Print Page | Close Window

Театар Центар

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Културни
Forum Discription: Музеи, театри, историски објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=603
Printed Date: 06-May-2025 at 20:26


Topic: Театар Центар
Posted By: anDarko
Subject: Театар Центар
Date Posted: 30-Mar-2009 at 11:17
по-маливе театри ќе испаднат најубави Smile

Култура
МНТ ќе се обнови во стилот на класичен европски театар



Автор:  Весна Дамчевска
Култура
Актерскиот ансамбл на МНТ, кој речиси половина век работи во неугледна монтажна барака, изградена во далечната 1965 година како привремен објект, ќе добие нови простории, изградени по европски стандарди. Првопласираниот проект на конкурсот за идејно решение на новата зграда на театарот го изработија групата архитекти Бетим Зекири, Саша Тасиќ, Никола Стрезовски и Бесијан Мехмеди, раководени од професорите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља.

Според нивната замисла, МНТ ќе биде сместен во комплексен мултифункционален објект со повеќе содржини, меѓу кои канцеларии за активности од областа на културата и образованието, студентско домување и деловен простор.

Театарот во рамките на новиот објект ќе има две сцени: главна, со капацитет од 500 гледачи, и мала сцена, која ќе може да прими 120 гледачи. Максималната дозволена висина на објектот е 35 метри.
- Проектот тргнува од наоѓањето внатрешен ред во бараниот мултипрограмски комплекс. Аудиториумот на театарот станува означител на телото во просторна и програмска смисла. Геометријата на аудиториумот е изведена од класичниот европски театар, кој вклучува партер и два прстена од балкони или ложи вградени во рабниот ѕид - вели проф. Минас Бакалчев.

Однадвор објектот ќе биде отворен кон булеварот Св. Климент Охридски, кон кој ќе водат јавни градски скали.

- Скалите ќе го врзуваат долниот театарски плоштад пред главниот влез на објектот со горниот театарски плоштад урамен од четири т.н. кули. Тоа е предвидено како место за дружење на посетителите, но исто така и како простор оспособен за изведби на отворено - вели Бакалчев.

Резултатот, објаснува архитектот, е нов внатрешен културен пејзаж, завиткан во една нова возвишена градска завеса, која станува динамичен и трепетлив знак на градот.

За време на изградбата, ансамблот на МНТ најверојатно ќе работи во Македонската опера и балет.

Монтажната зграда на театарот „Центар“, како и онаа на Драмскиот театар, чиј проект неодамна беше промовиран, се подарок на британската влада, а изградени се во 1965 година, две години по катастрофалниот земјотрес во Скопје. Иако се изградени како привремени објекти, ансамблите на двата најголеми театра работат во импровизирани згради повеќе од 40 години. Цврста градба има само Театарот на народностите, кој е изграден во 1974 година.

И идејното решение за новата зграда на Драмскиот театар, која ќе биде сместена на истата локација, обезбедува објект со модерен и софистициран изглед.


прочитано: 17 коментари: 0 http://www.novamakedonija.com.mk/desktopmodules/reviewadd.aspx?ItemID=21450&mid=663">

Коментари
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=354&ArticleID=21450



Replies:
Posted By: zabegan
Date Posted: 30-Mar-2009 at 11:19
а што се случи со висококатницата на МНТ?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Mar-2009 at 12:08


Ја „редуцирале“. Во ДУП-от, а ако добро памтам и првичните најави беа за 25-катница (треба да е регистрирано во нишката вести). Ако некого не го мрзи нека пролиста во вести и во голем ринг, па нека излинка.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Mar-2009 at 13:09
Па не е баш десеткатница. На сликата горе колку што можам да приметам има берем 11-12 ката.


Posted By: Cartman
Date Posted: 31-Mar-2009 at 00:14
Чекајте малку... па нели театарот што се возобновува на Вардар ке биде седиште на МНТ, т.е во него ке се всели театар центар??? Од кај сега 2 згради... ако овде се всели МНТ, кој театар ке биде "Старо" Новиот театар што се возобновува на Вардар? 


Posted By: Cartman
Date Posted: 31-Mar-2009 at 00:15
 А инаку проектот на прв поглед ми се допаѓа! Thumbs%20Up


Posted By: vardar
Date Posted: 31-Mar-2009 at 04:47
И на мене ми се допаѓа на прв поглед, ама ќе почекам да видам уште некој рендер.
 
 
Иначе еве ја најавата за новите театри од 26.08.2008
 
 
Originally posted by vardar

Скопје ќе добие три нови театри

Освен новиот МНТ, кој треба да никне на левата страна на Вардар, ќе бидат изградени уште два нови театри на просторот на Драмски и на театар Центар

Лилјана Митевска


Покрај градбата на новата зграда на Македонскиот народен театар која го носи ликот на стариот скопски театар, и треба да изникне спроти градскиот плоштад, на левата страна на Вардар, во Скопје ќе бидат изградени уште две нови театарски згради. Едната е зградата на Драмскиот театар, кој ќе биде срушен, а на негово место ќе биде изграден нов, современ театар за потребите на оваа театарска куќа, додека вториот театар ќе биде лоциран на местото на сегашниот театар Центар.

Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, вели дека ансамблот на МНТ, по изградбата на новиот објект на Вардар, ќе се пресели на оваа локација, а новиот театар кој ќе никне на просторот на театар Центар (објектот во кој сега работи МНТ) ќе биде сосем нова театарска институција која нема да биде користена како алтернативна, или втора сцена на МНТ.

Зградата на новиот МНТ, која се гради на левиот брег на Вардар е дел од проектот капитални објекти во културата кои се финансираат директно од буџетот на Владата, додека новите два театра лоцирани на местото на Драмски и на театар Центар ќе бидат изградени по принципот на јавно-приватно партнерство.

Овој принцип подразбира вклучување на приватна фирма која ќе биде носител на изградбата на објектот, во кој покрај театарот, ќе бидат вклучени и одреден број на деловни простории. Целта е, како што вели директорот на Драмски, Бранко Ѓорчев, за градбата на театарот да не се трошат пари од државниот буџет, туку градежната фирма за возврат да добие деловен простор на истата локација.



Поточно, како што стои во заклучокот на седница на Владата, на просторот на постоечкиот Драмски театар треба „да се изгради нов објект - деловен центар, со јавно-приватно партнерство, а дел во него, односно првите 2-3 ката да бидат наменети за Драмски театар“. Ист принцип се применува и за МНТ Центар.

„Министерството за култура ќе преземе обврска во текот на месец септември да објави конкурс за идејно решение за двата театри, а потоа постапката е во надлежност на Министерството за транспорт и врски“, вели Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска. Таа појаснува дека во моментов се одржуваат интензивни средби со Министерството за транспорт и врски во врска со реализацијата на ова јавно-приватно партнерство, а во најскоро време треба да се формира и работна група, во која ќе бидат вклучени и директорите на МНТ и на Драмски за да се изготви проектната програма за театрите. „Министерството за култура е обврзано да дојде до главниот проект, а потоа обврските преминуваат во рацете на Министерството за транспорт и врски“, вели Министерката Милевска.

Директорот на Драмски, Бранко Ѓорчев, вели дека оваа куќа веќе работи на проектната програма, односно на дефинирање на потребите на театарот и неговиот изглед. Кога станува збор за проблемот кој настанува со фактот дека постојната зграда на Драмски треба да биде срушена за да на истата локација се дигне новиот објект, па дејноста на театарот може да биде попречена, директорот Ѓорчев објаснува дека проблемот ќе се реши на тој начин што за време на градбата на театарот ќе биде изнајден друг сценски простор. „Дејноста на Драмски би се префрлила во новиот простор со цел продукцијата на театарот во ниеден момент да не застане“, вели Ѓорчев.



Сепак, тој не беше во можност да прецизира која би можела да биде алтернативната локација, велејќи дека во соработка со Владата ќе се одбере најдобрата. Но, еден од проблемите на Скопје, врзан дури и со развојот на алтернативната сцена, е токму непостоењето на додатни сценски простори, покрај веќе дотраените сцени во професионалните театри, во кој би можела да се реализира драмска програма, особено не со висок професионален стандард.



Инаку, кога станува збор за принципот на јавно-приватно партнерство, овој модел на финансирање кога објекти во културата би можеле да се градат со посредство на приватен капитал, во минатото го заговараше и поранешниот министер за култура, Благоја Стефановски, во случајот со градбата на Велешкиот театар. Сепак, по смената на политичката гарнитура, овој модел беше напуштен, а се протежираше моделот за градба на културни зданија со директно финансирање од државниот буџет. Еден од аргументите беше и реалното стравување дека бизнис интересите никогаш не одат во прилог на културата. Со повторно оживување на идејата за овој принцип на финансирање, останува да се види дали културата сепак нема да биде проголтана од апетитите на бизнис-заедницата чие основно мото е профит по секоја цена. Можби и по цена на стандардите за еден театарски објект?

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2FD0DD5849151E4EB5061A450EDE95B9 - Утрински


Posted By: vardar
Date Posted: 31-Mar-2009 at 05:07
Барав за 25 катницата еве нешто од http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=89&PID=20341#20341 - облакодери
 

Новиот нацрт-план за Големиот ринг јужен дел - запад предвидува зграда од 25 ката висока 90 метри на местото на театарот „Центар“. Планот е се уште во фаза на усвојување, а од Министерството за култура стасаа најави дека објектот ќе се градел со приватен партнер и во него треба да се сместат научни и културни институции.



Posted By: Cartman
Date Posted: 31-Mar-2009 at 10:59
Благодарам Вардар Thumbs%20Up... само малку сум скептичен кон ваков вид на финансирање... тие проекти кој што директно ке бидат финансирани од буџетот на владата најверојатно ке се изградат (а тие се најлошите)... додека проекти како овој и Драмски (кои што се мнооогу подобри) мислам дека ке заглават...Dunno


Posted By: алек
Date Posted: 31-Mar-2009 at 14:45
браво

и да не го изградат ме радува идејата да прават барем посовремени ојекти зошто се преморив од гледање рендери со неокласични предлози за објекти низ Скопје

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2009 at 11:32

Тимот на Бакалчев и на Хаџи-Пуља победи за МНТ

Министерството за култура во КИЦ в петок ќе ги изложи наградените трудови од конкурсот за градба на нови згради на Драмски театар и на МНТ

Задутре во 12 часот, во Културно-информативниот центар Министерството за култура ќе организира изложба на трудовите кои конкурираа за најдобро идејно и архитектонско решение за објектите Драмски театар и МНТ.
Архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља, со соработниците Саша Тасиќ, Бетим Зекири, Бесијан Мехмети и Никола Стрезовски ја добија првата награда за идејното и архитектонско решение за МНТ - Центар и паричен износ од 400.000 денари. Комисијата го одбрала овој проект поради тоа што тој се одвојува по неговото инвентивно решение, по транспарентноста на обликување на просторот, како и пристапноста на објектот со атриумско решавање на влезната партија, умешно вклопена во целокупниот архитектонски израз. Посебен белег на трудот му дава и начинот на решавање на надворешното фасадно обликување.
Комисијата одлучила сумата од 200.000 денари за откуп да ја распредели по 100.000 на два проекта кои биле близу до барањата.
Едниот откуп е решението на Виктор Михајлов, а вториот на петте автори: Маја Лукаревска, Митко Доновски, Гоце Глигоров, Дарко Запатовски и Ѓорѓи Лазовски.
Како што е веќе објавено, првата награда за Драмски театар ја добија архитектите Емил Јегени, Елена Икномов, Јасна Милојковиќ, Билјана Стојменовска и соработниците Веле Богоевски и Никола Томевски. Наградата изнесува 400.000 денари.
Трудот, според комисијата, е одбран зашто театарските содржини се функционално распоредени со јасна комуникација со деловите за публика и оти во густо изградениот простор, главно со објекти за колективно домување, објектот со неговата скуптуралност и современ израз ќе го задржи карактерот на маркирна точка која во моментов ја има.
Според решението на јавната набавка за доделување 5 откупи од по
40.000 денари, комисијата решила од вкупниот фонд од 200.000 денари за откупи, да се доделат 2 откупа со еднаков износ од по 100.000 денари. Автори на едниот од проекти се Јован Ивановски, Владимир Десков, Горан Мицковски, Елена Пазарџиевска, Ивана Топаловска и консултант Рубенс Муратовски. Забелешката за овој проект е дека е дискутабилна поставеноста на театарската кафеана на бочната страна на објектот, со што постојното плато пред театарот ја губи моменталната функција на собиралиште на актерите
Вториот проект е на Лилјана Кик со проектните соработници Бојан Тасев, Иво Кик, Лазар Сојаноски и Наташа Петреска. Главна забелешка на проектот е што не одговарал на програмските барања, но и тоа дека гардеробите за актери се на првиот кат, со што нивната комуникацијата до сцената е отежната.
Како што велат од Министерството за култура, кое преку јавно-приватно партнерство ќе ги финансира овие нови објекти, тоа ќе бидат репрезентативни места за подигање на нивото на културата. Тоа ќе бидат објекти со подобри услови за работа на уметниците, што би требало, како што сметаат од Министерството, да доведат и до поголема театарска продукција.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=495653ADF1CCD2418E674902E7F22EF6


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Apr-2009 at 12:56

Би било добро да отиде некој ако може


Posted By: rayarchi
Date Posted: 01-Apr-2009 at 17:18
Zdravo na site.....
Najnapred neznam sto da kazam.....

Samo sto sakav da go pofalam objektov, i da kaza, konecno vo Makedonija, ke imame nekoja sovremena gradba, na net sretnav objekt, postoecki reazliziran, koj mnogu malku se razlikuva od ovaa idejno reshenie...Gi procitav site kritike i pofalbi za novoto idejno reshenie, po vesnicite i zabelezav deka glavno komisijata akcent mu dava na "originalnoto i inovativno arhitektonsko oblikuvanje na objektot"
sepak podobro da kopirame nesto dobro , odkolku da gradime objekti kako MAJKA TEREZA , I SL.....
P.S
SAMI ODLUCETE

Vo prilog e postoeckiot objekt

http://www.designboom.com/weblog/cat/9/view/5657/rex-architects-dallas-center-for-the-performing-arts-dee-and-charles-wyly-theater.html


BAS BI SAKAL DA GO VIDAM DETALNO PROEKTOV..VO VESNIK PISUVA DEKA KE IMA IZLOZBA,..

POZDRAV DO SITE


Posted By: lslcrew
Date Posted: 01-Apr-2009 at 17:40
Подрав и добредедојде и до тебе рајачи! Тачно дека не треба да се гради сваштарија, но од секогаш ме нервирала неинвентивност и корирање туѓи дела. Колку и да ми се свиѓаше проектов, вака кога ќе видам копирање се разочарувам. Сепак мислам дека треба да имаме некое наше домашно дело.



Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 01-Apr-2009 at 18:30

Не сум доволно компетентен но навистина проектов личи како да е изваден од clipboard-от на проектантот на театарот во Далас. Навистина нервира неинвентивноста, но од друга страна дај боже да изгледа исто како тој во Далас, навистина ќе биде вистинско освежување во ова архитектонско сивило и кичерај.



Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 01-Apr-2009 at 18:38
Не е тајна дека Авторите се силно нафурани на ОМА , но не верувам дека земале да го копираат објектот. Концептот за овој театар, може да го погледнете во http://www.ted.com/index.php/talks/joshua_prince_ramus_on_seattle_s_library.html - ова видео , проектот за конкретниот театар е некаде на средина, но ако имате време изгледајте го целото видео, чисто информативно да видите до каде е стигнат светот на градежништвото и архитектурата. КОга ќе ми текне на Мајка тереза, ми се плаче


Posted By: rayarchi
Date Posted: 01-Apr-2009 at 19:33
ZDRAVO NA SITE DunnoDunnoDunnoDunno

mislam deka ne e sporno deka stanuva zbor za plagijat, ednostavno uspeale da pozajmat se sto se mozelo za da go dobijat nadvoresniot izgled,
i so svojot ORIGINALEN NACIN NA SREDUVANJE FASADATA da ni go serviraat nas, i mislele deka ovaa ke projde nezabelezano....
edvaj cekam da go vidam konceptot i konstrukcijata kako i obrabotkata na fasada,
za konceptot nemozam da sudam, no sepak fasadaava i obrabotkava mi se somnitelni mnogu, a voedno toa e glavniot beleg za koj ovoj ideen proekt e nagraden , ORIGINALNO I INVENTIVNO NADVORESNO RESAVANJE...hm......
da ne si gresam dusa, ke se strpime do izlozbata

POZDRAV USTE EDNAS DO SITE


Posted By: rainman
Date Posted: 01-Apr-2009 at 19:51
Само да знаете, да не се фалам... ама ми се јавија (земавме со колегите откуп на театар центар) изложбата е преместена за понеделник во 12
Само да Ве информиран за да не идете за џабе во петок A за тоа од каде е копиран, мене не ми смета толку многу, не за друго... се што сега е како проект, се што гледам е полошо него најлошиот објект во светов... така да Ако најдам и еден линк ке ви постирам од Германски весник, каде што Мајка Тереза е претставен со зборовите "копиле од метал и камен"... жалосно

Поздрав!


-------------
Stupidity should hurt.


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Apr-2009 at 19:57


rainman би било супер доколку си расположен да го споделиш и твојот (вашиот*) проект да погледнеме што пропуштаме

фала на информацијата за КИЦ Thumbs%20Up

* Едниот откуп е решението на Виктор Михајлов, а вториот на петте автори: Маја Лукаревска, Митко Доновски, Гоце Глигоров, Дарко Запатовски и Ѓорѓи Лазовски.



Posted By: rainman
Date Posted: 03-Apr-2009 at 07:59
Ќе го ставам, само прво нека помине изложбата во понеделник Да не се лути тимот

Grouphug
Grouphug

-------------
Stupidity should hurt.


Posted By: maja79
Date Posted: 03-Apr-2009 at 08:26
Честитки за откупот, Raiman, убаво е кога некој од оваа форумска дружина ке оствари таков успех. Многу срека и успеси и понатака!

Поздрав!


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 03-Apr-2009 at 08:57
А кој рече дека Митко и Минас се иновативни....а дали и треба да бидат воопшто!?
Во споредба со се до сега што помина на конкурсите во последниов (политички) период , овој и избраниот проект за Драмски театар, даваат надеж дека може да се изгради нешто нормално во државава, т.е да не е нешто квази нео-романтично, еклектично....како фасада, 3D изгледа коректно, баш ќе поминам да ја видам изложбата.


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 03-Apr-2009 at 10:43
Rainman ApplauseCheersи од мене!
Се надевам дека твојот проект ќе ни се допадне и повеќе од првонаградениот, но и дека нема да остане само на хартија.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 03-Apr-2009 at 10:58

@ rainmain

sakav da te prasam kolku kati ima , neli 11 kati ili poveke?


Posted By: rainman
Date Posted: 03-Apr-2009 at 11:03
Нашиот проект има 10 ката. За првонаградениот незнам...
Инаку фала на сите за честитките Ви посакувам поголеми успеси да дочекувате! Cheers


-------------
Stupidity should hurt.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Apr-2009 at 17:10
Беше некој?!











Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 06-Apr-2009 at 18:05
Бев на изложбата, и не бев воодушевен од пристигнатите трудови, ни за едниот ни за другиот конкурс. За Театар Центар, мислам дека го одбрале најдоброто решение, и покрај тоа што не сум баш приврзаник на гледалишта со балкони во вид на потковица. Ми се допаѓа тоа што габаритот е разбиен па прави објектот да делува колку-толку подносливо во опкружувањето. Мислам дека главниот проблем е во урбанистичкиот план кој предвидува несоодветно голем објект на таа локација, па што и да се стави таму, ќе остане впечатокот дека објектот сака да ги избутка сите околу него (истиот впечаток го имам и за Драмски). Во последно време урбанистичките планови како да се прават само за да се задоволат инвеститорите, без да се води сметка за функционалноста и естетиката на просторот.


-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Apr-2009 at 18:30
Originally posted by Mr.Edmund

Мислам дека главниот проблем е во урбанистичкиот план кој предвидува несоодветно голем објект на таа локација, па што и да се стави таму, ќе остане впечатокот дека објектот сака да ги избутка сите околу него

Го делам впечатокот. Не знам колкави се шансите дотраените и лошо вклопените (со она што во последно време никнува и се предвидува да никне во близина) станбени објекти во догледна иднина да бидат заменети со нешто поадекватно и вклопливо во новиот концепт. Без таков развој на настаните, впечатокот за таа околина ќе остане прилично лош.


Posted By: Mr.Edmund
Date Posted: 06-Apr-2009 at 19:05
Мене лично не ми пречат станбениве згради, дури мислам дека композициски се баш фино решени, единствено што се доста запуштени, па им треба едно добро реновирање. На крајот на краиштата најлесно е да ги игнорираш објектите околу, ама правата вештина е во тоа да направиш објект (или урбанистички план) кој ќе изгради однос со постоечките објекти. Затоа и мислам дека победничкото решение е најдобро, затоа што гломазниот волумен го дели на неколку кули, па некако се надоврзува на онаа кула што веќе постои на аголот (иако по мене тука подобро би стоел хоризонтално поставен волумен со висина колку ЈБТ отприлика)

-------------
СМРТ ЗА ФАШИЗМОТ-СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 06-Apr-2009 at 19:13
mi se dopaga, super ce idese ako bese 25 katnica (kako porano sto prijavia no za zal katovite gi reduciraa)sepak ubo  vakvi proekti se za skopje!!!


Posted By: zabegan
Date Posted: 07-Apr-2009 at 07:21
Originally posted by Mr.Edmund

Мене лично не ми пречат станбениве згради, дури мислам дека композициски се баш фино решени, единствено што се доста запуштени, па им треба едно добро реновирање. На крајот на краиштата најлесно е да ги игнорираш објектите околу, ама правата вештина е во тоа да направиш објект (или урбанистички план) кој ќе изгради однос со постоечките објекти. Затоа и мислам дека победничкото решение е најдобро, затоа што гломазниот волумен го дели на неколку кули, па некако се надоврзува на онаа кула што веќе постои на аголот (иако по мене тука подобро би стоел хоризонтално поставен волумен со висина колку ЈБТ отприлика)
и јас мислам дека ова е поголем проблем од самата вклопеност на театарот
чисто лаички од око можам да кажам дека објектот е фино вклопен во просторот, иако е голем


Posted By: rainman
Date Posted: 09-Apr-2009 at 07:58
Еве јас како што ветив, нашиот проект.











Чекам коментари


-------------
Stupidity should hurt.


Posted By: zabegan
Date Posted: 09-Apr-2009 at 09:12
навистина интересен и модерен објект сте проектирале, единствено што одвнатре се ми е некако стрмо и високо, ама така само ми изгледа најверојатно Smile


Posted By: rainman
Date Posted: 09-Apr-2009 at 09:17
Не е толку стрмен како што изгледа Бидејки испроектиравме доста пратечки содржини на театарот што ги немаше во проектната програма, се намали фоајето + скалите имаат малку чудна форма низ просторот + камерата е со поголем агол, најверојатно затоа така ти  изгледа

-------------
Stupidity should hurt.


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Apr-2009 at 10:21
Прво среќен роденден rainman Cheers Grouphug

Второ фала на рендерите Thumbs%20Up

Трето... Проектот е супер. Претпоставувам дека прекшувањето по хоризонтала го дели објектот на две целини (театар и останато). Мене фоајето ми се допаѓа а особено ми се допаѓа атриумот. Со какви содржини е предвидено да се пополни тој дел?

Неможам убаво да проценам каде се влезовите за двете целини, претпоставувам дека се посебно. Дали на вториот рендер најлево е влезот за горната целина ми изгледа премало тоа?


Posted By: rainman
Date Posted: 09-Apr-2009 at 10:32
Благодарам за честитките Cheers
Како и што си претпоставил, да прекршувањето го дели објектот на театар и "останати" содржини. Влез има еден за во театарот (+ 1 помошен + влез за администрација и глумци). Има уште 2 влеза за горните катови. Можно да излгледаат малку, но планиравме секој инвеститор (ако се повеќе) да има по еден кат. Така да може да се закупат или пак на еден инвеститор да биде целиот објект (освен театарот). Во врска со атриумот, предвидено е по обиколката на објектот да се комуникациите, а сите работни простории да се ориентирани према атриумот кој што можете да видите е со мостови и зеленило



-------------
Stupidity should hurt.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Apr-2009 at 13:06
rainman среќен роденден и од мене

Проектов е доста интересен, особено ми се допаѓа атриумот, иако можел да биде малку помал (во интерес на квадратура) но со оглед на катовите кои ги опфаќа вака е може би и да е идеален. За фоајето ќе ти замерам, повеќе ме потсеќа на трговски центар одколку на театар. Може сум малку поконвенционален во мислењето, ама од ентериер на театар очекувам малку по прави црти, по прави агли. Исто така ми се допаѓа паттерн-от на ексериерот, ама бојата у никој случај црна. И малку влезот не ми е јасен?!


Posted By: beTon
Date Posted: 09-Apr-2009 at 13:32

интересен проект, кубизам до  јаја што би рекле србите! што велиш лсл поправи, за театар како центар спротивно на она ново  страта барокна зграда на мнт, мислам дека проектов си е на место. не дека не му требаат вакви проекти на ск, но сепак мене ми делуваат ладно, самото прекршување на секој можен агол лично за мене претставува недореченост. сепак во целина за некоја современа галерија ептен би држел вода...

секој проект сам по себе од рендер не би можел да се доживее потполно, за ова мислам главен момент би била атмосферата, што намената на просторов би му ја дала, земете го мкц, колку излитен пристап но сепак самото ангажирање на културни случувања во просторот му даваат сосем поинаков лик на цел простор! во секој случај поместување на конвенционалните концепти и пристап за нашето поднебје, единствено што нема премногу загреани инвеститори за ваква работа.   

имам една поголема забелешка, а тоа е затворената фасада,  мислам дека за ваков објект како театар центар би требало да има поголема прозрачност, но можеби рендерите ми оставаат само такво чувство! како и да е и второ место не е за фрлање, во секој случај ќе си легне како референца во портфолио.          



Posted By: Lazovski
Date Posted: 09-Apr-2009 at 13:37
Zdravo na site od mene, za prvpat....

Jas bi sakal da se nadovrzam( kako eden od pette u4esnici vo ovoj tim) vo razgovorot za fasadata na objektot zosto e crno bela i zo6to e vertikalno perforirana...

Idejata beshe da se pretstavi tetatarot vo prava smisla na fasadata , so za nego najkarakteristicni elementi : TRAGEDIJA I KOMEDIJA , onie crno bela maska, ednata se smee drugata e tazna....
za toa i samiot proekt e iskrsen, za da istiot efekt se dozivee i preku den, na sonceva svetlina, odnosno osoncuvanje, senki i osvetlen del, izlozen na sonce
dodeka perforiraniot moment e semanticki povrzan so odrzaniot broj na premieri odrzani vo MNT, a voedno i eden misticen moment, za da i onie luge koi ne se mnogu  po kulturata i tetatarot bidat zaintrigirani, i dobijat zelba da go posetat, i konsumiraat prostorot vnatre...

pozdrav do site


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Apr-2009 at 13:46
Лазовски најнапред добредошол! Cheers

Идејата си е сосема прикладна и добра инспирација сте имале со ова трегедија/комедија, само незнам дали сте изборале некој статистички податок колку трагедии колку комедии имало у театаров. Изгледа повеќе накај трагедии се идело Шала на страна, интересна идеја, но ипак мислам дека срната боја можела итро да се одбегне и доколку се сака да се претстави контрастот траги/коми тогаж можело со некои изразити надворешни форми одколку боја.


Posted By: rainman
Date Posted: 09-Apr-2009 at 14:04
@lslcrew
Во врска со фасадата, идеата беше како што кажа мојот колега Лазовски, да се претстават претставите што се одиграле тамо. Дојдовме до податок дека имало 300 ПРЕМИЕРИ на претстави во МНТ и затоа ние имаме и 300 отвори на фасада (најверојатно не се толку многу на фасада) но тоа беше идеата. А дека бојата е црна на поголемиот дел од фасадата тоа е во контраст со осветлениот дел од атриумот каде што преовладува дневната светлина Инаку и преку надворешната форма се познава до каде е театарот а каде почнуваат останатите содржини

@beTon
Идеата за фасадата беше да се затвори заради тоа што на театар како таков, реално многу малку прозори му требаат (освен во административниот дел и не му требаат)

+ тоа што го кажа Лазовски


-------------
Stupidity should hurt.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Apr-2009 at 14:55
@ rainman & Lazovski

Дечки може ли постирате уште по некоја перспектива од атриумот и објаснување како би бил изведен?

Изгледа интересно, но морам да признаам дека не го разбирам баш  Confused


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Apr-2009 at 18:54


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jun-2009 at 11:46
Театар "Центар" од 25 ката, симнат на 9 ката

Но­ва­та зграда за Македонскиот народен театар, кај скопјани познат како те­а­тар "Центар", која ќе ја гради Министерството за култура на местото на се­гаш­ни­те бараки, место 90 метри, ќе биде висока само 35 метри, односно мес­то 25 ката, како што беше предвидено со деталниот урбанистички план "Го­лем ринг - јужен дел - запад". Сега, со измени на планот, катноста е на­ма­ле­на на приземје и девет ката. Благоја Тагасовски, планер од про­ек­тант­ска­та куќа ИНПУМА, која го подготви планот, вели дека новиот ДУП се пра­ви по програма на Владата за да се приспособи маркичката за театарот со идеј­но­то решение за објектот. Министерството за култура театар "Центар" ќе го гради по идејното решение на архитектите Минас Бакалчев и Митко Ха­џи Пуља.
"Га­ба­ри­тот на театарот не е зголемен, но во основата е сменета само фор­ма­та, за да се усогласи со идејното решение.
Други измени нема, останува сe како и во неодамна донесениот план: фискултурна сала за ОУ 'Гоце Делчев', маркичка за Архиепископијата за изградба на крс­тил­ни­ца, гимназијата 'Јосип Броз Тито' има уште еден кат и се отвора ули­ца пред театарот која ќе излегува на булевар Климент Охридски. Значи, пла­нот е во целост ист со претходниот, освен ситните измени на мар­кич­ка­та за театарот", вели Тагасовски.
Во месната заедница Мирче Ацев Општина Центар вчера изврши јавна пре­зен­та­ци­ја на планот, а во следните десет дена тече и јавна анкета на ко­ја скопјани ќе можат да дадат мислења и забелешки за планот, кој по­тоа Советот на Општина Центар треба да го усвои.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=A07A72824B4BBA44BDE161E3ED3D237E


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-Jun-2009 at 16:06
па зарем на последниве рендери не е висинава од прилика 9-10 спрата?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jun-2009 at 16:15
Па да де, така си пишува и во текстот.

Мада ние приметивме уште одамна Big%20smile
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=603&PID=35233#35233 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=603&PID=35233#35233


Posted By: lupo
Date Posted: 13-Nov-2009 at 18:02

objektov ke bide super samo da bese uste povisok



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 13-Nov-2009 at 18:27

toa super ke bese, istotaka nadgradba na zgradite sto se naokulu, ostaj subo ke bese ama ete .



Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 30-Jan-2010 at 21:53
каде се наоѓа објектов?
не сум од Скопје и не знам баш


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jan-2010 at 22:25


41°59'40.32"N  21°25'30.65"E


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 02-Feb-2010 at 00:01
фала @Cloverstack Applause Thumbs%20Up
Thumbs%20Up


Posted By: S.P.Q.R.
Date Posted: 30-May-2010 at 10:43
До каде е стасана работата со објектов? Нема кажано кога ќе почне да се гради?

-------------
Македонија е во дилема дали да одбере ужас без крај или ужасен крај


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Aug-2010 at 00:56
Еве уште еден од конкурсните трудови:




Posted By: Vladimir P
Date Posted: 23-Aug-2010 at 01:11
Овие четири страничи дупки треба да изиграваат ложи ???
Човек да се запраша дали некогаш овие проектанти биле во театар ???

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 28-Sep-2010 at 09:41
Само BUMP да напраам на темава.
Филхармонијата деновиве застана, драмски театар и театаров нема ни бел ден да видат, очигледно. Се што не е „барок“ е очигледно осудено на пропаст однапред.
Има ли нешто ново околу проектов!?

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Nov-2010 at 04:43
Конкурсниот труд на Architectonica www.arh.com.mk - www.arh.com.mk





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Dec-2012 at 07:47
Планот за нова зграда на Театар Центар мрдна од мртва точка?

После неколкугодишен застој на плановите за изградба на нов објект на МНТ – Театар Центар [ http://www.build.mk/?page_id=7058&m=%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%82%D0%B5%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80 - »мапа ], Министерството за култура сега бара проектанти за изработка на Основен проект за сите фази, согласно Проектната програма која ја има подготвено оваа институција. Понудите можат да се достават најдоцна до 28.01.2013, кога ќе биде и нивното јавно отворање, а после изборот на најповолниот понудувач ќе следи рок од шест месеци за изработка на потребната проектна документација.

Иницијативата за рушење на стариот монтажен објект изграден во далечната 1965 година и негова замена со современо повеќенаменско здание на истата локација, на јавноста и беше претставена во 2008 година, заедно со http://www.build.mk/?p=13907 - иста таква иницијатива за Драмскиот театар во Карпош . Според тогашните најави, обата објекти воедно требаше да обезбедат и големи површини наменети за комерцијални и деловни содржини.

На конкурсот за идејно решение во 2009 година, првата награда ја добија архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи – Пуља, со соработниците Никола Стрезовски, Саша Тасиќ, Бетим Зекири и Бесијан Мехмети. Според Комисијата која го спроведе изборот, победничкиот труд се издвојува со инвентивното решение, транспарентноста на обликување на просторот и пристапноста на објектот со атриумско решавање на влезната партија, умешно вклопена во целокупниот архитектонски израз, а посебен белег на трудот му дал и начинот на решавање на надворешното фасадно обликување. Предвидено е новото здание да има приземје и девет ката, односно вкупна висина од 35 метри.



http://www.build.mk/?p=21086 - #
Објавено на 13.12.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81%d0%b8 - Конкурси , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d1%83%d0%bb%d1%82%d1%83%d1%80%d0%bd%d0%b8 - Културни , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5 - Скопје , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d0%b5%d0%b0%d1%82%d0%b0%d1%80-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80 - Театар Центар , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d0%b5%d0%b0%d1%82%d1%80%d0%b8 - Театри , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8 - Тендери и лицитации

http://www.build.mk/?p=21086



Print Page | Close Window