Print Page | Close Window

Изборни програми и најави 2009

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=562
Printed Date: 19-Apr-2024 at 12:14


Topic: Изборни програми и најави 2009
Posted By: pbanks
Subject: Изборни програми и најави 2009
Date Posted: 08-Mar-2009 at 08:00
За почеток... изборната програма за Скопје на Драган Колчаковски од ВМРО-НП



Градот Скопје како посебна урбана целина

Драган Колчаковски ќе изгради нов објект за парламентот

Деспина Трајковска



Драган Колчаковски веќе 25 години е редовен професор на Природно-математичкиот факултет по предметот геоморфологија. Член е на ВМРО-Народна партија од нејзиното формирање, а веќе извесен период е дел од партискиот Извршен комитет. Кандидатурата за градоначалник на Скопје му е прв обид за „посериозен“ влез во политиката.



Каква е Вашата визија за Скопје. Накусо претставете ни ја Вашата програма, имате ли приоритети во неа и кои се тие?

Мојата визија е во децениите што доаѓаат Скопје да прерасне во регионален центар (седиште) на Југоисточна Европа на меѓународните организации и институции (УНЕСКО, Светска банка, ФИФА...).

Спомнатите и многу други организации при едни сосема поинакви општествено-политички прилики своите регионални центри во овој дел на Европа природно е да ги лоцираат во градот на солидарноста, во главниот град на Република Македонија. За реалноста на една ваква и не така далечна визија е примерот со американската амбасада! Најпогодна локација за оваа намена е просторот од левата страна на реката Вардар, помеѓу мостот „Гоце Делчев“ и Зајчев Рид.


Еден од приоритетите во мојата програма е дислокација на сегашниот парламент, кој би се сместил во исклучително репрезентативен објект на просторот на денешниот Музеј на современата уметност, а тоа значи и пренамена на сегашната зграда на парламентот во национален археолошки музеј. Како дополнување на проектот е елиминација на сообраќајницата од Градската болница до семафорите кај „Палома Бјанка“ и претворање на целиот простор во пешачка зона. Тоа значи комплетно преуредување на паркот со изградба на амфитеатар за културни манифестации.



Сметате ли дека е неопходна промена на Законот за Град Скопје?

Во едно сосема ново парламентарно мнозинство, ВМРО-НП ќе предложи закон според кој Градот Скопје ќе се дефинира како посебна урбана целина (потесното градско подрачје). Во нејзини рамки би се дефинирале четиринаесет административни кварта (Центар, Капиштец, Карпош 1 итн). Од пошироката урбана (субурбана) зона на Скопје би се издвоиле пет приградски населби како посебни општини (Драчево, Радишани, Ченто, Ѓорче Петров, Шуто Оризари) во кои влегуваат и поблиските рурални населби. Другиот простор на Скопскиот регион би го претставувале општини со седиште во рурална населба (Арачиново, Петровец, Кондово, Илинден итн).



Доколку станете градоначалник, дали ќе ги продолжите двата проекта на Костовски кои тој ги остави како аманет, мислам на проектот за трамвај и гасификација?

Апсолутно да, но како што стојат нештата, најверојатно во последните години од мојот мандат т.е. по завршувањето на мандатот на сегашната, со маркантен демократски капацитет Влада. Во спротивно, ми останува судбината на Костовски за аманети!

Наведените проекти сигурно би ги продолжил, но затоа како градоначалник попрво би скокнал во матен Вардар отколку да дозволам прскање против комарци. Години и децении наназад за ситни провизии ги лажат скопјани со некакви препарати што не биле штетни, а такви нема! Затоа пак, скопјанчињата одамна не можат да видат ластовички, а тоа што одвреме- навреме низ Аеродром ќе продефилираат илјадници гасеници, само укажува на нарушената еколошка рамнотежа.



Вашата визија за урбанистичкиот изглед на централното градско подрачје, плоштадот и неговата околина?

Бидејќи во последно време тематиката плоштад е исклучително актуелна, би се задржал само на него. Според Законот за Град Скопје, ако тоа и воопшто е така, сегашните надлежности како систем се и системски проблем! Локален градоначалник ни решава за уредување на локација (плоштад) со милениумско значење. Ајде да речеме дека тоа не е' жалосно, туку само смешно. Колку што се сеќавам, и господинот премиер во неколку наврати има изјавено дека се тоа одлуки на Општина Центар.

Во текот на кампањата, во вториот круг, кога и ќе се избира градоначалникот, токму на оваа тема, на скопјани и пошироко на македонската јавност, ќе им презентирам две нешта кои нема да бидат изненадување, туку изненадувања што се граничат со шокантност! Една од идеите е лично моја, резултат на мојот ментален склоп, додека втората ја носам како аманет од пред 25 години. Со нивното обелоденување и трката за градоначалник ќе биде завршена!?




Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Mar-2009 at 03:03

Враќање на духот на Скопје

Коце Трајановски ќе го решава хаосот во урбанизмот

Снежана Калабакова



Доколку станете градоначалник на Скопје, ќе ги продолжите ли незавршените проекти на градоначалникот Костовски, вклучително и проектот за трамвајот?

Ќе ги продолжиме сите проекти кои се во интерес на граѓаните на Скопје. Ќе треба да се види дали е испочитувана законската постапка за нивно почнување, како и финансиската конструкција за нивно завршување. Во секој случај, имаме позитивна определба и целта е сето она што е почнато да се заврши. Не сакам да водам политика на опортунизам на сметка на граѓаните.

Ќе ја разгледаме можноста за продолжувањето на проектот за трамвајот, ќе ги разгледаме сите законски процедури. Ќе ги согледаме можните извори на финансирање и финансиската конструкција што е направена. Сметам дека Градот Скопје нема доволно пари сам да го изгради трамвајот. Потребна му е соработка со Владата, но и пари од странски фондови и банки. Овој проект е еден од најголемите, како што беше и уредувањето на кејот на Вардар по поплавата и затоа треба заедно со Владата да ја разгледаме неговата реализација, бидејќи, сепак, капиталните инвестиции се во нејзина надлежност.



На кои градски проблеми ќе ставите акцент и што ќе Ви биде приоритет?

Најголем проблеми се јавната чистота и сообраќајниот хаос и тие за мене претставуваат основни приоритети на кои ќе треба напорно да работам. Затоа ќе направиме реорганизација на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кое мора да стане ефикасна организација. Ќе спроведеме кампања за едукација на граѓаните, од децата до возрасните, и ќе набавиме нова опрема, бидејќи со рачно чистење е невозможно да се исчисти градот. Ќе воведеме и поголем третман на отпадот, а тоа значи селектирање уште при неговото собирање и рециклирање. Што се однесува до сообраќајот, во овој мандат ќе направиме напори да почне подземното водење на сообраќајот на булеварот „Партизански одреди“, од „Тифани“ до Комплекс банки и на Јужен булевар зад „Рамстор“, како и на булеварот „Македонија“. Планираме да изградиме подземни пешачки премини на улица „Македонија“, кај „Мекдоналс“, пред „Бисер“, кај Градежен факултет, ТЦ „Карпош“, на Бит-пазар и кај „Алкалоид“ во Автокоманда. Ќе ги прошириме булеварите „Првомајска“, „Србија“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Илинденска“.



Сметате ли дека полесно ќе ги решавате проблемите поради непречената соработка и поддршка што ќе ја имате од централната власт?

Нашето мото е „Заедно можеме повеќе“. Заедно со Владата и во соработка со сите општини, на граѓаните можеме да им понудиме решавање на многу проблеми и подобри услови за живеење. Градот Скопје со години нема соработка со Владата и мислам дека сега е време за тоа.



Ќе ставите ли ред во урбанистичкиот хаос во Скопје?

Ќе направиме промена на Генералниот урбанистички план. Скопје на ваков начин не може да функционира. Нараснати се потребите на граѓаните и на градот. Ќе направиме измени секаде каде што е потребно, согласно со надлежностите на Градот. Ќе се заложиме и за враќањето на духот на градот Скопје.



Кој е Вашиот најголем проект што планирате да го реализирате?

Најголемиот проект е токму во сообраќајот. Исто така, ревитализација на Скопската чаршија, изградба на бедеми на скопско Кале, изградба на жичарница од Средно Водно до врвот, воведување на ИСО 9001 2000 во функционирањето на градската администрација, што ќе значи еден систем на процедури и постапки и контрола на секој вработен во согласност со европските стандарди.



Дали сметате дека Законот за Град Скопје треба да се менува и зошто?

За да се промени Законот за Град Скопје, сигурно треба да се прашаат граѓаните, според европската определба на локална самоуправа оној што го менува законот треба и да ги консултира. Не сум за нова територијална поделба на градот, не сум за Скопје да биде една општина. Но, сум за промена на Законот во делот на разграничувањето на надлежностите помеѓу општините и Градот Скопје. Исто така, и во Законот за финансирањето на единиците на локалната самоуправа за добивање повеќе финансиски средства за Градот, што би значело подобро функционирање и поголема финансиска самостојност. Впрочем, тоа се заложбите на ЗЕЛС.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4711048AAF5CB84890E4882387BB4D4F



Posted By: beTon
Date Posted: 09-Mar-2009 at 04:44
http://www.telma.com.mk/video.aspx - Дебата на кандидатите за градоначалници на град Скопје - Телма - 06.03.2009


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Mar-2009 at 16:10
Сите се за промени - едни за ситни, други за радикални
Автор:  Гоце Трпковски
КАНДИДАТИТЕ%20ЗА%20ГРАДОНАЧАЛНИК%20ЗА%20ЗАКОНОТ%20ЗА%20СКОПЈЕ
Законот за градот Скопје треба да се менува, согласни се кандидатите за градоначалник на главниот град. Но тие се разликуваат во своите ставови за тоа колкави да бидат промените, дали на градот му е потребна една целосна реорганизација или само мали измени што би овозможиле тој подобро да функционира. Кандидатите од владината коалиција во централната власт, тие од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, се повоздржани за ова прашање, а другите сметаат дека Скопје треба да има многу поинаква територијална организација, а неговиот градоначалник многу поголема моќ. Мислењата се движат од тоа дека треба да се натераат општините повеќе да соработуваат, до тоа дека тие треба целосно да се укинат, а од градот да се одделат и руралните средини. Последново го застапуваат пред се кандидатите од НСДП, ЛДП и од Либералната партија.

Прашањето за нова организација на градот Скопје го отвори актуелниот градоначалник Трифун Костовски и за него се расправаше речиси во текот на целиот негов мандат. Костовски смета дека сегашната поделба по општини е лошо решение, кое овозможува блокади на градските проекти од општините поради политички причини. Според него, градот треба да биде една општина составена од урбаните делови на сегашните општини Центар, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Гази Баба и Карпош, а сите други да се одвојат како приградски. Двојазичноста, која Костовски ја смета за главна причина за вештачкото припојување на рурални средини кон градот, тој предлага да биде загарантирана, без разлика на процентуалната застапеност на етничките заедници во градското население.

Сегашните кандидати веруваат дека би се снашле и во овие услови, но би сакале тие да се подобрат.

ЕЛЕНОВСКИ: СУШТИНСКА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА

За Лазар Еленовски, кандидатот од Социјалдемократската унија, процесот на децентрализацијата е клучен за државата и затоа тие како партија подготвиле солиден проект за неговото продлабочување.

- Што се однесува до градот Скопје, потребни му се квалитативни, а не квантитативни промени. Треба да се направат одредени измени во законот за градот, пред се во однос на надлежностите на градоначалникот и на другите градски органи, со цел да може да се раководи со градот. Но потребно е да се направи суштинска децентрализација, која ако ја спроведеме правилно ќе овозможиме Скопје да функционира во системски рамки. Скопје е еден град и мора да функционира како целина - смета Еленовски.

ТРАЈАНОВСКИ: НЕ Е ВРЕМЕ ЗА НОВА ПОДЕЛБА

Сега не е време за нова територијална поделба на Скопје, но тоа не значи дека не се потребни никакви измени во Законот за градот, смета Коце Трајановски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, најважно е подецидно да се одредат односите меѓу градот и општините.

- Какви и да се промените, потребна е поширока кампања за тоа. Не можеме да расправаме за нова територијална поделба без да одлучиме каде би припаднале деловите што би останале надвор од Скопје, а според Европската повелба, треба за тоа да се прашаат и самите граѓани. Мислам дека не се целосно искористени потенцијалите на овој закон, па треба прво да го извлечеме максимумот од него, да направиме напори и да видиме каков ефект ќе добиеме од нашите ангажмани. Не е добро за Скопје да биде една општина. Сите проблеми може да се решат со подобрување на комуникацијата меѓу градот и општините. А во никој случај не можеме да менуваме цел закон поради изолирани случаи, како неиздавањето градежни дозволи за некои градски проекти - додава Трајановски.

НАГАВЦИ: СКОПЈАНИ СЕ ЖРТВИ

Аргтим Нагавци, кандидатот на Нова демократија, вели дека главниот проблем со Законот за градот Скопје е што тој е компромисно решение кое во себе има многу недоречености.

- Тој е резултат на лошата, дури и на намерната и со многу предрасуди интерпретација на Охридскиот договор. Целата децентрализација е лошо направена, особено во Скопје и во Западна Македонија. Тоа се решенија што ќе генерираат политички проблеми. Секоја нелогичност иницира друга, секој деформитет предизвикува друг. Така и скопјани се жртви на политички пазарења меѓу лидери што не гледаат подалеку од Табановце и од Крива Паланка. Погледнете ја само општината Чаир. Најгусто населена во Европа, а ги нема содржините неопходни за развој. Границите и се толку чудни, што како со ножици да и се отсечени витални институции, згради и културно-историски споменици - додава Нагавци.

Според него, ваквото територијално организирање е несоодветно, тромо и тешко за менаџирање поради лошата политичка култура за соработка. Овој кандидат смета дека град со 550 илјади жители поделен на десет општини секогаш ќе биде растргнат меѓу разните политички интереси, а ќе страдаат граѓаните.

ЗЕКОЛИ: ВНИМАТЕЛНО СО ЕТНИЧКИТЕ ПРАШАЊА

Шефкет Зеколи, кандидатот на ДУИ мисли дека може да се снајде и во сегашната организација на градот, без поголеми измени во законската регулатива. Сепак и тој вели дека Скопје како метропола и како посебна единица на локалната самоуправа има потреба од нова организациска поставеност.

- Тоа неминовно подразбира и нова организациска поставеност и измена на границите на општините, за да се испочитуваат европските стандарди и нормативи за територијалната организација на локалната власт. Од друга страна јас мислам дека со иницирањето да се измени Законот за градот Скопје се навлегува во политиката и во желбата бројот на одредени етнички заедници да се сведе на минимум. Тоа може да отвори и други, доста интересни прашања - додава Зеколи.

ПОПОВСКИ: ГРАД НА КОНТРАСТИ

Според Душко Поповски, кандидатот на Либералната партија, сегашната територијална организација на општините е несреќно и брзоплето донесено решение, со кое само за да се добие двојазичност се жртвувал побрзиот и поуспешниот развој на сите десет општини.

- Вака организирано, Скопје претставува град на контрасти. Исти луѓе, а многу различни интереси и потреби. Мојот предлог за побрз развој во сите сфери на живеењето е реорганизацијата во една единица на локалната самоуправа. Руралните средини треба што е можно побрзо да се одвојат од главниот град, односно од неговиот урбан дел. На тој начин ќе се остварат различните потреби, ќе се намалат разликите во квалитетот на живеењето - рече Поповски.
Тој смета дека за да се реализира една волку чувствителна идеја претходно е потребно да се направи длабока анализа.

ПЕТКОВСКИ: ОПШТИНИТЕ НЕ МОЖЕ ДА БИДАТ РАМНИ НА ГРАДОТ

Тито Петковски, кандидатот на НСДП, кој е поддржан и од СДСМ, нагласува дека му се познати ефектите од примената на постојниот закон за Скопје, како и ингеренциите на градоначалникот, но нагласува дека промената на тие состојби зависи од Собранието, а не од волјата и убедувањата на градоначалникот.

- Ја поддржувам идејата за нов закон за Скопје, но за тоа треба да одлучат пратениците во Парламентот. Зошто сметам дека се неопходни промени? Пред се за поефикасно функционирање на сите механизми во нашата престолнина и за задоволување на интересите на граѓаните. Со сегашната поделба многу добри и полезни иницијативи се закочени, често се мешаат надлежностите и одговорностите, а сето тоа е на штета на скопјани. Во Европа има малку главни градови што се поделени на општини, но во нив општините ги немаат истите ингеренции како градот. Неодамна ги посетив Загреб и Љубљана и се сретнав со нивните градоначалници. Тие градови одлично функционираат како една целина и сметам дека и ние треба да примениме таков успешен модел за организирање на еден главен град - вели Петковски.

НАЈЧЕВСКА: СКОПЈЕ Е ЕДНА ЦЕЛИНА

За Скопје да се развива Мирјана Најчевска, кандидатката на ЛДП, истакнува дека тоа треба да се дефинира како единствена административна и функционална целина во потесни урбани граници, меѓутоа со многу добри врски и со некој вид партнерство со општините што би ја сочинувале неговата непосредна околина.

- Прашањето за односот меѓу градот и општините е постаро од 30 години. Кон крајот на 1970-те се отвори расправата за поделбата на надлежностите на локално ниво и за предностите на едната или на другата опција. Современите правци на развој на урбаните подрачја исто така не нудат единствен одговор. Тоа што најмногу ја оптоварува моменталната ситуација е отсуството на прецизна регулатива која што ќе им овозможи на граѓаните полесно да се снајдат во комплицираните односи општина-град-централна власт - вели Најчевска.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=337&ArticleID=19911 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=337&ArticleID=19911
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Mar-2009 at 16:13
Дебатата на Телма за жал уште уште не стигнав да ја изгледам, само гледав извадоци. Она што ќе го кажам сега се темели пред се на двете интервјуа во оваа нишка и по некоја дополнителна информација што допрела до мене.




Позитивно ме изненадија ставовите и гледиштата на професорот Драган Колчаковски. Можам да кажам дека досега, од сите кандидати за скопски градоначалник единствено тој ми изгледа дека солидно е запознаен со работите и дека има осет за тоа што треба да работи и во кој правец треба да го носи Скопје неговиот градоначалник. Впечатокот е само првичен, но еве ги работите што ми се допаѓаат:

- Географијата и транспортните коридори на Скопје му даваат реална можност да се наметне како регионален центар за повеќе работи. Тој факт за почеток треба да се препознае и да се има основна визија и желба да се работи во тој правец. Кај професоров гледам дека барем овие предуслови се присатни.

- Очигледно е запознаен и се залага за планот за претворање на ул. Димитрија Чуповски во пешачка зона (што на пример на Коце Трајановски очигледно не му е јасно, но за тоа подолу). Се надевам дека ова автоматски значи и залагање за конечно реализирање на некои многу подобри сообраќајни решенија кои предолго се одложуваат, а без кои ваквата трансформација на Димитрија Чиповски едноставно не е можна.

- Идејата за „ново собрание“... Не се слагам комплетно околу тоа која треба да е новата локација, а имам и дилеми и околу тоа во што треба да се пренамени стариот објект, но ставот на професорот ми е секако многу поблизок отколку 17-милионската будалаштина која моментално се форсира.
За оние кои не се во тек, на форумов опширна дискусија за собранието имаме водено овде:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=78 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=78

- Идеја за преуредување на границите на и во Скопје, како и за редефинирање на ингеренциите... Не знам колку е разработен и колку е добар конкретниот концепт, ниту пак вакви идеи се нешто ново, но од онаа кратка најава, концептот ми изгледа многу поразумен од оној што го предлага Трифун на пример (Бутел и Ѓорче да се „исфрлеле“ од надлежност на скопскиот градоначалник). Поширокиот регионален пристап, како и „слоевитото“ дефинирање на надлежностите мислам е многу подобро за економски и секаков друг развој.

- Одговорот што го даде за капиталните проекти како трамвајот и гасификацијата. Кај нас дури и за овие работи тешко се наоѓа правилен принципиелен став и реално согледување на околностите.

- Апсолутно и целосна подршка за ставот околу жалните работи што се случуваат на и околу Плоштад Македонија. Баш ме копка кои се тие две работи што би ги обелоденил. Се надевам дека нема да не остави со подотворени усти во негативна смисла.




На Коце Трајановски пак, за жал многу нешта не му се јасни, а добивам впечаток и дека му недостасува осет за тоа во кој правец треба да оди градов и што треба да ни бидат приоритетите. Еве ќе почнам од делот кој веќе го спомнав:

- Најавува подземни пешачки премини на ул. Димитрија Чуповски (кај ул. Македонија и кај мекдоналдс). Значи очигледно не е запознаен со планот за претворање на Димитрија Чуповски во пешачка зона, ниту му е јасна потребата од тоа. Автоматски не му се јасни ни пошироките и далеку подобри долгорочни сообраќајни решенија за тоа да може да биде изведено. Наместо тоа, тој ни нуди два подземни пешачки премини во непосредна близина еден до друг, од кој едниот прилично ќе ја унакази улицата Македонија, нејзина пешачка логика, естетика и репрезентативност...

- Идејата за проработување и „озвучување“ на часовникот на старата железничка исто така останува многу матна. Во целата работа (покрај тоа што ми изгледа прилично дебилно) ми боде очи и мотивацијата за тоа да се изведело. Едно било тоа што часовникот наводно симболизирал дека времето застанало, па сега ако сме го покренеле, ќе сме сределе работа. Тој споменик симболизира нешто сосема друго, а дека времето во Скопје застанало покажуваат други работи како нереализирани капитални објекти, или макар обичните градски часовници кои голем дел се застанати и никако да се среди ситуацијата на тоа поле. Другиот мотив бил препоснатливиот поглед долж улица Македонија, кој ете не бивало да гледа на застанат часовник. Би запрашал како ќе изгледа тој препознатлив поглед и колку добро ќе се гледа старата железничка доколку ги насадат најавените „портали“ долж улицата, идеја која потекнува и се форсира токму од партиските кругови на Коце.

- Ќе ни го градел ем Јужен булевар, ем Булевар Македонија (еден ист булевар). Дополнително, улицата Теодосиј Гологанов која е предвидена како паралелна колекторска/дистрибуторска улица, ќе ја проширувал и ќе правел булевар. Само не знам зошто и како ќе успее да смести три булевари на една иста траса Roll%20eyes

-Радува најавата на Коце за реализација на подземниот коридор под плоштад, но со оглед на неговото непознавање и несериозност околу другите работи поврзани со сообраќајот, ми изгледа само како бомбастична најава и воопшто не сум оптимист, колку и да сакам да бидам.

Исто така, за жал овој кандидат ја носи хипотеката дека би бил само продолжена рака за реализацијата на дебилните проекти како двокатни автобуси, црква на плоштад, контингенти споменици и безброј други слични.




За Тито Петковски пред се (а во отсуство на објаснување и сериозно застанување зад некаков крупен проект) ме интересира што работел настрана од политиката. Какви проекти се зад него, што менаџирал, кави резултати испорачал надвор од чистата политичка сфера... Само политичка кариера (па макар да беше и блескава) според мене не е доволен аргумент зошто би требало некој да биде избран да раководи со еден град и неговите урбани прашања. Баш напротив, мислам дека тоа е аргумент против.

Друга работа, а поврзана со претходната - има една симпатична реклама за овој кандидат што се врти деновиве. Изработката и квалитетот на рекламата се одлични! Сепак мислам дека е промашена поентата... канделабри, клупи, корпи за отпадоци... дали се ова приоритетите со кој ќе се фати во костец Тито Петковски??? Да се разбереме, ова се апсолутно потребни работи, но од еден кандидат за градоначалник на 700 иљаден град со толку многу многу инфраструктурни проблеми би очекувал да збори за многу покрупни нешта. На клупите и корпите за отпадоци сметам дека треба да се посветува нужно внимание без воопшто да се дига некаква фама околу тоа - тие не се работи кои изискуваат не знам каква способност или големи средства! Плус, во моменталнава организација урбаната опрема воглавно е работа на општинските градоначалници, па можеби на тимот на Тито не им е јасен системот, или па намерно мачкаат очи со наивна популистичка порака.
Несериозната популистичка порака на рекламава (која за жал претпоставувам ќе му придобие по некој глас) ја сметам како доказ дека и кај овој кандидат фали осет и свест за тоа како треба да се води градов.




Од Мирјана Најчевска до сега ми има упаднато само делот каде таа се буни против многуте „висококатници“ што никнувале низ Скопје и го актуелизира „проблемот со циркулација на воздухот“.
Не знам кои се тие висококатници што никнуваат, ниту ми е јасно што според кандидатката спаѓа во таа категорија. Но уште повеќе ме интересира кои аргументи ќе ги приложи околу наводите за циркулацијата на воздухот. Конечно би сакал да слушнам барем основни научни факти околу ова прашање, а не само уште маалски митови!
За да може правилно да пристапиме кон тој проблем, ни треба научен осврт, а не паушалните проценки на Мирјана Најчевска и сите „маалски експерти“ кои спроти огромните проблеми што му тежат на градов, токму оваа тема ја претворија во дежурна.

И во контекст на ова, уште една забелешка од мене - дај боже паметно, планирано и осмислено да градевме повеќе во висина. Тоа мислам е многу поеколошки пристап и похуман град, отколку да пренатрупуваме внатре во градот, неповратно зголемувајќи ја густината на објектите. Или пак нерационално да го шириме градот без мерка, пополнувајќи ја целата котлина и нејзината околина.
Идеално решение не постои, треба да се бара најцелисходен компромис во функција на општото добро. Паушалните теории за циркулацијата на воздухот сигурно не одат во прилог на добро планирање туку ги сметам за само уште еден популистички трик!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 11-Mar-2009 at 16:15
lazat site, jas ne veruvam poveke, deka sega vetuvaat se a koga ce dojdat vo foteljata nisto ne pravat


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Mar-2009 at 16:55
мѕ мацедониа јас не би се сложил со твојава констатација зашто е повеќе од паушална. Сепак од овие наши сограќани треба да избереме еден и треба да го најдеме најдоброто од нив.

Кловер, анализава не е далеку од вистината но јас би упатил малку внимание и на политичкиот контекство кои се наоќаат секој од кандидативе. Реално Коце има предност што е од иста политичка провиненција со централната власт и може да влезе средства. За разлика од него другите се горе долу закочени во тој поглед, на пример Тито колку и добар концепт да понуди за развој на градот ќе гледаме само една лоша епизода од шпанската серија. Гледам имаш обработено само неколку кандидати од изборната понуда, но другите и реално немаат некоја сила на терен па само џабе и ке ги анализираме. Јас би го додал и Лазе Еленовски во анализата. Инаку досега стварно понудава ми е некако нивелирана и тешко е да се извлече фаворит. Изгледа ќе треба да се бира некое нужно зло од типот "нема јужен, ама ќе има тунел под плоштад" или слично нешто. Башка деновиве колку што наслушнав новиот ГУП е веќе непишано правило, јавна тајна, само уште да видиме колку ќе се искасапи градот со цел некој да си го задоволи егото и да каже дека успеал да го реализира планот, а впрочем незнаејќи дека ниеден светски град го нема докрај реализирано ГУП-от бидејќи тоа е долгорочен план и не е направен да биде целосно реализиран него постепено да се реализира.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Mar-2009 at 17:17

Воопшто не ми се допаѓа „предноста“ на Коце што доаѓа од иста политичка опција како и централната власт. Тоа не е аргумент зошто би требало да избереме таков кандидат, туку зошто мора да се смени начинот како кај нас работите функционираат тесно-партиски. На крајот на краиштата по ист принцип што би се случувало со проектите на Коце доколку во 2012 или пред тоа остане без подршка од централната власт? Ќе му бидат торпедирани и ни тој нема ништо да доврши?

Инаку по твојата логика, ние можеме „добро“ да функционираме само со апсолутна власт, ни требаат едни единствени избори на кои би гласале за партија, а после победничката партија да делегира претседател, премиер, градоначалник на Скопје и општински градоначалници.

Исто така не е прашање само колку средства би влегле, туку и како би биле користени.Доколку кандидатот нема осет за тоа како правилно да ги искористи средствата, влезот на поголеми средства би бил фрлање на пари во празно.

Во секој случај, јасно е што е решението за финансирањето на град Скопје. Поголеми и независни извори на финансирање! Без тоа ќе продолжи оваа трагикомедија на штета на сите нас.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Mar-2009 at 17:31
На никого не му се допаќа како функционираат работите, но ај да не свучиме како некоја жалопојка. Јас воопшто не го гледам тоа како некој аргумент плус, но во очи избори ова беше еден начин да потенцирам уште еден проблем кој го има Скопје. Решението, тачно, е во законот за финансирање на градот.

п.с. Ја би апелирал и до членовите од другите градови, нормално подобро ја познаваат ситуацијата на терен во своите градови па да ги споредат "понудите" од своите градови!


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 18:32
Јас имам многу вести за програмите на кандидатите од Битола, околу 10-тина, 15, да не ја нарушувам оваа нишка ќе се измеша многу разговорот, да ги постирам во друга нишка или едноставно да ги ставам овде? Бидејќи се збора за нивните програми и слично. Ај кажете ми и избришете го постов.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Mar-2009 at 19:02
Originally posted by гитардемон

Јас имам многу вести за програмите на кандидатите од Битола, околу 10-тина, 15, да не ја нарушувам оваа нишка ќе се измеша многу разговорот, да ги постирам во друга нишка или едноставно да ги ставам овде? Бидејќи се збора за нивните програми и слично. Ај кажете ми и избришете го постов.


Слободно отвори нова нишка а оваа ќе ја преименуваме да биде за Скопје.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Mar-2009 at 14:37
Граѓаните да одлучат за изгледот на центарот на градот



Автор:  Гоце Трпковски
КАНДИДАТИТЕ%20ЗА%20ГРАДОНАЧАЛНИК%20ЗА%20МАЛИОТ%20РИНГ
Црква меѓу „Сити галери“ и „Дал Мет Фу“. Фонтана со споменик на Александар Македонски во средишниот круг на плоштадот „Македонија“, а спроти него кај Камени мост статуи од Гоце Делчев и Даме Груев на коњи. Среде Вардар три фонтани во форма на жални врби. Од спротивната страна, плоштад Карпошово востание со фонтана, а веднаш до коритото на реката две десеткатници. Едната за Археолошки музеј, Архив и седиште на Уставниот суд, а другата за Министерството за надворешни работи. Градскиот трговски центар може да добие уште два ката, а Собранието три куполи.

Сево ова е содржано во деталниот урбанистички план за Малиот ринг што го донесе општината Центар по нарачка на Владата, кој цела година е најактуелна тема во градот. Постојано се зборува дека за сите најавени градби ќе се потрошат огромни пари, се оспорува тоа што со народни пари ќе се гради верски објект, се расправа за изборот на спомениците, но и за издржаноста на урбанистичките решенија, односно за пренатрупаноста со нови градби. Планот беше и на оценување пред Уставниот суд, по претставката што ја поднесе градоначалникот Трифун Костовски, кој остро се спротивстави на предвидените решенија. Судот сепак одлучи дека немало ништо незаконско во неговото донесување.

Урбанистичкото планирање, односно деталните планови се во надлежност на општините и градот нема многу моќ да влијае врз нив. Сепак, градоначалникот со својот авторитет и со аргументирани ставови би можел да ја насочи јавноста, која потоа би можела да влијае врз иднината на овие проекти. Како сегашните кандидати ќе го искористат своето влијание?

ТРАЈАНОВСКИ: ГРАДОТНЕМА НАДЛЕЖНОСТИ

Според Коце Трајановски, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, ако општината ги запазила сите законски процедури при донесувањето на овој детален план, тогаш се е во ред и приказната е завршена.
- Сепак тоа е општинска надлежност, а општината има обврска тој детален план да го направи во согласност со Генералниот урбанистички план. Овде политиката на градот завршува со донесувањето на генералниот план. Мислам дека со овие проекти централното градско подрачје ќе добие свој нов лик, многу поубав отколку сега - вели Трајановски.

НАЈЧЕВСКА: НЕВКУС И КАКАФОНИЧНОСТ

На Мирјана Најчевска, кандидатката од ЛДП, најмногу и пречи отсуството на поширока расправа за прашањето за уредувањето на плоштадот.

- Во овој случај мислење треба да дадат прво граѓаните, тоа да го обликуваат стручњаците, а последниот збор треба да го имаат уметниците. Вториот проблем е отсуството на каков било план. Се стекнува впечаток дека различни луѓе нафрлуваат идеи, некој со многу моќ ги прифаќа или ги отфрла, а резултатот е комбинација на стилови, спојка на неспоивото и краен невкус кој боде очи со својата какафоничност - рече Најчевска.

ЗЕКОЛИ: ЕДНОСТРАНА СЕЛЕКЦИЈА

Шефкет Зеколи, кандидатот од ДУИ, смета дека овие проекти може да се поддржат, но не во толкав обем и број.

- Центарот е пренатрупан со објекти што не кореспондираат со намената и изгледот што треба да го има плоштадот на една метропола. Од друга страна, овие споменици и други објекти се еднострано селектирани, без да се прашаат претставниците и на други етнички заедници, кои сочинуваат доста голем процент од целокупното население и кои имаат свои култури, религии и свои херои - истакна Зеколи.

ПОПОВСКИ: ПОТРЕБЕН Е РЕФЕРЕНДУМ

Уредувањето на најстрогиот центар бара усогласување на желбите, потребите и можностите и на централната и на локалната власт, според Душко Поповски, кандидатот од Либералната партија.
- Овде се судруваат две желби. Едната, која предвидува споменици на Александар Македонски, Гоце Делчев и Даме Груев, црква, спомен домови и музеи е на Владата. Другата, да не се узурпира плоштадот или ако мора да се гради споменик тој да биде од Тоше Проески, е на актуелниот градоначалник Костовски. Во ваков случај, каде што има премногу историја и премногу емоции, веројатно е најдобро да се слушне желбата на граѓаните. Кога не е можен компромис, за среќа постои референдумот, кој ќе понуди одговор на овие прашања - нагласува Поповски.

ПЕТКОВСКИ: НЕОДГОВОРНИ ТРОШОЦИ ВО ЕКОНОМСКА КРИЗА

За Тито Петковски, кандидатот на НСДП поддржан од СДСМ, центарот на Скопје треба да се третира како важен симбол на македонското културно и историско наследство.

- Неодговорно е во услови на тешката финансиска и економска криза со која се соочуваме да се трошат девет милиони евра за 17 споменици што неплански ќе се распоредат низ центарот на градот. Тоа е невкусно и од економски и од естетски аспект. Граѓаните со кои досега имав можност да разговарам се револтирани од овие потези на Владата и се прашуваат дали токму сега е неопходно да се трошат пари за изградба на црква на плоштадот. Сакам тесно да соработувам со граѓаните и ако тие сметаат дека треба да се преиспитаат некои одлуки јас ќе го почитувам тоа и ќе се обидам да коригирам нешто ако може - додаде Петковски.

НАГАВЦИ: БЕЗВРЕДНИНАМЕСТО ИСТОРИСКИ СПОМЕНИЦИ

Кандидатот Аргтим Нагавци од Нова демократија вели дека Македонија е сиромашна земја, дел од населението, како тоа во Визбегово има егзистенцијални проблеми со водоснабдување и канализација, па затоа не треба да се трошат парите за споменици.
- Ова е многу чувствителна тема што ќе предизвика последици и на внатрешен и на надворешен план. Скопје е мултиетнички и мултиконфесионален план, со испреплетени културни и цивилизациски вредности. Парадоксално е да се гради верски објект со државни пари. Тоа ќе ги оправда се уште актуелните барања на Исламската верска заедница да се обнови Бурмали џамијата која исто така се наоѓала на плоштадот. Но исто така срамота е за државата, градот и за општината Чаир Мустафа-пашината џамија да се реконструира само со турски пари, како и да се запоставуваат и цркви од 12 и од 13 век на Матка и во Нерези. Овие вистински вредности страдаат за сметка на егото и фрустрациите на поединци кои преку изградбата на верски објект, споменик или скулптура претендираат да си се овековечат со државни пари и врз грбот на граѓаните - истакна Нагавци.

ЕЛЕНОВСКИ: НЕМА ДА БИДАМ ЗАОБИКОЛЕН

Лазар Еленовски, кандидатот од СДУ, ветува дека нема да дозволи да биде заобиколен во донесувањето на решенијата за строгиот центар, кои во случајов се договараат исклучиво меѓу Владата и општината Центар, а градот воопшто не е вклучен.

- Треба да бидеме многу внимателни со решенијата за строгиот центар на градот. Тој е и центар на нашата земја, ликот на државата, идентитетот и културата, од каде секој го стекнува главниот впечаток. Нашата главна цел е новата урбанистичка стратегија за градот со хуман однос во користењето на просторот. Тоа е подолгорочна визија, па не треба да биде прашање на нечија желба, туку сите релевантни фактори да се договорат со консензус за основните стандарди, критериуми и квалитет на категориите на урбано живеење и потоа да се даде завршниот лик на центарот - објаснува Еленовски.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=339&ArticleID=20090


Posted By: beTon
Date Posted: 12-Mar-2009 at 23:23

ова се програмите на кандидатите за градоначалник на СК кои се качени на нет, за останатите кандидати не успеав да најдам никаков абер а не па програма, но и реално само овие четворица се во игра, па најверојатно затоа и не му се замарале премногу останатите,  нив мислам не им е мотив градската фотеља Smile

  1. http://kocetrajanovski.com.mk/images/koce_programa.pdf - kocetrajanovski.com.mk/images/koce_programa.pdf
  2. http://nsdp.org.mk/web/index.php?option=com_content&task=view&id=946&Itemid=267 - nsdp.org.mk/web/index.php?option=com_content&task=view&id=946&Itemid=267
  3. http://www.lazarelenovski.mk/mk/programa - www.lazarelenovski.mk/mk/programa
  4. http://www.moeskopjenajcevska.org.mk/Program.asp?ID=10 - www.moeskopjenajcevska.org.mk/Program.asp?ID=10

програмиве се подредени според обем, а не според подобност! инаку како личност за градоначалник прв би го ставил Лазе.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Mar-2009 at 00:20

Сообраќајот ќе се управува кибернетски

Трпе Груевски е за неминовна промена на Законот за Скопје

Снежана Калабакова



Кои се Вашите приоритети доколку бидете избран за градоначалник?

Пред се', ќе се раководам од основните егзистенцијални потреби и приоритети во развојот на градот. Тоа значи да се изврши точна анализа на урбанистичкиот план на Скопје, за да се има увид за негово евентуално ширење, како и да се процени дали граѓаните за подолг период ќе имаат пивка вода од Рашче. Треба да се изврши ревитализација на индустриските капацитети кои се скоро затворени. Масовната невработеност го дестабилизира системот на социјална сигурност и може да се развие во голема опасност за демократскиот систем. Во Скопје живеат околу 70 илјади пензионери, повеќе болни, сами, беспомошни. За нив во одредени градски квартови ќе се изградат ресторани кои ќе работат беспрофитно, во кои ќе можат да обезбедуваат евтина, топла храна. Сообраќајот ќе се управува кибернетски од едно место, а поради скапата струја - сообраќајниците ќе се осветлуваат со панели на фотонапонски ќелии. Ќе се донесе закон на покривите на новите објекти да се поставуваат конструкции за инсталирање сончеви колектори и на ќелии за директно претворање на светлината во електрична енергија.

Дали ќе продолжите со проектот за изградба на трамвај во Скопје?

Идејата да се гради трамвај во Скопје е стара повеќе од 20 години. Проектот за трамвај е неминовност од повеќе аспекти. Првата линија би се изградила од Драчево до Ѓорче Петров - двонасочна, по природната патека од десната страна на Вардар, со што би се задоволиле потребите на граѓаните и вработените покрај индустриската зона.

Каков закон е потребен за Градот Скопје?

Функционирањето на градот Скопје мора да се сведе на неговиот урбан дел, да се исфрлат четирите рурални општини, а градот да функционира како една целина, но двојазичноста да остане неменлива категорија. Потребна е фискална децентрализација за власта да даде можност градот да управува со своето земјиште, како и да зафаќа поголем дел од персоналниот данок и ДДВ. Со оглед на фактот дека во Скопје живее една третина од жителите на државата, логично би било да му се отстапи 30 отсто од државниот буџет. За таа цел промената на законот не би смеела да се доведе во прашање.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=D0403E40D4AC994FA40A37E475AD997C


Posted By: beTon
Date Posted: 13-Mar-2009 at 01:10

Originally posted by Cloverstack

Позитивно ме изненадија ставовите и гледиштата на професорот Драган Колчаковски.

човекот е http://geografija.pmf.ukim.edu.mk/STRUCEN%20KADAR/kolcakovski.htm - географ професор на пмф , и мене ме изненади но бидејќи реално нема грб ова неговава кандидатура сега е повеќе како обид да не згасне целосно вмро-нп од политичката сцена.

од друга страна она со изјавата на Коце за саатот,  ми влеа надеж дека човекот под притисок на јавноста може и да ревидира некој став или да го повлече, ова во однос на демократијата кај нас е едно ретка ако не и нова  појава. мислам дека човекот има набилдано искуство и во зелс и во гази баба, па од таму и вакво маневрирање, што мислам дека за човек на гардската функција е прилично потребно.

инаку сите кандидати вадат на маса идеи, но никој не успеа да извади бар нацрт проект во кампањиве, исклучок е Фиајат Цановски, но човекот е кандидат за грд. за Струга. сепак тренд на овие избори се повеќе  бомбастичните проекти за разлика од порано кога тежиштето беше свртено на вербално препукување и редовни кавги на пониско ниво. можеби фактор плус за ова е и претседателската кампања, но сепак атмосферата е опуштена, небаре за одмор се спремаме Smile



Posted By: beTon
Date Posted: 14-Mar-2009 at 03:43

ред се редат, колку што можам да видам Фијат ја има дигитализирано цела своја програма, ама баш како што и самиот ја гледа, но бар вака и останатите (гласачите) не се лишени од посликовито читање на неговите визии

да можев за него ќе гласав, само заради професионалниот пристап во промоцијата на својата кампања

[tube]w47w2O91b1Q[/tube]

[tube]wPIMsi9t4iY[/tube]

[tube]5i5V81t8Fj8[/tube]

[tube]VC6Pcc03Ll4[/tube]

[tube]yhVVjrz2v6s[/tube]

[tube]VnRQLsn4Ucg[/tube]

[tube]B3i62UCWdC4[/tube]

[tube]yxT1kMe0-eQ[/tube]


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Mar-2009 at 08:33
Да, треба да се забележи и да се оддаде признание за вака доловената визија. Додуша ова само по себе не е ништо посебно, но со оглед на досегашната пракса во Македонија, ова за наши услови е џиновски скок.

А што се однесува до самата визија и проектите, мислам преамбициозно во догледна иднина. Не знам кои се „ветувањата“ за роковите, ама слушам во рекламата „проект за наредните две децении“. За таков би можеле Стружани да се надеваат, затоа што за ова дефинитивно требаат повеќе мандати. Но доколку е тоа случајот, целата работа ми изгледа погрешно поставена, затоа што никој не може да го гласа и чека г-динот Цаноски па да види дали ова ќе го реализира во наредни 4-5 мандати. Барем во спотовиве фалат рокови и што е она што Цаноски би го направил во првиот мандат, за да може воопшто да се квалификува за понатаму. Се надевам дека сето тоа детално е објаснето во програмата, но ќе беше убаво да го имаше и во вакви спотови, кога веќе е разбрана поентата од тоа проектите и визиите да се доближат до граѓаните на ваков начин.


Posted By: Dragan
Date Posted: 14-Mar-2009 at 09:52
E be site vaka pravat na pocetok koga e izbornata kampanja a posle od toa sto go vikal samo ke ispolnat 30%a moze i pomalku.
zatoa ja ne veruvam vo nikogo Laugh


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 14-Mar-2009 at 11:23
bravo za nova makedonija(vesnikot)
 
Бродови по Вардар, тунели под Водно и под Кале, вработувања...
Автор:  Сунчица Стојановска; Гоце Трпковски Фотографија:  Фотомонтажа
Македонија
Жителите на Скопје уште чекаат жичница до Водно. Граѓаните на стоилјадното Куманово и понатаму се задушуваат во ѓубре, а охриѓани го памтат ветувањето дека ќе се стави ред во изградбата на згради во центарот на Охрид.

Четири години по последните локални избори, сега од партиските митинзи повторно се испорачуваат исти или слични ветувања како во 2005 - тата. Жичница за скопјани во својата програма ветува кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО - ДПМНЕ Коце Трајановски, исто како што претходно ветуваше и градоначалничката на општината Центар Виолета Аларова.

Гасификацијата на Куманово е вечно предизборно привлекување гласови, исто како и ветувањата за подземни и надземни премини за да се растовари сообраќајот во главниот град, локален економски развој, намалување на невработеноста во општините...

Во изборните програми на повеќето кандидати за градоначалници (барем тие што имаат програми) има сè и сешто - од реални и остварливи проекти, проекти што веќе ги најавиле други пред нив и не ги оствариле, до списоци на желби за кои е потребен повеќе од еден четиригодишен мандат за да станат стварност. Во книгите насловени „Предизборна програма“, посебно на кандидатите на власта, има и ветувања што се надлежност на Владата и кои идните градоначалници не можат да ги сработат без владина помош.

- Потребно е да се отвораат јавни дебати во кои независни експерти би ја оценувале изводливоста на програмите на кандидатите за градоначалници, бидејќи голем дел од оние што се борат за прв мандат не се запознаени со надлежностите што ќе ги имаат. Затоа многумина ветуваат атрактивни проекти што привлекуваат гласови, без да бидат сигурни дека тоа можат да го исполнат. Ние немаме ниту механизам за контрола колку од нив ќе ги исполнат ветувањата. На Косово, на пример, ветувањата се снимаат со камери и се пуштаат во јавноста секоја година за да се утврди што е направено, а што не е направено - вели Ризван Сулејмани од Институтот за политички и интеркултурни студии, поранешен министер за локална самоуправа.

Се ветуваат и веќе почнати или завршени проекти

Коце Трајановски ветува економски развиен град. Сличен предлог за економски развој и создавање амбиент за инвестиции имаше и сегашниот градоначалник Трифун Костовски во својата предизборна програма во 2005 година. Додуша, со релативно слаба реализација. Еден од стратегиските проекти на Трајановски е нов лик на Градскиот парк. Градот веќе работи на овој проект, идниот градоначалник треба само да ја продолжи работата. Трајановски предлага и нов луна-парк во општината Карпош, а сегашното градско раководство веќе двапати неуспешно се обиде да го даде под концесија сегашниот. Се ветува и гасификација на Скопје, проект на кој веќе се работи, дури има и формирано претпријатие „Енергетика“. И Трајановски сега, и Костовски претходно, предлагаат измена на генерален урбанистички план - на Костовски не му успеа. Сегашниот градоначалник на Скопје почна да прави реформи во администрацијата. Ако кандидатот на ВМРО - ДПМНЕ победи на изборите во Скопје, пак ќе ја реформира администрацијата. Во сегашната програма на Трајановски и Костовски се совпаѓаат и ветувањата за доизградба на депонијата „Дрисла“, за употреба на технолошка вода, за следење на загаденоста на воздухот, за замена на азбестните плочи во јавните установи. Проширување на улицата Првомајска кон Драчево на времето го најавуваше и Ристо Пенов. Проширувањето на булеварот Србија го ветуваа разни кандидати, сега го ветуваат и Трајановски и кандидатот за градоначалник на општината Аеродром Ивица Коневски. Подземна улица од Партизанска до Народна банка е одамнешна идеја, а во изборна кампања најмногу ја споменуваше Љупчо Николовски - Фуфо во своите кандидатури за градоначалник на Скопје во 1996 година и 2000 година.

Актуелните кандидати за градоначалници на Скопје ветуваат и проекти што веќе се почнати или завршени. Такви, се, на пример, стреи за јавните автобуски станици, за кои проектот е направен и се чекаат само дозволи од општините за да се постават. За проширувањето на улицата Илинденска проектот е направен, избран е и изведувач. Исто како што е остварено и згрижување на уличните кучиња, проект што на граѓаните им се сервира и на овие избори. Иако се нуди како идеја, стационарот за кучиња на локалитетот „Вардариште“ веќе работи, функционира и службата што ги лови уличните кучиња. Кандидатите за скопски градоначалник ветуваат и нов пешачки мост на Вардар. Иако проектот веќе е направен од општината Центар и се чека неговата изградба. Аларова дури и го крсти „Мост на цвеќето“. Целосна реконструкција и реставрација на Старата железничка станица ветуваше уште Пенов. Неговата идеја беше таму да биде сместено седиштето на градоначалникот.

Симптоматично во програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ е тоа што ветуваат проекти што веќе ги прави Владата или пак се целосно во нејзина надлежност. На пример, изградба на градска куќа, што веќе го прави Министерство за култура. Исто како што и изградбата на бедемите на скопското Кале е работа на Владата, на која работат Паско Кузман и Управата за заштита на културното наследство. Реконструкцијата на Универзална сала исто така е проект што треба да се прави во соработка со Владата. Премиерот Никола Груевски двапати пресече лента пред камен-темелниците на средно училиште во општината Шуто Оризари, проект што сега повторно се ветува.

За разлика од Трајановски, кандидатот на СДСМ Тито Петковски нема некои конкретни ветувања. Тој зборува дека на Скопје му треба нов плоштад, за чиј изглед треба да се прашаат граѓаните на референдум. Тој вели дека треба да се заменат поголемиот број стари автобуси и да се воведе трамвајот како превозно средство. Кандидатот на СДУ, Лазар Еленовски, го претстави проект „Пловен Вардар“. Со тоа реката вардар би се направила пловна во должина од неколку километри, со што Еленовски смета дека целосно ќе се измени центарот на Скопје.

- На програмите работат многу луѓе, но сепак тоа е обемна работа. Потребни се неколку месеци да се изработат квалитетни предлози. Кај нас тоа не е можно, оти имињата на кандидатите се обелоденуваат во последен момент. Покрај тоа, на секои избори се ветува и тоа што после не можат да го исполнат, но е нешто што граѓаните сакаат да го слушнат. Тоа е психологија што партиите ја користат за да ловат гласови - велат политичките аналитичари.

Големи градови, големи ветувања

Слична е ситуацијата и во другите градови. Охрид, Куманово и Велес се меѓу поголемите градови чии актуелни градоначалници на 22 март ќе се борат за уште еден мандат. За неисполнетите ветувања пред граѓаните тие даваат различни образложенија, но факт е дека не сè од тоа што го ветија пред четири години го остварија за време на мандатот.

Од програмата на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, се паметат ветувањата за итна санација на амбулантата „Маларична“, обнова на локалниот весник „Езерски глас“, привремен мораториум за изградба во центарот на Охрид, изградба на современа марина и претворање на „Галичица“ во зимски туристички центар. Охриѓани велат дека тоа не е исполнето. Меѓу проектите што ги вети и ги оствари Петрески се реконструкција на фискултурни сали, инсталација на парно во училиштата и изградба на спортски игралишта. Конкурентите на Аце Коцевски, градоначалник на Велес, велат дека тој за четири години не ги исполнил ветувањата за 100 милиони евра вредна инвестиција од француска фирма за колската работилница за шински возила, за изградба на пат кон селото Бузалково, канализација за селото Горно Оризаре и трајна санација на свлечилиштето „Рамина“. Коцевски е горд со остварените ветувања за изградба на инфраструктура во индустриската зона „Речани 2“, колекторски систем и пречистителна станица на езерото „Младост“, наградите за Велес за најдобра општина, граѓанскиот сервисен центар и други. Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, не ги исполни ветувањата за санација на старата привремена депонија во с. Пчиња, за реконструкција и доградба на локалните патишта, за изградба на водоводна и канализациска мрежа во населбите надвор од градот, за катна гаража, за решавање на проблемот со ѓубрето. Меѓу целосно или делумно исполнетите ветувања на Дамјановски се реновирање на плоштадот, уредување на речното корито и кејот, како уредување на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.




Ветуваат

Владимир Тодоровиќ
- Изградба на градинки и на спортски терени
- Пешачки мост на Вардар
- Жичница до врвот на Водно (со Владата)
- Подземен тунел од булеварот Партизански одреди до Народната банка (со Владата и со градот)
- Катни гаражи


Коце Трајановски
- Подземни и надземни премини за пешаци на булеварите
- Изградба на Јужен булевар и на булеварот Теодосиј Гологанов
- Целосно уредување на левата страна на кејот на реката Вардар
- Нов луна парк во општината Карпош
- Проширување на улиците Првомајска и Илинденска


Тито Петковски
- Тунел под Кале до пластичарската улица
- Обновен градски превоз за што помалку автомобили на улиците
- Референдум за секоја промена на изгледот на плоштадот „Македонија“
- Јавноприватно партнерство со познати компании за поефикасни комунални услуги
- Развој на туризмот преку промовирање на културно-историските знаменитости


Лазар Еленовски
- Проект за пловен Вардар во центарот на градот, од пешачкиот мост до мостот кај Народната банка
- Изградба на трамвај за поефикасен јавен превоз
- Фабрика за рециклирање отпад
- Пречистителна станица за отпадните води од домаќинствата и од индустријата
- Изработка на подземен катастар, со податоци за местоположбата на сите инсталации




Александар Петрески, градоначалник на Охрид

Вети и не исполни
- итно санирање на амбулантата „Маларична“
- обнова на локалниот весник „Езерски глас“
- привремен мораториум за градење во центарот на Охрид
- изградба на современа марина
- претворање на „Галичица“ во зимски туристички центар


Вети и исполни
- реконструкција на фискултурни сали
- инсталација на парно во училиштата
- изградба на спортски игралишта



Ветува
- ќе ги продолжи капиталните проекти
- ќе реконструира улици
- замена на уличното осветлување во Охрид
- осветлување во сите населени места




Кире Трендафилов - Нанче

Неговиот противкандидат сега ветува модерна, современа администрација, развој на туризмот, 12 месеци во годината, ќе се залага за стандардизација на туристичката програма, воведување електронско работење на општината, изградба на индустриска зона надвор од градот




Аце Коцевски,градоначалник на Велес:

Вети и не исполни
- 100 милиони евра инвестиција од француска фирма за колската работилница за шински возила
- пат за село Бузалково
- канализација за селото Горно Оризаре
- пат за село Иванковци
- трајно санирање на Рамина
- соодветен третман на цврстиот отпад


Вети и исполни
- изградба на инфраструктура во индустриската зона „Речани 2“
- колекторски систем и пречистителна станица на езерото „Младост“
- локален пат од Велес преку селото Горно Оризари до општината Чашка
- Велес-најдобра општина - добивме неколку награди и признанија
- сала за електронско одржување седници
- граѓански сервисен центар
- нова библиотека со читална, нов ликовен салон
- реконструкција на куќата на Јордан Хаџи-Константинов Џинот


Ветува
- отворање нови работни места
- намалување на комуналиите
- изградба на нови училишта
- обнова на градскиот фудбалски стадион
- санирање на свечилиштето „Рамина“
- изградба на згради за сместување на жителите од „Рамина“




Горан Петров

Неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ ветува промоција на економските зони во Велес, урбанизација на сите локации интересни за инвеститорите, набавка на опрема за општата болница во Велес вредна 800 илјади евра, изградба на патниот правец кон Иванковци, водовод во селата Бузалково и Башино Село, ултрамаратон Велес-Богомила, со што Велес би влегол во редовите на маратонски градови и друго.




Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово:

Вети и не исполни
- санација на старата привремена депонија во с.Пчиња и отворање нова депонија
- реконструкција и доградба на локалните патишта
- изградба на водоводна и канализациска мрежа во населбите надвор од градот
- катна гаража
- решавање на проблемот со изнесувањето на ѓубрето преку центарот на градот


Вети и исполни
- реновирање на плоштадот
- уредување на речното корито и кејот
- уредување на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“
- гасификација со формирање централен вод



Ветува
- решавање на сообраќајниот метеж
- довршување на кејот на реката „Кумановка“
- довршување на гасификацијата
- повеќе пари за спортот
- унапредување на животот во селата
- модернизација на инфраструктурата во образованието




Петар Поп Арсов

Неговиот противкандидат ветува: отворање слободна економска зона, итно решавање на проблемот со водоснабдувањето со изградба на два нови базени, асфалтирање нови и завршување на почнатите улици во должина од 50 километри, изградба на јужна обиколница, обнова и заштита на старата архитектура, изградба на нов забавен парк и аква-парк во близина на Коридорот 10 .




Виолета Аларова

Вети и не исполни
- Реконструкција на кејот кај „Дрводекор“, кој требаше да се уреди исто како и тој кај Градскиот трговски центар
- Претворање на дивите депонии во паркчиња или во детски игралишта
- Менување на деталните урбанистички планови за да се избришат блоковските целини


Вети и исполни
- Обнова на матичната сала за венчавање
- Обнова на портата од старата учителска школа „Никола Карев“




Трифун Костовски

Вети и не исполни
- Киосци за бесплатен Интернет за граѓаните
- Реконструкција на Градскиот парк
- Подземни пешачки премини и оградување на тротоарите
- Рамномерен урбан развој на двете страни на Вардар


Вети и исполни
- Обнова на Зоолошката градина
- Изградба на клучката кај хотелот „Континентал“
 
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=340&top=1&ArticleID=20148 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=340&top=1&ArticleID=20148


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Mar-2009 at 10:57
Ние немаме ниту механизам за контрола колку од нив ќе ги исполнат ветувањата. На Косово, на пример, ветувањата се снимаат со камери и се пуштаат во јавноста секоја година за да се утврди што е направено, а што не е направено - вели Ризван Сулејмани од Институтот за политички и интеркултурни студии, поранешен министер за локална самоуправа.
Дефинитивно вакво нешто добро би ни дошло!



А што е финтава со Тито и со тунелот под Кале? Ова е спомнато во програмата или онака го кажал? Пошто гледам на едно место во текстот е наведено дека немал некои конкретни ветувања за проекти, а на друго место е спомнато ова.
Во секој случај, мислам дека во моментов има поголеми приоритети во сообраќајот, а за подобро поврзување на северниот дел од градот прв на листата треба да е проширување на Цветан Димов, што може да се изведе далеку побрзо и поефтино. Тунелот под Кале долгорочно секако останува како решение кое не смее да се релативизира.



Лазар Еленовски
- Проект за пловен Вардар во центарот на градот, од пешачкиот мост до мостот кај Народната банка
Од кој пешачки мост?
Во секој случај мислам промашен проект во било каква догледна иднина, ефтин популистички пристап, неразбирање на вистинските потреби и приоритети.
Како и да е, и за ова, и за плажата на Трифун, и за гомноскоците, пардон водоскоците на владата, прв чекор е водата во Вардар да биде мнооогу почиста. Не дека овие проекти и со чист Вардар прават некоја логика, но не ми е јасно како без тоа воопшо може да се најавуваат...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Mar-2009 at 11:41
Незнам колку може да донесе на терен вадење на обеќавањата од нафталин секоја година редовно. Многу лесно може да се протолкува како притисок, чак и да биде контрапродуктивно. Добро е медиумски да се потсетува, па луѓе кај нас во "мирнодобски" услови нема основен интерес околу она што се случува во урбанизмот, единствено интерес доаѓа кога ќе мукне некоја афера за урбана мафија и толку. И дури тогаш прашањате се од типот "кај се парите", а отстапувања од маркица, отстапување од првичен проект, катност и слични прашања никој не ги дира посериозно. И сега кога нема основен интерес, очекување некој новинар да дише у врат на градската власт е само утопија. Башка и локалните власти не се нешто посебно расположени за разговор на оваа тема, па гледаме емисии од типот на урбани вести, кои се све само не урбани него комунални вести. Добро ја малце на страна отидов со муабетов ама целта ми е да потсетам на односот кој го има меѓу власт-медиуми, медиуми-јавност и слично. Јас ќе бидам среќен доколку некој новинар сега отиде и се распраша зашто толку ја закочија обиколница (неколку месеци нема напис), нешто околу ГУП-от, а не би ми било мерак да видам некој градоначалник направен од измет подолу во некоја емисија само зашто пред неколку години обеќавал некаде си два контињера или три клупи и не се поставиле.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Mar-2009 at 12:07
Originally posted by lslcrew

Незнам колку може да донесе на терен вадење на обеќавањата од нафталин секоја година редовно. Многу лесно може да се протолкува како притисок, чак и да биде контрапродуктивно.
Чекај сега, мислам испомешани се малце работите. Ветувањата се сериозна работа, а не обична шминка во кампањите. Не би било тоа вадење на нешто банално од нафталин, туку потсетување врз база на која платформа некој ги добил народните гласови и бил избран. Тој избор носи голема одговорност со себе, целата поента е во тоа. НЕ може демократија (каква-таква) да имаме само на денот на изборите, а после кој ќи ебе граѓаните, ионака имаат кратко памтење...

Уште почудно ми е дека тоа наводно би било контрапродуктивно зашто некој би го протолкувал како притисок па ете би се заинатил у стилот - овие ме притискаат па затоа сега ја за инат нема да реализирам.
Всушност мислам дека овој начин на „потсетување“ би бил многу позитивен притисок, за избраните функционери помалце да спијат, помалце да се посветуваат на политиканство, а повеќе да работат принципиелно и во служба на општиот интерес, односно за тоа за што биле избрани!


а не би ми било мерак да видам некој градоначалник направен од измет подолу во некоја емисија само зашто пред неколку години обеќавал некаде си два контињера или три клупи и не се поставиле.
Далеку од тоа дека работите се така црно-бели. На крајот на краиштата тешко е дека било кој би си ја исполнил целата програма, но јасно дека најголем дел од луѓето може да извага колку е значаен исполнетиот дел, колку е значаен неисполнетиот дел, кои се околностите зошто нешто не било исполнето итн итн...


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Mar-2009 at 14:42

сега оди емисијата НИЕ на сител, каде се "соочуваат" сите кандидати како и минатиот пат, но сега плус Страшо Ангеловски кандидат за градоначалник на СК од ТМОРО-ВЕП кој од она што го кажа до сега бар за урбаната мафија за разлика о ддругиве демагози, во корен  ја лоцира бељата и даде чисто решение.

интересни поенти за сега од сите кандидати, но ајде да видиме до крај како ќе одат работите...

изостанува кандидатот на ВМРО-НП Драги Колчаковски! 



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Mar-2009 at 14:52
Сега малку ќе отстапам ама многу ми падна смешна една вест у контекст за муабетов со Велес. У Велес едниот од кандидатите делел вреќи цемент како рекламен материјал! Crazy Nuts LOL

Него бетон ај постирај фрагмент од изјавата на Страшо Ангеловски да видиме за што се работи.


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Mar-2009 at 15:03

прашањето на Драган беше што ќе сторите со урбаната мафија, и јасно сите почнаа да млатат празна политика, додека човеков прецизно пресече, вели за да нема мафија треба да нема корупција, а за да нема корупција треба сите ингеренции да ги преземе локалната власт, односно се додека министерството преку своите подрачни единици издава градежни дозволи, не може ефективно да и се застане на пат на урбаната мафија. вели значи фокусот нема да биде на ловење во матно туку чистка од внатре! 

малку карикирам но тоа е тоа многу чисто и прецизно, другиве се утепаа од вртење во место градоначалникот морал да биде подоследен, градот мора да добие нов закон,  градоначалникот требало да ги гони мафијашите итн.  



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Mar-2009 at 15:16
Тоа е најголема грешка доколку комплетно одеднаш се преселат сите ингренции. Све ќе отиде по братучеди и пријатели. Си има процес на децентрализзација кој сеуште не е завршен целосно да може да почнеме да ги корегираме аномалиите кои настанале, освен кај законот за град Скопје кој треба да се централизира. Такво нешто ќе биде десеткување на градежното земјиште, катастрофа. Ингеренциите кај и да ги шеткараме пак ќе се злоупотребат, се додека не се прекинат "мрежите" на урбаните мафијаши. Па неможе министерството комплетно да биде изоставено во процесот, мора и тоа да биде дел од ланецот. Но урбаната мафија неможе туку така да ја гледаме како спаковано нешто. Урбаната мафија ја има во многу форми, дејствува на многу начини преку различни институции.

Еве јас имам поредлог. Еднаш колку што се сеќавам требаше да има некаков обвинител за организиран криминал. Ама благодарение на генералниот реизбор од пред неколку години, ај да не мешам сега имиња на партии, целиот план пропадна и со странски обвинители и со све. Еве предлог формирање на урбано обвинителство кое ќе гони урбана мафија. В секоја нормална држава обвинител се формира за тој домен за кој има потреба. Исто како министерство. Урбаната мафија е премногу запоседната за да ја третираме локално. Тоа е широк проблем низ цела држава и треба малкуи централизирано да го погледнеме.


Posted By: beTon
Date Posted: 15-Mar-2009 at 16:26

па поентата е баш во тоа, вака сега додека ингеренциите се дуплираат и не се централизирани  само на локално или само на државно ниво, неможе ни да се најде чиста одговорност, ниту пак да се посочи на јасна аномалија. па од таму и постојаност во корупцијата која е главен инструмент на урбаната мафија. инаку истата како појава  мислам дека никогаш не е возможно да се скроти, освен на овој начин да и се исечат пипците во институциите...



Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Mar-2009 at 17:57
ЗБОРОВИ И ДЕЛА......



www.on.net.mk


Posted By: ivopfc
Date Posted: 17-Mar-2009 at 18:12
Vo vrska so slikava koja ja postirase lslcrew, bi dodadol deka so plakati e oblepena i novata klucka kaj kontinental, sto dovolno govori za politickata i opstata kultura na nasite kandidati i partii. Dovolno e da se vidi sto se sposobni da napravat od svojot grad za da stignat do gradonacalnickoto mesto, za se da stane jasno. Dodusa, Skopje i ne e niven grad....Taka da, se e kazano..


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Mar-2009 at 18:47
Иво за клучката не сум сигурен дека е диво излепена. Град Скопје, колку што се сеќавам, излезе со список на локации каде слободно може да се лепи плакати, па можно е клучката да била дел од тој список. Како и да е, не изгледа убаво. Све што е надвор од паноата наменети за тоа е грдо.


Posted By: ivopfc
Date Posted: 17-Mar-2009 at 19:06
Ako gradot ja proglasil kluckata za mesto za lepenje plakati, togas stvarno nemam komentar. Neka go proglasi uste i kameniot most i risticevata palata, pa da gi zalepime sekade prekrasnite faci na koce trajanovski i gjorgji ivanov. mislam deka na koja bilo tocka da zastane covek vo gradot, nema sansi da ne te gledaat odnekade. Nikogas ne sum videl poveke bilbordi zaposednati od edna partija. No, se pokaza deka i site tie bolbordi ne se dovolni, pa se prodolzi so sherifsko lepenje po javni i privatni povrsini.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Mar-2009 at 07:24

Осуммина кандидати во трка за фотелјата на Кисела Вода

За челната функција претендираат и три жени, меѓу нив и најмладата кандидатка со само 22 години

Деспина Трајковска

Осум кандидати, меѓу кои три жени, ќе се борат за градоначалничката фотелја во Кисела Вода. Марјан Ѓорчев, како фаворит на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде по втор пат да раководи со општината, на чие чело беше две години од 1996 година, кога замина поради трансфер на директорската функција во Агенцијата за приватизација. Народен пратеник, министер за земјоделство, претседател на Шаховската федерација, колумнист, се само дел од функциите на Ѓорчев по кои го препознава македонската јавност. Овој дипломиран економист очекува фер избори со надеж дека граѓаните ќе го изберат вистинскиот локален лидер, без оглед на која политичка опција припаѓа.

На таков исход се надева и Благоја Симоновски, кандидат на СДСМ, актуелен член на Советот на Општината и координатор на советничката група на СДСМ. Вели дека како советник и староседелец на Кисела Вода добро ги знае проблемите на неговите сожители и има разработени решенија. Од покрупните проекти ги наведува гасификацијата и топловодниот систем за целото подрачје на општината, што би го спровел преку јавно-приватно партнерство.

Решение за истите проблеми има и Оливер Поповски, фаворитот за градоначалник од редовите на ЛДП, приватен стопанственик, кој 25 години се занимава со изградба на инфраструктура. За разлика од другите противкандидати кои даваат приоритети на одредени делови во општината, за Поповски Кисела Вода била и ќе остане една целина.

„Единствено можеби приоритет би ставил на деловите кои досега немаат никаква урбанистичка подлога, односно би се заложил за легализација на дивоградбите преку донесување дополнителни урбанистички планови“, вели Поповски, кој нема да биде суетен, па доколку биде избран за градоначалник ќе ги продолжи започнатите проекти на Џорџе Арсов. Како дел од својата изборна програма ги наведува и затворањето на каналот во Драчево, проширувањето на „Првомајска“ и развојот на индустриската зона.

Кандидатот на НСДП, Љубиша Петковиќ, покрај решавање на комуналните проблеми, би се посветил и на развојот на младинскиот спорт. Како човек со спортски дух, кој е познат како еден од основачите на КК „Младинец“, вели дека ќе се обиде да изгради повеќе спортски игралишта, да ги осовремни училишните сали. „Моралните вредности, особено кај децата и младината се на незавидно ниво. Сметам дека преку спортот децата ќе ги вратам во колосек“, вели Петковиќ.

„Привилегија е да се живее во Кисела Вода, општина по мерка на граѓаните“, е мотото под кое ќе се води Кузман Цилков од ВМРО- НП доколку биде избран за градоначалник. Вели дека неговото образование, дипломиран инженер архитект, сега на постдипломски студии по урбанизам, ќе му помогне за создавање европски лик на општината.

Кисела Вода како таква ја гледа и Анита Јовановска од НДМ, најмладиот градоначалнички кандидат со само 22 години. Оваа студентка на Економскиот факултет смета дека младоста воопшто не би и' претставувала пречка да биде на највисоката општинска функција. „Напротив, сметам дека тоа е предност за мене“, вели Јовановска, која уште на првиот работен ден како градоначалник би се посветила на доизградба на атмосферската и на фекалната канализација.

Речиси на истите проблеми би се задржала и Билјана Цабрас, кандидат на ПОДЕМ. Иако од пред три години е вратена во Скопје, откако во меѓувреме градела кариера во неколку европски и прекуокеански држави, оваа специјалистка по психијатрија и кинеска медицина вели дека одлично ги познава потребите и проблемите на граѓаните. „Откако се вратив од странство, видов дека во општината ништо не е сменето од времето кога заминав“, потенцира Цабрас.

Третата жена која претендира на градоначалничката функција, Гордана Станојовска од СДУ вели дека нејзините ветувања пред граѓаните се скромни од објективни причини. „Сите зборуваат за европска општина, а таа ги нема решено основните проблеми. Нема канализации, светло по улиците, парковите се бројат на прсти“, смета Станојовска, која е без редовен работен ангажман и дел од времето го поминува со Активот на жените на СДУ како негов основач и претседател.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=DF87CEF08FB94F4EB6FFD3607354AE33


Posted By: beTon
Date Posted: 21-Mar-2009 at 21:55

ова со поплавувањето на цел тој потег подземно малку е нереално, но истово ова го тврди во рекламната кампања за локалниве избори и Мила Искреновиќ за потегот на Карпош, т.е. нејзината забелешка е околу најавите за брани на вардар и колку тие позитивно ќе влијаат во контекст на оваа појава со поплавени подруми.

И двајцата кандидати предлагаат преградување на реката Вардар односно изградба на брани со што би се зголемило нивото на водата.Регулацијата на реката Вардар не е изградена само за заштита на Скопје од поплави туку за намалување на подземните води. Со изградба на брани ќе се зголеми нивото на подземните води, нашите подруми ќе почнат да пливаат во вода, ќе се наруши стабилноста на објектите а, со тоа и нивната безбедност

...

https://web.archive.org/web/20090322062004/http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=8&vId=63003810&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%9F%D0%9E%D0%9B%D0%98%D0%A2%D0%98%D0%A7%D0%9A%D0%98+%D0%9F%D0%90%D0%A0%D0%A2%D0%98%D0%98 - Нетпрес - 18.03.2009



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 21-Mar-2009 at 22:24
Originally posted by beTon

ова со поплавувањето на цел тој потег подземно малку е нереално, но истово ова го тврди во рекламната кампања за локалниве избори и Мила Искреновиќ за потегот на Карпош, т.е. нејзината забелешка е околу најавите за брани на вардар и колку тие позитивно ќе влијаат во контекст на оваа појава со поплавени подруми.

И двајцата кандидати предлагаат преградување на реката Вардар односно изградба на брани со што би се зголемило нивото на водата.

Регулацијата на реката Вардар не е изградена само за заштита на Скопје од поплави туку за намалување на подземните води. Со изградба на брани ќе се зголеми нивото на подземните води, нашите подруми ќе почнат да пливаат во вода, ќе се наруши стабилноста на објектите а, со тоа и нивната безбедност

...

http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=8&vId=63003810&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%9F%D0%9E%D0%9B%D0%98%D0%A2%D0%98%D0%A7%D0%9A%D0%98+%D0%9F%D0%90%D0%A0%D0%A2%D0%98%D0%98 - Нетпрес - 18.03.2009


beTon, денеска е молк, немој да те казнат Big%20smile


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: beTon
Date Posted: 21-Mar-2009 at 22:36

  ме уапсија

добро муабетот е во сосем друг контекст, затоа и цитирам само пасус кој се однесува на можното поплавување од подземни води. инаку реално изборниот молк важи за партиите и медиумите во МКД, а бидејќи сајтов не е качен на МКД сервер истиот не подлежи  на тимарење од македонски закони. 



Posted By: vardar
Date Posted: 31-Mar-2009 at 06:04
Oпштина центар
 
 
 
 

ИНТЕРВЈУ

Итно е потребна измена на Генералниот план

Зелениот пазар ќе ги задоволи сите, смета кандидатот за градоначалник на Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ

Деспина Трајковска



Имате ли сознанија во каква состојба ќе ја наследите Општината и врз основа на тоа ќе ги определите приоритетите во првите месеци?

Се' уште постојат делови во општината во кои треба многу да се инвестира во инфраструктурни зафати, што сметам да го изведам за кусо време. Генерално, што поскоро треба да се реши проблемот со паркирањето и нехигиената. Има улици преполни со дупки, прекопани повеќе пати, населби во кои канализациите немаат капацитет, па неопходна е нивна надградба, или целосна нова мрежа. Недозволиво е и маџирмаалци да живеат со септички јами. Така што ќе инсистирам за пет-шест месеци да се изврши измена на ГУП на Скопје и во него да се дислоцира булеварот „Крушевска република“ предвиден со сегашниот план, а со кој не се согласуваат жителите на Маџир Маало. Потоа, општината ќе изработи нов ДУП усогласен со ГУП-от. Исто така, со Коце Трајановски ќе го смениме и планот кој предвидува проширување на „Илинденска“, оти нема простор за проширување од Владата до фонтаната, туку само од фонтаната кон Карпош.



Покрај проектите што планирате да ги реализирате со помош на Владата и Градот, кои проекти би ги издвоиле како чисто општински?

За решавање на проблемите со паркирањето ќе поставиме монтажни катни гаражи, сразмерно на слободниот простор, пред „Лотарија“, кај „Холидеј ин“, во Капиштец, а има услови и за подземно паркирање под плоштадот во центарот. Со принципот на јавно - приватно партнерство, или преку приватно-приватно партнерство ќе ја разгледаме можноста за изградба на нова општинска зграда. Но, тоа не е во мојата приоритетна програма за работа.



Што ќе правите со Зелениот пазар? Последниот ДУП предвидува негова дислокација, граѓаните се поделени!

Планот ќе го ставам на ревидирање со намера да се смени. И Советот ќе го убедам да има енергија и желба да го смени тоа, а ќе се бара согласност и од „Скопски пазар“, бидејќи земјиштето е негово. Зелениот пазар е проблем за жителите, почнувајќи од нехигиената, бучавата, оневозможениот пристап до нивните домови. Значи, трите страни, сопственикот „Скопски пазар“, тезгаџиите и жителите треба да се задоволат, а тоа е навидум тешко. Но, ќе имам средба со СП и ќе му понудам нешто да го привлече. Значи, во делот на пазарот една петтина да се ископа, ќе се направи подземен паркинг, а приземјето ќе се покрие и ќе се изгради парк. Сета работа ќе се изведе етапно, со цел да не се затвори пазарчето и тоа ќе трае со години. На крајот ќе добиеме паркинг низ цела основа, приземје на кое ќе бидат тезгите, а одозгора ќе има парк.



Кога сме кај пазарите, и Цветен пазар треба да се дислоцира. Што ќе стане со тие пазарџии?

На местото на Цевтниот пазар има маркичка за објект со ознака дека постои пазар. На местото кај „Тинекс“, пак, спроти дирекцијата на „Макпетрол“, постои катна гаража. Јас не сум за гаража со висина од осум до девет ката, јас сум повеќе за катна гаража на четири до пет ката, а приземјето да се користи за некаква комерцијална содржина. Ако не успееме да го убедиме Советот да го врати планот, тоа што пишува пазар на Цветниот пазар, бидејќи е мал, можеби една третина од сегашниот Зелен пазар, да се зголеми кон „Тинекс“ и во целата таа должина да се обезбеди толкава површина во основа колку што е Зелениот пазар. Тој е од затворен тип.



Размислувате ли да ја искористите можноста за формирање општински јавни претпријатија и дали постојното ЈП „Паркинзи на општина Центар“ функционира во интерес на граѓаните?

Сметам дека е неопходна реорганизација на претпријатието во поглед на неговата програма за работа. Паркинзи се прават и таму каде што нема техничка можност. Истовремено, сметам дека тоа треба да биде 95 отсто во функција на самите жители од зградите ако не и стопроцентно, што сега не е случај. Треба да се направи анализа на оправданоста на веќе отворените паркинзи. Од друга страна, пак, не сум застапник на идејата општините да отвораат свои ЈП бидејќи бараат значителни средства за плати, просторни услови, а тоа не може да се обезбеди, бидејќи ретко кое ЈП работи со голем профит. Сметам дека ЈП кои се во надлежност на Градот имаат доволен капацитет за сите потреби и услуги.



Дали се согласувате со урбанистичката визија за плоштадот и неговата околина?

Апсолутно сметам дека на центарот му се потребни споменици, фонтани, нови градби кои ќе му дадат соодветен белег. Сегашниот лик на плоштадот нема душа, нема ништо препознатливо. И најавуваниот споменик на Александар Македонски и фонтаните во Вардар и десетиците скулптури ќе го заживеат Скопје во секоја смисла, и урбанистички, а особено ќе придонесат за развој на туризмот.



Доколку бидете градоначалник, каква соработка очекувате со Советот, каде што мнозинството е во рацете на опозицијата? Очекувате ли опструкции?

Мора да бидам искрен и да кажам дека во прво време очекувам таква несоработка. Но, најважен е интересот на граѓаните. Не може никој, па ниту јас, да се однесува крајно нерационално на штета на граѓаните. Освен тоа, мојот стил на менаџирање и во приватна компанија е многу респектабилен спрема туѓите идеи и предлози. И ако му кажете некому дека ги респектирате неговите размислувања, ако покажете дека не сте вие од другата страна закоравен и затворен, тогаш и тој е подготвен на соработка. Сум работел и во многу невладини здруженија и луѓето ме прифатиле како контактибилен, флексибилен и подготвен за соработка. Очекувам така да биде и сега. Прво, верувам дека луѓето нема да се однесуваат нерационално, без разлика дали ме напаѓале или не. Ќе им дадам многу од работите да ги изградат сами. Јас ќе партиципирам за некои работи, затоа што тие ќе имаат некаква идеја која ќе мора да се поттикне од градоначалникот како иницијатива.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=672612C609D29044B6A62C73646E036E - Utrinski
 
 
 
 
 
 
 
 

ИНТЕРВЈУ

Најважно е да се решат комуналните проблеми

Сите урбанистички планови треба да се ревидираат, вели кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ, Мирослав Вуиќ

Деспина Трајковска



Од противничкиот табор Ве обвинуваат дека немате програма за работа, немате проекти и идеи за развој на Општината. Што може да им ветите на граѓаните доколку Ве изберат?


Точно е дека не им ветувам катни гаражи, изградба на станови, мостови..., но во никој случај тоа не се проекти кои може да ги реализира градоначалникот, бидејќи нема такви ингеренции. Од друга страна, срамота е на граѓаните да им ветувате грандиозни зданија кога во денешно време значителен дел од граѓаните на Центар користат септички јами, немаат доволен притисок за вода, шетаат по раскопани улици, а живеат не само во централната скопска општина, туку во општина која е центар на државата. Иако е неблагодарно да се прогнозира, сметам дека решавањето на основните комунални проблеми ќе одземе доста време, па дури потоа можеби ќе се посветам на изградба на катни гаражи, или други капитални објекти, и тоа со помош на средства од разни меѓународни фондови, преку облици на приватно-јавно партнерство или слично, бидејќи општинскиот буџет не го дозволува тоа. Приоритет ќе ми биде донесување урбанистички планови за Маџир Маало, Крњево и за делови од реонот на Кале, што би било основа за понатамошна урбанизација на овие реони.

Убеден сум дека од ден на ден ќе никнуваат проблеми со кои ќе се соочат граѓаните, кои сега не можеме да ги предвидиме, па за таа цел приоритет ќе ми биде и активирање на 17 урбани заедници во Општината. Директно преку нив ќе се лоцираат сите новоизродени проблеми со кои ќе се соочуваат граѓаните. Досега тие не функционираа, но не од навидум оправдани причини, туку тоа не им одговараше на општинарите. Просториите на месните заедници ги издаваа за нечии интереси и профити. Особено внимание ќе му посветам и на сообраќајот, онолку колку што ми дозволуваат ингеренциите. На неколку локации во Дебар Маало планирам изградба на кружни текови како делумно би го растовариле булеварот „Партизански одреди“ и „Илинденска“.



Ревизија на урбанистичките планови е дел од Вашите приоритети. Кои планови сакате да ги „прочешлате“, зошто и кои други активности планирате да ги преземете на полето на урбанизмот?

Несомнено е неопходна ревизија на сите урбанистички планови со измени и дополнувања од понов датум, меѓу нив ДУП Мал ринг, Голем ринг, Зелено пазарче, Буњаковец, Капиштец. Тоа не значи нивно поништување, туку преиспитување на постапките со кои се донесени, бидејќи имам сознанија дека, притоа, грубо се прекршени законите. Значи, доколку се утврдат неправилности, автоматски од старт да ги пресечеме планираните градби, а не кога ќе стасаат до одредена фаза како постепено би биле принудени да ги легализираме. Недозволиво е од вцртани маркички за катни гаражи, преку ноќ, со непочитување на постапките да се планираат деловни објекти, хотели... Истовремено неопходно ќе биде и освежување и доекипирање на инспекцискиот надзор, нивна поголема ажурност и навремено реагирање, што сметам дека досега не беше случај. Таа инспекција веднаш ќе добие налог да ја утврди фактичката состојба со дивоградбите, кои навидум беа санкционирани во владината акција пред две години. Дел од нив веројатно ќе бидеме принудени да ги легализираме, а пак оние што се во почетна фаза на изградба ќе се урнат, нормално истовремено инвеститорите ќе треба да ги сносат сите неопходни санкции за незаконските постапувања.



Имате ли решение за хаосот со летните тераси на улица „Македонија“ и на кејот? Сметате ли дека навистина поради совпаѓање и непрецизирање на надлежностите помеѓу Општина Центар и Градот Скопје во изминатите години пешачките зони неосновано се узурпираат?

И да постоеле навистина пропусти во регулативата, во ситуацијава тоа и' одеше во прилог на Општината, а од друга страна на кафеанџиите. Ќе инсистирам целосно ингеренциите да бидат во Општината, од издавањето дозволи до инспекцискиот надзор. Инаку, не сум против летните тераси, но неопходно е конечно да се стави ред на пешачките зони. Тие првенствено треба да се во функција на пешаците, а потоа да претставуваат зона за релаксација, забава...



Доколку граѓаните Ви ја укажат довербата, каква соработка очекувате со Владата и со скопскиот градоначалник доколку биде од ВМРО-ДПМНЕ. Очекувате ли „сопки“ или, пак, координација без оглед на партиските припадности?

Ќе излажам доколку кажам дека не очекувам сопки. Очекувам и тоа на секое поле, па макар и Владата да немала директни или индиректни ингеренции во локалната политика. Се сомневам дека и градоначалникот и Владата, доколку имаме потреба од координација за одредени проекти, ќе работат совесно, без оглед на нашите различни политички припадности. Но, не се плашам од таквите можни блокади. Одлично ги познавам правните лекови и убеден сум дека со нивно искористување ќе го решам секој оној што недозволено ќе ми застане на патот. Ова не сакам да звучи како закана, туку симболично предупредување.



Дали како градоначалник имате визија за интензивна урбанизација на централното градско подрачје, особено на плоштадот и неговата околина?

Апсолутно сум против задушување на централниот простор на Скопје и државата, воопшто. Досега поставените скулптури, а и создадените услови за изградба на грандиозниот споменик на Александар Македонски, десетици скулптури и црква на плоштадот, за мене е чист криминал и маркетиншки трик. Не сум против црква и спомен-обележја, но доколку се испочитуваат законските постапки за носење на урбанистичките планови, првенствено да се слушнат и испочитуваат желбите на граѓаните. Ова што ни се случува е вистински терор, кој, за жал, и да станам градоначалник, нема да можам да го спречам. Градежните дозволи веќе се издадени, а за законитоста на ДУП, Уставниот суд веќе се произнесе дека е донесен во согласност со регулативата.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=691560B680F9884AB3316C1076414DE9 - Utrinski


Posted By: La Linea
Date Posted: 01-Apr-2009 at 22:25
Какви се овие воздушни брани?

Јакимовски презентираше проект за воздушни брани на Вардар

http://www.netpress.com.mk/vestiimages/53072/RekaVardar250.jpg">

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, заедно со кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Тито Петковски, денеска на Кејот на Вардар на вливот на Лепенец во најголемата наша река, пред присутните новинари и граѓани го претстави проектот : Трета фаза од реконструкција на Кејот на Вардар.

Станува збор, како што рече во својата изјава Јакимовски, за изградба на водни или воздушни брани во должина од 750 метри кои летно време ќе го подигнуваат нивото на водата за 1,75 метри, а зимно ќе се спуштаат. Тоа ќе овозможи поставување на сплавови и ресторани и други содржини кои ќе му дадат сосема нова слика и намена на Кејот, при што летно време ќе го направат рекреативен и забавен центар за сите граѓани како на Карпош, така и на целиот град.

“Нашиот концепт е летно време културно забавниот живот, спортот и рекреацијата целосно да се пресели на Кејот, покрај водите на реката Вардар.Освен тоа овој проект има двојна функција, прво стабилизирање на количеството на проток на водите на Вардар и можност за организирање разни рекреативни активности кои што придонесуваат за зголемена искористеност на хидропотенцијалот. Општина Карпош, а и градот Скопје, односно реката Вардар, долж целото течение треба да не претстават во едно ново урбанистичко и европско светло.Ова не е ново архитектонски и урбанистичко искуство, го има во нашето непосредно соседство во Србија, во Словенија, но и во многу други европски држави“, изјави кандидатот за градоначалник Јакимовски.

Тој,  исто така најави поставување на хидрантска мрежа и раззеленување на Кејот, изградба на спортски терени, изградба на базени, уредување и на левата страна на Кејот како и изградба на нова велосипетска патека.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=53072&kategorija=3



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: zabegan
Date Posted: 02-Apr-2009 at 12:25
ваљда се мисли на некоја хидраулика


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Apr-2009 at 12:58

ШТО ВЕТИЈА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ

Трајановски: Чисто Скопје, без метеж

Трамвајот како можност ќе биде преиспитана зашто за негова реализација треба помош и од Владата и од странски фондови, вели новоизбраниот скопски градски татко


Заврши сечењето ленти, сега треба да се фатат за работа: Трајановски и Груевски при пуштање на употреба на плоштадот во Гази Баба

Чисто Скопје и решавање на проблемот со сообраќајниот метеж се главните приоритети на новоизбраниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Хигиената би се зголемила со воспоставување нови европски стандарди за управување со отпад во Скопје, купување нови контејнери, модернизација на депонијата Дрисла, но и на изработка на студија за поефикасно управување со јавните претпријатија. Трајановски ветува проект за згрижување на кучињата-скитници, како и формирање на јавно претпријатие за погребални услуги.

Сообраќајниот метеж, според него, би се решил со проширување и реконструкција на булевари меѓу кои на Србија, Цветан Димов, Првомајска и Илинденска. Меѓи капиталните проекти му се изградба на катни гаражи, подземен тунел од Партизанска до комплексот банки, подземно и надземно сообраќајно решение на Јужен булевар, како и нов пешачки мост на реката Вардар.

Трамвајот, за кој градоначалникот во заминување Трифун Костовски, остави аманет да се реализира, како можност ќе биде преиспитана. Трајановски смета дека за овој проект требаат многу средства кои во градската каса ги нема, па реализацијата ја гледа во соработка со Владата и со странските фондови. Тој смета дека воведувањето трамвајски сообраќај, како алтернатива, значително ќе влијае на растоварување на метежот во Скопје.

Тодоровиќ: Борба против урбанистичкото дивеење

Четириесет и три илјади избирачи во скопската општина Центар, кои на стотина метри од Собранието и од Владата газат во кал и се заглавени во сообраќаен метеж и задушени од смог го задолжија градежниот инженер Владимир Тодоровиќ, сопственик на синџирот маркети „Тинекс“. Тој за „Дневник“ изјави дека ургентно ќе бара чаре за нечистотијата и за дивеењето во урбанизмот. Капитален проект ќе му биде гасификацијата, односно да доведе евтин енергенс до секој стан или куќа.

- Тоа е огромна инвестиција, но брзо ќе се отплати, бидејќи граѓаните помалку ќе трошат струја. Ќе ги зајакнам инспекциските служби, постојано ќе надгледуваме како се градат објектите и нема да дозволам ниту еден нелегален кат - вели тој. Во програмата на Тодоровиќ стои дека градежниците веќе не ќе можат да го валкаат градот, дека ќе ги реновира седумте основни училишта во општина и оти ќе го поттикнува усовршувањето на талентираните ученици. Ветува дека по никоја цена нема да дозволи во општината да се градат нови објекти без обезбедени паркиралишта.

- Жителите во Дебар Маало нема каде да паркираат, а урбанистички населбата е уништена за наредните 200 години. Нема да дозволам да се повтори такво нешто. Има решение и за Зелено пазарче, со тоа што просторот ќе се подели на повеќе нивоа - паркиралиште во долниот дел, пазар во средниот и зелени површини на горниот дел. Во Маџир Маало ќе ги почитувам барањата на жителите - вели Тодоровиќ.

Јакимовски: Ефикасна администрација

Градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски, вторпат е избран на оваа функција, и тоа по шест години пауза, откако првиот мандат го напушти заради преземање министерска функција. Приоритети на кои веднаш по стапувањето на функцијата ќе обрати внимание му се хигиената во Карпош, како и подигање на ефикасноста на општинската администрација. Исто така, ќе го преиспита и досегашното финансиско работење во општината. Таа би работела во две смени, со цел да им служи граѓаните онака како што заслужуваат.

Меѓу поважните проекти, кои би се реализирале меѓу првите, се подобрување на водоснабдувањето во Козле и во Нерези, уредување на Кејот, кој му беше приоритет и во првиот мандат, уредување на булеварот Партизански одреди, како и обнова на фасадите на старите згради во Карпош. Поголем локален економски развој со привилегии за инвеститорите, а со тоа и отворање нови работни места се главните приоритети во кои се единствени избраните градоначалници на скопските општини во вториот круг на локалните избори.

Ѓорчев: Кисела Вода - слепо црево

Новиот градоначалник на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, од ВМРО-ДПМНЕ ќе седне на градоначалничката фотелја на местото на досегашниот градоначалник Џорџе Арсов. Ѓорчев е поранешен градоначалник на ова општина и ексминистер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Приоритети за Ѓорчев се сообраќајните проекти бидејќи, според него, оваа општина е слепо црево на градот и е недоволно поврзана со центарот.

- Ќе го прошириме булеварот Првомајска, на потегот од старата рампа кај Тутунскиот комбинат до населбата Драчево, истакна Ѓорчев. Легализацијата на околу 3.000 нелегални објекти, кои со децении не се опфатени со детаљните урбанистички планови ќе биде втората работа со која ќе се зафати Ѓорчев. Битно е и заживувањето на индустриската зона, вели тој. Поголемо внимание ќе обрне и на развојот на локалната економија, формирање на Совет на стопанственици, како и разрешување на проблемот со невработеноста.

- Ова ќе се постигне со помош на јавно-приватно партнерство. Со повластици, идните инвеститори ќе ги обврземе да вработуваат млад кадар од територијата на општината, објаснува Ѓорчев. Од капитално значење за Ѓорчев е и потребата итно да се заменат азбестните водоводни цевки, од Кисела Вода до Драчево, во должина од 3 километри.

Меџити - Проекти за Чаршијата и за Гази Баба

Втор мандат како градоначалник на Чаир доби Изет Меџити од ДУИ. Тој ќе ја ревитализира Старата скопска чаршија и ќе ја претвори во пешачка зона.

- Ќе се залагам за уредување на овој споменик на културата, за осветлување на сите улици во Чаршијата, но и за затворање на сите нејзини влезови - вели тој.Меџити најави изградба на меѓународен балакански универзитет во населбата Чаир, како и на повеќе спортски сали и терени. Парк-шумата Гази Баба треба да прерасне во спортско-рекреативен центар.

Митевски на Чело на Петровец

За новиот градоначалник на Општина Петровец од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Митевски, од големо значење е изградбата на фекалната канализација заедно со пречистителната станица во селото Марино, која треба да биде пуштена во функција овој месец. И изградбата на водоводот Петровец - ‘Ржаничино - Огњанци ќе биде една од првите задачи. Во изградбата на канализација ќе помогне и Владата. Тој во програмата предвиде реновирање на сите основни училишта, изградба на спортска сала, привлекување инвеститори и отворање нови работни места. Досега актуелниот градоначалник на Општина Илинден, Жика Стојановски, од ВМРО-ДПМНЕ, со 5.270 добиени гласа ќе продолжи уште еден мандат. Тој останува и понатаму на максималната заложба за целосно разрешување на загадувањето на воздухот и водата од рафинеријата „Окта“.

- Ќе настојувам, заедно со Министерството за животна средина, со „Окта“ и со жителите да ја доведеме загаденоста на воздухот на дозволено ниво. Ќе градиме пречистителна станица за отпадните води и ќе ги отстрануваме последиците предизвикани од загадувањето, изјави Стојановски. Тој ќе настојува да постави цевковод за отпадните води и да го поттикне локалниот економски развој. Треба да изгради ново основно и средно училиште, културен дом, а градинката е речиси готова. Решавањето на инфраструктурните проблеми е од битно значење.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AFCCF30BB1E5B84C93E2B2D9128D01A6


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Apr-2009 at 13:04
Еве веќе кога избориве завршија, честитки за изборот на сите до еден од градоначалниците, а да не заборавам и на претседателот. Што се однесува до локалните самоуправи, комплетно сите, очекувам почитување на веќе донесените планови и транспарентно носење на нови притоа да нема никави "авторитарни моменти" во плановите па да вцртуваме портали и споменици од ѓутуре. Очекувам ажурно објавување на сите материјали од јавен карактер вклучувајќи планови, а ако може и по некоја фотка од градилиште.


Posted By: vardar
Date Posted: 07-Apr-2009 at 13:30
Originally posted by lslcrew

Еве веќе кога избориве завршија, честитки за изборот на сите до еден од градоначалниците, а да не заборавам и на претседателот. Што се однесува до локалните самоуправи, комплетно сите, очекувам почитување на веќе донесените планови и транспарентно носење на нови притоа да нема никави "авторитарни моменти" во плановите па да вцртуваме портали и споменици од ѓутуре. Очекувам ажурно објавување на сите материјали од јавен карактер вклучувајќи планови, а ако може и по некоја фотка од градилиште.
 
 
 
  LOL  Crazy  .... ќе почекаш богами ...
 
 
 
 


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Apr-2009 at 20:14
абе сега прочитав дека Меџити ќе ја претворел чаршијата во пешачка зона LOLNuts


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Apr-2009 at 22:16
Originally posted by zabegan

абе сега прочитав дека Меџити ќе ја претворел чаршијата во пешачка зона LOLNuts

Хахаааа!!!!
Нека не те чуди обеќавање на проекти кои се во изведба, па дури и обеќавање нешто што е веќе готово години наназад! Не е тоа ништо ново!

Баш пред некој ден слушнав "Ќе направиме обиколница на Скопје....." Crazy


Posted By: beTon
Date Posted: 27-Aug-2023 at 19:09

синкир ова тука може да помине како досетка, имеџин сите кандидати се задолжени да носат спитфаерки со прешивачи од спонзор фирми ем приватни познанства, идеално со дијаграм од релации [ https://bgrevizia.files.wordpress.com/2015/10/oktopod1.png - 1 ][ https://arhiva.infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2016/12/oktopod-768x428.jpg - 1 ]-[ https://web.archive.org/web/20160727185158/https://www.indiefilmhustle.com/wp-content/uploads/2015/11/how_to_make_short_film.jpg - 2 ][ https://web.archive.org/web/20130115104113/https://www.igrafx.com/products/process-modeling-analysis/flowcharter - 2 ]-[ https://www.graphicdesignforum.com/t/navigating-the-history-of-graphic-design/27194/3 - 3 ] за ко мајндмап полесно да се снајдат избирачи кој в чија пајажина ет замрсен!

https://youtu.be/nt5mRyIyOzU?si=uzsp3lnhmMOCIEPZ&t=1112 - https://youtu.be/nt5mRyIyOzU?si=uzsp3lnhmMOCIEPZ&t=1112

GrahamB: that's why you've said you wish politicians would have to wear NASCAR type suits with the logos yeah JesseV: I wish they'd require anyone running for president to wear a NASCAR shoot with patches right dictating who owns them I mean it's simple when you see Jimmy Johnson what do you see Lowe's right then he's got all his other smaller patches around it well if Jesse Ventura runs for president there won't be a patch on the suit it'll be clear White I imagine some of my opponents wouldn't have enough suit to put the patches on they may have to have a subordinate wear one too so they could get all the patches on how much do you fault the candidates for that and how much do you fault just the the system

хм, нешто што и' сами да не го чинат би било логично занив отстрана Новинари да го сторат, едно време Фокус имаше таков пристап арно ама го пишманија и Николче од таквата идеја да стори изборен тренд во недоглед, веројатно зато и МиркаВ си замина, а во чиј напис таму првпат бев видел концизен локален соросоиден дијаграм каде ДаркоЈ чинам беше исто закачен што може во меѓувреме го поттикна да се преуми и тој та посетне дури и заедно со Мирка во МНШ да тераат анамнеза на нашта реалност ... Сепак таква демистификација може да прејде и во рекет на мала врата а од спунт преку новинари, бар некој велат кајнас то ет многу нормал работа [ https://forums.vmacedonia.com/archive/index.php/t-17351.html - 4 ] Зато најубо е на ваква текстилна изборна транспаретност бар по пресои да бидат законски приморани наште удбалитичари!, во секој случај денес со ова интернетов испикан на сите меѓу кожичка у прсти, чинам дури и лаик може да дофати кој е кој и со кого ујдисан та доколку си немате попаметна работа убо е во слободно време да дебатирате и на таков симболичен начин ~ апропо ваште идни локални (или државни) претставници или пак во однос нивните програми!, само имајте Наум дека каузално секакво неистражено паушално кривоклетие си повлеквит склет во легал ор илегал формат, та паметно би било тоа да го чините додека сте некаде понадвор на одмор доколку си терате опуштено необавезно фриленсерски!




Print Page | Close Window