Print Page | Close Window

Промоција на Македонија

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Фото/Видео
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=501
Printed Date: 23-Sep-2021 at 15:15


Topic: Промоција на Македонија
Posted By: lslcrew
Subject: Промоција на Македонија
Date Posted: 24-Dec-2008 at 17:03
Еве го клипот што го режираше Манчевски за промоција на Македонија:
[tube]PtYrDVqr7IQ[/tube]

Мене посебно ми се свиѓа начинот на кој е интерпретирана народната музика! Ако ја има некој цела песна во ваква верзија нека ја прати!

п.с. Дали некој ќе ја препознае песната која е?!



Replies:
Posted By: beTon
Date Posted: 24-Dec-2008 at 17:19
http://mk.wikipedia.org/wiki/Учи_ме_мајко,_карај_ме - Учи ме мајко, карај ме , многу лоша верзија избрал милчо требало да ја преработи на леби сол верзија т.е. да и уфрли тапани и ќе беше ептен добро или пак скроз до крај да одеше со изворен оркестар, вака синкретизмов од класика и изворна е катастрофа бар за мене, ова ми личи на масло или на синтезис песнава или пак кирил му ја склепал...


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Dec-2008 at 17:20
Originally posted by beTon

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A3%D1%87%D0%B8_%D0%BC%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE,_%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98_%D0%BC%D0%B5 - Учи ме мајко, карај ме , многу лоша верзија избрал милчо требало да ја преработи на леби сол верзија т.е. да и уфрли тапани и ќе беше ептен добро или пак скроз до крај да одеше со изворен оркестар, вака синкретизмов од класика и изворна е катастрофа бар за мене, ова ми личи на масло или на синтезис песнава или пак кирил му ја склепал...


ако не е едното другото е Yes


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Dec-2008 at 17:20
да музиката била на кирил Bash со кого заедно пасел трева порано ќе пасе и денес LOL


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Dec-2008 at 17:22
Beton, знаев дека прв ке погодиш! Мене ми текна дури по второто слушање и затоа прашав дали ќе погоди некој друг! Инаку сега разбрав на вести дека музиката ја правел Џајковски така да ако случајно ја има некој песната нека ја пушти, мене многу ми се допаѓа музиката! На леб и сол баш повеќе не чини песната, оваа има многу бољи начин на изведба!


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Dec-2008 at 17:25

да да подобар семплови до немајкаде ! Ohno  турбофолк да беше ќе имав повеќе респект !

еве ти ја страната на кирил кај и да е ќе ја качи http://www.kiril.com.mk/media.htm - www.kiril.com.mk/media.htm , или пак ако ти се брза скинија од клипот со soundforge !



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 24-Dec-2008 at 20:18
Едно се забрава, спотот е за надвор, не за наш вкус или невкус

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 24-Dec-2008 at 20:46
Спотот и музиката се добри,го ценам Манчевски како уметник и личност.

Судејќи според досегашните искуства на Милчо очекував нешто поинтересно,но и ова е сосема достојно за представување на Македонија.


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Dec-2008 at 21:25

идејата е интересна иако веќе видена, сепак добро вклопена! баш дека е за надвор Владимир требало Кирил да заборави на филхармониски звуци! дури ако размислам подобро синтезис далеку поубаво ќе ја изведеа мелодијата! но ај и вака ќе тера иако може ремикс да и направи утре кирил на верзијава како и обично LOL што за електрича е многу нормално!

но овој спот освен за на охридско лето не би го пуштил на cnn, премногу е експериментален за да привлече туристи, попрво би привлекол уметници! но затоа се пет па сега Милчо си игра со сите бои и стилови! досега сеуште нај претставителен останува Made In Macedonia исто од Милчо.



Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Dec-2008 at 21:34
Originally posted by beTon

идејата е интересна иако веќе видена, сепак добро вклопена! баш дека е за надвор Владимир требало Кирил да заборави на филхармониски звуци! дури ако размислам подобро синтезис далеку поубаво ќе ја изведеа мелодијата! но ај и вака ќе тера иако може ремикс да и направи утре кирил на верзијава како и обично LOL што за електрича е многу нормално!

но овој спот освен за на охридско лето не би го пуштил на cnn, премногу е експериментален за да привлече туристи, попрво би привлекол уметници! но затоа се пет па сега Милчо си игра со сите бои и стилови! досега сеуште нај претставителен останува Made In Macedonia исто од Милчо.



се сложувам со болдираните делови. И јас сум скептик за ефектите на овој спот.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Dec-2008 at 00:15
Originally posted by beTon

идејата е интересна иако веќе видена, сепак добро вклопена! баш дека е за надвор Владимир требало Кирил да заборави на филхармониски звуци! дури ако размислам подобро синтезис далеку поубаво ќе ја изведеа мелодијата! но ај и вака ќе тера иако може ремикс да и направи утре кирил на верзијава како и обично LOL што за електрича е многу нормално!

но овој спот освен за на охридско лето не би го пуштил на cnn, премногу е експериментален за да привлече туристи, попрво би привлекол уметници! но затоа се пет па сега Милчо си игра со сите бои и стилови! досега сеуште нај претставителен останува Made In Macedonia исто од Милчо.

Откаде таа идеја да привлече туристи, ја колку разбирам, идејата е да се промовира МАКЕДОНИЈА, знаеме за кој намени, а во спотот ако попажливо го погледаш е сторено тоа.

Во секој случај, за вкусови не се дискутира, но за идеи, да 

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Dec-2008 at 04:14

добро ако стрикно се гледа од агол на промовирање на културни вредности да добро е, сепак јас Кирил би го оставил да пие кафе дома и да прави музика за театар и за филм исклучиво. добро нека тера и спотови, но не културни и национални, бар не сега Smile а колку што знам ова е дел од туристичката стратегија, затоа и ќе се тера со реклама на cnn како и досега, бар такви беа најавите! ќе има нешто импакт и околу името спотов конкретно но колку луѓе од оние во светот што ќе го видат, ќе си го стават тоа на срце, незнам!

ова со повеќе комбинации е реално екстра можност, како прво за Милчо како професор да им одржи лекција на помладите кинематографи(студенти), а како второ доколку веќе сакаме да одиме агресивно со туристичка промоција ова е начинот повеќе комбинации и сетне селекција што и каде ќе тера!

дури мислам овој начин на работа треба да се форсира во сите области, а не само со една две комбинации јуриш напред. таков е случајот и со архитектурата каде воопшто не се нудат повеќе комбинации од еден ист проект, туку се завршува со едно решение кое му се сонило на авторот, ова ислам на приватните инвестиции пред се! треба многу флексибилност и креативност и доволно комбинации и време на располагање, размислувајќи и за формата и за материјалите од секој аспект на време и простор...
во секоја област каде се третира естетиката пристапот мора да оди во крајности, или максимално разработено или максимално импровизирано, како интервенциите би биле и ефтини и брзо изводливи и во двата случаи!



Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Dec-2008 at 04:25
Originally posted by beTon

добро ако стрикно се гледа од агол на промовирање на културни вредности да добро е, сепак јас Кирил би го оставил да пие кафе дома и да прави музика за театар и за филм исклучиво. добро нека тера и спотови, но не културни и национални, бар не сега Smile а колку што знам ова е дел од туристичката стратегија, затоа и ќе се тера со реклама на cnn како и досега, бар такви беа најавите! ќе има нешто импакт и околу името спотов конкретно но колку луѓе од оние во светот што ќе го видат, ќе си го стават тоа на срце, незнам!

ова со повеќе комбинации е реално екстра можност, како прво за Милчо како професор да им одржи лекција на помладите кинематографи(студенти), а како второ доколку веќе сакаме да одиме агресивно со туристичка промоција ова е начинот повеќе комбинации и сетне селекција што и каде ќе тера!

дури мислам овој начин на работа треба да се форсира во сите области, а не само со една две комбинации јуриш напред. таков е случајот и со архитектурата каде воопшто не се нудат повеќе комбинации од еден ист проект, туку се завршува со едно решение кое му се сонило на авторот, ова ислам на приватните инвестиции пред се! треба многу флексибилност и креативност и доволно комбинации и време на располагање, размислувајќи и за формата и за материјалите од секој аспект на време и простор...
во секоја област каде се третира естетиката пристапот мора да оди во крајности, или максимално разработено или максимално импровизирано, како интервенциите би биле и ефтини и брзо изводливи и во двата случаи!



Бетон ни мене Кирил не мие е нешто автор којзнае каков! Случајно сега песната ја погодил инаку воопшто не го ценам како автор што знае да направи некоја музика! Ете така чат-пат за некој филм ќе напраи нешто кога ќе му фрлат ќеш!

Во другиот дел од постот околу архитектурата се слагаме.


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Dec-2008 at 04:34
па види имаше Кирил досега добри парчиња за на филм или пример преработката со Вања Лазарова на Стојне бре моме кочанско, но сето тоа е легнато со време не е вака за месец дена скрпено и ура! плус како појава кросоверот од класика и народна музика е премногу сложен процес да се истенчи до перфекција, а башка што е унаказување на изворната музика како појава! сепак комбинации да има но со усул! на што ќе личи камен мост цел да се репродуцира од бетон или железо, да таа ќе биде формата но не и мелозвучноста!


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 25-Dec-2008 at 10:20
spotot mi se sviga a i muzikata ne e losha.vazno kakva i da e,da ima nekoja prezentacija za zemjava.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 25-Dec-2008 at 15:21
Уметност, Грешка, Плагијат во Macedonia Timeless?

Од денеска македонскиот спот за промоција на Македонија треба да започне да се емитува на CNN.

Спотот претставува вистинска бајка, претворена во добра промотивна приказна според светки критериуми во однос ваквите рекламни спотови и се разбира сигурно според стандардите на CNN .
Дефинитивно спотот е добро изработен и во веќе проверениот мајсторски стил на нашиот познат режисер.

Како и да е, во македонската јавност денес веќе почна да се коментира: Уметност, Грешка, Плагијат?

Во еден од кадрите можете да забележете рефлектори кои се подзаборавени или за кои Милчо Манчевски сметал дека токму тие, ќе го доловат моментот дека тука се одржуваат голем број на културни манифестации.

Ги очекуваме Вашите коментари дали ова е грешка или не? Ако не е грешка дали ова ќе биде точно прифатено или дали ќе се злоупотреби со моментот на познатите филмски грешки за кои постојат посебни серии?

25-12-08makedonija-greska.jpg


Очекуваме Ваш став во однос на тоа дали спотот претставува плагијат на веќе видена работа и дали треба да се рекламираме со веќе видени работи, кога промовираме нешто уникатно во целиот свет?

http://bluezone.com.mk/poveke.aspx?id=1736

inace na ovaa strana ima i eden slicen reklamen spot ko nashiovBig%20smile



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Dec-2008 at 16:39
Плагијат во Macedonia Timeless?

Чуден е овој народ, секогаш тугото е подобро, секогаш нашето е најлошо, секогаш имаме молскавична „анализа“.

Евего и моето скромно мислење за сево ова.

Книгата ја има сигурно во уште 30-тина спота-филма, и цртичи, значи „плагијати“.

Гледајќи го упоредниод спот - „плагијат на плагијатот“ првата мисла ми беше „плагијат“ на Матрикс и кинески шпагити со борби.

Затоа би предложил, да се понуди билокој уметнички израз, било од каде, и имате гаранција дека после ден-два ќе се најде на истиот „плагијат на плагијатот“ и така во недоглед.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BlacK
Date Posted: 25-Dec-2008 at 17:18
http://a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=371 - http://a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=371

Eve sporedba na gruziskiot i makedonskiot promotiven spot.Recisi nema nikakva razlika."Uzivajte" WallbashBashThumbs%20DownConfusedWallbash




Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Dec-2008 at 17:21
Ееее колку само има разлика , единствено што е исто е финтат со книгата која не е прв пат применета у грузискиот него многу пати ја имало во кинематографијата.


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Dec-2008 at 17:28

можеби не требаше да оди ова на cnn но и вака ќе заврши работа Question инаку може на повеќе начини да се интерпретира т.е. оправда оваа патка на Милчо.

вакво нешто посебно во спот може да предизвика само поголемо внимание, бидејќи како по обичај ќе се крене прашина за ваквиот наводен гаф што во најмала рака значи по гледан спот, а во краен случај Милчо можеби намерно или не своето реноме го става во услуга на Македонија, со оглед дека на запад го сметаат за педантен и оригинален режисер!

исто ако нешто е уникатно во кадаров тоа е претопот на боите па повторно случајно или не Милчо решил да остане истата сцена во спотот!

а многу веројатно е рефлекторот да го оставил како впечатлива лекција за сопствените студенти (штимањето на тоновите со рефлектори и преку ден)! инаку сетовите му се оригинални нема што, сеуште се зборува за кадрите од http://mk.wikipedia.org/wiki/Пред_дождот#.D0.A1.D0.BB.D0.B8.D0.BA.D0.B8 - третиот дел на пред дождот - сонот со куќата каде небото е еден муабет а куќата друг (сликовито објаснето LOL) т.е. баш доловил колоритна сцена од сон, незнаеш дали ги има побашка измонтирано небото и куќата или цел муабет го наштимал со светлото! 

на крај ќе заклучам дека кај Милчо ама баш ништо не е случајно ниту површно а уште помалку импровизирано, т.е. и да импровизира тоа го прави повторно со големо искуство од багажот што го влече со себе Smile единствено можеби малку премногу се има потпрено врз Кирил, па му оставил одврзани раце околу акустичните конци во спотов, но тоа е најверојатно повеќе од пријателски побуди...

сепак на крај не ме чуди од сите пет спота да излезе некаков коктел од годишни времиња и културно природни тонови! 

а дека е плагијат тоа нема врска, во тој случај се е плагијат на светов!!!



Posted By: BlacK
Date Posted: 25-Dec-2008 at 18:16
I ja se nadevam deka e sve planirano i ne e povrsno.Ima razlika da,no samo vo lokaciite i kamera i efekti,scenarioto mene mi se cini skoro isto so toa na gruziskoto.Ne ocekuev Milco da se potpira na vece napraveni spotovi i tolku da potsetuvaat edni na drugi.Od Milco spored rabotata sto do sega zad sebe ja ima zavrseno ocekuvav nesto unikatno,odnosno poinakvo.Do sega negovite dela pretsavuvaa revolucija za makedonskata kinematografija.Da ova e komercijalen spot no sepak trebase da bide razlicen od drugite koi se reklamiraat na CNN.Inaku kako bi se istaknal nad drugite i bi bil vpecatliv.Koga sakas da go trgnes vnimanieto kon sebe pravis nesto sto ne go pravat drugite.Vulgaren primer: ako nosat site crno odelo ti obleci belo.Ne bilo kakvo belo odelo tuku ubavo belo odelo.Del ce kazat deka si lud del deka si inovator del nema da zabelezat,na del ce im se dopadne.Ama na krajot ce se vrti moabet sa tebe.Taka i so spotot.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 25-Dec-2008 at 19:07
Нема никаква сличност тоа што земјите се прадставуваат преку една книга не го измисли ни Милчо а уште помалку грузијците.

Многу ми е глупаво што нашиот народ и во нешто убаво гледа да го извлече најлошото и самоит да се оцрни.

Спотот е добар,пак ќе кажам дека очекував нешто поинтересно од Милчо,но во никој случај не можиме да зборуваме за плагијати и слични глупости


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Dec-2008 at 19:10

@ Black па не би рекол дека е се во во оригиналноста, туку попрво кај Милчо се работи за покажување мускули на креативен план! односно веќе востановена техника ја штима на свој претпознатлив колоритен начин, и нормално со многу провокативен простор за галамење .т.е. кревање прашина што во бваков случај со cnn спот е дефинитивно оригинален начин со малку пари да се крене многу прашина!

ај еве пак ќе го свртам муабетот за плагијатот, ништо на овој свет не може човек со сигурност да потврди дека е нечие единствено авторско решение, во најмала рака е производ на колективното несвесно! многу е лошо човек на се да гледа како огламник да има на глава! секое дело може на различен начин да се презентира и да се продаде, но во случајов бидејќи продаваме т.е. сакаме да постигнеме маркетинг ова дефинитивно е решение, т.е. конкурентска провокација! инаку и пред дождот не беше  уникатен тој беше технички во стилот Intertwined Stories од типот како Pulp Fiction 1994  и вестернот Shane од 1953! но се смета дека фората му ја здиплил  Квентин пред нос на Милчо со оглед дека Милчо подолго го снимаше Пред Дождот а имаше премиера само четири месеци подоцна во Венеција од PF,  а може и се тркале кој ќе го оправи и врати овој стил на режирање подобро!

значи поимот плагијат е толку себична и нископодна категоризација, што мислам дека не ни заслужуваме Милчо да се замара да режира спот за нас, но се надевам дека сите ќе ја воочат својата недоквакана реакција! може да се дискутира дали ова или она е видено и дали истото ќе донесе ефект, но некој заради пристапот да се етикетира толку подло е чиста глупост!оригиналност што е тоа?!        

а еве и потврда од Милчо сега слушав на телма дека намерно е оставен и рефлекторот а и цела приказна е со интенција вака стокмена! quote: спотот е во стил на приказна од сликовница,  какви што имаат перу и истамбул, и ниту јас ниту тие измислиле топла вода. работата е како да се интерпретира тој архетип на сликовница, кој колку  ќе извлече максимум од еден таков стил!      



Posted By: BlacK
Date Posted: 25-Dec-2008 at 19:42
Beton,mn dobro go imam oseteno na svoja koza zborot plagijat.Imeno i ja se zanimavam so kreativna rabota.Na fakultet imavme vezba za proektiranje na klubska masicka vo vtora godina.E sega vo toj period bev opsednat so toa da se bide orginalen.E sega na vezbata rabotev nekoe vreme i koga ja nosev vezbata na korekcii eden od kolegite mi rece deka sum saral po internet a toa ne licelo na mene.E sega mene mi padna tesko sto imav napraveno nesto slicno na nekoja si masicka koja se prodavala na internet bez voopsto da ja imam videno nekogas istata.
Zaklucok ne moze da se napravi nesto orginalno bez vlijanie od strana dali se toa mediumi,okolinata i sl.
Treba covek da se izolira na pust ostrov za mozebi da napravi nesto sto nema da lici na nisto drugo vo svetot so taa namena.
Ne vikam deka e plagijat, samo sakam da kazam ne ocekuvav vakov proizvod od Milco.


Posted By: BlacK
Date Posted: 25-Dec-2008 at 19:56
Nekoj pogore vo niskava go spomna spotot na Milco za made in macedonia.Taka go zamisluvav stilot na Milco i ocekuvav vtora epizoda na toj spot (samo normalno pomoderen i so podobri efekti).


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Dec-2008 at 19:59

што е до твојата маса мислам дека истата била резултат на една колективна свест, но тоа не треба да те спречи таа иста информација да ја дотераш на начин на кој ти сметаш дека ќе биде оригинална! оригиналноста мислам дека е во тоа да си вешт занаетчија, а не во тоа да имаш идеи кои дотогаш ги немал друг, а како што констатирав и претходно и таквите навидум невидени идеи во најмала рака истите некој некаде ги сонил или му дошле од некој штекер, во случајот на никола тесла му ги шепнал некој ангел!      

назад на темата, абе Милчо е многу по длабоко навлезен во кинематографијата него кој било од овдешниве експерти, нормално затоа е и професор по режија во њујорк! воопшто негледам потреба тој да се правда но ете го повлекле човекот за јазик, па дал и коментар за телма т.е. на телма го фатив цел негов коментар!        



Posted By: BlacK
Date Posted: 25-Dec-2008 at 20:16
Se razbirame BetonThumbs%20Up Takvi bea moite razmisluvanja na pocetokot na studiite koga ne znaev nisto za kreativniot proces.Sega imam poinakov stav okolu orginalnosta,kolku sto gledam gore dole slicen so tvojot.


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Dec-2008 at 22:00

еве го коментарот квалитетот на аудиото е скроз аут  да не речам катастрофа,  бидејќи го симнав од вестите на телма на нивниот сајт каде ги има цели вести во rm формат  и лошо звучат. добро е и вака ќе тера колку да се чуе неговото мислење кое колку што приметив на А1 или беше исечено или пак не му беше поставено правилно прашањето со кое ќе се разјаснат дилемите на домашнава публика!    

[tube]A2W0f1hkjmk[/tube]

ова вториов клип е од промоцијата на спотот... 

на крај ќе додадам дека само искусен занаетчија може да си дозволи експериментирање! инаку шаблоните се во ред но тоа немора да значи дека човек во секој момент е погоден во глава со креативен чевел, обично и да вледа таква креативно заради опкружувањето човек рефлексно ќе ја избегне LOL абе што сакаш му виселе на глава, му тупеле за ситници  (знам дека веќе откажа филм заради ваков однос, човекот бара и слобода и време) и ете го резултатот кој пак ќе кажам е квалитетен, нормално секој може нешто да не му се допадне или нешто поинаку да изведе, пример јас околу аудио делот! плус ќе следат уште пет спота, а сигурно на крај и од цел материјал ќе се склепа некаков коктел, па да почекаме и да видеме каков ќе биде крајот, но се плашам дека овој излив на негативна енергија може да го натера Милчо да се откаже уште на почетокот.



Posted By: La Linea
Date Posted: 25-Dec-2008 at 22:26
WOw, какви идиоти сме нешто неверојатно. Спотот е совршен, немам никаква, никаква замерка.

1. Тоа за Грузија - дечки а зошто сме толку сигурни дека се работи за ист клип за туристичка промоција на земја? Ништо не ми сугерира на туристички спот - тоа и самото се вика Georgian Legend, изгледа некаква грузиска легенда и сл, ко кај нас да направат некој спот за Крале Марко и слично

2. Сфаќам што сакал да каже авторот во фамозната 13 секунда кога се гледале рефлекторите ама очигледно другите не сакаат да го сфатат тоа.

3. Што и фали на музиката? Баш е интересна, Кирил е еден од најдобрите и најоригиналните музичари oд Македонија, не за џабе беше на main stage на ЕXIT фестивалот - само нека ви текне на музиката за Прашина, на музиката на Бастион, на Jungle shadow од Сенки Rock

4.
Originally posted by http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102144 - A1

]Веќе се започнати подготовки за изработка на уште пет спота, од кои еден ќе биде општ, а останатите ќе бидат тематски и посветени на брендирање на македонското вино, македонската археологија, убавините на македонските цркви, манастири и џамии, а еден спот ќе биде посветен на Охрид.
, Така да нека не се пуваат многу тие од источна Македонија демек ако ги имаше во спотот сите ќе се испотепаа да дојдат во Македонија. Ако е веќе така, ја не го видов Скопје ниеднаш асално... Освен Куршумли Ан, но рачунајте има 1 минута да склопи се типот, и го направил тоа совршено


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Dec-2008 at 23:15
И во еден ден се собраа врвни македонски „филмски критичари“ кој ги повика и дадова изјава на А1 ТВ

- Изведбата на „Билјана платно белеше“ била снимена на Преспанско езеро (во позадината се назира островче) а не на Охридско - замислете, штета што не го знаеме мислителот.
- Не е преставена мултиетничката димензија - потпаролот на ДУИ, Мехмети, што би рекле треба 12 скекунди етникуми-читај албанци во спотот.
- Делувала „Дорски“- ратнички вели Томе Серафимовски - дали према скулпторот во денешно време треба да биде во стилот на „Однесено од виорот“ или хорор во стилот на неговата скулптура прекопат старата железничка.
- Многу скап спот, дали ќе ги даде очекуванита резултати - парламентарката Цветанка Иванова, парламентарциве станава експерти буквално за се.

Тоа беа нашите екперти.


Луге, зар не мислите дека ова стана лудило, сите станава експерти, сите нешто знаат, а никој, буквално никој, не излегол од својот плот подалеку.
Да ги почекаме утре уште нашите новини и новинари и со нивните „екпертски“ гледишта на насловните страни и да го дорашириме ова лудило.

И на крај би завршил со изјавата на Милчо

Манџии колку сакаш, едвај чекам манџиите да седнат и да сработат самите нешто добро.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Dec-2008 at 23:17


потпис


Posted By: zabegan
Date Posted: 25-Dec-2008 at 23:19
(во контекст на коментарот на Ла линеа) воопшто не ми се допаѓа кога многу се задржуваат на Охрид, па дајте луѓе, целава земја ни е исполнета со убавини, ако толку сакаат да направат повеќе спотови за одделни работи, нека има едно за македонските природни убавини, а другото за историски и културни локалитети

а со фрката за плагијатот многу ме разочара нашиов народ, значи луѓето се измачиле да направат кратко видео за промоција на целата наша култура, а овие викаат враќајте го назад, плагијат е!!! непотребен критицизам, па дури и да се во право за плагијаторството, зарем не знаат дека е најдобро да си ќутиш?


Posted By: BlacK
Date Posted: 25-Dec-2008 at 23:35
Vidi Zabegan toa so forsiranjeto na Ohrid,kolku e "loso" tolku e i dobro.Ako odredeni sliki ostanat vo memorija na stranecot/turistot i vece podocna gi prepoznava kako sliki od Makedonija posle toa prirodno ce bide samiot da pobara da gi istrazi ostanatite ubavini na Makedonija.Ako mu natrupas eden kup sliki retko sto ce uspee da memorira.Kako bese toa teorijata prosecen covek moze da zapameti do 7 raboti.....taka i ova.



Posted By: La Linea
Date Posted: 25-Dec-2008 at 23:44
Previous Факт е дека Охрид е нашето најголемо културно богатство. Исто е факт дека покрај Охрид имаме многу друго културно наследство. Но не е точно дека многу е задржан на Охрид спотов, само снимката од Канео колку што ми текнува. Тоа на почетокот е Велес... И мислам дека тие неколку бели куќи се едни од најинтересните примери на староградска архитектура во цела Македонија - би ги ставил рамо до рамо со Куќата на Робевци.

А 190 000 евра е дечки ЕВТИНО - не заборавајте - скапа опрема, филмска камера која се изнајмува и се наплаќа на ден за јаки пари, МИЛЧО МАНЧЕВСКИ, продукција, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ и еден куп „ситници“ што идат со вакви работи...

А за парламентарците. Билјана платно белеше(зошто не можам да ја приметам песната?) и Томе Серафимовски.... Suicide


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: maestro
Date Posted: 25-Dec-2008 at 23:50
[tube]PtYrDVqr7IQ[/tube]

Грешки:
1) На 0:09 исечено е небото, а на 0:12 има небо!
2) На 0:13 се гледа осветлувањето!
3) 0:18 - Билјана платно белеше на Охридските извори... а од позади остров „Голем град“
4) 0:25 - WTF е онаа црвена пречка на врвот?
5) 1:00 - не е техничка грешка... ама македонско сонце со сина боја од позади??

Мислам, спотот е од туристичка природа, а пола спот е „отепан“ на икони, маски, небитни детали од детска соба...
Очекував повеќе од спотот. Се надевам дека Манчевски ќе се поправи во наредните спотови што треба да се снимаат.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 26-Dec-2008 at 09:18
mene mi se dopagat
maestro ti si makedonka/makedonec ti mozes da naidi^s greski
jas sum albanec istotaka kako eden turist ne ja razberam mak. kultura mene mi izgleda normalno .......


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Dec-2008 at 09:35
My Macedonia добра ти е забележката околу билјана платно белеше или некои слични такви грешки. Тачно како што викаш, некој што не е македонец или пак не е од македонија тешко дека ќе примети грешка пошто незнае дека билјана уствари била од охрид, а не од ресен.

Но сепак ова има технички грешки, дел може би намерни.

Но онаа наводна грешка што ја посочи маестро во 1:00 воопшто не е грешка. Не гледам потреба за покажување параноја доколку сонцето се смести на нецрвена (поготово плава се дочекува на нож) позадина. Ова е истиот случај како со грешката што ја посочи мај мацедонија. Ние тука во Македонија го знаеме сонцето на црвена позадина и се што е различно за нас е грешка. Истито случај е и сто билјана. Ние ја знаеме дека девојчето е од охрид и сега кога ќе ја видиме покрај друго езеро, одма оп грешка. Јас овие две работи воопшто не ги гледам како грешка него само како еден стилизиран начин на прикажување на националното богатство во една минути. На пример зашто да се губат две секунди и за охрид и за преспа кога може во една секунда да се направи кадар кој ќе биде некој пресек меѓу охрид (билјана) и преспа (остров), чак тука е и дојранско сместен со оние колци кои штрчат од водата, нормално колците добиле помал дел од кадарот со оглед на големината на езерото чии амбасадори се во спотов. Тоа езеро во клипот ние го протолкувавме како преспанско, но ако го прашате авторот тој ќе ви каже дека тоа езеро е воедно и охридско и преспанско. Оно технички е преспанско, но уметнички и охридско и преспанско.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 26-Dec-2008 at 10:49
Дел од исказот на Манчевски

... Друга работа е многу поважна: интересно е како може толку многу негативна енергија да се троши, а да не се гледа вредното и да не се ужива во убавото.

Спотов добива исклучителни пофалби од цел свет, ама кај нас луѓето бараат мани дури и кога ги нема.

Ова е одличен пример како негативно се занимаваме со самите себе. Лошото не' интересира и просто го бараме и го предизвикуваме.

Очекував бурни и злобни реакции, ама ги очекував од грчки националисти, а не и од нашинци - вели Манчевски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=304C1082620D284B8FD96FEB3FE405D2 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=304C1082620D284B8FD96FEB3FE405D2


И со ова го завршувам моето размислување за овој македонски синдром.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: mitatos
Date Posted: 26-Dec-2008 at 18:05
bravo za maestro za zabeleskite okolu spotot ) , too  ja mislam deka montazava nekako mi e epten eftina , nekoi od niv sum sposoben sam da gi montiram vo nekoi programi ,samo da imav malku pojak kompjuter , no kako ideja mi se dopaga spotot,  da se nadevame deka vo narednite spotovi ke ima poveke detali od kulturnite spomenici, kako prvo jas kameni most ne go vidov nigde, a toj e eden od najznacajnite spomenici vo mk, baska toa so lubenicata i patlidzanite e epten selski

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: mitatos
Date Posted: 26-Dec-2008 at 21:12
eve uste nekoi fakti deka mancevski kradel tugi idei
Македонија вечна - плагијат?


Во спотот режиран од Милчо Манчевски, "Македонија - вечна", во 13. секунда се гледаат рефлекторите, а истиот е плагијат од спотот на Грузија, се коментарите кои вчера стигнаа на адресата на ВЕЧЕР.

Грузискиот спот, во кој се гледа сличноста со луѓето кои се појавуваат од книгата, може да се види на: http://www.youtube.com/ - www.youtube.com .

Спотот, наменет за туристичка промоција на нашата земја, веќе од вчера се прикажува на Си-ен-ен и на Си-ен-ен Интернешнал, а ќе продолжи со емитување и во други десетина земји, на уште осум јазици.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=CB843B45E3D80D4FA90211794371D868


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Dec-2008 at 22:55
Ја вака дистанцирано после ден-два и после небројни прегледувања можам да констатирам дека единствено ми фали некоја живост на спотов! Еве на пример кај нас големи масовни напливи на туристи се случија како на утакмицата со Англија и со Шкотска. Дали некој се обиде тогаш да извлече заклучок што тие туриски сакаат?! Тогаш ја колку што се сеќавам фаворити беа кејот и улица Македонија со своите кафулиња. Не сакам да кажам дека треба Милчо да вметне кафулиња во спотов него можел малце да сврти камера према улица Македонија, да покаже малку народ. Во спотов има вкупно петшесторица, девјочето како главна улога, играорците, крале марко, александар, таткото на девојчето, бабата и една девојка у народна носија. Па добро дали ова реално ги оссликува граќаните на оваа држава. Па до кога ќе се ствара слика дека овде сите играме оро секое сабајле пред миење заби и дека секој дома чува боздоган?! Доста е веќе од манатири и планини и кралемарковци по спотовиве. Јас знам дека тоа е реално нашето духовно богатство, но овој спот треба да биде, колку што знам, реклама?! Епа у маркетингот има еден дел што се вика "целна група" и што сака таа целна група. Имавме можност на дело да видиме дека таа група сака да јаде и да пие, ане да шета по планински врвови и да гледа објекти од пред векови. Еве видете ги грчкиоте и црногорските спотови. Тамо има и вакви работи но преовладуваат плажи и рибни ресторани, тоа што реално туристите доаќаат за. Во кратки црти, требало освен филмски продуценти и експерти од таа област, требало да се исконсултира и некоја маркетинг агенција да се знае што треба да се снима, а не само како треба да се снима. Е сега може креторите да се вадат дека ова не било за туристи него за онака само чиста промоција, ама езнам кој ќе поверува на тоа. Многу јасно ни беше кажано и сите знаеме која е улогата на спотов да се врти во ударни термини на светски тв-гиганти.

Втора работа која делумно ме изнервира деновиве е критиката која буквално го дочека на нож спотов. Секакви дисиденти си дозволија да детектираат наводни "грешки" кои биле направени. Ај што бараат грешки ОК, ама да си дозволам некој кадар да го наречат грешка, а тоа да ти било уметнички пристап, воопшто не е ОК. Тие такви дисиденти имаат грешка во својата перцепција за уметноста и немаат развиена способност да скопчаат некои кадри па си дозволуваат да ги наречат "грешка" таквите кадри. Најизразит пример е "грешката" со Биљана и островот у позадина.

Трета работа е тоа како спотов беше дочекан на волеј во политичките кругови. Па нели имавме партии со по двесте професори?! Кај се тие професори да дадат стручно мислење?! Ваљда меѓу нив има и по некој режисер, уметник, писател, археолог?! Једини критики во тие води беа реторичките прашања околу "колку коштал спотов?!" и "некаква си процентуална застапеност". Па дајте бе луѓе барем уметноста да ја измиеме од политика! Ај музиката ни ја отру со гоцефестови, ај архитектурата ја искасапи до немајкаде, па сега и кинематографијалта ли е на ред? Барем уметноста да не ја загрозуваме од дневни ефтини политика на фаќање поен два пред избори!

п.с. Ваљда нема и спотов да падне на уставен?! CrazyWink


Posted By: La Linea
Date Posted: 27-Dec-2008 at 01:59
Georgian legend (така и се вика клипот) во Грузија е тоа што е Riverdance на Michael Flatley.

Еве што има да каже википедија:

Georgian Legend is a show consisting of Georgian national dances and songs. The Georgian artists collaborate intensively with other European musicians to make the show more attractive and rather theatrical. Georgian Legend is a modern export version of Georgian http://en.wikipedia.org/wiki/Folk_music - folk music , set on a producing platform.

http://en.wikipedia.org/wiki/Erisioni


Значи, се работи за фолк ансамбл од Грузија, а тоа видеото е само видео од некои грузиски танци кои немаат врска со туристички спот на Грузија. Дали нашиве новинари моронски се потрудиле барем пет минути да истражат нешто околу клипот?! Дали е можно да се толкави морони најголеми!?!?!?!

Кретени најголеми плукаме на нашето, макар добро или лошо. Ајде сега на ред е да го испоплукаме Симон Трпчевски, Борис Трајанов, Срѓан Ќерим, Мајк Зафировски и се што ни го обелува образот пред светот...




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Dec-2008 at 10:34
Во прилог на ова што го зборев у предходниот пост еве погледнете дел од серијалот "Love Cyprus - sta kardia mas" (vo srceto nashe) за промоција на Кипар. Сите клипови се извадени од истит темплејт!

Кафана+дискотека
[tube]zHu1zQKINTY[/tube]

Плажа+вечера
[tube]YUrGBziDZo4[/tube]

Девојка+плажа+панаѓур
[tube]mS9tRtCgSqA[/tube]

Девојка+природа+кафана
[tube]eaEhrdwLEMw[/tube]


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Dec-2008 at 12:32
Еве уште едно видео од порано, исто од CNN, само изгледа не е наше ама ми се допаѓа, дури и слоганот повеќе ми се допаѓа
[tube]qv4i_T2-fpU[/tube]
истото е и ова, продолжува како документарец, ама доста добро направено
A day in Macedonia
[tube]YevEHfkRO-o[/tube]

[tube]evTDfyqZ9gY[/tube]



Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Dec-2008 at 12:38
Забеган, првото клипче што го посочуваш, односно тоа прошлото за промовирање на Македонија имаше поголем шмек него ова. Имаше повеќе живост и луќе низ него. Ова новот е подобро технолошки изработено, ама старото имаше повеќе шмек.


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Dec-2008 at 13:09
Originally posted by lslcrew

Забеган, првото клипче што го посочуваш, односно тоа прошлото за промовирање на Македонија имаше поголем шмек него ова. Имаше повеќе живост и луќе низ него. Ова новот е подобро технолошки изработено, ама старото имаше повеќе шмек.
да таман, да го искомбинираш шмекот на старото и технологијата на новото, ќе добиеш бомбона клипче


Posted By: MKballer
Date Posted: 28-Dec-2008 at 07:25
vchera tatkomi go vide klipcheto za makedonija na CNBC okolu 2 chas.  vika mnogu interesno e.

-------------


Posted By: beTon
Date Posted: 28-Jan-2009 at 16:16

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&egId=1&eventId=4351 - Врвни светски магазини ја критикуваат македонската стратегија за рекламирање - Алфа - 17.01.2009

LOL е што се вика културен рекет, бар да зборуваше некој критичар, за момент на почетокот изјавата на човеков ме подзамисли, но штом чув дека на полска им го прави истиот спотот се ми стана јасно, добро тука нема да ги исклучам и комшиските лоби групи  по светот кои редовно и од сесрце фрлаат кеш по "upatenite" за да ги тимарат постапките на Македонија, сепак можеби и за момент има нешто вистина бар околу она со децата што го зборува,  но мислам дека целна група во новиов спот на Милчо воопшто не се децата, иако дефинитивно се согласувам дека ваков спот за дете може да биде малку премногу напорен, едно од брзината на вртење на фрејмовите друго од интезитетот на портретираните кадри еден до еден андерграунд! дури и сцената со лубеницата и начинот како е бербат изгризана ми делува малку тешко за варење!

сепак мислам дека последниот наш спот е интересен визуелен коктел, а дали и колку ќе привлече истиов овој муабет туристи, тоа мислам е прилично релативно, со оглед дека за некој да се реши некаде да отпатува освен ако не е авантурист, обично оди преку агенција, или препорака од пријател. што значи дека за да биднеме туристчки поатрактивни, навистина треба уште многу да се работи и реално да имаме голема и достапна понуда од природно културно историски приказни кои ќе бидат добро сплетени и презентирани, јасно сето ова мора да е зачинето со добронамерност и гостопримливост што во последно време некако избледуваат! но на крај сето тоа е бадијала се додека не профункционира инфраструктурата во земјава, ова зборувам исклучиво за средна односно нормална класа на туристи, а доколку сакаме елитизам тогаш дефинитивно мораме да станеме офшор држава или со цело срце да отидеме вазали на некој светски деспот.

за момент ова со  средувањето на земните коридори, аеродромите,  исфорсираните археолошки истражувања, а воедно и  зголемувањето на безбедноста, ветуваат можен иден туристички бум, но сето ова реално пред 2020 нема теорија да направи од туризмот во МКД силна стопанска гранка! пропагандно дома сме многу слаби, нема еден каталог за скопје или кој било друг град кој квалитетно ќе долови некоја приказна, http://217.16.70.245/default.aspx?pbroj=1327&stID=10452&pdate=20031120 - за СК последниот подобар водич беше црно бел  Dohа за сувенири да не правиме и муабет, се е некако оставено на случајноста па и затоа и никој не сноси никаква одговорност, а нема ни кој да наметни строги прописи на овој план, бар не за сега, http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=11&tabid=1&EditionID=1275&ArticleID=81962 - можеби  ова со туристичката стратегија може и нешто ќе промени , но кога ќе видам дека само Лиле  скоро сама ја турка оваа идеја сомнително е колку оваа стратегија ќе вроди со плод! 



Posted By: beTon
Date Posted: 29-Jan-2009 at 15:05

интересно доста работи требаат за да се претставиме добро пред светот тргнувајќи од атмосферата (односот на луѓето) па се до пропагандата, се она измеѓу повеќе или помалку се надоврзува на овие појави, дури и ако немаме добра инфраструктура или елитни сместувања, имаме што да понудиме на културен и природен план! останува само малку попрофесионално да поработиме на вистината, односно преданијата кои ќе го привлечат вниманието на светот, јасно ова значи дека истражувањето на природните убавини и културното богатсво треба да биде еден постојан процес, но мора да се најде едно нзс и со светската историографија, односно треба да избориме верификација и на нашите факти околу нашата генеза и култура визави она постојната која е зацементирана за време на империјалистичкиот нов век, кога заради одреден број на околности како нација не оставиле со кратки ракави гледано и културно и духовно и материјално!

зошто ова го велам, ќе се надоврзам на муабетот од нишката http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=534 - Википедија , каде јасно се посочува дека нашата страна многу малку се ажурира или претежно тоа е превод од англиската верзија! жално но донекаде и оправдано, ако се земе во предвид дека википедија прерасна во енциклопедија која се користи наголемо од 4/5 од светот со исклучок на Кина Smile ова треба да значи дека ако некаде и некој треба да инвестира во промовирање на Македонија пред светот тоа е оваа енциклопедија, но мислам дека е многу дискутабилно  ова да го прават само поединци, со оглед дека логиката вели дека за ваква работа треба добро проверени и поткрепени статии да се изработуваат! така за да се разработи добро и сеопфатно оваа енциклопедија на сите нивоа, и англиската и македонската верзија или пак страните како http://orthodoxwiki.org/OrthodoxWiki:Frequently_Asked_Questions - orthodoxwiki , треба во цел овој муабет да земе учевство и државата, односно некои владини агенции или министерства и нормално образовните институции, кои со еден удар кампањски можат да ја полнат турбо википедија а воедно и зад истите овие податоци да има некаков печат односно истите да бидат добро исфилтрирани пред да се објават, доволно е само на учениците и студентите да им даваат како домашна или семинарска работа да еднаш во неделата да имаат обработено или дообработено одредена статија и работата да живне како што треба!

инаку нема да бидеме единствени, колку што ми е познато сите понапредни држави во светот се имаат ангажирано на државно ниво околу википедија, што заради домашната публика што заради надворешната, а пред се заради квалитетот и веродостојноста на информациите кои се презентираат неретко и http://www.theinquirer.net/inquirer/news/810/1026810/bush-censors-wikipedia - директно но претежно индиректно! еве еден пример http://arstechnica.com/old/content/2007/06/german-government-agency-to-fund-accurate-wikipedia-articles.ars - German government agency to fund accurate Wikipedia articles но мислам дека истиот и не е баш најсреќно решение (очигледно германска работа одма ја вртат на кеширање) но во одредени случаи и ова е потребно, сепак она со ангажирањето на образовните институции мислам дека ќе вроди со поголем успех а воедно и креативно ќе им го ангажира времето на младите! 



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 04-Mar-2009 at 18:28

Еве го клипот што го режираше Манчевски за промоција на Македонија:
< =http://www.youtube.com/v/PtYrDVqr7IQ width=425 height=350 =application/x-shockwave-flash wmode="transparent">

videoto se reklamirase i vo kanalot vox (svajcarija ili germanija)
super navistina ne sum makedonec i zatoa mislam mi se svigase mnogu Applause


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Mar-2009 at 21:16
не знам зошто наиде на толку жестоки критики промоцијава, сепак каква и да е привлекува луѓе, сепак 80% од светов не знае дека воопшто постоиме, а ова клипче може да не издаде, и воопшто да не разбере што има на клипчето, некој авантурист ќе се подаде
а за странските критичари, тие прво нека научат нешто за културите на земјите кои тек сега прават вакви промоции, па после нека кажуваат што не им било јасно (не им било јасно за жените што свиреле на инструменти LOL)
се надевам дека ова е само љубомора, бидејќи знаеме дека развиениве земји скоро воопшто немаат култура и историја, природа и т.н.


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Mar-2009 at 21:46
Originally posted by zabegan

не знам зошто наиде на толку жестоки критики промоцијава, сепак каква и да е привлекува луѓе, сепак 80% од светов не знае дека воопшто постоиме, а ова клипче може да не издаде, и воопшто да не разбере што има на клипчето, некој авантурист ќе се подаде
а за странските критичари, тие прво нека научат нешто за културите на земјите кои тек сега прават вакви промоции, па после нека кажуваат што не им било јасно (не им било јасно за жените што свиреле на инструменти LOL)
се надевам дека ова е само љубомора, бидејќи знаеме дека развиениве земји скоро воопшто немаат култура и историја, природа и т.н.


Ајде сега Забеган да не забегуваме....


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Mar-2009 at 22:18
сори, малку се занесов Big%20smile
уствари го повлекувам целото она што го реков за критичарите, баш од промоционите клипчиња треба да научат нешто


Posted By: mitatos
Date Posted: 04-Mar-2009 at 22:26

Koga gi gledav oskarite mi se dopadna taa segata na toj voditelot ne mi teknuva kako se vika , fintata bese vo toa sto Slumdog Milioner , ili Siromav Miljoner imase nizok budzet no osvoi 8 oskari, i on izleze so mobilka i rece eee so ova kamera go snimiv filmot, veruvam deka so mobilen iako toa e shega ke napravevme podobar spot za promoviranje na makedonija, a ne toj sto vlozija tolku pari a sepak e ne-profesionalen od " profesionalni " luge, koi odma iritira na perenje pari , no da ne navleguvam vo detalji , spotot za mene e golem promashaj ,i ima nekoi karakteristiki sto odbelezuva samo edno nesto iako postojat mnogu drugi raboti so ne se istaknati



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Mar-2009 at 00:53

Јас сметам дека тука е проблемот со видеото, сите мислат дека треба да биде застапена цела Македонија, бидејќи во цела Македонија имало убавини. Е замислете Грција да ставаше слики од Миконос, Самос, Санторини и потоа Лерин и Кукуш, или ОАЕ да ставаа слики од Дубаи, Абу Даби и потоа од некое село со кози и 34 жители. Мислам дека за жалење први сме, а за реалистички погледи никаде нè нема. Па и Битола ја нема на спотот (а има многу да понуди) па јас не се жалам, гледам логички на работите. Доволно е да биде интересен за око, не мора да се застапени сите градови, што е до мене доволно е само Охрид да го има.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 13-May-2009 at 17:43
Како и секогаш и во се, надвор не вреднуват, а внатре ...

НА ФЕСТИВАЛ ВО ВАРШАВА

ПРВА НАГРАДА ЗА СПОТОТ „МАКЕДОНИЈА - ВЕЧНА“ НА МАНЧЕВСКИ

Спотот „Македонија – вечна“ на Милчо Манчевски освои прва награда за најдобар спот на Меѓународниот фестивал за туристички филмови и спотови во Варшава.

Организатор на фестивалот е Меѓународниот комитет за туризам. На фестивалот учествуваат туристички спотови и филмови од цел свет. Со ова спотот ја потврдува репутацијата во освојување на таргет групата – туристичка промоција.

Спотот беше премиерно прикажан во декември минатата година кога предизвика бројни реакции. Се прикажува на Си-Ен-Ен и уште во десетина земји.

Сајтот на спотот и бројните Интернет постови ги посетиле над половина милион гледачи. Минатиот месец еден од најугледните туристички водичи во светот „Брад“ пишуваше исклучително пофално за овој спот потенциурајќи дека величествената реклама на Манчевски конечно ја претставува Македонија како рамноправна меѓу многуте одлични реклами за топ туристички дестинации.
http://www.sitel.com.mk - http://www.sitel.com.mk


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Makedonij
Date Posted: 14-May-2009 at 16:48
Originally posted by Vladimir P

Како и секогаш и во се, надвор не вреднуват, а внатре ...

НА ФЕСТИВАЛ ВО ВАРШАВА

ПРВА НАГРАДА ЗА СПОТОТ „МАКЕДОНИЈА - ВЕЧНА“ НА МАНЧЕВСКИ

Спотот „Македонија – вечна“ на Милчо Манчевски освои прва награда за најдобар спот на Меѓународниот фестивал за туристички филмови и спотови во Варшава.

Организатор на фестивалот е Меѓународниот комитет за туризам. На фестивалот учествуваат туристички спотови и филмови од цел свет. Со ова спотот ја потврдува репутацијата во освојување на таргет групата – туристичка промоција.

Спотот беше премиерно прикажан во декември минатата година кога предизвика бројни реакции. Се прикажува на Си-Ен-Ен и уште во десетина земји.

Сајтот на спотот и бројните Интернет постови ги посетиле над половина милион гледачи. Минатиот месец еден од најугледните туристички водичи во светот „Брад“ пишуваше исклучително пофално за овој спот потенциурајќи дека величествената реклама на Манчевски конечно ја претставува Македонија како рамноправна меѓу многуте одлични реклами за топ туристички дестинации.
http://www.sitel.com.mk - http://www.sitel.com.mk


Pa pogledni kolku kritiki do tvojot post ima?
A klipot e super i ako skap,no super,zatoa i dobi nagrada.


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-May-2009 at 17:40
Originally posted by Makedonij

Originally posted by Vladimir P

Како и секогаш и во се, надвор не вреднуват, а внатре ...

НА ФЕСТИВАЛ ВО ВАРШАВА

ПРВА НАГРАДА ЗА СПОТОТ „МАКЕДОНИЈА - ВЕЧНА“ НА МАНЧЕВСКИ

Спотот „Македонија – вечна“ на Милчо Манчевски освои прва награда за најдобар спот на Меѓународниот фестивал за туристички филмови и спотови во Варшава.

Организатор на фестивалот е Меѓународниот комитет за туризам. На фестивалот учествуваат туристички спотови и филмови од цел свет. Со ова спотот ја потврдува репутацијата во освојување на таргет групата – туристичка промоција.

Спотот беше премиерно прикажан во декември минатата година кога предизвика бројни реакции. Се прикажува на Си-Ен-Ен и уште во десетина земји.

Сајтот на спотот и бројните Интернет постови ги посетиле над половина милион гледачи. Минатиот месец еден од најугледните туристички водичи во светот „Брад“ пишуваше исклучително пофално за овој спот потенциурајќи дека величествената реклама на Манчевски конечно ја претставува Македонија како рамноправна меѓу многуте одлични реклами за топ туристички дестинации.
http://www.sitel.com.mk - http://www.sitel.com.mk

Pa pogledni kolku kritiki do tvojot post ima?
A klipot e super i ako skap,no super,zatoa i dobi nagrada.

Да но прво мораше да го исплукаме, а потоа да свиткаме опашка и да ги снема сите тие „наши експерти“ со нивните „анализи“


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-May-2009 at 17:52
Еееее добро, добро! Стварно незнам од каде тој порив наместо да се фали, дополнително да се критикува оној кој критикувал.

Јас на пример уште стојам на ставот дека овој клип е одлично изработен, садржаен е, има доста работи прикажи во него. Значи ми се допаќа, но ваков клип неможе да навлече туристи колку што тоа може да го направи прикажување на традиционална храна и луксузни хотели. Нема да викаме на гости археолози и историчари, ќе викаме туристи.Значи клипов врши промоција, но не туристичка промоција. Ако е работата за фалење пред свет тогаш е супер, но за привлекување гости воопшто не очекувам неков ефект посебен. Дај боже да не сум во право.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-May-2009 at 19:05
Да го оставиме промотивниот Филмот за момент,

дали мислиш дека можеме туристи од светот да привлечеме со
 
- луксузни хотели како велиш - тоа го има на претек ама баш секаде, зашто да дојде во МК
- традиционална храна - како мислиш да се представи храна на промотивен филм !!??
- нема да викаме на гости археолози и историчари - е баш тука туристите можат да се залепат, тоа сто тие го немаат во својте земји а ние во изобилство го имаме


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-May-2009 at 21:35
Постирав поназад некои клипови за Кипар. Клиповите имаат дупло помала должина (добро...може би и се наменети за кратки клипови), но содржината е сосема со друг концепт. За разлика од нашиов клип кој има натрупано многу кадри, напротив, мислам дека треба да се направат десетина клипови кои ќе се вртат по тв рандом и во секој кллип да има максимумдо десетина кадри кои претежно ќе бидат од областа да угостителството (барем половина од кадрите), а во другата половина ќе се сместат историски и фолклорни содржини како и по некој кадар од животот во градовите и селата.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-May-2009 at 21:51
ова сме го разговарале повеќе пати. во македонија доаѓаат само сиромави туристи за капење и само од соседните земји, бидејќи ако е некој оддалеку и ако веќе може да си дозволи одмор, сигурно нема да дојде во фамозниот охрид со 3 хотели и 2 улици.

ќе дојде богат турист само за манастири, археологија или пештери (макар што и тие не се баш нешто богати)

ти ако видиш спот за молдавија, ќе одиш? ќе одиш само ако ти се оди многу на одмор за беспари, или пак само ако има некој манастир кој многу сакаш да го видиш а ти се трошат пари (таму и тука додуша троши троши, никако да дотрошиш)

сепак, идејата на спотот беше да се промовира македонија како дестинација, далеку од туристички рај, едноставно како дестинација, место каде што може да се оди (за селски, градски, манастирски и ред други видови на туризам).

за плажа идејата на манчевски сигурно не била, апсурд е воопшто да се промовира тоа. охрид живее од случајни срби гости, и македонски дечишта.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 14-May-2009 at 23:54
@Гитардемон
 
Не се согласувам со тебе дека охрид живее само од Срби гости и македонски дечишта. Имав прилика неколку викенди да ги поминам во охрид пролетоска и бев изненаден колку беше полн. Имаше туристи буквално од цел свет. Нормално доминираа регионалните (Срби, Бугари, Косовари, Грци) но имаше голем број амери, западно европејци, па дури и од далечниот исток. Веќе има секоја недела чартери и од Израел, а ме изненади позитивно и богатството на понудата. Имаше тури за селски туризам во Велестово, излети со посета на Албанија, кањонот на Матка, Битола и сл. Мислам дека на Охрид мора да се ориентира кон елитниот туризам, и тој како наш бисер треба да стане се поскап за обичниот турист. Сепак се работи за ограничени ресурси и преголем број на секакви гости, само ќе придоенсе кон негово уиштување.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 15-May-2009 at 10:05
Во секој случај муабетот беше за спотот на Манчевски, во кој секако не треба да се форсираат хотели и угостители (од Охрид) бидејќи идејата беше да се промовира Македонија, а туристите кога ќе видат хотели и им се посака да дојдат ќе може да дојдат само во Охрид, а тоа не е цела Македонија. Знам дека не живее Охрид само од Срби и дечишта, ама тоа намерно го реков бидејќи навистина има и странци, ама факт е дека сепак сите се наши средношколци или Срби, а тие туристите ти што ги слушна да зборуваат на странски јазици се повеќе од половина иселеници вратени во Македонија од цел свет Како и да е, знам по Битола дека има странци во државава дојдени за туризам, штом доаѓаат толку многу во Битола, можам да замислам колку има Охрид. Ама дека Охрид е нешто што е маркетабилно во споредба со регионот (Грција, Бугарија па и Албанија и Црна Гора, за Кипар и Турција да не збораме), тешко веројатно. Единствено поради цената е сега засега, затоа и ти добро викаш да се ориентира на елитниот туризам. Ама чартер лет од Тел Авив е елитен туризам? Елитен туризам е кога ќе има вили од 1200 евра ноќевање, ама до тоа ни треба многу муви јадење и учење занает, не е до езерото, до народот е.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 15-May-2009 at 13:01

Значи поентата ми беше, дека од место кое почна да наликува на огромна турбо фолк дискотека зачадена со лесковачки роштињ, охрид треба да се трансформира полека во поелитна туристичка понуда, за туристи кои би ги ценеле неговите вредности. Другиот туризам може слободно да се пресели на преспа, дојран и сл. Како и да е, само кога ќе се дигнат цените на 3 до 4 пати од ова ниво, и кога ќе дојдат луѓе кои се спремни тоа да го платат, но и за возврат да добијат она што го очекуваат, само тогаш полека ќе ги снема „дечиштата“ и балканската социјала. Тоа мора да е стратегијата за развој на тој регион, бидејќи факт е дека полека станува светски позната дестинација, и мораме да го сочуваме, Охрид не смее да стане како Будва или како бугарската ривиера.



Posted By: zabegan
Date Posted: 15-May-2009 at 14:16
а зошто всушност секој муабет за туризам секогаш мора да се сврти на Охрид, имаме еден куп други локации кај што можеш секаков туризам да развиеш, Охрид веќе си има развиен туризам, време малку да се посветиме на остатокот од земјава


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 15-May-2009 at 14:41
Originally posted by zabegan

а зошто всушност секој муабет за туризам секогаш мора да се сврти на Охрид, имаме еден куп други локации кај што можеш секаков туризам да развиеш, Охрид веќе си има развиен туризам, време малку да се посветиме на остатокот од земјава
 
Точно е дека има, и некои од нив се спомнати во нишкава. Во секој случај да бидеме реални, само Охрид и Охридското езеро ни се дестинации од светски калибар, па соодветно се и најтретирани.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Jun-2009 at 12:41
[tube]FHwS5uEVPMg[/tube]

Каде каде по user-friendly од првиот спот. Само делумно повторно преовладуваат културни и верски обележја. Угостителството е разработено во кадар-два, за разлика од првиот спот што го немаше. Малку имам замерка за разкажувањево, не им требало мислам дека доволно било да остане на стилизираната фолклорна музика.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jun-2009 at 13:18
Мене па ми се чини дека „раскажувањето“ е мајсторски составено и исклучително прецизно вклопено со визуелниот дел.
Навистина многу впечатлив спот кој привлекува внимание и буди емоции.

А мило ми е што паѓа во вода обвинувањето за големиот буџет, кој навистина бодеше очи доколку се работеше за само еден спот, но очигледно се работи за серијал, само што тоа некако „промакнало“ да се спомне кога тргна оцрнувањето на Милчо и на проектов.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Jun-2009 at 13:57
Инаку за музикава не сум некој многу музикален човек, немаме некое чувство за слух, а нити па се разбирам многу од фолклор, ама малку ми е некако чудно, непознато орово. Како некое оро со мешавина на влашки и грчки призвуци. Можеби грешам, поравете ме. Мислењево го темелам на тоа што такт-от ме буни некако. Македонскиот традиционален е 7/8, а овој не ми изгледа баш таков. Него како што кажав, не сум некој јак на слух, па ако некој знае точно како се вика ова оро нека пише или па евентуално мп3.

Да не ме сватите погрешно, воопшто не го наметнувам ова како некоја грешка, воопшто не пречи тоа доколку има и оро кое не е традиционално македонско, туку напротив и делумно е пожелно. 


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jun-2009 at 14:05
BTW спотов не е на Милчо туку е на Изи...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jun-2009 at 14:28
Question


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Jun-2009 at 14:29


ВИДЕО: Спот “Македонија - вечна“ во режија на Игор Иванов - Изи

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/57419/prsten.JPG">

Екипа од осумдесет члена, предводена од режисерот Игор Иванов - Изи, го изработи вториот спот за туристичка промоција на земјава “Македонија - вечна“ што премиерно беше прикажан денеска. Режисерот Изи, изрази задоволство зашто, како што рече, во време кога сите се занимаваат со политика, тој добил уникатна можност да биде со убавините на Македонија.

“Овој спот и е потребен на Македонија, посебно поради сензитивниот период низ кој поминува. Сценариото за спотот е предадено во исто време со спотот на режисерот Милчо Манчевски, но критиките не ме поколебаа да го направам спотот, а сценариото не е менувано“, изјави Игор Иванов – Изи.

Спотот е направен по нарачка и е финансиран од Владата, чиј претставник - министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, денес присуствуваше на промоцијата, како и бројни уметници и гости од македонската естрада.

Екипата што работеше на ова дело е интернационална, составена од врвни филмски професионалци од Македонија, Англија, Хрватска, Словенија, Србија и Белгија.

Директор на фотографија е Џајлс Натџен, музиката е на Златко Ориѓански, сценограф е Игор Тошевски, монтажер – Нина Велниќ, а костимите се на Жаклина Крстевска и Бланка Будак. Во реализација на проектот учествува и консултантсакат компанија “Пристоп МК“.

Продукцијата е работена од 1 април до 10-ти јуни, на познати и атрактивни туристички локации во Охрид, Скопје, Матка, Витачево, Галичник, Јован Бигорски, Струмица, Стоби... Снимен е на 35 милиметарска филмска лента, а користена е високо-професионална техника која вклучуваше три филмски камери, специјална камера на хеликоптер, најсовремена сценска техника и осветлување. Пост-продукцијата се одвиваше во Словенија, Австрија, Хрватска и Македонија.

Спотот од понеделник ќе се емитува на CNN.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=57419&kategorija=1


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Jun-2009 at 14:46
Сега ми текна од каде ми е позната музиката! Ја имам слушано на бугарска телевизија. Обично се вртат доста песни од Пиринска Македонија по бугарските телевизии што ги имаме по кабелскиве, така да 99% сум сигурен дека тамо го имам чуено орово! Ај ако е некој упознаен подетално нека пушти клипче или пм3. Или па да почекаме да излезат критиките на делово па ваљда ќе дознаеме кои се мотиви се уоптребени.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-Jun-2009 at 15:16
Previous
http://www.youtube.com/watch?v=raVKH4lgyfs

Еве го новото видео, Македонија-безвременска (вечна како што сите знаеме е internal). Инаку мене видеото многу ми се допаѓа, исто како и претходното на Милчо. И уште една информација, во Љубљана на секој чекор се поставени огромни билборди за туристичка промоција на земјава. Инаку е дел од Мacedonia-Timeless проектот, но слоганот тука е Македонија - таму каде што вечно е сонцето.Ќе ги сликам деновиве...


Posted By: maestro
Date Posted: 12-Jun-2009 at 17:42
Еве го, конечно совршениот спот.
Без шалење, ова е многу пати подобро од импровизациите на Милчо, мене лично највпечатливи моменти, од природни до визуелни ми останаа 0:13-0:30, а она со fly-камерата со кајаците е најмомент од целиот спот.     

Браво за Изи и за одлично завршената работа.
Можеле само малку да поработат на музиката, мислам дека да го викнеа пак Кирил Џајковски ќе беше добро. (неговата музика беше единствена светла точка во првиот спот)


Posted By: macedonia
Date Posted: 12-Jun-2009 at 19:11
The Osogovski Monestary has been featured in Canada's highest circulation newspaper the Toronto Star: http://www.thestar.com/Travel/article/648637


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jun-2009 at 10:38
Ова е еден од спотовите за промоција на Македонија. Деновиве се врти по мтв. Насловот му е "Macedonia Timeless - Temples". А времетраењето му е пола минута...

[tube]vHDDCVtlITg[/tube]


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Jun-2009 at 10:58
Неповрзани ми се двата дела - првин цркви и џамии, после скејтери во ГТЦ, па пак црква. Нешто во стил старо-ново ама лош прелаз прават


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jun-2009 at 12:20
Да, Милчо е потешко сварлив за нас обичните смртници... Но не би се изненадил да добие некоја награда и за овој спот Big%20smile

И мене исто така ми е чуден преодот храмови-скејтборди-матка. Претпоставувам дека треба буквално да го долови тоа timeless, но сепак некако не ми легна како е тоа изведено...
Исто така мислам дека спотот требало да биде малку подолг и да бидат вклучени и други рамови, а барем преубави верски објекти имаме на претек.

Во секој случај убав спот со прекрасни и силни, впечатливи сцени  Cheers


Posted By: maestro
Date Posted: 22-Jun-2009 at 14:03
Деновиве се најавува премиерно прикажување на Си-Eн-Eн на четвртиот во низатa спотови за туристичко рекламирање на Македонија. Автор на сценариото и на режијата е Милчо Манчевски. Ова е прв спот специјализиран за одреден сегмент на туризмот, односно за сакрален туризам (цркви, манастири и џамии). Спотот е насловен Македонски храмови (Macedonian Temples).

Продолжувајќи ја темата од циклусот Македонија - вечна, овој
спот го прикажува единството на природата и човекот во сакралните објекти во Македонија. Вечното течение на времето е преточено во магична промена на светлото, боите и сенките од страна на директорот на фотографија Мишо Ристов. Во контрапункт, ноќните сцени се случуваат во хипер-урбана средина. Како дел од циклусот, повторно е употребена современа обработка на народната песна Учи ме, мајко, карај ме во аранжман на Кирил Џајковски. Продуцент на спотот е Елена Станишева.

Спотот е сниман во период од скоро два месеци на локации во Зрзе, Варош, Матка, Вељуса, Велес, Мустафа-Пашина Џамија и ГТЦ во Скопје. Употребени се методи и технологија кои вообичаено се користат за снимање на популарни документарци - вложени се стотици часови снимање, a снименото потоа трпеливо e обработуванo со најсовремени специјални ефекти.

Ова е четврт спот во циклусот Македонија - вечна. Премиерниот го режираше Милчо Манчевски, вториот во серијата е на Игор Иванов - Изи, а третиот е на Ѓорче Ставревски.

Првиот спот на Манчевски освои прва награда за спот на Меѓународниот фестивал за туристички филмови и спотови во Полска, и предизвика огромен меѓународен интерес, а има над половина милион посети на интернет линкови.

Погледнете го спотот:
http://kajgana.com/video/nov-spot-na-manchevski-za-makedonija.html

Мене ми е ептен безвезен спотот, можеби добри се сцените, но многу лошо исповрзани, а да не зборувам и за тоа што ептен брзо одат и спотот трае прекратко.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jun-2009 at 14:10
Четврти туристички спот? Ни промакнал еден од овие спотови?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Jun-2009 at 14:11
Тој на Ѓорге Ставревски!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jun-2009 at 14:14
Dunno

Кој е тој спот? Го има на јутјуб?


Posted By: Max
Date Posted: 23-Jun-2009 at 16:40


Македонските кошаркари номинирани за најдобри промотори на Македонија во светот Македонската кошаркарска репрезентација е номинирана за наградата за најдобри промотори на Македонија во светот. На списокот на номинирани промотори се наоѓаат и младиот каратист од Австралија Петар Наумовски, како и маестро Симон Трпчевски. Меѓународната фондација http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=74&PID=47508#47508 - Мacedonia loves you годинешната награда ја поврзува и со дваесет годишнината на независноста на Македонија, така што од минатиот месец сите во светот што ја сакаат и почитуваат Македонија избираат и најдобри фотографии и видеа на тема Македонија. За македонските кошаркари, кои за престижната награда беа номинирани од спортската редакција на Канал 5, како и за другите номинирани, до 15 ноември годинава ќе може да се гласа на порталот http://www.macedonialovesyou.com/ - macedonialovesyou.com Изборот е отворен, јавен и се организира секоја втора година, како биенален настан. Сите награди се почесни. Победниците ќе добијат специјални медали и титула Најдобар промотор на Македонија http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=80149 - http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=80149

[tube]rzZC8AOcGrI[/tube]

[tube]My4YtoYlSrE[/tube]

[tube]PxpZoW8u0B0[/tube]

How New Orleans’ Bo McCalebb became a Macedonian heroMacedonia has been the surprise of EuroBasket (the European championship and Olympic qualifying tournament), with a country more known for violent internal strife than hoops finding itself in the semi-finals on Friday. If Macedonia can beat powerhouse Spain they are into the Olympics next summer. Even if they lose they will be in the Olympic last chance qualifying tournament next summer.And they have a guy from New Orleans to thank for it.Bo McCalebb has been the key to the Macedonian offense, the leading scorer whose uses quick penetration to break down defenses. He takes over at the end of games. He’s just fun to watch, another underdog on a team of underdogs who just keep on winning (beating traditional power Lithuania in the quarterfinals).McCalebb was born and raised in the Crescent City, played some college ball at the University of New Orleans and since has been one of the many guys you don’t hear of who make a nice living playing overseas after school.So how did he end up a Macedonian legend? He explained it to the New York Times.“I was playing in Serbia last year and I got a call from the Macedonians — they asked me to play for them,” explained McCalebb, who grew up in the Algiers section of New Orleans… “I didn’t ask any questions about the place,” he said. “I just said, ‘Yes,’ and I got a plane for Skopje the next day.”Three days later, Bo McCalebb had morphed into Borche McCalebbovski, a newly minted citizen of a country he was previously only vaguely aware of.“Every team has the right to one naturalized player,” explained Dejan Lekic, the secretary general of Macedonia’s basketball federation. “He came, he liked our country, he liked us and everyone liked him. He is Macedonian in full now.”Macedonia chose it’s naturalized player well. (McCalebb would want to become naturalized because with a European passport he becomes more marketable to teams on that continent.)Next season McCalebb — or McCalebbovski if you prefer — will play for Italian club, Montepaschi Siena. But with the buzz he has created at EuroBasket, don’t be shocked if he is at Summer League next year and if an NBA team wants to take a longer look.Maybe it won’t work out that way. But whatever happens he will always be Borche McCalebbovski, Macedonian hero. http://probasketballtalk.nbcsports.com/2011/09/16/how-new-orleans’-bo-mccalebb-became-a-macedonian-hero/ - http://probasketballtalk.nbcsports.com/2011/09/16/how-new-orleans’-bo-mccalebb-became-a-macedonian-hero/
 


http://www.youtube.com/watch?v=FHwS5uEVPMg&feature=channel_page -


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jun-2009 at 22:24
Еве делумно да расчистиме што биднало со спотот кој фали...
[tube]wuZmMIXbs-g[/tube]


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 30-Jun-2009 at 21:02
Американскиот весник „Њујорк тајмс“ објави прилог за првиот спот „Македонија вечна“
Американскиот весник „Њујорк тајмс“ објави прилог за првиот спот „Македонија вечна“ на Милчо Манчевски, третирајќи ја Македонија како новооткриена дестинација за туристички патувања.

Прилогот го опишува снимањето на спотот и истакнува дека Македонија е фасцинантна култура. Се чини дека секоја важна цивилизација оставила трага, ова е многу повозбудливо од западна Европа, се вели во написот на Њујорк тајмс.

Извор: Канал 5 ТВ


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 02-Jul-2009 at 14:10

Конечно нешто повеќе и за преостанатиот од четирите спота (трет, четврт кој и да е по ред):

“Охрид - град на светлина“ третиот спот за промоција на Македонија

http://netpress.com.mk/vestiimages/58573/2.jpg">

Во видео приказ од 60 секунди насловен “Охрид - град на светлината“ (“Ohrid - city of light“), маркетинг агенцијата “Њу момент Њу ајдијас компани“ раскажува приказна за впечатливиот македонски град со историја, за балканската лулка на уметсност, религијата, културата, за градот на бисерите и добрата храна, низ визуелна игра на сенки и светлина.

Ова е трет во низата од спотови “Македонија вечна“, по нарачка на Владата за промоција на земјава. На видео записот според сценарио и режија на Душан Дракалски работеше 60-ет члена екипа, а неговата вредност е 80 илјади евра. 

Ко-режисер е Марко Ѓоковиќ, директор на фотографија Слободан Трник-Трн, фотограф Ѓорги Клинчаров, а продуценти на спотот се Филип Димитров и Горан Саздановски. Спотот е снимен на локациите Плаошник, село Трпејца, Свети Наум, Света Перивлепта, стариот град, куќата на Робевци, а во него учествуваат Каролина Гочева, Мето Jовановски и Николина Кујача. Кореографијаат е на Рисима Рисимкин.

Оваа промотивна приказна за Охрид, изработена според старото име Лихнидос, ќе се емитува во две верзии, од кои за првата е користена музика на групата “Фолтин“, а за втората на композиторот Дуке Бојаџиев.

Од денес спотот ќе се емитува на телевизијата CNN.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 02.07.2009 14:32:54

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=501&PN=5 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=501&PN=5


Posted By: maestro
Date Posted: 02-Jul-2009 at 16:33
Спотот го нема никаде на Интернет. Видов само мал сегмент на Канал 5 и изгледаше ОК.

EDIT: Еве го на Кајгана го има:
http://kajgana.com/makedonija/promoviran-spotot-ohrid-grad-na-svetlinata.html


Posted By: Vlatko
Date Posted: 02-Jul-2009 at 18:47
Повелеле новиот спот,според мене не е лош

[tube]tVojY9u4iAk[/tube]


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jul-2009 at 19:59
Уште еден добар!   Thumbs%20Up


Се на се, одличен серијал   Cheers


Posted By: maestro
Date Posted: 02-Jul-2009 at 21:11
Мене ептен ми се допаѓа, ама подобар е другиот спот (има разлика во последните секунди меѓу двата) со инструменталката на „Милице“ од Фолтин.

http://www.youtube.com/watch?v=cEFWwGIDq-g

Засега најдобар ми е оној на Изи, а веднаш до него и овој за Охрид.
Ќе видиме како ќе излезат и последните два, за виното и археологијата.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 03-Jul-2009 at 00:26
Previous И мене ми е отприлика иста градацијата
1. Изи
2. Охрид
3. Првиот на Милчо
4. Сакралниот туризам на Милчо
 
ВО глобала сите 4 се одличен проект и се за пофалба. Сега уште на евентуалните туристи да се обидеме да импонудиме гостопримство и незаборавен и топол престој.Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Jul-2009 at 20:00
Што бара битолчанка у спот за Охрид?! Big%20smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jul-2009 at 13:21
На CNN само што видов скратена верзија на спотот за Охрид. Најверојатно поради тоа што се навикнав на долгата верзија, скратенава ми изгледаше малку неспретно  Dunno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Aug-2009 at 20:03
http://news.bbc.co.uk/player/nol/newsid_8200000/newsid_8202600/8202613.stm?bw=bb&mp=wm&news=1&nol_storyid=8202613&bbcws=1# - http://news.bbc.co.uk/player/nol/newsid_8200000/newsid_8202600/8202613.stm?bw=bb&mp=wm&news=1&nol_storyid=8202613&bbcws=1#


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Aug-2009 at 02:47

Факинг брилиант!

Браво за Крушевчани   Applause



Само Ранко и Мики подобро да оставеле некој друг да зборува, не се прославија баш со англискиот  Laugh


Posted By: MKballer
Date Posted: 19-Aug-2009 at 07:03
STVARNO BREEEE, FUCKING BRILLIANT!

SLOBODA ILI SMRT ZA MAKEDONIJA! HAHA! Cheers

ZAKON!

Applause


-------------


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Aug-2009 at 17:32
еве го истото
[tube]Ghx8Y_ZgS68[/tube]


Posted By: Max
Date Posted: 18-Oct-2009 at 01:31


http://www.anameisaname.net/ -


Ме вознемири фактот дека сте заложници на своето име

Документарниот филм насловен „Името е име“ во продукција на Американецот Џејсон Мико, лобист за Македонија, и во режија на Исланѓанецот Сигурјон Ејнарсон, кој работи во Норвешка, наскоро на специјални проекции и на филмски фестивали ќе ја раскаже приказната за Македонија и за апсурдниот спор за името што земјава го води со Грција. Филмот е сниман во Македонија. Има т.н. „он д роуд“-форма. Мотоциклист од Норвешка тргнува на пат низ Македонија и се соочува со сите нејзини убавини и проблеми, доблести и маани. За идејата за филмот, за процесот на снимањето и за неговата натамошна дистрибуција и цели зборуваат режисерот на филмот Сигурјон Ејнарсон и неговиот продуцент Џејсон Мико.

Зошто се нафативте да го режирате овој документарен филм за Македонија?

- Би сакал да отидам уште чекор поназад и да ви објаснам најпрво како всушност ме заинтересира Македонија. Во октомври 2007 година Мортен Харкет, пејачот на групата „А-ха“, беше поканет во Македонија на конференцијата за меѓуверски дијалог, која Владата ја организира на брегот на Охридско Езеро. Во тоа време работев со Мортен, па и јас допатував со него на нашиот пат кон Мароко, каде што работевме на новиот соло-албум на Мортен. Имавме прекрасен викенд во Охрид, каде што разговарајќи со луѓето станавме разгневени од сето ова прашање со името. Како што Џејсон обично вели, идејата се создаде природно, сама од себе. Кога Џејсон во мај 2008 г. дојде во Осло, за издавањето на новиот албум на Мортен „Писма од Египет“, сé повеќе и почесто зборувавме за Македонија и за проблемот со името. Јас сум филмаџија по професија, а Мортен и јас веќе работевме на филм за Источен Тимор на средината на 1990-тите, кога Источен Тимор се обидуваше да стане независен од Индонезија. Тој случај остана некако во заднината и не доби соодветно внимание, иако заслужуваше да биде акцентиран, како и Македонија сега. Така целата ситуација со создавањето филм за Македонија беше, би рекол, органска и природна.

Како ја гледате Македонија - со и без камера?

- Шест пати патував во Македонија и секогаш бев обземен. Како филмаџија сум работел на многу филмови, реклами и музички спотови. Камерата лови посебен поглед во одредено време - го лови моментот. Без камера, се разбира, секој може да види и да искуси многу повеќе. Но за филмаџија исклучително е важно да го улови со камерата тоа што го видел, слушнал и почувствувал без неа. Тоа е малку трик, но тоа е уметноста на снимката. Се разбира, другите компоненти - нарацијата и музиката - исто така придонесоа за финалната слика и беа од витално значење. Па така во овој филм двете мои професии - правењето филмови и музика - совршено се совпаднаа. Но да одговорам на прашањето - ја гледам Македонија како мала земја (патем и јас доаѓам од мала земја, од Исланд), со многу топли и пријатни луѓе, која се обидува да успее во овој свет. Македонија е многу убава земја, која на луѓето како мене им нуди нешто што не можат да го најдат на ниту едно друго место во светот. Но фактот дека сте заложници на своето име најмногу ме вознемири.

Како?

- Бев мотивиран да ја раскажам оваа приказна. Среќавајќи многу Македонци во прошетките низ земјата, бев трогнат од едноставниот факт дека група луѓе што се нарекуваат себеси Македонци - и кои се нарекувале себеси Македонци низ вековите - во 21 век во Европа не можат да се наречат така како што сакаат поради несогласувањето на друга земја. Тоа е погрешно. Никој не може да ви ги диктира името и идентитетот освен вие самите.

Кој е најдобриот начин да се претстави Македонија пред светот? Што би сакале странците да видат во неа?

- Ние не правевме промотивен ниту, пак, туристички филм. Но би рекол дека треба да го претставите тоа што е единствено во Македонија. Патниците, особено оние што доаѓаат од Запад, секогаш бараат нешто ново, нешто единствено. Капитализмот, со сите негови благослови, покажува тенденција на едноличност. Исти молови, иста храна, исти светкави хотели... Што е предноста на Македонија? Не зборувам за економските предности што вие, исто така, треба да ги продадете. Мислам дека имате многу да им понудите на странците. Вашата култура, што ги вклучува и вашата храна и вино, музиката, архитектурата, уметноста, верските институции како црквите, манастирите и џамиите, е едниот начин. Убавината на пејзажот е другиот. Севкупното археолошко наследство и историјата се исто така важно нешто што патниците би сакале да го видат, да го истражат и да научат за него. Во нашиот филм Паско Кузман зборува за цивилизациите што минале низ Македонија и оставиле траги во неа, кои сега и припаѓаат на земјата. Тоа е тоа што луѓето би сакале да го видат. Вистинското прашање за Македонија е како да се сублимира сето тоа и да се испрати вистинската порака - неоткриената Македонија, на пример.

За кое име зборува документарниот филм „Името е име“ што го продуциравте?

- Зборува едноставно за името Македонија. Насловот на филмот произлезе од истоимената песна на Мортен Харкет, норвешки музичар и пејач на групата „А-ха“. Тој напиша песна насловена „Името е име“ за својот најнов соло-албум „Писма од Египет“. Кога почна нашата дискусија за овој филм, помислив дека е малку иронично што песна со ваков наслов се наоѓа на неговиот албум и што тој се интересира да и помогне на Македонија. Песната нема никаква врска со Македонија, но насловот совршено се совпадна. Очигледно, фокусот на филмот е да го сврти вниманието кон Македонија зашто, поради проблемот со името, на Македонија навистина и е потребно тоа.

Филмот има интернационална екипа. Што го предизвика вашето внимание кон ова прашање?

- Идејата за филмот дојде од режисерот Сигурјон Ејнарсон и од пејачот Мортен Харкет. Сигурјон е од Исланд, но сега живее и работи во Норвешка. Иако е филмаџија по професија, веќе 22 години во Норвешка се занимава со музика. Еден од значајните и возбудливи аспекти на овој филм е неговата интернационална екипа. Има голем број меѓународни рокенрол-уметници што учествуваат во филмот или отстапуваат музика за цедето, кое ќе се појави подоцна. Меѓународно познат Англичанец ќе ја сними нарацијата. Не можам да ги откријам сите имиња што се вклучени во реализацијата, но ќе ги објавуваме онака како што официјално ќе го потврдуваат своето вклучување. Другиот значаен аспект се оние што донираа за филмот да биде остварен. Повеќе македонски бизнисмени придонесоа за снимањето и би сакал специјално да им се заблагодарам на „Тинекс“, „МЗТ-пумпи“, „Нова Македонија“, „Агро-Канат“, „Диаг“, „Сартекс“ и „Адинг“, како и на некои анонимни донатори. Од голема помош беа и Филмскиот фонд на Македонија и голем број меѓународни пријатели. Но сé уште трагаме по дополнителна поддршка за да ги постигнеме нашите цели.

Кои се основните цели на филмот?

- Едноставно да го расветли случајот со името, да го истакне ова прашање и да ми каже на светот, особено на оние што донесуваат политички решенија, за проблемот на Македонија и на нејзиниот народ.

Можно ли е еден уметнички продукт да ја смени сликата за Македонија и за апсурдниот проблем за името со Грција?

- Филмот не може да го реши проблемот со името. Немаме такви очекувања. Но се надеваме дека ќе го сврти вниманието на светот кон ова прашање. Нашата целна публика е светот. Целиме не само на обичните гледачи, кои можеби знаат а можеби и не знаат за овој проблем, туку на политичарите и на оние што одлучуваат во големите светски центри.

Каква ќе биде дистрибуцијата на филмот?

- Првата работа е промоцијата на веб-страница, трејлер и друг пропаганден материјал на социјалните нетворк-мрежи, што ќе биде завршено овој месец. Сакаме да почнеме изградба на свест за сево ова. Потоа ќе почне прикажувањето на филмот - на разни национални ТВ-станици и на меѓународни фестивали. Бараме и специјални проекции во Вашингтон и Брисел. Се разбира и во Скопје. Можно е филмот да излезе и на ДВД, а ќе имаме и цеде со музиката од филмот, како и книга со фотографии - различни, но со истата порака.

Јасна Франговска- Нова Македонија

http://withmacedonia.org/default.aspx?item=page&itemid=10 - withmacedonia.org/default.aspx?item=page&itemid=10




Print Page | Close Window