Print Page | Close Window

Станбени и станбено-деловни згради (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Станбени
Forum Discription: Станбени згради, станбено-деловни комплекси, резиденцијални објекти и населби...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=52
Printed Date: 19-Mar-2024 at 08:55


Topic: Станбени и станбено-деловни згради (општо)
Posted By: pbanks
Subject: Станбени и станбено-деловни згради (општо)
Date Posted: 14-Jun-2008 at 14:32
Каде е точно ова?

Аеродромци се противат на изградба на станбено-деловен објект

Граѓаните и општинарите одржале средба на која бил постигнат компромис

Станарите од зградите на улиците „Владимир Комаров“ и „Ангел Димовски“ од населбата Аеродром се противат на планираната изградба на станбено-деловен објект на аголот меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“. Реагираат против предложениот ДУП, бидејќи сметаат дека со неговата реализација ќе се уништи единствената зелена површина во реонот на која има над педесетина дрвја стари неколку децении. Наедно, велат жителите, ќе мора да се затвори и блискиот паркинг, кој и така не ги задоволува сегашните потреби на населението од реонот.

„Некои општински функционери сакаат меѓу овие згради да градат дополнителни станбени згради, односно да ги натераат луѓето да живеат спакувани како сардини. Имам доволно техничко искуство и знам дека во тој случај воопшто нема да функционира нормално ниту електриката, ниту водоводот, ниту, пак, канализацијата, греењето, паркирањето. Ќе се јават секакви тешкотии“, смета Ванчо Врангалов, еден од шестоте потписници на петицијата против изградбата на планираниот станбено-деловен објект, кој е предвиден со последните измени и дополнувања на деталниот план „Црква“ -Урбана единица А. Планот токму на последната седница на Советот на Општина Аеродром требаше да биде ставен на гласање. Но, тој беше повлечен од дневен ред, со образложение дека се' уште се чека мислење за него од Министерството за транспорт и врски.

Во меѓувреме, претставници од Иницијативниот одбор на граѓаните кои се противат на изградбата на објектот одржаа средба со заменик-градоначалникот Југослав Зиберовски и претседателот на Советот на Општина Аеродром, Сашо Петковски. Според Ѓорѓи Ѓоргиев, претставник од Одборот, бил изнајден компромис во интерес на граѓаните. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=90A723EA9BDB73489F8EFD730BB45FEC - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=90A723EA9BDB73489F8EFD730BB45FEC



Replies:
Posted By: se_manda
Date Posted: 14-Jun-2008 at 15:29
moze da e toa parkceto so e kaj ulickata nakaj tinex


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jun-2008 at 15:56
Originally posted by pbanks

Каде е точно ова? http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=90A723EA9BDB73489F8EFD730BB45FEC -


Улицата Ангел Димовски е дакеку од аголот меѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров, така да од текстот ништо не ми е јасно и само сум повеќе збунет...


Posted By: vardar
Date Posted: 09-Oct-2008 at 04:12
Лани биле изградени 306 стана во државна сопственост

Лани државата изградила 306 стана, со што бројот на станови во државна сопственост е заокружен на 5.691 со површина од 283.592 квадратни метри, соопшти Заводот за статистика. Ова е занемарливо во однос на вкупниот број државни станови на крајот на осумдесеттите. Тогаш, во државна сопственост се изградиле 87.452 стана со вкупна површина од над 4,6 милиони квадратни метри. Триста стана изградени лани се ништо во однос на „златното“ време од 1980-тите години. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=876B4234A0802E488C5BD0B9AA679F9E - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=876B4234A0802E488C5BD0B9AA679F9E  


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Oct-2008 at 00:07
Овде се попунува просторот, почнува да се гради зграда.
41°58'49.36"N  21°26'22.95"E




Posted By: my Macedonia
Date Posted: 24-Oct-2008 at 10:53
so kolku kata ?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Oct-2008 at 11:24
Ееее точно не сум избројал, ваљда исто колку и соседните. Одприлика 5-6.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Apr-2009 at 21:23
41°58'35.91"N 21°26'24.75"E




Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-May-2009 at 15:50
Ова е сликано од раскрсницата партизанска-рузвелтова. Погледнете го она зновонасадено зградиче-куќиче (што и да е) измеѓу.

И ај сега на што личи ова?! Катастрофа! Мораме под-хитно да си ставиме ред во хаосов! Нити максимална висина се знае, нити минимална. А досега не сум забележал две соседни згради потполно да се склапаат една со друга! А камо ли па уште мансрадните кровови да се слагаат, научна фантастика! Па како што ми изгледа, уште некоја квази-купола стаиле! Вчера на интевјуто (ќе го има и на build.mk уште не е качено на нет) со проефесорот Грчев, тој убава споредба направи за силувањето на просторот... "Тоа е исто како силувачот што силува немоќно суштество да прашаме дали кажал добровечер кога пристапил!" Е така и тука! Куполава е "добровечер" у силувањето на околниот простор.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jun-2009 at 13:52
ЌЕ СЕ УРБАНИЗИРААТ ЗАПУСТЕНИТЕ ДЕЛОВИ ВО АЕРОДРОМ
Наместо ниви и депонии, ќе никнат 18 згради

Осумнаесет нови станбени згради е предвидено да се изградат во наредниот четиригодишен период на територијата на општина Аеродром. Според програмата за работа на градоначалникот Ивица Коневски, ќе се градат четиринаесет објекти со вкупно 770 нови стана, коишто ќе бидат наменети за продажба. Дополнително, во соработка со Владата ќе се подигнат уште четири згради со 193 стана наменети за млади брачни двојки. За граѓаните од Аеродром, ваквата програма на Општината е добар начин да се урбанизираат оние делови, кои во моментов се запустени и претворени во ниви, во диви депонии или простори обраснати со трева. Тие сметаат дека на тој начин ќе се зголеми бројот на жители во и така најмногубројната скопска општина, што ќе резултира со поголеми инвестиции, па ќе треба да се изградат нови болници, училишта, градинки, трговски центри и пазари кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани. - Дел од територијата на општината се уште не е доволно урбанизирана. На некои места се садат житни култури, се ораат ниви, се чуваат домашни животни. Се надевам дека со изградбата на овие станбени објекти во целост ќе се искоренат нивите, ливадите и пластениците, коишто на општината и даваат лош изглед “ вели Ката од Ново Лисиче. Сепак, надлежните општински служби се уште не ги имаат дефинирано точните локации каде ќе се градат осумнаесетте нови објекти. - Зградите ќе мора да бидат изградени во согласност со деталниот урбанистички план на општината како и со ГУП на град Скопје. Засега е познато дека дел од новите згради ќе се градат во Реонски Центар Аеродром и тоа во соработка со Владата “ велат од Одделението за односи со јавност на Општина Аеродром. Тие објаснуваат дека градежните работи за објектите ќе му бидат доверени на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. - Во понатамошниот период со етапно донесување на ДУП ќе се предвиди изградба на станови и во други населби, со што во целост ќе се реализира предвидениот проект “ додаваат од Аеродром.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1734&ArticleID=115957


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Jul-2009 at 12:57
Јавен тендер за изградба на 14 згради и три висококатници во скопската општина Аеродром

http://netpress.com.mk/vestiimages/58980/min_trasport_vrski.jpg">

Министерството за транспорт и врски денеска распиша јавен повик за  јавно наддавање за отуѓување на државно градежно земјите, наменето за изградба на 14 станбени згради во скопската општина Аеродром.
 
Исто така, се планира и јавно наддавање за отуѓување на градежно земјите за изградба на високотаници.
 
Ресорниот портпарол Драган Симоновски, рече дека предмет на електронско јавно наддавање е градежно државно неизградено земјиште кое е наменето за изградба на 14 станбени објекти, земјиште со вкупна површина од 22.180 квадратни метри. Почетната цена на јавното наддавање ќе изнесува 4.200 денари од квадратен метар.
 
“Предмет на јавното електронско наддавање е градежна парцела, предвидена со ДУП, со намена за изградба на три висококатници, кои согласно планот претставуваат објекти за времено апартманско сместување, големи трговски единици и катни гаражи. Вкупната површина на градежната парцела изнесува 21.247 квадратни метри со површина за градење од 10.000 м2. Минималната висина на висококатницата ќе треба да изнесува 25 катови“, вели Симоновски.
 
Почетната цена за ова ќе изнесува 7.000 денари од квадратен метар.

Најповолниот понудувач треба во рок од шест месеци да ја обезбеди потребната документација од општината и рок од три години да ја комплетира изградбата.

Симоновски подвлече дека објавите за учество на јавните електронски наддавања се објавени во домашните печатени медиуми, на интернет страницата на министерството и во весникот “Фајненшл Тајмс“.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=58980&kategorija=1



Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Sep-2009 at 13:25

Пропадна аеродромскиот Менхетн

Иако некои градежни фирми сметаа дека изградбата на трите висококатници во Аеродром е поатрактивна од земјиштето во Горно Лисиче наменето за 14 станбени згради, сепак најверојатно и двете парцели ќе почекаат уште пред да станат реалност

%20
Пропадна и јавниот повик на државата за продажба на парцела во општината Аеродром, наменета за изградба на три висококатници покрај булеварот Србија, бидејќи не се пријавиле заинтересирани купувачи. Земјиштето се простира на 21.247 метри, а според деталниот план објектите може да бидат високи и до 500 метри. Ова е втора објава на Министерството за транспорт и врски да продаде земјиште на лицитација, која не привлече ниту еден инвеститор. Пред само две недели не се продаде ни земјиштето во Горно Лисиче, веднаш до населбата Ново Лисиче, каде што беше предвидена изградба на 14 станбени згради, па мораше да се повтори објавата и да им се даде втора шанса на купувачите.

Иако некои градежни фирми сметаа дека изградбата на трите висококатници во Аеродром е поатрактивна од земјиштето во Горно Лисиче наменето за 14 станбени згради, сепак најверојатно и двете парцели ќе почекаат уште пред да станат реалност.

Од Министерството за транспорт и врски, кое требаше да ги изврши јавното наддавање и продажбата, истакнаа дека до крајниот рок, односно до 4 септември оваа година, не се пријавила ниту една фирма за да го купи неизграденото земјиште до булеварот Србија, кое е во државна сопственост.

- Нема пристигнато пријави за учество на повикот, со што автоматски се откажува електронско јавно наддавање закажано за 18 септември. Во наредниов период повторно ќе распишеме објава за отуѓување на оваа градежна парцела – објаснија од Министерството.

Земјиштето што се покажа како неатрактивно за потенцијалните инвеститори се нудеше со почетна цена од 7.000 денари за квадрат, односно за два и пол милиона евра за целата површина.

Од Министерството очекуваа дека продажбата на овој плац и изградбата на висококатниците ќе донесе нови инвестиции, со што би се отвориле работни места, како и ќе се раздвижи пазарот на инвестиции и ќе се зголеми капацитетот на станбени единици и намалување на цените на становите.

Во тек е објавата за плацот, пак, што се наоѓа зад бензинската пумпа и спроти ресторанот „Мирко 919“ во Горно Лисиче, кој се продава со почетна цена од 4.200 денари за квадратен метар или за вкупно еден и пол милиони евра. Кандидатите ќе можат да се пријавуваат до 16 октомври оваа година, а јавното наддавање е закажано за 29 октомври.

За првиот оглас не помогна ниту тоа што продажбата беше објавена во познатиот британски весник „Фајненшл тајмс“, во македонските медиуми, на интернет-страницата на Министерството, а им бил даден и на економските промотори на Македонија. Според условите во огласот, ако некој го купи земјиштето ќе треба за шест месеци да ги обезбеди сите потребни дозволи, а во рок од три години да ги изгради објектите

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9149109324&id=14&prilog=0&setIzdanie=21787


Posted By: axel
Date Posted: 12-Jul-2010 at 15:17

Весели војнички згради


Згради со многу бои и со ѕидови обвиткани во зеленило предлагаат архитектите што учествувале на конкурсот за идејни решенија за проектот „АРМ мој вистински дом“, со кој треба да се обезбедат станови за припадниците на армијата по поволни услови

 
 
%20  
Министерството за одбрана ги претстави избраните решенија. Неговата комисија не избрала првонаграден труд, туку од десетте пристигнати одлучила еден да се откупи и да им се додели трета награда на авторот Ѓорѓи Константиновски и втора на тимот архитекти предводени од професорите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља.

- Кога ја претставивме оваа идеја, многумина не ни веруваа дека ќе ја оствариме. Но оваа презентација го докажува спротивното. Идејните решенија се добра основа за да се изработи проектната документација. Се надевам дека и општината Карпош наскоро ќе го усвои деталниот урбанистички план за касарната „Илинден“, каде што треба да се гради, и проектот ќе се одвива според планот - рече министерот Зоран Коњановски.

Вкупно треба да се направат 1.464 стана. За да добијат еден од нив, припадниците на АРМ треба да платат 30 отсто од вредноста, а остатокот да го исплаќаат на 10 години без камата, бидејќи ќе ја покрива Министерството. Од буџетот ќе се финансира и изработката на проектите. Министерот Коњановски нагласи дека ќе се гради исклучиво на локации што се чисти, целосно во државна сопственост, за кои не се води ниту постапка за денационализација, ниту, пак има други имотноправни проблеми.




Армијата штеди, но мора

Министерот за одбрана Зоран Коњановски потврди дека има намалувања на трошоците за Армијата, но истакна дека тие мерки биле неопходни да се спроведат поради Светската економска криза и дека воопшто нема да го загрозат функционирањето на АРМ.

Независниот синдикат на војниците неодамна се пожали дека не се исплаќаат дневниците за терен и надоместоците за дежурства, а се штедело и на автобускиот превоз, па дури имало и препораки за тоа како да се користат електричната енергија и водоводот во армиските објекти, за трошоците да се сведат на минимум.

- Ако може некоја работа да се заврши со два автобуса, зошто би требало да се плаќа и трет? Намалени се само несуштинските трошоци, за да се постигне подомаќинско работење. Наместо да се плаќа за дежурства, се доделуваат слободни денови. Намалена е и мојата плата за 10 отсто, како и платите на другите министри - рече Коњановски.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71210102777&id=9&prilog=0&setIzdanie=22031


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 02-Sep-2010 at 23:25
Становите се од 35, 51 и 68 метри квадратни. Идејното решение предвидува чардаци и мали водени површини околу зградите. Дел од становите ќе се градат на еден дел од земјиштето каде сега е сместена касарната Илинден во Скопје



Становите за војската ќе се продаваат по 500 евра за метар квадратен. Ова е највисоката цена која би ја добиле припадниците на АРМ во случај да се одлучат да купат стан од проектот  „АРМ мој вистински дом“. Становите се од 35, 51 и 68 метри квадратни.  Идејното решение предвидува чардаци и мали водени површини околу зградите.



Дел од становите ќе се градат на еден дел од земјиштето каде сега е сместена касарната Илинден во Скопје. Овде според идејниот план, треба да се изградат над 1.400 станови, но предвиден е луксузен дел за амбасади, за чија изградба веќе имало заинтересирани влијателни држави-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.
 
„Решение кое што е моментално во светски рамки, се промовира од сите влади во ЕУ. Така што, таков рамен покрив како што го предвидуваме, кој што е градина, практично е нешто што е посакувано, императив во повеќе држави“, изјави Митко Хаџи-Пуља, универзитетски професор.



Предвидено е  овој проект да се реализира во сите градови каде што има касарни на АРМ односно во Тетово, Куманово, Штип, Велес и во Кичево. Припадниците на АРМ ќе имаат право да аплицираат за добивање стан во местото каде се распоредени на служба.
 
На презентацијата, министерот за одбрана, Зоран Коњановски најави дека професионалните војници ќе имаат поголема можност за напредување во подофицерски чин.



„Едно решение кое во блиска иднина ќе биде на некој начин преточено во измена на законот за служба во АРМ, а тоа е да ја подигнеме границата од 33 на 38 години, за лицата кои од професионални војници можат да аплицираат за подофицери“, вели  Коњановски.




-------------
www.realmadrid-mk.blogspot.com


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Sep-2010 at 23:28
http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=55586


Posted By: alexgizh
Date Posted: 03-Sep-2010 at 08:37
Ми се допаѓа проектот, се надевам дека ќе ги изведат како што се замислени, без компромиси и кратења на буџетот. Многу се eco-friendly, незнам дали воопшто досега сме виделе вакво нешто кај нас. Браво!

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: axel
Date Posted: 03-Sep-2010 at 11:36

Војниците не сакаат покриви со трева


Во планот за становите за припадниците на АРМ се предвидени простори чија намена тие самите ќе треба да ја определат, но токму можностите за да направат избор им предизвикаа најмногу забуни

 
 
%20  
Што ќе ни е трева на покривот, зошто со ќесите од продавница да шетаме низ дневната соба за да стигнеме во кујната, како две деца од различен пол ќе делат една детска соба, згора на сé и непреградена со ѕидови и со врати? Ова беа само дел од дилемите на припадниците на АРМ откако вчера го видоа идејното решение за војничките станови, изработено од тим предводен од професорите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља.

Авторите предвиделе три димензии, еднособен стан од 25 квадратни метри, двособен од 51 квадрат и трисобен од 68 квадрати. Во нивниот план се предвидени повеќе простори што идните сопственици самите треба да ги уредат, на пример дали еден дел ќе го користат како тераса, работен простор или како уште една соба, потоа како ќе ги преградат спалните соби и слично. Токму тие можности предизвикаа најмногу забуни.

- Ова е идејно решение. Сакаме во сите фази на спроведувањето на проектот да се консултираме со вас, затоа и ја правиме презентацијата. Некои забелешки ќе влезат во конечниот проект - рече министерот за одбрана Зоран Коњановски.

Архитектот Хаџи Пуља ја отвори презентацијата, нагласувајќи дека било исклучително тешко да се проектира за Армијата на Република Македонија, но тие сериозно го прифатиле предизвикот.

- Армијата е олицетворение на напредокот. Припадникот на АРМ секој ден мисли како да стане подобар, затоа и просторот во кој ќе живее треба да биде напреден - истакна тој.

По низата забелешки за тревата, за терасите, за преградните ѕидови, како и за изборот меѓу подземен паркинг и визба за ајвар, но и по прашањата дали тие што не им се допаѓа планот можат да се откажат, една припадничка на Армијата, изреволтирана од дискусијата, стана и го пофали проектот.

- По 20 години првпат се прави вакво нешто. Толку време седам во воениот хотел, а сите знаеме колку се лоши условите таму, па затоа мене ова ми изгледа одлично и пресреќна сум што ќе почне да се реализира - заклучи таа.

Сите војници го поздравија нејзиното излагање со големо ракоплескање, коментирајќи меѓусебе дека тоа што им е прикажано е сепак многу подобро од тоа што сега го имаат.

Решението на архитектите предвидува да се изградат најмногу 1.464 стана за 4.644 жители во касарната „Илинден“, но ако нема интерес за толку, ќе се прават помалку. Досега околу 1.000 војници биле заинтересирани, речиси 900 за Скопје и помал број за Куманово, Тетово и за Велес. Но министерот Коњановски појасни дека нема да имаат право на избор, ќе можат да купат стан во местото каде што се распоредени. Ако, на пример, купат стан во Штип, а во меѓувреме ги прекомандуваат во Кичево, ќе мораат или повторно да патуваат, или да го продадат тој и да си купат нов.

За војничката населба во „Илинден“ треба да се изработи детален урбанистички план до октомври. Потоа три месеци ќе се прави проект, па изградбата би можела да почне во март, а би траела од 16 до 18 месеци. Идејното решение е правено за да овозможи цената за квадратен метар да не надмине 500 евра, но точната сума ќе се одреди на тендер. Припадниците на АРМ ќе треба да платат 30 отсто од сумата во готово, а другите 70 отсто да ги отплатуваат на 10 години, без камата.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=93101020567&id=9&prilog=0&setIzdanie=22075


Posted By: alexgizh
Date Posted: 03-Sep-2010 at 12:16
Се надевам дека лаичкото противење на војниците за "тревата на покривот" (нека ми простат, ги почитувам, ама...) нема да ги поколеба надлежните за реализација на овој прекрасен комплекс.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 04-Sep-2010 at 01:27
За жал, на нашиве простори е малку тешко да се истуркаат понапредни идеи. Се надевам дека зелениот кров во идејново решение нема да се претвори во кров од зелен пластифициран лим во основниот проект. А, може ли некаде да се најде некоја основа, па да можеме поаргументирано да зборуваме? А и да ги видиме и другите наградени решенија, па да споредиме?

-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Sep-2010 at 03:12
Алекс не е туку така генеричко лаичко противење. Неможе како општество да им протнеме општествени станови да бидат тие што ќе ја голнат кнедлата за некој тука на форум да може да се пофали дека ете и во Македонија имало зелен кров. Таква политика сме виделе ние тука пред неколку децении кога Скопјани требаше да ја голтнат кнедлата за Југославија да има да се пофали надвор со супер модерен град, кој патем никогаш не се оствари, а и се протна концептот со изговор од земјотресот. Уствари не ми е целта да ревидираме историски ставови за Скопје 63-та, туку да укажам дека ако веќе се знае целната група на која ќе се доделат (продадат) овие станови, мора да бидат консултирани и тие потреби сериозно земени во предвид. Неможе една фаца или една комисија што бира проект, да го моделира животот на илјадници луѓе. Па макар што сака нека било модерно во свет, ќе си гледаме ние за дома. Тие слики што ги гледаме по нет не се од луѓе што крпат цел живот за еден стан. Тој тревник бара изолација, бара наводнување, оддржување, не е тоа туку така. На крај сите знаме дека ќе се запусти, па ако не никне и некоја бавча горе. И на крај кој ќе биде крив за таквата слика. Сигурно не војниците, зашто некој под закрилата за станбено прашање им протнал свој сци-фи идеи. Целта не е од овие станови да се прави саем за архитектура, биенале. Работа е да се консултираат со нив и најголем број од нивните барања да се инкорпорираат во проектот. И згора на се, тоа туку така проаѓа, па уште е одбрано како финално решение. Нека ги консултираат идните станари, им треба спална соба, не чалам тераса. Вакви тревници и сите други естетски елементи природно е прво да се појават по некоја приватна куќа, па на некоја државна институција па дури многу потоа да станат општествен тренд. И не сакам ова да звучи како бесна орда што фрла дрва и камења по светските модерни трендови во архитектурата, напротив и јас кога би градел сопствена куќа би сакал да имам вакви елементи, ама исклучиво ако сакам. Работата е колку и да се полни предрасуди тие барања на војниците треба во голема мера да се поразговара да им се објасни дека тоа се светски трендови, дека добиваат повеќе, а не помалку. Всушност на страната на архитектите и воопшто нема никаква "одговорност", макар што овој збор одговорност е претежок да се каже, недостоен е. Сепак таму некоја комисија ли којзнае која инстанца донела одлука, архитектот не донел никаква одлука, едноставно поднел проект. И не смее во никој случај да се донесат идните станари да се осетат како да се ставени во теснец "ако сакаш купувај го каков што е, ако не сакаш не". Зборот ми е што од ситуација што треба да биде крајно пријатна за сите, после децении се градат воени станови за прв пат можеби во независна Македонија и се создава една адреналинска ситуација, апсолутно непотребно.


Posted By: OKA
Date Posted: 07-Sep-2010 at 02:45
Originally posted by alexgizh

Се надевам дека лаичкото противење на војниците за "тревата на покривот" (нека ми простат, ги почитувам, ама...) нема да ги поколеба надлежните за реализација на овој прекрасен комплекс.
Хм, кој служел во Армија, особено онаа СФРЈ-овската, знае дека генералите пред битка, никогаш, ама баш никогаш, не се консултираат со војниците, за тоа од која страна, на пример, „ќе тргне коњицата”. Нејсе, ова се модерни времиња, па демократизацијата на Армијата, ете, подразбира и тоа дека војниците треба да го дадат своето стручно мислење за еден од најбрзорастечките, градежни концепти во Светот. Наречен, зелен, или „жив” покрив. На македонски, ете гледаме, познат уште и како „треви на покриво”.

И така, сега, по нејзиното обелоденување, акцијава „стан за секој војник” влезе во, таканаречената, фаза на фобичен отпор од страна на оние кои утре треба да живеат во споменатите станови. Што е разбирливо, ако се има во предвид, како би реагирале ХаџиПуља и остала архитектонска фела, кога би се нашле во некаква си, обратна, незгодна ситуација. На пример, да добијат задача да разминираат противтенковска мина, за четириесет секунди, со прирачен алат кој се состои од пенкало, запалка и две три парчиња кредитни картички. Несомнено, кога архитективе ќе станат разминирци, односно, кога ќе останат живи по расклопување на мина, тогаш и војниците ќе разберат што мајка си бараат „треви на покриво”. Особено на начинот на кој архитективе тргнале тоа да им „го доближат”.

За почеток, како јак тизер, убаво било, некој да се присетел да им каже на војниците дека нивниот иден стан со зелен покрив, ќе им овозможи во текот на годината „да примат” и 13-та плата. И тоа без да ја чекаат од државата, таа да им ја исплати. Оти, новите студии покажуваат дека зелениот покрив заштедува и до 20% од трошоците за струјата, која оди на греење и ладење.
Па, да објасни дека зелениот покрив го сопира УВ зрачењето и максимално го продолжува рокот на траење на покривната конструкција, ја подобрува апсорбцијата на градската врева, ја амортизира разурнувачката сила на водата при екстремните количини на врнежи на дожд и снег, ја штити фасадата, плочникот и околината од истите, дека не треба да се коси и наводнува и е самоодржлив, оти е составен од специјално одбрани растенија кои виреат на композитна подлога која им создава резерви од вода, etc, etc... Да, неопходно е во јавноста да се расчистат сите стереотипии дека „тревите на покриво” се помодарство, тренд од типот на венге боја, кој проаѓа правопропорционално брзо со потребата за богатење на холивудските дизајнери. И да се пренесе на луѓето дека концептот на зелен покрив е жива пролегомена во идејата дека веќе не е ниту мудро, ниту практично, а ниту етички, за живеењето во градот, да се размислува како за нешто што е апсолутно спротивно на природата.

Новите технологии, чија комерцијализација доби worp забрзување од актуелнава економска криза, овозможуваат градежниот концепт на зелен или „жив покрив”, полека да прерасне во вообичаен стандард за архитектите. Па дури и во МКД. Оти, непостоењето на know how за „жив” покрив во Македонија, не мора да е несовладлива пречка. Особено што природните ресурси во МКД се прилично „наклонети” кон концептов. На пример, растението познато под името „пазикуќа”, е многу чест избор на проектантите, при одлуката што да се употреби за најгорниот, вегетативен слој на живиот покрив. Ова растение, кое има својство добро да апсорбира вода, многу успешно вирее на Баба Планина, Пелистер. Потоа, архитектите, за да ја намалат тежината на живиот покрив, наместо слој од класична почва, користат компилација од разни видови земја, што како суровина апсолутно не недостасува во Македонија. Истото важи и за чакалот, кој е филтер за дренажата.

Останатите компоненти од четириесетина сантиметри „дебелиот” зелен покрив, се всушност шанса за усвојување на глобално курентно производство во еден Охис, да речеме. Во кого, наместо со години безуспешно да го продаваме, лесно можевме да лиценцираме технологија за производство на семипермеабилни композитни мембрани, кои на живиот покрив „ја управуваат” дождовницата и ја инхибираат пенетрацијата на корењата од растенијата кон покривот.

Проектов на ХаџиПуља & Co, e пионерски за Македонија и од тој аспект е многу круцијално да ја преживее првата лаичка критика, првиот фобичен отпор од непознато, едноставно да ја доживее својата реализација.

„Човекот подига разни згради и на природата и го краде тлото. Живиот покрив, несомнено, е одлична можност да ú го надомести украденото.



-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: Мартин
Date Posted: 07-Sep-2010 at 03:11
Прекрасен пост ОКА! Содржи интересни информации кои прв пат во својот живот ги слушам, околу "тревите на покривот". Big%20smile Инаку, од тоа што сум успеал да го видам на глобалнава мрежа, таквиот тип на кровови изгледа одлично, и навистина би сакал да го видам кај нас. Ако не се лажам, први кои го користеле биле Скандинавците, односно Лапонците кои ги населуваат најсеверните делови на Скандинавскиот полуостров, поради сите горенаведени позитивни нешта кои ги носат.


Posted By: OKA
Date Posted: 07-Sep-2010 at 03:17
Originally posted by Мартин

...Ако не се лажам, први кои го користеле биле Скандинавците, односно Лапонците кои ги населуваат најсеверните делови на Скандинавскиот полуостров, поради сите горенаведени позитивни нешта кои ги носат...
Стара мудрост се зелените покриви. Во битолски Брусник, на пример, или во Мариово, ден денес си има куќи со „треви на покриво”. Факт е, порано живеевме покомплементарно со природата. Подоцна се изаљазивме, хахахах....


-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Sep-2010 at 03:20
ОКА ми се допаѓа твоево размислување,освен што не се работи за идење во војна па да не се консултираат војниците туку за купување стан, прашање апсолутно надвор од воената дејност. Технологијата е новитет и не се сомневаме во нејзините благодети, но проблемот останува што никој не им објаснил на војниците и се создаде една крајно конфузна ситуација. Подобро ќе биде да им објаснат да не се доведеме во ситуација да некој "не знае", или "подзаборави" за што се "тревите на покриво". Во Скопје едно чудо станбени блокови пред триесетина години се изградени со жардињери на терасите. Денеска во тие жардињери се чува праз. Тоа се обидувам да го кажам. Да не се доведеме во нови ситуациии "ни су жваке за сељаке", а лошото во овој случај што "сељаке" ќе излезат војниците, а најмалку сакаме да се случи тоа. едноставно да се едуцира, објаснува, покажува и колку што ќе се успее да се протне на збор, малку повеќе и на терен. Да не им биде од нула едукација на идните станари ова како од небо паднато, непознато, непријатно да се осеќаат во сопствен дом.


Posted By: Gradinarot
Date Posted: 07-Sep-2010 at 06:43
Oka, dobar primer kako losite raboti moze da se gledaat od vedra strana. Vsasnost sekogash ima otpor kon novoto pogotovo ako nesto novo nemalo so decenii, razbirlivo. Odlicen post.



-------------
.....   .......


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Sep-2010 at 13:51
41°58'51.21"N 21°27'29.25"E





Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Sep-2010 at 13:52
41°58'54.12"N 21°27'21.81"E



Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 07-Sep-2010 at 13:58
ЛСЛ, кога веќе ги спомна празовите......па, на крајот на краиштата, нема ништо лошо да бидне ако тие кровови се претворат во бавчи, па тие што си се повеќе мераклии на домаќинлуци да си одгледуваат пиперки, домати, праз......Big%20smile....само тоа добро просторно да се изартикулира, и празовите на покрив можат да бидат бонбона  Naughty

-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: Swimmer
Date Posted: 07-Sep-2010 at 14:09
донт пуш ит едмунд Smile 
 
има веројатно пар селанчиња меѓу војнициве, што решиле да искористат 5 минути слава и да го омаловажат сето она што им се чини поинакво, нејсе трева расте на земја, не на покриво'.. брда, долини, планини... овци, кози, крави, гот д поинт...
 
Во секој случај неопходно е/било да им се објаснат бенефитите од замислата, а после постов на ОКА, можат комотно да им го препорачаат. Убеден сум дека за помалку од 2 минути (време на читање), ќе го сменат мислењето за 180 степени.


-------------


Posted By: axel
Date Posted: 13-Sep-2010 at 11:29

Идната година ќе почне изградбата на евтините станови за војниците

  • http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • Кон средината на 2011 година треба да почне изградбата на становите кои воените лица ќе можат да ги купат по повластени цени.

    Како што рече денеска премиерот Никола Груевски, овој проект е во длабока фаза на подготовка, а наскоро треба да се отворат и тендерите.

    - Ова е проект кој од осамостојувањето на Македонија практично замре. Во последниве 19 години луѓето кои работат во Армијата заборавија што значи да добијат поевтин стан. 

    Никој не помисли да им помогне во однос на решавањето на нивното станбено прашање. Затоа на многумина сега не им се верува, истакна Груевски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ – Скопје.

    Воените станови ќе се продаваат по 450 до 500 евра за еден метар квадратен.

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/idnata-godina-ke-pochne-izgradbata-na-evtinite-stanovi-za-vojnicite


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 07-Oct-2010 at 18:05
    На раскрсницата Партизанска/Рузвелтова оваа зграда незнам дали ја имаме евидентирано. 42° 0'0.04"N 21°24'48.15"E




    Posted By: Makedonij
    Date Posted: 14-Oct-2010 at 18:01
    Едно питање,пред неколку години се думаше дека ќе се стопира разширувањенто на Скопје. Зане некој нешто за тоа? Епа зошто тогаш толку ногу нови станови? Зашо дел од нив не се градат по другите градови, бар тие социалните, таму кај шо најногу се стагнира, Пробиштип, Крива Паланка,Велес, Кочани....

    Без препукавање, молам само за конкретен одговор ако некој знае нешто за тоа?


    -------------
    ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


    Posted By: FT
    Date Posted: 14-Oct-2010 at 18:28
    Originally posted by Makedonij

    Едно питање,пред неколку години се думаше дека ќе се стопира разширувањенто на Скопје. Зане некој нешто за тоа? Епа зошто тогаш толку ногу нови станови? Зашо дел од нив не се градат по другите градови, бар тие социалните, таму кај шо најногу се стагнира, Пробиштип, Крива Паланка,Велес, Кочани....Без препукавање, молам само за конкретен одговор ако некој знае нешто за тоа?

    Во Кочани се гради..во последните година дена има 1 социјална зграда и 2 обични згради изградено..а во градба се и други 2 згради..


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 06-Nov-2010 at 15:33
    [tube]2LkAGjYvcsk[/tube]

    http://sitel.com.mk/video/biznis/sitel-storija-kako-se-gradi-vo-skopje


    Posted By: nouseforname
    Date Posted: 07-May-2011 at 12:23
    dali znae nekoj sto ke se pravi kaj novolisice,regionalen cenat aerodrom,odma na bul. srbija bas sea pominuvav i go zagrdauvaa so metalna ograda??


    Posted By: Ljubopitko
    Date Posted: 08-May-2011 at 23:23
    Originally posted by nouseforname

    dali znae nekoj sto ke se pravi kaj novolisice,regionalen cenat aerodrom,odma na bul. srbija bas sea pominuvav i go zagrdauvaa so metalna ograda??

    според дуп -от тука ке има 8 згради (сите П + 6ката+ Пк) и предпоставувам дека ке бидат како и тие до нив веке направени за млади брачни парови.


    Posted By: my Macedonia
    Date Posted: 03-Jun-2011 at 14:02
    Postaven e kamen temelnik na sedum stanbeni zgradi vo Aerodrom.
    Aerodromci, ajde na teren so aparati


    Posted By: N23
    Date Posted: 04-Jun-2011 at 01:10
    Значи колку неплански и сега се гради во Аеродром. Па колку ниви и почви има во најурбаните делови на Аеродром, а они континуирано ги избегнуваат тие места како погодни за некакви објекти. Од друга страна, може малце градоначалникот и да престане да се грижи за тоа колку згради ќе се изградат, затоа што сообраќајната инфраструктура во Аеродром е благо речено очајна, па може со централната власт да се договорат за реновирање на булеварите, а не само лопати за згради да се фрлаат. Се е тоа ок, барем ќе се доурбанизира општината, али после тоа новите луѓе треба некаква сообраќајница да користат. Можда забегав малце офф-топик, ама деновиве сум претерано револтиран од масовната желба за градење згради у Аеродром, а суштинската потреба улиците, паркинзите и булеварите се оставени да зјаат со огромни кратери и долги пукнатини.


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 04-Jun-2011 at 13:45
    Токму за аеродром фрустрации нема потреба да имаш. Тук аи се испланирани сообраќајниците да издржат таква гужва, има на многу други места каде што треба да се отвара оваа дискусија.


    Posted By: N23
    Date Posted: 04-Jun-2011 at 18:06
    Лсл не би рекол, сабајле од 8 до 9 и пол се прави колона од километар на јане сандански, а ако ги додадеме на тоа и новите неколку иљади што ќе се вселат, сигурно уште поголема гужва ќе има. Од друга страна и нека можат да издржат таква гужва, ипак нивната состојба станува очајна. Може со парите за комуналии од новите згради да се поправи цела сообраќајна инфраструктура во Аеродром за месец дена.


    Posted By: alexgizh
    Date Posted: 04-Jun-2011 at 18:10
    Јас би рекол дека таа колона во Јане Сандански е директна последица од неизградениот тунел под плоштадот (оној вистински потребниот, од НБРМ до Тифани).

    -------------
    The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 04-Jun-2011 at 18:15


    Мислам дека причината уште повеќе лежи во неповрзаноста на булеварите АВНОЈ и Гоце Делчев.


    Posted By: axel
    Date Posted: 06-Jul-2011 at 17:27

    Скопје доживува градежен бум

    mailto:s.jovanova@kapital.com.mk - Соња Јованова


    Повеќе од 4.000 живеалишта ќе се изградат за две години

    Градежен бум се случува во Скопје, кој не е само резултат на владиниот проект “Скопје 2014“. На многу локации во главниот град се градат станбени комплекси (стандардни и луксузни) и деловни објекти, така што се очекува за две години да има 4.000 нови живеалишта. Тоа е речиси еден мал македонски град. Во секторот на недвижности се истакнаа неколку главни инвеститори. “Капитал“ истражуваше кој сe гради низ Скопје и во која насока се движи градежниот бум, односно дали може да премине во криза на пазарот на недвижности?

    Засега економската криза и слабата ликвидност на стопанството не ги натераа градежните компании да забават со активностите. Не ги плаши ни колапсот во градежништвото во некои земји од регионот и во развиените, каде што бизнисот со недвижности стагнира или забразано паѓа. Напротив, поради нивните инвестиции главниот град во последните неколку години рапидно се шири и речиси нема слободна локација на која не се гради.

    Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежната компанија Адора инженеринг, вели дека изградбата на нови станбени комплекси е работа на која треба сите да се радуваат, бидејќи ќе повлече развој во сите сфери. Адора инженеринг, во моментот освен во Скопје гради и во Охрид и Струмица. Во Скопје гради резиденцијален станбено–деловен комплекс под Водно и само станбени комплекси во Аеродром и Ново Лисиче. Станува збор за вкупно 500 нови станови.

    “Сите станови се во различна фаза, дел во завршна, дел во карабина. Но, сите 500 ќе бидат готови најдоцна до мај 2012 година. Финансиската конструкција се уште не можеме да ја дефинираме бидејќи зависи од големината на самиот објект, а и од локацијата. Само 50.000 евра чинат плочките што ги ставаме по ходниците на секоја зграда. Фотоволтажниот систем за производство на струја за заедничкото осветлување е нешто што Адора прва го вооведе во колективно станбено домување. Во секој влез има електрични лифтови, а становите се опремени со оптички Интернет, ТВ и кабелска инсталација, имаат сопствен современ паркинг со 24-часовен видеонадзор“, објаснува Чифлиганец.

    Кога станува збор за станбен компекс кој нуди колективно домување во затворен простор, неизбежно е да се спомене инвестицијата на бизнисменот Фијат Цановски, кој најави изградба на 1.000 нови и луксузни станови во населбата Ќерамидница, на околу 500 метри зад Универзитетот ФОН. Комплексот, познат како Космос, треба да има сопствен базен, фитнес-центри и ротирачки ресторан од 600 метри квадратни на горниот спрат. Ардијан Амзовски, управител на Космос инженеринг, фирмата која ги проектираше, градеше и ќе ги продава становите, вели дека првата зграда со 580 стана ќе биде готова до крајот на идната година.

    “Во план е изградба на уште една зграда со приближно толкав број станови. Значи вкупно ќе изградиме 1.000 станови со вградени кујни, италијански плочки и санитарија. За првата зграда веќе е изградена карабината и треба да биде готова до крајот на идната година, иако 40% од становите ни се веќе продадени во изградба“, вели Амзовски.

    Тој тврди дека заинтересираноста кај граѓаните се должи на поволните услови кои ги нудат за купување стан во Космос, како и можноста становите уште во изградба да се стават под хипотека. Инвестицијата само за првата зграда чинела близу 30 милиони евра, а цените по метар квадратен се движат од 950 до 1.190 евра.

    До каде ќе оди градежниот бум?

    Зоран Азманов, директор на градежната компанија Настел, иако е активен со градење станбени згради, сепак смета дека на Скопје моментално му се случува градежна експанзија која личи на балон што набрзо ќе издише. Според него, начинот на “шиткање“ маркици и градежни локации, кој е прилично лесен и евтин, може да доведе до колапс, кој ќе ги урне цените на недвижностите, со што Македонија ќе го доживее американското сценарио.

    “Ако тргнат цените надолу, нема запирање. Ако пуштите во оптек премногу локации, вие го обезвреднувате имотот на другите, кои поскапо го платиле. Може да се случи сите да чекаат да паднат цените затоа што премногу станбени згради се изградија во последниот период. Кризата во САД почна токму од хиперпродукцијата на недвижности, а кај нас е неизбежно таквото сценарио, кое предвидувам дека ќе се случи за две години. Дури тогаш ќе видиме каде ќе оди нашата економија“, објаснува Азманов.

    Настел во моментот гради четири нови згради на површина од 1.800 метри квадратни, кои треба да бидат готови до 2012 година. Лоцирани се во населбата Ново Лисиче, а нивната изградба чини осум милиони евра, заедно со земјиштето и комуналиите. Азманов вели дека заработката од оваа инвестиција е околу 1,5 милиони евра.

    “Но, мора да напоменам дека имаме заработка затоа што не земаме кредити од домашните банки, туку од швајцарските, со 2% камата на годишно ниво“, истакнува тој.

    Повеќето од познавачите на градежниот бизнис, градежната експанзија ја оценуваат како потребна, а за понудата на станови во Скопје коментираат дека е помала во однос на побарувачката. Според нив, во земјава веќе ја нема средната класа, што придонело да се продаваат само два типа станови. Помали, до 50 метри квадратни, и луксузни од 120 метри квадратни па нагоре. Агенциите за недвижности оценуваат дека во Македонија расте побарувачката за луксузни станови.

    Токму ваков тип гради и Соравија, која во моментот е ангажирана на Водно, на местото познато како Олимписко село. Таму се гради резиденцијален комплекс од затворен тип, а во тек е изведба на седум објекти во кои има 80 стана. Во комплексот Соравија ресорт е предвиден независен и индивидуален систем за греење и ладење, комплетна грижа за заедничкиот простор и спа-центар. Цените се движќат од 1.450 до 1.600 евра по метар квадратен, а околу 60% од становите кои се во изградба се веќе продадени.

    “Проектираниот буџет за изградба на комплексот е околу 30 милиони евра, во што се вклучени набавката на земјиштето, сите такси, градежни дозволи и изградбата. Со падот на светските берзи, токму во периодот кога берзанските транскации станаа хит и кај нас, луѓето се свртеја кон недвижностите како единствен сигурен пласман за слободниот капитал. Се донесе и Закон за намалување на ДДВ од 18% на 5%, со што нормално овој пазар доби посебна стимулација и на страната на понудата и на страната на побарувачката“, смета Васко Давитковски, менаџер за маркетинг и продажба во Соравија.

    Изградба на луксузен станбен комплекс планира и градежната компанија Бортас, која има купено локации на 18 парцели покрај Вардар, во близина на хотелот Александар Палас. Сопственикот Љупчо Бораниев објаснува дека тоа ќе биде прв луксузен комплекс со многу содржини кој ќе почне да се гради од септември. Становите нема да се продаваат по цена пониска од 1.800 евра за метар квадратен.

    “Чекаме за две згради, вкупно 150 станови, плус локалите на приземје. Едната е во Расадник, во Кисела Вода, а другата е во Аеродром кај поликлиниката Јане Сандански. Но, тоа што е различно и ново ќе биде просторот на 5.000 метри кавдратни наменет за ексклузивни станови со тениски игралишта и базени од затворен тип. Само за двете згради во Кисела Вода инвестицијата н$ чинеше 4,6 милиони евра“, вели Бораниев.

    Нема застој во продажбата

    Агенциите за недвижности потенцираат дека во Скопје нема непродаден стан и дека 50% се продавале уште во изградба. Инвеститорите во градежниот бизнис уште на почетокот од годината коментираа дека во втората половина ќе следува градежна експанзија, која ќе биде придружена со раст на цената на становите, која, пак, ќе биде резултат на инфлаторниот притисок, односно на поскапените суровини, како што се градежните материјали.

    Кои се потенцијални нови локации?

    Центар, Водно, Дебар Маало, Карпош и Капиштец се уште се најатрактивни локации за изградба на станбени згради. Но, овде поради малкуте слободни локации инвеститорите градат на места каде што веќе постојат куќи. Како инвеститори најчесто се јавуваат мали градежни фирми или човек-фирма, која со здружени средства со купувачите ја гради зградата.

    Дебар Маало, Ново Маало (населбата кај Олимписки базен) и Маџир Маало, каде што има стари згради, се интересни за инвеститорите за да се трансформираат во модерни станбени населби, со надградба на зградите.

    Зајчев рид, Сончев Град, Соње, Волково, Радишани и Ќерамидница треба да прераснат во град, односно луксузни живеалишта, каде што се очекува да никнат големи станбени комплекси со придружни објекти и целосна инфраструктура.

    http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/70764/skopje_dozhivuva_gradezhen_bum.aspx?iId=2263


    Posted By: Superman
    Date Posted: 06-Jul-2011 at 18:37
    Во Македонија се повеќе се градат станови, најмногу во Скопје

    Мартин Пушевски

    Во Македонија се повеќе се градат станови. Во мај двојно е зголемен бројот на предвидените станови за градба, споредено со претходните месеци од годинава. Најинтересна локација за инвеститорите е Скопје и општината Аеродром. Се очекува за две години во главниот град да има 4 илјади нови живеалишта.


    Куќите излегуваат од мода. Во Скопје се повеќе се градат станбени згради. Граѓаните велат - помали се трошоците за одржување на станот, помалку пари одат за сметки, но сепак, куќа си е куќа. Кога би можеле да избираат би се решиле за второто, бидејќи комфорот е поголем.   

    “Трошоците за одржување се помали за станот, тоа и ги принудува луѓето да живеат во стан. Во куќата има многу повеќе обврски, многу повеќе потреби, но куќата дава други задоволства, сигурно дека не е исто стан и куќа”

    “Двор си е двор, куќа си е куќа, сам си, никој не ти тропа, на никого не му тропаш”, велат граѓаните

    Во мај годинава се издадени 231-едно одобрение за градење, што претставува зголемување од 4,1 процент во однос на истиот месец лани – соопшти Државниот завод за статистика.

    Двојно е зголемен бројот на предвидените станови за градба, споредено со претходните месеци од годинава. Во мај, предвидено било да се градат 729 станови. Евидентно е зголемувањето, ако се знае дека изминативе месеци просекот се движеше од 300 до 400 станбени единици. Речиси 80 проценти од вкупниот број на издадени дозволи за градење се наменети за објекти од високоградба. За истиот период, зголемена е и вредноста на предвидените објекти за градба и тоа за цели 230 проценти.

    “Ова е многу позитивно. Тоа влева огромен оптимизам кај нас стопанствениците, се раздвижува градежниот сектор, а тоа треба да влее надеж и кај граѓаните, бидејќи ќе се дојде до поконкурента цена на чинење на становите. Една од заслугите е и тоа што на почетокот на годината државата се одлучи да продаде добар дел од државното градежно неизградено земјиште”, изјави Сеад Кочан, претседател на градежната комора при ССК

    Интересни се податоците за 2010 – та. Деловните субјекти изградиле 871 стан. Повеќе од половината се во скопскиот регион, а становите биле со просечна површина од 64 квадратни метри. За градежните компании најинтересна локација за градба на станови била општината Аеродром, каде што се изградени 205. Интересно е што лани за Охрид, интересот на деловните субјекти за изградба на станови бил мал – биле завршени само 39.

    Скопскиот регион минатата година предничел и по бројот на станови градени во индивидуална режија.

    http://mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/19576/vo_makedonija_se_povekje_se_gradat_stanovi,_najmnogu_vo_skopje.aspx - http://mtv.com.mk/mk/vesti/ticker.css/19576/vo_makedonija_se_povekje_se_gradat_stanovi,_najmnogu_vo_skopje.aspx

    -------------
    The One Whose Name Cannot Be Spoken...


    Posted By: my Macedonia
    Date Posted: 06-Aug-2011 at 15:45
    Ima nekoj povekje informacii za ova zgrada?
    http://www.youtube.com/watch?v=I86k-m95wTo&feature=related


    Posted By: antiuser
    Date Posted: 10-Aug-2011 at 17:45
    Originally posted by phenomenon


    И ајде сега некој нека ми каже, нека ме просветлат урбаните генијалци:
    " Кај ќе се паркираат автомобилите овде?"   


    Нека му ја мислат тие што ќе купуваат станови..дали треба да купат во оваа зграда


    Posted By: OCB
    Date Posted: 09-Sep-2011 at 17:15


    Извор: Државен завод за статистика
    Публикација: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/20GodiniRM.pdf - 20 години независна Македонија


    Posted By: pbanks
    Date Posted: 10-Sep-2011 at 07:48
    Интересно, листава укажува пред се на тоа колку рипнале цените на становите.

    Ме изненадува тоа дека реализираната квадратура се движи помалку или повеќе во исти рамки во последниве 20 години. Навистина имам впечаток дека во последниве години доста повеќе (и побрзо) се гради, но статистикава говори друго.


    Posted By: axel
    Date Posted: 14-Dec-2011 at 15:55

    Станови за побогата клиентела

    Станови%20за%20побогата%20клиентела

    Тренд во подем

    Агенциите за недвижности велат дека во Скопје расте побарувачката за луксузни станови, а такви ексклузивни резиденцијални комплекси веќе почнаа да се градат на Водно, на местото на поранешната фабрика Алумина, во населбата Орман

    1.500 евра е просечната цена на станбен квадрат во новите луксузни ресорти во Скопје

    Повеќето од познавачите на градежниот бизнис сметаат дека поради тоа што во земјава веќе ја нема средната класа, на пазарот практички се нудат само два типа станови. Помали, до 50-60 метри квадратни, со стандардна градба и луксузни, од 120 метри квадратни па нагоре. Агенциите за недвижности велат дека во Скопје расте побарувачката за луксузни станови, а такви ексклузивни резиденцијални комплекси веќе почнаа да се градат на Водно, на местото на поранешната фабрика Алумина, во населбата Орман.

    На Водно, во близина на некогашното Олимписко село, се гради резиденцијален комплекс од затворен тип од страна на австрискиот инвеститор Соравија. Подолу е ресортот Панорама резиденс, кој е замислен како луксузно-апартмански комплекс. Веќе се знаат и новите станари, кои веќе уплатиле за становите, само што нивните имиња се чуваат во тајност. Инвеститорите велат дека продале голем број станови на приватни бизнисмени, доктори и спортисти. На нашето прашање што нудат посебно овие комплекси и колку го подобруваат квалитетот на домувањето, одговорот беше дека овие ресорти во буквална смисла значат every day is a holiday („секој ден е одмор“). Соравија ресорт е името на елитниот кварт на местото на некогашното Олимписко село. Замислата на инвеститорот е комплексот, освен домување, да им понуди разни содржини на станарите за да не мора често да го напуштаат домот. Таму ќе се градат базени, спортски игралишта, спа-центри, ресторан, продавници. Ќе функционира како цела населба од затворен тип, затоа што овој кварт ќе има и приватно обезбедување на самиот влез.

    “Нудиме далечина од градскиот метеж и брзо стигнување до центарот на Скопје за само две минути“, објаснува Питер Рот, менаџер на Соравија. Тој вели дека во фаза на изградба се седум објекти (вили) со вкупно 95 станбени единици, од кои 55 се веќе продадени. Просечната цена на становите се движи околу 1.500 евра за метар квадратен, а вкупната инвестиција го чини инвеститорот 30 милиони евра.

    Слична е замислата и на комплексот Панорама резиденс, лоциран на местото на некогашниот хотел Панорама. На сопствениците на овие станови им се нуди фантастичен поглед кон главниот град, од двособни апартмани, до дуплекси и пентхаус. Но, немојте да мислите дека двособните апартмани имаат површина од 50 или 60 метри квадратни, како што е вообичеаено во земјава. Во ресортите на Водно има двособни станови од 200 или повеќе метри квадратни, во кои само дневната соба може да има големина од 100 метри квадратни.

    Малку подолу од Водно, до поранешната фабрика Алумина, полека финишира изградбата на уште еден луксузен комплекс. Гранд престиж е насловот на објектот, а го гради градежната фирма Импексел 2. Комплексот ќе биде целосно изграден за три години, а содржи шест луксузни ексклузивни станбени згради со над 1.000 станови. За потребите на новиот комплекс општина Карпош предвидела изградба на две нови сервисни улици.

    “Инвестицијата на овој грандиозен проект е 50 милиони евра и сигурен сум дека е една од најголемите инвестиции. Свесни сме дека е ова мегаломански проект, но веруваме дека ќе ги продадеме становите, затоа што не сме многу скапи, а се наоѓаме на одлична локација. Околу 25% од становите уште во изградба ни се продадени и целосно платени“, вели Неим Хусеини, сопственик на Импексел 2. Карактеристика на луксузната градба е личната сигурност и безбедноста на станарот. Компанијата Архипро Македонија, чија дејност е изведба на јакострујни и слабострујни електрични инсталации, нуди и производ таканаречен паметна куќа, односно смарт систем кој нуди ефикасно решение за автоматизација на домот преку мобилен телефон или интернет-конекција од секаде во светот. Еколошки е, штеди енергија и нуди можност да го извести станарот ако гаражната врата му е отворена, управува со светлата, со ролетните, со завесите, а менаџира и со светилките и со надзорните камери.

    http://www.time.mk/read/NONE/950a26b81a/index.html


    Posted By: axel
    Date Posted: 14-Dec-2011 at 16:23

    Пет илјади нови станови стигнуваат на пазарот

    mailto:s.jovanova@kapital.com.mk - Соња Јованова
    Пет%20илјади%20нови%20станови%20стигнуваат%20на%20пазарот

    Скопје се гради!

    Економската криза и слабата ликвидност на економијата не ги спречуваат градежните компании да „растураат“ со бизнисот во Скопје. Нивните проценки се дека околу 5.000 нови станови во моментов се градат во метрополата 

    Во екот на градежната експанзија меѓу главните играчи, приватните фирми, од неодамна се јави и Јавното станбено претпријатие, кое преку изградба на комерцијални станови за продажба се наметна како сериозен конкурент на градежниците

    ---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
    350 милиони евра е пазарната вредност на становите што моментално се градат во Скопје
    1.050евра е просечната цена на станбен квадрат во новоградба во Скопје
    ---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

    Градежен „бум“ се случува во Скопје и тоа не е само поради владиниот проект „Скопје 2014“. На многу локации во главниот град се градат станбени комплекси, стандардни и луксузни, а во последните неколку години очигледна е и експанзија на деловни и трговски центри. Засега, економската криза и слабата ликвидност на стопанството не ги натера градежните компании да забават со активностите. Не ги плаши ни колапсот во градежништвото во некои земји од регионот и во развиените земји, каде што бизнисот со недвижности стагнира или забрзно паѓа. Напротив, поради нивните инвестиции, главниот град во последните неколку години рапидно се шири и речиси нема слободна локација на која не се гради.

    Во екот на градежната експанзија се појавија неколку главни играчи, приватни инвеститори, а од неодамна се наметна и Јавното станбено претпријатие, кое преку изградба на комерцијални станови за продажба се позиционираше како сериозен конкурент на градежниците. Но, се чини дека и покрај тоа што има интензивна изградба и на цели станбени комплекси, во Скопје побарувачката с$ уште е поголема од понудата. Така барем велат во градежните стопански комори, од каде што анализирале дека годишно во цела држава се градат од 5.000 до 5.500 станови, наспроти реалната побарувачка и до 10.000 станбени единици годишно. „Капитал“ го анализираше моменталниот сооднос на понудата и побарувачката на станбен простор, но и трендот на изградба на ексклузивни станбени комплекси, кои евидентно поставуваат нови стандарди во домувањето.

    Адора инженеринг, Бетон, Соравија, Панорама резиденс, Бортас, Настел, Импексел 2, Никоб инженеринг се само дел од имињата на главните инвеститори на новите станбени објекти во Скопје. „Капитал“ разговараше со нив и според трендот на изградба, нивна слободна проценка е дека за две години Скопје ќе добие околу 5.000 нови живеалишта, што практички е еден мал македонски град. Ако се земе предвид дека просечната цена на еден метар квадратен за становите во Скопје е околу 1.050 евра во моментов, а нивната просечна големина е 65 м2, се работи за бизнис вреден околу 350 милиони евра.

    Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежната компанија Адора инженеринг, вели дека изградбата на нови станбени комплекси е работа на која треба сите да се радуваат, бидејќи повлекува развој во сите сфери. Адора инженеринг во моментов, освен во Скопје, гради и во Охрид и во Струмица. Во Скопје лани почна, а веќе привршува со изградба на 143 станови под Водно, два станбено-деловни објекти во Аеродром, а доколку се соберат заедно со становите што Адора ги гради во Струмица и во Охрид, излегува дека само за една година оваа компанија изградила 561 стан.

    „Цените по кои се продаваат нашите станови се од 700 евра во Струмица до 1.400 евра за најскапите во Скопје. Ние нудиме квалитет, но не претеруваме со луксуз, а долгорочно, становите на Адора се поевтини и до 40%, затоа што се изградени со енергетски ефикасни материјали“, објаснува Чифлиганец.

    Во меѓувреме, во Аеродром се чисти теренот и за изградба на уште три нови згради кај поранешните воени бараки, наспроти Воената амбуланта. Ќе ги гради градежната компанија Бетон на површина од околу 18.000 метри квадратни. Според проценките на инвеститорот, продажбата на становите ќе оди лесно, водејќи се од тезата дека се голема градежна компанија со искуство зад себе. „Имаме три договорени локации со сопствениците на бараките и ќе почнеме станбена изградба. Земјиштето го имаше Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, па државата им го одзеде корисничкото право и сега сопствениците, според новиот закон, можат да си го купат земјиштето за едно евро за метар квадратен, по што ќе почнеме да градиме. Проектите се готови, чекаме само да го откупиме земјиштето. Секогаш кога ние сме граделе станбена зграда сме немале проблеми со продажбата на становите, затоа што с$ уште владее мислењето дека големите фирми градат најквалитетни станови“, смета Трајко Трпевски, генерален директор на Бетон.

    Градежниците поделени во однос на цените на становите

    Ако се земе предвид податокот дека во Скопје се градат двојно помалку станови од побарувачката, тогаш е логично зошто цените на станбен метар достигнуваат цени како во некои европски метрополи.

    Во Македонија цените нагло пораснаа во 2007 година, најмногу поради оптимизмот кој завладеа дека земјава ќе стане членка на НАТО, за последнава година да паднат и сега се со тенденција на дополнително благо опаѓање поради зголемената понуда. Градежниците пак, тврдат дека и покрај зголемената понуда на станови, нема простор за намалување на цената, најмногу поради поскапувањето на градежните материјали, но и поради тоа што Владата не ја продолжи мерката за намален ДДВ при продажба на станови.„Не се согласувам со констатациите дека цените на становите се високи, затоа што во земјава се плаќаат истите цени за градежни материјали како и во Европа. Во иднина очекуваме понудата да порасне не само од нови, туку и од стари станови кои ќе се продаваат од сегашните сопствениции притиснати од кризата. Ќе се градат и социјални станови со поддршка на хуманитарни организации и со поддршка на европски фондови, така што реално, само најквалитетните и најдобрите ќе можат да прават бизнис во градежништвто“, објаснува Чифлиганец.

    Трпевски од Бетон пак, смета дека во моментов на пазарот на недвижности продажбата на станови не оди толку лесно, што може да доведе до благ пад на цените за станбен метар. „Сакале или не сопствениците, становите ќе поевтинат. Само за пример, во Ново Лисиче приватни фирми ги купија локациите и се направија можеби 8-10 згради. Колку што знам, продажбата тешко оди, а цената ја држат на 1.000 евра за метар квадратен. Мислам дека ќе мора да ја спуштат цената ако сакаат да ги продадат. Ми се чини дека цената на становите нема да се качува. Дури сметам дека треба да се спушти. Според мене, за да можат да се продадат сите новоизградени станови, цените, генерално, ќе се спуштат за минимум 10% до 15%“, додава Трпевски.

    Државата со градежна офанзива ќе ги руши цените на становите!

    И Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) влезе во комерцијалениот дел од градежниот бизнис. Освен социјални станови и станови за млади брачни парови, од септември годинава почна со интензивна изградба на станови за комерцијална продажба. Директорот Цветко Грозданов за „Капитал“ вели дека во иднина очекува пад на цените, како резултат на намалениот ДДВ, но и поради најавените проекти „Купи куќа, купи стан“ или „Пола пола рата“.

    „Становите кои претпријатието ги продава во моментов се за 15%-20% поевтини од тие што моментално ги нудат приватните градежни компании. Сега сме фокусирани на изградба на комерцијални станови на атрактивни локации во Скопје. Прво почнуваме со една зграда кај Католичка црква, приближно околу 56 станови, понатаму ќе следува изградба на уште една зграда кај Педагошки факултет, а се размислува и за градење во Ѓорче Петров, што севкупно е околу 300 станови“, вели Грозданов.Тој додава дека цените на овие станови ќе бидат повисоки од вообичаените по кои досега продаваше ЈПССДП, поради тоа што ќе се градат на атрактивни локации каде што комуналиите се поскапи. Грозданов објаснува дека е неопходно приоритет на претпријатието да биде изградба на комерцијални станови со цел добивката да се реинвестира во градење социјални станови, но и бидејќи како државна компанија имаат обврска да го раздвижат пазарот и преку зголемена понуда да ја намалат цената на станбен квадрат.

    Во Реонскиот центар во скопската населба Ново Лисиче веќе почна изградба на комплекс од седум станбени згради со 350 станови и подземна гаража, што е вкупна инвестиција на ЈПССДП од 13 милиони евра. Цената на овие станови нема да биде повисока од 850 евра за квадратен метар, велат од ЈПССДП.

    Агенциите за недвижности моменталната сотојба на пазарот за недвижности ја оценуваат како летаргична. Оттаму велат дека граѓаните кои сериозно биле заинтересирани да купат нов стан сега најавуваат дека ќе ги чекаат ветените државни субвенциии и поевтините станови. „Очекуваме пазарот на недвижности да стагнира, затоа што мерките притискаат цените на становите да се намалат. Секако дека тоа психолошки ќе делува на луѓето и тие ќе почекаат за купување стан“, вели Сашо Поп Илиевски од агенцијата Хепинес.

     

    Домашните производители апелираат

    Да се користат квалитетни градежни материјали!

    Компаниите што ги снабдуваат градежниците со материјали сметаат дека сите инвеститори кои сакаат да имаат квалитетна градба мора да внимаваат на материјалите што ги користат. Во компанијата за производство на адитиви во градежништвото Адинг сметаат дека во Македонија се почеста е нелојалната конкуренција.

    „Правило е градежните компании да користат материјали кои се тестирани и кои имаат атестна документација. Ние како фирма такви продаваме и во земјите од Европската унија. Но, во Македонија има мали фирми-инвеститори кои за пониски цени набавуваат неквалитетни градежни материјали и со тоа сакаат да заработат, но не ја поевтинуваат цената на становите. Тоа значи дека држат цена како злато, а продаваат ѓубре. И на крај се случува отпосле да дојдат и да купат поквалитетни материјали за санација на истата градба. Во принцип, за сево ова си постои закон, меѓутоа треба и почести контроли за да се види како се гради“, смета Александар Делев, директор на технички сектор и институт во Адинг.

     

    ---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

    Васко Давидовски, менаџер за маркетинг и продажба во Соравија

    „Луѓето се свртија кон недвижностите како единствен сигурен пласман на слободен капитал. Се намали и ДДВ од 18% на 5%, со што пазарот доби дополнителна стимулација и на страната на понудата и на страната на побарувачката. Во исто време зголемената миграција кон Скопје исто така предизвикува пораст на побарувачката. Ова се дел од причините што оваа гранка доживува експанзија токму во овој период.“

    Неим Хусеини, сопственик на Импексел 2

    „Свесни сме дека изградбата на големи станбени комплекси носи големи ризици, но имаме поддршка од банките. Лошо е што во моментов поради проектот на Владата за субвенционирани станбени кредити се јави застој во продажбата и се притиска и за намалување на цената на становите. Одговорно тврдам дека нема простор за пад на цената, затоа што цените на градежните материјали се отидени нагоре.“

    Ванчо Чифлиганец, сопственик на Адора инженеринг

    „Пазарен закон е поголема побарувачка да резултира со пораст на цени и обратно, но не смее да се заборави дека цената е збир од трошоци на градба, што значи дека колку и да е ниска побарувачката на станови, цената на метар квадратен не може да падне под цената на градба на станбен простор. Повеќе сум убеден дека во случај да нема побарувачка, едноставно ќе се намали изградбата на станови, a капиталот ќе се пресели од градежништвото во некој подоходовен сектор.“

    http://www.kapital.com.mk/mk/prilozi_edicii.aspx/77640/pet_iljadi_novi_stanovi_stignuvaat_na_pazarot.aspx?iId=2510



    Posted By: axel
    Date Posted: 20-Dec-2011 at 12:09

    Чао скопска зградо, отидов на село

    Сé додека има купувачи на станови во Скопје по високи цени, и тоа претежно од луѓе од другите градови, ќе има и пазарна логика да продадете скап стан за да направите солидна куќа

     
     
    %20  

    Градежниот бизнис го чека пресврт

    Градежниот бизнис во иднина сé повеќе ќе се врти околу изградбата на индивидуални куќи за живеење. Ова го тврдат и самите градежници, но и поголем број општини, чија администрација се подготвува за нов градежен бум, различен од оној што досега беше препознатлив - да се гради само во центарот на градовите, и тоа колку е можно повисоко и пошироко. Слободни парцели во и околу центарот на градовите веќе нема, а поради зголемувањето на семејствата, сé почесто се прифаќа одлуката да се продаде стан за да се купи или изгради куќа.

    - Сé додека има заинтересирани купувачи на станови во Скопје по високи цени, и тоа претежно од луѓе од другите градови, ќе има и пазарна логика да продадете скап стан за да направите солидна куќа. Оваа тенденција ќе продолжи и понатаму, а може и да се засили и поради тоа што семејствата се прошируваат и едноставно станува претесно да се живее во становите. Ако можете да продадете стан од околу седумдесет квадрати за околу 75.000 евра, тогаш со тие пари можете да купите плац и да изградите куќа што ќе биде барем со двојна површина, а можеби и повеќе, во зависност од големината на плацот - ни изјави Никола Велковски од Групацијата за градежништво при Стопанската комора на Македонија.
    Тој појаснува дека помалите комуналии во приградските населби и поевтиниот градежен материјал овозможуваат ваквите пресметки да се остваруваат во практиката.

    За разлика од него, пак, дел експерти во градежништвото велат дека, наместо ниската и средната класа, во иднина токму богатата класа на граѓани ќе биде таа што ќе гради свои домови на периферијата од градовите, и тоа во вид на индивидуални станбени куќи, а не згради за колективно живеење.

    - Ако до пред десетина години беше престиж да бидете жител во Дебар Маало или во центарот во Скопје, сега тоа е казна. Квалитетното урбано живеење е само минато. Токму поради ова прогнозирам дека во иднина поимотните наши сограѓани ќе бегаат надвор од градските средини, кои се задушуваат во својот урбанистички хаос и ќе бараат поквалитетен живот во периферните населби. Неизбежна е тенденцијата што во западните земји се практикува веќе неколку децении, а тоа е да се градат куќи, и тоа со поголема вредност настрана од градот. Ова, се разбира, би било пристапно само за побогатите, бидејќи ваквото живеење може да биде и поскапо. Постојано ќе ви треба автомобил за превоз до градот, училиштето, градинката или до болницата, но за тој што може да си го дозволи тоа и не е проблем - вели Горан Марковски, професор на Градежниот факултет од Скопје.

    Тој појаснува дека ако досега се градеа куќи во периферните места поради избегнување комуналии, а со тоа никнуваа и огромни населби формирани од дивоградби, сега тоа ќе се намали и легално ќе го прават новопечените бизнисмени и докажаните имотни елити трагајќи по поквалитетен живот.

     

    Ѓорче Петров во иднина ќе се полни со куќи и со населби
     Празните делови на општината Ѓорче Петров, особено делот околу обиколницата, Ново Село, Волково, Стопански Двор се местата што сé уште дозволуваат ширење на градот со населби од индивидуални објекти. Освен куќи, овој дел од Скопје станува сé поатрактивен и за големите инвеститори што градат населби од затворен тип со екстра-луксузни објекти за живеење. Еден таков е комплексот „Верина“ на компанијата „Никоб инженеринг“, кој е во изградба, а кој содржи неколку хациенди поврзани во целина, која прави комплекс за живеење на многу повисоко ниво од она што е стандард кај нас.

     

     

    Во Гази Баба ќе никне населба Хиподром 2
     Во општината Гази Баба изминатиов период се работеше на изработка планска документација и завршување на детален урбанистички план за изградба на нова населба – Хиподром 2 за 4.000-5.000 жители. На празниот простор, во непосредна близина на населбата Хиподром, кој во моментов претставува земјоделско земјиште, ќе никне оваа нова населба. Со урбанистичкиот план „Маџари-Хиподром“, кој беше усвоен од советот на општината Гази Баба, на вкупниот просторот од 36 хектари се предвидува изградба на 1.345 стана. Земјиштето, кое во моментот претставува обработлива површина, ќе се трансформира во градежно земјиште, а во тек е и решавање на имотноправните односи.

     

     

     Лисиче е следна градежна мета во општината Аеродром

    Според деталните урбанистички планови на општината Аеродром, предвидени се неколку локации каде што се планира изградба на над 100 семејни згради и станбени објекти со десетина деловни објекти и комерцијални комплекси.
    Според последниот попис од 2002 година, во општината Аеродром се регистрирани 72.009 жители, но според најновите процени од општината, нивниот број е зголемен и изнесува над 80.000.


     

     Во Бутел очекуваат градежен бум
     Едно од местата каде што во иднина ќе се почувствува градежниот бум е и општината Бутел, каде што први на удар ќе бидат местата Визбегово, Радишани, Љуботенски Пат. Тие веќе се сметаат за најатрактивни потенцијални градилишта. Во оваа општина во тек е изградба на населбата Хот и Хот 1, која се простира на површина од 18.000 квадратни метри и има 34 ексклузивни куќи за живеење. Населбата е од затворен тип и е комплетно приватна инвестиција, за која општината обезбеди услови за градење уште пред да се активираат градежните зафати. Од оваа општина најавуваат неколку нови градилишта, за кои заинтересираност има уште сега.

     

    Нови населби во Кисела Вода
     Општината Кисела Вода со пописот од 2002 година брои околу 58.000 жители. Се претпоставува дека во 2007 година овој број се зголемил на околу 61.800 жители. Според податоците од општината, минатата година имало пријавено околу 64.000 жители. Населбите што е во план да се изградат во оваа општина во најголем дел се за градба на индивидуални станбени куќи, кои претежно ќе се простираат околу постојните села.

     

     

    -Припор-Сопиште: предвидена е површина за изградба на населби за домување, и тоа на 122 хектари, со можност за живеење на 18.228 жители
    -Пинтија: на 109 хектари населби за 16.428 жители

    -Драчевска зона: на 114 хектари ќе се гради населба за околу 17.000 жители

    -Потстаница: на 20 хектари населби за околу 3.000 лица

    -Село Драчево: на 188 хектари во околината на селото Драчево се планира изградба на станбена населба од индивидуални куќи за околу 28.000 жители

     

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122011813393&id=9&prilog=0&setIzdanie=22460


    Posted By: axel
    Date Posted: 09-Jan-2012 at 13:48

    Живот на покривот од градот

    Семејството Плавевски, кое живее на 16-от кат во една од трите највисоки згради во Скопје, вели дека погледот од оваа височина е вистинска привилегија, како и пиењето кафе на тераса и гледањето во брканиците на соколите

     
     
    %20  

    Шеснаесеттиот кат нуди прекрасен поглед, мир и тишина

    Ни на небо ни на земја. Така некако живеат станарите од највисоката зграда во градот. Впрочем, не е една, туку се три. Идентични. Станува збор за Трите убавици во Карпош 4. Високи се 53 метри. До реализација на проектот за изградба на најавуваните стокатници овие згради се врвот на Скопје.

    Интересен е фактот што речиси никој со сигурност не можеше да потврди која станбена зграда е највисока во главниот град. Консултиравме голем број архитекти, професори од Градежниот факултет, одредени министерства, градската управа, како и општините... Во најтесна конкуренција влегоа - воената заграда во Автокоманда, трите згради во Карпош 4 покрај Вардар, воените згради во Аеродром... Во едно сите беа сигурни - највисока деловна зграда е онаа на Македонската телевизија, ама не знаеја со сигурност која е онаа во која има редовни жители. По многу дилеми, повеќето сепак се согласија дека станува збор токму за овие убавици. При нашата посета, тамошните станари убедливо и гордо тврдеа дека нивната зграда е токму таа - највисоката.

    Кога ќе пристигнете, веднаш ќе забележите дека и не можете тукутака да влезете. Мора или да одиш кај некого на гости, па да те пушти откако ќе му се пријавиш на домофонот или, пак, да имаш клуч. Ретко чиста внатрешност. Се гледа дека се води сметка за културна живејачка. Лифтовите, пак, три на број, обложени со таписерија. Качувајќи се нагоре, случајно налетавме на тричленото семејство Плавевски, кое живее на 16-от кат. Нé примија топло во нивниот дом. Станува збор за домот на писателот Владимир Плавевски (таткото), Снежана Плавевска (мајката) и синот, фоторепортер во еден од дневните весници, Ѕвонко Плавевски.

    - Некои гости се плашат да излезат и на тераса кога ќе дојдат кај нас. Оние, пак, што се плашат од височина им е страв да се доближат и до прозорецот. Се доближуваат и веднаш прават чекор назад - раскажува Ѕвонко.

    Привилегија ли е да се живее на таква надморска височина или, пак, слабост. Ова семејство вели дека е привилегија, ако се земе предвид погледот што се нуди, како и загарантираниот мир и тишина.
    Слабостите се, секако, немањето струја и одењето пеш 16 ката.

    - Се случувало неколкупати, особено кога се враќам од излегување во доцните ноќни часови, да не работи лифтот. И тогаш вистина ми е мака. Инаку, вообичаено немам проблем, се искачувам без тешкотија. Потребни ми се околу 7-8 минути. Исто, слабост е и кога има некој мал земјотрес, па не може ни да се спореди колку повеќе се чувствува на оваа височина отколку таму долу - вели фоторепортерот.
    Како една од главните привилегии ги наведува пиењето кафе на тераса и гледањето во брканиците на соколите.

    - Кога е потопло задолжително пијам кафе на тераса, ама претежно наутро, зашто лете е многу топло, а терасата ми е на запад. Многу е добро на тераса. Има едни соколи, кои летно време редовно се бркаат со гулаби и чавки, ептен интересна глетка е. Ветрушки ги викаат. Тоа е најмалиот сокол кај нас. Пискаат специфично, сум пробал и да ги сликам, ама ептен се тешки за добро да ги фатиш. Светлопортокалови се, накај окер - раскажува Плавевски. Кулите се изградени во 1978 година. Нивниот татко, архитектот Александар Смилевски, вели дека кога се граделе, идејата не била да бидат највисоки, туку урбанистички добро издржани.

    - Трите се идентични. На две од нив главната фасада им гледа кон исток-запад, а третата гледа кон југ-север. Ги правеше градежното претпријатие „Маврово“. Објектот има приземје, мезанин и 16, односно 17 ката. Секој кат има по четири еднакви трособни стана. Има едно главно скалило, и две помошни-противпожарни. Зградите се стари 33 години и досега сериозни проблеми не се јавиле. Сé уште изгледаат убаво. Во однос на името - Трите убавици, па не им го дадов јас. Народот така ги завика, зашто, најверојатно, им се допаѓале - вели архитектот.


    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=19121015508&id=14&prilog=0&setIzdanie=22475


    Posted By: goran222
    Date Posted: 22-Feb-2012 at 18:01
    Што се гради сега,на кој локации кој објекти се градат,кој објекти се прикраи???


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 22-Feb-2012 at 18:14
    За каде?


    Posted By: goran222
    Date Posted: 22-Feb-2012 at 19:33
    За скопје..


    Posted By: goran222
    Date Posted: 25-Feb-2012 at 17:31
    Кој фирми моментално градат во скопје.....


    Posted By: my Macedonia
    Date Posted: 27-Feb-2012 at 23:23
    Општина Карпош


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 28-Feb-2012 at 00:35
    земљак,втората слика од погорниот пост не е од Кичево,само првата е(претпоставувам некаде околу касарната)


    Posted By: alexgizh
    Date Posted: 28-Feb-2012 at 09:07
    Originally posted by gjoko

    земљак,втората слика од погорниот пост не е од Кичево,само првата е(претпоставувам некаде околу касарната)


    Убаво си пиша човекот дека е во Ѓорче Петров, види десно од сликата. Нема ставено нов ред, затоа не се гледа баш убаво.


    -------------
    The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 28-Feb-2012 at 17:49
    се извинувам,незнам кои зборови се за која слика(а тоа за Ѓорче не го видов)


    Posted By: my Macedonia
    Date Posted: 28-Feb-2012 at 18:08
    gjoko зградата кај првата слика се наоѓа веднаш позади главниот булевар( некаде 20 м. од пуцко петрол)


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 28-Feb-2012 at 21:08
    сега се сетив,од полицијата подолу во `чифлик`,се сеќавам дека на таа зеленкастата се стави многу изолација,како запример како треба да се гради енергетска ефикасна градба


    Posted By: axel
    Date Posted: 29-Feb-2012 at 00:11
    a i kaj  fas 11 okt li pocnaa da se spremaat za gradba bidejki uste od lani citavme deka ke nekoj makedosnki bizn ke gradi stanbeni??

    СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПРОЕКТОТ "КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН"

    Се планираат цели населби, а во изградба се околу 1.500 станови

    Најмногу локации каде станбениот квадрат ќе чини помалку од 900 евра засега нуди Гази Баба, во која има парцели кај Железарница, ФАС "11 Октомври", Керамидница, Ченто, а со продажба на државно земјиште во Хиподром 2 ќе се изгради цела населба со куќи и згради



    Во повеќе скопски општини во фаза на градба се 1.000 до 1.500 станови коишто може да се вклопат во проектот "Купи куќа, купи стан", бидејќи цената на квадратниот метар не надминува 900 евра. Такви станови се градат во Ново Лисиче и во Лисиче во Општина Аеродром, во делот на Железарница и на ФАС "11 Октомври" во Општината Гази Баба, во општините Ѓорче Петров, Сопиште, Бутел, Чаир. Во овие општини во следниот период ќе има локации за изградба на уште толку станови или куќи. Гази Баба може да понуди и целосно нова населба во Хиподром 2, каде ќе се изградат стотици куќи и повеќе згради, а мини населба може да се изгради и во Сопиште, во Припор.
    - Ова се добри вести од општините, од аспект на нивната подготвеност максимално да се вклучат во овој проект, кој очигледно наидува на голем интерес кај граѓаните во Скопје - изјави вицепремиерот и министерот за финансии Зоран Ставрески по вчерашната средба со градежни компании и градоначалници на неколку скопски општини.
    Тој најави дека ваквите средби ќе продолжат и во внатрешноста на државата, каде цената на становите не е проблем, но треба да се понудат локации за градба.
    - Очекувам дека на тој начин ќе се забрза постапката на продажба на локации со што ќе овозможиме во наредните четири години, колку што ќе трае проектот "Купи куќа, купи стан", да се понудат атрактивни и евтини локации во градот Скопје, околината, и слично - рече Ставрески.
    Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски вели дека со цената на земјиштето и на становите, таа општина е идеална за овој проект. Тој прецизира дека се работи на издавање одобренија за градба за близу 550 станови во Керамидница, ФАС 11 Октомври, Ченто. За Железара веќе е издадена градежна дозвола и почнато е со градба, а за другите локации процедурата ќе заврши за петнаесетина дена. Општината од централната власт ги презема ингеренциите за управување со градежното земјиште и се планира нивна продажба. Најмногу парцели ќе има во Хиподром 2, меѓу населбата и спортско-рекреативниот центар Хиподром, каде се планирани близу 300 локации за индивидуално домување и околу девет за колективни згради. За педесетина локации е завршена постапката и наскоро ќе се објават за продажба. Становите кои ќе се градат таму може да бидат и поевтини од 900 евра.
    Претседателот на Градежната комора при Сојузот на Стопански комори, Сеад Кочан вели дека градежниците се задоволни од тоа што општините им понудиле атрактивни локации, што е доказ дека проектот на Владата за субвенционирани станбени кредити е прифатен од сите.
    Ставрески вели дека во првиот циклус на проектот кој е во тек, се очекува првите кредити да се одобрат до крајот на март, а конечните резултати за годинава ќе се знаат наесен.

    http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3D673374FE8A4C4A99D3BC502328C532


    Posted By: Djole88
    Date Posted: 01-Mar-2012 at 13:40
    Имате слушнато за овој „ресорт“(стана многу фенси ова име и се почесто се користи)
    http://https://www.facebook.com/cityviewresort - http://https://www.facebook.com/cityviewresort
    http://www.cvr.mk/?page=home - http://www.cvr.mk/?page=home


    Не отворам нова нишка, зошто незнам дали е изграден или допрва ќе се гради. Како и да е, слободно послужете се со овие два линка и кој сака може да отвори нова тема, секако ако има информации



    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 12-May-2012 at 07:35

    Број на станбени објекти (згради) во Аеродром за обележаните површини. Во иднина ќе гледам да го проширам на цел Аеродром. Исто така станува збор за згради, а не за влезови. 

    Мислам дека лесно ќе се снајдете со обележувањето и боите...

    Најпрвин за кои површини се работи:

    Потоа бројките по блокови:

    За на крај бројките по квартови/населби:

     

    Вкупната бројка на станбени објекти/згради за овие опфатени површини е 264.



    -------------
    Македонија - Земја на чудата!


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 12-May-2012 at 09:07
    Интересно е тоа што бројот на станбени згради по блокови во населбата/квартот Јане Сандански е ист. Односно секој блок од 4те блока има по точно 19 станбени згради.
    Истото делумно важи и за Ново Лисиче, каде што бројот на станбени згради е 16, освен за еден блок каде што бројот изнесува 13.

    Погодете каде се наоѓам моментално... Ќе пукнам...


    -------------
    Македонија - Земја на чудата!


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 26-Jul-2012 at 15:36
    Градежен рекорд: Адора за еден месец изгради 11-катна зграда
         
    26.07.2012 | 12:48
    Извор: Нетпрес
    Прочитано: 3998 пати
         Испрати на пријател
         Зголеми го фонтот
         Намали го фонтот


    Градежната компанија Адора инжинеринг за само 31 ден успеа да изгради зграда со 11 бетонски плочи во скопската општина Аеродром.
    Со свој автентичен градежен рецепт, што наликува на кинеско - јапонска машинерија, тимот на АДОРА Инженеринг успеа да постави рекорд во изградба на станбен објект. Со овој рекорд компанијата покажа дека и во време на светска економска криза и во Македонија, со желба и добра стратегија може да се реализираат успешни проекти.

    “Мисијата на менаџментот беше да се постигне рекорд во изградба на станбен објект во Македонија. Благодарение на вредните македонски мајстори-неимари успеавме за само 31 ден да изградиме објект во општина Аеродром. Овој станбен објект се карактеризира со врвна сигурност и квалитет на градба по меѓународни стандарди. За еден месец беа подигнати 7600 м2 бетонско-армирани плочи и столбови со 7200 м3 вграден бетон и 700 тони висококвалитетно железо, што бара максимална работа и целосна посветеност”, вели сопственикот и генерален директор на Адора Инженеринг, Ванчо Чифлиганец.

    Целиот објект се градел на температура од 38 степени, а стотина македонски работници работеле во две смени почитувајќи ги законските пропоси за работа на отворено за време на летните денови.
    http://tocka.com.mk/1/71461/gradezen-rekord-adora-za-eden-mesec-izgradi-11-katna-zgrada - http://tocka.com.mk/1/71461/gradezen-rekord-adora-za-eden-mesec-izgradi-11-katna-zgrada


    Posted By: Bulldozer
    Date Posted: 18-Sep-2012 at 23:05


    Во напредна фаза е оваа зграда која се наоѓа одма до зградава што ја посочуваш



    Посочената зграда до пред две-три недели не беше ни до прва плоча (билбордов е баш пред самата зграда)







    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 18-Sep-2012 at 23:09
    Епа изгледа сум ги помешал xD

    -------------
    Македонија - Земја на чудата!


    Posted By: daci92
    Date Posted: 26-Dec-2012 at 20:40
    https://maps.google.mk/?ll=41.991411,21.44395&spn=0.002173,0.005284&t=h&z=18
    Да прашам ,на оваа локација прееска видов дека нешто се работи на една зграда, е сега ме интересира дали зградата е стара и претрпува целосна надоградба или пак се работи за целосно нова зграда?


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 26-Dec-2012 at 20:54

    Мислам дека е нова...

    И е за пофалба... без грозни поткровја... минималистичка... со остри рабови и со колку што видов само две бои... сиво-бела... ако додадат уште и зеленило... ќе биде екстра пример за архитектурата која би требало да се применува во Маџир Маало... па и пошироко... во цело Скопје...



    -------------
    Македонија - Земја на чудата!


    Posted By: daci92
    Date Posted: 26-Dec-2012 at 20:58
    И мене ми се допадна како изгледа иако ја видов само за момент кога одев накај факултет.
    Ако е нова браво.А за зеленило навистина ќе треба а за тоа само ќе треба да се погрижат за зеленилото околу зградата да го уредат во паркчиња.


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 04-Jan-2013 at 15:10

    Во Аеродром неможе да се наруши ‘‘мирниот живот‘‘, поради тоа што веќе оформените населби како Аеродром, Јане Сандански и Ново Лисиче не се чепкаат. Се гради по нивите и неискористените површини во Аеродром.

    Мене нема да ми сметаат ниту 100 000 жители во Аеродром, Аеродром со мали модификации може да го поднесе тоа. Но, ме загрижува тоа што како што Скопје и Аеродром растат, така Македонија ни се празни. 

    Локално, како во случајот на Аеродром, поголемиот број жители влијае позитивно на економијата, на потенцијалите на општината, но дали тоа влијае позитивно на државната економија и потенцијали, мислам дека не.

    Јас сакам да го гледам Аеродром како расте... но ме загрижуваат последиците кои би се одразиле на цела држава... затоа мислам дека треба да се постават некои граници, кои би се ширеле или стеснувале, зависно од тоа колкав е бројот на жители во РМ... вкупно, но и по региони... 



    -------------
    Македонија - Земја на чудата!


    Posted By: Portal
    Date Posted: 04-Jan-2013 at 21:04
    Stavot moj e kade sto ima mesto neka se gradi, ama toa ne podrazbira i parkovite i zelenite povrsini da se gradat kako vo centarot sto se napravi, toa nema vrska so urbanizmot.
    Ke napravat nekoja duvara natigo % dajmigo % i ke "izglasaat" i op markica i toa bilo spored zakonot, vo demokratijata=kapitalizmot se zane "PARITE" se na prvo mesto i tie odlucuvaat i toa bilo urbanizam??
    Hehe se drugo e normalen razvoj na glavniot grad,... pogore nekoj spomna "dojdenci" za vo Aerodrom, pa Aerodrom nema starosedelci do pred nekoja godina ne ni postoelo naseleno mesto tamu, site se "dojdenci"


    Posted By: daci92
    Date Posted: 04-Jan-2013 at 21:20
    Originally posted by Portal

    Stavot moj e kade sto ima mesto neka se gradi, ama toa ne podrazbira i parkovite i zelenite povrsini da se gradat kako vo centarot sto se napravi, toa nema vrska so urbanizmot.
    Ke napravat nekoja duvara natigo % dajmigo % i ke "izglasaat" i op markica i toa bilo spored zakonot, vo demokratijata=kapitalizmot se zane "PARITE" se na prvo mesto i tie odlucuvaat i toa bilo urbanizam??
    Hehe se drugo e normalen razvoj na glavniot grad,... pogore nekoj spomna "dojdenci" za vo Aerodrom, pa Aerodrom nema starosedelci do pred nekoja godina ne ni postoelo naseleno mesto tamu, site se "dojdenci"

    Мислам дека твојата навреда за сите дојденци во Аеродром не е на место бидејќи таа населба постои многу време ,Лисиче и Мичурин постојат скоро од пред земјотресот, а многу семејства што тука живеат се и стари скопски и од скопската околина.
    Зградите во Општина Аеродром се почнати да се градат после земјотресот но тоа не значи дека се дојденци.
    Еве чисто од мене ќе тргнам од една страна на моето семејство се доселени од Куманово пред повеќе од 40 години ,а од другата страна се доселени од Центар на Скопје (Пајко Мало и Дебар Мало, каде што живееле до пред земјотресот).После земјотресот се преселиле во денешен Хиподром а потоа во Ченто,Лисиче и Чаир.


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 04-Jan-2013 at 22:28

    Нема да прифатам такви навреди дека сум доселенец.

    Да ги објаснам работите за мене, иако тие се лични и приватни работи и не би требало да ги споделувам...

    Јас сум роден тука... Веќе 18 години живеам во Аеродром...

    Моите се преселиле во овој стан во 1982... тоа се 31 година откако се тука... 

    Дедо ми живеел во Аеродром (поточно Скопјанка, во куќа кој подоцна била експроприирана за пробивање на булевар Кузман Јосифовски Питу) уште од 1957... или тоа се 56 години... 

    Од една страна имам потекло од Чаир, од друга Аеродром и Црниче... 

    Јас не сум дојденец... 



    -------------
    Македонија - Земја на чудата!


    Posted By: zabegan
    Date Posted: 05-Jan-2013 at 00:05
    најверојатно Портал мислеше на фактот дека Аеродром е релативно нова населба, па не ни може да постои такво нешто како староседелци со традиција и историја во неа
    а Аеродром не е никнат од немајкаде во 1963 година, туку се градел континуирано, и населбата Јане Сандански и Ново лисиче се тазе населби со 30 годишна историја, може да збориме за стар Аеродром и бараките, ама тоа што го гледаме денес не е воопшто старо... а Лисиче не знам како воопшто може да го класифицирате во урбана средина


    -------------
    Architects create dreams...politicians create nightmares


    Posted By: daci92
    Date Posted: 05-Jan-2013 at 00:26
    Originally posted by zabegan

    најверојатно Портал мислеше на фактот дека Аеродром е релативно нова населба, па не ни може да постои такво нешто како староседелци со традиција и историја во неа
    а Аеродром не е никнат од немајкаде во 1963 година, туку се градел континуирано, и населбата Јане Сандански и Ново лисиче се тазе населби со 30 годишна историја, може да збориме за стар Аеродром и бараките, ама тоа што го гледаме денес не е воопшто старо... а Лисиче не знам како воопшто може да го класифицирате во урбана средина

    Види малце ,незнам колку си запознат но Населба Лисиче е урбана средина ,градена плански целосно по Француски стандарди за предградија.(целиот комплекс Лисиче е донација од Франција во 1964).
    Е сега со текот на времето што луѓето ги реновирале доградувале или срушиле па граделе одново куќите тоа е друга работа.
    А кога станува збор за Горно Лисиче ,Островска и Вардарска (Населени места во Лисиче) тие се неплански места и повеќето беа дивоградби.


    Posted By: Portal
    Date Posted: 06-Jan-2013 at 01:21
    Da nese razbereme pogresno samo citirav... Bez razlika za bilo koja naselba-grad da se raboti terminot "dojdenci" ne e human termin, i go stava graganinot vo podredena polozba pred toj sto e porano doselen.
    Sekoj e sloboden i ima pravo kade saka da zivee i vo zavisnost od negovite postapki sozdava odnos na pocituvan ili ne graganin vo naseto nasaleno mesto / grad ili opstestvo!!
    Zatoa urbanizmot ne ja obrabotuva ovaa tema, zatoa i nebija debateril ponatamu na podforumov...


    Posted By: Portal
    Date Posted: 07-May-2013 at 13:39
    Sala na strana, treba negde kade Adminot ke odluci na koj podforum da gi sporedime stanbenive objekti, (osven standardni zgradi) sto drugo ke nudat za da bidat elitni ili rezidencionalni i slicno...
    Posledno sto primetiv, nadvor od zgradive na Vodno i vo Sopiste zgradite na render se gledase nekoj bazeni(valjda gi ima). Najmnogu sto ke ponudat ovie objekti ke bide bazen i ubavo organizirano sredena zelena povrsina i detski igralista toest (ljuljaski).
    A ne bi gi cinelo kojznae kolku edno univerzalno igraliste (basket, fudbal, odbojka), i edno za tenis i...   


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 07-May-2013 at 23:51
    Originally posted by Portal

    Sala na strana, treba negde kade Adminot ke odluci na koj podforum da gi sporedime stanbenive objekti, (osven standardni zgradi) sto drugo ke nudat za da bidat elitni ili rezidencionalni i slicno...
    Posledno sto primetiv, nadvor od zgradive na Vodno i vo Sopiste zgradite na render se gledase nekoj bazeni(valjda gi ima). Najmnogu sto ke ponudat ovie objekti ke bide bazen i ubavo organizirano sredena zelena povrsina i detski igralista toest (ljuljaski).
    A ne bi gi cinelo kojznae kolku edno univerzalno igraliste (basket, fudbal, odbojka), i edno za tenis i...   


    Идејата е добра, а токму подфорумов прокти>станбени е адекватно место за отворање на нова нишка  Thumbs%20Up

    Инаку опцијата за отворање нови нишки (New Topic) е достапна за сите, не само на админите


    Posted By: Dzeksi
    Date Posted: 08-May-2013 at 14:02
    dali nekoj znae koje e minimalnata cena za kvadrat vo skopje?
    pretpostavuvam toa se zgradite na periferijata od gradov


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 09-May-2013 at 12:26
    Кај мене (во Скопје Север) цените се движат по околу 800 евра за квадрат.

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: ammamm
    Date Posted: 04-Jun-2013 at 10:30
    Некој да не има информација повеќе за ова?




    Posted By: gjoko
    Date Posted: 21-Jun-2013 at 18:46
    мене ми се многу интересни објектите со зеленило на кровот.ГТЦ е најсоодветно за таква работа


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 12-Aug-2013 at 18:16
    КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН: Субвенцијата за половина учество стана неповратна!
    Понеделник, 12 Август 2013 15:14

    Владата направи нова измена во станбени субвенциите со која парите во моделот за половина учество станаа неповратни, открива за Економски.мк вицепремиерот Зоран Ставрески. Измената ќе важи и за новите и за веќе земените кредити.
    kupi-kukja

    Со тоа граѓаните сега можат на самиот старт од проектот да добијат неповратни 9.200 евра за стан или 15.000 евра за изградба на куќа, а оние корисници кои веќе аплицирале за половина учество и го добиле заемот немаат обврска да го враќаат.

    Вицепремиерот и министер за финансии Ставрески верува дека оваа нова погодност значително ќе го зголеми интересот за купување на стан или куќа со финансиска помош од државата.

    - Ова е животна шанса за оние кои имаат некакви, но недоволни средства да добијат значителна сума и да се стекнат со сопствен дом. Во случај на купување стан државата дава 50% од учеството или 9.200 евра за кредит од 50.000 евра. За купувањето или изградбата на куќа, каде што државата покрива 75% од учеството, корисникот добива 15.000 евра за кредит од 50.000 евра, изјави Ставрески за Економски.

    Бенефицијата важи доколку корисниците се придржуваат на веќе востановеното правило исплатата на кредитот да ја вршат подолго од десет години.



    Наместо кирија, 82 евра рата за сопствен дом

    Како што вели вицепремиерот, моделот "Половина рата" е исто така атрактивен ако се има предвид дека во тој случај корисникот на кредитот ќе плаќа поевтина рата за свој дом отколку месечна кирија.

    - Во "Половина рата" за 50.000 евра кредит ратата изнесува 330 евра од кои корисникот плаќа само 82 евра, а државата 250 евра во првите пет години. Сите тие што плаќаат кирија од 100 евра месечно, можат наместо тоа плаќаат 82 евра рата и да изградат куќа или да купат стан, изјави Ставрески.
    http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/126414-KUPI-KUKA-KUPI-STAN-Subvencijata-za-polovina-ucestvo-stana-nepovratna - http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/126414-KUPI-KUKA-KUPI-STAN-Subvencijata-za-polovina-ucestvo-stana-nepovratna


    Posted By: fichot
    Date Posted: 14-Oct-2013 at 10:37
    Originally posted by Џоле

    станбена зграда во нас. Карпош



    Каде ќе биде оваа?


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 14-Oct-2013 at 11:34
    На интернет страницата на АК Инвест (градежната компанија која ќе ја гради оваа зграда) пишува само дека ќе биде лоцирана во Карпош.

    Инаку, оваа зграда се планира да гледа на бул. Партизански одреди.







    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Dexter26
    Date Posted: 14-Oct-2013 at 16:36
    Previous
     
    Ова нема теоретски шанси да биде станбен објект, бидејќи ако биде, не можам да замислам како ќе изгледа кога ќе ги наредат тие чировите од надворешни единици за клима уреди, а сушење облека на тераса па да не правиме муабет.
     
    И пред било кој да ми реплицира со:
     
    Каде гледаш тераса на рендерот ?
     
    Дозволете ми да ве потсетам дека ова е Македонија, земјата на чудата.


    Posted By: zabegan
    Date Posted: 14-Oct-2013 at 21:26
    Originally posted by Dexter26

    Previous
     
    Ова нема теоретски шанси да биде станбен објект, бидејќи ако биде, не можам да замислам како ќе изгледа кога ќе ги наредат тие чировите од надворешни единици за клима уреди, а сушење облека на тераса па да не правиме муабет.
     
    И пред било кој да ми реплицира со:
     
    Каде гледаш тераса на рендерот ?
     
    Дозволете ми да ве потсетам дека ова е Македонија, земјата на чудата.
    иако и мене ми е познато колку многу си патиме од урбано дивјаштво, не би се согласил со тебе, како прво објективе се многу потешки за „модифицирање“ од класичните, како второ, не се вселува секаква стока во нив... еве погледни некои од поновите станбени објекти во Дебар маало и на Партизанска
    за климите немам зборови Shifty


    -------------
    Architects create dreams...politicians create nightmares


    Posted By: Osman-Skopje
    Date Posted: 06-Nov-2013 at 16:18
    Dajte nekoi novi sliki od visokokatnicite i brodovite vo Vardar.


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 06-Nov-2013 at 16:52
    Кај висококатниците нема некои промени, така што нема што да се слика. Ако си ги видел сликите од пред две-три недели, тоа е тоа засега. Инаку, има посебни нишки и за Џевахир облакодерите, и за бродовите во Вардар. Прочепкај малку низ форумот, ќе ги најдеш.

    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: Osman-Skopje
    Date Posted: 07-Nov-2013 at 00:59
    Blagodaram


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 29-Nov-2013 at 10:14
    Зградата на Адора во Аеродром



    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: daci92
    Date Posted: 02-Dec-2013 at 14:06

    Кое е најпосакуваното места за живеење во Скопје?

    2.12.2013 - 13:58:00

    Според информациите од агенциите за недвижности, Водно сѐ уште е меѓу најпосакуваните места за живеење. Иако многу работи се сменија, сепак „елитата“ не се симнува оттаму и најмногу барања за купување плац, куќа или стан има токму за Водно.

    Тоа, пак, го следат и цените, според кои, по центарот, на Водно се наоѓаат најскапите парчиња имот. Без оглед на тоа дали станува збор за куќи, згради или за руинирани бараки, цените на оваа „градска планина“ се меѓу највисоките во државава. Сепак, условите за живот во оваа населба се изменија драстично токму поради ваквата состојба, пишува Нова Македонија.

    - Животот е одличен овде, немам многу забелешки. Има продавници, градинка, училиште... Убаво е, но од месец на месец гледам дека исчезнува комоцијата. Гледам дека секоја срушена барака станува повеќекатна куќа во која живеат и по неколку семејства. Тоа значи повеќе автомобили за кои нема гаражи, па се оставаат на улица. Гледам дека речиси цело Водно станува еден мал град, во кој ќе се преслика животот од центарот. Густо, задушливо со тесни улици и многу народ. Мора нешто да се преземе во иднина, оти полека но сигурно оваа населба ја губи битката со градежната експанзија - ни изјави Ангеловска.
     

    Дека населбата е сѐ уште посакувана говорат и цените на недвижностите што се нудат на пазарот. Во населбата Црниче може да се забележат куќи што се продаваат од 400.000 до 900.000 евра.

     Тоа се најчесто луксузни куќи, кои се со голема квадратура и солидна градба и опременост. Но и помалку луксузните објекти на добро место достигнуваат високи цени. Така што на Водно се продава и барака што чини 700.000 евра.

    Понудата е скапа поради атрактивноста на плацот и маркичката за градба, која би се добила по уривањето на бараката. Економската логика ги мами инвеститорите да купуваат имоти на Водно и на нив да градат висококатници, кога тоа ќе им се дозволи, а по тоа со продавање делови од нив да прокнижат милионски суми. Токму поради добриот профит неколку големи светски брендови решија да инвестираат токму во овој дел од градот. Тука, секако, вредна за споменување е турската инвестиција на „Џеваир холдинг“, наречена Сончев град, но и луксузниот комплекс на австриската „Соравија“.
     

    - Кога размислувавме каде да инвестираме, во фокусот ни беше планината Водно, која покрај веќе потврдениот имиџ на елитна населба во свеста на луѓето во Македонија, објективно нуди идеална комбинација за живеење во мир и тишина со простор и поглед отворен кон Скопје од височина. Оваа населба во исто време е и доволно блиску до центарот на градот, а сепак надвор од градскиот метеж - истакнуваат од „Соравија“.

    http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1252591623/koe-e-najposakuvanoto-mesta-za-ziveenje-vo-skopje - http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1252591623/koe-e-najposakuvanoto-mesta-za-ziveenje-vo-skopje



    Posted By: nefer22
    Date Posted: 13-Dec-2013 at 00:53
    нов сум на форумот; ме интересира како да утврдам податок за матерјалот и изведба на преграден зид од становите спрема скалишното јадро. На веб сајтот се уште стои :
    Станбените и деловните единици како и јавниот простор ќе бидат опремени со адекватни материјали, согласно архитектонското решение.
    Ѕидовите во сите објекти се од блок тула.Ѕидовите кон скалишното јадро се сендвич (10+2+10), ѕидовите помеѓу становите се блок тула од 25см, додека внатрешните прегради се блок тула од 10см.
    Како изолација во сендвич ѕидовите се користи ФИБРАН, кој има одлични карактеристики по однос на топлотната и звучната заштита. Ѕидовите и плафоните се малтерисани, глетувани и завршно колористички обработени.

    Завршната обработка на ѕидовите и подовите, во бањите, делумно во кујните и на терасите, е керамика од европско потекло. Подовите пак во преостанатиот станбен простор се обложени со дабов паркет, завршно лакиран. Влезните врати во становите се сигурносни со соодветен оков и вграден сигурносен систем. Внатрешната столарија е од медијапан обложен со фурнир и завршно лакиран со полиуретански мат лак. Станбените единици и локалите се опремени со санитарии од европско потекло со придружни елементи.
    Е сега одговорниот на градилиштето тврди дека зидовите спрема скалишниот простор се чист бетон, без никаква изолација, т.е. изолирани се само надворешните зидови.
    Ме интересира дали е дозволено спрема новите прописи во становите да се користат чисто бетонски зидови, како од аспект на изолација, влага а и удобност на луѓето, мислам дека во Европа не се користат бетонски зидови без изолација ниту во казнено - поправните установи ?? Исто така ме занима постои ли постапка и надлежна инспекција околу битен суштински неквалитет или лоши проектански решенија ? Некој тврдат дека сега е најлошо од било кога, надзорот е приватен, мува не ги лазе. Посебна приказна се инсталациите за водовод и парногреење.


    Posted By: jyvation
    Date Posted: 10-Mar-2014 at 21:18
    ГРАДЕЖЕН БУМ ВО „СПАЛНАТА СОБА“ НА СKОПЈЕ

    НОВИТЕ ЗГРАДИ ВО АЕРОДРОМ ЌЕ ПРИМАТ 10.000 ЖИТЕЛИ



    Во изминативе две години, во Аеродром, Ново Лисиче и во делови од Лисиче владее вистинска градежна експанзија - во 38 нови станбени згради се вселени или во блиска иднина ќе се вселат околу 10.000 нови жители, вклучително и во облакодерите на „Џеваир холдинг“. Во четирите кули на турскиот инвеститор се очекува дека ќе живеат околу 6.000 луѓе. Од нив, досега се изградени два облакодера до карабина, а крајот на изградбата и почетокот на вселувањето се очекуваат до крајот на 2015 година.

    http://www.dnevnik.mk/?ItemID=7C4D4A969ADF134D9DD13C810DDD9315 - http://www.dnevnik.mk/?ItemID=7C4D4A969ADF134D9DD13C810DDD9315


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 01-Apr-2014 at 19:58
    Постовите за „Белведере Ресорт“ се префрлени во соодветната нишка за проектот:
    http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2947 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2947

    ... мада и во нишката за урбана мафија да ги префрлев, немаше да згрешам    


    Posted By: daci92
    Date Posted: 14-Apr-2014 at 14:39
    Неможам никако да издадам координати од гоогле па еве вака само ќе ви ги напишам.
    41.985639, 21.450700

    На оваа локација се издига зграда веќе неколку месеци, незнам кој ја гради бидејќи не сум поминал таму туку само од автобус ја гледам.



    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 16-Jun-2014 at 14:23
    Сé повеќе скопјани се селат на периферија
    Нова населба никнува во периферијата, која ја создаваат млади двојки, кои наместо помал стан во центарот, избрале да изградат куќа во приградските населени места.

    kuka

    Општина Илинден во селото Марино пред две години продаде 24 плаца, од кои на 11 во моментов се градат новите домови, а три се веќе вселени. Идните жители на Марино велат дека сакаат мир и спокој, далеку од градската џунгла, што е главната причина што бегаат во приградските делови, пишува „Дневник“.

    Овде свој дом градат млади луѓе од Скопје и од други градови во државата. Темелите на својата куќа пред три дена ги постави 33-годишниот Ристе Атанасов, кој е од Радовиш, а работи во Министерството за транспорт во Скопје. Се надева дека во ноември куќата ќе биде готова.

    - Се решив да изградам овде бидејќи условите што ги даваат Владата и Општина Илинден се многу поволни. За истата површина на куќа што ќе ја изградам овде, во Скопје би добил помал стан. Kомуналиите за градба се ниски – вели Атанасов и додава дека во Скопје е пет години и живее под кирија.

    - Наместо за кирија, со парите ќе исплаќам рати и ќе си го решам станбеното прашање. Нешто ми помага и мојот татко. Овде ги има сите потребни содржини и услови за еден млад човек да формира семејство. Има градинка, дом на култура, библиотека, спортски игралишта, спортска сала, основно и средно училиште – вели Атанасов.

    Малку подалеку од него куќа гради и 36-годишниот Сашко Младеновски. Тој живее во центарот на населбата Илинден, но решил да изгради куќа и во Марино бидејќи е помирно.

    - Ми се допадна локацијата и решив да градам овде. Според урбанистичкиот план, веднаш спроти мојот плац е предвиден парк со клупи за седење и детско игралиште, како и деловни објекти. Треба да се средат и одводот и патот – вели Младеновски.

    Во Општина Илинден велат дека во близина е економската зона Марино-Kадино каде што ќе се отвораат нови погони, а во кои може да се вработат младите луѓе што ќе се населат во овој дел од Скопско. Градоначалникот на Илинден Жика Стојановски смета дека Општината ги понудила сите услови за добар живеење.

    - Спроведена е струја, сите плацови имаат приклучок за вода. Тие ќе бидат приклучени и на фекалната канализација, а во близина е и пречистителната станица. На крајот ќе се направи и патната инфраструктура – изјави Жика Стојановски, кој се радува што плацовите ги купиле, пред се`, млади семејства од цела Македонија, како што вели, од Радовиш, Kуманово, Kрива Паланка, Тетово, Јагуновце и од Пробиштип.

    Плацовите беа продавани по почетна цена од 128 денари за квадратен метар. Тие се со површината од 350 до 550 квадрати.
    http://republika.mk/?p=266923

    За овој тренд кој веќе долго време го има во Германија имам на неколку пати зборувано. Се надевам дека и кај нас се повеќе луѓето ќе ги ценат предностите на мирниот живот на периферијата место хасот кој го имат во урбаните делови во градот. Колку што знам освен гореспомнатото Марино доста се гради и во Драчево. Сао подобрување на инфраструктурата за кратко време ќе се стига до центарот а од друга страна место кокошарник од видот на БЛОК стамбена зграда како оние во Реонски Центар имате Куќа, двор и може да правите што сакате.



    Print Page | Close Window