Print Page | Close Window

Железници (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Железници
Forum Discription: Возен парк, инфраструктура, железнички станици...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=550
Printed Date: 22-Oct-2018 at 21:40


Topic: Железници (општо)
Posted By: Cloverstack
Subject: Железници (општо)
Date Posted: 28-Dec-2007 at 22:37
Инаку транспортот на стоки расте со голема стапка веќе подолго време и носи убав приход Cheers

http://sitel.com.mk/vesti_det.asp?ID=23157&kategorija=%C5%EA%EE%ED%EE%EC%E8%BC%E0 - http://sitel.com.mk/vesti_det.asp?ID=23157&kategorija=%C5%EA%EE%ED%EE%EC%E8%BC%E0

ЖЕЛЕНИЗЦАТА ТРАНСФОРМИРАНА И БЕЗ НОВИ ДОЛГОВИ



ЈП Македонски железници ја заврши 2007 со позитивни резултати. Најголемиот македонски загубар оваа година не направи нови долгови. Во 2008 влегува со долг од 13 милиони евра откако претходно 70% од долговите презеде Владата.
Годинава ЈП МЖ се подeли на две фирми. Tрансформацијата конечно тргна откако со години се одолговлекуваше. Со овој проект денеска се пофали и Mинистерството за транспорт. Инфраструктурата остана државна, транспортот е АД, но од нова година создадени се сите законски услови овој сектор целосно да се либерализира.
Железницата останува еден од приоритетите и до година. За 2008 предвидени се речиси три милиони евра за инвестиции во железничката инфраструктура. Покрај железничкиот ќе се модернизира и патниот сообраќај односно дел од патиштата ќе одат под концесија. До март треба да биде готова студијата на консултантот Луи Берже.
Во 2007 Министерството почна, до крајот на првата половина од 2008 и ќе ги заврши реформите во воздушниот сектор. До март ќе заврши и трансформацијата на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а изработен е и план за модернизација на аеродромите.

НАТАША ХАЏИСПИРКОСКА СТЕФАНОВА




Replies:
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 09-Apr-2008 at 21:58
Денес 09.04.2008
135 ГОДИНИ НА МАКЕДОНСИ ЖЕЛЕЗНИЦИ



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: vardar
Date Posted: 09-Apr-2008 at 23:14
Opaa, imalo torta.....sho ne vikas be   Wink 
Aj sreken rodenden...... ja odam mi se jade... Drool


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Apr-2008 at 01:04
Можеле бар тортава да ја сконтаат како локомотива!!!


Posted By: beTon
Date Posted: 28-Jun-2008 at 16:03
http://zeljeznice.net/site/index.php?option=com_content&task=view&id=420&Itemid=50 -
  • zeljeznice.net
Prvi i jedini hrvatski internet portal željezničke tematike, sa velikim i dinamičnim forumom, ujedno i najvećim forumom željezničke tematike u ovom dijelu Europe, pokrenut je u svibnju 2005. Iako skromnog dizajna, koji je više usmjeren na funkcionalnost, nego na vizualni dojam, cijeli portal, zahvaljujući ponajviše forumu, iz dana u dan povećava promet, kao i broj registriranih korisnika.

http://209.85.135.104/search?q=cache:iOOJGoA2AiwJ:www.hznet.hr/iSite3/Default.aspx%3Fsec%3D56+ekolo%C5%A1ke+prednosti+%C5%BEeljeznice&hl=en&ct=clnk&cd=1 - +
  • ekološke prednosti željeznice  
- треба под итно да купуваме искуства од Хрватите, во се сме исти само уште мозок ни фали   Sleepy








Posted By: beTon
Date Posted: 28-Jun-2008 at 16:26
.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=71905 - ...пардон сме имале и мозок, најверојатно ни фали поддршка за истиот...

...
19.12.2006
Македонски систем за сопирачки ќе се вградува во европските возови. За изумот на година 2006-та на Христијан и Иван Мицковски веќе се заинтересирале германски производители.
Станува збор за автоматски менувач на притисок на воздух во сопирачките кај шинските возила.
...
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=71905 -




Posted By: beTon
Date Posted: 28-Jun-2008 at 21:40
http://www.zsdrabotnicki.com.mk/kontakt.htm - ...сме имале НИЕ и под-дршка но цела отишла онака рекреативно


Posted By: beTon
Date Posted: 30-Jun-2008 at 12:06
http://www.interstatetraveler.us/MEDIA/animations/Maglev-ITC-ITC%20Animations%20rev4-bgm_large.wmv - http://www.interstatetraveler.us/MEDIA/animations/Maglev-ITC-ITC%20Animations%20rev4-bgm_large.wmv">еве еден интересен концепт што не е така далеку од умот и гравитацијата... Crazy
www.interstatetraveler.us http://www.interstatetraveler.us/MEDIA/animations/Maglev-ITC-ITC%20Animations%20rev4-bgm_large.wmv -


  • http://www.energetika.com.mk/evesnik/e-vesnik10.pdf - за муабетов разбрав од изданиево на енергетика кое како и останатите е прилично добро дизајнирано само уште форум им фали на порталот www.energetika.com.mk...


Posted By: vardar
Date Posted: 01-Sep-2008 at 07:25

ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ


Бројот на патници зголемен за 21,5 насто


Бројот на патници во железничкиот превоз во второто тримесечје од годинава е зголемен за 21,5 насто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Во април, мај и јуни бројот на превезените патници во патниот патнички превоз изнесувал 2.421.000, а во градско-приградскиот 16.543.000, за овој период со авион патувале 169.178 патници.
Во истиот период споредбено со второто тримесечје од 2007 година, количеството на превезената стока во воздухопловниот превоз е зголемено за 14,4 отсто, во железничкиот превоз за 4,1, додека во товарниот патен превоз за седум проценти.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AE520234E04E5B48A7D5824D990DE47F - Vecer
 


Posted By: vardar
Date Posted: 01-Dec-2008 at 08:28
 

Фабриката „Колска“ не се продава

ВЕЛЕС - По двата неуспешни тендера за продажба на велешката фабрика за шински возила „Колска“, Владата не планира повторно да ја продава.

„Таква одлука не сме донеле, ако биде донесена, ќе ве информираме“, изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, при посетата на единствената фабрика за сервисирање на возовите на „Македонски железници“ во државава.

Тој ја посети фабриката за да види какви се условите за работа и дали има капацитет да реновира триесет патнички вагони. Министерот смета дека ќе се обезбеди доволно работа за „Колска“ чии вработени се жалат на ниски плати и лоши услови за работа.

„Фабриката мора интензивно да работи. Повеќе да се мисли на работа отколку на штрајкови“, им порача Јанакиески на работниците. Тој не се сретна со синдикалците кои бараат да им бидат исплатени трите заостанати плати и придонеси. Јанакиески рече дека добил уверување од директорката дека до Божик ќе им бидат дадени две плати, а во текот на следната година и последната.

„За нас најголемото ветување е дека ќе имаме работа. Немавме работа во патничкиот дел лани, а половина од луѓето се вработени таму. По ова ќе има можност да бараме нови 15 луѓе“, нагласи Фани Стојановска, управителка на „Колска“.

Јанакиески најави дека државата ќе вложи два милиона евра за подобрување на условите во железничкиот сообраќај и ќе набави 50 нови вагони и локомотиви за да се забрза превозот на патници и стоки.
(С.Ќ.Н.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8A6C93AD4691D3449468EA73C945103E - utrinski
 


Posted By: vardar
Date Posted: 17-Dec-2008 at 01:20
 

Кризата го преполови транспортот

Превозот со железницата последново тримесечје е намален за 30 отсто, а голем број камионџии седат дома наместо да возат по европските патишта


Превозниците се најмногу оштетени од намалениот обем на работа на металуршките компании

Глобалната криза им ја преполови работата на Македонски железници и на патните превозници. Се проценува дека транспортот со железницата само последново тримесечје е намалено за 30 отсто. Во „Макамтранс“, здружение на камионски превозници, велат дека во други години во ноември и во декември најчесто недостигале слободни камиони за да се извршат сите нарачки. Сега голем дел од камионџиите седат дома наместо да возат по европските патишта. Околу седумстотини камионџии стравуваат дека ќе останат без возилата или становите што ги заложиле како хипотека за кредит за новите камиони што ги купиле годинава.

Превозниците се најмногу оштетени од намалениот обем на работа на металуршките компании „Фени“, „Силмак“, „Макстил“ и „Арцелор Митал“. Железницата и камионџиите се главните испорачатели на нивните производи и репроматеријали на пазарите на Европската Унија, а е замрен и внатрешниот сообраќај.

- Во ноември лани превезовме 58 милиони нето-тон на километар, а годинава само 45 милиони. Состојбата во декември е уште полоша. Во декември 2007 година остваривме транспорт на 54 милиони нето-тон на километар. Месецов постигнавме само 19 милиони и не верувам дека до крајот на месецов ќе ја подобриме состојбата - вели Благоја Крстевски, директор на Македонски железници - Транспорт.Покрај глобалната криза, железницата има штети и од штрајкот на вработените во Солунското пристаниште, кое трае речиси една година. Крстевски тврди дека поради сите проблеми, им се натрупале многу неплатени обврски.

- Поради рецесијата обемот на работа ни се намали за 50 отсто. Како се намалуваа извозот и увозот на Македонија, така опаѓаа нарачките за транспорт на стоки. Најмногу изгубивме со намалениот обем на работа на „Силмак“, „Фени“ и „Макстил“ - вели Билјана Муратовска, претседател на „Макамтранс“.

Според неа, од крајот од минатата година досега превозниците, со лизинг и кредити, купиле 700 нови возила. Камионџиите засега редовно ги исплатувале своите обврски кон кредитните институции бидејќи поради задоцнетото плаќање на извршените услуги се' уште имаат приходи. Но, проблеми ќе се јават од јануари и од февруари в година, кога ќе секнат изворите на исплата, па тие нема да можат да ги плаќаат месечните рати. Затоа уште отсега стравуваат дека банките ќе почнат да им ги одземаат возилата издадени на лизинг, а тие што како хипотеки ги оставиле своите станови може да останат без нив. Транспортните камиони со приколка чинат од 120 илјади евра до 200 илјади евра. Месечната рата за нив се движи од 1.600 до 2.500 евра.Според Државниот завод за статистика, индустриското производство, во кое металургискиот сектор има високо учество, се намали за 9,9 отсто споредено со истиот месец лани. Во октомври дефицитот во трговската сметка се искачи на 2,4 милијарди долари.

ИНФО-Патишта без камиони

Транспортот на стока во Македонски железници во последните два месеца е намален за 30 отсто. Во декември 2007 година железница остварила 54 милиони тон по километар, а месецов само 19 милиони. Работата на патните транспортни компании е преполовена поради помалиот обем на нарачки на металниот сектор.Околу седумстотини камионџии стравуваат дека ќе останат без возила и станови што ги заложиле како хипотека на кредит за новите камиони што ги купиле годинава

 
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3CDBF61617D2C343A46E01EACB98DA82 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3CDBF61617D2C343A46E01EACB98DA82


Posted By: BOJAN
Date Posted: 17-Dec-2008 at 11:36
Текстот во Дневник загрижува, намалувањето на товарниот сообраќај ќе создаде нови загуби на железницата. Мислам дека претпријатието годинава ќе навлече некој милион евра загуби, а?


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 26-Dec-2008 at 14:46
Би сакал да ви го представам кај нас малку познатиот гигант  МЗТ Хепос,
водечки производител на сопирачки системи за шински возила, дел од италианската корпорацијата Poli SpA кој е од скоро дел од мегународната америчка корпорација Wabtec corp.



Иначе само за потсетување, најпрестижниот воз на светот Orient Express, ги има сопитачките со македонски бренд.

Повеќе на нивните линкови:
http://www.hepos.com.mk/ - http://www.hepos.com.mk/
http://www.polibrakes.com/english/company.htm - http://www.polibrakes.com/english/company.htm
http://www.wabtec.com/home.asp - http://www.wabtec.com/home.asp

Така да не сме ние некои „македончиња“



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Dec-2008 at 00:11

Возовите им запираат на автомобилите

Наместо автомобилите, возовите стојат пред железничките премини. Оваа слика, која се' почесто се гледа, ги изненадува учесниците во сообраќајот, раскажуваат возачите што биле сведоци на премините на железничката пруга кон Кочани.

- На магистралниот пат кон Штип, во близината на Лозово, има неколку необезбедени железнички премини. На истите во неколку наврати видовме: кога возот ќе наиде, застанува и ги почекува возилата да поминат, па го продолжува патувањето - тврдат возачи.

Истиот случај бил и на излезот од Велес, кај Железен мост. Од ЈП Македонски железници - Транспорт го потврдуваат тоа и велат дека го прават во интерес на безбедноста.

- Кога возачите не сакаат да застанат кога ќе наидат на знак што најавува дека има железнички премин и не го почитуваат, тогаш мораме ние. Според нашиот правилник, стар 50-ина години, ги потсетивме моторовозачите да запрат на необезбеден премин. За да не дојде до трагедија, подобро е возот да застане, кога колите не го прават тоа, иако ние имаме првенство на минување - велат од МЖ Транспорт. Тие побарале од моторовозачите да ги пуштаат сите возила да го минат преминот, по што тие го продолжуваат патувањето.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=29803279E24D8D4CB6216BB164DF71A8


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Jan-2009 at 14:54
Новата веб страна на МЖ-Инфраструктура



http://mz.com.mk/Default.aspx - http://mz.com.mk/Default.aspx

Изработено од Теранет Солуции http://www.teranetsolutions.com/ - http://www.teranetsolutions.com/

Ја немам коментар, а виe !

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Jan-2009 at 15:01

Applauseконечно промена, добро и чисто изработена!

само мислам дека можело или да ја флешираат малку со по некоја рамка или 3д лого или пак целата во flash да ја стокмат наместо во php, сепак во однос на она што го имавме до сега неспоредливо е подобра, мислам дека досега највеќе која сум ја бендисал од комшилукот е хрватската.



Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jan-2009 at 15:06
Originally posted by beTon

Applauseконечно промена, добро и чисто изработена!

само мислам дека можело или да ја флешираат малку со по некоја рамка или 3д лого или пак целата во flash да ја стокмат наместо во php, сепак во однос на она што го имавме до сега неспоредливо е подобра, мислам дека досега највеќе која сум ја бендисал од комшилукот е хрватската.



офтопик: цела флеш страна е најлошиот избор на технологија за една корпоративна страница од ваков тип. Такво нешто се прави упорно само во Македонија

онтопик: воопшто не сум одушевен за сега. Страницата е празна има многу малку содржини. Да се направи рамката на веб сајтот е многу лесно, тешкиот дел е да се наполни со квалитетни, корисни и навремени содржини. Промоција на нов сајт од овој тип сум видел едно 23423423 пати на сите институтуции по ред од кога почна интернетот во Македонија. Ретко која тие веб сајтови ги утилизираше како што треба, се беше секогаш про форма.

Ако ја пополнат тоа ќе биде веќе друга приказна.


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Jan-2009 at 15:18

јасно доколку сакаме профи тогаш php e правиот избор во однос на тешката флеш архитектура, сакам да кажам дека и во флеш ќе изгледаше подобро него вака, со оглед дека за да се наштима добро графиката во php треба и време и волја, плус кај нас кристал репорт муабетот е нешто вишак, па од таму влечам заклучок дека можеби и флеш ќе беше подобро графичко решение него волку едноставен интерфејс. а за пополнување верувам ќе ја пополнат оној момент кога за тоа и ќе платат човек кој освен за техничките муабети ќе се грижи и за квалитетот и квантитетот на информациите, можеби треба една хронолошка секција,исто едукативна каде ќе се пропагира користење железнички сообраќај итн... 



Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Jan-2009 at 15:31
Originally posted by beTon

јасно доколку сакаме профи тогаш php e правиот избор во однос на тешката флеш архитектура, сакам да кажам дека и во флеш ќе изгледаше подобро него вака, со оглед дека за да се наштима добро графиката во php треба и време и волја, плус кај нас кристал репорт муабетот е нешто вишак, па од таму влечам заклучок дека можеби и флеш ќе беше подобро графичко решение него волку едноставен интерфејс.

Не ти ја разбирам поентата со Кристал Репортс?

Флешот е лошо решение од огромен број аспект како за 'front end' така и за 'back office' корисниците. Освен што изгледа кул неговите предности тука завршуваат. Затоа и треба да се користи евентуално апликативно да размрда некои делови од страницата, да се направи некој динамички банер или пак за некоја интерактивна мапа, некој kids section итн.

Но сето друго може и те како да се уреди и графички и функционално во било кој и од постарите скриптирачки јазици како ASP или PHP или во понови технологии како .NET (кој е btw технологијата применета на страницава не е PHP).


а за пополнување верувам ќе ја пополнат оној момент кога за тоа и ќе платат човек кој освен за техничките муабети ќе се грижи и за квалитетот и квантитетот на информациите, можеби треба една хронолошка секција,исто едукативна каде ќе се пропагира користење железнички сообраќај итн... 



На тоа требале да мислат кога го правеле порталот. Во тоа и ми беше поентата најлесно е да се искодира костурот на сајтот но што сега со него. Ако немаат план и стратегија како тој да се полни, одржува и како да биде атрактивен и корисен за посетителите збориме за уште една тура држвани илјадници евра фрлени во ветер.

Инаку дефинитивно се слагам со тебе за предлог секциите кои ги наброја.


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Jan-2009 at 16:23

претпоставував дека е php, инаку страници немам досега работено, а од она што го знам по пријатели односно од се она што низ муабет сум го научил е дека php е (беше) најкорисен јазик. а она со кристал репорт аналогијата повеќе се однесува на неспособноста на ажурирање на страницата со инфо, http://en.wikipedia.org/wiki/Crystal_Reports - истиот колку што знам поточно се користи и како search engine по сајтовите .

инаку јас не велам дека треба флеш да биде туку дека и флеш ќе беше подобро да го склепале него волку графички едноставно што го пуштиле препоставувајќи дека е php конструкција, дури кога поубаво ќе ги споредам со стариот сајт мислам дека разликата е само во боите и различната поставеност на менијата, добро има и главен банер.

значи гледано графички сајтов е далеку од добар, сенки нема на ни една линија било тоа во менијата или во текст панелите, а можело и на позадината да се поработи бар малку.  а од она што технички би го издвоил како поголем минус е неможноста да се резервираат онлајн карти или пак да се направи споредбен ценовник во однос на сите релации, но најверојатно овој сајте сеуште во доработка, затоа е и оставена анкета на истиот, па да се надеваме дека исто како што беше и со сајтот за град скопје дека за едно две три години ќе го стокмат попристојно, иако морам да кажам за разлика од она што го мавме до сега ова е позитивен скок.



Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Jan-2009 at 19:02
Ај нека се угоде сајтовBig%20smile!
Естетски добро изгледа, ама сега за сега е празен со информации. Да се надеваме дека периодов ќе го наполнат со информации.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Jan-2009 at 23:14
Сајтов нема одма да го пофалам пошто многу сајтови на многу фирми и општини и институции останале до овој степен. Гледам погоре имавмте набројано резервација на карти и слично. Ја ќе ве замолам да се обидете да правите добра дистинкција меѓу инфраструктура и транспорт.

А што се однесува до резервазија на карти нема потреба пошто ионака карта е достапна пред секое патувања. Јас не сум слушнал некогаш да немало карти. А за резервација на седиште се доплаќа, а и ги има во секое време.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-Jan-2009 at 00:11
Сепак морам да го изразам моето мислење за сајтот на МЖ-Инфраструктура

- Логото на МЖ е деформирано - недопустиво
- Сликата од логото - штрафови (од пруга што немора да значи) кого асоцираат на железница или инфраструктура
- Словата  од логото - зошто италик со неразбирливи мк карактери, за вака спартански сајт

- Два типа на слова Тајмс и Ариел не рачунајќи го третиот од логото
- Четири големини на слова
- Линиското мени - во плава и црна
- Паѓачкото мени - во темно и светло сива боја

- Линкови - во плава и црвена боја
- Сликите, гифовите - со рамка и без рамка

- Поставен возен ред - мораш клик за да се појави дел од возниот ред и повторно клик на повеќе и идеш на еден бесконечен чаршав

- Зар сајтот се планира само за оние што знат македонски - нема енглески (батем дугме дека се планира)
- Што занчи - No articles to show на МК страна
- Основно правило - ако ставаш PDF тогаш ставаш и линк за оние кој немаат прегледувач.
- Ако веќе има анкета можеле и опција - не ми се допаѓа

- Зашто е пуштиле страната барем во полето За нас да има осноивни информации
- И зошто нема на почетната во изработка

Ај, да не должам, буквално без душа, стерилно, без идеја
за никаков дизајн и озбилност на една таква фирма не станува збор

Со еден збор КАТАСТОФА, за кое е дебело платено

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Jan-2009 at 07:47

@ лсл па набројав резервација на карти бидејќи колку што можам да видам сајтов ја носи адресата http://mz.com.mk - mz.com.mk што значи дека истиот повторно е склепан во однос на македонската железница како појава односно мж инфраструктура се задолжени за регулација и координација на железничкиот сообраќај. што значи теоретски комплексот нова железничка потпаѓа под нив односно ако некој издава карти и дава информации тоа се тие. затоа и логично е да дополнат услуга како онлајн резервација на карти или бар споредбен ценовник со цените за одредена релација.

 еве сега видов во главното мени под табот инфраструктура, во вертикалното мени од лево има таб "Тарифи"што значи дека дел од моите забелешки ќе биде покриен, патем не ми се верува дека овие тарифи ќе се однесуваат на мж транспорт. а за она со онлајн резервации мислам дека не е некоја страшна и тешка работа, која дефинитивно е потребна со оглед дека се помалку возови има, а нормално подобро е да си резервираш карта него да одиш на среќа...

инаку ова со логово изгледа не намерно е  равлечено, сигурно банерот им бил помал во однос на рамката па набрзина го стокмиле, најверојатно ќе се потрудат истото да го поправат. инаку ако веќе одиме до таму да мериме околу типографијата Владимир, мислам дека нема да ја оправиме и маркетинг агенција да ангажираат, бидејќи ќе му посветат на сајтот исто онолку време за колку ќе бидат платени. ова мене ми мириса дека некој од вработените добил домашна задача да го редефинира сајтот, па сега само старата приказна е составена малку поинаку! катастрофата е мислам онаму каде не се нафаќаат добро да ја средат работата а тоа ќе се случи кога добро ќе го одврзат ќесето, или евентуално нека пуштат конкурс за изработка на веб па нека се натпреваруваат луѓе кој заради хир кој заради плус поен во портфолиото, па прво нека извадат добра рамка и технички и графички, а сетне нека оформат тим кој ќе се грижи околу ажурирањето на сајтот. можеби најдобра варијанта е со оглед дека се сеуште претпријатие во сопственост на државата да ги замолат  од http://www.mio.gov.mk/?q=node/15 - министерство за инфоматичко општество да им изработат интернет страница...

абе кој е како нас, прво требаше сто години да тераме со тоа стариот фосил, сега уште сто ќе тераме со новиот, па дури влегол и странски капитал во мж, важно дискотека имаме во железничка, незнам она разгласот им работи можеби добро ќе биде и диџеј да стават да крши турбо фолк за разонода на персонал и успивање на народ по чекалници Ohno исто зошто веќе еднаш не ги отворат тоа вратите од автобуската и да ги поврзат како што треба станиците!



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jan-2009 at 08:10
Originally posted by beTon

па набројав резевација на карти бидејќи колку што можам да видам сајтов ја носи адресата mz.com.mk што значи дека истиот повторно е склепан во однос на македонската железница како појава односно мж инфраструктура се задолжени за регулација и координација на железничкиот сообраќај. што значи теоретски комплексот нова железничка потпаѓа под нив односно ако некој издава карти и дава информации тоа се тие. затоа и логично е да дополнат услуга како онлајн резервација на карти или бар споредбен ценовник со цените за одредена релација.


1. За ова не сум сигурен. Незнам од каде ти ваква информација?! Сигурно дека има некое тело кое ги ускалдува линиите и мора да го има. Што па ако добиеме приватни делници?! Дали тогаш пак државното претпријатие ќе го има ексклузивитетот на регулација на линиите?! Тука мислам дека треба да посочиш извадок од закон или одредба каде што е регулирано ова.

2. Не само теоретски туку и практично како и самото има што кажува инфраструктура. Комплексот е катастарскио поделен, па така да незнам дали сите оние фирми што се во долниот дел, влезот, клубовите и слично се сопственост на мжи или па се приватни.

3. Тука си голема грешка! Токму обратно! Ако земеш дуќан под кирија, сам ќе си бидеш касиер или газдата на дуќанот ќе биде?! Сите тие шалтери доле во иднина можат пооделно да бидат поделени на одделни фирми кои пак ќе плаќаат перонски билет на мжи, нешто слично како што е сега со автобуската станица. Превозниците сами си наплаќаат билети, а со меѓусебни договори можат и меќусебно да си вршал услуга. Нешто како што е со авио-билетите. Мислам дека овој "проблем" не треба да го релативизираме и да измислуваме модели на билетирање кога веќе има мал милион познати модели на билетирање кои совршено функционираат, а досега модел како што ти мислиш не сум сретнал никаде!


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Jan-2009 at 08:22

види како е сега со автобуската оној што стопанисува со неа односно руле турс, тој и издава и карти на патниците и простор на превозниците! значи ако инфраструктура ја држат железничка тогаш тие и се задолжени за наплаќање на картите, а после на кој начин парите од картите одат до оној што го врши транспортот и дали и колку за ова зема провизија мжи незнам.

а за она локалите во станица тие се до едно се приватни, а мжи од нив само зема кирија, но дека утре приватник ќе ги има и шалтерите тоа не ми се верува. инаку и кај возовите линиии една година однапред се знаат па така мжи нема некој проблем и со тоа да дава информација околу тарифите, без разлика на тоа кој орган или кое тело го составило возниот ред! 



Posted By: vardar
Date Posted: 15-Jan-2009 at 09:50
Originally posted by lslcrew

 
3. Тука си голема грешка! Токму обратно! Ако земеш дуќан под кирија, сам ќе си бидеш касиер или газдата на дуќанот ќе биде?! Сите тие шалтери доле во иднина можат пооделно да бидат поделени на одделни фирми кои пак ќе плаќаат перонски билет на мжи, нешто слично како што е сега со автобуската станица. Превозниците сами си наплаќаат билети, а со меѓусебни договори можат и меќусебно да си вршал услуга. Нешто како што е со авио-билетите. Мислам дека овој "проблем" не треба да го релативизираме и да измислуваме модели на билетирање кога веќе има мал милион познати модели на билетирање кои совршено функционираат, а досега модел како што ти мислиш не сум сретнал никаде!

 
 
Па и ти грешиш. Воопшто не е измислување нов модел доколку МЖ издава билети за сите оператори. Се разбира дека може и секој оператор сам да ја тера таа работа али сигурно е многу попрактично (и поевтино) да се искористат ресурсите на мж (сепак не е само една станица)
 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 18-Jan-2009 at 20:04
An Incomparable Inertia: Skopje to Saloniki by Rail

by Christopher Deliso

Unless you take the other one, in the dead of night, the train arrives in late afternoon and by that time you just want to sit down and sleep against the window

Unless you take the other one, in the dead of night, the train arrives in late afternoon and by that time you just want to sit down and sleep against the window. But usually the press of people, all pushing and clamoring to board (grandmothers with glass jars and double-wrapped boxes can be surprisingly fierce) forestalls this luxury.

Meanwhile, the cleverer young guys have already jumped down into the gravel and skipped across the worn steel rails, ripping open the opposite door like a ripe orange and bounding up the narrow stair first. So you stand in the corner of the entranceway, with somebody else’s luggage piled up besides you, and gaze out the window at the melancholy concrete of Platform 4, with its disappearing stairs and benches and satisfied policemen and orange soda and snacks for sale...

Да не спамирам кликнете http://www.travelintelligence.com/travel-writing/1001131/Europe/Macedonia/Skopje/Skopje/An-Incomparable-Inertia-Skopje-to-Saloniki-by-Rail.html - тука за продолжението. Добра е "репортажата", само не знам дали е соодветна нишкава за ова. Многу интересно е опишано, ете како нè гледаат странците. Кој има време нека ја види.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Feb-2009 at 19:05
Originally posted by beTon

.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=71905 - ...пардон сме имале и мозок, најверојатно ни фали поддршка за истиот...

...
19.12.2006
Македонски систем за сопирачки ќе се вградува во европските возови. За изумот на година 2006-та на Христијан и Иван Мицковски веќе се заинтересирале германски производители.
Станува збор за автоматски менувач на притисок на воздух во сопирачките кај шинските возила.
...
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=71905 -




Еј ова ми промакнало!

Иначе Христијан(асистентот) и Иван Мицковски(професорот) ми предаваат мене. Навистина добри професори, особено Иван Мицковски чија стручност е ценета многу подалеку од границите на нашата земја. Ова само го докажува тоа


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-Feb-2009 at 12:34
Иначе МЗТ-ХЕПОС е водечки во свет за кочници за шински возила

Еве случај каде нашите кочници се вградени во најпрестижниот воз во свет Orient Exspress


Повеќе каде се не има на http://www.hepos.com.mk/index.html - http://www.hepos.com.mk/index.html


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Feb-2009 at 20:45
интересно Владимир постојат ли краш тестови за локомотиви, односно дали има некоја агенција или институт во светов кој ги оценува безбедносните карактеристики возовите? 


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 24-Feb-2009 at 21:14
Originally posted by beTon

интересно Владимир постојат ли краш тестови за локомотиви, односно дали има некоја агенција или институт во светов кој ги оценува безбедносните карактеристики возовите? 

Интересантно, но до сега не сум истражувал многу на таа тема. Thumbs%20Up
Знам дека за машиновозачите најпоуздани се во ЕУ и УСА типовите ко нашата „Кенеди“ зашто има огромна маса пред кабината.

Има доста видео за тоа, но да не го оптоваруваме форумот во оваа нишка

Пример: има три дела на краш тестови

http://www.youtube.com/watch?v=mUF19acPBZA&feature=channel_page - http://www.youtube.com/watch?v=mUF19acPBZA&feature=channel_page


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Feb-2009 at 21:24
Previous па ова ептен опасно  било да бидеш напред во локомотива или на крај  во последениот вагон и тоа пази ова тестовиве со 50 kmh   


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 24-Feb-2009 at 21:43
Баш затоа се посебни строги дозволи за боравок на трето лице во локомотива.

На некој начин во средина е „најбезбедно“, ако може да се каже, но во највише случаи страда другиот учесник бидејки масата на локомотивата-композицијата е огромна.

Но што велат - недај боже


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 24-Feb-2009 at 21:56
абе јасно дека со ваква маса и при мали брзини притисокот е  многу поголем, но знаеш човек додека не види вакво нешто и не може да биде свесен колку е потребно молитвата за пред пат и по пат, инаку јас ко за беља некако постојано ми се погаѓа да се сместувам редовно при крај, најверојатно бидејќи меѓу последните го фаќам возот Smile


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 24-Feb-2009 at 22:47
Previous и нешто off - кој рано рани две среќи граби

Статистиката покажува сосема нешто друго, без страв Smile


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: polval
Date Posted: 25-Feb-2009 at 19:46
Originally posted by Vladimir P

....Знам дека за машиновозачите најпоуздани се во ЕУ и УСА типовите ко нашата „Кенеди“ зашто има огромна маса пред кабината.


Што правиме ако се движи со пократката страна напред, каде што нема никаква маса? А ако се судри со друга 661? 

Шала на страна.

Европските локомотиви обезбедуваат заштита на персоналот преку обезбедување зони на деформација кои би го апсорбирале ударот во случај на несреќа и кои обезбедуваат кабината да остане цела. Тоа е забележливо особено на локомотивите кои се произведени во последниве 10-15 години кога е обрнато поголемо внимание на ергономијата и заштитата на персоналот, впрочем тоа се поклопува со тенденциите во автоиндустријата.

Инаку, краш тестови на железниците се изведуваат од крајот на 19 век.



Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Feb-2009 at 21:14
Едно научно прашање: Дали се аеродинамички тестирани овие кенедиевките? Иако не верувам дека при толкав товар игра некоја улога аеродинамиката, сепак дали ако би биле малку помалку коцкести не би биле поекономични? Затоа брзите возови се како куршум, но тие се друга приказна, дали со толкав товар игра улога аеродинамиката, и дали вагоните на товарните возови се редат по некоја (аеродинамичка) логика, или онака без врска, важно е да се од ист тип. Истото важи и за патничките вагони, по кој критериуми се одлучува кои вагони се најнапред кои најназад (на пр. прва класа каде е, 'спиечката' кола, ресторанот, и сето тоа)?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2009 at 21:22

За аеродинамичкиот дел можам да ти одговорам и јас - за помали брзини таа работа е прилично занемарлива и при дизајнот многу поголема улога играат други фактори. Супербрзите возови се друга приказна, а таму аеродинамиката игра и поширока улога отколку што е самата ефикасност.

За распоредот на вагоните ќе мора да одговори некој друг, јас можам само да ја исклучам аеродинамиката како фактор Big%20smile


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Feb-2009 at 22:07
Отпорот на воздухот зависи од брзината на квадрат, па затоа на мали брзини е занемарлива, но со порастот на брзината отпорот расте со квадратна функција.

Тоа уште од парните локомотиви е увидено и уведено, на пример кај нас уште во 1937 година една парна локомотива ЈДЖ 01-101 е оклопена и на брзински тест постигнала 146 км/час



Или една америчка „Hiawatha 3“ негде 1936 год. која удрила пред 200 км/час



Но во случајот на МЖ 661 серијата или „Кенеди“ со таа брзина тоа е занемарливо

А за распоред на копозиција не би знаел тачен одговор но мислам прво иде ако има службено возило потоа спални и кушет па вагони, ако има бифе - ресторан тој е на средина.
Но тоа на некој начин не важи кај нас бидејќи на меѓународните возови се прикачуваат вагони од други превозници
Во сообраќајно-транспортно упатство - СТУ на МЖ има распоред на вагони но секој воз на некој начин е различен.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 25-Feb-2009 at 23:32

да кај нас бидејќи закачуваме на меѓународниот сопствени кушети или спални истите редовно одат последни бар до белград, а за ресторанот логично е да биде в среде за да им биде подеднакво блиску на сите. 

.  



Posted By: polval
Date Posted: 26-Feb-2009 at 01:41
Кушетите и спалните најчесто одат на крајот од возот а на некои железници тоа е регулирано и со правило. Исто така ресторанот по можност се става на средина од композицијата поради причини кои ги наведе БеТон.

Во врска со „Локомотивата Hiawatha 3“, се работи за локомотива од серија А на американската железница „Милвоки“ наменета за влечење на престижните возови „Hiawatha“.  Ги имало 4 , произведени две во 1935 и по една во 1936 и 1937. Максималната брзина била 100 - 110 mph (160-177 km/h) . Биле воведени за да им конкурираат на исто така престижните возови "Зефир“ кои биле со дизел влеча. Извадени се од употреба во период од 1949 до 1951. Не е сочувана ниту една од нив


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Feb-2009 at 18:55
СО ОДЛУКА НА ВЛАДАТА
140 милиони евра отпишан долг на Железници
Станува збор за веќе отплатени долгови на старата Македонски железници кои сега во двете друштва наместо како долг ќе се книжат како државен капитал

Владата им прости околу 140 милиони евра долг на ЈП МЖ "Инфраструктура" и на АД МЖ "Транспорт", двете компании кои произлегоа со поделбата на старото јавно претпријатие Македонски железници.
Во одлуката што вчера беше објавена во Службен весник, Владата дава согласност долговите на "Инфраструктура" и на "Транспорт" кон Република Македонија создадени врз основа на користени кредити од странски институции заклучно со 31 декември 2006 година, да се претворат во влог на Владата во претпријатијата. Владата на "Инфраструктура" и отпиша долг од околу 2,6 милијарди денари (околу 42 милиони евра) создадени врз основа на користени кредити од ЕУРОФИМА, Светска банка и ЕИБ Луксембург и од денарски кредити. На "Транспорт", пак, му се простува долг од околу 3,1 милијарда денари (околу 50,4 милиони евра) врз основа на кредити од ЕУРОФИМА и Парискиот клуб на доверители. Со истата одлука, и долговите од околу 49 милиони евра на "Транспорт" кон странски железници се претвора во влог на Владата во друштвото.
"Транспорт" сам ќе си го исплаќа околу 13,2 милиони евра долг кон други железници.
Министерот за финансии Трајко Славески вели дека оваа одлука нема да има фискални импликации, односно Владата нема годинава да издвојува пари за покривање на долгови на двете претпријатија. Одлуката е донесена согласно Законот за трансформација на Македонски железници.
"Македонија веќе ги има исплатено овие долгови на Железници кон странските институции и досега тие се книжеле како побарување на државата од двете друштва. Нема да има ново задолжување, туку за да не се книжат обврски, ќе се книжи капитал. Значи, квалитативно ќе се подобри пасивата на 'Инфраструктура' и на 'Транспорт', односно ќе се подобри бонитетот на акциите", објаснуваат од Министерството.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=164074&idg=9&idb=2609&rubrika=Makedonija


Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-Feb-2009 at 16:46
Се надевам со ова и самите претпријатија ќе имаат можност да инвестираат во своите капацитети преку нови кредитни линииRoll%20eyes!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 28-Feb-2009 at 18:48

БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕВОЗ ВО ПОСЛЕДНОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ МИНАТАТА ГОДИНА ЗГОЛЕМЕН ЗА 47,6 ОТСТО

Бројот на превезени патници во патничкиот железнички превоз во четвртото тримесечје минатата година во однос на истиот период во 2007 година е зголемен за 47,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2008 година во однос на истиот период од 2007 година, бројот на превезени патници во патничкиот сообраќај изнесува 2.692.000, во градско-приградскиот превоз 18.888.000, а бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 139.019.

Количеството на превезената стока во воздухопловниот превоз е намалено за 18,1 отсто, во железничкиот превоз за 26,3 отсто, а во товарниот патен превоз намалувањето изнесува 44,6 отсто.

http://www.sitel.com.mk/?ItemID=BE9259DF054AAA4F84C59A929E17C5B5 - http://www.sitel.com.mk/?ItemID=BE9259DF054AAA4F84C59A929E17C5B5


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 28-Feb-2009 at 19:05


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 28-Feb-2009 at 20:52
Владимир ме претрка, вчера го видов извештајот на страницата на Заводот за статистикаBig%20smile! Да заокружиме 1.448.000 превезени патници и 4.318.000 тони превезена стока. Загрижува големото намалување на превозот на патници во меѓународниот сообраќај за преку 40%, а најмногу намалувањето на превозот на стока што е главниот извор на приходи на Железницата.
Мислам дека превозот на патници во железничкиот сообраќај за 2008 година е еден од најголемите од осамостојувањето на земјава. Ако има некој податоци нека ги прикачи.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 01-Mar-2009 at 01:14
И видео информацијата за растот на патничкиот сообраќај во железница

[TUBE]ES-bGu5dVZE[/TUBE]


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 01-Mar-2009 at 20:53

ОСУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ИНВЕСТИЦИИ ВО СТРАТЕШКИ ПРОЕКТИ

Нова инвестициска програма тешка осум милијарди евра, најавува Владата. Програмата опфаќа осум области во кои во наредните 7 години ќе се реализираат крупни стратешки инфраструктурни проекти во повеќе области.

...
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=3F71E23A7A8E6241BFD344CEA9D9DBDB - http://www.sitel.com.mk/?ItemID=3F71E23A7A8E6241BFD344CEA9D9DBDB

Делот за инвестиции во железницата

[TUBE]TSlf_maZK7c[/TUBE]


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 01-Mar-2009 at 21:02
Искрено, не им верувамOhno! Не дека ја мразам владава, ама мислам дека нема капицитет да го догради и реновира Коридорот 8 и 10. Не само оваа влада, мислам дека ниту една влада не може да го направи тоа за 7 години. За жал живееме во Македонија.


Posted By: MAPJAH
Date Posted: 03-Mar-2009 at 15:21
ИМАМ ГОЛЕМА ЖЕЛБА ДА ЈА ДОЖИВЕАМ РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ВЛАДИНИТЕ ПРОЕКТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЦАТА.
 
БОГ ДА НЕ БЛАГОСЛОВИ СИТЕ !!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Mar-2009 at 02:31
Граѓаните се повеќе патуваат со воз


Бројот на превезени патници во железничкиот сообраќај, во четвртото тримесечје минатата година, во однос на истиот период претходната 2007 година е зголемен за 47,6 проценти, велат статистичките податоци


Глобалната финансиска криза и високите цени на горивата ги натераа граѓаните да патуваат со воз - речиси две децении подзаборавено и неатрактивно превозно средство. Ова го потврдуваат и податоците на Државниот завод за статистика, според кои, бројот на превезени патници во железничкиот сообраќај во четвртото тримесечје минатата година, во однос на истиот период претходната 2007 година е зголемен за 47,6 проценти.

Сепак, состојбата со возниот парк на транспортното претпријатие Македонски железници се уште не е на бараното ниво и е многу далеку и од просекот во земјите-членки на ЕУ. Од МЖ Транспорт велат дека изминатите две години со сопствени средства вршат реновирање на постојниот возен парк за превоз на патници, како и за транспорт на разни видови стоки.
- Просечната старост на вагоните е 35 години, поради што Владата одлучи да набави 100 товарни вагони и две локомотиви, а со цел зголемување на домашниот железнички возен парк - велат од МЖ Транспорт.

Со цел да го деблокира веќе подолго време запоставениот железнички транспорт во земјава, Владата прости околу 140 милиони евра долг на двете железнички претпријатија. Според одлуката што деновиве беше објавена во Службен весник, Владата даде согласност долговите на "Инфраструктура" и на "Транспорт" создадени врз основа на користени кредити од странски институции, а заклучно со 31 декември 2006 година - да се претворат во влог на Владата во двете претпријатија. На "Инфраструктура" Владата и отпиша долг од околу 42 милиони евра, што е направен врз основа на користени кредити од ЕУРОФИМА, Светска банка и ЕИБ Луксембург и од денарски кредити, а на "Транспорт" му е простен долг од околу 50,4 милиони евра, а врз основа на кредити од ЕУРОФИМА и Парискиот клуб на доверители. Со одлуката се претвораат во влог на Владата во "Транспорт" и околу 49 милиони евра долгови на ова претпријатие кон странски железници, а тоа ќе си го исплаќа и долгот од околу 13,2 милиони евра кон други железници.

Според министерот за финансии Трајко Славески оваа одлука, која е донесена согласно Законот за трансформација на МЖ, нема да го оптовари буџетот. Тој вели дека нема да се издвојуваат пари за оваа намена бидејќи државата веќе ги има исплатено овие долгови на МЖ кон странските институции, а досега тие се книжеле како побарување на државата од двете нови железнички друштва. Како што истакнуваат од Финансии, нема да има ново задолжување, туку ќе се книжи капитал, со што квалитативно ќе се подобри пасивата на двете претпријатија, односно ќе се подобри нивниот бонитет.

http://vecer.com.mk/?ItemID=2DD626877F388B4BA4A916F136E4E4D2


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Mar-2009 at 08:47
Пред 31 година на 16-03-1978 oд Железничката станица во Скопје тргна првиот електричен воз на магистралната пруга од делницата Скопје - Гевгелија.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 24-Mar-2009 at 00:59

КАЈ СКОПСКО ЗЕЛЕНИКОВО

Возот за Битола заглави во снег

Патнички воз завчера попладне заглави во снег кај скопското село Зелениково. Луѓето што завчера во 14.30 часот од Скопје тргнале со воз за Битола, четири часа биле заглавени на железничката станица кај Зелениково. Тие велат дека тргнале за Битола и Прилеп, ама патувањето било прекинато веднаш штом тргнале поради нерасчистениот снег. Патниците премрзнале во студените вагони, додека екипите на ЈП "Македонски железници" се обидувале да го одглават возот. Благоја Крстевски, директор на секторот транспорт во ЈП "Македонски железници", вели дека возот за Прилеп и Битола бил заглавен поради оштетувања на оптичкиот кабел.
"Возот не заглави в снег, односно тој не заглави поради нерасчистената пруга, туку поради тоа што бил оштетен кабелот од снегот. Нашите екипи веднаш интервенирале, но било потребно време за да се отстрани дефектот", вели Крстевски. (Е.А.)

Вест 23.03.2009 

http://www.vest.com.mk/?ItemID=6EE128021E1F434CAF94E5BAD4C297D2 - http://www.vest.com.mk/?ItemID=6EE128021E1F434CAF94E5BAD4C297D2


Оптичкиот кабел кој не е закопан во земја, него растегнат помеѓу столбовите од тежината на снегот се прекинал и се уплеткал со напонскиот кабел така да дошло и до кршење на пантографот на локомотивата и до целиот застој.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: vardar
Date Posted: 17-Apr-2009 at 07:35
 
 
Во паркот во Ѓорче Петров општинските власти планираат да направат град­ска кафеана и музеј на македонски железници.
 
Ос­вен градска кафеана, општинарите сакаат во паркот да направат и музеј на Оп­шти­на­та и на "Македонски железници", бидејќи на крајот од паркот сe уште стои депо од некогашната дирекција на ЈП"Македонски железници". Гра­до­на­чал­ни­кот вели дека во уредувањето на музејот ќе им помогне и Ми­нис­терс­тво­то за култура.
"Раз­го­ва­рав­ме со ЈП'Македонски железници' да ни го дадат објектот и да го нап­ра­ви­ме заеднички музеј на Општината и Железницата, бидејќи развојот и рас­тот на Ѓорче се тесно поврзани со развојот на Железницата. Веднаш до об­јек­тот го ставивме и некогашното скопско вовче пампурче, и сметаме дека со ова ќе се заокружат содржините во паркот. Се надевам дека годинава ќе мо­же­ме да почнеме со реализација на овој проект, но тоа ќе зависи од ре­ша­ва­ње­то на имотно-правните односи", вели Митревски. (Е.А.)
 
 
http://www.vest.com.mk/?ItemID=AA34ED022C42BD4F8B5DEA335647012E - Vest


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Apr-2009 at 08:44
Предвидена зграда за музеј на малата железница - некогашна железничка дирекција



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Apr-2009 at 14:11
Работна средба на државниот секретар со менаџерскиот тим на Фабрика за шински возила „Велес“
Велес, 14.04.2009 

Во рамки на редовните средби на претставниците на Владата на Република Македонија со деловните субјекти, државниот секретар на Министерството за економија, г-ѓа Катерина Костеска ја посети фабриката за шински возила „Велес“ од Велес и одржа средба со менаџерскиот тим. Тема на средбата беа актуелните состојби и потешкотиите со кои се соочува фабриката веќе подолг период, како и можностите за изнаоѓање на решенија за справување со нив во догледно време.

Од страна на менаџерскиот тим на фабриката беа презентирани финансиските показатели за првите три месеци од оваа година, како и најгорливите прашања со кои се соочува ова Друштво - стара и дотраена технологија и потреба од инвестирање во човечки ресурси.

Да потсетиме, дека ова Друштво е основано пред осум години , а сопственик е Владата на Република Македонија. Основна дејност на Друштвото фабрика за шински возила „Велес“ е производство на железнички и трамвајски локомотиви и возен парк, односно поправка и редовна ревизија на патнички и товарни вагони, како и нивна реконструкција. По поделбата и оснивањето на двете нови компании ЈП за железничка Инфраструктура Македонски железници и Македонски железници Транспорт АД, работата на Друштвото фабрика за шински возила „Велес“ ДООЕЛ - Велес, кое моментно бори 219 вработени, е тесно поврзана со потребите за репарирање на постојниот возен парк на МЖ Транспорт АД.

Посетата на г-ѓа Костеска имаше за цел добивање на податоци за моменталната состојба на Друштвото, посебно во првиот квартал од оваа година, како и остварување дијалог со менаџерскиот тим во насока на разрешување на проблемите на Друштвото.

http://www.economy.gov.mk/?ItemID=E1665C70FA2DC84B9E468FDC3E56BE53 - http://www.economy.gov.mk/?ItemID=E1665C70FA2DC84B9E468FDC3E56BE53



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Apr-2009 at 21:55
Владимир, дали има нешто поконкретно во врска со онаа вест околу музејот? Се придвижуваат ли работите врска со музејот или се празни муабети?


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Apr-2009 at 22:03
Уште ништо, кај нас се треба со туркање, и вр ...
Но стара чекалица сум и ќе ја истерам работата кога тогаш


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Apr-2009 at 11:24
Една реклама, во денешен весник која ме закопка


http://www.dbschenker.mk/ - http://www.dbschenker.mk/

Дали DB ке навлезе повеќе во МК ???


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Apr-2009 at 12:08


Не верувам. Schenker скоро се ребрендираше во DB Schenker. Но колку што знам во Македонија се бави единствено со шпедиција. Еднашка беше споменат во контекст на приватизација на МЖ Транспорт но ништо повеќе од тоа.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Apr-2009 at 12:19
Originally posted by pbanks



Не верувам. Schenker скоро се ребрендираше во DB Schenker. Но колку што знам во Македонија се бави единствено со шпедиција. Еднашка беше споменат во контекст на приватизација на МЖ Транспорт но ништо повеќе од тоа.

Ја би сакал да верувам Smile



http://www.dbschenker.mk/vesti.asp?id=35 - DB Schenker ги презентира деталите за превземањето на Romtrans
... DB Schenker Romtrans, најголемата транспортна компанија во Романија, ќе расте нагло и постојано.



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Apr-2009 at 08:38
Владимир да не случајно имаш некои познавања од сигнализиацијата што се користи во железници. Колку што сум приметил кај нас некако по стари мтедо работат и сеуште по станиците ги има едни стари зелени кутии со милијарда сијалички на нив и отцртани перони. Да не имаш некои матерјали од светските трендови или па од нашиве станици?!

И дали знаеш нешто повеќе како се употребувал тој т.н. жетон (token) кога се работи за единечна пруга како кај нас?!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 26-Apr-2009 at 11:51
Originally posted by lslcrew

Владимир да не случајно имаш некои познавања од сигнализиацијата што се користи во железници. Колку што сум приметил кај нас некако по стари мтедо работат и сеуште по станиците ги има едни стари зелени кутии со милијарда сијалички на нив и отцртани перони. Да не имаш некои матерјали од светските трендови или па од нашиве станици?!

Кај нас се употребува електронски систем APB (аутоматски блок на пруга) кој уопште не е стар систем, него немаме шминка, естетика и дизајн па затоа си ги приметил оние стари пултови со прекидачи и сиалички.
Има и уште некој други склопови но ... за APB карактерисики

- Помеѓу станично растојание поделено на просторни делови кои граничат со сигнали
- Самиот воз автоматски ги активира сигналите
- Сигурност е на високо ниво
- Поголема пропусна моќ

Еве пробав да нацртам една шема како он работи



А еве нешто и од свет на железничка контрола, а за ваква убавина треба ПАРИиии...


Originally posted by lslcrew

И дали знаеш нешто повеќе како се употребувал тој т.н. жетон (token) кога се работи за единечна пруга како кај нас?!

Token - железничка сигнализација кај нас нема можда е останата кај англосаксонцита понекаде уште.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Apr-2009 at 17:12
Владимир баш не ја контам логикава на семафорите, а и не сваќам што улога би имале тие пултови на железничките станици и како се исповрзани со семафориве или користат само за мониторинг, а не за контрола. Очигледно чим постојат пултовите значи имаме некој децентрализиран систем на контрола, а не како овј на сликата (ваљда некој централизиран).


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 27-Apr-2009 at 21:35
На кратко,

Секоја делница е поделена на повеќе просторни делови. Пример, Скопје до некое место е поделено на 3, 4, 9 дела зависи од самата траса.
Кога еден воз ке пројде еден семафор зад него се пали семафорот автоматски во црвено а тој пред него во жолто, така да секој воз зазема една просторен дел која е недостапна (црвен) за другите возови, така да неможе да налета еден воз на друг.

А самите пултови на станиците се за ранжирање на возовите по колосеците во истата, да пребаци некој воз од 1 на 3 колосек или ... и некој одвојувања од главниот правец.

А пултовите на сликата е контрола-пратење на сите возови во еден дел од земјата или целата, но за тоа треба голема електроника и како реков пари

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-May-2009 at 00:27
Со исклучок на статистичкиот податок во последната реченица, текстов единствено успеа да ми створи забуна...

МАКЕДОНСКА ЖЕЛЕЗНИЦА ГУБИ ЗДЕЛКИ

Западните транспортери ја заобиколија нашата пруга Транспортните патишта ја заобиколуваат Македонија поради што македонска железница трпи огромни загуби. Неофицијално дознаваме дека речиси сите контејнери со стока што доаѓаат од западноевропските земји, поради застој на македонските граници се пренасочени кон Бугарија. Се работи за контејнери со стока, кои преку патничкиот или железничкиот сообраќај стигнуваат до македонско-српската граница од каде што ги преземаат вагоните на македонска железница, кои треба да ги префрлат кон Грција. Во Царина велат дека нема застој на границите, но можна причина за пренасочување на вагоните е засилената контрола на цариниците. - Повеќе пати се случува при контрола на граница да фатиме непријавена стока. Место бисквити или хартија се пренесува тутун, прехранбени производи и алкохол. Ако некој сака да пренесува нерегуларна стока ќе ја избегнува нашата граница. Можеби, ќе од преку Бугарија, ако таму дозволуваат - вели Ванчо Каргов, директор на Царинската управа. Во „Македонска железница “ Транспорт“ велат дека од март транспортот повторно се враќа преку македонската територија. - Проблемот беше актуелен минатата година зашто транспортните компании имале проблем со Македонска царина, велат во „МЖ - Транспорт“. Поради економската криза Македонски железници имаат големи загуби во товарниот сообраќај. Во „МЖ - Транспорт“ велат дека намалувањето на товарниот сообраќај најмногу се должи на намалениот обем на работа на компаниите во металната индустрија. Според статистика за минатата година, количеството на превезената стока во железничкиот превоз е намален за 26,3 проценти во споредба со 2007 година.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=1692&ArticleID=112903


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-May-2009 at 00:58
Документ во кој можете да најдете богатство информации за нашата железница:

http://mz.com.mk/Uploads/Objava_na_mreza_za_2009.pdf - http://mz.com.mk/Uploads/Objava_na_mreza_za_2009.pdf


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 02-May-2009 at 12:14
... Се работи за контејнери со стока, кои преку патничкиот или железничкиот сообраќај стигнуваат до македонско-српската граница од каде што ги преземаат вагоните на македонска железница, кои треба да ги префрлат кон Грција. ...

Од целиот имешан текст ова е најголема глупост напишана на новинарот.
МЖ само тие вагони со контејнери ги царини, потоа се сортираат, и се приклучува едино наша локомотива да ги одвлече до следната дестинација.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-May-2009 at 12:22
Има јак дел кој вели дека ја избегнуваат Македонија бидејќи имаме добра царина и не дозволуваме шверц (се фалат цариниците), па затоа сега оди транспортот преку Бугарија, ама не се грижете ќе дојдат пак преку Македонија, ќе се погрижиме (цариниците) за тоа. Авторот изгледа не знае ништо за интерпункција, ништо не го разбрав, многу е контрадикторен.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 02-May-2009 at 12:24
Ма човеков е „сакам кажам, незнам речам“

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: MAPJAH
Date Posted: 02-May-2009 at 16:17
Originally posted by Vladimir P

Ма човеков е „сакам кажам, незнам речам“


ДА ЧИТАМЕ МАЛКУ МЕЃУ РЕДОВИ ШТО САКАШЕ ДА КАЖЕ ПИСАТЕЛОТ !!!

Коридорот 10 е најповолната траса за поврзување на Германија со Грција.
Елем нашите цариници терале мак на конец па транспортот бегал преку Бугарија.
Ова не држи вода, па затоа целата статија е конфузна.
Се работи за нешто многу по деликатно.
Имено Македонија е под притисок од Грција.
Во тоа и помагаат и Бугарија и Србија, секоја од свој интерес.
Арно ама цехот е многу голем, па ЕУ тешко да ќе ги издржи игрите на Грција.

И КОНТЕЈНЕРСКИТЕ ТРАНСПОРТИ НОРМАЛНО ПАК СИ СЕ ВРАЌААТ НА СТАР КОЛОСЕК !!!


-------------
ПОЗДРАВ ОД ЖЕЛЕЗНИЧАРОТ
ПО ПРОФЕСИЈА И ПО ДУША


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-May-2009 at 10:30
Кој вели дека македонската железница ни е за никаде




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-May-2009 at 16:19
Железницата го подјадува стопанството
Економија
Недостиг од вагони, лоша инфраструктура, високи цени за возарина. Ова се карактеристиките на товарниот железнички превоз во државава. Од ваквата состојба најмногу трпи стопанството. Речиси 80 отсто од транспортот на суровини и производи кај големи компании од металната индустрија се одвива преку железницата. Успешноста на овие фирми, кои со најголем процент учествуваат во вкупниот извоз на државата, а со тоа и во креирањето на економскиот раст и бруто-домашниот производ, во директна мерка зависи од ефикасноста на железничкиот транспорт. А транспортот не само што е лош, туку е и најскап во регионот.

И покрај одличната стратегиска положба на Македонија, во центарот на меѓународните рути кон Европа, нашата железничка поврзаност со светот е штура. Коридорот 8 (исток-запад) сè уште не функционира, а постојната мрежа е застарена.

Сето ова е причина низ македонските пруги секојдневно да се одлеваат големи суми пари во вид на несразмерно високи трошоци кои ги плаќаат македонските компании.

- Од Скопје до Солун железничкиот транспорт не чини 13,5 евра по тон. Толку чини и камионскиот превоз до истата дестинација со таа разлика што камионскиот превоз е многу побрз. На вагоните им треба 3-4 дена да отидат дотаму и да се вратат, додека со камиони може и три тури да се направат за овој период - вели Јане Адамчески, менаџер за транспорт во „Макстил“. Од друга страна производството на „Макстил“ е такво што мора да се користат вагони бидејќи во нив може повеќе да се товари. Наспроти тоа во МЖ имаа постојан недостаток на вагони.

- Железничките трошоци преку Србија и Бугарија изнесуваат 38,50 евра по тон или поделено со бројот на километри (730 км) цената е 0,053 евра по тон на еден километар. Низ Грција плаќаме 0,060 евра по километар. Во Македонија пак цената на железничкиот транспорт изнесува 0,085 евра по тон за поминат километар. Излегува дека споредено со Грција, цената на превозот кај нас е повисока за 41,6 отсто. Сето тоа се одразува на конкурентноста на домашните компании на странскиот пазар - истакнува Адамчески. Сосема друго прашање се недоволниот број вагони и локомотиви со кои располагаат македонските железници.

За надминување на ваквите состојби големите индустриски капацитети предлагаа зголемување на бројот на вагони и локомотиви, ревидирање на постојните цени на железницата како и довршување на пругата кон Бугарија, односно коридорот 8.

Доколку и ние кренеме раце од македонската железница, таа ќе нема што да вози, нагласуваат металурзите. Заради застарената инфраструктура возовите во Македонија патуваат со просечна брзина од 40- 60 километри на час. Во Србија и Бугарија се вози со 120 километри на час. Ако се знае дека времето е пари може само да се претпостави колку губат македонските компании.

Во Силмак, кој од март не работи заради високата цена на струјата и ниската цена на нивниот производ, ни изјавија дека кај нас железничкиот транспорт е поскап од камионскиот што е апсурд.

- Ние секаде каде што сме возеле сме користеле камионски транспорт- ни изјави директорот Звонко Стојановски. Заедничка констатација на експертската јавност е дека е потребна приватизација на Македонските железници. Тогаш ќе видат како се работи, а не вака, се навикнале на државни јасли, само чекаат да им дојде платата - велат упатените во оваа проблематика.

Според Џаконот за железници, железничкиот систем во Македонија е поделен на железнички превоз и на железничката инфраструктура. Во контактите и со двата субјекти ни рекоа дека заедно со Владата интензивно работат на новите мерки со кои треба да се решат состојбите во железничкиот сообраќај. Од минатиот месец започна со работа и Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги, чија цел е регулирање на односите помеѓу сите субјекти во услови на либерализиран пазар.

- Во Македонија има само една транспортна компанија МЖ Транспорт. Кога ќе се појават и други транспортери во железницата, на оние што им е скапо ќе отидат кај нив. Потребна е либерализација на пазарот. Само на тој начин ќе се подигне квалитетот на услугите и тие ќе бидат поевтини- вели Никола Димитровски, директор на оваа Агенција.

На прашањето дали тоа ќе значи згаснување на МЖ Транспорт, Димитровски вели дека овој субјект ќе продолжи да работи и нема да дојде до затворање. Кога на пазарот на мобилни оператори се појави ВИП, не престанаа со работа Т- Мобил и Космофон, нагласува тој.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=384&ArticleID=23739


Posted By: MAPJAH
Date Posted: 04-May-2009 at 18:04
Токму написот во денешниот весник внесува уште поголема конфузија за состојбата во Македонски железници.

Не навлегувам во анализа на податоците, но некои работи ме збунуваат.
Имено ме радува ако нашите соседи ги возат товарните возови со бзина од 120 км/час, ама не е така.
До кога со јалови новинарски анализи ќе градиме ставови.

Ме чуди што директорот на агенцијата за железници Никола Димитров така лаконски ги решава проблемите во железничкиот транспорт.
Но не ме чуди што излезот се бара во конкуренција, само незнам кој ќе биде конкурентниот транспортер на МЖ Транспорт.

Мојот став е дека само со вложување во железничката инфраструктура може да се створат услови за конкуренција во железничкиот транспорт.

За жал таквите вложувања сега се минимални, па кој ќе се стрча да биде втор или трет железнички транспортер на пругите на МЖ Инфраструктура само ќе ниже катастрофални загуби.


-------------
ПОЗДРАВ ОД ЖЕЛЕЗНИЧАРОТ
ПО ПРОФЕСИЈА И ПО ДУША


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-May-2009 at 21:03
... Заради застарената инфраструктура возовите во Македонија патуваат со просечна брзина од 40- 60 километри на час. Во Србија и Бугарија се вози со 120 километри на час. Ако се знае дека времето е пари може само да се претпостави колку губат македонските компании....

Прилог: Една побрза делница во Србија за патничи сообраќај, товарниот е далеку поспор поради тежината



Можете сами да ја процените точноста на информациите
(А за Македонија ги има брзините на овој форум)


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-May-2009 at 13:07
Застојот на вагоните е од другата страна на границата



Автор:  Александар С. Димковски
Економија
Железницата не го подјадува стопанството ако тоа не се подјадува самото себеси. Тоа што не работи стопанството пак ја подјадува железницата, велат од „МЖ-транспорт“ како реакција на тврдењата на големите индустриски компании за неефикасност и високи цени на товарниот железнички сообраќај во државава.

- Ние сме мала железница и доста сме ефикасни. Кога возот ќе се натовари, за еден час го носиме до станицата Табановце, каде што го презема српската железница. Кај странските компании треба да се бара вината за бавниот обрт на вагоните и губењето денови - вели Благоја Крстевски, генерален директор на „МЖ-транспорт“ АД-Скопје.

Упатените во оваа проблематика се согласуваат со констатацијата дека дел од вината за застојот на вагоните и бавниот обрт е токму од другата страна на границата. Србите немаат доволно вагони за претовар. Проблемот со Грција, пак, е што таму многу често има штрајкови на железницата и на солунското пристаниште, што го отежнува сообраќајот.

- Грчките железници годишно имаат 230 дена штрајковни ограничувања, Дали сме ние одговорни и за транспортот надвор од територијата на државата - прашуваат од „МЖ-транспорт“.

Иако отпремувањето на вагоните кај нас оди брзо, сосема друго е прашањето што од Сплит, Пула или од Солун тие се враќаат за 13, 14 или 15 дена.

Според познавачите на состојбите, еден од проблемите е и тоа што Македонија има едноколосечни пруги и треба возовите да се чекаат, за разлика од двоколосечните пруги, каде што во еден правец се движат едни возови, а во друг правец други возови.

Од „МЖ-транспорт“ истакнуваат дека имале тендер за набавка на 25 нови вагони, а очекуваат да пристигнат и нови локомотиви.

За зголемување на ефикасноста на железничкиот сообраќај големите компании од металната индустрија предлагаат зголемување на бројот на вагони и локомотиви, ревидирање на постојните цени на железницата, како и довршување на пругата кон Бугарија, односно коридорот 8.

Како што дознаваме, токму доизградбата на пругата кон Бугарија е клучниот проект на „МЖ-инфраструктура“, кој треба да се официјализира до крајот на неделава.

Во однос на либерализација на железничкиот транспорт, Крстевски вели дека државата треба да го најде својот интерес.

Никола Димитровски, директор на Агенцијата за регулирање на пазарот на железнички услуги, смета дека е потребна либерализација на пазарот бидејќи само на тој начин ќе се пиздигне квалитетот на услугите и тие ќе бидат поевтини.

- Кога ќе се појават и други транспортери во железницата, на оние што им е скапо ќе отидат кај нив - нагласува Димитровски.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=386&ArticleID=23931


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-May-2009 at 14:00
Прво напиши текст, па потоа отиди да ја прашаме и другата страната. !!!

Тоа е нашето истражувачко новинарство со макотрпно прибирање на податоци од ракав


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-May-2009 at 17:35
Грчките железници годишно имаат 230 дена штрајковни ограничувања
Не, ова не е нормално! Дали ние барем се обидуваме да истераме правда за ова, затоа што не верувам дека било која меѓународна инстанца би поверувала во вакви штрајкови...


Како што дознаваме, токму доизградбата на пругата кон Бугарија е клучниот проект на „МЖ-инфраструктура“, кој треба да се официјализира до крајот на неделава.


Eeek2

Ова вистина ли е? Дали е можно дека конечно го дочекавме тој ден???


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-May-2009 at 17:35
Originally posted by Vladimir P

Прво напиши текст, па потоа отиди да ја прашаме и другата страната. !!!

Тоа е нашето истражувачко новинарство со макотрпно прибирање на податоци од ракав


Владимир ај те молам ако може пасус по пасус да ни појасниш што е тачно што не пошто вака сега сум збунет после секој новинарски текст. Највеќе ме интересира она што се спомнува за пругата према Бугарија што наводно ќе се заокружело за една недела што воопшто не ми се верува?!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-May-2009 at 17:35

Од „МЖ-транспорт“ истакнуваат дека имале тендер за набавка на 25 нови вагони, а очекуваат да пристигнат и нови локомотиви.

Како што дознаваме, токму доизградбата на пругата кон Бугарија е клучниот проект на „МЖ-инфраструктура“, кој треба да се официјализира до крајот на неделава.



?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-May-2009 at 17:40
Originally posted by Cloverstack

Грчките железници годишно имаат 230 дена штрајковни ограничувања
Не, ова не е нормално! Дали ние барем се обидуваме да истераме правда за ова, затоа што не верувам дека било која меѓународна инстанца би поверувала во вакви штрајкови...


Правда дефинитфно треба да се тера! И тоа не сами, него заедно со другите загрозени железници од регионов (на пример ЖС или некои други) пошто вака големи загуби за нанесуваат и на стопанставата и на железниците. Но секаков дополнителен судски процес би значел политички потрес и покрај онака ладните односи. А од друга страна ситуацијава остава простор да се протолкува како едно тивко ембарго. Него на страна политикиве, мене ме занима како воопшто грчките железници успеваат да опстојат и како досега не банкротирале со толку неработење?!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-May-2009 at 17:52
Originally posted by Cloverstack

Грчките железници годишно имаат 230 дена штрајковни ограничувања

Не, ова не е нормално! Дали ние барем се обидуваме да истераме правда за ова, затоа што не верувам дека било која меѓународна инстанца би поверувала во вакви штрајкови...


Луѓе, верувајте ме и мене, едноставно си ги бараат секој втор ден правата LOL Од лично искуство ви кажувам нема никаква врска со нас ова. Нема транспорт ни кон другите градови во Грција, и не работат пристаништата. Истото важи и да е бугарски возот, и да е турски и било каков.



-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-May-2009 at 23:30
@ lslcrew
Ние се глупираме со тотално бесполезни и непотребни работи кои во овој момент сите освен нас ги толкуваат како провокации, а ваму викаш треба да се воздржиме и да молчиме за нешто што ни нанесува огромна штета, а за што имаме целосен легитимитет да бараме правда??? Не верувам дека било кој освен грците тоа би го протолкувал како провокација, а грчките толкувања ионака не менуваат ништо - што и да правиме тие исто ќе си толкуваат и ако не превземеме нешто исто ќе си тераат и понатака. Ако веќе изигруваме дипломати, воздржаност и тактичност требаше да покажеме за други работи, никако за ова!


@ гитардемон
230 дена човече... тоа не е ни секој втор туку на секои 3 дена да има 2 дена штрајк. Чудни некои штрајкови... не знам како не пропаднаа до сега, освен ако не се тоа селективни штрајкови.
Да не се залажуваме, колку и да штрајкуваат грците (а точно е дека многу штрајкуваат), но вакви бројки за гинис откриваат и друга агенда. Па еве дури и да немало никаква друга агенда мислам дека брзо мора да превземеме нешто (подолгорочно се знае - К8), од алармирање на меѓународни субјекти до тужби и барања за обештетување, затоа што нашата неактивност само оди во прилог на ова тивко ембарго кое не гуши. Уствари кога не сум запознаен со детали ај да не солам памет кои точно чекори треба да се превземат... кој е надлежен нека си брка работа и нека наоѓа начини, ама некако мораме да се избориме против оваа грчка пракса, па макар нивната мотивација и да немала врска со нас! Со скрстени раце не смее да стоиме!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-May-2009 at 01:59
Тужба за закочувањето на транспортот ќе биде потполно легитимна, без разлика кај каго ќе се протолкува. А би била поиздржана доколку неколку држави во пакет застанат зад нејзе, а така остава и помалку простор да биде намерно погрешно протолкувана, а воедно и добива на тежина.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-May-2009 at 02:44
Да се надополнам. Во конкретниов случај не ја познавам баш ситуацијата во Грција и кое уствари од претпријатијата штрајкува. дали сите трабспортни?! Дали инфраструктура или па што знам каква им е нив организацијата. Но јас колку што се знам, секоја држава без излез на море има право по меѓународно право да добие бесплатен излез на море и пристаниште до 10000 метри квадратни на најблиското море. Ова ми е енкој податок останат, мислам дека по географија уште у основно гоп имам чуено, дали е шпекулација или не незнам. Но доколку е така незнам зашто Македонија не го користи ваквото право и доколку го користи зашто Македонија не би исоновала фирма во Грција доколкуГрција има либерализиран транспорт па да се јави транспортно претпријатие во сопственост на ПГДМ (Roll%20eyesфиром (РМ)) кое нема да ги почитува штрајковите на нивните колеги од другите транспортни претпријатија и да оперира слободно. Кој е позапознаен со грчкото законодавство ако може да ми каже колку реално постои ваква можност?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-May-2009 at 03:38
Originally posted by lslcrew

Но јас колку што се знам, секоја држава без излез на море има право по меѓународно право да добие бесплатен излез на море и пристаниште до 10000 метри квадратни на најблиското море.

Нормално не бесплатен туку не смеат да ти наметнуваат дополнителни давачки вон оние комерцијалните. А за она со пристаниште до 10000m^2 не најдов ништо, а и малце нелогично звучи. Има оставено можност да се договориш за слободни зони и слично ама нема обврска.

Но членот 130 е прилично интересен од аспект на муабетот со „штрајковите“

United Nations Convention on the Law of the Sea
http://www.un.org/Depts/los/convention_agreements/texts/unclos/closindx.htm - http://www.un.org/Depts/los/convention_agreements/texts/unclos/closindx.htm

PART X

RIGHT OF ACCESS OF LAND-LOCKED

STATES TO AND FROM THE SEA

AND FREEDOM OF TRANSIT


Article124

Use of terms

1. For the purposes of this Convention:

(a) "land-locked State" means a State which has no sea-coast;

(b) "transit State" means a State, with or without a sea-coast, situated between a land-locked State and the sea, through whose territory traffic in transit passes;

(c) "traffic in transit" means transit of persons, baggage, goods and means of transport across the territory of one or more transit States, when the passage across such territory, with or without trans-shipment, warehousing, breaking bulk or change in the mode of transport, is only a portion of a complete journey which begins or terminates within the territory of the land-locked State;

(d) "means of transport" means:

(i) railway rolling stock, sea, lake and river craft and road vehicles;

(ii) where local conditions so require, porters and pack animals.

2. Land-locked States and transit States may, by agreement between them, include as means of transport pipelines and gas lines and means of transport other than those included in paragraph 1.

Article125

Right of access to and from the sea and freedom of transit

1. Land-locked States shall have the right of access to and from the sea for the purpose of exercising the rights provided for in this Convention including those relating to the freedom of the high seas and the common heritage of mankind. To this end, land-locked States shall enjoy freedom of transit through the territory of transit States by all means of transport.

2. The terms and modalities for exercising freedom of transit shall be agreed between the land-locked States and transit States concerned through bilateral, subregional or regional agreements.

3. Transit States, in the exercise of their full sovereignty over their territory, shall have the right to take all measures necessary to ensure that the rights and facilities provided for in this Part for land-locked States shall in no way infringe their legitimate interests.

Article126

Exclusion of application of the most-favoured-nation clause

The provisions of this Convention, as well as special agreements relating to the exercise of the right of access to and from the sea, establishing rights and facilities on account of the special geographical position of land-locked States, are excluded from the application of the most-favoured-nation clause.

Article127

Customs duties, taxes and other charges

1. Traffic in transit shall not be subject to any customs duties, taxes or other charges except charges levied for specific services rendered in connection with such traffic.

2. Means of transport in transit and other facilities provided for and used by land-locked States shall not be subject to taxes or charges higher than those levied for the use of means of transport of the transit State.

Article128

Free zones and other customs facilities

For the convenience of traffic in transit, free zones or other customs facilities may be provided at the ports of entry and exit in the transit States, by agreement between those States and the land-locked States.

Article129

Cooperation in the construction and improvement of means of transport

Where there are no means of transport in transit States to give effect to the freedom of transit or where the existing means, including the port installations and equipment, are inadequate in any respect, the transit States and land-locked States concerned may cooperate in constructing or improving them.

Article130

Measures to avoid or eliminate delays

or other difficulties of a technical nature in traffic in transit

1. Transit States shall take all appropriate measures to avoid delays or other difficulties of a technical nature in traffic in transit.

2. Should such delays or difficulties occur, the competent authorities of the transit States and land-locked States concerned shall cooperate towards their expeditious elimination.

Article131

Equal treatment in maritime ports

Ships flying the flag of land-locked States shall enjoy treatment equal to that accorded to other foreign ships in maritime ports.

Article132

Grant of greater transit facilities

This Convention does not entail in any way the withdrawal of transit facilities which are greater than those provided for in this Convention and which are agreed between States Parties to this Convention or granted by a State Party. This Convention also does not preclude such grant of greater facilities in the future.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-May-2009 at 10:16
Е сега колку ние ги користиме овие бенефиции е прашање?! Вероватно со онаа флота наша што се најави, вероватно ќе се заангажираме повеќе околу ова прашање.

Е сега поставив погоре прашање околу грчкиот модел на отганизација на железницата и колкава е можноста Македонија да се јави како основач на претпријатие во соседна Грција?!


Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-May-2009 at 10:23
Мислам дека не се работи само за штрајк на грчките железничари, туку и за вработените во солунското пристаниште, па и за вработените од царината и граничната служба. Кој и да штрајкува, товарниот сообраќај кон Македонија се блокира, така што овие 230 денови треба внимателно да се испитаат дали се единствено од грчките железничари.
Исто така, треба да се има на ум дека во Грција се мноооогу силни синдикатите, а штрајковите се буквално секојдневна ситуација во сите делови од земјата. Во тој поглед Грција е понапред дури и од Франција и Италија!


Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-May-2009 at 10:26
Инаку во однос на текстовите од Нова Македонија разбира се дека се нарачани од Макстил. Токму Минчо во моментов има најголеми шанси да ги купи Железници при евентуална приватизација или пак да си основа сопствена приватна железница.
НИШТО НЕ Е СЛУЧАЈНОLaugh!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-May-2009 at 19:06
Originally posted by BOJAN

Инаку во однос на текстовите од Нова Македонија разбира се дека се нарачани од Макстил. Токму Минчо во моментов има најголеми шанси да ги купи Железници при евентуална приватизација или пак да си основа сопствена приватна железница.
НИШТО НЕ Е СЛУЧАЈНОLaugh!

два потписа Thumbs%20Up


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: tasko
Date Posted: 08-May-2009 at 14:09

Zdravo drugari!

Od deneska 08 Maj 2009 se otvoruva nov forum za ljubiteli na Makedonski Zeleznici.
Forumot uste e nov i treba da se clenuvate pred da gi videte kategoriite.
Forumot uste e nov, potrebni se moderatori i clenovi.
 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-May-2009 at 14:22
дај ни врска (link) повеќе од среќни би биле да учествуваме (демек more than happy)

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: tasko
Date Posted: 08-May-2009 at 14:26

ej da zaboraiv da stavam linkBash

http://z3.invisionfree.com/zeleznici - http://z3.invisionfree.com/zeleznici


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-May-2009 at 00:18

Железницата транспортирала 14 милиони евра во непознат правец

На многу домашни и странски фирми претпријатието однапред им исплаќало милионски суми за изградба на пруги, кои до денеска не се завршени, утврдил Државниот завод за ревизија

Раководствата на „Македонски железници“ во изминатите петнаесетина години потрошиле околу 14 милиони евра за различни градежни активности и набавки, кои никогаш не биле завршени. На голем број домашни и странски фирми однапред им исплаќале милионски суми за да изградат и модернизираат пруги, кои до денеска не се завршени. Парите авансно биле исплаќани и за купување машини и опрема, кои никогаш не стасале во претпријатието, утврдил Државниот завод за ревизија.

Ревизорите ја проверуваа документацијата на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Македонски железници“ - Скопје, кое е едно од двете формирани по трансформацијата на „Македонски железници“, за периодот од август до декември 2007 година. Сепак, исплатените аванси во изминатите 15 години се' уште се провлекуваат низ финансиската документација бидејќи се' уште не се оправдани. Освен побарувањата, јавното претпријатие им должи околу 1,7 милион евра на домашни и странски фирми од кои набавувало услуги, машини и опрема.

Според ревизорскиот извештај, во периодот од 1994 до 1996 година, како и од 1999 до 2000 година, јавното претпријатие на четири градежни фирми однапред им платило околу девет милиони евра за изградба на пругата Бељаковци-Деве Баир. Градежните фирми добиле пари, материјали и опрема, но не ја завршиле работата. Поранешни раководства на „Македонски железници“ од три германски фирми набавиле репроматеријали и опрема вредни повеќе од милион евра наменети за модернизација на пругата Табановце-Гевгелија. Репроматеријалите и опремата директно ги дале во друга странска фирма на доработка, а сите пари однапред ги платиле. Но, до 2007 година, до кога е проверена документацијата, опремата не стасала во земјава.

Во 1995 година раководството на Железницата платило околу 150.000 евра за набавка на специјална опрема од странство за изградба на пругата Скопје-Деве Баир. До денеска не се знае дали опремата била купена и каде завршил авансот од оваа зделка. Слична ситуација имало и во периодот од 1996 до 1998 година, кога со една фирма бил склучен договор за изведување земјени градежни работи на пругата Куманово-Бељаковци. Оттогаш не се оправдани околу 64.000 евра потрошени за овие активности, со оглед на тоа дека фирмата на која и' биле префрлени парите веќе не постои. Во 2006 година новото претпријатие склучило договор со една фирма за поставување оптички кабел на делницата Скопје-Тетово. Однапред биле платени околу 102.000 евра, но работата не е завршена.

- Наведените неправилности кои потекнуваат од минатите години се една од причините за тешката финансиска состојба на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура. Одговорните лица што тогаш работеле во Железницата не воделе грижа дали работите за кои се исплатени големи аванси се изведуваат, не преземале активности за враќање на исплатените аванси, ниту се спроведувани судски постапки за тоа - пишува во ревизорскиот извештај.Поради тоа, ревизорите препорачуваат надлежните институции да преземат соодветни мерки спрема поранешните раководства на претпријатието. Освен неоправданите аванси, ревизорите утврдиле и незаконски спроведени јавни набавки, незаконско продавање државно земјиште што претпријатието го добило само на користење.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2E6CC76B59C9564A9575DC209D2B4C42


Posted By: MAPJAH
Date Posted: 16-May-2009 at 17:49
ApplauseБРАВО
КОГА ТОГАШ СЕ ЌЕ СИ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА

САМО АКО НЕМА СУДСКА РАЗРЕШНИЦА НА СОСТОЈБАТА ЗА БАДИЈАЛА Е РЕВИЗИЈАТА

ПОЗДРАВ ДО РЕВИЗОРИТЕ И НЕКА ЈА ИСТЕРААТ РАБОТАТА ДО КРАЈ


-------------
ПОЗДРАВ ОД ЖЕЛЕЗНИЧАРОТ
ПО ПРОФЕСИЈА И ПО ДУША


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-May-2009 at 20:24
Одлетале милиони ЕUR во ветар, НЕВЕРОВАТНО

И сакаме железница,  држава ... Wallbash


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-May-2009 at 16:28
Originally posted by Vladimir P

Originally posted by гитардемон

... Туку што ме интересира мене, веројатно би била глупава идеја да се направи, но дали некогаш постоеле електрични маневарки? Не ја гледам практичноста во такво нешто, но дали постоеле (постојат) некогаш?

Да постоеле и постојат, но за рударски и фабрички потреби, кратки и лесни маневри.




Интересно!


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-May-2009 at 23:01

Патници два часа чекаа локомотива

Поради дефект на локомотивата, наместо во 6,45 часот, возот тргнал во 8,30 часот

Снежана Калабакова

Дефектот на локомотивата што се случи вчера во Скопје, беше причина што речиси два часа подоцна тргна возот за Битола, кој вообичаено поаѓа во 6,45 часот. Скопската Железничка станица беше преполна со нервозни патници, кои со торби в раце одеа горе-долу и чекаа во неизвесност некој да ги информира зашто поаѓањето на патничкиот воз доцни. Голем дел од нив не можеа да дојдат на закажаните средби, судски рочишта, на закоп на свој близок или термини од факултетските предавања на Универзитетот во Битола.

Од „Транспорт“ АД Скопје информираа дека локомотивата одредена за возот што требало да тргне за Битола во 6,45 часот, се расипала веднаш штом тргнала од Влеча, односно од познатите гаражи во населбата 11 Октомври. Додаваат дека вакви дефекти не се случуваат често, иако се знае дека возниот парк не е нов и дел од него е репариран.

Портпаролот Јовица Трајановски вели дека на одговорните им било потребно време да се најде друга локомотива, додека работниците од работилницата за тековно одржување не ја поправат расипаната машина. Тој, иако прашан, сепак вчера не беше достапен за да одговори со колку локомотиви располага „Транспорт“ АД Скопје и колкава е нивната просечна старост. Невозможен беше контакт и со директорот, бидејќи секретарката постојано не' упатуваше на портпаролот.

Неофицијално дознаваме дека „Транспорт“ располага со околу 27 машини. Само шест-седум машини одат на пат и тие постојано се одржуваат. Неофицијалните информации говорат дека бројот на резервни делови за овие машини е незадоволителен, а тендер за набавка на резервни делови последен пат имало минатата година. Сега, велат неименувани извори, работниците мораат сами да прават одредени делови, затоа што набавените веќе се истрошиле.

Патниците кои вчера патуваа за Битола објаснија дека, откако биле информирани оти возот не поаѓа затоа што нема локомотива, на Железничката станица во Скопје никој не им кажувал за колку време таа ќе дојде. И на телефонскиот број на информации на Железничката станица одговорните во осум часот се' уште немале одговор кога ќе пристигне локомотива. Патниците биле револтирани, а голем дел од нив размислувале дали да ги вратат купените билети, а потоа од Меѓуградската автобуска станица да отпатуваат со автобус за Битола. Оние кои се информирале дека автобус има точно во 9 часот, повторно се нашле во дилема дали да го чекаат поаѓањето на возот, кое може да биде пред автобусот или да се решат за сигурното поаѓање на автобусот во 9 часот. Целата драма и неизвесност завршила кога најпосле локомотивата пристигнала и возот од Скопје за Битола тргнал во 8,30 часот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=2D6E6D6D322B6146BAD9881D531D10F5


Posted By: MAPJAH
Date Posted: 21-May-2009 at 05:24
ОДГОВОРНОСТ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
 
ПА ДАЛИ НЕКОЈ ИМА ВРСКА ШТО ПРАВИ СО ОВАА ИГРА
 
НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ ЗА НАСТАНАТА СОСТОЈБА
 
ДОДЕКА НЕ СЕ ОБЕСИ ЈАВНО ВИНОВНИКОТ
 
ЗА ЏАБЕ Е ЦЕЛАТА РАШОМОНИЈАДА
 
ОЦЕНКА ЗА ВЛАДАТА -10


-------------
ПОЗДРАВ ОД ЖЕЛЕЗНИЧАРОТ
ПО ПРОФЕСИЈА И ПО ДУША



Print Page | Close Window