Print Page | Close Window

Дизел локомотиви

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Железници
Forum Discription: Возен парк, инфраструктура, железнички станици...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=561
Printed Date: 13-Nov-2018 at 05:45

Topic: Дизел локомотиви
Posted By: Vladimir P
Subject: Дизел локомотиви
Date Posted: 10-Mar-2009 at 22:55
Списокот што Македински Железници - Транспорт имала - има дизел локомотиви по серии во својот возен парк

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Replies:
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Mar-2009 at 22:56
Серија MЖ 642
маневарски локомотиви

642-002    ĐĐ 520.0088.02/61    растурена
642-003    ĐĐ 520.0088.04/61    ??
642-006    ĐĐ 520.0088.22/62    во возна состојба

642-104    ĐĐ 520.0088.03/61    растурена
642-121    ĐĐ 520.0088.21/62    растурена
642-178    ĐĐ 716/68                  во возна состојба
642-180    ĐĐ 718/68                  во возна состојба
642-182    ĐĐ 720/68                  растурена

Распоред на осовини    Bo'Bo'
Вградена снага             606 kW / 826 кс
Маса сопствена             60,50 тона
Маса по осовина           16 тона/ос.
Брзина на отворен пат 80 км/ч

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Mar-2009 at 22:57
MЖ 642-006

МЖ 642-178

MЖ 642-180

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Mar-2009 at 23:35
Серија MЖ 643
маневарски локомотиви

МЖ 643-005    /67    во возна состојба
МЖ 643-006    /67    во возна состојба
МЖ 643-007    /67    растурена

Распоред на осовини    Bo'Bo'
Вградена снага             680 kW / 925 кс
Маса сопствена             60,50 тона
Маса по осовина           16,80 тона/ос.
Брзина на отворен пат 80 км/ч

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Mar-2009 at 23:36
МЖ 643-005

МЖ 643-006

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Mar-2009 at 02:05
Што значи "ĐĐ"?

Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Mar-2009 at 02:35
Da ne e nesto Djuro Djakovich?!Dunno Mislam deka se odnesuva na specifikacija na motorot!

Posted By: MAPJAH
Date Posted: 11-Mar-2009 at 07:03
Originally posted by lslcrew

Da ne e nesto Djuro Djakovich?!Dunno Mislam deka se odnesuva na specifikacija na motorot!

MNOGU STE BLISKU DO ODGOVOROT

Ovie lokomotivi se izraboteni vo fabrikata Djuro Djakovich od Slavonski Brod vo Hrvatska,
po licenca na fabrikata Brissonneau et Lotz od Francija.

Nekogas pred 45 godini se koristea i za vlecenje na brziot patnicki voz PELAGONIJA EKSPRES
koj bese edinstven deloven voz vo Makedonija i patuvase na relacijata
Bitola - Prilep - Bogomila - Veles - Skopje nautro i popladne vo sprotivnata nasoka.
Svoevremeno za toj voz imase reklama na Televizija Skopje, pa bi me raduvalo
ako moze vo nivnata arhiva da se pronajde snimkata od reklamata.

Sega ovie lokomotivi od seriite 642 i 643 se koristat samo kako manevarski lokomotivi.

Pozdrav od zeleznicarot po profesija i po dusa.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Mar-2009 at 21:36
MЖ серија 661 која ги има-ла во својот возен парк

Tip EMD 16-567 C i E

661-144
661-145
661-146
661-147

661-218
661-219
661-220
661-221
661-222
661-223
661-234
661-235
661-236
661-237
661-238
661-239
661-240
661-241

661-402
661-403
661-404
661-405
661-406
661-407
661-408
661-409
661-410
661-411
661-412
661-413

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Mar-2009 at 21:38
Серија MЖ 661 подсерија 100

Распоред на осовини     Co'Co'
Вградена снага              1434 kW / 1950 кс
Маса сопствена              104,00 тона
Маса по осовина            18,60 тона/ос.
Брзина на отворен пат 124 км/ч

MZ 661-144 GM 26744/61

MZ 661-146 GM 26746/61

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Mar-2009 at 21:42
Серија МЖ 661 подсерија 200

Распоред на осовини     Co'Co'
Вградена снага              1434 kW / 1950 кс
Маса сопствена              105,00 тона
Маса по осовина            19,00 тона/ос.
Брзина на отворен пат 124 км/ч

MЖ 661-220 GM 31824/66

MЖ 661-223 GM 31827/66

MЖ 661-235 GM A2436/70

MЖ 661-236 GM A2437/70

MЖ 661-237 GM A2438/70

MЖ 661-238 GM A2439/70

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Mar-2009 at 21:43
Серија MЖ 661 подсерија 400

Распоред на осовини     Co'Co'
Вградена снага              1434 kW / 1950 кс
Маса сопствена              104,00 тона
Маса по осовина            18,60 тона/ос.
Брзина на отворен пат  124 км/ч

MЖ 661-408 GM A2718/72

MЖ 661-410 GM A2720/72

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 22-Mar-2009 at 01:20
661-410 дефинитивно е најубава! Вистинска убавица!

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Mar-2009 at 11:05

Имаш среќа, баш нејзе ја уловив во вторникот кај Градско Big%20smile

Колку имаме со ваква кабина? Две?

1

2

3

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Mar-2009 at 13:25
Одлични слики си фатил Cloverstack
Од 12 локомотиви 661 серија 400 која е со спуштен нос останати во употреба се:

МЖ 661-404 моментално на ремонт
МЖ 661-408
МЖ 661-410

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-Mar-2009 at 13:44
Ќе ја нарушам кохерентноста на нишката, но ќе прашам пак нешто поврзано со дизел локомотиви, барем некој кој се разбира. Дали е исто да се вози дизел локомотива и електрична, во смисла дали ако знаеш да возиш дизел автоматски ќе знаеш и електрична, или треба некое дополнително образование, и обратно? Пример ако знаеш да леташ со цесна, не можеш со боинг 737, сепак треба дополнителни часови. И како се станува машиновозач, со факултет, или со завршен курс? (нешто како за пилот)

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Mar-2009 at 13:57
Originally posted by гитардемон

Мислам дека не е проблем 2-3 поста off,
Буквално за секоја локомотива треба дебела обука, така да оној што вози еден тип на лок. не може без положена обука да вози друга.
Кај нас постои срено училиште ДСУ Владо Тасевски каде има таков смер, е после почнуват маките со обука во самата железница

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Mar-2009 at 14:46
Ај уште еден off врзан за дизелките слични на нашите

[TUBE]nQjQxMVz9P4[/TUBE]

Се препорачува гласот појако Smile

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Dragan
Date Posted: 22-Mar-2009 at 20:09
a be ne mi e jasno edni vikaa deka dizelot ja zagaduva okolinata i ispusta poveke C2, ako e taka treba da se ukinat ovie lokomotivi

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Mar-2009 at 20:24
Originally posted by Dragan

a be ne mi e jasno edni vikaa deka dizelot ja zagaduva okolinata i ispusta poveke C2, ako e taka treba da se ukinat ovie lokomotivi

Но предходно треба се да се електрифицира, но и покрај тоа треба да се имаат ко резерва во случај на пад на систеем и ....
Иначе веке во новите дизел, како и во колите се врградуват нови технологии за заштита на околината.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-May-2009 at 21:54
И по толкугодишни перипетии дизел локомотивата МЖ 642-178 ја почна својата работа, маневра и припрема на возот број 336 за Белград.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: MAPJAH
Date Posted: 08-May-2009 at 12:53
АИРЛИЈА РАБОТА МАЕСТРО
 
Се надевам дека локомотивата МЖ 642-178 успешно ќе влече маневарски состави.

-------------
ПОЗДРАВ ОД ЖЕЛЕЗНИЧАРОТ
ПО ПРОФЕСИЈА И ПО ДУША

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-May-2009 at 18:21
Оваа беше таа што беше заглавена на репарација во Србија цели 3 години?

Дали сте дошле до информација дали „шиновоз“ (мислам така се викаше фирмата) барем квалитетно си ја завршиле работата?

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-May-2009 at 18:34
Шиновоз е пред пропаст и добро што е довлечкавме до дома, така да нашиве имаа полни раце работа да ја донесат во возна состојба

Еве како изгледаше кабината

А да не зборам за моторниот дел, колку мака имаа, но сепак МЖ има добри мајстори иако без многу услови и делови

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 08-May-2009 at 20:05
Супер, тоа значи една маневарка плус во погон.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-May-2009 at 20:42
Previous
Како не, барем сега нема да се прави маневра на ваго-два со огромната дизелка 661 која гота нафта ко ...

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-Jul-2009 at 23:08
Денеска две маневарки MZ 642-182 и 642-002 (за оваа не сум сигурен во бројот) тргнава за Трубарево на вагање и деновиве идат за Марибор на обнова.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Jul-2009 at 02:07
За 642 и 643 малку ни се расфрлани постовите и во оваа и во општата тема за возниот парк... Колку вкупно беа одредени за обнова и до каде е таа работа?

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-Jul-2009 at 12:46
Во Марибор, Словенија треба да се обноват вкупно 4 маневарки, кој како насушен леб ни се потребни.

* Имаш право, малце хаотично е делов на железница откако нарасна, можда треба малку да се потсреди но, сигурно многу време ќе одзеде, но ...

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 23-Jul-2009 at 20:37
Првите две дизел маневарки се стигнати во Марибор

Се спремаат овие денови и другите две да се испратат на ремонт

MЖ 643-007

MЖ 642-121

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: vardar
Date Posted: 24-Jul-2009 at 10:57
Владимир овие 4 ќе се реновираат а моментално имаме 5 што се во возна состојба, овие ќе бидат замена или појачање?
 
Дали знае некој колку чини еден ваков ремонт?
 
Кај 642-121 ај те молам објасни што точно ќе се реновира, ја гледам само школка Eeek3 Big%20smile
 
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 24-Jul-2009 at 13:14
Originally posted by vardar

Владимир овие 4 ќе се реновираат а моментално имаме 5 што се во возна состојба, овие ќе бидат замена или појачање?

5 до7 зависи како кога се исправни (стално ги крпат), иначе овие не се замена него насушна потреба, сега многопати за маневра се употребува „кенеди“ 661 (која бадава се амотизира и троши нафта). Види на сликата погоре двете маневарки ги влече 661 Ohno
Originally posted by vardar

Дали знае некој колку чини еден ваков ремонт?
Не би знаел, не е дадена никаква информација за оваја зделка!
Originally posted by vardar

Кај 642-121 ај те молам објасни што точно ќе се реновира, ја гледам само школка Eeek3 Big%20smile

Обртните постолја на сите се раставени-извадени, така да останува вградување на нови мотори и нова електика-електроника.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Dec-2009 at 14:34

Локомотиви кој неуморно трчаат по нашите пруги на ова смрзнувачко време

МЖ 661-237
 
МЖ 661-146
 
-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 22-Dec-2009 at 16:20

Како мал се плашев од изгледот и бучавата што ја прават овие локомотиви
Но сега навистина ми се бендисуваат како изгледаат.Зрачат од моќ.

-------------
build.mk, гради форумска историја

Posted By: zookisk
Date Posted: 26-Dec-2009 at 23:23
4 локомотиви од серија 644 од Словенија доаѓаат кај нас во Македонија...

Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-Dec-2009 at 03:48

Веројатно вакви?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 27-Dec-2009 at 11:37

Интересантно е тоа што влече отпозади, стар-обновен вагон Baat (каубоец) кој ги имаат обновено за инвниот историско - туристички воз

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Dec-2009 at 13:39
На нет читам дека производител е шпанската Macosa (прва половина на 70тите), ама на изглед се речиси идентични со нашата (и воопшто бивша југословенска) серија 661. Значи произведувани се по лиценца на General Motors нели?

Инаку гледам има доста суштински разлики помеѓу двата типа. Моќноста им е 1230 kW а на 661 е 1433 kW. Максимална брзина им е 80 km/h, а на 661 е 124 km/h. Се разликуваат и по осовинската формула (или како веќе се вика тоа):
661 - Co'Co'
664 - A1A'A1A'

Туку знае ли некој колкава им е цената и кои точно сериски броеви ќе ни бидат продадени?

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 27-Dec-2009 at 14:36

Од тогашната ЈУ во 1972-73 купени се 25 комада од Macosa по лиценца на EMD модел G22U. Иначе како што напомена ова е послаба од 661 и е со 4 влечни осовини.

Иначе Србија зема на „лизинг“ 6 овакви ремонтирани локомотиви од Словенија, а Црна гора 4 комада. Цената на продажба им е 400.000 - 420.000 ЕУР.

Е сега дали ние ги изнајмуваме или „купуваме“, непознатица ми е.

И усте нешто постојат два типа на 644 со и без генератор на пареа, (греење на вагони) какви ќе набавуваме и за која намена ќе бидат ???

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: zookisk
Date Posted: 28-Dec-2009 at 21:41
Па најверојатно ќе бидат со парен генератор бидејќи имаме само 4 дизелки со парен генератор кои многу тешко ги послужуваат релациите за Битола и Кичево,додека за кружни возови во скопски јазол и останати товарни возови оваа зима на чело на истите се наоѓаат:
661-144
661-146
661-220
661-237
661-408
661-410 (најчесто работи во Велес и Фени)

Posted By: mon
Date Posted: 03-Jan-2010 at 12:10
A kako e izvrsena renumerizacijata na MZ lokomotivite po raspadot na Jugoslavija?
Dali se samo zameneti JZ so MZ bukvite ili pak se promeneti i oznakite na seriite/podseriite ?

-------------
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Jan-2010 at 13:29
Originally posted by mon

A kako e izvrsena renumerizacijata na MZ lokomotivite po raspadot na Jugoslavija?
Dali se samo zameneti JZ so MZ bukvite ili pak se promeneti i oznakite na seriite/podseriite ?

Сета ренумерација на МЖ е останата како од времето на ЈЖ (серија, подсерија),
тоа е случај кај сите екс-ЈУ републики освен во Хрватска каде потполно се на ддруг начин ренумерисани !!??

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: mon
Date Posted: 09-Jan-2010 at 11:04
Originally posted by Vladimir P

Сета ренумерација на МЖ е останата како од времето на ЈЖ (серија, подсерија), тоа е случај кај сите екс-ЈУ републики освен во Хрватска каде потполно се на ддруг начин ренумерисани !!??
Ova ne sum go znael! Dali e ist slucajot i so vagonite i ostanatite vozila na MZ ili samo so lokomotivite?

-------------
Železničko modelarstvo:
Makedonija: http://outmacedonia.blogspot.se
ex-YU: http://malezeljeznice.net

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 26-Jan-2010 at 12:24
Пред неколку години во Битола доаѓаше една локомотива со кабина како MЖ 661-410 ама бојата му беше портокалово со црно...  Покрај многу бројните слики и податоци на форумов никаде ја нема спомната таа локомотива... Dunno

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 26-Jan-2010 at 15:01
Originally posted by Danielbtmk

Пред неколку години во Битола доаѓаше една локомотива со кабина како MЖ 661-410 ама бојата му беше портокалово со црно...  Покрај многу бројните слики и податоци на форумов никаде ја нема спомната таа локомотива... Dunno

Daniel добро дојде,
Потполно ме зачуди ова твое сеќавање, во МЖ никогаш немало портокалова бија на дизел лок., освен на некој дизел маневарки кој имаат да речеме жолта и црвена. Иначе стандардно EMD лок. се зелени.!!!???

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 26-Jan-2010 at 15:01
Старана лок не може да се движи во наши простори (едино влечена од наша)!

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 26-Jan-2010 at 19:44

Ама таа локомотива не влечеше вагони, туку секогаш сама како да ја испробуваа за нешто. Често ја гледав бидејќи живеам до железничка па така го гледам секој воз...

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-Mar-2010 at 02:20
Пред реновирање МЖ 642-002

Сега, на пробна вожња во Марибор

фото: Jembah

Наскоро дома

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Max
Date Posted: 06-Mar-2010 at 12:45

опа ова не е само лифтинг, ова е дедо со нови мускули  

~

а Даниел да не мислиш на црвенава http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=457&PID=49350#49350 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=457&PID=49350#49350 претпоставувам неиспрана фаќа на портокалово

Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-Mar-2010 at 23:27
A ова е маневарка или?

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-Mar-2010 at 00:47
Originally posted by гитардемон

A ова е маневарка или?

Служи за маневра и лесни патнички композиции

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Mar-2010 at 00:06
Ова беше една од четирите 642/643 што отидоа во Словенија на реновирање така? Ова е прва што е спремна?

Кога сме веќе кај Словенците, што стана со најавата дека од Словенски Железници ќе набавиме четири локомотиви од серијата 644?

Posted By: BOJAN
Date Posted: 11-Mar-2010 at 10:58
Владимир, дали можеш да ми објасниш која е разликата во однос на трошоците за гориво што ги има оваа маневарка во однос на Кенеди? Сигурно троши помалку гориво, но дали се исплати вакви маневарки да ни ги влечат возовите за Битола и Кичево или дефинитивно ќе се користат единствено во товарниот сообраќај?

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-Mar-2010 at 14:44

- 642 (826 ks) имаат на старт 7,9 кг/ч на маневра 15,8 кг/ч потрошувачка новата сигурно многу помалку.
- 661 (1950 ks)имаат на старт 21,3 кг/ч на маневра 42,6 кг/ч потрошувачка на гориво.

Иначе би била погодна за влечење на патнички возови кон СК - Табановце или Ск - Кочани, за Битола и Кичево со толкав број на вагони и такви нагиби !!??

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Mar-2010 at 11:23
Јасно ми е, тоа значи дека најверојатно би се користела за товарен сообраќај.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-Mar-2010 at 14:50

Товарен маневарски и лесен патнички превоз

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Mar-2010 at 12:56

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 16-Mar-2010 at 21:05

Добра слика. btw Знае некој податоци за оваа Локомотива... ?

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Mar-2010 at 21:31
Руска локомотива TEM2 кај нас се води како серија 667

Иначе во МК имаме две овакви локомотиви МЖ 667-001 и МЖ 667-002 кој беа дојдени со рафинеријата 1981 година (која е исто руска технологија)

Иначе 667 е тешка маневарска локомотива, 123 тона, 1000 kW, 100 км/час

П.С. Едната е вон употреба а со другата се борат секојдневно

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-Apr-2010 at 10:27
Благодарение на приателот од Словениа Cokla ја имаме информацијата дека синојка во 23:00 од Марибор тргнала за дома комплетно обновената дизел локомотива МЖ 642-002

фото: cokla

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Apr-2010 at 17:31

Многу убави фотографии, секоја чест за типот. А и машината изгледа тип топ  Cheers

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-Apr-2010 at 18:54
Originally posted by Cloverstack

Многу убави фотографии, секоја чест за типот. А и машината изгледа тип топ  Cheers

Да, човекот стварно има сенс нарочно за ноќни фотографии

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 07-Apr-2010 at 19:11
Веќе имаме нови вести, возољубителите ја пратат нашата МЖ 642-002 попат.

Денеска ва главната ранжирна станица во Загреб имаме фотографии од приателот Тома

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Apr-2010 at 15:53

Пристигна ли?

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Apr-2010 at 20:48
Овој дожд ме убива, никако да се решам д отидам да видам-сликам

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: zookisk
Date Posted: 17-Apr-2010 at 15:28
Локомотивата е веќе во депо Лисиче и нема да биде означена како 642-002 туку ќе биде означена со подсерија 400 што значи ќе биде 642-4... (утре ќе го дознаам точниот број...)

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Apr-2010 at 17:00
Би требало 642-401, ако идат по ред, треба и останатите полека да пристигаат

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: zookisk
Date Posted: 17-Apr-2010 at 19:01
До каде е работата со останатите локомотиви Владо имаш ли информација?

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Apr-2010 at 20:24
Само дека следната е скопена !!!???

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: zookisk
Date Posted: 25-Apr-2010 at 20:24
Еве ја и втората маневарска локомотива која се наоѓа во во Марибор на комплетна обнова...Наскоро ќе ја видиме на македонските пруги...Thumbs%20Up

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-May-2010 at 20:58
Втората маневарка веќе е на пробно возење во Марибор

Фото: Barbarpapa1

Првата дизел маневарка со нови броеви-серија МЖ 462-401 веќе е во употреба во депо Лисиче.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-May-2010 at 21:41

Од надвор се толку педантно е средени, што по малку личат и на модели
Добро е што се документирани кога се во ваква состојба, зашто не верувам дека во догледна иднина ќе ги видиме толку чисти.

@ zookisk
Друже ако знаеш дај по некој коментар за фотките, што е што

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-May-2010 at 21:53
Еве го најбитното МОТОРОТ

Фински "бродски" мотор Wärtsilä UD30 V12 R20
12 цилиндри, снага на моторотa 607 kW и 1500 rpm

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 11-May-2010 at 09:30
Дали се планира овие дизел-маневарки да им бидат дадени на привремено користење на големите комбинати, како што е ФЕНИ, Јегуновце, Железара... за да се врши маневра во кругот на фабриките каде што би се подготвувале готови композии за локомотивите?

Неодамна кога патував за Кичево, забележав дека во кругот на фабриката Јегуновце има маневарка, црвена боја, помала од овие ново модернизираните.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-May-2010 at 11:53
Сите овие комбинати-фабрики имаат свои или на мж локомотиви, така да во железара работи МЖ 621-608

А за Јагуновце несум сигурен но мислам работи една дизелка серија 732-100 иначе тие се црвени.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 27-May-2010 at 12:29
Готова е и втората дизел маневарка која наскоро треба да пристигне во Македонија.

Фото: Majster, Словениа

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 03-Jun-2010 at 18:08
Еве ја веќе дома MЖ 642-402 на своето редовно работење, во позадина и MЖ 642-401

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Jun-2010 at 19:14
ApplauseОдлични се, денеска ги видов како влечат вагони во депо Лисиче. Има и една добра изненадувачка вест. Локомотивата 661-146 која што настрада во наносот кај Лакавица денес го влечеше возот Битола-Скопје, ама се гледа дека е крпена од што стигналоDunno

Сепак, имам мала забелешка за МЖ, од Битола за Скопје со попладневниот воз сообраќаа 6 вагони во петок, а со вечерниот воз од Скопје за Битола сообраќаа 5 вагони и тоа баш во петок! И после зошто немало гужви во возовите...

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Jun-2010 at 22:19

Баш тој воз утрово го фатив пред идење за Кичево

Бојане, има недостаток на вагони, тоа е факт.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 04-Jun-2010 at 22:30
Интересна работа. За празници кога има гужва пуштаат само по 4 вагони, а во обични денови, како што гледам по 6 .... Ohno

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Jun-2010 at 22:48
Малку off, еве го од денеска местото на одронот, каде брзината е ограничена само на 30 км/час

04-06-2010

Даниел, еве ја сликата од Битола од саботата (ти бев на гости) пристигнавме со 5 а тамо не чекава уште два за враќање, иначе со истата локомотива МЖ 661-146

29-05-2010

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 05-Jun-2010 at 10:37

На одронот кај Лакавица, возовите дури и запираат, машиновозачот го простудира теренот, па се оди напред. Истиот случај е и со делот пред Јегуновце, ужасно споро се вози, сигурно не повеќе од 30 км/ч, генерално земено, кога се возев пред некоја недела, возовите каснеа по 20-тина минути во Кичево, односно Скопје.

Инаку прекрасни фотографии од Владимир, се надеваме дека ќе има некаква репортажа од Кичево и БитолаLaugh.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Jun-2010 at 12:16
Следат репорташи но никако да стигнам да го средам мартеријалот

Иначе за Кичево се идеше со новата дизел локомотива МЖ 642-402, тоа беше пробно возење да се види како ќе се покаже на совладување на успоните, да потоа во случај на потреба да може да се уклучи на таа релација.

Се пристигна во Кичево во најдобар ред, и со прекрасна работа на локомотивата, работеше ко часовник.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Jun-2010 at 14:47
Владимир и сега колку потроши до Кичево локомотивава?

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Jun-2010 at 16:38
Во секој случај многу, многуууу помалку, но ќе требаат повеќе различити возења за да се извади валиден просек.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: FoSsiL
Date Posted: 05-Jun-2010 at 17:55

никогаш не сум се занимавал со оваа тема....околу возови...локомотиви.... но сега ме заинтересира... некако нашите возови ги сметав за заостаните од овие сега што се конструираат.... но кога видов дека може да изгледаат вака средени... се премислувам... накако ми се привлечни..убавки.. ми се допаѓаат.....

една работа што не ми се допаѓа е тоа што се дизел.... и веројатно трошат.... а јас сакам поекономични и поеколошки возови (иако возовите воопшто  се многу поеколошки од останати превозни средства).... но сега засега ќе вршат работа...

кога ќе дојде време и ние ќе имаме брзи возови.... па и овие сега мене ме задоволуваат...

во секој случај екстра локомотиви имаме...

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Jun-2010 at 20:03
Мора да признаеме дека за една година се реновирани 2 електро и 4 дизел локомотиви, кое мислам со децении не се случило, него се беше оставено на заборав.

Иначе новите дизел мотори кој се уградени во овие локомотиви се од ена од нареномираните фирми за дизел мотори, Wartsila од Финска со сите еко новитети.

А кога спомнуваме ЕКО еве некој упоредни табели

Парис - Берлин

Лјублјана - Белград

Штета нас и тука не нема, некој не се заитересирал
Иначе ова можете да го проверите за секоја дестинација на
http://www.ecopassenger.org/ - http://www.ecopassenger.org/

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-Jun-2010 at 09:48
Навистина корисни и освестувачки информации кои се позитивни за патувањето со воз.

Прекрасно што се модернизираа волкав број на локомотиви, сепак мислам дека парите од Светската банка требаше да се искористат порано, кредитот ни беше одобрен 2006 или 2007 година, а локомотивите се модернизираат 2009 и 2010 година.

Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Aug-2010 at 22:53
Originally posted by zookisk

4 локомотиви од серија 644 од Словенија доаѓаат кај нас во Македонија...

Што бидна со ова?

И патем еве една слика на која случајно налетав, од ремонтот на наша 642-ка во Словенија (или можеби 643-ка? може ли да се распознаат во ваков стадиум и по што?)

Posted By: zookisk
Date Posted: 04-Aug-2010 at 00:16
Ова е слика од првата локомотива што пристигна на МЖ после обновата во Марибор...642-401...

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Aug-2010 at 00:27
Постојан неколку разлики помеѓу дизел локомотивите 642 и 643 а основно е:

Серија 642 производител: Brisseneau et Letz, Francija, во период од 1961-1972, снага ~606 kW, тежина 64 t

Серија 643 производител: Đuro Đaković, Jugoslavija, во период од 1967-1978, снага ~680 kW, тежина 66 t, има парен генератор.

Иначе по надворешност неможеш баш да ги разликуваш, има некој различни детали, но со време на ремонти и тие се променети така да ...

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Aug-2010 at 11:36
Прекрасно прашање Cloverstack, навистина словенците ветуваа брда и долини, некаде прочитав и дека некакви вагони ќе ни даделе, а не само локомотиви 644.

Нема ништо сеуште од работата, но затоа веќе три локомотиви од серијата 642 се вратени во Скопје, при што возат на патничките возови кон Кичево кога некој од Шпанците е расипан.

Неодамна ме возеше 642-402 од Кичево кон Скопје и како прво, вози поспоро од Кенеди-возот каснеше 25 минути, а како второ такво клацкање на вагоните досега не сум видел, бар на два-три пати да се почуствуваш дека вагоните излетале од пругата. Многу сум разочаран од моето прво дружење со нејзеOhno.

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Aug-2010 at 12:09
Потполно нотмално за таков тип на локомотива. Прво меѓуосното растојание потоа тежината на истата и на крај снагата. Сепак таа во основа е маневарска локомотива.

А каснењето е поради нејзината максимална брзина која е ~80, не рачунајќи ја снагата која е битна нарочно на тие успони, и сеуште ограничувањето на делот каде беше одронот од 30 км/час.

Ко би знаел како е во самата лок

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 26-Aug-2010 at 19:20
Денес се расипа 661 223 во Битола. А за назад (Скопје) беше влечена од друга локомотива пратена од Скопје...Ohno

-------------

Posted By: BOJAN
Date Posted: 27-Aug-2010 at 17:29
Ех, на 661-223 и ја извадија душата, и лете и зиме, она постојано е на чело на патничките возови кон Битола. Би било добро бар оние локомотиви што се со исправен парен генератор(како оваа) да не возат во летните месециDunno.

Posted By: zookisk
Date Posted: 27-Aug-2010 at 21:19
Originally posted by BOJAN

Ех, на 661-223 и ја извадија душата, и лете и зиме, она постојано е на чело на патничките возови кон Битола. Би било добро бар оние локомотиви што се со исправен парен генератор(како оваа) да не возат во летните месециDunno.

Во летните месеци ниедна локомотива нема парен генератор (на крај на грејната сезона се демонтираат генераторите и одново се монтираат на почетокот на истата) а како што е ситуацијава во моментов кај нас не одмара ниту една локомотива а посбено дизелките 661...Во моментов се исправни и се движат 661-146, 219, 220, 223, 235, 236, 237 (само на маневра во Трубарево) 238 и 410...Е сега од овие локомотиви пресметај колку од нив треба да ги покријат патничките возови за Битола,Кичево и Косово и плус 3 дизелки 661 од кои едната работи во Велес (најчесто е 661-410), една т.н кружна локомотива за превлекување на возови во Скопскиот јазол и една или две кенедиевки за товарните возови од Трубарево за Косово (генерал Јанковиќ)...Најчесто за дефекти на некоја од локомотивите на битолска пруга (како во случајов кога дефектирала 661-223 ) се испраќа велешката локомотива или пак ако е веќе на работа во Фени тогаш помош доаѓа од Трубарево како што имавме 2 случаи во скоро време......

Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 05-Sep-2010 at 13:49
661-223 онака...

-------------

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Sep-2010 at 17:11
Даниел, одлични слики, само штета што е во таква состојба - валкана

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Sep-2010 at 17:15
Еве нешто сеуште чисто и НОВО

МЖ 642-403

Се надевам деновиве ќе ја усликам и МЖ 642-404 по нејзиното царинење.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-Sep-2010 at 17:56
И нешто што наскоро ќе искочи на нашите пруги

МЖ 661-234

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/

Print Page | Close Window