Print Page | Close Window

Парк „Александар Пушкин"

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Пешачки зони и паркови
Forum Discription: Плоштади, пешачки улици, паркови, зеленило...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=612
Printed Date: 27-Apr-2024 at 09:06


Topic: Парк „Александар Пушкин"
Posted By: lslcrew
Subject: Парк „Александар Пушкин"
Date Posted: 07-Apr-2009 at 15:44
Парков треба да не наоѓа во населбата Кисела Вода на улицата Пушкинова. Проектот е на иницијатива на општина Кисела Вода, а се реализира во соработка со Руската амбасада која треба да донира споменикот на Пушкин, и ваљда нешто средства. Ме загрижува да не стане и ова ено купче бекатон. Еве ви ја точната локација 41°58'43.00"N 21°26'36.82"E.







п.с. Имам одлична локација за сликање.



Replies:
Posted By: my Macedonia
Date Posted: 07-Apr-2009 at 15:58
PukeWallbashWallbashvidite kakvi gluposti
 
 


Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Apr-2009 at 16:03
Originally posted by my Macedonia

PukeWallbashWallbashvidite kakvi gluposti
 
 


Question

Прилично понормална иницијатива во споредба со многу други.

Но како што рече лсл не верувам дека ќе биде повеќе од едно купче павет и бехатон.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Apr-2009 at 16:06
Originally posted by my Macedonia

PukeWallbashWallbashvidite kakvi gluposti
 
 


Еееее чекај малку. Допрва е најава, која здравје боже ќе доживее и релаизација пошто има умешано прсти и една странска амбасада. Инаку мене проектов ми е доста симпатичен, а башка е сместен во резиденцијален кварт така да не гледам дека нешто посебно може да нештети и во случај да излезе грдо. Ако ништо друго барем тука по план ќе се реди бекатонот за разлика од друи ѓутуре паркови и ќе има некоја логика и прича парков.

Јас живеам во непосредна близина на локацијава и можам да ви кажам дека овдека моментално е една од мини-депониите во маалото, а има и неколку шахти одворени кои се потенцијална опасност. Ако ништо друга барем ќе се разчисти таа зараза у сред населба. Инаку единствено што би штрчело у парков ќе биде еден трансформатор кој е уствари коцката западна од крстот (ќе ја видите, се познава на сликата).

Оваа е на некој начин санација локално зеленило, ама санација со некоја приказна позади она што се прави со цел паметно влечење средства, барем мислам дека ако на сите улици у скопјево кои нопсат имиња на странци, мислам дека можеме доста средства да извлечеме како што тоа го направила сега кисела вода. Имаше скоро некоја прича со улицата Хо Ши Мин и некој гостин што беше тука Виетнам. У секој случај добар гест.


Posted By: anDarko
Date Posted: 07-Apr-2009 at 16:21
Убава идеја! За секоја поддршка! Просторот околу школото Кирил Пејчиновиќ конечно ќе се среди! Иако, на некој начин малце штета е парк со споменик посветен на Пушкин да биде сместен во забутано место како оваа локација, али ок сакаат да ја поврзат симболиката на улицата Пушкинова...

Него, што стана со поставувањето на споменикот на украинскиот поет Тарас Шевченко чија биста беше најавено дека веќе е изработена и дека треба да се постави во Жена парк?  Бистата била подарок од Украина, а  Македонија ќе подарела скулптура на некој македонски поет која ќе биде поставена во Киев.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 07-Apr-2009 at 17:14
Аман со тие трансформаторите веќе, толку се неспособни да направат асолна инсталација некако да ја скријат? Ај што плоштадот Филип II имаше собичка за алати во постаментот (уште не откривме зошто беше вратата), плоштадот во Битола има огромна кутија за струјата, овие сега трансформатор ќе стават (или веќе постои, ама нема да го дислоцираат). Инаку супер идеја во секој случај, тоа со крстот е малку нападно можеби, но поруско од тоа не можело да биде. А и не верувам дека на локалните граѓани им смета.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Apr-2009 at 22:42
Брезова градина и биста во чест на Пушкин


Паркот во урбаниот дел на Кисела Вода ќе послужи не само за одмор и рекреација на жителите од најразлична возраст туку ќе биде центар каде ќе се одржуваат културни и музички манифестациии


На улицата Пушкинова во Општина Кисела Вода, до почетокот на јуни ќе биде изграден Парк на поезијата што ќе го носи името на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин. Проектот што го промовираше досегашниот градоначалник Џорџе Арсов заедно со претставничката на Меѓународната Федерација на руско-јазичните писатели Елена Силјановска и Сурен Ерицјан од Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, ќе го реализира новоизбраниот градоначалник Марјан Ѓорчев.
- Ова е навистина голем проект кој треба да биде завршен пред одбележувањето на 210-годишнината од раѓањето на рускиот поет Пушкин. Паркот во урбаниот дел на Кисела Вода ќе послужи не само за одмор и рекреација на жителите од најразлична возраст туку ќе биде центар каде ќе се одржуваат културни и музички манифестациии. Верувам дека првата манифестација што ќе се одржи ќе биде "Пушкинови денови", - рече Арсов.

Според идејното решение што го изработи инженерот Љубомир Гиговски паркот е интересен спој на традиционално-религиозни форми кои ќе бидат дополнети со елементи типични за времето и местото во кое живеел поетот.
- Главната форма на паркот е крст кој го симболизира чинот на смртта на Пушкин кој умрел со раширени раце. На централно место, на постамент од два метра ќе биде поставена бистата на поетот која што ја изработи познатиот руски скулптор Леонид Ватњик и која треба кон средината на април да пристигне во државава. На 56 квадрати ќе се гради мал амфитеатар, ќе се постават околу 50 клупи, исто толку канделабри а ќе има и детско катче. Заштитен знак на паркот ќе бидат брезите, - најави Гиговски.

Елена Силјановска посочи дека во рамките на програмата "Светско културно наследство, фундаментални вредности, рускиот јазик и свет без војна" која започна пред шест месеци, веќе има многу договори кои се однесуваат на поставување споменици на Пушкин во уште неколку држави, но дека најмаркантен ќе биде македонскиот во Кисела Вода.

http://vecer.com.mk/?ItemID=53A40BCE48B41E4392F6C1D8BE324161


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Apr-2009 at 22:45
Ова 50 клупи ми делува како грешка. Логично ми е да биде 5 или 15, ама 50 нема шанси во тој простор. Башка сега има неколку дрва високи колку оконите згради и штета би било ако ги упропастат и ги исечат. У никој случај не смее да се дирнат и така не пречат на деловите кои ќе се поплочуваат. Ај ваљда брезиве ќе ги садат од околу.

А погоре прочитав некој спомнал дислокација на транформаторот. Ова не дека не е изводливо, ама у случајов многу кошта за безвезе. Сигурно никој нема да се нафати на дислокација на трансформатор за кој патем треба и една улица делумно да се прекопа, само поради едно паркче. Тоа во никој случај, а башка гледам во проектов е зацртан трансформаторот така да не идеме офтопик кога ионака си останува на исто место.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Apr-2009 at 21:32
Еве ја моменталната сосотојба на локацијата кај што треба да биде парков.

Еве ја трафостаницата и мини депонијата околу нејзе...


Зеленилото и моменталната делумно функционална урбана опрема...




Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-May-2009 at 00:17
Еве и нешто постаро и од веб страната на општината...
Парк на Пушкин во Кисела Вода
09.04.2009

 


По повод 210 годишнината од раѓањето на светски познатиот поет Александар Пушкин по иницијатива на Меѓународната федерација на рускојазични писатели и Амбасадата на Русија во Република Македонија во соработка со општината Кисела Вода, на улицата ,,Пушкинова,, ќе се реновира постоечкиот парк кој ќе го носи  името  на Пушкин. Во овој парк ќе се постави и биста на големиот светски поет со постамент во облик на пресечена пирамида во висина од два метри додека самата бронзена биста ќе биде во висина од еден метар и тежина од 145 килограми. Бистата на Пушкин ќе биде изработена од рускиот автор Леонид Витник и донесена од Русија во Македонија во месец мај.
 
 -Конечно паркот на улицата Пушкинова, ќе го добие својот лик. Пушкин е светски позната личност и се надевам дека во соработка со Амбасадата на Руската Федерација и Меѓународната Федерација на рускојазични писатели овој проект успешно ќе се реализира.  За овој проект разговарав и со новиот градоначалник на Општината Марјан Ѓорчев кој во целост го подржува па оттука се надевам дека овој проект ќе има континуитет и дека на 6-ти јуни, на денот на раѓањето на Пушкин,  на свечен начин ќе го отвориме  - Паркот на Пушкин, -потенцираше  градоначалникот на општина Кисела Вода во заминување Џорџе Арсов


-Оваа година по повод 210 годишнината на раѓањето на Пушкин вакви бисти ќе бидат поставени и во Полска, Грција, Унгарија и Италија, а ваква биста веќе е поставена во Панама. Иако и во овие земји ќе се постават бистите на Пушкин во ниедна од нив не е изработен ваков голем проект со прекрасен парк, како во Македонија. Кога дојдов во општината Кисела Вода да ја иницирам мојата идеја за проектот Пушкин побарав бисер, а добив дијамант- на прес конференцијата истакна  Елена Силјановска од Меѓународната Федерација на рускојазични писатели. Инаку, на прес конференцијата присуствуваше и аташето на Руската Федерација.
Патеките на паркот ќе бидат во облик на крст, а во средината на крстот ќе биде поставен споменикот.  Едната страна на споменикот ќе завршува со бина на која ќе можат да се одржуваат разни манифестации. Паркот ќе има четириесетина канделабри кои ќе бидат во стилот од 19 век, околу 50 клупи, корпи за отпадоци, паркот ќе биде хортикултурно уреден, ќе има и две жардињери, а околу целиот парк ќе бидат посадени брези (како што била и околината на куќата на Пушкин).
Почнувајќи од оваа година на 6 јуни во паркот на Пушкин ќе се организираат и Пушкинови денови за што општината Кисела Вода има поддршка и од Министерството за култура.


    


http://kiselavoda.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=606



Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-May-2009 at 16:21
Јужен крак....


Поглед од југ према центарот. На сликата се гледа моменталната урбана опрема (детски реквизити) кои се тука од како ја памтам...


Поглед од центарот према север, односно према местото каде ќе биде постаментот со бистата...


Источниот крак е скоро готов...


Трафостаницата со мини-депонијата...


Ниту ова купче бекатон не е ништо поразлично од другите, единствено бистата и обликот на крст го прават поразлично. Сепак паркот одговара за локацијата, а и на вакви локации бекатонот е згоден за работа, иако не би го преферирал во ниту еден случај доколку има можност за нешто подобри материјали.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-May-2009 at 22:54
Јас мислев дека ова е барем 4 пати поголема површина. Ова испадна многу малечко, како дворче на зграда Question

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jun-2009 at 03:47

Споменик на Пушкин во паркот во Кисела Вода

Споменик на познатиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин ќе биде свечено откриен вечерва во 20 часот, во паркот што го носи неговото име, на улицата Пушкинова. Повод за откривањето на обележјето е 210- годишнината од раѓањето на поетот.Бронзениот споменик на Пушкин е подарок од Меѓународната федерација на рускојазични писатели, која обединува литератори од 52 држави во светот. Го изработил познатиот руски скулптор, Леонид Ватник.

На свеченоста ќе настапат естраден уметник од Русија, рускиот вокален ансамбл „Чајка“, ученици од ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ и културно уметнички друштва од општината Кисела Вода, а Меѓународната федерација на рускојазични писатели ќе врачи орден и медали. Ќе присуствуваат градоначалникот на Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорот на Руската Федерација, Владимир Солоцински и претседателот на Меѓународната федерација на рускојазични писатели, со делегација од Русија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BA6ED7E553EDE4459553AB61AEC19AF5


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-Jun-2009 at 14:10
  
www.kiselavoda.gov.mk


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jun-2009 at 06:42

Пушкин откриен со поезија на руски

Ликот на рускиот поет Александар Пушкин завчера беше откриен во паркот на улица Пушкинова во Општина Кисела Вода. Бистата, која ја изработи Леонид Ватник од Москва и е подарок од Русија за Македонија, е во форма на пирамида, тешка е 145 килограми и висока 1 метар. Стои на средина на паркот, а околу неа се поставени клупи со изглед од 19 век. Според проектот на Љубомир Гиговски, спроти бистата допрва ќе се изгради и плоштад, на кој е предвидено да се организираат музички и други културни настани, а ќе бидат засадени брези и поставени ниски жардиниери, по примерот на вистинскиот дом на Пушкин.
Во присуство на многу жители на Кисела Вода, пратеници, советници и на претставници на верски заедници, бистата завчеравечер свечено ја открија градоначалникот на Општина Кисела Вода Марјан Ѓорчев, рускиот амбасадор во Македонија Владимир Солоцински и претставникот на Меѓународната федерација на рускојазични писатели Олег Воловик.
Градоначалникот Марјан Ѓорчев со стихови од Пушкин на руски јазик ги поздрави граѓаните и им ја подари бистата.
"Без разлика што ќе се случува со руската литература, Пушкин засекогаш ќе остане гордост на Русија и на целиот свет. Среќен сум што неговиот лик во нашата општина ќе ги зближува Русите и Македонците. Во овој парк ќе се организираат многу литературни читања и ќе му се оддава почит на Пушкин", изјави градоначалникот Марјан Ѓорчев.
Ордени за зачувување на културното наследство и зајакнување на позициите на мајчиниот јазик добија премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, филологот Маја Бојаџиева, Миле Бошески, директор на Универзитетска библиотека, и Елена Силјановска, претставничката на Меѓународната федерација на рускојазични писатели.
Присутните гости и граѓани се забавуваа со музиката на руската пејачка Ксенија Захирова и со рускиот ансамбл "Чајка".

http://www.vest.com.mk/?ItemID=80EF20BC3E82384BA92234D341452725


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Jun-2009 at 07:08
Ова е скоро готово , останува уште хортикултурно да се испегла. сабајлево се работеше на терен. Вака кога ќе погледнам, кожам да констатирам дека ова е уште едно купче бекатон, но не му е само тоа негативна страна, има уште повеќе. Тука стариот бекатон што беше воопшто не е изваден, него е остваен и новиот е нареден меѓу стариот па така на делови имаме доста стар бекатон, а на делови и стариот еделумно пререден колку да има некој логика, но ипак нема. Втора работа е што детското игралише за подлого има песок, но тој песок воопшто не е ограден со ивичњаци, а и тамо кај што има воопшто не врши работа па пола парк е расфрлан со песок.....

01.


02. Трафостаницата е окречена, а депонијата е преселена прекопат...


03.


04. Се работи на хортикултурно уредување...


05.


06. Новите клупи кои ми се допаѓаат...


07.


08. Западен крак со целата своја нелогичност со ставањето во игра на стариот бекатон...


09. Источен крак...


10. Јужен крак. Јасно се ориметува калку бил фушерајски нареден стариот бекатон, а сега е една од црните дамки на паркот...


11.


12.


13.


14.


15.


16.


17.


18. Уште нелогика...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jun-2009 at 11:36
И чистотата е „на ниво“...  Unhappy


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Jun-2009 at 11:38
Ааааа ќе почекаме за чистотата! Уште не се поставени кантите! Канделабрите ги монтираа и фарбаа  у 19Ч00 часот на денот на отворањето, а отворањето беше у 20Ч00, па ти сакаш чистота!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Jun-2009 at 11:45
Во ред. Чим немало канти, да почекаме да ги постават, па ќе биде интересно и тогаш да ја регистрираш ситуацијата и да видиме дали ќе има задоволително подобрување на чистотата.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Aug-2009 at 15:34
Пушкин труе на ѓубре

Место да се чита руска литература, како што пред три месеци најавуваше градоначалникот Марјан Ѓорчев, во паркот на Пушкин речиси и никој не седи оти смрди на скапано

Бистата на рускиот поет Пушкин, која пред три месеци беше откриена на улица Пушкинова во Општина Кисела Вода, сега смрди на ѓубре. Контејнерите околу паркот на Пушкин се преполни, па ѓубре се развлекува и на стотина метри од нив. Смрди на сe и сешто. Место да се чита руска литература, како што најавуваше градоначалникот Марјан Ѓорчев, во паркот речиси и никој не седи оти смрди на расипана храна и на скапаници.
Жителите од околните згради, кои најмногу му се израдуваа на Пушкин, се жалат дека летово не можеле ниту да му се доближат од смрдеата.
"Пушкин труе на ѓубре. Иако до бистата нема ѓубре, целата околина смрди од контејнерите во близина. Како може да се чувствуваме како во 19 век седејќи на клупите во паркот, кога пред нас гледаме купишта ѓубре како на депонија. Жално е што не можеме да уживаме во паркот кој ни е пред зграда", се жалат тамошните жителите.
Од ЈП "Комунална хигиена" велат дека контејнерите околу паркот на Пушкинова во Кисела Вода се празнеле секоја ноќ, од 22 часот до 6 часот наутро, па затоа жителите мислеле дека никој не чисти.
"На Пушкинова ѓубрето се собира во трета смена, односно ноќно време. Преку ден жителите ги полнат, а лете многу повеќе од вообичаено, па затоа смрди многу. Улицава е натрупана со згради, а има само пет контејнери, и нормално е да се преполнуваат. Владата донираше контејнери и доколку утврдиме дека на Пушкинова има потреба да се зголеми нивниот број, ќе поставиме уште. Инаку, редовно го собираме ѓубрето и така ќе продолжиме", велат од "Комунална".
Пирамидалната биста на рускиот поет Александар Пушкин, која треба да ги зближува Русија и Македонија, е донација од вајарот Леонид Ватикан од Москва, тешка е 145 килограми и висока 1 метар.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=A7F685E01D9A334B8816CC2256863958



Print Page | Close Window