Print Page | Close Window

Препораки за гласање на анкетите

Printed From: build.mk
Category: Останати теми
Forum Name: Останати теми
Forum Discription:
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=564
Printed Date: 23-Apr-2024 at 08:50


Topic: Препораки за гласање на анкетите
Posted By: pbanks
Subject: Препораки за гласање на анкетите
Date Posted: 11-Mar-2009 at 16:17
Препораки за гласање на анкетите за оценка на завршени објекти

Форумот спроведува гласање на анкети за оценување на завршените објекти. Целта на овие анкети е да ги сумираме нашите впечатоци за одреден објект и да се обидеме да го оцениме истиот а со тоа и да направиме некоја неформална листа која ќе покаже како се ценат и како се прифатени објектите кои се градат во земјава.

Анкетите ги поставува модераторскиот тим по комплетирањето на одреден објект со цел да се оцени изведбата на објектот. Би сакале да дадеме неколку препораки во врска со гласањето на овие објекти.

Критериуми кои треба да се земат во предвид.

- естетскиот изглед на објектот
- вклопеност во околината
- употребени материјали
- квалитет на изведбата
- функционалност
- хортикултурно и партерно уредување на околината на објектот
- паркинг решение
- запазување на урбанистичките норми, планови како и на контекстот

Скалата за гласање е од 1-10. Идејата е главниот распон за гласање да биде помеѓу 3-8. Оценките 1 и 2 или 9 и 10 би требало да бидат резервирани за архитектонски анахрони и правно нелегални/матни/нетранспарентни објекти или за навистина вонсериски и вонвременски објекти.

10
9
--
8
7
6
5
4
3
--
2
1


Секако секој ќе изгради свој критериум за гласање но апелираме сечив индивидуален критериум да биде конзистентен низ сите анкети за истите да тие можат да бидат споредливи помеѓу себе.

Добредојдено е да се остави коментар за оценката што ја дава секој член (со вклучени позитивни и негативни моменти), особено доколку во дотогашната дискусија нешто не е спомнато или членот има различно видување.

Исто така апелираме максимално да се избегнат субјективни причини за гласање заради политичка позадина, контрирање, инаетење итн. Доколку превагне таквиот начин на гласање анкетите комплетно ќе ја изгубат својата смисла и ќе бидат укинати за сите членови.




Print Page | Close Window