Print Page | Close Window

Изборни програми и најави 2009 (Битола)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=566
Printed Date: 22-Jun-2025 at 01:26


Topic: Изборни програми и најави 2009 (Битола)
Posted By: гитардемон
Subject: Изборни програми и најави 2009 (Битола)
Date Posted: 11-Mar-2009 at 20:13
Еве ги програмите што ги најдов на интернет за Општина Битола на кандидатите за Градоначалник на Општина Битола, и нивните партии. Постирани се без некој особен ред, ако е нешто прво или последно не значи дека ја поддржувам партијата или кандидатот или не.

А еве што јас (а дел од наведеното и многу граѓани на Битола) сметаат дека е приоритетно за градот:

*Инфраструктура
**НАЈВАЖНО како прво (мое мислење): Уредување на тротоарите во целиот град, бидејќи ништо друго да не се подобри а само тротоарите да бидат уредени (и унифицирани) градот веднаш изгледа многу поубав и посреден, а додека пак сите улици да имаат нов асфалт а тротоарите да се и понатаму ужасни, градот никогаш не би изгледал убав.
**Паркинзи: во статиите подолу се гледа колку нови паркинг места биле создадени, но тоа е едно обично решение со кое се прошируваат улиците и се паркира на крајната лента, што и не е толку добро. Треба или подземни паркинзи (нема место за катни гаражи), или пак надземни но на добро избрани места.
**Плоштад пред Домот на Културата: Тој е моментално 'плоштад' кој е достапен за граѓаните само кога има митинг, или некоја друга платена манифестација, инаку е многу грд паркинг кој го закочува сообраќајот во центарот, и е грда слика пред најубавата тревната површина во градот. Јас мислам да се направи подземен паркинг таму (ако веќе мора, но нема потреба од него), а надземно да си биде убав плоштад, со клупи зеленило или било што, каде што ќе може да се собираат луѓе.
**Реновирање на Широк Сокак: да се помогне (присили) во решавањето на имотниот спор на двата објекти во срцето на Битола, едниот од кои е голем хотел кој ја нагрдува многу сликата, а и да се реновираат градбите од комунистички тип кои ја нагрдуваат сликата на Широк Сокак, бидејќи досега се реновираа само старовремските градби, додека овие понови грдосии ги имаат истите фасади кои не се вклопуваат.
**Логично уредување на касарната по нејзиното предавање во општински раце. Не да се прават тие бараките универзитети во суб-стандардни бараки, не да се прави филмски град, туку целосно да се урбанизира тој дел од градот со градење на големи нови сообраќајници и станбени блокови, наместо градот да се шири кон ридестиот дел, а тој дел во центарот да останува неискористен.
**Реновирање на зоолошката: Да се направи барем малку похумана за животните, не мора по европски стандарди, а не само да се поставува директор кој никогаш не е таму, и зема повеќе пари отколку што добива зоолошката цела година.
**Експлоатација на придобивките од историските места: Хераклеја може да привлече многу туристи, исто како и старите градби, но мора целосно да се заштитат многу работи со закон, и да се финансира музејот да се направат тури со туристи (звучи лесно на хартија, но и не е толку тешко во реалноста) низ црквите, џамиите, старите градби, Хераклеја и слично.
***Тука спаѓа реставрирање на старата чаршија, која е полна со глупави бутици (ај тоа некако се голта), со уште поглупави реклами, паноа, излози и сл. Според мене, треба цела чаршија да се преуреди во некој посоодветен стил за градбите (не може излог од стакло (грд) на куќа стара 400 години), и задолжително да се отстранат тие имиња на фирми или било што поставени на метални држачи кој како стигнал. Јас мислам дека во битолската чаршија човек добива впечаток дека е во Авганистан, но и таму има поавтентичен изглед, барем изгледа ориентално, додека тука се трудат бутиците да не изгледаат 'стари' (а не успеваат, изгледаат само 'транзиционо'), а со тоа само ја нарушуваат автентичноста на чаршијата, и ја прават уште погрда.
**Реновирање на училиштата (или релоцирање во нови згради) од неколку се во историски згради, а не во згради наменети за образовни дејности.
**Олеснување на движењето на хендикепираните лица низ цел град (не поради ЕУ, едноставно поради хумани причини) со рампи, семафори за слепи и слично
**Уредување на влезовите во градот (од Охрид, од Прилеп, од Лерин)
***Страната од Прилеп веќе е најавено дека ќе се реновира, со булеварско решение
***Страната од Охрид веќе е најавено дека ќе се реновира, не знам како, но секако ќе биде подобро од веќе постоечкото кое поминува низ една безврска населба, барем да се уреди тротоарот
***Страната од Лерин е најважната страна според мене, бидејќи од тука влегуваат возила кои пристигнале со фери од Игуменица (Италијанци и сл.), или пак Грци од Западна Грција, а воедно и странци кои доаѓаат во Западна Македонија преку Грција (а ги има многу). Моја идеја е да се направи тротоар селото Кравари, да биде соодветно поплочен и осветлен со канделабри, со што и селото ќе заличи на приградска населба (таа е веќе интегрирана во Битола на некој начин), и влезот кон градот ќе заличи на нешто. Со оглед на тоа што меѓународниот пат поминува вдолж цело село, добро би било по пример баш на грчките села да се уреди со тротоари и канделабри, и да се регулира подобро брзината на возилата низ селото.

*Енергетика и ресурси
**Гасификација: Би требало градот да се зафати со гасификацијата, иако е долг процес мора да се почне порано, за да заврши некогаш. Иако во ниеден град нема, мора да се заангажира некој за да започне
**Топлификација: Веќе е започнат проект за заедничко затоплување на објектите на јавната администрација, но топланата која постои во Битола, затоплува само еден мал дел од градот, а сите други се топлат на сопствено греење, што придонесува за дополнително загадување и трошење на енергија.
**Спроведување на мрежа со индустриска вода, за да не трошат сите авто-перални, фирми и сите вода која е наменета за пиење, бидејќи и онака никој нема еколошка свест, вака барем ќе имаат поинакви цени, и ќе се штеди вода за пиење.

*Сообраќај
**Јавен транспорт: Задолжително регулирање на дивите таксисти, и огромниот број на легални таксисти (кои си мислат дека имаат право да бидат 400% повеќе од што би требало, бидејќи тоа им било единствена егзистенција), воведување на стриктни стандарди со што би излегле од игра неконкурентните (суб-стандардни) таксисти, а би се отворило простор за нормално функционирање на јавен автобуски превоз. Исто така реновирање на железничката станица (пуштање на пругата Лерин-Битола нема врска со општината, иако некои кандидати ги залажуваат гласачите со вметнување на тоа во програмата), и помогнување на Транскоп да ја реновира автобуската станица која се реновира веќе подолго време и заличува на станица, и иако е приватна може да се помогне бидејќи тоа е првиот впечаток за градот.
**Едносмерни улици: Изнаоѓање на решенија за тесните улици кои се долги години проблем за градот, да се направат шеми на наизменични едносмерни улици, за да се олесни протокот на возила во градот.

*Спортски објекти
**Реновирање на спортската сала Младост (доволно е и колку за замачкување на очи, паркет, столчиња ова она, колку да личи на спортски објект)
**Оспособување на стадионот под Тумбе Кафе за европски натпревари (рефлекторите се веќе подарени, но за да се наместат се чека да се извадат преостанатите два од Скопје), со изградба на нова трибина на местото на минијатурната супстандардна, да се направат wc-иња, да се направи паркинг околу стадионот кој и онака е поврзан со новото игралиште на Агенцијата за млади и спорт, со новиот базен кој ќе се гради, па со салата Младост). Доволно колку да има алтернатива на скопскиот стадион во државава.
**Довршување на салата од страна на владата во студентскиот дом.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.



Replies:
Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 20:15

СДСМ за разлика од Талески има план како да го уреди Тумбе кафе
Среда, 11 Март 2009 18:25

DIJANA%20TUMBE%20KAFE%20004

Иако Талески и финансиски и временски досега имал доволно можност да го уреди Тумбе кафе тој тоа не го сторил, реагираше денес кандидатот за градоначалник од СДСМ.

 Со 20 милиони буџет на годишно ниво, актуелниот градоначалник досега требаше да го направи Тумбе кафе како спортско рекреативен центар како што вети на граѓаните во својата изборна програма пред 4 години, а што е уште пострашно тој за овој повторен свој мандат ја бара довербата кај сограѓаните и допрва ќе ги прашува што ќе се случи со Тумбе кафе, вели Дијана Ѓорѓиевска, кандидат за градоначалник од СДСМ

DIJANA%20TUMBE%20KAFE%20001

Тумбе кафе набрзо ќе добиело нов лик, доколку СДСМ ја добиела локалната власт:

 Тоа што ние ќе им понудиме пак на граѓаните е дека веруваме со предлозите наши и максимално учество затоа што ние граѓанската вклученост ја промовирме во секој наш проект е дека се надеваме шеталиштето, паркот, Тумбе кафе ќе ги ставиме повторно на туристичката мапа во нашата држава и надвор од неа, вели Дијана Ѓорѓиевска, кандидат за градоначалник од СДСМ

Нив дополнително сондирање на мислењето на граѓаните не им било потребно затоа што тие тоа го сториле многу одамна, а граѓанските иницијативи и предлози за Тумбе кафе веќе биле дел од нивната изборна програма.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5210:2009-03-11-17-26-07&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5210:2009-03-11-17-26-07&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 20:16

Талески најавува нови зелени површини
Среда, 11 Март 2009 18:21

TAleski%20PARK%20004TAleski%20PARK%20003

Кај паркот покрај техничкиот факултет денеска градоначалникот Владимир Талески ги презентира резултатите од неговата зелена агенда во изминатите години. Направени се нови паркови, но и обновени се старите и запуштени како паркот кај техничкиот факултет и средношколскиот дом „Мирка Гинова".

TAleski%20PARK%20001

- Паркот „Александар Турунџев", комплетна реконструкција на централниот парк кај Саат кулата со систем за автоматско наводнување со техничка вода, а не вода за пиење, реконструиран детскиот парк, уредување и поставување на жардинерии кај Безистенот, парк во населбата Ушици, реконструкција на парк пред Центарот за култура, паркот кај „Ѓорѓи Сугарев", „Јонче Мурџевски", парк споменик во селата Породин, Долно Оризари, Горно Оризари, Кукуречани - вели градоначалникот.

Талески, кој е кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и на овие локални избори, најавува нови проекти за раззеленување на Битола.

- Паркот во Довлеџик, западен влез во Битола, комплетно хортикултурно решение за Тумбе кафе, паркот кај Тера телевизија, комплетно хортикултурно решение за западен дел од Градскиот парк, нов парк во Породин, кај селата Кравари, Бистрица, парк непосредно до спортската сала и така натаму, секаде каде ќе се појават нови моменти. Ова зеленило ја исполни сликата на градот - вели Талески.

TAleski%20PARK%20002

Поддршка за ваквите активности на општината и понатаму ќе биде јавното претпријатие „Комуналец".

- И во иднина ќе настојуваме што повеќе да имаме зелени површини и паркови. Тада да на градот Битола му дадеме лик на европски град - вели Јовко Крстевски, директор на ЈП.

И градоначалникот и директорот на јавното комунално претпријатие велат дека секој граѓанин може да предложи идеја кој дел од градот да се раззелени. Граѓаните ќе добијат помош, а нивно ќе биде само да се грижат таа локалији да се одржува зелена.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5209:2009-03-11-17-24-42&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5209:2009-03-11-17-24-42&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 20:17

Курделес да се реши-ветува СДСМ
Среда, 11 Март 2009 18:20
KURDELES%20KANAL%20001

СДСМ денеска предупреди на долгогодишниот проблем на жителите на населбата Боримечка, односно отворениот канал или Курделес кој е извор на зараза од фекалната вода.

„ Нашата определба е во буџетската ставка од 80 милиони денари да ја заголемиме на 160 милиони денари во наредниот период, се разбира доколку ја добиеме поддршката од граѓаните. Ова овде што денеска му создава сериозен проблем не само на граѓаните, туку и на ранливата категорија, како што се децата во специфичниот период од годишните доба каде што се извор на зараза и епидемии" вели Томе Наумов носителот на советничката листа на СДСМ.

KURDELES%20KANAL%20003

Ако ја добијат локалната власт вети дека ќе се грижат и за граѓаните на Битола кои живеат на периферијата, а не само за оние од центарот на градот, како што сега правела локалната власт.

„ Исто така би претставувало затворен систем во кој што ќе немаат допир граѓаните, се разбира дека тоа не е крајното решение. Крајното решение се и пречистителните станици кои што треба да се постават на влезот на реката драгор, друго она што значи колекторски систем, зафаќање на сите води кои што се фекални" вели Наумов.

KURDELES%20KANAL%20003

И жителите од оваа населба се жалат на пробемот што го имаат со години.

„ Живеам тука 40 години, досега комуналното претпријатие води сметка постепено ова го прочистува, меѓутоа не е решен проблемот целосно" реагира Цветанка Беговска жителка на населбата.

Веруваат дека за нив повеќе слух ќе има новата локалната самоуправа на Битола.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5208:2009-03-11-17-21-39&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5208:2009-03-11-17-21-39&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 20:21

Нема ЌЕ, резултатите во образованието во Битола се видливи
Среда, 11 Март 2009 18:19
VMRO%20PRES%20001

И да се асфалтира секоја педа на Битола, а градот урбанистички и инфраструктурно да заличи на европските метрополи, полн со многу странски инвеститори, се ќе биде залудно без стручни и едуцирани кадри. Синхрониозираното делување на владата и локалната самоуправа во образованието во Битола создало видливи реални факти без многу ќе:

 Над 2 милиони евра вложени во образованието, компјутер за ској средношколец, 14 спортски игралишта, обновена инфраструктура во сите основни и средни училишта, санација и реновирање на неколку селски училишни згради, три нови градинки во Кукуречани, Бистрица и Кравари, санација и опремување на сите градинки во Битола, вели Анита Ангелевска, портпарол на ВМРО ДПМНЕ

VMRO%20PRES%20002

Тоа давало можност да проговорат и за она што ќе го направат. Ќе богато со бројки и предвидливи факти:

 1863 компјутери за основните училишта, продолжување со реконструкција и реновирање на основните и средните училишта, продолжување со санација на санитарните јазли, дотраната дограма, инфраструктурата, котлите за парно греење. Иако како што гледате, мора и натаму да се занимаваме со санирање на она што со години било запоставувано, не ја забораваме и вистинската суштина на образованието, кое треба да асоцира на иднина, модернизација и просперитет, вели Анита Ангелевска, портпарол на ВМРО ДПМНЕ

Преку проектот професионална ориентација младите ќе добијат насока за препознавање на сопствениот капацитет и ориентација според потребите на пазарот на трудот, а најавуват и донесување на официјална стратегија за уписна политика во средно образование, како и стипендирање на најдобрите ученици, средношколци и спортисти.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5207:2009-03-11-17-20-05&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5207:2009-03-11-17-20-05&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 20:24

ЛДП љубовта кон животните ја покажува со убивање забранет дивеч
Среда, 11 Март 2009 18:15
IZJava%20VMRO%20001Партијата чиј рејтинг се мери на ниво на статистичка грешка, ЛДП откако видела дека законот ги попречува да ги реализираат своите планирани активности, се пренасочиле во зоолошката градина за која најавиле неразбирливо дислоцирање и стручно кадровско засилување од нивните редови, реагираше ВМРО ДПМНЕ.

- Се надеваме во изборот нема да бидат вклучени и нивните или нивни поранешни пратеници кои љубовта кон животните ја покажуваат со убивање забранет дивеч. А, тоа во оваа земја се казнува со закон кој како што самите велат не треба да биде селективен кон никој. Нам ни е многу жал дека своите предизборни активности ги сообразиле со сопствениот рејтинг, ама и во тоа не внеле инвентивност. Најверојатно им е јасно дека и нема зошто, вели Горан Таскоски од ВРМРО ДПМНЕ.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5204:2009-03-11-17-16-00&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5204:2009-03-11-17-16-00&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 20:29

Битола била сиромашна пред 4 години, реагираше Кузмановска
Среда, 11 Март 2009 18:14

IZJava%20VMRO%20003Целокупната работа на општинскиот совет била со видливи и реални резултатите, а граѓаните го препознавале тоа. Но, честопати советот се претворал во поле за политичка борба што на моменти ја попречувало децентрализацијата која мораше да се заврши. Денеска реакција и на претседателката на Советот, носител на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ.


Но, и покрај сите тие искушенија успеавме да ги реализираме зацртаните програми. Многу ми е жал што опозицијата чии претставници беа дел од досегашниот состав на советот сеуште ненајде сили да ги согледа придобивките кој што граѓаните на Битола треба да ги засметаат за свои. Сметам дека да се зборува за сиромашна и економски скршена Битола и за нереализирани ветувања во најмала рака не е фер кон граѓаните, сопствената општина, па дури и за нивните советници затоа што таква скршена и сиромашна Битола најдовме пред 4 години.

Сепак, се надевам дека ќе направат напор да ја најдат соодветната диоптрија за да ја согледаат разликата меѓу ветеното и стореното што го направи Советот и градоначалникот која за сите други граѓани на Битола е повеќе од очигледна.А, оној кој нешто и направил има право и да се пофали, да го покаже тоа, да биде транспарентен пред граѓаните што го избрале и што му ја дале довербата. Да се води еден град како што е Битола е многу покомплексна и посериозна работа од навистина намалени фирмарини кои патем ние и ги реализиравме досега и затоа ве молам: Оставете ги работите да ги решаваат оние кои досега покажале дека заслужуваат да го направат тоа, вели Лилјана Кузмановска, носител на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5203:----4---&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5203:----4---&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 20:30

Кандидатот за градоначалник на ЛДП во посета на зоолошката
Вторник, 10 Март 2009 18:22

ZOO%20001 ZOO%20002

Горан Савевски, кандидат за градоначалник на ЛДП денес во посета на битолската зоолошка. Зборуваа за иднината на оваа институција која била за витален карактер за Битола. Целта на посетата била презентација на програмата, а не гола кампања, вели Савевски, кој за разлика од тоа како завршија неговите колеги е задоволен од денешниот прием.

-Одлично бев примен, во зоолошката сеум секогаш добредојден секогаш како човек, вели Савевски.

Главна точка ставаат на дислокацијата на зоолошката.

ZOO%20003

-Комплетно градежното земјиште да премине во сопственост на Советот на Општина Битола, зашто тука касниме. Доколку премине во сопственост на Општина Битола јас ви гарантирам дека и знаеме и имаме доволно стручни луѓе кои што ќе внимаваат на сите аспекти во избирањето на новиот простор, вели Савевски.

Планираат да инвестираат во нови кафези за животните според светски стандарди.

- Знаеме колку општината инвестирала во зоолошката градина, Мислам дека нема инвестирано никакви средства и дека зоолошката градина се наоѓа моментално во тешка ситуација. Сето она што е направено од постоечкото раководство и директорот Калаповски е со голем ентузијазам, со самофинансирање, изјави Савевски.

Савевски покрај неколку денови пауза се враќа во кампањата покрај здравствените проблеми со гласот.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5172:2009-03-10-18-23-39&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5172:2009-03-10-18-23-39&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 20:32

ВМРО НП ја претстави својата изборна програма
Вторник, 10 Март 2009 18:09
PRES%20VMRO%20NP%20001Кандидатите за советници на ВМРО НП ветија дека ќе ја подобрат патната и комуналната инфраструктура во Битола, дека ќе го разубават градот и дека локалната самоуправа ќе биде вистински сервис на граѓаните.

„ Подобрување на автобускиот сообраќај во градот, приградските населби, воведување на централно греење во Битола, реконтрукција на фасадите на старите објекти во Битола, прогласување за споменици на културата, обновување на старата чаршија, помагање за враќање на старите занаети кои ќе придонесат кон културна промоција на Битола. Реконструкција на пругата и стартување на железничката линија Битола-Лерин" изјави Емилија Котевска портпарол на ВМРО НП.

И досега ги имаше во битолскиот совет. Самостојно настапуваат на овие избори само со листа за советници.

„ И досега немавме коалиција имавме некаков договор за соработка. Дали ќе го продолжиме значи ќе зависи после изборите, да видеме каков резултат ќе оствариме, колку ќе бидеме моќни " рече носителот на советничката листа на оваа партија Оливер Цветковски.

Пред првиот круг не даваат подршка на ниту еден од кандидатите за градоначалник.PRES%20VMRO%20NP%20002

„ Во првиот круг ќе оставиме граѓаните да одлучат сами, за во вториот ќе видме" изјави Цветковски.

Прашавме со кој постизборно ќе коалицираат.

„ Па видете во моментот нема партија што идеолошки е блиска до нас" вели тој.
- А ВМРО ДОМНЕ ?
„ Па неверуваме повече дека идеолошки се блиску до нас, некако го фатија центарот" изјави Цветковски од ВМРО НП.


Зад Цветковски на советничката листа се и кандидатите Томе Блажевски, Валентина Николовска, Тони Вељановски, Николче Јовевски и други.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5165:2009-03-10-17-10-24&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5165:2009-03-10-17-10-24&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 20:33

Талески најавува уште паркиралишта и пешачки патеки
Вторник, 10 Март 2009 18:07
VLADE%20PARKINZI%20003Над 700 паркинг места успеала да обезбеди општина Битола со реконструкција на постојните улици и локации. Градоначалникот Владимир Талески денеска на средба со жителите од улицата „Борис Кидрич" каде што со градежните зафати во изминатиот период се обезбедиле околу 78 паркинг места. Жителите задоволни од ваквиот чекор.

-Се што побаравме градоначалникот оствари и поплочувањето и паркиралиштата - вели Снежана Јанчевска, жител од оваа улица.

Талески за периодот од 2009 до 2013 година најавува нови паркиралишта.

-Планирани паркиралишта со ДУП кај стара автобуска, кај „Јавор", пред и позади Домот на културата, паркинг во дворот позади училиштето „Таки Даскало", подземен паркинг на две нивоа, подземен паркинг пред Домот на културата на плоштадот „Гоце Делчев" , катна гаража над бавчата на кино „Македонија" и кај Ат пазар, паркиралишта по должината на улиците „Иван Милутиновиќ", „Борис Кидрич" и „Едвард Кардељ", слепата уличка кај училиштето „Коле Канински" - вели VLADE%20PARKINZI%20001градоначалникот.

Според планот за работа се најавуваат и нови пешачки патеки по должината на главните сообраќајници во градот.

-Пешачки патеки по должината на реката Драгор, централното градско подрачје, по должината на улица „Железничка", по сите булеварски пристапи во градот, на влезот од Горно Оризари, од Довлеџик и на влезот преку Ушици и улицата „Кукуш", пешачки патеки покрај локалниот пат за Пелистер од пумпата „Макпетрол" до Црвени петли и пешачки патеки на сите улици во градот на кои ќе вршиме реконструкција - вели Талески.

Градоначалникот меѓу комуналните, урбанистики инфраструктурни работи ги спомена партерните уредувања и подобрувањата на пристапите кон градинките и училиштата.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5163:2009-03-10-17-08-22&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5163:2009-03-10-17-08-22&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 20:35

СДСМ: За шарените лаги на Талески
Вторник, 10 Март 2009 18:05
sdsm_001Со шарените лаги на Талески, СДСМ прашува дали тој живее в облаци, а не во сиромашна и економски скршена Битола, која поради него е донесена на ова дереџе.

„ Со 20 милиони евра годишен буџет, Битола денеска требаше да блеска. Каде и за што се потрошија овие големи пари. Со 20 милиони евра годишен буџет, во околните рурални населби одамна требаше да бидат асфалтирани сите улици, да има водовод, канализација, улично осветлување" рече Томе Наумов носителот на советничката листа на СДСМ.

Наместо тоа, велат од СДСМ, Талески милувал да се слика на прескапите општински информатори.

„ Зошто Талески од говорницата во неделата, јавно и транспарентно, не им објасни на фармерите кој ги украде нивните пари од млекарницата Сведмилк, кога веќе до него беа и премиерот Груевски и министрите од владата? Зошто Талески, како висок функционер во ВМРО ДПМНЕ, не се загрижи и ангажира за проблемите на фармерите?" праша Наумов.sdsm_006

Наместо да им помогне на млекарите, тој сега не ги примал, а за неговата безбедност се грижела 24 полицијата. И критикуваа за ветената топлификација на Битола.

„ Носењето на евтин гас до стопанските субјекти и до домовите во Битола е само една од нашите мерки за надминување на тешката економска криза во која не донесе оваа владеачка гарнитура" рече тој.


СДСМ имала таков комплетен проект за гасификација на Битола и ќе го доставела до владата.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5162:2009-03-10-17-06-55&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5162:2009-03-10-17-06-55&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 20:37

Еколошката грижа за Битола ќе биде стратешка, вети Талески
Вторник, 10 Март 2009 18:02

LAVCANSKA%20KORIJA%20001

Нека биде чисто, за почиста Битола и уште многу други активности се направија во изминатиот период со цел чистење и зазеленување на Битола. Зелена агенда е процес на комуникација со граѓаните надвор од општината за што на Биосфера, општината и обезбеди просторија. Биосфера очекува помош и за плановите за оваа година:

 Отворање на првата ботаничка градина и првиот еколошки едукативен центар. Во план е да иницираме формирање, креирање на еден еколошки план на ниво на Општина Битола, вели Александра Стојановска, Биосфера

PRES%20VMRO%20001

До крајот на годината Талески очекува да го добие планот за стратешко делување во насока на еколошки чист и убав град:

 Со Биосфера работиме одлично и тие подготвуваат еден акционен план ЛЕАП, локален план за екологија кој со идниот совет на општина Битола ќе го имаме предвид и ќе го изгласаме за да може општината да има своја програма според која што ќе ги прави сите активности во делот на екологијата, вели Владимир Талески, кандидат за градоначалник на Битола

Досега инцидентно се чистеле депонии, се поставувале информативни табли, а акцијата денар за пластично шише прераснала во успешен проект:

PRES%20VMRO%20003

 Поставивме 32 контејнери за отпадна пластика и од донатород УСАИД бевме прогласени за најкреативна општина во однос на едукативната компонента со која ги опфаќаме сите деца на територијата на општина Битола до 10 годишна возраст, ќе ги едуцираме што значи да се чува Битола, затоа што Битола е нивниот дом, вели Емилија Геровска, ВМРО ДПМНЕ

За резултатите од успешната соработка помеѓу Биосфера и Општина Битола говореле видливите резултати низ нашиот град.




http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5161:2009-03-10-17-05-35&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5161:2009-03-10-17-05-35&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 20:38

Ѓоргиевска на средба со пазарџиите и дуќанџиите
Вторник, 10 Март 2009 18:01
DIJANA%20PAZAR%200013

Кандидатката за градоначалник од СДСМ заедно со кандидатите за советници според предизборниот распоред денеска се сретна со пазарџиите, а потоа прошета низ Старата битолска чаршија и разговараше со дуќанџиите.

-Пазарџиите се многу разочарани затоа што економската криза во која попаднавме тие ја чуствуваат на дневниот промет. Тоа што направивме со нив е дека ги запознавме со нашата изборна програма. Иако се ситно производители сепак се заинтересирани за училиштата затоа што имаат деца, за социјалната програма и за изградбата на патиштата затоа што поголем дел од нив доаѓаат од рурални средини, односно од село - вели д-р Дијана Ѓоргиевска, кандидатит за градоначалник на СДСМ.

DIJANA%20PAZAR%20002

Што им ветија ако ја добијат нивната доверба, односно ако ја освојат локалната власт?!

-Намалување на фирмарината за 20%, ослободување од фирмарината за една година за занаетчиите и ослободување од комуналии за уредување на градежното земјиште до 30%. Се ова што ние ѓе овозможиме како предуслов за развој на стопанството затоа што сите се сложуваме дека парите треба да вртат, ако има во стопанството ќе има и кај граѓаните и кај пазарџиите - вели Ѓоргиевска.

Таа додава дека со план на општината за амортизација може да не се почуствува намалување на општинскиот буџет за сметка на овие чекори, а со цел создавање на услови за економскии раст, нови работни места и поквалитетен живот за граѓаните.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5160:2009-03-10-17-02-01&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5160:2009-03-10-17-02-01&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 11-Mar-2009 at 20:59

http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=809:2009-03-06-18-40-10&catid=14:vesti&Itemid=26 - Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, во предизборната кампања ветува обнова на „Кино Манаки“

Обнова на „Кино Манаки“ на Широк Сокак! Ова е само едно од предизборните ветувања на актуелниот градоначалник на Битола, Владимир Талески. Проектот беше најавен вчера на чествувањето по повод 55 години од смртта на Јанаки Манаки и 45 години од смртта на Милтон Манаки, доајените на филмската уметност на Балканот.  
 Идејата на градоначалникот за реконструкција на киното, за СДСМ е плагијат, од причина што пред шест години екс-министерот за култура Благоја Стефановски-Баге, има изготвено елаборат кој се' уште чека маркичка за градба од општината.

  „Браќата Манаки ја впишаа Битола на мапата на светската филмска историја. Сега собираме скици, собираме материјали, ги проверуваме димензиите, локацијата... Сакаме да направиме чест на едно големо дело. Да го обновиме киното кое беше можеби најголемото на Балканот. Убеден сум дека ќе ја најдеме потребната документација и ќе се направи напор токму таму да го изградиме“, најави Талески, без да прецизира рокови кога оваа идеја би можела да се претвори во реалност. „Не знам колку време ќе ни треба, се надевам дека ќе се снајдеме и со финансии. Но, сакаме да изградиме иста таква зграда во која ќе направиме кино кое ќе го користиме за фестивалот, но ќе има и музеј. Спомен соба посветена на браќата Манаки, нивни фотографии, правата филмска камера, односно сето она што тие го работеле да биде достапно за сите нас и за туристите“, рече Талески, додавајќи дека за овој проект ќе побара помош од Министерството за култура. Проектот на власта за обновата на киното Манаки предизвика револт кај опозицискиот СДСМ. Од таму обвинија дека Талески краде туѓи идеи. Од друга страна, самиот Талески зачудено рече дека не се сеќава дека Стефановски некогаш промовирал ваква идеја. Од таму тој со прашање - зошто кога Баге имал елаборат за киното, тоа не го изградил додека бил министер? Благоја Стефановски, одговарајќи му на прашањето на Талески, ни рече дека тоа е така зашто проектот и натаму чека маркичка за градба од општината. Според Стефановски, обновата на „Кино Манаки“ во 2003 година, ја преточил во елаборат. Сега, како што вели, подготвен е истиот да му го предаде на Талески и тоа без надоместок, само идејата конечно да стане реалност. „Јас сум подготвен да се откажам од авторскиот хонорар за елаборатот ако Талески мисли да гради. Но, иако сме во кампања, Талески треба да издржи на овие зборови и како што е редот да се заблагодари и да биде доблесен да каже чија е идејата. А јас, одвреме- навреме ќе го потсетувам што ветил“, возврати Стефановски. Од Кинотека на Македонија, пак, потврдуваат дека обновата на киното Манаки била заедничка иницијатива со градот Битола. Но, каде заглавиле работите и за филмските работници е непознато. „Кај нас има обичај да се почне со нешто, а потоа едноставно да се заборави. Не сакам да користам лоши зборови како што е перење на пари, но мислам дека конкретно за тој проект беше само да се каже една идеја да се соопшти, но не требаше да запре таму. Сега е момент кога треба повторно да се турка таа иницијатива заради актуелната ситуација со киноприкажувањето. Македонија нема кина“, рече Илинденка Петрушева, филмски критичар. Еден од најстрасните вљубеници на филмот во Битола, Стефан Хаџиантоновки, потсетува дека киното Манаки било лоцирано на Широк Сокак наспроти поранешното кино „Трудбеник“. Тоа функционирало до триесетте години на минатиот век кога изгорело до темел во силен пожар. Сега просторот е шетачка зона, врз темелите има изградено трафостаница, а како што вели Хаџиантоновски, со години се влече проблемот околу отуѓувањето на земјиштето.



http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&task=view&id=809&Itemid=26 - http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&task=view&id=809&Itemid=26


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 12-Mar-2009 at 00:17

Гитардемон, вие во битола сте биле далеку поактивни отколку во Скопје. Во секој случај за пофалба се сите овие макар и на хартија претставени локални проблеми од сите партии, а не само политичко препукување. Ме интересира бидејќи помалку сме запознаени со проблемите на Битола дали би можел да дадеш свои коментари на предлозите од кандидатите (слично како Кловер во нишката за изборните програми во Скопје)? Тоа би било навистина одлично.



Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-Mar-2009 at 17:28
Originally posted by UrbanFreak

Гитардемон, вие во битола сте биле далеку поактивни отколку во Скопје. Во секој случај за пофалба се сите овие макар и на хартија претставени локални проблеми од сите партии, а не само политичко препукување. Ме интересира бидејќи помалку сме запознаени со проблемите на Битола дали би можел да дадеш свои коментари на предлозите од кандидатите (слично како Кловер во нишката за изборните програми во Скопје)? Тоа би било навистина одлично.



Па напишав во првиот пост (го апдејтирав подоцна, види да не не си го заприметил) што cè реално би можела Битола да добие (нешто е и сувишно, но сепак реално може). Е сега не ги помнам баш сите работи што ги прочитав во вестиве (бидејќи не сум во Битола, ова ми е сè од на нет, појма немам што се случува таму), но мислам дека програмите им се навистина реални бидејќи се зборува за мали зафати, не е ништо од џиновска природа (трамваи, градски превоз, гасификација, никаде нема такви големи работи освен во Скопје).

Единствено нешто што ми остави впечаток е (не ми текнува од која партија), дека пругата Лерин-Битола им била на агендата. Ако имало финансиска оправданост за таа пруга, ќе работела веќе од пред 10 години, никој не е будала да инвестира кога ќе има 1 воз дневно на неа. Но ете и со такви финти некој се обидува да ги привлече гласачите. Друго не ми текнува, кога ќе имам време ќе ги искоментирам подетално. Не дека се многу, 3 партии се, мислам ВМРО, ЛДП и СДСМ со кандидат за градоначалник. Другите имаат кандидати за пратеници во општината, но тие немаат некои програми, работат на коалициски принцип, па тоа што го нуди коалициониот партнер, тоа и тие.

Сè на сè, тоа што ќе ветат лесно е исполниво, но дали ќе го исполнат не знам (партиите). Можам само да гарантирам дека сегашниот градоначалник (не е важна партијата, човекот е во случајот важен) навистина тоа што го вети го исполна. Сега од другата партија го обвинуваат за индустриската зона, дека нè лажел, но тоа не е ни негова надлежност, ниту тој може да привлече инвеститори. Еден Бунарџик нема инвеститори, а не Битола и нејзината зона. А за препукувањата, ги има. Види во постовите, само да се плука по другиот, но тоа е партиска директива секако. Сепак, мислам дека е јасно дека ќе победи сегашниот градоначалник-не сакам да ширам политичка пропаганда или нешто, но реално 4-цата пред него не направија ништо во 15-тина години (ни една шахта не беше промената во тие години, а не друго), па овој доволно беше да асфалтира еден чикмак за да ја освои довербата на граѓаните, а направи многу повеќе од тоа.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-Mar-2009 at 17:40

Талески меѓу јени маалци
Понеделник, 09 Март 2009 18:18
VLADE%20VO%20GENIMALE%20002Градоначалникот на Битола, истовремено и кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за престојните избори, Владимир Талески денес меѓу жителите на Јени маале на нивна покана.

-Знаат луѓето дека тука еден подолг период интервениравме, имаше тука герис и имаа проблем со водоснабдувањето.
Тоа е проект кој ќе трае подолг период, но изминатиов период се обидовме барем една петтина до една четвртина да го средиме. Со почетокот на градежната сезона сите овие улици кои ги гледате раскопани ќе ги санираме и мислам дека ќе биде голема придобивка. Тука во близина е и улица Железничка и игралиштето, изјави Талески.

Граѓаните од овој дел на градот задоволни од она што се сработило.

Од 1974 година како почна Железничка никако не се доврши, дури сега градоначалникот и тоа се најубаво е направена. Благодарение на градоначалникот на младите ни направија спортски терени, парток се осветли, велат граѓаните.

Талески одговори и на обвинувањата дека општината ништо не работела. Ги наброи улиците кои се асфалтирани, направени се водоводни мрежи и канализација во повеќе делови од градот и околината.VLADE%20VO%20GENIMALE%20003

-Водоводна мрежа во село Бистрица, Кукуречани, регионален водовод во Меџитлија, улица Дебарска, Девејани, Магарево, Кузман Јосифовски, Довлеџик, Безистен, Сремска Митровица, Матија Губец, Солунска, Борис Кидриќ, Трифун Пановски улица, наброја Талески.

Талески рече дека општината користела комбиниран начин за реализација на овие проекти, ставката во буџетот на опшштината која од година во година се зголемувала, донации и дел од фондовите на Владата.




http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5124:2009-03-09-18-20-38&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5124:2009-03-09-18-20-38&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Mar-2009 at 21:46
Гитар, добро си ги изложил потребите, само требаше да кажеш дека си го едитирал постот и си го вметнал тоа затоа што верувам дека ретко кој ќе го приметеше доколку не упаднеше преписката со урбан.

Патем, може ли координати за плоштадот-паркинг


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Mar-2009 at 22:08
Си наредил доста амбициозни работи гитар.

Жално е што толку многу ни ги имаат спуштени критериумите што во листиве треба да вметнуваме и елементарни работи како реновирање на тротоари или пак сообраќајна сигнализација.

Овој дел од работите всушност треба да биде во категорија одржување, да се работи за едни тековни активности кои ние и не треба да ги приметуваме.

Особено не за време на избори кога кандидатите треба да ни понудат квалитетни решенија за напредок на градовите и за растење на квалитетот на животот.

Од ова што го прочитав кај тебе тоа го гледам пред се во точките

- гасификација
- топлификација
- урбанизација на делот на касарната

Исто како и во Скопје не можам да видам некоја визија во сите овие програми туку само нафрлани проекти ради реда.




Posted By: гитардемон
Date Posted: 13-Mar-2009 at 13:11
Originally posted by pbanks

Си наредил доста амбициозни работи гитар.

Жално е што толку многу ни ги имаат спуштени критериумите што во листиве треба да вметнуваме и елементарни работи како реновирање на тротоари или пак сообраќајна сигнализација.

Овој дел од работите всушност треба да биде во категорија одржување, да се работи за едни тековни активности кои ние и не треба да ги приметуваме.

Особено не за време на избори кога кандидатите треба да ни понудат квалитетни решенија за напредок на градовите и за растење на квалитетот на животот.

Од ова што го прочитав кај тебе тоа го гледам пред се во точките

- гасификација
- топлификација
- урбанизација на делот на касарната

Исто како и во Скопје не можам да видам некоја визија во сите овие програми туку само нафрлани проекти ради реда.




Па не би рекол дека се амбициозни баш, само се реалните потреби на граѓаните. Изгледа можам да се кандидирам за градоначалник со ваква програма, а?

Тоа со касарната јас не го видов наведено погоре, но нема врска, без владата градоначалниците не можат тоа сами да го почнат, така што се сомневам дека некој ќе го вметне во програмата (додуша сегашниот градоначалник го најавува подолго време). А за растење на квалитетот на животот, граѓаните се палат на најави од типот-трговски центар или луна парк, како градоначалникот да ги носи тие инвестиции, а не тие сами да доаѓаат кај нас, мислат дека тоа ќе ги направи среќни. Еве ти линк до плоштадот на google maps, google earth престана да ми работи (зошто, појма немам):
http://maps.google.com/maps?f=q&source=s_q&hl=en&geocode=&q=&ie=UTF8&ll=41.028247,21.336039&spn=0.001793,0.004608&t=h&z=18 - http://maps.google.com/maps?f=q&source=s_q&hl=en&geocode=&q=&ie=UTF8&ll=41.028247,21.336039&spn=0.001793,0.004608&t=h&z=18

P.S. Додадов уште една точка (ја има и погоре), но еве да ја евидентирам:

***Реставрирање на старата чаршија, која е полна со глупави бутици (ај тоа некако се голта), со уште поглупави реклами, паноа, излози и сл. Според мене, треба цела чаршија да се преуреди во некој посоодветен стил за градбите (не може излог од стакло (грд) на куќа стара 400 години), и задолжително да се отстранат тие имиња на фирми или било што поставени на метални држачи кој како стигнал. Јас мислам дека во битолската чаршија човек добива впечаток дека е во Авганистан, но и таму има поавтентичен изглед, барем изгледа ориентално, додека тука се трудат бутиците да не изгледаат 'стари' (а не успеваат, изгледаат само 'транзиционо'), а со тоа само ја нарушуваат автентичноста на чаршијата, и ја прават уште погрда.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Mar-2009 at 17:02
За направените и улиците кои ќе се прават во Битола
Понеделник, 16 Март 2009 19:46
taleski%20ulica%20001
Опозицијата го критикува Талески дека со 20 милиони евра успеал малку да направи во патната инфраструктура.

„ Иако веројатно се нови луѓето па не знаат дека буџетот се состои од повеќе сегменти, а дека основниот буџет е сосема друг" одговори Талески на обвинувањата на опозицијата.

Главната сообраќајница во Брусничката населба за општината е голем проект заради експанзијата на ширење на нова Битола.

taleski%20ulica%20002

„ Ова е улица Социјалистичка која што ја направивме во еден здив, а пред тоа се сеќавате дека направивме една прекрасна пешачка патека која што всушност претходно не постоеше. Значи од првото свртување во десно кај Веро натаму се договоривме да ја направиме прво пешачката патека, за да овозможиме поголема безбедност на нашите граѓани и се разбира бидејќи цениме дека овој дел на градот и понатаму ќе се развива, нормално ценевме дека и оваа улица Социјалистичка дека треба да се направи" изјави Владимир Талески актуелен градоначалник на Битола и кандидат за ВМРО ДПМНЕ.

Слично решение понудија и ја Довлеџик. Влезови на градот со три коловозни ленти.

taleski%20ulica%20004

„ Во иднина планираме покрај продолжување на целиот дел кај Стрчин да ја направиме и улица Довлеџик. Значи малку подолу е влезот на Битола од страната на Ресен и Охрид каде што ќе се обидеме во идниот период идниот мандат да направиме нов влез заедно со оној од Прилеп и Скопје, влез кој ќе има три ленти, значи се разбира дека и таму ќе има пешачка патека, за поголема безбедност на нашите граѓани" вели Талески.


Неговата листа за асфалтирање на улици е долга, ама смета дека за време на новиот мандат ќе ја реализира.



Ова е веројатно за тука, бидејќи кажува дека ќе се асфалтира во идниот мандат (ако го добие).


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 14-Jan-2021 at 20:30
This man out here spittin' facts!

[tube]ZO_NCfDczRM[/tube]

Министерот за локална самоуправа зборува за отворени листи на локални избори, и можноста тоа да се случи уште годинава. Мислам дека е многу логично сето ова што го зборува.


(За модераторите: со оглед на тоа што годинава пак ќе има избори, може да се смени насловот на нишката и да се спои со http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=562&PN=3 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=562&PN=3 , односно да се отстрани 2009 и да постираме некакви ветувања кои сигурно ќе следат покасно годинава).

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jan-2021 at 12:10

Во моментов има технички проблем и не може да се преименува нишка


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 22-Jan-2021 at 20:00
1. Отворени листи;
2. Промена на финансирање;
3. Град Скопје = Скопска област;
4. Сите комуналии од градба да одат кај Град Скопје;
5. Поткровје = кат;
6. Законска обврска за рендер и веродостојност за сите објекти поголеми од икс ката, квадрати, основа и сл, објекти од големо значење и објекти на важни и/или заштитени локации;
7. Различни даноци и такси во зависност од енергетската ефикасност на објектот (вклучително и за постоечки објекти), и тоа фасада, прозорци, кров, осветлување (вклучително и разлики во ДДВ во зависност од класата), соларни панели итн, употребените материјали, хортикултурно уредување (пр. 0% данок на имот за засадени икс дрвја на м2 во рок од 3 години, или за објектите со зелен кров)...
8. Мораториум на сите ДУП-ови и ревизија на сите нив, со детален план за развој на градот и санација на веќе направените проблеми;
9. Поголемо регулирање и спроведување на прописите за оградување на објект во градба, пристап, чистота, блокирање улица за бетонирање, сечење на постоечки дрвја и садење нови и сл;
10. Зонирање на градот и забрана за градба на зелени површини, освен доколку тоа е неопходно за развој на градот и државата, и тоа исклучиво јавни објекти и инфраструктура и со мислење на граѓански совет.

Граѓански совет е онлајн гласање слично на референдум, кое редовно би се одржувало за прашања за кои треба да се консултираат граѓаните, но не се толку важни за да има класичен референдум.
______________________________________________________________

Со добри новинари кои ќе се бунат за урбаниот хаос, пола градоначалници би откажале кандидатура. Ама урбаниот хаос скоро никој и да не го спомнува, протести нема, контењерите се најголем проблем во Осло, пардон, Скопје. Само ПРИЗМА и МАРХ од време на време нешто ќе напишат.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: ehrlich
Date Posted: 22-Jan-2021 at 21:36
Втората точка е најважна за да тргне нешто и да се смени од корен. Сега општините се реално претрупани со обврски, кои државата им ги препушта, а притоа им дава дотации (на ниво на џепарлак) врз тие основи, место да им препуштеше вистински приходи.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 22-Jan-2021 at 21:54
Во нејзин контекст ми е и четвртата. Комуналиите се главен извор на пари, а со одредени измени на урбанистичките прописи и наплата на комуналии за градба само од Градот Скопје, централните делови би се релаксирале, а згради по асални ДУП-ови би се граделе таму каде што навистина има место за згради. Плус со повеќе пари локалната власт полесно ќе може да си дозволи да урбанизира и развие нови подрачја, наместо само да садат згради во веќе оформени населби и да се чудат после кога имаме најзагаден воздух на свет и колабираат сообраќајот, водоводот и канализацијата, школите, јавните простори направени кога имало 3 пати помалку жители...

Иако многу, многу е лоша сегашната состојба. Не знам ни дали вреди нешто да се прави сега кога градов веќе е неповратно уништен. Милијарди ќе требаат за рушење. Не смееше да се дозволи да дојдеме на вакво ниво.

А што ќе прават општините кога сите маркички ќе се исполнат и ќе пукне градежниот балон??? Покрај тоа што е лошо сегашното финансирање, тоа е и неодржливо.


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: MKDSTRUGA
Date Posted: 23-Jan-2021 at 00:05
Odlicni tocki Staro Skopje!


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 23-Jan-2021 at 00:27
Уште едно интервју со градоначалник и 0 прашања за најголемиот проблем на Скопје. Само јас и уште тројца на форумов ли се нервираме?

Значи за раскрсницата кај Мавровка ќе се чека АСНОМ да се пушти, да се увиди проток, па после проект, па тендер, па градба... минимум 5 години. Мислам дека тука север-југ е поважен коридор, па не би имало проблем да се изведе раскрсница како оваа во Софија. Ако некоја клучка започнувала пред сегашниот плоштад Скендербег, како би се вклопил Филип 2 со неа?

Ако се имплементира Смарт Сити ќе биде добро, а уште подобро ако се комбинира со Скопска. 60-70% заштеда на улично осветлување не е малку, но на главните булевари, каде што секогаш има луѓе, нема потреба од паметен систем кој се гаси кога не поминува никој. И да нема луѓе кратко време, мислам дека тие треба да светат.

Дали има blue light filter за улични ЛЕД сијалици, во контекст на дискусијата за влијанието на плавото светло? Гледам ги има и во пожолти нијанси.
[tube]EfCLDpkBcHY[/tube]




-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: user8642
Date Posted: 23-Jan-2021 at 01:58
50 минути празен муабет. Што ќе се случи и зашто нема да се случи, и зашто не се случило тоа што рекол некогаш дека ќе се случи.    Ми се сере веќе од оправданија, ковидот бил крив, тендерот само што не завршил, бла бла бла... Ќе ќе ќе ќе.... па не се појавувај бре на телевизија, земи направи нешто видливо мака ри малку, резултати се ценат. Не сакам и јас да звучам популистички, знам дека и проект е вредност, ама и јас сум човек бре сакам да видам нешто видливо Па тука има толку интересни идеи за кои не треба пари, па нешто да видиме готово.


Posted By: ehrlich
Date Posted: 23-Jan-2021 at 17:29
Какво празно интервју. Штом тој смета дека обнова на асфалт, садење дрвца и тревичка се одличен напредок, а воедно мостови од клучна важност не биле возможни да се изградат и дека ќе се правеле проекти за нешто што сите го знаат дека требаше да биде завршено.

Од важни работи за мене:
1. Мостот АСНОМ значи дефинитивно ќе го пуштат и ќе завршува во куќи, браво, зашто јас не слушнав да каже дека ќе се почне со градба на тој дел, дека завршила експропријација, дека ќе се рушат објекти, ништо...
2. Тунелот кај Лимак стандардно не беше споменат.
3. За новиот ГУП не беше ни прашан.

@StaroSkopje Четвртата твоја точка не го решава моделот на финансирање. Се знае јасно кај ги собира парите државата, а тоа се даноците. Во Хрватска на пример постои посебен данок, кој го наплаќа самата општина на платите на вработените. Кај нас не мора да има таков систем, но процентите кои го добиваат општините на уплатен ДДВ од фирми и граѓани од таа општина, од персоналниот данок на вработени од тие фирми, од данокот на добивка остварен од фирми во таа општина, ако се зголемат на разумни нивоа, во кои државата нема да им исплаќа повеќе дотации по никоја основа (освен за општини кои имаат нерамномерен развој), нормално дека општините ќе ги натера на друг начин на работа.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 23-Jan-2021 at 22:46
Едни те исти теми. Прашања кои можеа да се прашаат, а не се прашаа:

1. Македонија и Скопје имаат голем проблем со експропријацијата. Неможноста на власта и сопствениците да договорат откуп на имотите постојано ги кочи важните инфраструктурни објекти, а неретко резултира и со недовршени зафати, како Беласица. Дали вие лично имате идеја како да се реши овој проблем?
2. До каде сте со откупот на куќите во Ќерамидница?
3. Дали градот работи на кружните текови за поврзување на подземната сообраќајница на Лимак со околните улици?
4. Рековте дека Скопје е пренатрупан град кој треба да се шири на север. Кога ќе започне изработката на новиот ГУП и каде точно на север треба да се шири градот? Колкав град, всушност, треба да биде Скопје?
5. Урбаниот хаос секој ден уништува нови површини во градот. Грди згради се градат на несоодветни локации, во паркови, на 1 метар од соседни згради, врз булевари. Создаваат инфраструктурни проблеми, загаденост, пренатрупанпст. Дали и како го решавате овој проблем?
6. До каде е пречистителната станица?
7. Се откажавте ли од идејата за приградска железница?
8. Кога ќе започне децентрализацијата?

Четвртата точка малку би го олеснала притисокот, зашто само Град Скопје ќе прибира пари, а нему му е сеедно дали парите ќе дојдат од нова зграда во Центар или во Радишани. Општините нема да се тркаат што е можно повеќе згради да насадат. Но ова мора да оди со сите други точки, само по себе не би направило голема разлика.

Општините треба сите даноци и такси кои ги плаќаат да ги добиваат назад. ДДВ, личен доход, акцизи...


-------------
Градот убав никна, но го откорнаа



Print Page | Close Window