Print Page | Close Window

Клинички центар Скопје

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Здравствени
Forum Discription: Болници, клиники...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=587
Printed Date: 11-Dec-2018 at 01:13


Topic: Клинички центар Скопје
Posted By: lslcrew
Subject: Клинички центар Скопје
Date Posted: 22-Nov-2008 at 11:26
Интерни клиники пред реконструкција



Македонија
Зградата на Интерни клиники ќе влезе во проектот за реконструкција на здравствени установи, кој треба да почне на почетокот на идната година. Со реконструкцијата, одлука што Владата ја донела на последната седница, треба да се реши и дел од системот за парно греење на скопските клиники. Оваа зграда заедно со уште неколку објекти во кругот на клиниките деновиве имаа послабо греење. Дефектите во овој систем се сè почести во последно време.

- Иако беше предвидено проектот да биде само за болниците, решивме во него да влезат и Интерни клиники. Верувам дека ќе се реконструира и системот за парно греење. На клиниките не е инвестирано со децении – изјави вчера министерот за здравство Бујар Османи.

Пред една недела Клиниката за токсикологија, која е веднаш до Интерни клиники, остана седум дена без затоплување. Помалку греење имаше и во објектите кои се поставени повисоко. Овие клиники и неделава го имаа истиот проблем. Недоволно парно имало и во Министерството за здравство и во јавната установа „Заеднички работи“. Од оваа установа признаваат дека постојано се под стрес и на готовс поради сè почестите дефекти во системот.

- Го поправивме дефектот во пумпата. Требаше повеќе време за да се направи оти беше специфичен. Се трудиме веднаш да реагираме кога ќе се појави проблем – изјави Шкодране Дарлишта, директор на „Заеднички работи“.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=11&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=241&ArticleID=11677




Replies:
Posted By: Vladimir P
Date Posted: 24-Nov-2008 at 00:50
Новата гинекологија готова за шест месеци

За шест месеци треба да заврши изградбата на новата гинекологија. Владата од буџетот издвои дополнителни три милиони евра за завршување на градежните работи.

Ова е втора по ред владина инвестиција од почетокот на изградбата. Во 2001 година,Наместо 9 месеци, објектот се гради веќе 7 години кога почна да се гради, беа наменети пет милиони долари од тајванската Влада. Зградата наместо за девет месеци, како што беше ветено од тогашната Влада, се гради повеќе од седум години.

Никој не знае каде отидоа парите.

„Сепак, за ревизија на извршените работи, за финансирање од јавни средства, тоа е надлежност на други органи“, изјави Бујар Османи, министер за здравство.

Османи: Тоа е надлежност на други органи

 

Иако од Владата во 2001 рекоа дека пет милиони долари се доволни за да се изгради објектот, од градежната фирма „Делта Пром“ која почна да ја гради, по седум години изјавија дека средствата биле малку.

„Првичните средства, пет милиони долари донација од Тајван, не беа ни на старт доволни да се заврши објектот“, рече Ноне Димитриевски, „Делта Пром“.

Фирмата „Делта Пром“ пред седум години беше избрана под чудни околности, без јавно отворање на понудите, а големите градежни фирми обвинуваа дека станува збор за фантом фирма со неколку вработени, која нема опрема, ниту стручен кадар за да одговори на предизвикот.

Во 2002 при изведување на градежните работи тука загинаа двајца работници.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100588 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100588


Него кога сме тука, дали гинекологија Чаир - новиот дел е комплетно завршен ??


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jan-2009 at 00:52
ПРЕДЛОГ ЗА ИЗГРАДБА НА СОВРЕМЕН ЦЕНТАР ЗА ИТНИ СЛУЧАИ

Скопски ургентен по рецепт на белградскиот

За изградба и за опремување на центарот ќе требаат 10 милиони евра, а Комисијата чека Владата да даде одобрение

Се планира новиот скопски ургентен центар да се прави по пример на белградскиот, а ќе ги згрижува сите итни случаи што сега помош бараат на неколку клиники. Центарот ќе располага со четири операциони сали и со два оддела за интензивна нега, како и со болнички соби. Ова е предлогот што пред Нова година бил поднесен до Владата, а според првите процени, за изградба и модерно опремување на центарот ќе требаат најмалку 10 милиони евра.

- Бараме да има комплетна дијагностика, од магнетна резонанца и компјутерска томографија до ехо и апарати за гастроскопија, за на едно место да може да се направат сите неопходни испитувања. Ургентниот центар ќе ги прима сите итни случаи почнувајќи од инфаркти, мозочни удари, скршеници, труења, кои сега помош бараат на неколку клиники. Ова што изминативе години се вика Ургентен центар е само тријажна амбуланта, која по приемот ги упатува повредените на соодветните клиники. Во новиот центар нема да се прифаќаат само пациентите со инфективни заболувања, гинеколошките случаи и децата - вели претседателот на 10-члената комисија, д-р Кирил Лозанче.

Комисијата го одбила предлогот центарот да биде сместен во старата зграда на гинекологија, бидејќи за тоа немало услови и предложила изградба на нова зграда.

- Ако по преселбата би се срушила старата зграда на гинекологија, на тоа место би се изградил двокатен Ургентен центар, кој би се поврзал со хирургија со „топли ходници“. Друга опција е да се прави ургентен во близина на клиничкиот хелиодром или блиску до Институтот за туберкулоза, каде би имало и добар пристап за возилата. Центарот би се екипирал најмногу со постојните вработени на хирургија и на интерни клиники - вели Лозанче.

Идејата центарот да биде сместен во Воената болница, каде што има и просторни услови и хелиодром, била отфрлена најмногу поради тоа што лекарите се вработени на скопските клиники.

Ако Владата го одобри предлогот, ќе се прави елаборат и ќе се одбира локација за центарот. Еден оддел од центарот се предвидува за пациентите што се хируршки случаи, другиот за тие што се интерни случаи. Пациентите би биле згрижени најмногу седум дена во болничкиот дел. Во тек е и изработка на Националната стратегија за ургентна медицина, која се подготвува според белгиски рецепт.

- За лекарите што ќе работат во ургентниот центар ќе бидат воведени и специјализации по ургентна медицина. На пример, абдоминален хирург ќе мора да ја има и таа специјализација. Освен од Белгија, слушнавме и искуства од Италија од странските консултанти, кои не ги ангажиравме и плативме ние, туку Светската здравствена организација - вели в.д. директорот на постојниот ургентен центар, д-р Александар Кишман.

ИНФО-Центар за сите итни случаи

Скопскиот ургентен центар ќе се прави според белградски рецепт, а би чинел 10 милиони евра. Планирано е центарот да има 4 операциони сали и два оддела за интензивна нега. Комисијата бара да има комплетна дијагностика - од магнетна резонанција и компјутерска томографија до ехо и апарати за гастроскопија, за на едно место да може да се направат сите неопходни испитувања. Ургентниот центар ќе ги третира сите итни случаи - инфаркти, мозочни удари, скршеници, труења, кои сега помош бараат и на неколку клиники.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0320234C1C25764E971035AD2975C7D9


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jan-2009 at 00:55
‘‘ Здравјето пред се, па сега владата е на потег! Мислам дека Македонија треба да инвестира во изградба на уште два регионални ургентни центри, пошто калку што слушам по телевизија сите потешки случаи од другите градови се трабнспортираат у Скопје што значи премногу време, а со тоа и помали шанси да се спаси пациентот. Не зборам за цели клинички центри, него ургентни центри како овој што се предложува. 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jan-2009 at 01:15


Се слагам, според географска логика треба да има помали вакви центри и во Битола и Штип.

Инаку не ми е јасно зошто кога ја граделе новаата зграда на хирургија (каде ете го збутале и каквиот-таков ургентен центар), не изградиле хелиодром на покрив, туку се крпиме со хелиодромот во паркот од карши.

Едит:
Е сега доколку новиот ургентен се гради веднаш до постоечкиот хелиодром, тогаш ќе биде ок од тој аспект, но доколку се гради нов објект на местото на стара гинекологија, тогаш обавезно треба да се направи со хелиодром на покрив!
А јас сум целосно за изградба на нов објект наместо старата гинекологија. Кој имал прилика да влезе внатре јасно му е зошто таа треба под итно да се руши. Таков објект не прилега за грижа за човековото здравје. Мислам треба на тоа место да се изгради еден поголем објект каде што покрај ургентиот центар ќе може да се префрлат и други работи по потреба.
А опцијата со изградба на ургентен центар до постоечкиот хелиодром дополнително не ми се допаѓа затоа што тоа уште дополнително ќе го редуцира паркот. Поради хелиодромот и новоизгрдаените паркинзи, паркот е веќе значително унаказен. А сепак е ова еден голем клинички центар и не бива да нема еден поголем и пристоен парк.

Се на се клиничкиот центар среднорочно мора темелно да се реорганизира. Треба добро да се обмисли кои стари објекти ќе се рушат, што ќе дојде на нивно место, како ќе се реорганизираат просторно клиниките, а особено внимание треба да се посвети и на сообраќајните решенија и паркингот (и внатре и околу центарот). Моменталната организација особено по последното прашање е катастрофална.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Jan-2009 at 01:26
Географската логика дури треба да биде и побитна него демографската. Тачно дека треба да бидат што поблиски до поголем број граќани, но ваквите објкети мислам дека треба да бидат што поблиску до автопат или поголеми булевари како би биле од корист и на граќаните од локалниот град и на оние хитни случаеви од помалите градови. Скопскиот центар сега е премногу збутан, но тоа би требало да се оправи со јужниот булевар.

@Кловер, Штип го предложи според некоја аеродромска логика?! Big%20smile Се шалам. Обаче сакав да потенцирам дека ова не е како аеродромите кадешто ќе треба да се привлекуваат и патници од соседните држави, па така да нема потреба да ги збутуваме центриве по ќошевите. Штип е сосема прикладен, а за западниот ја би размислил меќу битола и кичево како еден од попристапните градови, но со оглед на бројот на жителите битола ќе го земе местото.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Jan-2009 at 01:50
Од географски аспект можеби има дилеми, но од аспект на стручна екипираност веројатно нема. Битола после Скопје мислам дека е најголем здраствен центар во Македонија. Добро стојат и Тетово и Штип, со тоа што Тетово е преблиску до Скопје па се губи логиката.

Како и да е нема идеални решенија, но доколку некој треба да патува над 200km (по лоши патишта) до ургентен центар, тогаш се губи смислата. Затоа можеби треба да се размислува и за регионални центри, па макар и силно редуцирани. А доколку се такви може да се оди и на повеќе (и од финансиски аспект и од аспект на стручна екипираност). Но Македонија е мала држава и јас сепак не би одел премногу во тој правец. Особено ако си ја средиме патната мрежа, работите ќе изгледаат многу посветло и на ова поле.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Mar-2009 at 13:38
Ситуацијата со паркирањето (а и со сообраќајните решенија воопшто) во Клинички Центар е вистинска катастрофа!

Но највеќе ми боде очи тоа што приватна фирма стопанисува и млати огромна пара, а освен узурпација на зеленило и нгово поплочување во (недоволни) паркинг површини не е направено ништо, па хаосот си остана, а единствено што е сменето е упропастениот парк кај хематологија и тоа што некој вади ќар за услуга што практично не ја обезбедува.

Погледнете ги фоткиве, во недостаток на паркинг простор луѓе се паркираат каде ќе стигнат (улички, тротоари, зеленило, недефинирани површини..), а и знаците за забрането паркирање/застанување како и многу други работи кај нас очигледно се ставени за украс (или не знам, можеби за потсмев на тоа колку организирано општество сме).

Крајно време е во клинички да се престане да се импровирза на сите можни полиња, вклучувајќи го и ова. Потребна е катна гаража со голем капацитет, а подалеку од болничките оделенија. Има милион опции во и околу клиничкиот за тоа каде да се гради - руинирани објекти, стари бараки, складишта, дури уште опстојува и лесна индустрија на периферијата на комплексот...

1


2


3


4



Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2009 at 13:49
Тука дефинитивно е потребно итно решевање на паркинг просторот. Како што кажа Кловер катна гаража подалеку од болницата. Тука всушност најголем пробем е што болничките возила и обичните граѓани и вработени доаќаат преку истиот влез што е дополнителна гужва. Сметам дека уличките кои се во кличкиот центар треба да бидат отворени само за потребите на болницата, за болнички возила, за дотур на лекови, храна, материјали. Сега внатре влага кој кога сака и како сака. Тоа што беше со концесијата ми изгледа како чиста малверзација, пошто нели се основа службата заеднички услуги па сега незнам што воопшто би била потребна концесијата и којзнае какви договори се потпишани.

Од друга страна и не е само до капацитет на паркинг просторот. Не значи дека колку возила може да прими центарот па толку да нагнетеме. Треба на клиничкиот центар да му се обезбеди и малку тишина и да нема аспух под прозорот на пулмологија, парадоксална ситуација.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Mar-2009 at 13:55
Како што кажа Кловер катна гаража подалеку од болницата
Па не мора ни далеку, како што кажав има доста потенцијални локации таа гаража да биде разумно блиску, а сепак да не е збутана насред болничките оделенија.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Mar-2009 at 14:00
Полошо решение за спречување на паркирање немам видено...

Ова е во клинички центар, поточно кај хирургија, карши ургентниот центар.

На ионака тесниот тротоар, „пречките“ се поставени прилично внатре. Дополнително, тие поради материјалот и бојата не се многу приметливи освен на дневна светлина, па нивната локација е и опасност за пешаците.


Патем да ја искоментирам и оградата - не знам до кога ќе форсираме вакви огради кои се опасност за минувачите. Мој познаник пред мои очи се има препнато на издигнат павер елемент и паѓајќи врз ваква ограда само чудо го спаси да не се унакази за цел живот. Не знам по кои стандарди се овие огради, повеќе ми личат на ладно оружје. Барем нека се закривуваат прачките од горната страна...




Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2009 at 14:00
Па добро кловер јас прочитав погоре подалеку од болничките одделенија. Инаку еве сега ми текна на онаа локација со хелиодромот, исто така оние бараките како се вика, медицинар ли беа?! Има едно чудо локации кај пто може да се изгради катна гаража на разумно растојание.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2009 at 14:03
Сум приметил надвор едно решение кое доста се користи, а кај нас воопшто не е ниту спомнато. Иманео се работи за повисоки тротоари  од стандардните. Не којзнае колку повисоки, а ама одприлика 1.5-2 пати повисоки од нашите. Така да и 4х4 некој џип тешко дека ќе се паркира на тротоар. А инаку воопшто не се високи ни за деца ни за постари лица, пак се во рамките на нормала.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Mar-2009 at 14:03
Па добро кловер јас прочитав погоре подалеку од болничките одделенија.
Па да де, во болницата има триста чуда, не се само болнички оделенија.

Јас вака од око повеќе би преферирал да биде кај оние магацини и текстилни работилници североисточно од хелиодромот. Мислам за таму и сообраќајното решение може да се изведе далеку подобро.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2009 at 14:06
Originally posted by Cloverstack

Па добро кловер јас прочитав погоре подалеку од болничките одделенија.
Па да де, во болницата има триста чуда, не се само болнички оделенија.

Јас вака од око повеќе би преферирал да биде кај оние магацини и текстилни работилници североисточно од хелиодромот. Мислам за таму и сообраќајното решение може да се изведе далеку подобро.

За каков сообраќаен пристап мислиш?! Од кај средното медицинско да се продолжи улицата, или преку железничка?!


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Mar-2009 at 14:07
Се сложувам. Најголемиот дел од клиничкиот центар треба да се претвори во една пријатна пешачка зона со паркови. Пристап треба да имаат исклучиво специјализирани возила. Брза помош во секое време а возилата за дотур според некоја координација, нема потреба постојано да парадираат внатре.

На овој начин клиничкиот центар има потенцијал да прерасне во нешто навистина убаво, ваков каков што е е невиден хаос.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Mar-2009 at 14:09
Originally posted by lslcrew


За каков сообраќаен пристап мислиш?! Од кај средното медицинско да се продолжи улицата, или преку железничка?!

И едното и другото, а и за кон Водњанска треба унапред да се мисли пред да се донесе некој дуп што ќе остави место за 5-метарска уличка која дополнително би била закрчена со паркирани возила доколку и таму се остави да расне тој проблем.


Posted By: beTon
Date Posted: 16-Mar-2009 at 14:34

како импровизација е ок решение, се мислело од повеќе аспекти, пример ионака уличките во државна се полни со пешаци, па вака при налет на возило веднаш може човек да скокне на тротоар без да се плаши дали ќе се сопне од бариерите Smile шала на страна најверојатно се вака поставени за во случај на разминување на комбињата за брза помош, кои многу често знаат и во обратен правец да ја затераат т.е. од ургентен кон капија итн.

а тоа дека ова не е најсоодветно решение мислам дека и на пациентите од педијатрија им е јасно, но од сите приоритетни  фалинки во клинички центар од оваа не куца магарето, инаку она што го спомна лсл како чаре е во ред, само прашање е кој тоа би го предложил на управата, и кога истата за такво нешто ќе најде средства...



Posted By: beTon
Date Posted: 16-Mar-2009 at 15:09

како беше порано сега е добро, иако јасно секогаш може подобро или блиску до перфектно, но за тоа треба и време и средства.

сега ова со дваесет денари саат мислам дека многу коли и избрка од болницата, но иако навидум кревање цена е решение, тоа нема да биде во корист на пациентите, затоа треба и нов систем, а и надворешни паркинзи на болницата.

пример во денешнава ситуација без многу инвестирање внатрешниот паркинг да е резервиран само за инвалиди, итни случаи или официјални гости, а сите споредни да се на располагање на останатите пациенти. инаку за вработените најдобро е да се направи паркинг што вели кло кај индустриските објекти  до државна. незнам дали е возможно во погонот на македонија спорт да се интервенира некако, но кај котларницата под инфективна клиника мислам има простор за такво нешто, и сега има мал паркинг тука за инфективна па истиот може и да се продолжи натака, тука има само едно мало ѕидче што ги двои клинички од котларницата мислам дека е на топлификација,  незнам можеби е тоа државен имот, а топлификација само да го одржува.

а може и од задната страна на инфективна клиника и медицинскиот интернат, мислам тука  се излегува кај погоните на поранешната фабрика за цевки Благој Давков на чие место сега се приватни магацини, но како и да е решенија има еден куп, исто може да се оди со катни гаражи горе под ресторан Билјана, или пак до сама водњанска од тоа бурекџилниците па се до горе до тоа институтите пред кардиологија,  тука и така тоа паркчето т.е. зеленилото е запуштено и никој нема аир од него. таква катна гаража може да биде решение и за  последната автобуска станица на водно, како и таксистите кои се испоредени околу влезот на клинички, кои би ги вовлекла повнатре со една лента, ослободувајќи ја целосно водњанска во горниот дел...      



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Mar-2009 at 15:27
Ај обиди се не олку конфузно, или дај координати

Originally posted by beTon

или пак до сама водњанска од тоа бурекџилниците па се до горе до тоа институтите пред кардиологија,  тука и така тоа паркчето т.е. зеленилото е запуштено и никој нема аир од него. таква катна гаража може да биде решение и за  последната автобуска станица на водно, како и таксистите кои се испоредени околу влезот на клинички, кои би ги вовлекла повнатре со една лента, ослободувајќи ја целосно водњанска во горниот дел...



Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2009 at 17:28
Ја колку што разбрав се мисли на зелезнило карши новата гинекологија. Десно од портата.


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 16-Mar-2009 at 20:16
Знам дека е офтопик, но решавањето на проблемот со паркирањето кај клинички, можда ќе ја подобри состојбата, но клинички никако не смее да продолжи да се развива во правецот кој го има сега. Павилјонско градење на клиники сметам дека е крајно несоодветно, особено кога секоја клиника не ја поседува потребната опрема за соодветна дијагностика. Недопустливо е пациенти со сериозно компромитирано здравје да се шетаат по улици, само затоа што клиниката во која се сместени не ја поседува соодветната апаратура. Штета што нема ни иницијатива(или можеби има ама не сум запознаен), за клинички да се смести во ЕДНА зграда, каде операционите сали, дијагностика и одделенија би биле врзани само по вертикала, со строго контролирана хигиена, а паркингот и сообраќајот во ниеден момент да не биде врзан со пациентите. Со самото тоа што клиниките се “растурени“, подразбира дека ќе има шетање на пациенти, посетители и кадар, шетање на возила за дотур на санитетски материјал и сл, потреба за паркирање.....

Сфаќам дека е Водно, и дека на времето изгледало како добра идеја, пациентите да се шетаат на чист воздух, и се слагам со тоа, ама денеска состојбата е толку многу променета, што го прави овој модел на уредување бааѓи несоодветен...

Прашање е колку квалитетно може да се реши паркирањето тука, но дефинитивно мора нешто да се направи.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2009 at 20:22
Архитектоне забелешката ти е многу на место. И мене ми изгледало тоа како не во ред, но колку што знам јас клинички не е дигнат цел оддеднаш него постепено. Башка една од постарите згради е градена со донации од иселеници, што премногу кажува за состојбата финансиска во здравството. Еве денес сведоци сме дека едвај еден апарат се купува, а не да се гради нова клиника. Но доколку би се градела би требало сериозно обмислување на формата на ЕДИНСТВЕНИОТ објект и како би биле распределени одделенијата. Нормално мора детални консултации со стручниот медицински кадар и да се утврди кои клиники имаат најмногу заеднички потреби, кои имаат специфични потреби кои немаат заеднички потреби, кои имаат потреба од ургентен и цело време слободен влез, акои не. После таква сериозна анализа може да се пристапи кон обмислување и проектирање на зградата. Башка тука цело време ми виси над глава како би се решил проблемот со дневна светлина во еден таков голем објетк. Дали тоа би биле атриуми или штознам, но мора и тоа да се мисли.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Mar-2009 at 20:25
И да се надополнам. Дефинитивно ни треба некоја попристапна локација кога веќе јужен булевар не се става ни под разно!


Posted By: beTon
Date Posted: 17-Mar-2009 at 00:00

Originally posted by Cloverstack

Ај обиди се не олку конфузно, или дај координати

го лоцира лсл, 41°59'21.6"N 21°25'10.4"E тоа е тоа... 



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Mar-2009 at 01:06
@ beton
Иако прави логика од повеќе аспекти, полошо место мислам сепак не можеше да избереш. Ова е практично двор на болницата за туберкулоза, од другата страна на уличката се интерните клиники и тоа баш пулмологија е истурена навака, а кардиологија и гинекологија се само шлагот за оваа локација. Такво окружување во никој случај не е вистинскиот простор за решавање на сообраќајни и паркинг проблеми.

Паркчето можеби е запуштено, но решението за тоа е едноставно - да се среди.



@ Architechtone
Сосема си во право, но мислам дека веќе предлабоко сме загазиле со овој концепт и дека е доцна да размислуваме за таква коренита реорганизација, барем до некој момент во иднината кога ќе бидеме навистина богата земја која што би можела да истурка таква скапа и комплицирана претумбација.
Во меѓувреме, поголема и посоодветна опременост на клиниките може и треба да реши добар дел од проблемот што го наведуваш. Се најавуваат и некакви топли врски, но прв рефлекс ми е дека тоа тешко дека добро би се извело, а плус тоа некои клиники се толку расфрлани што ни тоа не е опција.


Posted By: beTon
Date Posted: 21-Mar-2009 at 04:55

чисто го посочив како локација но не и како најидеално решение. тоа е затворено и запуштено паркче долж едноспратните згради на клиниката за патофизиологија  и пулмологија,  кое не дека ептен нешто многу ќе се уништи со катна гаража, но проблем е повеќе можеби самата местоположба бидејќи реално и многу гужва ќе има на самиот  булевар. можеби тука може да се направат само пововлечени постојки за таксисти и автобуси, но не и гаража.

инаку комбинации за паркинзи има повеќе како што спомнавме погоре, испуштивме можеби  да посочиме на долниот паркинг под стоматологија кој може да се прошири кон медицинско тоа старата зграда (некогаш мртовечница  во државна) која има поголем запуштен двор,  а пристап до неа ќе имаат и од министерството и од клиниките и од водњанска, но тука проблем би била галамата која би се создавала тука пред хируршките клиники, особено проблематично е што од оваа страна е сместен карил (интензивна).    

затоа најдобро решение е она со котларата  до инфективна, тука можат да се турнат и тоа бараките на фармацевтскиот факултет и гаражите за амбулантните коли кои се на потегот пред и помеѓу инфективна и погоните на МАК Спорт.    

И ПАРКИРАЊЕТО ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ НА КЛИНИКИТЕ
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2067&stID=13793&pdate=20030204 - Пенов: Клиничкиот центар сам да си направи катна гаража
Скопскиот градоначалник бара комуналии за новите клиники, а таму велат дека и да платат, нема да добијат ништо за возврат

Со воведување кружен тек за движење на возилата во Клиничкиот центар, раководството на таа установа се обиде да го намали сообраќајниот метеж што таму секојдневно се создава. Но, нема решение за проблемот со паркирањето кај клиниките. Управата вели дека за нив приоритет е катната гаража во кругот на клиниките. Во општината Центар велат дека надлежните од Клиничкиот центар не побарале во новиот Детален урбанистички план (ДУП) за тој дел од градот да се одреди локација за катна гаража. Градоначалникот Ристо Пенов вели дека проблемот со паркирањето треба да си го реши Клиничкиот центар.

Градскиот советник од ВМРО-ДПМНЕ и директор на Клиниката за стоматологија, Владо Ванковски, го обвинува Пенов дека ништо не сторил за да се реши проблемот со паркирањето во најголемата здравствена установа. Ванковски вели дека Пенов упорно бара комуналии за новите клиники без да инвестира и денар во инфраструктурата.

- Новите клиники за стоматологија, гинекологија и онкологија се од капитално значење не само за градот, туку и за земјава и за Балканот. Наместо да ги ослободи од давачките, градоначалникот упорно ги нарекува дивоградби и бара комуналии за нив. Треба да платиме еден милион евра. Но и да ги платиме, што добиваме? Околу нас масовно се градат станбени згради, а Пенов не наоѓа интерес да изгради барем една катна гаража - обвини Ванковски.

Градоначалникот Пенов инсистира да се платат комуналиите за новите клиники.

- Клиничкиот центар не му платил ништо на градот, а прашува што ние сторивме за нив. За кого ги правевме булеварот Водњанска и улицата Железничка? Државата им додели локација за катна гаража. Нека ја изградат и ќе го решат проблемот со паркирањето. Ако не тие, нека ја изгради друг. Катната гаража е профитабилна градба, за која не се потребни големи вложувања - вели Пенов.

Градоначалничката на Центар, Виолета Аларова, вели дека надлежните од Клиничкиот центар не побарале во новиот ДУП да се внесе и катна гаража.

- Сметам дека на катната гаража не и е местото во кругот на клиниките зашто издувните гасови од возилата и бучавата ќе им пречат на болните - вели Аларова.

Во стариот ДУП за тој дел од градот се предвидени две локации за катна гаража во Клиничкиот центар - кај болничката кујна и кај Инфективната клиника.

Во Одделението за урбанизам и комунални работи при општината Центар велат дека на надлежните од Клиниката ќе им сугерираат катната гаража да се гради кај Инфективната клиника.

- Најдобра локација за катна гаража е таа кај бараките зад "Македонија спорт". До неа ќе може лесно да се доаѓа по улиците Железничка и 50. Дивизија. Таму може да се изгради катна гаража со подземно и надземно паркирање. Нема да им пречи на болните, зашто е понастрана од речиси сите клиники - велат во Одделението за урбанизам.

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2067&stID=13793&pdate=20030204 - Дневник - Мариела Трајковска - 04.02.2003



Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Apr-2009 at 09:23
Ова е зградата на Токсикологија во склоп на клиничкиот центар. Се работи за стар објект кој е реновиран и делумно зголемен 2002 година. Според мене влага во конкуренција за "транзициони" објекти, а со округлестиот прозор може да конкурира и за наградата "Вангел на годината".



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jun-2009 at 16:02
Денеска во клиничкиов центар во рок од 10-тина минути два пати присуствував на сообраќаен циркус кој резултираше со заглавување на брза помош.

Еднаш низ тесните улички каде неколку автомобили беа приморани да одат во рикверц, да се качуваат по тротоари и да се буткаат кој кај најде било каков простор, за конечно да помине болничкото возило.

Вториот пат кај главниот влез, каде брза помош со вклучени сирени беше приморана да чека во ред на паркинг-рампата дур влезат сите што беа пред нејзе и си земат талонче... Кога стигна на ред, рампата се разбира се спушти и за нејзе Crazy

Најавената трансформација на градската болница во ургентен центар сигурно ќе ја олесни состојбата, но сообраќајниот хаос во клинички центар никако не треба да биде оставен нерешен. Не можам да сватам како цел сообраќај во комплексот е подреден на желбата на приватен концесионер да си го максимизира профитот. Па сепак се работи за болница побогу!


Posted By: zabegan
Date Posted: 29-Jun-2009 at 19:10
навистина тоа е најголем проблем во комплексот, да исцрка човек додека да го однесат до ургентен или било којаа друга зграда


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Sep-2009 at 15:55
ШВАЈЦАРСКА БОЛНИЦА ЌЕ ДОНИРА ОПРЕМА ЗА ПОРОДИЛИШТЕТО
Новата Гинекологија ќе добие стари боксови?

Мими П. ШУШЛЕСКА

Со стари кревети, маси и столови и медицинска опрема од швајцарска болница што се затвора, ќе се опреми новата Клиника за гинекологија, дознава „Време“. Според нашите извори, Клиниката преговарала со повеќе болници кои можат да дадат опрема за новиот објект, кој се гради со години и се уште не е завршен. Од Гинекологија, пак, признаваат дека постои таква можност и тврдат дека набавката на опрема е во надлежност на Министерството за здравство. - Мебелот и опремата што може да ги добиеме од овие болници се понови и во подобра форма од она што ние го имаме. Разговараме со повеќе болници, но најинтензивни се преговорите со една швајцарска болница - велат од Клиниката за гинекологија. Клиниката за гинекологија со години користи иста медицинска опрема, а според вработените поголемиот дел од болничките кревети не се заменети можеби и со децении. Вработените, исто така, тврдат дека опремата од швајцарската болница, колку и да е стара, сепак ќе биде понова од онаа што моментно ја имаат. Пациентите со кои екипата на „Време“ вчера разговараше, тврдат дека условите за породување се катастрофални, а состојбата во болничките одделенија неиздржлива. Тие се жалат дека не се одржува хигиената и тврдат дека во болницата нема ниту еден сочуван чаршаф. Од Клиниката информираат дека за опремување на новата зграда помош ќе побараат и од домашни и од странски фармацевтски фирми. Министерот за здравство, Бујар Османи, пак, е дециден дека новата зграда на Гинекологија ќе се опремува со апаратите што ќе се купат на големиот тендер вреден 40 милиони евра. - Нема да се бараат донации. Зградата ќе се опремува со наши пари - вели Османи. Но, извори на клиниката апелираат дека опремата од новиот тендер нема да биде доволна за да се наполни новата зграда. Изградбата на Клиниката за гинекологија го проби и последниот рок што беше даден за нејзино пуштање во употреба, државниот празник 8 Септември.

Зградата се уште не е приспособена, затоа што нема струја до објектот. Сега ЕВН ја гради трафостаницата, а ќе бидат потребни уште две до три недели да се тестира инсталацијата. Најновите информации велат дека наскоро би требало да бидат завршени барем градежните работи, но никој не може да каже од кога бебињата ќе доаѓаат на свет во подобри услови, наместо во старата и дотраена зграда, што сеизмички е неисправна и каде што шетаат лебарки по креветите и по собите. Според најдоброто сценарио, годинава најверојатно ќе се преселат само амбулантите, а потоа постепено и другите оддели. Последен пат, надеж за ставање во функција на новата зграда во октомври минатата година дадоа тогашниот вицепремиер Зоран Ставрески и министерот Османи. За да продолжат градежните работи, владата одобри околу три милиони евра, а според најавите изградбата требаше да заврши за шест месеци. Во новата зграда, постоечките одделенија ќе треба да добијат пристоен простор, а како новина беше најавено отворањето на банка за сперма.

Месеците станаа години

Изградбата на Гинекологија доби историска димензија. Градежните работи почнаа во 2001 година со пет милиони долари, кои ги даде тајванската влада. Објектот требаше да биде готов за девет месеци, но оттогаш поминаа девет години. Изградбата почна во време на министерот Петар Милошевски, кога беше речено дека за првпат има доволно пари за да се изгради еден објект.
Оттогаш се сменија неколку министри и влади и никој не даде отчет каде се потрошени парите и зошто новата зграда се уште не е вселена. Фирмата што го гради објектот беше избрана под сомнителни околности, без јавно отворање на понудите, а големите градежни фирми обвинуваа дека станува збор за фантомска фирма со неколку вработени, која нема опрема, ниту стручен кадар за да одговори на предизвикот.

Репарирано здравство

Македонските клиники, иако се декларираат како врвни здравствени установи, и досега функционирале со репарирана опрема што ја подарувале болници со кои имале долгогодишна соработка. Репарирани апарати што ги добиваме од други држави има во речиси сите центри за дијализа. Јавноста го памети и репарираниот колоноскоп, кој беше донесен на Клиниката за гастро, откако неколку месеци немаше никаков.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1821&ArticleID=122375


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2009 at 22:01
Да потсетам, со изградба се почна во 2001   Roll%20eyes

ГИНЕКОЛОГИЈА
Во нова зграда од април

Новата зграда на Клиниката за гинекологија нема да биде пуштена во употреба уште неколку месеци, најверојатно во април в година. Новиот директор на клиниката, Саша Јовчевски, вчера не можеше да каже што точно се чека за да се пушти зградата во функција. Во меѓувреме старата зграда се доопремува со донации. ВИП подари 25 апарати за контролирање на протокот на кислород во инкубаторите за предвреме родените бебиња. Раководителот на единицата за детска интензивна нега, Елизабета Петковска, рече дека околу 95 отсто од овие бебиња имаат потреба од третман со кислород. Таа укажа дека при неправилна апликација на кислород може да дојде до оштетување на одредени системи кај новороденчињата и да настапи смрт. Директорот Јовчевски вчера рече дека се уште се чекаат резултатите од судска медицина што треба да покажат од што точно починаа две родилки пред неколку недели.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=14&tabid=1&EditionID=1895&ArticleID=129325


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Mar-2010 at 15:04

Болните од 8 болници натискани во 15 соби

Сите осум болници ќе се преселат во старата зграда на Гинекологија, и секоја кли­ни­ка ќе добие само по една машка и една женска соба за хоспитализирање на бол­ни

Лекарите велат дека главниот проблем ќе се јави при закажувањето операции и постоперативното лекување, но и оти посебно на удар ќе бидат пациентите на ди­ја­ли­за, кои во моментот на Клиниката за нефрологија се дијализираат во три сме­ни


Ин­тер­ни­те клиники ќе се селат, оти зградата во која сега се сместени од корен ќе се реновира. Од идниот месец 8-те болници ќе функционираат во сегашната зграда на Гинекологија, ама во стеснети услови. Така, наместо по 4-5 болнички соби во маш­ки и во женски оддел, сега за сместување на болните ќе има само по една прос­то­ри­ја. Според капацитетот на гинеколошката зграда, пациентите на секоја кли­ни­ка сега ќе се сместуваат само во две соби. По една машка и една женска со­ба ќе има за ендокринологија, за пулмологија, за нефрологија, за Клиниката за оч­ни болести, за уво, нос и грло и за Нервно. Сите лекари од одделната клиника ќе би­дат сместени во заедничка соба, а не како досега во лични кабинети.
Ка­ко овој план ќе се реализира во пракса и како е можно од 30 до 50 пациенти што мо­мен­тал­но лежат по болниците да се соберат во две соби, никој не сака да ко­мен­ти­ра.
Од Министерството за здравство ја потврдуваат одлуката за реновирање на згра­да­та на Интерните клиники. Но од таму не прецизираат дали претходно е нап­ра­ве­на процена за тоа како и дали воопшто осум болници може да работат во згра­да во која сега функционира една клиника, и приближно колку долго тоа ќе трае.
Од Клиниката за гинекологија и акушерство велат дека ќе ја напуштат старата згра­да откако ќе биде комплетирана опремата за новиот објект.
"Точ­но е дека ќе се селиме и оти во нашата стара зграда ќе се преместуваат по­со­че­ни­те клиники. Но факт е дека опремата за новата зграда на Гинекологија сe ­уш­те стига и додека комплетно не биде донесена, ние нема шанси да се преселиме. До­се­га веќе требаше да бидеме преселени, но, еве, уште чекаме", изјави Саша Јов­чев­ски, директор на Клиниката за гинекологија.
Пре­сел­ба­та првично беше најавена дека ќе биде готова до март, но поради тех­нич­ки проблеми беше одложена за еден месец.
Ле­ка­ри­те збунето и скептично ја коментираат ваквата промена, посочувајќи дека проб­ле­ми­те допрва доаѓаат.
"Ка­ко е можно човек да облече патики број 38, ако носи 42?. Тоа е невозможно и не­из­вод­ли­во. Но ние, сакаме - нејќеме, мора да се селиме", вели проф.Дејан Докиќ од Клиниката за пулмологија.
Не­го­ви­те колеги велат дека главниот проблем ќе се јави при закажувањето опе­ра­ции и лекувањето по интервенциите, но и оти посебно на удар ќе бидат па­ци­ен­ти­те на дијализа, кои во моментот на Клиниката за нефрологија се дијализираат во три смени.
Вче­ра од оваа клиника никој не објасни каде ќе се преместува дијализата ниту, пак, да­ли пациентите знаат за селењето.

http://vest.com.mk/?ItemID=E05250DC9CCF3C4FBAC9DB82B6F01849


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Mar-2010 at 15:10
Ајде јавачи на "статус кво"-то! Ако може ништо да не се случува, ниту да се растура ниту да се реновира. Све да си стои така четириеститина години, па после што сака нека биде. Главна узречаица "Кај па сега..?!"

Не викам дека неможе ова да се прави кат по кат, или клиника по клиника, или крило по крило. Ама кога веќе зградава пола век седи така и конечно има некој воља да тоа го смени, редно е да му се остави простор и да не добива медиумски клизачи па дури и да постои подобар начин да тоа се направи.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Mar-2010 at 23:21


Ај да не мешаме добра или лоша воља, тоа е многу релативно и субјективно, а на цела планета нема доволно добра воља која може да оправда правење на глупости од ваков калибар и поигрување со здравјето и животот на толкав број луѓе.

Овде се работи за колосална неодговорност. Зарем некој нормален може да помисли дека сите интерни клиники може да се набутаат во старата зграда на гинекологија (која меѓудругото беше претесна и за досегашната намена) и тоа да не предизвика страшни последици?

Па сега испадна за греота таму некој се трудел да ги опраи работиве, а добивал медиумски клизачи... Па што треба да следи за ваков „брилијантен“ план? Аплауз? Всушност баш би сакал да слушнам каков орган од министерството за здравство го испланирал ова и кој ќе понесе одговорност доколку се случи хаос (а извесно ќе се случи).

Мислам ќе преовлада разум и ќе се најде друг модус за реновирање на интерните клиники. Дали фазно, дали некое друго решение, не знам, ама мислам до толку ненормална работа како планов со целосна селидба во стара гинекологија не може да помине дури ни во Македонија.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Mar-2010 at 23:30
Originally posted by Cloverstack

Па сега испадна за греота таму некој се трудел да ги опраи работиве, а добивал медиумски клизачи...

Е браво за реченицава! Токму така е!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Mar-2010 at 23:39


А да бидам безобразен па да те прашам како би ти се допаднало тебе да ти притреба здравствена помош во услови кога интерните клиники ќе ги напикаат во објектот на старата гинекологија? Или се е океј додека не сме лично засегнати? До тогаш можеме да бистриме политика?

Имаш ли некакво објаснување зошто е ваков планот или нема потреба од објаснување и образложување, пошто нели, имало добра воља...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Mar-2010 at 00:02
Не дај боже да имам, на никого не му пожелувам да има потреба. Скоро пред некој месец дена имаше текст дека капацитетите на болниците и се нешто повисоки од тоа што има Македонија потреба. Нели Воена е сега трансформирана? Нели имаме дисперзирано здравство. Скоро читавме дека државна е пребукирана со пациенти што можат да завршат работа по градските болници. Сигурно е дека има пресметки и има план за логистика како и што каде ќе се пренасочува и како тоа ќе се одвива. Не верувам дека некој се осудил на ваква маневра без да има проверено такви параметри.

Не располагам јас со детаљи со бројки колку пациенти има тамо дневно, колку се капацитетите на сите простории тамо па да знам како можело тоа да се одвива.

Меѓутоа неможе секоја иницијатива и секој обид уште непочнат и недокрај разбран, па макар бил и во фаза на иницијатива, редовно ни се случува да добива клизачи, како главни два аргумента да бидат "Сега не е време" и "Не на тој начин". Мора веќе да имаме одговорност за јавно искажан збор. Ако весникот тврди и личноста позади тој напис дека клинички центар нема капацитет да затвори една зграда нека го поткрепи тоа со факти, не со фразеологија. Никој во државава нема службена должност да до медиуми доставува проекти освен доколку тоа не е побарано. Ако требаше горниов текст да биде сериозен ќе имаше барем две бројки што ќе покажат дека тамо капацитет нема. Ова ми личи на сувопарно критизерство, исто како оноа што требаше ден пред отварање на северната трибина да се исплаши јавноста дека ќе падне стадионот. Така сега се плаши јавноста дека ќе нема каде да се лечи и неосновано се пласираат тези.

Јас на проектите априори гледам со одобрување, па после тоа барам дали има елементи што не ми се допаѓаат, за разлика од тебе па и повеќето тука што основниот пристап е негативен па после тоа треба да има убедување дека всушност се работи за позитивен проект.


Posted By: 46&2
Date Posted: 24-Mar-2010 at 00:28

Како прво не знам дали ја знаете приказната за Современиот клинички центар кој што се палнирал во седумдесетите (мислам, не ме фаќајте за збор) да се гради на Зајчев Рид по примерот на оној во Белград и Загреб. За жал и тогаш се појавиле душебрижници меѓу професори на медицинскиот факултет кои сметале дека нема потреба да се менува локацијата затоа што повеќето имале веќе изградено куќи на Водно или планирале да градат. Денес некои од нив и ги издаваат. И како секој поголем проект во Скопје и овој остана на хартија за демек подобри времиња. Денес ако анализираме што добивме и што имаме за клинички центар е очајно, жално, срамотно. Не би навлегувал во сите тие недостатоци, може во некоја посодветна нишка. Би кажал само дека еден таков објект би требало да биде заеднички за сите клиники каде пациентот не би излегувал надвор доколку се движи меѓу клиниките. Нешто како воена болница, ама па неа упорно ја расцепкуваат. Roll%20eyes

Значи владава сакала да реновира здравствени установи, а сите знаеме колу пари се слеваат од нашето солидарно здравство каде сите се осигурани а голем дел не плаќаат. Колку и да викаат дека ќе биде темелно реновирањето ја сепак мислам дека ќе завршиме со некои течки импровизации и замачкувања. Она што најмногу сакам да го истакнам е до кога ќе одиме со импровизации упорно во секоја сфера па и во здравството. Да се фрлат толкави пари првенствено за зграда која има многу лош сообраќаен пристап, без паркинг простор, со котларница која чади до просториите на првиот спрат итн. итн. е лудост. 
Околу преминот на интерна на гинекологија, би сакал само да му честитам на оној кој што го испланирал ова. Зградата е три пати помала и стварно не знам како планираат да ги сместат таму. 


-------------
I use public toilets and I piss on the seat.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Mar-2010 at 01:27
Originally posted by lslcrew

Сигурно е дека има пресметки и има план за логистика како и што каде ќе се пренасочува и како тоа ќе се одвива. Не верувам дека некој се осудил на ваква маневра без да има проверено такви параметри.
Врз база на кое искуство си толку сигурен? Јас од моето искуство и од она што секојдневно го согледувам сум сигурен во сосема спротивното и само се молам да се свестат пред да направат тотална катастрофа во клинички центар.


Originally posted by lslcrew

Не располагам јас со детаљи со бројки колку пациенти има тамо дневно, колку се капацитетите на сите простории тамо па да знам како можело тоа да се одвива.
Ти немаш, ама и оние од министерство се однесуваат како да немаат. А бонус прашање е доколку немаш, зошто така лесно аплаудираш?


Меѓутоа неможе секоја иницијатива и секој обид уште непочнат и недокрај разбран, па макар бил и во фаза на иницијатива, редовно ни се случува да добива клизачи, како главни два аргумента да бидат "Сега не е време" и "Не на тој начин".
Нигде не сретнав „сега не е време“, а дека не треба на ваков начин, тоа дефинитивно не треба и не знам по кој основ треба начинот да го исфрлиме од дискусијава... За што да дискутираме? Да се ограничиме на тоа дали била добра или лоша вољата?
Нема ништо чудно една ваква луда идеја да добие „клизачи“. (мада за жал проценката ти е погрешна и идејава ни од далеку не добила такви клизачи какви што заслужува)


Мора веќе да имаме одговорност за јавно искажан збор.
Да. Ама 100 пати поважно е да има одговорност од институциите. Јас прашав, а претпоставувам скоро секој би се запрашал кој го скроил и кој стои зад планов и кој ќе поднесе одговорност за тоа што ќе следува. Па не може одговорност за состојбите во државата да ги префрламе врз медиумите, зошто ете многу критикувале Roll%20eyes


Ако весникот тврди и личноста позади тој напис дека клинички центар нема капацитет да затвори една зграда нека го поткрепи тоа со факти, не со фразеологија.
Доволно е и површно познавање на состојбите во клиничкиот центар за да на разумен човек му е јасно дека онаква рокада не ја бива. Всушност помини и сам низ клиниките, или барем отвори google earth, па ваљда ќе се увериш и сам.


Никој во државава нема службена должност да до медиуми доставува проекти освен доколку тоа не е побарано.
Не знаеш како завршуваат тие барања Question
Инаку овој случај е доволно крупен и осетлив, за да не мора никој да ги прозива господата од министерството, туку треба самите да излезат и да објаснат како побогу планираат да функционира нивната замисла!


Ако требаше горниов текст да биде сериозен ќе имаше барем две бројки што ќе покажат дека тамо капацитет нема.
Во контекст на она што го кажав претходно, еве им шанса на „планерите“ од министерството за здраство да излезат со планот и бројките и јавно да ги образложат, па на таков начин нека излезат победници во случајов.


Ова ми личи на сувопарно критизерство, исто како оноа што требаше ден пред отварање на северната трибина да се исплаши јавноста дека ќе падне стадионот. Така сега се плаши јавноста дека ќе нема каде да се лечи и неосновано се пласираат тези.
Грубо ги мешаш работите. Нема апсолутно никаква допирна точка помеѓу двата случаи. Тогаш и лаик можеше да види дека се работи за сеење магла, а сега и лаик може да види дека во министерството за здраство изгубиле осет за реалност и одговорност. Впрочем, еве го и мојот став кој го искажав во врска со тврдењата за северната трибина:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=12&PID=44305#44305 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=12&PID=44305#44305

Затоа не ставај се во ист кош.


Јас на проектите априори гледам со одобрување, па после тоа барам дали има елементи што не ми се допаѓаат, за разлика од тебе па и повеќето тука што основниот пристап е негативен па после тоа треба да има убедување дека всушност се работи за позитивен проект.
После твоето „априори одобрување“, не најде ништо што не штима во случајов??
Инаку те молам не ме класифицирај во некакви си негативисти, демек сум критикувал по дифолт, без причина и без образложение. Ниту пак има таков пристап кој може да ме убеди да сменам став за нешто што очигледно не го бива.

Не знам како воопшто испадна оваа бизарна дискусија. Ете ако некој баш запне, и во Фичо може да набута 8 души, ама доколку некој рече дека тоа е ненормално, никој нема да му бара бројки и анализи да поткрепи зошто е тоа ненормално. Секој разумен ќе праша што бараат 8 души набутани во Фичо. А овде ситуацијата е многу посериозна - се работи за здравјето и животот на многу граѓани.

Накратко - господата во министерството нека бараат поинаков модус за реновирање на интерните клиники.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Mar-2010 at 05:02
Аплаудирав врз база на поддршка на проектот во целина, на врз база на тоа колку соодветно нашле замена. Жал ми  што ете сепак ќе мора во вакви импровизирани стандарди да се одвиваат интервенциите и терапиите на неколку месеци но да имаше подобро решение сигурно дека ќе беше земено во предвид. На воена болница неколку ката седат празни со години, незнам зашто е тоа така.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 27-Oct-2010 at 17:53
ne znam dali e potrebno?ako ne togas ostranete go(@admins)

Место за молитва за муслиманите на Клинички

published - 27/10/2010 18:33:00
Големина на текст: javascript:tsz%28article_body,12px%29"> Decrease%20font javascript:tsz%28article_body,16px%29"> Enlarge%20font
image

Министерот за здравство Бујар Османи денеска во кругот на Клиничкиот центар во about:blank - Скопје ја отвори просторијата за извршување на религиозни и духовни потреби на пациентите од муслиманска вероисповед и нивните семејства кои доаѓаат да ги посетат.

- Целиот простор е адаптиран од локални донатори, а Министерството за здравство ги ослободи овие простори на старите амбуланти на Интерни клиники бидејќи во меѓувреме се изградија нови амбуланти, изјави Османи.

Тоа, како што посочи, е обврска од Законот за заштита на правата на пациентите, меѓународен стандард во почитување на нивните основни права со цел да им се овозможат минимални услови за да го најдат духовниот мир и да ги извршат религиозните обврски во текот на нивниот престој во болница.

Османи истакна дека позитивното искуство кое произлегло од православниот објект се рефлектирало и во оваа идеја и нагласи дека имало долгогодишни барања од здруженијата на пациенти за да се обезбеди ваков простор.

- Според Законот за заштита на правата на пациентите за сите религиозни групи треба да се обезбедат минимални услови за вршење верски обврски, додаде Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека тоа нема да биде класичен верски објект во кој ќе има колективни верски обреди, туку оти станува збор за просторија во која ќе се овозможува индивидуално вршење на религиозни обврски. 



МИА

http://alsat.mk/vesti/zemja/1475938.html


-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Nov-2010 at 17:04
Новата Гинекологија најдоцна за три месеци
 
Новата зграда на Клиниката за гинекологија ќе почне да работи најрано за месец и пол, а најдоцна за три месеци. Ова се најоптимистичкиот и најпесимистичкиот рок за клиниката да се пресели од сегашната стара зграда, изградена во 1928 година  
 
%20  
- Во тек е распределбата на новата опрема, која потоа треба да се инсталира. Кога тоа ќе се заврши може да се преселиме за околу една недела. Ние веќе имаме план за преселба - велат од Гинекологија.

Оттаму објаснуваат дека на пат се и првите 30 нови кревети, кои ги добиваат како донација за пациентите, а очекуваат и мебел.

Зградата во која сега е сместена Клиниката за гинекологија е сеизмички неисправна. Ветувањата за селење во новиот објект траат веќе десет години, колку што се одвива и неговата градба. Владата на премиерот Никола Груевски, во 2008 година оддели три милиони евра за довршување на оваа зграда, која требаше да почне да се користи до април 2009 година. Една година и седум месеци по тој рок, таа уште не работи.
 
   
Автор: Н.Б.З.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112410953331&id=9&setIzdanie=22141 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112410953331&id=9&setIzdanie=22141


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Dec-2010 at 19:11
Да приумреш додека стасаш до лекар

     
Половина час на Водњанска, половина во потрага за паркинг, уште неколку саати за во чекална и ќе влезете кај лекарот на Клинички. А таму најважно е да имате среќа да не ве праќаат на многу испитувања. Оти секој нареден ден ќе го доживувате истиот пекол на скопските клиники


     
     
На пат до скопските клиники прво мора да се соочите со булеварот Водњанска. Уште оттаму почнува лудилото за се стаса на лекар. Не знаеш со кого попрво да се расправаш рано наутро. Дали со возачите на автобусите кои зафатиле половина булевар или со таксистите кои се тркаат за патници, па закрчуваат пред влезот за да соберат повеќе. Од училиштето „Кочо Рацин“ до рампата на влезот на клиниките подгответе си половина час за да се влечкате метар по метар со возилото.

А кога конечно ќе ја поминете рампата, како да сте влегле во шпиц време на Бит-пазар. Шетаат медицински сестри со ѓевреци, болничари пеш на ладното развезуваат легнати болни, а роднини на пациенти туркаат празни колички токму пред вашиот автомобил, па уште повеќе го закрчуваат патот. Сето тоа по тесните, издупчени улици, пренатрупани со возила од лева и од десна страна, кои талкаат по место за паркинг на пренатрупаниот простор. Се поткачуваат на тротоари, се буткаат пред влезови сакајќи што поблизу да се паркираат до клиниката на која пошле, оти и онака ќе платат ненормална сума за место што го нема. Низ подотворените прозорци нервозно пушат и пцујат разгневени и мажи и жени.
- Сто години ништо не направиле. Ја испокршивме колата. Ќе го средат ли еднаш овој хаос, ова на сé личи, ама не на Клинички - се слушаат коментари.

Нема ред, има македонски ред

Македонија во мало. Токму тоа е клинички наутро. Таму нé има од сите страни. Така нервозни, некои ќе застанат среде најголемиот метеж за од багажникот на комбенце, жена што легнала таму, да ја сместат во болничката количка што ја туркаат пред автомобилите. Болната ја сместуваат роднините, со нив нема болничар.

- Не можевме да најдеме друг превоз, а на жената и е лошо како што гледате. И сега сам ќе ја туркам до лекар. Едвај количка најдов, не па болничар да дојде со мене - нервозно ни одговори роднината кога го прашавме зошто така ја пренесуваат болната.

И кога уште по половина час лутање ќе најдете место за паркирање, ве чекаат нови „изненадувања“. Ако врне, до клиниката на која сте тргнале сигурно ќе стасате до уши зацапани во кал. Што поради тоа што сами се прскате на калливите неисчистени улички, а што поради тоа што некој фраер-возач ќе ве доразубави невнимателно возејќи по дупките. По пат, пак, уличните продавачи сигурно ќе ви понудат да купите по некој ѓеврек, пижами, личен прибор за хигиена... Едноставно, сé што ви треба за в болница може да се најде по улица пред неа.

А кога конечно ќе стасате во установата, ве чека нов шок. Ќе ви се случи и во најорганизираните установи, како на Трансфузиологија. Таму има и водичи за пациентите и љубезен персонал. Но никој не може да ви помогне ако задоцните, зашто нема ниту да добиете бројче за да може да влезете кај лекарот. Никој не е крив што има толку многу пациенти. А ако го добиете бројчето, имате одлични можности да припаднете во толпата луѓе што чекаат. Сите се стискаат во редица, иако секој има бројче кога треба да влезе. Што е сигурно сигурно е, не смее да се дозволи некој да ве „зезне“, па да влезе пред вас. А плус и за што може повеќе да се избегнат олеснувањата за оние што не може да чекаат. Така, иако јасно е напишано дека бремените жени не треба да чекаат ред, тоа кај нас не важи.

- Каде ти преку ред? - прашува бабичка бремена жена, додека ја тегне за фустанот.

- Не морам да чекам - одговара таа, погледнувајќи накај стомакот.

- Овде сите мора да чекаат, ти си бремена јас сум стара. Враќај се - заповеда бабичката.

Сестрите поголеми шерифи од лекарите

Ако имате предвид дека амбулантите на Трансфузиологија се едни од најорганизираните, е тогаш може и да ви се слоши ако не дај боже имате потреба од други. Во неколку од нив медицинските сестри на пултовите се вистински шерифи.

- Не можам јас сто пати дневно да повторувам како треба да се предаваат брисевите и кој каде треба да чека - вика сестра на Микробиологија.

- Зошто не напишете, огласите? - прашавме.

- Напишавме, па не искараа дека не треба и го тргнавме - додава.

Пред амбулантите на Нефрологија слична слика. Навистина скептични пациенти, кои на секоја половина минута ги проверуваат бројчињата на оние пред нив, за во случај да се мушнал некој преку ред, но и лути сестри на шалтер кои неволно објаснуваат што да направи или каде да појде болниот.
- Може ли само да ми го заверите документот, преполна ми е бешиката, ме чекаат на ехо, не можам да издржам. Пишува дека треба итно да се јавам - прашува пациентка.

- Не ме интересира - јасно и гласно одговара сестрата.

Најчудно е што и на клиниките на кои претходно задолжително се закажува, сите мора да се појават уште рано наутро. Иако кај лекарот може да влезат и во 14 часот, ќе си чекаат уште од седум и пол утрото. Никој не ни одговори зошто не се закажуваат прецизни термини кај лекарите, кога тоа е едноставно.
А кога конечно ќе влезете кај лекарот, ви останува да молите бога да не треба да одите на многу испитувања. Оти секој нареден и нареден ден ве очекува истото. Губење и по половина ден за преглед, многу изгубени нерви и многу расправии.

На здравствените власти им е позната состојбата со Клинички. Оттаму и ја поддржаа идејата за отворање на нов клинички центар, по што Владата најави дека тој ќе се гради во населбата Бардовци за десетина години. Додека се направи тој, велат, ќе ги подобрат условите на клиниките. Но не кажуваат што конкретно работат за да им олеснат на пациентите.

- Владата донесе соодветна одлука и ги задолжи надлежните државни органи и институции, меѓу кои е и Министерството за транспорт и врски, да преземат низа активности со кои треба да се извршат сите подготовки за реализација на овој исклучително сложен проект кој првично треба да биде готов до 2018-та година. Додека не се изгради новиот кампус, се прават сите неопходни активности и зафати кои треба да им овозможат на граѓаните, пациентите и на медицинскиот персонал соодветна здравствена заштита во рамките на постојните објекти на Универзитетските клиники во Скопје - кратко одговараат од Министерството за здравство.http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=122010859291&id=9&prilog=0&setIzdanie=22162


Posted By: OCB
Date Posted: 31-May-2011 at 16:48
Отворена новата гинеколошка акушерска зграда во Скопје



Денеска свечено беше отворено новата зграда за гинекологија и акушерство на државната клиника во Скопје.

Министерот за здравство, Бујар Османи изјави дека зградата претставува најсовремена установа со врвна технологија направена според светските здравствени стандари.

„Тежината на оваа клиника е што не дозволивме да ја донесеме старата апаратура, туку ја набавивме најврвната и најсовремената медицинска апаратура која е дел од овој современ објект“ рече Османи.



Директорот на новата клиника за гинекологија и акушерство, Сашо Јовчевски изјави дека установата чини 560 милиони денари, без современите апарати. Објектот се протега на 2 илјади метри квадратни на пет катови. Има 197 кревети и пет операциони сали.

Во текот на 30 дена ќе бидат преселени сите пациентите во новата зграда за гинекологија и акушерство.

„Стариот објект ќе се користи за преместување на пациентите од интерните клиники додека трае реновирањето, а потоа ќе правиме нови планови. Од денес почнува преселувањето и ќе биде на десет дена по еден кат. Треба да внимаваме на пациенти, бидејќи има и деца во инкубатори“ вели Османи.

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски свечено го отвори новиот објект со сечење на црвена лента.

Гинеколошка акушерска клиника е основана 1947 година.

http://www.tocka.com.mk/index12.php?ID=42442



Posted By: build.mk
Date Posted: 31-May-2011 at 22:06
Пресечена лента за новата гинекологија во Клиничкиот центар во Скопје

После точно 10 години изградба и неколку неостварени најави за нејзино ставање во функција, денес беше официјално отворена новата зграда на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар во Скопје. Сепак засега ќе функционира само амбулантниот дел, а доуредувањето и преселбата ќе продолжат во наредните 30-тина дена.

Зградата има пет нивоа со вкупна површина од околу 12 илјади метри квадратни и во неа ќе бидат сместени 197 болнички легла и ќе функционираат пет операциони сали. Инвестицијата во објектот (без медицинската опрема) изнесуваше 560 милиони денари, односно нешто над девет милиони евра. Изведувач на градежните работи беше фирмата „Делта пром“.

Старата зграда на гинеколошката клиника, која датира од 1928 година, после преселбата привремено ќе се користи за сместување на пациенти од интерните клиники, додека таму се одвива најавената реконструкција и реновирање со помош од Банката за развој при советот на Европа. За конечната судбина на дотраениот објект ќе се одлучува дополнително.



1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14


15


16


17


18


19


20


21




http://www.build.mk/?p=7914 - http://www.build.mk/?p=7914


Posted By: BOJAN
Date Posted: 31-May-2011 at 22:12
Постојат две чуда на планетава, се појавил Исус на едната страна од Земјината топка и се отвори гинекологија во Клинички во Македонија, јавува Си-Ен-Ен во вестите од 22 часот


Posted By: OCB
Date Posted: 31-May-2011 at 22:55
Најсекси е слика бр. 10.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Jun-2011 at 00:07
Еве две фотки од гинеколошката клиника во изградба, кои ги имам направено во февруари 2007. Не е на одмет да ги архивираме и нив:


1


2



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 01-Jun-2011 at 11:52
Znaci mozno e?
Mnogu sum pozitiven iznenaden kako e izgradeno. Uste od prviot pogled znaes kade se naogjas!! Vnatre e TOP, nesto cudno sto vo edna golema soba ima 7 legnici za 7 pacienti namesto da go delat sobata so dzidovi ama sepak lici konecno na BOLNICA!


Posted By: 4skopje
Date Posted: 01-Jun-2011 at 13:54
Tie sto nemaat deca ,ajde ostaj te go  forumov i na rabotaHug!!!


Posted By: gorco
Date Posted: 01-Jun-2011 at 14:06
Originally posted by 4skopje

Tie sto nemaat deca ,ajde ostaj te go  forumov i na rabotaHug!!!



Најдобар заклучок !

-------------


Posted By: Plugger
Date Posted: 02-Jun-2011 at 08:09
 
Edno golemo bravo od mene, super izgleda. Dali znae nekoj kade tocno se naogja ovaa zgrada? Da ne e kaj Medicinski Fakultet?


Posted By: OCB
Date Posted: 02-Jun-2011 at 10:18


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Aug-2011 at 20:46

КОШМАР СО ПАРКИРАЊЕТО ВО БОЛНИЧКИОТ КРУГ

Брзата помош заглавува во Клинички

Иако приватна фирма веќе пет години наплаќа за паркирање на обележани места, внатре, во кругот, владее башибозук, секој се паркира каде што ќе најде место: на тротоари, во тревниците, сред улица, па и пред влезот на Ургентниот центар

С` помачно и понеподносливо, од ден на ден, е движењето со возила во Клиничкиот центар. И надвор, пред рампата. Надлежните со години не се заинтересирани да го решат проблемот со паркирање во болничкиот круг, па крајниот резултат е башибозук, секој се паркира каде што ќе најде место: на тротоари, во тревниците, сред улица, па и пред влезот на Итната помош. Понекогаш во прашање се минути дали пациентот во возилото на Итната помош ќе преживее, но посетителите се бескрупулозни - нив ги интересира да си најдат место за паркирање, макар било и на патеката која треба да е слободна за влез на возилото во Ургентниот центар. Посебен влез неопходен за овие специјални возила нема, а не помага ни вклученото ротационо светло.
Од техничката служба при Клиничкиот центар немаат одговор кога на здравствените корисници на услугите, а и на вработените, ќе им овозможат нормално движење, достоинствена посета на клиниките и помали нервози.

Автомобили ќе ги изгазат пешаците

Пред пет години паркирањето беше дадено под концесија на приватна фирма „Венекс“. Концесијата за шест паркиралишта им важи до 2014 година. Оваа фирма беше избрана на тендер со цел да наплаќаат за паркирање, а со тоа да го регулира дотогашниот метеж. Но, и покрај објаснувањето од тогашниот директор Андреја Арсовски, дека с` ќе биде поинаку со поставените рампи, сликата никогаш и не се смени. Проблемот остана, со таа разлика што претходно не се наплатуваше за паркинг, а веќе со години се наплатува и некој остварува профит.
- Отидов на клиника, уредно си зедов електронска сметка. Притоа морав да чекам редица од десет возила за да влезам. Потоа морав да кружам 40 минути низ тесните улички за да најдам паркинг-место, кое нормално го немаше. С` е блокирано. Никој не регулира колку возила треба да влезат и како да се паркираат - вели скопјанецот Станислав Трпчевски.
Хаосот го надополнуваат дивите продавачи кои продаваат гаќи и маици на картонски кутии, и со тоа зафаќаат дел од тротоарите. На пешаците и пациентите им останува да се движат на улица, меѓу автомобили. Често може да се слушнат погрдни зборови од изнемоштените пациенти кон некој возач.
Дополнителен проблем е што не се почитува режимот за еднонасочно движење по некои од улиците. И покрај поставените знаци, секојдневно може да се види како секој си вози самоволно. Никој не контролира и казнува.

Катните гаражи заборавени

Граѓаните, кои имаат мака и мораат да го посетуваат Клиничкиот центар, реагираат до надлежните да го решат хаосот. Да преземат мерки, да изнајдат начин, затоа што сметаат дека не е во ред некој со години да остварува ќар од штетата на пациентите.
-Срамота е да плаќаме толку скапо за паркирање во држава во која секој трет е социјален случај. И не само што нема паркинг-место, туку и колите ги искршивме по улиците кои се преполни со дупки и раскопани од прекопи за инсталации - искоментира револтиран возач.
И покрај многубројните обиди за добивање одговори зошто овој проблем се одолжува со години, изостана објаснувањето од директорката Шкодране Дарлишта. И покрај тоа што ~ беа упатени и писмени прашања, нејзината секретарка постојано повторуваше дека Дарлишта нема време да ~ објасни на јавноста за ваквите состојби, бидејќи постојано е на состанок.
Меѓу другото изостана и одговорот зошто досега не е изградена ниту една катна гаража, иако во урбанистичкиот план за овој локалитет зацртани се дури две, со цел растоварување на метежот од возила во рамките на Ургентниот центар.
Цените, иако се работи јавно здравство, не се мали - 30 денари во првите два часа, 20 денари до осум часа, а по овој период за паркирање се плаќа 15 денари. Во Клиничкиот центар дневно гравитираат околу 10 илјади луѓе, од кои една третина се вработени. Но, лекарите, сестрите и техничкиот персонал имаат попуст - користат месечни билети и влегуваат колку што сакаат за само 350 денари.

Фросина ЗДРАВЕСКА

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DEC1720CEC919F4FA11D23D6E8661B0B


Posted By: mitatos
Date Posted: 26-Aug-2011 at 21:01
Баш планирав пред некој ден да изготвам еден текст за овој проблем,бидејќи цела недела го имав овој проблем со паркингот ,се то тоа во текстот е вистина.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Dec-2011 at 00:10

На новата Гинекологија почнаа да се раѓаат бебиња

петок, 30 декември 2011, 16:13

Конечно, по 7 месеци од официјалното отворање на новата Гинекологија, стартуваа породувањата. За првите 8 новороденчиња, како што е обичајот, денеска се делеа и мекици. Министерот за здравство Тодоров, иако не беше на оваа функција ниту во текот на изградбата, ниту кога се сечеше црвената лента, себе се препозна како најзаслужен. Тврди дека чекале досега за да се испочитуваат сите медицински правила и прописи за нејзино отворање. 

„Можеме да се гордееме со ова што го има тука. На ова му претходеше сериозна работа со детален акционен план со конкретни рокови и носители на задачите, кој го направивме заедно со директорот веднаш по моето доаѓање на оваа функција“, рече меѓу другото министерот за здравство, Никола Тодоров. 

Новиот објект е опремен од големиот тендер за медицинска опрема. Но, префрлени се и дел од апаратите од старата клиника. Располага со 32 болнички соби, 5 операциони сали и 6 породилни бокса. 

„Новата клиника располага со речиси 200 кревети и е комплетно опремена. Во старата клиника не остана ништо, новата опрема е пренесена тука’, додаде директорот на Клиниката за Гинекологија и акушерство, Саша Јовчевски. 

Тодоров не откри што ќе се случи со стариот објект на клиниката за Гинекологија. Не потврди дали ќе ја реализира идејата на неговиот претходник Бујар Османи, таму да се преселат Интерните клиники. 

Елена Ставровска
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=44350 - http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=44350


Posted By: axel
Date Posted: 17-Feb-2012 at 15:11

http://kurir.mk/makedonija/vesti/61257-Ke-se-gradi-nov-Klinicki-centar - Ќе се гради нов Клинички центар

Премиерот Никола Груевски објави изградба на нов Клинички центар на промовирањето на нова медицинска опрема на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиологија

gruevski-ce-500

Премиерот Груевски најави нов објект со површина од 50000 метри квадратни во кој ќе бидат сместени најголем дел од постоечките клиники, освен детската, инфективната и стоматолошката.

- Објектот ќе биде со површина од околу 50 000 метри квадратни. Ќе ги собере сите клиники во една зграда, освен три кои по природата на својата функција е пожелно да бидат на страна. Тоа се инфективната клиника, детската клиника и стоматологија, истакна Груевски.

Хируршките клиники и новата Гинекологија ќе бидат поврзани со топла врска со новиот објект.

Во април ќе се распише оглас за идејно решение, а градбата се очекува да започне за една година.

Административно, Клиниките ќе останат поединечни правни субјекти.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/61257-Ke-se-gradi-nov-Klinicki-centar



Posted By: BOJAN
Date Posted: 17-Feb-2012 at 16:10
Го читам владиното соопштение и се збунив од најавата. Ако добро разбрав, најпрвин ќе изградиме нова зграда на постоечката локација затоа што е поевтина варијанта од реконструкција на сите клиники, а на подолг рок ќе се одолговлечи изградбата на клиничкиот центар во Бардовци, додека не се урбанизира планираниот простор.


Posted By: mladen_s
Date Posted: 17-Feb-2012 at 16:34
Можеби ова е и подобро решение, ако погледнеме што се случи во Загреб.. http://maps.google.com/maps?saddr=45.771198,15.919908&hl=en&sll=45.771527,15.921003&sspn=0.006249,0.013937&mra=mift&mrsp=0&sz=17&t=h&z=17 - Цел овој комплекс стои недовршен со децении..


Posted By: axel
Date Posted: 17-Feb-2012 at 18:10

Нов Клинички центар на местото на стара гинекологија

Нов модерен универзитетски клинички центар. Ќе се гради деветокатница на местото на старата гинекологија .Објектот е со површина од 50. 000 метри квадратни во кој ќе бидат сместени сите клиники, освен детска инфективна и стоматологија .

„Имавте можност да видите како носат еден пациент под ведро небо, на прилично ладно време тоа се случуваше сега пред наши очи. Откако ќе биде изграден овој објект тоа веќе нема да се повторува бидејќи сите ќе бидат поврзани во една голема зграда“, рече премиерот Никола Груевски.

Остануваат и хируршките клиники и новата гинекологија, но со новиот Клинички центар ќе бидат поврзани со топли ходници.

- Што ќе се случува со постоечките клиники и дали повторно клиниките ќе бидат правни субјекти или ќе функционираат како целина?

„Административно клиниките повторно ќе бидат правни субјекти. Околу цената за новата зграда, колку за споредба, само за реновирање на интерни клиники се потребни 20 милиони евра, а целата оваа зграда што ќе се изгради нема да чини повеќе од 50 милиони евра. Од овие причини сметаме дека е подобро да се изгради нова зграда, отколку да се реновираат старите“, додаде Груевски.

Дознаваме дека во кругот на новиот објект ќе има и катна гаража за да се реши метежот со возилата. Хелидром најверојатно ќе биде поставен на покривот на новиот објект. Околу идејата за изградба на клиничкиот центар во населбата Бардовци, премиерот вели дека плацот ќе стои, но за да се започне со овој проект ќе бидат потребни најмалку 10 години, тоа е голем период за да болните се шетаат под ведро небо.

За еден месец ќе се распише оглас за идејно решение, а градбата на новиот објект во кругот на скопските клиники се очекува да започне за една година.

Мирјана Поповска

17.02.2012, 17:40

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=87267


Posted By: axel
Date Posted: 21-Feb-2012 at 12:41

Тодоров ќе гради и улици до новиот клинички центар

mailto:milanovska@kapital.com.mk - Викторија Милановска
Катна гаража, модерни чекалници, еднокреветни соби и хелиодром треба да има новиот клинички центар што го најави Владата, за кој планира да гради и нови сообраќајници
Владата се мисли меѓу две опции

1. На местото на старата Клиника за гинекологија да изгради деветкатница, во која ќе смести најголем дел од постојните клиники;

2. Врз темелите на стара гинекологија да изгради две згради од по 4-5 ката, кои ќе бидат поврзани со ходници. 

Катна гаража на местото на хаотичниот паркинг во Клиничкиот центар во Скопје, модерни чекалници во клиниките, еднокреветни соби по терк на светските медицински установи и нови сообраќајници. Вака ќе изгледа новиот клинички центар во Скопје, кој пред неколку дена го најави премиерот Никола Груевски, велат во Министерството за здравство.

Новата клиничка зграда ќе се простира на 50.000 метри квадратни, а на врвот ќе има модерен хелиодром. Владата единствено се мисли дали да изгради две згради од по четири ката или една деветкатница. Независно од формата на зградата и бројот на катовите, објектот ќе се гради на местото на старата Клиника за гинекологија, која ќе се руши до темел. Во новиот клинички центар ќе бидат сместени најголем дел од универзитетските клиники, кои ќе бидат поврзани, со како што најави Владата, „топли врски“. Само детската, инфективната и стоматолошката клиника кои ќе си останат во постојните засебни објекти.

Од Министерството информираат дека на почетокот на април ќе распишат тендер за фирма која ќе го прави проектот за клиничкиот центар.

Каде е најавениот клинички центар во Бардовци?

Пред една ипол година Владата помпезно најави дека ќе гради нов клинички центар во Бардовци, вреден повеќе од 200 милиони евра. Во „филмскиот клинички комплекс“, како што го нарекуваа, требаше 50% од собите да бидат еднокреветни, со засебен рендген и апаратура за интерни и хируршки дејности. Иако Владата плати француски консултанти, кои изработија физибилити студија, од најавениот клинички центар сè уште нема ништо. Од Владата тврдат дека не се откажале од тој проект.

Груевски најави дека новата клиничка зграда ќе почне да се гради кон средината на наредната година, а треба да биде готова до 2015 година. Одлуката за ваков проект ја донеле откако пресметале дека нема да чини повеќе од 50 милиони евра. Парите ќе ги обезбедуваат од Банката за развој при Советот на Европа.

Директорите на поголемите приватни болници се со поделени мислења за најавениот проект. Директорот на Ремедика, Андреја Арсовски, смета дека ова не е трајно решение на проблемот на државното здравство.

„Ова е само делумно решение. Ако се сака работите да се решат на долг рок, треба да се направат радикални промени од корен. Но, за тоа треба и значително поголема финансиска моќ“, вели Арсовски.

Според директорот на Неуромедика, Емил Угриновски, новиот клинички центар би бил оптимално решение за државното здравство.

„Оправдано е државата да инвестира во објекти и опрема, но да не се заборава на кадарот. Тоа е најважно и секогаш треба да се има на ум“, вели тој.

http://www.addthis.com/bookmark.php?v=250&username=xa-4d383db705b144d1 - - http://www.kapital.mk/rss.aspx?itid=1">
http://www.kapital.mk/rss.aspx?itid=1 -


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 30-Apr-2012 at 00:58
Проектот за нов Клинички стартува утре
29.04.2012 - 17:15:11





Реализацијата на проектот за изградба нов Клинички центар официјално стартува утре со објавување на јавниот повик за изнаоѓање куќа што ќе направи идејно решение.

На тендерот за изработка на идејно решение, истакна денеска премиерот Никола Груевски, секоја куќа која ќе конкурира ќе мора во тимот да вклучи и лица кои досега веќе имаат направено најмалку два вакви објекта во земји членки на ОЕЦД.

Завршува и првата фаза, односно проектната задача за изградба на новиот Клинички центар.

“Станува збор за 47 илјади метри квадратни простор, а ќе биде изграден внатре во кругот на постојниот Клинички центар. Очекуваме деновиве, најверојатно утре, да излезе тендерот за идејно решение, по чие завршување е втората фаза - изработка на проект, а потоа изградбата“, изјави премиерот Никола Груевски по отворањето на двете нови лаборатории на Факултетот за фармација во Скопје.

Тој изрази надеж дека првата и втората фраза, идејното решение и изработката на проектот, ќе бидат завршени до крајот на оваа, односно почетокот на следната година, а потоа ќе почне процедурата за изнаоѓање градежна фирма.

“Кон средината на следната година се очекува да почне градбата на новиот објект на клиниките во Скопје. Онака како што го најавивме, така и ќе се релизира, согласно плановите што ги имаме направено“, нагласи премиерот Никола Груевски.


http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=102531&kategorija=1 - http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=102531&kategorija=1

Очигледно почнуваат со проектот ќе видиме колку време ќе треба и дали воопшто ќе се реализира комплетно


Posted By: axel
Date Posted: 22-Jan-2013 at 15:11

Ќе се гради нов блок на универзитетските клиники Скопје

Министерот за здравство Никола Тодоров и директорот на реномираната компанија Арен С.Р.Л. од Торино, Давиде Савоини денеска потпишаа Договор за изготвување архитектонско-урбанистички проект со идеен проект и основен проект за изградба на нов блок на универзитетските клиники Скопје, со функционално поврзување на клиниките за гинекологија и за онкологија и радиотерапија, како и реновирање на хирушките клиники во комплексот универзитетски клиники „Мајка Тереза“. Вредноста на договорот изнесува над 99,6 милиони денари односно над 1,6 милиони евра.

- По спроведувањето на двете фази од ограничената постапка и реализираната електронска аукција со негативно наддавање, за најповолен понудувач е избран економскиот оператор Арен С.Р.Л. од Торино, како лидер на групата економски оператори која конкурираше  на овој тендер. Останатите партнери од групата-Прототип и Инпума од Скопје се фирмите од Македонија кои ќе им дадат поддршка на клучните експерти од Арен – Италија  кои ќе го изработуваат проектот, истакна Тодоров.

Изработката на проектот, посочи тој, ќе трае девет месеци по што Министерството ќе добие  проект за изградба на нов блок во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со површина од околу 50.000 м2.

- Проектантската фирма Арен, која ќе го проектира новиот клинички блок е со богато искуство во изработка проекти за здравствени објекти, согласно најсовремените европски практики и стандарди кои ќе бидат применети и на овој капитален проект. Експертите кои ги понуди оваа компанија се со исклучително богато искуство во проектирање на здравствени објекти поради што веруваме дека проектот ќе биде навремено и квалитетно изработен и дека со негова примена при изградбата, Македонија ќе добие функционален, современ, енергетски ефикасен здравствен објект, рече Тодоров.

Тој додаде дека во рамки на новиот клинички блок ќе влезат поголем дел од универзитетските клиники, освен неколку кои се понови и кои ќе добијат поврзување или „топол премин“, така што сите клиники, освен три кои по природа не треба да бидат во еден објект, ќе бидат сместени во поголем објект.

Новиот клинички блок сообраќајно ќе биде решен со две катни гаражи со што ќе се реши на подолг рок сообраќајниот метеж. Новина е што нема да има влез со коли внатре во клиничкиот блок, освен за ургентни случаи. Хелиодромот ќе биде сместен на едната катна гаража. Објектот ќе биде со најсовремени системи за греење, ладење, климатизација, со пневматски систем за разнесување на документи и лекарства, пациентите нема да шетат од една до друга клиника, се ќе се концентрира во еден објект, кој ќе биде централно поставен и ќе може своите функции да ги понуди на другите објекти-гинекологија, онкологија и хирургија, ќе се следи општиот тренд на намалување на просечните должини на престој во болниците. Целната стапка на зафатеност на болнички кревети е 80-процентна искористеност, болничките соби ќе бидат еднокреветни и двоктреветни и ќе бидат оформени модуларни и унифицирани одделенија, а клиничките служби за поддршка и дијагностика ќе бидат сместени во рамките на еден единствен објект.

Савоини рече дека компанијата со оваа проблематика се занимава повеќе од 30 години.

- Наша цел е да изготвиме што е можно подобар проект кој ќе одговара на барањата на Министерството, на народот и на потребите на целиот регион. Ќе работиме напорно и ќе го употребиме целото наше знаење за да ја оформиме оваа здравствена структура за доброто на сите и за подобрување на здравствената заштита, додаде Савоини.

Позначајни објекти кои се изградени според проекти на компанијата се: болниците во Касино Италија од 34.440м2, во Фрозиноне Италија од 32.750м2, во Вицоло Италија од 52.960м2, Универзитетски болнички центар во Тирана од 106.250м2 и други.

http://faktor.mk/archives/23352



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Jan-2013 at 17:11


Се прашувам што ќе биде со клиниката за инфективни болести?
Не се спомнува дека и таа ќе остане посебна, а тоа е нова и современа зграда, градена токму по стандарди за таква клиника, со карантини и се што треба. Плус тоа, барем мене како на лаик ми се чини дека ако онколошката, хируршката и педијатриската клиника ќе останат во посебни згради затоа што е наведено дека "по природа не треба да бидат во еден објект", тогаш инфективната клиника можеби уште повеќе треба да биде издвоена во посебен објект.

Од друга страна факт е дека инфективната клиника е прилично далеку од предвидениот нов клинички блок и ќе биде проблем комуникацијата, но и педијатриската клиника не е баш најблиску.


Исто така се прашувам што ќе биде со објектот на Кардиологија, кој е исто така современ и прилично голем. Извесно е дека клиниката (или институт, што ли е веќе) ќе биде сместена во новиот централен објект, но што ќе биде со постојниот објект?

Институтот за судска медицина претпоставувам си останува во постојниот објект кој е нов и современ.

Стоматологија сигурно останува како што е, а дали и клиниката за максилофацијална хирургија?


Еве склопив една мапа за полесно снаоѓање:





Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 26-Jan-2013 at 19:27

По сите стандарди и прописи инфективната клиника секогаш е одделена од главната зграда на болницата.
Можеби во најавата за нов клинички по грешка е испуштена.

-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: gjoko
Date Posted: 26-Jan-2013 at 19:30
иако не сум урбанист ни од далеку,јас би се одлучил за големи блокови како новата гинекологија и уште поголеми,така групирани да се нема потреба пациентите да излегуваат надвор при преместување од една во друга клиника



Posted By: daci92
Date Posted: 26-Jan-2013 at 21:06
Баш напротив не треба така да бидат ,бидејќи по стандарди колку што сум јас запознат повеќето од институтите (клиниките) не треба да бидат заедно (поради опасност од преносливост на болести и нанесување поголема штета на болните) ,ова особено важи за клиниката за инфективни болести која мора да биде сама и изолирана од останатите објекти.
Истото важи горе доле и за детската клиника и гинекологија.


Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Jan-2013 at 22:31
кај нас не е проблемот што институциите се разделени во посебни објекти, туку што, институциите не се добро распределени и поврзани меѓу себе
меѓудругото, огромен проблем е што инфраструктурата не е брза и јасна, за да стигнеш од еден во друг објект, треба да поминеш низ лавиринти, патеки, неконтролиран сообраќај на возила, и руинирани и заѓубрени прстори, и што раздалеченоста е преголема


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: daci92
Date Posted: 06-Aug-2013 at 14:18

Ексклузивно фото: Како ќе изгледа новата зграда на Клиничкиот центар?

6.08.2013 - 13:09:10

Новиот клинички центар ќе чини околу 50 милиони евра, ќе зафаќа површина од 50.000 квадратни метри, а се планира да биде готов за околу две години. Според планот, тој ќе се гради на просторот на старата Гинекологија.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1808623393/ekskluzivno-foto-kako-ke-izgleda-novata-zgrada-na-klinickiot-centar - http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1808623393/ekskluzivno-foto-kako-ke-izgleda-novata-zgrada-na-klinickiot-centar

Интересно ,ми се допаѓа визијата за новиот клинички центар а исто така и изгледот на зградата.
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1808623393/ekskluzivno-foto-kako-ke-izgleda-novata-zgrada-na-klinickiot-centar -


Posted By: axel
Date Posted: 06-Aug-2013 at 14:36
малку поопширно

Успешно заокружена втората фаза од проектот за изградба на нов клинички центар во Скопје

Втората фаза од проектот за изградба на нов клинички центар во Скопје успешно е заокружена. Според сегашната динамика, изградбата треба да почне во почетокот на 2014 година и се очекува да трае три години.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој информира дека проектантската куќа АРЕН СРЛ од Италија го изработи конечното идејно решение, по што следи фаза за изработка на основниот проект, кој треба да биде завршен за околу шест месеци, а вкупната сума за изготвување на целиот проект е 1,3 милиони евра.

- Изградбата на новиот објект се очекува веднаш по завршување на проектите, односно по добивањето на потребните дозволи и завршување на претквалификациите за фирми за градба. По Нова година се очекува да заврши комплетното проектирање, по што ќе следи период на ревизии, добивање дозвола за градба и избор на најповолен изведувач кој ќе го гради новиот клинички центар. Објектот е сместен на местото каде сега се наоѓа старата клиника за гинекологија, таа се урива комплетно, се спојува од едната страна со постојната зграда на хирургиите. Од другата страна се спојува со Клиниката за гинекологија, а од задната страна се спојува со Клиниката за онкологија, рече Тодоров.

Во овој објект, нагласи министерот, ќе бидат сместени сите клиники освен Клиниката за инфективни болести која ќе биде посебно и сместена во сопствената зграда, Клиниката за детски болести, кон која ќе се спои Клиниката за детска хирургија која од постојната зграда ќе премине таму, и Стоматологија и Максилофацијална хирургија кои ќе си останат во постојниот објект.

- Сите други клиники ќе бидат во новиот комплекс и ќе бидат сместени во еден поврзан објект. Некои од објектите нема да се уриваат и ќе продолжат да се користат за други намени. Планираме каде што сега е Радиологија да биде административна зграда. Од друг аспект зградата на Интерни клиники, која е изградена во 30-тите години на минатиот век, планираме да се урне и таму да се направи парк и шеталиште, истакна Тодоров. 

Целиот проект, додаде министерот, ќе чини околу 70 милиони евра со реконструкцијата на постојната зграда за хирургија и парите ќе бидат обезбедени од Банката на Советот на Европа за што веќе е формирана проектна единица.

Како посебно значајна придобивка ја истакна енергетската ефикасност на новиот објект - ќе се користат надворешни ѕидови, високо изолирани и обложени со надворешна обвивка, со што ќе се вентилира ѕидот и ќе може да се гарантира висока удобност при користење.

- Станува збор за вентилирана фасада. Зградата ќе биде со дупла обвивка од два различни материјали, на начин на кој ќе ги карактеризира фасадите со порапави текстури и материјали (обвивка во керамика) и во спротивност со трајни и транспарентни материјали (обвивка во стакло). Овој градежен систем на слоеви го искористува ефектот на движењето создавајќи на тој начин природна вентилација и обезбедувајќи огромни придобивки во отстранување на топлината и влагата и гарантира висок животен комфор пред се во специфичниот случај на една болничка структура, рече Тодоров.

Новиот клинички комплекс, појасни тој, ќе има 30-тина болнички лифтови, два ескалатори во приемниот дел и над 10 сервисни лифтови, кои ќе служат за пренос на храна, облека и слично.

- Во однос на зелените површини - во изборот на крововите кај првиот и вториот спрат се ориентиравме кон тераса со рамен кров, корисен, со широки зони на градини и определени пешачки патеки. Намалувањето на термичките мостови овозможува намалување на цената за затоплување. Овој тип на покрив обезбедува одлична акустичка изолација. Патеките се обележани со ЛЕД-светилки, кои ќе бидат повеќе одржливи и ефикасни од енергетска гледна точка, со што ќе се гарантира заштеда еднаква на 65 отсто во однос на флуоресцентните канделабри и огромно намалување на цената за нивно одржување. Светлоста што ја рефлектираат е без инфрацрвени и ултравиолетови зраци држејќи ги на тој начин инсектите подалеку, посочи Тодоров.

Новиот клинички блок, појасни министерот, ќе биде оформен од два објекта-Главен објект и лаборатории, поврзани со топли врски. 

- Во главниот објект - во подрумот ќе се развие подземна сообраќајница која ќе биде поврзана со постојната во подрумот на хирургија и ќе служи за сообраќај на возила за снабдување на клиниките и за одвоз на отпад, Клиничката аптека и Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина. На приземјето ќе се развие главниот влез со прием на амбулантни и хоспитални болни, амбулантен дел на клиниката за неврологија, комплетен дијагностички дел (клиника за радиологија) и ургентен центар, како и централниот дел за земање на примероци, кој по систем на пневматски туби ќе биде селектиран и транспортиран до соодветната лабораторија за анализа, рече Тодоров.

На првиот кат, како што посочи, се развиваат амбулантите на останатите клиники,  дневната болница, дневна хирургија, ендоскопскиот оддел и четири нови операциони сали за трансплантација и кардиохирургија, кои се во широка врска со оперативниот блок кој се наоѓа истотака на првиот спрат во објектот на хируршките клиники, и понатаму по катови се развива интензивната нега  (на втори и трети) во комбинација со хоспиталните оддели на посебните клиники, а најгоре на осмиот кат е предвиден хелиодром кој со лифт е директно поврзан со ургентниот центар и оперативниот блок.
 
Тој информира дека објектот на лабораториите ќе биде опремен со пневматска пошта за пренос на документи, радиографии, лекови, патолошки примероци, со цел да се намали движењето на пациентите и медицинскиот персонал низ објектите и додаде дека за таа цел во приземјето на новиот објект е предвиден оддел за земање примероци, кои понатаму по пневматскиот систем ќе се дистрибуираат до соодветното место. 

- Во подрумот се сместени магацините на трансфузиологија, фрижидери за крв и депото за матични клетки. Приземјето е предвидено за прием и дистрибуција на крв и комплетно за Институтот за трансфузиона медицина. На првиот кат или приземје од задната страна заради падот на теренот ќе биде лоцирана мртовечницата со посебен влез, одделот за хемодинамски истражувања и амбулантниот дел на клиниките чии дневни пациенти имаат потреба да бидат транспортирани: хематологија, нефрологија со дијализа. На вториот кат се развиваат лабораториите на клиничка биохемија и Институтот за микробиологија и паразитологија со амбулантата за ТБЦ, а на третиот кат е сместен Институтот за патологија и хистопатологија, посочи Тодоров.

Објектот, укажа министерот, е поврзан со главниот објект со топли ходници - мостови на првиот кат, каде се и амбулантите со што се добива целина на амбулантниот простор, а останатите катови се непристапни за пациенти.
 
Покрај изградбата на Новиот клинички блок, планирано е и реновирање на објектот на хируршките клиники со адаптирање на хоспиталниот дел со болнички соби со сопствени санитарни јазли, адаптирање на испразнетите простори со преселувањето на ургентниот центар во новиот блок, хоспиталниот оддел на клиниките на трауматологија, ортопедија и неврохирургија во новиот објект и целата клиника за детска хирургија во објектот на детската клиника и адаптирање на ослободениот простор за потребите на кабинетски простор за лекарите и комплетно реновирање на целиот објект. Исто така, во рамки на заокружување на комплексот Клиники „Мајка Тереза“ е планирано и оформување Детски центар односно интегрирање на сите клиники во служба на децата на едно место.  

Укажа дека значајно е што во новиот комплекс ќе се оневозможи движењето на возила, што ќе се постигне со изградба на две катни гаражи: едната на булеварот „Мајка Тереза“ и другата наспроти Клиниката за инфективни болести од каде посетителите и персоналот ќе можат да продолжат кон планираната дестинација исклучиво пешки, но сепак преку покриени пешачки патеки.

- Двете катни гаражи ќе имаат по 1.250 паркинг места. Во комплексот ќе можат да влегуваат исклучиво возила за Итна медицинска помош, противпожарни возила и оние приватни или такси возила кои превезуваат животно загрозени пациенти кон ургентниот центар и транспортирани пациенти кон клиниките. Останатите возила, како оние за снабдување, одвоз на отпад и слично, ќе можат да влегуваат во комплексот по исклучиво утврден протокол, рече Тодоров

http://www.sitel.com.mk/mk/uspeshno-zaokruzhena-vtorata-faza-od-proektot-za-izgradba-na-nov-klinichki-centar-vo-skopje



Posted By: gjoko
Date Posted: 06-Aug-2013 at 19:38
некоја слика од плусинфо






Posted By: Dexter26
Date Posted: 07-Aug-2013 at 00:39
Колкав треба да биде капацитетот на овој објект ?
 
Можеби грешам, но лично не ми делува како да има капацитет над 10.000 пациенти, а тие кои не знаат колку луѓе доаѓаат секојдневно на преглед, на интервенција или на операција во сегашниот клинички центар, нека се повозат 12 или 18 часа без прекин со градските автобуси кои сообраќаат на линијата со реден број 50, па ќе им стане јасно дека дефинитивно дневно повеќе од 10.000 луѓе циркулираат низ сегашниот клинички центар.
 
Лично ова ми делува како прифатливо решение за некој од запоставените градови од источна Македонија или од јужна Македонија.
 
Лично мислам дека Штип, Прилеп, Градско или Кавадарци би биле многу подобри локации за изградба на ваков клинички центар, додека на Скопје дефинитивно му треба многу поголем клинички центар и дефинитивно на друга локација, дали Бардовци или било кое друго место, не знам, но дефинитивно потребен е поголем објект на друга локација.
 
А вака само им се дава причина повеќе на луѓето од источна Македонија и од јужна Македонија да доаѓаат во Скопје на лекување, бидејќи немаат друга алтернатива.


Posted By: Goran
Date Posted: 07-Aug-2013 at 05:14
На Македонија и се потребни 2 помали и еден поголем клинички центри
Охрид да опслужува Кичево Дебар Струга Битола Брод Деми Хисар Крушево Прилеп
Велес да опслужува Неготино Кавадарци Штип Пробиштип Гевгелија Струмица Радовиш Свети Николе Кочани Берово Крива Паланка.

Скопје да опслужува Гостивар Тетово Куманово

Сите оние други болници треба да се затвоарат и да се преферли во овие клинчки центри.
По поголемите градови само да има клиника за ургетна медицина и породилно.
Не како сега мало градче од 10.000 а болница со сите оделениа.
Треба са се сконцетрира на едно место за да се заштеди на одржавајне на згради и опремата да се искористи до махимум.
Така да нема цела Мак да патува во Скопје за специлизирано лекувајне.


Posted By: zdravozivo
Date Posted: 07-Aug-2013 at 12:16
Кавадарци веќе е регионален центар со "новата" болница изградена и пуштена во употреба 1979-1989, која своевремено претставуваше убаво архитектонско дело и е слична по габарит со новиот клинички центар. Штета што немам повеќе слики од неа



Болнички одделенија за:
- Интерни болести
- Хемодијализа
- Хируршки болести
- Гинекологија и акушерство
- Неонатологија
- Анестезија со реанимација
- Невропсихијатријски болести
- Детски болести

Специјалистичко консултативни служби:
- Рентген дијагностика
- Дијагностичка биохемиска лабораторија
- Физикална медицина со рехабилитација
- Ортопедија
- Оториноларингологија
- Офталмологија
- Инфективни болести и фебрилни состојби
- Патолошка анатомија
- Дерматовенерологија
- Депо за лекови


Posted By: Denko
Date Posted: 07-Aug-2013 at 13:43
Dobro e sto proektantot stavil heliodrom. Belkim ova ke gi natera/motivira nadleznite da kupat i nekoj medicinski helikomter!?


Posted By: Џоле
Date Posted: 07-Aug-2013 at 14:07
Не се вклопува во античката визија за нашето здравство

-------------
За сè има вторпат


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Aug-2013 at 17:10
клиничкиот центар во скопје треба да си остане така како што е сега, а тоа е во форма на комплекс... големиот проблем со нашиот комплекс е што објектите не се на едно место и поврзани, туку раштркани на сите страни, помеѓу улички, лавиринти и сокаци, на кои што стандард поминуваат возила
по мое мислење, би требало да се повеќе објекти, поврзани во круг, со влезовите свртени еден кон друг


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 07-Aug-2013 at 17:27
забеган-призни дека идеата ти е од мојата слика одпогоре


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Aug-2013 at 17:45
Originally posted by gjoko

забеган-призни дека идеата ти е од мојата слика одпогоре
сличноста е сосем случајна, ако сум заборавил да ја напоменам твојата идеја, извини...
сепак, мојата идеја е објектите со влезовите да се поставени во круг, поврзани со „атриум“ во средината, додека твојата е едноставно истата површина и распоред на објекти и институции, да се пренамени во поголеми објекти за да не излегуваат пациентите



-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 07-Aug-2013 at 18:52
се шалам забеган,ни сум архитект ни сакам да се плеткам во урбанизам повеќе него што морам(на работа имам удел во некои работи)


Posted By: daci92
Date Posted: 08-Aug-2013 at 21:27
Мислам дека малечок изгледа на рендерите но сепак новиот Клинички Центар (односно новата зградата која ќе ги спои повеќето клиники) не е мал ,погледнете само колку е голема зградата на Хирургија, колкава е старата зграда на Гинекологија и просторот помеѓу нив и спојте го сето тоа во една зграда со висина колку Хирургија (дури можеби и поголем) тогаш добивате едно чудовиште од зграда ,со огромен простор и капацитет. Да напоменеме дека не сите клиники ќе се преместат во новата зграда ,односно неколку поголеми ќе си останат одвоени, а верувам дека и тие што се реновирани ќе останат оделни (како Нефрологија).

Ме заинтересира идејава да се сруши зградата на Интерни клиники и да се направи парк ,погледнете само колкав простор е таа зграда и замислете толкав парк во Клинички ,е тоа ќе биде нешто ново од Власта ,градење на голема парковска површина.

Друго интересна е идејата за регионални клинички центри ,тоа го помислив и јас пред некое време и ја дискутирав со некој идејава, но моето размислување е градови како Штип и Битола (или Прилеп) да добијат такви клинички центри и да го опслужуваат блиското подрачје (ја би ги земал Штип и Прилеп како поцентрални градови) , а останатите како Тетово, Гостивар ,Куманово па и К.Паланка да се опслужуваат во Скопје  и Велес да има избор каде ќе се опслужува (дали Штип, Скопје или Прилеп).


Posted By: zabegan
Date Posted: 08-Aug-2013 at 23:05
колку и да е голем објектот, сепак е незадоволувачки за државен клинички центар, барем од око гледано, да не шпекулираме


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 08-Aug-2013 at 23:24
слична ваква концепција има веќе изградената болница во Кичево која веќе 20 години стои незавршена


Posted By: Goran
Date Posted: 09-Aug-2013 at 01:36
Во тоа е проблемот со нашето здраство имаме предимизрано здраство за бројот на жители многу болници насекаде што не фунцунираат ефективно и продуктивно треба да се намали за 2 милони жители се потребни 3 Клинички центри.
А во поголемите населени места само да има ургетни оделениа и оделение за мали операции кој не треба болнички престој повеќе од 3 дена и породилно
во склоп на овие да има соби за специалисти кои доѓаат во одредени денови за специлизиран преглед од различни медицински гранки.Наместо пациентот да патува по клинки за перглед специалистите да доаѓаат кај ниф.

Сите други медицински лекувајна да се преферлат во овие клинички центри.
Само на овај начин може да се постигне економско ефективно и продуктивно здраство.


Posted By: ciseaux
Date Posted: 09-Aug-2013 at 14:40
Велес е моментално регионален здравствен дом кој ги опслужува градовите Кавадарци, Неготинов(можеби и Гевгелија), во делот на одделенија кои не ги поседуваат овие градови. На пример Велес со сигурност тврдам дека ги опслужува овие градови во инфективниот дел, бидејќи во својот склоп поседува Болница за инфективни болести. За сите посложени болнички случаи болните се испраќаат на лекување во Скопје.


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Aug-2013 at 10:29
ФОТО: Детали за новиот Универзитетски клинички комплекс „Мајка Тереза“
Недела, 11 Август 2013 10:27

За ориентација при движење во внатрешноста на објектите на новиот Клинички универзитетски комплекс „Мајка Тереза“ се предвидува соодветна сигнализација за лицата со оштетен и намален вид. Лифтовите ќе имаат панел за копчиња со цифри испишани и во Брајева азбука, а на секој кат се предвидени тактилни мапи за секој посебен простор. Објектот на новиот клинички центар ќе биде пристапен - тоа значи дека до него ќе може да дојде, ќе може да влезе и ќе може да го користи секој кој има потреба од здравствена услуга. Тоа ќе биде објект без бариери.

Идејното решение за изградбата на новиот Клинички центар во Скопје, кој го изработи проектантската куќа АРЕН СРЛ од Италија е веќе готово. По ова следи фазата за изработка на основниот проект, кој треба да биде завршен за 160 дена, односно до крајот на годинава, а вкупната сума за изготвување на целиот проект е 1.300.000 евра. Изградбата на новиот Клинички центар кој ќе почне да се гради на почетокот на наредната година се очекува да заврши за три години.

Изградбата на новиот објект се очекува да започне на почетокот на наредната година, односно веднаш по завршување на проектите, добивањето на потребните дозволи и завршување на предквалификациите за фирми за градба.

Новиот клинички блок ќе биде оформен од два објекта, главен објект и лаборатории, ќе чини 70 милиони евра, а парите се обезбедени од Банката на Советот на Европа. Вкупната површина на новиот клинички блок ќе изнесува 61.500 метри квадратни.

Скица на приземјето од новиот објект

Детали за Кличнички универзитетски комплекс „Мајка Тереза“

Вториот и третиот кат го претставуваат новиот оддел за Интензивна нега, медицинска и хируршка. Сегашната организација на клиниките е на начин што секоја клиника има интензивна нега.

Новината е во организацијата на интензивна нега, односно тоа што на еден простор се организира мултидисциплинарна интернистичка интензивна нега. Дневниот циклус на мултидисциплинарниот тим е во тесна врска со пониска смртност кај пациенти на медицинска интензивна нега.

Бенефитот од преживувањето на пациентите во интензивната нега во голем дел се објаснува и со постоењето мултидисциплинарни тимови, составени главно од високо обучени лекари. Мултидисциплинарните тимови овозможуваат размена на информации на време и лице во лице, креирајќи цел и план за нега на секој пациент посебно. Одделни интензивни неги се формирани само за специфичните клиники како што се кардиолошка интензивна нега, и интензивна нега на неврохирургија и сл. Ова овозможува идеална флексибилност и концентрација на специјализиран кадар на едно ниво, нудејќи можност да се испорача мултидисциплинарна нега на најкритичните пациенти.

Скица на првиот кат од новиот објект

Сигнализација за лица со оштетен и намален вид

За ориентација при движење во внатрешноста на објектите се предвидува соодветна сигнализација за лицата со оштетен и намален вид.

Лифтовите ќе имаат панел за копчиња со цифри испишани и во Брајева азбука, а на секој кат се предвидени тактилни мапи за секој посебен простор.Дополнителна сигнализација во Брајева азбука ќе биде испишана и на оградите во ходниците.

Сите горенаведени елементи на сигнализација ќе бидат изработени од лесно хигиенски одржливи материјали, издржливи на долготрајна употреба и соодветно заштитени од вандалски дела (алумуниумска структура, abs за поврзување, спојување и обложување, транспарентни антирефлексивни PVC фолии за заштита на панелите). За испишувањето на симболите ќе бидат употребени фоторезистентни материјали, сериграфски аплицирани декорации и висококвалитетни лепливи фолии. Ќе бидат изоставени од употреба рефлексивните материјали.

Објектот на новиот клинички центар ќе биде пристапен - тоа значи дека до него ќе може да дојде, ќе може да влезе и ќе може да го користи секој кој има потреба од здравствена услуга. Тоа ќе биде објект без бариери.

Скица на карактеристичен болнички кат

Систем за компјутеризирана контрола, мониторинг и управување на објектот

Предвидена е инсталација на BMS центар за интелигентно управување со клиничкиот блок, односно контрола и мониторирање на целосната електрична и механичка опрема во објектите и нејзино оптимизирање, како што се вентилацијата и климатизацијата во објектот, осветлувањето, противпожарните уреди, струјата и електроенергетските системи и сигурносните системи. BMS-от го преставува центарот за аквизиција односно прибирање и менаџирање на сите технички параметри на опремата во објектот.

Со трансферот на податоците BMS-от треба да ги контролира и управува инструментите на секој технички систем, кој ќе ги извршува наредбите на операторот, притоа запазувајќи ги безбедносните стандарди. Операторите во компјутерскиот центар, покрај комплетната прегледност, треба да имаат и можност за комплетно управување на целиот комплекс клиники. Во поглед на безбедноста, овој центар треба да ги собира сите информации од сензорите, поставени низ објектот и соодветно да алармира, а во крајни случаи автоматски да донесува одлуки.

BMS-от (компјутерскиот центар) треба да ја опфати контролата и управувањето на следниве системи:

·        Систем за вентилација и климатизација на објектот, со целосна контрола на

сите ладилници и вентилатори и нивно пренасочување

·        Контрола и оптимизација на осветлувањето во објектот , исто така

репортирање за неисправни уреди

·        Контрола на системот против пожари

·        Контрола и исправност на лифтови

·        Контрола на сигурносните системи и уредите за пристап до одредени

простории (РФ-ид или магнетни картички)

·        Контрола на системот за видео-надзор

·        Контрола и мониторинг на систем салата каде ќе биде сместен компјутерскиот

центар на клиничкиот блок.

·        Контрола и менаџирање на електроенергетските системи во објектот.

·        Контролна на централниот систем за озвучување и разглас

·        Контрола на генераторите и на батериите за дополнително снабдување со

струја во случај на прекин (UPS-уреди)

·        Контрола, мониторинг и менаџмент на целата компјутерска мрежа во

клиничкиот блок.

·        Контрола, мониторинг и менаџмент на сите компјутерски работни станици во

клиничкиот блок.

Со мрежната архитектура и компјутерскиот центар ќе бидат интегрирани сите клиники во новиот клинички блок со што ќе се овозможи централна електронска архива на сите медицински податоци за пациентите и централен болнички информатички систем кој ќе ги содржи сите медицински податоци за пациентите, како што се персоналните здравствени картони, рендген снимки други медицински досиеја.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/126257-FOTO-Detali-za-noviot-Univerzitetski-klinicki-kompleks-Majka-Tereza - http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/126257-FOTO-Detali-za-noviot-Univerzitetski-klinicki-kompleks-Majka-Tereza


Posted By: mitatos
Date Posted: 11-Aug-2013 at 13:07
1.300.000 за еден проект? луда работа

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: alexsend
Date Posted: 14-Aug-2013 at 11:12
Originally posted by mitatos

1.300.000 за еден проект? луда работа



Со оглед на тоа што се работи за клинички центар ги оправдувам парите. Претпоставувам дека е масивен и сложен план за кој треба специфично и стручно знаење.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: mitatos
Date Posted: 14-Aug-2013 at 15:15
Не се сложувам со тебе, за тој план највеќе што може да се потроши е 200.000 до 300.000 евра, другото отишло во нечиј џеб.Тој што ги проектирал кулите близначки во Америка не знам дали толку пари земал.


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: ArChJaZz
Date Posted: 16-Aug-2013 at 11:43
Колку што разбрав од вестите на ТВ овој проект кошта 70 милјони евра...Во земји со нормални услови за проктирање цената на проектот би требала да биде од 10% до 12% од вкупната сума за изградба на проктот, какои да во моментов во Европа поради кризата цените за проктирање се паднати и се од 7-9% .....Тоа значи овој проект е направен за дампинг цена т.е. за 1.85% од цента за изградба. А да не зборуваме за фактот дека за ваков проект треба да работат многу проектанти и еден куп специјализирани фазисти...


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 02-Jan-2014 at 12:07
So srekja Cheers

Новиот клинички центар во Скопје почнува да се гради


Почетокот на градежните активности за изградба на новиот клинички центар ќе биде означен денеска пред старата зграда на Клиниката за гинекологија и акушерство-Скопје, а на кој ќе приуствува министерот за здравство Никола Тодоров.

Објектот ќе биде изграден на местото на старата зграда на Универзитетска клиника за гинекологија, каде што во тек е нејзиното уривање кое е предвидено да трае три месеци. Објектот од едната страна ќе се спојува со постојната зграда на хирургиите. Од другата страна ќе се спојува со Клиниката за гинекологија, а од задната страна со Клиниката за онкологија.

Во објектот ќе бидат сместени сите клиники освен Клиниката за инфективни болести која ќе биде посебно и сместена во сопствената зграда, Клиниката за детски болести, кон која ќе се спои Клиниката за детска хирургија која од постојната зграда ќе премине таму, и Стоматологија и Максилофацијална хирургија кои ќе си останат во постојниот објект. Сите други клиники ќе бидат во новиот комплекс и ќе бидат сместени во еден поврзан објект. Некои од објектите нема да се уриваат и ќе продолжат да се користат за други намени.

Целиот проект ќе чини околу 70 милиони евра со реконструкцијата на постојната зграда за хирургија и парите се обезбедени од Банката на Советот на Европа.

Покрај изградбата на новиот клинички блок, планирано е и реновирање на објектот на хируршките клиники со адаптирање на хоспиталниот дел со болнички соби со сопствени санитарни јазли, адаптирање на испразнетите простори со преселувањето на ургентниот центар во новиот блок, хоспиталниот оддел на клиниките на трауматологија, ортопедија и неврохирургија во новиот објект и целата клиника за детска хирургија во објектот на детската клиника и адаптирање на ослободениот простор за потребите на кабинетски простор за лекарите и комплетно реновирање на целиот објект.

Изградбата на новиот клинички центар се очекува да трае три години.

http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D701B6D46BE22543AB2845080E05CE49




Posted By: daci92
Date Posted: 06-Mar-2014 at 18:34
Моменталната ситуација на терен:















и вака е заштитена новата геникологија и просторот помеѓу нив.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Apr-2014 at 17:38
1


2


3


4


5



Posted By: emche
Date Posted: 05-Oct-2014 at 23:01
Jas Samo edno ke kazam.Ubavo STO ke go renoviraat urgentniot centar ama najgolemiot problem Sega im e higenata..... Jas koga si ja svitkav nogata Mirisashe odvratno..... pa da ne raskazuvam Kako duri I klinikata izgleda so nosilkite neiscisteni duri I e Kako kosmarot da stanal realnost.
Vtora rabota e izgledot na centarot...so pred oci ogromno vratishte sto pisuva operaciona sala ova e duri I stress za bolnite..mestoto e ednostavno creepy I mora odma da se renovira


Posted By: daci92
Date Posted: 11-Nov-2014 at 19:23
Поминал ли некој во последно време да види до кај е работата со клиничкиот центар ,мрдна ли нешто ? 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Nov-2014 at 21:03
Старата гинекологија е целосно урната, со друго не е почнато.


Posted By: daci92
Date Posted: 12-Nov-2014 at 18:38
Нема ни ископ? Тоа значи дека ништо од 3те години за завршување на проектот ...


Posted By: mirakuliks
Date Posted: 13-Nov-2014 at 03:04
Даци ова беше јасно многу однапред.
Е сега ако фасадата беше во "новоантички" стил (да мили форумџии прочитав интервју на Груевски каде конечно се исфрла од употреба комплетно несоодветниот поимот барок и се воведува ново име за генералниот стил на проектот Ск2014) до сега карабината со фасадата ќе беше готова, нормално внатрешното уредување пак ќе почекаше.


Posted By: jyvation
Date Posted: 04-Dec-2014 at 00:45
ВАКА ВО ЕВРОПА - НЕ МОЖЕ



Огромно количество ѓубре ги пречекува сите што доаѓаат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Купот се наоѓа во непосредна близина на главниот влез на комплексот каде што има неколку објекти во кои се подготвува и се служи храна. Големиот „контејнер“ на отворено е „сместен“ веднаш до оградата, па во него слободно можат да фрлаат и оние граѓани кои немаат никаква врска со болницата, туку само минуваат по тротоарот на „Водњанска“.

Очигледно е дека ваквата грда слика никому не му пречи, па веројатно затоа никој и не реагира и не презема ништо. Ниту оние од блиските објекти, ниту, пак одговорните во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Со ваква (не)култура не може во Европа!

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=3F8A80DAD824B7458E8DDBE8397D2556&arc=1 - http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=3F8A80DAD824B7458E8DDBE8397D2556&arc=1



Print Page | Close Window