евра плус обврска за 96 милиони евра инвестиции во следните три години. Во тој период ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, а сегашниот директор на „Електрани на Македонија“, Влатко Чинговски, од името на партијата јавно ја осуди продажбата, нарекувајќи ја тројански коњ.

Следеа серија несогласувања, а ЕВН побара државата да им врати 22,5 милиона евра бидејќи затекнатата состојба во ЕСМ не соодветствувала со објавеното во тендерот. Во ноември 2007 година владата на Груевски преку соопштение во јавноста најави дека е заинтересирана да ја откупи ЕСМ, која веќе една и пол година беше сопственост на ЕВН. На крајот на 2007 година се најавија проверки на остварените инвестиции на ЕВН, а лани власта побара 18 милиони евра за непочитување на договорот. Австријците одговорија дека не постојат докази за неисполнување на инвестициите од договорот бидејќи нема ревизорски извештај и најавија тужба пред Арбитражниот суд во Лондон.

Владата и „ЕВН Македонија“ се судрија и за Законот за енергетиката, со кој ЕЛЕМ доби право и да тргува со струја. ЕВН имаше забелешки и за новата методологија за пресметка на цената на струјата. Австријците тврдат дека со неа се доведени во прашање ликвидноста на компанијата, работните места и понатамошните инвестиции, надвор до договорот за купопродажба.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DFD22E3EA46051479E4AFA007C783178



Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jan-2009 at 03:45
Ќе се бараат нови наоѓалишта на јаглен


Министерството за економија годинава ќе потроши 650.000 евра за испитување на локации каде би можело во наредниот период да се експлоатира јаглен за производство на струја. Според Програмата за детални геолошки истражувања на минерални суровини за производство на електрична енергија во 2009 година, која министерот за економија, Фатмир Бесими ја претстави на последната владина седница, испитувањата ќе се вршат за веќе постојни наоѓалишта како што се Суводол и Брод Гнеотино, кои во моментов се под концесија на ЕЛЕМ и се експлоатираат за потребите на ТЕЦ Битола, како и наоѓалиштата Живојно и Лавци.
- Во наоѓалиштето Неготино, ЕЛЕМ ќе испитува колкави количини јаглен има за потребите на неготинската термоцентрала. Во наоѓалиштето Буковјани ќе се испитува јаглен за потребите на ТЕЦ Осломеј. Министерството за економија ќе врши испитување на наоѓалиштето Страгомиште, како и колкави количини на јаглен има во Делчево и Пехчево за потребите на евентуално некоја нова мала термоцентрала - вели Бесими.

Предвидени се и испитувања на наоѓалишта на јаглен за потребите на индустријата, односно за широка потрошувачка. Такви се детектирани три наоѓалишта - во Катланово, Искупштина и во Берово.
- Согласно проценките, предвидено е во текот на 2009 година да се вршат истражувања во сите овие наоѓалишта со што ќе имаме јасна слика за тоа колкав е нивниот капацитет и евентуалната нивна корисност за продолжување на векот на траење на постојните термоцентрали и евентуално отворање на нови капацитети во земјава. За оваа намена досега имаме обезбедено 22,7 милиони денари, а дополнително ни се потребни уште 17,9 милиони денари - вели Бесими.

20 милиони денари за свеќите да се заменат со светилки
Владата и во текот на оваа година ќе продолжи со електрификација на селата каде се уште жителите користат свеќи за осветлување. Според министерот за економија, Фатмир Бесими, за оваа намена се издвоени 20 милиони денари буџетски пари, но дополнително ќе се утврдува за кои локации и за кои села ќе бидат потрошени.

За вицепремиерот Зоран Ставрески, носењето струја до секој дом и во секое село во земјава е приоритет на Владата. Според него, потребна е подлабока анализа уште колку села има во државата што не се електрифицирани.
- Можеби треба да се донесе политичка одлука за ова прашање. Најпрво Министерството за економија треба да ни подготви информација колку села се и колку чинат трошоците за електрификација и тоа да го ставиме како еден од приоритетите на Владата при распределбата на средства за следните буџети. Овој процес мора да го завршиме за да нема повеќе село во Македонија што ќе остане без струја - смета Ставрески.

Минатата година државата на преносниот оператор МЕПСО му префрли 8,8 милиони денари за електрификација на само две села: Бекирлија - општина Лозово и Батање - општина Карбинци.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F6B0D7DD08B7B0429AA3A74F30958F9F


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jan-2009 at 10:09


Дај боже за една година да може да се направат сите потребни истражувања за во 2009 да добиеме јасна слика како стоиме со јаглен, што е од клучно значење за сите енергетски проекции што ги правиме. Досега слушаме само шпекулации, од тоа дека сме многу т'нкина ова поле, до тоа дека ги немаме чепнато главните резерви.


А за електрификацијата, случајно го гледав тој дел од седницата. Бесими беше задолжен до средината на февруари да изготви детална информација за тоа кои села се неелектрифицирани и колку би чинела нивната електрификација, како би можела владата да излезе со рок до кога треба да се заврши таа работа и конечно како држава ова елементарно прашање да го оставиме зад нас.


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Jan-2009 at 11:57

ТВ Алфа: МАНУ предлага дури и нуклеарка за да имаме струја

Инвестирање во големи хидроцентрали – дури и изградба на нуклерка, за Македонија да има стабилно и сигурно снабдување со струја во следните 20 години. Ова е главната препорака на МАНУ во Енергетската стратегија на Макеоднија која е испратена на разгледување до Владата, објави вчера Алфа телевизија.
Стратегија се заснова на колку што е можно поголемо искористување на домашните ресурси и што помал увиоз на струја. Оттука, проекциите, зависно од различните сценарија, предвидуваат најмалку 2, а најмногу 5 милијарди евра инвестирање во енергетски објекти. Меѓу наведените проекти се големите хидроелектрани: Чебрен, Галиште и Бошков Мост, нови ископи ја јаглен, а не се исклучува ниту можноста за изградба на нуклеарна централа. Енергетскиот документ на МАНУ треба целосно да одговори - како ќе се задоволат енергетските потреби на земјава во следните 20 години. Откако ќе го разгледа Владата, ќе следат јавна расправа и конечно усвојување.

Се очекува стратегија да се усвои до крајот на февруари. Таа доаѓа во период на рекорден увоз на струја во земјава, зачестени дефекти во струјната мрежа и лоша енергетска слика за земјава.
Денеска, околу илјада жители од скопското село Визбегово, останаа без струја 3 часа. Жителите велат дека честопати имаат вакви прекини.
Струјните испади особено зачестија од крајот на минатата година, по што експертите оценија дека во мрежата малку се инвестирало.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=14817


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jan-2009 at 21:11
ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ НАСЕЛБИ
Поставени нови трафостаници

Десет нови 10-киловолтни трафостаници се пуштени во употреба во скопските населби Гази Баба, Припор, Ѓорче Петров, Влае, Крушопек, Злокуќани, како и во селата Скопско Поле, Лисиче и Сингелиќ, информираат од „ЕВН Македонија“. Жителите од овие населби имаа големи проблеми со снабдувањето со електричната енергија во изминатиот период, со чести прекини на енергијата. Од ЕВН објаснуваа дека испадите во мрежата биле поради преоптовареност на старите трафостаници, кои беа делумно или целосно оштетени. Новите трафостаници се со двојно зголемен капацитет за да се надминат проблемите со кои се соочуваат граѓаните и да се постигне квалитетна испорака на електрична енергија.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1609&ArticleID=106529


Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Feb-2009 at 22:59

БУГАРСКИОТ ХОЛДИНГ СО АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ ЗА РЕГИОНОТ


БЕХ планира енергетска експанзија во Македонија


Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ) планира експанзија на енергетскиот пазар во Македонија, а потоа и во останатите земји во регионот. Претставници на компанијата објавуваат дека цел на БЕХ е во следните неколку години да стане регионален лидер во овој сектор.
-Според планираното инвестициите ќе се реализираат преку заеднички претпријатија. БЕХ во иднина има намера да учествува и во програми за истражување на гасни наоѓалишта во земји, кои се богати со тој енергенс - изјавила Галина Тошева, директор на бугарската компанија.

БЕХ прво ќе се насочи кон македонскиот пазар, а потоа ќе тргне кон другите земји од југоисточна Европа. Пазарите во Албанија и во Србија се планирани за подоцната фаза на проширување.
-Кога станува збор за регионот, тоа значи прво Македонија, а потоа и Албанија. Србија исто така би можела да се најде во фокусот на фирмата - рекла Тошева, која македонскиот пазар го оценила како многу интересен, со оглед на брзиот развој на енергетскиот сектор и фактот дека македонските власти најавија тендери за хидроелектрани.

Во Македонија, БЕХ планира и ангажирање во секторот за гас. Лани "Булгаргас холдинг", кој подоцна стана дел од БЕХ, објави дека со француската фирма "Далкиа" планира заедничко учество во проект во сектор за гас во Македонија, вреден 100 милиони евра.

Паралелно со ширењето во регионот, БЕХ во Бугарија планира реализација на проекти вредни околу 900 милиони евра, во следните 2-3 години. Дел од тие проекти се изградба на гасовод меѓу Бугарија и Грција, во вредност од 125 милиони евра, гасовод меѓу Бугарија и Романија вреден 30 милиони евра, како и терминал за течен природен гас, вреден околу 500 милиони евра. Исто така најавите се дека БЕХ ќе се концентрира и на стратешки проекти, како што се 3.300 километри долгиот гасовод "Набуко", потоа на гасоводот "Јужен поток" и на изградбата на нуклераната електрана "Белене".

За 2009 година, бугарската енергетска компанија планира консолидиран приход од околу 3 милијарди евра.

Во состав на холдингот БЕХ се единствената бугарска нуклерана електрана "Козлодуј", потоа "Булгаргас", "Булгартрансгас", "Булгартел", кој се бави со телекомуникации, НЕК од секторот на електромрежа и неговиот оператор ЕСО, електраната на јаглен "Марица Исток 2" и рудникот за јаглен "Марица Исток". Планирано е дел од оваа групација да стане и третата по големина бугарска енергетска компанија "Топлификација Софија", која е во големи долгови.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=10D28D86781DF449BDFB4D0F1002F409


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 01-Mar-2009 at 16:44

Владата, во пресрет на изборите, презентира Инвестициска програма

01 March, 2009 04:54:00
Големина на фонт: javascript:tsz%28article_body,12px%29">Decrease%20font javascript:tsz%28article_body,16px%29">Enlarge%20font
image

И Македонија ќе има атомска централа. Ова го соопшти премиерот Никола Груевску ден пред официјалното започнување на изборната кампања.

 Тој денеска најави  инвестициска програма за реализација на стратешки инфраструктурни проекти вредна околу 8 милијарди евра. Груевски вели дека амбициозната инвестициона програма планира да ја реализира во следите 7 години а во неа се вклучени проекти во осум области : енергетиката, транспортот, водоснабдувањето,  животната средина, образованието, културата и инвестирање во изградба на социјални згради и познати спортски сали. Само за енергетика Владата планира инвестиција од 3 милијарди и 850 милион евра а како што беше кажано најинтересен проект е тој за изградбата на атомската централа .

„Владата донесе одлука за започнување со подготвцителни активности за нуклеарна програма и во тек е формирање на Агенција за имплементација на нуклеарна енергетика.Доколку во иднина се донесе таква одлука за изградба на нуклерана централа, за која што во моментов нема одонесено Владата затоа отвораме Агенција која што ќе работи  на  тоа, рокот за изградба на нуклеарната централа би бил 15 години, односно некаде 2025 до 2030 година“ вели Груевски

Инвестициите во 30 енергетски проекти Груевски планира да ги реализира со кредитирање на земјата во вредност од 1 милијарда евра и 2.6 милијарди евра од концесиите во јавно – приватно партнерство. 250 милион евра ќе се обезбедат од буџетот. Се планира и изградба на многу други објекти кои се од општествен интерес.

„Отворање на рудници, изградба на хидроцентрали, термоцентрали , гасни централи, гасификација , нуклерана програма, далноводи, ветерници и тн. Вкупната вредност на енергетските проекти е 3, 85 милијарди евра. Реализацијата на овие проекти ќе го подобри квалитетот на живеење на сите граѓани, ќе го стимулира развојот на долг рок и значително ќе ја подигне конкурентноста на македонската економија“

Премиерот Груевски најави и изградба на нова зграда на Министерството за надворешни работи, наУставниот Суд, државната Архива како и проширување на просторот на Собранието.
Наим Вренези
 
 
http://alsat-m.tv/mk/zemja/10776.html - http://alsat-m.tv/mk/zemja/10776.html


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Mar-2009 at 18:45

ИНТЕРВЈУ: АКАДЕМИК ГЛИГОР КАНЕВЧЕ

Мораме веднаш да инвестираме во - енергетиката

Во стратегијата е предвидено дека треба да се насочиме и кон поефикасно искористување на домашниот јаглен и хидроенергијата и другите обновливи извори на енергија, природниот гас, а не ја отфрламе и опцијата за нуклеарна енергија

На Македонија до 2020 година и' се потребни речиси три милијарди евра инвестиции во енергетскиот систем.Ова е предвидено во Националната енергетска стратегија што ја изработи Македонската академија за науки и уметности, а Владата треба да ја разгледа на една од следните седници. Со академик Глигор Каневче разговаравме што ќе се случи ако не се остварат овие инвестиции?

- Ние ја разгледувавме и таа опција како сценарио во стратегијата. Со оглед дека ќе бидеме се' повеќе интегрирани во регионалниот пазар, можно е да се увезува и електрична енергија во поголеми количества. Меѓутоа, не верувам дека Македонија ќе може, со туѓо производство на енергија, да остварува толкав прилив на девизи кои ќе можат да го покријат дефицитот. Се чини дека треба навистина да се направат сите напори да се оствари стратегијата. Инаку, Македонија и сега е силно енергетски зависна, ги увезуваме сите потреби на нафта, на природен гас па и одредено количество на јаглен и електрична енергија. Тоа е навистина голем товар за трговскиот дефицит на земјата.

ПОТРЕБИТЕ ЌЕ РАСТАТ

* На што би требало најпрво да се посветиме?

- Треба веднаш да почнат акции во сите насоки. Најбитно е да почне процесот, затоа охрабрува оваа најава на владата за диверзификација на снабдувањето со енергија. Во стратегијата е предвидено дека треба да се насочиме и кон поефикасно искористување на домашниот јаглен и хидроенергијата и другите обновливи извори на енергија, природниот гас, а не ја отфрламе и опцијата за нуклеарна енергија. Прво, најзначајна е изградбата на голема термоелектрана-топлана на природен гас која ја гради „Топлификација“ со приватно партнерство во Скопје- Север веднаш до постојната топлана и која треба да биде во погон во 2010 година. Исто така слична таква електрана планира да изгради и ЕЛЕМ до 2014 година.

Овие две, заедно со една мала термоелектрана-топлана која се гради во скопската железарница, која исто така ќе биде готова до 2010 година, во потполност би ги задоволиле потребите од топлинска енергија во Скопје и на некој начин до 2015 година би ја намалиле во голем степен нашата увозна зависност од електрична енергија. Ако во меѓувреме се изгради и хидроцентралата „Бошков мост“, би стигнале да ги задоволуваме сами своите потреби во таа година. Е сега, потребите ќе растат со текот на времето и ќе има потреби од нови централи. Во тој период, меѓу 2015 и 2020 година, планираме да влезат во погон хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Колку што сум јас запознаен, тендерот не е пропаднат меѓутоа требаше да се направат некои измени во условите. „Галиште“ е планирано да почне да работи во 2016 година заедно со „Луково Поле“, во 2017 година „Градец“ и во 2018 година- „Чебрен“. Сето тоа во зависност од зголемувањето на енергетските потреби. Во меѓувреме ќе биде довршена и „Света Петка“.

*Експертите предупредуваа дека во тендерските услови хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ се предимензионирани, дека се планира повеќе вода отколку што реално има во Црна Река. Колку е тоа точно?

- За Црна Река постојат повеќе мерења и типови на акумулации. Овие проекти произлегоа како некој оптимум од сето тоа. Секогаш има секоја варијанта предности и недостатоци. Едната од двете централи ќе биде реверзибилна централа, односно ќе има систем за враќање на водата и повторно користење, што ќе биде многу значајно за исполнување на очекувањата и одржување на стабилноста на системот. Ние имаме релативно мал број, но големи потрошувачи на електрична енергија. Така голем потрошувач кога ќе се вклучи или исклучи ствара големи разлики, нестабилност и проблеми. Поради тоа ќе мора и кај термоцентералите да се одржува одредена резерва за да се реагира во тие моменти. Друг проблем е тоа што кај нас постои голема разлика во потрошувачката на електрична енергија во текот на денот и во текот на ноќта. Токму во тој дел реверзибилната хидроцентрала ќе биде многу корисна оти ноќе кога немаме потреба од електрична енергија таа ќе троши, а дење кога треба, ќе произведува.

ПРИРОДЕН ГАС

* Гасификацијата во Македонија одамна се чека да заврши. Се зборува со години колку е потребна, но никако да заврши проектот. Сега Владата најави дека е избран консултант и се вршат подготовки. Во сред гасната криза кога цела Европа патеше, Македонија беше поштедена од големи последици бидејќи е неразвиена. Зошто е толку битна гасификацијата?

- Природниот гас е далеку најблагородно гориво од сите фосилни горива. И тоа од повеќе аспекти. Прво, од еколошка гледна точка природниот гас е чисто гориво и испушта многу низок степен на штетни материи, а сулфурот е сведен практично на нула. Од таа причина многу е згоден за користење во урбана средина. Гасоводот во Македонија е изграден, но не создадовме дистрибутивна мрежа и не изградивме термоцентрали-топлани до сега од проста причина што електричната енергија кај нас беше многу евтина. Дури и топланите кои имаа можност да паралелно користат и природен гас и мазут, во далеку поголем степен го користеа мазутот. Гасификацијата на градовите, односно изградбата на дистрибутивна мрежа не е едноставна работа. Тоа е една макотрпна работа за која ќе мора да се најде некој стратегиски партнер, голема компанија, која ќе биде заинтересирана да ја финансира изградбата. Како што знаете, почнаа првичните процеси во неколку градови.

 Во Скопје се оформи акционерско друштво кое ќе треба да ја води акцијата и избравме одбор на директори каде јас сум претседател. Ние испративме писма со намери до повеќе компании и домашни и странски и се јавија неколку заинтересирани, меѓутоа сето тоа сега се совпадна со светската економска криза и акцијата е малку стопирана и одложена. Сепак, проектот останува и тоа сигурно ќе се заврши со економска оправданост. А ние, во стратегијата планираме покрај изградба на дистрибутивна мрежа во градовите кои се поврзани со постојниот магистрален гасовод, да се продолжи со изградба со главните водови и кон Тетово и кон Велес, Неготино, Битола и Охрид. Од економски аспект, еден од најголемите проблеми кај нас е користењето на електричната енергија за греење и за загревање на вода. Околу 18 отсто од електричната енергија која се користи во домовите се употребува за нивно загревање, но голем дел од нашите градови немаат друга алтернатива.

ДОМАШНА НУКЛЕАРКА

* Колкави се потребите на Македонија за природен гас и како очекувате да се развиваат?

- Има потреба од природен гас и повеќе отколку што поддржува сегашниот капацитет на магистралниот гасовод. Веќе се работи на регионално поврзување преку еден план за нов гасовод кој што ќе може да се снабдува со гас од различни извори за да не се случи повторно гасна криза. Има повеќе најави за големи гасоводи во соседството, како Јужен поток, Набуко, Син поток, Бел поток и други. Се појави и можноста да се користи транспорт во течна состојба со бродови и истовар во блиски пристаништа. Сите овие гасоводи ја заобиколија Македонија за жал. Затоа, Македонија мора да се поврзе во планираниот регионален гасовод. Србија успеа да направи договор со Русија за продажба на Нафтената Индустрија на Србија (НИС) во кој го приклучија договорот за изградба на гасовод и големи инвестиции. Бугарите многу добро стојат во тој план и тие се главната раскрсница на Балканот. Успеаја да водат мудра политика и со Европската унија и со Русија. Грција исто така успеа да воспостави многу добри односи со Русите. Вештината е во паралелно добрите односи и на тоа поле мораме ние да се подобриме. 

* Бугарија веќе почна да гради втора нуклеарка, два реактора се уште работат во Козлодуј, а сега се гради и Белене која треба да почне да работи за пет шест години. Нуклеарка најави и Албанија заедно со Хрватска, претходно и Грција, Словенија ја има Кршко, а сега и Македонија не ја отфрла оваа можност. Првото прашање е дали се можни толку нуклеарни централи на толку мал простор. И второ дали Македонија има такви услови за своја нуклеарна централа?

- Грците сигурно дека имаат потреба од повеќе енергија. Албанија и Хрватска најавија дека нуклеарката ќе ја градат заедно и ќе ја поделат енергијата. Ние, во нашиот план предвидуваме нуклеарката да почне да работи по 2025 година. Таа би била на некој начин алтернатива на можните термоцентрали на јаглен со подземен коп. Може да се случи цената која што треба да се плати за испуштање на стакленичките гасови од централите на јаглен да биде превисока за да тие можат економски да опстојуваат. Во таков случај, нуклеарката би била спас. Значи, овие планови многу ќе зависат од сценаријата во светот и Европа за намалување на стакленичките гасови според протоколот од Кјото. Ние сигурно до тогаш ќе бидеме во ЕУ и ќе мора да ги исполниме обврските. Со оглед на тоа дека денес периодот за изградба на нуклеарните централи е многу долг, преку 15 години од првичните акции. За да може македонската нуклеарка по 2025 година да работи ние мораме да започнеме со активностите сега.

Нуклеарка во Мариово

* Дали е исклучена можноста Македонија да се вклучи со инвестиција во бугарската НЦ „Белене“?

- Во случајот со „Белене“ повеќе се работеше за желба на некои политичари од Бугарија отколку реалност. Бугарија ја заврши финансиската конструкција на проектот со тоа што државата задржа 51 отсто од сопственоста, а 49 отсто му отстапи на инвеститорот РВЕ. Тука не остана простор за трет инвеститор. А, да откупувате струја со однапред дадени пари треба да бидете многу богата земја. Ние сега не сме во можност да платиме за струја што би ја добиле за пет години.Изградба на домашна нуклеарка ќе значи ангажирање голем број наши фирми. Се работи за армија луѓе при изградбата плус приближно еден вработен на еден мегават моќност што значи уште 1.000 вработени во нуклеарната централа. Затоа предност има домашната нуклеарка. Ако градиме нуклеарна централа, таа најверојатно ќе биде во Мариово, затоа што тој терен е многу поволен и од сеизмички и од аспект на населеност.



Извор: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2925D2441A878D4A8188E1BC0CA11C01 - Дневник


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Mar-2009 at 06:26

МАКЕДОНСКО-КОСОВСКА ЕНЕРГЕТСКА СОРАБОТКА


Од Косово ќе увезуваме јаглен


Ќе се гради и заедничка акумулација во реонот на Луково Поље, која преку мала хидроцентрала ќе биде споена со мавровските хидроцентрали, најави министерот Фатмир Бесими


Македонија ќе увезува јаглен од Косово за производство на струја. Ќе се гради и заедничка акумулација во реонот на Луково Поље, која преку мала хидроцентрала ќе биде споена со мавровските хидроцентрали. Ова се дел од енергетските проекти што вчера по заедничка работна средба ги најавија македонскиот министер за економија Фатмир Бесими и неговата колешка, министерката за енергетика и минерали на Косово, Јустина Широка-Пула.

Според министерот Бесими енергетскиот тим за проектот Луково Поље веќе е екипиран, а според постоечката студија на Електрани на Македонија инвестицијата ќе чини околу 40 милиони евра.
-Водите од овој регион ќе бидат прибрани во заедничка акумулација која преку мала хидроцентрала ќе биде поврзана со централите Маврво, Врбен и Вруток - вели Бесими.
Тој појаснува дека со тоа ќе се зголеми постоечкиот капацитет, а со тоа и производството на струја. Бесими додаде дека постои политичка волја од двете страни да се стартува со заеднички економски проекти и пред двете држави да воспостават дипломатските односи.

Бесими потсетува дека дел од овие капитални енергетските проекти е изградбата на 400-киловотниот далновод меѓу Македонија и Косово, со што ќе има и заедничко поврзување на двата електроенергетските системи. За Бесими постои политичка волја јагленот од Косово да се искористи во македонските енергетски капацитети за производство на електрична енергија.
-Наскоро ќе биде подготвен проектот со кој детално ќе се прецизира продажбата на лигнитот од Косово за Македонија - вели Бесими.

Тој додава дека изработена е драфт верзијата на меморандумот за соработка што многу скоро ќе биде потпишан меѓу двете министерства.

Косовската министерка Широка-Пула смета дека со заедничките капитални проекти ќе се надминат тесните грла во енергетскиот сектор, а ќе се интензивира и меѓусебната соработка. Во фаза на изработка од страна на косовските и на македонските експерти е физибилити и финансиска студија за проектот Луково Поље. Според косовската министерка, соработката ќе се темели и на помали проекти за обновливи извори на енергија, како и за енергетска ефикасност.
-Ќе ги искористиме вашите искуства во приватизацијата на енергетскиот сектор, бидејќи во моментов во Косово овој сектор се реконструктуира - вели Широка-Пула.

На официјалната министерска средба вчера присуствуваа и енергетски компании од Косово и Македонија, меѓу кои и претставници на државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C8AB6D9F624F234E891E36F06712A685 - vecer


Posted By: beTon
Date Posted: 08-Apr-2009 at 23:34

Миле Грдановски - Електроинжињер

http://www.denicamk.com/Denica090/90-Inteview.htm - ПРОИЗВОДСТВОТО НА БИОДИЗЕЛ ОД МАСЛОДАЈНИ РАСТЕНИЈА И ЖИТНИ КУЛТУРИ НАЈЛУДА ИДЕЈА ВО ЕНЕРГЕТИКАТА

Во услови кога значаен дел од светската популација гладува, да се зафаќаат најпло­дните површини што служат за производство на земјоделски култури од кои се добиваат основните прехранбени продукти, со исти или слични такви култури наменети за добивање на горива, е не само во спротивност со сите етички правила, туку и во спротивност со законите на природата. Покажете ми барем една животинска врста на планетава Земја, којашто достапната храна ја користи за друга намена освен за исхрана – истакна во интервјуто нашиот соговорник Миле Грданоски.

  ► Во еден Ваш научен труд констатирате дека „светските резерви на фосилните горива“, и спо­ред најоптимистичкото сценарио, ќе се исцрпат до крајот на овој век. Што понатаму?

  - Тоа е всушност констатација на експертите што се занимаваат со светските енергетски ресурси и би сакал малку да ја попрецизирам. Кога станува збор за јагленот, него ќе го имаме можеби во наредните два века. Природниот гас со сегашново темпо на експлоатација би се исцрпел до крајот на овој век. А нафтата? Е таа е посебен проблем, што секого треба да го загрижува. Светските резерви на нафта ке бидат исцрпени во наредните 30 – 35 години, а сите знаеме дека нафтата не служи само за горење, туку се користи и во многу технолошки процеси за добивање на огромен број разни производи. Што значи дека реално нафтата треба да престанеме да ја користиме за енергетски цели веќе во наредните дваесетина години. Од тука е сосема јасен стрмоглавиот пораст на нејзината цена во последнава година и можеби уште подрастичен во наредниот период.

  Среќна околност е што резервите од природен гас ги има за еден многу подолгорочен период, во текот на којшто веројатно ќе биде решен проблемот за широка примена на алтернативните извори на енергија, пред се на соларната, во комбинација со горечките келии, вклучувајќи го тука и процесот на нуклеарна фузија за којшто резервите на „гориво“ (тешка вода од океаните) се речиси неограничени, а самиот процес е многу побезбеден од процесот на нуклеарна фисија што се користи во сегашните нуклеарни реактори.

  ► Според сегашните прогнози, енергетската иднина на светот нема да биде во нуклеарната енергија. Постојат ли ризици и какви?

  - Нуклеарната енергија во светски размери сéуште е многу контроверзен вид на енергија. Посебно е за одбележување што неа ја прати одиумот на Чернобилската катастрофа. Но, тука во јавноста медиумите создадоа една многу лоша слика. Во Чернобил всушност, со тешко замислив сплет на околности, експлодираше графитното јадро на едниот реактор и во круг од стотина километри направи вистинска катастрофа. Но такви нуклеарни реактори веќе одамна не се произведуваат, а и тие што постоеја во источноевропските земји, со помош од Европската Унија се затворени. Сепак тоа не значи дека сегашново користење на нуклеарната енергија со нуклеарни реактори што користат високо радиоактивни елементи со процес на фисија на атомските јадра е премногу за препорака. Зошто проблем претставува сместувањето на нуклеарниот отпад кој е високотоксичен материјал со век на траење од близу 25 илјади години.

  ► Колку денешниот степен на развој на науката ни овозможува комерцијално користење на обновливите извори на енергија? Каква е состојбата во тој поглед во нашата држава?

- Е тоа е суштинското прашање кога станува збор за примената на алтернативните или обновливите извори на енергија. Ако се исклучи нуклеарната енергија и донекаде напредокот во развојот на аерогенераторите, може да се констатира едно загрижувачко ниво на степенот на развој на примената на алтернативната енергија. Еве да ја земеме за пример сончевата енергија. Сонцето дозрачува годишно до Земјата количина на енергија која што е 10.000 пати поголема од вкупната светска годишна потрошувачка на енергија. Тоа значи дека сéуште не сме во состојба да искористиме ни 0,01 процент од расположивата сончева енергија. Се разбира, мислам на енергија што ќе биде конкуретна на онаа добиена од фосилните горива. На пример, рамните сончеви колектори веќе неколку децении се на ист степен на развој. Нешто е подобра ситуацијата со примената на фотонапонските ќелии коишто сончевата светлина директно ја пре­твораат во електрична енергија, но и тука се работи за енергетски решенија со ред на величина од вати или киловати, наместо од мега и гигавати, колку што во практиката е потребно за задоволување на масовните потреби од енергија. Можам слободно да речам дека ако на пример, компјутерската техника се развиваше со исто такво темпо, ние денес уште ќе ги користевме моделите ХТ на персонални компјутери од раните осумдесетти години на минатиот век, иако се работи за голема разлика во тежината на пробле­матиката. Метафорично кажано, според мене, на светската енергетика и е потребен еден Бил Гејтс.

  Што се однесува на нашата земја, која располага со висок интензитет на сончевото зрачење во однос на повеќето европски земји ,нејзиното користење значително заостанува зад тие земји. Хипотетички , ако само 1% од површината на Република Македонија се покрие со претворувачи на сончевото зрачење во топлинска или електрична енергија, нашата држава би добила четирикратно поголема количина на енергија од онаа што денес годишно ја троши. Се разбира, со денешниот степен на развој на соларната техника, тоа би била економски неподнослива инвестиција. Иако за обичниот наш граѓанин, бесплатната сончева енергија е сéуште во моментов премногу скапа, сепак и со таквата техника можно е конкуретско користење на сончевата енергија за потребите од добивање на санитарна топла вода. Во тој поглед за поз­дравување е одлуката на Владата парично да го стимулира користењето на рамни сончеви колекто­ри. Можеби тоа треба да биде и законска обврска за сите новоградби.

 Што се однесува до геотермалната енергија, досега е испитано дека ја има во Република Македонија во одредени региони, но и таму може да се користи само за нискотемпературни топлински потреби, а не и за производство на електрична енергија, зошто нејзината температура кај нас достигнува до 800С, за разлика од други региони во светот. Слична е состојбата и со енергијата на ветерот. За разлика од на пример Данска, Холандија, Германија и други земји, кај нас има многу малку географски простори каде што константно или многу често дува ветер со брзина од преку 5 m/s,што е минимална брзина за исплатливо добивање на електрична енергија.

  ► Во последно време е многу актуелен, особено во медиумите, т.н. биодизел. Дали тој претставува некакво решение за потребите на сé поголемиот број моторни возила?

  - Ни најмалку. Напротив, според мене, производството на биодизел од маслодајни растенија и на етанол од житни култури, претставува најлудата идеја во историјата на енергетиката. Зошто, во услови кога значаен дел од светската популација гладува, да се зафаќаат најплодните површини што служат за производство на земјоделски култури од кои се добиваат основните прехранбени продукти, со исти или слични такви култури наменети за добивање на горива, е не само во спротивност со сите етички правила, туку и во спротивност со законите на природата. Покажете ми барем една животинска врста на планетава Земја, која што достапната храна ја користи за друга намена освен за исхрана!

  За жал, и нашава држава, со огромен дефицит во производството на житни и маслодајни култури, се вклучи во овој процес, па се фалиме кога отвораме некој нов погон за производство на биодизел.

  ► Колку изградбата на нови хидроцентрали би била излез од денешниов недостиг на елек­трична енергија кај нас?

  - Во нашава држава, во изминатиот повеќедецениски период сме имале паметни инжењери, коишто заедно со инжењерите од бившите југословенски републики, кај нас го зафатиле токму оној хидропотенцијал за којшто се потребни најниски инвестициони вложувања по произведен 1 kWh. Оној потенцијал што преостанува, ако се исклучат можностите за мали хидроцентрали, бара многу повисоки инвестициони вложувања по 1 kWh. За пример, земете ја само вредноста на инвестициите за хидроцентралите Чебрен и Галиште, коишто заедно би произведувале одвај неколку проценти од целокупната потрошувачка на електрична енергија кај нас. Впрочем, нашава држава од сите постоечки хидроцентрали денес обезбедува околу 10% од вкупната потрошувачка, со тенденција на намалување на тој процент.

  ► Според сето што досега го рековте, произлегува дека природниот гас ќе биде најприфатлив енергент во наредните децении?

  - Токму така. Се додека не настапи периодот што јас го нарекувам ера на соларна цивилизација, природниот земјен гас ќе биде доминантен енергент во светски размери, зошто употребата на јагленот како најголем загадувач на атмосферата во иднина ќе биде ограничувана со разни конвенции од типот на онаа од Кјото. Во тој поглед ни нашата земја не смее да биде исклучок. Исклучувањето на пелагонискиот регион од гасоводната мрежа, во никој случај не смее ни да се споменува, туку напротив, и за тој регион гасификацијата треба да биде најважното енергетско решение во поблиската иднина.

http://www.denicamk.com/Denica090/90-Inteview.htm - www.denicamk.com/Denica090/90-Inteview.htm



Posted By: beTon
Date Posted: 09-Apr-2009 at 18:14

добро ова со  исцрпувањето на фосилните горива доста пати сите го имаме чуено, според ваквата анализа мислам дека доколку и навистина секнат истите, самиве проекции за количевството на резерви пример на гасот па и јагленот исто нагло би се намалиле во иднина, веднаш по секнувањето на црното злато...

инаку мошне веројатно е покрај гасот, и сончевата и водородната енергија да ја заменат нафтатам само прашање е колку се подготвуваме како цивилизација за ваквиот пресврт, не дека е нешто сложено да се прешалта користењето на некое гориво, туку колку како светска економија ќе издржи светов, а да не падне во длабока рецесија, од која мислам дека излезот не би можел да се гледал со денешни очи и од денешни потреби! најпрво колкав се удар ќе биде за сите економии ближењето на исцрпување на фосилните резерви гориво, сигурно цените на се можно ќе се зголемат енормно, мислам дека комфорот каков што го познаваме денес нема веќе да постои во ваква форма, што од една страна е добро, но од друга страна ова ќе предизвика масовни социјални немири низ цел свет.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-May-2009 at 00:34
Приоритет - изградба на хидроцентрали и гасификација


Изградба на хидро централи и гасификација на поголемите населени места во Повардарието, се приоритет на локалните самоуправи во овој дел, чии претставници во изминативе денови дебатираа за развој на Вардарскиот регион.
- Освен енергетскиот потенцијал сериозно треба да се размисли за равој и подобрување на инфраструктурата, туризмот и за аграрот. Приоритетот секако ќе биде ставен на изградбата на хидроцентрали бидејќи на Вардар и на другите реки постојат идеални услови за изградба на вакви објекти. Тие ќе придонесат Македонија да не биде голем зависник од увозна струја - вели претседателот на Советот за развој на регионот Горан Петров.

Градоначалниците беа единствени во констатацијата дека рамномерниот регионален равој во Македонија се уште во практика не функционира на потребното ниво. Причина е тоа што пратениците во Собранието се уште не ја донеле националната стратегија.
- Во Бирото за рамномерен развој ја подготвуваме стратегијата. Откако ќе биде готова Владата треба да ја предложи до Собранието и по нејзиното прифаќање од пратениците може да се очекува развој на сите делови од земјата - вели Киро Левески, раководител на сектор за развој на плански региони во Бирото за рамномерен развој.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=803B1887AA82EE44AC92A0021B23C6DA


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-May-2009 at 23:20

ЕЛЕМ ќе купи деловни простории за 1,8 милиони евра

22.05.2009
 

 

Државните компанија за производство на струја, ЕЛЕМ, ќе потроши 1,8 милиони евра за да купи деловни простории. Зделката е веќе склучена, дознава А1.

Се работи за просториите на „Македонска банка“, што се наоѓаат во истата зграда со ЕЛЕМ, лоцирани на плоштадот Македонија.

Барањето за купување на канцелариите е одобрено од Надзорниот одбор пред две недели. Договорот е направен без тендер, но од Електрани тврдат дека за тоа немало потреба, оти така предвидувал Законот за јавни набавки.

А1 дознава дека овој потег е направен на барање на Секторот за развој и инвестиции, со образложение дека кај нив имало недостаток на работни простории.

Само во овој сектор, според нашите информации, од април годинава има шест нови вработени луѓе и тоа по двајца рударски и машински инженери и по еден градежен инженер и кореспондент.

Луѓето од енергетскиот сектор овој потег го коментираат како нелогичен во услови кога инвестициите во енергетиката одамна ги нема.

Да се трошат милионски суми пари за деловни простории, во време на криза, кога Владата најави дека се кратат нестопанските расходи и дека наместо тоа ќе се инвестира во инфраструктурни и енергетски проекти, за познавачите и енергетските експерти, економски е неоправдан овој чекор за купување на деловни простории кои чинат близу 2 милиони евра.

Наташа Стојановска

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108968 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108968



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-May-2009 at 23:47
Previous
... Притоа, на првиот оглас биле доделени 41 локација, со вкупна инсталирана моќност од 43,7 мегавати, при што вкупната произведена струја треба да изнесува околу 189 ггвч. годишно. Инвестиционата вредност се очекува да биде околу 45 милиони евра. . ...
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=131&PN=4 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=131&PN=4

Дали тоа искача дека отидоа 71.7 MW !!??


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-May-2009 at 00:51
хммм ми се чини дека имаш грешка во рачуницата но поентата стои


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-Jun-2009 at 19:38
СДСМ бара седиштето на ЕЛЕМ да биде во Битола
Четврток, 04 Јуни 2009 17:04
PRESS%20SDSM%20001Советничката група на Социјалдемократскиот сојуз најави дека ќе поднесе Декларација до советот и градоначалникот на општина Битола со која ќе бара од Владата, седиштето на ЕЛЕМ да се премести од Скопје во Битола.

-РЕК произведува близу 80% од електричната енергија, а пак на стопанските фирми им должи околу 500 милиони денари со години наназад. На тој начин го умира битолското стопанство. Бројките говорат за повеќе од 200 затворени фирми само во април и мај 2009 година - вели Томе Наумов, советник од СДСМ Битола.

Од СДСМ бараат по итно да отпочне проектот за гасификација на Битола.

-Да потсетима вицепремиерот Ставрески, на оваа наша иницијатива, како гостин на ТВ Тера во 2007 година децидно ја прецизира оваа обврска - додава Наумов.

Парите кои безполезно се трошат на споменици и цркви, додаваат од СДСМ, треба да се потрошат на проекти кои ќе овозможат отварање на нови работни места во градот.PRESS%20SDSM%20004

-Се повеќе пред се млади луѓе бараат работа, а во исто реме се затвараат фирми и се отпуштаат работници. Негативните движења во Битола, сериозно ги допреа и некои претпријатија од јавен карактер. Деновиве ни беше поделен Планот за работа на ЈП „Водовод" за 2009 година каде раководството предвидува загуба од 32.500.000 денари. Намерата им е јасна. Поскапување на водата за домаќинства и фирмите - вели Наумов.

За крај од партијата додаваат дека грижата за идните генерации во Битола е сведена само на надеж и дека битолчани се потешко се справуваат со економската криза.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8604&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8604&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jun-2009 at 20:09
 

Како земја на сонцето, има ли логика за нуклеарка?

Предлогот на МАНУ за изградба на нуклеарна централа во Мариово до 2026 година ги раздвижи експертската и политичка јавност и наиде на сериозни критики

- Размислувањата за изградба на нуклеарна централа немаат логична рамка, тргнувајќи од ризиците што таа ги носи – големи инвестициони средства, сеизмички трусно подрачје, недоволно количество на вода, немање технолошка култура, немање човечки ресурси, немање простор за складирање на нуклеарниот отпад. Всушност, каква туристичка и еколошка земја ќе создаваме, ако во неа поставиме нуклеарна централа - запраша вчера Лилјана Поповска, претседателка на ДОМ, на трибината „Сонце наместо нуклеарка“. Учесниците се согласија дека Македонија има рекордно ниска искористеност на сончевото зрачење од 0, 1 отсто, додека во западните земји оваа искористеност е илјадници пати поголема. Со преку 270 сончеви дена Македонија мора да се стреми кон искористување на сонцето за добивање енергија, а не кон изградба на нуклеарка, сметаат тие.

За потенцијалните опасности што ги носи нуклеарната енергија зборуваше д-р Ана Угриновска, која посочи дека опасноста од појава на карциноми и други заболувања е многу висока.

- Нуклеарната енергија претставува можност за сериозен еколошки криминал, кој може да се одрази врз здравјето на луѓето и на целокупниот екосистем. Во нуклеарниот отпад, според ЕИА, се вртат 10 билиони долари од еколошки кривични дела – рече Марина Малиш Саздовска, од Факултетот за безбедност во Скопје. Од друга страна, во МАНУ сметаат дека изградбата на нуклеарка во Македонија е неминовност доколку земјата сака долгорочна енергетска стабилност и развој.

Струмичани сé уште не го откриле сонцето

Граѓаните и фирмите од струмичкиот регион малку или воопшто не се заинтересирани за користење на алтернативни и обновливи извори енергија, кои се поевтини и кои ги има доволно во регионот. Иако Струмица како најјужен град во државата има најмногу сончеви денови во годината, сосема мал број фирми и домаќинства имаат инсталирано соларни колектори за добивање топлинска или електрична енергија.

Во овој град нема интерес ниту за субвенциите од државата од околу 300 евра за набавка и инсталирање соларни системи.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=613934554538&id=10&prilog=0&setIzdanie=21711


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 13-Jun-2009 at 21:14
... Во овој град нема интерес ниту за субвенциите од државата од околу 300 евра за набавка и инсталирање соларни системи ...

Ова веќе е таква јадица а новинарите упорно ја голтаат.

Има само 500 субвенции за инсталиран систем.

Колку жители има Струмица и да скаат никогаш нема да дојдат на ред, многу мој приатели поднесоа за субвенции уште лани ги одбива со образложение дека е пополнет бројот. Верувам дека и оваа година ќе извисат, или ќе им кажат дека тоа се фактури од лани.

РЕШЕНИЕ - Владата

- Да го намали данокот за панелите на 0% и нека субвенционира со некој процент, па тогаш ќе нема конкурси, администрација, папирологија, протекции, ....

- Од кредитите за развој да овозможи наменски кредит за набавка на истите но не со банкарска камата него со таја - владината со која е добиен кредитот.

Е тогаш ја би бил прв во редот да набавам, и на секого да му препорачам и објаснам за бенефитот како личен така и на целата држава од таа инвестиција.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jun-2009 at 00:09

Презентирана Нацрт-стратегијата за развој на енергетиката во Македонија

Скопје, 15 јуни


Министерството за економија денеска го презентираше нацрт текстот на Стратегијата за развој на енергетиката во Македонија за период 2008-2020 со визија до 2030, изготвен од МАНУ. Документот е ставен на веб страницата на Министерството за јавна расправа, а по нејзиното завршување ќе следи изготвување на финална верзија која потоа ќе биде усвоена од Владата. 


Стратегијата предвидува две сценарија за развој не енергетскиот сектор во Македонија, без и со изградба на атомска централа. За реализација на стратегијата Македонија ќе треба да обезбеди четири милијарди евра за сценариото без атомска централа, а пет милијарди евра за сценариото со атомска централа. Од нив до 2020 година треба да се реализираат три милијарди евра.


Документот предвидува модернизација и ревитализација на постојните хидро и термо енергетски објекти, дури и на ТЕЦ Неготино која работи на мазут, целосно искористување на домашните ресурси - хидропотенцијалот и лигнитот, како и воведување на природниот гас и обновливите извори на енергија - ветрот и сонцето во производство на електрична енергија. 


Со стратегијата се потврдува изградбата на хидроелектраните Чебрен, Галиште и Бошков мост, а предвидено е од хидропотенцијалот да се довибиваат 780 мегавати елетрична енергија. Во зависност од сценариото предвидена е изградба на три термоелектрани од по 300 мегавати или пак една ТЕЦ од 300 и една нуклеарна централа од 1.000 мегавати во второто сценарио. Исто така, се предвидува од термоелектрани и топлани да се добиваат 564 мегавати електрична енергија, а 180 мегавати од обновливи извори на енергија. Хидро и термо електраните треба да се реализираат до 2019 година, а нуклеарната електрана во 2026.


- Намената на документот е да ги дефинира главните цели, принципи и приоритети како да се развие енергетскиот сектор во државава до 2020 година. По завршувањето на јавната расправа која сметам дека е оптимално да трае еден месец ќе имаме еден значаен документ чија намена нема да биде да седи во некоја фиока, рече министерот за економија Фатмир Бесими пред почетокот на презентацијата.


Тој посочи дека усвојувањето на стратегијата ќе значи и либерализација на енергетскиот пазар во Македонија и ќе овозможи формирање на пазарни цени. Министерот за економија нагласи дека и во моментов се спроведуваат активности за реализација на некои од проектите предвидени во Нацрт стратегијата.
Министерот Бесими, како што нагласи, е реалист и оптимист дека има доволно стручност во Нацрт стратегијата и оти предвидувањата во неа се раални и изводливи.



http://www.vlada.mk/?q=node/3225


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jun-2009 at 00:23
Еве го и нацрт документот во ПДФ формат:

http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/Strategija%20za%20razvoj%20na%20energetikata%202008-2020%20so%20vizija%20do%202030.pdf - Стратегија за развој на енергетиката 2008-2020 со визија до 2030



Има богатство информации кои ќе бидат корисни за најразлични дискусии во иднина.

Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Jun-2009 at 00:29
Добро е што конечно добивме еден ваков документ кои треба да ни го трасира патот во кој правец треба да се движиме со енергетиката. Обично досега може би и ни било пречка немањето ваков документ, а и обично тоа што се правело не било врз основа на стратегија него врз база на потреби па најчесто владата одлучувала или па некое друго тело. Сега да ги охрабриме институциите да ја започнат со спроведување на стратегијата, а ако можат некои проекти нека ги завршат и понапред од предвидениот рок. Исто така ги охрабрувам да го сватат документов поозбилно одколку што го сватиле за озбилно гуп-от на Скопје.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jun-2009 at 02:50
А како надополнување еве ја и вечерашната дебата на А2 помеѓу Академик Глигор Каневче и Професор Атанаско Тунески.
Нацрт стратегијата беше претставена денес, па да се надеваме дека ваквите дијаметрално спротивни ставови околу нејзе ќе спласнат откако ќе има време подобро да се разгледа, да се разјаснат некои работи, да се прифатат издржани забелешки доколку се потврдат слабости...





Воведен дел и нешто околу „Вардарска Долина“ во контекст на изместувањето на пругата долж К10:

[tube]6lcbdacnpMg[/tube]




За гасот, за предвидените хидроелектрани и за хидроелектраната во изградба - Света Петка:

[tube]F5DyOr7kXl8[/tube]




За идната цена на електричната енергија и за квалитетот на документов:

[tube]O6whQ42WlBI[/tube]




За идната сопственичка структура на ЕЛЕМ, за ревитализацијата/модернизацијата на хидроелектраните и за планираната нуклеарна електрана:

[tube]F-yD9U2aT0U[/tube]



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Jun-2009 at 18:36
Една невреме и метрополата на државато три пати имаше прекин на стуја, интернет, мобилна мрежа.  Wallbash

Баш ме интересира како другите метрополи по светот се справуват. Знам кога во УСА еднаш снема струја од некој сат, прогласија колабс.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Dragan
Date Posted: 20-Jun-2009 at 18:52
Баш ме интересира како другите метрополи по светот се справуват. Знам кога во УСА еднаш снема струја од некој сат, прогласија колабс

< ="-" ="text/; =utf-8">< name="ProgId" ="Word.">< name="Generator" ="Microsoft Word 11">< name="Originator" ="Microsoft Word 11"><>

 Vo New York ednas da enema struja zlatarite i bankite odidoa vo nepovrat ama zatoa tie imat elektrani generatori mali nuklearni centrali nadvor od gradot vo slucaj koga ke snema odma se aktiviraat za 5 do 10 min, a i plus vo USA ne moze da snema struja vo cel grat               




Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Jun-2009 at 18:56
Во инфо центар 122 на Т-мобил велат: имаме проблем со многу репетитори кој немаат уште стуја. Така да се извинуват што немаме мрежа, или таа е слаба.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Jun-2009 at 19:04
@ Dragan

Ајде сега навистина кажи од каде тие информации. И за „малите нуклеарни централи“ и за тоа како во УСА не можело да снема струја во цел град.

И дај едно твое толкување на пример за овој настан:
http://en.wikipedia.org/wiki/Northeast_Blackout_of_2003 - http://en.wikipedia.org/wiki/Northeast_Blackout_of_2003


Posted By: Dragan
Date Posted: 20-Jun-2009 at 19:13
epa ne moze zasto New York ne se snabduva so struja samo od edna centrala(nuklearna hidro....) (za primer gledajtego matrix so key masterot delot pa ke vidite Crazy) i tamu samo delovi od grad moze da snemaat struja zasto nekoj del od gradot se snabduva so struja od hidro elektrana drug del se snabduva so nuklearna centrala,ako ima defekt vo delot kade sto se snabduva so hidro sistemot samo toj del ke snema nema cel grad.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Jun-2009 at 19:19
Се потруди ли барем 3 реда да прочиташ од линкот? Како тогаш 55 милиони жители останале без електрична енергија?

„Снемувањето струја“ најчесто е резултат на испад во дистрибутивната мрежа, а дистрибутивната мрежа не е така поделена да една електрана снабдува еден дел од градот, друга друг дел итн. Токму поради тоа што тоа е поврзан систем можно е да се случат такви големи и непредвидливи дефекти.

Те молам без тврдења истресени од ракав.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-Jun-2009 at 21:22
Еколозите реагираат на Стратегијата за енергетски развој
Понеделник, 22 Јуни 2009 16:07
Консултациите во врска со Нацрт Стратегијата за развој на енергетиката да се стопираат, сé додека не се корегираат прекршувањата на законската регулатива од областа на животната средина.

Ова се наведува во писмото што денеска до владата го упатија еколошките здруженија на граѓаните на Македонија.

Тие укажуваат дека на 16. јуни 2009 година Министерството за економија објави Нацрт Стратегијата за развој на енергетиката во, без при тоа да биде објавен и Извештај за стратегиска оцена за нејзиното влијание врз животната средина.

Според Законот, Стратегијата за развој на енергетиката е еден од планските документи за кои задолжително се спроведува постапка за оценување на неговото влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето, поради што Министерството има обврска да ги објави планскиот документ и извештајот за животната средина.

Македонските здруженија децидно бараат денот на објавување на Стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија на веб страната на Министерството за економија – 16. јуни 2009 година, да не се води како почеток на консултациите со јавноста. Истите може да започнат дури по објавувањето на Извештајот за стратегиска оцена на животната средина, се вели во реакцијата.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=9287:2009-06-22-14-07-41&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=9287:2009-06-22-14-07-41&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106

Е де, ќе посадиме дрва за нуклеарниот нуклеарната централа.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jun-2009 at 19:43
Јавна дебата по нацрт енергетската стратегија. Веста за жал не вклучува премногу детали...


Може ли Македонија да има нуклеарка?
http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=44&VestID=110777 - Наташа Стојановска http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110777#komentari - Коментари (0)    
30.06.2009 20:03
Томе Бошевски

 

Дел од експертите и енергетските компании со критики, изготвувачите со пофалби за енергетската стратегија. Согласни се во едно - итно се неопходни инвестиции.

„Профитот во изминатите 20 години, кој се слеваше заради ниската, депресивната цена на електричната енергија, не отиде назад во развојот на електро-енергетскиот систем“, изјави академик Томе Бошевски.

Од „Гама“ порачаа - власта да лобира барем еден крак од гасоводите во регионот да минува низ наша територија.

„Ресорните министерства задолжени за овие прашања да бидат поприсутни и да лобираат да еден таков крак помине низ Македонија, затоа што тоа се огромни средства коишто се прибираат за транспорт на природен гас“, рече Ристо Манов од „Гама“.

Дел од енергетските компании доставиле забелешки дел допрва тоа ќе го сторат.

„Стратегијата е повеќе фокусирана на претставување на актуелната состојба, отколку на потребата од реформа на енергетскиот сектор“, вели Илија Спировски, ЕВН.

 

 

„Писмено ќе доставиме забелешки до изготвителите“, изјави Илија Хаџидаовски, „Макстил“.

Се забележува и на недоволниот третман на соларната енергија.

„Во Европа пет милиони колектори се продаваат, со 30 до 50 проценти годишна стапка на развој на соларната енергија или на апликацијата на соларната енергија, што до 2020 година ќе биде околу 150 до 200 милиони колектори во Европа, или тоа би било повеќе 0,5 метри квадратни на жител“, нагласи Илија Насов, Асоцијација на соларна енергија.

Во делот на нуклеарната енергија поделени мислења. Од Министерството за животна средина без прецизен одговор дали за нив е прифатлива изградба на атомска централа во земјава.

„Идните програми за спроведување на стратегијата ќе дадат поцелосен преглед за начинот на спроведување на избраната опција којашто Владата ќе ја прифати, затоа што нуклеарната енергана е само една од двете понудени опции“, рече Теодора Крнџарова, Министерство за животна средина.

Идејата за нуклеарна централа веќе е оспорувана од поголем дел експерти. Тврдат дека немаме ниту вода за ладење ниту може да се вклопи во системот.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110777


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 30-Jun-2009 at 20:05
Барем некој спомнал за ова, невероватно земја со толку сонце, а ние ќе изигаваме „нуклеарна земја“ Ohno

Се забележува и на недоволниот третман на соларната енергија.

„Во Европа пет милиони колектори се продаваат, со 30 до 50 проценти годишна стапка на развој на соларната енергија или на апликацијата на соларната енергија, што до 2020 година ќе биде околу 150 до 200 милиони колектори во Европа, или тоа би било повеќе 0,5 метри квадратни на жител“, нагласи Илија Насов, Асоцијација на соларна енергија.




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jul-2009 at 03:15
Три компании во трката за Чебрен и Галиште


Според Фатмир Бесими, министер за економија, потенцијалниот инвеститор влегува во јавно приватно партнерство со државната енергетска компанија Електрани на Македонија


Конзорциумот составен од германската компанија RWE-AG и словенечки HSE, италијанската ENEL SpA и автсиската компанија Verbund се трите потенцијални инвеститори за изградба на големите хидроцентрали Чебрен и Галиште. Тие имаат обврска до 15 октомври годинава до Министерството за економија да ги достават своите понуди, по што ќе се врши нивно финасиско вреднување. Според Фатмир Бесими, министер за економија, потенцијалниот инвеститор влегува во јавно приватно партнерство со државната енергетска компанија Електрани на Македонија.
- На тендерот за изградба на големи хидроцентрали на Црна Река се јавија десетина компании, но за Комисијата само три од нив ги исполнија условите. Владата го прифати нејзиниот избор и сега тендерот влегува во втората фаза - вели Бесими. Тој нагласи дека компаниите веќе се поканети да ја подигнат тендерската документација.

Според министерот на 23 февруари годинава е извршена презентација за сите заинтересирани инвеститори, при што детално се објаснети условите на вториот по ред тендер. ЕЛЕМ како парнер во проектот има обврска да ги плати трошоците за експропријација на земјиштето каде што ќе бидат лоцирани објектите, но и да изгради трафостаница и далноводи.
- Електрани на Македонија имаат обврска да ги изградат и патиштата до хидроцентралите, машинската зграда, како и да обезбедат концесија за вода, но и останатите потребни лиценци, објаснува Бесими. За министерот преку учеството на ЕЛЕМ државата ќе треба да го обезбеди својот интерес од изградбата на овие енергетски капацитети кои ќе бидат значајни за електроенергетскиот систем во земјава.

ЕЛЕМ во новата компанија што ќе се формира со потенцијалниот инвеститор ќе партиципира и со ТЕЦ Тиквеш која во моментов произведува околу 200 гигават-часови електрична енергија. Она што ќе биде биде пресудно во изборот на новиот инвеститор е висината на влогот што ќе ја понуди за инвестицијата. Според досегашните проценки за изградба на двете хидроцентрали ќе бидат потребни околу 700 милиони евра. Бесими не знаеше во новата компанија колкав ќе биде процентот на партиципација на ЕЛЕМ.

Двете хидроцентрали се со капацитет од приближно 600 мегавати. Предвидено е Чебрен да биде со моќност од 330 мегавати, а Галиште од околу 200 мегавати. Произведената електрична енергија треба да биде наменета за домашниот пазар.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=FDB402BF337101449551302272E8CD3E



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jul-2009 at 14:58

Нова трафостаница во Хиподром

Нова трафостаница од 10 киловолти е пуштена во употреба во населбата Хиподром, во близина на спортскиот полигон, соопштија од ЕВН.

- Со новата трафостаница е решен долгогодишниот проблем на жителите од оваа населба, кои се соочуваа со низок напон и неквалитетно снабдување со електрична енергија поради интензивна дивоградба на семејни објекти. Новата трафостаница со новите нисконапонски изводи претставува трајно решение за квалитетно снабдување со електрична енергија - велат од ЕВН.

Досега жителите од оваа населба се напојуваа преку долг и стар извод од трафостаницата Маџари, што беше причина за честите прекини на електричната енергија.

- Трафостаницата беше изградена во рекордно време, а ЕВН Македонија и понатаму ќе биде отворена за соработка со сите редовни и совесни потрошувачи и ќе одговара на нивните потреби - вели Карл Хајнц Грасман, заменик-претседател на УО на ЕВН Македонија.



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=892C784DC912064BB154BA81E42B9A1F


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jul-2009 at 02:25
Законот за енергетика наесен ќе се менува


По предупредувањето од Европската енергетска заедница дека Законот за енергетика не соодветствува со политиките на Европската Унија, можно е тој наесен да претрпи измени. Како што информираше министерот за економија Фатмир Бесими иако досега официјален извештај до македонските институции не е пристигнат, сепак нашето законодавство ги следи препораките со цел да се приближи кон она на ЕУ.

-Потребата за усогласување со политиките на ЕУ е значајна и поради економскиот ефект кој ќе го има земјава со зачленување во европското семејство, смета Бесими. Тој појаснува дека она што сакаме да го продадаме во Европа, мора да биде според стандарите на Унијата.
Инаку, деновиве Европската енергетска заедница од Владата побара за два месеци да се смени Законот за енергетика. Заедницата има забелешки за состојбите во енергетиката и либерализацијата на енергетскиот пазар.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6B3C6E406EE5004084E8C48BFE42929C


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Jul-2009 at 23:13

Македонија изолиран остров и во енергетиката

Новата стратегија не предвидува можности за регионално поврзување во енергетскиот сектор

Соња Маџовска

Македонија е изолиран остров и во енергетиката, тврдат експертите. Новата енергетска стратегија не предвидува можности за регионално поврзување во енергетскиот сектор, со што автоматски ни се заканува енергетски мрак, за што вината нема да се бара во идните генерации, туку во сегашните кои не успеале да направат ништо да го спречат за тоа. Според аналитичарите од оваа сфера, изминативе години повеќе се растураше отколку што се градеше, затоа е дојдено пет до дванаесет, кога натрупаните проблеми треба да почнат да се решаваат.

„Не е познато според која методологија е направена стратегијата. Недостасува инвестициона менаџмент-анализа. Не се дадени можности за регионално поврзување. Македонија се третира како изолиран остров, што сметам дека не треба да биде стратегиска политика“, вели Вангел Фуштиќ.

Енергетската стратегија во земјава ја изработи МАНУ, без да консултира странски експерти, или компаниите кои работат во земјава. Само за споредба, во Хрватска на нивната енергетска стратегија работеле 75 лица од 27 домашни и две странски институции.

„Домашната стратегија не може да се нарече стратегија, туку предлог на стари предлози на можни енергетски проекти. Нема компаративни анализи, стратегиско планирање, нема анализа за финансиска изводливост, нема нови идеи. Нема одговор како домаќинствата во 2015 година ќе ја плаќаат цената на струјата. Конкретно за старите проекти, ’ХЕЦ5‘ е невозможно да профункционира до 2015 година. Требаше да биде готова до април годинава, а се' уште нема ниту брана ниту машинска зграда. ’Бошков мост‘, исто така, се предвидува да профункционира до 2015 година. Нема шанси. Ако се земе фактот дека се' уште не е завршена тендерската постапка, а за изградба на еден ваков проект се потребни најмалку осум години. Тоа важи и за проектот Вардарска Долина“, вели професорот Атанаско Туневски.

Експертите сметаат дека земјава не треба ниту да размислува за изградба на нуклеарка. За нејзина изградба се потребни многу повеќе средства отколку што се проектирани во стратегијата, само 2 милијарди евра, а Македонија нема ниту доволно вода, ниту соодветна локација на која би можело да никне нуклеарка. „Ниту една нуклеарка не е изградена во мала земја. Ако се случи една хаварија, Македонија ќе ја снема. Таа идеја не треба веќе ни да се споменува. Наместо нуклеарка, треба да инвестираме во соларни централи и ветерници. Земјава има услови за тоа. Имаме 265 сончеви дена во годината, во Скопје 230 дена се такви. Според извршените мерења има 20 локации, на кои има услови за искористување на ветерот“, порача Трпе Груевски од Здружението за обновливи извори на енергија.

Од ЕВН, пак, сметаат дека во земјава се одржува нереална цена на струјата што ги одвраќа инвеститорите. „Македонија не треба да остане изолиран остров и треба да се вклучи во регионалните проекти, а не да ни пропаѓаат проекти. Стратегијата е фокусирана на актуелната состојба и нема развојната димензија“, истакна Сашо Псалтировски од ЕВН. Според него, во стратегијата нема концепт, ниту како да им се помогне на социјалните категории, а тоа не можно во земја со огромен број сиромашни.

Инаку, во нацрт-документот што ги дава насоките за развој на енергетиката до 2020 годинасо визија до 2030 година, МАНУ предвидува две сценарија, без или со изградба на атомска централа. Во првото сценарио за реализација на инвестициите Македонија ќе треба да обезбеди 4 милијарди евра, а пет милијарди со изградба на нуклеарка. Пари за проектот МАНУ препорачува да се обезбедат преку поскапување на струјата што ја плаќаме најевтино во регионот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8C6E5C1587EAEC45B021901ABFDED82B



Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jul-2009 at 02:21

Конкурентни инвестиции во енергетиката

Стратегијата предвидува нашата енергетика да биде добро интегрирана во енергетскиот пазар во регионот и во светот и ќе има и увоз и извоз на енергија, вели министерот за економија Фатмир Бесими

Државата мора да осигури дека големите инвестиции во енергетиката, особено во хидроелектраните, ќе бидат конкурентни на поширокиот пазар, порача Питер Јохансон од Светската банка, зборувајќи на вчерашната јавна расправа по Предлог-стратегијата за развој на енергетиката 2008-2020, која ја изработи МАНУ.

Тоа беше неговата критика на мегаломанските проекти и тендерски услови, кои се нудат од страна на државата. Јохансон, исто така, препорача ценовни и тарифни реформи за централното греење и електричната енергија, како и на регулаторната рамка во целина со заштита на социјално загрозените семејства.

- При читањето на нацрт-верзијата на стратегијата не можеме, а да не признаеме дека се работи за добри приоритети. Но, треба да се каже дали може поинтензивно да се работи на ефикасноста, односно повеќе да се зборува за заштедите во енергијата - посочи Јохансон.

Академик Томе Бошески нагласи дека на земјава и' се неопходни големите акумулациски хидроцентрали. Според него, покрај за производство на електрична енергија, хидроелектраните ќе служат и за регулирање на водостојот. Тој смета дека „идните концесионери сигурно добро ќе ја преиспитаат и нивната економска оправданост“.

Водачот на тимот што ја подготви стратегијата, академик Глигор Каневче, објасни дека остануваат двете главни сценарија за развој на енергетиката, едното со нуклеарна централа со моќност од 1.000 мегавати и една термоцентрала од 300 мегавати, а другото со три термоцентрали од по 300 мегавати.

Во двете сценарија е предвидена изградба на нови хидроелектрани со вкупна моќност од 780 мегавати, три топлински гасни електрани за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија (ТЕ-ТО) со вкупна моќност од 564 мегавати. Се предлага и поголемо користење на природниот гас во домаќинствата и индустријата како супституција за електричната енергија.Професорот Константин Димитров, од Македонскиот центар за енергетска ефикасност (МАЦЕФ), коментираше дека стратегијата дава насоки за финансирање на проектите.

- Државата треба да одбере едно од сценаријата што се предложени во рамките на своите финансиски и политички можности. Кое ќе се одбере зависи од тоа колку ќе успееме да привлечеме странски капитал на повеќе начини, преку концесии, инвестиции, но и колку можеме како држава да издвоиме пари од сопствени извори - рече Димитров.

Според него, енергетиката е таква област кај што мора многу да инвестирате, а парите ви се враќаат на долг период. Но, тој посчи дека „во енергетиката инвестициите се сигурни и парите се враќаат, но не преку ноќ“.

Министерот за економија Фатмир Бесими најави дека стратегијата предвидува оти во наредниот период нето-увозот на струја ќе се намали, но тоа „не значи дека ќе се задоволи домашната потрошувачка со домашно производство“.

- Нашиот енергетски пазар ќе биде отворен и ќе има поголем проток на енергија, и увоз и извоз. Тоа е битно од економски аспект затоа што нето-увоз на енергија значи одлив на девизи, а нето-извоз значи прилив на девизи - рече Бесими, додавајќи дека станува збор за стратегија што предвидува нашата енергетика да биде добро интегрирана во енергетскиот пазар во регионот и во светот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2D0444661FF81149BA19E84BB602EC95


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jul-2009 at 02:50
Отстранети 50 стари трансформатори


ЕВН Македонија отстрани 500 стари трансформатори кои беа надвор од употреба и кои претставуваа потенцијална закана за околината поради присуство на старо нееколошко масло. Како што информираат од компанијата се работи за масло кое во светот не се користи повеќе од две децении, а кое доколку дојде во допир со други материи испушта отровни состојки опасни за животната средина и за здравјето на луѓето. Оваа сложена активност, екипите на ЕВН Македонија ја завршија пред предвидениот рок.
-Трансформаторите не биле проверени и отстранети со децении, велат од ЕВН Македонија и додаваат дека сега тие се дислоцирани во специјални бункери во Германија каде целосно се разложуваат и уништиваат.

ЕВН Македонија ја започнаа оваа акција во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а главна цел е отстранувањето на отровни материи од трансформаторите. Од дистрибутивната компанија велат дека со континуирано вградување на нови трансформатори, старите ќе се уништуваат на соодветен еколошки начин.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=74C39BB1F53F9941A218B4916D693BB8


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Aug-2009 at 01:59

Ветерници - страшни џинови или енергетски пријатели?

До 2020 година, државите на ЕУ ќе добиваат 20 отсто од енергијата преку обновливи извори

Миркица Поповиќ

Економската и климатската криза уште повеќе ги алармираат државите од ЕУ да работат активно на исполнување на амбициозната енергетска стратегија, која предвидува до 2020 година државите на ЕУ да добиваат 20 отсто од енергијата преку обновливи извори. Во 2008 година, во ЕУ вкупно 64.949 мегавати-енергија доаѓаа од ветерниците. На глобално ниво, градбата на овие фарми со ветерници креирала 35.000 нови работни места.

Во Македонија за фарми со ветерници се' уште се преговара. Израелско-британската фирма ЕИЏ во ноември 2008 потпиша договор со Општина Свети Николе за изградба на 90 ветерници. Интерес за изградба на фарма со ветерници во Овчеполието лани пројавија и шпанската фирма „Инвал“ и австриската „Нова енергија“. Засега нема прецизни рокови кога би стартувала изградбата на фарми со ветерници во нашата држава.

Неодамна енергетските експерти и аналитичари во државава ја критикуваа националната енергетска стратегија на МАНУ, делумно бидејќи во неа воопшто не е предложен план за користење обновливи извори енергија, како што е енергијата на ветрот. Трпе Груевски од Здружението за обновлива енергија тогаш потенцира дека, наместо предлогот на МАНУ за градење нуклеарна централа, потребно е да се инвестира во соларни централи и ветерници. „Македонија има 265 сончеви дена во годината, а во Скопје 230 се такви. Според извршените мерења на брзината на ветрот, во државата има 20 поволни локации на кои има услови за добивање струја“, образложи Груевски.

Владата, барем за оваа година, нема предвидено буџетски средства за инвестирање во енергијата од ветер. На оваа тема, на минатонеделната седница за собраниски прашања, Лилјана Поповска од ДОМ го праша министерот за финансии, Зоран Ставрески, дали Владата размислува за земање „зелени кредити“, со кои би се финансирале обновливите извори на енергија. Ставрески изјави дека Министерството за финансии и Владата се отворени за разгледување на овие можности, во насока на одредбата за користење извори на обновлива енергија и зачувување на животната средина. „Ќе ги испитуваме можностите што стојат на располагање кај одредени институции од каде што би можеле да се добијат такви средства и, зависно од просторот во фискалната стратегија за задолжување на земјата за оваа намена, ќе направиме соодветни планирања за следните години“, додаде министерот.

Деновиве и од нашата најблиска ЕУ-држава Грција стигнаа најави дека таа во наредниот период поактивно ќе се вклучи кон остварување на енергетската стратегија на ЕУ. Имено, Грција произведува само 985 мегавати-енергија со помош на ветерници, што е само 1 отсто на глобално ниво. Најголем дел од енергијата се произведува од ветерниците на грчкиот остров Крит и од ветерниците поставени на фармата на ветерници на планината Панахаико, близу Патра. Негативниот став на населението за изградба на ветерници е една од причините зошто Грција недоволно ги користи можностите и местоположбата што ја има. Имено, голем дел од жителите на грчките острови, за кои енергетските експерти сметаат дека се најповолни локации за поставување ветерници, се плашат дека монструозната големина на ветерниците и бучноста од работата на перките ќе бидат непривлечни и непријатни за туристите.

Меѓутоа, како што велат и од грчкото здружение за енергија од ветер, климатските промени не можат да чекаат на естетика. Поради тоа, минатата недела Грчкиот национален совет за енергетска стратегија предложи сценарио за користење обновливи извори на енергија, пред се' ветерници, природен гас и големо штедење енергија за подобро справување со потенцијалниот недостиг од енергија во државата. Иако поради економската криза енергетската побарувачка е видно намалена, сепак, според извештајот за долгорочно енергетско планирање на советот, во следниот период ќе дојде до нагло растење на енергетските потреби.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=AC9B1CB666CB5345B63AA25F7B835180



Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Aug-2009 at 04:02

На Македонија и' е потребна нуклеарка

Димитар Хаџимишев, прв човек на „Топлификација“

Гордана Дувњак
Мирче Јовановски



Господине Хаџимишев, каде ја гледате енергетската иднина на Македонија?

Јавната расправа е неопходна. Проблемот е што нема идеи. Има критики, но нема идеи. Македонија нема многу опции. Тешко е да се прави стратегија кога има многу опции, но кога има малку, работата е дефинирана. Ние имаме премалку можности за потребите. Прво, хидроенергијата во Македонија е маргинална. Она што е останато е многу скапо. Со Светска банка се расправаме дали тие проекти економски воопшто се оправдани. На крај ставот е: нека одат на тендер, ако некој има интерес да ги прави, ќе ги прави. „Чебрен“ и „Галиште“ се огромни инвестиции. Има неколку варијанти како може да се реализираат. Единствената опција е меѓународен тендер, да се види дали некој ќе има интерес да го прави тоа за пазар. За нив, најверојатно, ќе има интерес од големите компании, на кои таков капацитет им служи како резерва. Затоа РВЕ и „Вербунд“ се заинтересирани. Но, хидроенергијата не го решава проблемот, бидејќи целокупните нови хидрообјекти се од еден до 1,2 терават-часови. Ако застане „Суводол“, Македонија ќе изгуби 4 терават-часови. А за развој, во првите седум-осум години и' требаат најмалку 4 нови терават-часови.



Што е со другите енергетски ресурси со кои располага нашата земја?

Остануваат две опции. Кај термоелектраните има две опции: јаглен или гас. Кај јагленот, пак, има три опции: лигнит, со можност ние да произведуваме или да купуваме од некого, на пример од Косово, и да го носиме тука. Таа варијанта е многу малку веројатна и никој не ја препорачува, бидејќи е врзана со еколошки проблеми. Втората можност е да се увезе квалитетен јаглен. Тоа е реална варијанта ако „Суводол“ осиромаши предвреме. Таму и сега се додава јаглен од „Брод Гнеотино“ и од подинските слоеви, без што рокот на експлоатација на рудникот би бил многу кус. Може да користи и квалитетен јаглен, но тој не може да се употреби во постојните котли. Значи, ако се земе јаглен од увоз, мора да се прави инвестиција во котлите. Инвестициите, пак, се проблематични, од друга страна, бидејќи Светска банка и ЕУ велат: ако влезете во ЕУ, ќе мора да се применат и еколошките стандарди на ЕУ, што подразбира и инвестиции од 130-140 милиони евра за екологија. Плус, во 2020 година да се стават надвор од погон.

Се поставува прашањето дали сето тоа има економска логика. Со влегување во ЕУ ќе треба да се плаќа и за емисиите на јаглероден диоксид (ЦО2). И Светска банка и експертите проценуваат дека по 2012 година цената на струјата произведена од јаглен многу ќе поскапи, бидејќи и Бугарија и Романија се во ЕУ, а и Србија се стреми кон ЕУ. Од 2012 година, Бугарија и Романија ќе имаат обврска да плаќаат за емисиите на ЦО2. Тие плаќања значително ќе ги зголемат цените за електрична енергија. И тоа на пазарот на Балканот ќе ја зголеми цената на електричната енергија од јаглен. Но, Македонија нема друг избор. Со нашиот трговски биланс, со над 1 милијарда долари дефицит, замислете уште да купувате гориво за електрична енергија. Или да купувате електрична енергија. Суштината на јагленовата опција, која е предвидена во стратегијата, е дека ние имаме јаглен, но, за несреќа, е во подземен коп. Површинските ископи со „Суводол“ и „Брод Гнеотино“ завршуваат. Опцијата со македонски јаглен во која било стратегија мора да се разгледа. Би било несериозно да се оди на гас или нуклеарка без да се каже дали домашните ресурси кои се на 80, 100 метри под земја се економски исплатливи.



Какви се процените?

Сите модели во инвестициите се проби. Значи, таквите електрани се некаде 56, 57, 58 евра за мегават-час, што е конкурентна цена за 2012 година. Но, Светска банка вели „да, но немаш за ЦО2“. Ако се додадат тие трошоци, доаѓа до околу 70 евра, со што инвестицијата станува ризична. Но, јагленовата опција мора да се проба, има реалност со таквите бројки и затоа останува. Друго е прашањето дали ќе се прави. Следната фаза, која и' ја предложивме на Владата, кога ќе биде усвоена стратегијата, е да формира тимови за јагленовата опција, за гасната опција, за нуклеарната опција... Тимот за јагленовата опција ќе си ангажира меѓународен експерт, консултант. Немаме капацитет, некој кој ќе изработи претфизибилити-студија. Тоа е првиот документ што се прави за една инвестиција.



Зошто е неопходен надворешен експерт, не може ли некој домашен да го направи тоа?

Која било банка им верува само на одреден број фирми. Мојата физибилити-студија банката нема да ја гледа. Можеби е најдобра, но, вели, простете, не знаеме кои сте. Нам за проектот на гасната централа ни предложија четири фирми. Ако не, одете во друга банка. За сите овие активности се потребни шест-осум месеци, значи во рок од една година откако ќе се усвои стратегијата ќе се има став за инвестирање. Разработени се и опции, на пример, дали ЕЛЕМ ќе инвестира, значи државна инвестиција, дали ќе се оди на јавно-приватно партнерство или на меѓународна концесија... Една од опциите е државата, односно ЕЛЕМ, да исфинансира 2,5 милијарди евра.

Иако изгледа чудно, но ако му дадат на ЕЛЕМ цена колку што треба да има, значи да има 50 милиони евра профит, колку што мора да има според методологијата, тој ќе стане инвестиционо способен и ќе почне да работи. Меѓутоа, таа опција е генерално лоша, бидејќи државата е лош стопанственик, нема капацитети и тие инвестиции се проблематични.

Втората опција е гасот. Таму, дефинитивно, застанавме на став дека во Македонија може да има две големи гасни централи, едната што ја правиме ние („Топлификација“) и уште една. За да се направи таков објект, треба да има потреба од топлина и во градот треба да има некој кој претходно трошел топлина да му се супституира. Бидејќи, ако се донесе нова гасна електрана во Скопје, ќе ја забранат од екологија. Гасот е чист, но тој произведува азотни оксиди што се проблематични. Не можевме да ја направиме гасната електрана ако претходно не користевме мазут и сега правиме подобрување на средината.



Што е со идејата за нуклеарка. Дали имаме основни предуслови, пред се', вода за ладење на реакторите?

Нуклеарната електрана нема потреба од вода за ладење на реакторите, туку од вода за ладење на ладилните кули, но тоа е друг процес. Во центарот на Париз има нуклеарка. Денес се прават суви кули, или полусуви, хибридни ладилни кули, кои воопшто или многу малку трошат вода.



Сакате да кажете дека технолошки нема пречка за изградба на нуклеарка? Што е со економските аспекти?

Економските аспекти, по истите модели што ги проверувавме јагленовите опции, покажуваат дури и подобри карактеристики, меѓу 50 и 52 евра за мегават-час, за инвестиции од три милијарди евра, што е скапо. Со претпоставка дека трошокот за гориво е околу 12 отсто од цената на струјата. Нуклеарката покажува и подобри резултати, во зависност кое е времето на враќање со трошоци на деактивација. Освен водата, заблуда е и складирањето на горивото. Еве една анегдота: кога поранешна Југославија се подготвуваше да прави шест нуклеарки, клучниот проблем не беше складирањето на горивото, туку Југославија бараше да и' остане. Руските понуди беа дајте ни го горивото, поевтини сме. Значи, има кој го сака, има и каде да се складира. Од друга страна, кај нас се вели дека не не' бидува комунална хигиена да водиме, а не пак нуклеарка. Јасно е дека не не' бидува, но, исто така, јасно е дека интересот е голем. Кој ќе направи прв нуклеарка во регионот - тој ќе биде добар. Според мое лично мислење, „Белене“ апсолутно не е во предност и тоа се докажа. Дојде Бојко Борисов и го стопира. Нуклеарка на Балканот ќе направи некоја моќна компанија од моќна држава ако државата каде што се прави даде услови да му биде партнер. Мојот предлог беше државата да има учество 20 отсто, да најде моќен оператор и тој да биде главен, а се знае кој е, тоа е Америка. Нуклеарната електрана има многу повеќе политичка димензија отколку техничка.



Сите земји во околината излегоа со свои планови да градат нуклеарки. Не мислите дека е малку доцна за Македонија?

Не е предоцна, но мора да се најде партнер-оператор кој ќе има интерес, со добра поддршка, кој ќе го забрза тоа. Се разбира, од денеска за петнаесетина години, меѓутоа, затоа се јагленовата и гасната опција да се премости тој период. Но, тоа дефинитивно без поддршка на моќна држава и моќен партнер нема шанса да се направи. Не случајно Бугарите го зедоа ЕРВЕ. По Американците, кои се најмоќни, тие се, нема друг. Мислам дека Европа станува интересно место за инвестиции во енергетиката, посебно Балканот, бидејќи Балканот има дефицит и, второ, со изградбата на два далекувода со кои се поврзуваат два големи импортери на енергија, Грција и јужна Италија, најлесно е да изградиш какви било инвестиции во држави како Македонија и Албанија.



Зошто толку се одложуваше со донесување на стратегијата?

Прво, ние во енергетскиот сектор немаме капацитет. Тој сектор беше и се' уште грото е државен, каде што се менуваат тимовите како што ќе дојде партија, партиските структури имаат многу слаб супорт во тој сектор и, едноставно, ако не беше ова јадро кое одамна работи во општата енергетика, каде што се врзани економијата, енергетика и пакетите кои во МАНУ и на Електротехничкиот факултет одамна се носеа, немаше шанси ни да се изработи. Иако стратегијата на Македонија е многу лесна, бидејќи има само три-четири опции. И покрај тоа, и ова се донесе многу тешко. МАНУ одеше на тендер, што е глупост.



Колку се точни шпекулациите дека меѓу акционерите на „Топлификација“ има високи функционери на власта?

Тоа покажува незнаење за акционерството. Кој сака - може да провери, доволно е да купи една акција од „Топлификација“, сега чини околу 60 евра, и го добива целиот список на акционери. Проблемот со акционерите е друг. Не за нас, туку за секое акционерско друштво. Што фајде што ги знаат, никој не ги прашува од каде им се парите што купиле акции. Акционерската структура на „Топлификација“ е многу едноставна, најголем акционер е „Потеза“ со околу 18 отсто акции, потоа има еден акционер кој има 1,5 отсто и потоа речиси сите се под еден отсто. „Топлификација“ има 2.500 акционери на последното собрание. „Топлификација“ е единствена фирма во Централна и Источна Европа кај која со приватизацијата расте бројот на акционери. Кај сите други бројот на акционери опаѓа, бидејќи управните одбори ја преземаат фирмата. Поради тоа, ние сме една од ретките компании што има акционерско собрание со 400 акционери.

Македонија е исполитизирано општество. Какво е влијанието на политиката врз бизнисот?

Јасно е оти има големо влијание во бизнисот. За „Топлификација“ можам да кажам дека во овие 19 години на транзиција остана имуна на политика. „Топлификација“ никого не спонзорирала во политиката. Мора да соработуваме со секоја власт, бидејќи сме во доменот на енергетиката. Пред регулаторот, нашата цена ја дефинираше Владата и мораше да соработуваме со секоја власт и тоа од ниво на референт до премиер. Меѓутоа, енергетскиот сектор генерално е под големо влијание на политиката. Ние сме го почувствувале тоа. Главно преку добивањето цени.

За 17 години сум имал средби со сите премиери со часови. Дури и да имало барања, биле многу мали и на пониски нивоа, за вработувања итн. Од тој аспект „Топлификација“ во периодот на транзиција немала таков ефект. Влијанието на политиката била преку цените на топлинската енергија.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=8954C8C50113D74C956501E95B1B0AC6



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Aug-2009 at 05:09
Многу интересно и информативно интервју и фала богу без новинарска „поетска слобода“ (тресење глупости), туку е пренесено точно како што било дадено.


А следново не може а да не се искоментира. Зарем кај нас толку многу експерти толку долго време всушност наметнуваат непостоечка дилема со водата за ладење на потенцијалната нуклеарка???
Нуклеарната електрана нема потреба од вода за ладење на реакторите, туку од вода за ладење на ладилните кули, но тоа е друг процес. Во центарот на Париз има нуклеарка. Денес се прават суви кули, или полусуви, хибридни ладилни кули, кои воопшто или многу малку трошат вода.



Инаку веќе некое време го менувам ставот околу тоа дали да се гради нуклеарка и се повеќе сум за таа опција. Но мораме да бидеме свесни дека огромна пречка и проблем ќе биде генералната неспособност на нашите институции. За проектот да биде успешен, ќе мора многу работи радикално да се сменат кон подобро!


Posted By: shaun.r
Date Posted: 10-Aug-2009 at 08:06
Originally posted by Cloverstack

Многу интересно и информативно интервју и фала богу без новинарска „поетска слобода“ (тресење глупости), туку е пренесено точно како што било дадено.


А следново не може а да не се искоментира. Зарем кај нас толку многу експерти толку долго време всушност наметнуваат непостоечка дилема со водата за ладење на потенцијалната нуклеарка???
Нуклеарната електрана нема потреба од вода за ладење на реакторите, туку од вода за ладење на ладилните кули, но тоа е друг процес. Во центарот на Париз има нуклеарка. Денес се прават суви кули, или полусуви, хибридни ладилни кули, кои воопшто или многу малку трошат вода.



Инаку веќе некое време го менувам ставот околу тоа дали да се гради нуклеарка и се повеќе сум за таа опција. Но мораме да бидеме свесни дека огромна пречка и проблем ќе биде генералната неспособност на нашите институции. За проектот да биде успешен, ќе мора многу работи радикално да се сменат кон подобро!


edinstven ekspert za nuklearna energetika e Tome Bosevski eden od avtorite na strategijata..bidejki imam zavrseno elektro i bas energettika i sum poupaten vo ovaa problematika , i mene me cudat ekspertite od tipot na toj Tanasko koj e profesor na masinski fak(sto negledam dopirna tocka da polemizira okolu nuklearka pa i okolu hidroenergija) i mu go zabvoraviv imeto Wallbash   tipot mi bese mentor na diplomskata i ne vazi za nekoj epten strucnjak...Inace zborot mi bese deka dodeka studirav se zborese deka Tome Bosevski uste vo 60 tite ima izraboteno studija za nuklearka u Mariovo so planirani Cebren i Galiste...e sega me cudi zasto na nivo na jugoslavija togas nikoj ne nasol za shodno da ja problematizira taa nuklearka..


Posted By: DiKej
Date Posted: 10-Aug-2009 at 10:08
Браво за Хаџи-Мишев. Многу ми се свиѓаше текстот. Без кратење од новинарите, без додавање на глупости итн..
@Newbie:
Незнам зошто мислиш дека само Бошевски е експерт. Хаџимишев е исто така експерт, само што неговите квалитети се во сенка поради цената на парното, па граѓаните го сметаат за лопов, безобразен и незнам си уште што не. Незнам дали ја имаш читано енергетската стратегија (он има удел во изработувањето). Таму главен акцент на периодот додека не се изгради нуклеарка (2030) се става на "те-то" објектите. Така да паѓа во вода дека он не е експерт. Мене многу ми се свиѓаат неговите ставови, и бизнис идејата што ја има, затоа и го поддржувам.
Поздрав
Во прилог енергетската стратегија:
http://www.economy.gov.mk/WBStorage/Files/Strategija%20za%20razvoj%20na%20energetikata%202008-2020%20so%20vizija%20do%202030%20%28web%29.pdf - http://www.economy.gov.mk/WBStorage/Files/Strategija%20za%20razvoj%20na%20energetikata%202008-2020%20so%20vizija%20do%202030%20%28web%29.pdf


Posted By: shaun.r
Date Posted: 10-Aug-2009 at 10:21
Originally posted by DiKej

Браво за Хаџи-Мишев. Многу ми се свиѓаше текстот. Без кратење од новинарите, без додавање на глупости итн..
@Newbie:
Незнам зошто мислиш дека само Бошевски е експерт. Хаџимишев е исто така експерт, само што неговите квалитети се во сенка поради цената на парното, па граѓаните го сметаат за лопов, безобразен и незнам си уште што не. Незнам дали ја имаш читано енергетската стратегија (он има удел во изработувањето). Таму главен акцент на периодот додека не се изгради нуклеарка (2030) се става на "те-то" објектите. Така да паѓа во вода дека он не е експерт. Мене многу ми се свиѓаат неговите ставови, и бизнис идејата што ја има, затоа и го поддржувам.
Поздрав
Во прилог енергетската стратегија:
http://www.economy.gov.mk/WBStorage/Files/Strategija%20za%20razvoj%20na%20energetikata%202008-2020%20so%20vizija%20do%202030%20%28web%29.pdf - http://www.economy.gov.mk/WBStorage/Files/Strategija%20za%20razvoj%20na%20energetikata%202008-2020%20so%20vizija%20do%202030%20%28web%29.pdf


nerekov za nego deka nee ekspert, tuku najgolem ekspert od oblasta na nuklearnata energetika e Bosevski


Posted By: DiKej
Date Posted: 10-Aug-2009 at 21:48
Originally posted by shaun.r


nerekov za nego deka nee ekspert, tuku najgolem ekspert od oblasta na nuklearnata energetika e Bosevski


Ok shaun


Posted By: kire85
Date Posted: 11-Aug-2009 at 17:09
Stvarno ne znam za ova.....pred nekoj mesec se aktualizira temava vo Makedonija da se izgradi nuklearka i sea se fatija site ko slep za stap za centralava, kao demek utre ke pocneme da ja gradime. Ne deka sum protiv, ako nesto takvo e navistina ostvarlivo uopste kaj nas, ama so edna mizerna iskoristenost na vodite, veterot i sonceto vo Makedonija stvarno smesno mi izgleda tolku mnogu da se diskutira za ova. Mozebi energetskite centrali koi koristat prirodni i neiscrplivi izvori ne bi davale tolku energija kako edna nuklearka, ama nasite potrebi bi gi zadovolile za da ne mora da uvezuvame struja, sto vsusnost bi trebalo da bide prioritet broj eden, a ne da letame vo oblaci i da se zanesuvame deka za 30-40 godini cel balkan od nas ke se snabduva.


Posted By: Dragan
Date Posted: 15-Aug-2009 at 13:00

Мариово спас за енергетската криза?

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=87&VestID=112616 - Дарко Штаргоски http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112616#komentari - Коментари (0)    
15.08.2009 13:40
 

 

Дали Мариово ќе ја спаси Македонија од енергетската криза? Започнаа истражувањата за наоѓалиштата на јаглен во овој крај, инвеститор е ЕЛЕМ.

Според студијата направена во 70-тите години, во Мариово има околу 111 милиони тони на јаглен, количество доволно за 30 годишна експлоатација. Целта е наоѓање нови извори на енергија, бидејќи Суводол кај Битола ги црпи последните количини.

„Најмногу до сега се истражени регионите околу селата Манастир и Бешиште, засега само овој регион има највисок степен на истраженост, тие се ревидирани, а извршени се и други подземни работи“, изјави Александар Иваноски, инженер - геолог.

Но експертите поделени. Според едни ова богатство е одлична можност во Мариово да се направи термоелектрана која би произведувала 1.400 гигават часови енергија на годишно ниво, со што би се намалил увозот кој сега изнесува околу 2.600 гигават часови.

„Тоа е доста квалитетен јаглен, со карактеристики слични на лигнитот во РЕК Битола, ние сега имаме еден домашен ресурс, домашен јаглен и со него може да правиме и да располагаме како сакаме“, вели Зоран Божинкочев, Земак.

Според ЕЛЕМ во зависност од количините на јаглен кои што би се пронашле тука и дали тој е исплатлив да се експлоатира, ќе зависи дали во иднина тој јаглен би се транспортирал до РЕК Битола или тука би се изградила мини термоелектрана.

Според други експерти пак најголемиот дел од јагленот треба да се копа јамски, бидејќи е на длабочина од над 100 метри, што во старт е поскапа варијанта. Поскапо ќе било да се копа отколку да се увезува. Според нив Македонија од енергетската криза може спаси само со нуклеарка во Мариово.

„Во овој момент со јамска експлоатација јас мислам дека се уште не одговара бидејќи ќе добиеме најмалку 20 проценти поскапа струја, отколку со површинска експлоатација на јагленот. Треба прво да се изгради чебрен и да се размислува за нуклеарка, тоа е поголем енергетски потенцијал за Мариово отколку јагленот“, изјави Стојан Петкоски, рударски инженер.

Но сите се во едно согласни, Македонија може да доживее катастрофа доколку под итно не започне со инвестирање на нови енергетски објекти кои кај нас не се изградени со децении.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112616



Posted By: micko_v
Date Posted: 17-Aug-2009 at 16:27
Гледам дека многу се форсира варијантата на јаглен и нуклеарна енергија, додека не видовме никаква студија од МАНУ кога станува во прашање соларната енергија.
Зборуваме за 2,5 милијарди евра и мин. 15 години реализација за нуклеарка, а за таа сума и во многу пократко време можеме да  покриеме дел од потребите со соларни централи иако цената на мегават би била веројатно дупла повисока во однос на гасна централа.


Posted By: kire85
Date Posted: 17-Aug-2009 at 21:19
Originally posted by micko_v

Гледам дека многу се форсира варијантата на јаглен и нуклеарна енергија, додека не видовме никаква студија од МАНУ кога станува во прашање соларната енергија.
Зборуваме за 2,5 милијарди евра и мин. 15 години реализација за нуклеарка, а за таа сума и во многу пократко време можеме да  покриеме дел од потребите со соларни централи иако цената на мегават би била веројатно дупла повисока во однос на гасна централа.


Applause Toa mi bese i mene muabetot......kako sto si znaeme nie da gi organizirame rabotite, edna trafika da se krene moze da trae godina dena, a ne pa nuklearna centrala. Ne deka sum protiv, no se plasam deka ako si go zacrtaat ova resenie u glava i gi zanemarat site drugi opcii, moze da cekame i do 2050 za izlez od energetskata kriza.Crazy


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Aug-2009 at 15:44

Канадска инвестиција вредна 200 милиони долари

Канадска инвестиција вредна 200 милиони долари. Во Македонија влегува фирма за рециклирање на отпад и производство на енергија. Отворање на нови работни места и обновлива енергија – е тоа што и е потребно на Македонија вели претставникот на компанијата Дени Радев.

„Да се собере отпадот и да се произведе обновлива енергија. Електрична енергија што и е потребна на Македонија. Се работи за инвестиција од 200 милиони американски долари. Тоа е долг процес, многу пари, но се надеваме дека за една година ќе биде завршена работата, изјави Дени Радев – ЕИТИ интернационал.

Македонските бизнисмени од Америка и Канада се во постојана трка за привлекување странски инвестиции. Светската економска криза ги спречува членовите на Македонија 20245 во нивната мисија. Претседателот на организацијата е оптимист.

„Има заинтересирани, но не е баш најдобра климата поради економската криза во Америка, што е многу тешка. Јас мислам дека кога ќе се подобри таа клима мислам дека ќе има доста заинтересирани, изјави Митре Кутаноски – претседател на хуманитарната организација “Македонија 2025“.

Економската криза го забави процесот на инвестирање Но, сепак тоа не е пречка странските компании да го прошират производството или да отворат нови погони во Македонија –смета Премиерот Груевски. Тој во Торонто оствари средби со македонски и канадски бизнисмени заинтересирани за вложување во земјава.

„Сретнав многу компании, се сретнав со сите здруженија на Македонци, разменивме мислења, бараа многу информации, добија многу информации. Многу од компаниите ќе дојдат и во Македонија да не посетат. Се надевам дека дел од овие разговори ќе вродат со плод и дека доаѓањето на некои од нив во Македонија кое што веќе го најавија и го потврдија ќе резултира и со некоја инвестиција, изјави Никола Груевски.

Премиерот Груевски и членовите на македонската делегација, работната посета на Канада ја завршија со бизнис форумот во Торонто на средба со македонски и канадски бизнисмени.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=52728


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Sep-2009 at 15:05
Може би најалтернативно ориентираниот енергетски капацитет во Македонија. Се работи за поштата во Лазарополе која има два сончеви колектора и една ветерница!




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Sep-2009 at 16:13

ЕЛЕМ ќе го истражува Мариовскиот басен

АД ЕЛЕМ денеска почнува со истражувања на Мариовскиот басен, кои треба да покажат колкави се резервите на јаглен и каква е можноста за нивна експлоатација. Од компанијата соопштија дека ќе се вршат 88 дупнатини со вкупна должина од 10.020 метра, а работите ќе ги изведува Градежниот институт „Македонија“. Проектот вреди два милиона евра, кои ќе бидат обезбедени од сопствени средства на ЕЛЕМ. Потенцијалното наоѓалиште „Мариово“ е сместено во атарите на селата Манастир, Бешиште, Палчиште и Витолиште, 50 километри југоисточно од Прилеп, на надморска височина од 700 до 1.000 метри. На овој простор е сместено наоѓалиште со еден јагленов слој, со средна дебелина од седум метри и на длабочина од 7,7 до 279 метри. Површината на наоѓалиштето е околу 14 километри, а тоа располага со вкупни геолошки резерви од 111 милиони тони јаглен, со долна топлотна вредност од 7.536 килоџули на килограм. Наоѓалиште е предмет на истражување во текот на подолг временски период, а од 2008 година Секторот за развој и инвестиции на ЕЛЕМ ги продолжи активностите преку изработка на проект.

Теренските и лабораториските истражни работи ќе обезбедат податоци за изработка на главен рударски проект за експлоатација на јагленот. ЕЛЕМ почна процедура и за избор на главен проектант за отворање на рудникот. Во соопштението се наведува дека проценетите вкупни геолошки резерви на јагленот во Мариовскиот басен, можноста за нивна експлоатација, близината на РЕК „Битола“ и можноста за изградба на соодветен термокапацитет во непосредна близина на копот, ги оправдуваат заложбите за континуирано користење на подолг временски период. Од досега потврдените рудни резерви на јаглен се планира да се отвори рудник со јамска технологија и изградба на термоелектрана со инсталиран капацитет до 300 мегавати и производство до 2.000 гигаватчасови електрична енергија годишно во период од 30 години.

Планираните проекти треба да бидат реализирани во периодот од 2010 до 2013 година, а вкупната инвестиција, која вклучува и отворање на рудник, се планира да изнесува околу 460 милиони евра. Од нив 15 отсто се планира да обезбеди ЕЛЕМ. Со реализацијата на овој проект, покрај добивањето нови количества струја од домашно производство, ќе се отворат од 1.000 до 1.200 нови работни места, што ќе биде значаен фактор за економскиот и социјалниот развој во овој недоволно развиен регион. (МИА)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5A7CC3D832ED6642BDAFFFB164CB598A


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Oct-2009 at 15:50
Покрај општо за енергетската стратегија на МАНУ, текстов има и поконкретно инфо околу Чебрен и Галиште:

Има стратегија нема енергија

Стратегијата е направена со застарена методологија од социјалистичко време, кога не се водеше грижа за економската оправданост на проектите, туку се правеа мегаломански објекти без потреба, вели експертот Јордан Ставров

Македонската стратегија за енергетика, која по барање на Владата ја изработи МАНУ, се заснова на стари проекти со застарена техничка документација, предупредуваат експертите. Според нив, тоа е главната причина зошто се' почесто јавните огласи за енергетските проекти се неуспешни.

На завчерашната седница на Владата беше изгласана нацрт-верзијата на стратегијата за енергетика, а министерот за економија Фатмир Бесими очекува до крајот на годината таа да се разгледува на јавни расправи. Собраниската процедура би завршила во мај 2010 година.

Како доказ дека проектите во стратегијата се застарени е вчерашната најава на министерот Бесими дека уште еднаш ќе биде одложен рокот за доставување понуди на вториот оглас за изградба на двете големи хидроелектрани на Црна река „Чебрен и Галиште“ кои се дел од енергетската стратегија. Понудите за инвестициите требаше да бидат доставени до почетокот на октомври, а новото одложување е по барање на заинтересираните инвеститори, кои во моментов испитуваат дали проектот, вреден повеќе од 650 милиони евра е економски оправдан.

- Ја подигнавме тендерската документација, но се' уште немаме одлука дали ќе доставиме понуда. Се' уште правиме анализи и пресметуваме дали проектот е економски исплатлив. Ако околностите се стабилни, ќе доставиме понуда, но ако пресметаме дека проектот не е исплатлив, нема - изјави Терстен Липерт од РВЕ по вчерашната средба на германските бизнисмени со министерот за економија Бесими.

Според Липерт, секогаш постои можност да се подобри од технички аспект проект од вакви размери. Германскиот енергетски гигант се' уште нема побарано технички подобрувања на условите во огласот од страна на Министерството.

- Но, можеби за време на размислувањата и нашите внатрешни разговори ќе дојдеме до подобри технолошки решенија и тогаш ќе ги предложиме до Министерството. Засега нема такво нешто - истакна тој.

Министерот Бесими само дополни дека процесот е во тек, и се очекува на огласот да се пријават досега заинтересираните компании - италијански ЕНЕЛ, германско-словенечката корпорација РВЕ-ХСЕ и австриски „Вербунд“.

- Имаме индикации за барање за продолжување на рокот за тендерот. Ќе постапиме и во интерес на Македонија и во интерес на успешен проект на инвеститорот. Ние ќе направиме се' овој проект да биде успешен. Оптимисти сме, но според досегашната практика ефектите од кризата си го направија своето - додаде тој.

Професорот на градежниот факултет Љубомир Танчев, кој е претседател на Македонскиот комитет за високи брани, смета дека е потребна подлабока анализа на документацијата за да се види дали проектот е исплатлив.

- Ние го баравме тендерот на увид, но бевме одбиени под образложение дека постапката е веќе почната и не може да се објавува. Притоа не ги знаеме точно условите предвидени во огласот - вели професор Танчев.

Тој е на мислење дека скоро сите проекти предвидени со енергетската стратегија на МАНУ, се стари и тешко остварливи.

- Стратегијата воопшто не е стратегија. По правило стратегијата се прави за 20 до 30 години однапред. МАНУ стратегијата ја направи за 12 години со таканаречена „визија за 2030 година“. Па визија не се прави, визија се има или се нема. Сите рокови предвидени за изградба на објектите се нереални и прекуси, особено за хидроелектраните - додава Танчев.

Со него се согласува и експертот за хидроелектрани Јордан Ставров кој вели дека целосната техничка документација врз основа на која се базираат проектите во енергетската стратегија, особено за хидроелектраните, е стара и не одговара на законските услови и европските стандарди.

- Документацијата за хидроцентралите е направена со застарена методологија од социјалистичко време кога не се водеше грижа за економската оправданост на проектите, туку се правеа мегаломански објекти без потреба - истакна Ставров.

Според него, употребената метода за конкурсите за „Чебрен“ и за „Галиште“ со варијантата 2+1, која е предвидена за проектот, воопшто не одговара на меѓународните норми и стандарди за изградба на хидроелектрани.

Тој предлага конкурсот да се стопира и на евентуалните концесионери да им се понуди оптимизирана варијанта 3+1 со пониски брани, која е технички исправна и економски оправдана. Според него, секое друго решение е штетно за државата, нејзиниот електро-стопански и хидролошки систем.

Горан Ризаов



http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D2571046C6F2404D9DEE963095A51293


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Oct-2009 at 15:30

Тргна јагленот од Брод-Гнеотино

Со камиони започна транспортот на првите количини јаглен од новиот рудник Брод-Гнеотино кон термоцентралата РЕК „Битола“. Со ова е означен почетокот на ископувањето и транспортирањето руда од овој површински коп кој, заедно со постојниот рудник Суводол, ќе го продолжат векот на РЕК за 20 години.

Новиот површински коп располага со вкупно 108 милиони тони јаглен, од кои за експлоатација се достапни 32 милиона тони. Годишниот капацитет на рудникот ќе биде два милиона тони, со што ќе се задоволува годишната работата на еден од блоковите на РЕК. Инвестициската вредност на копот изнесува 95 милиони евра, од кои на опрема отпаѓаат 62 милиона евра, а остатокот е предвиден за инфраструктурата. Досега се инвестирани околу 43 милиони евра, од кои дел кредитни средства и дел сопствени средства на ЕЛЕМ.

Два часа пред премиерот Никола Груевски да ја пресече црвената лента во Брод-Гнеотино, локалната организација на СДСМ од Битола на прес-конференција обвини дека власта по четврти пат го отвора проектот и тоа без потребната механизација.

- Не е изграден транспортен систем на ленти, багерот СРС 2000 се' уште е надвор од функција, транспортот се врши со приватна градежна механизација наместо со рударска опрема - обвини пратеничката Весна Бендевска.

Таа јавно ја повика власта да одговори колку средства се издвојуваат за ваквиот транспорт, со оглед на фактот дека еден булдожерски час чини од 60 до 100 евра.

(Ж.З.)


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=332093AA7105CA45BEC76347D1ACCA36


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Oct-2009 at 15:46
Има некае податок колку е крајната разлика во цени за KWh (киловат час), односно споредаба доколку превозот се врши со лента со ископ на рударски багер и цената на овој начин со камиони.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Oct-2009 at 16:40
ДИСТРИБУЦИЈА НА СТРУЈА
Дефектите под еден надзор

„ЕВН Македонија“ го реконструираше диспечерскиот центар за управување на дистрибутивната мрежа.
- Со ова се овозможува од едно место брзо да се откријат сите дефекти што се појавуваат во дистрибутивната мрежа и“велат од ЕВН. Комплетно е инсталирана нова современа опрема со која се овозможува надгледување и управување на целокупниот дистрибутивен систем на „ЕВН Македонија“.Во оваа прва фаза, далечински можат да се управуваат високонапонските трафостаници на „ЕВН Македонија“ во Скопје, а потоа ќе се управуваат и сите високонапонски трафостаници низ државава.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1831&ArticleID=123252


Posted By: Dragan
Date Posted: 08-Oct-2009 at 23:37

МЕПСО монтира нов трансформатор во Штип

МЕПСО вчера почна со монтажа на новиот енергетски трансформатор во 400/110-киловолтната трафостаница во Штип. Трансформаторот е со моќност од 300 мегаволт-ампери и чини 2,3 милиона евра, а е произведен од „Сименс“.

- Со ова почнува последната фаза од реализацијата на нашата најголема капитална инвестиција - трафостаницата кај Штип, вредна 13 милиони евра. Со нејзиното пуштање во работа значајно ќе се подобри доверливоста и стабилноста на преносната електроенергетска мрежа и ќе се намалат загубите во неа - изјави портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов.

Со новата трафостаница, која ќе профункционира за еден месец, се очекува во сите општини од источниот и југоисточниот регион да се подобрат напонските можности во електроенергетската мрежа и да се овозможат услови за зголемена потрошувачка на електрична енергија во новата слободна индустриска зона во Штип.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D37B184162CE8B49B067E57440469077


-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Oct-2009 at 13:10

Електрична енергија од корени, стебла и од лисја





 

Отпадот од земјоделските производи, наместо да се пали по нивите, може да се претвори во електрична и топлинска енергија.

 

 
%20  
Ова е целта на проектот.

„Од биомаса до енергија“, кој вчера во Фабриката за хартии во Кочани го промовира Меџати Јакупи, министер за животна средина и просторно планирање.

- Со проектот се дава можност за иден трансфер на технологија во износ од околу осум милиони евра за замена на котелот за производство на енергија што ќе работи со користење на отпадот од земјоделството - рече Јакупи.

Сопственикот на фабриката „Хартија“ од Кочани, Александар Марковиќ, смета дека со проектот ќе се реши еколошкиот проблем, а ќе се добие и поевтина енергија.

- Отпадот од земјоделските производи во кочанското поле е неискористен и се пали на нивите, а на овој начин ќе биде претворен во електрична и топлотна енергија - посочи Марковиќ.

Реализацијата на проектот „Од биомаса до енергија“ ќе почне од 2010 година, а првите количества на енергија се очекуваат во 2011 година.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1099914389&id=10&prilog=0&setIzdanie=21808


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Oct-2009 at 14:00
Сонцето и ветерот да влезат во домовите
 
Обновливите извори на енергија мора да станат начин на живот, со што ќе се намали големиот увоз на електрична енергија и ќе се спречи одлевањето девизи  
 
%20  

Македонија треба да заштеди најмалку 9 проценти од потрошувачката на енергија во следните неколку години. Во таа насока енергетската ефикасност, освен што е императив и потреба на општеството, претставува и најдобриот и најприфатлив ресурс со кој може да се намали големиот увоз на електрична енергија и да се спречи одлевањето девизи. Во кратки црти ова е пораката од Регионалниот бизнис-форум за енергетика што почна вчера во рамките на неделата на енергетика во Македонија. Речиси сите учесници се согласија дека обновливите извори на енергија мора да станат начин на живот.

Претседателот на македонскиот центар за енергетска ефикасност Константин Димитров смета дека во поглед на енергетската ефикасност Македонија не доцни во споредба со земјите од регионот.

- Енергетската ефикасност не подразбира дека државата треба да вложува. Над 40 проценти од вкупната потрошувачка на енергија отпаѓаат на домаќинствата, кои треба да штедат енергија, со што ќе си помогнат на својот буџет. Улогата на државата е да обезбеди фондови, ослободување од даноци и слично - изјави Димитров.

Тој смета дека увозот никогаш не е добар. Многу подобро е енергијата да се произведува дома, бидејќи на тој начин се вработуваат луѓе. Димитров побара што побрзо да почне процесот на гасификација со брзо развивање на дистрибутивната мрежа. Заменик-министерот за економија Методиј Хаџивасков истакна дека користењето на обновливите извори на енергија, како и енергетската ефикасност, се стратегиски цели на оваа влада.

- Обновливите извори сега учествуваат со 15,3 проценти во вкупната потрошувачка на енергија и до 2020 година тој процент треба да се зголеми на 21,4 проценти - истакна Хаџивасков.

Според евроамбасадорот Ерван Фуере, ЕУ со нетрпение го очекува усвојувањето на акциониот план за енергетска ефикасност. Џани Бречевич, директор на институтот ИРЕЕТ од Љубљана, посочи дека најголеми заштеди може да се направат на јавното осветлување.

- За да се реализираат големите проекти како Бошков Мост, Чебрен и Галиште, не треба да инвестира само државата туку треба да се даваат и концесии, преку јавноприватно партнерство да се ангажираат странски компании што би можеле да инвестираат. Но за сето тоа е неопходно да се усогласи законодавството. Тоа е првиот чекор што Македонија мора да го направи за да привлече странски капитал - рече Бречевич.

Во однос на ветерот како извор на енергија, Влатко Стоилов, професор од Електротехничкиот факултет во Скопје, смета дека реалниот вкупен потенцијал на цела територија е 150 мегавати што можат да обезбедат до 250 гигават-часа струја годишно. Капацитетот на ветрот е евидентен, особено по долината на реката Вардар, во Овчеполието и околу Богданци.

Карпош енергетски најефикасна општина


Скопската општина Карпош е добитник на наградата за енергетски најефикасна општина во 2009 година.

Покрај општината Карпош, награди за проекти од областа на енергетската ефикасност добија и општините Аеродром, Чашка, Велес, Прилеп и Кочани.

Овие општини наградите ги добија поради поставување штедливи светилки, како и заради најефикасна енергетска контрола.

На Виена и се брза со законските измени

Во текот на одржувањето на енергетскиот форум пристигна и веста од Виена, која предупреди дека нејзините препораки за измени на Законот за енергетика не се спроведени од страна на македонските власти.
- Секретаријатот на Енергетската заедница останува на мислењето дека Законот за енергетика, како и правилникот за методите и условите за Регулаторната комисија за енергетика треба да бидат изменети за во целост да бидат усогласени со договорот на Енергетската заедница - се вели во дописот на ЕЗ.

Енергетската заедница и замерува на македонската влада поради недостигот од конкуренција на енергетскиот пазар. Секретаријатот потсетува дека Владата се обврзала да го надгради моделот на енергетскиот пазар, да обезбеди фер-третман на сите учесници на пазарот и негова либерализација. Акциониот план, според ЕЗ, е првиот чекор за да се достигне усогласеност со договорот на Енергетската заедница.

Претходно министерот за економија, Фатмир Бесими, истакна дека власта ги зела предвид сите забелешки од Виена и тие ќе бидат спроведени.

Крајниот рок за донесување на новиот закон со сите измени е средината на идната година, појасни Бесими.
- Секретаријатот одблиску ќе ги набљудува конкретните акции преземени од законодавецот и од регулаторните власти во следните месеци пред да одлучи за преземање на следните чекори - ни изјави Аника Лесјак од Виена.
Македонија од 1 јануари 2010 година го презеде и претседателствувањето со Европската енергетска заедница.

 
   
Автор: А.С.Д.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1014993479&id=10&prilog=0&setIzdanie=21811


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Oct-2009 at 18:42
... Скопската општина Карпош е добитник на наградата за енергетски најефикасна општина во 2009 година...

Ако ова е само како потик тогаш е во ред, иначе реалноста е сосема друга.
(имав веќе и уназад постирано слика како во сред ден светат уличните светилки, па дури и два и-маила испратив до е-општина, наравно ни одговор ни корекција)


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Oct-2009 at 01:29
Бре бре, на ова Кочанчаниве уште малце и роботи ќе им го растат оризот

Компјутери работат на сонце

Улични светилки, семафори, а од неодамна и компјутери во ОУ „Кирил и Методиј“ во Кочани ја користат сончевата светлина како енергетски извор

Десетина компјутери во кочанското Основно училиште „Кирил и Методиј“ деновиве почнаа да работат на сончева енергија. Засега е опфатен само компјутерскиот центар за администрацијата, како дел од проектот „Заокружување на енергетската ефикасност на училиштето“.

Компјутерите се напојуваат од соларни панели со систем на акумулација од 1,5 киловат, со што годишно ќе се заштедуваат 5,7 мегавати електрична енергија.

Со проектот, заради штедење енергија, се заменети и дел од прозорците во училиштето, а во ходниците се монтирани штедливи светилки. Со тоа, покрај заштедата на електрична енергија ќе се обезбеди и намалување на потрошувачката на нафта за 20 отсто годишно, а за десет тони ќе се намали и емисијата на јаглероден диоксид.

Проектот, чиј носител е Здружението на граѓани „Еднакви за сите“, беше финансиран од Глобалниот еколошки фонд со 50 илјади долари, а кочанската локална самоуправа учествуваше со 13,5 илјади.

Основното училиште „Кирил и Методиј“, исто како и кочанската гимназија „Љупчо Сантов“, судската зграда и спортската сала, ја користи и геотермалната вода како еден од енергентите за греење на училиштето. Лани со средства од истата програма се изврши санација и реконструкција на грејната инсталација заради овозможување подобар топлински ефект.

- Овие проекти се во рамките на европските стандарди и регулативи за користење на 20 отсто од вкупно потрошената енергија од обновливи извори. Покрај се' поинтензивното користење на богатиот геотермален потенцијал во Кочани на сончева енергија работат улични светилки, еден семафор, се осветлува Гоцевата шума, а од ветерницата се осветлува Споменикот на слободата - вели координаторот на проектите, Жаклина Пауновска-Ангелковиќ.

Љупчо Шатевски


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3ECF57607177CA438A3A45F3A22F36EF



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Oct-2009 at 01:32
Без коментар - БРАВО Applause

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: DiKej
Date Posted: 25-Oct-2009 at 19:59

Словенци сакаат да градат термоценрала на гас


Словенечки компании се заинтересирани за изградба на термоцентрала во Македонија која ќе работи на природен гас. Според проценките на словенците, вредноста на централа ќе биде до 15 милиони евра. Со словенечкиот проект се проценува дека новата централа на природен гас би произвела три вида на енергија.

„Ние ќе понудиме енергија од три вида или три генерации, што значи дека ќе се обезбеди струја не само за нашиот бизнис центар, туку исто така и за  пошироко. Ќе обезбедиме електрична енергија, централно греење и централно ладење, проект што е прв од ваков вид во Македонија"  вели Гвидо Омладиќ, претседател на управниот одбор на  Скопскиот саем

Освен термоцентралата, Словенците не се откажуваат и од инвестирање во изградба на нови хидроцентрали.

„Словенечки компании се заинтересирани за инвестирање и во такви проекти, но со големи конзорциуми. За нас хидроцентралите се интересни, бидејќи енергијата се добива со нови извори“ изјави Јанез Трошеј, словенечки бизнисмен.

Според словенечките експерти, ако Македонија не инвестира во изградба на нови хидроцентрали и поголемо користење на соларната енергија, тогаш ќе се соочи со зголемување на цената на електричната енергија. Како единствена алтернатива за Македонија се смета  гасификацијата, за што на земјата и се потребни 300 милиони евра.

http://alsat.mk/ekonomija/18278.html - http://alsat.mk/ekonomija/18278.html



Print Page | Close Window