Print Page | Close Window

[А3] Охрид * - Делчево *

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=597
Printed Date: 28-Mar-2024 at 18:39


Topic: [А3] Охрид * - Делчево *
Posted By: Cloverstack
Subject: [А3] Охрид * - Делчево *
Date Posted: 05-Aug-2008 at 08:00
Патниот правец М-5 се протега од Подмоље, преку Охрид, Ресен, Битола, Прилеп, Велес, Штип, Кочани, Македонска Каменица, Делчево, до граничниот премин Звегор (со Бугарија). Должинате на М-5 е 310km.
М-5 има и еден магистрален крак ( М-5к1 ), помеѓу Битола и граничниот премин Меџитлија (со Грција). Врската на овој крак со главниот коридор на М-5 е кај клучката Крклино. Должината на кракот е 20km.

М-5 е дел од е-мрежата на патишта помеѓу Подмоље и Меџитлија (Е65) и дел од гранката Де на пан-европскиот коридор 10 (Corridor Xd) помеѓу Велес и Меџитлија.

Ако се земе во предвид актуелниот просторен план на Република Македонија (кој предвидува автопат помеѓу Штип и Отовица близу Велес) и пан-европските коридори, логично би било да се работи на тоа М-5 во некоја разумна иднина од 10-15 години да се изгради како автопат помеѓу Битола и Штип, плус кракот до Меџитлија.
Ако и веруваме на мегаломанските и несериозно оптимистичките ветувања на владата, тогаш целиот М-5 ќе биде автопат и тоа многу скоро.

Моменталната ситуација пак е далеку и од пристоен магистрален пат по целата должина. Има сегменти кои се направени по високи стандарди и се сосема доволни за моменталниот сообраќај, но и на нив очајно им требаат интервенции како нов асфалт и средување на сигнализацијата. Има сегменти како на пример Охрид-Ресен кои не се ниту изградени по стандарди како за современ магистрален пат. А добар дел од М-5 и сосема недостасува, како на пример патот Велес-Прилеп преку Бабуна, обиколница Oхрид, обиколница Ресен.





Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Aug-2008 at 14:46
Пошто често паѓавме на муабет за патот Битола - Ресен, еве ги постирам овие фотки што ги направив минатото лето. Вклучена е и северната обиколница на Битола (влезот кај ЛукОил - клучката со К1-М5 / Р106 / Р416 )

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14


15


16


17


18


19


20


21


22


23


24


25


26


27


28


29


30


31





Ова е веќе се фотки од северната обиколница на Битола, која се надоврзува на патот Ресен - Битола

32


33


34


35


36


37


38


39


40


41


42


43


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 06-Aug-2008 at 15:45
Одлични слики Кловер. Од сликите се гледа дека се работи за солиден магистрален пат со 3 ленти на најголемиот дел од нерманините. Исто така се гледа дека не е премногу оптоварен со сообраќај. Мислам дека на овој патен правец му е потребна подобра хоризонтална и вертикална сигнализација, нов слој асфалт на некои места, одржување на хигиената и зеленилото покрај патот, и ништо повеќе.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Aug-2008 at 15:52


Сосема сум на иста линија со размислувањето


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Aug-2008 at 16:42
Кај обиколницата на Битлота не видов нешто многу влезови во градот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Aug-2008 at 17:50


Затоа што не ни има Big%20smile

Влезовите се токму на крајните точки на обиколницата


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 07-Aug-2008 at 00:20
Не знам колку сте запознати но и патот Градско-Прилеп веќе во голем дел е со три ленти,а со проектот што е во тек треба целосно да биде завршен до крајот на 2009.

Така што,ќе имаме еден солиден пат Велес-Прилеп-Битола-Ресен.
Мислам дека треба да се размислува за модернизирање на трасата Ресен-Охрид.

Па можи ќе ги излажиме скопјаниве да направат промет и на нашиве бензиски Big%20smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Aug-2008 at 00:30
Originally posted by ovaj_stariov

Не знам колку сте запознати но и патот Градско-Прилеп веќе во голем дел е со три ленти,а со проектот што е во тек треба целосно да биде завршен до крајот на 2009.

Да за ова е веќе дискутирано неколку пати. Мислам има и слики.

Мислам дека треба да се размислува за модернизирање на трасата Ресен-Охрид.

Апсолутно си во право, тоа е слаба алка во нашата патна мрежа и според мене треба темелно да се пристапи кон надградување на овој пат до многу повисоки стандарди.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Oct-2008 at 02:59
Автопатот Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија да минува преку Дервен
Image
Претставниците на Регионалната стопанска комора во Прилеп заедно со локалната самоуправа сметаат дека патниот правец Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија, треба да минува преку Дервен. Од Комората истакнуваат дека Владата ја задолжила консултантската куќа “Балкан консалтинг”, која работи во рамките на ГП “Гранит”, да изработи проектна документација за оваа делница, и тоа не како регионален пат туку за автопат. Во игра се три варијанти: -Една варијанта е од Велес преку Бабуна да излегува на Десово, а понатаму преку Мажучиште да се поврзе со постојниот пат за Битола. Друга варијанта е постојниот пат преку Плетвар, а за нас како град најприфатлива е варијантата преку Извор и Дервен со изградба на клучка кај Ленишки мост и да продолжи за Битола, изјави Ристо Најдоски од Регионалната стопанска комора.

За Прилеп предложената варијанта е далеку поинтересна, како на стопански, така и на стратешки план, и оваа делница заедно со изградбата на хидроцентралите “Чебрен” и Галиште” и најавеното дефинитивно отстапување на касарната “Мирче Ацев” на локалната самоуправа за индустриска зона, се трите капитални инвестиции кои се очекува да го придвижат локалното стопанство. За овој патен правец Владата донесе одлука за давање под концесија, и по завршувањето на сите тендерски и проектни документации и постапки, се очекува работите да стартуваат во 2009-та година, а автопатот да биде изграден за три години. Со проектот покрај делницата Велес- Прилеп-Битола-Меџитлија, предвиден е и крак што со модерна сообраќајница ќе ги поврзува и Ресен и Охрид.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=580&Itemid=37




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2008 at 03:31
Едвај најдов кај е тоа Лениште (Ленишки мост)... Се работи за траса релатвно слична на оргинално планираната, но траса која директно ќе излегува на Прилеп, наместо кај Мажучиште. Ваљда на Прилепчани ќе им скрати некои некои 4-5km, па затоа ја преферираат. Но се разбира треба да се земат во предвид и многу други фактори... Вака на прв поглед ми се чини дека за сите други нема да биде поповолно - за другите правци нема некое кратење, попатно опфаќа многу помалце населени места, М-7 би бил лошо поврзан према Велес...
Но тоа е мој прв впечаток. Си има експерти па нека извагаат и нека решат. Нормално има и многу други фактори - цена, влијание врз средината итн. Битно да не се одлучува под притисоци и ради себични интереси, туку да се избере решението кое е најдобро за цела држава.

А трасата преку Плетвар е тотално неприфатлива уште на прв поглед... Не знам од каде излезе таа варијанта - прв пат слушам дека влегла во комбинација и за автопат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Oct-2008 at 03:59
За тоа преку плетвар може како дополнително ама сега е рано. Тоа може дури кога ќе се завршат автопатите па тогаш како плус да се убаци и росоман прилеп делница. Има премногу камионски транспорт што иде од грција и турција према албанија и косово. Па може оваа кратка делница да внесе некое скратување во патувањето. Незнам можеби грешам?! Може би ова би биле бадијала пари плус. Што знам уствари ми дојде само како идеја. Не ја земајте за релевантна! Оваа нема никакво значење за Македонија, единствено би можело по желба на странски транзитери да биде направена со европски пари, а ние да им излеземе во пресрет.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2008 at 04:28
Originally posted by lslcrew

За тоа преку плетвар може како дополнително ама сега е рано. Тоа може дури кога ќе се завршат автопатите па тогаш како плус да се убаци и росоман прилеп делница. Има премногу камионски транспорт што иде од грција и турција према албанија и косово. Па може оваа кратка делница да внесе некое скратување во патувањето. Незнам можеби грешам?! Може би ова би биле бадијала пари плус. Што знам уствари ми дојде само како идеја. Не ја земајте за релевантна! Оваа нема никакво значење за Македонија, единствено би можело по желба на странски транзитери да биде направена со европски пари, а ние да им излеземе во пресрет.


Абе аман со оваа автопатска мегаломанија Laugh
Него баш за меѓународен транзит таа делница ќе има отприлика нула значение. Од Турција и Грција према Албанија логична варијанта е преку грчкиот А2 (Егнеција Одос) или исклучиво од Турција у комбинација е и нашиот коридор 8, а према Косово преку Плетвар (vs Бабуна), нема никаква логика ама баш од нигде.

Тој патен правец можда ќе биде автопат во некоја многу далечна иднина, но пред се би бил за внатрешни македонски потреби (како дел од М-7 нема баш некое меѓународно значење). И како таков Росоман не влага у комбинација, туку од Дреново би идел накај Кавадарци и Неготино па понатака преку Вардар...
Само како што и сам викаш, дај да ги изградиме прво ургентниве проекти, па да размислуваме за вакви луксузи Wink




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Mar-2009 at 00:17
Еве една тура фотки од М-5 помеѓу Ресен и Прилеп од минатата недела кога падна доста снег.

1-5 Ресен-Битола
6-11 северна обиколница на Битола
12,13 Битола-Прилеп


1
Планинскиот превој Ѓавато (1167m) сосема завеан. Иако службите за одржување си ја вршеа работата, само неколку минути после поминување со плуг веќе се беше покриено.


2


3
Подолу накај Битола невремето беше значително послабо, па и патот можеше подобро да се одржува.


4


5


6
Ова е веќе северната обиколница на Битола


7


8


9


10


11


12
А ова е веќе долу во Пелагонија, накај Прилеп.


13



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Mar-2009 at 00:29
Овие делници што ги имам опфатено со фотки, сигурно повеќето од вас знаат дека се патишта со одлични карактеристики.
Патиштата се релативно нови, широки, со денивелирани вкрстувања. Ресен-Битола како планински пат има лента за спори возила на угорница. Битола-Прилеп е рамничарски, нема поголеми кривини и ограничувањето е 100km/h.

Веќе подолго време, слаба точка на Ресен-Битола е површинскиот слој на асфалтот кој треба под итно да биде сменет на најголем дел од делницата. Битола-Прилеп пак до пред околу година имаше практично беспрекорен коловоз, но многу се изненадив кога поминав овој пат, асфалтот во близина на Прилеп ми се виде прилично оштетен.

Друга слаба точка (на двете делници)  е хоризонталната сигнализација за која постирав овде:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=338&PID=34401#34401 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=338&PID=34401#34401


Posted By: lslcrew
Date Posted: 27-Mar-2009 at 01:05
Кловер ја последен пат дел од оваа магистрала возев лани. И тоа делот од Велес до селото Извор, тоа на пола пат меѓу Велес и Прилеп. Прво негативна работа е што околу Велес нема обиколница па така мора да се влезе во Велес за да се излезе према Прилеп. Е после доаѓа најлошиот дел. Од излез на Велес па натака неколку километри патот е во катастрофална ситуација. Некаде до кај порцеланка. После натака единствена замерка имам само пре-рапавиот асфалт па така малку непријатен звук е цело патување. Нема некоја мека вожња, се гледа дека е дотраен но е рамен. Баш оваа делница мислам дека предходната намена и била некој техничко-воен пат па не бил нешто многу експлоатиран, но потоа се вклопил во патната мрежа.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Mar-2009 at 01:12

Помеѓу Велес и Прилеп М-5 целосно недостасува, а моменталниот директен пат помеѓу овие два града (преку с.Извор) се води како Р-526.
М-5 барем според сегашниот план треба да ја пробива Бабуна кај Габровник.
Инаку штета што не си сликал тогаш, тие фотки би биле вистински ексклузивитет во секој поглед Big%20smile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Mar-2009 at 01:16
Инаку што викаш за обиколница кај Велес, сигурно знаеш дека е планирана обиколница која од Отовица (од каде што автопат треба да се разграни и накај Штип) директно трга накај Прилеп.
За нејзе веќе има и изведени некои градежни работи (од деведесетите, кога предизборно беше „почнат“ да се гради Велес-Прилеп преку Бабуна). Мислам имаме правено муабет за ова - дури и на google earth може да се видат од тогаш недовршените клучки, столбови за вијадукти и делумно пробиена траса.
Wallbash


едит: еве најдов каде сме збореле на оваа тема:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=14714#14714 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=14714#14714


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Apr-2009 at 00:35
Битола накај Прилеп, август 2007
Асфалтот изгледа одлично и оваа делница заедно со претежно автопатски делници е (беше) помеѓу оние во најдоба состојба на ниво на државата. Велам беше затоа што на последното поминување (март 2009, фотки погоре) ми се чини дека состојбата беше значително полоша на повеќе места.

Уживајте во Пелагонија:

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Apr-2009 at 03:00

11


12


13


14


15


16


17


18


19


20



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Apr-2009 at 03:10

21


22


23


24


25


26


27


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jun-2009 at 05:07
Фотки помеѓу Велес и Штип, направени од пбанкс во 2007

1


2


3


4



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jul-2009 at 01:17
Сегментот помеѓу Делчево и граничниот премин Звегор (со Бугарија)

1


2


3
На самата граница



Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Jan-2010 at 23:11
Текстов удира на политика, но сепак содржи доста корисни информации.


Патот Велес-Прилеп преку Бабуна нем сведок на СДСМ-овските ветувања

Барем засега никој не знае дали некогаш повторно ќе продолжат работите на патот Велес-Прилеп, што денеска е само нем споменик на една нереализирана инвестиција, а пред 16 години помпезно започна да го гради тогашната влада на СДСМ


Кон крајот на октомври 1994 година во пресрет на вторите парламентарни избори во самостојна Македонија, во близина на наплатната рампа на автопатот кај селото Отовица крај Велес, на свечен начин започна изградбата на магистралниот пат Велес-Прилеп преку Бабуна. Свеченост со многу луѓе, па и од највисокиот врв и со зборови за оправданоста за изградбата на оваа сообраќајница, која не само што требаше да го скуси патот за Прилеп преку Плетвар за повеќе од 35 километри туку требаше и да го врати и животот во триесетина населени места во регионот на Азот. И повеќе од ова. Патот требаше преку Прилеп, Битола, Меџитлија да ја поврзе нашата држава со современа сообраќајница и со соседна Грција. Иницијативата за изградба на магистралниот пат преку Бабуна ја поздравија жителите од Велес, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и други населени места од западниот дел на Македонија.

Речено - сторено. Работите на магистралниот пат му беа доверени на скопски Гранит. По церемонијата вработените од ова градежно претпријатие започнаа со изградбата на магистралниот пат. И додека луѓето и машините кај крстосницата на автопатот кај Отовица, веднаш до брегот на Велешкото Езеро, започнаа да го трасираат патот, стручни екипи извршија експропријација на насадите со лозја и други земјоделски култури преку кои требаше да минува патот. Беа потрошени големи пари.

Изборите дојдоа и завршија. Кога сите веруваа дека работите на магистралниот пат за Прилеп преку Бабуна ќе продолжат, се случи ообратното. Поради немање пари, набргу по изборите, работите на сообраќајницата беа прекинати. Тогашната влада не можеше да обезбеди финансиски средства. Работниците од Гранит по неколкумесечно чекање си ги собраа машините и си заминаа. Од оваа сообраќајница, која според проектот требаше да биде долга 65 километри, со најдолг тунел кај селото Габровник под Бабуна во должина од 1.300 метри, со 38 мостови, од кои најдолгиот на реката Вардар кај Башино Село од 630 метри и за која во тоа време беа потребни 110 милиони долари, се изградени само десетина километри.

Од тој почеток на градбата на магистралниот пат Велес-Прилеп поминаа шеснаесет години. На местото каде што беше одржана свеченоста и каде што почнаа работите, денес нема ништо. Како нем сведок дека тука, од клучката на автопатот, па преку двата брега на Отовичка Река, требаше да минува магистралниот пат, стојат само неколкуте стотини метри асфалтен пат и столбовите на мостот што остана недоградени. Тогашната Влада ветуваше дека работите ќе продолжат, дека ќе бидат обезбедени странски кредити и дека патот ќе биде изграден. Меѓутоа, работите повеќе не продолжија. Работниците од Гранит никогаш повеќе не се вратија за да ги продолжат започнатите работи на оваа сообраќајница која не само што требаше економски да биде оправдана туку требаше да ги врати во живот заборавената Богомила и триесетината населени места од регионот на Азот .

За проектот како и за изведените работи на патот беа потрошени многу пари. Денес, оние изградени и асфалтирани десетина километри од оваа сообраќајница единствено ги користат само сопствениците на лозјата во месноста Гроот, во близината на Велес и никој друг. Дали некогаш повторно ќе продолжат работите на патот Велес-Прилеп или пак, она што беше направено ќе остане само како споменик за една нереализирана инвестиција, барем засега, никој не знае.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A9F399F3A63CB041B77BDA71C9329946 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A9F399F3A63CB041B77BDA71C9329946


Posted By: гитардемон
Date Posted: 17-Jan-2010 at 23:18
Е ај што плукаат по другите, ама сегашните пак што не се нафатат да го довршат? Вистина е добро да има пат до Азот, бидејќи таму само со хеликоптер се стига. Пример од Прилеп, мора да се оди до Кичево, па оттаму до Брод.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jan-2010 at 23:26
Прилично тешка траса за изведба со толкава бројка мостови и најдолг тунел. Замашни бројки. У секој случај конечно мора веќе да ги завршуваме работите во оваа држава. Што се почнало се почнало, мора да се доврши.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 17-Jan-2010 at 23:28
Е и јас тоа си го реков. Штом овие лошиве навистина се заплеткале, сегашниве добри што не го доправат? Иста е ситуацијата и со пругата Белјаковце-Деве Баир! Се разбира овие два проекта се од исклучително значење за државава. Почнуваат нови проекти, а полу-довршениве скапуваат! И наместо како заклучок на текстот да стои ДАЛИ НЕКОГАШ ЌЕ СЕ ДОВРШИ НИКОЈ НЕ ЗНАЕ, треба да си ги запрашаат денешниве надлежни. Леле мори мајко во каква обркана држава живееме.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: gorco
Date Posted: 18-Jan-2010 at 11:10
Дај боже веќе еднапка да се изгради нешто ново во Македонија. идев накај Солун пред извесно време - и баш заприметив, дека нели викаат тешка била трасата за автопат Демир Капија - Смоквица и до сега не се замарав каков е теренот, ама едно ќе кажам - освен дуплиот тунел кој очигледно ќе мора да се копа до постоечките во Демир Капија, ништо не е комплицирано за да се направат паралелни ленти на веќе стариот Е-75. И Да, обавезно ќе им треба локален пат за жителите на селата Удово, Давидидово, Петрино, Милетково, и Смоквица




-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jan-2010 at 14:29


За Демир Капија - Смоквица има проект за сосема нова траса од другата страна на Вардар, која траса е сосема вон долината на реката:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=11982#11982 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22&PID=11982#11982

Иако не сум наишол на вест дека е дефинитивно одлучено во полза на оваа траса, јас лично се надевам дека нема да се импровизира со дуплирање на постоечкиот пат, затоа што новата траса е значително пократка и нуди далеку подобри технички карактеристики за автопат. А „стариот“ пат ќе може да се прекатегоризира како Р-103 и да служи како алтернатива и за потребите на локалното население.




Posted By: krale
Date Posted: 18-Jan-2010 at 14:35
Да не се планира овде раздвојување на лентите па еден правец да е по новата, а другиот по старата траса, како што е Скопје - Велес?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Jan-2010 at 14:39
Не


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jan-2010 at 14:40
Не туку тоа што сега се користи како делница од автопатот е всушност делница од регионалниот Р103. Автопат воопшто нема изградено! Треба да се гради дупла траса западно од овој, однсн според скицата од погоре. Истиот случај е и со велес катланово каде што ск-ве е всушнсот делница од р103, а треба да се догради уште една делница паралелно со ве-ск.


Posted By: axel
Date Posted: 24-Jan-2010 at 23:58

ИМА НАДЕЖ ЗА ПАТОТ ВЕЛЕС-ПРИЛЕП


Се подготвуваат студии за современа сообраќајница преку Бабуна

Од Агенцијата за државни патишта велат дека е склучен договор за изработка на инвестиционо-техничка документација во фаза на претпроект за автопатско решение на делницата од патната мрежа Велес-Прилеп


Има надеж да се реализира патот Велес-Прилеп преку Бабуна кој почна да се гради далечната 1994 година, но по асфалтирани 10 километри, тогашната Влада на СДСМ престана да го финансира овој проект бидејќи немале доволно финансиски средства. ВЕЧЕР деновиве пишуваше за оваа нереализирана инвестиција која требаше да го врати животот во триесетина населени места во регионот на Азот, а патот преку Прилеп, Битола и Меџитлија, треба да ја поврзе нашата држава со современа сообраќајница и со соседна Грција.

Од Агенцијата за државни патишта велат дека е склучен договор за изработка на инвестиционо-техничка документација во фаза на претпроект за автопатско решение на делницата од патната мрежа Велес-Прилеп.
-Договор е склучен и за изработка на физибилити студија, но и на студија за оцена на влијанието врз животната средина. Изработката на идејниот проект за патот е во тек, а потоа ќе следува отпочнување на постапка за изработка на основен и изведбен проект - вели Катерина Панова-Илиевска, помошник-директор во Агенцијата за државни патишта.

Реализацијата на овој пат треба да го скуси патувањето од Велес до Прилеп за повеќе од 35 километри. Според тогашниот проект, патот требаше да биде долг 65 километри, со најдолг тунел кај селото Габровник под Бабуна во должина од 1.300 метри, со 38 мостови, од кои најдолгиот на реката Вардар кај Башино Село од 630 метри. За негова реализација во тоа време беа потребни 110 милиони долари, а се изградени само десетина километри.

Од тој почеток на градбата на магистралниот пат Велес-Прилеп поминаа шеснаесет години. На местото каде што беше одржана свеченоста и каде што почнаа работите, денес нема ништо. Како нем сведок дека тука, од клучката на автопатот, па преку двата брега на Отовичка Река, требаше да минува магистралниот пат, стојат само неколкуте стотини метри асфалтен пат и столбовите на мостот што остана недоградени. Тогашната влада ветуваше дека работите ќе продолжат, дека ќе бидат обезбедени странски кредити и дека патот ќе биде изграден. Работниците од Гранит никогаш повеќе не се вратија за да ги продолжат започнатите работи на оваа сообраќајница која не само што требаше економски да биде оправдана туку требаше да ги врати во живот заборавената Богомила и триесетината населени места од регионот на Азот .

Денес, оние изградени и асфалтирани десетина километри од оваа сообраќајница единствено ги користат само сопствениците на лозјата во месноста Гроот, во близината на Велес и никој друг.                                                                                                                                                http://www.vecer.com.mk/?ItemID=CD61C6EAEFFF2744A5359637BD442FBA



Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Feb-2010 at 17:14

Распука магистралниот пат Битола - Охрид, кај Ресен (Фото/Видео)

Ресен, 20 февруари (ИНПРЕС)

Како последица на недоволно припремената подлога и влијанието на високите подземни води, на седум километри од Ресен, на магистралниот патен правец Ресен - Битола денеска дојде до попуштање на подлогата со асфалт во должина од 40-тина метри.

Во моментов две од три сообраќајни ленти се слободни за движење, затоа што подлогата е спуштена од 60 до 70 сантиметри со тенденција за уште подрастично спуштање.

Раководителот на Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување со екипа од ОВР Ресен  и Македонија пат веднаш беа на лице место, при што е извршено обележување на опасната делница.

Во текот на денот интензивно ќе се работи на расчистување и оспособување на сообраќај на стариот магистрален пат од Ресен кон Битола. Потребните активности за оспособување на на овој патен правец се очекуваат идните денови, а се дотогаш се препорачува внимателно возење.

Видео на http://www.nehru.blip.tv/ - www.nehru.blip.tv

Фото: http://www.prespalive.com.mk/ - http://www.prespalive.com.mk

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=E7508957A1A0B844A3835A2B1458CB9E


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Feb-2010 at 17:21
2012 работава. Секој ден лавини, поплави, чуда... еве и ова


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Feb-2010 at 19:59
Ај па си викам со ова одрониве, ако на некое место лупне одрон, па друг пат потешко ќе има одрон на исто место, ама ова со поткапиниве патишта не ми изгледа на арно. Од друга страна, замисли да ги имавме искористено сите потенцијали на рекиве со изградба на акумулации. Нити ќе ги имаше поплавиве, а и за струја ќе придонесеше.


Posted By: Max
Date Posted: 22-Feb-2010 at 05:44

уф добро парче заминало! ова би требало да е кај ресенскиот дел на превојот ѓавато... туку сега колите ќе тераат по паралелниот стар пат "дервен" (ѓаватски дервен)... а тој пак колку ќе крепи товарни возила... и така на места е калдрма, па сега таман и да го подископаат, може ќе се користи само дел колку да се заобиколи овој потег а сетне ќе го приклучат на р-106, немам баш ориентација каде е точно свлечиштево, според фотката и снимките изгледа ко ресенската страна на ѓато, но да почекаме и подетално инфо... 

Распука патот Битола - Ресен

Магистралниот пат Битола - Ресен како да е погоден од земјотрес. Поради влага пропадна големо парче асфалт веднаш над планинскиот превој Ѓавато.

Отцепениот дел е долг околу 60 метри, а патот е пропаднат во длабочина за повеќе од половина метар.

За среќа, за време на лизгањето на земјиштето не дошло до сообраќајна незгода, иако патот е еден од најоптоварените со возила во Битолскиот регион.

Заради безбедност на патниците пропаднатото парче асфалт е заградено со ленти, а на патот се поставени сообраќајни знаци за намалување на брзината на возење. Сообраќајот на овој патен правец се одвива само по една коловозна лента.

- Ова е класична појава на свлечиште што се случува по интензивни врнежи, топење на снег и заситување на подлогата со прекумерна влага. Ако не се преземат мерки, можно е да зафати и друг дел од патот - изјави Милорад Јовановски, професор од Градежниот факултет во Скопје и консултант на Агенцијата за патишта.

Јовановски тврди дека врз лизгањето на земјиштето немале влијание староста на патот и големата оптовареност. Патот беше изграден пред дваесетина години, а досега немало пообемни реконструкции, туку интервенции на проблематични места поради дупки и друго. Наменет е и за лесни патнички и за тешки товарни возила.

Формиран е оперативен штаб, кој ги утврди понатамошните чекори за санација на патот. Местото вчера го посети и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Тој најави времена санација, која ќе трае две недели, а на лето темелна реконструкција на овој дел од патот.

- Мора да се преземат мерки за да престане лизгањето на земјиштето во оваа фаза. Агенцијата за патишта ќе изработи проект со поголеми зафати за трајна санација на ова свлечиште. Тогаш ќе се направи трајна пренамена на асфалтот и на другите слоеви. Реконструкцијата ќе почне меѓу јуни и септември и ќе трае 2-3 месеци - изјави Јанакиевски.

За да нема застој во сообраќајот договорено е веднаш да се почне со реконструкција на стариот пат меѓу Битола и Ресен, како алтернативен коловоз, пред се', за тешките товарни возила.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BBAF45D07161CE4B8F6F16B1653BD754 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BBAF45D07161CE4B8F6F16B1653BD754



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Feb-2010 at 13:57


Max, баш стариот пат е Р-106. „Новиов“ е М-5. Го префрлив и постов


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2010 at 17:56

Почна поправка на коловозот кај Ресен

Пет дена по пропаѓањето на дел од асфалтот од магистралниот пат Битола - Ресен, почна поправката на распуканиот коловоз. Свлечиштето вчера се санираше со помош на градежна механизација. Се предвидува зафатот да трае две недели, а потемелна реконструкција на патот ќе следува в лето. (Ж.З.)
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BFD7730199B7064EA7D5DE5AF81133B7


Posted By: Max
Date Posted: 25-Feb-2010 at 18:37
Originally posted by Cloverstack


Max, баш стариот пат е Р-106. „Новиов“ е М-5. Го префрлив и постов

да во право си но оти во нишката р-106 возиш со фотките по новиот пат т.е. м-5 па по дефалт затоа и таму го пуштив написот, инаку тој дел од стариот пат кај Ѓавато го викаат Дервен т.е. на турски тоа мислам значи премин, па така имаме доста место кај нас кои ги викаат дервен!



Posted By: Max
Date Posted: 25-Feb-2010 at 18:47
   а ова свлечиштево ќе го работат побајаѓи, може набрзина сега да го скрпат асфалтот но на место му беше изјавата на јанакиевски дека ќе трае неколку месеци цел зафат со стабилизирање на свлечиштето! сега прво додека да земат мерка и геолошки и градежно, па сетне да стокмат проект а сетне и да го изведат... колку што се гледа од фотките тука нема канал за одвод на атмосферски води, па затоа ваква ујдурма, ова требало бар пластична цевка да има таму за одвод, но и постојните канали некој требало да ги чисти! колку ова таму е одржувано тоа незнам но и малку да се запушени бидејќи пелистер има бајаѓи вода, посекако веднаш се јавува куршлус, во случајов од водите на врвот Вртешка па и од врвот Мала Чука кои по Ѓаватската Пресека тераат кон пл.Бигла и кон ез.Стрежево...  


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2010 at 18:49
Originally posted by Max

да во право си но оти во нишката р-106 возиш со фотките по новиот пат т.е. м-5 па по дефалт затоа и таму го пуштив написот
Мах, во нишката за Р-106 нема фотки од М-5, туку единствено од Р-106.




Posted By: Max
Date Posted: 25-Feb-2010 at 20:47
да изгледа тие со маглата од плетвар ги смешав со оние снежните од вторито пост тука, но колку што се сеќавам имаше уште некоја фотка од ресенскиот дел на м-5 во нишката за р-106 мислам потегот кај макази па кон ѓато!?! како и да е превид не превид сега написот е на место!


Posted By: бијеснивра
Date Posted: 28-Feb-2010 at 18:41
М-5 на фотографиите изгледа многу добро.


Posted By: Max
Date Posted: 02-Mar-2010 at 04:11

лаже око! на места е супер, но сепак почнува да попушта и онаму каде беше добар, веќе делот ѓатo-битола е полн закрпи!  

Пропаднати две коловозни ленти на патот Битола-Ресен - 21.02.2010

Поради лизгање на земјиштето на 48 километар на магистралниот патен правец Битола – Ресен, дојде до оштетување на трупот на патот на просторот од местото викано Макази до местото Дервен.

Како што соопшти АМСМ, на искачување кон планинскиот превој Ѓавато во правец од Ресен кон Битола, на дел од патот поради лизгање на земјиште , пропаднати се двете коловозни ленти.

Сообраќајот се одвива само по едната коловозна лента од спротивниот правец и само за патничките возила, додека за тешките товарни возила е забрането поминување. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува крајна внимателност, и да се избегнува засега овој патен правец, поради можност да пропадне и третата коловозна лента.

http://www.prespasky.com/index.php?option=com_content&view=article&id=972:2010-02-21-10-12-24&catid=34:2009-02-10-03-59-41&Itemid=110 - http://www.prespasky.com/index.php?option=com_content&view=article&id=972:2010-02-21-10-12-24&catid=34:2009-02-10-03-59-41&Itemid=110

Патот Ресен – Битола се уште отворен само за автомобили - 01.03.2010 - http://www.prespasky.com/index.php?option=com_content&view=article&id=986:2010-02-28-22-25-14&catid=34:2009-02-10-03-59-41&Itemid=110 - http://www.prespasky.com/index.php?option=com_content&view=article&id=986:2010-02-28-22-25-14&catid=34:2009-02-10-03-59-41&Itemid=110



Posted By: коцани
Date Posted: 21-Apr-2010 at 21:17
zdravo do site i pozdrav od kocani Smile

za m-5 kaj kocani mozam da slikam nekoi sliki i ke gi stavam..


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Apr-2010 at 21:25
Originally posted by коцани

zdravo do site i pozdrav od kocani Smile

za m-5 kaj kocani mozam da slikam nekoi sliki i ke gi stavam..


Здраво Коцани, поздрав и до тебе

Мислам дека никој од овде нема да замери ако ставиш слики Big%20smile. И ако ти треба помош околу постирање слики на форумот, ти пратив порака во кој ги имаш сите потребни упатства.

Чекаме сликиCheers





-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: коцани
Date Posted: 22-Apr-2010 at 11:13
фала за правилникот... ке ги сликам сликите и ге ки ставам патот минува тамо каде што ни е плацот и механизацијата (имаме градешна фирма ) а и ако работиме на некоја делница ке ставам сликиBig%20smile


Posted By: kocani
Date Posted: 05-May-2010 at 18:05
Јас  сум Коцани правев нов профил нешто  оној не ми го отвара.. па ако межете да ми го пратете праниливкот за да прикачам некои слики.

 благодарам


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 05-May-2010 at 18:11


http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=181 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=181

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: ko4ani
Date Posted: 12-May-2010 at 21:33



















Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 12-May-2010 at 21:37
Јас всушност сум од Кочани, ме разкривте сега
Благодарност за сликите, доказ колку истокот е онеправдан во споредба со западот. Видете го тесново патче води кон немал за нас град, цел регион и соседна држава.

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: ko4ani
Date Posted: 12-May-2010 at 21:38
Ако можам ке ја сликам и клучката каде се оди на кај Скопје и Кочани




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-May-2010 at 23:27
Добри фотки Ko4ani, баш фалеа од овој сегмент на М-5 близу Кочани    Cheers

А каде точно е сликано ова? Гледам надвозник, ама изгледа не е клучка...


Posted By: ko4ani
Date Posted: 14-May-2010 at 16:20
тоа е надвозник за премин преку патот..а клуцката е 1 км пред ова..пред некој ден бев за бугарија преку Делчево на неккои места е лош но според мене е добар. лошо со дупкие е после Делчево до Звегор.. а после Звегор е  рекустран патот и е со 3 ленти до гп Делчево.. а иначе е кривини скоро целиот пат.. за  во бугарска страна до Благоев град патот е катастрофа.. полош е и од Велес - Скопје нешто ги крпеа дупките кај едно село ама има дупки и по 20-30 см.


Posted By: ko4ani
Date Posted: 14-May-2010 at 16:43
Со црвено е клучаката за која ви зборев и најдов на гугл една слика од неаBig%20smile





Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-May-2010 at 18:49
Може и координати?


Posted By: ko4ani
Date Posted: 14-May-2010 at 20:56
41* 54'14.15'' N

22*24'58.91'' E


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-May-2010 at 01:01
Ko4ani, не мораш рачно да ги пишуваш координатите, во Google Earth само постави placemark на местото кое сакаш да го посочиш, копирај ги координатите и пастирај ги тука.

Онака со ѕвездички ме однесе во Cancun, Mexico Big%20smile


Posted By: ko4ani
Date Posted: 15-May-2010 at 08:59
Big%20smileEве ги координатите  41°54'16.94"N  22°25'14.61"E


Posted By: ko4ani
Date Posted: 15-May-2010 at 09:12
за М-6 има ли отворено тема?? 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-May-2010 at 11:34
Нема, слободно отвори


Posted By: ko4ani
Date Posted: 15-May-2010 at 21:28
ајде.. да отвориме има гледав на гугл има слики од таму од тој пат има доста слики можеме да ставиме нешто има и кај струмица градат нов пат Applause


Posted By: ko4ani
Date Posted: 25-May-2010 at 20:19
Пред некој ден бев за Бугарија.М-5 на некои места е прилишно оштетен и тоа кај клучката за Виница и на кај Делчево на некои места е многу лош патот сега ако одам натаму би сликал некои слики да видите а после Звегор селото има нов пат до гп Делчево е натаму до Благоевград во Бугарја патот е катастрофа (Новиот дел од Звегор до гп.Делчево)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-May-2010 at 03:31

Магистралата Битола - Ресен затворена цело лето

http://a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=117&VestID=123568 - Мишко Иванов http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123568#komentari - Коментари (3)   javascript:otvoriVideoPrilog%2810/misko-26-05.wmv,%20123568%29">  
26.05.2010 18:43
 

 

Магистралата Битола - Ресен ќе биде затворена цело лето. Во екот на најголемата сообраќајна фреквенција, туристите за да стигнат до Охрид ќе го користат стариот пат.

Очекувањата се до крајот на септември овој магистрален пат да биде оспособен за сообраќај, велат во Агенцијата за патишта.

На оваа делница, зимава свлечиште однесе две коловозни ленти. Пропаднаа до еден метар длабочина.

„Тешко, таму не е чепнато ништо, како што стоеше така и остана“, вели граѓанин.

Во втората половина на јуни, треба да заврши изработката на проектот, а потоа следува постапка за избор на изведувач, потенцираа од Агенцијата за патишта.

И автопатот Велес - Скопје кој е во катастрофална состојба, ќе почека за реконструкција. Од Агенцијата за патишта велат дека сега подготвувале тендер за да изберат фирма што ќе правела надзор, а дури потоа ќе имало нов тендер за да изберат фирма што ке ги изведува градежните работи.

Реконструкцијата според нашите планови треба да биде готова до крајот на градежната сезона во 2011, додаваат од Агенцијата за патишта.

Во меѓувреме останува револтот кај возачите кои ја користат делницата.

„Катастрофа како е, треба да се реновира, дупки многу.

-Никако ги искршивме возилата, а патарините скапи“, додаваат граѓани.

За дупките кои се претвораат во кратери, требало да се погрижи „Македонија пат“, а од таму денес најавија санација најверојатно за еден месец.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123568


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-May-2010 at 02:41

Езерото се врати, но тешко се стигнува до Преспа

Свлечиштето на патот Битола - Ресен ќе се обновува дури на крајот од летото

БИТОЛА - Може ли затворениот магистрален патот Битола - Ресен да и' наштети на туристичката сезона на Преспа. Со вакво стравување живее Преспа по прогнозите на владината Агенција за патишта дека санирањето на свлечиштето нема да се случи пред почетокот на летото. Распуканиот магистрален пат Битола – Ресен, со големи кратери, веќе четири месеци се наоѓа во непроменета состојба иако владините претставници убедуваа дека со санација ќе се почне штом ќе се подобрат временските услови. Според најоптимистичките прогнози од Агенцијата за патишта, магистралата треба да биде комплетно обновена до септември.

Во средината на февруари поради влагата падна големо парче асфалт во должина од 60 метри, по што патот пропадна половина метар.

Од февруари, кога прв пат се лизна земјиштето, па до денес сообраќајот е пренасочен на стариот пат, кој е во исклучително лоша состојба, со ударни дупки и асфалт што не е обновуван две децении.

Повеќе од јасно е дека стариот пат не ги исполнува критериумите за безбедно и нормално возење. Доволно е да се спомне дека патот со банкината е широк само шест метри. На некои места е асфалтиран, а на некои делови има коцка. Патниците од Битола за Преспа ќе треба по овој пат да поминат околу шест километри, вклучувајќи се кај Ѓавато, па се' до излезот кај Макази пред Ресен.

„Се радуваме што водата во езерото се врати два метра, но сега проблем е патот. За туристите ќе биде мачно да патуваат по стариот тесен пат од Битола. Ќе се создаде голем метеж, долги колони како во старите времиња. Се плашиме дека луѓето ќе се двоумат да дојдат во Преспа, а некои угостители многу вложија во своите бизниси“, се пожали Љупчо Калајџиевски од преспанското село Езерани.

Фреквенцијата на возила на стариот пат Битола - Ресен не е голема, но за возачите ова патување е стресно.

„Два пати дневно со камионот пренесувам пијалаци на релација Битола - Ресен. Поради стаклената амбалажа мора да возам бавно. Возачите на автомобили зад мене се нервираат, нема доволно простор да ме преминат, има свијоци и патот не е прегледен. Но, ова е единствен пат и за лесни и за тешки возила. Не можам да ризикувам и да патувам по распуканиот пат. Таму не е безбедно, но некои возила минуваат преку свлечиштето само за да го избегнат метежот на стариот пат“, нагласува Тони Наумов, возач од Битола.

Меѓутоа, и покрај првичните најави на надлежните дека со санација на патот ќе се почне во јуни, сега, и покрај поволните временски услови, од Агенцијата за патишта велат дека се' уште ги средуваат идејните проекти. Според најоптимистичките прогнози од Агенцијата, патот целосно ќе биде обновен дури во септември.

„Ние ја констатиравме состојбата на патот. Градежниот факултет направи проектна задача. Но, се покажа дека работата е комплексна. Во тек е изработката на техничката документација за трајна санација на патот, што треба да биде завршена до средината на јуни. По изработката на проектот ќе почнеме постапка за избор на изведувач, така што во август ќе се изведуваат градежните работи, а до септември патот повторно ќе биде ставен во функција“, најавува Катерина Панова, помошничка на директор во Агенцијата за патишта.

Според првичната изјава на професорот Милорад Јовановски од Градежниот факултет во Скопје, трајната санација на магистралниот пат Битола - Ресен кај свлечиштето предвидува поставување потпорни ѕидови, подобра дренажа, подобар зафат на површинските води и дотерување на коловозната конструкција.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9AE5C4CA75D73F419C6B1017C969C82C


Posted By: axel
Date Posted: 10-Jul-2010 at 16:17

Јанакиески - Регионалниот пат Битола-Охрид ќе биде саниран до крајот на септември

Охрид, 10. јули (ИНПРЕС)

Дел од регионалниот пат од Битола кон Охрид кој беше уништен од свлечиштето пред неколку месеци, безбедно ќе биде саниран до крајот на септември, порача денеска од Охрид министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Причината за која до сега не се пристапи на санација на оваа делница е тоа што не сакавме да импровизираме се додека не се направи здрава конструкција која ќе ја гарантира безбедноста за корисниците, додаде Јанакиевски.

- Ек­сперт­ско­то мислење за санација на патот го имаме. Сега е во тек из­ра­бот­ка­та на финален проект, по што за половина месец треба да се рас­пи­ше тендер за избор на фирма изведувач на градежните работи. Се на­де­ва­ме дека изборот бргу ќе заврши, велат од Агенцијата за државни патишта.

Од таму објаснуваат дека сe додека трае реконструкцијата, возилата ќе се пре­на­со­чу­ва­ат да возат 3 до 4 километри по стариот пат, кој е паралелен со магистралата.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска во Охрид ги надгледуваше работите на охридската обиколница и улоцата Железничка:

- Задоволен сум од изведената работа и планираме до средината на септември оваа година комплетно да се завршат сите работни активности на оваа делница. Надминати се сите имотно правни проблеми и работите се одвиваат во полн ек. Со оваа инвестиција на Владата на Република Македонија ние го одржавме ветувањето за изградба на оваа обиколница, изјави министерот Јанакиевски. (Крај)

http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=FEB0DAC367BFDE47B35BAD9F6E93AAE7


Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Jul-2010 at 11:32

Почна санацијата на свлечиштето на магистралниот пат Битола - Ресен

  • http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija - Македонија
  • Активностите за санација на појавеното свлечиште на магистралниот пат Битола – Ресен отпочнаа, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

    Градежните работи ќе ги врши компанијата „Бетон“, која е избрана од страна на Агенцијата за државни патишта и се очекува санацијата целосно да заврши во рок од два месеца.

    По извршениот увид на стручни лица изработена е проектна програма за вршење на соодветни геотехнички истражувања и испитувања по што е пристапено кон изработка на разработка на идеен, основен и изведбен проект за трајна санација на свлечиштето. 

    По констатирање на состојбата на теренот, оценето е дека причина за појава на свлечиштето е прекумерното влажење на подлогата и нејзино презаситување, што било крајна причина за иницирање на свлекувањето по насипаниот материјал.

    http://sitel.com.mk/


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 28-Jul-2010 at 09:10

    Ризично возење покрај свлечиште

    И покрај забраната, голем број возила минуваат покрај свлечиштето на магистралниот пат Битола- Ресен. По одронувањето на дел од патот што се случи на 4 март годинава, сообраќајот се пренасочува преку стариот локален пат на превојот Ѓавото во должина од 5,5 километри.
    Но голем број возачи ги протнуваат своите возила покрај рампите и знаците со забрана поставени од двете страни на патот пред Ресен и на превојот Ѓавото, па на свој ризик поминуваат покрај свлечиштето каде што има неколку метри каква таква проодност на патот.
    На оштетениот пат сe уште не се работи. Од Агенцијата за државни патишта најавија дека патот ќе се санира дури наесен, така што целата летна сезона ќе помине со ваков режим на сообраќајот. Добро е што по забранетиот пат не минуваат тешки моторни возила кои порано најмногу ја имаат оштетено оваа магистрала.

    http://www.vest.com.mk/?ItemID=A7E58E3189ADE14180AE2D8A94B85E2E - http://www.vest.com.mk/?ItemID=A7E58E3189ADE14180AE2D8A94B85E2E


    Posted By: axel
    Date Posted: 02-Sep-2010 at 06:23
    ДЕЛЧЕВО- Екипи на Македонија пат" од подружницата во Штип ја санираат делницата од селото Звегор до месноста Амамот во близина на граничниот премин кај Делчево.
    Коловозот на оваа делница од меѓународниот пат кон македонско-бугарската граница беше оштетен, со многу ударни дупки поради што сообраќајот отежнато се одвивше.
    Се поставува нов асфалт и по делот што минува низ село Звегор.
    - Асфалтот го носиме од нашата асфалтна база од Штип, а во санацијата се вклучени и работниците од секцијата на Македонија пат" од Делчево со потребната градежна механизација, изјави раководителот Стојан Ризински.
    По завршувањето на санацијата на меѓународниот пат кон Бугарија, работниците се селат на делницата кај месноста Умин Дол во близина на село Град, каде што треба да се санираа коловозот во должина од 250 метри на патниот правец М-543 од регионалниот пат Делчево - Берово.

    http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C341339D6CF39742BBC73ECBE72CC44A


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 14-Sep-2010 at 02:10
    Дали некогаш се размислувало за изградба на мост кај Македонска Каменица и да се премости влегувањето во градот? Сепак се работи за магистрален пат што проаѓа низ цел град. Би се скратило од гужва, од километража (иако не значајно) и највеќе од безбедност. Проаѓаат камиони, автобуси и слични потешки возила што меѓудругото оштетуваат и значаен број куќи од бучава и вибрации.

    Имало ли некогаш ваков предлог, информација колку би чинело и слично? Македониј ти си запознаен со источен регион, имаш ли некаква информација?

    На нешто вакво мислам, секако не на финална траса, не ги знам висините од двете страни за езерото.




    Posted By: Makedonij
    Date Posted: 14-Sep-2010 at 07:51
    Привиршува санирањето на патот Ресен Битола

    Градежните работи кои започнаа за санирање на магистралниот пат Битола - Ресен веќе се на половина. Фирмата „Бетон" која беше избрана за изведување на работите за санирање на свлечиштето...

    ...започна со градежните работи на почетокот на август, а рокот кој беше даден за санација беше два месеца.

    -Веќе се завршени подготвителните работи на терен и во моментов во тек се земјените работи, односно се изведува армирана земја. Во изминатиот период веќе е изведен дренажниот систем на свлечиштето. Она што треба да се заврши до крајот е да се изврши насипување, да се асфалтира и некои одредени бетоснки работи, како и да се постави заштитна ограда на овој дел, изјави Катерина Павлова-Илиевска, Агенција за државни патишта.

    Од Агенцијата велат дека се се одвива според планираното.

    -Согласно предвидената динамика како што е утврдено според договорот, градежните активности е планирано да се завршат до крајот на овој месец или почетокот на наредниот, во зависност од временските услови, вели Панова-Илиевска.

    Од министерството за транспорт и врски по спроведените испитувања било констатирано дека причина за појавата на свлечиштето на патот е прекумерното влажнење на подлогата и нејзиното презаситување. Свлечиштето се јави во февруари годинава, кога однесе две коловозни ленти.


    http://www.prespana.com.mk


    -------------
    ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


    Posted By: ko4ani
    Date Posted: 21-Oct-2010 at 20:55
    Сега нешто асфлаирале Макдеонија Пат кај Звегор тоа што беше лошото со крпениците  незнам колку е асфалтирано но е повеке не сум бил да видам како е 


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 25-Oct-2010 at 18:02
    Од пред два дена...
    Магистралниот пат Битола - Ресен пуштен за сообраќај

    Скопје, 21 октомври 2010 (МИА) - Магистралниот пат Битола - Ресен е пуштен за сообраќај. Агенцијата за државни патишта денеска соопшти дека градежните работи за санација на свлечиштето на овој патен правец се завршени. 

    За санација на свлечиштето беа потрошени 30.685.494 денари, а во изминатиот период се работеше на теренски истраги, изработка на целокупната проектна документација и изведување на градежните работи, се наведува во соопштението.

    Во февруари годинава поради обилните дождови дојде до појава на свлечиште на магистралниот пат Битола - Ресен, поради што сообраќајот на оваа делница беше забранет, а возилата беа пренасочувани по регионалниот пат P-106.

    http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=77930818&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%A1%D0%9E%D0%9E%D0%91%D0%A0%D0%90%D0%8C%D0%90%D0%88+%D0%98+%D0%92%D0%A0%D0%A1%D0%9A%D0%98


    Posted By: Makedonij
    Date Posted: 05-Apr-2011 at 20:58
    Originally posted by lslcrew

    Дали некогаш се размислувало за изградба на мост кај Македонска Каменица и да се премости влегувањето во градот? Сепак се работи за магистрален пат што проаѓа низ цел град. Би се скратило од гужва, од километража (иако не значајно) и највеќе од безбедност. Проаѓаат камиони, автобуси и слични потешки возила што меѓудругото оштетуваат и значаен број куќи од бучава и вибрации.

    Имало ли некогаш ваков предлог, информација колку би чинело и слично? Македониј ти си запознаен со источен регион, имаш ли некаква информација?

    На нешто вакво мислам, секако не на финална траса, не ги знам висините од двете страни за езерото.



    Ideata ti e super vo opšto ne sum ja primetil, ka se pozanimam...


    -------------
    ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


    Posted By: Grunf
    Date Posted: 05-Apr-2011 at 22:02
    Какво је сад стање пута М5 на деоници Битола-Ресен-Охрид, као и на Р 106 Градско-Прилеп, планирам за Ускрс и 1 мај спојено Охрид+Грчка... 


    Posted By: ovaj_stariov
    Date Posted: 05-Apr-2011 at 22:23
    @Grunf tuka imas sliki

    http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=598 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=598

    voglavno patot e dobar osven delnica gradsko-rosoman ima dosta dupki i okolu resen ne bese bas mnogu sjajno

    -------------
    build.mk, гради форумска историја


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 09-May-2011 at 17:59
    Свежи фотки  Ресен -> Охрид

    Често сме паѓале на муабет за оваа делница, а досега немавме фото материјали.

    1


    2


    3


    4


    5


    6


    7


    8


    9


    10




    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 09-May-2011 at 18:00
    11


    12


    13


    14


    15


    16


    17


    18


    19


    20




    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 09-May-2011 at 18:01
    21


    22


    23


    24


    25


    26


    27


    28


    29


    30


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 09-May-2011 at 18:03

    31


    32


    33


    34


    35


    36


    37


    38




    Posted By: Andrej_LJ
    Date Posted: 09-May-2011 at 18:03
    Да плачеш и чудиш е колку е слаб сообраќајот на сите патни правци низ Македонија (без околината на Скопје и Скопје-Гостивар). Иначе патов не изгледа лошо, особено не за нивото на сообраќај, но нема да е лошо да се заменат старите и подисправат новите знаци. Знае некој што се случи со најавената акција за менување на целата патна сигнализација во земјата?

    -------------
    "Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 09-May-2011 at 18:19
    Еве уште три од истата сесија  Ресен -> Охрид , прееска сум ги пропуштил...

    1


    2


    3



    Posted By: <Fresno>
    Date Posted: 09-May-2011 at 22:08
    Супер изгледа асфалтов, очекував катастрофална ситуација. А нова сигнализација и погусто поставени мачкини окца добро би дошле.


    Posted By: UrbanFreak
    Date Posted: 09-May-2011 at 22:13
    Originally posted by <Fresno>

    Супер изгледа асфалтов, очекував катастрофална ситуација. А нова сигнализација и погусто поставени мачкини окца добро би дошле.
    Асфалтот само на овие слики изгледа супер. Плаче за гребење на површинскиот слој и израмнување. Јас пред 10тина дена го возев и осовено на делот со 3 ленти (качувањето од Ресен према Охрид) беше многу оштетен. Незнам какво е искуството на Кловер, но ние солидно се истрескавме од дупикте и нерамнините на оваа делница.


    -------------
    אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 10-May-2011 at 10:16
    Да, асфалтот е далеку од супер, патот плаче за реконструкција. Веројатно доминираат фотки каде што ситуацијата е океј, бидејќи потсвесно на човек тогаш повеќе му доаѓа да чкрапне на апаратот. А и кога се слика додека се вози, сликањето е споредно а максимална концентрација сепак треба да остане на возењето, па на делови со полош асфалт наместо фотки, нормално е двете раце да бидат на волан и очите постојано на патот.


    Posted By: Тркало
    Date Posted: 10-May-2011 at 20:29
    Originally posted by <Fresno>

    Супер изгледа асфалтов, очекував катастрофална ситуација. А нова сигнализација и погусто поставени мачкини окца добро би дошле.


    Извози го некој пат и после не би му препорачал такво возење ни на најголем душман


    Posted By: jonny
    Date Posted: 11-May-2011 at 15:31
    Не е нешто најсјаен, ама па не е ни толку очаен.

    Бев за 1. мај во Охрид, најмногу ми сметаше качувањето на Буково према Охрид, од страната на Битола. Патот беше нерамен, и колата на секои 20 метра се нишаше напред-назад кога ќе влезев во некоја таква. Лошото е шо се по целата ширина на патот, не само на една лента.

    Како и да е, му треба реконструкција, особено на Буково. Сепак, фреквентен премин е.


    Posted By: Тркало
    Date Posted: 13-May-2011 at 17:15
    На делот од Прилеп до Тополчани се исцртани со креда или бела боја нерамнините по патот.Дали е само за предупредување на возачите или нешто планираат да средат ,не знам.Ама се плашам дека е само првото
    БТВ,една слика од надвозникот кај Тополчани

    Сум ја пропуштил другата страна ,во правец накај Битола


    Posted By: ko4ani
    Date Posted: 13-Aug-2011 at 18:58
    Еве некои слики од М-5 од Штип до Кочани сликано е со телефон и сликкте не се нај нај
    Влезот во Штип плаче за реконструкција


    Ова е веке накај Кочани и натаму асфалтот е многу подобар од оној пред Штип само сиглализацијата е слаба



    Поглед на пругата и на патот





    ..







    Од тука почнува Општина Кочани

    толку за сега следен пат се надевам повеке слики а и подобри



    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 16-Aug-2011 at 01:46


    Баш некни се возев по делницава и го делам твојот впечаток. Главна болка е сигнализацијата. Коловозот генерално е во океј состојба, а делот од клучката кај Штип према Кочани не го видов бидејќи и на одење и на враќање поминав низ Штип и по она директно патче од кружниот тек кај бензинската Лукоил па према Кочани ( 41°45'36.32"N  22°10'55.59"E ). Во секој случај, од твоиве слики се гледа дека обиколницата навистина е во многу лоша состојба.

    Ми упадна во очи и дека по оваа делница на М-5 се движи земјоделска механизација, а видов и запрежна кола. Јасно, земјоделски регион е, ама нели има доволно алтернативни патчиња, за да може да се забрани нивното движење по патов?

    Инаку, глетката на разеленетите оризови полиња е прекрасна   Cheers


    Posted By: ko4ani
    Date Posted: 16-Aug-2011 at 13:18
    Па има земјоделска механизација си видел бидејки има таму и една фарма па возат а има и алтернативни патчиња али кај селата се гледа се по патот
    Кај Штип тоа е околу 1 километар а и помалку е незнам зоште не го реконструираат така стои многу години


    Posted By: ko4ani
    Date Posted: 15-Sep-2011 at 16:42
    Бев на кај Делчево и на 3-4 моста ги мнат ивичнаците сигурно ке ги реконстрираат а има и на 3 места (на нај лошите места) е поставен нов асфалт (пред М.Каменица) од по околу 1 км сето тоа го работи македонија пат


    Posted By: Danielbtmk
    Date Posted: 16-Sep-2011 at 13:28
    сликано во близина на Битола т.е. од првиот надвозник кон Прилеп




    -------------


    Posted By: JOE
    Date Posted: 16-Sep-2011 at 21:03
    Плачи за трета лента Битола-Прилеп патот !


    Posted By: MileX
    Date Posted: 17-Sep-2011 at 10:24
    Jas mislam deka placi za dupliranje i da stane ''avtopat na evolucijata'' Yes

    -------------
    [url=http://www.userbars.be][img]http://img689.imageshack.us/img689/


    Posted By: JOE
    Date Posted: 17-Sep-2011 at 14:47
    Па кога можи Тетово- Гостивар да имаат автопат, сигурно и тука треба. Како и да е потребна е уште една лента минимум за товарните возила и автобусите.


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 17-Sep-2011 at 15:00
    Е што има врска Тетово Гостирвар, па таа делница е дел од коридорот 8 и тоа не е полн профил. Оваа со Битола Прилеп е дел од кракот D на коридорот 10 и патиштата се проектираат според параметри, а не според мерак. Интензитетот е параметар. Дури и да имавме пари пак има етапи како трета лента, па експресен пат со 4 ленти па после е автопат. А на крај памет да не е да даваш етнички предзнак на муабетот зашто како и секој друг таков муабет ќе заврши.


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 17-Sep-2011 at 23:49
    @ JOE

    Трета лента на отворен пат е практика за делници со голем нагиб и се поставува исклучиво во правец на искачувањето. Товарните возила кои се искачуваат на стрмни делници навистина претставуваат проблем кој изискува такво решение.

    Трета лента на рамен пат како Битола - Прилеп не прави смисла, инаку ќе беше прифатена практика. Следна фаза (кога и да е) за овој пат треба да е надградба во класичен автопат, мада ако се водиме чисто според обемот на сообраќај (ПГДС за 2011г е 4495 а проекција за 2021г е 6409) не е момент за таква работа. За споредба, патот Тетово - Гостивар во моментов има речиси 3 пати поинтензивен сообраќај, со слични проекции за пораст како патот Битола - Прилеп.


    Posted By: Danielbtmk
    Date Posted: 18-Sep-2011 at 01:37
    Нема потреба од трета лента ниту автопат бидејќи нема голем сообраќај.. а богами нема воопшто да е рентабилно


    -------------


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 05-Oct-2011 at 02:57
    Струга - Охрид

    [tube]BBPgXCiLpsM[/tube]



    Print Page | Close Window