Print Page | Close Window

Деловно-гаражен објект Импексел

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Деловни
Forum Discription: Канцелариски згради, деловни центри, седишта на компании...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=589
Printed Date: 28-Oct-2020 at 00:54


Topic: Деловно-гаражен објект Импексел
Posted By: lslcrew
Subject: Деловно-гаражен објект Импексел
Date Posted: 18-Mar-2009 at 17:27
14:47  http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=63013951&lId=1&title=%d0%9c%d0%90%d0%9a%d0%95%d0%94%d0%9e%d0%9d%d0%98%d0%88%d0%90+-+%d0%a1%d0%9e%d0%9e%d0%91%d0%a0%d0%90%d0%8c%d0%90%d0%88+%d0%98+%d0%92%d0%a0%d0%a1%d0%9a%d0%98 - Почна изградбата на катна гаража зад Универзална сала во општина Центар
  • Скопје, 18 март (МИА) - Зад Универзалната сала во општина Центар денеска беше поставен камен-темелник за изградба на катна гаража со деловен објект. - Во објектот ќе инвестираме три милиони евра ... http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=63013951&lId=1&title=%d0%9c%d0%90%d0%9a%d0%95%d0%94%d0%9e%d0%9d%d0%98%d0%88%d0%90+-+%d0%a1%d0%9e%d0%9e%d0%91%d0%a0%d0%90%d0%8c%d0%90%d0%88+%d0%98+%d0%92%d0%a0%d0%a1%d0%9a%d0%98">bulletПОВЕЌЕ








За катнава гаража се сеќавам имаше само некој проеблеми околу урбанистичкиот план, немаше нешто посебно внимание. Инаку едниот од господата што фрла лопата го имам видено на градилиштето на Аркадија кога ги сликав првите слики од објектот. Барем 90% сум сигурен дека е тој. Колку што гледам и рендерите им се исти. Значи да сублимирам, мислам дека овој објект го гради истата фирма како и Аркадија.



Replies:
Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Mar-2009 at 01:03

Деловен објект и катна гаража зад Универзална сала

На паркингот зад Универзална сала од вчера почна да се гради комбиниран деловен објект со катна гаража. Според проектот, објектот ќе има две подземни и три надземни нивоа плус поткровје. Инвестицијата е вредна околу три милиони евра и е на тетовската фирма „Импексел-2“. Предвидено е објектот да се изгради во наредните 15 месеци. Се простира на површина од 1.800 метри квадратни од кои 35 отсто ќе бидат наменети за деловен простор.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7AC2F5CAE71D834A8348B7E575BDDE46
Зад Универзална сала ќе се гради катна гаража


На паркингот зад Универзална сала ќе се гради модерен објект на четири ката, со намена за катна гаража со деловен простор. Инвестицијата тешка околу три милиони евра е на тетовската градежна фирма Импексел-2. Вчера, на официјалниот почеток на изградбата директорот Неим Хусеини најави дека изградбата на новата зграда е планирано да заврши за 15-тина месеци.
- Ќе се гради објект на приземје и четири ката, а два подземни ката ќе бидат наменети за катна гаража во која ќе се обезбеди простор за паркирање на околу 130 возила - рече Хусеини. Инвестицијата е сопственост на фирмата.

http://vecer.com.mk/?ItemID=FA5060ED49E50C468AD56193E7F75EE6




Posted By: maja79
Date Posted: 19-Mar-2009 at 15:22
Дали некој има информации по чиј проект ќе се гради катната гаража, мислам на проектантот?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Mar-2009 at 15:59
Маја, Фирмава што го гради, односно изведувачот мислам дека е истиот што го гради и објектот ДЦ Аркадија. А може и комплетно да е исти инвеститор само различно име на фирма пошто господинот што фрла лопата го имам видено на градилиштето на Аркадија, а и кај овој објект се спомнува фирма од тетото шпто ме наведува дека и овој објект е на истиот инвеститор. Е сега околу проектот, Аркадија ја има проектирано некои SMB ПРОЈЕКТ ИНЖЕНЕРИНГ. Рендерите и овде и кај Аркадија се потполно исти, а и во градов само овде и на аркадија има такви прости рендери. Па сега мојата хипотеза е дека проектант на овој објект е SMB Пројект инженеринг, па сега ти провери дали сум во право. Се надевам не сум те навел на погрешна фирма, иако е само моја хипотеза.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Mar-2009 at 17:19
Прееска баш поминував таму но не видов дека е истакнат проектантот.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Mar-2009 at 00:07
Теренот за катна гаража зад Универзална подготвуван четири години

Катната гаража ќе се гради на површина од 1.800 квадрати

На дел од земјиштето зад Универзална сала дури завчера почна да се гради катна гаража, иако парцелата е продадена пред четири години. Но, и покрај тоа, во изминатиов период не се презедоа никакви градежни зафати, ниту пак јавноста беше запознаена која е причината што и по толку години просторот не се урбанизира, иако за него има урбанистички план.

„Според наши сознанија, по продажбата биле констатирани делумно нерасчистени имотноправни односи, кои инвеститорот постепено ги решавал. Ја добил потребната дозвола од Општина Центар и еве сега почнува да гради. Инаку, инвеститорот не бил обврзан со рокови кога да почне и да ја заврши изградбата, бидејќи во купопродажбениот договор за земјиштето немало такви временски ограничувањата, што не е случај со договорите што ги склучува оваа Влада“, рекоа вчера од Министерството за транспорт и врски, но немаа информација за колку пари било отуѓено државното земјиште. Единствено посочија дека тоа било продадено во 2005 година на извесна фирма „Стеми инженеринг“, која во меѓувреме направила договор за заедничка градба со тетовската фирма „Импексел-2“, која сега се јавува како инвеститор на објектот.

На завчерашното поставување на камен-темелникот, инвеститорот најави дека објектот ќе биде изграден во наредниве 16 месеци. Според Урбанистичкиот план, на локацијата е предвидена изградба на катна гаража комбинирана со деловен простор. Проектот предвидува објект со две подземни нивоа, три ката и потпокрив со капацитет од 136 паркинг- места. Катната гаража ќе се гради на површина од 1.800 квадратни метри, од кои 35 отсто ќе бидат наменети за деловен простор. Од „Импексел-2“ рекоа дека инвестицијата е вредна три милиони евра.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=C9209B60AE9EE7499CD18BBB4F12B346


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Mar-2009 at 12:29
Ќе се паркира на седум ката

Инвеститорот Неим Хусеини тврди дека 65 отсто од објектот ќе биде пар­ки­ра­лиш­те, а одговорните од Општина Центар никаде ги нема да објаснат каков проект одоб­ри­ле

Ин­вес­ти­то­рот на катната гаража Не­им Хусеини, која завчера почна да се гради кај Универзална сала, тврди дека неговиот проект никој не го разбрал и оти простор за пар­ки­ра­ње ќе има на секој кат, а не само во подрумските простории. Иако во скицата на про­ек­тот, кој од завчера е изложен на местото на градбата, автомобили се илус­три­ра­ни само во подрумските простории, сопственикот на фирмата "Импексел-2" тврди де­ка простор за паркирање ќе има на секој кат. Најмногу простор за паркирање ќе има во подрумот, и тоа 68 паркинг-места на две нивоа, а најмалку на потпокривот каде што ќе со­би­ра само 5 автомобили.
"Ние го почитуваме Деталниот урбанистички план за овој простор, кој предвидува 65 от­сто од просторот да е катна гаража, а 35 отсто деловен објект. Така и ќе биде. Це­ли­от подрумски простор ќе биде паркинг, а 65 отсто од секој кат ќе биде паркинг и ќе има вкупно 136 паркинг-места. Значи, ќе има катна гаража, а не, како што се зборува, дека тоа ќе биде деловен простор", вели Неим Хусеими, сопственик на фирмата "Им­пек­сел-2".
Зем­јиш­те­то на кое треба да никне новата катна гаража е продадено пред 4 години, но не на фирмата "Импексел-2", која сега гради, туку на "Стеми инженеринг". Тие не биле во можност да почнат да градат, па затоа пред неколку месеци $ го продале на фирмата "Им­пек­сел-2". Министерството за транспорт и врски не гледа ништо спорно во тоа што фирмата која на тендер го добила земјиштето за изградба на катна гаража, по че­ти­ри години го продала на друга фирма. Од таму кажаа дека кај нив сe уште стои дека зем­јиш­те­то е на "Стеми инженеринг". Така рече и сегашниот газда на земјиштето Не­им Хусеини, нагласувајќи дека наскоро сите документи ќе бидат префрлени на не­го­во име.
Од службата за односи со јавност во Општина Центар ни завчера ни вчера никој не бе­ше достапен да објасни дали изолжениот проект на градилиштето е во согласност со ур­ба­нис­тич­ки­те планови и каков проект тие одобриле да се гради до Универзална са­ла. Недостапна беше и Соња Шумкова, раководител на секторот за урбанизам во Оп­шти­на Центар, а градоначалничката, пак, Виолета Аларова веќе со месеци не сака да збо­ру­ва на тема урбанизам.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=130063319CFAB74F8540933F8271622B


Posted By: maja79
Date Posted: 21-Mar-2009 at 22:36

Така значи....Катна гаража на проект, паркирање на 7 ката, а за извесно време пренамена во деловен простор а паркирањето...можеби едно подземно ниво и тоа комбинирано со други содржини?! Којзнае...Се надевам дека ќе биде сепак КАТНА гаража.



Posted By: гитардемон
Date Posted: 22-Mar-2009 at 00:05
Јас сум грешно запознат со праксата во остатокот од светот, или во право сум кога мислам дека многу ретко катните гаражи се вакви цели застаклени? Па и со поткровје! Question


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 26-May-2009 at 19:22
Врие од машини и работници Ohno



Кога кај нас ќе има тајминзи и казни !?


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: theone
Date Posted: 24-Aug-2009 at 10:06
i


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Oct-2009 at 17:27
Ваму се придвижила работата






Posted By: nikla802
Date Posted: 25-Oct-2009 at 00:25
..slusnav deka nasata mnogu seriozna i ispolnitelna ni drzavna administracija zaedno so opstina centar, odlucila ovde da go primeni praviloto na igra PU PU NE VAZI....i mu ja odzela (uredno)dadenata dozvola za gradba na DELOVEN OBJEKT so katno garazice...))))


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Oct-2009 at 14:37
Па да ти кажам право и ја би му одземал дозвола на ова. Кога веќе не го прават катна гаража, па ни срам ни перде, уште од почеток си почнаа со деловен да си градат.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Oct-2009 at 14:43

Сето тоа е убаво, но како може прво да се додели, а после тоа да се одземе... и да не слушнеме дека некој одговарал затоа што доделил?
(се разбира доколку е точна информацијата на nikla802)

А лично немам дилеми дека не треба да добиеме уште една деловна „катна гаража“, особено не таму, затоа што тоа еднаш засекогаш би ја закопало универзална сала во поглед на паркирањето.

Инаку мене не ми е јасно, ако дозволата е одземена, нели е малку чудно што таму си течат градежни активности?!?


Posted By: pbanks
Date Posted: 27-Oct-2009 at 17:36


Од денес...




Posted By: igorius
Date Posted: 28-Oct-2009 at 04:18
od platformata na univerzalna bolje se glea steta sto si nemal vreme za krugce


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Oct-2009 at 11:04
Originally posted by igorius

od platformata na univerzalna bolje se glea steta sto si nemal vreme za krugce


Во движење бев, само од кола испукав еден рафал . Но главната поента ми беше да ја евидентирам бетонската пумпа и активноста во контекст на дискусијата неколку поста погоре.


Posted By: Djole88
Date Posted: 15-Jan-2010 at 16:50
дечки вчера проаѓав од тука има огромен напредок. Не се разбирам баш ама мислам дека се при крај со карабината. Некој ако иде натаму нека сликне


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Jan-2010 at 21:06
Баш денеска поминав




Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Jan-2010 at 02:00

според карабинава ми личи како копија на таа кај Бисер, или тоа е накој стандарден изглед?  Во секој случај најбитно е да си ја има својата функција - катна гаража



Posted By: Iceman
Date Posted: 16-Jan-2010 at 10:40



Posted By: Iceman
Date Posted: 16-Jan-2010 at 10:52

Еве како сега ќе изгледа фасадата....




Posted By: Iceman
Date Posted: 16-Jan-2010 at 10:56

А еве како беше претходната (мене лично подобрата) варијанта...





Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jan-2010 at 11:53


Навистина корисни информации Iceman Thumbs%20Up Бидејќи немам осет, дали бројот на паркинг места (143) е оптимален за опслужување на самиот објект или пак ќе помогне за ситуацијата со паркирањето во тој дел каде знае да биде многу тешко за паркинг особено во работните денови.

Инаку навистина штета што е отфрлена оваа вторава варијанта. Имаш ли некакви подетални информации околу тоа какви елементи/материјали ќе се користат за обликувањето на фасадата според усвоената варијанта?


Posted By: Iceman
Date Posted: 16-Jan-2010 at 12:08
  Што се однесува до материјалот што ќе се користи за формирање на фасадта, онолку колко што знам, ќе биде комбинација од Alucobond и стакло (не знам точно какво). Инаку, во однос на паркинг местата, мислам дека бројот е доволен за опслужување на самиот објект, ама за нешто повеќе, на пр. растеретување на околината од паркинг гужвата, тешко дека ќе одговори.... Во тој дел на градот е наподнослив хаос во паркирањето, дури и човек не може нормално пешки да се движи по улиците, кога веќе тротоарите се неупотребливи. Можеби требало да се размисли целиот објект да биде само гаража, ама тоа е што е... Условите биле тие, и инвеститорот ги исполнува...  


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Jan-2010 at 12:49
Originally posted by Iceman

  Што се однесува до материјалот што ќе се користи за формирање на фасадта, онолку колко што знам, ќе биде комбинација од Alucobond и стакло (не знам точно какво). Инаку, во однос на паркинг местата, мислам дека бројот е доволен за опслужување на самиот објект, ама за нешто повеќе, на пр. растеретување на околината од паркинг гужвата, тешко дека ќе одговори.... Во тој дел на градот е наподнослив хаос во паркирањето, дури и човек не може нормално пешки да се движи по улиците, кога веќе тротоарите се неупотребливи. Можеби требало да се размисли целиот објект да биде само гаража, ама тоа е што е... Условите биле тие, и инвеститорот ги исполнува...  


Да, ниту јас гледам нешто спорно на страна на инвеститорот. Само ме интересираше колку може да очекуваме олабавување со ситуацијата со паркинг во околината. Еве јас релативно често имам работа во близина да речеме околу раскрсницата Иван Милутиновиќ-Рајко Жинзифов, и тоа обично сум на кратко така да со задоволство би платил за 1 час паркинг наместо да губам време бараќи место по уличките и упропастувајќи си ја колата од качување по тротоари итн.


Posted By: Iceman
Date Posted: 16-Jan-2010 at 13:57
Јас живеам во близина, и навистина е мачно кога треба да најдам место пред зграда, а и за возење е тешко на 29-ти, се паркираат од две страни на уличката.....ама ајде, можеби е тоа за друга тема...да не развлекувам....среќа што успеав да си најдам една гаража Smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Jan-2010 at 14:20
И мене повеќе ми се допаѓа претходната варијанта, иако нема прецизен рендер за она што се гради сега, кровот е доволен за таков впечаток, барем за мене.

Icemen, дали можеби знаеш колкави се површините на деловниот и гаражниот простор или нивниот сооднос?


Posted By: Iceman
Date Posted: 16-Jan-2010 at 14:33



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Jan-2010 at 14:53
На инфо таблата пишува Импексел-2


2010-01-16

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Iceman
Date Posted: 16-Jan-2010 at 14:57
Импексел-2 е изведувачот.......


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Jan-2010 at 15:14
Не може да биде made in macedonia ако нема поткровје. Тоа е од лакомост според мене, и затоа на крајот изгледа како голема колипка. Вториот е каде каде подобар, ама нема поткровје -> помалку употреблив простор -> помалку пари.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Iceman
Date Posted: 16-Jan-2010 at 15:17
Aпсолутно точно...Smile


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Jan-2010 at 16:26
па рендериве се скоро идентични, ама како и секогаш поткровјето го уништува расположението, всушност се е исто, само додале поткровје


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Feb-2010 at 19:32


Posted By: Supervisor
Date Posted: 30-Sep-2010 at 16:43
Иначе позади универзална скоро готова е катната гаража, можеби уште месец дена има работа.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Oct-2010 at 18:09
Не излезе толку лошо како што очекував. Стаклото си е плаво рефлектирачко со сите свои маани, но е употребено во разумна количина, разумна за наши услови. Сепак сиво стакло многу ќе беше по вклопливо и ќе одговараше на целокупниот дизајн. Ми се допаѓа како е решено проветрувањето со овие решетките што се меѓудругото естетски момент.

01.


02.


03.


И овие две со помал квалитет...

04.


05.


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Dec-2010 at 17:09
1.

2.



Posted By: Cifra
Date Posted: 08-Dec-2010 at 17:17

Наместо "Импексел 2" Најарно ќе беше да го крстеа "Зебра 2". Ми личи на наследник на Зебра и ради изгледот и ради дубарата со катната гаража.

Поготово одвратно ми е поткровјето. БЉААААК!!!!!!!!!


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 08-Dec-2010 at 17:37
Потполно го делам мислењето, не ни сакам да навлегувам во некаква анализа на објектот....не што не е катна гаража, туку проблем +...еден од моите фаворити за „златен багер“, може и динамит...уште еден скопски чир...

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: KamaZ
Date Posted: 13-Dec-2010 at 14:57
Зградава општо далеку од тоа дека ме радува. Катна гаража сигурно не е, а како деловен простор не се истакнува никако.

Имам еден коментар додуша што е на страна на инвеститорот. Претпоставувам дека првите рендери и биле оригиналната идеја на архитектот и инвеститорот. Проблемот е што иако се помали по габарит, првите планови немаат стандардно поткровје т.е. не се појавува коса линија никаде. А ако не се појави коса линија тогаш општината не ги дозволува. значи ако направиш поткровје, па макар тоа било повлечено навнатре за 5 метри, мора да легнеш кос кров од него до венецот. За оваа глупост сум сигурен бидејќи и при дизајнирање на нашата фамилијарна куќа не ни дозволуваа повлечено поткровје без косина.

Ако некој има објаснување за тоа, ве молам повелете ))



Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 13-Dec-2010 at 19:33
Да си здрав и жив за муабетов. Само што јас веќе неколку пати имам пишувано овде на таа тема и веројатно само Господ и општините скопски ја знаат тајната.

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=450&PN=1 - Овој објект има некаков обид, барем на калканските ѕидови да имитира некаква форма - прашање колку успешно и уште неколку низ општина центар (Граве и уште 2-3)....се' друго е со таа одвратна косина што опасно знае да упропасти композиција, а на која толку многу се инсистира, без некое логично објаснување....

Од објаснување овде може да чуеш само нагаѓања...вистината ја знае веројатно старецот во планината, а можда ни тој....

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Supervisor
Date Posted: 13-Mar-2011 at 20:38
Што стана со гаражава позади универзална?

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 13-Mar-2011 at 21:08
Незнам колку е гаража, но е прилично готова, незнам сепак дали е отворена.

-------------
Македонија - Земја на чудата!


Posted By: N23
Date Posted: 13-Mar-2011 at 22:03
Вчера поминав од таму и само навидум изгледа дека е готова. Кога го фрлив погледот во долниот дел, приземјето, не е ништо чепнато. Стојат цигли и штури ѕидови и столбови. Вака горните долови изгледаат средени, но најважниот, приземјето, не е довршено. Стои како запуштен неизграден магацин, за жал.


Posted By: toasumjas
Date Posted: 03-Apr-2011 at 16:10
неможев да го најдам топиков за гаражава (или деловен објект како сакате) па еве ја постирам тука. Префрлете ја ако треба.

1

2

3

4

5

6

7

8

9


Posted By: N23
Date Posted: 20-Jun-2011 at 02:56
Катната гаража кај Универзална Сала ја спремаат во скоро време да ја отворат, гледам и надворешниот дел се уредува со павер елементи а и скоро сите лимени тараби беа тргнати.



Print Page | Close Window