Print Page | Close Window

Урбана опрема

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=5
Printed Date: 28-Mar-2024 at 19:49


Topic: Урбана опрема
Posted By: pbanks
Subject: Урбана опрема
Date Posted: 04-Sep-2007 at 22:15
ne deka ova e nesto blisku do realizacija ama cisto da go spodelam so vas, poso vcera dodeka slikav po grad naletav na prezentacijava i opremata bese kako izvadena od space shuttle. samo tesko neso volku dobro da ni se desi na nas.
 



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Sep-2007 at 22:20
eve go sajtot od firmata, razgleajte boli glava
 
http://www.wall.de - http://www.wall.de


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Sep-2007 at 23:53
Абе се е тоа убаво, ама запознаени ли се кој е рокот на траење на урбана опрема во Скопје?

Прво треба да донесеме ефикасни закони за заштита на урбаната опрема и секое друго јавно добро... Па после да се вработат едно 100-тина батки да ги спроведуваат (нормално и полицијата да не спие)


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Sep-2007 at 00:47
Абе нема везе и онака нема да бидне ништо, ете во Утрински ја пренесуваат истава информација и додаваат дека Еуролинија и Акцент медија веќе се бунеле нешто. Демек не биле викнати на промоцијата па увредени биле. Се знае што ќе искочи од тоа. Германците ќе сакаат соло веројатно, т.е. во партнерство со градот, Еуролинија и Акцент медија ќе сакаат работата да иде преку нив, и на крај со врски ќе ја изблокираат работава преку Совет на град скопје.


Posted By: dejan
Date Posted: 06-Sep-2007 at 12:06
Woow toa e nesto mnogu interesno! Bash bi bilo dobro a


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Dec-2007 at 15:13
Како и секогаш. Уникатни методи на истражување (од дури еден ден Nuts)
 
Нови клупи за улица Македонија

 

Третата делница на улица Македонија ќе има клупи со нов модерен дизајн кој се разликува од дизајнот на клупите поставени на другите две делници од улицата. Новите клупи пробно беа поставени еден ден на улицата за да ја видат општинарите реакцијата на граѓаните, а откако утврдиле дека реакцијата е позитивна, ги нарачале новите клупи.
Третиот дел од Улица Македонија, кој Општина Центар го реновираше годинава, свечено ќе биде пуштен во употреба непосредно пред Нова година. Обновени се тротоарите, а се чека уште поставувањето на клупи и на кошници за отпадоци. (Е.А.)

 
Извор: http://www.vest.com.mk/default.asp?id=144624&idg=7&idb=2244&rubrika=Skopje - Вест


Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Dec-2007 at 15:23
Каде точно е ова - кој дел од улица Македонија? Многу ме интересира што е тоа „позитивна реакција“? Луѓето седнале на неа? Танцувале околу неа некој ритуален шамански танц и принесувале жртви?

„нов модерен дизајн“ - пффф


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Dec-2007 at 15:30
Originally posted by La Linea

Каде точно е ова - кој дел од улица Македонија?


Делот меѓу улиците Даме Груев и И.Л.Рибар, то ест последниот дел накај стара железничка, пред хотел Бристол и новата Инвест Банка.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jan-2008 at 11:09
Нови типизирани киосци во центарот на Битола. Вака од сликава не сум одушевен ко ќе ми текне што се видов на презентацијана што ја спомнувам во првиот пост.... Ohno

Обновеното битолско шеталиште доби и нови киосци

На местото на дотраените трафики, кои го нагрдуваа битолското шеталиште, локалната власт постави 17 современо дизајнирани киосци. Инвестицијата изнесува шест милиони денари и е дел од проектот за реновирање на најпосетената рекреативна зона во градот. Од оваа пешачка зона исчезнаа „кратерите“ во распуканиот асфалт, се обновија демолираните клупи и оштетените светилки.

Според градоначалникот Владимир Талевски, реновирањето на шетачката зона ќе заврши најдоцна за десет дена.

- По шеталиштето планираме да го средиме Тумбе-кафе, исто така зелена зона, која битолчани ја користат за рекреација. Ќе објавиме конкурс за идејно решение. Целта е главната артерија што минува низ градот, почнувајќи од старата чаршија, безистенот, Широк сокак, шеталиштето, Тумбе-кафе, па се' до Хераклеја, да биде зона што ќе ја краси Битола - рече Талевски.

Шеталиштето е осветлено со канделабри, посадени се дрвја, а при поплочувањето се изработени мозаици според тие во Хераклеја. Дневно го посетуваат стотици битолчани, од млади до најстари.

(Ж.З.)



Извор: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=ED5FB97074B0DF4B961D7C2E658B8C39 - Дневник


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jan-2008 at 17:43


Според мене киосков изгледа без врска Roll%20eyes

А што си видел на таа презентацијата, дај долови нешто Yes


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jan-2008 at 17:47


Па погледни што има на линкот во вториот пост во нишкава. Се што има таму беше распослано на градски плоштад.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jan-2008 at 18:08


Сега разгледав малце... милина Yes


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Feb-2008 at 00:07
Ваљда оваа вест спаѓа тука. Дефинитивно за поздравување, толку едноставна а корисна работа. Thumbs%20Up Вака на прв поглед ми изгледа прилично добро направено. Единствено фонтот ми е некако преголем но да не цепидлачиме.

@mitatos бидејќи почесто се движиш натака ако можеш жити се сликни една од таблите да може убаво да ги разгледаме содржините тука Cheers

Промовирани три туристички мапи на чаршијата

На мапата се исцртани сите улици, како и локациите на дуќаните и на занаетчиските работилници

Општина Чаир во соработка со Про кредит банка вчера ги промовираше туристичките мапи на Старата скопска чаршија. Мапите ќе бидат лоцирани на три места во чаршијата, на влезот кај стоковната куќа „Спридер“, кај Бит-пазар и во близина на споменикот на Скендер-бег. На нив сите посетители и туристи, на три јазици, албански, англиски и македонски, ќе можат да се информираат за најважните знаменитости и културно-историски споменици што треба да се посетат. На мапата со димензии 1,5 на 1,2 метри, поставена во висока дрвена рамка се исцртани сите улици и нивните имиња во чаршијата, како и локациите на дуќаните и занаетчиските работилници. Целта на проектот, според општинарите, е запознавање на туристите со знаменитостите на чаршијата, привлекување поголем број посетители и подигнување на вредноста на чаршијата.

„Поставувањето на туристичките мапи е една од активностите во процесот на ревитализацијата на чаршијата. Во блиска иднина планираме отворање инфокиосци или канцеларии во кои ќе се дели и промотивен печатен материјал“, истакна Муса Зука, претседател на Советот на Општина Чаир. Покрај овие табли, наскоро ќе бидат поставени и нови, во помали димензии, покрај спомениците со повеќе податоци за нив. (С.Н.)



Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D68BB1FD4494DE4481CC6B9E45B55681 - Утрински весник


Posted By: mitatos
Date Posted: 05-Feb-2008 at 00:09
hahah aj ako pominam utre obavezno ke go slikam ova
baska i ja da vidam sto ima u nea :P


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: ProMKD
Date Posted: 02-Mar-2008 at 22:57

ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Поставени 600 заштитни огради

Во општина Аеродром се поставени 600 заштитни огради. Тие деновиве беа монтирани на повеќе локации во населбата Јане Сандански, покрај супермаркетот „Веро“ и низ булеварот Србија. Заштитни огради ќе се поставуваат и по целата должина на булеварот Јане Сандански на страната на ТЦ „Бисер“, како и на тротоарот спроти „Веро“. Оградите Општината ги поставува на зелени и на јавни површини, за да се спречи непрописното паркирање возила. Локациите се одредуваат според приоритетот одреден од стручните служби, како и врз основа на поднесените барања од жителите на Аеродром. Паралелно со поставувањето на заштитните огради, ќе се поставува и друга урбана опрема, односно клупи, кошници за отпадоци, чешмички за пиење вода.

А.В.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=1332&ArticleID=85970




Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Mar-2008 at 23:03


Аеродром најави поставување на нови стандардизирани киосци скоро. Но никако да налетам на дизајнот што го смислиле. Кловер ти немаше таму некоја другарка во Општина Аеродром


Posted By: La Linea
Date Posted: 02-Mar-2008 at 23:04
Овие заштитни огради што толку ги фураат веќе се преполовени и не ми е јасно кој имбецил толку упорно ги вади?! Иако се корисни, мислам дека од естетски аспект се тешка утка- требало да го земат тоа во предвид кога веќе решиле да ги насадат низ цела општина.  Но мило ми е што се поставени


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Mar-2008 at 23:05
Тие на градска што се ги личи да стојат на тротоар. Ама оние со П-форма не ги бива.


Posted By: La Linea
Date Posted: 02-Mar-2008 at 23:15
За тие што не знаат како изгледаат тие П-огради...



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Mar-2008 at 23:36
Originally posted by pbanks



Аеродром најави поставување на нови стандардизирани киосци скоро. Но никако да налетам на дизајнот што го смислиле. Кловер ти немаше таму некоја другарка во Општина Аеродром


Се скаравме пошто цело време ги критикував за бројните глупости. А како да не ги критикуваш...

LOL

Се зезам, ај ќе видам дали може да се дознае нешто Smile


Posted By: kire85
Date Posted: 03-Mar-2008 at 01:37
Originally posted by La Linea

За тие што не знаат како изгледаат тие П-огради...



Previous

tezok patriotizam ogradive Big%20smile


Posted By: ProMKD
Date Posted: 03-Mar-2008 at 05:45
хахаха Кире, тоа и јас ќе коментирав Ненормални се. Само пази ја "тревава" која е заштитена :P


Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Mar-2008 at 15:50
Па боите на оградите се всушност боите на општината.


Кнезот



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: se_manda
Date Posted: 03-Mar-2008 at 17:29
hahahahahhahahahahahahahah ne si tacen be!!! KNEZOT hahahhahahahahahhaha


Posted By: skywings
Date Posted: 03-Mar-2008 at 23:20
mene mi lici na kmet ...Big%20smile   ne e fer najurbanata naselba vo drzavata da ja vodi najseljak gradonacalnik, hm.. kmet


Posted By: ProMKD
Date Posted: 03-Apr-2008 at 22:24
Што прави овој човек бе?!?! Колку гадно ќе испаднееее!!! Bash

Ќе се бојосува булеварската ограда


Средишната булеварска ограда во Општината Аеродром наместо бела утре ќе се бојосува во црвено-жолта. Тоа е бојата на оваа локална единица, а во активностите лично ќе се вклучи и градоначалникот Кирил Тодоровски. Тој заедно со вработените во администрацијата и шеесетина сезонски работници ќе ја бојадисуваат заштитната ограда поставена во средишниот зелен појас на булеварите "Кузман Ј. Питу" и "Јане Сандански".

Активностите ќе почнат во 8 часот од Железничката станица сее до Ново Лисиче, за бојосувањето на оградата Општина Аеродром обезбеди доволно четки и бои и за граѓаните, кои ќе сакаат да се вклучат во акцијата и да ги бојат оградите на булеварите.

- Сегашниот изглед на заштитната ограда во средишниот дел на булеварите остава лош естетски впечаток за сликата на Општина Аеродром. Заштитната ограда на повеќе места е оштетена и 'рѓосана, а надлежните градски служби и покрај бројните ургенции и јавни повици од страна на Општина Аеродром, не реагираа, ниту ја санираа и бојадисаа оградата, велат во Општина Аеродром.

Оттаму посочуваат дека според Законот за локална самоуправа, Град Скопје има обврска да ја санира и редовно да ја одржува оградата, како и тревната површина во средишниот дел на булеварите на нејзина територија.

http://vecer.com.mk/?ItemID=5E8B143432B071408F5AC92164F30EEF






Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Apr-2008 at 22:30
Иста приказна. Чисто естетски, црвената и жолтата боја никогаш не биле добра комбинација, особено не такви интензивни како што ги користат во Аеродром како кај п оградите. Мислам дека жардињери се најдобро решение, а не вакви импровизации.
    И преку глава ми е од ваквите препукувања Општина Аеродром - Градот за нивните надлежности, на крај пак остануваме со обраснато зеленило и дупки по улиците.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 03-Apr-2008 at 22:36
И за мене жардињерите би биле најдобра опција. Што добиваат паметниве со фарбање стари огради?! Сите се испокривени од сите страни од вандализам, од сообраќајки... башка тие во сите други општини се мењаат само аеродром "најурбаната" општина мисли дека треба да ги префарбува, и тоа во вакви дреч бои.. 


Posted By: blejdsk
Date Posted: 03-Apr-2008 at 22:40
Ama ako se stavat zadinerite poslem ke treba da se rusat ,,,,,zato sto tamo ke pominuva tramvajot najverojatno , neli?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Apr-2008 at 22:47


Да, барем во аеродром не би требало да има никаква дилема дека „трамвајот“ треба да поминува на средина.

Иначе боите се у идиотскиот стил на Киро, што сте толку изненадени?


Posted By: vardar
Date Posted: 03-Apr-2008 at 22:52

Тоа тие добро прашање за со трамвајот...дали во средниот дел ќе биде или во првата лента од двете страни???? а за боиве незнам.... до кај ќе одат со општинскиот патриотизам....наскоро сите аеродромци ќе треба да го веат знамето како услов на живеење во општината  Big%20smile LOL



Posted By: vardar
Date Posted: 03-Apr-2008 at 22:53
Ми одговори кловер Cheers


Posted By: La Linea
Date Posted: 03-Apr-2008 at 22:54
Originally posted by Cloverstack



Да, барем во аеродром не би требало да има никаква дилема дека „трамвајот“ треба да поминува на средина.

Иначе боите се у идиотскиот стил на Киро, што сте толку изненадени?

Абе, не викам за џабе жардињери, читав во општинскиот весник како Киро се жали дека Градот секаде гради жардињери освен во Аеродром, па помислив дека не планираат да се рушат жардињерите за да поминува трамвајот. Не сум многу запознаен, но не би требало трамваите да се движат по страната на улицата, за да можат да подигаат патници без да треба да поминуваат три ленти и да се враќаат? Или Question


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 03-Apr-2008 at 23:24
Трамваите дефинитивно по средината на булеварите треба да се движи. Затоа и сите општини најверојатно рачунаат во скоро време нема да има трамвај.. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Apr-2008 at 12:42
Најдобро е на средина, особено таму каде што веќе има место (Аеродром). Ла Линеа, тоа за преминување на улица многу елегантно се решава со подземни и надземни пешачки премин на секоја станица. Нормално премините ќе служат и за обично преминување на улица.

На партизанска би одел на странично додавање на ЛРТ трака. Значи не шините да се поставуваат на постоечка лента, туку од страна. Има доволно простор да се изведе тоа без проблеми.


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Apr-2008 at 14:04


Кога треба нешто да се унакази , бои и четки секогаш ќе има доволно...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Apr-2008 at 14:13
Сепак е добро што се труди да ги анимира граѓаните. Не само да направат нешто за местото каде што живеат, туку со тоа им се буди и свеста дека заедничкото исто така треба да се чува! Нормално ќе беше подобро да не стануваше збор за црвено-жолта ограда...


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Apr-2008 at 17:03
Ама ќе биде гадно!! Не реков ништо против вакви работни акции, напротив, супер е тоа. Ама барем бела боја и на места нова ограда...

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 05-Apr-2008 at 10:26
Ama na kraj moze i da ispadnat interesno ogradivi ,,,+ ke bidat po vpecatlivi ..


Posted By: vardar
Date Posted: 07-Apr-2008 at 05:29

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1DAD0F7491CB304B8DDFDCBAE34A7D74 - Utrinski
 
Булеварската ограда во Аеродром во општински бои

Шеесетина сезонски работници и вработените во општинската администрација, предводени од градоначалникот Кирил Тодоровски, вчера ја пребојадисуваа средишната ограда на булеварите „Кузман Јосифовски Питу“ и „Јане Сандански“. Оградата која со години беше бела од вчера има нов лик. Освежена е со жолта и црвена боја, како што велат општинарите, во бојата на Општината. Покрај тоа што се бојадиса, оградата на одделни места беше и санирана.



Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Apr-2008 at 05:52
Не испадна толку лошо. Подобро е од порано, тоа е сигурно



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 07-Apr-2008 at 15:37
Mene mi se dopaga ,stvarno ,,,sega se poznava deka ima ograda ,,,BRAVO kiril LOLLOL


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Apr-2008 at 17:04
ja sum protiv ogradite , daj boze da gi trgnat site , 2 para pantaloni skinav uahahahauaha



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Apr-2008 at 19:56
Originally posted by mitatos

ja sum protiv ogradite , daj boze da gi trgnat site , 2 para pantaloni skinav uahahahauaha



Па оградите меѓудругото се и за такви кои непрописно преминуваат улица... Bash Big%20smile




Posted By: blejdsk
Date Posted: 07-Apr-2008 at 22:34
Pa pesacki premin nema za djabe....


Posted By: ProMKD
Date Posted: 07-Apr-2008 at 23:05
Ок боите се свежи ама останувам на ставот - жардињери подобри се 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Apr-2008 at 23:09
Е добро де реовме... Барем на тие места каде што е извесно дека трамвајот ќе поминува низ средина, нема логика да се прават жардињери.


Posted By: vardar
Date Posted: 30-Apr-2008 at 09:56
 


Posted By: beTon
Date Posted: 12-Oct-2008 at 13:37

во последно време незнам дали само јас имам такво чувство но нас. аеродром изгледа некако поживо откако ја бојадисаа и оправија оградата пролетта и летово, уште може фали да се средат П ступчињата по троарите и тревници со рекламни паноа и ете екстра профит и за општината а и едноставна интервенција во на прв поглед доста импровизираната ниска ограда од заварени цевчиња и профилчиња! мислам дека на овој план треба низ цел град да има унификација на столпчињата вака испаѓа тотален хаос некаде бетонски или павер барокни столбчиња, некаде прости цевки или цевка со топка на неа, некаде жица, а има и примери на оградување и со камен...

незнам дали постои некаква регулатива во градот колку и кој се е надлежен на ова поле, дали тоа е решено со еден збор секој нека си го среди својот двор или мора при средувањето да се внимава на одредени норми пред се естетски, вака колку што можам да разберам се одлучиле аеродромци на ваква опција само заради економскиот момент, каква иронија најбогатата општина во македонија штеди на ефтини столбчиња! 

има и полошо не дека ова е катастрофа, најлошо беше кога немаше ништо, па тревниците и тротоарите вриеја од коли саде авганистан, но колку што можам да видам на некои потези сеуште не е докрај среден овој момент во аеродром, сеуште можат да се видат паркирани коли по тротоарите од скопјаннка па се до лисиче, дали навистина луѓето немаат каде да паркираат (на оние во скопјанка и баш не им е лесно откако си ги продадоа гаражите за магацини) или пак акцијата запре таман кога требаше да финализира! се затворија само влезовите на тротоарите ги оставија само обележани за оградување но не ги оградија, мислам дека тоа се поклопи со моментот на апсењето на киро бар колку што се сеќавам па затоа и запреа кога зиберовски го замени..... ако треба да се искористи нешто од таквата ситуација мислам дека е добро доколку сеуште не ги затвораат главните пристапи на троарите таму да постават мобилни автоматски столбчиња кои би овозможиле брз и ефикасен пристап на возилата на градските и службите за тревожење, а воедно и би ги држеле каубојците и несреќните бивши сопственици на гаражи надвор од тротоарити, оваа метода е паметно да се примени и по цел град но и другите градови како ефикасна мерка од повеќе аспекти!

еве малку инфо од каде и зошто дошло ваквото импровизирано освежување на оградите низ аеродром, сепак подобро нешто отколку ништо иако ова нешто најверојатно нема да дочека длабока старост!

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=149806&idg=8&idb=2343&rubrika=Skopje - Оградите на булеварите во Аеродром станаа црвено - жолти

Заштитната ограда поставена во средишниот зелен појас на булеварите Кузман Ј. Питу и Јане Сандански, Општина Аеродром, завчера, од бела почна да ја пребојосува во ВМРО-
вските бои, црвена и жолта. Од Општината велат дека градоначалникот на Аеродром Кирил Тодоровски одлучил оградата на булеварот од Железничката станица се до населбата Ново Лисиче да ја бојоса Општината, бидејќи градските служби и покрај неговите барања не сакале ниту да ја санираат ниту да ја бојосаат оградата. Од Аеродром велат дека оградата се бојосува со црвена и жолта боја за да одговара на боите на заштитните П-огради и на боите на Општината.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=149806&idg=8&idb=2343&rubrika=Skopje - Вест - 4/7/2008



Posted By: beTon
Date Posted: 27-Oct-2008 at 12:00

Општина Аеродром набави осум дувалки за лисја... Дувалките се практични за ракување, а може да селектираат и да сечкаат отпадот, кој подоцна може да се користи за компостирање.Во општина Аеродром велат дека со овие алатки ќе се подобри ефикасноста при одржувањето на хигиената, како и изгледот на општината во есенските денови, кога жолтите лисја се главен „декор“ во парковите.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DC0004304FC0C64BA1BBF194EDA13E9B - Дневник - 27.10.2008



Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Nov-2008 at 12:48
ВО АЕРОДРОМ
Девет нови чешми

Девет нови чешми за вода се поставени на територијата на општина Аеродром, на различни локации, во изминатиов период. Тие ќе бидат пуштени во употреба откако екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ќе ги поврзат со градската водоводна мрежа. Чешмите се со модерен дизајн, конструирани да штедат вода, односно да работат на притискање копче. Локациите се одбрани по согледување на стручните служби во Општината за потребите на граѓаните.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1561&ArticleID=102965




Posted By: vardar
Date Posted: 01-Dec-2008 at 09:13
 
 

НОВИ 250 КЛУПИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

По завршувањето на првата фаза од активностите за поставување нови клупи во Општина Аеродром, во која стручните служби извршија увид и проверка на локациите, во тек е поставување нови клупи низ целата територија на општината.

Досега се поставени 150 клупи на локации одбрани по барање на граѓаните и на куќните совети, како и по увидот направен од стручните служби на Општина Аеродром. Во претстојниот период се предвидува да се постават уште 100 нови клупи.

Општина Аеродром апелира до граѓаните да не ги уништуваат и валкаат клупите, бидејќи со тоа им нанесуваат штета и на Општината и на жителите кои ги користат клупите.







27.11.2008

Скопје

 

http://www.aerodrom.gov.mk/index.aspx?item=1045 - aerodrom



Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Dec-2008 at 09:28
Кај се другите 247 клупи?! Зашто нема слика од нив?!


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 01-Dec-2008 at 10:55
Previouspa i ti mnogu baras inace falat uste 246 zasto na tretata slika cirka malce 4 klupaBig%20smile


Posted By: beTon
Date Posted: 01-Dec-2008 at 12:20

видов  пред мавровка на новиот тротоар центарски клупи  како пред инвестбанка,  дали и накај факултетите го тераат истиов муабет, видел некој нешто? клупиве се центарски а мавровка колку што знам е под општина чаир, па останува само трифун евентуално да ја наредил работава

p@pb. 

добро би било некој да направи колекција од сите видови клупи во СК во дебела резолуција, пада направиме пол на оваа тема, порано кога беа унифицирани иако тапа скопје делуваше ептен урбано се одвојуваа сините клупи/столчиња по автобуските, сега милион комбинации, секоја општина свој филм, секое маало друга боја, кејот еден муабет, плоштадот друг, ул МКД трет, кон музеј СК четврт, на кале петта приказна, а нај топ се тие пред Соборен Храм но најверојатно тие се инвестиција на МПЦ, абе саде децентрализација и по месни заедници Sleepy битно е има на што човек да седне, до пред некое време имавме само конструкции од клупите по СК па така да оваа шареноликост воопшто не ми смета!.



Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Dec-2008 at 12:33
1. Општина Чаир го прави ова колку што знам, скоро имаше вест дека уредуваат пред Мавровка и дека меѓу другото ќе направат и џебови во тротоарите за автобуските станици (мислам дека и тоа е направено).

2. Добра идеја за нишката со клупите..... истото важи и за канделабрите и сл.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Dec-2008 at 23:36
Нови 9 штедливи чешми за вода


Во Општина Аеродром во изминатиот период се поставени девет нови чешми за вода. Последната е поставена деновиве пред зградата број 34 на булеварот Јане Сандански". Според надлежните, чешмите се конструирани да штедат вода, односно се активираат со вртење на вентил.
- Изминатиот период нови чешми се поставија на осум локации, кои ќе бидат пуштени во употреба откако екипите на ЈП Водовод и канализација" ќе завршат со нивно поврзување на градската водоводна мрежа. Овие чешми се со модерен дизајн и исто така се конструирани да штедат вода, односно да работат на притискање на копче, велат во Општината.

Локацијата е одбрана според согледување на општинските стручни служби за потребите на граѓаните. Поставување на нови чешми за пиење вода, според општинарите, ќе продолжат и на други локации во општината.

http://vecer.com.mk/?ItemID=E6EFE3E88A1C2D4589C03EA802F803A0




Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-Dec-2008 at 14:16

А овие вентили колку дена додека да ги скрши некој? Два?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: dacito
Date Posted: 09-Dec-2008 at 14:49
1. Општина Чаир го прави ова колку што знам, скоро имаше вест дека уредуваат пред Мавровка и дека меѓу другото ќе направат и џебови во тротоарите за автобуските станици (мислам дека и тоа е направено).


Да, општина Чаир го прави. Само што нема немаат сеуште немаат направено џеб пред Мавровка, од страната спроти универзитетска библиотека. Досега имаат направено една патека, поплочена со жолти павер елементи, поставено клупи на истата и уште некои поситни работи. Многу заглавија некако. Освен тоа, незнам кој стопанисува со Мавровка, но ако го средат платото пред Мавровка, а плочките останат искршени, ништо не направиле


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Jan-2009 at 06:58
ГРАДОТ БАРА ФИРМА ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ЗА МЕСТЕЊЕ
Уличните часовници загубени во времето

Роза Петкова

Скопјани ги заборавија градските часовници и денес речиси никој не погледнува кон нив затоа што и не очекуваат тие да покажуваат точно време. Овие направи одамна не ја исполнуваат нивната вистинска функција поради која се поставени. Иако повеќе пати се местат, неколку од нив останаа неприклучени и никогаш не проработија, а повеќето и сега не се наместени да покажуваат точно време. Власта се менува, а часовниците во ниту еден мандат не проработија како што треба. Наместо да бидат препознатлив дел од градот, тие се претворија во убава, но некорисна декорација бидејќи надлежните не успеаја да се грижат за нив. Уличните часовници главниот град ги доби како донација од „Скопска пиварница“, а после долгиот период на неработење, скопјани веќе заборавија дека постојат. Постарите скопјани ги паметат и поранешните квадратни часовници, кои од сите четири страни имаа стрелки, но исто така никогаш не покажуваа исто време. Градската администрација вели дека е во тек изборот на фирма која ќе ги одржува часовниците, но не прецизира кога ќе биде тоа. Оттаму објаснија дека 20 часовници наследиле од претходната власт. Од нив поголемиот дел не биле во функција, па затоа Градот со свои средства ангажирал фирма да ги одржува часовниците и обезбедил довод на струја за тие што не биле приклучени. - Тие редовно се одржуваат, се врши замена на деловите што не работат и се местат според летното и зимското сметање на времето. Во моментов, не функционираат само два градски часовници поради тоа што за нив нема соодветна инсталација “ објаснуваат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Различното време што го покажуваат часовниците властите го правдаат со лошите временски услови. Тие велат дека во изминатите денови зголемената влажност влијае врз механизмите во часовниците, па неколку од нив не покажуваат точно време. - Овој недостаток ќе се отстрани во најскоро време. Во тек е јавна набавка за избор на фирма што ќе биде задолжена за одржување и за местење на часовниците за оваа година. По изборот на сервисерот сите градски часовници ќе се наместат и ќе покажуваат исто време “ вели градската администрација. Донацијата од „Скопска пиварница“ броеше 30 часовници наменети за центарот на градот и скопските населби, а од нив само дваесетина се поставени. На тендерот од минатата година за нивно одржување беше избрана фирмата „М-плус“.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1603&ArticleID=106040



Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Jan-2009 at 00:46
Одвратна глетка

ОПШТИНА АЕРОДРОМ


Град Скопје да ја санира оштетената ограда на булеварот


Општина Аеродром деновиве по третпат достави официјално барање до Град Скопје да постави нова ограда на булеварите "Кузман Јосифовски Питу" и "Јане Сандански", каде истата е уништена од сообраќајки.

Со дописот испратен до Секторот за планирање и уредување на просторот, Град Скопје е информиран дека средишната ограда на булеварите "Кузман Јосифовски Питу" и "Јане Сандански" е скршена на повеќе места за што надлежните општински служби приложија и фотографии од точните локации.

Поради безбедносни и естетски причини, Општина Аеродром побара да се реши настанатиот проблем најдоцна до крајот на јануари, бидејќи во Општината секојдневно пристигнуваат реакции од страна на граѓаните, чија безбедност е доведена во прашање, но и заради нерепрезентативност на самиот булевар, по кој секојдневно поминуваат голем број граѓани и инвеститори во Општината.


Статијата е прочитана 26 пати.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=5CC36939C3C7304F848861D434A69E06


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 30-Jan-2009 at 12:42

Нови канти за отпадоци и пепелници на улица Македонија

Општина Центар викендов најавува голема акција за модернизирање и разубавување на шеталиштето на улица Македонија. Ќе се бојадисуваат сите кружни клупи и ќе се поправат и дотраените и оштетени делови. Наместо старите канти за отпадоци, ќе се постават нови, попрактични, во комбинација со пепелник.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F4A2FDB8FB822B4298488598707B4925



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 30-Jan-2009 at 13:55
Во Тафталиџе 1 на секоја втора канделабра поставени корпи за отпадоци




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Jan-2009 at 13:58
Не знам дали е ова од незнење или негрижа, ама ваквите канти се наменети за во нив да има прво вреќа па после губрето. Вака се создава купче пикавци и ситници доле под кантата! Сепак добро е што има некоја тенденција на поставување канти, кога ќе ми текне на онаа зачмаеност што беше!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 30-Jan-2009 at 14:45
Чекор по чекор Smile

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 30-Jan-2009 at 15:45
Имам една забелешка за корпите во цела држава... Во корпите за отпадоци се поставуваат КЕСИ! НАЈЛОНСКИ КЕСИ! Не сум чистач но јасно ми е. Вака да дувни ветар ем сè што е ситнурија ќе излета (па и да не дувне ветар) а второ 10 пати потешко е да се собере ѓубрето вака. Ама ајде, на кој да му кажиш?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Feb-2009 at 22:08
Ако не се лажам ова се нови канти на улица Македонија




Posted By: zabegan
Date Posted: 02-Feb-2009 at 22:19
ми се допаѓа, само каде идат цигарите од пепелникот? или скриено е тоа?


Posted By: anDarko
Date Posted: 02-Feb-2009 at 23:09
КОНЕЧНО! нешто убаво, современо и што не штрчи од околината...се надевам само дека ќе доживеат една година старост Roll%20eyes


Posted By: dacito
Date Posted: 02-Feb-2009 at 23:10
Од лева страна јасно се гледа канта за отпадоци. Таму одат и пепелот и пикавците како и останатото ѓубре. Одлично изгледа, ми делува навистина урбано и совршено се вклопува во амбиентот на улица Македонија

Thumbs%20Up


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 02-Feb-2009 at 23:29
не ја замислував да биде до волку добра.очекував да биде погрда..
Thumbs%20Up


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 02-Feb-2009 at 23:33
Еве нешто што може од прва да се пофали

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Feb-2009 at 23:54
Ајде и јас да се вклучам во пофалбите и на мене ми се допаѓа


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 02-Feb-2009 at 23:55
Thumbs%20UpНема што, стварно е добра, се надевам нема да бидат мета на Скопските вандали.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 03-Feb-2009 at 00:00
PreviousМислиш да не си ги земе некој за во двор,вака убави како ке му личат само...Laugh
Да се надеваме дека нема....


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Feb-2009 at 00:23
Единствено што ме багира у урбанава опрема е што нема стандардизација на неколку типови! Вака секој анарачка е раслична и има некое непотребно шаренило! Таква е ситуацијата и со клупите и со бандерите и со канделабрите и со рабни стубчиња и со уште милион ситници!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 03-Feb-2009 at 00:39
И повторно нема најлонска ќеса внатре Значи колку се неписмени али ајде...


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: vardar
Date Posted: 03-Feb-2009 at 01:02
Aj и од мене една пофалба, се некако критикувам во последно време па убаво е да се види нешто што заслужува пофалба, колку и да е мала и споредна работа. Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Feb-2009 at 17:10
Паркинзи за велосипеди на улица Македонија
Паркинзите ќе бидат со модерен дизајн, а велосипедите на нив ќе може да се потпрат и да се врзат

На осум локации долж улицата Македонија Општина Центар за десетина дена ќе постави паркинзи за велосипеди. Дејан Зотовиќ, директор на фирмата за дизајн и производство на урбана опрема "Урбано", која ќе ги поставува паркинзите, вели дека следната недела ќе почнат со монтирање на опремата, со која треба да се обезбеди место за околу 40 велосипеди. Тој објаснува дека паркинзите ќе ги постават покрај канделабрите на шест локации на вториот дел од улица Македонија, а вакви држачи за велосипеди ќе има и на две места на првиот дел.
"Паркинзите за велосипеди се со модерен дизајн, а велосипедите ќе може да се потпрат и врзат на нив", вели Зотовиќ.
Освен држачи за велосипеди, оваа фирма по нарачка на Општина Центар ќе постави и шест жардиниери долж улицата, односно две на првиот дел од Македонија, а четири на вториот дел.
"Жардиниерите ќе бидат во стилот на корпите-пепелници што веќе ги поставивме на улица Македонија, односно комбинација од лим и дрво и ќе ја надополнат останатата урбана опрема што веќе ја има на улицата. И држачите за велосипеди ќе бидат во тој стил", вели Зотовиќ.
Лани летото и градските власти најавија дека ќе поставуваат паркинзи за велосипеди низ градот, но од нив нема трага.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163102&idg=9&idb=2591&rubrika=Skopje


Posted By: beTon
Date Posted: 05-Feb-2009 at 19:06

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=133907CB5E261540B329A0B7A9902D42&arc=1 - И велосипедите чекаат паркинг

Предлог-проектот за поставување паркинзи за велосипеди во центарот на градот чека одобрување средства од Регионалниот еколошки центар (РЕЦ). Поради тоа не може временски да се прецизира кога ќе почне реализацијата, иако Градот вети дека во соработка со РЕЦ, ќе ги постави до крајот на септември минатата година.

- Немам автомобил и кога временските услови дозволуваат, го возам велосипедот. Но, кога треба да застанам и да го оставам, мора да го потпрам на некое дрво или на ограда. Треба да се постават метални паркинзи, бидејќи граѓаните имаат голема потреба од нив. Нив ги нема ни пред пазарите, ни пред трговските центри ни пред јавните институции - вели Драган Петковски жител од Карпош 3.

Овие паркинзи беа планирани на булеварот Партизански одреди, кај Трговскиот центар „Буњаковец“ и кај истоимениот пазар, а два паркинга на спојот на плоштадот со кејот 13 Ноември, односно вкупно 160 паркинг-места за велосипеди на четирите локации.

Предлогот до РЕЦ го поднесе Градот, заедно со Општината Карпош и со невладината организација Коалиција за одржлив развој.

- Овој проект за поставување велосипедски паркинзи се спроведува во неколку држави. Прво треба да се изработат сите проекти поединечно и да се достават до главната канцеларија на РЕЦ. Се' уште чекаме одговор од донаторот РЕЦ, кој со поддршка од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка - СИДА, ќе треба да донира пари за реализација на овој проект - Валентина Петрушевска, проект-менаџер во РЕЦ.

И покрај многуте акции и кампањи со кои се апелира повеќе да се користат велосипедите како едно од можните решенија за транспорт без при тоа да се загадува животната средина, сепак, се' уште тешко се обезбедува инфраструктура за нив. Велосипедските паркинзи требаше да бидат вклучени во рамките на проектот за обележување на велосипедската патека на скопските улици, што градот го реализираше со британската амбасада и со Републичкиот завод за безбедност во сообраќајот.

Градоначалникот на Град Скопје Трифун Костовски, министерот за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Неџати Јакупи, и претседателот на здружението на граѓани „Проактива“, Владимир Карчицки, неодамна отпишаа меморандум за спроведување на Основниот план за употреба на велосипеди во Скопје.

Главна активност на овој меморандум е реконструкција и сигнализација на велосипедските патеки во Општина Аеродром, по должина на булеварите Јане Сандански и Кузман Јосифоски-Питу, кој треба да заврши до 30 мај годинава.

Во минатата година, по повод Денот без автомобили - 22 септември, беше промовирана првата стандардизирана велосипедска патека во централното градско подрачје. Овој проект е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија и претставува втора фаза од проектот за обележување на велосипедските патеки на скопските улици.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=133907CB5E261540B329A0B7A9902D42&arc=1 - Дневник - 03.02.2009

 



Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Feb-2009 at 01:05
Ја поздравувам идејата, со овој проблем се соочил секој што сакал да го остави точакот било каде во градов, не само во центар.

Мислам дека идејата би била совршена кога овие „паркинзи“ би биле 24/7 набљудувани со камери со што би се обезбедила поголема сигурност и колку-толку би ги обесхрабрило крадците...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-Feb-2009 at 21:28
Се заштитуват клупите,
браво не го заборавиива одржувањето, нашата најголема болка.




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 23-Feb-2009 at 21:32
Еве усте нешто за пофалба на улица „Македонија“




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: La Linea
Date Posted: 23-Feb-2009 at 21:35
Не разбирам како функционира Question.....

Колку точаци собира? Каде се врзуваат?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Feb-2009 at 21:49


Ако добро сум заклучил ова е за четири велосипеди.

А би се врзале за самите шипки, не знам што те буни, изгледа си во заблуда дека има некоја посебна цака направијава... low tech бе друже Poke Big%20smile
Во секој случај убаво изгледа, а и редно беше да има прикладно место каде човек да си го остави велосипедот. Cheers


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Mar-2009 at 15:16
И повторно нова опрема




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Mar-2009 at 21:04
ова ми се допаѓа бидејќи одговара на клупите


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Mar-2009 at 22:17
Originally posted by zabegan

ова ми се допаѓа бидејќи одговара на клупите

Пепелниците .... , само проблем е кај нас што на друга улица ќе стават друг дизајн, така да немаме еден ист стил во централното подрачје. Иначе одлично решение.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: kire85
Date Posted: 05-Mar-2009 at 20:03
Previous

dali mozebi nekoj ima informacija od kade se nabavuva opremata za ul. makedonija?


Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Mar-2009 at 00:23

Светилки до куќата на Мајка Тереза

Општина Центар постави нови видови светилки во паркот непосредно до Спомен-куќата на Мајка Тереза. Се работи за пет пара светилки кои претставуваат стилизација на љубовен пар во пет различни форми. Од неодамна, овој парк со површина од околу 1.000 квадратни метри е хортикултурно уреден, засадена е нова трева, нови елки и борови, реконструирани се постојните патеки со нови гранитни плочи кои беа оштетени поради градежните работи. Исто така, поставена е и нова урбана опрема: 12 клупи, 10 кошници за отпадоци со пепелници, нови жардиниери и стојалишта за велосипеди и целосно е заменета старата и дотраена електрична инсталација.



Статијата е прочитана 22 пати.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FBDBB4FE008A674C9059A9991A63339E


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jun-2009 at 03:48

Фото вест

Екипи на Општина Аеродром со огради ќе ги чуваат тротоарите од несовесните возачи кои ги користат како паркинзи. По целата должина на булеварот Јане Сандански ќе бидат поставени таканаречените П-огради, со кои на велосипедистите и на пешаците ќе им се овозможи безбедно движење на пешачката и на велосипедската патека.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=74B2EBD17CDA214CA86DE34190FEACEA


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Jun-2009 at 12:55


Доколку сообраќајната полиција продолжи да спие, паркирањето едноставно ќе се прелее на булеварот, на жолтата лента.


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-Jun-2009 at 14:03
и едно не ми е јасно, зошто наместо само да се преместат старите пречки на ивицата на тротоарот, ставија нови, а старите којзнае што им се случи
според мене, беспотреба трошење пари, а ја имам истата забелешка на кловер исто така


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2009 at 16:51

Се чека нова фирма за одржување на градските часовници

Сé почесто часовниците на улиците покажуваат погрешно време, бидејќи истекол договорот со фирмата што ги одржувала, па сега со тендер се бара новаМожеби сум по малку носталгичен, но тоа нема никаква врска со моите активности во изминатиов период, ниту со мојата работа Коце Трајановски

%20
Осумнаесетте големи градски часовници ќе добијат нова фирма, која ќе се грижи на нивното одржување бидејќи на старата и завршил договорот, соопштуваат градските власти. Граѓаните, пак, истакнуваат дека часовниците најчесто не го покажувале точното време и затоа не ја разбирале нивната функција.

- Часовници има и ги гледаме низ градов, но речиси ниеден не го покажува точното време. Некогаш кога ќе посакате да се координирате според нив, ќе видите дека точното време и тоа на часовниците не се согласуваат. Затоа не ја разбираме нивната функција. Се чувствуваме како да живееме во град каде што времето или стои или премногу брза - велат граѓаните.

Од градската управа одговараат дека деновиве треба да заврши јавната набавка и да се одлучи која фирма ќе се грижи одржувањето на големите градски часовници.

- За одржување на часовниците од нивното поставување досега се грижеше фирмата „М-плус“, која била избрана на јавен конкурс. Но бидејќи нејзиниот договор истече, во тек е избор на нова фирма за одржување. Правната процедура за избор е во тек и исходот од неа ќе го знаеме деновиве - изјавуваат градските власти.

Во мандатот на градоначалникот Ристо Пенов биле поставени 20 големи градски часовници, од кои два никогаш не проработеле, бидејќи за нив немало соодветна инсталација. Часовниците за градот биле донација од скопската пиварница, а нив ги произвела фирмата „ИНСА“ од Земун, Србија.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6269914458&id=14&prilog=0&setIzdanie=21722


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Jul-2009 at 00:21
Постојни чешми за пиење вода
Општина Аеродром, деновиве, пушти во употреба шест постојни чешми за пиење вода, кои се наоѓаат во населбите Јане Сандански и Ново Лисиче.
Претходно, чешмите за пиење вода беа санирани и исчистени. Дел од нив се со модерен дизајн и се конструирани да штедат вода.
Со пуштањето во употреба на чешмите, жителите на Општина Аеродром ќе можат да се разладуваат во текот на летните горештини.
Инаку, во Општина Аеродром има над педесет чешми за пиење вода кои тековно се одржуваат.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F366E88C05989E418DB29AD35B912EEE


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jul-2009 at 15:04

Пре­ку ка­ме­ри ќе ги кон­тро­ли­ра­ат де­ца­та

Дет­ско­то иг­ра­лиш­те е еко­лош­ко, со гу­ме­на под­ло­га, со вгра­де­ни ви­де­о­ка­ме­ри и ро­ди­те­ли­те од до­ма, на Ин­тер­нет, ќе мо­жат да ги гле­да­ат де­ца­та до­де­ка иг­ра­ат

Вче­ра во на­сел­ба­та Но­во Ли­си­че во Оп­шти­на Ае­род­ром бе­ше пуш­те­но во упот­ре­ба пр­во­то мо­дер­но дет­ско иг­ра­лиш­те со вгра­де­ни две ви­де­о­ка­ме­ри. Иг­ра­лиш­те­то за­фа­ќа по­вр­ши­на од 550 квад­рат­ни мет­ри, нап­ра­ве­но е од еко­лош­ки ма­те­ри­јал, има гу­ме­на под­ло­га и е оп­ре­ме­но со шест лул­ки, три ком­би­ни­ра­ни дет­ски рек­ви­зи­ти во круг со ди­ја­ме­тар од 25 мет­ри.
Фон­та­на во об­лик на пе­чур­ка ос­вет­ле­на со два­е­сет штед­ли­ви реф­лек­то­ри е пос­та­ве­на на сре­ди­на на иг­ра­лиш­те­то, а це­ли­от прос­тор е ос­вет­лен со че­ти­ри ме­тал-ха­ло­ге­ни реф­лек­то­ри. Пос­та­ве­ни се и клу­пи за ро­ди­те­ли­те, а од без­бед­нос­ни при­чи­ни иг­ра­лиш­те­то е ог­ра­де­но со ша­ре­на ог­ра­да.
Дет­ско­то мо­дер­но иг­ра­лиш­те вче­ра, во при­су­ство на број­ни гра­ѓа­ни, све­че­но го от­во­ри­ја пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски и гра­до­на­чал­ни­кот на Оп­шти­на Ае­род­ром Иви­ца Ко­нев­ски.
"За прв пат во Ма­ке­до­ни­ја се из­гра­ди вак­во иг­ра­лиш­те кое има гу­ме­на под­ло­га за да не се пов­ре­дат де­ца­та до­де­ка иг­ра­ат. Но­ви­на е и тоа што иг­ра­лиш­те­то ќе би­де под ви­де­о­над­зор 24 ча­са и ро­ди­те­ли­те на Ин­тер­нет ќе мо­жат да вни­ма­ва­ат на де­ца­та. Прик­лу­чу­ва­ње­то на Ин­тер­нет ќе би­де тран­спа­рен­тно и гра­ѓа­ни­те нав­ре­ме ќе би­дат из­вес­те­ни за лин­кот", из­ја­ви гра­до­на­чал­ни­кот Ко­нев­ски.
Ос­вен во Но­во Ли­си­че, мо­дер­ни дет­ски иг­ра­лиш­та ќе се из­гра­дат на уш­те 17 ло­ка­ции во Ае­род­ром.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=3E10B7D48A04E547BFDED388D04D86B2


Posted By: vardar
Date Posted: 12-Aug-2009 at 04:02
7.08.2009
 
http://www.opstinacentar.gov.mk/ - http://www.opstinacentar.gov.mk/
 
Кај новопоставената скулптура на левата страна на реката Вардар, на платото пред Македонската опера и балет, Општина Центар постави 6 нови клупи и 2 корпи за отпадоци, со што им овозможи одмор на посетителите на скулптуратам, и другите минувачи, со што воедно и се облагороди тој дел од Општина Центар
 
 
 


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Sep-2009 at 23:17
Можеби новинарот што го напишал ова не искочил неколку месеци од дома, зошто овие саати откако ги поставија покажуваат различно време на секој следен семафор. А оваа вест е „дал да плачам ил се смеам“ Crazy

ФОТОВЕСТ


Проработеа и саатите во Скопје


По неколку месеци покажување на час различен од нашата временска зона, и живеење во друга димензија, надлежните за сервисирање и одржување на големите часовници решија повторно да ги вратат во функција. Нашиот фоторепортер успеа да го забележи токму сервисирањето на еден од нив кој воопшто и не работеше. Акцијата е за поздравување, но дали ќе биде континуирана како досега остануваме да видиме?!.



http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=AABAF276C5D21B4988925612AFB4BF9B


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Sep-2009 at 03:55
Summer DST не го штелуваат, па така наместо дупла работа на пролет и на есен, овие од која и да е случба одговорана, си го решиле проблем па ич немаат работа.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Oct-2009 at 17:07
Roll%20eyes

Насекаде низ планетава, безброј многу постари часовници совршено се одржуваат и работат.
Но очигледно дека ние сме шампиони за оправдувања.

Toilet

Колку е часот според времето на МПЦ?





 

Се прават нови напори за повторно да проработат часовниците на камбанаријата на Соборниот храм, но тоа е тешко изводливо бидејќи тие се стари и не се произведуваат делови за нив

 
 
%20  
Часовник што застанал е точен само двапати во денот, на секои 12 часа, вели една стара шега. Во ваква состојба долги години се часовниците на камбанаријата на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Тој што е свртен кон југ покажува 6 часот и 45 минути , кон запад 5 часот 8 27 минути , кон исток 4 часот и 55 минути, а северниот не покажува ништо, затоа што нема ниту стрелки.

Ретко кој скопјанец се сеќава кога последен пат погледнал во камбанаријата на црквата за да видат колку е часот, но речиси сите знаат дека порано го правеле тоа често. Граѓаните коментираат дека е голема штета еден репрезентативен објект како централниот православен храм да има ваков дефект и тој да не се поправа толку долго време.

- Знам дека часовниците работеа кога бев студент, ама тоа беше пред десет години. Оттогаш не се сеќавам, иако можеби е пократок периодот од кога се расипани. Тоа навистина изгледа смешно и мислам дека Македонската православна црква е доволно моќна институција за да го поправи дефектот, дури и да постави нови часовници ако треба. Верувам дека во тоа би помогнале и верниците ако се организира доброволен прилог. Сигурно нема да чини премногу пари - смета скопјанецот Марко Илиевски.

Отецот Васко, старешината на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, вели дека се прават големи напори за часовниците повторно да проработат, но тоа не зависи само од нив.

- Ние најмногу од сите сакаме повторно да ги видиме часовниците како работат. Имаме понуди од Белград за да се поправат, но треба да видиме колку пари ќе чини тоа, а потоа проектот и сумата треба да ги одобри Архиепископот. Треба да видиме дали се исплатува да се поправаат. Часовниците се стари, набавени се од Виена. Многумина досега пробуваа да ги поправат, но не може да се најдат делови, бидејќи тие веќе не се произведуваат - објаснува отецот Васко.

Веќе долго време не функционираат и голем број градски часовници што се поставени на главните сообраќајници. Засега беспрекорно работат само часовниците на камбанаријата на црквата „Свети Димитрија“ и тазе обновените на скопската Саат-кула во дворот на Султан Муратовата џамија на ридот спроти Битпазар.

 
   
Автор: Г.Т.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1079925464&id=14&prilog=0&setIzdanie=21806



Print Page | Close Window