Print Page | Close Window

Ски центри (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Спортски
Forum Discription: Стадиони, сали, спортско-рекреативни објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=527
Printed Date: 28-Mar-2024 at 14:37


Topic: Ски центри (општо)
Posted By: lslcrew
Subject: Ски центри (општо)
Date Posted: 04-Dec-2008 at 10:29
ТУРИСТИЧКИОТ ЦЕНТАР НАД БИТОЛА ЧЕКА ИНВЕСТИТОРИ
За ски центарот Пелистер потребни 60 милиони евра

Доколку се средат односите со најголемиот донатор, швајцарската агенција за соработка и развој , и се изнајдат нови инвеститори, Националниот парк "Пелистер" Битола, може да прерасне во голем зимско-летен туристички центар. Ден пред почетокот на одбележувањето на 60 - годиШниот јубилеј, директорот на паркот СаШо Мицковски вели дека швајцарците треба да дефинираат кои од проектите би можеле да ги поддржат до 2010 година.
"Двете студии за развој на зимскиот туризам на Пелистер, изработени од словенечки и Швајцарски експерти, предвидуваат бројни сместувачки капацитети во потпелистерието, а скијачките терени би биле во повисоките делови на планината, кај Орлови Бари, каде снегот се задржува подолго време", вели Мицковски.
Ваквата идеја постои долго време и за неа биле заинтересеирани и голем број странски инвеститори. Проектот би чинел околу 60 милиони евра. За изградба на инфраструктурата би биле потребни 15 до 20 милиони евра, а остатокот би се вложил во изградба на прифатилиШта и хотели.
Во меЃувреме, Пелистер останува само место каде битолчани и ретките гости од надвор, претежно од соседна Грција, можат да се нагостат само со чист планински воздух. И оваа зима скијачката патека кај Копанки Ќе остане неискористена, бидејЌи веЌе неколку години не функционира единствената жичарница на Пелистер со која управува Планинарскиот спортски клуб "Пелистер".
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160445&idg=8&idb=2540&rubrika=Makedonija




Replies:
Posted By: beTon
Date Posted: 16-Jan-2009 at 17:00
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=30D8C1B581733F4FBD25B78C23DA4250&arc=1 - Охриѓани развиваат туризам на Пелистер

Пештанците Наумче и Татјана Јанески успеаја да привлечат гости од цела Европа со изградбата на вила во Ниже Поле, но се незадоволни од инвестициите во ски-центарот

Она што ретко на кој битолчанец му успева - да ја наполни викендичката во Ниже Поле со туристи - му појде од рака на охриѓанец. Нижеполци велат: побарајте сместување кај охриѓанецот, зашто другите објекти не работат. На снегот се постилаат педесетина вили, но претежно се со катанци на вратите.

- Немавме ништо заедничко со Битола и Ниже Поле. Водиме селски туризам во Пештани, а пред шест години од езеро одлучивме да се качиме на планина - раскажуваат сопружниците Наумче и Татјана Јанески, сопственици на вилата „Дамаја“. На почетокот, додека ја граделе во облик на пелистерска елка, на надморска височина од 1200 метри, стравувале дали ќе им тргне работата. Но, една грешка на туристичка мапа им донела туристи.

- Поминуваа странци со мапи, на кои беше исцртан непостоечки пат преку Орлови Бари до другата страна на планината. Беше назначен како асфалтиран и дека преку него може да се оди за Маловишта. Луѓето одеа до ски-центарот на Ниже Поле и се враќаа назад, зашто натаму нема ништо - вели Јанески.

Тие се единствените угостители на Пелистер што повикале странски експерти да ја измерат загаденоста на воздухот. Анализите покажале аерозагадување е еднакво на нула. На гости им доаѓаат Шпанци, Германци, Англичани, Чеси, Словенци. Потпишале договор со неколку планинарски друштва од Европа, кои пролетва ќе престојуваат кај нив. Ќе им понудат прошетки со коњи низ планина.
Веќе шест години овие угостители се растргнати на релација Охрид - Битола. Науме работи на аеродром во Охрид, а сопругата Татјана е директор на училиштето во Пештани.

- Проблем е тоа што недостигаат содржини за туристите, а државата не дава ни поволни кредити. Една година подготвувам документација за подигање голем кредит од Будимпешта, каде што оваа дејност се поддржува - вели Јанески. Јанески се прашува како е можно Општината и државата со прст да не мрднат и да не инвестираат во еден убавец како Пелистер.

- Туристи доаѓаат дури од Шпанија, угостителите се волни за работа, но кај државата и Општината нема интерес за инвестиции во ски-терени. Сега се вложуваат големи пари на Кожув, каде што буквално се почнува од нула - со поставување вода, струја, изградба на пат. Овде тоа го има, а сепак од едната страна на планината, кај Ниже Поле, има само еден ски-лифт, а на другата, кај Копанки, три години не се скија - се чуди Јанески. И туристите на Пелистер се едногласни дека планината плаче за инвестиции. Има само еден ски-лифт, а нема ни жичница.

Со ски-центарот Пелистер стопанисува јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола. Тоа располага и со проект за ски-терени на Орлови Бари, но за негова реализација не се ни зборува. Од претпријатието негираат дека планираат центарот да го дадат под концесија на приватник. Одбиваат да зборуваат и за идните планови, се' додека не добијат генерален директор, кого го немаат со месеци откако претходниот, Никола Котевски, стана пратеник.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=30D8C1B581733F4FBD25B78C23DA4250&arc=1 - Дневник - Жанета Здравковска - 12.01.2009

оваа и баш не е некоја голема вила но средена е и на добра локација е сместена 40° 59'58.20"N 21°14'36.61"E одма над директорските викендички, а пред самиот влез на ЗРЦ Стрежево. "вилава" има поглед на Бабин Заб, но штета требало мислам да ја свртат или отворат кон југ кон Дебел Рид и Пелистер, инаку од тука до жичарата односно до печурката која е на падините на Неолица има ~3км. местово е прилично добро, бидејќи е во вдлапка но издигнато на плато кое е отворено кон југ од таму и името ниже-поле па речеси двапати има повеќе сончеви часови него што тоа е случај со Копанки, тука минува и реката Сапунчица која се формира од циркот Големо езеро, прилично чиста река го полни Драгор односно прво оди во каналот сетне како вода за пиење за Битола. климата е одлична, но неретко бидејќи е високо и во длапка особено наесен нижеполе е во облаци, но пејсажот е уникатен а и местото има некаква посебна атмосфера, имам чувство небаре бачила тука имало уште во неолитот Smile знаат битолчани за што зборувам...

едно време се залетаа да го урбанизираат, но луѓето и без тоа почнаа да си креваат викендици и вили, иако претежно под селото а помалку ваму горе кај одморалиштето, обично стихијно една тура во осудесетите друга во деведесетите, и сега последнава, сите тие тука и околу одмаралиштето се дивоградби, инаку има неколку поголеми вили сега што се градат а има и неколку заглавени од оние од деведесетите како што е хотелот на Кире Ѓаоло... 

интересно место сепак далеку од терените и сместувачките капацитети на другите зимско рекреативни центри, но за битолчани а и за сите кои сакаат да го качат Пелистер или да се расшетаат по Баба планина местово е извондредно.

http://www.nizepole.com/en/nizepole.html - www.nizepole.com/en/nizepole.html

http://www.aries.com.mk/aranzmani/NovaGodina2009web/NG_2009_PelisterNizePole.pdf - http://www.aries.com.mk/aranzmani/NovaGodina2009web/NG_2009_PelisterNizePole.pdf

http://www.aries.com.mk/pelister.asp - www.aries.com.mk/pelister.asp



Posted By: Martin
Date Posted: 16-Jan-2009 at 17:05
bravo za beTon sto ja otvori temavaApplause


Posted By: beTon
Date Posted: 16-Jan-2009 at 17:09

http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=7A8190F9039DFF44A222438611AEC3AB - СКИЈАЧКА СЕЗОНА - http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=7A8190F9039DFF44A222438611AEC3AB



Posted By: beTon
Date Posted: 27-Jan-2009 at 23:35

http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=5801 - Зимскиот центар Попова Шапка деновиве ја бележи најголемата посетеност за последните десет години

Најголема посетеност во изминативе 10 години бележи зимско рекреативниот центар Попова Шапка оваа сезона. За време на викендите бројката на посетители се движи меѓу 5 и 10 илјади гости. Капацитетите на хотелите се исполнети, а освен домашни има и гости од Косово, Албанија, Војводина и Хрватска. И времето наклонето на овој туристички центар. Снежната покривка влева надеж дека годинешнава зимска скијачка сезона ќе потрае и ќе биде повеќе од успешна.

Директорот на друштвото за угостителство и туризам на Попова Шапка Перо Димитриески ни изјави дека е задоволен од досега сработеното. Зимскиот распуст е завршен но од 1 феруари доаѓаат студентите од двата тетовски универзитети. Зимскиот одмор е скапа работа но од 15 февруари цените на хотелските услуги ќе бидат намалени. Овој викенд се очекува пуштање во употреба на најатрактивната скијачка патека Цери Пашина, мегутоа дождот кој вчера падна на Попова Шапка најверојатно ќе го одложи двоседот ќе биде целостно функционален наредниот викенд.

Натпреварите на Попова Шапка во вториот дел од годинешнава скијачката сезона почести и помасовни. На 28 февруари и 1 март ќе се одржи познатиот Шарпланински Куп на 8 март следува Бека купот а една недела подоцна ќе се одржи универзијадата. На сета оваа природна убавина и туристичкиот успех во изминатиов дел од сезонава кој го оствари раководството и новиот директор на ски-центарот Перо Димитриески црна дамка остава дотраената инфраструктура. Малите инвестиции не можат да влијаат за натамошно зголемување на посетеноста, а за што природни услови постојат.

Пример за тоа е детското одморалиште Попова Шапка кое повеќе години не работи. Судбината на одморалиштето и натаму е неизвесна. Беше огласено за продажба но огласот деновиве беше повлечен. Од министерството за труд и социјална политика под чија капа е одморалиштето, соопштија дека огласот е повлечен по налог на антикорупциската комисија а причина се локалните и претседателски избори закажани на 22 март годинава.

http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=5801 - Kiss - Зоран Димовски - 22.01.2009

http://www.macedonium.org/galerii/gal12/ - www.macedonium.org/galerii/gal12/

http://www.summitpost.org/mountain/rock/154750/shar-planina.html - www.summitpost.org/mountain/rock/154750/shar-planina.html

http://www.mytetovo.com.mk/pages/sapka_sliki.html - www.mytetovo.com.mk/pages/sapka_sliki.html

http://www.skijanje.co.yu/Ski_Centri/Makedonija/popsapka.htm - www.skijanje.co.yu/Ski_Centri/Makedonija/popsapka.htm

http://informator.ws/informator/index.php?option=com_expose&album=14 - informator.ws/informator/index.php?option=com_expose&album=14



Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 30-Jan-2009 at 12:20

Попова Шапка во нов сјај
Зоран Јованоски http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=103696#komentari - javascript:otvoriVideoPrilog%2809/sapka-29-01.wmv,%20103696%29 -
 
29.01.2009 17:58
 

 

По десет години, Попова Шапка на голема врата се враќа во нов сјај. Обновени се хотелите и ски лифтовите, а патеките никогаш поубави.

На еден метар снег и метар и половина на патеките Цирипашина и Ајдучка Рамнина, само изминативе две недели уживаа повеќе од 10.000 домашни и гости од повеќе балкански земји.

„Попова Шапка има досега околу 2,5 метри паднато снег, терените се истапкани и можат да дојдат слободно туристите да скијаат, сите ски лифтови работат. Моментално се работи на патеката Цирипашина, која веројатно овој викенд или наредниот ќе биде пуштен“, вели Перо Димитриески, раководител на ДУТ „Попова Шапка“.

На Ајдучка Рамнина ќе се гради ново „бачило“, а во план е изградба на уште еден ски лифт, со што овој зимски центар ќе има вкупно осум.

 

 

Попова Шапка од оваа сезона започнува да оживува. На нејзините терени се враќа и познатиот Шарпланински куп. Според познавачите, ова е еден од ретките зимски центри коишто нуди вакви убавини и патеки коишто се адекватни, како за почетници, така и за професионални скијачи.

„Ќе има доволно снег за Шарпланинскиот куп кој ќе се одржи на 28. и 1. март, потоа има БК куп, Универзијада. Очекуваме да дојдат гости да видат што е убавината на Попова Шапка. Мислам дека и од Скопје скијачите ја знаат Шапка и треба да дојдат да видам колку е убава сега и што нудиме сега“, изјави Перо Димитриески.

Ако на другите центри уживањето може да го расипе недостигот на снег, на Шапка секогаш има доволно снег и најмногу сонце.

„Можам само да им кажам на сите мои пријатели и познати што не се денеска овде, да им биде жал што не се присутни на Попова Шапка“, рече Ивица Хаџииљоски, турист.

Иако во работен ден, на сонцето, снегот и чистиот воздух и денеска неможеа да им одолеат стотици скијачи.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=103696




Posted By: beTon
Date Posted: 11-Feb-2009 at 15:52

колку е очајна ситуацијата на Баба планина со ски патеките може да се види од следниве клипови, има и нешто дискусија за истите помеѓу конзулите Smile  http://forum.konzuli.com/index.php?action=printpage;topic=1987.0 - forum.konzuli.com/index.php?action=printpage;topic=1987.0  

СКИ ПАТЕКА СТРЕЖЕВО Question

[tube]zmKSwleX_lA[/tube]

патот од ОРЛОВИ БАРИ кон Стрежево 

[tube]dhE0dSnS7ks[/tube]

СКИ ПАТЕКА КОПАНКИ

[tube]R35SMYOaFaM[/tube]

[tube]CSQOVMKWmiI[/tube]

последниов клип само кажува во колку лоша состојба е патеката и жичарата на Копанки, но тоа е тоа кога сеуште под државна капа се истите слично како и во Крушево, со една разлика што бар Крушево решија да ја продадат па таму работите ќе се раздвижат за некое време! е сега ова со најавите за ски патеки кај Орлови Бари е навистина спектакуларна информација, местото е навистина уникатно веднаш е под големото езеро а и самата бара е повремено глацијално езеро, исто снег и простор за скијање има во недоглед, добро не е баш до толку во недоглед, но дефинитивно повеќе и далеку подобри косини него постојниве како стрежево и копанки, може и супер Г спуст патека да бидне на тој потег итн.

она што ме буни е тоа дали само патеки ќе има или ќе дозволат таму да никне цел туристички комплекс? иако и според текстот на лсл и според подолнава информација станува збор само за патеки, не ме чуди горе да се кренат и поо уште неколку планинарски домови Smile она што е јасно е дека дури сега се носи нов дуп за нижеполе после шеесетите, незнам само како ќе ги вклопат постојните дивоградби од ’80 и ’90тите, но едно е сигурно кој искористил досега сигурно ќе куртули

Туристичко-рекреативната подзона Ниже Поле, исто така дава можности, особено за развој на зимскиот туризам. За таа цел изработена е студија од страна на Кооперативното ателје за Архитектура и урбанизам во Женева, каде се предвидува користење на терените во месноста Орлови Бари. [ http://www.nppelister.org.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=28 - 1 ]
ако навистина се реализира оваа замисла Пелистер односно Баба планина ќе стане навистина атрактивен зимски туристички центар!



Posted By: beTon
Date Posted: 11-Feb-2009 at 16:55
еве подобар поглед на зимската природа на Пелистер - десет клипа со планинарско скијање во недостаток на жичари Smile има пуштања од антена - врвот, од црвени стени, од орлови бари, од дебел рид...  http://www.youtube.com/results?search_type=&search_query=ski+tour+on+pelister&aq=f - www.youtube.com/results?search_type=&search_query=ski+tour+on+pelister&aq=f


Posted By: beTon
Date Posted: 12-Feb-2009 at 23:36

Previous клиповиве планинарскиве ски тури по Пелистер се екстра, штета нема пошироки кадри и од самата околна природа но и вака се добри, длабок снег, височини од 2000-2600м, плус она со планинарските ранци на грб ми е малку и напорно за скијање, добро зависи каква тежина мкнат со себе, но доволно се и кабасти за покомфорно скијање.

патем за она претходно најавените размислувања за искористување на орлови бари, малку терале поопуштено пред две години, но во меѓувреме ретерирале властите со амбицијата, таков бар заклучок можам да извлечам од текстов подоле, освен ако новинарот лошо ја склепал информацијата или намерно оставил простор за шпекулации!

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=72967D5FB3B4534C8C52D7EC18D32FC8 - Паркот „Пелистер“ се проширува, Орлови Бари атрактивни за странците - 03.04.2007

Странски инвеститори се заинтересирани за изградба на зимско-летен туристички центар во месноста Орлови Бари на планината Баба, најави градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Тој вели дека комплетниот проект тежи 60 милиони евра. За изградба на инфраструктура ќе бидат потребни 15 до 20 милиони евра, а остатокот ќе се вложи во изградба на прифатилишта и хотели. Јавното претпријатие „Стрежево“ одамна има започнато изградба на патот кон Орлови Бари и за оваа сезона најави интензивирање на земјените работи.

Дека Орлови Бари се навистина атрактивна локација потврдува и директорот на Националниот парк „Пелистер“, Славко Дамески. ,,И ние ја протежираме оваа идеја“, вели тој. „Изработени се студии од швајцарски, словенечки и македонски експерти за можноста за развој на зимскиот туризам и сознанијата говорат дека пределот кон Муза е најповолниот терен на планината Баба за развој на зимски туристички активности“.

Развојот на туризмот е една од главните определби на Националниот парк „Пелистер“, кој најверојатно во иднина ќе има и поголема површина. Имено, Владата на Република Македонија утврди потреба за репрогласување на паркот за посебно заштитено подрачје, но сега со проширени граници. „Груба процена е дека кон паркот треба да се придодадат околу 2.000 хектари нови површини. Од ресенска страна тоа ќе бидат извориштата од Брајчинска Река. Иницијативата ја поведоа жителите на селото Брајчино каде што минатите години реализиравме проект за развој на екотуризмот, па сега сакаат да бидат под наша капа“ вели Дамески. Од битолската страна кон Националниот парк „Пелистер“ би требало да се присоединат високите врвови на Муза и Орлови Бари, место кое е живеалиште на копитарите кои живеат во националниот парк. Водните ресурси во овој дел од планината имаат специфични растителни и животински видови кои заслужуваат да бидат ставени под режим на заштита.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=72967D5FB3B4534C8C52D7EC18D32FC8 - Утрински - (Б.Т.) - 03.04.2007

ова е точно за дивите коњи на Пелистер тие претежно на овој потег се вртат бар таму можат да се видат, но доколку пуштат ски патеки или добра инфраструктура нагоре или тие ќе загинат некаде грција или ќе треба да се припитомат! Dunno туку ајде еве го и ретерирањето околу тоа каде се може да се гради на тој потег според подолново интервју на БТ градскиот татко, туристичкиот комплекс си останува доле нижеполе а горе ќе бидат терените, евентуално ако пуштат екстра два-три нови планинрски домови инаку ова баш каде што е месноста орлови бари е буквално во територијата на националниот парк веднаш до големото езеро блиску до врвот Муза 40°57'33.6"N 21°13'26.0"E незнам само дали според проектот би требало да има и патеки и од другата страна на сртот спрема Преспа или само на источната страна ќе ги трасираат, но сигурно ќе се надоврзат кон постојната рамничарска патека на стрежево 40°58'50.6"N 21°15'18.8"E која е на крајот од асфалтираниот пат спрема орлови бари, која најверојатно ќе служи за ученици и аматери.

...Една од поинтересните идеи кои ги добиле е за уредување на Националниот парк Пелистер. Градоначалникот вели дека поголемиот дел е заштитен, но се работи на детални урбанистички планови во некои делови.

-Да се направи стратегија, ние очекуваме студии, но тој во голема мера е заштитен и не може тука да се планираат големи градби. Но, за Пелистер, некаде кај Ниже Поле подготвуваме ДУП којшто ќе предвиде кој објекти тука можат да се изградат што би биле на некој начин урбана поддршка на сето она што треба да се случува кон Орлови Бари. Тоа ќе го направиме и ќе го понудиме до инвеститорите на тендер, изјави Талески.

http://www.tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2033&Itemid=106 - Тера - Маја Богоевска - 15.12.2008

е сега ова маркеров по Црвена река (од г.Ез.) притока на Сапунчица кој ги спојува Нижеполе - г.Езеро - Крани најверојатно порано го барал тоа шеикот за рута за железница која ќе ги спои БТ и Преспа т.е Нижеполе и Крани, не е лошо и сега да се размисли за вакво нешто, единствено што е дискутабилно е дали вакво нешто би изреметило нешто во националниот парк, и воедно дали е поисплатливо монореил или жичарница, вака би можело буквално да се направи уникатен спој од Пелистер и Преспанско а и комотно Крани и Брајчино можат да нудат и зимски туризам, па со најавеното отворање на граничниот премин Маркова нога, прес цела година Преспа да биде атрактивна за туристи!



Posted By: beTon
Date Posted: 13-Feb-2009 at 01:31

http://www.acromacedonia.com/html/spid_rajding.html - Speed Riding in Macedonia

Спид рајдинг е најновиот зимски спорт во развивање . Постојат многу предрасуди за него: најмногу заради тоа што луѓето го гледаат крајниот резултат, не земајќи го во предвид начинот на обука кој е многу постапен и започнува на сосема благи косини. 

  За да се занимавате со овој спорт, не значи дека треба да бидете врвен скијач. Најповолните терени за бавење со истиот, се стрмните планини, што не важи за почетниците и пилотите со средно знаење.

  Школата за обука со спид рајдинг крила, започнува да работи во втората сермица од Декември на скијачките центри во Македонија: Кожув, Шапка и Шарпланина.


http://video.google.com/videoplay?docid=1992125712989704563 - 1. Speed riding in Mavrovo - Macedonia - 24.12.2007 - google video

2. Mendo Veljanovski & Vlado Egeec - Speed Riding in Mavrovo 2008

[tube]DG9YNAK0reI[/tube]

http://www.ohm-chamonix.com/fiche.php?id=63&ling=En - Speed - Riding - Snowskite - Flying and skiing
Speed-Riding and Kite-Surf activities are allowed in Chamonix valley. There is regulations about those activities.
The Regulations: ...
http://www.paraglidingforum.com/viewtopic.php?t=4914 - Ataka les pistes/Speed Riding
...I went Speed Riding for the first time today. It's as much fun as it looks, and not even half as difficult...



Posted By: beTon
Date Posted: 13-Feb-2009 at 21:31

[tube]TqH6h1jnvCs[/tube]

во Ски центарот на Галичица се наоѓаат една жичара и три ски-лифтовина на надморска височина од 1.450  до 2.150 метри, до нив се стигнува преку панорамски атрактивниот асвалтен пат кој ги поврзува Преспанското и Охридското езеро со многу убава глетка на двете езера.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=128850&idg=6&idb=1955&rubrika=Makedonija - ХОТАМ И ВЛАДАТА ВО ПОТРАГА ПО ДОНАТОР ОД ШВАЈЦАРИЈА
Охрид не се откажува од ски центарот на Галичица - Вест - 25.12.2006

http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=65&EditionID=546&ArticleID=11979 - Реализација на старата идеја за ски центри на Галичица - Капитал - 25.01.2007

Асоцијацијата на македонските хотели (АТАМ) достави два проекта за скијачки центри околу Охрид до Европското тело за туризам. Проектите се за финансирање на проект за изградба на ски центри на Галичица. Претседателот на АТАМ, Дончо Таневски вели дека двата проекти се веќе на разгледување во европските тела и дека очекува позитивен исход.
„Од 40 земји кои конкурираа со свои проекти за развој на туризмот, нашите два проекти влегоа на финално разгледување”, вели Таневски.
Изградба на скијачки комплекс на планината Галичица над Охрид како идеја постои веќе десeт години. Со првичниот проект се предвидуваше изградба на жичарници и ски терени на Галичица. Не се предвидуваше градење на хотелски комлекси, туку туристите и во зимскиот период требаше да ги користат постојните хотелски капацитети. Жичарницата требаше да го скрати времето од хотелите до скијачките терени, а требаше да биде активна и преку лето. За овој проект пред неколку години беше заинтересиран и познатиот словенечки скијач, Бојан Крижај. [ http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=65&EditionID=546&ArticleID=11979 - 1 ]
Туристички работници од земјава се сериозни партнери, додаде Поповска и напомена дека се големи шансите македонскиот туризам да направи револуција.
Премиерот Груевски ги информирал хотелиерите дека Владата одобрила средства за реализирање на проектите околу активирање на ски ценатрот Галичица.
“Охриѓани може да се надеваат дека годинава ќе проработи зимскиот центар Галичица. Ако се оди како што треба, ќе има рекреативно скијање”, рече Таневски. 15.02.2008 [ http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=1767 - 1 ]
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162336&idg=9&idb=2577&rubrika=Makedonija - „Аквапура“ на Галичица ќе гради ски-центар - Вест - 20.01.2009

Португалскиот компанија "Аквапура" очекува годинава да стартува изградбата на елитниот туристички комплекс во Отешево, кој треба да чини до 50 милиони евра. Според претставникот на "Аквапура" Јордан Плевнеш, урбанистичкиот план е финализиран и наскоро ќе стартува изработката на главниот проект. "Изработката на главниот проект за туристичкиот комплекс се очекува да трае до три месеци. Проектот ќе биде презентиран на Архитектонскиот факултет во Скопје, по што ќе стартува и изградбата", објаснува Плевнеш. Изградбата на монденскиот комплекс се одложува веќе две години, но според Плевнеш одолжувањето нема да влијае врз износот на инвестицијата. Напротив, португалската компанија планира до 2011 година, кога се очекува да биде завршена градбата, комплексот да биде проширен со нови содржини во ски-центарот кој ќе се наоѓа во Националниот парк "Галичица". "Комплексот ќе биде збогатен со нови содржини во зимскиот центар, кој ќе се наоѓа во Националниот парк 'Галичица'. Има повеќе експертски фондации од Европската унија кои ќе работат на хармонизирање на она што го нуди Националниот парк 'Галичица' и она што може да го направи 'Аквапура', со што ќе го стави Отешево на светската туристичка мапа", вели Плевнеш. [ http://www.vest.com.mk/default.asp?id=162336&idg=9&idb=2577&rubrika=Makedonija - 1 ]

дали знае некој каде се точно терените, јас немам претстава бидејќи имам отидено само еднаш во основно па малку ми е се измрдано мислам дека е оваа локација 40°59'11.54"N 20°52'09.08"E но не сум баш сигурен сепак на некои места се спомнува дека терените се на 10км од отешево...

 



Posted By: beTon
Date Posted: 21-Feb-2009 at 03:34
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=7A81E1980A4402478B599A10212D9305&arc=1 - Необележаните патеки ризик за планинарите

Правилата за добивање планинарска книшка во иднина ќе бидат многу построги, а сите поделикатни тури ќе мора да имаат планинарски водачи, велат од Центарот за обука на планинарски кадри

На Осоговието нема зимска маркација, па планинарите од земјата и од странство кои не го познаваат теренот се во опасност

Необележани патеки и недостиг од засолништа во најголем дел од планините, како и непостоење единствена горска служба за спасување е проблемот со кој се соочуваат планинарите во зимските месеци. Драмата со четворицата планинари, кои поради снежната бура и густата магла викендов останаа заробени во Осоговските Планини, го исфрли на површина проблемот со обезбедувањето на основните услови за планинарење, подготовките, приодот и опремувањето на освојувачите на планинските врвови. Некои дури сметаат дека искачувањето на високите врвови треба да биде забрането во зимски услови бидејќи ризиците се огромни, а и најголем дел од планинарите не се доволно опремени.

ПАТЕКИТЕ БЕЗ ЗИМСКА МАРКАЦИЈА

Кривопаланчанецот Стојанче Костовски (62) е искусен планинар, кој на Царев Врв ( 2.085) на Осогово се има искачено 181 пат од кои 70 во зимски услови. Неколкупати му се случувало да се загуби, како што тоа му се случи во неделата додека со својот пријател Јорданчо Костов (60) се симнувале од врвот, но секогаш успевал да најде излез од снежната планина.

- Пред десет години Планинарското друштво „Руен“ го маркира теренот со дрвени столпчиња, но тие веќе се уништени. Потребно е да се поставаат соодветно обележани бетонски столбови, што е приоритет и на планинарското друштво, но за тоа се потребни пари. На теренот нема ниту засолништа, кои им се неопходни на планинарите. Ова се елементарни услови, кои мора да бидат обезбедени, бидејќи за Осоговието постои огромен интерес. Доаѓаат се' повеќе планинари од другите краишта од земјата и од странство, кои не го познаваат теренот, а на оваа планина се организираат и меѓународни трансферзали. Истовремено, неопходна е и спасувачка служба, која треба да биде финансирана од општината или државата, каде што секое искачување на планината ќе биде пријавено - вели Костовски.И од Асоцијацијата на професионални водачи во планина потврдуваат дека најголем дел од нашите планини немаат зимска маркација.

- Освен изолирани случаи, како Солунска Глава, во другите региони во земјава немаме зимска маркација и затоа планинарите треба добро да промислат пред да се впуштат во какви било авантури. Одличен пример е ски-центарот Кожув, каде што во рамките на туристичко-рекреативниот центар има совршена маркација, каква што е потребна и за другите планински предели - вели генералниот секретар на Асоцијацијата, Константин Циривири.

Тој е и раководител на Центарот за обука на планинарски кадри при Федерацијата за планинарски спортови на Македонија. Како проблеми ги истакнува стручно-техничка едукација на планинарите и нивната несоодветна процена на условите при освојувањето на планинските врвови.

- Од поединечни случаи на непромислено однесување на поединци не смееме да донесуваме заклучоци за македонското планинарство, затоа што ние имаме изградено квалитетен систем за планинарење. Центарот за обука соработува со планинарските друштва и нашите планинари се релативно добро обучени. Но, треба да се знае дека не секој што ќе добие планинарска книшка е добар планинар. Ако нема правилен приод кон овој спорт и не ги процени реалните можности, временските услови и другите услови, се прават грешки, кои може да бидат кобни. Затоа, во иднина правилата за добивање планинарска книшка ќе бидат многу построги, а сите поделикатни тури мора да имаат планинарски водачи - вели Циривири.

НЕДОСТИГ ОД ЛИЦЕНЦИРАНИ ВОДАЧИ

Според Циривири, во државава се' уште нема доволен број лиценцирани водачи. Засега има стотина, а потребни се околу 300 за да ги задоволат потребите не само на планинарските спортови, туку и на планинскиот туризам. Планинарите велат дека во државава нема посебна горска спасувачка служба, туку само одделни тимови, кои дејствуваат во рамките на Црвениот крст, и кој нема свои пунктови во градовите, или тоа се приватни обезбедувања на одделни планинарски објекти и центри.

- Службите во државава надлежни за реагирање во вакви случаи се разединети и нема никаква координација меѓу нив. Честопати не се знае која од нив треба да интервенира во одреден случај, префрлувајќи ја одговорноста еден на друг, додека на луѓето им е потребна итна помош и бараат спас од нив. Повеќето служби функционираат само на хартија. Ниту имаат возила, ниту опрема, ниту добро обучени тимови, кои секогаш ќе бидат подготвени да ја дадат потребната помош. Потребно е во државата да се формира посебна спасувачка служба, која ќе дејствува како самостојна институција и ќе биде подготвена да одговори при вакви случаи. Доволно е да го следиме примерот и искуството на Бугарија, каде што овие служби дејствуваат совршено и има посебни тимови, обучени за интервенција при различни ризици - вели наш соговорник, кој сакаше да остане анонимен. Друг проблем е и неопременоста на планинарите поради скапата опрема. Само двајца-тројца планинари имаат соодветни чевли за планинарење, а да не зборуваме за друга опрема. Ретко кој има и карти, бусоли, а никој нема ЏПС-апарати за водење. Секој што планинари треба да инвестира во овој спорт или да се воздржи од ризици. Неодговорноста може скапо да се плати - велат планинарите од Крива Паланка. Жаклина Цветковска

СТАВ
Спас за спасувачките тимови


Двајца планинари од Крива Паланка залудно, речиси два дена, чекале спасувачите да ги извлечат од снежната бура што ги зафатила на Осоговските Планини. На крајот самите се спасиле од сигурна смрт. Кој бил должен да ги спаси? Полицијата? Дирекцијата за заштита и спасување? Центарот за управување со кризи? Никој не можеше да даде конкретен одговор кои служби за спасување се надлежни и во кои случаи тие треба да реагираат. Државата нема посебна спасувачка служба, туку само одделни тимови што меѓу себе не се координирани, немаат опрема или не функционираат во сите градови во земјава.

Спасувањето на само еден човечки живот е доволна причина за формирање државна служба со професионално обучени тимови, во полна готовност. Не треба спасувачите да чекаат дозвола да позајмат хеликоптер од МВР или пак од АРМ, бидејќи секоја потрошена секунда некого може да чини живот. Залудно трошиме пари за спотови во кои каниме туристи да ја посетат Македонија, ако немаме некој што ќе ги спаси истите ако се зaгубат во планина.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=7A81E1980A4402478B599A10212D9305&arc=1 - Дневник - Александар Манасиев - 19.02.2009

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=66610E3A0E513047BFE0A7CDAF0C2546 - ДРАМАТИЧНА АКЦИЈА ЗА СПАСУВАЊЕ БОЛНИ ВО ЗАВЕАНО СЕЛО - Д - 23.02.2009



Posted By: beTon
Date Posted: 23-Feb-2009 at 18:55

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=2&top=1&EditionID=320&ArticleID=18439 - По две години пак ќе има „Шара куп“ -  38. по ред меѓународен „Шарпланински скијачки куп“ - НМ - 18.02.2009
 

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=A55E0457299D6F499CA5448C72C9065D&arc=1 - Се враќа сјајот на Шара-купот

Враќање на стариот сјај на Шарпланинскиот скијачки куп беше најавен вчера од организацискиот комитет на средбата со новинарите, пред неговото одржување на 28 февруари и на 1 март. Организаторите поканија за учество повеќе високорангирани скијачи од Албанија, Австрија, Белгија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Франција, Грција, Италија, Црна Гора, Романија, Русија, Србија, Словенија, Турција, Словачка, Швајцарија и Украина.

- Рано е да се каже кој ќе учествува, зашто пријавувањето е до петок. Работиме на тоа да доведеме учесници со минимум 25 ФИС-точки, односно натпреварувачи што се во топ-300 на светската ранг-листа. Можеме да потврдиме дека ќе има неколкумина со 20 ФИС-точки и тие ќе го направат атрактивен купот. Работиме со наши пријатели во странство преку кои лобираме да дојдат што позвучни имиња - изјави Жарко Трпкоски, директорот на натпреварот. Од нашите претставници, најмногу ќе се очекува од олимписките кандидати Александар Витанов и Антонио Ристевски. Вкупниот победник, по слаломот и велеслаломот, ќе добие 2.000 евра, второпласираниот 1.000, а третопласираниот 400 евра. Велеслаломот ќе се вози на патеката „Орлова“, а слаломот на „Езерино“. Според организаторот, двете патеки се подготвени.

- По две години пауза, традиционалниот меѓународен куп се враќа на спортската карта на Македонија. Знаеме дека поранешни победници на Шара подоцна се афирмирале во големи имиња. Со помош на гостите од странство, сакаме да ги поттикнеме нашите млади да се вклучат во овој спорт и да гледаат перспектива во него - вели Димитар Танурков, претседателот на ОК.Технички делегат ќе биде Дамир Сафиќ од Хрватска. Почесен гостин ќе биде легендата на овие простори, Бојан Крижај, кој ќе има улога на советник. На 28 февруари на програмата се двете трки, во велеслалом во 10 и 13 часот, а следниот ден се двата натпревара во слалом, во 9 и во 12 часот. Покровител е Владата на РМ и премиерот Никола Груевски.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=A55E0457299D6F499CA5448C72C9065D&arc=1 - Дневник - 21.02.2009



Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Nov-2009 at 01:24

Младите бараат чаре за Пелистер

Битолски средношколци упатија апел до надлежните и бизнисмените да инвестираат во Пелистер, каде што четири години нема услови за скијање

Пелистер да не падне во зимски сон и оваа година е апелот што го испратија средношколците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ до јавноста, надлежните органи, туристичките работници и бизнисмените. Младите се жалат дека планината им е до петици, а се принудени да патуваат со километри и да трошат пари за да скијаат на Кожув или Маврово. Тие се чувствуваат хендикепирано зашто ова е четврта година како нема скијање на Пелистер.

Во некогаш атрактивниот ски-центар Копанки и годинава нема да се запали семафорот што некогаш го регулирал жичничкиот сообраќај. Жичницата не работи поради дефект на сајлата чија замена чини околу 30 илјади евра.

- Скијач сум од мојата шеста година и скијам професионално. Веќе неколку години не тренирам на Пелистер зашто нема услови. Таму жичницата е премногу стара, не работи, а не да се помислува на атракции како ноќно скијање. Одиме на Маврово или Кожув, каде што сега е подобро отколку на Пелистер. Таму го изведувам тренингот. Тоа е дополнителен трошок за моите родители, а многу помалку би ги чинело ако можев да скијам на Пелистер - изјави Александра Павлова, ученичка во гимназијата.

Средношколците наместо на планина, со штеки за скијање се прошетаа низ Широк сокак. Наместо на планина, послужија топол планински чај во центарот на градот, иако температурата надвор достигнуваше 15 степен над нулата.

- Дали е подобро да се пие планински чај тука на Широк сокак или на Пелистер? Потребно ни е да се врати скијањето. Пелистер со години се заборава, воопшто нема инвеститори што вложуваат во него. Ние не можеме ништо поконкретно да направиме зашто сме деца, само апелираме. Апелот го упатуваме до пошироката околина да се јават инвеститори, да ја согледаат убавината и рационално да се искористат убавините - изјави средношколката Кристина Михајловска.

До пред четири години во Копанки вриеше од туристи и скијачи. Тука првите спустови ги направија не само македонски, туку и други познати скијачки имиња од поранешните југословенски држави. Денес патеката е обрасната со грмушки, а поради неодржување, на неа растат и елки. Планинарскиот клуб „Пелистер“, кој ја стопанисува ски-патеката, нема финансиска моќ да ја смени сајлата од жичницата.

- Жичницата е стара 35 години и оттогаш не е направен генерален ремонт, поточно не е сменета сајлата, а во светот се менува на пет години. Специјална инспекција од Машински факултет пред неколку години утврди дека е напукната сајлата и не сакаа да ни дадат сертификат за работа. Разговараме со наши иселеници од странство да влезат како концесионери и да се поправи жичницата- изјави Димче Попов, претседател на планинарскиот клуб.

Но, проблем претставуваат и климатските промени. Поради затоплувањето последните години одвај и да има снег на Копанки. Местото е на надморска височина од 1500 метри, а во светот се инвестира во зимски центри на над 2000 метри.

Тоа што замре скијањето на Пелистер е на штета на туризмот во Битола, а состојбата се одразува и врз посетеноста на туристичко-угостителските капацитети на планината.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8D8FD098E0E625488C49C1113E0F8034


Posted By: gorco
Date Posted: 25-Nov-2009 at 09:24

Originally posted by beTon



http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=5801 - Зимскиот центар Попова Шапка деновиве ја бележи најголемата посетеност за последните десет години

Најголема посетеност во изминативе 10 години бележи зимско рекреативниот центар Попова Шапка оваа сезона. За време на викендите бројката на посетители се движи меѓу 5 и 10 илјади гости. Капацитетите на хотелите се исполнети, а освен домашни има и гости од Косово, Албанија, Војводина и Хрватска. И времето наклонето на овој туристички центар. Снежната покривка влева надеж дека годинешнава зимска скијачка сезона ќе потрае и ќе биде повеќе од успешна.Директорот на друштвото за угостителство и туризам на Попова Шапка Перо Димитриески ни изјави дека е задоволен од досега сработеното. Зимскиот распуст е завршен но од 1 феруари доаѓаат студентите од двата тетовски универзитети. Зимскиот одмор е скапа работа но од 15 февруари цените на хотелските услуги ќе бидат намалени. Овој викенд се очекува пуштање во употреба на најатрактивната скијачка патека Цери Пашина, мегутоа дождот кој вчера падна на Попова Шапка најверојатно ќе го одложи двоседот ќе биде целостно функционален наредниот викенд.Натпреварите на Попова Шапка во вториот дел од годинешнава скијачката сезона почести и помасовни. На 28 февруари и 1 март ќе се одржи познатиот Шарпланински Куп на 8 март следува Бека купот а една недела подоцна ќе се одржи универзијадата. На сета оваа природна убавина и туристичкиот успех во изминатиов дел од сезонава кој го оствари раководството и новиот директор на ски-центарот Перо Димитриески црна дамка остава дотраената инфраструктура. Малите инвестиции не можат да влијаат за натамошно зголемување на посетеноста, а за што природни услови постојат. Пример за тоа е детското одморалиште Попова Шапка кое повеќе години не работи. Судбината на одморалиштето и натаму е неизвесна. Беше огласено за продажба но огласот деновиве беше повлечен. Од министерството за труд и социјална политика под чија капа е одморалиштето, соопштија дека огласот е повлечен по налог на антикорупциската комисија а причина се локалните и претседателски избори закажани на 22 март годинава. http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=5801 - Kiss - Зоран Димовски - 22.01.2009


<p align="center"> http://www.macedonium.org/galerii/gal12/ - www.macedonium.org/galerii/gal12/

<p align="center"> http://www.summitpost.org/mountain/rock/154750/shar-planina.html - www.summitpost.org/mountain/rock/154750/shar-planina.html

<p align="center">

<p align="center"> http://www.mytetovo.com.mk/pages/sapka_sliki.html - www.mytetovo.com.mk/pages/sapka_sliki.html

<p align="center"> http://www.skijanje.co.yu/Ski_Centri/Makedonija/popsapka.htm - www.skijanje.co.yu/Ski_Centri/Makedonija/popsapka.htm

<p align="center"> http://informator.ws/informator/index.php?option=com_expose&album=14 - informator.ws/informator/index.php?option=com_expose&album=14



Оваа сликава за Шапка со натписиве е моја ))) ја правев за  http://makedonija.name/land/popova-sapka-ski-resort - http://makedonija.name/land/popova-sapka-ski-resort

-------------


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 06-Dec-2009 at 19:42

Попова Шапка е подготвена да ги пречека туристите

Скијачките патеки, чистиот воздух и убавата природа. По ова е препознатлива Шар планина. Било лето или зима таа мами туристи како од Македонија така и од соседството. Во пресрет на зимската сезона, која стартува од следниот викенд, хотелите беа реновирани. Попова Шапка е подготвена да ги пречека туристите велат угостителите, ветуваат квалитетна услуга.

И покрај тоа што со години нема поголема инвестиција во инфраструктурата овој бисер на зимскиот туризам е на добар пат да го врати изгубениот сјај. Тоа што е дадено од бога е преубаво велат туристите и токму поради тоа редовно доаѓаат на Попова Шапка. Но, потсетуваат дека треба уште многу работа.

Претседателот на месната заедница Попова Шапка вели дека урбаниот хаос кој владеел во викенд населбата е зауздан. Покрај постојните 430 викендички годинава биле издадени парцели за уште 260 нови објекти. Дел од нив започнале да се градат незаконски.

Ризвани за идната година најави асфалтирање на патиштата во викенд населбата и поставување на улично осветлување. Оптимист е, вели дека работите се одвиваат во позитивна насока. Со иницијативата за прогласување на Шар планина за национален парк, Шапка ќе добие во разновидност вели тој. На повисоките скијачки патеки има околу 20 сантиметри снег, но туристичките работници очекуваат најавените снежни врнежи да го означат почетокот на зимската сезона за да можат идниот викенд да ги угостат првите скијачи.
06.12.2009, 18:30
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=55875 - http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=55875



Posted By: medo
Date Posted: 10-Dec-2009 at 18:23
Во текот на септември на  Попова Шапка се случиле многу нови работи. Завршен е комплетен ремонт на сите жичари и ски лифтови. Тоа подразбира целосен сервис на столбовите, сајлите, корпите и сите други придружни елементи.
На пат се нови сидра за ски-лифтовите и треба да пристигнат на крајот на септември. Исто така на жичарата Церипашина корпите добија нов изглед, комплетно се реновирани, така што сега тие се многу поудобни.
Исто така, сервисиране се машините за уредување на патеките - два ратрака  еден тип PB 240 D, вториот PB 200D. Следниот месец треба да пристигнат два нови ратраци Рisten Bully 400.
Во изработка е нова мапа на скијачките терени така што скијачите може лесно да се снаоѓаат на патеката. Секоја патека ќе добие своја ознака, а долж истите ќе бидат поставени соодветни ознаки.
Што се однесува до набавка на нови жичари и реновирање на хотелот, оваа година тоа нема да се направи поради добро познатата економската ситуација која владее во моментов.
Новина од оваа година на Шапка ќе биде  тоа што составен дел на скијањето ќе биде телевизија и радио кои ќе емитуваат програма во живо од скијачкиот центар.

Извор:
http://www.skijanje.rs - www.skijanje.rs преку Илија Закоски


Posted By: Sale SK
Date Posted: 12-Dec-2009 at 15:43
Добар е Илија З.Најмногу впечаток ми остави оваа реченица-Исто така, сервисирани се машините за уредување на патеките.LOL Смениле уље.



Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 22-Dec-2009 at 15:19

Одлични вести после долго време од Шапка. Извенете на српскиот, но за жал во нашите медиуми не најдов никаде посоодветно пшренесување на истата вест.

07.11.2009.  http://www.build.com.mk/Ski_Centri/Makedonija/popsapka.htm - POPOVA ŠAPKA   - Stiže novi ratrak Pisten Bully 300
     Bliži se početak nove skijške sezone. Proteklog leta u
 ski centru Popova Šapka dogodilo se dosta novih stvari a urađeno je sledeće: 
     
1. Kompletan remont (sajli, stubova, sidra) svih ski liftova - Teteks, Aerodrom, Mali jelak, Ge
     
2. Kompletan remont dvosede žičare Sv.Ilija
     
3. Generalni remont dvosede žičare Ceripašina (korpe su dobili novi lik, stubovi kompletno servisirani o obojeni, sajla sređena, svi drugi prateći elementi kompletno servisirani). Što se tiče ski liftova i žičara, ovih dana treba da dođe stručna ekipa sa Mašinskog fakulteta iz Skoplja da zvanično provere i potvrde da je sve u redu i da mogu da startuju sa radom.
     
4. Ski staze su očišćene od kamenja 
     
5. Servisirana mehanizacija za održavanje staza ratrak, Pisten Bully 240D i 200D
     
6. Do kraja meseca stiže novi ratrak Pisten Bully 300
     
7. Hotel Slavija (kompletno zamenjena građevinska stolarija prozori vrata, novo parno grejanje, novi enterier, bazen).
  
     
Sto se tiče ostvarenih aktivnosti proteklog leta nije sve išlo kao što se planiralo a glavni problem je bila svetska ekonomska kriza.
     
Cena ski pass-a za ovu skijašku sezonu još nije definisana ali narednih dana i to će da se uradi tako da ce se uskoro i to znati. 
     
Od manifestacija koje će se održati ove godine na Šapci najznačajnije su: Šarplaninski kup, Univerzijada u skijanju, Mounntbike takmičenje na snegu što je novitet ove godine, Državno prvenstvo Makedonije u skijanju u više kategorija.
Od objekata koji će da rade ove sezone, na prvom mestu su dva hotela, "Popova Šapka" i "Slavija" sa kojima gazduje Drustvo za ugostiteljstvo i turizam Popova Šapka u čijem vlasništvu su i žičare. Što se tiče ostalih objekta, tu je hotel "Teteks", Planinarski domovi "Šara ski" i "Smreka", više odmarališta preduzeća.
http://www.skijanje.co.yu/Index/utisci/utisci_makedonija.htm - http://www.skijanje.co.yu/Index/utisci/utisci_makedonija.htm
 
 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-Dec-2009 at 20:23
Стотици туристи на Попова Шапка
Зоран Јованоски     Коментари (0)    



22.12.2009 19:51



Еден метар снег на подготвените патеки за скијање, санкање, сноубординг, обновени ски лифтови, стотици туристи од целиот Балкан. Вакво е на Попова Шапка на десеттина дена од почетокот на зимската сезона.

„Ова богатство што ни го дал Господ, тешко е да не го користиш. Овде е прекрасно, патеките се прекрасни, овде сум веќе два дена, и времето е супер“, велат туристите.

Работат сите седум ски лифтови, а повторно во употреба е двоседот на популарната патека „Цирипашина“.

„Сите жичари и ски-лифтови се ремонтирани, набавени се резервни делови од гуми, од федери, од сидра, од цела електро опрема“, изјави Светислав Евтоски, раководител на ски-лифтови и жичарници.




Од студените и снежни предели, во базен со топла вода и поглед кон манастирот Свети Наум. На овој туристички центар работите конечно тргнаа по нагорна линија. Обновени се и дел од сместувачките капацитети.

„Оваа година направивме мало реконструирање на објектот. Што се однесува до парното греење, комплетно го опремивме. Едниот дел кој е над базенот го обновивме комплет со прозорци и врати“, рече Зоран Марковски, Хотел „Славија“.

Шапка има најмногу сончеви денови во текот на годината, снег во изобилие. За оние кои не ги сакаат зимските спортови, тука се чистиот воздух и стрмните падини за прошетка.

Попова Шапка се уште е со најниски цени од 2.400 денари за пансион и 800 денари дневен билет за скијање. Капацитетите за новогодишните празници се речиси во целост резервирани.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117840 - А еден

А знае некој онај телеферик со корпи (што беше онеспособен во 2001) под чија надлежност е? На општината, или?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Max
Date Posted: 22-Dec-2009 at 22:05
 
Originally posted by gorco

Оваа сликава за Шапка со натписиве е моја ))) ја правев за

  http://makedonija.name/land.php?page=skipopovasapka - http://makedonija.name/land.php?page=skipopovasapka

епа да ја качиш оти тука е трајно загината, ова треба да е онаа со стазите така, не можам да се сетам





Posted By: medo
Date Posted: 27-Dec-2009 at 08:31
Конечно нов сајт на ски центарот "Заре Лазаревски" во Маврово. http://www.zarelaz.com - www.zarelaz.com или http://www.skimavrovo.com/ - www.skimavrovo.com . Според мене, до тука завршуваат пофалбите.

- Штета за сајтот што е само на англиски. Посебно ако се земе предвид дека најголем број посетители се од Македонија, Албанија и Косово.
- Има и ценовник на билети во кој повторно се враќа полудневната карта, но истата важи само по 12 часот?? Зошто??
- За секоја ски карта се бара и депозит од 150 ден. Има некој одговор на ова? Со враќање на ски картата се враќа депозитот. Па каде го има ова??????
- Како и досега веб камерите работат само кога има снег, а во сите други ситуации редовно се исклучени.
- На првата страна не информираат дека последниот викенд паднале 34 cm снег. Нема информација од кој датум е оваа вест, ниту за кој викенд се однесува.
- Текстот за хотелите е толку кус што човек ќе се запраша дали воопшто вреди да се појде таму.
- Најглавно на сајтот очигледно е полнење на хотелите, за кои и онака имаат прескап аранжман, за 7 дена од 21.000-27.000 ден., па веројатно затоа најголема информација на главната страна се телефонските информации за резервации.
- Каде се информациите за актуелната состојба со снег, кои патеки работат и слично?!?

Изгледа возот за Маврово тргна надолу и тоа се посилно и посилно.


Posted By: Sale SK
Date Posted: 01-Jan-2010 at 20:34
Медо
Од оваа сезона има нови карти(со чипови),нема да мораат да се вадат и покажуваат,па претпоставувам дека ради оа бараат депозит.Во секој случај,цените на ски-картите се безобразно високи.Памтам времиња кога цената беше 250-300 ден.Ништо специјално од тогаш не е вложено,а цената на ски-картата е зголемена за 6 пати.
За цените на хотелите не би коментирал многу.Еден збор-срамота.
И за сајтот си во право.Повеќе е функција на хотелите отколку на сји-центарот.


Posted By: medo
Date Posted: 02-Jan-2010 at 13:40
И јас така слушнав за новите карти, но тоа воопшто не е оправдување за поскапувањата секоја година. Се сложувам со тебе дека воопшто не е вложено ништо ново во ски центарот што се однесува до условите за скијање, патеките и ски спортот воопшто. Лани бев на Копаоник, картата беше со иста цена како во Маврово (1200 ден.), беше со чип и не се враќаше, односно не бараа никаков депозит. А да не зборувам за километрите патеки за скијање во споредба со Маврово, како се натабани и уредени, ознаки на секој чекор, жичари (6 седечници) за мерак, гужва скоро никогаш па дури и во шпиц сезоната, систем за вештачки снег.... Па еве и сега на вакво топло време произведуваат снег и создаваат услови за скијање [ http://www.infokop.rs - www.infokop.rs ].
Навистина жално за Маврово, и искрено сметам дека треба да го превземе центарот некој што ќе сака да го работи како треба. Во спротивно, отидоа сите на Шапка, па дури и оние со викендици во Маврово.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Jan-2010 at 21:35

Вештачки снег за ски-центарот на Пелистер

Нов газда добија ски-лифтот и патеката кај Копанки на Пелистер, кои четири години беа запуштени и без скијачи. Во следните десет години со жичницата ќе стопанисуваат „Електрани на Македонија“, преку својата битолска подружница, хотелот „Молика“ на Пелистер. Од таму најавуваат дека се подготвени да инвестираат во поправка на жичницата за на Пелистер да се врати скијањето до следната зима.

Се планира комплетна смена на сајлата поради чиј дефект жичницата не работеше четири сезони. Ќе се испитува дали е исправна старата водоводна и електрична инсталација вградена во патеката, која е со намена да опслужува топови за вештачки снег, зашто тука пообилни снежни врнежи има се' поретко.

- За се' што е со репарирање или замена на делови ние имаме стручни кадри во подружниците на ЕЛЕМ, РЕК и Фабриката за опрема и делови, кои имаат капацитет да ги завршат 90 проценти од работите. Она што не можат да го произведат, ќе се купи. Сајлата не може да се поправи, таа има рок на траење и ќе биде заменета со нова. Во иднина одржувањето на жичницата, на ски-лифтот ќе биде од страна на РЕК и ФОД, а ние ќе управуваме со жичницата - вели директорот на „Молика“, Кире Крстевски.

Надлежните не можат да дефинираат колку пари ќе бидат потребни за повторно да се стави во функција ски-патеката со монтажната опрема. Само замената на сајлата чини околу 30 илјади евра. Жичницата зафаќа површина од 750 метри, а двоседните имаат капацитет да опслужат околу 500 лица за еден час. Според ова, не се работи за мала инвестиција.

Но, жичницата не е единствениот проблем зашто во последните неколку години нема скијање на некогаш популарната ски-атека кај Копанки. Изградена на надморска височина од 1.500 метри, поради глобалното затоплување, тука во последно време се'поретко врне снег, а и да наврне, брзо се топи.

Се поставува прашањето дали иднината на патеката лежи во набавка на топови за вештачки снег, кои се скапа инвестиција. Инсталацијата за нив била поставена пред 20 години, кога се градел хотелот „Молика“, но топови не се набавиле, па останала неискористена.

- Секаде во светот поради климатските промени се работи со вештачки снег. Инсталацијата е во фаза на испитување. Ако има потреба, таа ќе се репарира, ќе се обнови и ќе мора да се набават најмалку два топа за да можеме успешно да ја пребродиме секоја зимска сезона - додава Крстевски.

Со ски-патеката и жичницата досега управуваше планинарскиот клуб „Пелистер“, кој немаше пари да инвестира во нејзино реновирање. Според претседателот на клубот Димче Попов, проблемот со недостиг од снег нема да се надмине со набавка на топови.

- Вештачкиот снег е за дополнување, не е решение кога воопшто нема снег. За да се прави потребна е температура од најмалку минус пет степени. Не знам дали би можела цела патека да се покрие. Оваа година не' одмина снегот, но важно е да се направи жичницата - вели Попов.

Тој смета дека решението е подготовка на нов ски-терен на повисока надморска височина на Пелистер, каде што врнежните се' почести, а и снегот побавно се топи.

Жанета Здравковска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0661936FD3528A43ACBF115D32D1A933


Posted By: гитардемон
Date Posted: 30-Jan-2010 at 21:11
Скијачката сезона на Стрежево во полн ек
САБОТА, 30 ЈАНУАРИ 2010 18:40



Изминатите неколку недели временските услови ги вратија љубителите на зимските спортови на прекрасните терени на скијачкиот центар Стрежево во близина на Ниже Поле. Патеките подготвено ги дочекаа скијачите, двата ски лифтови се во активна употреба, со што на посетителите им се овозможени сите услови за зимските спортови.



-Стазата комплетно ја имаме исчистено од се она што значеше камења, израснати дрва по стазата, максимално тоа го средивме, со цел скијачите да уживаат во она што им го нудат терените на Стрежево, изјави Љупчо Бошевски генерален директор на ЈП Стрежево.

Иако за време на зимскиот распуст немаше доволно снег, со сегашните услови бројот на посетителите е многу голем, особено за време на викендите. Посетители има и во работните денови, но со намален број. Персоналот и ски лифтовите работат според потребите на скијачите се додека ги има на патеката, а организирани се дополнителни смени во продолжение на работното време.



-Со оглед на тоа што заврна доволно снег има голем број на посетители и максимално е посетен овај ски центар, вели Бошевски.

Посетителите се задоволни од понудата на овие скијачки терени, убавината на природата што ги опкружува и пред се од близината. До скијачката патека на Стрежево има околу 15-тина километри. Тука доаѓаат и стари и млади, и скијачи и почетници и рекреативци или едноставно љубители на планината.



-Стазата колку што дозволуваат условите е супер, временските услови годинава не ни беа наклонети, зимскиот распуст помина без снег. -Ми се допаѓа. Може да биде и подобро, ама е убаво и многу блиску до градот, велат посетителите.

Од техничка страна, сите претходни подготовки се одамна завршени, добиени се сите потребни дозволи за техничка исправност на двата ски лифтови. На љубителите на скијањето и санкањето им останува да уживаат во убавините на природата и снегот, додека тоа го доволуваат временските услови.


Емилија Јовчевска


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=17316&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=17316&Itemid=106

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Civkar
Date Posted: 03-Mar-2010 at 11:07
Дечки и девојки,

Некој да има да му се оди на Банско викендов? Тргнувам во петок, 05.03.2010, од Скопје, со моја кола, делиме трошоци само за гориво и патарини во Македонија, можам да ви организирам каде да останете таму, ски учители, се што ви треба, пишете тука или на мобилен барајте ме: 078315300, а можи и на мејл: civkar@gmail.com, за дополнителни информации.

Времето ќе биде перфектно викендов, идеално за скијање и бордање.

Поздрав,


Posted By: Max
Date Posted: 09-Mar-2010 at 18:58

Убав Зимски Центар во Македонија! конечно треба да се сетам и да го посетам!

~

БОЈАН КРИЖАЈ - СКИЈАЧКА ЛЕГЕНДА И ДИРЕКТОР НА ШАРПЛАНИНСКИОТ КУП

Се молев за планина како Шар Планина



Живата скијачка легенда на овие простори, Словенецот Бојан Крижај, во последно време е ангажиран за подигање на квалитетот на македонското скијање и особено на создавање услови за што поголем развој на центарот на Попова Шапка, кој според него има огромен потенцијал да достигне светско ниво.

Тешко се наоѓа планински центар како оној на Попова Шапка, каде што можностите се непресушни, вели Крижај. Според него, потребни се одредени зафати за да го стават овој центар меѓу врвните скијачки дестинации во Европа. Човекот, чие ривалство и пријателство со веројатно најголемиот скијач на сите времиња Ингемар Стенмарк е добро позната приказна, е голем ентузијаст што се однесува до иднината на Попова Шапка и на Шарпланинскиот куп.

Што, според вас, им недостига на скијачките патеки на Попова Шапка за да бидат домаќини на натпревар од Европскиот, па и од Светскиот куп?

- Пред се', вештачки снег. Тоа сега е норма на Светската скијачка федерација ФИС. Патеките на Попова Шапка ги задоволуваат сите критериуми за највисок квалитет, што се однесува до висинската разлика и се' друго. Но, потребно е да може да се подготвува вештачки снег. Јас сум во соработка со вашите скијачки работници, сакам да им помогнам затоа што се големи ентузијасти. Чест ми е овде да направам нешто за скијањето да ја задржи традицијата и да се подигне на повисоко ниво.

Колку чини една машина за подготовка на вештачки снег?

- Сето тоа чини многу. Веќе правиме планови да се направи ски-центар на Шар Планина. Треба да се направи инфраструктура. Попова Шапка може да биде ски-центар што ќе има педигре на светска дестинација. Работиме на тоа со луѓето од Македонија. Нема временски рокови, но се работи. Секако, без вештачки снег не може да влезете на мапата.

Колку сте скијале овде, на Шапка, како натпреварувач?

- Скијав како натпреварувач на Шапка, неколку пати, на државните првенства во некогашна СФРЈ. Се сеќавам тогаш го молев Бога ние, Словенците, да имаме ваква планина, каква што е Шар Планина. Во Словенија немаме таква планина. Шар Планина има бескрајни можности и овде и од косовската страна. Природата дала се' што може за добро скијање.

Како го оценувате сегашниот квалитет на македонските скијачи?

- Македонскиот скијачи квалитет е понизок од просекот во Европа. За да се подигне треба систематски да се работи во сите клубови и во репрезентацијата. Бројот на ски-центрите во Македонија мора да се зголеми. Децата треба да имаат можност да скијаат дневно, а не само да тренираат. Така би се подигнал квалитетот.

Словенија, а последниве децении и Хрватска се скијачки велесили во регионов. Што ги издвојува од остатокот од регионов?

- Словенија поодамна и Хрватска во последно време, со семејството Костелиќ, има традиција и таму скијањето е спорт број еден. Во останатите земји на Балканот не е така. Тоа ќе се постигне со издвојување за инфраструктура и со влијание родителите да ги тераат децата да одат на скијање. Скијачите од Балканот обично се на опашката на натпреварите. Но, тоа може во период од една декада да се измени. Има во историјата неколку примери. Во Хрватска во последно време е експлозија, со Костелиќ. Зошто да не биде и тука така?

Колку алпското скијање е изменето од времето на Бојан Крижај досега?

- Од спортски аспект не се измени многу. И ние трениравме цела година како професионалци, а тоа го прават и сега. Но, многу се измени опремата. Таа форсира нови техники на скијање, а новите техники форсираат измени на правилата. Сега норма е вештачки снег. Тоа дава одредена сигурност. И брзините се поголеми поради новите материјали, но и безбедноста е поголема.

Легендарно е вашето пријателство, но и ривалство со легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк. Дали се' уште се дружите?

- Со него се гледаме два-три пати годишно. Тој доаѓа на гости во мојот хотел на Јахорина. Многу добри пријатели сме, се дружиме и скијаме заедно.

Имате куче-шарланинец. Од каде таа љубов?

- Имам шарпланинец дома, ја чува куќата кога ме нема, а ме чува и мене кога сум в куќи. Ова ми е трет шарпланинец. Првиот го набавив во Тетово, беше одличен, но пцовиса поради болест. Потоа имав „девојче“, а сега имам мажјак од три и пол години.

Благоја Георгиевски

Ривалство Крижај - Стенмарк

Бојан Крижај (53) во 1987 година беше победник во Светскиот скијачки куп во дисциплината слалом. Тој во периодот од 1980 година до 1987 година има девет победи во слалом, во Светскиот куп. Во 1982 година Крижај стана светски вицепрвак во неговата специјалност, дисциплината слалом. Тогаш Ингемар Стенмарк, кого го сметаат за најголем скијач на сите времиња, стана светски првак.

Ривалството на Крижај со Стенмарк најзапаметено за луѓето од овие простори остана на трката од СК во Крањска Гора во 1982 година, еден месец по СП. Во слаломот Крижај во првото возење заостануваше зад Стенмарк една стотинка, но, во второто возење се надмина себеси и славниот Швеѓанец, па заврши како победник за четири стотинки подобар од својот голем пријател.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=9DA3F05EE0B0744CBFCEB9AAFAA3555A&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=9DA3F05EE0B0744CBFCEB9AAFAA3555A&arc=1



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Mar-2010 at 16:34
Жичницата до Шапка работи само на Википедија



 
За следната сезона нашиот најпознат зимски туристички центар треба да блесне во сиот сјај со три нови бачила и најсовремен ски-лифт  
 
%20  
Подзаборавена и напуштена. Оваа реченица од сказните најверодостојно ја отсликува состојбата со нашиот најпознат зимски туристички центар Попова Шапка. Бадијала природата ја истурила сета своја убавина кога урбанистички, таа заспала некаде во 70-тите години. Со прастари ски-лифтови, стари хотели и напуштени одморалишта, Шапка не делува ни малку импресивно, споредена со другите регионални центри како Копаоник или Банско. Освен снежната белина и убавиот поглед друго речиси и да нема. Визната либерализација дополнително ги отежнала состојбите, бидејќи потенцијалните посетители сега одат во другите ски-центри во регионот. Гости има, но многу малку и само за време на викендите.

Во работните денови доаѓаат на еднодневна екскурзија автобуси со ученици.

- Нашиот народ има чуден менталитет за зимски туризам. Ако го промашиме училишниот распуст, отиде сезоната. Годинава немавме многу среќа, бидејќи снегот падна подоцна - вели Бобан Кузмановски, управител на хотелот „Тетекс“.

За зимскиот центар Попова шапка имаше неколку обиди за приватизација и ревитализација, но сите тие завршија неуспешно. Сега, со најголем дел од капацитетите на центарот, управуваат „Електрани на Македонија“, во чија надлежност се два хотела, две жичници и пет ски-лифта.

Надлежните од ЕЛЕМ велат дека приказната со приватизацијата е завршена, центарот нема да се продава и ќе и остане на државата. Интересно, доколку на Википедија се обидете да дознаете нешто за Попова Шапка ќе наидете на текст во кој пишува дека до Шапка се стигнува на два начина - со жичница и по асфалтниот пат. За жал, жичницата повеќе од десетина години не работи. Според Петре Димитриевски, генерален менаџер на зимскиот туристички центар Попова Шапка, жичницата никогаш нема да проработи.

- Таа е дел од историјата. Во 2001 година, за време на оружените дејства, беше оштетена сајлата пред Гајре, а во Лисец беше изваден и моторот. Само сајлата чини повеќе од 4 милиони евра. Економски е неоправдано да се одржува и најверојатно многу скоро целата жичница ќе се демонтира - вели Димитриевски.

Сајлата од жичницата мора да се извади бидејќи преставува потенцијална бомба, додава тој.

-Пола населба може да ја снема доколку се скине оваа сајла, која тежи 40 тони. Веќе разговаравме со експерти од Словенија да дојдат и да ја остранат - објаснува директорот.

За оваа година Димитриевски најавува голем инвестициски циклус, кој Попова Шапка ќе ја вброи во редот на најпрестижните зимски рекреативни центри.

- Се прави целосна студија за Попова Шапка, која ќе биде готова до крајот на мај. Тогаш ќе почнеме и со изградба на три нови бачила. Се планира и изградба на голем и современ ски-лифт, со капацитет од 3.000 скијачи на час. Кога ќе се завршат сите овие работи, ќе биде подобро од Банско - вели Димитриевски.

Во хотелот „Тетекс“ ни потврдија дека гости имаа само за викендите, и тоа главно од Македонија.

- За нас проблем е тоа што нема доволно паркинг-простор, ниту пак некаков ноќен живот - нагласува Кузмановски.

Полн пансион во „Тетекс“ чини 1.600 денари, додека во „Славија“ е малку поскапо и чини 1.800 денари. Дневна карта за ски-лифтовите во работните денови е 600 денари, додека за време на викендите 800. За време на летниот период повеќето од хотелите не работат. Во двата хотели на ЕЛЕМ, „Попова Шапка“ и „Славија“, велат дека лани имале добра посетеност и за време на летните месеци, бидејќи им доаѓале гости преку синдикатот и планинарските сојузи.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=315101027268&id=10&prilog=0&setIzdanie=21934


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 21-Mar-2010 at 15:11
Originally posted by medo

Конечно нов сајт на ски центарот "Заре Лазаревски" во Маврово. http://www.zarelaz.com - www.zarelaz.com или http://www.skimavrovo.com/ - www.skimavrovo.com . Според мене, до тука завршуваат пофалбите.

- Штета за сајтот што е само на англиски. Посебно ако се земе предвид дека најголем број посетители се од Македонија, Албанија и Косово.
- Има и ценовник на билети во кој повторно се враќа полудневната карта, но истата важи само по 12 часот?? Зошто??
- За секоја ски карта се бара и депозит од 150 ден. Има некој одговор на ова? Со враќање на ски картата се враќа депозитот. Па каде го има ова??????
- Како и досега веб камерите работат само кога има снег, а во сите други ситуации редовно се исклучени.
- На првата страна не информираат дека последниот викенд паднале 34 cm снег. Нема информација од кој датум е оваа вест, ниту за кој викенд се однесува.
- Текстот за хотелите е толку кус што човек ќе се запраша дали воопшто вреди да се појде таму.
- Најглавно на сајтот очигледно е полнење на хотелите, за кои и онака имаат прескап аранжман, за 7 дена од 21.000-27.000 ден., па веројатно затоа најголема информација на главната страна се телефонските информации за резервации.
- Каде се информациите за актуелната состојба со снег, кои патеки работат и слично?!?

Изгледа возот за Маврово тргна надолу и тоа се посилно и посилно.
 
Па по ова можеш само да заклучиш дека таргет им се странски туристи, а не македонски. Понудата е насочена само делумно кон македонски туристи преку обезбедување минимален лимит (на рентабилност и профитабилност) преку цените, а делумно и за да ги отргнат од посета. Исто така се согласувам со вака креираната понуда затоа што така се обезбедува поголем приход. За едни исти 24 часа, македонец ќе гледа што поефтино да помине и на пример ќе потроши 300 евра (лупам), а странец благодарение на неговиот повисок стандард во матичната земја, комотно ќе ужива, користејќи ги сите погодности и трошејќи (занемарливи за него) пример 600 евра.
 
Патем, македонците се генерално познати као пицајзла туристи.
 
Инаку ова не е ништо друго освен чекор кон прераснување од стандарден кон елитен туризам. Има мала но квалитетна понуда, а голема финансиски силна побарувачка. Колку и строго да звучи - моја поддршка. Заклучокот е само дека треба да се вложува во повеќе вакви места (преку очигледно утврдената политика на земање на парите на странците) и од дополнителниот приход реинвестирање во капацитети од сличен тип.
 
Интересно е што направивме 5-6 спота за CNN а ако не се лажам никаде не се спомена ски туристичкиот потенцијал. Хмм веројатно ни оди добро, со сегашните капацитети, па дополнителен наплив на туристи би преставувал проблем и би се создал контраефект. 
 
Жалосно е што претходно се споменаа некои ски места што се запоставени, и не се во функција. Па макар и да нема толку снег и макар услугите да не се како на турбо развиениве подрачја, треба да се средат и да се понудат, со тоа што би биле поефитни и попристапни. Па да се направи нешто како категоризација, ски понуда со 5 ѕвезди, 4 ѕвезди, 3 ѕвезди итн.
 
Инаку кога е дојдено до овој стадиум, од исклучителна важност е човечкиот фактор во давање на услуги, па се надевам посветуваат внимание на тоа.
 
А што се однесува до хотелите дека имало малку текст - како што видов, тој малку текст е само преставување, а за повеќе информации за хотелот си има посебен линк, што е супер.
 
Генерално: Applause     Applause    Applause


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 21-Mar-2010 at 15:29
Originally posted by Civkar

Дечки и девојки,

Некој да има да му се оди на Банско викендов? Тргнувам во петок, 05.03.2010, од Скопје, со моја кола, делиме трошоци само за гориво и патарини во Македонија, можам да ви организирам каде да останете таму, ски учители, се што ви треба, пишете тука или на мобилен барајте ме: 078315300, а можи и на мејл: civkar@gmail.com, за дополнителни информации.

Времето ќе биде перфектно викендов, идеално за скијање и бордање.

Поздрав,
 
Идејата ти е одлична, ама јас доцна видов, па за некој друг пат, ако сеуште важи, ќе те имам на ум.
Иначе девојчиња овде нема LOL


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Mar-2010 at 16:35
Originally posted by SkyBoy


Патем, македонците се генерално познати као пицајзла туристи.

 


Едиственото нешто кое е сигурно во универзумот! Кој имал искуство, си знае. 90% од Македонците што работат во странство, кога ќе слушнат македонски гостин, се претставуваат како странци за нормално да не бидат тормозени дополнително од mr and mrs (quasi) big-shot. Не е место да ви кажувам примери, ама од какви болни комплекси патат нашите најмногу си покажуваат кога одат во странство...

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Mar-2010 at 16:55

Ќе се обнови ли жичницата до Шапка


Локалната власт тврди дека е немоќна да инвестира во оштетената опрема

Гојко Ефтоски


ТЕТОВО - Некогаш атрактивната жичница со која се стасуваше од Тетово до Попова Шапка за четириесетина минути, веќе десетина година е неупотреблива. Столбовите на двете сајли се доста оштетени, но има и украдена опрема. Како што стојат работите, на обновувањето на жичницата ќе се почека. Локалните власти тврдат дека финансиски се немоќни да ги покријат трошоците за ревитализација на жичницата. Објектот, тврдат во Општината, може одново да заживее ако се заинтересираат и парично да помогнат Владата, ЕЛЕМ, Месната заедница „Попова Шапка“, МВР, АРМ и „Македонија пат“. И додека жичницата не работи, по трасата кај селата Гајре и Лисец никнале неколку станбени објекти.

Пред една деценија и повеќе кога жичницата беше во употреба, повеќето посетители се определуваа со неа да стигнат до Шапка. Трасата на жичницата е долга 6.200 метри. Објектот беше изграден во два периода, делот до Лисец, во должина од 3.200 метри беше готов во 1962 година, а во 1965 година и другите три километри до Попова Шапка. Жичницата располагаше со 100 кабини и капацитет од 400 патници на час. Кабините од надворешна страна имаа специјални конзоли за скии. Со жичницата се совладуваа 1.400 метри висинска разлика.

Зимава Попова Шапка се покажа како мошне интересна дестинација не само за домашните туристи туку и за странските. За време на викендите Шапка ја посетуваа од 2.000 до 5.000 гости. Единствен превоз до зимскиот центар е патот долг 20 километри. Поради недоволно паркинзи, се создаваа колони автомобили дури до месноста „Голгота“, а посетителите беа принудени да пешачат по три и повеќе километри за да стигнат до централниот дел на Попова Шапка.

Во сегашни услови проблем за пристап до Попова Шапка е неорганизираниот јавен превоз. За обичните љубители на планината и снегот нема никакви алтернативи да пристигнат на Попова Шапка. Во тетовската локална самоуправа велат дека моментално нема јавно сообраќајно претпријатие, а приватните фирми не пројавуваат интерес за одржување редовни линии.

Томислав Стојановски-Бомбај, поранешен пратеник и професор, со потесна специјалност во сферата на металургијата и технологијата, тврди да со скромни средства жичницата може повторно да се стави во функција. „Потребни се околу 1,5 милион евра за ревитализација. Треба да се поправат неколку оштетени столбови, да се изврши интервенција на двете сајли и да се набават 100 гондоли“, објаснува Стојановски. Тој нагласува дека објектите во Тетово, Лисец и на Попова Шапка се во добра состојба и оти со мала адаптација одново можат да се стават во функција. Но, тоа мислење не го дели Алајдин Асани, шеф на кабинетот на градоначалникот на Тетово и поранешен директор на Угостителство и туризам „Попова Шапка“.

„Оваа жичница е со стара технологија. Има сериозни оштетувања не само на столбовите и сајлите туку и на станичните згради и опрема. На станицата Лисец нема ништо, се' е однесено. И на Попова Шапка се' е искрадено. Единствено на станицата во Тетово има некоја опрема. Многу од гондолите се исчезнати“, вели Асани.

Портпаролот на Општина Тетово Фљакран Пустина открива дека пред шест месеци некоја словенечка фирма се понудила да ја обнови жичницата, но понудиле стара опрема и технологија, исфрлени од употреба речиси секаде во светот.

„Во локалната самоуправа постои Комисија за туризам која оцени дека Тетово и Попова Шапка имаат традиција за ваков транспорт на патници. Меѓутоа, за преземање чекори кон евентуална ревитализација е неопходно да се вклучат повеќе институции од централната и од локалната власта“, додава Пустина.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8E1C036E897A6C4B8C35ADB9DB6D26EB


Posted By: axel
Date Posted: 28-Jun-2010 at 13:41

Попова Шапка повторно на продажба


Во времето на СФРЈ, Македонија годишно имала еден милион посетители-туристи, а сега 500 илјади, посочуваат експертите

 
 
%20  
Повторно заживеа идејата Попова Шапка да се продаде на странски инвеститор, откако пред повеќе од две години беше неуспешен обидот преку јавен повик зимскиот центар да го раководи приватна компанија. Странски инвестиции на Попова Шапка, препорачува и Студијата за развој на туризмот на шарпланинскиот регион, што ја подготви Министерството за економија.

- Наодот на студијата вели дека е најдобро да се најде инвеститор со доволно средства и со искуство во оваа сфера за да го врати стариот сјај на Попова Шапка - изјави министерот за економија Фатмир Бесими.

Покрај странските вложувања и реализацијата на останатите препораки, меѓу кои и подобрувањето на инфраструктурата, прогласувањето на Шар Планина за национален парк ќе придонесе не само за развој на планинскиот регион, туку и на севкупната економија во регионот, сметаат експертите.

- Во времето на СФРЈ, Македонија годишно имала еден милион посетители-туристи, а сега 500 илјади. Само половично да се зголеми оваа бројка на туристи поради експанзијата на алтернативниот туризам, целосно може да се смени состојбата на Попова Шапка - вели Љупчо Димовски, консултант од „Епицентар интернационал“, изработувачи на студијата.

На презентацијата на студијата, претставниците на планинарските друштва и на невладините организации им посочија на надлежните дека нивните асоцијации кои веќе имаат работено на теренот треба активно да се вклучуваат во унапредувањето на туризмот. Во развојот на овој шарпланински регион големо влијание ќе има долгоочекуваното прогласување на Шар Планина за национален парк, беше речено на презентацијата.

Националниот парк ќе овозможи нови проекти што ќе носат пари, вработувања и слично, смета министерот за животна средина Неџати Јакупи. Студијата за развој на шарпланинскиот регион е изготвена како производ на неодамнешната конференција „Дијалози за Шара“, како обид на надлежните институции за организиран и заеднички пристап во развојот на овој планински предел. Меѓу препораките на студијата се дека треба да се зголеми промоцијата на регионот на Интернет, востановување годишен календар на настани и активности, унапредување на човечките ресурси и слично.
 
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=628101048447&id=9&prilog=0&setIzdanie=22019


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Nov-2010 at 21:42
Крушево се подготвува за ски-сезоната
ЧЕТВРТОК, 25 НОЕМВРИ 2010 17:42



Крушевчани се подготвуваат за зимската туристичка сезона. Ќе стартува реновираниот скијачки центар Скаут од каде што велат дека веќе 90 проценти од активностите се завршени.




Пуштена е патеката под жичарницата, ски лифтовите се сервисирани за да можат да работат со полн капацитет. И популарно виканото место Бачило е комплетно реновирано, изјави за ТЕРА новиот сопственик Мишко Христоски.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=29176&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=29176&Itemid=106

Немаше некаде нишка за ски центри?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Dec-2010 at 16:03

http://informator.ws/novosti-od-bitola/19181-2010-12-04-22-25-26.html - Жичарата готова, се чека снегот

04 December 2010

Скијањето се враќа на Пелистер. По неколку години пауза  конечно љубителите на скијањето во Битола и околината можат со оптимизам да ја очекуваат претстојната зимска сезона.

alt

 Благодарение на разбирањето на ЕЛЕМ и неколкумина ентузијасти, љубители на белите спортови и членови на  Планинарско-скијачкиот клуб “Пелистер“, во изминатите денови речиси целосно е подготвена ски-патеката на Копанки, која, според зборовите на првиот човек на  ПСД “Пелистер“, Диме Попов, речиси сигурно ќе биде подготвена за претстојната сезона.

По  неколку “суви“ години и  пропуштени сезони, конечно, ски-патеката Копанки е подготвена, а деновиве заврши и реконструкцијата на жичарницата. Деновиве се очекува да пристигне од Италија и сајлата, којашто треба да биде монтирана. Сега единствено останува и господ да им биде наклонет на љубителите на белите спортови и во претстојната зима да заврне снег и за да можат конечно љубителите на скијањето да се спуштат по ски-патеката на Копанки која има капацитет од 500 скијачи.

Инаку, реконструкцијата на жичарницата траеше неколку месеци. Откако од страна на ЕЛЕМ беше поддржана иницијативата на ПСД “Пелистер“ се направи финансиска конструкција и по неколку години пауза се почна со целосна реконструкција на жичарницата, која е долга 750 метри.

Во изминатите неколку месеци во “ФОД“ - Битола беа реконструирани сите 120  седишта на жичарницата, кои ќе ги превезуваат скијачите, а  проширена е и скијачката патека, која беше целосно обрастена. Воедно  е проширена и патеката на потегот Копанки - Горна Ливада во должина за 400 метри и во широчина за 20 метри.

Покрај жицарницата, стручни екипи на РЕК “Битола“ го оспособуваат и ски-лифтот од Копанки до Горна Ливада, во должина од околу 500 метри. Воедно се направи статичко порамнување на столбовите, а ќе се додадат и нови скијачки котви за влечење на скијачите. Во исто време испитана е и целата електроника на жичарницата

_____________________

http://www.informator.ws/novosti-od-bitola/19181-2010-12-04-22-25-26.html - http://www.informator.ws/novosti-od-bitola/19181-2010-12-04-22-25-26.html


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: JOE
Date Posted: 05-Dec-2010 at 18:49
ОДвај чекам пак на жичара да уживам во глетката и амбиентот...ајде нека паѓа снег


Posted By: JOE
Date Posted: 28-Jan-2011 at 19:36

Ја пуштиле жичарата и Ски патеката

Скијачката патека на Пелистер викендов ќе биде реактивирана и пуштена во употреба реконструираната жичарница на ски-центарот „Копанки“.


Спортско-планинарското друштво „Пелистер“ – Битола, соопшти дека подготовките за старт на скијачката сезона се изведувале во изминатите пет месеци, а поддршка за овој проект овозможиле Електрани на Македонија.

- Благодарение на финансиската поддршка во износ од 1,8 милини денари што ја добивме од Електрани на Македонија, потоа помошта од РЕК Битола и ФОД-Новаци, реновирани се и реактивирани жичарницата со двоседите, како и скијачката патека која беше долго време запуштена. Добивме и сертификат од Машинскиот факултет со што се гарантира целосна исправност на жичарницата и таа може да се користи, изјави Димче Попов, претседател на СПД „Пелистер“ - Битола, кое стопанисува со овој објект.

Стручните лица и љубителите на планината проценуваат дека ски-центарот „Копанки“ може да се прошири и зголеми за што се најавува изработка на инвестициска програма.

Жичарницата на Пелистер која е изградена во 1977 година, викендов ќе работи во терминот од 9 до 15 часот и ќе биде бесплатна за сите посетители.


Posted By: gorco
Date Posted: 29-Jan-2011 at 05:05
Originally posted by Max

 
Originally posted by gorco

Оваа сликава за Шапка со натписиве е моја ))) ја правев за

  http://makedonija.name/land.php?page=skipopovasapka - http://makedonija.name/land.php?page=skipopovasapka

епа да ја качиш оти тука е трајно загината, ова треба да е онаа со стазите така, не можам да се сетам





На барање на МАКС:



Исто така задоволство ми е да ве известам дека во соработка со момците од www.saraski.com.mk веб камера од Попова Шапка е поставена на:
http://travel2macedonia.com.mk/destinations/popova-sapka/webcam - http://travel2macedonia.com.mk/destinations/popova-sapka/webcam

Applauseза Попова Шапка! Иако нели Маврово беше македонскиот Аспен (кремот), а немаат ниту една активна. Bash


-------------


Posted By: axel
Date Posted: 13-Feb-2011 at 15:17

И оваа зима патот до НП Галичица остана затворен за посетителите

  • http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • И оваа зима патот до НП Галичица остана затворен за посетителите ,ништо од најавите за жичари,ски лифтови и уредени терени. Од НП велат дека за релизација на  таа замисла Галичица да стане зимски туристички центар која постои години наназад потребни се огромни инвестиции.

    Националниот парк Галичица се почесто се избегнува и од страна на туристичките водичи поради нивното недоволно знаење .

    Како што велат од НП Галечица се додека не се подобри безбедноста на патот кој е изграден кон средината на минатиот век што според груби проценки на експертите би чинело неколку милиони евра најдобро е истиот да остане затворен за туристите и љубителите на зимските терени.

    И покрај можностите кои оваа планина ги нуди за развој на ски туризам од сето тоа сеуште ништо.

    Прекрасните планински предели на националниот парк Галичица за време за снег останаа недостапни за граѓаните и туристите .

    Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

    http://daily.mk/cluster3/87867633c2664511065a0586ba2e8a5f/594527


    Posted By: toasumjas
    Date Posted: 28-Feb-2011 at 18:21
    незнаев каде да ја постирам оваа студија па еве ја тука. Се работи за студија од 2010 за развој на туризмот во шарпланинскиот регион:
    http://www.economy.gov.mk/WBStorage/Files/Studija_za_razvoj_na_turizmot_na_shara_finalna.pdf - http://www.economy.gov.mk/WBStorage/Files/Studija_za_razvoj_na_turizmot_na_shara_finalna.pdf


    Posted By: toasumjas
    Date Posted: 28-Feb-2011 at 19:02
    Еве и информација што се дешава со ски центарот пелистер(копанки) и зашто не работи.

    [tube]b7W2I645jeM&feature=player_detailpage[/tube]


    Posted By: Ljubopitko
    Date Posted: 27-Mar-2011 at 22:46
    Скопје е единствен главен град во европа што има ски центар на 1 саат возење. Нема потреба да се прави ништо на Водно. Треда да се среди Попова Шапка која има потенцијал да биде најголем ски центар во Европа.


    Posted By: toasumjas
    Date Posted: 28-Mar-2011 at 15:39
    Скопје има многу опции за скијачки центар. Односно првата која веќе и постои е: Попова Шапка- треба да се смени пругата према тетово(воз што иде нагоре по планина до шапка кај нас е научна фантазија) и гондолата да се реновира. Значи да се качиш на брз воз до тетово и од тамо на гондола и за пристојно време си горе на скијање. Истотака ски центар на солунска глава би бил супер идеја(снег за разлика од водно колку сакаш), една гондола недалеку од драчево(не ми текнува на тоа местото) многу лесно и брзо би го поврзала скопје со евентуалниот нов ски центар. Не сакам да кажам дека на Водно не е можна ски патека, можно е ама тамо би се скијало максимум 2 месеци и тоа под услов нонстоп да работи направата за производство на снег а не како на другиве ски центри кај нас каде топовите никад не работат. Јас сум да се направи нешто ако не ова што го спомнав тогаш нека биде и водно.


    Posted By: Plugger
    Date Posted: 29-Mar-2011 at 08:03
    Originally posted by Ljubopitko

    Скопје е единствен главен град во европа што има ски центар на 1 саат возење.


    A Zagreb go nema li Sljeme?

    Popova Sapka e dadena na privatnjak, zatoa toj treba da mu ja misli tamo. Isto kako vo Kozuf sto pravat sega.


    Posted By: UrbanFreak
    Date Posted: 29-Mar-2011 at 08:14

    @Plugger

    До оваа сезона Шапка беше сопственост на ЕЛЕМ. Има некој нов развој?
     
    Мислам нема потреба да претеруваме со воодушевувања од типот најголем потенцијал во Европа. Кој бил на било кој алпски центар во Австрија, Франција, Италија знае дека ваквите изјави се само пуста желба и малку реалност. Секако дека може од Шапка да се направи добар регионален центар кој би можел да им биде конкуренција на Банско и Боровец, но да бидеме реални, во моментов сме далеку од тоа.
    Што се однесува до Водно, доколку има интерес од приватен инвеститор, зошто да не. Но чисто се сомневам дека некој ќе најде физибилност во оваа идеја. За една стаза колкава цена на карта би можел да наплати? Колкави трошоци би имал за одржување на снегот и самата патека? Горе нема доволно вода (барем не акумулирана) за да се прави вештачки снег. Така што мислам дека оваа пуста желба брзо ќе помине.


    Posted By: tonikostov
    Date Posted: 29-Mar-2011 at 09:44
    Пред некои десетина дена слушнав изјава на човек од ЕЛЕМ (не се сеќавам кој точно беше, да не шпекулирам) дека оваа година ќе инвестираат во развој на ски центарот, најмногу во уредување на стазите, купување топови за вештачки снег...


    Posted By: Plugger
    Date Posted: 29-Mar-2011 at 17:01

    UrbanFreak, Mene Sapka mnogu mi se svigja i sakam da ja vidam da bide na vrvno nivo i se soglasuvam so tebe deka momentalno uslovite ne se na isto merilo so drugite ski centri vo sosedstvoto, megjutoa ne znaci deka nema da bide taka za vo idnina. Jas kako sto se sekjavam Koce Trajanovski veke napravi fizabiliti studija i sega se sprema javen tender ako ne se lazam pa ka vidime sto ke se desi za na vodno. Spomna deka nemalo voda tamo, epa ja kolku sto znam se pravea vodovodite nakaj opstina Sopiste i selata pozadi vodno neli menuvaa novi cevki bi trebalo da se najde nachin za da mozhe da ima dovolno voda za vestacki sneg da pravat.

    Toni Kostov, I jas taka slusnav deka veke imaat planovi da ja renoviraat Popova Shapka i deka veke se konsultirale na taa tema.


    Posted By: UrbanFreak
    Date Posted: 29-Mar-2011 at 17:08
    Originally posted by Plugger


    UrbanFreak, Mene Sapka mnogu mi se svigja i sakam da ja vidam da bide na vrvno nivo i se soglasuvam so tebe deka momentalno uslovite ne se na isto merilo so drugite ski centri vo sosedstvoto, megjutoa ne znaci deka nema da bide taka za vo idnina. Jas kako sto se sekjavam Koce Trajanovski veke napravi fizabiliti studija i sega se sprema javen tender ako ne se lazam pa ka vidime sto ke se desi za na vodno. Spomna deka nemalo voda tamo, epa ja kolku sto znam se pravea vodovodite nakaj opstina Sopiste i selata pozadi vodno neli menuvaa novi cevki bi trebalo da se najde nachin za da mozhe da ima dovolno voda za vestacki sneg da pravat.

    Toni Kostov, I jas taka slusnav deka veke imaat planovi da ja renoviraat Popova Shapka i deka veke se konsultirale na taa tema.
    Plugger, и јас ја сакам Шапка, попрецизно потенциалот кој таа го нуди, но моменталната состојба е повеќе од очајна. Што се однесува до водоводот во Сопиште, вероватно милиш на неуспешниот обид да се направи водоводот од Патишка река, највеќе за потрбите на Сочев град. Епа како прво, водоводот има и политички и технички пречки за изведба, а дури и да се изгради, како таа вода ќе се качи на врв на Водно? Не дека неможе со одредени пумпи, но сето тоа дополнително би ја покачило цената за одрување  на центарот, па чисто се сомневам дека има некаква физибилност.


    Posted By: Plugger
    Date Posted: 29-Mar-2011 at 19:19

    Vodata e mnogu kriticna ne samo za pravenje vestacki sneg tuku i za higienski pricini pa sigurno vo fizabiliti studija gledale na toa posto e mnogu biten del ako sakaat da pravat Ski Centar. Kako sto side dobro znaeme na vrvot na vodno se uste nema ni toaleti a tamo sigurno ke se gradat poveke raboti osven ski centar bi izgradile barem edno hotelche u Blizina ili pa bar da go renoviraat planinarskiot dom za da bide so mnogu po dobri uslovi posto momentalno nema kapacitet da sobere 200 dusi a kamoli koga ke se napravi zicarata i ski centarot u blizina togas ne ke mozat lugeto da mrdnat tamo.


    Posted By: Ljubopitko
    Date Posted: 29-Mar-2011 at 22:34
    Originally posted by UrbanFreak

     
    Мислам нема потреба да претеруваме со воодушевувања од типот најголем потенцијал во Европа. Кој бил на било кој алпски центар во Австрија, Франција, Италија знае дека ваквите изјави се само пуста желба и малку реалност. Секако дека може од Шапка да се направи добар регионален центар кој би можел да им биде конкуренција на Банско и Боровец, но да бидеме реални, во моментов сме далеку од тоа.



    БОЈАН КРИЖАЈ  - за дневник

    - Скијав како натпреварувач на Шапка, неколку пати, на државните првенства во некогашна СФРЈ. Се сеќавам тогаш го молев Бога ние, Словенците, да имаме ваква планина, каква што е Шар Планина. Во Словенија немаме таква планина. Шар Планина има бескрајни можности и овде и од косовската страна. Природата дала се' што може за добро скијање.

    http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=9DA3F05EE0B0744CBFCEB9AAFAA3555A&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=9DA3F05EE0B0744CBFCEB9AAFAA3555A&arc=1


    Posted By: UrbanFreak
    Date Posted: 29-Mar-2011 at 22:40
    Точно, природата дала многу, но за жал ние немаме мрднато со мал прст последниве 25 години.
     
    Но да бидеме реални. Словенија и нема незнам си каков потенцијал и центри, но да се каже дека Шара е најдобрата планина во Европа за скијање е најблаго речено несериозно. Ако само си ги видел познативе центри со преку 300км ски патеки, со висински разлики од преку 2000 метри, со поединечни стази долги и по 6-7км, со поглед на Матерхонр или Мт Блан не би зборувал вака.


    Posted By: Ljubopitko
    Date Posted: 29-Mar-2011 at 23:04
    за зал не сум скијал на надвор од МК - но ти верувам
    Тоа и ми беше муабетот треба да се инвестира на Шара - која ни е релативно блиску до СК, нема потреба да се форсира Водно


    Posted By: toasumjas
    Date Posted: 30-Mar-2011 at 11:01
    Originally posted by UrbanFreak

    Точно, природата дала многу, но за жал ние немаме мрднато со мал прст последниве 25 години.
     

    Но да бидеме реални. Словенија и нема незнам си каков потенцијал и центри, но да се каже дека Шара е најдобрата планина во Европа за скијање е најблаго речено несериозно. Ако само си ги видел познативе центри со преку 300км ски патеки, со висински разлики од преку 2000 метри, со поединечни стази долги и по 6-7км, со поглед на Матерхонр или Мт Блан не би зборувал вака.


    Не е најдобра во европа, далеку од тоа. Али е најдобра на балканот без конкуренција


    Posted By: Andrej_LJ
    Date Posted: 30-Mar-2011 at 12:05
    Мхм, гледам не кренавме глава од чартери полни со британски туристи, решени да трошат милиони фунти... Ајде бе запрете да се занесувате и да давате ненужни квалификации во стилот најдобра на Балканот. Дека има потенциал се согласувам, но реалноста е дијаметрално спротивна од вашите соништа и желби. Дури потрагично е да се има потенцијал, а да не се знае како да се искористи.

    -------------
    "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


    Posted By: UrbanFreak
    Date Posted: 30-Mar-2011 at 12:21
    @toasumjas
     
    Ајде покажи ми еден параметар (просечна годишна висина на снежна покривка, квалитет на снегот, должина на стази, висинска разлика, сеопфатност на понуда, број на скијачи годишно, број на фис трки...), еден меѓународен извор, скијачка федерација, реномирана европска туристичка агенција кој ја класифицира Шапка за најдобар ски центар на Балканот. Доста со ваквите аргументи од мал прст.


    Posted By: toasumjas
    Date Posted: 30-Mar-2011 at 14:40
    Originally posted by Andrej_LJ

    Мхм, гледам не кренавме глава од чартери полни со британски туристи, решени да трошат милиони фунти... Ајде бе запрете да се занесувате и да давате ненужни квалификации во стилот најдобра на Балканот. Дека има потенциал се согласувам, но реалноста е дијаметрално спротивна од вашите соништа и желби. Дури потрагично е да се има потенцијал, а да не се знае како да се искористи.


    ако мислиш на мене лошо сум се изразил. Мислев на потенцијалот.


    Posted By: toasumjas
    Date Posted: 30-Mar-2011 at 14:43
    Originally posted by UrbanFreak

    @toasumjas
     

    Ајде покажи ми еден параметар (просечна годишна висина на снежна покривка, квалитет на снегот, должина на стази, висинска разлика, сеопфатност на понуда, број на скијачи годишно, број на фис трки...), еден меѓународен извор, скијачка федерација, реномирана европска туристичка агенција кој ја класифицира Шапка за најдобар ски центар на Балканот. Доста со ваквите аргументи од мал прст.


    Не сум рекол дека е најдобар. Во моментов е многу далеку од најдобар на балканот. Мислев на тоа дека има најголем потенцијал на балканот а ако не мислиш така тогаш ке ти одговорам.


    Posted By: toasumjas
    Date Posted: 30-Mar-2011 at 14:45
    Originally posted by toasumjas

    Originally posted by UrbanFreak

    @toasumjas
     

    Ајде покажи ми еден параметар (просечна годишна висина на снежна покривка, квалитет на снегот, должина на стази, висинска разлика, сеопфатност на понуда, број на скијачи годишно, број на фис трки...), еден меѓународен извор, скијачка федерација, реномирана европска туристичка агенција кој ја класифицира Шапка за најдобар ски центар на Балканот. Доста со ваквите аргументи од мал прст.


    Нели разговаравме за планина а не за скијачкиот центар. Не сум рекол дека е Шапка најдобар ски центар. Во моментов е многу далеку од најдобар на балканот. Мислев на тоа дека планината има најголем потенцијал на балканот а ако не мислиш така тогаш ке ти одговорам.


    Posted By: UrbanFreak
    Date Posted: 30-Mar-2011 at 14:51
    Мислев на ова:
    Originally posted by toasumjas


    Не е најдобра во европа, далеку од тоа. Али е најдобра на балканот без конкуренција
     
    Се сложуваме сите дека има огромни потенцијали Шара, но епитет најдобра планина на Балканот мислам заслужува посеопфатна анализа. Има поголеми и повисоки планински масиви на Балканот, со поголеми снежни наноси, и добар дел од нив веќе донекаде искористени и изградени. Целта ми е дискусијава да ја одведам на поаргументирано ниво Thumbs%20Up, а доколку поседуваш соодветни факти за Шара, кој мислиш дека ја поткрепуваат твојата теза, со задоволство би сакал да ги прочитам.


    Posted By: toasumjas
    Date Posted: 30-Mar-2011 at 15:24
    Се сложувам другар. Прво би те прашал според тебе која планина има најголем потенцијал на балканот па ја ќе ги кажам предностите во однос на таа планина. Секако не може во сите параметри да е најдобра али коа зборуваме за повисоки планински масиви не би се сложил со тебе. Ако имаат еден повисок врв за 100 метри не значи и дека планинскиот масив е генерално повисок. Патем коа збориме за масив масивот на шар планина продолжува без престан према Кораб, Бистра и Дешат.

    Еве од овој извадок (за национален парк маврово) може да се видат тие нешта:

    Шар Планина (нејзиниот западен дел), Бистра, Кораб и Дешат со 52 врва повисоки од 2000 м надморска височина и врвот Голем Кораб со височина од 2764 м – кој е највисок во Македонија, а според последните мерења е и неколку метри повисок од Триглав (Словенија) кој се сметаше за највисок врв во поранешна Југославија.


    Значи масивот ако ја вклучиме цела Шар планина а не само делот кој спаѓа во националниот парк има (имајки предвид дека шара сама има 27 врва над 2000 м) над 70 врва над 2000 метри.

    Предностите На Шара реков друже ке ги кажам само ме интересира кој е планината или масивот на балканот со поголем потенцијал.

    Инаку со твојот пост за словенија (иако делумно словенец по потекло) се сложувам во целост. Планините во словенија односно јулиските алпи имаат една негативна страна а тоа е дека се во голем процент со оштри и карпести врвови што не е случај со Шара, иначе словенците одамна ѓе направеа многу поголеми ски центри. Впрочем и поголемиот дел о подобрите скијачки центри не се на јулијските алпи(крвавец, похорје, рогла итн).

    еве со слика да го потврдиме муабетот за алпите во словенија


    за споредба еве дел од масивот на Шара


    Posted By: toasumjas
    Date Posted: 06-Apr-2011 at 11:58
    Мое мислење е дека според потенцијалот кој го имаат на Балканот се издвојуваат 3 планински масиви па еве ке наведам некој основни податоци за нив:

    1. Шар Планинскиот( податоците за шарпланинскиот масив се прикажани без кораб, а реално масивот без прекин продолжува со кораб) - површина 1600 км2, должина 80km, ширина 25км, највисок врв: Титов Врв (2748 m), 25 над 2500 метри
    2. Рила - површина 2400 км2, должина 70 km, ширина 50км, највисок врв Мусала (2925 m)
    3. Пирин - површина 2585 км2, должина 80км, ширина 40км, Вихрен (2914 м.), 40 над 2500 метри

    Ова се некој основни параметри кој значат многу али и зависат од руги нешта. Како пример за тоа би ги спомнал алпите во словенија. Значи кога збориме за ски центри многу е важно каков е теренот потоа падежите на снег, ориентираноста на планината итн.

    Горенаведените податоци покажуваат дека според површината и висината овие три планини имаат повеќе од доволно потенцијал за еден огромен ски центар, мислам на 100+ км стази.


    Posted By: UrbanFreak
    Date Posted: 06-Apr-2011 at 12:12

    Во право си дека Шар Планина е еден од поголемите и највисоките планински масиви на Балканот. Секако има и огромен потенцијал за развој на зимските спортови. За да не се сведе се на смо празни муабети без аргументи, ќе пробам компоаративно да ја споредам Шар планина со неколку други значајни масиви на Балканот.

    Масив Површина км2 Највисок врв м Годишни врнежи мм Врвови над 2600 м
    Рила

    2400

    2925

    2000

    21

    Пирин

    2585

    2914

    1500

    32

    Шара

    1600

    2764

    1200

    9

    Родопи

    14735

    2191

    нема податок

    0

    Дурмитор

    390

    2522

    нема податок

    0

    Јакупица

    2540

    2540

    нема податок

    0



    Posted By: krale
    Date Posted: 06-Apr-2011 at 12:14
    Од финансиски аспект најисплатлив може да биде само Кожув. Близината до Солун (и Солунскиот аеродром) едноставно е доволно за да биде во топ финансиска состојба.

    Иако можеби климатските услови не се нај-нај, тоа денес се решава.


    Posted By: UrbanFreak
    Date Posted: 06-Apr-2011 at 12:16
    Во секој случај, табелава потврдува дека ако не бр. 1 барем е меќу најпотенцијални 3 планини. Намерно не ја ставив Олимп на листата, иако го има 2рито највисок врв на балканот, и Јулските Алпи/Триглав.


    Posted By: toasumjas
    Date Posted: 06-Apr-2011 at 12:43
    Убаво ги сложи податоциве. Да бидам искрен не ги знаев точниве податоци за врнежи во мм. Како и да е тука се слагаме дека се 3те планини со најголем потенцијал за развиток на зимски цеентри. Рила и Пирин се феноменални планини и ја во некој од моите предходни постови за банско немав намера да им го побијам неоспорниот потенцијал и затоа коментирав само на технички детали кој не ми се допаѓаат во центрот заради кој според мене заостанува зад европските центри.
    Но сега збориме за потенцијалите така да ќе се задржам на природните потенцијали и ке се потрудам да побарам некој полезни информции по нет.
    Она што можам да го кажам и сум го приметил е дека пирин и рила се со многу погуста вегетација односно шума. Поради тоа мислам дека теренот на шара ја прави самата евентуалната инвестиција полесна за изведба а истовремено и поефтина.

    Да сумирам: Шар планина како и другите македонските планини располагаат со извонредна релјефна структура и со разиграна конфигурација на терените што и тоа ги прави исклучително погодни за развој на зимскиот туризам.

    Ова го постирав веќе еднаш нема многу инфо али по нешто може да се најде посебно во точка 5.

    http://www.economy.gov.mk/WBStorage/Files/Studija_za_razvoj_na_turizmot_na_shara_finalna.pdf - http://www.economy.gov.mk/WBStorage/Files/Studija_za_razvoj_na_turizmot_na_shara_finalna.pdf


    Posted By: axel
    Date Posted: 07-Oct-2011 at 11:23

    Вистинските скијачи скијаат на Шапка!

    mailto%3cimg%20src=">imitrov@kapital.com.mk">Петре Димитров




    Ски-центарот кој во осумдесеттите години важеше за еден од најдобрите во бивша Југославија се обидува повторно да се врати во игра. За натпревар со домашните и со регионалните центри му се потребни сериозни инвестиции. Пари ќе се бараат кај приватен инвеститор


    “По завршувањето на еден од шарпланинските купови, заедно со директорот на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), Влатко Чингоски и со руска делегација со ратрак тргнавме во прошетка по ски-центарот. Одеднаш ратракот се блокираше, па бидејќи беше многу ладно, на гостите им предложив да повикам друг, а јас да останам да го поправам распаниот. Чинговски инсистираше да останеме сите додека не го поправам. Така и беше. Тој човек направи многу за овој центар да се врати од мртвите. Ништо не правиш ако немаш поддршка од горе...“, раскажува Васил Карагеоргиевски, одговорен за возниот парк и подготовка на скијачките патеки во ски-центарот Попова Шапка, со кој раководи државната ЕЛЕМ.

    Повеќе од 28 години работи во овој центар и скржаво ги чува разните незгодни ситуации во кои се нашле многу бизнисмени и политичари кои се возеле со него: “Тоа се моменти кога и тие знаат да се опуштат. Тоа треба да се почитува. Ми текнува на еден министер за одбрана. Како само силно ја стегаше рачката од колата додека се возевме. Ќе ја откорнеше...“.

    Вели дека во досегашната кариера овој центар имал и светли и црни времиња, а доаѓањето на Димитриевски за нов директор на ски-центарот пред три години му дало надеж да остане да работи овде:

    “Планирав да барам работа во ски-центарот Кожуф, но амбицијата и упорноста на Петре ме разубедија да останам овде. Најголемата болка на овој центар, кој ги има едни од најидеалните услови за скијање на Балканот и конкурирал за Олимписките игри во 1984 година, е тоа што во него не се вложувало континуирано. Работите не можеш да ги смениш преку ноќ. Ќе изградиш нешто ново, но мора да го модернизираш и старото. За жал, искористеноста на можните скијачки терени е само 30%. Најдобро ќе биде да се приватизира“.

    ПРИВАТИЗИЦИЈАТА Е ЛЕКОТ?

    Приватизацијата ќе донесе посериозни инвестиции овде, сметаат во ЕЛЕМ.

    “Развојот на Попова Шапка, генерално, зависи од тоа колку брзо ќе се привлече странски капитал, бидејќи ќе се користи моделот на јавно-приватно партнерство. Во тој правец, предвидени се четири фази, во кои се вклучени: подобрување на инфраструктурата, проширување на капацитетите, нови скијачки локации, акумулации за вода за вештачки снег и изградба на етно село. Се очекува капацитетот на Попова Шапка да се зголеми од 2.900 скијачи на ден на 14.000, со тоа што ќе се направат дополнителни четири локации за скијање“, велат од ЕЛЕМ.

    Според стратегијата која ја изготви фирмата Еко сајн, (која работела во организација на две Олимпијади), по нарачка на ЕЛЕМ, Попова Шапка во наредните години треба да прерасне во главен ски-центар во Македонија.

    “На Шапка не е инвестирано повеќе од 10 години, а центарот направи милионски загуби и долгови поради недомаќинско работење на претходните менаџери. За семинари на разни невладини организации од Косово и од земјава никој не плаќал. За 2.000 скијачи на ден се продавале само 100 карти. Не се поднесени ни тужби за побарувањата што ги имал центарот“, вели директорот Димитриевски, кој работи овде веќе 11 години.

    Од април следната година ЕЛЕМ планира да стартува со модернизација на центарот.

    “Се планира да се руши хотелот Попова Шапка поради неговата нерантабилност, а хотелот Славија ќе се догради за уште 180 легла. Студијата на Еко сајн вели дека и двата хотели не се исплатливи, бидејќи немаат минимум 300 кревети. За предвидените инвестиции се потребни околу шест милиони евра“, објаснува Димитриевски.

    Според планот, во близина на хотелот Попова Шапка е планирана и изградба на катна гаража, чаршија и три нови бачила кај Ајдучка рамнина, двоседите Св. Илија и Церипашина. Доколку има интерес од инвеститори на полјаната кон релејната станица (каде што е лоциран репетиторот на МТВ), планирано е градење и на цел нов скијачки комплекс.

    СЕ ВРАЌААТ ТУРИСТИТЕ

    Тоа што најмногу го радува Димитриевски е што на Шапка последните 2-3 години се вратија македонските туристи, посебно, како што вели, скопјаните (дури 80% од тие што редовно одат во Маврово), кои имаат пари и знаат што е добро скијање. А и сите плаќаат карта.

    “На Маврово скијаат само тие што имаат нова опрема и сакаат да ја покажат. Вистинските скијачи скијаат на Шапка“, вели Димитриевски.

    Го радува што наскоро и ски-центарот Кожуф ќе биде вистинска конкуренција на Попова Шапка, но вели дека тие два центри не може да се споредуваат.

    “Кожуф е дупка, а Шапка е на висина. Скијачките патеки на Шара достигнуваат надморска висина до 2.500 метри. Должината на патеките изнесува околу 10 километри, со капацитет од 8.000 скијачи за еден час. Целиот проект Кожуф е авантура. Нема доволно снег, а поради ветровите и климата за два дена снегот може да го снема. На Шара минатата сезона на 2. мај уште имаше снег“, вели тој.

    По неколку години пауза, оваа сезона на Шапка се враќа ноќното скијање, а новитет е и проширувањето на патеката Церипашина за 70 метри. Цената на ски-картата ќе биде 900 денари. Последните неколку сезони во овој центар се вратија и српските, словенечките и хрватските туристи, а се поголем е интересот за скијање со сноуборд, посебно од туристи од Скандинавија.

    “Подготвени сме за сезоната. Очекувањата се големи“, вели Димитриевски.


    НЕМАМЕ МЕНТАЛИТЕТ ЗА ЛЕТЕН ТУРИЗАМ 

    Преку организација на планинскиот велосипедски маратон и традиционалните искачувања на Титов Врв и други дестинации на Шар Планина се прават обиди за заживување на овој центар и во летниот период, но сепак, интересот се уште е мал.

    “Тоа оди тешко, поради тоа што кај нас нема традиција за одење на планина преку лето“, вели Карагеоргиевски.



    ВРИЕ ОД ДИВОГРАДБИ

    “Кога почнав да работам на Шапка имаше само трисетина викендички. Сега се како рој“, вели Карагеоргиевски.

    Последните десетина години ниту една државна институција не посвети доволно внимание на урбаниот хаос што постои во овој скијачки центар. Инспекциите неодамна поднесоа дури 50 кривични пријави за дивоградби во овдешната викенд-населба. Не се знае дали тие ќе бидат срушени, а во Јелак беше стопирана изградба на хотел кој се градеше без никаква дозвола. Според кажувања на локалците, најголем дел од сопствениците на викенд-куќите се локални бизнисмени, но и бизнисмени од Албанија и од Косово.

    “Понекогаш се чуствувам како во филмот Кум. Какви ли не сомнителни фаци се вртат овде“, коментира еден локалец. Од познатите политичари овде често доаѓал покојниот претседател Борис Трајковски.



    НЕДОСТИГААТ КАПАЦИТЕТИ 

    Еден од најголемите проблеми на зимскиот туристички центар Попова Шапка, кој е сместен на падините на Шар Планина на 1.700 метри надморска височина и е оддалечен 18 километри од Тетово и 53 километри од Скопје, се сместувачките капацитети. Освен хотелите на ЕЛЕМ, Попова Шапка и Славија, од тие со поголем капацитет функционираат и хотелот на Тетекс и Snow patrol, во сопственост на ЕВН Македонија, изнајмен под кирија на локален бизнисмен. Моментално во близина на Славија се гради нов хотел со базен, зад кој стои тетовски бизнисмен.



    ШАПКАТА НА ПОПОТ

    Според една од легендите, невообичаеното име овој центар го добил по некој поп кој си ја изгубил шапката. Селаните долго ја барале шапката, но не успеале да ја најдат. Во еден момент еден од нив извикал дека шапката е на брдото, бидејќи тоа личело на поповата шапка. Попот останал без шапката, а регионот го добил името Пова Шапка. Другата легенда е инспирирана од случката за убиството на еден православен свештеник кој вршел евангелсика мисија во овој крај. Најдена е само неговата шапка (камилавка) и затоа оваа месност се нарекува Попова Шапка.



    ЕДЕН ОД НАЈСТАРИТЕ СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ 

    Првите обиди за развивање на овој планински предел во туристички зимски центар сe од пред Втората светска војна, кога помал број ентузијасти почнуваат да ги користат благодетите на овој предел за планинарење и спортување на снег. Во 1934 година е изграден првиот објект, планинарски дом. Шара купот е најстарото меѓународно натпреварување на Балканот. Во далечната 1947 година на овие падини се одржал првиот Шарпланиски куп, на кој настапиле репрезентациите на Унгарија, Романија, Бугарија и репрезентациите на сите републики на бивша Југославија, вклучувајќи ја и Македонија. Во 1954 година Шарпланинскиот куп влегува во календарот на Светската скијачка федерација. Позначајни чекори кон развивањето на туризмот се преземаат во почетокот на 1960 година, кога почнува поосмислено да се гради концепција за развој на овој центар.

    http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/74498/vistinskite_skijachi_skijaat_na_shapka!.aspx?iId=2386


    Posted By: axel
    Date Posted: 11-Nov-2011 at 13:58

    Ништо ново во ски-центрите зимава

    mailto:silvana@kapital.com.mk - Силвана Жежова

     Македонските скијачки центри и годинава нема да понудат нови содржини. Остануваат исти и цените, а долгогодишните најави за нови проекти ќе почекат некои подобри времиња. По пауза од пет години годинава ќе се скија и на Пелистер

    Македонските скијачки центри се подготвени за новата скијачка сезона, само молат Бога да има доволно снег. Нема новини во однос на понудените содржини, ниту пак се направени некои поголеми инвестиции. Исти се и цените. Старите проекти за реализација ќе почекаат некои подобри времиња. Скијачките центри Заре Лазаревски, Попова Шапка, Кожуф и Пелистер и годинава се надеваат на добра посетеност од страна на домашните и странските туристи.

    Трите жичарници и единаесетте ски-лифтови подготвени ги очекуваат посетителите на ски-центарот Заре Лазаревски. Одлично подготвените ски-патеки, како и тие кои по својата должина се осветлени ќе овозможат скијање и уживање во вечерните часови. Од 15 ноември до 15 декември љубителите на скијањето ќе можат да набават при-пејд годишен ски-билет во износ од 10 илјади денари, а дневниот ски-билет чини 1.100 денари.

    “Оваа скијачка сезона не можеме да се пофалиме со некои особени новини во скијачкиот центар Маврово. И оваа година ќе го дадеме својот максимум за подигнување на квалитетот на услугите и одржување на патеките и терените за скијање. Се надеваме дека снегот ќе нè израдува порано и дека ќе го има во изобилие целата скијачка сезона, што не беше случај изминатите години. Во преговори сме за купување лизгалиште кое ќе биде поставено во непосредна близина на дискотеката Ратрак на самото тениско игралиште“, вели Огњан Циговски, упаравител во ски-центарот Заре Лазаревски.

    Покрај домашните туристи, според најавите на зимските спортови ќе им се радуваат и гостите од Грција, Албанија, Турција и Косово, чиј број последниве години е во забележителен пораст.

    По неколку години пауза, оваа сезона на Шапка се враќа ноќното скијање, а новитет е и проширувањето на патеката Церипашина за 70 метри. Цената на ски-картата ќе биде 900 денари. Последните неколку сезони во овој центар се вратија и српските, словенечките и хрватските туристи, а сè поголем е интересот за скијање со сноуборд, посебно од туристи од Скандинавија. Скијачките патеки на Шара, кои важат за најатрактивни, достигнуваат надморска висина до 2.500 метри. Должината на патеките изнесува околу 10 километри, со капацитет од 8.000 скијачи за еден час.

    “Подготвени сме за сезоната. Очекувањата се големи“, вели Петре Димитриевски, директор на ски-центарот Попова Шапка.

    Според стратегијата која ја изготви фирмата Еко сајн, (која работела во организација на две Олимпијади), по нарачка на ЕЛЕМ, Попова Шапка во наредните години треба да прерасне во главен ски-центар во Македонија. Од април следната година ЕЛЕМ планира да стартува со модернизација на центарот.

    “Се планира да се руши хотелот Попова Шапка поради неговата нерентабилност, а хотелот Славија ќе се догради за уште 180 легла. Студијата на Еко сајн вели дека и двата хотели не се исплатливи, бидејќи немаат минимум 300 кревети. За предвидените инвестиции се потребни околу шест милиони евра“, објаснува Димитриевски.

    Според планот, во близина на хотелот Попова Шапка е планирана и изградба на катна гаража, чаршија и три нови бачила кај Ајдучка рамнина, двоседите Св. Илија и Церипашина. Доколку има интерес од инвеститори на полјаната кон релејната станица (каде што е лоциран репетиторот на МТВ), планирано е градење и на цел нов скијачки комплекс.

    Скијањето на Пелистер се враќа по пет години пауза. Во следните десет години со жичарницата ќе стопанисува ЕЛЕМ, преку својата битолска подружница, хотелот Молика. Скијачката патека и жичарницата со двоседите беа реновирани со финансиска поддршка во износ од 1,8 милиони денари од ЕЛЕМ, РЕК Битола и ФОД Новаци.

    “Во крајна фаза се подготовките на патеката. По реновирањето на жичарницата, претстојната сезона, таа за првпат ќе биде пуштена во употреба. Скијачите може да очекуваат проширена патека, проширен дел кај ски-лифтовите, па ако нè послужат временските услови се надевам на добра скијачка сезона“, вели Мирјана Митревска, директор на хотел Молика.

    Копанки е изградена на надморска височина од 1.500 метри, па поради глобалното затоплување, во последно време сè поретко врне снег, а и да наврне, брзо се топи. Но, сепак се очекува поуспешна скијачка сезона за разлика од изминатите години.

    За сезонава се подготвени и во најновиот ски-центар во земјава, Кожуф. Регионалниот пат кој води до ски-центарот Кожуф, кој досега беше пречка, е целосно асфалтиран, а преостанува обележување, сигнализација и поставување еластична ограда на одредени делници за комплетно да биде завршен. Ски-центарот е опремен со најсовремена опрема и има одлични услови за скијање. На скијачите на располагање им се два ски-лифтови, еден шестосед, ресторан, бачило, 16 апартмани и 16 километарски ски-патеки на кои можат да скијаат пет илјади луѓе.

    http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/76019/nishto_novo_vo_ski-centrite_zimava.aspx?iId=2444


    Posted By: Dragan
    Date Posted: 23-Dec-2011 at 16:53

    СНЕГОТ ГО ОТСТРАНИ СТРАВОТ ЗА ЗИМСKАТА СЕЗОНА

    Скијањето почнува со слалом меѓу старите проблеми

    Некаде со подобрени услови, некаде со стари проблеми и, главно, со цени од минатата сезона македонските ски-центри утре ќе ја почнат зимската сезона.

    Снегот, кој од вчера почна да паѓа на скијачките терени во овие центри, е доволен за зимските спортови. На терените се веќе излезени специјализираните машини кои го подготвуваат снегот за скијачите и за другите љубители на зимските спортови, што значи дека оние што утре ќе се упатат кон терените ќе можат и да ги искористат.

    Евентуален проблем може да претставува само тоа што снегот што паѓа е многу сув, со што се отежнува неговата подготовка, но од скијачките центри се надеваат дека до утре и тоа ќе се надмине.

    Ноќно скијање на Шапка, во Маврово и лизгалиште

    Во зимскиот центар Попова Шапка се убедени дека сезоната ја дочекуваат подготвено.

    - Уредени се скијачките стази Церипашина и Аеродром. Првата е проширена за 70 метри во должина од еден километар, а Аеродром е проширена за 20 метри во целата должина. Kупивме нов ратрак со капацитет од 20 скијачи за екстремно скијање од Јелак. Поставуваме осветлување, па така годинава ќе има ноќно скијање. Сите жичници и ски-лифтови се репарирани и извршен е технички преглед - вели Перо Димитриески, директор на Друштвото за угостителство и туризам „Попова Шапка“, додавајќи дека се задоволни оти во последните три години се зголемиле туристите од поранешна Југославија. Досега веќе им стасале резервации од Србија, Албанија и Kосово, како и три групи од Скандинавија кои доаѓаат за екстремно скијање.

    Борис Стојановски од Горско-спасителната служба вели дека е добро што се враќа стариот сјај на овој центар, но треба многу повеќе инвестиции за повторно да се врати на самиот врв на ски-центри на Балканот.

    - Господ дал многу, но малку се инвестирало. Во Австрија има по околу 500 километри патеки и 50 ски-лифта во поголемите центри и нема потреба од чекање редови. Знаете, денес луѓето не сакаат да чекаат многу, редиците пред ски-лифтовите ги демотивираат. Лани добар потег било што пред ски-лифтовите имало редари, па не се создавал метеж и немало влегување преку ред - вели Стојановски.
    http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2FE59BC60935F4478036861FCCC2D1B2



    Малкуу офф топик, на Шапка ноќно сикање јеееееееееClown



    -------------


    Posted By: medo
    Date Posted: 06-Jan-2012 at 16:42
    СКИ ЦЕНТАР ПОПОВА ШАПКА = ТЕШКА ИМПРОВИЗАЦИЈА

    Денес ја отворив оваа скијачка сезона на Шапка. Иако времето не не послужи, врнеше снег и дуваше силен ветер, сепак желбата за скијање преовлада.
    Но,..... Иако одев последниве 4 години и упорно се надевав дека работите полека ќе се оправат, впечатокот ми е разочарувачки.
    Да не должам со есеи, ги синтетизирав моите впечатоци (читај минуси).
    1. Патот до горе неисчистен. Среќа зимските гуми не качија без проблем.
    2. Паркинг неисчистен. Моравме да паркираме на патот.
    3. Работниците по ски лифтовите и жичарите дојдоа на работа околу 10:00. Изгледа ги изненади снегот, па не успеале да стигнат навреме.
    4. Никој не знаеше дали воопшто ќе се пуштат патеките. Прашај ваму, прашај таму сите креваат раменици.
    5. Кога конечно во 11:00 тргна Тетекс, човекот на карти не сакаше да даде полудневна. Тие важеле од 12:00. ?!? Значи ако не е 12:00 неможеш да купиш полудневна. На прашање што работи, вика само Тетекс и можда Аеродром. Купи карта (дневна, 900 ден.) ама на твоја одговорност. Јас после не враќам пари. ЦЕЛА КАРТА за 1 ски лифт?? Кога пробавме да му објасниме дека неможе цела карта за 1 лифт, свативме дека со полуписмен неможеме да се разбереме. Јави се на Цвете, ни вика. А кој е Цвете? Некој шеф.
    6. Го добивме Цвете, му објаснивме што бараме, па по мало натегање добивме можност да купиме полудневна. Кога виде карташот дека сепак ќе добиеме полудневни карти на 45 мин. до 12, вика дај ситно, немам ситно. АМАН.... Демек, сега ќе не услови со ситно, он да биде во право. Нема да не биде, дефинитивно.
    7. Пред нас, нормално на тие што збореа албански (ај да бидам политички коректен, мада према мене никој не беше) им продаваше карти од 100 ден. Кога го прашавме за што е таа карта, карташот вика за 1 возење. Му викаме, ти стварно веруваш дека само еднаш ќе се пуштат? Вика, да, да ќе видиш. Како не, сигурно.
    8. Патеката = катастрофоа. Камења и трева прогледани. Неистапкана, мизерија. Скијаш  на свој ризик.
    9. На ски лифтот пред секое качување, типци од некоја агенција за обезбедување ти бараат карта. Ама стварно на секое пуштање. Ако толку им сече паметот, нека направат барем електронски карти. Ако знаат што се тоа. А картата изгледа мизерно. Парче картон, додуше пластифицирано, со испишани денови и месеци. Со ножица типот го пресече бројот 6 и месецот I. Демек ти важи картата за 6. јануари. Ахххх, мизерно.
    10. На единствената патека поголемко куче трча по скијачите и им се с'ска. Никој ништо не превзима, само си се смејат давачите на шипки за ски-лифт.
    11. Ски-лифтот е приказна за себе. Добив бесплатно тормозење на гениталии.

    Со 2-3 нови ратраци и се друго од пред 30 години нема шанса да ја биде Шапка. А со односот на вработените само оди назад. 

    Мизерија и тешка импровизација. Ова се моите впечатоци. Луѓе, освестете се. Неможете вака. Нема ни асален хотел, ни ресторан, ама прво средети си ги патеките, лифтовите, луѓето.

    Шапка друг пат = не верувам.



    Posted By: Portal
    Date Posted: 08-Jan-2012 at 10:38
    Na sapka i treba najmalce 5 godini za da mozeme da kazeme bilo sto ubavo )) se e toa trudno, denes rabotili utre ne se znae, dali ke raboti ili koga ke proraboti... Vaka biloo i pred 30 godini i sega e isto ili pak polosoo ))
    Se sto ima na SApka e prirodata daden od gospod...


    Posted By: Portal
    Date Posted: 08-Jan-2012 at 11:07
    Po gore procitanite tekstovi od vesnici prosto zalosno e koga nekoj sto go esapime za ozbilna licnost ili faktor ke tropne tolku mnogu gluposti na edno mesto... Pa da rusis postoecki objekt bidejki ne ti e rentabilen nesum go cul dosega... nemal 300 lezajii veli konsultantskata firma, mesto na nejze da i "plakaat" da vlozele vuste nekoj lift... a inace, ako ne ti e rentabilen prodajgo nekomu komu ke mu bide rentabilen )) Nitu ima nesto napraveno za nokno skijanje , nitu pak toa e najvazniot problem zasega na centarot. Prvo treba da se sozdadat osnovnite uslovi za dnevno skijanje, vcera duvnalo veterce denes seuste ne mozat da se opraat i ne seznae dali ski liftovite voopsto ke prorabotat. Ps: Veterot prestana da duva nokeska...
    A praznici se zamislete kolkav bi bil brojot na gostite koi bi bile denes na Sapka koga bi bile spremni... vaka normalno deka nema da im bide rentabilno nisto ne hotelite. Hotelite i restoranite se osnovnite nesta, sto ke gi zadrzat gostite, tie seuste ne mu se rentabilni a toj sakal da prai katni garazi i carsii brrrreee...
    Ucime amjko karajme kako da ne se isplacam na ovie gluposti.


    Posted By: axel
    Date Posted: 11-Jan-2012 at 10:21

    Попова Шапка на генерален „ремонт“

     
    http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15657852,00.html">

    По долги години застој туристичкиот и скијачки центар Попова Шапка оди на „генерален ремонт“. До 2015 година таа етапно ќе прераснува во мега – центар, наменет главно за клиентелата од европските и други држави во светот

     

    Како главен инвеститор на проектот се јавуваат државните електрани на Македонија „ЕЛЕМ“.

    Зошто? – го прашавме Димитар Танурков од менаџментот на оваа електроенергетска компанија. Тој вели:

    „Електрани на Македонија’ ја имаат како свое друштво ’Попова Шапка’ и поради зголемувањето на профитабилноста на неговото работење ’ЕЛЕМ’ презема мерки во насока на развој на истоимениот туристички центар. Се очекува дека со тој развој ќе треба да остварува приход, за да може самиот центар и тоа друштво да работаат со профит.“

    Мини – вештачко езеро, заради производство на вештачки снег

    Перо Димитриевски, директорот на Друштвото „Попова Шапка“ во состав на „ЕЛЕМ“, конкретизира со бројки:

    „До 2015 година треба да се вложат од 60 – 80 милиони евра. Прво, треба да се постават две жичници: една четвороседна и една шестоседна. Потоа, да се направи катна гаража во 2012 година, во која во првата фаза ќе треба да се http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15657852_ind_1,00.html">Перо%20Димитриевски http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15657852_ind_1,00.html - Перо Димитриевски инвестираат од 15 – 25 милиони евра. Во текот на викендите има до околу 3 илјади скијачи дневно. Со тие вложувања планираме да стигнеме до бројката од 15 илјади скијачи дневно. Проектот содржи замисла да се изгради и едно помало вештачко езеро, кое ќе служи за производство на вешталки снег, во ситуации кога го нема природниот.“

    Танурков нагласува дека  развојниот проект за Шапка треба да биде изготвен до пролетта во 2012 година, но и оти во меѓувреме веќе се започна со првите поситни вложувања:

    „Проектот сметаме дека ќе биде затворен во февруари, или во март 2012 година. Во меѓувреме, се преземаат инвестиции од помал обем, за да може сезоната да се продолжи. Направена е хомологација и проширување на патеката ’Церипашина’. Реновирани се хотелите, поставивме осветлување на една од патеките, за да има и ноќно скијање. Со главниот проект се предвидува санација и ревитализација на хотелите ’Славија’ и ’Попова Шапка’, проширување на обемот на нивното работење и воведување нови услуги, својствени за познатите светски центри – спа, фитнес и друго. Со повисоката категоризација на двата хотела ќе се изврши зголемувањето на бројот на 275 – те легла, колку што имаат вкупно во овој момент. Пристапуваме кон анализа: дали е потребна санација на хотелот ’Славија“, можеби доградба на депанданси кон него, или градба на сосема нов, трет хотел.“ http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15657852_ind_2,00.html">

    Дали Шапка треба да се „резервира“ само за побогатата и елитна светска клиентела?

    Димитриевски заклучува:

    „Во наредните години Попова Шапка ќе започне да изгледа каква што била порано, значи, да се вклучува во системот на врвни скијачки центри, посебно на Балканот, затоа што ги има своите квалитетни патеки и периодот со најмногу сончеви денови во текот на зимата.“

    Сепак, наспроти овие амбициозни планови и инвестиции, остануваат предупредувањата на експертите за туризам дека не треба да се форсира само елитниот зимски туризам, туку и оној масовниот, за луѓето на кои не им требаат екстремно скијање, ниту хотели од „А“ категорија. Туризмолозите се категорични дека е потребна агресивна туристичка пропаганда за секој планински центар, кој сака да се најде на мапите на европските туроператори. Попова Шапка во последниве години има околу 10 илјади ноќевања во зимската сезона, со гости од Косово, Македонија и Албанија. Ќе се успее ли да се достигне, па дури и да се надмине 1985 – тата, кога имаше 50 илјади ноќевања со гости и од Данска, Холандија, Белгија и Луксембург?

    http://www.dw-world.de/dw/article/0,,15657852,00.html



    Posted By: axel
    Date Posted: 25-Jan-2012 at 16:02

    Охридското село Куратица прераснува во ски-центар

    Охрид, 25. јануари 2012 (ИНПРЕС)
    извор: Супер радио фото: Супер радио

    Додека другите само зборуваат, ветуваат и добиваат мандати на празни ветувања дека Галичица ќе стане ски центар, жителите на малото село Куратица крај Охрид „работат на случајот“ и тоа сериозно, јавува охридското Супер радио.

    Најпознати по карневалот кој секоја година го приредуваат за празникот Василица, жителите на ова село се обидуваат максимално да ги искористат убавините на природата околу нив.

    По подолга процедура, селото Куратица конечно доби ратракот, машината за подготовка и одржување на рекреативната скијачка патека.

    Машината ја помина царината и е на пат за Куратица, вели Горан Ангелоски, претседател на Месната заедница во Куратица.

    - Ратракот е од производителот „Фенд“ и е набавен од Швајцарија, а деновиве ги завршуваме заринските формалности, по што ќе биде пренесен во селото. Неговата примарна намена е за подготовка и одржување на рекреативната патека за скијање. За истата оваа цел, наскоро треба да пристигне и ски лифт, со што се надеваме дека Куратица полека ќе прерасне во вистински мини зимски ски центар, вели Ангелоски.

    Селото е на пат да понуди многу во поглед на услугата на гостите, кои покрај прекрасните предели, наскоро ќе имаат и комплетна понуда.

    - Ние не претендираме да прераснеме во огромен скијачки центар како терените во Маврово и на Попова Шапка, но жалосно е кога ги имаме сите предуслови, да не изградиме ски-лифт, додаваат од месната заедница.

    Следната година се очекува да биде монтиран и ски-лифтот но и тоа, е сложена процедура зашто ќе се набавува од странство.

    Куратица кое е оддалечено на околу 25 километри од Охрид се наоѓа на 1.300 метри надморска височина. Жителите се надеваат дека ова село ќе прерасне во вистинска зимска туристичка атракција, а една од предностите е што е блиску до Охрид, но и до останатите градови од овој регион. (Крај)

    http://daily.mk/cluster3/fe4b819aa22469ea4643fb7cf46b9562/1111267/ohridskoto-selo-kuratica-prerasnuva-vo-ski-centar



    Posted By: gorco
    Date Posted: 09-Feb-2012 at 12:25
    Датум: 08.02.2012, 18:07

    СKИЈАЧKИОТ ЦЕНТАР ЗА ТРИ ГОДИНИ СО НОВ ЛИK

    Австријци ќе ја дотеруваат Попова Шапка


    Државната енергетска компанија ЕЛЕМ, која го стопанисува ски-центарот, склучи договор со фирмата „Екосајн Европа“, која во следните осум месеци треба да изработи мастер-план за развој на Попова Шапка


    Изградба на жичница-шестосед, две нови скијачки патеки, нов хотел на местото на постојниот објект „Попова Шапка“, четири бачила наменети за одморање на посетителите, катна гаража, се само дел од новите содржини што во следните две-три години ќе ги понуди скијачкиот центар на Шар Планина.

    Центарот Попова Шапка треба да го добие новиот лик до 2015 година. Студијата за тоа како треба да изгледа и како најефикасно да се искористи целиот простор ќе ја прави австриска консултантска компанија. Државната енергетска компанија ЕЛЕМ, која го стопанисува ски-центарот, склучи договор со фирмата „Екосајн Европа“ која во следните осум месеци треба да изработи мастер-план за развој на Попова Шапка. Се работи за обемна студија која, меѓу другото, ќе содржи и технички испитувања и анализа на локацијата, совети за уредување на земјиштето, просторно планирање и архитектонски услуги за уредување на центарот. Според договорот меѓу ЕЛЕМ и „Екосајн Европа“, објавен на интернет-страницата на Бирото за јавни набавки, изработката на студијата ќе чини околу 233.000 евра.



    Амбициозен инвестициски план

    Раководството на скијачкиот центар за оваа и за следната година најавува амбициозен инвестициски план за модернизирање на Попова Шапка. Се планира изградба на нова жичница-шестосед, која ќе се протега од скијачката патека под хотелот „Тетекс“ до месноста Ге. Во план е да се изградат и две нови скијачки патеки на Церипашина во должина од 7 километри. Паралелно со тоа ќе се гради нов хотел на местото на сегашниот „Попова Шапка“, кој ќе се урива, како и катна гаража. За одмор на посетителите планирана е изградба на четири бачила, од кои најголемото ќе има капацитет од околу 400 лица и ќе биде сместено на Ајдучка Рамнина.

    - До 2015 година предвидени се 60 милиони евра инвестиции со кои Попова Шапка повторно ќе биде во самиот врв на зимскиот туризам на Балканот. Kакви предности нуди овој центар доволно зборува фактот што највисоката точка за скијање на Kопаоник е 1.900 метри, на Маврово 1.780, додека на Шапка е 2.610 метри - вели Перо Димитриески, директор на Друштвото за угостителство и туризам „Попова Шапка“.

    Засега с` уште не се знае кој ќе ја финансира модернизацијата на ски-центарот, дали државата или пак тој ќе биде понуден на странски инвеститор. Природните поволности што ги нуди овој скијачки центар, но и неговата атрактивност, веќе им паднаа в очи и на британските инвеститори. При неодамнешната посета на принцот Мајкл од Kент на земјава, претставници на британската бизнис-група во Македонија ја изложија идејата Маврово и Попова Шапка во догледно време да се поврзат во единствен туристички центар. Тој зиме би се користел за скијање, а лете за маунтин-бајк и други спортови. Британците се заинтересирани да вложат во изградба на хотели и на други придружни објекти.



    Се враќа стариот сјај

    Раководството на центарот, но и посетителите, се согласни дека Попова Шапка го враќа стариот сјај, за разлика од периодот од 2001 до 2006 година кога целосно го изгуби чекорот со другите скијачки центри. Посетителите и планинарите сметаат дека доколку се реализираат најавените инвестиции, Шапка ќе биде врвен зимски туристички центар.

    - Во моментов Попова Шапка е добра за домашен туризам, но не и за светски. За нешто повеќе пари во ски-центрите во Бугарија или Србија добивате многу повеќе. Природата дала многу, ски-патеките се врвни, но недостигаат инвестиции - смета Јован Божиноски, претседател на Планинарскиот клуб „Љуботен“.

    Тој додава дека двајца новинари од Франција од специјализиран магазин за зимски туризам заминале презадоволни од природните убавини на Шар Планина, но тука завршува с`.

    - Потребени се врвен менаџмент, инфраструктура, паркинг, алтернативни услови за забава, како и добра реклама - вели Божиноски.

    Борис Стојановски од горско-спасителната служба, кој воедно е и претседател на планинарскиот клуб „Јелак“, има слични забелешки. Тој смета дека актуелното раководство успева да го врати сјајот на Попова Шапка, но требаат многу повеќе инвестиции за повторно да се искачи на врвот на Балканот.

    - Господ дал многу, но малку се инвестира. Во Австрија има по околу 500 километри скијачки патеки, 50 ски-лифта во поголемите центри и нема потреба од чекање редови. Денеска луѓето не сакаат да чекаат многу, редиците пред ски-лифтови ги демотивираат - вели Стојановски.

    Според него, потребни се повеќе патокази на патеките за нивна класификација, како и повеќе безбедносни мерки - обложување на столбовите, мрежи покрај карпестите предели.

    - Нема киосци за брза храна, ресторани на крајните точки од ски-лифтовите, ноќен живот за младите и алтернативни начини на забава. Потребно е да се класифицираат патеките, да се знае која е за сноубординг, која за почетници, а која за деца со санки. Вака се создава голем хаос, што е лошо за безбедноста. Потребно е постојано да има лекар во центарот за да им даде помош на гостите - вели Стојановски.

    Од неговото повеќегодишно искуство како член од горско-спасителната служба, која волонтерски и бесплатно им укажуваа прва помош на повредените скијачи, најчести повреди се скршеници на екстремитети. Главен проблем, според Стојановски, е што скијачите си ги преценуваат можностите, поради што настануваат повредите.



    Даница ТУНТЕВСКА

    Илчо ЦВЕТАНОСКИ
    http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DFBB626E474B4F4DAFCD6FFE7C554A75 - http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DFBB626E474B4F4DAFCD6FFE7C554A75

    -------------


    Posted By: N23
    Date Posted: 23-Apr-2012 at 20:37
    Датум: 23.04.2012, 13:02

    (ФОТО) Во катастрофална состојба патот кон ски-центарот „Кожуф“

    Одронати камења, карпи, свлечена земја, раскопан асфалт е сликата за патот што води кон ски-центарот „Кожуф“, а од чија изградба не помина ниту една година и не е извршен технички прием. Движењето по патот е повеќе од ризично.

    Фото: Светлана Дарудова
    #
    %20 - http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7654BF09A845FA419E7226A3121D040D

    -------------
    23ka.wordpress.com


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 08-Aug-2012 at 21:12

    МЕПСО ќе гради сноу-борд патеки

    среда, 08 август 2012, 17:53

    Државната компанија за пренос на електрична енергија ќе гради терени за зимски спортови. Според тендерите објавени деновиве, МЕПСО бара изведувач на објекти планирани за Крушево и за Осогово а за националниот парк Галичица изработувач на студија.

    - „Во ски-центрите Пониква и Крушево ќе се градат сноу борд паркови, ќе се постават машини за вештачки снег (водени топови) и осветлување на патеките. За Галичица ќе се прави физибилити студија и мастер план за да се утврди дали има економска оправданост за изградба на ски парк“- велат од МЕПСО.

    Колку пари ќе чинат проектите ќе се знае кога тендерите ќе завршат. Од енергетската компанија уверуваат дека патеките и студијата нема да ја зголемат цената на струјата.

    -„ Инвестициската програма е одобрена од Владата, во чија сопственост е АД МЕПСО. За овие инвестции МЕПСО има обезбедено финаниски средства од досегашното работење. Овие активности нема да предизвикаат зголемување на трошоците ниту МЕПСО ќе бара корекција на тарифата што ја добива од РКЕ.“- одговорија од МЕПСО

    Причината што државната енергетска компанија финансира терени за зимски спортови, од МЕПСО го објаснуваат со нивната општествената одговорност. Проектите биле дел од инвестициската програма за јавен интерес.

    Александар Димитриевски


    http://www.time.mk/read/NONE/15b0061638/index.html



    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 13-Sep-2012 at 23:20

    Власта се мисли Шапка да стане „Мега атрактивен ски центар“

    http://www.facebook.com/share.php?u=%3C;url%3E - Сподели на Facebook
    http://www.libertas.mk/wp-content/uploads/2012/09/800px-Popova-Shapka-Panoramic-View.jpg">800px-Popova-Shapka-Panoramic-View
    Прочитано: 249

    Комитетот за туризам при Владата денеска на седница го разгледа напредокот во реализација на проектот Мега атрактивен ски центар Попова Шапка.

    Од Владата информираат дека за реализација на проектот за модернизација и развој на скијачкиот центар Попова Шапка, АД ЕЛЕМ има потпишано Договор за изработка на мастер план студија со консултантската компанија Ecosign Europa Mountain Recreation Planners GmbH од Австрија.

    Целта на мастер планот, што треба да биде готов за еден месец, е да подготви техничка проценка на природните ресурси на теренот предвиден за модернизација, односно изградба на Мега атрактивниот ски центар Попова Шапка.

    Комитетот за туризам расправаше и за создавање на Национална асоцијација на македонски винарии, потоа за можноста за посета на ловните капацитети од страна на туроператори од Италија кои би помогнале во развој и  промоција на ловниот туризам, како и за отпочнување на постапката за градење на нови сместувачки капацитети со „планинска конотација“, односно мали хотели и апартмани на локации како Пониква, Берово, Крушево, Галичица, Голак, Пехчево, Вевчани, Лазарополе, Смоларски водопади, Галичник, Тресонче, Радовиш и Гари.

    Воедно, Комитетот за туризам расправаше и за Стратегијата за медицински туризам, за развојот на новите форми на туризам во националните паркови, како и за проектот за изградба на планинарски  велосипедски патеки, за што беа донесени заклучоци за отпочнување со нивна реализација.

    http://www.libertas.mk/%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B8-%D1%88%D0%B0%D0%BF%D0%BA%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5-%D0%BC%D0%B5%D0%B3%D0%B0-%D0%B0/


    Posted By: TDT
    Date Posted: 21-Oct-2012 at 14:59

    Попова Шапка
    Маврово
    Пелистер

    [tube]AG6EwicH9Fo[/tube]


    Posted By: Portal
    Date Posted: 05-Nov-2012 at 14:58
    Како љубител на скијањето ја отварам темава бидејки летоска бесе најавена изградба на нови хотели и русење на постојните со доградба на хелиодроми паркинзи и проширување на стази. Applause
     
    Дали има воопсто несто направено или тоа беше само ...


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 10-Nov-2012 at 20:12
    Државата ќе инвестира 30 милиони евра во Попова Шапка
    Сабота, 10 Ноември 2012 15:52

    Владата го усвои мастер-планот за инвестирање во туристичкиот центар Попова Шапка, изработен од реномирана меѓународна компанија, која вакви планови правела и за најпознати зимски центри во светот.
    Премиерот Никола Груевски соопшти дека планот содржи инвестирање во три фази. Во првата „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) ќе инвестира 30 милиони евра во нова шестоседна жичарница, во нови патеки и проширување на постојните, во поголеми паркиралишта и реконструкција на главниот пат. Ќе има и други активности со кои ќе се дуплира капацитетопт на туристи и скијачи на Попова Шапка.

    Во втората и третата фаза ќе има големи инвестиции за изградба на хотели и ресторани и за нив Владата на меѓународен оглас ќе побара концесионер.

    - Ова е сериозна инвестиција во Попова Шапка. Целта е таа да стане еден голем европски центар за привлекување туристи и скијачи. Се внимава и на тоа и во лето, кога нема снег, да има интересни содржини на Шапка. Мастер-планот дава сеопфатна содржина на активностите кои Владата заедно со потенцијални приватни партнери треба во иднина да ги прави, за Попова Шапка да прерасне во еден од најдобрите европски центри за скијање, изјави Груевски во Куманово по означувањето на почетокот на градежните работи за ревитализација на пругите од Коридорот 10.

    Груевски додаде и дека Владата паралелно инвестира во други зимски центри - за модернизација на скијачките центри во Крушево и во Пониква (подобрување на патеките и осветлување) вложени се околу 2,5 милиони евра. Во план се инвестиции и во Пелистер, како и во други зимски центри зашто, нагласи премиерот, турзимот е сектор кој може да и донесе многу приходи на државата.

    http://kurir.mk/makedonija/vesti/91492-Drzavata-ke-investira-30-milioni-evra-vo-Popova-Sapka - http://kurir.mk/makedonija/vesti/91492-Drzavata-ke-investira-30-milioni-evra-vo-Popova-Sapka


    Posted By: Dragan
    Date Posted: 11-Nov-2012 at 00:35
    Само едно нешто не разбирам жичарница шестоседна, таа ќе биде од градот до горе, односно старата жичарница ќе се реконструира?


    -------------


    Posted By: Spiridon
    Date Posted: 24-Nov-2012 at 23:48

    "Vladata ke bara koncesioner".

    Se' e kazano so ova.Popova Sapka ne moze da stane nikakov "evropski centar za privlekuvanje tursti" od prosta privina sto Sapka e obicna vukojebina.Prazni9 muabeti za praznoglavi lugje.Do vcera bese "seriozna investicija" Kozuf,sega stana Sapka.Pa uste 30 miliona EUR???

    Vo Mavrovo verojatno ke aknat 50 miliona...




    Posted By: Portal
    Date Posted: 26-Nov-2012 at 13:46
    Problemot e vo praznoglaviov narod, neka ojde na Slovencite ili Hrvatite taka neka tropa nekoj zeleni... ko go dignaat na zaebancija, nema da smee uste ednas da izleze pred novinari. Ohno
    a kaj nas ni sram ni perde onoj Direktoro na Sapka, i pak ke mi seta zimoska po stzite posle dadenoto intervjuto vo stil na Amdi Bajram; ke gi rusel postoeckite hoteli nebile dobri, ke pravel pozdemni parkinzi, novi hoteli, heeeliooodromiii Cheers...abe soske mange na toa i tezgaciite od Sutka bi mu se smeele LOL...
     Ski liftovite i zicarite zar'gani zelezni kanti od minatiot vek a ovoj heliodrom ke ni pravii Bash  
    Gospod e edinstven i semoken samo toj moze da im pomogne... 
    Wallbash


    Posted By: Portal
    Date Posted: 04-Jan-2013 at 20:50
    Moderatorot go molam da otvori uste dva podforumi na temava Ski centar Mavrovo i Ski centar Popova Sapka, za da bi bilo popravicno... vo odnos na Kozuf !!??


    Posted By: gjoko
    Date Posted: 13-Jan-2013 at 15:26
         
    13.01.2013 - Oткако започна ноќното скијање на Попова Шапка, голем број посетители се одлучуваат да навечер да се рекреираат на патеките кои се осветлени

    Попова Шапка најубава е кога времето е сончево и кога на изобилството снег и на нејзините убавини со кои богато е надарена од природата се прекршуваат сончевите зраци. Од почетокот на годинава убава е и ноќе за што придонесува не само ведрото време туку и успешно реализираниот проект за создавање услови за ноќно скијање.

    Така беше и во текот на изминатата ноќ кога беа продадени рекорден број билети за ноќно скијање. Цената е поволна и изнесува 300 денари. Ноќното скијање трае до 22 часот, а постојат можности и за негово продолжување за уште едн час, вели директорот на ЕЛЕМ Турс Скопје, подружница Попова Шапка, Петре Димитриески.

    Минатата ноќ на Попова Шапка се пулсираше како што посакуваа посетителите кои имаа ретко убава можност да се скијаат и рекреираат на скијачките терени и по настапувањето на мракот кој беше измешан со одблесокот од созвездијата и со светлината од новинсталираните светилки и уреди за ноќно скијање. Поради ограниченоста на сместувачките капацитети голем број посетители на Попова Шапка допатуваа со индивидуален превоз со цел за прв пат да рекреираат и скијаат во ноќни услови.

    Управувачот на оваа моторна санка која многумина ја наречуваат подвижна амбуланта на планина изминатата ноќ немаше работа. Санката мируваше во непосредна близина на почетните станици на ски лифтовите затоа што наспроти рекордната ноќна посетеност на скијачките терени немаше ниту една интервенција.

    Во мобилна состојба беше и екипата Ратраци која контролирајќи ги и набљудувајќи ги скијачките и други терени воедно ги уредуваше и патеките на ски лифтовите и жичарниците за дневно скијње. На Попова Шапка има изобилство снег за скијање, подобрени се угостителко туристичките услуги во хотелите, тврдат посетителите кои викендот го поминаа во најголемиот угостителско туристички објект на Шар Планина хотелот Славија.

    Ваква беше Попова Шапка во текот на изминатата ноќ. Уште поубава ќе биде во наредните денови кога се очекува нов наплив на поединци и групи кои обебедиле резервации во хотелите на ЕЛЕМ Турс и во другите угостителско туристички објекти.

    Јован Булески

    http://kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=16927 - http://kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=16927


    Posted By: gorco
    Date Posted: 24-Oct-2013 at 21:13
    Фото: Пристигна опремата за ски паркот „Станич“ во Крушево

    Со донација на АД „Мепсо“ Скопје, во Крушево се реконструира постоечкиот ски парк „Станич“ каде се изгради вештачко езеро за потребите на снежните топови за правење на вештачки снег, а се изградија и патеки за сноуборд скијање.



    Со цел овој проект да биде успешен и ски паркот да почне да функционира, вчера се изврши примопредавање на опремата потребна за одржување на ски паркот и тоа: ратрак (снежен тенк), 6 снежни топови, сандак со додатна опрема за топовите, снежна санка и елементи за сноуборд паркот.



    „Крушево е познат зимски туристички центар кој заради поволните услови кои ги нуди како планинската клима, релативно топлите зими со изобилство на снег, жичарницата која е сместена во самиот град од каде за десетина минути сте на самите скијачки терени и пријатно расположените граѓани ја прави оваа дестинација атрактивна за туристите особено во зимскиот период. Затоа реконструкцијата и опремувањето на ски паркот „Станич“е одличен начин за подобрување и развивање на веќе постојниот зимски туризам, по кој Крушево е долги години познат на туристите но и привлекување на што поголем број туристи од Македонија и надвор од неа“, рече градоначалникот Ѓорги Дамчески.



    извор: http://regioni.mk/pristigna-opremata-za-ski-parkot-stanic-vo-krusevo/ - http://regioni.mk/pristigna-opremata-za-ski-parkot-stanic-vo-krusevo/

    -------------


    Posted By: Тркало
    Date Posted: 15-Nov-2013 at 17:37


    Денеска прво тестирање



    Posted By: Portal
    Date Posted: 16-Nov-2013 at 01:20
    ajde airliaa... pa ova zimo da gi postime cim se vaka spremni


    Posted By: Граѓанин
    Date Posted: 16-Nov-2013 at 12:22
    Oткако започна ноќното скијање на Попова Шапка“, понатаму:  „успешно реализираниот проект за создавање услови за ноќно скијање

    На Шапка постои ноќно скијање со децении. Јас уште како мало дете сум ги гледал скијачите. Несфатливо е зошто вака тресат.


    Posted By: bob39
    Date Posted: 19-Nov-2013 at 12:32
    Супер на Маврово уште ќе се возиме со едноседот како пред 50 години!? Каква катастрофа ем приватизиран ен ништо не е мрднато Bash



    -------------
    Трговски центри= убиство на Скопје


    Posted By: Andrej_LJ
    Date Posted: 19-Nov-2013 at 12:55
    Originally posted by bob39

    Супер на Маврово уште ќе се возиме со едноседот како пред 50 години!? Каква катастрофа ем приватизиран ен ништо не е мрднато Bash



    Чекајќи Маврово, Шапка и особено Кожуф да прераснат во најголемите туристички центри на Балканот, па зошто да не и во Европа и Космосот воопшто:

    http://www.dnevnik.bg/biznes/turizam/2013/11/14/2182185_borovec_ochakva_nai-mnogo_turisti_ot_balkanite/ - http://www.dnevnik.bg/biznes/turizam..._ot_balkanite/
    Боровец очаква най-много туристи от Балканите



    Най-много записали се туристи за ски почивка в Боровец тази зима има от Македония, Сърбия, Румъния и Гърция, съобщиха от курорта. Специално гостите от Македония са с 1.5 пъти повече от миналата зима.

    За новогодишните празници ръстът в записванията е 16 на сто, отчитат от "Бороспорт", като допълват, че повечето гости са се записали директно, а по-малко са го направили чрез туроператор.

    Въпреки отлива на британски туристи по време на най-тежките години на икономическата криза тази година резервациите от Острова бележат ръст от 15%, запитванията от Турция също са се увеличили значително, както и интересът от Израел. Навлизането на нови туроператори от Русия е предпоставка за прогнозиран ръст на резервациите и оттам, посочват от курорта.

    От "Бороспорт" обещават да намалят опашките пред лифтовете тази зима, след като е въведена нова система с безконтактно преминаване и откриването на две нови каси за продажба на лифт карти и билети – близо до долна станция на лифт "Мартинови бараки" и в хотел "Рила".

    Атракционът Borosport Snow Park пък е преместен в горната част на писта "Попангелов". Паркът ще има три зони на трудност – за начинаещи, средно напреднали и експерти на фристайла, като ще преобладават по-леките предизвикателства.

    Мястото на стария терейн парк в горната част на "Ястребец 3" се освобождава като писта и ще може да се ползва за тренировки на отбори, по-малки по мащаб състезания, както и за свободно каране, посочват от дружеството.


    -------------
    "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


    Posted By: Portal
    Date Posted: 19-Nov-2013 at 14:04
    Mavrovo em katastrofa em skapotija ziva, sega im se moze nemaat podobri tuka... Ama patot nakaj Bugarija se otvara taka da...


    Posted By: Dragan
    Date Posted: 09-Dec-2013 at 19:23
    Попова Шапка од пред некој ден
    http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/e6cd3e01-80b0-47aa-b55a-553302cdff22_zpsf1186552.jpg.html">


    Posted By: martind
    Date Posted: 26-Jan-2014 at 22:00

    ЌЕ СЕ ГРАДИ СКИ ЦЕНТАР НА БЕЛАСИЦА!
    Недела, Јан 26 2014 Смесители для душа и ванны
    Детские игрушки, развивающие игры
    Принт
    Пошта
    Ќе се гради Ски Центар на Беласица!
    Изградбата на овој Ски Центар на планината Беласица ќе значи многу за развојот на туризмот во општина Ново Село

    На потегот помеѓу селата Смоларе и Мокрино, односно на просторот меѓу Смоласкиот водопад и Мокринските извори на планината Беласица, општина Ново Село заедно со АД „МЕПСО“ ќе градат Ски Центар.
    Според проектот, за кој Советот на општина Ново Село даде „зелено светло“ и потпишаниот Меморандум помеѓу општината и „МЕПСО“, оваа компанија ќе изгради Ски патека, ќе обезбеди ратрак, снежна санка, снежни топови, осветлување и ќе изгради акумулација од каде што снежните топови ќе црпат вода, а деновиве локалната самоуправа на Ново Село ја подготвува планската урбанистичка документација за Ски Центарот.
    Изградбата на овој Ски Центар на планината Беласица ќе значи многу за развојот на туризмот во општина Ново Село и освен во лето од општината се надеваат дека Беласица ќе биде интересна и атрактивна за туристите и во зимскиот период.
    По изградбата на Ски Центарот од страна на „МЕПСО“, со него ќе управува новото Јавно претпријатие, кое ќе го формира за таа намена Општина Ново Село.

    Извор: www.strumicanet.com


    Posted By: Portal
    Date Posted: 26-Jan-2014 at 23:53
    Denes stazite na Sapka voopsto ne licea vaka... do 11-12 se moze posle toaa kasa popara...
    najbeter bese ceripasina denes, kasa ...


    Posted By: Portal
    Date Posted: 26-Jan-2014 at 23:55
    Imase tender za sestosed na Sapka, negde od "mal jelak" dolu do vrvot na GE stazata, mislam deka ke bide super za nasi uslovi... uste ratracite da se aktiviraat i da gi istapkaat GE i S'rtot napladne ...


    Posted By: Dragan
    Date Posted: 27-Jan-2014 at 15:22
    Беше каша попарара зашто деновиве вренеше мокар снег, и потребно време да налегне и да се добие природниот изглед.


    Posted By: Џоле
    Date Posted: 27-Jan-2014 at 18:20




    -------------
    За сè има вторпат


    Posted By: kultuzin
    Date Posted: 31-Jan-2014 at 22:23

    http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/9248-2014-01-31-14-33-18 - Одбрана локацијата каде што ќе се гради ски патека во Берово

    » петок, 31 јануари 2014 15:28 » Викторија Димитрова - Јованова
    http://iris.mk/index.php/component/mailto/?tmpl=component&link=aHR0cDovL2lyaXMubWsvaW5kZXgucGhwL3Zlc3RpL2xva2Fsbml2ZXN0aS85MjQ4LTIwMTQtMDEtMzEtMTQtMzMtMTg%3D">Е-пошта http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/9248-2014-01-31-14-33-18?tmpl=component&print=1&page=">Печати http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/9248-2014-01-31-14-33-18?format=pdf">PDF

    m-berovoskiОдбрана е локацијата каде што ќе се гради ски патеката во Берово. Со тоа покрај убавините на беровското езеро и на Малешевските планини овој познат туриски центар ќе понуди и богата програма во делот на ски туризмот. Општина Берово со изградбата на оваа ски патека очекува да се зголеми бројот на туристите не само од земјава, туку и од соседните држави.

    Во тек е тендерската постапка за проектната документација за овој ски центар во Берово, кој го реализира МЕПСО. Берово со изградбата на ски центарот ќе добие и нови туристички капацитети. Во тек е и постапката дали и на планината Голак во Делчево ќе може да се гради ски патека. Ова подзаборавено туристичко место, со изградбата на ски патеката ќе може повторно да заживее.

    Во моментов функционира само еден угостителски објект, а дел од сместувачките капацитети се руинирани. Постапката се очекува да заврши во април, по што ќе се знае дали Делчево ќе може да го развива зимскиот туризам.

    http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/9248-2014-01-31-14-33-18




    Print Page | Close Window