Print Page | Close Window

Станбени и станбено-деловни згради (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=52
Printed Date: 27-Oct-2021 at 18:24


Topic: Станбени и станбено-деловни згради (општо)
Posted By: pbanks
Subject: Станбени и станбено-деловни згради (општо)
Date Posted: 14-Oct-2007 at 14:07

Ova e mozebi edinstveniot pogolem proekt (mozebi ima uste 1-2 takvi) koi se gradat na teritorija na Opstina Cair. Pocetokot na izgradbata bese mislam vo vremeto na Buckovski ili pak epten na pocetokot na mandatot na Gruevski. Imase calamdziski start na izgradbata so cela politicka svita naredena pozadi. Investitor e lokalen biznismen so Albansko poteklo, mu go zaboraviv imeto a na tablata ne pisuva. Ednata lamela e izgradena komplet, drugata sega se postavuvaa temeli, ima golema dupka polna so rabotnici, ama ne zastanav da slikam

 



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Oct-2007 at 14:07
1
2
3


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Oct-2007 at 14:11
eve ja i informacijata na pocetokot na izgrabtata, cisto za evidencija. Od 16.10.2006
 
ЧАИР
Започна изградба на станбено-деловен комплекс „Принц"

На површина од 27 илјади квадратни метри ќе се изградат 150 стана, а 4. 000 квадрати деловен простор
На површина од 27.000 квадратни метри на улицата „Лазо Трповски" во Општина Чаир вчера започна изградбата на новиот станбено-деловен комплекс „Принц". Комплексот е приватна инвестиција на Адем Абдулаи, сопственик на истоимениот ресторан и сервис, кој најави инвестиција од 10 милиони евра. Комплексот е дел од Детаљниот урбанистички план на „Дижонска", кој неодамна беше усвоен од Советот на општината. Со уривање на објектите на стариот автосервис, кој бил нелегално изграден, инвеститорот, како граѓанин на Чаир, рече дека сака да покаже на дело дека сж што се гради во една општина треба да биде легално. Градоначалникот Изет Меџити и општинските претставници беа на местото на настанот, како што рекоа, само да му дадат поддршка. Како што се изјасни Меџити, не секогаш за никнувањето на дивоградби се виновни граѓаните, бидејќи вина имаат и локалните власти кои навреме не носеле детаљни планови и воделе долги процедури при издавањето дозволи за градба.

„Сега тоа ќе биде полесно, бидејќи речиси 70 отсто од детаљните урбанистички планови за Чаир се донесени, а за кус период процентот ќе порасне на 100 отсто", објасни Меџити. Станбено-деловниот комплекс ќе биде завршен идната година, а 150 стана, колку што се планирани да се изградат, од вчера веќе се во продажба по цена од 700 евра метар квадратен. (Сн.К.)
 
Izvor: http://217.16.70.245/?pBroj=2105&stID=70773&pR=12 - Utrinski vesnik


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Oct-2007 at 14:11


Odvratno


Vo Skopje ima golema konkurencija na mizerni "stanbeno-delovni" proekti, ama ovoj e tamu nekade na vrvot. Ko od Mala Recica da go dovleckale

Puke


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Oct-2007 at 14:16
Originally posted by Cloverstack



Odvratno


Vo Skopje ima golema konkurencija na mizerni "stanbeno-delovni" proekti, ama ovoj e tamu nekade na vrvot. Ko od Mala Recica da go dovleckale

Puke
 
I mene ne mi se svigja objektot no mislam deka zasluzuva svoe mesto tuka bidejki
 
- e solidna investicija
- sepak e so pogolem gabarit za razlika od onie stanbenine zgradicki praveni od covek firmi sto nagrdija pola grad
- izgradbata e regularna, spored urbanisticki plan, so plateni komunalii...... so site nisani


Posted By: dejan
Date Posted: 15-Oct-2007 at 09:22
Chudno izgleda...kako renovirana komunistichka zgrada. Pa duri i tie zalikuvat na neshto, ova izgleda smeshnoQuestion


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jan-2008 at 19:20
објектот кај подвозникот накај Црниче гледан од страната на Јужен булевар Puke

1

2



Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Mar-2008 at 13:47
Позади Кинг Бургер, одма до куќата на Белопета.

1

2



Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Mar-2008 at 23:15

ВО РЕОНСКИОТ ЦЕНТАР АЕРОДРОМ


Ќе се гради станбено - деловен објект


Во Реонскиот центар Аеродром ќе се гради станбено деловен објект на површина од 3 500 метри квадратни. Министерство за транспорт и врски веќе распиша конкурс за јавно наддавање, а пријавите за учество заинтересираните можат да ги доставуваат најдоцна до 4 април годинава.

-Јавното наддавање ќе се оддржи на 11 април во 12,00 часот, во просториите на Министерството за транспорт и врски, а почетната цена на земјиштето кое е во сопственост на државата изнесува 18.000 денари за метар квадратен, објаснуваат во Министерството. Оттаму потенцираат дека деталните податоци за градежните парцели, со извод од Деталниот Урбанистички План се објавени и на Интернет страницата на Министерство за транспорт и врски http://www.mtc.gov.mk/ - www.mtc.gov.mk .

Инаку, во тек е и јавно наддавање за уште една парцела во Општина Аеродром, спроти "ТЦ Бисер", каде почетна цена за метар квадратен е 25 000 денари.

http://vecer.com.mk/?ItemID=AF5AC60ADA303A4AB91C4C008E3054F2 - http://vecer.com.mk/?ItemID=AF5AC60ADA303A4AB91C4C008E3054F2


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Mar-2008 at 18:19
Станбен објект "Чаир 3". Не му ја знам точната локација во Чаир.

Архитект: Димитар Глигоров
Фирма: Баухаус
Година: 2007




Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Mar-2008 at 19:44
Прекрасна боја и усогласеност на формите. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Mar-2008 at 19:46
Според мене не е лоша, ама далеку од прекрасна.


Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Mar-2008 at 19:57
Previous Кловер се зафркавав

Само види ја бојата те молам!! Бојата на страна, зградава е просечна, иста е како сите што ги изградија во последниве години.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Mar-2008 at 20:17
Бојата е веројатно таква ради квалитетот на рендерот, али дури и да е таква, пак боље него шутка-зелена на пример...

А инаку како што кажав зградава е далеку од некоја убавина, ама има некои елементи што не се толку лоши. Само ти добро ја дефинираше - усогласеност нула, така да и тие добри елементи во голема мерка паѓаат во вода... Сепак сме виделе и многу полошо.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 17-Mar-2008 at 22:17
Dobro be so se slucuva vo Skopjevo a? UNITED COULRS OF BENNETON ,,,koj kako mu tekne lupa boi ,,zelena , crvena ..zolta zgrada i etc........na nisto ne lici !!


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jun-2008 at 14:32
Каде е точно ова?

Аеродромци се противат на изградба на станбено-деловен објект

Граѓаните и општинарите одржале средба на која бил постигнат компромис

Станарите од зградите на улиците „Владимир Комаров“ и „Ангел Димовски“ од населбата Аеродром се противат на планираната изградба на станбено-деловен објект на аголот меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“. Реагираат против предложениот ДУП, бидејќи сметаат дека со неговата реализација ќе се уништи единствената зелена површина во реонот на која има над педесетина дрвја стари неколку децении. Наедно, велат жителите, ќе мора да се затвори и блискиот паркинг, кој и така не ги задоволува сегашните потреби на населението од реонот.

„Некои општински функционери сакаат меѓу овие згради да градат дополнителни станбени згради, односно да ги натераат луѓето да живеат спакувани како сардини. Имам доволно техничко искуство и знам дека во тој случај воопшто нема да функционира нормално ниту електриката, ниту водоводот, ниту, пак, канализацијата, греењето, паркирањето. Ќе се јават секакви тешкотии“, смета Ванчо Врангалов, еден од шестоте потписници на петицијата против изградбата на планираниот станбено-деловен објект, кој е предвиден со последните измени и дополнувања на деталниот план „Црква“ -Урбана единица А. Планот токму на последната седница на Советот на Општина Аеродром требаше да биде ставен на гласање. Но, тој беше повлечен од дневен ред, со образложение дека се' уште се чека мислење за него од Министерството за транспорт и врски.

Во меѓувреме, претставници од Иницијативниот одбор на граѓаните кои се противат на изградбата на објектот одржаа средба со заменик-градоначалникот Југослав Зиберовски и претседателот на Советот на Општина Аеродром, Сашо Петковски. Според Ѓорѓи Ѓоргиев, претставник од Одборот, бил изнајден компромис во интерес на граѓаните. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=90A723EA9BDB73489F8EFD730BB45FEC - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=90A723EA9BDB73489F8EFD730BB45FEC


Posted By: se_manda
Date Posted: 14-Jun-2008 at 15:29
moze da e toa parkceto so e kaj ulickata nakaj tinex


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jun-2008 at 15:56
Originally posted by pbanks

Каде е точно ова? http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=90A723EA9BDB73489F8EFD730BB45FEC -


Улицата Ангел Димовски е дакеку од аголот меѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров, така да од текстот ништо не ми е јасно и само сум повеќе збунет...


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Jul-2008 at 20:55
Објект во изградба (веројатно во Чаир). Видов реклама на билборди. Сајтот за жал им е сеуште U/C но барем луѓето се потрудиле да дигнат сајт. Оваа слика ја превземав од таму.

http://vizionndertimi.com.mk/ - http://vizionndertimi.com.mk/




Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 18-Aug-2008 at 15:20
Прво овие две фотки од зградава која е веќе завршена, иако околното зеленило е далеку од средено:

1.

2.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2008 at 15:21


Орце Николов?


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 18-Aug-2008 at 15:23
Originally posted by Cloverstack



Орце Николов?


Не, ова е позади ЛИРА. Зградава е една од оние 3 на Илинденска кои на сите ни се свиѓаат Smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Aug-2008 at 15:54
Originally posted by gotsomekicks


Не, ова е позади ЛИРА. Зградава е една од оние 3 на Илинденска кои на сите ни се свиѓаат Smile


Мене не ми се допаѓа онаа последната накај МИДА на која и се застаклени ќошовите.

BTW честито апарат, више нема оправдања Gunz Ти го покриваш Карпош Smile


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 18-Aug-2008 at 17:43
Originally posted by pbanks


више нема оправдања Gunz Ти го покриваш Карпош Smile


Со задоволство! Thumbs%20Up


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Aug-2008 at 21:12
WTF??

Ќе се гради нов стамбено-деловен објект во Аеродром
 
Утре во Министерството за транспорт и врски утре во 13 часот, ќе се одржи јавно наддавање за изградба на стамбено-деловен објект во општина Аеродром. Објектот ќе биде лоциран на градежно неизградено земјиште во сопственост на државата, кое со деталниот урбанистички план на општината е наменето за изградба на стамбено деловен простор.
Од Министерството за транспорт и врски не даваа подетални информации, за локацијата и површината на понуденото земјиште.


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11972&mid=303&tabId=1&tabindex=1


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Aug-2008 at 21:21
Абе ќе си идеш и ќе видиш за што се работи, па ако ти фати око ќе си наддаваш

Crazy



Зошто ми мириса на нешто наместено а?


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Aug-2008 at 22:25
Ете епилог на најавената лицитација од пред два поста Cheers

Продадено земјиште за 875 милиони денари


Фирмата "Адора Инжинеринг" од Скопје е новиот сопственик на градежно земјиште со површина од 3.500 метри квадратни, кое се наоѓа во населбата Реонски центар Аеродром. На јавното наддавање, на кое учествуваа повеќе фирми и кое завчера се одржа во просториите на Министерството за транспорт и врски, таа имаше највисока понуда, односно земјиштето го купи за вкупно 875 милиони денари.
- Отуѓено е градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, со намена за изградба на станбено деловен објект. Локацијата на парцелата се наоѓа во општина Аеродром, поточно во Реонски центар Аеродром (Ново Лисиче). На јавното наддавање е постигната цена од 25.000 денари за метар квадратен или вкупно 875 милиони денари, потврдуваат и во Министерството за транспорт и врски.
Инаку, почетната цена за метар квадратен за ова земјиште беше 6 000 денари. Согласно Деталниот урбанистички план "Реонски центар Аеродром", градежната парцела е 3.500 метри квадратни, површината за градење изнесува 1048 метри квадратни, а висината до венец на објектот е 21 метар.
Од Министерството за транспорт и врски, потенцираат дека фирмата "Адора инжинеринг" треба во рок од две години да го изгради станбено деловниот објект. Ако не се испочитува рокот, земјиштето ќе биде вратено во сопственост на Република Македонија.






Posted By: vardar
Date Posted: 29-Aug-2008 at 09:11
 
Хммм  нешто утнале, ваљда мислат 87.5 милиони а не 875 милиони денари Roll%20eyes
 
Почетна цена по м2= 6.000
 
875.000.000 денари = 14.200.000 евра = 250.000 денари/м2 = 4065 евра/м2 Shifty
 
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Aug-2008 at 12:52


Да очигледно. 25000 / 61,5 = 406,5

Во секој случај солидна цена за периферија, јес да е добра локацијата Cheers


Posted By: vardar
Date Posted: 29-Aug-2008 at 14:34
 
Хммм, кловер шо имаше ти по математика???  Poke  Big%20smile 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Aug-2008 at 14:48
Добро бе печатна грешка Big%20smile


Posted By: vardar
Date Posted: 31-Aug-2008 at 10:12
Без печатни грешки (ваљда) Cheers

„Андора инженеринг“ ќе гради станови во Ново Лисиче
Компанијата „Андора инженеринг“ беше избрана за најповолен понудувач на наддавањето за градежно неизградено земјиште, кое со Детаљниот урбанистички план „Реонски центар Аеродром“ е наменето за изградба на станбено-деловен објект. Земјиштето што беше во сопственост на државата, е со површина од 3.500 квадратни метри, а за него компанијата понуди 25 илјади денари за квадратен метар, или вкупно 87,5 милиони денари.

На лицитацијата, што се одржа во Министерството за транспорт и врски, учествуваа претставници од шест компании, меѓу кои и „Тинекс“, „Тим инженеринг“ и „Караорман“. Новиот сопственик на земјиштето, газдата на „Андора инженеринг“, Ванчо Чифлиганец, најави дека ќе го изгради објектот за 12 месеци.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0262B4C3919BE546933C2B62E043771B - Utrinski


Posted By: vardar
Date Posted: 31-Aug-2008 at 10:25
Originally posted by vardar

Без печатни грешки (ваљда) Cheers

 
Сепак згрешив LOL 
 
Андора инженеринг не најдов али затоа има АДОРА инженеринг.
 
Страната е under construction http://www.adora.com.mk - www.adora.com.mk


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Sep-2008 at 19:03

Почна изградба на станови за млади брачни двојки во Аеродром

петок, 12 септември 2008
 
Објектот кој треба да биде завршен до крајот на 2009 година, ќе биде на пет ката и поткровје со вкупно 56 станови, од кои 43 двособни, 12 трособни и еден еднособен
 
 
 
 

Во Реонскиот центар Аеродром во Скопје денеска е поставен камен-темелник за изградба на станбен објект наменет за млади брачни парови кој е дел од владината програма со која е предвидена изградба на шест објекти во Скопје со вкупно 321 стан.

На чинот на поставувањето на камен-темелникот присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор Ивица Коневски.

Објектот кој треба да биде завршен до крајот на 2009 година, ќе биде на пет ката и поткровје со вкупно 56 станови, од кои 43 двособни, 12 трособни и еден еднособен.

Од Буџетот на Република Македонија за објектот се одвоени 100 милиони денари.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=16418


Posted By: vardar
Date Posted: 09-Oct-2008 at 04:12
Лани биле изградени 306 стана во државна сопственост

Лани државата изградила 306 стана, со што бројот на станови во државна сопственост е заокружен на 5.691 со површина од 283.592 квадратни метри, соопшти Заводот за статистика. Ова е занемарливо во однос на вкупниот број државни станови на крајот на осумдесеттите. Тогаш, во државна сопственост се изградиле 87.452 стана со вкупна површина од над 4,6 милиони квадратни метри. Триста стана изградени лани се ништо во однос на „златното“ време од 1980-тите години. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=876B4234A0802E488C5BD0B9AA679F9E - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=876B4234A0802E488C5BD0B9AA679F9E  


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Oct-2008 at 23:18
Ќе градиме 1.500 комерцијални станови по пониски цени


За три години ќе се изградат илјада комерцијални станови во Скопје и 500 во Битола и тоа по цена од 800 евра за квадратен метар


Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) ќе почне со изградба на станови за да ги урне високите цени на квардатниот метар. Директорот на ЈПССДП, Ивица Коневски најавува почеток на тригодишна изградба на илјада комерцијални станови во Скопје и 500 во Битола и тоа по цена од 800 евра за квадратен метар. Според него, ова е релативно ниска цена и се разликува од цените на станбен квадрат што во моментов ги продаваат други градежни компании. На пазарот на недвижности, цените на станбен квадрат во Скопје се движат од 800 евра па нагоре.
- Идната година ќе понудиме поголем фонд на станови за продажба со цел да ја спуштиме цената на квадратот на пазарот на недвижности - вели Коневски.

Тој не ја исклучува можноста сегашната цена од 800 евра за квадратен метар да се намали со оглед дека тоа е тренд секаде во светот. Покрај комерцијални станови, ЈПССДП (ќе) гради социјални станови, како и станови за деца без родители. Покрај 102-та социјални стана во Ѓорче Петров и 29-те во Македонска Каменица, што се во фаза на градба, до крајот на годинава ќе се почне со изградба на такви објекти и во Кавадарци, Кочани, Крива Паланка, Охрид, Кичево и Штип, а од идната година и во други градови.

Поради високиот квалитет во изведбата на станбената изградба, на Јавното станбено претпријатие вчера му беше врачен сертификатот ИСО 9001:2000 од страна на реномираната сертификациона куќа СГС или Сосиете Женерале од Женева.
- Со овој сертификатот ЈПССДП е вброено на листата на доверливи испорачатели на услуги и меѓу најпознатите светски фирми и јавни претпријатија кои го добиле ова признание како што се ИБМ, Бритиш Ервејз, Бритиш Телеком, Ер Франс, општините Женева, Будимпешта, Братислава и уште 300 други европски општини и јавни претпријатија. Ова е прв сертификат за јавно претпријатие во Македонија и се надевам дека ќе биде поттик и за другите - рече Маринко Копола од СГС.

За министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески постигнувањето на европските стандарди е од големо значење за македонските јавни претпријатија.
-Со овие стандарди се осигурува висок квалитет на услугите со кои, освен што ќе се обезбеди поголемо задоволство кај потрошувачите, ќе се обезбеди и соединување со европскиот пазар - нагласи Јанакиески. 

http://vecer.com.mk/?ItemID=A5CA256674383E43A3CC8DE71CBE4AC0



Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Oct-2008 at 00:07
Овде се попунува просторот, почнува да се гради зграда.
41°58'49.36"N  21°26'22.95"E




Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-Oct-2008 at 10:53
so kolku kata ?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Oct-2008 at 11:24
Ееее точно не сум избројал, ваљда исто колку и соседните. Одприлика 5-6.


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Nov-2008 at 16:49
Знае ли некој каде е оваа улица Чедомир Миндеровиќ Dunno

1

2



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Nov-2008 at 17:20

Улицата е оваа

41°59'59.12"N  21°25'30.66"E


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Nov-2008 at 17:25
da seka ni treba samo objektot da go najdeme kade se naoga


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 22-Dec-2008 at 17:10
еве една слика од објектот што е кај шампионче т.е на ул.огњен прица мислам беше.кај што се одрони земјиштето пред некое време,незнаев кај да ја стаам сликава па тука.Laugh




Posted By: La Linea
Date Posted: 22-Dec-2008 at 18:04
Си требал да го сликаш рендерот, 2 метра подоле е... Не е ништо посебно но би требало да се документира тоа

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 22-Dec-2008 at 18:11
pa bev vo dvizenje i onaka samo izbaciv raka i sliknav so tel.Big%20smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Dec-2008 at 21:43
Скопската општина Ѓорче Петров за седум месеци ќе добие нов станбено деловен објект

Нов станбено деловен објект за седум месеци ќе добие скопската општина Ѓорче Петров. Инвестицијата е на Дора Инженеринг и чини 10 милиони евра. Општината станува атрактивна за инвеститорите поради скопската обиколница, смета градоначалникот Митровски.

- Се градат 75 станови, 80 паркинзи, 1000 квадратни метри деловен простор. Заинтересираноста во овие кризни времиња, глобалната светска криза, рецесијата, сакале не сакале малку и кај нас се познава - вели инвеститорот Ванчо Чифлиганец.

- Со изградбата на обиколницата во должина од осум километри и со четирите клучки кои се наоѓаат на тој потег Стенковец - Топански двор- Орман - Сарај, навистина имаме голем интерес за тоа подрачје а имаме и интерес за централното подрачје. Како што знаете во изминатиот период го пуштивме СП маркетот Планет, а имаме и други инвеститори во општината   - рече Сокол Митровски, градоначалник на Ѓорче Петров.



http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=43417&mid=1500&tabId=1&tabindex=0


Posted By: BlacK
Date Posted: 25-Dec-2008 at 03:03
Mnogu ce bide interesno kako ce se razviva gradot posle izgradbata na obikolnicata.Gledam deka vece ima nekoi vlijanija i na investitorite vo odluka na lokaciite za gradenje.Me interesira za vasite razmisluvanja okolu ova:Kako mislite deka ce se razviva Skopje po dogradbata na obikolnicata?

(znam deka prasanjevo e za druga niska,ama go napisav tuka zatoa sto me potikna vesta za izgradba na stambeno delovniot objekt vo Gjorce)


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 25-Dec-2008 at 09:44
super,malce da zazivee i toj del od gradot,sepak e na vlez na skopje,i treba da ima nekoj poubavi gradbi.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2008 at 02:35
Мене не ми е јасно како најдоа врска помеѓу обиколницата и овој станбено-деловен објект, или обиколницата и СП Планет... Мислам тотално промашено толкување на обиколницата.



@ Black
Пишав малце поширок одговор, па за да не оптеретувам тука сепак го ставив во нишката за обиколницата со линк и цитат за да нема забуни.
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84&PID=25839#25839 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=84&PID=25839#25839


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jan-2009 at 16:10
Станбено деловен комплекс Elitte во Скопје. Веројатно само предлог бидејќи датира уште од 2005. Локација непозната.



http://www.detrimental.com.mk - http://www.detrimental.com.mk


Posted By: BlacK
Date Posted: 13-Jan-2009 at 16:23
Objektov postoi i se naogja pozadi spomenikot na Skenderbeg stokovna kuca ilinden mislam deka se vikase, epa pozadi nea.


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Jan-2009 at 16:24
Originally posted by BlacK

Objektov postoi i se naogja pozadi spomenikot na Skenderbeg stokovna kuca ilinden mislam deka se vikase, epa pozadi nea.


Даааааа браво Блек.... воопшто не ми текна на тој.


Posted By: BlacK
Date Posted: 13-Jan-2009 at 16:33
eve ja lokacijata na koja mislam deka e objektot a strelkata go pokazuva pogledot od kaj e slikano.


Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Jan-2009 at 19:01
тие згради многу ме нервираат што се таму, на пет метра од старата чаршија обични станови


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Feb-2009 at 03:43
Овој простор неодамна се поплни со неколку станбени транзициони згради! Зградите моментално се градат. Инаку околината е тотално неурбанизирана и приспот до зградите е преку едно субстандардно уличе.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Feb-2009 at 03:57
Може малку попрецизно што значи тоа „неколку“? Не верувам дека може таму премногу да собере енивеј Big%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Feb-2009 at 06:58
Па колку што се сеќавам беа 4, ама не сум сигурен. Случајно проаќав у близина и ги видов и се инзненадив каде се спикани зградиве, ама не ги избројав. Онака слика ми остана дека се 4 исти!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 13-Feb-2009 at 12:17
Previous
Ова е од вчера, уште една е позади срената зграда




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2009 at 02:17
Овој објект незнам дали го имаме евидентирано. Веднаш до пазарчето во Ѓорче (од страна на Влае).




Posted By: Vladimir P
Date Posted: 09-Mar-2009 at 20:06
Тоа веќе е блок





-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 09-Mar-2009 at 20:13
И нешто подоле зад поликлиниката во Горче Петров






-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Mar-2009 at 17:21
Почнува да се гради кај матично

1

2



Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Apr-2009 at 19:44
Ова е на уличката паралелно со Орце Николов позади Руска амбасада.



Културно направено спрема мене

На истава оваа уличка го имаме во најава и овој проект

Originally posted by pbanks



1

2






Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Apr-2009 at 19:46
Во сличен фазон нов објект позади ДНК Код/Стоун дизајн

Дали е ова некоја нова мода или се работи за истиот проектант? Сепак претходниот објект далеку повеќе ми се допаѓа.

1

2




Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Apr-2009 at 21:05
Во Ѓорче Петров веднаш до новата болница Св. Лазар




Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Apr-2009 at 22:04
Интересни, многу ми се допаѓа сивата боја, но колку е еколошка појма немам (во смисла на зачувување на топлината, одбивање на топлината, и сите тие карактеристики). Според мене, колку и да се грди зградите, доколку има убави и чисти улици и тревнати површини околу ваквите станбени блокови тие ќе изгледаат многу убави, но за жал овие сите комплекси се во запуштени некои околини полни со градежен шут (поради тоа што ништо не е доградено во околината). Истото важи и за улиците, и грд асфалт, со убав тротоар се компензира (најважна е шминката, барем за окото). А кога сме кај окото, убави ми се овие.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Apr-2009 at 21:23
41°58'35.91"N 21°26'24.75"E




Posted By: 46&2
Date Posted: 30-Apr-2009 at 22:44
Позади Соборна.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-May-2009 at 13:56
Еве ги оние двата објекта во Кисела Вода на Огњан Прица кај што се свлекуваше земјиштето кај овој првиот. Ќе има и рендери ако пројдам, прееска беше гужва пред рендерот зашто се работеше...








Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-May-2009 at 15:50
Ова е сликано од раскрсницата партизанска-рузвелтова. Погледнете го она зновонасадено зградиче-куќиче (што и да е) измеѓу.

И ај сега на што личи ова?! Катастрофа! Мораме под-хитно да си ставиме ред во хаосов! Нити максимална висина се знае, нити минимална. А досега не сум забележал две соседни згради потполно да се склапаат една со друга! А камо ли па уште мансрадните кровови да се слагаат, научна фантастика! Па како што ми изгледа, уште некоја квази-купола стаиле! Вчера на интевјуто (ќе го има и на build.mk уште не е качено на нет) со проефесорот Грчев, тој убава споредба направи за силувањето на просторот... "Тоа е исто како силувачот што силува немоќно суштество да прашаме дали кажал добровечер кога пристапил!" Е така и тука! Куполава е "добровечер" у силувањето на околниот простор.


Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Jun-2009 at 13:26
Новите згради кај Св. Лазар во Ѓорче Петров на излезот од Скопје




Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Jun-2009 at 13:28
Објектот на Адора близу пазарчето во Ѓорче Петров





Posted By: pbanks
Date Posted: 02-Jun-2009 at 13:30
Зградата на Американ констракшн во непосредна близина на пазарчето во Ѓорче Петров

1 Поглед од Партизанска

2 Поглед од страната на пазарчето

3



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jun-2009 at 19:18
Зградите кај болницата Св Лазар вака од далеку изгледаат океј.

Може координати за Адора?


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Jun-2009 at 12:19


На ГЕ е само обична полјана бидејќи последниот апдејт им е 2 години стар. 

42° 0'31.66"N  21°21'46.09"E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2009 at 13:52
ЌЕ СЕ УРБАНИЗИРААТ ЗАПУСТЕНИТЕ ДЕЛОВИ ВО АЕРОДРОМ
Наместо ниви и депонии, ќе никнат 18 згради

Осумнаесет нови станбени згради е предвидено да се изградат во наредниот четиригодишен период на територијата на општина Аеродром. Според програмата за работа на градоначалникот Ивица Коневски, ќе се градат четиринаесет објекти со вкупно 770 нови стана, коишто ќе бидат наменети за продажба. Дополнително, во соработка со Владата ќе се подигнат уште четири згради со 193 стана наменети за млади брачни двојки. За граѓаните од Аеродром, ваквата програма на Општината е добар начин да се урбанизираат оние делови, кои во моментов се запустени и претворени во ниви, во диви депонии или простори обраснати со трева. Тие сметаат дека на тој начин ќе се зголеми бројот на жители во и така најмногубројната скопска општина, што ќе резултира со поголеми инвестиции, па ќе треба да се изградат нови болници, училишта, градинки, трговски центри и пазари кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани. - Дел од територијата на општината се уште не е доволно урбанизирана. На некои места се садат житни култури, се ораат ниви, се чуваат домашни животни. Се надевам дека со изградбата на овие станбени објекти во целост ќе се искоренат нивите, ливадите и пластениците, коишто на општината и даваат лош изглед “ вели Ката од Ново Лисиче. Сепак, надлежните општински служби се уште не ги имаат дефинирано точните локации каде ќе се градат осумнаесетте нови објекти. - Зградите ќе мора да бидат изградени во согласност со деталниот урбанистички план на општината како и со ГУП на град Скопје. Засега е познато дека дел од новите згради ќе се градат во Реонски Центар Аеродром и тоа во соработка со Владата “ велат од Одделението за односи со јавност на Општина Аеродром. Тие објаснуваат дека градежните работи за објектите ќе му бидат доверени на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. - Во понатамошниот период со етапно донесување на ДУП ќе се предвиди изградба на станови и во други населби, со што во целост ќе се реализира предвидениот проект “ додаваат од Аеродром.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1734&ArticleID=115957


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 19-Jun-2009 at 16:49
Оваа Стамбена зграда се гради во Гевгелија веке неколку месеци и на неа се работи доста брзо.Не знам како е наречена па затоа ја пишав Стамбена Зграда 1 - Гевгелија , бидејки има и други стамбени објекти кои се градат и тие ке ги постирам , само ке бидат со реден број 2,3......
сликите не се баш добри но бидејки сликав во вожна.Ке сликам нови подобри.
Слики:

Оваа слика е смалена. Кликни тука за да ја видиш целосната слика [800x600].

Оваа слика е смалена. Кликни тука за да ја видиш целосната слика [800x600].



Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 21-Jun-2009 at 10:44
Стамбена Зграда 2 | Населба Караорман - Гевгелија
Стамбена зграда која се гради во новиот дел на Гевгелија.







 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jun-2009 at 12:01


Ова барем вака на фоткава изгледа зафрлено место. Може координаи за оваа нова населба? И дали паралелно се работи на инфраструктурата или тоа по обичај доцни?


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 21-Jun-2009 at 13:02
Ке пишам координати подоцна , ова место е Караорман , така е наречен ридчето во позадина , е сега ова е новиот дел на градот и овде за неколку месеци ке биде се со градби бидејки забрзано се шири градот во овој дел е предвидено да има и црква, поточно на врвот на ридот , после градинки се на се ова ке биде новиот центар на градот


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jul-2009 at 12:57
Јавен тендер за изградба на 14 згради и три висококатници во скопската општина Аеродром

http://netpress.com.mk/vestiimages/58980/min_trasport_vrski.jpg">

Министерството за транспорт и врски денеска распиша јавен повик за  јавно наддавање за отуѓување на државно градежно земјите, наменето за изградба на 14 станбени згради во скопската општина Аеродром.
 
Исто така, се планира и јавно наддавање за отуѓување на градежно земјите за изградба на високотаници.
 
Ресорниот портпарол Драган Симоновски, рече дека предмет на електронско јавно наддавање е градежно државно неизградено земјиште кое е наменето за изградба на 14 станбени објекти, земјиште со вкупна површина од 22.180 квадратни метри. Почетната цена на јавното наддавање ќе изнесува 4.200 денари од квадратен метар.
 
“Предмет на јавното електронско наддавање е градежна парцела, предвидена со ДУП, со намена за изградба на три висококатници, кои согласно планот претставуваат објекти за времено апартманско сместување, големи трговски единици и катни гаражи. Вкупната површина на градежната парцела изнесува 21.247 квадратни метри со површина за градење од 10.000 м2. Минималната висина на висококатницата ќе треба да изнесува 25 катови“, вели Симоновски.
 
Почетната цена за ова ќе изнесува 7.000 денари од квадратен метар.

Најповолниот понудувач треба во рок од шест месеци да ја обезбеди потребната документација од општината и рок од три години да ја комплетира изградбата.

Симоновски подвлече дека објавите за учество на јавните електронски наддавања се објавени во домашните печатени медиуми, на интернет страницата на министерството и во весникот “Фајненшл Тајмс“.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=58980&kategorija=1



Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jul-2009 at 13:20
Еве малку подетално. Првата локација е дел од реонски центар, а втората е земјиштетот до бензинската макоил, позади средното хемиуско училиште.
На јавно наддавање две локации на државно градежно земјиште во општина Аеродром - 10.7.2009
Државно градежно неизградено земјиште на две локации во општина Аеродром ќе биде дадено на јавно наддавање за изградба на станбени објекти и висококатници.

Земјиштето со вкупна површина од 22.180 метри кадратни, што се наоѓа на булеварот „АСНОМ“,  е наменето за изградба на 14 станбени објекти и почетната цена на јавното наддавање е 4.200 денари од метар квадратен. 

Втората градежна парцела на булеварот „Србија“ е наменета за изградба на три висококатници. Вкупната површина на парцелата е 21.247 метри квадратни со површина за градење од 10.000 метри квадратни, а почетната цена на јавното наддавање е 7.000 денари од метар квадратен. Минималната висина на висококатницата ќе треба да изнесува 25 катови.

Јавното електронско наддавање за првото земјиште ќе се одржи на 2 септември, а пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 18 август, додека аукцијата за втората градежна парцела ќе се одржи на 18 септември, а понудите треба да се достават до 4 септември.

Најповолниот понудувач ќе треба во рок од шест месеци да ја обезбеди потребната документација од општината, а во рок од три години да ја комплетира изградбата на објектите.

- Со реализацијата на овие проекти ќе се овозможи раздвижување на пазарот на недвижности, поточно со зголемување на капацитетот на станбени единици ќе се овозможи намалување на продажната цена на становите во Скопје, но исто така ќе се овозможат нови инвестиции, нови вработувања, рече на денешната прес-конференција портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Драган Симоновски.

Тој посочи дека се очекува инвестициите да изнесуваат приближно 50 милиони евра, а од оттуѓувањето на градежното земјиште би се обезбедиле 4.300.000 евра од кои 80 отсто ќе се слеат во буџетот на локалната самоуправа, а 20 отсто во државниот буџет.

Објавите за учество на јавните наддавања се објавени во домашните печатени медиуми, во Financial Times и на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски, а  испратени се и до економските промотори на Република Македонија.

www.mtc.gov.mk


Дискусија за висококатниците во нишката http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=89 - Облакодери во Скопје .


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jul-2009 at 13:26
lsl, првата локација не може да биде во Реонски Центар доколку е точна информацијата дека се работи за Бул. АСНОМ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jul-2009 at 13:29
Се збркав со локацииве. Ги мешам двата булевара, асном и всбато. Мене па ова асном ми дфојде како потврда на сомнешот дека се работи за реонски. Question Инаку каде точно се сега па овие локации?!


Posted By: 46&2
Date Posted: 22-Jul-2009 at 20:57


Од Куманово од денес


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Jul-2009 at 20:17
Ако не те мрзи, снабди не и со координати Smile


Posted By: 46&2
Date Posted: 24-Jul-2009 at 19:34
Originally posted by Cloverstack

Ако не те мрзи, снабди не и со координати Smile
42° 7'35.07"N
21°43'51.50"E


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Aug-2009 at 15:39


Posted By: kire85
Date Posted: 25-Aug-2009 at 15:43
Originally posted by Cloverstack



CrazyCrazy  Razbiram deka proektov e vo cair, ama vakvi renderski tabli se navistina bezveze. Ne sakam da bidam pogresno svaten ili da navredam nekogo, ama moe licno mislenje e deka kade i da se gradi vo makedonija treba da pisuva i na makedonski....vaka ako bi ja nemalo internet adresata, bi si pomislil deka proektov e vo kosovo....
Crazy

P.S. Clover izvini za maliot off-topic.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Aug-2009 at 15:49


Ове е рекламен билборд, не табла од градилиште, мада на градилиште е прашање дали има табла и каква.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 25-Aug-2009 at 15:51
vo pravo si
i na makedonski treba da pise a ne samo na albanski
proektot se naoga vo nekoja naselba kade se poveke albanci ama jazikot na makedonija e makedonski¨!
Jas sum albanec i mora da kritikuvam, nema veze sto sum tamu kade ima za kritikuvanje ke kritikuvam


Posted By: kire85
Date Posted: 25-Aug-2009 at 15:53
Originally posted by my Macedonia

vo pravo si
i na makedonski treba da pise a ne samo na albanski
proektot se naoga vo nekoja naselba kade se poveke albanci ama jazikot na makedonija e makedonski¨!
Jas sum albanec i mora da kritikuvam, nema veze sto sum tamu kade ima za kritikuvanje ke kritikuvam


Pa toa mi bese muabetot, ne deka mi smeta, daleku od toa, niti sum nacionalist niti imam nesto licno protiv nekoi odredeni etnii, ama cisto kolku za razbirlivost i ako ne se lazam e regulirano i spored makedonskite zakoni....


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 25-Aug-2009 at 16:00
ova ke bide nesto, vo websrtanicata ima i planovi kako ke izgledaat katovite
 ne razbiram, pisuva po tabli niz skopje na albanski a webstranicata mu e samo na mk!barem na angliski da imase nesto..sepak
eve go webstranicata:
http://www.vizionndertimi.com.mk - www.vizionndertimi.com.mk


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Aug-2009 at 16:03
Ни на веб страницата не приметив информација за точната локација на проектот


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Aug-2009 at 16:40
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=52&PID=13716#13716 - Пост од 31 Јули 2008 . Билбордот за кој што говори Кловер се влечка подолго време. И сајтот не им е пипнат од тогаш.

Инаку имам соработувано со фирмава и можам да ви кажам дека се работи за партнерство меѓу Македонец и Албанец. Како и да е да не забегуваме повторно со лингвистички прашања.

Originally posted by pbanks

Објект во изградба (веројатно во Чаир). Видов реклама на билборди. Сајтот за жал им е сеуште U/C но барем луѓето се потрудиле да дигнат сајт. Оваа слика ја превземав од таму.

http://vizionndertimi.com.mk/ - http://vizionndertimi.com.mk/




Posted By: alexgizh
Date Posted: 02-Sep-2009 at 21:26
од денеска

1. објектот до броз кафе е при крај со карабината


2.Незнам дали го имаме евидентирано овој објект, на ќошето кај апче



Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Sep-2009 at 11:22

Се урбанизира касарната во Аеродром

Јавното станбено претпријатие почнува таму да гради зграда со 154 стана, а ги прави последните подготовки за да изгради уште еден идентичен објект, со што за две-три години таму ќе може да се вселат над 1.000 жители

%20
Работници на градежната фирма „Маврово“ заградија дел од просторот на касарната „Гоце Делчев“, од страната на булеварот Трета македонска бригада, и почнаа подготовки за изградба на шесткатница, со вкупно 154 стана. Инвеститор на објектот е Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и со деловен простор. Тој се наоѓа во близината на поранешната фабрика „Раде Кончар“ и средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“, односно спроти поранешниот салон на фирмата „Леснина“.

Од претпријатието објаснуваат дека ова не е почеток на неодамна најавеното урбанизирање на касарните низ земјава, туку се гради објект според постар договор меѓу нив и Министерството за одбрана, на земјиште во сопственост на државата. Според договорот, таму треба да се направат две згради со шест ката и по три ламели, односно станбени блокови, а во секоја од нив ќе се направат по 154 стана. Десет отсто од становите ќе му се дадат на Министерството, за потребите на Армијата на Република Македонија.

- Почнаа работите на едната зграда, а за другата останува да се доврши проектот и потоа ќе се гради и таа. Очекуваме за околу две и пол години да заврши изградбата - вели Зоран Мисовски, раководител во јавното претпријатие.

Овојпат претпријатието не гради социјални станови туку, како што објасни Мисовски, станува збор за комерцијална изградба.

- Набргу ќе се распишат и конкурси за продажба на становите и ќе се дефинираат цените за квадратен метар. Тие ќе се продаваат додека се градат објектите. Во моментов не знаеме колку ќе чини квадрат станбена површина, но во секој случај тоа ќе бидат цени пониски од пазарните - додава Мисовски.

Во овој дел од градот сега нема станови. Во неговата непосредна близина се наоѓа населбата Аеродром, односно делот зад трговскиот центар „Бисер“, каде што, според податоци од агенции за недвижности, цените се движат од 800 до 1.000 евра за квадратен метар.

Од општината Аеродром рекоа дека за земјиштето кај касарната „Гоце Делчев“, каде што почна да се гради објектот, веќе е донесен детален урбанистички план Индустриска зона, урбана единица В, а врз основа на него е издадена и градежна дозвола за зградата.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=95995773&id=14&prilog=0&setIzdanie=21781


Posted By: zabegan
Date Posted: 05-Sep-2009 at 17:24
шесткатница со 154 стана? што е тоа, градски ѕид Question


Posted By: se_manda
Date Posted: 06-Sep-2009 at 09:48
pa osven novinarive ako ne planiraat stanot da bide po 5 kvadrata...


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 06-Sep-2009 at 11:59
toa e zavisi kolku golema e parcelata
spored mene logicno ke bese ako imase zgradava 12 kati , 6 kati ne e poveke interesno.......
inace znae li nekoj kade se naoga kasarnata??'



Print Page | Close Window