Print Page | Close Window

Зајчев рид

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбанистички целини
Forum Discription: Урбанистички планови и градски микролокации
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=526
Printed Date: 28-Apr-2024 at 00:32


Topic: Зајчев рид
Posted By: Cloverstack
Subject: Зајчев рид
Date Posted: 28-Nov-2008 at 03:54
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B7180F3D3A5E034DA7CE33B67A6F0B71

На Зајчев Рид ќе се гради мини-град

Советот на Општина Карпош го усвои ДУП за локалитетот, со што е реализирана една владина идеја

Советот на Општина Карпош едногласно даде зелено светло за изградба на станбена населба на Зајчев Рид, усвојувајќи го вчера Предлог-деталниот урбанистички план. Со планот на кој се работеше во изминативе две години, Зајчев Рид првпат ќе добие урбанистичка рамка, со што автоматски ќе се реализира и дел од владината програма за изработка на урбанистички планови од значење за државата. Урбанистичка рамка доби земјиштето од околу 147 хектари на кое, покрај станбени згради, е предвидена изградба на индивидуални објекти, црква, конгресен центар со хотелски комплекс, образовни институции, плоштад, парк... Станбените објекти ќе имаат најмногу шест ката, а индивидуалните три. Усвоениот план се разликува од досегашните верзии во урбанистичкиот опфат поради решението од Управата за заштита на културното наследство. Опфатот е зголемен, бидејќи при анализата на теренот биле откриени антички гробови. Изработувачите на планот објаснија дека населбата е замислена како амбиентална целина. Општината ќе може да ги услови заинтересираните инвеститори на предвидените содржини во смисла на архитектура, материјали и слично.

Најголем дел од земјиштето опфатено со планот е во државна сопственост, а има и приватни парцели. Пред две години кога Министерството за транспорт го предвиде локалитетот Зајчев Рид во програмата за изработка на урбанистички планови, најави дека државното земјиште ќе се отуѓува на меѓународен тендер. Цената на земјиштето, како што беше речено, ќе биде приближна, а може и повисока од цената по која се продаде земјиштето за изградба на населбата Сончевград. Од Општина Карпош, пак, тогаш најавија дека во општината една сериозна германска фирма неколку пати се распрашувала за локалитетот, сакајќи да инвестира во изградбата. (Дс.Т.)




Replies:
Posted By: SnowMaker
Date Posted: 15-Jan-2009 at 23:13
Случајно чепкав на нет и наидов на форумов Smile

Па си викам да поставам некое прашање сигурно ќе има некој на форумов што би знаел. Епа вака: Моите дедовци имаат плац на Зајчев Рид кај раскрсницата накај Бардовци од страната на РХМЗ и е точно на брдото (Покрај улицата што е од Влае до автосалоните). Повлекоа моите барање за Денационализација ама некако на тие одговорните не им се дава тој плац Smile. Последно што им рекле е дека го земале Археолошко друштво на Р.М. и дека нема никакви шанси да се врати тоа земјиште.

Дали стварно е дадено за ископување на Археолошко Друштво или пак си го зел некој Газда па сака нешто да гради и сега не го дава?

Фала однапред

Поздрав, и се надевам дека некој ќе знае да ми одговори Smile!


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Jan-2009 at 23:54

па таму е Скупи, но побарај и официјален документ да добиеш, но најверојатно тоа многу нема да смени. сепак за да ти е мирна совеста оди до крај и испитај ја работата, има мислам второстепена комисија за жалби во владата во однос на денационализацијата, на крај ако и од тоа не си задоволен терај ја работата на суд.

исто има доста веројатност и да се работи за фол, со оглед дека ако излегува на пат тоа е доста атрактивно место само треба да се осигураш кои се границите на локалитетот и дали навистина е определено местото за археолошко истражување. односно сондажите покажале дека постои материјал за истражување. од она како што те разбрав ти си поблиску до тоа сервисот пред патот за бардовци или кон тенискиот клуб, со оглед дека велиш на тумбата ти е плацот, ако си на тумбата инетресно значи почнале да ги шират испитувањата и на јужната страна на тумбата...



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Jan-2009 at 00:18
Колку знам оваја година се иде во правецот на брдото со ископувања, сондирањата покажава дека во тој дел има ископини.
Знам дека имаше исто така  некој проблем со некој гробишта кој се према брдото.
Задолжен за испитувањата во Скупи е Музејот на град Скопје.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 16-Jan-2009 at 02:34
па сите тумби во скопје биле контиунирано населени уште од неолит наваму, и маџари и зајчев рид и калето и газибаба и таор, интересно незнам дали природни околности ги терале луѓето на ова или пак се работи исклучиво за точки погодни за извидување, но по аналогијата на кокино повеќе држи дека истиве тумби биле користени за храмови и елитни резиденции, нешто налик географски точки за културна и социјална доминација Smile 


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Jan-2009 at 11:07
Originally posted by beTon

па сите тумби во скопје биле контиунирано населени уште од неолит наваму, и маџари и зајчев рид и калето и газибаба и таор, интересно незнам дали природни околности ги терале луѓето на ова или пак се работи исклучиво за точки погодни за извидување, но по аналогијата на кокино повеќе држи дека истиве тумби биле користени за храмови и елитни резиденции, нешто налик географски точки за културна и социјална доминација Smile 
епа најстарите населби на балканов се на ридови, бидејќи тоа биле важни стратешки места, исто манастирите на пр. се на високи ридови поради изолираност и заштитеност
само ај да не забегаме од темава Big%20smile


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jan-2009 at 01:34

До Акведуктот по кал до колена

Од Општина Бутел, на чија територија се наоѓа овој културно-историски споменик, велат дека се чека новиот ГУП, во кој ќе се внесат предложените измени за тој да заживее

Поради недонесувањето на новиот Генерален урбанистички план (ГУП), Акведуктот и во наредните години ќе остане непристапен за граѓаните, зашто за да се стигне до него, мора да се минува низ ниви. Општината Бутел, на чија територија се наоѓа овој значаен културно-историски споменик, не може да интервенира, бидејќи чека предложените измени за овој дел од нејзината територија да влезат во ГУП.

- Со измената на тој план ние го внесуваме и најголемото културно-историско богатство на територијата на општината, а тоа е Акведуктот. Сега се' зависи од Градот, зашто ние не го усвојуваме ГУП. Ние само го усогласуваме Детаљниот урбанистички план со ГУП - вели градоначалникот на Бутел Петре Латиновски.

Општината Бутел одамна има поднесено предлог до Градот за да се измени ГУП и подготвена е дури да учествува со сопствени средства, целиот простор околу Акведуктот максимално да биде ставен во функција. Од Градот им било ветено дека ќе ги внесе измените во ГУП и дека ќе се направи група што ќе ги разгледа забелешките за да ги детализира сите измени во планот. Сепак, Советот на Градот, лани, на почетокот на летото, донесе одлука не за измени на ГУП, туку за донесување нов ГУП, што ги одолжува работите. Постапката за донесување нов ГУП е почната, но таа законски може да трае и до две години.

- Од сите скопски општини имаше доставени многубројни забелешки за измени и затоа е решено да се донесе комплетно нов ГУП, во кој тие ќе бидат внесени. Стручни тела ќе ги разгледаат тие измени, па ќе се организира јавна расправа. За тоа е потребен подолг временски период - велат од Одделението за односи со јавноста од Градот.

Самиот споменик е препуштен на забот на времето, иако надлежните неколку години ветуваат дека од него ќе направат туристичка атракција. Се чекаше на изградбата на булеварот Словенија. Сега и тој е готов, но се чека ГУП.

Општината Бутел со измените предложила просторот од двете страни на улицата Словенија да биде наменет за индустриски објекти, додека делот кон Акведуктот да се заштити со закон, а со ДУП да се осмислат пристапните патишта.

Општината има и проект за тоа како би го заживеале Акведуктот и би го направиле попристапен за посетителите. Портпаролот на Општината, Снежана Клинчарова, вели дека според проектот, предвидени се два пристапни пата до објектот, а на просторот околу него - шеталиште, летна сцена и пешачки патеки. На последните средби со министерката за култура, се разгледувала и можноста за изградба на фонтана.

- Министерството ќе издвои средства за конзервација и реставрација на Акведуктот. Сакаме тој простор да биде со мултимедијални намени. Да биде отворен за посети на ученици што овде би можеле да одржуваат историски час, да биде пријатно место за прошетки на граѓаните, а интересно за туристите. Акведуктот треба да ги задоволува не само потребите на локалното население, туку и да ги надминува локалните граници, објаснува Клинчарова.

Дел од проектот се однесува на конзервацијата и заштитата на споменикот, за што треба да се направат дополнителни истражувања. Од Министерството за култура велат дека засега не се предвидени конкретни активности околу конзервацијата на овој културно-историски споменик.

-Точно е дека одамна се разговара за конзервацијата на овој споменик. Но, најпрво Општината Бутел треба да ги регулира имотно-правните односи во тој дел, а тоа е сложена постапка која се одвива бавно. Дури потоа како институција ќе можеме да се зафатиме со конзервацијата и реставрацијата на објектот, со која убеден сум дека ќе ги зачуваме монументалните остатоци на Акведуктот, изјави Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

До римскиот акведукт се стигнува преку булеварот Словенија, и тоа од страната на Бутел, потоа по новиот мост на реката Серава, од каде што се врти лево, но мора да се оди по земјен, необележан пат за да се стигне до него.

Акведуктот го снабдувал со вода новиот град Јустинијана Прима

Стариот акведукт е изграден од камен и тули. Имал 200 лака, од кои денес се зачувани 55, кои се потпираат на масивни столбови. Овој стар водовод е во должина од 400 метри.Според научните сознанија, се' уште не може точно да се утврди периодот кога е изграден овој значаен културно-историски споменик. Најнови претпоставки се дека акведуктот е изграден за потребите од снабдување со вода на новиот град Јустинијана Прима, во 6 век пр.н.е.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F7483E488D47974D95C3E3D84C282A3D


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Apr-2009 at 19:12
Лукацијата Скупи



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 05-Apr-2009 at 19:26

мислам ова лево се гробиштата за домашни миленици во СК!?

иако според текстов такво нешто во СК не постои http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=201165D0EA6C0040BA00C6ED52BD8DD0 - Граѓаните бараат Скопје да добие гробишта за миленици- Утрински - 14.04.2008 ... 



Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 15-Jan-2010 at 15:18

Прашане:

Дали може да ми кажете што за проект е тоа:
 
 
 
 
Дали се работи или е само проект?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jan-2010 at 16:09


http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=674&PN=1 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=674&PN=1

Накратко, ова е предлог проект за просторот на касарната Илинден во Скопје. Во моментов повеќе касарни низ државава се пренаменуваат урбанистички и на нив се планирани разни содржини. Но сето тоа е уште во фаза на промена на урбанистички планови и барање инвеститори.


Posted By: Max
Date Posted: 17-Feb-2010 at 01:02
  ако не се сматка тука нешто ова ќе биде најспектакуларниот рид во скопје, после калето, со оглед дека има екстра панорама, но воедно и парк во близина, хотели, стадиони, сали... мало но интересно брдо на кое за сега има само репетитор на космофон и метереолошки завод во продолжение!  


Posted By: krale
Date Posted: 17-Feb-2010 at 13:11
Штета што Зајчев рид не се урбанизира - но за тоа да се случи мора најнапред да се испита археолошки. Заради тоа се кочи целото ширење на градот во насока кон север во овој дел.

Инаку мислам дека нема да има никаква денационализација се додека не се утврди дека нема никакви вредни ископини под ридот.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 10-Dec-2012 at 12:57

АKТУАЛИЗИРАНА ИДЕЈАТА ЗА НОВА НАСЕЛБА KАЈ ХИДРОМЕТЕОРОЛОШKИОТ ЗАВОД

Kарпош ја кани елитата на Зајчев Рид

По неколку години заборав на замислата за елитна населба на запуштениот рид, на последната седница на Општината беа усвоени измени на планот. По завршување на целата постапка, се очекува локалната власт да распише повик за продажба на стотина парцели

По неколку години затишје од најавата за изградбата на населба на Зајчев Рид, темата за елитно место за живеење повторно станува актуелна. На последната седница на Советот на Општина Kарпош усвоени се измени на планот за овој реон, кој предвидува урбанизација на запуштената локација зад Хидрометеоролошкиот завод, со површина од 150 хектари. Во наредниот период ќе следува јавна расправа на нацрт-верзијата на планот, а по нејзиното завршување и усвојување на финалната верзија од Советот, локалната власт се подготвува да распише повик за отуѓување на парцелите во државна сопственост. Пред неколку години таква намера имаше Владата, но по ланското предавање на градежното земјиште во рацете на Kарпош, таа можност сега ја има локалната власт.

С` уште е рано за детали околу цената по која ќе се наддава, а и дали ќе се бара само еден инвеститор за реализација на целата замисла, од типот на Сончев град во Сопиште, за кој неодамна беше распишан повик за инвеститор.

Kако што објаснија надлежните од Општината, половина од земјиштето е наменето за индивидуално домување, а друг дел за трговски единици и хотели, бензински пумпи, плоштади, амфитеатар. Станува збор за стотина парцели, или 4.000 нови станбени единици. На презентација на планот процената на изработувачите беше дека тука дневно ќе гравитираат 24.000 луѓе.

- Во овој дел од градот ќе се најде место и за мали комерцијални и деловни објекти, за зеленило и за потребната комунална инфраструктура. Ќе има и содржини за рекреација, но и место за изградба на спортски објекти од отворен и затворен тип - изјавија од одделението за односи со јавноста.

На другиот локалитет од Зајчев Рид, односно блоковите 3 и 4, освен домување и деловни единици, зацртани се поексклузивни содржини. Се дава можност за објекти за домување со посебен режим и ограничен пристап. Поточно, елитни мини-населби. Исто така и за училиште, градинка, верски објект, амбуланта, објект за социјална заштита, појаснуваат од Kарпош. Сообраќајот е решен со неколку новопроектирани улици. Во населбата ќе се влегува од четири места - од Момин Поток, од надвозникот на патот за Kачаник, булеварот Словенија, како и од потегот што води кон населбата Бардовци.

Еднокатни куќи во Злокуќани

Освен Зајчев Рид, ќе се урбанизира и локалитетот Злокуќани, јужно од улица Скупи во делот кај клучката за Бардовци, одлучи Советот на Kарпош, усвојувајќи ги измените на планот за овој реон. Најголем дел од просторот е наменет за индивидуални куќи, со висина од девет метри, односно кат и потпокрив. Дел од земјиштето е предвиден и за изградба на училишта, мали деловни и комерцијални објекти, како и за формирање парковско зеленило.

Александар Арсовски


Dnevnik, http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9B3F676F03852D4FB17D56B8A5EA4413



Posted By: BOJAN
Date Posted: 03-Apr-2013 at 11:04
Урбанистичките планови за овој локалитет станаа историја. Општина Карпош треба да покаже барем мала заинтересираност за овој проект, за делот од касарната Илинден, за туристичкиот потенцијал на Водно и за останатите проекти на периферијата од општината кои имаат можност да и донесат севкупен развој за подолго време.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Sep-2013 at 10:47
Земјоделското земјиште е пренаменето во градежно во реонот на Зајчев рид. Урбанистичките планови не се објавуваат од општина Карпош од нејасни причини, што е поприлично сомнително. А какви муабети се говори за тоа кој криминалец се обидува да го земе целото земјиште на нелегален начин, за тоа подобро е да не отворам муабет.


Posted By: build
Date Posted: 25-Sep-2020 at 14:17
https://denar.mk/182816/ekonomija/vo-karpos-se-finalizira-proekt-za-eko-naselba-koja-ke-se-prostira-megju-zlokukjani-i-bardovci
do kaj e so proektot


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Apr-2021 at 14:49


https://www.facebook.com/bogoevstefan


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Apr-2021 at 18:16



Може на пример да го стават ДУП-ов на официјалниот општински сајт, каде што му е местото, наместо на фејсбук профил на градоначалникот и во нечитлива резолуција.



Posted By: user8642
Date Posted: 10-Apr-2021 at 20:29
Originally posted by Cloverstack

... и во нечитлива резолуција.
Пази да не стават и некој векрторски формат као .dwg. Едвај .pdf со лош зум и можност да бираш layer-и е редок позитивен пример овде-онде да се најде.


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-Apr-2021 at 11:45
НОВА НАСЕЛБА ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО СКОПЈЕ НА ПРОСТОРОТ ОД КАСАРНА „ИЛИНДЕН“ ДО БУЛЕВАР СЛОВЕНИЈА, ОПШТИНА КАРПОШ ГО ДОНЕСЕ ДЕТАЛНИОТ ПЛАН





Нова населба ќе стане просторот од касарната „Илинден“ кон булеварот Словенечка во Скопје. Општина Карпош го донесе новиот Детален урбанистички план (ДУП) Касарна „Илинден“, кој предвидува изградба на станбени згради, трговски центри, деловни објекти, хотели, како и објекти за јавни установи.

Целиот Детален план опфаќа површина од 34,831 хектари, и е дефиниран на север кај булеварот Словенија, на исток се движи по новопланираните сервисни улици 1804 и 1811, а на југ и запад се протега низ булеварот Никола Карев. Овој простор сега е празен, а со новиот план се предвидува негово комплетно уредување,

„Со овој план ги реализираме нашите заложби градењето од урбаниот дел да се пренасочи кон периферијата. Опфатот е конципиран во една целина со вкупно 34 парцели со намена за домување и трговски единици, хотелски комплекс, се предвидува изградба на основно и средно училиште, како и градинка, објект на МВР и станица за технички преглед на возила. Исто така, планот предвидува простор за парковско зеленило (Д1) и заштитно зеленило (Д2)“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Општина Карпош.

Kатноста која се предвидува за зградите е приземје плус седум ката, додека за деловните објекти приземје плус пет ката.

Според параметрите на планот, за намената домување предвидени се 24.775 метри квадратни или 7,11 отсто од целиот ДУП. За намена комерцијални и деловни објекти предвидени се 74.236 метри квадратни или 21,31 отсто. 50.211 метри квадратни метри или 14,42 проценти од целата површина ќе има намена за јавни институции.

„Драстично е поголема квадратурата за површини за зеленило и рекреација, односно за намена Д – зеленило и рекреација се предвидени се 71.549 метри квадратни или 20.54 отсто од целиот ДУП. Останата површина од 127.544 метри кавдартни или 36,62 отсто се наменети за потребната инфраструктура“, велат од Општина Карпош.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nova-naselba-ke-se-gradi-vo-skopje-na-prostorot-od-kasarna-ilinden-do-bulevar-slovenija-opshtina-karposh-go-donese-detalniot-plan/


Posted By: user8642
Date Posted: 12-Apr-2021 at 19:26
Ова е врз колку-толку оформено некакво деградирано зеленило. Има делови околу Зајчев Рид и Бардовци што се сосема голи земјоделски површини.


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Jan-2023 at 16:50
ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ПРОДАВА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ КАЈ КАСАРНАТА ИЛИНДЕН ЗА СТАНБЕНИ ЗГРАДИ

Државно земјиште со површина од над 40.000 метри квадратни кај касарната Илинден во Скопје ќе се продава за изградба на згради. На вчерашната седница на Советот на Општина Карпош беше изгласана одлуката за отуѓување на градежно земјиште за реализација на Деталниот урбанистички план (ДУП) Градска четврт ССИ 03 од Блок 4, касарна Илинден.

Според одлуката, на јавна лицитација ќе се продаваат 11 градежни парцели, на кои потоа ќе можат да се градат згради. Деталниот урбанистички план предвидува изградба на станбени згради од приземје, пет ката и поткровје, со височина од 21 метар. Во рамките на овој дел зацртани се маркички и за изградба на ново училиште, како и објекти за потребите на Министерството за одбрана.

За одлуката гласаа осум советници од СДСМ, двајца советници од ГРОМ, еден советник од Демократска партија на Србите и еден советник од ВМРО-ДПМНЕ кој излезе од советничката група. Против беа четири советници од Левица, двајца советници од „Независни за Карпош“, а пет советници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека нема ништо спорно во оваа одлука, бидејќи таа овозможува Карпош да се шири кон периферијата односно да се намали притисокот за градење во урбаниот дел.

„Истите тие советници од ВМРО-ДПМНЕ кои сега не гласаа, во 2018 го гласаа овој план и го фалеа дека со него ќе се овозможи ширење кон периферијата. Постапката ќе се врши транспарентно на јавна лицитација, односно кој понуди највисока цена ќе го купи земјиштето“, вели Јакимовски.

Против продажбата на државното земјиште беа и советниците од „Независни за Карпош“.

„Да, Карпош треба да се шири во тој дел, но не со отуѓување на градежно земјиште или ако веќе се отуѓува, со услови за многу повеќе зелени и јавни површини, а не сѐ што е општествено да се продаде“, вели советничката Татјана Стојановска од „Независни за Карпош“.

ДУП-от за касарна Илинден беше донесен во 2018, во мандатот на Стефан Богоев.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-prodava-drzhavno-zemjishte-kaj-skopskata-kasarna-ilinden-za-gradene-zgradi-jakimovski-veli-so-odlukata-gradeneto-se-nasochuva-kon-periferijata/ - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-prodava-drzhavno-zemjishte-kaj-skopskata-kasarna-ilinden-za-gradene-zgradi-jakimovski-veli-so-odlukata-gradeneto-se-nasochuva-kon-periferijata/

-------------
Carpe diem


Posted By: stef4o
Date Posted: 31-Jan-2023 at 17:55
Ќе се градат згради, амбасади, објекти за потребите на МО и на МОН



Станува збор за 11 парцели, со површина од 1.502 до 14.463 квадратни метри во делот кај касарната „Илинден“, опфатени со ДУП-от за градскиот кварт ССИ 03, блок што е донесен во 2018 година, а кој е се со намена А2 – „мали“ зградички од П+5+ПК, плус зеленило и паркови на површина од 11.762 квадрати. Советниците од Независни за Карпош – За заштита на Карпош велат дека се против отуѓување на земјиштето, бидејќи не сакаат непланско градење и узурпирање на секоја слободна површина за нечиј профит



Ќе се продаваат 11 парцели на територијата на Општината Карпош, кои се државно земјиште, во делот кај касарната „Илинден“, опфатени со ДУП-от за градскиот кварт ССИ 03, блок што е донесен во 2018 година.

Со 18 гласа „за“, советниците на последната седница на Советот на Општина Карпош ја аминуваа програмата за активностите на Општина Карпош во областа на располагање со градежно земјиште во државна сопственост на подрачјето на Општина Карпош за 2023 година.

Од Општина Карпош велат дека локалната самоуправа ќе ја спроведува постапката за отуѓување и потенцираат дека на парцелите е предвидено да се градат згради во висина од пет ката.

– Деталниот урбанистички план е донесен во 2018 година со 22 гласа „за“ во Советот на Општина Карпош. Според него, на овој дел се предвидени и објекти за државни институции, потоа амбасади, како и објекти за потребите на Министерството за одбрана и на Министерството за образование и наука. Планот, исто така, предвидува и зеленило и паркови на површина од 11.762 квадратни метри – кусо одговорија од локалната самоуправа.

Оттаму не прецизираа кога ќе започне постапката за отуѓување.

Советниците од Независни за Карпош – За заштита на Карпош велат дека се против отуѓување на земјиштето, бидејќи се против непланско градење и узурпирање на секоја слободна површина за, како што потенцираат, нечиј профит.

– Всушност, се работи за парцели со намена А2 – „мали“ зградички од П+5+ПК за кои ќе се отуѓуваат 11 градежни парцели со површина од 1.502 до 14.463 квадратни метри – истакнуваат советниците од Независни за Карпош – За заштита на Карпош.

Оттаму додаваат дека биле обвинувани за притисок и врски со кои ги добивале претставките пред Уставниот суд, за учество во заговори со инвеститорите за делење добивки и ред други теории на заговори, и дека одат и против граѓаните што не гласале, со тоа што имале деструктивна улога да не се градело.

– Сепак, ние јасно кажавме за што ќе се залагаме и опстојуваме да ги штитиме интересите на тие што не гласале, а тоа е НЕ за непланско градење и узурпирање на секоја слободна преостаната површина за нечии профити – истакнуваат од Независни за Карпош – За заштита на Карпош.

Тие потенцираат дека не се против да се шири Карпош во тој дел, но не се за отуѓување градежно земјиште или ако веќе се отуѓува, со услови за многу повеќе зелени и јавни површини, а не сè што е општествено – да се продаде.

https://www.vecer.press/ќе-се-градат-згради-амбасади-објекти-з/ - https://www.vecer.press/ќе-се-градат-згради-амбасади-објекти-з/

-------------
Carpe diem


Posted By: alexsend
Date Posted: 31-Jan-2023 at 19:27
Ова е тоа со филмските студија?

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.



Print Page | Close Window