Print Page | Close Window

Сивус технолошки парк

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Деловни
Forum Discription: Канцелариски згради, деловни центри, седишта на компании...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=532
Printed Date: 25-Apr-2024 at 07:26


Topic: Сивус технолошки парк
Posted By: vardar
Subject: Сивус технолошки парк
Date Posted: 08-Aug-2008 at 11:13

„Сивус“ ќе отвори технолошки центар-парк во Скопје

Компанијата за информатичка технологија „Сивус“ ќе отвори нов технолошки центар-парк во општина Кисела Вода, објавија вчера од фирмата.Во центарот ќе има простор и за други компании, а не само за „Сивус“. Планираме тоа да биде центар - лидер во регионов, каде што ќе ја развиваме информатичка технологија во Македонија - изјави вчера извршниот директор Игор Лештар. Центарот ќе се простира на 20 илјади квадратни метри, а се очекува бројот на вработените во наредните години да се зголеми на 1.500. Просторот кај Тутунскиот комбинат, каде што ќе биде центарот, во наредните 12 месеци ќе се реновира. Предвидено е во првите три години во употреба да се пушти половина од центарот, а остатокот да биде завршен во наредните две години.- Македонија има потенцијал и можност во иднина да стане една од водечките центри за оваа област во регионот. Владата ќе продолжи да инвестира, пред се', во образованието, но и за тренинг и развој на кадри кои потоа ќе бидат магнет за инвеститорите и за отворање нови работни места. Тоа ќе ги поттикне извоз и девизниот прилив - изјави премиерот Груевски, кој присуствуваше на промоцијата на инвестицијата на „Сивус“.

 
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=506EBA82BCEBAF44835F717D5F37841C&arc=1 - Dnevnik



Replies:
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Nov-2008 at 15:19
СЕАВУС
Изградба на голем ИТ-центар во Скопје, каде што долгорочно ќе се вработат 1.500 лица, најави денеска Компанијата за висока информатичка технологија „Сеавус “.
....
http://www.it.com.mk/forum/showthread.php?t=5556 - http://www.it.com.mk/forum/showthread.php?t=5556

Највероватно е оваа зграда од „Монопол“




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Nov-2008 at 15:28
Баш се прашував кој е објектот на Сивус.

Супер инфо Владимир Thumbs%20Up


Posted By: pbanks
Date Posted: 24-Jan-2009 at 19:39
Објективе тука се работат а дознав дека Сивус имале маркици за изградба на уште два објекти покрај овие. Околината на идниов технолошки центар е во страшно лоша состојба и за тоа може да прочитате и видите повеќе http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=511&PID=28442#28442 - овдека . Се надевам дека Сивус ќе повлече нога и работите тука ќе почнат да се средуваат побрзо. Се работи за доста голем простор со многу потенцијал и со одлична локација. Баш ме интересира што се тука превидува ДУПот.



Во меѓувреме еве слики од двата објекта кои ги земаа од ТКС и кои ги реконструираат.

1 Поглед од страна на школото 11 Октомври. Од тука до центарот се стига само по една козја патека. Колку што јас сфатив главниот пристап е преку уличката позади стара рампа но се надевам дека грешам.

2

3

4

5

6

7

8

9



Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 24-Jan-2009 at 20:21
pa i ne gresis bas,do ovie dve zgradi mnogu e los pristapot neznam sea dali moze da se ide otkaj tutunski kom.tamo ima asfaltiran pat ama i toj e cel raskopan.


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 24-Jan-2009 at 20:24
pa vishe i si gi videl tie ulicki,gi imash slikano i postirano vo selo vo grad.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 24-Jan-2009 at 23:52
@pbanks
... Колку што јас сфатив главниот пристап е преку уличката позади стара рампа но се надевам дека грешам.

Не грешиш, само што ке се прави нормална улица


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: anDarko
Date Posted: 25-Jan-2009 at 00:12
Супер што конечно нешто се подсредува на тој неверојатно атрактивен простор (на само 1км од парламентот).

Уште и на главната зграда која се уште ја користи Тутински комбинат нешто да се превземеше...

Нешто што кај нас е утопија би било законски да се забрани функционирање на фабрики во урбани средини, особено не во тесен радиус на најстрогиот центар - како што е случајов со Тутунски комбинат.

Во уште по-утопија за нас ситуација, би се осмелил да фантазирам како главната зграда на Тутунски еден ден со темелно реновирање се пренаменува во отмен хотел од типот на Four Seasons а сегашниот приватен паркинг на Тутунски и оној, јавниот, тотално раскопан паркинг, кој излегува на семафорите кај поранешна рампа, се спојуваат и претвораат во простран сквер со убава нео-класична фонтана.

Ех...Nuts


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jan-2009 at 01:21
За овој простор тука ич незнам која општина е надлежна. Таблата велком ту кисела вода/центар е точно на Ѕ кривината што е во непосредна близина. Еднаш го имам случано џорче уште кога збореше пред неколку години за неговите инвентивни сообраќајни решенија, знам дека требаше некаква согласност од општина центар. Еве сега со реконструкцијата на раскрницата пак се спомнува центар. Овој опфат е многу нејасен. Тука треба да биде спојот на крушевска со јужен. Дали овие нови објекти ќе го накршан гуп-от ич не е јасно. Инаку просторов плаче за урбанизација. Тука се све субстандардни објекти иако се цврста градба. Повеќето се складишта и магацини, има и некој градежен погон. Штета ваков простор што така скапува.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-May-2009 at 10:02
Се прави пристапен пат кон Сеавус




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-May-2009 at 13:35
Владимир. Дали се трасира асална улица се до рампа некаде? Бидејќи целата должина и спојката кај рампа во моментот е субстандардна и не би доликувала на еден ваков комплекс. Разбрав дека наскоро ќе пробиваат и улица од другата страна накај амбуланта Пролет. 


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 19-Jul-2009 at 20:37
Originally posted by pbanks

Владимир. Дали се трасира асална улица се до рампа некаде? Бидејќи целата должина и спојката кај рампа во моментот е субстандардна и не би доликувала на еден ваков комплекс. Разбрав дека наскоро ќе пробиваат и улица од другата страна накај амбуланта Пролет. 

Има многу дивоградби чак навлезени во плацот на Сеавус, така да што ќе се деси ама баш никому не му е јасно. Додуше на почетокот владата вети дека нормален пристапен пат ќе се направи од страна на „рампа“ а за излаз неверувам за брзо рачистување.


Seavus 2009-07-19


Seavus 2009-07-19

Иначе левата зграда е при сам крај така да брзо ќе има вселување во тој дел на IT, додека другата зграда има уште за работа.
Штета што сега за сега не е дозволено сликање внатре, иначе просторот е систем на океан и прекрасно организиран, но се надевам дека брзо ќе имаме слики и од ентериерот.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Sep-2009 at 14:22
Едната зграда од Сеавус (левата) веќе е вселена со АТ-евци Smile
Со за мене чудно нагласени вентилациони канали Ohno


2009-09-19


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Sep-2009 at 15:39
Вентилациските канали се навистина чудни но и околинава е сеуште за никаде. Колку што гледам паркингот е комплетно импровизиран. Очекував далеку повеќе во однос на уредувањето на околината. 


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Sep-2009 at 17:24
Originally posted by pbanks

Вентилациските канали се навистина чудни но и околинава е сеуште за никаде. Колку што гледам паркингот е комплетно импровизиран. Очекував далеку повеќе во однос на уредувањето на околината. 

Околината неверувам дека ќе може да се уреди повеќе, бидејќи многу објекти и парцели се дивоградби.
Но се надевам дека пристапниот пат кој владата го вети ќе го оствари.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Sep-2009 at 19:00
Јасно Владимир но би очекувал од фирма како Сивус барем непосредната околина да ја очисти, да ги откупи плацовите да направи барем еден личен паркинг простор. ОК можеби тоа ќе следува набргу но во моментов сето тоа изгледа доста неугледно за фирма од таков профил.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Sep-2009 at 19:23
Во потполност се сложувам,
што ќе биде кога ќе дојде народ и во другата зграда,  хаос

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jan-2013 at 13:33
Еве ги рендерите што ги најде daci92

1


2


3


4


5



Posted By: daci92
Date Posted: 26-Jan-2013 at 13:44
Гледам дека не сте запознати за внатрешноста на просториите на сивус па ако сакате можам подоцна да ви напишам од прилика една голема анализа ,но за жал нема да можам да кажам многу за ентериерот на сивус бидејќи во изминативе 2 години многу е променлив и доста работи се сменети. (внатрешноста на зградите подлежи на големи промени за да се направи поудобен престој за вработените но и за гостите)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jan-2013 at 13:49
Originally posted by daci92

Гледам дека не сте запознати за внатрешноста на просториите на сивус па ако сакате можам подоцна да ви напишам од прилика една голема анализа
Можам да кажам за мене дека сум заинтересиран, ама верувам и речиси сите други дека би сакале да прочитаат и да видат слики доколку има  Smile


Posted By: daci92
Date Posted: 26-Jan-2013 at 13:52
Слики доколку успеам да најдам ќе постирам ,лични слики имам неколку но несмеам да ги споделам поради одредени причини.
Колку што се сеќавам има некој слики на страната на фејсбук на Сивус и на сајтот па можеби ќе можеме и нив да ги искористиме.


Posted By: kenzo_fan
Date Posted: 26-Jan-2013 at 14:00
Она на фотографиите над рендерите личи на павиљон од некоја стара руска лудница. Каков лош дизајн за комплекс со предзнак технолошки. 

-------------
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски


Posted By: Dexter26
Date Posted: 26-Jan-2013 at 14:20
Previous
 
Стара руска лудница Rollin


Posted By: stratus
Date Posted: 26-Jan-2013 at 16:15
малку офтопик, зградите што се на тутунски комбинат (овие на Сивус беа дел од нив) се целосно реновирани во црвено-бела боја


Posted By: daci92
Date Posted: 26-Jan-2013 at 16:21
Е сега за структурата на просторот во првата зграда на Сивус во која е сместен делот за ИТ производство и истражување заедно со канцелариите за нормално функционирање на компанијата.



Зградата се состои од подрумски дел , приземје ,три спрата и поткровје секој дел има засебна организација.
Подрумскиот дел се состои од Ресторан (бифе) ,простор за рекреација - пинг понг и колку што знам фитнес сала, целосни бањи со тушеви и еден дел кој е резервиран за сервери (бар така мислам).

Приземјето е поделено на две ламели плус  главниот влез.
Влезот е простран со фонтата од левата страна, од десната страна се наоѓа фронт деск (приемница) и дел за седење кога се чека. Во чело од влезот се наоѓаат скалите и лифтот но пред нив се рампите за влез и пријавување на вработените.



-Ламела од левата страна е поделена на неколку канцеларии, една мала океанска просторија и конфенернциски сали.

-Од десната страна покрај просторот за седење има влез за едниот дел од ламела.
Таму се наоѓаат канцеларии.

-Кога се оди право од влезот пред рампите за влез на горните спратови од десната страна има ходниче кое води до вториот дел од ламелата каде што се наоѓа океанска канцеларија од помали размери.

-Првиот спрат е целиот океански поделен со тоа што има неколку дела каде што има канцеларии и сали за состаноци ,сите се стандардизирани и се направени од стакло.
-Во средината на спратот каде што се наоѓа влезот се наоѓа простор за релаксација или простор за креативност. (овој тип на простор го има на сите спратови)


Вака од прилика изгледа еден мал дел од океанските простории (незнам дали е дозволено од Сивус сликава да ја ставам тука).

-Креативни соби или простор за релаксација (не ги знам која слика од каде е па затоа сите ќе ги ставам на едно место пред да продолжам понатаму):










Понатака,
Вториот спрат го има 90% истиот распоред како првиот , од десната страна Океанска просторија со Канцеларии и Конференциски сали (соби за состаноци) од левата страна исто, а во централниот дел се наоѓа една од овие креативни соби.

Третиот спрат е малку поразличен, од левата страна затворена црвена зона за која незнам како изгледа, а од десната страна се наоѓа океанска канцеларија како и на другите спратови со канцеларија за состаноци, но тука незнам каде се наоѓа креативната соба.

Поткровјето е најразлично од сите, од десната страна на еден дел има исто така Црвена зона која е поделена на две канцеларии едната голема океанска, а  другата мала океанска, на другиот дел од поткровјето се наоѓаат сали за состаноци и останатите канцеларии.

Да напоменам дека ова се само мои впечатоци од пред подолго време, незнам како е денес иако мислам дека не е многу сменето освен океанските канцеларии на поткровјето за кој би требало да добијат дел за релаксација како и останатите простории.

Распоред на зградата внатрешно според мене е одличен ,среден е за потребите и премногу добро изгледа, температурата на целиот објект е постојана без големи разлики по спратови (во зависност од тоа како ќе ги подесат вработените уредите за греење и ладење да работат).

За другата зграда не знам како изгледа просторот освен за едната ламела од приземјето каде што се наоѓа денес SEDC но таму се неколку канцеларии и останатиот дел е предавални опремени со технологија која се користи определено со курсевите.


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Jan-2013 at 21:34
фино што внесле малку боја и живост внатре, ја видов првата слика и се извадив од памет Big%20smile
ме потсеќа на идеите на Google за работен простор


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: daci92
Date Posted: 26-Jan-2013 at 22:12
Работните простории во Сивус имаат прилично доста релаксираност и пријатност



Print Page | Close Window