Print Page | Close Window

Спомен куќа на Тоше Проески - Крушево

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Културни
Forum Discription: Музеи, театри, историски објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=510
Printed Date: 28-Apr-2024 at 17:11


Topic: Спомен куќа на Тоше Проески - Крушево
Posted By: La Linea
Subject: Спомен куќа на Тоше Проески - Крушево
Date Posted: 04-May-2008 at 17:13
Меморијалниот центар на Тоше Проески во Крушево. Го имам видено само на слика во Теа мислам.

[TUBE]REw6Rtxw3e0[/TUBE]

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!



Replies:
Posted By: vardar
Date Posted: 06-May-2008 at 09:04
Oд   http://www.aam.org.mk - www.aam.org.mk
 
 
1
 
 
2
3


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Sep-2008 at 03:01
Камен-темелникот на спомен-куќата на Тоше до крајот на годината


Камен-темелникот на спомен - куќата на Тоше Проески ќе биде поставен до крајот на годинава, најави министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска. Според неа Министерството за култура интензивно работи на проектот за изградба на спомен - куќата на Тоше и останува уште да се решат имотно-правните работи околу земјиштето на кое треба да биде изграден.

"Избрано е идејно решение, авторите се во завршна фаза на изработка на проектите, објавен е тендер за градба и избрани се неколку фирми кои влегуваат во втората фаза. Сега сме во фаза на решавање на имотно - правните работи околу местото каде ќе се гради спомен - куќата. Јас се надевам дека тоа бргу ќе се реши и дека до крајот на годината ќе може да се постави камен-темелникот, изјави вчера Канческа-Милеска, која посочи дека засега се оди според зацртаниот динамички план.

Извршниот директор на Меѓународната Фондација Тоше Проески смета дека постои можност камен-темелникот да биде поставен на годишнината од трагичната смрт на македонската поп икона, 16 октомври. Според него еден месец е доволен за да се завршат сите работи. Тој посочи дека во тек е изработка на главниот проект од страна на архитектите кои ја освоија првата награда на меѓународниот конкурс за избор на идејно решение, распишан од Министерството за култура.

http://vecer.com.mk/?ItemID=AAA6B731CF954144A27C38452C182000

Уште локација да дознаевме.......!



Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 31-Dec-2008 at 03:08
Во јануари спомен-куќата на Тоше, во февруари Филхармонијата


Според министерката за култура, за наредната 2009 година буџетот наменет за проекти од областа на културата ќе биде поголем за 54 отсто во однос на минатата година


.......

Кон крајот на јануари 2009 година, во Крушево ќе биде поставен камен-темелник на спомен-куќата на Тоше Проески, поточно на неговиот роденден.

........

а спомен-куќата на Тодор Проески изработени се сите проекти и избрана е фирмата која ќе ја гради.

..........

http://vecer.com.mk/?ItemID=40FD96E5C8F36042BCF9F7B994813F14


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jan-2009 at 12:15
Еве најдов по компјутер некои слики од спомен домот за Тоше што треба да се постави камен-темелник на 25 јануари!








Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jan-2009 at 12:43
Еве пошто на линеа клипот не работи ја ќе го репостирам!

[tube]ZqUpKD-rffY[/tube]

п.с. Линеа поправи си ја грешката, да не треба ја да ја исправам! А сега веќе можеш и да го тргнеш постот! Poke


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 11-Jan-2009 at 02:33
Вака на слики куќава е изгледа многу интересна,се надевам нема да се разочарам кога ќе биде готова.


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: maestro
Date Posted: 11-Jan-2009 at 11:00
Што знам, изгледа доста интересно вака.
Нели требаше тука да се пушта 24 часа музика од Тоше?


Posted By: zabegan
Date Posted: 11-Jan-2009 at 14:56
Originally posted by maestro

Што знам, изгледа доста интересно вака.
Нели требаше тука да се пушта 24 часа музика од Тоше?
многу енергија трошење LOL
се шалам, ок е идејата


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 11-Jan-2009 at 16:25
i mene mi e mnogu interesna,bash onaka nesto nevoobicaeno za kaj nas ama interesno i ubavo.


Posted By: La Linea
Date Posted: 24-Jan-2009 at 14:56

Сабота, 24.01.2009 | Македонија

Алатки


http://www.makfax.com.mk/look/novina/printer.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=138772&NrIssue=880&NrSection=10 - Верзија за печатење

Камен темелник на спомен-куќата на Тоше Проески

Крушево /24/01/ 10:13

Спомен-куќата, објект со кој на достоинствен начин ќе се оддаде почит и признание на ликот и делото на Тоше Проески, ќе започне да се гради денеска во Крушево, кога на Гумење ќе биде поставен камен-темелник.

Според надлежните во Владата и Министерството за култура, кое го финансира проектотот, објектот ќе биде место каде што ќе бидат зачувани хуманоста, високите човечки квалитети и уметничките вредности на Тоше.

Идејното решение за спомен-куќата е на авторите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски, а е избрано на меѓународен конкурс.

Постхумно, Тоше Проески од страна на Владата е прогласен за почесен граѓанин на Македонија. /крај/со/ст


http://www.makfax.com.mk/look/novina/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=138772&NrIssue=880&NrSection=10


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jan-2009 at 12:13
МИА фото



Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Aug-2009 at 19:28
Заборавив дека вакво нешто се гарди...

www.mia.com.mk


Posted By: La Linea
Date Posted: 31-Oct-2009 at 02:17
Ова е дело на јапонски архитект за конурсот за спомен-куќава. Тотален промашај според мене

http://www.matsuokasatoshitamurayuki.com/projects/tmuseum.htm

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Oct-2009 at 02:22
Линеа не е тој проект на јапонецот! руг порект е тој што се гради. Ова може е нешто што само учествувало на конкурсот. ја колку што се сеќавам наш архитект го зема прокетов. Сосема е различен прокетот, треба на крај да излезе нешто фво форма на крст.

Инаку да проектов на јапонецов не ми се свиќа ни мене. Повече личи за некој супермаркет покрај автопат одколку за меморијален центар. Некако и на скопсково сајмиште ме потсеќа.


Posted By: La Linea
Date Posted: 31-Oct-2009 at 02:38
Originally posted by lslcrew

Линеа не е тој проект на јапонецот! руг порект е тој што се гради. Ова може е нешто што само учествувало на конкурсот. ја колку што се сеќавам наш архитект го зема прокетов. Сосема е различен прокетот, треба на крај да излезе нешто фво форма на крст.


Знам бе само го постирав зошто немаме слики од другите учесници во конкурсот. Победникот е супер, и треба да најдеме начин да дознаеме до каде се стигнати со изградбата. Има ли некој од вас што бил во Крушево последниов месец и да видел?


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Oct-2009 at 02:44
Еве уште едно од решенијата...

Бојана Димитровска, архитект
Нена Џутеска, студент по архитектура
Александар Петров, архитект
соработник: Иво Мирковски, архитект




Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Oct-2009 at 02:46
Уште едно...




Posted By: La Linea
Date Posted: 31-Oct-2009 at 02:54
Ууу лсл врати го од кај што го ископа ова те молам Confused Отисци од рака, луѓе на состанок, ДРВОТО ОД ПЕКОЛОТ!! Што ли сака авторот да ни каже?



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Jan-2010 at 15:54
1


2


3


4



Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Jan-2010 at 17:16
Не го замислував ова волку трафика да излезе. Лимот за кровот е скоро иститот со оној со кој е оградено градилиштето, или па ја сум грешка?! Како што гледам на рендерите ова треба да биде стаклен дел?! Dunno


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 28-Jan-2010 at 10:31
Лимот би требало да е привремено покривање додека не се монтираат стаклата....

%20 - http://www.plataformaarquitectura.cl/2010/01/24/la-otra-arquitectura/ - http://www.plataformaarquitectura.cl/2010/01/24/la-otra-arquitectura/ - линков е како илустрација на тоа што би било кога би го одбрале конкурсниот труд на Роџер (го има во некој од претходните постови)...и фала богу што не го одбраа...


Posted By: xnx
Date Posted: 28-Jan-2010 at 17:44
haha zakon e ovoj roger, samo on si se razbira sebe si, a mozebi i ne. 


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 28-Jan-2010 at 18:42
Отидовме ептен оф-топик......ама кој е Роџер?Smile

Инаку што се однесува до објектот, дефинитивно е еден од подобрите овој период....единствено не ми е јасно зошто толку е нагласен крстот. Навистина Тоше беше доста религиозен, ама неговата мисија не беше ширење на христијанството, тој се прослави како поп-ѕвезда...можеби ќе беше подобро инспирацијата да се побара во музиката....штознам, мое размислување. Вие што мислите?


-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Jan-2010 at 18:54
Побарај поназад во нишката има еден сличен проект на оној што пуштил линк дејв гахан. Имаше сличен проект што ушествуваше на конкурсот. Всушност имаше многу повеќе проекти што учествуваа на конкурсот. Едмунд забелешката ти е легитимна и основана, но да оправданоста на ваквата забелешка е дискутабилно. Незнам како стои во конкурсните побарувања или може би е дело на авторот, но христијанството е неибежен дел. Веќе ликот на Проеквски освен како поп пејач го имаме како архтип на хуманист и посветен верник. Така да хумната дејност е сега како примарна ставка што ја разгледуваме од неговиот карактер, односно хуманата дејност како еден од основните принципи на христијанството. Па затоа и таквиот изглед на спомен домот. Нагласеноста е битна и треба да ја има, но затоа реков дека е дискутабилно во колкава мера. Скоро и да не се разликува од црква на некоја од помалите христијански фракции каде што нема толкустргои канонски ограничувња, преимер протестанска, или слични. Мене сепак ми се допаѓа проектот и го поддржувам, сигурно чим е избран е одбранет како труд од страна на авторот.


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jan-2010 at 19:15
Јас генерално преферирам објекти каде идејата/инспирацијата е подискретно и префинето вткаена (независно за која идеја се работи, во случајов христијанство или музика). Значи кога како резултат ќе добиеме стилизиран голем крст или стилизирана голема гитара или клавир, мене тоа не ми се допаѓа во глобала. 


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 28-Jan-2010 at 19:21
Originally posted by Mr.Edmund

Отидовме ептен оф-топик......ама кој е Роџер?


Роџер е....како да ти кажам!? Има една куќа позади кино Култура „ала Гауди, ама далеку од тоа“ или може ти текнува на бутикот со розев кадилак во ГТЦ што стоеше едно време...помалку познат дека и беше некаков советник или асистент за архитектура и дизајн на некој од скопскиве градоначалници (Трифун или некој од општинскиве - ептен реклаказала отиде муабетов)....не е битно...

Ова што вика PBanks е во право. И јас мислев дека ќе биде помалце воочлив крстот во основа, ама не можам да кажам дека е очајно...да оставиме да го завршат, па да видиме што ќе излезе...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Djole88
Date Posted: 29-Jun-2010 at 18:51
Мислам дека немаме нишка за меморијалниот центар за Тоше, па веста нека иде тука

Меморијалниот центар на Тоше ќе почека уште две години

- Си поигрувате со ликот на Тоше, бидејќи споменикот требаше да биде готов на 31 јули, а досега нема ништо. Нехумано е да се скратат средства за најголемата личност што ја имала Република Македонија- рече Јани Макрадули од СДСМ

Изградбата на меморијалниот споменик на Тоше Проески во Крушево се пролонгира за две години. Ваква одлука донесоа пратениците, а причина за оддложувањето на рокот за изградба се имотно-правните проблем.

- Си поигрувате со ликот на Тоше, бидејќи споменикот требаше да биде готов на 31 јули, а досега нема ништо. Нехумано е да се скратат средства за најголемата личност што ја имала Република Македонија. Најостро се спротиставуваме на оваа одлука и мислам дека може да се пренаменат средства од други владини проекти за доизградба на споменикот, рече пратеникот од СДСМ, Јани Макрадули, кој посочи дека за доизградба на овој меморијален споменик во предвидениот рок недостигале уште 15.000 евра.

На ова спикерот Трајко Вељановски, одговори дека битно е што има одлука за подигање на споменик на Тоше, а причините за негово пролонгирање се добро познати и сето тоа е оправдано, бидејќи ова е долг и не така едноставен процес.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска посочи дека никој не го злоупотребува ликот на Тоше, бидејќи, како што истакна, покрај изградбата на меморијалниот споменик, Владата донела одлука и за изградба на негова спомен-куќа.

- Треба да се гордеете што Владата донесе таква одлука за изградба на спомен-куќа, чија промоција се очекува до крајот на оваа година. Владата го изгради и патот до манастирот „Св.Преображение“, а даде поддршка и за осветлување на манастирскиот комплекс, рече Канческа-Милевска.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=51509 - http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=51509





Posted By: toasumjas
Date Posted: 01-Jul-2010 at 20:47
- Си поигрувате со ликот на Тоше, бидејќи споменикот требаше да биде готов на 31 јули, а досега нема ништо. Нехумано е да се скратат средства за најголемата личност што ја имала Република Македонија- рече Јани Макрадули од СДСМ

Значи ми се гади од овие политичариве. До толку немаат срам што собираат вакви ефтини поени на единственото чисто и неисполитизирано што го имавме. И овој макрадули а и оној груевски исто коа не издржа и се појави на првиот проштален концерт на тоше и си го извади текстчето од џеп и почна да чита. Да се немало осет значи!


Posted By: toasumjas
Date Posted: 01-Jul-2010 at 20:54
А иначе и информациа за проектов од сигурни извори.На фирмата која го изведуваше проектов државата и е дужна ко грчка! Една од фирмите


Posted By: axel
Date Posted: 18-Jul-2010 at 11:55
Спомен куќата на Тоше ќе биде готова до крајот на годинава

недела, 18 јули 2010
 
Изработена е само покривната конструкција на куќата, која е стаклена и специфична, но во план е да се започне да се работи и на уредувањето на внатрешниот дел
 

 
 
Министерката за култура Елизабета Камчевска Милевска изјави дека интензиво се работи на спомен куќата на Тоше Проески и се очекува до крајот на годинава да биде завршена.

Изработена е само покривната конструкција на куќата, која е стаклена и специфична, но во план е да се започне да се работи и на уредувањето на внатрешниот дел.

- Покривот е застаклен и е навистина специфичен, и како што е планиран според проектот се изработуваше во странство. Целиот покрив е веќе стигнат и до крајот на овој месец, објектот ќе биде затворен. Работите потоа продолжуваат внатре, во ентериерниот дел, ќе се уредува и партерот и се надевам дека до крајот на годинава ќе успееме да ја промовираме спомен куќата на Тоше Проески, изјави министерката за култура Канчевска Милевска.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=52966


Posted By: Makedonij
Date Posted: 29-Aug-2010 at 19:20
Меморијалниот центар на Тоше ќе почека уште две години

вторник, 29 јуни 2010
 
- Си поигрувате со ликот на Тоше, бидејќи споменикот требаше да биде готов на 31 јули, а досега нема ништо. Нехумано е да се скратат средства за најголемата личност што ја имала Република Македонија- рече Јани Макрадули од СДСМ
 
Изградбата на меморијалниот споменик на Тоше Проески во Крушево се пролонгира за две години. Ваква одлука донесоа пратениците, а причина за оддложувањето на рокот за изградба се имотно-правните проблем.


- Си поигрувате со ликот на Тоше, бидејќи споменикот требаше да биде готов на 31 јули, а досега нема ништо. Нехумано е да се скратат средства за најголемата личност што ја имала Република Македонија. Најостро се спротиставуваме на оваа одлука и мислам дека може да се пренаменат средства од други владини проекти за доизградба на споменикот, рече пратеникот од СДСМ, Јани Макрадули, кој посочи дека за доизградба на овој меморијален споменик во предвидениот рок недостигале уште 15.000 евра.

На ова спикерот Трајко Вељановски, одговори дека битно е што има одлука за подигање на споменик на Тоше, а причините за негово пролонгирање се добро познати и сето тоа е оправдано, бидејќи ова е долг и не така едноставен процес.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска посочи дека никој не го злоупотребува ликот на Тоше, бидејќи, како што истакна, покрај изградбата на меморијалниот споменик, Владата донела одлука и за изградба на негова спомен-куќа.

- Треба да се гордеете што Владата донесе таква одлука за изградба на спомен-куќа, чија промоција се очекува до крајот на оваа година. Владата го изгради и патот до манастирот „Св.Преображение“, а даде поддршка и за осветлување на манастирскиот комплекс, рече Канческа-Милевска.


http://www.kirilica.com.mk


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Sep-2010 at 18:17





Posted By: Makedonij
Date Posted: 16-Oct-2010 at 06:49
На Сител утрото изјавија дека спомен куќата,ќе биде пуштена во употреба на Тошевиот роѓенден 25.01.2011, кога ќе бидат соберени сите спомен предмети...информацијат им ја дале од министерството за култура.

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Nov-2010 at 04:41
Конкурсниот труд на Architectonica www.arh.com.mk - www.arh.com.mk






































Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2010 at 02:31
Назнам дали се работи за истиот конкурс, но овие рендери се од проектот на Атеље Ајвар за гробница за Тоше Проески. Веројатно се два проекти, за сега нека биде тука па кога ќе се разјасни ќе префрлиме.

Client :Atelje Ajvar donation Location :Krusevo Area m2 :650 Year :2007 Type: Tomb Description : The Memorial Tomb of music star Tose Proeski, Krusevo Authors: Miodrag Radonjic - Bato Co-workers: Ana Radonjic Aleksandar Dokuzovski Damjan Hristov















http://www.ajvarhrrm.com.mk/pro/pr114/pr1.html


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Nov-2010 at 13:12
Ау гробница колку лошо звучи. Можеби си мислел мавзолеј, ама и тоа не е баш ОК.

А се извинувам што ќе го прашам ова, ама кога ќе биде готова спомен куќата да не мислат да го презакопаат таму?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Nov-2010 at 14:33
Па така и се викаше низ весници. Имаше од Вест некој напис и сто беше па зато аи така пишав. Инаку не знам точно, ама мислам дека споен куќата никогаш не била планирана за да го преместат, па ова сега да е некаков план б. 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Dec-2010 at 00:12

Восочни фигури во спомен-куќата на Тоше

Градежните работи за изградба на спомен-домот се ближат кон крајот, а наскоро ќе почне и ентериерното уредување заедно со изработката на потребната музејска поставка

Две восочни фигури на Тоше Проески во природна големина ќе се најдат во неговата спомен-куќа во Крушево. Едната ќе биде во стоечка позиција, каде што мегаѕвездата е претставена во својот препознатлив став, со микрофон в рака, а другата ќе биде во музичкото студио - седнат на клавир како компонира. Тие ќе бидат ударни елементи, покрај кои ќе може да се фотографираат фановите.

Градежните работи за изградба на спомен-куќата на Проески се ближат кон крајот, а наскоро ќе почне и ентериерното уредување заедно со изработката на потребната музејска поставка. Ако временските услови се погодни, постои шанса таа да биде отворена за посетителите на 25 јануари, денот кога е родена македонската музичка легенда. Фасадата и поставувањето на стаклото од објектот се завршени, се поставува зеленилото на покривот, а интензивно се работи на партерот и во внатрешноста на куќата. Стаклата се во зелена и во сива боја, со апликации - листови направени со посебна технологија. Тие потсетуваат на обвивката од албумот „Игри без граници“, што Проески го промовира пред трагично да го загуби животот во 2007 година. Архитектот Дејан Спасеновски, еден од творците на објектот, нагласува дека содржината на ентериерот има многу симболика и затскриени елементи поврзани со животот и кариерата на Тоше.

- Музејската поставка е осмислена и организирана така што ги претставува животниот пат и музичката кариера на Проески, со сите познати и непознати детали, кои би можеле да бидат интереси за посетителите. Изложбената поставка ќе се одвива на две нивоа, со континуирано ненаметливо движење. Тој вид релаксирана прошетка низ музејот, поделен во неколку целини, овозможува да се помине низ животот на Тоше - вели Спасеновски.

На надворешните ѕидови на објектот ќе има витрини, што преку разни предмети го отсликуваат животот и делото на Проески. Во централниот дел се наоѓа молитвеник со сите верски предмети што Тоше ги поседуваше, заграден со армирани бетонски платна, кои се протегаат на висина на двата ката, на кои се аплицирани ликот и потписот. На аглите се појавуваат стаклени ѕидови, на кои се врежани некои од неговите омилени песни.

- Ќе има и реплика на неговото студио, во кое тој музицираше и компонираше, како и просторија за преслушување на песните. Во комбинација со ентериерот- кој е ненаметлив и е во бела боја, ќе има соодветно осмислен аудио и визуелен амбиент. Низ целиот објект посетителите ќе ги придружува музиката на Тоше, заедно со визуелни ефекти. На ЛЦД-екрани постојано ќе се емитуваат концертите и спотовите на нашата музичка легенда - открива Спасеновски.

Следејќи ги најновите технолошки достигвања, предвидени се неколку инфоточки со екрани чувствителни на допир, каде што ќе може да се добијат интересни информации поврзани со Тоше. Ќе има и таканаречен систем за дигитален отпечаток, кој претставува стаклено платно со димензии 2х2м, исто така чувствително на допир. Тој ќе проектира соодветна интерактивна содржина и информација според желба на посетителот.

Во спомен-домот ќе биде изложена и облеката што Проески ја носеше на своите настапи, наградите, признанијата, но и неговиот автомобил.

Автори на проектот покрај Спасеновски, се и архитектите Илија Божиновски и Дејан Секуловски.

Студот во Крушево ги отежнува градежните работи

Спомен-куќата почна да се гради на иницијатива на Министерството за култура и на Владата на РМ, со цел да се зачува ликот и делото на најголемата македонска музичка легенда Тоше Проески.

- Нејзиното пуштање во употреба пред с` зависи од временските услови. Ако тие се поволни, изградбата ќе напредува поинтензивно и може да биде отворена за посетителите на 25 јануари, денот кога е роден Тоше, што е наша голема желба. Меѓутоа, Крушево е место со изразено студена клима и големи снежни покривки кои се фактори што ги отежнуваат градежните работи - велат од Министерството за култура.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=FEB8AD2F7AA8564585CB1DD2492FE3E4


Posted By: xnx
Date Posted: 17-Dec-2010 at 10:25
mi se dopaga krajniot rezultat, megutoa ne mi se sviga simbolikata... zosto e naglasen krstot, kako osnovite na mnogu stari katedrali? tose bil peac, ne mesija.


Posted By: Observer
Date Posted: 17-Dec-2010 at 12:06
Но многу побожен пеач и иницијатор за изградба на црква и тн. Претпоставувам дека е заради тоа а не за некакво месијанство иако некогаш неговите обожаватели претеруваат во тој поглед.


Posted By: LouReed
Date Posted: 17-Dec-2010 at 15:52
Originally posted by xnx

mi se dopaga krajniot rezultat, megutoa ne mi se sviga simbolikata... zosto e naglasen krstot, kako osnovite na mnogu stari katedrali? tose bil peac, ne mesija.


Vo pravo si XNX, malce preteruvaat deckive....
Tose go osvoi balkanot so svoite pesni i zasluzuva nekakvo spomen obelezije, ali nekoi lugje seuste go koristat za finansiski i drugi sopstveni celi i preteruvaat malce...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Dec-2010 at 17:42
Меѓудругото беше и познат по хуманитарна дејност и по ктиторството на манастирот и посветеност на религијата. Освен што е познат по музика е познат и по тоа и неме ништоспорно што и од тој дел е влечено во симболиката. Не е ова спомен дом само на музиката што ја правел туку на целокупниот лик, а крстот е составен дел од таа симболика. Енетериерот и содржините се комплено посветени на музиката на пример и не е тука никаков храм туку е комплено со музичка симболика, студио, екрани и слично. Нема никаков параклис како што на пример го има кај мајка тереза која е па исклучиво дел од црквата. Не е ниѓто тоа спорно овие параметри со кои баратате ги изостанувате деловите од целокупниот лик не само узиката.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Dec-2010 at 05:49
  
Спомен-куќата на Тоше Проески ќе се промовира прва

Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево ќе биде првиот промовиран од капиталните проекти на Министерството за култура во 2011 година, најави вчера министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Спомен-куќата јавноста ќе ја види на почетокот на следната година.
.........
http://vecer.com.mk/?ItemID=996A930400428447B2C74DC4A05A877B


Posted By: axel
Date Posted: 12-Jan-2011 at 13:51
Спомен куќата на Тоше ќе биде отворена на 24 јануари...

Спомен куќата на балканската поп ѕвезда Тоше Проески што се гради на Гумење во родното Крушево ќе биде отворена на 24 јануари. Ден потоа во Скопје ќе се одржи големиот концерт. Со ова ќе се одбележи роденденот на трагично загинатиот македонски пејач. Официјална потврда за отворање...то на спомен куќата се уште нема, но крушевчани веќе се подготвуваат за 30-от роденден на ѕвезденото момче.
http://www.facebook.com/update_security_info.php?wizard=1#!/IlloveMacedonia


Posted By: Sale SK
Date Posted: 20-Jan-2011 at 01:15

 

Originally posted by lslcrew

Меѓудругото беше и познат по хуманитарна дејност и по ктиторството на манастирот и посветеност на религијата. Освен што е познат по музика е познат и по тоа и неме ништоспорно што и од тој дел е влечено во симболиката

Мала исправка.Ктитор на манастир или црква може да биде некој што манастир или црква изградил сам,со свои средства и тоа нема врска со посветеноста кон религијата.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jan-2011 at 01:24
Па сам го изгради манастирот Свето Преображение.


Posted By: Sale SK
Date Posted: 20-Jan-2011 at 05:39
Како тоа мислиш сам го изградил?"Сам" во Македонија црква изградил Трифун Костовски и Гуштеров.Ниедеен друг.Нормално зборуваме за позначајниве цркви.Тоше почнал да работи на некој манастир,тоа не е спорно и секоја му чест за тоа,меѓутоа не е ктитор и не може да биде ктитор.За жал...


Posted By: Alien
Date Posted: 20-Jan-2011 at 06:54


Тоше сигурно се има повише ангажирано за изградба на манастирот отколку трифун за богородица. Тоше покрај тоа што легално спечалил пари и вложил во изградбата, учествувал и физички, со работа, тој и членови на семејството.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 20-Jan-2011 at 09:09
Originally posted by Alien

 

Тоше сигурно се има повише ангажирано за изградба на манастирот отколку трифун за богородица. Тоше покрај тоа што легално спечалил пари и вложил во изградбата, учествувал и физички, со работа, тој и членови на семејството.


И јас мислам дека е така, само нема потреба од вакви емотивни изливи...факт е дека Тоше прибираше и донации од фирми, па веројатно на тоа мислеше...и не знам што се фаќате за теми што немаат врска со објектов, само за да фрчат искри без потреба - манастирот си е друга прича...

Инаку изгледа деновиве, во чест на роденденот на Тоше ќе биде отворена спомен куќава, со мал милион недовршени работи - веќе видена работа...


Posted By: axel
Date Posted: 21-Jan-2011 at 14:46
Завршена изградбата на Спомен-куќата за Тоше

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/81743/spomen-kuka-Tose.jpg">

Во пресрет на триесеттиот  роденден на македонската музичка икона Тоше Проески, завршена е изградбата на Спомен-куќата во неговото родно Крушево, се вели во соопштението на Министерството за култура.

Спомен-куќата ќе претставува материјализација на целиот животен пат на Тоше и низ своите содржини ќе обезбеди хронолошки  приказ на неговото детство, на тинејџерските години, на периодот кога Тоше го достигна врвот во својата уметничка кариера. Поставката на Спомен-куќата ќе биде збогатена со автентични експонати кои се сопственост на семејството Проески, се додава во соопштението.

Сите градежни работи околу објектот што ќе сведочи за животот и делото на трагично згаснатата македонска ѕвезда биле комплетно завршени, а како што наведуваат од министерството Спомен-куќата ќе биде отворена за посетителите откако семејството на Тоше Проески ќе ги внесе во неа неговите лични предмети кои се дел од автентичната збирка на експонати.

Во чест на Тоше Проески, кој со својата креативност и непосредност, низ целиот Балкан и пошироко, ја афирмираше културата на нашата држава и остави траен белег во севкупното културно живеење, на 25-ти јануари сите почитувачи на неговите лик и дело ќе го прослават неговиот триесетти роденден.

Во изградбата на Спомен-куќата инвестираа и Владата и Министерството за култура од каде велат дека ова е “искрен придонес и благодарност од сите граѓани во негувањето на  неговиот лик и дело”.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=81743&kategorija=1


Posted By: kultuzin
Date Posted: 22-Jan-2011 at 15:08
Poveke informacii za spomen kukata od videoto:

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&eventId=70243


Posted By: Makedonij
Date Posted: 18-Feb-2011 at 21:57
http://cooltura.mk/wp-content/uploads/2011/01/spomen-kuka-2-1024x768.jpg
http://cooltura.mk/wp-content/uploads/2011/01/spomen-kuka-1-768x1024.jpg
http://cooltura.mk/wp-content/uploads/2011/01/spomen-kuka-768x1024.jpg


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: LouReed
Date Posted: 18-Feb-2011 at 22:17
Dobri sliki Thumbs%20Up
Ne e loso, samo ke treba da se cisti i odrzuva stakloto na kontinuirana baza, osobeno ova koe sto gleda kon neboto.


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 19-Feb-2011 at 17:10
@makedonij tvoi li se slikite,spodeli nekoja impresija od lice mesto

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Makedonij
Date Posted: 20-Feb-2011 at 10:59
Ne se moji.

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Djole88
Date Posted: 09-Apr-2011 at 11:14
Спомен-куќата на Тоше Проески ќе се отвори на 25 април

На овој голем ден, Велигден, Тоше секогаш се враќаше дома и пееше во црковниот хор на „Св. Богородица“, во која беше и крстен


На 25 април (понеделник), вториот ден на големиот христијански празник Велигден, и официјално ќе биде отворена Спомен-куќата на Тоше Проески, сместена на Гумење во неговото родно Крушево.

„Каде и да беше, што и да правеше, за Велигден Тоше секогаш си доаѓаше дома. Не пропушташе година и редовно за овој голем празник пееше во црковниот хор на ’Св. Богородица‘“, ни изјави Славен Ристовски од семејството на Проески. Станува збор за истата црква во која Тоше бил крстен и која се наоѓа во близина на неговата семејна куќа во Крушево.

До 25 април треба да бидат завршени сите ентериерни уредувања на објектот, изграден во чест на македонската пејачка ѕвезда Тоше Проески, кој настрада во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, на 16 октомври 2007 година, а со цел да се зачува бесмртноста на неговиот лик и дело. Камен-темелникот на Спомен-домот, со одлука на Владата, беше поставен на 24 јануари 2009 година, еден ден пред неговиот роденден, а во присуство на голем број гости од цела Македонија и со благослов на архиепископот г.г. Стефан.

Идејното решение на објектот е заедничко дело на Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски во соработка со Илија Божиновски, а како изведувач на градежните работи се потпишува „Конструктор инженеринг ДД СПЛИТ“.

Спомен-куќата претставува материјализација на целиот животен пат на Тоше Проески, а прошетката низ неа овозможува да се помине низ целокупниот живот на Тоше, кој е поделен во неколку целини: животен пат, музичка кариера, секојдневје, Тоше како хуманист и верник, Тоше и фановите и Тоше засекогаш. Во центарот на вниманието ќе бидат и две восочни фигури на Тоше во природна големина: едната во стоечка позиција со микрофон во негов препознатлив став при пеење, а другата во неговото музичко студио, седнат на клавир. Се работи за реплика на неговото студио во кое музицираше и компонираше, просторија за преслушување на музика наменета за посетителите, а во продолжение и кафетерија која е поврзана со горното ниво преку тераса и повеќе висински платформи од кои се протега одлична панорама на градот и „Македониумот“.

Посетителите ќе може да ја видат и автентичната реплика на неговата дневна соба од домот во Злокуќани, а низ целиот објект ќе се слушаат „Игри без граници“, „Боже, чувај од зло“, „Цреша“, „Мајка на Марика думаше“, „Јовано, Јованке“, „Јас не сум виновен“, „Има ли ден за нас“, „Го лажам секој нов рефрен“, „Тајно моја“... Ликот на Тоше ќе биде присутен и на ЛЦД-екрани на кои постојано ќе се емитуваат неговите концерти и спотови, но и преку соодветно сценско светло. Заради запазување на најновите технолошки достигнувања, освен неколкуте инфоточки со екрани осетливи на допир каде што ќе можат да се добијат сите интересни информации поврзани со Тоше, предвиден е и таканаречен систем за дигитален отпечаток, кој претставува стаклено платно со димензии 2х2 м, исто така, осетливо на допир на кое ќе се проектираат соодветна интерактивна содржина и информации по желба на посетителот. Функционалното обликување на просторот се одвива на две нивоа.

Покрај подготовките за отворање на Спомен-куќата, во тек е и постапката за изградба на меморијален споменик на Тоше во Крушево, која е во фаза на разгледување на понудените идејни решенија

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=00A8A3E9EFD92741B3F64E82DF44481C


Значи сепак куќата не била отворена овој период, се опремувала внатрешноста. Има низ цел град(Скопје) билборди(од тие помалите) со постер на кој се објавува оваа вест. Така да кој планира да оди, нека сликне. Само пазете се, ќе има милион луѓе





Posted By: krale
Date Posted: 09-Apr-2011 at 15:25
Ајдеее... прв пат ја читам темава и не знам со која рака да се крстам. На што личи бре све ова, ко Елвис Присли ли сега ќе му се прават гробници, храмови.... бре бре... па да е Тоше жив мислам дека све тоа ќе откаже и ќе рече да се даде на сиромавите. Какво кичерајство значи тотално сум разочаран.


Posted By: stratus
Date Posted: 09-Apr-2011 at 16:47
непотребен коментар на форумов


Posted By: kultuzin
Date Posted: 09-Apr-2011 at 16:56
крале, само ќе ти кажам дека за Македонија Тоше е и повеќе од Елвис Пристли заслужува најмалце она што го добива...а колку што знам организацијата Тоше Проевски одржува и подржува хуманитарни акции. Инаку си идам во Македонија за велигден па се надевам дека ќе имам прилика да одам и до Крушево.


Posted By: krale
Date Posted: 09-Apr-2011 at 21:14
Ако ви е вас фино, ОК. Мене по тоа што го правеше Тоше, ама воопшто не ми се совпаѓа да му се прават вакви кичерајски пост-хумни храмови. Македонија можеше да одаде почит на многу посветски начин (на пример за принцезата Дијана беше направена фонтана, и детски парк во нејзина чест - е тоа е веќе светски и културно и без кичерај). Ова е израз на малограѓанштина, па и куќата на Мајка Тереза не е многу полоша.


Posted By: Mobile
Date Posted: 09-Apr-2011 at 23:58

па и за Тоше има и фонтана и парк во Аеродром и + музеј во крушево.. има и крст, а можда и уште нешто што сум пропуштил.. ааа црквата му ја доградија.. што има тука недолично или несоодветно. Максимално е испочитуван. Мене баш ми се свиѓа куќава, на прва остава без здив пошто е специфична градба, не заради спектакуларноста колку заради необичноста.



Posted By: theMac3donian
Date Posted: 11-Apr-2011 at 04:56

Избрано идејното решение за меморијалниот комплекс на Проески



Одборот за подигнување на меморијалниот комплекс на Тоше Проески во Крушево го избра идејниот проект изработен од „Архитектоника“ ДООЕЛ Скопје.

Во меморијалниот комплекс ќе се наоѓаат гробот на Тоше, негов споменик и црква. Споменикот ќе биде во вид на бронзена скулптура на Тоше, налик на фотографијата од албумот „Божилак“.

- Одборот за подигање на меморијалниот комплекс на Тодор Проески во Крушево го избра идејниот проект, кој во согласност со законските одредби јавно ќе биде изложен на официјалната страна на Собранието на Република Македонија - н` информираа од одборот.

Меморијалниот комплекс требаше да почне да се гради пред три години, но од повеќе причини не беше реализиран. Како што дознаваме, тој треба да почне да се гради по три месеци. (С.А.Н.


%20 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=14DB19C3F3989E4A99F6899C97698267


-надополнето-





http://sobranie.mk/default.asp?ItemID=11CB8279FAB57941B571FAA3F93A34ED - Извор.

-------------
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Apr-2011 at 13:16
Спомен куќата на Тоше Проески ќе биде отворена на 25 април


Спомен-музејот-Спомен-куќа на Тодор Проески ќе биде отворена на 25 април, втор ден Велигден, во 13 часот на Гумење во Крушево.

На промоцијата се поканети голем број гости, многу фанови и почитувачи на Тоше, како и сите министри за култура од регионов. Во музичкиот дел ќе настапат Раде Шербеџија, Влатко Стефановски и хорот „Света Злата Мегленска“. Шербеџија ќе исполни нова песна од Тоше, компонирана лично од него за неговото Крушево, текст напишан од Мирослав Рус по сугестија на Тоше.

„Монументален по големина, еквивалентен на делото на Тоше Проески, Спомен-домот претставува алузија на неговата животна филозофија. Целокупната композиција и опкружување на Спомен-куќата со својата материјализација ја изразува личноста на Тоше Проески и делата кои тој ни ги остави зад себе: крстот како симбол на неговата искрена верба во Бога, цврстината, едноставноста и долговечноста на бетонот како симбол на неговиот лик и дело, стаклото како симбол на човековата минливост и ранливост и водата која ќе биде дел од пејзажната архитектура на овој проект, како симбол на чистината и животот со кој зрачеше нашиот Тоше,“ изјави меѓу другото министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

„Спомен куќата ќе биде место на неговата вечност, место кое ќе го чува неговиот дух, место кое ќе не’ потсетува кој беше Тоше, на која гитара свиреше, какво беше неговото музичко студио, кој беше неговиот омилен автомобил, што носеше на себе и во што веруваше. Ќе не’ потсети колку е значаен за нашето Крушево и Македонија.“, изјави Андреј Николовски од Меѓународната фондација „Тоше Проески“

Музејската поставка на Спомен-куќата на Тоше Проески обезбедува еден хронолошки приказ на неговото детство, на тинејџерските години, на периодот кога Тоше го достигна врвот во својата уметничка кариера и истата е збогатена со 350 автентични експонати кои се сопственост на семејството Проески. Во централниот дел од објектот се наоѓа молитвеник со сите верски предмети што ги поседуваше Тоше, како и неколку негови запишани размислувања или животни филозофии кои го водеа низ животот, а се поврзани со вербата, љубовта, семејството, пријателството. Во неа се наоѓа и неговото студио во кое музицираше и компонираше и дневната соба на Тоше од неговиот дом во Злокуќани. Ќе има и две восочни фигури на Тоше во природна големина.

Објектот содржи и кафетерија за посетителите, која е поврзана со горното ниво преку тераса и повеќе висински платформи од кои се протега панорама на градот Крушево и Македониумот како и продавница за сувенири во која ќе се продаваат реплики од предметите на Тоше.

Еден од најефектните детали на Спомен-куќата е и илуминацијата со која ќе се нагласи визурата на објектот. Пејзажната архитектура на објектот е разубавена и со зелена градина и хортикултурно уредување на просторот.

Објектот се простира на површина од околу 870 метри квадратни и има форма на крст, по идејното решение кое ја доби првата награда на објавениот меѓународен конкурс и е дело на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски.

http://www.tocka.com.mk/index12.php?ID=38598


Posted By: kultuzin
Date Posted: 14-Apr-2011 at 13:19
Планирам да одам на отварање. Мислам дека има и организиран превоз од Струмица.


Posted By: toasumjas
Date Posted: 14-Apr-2011 at 13:34
Eве видео за спомен домот:
http://www.makedonija24.mk/?ContentId=3810&CatId=10 - http://www.makedonija24.mk/?ContentId=3810&CatId=10


Posted By: oWl
Date Posted: 15-Apr-2011 at 00:06
Се работеше на хортикултурното уредување и колку што можев да забележам и надворешно довршување (бојадисување) на некои ѕидови.



Posted By: toasumjas
Date Posted: 15-Apr-2011 at 11:04
Убаво изгледа.Од домиталиа ли го опремуваат спомен домот ?


Posted By: strajk
Date Posted: 25-Apr-2011 at 17:35

Отворена спомен куќата на Тоше

http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=87&VestID=137124 - Дарко Штаргоски http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=137124#komentari - Коментари (0)    
25.04.2011 15:55
 

 

Пред илјадници посетители од земјава и странство денеска во Крушево беше отворена спомен куќата на Тоше Проески на Гумење.

Музејот се простира на површина од 870 метри квадратни и е во форма на крст, изграден е од стакло и бетон, а околу него се направени базени низ кои постојано тече вода. Во куќата се сместени сите негови лични работи од детството, па се до денот кога трагично замина од овој свет.

Тука се неговиот мотор и омилениот автомобил Буба, првата гитара, облеката, сувенирите. На ЛЦД монитори постојано се пуштаат неговите песни и концерти, а на еден од ѕидовите на над 100 светски јазици е напишана познатата реченица од Тоше „Сите ве сакам“.

„Каде што сега се наоѓа спомен куќата Тоше сакаше на тоа место да направи свое музичко студио. Спомен куќата сега е во форма на крст каков што Тоше носеше на градите, но сега насочен нагоре кон небото, кон рајот, од каде Тоше најубаво ќе може да го види“, изјави Анастас Проески, чичко на Тоше.

„Со отворањето на оваа Спомен куќа на Гумење на светот уште еднаш му ја отвораме душата на Тоше, одново и несебично. Онака како што тој не учеше и како што постојано се даваше, бескрајно и несебично“, рече Андреј Николоски, извршен директор на „Фондација Тоше Проески“.

Карактеристични се и двете восочни фигури на Тоше кои даваат чувство дека тој и денес е тука присутен во музејот. Во еден дел од Спомен куќата се наоѓа и студиото каде што Тоше ги компонираше своите мелодии.

 

 

„Имаме во куќата околу 20-тина витрини со експонати од Тоше, тие се секоја за себе посебна приказна и покажуваат посебен дел од животот на Тоше“, вели Дејан Спасеноски, архитект на објектот.

Денеска во Крушево беа присутни и неговите фанови од сите простори на поранешна Југославија.

„Оваа Спомен куќа го кажува тоа дека Тоше не беше некој кој само постоеше и потоа почина. Зад него останаа сите добри дела кои ги правеше, сите држави од поранешна Југославија добија по некој дел од тоше“, Индира Фазлија, Интернационален „Тоше фан клуб форум“.

Во чест на Тоше, неговиот бенд заедно со Влатко Стефановски и актерот Раде Шербеџија промотивно ја изведоа песната „Крушево“ која е компонирана од Тоше, а текстот е на Мирослав Рус.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=137124


Posted By: krale
Date Posted: 25-Apr-2011 at 20:01
Заедно со куќата на Мајка Тереза го делат првото место во најкатастрофално несоодветен објект за специфичната намена направена во Македонија во последните 100 години.


Posted By: N23
Date Posted: 25-Apr-2011 at 20:57
Мене ми се свиѓа објектов, баш ја доловува приказната за Тоше, неговата верба во Бога, сместен во неговото Крушево. Особено за оваа спомен куќа, многу е поважен сегментот дека таа постои, дека ја истакнува љубовта на фановите кон Тоше, отколку нејзиниот изглед, кој рака на срце е убав и ме потсеќа на некоја личност која оставила белег на овие простори.


Posted By: krale
Date Posted: 25-Apr-2011 at 21:07
На што личи да се гради полу-храм на музичка ѕвезда? Па бил верник, ок, затоа се направи манастарот. Шо треба сега на ГНР да им се направи исто, зашто пееле Knocking on heavens door?

Според мене ако се сакаше меморијален дом да се направи на Тоше, требаше да биде за тоа што тој е (а не беше владика, него пеач). Требаша музиката да биде центар на објектот - зошто да не биде нешто софистицирано со интересни технолошки занимливости, што ќе бидат интересни и за новите генерации да научат за Тоше.

Вака, како да му изградија втор гроб - грубо е да се каже, ама не можам поблаги зборови да кажам за овој најкатастрофален објект во долго време што сум го видел во Македонија.


Posted By: fichot
Date Posted: 25-Apr-2011 at 23:26
Споредбата со куќата на Мајка Тереза не е на место, Тоше беше пред се музичка ѕвезда и веќе аман со правењето на светец од него. Објектов ми се допаѓа, модерен е, добро е што не ставиле рефлектирачки стакла како што обично ставаат. Не мораа само во облик на крст да ја направат зградата.. а што се однесува до традиционалната средина, не гледам ниедна таква куќа во позадина (а да го спомнеме и Македониумот а?) така да и тоа не држи вода.

едит: проектов со меморијалниов комплекс ми е, во ситуација кога веќе ја имаме спомен куќата, непотребен вишок.     

-------------


Posted By: krale
Date Posted: 25-Apr-2011 at 23:46
Originally posted by fichot

Споредбата со куќата на Мајка Тереза не е на место, Тоше беше пред се музичка ѕвезда и веќе аман со правењето на светец од него.   


Па тоа и јас го зборам, ама глеј, му напраиле пак храм во форма на крст, наместо што знам... амфитеатар, некоја по-кулерска зграда за хенг-оут со пријатели и друштво, да се продолжи неговата музика. Вака, идеме ко у гроб да му положиме цвеќе. Ту мач елементи на советско-кичерски меморијален центар.


Posted By: Sale SK
Date Posted: 26-Apr-2011 at 22:07
За ова сте двајцата во право.Симпатично момче беше,Бог да го прости,многу луѓе го сакаа,меѓутоа врзувањето на Тошка со приказни за светец е едноставно невкусно.Малку ја претераа работата во тој поглед...


Posted By: N23
Date Posted: 26-Apr-2011 at 23:16
Треба да се ставите во кожата на фановите на Тоше. Јас искрено ич не го сакав. По некоја случајност му ги знаев песните, ама никад не ме воодушевил. Али да зборите зашто у форма на крст и сл се тотално непотребни глупости. Фановите го гледаа како светец, беше премногу релиогиозен, така да не гледам зошто и неговата спомен куќа да не биде во форма на крст. Аман не се замарајте толку, не е битно на нас да ни се свиѓа, него на фановите. А штом на фановите им се свиѓа, наоѓаат место каде пак можат на некој духовен начин да бидат со Тоше, ондак остајте го објектов на страна. Крушево живна со споменот на Тоше и тоа е најбитно. А дали било крст, светец или слично, не е тема на овој форум.


Posted By: krale
Date Posted: 26-Apr-2011 at 23:33
Не. НЕ се битни само фановите.

Битно е и Крушево. Битно е и сочувувањето на автентичен и уникатен изглед на Крушево.

На крајот на краиштата, битен е и Тоше и неговото дело. Па тек тогаш се битни фановите.


Posted By: N23
Date Posted: 26-Apr-2011 at 23:40
А да не беа фановите Тоше никој немаше да го знае. На нас одеднаш ни текна да биде зачуван автентичниот крушевски изглед. Па каде беа одговорните изминативе десетина години да го зачуваат Крушево? Ова мене ептен ми се свиѓа, а најважно од се е посветено на фановите. Они беа тука за Тоше, а не Тоше за нив. Ова ти е исто ко стадион, тој се прави за публика, а не за играчите и градот.


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Apr-2011 at 23:57
и мене не ми се допаѓа инсистирањето на религијата при оддавањето почит кон Тоше, но морам да признаам објектот испадна ок
муабети за автентичност не држат вода, модерната архитектура знае многу добро да се вклопи во традиционалната, а како што спомна fichot, во Крушево има и модерна архитектура
тоа дали фановите го сметале Тоше за светец е непотребно, треба да се долови животното дело на човекот, не чувствата на неговите фанови, и всушност, еве за мене и Јими Хендрикс е светец, но што има врска тоа со било каква религија и крстови? и меморијалниот дом не е направен само за фамови, туку за целиот човечки свет

сепак за наши стандарди објектов е прекрасен, штета што не размислуваа вака и за Мајка Тереза, дури и овој објект ми е далеку поприкладно решение за личност како Мајка Тереза, одколку за Тоше, но сепак, задоволен сум и вака


Posted By: krale
Date Posted: 27-Apr-2011 at 08:36
Originally posted by zabegan

и мене не ми се допаѓа инсистирањето на религијата при оддавањето почит кон Тоше,


Мене не само да ми пречи, туку ми е на граница на богохулност.

Но од чисто архитектонски аспект, објектот ми е во ранг со куќата на Мајка Тереза. Шунд, кич невиден. Овој ми е дури и уште полош од аспект на тоа колку не се вклопува во околината.



Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Apr-2011 at 17:06
Previous
не знам што запна толку за автентичноста на архитектурата кога тука таа не претставува проблем, не е музејов на сред град, нити пак е прв пример за отстапување од традиционалното
сепак е пристоен објект според мене


Posted By: krale
Date Posted: 27-Apr-2011 at 23:43
Па куќата на мајка тереза е во некаква си разиграна околина, кајшто ај некако и ќе се свари. Ама овде на сред „алпско“ Крушево?


Posted By: fichot
Date Posted: 28-Apr-2011 at 09:54
Ни Дизниленд не е доволно разигран за куќата на МТ.

-------------


Posted By: krale
Date Posted: 28-Apr-2011 at 11:58
Ако куќата на МТ не е Дизниленд, ова на Тоше не е Грејсленд.

Баш штета.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Apr-2011 at 17:21
Денеска на некоја ем исија имаше дека бил објектов прогласен за најпосетувана балканска атракција месецов или нешто така беше. Точната формулација не ја памтам, ако ја најде некој веста нека ја постира. 


Posted By: FT
Date Posted: 29-Apr-2011 at 17:31
Се отвори пред три дена, а е најпосетувана атракција!?
Алал нека им е aко е така.


Posted By: krale
Date Posted: 29-Apr-2011 at 21:24
Originally posted by lslcrew

Денеска на некоја ем исија имаше дека бил објектов прогласен за најпосетувана балканска атракција месецов или нешто така беше. Точната формулација не ја памтам, ако ја најде некој веста нека ја постира. 


Ова и да е така, а не може да е така, тоа е заради Тоше, а не заради објектот, така да коментарот е излишен за дискусијава овде.


Posted By: strajk
Date Posted: 30-Apr-2011 at 13:48
Sliki od spomen kukata na Tose http://cooltura.mk/?p=1811

-------------
ФК Вардар гордоста на Скопје


Posted By: fichot
Date Posted: 03-May-2011 at 00:31
Originally posted by strajk

Sliki od spomen kukata na Tose http://cooltura.mk/?p=1811



Малку слики од самиот објект за жал. Повеќе од „фаците“.

-------------


Posted By: Plugger
Date Posted: 09-May-2011 at 06:17
Izgleda deka Spomen Kukjata na Tose stana vistinska atrakcija, poveke od 20,000 posetiteli dosle vo rok od 10 dena.

http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/krushevo-zazivuva - http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/krushevo-zazivuva


Posted By: krale
Date Posted: 09-May-2011 at 09:24
Знам дека не е овде темата, но не знам каде е.

Како е можно за поп-ѕвезда толку брзо да се изгради меморијален центар, а ист таков за починатиот претседател Борис Трајковски толку години да тапка во место? Не ми е јасно, дали има нешто ново за куќата на Б.Т.



Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-May-2011 at 09:30
Ова не го личи за меморијален центар. Личи повеќе на вила. Каде е ова поточно?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: krale
Date Posted: 09-May-2011 at 09:39
Па да, ќе биде куќа на семејството, ама барем така најавуваа дека ќе има и спомен музеј за Б.Т.

На водно е некаде, не знам каде точно.


Posted By: Bulldozer
Date Posted: 09-May-2011 at 21:14
[tube]7CTOP68hRbE[/tube]




Posted By: Plugger
Date Posted: 12-May-2011 at 03:36

Krale, Ne bi rekol deka e bas taka, spomen kukjata na Tose se gradese poveke od 2 godini i toa e spomen kukja za narodot isto kako sto e spomen kukjata na majka tereza. Gradot Krushevo zdivna so ovaa spomen kukja na Tose, ova beshe dobra investicija za narodot.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 12-May-2011 at 08:08

Имав можност пред 1-2 години да го посетам Крушево и нормално бевме на гробот на Тоше. Гробот се наоѓа на влезот на гробиштата веднаш спроти гробот на Питу Гули. Со сета должна почит кон Тоше, и како музичар, уште повеќе како човек, сметам дека е предимензиониран неговиот третман како небаре да е светец. Гробот на Питу Гули, беше ништо повеќе од обичен стар подзаборавен гроб, преполн со коров и понекое овенато цвеќе којзнае од кога. Гробот на Тоше грижливо чуван (веровтно од неговото семејство и фондацијата), со доста посетители кои како и нас беа дојдени да му оддадат почит на Тоше. Се прашувам, кој повеќе заслужува споменик, спомен дом, Питу Гули кој херојски загинал бранејќи ја првата република на Балканот, на која сите ние сме толку горди, или музичката икона која сепак на добро светло ја претставуваше Македонија, барем регионално? Крушево и Македонија не смеат  поради Тоше да заборават на славното минато и останатите херои кои ги дал овој град.



-------------
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


Posted By: krale
Date Posted: 12-May-2011 at 09:32
Originally posted by UrbanFreak

Имав можност пред 1-2 години да го посетам Крушево и нормално бевме на гробот на Тоше. Гробот се наоѓа на влезот на гробиштата веднаш спроти гробот на Питу Гули. Со сета должна почит кон Тоше, и како музичар, уште повеќе како човек, сметам дека е предимензиониран неговиот третман како небаре да е светец. Гробот на Питу Гули, беше ништо повеќе од обичен стар подзаборавен гроб, преполн со коров и понекое овенато цвеќе којзнае од кога. Гробот на Тоше грижливо чуван (веровтно од неговото семејство и фондацијата), со доста посетители кои како и нас беа дојдени да му оддадат почит на Тоше. Се прашувам, кој повеќе заслужува споменик, спомен дом, Питу Гули кој херојски загинал бранејќи ја првата република на Балканот, на која сите ние сме толку горди, или музичката икона која сепак на добро светло ја претставуваше Македонија, барем регионално? Крушево и Македонија не смеат  поради Тоше да заборават на славното минато и останатите херои кои ги дал овој град.



Mногу точно.

Се разбира причината зошто на Тоше му се придава многу поголемо значење, е многу поповршна од што се признава - а тоа е комерцијализацијата. Од Тоше може многу подобро да се заработи отколку од Питу Гули.

И тоа е тажната, ама реална вистина.


Posted By: N23
Date Posted: 12-May-2011 at 10:28
Врти нешто ко реклама на МТВ и пишува дека влезот е 60 денари. Дефинитивно се согласувам дека се работи за голем обид за комерцијализација. Па влезот во Македониумот е поефтин.


Posted By: tonikostov
Date Posted: 12-May-2011 at 12:19
За први мај бев во Крушево, меѓу другото бев и во меморијалниот центар. Се наплаќа влез и влезница е 50 денари. Според мене, не е многу. Но, се вртеа реклами и дека влезот е бесплатен. Потоа, се зборуваше дека работи 24 часа на ден, а всушност работи до 21 часот.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-May-2011 at 13:52
Проблемот не е со Тоше. Имаше голема фреквенција на луќе, непосреден настан беше. Проблемот е што е запуштен Питу Гули. Зашто Никола Карев Гоце Делчев имаат така добар третман, а Питу Гули е зафрлен некаде е друго прашање.



Print Page | Close Window