Print Page | Close Window

Жолта лента

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Јавен превоз
Forum Discription: Автобуски, трамвај, ЛРТ, метро, тролејбус...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=624
Printed Date: 04-Dec-2020 at 00:01


Topic: Жолта лента
Posted By: vardar
Subject: Жолта лента
Date Posted: 22-May-2008 at 00:23
Значи кога ќе наумат нешто.... Roll%20eyes  барем да беа волку упорни и ажурни  со важните проекти.
Него ова ќе биде интересно одма после имплементација, мислам ќе има доста интересни "случки" Yes Laugh
 

АВТОБУСИТЕ ФИЗИЧКИ ЌЕ СЕ ОДВОЈАТ ОД ВОЗИЛАТА


Метални граничници на булеварите


На повеќето булевари во Скопје каде што постои жолта линија ќе се постават и метални граничници, кои физички ќе ја одвојат лентата за движење на автобусите од делот на коловозот каде што возат автомобилите


На повеќето булевари во Скопје каде што постои жолта линија ќе се постават и метални граничници, кои физички ќе ја одвојат лентата за движење на автобусите од делот на коловозот каде што возат автомобилите. Тендерот што го распиша Градот за набавка на граничниците е завршен, а веќе деновиве се очекува и имплементација на проектот. Според надлежните целта е да се спречи паркирање и узурпација на лентата наменета за движење и застанување на автобусите од несовесните возачи.

- Металните рабници ќе бидат поставени на улиците Димитрие Чуповски, 11 Октомври, на булеварите Крсте Мисирков, Јане Сандански пред трговскиот центар Бисер, на Кочо Рацин кај Олимпискиот базен, на булеварот Гоце Делчев кај Мавровка, на Партизанска кај Буњаковец и на улицата Васил Аџиларски. Инаку, металниот граничник кој ќе биде прицврстен на асфалтот, е широк 30 и висок 10 сантиметри, со флуоросцентни ленти по цела должина за ноќни услови. Бидејќи граничниците се долги еден метар, деновиве ќе утврдиме дали тие ќе бидат споени или ќе се поставуваат на раздалеченост од по половина метар, објаснува Јован Христовски, раководител на Градскиот сектор за сообраќај.

Тендерот се однесува за 1.000 метри граничник, кој ќе се распредели по сообраќајниците, а веќе наредна година се планира да се постават и на останатите критични места, каде што е неопходно да се спречи узурпирање на лентата до тротоарот. Според Христовски, Градот веќе има разговарано со сообраќајната полиција за мерки кои би ги преземала доколку и овие граничници не бидат доволни да ги одвратат несовесните граѓани од движење и паркирање на оваа лента.
- Имавме средба на која е разговарано за казните, така што сметаме дека нивно поставување ќе има ефекти во средување на сообраќајот и овозможување на побрзо движење на автобусите, додава Христовски.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=495C6A631AE1B544A9300B7CD7DF177D - Vecer



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-May-2008 at 01:26
Навистина идиотско „решение“ Wallbash


А и ова...

Според Христовски, Градот веќе има разговарано со сообраќајната полиција за мерки кои би ги преземала доколку и овие граничници не бидат доволни да ги одвратат несовесните граѓани од движење и паркирање на оваа лента.

Еве самите си се контрадикторни -  признаваат дека ова е само глумење на решение и дека повторно се ќе зависи од доследно спроведување на прописите и ажурност на сообраќајната полиција. Зарем на полицијата и се потребни метални граничници за да може да си ја врши работата? Нека сообраќајната полиција си ја врши работата за која што постои и за која е платена и нека не ја интересира дали има или нема граничници! Јас мислам дека ова е многу просто!

А ова е класично однесување на Трифун - малкуте пари кои се на располагање на градот ги расфрла на глупости кои прават повеќе штета отколку корист.

Bash


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-May-2008 at 01:45


И уште нешто. Зошто вакви работи нема во некоја нормална држава? Ај да го прашаме Трифке дали вака е решен проблемот со жолта линија во неговата љубена Виена на пример... Таму не, ама во Тирана смислиле нешто слично. Еве видете за какво „елегантно“ решение се работи...

http://imageshack.us">

Тој градоначалникот на Тирана е изгледа уште поголем генијалец од Трифун, па и велосипедската патека ја збутал у вака ограничената жолта лента. Баш ме интересира како функционира сето ова, пошто очигледно автобусите не можат слободно да ги заобиколат велосипедистите кои нормално се поспори. Али ај да не урочувам, можда и Трифун ќе најде начин глупавото решение да го зачини со нешто друго и да го направи уште поглупаво...

Wallbash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-May-2008 at 11:31
ова е изгледа само уште една глупост, наравно непродуктивна!!! Ќе доживеат мотика овие по се изгледа, како и со лежечките полицајци во некои нискокултуролошки средини.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Jun-2008 at 18:26
Според она што го видов на Transpower работилницата што неодамна се одржа во Скопје, вака треба да изгледаат рабниците што ќе се поставуваат за физичко одвојување на жолтата лента (овие беа вклучени во презентацијата):





Од друга страна пак, пред извесно време во текст во Вечер беше пренесено дека рабниците ќе се широки 30 и високи 10 сантиметри, а овие на сликата не ми изгледаат како такви...

Но како и да е, го знаете моето мислење за физичкото одвојување, без разлика на типот на рабниците - тоа е погрешен „лек“ за проблемот кој што го имаме... Можеби ќе го ублажи тој проблем, но ќе предизвика други. Решението треба да го бараме во основна сообраќајна дисциплина, макар и наметната со строга казнена политика! Таков пристап ќе ни реши и многу други проблеми.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Jul-2008 at 13:26
Аман више со ова физичко одвојување на жолтите ленти... Ова е еден од проектите за кој се надевам дека никогаш нема да се реализира...

Инаку од каде знаат колку ќе кошта една пречка кога не е завршена тендерската постапка и нели ви се чини дека 3000 денари е малку прескапо Question

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1464&ArticleID=95514 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1464&ArticleID=95514

СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС НИКАКО ДА СЕ РЕШИ
Поништен и веднаш распишан нов тендер за жолти пречки

Тендерот за најдобар понудувач за изработка на жолтите пречки, кои треба физички да го одделат движењето на автобусите на ЈСП „Скопје“ од останатите возила, е поништен. Од Град Скопје велат дека тие веќе имаат распишано нов, втор, тендер, за кој се надеваат дека успешно ќе финализира и со кој еднаш засекогаш ќе се реши хаосот во сообраќајот по улиците. Оттаму велат дека првиот тендер морало да се поништи затоа што не бил објавен во „Службен весник“, иако, како што велат од Градот, неколкупати испраќале дописи со барање да се објави. - Град Скопје веќе вторпат го објави јавниот повик за обележување на жолтите ленти. Најдобриот понудувач се избира во согласност со дадените критериуми и барања при објавување на јавната набавка, а за изборот одлучува комисијата за јавни набавки - објаснуваат од Град Скопје. Од ЈСП „Скопје“, пак, велат дека разбрале дека тендерот е поништен, без да им биде образложено од Градот, како распишувач, зошто се одлучиле на таков чекор. - Не бевме информирани зошто тендерот е поништен, исто како што сега не сме информирани дали истиот вторпат ќе биде распишан и дали тендерската постапка и натаму ќе продолжи - велат од ЈСП „Скопје“. Со поставувањето на жолтите пречки требаше да се издвојат коловозните ленти по кои ќе сообраќаат автобусите и такси-возилата во главниот град. Беше предвидено пречките, високи 11 сантиметри, а широки 30 сантиметри, најпрвин да бидат поставени на најфреквентните улици низ градот, како што се Димитрие Чупоски и 11 Октомври, булеварите Крсте Мисирков и Јане Сандански на потегот пред ТЦ „Бисер“, на улицата Кочо Рацин кај Олимписки базен, на булеварот Гоце Делчев кај ТЦ „Мавровка“ и на булеварот Партизански одреди кај пазарот „Буњаковец“. Издвојувањето на автобуските коловозни ленти треба да овозможи јавниот превоз да се одвива побрзо, а воедно и да обезбеди поголема сигурност на патниците што ги користат овие транспортни услуги. За возачите што ќе ги паркираат своите возила на просторот наменет за автобусите или ќе возат по него ќе следуваат казни. - Во првичната реализација на проектот е предвидено да бидат поставени само 1.000 метри, а со тек на времето, со обезбедување дополнителни финансиски средства, ќе се одделат сообраќајницата и на целата територија на градот - велат надлежните за сообраќај од Град Скопје. Се работи за скап финансиски проект бидејќи само една пречка чини 3.000 денари.



Posted By: zabegan
Date Posted: 04-Aug-2008 at 12:35
устари што и да стават не шкоди, више аман, мора ли од секој мал проект да се створи фрка Wallbash
добро е кај нас имаме велосипедски LOL, али ипак некој неумен стално се движи по улицата


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Aug-2008 at 13:09
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8BC42E5F8C77DD419000391058CF9C19 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8BC42E5F8C77DD419000391058CF9C19

новина во хоризонталната сигнализациЈа

Жолти пластични ленти ќе се поставуваат на улиците

Овие пластични бариери на улиците треба да ги спречуваат возилата што не се дел од јавниот градски превоз да возат по првата лента


Пластифицираните физички пречки ќе се постават само
 во најкритичните делови од градот

Жолтите пластични пречки што треба да ја издвојуваат сообраќајната лента по која се движат градските автобуси од тие по кои сообраќаат другите возила не се се' уште поставени. На јавниот оглас што пред околу еден месец го распишаа градските власти за набавка и поставување на пречките се пријави само фирмата „Војта Ин“ од Скопје. Поради тоа е продолжен рокот за набавка на жолтите пречки. Истиот оглас е во тек, само процедурата се повторува и се чека на потенцијални фирми што ќе го спроведат проектот - вели Јани Христовски, раководител на Секторот за сообраќај на Град Скопје.Овие пластични бариери се очекува да го намалат досегашниот хаос во сообраќајот така што би спречувале возилата што не се дел од јавниот градски превоз да влегуваат во првата лента.

- Основната намена на препреките е да се обезбеди брз и точен јавен градски превоз. Другите возила не го почитуваат сегашното обележување, кое ги одвојува сообраќајните ленти и не ги спречува да го загрозуваат движењето на автобусите. Во согласност со буџетот со кој располагаме, се планирани пречки во должина од 1.100 метри - вели Христовски.Според огласот, се предвидува пречките да бидат 30 сантиметри широки, 12 сантиметри високи, еден метар долги и да бидат флуоресцентни за да се забележуваат од подалеку. Од внатрешната страна тие ќе имаат поблаг наклон, за да може автобусите и такси-возилата лесно да излегуваат од нив кон другите коловозни ленти. Ќе се зашрафуваат на две места во асфалтот и ќе се поставуваат во близина на автобуските постојки. Тие ќе бидат специјално изведени и нема да претставуваат опасност за другите возила. За оние што нема да ги почитуваат пречките ќе се изрекуваат казни што ќе ги одреди Одделението за безбедност во јавниот сообраќај - вели Христовски.Пластифицираните физички пречки ќе се постават само во најкритичните делови од градот - на улица 11 Октомври кај Зелено пазарче, на булевар Партизански одреди кај пазарот „Буњаковец“, на делови од улица Васил Аџиларски и на уште неколку сообраќајници во центарот на Скопје.Вакви пречки за безбедност во сообраќајот прво биле поставени во Бразил, а денес ги има во повеќе големи европски градови.

Катерина Митре



Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Aug-2008 at 14:32
УСПЕА ТЕНДЕРОТ ЗА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА КРИТИЧНИТЕ ТОЧКИ
Жолти ленти во Центар од септември
Лентите ќе се ставаат на коловозот околу постојките и на критичните точки на повеќе улици, а тие ќе бидат од пластифицирана гума со флуоресцентна жолта боја и со висина од 11 сантиметри

Жолти ленти во вид на физички препреки градските власти следниот месец ќе ставаат на дел од улиците во централното градско подрачје. Овие препреки ќе се ставаат кај автобуските постојки и на накритичните делови на улиците во Мал и Голем ринг, како и на булеварот Партизански одреди околу пазарот Буњаковец. Жолтите ленти требаше да се постават уште во јуни, но поради грешка во тендерот за избор на фирма која ќе ги набави и монтира препреките, градските власти мораа да ја повторат целата постапка за јавна набавка.
Јован Христовски, раководител на секторот за сообраќај во градот, вели дека и на повторениот тендер, како и на претходниот, имале само една понуда, односно од скопската фирма "Бојта-инг", со која до крајот на овој месец треба да потпишат договор.
"Комисијата треба официјално да каже дека е завршена постапката, но бидејќи повторно се јави само една фирма, очекуваме со неа да го потпишеме договорот за жолтите ленти. Монтирањето ќе оди брзо и ако се оди според планираното, очекуваме до крајот на септември жолтите ленти веќе да бидат поставени на улиците", вели Христовски.
Жолти ленти треба да се стават на 1.000 метри коловоз. Тие ќе бидат од пластифицирана гума со флуоресцентна жолта боја и ќе бидат високи 11 сантиметри. Тие ќе се ставаат на крајната десна страна од улиците каде ќе може да се движат само градските автобуси, и тоа на булевар Кочо Рацин, на улицата 11 Октомври кај Зелено пазарче, на булевар Партизански одреди кај пазарот Буњаковец, на делови од улиците Васил Аџиларски и Димитрие Чуповски кај гимназијата "Јосип Броз Тито".
"Откако ќе ги ставиме лентите, планираме со полицијата да направиме поголема акција и ќе ги казнуваме оние што нема да ја почитуваат жолтата лента, која е наменета само за автобуси", вели Христовски.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=155930&idg=8&idb=2455&rubrika=Skopje


Posted By: La Linea
Date Posted: 23-Oct-2008 at 23:28
Originally posted by http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9C9C9CCB2C7FCD458A5F2463BB202184 - Утрински весник

]

Гумени препреки за заштита на приодите на автобуските станици

Препреките се изработени од жолта пластифицирана гума, долги се еден метар, а високи 11 сантиметри

Приодите до автобуските постојки на најфреквентните улици во центарот на градот наскоро ќе бидат заштитени со пластифицирани препреки кои ќе овозможат полесен приод само на автобусите од јавниот превоз. Од вкупно 1.000 препреки, градските власти досега набавиле 800 и се подготвени да почнат да ги монтираат. Се чека само на мислење на Јавното сообраќајно претпријатие за најургентните локации каде што е најголема потребата од овие препреки.

Приватните превозници ги дале своите предлози, а според градските власти, веројатно тоа ќе бидат делови од улиците „Кочо Рацин“, „Димитрие Чуповски“, „11 Октомври“ и на „Партизански одреди“ кај Буњаковец.

Со препреките, покрај приодот кон автобуските станици, ќе се ослободуваат и лентите наменети за автобуси кои се заземени со паркирани возила. Во иднина, кога ќе се постават препреките, велат градските власти, секој што ќе се обиде да ја узурпира третата лента ќе биде казнет. Во меѓувреме ќе биде организрана и кампања за запознавање на возачите дека обидите да се преминуваат овие пречки е ризик да се оштети возилото.

Препреките се изработени од жолта пластифицирана гума, долги се еден метар, а високи 11 сантиметри. На средината имаат флуоросцентна лента, што значи дека ќе се распознаваат и ноќе. Набавени се од фирмата „Бојта“, а за нив Градот ќе плати 50.000 евра. Следната година, планирано е да има нова набавка, со што ќе се заокружи обезбедувањето ефикасност на јавниот превоз на најтесните сообраќајни грла. (С.Н.)



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: vardar
Date Posted: 25-Nov-2008 at 00:41
Ова ќе биде интересно досега коли се кршеа само по дупки, сега има уште една опција Stern%20Smile
 
 

НЕДЕЛАВА ЌЕ СЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР, НАРЕДНАТА ЌЕ СЕ РАБОТИ?!


Конечно одвоени ленти за побрзи автобуси


Долгонајавуваното одвојување на жолтите коловозни ленти со пластични бариери од останатиот дел на коловозот, со што ќе се овозможи побрзо движење на автобусите, треба да се случи наредната недела. Од Градот велат дека тие се веќе пристигнати во Македонија, а неделава ќе биде потпишан договор со единствената фирма, која се јавила на конкурсот распишан од Градот.
- Жолтите пластични пречки ќе бидат широки 30 и високи 10 сантиметри, а долги еден метар. Ќе имаат флуоресцентна лента по целата должина, за да бидат забележани ноќе, а на асфалтот ќе се прицврстуваат со два шрафа. Бариерите во почеток ќе бидат поставени на улиците Димитрија Чуповски, 11 Октомври и на булеварите Партизански одреди, Јане Сандански, Кочо Рацин, и Гоце Делчев - објаснува Јован Христовски, раководител на секторот за сообраќај на Град Скопје.

Годинава од градскиот буџет се издвоени 3,2 милиони денари доволни за набавка на овие ленти во должина од 1.200 метри. Според надлежните, пречките ќе се поставуваат во близина на автобуските постојки и тоа во должина од 50 метри, со тоа што еден метар ќе има лента, а наредниот метар ќе биде слободен.

Од ЈСП "Скопје" велат дека се работи за голема придобивка за градскиот сообраќај со оглед дека би се спречило влегувањето на други возила на овие коловозни ленти, освен на автобуси и наедно би се овозможило нивно побрзо движење.
- Во Берлин жолтите ленти се поставени по должина на целата улица и таму ниту автомобилите, ниту такси возилата не помислуваат да возат по таа лента. За ова придонесуваат и високите казни кои таму се движат од 140 до 200 евра, и истото требало да се воведе и тука, вели Александар Бошковиќ, генерален директор на ЈСП "Скопје".

 
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B8738958C1917E4A8BBA79A27E21D5CB - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B8738958C1917E4A8BBA79A27E21D5CB


Posted By: vardar
Date Posted: 28-Jan-2009 at 01:38
 

Жолтите пречки чекаат потопло време

Ако сега се постават граничниците на автобуските постојки, може да предизвикаат проблеми кај ненавикнатите граѓани и службите за чистење ако падне нов снег, велат од Градот


И сега постои жолта лента, но таа не се почитува

Жолтите пластифицирани гумени пречки кои треба да ослободат коловозна лента за јавниот градски превоз и за такси-возилата, чекаат потопло време за да бидат поставени на скопските сообраќајници. Иако требаше да се постават уште од октомври, прво поради неуспешниот оглас, а сега поради неповолните временски услови, граничниците чекаат во магацините на фирмата „Бојта инг“ од Скопје, која ја доби зделката на јавниот повик.

- Со добавувачот се договоривме да почекаме уште малку. Граѓаните, а и надлежните за чистење снег се' уште не се навикнати на овие пречки, па ако заврне снег, ќе се јават проблеми, потенцираше Јоани Христовски, раководител на секторот за сообраќај во Градот. Тој истакна дека фирмата е подготвена уште веднаш да ги монтира пречките.На почеток тие ќе бидат поставувани на булеварите Димитрие Чуповски и Кочо Рацин, и тоа на критичните места, околу автобуските постојки каде што има најмногу возила што го попречуваат нормалното движење на автобусите.

- Во договор со Јавното сообраќајно претпријатие и со приватните превозници утврдивме кои се најкритичните точки на кои треба да се монтираат жолтите пречки - вели Христовски.Тие ќе се монтираат на асфалтот во близина на автобуските постојки во должина од 50 метри. Жолтите граничници долги по еден метар ќе се поставуваат на растојание од еден метар. Христовски додава дека така би се спречило влегувањето на возилата што не се вклучени во јавниот градски и такси-превоз во поранешната „жолта лента“.

Пречките се високи 12 сантиметри, широки 25 сантиметри и долги еден метар. Преку нив автомобилите ќе можат многу тешко да преминуваат на лентата каде што треба да се движат само автобусите и такси-возилата. На средината тие ќе имаат флуоресцентна трака за да можат да бидат забележливи и ноќе.

Според Христовски, овие пластифицирани граничници нема да ги оштетуваат возилата, но и ако дојде до оштетување, несовесните возачи самите ќе си бидат виновни за тоа. Градот, заедно со полицијата, ќе спроведе акција за едуцирање на возачите да не дојде до несакани последици. Ако повторно се затекнат несовесни возачи во лентата за автобуси, тие ќе бидат казнувани.

Сообраќајна сигнализација која упатува на постоење лента само за автобусите, постои уште во времето кога и се исцртани жолтите ленти. Од градскиот буџет, за 1.000 метри жолти пречки се издвоени 70.000 евра. Иле Ѓеоргиевски, технички директор во ЈСП, вели дека и досега постоеше жолта лента, но таа не се почитува поради тоа што е исцртана само со боја. Тој се надева дека со физичкото одвојување на лентата ќе се постигне целта.

- Искуствата од светски рамки покажуваат дека ваквиот начин на одвојување на градскиот јавен превоз од остаанатите возила дава позитивни ефекти. Онаму каде што и тоа не се почитува, се оди на зголемување на висината на бариерите и до 80 сантиметри, потенцира Ѓеоргиевски.Вакви пречки се користат во европските градови Париз, Куала Лумпур...

Никола Крстановски, професор на Техничкиот факултет во Битола, вели дека ваквиот начин на превоз првпат почнал да се применува во Бразил, а се практикува во речиси сите јужноамерикански држави, како и во Индија, Индонезија и во други азиски земји.

- На овој начин автобуските стојалишта се одвоени и оградени. Автобусот непречено доаѓа, само ги собира патниците и непречено оди по својата лента - вели Крстановски.Тој е дециден дека пластичните бариери нема да претставуваат опасност за другите возила, бидејќи пречките се специјално изведени.

Во рамките на проектот е ангажирано и Министерството за внатрешни работи кое треба да излезе во пресрет со тоа што ќе ги санкционира оние што нема да ги почитуваат пречките. Според Лиза Бендевска, портпарол во Секторот за внатрешни работи - Скопје, се' уште не е прецизирано колкава ќе биде казната за непочитување на жолтите бариери.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E251F2774CC24F48A63C047D546CCE3E - Dnevnik
 


Posted By: vardar
Date Posted: 07-Mar-2009 at 13:15

Од утре поставување на жолтите пречки

Жолти пречки за автобуските ленти ќе бидат поставени од двете страни на булеварот Партизански одреди, на потегот од булеварот Климент Охридски до улицата 29 Ноември. Поставувањето ќе почне в недела, а жолтите бариери ќе бидат со височина од околу 120 милиметри. Нивното поставување има цел да ја спречи злоупотребата од останатите учесници во сообраќајот на жолтите ленти, наменети за линиски превоз, како и обезбедување непречено движење на автобусите, што ќе овозможи поголема брзина и поголем капацитет на движење на возилата од јавниот превоз.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DF3117413DB477479298B6B030E13B16 - Dnevnik


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Mar-2009 at 06:12

Жолтите пречки за автобуските ленти

Викендов почнаа да се поставуваат надолжните жолти пречки за автобуските ленти на „Партизански одреди“. Бариерите се пластифицирано-гумени со височина од околу 12 сантиметри и се флуоресцентни

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=86BD3B57CC93254A9049A79C90AC2BEA - Utrinski
 
 
 
 
 
Посебна жолта линија за автобусите


Град Скопје, викендов, започна со поставување на надолжни жолти пречки за автобуските ленти од двете страни на булеварот "Партизански одреди", на потегот од булеварот "Климент Охридски" до улицата "29 Ноември".

Жолтите пластифицирани гумени бариери се со височина од околу 120 милиметри и се обележани со жолта флуоресцентна боја. Тие ќе бидат поставени на постоечките жолти ленти наменети за возилата за јавен превоз на патници во градот Скопје.

Целта на овие жолтите бариери е да се спречи злоупотребата од другите учесници во сообраќајот на жолтите ленти наменети за линиски превоз, како и обезбедедување на непречено движење на автобусите, што ќе овозможи поголема брзина и поголем капацитет на движење на возилата наменети за јавен превоз.

Сообраќајните инспектори на Град Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе спроведат акција за санкционирање на возачите кои неправилно ја користат лентата наменета за јавен превоз на патници.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=5E0C60D014214B49B8FFADC81F40A181 - Vecer


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Mar-2009 at 06:18
 
 
... за кого бе  Wallbash 
 
 
(не ми изгледаат некако жолти)
 
 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Mar-2009 at 07:10
Гледам почетокот на употребата баш ветува... Nuts

Ама не дека беше баш неочекувано Roll%20eyes


Posted By: vardar
Date Posted: 10-Mar-2009 at 09:53
А што стана со ова.....
 
 
Жолтите граничници долги по еден метар ќе се поставуваат на растојание од еден метар.
 
 
Иначе еве ја страната на изведувачот  http://www.bojta-ing.com.mk - БОЈТА-инг  
 
Во http://www.bojta-ing.com.mk/download/katalog.pdf - каталогот  имаат знаци со  Atina, Athina i Athena a од Athens ни трага ни глас Roll%20eyes
 


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Mar-2009 at 16:07
Шест булевари ќе добијат жолти пречки
Скопје
Жолтите пречки за автобуските ленти што се поставуваа на булеварот Партизански одреди ќе бидат ставени уште на шест булевари, меѓу кои се приоритетни булеварите Крсте Мисирков и 11 Октомври, соопштуваат градските власти. Оттаму најавија дека МВР и сообраќајните инспектори во Градот ќе вршеле редовни контроли со кои ќе ги казнувале оние возачи што не ги почитуваат пречките наменети за движење на јавниот сообраќај. Жолтите гумени бариери се со височина од 12 сантиметри, растојанието меѓу нив ќе биде долго два метри, а ги поставува фирмата „Бојта инг“.
 
super malku po malku ce ostani gradot metropola Roll%20eyesLOL


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Mar-2009 at 16:09
od   http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=337&ArticleID=19913 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=337&ArticleID=19913


Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Mar-2009 at 20:17
до мене е нешто или жолтиве пречки се многу слабо видливи?



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Mar-2009 at 01:55
Originally posted by vardar

А што стана со ова.....
 
 
Жолтите граничници долги по еден метар ќе се поставуваат на растојание од еден метар.
Ќути така ќе беше катастрофа. Инаку сепак уште на времето се мислеа помеѓу двеве опции (поставување со растојание или континуирано) и стално тоа се нагласуваше небаре е клучното прашање во целава работа.


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Mar-2009 at 00:18

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=1AD4BAF60E71DD4AB8B215EA991FE05F&arc=1 - Жолти пречки за уште поголем хаос во сообраќајот

Автобусите, наместо на постојките, застануваат во втората коловозна лента и патниците на свој ризик го напуштаат возилото, зашто на соседната лента сообраќаат други возила



Жолтите пречки за автобуските постојки, што од завчера се поставуваат на булеварот Партизански одреди, ќе бидат отстранети и ќе се поставуваат одново, зашто биле непрофесионално поставени и на несоодветно место, вели Александар Бошковиќ, директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Гумените бариери се високи 12 сантиметри, а растојанието меѓу нив е два метра.

По нивното поставување, градските автобуси, наместо на постојките, застануваат во втората коловозна лента, а патниците на свој ризик го напуштат возилото, зашто по соседната лента сообраќаат други возила. Бошковиќ посочува дека фирмата „Бојта инг“, која е избрана на тендер распишан од градското собрание, е недоволно стручна за поставување на пречките. Уште поголем проблем, според него, е сообраќајната некултура на дел од возачите.

- Жолтите коловозни ленти ги поставуваме со цел да се воведе ред во сообраќајот и на граѓаните да им се овозможи целосна безбедност. За жал, со поставувањето на лентите добивме контраефект, зашто фирмата не ги поставила правилно. Згора, таксистите, посебно кај Буњаковец, не сакаат да го ослободат местото наменето за автобусите. Иако имаме добра соработка со сообраќајната полиција, оттаму велат дека е невозможно да дежураат 24 часа по должина на автобуските траси. Со Секторот за сообраќај при Градското собрание бараме решение како да го средиме метежот, иако ние не можеме да ги менуваме сообраќајните навики на возачите - вели Бошовиќ.

Градот планира наскоро да постави жолти ленти на уште шест булевари, меѓу кои приоритетни се Крсте Мисирков и 11 Октомври. Оттаму најавија дека МВР и сообраќајните инспектори ќе вршат редовни контроли со кои ќе ги казнуваат оние возачи што не ги почитуваат пречките што треба да го одвојат јавниот сообраќај. Во жолтата лента е дозволено да се движат само автобусите од јавниот превоз и таксистите, но такси-возилата не смеат да застануваат.

И сопственикот на приватниот автобуски превоз „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, е незадоволен од поставеноста на бариерите.

- „Слобода превоз“ е еден од иницијаторите за поставување на жолтите пречки, особено на места каде што имаме тесни грла и паркирање возила. Пречките така како што сега се ставени нема да ја постигнат целта, со оглед на тоа што се премногу ниски. Нашата заложба беше тие пречки да имаат поголема висина за да не можат другите возила да преминуваат преку нив. Преминувањето преку нив е многу лесно, така што не се соодветна замена за веќе постојната хоризонтална сигнализација. Се надеваме дека ќе се зголеми висината на бариерите - вели Јовановски.

Градските власти во минатиот викенд почнаа да ја одвојуваат со пластични пречки крајната десна коловозна лента. Првите жолти ленти се поставени од двете страни на Партизанска, кај пазарот Буњаковец. Од Градот велат дека вакви пречки со жолта флуоресцентна боја ќе бидат поставени и на булеварите 11 Октомври, Кочо Рацин, Гоце Делчев, кај ТЦ „Мавровка“ и на булеварот Крсте Мисирков, од Судската палата кон Бит-пазар.

Освен автобусите за јавен превоз и такси-возилата, сите други возила не смеат да влегуваат во одвоената лента. Прекршителите ќе ги казнува градската сообраќајна инспекција и полицијата. Со одвојувањето на лентата ќе се спречи и непрописното паркирање на тротоарите, бидејќи возилата ќе немаат пристап до нив.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=1AD4BAF60E71DD4AB8B215EA991FE05F&arc=1 - Дневник - Марија Тасев - 11.03.2009

 класика,  кај нас не е само бељата во пречките, прво треба да се отсранат оние диво истурените бетонски рампи за полесн пристап по тротоарите па дури после да се оди на поставување пречки. еве и да бидат повисоки истите , повторно проблематично ќе биде за возилата вртењето во десно по приклучните улици.

мислам дека ова може да се реши добро единствено доколку третата лента се искористи како коловозна лента за јавен сообраќај, автобуси, трамови и такси, а средишниот појас за стојалишта. исто не би било лошо да се оди со кратење на тротоарите и додавање по уште една коловозна лента по булеварите, а  како капак мислам дека не би било лошо решение на главните раскрсници да се оди со денивилирање односно подвозници за приклучните улици и вкрстените булевари.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Mar-2009 at 00:37
Originally posted by beTon

а  како капак мислам дека не би било лошо решение на главните раскрсници да се оди со денивилирање односно подвозници за приклучните улици и вкрстените булевари.

Ништо не разбирам


Posted By: beTon
Date Posted: 14-Mar-2009 at 00:39

PreviousPrevious

LOL



Posted By: beTon
Date Posted: 14-Mar-2009 at 00:54
 ај да не остане спомнато, но ова е дигресија во однос на муабетот за идното сообраќајно блокирано скопје. не дека ваква артерија налик урбан автопат пример на потегот сандански - партизанска е изводлива едноставно и ефтино, но мислам дека за вакво нешто има простор за размислување во блиска иднина. да не ја ширам и како минатиот пат да ја затераме, но чисто ја нафрлам размислава како потенцијално долготрајно решение, инаку за класични клучки мислам дека нема доволен простор скоро на сите вкрстувања попат оваа идна артерија, па затоа и велат подвозници.  


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Mar-2009 at 08:13


Не само што таква „дигресија“ не е изводлива ефтино, туку не е изводлива на било каков рационален и целисходен начин. Нема простор за размислување ни во блиска ни во подалечна иднина. Мислам дека сосема погрешно го имаш сватено концептот на урбан автопат. Ниту пак на маеста каде што има вкрстување, може клучка да се замени со обичен надвозник или подвозник (не знам колку пати ќе се навраќаш на ова, ама мислам дека е јасно како ден дека единствено клучка може да обезбеди движење во сите правци).

Скопје си има планирано урбани автопати и клучки таму каде што е пожелно и целисходно да се направат. Треба да се посветиме на нивна реализација, а не да размислуваме во нереални и нелогични правци и тоа токму додека вистинските планирани решенија се маргинализираат, опструираат, касапат, бришат...


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Mar-2009 at 17:20
Жолтите пречки во акција. Автобусот си брка работа во средна лента а колите си се паркирани во десната лента




Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 19-Mar-2009 at 18:38
Originally posted by pbanks

Жолтите пречки во акција. Автобусот си брка работа во средна лента а колите си се паркирани во десната лента


Денеска баш  имав прилика да го набљудувам сообраќајот во оваа околина, и морам да го констатирам очигледното, а тоа е ова е циркус! Автобусите (доколку не се престројат на време) не се престројуваат на автобусската, туку едноставно ги отвараат вратите на втората лента, таксистите исто така не се престројуваат, и ги оставаат патниците на втора лента(пошо лентата е за автобуси), престројување со мала брзина, ствара ушасен звук на чкрипење, коли шибаат по оваа “лентата“ за автобуси, настрана фактот што цел буњаковец е испопаркиран на тротоар, и шоферите од градски треба да чекаат/внимаваат на луѓе што се симињаат/качуваат на тротоар доколку возат по оваа лента.... Смешки!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Mar-2009 at 18:51
Ајмооо тендер за вадење на жолтите пречки. Истата фирма што ги ставила, сега да ги извади!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 19-Mar-2009 at 18:57
Thumbs%20Downne taka islcrew, ima kazna za tie sto ne go pocituvat zakonot, nasi ulici treba da stanat evropski ulici


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Mar-2009 at 19:22
па нели требаше да ги извадат и пак да ги монтираат како што треба?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Apr-2009 at 23:42

Жолтите препреки собрани на куп

Деновиве, фирмата „Бојта“, која ги монтираше препреките, ќе ги врати назад сите откорнати делови

Дел од жолтите гумени ленти, кои Градот Скопје неодамна ги постави на булеварот „Партизански одреди“, се откорнати од асфалтот. Парчиња од гумените препреки се расфрлани по коловозот или на тротоарите во близина на автобуските станици кај трговскиот центар „Буњаковец“. Останатите делови од жолтата лента се уништени од постојаното газење од возилата кои поминуваат преку нив за да паркираат на тротоарите, но и од автобусите на ЈСП кои се принудени да ги избегнуваат автомобилите.

Тоа дека препреките не си ја вршат својата функција, се согласуваат и во Градот Скопје. Идејата за поголема проточност и ефикасност на возилата од јавниот превоз не се реализираше. Сепак, оттаму најавуваат дека не се откажуваат од нив, фирмата „Бојта“, која ги монтираше, ќе ги врати назад сите откорнати делови. Во идниот период, информираат во Градот, поактивно ќе се преговара и со Сообраќајната полиција за да ги казнува сите кои ги уништуваат или не ги почитуваат препреките.

„Дислоцирањето на деловите од жолтите ленти на ’Партизанска’ може да се третира како тргање или уништување сообраќаен знак, бидејќи тие се дел од хоризонталната сообраќајна сигнализација. Според тоа, ваква активност се смета како прекршок за кој е предвидена санкција. Сметаме дека возачите имаа доволно време сами да се навикнат на новината и дека сега е момент да почне санкционирањето на прекршителите. Во договор со Сообраќајната полиција, ќе побараме поактивно да се казнува онаму каде што има жолти препреки, а тоа да важи и за возилата и за ЈСП“, велат во Градот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7A70F14961FF5148B00E801569F44FAD


Од ден ан ден се повеќе сум убеден дека пречкиве се погрешна иницијатива. Ако беше целта со пречкиве да се створи виртуелна колекторска улица долж булеварот тогаш длабоко се зафркнале од градот. Нека не ги враќаат ич, нека ги чуваат у некое депо, може ќе се најдат кога ќе го унаказиме ГУП-от по после ќе ни се најдат кога ќе имаме проблем со квази-јужен и квази-крушевска.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Apr-2009 at 00:06
Дека ова ќе биде дебакл беше јасно од сам почеток. И на членовите на форумов им беше кристално јасно и од сам почеток ги предвидоа проблемите што ќе настанат, тоа е документирано и во оваа и во други нишки. Само на оние кои се платени за оваа проблематика -  сообраќајните експерти во градската администрација, очигледно не им било јасно!

Originally posted by lslcrew

Ако беше целта со пречкиве да се створи виртуелна колекторска улица долж булеварот тогаш длабоко се зафркнале од градот.
Не знам од кај ја ископа сега оваа формулација. Секако дека не се работи за никаков концепт од типот на колекторска улица макар и „виртуелна“, туку јасно се работи за обид за заштита на жолтата лента. За жал, очекувано крајно неуспешен обид!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Apr-2009 at 13:54
Агонијата продолжува, надлежните дремат  Bash

Уште еднаш се покажавме во вистинско светло - и како добри планери и како ефикасни спроведувачи и како совесни дисциплинирани граѓани...


1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13



Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 21-Apr-2009 at 17:28
ДА НЕ СУМ ЈА ЧУЛ ВЕЌЕ ФРАЗАТА - ОВА ГО НЕМА НИ ВО ТУНГУЗИЈА ! ТЕЖОК СРАМ И НАВРЕДА ЗА ТУНГУЗИЈА Е ДА СЕ СПОРЕДУВА СО НЕ-ЗЕМЈА И НЕ-НАРОД КАКО МАКЕДОНИЈА! Е ОВА НИКАДЕ ГО НЕМА!!! 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Apr-2009 at 23:22


Налет срамот, налет неодговорноста спрема потрошените средства кои очигледно се фрлени во ветар, налет тоа што наместо решавање на сообраќаен проблем успеаа да креираат неколку нови, но лежерното однесување спрема нарушената безбедност (дел од препреките се расфрлани и на средната лента, без никој ништо да превземе) е вистинската јаготка на шлагот. А да потсетам, проектов го спремаа и обмислуваа најмалку година и пол - план за физичко одвојување на жолтата лента имаме регистрирано на самиот зачеток на форумов:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=1552#1552 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=96&PID=1552#1552


Што да се каже...


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 22-Apr-2009 at 00:58
ДА ЦРКНАТ! ШТО ДА СЕ КАЖЕ...БЕЗДАРНИЦИ, ЛОПОВИ, ТОТАЛНО НЕКОМПЕТЕНТНИ, ПОЛНИ СЕЉАЧИНИ!!! ОД ВАКВИ ЛУЃЕ МИ СЕ ГАДИ И МЕ ПРАВАТ ДА СЕ СРАМАМ ШТО СУМ МАКЕДОНЕЦ! морав да се отворам BashLOL


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 22-Apr-2009 at 12:48
Originally posted by Andrej_LJ

... СРАМАМ ШТО СУМ МАКЕДОНЕЦ! морав да се отворам BashLOL

За полно работи можеме да се срамиме ко македонци но изгледа и други има кои го немаат тоа чуство




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: dimme.von.macedonia
Date Posted: 22-Apr-2009 at 13:21
No comment.


-------------
The beauty comes from within.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Apr-2009 at 18:12
Градот направи неверојатно (иако предвидливо и очекувано) промашување со гумениве пречки, но се слагам дека главната вина за непочитувањето на жолтите ленти лежи кај сообраќајната полиција. Таа мора да делува и тоа без разлика дали има или нема гумени пречки!

УШТЕ НЕЗАЖИВЕАН, ПРОЕКТОТ СТАВЕН ВО МИРУВАЊЕ
Жолтите пречки уништени Проектот за поставување на жолтите пречки на најфреквентните улици низ градот е ставен во мирување. Надлежните од ЈСП „Скопје“ велат дека пречките што моментално се поставени само на булеварот Партизански одреди се нефункционални и дека нивната големина и височина не одговараат на потребните стандарди за непречено одвивање на сообраќајот. Покрај несоодветната големина на жолтите ленти, како дополнителен проблем од Јавното сообраќајно претпријатие ја посочуваат и неажурноста на полицијата, поради тоа што, како што велат, не им обезбедила 24-часовна асистенција како и отстранување на паркираните автомобили по тротоарите. - Овој проект во моментов е ставен во мирување и понатаму ќе се обидеме да најдеме соодветен начин за негова реализација. Побаравме од полицијата да ги тргне автомобилите од тротоарите и да обезбеди дваесет и четиричасовна контрола, но досега полицијата не го направи тоа “ вели Александар Бошковиќ, директор на ЈСП „Скопје“. Тој од самиот почеток се согласува дека примената на жолтите ленти не функционира најдобро во практиката поради дополнителниот сообраќаен метеж што се создал по нивното поставување, поради, како што вели, несовесното возење на приватните автомобили по лентата за автобуси. - Досега поставените ленти на Партизанска нема да се отстрануваат. Сепак, во последно време е забележано нивно крадење со што се прави дополнителен прекршок “ објаснува Бошковиќ. Од Град Скопје, пак, велат дека на проект каков што е поставувањето на жолтите пречки му треба подолг временски период за да заживее и дека ефектите од нивното функционирање треба да се разгледуваат подолг временски период. - Поставивме соодветна вертикална сообраќајна сигнализација, со што е исполнет условот полицијата да почне да ги санкционира прекршителите што возат несоодветно на Партизанска “ велат од Град Скопје. Од СВР Скопје тврдат дека почнале да казнуваат за направен сообраќаен прекршок, но притоа не даваат конкретни бројки за казнети прекршители. Оттаму велат дека казната за прекршителите ќе изнесува 25 евра или 15 евра негативни поени, а ќе се казнуваат и возачите на автобусите што не возат по сообраќајната линија предвидена само за нив, но и граѓаните чиишто автомобили ќе се движат по лентата наменета за градските превозници. За набавка на жолтите ленти, Градот има издвоено 50.000 евра, а набавена е 1.200 метри жолта пластифицирана гума од фирмата „Бојта-инг“ од Скопје. Секоја од пречките е висока 11 сантиметри, широка 25, а долга еден метар. За да можат возачите да ги забележуваат и ноќе, во својата средишна линија тие имаат флуоресцентна лента. Се работи за скап финансиски проект бидејќи само една пречка чини 3.000 денариБеше предвидено пречките да бидат поставени на најфреквентните улици во градот, како што се Димитрие Чупоски и 11 Октомври, булеварите Крсте Мисирков и Јане Сандански на потегот пред ТЦ „Бисер“, на улицата Кочо Рацин кај Олимписки базен, на булеварот Гоце Делчев кај ТЦ „Мавровка“.

Пречките добри за потпирање цигли

На булеварот Партизански одреди, особено во делот спроти Градежен факултет, пречките се речиси уништени, откорнати од нивното стојалиште и расфрлани по коловозот. Една од градежните фирми која тука гради објект дел од пречките ги употребила за потпирање на циглите на импровизираниот приод. Состојбата со пречките е катастрофална, особено ако се има предвид дека тие се монтирани пред само два месеца.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1684&ArticleID=112297


Posted By: zabegan
Date Posted: 27-Apr-2009 at 19:48
пречките служат за обележување, а не за спречување, како што кажа кловер казните се оние кои спречуваат, исто мора да им некаков систем за набљудување


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 27-Apr-2009 at 21:23
Изгледа има некој тренд во Македонија,кој го започна владата,а го прифатија и сите други,да се прават работи без добро осмислување,без да се земат мислењата на експерти,обични граѓани...и што е најстрашното и после направената глупост никој не превзема некаква одговорност,нема никави казни за одговорните.

Така и со жолтиве линии!


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-May-2009 at 19:26
Дали ова ќе успее




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-May-2009 at 13:41
ГРАДОТ ПОВТОРНО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА НЕУСПЕШНИОТ ПРОЕКТ
Жолтите пречки се уште се сопка на Партизанска

Жолтите пречки што се поставени на булеварот Партизански одреди, во делот кај пазарот „Буњаковец“, се уште нема да се отстрануваат и покрај тоа што претставуваат потенцијална опасност за сите учесници во сообраќајот во овој дел од градот. Пречките се уништени и буквално расфрлани насекаде низ коловозни ленти, а во некои делови на коловозот, каде што се искорнати, се останати само шрафовите со кои биле прицврстени. За скорашно решавање на овој проблем, надлежните од ЈСП „Скопје“ и Градот се уште немаат донесено конечна одлука во врска со тоа дали поставените пречки ќе треба да се отстранат поради тоа што овој проект очигледно не заживеа и се покажа како неуспешен. - Во моментот проектот за поставување на жолтите пречки на најфреквентните улици низ градот е ставен во мирување. Но дали веќе поставените надолжни физички одделувачи на едната коловозна лента во целост ќе бидат отстранети, се уште не е прецизирано “ велат од ЈСП „Скопје“. Од Град Скопје, пак, велат дека не само овој проект, туку и сите други кои новиот градоначалник Коце Трајановски ги наследи од неговиот претходник повторно ќе бидат ставени на разгледување и на дополнителна анализа. - Предвидено е повторно да се разгледа проектот за поставување на жолтите пречки по најфреквентните улици низ градот, како и тоа дали ќе се отстрануваат постојните “ објаснуваат од Градот. Уште од самиот почеток на поставувањето на пречките по Партизанска, надлежните институции се согласија дека примената на жолтите ленти не функционира најдобро во практика поради дополнителниот сообраќаен метеж што се создал по нивното поставување. Проблем е, како што велат, несовесното возење и паркирање на приватните автомобили по лентата издвоена за движење на автобусите, но и одбивањето на полицијата за 24-часовно надгледување на сообраќајот во тој дел од градот. За набавка на жолтите ленти, коишто најверојатно нема да продолжат да се поставуваат низ скопските улици, Градот има издвоено 50.000 евра, а набавена е 1.200 метри жолта пластифицирана гума од фирмата „Бојта-инг“ од Скопје. Секоја од пречките е висока 11 сантиметри, широка 25, а долга еден метар. За да може возачите да ги забележуваат и ноќе, во својата средишна линија тие имаат флуоресцентна лента. Се работи за скап финансиски проект бидејќи само една пречка чини 3.000 денари. Беше предвидено пречките да бидат поставени на најфреквентните улици во градот.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1710&ArticleID=114231


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 20-May-2009 at 16:49
Додека не го решат паркирањето околу буњаковец, никогаш нема да им профункционираат жолтиве ленти...


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-May-2009 at 17:42
Ако нема полиција возачите си тераат слободно по лентата за автобуси и немаат страв. Меѓутоа да има полиција никој не би возел по десната лента бидејќи при таа брзина да сака некој да промени лента ќе летни како каскадер, а кога ќе ја здогледа полицијата и ќе почне да кочи ќе биди веќе касно ќе го видат и ќе го казнат. Е сега не дека тоа е нешто оправдување за глупавиот проект, меѓутоа мислам дека таа логиката на пречкиве (штом ги користат низ светот мора да има нешто добро). Меѓутоа интересно е кај нас што си ја користат лентата за паркирање повеќе отколку за возење. Не знам што да кажам, меѓутоа ако има полициска контрола мислам дека пречките навистина ќе помогнат (бидејќи како што реков ако се решиле да возат по таа лента ем ќе бидат под стрес да не ги виде полиција, и што да прават ако ја забележат полицијата кога да се престројат без да скокнат 1 метар во воздух со таква брзина)


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: ArchiTechTone
Date Posted: 20-May-2009 at 18:12
Во буњаковец(трговскиот) има банки, продавници, има Службен весник! и уште мал миљон работи кои привлекуваат (приморуваат) луѓе да застанат со кола. За пазарот такоџе. Колку и да ме иритира паркирањето на тротоар во околината на буњаковец, сепак неможам целосно да ги обвинам само луѓето. Каде треба да паркираат? Легалните места се бројат на прст и од далеку не можат да го опслужат тој дел. Катната гаража кај универзална бог знае кога ќе биде готова.... И ја би се паркирал на троторар, и би влегол во жолтата лента ако треба да бирам помеѓу можна казна за сообраќаен прекршок и паркирање во катната гража во капиштец.

Дури и со оклопни возила да го расчистуваат тој дел, на некое друго место ќе им се прелее паркирањето и ќе направи проблем.... како што беше пишано и претходно, све се праи на јуриш и не се обмислува до крај. Затоа и не заживеа иницијативава...


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-May-2009 at 21:54
Научени сме да се ни е на два метра од нашето височество автомобилот.

Дајте, највероватно сте биле во некоја метрополи по светот каде тражејќи паркинг го оставаш автомобилот и до два три блока подалеку.

Мора да се помириме дека тоа е цената која ја плаќат секаде во светот живеењето во метропола, за разлика од некое мало и мирно грдче. Па народе бирајте

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-May-2009 at 13:25
едно е да ја оставиш колата на пет минути, друго е да си ја паркираш таму цело време и тоа да ти стане навика


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-May-2009 at 15:33


Во некои случаи да, но сепак генерално е погрешно да се оди по таа логика. Треба да е јасно регулирано и означено каде што смее и тоа да се спроведува меѓудругото и со непрекината казнена политика. Жолта лента се знае за што е и нема тука никаков простор за застанување од 5 минути. И за на тротоар е сосема друга приказна - на класичен тротоар се разбира дека воопшто не треба да згазне гума од возило!



       No parking
Prohibits stopping on the roadway for more than 3 minutes except for passenger boarding/discharging and loading/unloading





      No stopping
Stopping or standing on the roadway is prohibited




Или вториов знак во америчка интерпретација:


LOL  LOL  LOL


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-May-2009 at 18:09
епа како што кажавте претходно не е решен проблемот со паркингот, а доколку не е контролирано од полиција, народот ќе прави престап и да постои сид, а не лента, мислам дека тука стапува организацијата и законите, а просторот каде не треба да се движат одредени возила доволно е да биде обележан со боја

некои сообраќајни хаоси се нерешени со години, и сега сите сакаат да се решат за пет минути


Posted By: zabegan
Date Posted: 21-May-2009 at 19:04
еве како тоа се прави во истамбул, но колку што знам местото за автобуси е обезбедено уште од почеток, а не е импровизација како кај нас Roll%20eyes



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 26-May-2009 at 19:02
Еве како наш „голем граганин“ не само на жолта линија, него и на сама кривина, и секако што ке ги троши скапите трепкачи.




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 26-May-2009 at 19:14
Zabegan, ова не е лента за класичен автобус, туку за т.н. Метробус Истанбул. Поминува на средината на ново-изградените градски магистрали и разбирливо има место за вакво нешто. Кај нас нели нема, така што заборави на оваа опција, иако е поефтина а минимум еднакво ефикасна од ЛРТ (под услов да нема комфликтни зони со семафорите и други сообраќајници).




Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-May-2009 at 03:41

Жолтите пречки - промашена инвестиција

Проектот не успеа поради сообраќајната некултура и слабото казнување на несовесните возачи од страна на полицијата


Градските власти најавија дека ќе постават пречки уште на шест булевари, но проектот го ставија во мирување

Жолтите пречки, што градските власти ги поставија на крајната коловозна лента на булеварот Партизански одреди со цел таа да се користи исклучиво за возилата на јавниот превоз, се промашена инвестиција. За еден километар вакви пречки градските власти платија по 50.000 евра, но тие не го растоварија сообраќајот и не им го олеснија движењето на автобусите.

Напротив, создадоа уште поголем метеж и опасност и за возачите и за пешаците. Наместо итно даги отстранат, оти беа поставени нестручно, како што предупреди директорот на ЈСП, градските власти одлучија проектот да го стават во мирување.Во меѓувреме пречките продолжуваат да создаваат хаос на булеварот, затоа што возачите на автомобилите не ги почитуваат. Многумина возат преку нив, па поради тоа пречките се оштетуваат и се расфрлаат по целиот коловоз. Автобусите застануваат на втората коловозна лента и ги истовараат патниците на третата, доведувајќи ги во опасност да бидат прегазени.

- Се гледа колку се ефикасни пречките. Тие пречат во сообраќајот и треба веднаш да се тргнат. За да функционира ова, полицијата треба да казнува, оти ред се воведува само кога државата ќе ги удри граѓаните по џебот - вели скопјанецот Февзи Саит. Според директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Александар Бошковиќ, проектот не ги даде очекуваните ефекти, бидејќи пречките беа поставени на нерасчистен терен.

- Крајната лента на „Партизански одреди“ требаше да биде слободна само за автобусите и такси-возилата, а не да биде зафатена со незаконски паркирани автомобили. Поради тоа, нашите автобуси се принудени да возат по втората лента. Од друга страна, тротоарите каде што треба да се симнуваат патниците, исто така, се узурпирани од возила. Како да се спроведе овој проект на ваков терен - вели Бошковиќ.Тој додава дека не постои координираност на Градот со полицијата за да се казнуваат оние што нема да ги почитуваат пречките, односно хоризонталната и вертикалната сигнализација.

- Полицијата не сака да дежура 24 часа, а сообраќајната инспекција треба да биде ажурна и ригорозна и постојано да биде на терен - потенцира Бошковиќ.Од Градот Скопје се правдаат со тоа дека проектот почнал со евалвација и дека треба подолг период за да се донесат вистински заклучоци за ефектите од пречките.

- Непочитувањето ќе го санкционира сообраќајната полиција, според Законот за безбедност во сообраќајот. За таа намена, Градот постави соодветна вертикална сообраќајна сигнализација - велат од одделението за односи со јавноста во Градот.Од СВР Скопје велат дека постои соработка меѓу сообраќајната полиција и градските власти.

- Се прават планови и се преземаат сите мерки што се неопходни за да се надмине овој проблем. Веќе се изрекуваат казни за прекршок непочитување на сообраќаен знак кои изнесуваат 25 евра или 15 казнени поени во возачката книшка - вели Лиза Бендевска, портпарол во СВР Скопје.Од предвидените 1.200 метри жолти пречки за годинава, досега се поставени околу 700 метри.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=78FCCE47012BE047B5812CB093730988



Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jul-2009 at 11:18

Градот размислува да ги тргне гумените препреки од Партизанска

Од градската управа велат дека допрва ќе одлучат дали да продолжат на овој начин да ги одвојуваат лентите наменети за јавниот сообраќај или да ги отстранат и веќе поставените препреки

%20
Гумените препреки што веќе пет месеци се поставени на булеварот Партизански одреди можно е да се отстранат, велат од градската управа. Откако се поставија, тие воопшто не ја исполнија својата намена, да ги одделат сообраќајните ленти за јавниот сообраќај од остатокот од коловозот и да го отежнат нивното узурпирање од други возила. Напротив, граѓаните сé уште не ја почитуваат нивната намена и одвоените ленти сé почесто ги користат како слободен паркинг-простор, а автобуси полни со патници преминуваат преку нерамнините високи 12 сантиметри.

Возачите велат дека препреките направиле многу поголем хаос отколку што имало корист од нив. Тие додаваат дека по булеварот Партизански одреди, во делот кај Архитектонскиот факултет, мора да возат со поголема претпазливост, бидејќи некои парчиња гума ги нема, други стојат на своите места како нерамнини, а трети се расфрлани по целата сообраќајница.

Граѓаните сé уште не ја почитуваат нивната намена, односно одвојување на јавниот сообраќај и сметаат дека пречките повеќе им го отежнуваат движењето во сообраќајот отколку што им овозможуваат непречено движење. Тие додаваат дека по булеварот Партизански одреди, во делот кај Архитектонскиот факултет, мора да возат со поголема претпазливост, бидејќи дел од жолтите пречки нема, некои се на своето место во вид на нерамнини на патот, а трети биле расфрлани по целата сообраќајница.

- Не можеме да возиме со дозволената брзина бидејќи дел препреки кај Архитектонскиот факултет се расфрлани по целиот коловоз. Од други, пак, останале само шрафовите што ги држеле, па од нив може да се оштетат гумите на автомобилите. Безбедноста ни е загрозена, а очигледно е дека со нив не е постигната целта, односно одвојување на јавниот сообраќај, бидејќи автобусите и такси-возилата се движат по лентите што не се предвидени за нив. Треба или целосно да се отстранат или да се постават некои поквалитетни, кои нема да се оштетат во толкава мера за толку кратко време, а полицијата да почне да казнува за да се исполни намената - вели скопјанецот Александар Николовски.

Од градската управа велат дека одлуката сé уште не била донесена и затоа не се знаело дали ќе продолжат да ги поставуваат препреките или ќе ги отстранат.

- Предметот се разгледува, потребен е временски период за да се донесе одлуката. Постојат два избора, но што ќе се избере не знаеме - изјавија градските власти.

Поставувањето на гумените препреки, кои требаше да го одвојуваат јавниот сообраќај, градот го чинеше три милиони денари. Тие почнаа да се поставуваат на булеварот Партизански одреди, на 8 март оваа година, на потегот од булеварот Климент Охридски до улицата 29 Ноември, а потоа се најави и нивно поставување на сите булевари во Скопје.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7691035182&id=14&setIzdanie=21730


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jul-2009 at 18:34
Предметот се разгледува, потребен е временски период за да се донесе одлуката.


Подразмислете уште година-две.  По можност онака темелно како што се размислуваше за нивно поставување  Roll%20eyes

А каква е ситуацијата на терен не е важно. Дали е нарушена безбедноста со вашето дремење исто така не е важно. Важно е вие мирно и спокојно да го разгледате овој „комплициран“ случај. Ех бирократија...  Wallbash

Баш едвај чекам со каква мудрост ќе не просветлите на крај




Posted By: vardar
Date Posted: 10-Aug-2009 at 23:40
 

Градот се мисли дали да поставува уште гумени пречки

Кај „Буњаковец“ повторно се извадени и расфрлани дел од гумените пречки

Градот Скопје се' уште го преиспитува проектот за поставување гумени пречки на булеварот „Партизански одреди“. Градските власти не одлучиле дали ќе продолжат со реализација и на другите планирани локации, откако стартот на првата сообраќајница се покажа како неуспешен.

Откако пред неколку месеци голем дел од пречките беа откорнати од коловозот, потоа повторно монтирани, деновиве на делови кај трговскиот центар и зелениот пазар „Буњаковец“ некои повторно се извадени и расфрлани. И тие што се' уште се останати, всушност, се уништени од тоа што постојано се минува преку нив, најмногу од страна на автомобилите кои сакаат да се паркираат на тротоарите.

Возачите, пак, на автомобилите, но и оние од ЈСП или од приватните превозници, воопшто не ги почитуваат, а сообраќајната полиција не ги санкционира ниту нив ниту паркираните возила.

„Жолти ленти се поставени само на булеварот ’Партизански одреди’ и во тек е евалуација на сите позитивни и негативни страни од нивното поставување. За пречките што се изместени треба да ги сервисира фирмата која ги постави, да ги поправи или да стави нови“, велат во Градот Скопје.

Иако проектот целосно не е реализиран, учесниците во сообраќајот мора да се придржуваат кон воспоставениот режим за нивно користење и сигнализацијата која е поставена, информираат градските власти, но не прецизираат дали и кога проектот ќе продолжи и на другите булевари, како што беше планирано. (С.Н.)

 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E83C3D84240BA64D9C5F796122B878A4 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E83C3D84240BA64D9C5F796122B878A4


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Aug-2009 at 13:33
Sleepy


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 11-Aug-2009 at 14:33
Како што често завршуваат скопските журки и концерти - WE WANT MORE, WE WANT MORE....
Suicide

...што се мислат, сите ги сакаме...


-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Sep-2009 at 17:49
ДО­ДЕ­КА ГРА­ДОТ ОД­ЛУ­ЧИ ДА­ЛИ ЌЕ ПРО­ДОЛ­ЖИ СО ПРО­ЕК­ТОТ

Ос­та­наа са­мо пар­чи­ња плас­ти­ка од жол­ти­те лен­ти

До­де­ка не за­вр­ши ана­ли­за­та за ефек­ти­те од пос­та­ву­ва­ње на жол­ти­те лен­ти на бу­ле­вар Пар­ти­зан­ски од­ре­ди, на ос­та­на­ти­те бу­ле­ва­ри кои се пред­ви­де­ни со про­ек­тот не­ма да се ста­ва­ат плас­тич­ни преп­ре­ки

Од жол­ти­те лен­ти кои тре­ба­ше да ре­зер­ви­ра­ат прос­тор на ко­ло­во­зи­те за дви­же­ње на ав­то­бу­си­те од јав­ни­от со­об­ра­ќај ос­та­наа са­мо ов­де-он­де ис­по­кр­ше­ни пар­чи­ња плас­ти­ка. Жол­ти­те лен­ти се про­ект на по­ра­неш­ни­от гра­до­на­чал­ник на Скоп­је Три­фун Кос­тов­ски и не­го­ва­та ре­а­ли­за­ци­ја поч­на не­пос­ред­но пред ло­кал­ни­те из­бо­ри. То­гаш жол­ти лен­ти беа пос­та­ве­ни са­мо на бу­ле­вар Пар­ти­зан­ски од­ре­ди, во де­лот кај па­за­рот Бу­ња­ко­вец, а бе­ше нај­а­ве­но де­ка ќе се пос­та­ват на си­те со­об­ра­ќај­ни­ци во цен­та­рот. Но по из­бо­ри­те, ко­га за гра­до­на­чал­ник на Скоп­је дој­де Ко­це Тра­ја­нов­ски, ак­тив­нос­ти­те око­лу пос­та­ву­ва­ње на жол­ти­те лен­ти зам­реа. Но­ви­те град­ски влас­ти нај­а­ви­ја де­ка ана­ли­зи­ра­ат да­ли ќе про­дол­жат со ре­а­ли­за­ци­ја на про­ек­тот, но по­ми­наа ре­чи­си пет ме­се­ци, а ре­зул­тат од ана­ли­за­та уш­те не­ма.
"Во де­лот на бу­ле­ва­рот Пар­ти­зан­ски од­ре­ди ка­де што ве­ќе се пос­та­ве­ни жол­ти лен­ти, пос­та­ве­на е и вер­ти­кал­на сиг­на­ли­за­ци­ја, со ко­ја крај­на­та дес­на лен­та е ре­зер­ви­ра­на са­мо за јав­ни­от пре­воз. Сог­лас­но оваа вер­ти­кал­на сиг­на­ли­за­ци­ја, со­об­ра­ќај­на­та по­ли­ци­ја мо­же да ги каз­ну­ва скоп­ја­ни што не­ма да ја по­чи­ту­ва­ат, без ог­лед на тоа што дел од лен­ти­те се ис­кр­ше­ни и што сe уш­те се оце­ну­ва што ќе пра­ви­ме со про­ек­тот. Оцен­ка­та на про­ек­тот ќе трае уш­те ку­со вре­ме, а по­тоа ќе се до­не­се зак­лу­чок за ефек­ти­те од пос­та­ву­ва­ње­то на жол­ти­те лен­ти", ве­лат од од­де­ле­ни­е­то за од­но­си со јав­ност на Гра­дот.
Град­ски­те влас­ти ве­лат де­ка до­де­ка не за­вр­ши оцен­ка­та на про­ек­тот, не­ма да ги до­пос­та­ват ос­та­на­ти­те жол­ти лен­ти на по­ве­ќе бу­ле­ва­ри кои пр­вич­но беа пред­ви­де­ни со про­ек­тот. (Е.А.)


http://vest.com.mk/?ItemID=760EF4CE734DB4469C5D41727F81E44E


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Nov-2009 at 16:49
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЖОЛТИТЕ ПРЕПРЕКИ ОД БУЛЕВАРОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ

По темелното испитување на функционалноста на надолжните препреки за одвојување на сообраќајните ленти, наменети за возилата на јавниот превоз, Град Скопје одлучи да ги отстрани од булеварот „Партизански одреди“.
Главните причини за отсранувањето на жолтите препреки од булеварот „Партизански одреди“ се неискористеноста на коловозната лента од возилата на јавниот градски превоз. Покрај тоа, и по преземањето на сите потребни мерки од страна на Град Скопје, оваа коловозна лента беше злоупотребувана за паркирање на возила, што го попречуваат одвивањето на јавниот градски превоз. Исто така, на прагот на зимската сезона, се отвори и проблемот со непреченото одвивање на работите и пристапот на механизацијата за расчитување на коловозот во зимски услови.
Отстранувањето на жолтите препреки од булеварот „Партизански одреди“, ќе биде извршено во текот на наредната седмица.
Градот Скопје планира остатокот од четиристотини надолжни жолти препреки,  да ги искористи за поставување на средишниот дел од булеварите со дупла бела полна линија, поради зголемување на безбедноста на сообраќајот. Оваа активност треба да се спроведе во текот на првиот квартал од 2010 година.

www.skopje.gov.mk


Posted By: Max
Date Posted: 12-Nov-2009 at 17:04
и колку камен беше отепано на црниве ленти? за што ќе бидат ли повторно употребливи истите и дали некаде можат да се искористат, можеби за некоја градска картинг патека како обележувачи на стаза... навистина смешно за што ваков луксуз, ова со механизацијата малку го претераа, но во зима ова гумава сигурно ќе замрзнува па повеќе е опасност за возилата него што е пречка за чистачите


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Nov-2009 at 17:57
Па пишува за што ќе бидат употребени!


Posted By: Max
Date Posted: 12-Nov-2009 at 18:28
ама кој да чита затоа велам стаза, оштроумни се во градот кога треба треба да опрвадаат некој зијан!


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 17-Nov-2009 at 10:15

Се отстранија гумените ленти на „Партизанска“

Градот вчера ги отстрануваше надолжните гумени препреки за одвојување на сообраќајните ленти на булеварот „Партизански одреди“. Главни причини поради кои се извадени препреките се неискористеноста на коловозната лента од возилата на јавниот градски превоз, како и затоа што на прагот на зимската сезона треба да се овозможи непречен пристап на механизацијата за расчистување на коловозот од снег. (Сн.К.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0A572B2B2A801244A27B7D240502A70B - http://utrinski.com.mk/?ItemID=0A572B2B2A801244A27B7D240502A70B


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 14-Mar-2010 at 21:58

Ќе речете, што ми текна сега за ова. Знам дека не ни излегоа така како што треба, и искрено после таа глупост нејкам да помислам на оваа работа, но ова е прилично добро решение. Повисоки уште подобро, за нас ова е малку, си се знаеме. И плус по некоја камера, за секој случај.

Тирана



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Mar-2010 at 03:28


Мислам дека ова е уште полошо од нашето „решение“. Во Тирана за разлика од нас веројатно сериозно ја земале во предвид културата на населението, па се одлучиле на вакви бетонски пречки, но со тоа мислам направиле уште поголема беља. Овие ми изгледаат како сериозна закана за безбедноста (барем да ги обоеле со флуоресцентна боја). Дополнителна глупост направиле со тоа што заедно со жолтата лента ја спакувале и велосипедската патека (на твојата слика не се гледа, јас поназад имав постирано една слика од оваа тиранска глупост, ама не се вчитува - проклет imageshack), а очигледно нема простор автобус да заобиколи велосипедист, барем не во пракса. Така да навистина не ми е јасно како сето тоа функционира...

Гумените пречки би функционирале одлично доколку би имало кој да го спроведува редот и законот. Всушност во тој случај гумените пречки не би ни биле потребни. Значи тежиштето на проблемот е на друго место, а не во пречките, кои покрај добри имаат и сериозни лоши страни.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Mar-2010 at 03:46
Ова е страшно. Несакајќи да треба да избегнеш возило во некоја опасна ситуација или да не го видиш ќе изкршиш бандаш и гума ќе искинеш. Подобро цел рабник да ставеле кога веќе се идело на цврста физичка делба на лентите, па барем ќе функционира веќе како посебна улица.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Mar-2010 at 10:13

Мислам дека ова е многу поефикасно решение, но за сигурноста, еве и да не бидам најсигурен. ПОдобро е да е цел рабник, тоа да, ида има флуороцентност, уште подобро, па и столбови да бидат. Го постирав како пример, кој може да биде искористен за усовршување и примена кај нас. Во секој случај автобуската лената треба да си биде засебна, и не гледам проблеми за автомобили, исто како рабникот на тротоарот да е поместен за една лента. Ако сакаме да нема автомобили на оваа лента, најдобро е да се почне со оваа варијанта, ако не ни сметаат, тогаш немора. Мене пластичните рабници ич не ми изгледаат добро, неколку поминувања преку нив и се деформираа.

Но ете може има и подобри решенија, јас само да дадам пример, а сигурен сум дека може и подобро. Јас да сум би ставил само камери и нека снимаат регистарски таблички, најлесно. Кога на некој ќе му дојде дома да потпише казна, за што, а за тоа, следниот пат ќе си вози само во втора лента, не пак да паркира. За ова мислам ќе треба и законска основа, така?

Иначе еве и примерот за велосипедската патека во Тирана, мислам дека е засебна и дека тука не возат автобуси, но изгледа така, поради истиот начин на одделување.



Posted By: Supervisor
Date Posted: 15-Mar-2010 at 15:16
Зар се вакви улициве во Тирана. Па Скопје има тогаш дефинитивно најгрди и најлоши улици.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 17-Mar-2010 at 00:22
СПОРЕД ПРОГРАМА НА ЈСП „СКОПЈЕ“
Жолтите пречки ќе се враќаат на улиците
 
 

Жолтите пречки, кои поради нивната нефункционалност беа отстранети од Партизанска, сепак и годинава ќе продолжат да се редат по градските сообраќајници. Иако од Градот минатата година тврдеа дека се разгледува што и како ќе се прави понатаму и дали ќе продолжи проектот со пречките, во инвестициската програма на ЈСП „Скопје“ за оваа година стои дека е предвидено нивно поставување за непречено движење на автобусите. Според најавеното во програмата, реализацијата треба да почне годинава, а краен рок ќе биде 2011 година. Од градскиот буџет минатата година за купување на таканаречените жолти гумени ленти, со кои физички требаше да се издвои дел од коловозот само за автобуси и на тој начин да се намали сообраќајниот хаос, беа издвоени 50.000 евра. Секоја од нив чинеше по 3.000 денари, а беа набавени 1.000 метри жолта пластифицирана гума од фирмата „Бојта-инг“ од Скопје. Првично предвидено беше лентите да се поставуваат на најпрометните места во градот, односно на булеварите Свети Климент Охридски, Партизански одреди, покрај пазарот Буњаковец, потоа во центарот на градот кај Рекорд, на булеварот 11 Октомври, во двете насоки кај Градската болница, кај „Зелено пазарче“, на булеварот Кочо Рацин и кај Бит-пазар. Проектот единствено почна да се реализира на Партизанска, но по неколку месеци, кога со пречките се создаде поголем хаос отколку што се регулираше движењето на автобусите и откако сосема се уништија и распаднаа по коловозот, беа отстранети. Сега повторно ќе се враќаат на улиците.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1969&ArticleID=136422 - http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1969&ArticleID=136422


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Mar-2010 at 03:13


Се работело за грешка

Топло-ладно со жолтите пречки по коловозите






 

Во годинешната инвестициска програма на ЈСП по грешка стои дека пречките пак ќе се поставуваат по должината на булеварите, но до тоа нема да дојде, бидејќи меѓниците само дополнително прават метеж во сообраќајот

 
 
%20  
Жолтите пречки што треба да го одвојуваат јавниот од другиот превоз по должината на булеварите, по грешка се најдоа и во инвестициската програма на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за годинава. Неделчо Крстевски, портпарол на градската управа, вели дека пречките нема да се поставуваат, бидејќи тие повеќе му пречат на сообраќајот отколку што го олеснуваат.

- Во годинешната инвестициска програма на ЈСП е направена ненамерна техничка грешка. Во неа стои дека пречките пак ќе се поставуваат на булеварите, но до тоа нема да дојде, бидејќи овие меѓници се покажа дека само дополнително го попречуваат сообраќајот и правата метеж - вели Крстевски.

...

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=315101040151&id=14&setIzdanie=21934


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Mar-2010 at 03:18
@ Fossil

Во Тирана сепак имаат пракса заедно да ги пакуваат жолтата и велосипедската лента, како што се гледа на сликата подолу.

Но сепак тоа е само капак на нивната глупост. Не се слагам дека е исто како и рабник. Пред се онака испрекинато и на сред улица дефинитивно е збунувачки и опасно, а плус претставува пречка и во ситуации кога не треба - ќе образложам подолу. Доколку би бил цел рабник и плус флуоресцентно обоен, би било подобро, но сепак би останале проблеми. Столбови би биле најголема катастрофа.
Физичко одвојување на жолта лента е лошо затоа што пред се не може ефикасно да се справи со проблемот, а плус креира дополнителни главоболки. Пречките не можат да спречат некое возило најнормално да влезе на оваа лента (не може да биде затворен систем, лесно може да се влезе секаде каде што има приклучок, крстосница и сл.) и да си шиба по нејзе. Од друга страна, пречките претставуваат проблем за оние кои легитимно треба да ја користат жолтата лента - јавниот превоз и такси возилата. Отежнато е заобиколување на друго возило, а потреба за заобиколување се јавува често, проблем е при престројување (обично или пред крстосница) и слично. Значи мора да се земе во предвид потребата од флексибилност во сообраќајот на овие возила, инаку би ги изгубиле практично сите компаративни предности пред шинскиот сообраќај на пример, во практично сите ситуации, и би останале само како пресек на лошите особини. Нема никаква логика автобуси и такси возила да се пикнат во затворен систем. Жолтата лента треба да биде нивна привилегија, а не ограничување.

Предлагаш и камери (кои ќе ги снимаат регистарските таблички на прекршителите) како опција, тоа многу повеќе ми се допаѓа. Луѓето мора да се научат (макар на сила) да имаат едно минимално ниво на култура и почитување на прописи. Да преувеличам за да доловам - ајде да ставиме столбчиња на сред секоја улица, за да спречиме возење во спротивен правец. Како што не мора да го правиме тоа, така не мора ни да правиме ѕидови за жолтата лента, туку сообраќајната дисциплина треба да ја подигнеме на повисоко ниво.




ова во Тирана е катастрофа


Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Mar-2010 at 20:11
можеби не ми вреди забелешкава, но зошто цела една посебна лента за автобуси? колку што знам проблем со автобусите има само на постојките каде се паркираат разни идиоти, па нема автобусот каде да застане, но што се однесува до движењето на автобусите, колку што имам приметено, барем на 3x3 булеварите автобусите немаат голем проблем при движењето, а ако непрописното паркирање е проблемот, тој се решава на друг начин, со 24 часа дежурство (како што спомна фосил, камери на пр.) и санкции доколку некој паркира кај што не треба


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Mar-2010 at 23:04
Забеган па основната цел на пречките е да обезбеди проток на јавниот превоз кој треба да добие приоритет на сметка на индивидуалните граѓани што идат со сопствени возила. Во гужва јавниот превоз да не чека. Воопшто не е тука мотив за да им се обезбеди на станиците да застануваат без проблем. Тоа само дополнително се добива, но основно е за да има приоритет градскиот превоз.


Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Mar-2010 at 23:27
Originally posted by lslcrew

Забеган па основната цел на пречките е да обезбеди проток на јавниот превоз кој треба да добие приоритет на сметка на индивидуалните граѓани што идат со сопствени возила. Во гужва јавниот превоз да не чека. Воопшто не е тука мотив за да им се обезбеди на станиците да застануваат без проблем. Тоа само дополнително се добива, но основно е за да има приоритет градскиот превоз.
да, но пак, одземање на цела една коловозна лента ќе се направи дополнителна гужва во останатиот сообраќај, а моментално нема потреба од такво нешто бидејќи автобусите немаат проблем со движењето по улиците, поголем пробблем имаат останатите учесници во сообраќајот кога еден автобус треба да смени лента или да застане на постојка...
но во ред, како и да е, не би се ослонувал на било каква теза додека не видам како сето тоа функционира во наши услови


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Mar-2010 at 23:32
zabegan, посебна лента за јавен сообраќај е докажан модел во цел свет не е нешто ново. Зарем не чекаат автобусите во ред за семафор во долгите колони, треба да прават вратоломии да се престројуваат итн.

Доколку би имале своја линија на движење, чекањето на семафор ќе биде минимално, движењето по булеварите предвидливо и би се добил ефикасен и точен јавен превоз кој треба да го има приматот пред индивидуалните возила особено во погустите зони. Всушност квалитетен јавен превоз треба да ја дестимулира употребата на коли а со тоа автоматски би се намалила и гужвата за која говориш.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Mar-2010 at 23:35
Originally posted by lslcrew

Забеган па основната цел на пречките е да обезбеди проток на јавниот превоз кој треба да добие приоритет на сметка на индивидуалните граѓани што идат со сопствени возила. Во гужва јавниот превоз да не чека. Воопшто не е тука мотив за да им се обезбеди на станиците да застануваат без проблем. Тоа само дополнително се добива, но основно е за да има приоритет градскиот превоз.
Токму така. Би дополнил само дека жолтата лента, доколку се обезбеди нејзино правилно функционирање има и многу поголем капацитет од обична лента (со оглед на тоа што по нејзе се движат автобуси). Па сосема е оправдано нејзиното постоење на сообраќајници каде што има интензивен јавен превоз.

@ zabegan
Не треба да гледаш на жолтата лента како на „одземање“ на лента. Во поглед на проток на патници, не се работи за намалување на капацитетот на сообраќајниците, туку за зголемување.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Mar-2010 at 03:58

Жолтите пречки нема веќе да пречат

Откако се покажа дека жолтите пречки што беа поставени на Партизанска се неефикасни, од средината на наредниот месец пак ќе бидат пребојадисани жолтите линии

Жолтите линии, чија цел е да се одвои крајната десна коловозна лента на булеварите само за возилата од јавниот превоз, таксистите, итната помош,

ќе бидат пребојадисани од средината на наредниот месец. Ова е решено, откако се покажа дека жолтите гумени пречки што беа поставени на булеварот Партизански одреди кај пазарот „Буњаковец“ се неефикасни.

Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ велат дека Градот веќе се подготвува за ваква акција, со цел да се олесни и забрза патувањето со јавниот градски превоз.

- Нема повторно да се поставуваат жолтите гумени пречки што беа извадени од булеварот Партизански одреди. Тие се покажаа неефикасни, а и возачите се жалеа дека немаат доволно простор за маневрирање. Проблем им претставувало тоа што нема како да се извлече возилото кога ќе остане во дефект, па мора да се преминуваат овие пречки, при што се оштетуваат - објаснува Мишо Николов, директор на ЈСП.

Најпроблематично за возачите на автобусите, според Николов, било тоа што тешко се возело, бидејќи просторот физички бил ограничен и бил мал.

- Токму поради тоа Градот со жолта боја ќе ги обнови постојните линии. Такви има секаде на булеварите каде што има две ленти во еден правец, нагласи Николов. Според него, исклучоци ќе има онаму каде што не постојат услови за тоа, како што е на пример улицата Водњанска.

Директорот Николов вели дека би сакал ова да се реализира до јуни, кога ќе пристигнат првите нови четиризглобни и 11 нископодни автобуси од Украина.

И од Градот потврдуваат дека жолти пречки нема да се поставуваат повторно, туку дека со пролетното бележење на хоризонталната и вертикалната сигнализација по улиците со жолта боја ќе бидат обележани коловозите за движење на јавниот превоз.

- Ќе се обележуваат сите градски улици. По обележувањето на овие ленти возачите ќе мора да се придржуваат на правилата затоа што сообраќајната полиција може да ги казни учесниците во сообраќајот што ги користат, а не се јавни превозници, објаснуваат од одделението за односи со јавност во Градот.

Пречките, по повеќе одложувања беа поставени во март лани на булеварот Партизански одреди. Од предвидените 1.200 метри жолти препреки беа поставени околу 700 метри. Набргу се покажа дека наместо да овозможат побрз и поефикасен јавен градски превоз, создадоа сообраќаен хаос.

Возилата возеа преку нив за да се паркираат на тротоари, многу автобуси воопшто не влегуваа во крајната десна лента, патници се симнуваа и качуваа сред булеварот, а голем дел од пречките беа извадени. Поради ова, во ноември лани беа извадени, со образложение дека крајната коловозна лента е неискористена, а ќе и' пречат на механизацијата на зимската служба, која ќе го чисти снегот од коловозите.

Од СВР Скопје велат дека казната за непочитување на сообраќаен знак, под што се води и непочитување на жолтата лента, е 25 евра или 15 казнени поени.

Од Градот информираат дека остатокот од жолтите гумените пречки ќе се постави на булеварите каде што ќе треба да се обезбеди радиусот на вртење и престројување на автобусите на јавните превозници. Жолтите пречки се високи 12, широки 25 сантиметри и долги по еден метар. Од градскиот буџет за 1.000 метри пречки беа издвоени 50.000 евра, односно 50 евра за метар.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0172C6DE7E19154089264E28E91AFBC0



Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Jan-2011 at 19:21


Датум: 10.01.2011, 09:21

Градот со реклами ќе „предава“ сообраќајна култура

Напролет, градската власт и ЈСП ќе организираат кампањи чија цел ќе биде едукација на населението за користење на крајните десни ленти, обележани со жолта боја, а наменети за автобусите и за такси-превозниците

Скопјани, преку рекламни кампањи, ќе се учат на поголема сообраќајна култура, да не возат во крајните ленти на булеварите и улиците, за да не им го отежнуваат движењето на автобусите и на таксистите. Градот и Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ напролет, за оваа цел и наменски ќе организираат кампањи чија цел ќе биде едукација на возачите околу користењето на бојосаните трети или четврти ленти од сообраќајниците.Тие со години служат за оваа намена, но никој не ги почитува правилата, и тоа е една од причините за зголемениот сообраќаен метеж.

Оваа замисла доаѓа откако пред две години пропадна идејата со гумените пречки, поставени во времето на градоначалникот Трифун Костовски, како „радикално“ решение, за олеснување на движењето на автобусите и на таксистите. Тогаш крајните десни ленти беа раздвоени со жолти пречки, но за кратко време идејата заврши неславно, токму поради сообраќајната некултура. Тие набрзо беа оштетени од несовесните возачи.

Според директорот на ЈСП, Мишо Николов, тој проект пропаднал затоа што физичките пречки биле гумени и меки и лесно се прегазувале, наместо да биле поцврсти и повисоки од 12 сантиметри. За него, сегашната замисла, за пребојосување на лентите, како и рекламно едуцирање, е вистинското решение кое ќе вроди со плод.

- На почеток е добро да се оди со кампања насочена кон совеста на граѓаните, а не веднаш со казни, бидејќи тоа предизвикува иритирачки ефекти. Жолтата лента е за јавниот превоз и за таксистите, а патничките возила ќе мора да им даваат предност на автобусите. На овој начин, како и со обнова на возниот парк, ќе се обезбеди брз и непречен јавен превоз - изјави директорот Николов.

Од Градот информираат дека ќе се бележат сите улици на кои ќе треба да се обезбеди радиус на вртење на автобусите и нивно престројување, како и на кружните текови што ќе се изградат годинава. На кој начин ќе се спроведува едукацијата, оттаму изјавија дека се' уште не знаат и дека размислуваат.

- Во опција се проектни форми кои с` уште заеднички се утврдуваат со јавните превозници - одговорија од Градот.

Сите овие активности, објаснија надлежните, ќе се спроведуваат имајќи го предвид скорашното пристигнување на новите 84 нископодни автобуси, како и четирите зглобни. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, сите треба да пристигнат до крајот на месецов, а понатаму и останатите 202 двокатни автобуси.

Имајќи предвид дека идејата е во зародиш, од Градот и од ЈСП не кажаа колку ќе чини рекламната кампања, како и колку време ќе трае.

Како што јавноста веќе беше информирана, претходното решение за воведување ред во сообраќајниот хаос градската власт ја чинеше 50.000 евра. Толку пари беа платени за гумените пречки, кои беа поставени на булеварот Партизански одреди, во 2009 година. Беа набавени 1.000 метри жолти пречки, а од нив на терен беа поставени 700 метри. Откако од сообраќајниот сектор во Градот увидоа дека пречките не ја исполнија својата цел, дека ги прегазува и оштетува кој како стаса, во средината на ноември 2009 година решија да ги отстранат. Како друга причина за нивното повлекување беше наведено објаснувањето дека пречеле на зимската служба при чистење на снегот од коловозите.

Анела Петрова #


http://dnevnik.mk/?ItemID=F21301C8D4C8854CBB1E1697814F548A - http://dnevnik.mk/?ItemID=F21301C8D4C8854CBB1E1697814F548A

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: nenad
Date Posted: 11-Jan-2011 at 10:03

 На почеток е добро да се оди со кампања насочена кон совеста на граѓаните, а не веднаш со казни, бидејќи тоа предизвикува иритирачки ефекти. Жолтата лента е за јавниот превоз и за таксистите, а патничките возила ќе мора да им даваат предност на автобусите. На овој начин, како и со обнова на возниот парк, ќе се обезбеди брз и непречен јавен превоз - изјави директорот Николов.


Srekoj znae zosto se postaveni zoltite lenti. Za da se podigne svesta potrebno e efikasna i efektivna Kaznena politika. A za taa da bide efikasna i efektivna potrebno e pogolemo prisustvo na policijata i kameri! Znaci kaznite od rajot izlegle. 



Posted By: Sale SK
Date Posted: 20-Jan-2011 at 02:04
Кога третата лента би била слободна,сообраќајот би бил совршен.Главна улога тука треба да има полицијата која воглавном се занимава со казнувања за бесмислени грешки на нормалните возачи во градов.


Posted By: Max
Date Posted: 07-Sep-2011 at 18:11

[tube]eh_eBqi_Ooc[/tube]

[tube]bh1TTgqKjmc[/tube]

[tube]4ZdLjKl0lHc[/tube]

иако вакво нешто не е за булевари, дефинитивно со ваков систем би куртулила жолтата лента http://en.wikipedia.org/wiki/Bollard#Movable_bollards

сепак за булевари има посоодветни решенија како контрола преку рфид или камера http://www.rta.nsw.gov.au/usingroads/buses/buscamera_faqs.html - http://www.rta.nsw.gov.au/usingroads/buses/buscamera_faqs.html [ http://en.wikipedia.org/wiki/Intelligent_transportation_system#Automatic_road_enforcement - 1 ]



Posted By: krale
Date Posted: 07-Sep-2011 at 22:04
Добри беа тие препреките што ги поставија, само ептен неквалитетени. Солидно изработени, можат да бидат спас и за несовесно паркирање/застанување, и за забрзано движење на јавниот сообраќај.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Sep-2011 at 23:16


И што ако биле поквалитетни препреките?
(а демек утврдивме дека биле неквалитетни, ама ај)
Скопските селани така повеќе ќе ги почитуваа и сообраќајот подобро ќе функционираше? Со свои очи гледав и добро се сеќавам што се случуваше на Партизанска кога ги вградија, хаосот ескалираше до трагикомични размери, а сето тоа немаше ни најмала врска со квалитетот на препреките. За секого со трунка осет за реалност, резултатот беше очекуван и на него предупредувавме и ние „лаиците“ во повеќе наврати низ повеќе нишки на форумов...

Се надевам барем дека после сето тоа што го видовме на Партизанска на надлежните им се разјасни дека клучен фактор за профункционирање на жолтата лента е сообраќајната полиција, а се друго се аксесори со добри но и со лоши страни. Во спротивно не чека нова голема глупост од која ќе се офајди само тендер-мафијата која ќе ни довлечка некакви нови препреки, а стапот ќе го кркаме сите останати.


Posted By: <Fresno>
Date Posted: 19-Sep-2011 at 10:01
Факт е дека препреките беа неквалитетни и ниски. Но освен препреки, потребно е и поставување на столпчиња до коловозот на велосипедските патеки, за да се спречи паркирање на тротоарите, што е и најголема причина за движење на коли по жолтата лента. Сообраќајната полиција така ќе има далеку полесна работа. Препрекиве може да завршат голема работа на булеварите со по 3 ленти: Партизанска, МХВ Јасмин, Кочо Рацин, КЈ Питу, Сандански, ВС Бато, КП Мисирков и Александар Македонски; со тоа што столпчиња ќе биде потребно да се постават само на критичните делници.

Што се однесува до улиците со по 2 ленти во насока, нема потреба од вакви препреки, бидејќи ќе го намалат премногу протокот за други возила, но добро би било оформување на големи џепови за автобуските постојки за колку толку да се ублажи застојот што го создаваат автобусите во десната лента.


Posted By: krale
Date Posted: 19-Sep-2011 at 17:04
Originally posted by Cloverstack


И што ако биле поквалитетни препреките?(а демек утврдивме дека биле неквалитетни, ама ај)Скопските селани така повеќе ќе ги почитуваа и сообраќајот подобро ќе функционираше? Со свои очи гледав и добро се сеќавам што се случуваше на Партизанска кога ги вградија, хаосот ескалираше до трагикомични размери, а сето тоа немаше ни најмала врска со квалитетот на препреките. За секого со трунка осет за реалност, резултатот беше очекуван и на него предупредувавме и ние „лаиците“ во повеќе наврати низ повеќе нишки на форумов...Се надевам барем дека после сето тоа што го видовме на Партизанска на надлежните им се разјасни дека клучен фактор за профункционирање на жолтата лента е сообраќајната полиција, а се друго се аксесори со добри но и со лоши страни. Во спротивно не чека нова голема глупост од која ќе се офајди само тендер-мафијата која ќе ни довлечка некакви нови препреки, а стапот ќе го кркаме сите останати.


Од што беа многу квалитетни партал се направија. Они не беа извадени - се самораспаднаа.


Инаку препреките се одличен начин за регулирање на сообраќајот. Јавниот транспорт така ќе добие на брзина, и поентата на сите градови со густ сообраќај е да го забрзаат јавниот транспорт, а да го успорат приватниот. Така, кога по Партизанска ќе се вози во две закрчени ленти, а автобусите ќе шибаат па, и во делот накај Стоковна Мост, Гоце Делчев мостот и Бит Пазар, Аеродром... е да видиш тогаш колку луѓе ќе сакаат да си ја остават колата дома.

Ние мораме да ги менуваме навиките на возачите, и се покажува дека тоа е можно со ред и дисциплина. До неодамна луѓето беа навикнати да се паркираат пред врата, кајшто одат, а сега во центар си има зонско и функционира беспрекорно. Треба само да се шири кругот и накај Карпош и Бит Пазар.


Posted By: tonikostov
Date Posted: 19-Sep-2011 at 20:38
денес го гребеа асфалтот од првата (жолтата) лента од Железничка станица кон Народна банка. Можеби планираат да прават нешто со таа лента, иако не ми е јасно што би можело дополнително да се прави на улица која е реконструирана пред само неколку месеци...


Posted By: Tuvok
Date Posted: 20-Sep-2011 at 16:26
ВО примерот со препреките што беа поставени, поготво кај Партизнска се знаеше уште во старт дека нема да профункционираат бидејќи неможе да имаш слободна трета лента а во исто време да дозволуваш паркирање на тротоарот. Неминовно тогаш сите кога се паркираа, бараа паркинг или излегуваа од паркинг преминуваа преку таа трета лента.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 20-Sep-2011 at 17:26
Не ми се допаѓат мислењата кои подржуват повисоки препреки, ѕидови, столбчиња и други видови на физички препреки. Мое мислење е дека сообраќајната полиција треба да работи на дисциплирање на учесниците во сообраќајот. Свесен сум дека сме тежок и недисциплиниран народ но со консеквентна примена на законите полека ќе се стават во ред уличните „каубојци„. Значи јас сум поборник на ментални а не физички препреки.


Posted By: krale
Date Posted: 20-Sep-2011 at 21:04
Originally posted by kultuzin

Не ми се допаѓат мислењата кои подржуват повисоки препреки, ѕидови, столбчиња и други видови на физички препреки. Мое мислење е дека сообраќајната полиција треба да работи на дисциплирање на учесниците во сообраќајот. Свесен сум дека сме тежок и недисциплиниран народ но со консеквентна примена на законите полека ќе се стават во ред уличните „каубојци„. Значи јас сум поборник на ментални а не физички препреки.


Во време на автоматизација и укинување на работни места што може да се извршат на друг начин, ти заговараш да поставиме редари на секои 100м.

Препреките имаат и друга улога - да оневозможат претекнување меѓу самите автобуси, и конечно да се стави крај на тркањето меѓу приватни и државни, што дополнително го закрчува градот.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Sep-2011 at 00:45
Originally posted by kultuzin

Не ми се допаѓат мислењата кои подржуват повисоки препреки, ѕидови, столбчиња и други видови на физички препреки. Мое мислење е дека сообраќајната полиција треба да работи на дисциплирање на учесниците во сообраќајот. Свесен сум дека сме тежок и недисциплиниран народ но со консеквентна примена на законите полека ќе се стават во ред уличните „каубојци„. Значи јас сум поборник на ментални а не физички препреки.
Апсолутно!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Sep-2011 at 00:52
Originally posted by krale

Од што беа многу квалитетни партал се направија. Они не беа извадени - се самораспаднаа.
Упорно ја изместуваш дискусијата. Ете имаше период кога препреките беа нови, па сепак и тогаш беше истиот хаос. Хаосот немаше врска со квалитетот или неквалитетот на препреките, туку со неквалитетот на замислата.

А што се однесува до прашањето за квалитетот на препреките... Купи си Мерцедес, залетај се и шибни се во некоја бандера. Ако по некоја „случајност“ Мерцедесот го направиш крш, заклучи си дека се работи за неквалитетен автомобил... Јас не знам колку беа квалитетни или неквалитетни препреките, но во секој случај не беа предвидени преку нив постојано да поминуваат возила и автобуси, ниту пак да стојат врз нив.


Originally posted by krale

поентата на сите градови со густ сообраќај е да го забрзаат јавниот транспорт, а да го успорат приватниот
Сешто...


Originally posted by krale

Во време на автоматизација и укинување на работни места што може да се извршат на друг начин, ти заговараш да поставиме редари на секои 100м.
Всушност, за да се наметне дисциплина за ваква работа, доволни ќе бидат 10 сообраќајци за цело Скопје. Добиј само една казна, па ќе видиш како нема да нарушуваш жолта лента и покрај тоа што ќе знаеш дека нема редари баш на секои 100 метри.


Originally posted by krale

Препреките имаат и друга улога - да оневозможат претекнување меѓу самите автобуси, и конечно да се стави крај на тркањето меѓу приватни и државни, што дополнително го закрчува градот.
Претекнувањето и воопшто поголемата мобилност на автобусите во многу случаи е пожелна. Исто така не заборавај дека жолтата лента е наменета и за такси возила. А што се однесува до проблемот со дивеењето и тркањето меѓу приватни и државни автобуси, се виде колку беа ефикасни гумените пречки. Ова е уште едно прашање со кое треба да се позанимава полицијата, наместо да бараме решение во очигледно промашен концепт, кој згора на се веќе сме го пробале и сме виделе каков FAIL испадна. Јас лично не сакав да ја гледам ниту премиерата, а камо ли сега некаква реприза.




Posted By: +Protagorist
Date Posted: 08-May-2014 at 09:00


10.11.2013

...

Сегашните 45-50 минути што ги поминува автобусот на ЈСП на релацијата „5“ од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, би се намалиле за двојно помалку кога жолтата лента од коловозот ќе биде само за автобусите –објаснуваат од секторот за сообраќај на Град Скопје.

...

Например, во Белград правилото на жолта лента го почитуваат учесниците во сообраќајот. Патувањето од една до друга дестинација е брзо и многу поевтино токму поради почитувањето на жолтата коловозна лента.

- Во српската метропола е одлично решено на тој начин што постои полна жолта лента. Доколку некој од другите учесници на сообраќајот ја премине, прави дополнителен прекршок, што се казнува дополнително. Такво нешто размислуваме да имплементираме и во нашиот град. За тоа размислуваме веќе подолго време –вели Дамјановски.

...

http://www.telegraf.mk/aktuelno/60739-zolta-kolovozna-lenta-vozaci-znaete-li-za-kogo-e-nameneta - http://www.telegraf.mk/aktuelno/60739-zolta-kolovozna-lenta-vozaci-znaete-li-za-kogo-e-nameneta


-------------
HaјсилнoтoOpужјe http://oregonstate.edu/instruct/phl201/modules/Philosophers/Protagoras/protagoras_plato_knowledge.htm - е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв


Posted By: phenomenon
Date Posted: 08-May-2014 at 09:44
Погледни ги сликите во линкот што си го постирал па ќе ти стане јасно дека автобусите во Скопје НИКАКО не можат да возат во жолтата лента, која им е узурпирана од секакви никаквеци.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: xnx
Date Posted: 08-May-2014 at 11:32
lele dostate veke kako segde se parkirale i kako ne znam sto. site znaeme deka kaj nas zivee stoka narod i deka ako im dozvolis ke ti se parkiraat i vo dnevna. si ima mehanizmi i nacini kako da se zastitite od ovie nakazi koi ne mislat na nisto drugo osven na sebe.

ako nekoj sakase da funkcionira zoltata lenta, da imame velosipedski pateki i sekako trotoari toa ke go imavme.

stajte me mene gradonacalnik da vidite kako za mesec dena nema da moze da pomisli nekoj da si vozi i ostava koli kade saka


Posted By: kultuzin
Date Posted: 08-May-2014 at 11:44
Во Струмица на неколку другари ги казнија по 100 евра за непрописно застанување и паркирање. На партизанска доволно е да пуштат 10 тина тима кои ќе лепат казни. За да се стави ред мора да се оди со брутални парични казни но и поени. Според мене треба да се пушти еден период од 3 до 6 месеци кога луѓето ќе се опоменуваат и информират а после тоа казни без селекција. Вака како што е Скопје не го перат ни булевари , ни тротоари ни зелени бранови ни ништо , се додека учесниците во сообраќајот се однесуваат како дивјаци. За оваа проблематика треба да се поработи со авто школите каде што инструкторите веројатно не посветуваат големо внимание за едукација од овој вид на своите кандидати.


Posted By: xnx
Date Posted: 08-May-2014 at 11:56
ili pa kratko i jasno: eden zelen pojas pomegu kolite i zoltata lenta. ke se dobie besprekorno cista lenta, velosipedska pateka i trotoar. vaka so kazni delumno ke se resi problemot. dovolno e edna kola da ja blokira lentata barem 10 minuti za da se sodzade celosen haos, kakov sto imame sega


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 14-Mar-2020 at 08:58
Сеуште Актуелно Ќе Видиме Ли Жолта Лента

...

Originally posted by Vladimir P

Научени сме да се ни е на два метра од нашето височество автомобилот. Дајте, највероватно сте биле во некоја метрополи по светот каде тражејќи паркинг го оставаш автомобилот и до два три блока подалеку.Мора да се помириме дека тоа е цената која ја плаќат секаде во светот живеењето во метропола, за разлика од некое мало и мирно грдче. Па народе бирајте



Print Page | Close Window