Print Page | Close Window

Состојби во градежништвото и архитектурата

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=551
Printed Date: 26-Apr-2024 at 20:13


Topic: Состојби во градежништвото и архитектурата
Posted By: vardar
Subject: Состојби во градежништвото и архитектурата
Date Posted: 11-Nov-2008 at 00:30

Издадени 279 градежни дозволи во септември

Во септември се издадени 279 одобренија за градење на територијата на Македонија, соопшти Државниот завод за статистика.Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите е над 36,2 милиони евра. Во овој период е предвидена изградба на 425 станови.

 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CA7036851F9FA344920F0B9BEF61091A - dnevnik



Replies:
Posted By: vardar
Date Posted: 05-Dec-2008 at 07:05

Во октокмври издадени 209 одобренија за градба

Бројот на издадени одобренија за градење на територијата на Република Македонија во октомври 2008 година изнесува 209
Според податоците на Државниот завод за статистика, 165 или 78,9% од вкупниот број на издадени одобренија за градење се за објекти од високоградба, 23 или 11,0% за објекти од нискоградба и 21 или 10,1% за објекти за реконструкција.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1,2 милијарди денари.
Од вкупно 209 објекти, на 169 или 80,9% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 40 објекти или 19,1% инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 371 стан.
http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=13664 - Тотал



Posted By: beTon
Date Posted: 19-Feb-2009 at 23:55

Кризата во Градежништвото заедно со стартот на градежната сезона - 10.02.09

[tube]7GhJQMCgDTA[/tube]

http://174.133.138.86/~orbiscom/orbis/index.php?option=com_content&view=article&id=4059:2009-02-10-15-30-03&catid=37:biznis&Itemid=2&layout=default&change_sifr=Kelmscott - Кризата ќе ги разниша градежните скелиња  

Домашните градежни фирми сеуште не ги почувствувале последиците од светската економска криза. Од синдикатот за градежништво се оптимисти по најавените проекти на владата за реализација на проекти од сферата на градежништвото вели претседателот Павел Тренадафилов.

Последиците од глобалната криза сеуште не се толку силно почувствувани во градежништвото. Иако интензитетот не е толку силен кај гардежниците голема надеж влеваат најавите на Министерството за транспорт и врски за одделени средства за инвестирање во проекти од областа на инфртструктурата. Сепак е извесно дали им престојат одредени отпуштања од работа на градежните работници - вели претседателот на Синдикатот за гардежништво Павел Трендафилов.

Се најавува враќање на градежните работници кои својата егзистенција ја обезбедува на пазарите во странство. Од големите градежни фирми кои својата градежна оператива и работниците ги имаат ангажирано за работа на проекти надвор од државата најавуваат дека обемот на работа им се намалил во голем процент. Според нив најкритична е состојбата во Хрватска од каде велат дека кризата најмногу се почувствувала во оваа сфера - вели Трендфилов. Некои од фирмите кои се ангажирани за работа во Црна Гора, Подгорица и Будва веќе ја подготвуваат својата механизација за повраток во земјата. Затоа велат дека се надеваат на ангажман во Македонија.

Додека помалите градежни фирми маки мачат за обезбедување на работа поголемите фирми се надеваат на проектите што ги најави владата посебно Министерството за транспорт и врски и со ангажманот на планираните инфраструктурни проекти го гледаат излезот од кризата. Можеби е среќна околност - вели Тредафилов, што изминатиов период беше мртов за оперативата, но, сепак, се очекува проблемите кај градежните фирми да почнат да стануваат видливи кога градежната сезона ќе започне по 1 ви Март . Дури тогаш ќе има појасна слика колку економската криза ќе ги поткопа темелите на македонското градежништво. 

Засега иако најавени нема отпуштања на работници од големите градежни фирми. Од синдикатот велат дека последиците најмногу ќе се почувствуват по стартот на градежната сезона во Март.

http://174.133.138.86/~orbiscom/orbis/index.php?option=com_content&view=article&id=4059:2009-02-10-15-30-03&catid=37:biznis&Itemid=2&layout=default&change_sifr=Kelmscott - Орбис - Сузана Цветаноска - 10.02.2009




Posted By: beTon
Date Posted: 22-Feb-2009 at 14:00

Originally posted by http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=31804#31804 - Cloverstack

]Прекрасна вест Cheers
А јас се надевам дека како тргнало  и оние пет невидени грдосии - кулите во ГТЦ ќе дочекаат коренита реконструкција!
Originally posted by lslcrew

Иднината на тие 5 кули ја гледам само како деловни објекти. Во нив заедно собира уште две соравии. А некогаш во далечна иднина очекуам тоа да се случи и со мал ринг, нормално колку што е можно и колку што е потребно. Е сега тешко дека толку лесно некој би се откажал од стан во центар за било која сума, ама мислам дека со доза на дестимулативни мерки за живеење, со високи колективни давачки, со задолжителни реновирања на неколку години за згради од мал ринг, со неколку вакви мерки може да се истера еден ваков зафат и да се интегрираат кулите како дел од гтц, односно да се експропреираат доколку е можно и да се интегрираат кон ГТЦ и да биде после тоа ГДТЦ.
Originally posted by Cloverstack

Иднината на тие 5 кули ја гледам само како деловни објекти.
Мислам дека во пракса најголем дел од нив и во моментов е претворен во деловен простор.
Originally posted by lslcrew

PA ima nekoja zavrzlama u zakonot neznam do koj kat smee od stanben da se prenameni vo deloven prostor. Za ordinacii zabarski duri i e neshto pomalku pa izgleda e samo do prvi kat. Poradi vakvite prechki samo dokaj treti cetvrti e prenameneto, drugoto e sepak stanbeno. Inaku mislev na deloven prostor kako soravie nagore shto e, odnosno odkupuvanje na zgradite od gtc i celosno rushenje dzidovi megju sobi, doteruvanje do gol skelet i prenamenuvanje vnatre vo kancelariski prostor po primerot na soravia.
Originally posted by Cloverstack

Чисто се сомневам дека тие згради се градени со класичен скелет, па да може така да се пристапи со рушење на ѕидови. Ако некој знае како се градени кулите (или еве не мора баш тие, ако ништо друго со кои техники воопшто се граделе повисоки објекти во тоа време) нека сподели. Интересно би било да дојдеме до некакви сознанија кои ќе не упатат на заклучоци какви интервенции се можни на тие згради.
Во секој случај јас би бил презадоволен доколку се скрие нивната грда надворешност, а за внатре шминкањето е поедноставно и поневажно.
Originally posted by ArchiTechTone

Ова е основа на Кулата каде што се наоѓа “АЊА“



Конструктивниопт систем е скелетен, а меѓукатната конструкција е ситноребреста. Распоните не се големи, и зградава е прилично крута, штом го преживеала земјотресот
Но тоа е всушност проблемот, после земјотресот овие згради се санирани, и колку што знам не смее многу конструктивно да се делува на нив. Ако овие кули се претворат во деловни простори, тогаш ќе треба да се адаптираат за потребите на еден деловен простор, најмногу во делот на климатизацијата. А климатизацијата подразбира дупчење на меѓукатна конструкција, но уште повеќе, ќе бара поставување на централна едница, нешто слично како оние огромни кутии што се поставени на Соравија. Тоа е дополнителен товар за кој зградата не е проектирана.
Фасадата може да се замени со полесни градежни материјали, и претпоставувам дека тоа не би било проблем. Но се јавува уште еден проблем, а тоа е проблемот со паркирањето. За овие станбени кули практично нема паркинг. Доколку тие се претворат во деловен простор, потребата за паркинг возила ќе се дуплира. Соравиа нема паркинг, а паркингот на ГТЦ одамна не ја задоволува сопствената потреба за паркирање а камоли за околината.
Паркинзите карши Холидеј Ин и кај ССМ, исто така немаат капацитет за да ја опслужуваат моменталната потреба за паркирање во тој дел од центарот.
И ја сум за тоа да се извади станбената содржина од зградиве (или барем да се намали), но тоа мора да се направи претпазливо, не во конструктивна смисла туку во смисла на запазување на сите урбанистички параметри.
Originally posted by lslcrew

Еве ќе почнам од назад да ти реплицирам. Прво паркинг просторот и не треба да се гледа толку дека ете немало паркинг за зградиве. Колкушто знам со стокатнициве имаше планирано 6 ката паркинг. И да не е само тој паркингот у ГТЦ го користат денес и станарите од овие згради. Тие паркинг места ќе бидат употребени за деловните простории. Исто така треба да има и паркинг под плоштад со доста голем капацитет. Треа работа, па ако ништо друго тогаш вработените ќе бидат стимулирани да користат и малку јавен транспорт.

Ова анализава околу статикава не би се сложил целосно. Оние контињери за климатизација и не се нешто толку тешки. Па во зградата денес само мебелот од еден стан тежи колку еден таков контињер. Инаку тоа дупчењето незнам колкави се отворите во димензии, ама не ми изгледаат како некој посебен проблем околу статиката.
Како што кажа, со некои полесни материјали, а и поефтини може доста да се добие. Дотерување до гол скелет може и премногу, ама не би требало да ни биде чуднои доколку се направи некогаш такво нешто не некоја зграда во центар. Башка ако веќе ја дотераме до гол скелет една зграда тогаш и нема да биде толку проблем да се изврши санција на скелетната конструкција, нешто слично како на столбовите на мастовите од автопатот, а и кај плочите да се интерверира минимално.
И незнам заштто одма од почеток се навртевме околу статикава, кога и не се во толку очајна состојба зградиве а како што кажа еднаш веќе биле санирани поради последиците од земјотресот.
Уште еднаш сублимат. Идинината на овие згради и изгледа премногу тешка за оддржување како станбени. Мора да се применат некои мерки околу живеење во строг центар, а тука спаѓаат и овие згради.

фрижидерите без проблем може да се сместат горе на трговски, а за зградите  јасно бидејќи постари објекти секакво реметење на плочите може да предизвика килава статика Smile затоа главниот вод за климатизација односно централната цевка може да оди в среде помеѓу скалите или пак напред кај, до  или со стакларникот односно теоретски најбезболно е да се бушат подестите. а за гаражи сигурно и да нема стокатници во меѓувреме или на денешниот паркинг пред холидеј ин ќе никне катна гаража или пак можно е да се постигне минимумот со оној паркинг под плоштад или пак како најоптимално решение да се оди со паркинг под жена парк...    

а за канцелариите порано беше дозволено и на поткровје да миаш деловен простор, односно фирма можеше да се има и во гаража, јасно ова беше социјална политика на почетокот на девеесетите, сепак и тогаш мораше да се има некои минимални деловни услови исполнето, но подоцна пренамената на стамбен во деловен простор беше законски сотрена бар не во зграда односно не над први кат, но овој член од законот за градежништво падна на уставен   http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F85A9AD0E30F9949BB4F5E39BAF8E7A6 - Нема деловни простории само на први кат - 17.05.2007



Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 22-Feb-2009 at 14:52
Има премногу отворен простор за шпекулација на темава, од типот “што би било кога би било“ ...

Само би додал дека инсталациите воопшто, значително ја намалуваат корисната висина во една просторија. И тоа е прилично ограничувачки фактор во понатамошните размислувања околу можната пренамена на објективе. Тоа всушност и беше еден од (многуте) проблеми на Соравија- ја немаше предвидената меѓукатна висина (која е изнесува мин. 3.40 за деловни објекти)

А за климатизацијата не сум упатен, но ми изгледа дека за толкава вертикала, треба моќна машина, за да може ефикасно да го опслужува објектот. Јас колку што знам мебелот се предвидува во статичките пресметки, како “дополнителен“ товар, заедно со тежината на луѓето. Секој дополнителен товар мислам дека би ги пречекорил предвидените напрегања.

А доколку навистина го доградуваат трговскиот, ќе треба со време да се размислува за комбинацијата што ја предложи beTon.

А за паркингот- треба да се реши, а не да се претпоставува дека постоечкиот паркинг лесно може да се репрограмира спрема новата намена на објектот. 

Затоа и ги спомнав тие параметри, бидејќи се утврдени со правилник, и не би требало да се занемарат.... Состојбата кај нас е дотуркана до тука заради тоа непочитување на регулативи. Објектите во центар се заверуваат како станбени, а понатаму се експлоатираат како деловни. За илустрација:

Originally posted by Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање

- За станбени згради кои се лоцирани во централното градско подрачје: 1 паркинг место по стан

Становите во кулите се од прилика 80 квадрати, има 4 на спрат, има 10 спрата.

Според правилникот, за деловен простор е потебно 1 паркинг место за 40м2, и тоа ако овој простор е канцелариски уреден(за ресторани, објекти со шалтерски служби, и сл. пропишани се други бројки) Вие направете си ја математиката

Кључниот збор во целата ситуација е квалитетно и доследно планирање. Тоа треба најпрво да се направи, а после за климатизацијата е лесно


Posted By: beTon
Date Posted: 22-Feb-2009 at 15:17
LOL добро лоцирана гачка во системот, само што кај нас зборот ред излегол од колосек па сега се восхитуваме на луѓе кои работат според законот  а тоа би требало да биде нормална работа, но во денешнава ситуација која ја имаме на терен реално може да зборуваме и да тргнеме прво од споредните работи па сетне да ја тераме кон крупните ова во контекст колку да се добие на динамика во нештата, а работите мислам дека лесно ќе се решат доколку градот за спроведување на регулативите ги овласти своите инспектори да можат самите да лепат казни а не само да шкртаат пријави,  но повторно тука е тајмингот и капацитетите на тие служби кои се задолжени за  одржување на редот. што значи немаме силни механизми кои ќе ги спроведуваат регулативите, а и инаку  на хартија  стандардите ни се по европски  терк наштимани.


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 22-Feb-2009 at 15:23
LOL На хартија ние всушност живееме во совршеното општество LOL


Posted By: beTon
Date Posted: 06-Apr-2009 at 18:49
Originally posted by http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=12&PID=35875#35875 - lslcrew

]
Originally posted by Dragan

nekoj znae kolku rabotnici rabotat na stadionot?

Добро прашање, а никад го намеме поставено за ниедно градилиште! Интерсени би биле податоци за персоналот што се врбува. Браво што ти текна, ако има некој вакво инфо може да сподели за било кое градилиште!

просек нема се зависи од компанијата и нејзиното менаџирање, во минатото пример ГП.Гранит за една седумкатна зграда со два влеза ангажира работна сила од ~200 градежни работници (владината зграда кај атлета завршена '95), додека за истата таква  зграда одма спроти неа Маврово ангажирал ~300 градежни работници, јасно е од каде денeс вакви загуби во нивната оператива... но имаш пример како ГП.Билјана приватник кој и со 20 мајстори крена петканица  со два влеза за една година (конкретно зградата спроти поштата во ново лисиче завршена исто '95). сепак денес заради потребата од брзо темпо на изведба како и се поспецифичните решенија бројката на вработени на едно градилиште сигурно се движи од минимум 50 па нагоре и до 200, во зависност од обемот на работата.

конкретно на стадионот незнам колку градежни работници се ангажирани, но сигурно не е по 300 а може да се тера и до 500, како би се запазиле роковите, сепак има поприлично работа него на прв поглед што вака од фотки изгледа.

во контекст еве како стои градежниот сектор кај нас во бројки, сепак вкупната бројка пријавени градежни работници мислам дека е поголема, со оглед дека сигурно и не мала бројка има непријавени, но има и доста граѓани кои   се ангажирани во градежништво и надвор од земјава.            

ФЕНОМЕН ВО НАШЕТО ГРАДЕЖНИШТВО
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=846&ArticleID=56134 - Во Македонија има 8.000 градежни фирми

Во земјава има дури осум илјади градежни фирми, а во сите нив работат само 24.500 работници, беше истакнато на вчерашната средба меѓу претставниците на повеќе градежни претпријатија со новиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, во просториите на Стопанската комора.
Градежниците на Јанакиевски му ги кажаа најголемите проблеми во овој сектор, пред се начинот на спроведување на тендерите, долговите од државата кон претпријатијата, работата на црно и други.

Повеќе сопственици и директори на градежните претпријатија истакнаа дека половина од работниците во „човек-фирмите“ работат на црно или, пак, со само двајца луѓе градат цели згради.
Затоа тие му предложија на Јанакиевски да се направат измени во законот за градење со што би се предвидило колку најмалку работници би можеле да работат на едно градилиште, во зависност од големината на објектот.

- На тој начин ќе се овозможи да има и поголема вработеност во градежништвото - порачаа од ГП „Илинден“.

Јанакиевски, пак, рече дека наскоро ќе се намали персоналниот данок на доход, со што ќе им се намалат трошоците на претпријатијата и ќе се овозможи тие да вработуваат по повеќе луѓе.

- Ако само 24.500 луѓе работат во дури 8.000 градежни фирми, тоа значи дека во просек во секоја од нив има по 3,5 работници. Со ваквиот сооднос на бројките мора нешто да не е во ред – рече министерот.

Градежниците истакнаа дека државата мора да ги поддржи големите претпријатија да бидат поконкурентни на странскиот пазар, со што ќе се отвори повеќе работа во земјава за помалите фирми.

- Ако се реши проблемот со големите компании, целосно ќе се реши проблемот во градежништвото. Државата треба да ги поддржи со банкарски гаранции, а тие ќе носат капитал во земјава - истакна Тихо Јаневски од градежниот институт.

Никола Велковски од „Инком инженеринг“ додаде дека наместо тоа, сега странски фирми ги добиваат тендерите кај нас, па нема доволно работа ниту за големите, ниту за малите претпријатија. Тој му порача на министерот дека треба да го смени имиџот на малите фирми, дека сите се корумпирани, дека со врски добиваат дозволи и дека се дел од урбаната мафија.

- Такви има, но мора да се покажат точно кои се, бидејќи таквиот имиџ им пречи во бизнисот на сите други - вели Велковски.

За тендерите градежниците побараа некорумпирана второстепена владина комисија, која ќе одлучува за жалбите. Ванчо Поповски од АДГ „Маврово“ побара да се поништи тендерот за хидросистемот „Злетовица“, затоа што не бил спроведен законски. Југослав Тодоровски од ГП „Гранит“, пак, рече дека само на ова претпријатие државата му должела 900 милиони денари.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=846&ArticleID=56134 - Време - 31.08.2006

со новиот закон  и обврската за лиценца, мислам дека колку толку оваа ситуација со милион фирми ќе се смени целосно...

http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=62177229&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%A1%D0%9E%D0%9E%D0%91%D0%A0%D0%90%D0%8C%D0%90%D0%88+%D0%98+%D0%92%D0%A0%D0%A1%D0%9A%D0%98 - Доделени првите градежни лиценци - 16.02.2009

Повеќе компании кои на градежниот пазар изведуваат, проектираат и вршат надзор на градби, денеска од Министерството за транспорт и врски добија лиценци, со времетреење од пет и седум години, во зависност од типот. Фирмите, кои првпат добиваат таков тип лиценци според последните измени на Законот за градење, очекуваат да се сузбие нелојалната конкуренција на градежниот пазар и да замре праксата т.н човек фирми да ја зема работата на квалификуваните компании.

Ќе се отстрани нелојалната конкуренција со постоење на т.н човек фирма. Ќе се знае која фирма што може да гради. Конечно, ќе се стави крај на нелојалната конкуренција, изјави Трајче Трпевски, извршен директор на ДГ „Бетон“ АД Скопје, која ги доби сите типови лиценци за изведувач на градби и за надзор на изградба. Според Трпевски, и покрај тоа што странските инвеститори се откажале од инвестиции заради светската економска криза, „Бетон“ на домашниот пазар има работа во реализација на владините проекти. Сега засега има работа, вели Трпевски и додава оти очекува во иднина да се намалат цените на локациите за изградба на станови, за да се вклучат во тој дел од пазарот.

Зоран Тозија, раководител на Друштвото за проектрање, производство и монтажа на челични конструкции „Факом“ АД Скопје порача дека со доделувањето на лиценците надлежните институции треба повеќе да го применуваат Законот за градба. - Со овие лиценци ќе имаме во секој случај големи предности затоа што до денеска можеше да гради секој, а сега компаниите кои се лиценцирани и квалификуивани апсолутно ќе имаат приорит при изградба на големите објекти, рече Тозија. Тој додаде дека економската криза го намалила работењето на Факом за 30 до 40 проценти. - Во однос на кризата очекувам втората половина на годинава да биде доста деликатна, рече Тозија, оценувајќи дека владините мерки за убалжување на кризата даваат некои бенифиции и создаваат услови за преживување, но дополнително ќе се види колкави ќе бидат ефектите.

Заменик-министерот за транспорт и врски Љупчо Димовски, кој ги додели првите лиценци, порача дека со нив се дава уште еден знак за успешно задоволување на потребите за ефикасно функционирање на градежништвото. - Инвестициите во градежништвото значат дополнителен ангажман за градежните компании, а ќе придонесат и за отварање нови работни места за граѓаните, подобрување на животниот стандард и на економијата, истакна заменик-министерот за транспорт.

Министерството за транспорт за изведување градби додели по три лиценци од типот А и Б, пет од типот Ц и две Д лиценци. Лиценците од типот А се однесуваат на капитални објекти. За надзор над изградба се доделени 1 А лиценца, две Б, пет Ц и шест Д. За прокетирање градби се доделени осум А и 16 Б лиценци. Компаниите кои како изведувачи на градби добија лиценци А плаќаат надоместок од по 2.000 евра, за Б 1.500 евра, за Д 500 евра, а за Е 300 евра. Висината на лиценцата А за надзор на изградба е 3.000 евра, на Б 2.000 евра , а на Ц и Д по 1.000 и 500 евра. За лиценца за проектирање на градби од типот А се плаќа по 1.000 евра, а за Б по 500 евра.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=62177229&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%A1%D0%9E%D0%9E%D0%91%D0%A0%D0%90%D0%8C%D0%90%D0%88+%D0%98+%D0%92%D0%A0%D0%A1%D0%9A%D0%98 - МИА - 16.02.2009

   



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Apr-2009 at 16:57
СЕ ПРОДЛАБОЧИ КРИЗАТА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО
Никој ништо не гради

Изградбата на нови куќи е намалена за 90 проценти, а веќе почнатите градежни објекти во речиси сите делови на Македонија се оставени недовршени. Поради ова нарачките на градежни материјали во овие два месеца паднаа за 50 проценти, велат од градежните компании. Од „Проект инженеринг“ велат дека за разлика од порано, кога граделе по седумдесет куќи месечно, сега градат најмногу пет куќи месечно. - Луѓето немаат пари, тоа е главната причина што има мала заинтересираност за изградба на куќи. Работиме за џабе, но тоа не не спасува “ се жали Феим Селмани, изведувач. Црните состојби на градежниот пазар се главна причина за најавените отпуштања на вработените во овој сектор. Скопската цементарница веќе најави отпуштање на 180 вработени, а кастрења на работниците се најавуваат и во другите компании. Дел од струмичките компании, кои се занимаваат со трговија на градежни материјали, го намалија бројот на вработени за една половина. Оттаму велат дека речиси сите градби во Струмица се запрени, а најави за нови градби има многу малку, но и за нив не се знае дали ќе се реализираат. Главната причина за ваквата состојба, според нив, се затегнатите кредитни услови на банките. - Порано можеше да се земе кредит со каматна стапка од осум проценти. И таа беше висока, но некако се издржуваше. Сега каматните стапки се движат од 11 до 12 проценти годишно, при што фиксна каматна стапка има само за првата година. Компаниите што градеа сега ги запреа градбите бидејќи немаат доволно пари за кредитите. Целата печалба оди на камати, а тоа не е издржливо за ниту една компанија “ објаснуваат од „Кокан комерц“, компанија за трговија со градежни материјали. И во Гостивар велат дека градбата на објекти, индивидуални згради и куќи е застаната. Од „Кнауф Гостивар“ велат дека минатата година месечниот промет на компанијата бил до 7.000 евра, додека сега едвај остваруваат 3.500 евра месечно. - Ние работиме исклучително за домашен пазар, а најмногу за Гостивар. Но, во последно време се помалку се гради, поради што нарачките за „Кнауф“ се намалени до 50 проценти “ вели Али Калифи, директорот на „Кнауф Гостивар“. Душко Србиновски, директорот на компанијата „Нео кон“ вели дека побарувачката на градежни материјали е опадната на ниво на цела држава. - Вработените во магацините низ цела Македонија немаат работа, а тоа го знаеме зашто речиси сите земаат градежни материјали од нас. Ова значи дека ништо не се гради во државава. Најмногу е намалена побарувачката за цемент и за блоковска стока, која се употребува при изградбата на згради “ нагласи Србиновски.

Историска најмала градба на куќи во САД

Во Соединетите Американски Држави изградбата на новите куќи во јануари е намалена за 17 проценти, на 466.000 единици, што е најниско од 1959 година. Бројот на издадени дозволи за изградба на нови куќи, исто така, падна и тоа за 4,8 проценти, на 521.000 единици, што е најниска вредност во историјата.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=10&tabid=1&EditionID=1691&ArticleID=112827


Posted By: beTon
Date Posted: 01-Jun-2009 at 13:41
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=2&eventId=4148 - Се помалку готови станови за вселување - vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=2&eventId=4148

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=353&PID=39198#39198 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=353&PID=39198#39198  



Posted By: vardar
Date Posted: 14-Aug-2009 at 00:07
 

СТАТИСТИЧКА ПОТВРДА


Се помалку се градат станови


Македонското градежништво ја поминува една од најтешките години. Работа има се помалку, а тоа се гледа и од најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика, според кои, во земјава во јуни биле издадени за 11,3 проценти помалку одобренија за градба во однос на истиот месец лани.
-Кризата ја чувствуваме. Нема кредити, инвестициите се намалуваат, а со тоа и обемот на работа. Тоа може да повлече отпуштања од работа - се жалат градежниците.
Предвидената вредност на објектите изнесува 23,1 милиони евра, што е за 23,4 проценти помалку во однос на претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 186 се наменети за објекти од високоградба, 46 за објекти од нискоградба и 20 за објекти за реконструкција. Најмногу издадени одобренија за градење се во скопскиот регион - 85 и во полошкиот - 61
Од вкупно 252 објекти, на 192 или 76,2 проценти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 60 објекти или 23,8 проценти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период предвидена е изградба на 365 станови, со вкупна корисна површина од 29.971 квадратен метар.

Статистиката покажува дека градежништвото е дел од четирите сектори што најмногу придонесуваат за зголемувањето на вработените во третото тримесечје од годинава. Во Македонија се регистрирани околу 8.000 градежни компании, во кои работат околу 40.000 лица. Евентуалниот крах на градежништвото ќе повлече други 26 стопански гранки индиректно поврзани со него.
Пад на градежништвото е регистрирано и во еврозоната.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C4851871985BE840B11FF53F02BE58F2 - http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C4851871985BE840B11FF53F02BE58F2


Posted By: Max
Date Posted: 23-Aug-2009 at 20:49
Конечно ред! Се проширува законот за градење



http://www.sitel.com.mk/WBStorage/Articles/8AEEF9AC6951E14A806427B68F3F4082.swf - http://www.sitel.com.mk/WBStorage/Articles/8AEEF9AC6951E14A806427B68F3F4082.swf

http://www.sitel.com.mk/?ItemID=0250428183BDDB42930FC63FD1E195C5 - - http://www.sitel.com.mk/?ItemID=0250428183BDDB42930FC63FD1E195C5

____________________________________________________________________


Најавени казни од 100 до 3000 евра за оние кои нема да постават фасади

http://netpress.com.mk/vestiimages/60832/transport%20i%20vrski.jpg">

Министерот за транспорт и врски,Миле Јанакиески, денеска ги презентираше новините кои ќе следуваат со донесување на новиот закон за градење.

"Она што најмногу сакавме да го направиме е тоа што 90 отсто од градежните компании се лиценцирани, така што при крај сме со нивното лиценцирање.Добивање на лиценца и овластување на физичките и правните лица нема да им биде потребно за занаетчиските работи, но оној кој ќе биде извршител на тие работи ќе мора биде регистриран во централниот регистар" изјави министерот Јанакиески.

Со новиот закон странско правно лице во земјава ќе може да ги врши работите на проектирање ревизија, изведување  надзор доколку регистрира  фирма во Централниот регистар, треба да добие лиценца предвидена со овој закон, додека физичко лице кое има овластување од друга држава може да врши работи на проектирање, ревизија, изведување на надзор во земјава доколку овластувањето е потврдено од комората, додаде министерот.
 
Новина во законот е и можноста за банкарска гаранција, односно учесниците во градбата може во меѓусебен договор со банката да одредат одредена гаранција при градење со цел да се заштитат од нанесување на одредена штета.
 
За прв пат се воведуваат и рокови за завршување на градба, доколку определената градба не се заврши за определениот рок тогаш ќе следат санкции, кои ќе зависат од категоријата на градбата.

За јавните објекти рокот за изградба е до 10 години, а зградите и куќите до 4 години од кога одобрението за градење ќе стане правосилно.

Доколку општината не издаде решение во рок од 5 ден за одредено барање од стана на градителот, инвеститорот може да поднесе жалба за молчење на администрација до министерството за транспорт и врски и потоа министерството ќе им наложи на општините во рок од 30 дена да донесат одобрение за поднесеното барање.

За прв пат се донесуваат и мандантни казни со кои се казнуваат вработените во општините, казните ќе се движат од 1000 до 2000 евра.

Со законот за градење, општините ќе можат да донесат посебна програма, дизајн за одредени делови кои се автентични во самата општина, односно сите инвеститори кои сакаат да градат мора да поднесат дизајн кој ќе се совпаѓа со тој на општината.

Предвидено е со законот и сите сопственици на објекти кои немаат фасади во рок од една година ќе мора да ги постават, доколку не ги постават следуваат мандантни казни кој за физички лица се движат од 100 до 500 евра, а за правни лица од 1000 до 3000 евра.


Нетпрес
23.08.2009 13:00:12
http://netpress.com.mk/vest.asp?id=60832&kategorija=1



Posted By: Max
Date Posted: 29-Sep-2009 at 21:33

http://www.motionbox.com/videos/7c99dbb61b18e5c5f4?iid=switch_player_hd&type=hd - http://www.motionbox.com/videos/7c99dbb61b18e5c5f4?iid=switch_player_hd&type=hd  - А1 Индекс 27.09.2009 - предлог закон за градба

интересна анализа за предлог законот за градба, особено во однос на фасадните пенали и перцепцијата за истите од страна и на народот и на експертите! незнам дали фасадите ќе мора да бидат http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=335&PID=13254#13254 - енергетски ефикасни , но мене ми личи дека идејата е решение заради естетски ред...

значајна измена во законот има и кај планирањето http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=588&PID=47590#47590 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=588&PID=47590#47590 со ваквата луфта градежништвото ќе процвета, особено бидејќи искористливоста на парцелите ќе биде максимална! ова значи ќе значи густо урбанизирани градски средини ќе добиеме каде за зеленило и баш многу простор нема да останува... но има и за тоа решение кое би ги обврзало идните инвеститори да имаат особен пристап кон озеленување и расцветување на останатиот дел од парцелата http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=199&PID=12515#12515 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=199&PID=12515#12515

  


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Oct-2009 at 17:36
СТАТИСТИКА ЗА АВГУСТ
Помалку се гради од лани

Во август годинава се издадени 225 одобренија за градба, што е за 29 проценти помалку во однос на август минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренијата во август изнесува 26 милиони евра, што е за 37,3 проценти помалку во однос на лани. Од вкупно издадените одобренија за градење, 76,4 проценти се наменети за објекти од високоградба, 8 проценти за објекти од нискоградба и 15,6 отсто за објекти за реконструкција. Кај 189 објекти, инвеститори се физички лица, а за 36 деловни субјекти. Предвидена е изградба на 367 стана, со вкупна корисна површина од 31.266 квадратни метри.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1832&ArticleID=123355


Posted By: Max
Date Posted: 13-Oct-2009 at 15:42
ГЛОБИТЕ ВО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗГОЛЕМЕНИ ДО ПЕТ ПАТИ

5.000 евра казна ако сам си градиш куќа


Не само што семејната куќа мора да ја гради лиценцирана градежна фирма туку и нејзината работа мора да ја надгледува соодветно лиценциран управител на градба

Глоба до 5.000 евра ќе плати оној што ќе почне сам да си гради куќа.

Со новиот Предлог-закон за градење, кој се наоѓа во собраниска процедура, Владата до пет пати ги зголемува казните за оние што наместо лиценцирана градежна фирма, за градење куќа најмуваат градежни работници што немаат лиценци и објектот го градат за двојно пониски цени од оние на лиценцираните изведувачи.
Малкумина знаат дека со измените на Законот за градење што важат од јули минатата година не смеат сами да градат и дека се плаќа казна ако на објект во изградба работат градежници без соодветна лиценца за градежни работи.
Според сегашното законско решение, градежниот инспектор изрекува глоба до најмногу 1.000 евра, а со измените што се во процедура овие казни ќе се движат од 3.000 до 5.000 евра. Градежниот инспектор изрекува и забраната за понатамошна градба, додека инвеститорот не ангажира лиценциран изведувач.
Законот не само што обврзува семејната куќа да ја гради лиценцирана градежна фирма, туку и нејзината работа да ја надгледува соодветно лиценциран управител на градба, односно надзорен инженер. Инженерот, по завршувањето на градбата, треба да направи технички преглед, да подготви извештај и доколку има неправилности, да му наложи на сопственикот да ги отстрани за најмногу 30 дена. Откако куќата ќе го помине техничкиот преглед, во рок од 15 дена треба да се направи примопредавање на објектот меѓу сопственикот и надзорниот инженер со потпишан записник од двете страни.
Сите трошоци за техничкиот преглед ги плаќа сопственикот на куќата.
Дури тогаш семејството може да се всели во семејната куќа.
Оној што ќе ангажира фирма да гради куќа, пред да почнат градежните активности мора писмено да ги информира во Општината, во градежната инспекција и во инспекцијата на трудот кога почнува изградбата, која фирма ја гради куќата и кој надзорен инженер ќе врши надзор на градбата. Во спротивно, сопственикот ќе плати глоба и за овој прекршок од 3.000 до 5.000 евра, и ќе го изгуби одобрението за градба.
Од Министерството за транспорт и врски дообјаснуваат дека изведу­вач може да биде исклучително правно лице кое треба да е регистрирано во Централен регистар за изведување на градежни или градежно-занаетчиски работи и да поседува лиценца за изведувач.
"На овој начин се овозможува градежните работи да ги изведуваат квалификувани лица, со што ќе бидат почитувани потребните стандарди за градење", дополнуваат од Министерството.

Глобите за фирмите кои нема да ангажираат лиценциран изведувач се движат до 7.000 евра.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=897661086B125F4D91BF684FCBCC6BCD - http://www.vest.com.mk/?ItemID=897661086B125F4D91BF684FCBCC6BCD



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Jan-2010 at 18:24
СЕ НАЈАВУВААТ НОВИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ
Градежништвото се враќа во форма

Наталија Скалова

Во наредниот период се очекува драстичен пораст на градежната активност. По едногодишниот застој во изградбата, градежните компании најавуваат големо враќање на пазарот. Ова го покажува и последниот извештај добиен од општините, според кој вредноста на објектите за кои се издадени одобренија за градење во октомври има висок годишен пораст од 52,9 проценти. Најголемиот дел од барањата, речиси 80 проценти, се однесуваат за високоградба, како станбени објекти.
- Ако компаниите побарале одобрение за градба на објекти во октомври, тие треба да ги завршат за најмногу две години, што значи дека во наредниот период се очекува заживување на градежната активност. Во моментов се довршуваат веќе почнатите инвестиции, а во наредниот период треба да почнат новите инвестиции - вели Сеад Кочан, претседателот на градежната комора при Сојузот на стопански комори. Според него, компаниите по најавите на гувернерот Петар Гошев дека ќе ја намали стапката на благајничките записи, очекуваат дека банките ќе ги намалат каматните стапки, што ќе влијае многу врз зголемувањето на градежната активност. - На многу компании им е потребен свеж капитал од банките бидејќи најголемиот дел од компаниите во моментов се финансираат од сопствени средства. Ако се намалат каматните стапки и се зголеми кредитирањето градежната активност драстично ќе се зголеми - нагласува Кочан.
Доколку се намалат каматните стапки, тогаш ќе порасне и побарувачката на станови, која досега беше ограничена поради високите каматни стапки.
Трајко Трпевски, директорот на една од најголемите градежни компании „Бетон“ вели дека пред Нова година добиле многу тендери поради што ги очекува успешна година. - Од декември ги имаме исполнето сите планови за годинава. Добивме на тендерот за изградба на Собранието и за изградба на сосема нов објект за Министерството за надворешни работи. Исто така, треба да го доградиме Градскиот стадион и работиме на браната „Св. Петка“, така што капацитетите на „Бетон“ се целосно исполнети - ни изјави Трпевски.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1909&ArticleID=130549


Posted By: Max
Date Posted: 12-Jan-2010 at 05:39

да видам да неверувам шмркови предпорти

Се гради игралиште, Аеродром го покри кал

Фирмата „Конструктор“, која ги гради спортските терени во Општина Аеродром кај салата МЗТ, деновиве избегна казна од 4.000 евра во денарска противвредност зашто целиот булевар АВНОЈ го извалка со кал од градилиштето. Градските комунални инспектори што направиле увид на местото решиле наместо парична казна, како што предвидува Законот за јавната чистота, сопствениците на фирмата само да ги опоменат повеќе да не го валкаат булеварот.

Покрај салата МЗТ се гради големо фудбалско игралиште чии инвеститори се Владата и Агенцијата за млади и спорт. Според Законот за јавната чистота, инвеститорот и изведувачите на градба се должни да внимаваат и да не ја валкаат околината, односно да ги измијат тркалата на камионите со шмрк пред да излезат од градилиштето. Правилниците за градба предвидуваат можност градежните инспектори и да го затворат градилиштето ако инвеститорите и изведувачите не почитуваат барем една од точките со кои се гарантира безбедноста на минувачите и на работниците и хигиената на градилиштето и неговата околина.

Но, камионите на „Конструктор“ не ги почитуваат законските одредби, па калта ја разнесуваа низ булеварот АВНОЈ, кој поради нив наликува на ораница.

- Комуналните инспектори ќе постапат според Законот за јавната чистота. Точно е дека при увидот булеварот беше извалкан со кал, но изведувачите поминаа само со опомена - велат во одделението за односи со јавност во Градот Скопје.

Граѓаните се незадоволни што градските и општинските инспекциски служби не презеле мерки да се спречи нередот на улиците.

- Ова не е првпат по улиците и по булеварите во Аеродром да газиме во кал. Не е важно кој стои зад изградбата на објектот, важно е да се внимава на околината. Уште полош пример е што зад изградбата на игралиштето стојат Владата и Општината Аеродром. Па тие како клучни фактори за здраво општество треба да покажат дека законите важат еднакво за сите. Секој ден се рекреирам по Кејот на Вардар, но сега за да стасам дотаму мора да поминам низ калта до колена, што ја донесоа камионите. Не знам, зарем овој неред не им пречи на оние што градат, зарем тие не гледаат дека не може да се помине - вели Јонче Милевски од Аеродром.

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, изјави дека и Општината овој пат само ќе го опомене изведувачот, а ако тој и понатаму не го почитува законот и валка наоколу, ќе се соочи со парични казни.

Пред еден месец Општината и Владата крај Кејот на Вардар почнаа да градат фудбалско игралиште. Покрај ова игралиште, Општината по должината на Кејот планира изградба на спортски комплекс, за кој ќе бидат неопходни поголеми градежни зафати.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=0026A06BF16B50499616370DE146DE49 - http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=0026A06BF16B50499616370DE146DE49



Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jan-2010 at 12:27

Постиндустриски град

Благодарение на растот на градовите, индустриските комплекси често се наоѓаат заглавени во густо изградениот конгломерат на урбаното. Типичен пример за ова е Скопје каде многу поранешни или актуелни индустрии практично се лоцирани во поширокиот центар на денешниот град


Во статиите напишани пред педесетина години, а кои денес повторно се објавуваат во рубриката „Ретро“, честопати може да се прочитаат написи преку кои со огромен ентузијазам се проследува формирањето на големите индустриски капацитети во повоена Македонија. Од денешна перспектива може да се констатира дека парадигмата на социјалистичките модернизациски политики во голема мерка се потпираше на индустриското производство кое всушност претставуваше темел на планираната економија. Од тука, формирањето и развојот на индустриските комплекси во времето на социјализмот не може а да не се набљудува преку призмата на политичките, односно идеолошките императиви на тогашните елити. Имено, во намерата соодветно да се одговори на планираните економски и социјални амбиции, индустриските капацитети се развиваа речиси исклучиво по градовите, честопати освојувајќи голем дел од нивните територии. Во голема мерка, и развојот на самите градови беше промовиран како поддршка на развојот на индустријата, концепт кој долгорочно доведе до сериозни социо-просторни трансформации, како на самите градови, така и на руралната периферија.

Дваесет години од почетокот на општественото преструктурирање, поголем број од знаменитите индустриски комплекси кои некогаш беа икони на нашата национална гордост и прогрес, денес се или само сенка на своето минато или се комплетно запуштени и во нив нема ниту трага од некаква продуктивна или социјална активност. Од друга страна, иако тие ги загубија своите идеолошки импликации врз општеството, во денешните услови на урбаниот развој, запуштените индустриски комплекси се можеби единствениот преостанат градски потенцијал. Зошто? Заради фактот дека, како резултат на комплексните сопственичко-доверителски односи, правните вакууми односно долгогодишните судски спорови, овие огромни територии сé уште се имунизирани од деградирачкиот карактер на транзицискиот урбанизам кој секоја слободна „педа“ земја во градот ја претвори во градежно земјиште. Покрај стратегиската, и пазарната вредност на пост-индустриските територии е огромна бидејќи благодарение на растот на градовите, индустриските комплекси често се наоѓаат заглавени во густо изградениот конгломерат на урбаното. Типичен пример за ова е градот Скопје каде многу поранешни или актуелни индустрии практично се лоцирани во поширокиот центар на денешниот град (Алумина, Треска, МЗТ, Стаклара, и др). Во тој контекст, пост-индустриските територии се исклучителен потенцијал за развивање на нови, општествено поодговорни и социјално попродуктивни начини на размислување на урбаната иднина на градот.

Генерално, постојат две паралелни линии на можна трансформација на запуштените индустриски ансамбли. Првиот приод е реконструктивниот, каде запуштените индустриски објекти кои се во релативно добра градежна состојба, парцијално или во целина, наместо за комерцијално-трговски, треба да се адаптираат за потребите на субјекти кои негуваат сопствено производство, по можност она кое во себе привлекува висок степен на учество на јавноста. Европските искуства говорат дека во програмската односно социјалната регенерација на пост-индустриските територии, приматот треба да го преземе креативната економија во чија номенклатура влегува збир од традиционални и современи занимања како: архитектонски офиси, уметнички ателјеа и галерии, дизајнерски и графички студија, продукции, фотографски и софтверски лаборатории, алтернативно образование, современи занаети и слично. Паралелно на овие, во поголема мерка индивидуални импулси, вториот, организиран приод можеме да го именуваме како културолошка историзација. Имено, државата односно соодветните институции треба да пристапат кон процес на стручна валоризација на производствените објекти кои поседуваат можност да бидат вреднувани како наше архитектонско благо од индустриската ера. Во таа смисла, селектирани објекти (и комплекси) би требало да бидат заштитени како културно наследство, рамо до рамо со останатите материјални артефакти од богатата градителска култура на Македонија.

Дека на ваков начин трансформираните пост-индустриски територии умеат да бидат значен катализатор на културната, но пред сé на социјалната преродба на градовите, говори примерот на градот Есен во Германија кој во оваа 2010 година беше избран за европска престолнина на културата. Исто како и Глазгов кој во 1990 година беше средиште на културниот живот на стариот континент, така и Есен е град кој своето формирање и развој во целост му го должи на своето индустриско минато. Во тој контекст, токму преку „оживувањето“ на пост-индустриското наследство, покрај иницирањето на нови културни дијалози во општеството, на градската мапа се иницираат и нови точки од јавен интерес преку кои градот и практично ќе може да реафирмира вредни делови од својата територија, која во сегашните услови е и невидлива и неупотреблива за јавноста.

Авторот е архитект

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=118101049251&id=13&prilog=0&setIzdanie=21887


Posted By: гитардемон
Date Posted: 24-Jan-2010 at 13:29
Објавени осум подзаконски акти кои произлегуваат од новиот Закон за градење
24.01.2010 - 11:01 | Бизнис



Министерството за транспорт и врски објави 8 подзаконски акти кои произлегуваат од новиот Закон за градење, а со кои се регулираат постапките за издавање, односно одземање на соодветните овластувања и лиценци кои произлегуваат од Законот за градење и се регулира висината на надоместокот за добивање на истите.


Во соопштението од Министерството се наведува дека со овие подзаконски акти се дефинирани формите и содржината на потребните барања за добивање на одобрение за градење, одобрение за употреба, вршењето на ревизија на градежните проекти и постапката за заверување на проектите.

Придобивките, како што стои во соопштението, од стапувањето во сила на овие подзаконски акти се зголемувањето на квалитетот на проектите, содржината, техничка исправност како и усогласеноста на градежните проекти со стандардите и нормативите за проектирање, другите важечки законски, подзаконски и технички прописи за градење во соодветната област и усогласеноста со издаденото решение за локациски услови за градење на градбата.

Исто така, јасно се дефинирани формата и содржината на барањето и образецот за одобрение за градење, одобрението за употреба, како и барањето за измени во текот на изградбата со што се поедноставува постапката за поднесување и управување на овие документи, како за граѓаните, така и за администрацијата.


http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/objaveni-osum-podzakonski-akti-koi-proizleguvaat-od-noviot-zakon-za-gradenje - http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/objaveni-osum-podzakonski-akti-koi-proizleguvaat-od-noviot-zakon-za-gradenje

Дали ќе преземат нешто за да се спречи изградбата на грдосии како на сликата, тоа ме интересира.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: axel
Date Posted: 05-Feb-2010 at 12:10
 05.02.2010


   Бројот на издадени одобренија за градење во декември 2009 година изнесува 303

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2009 се издадени 303 одобренија за градба што е за 18.5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 221 (72.9%) се наменети за објекти од високоградба, 25 (8.3%) за објекти од нискоградба и 57 (18.8%) за објекти за реконструкција.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 916 326 илјади денари што е за 19.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупно 303 објекти, на 217 (71.6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 86 објекти (28.4%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 498 станови, со вкупна корисна површина од 44 492 м2.                                                                                                                                                                                                                                                                                      http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=8


Posted By: Max
Date Posted: 22-Feb-2010 at 05:12

Градежниците ќе јуришаат на Блискиот Исток

Државата да подготви план за повторно освојување на Кувајт, Либија, Катар, и Иран бидејќи таму македонските градежни компании своевремено беа препознатлив бренд

Домашните градежни компании да добиваат предност пред странските при градењето објекти и инфраструктура финансирани од државниот буџет, поедноставни процедури за добивање имотни листови и едношалтерски систем за издавање градежни дозволи. Ова се само дел од барањата на градежниците за надминување на кризата, кои вчера му ги презентираа на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Министерот вети дека ќе се обиде да ги вметне во четвртиот пакет антикризни мерки што Владата го подготвува.

Градежниците се пожалија дека странските компании се' почесто ги добиваат државните тендери, но и оти постојано едни исти домашни фирми се избираат на јавните огласи.

Антони Пешев од Сојузот на стопански комори (ССК) истакна дека државата треба да биде пофлексибилна кон домашните градежни фирми кога станува збор за проекти за јавно-приватно партнерство. Паралелно со тоа, да ја подобри ситуацијата на пазарот преку стимулирање на продажбата на нови станови.

- Така ќе се стимулира и станбената изградба. Но, треба да се избориме и со банките за олеснување на кредитирањето, за да не биде оставено становите да се купуваат кеш. Неопходно е да се поедностават процедурите за завршување на градбата и впишување на имотите. Со тоа ќе се прекине сегашната непријатна ситуација во која купувачите на станови немаат доверба при купувањето, а градежниците при продажбата - рече Пешев.

Според него, иако минатата година била кризна и за градежништвото, последните анализи покажуваат дека инвестициите во овој сектор пораснале за околу 146 милиони евра во споредба со 2008 година.

Од Градежната комора при ССК уште еднаш побараа скратување на административните процедури во градежништвото, допрецизирање на законите што ја регулираат оваа област, како и државна поддршка за промоција на македонските компании на пазарите на Блискиот Исток, но и на веќе освоените пазари во Европа.

- Неопходно е Министерството да подготви план за освојување нови пазари, како што се Кувајт, Либија, Катар, Иран, бидејќи таму македонските компании своевремено беа препознатлив бренд. Сепак, фокусот треба да ни остане и на југоисточна и на источна Европа - рече Сеад Кочан, претседател на Градежната комора.

Министерот Јанакиески најави дека новиот пакет антикризни мерки ќе содржи и скратување на процедурите за градежна документација, како и дополнување на законската регулатива. Тој истакна дека домашните компании ќе бидат вклучени во изградбата и во реконструкцијата на регионалните и на локалните патни правци, но ги посочи и пазарите во Украина, Русија и во Бугарија, каде што сега се распишани јавни огласи за големи градежни проекти.

- Активно лобирам за ангажман и за промовирање на македонски градежни фирми, со цел да се овозможат нови пазари за работа во странство - рече Јанакиески.

Даница Тунтевска


Станбениот квадрат поевтини

Просечната цена на квадратен метар за стан, со исклучок на Скопје, лани била 840 евра, што е за 7 отсто пониска од таа во 2008 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во Скопје становите се продавале по просечна цена од 920 евра на квадрат, што е за 1 отсто пониска од претходната година. Во другите градови, пак, квадратот чинел 675 евра или за 14,2 отсто помалку во споредба со 2008 година. Просечната цена на станбениот квадрат во Скопје во втората половина на минатата година била за 4,3 отсто помала од таа во првите шест месеци, додека во другите градови намалувањето е 7 отсто.

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?itemID=01446EB8096F6C498E8773EC7134B85F&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?itemID=01446EB8096F6C498E8773EC7134B85F&arc=1



Posted By: Max
Date Posted: 02-Mar-2010 at 19:39

весела математика и ажурна администрација или позитивен притисок од инвеститорите! како и да е на арно е!

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=58172 - http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=58172

Олеснителни околности при добивање на градежните дозволи најави Министерот за транспорт како дел од антикризните мерки. 

„Планираме проект со Светска Банка, ќе се укинат некои процедури и еден дел од процесот -тоа е употребната дозвола“
-изјави Миле Јанакиески, Министер за Транспорт

Најавите следеа по отворањето на седмиот по ред саем за градежништво на кој покрај домашни учествуваа и странски компании. http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=530&PID=60240#60240 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=530&PID=60240#60240



Posted By: Max
Date Posted: 05-Mar-2010 at 05:11
Градежништвото ќе ја ѕида економијата

Македонските градежници треба да ги искористат своите предности за да се наметнат на странските пазари, пред се', подготвеноста мачно да работат за релативно ниски плати и тие пари да ги донесат дома, изјави професорот на Градежниот факултет во Скопје, Тихомир Николовски, на вчерашното отворање на седмиот меѓународен Саем на градежништвото.

Зголемувањето на учеството на македонските градежни компании на странските пазари е главната грижа на вработените во овој сектор. Но, истакнуваат дека многу е значајно државата да им обезбеди учество во проектите што се финансирани од државниот буџет.

На саемската манифестација, која ќе се одржува до сабота на „Скопски саем“, на 8.000 квадратни метри се промовира понудата на повеќе од 300 домашни и странски градежни компании, изведувачи, производители и трговци на градежни материјали од 12 држави.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески оцени дека градежништвото, кое лани бележеше зголемување на инвестициите, и годинава ќе биде еден од главните двигатели на домашниот бруто-производ.

- Со работата што се отвора за македонската градежна оператива во изградбата и модернизацијата на аеродромите, патиштата, социјалните станови, очекувам раст на градежништвото и оваа година. Исто така, ќе направиме напори македонските градежни компании да бидат се' поприсутни на странските пазари - рече Јанакиески.

И дел од домашните градежни компании имаат оптимистички очекувања, а поинтензивна работа очекуваат по јуни годинава.

- Кризата на Балканот се почувствува малку подоцна, но извозот го обработивме добро во минатата година. Не само ние туку и другите фирми во регионот. Македонија има капацитет да прими многу повеќе градежни работи, но може и многу повеќе да понуди, за што се доказ големите градежни компании - изјави Александар Белов од компанијата „Адинг“.

Професор Николовски смета дека домашните компании се подготвени за настап на странските пазари бидејќи ги познаваат меѓународните правно-технички услови и имаат компетитивни предности што мора да ги искористат. Според него, државата не треба да му обезбедува работа на градежништвото, туку услови за да се развива и домашен тренинг во континуирани проекти.

- Тоа значи во домашни услови да се истренира за суровите и бескомпромисни услови на пазарите. Домашен тренинг значи барем 30 отсто од работата на домашните компании да биде покриена со домашните јавни работи. Но, најважно е тоа да биде во континуитет - рече Николовски.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=84F8BC65D456B247996150418A6AF6EE&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=84F8BC65D456B247996150418A6AF6EE&arc=1



Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Mar-2010 at 19:48
Работници сеуште молчат за повредите при работа
ПЕТОК, 05 МАРТ 2010 17:42



357 несреќи при работа во 2008 и 7 помалку во 2009 та година е статистиката на здружението за заштита при работа добиена од пополнетите формулари во претпријатијата низ градот. На барањата на здружението одговориле 80% од претпријата кои бројат над 25 вработени:

,,Секој повреден работник, повеќето се информирани дека имаат право да се пополни пријава за несреќата при работа и да се добие боледување и сплата до 21 ден од фирмата, а потоа од фондот за здравствено осигурување. Но, не можеме да потврдиме дека нема претпријатија кои во кои тоа не се пријавува со тоа што ќе им речат на вработените ние ќе ви го подмириме, но и тие се свесни дека постојат високи казни во законот за безбедност и здравје, вели Тодор Велјановски,претседател на здружението



Непријавувањето на повредата може да има подоцнежни последици за вработениот кој се повредил, но законски високи казни се предвидени и за претпријатието кое ќе биде откриено дека не ја пријавило повредата. Во рамките на своите финансиски можности здружението кое работи волонтерски ја следи состојбата, но сеуште е потребно државата да вложи напори за да ги заштити работниците:



,,Нема луѓе кои можат да се нафатат да ја работат таа работа. Потребни се здруженија, невладини организации што ќе се зафатат за оваа проблематика. Најголем проблем со законот за безбедност при работа е тоа што не можеме да ги убедиме луѓето да постават стручни лица што ќе ја работат оваа работа, вели Велјановски

Во Битола ги нема потребните стручни кадри. И оние кои го завршиле некогашниот факултет за заштита при работа останале невработени. Здружението покрај евидентирањето на бројот на несреќи, истите ги дели и според видот на повреди, според тежината и причините за нивно настанување:



,,Во тек сме на изготвување на книга за евиденција во претпријатијата и кога ќе го добијат овој образец да можат лесно и брзо да ни го достават, затоа што секое претпријатие поднесува пријави за несреќа при работа до инспекциите на трудот, до ФЗО, до статистика, вели Велјановски.

За да не се случуваат несреќи со смртни исходи како онаа од пред два дена, потребни се стручни луѓе кои ќе ги едуцираат вработените како да ги проценат ризиците, како да се заштитат, а потоа да добијат потврда дека обуката успешно ја завршиле. Со тоа ќе се спасат животи, а ќе се заштитат и претпријатијата од големи трошоци.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=18667&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=18667&Itemid=106

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: axel
Date Posted: 06-Mar-2010 at 00:40

Пад во градежништвото

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2010 се издадени 154 одобренија за градба, што е за 34,7 отсто помалку во споредба со истиот месец лани.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1,026 милијарда денари, што е за 46,5 отсто помалку во споредба со истиот месец од претходната година. Од вкупно 154 објекти, на 122 (79,2 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 32 објекти (20,8 отсто) инвеститори се деловни субјекти.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 123 (79,9 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 10 (6,5 отсто) за објекти од нискоградба и 21 (13,6 отсто) за објекти за реконструкција.                                                                                                                              http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=35457DA0B3A38B4A9FACBBBD8B7CB303  



Posted By: Max
Date Posted: 06-Mar-2010 at 12:17
со СК-2014 оваа месечна статистика ќе биде како од шала надмината земено годишно, затоа два текста погоре стои и поентата дека градежништвото ќе билда БДПто, единствено е дискутабилно дали тоа бидање ќе биде пеглање или набивање БДП!?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-Mar-2010 at 14:05
Е и Кинезите ја прават таа финта веќе години години уназад. Затоа имаат трговски центри поголеми од Скопје со едвај 2 продавници внатре, и автопати без возила на нив. Ама тоа е за мала шминка на БДП-то, а кај нас Скопје 2014 ќе биде цело БДП бидејќи толку и се случува во државава нешто!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Mar-2010 at 15:13
Originally posted by Max

со СК-2014 оваа месечна статистика ќе биде како од шала надмината земено годишно, затоа два текста погоре стои и поентата дека градежништвото ќе билда БДПто, единствено е дискутабилно дали тоа бидање ќе биде пеглање или набивање БДП!?

Градежништвото навистина ќе го билдаше БДП-то и тоа долгорочно доколку приоритет им беше даден на навистина продуктивни проекти. Вака повеќе БДП-то ќе го билда градежништвото отколку обратно. Со триумфални капии, куполи, „барокна“ завеса за МНТ и слични срања, бруто домашниот производ сигурно нема да порасне, напротив такви проекти се камен околу вратот на нашата економија која ионака слабо плива. Барем финансискиот аспект не остава простор за преголема субјективност. Добар процент од Скопје 2014 е тотално непотребен трошок и перверзија е доколку се претставува како позитивен економски фактор.


Posted By: Max
Date Posted: 06-Mar-2010 at 16:12

и навистина е фактор, жкаков тоа времето ќе покаже, сепак не е само СК-14 посреди, тука е сеуште и стадионот и патиштата и најверојатно и хидросистемите итн. како и да е сите држави го крчкаат истиот рецепт, ништо ново, само што ние дури сега го фаќаме таквиот ритам како правило!

~

туку се разочарав од саем на градежништво, лани незнам, но преклани беше каде каде подобар! сега беа најавени 300 фирми, но освен 50тина ништо друго не видов, кога домашниве во голема мера изостануваат што е пак со странски! се на се колку традицијата да се одржи, ниту чув за некоја трибина или презентација, ниту пак видов некоја програма, ниту имаше нешто особено новитети, а од оние кои изложуваа подготвени само за поздрав на своите партнери и ништо повеќе! имаше еден новитет додуша кој се издвои од останатите, а се друго чуено видено и потпросечно промовирано! ме изненади хот хот што не изложуваат, исто големиве домашни градежни компании изостанаа како и досега, но ајде годинава нека се вадат на кризата иако тоа не треба да биде изговор!  



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Mar-2010 at 16:34
Originally posted by Max

како и да е сите држави го крчкаат истиот рецепт, ништо ново, само што ние дури сега го фаќаме таквиот ритам како правило!
Не Макс, далеку од тоа дека сите го крчкале истиот рецепт. Оние кои се паметни инвестираат одговорно, а ваквите како нас скапуваат во сиромаштија.


Posted By: krale
Date Posted: 06-Mar-2010 at 17:07
Во време на криза, инвестирањето во градежништво е рецепт стар уште од Гоелмата Депресија во 1920-тите години. Класичен рецепт употербуван на сите страни да се изврши „електрошок“ врз заспана економија. Добро е што тоа се користи и кај нас, и не мислам дека станува збор за недоговорна инвестиција - па дали некој знае што спонзорирал првиот ваков план за време на депресијата? Меѓу другото и цели одреди на чистачи, чија задача била да чистат, тоа што и онака било чисто, ама ете, да не седат дома да имаат некоја работа. Тоа е неодговорно, можеби, но неопходно да се зачува социјалниот мир и да се мрдне економијата и потрошувачката.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Mar-2010 at 17:32


Добро Крале, кога ќе ти кризира домашниот буџет, а во исто време ти пукнала цевка во купатило и ти прокиснува покривот, ти оди купи рококо масичка и една кинеска вазна за да ја ставиш врз нејзе.

Економијата треба да се стимулира со навистина продуктивни инвестиции, а листата на такви инвестиции кои ни се ужасно потребни е многу долга. Ама ете ние најдовме да ја „раздвижуваме“ економијата со барок...


Posted By: Max
Date Posted: 06-Mar-2010 at 17:59

не е неодговорно, токму на место си е! грешката е што единствено во недостаток на пополно чекмеџе, тунелот под плоштад е оставен за подобри времиња можеби скоро со нова проекција итн. впрочем циклично мора да се почне од центар и естетски и нфраструктурно па потоа се гради се одоколу! ако веќе се размислува за освежување прво на ликот на градот тоа дефиниитвно тера по тој редослед! некој ќе рече популистички пристап бидејќи главен акцент е ставен на шминката а не на инфраструктурата, но за се има простор и време, а особено што централната власт овие проекти кои ги финансира се повеќе од општ карактер како инвестиции за цела држава, додека инфраструктурното вложување како ск-лрт, тунел под плоштад, примарна скопска сообраќајна мрежа се нешта кои тераат како локален пакет, заради чие финансирање доколку тоа не оди преку градот туку на централно ниво дефинитивно ќе повлече нервоза и револт кај останатите општини во државава!

се надевам дека за инфраструктурните проекти во скопје самиот град ќе смогне сили да најде чаре за да ги реализира, дали со приватно пратнерство, заеми од страна или пак лизинг опција не е ни толку битно, важно тоа декларативно како некаква гаранција може да го подржи централната власт, но истата мислам дека нема да се одважи и да го покрие од државниот буџет или на негов грб да ја тера со заеми...

во секој случај и со воие проекти сега што се тераат годинава мислам бар во кондиција ќе се одржат компаниите ако ништо друго, но посекако ќе имаат и голем макроекономски но и микроекономски ефект! интерсено но пополека цел свет ја тера кон социјализам, па и ова е една форма на интервенционизам, а особено бидејќи на тендерите се форсираат домашни компании, што не беше случај и порано! има уште една позитивна појава а тоа е медиумската раздвиженост која не дозволува да се угушиме во апатија и иако во лер сепак владее позитивна атмосфера дека работите се движат, што земено берзански е многу битен момент, иако доста медиуми намерно или не свесно билдааат песимистички проекции кои сепак не се ништо повеќе од сензационалистички фатаморгани, бар да беа и блиску до реалноста ајде но ова веќе ја отераа во аут, како што тенденциозниот текст погоре каде преку ригидна месечна анализа се упатува на колективен пад во градежништвото! воопшто битно е да се биде реален и да се анализира вкупно а не парцијално, немора оптимизам но не и наметнат песимизам, смешно сите во криза се окуражуваат ние гледаме како да се потцениме што е можно повеќе, комплекс кој за жал го наметнува фабричката грешка во медиумскиот простор, каде одвреме навреме во некој ќош ќе проструи и некој оптимист за среќа!



Posted By: krale
Date Posted: 07-Mar-2010 at 11:40
Originally posted by Cloverstack



Добро Крале, кога ќе ти кризира домашниот буџет, а во исто време ти пукнала цевка во купатило и ти прокиснува покривот, ти оди купи рококо масичка и една кинеска вазна за да ја ставиш врз нејзе.Економијата треба да се стимулира со навистина продуктивни инвестиции, а листата на такви инвестиции кои ни се ужасно потребни е многу долга. Ама ете ние најдовме да ја „раздвижуваме“ економијата со барок...


Илустрацијава ти е... ептен не си ја разбрал поентата.

Во време на криза, граѓанството троши многу помалце, односно потрошувачката се намалува (луѓето штедат и тоа што го имаат) и така дополнително ја нарушуваат и онака ранливата економија која сега има и намален обрт. Инвестицијата во градежништвото е поттик во потрошувачката, односно да се стимулира обрт, кога тој е намален од страна на граѓанството. Се купуваат материјали, услуги, работна сила, практично се пумпа данокот назад во економијата, наместо да оди за резерви, за администрација, здравство итн., каде буџетот се излева или во место или во извоз.

Класичен економски пристап, по класичен здравје, дури е глупо што мора да го објаснуваме.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 07-Mar-2010 at 15:57
Крале, и ти си ја разбрал теоријата, ама очигледно од инает како да не сакаш да ја кажеш цела. Да, се трошат државни пари, не само за да се враќа данокот и да не се намалува со намалувањето на приходите на граѓаните, се прави и за да не се зголеми невработеноста. Ама не е тоа поентата. Знаеш и сам дека праксата говори дека таквите инвестиции секогаш, без исклучок, се во инфраструктурни проекти кои се многу потребни, бидејќи парите што се трошат во време на криза се поскапи од тие за време на плоден период. А зошто со овие пари ние да градиме споменици кои чинат 20 милиони евра и не се лијат во Македонија, и не ја придвижуваат македонската економија, наместо да почнеме некој проект од важност кој ќе има влијание врз БДП? Класичен економски пристап е да градиме патишта кога е криза, а глупо е што ти викаш дека класичен пристап биле споменици во време на криза. Тоа сакаше да ти каже Cloverstack, ама од перчење муабетот личи на глупости. Најглупаво е што знаеш и сам, ама упорно тврдиш обратно.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Mar-2010 at 04:13
Анти-кризни мерки за градежништвото и пазарот на недвижности

Четвртиот анти-кризен пакет на Владата, кој беше промовиран вчера, се состои од 24 мерки, од кои дел се насочени кон урбанизмот, градежништвото и пазарот на недвижности. Пакетот меѓудругото содржи:


-Намалување на надоместокот за приватизација на граджното земјиште  кај  правните лица за 30%.


-Измени во Законот за денационализација, односно скратување на постапката која како и со останатите Управни постапки ќе добива извршност со Решението на Второстепената комисија за денационализација.


-Измени и надополнување на Законот за домување со кои ќе се овозможи откуп на станови во државна сопственост од страна на носители на станарско право, а кои имаат долг по основ на неплатени закупнини. Долгот ќе се вгради во вкупната цена на станот кој ќе се уплатува во период утврден во договорот.


-Измени во Законот за градење со цел скратување на постапката (да не се издава одобрение за употреба на објект односно извештајот на комисијата за технички преглед да биде конечен).


-Измена и дополнување на Законот за  просторно и урбанистичко планирање во правец на продолжување на рокови за обезбедување на одобрение за градење од една на две години.


-Усогласување на Законот за градежно земјиште и Законот за градење во поглед на роковите за градење (продолжување на рокови за обезбедување на одобрение за градење за објекти од 1 и 2 категорија – 10 години, од 3 категорија – 6 години и од 4 и 5 категорија – 4 години).


-Измена и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање Сл.В. бр.91/2009 во членот 17а (да се додаде  дека законот важи и за иницијативи поднесени и за градби со комерцијална намена).


-Изработка на прирачник во кој ќе бидат детално опишани чекорите од процедурата за усвојување на ДУП и процедурата за издавање на дозволи за градба заедно со потребната документација, како и воспоставување на комуникацијата меѓу институциите кои треба да издадат соодветно одобрение/мислење.


-Скратување на постапката за изработка на ГУП, при што ќе се исклучи употребата на ажурирани геодетски подлоги при изработката на ГУП-овите.


-Изградба на повеќе придружни натпатници на Коридор 8 и Коридор 10 и вцртување на маркици за изградба на комерцијални објекти, со што би се овозможило транзитните патници да придонесат за развојот националната економија.

http://www.build.com.mk/?p=2171


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2010 at 00:21
Originally posted by гитардемон

Цела мака е што нема ништо антикризно во овие мерки. Овие мерки можеле да се донесат било кога во минатото или во иднината, и немаат никаква врска со директното соочување со кризата. Тоа што треба за кризата е да се обезбеди ликвидност со некои привремени мерки, не со законодавни. Од ова ништо нема да им помогне на фирмите. За да има ова успех, треба ликвидност прво да се има.

Не е точно, еве ги сите антикризни мерки, првата половина се однесува директно на ликвидноста што индиректно, што директно, особено втората.

Четврт пакет антикризни мерки на Владата на Република Македонија

 

МЕРКА 1:


Измена во условите за користење на кредитната линија од ЕИБ и МБПР

Лимитирање на каматната стапка за првата година 6%, лимитирање на максималната камата од втората година до 7,5%.

 

Промена износ на поединечниот кредит наменет за крајните корисници (микро до 40.000 Евра, мали до 400.000 Евра, средни до 3.500.000 Евра).

 

Проширување на опфатот со тоа што и трговските компании ќе имаат можност да конкуирираат за кредитот.

 

 

МЕРКА 2:


Измена и дополнување на Законот за ДДВ: 

Можност од доставување на периодичен финансиски извештај од банкарските сметки во електронска форма до Управата за јавни приходи;

Раздвојување на денот на плаќањето на обврските по бруто - плати и придонеси, со обврските за даноци и ДДВ од 15-ти на 25-ти во тековниот месец;

Подигнување на прагот за регистрација на даночните обврзници за ДДВ од 1,3 мил на 2,0 мил денари.

 

 

МЕРКА 3:


Измени и надополнување на Законот за домување со кој што ќе се овозможи откуп на станови во државна сопственост од страна на носители на станарско право, а кои имаат долг по основ на неплатени закупнини. Долгот ќе се вгради во вкупната цена на станот кој ќе се уплатува во период утврден во договорот.

 

МЕРКА 4:


Олеснување на критериумите за добивање на финансиска поддршка согласно Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2010 година за користење на финансиски средства.


МЕРКА 5: 


Измена и дополнување на „Законот за просторно и урбанистичко планирање“ Сл.В. бр.91/2009, односно во членот 17-а да се додаде дека законот важи и за иницијативи поднесени и за градби со комерцијална намена. 

 

МЕРКА 6: 


Усогласување на Законот за градежно земјиште и Законот за градење во поглед на роковите за градење во смисла продолжување на рокови за обезбедување на одобрение за градење за објекти од 1 и 2 категорија – 10 години, од 3 категорија - 6 години и од 4 и 5 категорија – 4 години).

 

МЕРКА 7: 


Измена и дополнување на „Законот за просторно и урбанистичко планирање“ во правец на Продолжување на рокови за обезбедување на одобрение за градење од една на две години.

 

МЕРКА 8 : 


Намалување на надоместокот за приватизација на градежното земјиште кај правните лица за 30%.

 

МЕРКА 9:


Воведување на Кредитна линија за поддршка на микро, мали и средни трговски друштва со гарантна шема од страна на МБПР, со вкупно средства од 15 милиони евра.

 

МЕРКА 10: 


Усогласување на постапките за добивање на грантови согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и ИПАРД Програмата со постапките за добивање на кредити кај деловните банки со цел да се обезбеди единствен пристап во подготвување на деловни планови и документација која на барателот ќе му послужи и за двете намени.

 

МЕРКА 11: 


Спречување на увоз на производи кои не се произведени по одредени стандарди (HACCAP, CE) со цел заштита на домашните производители и потрошувачи

 

МЕРКА 12: 


Намалување на надоместокот за користење на услугата скратен финансиски исказ од годишната сметка од Регистарот на годишни сметки во годишен паушал од 8.000 денари со неограничен на пристап до 500 информации на месечно ниво за компанијата корисник на услугата.


МЕРКА 13: 


Донесување на Закон за основање на Агенција за странски инвестиции на РМ и промоција на извозот

 

МЕРКА 14:


Изградба на повеќе придружни натпатници на Коридор 8 и Коридор 10 и уцртување на маркици за изградба на комерцијални објекти со што би се овозможило транзитните патници да придонесат за развојот националната економија

 

МЕРКА 15: 


Изработка на прирачник во кој ќе бидат детално опишани чекорите од процедурата за усвојување на ДУП и процедурата за издавање на дозволи за градба заедно со потребната документација како и воспоставување на комуникацијата меѓу институциите кои треба да издадат соодветно одобрение/мислење. 

 

МЕРКА 16:


Измени во Законот за градење во смисла на скратување на постапката – да не се издава одобрение за употреба на објект односно извештајот на комисијата за технички преглед да биде конечен.

 

МЕРКА 17: 


Измени на Законот за превоз во патниот сообраќај со кои ќе се намали обемот на административната постапка со што Министерството за транспорт и врски ќе ги користи податоците од ЕХIM системот.

 

МЕРКА 18: 


Скратување на постапката за изработка на ГУП при што ќе се исклучи употребата на ажурирани геодетски подлоги при изработката на ГУП.

 

МЕРКА 19:


Воведување на административен пристап на проверка на податоци потребни за поднесување на барање за користење на финансиска помош по програмите за поддршка заради намалување на трошоците за аплицирање.

 

МЕРКА 20:


Воспоставување на фонд на земјоделско земјиште за плодоуживање наменет за доделување на невработени лица кои живеат во рурални средини. Мерката ќе се реализира согласно Законот за земјоделско земјиште и Програмата за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање.

 

МЕРКА 21:


Дел од земјоделската механизација што ја набавува Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со средствата од револвинг фондот доделен од Јапонската Влада за набавка на земјоделска механизација, да биде доделена на невработени лица кои ќе добијат земјиште за плодоуживање од претходната мерка. 

 

МЕРКА 22:


Измени на Закон за Стопански комори со што ќе се овозможи еднаков третман на сите стопански комори регистрирани во РМ во однос на царинската постапка

 

МЕРКА 23:


Измени во Законот за денационализација, односно скратување на постапката која како и со останатите Управни постапки ќе добива извршност со Решението на Второстепената комисија за денационализација

www.vlada.mk



Posted By: axel
Date Posted: 16-Apr-2010 at 23:59
Груевски најави можност ДДВ од 5 отсто за градежништвото да остане и по 2011

Кавадарци, 16 април 2010 (МИА) - Стратегијата на Владата за инвестирање во домашната инфраструктура помогна да се избегне крахот во градежништвото како последица од глобалната економска криза и воедно да се подобри економијата во земјата, оцени премиерот Никола Груевски денеска во Кавадарци.

- Кога започна кризата во Македонија Владата одреди стратегија за ублажување на таа криза бидејќи увидовме дека нашите градежни компании ги губат пазарите надвор и работите внатре во државата затоа што сите почнаа да ги одложуваат инвестициите. Во тој момент излеговме со стратешка одлука за изградба на што повеќе инфраструктурни проекти. Како резултат на тоа минатата година во градежништвото имавме одлични резултати, а воедно градежништвото оствари раст од 20 проценти и тоа ја повлече економијата затоа што тоа секогаш дава работа на уште 21 сектор, рече Груевски.

Тој додаде дека тоа минатата година и помогна на државата да ја заврши со мал пад на економијата од само 0,7 проценти што, вели, е трет најмал пад во Европа.

- Градежништвото во кое ние инвестиравме беше онаа гранка која придонесе да имаме подобар економски резултат, да задржиме повеќе градежни работници на работа и да изградиме објекти кои ќе останат како трајно добро за граѓаните и за подобрување на квалитетот на нивниот живот, посочи Груевски најавувајќи дека постои расположение ДДВ од пет проценти за изградба на станови да се задржи и по  2011 година, но тоа ќе се знае по согледување на ситуацијата во следниот период.

Намалувањето на каматите на одредени банки тој го оцени како добро придвижување во банкарскиот сектор со оглед и на регистрираниот прилив на свеж капитал во банките, а посебно охрабрувачки е големиот интерес на компаниите за кредити по најавата на Владата дека се подготвува загарантирање на каматната стапка од 6 проценти на кредитната линија од Европската инвестициона банка.

- Голем број од компаниите веќе почнаа да бараат средства од банките затоа што сега имаат гаранција дека каматата во иднина нема да поскапува, рече Груевски.

Отворањето на фабриката на „Џонсон Мети“, светски лидер во производство на катализатори тој ја смета за добра можност за младите дипломирани инжинери да ја запознаат врвната технологија која се применува во тој капацитет со оглед дека покрај постојните 70 постои можност во иднина на вработување на нови инжинери од технолошките и од електротехничките науки.  

- Владините политики се насочуваат токму кон тоа да охрабриме што поголем број млади луѓе да се запишат на технолошките и природните науки, рече Груевски запрашан дали постои координираност на владината образовна политика со потребата за кадри за вакви модерни капацитети.ва/са/16:05


http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=73148659&lId=1&pmId=504


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 21-Apr-2010 at 22:33

Тајмаут за хотелот кај „Рамстор“

Нов криминален проект, тежок 500 милиони евра. Вака вчера опозицијата ги оквалификува измените во Законот за градежното земјиште што експресно поминаа во Собранието. Со измените се пролонгираат роковите од три на шест години, во кои инвеститорите треба да ги изградат објектите што ги откупиле од државата или што ги зеле под долготраен закуп. Власта ги оправда измените како нова антикризна мерка, бидејќи голем број инвеститори се обратиле до ресорот транспорт со барање за пролонгирање на роковите поради кризата.

Опозицијата ги побара имињата на инвеститорите и проектите, како што се пофали власта тешки 500 милиони евра, а заменик-министерот за транспорт, Горан Михајловски, посочи дека на матичната собраниската Комисија за транспорт и врски бил доставен список со парцели издадени под закуп.

- Отуѓени се или дадени под долготраен закуп голем број градежни парцели на кои е предвидена изградба на објекти од трета и од четврта категорија, како што се катни гаражи, трговски центри, хотели, станбено-деловни објекти итн., за кои предвидените инвестициски вложувања надминуваат над 500 милиони евра. Немаме право да објавуваме имиња на граѓани, според Законот за заштитата на лични податоци - рече Михајловски.

Опозицијата го оцени овој закон како коруптивен и најави дека не поддржува криминален проект на ВМРО-ДПМНЕ.

- Информираа дека инвестициите тежат 500 милиони евра.Тие инвеститори имаат име и презиме. Но, потегот на Министерството за транспорт да не ги стави на увид на јавноста е сигурна матна зделка - рече Весна Бендевска од СДСМ.

Пратениците од СДСМ се изјаснија дека нема да гласаат за Законот. Тие побараа информации за тоа колку квадратни метри државно земјиште е дадено под закуп, колку корисници имаат поднесено барање за откуп на земјиште, колку чини квадратен метар, имињата на инвеститорите, колку спогодби се склучени во четири очи, дали ќе се пролонгира градбата на објектите на кои Владата е инвеститор...

Според пратеникот Никола Ќуркчиев, дефиницијата за градежно земјиште во измените е недоречена, додека Марјанчо Николов и Томе Чинговски тврдат дека одредбите за менување на роковите за градба на објекти на земјиштето дадено под долготраен закуп од три на шест години ќе влијаат негативно на инвеститорите.

- Дали овој Закон се однесува и за ветениот, а се' уште неизграден хотел зад „Рамстор“ или ќе се врши пренамена на тоа земјиште - праша Марјанчо Николов.

Според пратеничката Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија, со овие одредби, напротив, ќе им се помогне на инвеститорите, имајќи ја предвид финансиската криза.

Цветанка Иванова, координатор на пратеничката група на СДСМ, побара одлагање на донесувањето на измените за да се добијат сите информации што се потребни и да се види кој каде ќе инвестира.

- Поголем дел од градежното земјиште се подели за време на владеењето на СДСМ - реплицираше пратеничката Авировиќ.

Заменик-министерот за транспорт и врски, Горан Михајловски, објасни дека донесувањето на законот произлегува од потребата од усогласување на Законот за градежното земјиште и Законот за градењето во однос на рокот за изградба на објекти кога земјиштето е дадено под долготраен закуп.

Владата објаснува дека со решението се создаваат законски услови за да се спроведе нова антикризна мерка, со која се помагаат инвеститорите во реализација на нивните активности.

Александра Филиповска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3C9C1699E984984AB3A0125307FD9ACE - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3C9C1699E984984AB3A0125307FD9ACE


Posted By: axel
Date Posted: 10-May-2010 at 10:31

http://www.biznis24.com.mk/node/7732 - Градежните капацитети ќе работат со полна пареа

Статистиката им влева оптимизам на градежниците

http://www.biznis24.com.mk/node/7731">gradeznik
Годинава може да очекуваме поголема градежна активност и поголемо ангажирање на градежните фирми, бидејќи договорените градежни работи бележат тренд на зголемување од околу 47 насто, покажуваат статистичките податоци. Во странство веќе се најавени или договорени ангажирања на градежни претпријатија на нови проекти, од кои најголем број се во нискоградбата.
Од Стопанската комора на Македонија сметаат дека годинава градежништвото подобро ќе се позиционира од лани, не само во земјава, туку и во ангажманите во странство.

И градежните компании, исто така, очекуваат подобра година и поголема ангажираност на градежните капацитети. Така, само во првите три месеци од годинава, вредноста на договорените градежни работи бележат зголемување од околу 27 насто.

“Градежништвото, како една од приоритетните гранки во земјава, е во постојана стагнација, но сепак, и покрај светската криза, успеа да го задржи континуитетот во изградбата. Минатата година, и покрај светската криза, речиси ниту еден градежен работник не останал без своето работно место“, вели Јадранка Ризанкова, директор на Стопанската комора на Македонија.

Минатата година е реализирана градба од 8,5 милијарди денари или околу 138,2 милиони евра, а во активностите биле вклучени околу 850 градежни објекти. Градежните работи и покрај кризата лани се зголемени за 13 насто во споредба со претходната година, а најголемо учество имаат работите во делот на санација и реконструкција во инфраструктурата со 47 отсто, потоа во нискоградбата со38 отсто и високоградба со 15 отсто.

Според анализите на градежниците, изградбата на станови од 2000 година па наваму го има постојаниот тренд на опаѓање и не може да се спореди со активностите од 90-тите години на минатиот век, кога имаше градежен бум и годишно во земјава се изведуваа и по 10.000 станови. Така, според анализите и планските документи, во станбената област се градат по околу 5.000 до 5.500 станови годишно, што е далеку под реалните потреби на граѓаните кои се двојно поголеми.

Од Здружението за градежништво, градежна и неметална индустрија при Стопанската комора на Македонија укажуваат дека вредноста на изведуваните работи во станбените објекти учествува од 17 до 21 отсто од сите изведувачки работи што се прават во високоградбата. Анализите што ги подготвило Здружението на градежништво, покажуваат дека лани градежниците во земјава и покрај кризата, не поминале толку лошо.
Според податоците од Министерството за транспорт и врски, до февруари годинава се издадени вкупно 1.557 лиценци на правни лица, а од Комората се издадени 4.123 овластувања на инженери. Покрај овие овластувања кои се задолжителни, според законските прописи, фирмите мора да поседуваат и соодветни лиценци.

Градежниот сектор е еден од позначајните во земјава. Во него се вработени околу 40.000 лица и во однос на бројот на вкупно вработени во земјава, достигнува до седум проценти. Најголем број од градежни фирми се со помалку од девет вработени, а само 10 отсто се со над 10 работници. Според структурата на образованието, од вкупно вработени лица во градежништвото на инженерскиот кадар отпаѓаат околу 10 отсто, а останатите се квалификувани и неквалификувани работници.

http://www.biznis24.com.mk/node/7732


Posted By: axel
Date Posted: 11-May-2010 at 23:42

ПРВ КВАРТАЛ


Издадени 213 градежни одобренија за употреба


Во првиот квартал од годинава се издадени 213 одобренија за употреба на градежни објекти, што претставува зголемување за 12,1 процент во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија, 189 од вкупниот број издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба, три за нискоградба и 21 за објекти за реконструкција.

Кај 182 објекта како инвеститори се јавуваат физички лица, кај 31 инвеститори се деловни субјекти. Со издадените одобренија се овозможува употреба на 415 станови со вкупна површина од 32.952 метри квадратни.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F22DB86DC189C8459C17F6F1460076C2


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 26-May-2010 at 19:25
Кризата заминува од македонското градежништво
 
 
Ова е оценката на странските инвеститори кои велат дека има голем интерес за градење во земјава.
 

Побарувачка за недвижности има, она што го запира градежниот сектор е колебливоста на банките финансиски да ги поддржат проектите. Но, и оваа состојба полека почнува да се менува.

- Мислам дека кризата во недвижностите веќе замина. Не само што гради државата, туку и многу приватници веќе стартуваа со градба. Ако погледнете во Скопје денес има повеќе кранови отколку пред три години кога не ни зборувавме за криза. Луѓето се спремни да инвестираат во купување недвижности - вели Петер Рот од Соравиа Реал Естате.

Австриската компанија Соравиа е на финиш од правата фаза од изградбата на елитната населба на Водно, инвестиција вредна 30 милиони евра. Криза или не, македонскиот џет сет ги закупил речиси сите апартмани во комплексот. Инвеститор најавува изградба на уште една поголема зграда со луксузни содржини.

- Купувачи на овие апартмани се главно македонски бизнисмени, луѓе кои работат во странство, фудбалери кои играат надвор од државата. Очекуваме сличен интерес и за новата зграда, во која освен станови ќе има и хотел, спа центар, базени, ресторан - вели Рот.

Последната оценка на менаџерите во градежништвото во испитувањето на Заводот за статистика е дека и економската и финансиската состојба во првиот квартал се подобри од претходниот период.

Очекувањата за бројот на вработени во претстојниот период се многу оптимистички. Се прогонозира градежните цени да останат непроменети, а да се зголемат порачките за градба.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/krizata-zaminuva-od-makedonskoto-gradeznishtvo - http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/krizata-zaminuva-od-makedonskoto-gradeznishtvo


Posted By: axel
Date Posted: 04-Jun-2010 at 14:50

Опаднат интересот за градење во април

Автор: http://www.makfax.com.mk/_user/51/profile - Александар Поповски
04 јуни 2010, 15:13
Извор: Макфакс
Скопје

Вкупно 233 одобренија за градба биле издадени во Македонија во април, што е за 11,4 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2,1 милијарди денари(34,1 милиони евра), што е за 9,3 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 184 (79.0%) се наменети за објекти од високоградба, 23 (9.9%) за објекти од нискоградба и 26 (11.1%) за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 662 стана со вкупна корисна површина од 47 905 м2. /крај/со/ап/

http://www.makfax.com.mk/_tools/article/109187/view


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jun-2010 at 18:13
Државните градежни тендери се нетранспарентни





 
 

 
%20  

Тендерите што се распишуваат од државните институции и од локалната самоуправа се нетранспарентни, со недефинирани критериуми и услови и се на штета на изведувачите на градежните работи. Во јавните повици се барат неразумни критериуми, кои се приспособуваат на фирмата што треба да ја добие работата. Инвеститорите бараат предолги рокови за плаќање од 360 дена по извршената работа или ограничување на староста на опремата на пет или седум години, што е сигнал дека тендерот е „наместен“ за однапред одбрана фирма, предупредуваат од Здружението на градежни претпријатија во Стопанската комора на Македонија.

Претставниците на градежните фирми побараа измени во тендерската постапка со која на Бирото за јавни набавки ќе му се овозможи и контрола на спроведувањето на градежните работи, кои се претходно предвидени со јавниот оглас. Без јасни и унифицирани критериуми, работата ја добиваат фирми што ја симнуваат цената, а без да се води контрола дали се извршени сите позиции наведени во огласот, велат градежниците.

- Бараме да се почитува транспарентноста и конкурентноста, а не бараме бенефиции. Се говори за електронско јавно наддавање, а од 500 тендери само пет-десет проекти се доделуваат на овој начин. Во некои тендери недостига само слика од одредена фирма. Има случаи кога како главен критериум за добивање на работата се наведува да се има вработено правник или економист со познавање на албански јазик - вели Никола Велковски, потпретседател на Здружението на градежници.

Градежниците имаат забелешки и на неисполнување на финансиските обврски на општините и државните институции, кои ги пролонгираат роковите за исплата на извртената работа.

- Во тендерите нема аванси, а начинот на плаќање е 90 или 160 дена по завршената работа. Произлегува дека градежните фирми го финансираат целиот проект, без да имаат гаранција дека ќе им биде платено навреме - вели Сашко Стрезовски, од „Пелагонија инженеринг“.

Претставниците на градежните фирми на вчерашниот состанок посочија и на низа други проблеми, како што се исклучувањето на фирмите во последните минути на наддавање на електронските тендери, давањето на работата на „фиктивни“ странски фирми, како и меѓусебно уништување со симнување на цените за извршување на работите, кои достигнуваат до 60 отсто од понудената цена од инвеститорот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61810916525&id=10&prilog=0&setIzdanie=22011


Ребалансот ќе ја зафати инфраструктурата

Градежните компании стравуваат дека со ребалансот на буџетот ќе се крати во делот на инфраструктурните капитални проекти на кои тие го потпираат своето работење. Тие и натаму имаат проблеми со наплата на побарувањата и тоа, пред се', поради непочитување на договорените обврски.

Ова беше истакнато на вчерашната седница на Здружението за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора. Притоа, градежниците уште еднаш ги потенцираа своите забелешки и проблеми со кои се соочуваат при работењето, меѓу кои се малиот број тендери за јавни набавки, кои се спроведуваат по електронски пат, недоволната транспарентност и нелојалната конкуренција при учество на тендерите.

Претседателот на Здружението, Никола Велковски, потенцираше дека градежните компании најмногу забелешки имаат токму на транспарентноста и евалуацијата при распишувањето на тендерите, како и на недоволното електронско јавно наддавање, што требаше да биде една од главните новини што ги најави Владата. (Б.А.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ED5A3D3064B39D4EAC72A655C80A077D


Posted By: axel
Date Posted: 25-Jun-2010 at 05:04

Државниот долг ќе го урне градежништвото

Груевски демантира дека државата должи 600 млн., но не знае точно колкав е долгот

Билјана Ангеловска


Ќе попуштат ли темелите под тежината на долгот што го има државата кон градежните фирми и ќе дојде ли до уривање на градежништвото во Македонија и покрај зголемената градежна активност во последниов период? Ова прашање се' почесто внесува страв меѓу градежниците, кои иако имаат моментален ангажман, свесни се дека иднината ни оддалеку не им е гарантирана. Дотолку повеќе што работењето без пари, сепак, не може да трае до бесконечност, особено ако долгот за извршената работа почне да се мери со стотици милиони евра.

Колку точно изнесува долгот на државата кон градежните фирми, речиси е невозможно да се прецизира, но директно инволвираните калкулираат со фрапантна бројка од 600 милиони евра. Во нивната груба математика се земени предвид побарувањата за одамна завршените работи, поточно за објекти чии фасади веќе се извалкани од употреба, но и за активностите кои се во тек. Во пресметките се вклучени сите гранки тесно врзани со изградбата, а пресметани се и каматите поради одложеното плаќање за набавка на материјалите, како и каматите на кредитите земени од банките за да се преживее.

Релативизирањето на проблемот што се обиде да го направи премиерот Груевски со изјавата дека долгот на државата кон градежниците не е ни приближно толку голем колку што се говори, никој не го сфати сериозно. Особено што тој не знаеше или не сакаше точно да каже за колкава бројка се работи, а од друга страна тврдеше дека државата си ја исполнува обврската за плаќање на извршената работа со мало задоцнување од само десетина дена!

„Нашите членки реагираат на долговите од државните институции, како што се министерства, јавни претпријатија, агенции, но и општини. Тоа се долгови за три, пет, па дури и седум месеци. Не сакам да шпекулирам за висината на сумата што им се должи. Но, мора да се направи разлика за каква бројка станува збор. Кога се зборува за долг од два или три милиони евра, тоа е многу пари за која било фирма. Но, ако се работи за интелектуална услуга, како што е проектирање, надзор, ревизија на проект, или можеби некој друг вид консултантска услуга, тогаш долгот може да е еден милион денари. Тука веќе зборуваме за чиста пара која претставува огромна сума за некоја фирма, која поради таков долг едноставно може да не ја преживее годината“, вели Никола Велковски, претседател на Здружението за градежништво и производство на градежни материјали при Стопанската комора на Македонија.

Според него, во Македонија има само три до пет проценти големи градежни компании, додека останатите се мали фирми за кои и милион денари се многу пари. Велковски појаснува дека е вистинска катастрофа ако на фирма која има годишна реализација од 500.000 евра не и' се платат 100.000.

Факт е дека државата го раздвижи градежниот сектор. Ги мобилизираше градежниците во една голема активност, која ја започна со изградбата на спортски сали и на бројни објекти од државен интерес, како што се згради на министерства, музеи, културни институции, судови. Но, факт е и дека заборави на својата обврска, да плаќа за извршената работа.

Иако никој од градежниците не сака јавно да зборува за проблемите што ги имаат со ненаплатените побарувања, неофицијално велат дека ако државата продолжи со оваа практика, многу фирми ќе стават клуч на врата. Градежните работници се едногласни дека во најголем дел имаат побарувања стари од почетокот на годинава, а многумина дури и од лани.

„Навистина би сакал да знам на кого му се плаќа со само 10 дена задоцнување. Најискрено би го поздравил тој случај“, вели Велковски и појаснува дека такво нешто практично е и невозможно, поради тоа што за толку време не може да се исконтролира градежната документација во финансиските служби.

„Доставуваме финансиски документи по ситуации и не ни бараме исплатата да биде за 10 дена. Би биле пресреќни кога би ни се плаќало за еден, евентуално два месеца. Не бегаме од обврските, плаќаме даноци, па очекуваме и државата да не' сервисира, односно, инвеститорот да ги испочитува договорните обврски“, вели Велковски.

Вистина е дека сите имаат проблеми, но исплашени да не ја изгубат и онаа работа што ја имаат, молчат, па не инсистираат на исполнување на обврските. Сепак, мора да се признае дека дел од вината понесуваат и фирмите, кои токму поради немањето доволно работа и големата нелојална конкуренција, во договорите сами предлагаат плаќање во рок од 90, па дури и 120 дена. На тој начин тие сами си влегуваат во незавидна состојба.

Веројатно и така одложеното плаќање би можело да се преживее доколку воопшто биде реализирано. Зашто, работењето без пари на подолг период ги исцрпува фирмите.

Тие стануваат немоќни да исплатат плати, а од друга страна, обврзани се навреме да ги плаќаат давачките кон државата, бидејќи за нивното доцнење не се толерирани ниту два дена. Поради тоа се принудени да се задолжуваат со кредити од банките и уште повеќе да се заглавуваат. На тој начин, со себе повлекуваат и други фирми кои се тесно поврзани во работењето, бидејќи долгот кон директните изведувачи, индиректно значи и долг кон подизведувачите и доставувачите со градежни материјали. Така, во затворениот круг никој не е поштеден.

„Проблемот е во тоа што за градежните фирми данокот се плаќа на фактурирана, а не на наплатена реализација. Баравме да се врати наплатата по реализација, но државата остана глува“, вели Велковски.

За надминување на проблемот градежниците предлагаат да се направи мултилатерална компензација меѓу државата и фирмите. Има и друга варијанта, а тоа е државата да плаќа преку обврзници, кои би се ефектуирале во банките. Со тоа веројатно би се согласиле фирмите кои имаат големи побарувања, бидејќи така би реализирале барем дел од нив.

„Потребно е фирмите да ги пријават своите побарувања за да може Комората, како партнер на Владата да посредува и да помогне. Сепак, за да се реши проблемот во отсуство на странски инвестиции, државата мора да ги зголеми капиталните инвестиции во инфраструктурата и на тој начин да го искомпензира својот долг. Оти, ако има работа за првата алка, ќе има и за целиот синџир, ако нема, ќе нема за никого“, појаснува Никола Велковски. (Б.А.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=1E357684E1822A429EAEB935EC34159F


Posted By: axel
Date Posted: 06-Jul-2010 at 16:57
  06.07.2010


    Бројот на издадени одобренија за градење во мај 2010 година зголемен за 0.9%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2010 се издадени 222 одобренија за градба што е за 0.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 345 747 илјади денари што е за 24.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 171 (77.0%) се наменети за објекти од високоградба, 22 (9.9%) за објекти од нискоградба и 29 (13.1%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 222 објекти, на 178 (80.2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 44 објекти (19.8%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 318 станови со вкупна корисна површина од 32 073 м2.

http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=8


Posted By: axel
Date Posted: 05-Aug-2010 at 15:06
Бројот на издадени одобренија за градење во јуни 2010 година е зголемен за 0.4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2010 се издадени 253 одобренија за градба, што е за 0.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 498 783 илјади денари, што е за 5.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 182 (71.9%) се наменети за објекти од високоградба, 28 (11.1%) за објекти од нискоградба и 43 (17.0%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 253 објекти, за 183 (72.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а за 70 објекти (27.7%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период предвидена е изградба на 379 станови, со вкупна корисна површина од 36 520 м2.

http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=8


Posted By: axel
Date Posted: 18-Aug-2010 at 14:34

Состојбите во градежништвото поповолни во вториот квартал

  • http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • Економската состојба во градежништвото во вториот квартал подобра од првиот, оцениле раководителите на градежните фирми.

    Во однос на вториот квартал од 2009 година состојбата останува понеповолна.

    Во наредниот период градежниците очекуваат продажните цени да се намалат, а да се зголемат вкупните порачки. Оптимисти се околу бројот на вработени.

    Најголемо негативно влијание на градежната активност и понатаму имаат недостигот на побарувачка, зголемените трошоци за материјали, високите банкарски камати и недостигот на опрема, објави Државниот завод за статистика.

    http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/sostojbite-vo-gradeznishtvoto-popovolni-vo-vtoriot-kvartal


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 20-Aug-2010 at 17:02

    „Гранит“ и „Бетон“ со намалени добивки

    Градежната компанија „Гранит“ во првите шест месеци остварила приходи од продажба од 22,4 милиони евра, што е за 5 отсто помалку, споредено со истиот период од минатата година кога приходите изнесувале 23,5 милиони евра. Намалувањето на приходите според неревидираниот извештај на компанијата се должат на намалената продажба на домашниот пазар за 4 отсто и 11 отсто на странските пазари. Добивката во првите шест месеци од годинава изнесува 138 милиони денари, или 2,2 милиона евра и е за 22 отсто помала споредено со истиот период лани. И градежната компанија „Бетон“ бележи намалување и на приходите и на добивката. Таа во првите шест месеци од годинава остварила приходи од продажба од 12,5 милиони евра, што е за 28 отсто помалку отколку истиот период во минатата година кога приходите изнесувале 17,5 милиони евра. Оперативната добивка на компанијата според неревидираниот финансиски извештај, е, исто така, намалена за 14 отсто споредено со истиот период лани и изнесува 290 илјади евра. (Ек.Р.)

    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4C64D98CBF79D74CA828FC9F8A42CE1E


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 02-Sep-2010 at 01:33

    Архитектите бараат спас за Охрид

    Висококатниците што никнуваат на секој чекор го оневозможуваат видикот кон езерото

    Мики Трајковски


    ОХРИД - Архитектите бараат спас за Охрид од урбанистичкиот хаос за кој никој не води сметка, а го доведува во прашање и задржувањето на статусот - град на УНЕСКО. Надзорот во урбанизмот треба да го имаат само меродавни државни институции, како, на пример, Заводот за заштита на културното наследство, а не фирми кои не се разбираат во таа сфера, потенцираат архитектите. Се практикува поголем дел од урбанистичките планови за Охрид да ги изготвуваат фирми од Гостивар или од Скопје, кои според архитектите воопшто не ја познаваат душата на градот, но и урбанистичките проблеми со кои секојдневно се соочуваат охриѓани.

    За архитектот Ристо Андоновски, Охрид како единствен град во Македонија под заштита на УНЕСКО, треба да има посебен урбанистички третман како од локалната, така и од централната власт. Тој тврди дека поради недостиг од организација и меѓусебно почитување на архитектите засега не постои таков интерес.

    „Имаме дипломи и многу повеќе ја знаеме проблематиката од оние во Кавадарци, Скопје или Гостивар. Не може Охрид да биде заробеник на Законот за просторно и урбанистичко уредување, исто како што се Демир Хисар, Гевгелија. Се залагам да се донесе посебен закон за Охрид“, коментира Андоновски.

    Од Општина Охрид велат дека урбанистички планови може да изработуваат само лиценцирани фирми, а во градот имало само една таква фирма. Што се однесува до архитекти со лиценци за изработка на урбанистички планови, во Охрид има само неколкумина.

    „Фирма која ги работи плановите мора да се придржува кон Законот за просторно и урбанистичко планирање, но и да ги почитува правилниците и стандардите во оваа област. Во спротивно, урбанистичкиот план нема да биде усвоен“, нагласува Бранко Арнаудов, началник на Секторот за урбанизам во Општина Охрид.

    И дел од охридските советници се на мислење дека треба да се формира јавно претпријатие за урбанистичко планирање. Но, тоа не е можно со новиот закон.

    „Се согласувам дека е најдобро архитекти од Охрид да изработуваат урбанистички планови за градот. Со ова средствата што се одлеваат од буџетот на Општината ќе останат тука. Како живее и како дише Охрид знаат овдешните архитекти. Само на една седница на Советот има дваесетина барање од граѓани за донесување урбанистички планови“, вели Јоне Станковски, советник на ВМРО-НП.

    На Охрид му се случува таканаречена болна архитектура, сметаат архитектите. Според нив, локалните власти итно треба да сфатат дека е потребна реорганизација на урбанистичките планови и во начинот на кој се планира урбанизацијата.

    А во последниве неколку години Охрид добива сериозни опомени, дека може да го загуби статусот град на УНЕСКО, поради нарушување на автентичноста на старото градско јадро и крајезерскиот појас.

    „Како и сите градови под заштита на УНЕСКО и во Охрид се појавуваат одредени проблеми кои се драматизираат во јавноста. Никогаш Охрид не бил на листата за исклучување. Имало само претставки од разни институции и поединци“, вели Јордан Плевнеш, амбасадор на Македонија во УНЕСКО.

    Иако процедурата за бришење на едно место од листата на УНЕСКО е долга и сложена, никој, па ниту најголемите оптимисти не исклучуваат тоа да му се случи на Охрид.

    „Најголемиот број забелешки во билатералните контакти со луѓе кои се преставници во таа организација се однесуваат на урбанизацијата. Ако продолжиме со тој тренд, ќе го нарушиме не само јадрото во Охрид, туку и крајбрежјето“, предочува Дејан Пановски, член на македонската делегација во УНЕСКО.

    Факт е дека треба да се стави крај на урбаниот масакр. Охрид се' повеќе го губи шмекот на град во кој до неодамна езерото можеше да се гледа и од најниската точка. Сега тоа повеќе не е така. Висококатниците кои никнуваат на секој чекор го оневозможуваат видикот кон езерото, па дури и кон Галичица. Постарите охриѓани раскажуваат дека повеќе не е ист и ветерот што дува во Охрид, ниту, пак, воздухот во кој се чувствува мирис на бетон и малтер. Охрид, за жал, се' уште останува заробеник на урбанистичката мафија, која владее со Охрид, и на урбаните профитери кои во секое слободно парче земја гледаат можност за одлична заработка.

    http://utrinski.com.mk/?ItemID=B916336C9F79E44DA444467EE8A2CF15


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 02-Sep-2010 at 01:38
    Еднаш требало меѓународни конкурси за маргинални проектчиња, друг пат требало локал-патриотски конкурси да не смее никој друг освен Охриѓани. Пак Скопјаните криви за се, па сега не смееле ни да проектираат згради во Охрид.LOL

    Од друга страна некако многу фаталистички се однесуватаат. Најбитно од се има што ги имало таму некаде на некој список во Обиденети Нации како да тоа е некој орден, а не им е битна суштината на проблемот односно диви градби, урбанизација без врска, па уште бил градот заробеник на законот. Па тој закон го носи и оној малку ред што го има.


    Posted By: UrbanFreak
    Date Posted: 02-Sep-2010 at 11:27
    Originally posted by lslcrew

    Еднаш требало меѓународни конкурси за маргинални проектчиња, друг пат требало локал-патриотски конкурси да не смее никој друг освен Охриѓани. Пак Скопјаните криви за се, па сега не смееле ни да проектираат згради во Охрид.LOL

    Од друга страна некако многу фаталистички се однесуватаат. Најбитно од се има што ги имало таму некаде на некој список во Обиденети Нации како да тоа е некој орден, а не им е битна суштината на проблемот односно диви градби, урбанизација без врска, па уште бил градот заробеник на законот. Па тој закон го носи и оној малку ред што го има.
    Потпис, особени за болдираниот дел


    Posted By: axel
    Date Posted: 06-Sep-2010 at 13:56
    Бројот на издадени одобренија за градење во јули 2010 година е намален за 11.2%

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2010 се издадени 230 одобренија за градба, што е за 11.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1567528 илјади денари, што е за 10.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

    Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 179 (77.8%) се наменети за објекти од високоградба, 17 (7.4%) за објекти од нискоградба и 34 (14.8%) за објекти за реконструкција.

    Од вкупно 230 објекти, на 186 (80.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 44 објекти (19.1%) инвеститори се деловни субјекти.

    Во извештајниот период предвидена е изградба на 410 станови, со вкупна корисна површина од 37 900 м2.

    http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=8


    Posted By: OKA
    Date Posted: 06-Oct-2010 at 14:02
    http://www.makfax.com.mk/#117996 - http://www.makfax.com.mk/#117996


    -------------
    Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


    Posted By: axel
    Date Posted: 07-Oct-2010 at 19:51

    Зголемен бројот на одобренија за градење

    Во август годинава се издадени 267 одобренија за градба, што е за 18,7 проценти повеќе во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2,2 милијарди денари, односно за 43,5 проценти повеќе споредено со август минатата година.

    Од вкупниот број издадени одобренија, 205 се наменети за објекти од високоградба, 30 за нискоградба и 32 за реконструкција. Кај 200 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 67 деловни субјекти.

    http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7709957F7F9F55499FF1E3313AC56566


    Posted By: axel
    Date Posted: 05-Nov-2010 at 23:07
    Зголемен бројот на издадени одобренија за градба
    Маја Трајковска -  05 ноември 2010   15:23 GMT Извор: ДЗС
    Бројот на издадени одобренија изнесува 268 за септември оваа година, што е за 13,6 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година, покажуваа...
    http://www.makfax.com.mk/#232680/zgolemen_brojot_na_izdadeni_odobrenija_za_gradba


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 09-Nov-2010 at 02:32


    Подетално

    Имаме градежна експанзија
    Поголема градежна експанзија, вака портпаролот на Министерството за транспорт и врски Драган Симоновски, ги оцени статистичките податоци за 268 издадени одобренија за градење во септември годинава, кои се за 13,6 проценти повеќе во однос на истиот месец лани


    Овој ресор, рече Симоновски, продолжува со активности за подобрување на бизнис-климата во градежништвото. Особено важно, истакнува тој, е што според издадените одобренија за градење во септември предвидената вредност на објектите изнесува 3.059.294.000 денари, или за 92,4 проценти повеќе во споредба со септември минатата година.

    %20Од вкупниот број издадени одобренија, 221 или 82,5 проценти се наменети за објекти од високоградба, 13 или 4,8 проценти за нискоградба и 34, односно 12,7 отсто, за објекти за реконструкција.

    Кај 215 од предвидените објекти инвеститори се физички лица, а кај 53 деловни субјекти.

    Според Симоновски, Министерството за транспорт постојано презема активности за олеснување на процедурата за добивање одобренија за градење. Дел од нив е склучениот договор со Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ при Светска банка. Експертите на ИФЦ веќе ги посетиле надлежните институции за издавање одобренија за градење и ја следат постапката во тој сегмент за да направат длабинска анализа во која ќе бидат дадени конкретни насоки како да се олесни и подобри процедурата за добивање одобренија за градење.

    - Забелешки за подобрување на постапката за одобренијата за градење Министерството добива и од компаниите и од граѓаните, во согласност со јавниот повик што го објави за таа намена - вели Симоновски.

    Олеснување за инвеститорите, потсети портпаролот на Министерството за транспорт, беше и укинувањето на дозволите за употреба на објектите, кои претставуваа голем товар и беа задолжителни. Тоа административно олеснување го забрзува процесот на реализирање на градбата, оцени Симоновски.

    Дел од тековните повици на Министерството за транспорт за продажба на државно градежно земјиште е тој за отуѓување 28 градежни парцели во општина Ѓорче Петров, наменети за изградба на објекти со намена за лесна и незагадувачка индустрија, за сервиси и стоваришта. Почетната цена е 61 денар за квадратен метар. На неодамнешното јавно наддавање во Речани 2 во Велес дел парцели што се нудеа по цена од евро за квадратен метар, достигнаа цена од 20 евра за квадратен метар.
    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=118101021531&id=10&prilog=0&setIzdanie=22127 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=118101021531&id=10&prilog=0&setIzdanie=22127


    Posted By: axel
    Date Posted: 05-Jan-2011 at 14:05
    Број на издадени одобренија за градење во ноември 2010 година

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2010 се издадени 241 одобрение за градба што е за 22.5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 440 852 илјади денари што е за 89.8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 176 (73.0%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (10.0%) за објекти од нискоградба и 41 (17.0%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 241 објект, на 178 (73.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 63 објекти (26.1%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 822 стана со вкупна корисна површина од 58 329 м2.

    http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=8


    Posted By: axel
    Date Posted: 06-Jan-2011 at 18:21

    Најмногу се гради во Скопје и Тетово

  • http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • Скопје, Тетово и Струга најатрактивни градови за градежниците. Државниот завод за статистика објавува податоци дека граджената оператива во најголем дел е насочена кон полошкиот, југозападниот и скопскиот регион.

    Од остатаните градови во Македонија најмногу дозволи биле доделени во Кочани, Велес, Куманово.. 

    Ќе се гради и идната година вели Премиерот Груевски.

    Оваа гранка е двигател во целата економијата, па трендот на раст во овој сектор се очекува даде работа на уште 26 стопански гранки.

    Тоа се потврдува и со годинешиот буџет. Од вкупно 2,6 милијарди евра, 374 милиони ќе одат за капитални инвестиции.

    Ќе се градат регионални и локални патишта, социјални и комерцијални згради, стопански објекти и скопје 2014-та..

    Марина Доковска

    Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај http://get.adobe.com/flashplayer/ - тука.

    http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/najmnogu-se-gradi-vo-skopje-i-tetovo


    Posted By: axel
    Date Posted: 07-Feb-2011 at 17:35
    Во декември издадени помалку одобренија за градба Скопје - Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2010 се издадени 288 одобренија за градба што е за 5 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.532.322.000 денари што е за 21,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 232 (80,5 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 29  или 10,1 отсто се за објекти од нискоградба и 27  или 9,4 отсто за објекти за реконструкција.
    Од вкупно 288 објекти, на 210 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 објекти инвеститори се деловни субјекти.
    Во извештајниот период е предвидена изградба на 858 станови со вкупна корисна површина од 68 339 метри квадаратни. (МИА)

    http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2842&Itemid=125


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 10-Feb-2011 at 13:40
    Нема криза за македонските градежници, ќе се “ѕидаат“ милионски профити

    http://www.netpress.com.mk/vestiimages/82588/gradeznici-150.jpg">

    Заминувањето на економската криза, најавите на владата за големи инфраструктурни и енергетски проекти и раздвижувањето во приватниот сектор им дава надеж на градежниците дека годинава нема да кренат глава од работа.

    Компаниите очекуваат милионски приходи како од проектите кои ќе се работат дома, така и на странски терен. Претседателот на Асоцијацијата на градежници при Сојузот на стопанаски комори Сеат Кочан вели дека македонското градежништво успеа да се одржи на стабилни нозе и во време на економската криза, а заздравување на стопанството сега ќе значи само повеќе работа и повеќе профит.

    “Со оглед дека и во периодот на криза и во светот и во Македонија ние успеавме да се одржиме на едно стабилно ниво, сега на излезот од кризата имаме надеж и очекување за значително поголема активност. Со самиот факт дека владата во буџетот предвиде 300 милиони евра за инфраструктурни и енергетски прокети што претставува сериозен ангажман“, вели Кочан.
     

    Проектот за изградба на делницата Смоквица – Демир Капија вреден околу 270 милиони евра за македонските градежниците годинава ќе претставува голем залак.

    “Еден од проектите што е од големо значење на градежништвото е делницата кај Смоквица за која се предвидени 270 милиони евра, секако тука нашите компании не можат да ја преземат директно работата, но можат да се вклучат како подизведувачи“, вели претседателот на Асоцијацијата на градежниците.
     
    Делницата од автопатот кон Гевгелија дел ќе се финансира со пари од Европската Инвестициска Банка која на почетокот на месецот одобри 130 милиони евра за овој проект.

    Добри новости за градежниците се и најавите за реформи измени во законите во областа на градежништвото со кои ќе се олесни постапката за добивање градежна дозвола, а ќе ја отвори и вратата за повеќе странски инвестиции.
    Интересни податоци во однос на градежништвото во изминативе два месеца објавува и Државниот завод за статистика, според чии бројки во наредниот период ќе се градат помалку објекти, но со поголема вкупна вредност.
    Според издадените дозволи за градба само во декември лани, во наредниот период ќе се градат објекти во вредност од 3,5 милијарди денари.
     
    Денеска Статистика објави дека лани македонските градежни компании заработилке 2,2 милијарди денари во странство. Македонската градежна оператива најмногу градела во Украина, а како нови пазари се јавуваа Германија , Романија, Словачка, Полска, Словенија, Холандија, Италија и Австрија.

    Градежништвото, како што често истакнуваат економските експерти, е од витално значење за целокупната економија бидејќи активноста во овој сектор може да биде директен индикатор за состојбите во целото стопанство.
    Доколку градежништвото е во добра кондиција тогаш се повлекува работа за уште најмалку 40 стопански гранки кои ги снабдуваат градежниците со материјали и алати.
    http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=82588&kategorija=2


    Posted By: axel
    Date Posted: 12-Feb-2011 at 20:56

    Градежната експанзија ги затекна компаниите

  • http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • Компаниите затекнати од градежната експанзија. Немаат доволно работници навреме да ги завршат договорените зделки.

    Капиталните инфраструктурни проекти и годинава сериозно ќе ги вработат градежниците, при што првите луѓе на најголемите оперативи кај нас велат дека токму нивниот сектор и оваа година ќе го предводи стопанството. Бројот на потпишани довори во странство, но и на домашниот пазар постојано се зголемувал.

    Премиерот Груевски вели дека Владата останува фокусирана на економијата. Преку посетата на тимовите ќе ги анализира проблемите на компаниите со цел да се изнајдат решенија истите да бележат уште подобри резултати.

    - Градежништвото доби импулс бидејќи Владата инвестираше многу во градба. Живееме во години во кои што се гради. Само годинава во Буџетот во делот на инвестиции се предвидени околу 300 милиони евра кои ќе поминат во градежниот сектор и ќе создадат добри дела кои ќе им служат на граѓаните и ќе им го подобрат квалитетот на живот - рече Груевски.

    Лани компании склучиле договори со странство во вредност од околу 60 милиони евра, што претставува зголемување за 22 проценти споредено со 2009 година. Но според истата пресметка на статистика реализацијата кај истите бележи пад од 15 отсто или вкупно наплатени биле само 37 милиони евра.

    http://daily.mk/cluster3/f5018dd2b8178f77a9c8e6fce34fa821/594028


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 13-Feb-2011 at 21:04
    “Еден од проектите што е од големо значење на градежништвото е делницата кај Смоквица за која се предвидени 270 милиони евра, секако тука нашите компании не можат да ја преземат директно работата, но можат да се вклучат како подизведувачи“, вели претседателот на Асоцијацијата на градежниците.
    Жално. Наши градежни компании имаат изградено мега-проекти и тоа не само дома, туку и на блискиот исток и во СССР. Денес не можат да се изборат да изградат ниту 28 километри домашен автопат и се среќни што ќе можеле да се вклучат како подизведувачи (со други зборови да ја завршат тешката работа, додека некој друг ги собира дебелите профити).

    Јасно ми е дека вината за сегашната состојба воглавно треба да се лоцира надвор од самите градежни компании, едноставно околностите во голема мерка го диктираа таквото атрофирање. Но каде е визијата? Мене никако не може да ми се разјасни зошто неколкуте наши етаблирани и поголеми градежни компании не се во состојба ниту да се договорат да формираат конзорциуми за поголеми проекти, домашни и во странство. Што е проблемот? Вечно ли ќе бидат подизведувачи за се и сешто? Вечно ли ќе се сопнуваат уште на банкарските гаранции?


    Posted By: axel
    Date Posted: 01-Mar-2011 at 14:55
    Градежниот сектор полека зема замав
    Александар Поповски -  01 март 2011   14:39 GMT

    Градежниот сектор во Македонија, кој и во услови на криза оствари раст, зема замав, побарувачката расте, но континуираниот проблем со наплатата останува ненадминат.

    Ова е констатацијата на дел од претставниците на градежниот сектор, кои учествуваат на Саемот за градежништво, градежни материјали и градежна механизација, што денеска беше отворен по осми пат на Скопски саем.

    Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, на отворањето на саемската манифестација изјави дека градежниот сектор, што со себе поврзува уште најмалку 20 други гранки за владата претставува една од најзначајните карики во економијата.

    Истакнувајќи ја континуираната поддршка што владата му ја дава на градежниот сектор, Пешевски го наброја намалувањето на ДДВ за станови од 18 на 5 отсто, големиот број градежни зафати финансирани од Владата и олеснувањето во голем број административни постапки.

    „Ќе продолжиме со чекори и во подобрување на даночната и административната сфера, но и ќе продолжиме со финансирање на сите оние проекти кои значат поттик за овој сектор“, рече Пешевски.

    Тој информираше дека градежниот сектор во 2009 година имал раст од 4,4 отсто, а во 2010 најверојатно ќе има раст над 10 отсто

    Претставникот на компанијата „Адинг“ Даниел Церков оцени дека градежниот сектор излегува од криза, изразувајќи надеж дека ќе има поголемо придвижување годинава.

    „Побарувачка има, но најголем проблем со кој се соочуваме е наплатата. Начинот како да ги наплатиме нашите производи и услуги. Не зборувам само за Македонија, туку за целиот регион и пазарите каде што сме присутни, рече Церков./крај/ап

    http://makfax.com.mk/#247200%2Fgradezhniot_sektor_poleka_zema_zamav


    Posted By: axel
    Date Posted: 02-Mar-2011 at 14:05
    ОТВОРЕН САЕМОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО
    Цените на становитеќе одат само нагоре Минатата година ќе ја завршиме со пораст на градежништвото од 12 проценти, рече вчера вицепремиерот Владимир Пешевски прогласувајќи го Саемот за градежништво за отворен. Пешески најави дека од Владата и натаму ќе продолжат да преземаат мерки што ќе резултираат со раст на градежништвото. Но, мерки што ќе ги поевтинат становите нема да има. Владата смета дека мерките што ги презема се доволни за да има пад на цените, но од компаниите велат дека цените нема да паѓаат. - ДДВ го намаливме од 18 на 5 проценти, голем број градежни зафати беа иницирани и финансирани од Владата како и голем број олеснувања во делот на административните постапки - истакна Пешески. Од компаниите велат дека цената ќе зависи од побарувачката и од цената на градежното земјиште. - Самиот пазар ќе ја наметне цената понатаму. Ние во моментов градиме станбен комплекс од шест згради со 1.000 стана. Има многу заинтересирани, а цената е 1.250 евра за еден квадратен метар. Ние сега дојдовме на пазарот и стартуваме со цена која сметаме дека е блиску до куповната моќ - нагласи Сашо Стојчески, менаџер на проектот „Гранд престиж“, кој ќе се гради во комплексот „Алумина“. Игор Чучков од „Леорон груп“, пак, вели дека цените на недвижностите со влезот во ЕУ ќе одат нагоре. - Цените се на прифатливо ниво и со влезот во ЕУ тие ќе одат во нагорна линија. Поради тоа, инвеститорите што ќе дојдат овде ќе имаат добар поврат на својата инвестиција - истакна Чучков. Од „Адора инженеринг“ велат дека цената на градежното земјиште влегува со 15 проценти во вкупната цена на станот. - Со незначително намалување на цената на недвижности, што е резултата на помал ДДВ, значајно се зголеми прометот на недвижности и квалитетот на градбата - вели Ванчо Чифлиганец, директор на фирмата. На Саемот за градежништво годинава има 300 изложувачи, што е за 60 проценти повеќе од лани. Годинава, заедно со Саемот за градежништво, првпат беше отворен и Саем за недвижнини и Саем за извоз на производи од Турција. Саемските манифестации ќе траат до сабота.

    http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2255&ArticleID=157219


    Posted By: axel
    Date Posted: 08-Mar-2011 at 00:40
    Вкупно 172 одобренија за градба биле издадени во Македонија во јануари, што е за 11,7 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
     
    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2,1 милијарди денари, (34,2 милиони евра) што е двојно повеќе во однос на истиот месец лани.

    Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 130 се наменети за објекти од високоградба, 16 за објекти од нискоградба и 26 за објекти за реконструкција.

    Во извештајниот период е предвидена изградба на 265 станови, со вкупна корисна површина од 27 753 м2.

    http://daily.mk/cluster3/eafc226bcbccf23328ecc15ad6d9024d/628054


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 10-Mar-2011 at 20:29
    На Скопје му треба главен градски аритект


    Демократската обнова на Македонија - ДОМ предлага измени на Законот за Град Скопје и на Законот за локална самоуправа и да се внесат термините градски архитект и општински архитекти. Тие предлагаат да се формира и колегиум на архитекти, кои ќе ги избере самиот градски архитект. Според нив колегиумот ќе биде составен од стручни и професионални луѓе кои во дебати со граѓаните и со стручната јавност ќе можат да донесат подобри урбанистички решенија.
    - Како ДОМ веруваме дека на Скопје му треба градски архитект, а општински архитекти им се потребни на сите општини за да може просторот да се реши урбанистички. Односно, на начин со кој од една страна ќе се сочува традицијата, а од друга страна ќе се внесат сите современи и модерни елементи на градежништвото и урбанизмот кои постојат во светот, изјави денеска пратеничката и претседателка на оваа партија, Лилјана Поповска, и додаде дека ДОМ ќе предложи свој кандидат за градски архитект.

    Таа смета дека е потребно да се живее во простори кои се по мерка на човекот и додаде оти за тоа треба да одлучат стручни луѓе.
    Таа информира дека честопати ДУП-овите не кореспондираат со ГУП-от.
    - Сега сме пред носење на новиот ГУП и тој не би смеело да биде донесен без широки стручни расправи кои треба да ги води еден градски архитект, рече Поповска и додаде дека градски архитекти има во Рига, Москва, Копенхаген, Стокхолм...
    ДОМ в петок ќе организира трибина за Предлог-измените на Законот за Град Скопје и на Законот за локална самоуправа. http://vecer.com.mk/?ItemID=7C7364BF048C0E4F8B4151397B3C7B38


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 10-Mar-2011 at 20:32
    Настрана тоа што од партија доаѓа предлогот. Зашто воопшто се укинаа овие архитекти и урбанизам како ресор во владата? Може и да не е до толку битно кога веќе има сектори за урбанизам ова би било само свртување на целиот дел кон една личност наместо кон цела служба во општините. Коко стои прашање надвор?


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 10-Mar-2011 at 20:38
    Јас би рекол дека е подобро да биде Совет на Архитекти, отприлика составен од 10-20 луѓе. За да не бидат обрските, и правото за одлуки на 1 човек. Подемократски е да бидат инволвирани повеќе архитекти, урбанисти, градежници, екологисти, аналитичари и други засегнати професии. Дури може да се има и претставници од граѓаните или пак од општините, ако ништо друго како советодавни. Но во секој случај да не стане премногу комплицирано.

    Оваа тематика заслужува големо внимание, зашто не е едноставна работа, и може да засега во целата организација на локалните самоуправи. Поготово за оние кои го сочинуваат Скопје, бидејќи во случајов за Скопје се работи. Но не треба другите градови да бидат исклучени. Секој град треба да има нешто слично.


    -------------
    Македонија - Земја на чудата!


    Posted By: N23
    Date Posted: 10-Mar-2011 at 21:23
    Од искуство со другите совети, комисии и сл тела во оваа ни наша држава, потребата од главен градски архитект во старт е промашена. Прво затоа што и да е личност со "педигре" од својата област, ретко кој ќе го почитува неговото мислење, а и да е спротивно, тој ќе биде одбран партиски и нормално ќе се согласува со одлуките на луѓето кои го поставиле. Совет пак е убава замисла, но во пракса лошо делува. Плус потребни се многу пари ако се работи за тело со 10-20 луѓе, па потреба од кворум, потреба од бадинтер, од апсолутно мнозинство и да не навлагам во другите процедури. Поддржувам ваква идеја, но ситуацијата кажува нешто друго. Повеќе сум да се оформи совет од професори од градежен факултет, некое неформално тело од 15 луѓе и да дава свои мислења до јавноста, до градот, но и да организираат јавни трибини, еден вид на невладино тело. Само тоа е спас во овој урбанистички хаос.


    Posted By: гитардемон
    Date Posted: 19-Mar-2011 at 20:42


    КУЛТУРА И ТРЕНДОВИ | 19.03.2011
    Љубов и забелешки за скопските градби



    Дискусија: „Skopje Love Story“

    „Skopje Love Story“ беше именувана литературната ноќ во Лајпциг посветена на архитектурата и литературата на македонската престолнина. Освен авторите на книгата „Skopje: The World Bastard“ на неа говореа и писатели.

    Приказната за Скопје започна со видео-записот и визуализацијата на проектот „Скопје 2014“, кому е посветена и книгата на Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек. Делото кое е на англиски јазик, а ќе биде објавено и на македонски и на албански јазик, веројатно ќе предизвика внимание кај стручната публика, зашто на стотината страници се сублимирани архитектонското, историското и политичкото живеење на градот.

    „За мене интересно е што целиот процес е воден аматерски. Дали кога зборуваме за скулптурите, или архивите, или црквите? Но, од друга страна во тој аматеризам има голем потенцијал. Фали многу малку со тој аматеризам да се направи многу повеќе. Тоа што денес се случува не можам да кажам, а ни книгата еднонасочно не кажува, туку вели дека од лошото може да се направи подобро“, изјави младиот архитект од Скопје Мијалковиќ, кој речиси деценија живее во Виена и кој заедно со Катарина Урбанек последнава година и половина работеше на книгата.


    Катарина Урбанек и Милан Мијалковиќ

    Пулсот на градот

    Пред публиката во Лајпциг Мијалковиќ кусо потсети на историјата на градот, на земјотресот, на амбициозниот проект на Кензо Танге, чија цел беше да направи од Скопје отворен град на солидарноста, во кој сообраќајните решенија биле по урнекот на оние во Јапонија: центарот исклучиво за пешаци, посебни делови од улиците, за јавниот превоз. Од убавата идеја, меѓутоа не се реализира ништо. „Со сообраќајот се случува истото што и со другите административни згради. Се гради се’ на ура, нема концепт, нема процес, нема анализи како нешто треба да изгледа. И тоа е тоа што се случува во градот“, смета Мијалковиќ.


    Проектот „Скопје 2014“

    Катарина Урбанек пак дополнува: „Во принцип свесната одлука на политиката, како ќе го гради градот по децении кога ништо не се случуваше, е секако потенцијал, кој можеше и подобро и поинаку да се искористи. Работите отидоа некако во погрешна насока, зашто одлуката за градба беше еднострана, а можеше да има други теми, кои со истата енергија би биле долгорочно покорисни за градот. Тука мислам на станбената изградба или јавни објекти, кои би биле општествено поисплатливи.“

    Скопје има многу идентитети

    Во заедничката книга за Скопје посебен акцент е ставен на новите градби. Колку тие можат да бидат вистински национален белег на градот и државата? „Скопје има многу идентитети, но дали ќе биде слика во класичен или поп-арт стил останува да видиме. Мислам дека е добро што нешто се случува и дека таа енергија во градот не само кај политичката елита, туку и кај граѓаните треба да се искористи на подобар начин.“


    Влада Урошевиќ

    Во дискусијата збор имаше и Влада Урошевиќ како еден од ретките автори кои се занимава со архитектурата како тема. Тој забележа, дека е многу тешко за еден писател да напише роман за Скопје. Имено, авторот треба да ги именува улиците по кои се движат јунаците, а тие, улиците по 10 години ќе го сменат името, такашто по 20 никој нема да знае каде се наоѓала една улица. И затоа секој писател или граѓанин мора да вложува напори за да направи од Скопје место каде спомените може да имаат свој простор.

    Пред публиката беа читани и делови од романите на Роберт Алаѓозовски и Владимир Јанковски.

    Автор: Силвера Падори-Кленке

    Редактор: Александра Трајковска


    http://www.dw-world.de/dw/article/0,,14924388,00.html?maca=maz-TB_maz_TVA1-3119-html-cb - http://www.dw-world.de/dw/article/0,,14924388,00.html?maca=maz-TB_maz_TVA1-3119-html-cb

    -------------
    Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


    Posted By: axel
    Date Posted: 22-Mar-2011 at 12:25
    „Гранит“ склучи два договора вредни над милијарда денари
    Петре Димитров -  22 март 2011   12:07 GMT

    Една од најголемите градежни компании во земјава „Гранит“ информира дека склучила два договори вредни над милијарда денари.

    Првиот се однесува на изградба на катната гаража на ул „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје и вредноста на договорот изнесува 656,1 милиони денари. Гаражата, „Гранит“ треба да ја изгради во следниве 24 месеци, а инвеститор е Град Скопје.

    Вториот договор се однесува на градежните и градежно-занаетчиски работи за изградба на административниот објект на Агенција за електронски комуникации, во вредност од 518, 1 милиони денари. Објектот треба да биде изграден во следниве 15 месеци, а инвеститор е Агенција за електронски комуникации. /крај/пд

    http://makfax.com.mk/#30%2F249786%2Fgranit__skluchi_dva_dogovora_vredni_nad_milijarda_denari


    Posted By: axel
    Date Posted: 05-Apr-2011 at 11:39

    Скопје е град на маркички, згради и на брзи закони


    Плановите и регулативата за градба се менуваат премногу често, па затоа на една иста улица можеме да сретнеме сосема различни објекти според изгледот, катноста или намената, коментираат експертите

     
     
    %20  

    Властите немаат идеја како да го развиваат Скопје организирано и плански, а дури и да имаат, тешко ќе се најдат инвеститори за да ги исполнат тие планови, така што ќе градат цели населби, блокови, големи комплекси, кои би биле самодоволни и инфраструктурно решени. Наместо тоа, нови населби никнуваат стихијно на сите страни, често надвор од урбанистичките планови на општините и на градот.
    Немање долгорочна визија за градот, брзото менување на законската регулатива, немањето главен градски архитект, бизнис-интересите на моќниците, трката по профит, зголемувањето на бројот на жители се само дел од работите што од Скопје прават безличен град, без свој белег во урбанистичка и архитектонска смисла, сметаат познавачите

    ЕДЕН ЗАКОН НА ТЕМЕЛОТ, ДРУГ НА ПОКРИВОТ

    Пребрзото менување на законската регулатива во градежништвото придонело инвеститорите да не можат да ги следат промените, или пак да ги користат, со тоа што граделе сé и сешто каде што треба и каде што не треба. Токму поради тоа имаме тесни улици, никаде нема доволно паркинг-места ниту за жителите, некои населби личат на хаотичен мозаик од стари куќи и разнобојни згради, некаде слабее притисокот на водата и слично.

    - Ние не успеавме да ги следиме промените на општествениот систем. Тоа многу се почувствува во градежништвото, каде што пак профитот беше мамка за многу бизнисмени да ја искористат оваа можност и да профитираат лесно. Хиперпродукцијата на закони последниве години и нивното многу често менување уште повеќе ја влошија состојбата. Поради тоа имавме случаи кога почетокот на градбата е според еден закон, според еден правилник, а нејзиното завршување е според некоја втора, трета или четврта измена. За тоа на една иста улица имаме различни згради по катност, изглед и функција. На сето ова и професионалните струки во градежништвото како архитектите, геодетите, планерите се тргнаа на маргините на системот за носење одлуки битни за градот - вели професор Горан Марковски од Градежниот факултет во Скопје.

    ИНСТАНТ-ПРОФИТ САМО ВО ЦЕНТАР

    Во последно време на неколку локации во градот се појавија нови типизирани населби, кои, освен што беа комплетно внатрешно урбанизирани, истовремено беа и отсечени од градот. Но нивната изградба тешко одеше. Пропаѓаа огласите за продажба на државно земјиште за изградба на 14 згради кај Ново Лисиче, па Владата мораше да го раздвои овој плац на 14 посебни парцели за да ги продаде. За проектот Хиподром 2, населба за околу 5.000 жители, сé уште нема инвеститор.

    Лошата градска инфраструктура придонесе инвеститорите своите пари да ги насочат кон централното градско подрачје, каде што брзата изградба на висококатница им носеше големи инстант-профити.
    - Кај нас речиси нема населби што се градат на големи претходно урбанизирани површини. Таков пример е само оној во Злокуќани, каде што приватен инвеститор изгради цела населба и ги продаваше објектите. Прашање е како се стигнува до таа населба? Какви улици водат до неа? Лошата градска инфраструктура ги одвраќа инвеститорите од вложување во вакви населби надвор од градот - ни изјави Никола Велковски, поранешен главен градски архитект.

    Според него, во градската зона градежното земјиште речиси го нема, а онаму каде што го има тоа е толку иситнето што не дозволува некој поголем инвестициски зафат, кој би значел градење типизирана населба.

    - Што ако изградите убава населба во Хиподром, кога до неа тешко ќе се стигнува по лош пат. Истото важи за сите периферни делови на Скопје. Ако се сака да се поттикне ваквата градба, на населби подалеку од центарот, тогаш градот и државата треба да вложат многу во правење нови квалитетни патишта, училишта, градинки, здравствени установи, како и солидни инсталации на електрична енергија, градско греење и водоводна мрежа, па потоа да се гради - појаснува архитектот Велковски.
    Градежниците пак коментираат дека треба да им се овозможи на бизнисмените безбедна клима за инвестиции каде што системот ќе им даде услови за инвестирање со можност за профит. Честото менување на законот оди контрапродуктивно и во овој сегмент.

    НЕЗАВИСЕН И НЕПОЛИТИЧКИ ГРАДСКИ АРХИТЕКТ

    За да се води планска изградба на градот во минатото со скопската урбанизација и изградба раководеше главниот градски архитект. Тимот сочинет од врвни експерти, градежни архитекти, постојано и континуирано работеше на осмислување на порастот на градот и неговото функционирање во секоја смисла на зборот.

    - Главниот градски архитект што постоеше порано е функција што треба повторно да се врати во градот. Овој тим го гледа градот 15 години однапред. Како и каде ќе се развива? Кои се потребите а кои се можностите и поставува приоритети пред градоначалникот во смисла на донесување урбанистички планови, изградба на капитални објекти, улици, инфраструктура... Тој не треба да зависи од политиката и треба да биде визионер на градот - вели Велковски.

    Тој појаснува дека сега оваа функција ја имаат служби во градот и општините што многу често се во врска со политичките партии или избраните градоначалници, со што ги губат својата професионалност и моќ на одлучување за доброто на градот.

     

     Вода и струја има доволно, а ѓубре премногу
     За десетина години Скопје ќе се задуши од сопственото ѓубре што го произведува. Бројот на населението расте, со што не само што се создава се повеќе отпад туку тој сé потешко се отстранува. Голем проблем е и загадувањето на подземните води, кои, пак, влијаат на квалитетот на водата за пиење.
    - Градот не треба да стравува за тоа дали ќе има доволно вода за пиење или доволно електрична енергија. Тоа не е проблем. Проблем е отпадот што го создаваме, а имаме слаб комунален систем. Голем проблем ќе се појави во иднина поради тоа што отпадните води не ги прочистуваме и така ги испуштаме во реките и почвата. Тоа ги загадува подземните води, кои, пак, може да ги загадат бунарите од кои се вади дел од водата за пиење - вели архитектот Никола Велковски.
    Податоците до кои дојдовме велат дека скопската котлина располага со многу извори што гарантираат долгорочно стабилно снабдување на градот со квалитетна вода за пиење. Основни снабдувачи на градот со вода се двете каптажи на изворот Рашче. Каптажата Рашче 1 има штедрост помеѓу 3.700 и 7.000 литри во секунда, а Рашче 2 околу 1.500 литри. Од оваа расположлива вода преку цевководите кон градот може да се пренесат околу 5.000 литри во секунда. Кога хидролошката состојба во Рашче е неповолна или во периоди на енормна потрошувачка во градот, на располагање се и седумте бунари на Лепенец, како и на Водно, со вкупен капацитет околу 1.400 литри во секунда.


    http://www.time.mk/read/efd2b902f9/4541354921/index.html


    Posted By: axel
    Date Posted: 06-Apr-2011 at 10:01
    Број на издадени одобренија за градење, февруари 2011 година

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2011 се издадени 173 одобренија за градба што е за 18.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 424 180 илјади денари што е за 27.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

    Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 132 (76.3%) се наменети за објекти од високоградба, 14 (8.1%) за објекти од нискоградба и 27 (15.6%) за објекти за реконструкција.

    Од вкупно 173 објекти, на 140 (80.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 33 објекти (19.1%) инвеститори се деловни субјекти.

    Во извештајниот период е предвидена изградба на 376 станови со вкупна корисна површина од 30 036 м2.

    http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=8


    Posted By: axel
    Date Posted: 11-Apr-2011 at 13:12

    Градежен бум со сомнителен квалитет

    Ниските критериуми за стекнување овластувања и честите измени на регулативата од областа на градежништвото може да влијаат врз квалитетот на новите објекти, предупредуваат експертите

    Градежниот бум што последниве години ги зафати Скопје и другите поголеми градови низ земјава ги принуди инвеститорите да се тркаат со конкуренцијата. Во ситуација кога повеќекатници се завршуваат за нецела година, трката со роковите ја отвори дилемата колку брзината на градење се одразува врз квалитетот на градбите.

    Продажбата на државно земјиште по едно евро за квадрат и олеснетите процедури за градење се само дел од владините мерки што го поттикнаа градежништвото, особено изградбата на станбени згради. Изминатите години низ метрополата со молскавична брзина никнуваат цели станбени населби со над 1.500 жители. Токму брзината на градење ги загрижува нивните идни жители. Во таква ситуација се најде и млад брачен пар, кој пред пет месеци уплатил стан во новоградба во една скопска населба. Инвеститорот на објектот, кој тогаш бил во почетна фаза, им ветил дека ќе може да се вселат за една година.

    - Не ни се веруваше дека за 12 месеци може да се изгради осумкатница со педесетина стана. Но, сега гледаме дека зградата расте со неверојатна брзина, дури може да е готова и пред крајниот рок. Со сопругата стравуваме за квалитетот на објектот. Се прашуваме како порано се чекаше по две-три години за да се изгради една зграда, а сега истиот објект е готов за помалку од 12 месеци - вели скопјанецот Г.В.

    Лиценцираните фирми гарантираат квалитет

    Градежниците се едногласни дека новите градби се комплетно безбедни. Според нив, брзото градење се должи на модерната технологија што се користи при изградбата, како и на новите материјали, кои овозможуваат за пократко време да се изгради поквалитетен објект.

    - Сега се користи сува градба, кнауф-системи, а монтажната градба зема с` поголем замав. Во бетонот се додаваат адитиви што овозможуваат побрзо да се стврдне. Сите овие нови материјали овозможуваат брза градба. Секој проект има свој динамичен план, кој мора да се следи. Освен тоа, има ревиденти на градбата и на проектот, така што ништо не се препушта на случајност. Ако се протне неквалитетен материјал, тука е надзорот на објектот кој ќе го забележи тоа. Треба веќе да се заборави дека во земјава градбите се неквалитетни и несигурни, граѓаните не треба да се грижат за тоа - велат градежници.

    Тие додаваат дека може да се гарантира само за безбедноста и квалитетот на објектите што ги градат лиценцирани компании, а не и за различните доградби и надградби што граѓаните самоиницијативно ги прават.

    Професорот на Градежниот факултет, Горан Марковски, вели дека брзината на градење не влијае врз безбедноста на објектите, туку понекогаш може да се одрази врз квалитетот на занаетчиските работи во становите. Според Марковски, на евентуалниот неквалитет на зградите влијаат ниските критериуми за стекнување овластувања, како и честите измени на регулативата од областа на градежништвото.

    - Особено ниски се критериумите за овластување за градежници и ревизори. За да бидете ревидент на обична станбена зграда ви треба само двегодишно работно искуство, што е премалку. Хиперпродукцијата на измени во регулативата исто така влијае врз безбедноста на градбите. Само последниве години имаше пет-шест измени во Законот за градењето. Дополнителен проблем е што регулативата се менува без да се земе предвид мислењето на стручните лица од оваа област - смета Марковски.

    Прво цена, па квалитет

    Од Заводот за испитување материјали и развој на нови технологии „Скопје“ при Скопскиот универзитет објаснуваат дека во земјава се гради и со квалитетни и со неквалитетни материјали. Според експерти од Заводот, ситуацијата излегла од контрола во првите десет години од распаѓањето на Југославија, кога воопшто не се испитувал квалитетот на градежните материјали што се користеле во земјава. Но, последниве години ситуацијата се сменила на подобро.

    - Во принцип, за позначајните објекти се прават сите потребни испитувања и се почитуваат сите процедури при градењето. Но, кај станбените згради ситуацијата е поинаква и најмногу зависи од волјата на инвеститорот. Некои инвеститори сакаат да работат чесно и според прописите, па ги прават сите неопходни проверки на материјалите. Други сакаат да заштедат преку вградување неквалитетни или недоволно испитани материјали. Затоа е неопходна поголема контрола од инспекциските служби, но и поголемо ангажирање од надзорните органи. Кај нас при градењето прво се гледа цената, па с` друго. Квалитетот на изграденото се става во втор план - велат од Заводот.

    Урбанистите, пак, се убедени дека фелата ги почитува стандардите. Тие велат дека никој не е луд да гради неквалитетно и да го изгуби добриот углед во овој профитабилен бизнис. Сепак, нивниот став не се совпаѓа со анализата на пазарот на недвижности на независната консултантска компанија „Фортон“. Експертите на компанијата оценија дека иако во земјава многу се гради, квалитетот на градбите не е задоволителен.

    - Генерално, квалитетот на градбата е сиромашен, со минимални вложувања во акустиката и термалната изолација. Во Македонија има големи температурни разлики, што придонесува за зголемување на трошоците за енергија - пишува во извештајот.

    Лоша статика ќе убиеше четворица

    Неквалитетната градба и материјалите може да бидат многу опасни. Во тоа се уверија и четворица градежни работници кои пред неколку години беа тешко повредени додека поставуваа бетонска плоча на деловниот центар „Меги“ во скопската населба Аеродром. Железната конструкција која требаше да ја држи плочата попушти и се урна врз нив додека работеа на објектот. Градежните инспектори од Општината Аеродром констатираа дека изведувачот ги поседувал сите потребни дозволи за градба. Но, најверојатно, надзорот не бил како што треба и била направена лоша статичка пресметка.

    Барајте ознака СЕ

    Според регулативата, квалитетни и безбедни материјали се тие што овозможуваат изградените објекти да се механички отпорни и стабилни, овозможуваат заштита од пожар, хигиенска, здравствена и еколошка заштита, безбедност при употреба, заштита од бучава, како и штедење енергија и задржување на топлината. Градежните материјали што ги исполнуваат сите стандарди треба да имаат ознака СЕ на амбалажата, која истовремено е и доказ дека производот е тестиран во соодветна институција.

    http://daily.mk/cluster3/80d8cdd9fa5ecbfc8448c779c18756ac/679906


    Posted By: axel
    Date Posted: 12-Apr-2011 at 17:06

    Станбениот квадрат поскапува од 15% до 20%?

    Инфлаторниот притисок ќе ја вивне цената на становите. Градежните компании калкулираат нови цени на станбениот квадрат. Речиси сите компании во градежната индустрија со заеднички став- становите ќе поскапат многу скоро, до 15%.

    Корекцијата ја темелат на новото зголемување на вредноста на бензините дома, и растот на цената на нафтата на светските берзи, но и поради високата вредност на металите што ја прават нестабилна цената на градежните материјали.

    Дел од компаниите веќе извршија корекција на чинењето на суровините, односно градежните материјали, сепак како што велат тие, незначително. Но, оптимизмот кај нив полека згаснува, не само поради поскапата нафта која им ги зголемува трошоците за транспорт туку и поради зголемената вредност и на другите енергенси. Тоа ќе предизвика колапс на градежната индустрија, велат од синдикатот на градежниците.

    - Ако не се направат некакви отстапки, на пример како моделот во земјоделието, субвенции со мазутот, може во многу краток период да ја изгубиме индустријата за градежни материјали, вели Павел Трендафилов од ССМ.

    Според последните податоци од Статистика цените на производителите на елементи и материјали за вградување во градежништвото овој март во однос на минатиот, биле повисоки за 8,5 отсто.

    За еден месец, од февруари до март годинава регистриран е скок од четири отсто, а споредено со јануари за цели 15 отсто.

    Иако можеби минимално, сепак поскапувањето на градежните материјали, како што велат производителите, ќе предизвика скок и на цената на изградениот станбен квадрат во државата.

    Тоа веќе го регистрираше Државниот завод за статистика, пресметан е пораст на просечната цена на станбениот квадрат за 5,7 отсто во второто, во однос на првото полугодие на минатата година. Споредено со 2006 година, лани просечната цена е зголемена за 13,8 отсто. Во Скопје овој скок е поголем и изнесува 15 отсто.

    Маја Дамјановска
    12.04.2011, 17:02

    http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=73783


    Posted By: axel
    Date Posted: 05-May-2011 at 15:26
    Број на издадени одобренија за градење, март 2011 година

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2011 се издадени 195 одобренија за градба што е за 33.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 049 950 илјади денари што е за 35.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

    Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 147 (75.4%) се наменети за објекти од високоградба, 10 (5.1%) за објекти од нискоградба и 38 (19.5%) за објекти за реконструкција.

    Од вкупно 195 објекти, на 154 (79.0%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 41 објекти (21.0%) инвеститори се деловни субјекти.

    Во извештајниот период е предвидена изградба на 382 стана, со вкупна корисна површина од 38 201 м2.

    http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=11.02&rbs=8


    Posted By: build.mk
    Date Posted: 06-Jun-2011 at 21:21
    И во април помалку издадени градежни дозволи

    Како и во март, така и во април годинава градежните активности во земјава се намалуваат, а како главен индикатор за тоа се бројот на издадени одобренија за градба. Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2011 година се издадени 220 одобренија за градба, што претставува намалување од 5,6% во однос на истиот месец лани. Во согласност со одобренијата за градба, статистичарите пресметале дека предвидената вредност на објектите е за дури 33,3% помала во споредба со април 2010 година.

    Огромен е падот кај издадените одобренија за градба во однос на предвидените станови, дури за 44,6% е помала бројката на предвидени станови во април 2011 година, односно предвидена е изградба на 367 станови со површина од 30.671 метри квадратни. Според соопштението од статистика, за 13% е намален бројот на издадени дозволи за градба во секторот нискоградба и за 11,3% е помала сумата на одобренија за градење во секторот високоградба.

    Единствено зголемување од 34,6% е забележано кај издадените дозволи за реконструкција на објектите. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 165 (75%) се наменети за објекти од високоградба, 20 (9,1%) за објекти од нискоградба и 35 (15,9%) за објекти за реконструкција. Статистичкиот биланс укажува дека на 169 (76,8%) објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, додека кај 55 (23,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.


    Бојан Блажевски
    http://www.build.mk/?p=8018


    Posted By: гитардемон
    Date Posted: 16-Jun-2011 at 22:33
    ЈПССДП го промена форматот, а со тоа и името. Сега е акционерско друштво, и се вика:

    „Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката“ - да кажеме АДИССДП. Адресата на сајтот им е уште иста, ама на банерот друго пишува:

    http://jpssdp.gov.mk/ - http://jpssdp.gov.mk/

    -------------
    Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


    Posted By: build.mk
    Date Posted: 27-Jun-2011 at 19:26
    Скопје и понатаму убедливо предничи во бројот на изградени станови






    Во текот на 2010 година се градеа 1.497 објекти од страна на деловни субјекти и 4.526 објекти од страна на индивидуални сопственици, објави денес Државниот завод за статистика. Статистичарите пресметале дека во 2010 година се граделе 871 станови, а повеќе од половина од нив се во скопскиот регион, дури 445 станови. За градежните компании најинтересна локација за градба на станови била општина Аеродром, каде се изградиле 205 станови во текот на 2010 година. Во Охрид изненадувачки е мал интересот за изградба на станови од деловните субјекти, бројките покажуваат дека се завршени 39 станови во рамките на изминатата година.

    Во 2010 година од деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност се извршени градежни работи во вредност од 12.750.651 илјади денари. Статистичките податоци покажуваат дека вкупната површина на изградените станови изнесува 55.944 метри квадратни, а просечната корисна површина на становите изнесува 64,2 метри квадратни.

    Наспроти станбените единици градени од деловните субјекти, најголем интерес за изградба на станови од индивидуални сопственици во текот на 2010 година имало во Тетово и во Гостивар, каде што се завршени 382, односно 250 станови. Во однос на состојбата по региони, скопскиот регион и понатаму предничи со 1.617 завршени станови градени во индивидуална режија. Високо место кај завршените станови од оваа статистичка графа држат и Струга и Охрид, каде се финиширани 261, односно 228 станови.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2010 година од страна на индивидуалните сопственици извршени се градежни работи во вредност 12.275.165 илјади денари, а вкупната површина на завршените станови изнесува 386.698 метри квадратни. Просечната површина на завршените станови од страна на индивидуалните сопственици изнесува 90,3 метри квадратни.

    Бројките покажуваат дека скопскиот регион и во текот на 2010 година значително предничи во изградбата на станбени површини, како од страна на деловните субјекти, така и од индивидуалните сопственици.


    Бојан Блажевски
    http://www.build.mk/?p=8358 - http://www.build.mk/?p=8358


    Posted By: axel
    Date Posted: 06-Jul-2011 at 18:39
    http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3067&Itemid=125
    Во мај издадени 4,1 отсто повеќе одобренија за градење drzaven-zavod-za-statistika.jpgСкопје - Во мај се издадени 231 одобрение за градење што е за 4,1 процент повеќе во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
    Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 180 се наменети за објекти од високоградба, 22 за објекти од нискоградба и 29 за реконструкција. 
    Предвидената вредност на објектите изнесува 4.443.976.000 денари, што е за 230,2 проценти повеќе во однос на истиот месец лани. 
    Кај 162 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 69 деловни субјекти.
    Во овој период предвидена е изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од 58.600 метри квадратни.  (МИА)




    Posted By: axel
    Date Posted: 05-Aug-2011 at 13:15
    Издадени одобренија за градење

    петок, 05 август 2011


    Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2011 година се издадени 228 одобренија за градба, што е за 9.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 280 164 илјади денари, што е за 52.1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
    Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 184 (80.7%) се наменети за објекти од високоградба, 15 (6.6%) за објекти од нискоградба и 29 (12.7%) за објекти за реконструкција.
    Од вкупно 228 објекти, кај 189 (82.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 39 објекти (17.1%) инвеститори се деловни субјекти.
    Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 48 394 м2.

    http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=50


    Posted By: axel
    Date Posted: 15-Aug-2011 at 14:47

    http://kurir.mk/makedonija/vesti/39255-Gradeznite-firmi-ocekuvaat-poveke-dogovori-za-rabota - Градежните фирми очекуваат повеќе договори за работа


    Раководителите на деловните субјекти во градежништвото оценуваат дека економска состојба во градежните фирми во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава, како и во однос на вториот квартал лани е поповолна.

    rabotnici500

    Во тие фирми финансиската состојба во вториот квартал во однос на првиот, како и во споредба со истиот квартал минатата година, се подобрила, објави Државниот завод за статистика.

    Раководителите во второто тримесечје од годинава се со поповолни очекувања за бројот на вработени во наредниот период. Нивната оценка за сегашната состојба со порачки е поповолна во споредба со претходното тримесечје. Бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму е незадоволнителна и под нормалата, но со тенденција за подобрување.

    Во наредниот период раководителите на градежните фирми очекуваат продажните цени да се намалат и да се зголемат вкупните порачки (договори).

    Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат немањето доволна побарувачка со 19 проценти, зголемените трошоци за материјали со 18,2 проценти, недостигот на опрема со 13,3 проценти и конкуренцијата во сопствениот сектор со 11,1 процент.

    http://kurir.mk/makedonija/vesti/39255-Gradeznite-firmi-ocekuvaat-poveke-dogovori-za-rabota


    Posted By: axel
    Date Posted: 15-Aug-2011 at 14:48
    Гранит за два месеци ќари 17,7 милиони евра
    Петре Димитров -  15 август 2011   10:41 GMT

    Градежната компанија „Гранит“ објави склучување на два нови договори.

    Првиот се однесува на изградба на сообраќајна клучка за поврзување на аеродромот „Александар Велики“ во вредност од 1,92 милиони евра, со рок на изведба од 3 месеци. Нарачател е турскиот „ТАВ“, кој ја има концесијата за управување со аеродромот.

    Вториот договор се однесува на тампонирање и асфалтирање на улици во рурални подрачја на општина Струмица во вредност 576 илјади евра.

    Покрај овие два договори од 2,49 милиони евра, „Гранит“ пред неколку дена објави дека потпишал уште четири договори во вредност од 8 милиони евра.

    Кон крајот на јуни, компанијата извести и за потпишување на договор за рехабилитација на автопатот од Катланово до Велес, кој деновиве почнува да се реализира и е во вредност од 7,23 милиони евра.

    За неполни два месеци, компанијата потпиша договори вредни 17,7 милиони евра. Најголем дел од овие пари се од договори со државата.

    http://daily.mk/cluster3/90fc0a264a84337624effd978c8ccad1/864059


    Posted By: axel
    Date Posted: 05-Sep-2011 at 09:59

    ГД Гранит АД потпиша нов Договор - 02.09.2011

    ГД Гранит АД потпиша нов Договор

    за изградба и градежни работи за изградба на објект катна гаража 5.13 Мал ринг во Скопје- градежен дел
    Вредностата на договорот со пресметан ДДВ изнесува 273.191.013,00 МКД
    Рокот за изведување е 12 месеци и инвеститор е : Акционерско Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје

    http://www.mkfondovi.com/mk_MK/company/14_24088-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82-%D0%B0%D0%B4.html#cnews


    Posted By: axel
    Date Posted: 05-Sep-2011 at 11:44
    Издадени одобренија за градење

    понеделник, 05 септември 2011


    Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2011 се издадени 210 одобренија за градба што е за 8.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 443 455 илјади денари, што е за 55.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
    Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (79.1%) се наменети за објекти од високоградба, 16 (7.6%) за објекти од нискоградба и 28 (13.3%) за објекти за реконструкција.
     
    Од вкупно 210 објекти, на 165 (78.6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 45 објекти (21.4%) инвеститори се деловни субјекти.
     
    Во извештајниот период е предвидена изградба на 697 станови со вкупна корисна површина од 54 274 м2.

    http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=50


    Posted By: axel
    Date Posted: 05-Oct-2011 at 15:58
    http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=50 - http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=50

    Издадени одобренија за градење


    среда, 05 октомври 2011


    Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2011 се издадени 191 одобрение за градба што е за 28.5% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
     
    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 520 027 илјади денари, што е за 9.8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
     
    Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 149 (78.0%) се наменети за објекти од високоградба, 17 (8.9%) за објекти од нискоградба и 25 (13.1%) за објекти за реконструкција.
     
    Од вкупно 191 објект, на 140 (73.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 51 објект (26.7%) инвеститори се деловни субјекти.
     
    Во извештајниот период е предвидена изградба на 558 станови со вкупна корисна површина од 47 108 м2.





    Posted By: build.mk
    Date Posted: 05-Oct-2011 at 22:51
    Подетално

    Помалку дозволи за градба, поголема вредност на објектите

    Слично на јули, во текот на август годинава се издадени помалку одобренија за градба, но истовремено вредноста на планираните објекти е поголема во споредба со август 2010 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2011 година се издадени 191 одобрение за градба, што е за 28,5% помалку во однос на истиот период лани. Наспроти издадените дозволи, предвидената вредност на објектите расте и во август и изнесува 2.520.027 илјади денари, што е за 9,8% повеќе во однос на истиот месец од минатата година. Статистичарите пресметале најголемо зголемување на вредноста на објектите во секторот нискоградба од 21,2% во споредба со август 2010 година.

    Од вкупниот број евидентирани одобренија за градба, 149 (78%) се наменети за објекти од високоградба, 17 (8,9%) за објекти од нискоградба и 25 (13,1%) за објекти за реконструкција. Најголемо намалување од 43,3% е забележано кај дозволите за објекти од нискоградба, а значително намалување е констатирано и кај одобренијата за објектите од високоградба за 27,3% во споредба со истиот период лани. Според податоците на статистичарите, во август е предвидена изградба на 558 станови на територијата на Република Македонија. Изненадувачки, најголем број на планирани станови за градба во август се започнати во полошкиот регион со 179 станбени единици, а на ниво на општини предничи Ѓорче Петров со планирани 111 станови за градба.


    Бојан Блажевски
    http://www.build.mk/?p=9972 - http://www.build.mk/?p=9972


    Posted By: axel
    Date Posted: 07-Nov-2011 at 14:19
    Издадени одобренија за градење

    понеделник, 07 ноември 2011


    Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2011 година се издадени 212 одобренија за градба што е за 20.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 747 139 илјади денари, што е за 10.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
    Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 165 (77.8%) се наменети за објекти од високоградба, 25 (11.8%) за објекти од нискоградба и 22 (10.4%) за објекти за реконструкција.
    Од вкупно 212 објекти, на 153 (72.2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 59 објекти (27.8%) инвеститори се деловни субјекти.
    http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=50 - http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=50


    Posted By: axel
    Date Posted: 18-Nov-2011 at 09:58

    Компанијата ГРАНИТ АД потпиша нови договори

    17.11.2011

    Компанијата  ГРАНИТ АД потпиша нови договори

    1.Изградба на улици во населба Горно Лисиче
    Вредноста на договорот со пресметан ДДВ изнесува 41.558.162,55 ден
    Рок на изведување : 1 година
    Инвеститор : Општина Аеродром

    2. Нивелирање и припрема на земјиште во ТИР Зони
    Вредноста на договорот со пресметан ДДВ изнесува 32.372.116,67 ден.
    Рок на изведување : 15 дена
    Инвеститор : Дирекција за Технолошки Индустриски Развојни Зони

    http://www.mkfondovi.com/mk_MK/news/24278-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0--%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82-%D0%B0%D0%B4-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B8%D1%88%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%B4%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8.html


    Posted By: axel
    Date Posted: 05-Dec-2011 at 12:28
    Издадени одобренија за градење

    понеделник, 05 декември 2011


    Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2011 се издадени 268 одобренија за градба што е за 40.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 431 599 илјади денари што е за 58.1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
    Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 208 (77.6%) се наменети за објекти од високоградба, 16 (6.0%) за објекти од нискоградба и 44 (16.4%) за објекти за реконструкција.
    Од вкупно 268 објекти, на 205 (76.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 63 објекти (23.5%) инвеститори се деловни субјекти.
    Во извештајниот период е предвидена изградба на 507 станови со вкупна корисна површина од 46 067 м2.


    http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=50


    Posted By: axel
    Date Posted: 05-Jan-2012 at 14:07
    Издадени одобренија за градење

    четврток, 05 јануари 2012


    Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2011 се издадени 240 одобренија за градење,
    што е за 0.4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
     
    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 977 838 илјади
    денари, што е за 32.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
     
    Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 173 (72.1%) се наменети за објекти од високоградба, 28
    (11.7%) за објекти од нискоградба и 39 (16.2%) за објекти за реконструкција.
     
    Од вкупно 240 објекти, на 167 (69.6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 73 објекти (30.4%)
    инвеститори се деловни субјекти.
     
    Во извештајниот период е предвидена изградба на 496 станови со вкупна корисна површина од 43 764 м2.

    http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=50


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 12-Jan-2012 at 09:51
    Мала шега




    LOL


    Posted By: axel
    Date Posted: 06-Feb-2012 at 12:39
    Издадени одобренија за градење

    понеделник, 06 февруари 2012


    Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2011 се издадени 256 одобренија за градење што е за 11.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 931 774 илјади денари што е за 45.3% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


    Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 208 (81.2%) се наменети за објекти од високоградба, 12 (4.7%) за објекти од нискоградба и 36 (14.1%) за објекти за реконструкција.


    Од вкупно 256 објекти, на 223 (87.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 33 објекти (12.9%) инвеститори се деловни субјекти.


    Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови со вкупна корисна површина од 54 637 м2.

    http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=50



    Posted By: axel
    Date Posted: 10-Feb-2012 at 13:25

    „Гранит“ лапна зделки од речиси 20 милиони евра од државата

    Градежното друштво „Гранит“ АД Скопје објави дека има потпишано нов договор со Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Македонија, а кој се однесува на изградба на административен објект: државни институции – јавна администрација и Факултет за драмски уметности во Скопје. Вредноста на договорот изнесува  1,214 милијарди денари (19,74 милиони евра) со вклучен ДДВ и рок на изведување 20  месеци.

    Инаку, лани, само од 22 јуни до 13 август, за неполни 2 месеци, компанијата потпиша договори вредни 17,77 милиони евра. Најголем дел од овие пари се од договори со државата за патишта, како и еден со општината Илинден. Покрај ова, компанијата потпиша и два помали договори со ТАВ за вршење на градежни работи околу аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

    Исто лани, но во неомври, „Гранит“ извести дека за околу 1,6 милиони евра ќе го гради подземниот паркинг на две нивоа во новиот неокласичен објект во кој ќе бидат сместени Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј.

    Истиот месец, само една недела подоцна, компанијата објави дека има потпишано два нови договори со вкупна вредност од 74 милиони денари (1,2 милиони евра). Првиот се однесува на изградба на улици во Горно Лисиче, а потпишан е со општина Аеродром. Вториот договор, пак, е потпишан со Директоратот за технолошко-индустриски и развојни зони и се однесува на нивелирање и подготовка на земјиште во ТИР зоните.

    Со овие две зделки во вкупен износ од 2,8 милиони евра, компанијата лани, за помалку од 5 месеци, потпиша договири вредни 20,57 милиони евра. Но оваа најнова зделка е убедливо најголема и заедно со неа вкупната сума на договорени проекти на „Гранит“ изнесува 40,31 милиони евра за период од 22 јуни до 10 февруари, односно за помалку од 8 месеци. Најголем дел од оваа сума (над 90 отсто) се однесува на зделки со централните или локалните власти, а над 50 отсто се зделки кои се однесуваат на проектот „Скопје 2014.“

    http://www.plusinfo.mk/vest/32917/Granit-lapna-zdelki-od-rechisi-20-milioni-evra-od-drzhavata



    Posted By: axel
    Date Posted: 05-Mar-2012 at 13:18
    Издадени одобренија за градење

    понеделник, 05 март 2012


    Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2012 се издадени 169 одобренија за градење што е за 1.7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.


    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 412 089 илјади денари што е за 14.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


    Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 126 (74,6%) се наменети за објекти од високоградба, 13 (7.7%) за објекти од нискоградба и 30 (17,7%) за објекти за реконструкција.


    Од вкупно 169 објекти, на 116 (68,6%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 53 објекти (31,4%) инвеститори се деловни субјекти.


    Во извештајниот период е предвидена изградба на 477 станови со вкупна корисна површина од 37 522 м2.


    http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=50


    Posted By: OCB
    Date Posted: 09-Mar-2012 at 00:03


    http://www.stat.gov.mk/Publikacii/1.3.12.02.pdf


    Posted By: axel
    Date Posted: 07-May-2012 at 17:18
    Издадени одобренија за градење

    понеделник, 07 мај 2012


    Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2012 се издадени 210 одобренија за градење што е за 7.7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 570 055 илјади денари што е за 74.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.


    Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 146 (69.5%) се наменети за објекти од високоградба, 43 (20.5%) за објекти од нискоградба и 21 (10.0%) за објекти за реконструкција.


    Од вкупно 210 објекти, на 130 (61.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 80 објекти (38.1%) инвеститори се деловни субјекти.


    Во извештајниот период е предвидена изградба на 512 станови со вкупна корисна површина од 41 010 м<sup>2</sup>.

    http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=50



    Posted By: build.mk
    Date Posted: 31-May-2012 at 22:59
    Македонија допрва треба да развива проектни менаџери во областа на градежништвото

    Проектниот менаџмент е во почетна фаза на развој кај македонските градежни компании и поради тоа неретко настануваат проблеми при реализацијата на градежните проекти. На ваквата состојба укажаа дел од говорниците на Конференцијата за Проект – менаџмент што денеска се одржа во просториите на Градежниот факултет во Скопје, во соработка помеѓу оваа високообразовна институција, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, ЕуроКомпјутер Системс и SKILLS Бугарија. Професорката Валентина Жилеска – Панчовска од Градежниот факултет напомена дека на ниту еден факултет во Македонија сеуште нема посебна студиска програма по проектен менаџмент во градежништвото, а нема ниту голем број на организирани настани на оваа тема од типот на конференции и семинари.

     

     

     

     

    Таа нагласи дека во земјава сеуште не се имплементирани лиценци на ниво на овластувања за работа на проектните менаџери, при што компаниите најчесто се користат со меѓународните стандарди како што се: ISO 10006 или PMBOQ. Во Законот за градење има само еден член што се однесува на сегментот управител на градба, но тоа не е регулативен процес заснован на ниво на поединци. „Во Македонија сеуште не е достигнато потребното ниво во областа на проектниот менаџмент“, заклучи во својот говор професорката Жилеска – Панчовска.

     

    Џими Чар, претседателот на бугарскиот огранок на меѓународната непрофитна организација Институт за проектен менаџмент (PMI) нагласи дека во светски рамки компаниите губат билиони долари во однос на вредноста на проектите поради недоволното искуство или незнаење на лицата што работат во оваа област, нивното доцнење, дополнителните трошоци што се јавуваат или пак поради враќањето на проектите на доработка. „Од повеќе од 20 милиони вработени во областа на проектниот менаџмент во светот, само 1 милион од нив се сертифицирани“, истакна во својот говор господинот Чар.

     

     

     

     

    Тој ги напомена придобивките од членувањето во глобалната организација PMI, при што една од нив се и Заедниците на пракса во кои членуваат десетици илјади професионалци од различни сегменти блиски до проектниот менаџмент во градежништвото. За сите нејасни прашања и нови теми кои се отвораат во оваа област, зачленетите лица можат да се запознаат или да го споделат своето искуство преку ваквите заедници. Организацијата има развиена мрежа во меѓународни рамки што овозможува искуствени контакти помеѓу професионалците кои се вклучени во управувањето на проекти во градежништвото. Основана во 1969 година во САД, PMI денес има преку 400.000 активни членови во 185 држави во светот, а наскоро се очекува да се оформи огранок и во нашата земја.

     

    На еднодневната конференција со свои стручни говори учествуваа Стефан Малиновски, проектен менаџер од SKILLS Бугарија, Дотчка Василева, директор на консултанската компанија од областа на проект – менаџментот DL Management од Бугарија и Милчо Миронов, главен извршен директор на компанијата Galchev Engineering Group од Бугарија. Со пригодна реч, на почетокот на настанот се обрати и Милорад Јовановски, декан на Градежниот факултет во Скопје.



    http://www.build.mk/?p=15548 - #
    Објавено на 31.05.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

    Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%b6%d0%b5%d0%bd-%d1%84%d0%b0%d0%ba%d1%83%d0%bb%d1%82%d0%b5%d1%82-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Градежен факултет Скопје , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b0%d1%80%d1%85%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%b8-%d0%b8-%d0%be%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d1%81 - Комора на овластени архитекти и овластени инженери , http://www.build.mk/?tag=%d0%bb%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d1%81%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b0 - Легислатива , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%bb%d1%83%d1%87%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b0 - Случувања

    http://www.build.mk/?p=15548


    Posted By: Max
    Date Posted: 04-Jun-2012 at 23:11
    Originally posted by build.mk

    од Градежниот факултет напоменаa дека на
    ниту еден факултет во Македонија сеуште нема посебна студиска програма
    по проектен менаџмент во градежништвото


    http://www.youtube.com/watch?NR=1&v=icKFVIzHSZ8 - битно им текна на градежен дека треба уште некој број да завртат, за да го најдат чарето за домашната архитектура, но и урбанизмот воопшто! сепак, бидејќи програмите кај нас се виросани, додека да се очистат, и натака http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=492&PID=33246#33246 - со импровизации ќе преживуваме!

    да се биде http://www.youtube.com/watch?v=ll3GnSyixFw - архитект е едно, но http://www.youtube.com/watch?v=DkkXwlEjMCM - градежник сосем друго, a http://www.youtube.com/watch?v=1GOrTSsg058 - за-едно сосем трето!



    Print Page | Close Window