Print Page | Close Window

Железнички музеј

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Железници
Forum Discription: Возен парк, инфраструктура, железнички станици...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=632
Printed Date: 22-Sep-2021 at 10:17


Topic: Железнички музеј
Posted By: Vladimir P
Subject: Железнички музеј
Date Posted: 02-May-2009 at 13:24
Originally posted by Cloverstack

Владимир, дали има нешто поконкретно во врска со онаа вест околу музејот? Се придвижуваат ли работите врска со музејот или се празни муабети?

Еве ја втората вест за празнициве

Во Македонија ќе се постави првиот МУЗЕЈ НА ЖЕЛЕЗНИЦА.


Се надевам дека нема да остане само на почетната идеја која предвидува:

- Музејот ќе се постави во една од чекалните во транспортниот центар
- Даден е налог до сите единици на МЖ да се соберат вредни експонати

Е сега незнам што ќе се собере и што се ќе изложи во така мал простор, но како идеја е за поздравување, бидејќи се почнува со нешто што одамна требаше да се има додека забот на времето не ја проголта историјата на Македонските железници која не е така мала - 136 години постоење



Веќе е затворена чекалната

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/



Replies:
Posted By: tasko
Date Posted: 29-Jun-2009 at 21:34
Dobro ke bide a se znae li koga bi trebalo da se otvori


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 26-Jul-2009 at 18:07
Originally posted by tasko

Dobro ke bide a se znae li koga bi trebalo da se otvori

Бидејќи не се дешава ништо со идеата за железнички музеј, да ја наставиме ние преку форумов.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 26-Jul-2009 at 18:10
На денешен ден, 26.07.1923 година. пуштена е пругата од Мала станица (Скопје) - Генерал Харис (Ѓорче Петров) а со тоа се врзува со трасата Ѓорче Петров - Охрид т.е Струга и понатаму до Тасмаруниште.


2009-07-26


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 02-Oct-2009 at 23:25
Еве нешто што трба да биде во музејот на Македонски железници

[TUBE]7J93G4Q9gPg[/TUBE]

Последните парни локомотиви во Скопје


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Max
Date Posted: 15-Oct-2009 at 18:29

идејата е навистина за поздравување но за вакво нешто не смее да се узурпираат главните чекални, она кај депортиво кладилницата, да, но овие не, незнам кај мислат народ да одмори утре ако се разработи турбо железница, или за утре друг нека му ја мисли!?

инаку во истиов ќе има простор само за македонски експонати и историја или општо, претпоставувам оваа чекална нема капацитет да покрие наши муабети, а не па нешто дополнително... добро би било парните возови доколку се обноват да се качат горе на еден од празните колосеци ако ништо друго! или тука под стреја да дреми кога нема да биде во акција, комбинации има, градови и без вакви услови ко нашиве па успеваат да направат атрактивна поставка, крајно време е нешто поозбилно да се превземе и за еден ваков мини музеј, но и за еден поголем кај депото лисиче.  



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 15-Oct-2009 at 23:49
Previous
Се слагам, и почетната идеја мислам дека беше да се соберат експонатит додека се живи, и се надевам дека ова им е привремена локација а со добивање пари да се направи нешто соодветно како во цел свет.

Originally posted by zabegan

требас да отвориме еден транспортен музеј каде ќе спаѓа и железницата Smile

А локацијата за еден таков музеј техничко - железнички немора да ја мислиме, за мене идеално место е губриштето испод станицата, со нејзино застаклување.



Originally posted by Max

... но и за еден поголем кај депото лисиче

Пољаната пред депо во лисиче е идеална за делот на активните железнички експонати и случувања како на пример во Будимпешта собир на кралски возови и ....



Каде се чека постарите на ред да се дадат пари



А и помалите



Во секој случај тренд во светот станува нешто езотерично кое треба да се искористи.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Max
Date Posted: 16-Oct-2009 at 00:40
                                 за локацијата кај депото да, а за оваа кај железничка мислам дека амди ќе се лути нели сакаше едно време тука да гради трговски, но изгледа откако го легнаа занда сигурно се попишмани, што е до мене оваа под железничка плаче за музеј, едно време викав тука да го спуштат музеј на современа уметност као би бил во самиот град, но за железнички музеј е идеално место. незнам дали поштасе кирајџии во железничка, но не е лошо пошта да ја однесат од другата страна кај тутнски а тука да биде се подредено на железница, некој вид на изложбено-трговски комплекс кој ќе ги опслужува и железничката и автобуската. навистина негледам некоја особена причина и понатаму на вака ачик место да опстојува пошта... пошта од покриениот дел мислам држи нешто повеќе од пола.            


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Oct-2009 at 01:30
Ако некој друг „кираџија“ не му удри еден ден око и на остатокот од станицата за некоја „баснословна сума“.
Пошта (до некаде во ред но со толкава поврсина??) автомат клубови, 3 диско клубови, авто салони, паркинг за пајак служба ??? .... и уште милион мали чудни места


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 16-Oct-2009 at 10:04
Потегот на Транспортниот центар кон реката Вардар е предвиден за изградба на трговски центар, па дури мислам дека железница овој дел го продаде или се обидуваше да го продаде пред 1-2 години, така што тука тешко дека би можело да никне железничкиот музејOhno.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Oct-2009 at 10:45
Па нели беше за скејт парк!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Oct-2009 at 14:16
Previous
Па сето тоа ме плаши, беше за ова за она и на крај некој Nuts ќе го даде тој наменски простор за нешто и некого за некаков моментален финансиски чар, не гледајќи барем малку подалеку.

Буквално сме последната држава во Европа која нема технико - железнички музеј.

Незнам како некој не се засрамува дека оваја држава ај да ги рачунаме само овие ~20-тина години тоа го нема, а Косово веќе го има направено Ohno

Иначе пред земјотресот имаше еден техничи музеј во анексот на работнички дом кој беше на плоштад слобода и во него н.п. имаше огромен теслин трансформатор кој работеше со прекрасната атмосве од празнењето кој се ствараше.




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 16-Nov-2010 at 17:42
Topic: Железнички музеј
Posted: 02-May-2009 at 13:24


И по година ипол остана закатанчен просторот





-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 16-Nov-2010 at 18:13
OhnoConfused
Ohno

-------------


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 01-Jan-2011 at 13:29
Еден апел во месечниот часопис LIFE магазин од 01-2011 за истата тема и за архитектонските дела во железницата, и ...



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: mon
Date Posted: 01-Jan-2011 at 15:52
Sekoja cest Vladimir!
 
Iskreno se nadevam deka koga i da e tvoite apeli i ideji ce bidat slusnati i realizirani!
 
 


-------------
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se
https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/

exYU: http://malezeljeznice.net


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Jan-2011 at 20:10
Cheers


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 03-Jan-2011 at 19:09
Сигнално светло на отправници на возови во времето кога не постоеле батерии



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 03-Jan-2011 at 19:22
Регулатор на топлина



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: mon
Date Posted: 04-Jan-2011 at 12:39
Jas mislam deka celata Makedonija e eden muzej dokolku se zeme vo obzir
starosta na vozniot park na MZ.
Doh


-------------
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se
https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/

exYU: http://malezeljeznice.net


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 04-Jan-2011 at 13:04
Originally posted by mon

Jas mislam deka celata Makedonija e eden muzej dokolku se zeme vo obzir
starosta na vozniot park na MZ.

Doh

Да,
но за жал не собрано оноа што е вредно за историја на железницата во Македонија на едно место и реставрирано и зачувано
ќе му доајде ко да го нема

П.С. Еве ти само еден пример за кратката историја на еден вагон МЖ Bs 32733

2006 година


2008 година


2010 година


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 04-Jan-2011 at 13:44
Честитки до Владимир што се труди да помрдне нешто од мртва точка, што е вистинска реткост во нашава држава по ова прашање.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 13-Aug-2011 at 18:31
Еве нешто што ќе наде место во железнички музејеј.

Обновена таблица од EMD G16 31835 - MZ 661-231



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: mitatos
Date Posted: 08-Dec-2011 at 13:43
http://www.drehscheibe-foren.de/foren/read.php?108,4665035

Знае ли некој дали овој автомобил навистина идел низ пругите на Скопје?
интересна приказна за овој автомобил пишува дека е во Скопје, сигурно доколку сеуште постои би било идеално за во Музеј =).


-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Граѓанин
Date Posted: 08-Dec-2011 at 14:44
Previous
Јас можам да го потврдам ова. На времето имам видено Волга од ‘70-тите во употреба. Имаше повеќе руски возила по шините. Некои беа за пообичен кадар, а некои беа потемни и превезуваа раководен кадар (мислам Волги беа). Не знам дали денес постојат шински автомобили кај нас. Мислев дека и денес ги користат овие, ама очигледно се расходувани. Барем некои. Не сум сигурен.


Posted By: mitatos
Date Posted: 08-Dec-2011 at 14:58
Интересно ,јас прв пат ги гледам и ми испадна чудно , сепак убаво би било да имаме еден таков автомобил во музејска колекција.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-Dec-2011 at 16:30
Да тоа е Волгата која до 2005 е имаше МЖ но за жал немаше-немаме никаков усет за тоа да зачуваме за следните поколенија дел од оваја историја.

[tube]XVlMKZkY9a8[/tube]

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: mon
Date Posted: 09-Dec-2011 at 02:00
Volgava od videovo tesko deka ce mozeme da ja vidime vo eventuelen zeleznicki muzej kaj nas.
 
 
Ovaa Volga M21 bila na sluzba vo JZ ZTP Skopje kako inspekcijsko vozilo.
Grupa germanski entuzijasti od Bad Nauheim vo 1996 ja "otkrivaat" vo nekoe od Skopskite depoa,
ja otkupuvaat i ja transportiraat vo Germanija kade sto celosno ja restavriraat.
Interesno e deka proizvoditelot na modeli na vozila vo razmer 1:87 "Herpa" izraboti i model vo istata
golemina na restavriranoto vozilo. (Herpa 024433)
 
Na dolnata fotografija ja gledate Volgata nekade "pomedju Srbija i Makedonija" pokraj kompozicija
na togasnite JZ, fotografirana 1985 godina.
 
 
 
 


-------------
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se
https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/

exYU: http://malezeljeznice.net


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 10-Dec-2011 at 17:17
Originally posted by mon

Volgava od videovo tesko deka ce mozeme da ja vidime vo eventuelen zeleznicki muzej kaj nas.


„Купената роба не се враќа“.
Но барем ова што ни остана да го сочуваме за некој иден музеј.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 07-Nov-2013 at 15:34
Скопје деновиве е сведок на железничарска изложба во Музејот на град Скопје. Кој може, му препорачувам да отиде и да ги разгледа експонатите. Има неколку железнички филмови што можат да се проследат, а може и да се земе бесплатно од старите картонски железнички билети како спомен.

Најбитното, филмот „Транспортен центар“ од 1984 година се прикажува во склоп на изложбата и може да се погледа. Филмот трае шеесетина минути и претставува вистинска тема за „Билд“, целата градба на овој објект до неговото свечено пуштање во употреба. Патем, не сум знаел дека оваа железничка станица имала и посебна градинка и амбуланта за патниците, а да не говориме за останатите содржини. Само кога ќе ги погледнете инсертите, ќе сфатите дека што всушност ние денес сме уништиле.


Posted By: mitatos
Date Posted: 07-Nov-2013 at 19:17
Уште ли е отворена таа изложба ја видов низ медиуми ,но помислив дека е само на 2-3 дена...

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: BOJAN
Date Posted: 08-Nov-2013 at 10:51
Отворена е до 19 ноември.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 11-Oct-2014 at 10:09
НАСКОРО КЛУБ НА ЉУБИТЕЛИ НА ЖЕЛЕЗНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА



На 30 септември годинава се состана Инцијативниот одбор за формирање на Здружение на граѓани – Клуб на љубители на железниците во Македонија.

Иницијативниот одбор подготви Иницијатива за формирање на Клубот, наложи изготвување на предлог на Статут на истиот, односно иницијатива за свикување на оснивачко собрание кое треба да се одржи на 17 ноември годинава – ден кога се одбележува 70-годишнината од формирањето на Македонските државни железници – МДЖ.

следат информации на:
https://www.facebook.com/pages/%D0%9A%D0%BB%D1%83%D0%B1-%D0%BD%D0%B0-%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B6%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0/767277056651521 - https://www.facebook.com/pages/%D0%9A%D0%BB%D1%83%D0%B1-%D0%BD%D0%B0-%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B6%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0/767277056651521

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: mon
Date Posted: 11-Oct-2014 at 10:49
К О Н Е Ч Н О !!!   



-------------
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se
https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/

exYU: http://malezeljeznice.net


Posted By: gjoko
Date Posted: 11-Oct-2014 at 11:26
Aj barem dvocifren broj da imame prijaveno


Posted By: BOJAN
Date Posted: 12-Oct-2014 at 11:25
Еве уште еден заинтересиран член за клубот.


Posted By: alexgizh
Date Posted: 13-Oct-2014 at 09:51
Иако не сум фанатик за моделарство или трејнспотинг како некои од членовите овде, обожувам да се возам во воз и сосема ја поддржувам иницијативата за основање на едно вакво здружение. Ако ви треба бројност, со задоволство ќе бидам потребниот +1. Истотака, се пријавувам да изработам асално лого на здружението, се разбира бесплатно.

-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: gjoko
Date Posted: 13-Oct-2014 at 19:52
само Владимир да закажи прва средба и све ќе биди


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 13-Oct-2014 at 21:28
Originally posted by gjoko

само Владимир да закажи прва средба и све ќе биди

Прелиминарен датум

Основачко собрание 17 ноември 2014 год (понеделник)

Место на одржување, највероватно во салата на железничка станица.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: mon
Date Posted: 01-Mar-2015 at 07:50
Наместо во музеј еве каде се „сместени„ еден шинобус и три Баат вагона...
Сепак, можеме да се радуваме дека некогашните возила сеуште се користат...

http://www.stadionwelt.de/sw_stadien/index.php?stadion=&folder=sites&site=fotos&id=5217&page=1





-------------
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se
https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/

exYU: http://malezeljeznice.net


Posted By: BOJAN
Date Posted: 17-Mar-2018 at 18:54
Скопје и по години говорење на оваа тема не доби Железнички музеј. Цивилизациски сме назадени, а случајно почетоков на март ме одведе патот до Железничкиот музеј во Белград. Направив неколку фотографии, уживајте:















Posted By: sase
Date Posted: 16-Jun-2020 at 08:10
Наовој линк можете да прочитате во врска со основање на Музеј на железниците во Скопје. Нашот колега од форумот господинот Владимир П. има зачувано многу интересни работи кој ке бидат изложени во идниот железнички музеј.

https://meta.mk/imame-bogato-zheleznichko-nasledstvo-no-nemame-muzej-i-interes-za-da-go-zachuvame-galerija/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Jun-2020 at 14:34
Доделена е просторија за основање на Музеј на железниците во Транспортен центар

Јавното претпријатие Железници на РСМ-Инфраструктура има доделено просторија во рамките на Транспортниот центар-Скопје, која што ќе служи за основање на Музејот на железниците на нашата земја. Од ова јавно претпријатие ја потврдуваат ваквата информација, посочувајќи дека одлуката е донесена на крајот на минатата година. Веќе се назначени и лица коишто во претстојниот период ќе работат на основање на новата музејска установа.

Работите за основање на Музејот на железниците и за опремување на просторијата во која ќе биде сместена оваа установа во моментов се забавени поради епидемијата со коронавирусот. Но, активностите треба да се забрзаат штом се надмине корона кризата.

– Иницијатива и желба за отворање на железнички музеј постои многу одамна. ЈП ЖРСМ располага со голем број на експонати коишто пред неколку години беа изложени во Музејот на град Скопје – велат за „Мета.мк“ од ова јавно претпријатие.

Македонија, заедно со Албанија, се последните две земји во Европа кои немаат основано Музеј на железниците. Земјава има богато наследство од 147 години зад себе, за кое се насобрани фотографии, документи, публикации и бројни железнички артефакти кои сведочат за развојот на железницата на овие простори.

„Мета.мк“ веќе објави сторија за потенцијалот што би можел да го има идниот Музеј на железниците во Скопје, како за привлекување на посетители, така и за едукација на младите генерации за развојот на железницата во нашата земја.

https://meta.mk/dodelena-e-prostorija-za-osnovanje-na-muzej-na-zhelezniczite-vo-transporten-czentar/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Feb-2021 at 02:25

Колку што сум информиран во моментов имаме пристојна бројка на најразлични стари локомотиви, вагони и други железнички возила. Некои се доволно сочувани, а некои беа обновени/репарирани по различни основи... Би било убаво да имаме комплетна листа на возен парк што може да се квалификува за железничкиот музеј, односно што е тоа би можело да се изложи веднаш, а што е тоа што би можело брзо и ефтино да се доведе до статус на пристоен музејски експонат. Ако некој од познавачите на железницата има такви подетални информации, молам да пише.


Во секој случај мислам дека би било штета изложбата на тој возен парк да биде во депото Лисиче. Особено ако музејот функционира во рамки на Транспортен центар, но и во било кој случај. Мислам дека и возниот парк и останатата поставка треба да бидат сместени во Главната железничка станица Скопје, ако сакаме тој музеј навистина да има услови да заживее и да биде самоодржлив. Во депото Лисиче сигурно би имало очајна посетеност.

Идеална локација за изложба на возниот парк мислам дека се 9-ти и 10-ти колосек на железничката станица:
- Ниту се во функција, ниту некогаш ќе бидат.
- Просторот може да се огради и пристап да има само контролирано, директно од главната музејска просторија што би била испод.
- Има постојан проток на луѓе околу транспортниот центар, што многу ќе помогне за подобра посетеност. Особено што експонатите што ќе бидат паркирани на 10-ти колосек ќе се гледаат и од пошироката околина, па тоа ќе биде магнет и за полно љубопитни деца да ги убедат родителите да ги однесат да ги видат парните локомотиви и другите чудни возила


Е сега за тоа така да функционира треба прво да се решат две работи:

1. На колосек 10 мислам дека воопшто не е поставена пруга, а мислам дека на колосек 9 (иако таму МЖ често паркира вагони и машини) пругата не е целосна. Но сметам дека поставување на пруга со должина од уште 200-300 метри не би требало да биде голем проблем, затоа што таа треба да исполнува само најминимални технички критериуми, односно да овозможува повремено нешто да се размести, донесе или одвлече... Подлогата е веќе спремна, па доволно би било да се донесат и без финеси да се заштрафат некои стари размонтирани шини. А должината е минорна.


2. Главната музејска просторија треба да биде под пероните 9 и 10, а и да има можност да се изведе пристап до платформата изнад. Изгледа дека во избор може да влезат (целосно или делумно) единствено една од овие две опции:

- Некакви си запуштени простории што прашање е колку продуктивно се користат, ако воопшто се користат.
- Електронско казино (општествена црна дупка) кое е магнет за сомнителни типови и појави околу автобуската и железничката станица. Се надевам дека ова казино е само кираџија.







Пристапот до горе би можел да се изведе на еден од овие три начини:

- Мислам најдобро би било доколку може да се искористи/пренамени лифтовското окно што е идеално лоцирано (заокруженото во средина). Очигледно се работи за товарен лифт што требало да функционира за пошта и роба, ама изгледа никогаш не профункционирал, а прашање е дали воопшто е вграден лифт таму. Димензиите се околу 7х3 и комотно внатре би можело да се направат скали, па и плус да се вгради помал лифт ако треба.

- Алтернатива за пристап се отворите за излез за 7 и 8 перон. Таму има „дупки“ во бетонската конструкција што сигурно е оставено како подготовка за изведба на скали токму какви што постојат за пероните 1-6, во моментот кога ќе се јави потреба. За потребите на музејот би било прескапо да се изградат идентични такви скали, но може да се изведе нешто многу поскромно, а функционално (битната работа е дека пристап постои). Незгодно е што не се излегува на идеалната локација, па за посетителите ќе треба да се направи премин преку колосеците 8 и 9. Исто така ова решение подразбира и дека нема да се јави потреба од активирање на колосекот 8, за што реално не треба многу да се грижиме, мислам дека со оглед на сегашниот сообраќај, па и со најоптимистичките долгорочни перспективи, тоа е практично загарантирано.

- Во краен случај, би можело да се изведе и некаков пристап од надворешната страна, за што како почетна точка може да послужи терасата што ја имам заокружено најдесно. Но ова не би било поволна варијанта од повеќе аспекти, чисто ја спомнувам дека постои како можност ако од некоја причина има пречка да се реализираат другите.





Секако, добредојдени се мислења за подобрување или дополнување на изложенава замисла.


Да резимирам, мислам дека крајно време е да се најде модел и да се обезбедат скромните финансиски средства за железничкиот музеј да стане реалност, и да си биде целиот убаво спакуван во рамки на Транспортен центар. Имаме еден куп музеи од областа на историјата/културата/уметноста што финансиски коштале неспоредливо повеќе, а од областа на технологија и наука немаме речиси ништо.

Во случајов имаме практично спремен музеј - и возен парк и секакви други експонати и одличен простор/локација. Има и луѓе ентузијасти. Сето тоа само треба само добро да се спакува. Греота е музеј од ваков калибар и значење да не се реализира заради незаинтересираност, или глупи административни пречки, или минорни финансии.



Posted By: user8642
Date Posted: 08-Feb-2021 at 02:57
Ова е една од попаметните идеи што сум ги прочитал во последно време.

Сум имал прилика да бидам во неколку простори долу испод железничка станица, низ поштата, низ железничките канцеларии, од другата страна кај синдикатот, во мини-конференциската сала со бина одма позади дискотеката бивша. Комплетно се, до просторија, изгледа како да паднало бомба. Изгледа постаро од што реално е. Ужас. Толку многу простор има долу, а толку несоодветно употребен, баален, запуштен, греота!


Posted By: mon
Date Posted: 08-Feb-2021 at 08:00
Originally posted by Cloverstack


Колку што сум информиран во моментов имаме пристојна бројка на најразлични стари локомотиви, вагони и други железнички возила. ...Би било убаво да имаме комплетна листа на возен парк што може да се квалификува за железничкиот музеј, односно што е тоа би можело да се изложи веднаш, а што е тоа што би можело брзо и ефтино да се доведе до статус на пристоен музејски експонат....Во случајов имаме практично спремен музеј - и возен парк и секакви други експонати и одличен простор/локација. Има и луѓе ентузијасти. Сето тоа само треба само добро да се спакува. Греота е музеј од ваков калибар и значење да не се реализира заради незаинтересираност, или глупи административни пречки, или минорни финансии.


Браво за старо-новава идеја, која за жал како што стојат работите само тоа и ќе остане: идеја.
Еден од најголемите железнички ентузијасти кои некогаш живееле и живеат во Македонија кој на сите нам ни е добро познат а тоа е Владимир Петков, со безрезервна и неизмерна сила го туркаше прашањето за железнички музеј на сите можни начини но за жал, безуспешно.

Мој личен осврт и одговор на прашањето зошто нема заинтересираност кај раководните и политичките структури за изградба/доградба и отворање на еден ваков музеј е следниот:
- доколку „нештото„ ќе генерира некоја економска корист, тогаш идејата е вредна за разгледување. Доколку „нештото„ ќе носи голема економска корист, од која ќе може еден дел да се префрли во „лев и десен џеб„ а тоа никој да не го примети, тогаш идејата е вредна за реализација. Во случајов, еден железнички музеј би генерилал можеби финансии за самоодржување но ништо повеќе од тоа па таа идеја не е вредна ни за да се најде на дневен ред кај структурите кои би требале да ја разгледаат, одобрат и реализираат.

Како што Cloverstack веќе напиша место за музеј и те како постои, постојат и возила, предмети и документација кои верно ја отсликуваат историјата на железниците кај нас и со кои би можел да се направи многу убав музеј.
Меѓутоа како што кај нас обично и бива, човечкиот фактор е најголемиот кочничар на сите добри и напредни идеи.

Чисто информативно, на некои им е познато на некои не: пред само неколку години до Владата на Македонија и до ресорното министерство беше доставено барање и потребна документација за добивање на одобрение и средства за отпочнување на реализација и изградба на Музеј на железниците во Македонија.
Барањето беше одбиено со образложение дека тие финансиски средства ќе се употребат за потребите на националните малцинства во Македонија, за нивни културни програми на националната телевизија (која впрочем никој од нив не ја гледа), и слични манифестации за кои никој нема појма каде и кога се одржуваат (читај: никому не му е гајле).
Прашање: ако веќе мислиме на задоволување на потребите националните малцинства зарем еден железнички музеј не би бил и нивни музеј со оглед дека и тие уживаа во благодетите на услугите на железниците во Македонија во текот на целата историја. Но како што погоре напишав, се додека реализирањето на некоја идеја нема да донесе делење на финансиските користи од истата, нема да добиеме еден ваков музеј.

Поради сево ова горе напишано, многу сум скептичен дека во догледно време ќе дочекаме таква можност да купиме влезница и со неа да посетиме Музеј на Железниците во Македонија.


-------------
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se
https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/

exYU: http://malezeljeznice.net


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Feb-2021 at 02:21
инаку ако не сум грешка, вторипт заокружен простор е една од запуштените чекални на железничката кои воопшто не се користат

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares



Print Page | Close Window