Print Page | Close Window

Проблем со диви живеалишта

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Урбани прашања
Forum Discription: Урбанизам, урбана опрема, урбана мафија...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=634
Printed Date: 24-Apr-2024 at 10:47


Topic: Проблем со диви живеалишта
Posted By: evolutionary
Subject: Проблем со диви живеалишта
Date Posted: 23-Oct-2008 at 13:35

Applause

Ќе се уриваат дивите населби во Аеродром

Инспекцијата од Аеродром наскоро ќе ги урива дивите населби на подрачјето на Општината. Надлежните се' уште вршат увид околу состојбата со супстандардните населби, по што ќе преземат акција за нивно отстранување. Засега е сигурно дека ќе се урнат две помали супстандардни живеалишта, едното лоцирано во близина на последната станица на автобусите број „5“ и „15“ во Ново Лисиче, а другото под железничката станица во близина на кејот, по должината на улицата „Владимир Комаров“. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=250AB12EC54AF04CB3FF417AE2848A59


-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone



Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-May-2009 at 20:12


Не знам надлежните што подразбираат под зборот „наскоро“, но според мене за ваква работа да поминат 7 месеци а најавата да не се исполни е вистинска вечност и одлична индикација за тоа колку посветено и одговорно се работи кај нас. Пред некое време приметив дека непречено си функционира „населбата“ во близина на последна 5-ка и 15-ка (всушност на самиот простор кој беше оспособен за последна станица и за свртница, а кој се остави да се запушти на ваков начин). Денеска регистрирав и дел од дивата населба под транспортен центар, веднаш до новиот мост. За жал сликите не можат да ја доловат неподносливата смрдеа што се чуствува и горе на мостот. Сето ова се случува во поширокиот центар на „метрополата“  Nuts

41°59'39.26"N  21°26'57.29"E

Катастрофа! Одвратно! Брука!

Puke


Suicide



1


2


3




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Jun-2009 at 15:11

Дивата населба кај последна 5/15-ка е расчистена, ако не од ѓубрето, барем од диви живеалишта:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=928&PID=38310#38310 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=928&PID=38310#38310


Кај транспортен центар приметил некој дали е нешто превземено од кога се направени претходните фотки?


Во меѓувреме, под Мостот Гоце Делчев егзистира една мини дива населба чија големина изгледа често варира според потребите на „жителите“.
Денеска не успеав да фатам фотка што ќе долови добро бидејќи таму моментално се шуњаше само една жена. Но пред некој ден кога поминував имаше 20-30 души, некои спиеја на душеци, имаше запалени и огнови, се спремаа оброци Nuts
Нема шупи и шатори, ама сепак катастрофа е ова, на само 150m од владата и 250m од Плоштад Македонија, на фреквентно место за рекреација на кеј.

1


2



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Aug-2009 at 18:36
ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО РАСЧИСТИ ПРОСТОРОТ КАЈ КОМПЛЕКСОТ БАНКИ
Урнати импровизираните живеалишта

Импровизираните куќички од картони и од ламарина, кои претставуваа прибежиште на неколку бездомни семејства, во близина на комплексот банки, по налог на Општина Центар, се урнати. Во бедните објекти живееле две-три семејства, чиишто членови егзистирале од собирање пластични шишиња. Според надлежните, токму тоа било причината за тоа што се населиле во централното градско подрачје, каде што фреквенцијата на луѓе е поголема во споредба со другите делови во градот, што подразбира дека има и поголеми количества фрлена ПЕТ-амбалажа. Од Општина Центар велат дека е недозволиво среде градот да има дива населба со импровизирани живеалишта, особено што непосредната околина се користела како јавно веце, па се ширела неподнослива мирис, најмногу во летниот период. Ваквата акција на отстранување на овие објекти, според граѓаните што живеат во овој дел од градот, требало одамна да се случи. - Ова е прометно место каде што поради близината на автобуската и на железничката станица секојдневно поминуваат илјадници граѓани, од кои дел се туристи кои првпат доаѓаат во земјава. Поради ваквите импровизирани живеалишта, тие сигурно добиваат лоша и погрешна слика за Македонија “ вели Тина која живее во близина на урнатите објекти. Од Општина Центар, која е иницијатор на оваа акција за отстранување на привремените објекти, велат дека куќарките биле подигнати без каква било дозвола. - Низ годините таму живееле десетина семејства, за до пред неколку месеци нивната бројка да се намали само на две или три. Сепак, наша одлука беше ваквите објекти да се урнат и земјиштето таму да се врати во првобитната ситуација, за што побаравме асистенција од полицијата “ вели Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар. Од СВР Скопје велат дека уривањето поминало без никакви проблеми и дека воопшто не била потребна асистенција од нивна страна.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1783&ArticleID=119515


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Aug-2009 at 18:40
Една се расчистува, друга никнува... или подобро кажано, ништо не се расчистува, овие „населби“ само се селат од локација на локација во центарот  Bash



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-May-2010 at 10:44
Фотките на Владимир од рушењето на објектот кај Јужен Булевар

Originally posted by Vladimir P














Posted By: Supervisor
Date Posted: 14-May-2010 at 14:35
SuicideSuicideSuicide
Suicide

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 14-May-2010 at 16:12
Она што мене ме буни е каде се невладините организации (не за да плукаат по градоначалникот или државата) туку да излезат со конкретни решенија и залагања и да побараат соработка и поддршка од властите да се реши проблемот. Оние невладини кои за секакви глупости ги слушаме по ТВ, те за објекти, те за животни, те за дискриминација.. а што е ова ? Бесмислено е било кого да напаѓаме. Треба систематско решение, за да се искорени ова, ама не привремено туку трајно. Во случајов уааа за невладините организации во земјава од мене. А насила бркање, тепање нема ништо да промени.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 26-May-2010 at 12:11

Слободен простор за мерак

Само една седмица по уривањето на дисконтот на „Тинекс“ на Јужен булевар, ромското семејство што претходно живееше во урнатините на истото место се снајде со нов дом - шаторска куќа

На ова место е предвидено да се гради катна гаража. Меѓутоа сé уште не е познато дали просторот ќе биде исклучиво катна гаража или ќе се пренамени во некој поатрактивен тип на деловен простор. Локацијата плаче за нешто друго, но... Како и да е, сé додека постои слободен простор, постојат и лица што најдобро на светот знаат да го приспособат за свои потреби.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52610919212&id=14&prilog=0&setIzdanie=21991 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52610919212&id=14&prilog=0&setIzdanie=21991


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 04-Jun-2010 at 12:26

Мини куќа под зградата убиец

 

Меѓу висококатниците во строгиот центар на Скопје деновиве никна и картонска куќа на ромско семејство. На самиот агол на недоизградената зграда на поранешна "Југобанка" веќе интензивно се подготвува ново живеалиште под отворено небо. Почнувајќи од еден картон, една вредна Ромка изгради цела дневна соба.
По сè изгледа дека тој простор не е доволен да се смести семејството, па душеци, детски колички, чевли, влечки и што ли уште не веќе се развлекуваат дури до средина на пешачката улица Луј Пастер, преку која секојдневно врват стотици граѓани.
Со оглед на тоа што новите жители уште не успеале да изградат покрив на импровизираниот бункер, сите потреби ги извршуваат пред очите на минувачите. Дали се работи за спиење, јадење, одморање или, пак, за домашни расправии, семејството, без пардон, си ги извршува редовно.
Топлото време деновиве ја принуди мајката да се раскомоти по градник и да расчистува дома. Шокирачките погледи на граѓаните не ја замислија ниту за минута да се скрие туку уште повеќе се развредни.
До каде ќе се шири фамилијата, уште не се знае, а од ЈП "Комунална хигиена" не добивме одговор кога и дали ќе го расчистат узурпираниот простор.
 
http://www.vest.com.mk/?ItemID=C8DDE55905E098438E26C6D0B653442A - http://www.vest.com.mk/?ItemID=C8DDE55905E098438E26C6D0B653442A


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jul-2010 at 16:47
Карши владата  Nuts




Posted By: OKA
Date Posted: 14-Sep-2010 at 16:17
Пријател кој живее во Центар ми го препраќа одговорот на Комуналната инспекција на општина Центар, откако, Куќниот совет се пожалил на дивовселени Роми во напуштена куќа, во неговото маало. Одговорот, до буква, гласи вака:

Почитувани,
Комуналната инспекција изврши контрола на лице место на ден 06.09.2010 година во 11h и затекна жена со дете во напуштената куќа на ул. Н. Наумовски Борче бр. 60, која изјави дека го собираат градежниот шут (ќерамиди, греди и сл.) и истиот е при крај што е видно од извршената контрола. По изјавата на затекнатата особа, Ромското семејство ќе ја напушти куќата најкасно до 08.09.2010 година.
Со почит,
Општина Центар
From: support@opstinacentar.gov.mk
Subject: Одговор на прашање
Date: September 14, 2010 2:38:28 PM GMT+02:00

Господинот Саркози, нека знае, и цела Франција нека знае. На Ромите во МКД, покрај уставните права, загарантирана им е и довербата во нивниот чесен, ромски збор.
П.С. Комуналната инспекција на општина Центар, да се номинира за престижна, државна награда за допринос кон етничката толеранција и соживот.



-------------
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Dec-2010 at 03:54


Еве и во Аеродром интересен приод кон проблемот. Ги опоменувале, па ќе се иселеле, па пак ќе се врателе, па пак ги опоменувале... и се така во круг.

Мислам комотно може и Аеродром да се номинира за истата награда

ДИВА НАСЕЛБА КАЈ ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА

Шатори под Транспортен

Просторот под Транспортен центар во Скопје е блокиран од картони и шатори. Дивата населба никна на слободниот простор кај Новата железничка станица пред неколку недели, по што локацијата прерасна во депонија. Шатори, картонски куќарки, вреќи полни со пластични шишиња, коњи, искинати фотелји, кревети и уште многу стар мебел и ѓубре има близу новиот градски паркинг, веднаш до импровизираната населба.
"Страв ни е да поминеме под Транспортен, а уште помалку колите да ги оставиме таму. Којзнае што може да ни се случи, зашто луѓето кои се населени таму гаѓаат со камења и пукаат петарди кон секој што ќе помине од таму", коментираат минувачите.
Од Општина Аеродром признаваат дека имаат проблем со дивите населби на повеќе места, но трајно решение за нив немале.
"Нашите инспектори ќе ги опоменат, ќе ги тргнат, но по кратко време тие пак се населуваат. Ги има под Транспортен, на Кеј и на други места, но и со помош на полиција не успеваме да ги тргнеме", вели Маја Манчевска, портпарол на Општина Аеродром. (М.Ѓ.)

http://vest.com.mk/?ItemID=786C1CE2F0AC72409116064FEFEA5346


Инаку делот во текстот каде се опишува дивеењето на оваа сурија не е воопшто спин или преувеличување. Лично го искусив тоа кога бев да направам фотографии за потребите на 3Д моделот на транспортен центар кој го изработи гитардемон. Баш намеравав да пишам за случката, ама сум заборавил. Најпрвин ми изрипа еден чопор дечурлана, агресивно барајќи пари. Кога им реков „ај вие мене дајте ми пари“, предложија „компромис“, да сум им го дадел апаратот. После ги ставив на игнор. Цело време мафтаа со стапови и ми упатуваа некакви извици, претпоставувам ромски пцости или нешто слично. Во меѓувреме неколку повозрасни од страна им даваа некакви инструкции. Продолжив да ги игнорирам и кога одминав некои 30-40 метри се откажаа и се вратија кај картоните. Ја направив турата околу транспортен и се вратив кај колата која ми беше паркирана кај дивата населба. Само што ја запалив и тргнав, повторно изрипаа дечурланата со камења во раце. Додуша никој не фрли, туку само заканувачки замавнуваа, ама со оглед на нивната агресивност склон сум да верувам во тоа што е напишано, дека во други случаи и фрлале.

Не знам, ваљда треба Ивица Коневски или Коце Трајановски, или пак некоја битна фаца у МВР да доживее непријатно искуство кај некоја ваква населба, па конечно некој да преземе нешто конкретно.




Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Dec-2010 at 07:16
Zosto gi brkaat?? Aj kazete kade da odat!Pa ovi nadleznite ne se dobri, sto mislat deka (romite) sakaat taka da si ziveeat po satori!Ne e OK!!Kolku socialni stanovi se izgradea, ne mi se veruva deka pak ziveaat po satori!Ne veruvam deka nekoj od ovie lugje mu bese dodeleno stan!Vo ednhata strana treba da apliciras za stan a vo drugata strana kade da najde covekot pari, ona ova, treba misnistrot za trud i socialna da se fati na rabota ne policijata! Dzabe so policija, tie ne se azilani pa da gi brkas!Od aerodrom kje si zaminat, vo centar kje dojdat!Neka se gradat socialni stanovi samo za ovie lugje sto se po ulica a ne za prijatelite na NEKOMU!

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Dec-2010 at 08:44
Чудно ти е зошто да ги бркаат? Можеби затоа што не смее на кого како ќе му текне да се насели каде сака, да прави депонии, околината да ја претвори во јавен нужник под отворено итн итн. Било каде, а најмалку во во центрите на градовите.

Оваа држава има милион социјални проблеми, ама толерирање на ваквите населби не е добро решение за ниту еден од нив. Не ги мешај работите.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Dec-2010 at 10:42
Па штета е што тие групните живеалишта, прифатилишта се само некои еднократни трансакции помош, дневен оброк, неделен третман во хигиена и здравство. Срамота е што се третираат како животни, а и тоа што има е с на база на некои активизам и донации. Нема државава ниеден механизам да ги згрижи овие луѓе. Ако ништо друго некои монтажни бараки, населби со групни кујни и тоалети, амбулана и слична грижа далеку ќе ја подобри состојбата на овие луѓе. Но како што викаат не му го давај лебот на човек туку дај му шанса сам да си заработи и научи го како да си го заработи. Не кошта многу некое поголемо прифатилиште за овие луѓе во некоја приградска населба каде има простор за тоа, а и имаше едно време идеја луѓето да се ангажираат за потребите на јавните претпријатија. Но во никој случај ова ниту се решава со оставање на овие луѓе по централните подрачја, ниту егзистенцијалниот проблем им се решава ниту имотниот. Само се ствараат депонии и криминалитетот расте. Ова ме потсеќа на еден пример од раните деведесетти кога социјалните случаеви требае да се решаваат со сива економија, апсурдно. Така и тука ништо не решава.


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Dec-2010 at 11:27
Офтопик но да потсетам дека често овие луѓе бегаат од тие прифатилишта, кои се такви какви што се, бидејќи се далеку од „добрите локации за просење“. Дополнително, кога ќе видам млади луѓе, здрави и прави како просат а најмалку што може е да застанат на јужен булевар и да земат некоја работа немам никаква милост.

Узурпација на јавен простор и уште вакво каубојско однесување не смее да се толерира и одговорот треба да биде уште поцврст. Нормално проблемот треба да се реши а не само да се бркаат, и тоа на начин како што предложи ЛСЛ, да се научат сами како да ги заработат парите.


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 10-Dec-2010 at 11:49
Во секој случај, однесување како што опиша Кловер, посебно на локации каде што е решено да се средат конечно (како што е целиот простор под железничка) за мене е недозволиво. Имам разбирање некакво за нивната состојба, ама дека треба да му се качуваат на глава на некого - не баш. На крај краева народов не се вози во ролсови, сите кубурат. Посебно ме вади од такт кога во блискиот парк до некоја раскрсница си праат привремени бази маркирани со еден тон ѓубре од кога ќе си отидат, а ги има буквално по целиов град. За агресивно однесување „стап-системот“ комплетно го одобрувам, а инаку да, проблемот треба долгорочно да се решава, со тоа што не е еден, туку имаме милиони проблеми.

-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: Observer
Date Posted: 10-Dec-2010 at 12:20
Колку што знам има прифатилиште во Чичино Село. Но не, тие очигледно сакаат да бидат во центарот на Скопје. исто така голем дел од овие скитници се од Косово и мислам дека треба да се депортираат.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Dec-2010 at 00:30
Лејдис енд џентлмен, Ви го претставувам познатиот БЛОК 20 во градот Јамбол, Бугарија. Имено овој блок, сопственост на општинскиот фонд за станбен простор, и беше даден на ромската популација во градот како дел од програмата за потпомагање на социјално слаби лица и семејства. По само неколку години користење, видете што остана од инаку сосема нормалниот панелен блок, кој им беше даден на користење.











Блок 20 во град Јамбол, веќе нема ниту вода, ниту струја... Останати екстри како прозорци, дограма, ламарини, лифт,плочки... и се што е од дрво, метал или било каква друга вредност беше уништено, демолирано, запалено за огрев или продадено за вторични суровини.

Да не бидам сфатен погрешно, немам ништо против циганите (за кои патем е гордост да се нарекуваат така, просто така си се викаат самите) и под тој збор не мислам ништо срамотно или долно. Сакам да нагласам колку опсежен е проблемот и колку тешко интегративна група се тие. Во сите земји на Европа се соочуваат со слични проблеми, дури и многу побогати, опитни и успешни од нас... Мора да се спречи гетоизацијата на циганите, која е присутна насекаде, само тоа е решение на среден/долг рок.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Dec-2010 at 07:10
Originally posted by Andrej_LJ


Да не бидам сфатен погрешно, немам ништо против циганите (за кои патем е гордост да се нарекуваат така, просто така си се викаат самите) и под тој збор не мислам ништо срамотно или долно. Сакам да нагласам колку опсежен е проблемот и колку тешко интегративна група се тие. Во сите земји на Европа се соочуваат со слични проблеми, дури и многу побогати, опитни и успешни од нас... Мора да се спречи гетоизацијата на циганите, која е присутна насекаде, само тоа е решение на среден/долг рок.


Андреј, да не тупам со политичка коректност по којзнае кој пат, но се знае дека роми е општо прифатен збор во Македонија за обраќање на оваа група луѓе и се знае во какви се контексти се користи зборот цигани. Нема потреба да истеруваме некаква правда овде (они се викале така самите...), таа теорија многу ме потсеќа на онаа на србите за користење на зборот шиптари. И црнците во Америка во колоквијален говор меѓу себе постојано користат „nigger“, но доколку белец го искористи тој збор има многу разлика. Да не должам повеќе, јасна ми е поентата.

Што се однесува до примеров во Јамбол, навистина е језив, но повторно би се одело предалеку со еден ваков радикален пример да се жигосаат ромите. Особено не во Македонија каде нивната интеграција е на малку повисоко ниво отколку на другите места. На пример, Шутка е далеку од чиста и одржана населба, но не е споредлива со овој пример во Јамбол. Освен егзотиката која иде со ромите, шутка не делува ништо поразлично од повеќето сиромашни македонски населби (на пример Драчево).

Проблемот за кој зборуваме се чергарите кои сепак, барем во нашето општество, кога зборуваме за Ромите се исклучок а не правило. Човек треба малку да поживее во Скопје и многу бргу ќе ги запомни сите просјаци кои се моткаат на скопските крстосници, некои од нив од кога паметам за себе. Се работи за малцинство, кое за жал станува се поагресивно и на чие однесување државата треба да му застане на пат покатегорично.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 11-Dec-2010 at 12:45
Ama kolku sto znam ima i romi sto doagaat od kosovo, ama ne se bas tolku, tie bea kako azilanti(posto imase borba)a so pravilite, tie treba da se vratat pak vo svoeto ,,maticna zemja,,!
Pbanks, shiptari ne e navistina nesto kako cigan, ima lugje sto mu se prajt kjefot koga kje go narekuvas shiptar(posto shqiptar e na albanski albanec) 
------------------------
Jas mislam deka ne postoi nekakva volja od instituciite da mu se pomogne na rominte!
Kolku socialni zgradi se gradea, jas ne pamtam da se gradi takvo nesto vo sutka, barem 20 stanovi da imase!Ohno


-------------


Posted By: axel
Date Posted: 02-Mar-2011 at 23:10

И ПОКРАЈ РЕАКЦИИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ


Фабриката за сапун "Цветан Димов" останува депонија


Од Општина Кисела Вода велат дека изминатата година во соработка со овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи спроведена е успешна акција за иселување на педесетината дивовселени Роми, кои ја користеле сапунарата за живеење и за складирање пластични шишиња


Некогашната фабрика за сапун "Цветан Димов", која се наоѓа во Кисела Вода, веќе неколку години е место на разноразно ѓубре, привремено населени Роми, но и дувло на наркомани. Целиот објект е претворен во една голема и смрдлива депонија, покрај која секојдневно поминуваат граѓаните и кои се згозени од самата глетка.
- Овој објект пропаѓа, секојдневно поминувам од тука, навистина се шири лоша миризба, а пак навечер е преполно со наркомани. Штета е за ваков објект да не може да се најде некое решение, вели една скопјанка.

Ги запрашавме одговорните од Општина Кисела Вода дали се запознаени со овој проблем и дали постои можност како општина да преземат иницијатива за негово решавање. Оттаму ни одговорија дека Општина Кисела Вода изминатата година во соработка со овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи спроведена е успешна акција за иселување на педесетината дивовселени Роми, кои ја користеле сапунарата за живеење и за складирање пластични шишиња. Истовремено, целиот шут и отпад од таа локација беше исчистен во една од многутте акции за отстранување на дивите депонии кои се создаваат на територијата на општината. Инаку, некогашната фабрика за сапун Цветан Димов", според нашите сознанија, ќе биде заштитена како културен споменик, велат општинарите.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D996C3D16DC6B3438CE3CCDC17B5BCC6


Posted By: N23
Date Posted: 03-Mar-2011 at 01:03
Originally posted by my Macedonia



Kolku socialni zgradi se gradea, jas ne pamtam da se gradi takvo nesto vo sutka, barem 20 stanovi da imase!Ohno

Во Шутка има изградено куќи/бараки за Ромите, со донација од Германија уште за време на бившата СФРЈ. Е сеа кој поминал таму ќе види во каква состојба се. Да не набројувам други примери како некои Роми од улица добиле станови па ги препродавале и пак се враќале во картонски кутии да живеат. Не дискриминирам, ама не за џабе чергари ги викаат.


Posted By: The Man
Date Posted: 03-Mar-2011 at 11:22
Originally posted by axel

И ПОКРАЈ РЕАКЦИИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ


Фабриката за сапун "Цветан Димов" останува депонија


Од Општина Кисела Вода велат дека изминатата година во соработка со овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи спроведена е успешна акција за иселување на педесетината дивовселени Роми, кои ја користеле сапунарата за живеење и за складирање пластични шишиња


Некогашната фабрика за сапун "Цветан Димов", која се наоѓа во Кисела Вода, веќе неколку години е место на разноразно ѓубре, привремено населени Роми, но и дувло на наркомани. Целиот објект е претворен во една голема и смрдлива депонија, покрај која секојдневно поминуваат граѓаните и кои се згозени од самата глетка.
- Овој објект пропаѓа, секојдневно поминувам од тука, навистина се шири лоша миризба, а пак навечер е преполно со наркомани. Штета е за ваков објект да не може да се најде некое решение, вели една скопјанка.

Ги запрашавме одговорните од Општина Кисела Вода дали се запознаени со овој проблем и дали постои можност како општина да преземат иницијатива за негово решавање. Оттаму ни одговорија дека Општина Кисела Вода изминатата година во соработка со овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи спроведена е успешна акција за иселување на педесетината дивовселени Роми, кои ја користеле сапунарата за живеење и за складирање пластични шишиња. Истовремено, целиот шут и отпад од таа локација беше исчистен во една од многутте акции за отстранување на дивите депонии кои се создаваат на територијата на општината. Инаку, некогашната фабрика за сапун Цветан Димов", според нашите сознанија, ќе биде заштитена како културен споменик, велат општинарите.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D996C3D16DC6B3438CE3CCDC17B5BCC6


Сериозно?


Posted By: tonikostov
Date Posted: 03-Mar-2011 at 13:50
Не е важно, важно е да се среди тој простор. Со години е запуштен и ја нагрдува целата околина. И Првомајска ќе се проширува, па редно ќе биде и тој објект да се подсреди малку, да заличи на нешто.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Apr-2011 at 00:35

НЕЛЕГАЛЕН Откупен пункт ВО СОСЕДСТВОТО НА граднаЧалниците кОЦЕ трајановски И владимир тОДОРОВИЌ

Диви кампери на Илинденска

Веќе шест месеци, разрушениот објект на улицата Илинденска каде што се наоѓаше ресторанот "Акација", и кој е на двесте метри од кабинетите на градоначалниците на Скопје и Општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ, се наоѓа див откупен пункт на старо железо и пластични шишиња

На само двесте метри од кабинетите на градоначалниците на Скопје и Општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ, се наоѓа див откупен пункт на старо железо и пластични шишиња. Веќе шест месеци, разрушениот објект каде што се наоѓаше ресторанот "Акација", на улицата Илинденска и е залепен до бараките на претпријатието за станбен и деловен простор, диво е населен од неколку семејства. Тие со коњи и запрежни коли, покрај стар отпад и пластични шишиња, во т.н. камп секојдневно носат и стар мебел за да си го опремат живеалиштето, лулашки за да си играат децата, како и дрва, суви гранки и хартија за огрев.
Станарите на околните згради се жалат дека под нивните прозорци вршат нужда и луѓето и коњите, а неколку пати им биле ограбени визбите и гаражите.
"Неколу пати го пријавивме случајот во Општина Центар, во Град Скопје, во полиција, кај санитарната и градежната полиција. Но сите си ја префрлуваат одговорноста еден на друг. Неколку пати дури пријавивме и семејно насилство", велат жителите на зградите на улиците Илинденска и Рузвелтова.
"Полицијата има разбирање за проблемите и на едните и на другите, но велат дека се немоќни", велат станарите кои шест месеци пишуваат поплаки и одат од институција до институција барајќи решение. "Сите ни кажуваат дека работата заглавува кај центрите за социјална работа. Тие ниту еднаш не дошле да ги видат условите во кои живеат овие граѓани", очајно коментираат станарите.
Дел од нив раскажуваат дека секоја вечер камперите палат оган и стравуваат од невнимание да не избие пожар. Зимата вршеле нужда пред становите во влезовите, а во визбите палеле огнови.
Како што се стоплува времето местото станува легло за зарази.
Неколку пати дошло и до тешки караници меѓу новите и старите станари. "Се плашиме да им кажеме нешто оти еднаш ни ги изгребаа колите на паркингот. Еден кога ќе се напие дури се заканува дека ќе нe тепа со метални прачки", велат станарите.
Од Град Скопје велат дека не можат да интервенираат никако оти објектот е приватна сопственост.
"Во вакви случаи сопственикот на објектот треба да пријави во полиција и тие да интервенираат. Нашите комунални инспектори немаат надлежност да интервенираат во приватен имот", вели Неделчо Крстевски, портпарол на Град Скопје.
Од Општина Центар никој не се јавуваше. Граѓаните велат дека испратиле поплака до градоначалникот Тодоровиќ, но од таму нема никаков одговор дали нешто ќе се преземе. (А.А.)
http://vest.com.mk/?ItemID=02161DB0C1A1684FB77FB54D253C979B


Posted By: Supervisor
Date Posted: 19-Apr-2011 at 00:37
Ете од кај тргале коњите
Сериозно дивите живеалишта на ромиве, нивното буквално дивеење по контејнерите расфрлање отпад и шут, возење на запреги низ центарлно подрачје не ја оправдува нивната социјална состојба! Градот мижи и бега од решение! Срамота!!!

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: spaceman091
Date Posted: 19-Apr-2011 at 12:48
http://www.vest.com.mk/?ItemID=72CA19310C6BB5468C23B74C9FE81B13

Се бара газдата на дивиот камп

"Се залагаме да го решиме проблемот со оглед дека се работи за простор кој е во приватна сопственост", велат од Општина Центар

Општина Центар ќе го расчисти дивиот откупен пункт на старо железо и пластични шишиња во поранешниот ресторан "Акација" откако ќе ги најде сопствениците на имотот. Во моментов општинарите испитувале во чија сопственост е објектот кој е претворен во див камп и е на само двесте метри од кабинетот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, но поради нерасчистени имотно-правни односи постапката потешко им одела.
"Запознаени сме со овој проблем. Да нас стигнаа голем број поплаки од станарите на околните згради и се залагаме што поскоро да го решиме проблемот со оглед дека се работи за простор кој е во приватна сопственост", велат од Општина Центар.
Од таму објаснуваат дека според Деталниот урбанистички план "Дебар маало 1", на посочената локација е предвидено да се гради зграда, но не кажуваат со колкава катност. До сега, според општинарите, за посочената локација која се наоѓа веднаш до бараките на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, не е доставено барање за градење од ниту еден инвеститор.
Веќе шест месеци, разрушениот објект диво е населен од неколку семејства. Тие со коњи и запрежни коли, покрај стар отпад и пластични шишиња, во т.н. камп секојдневно носат и стар мебел за да си го опремат живеалиштето, лулашки за да си играат децата, како и дрва, суви гранки и хартија за огрев.
Станарите на околните згради се жалат дека откако новите нелегални комшии се населиле во напуштениот објект, животот им станал неподнослив. Под нивните прозорци вршат нужда и луѓето и коњите, а неколку пати им биле ограбени визбите и гаражите. Граѓаните се плашат дека како што се стоплува времето местото може да стане и легло на зарази оти камперите немаат ни вода ни тоалети. Жителите на зградите неколкупати го пријавиле случајот во Општина Центар, во Град Скопје, во полиција, кај Санитарната и Градежната инспекција, но досега никој не интервенирал. (А.А.)


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Jul-2011 at 15:42
Ете овде и паркингот се гради, ама овие никој не ги чепка




Posted By: zabegan
Date Posted: 10-Jul-2011 at 16:18
уф, поминувам од таму скоро секој ден и ужасно е, се шират неверојатни миризби, од смет и од разни материјали кои се горат, патеката која поминува веднаш до улицата е гнасна, скапана и црна, а дотичните жители на просторот оградата од скалите и рампата на мостот си ја користат како сушална за разни парталчиња (се гледа и на сликата) и како и обично, кога ќе се тргнете од таа слика, почнуваат по вас да трчкаат дечиња кои ви се до колена, за пет денари... навистина срамота


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Aug-2011 at 21:33

Див камп пред „Борис Трајковски“


 

Шатори, камп-приколки, алишта, чадори, импровизирани возила, отпад можат да се видат пред картингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“

 
 
%20 
Никна нова населба пред спортскиот центар, откако неколку бездомни семејства се населија во запуштениот простор. Поради нерамната површина, сместени се во вдлабнатина, засолнети од минувачите. Од спортскиот центар велат дека не е првпат да се случува ова, но немале надлежност да реагираат.

 
  
Автор: С.Ј.  Фотографија: Филип Поповски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8911952535&id=14&prilog=0&setIzdanie=22351 - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8911952535&id=14&prilog=0&setIzdanie=22351


Posted By: The Man
Date Posted: 10-Aug-2011 at 11:31
Previous
Ја искосија тревата, т.е. џунглата пред салата, пред 1 месец. Од тогаш натаму секојдневно кампот се зголемува.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Aug-2011 at 13:26
Nevozmozno e, da nema pomos za ovie lugje! Covekot sto treba da se bori za pravdata na ovie lugje pravi koka kola reklama, kako nema sram Sleepy


Posted By: Mjölnir
Date Posted: 10-Aug-2011 at 15:58
Мислам дека треба да се направи логор за овие лица, некаде надвор од Скопје. Знам дека има еден во Чичино Село мислам се викаше ама викаат многу проблеми имало. Ако има проблеми направи полициска станица во самиот комплекс и контролирај ги. Вака навистина не оди, извор на зарази, грда глетка а сега гледам дека стануваат и се поагресивни(користат и дрога).


Posted By: N23
Date Posted: 11-May-2012 at 13:37

Коце, знам дека читаш, ако не читаш ти лично, барем некој од твојата администрација чита. Еве што можевте со 1,7 милиони евра да направите:

- постојан центар за згрижување на бездомници и на чергари

- откуп на нивните коњи, подарување на истите на зоолошките во Скопје и Битола, купување мотоцикли и корпи за оние чии коњи ќе бидат одземени

- средување на сите урбани средини во градот каде што живееле овие лица

- рушење на дивата ромска населба во Керамидница, одма до Комуна

- центарот за згрижување може да се изгради во вид на бараки со што би се заштедиле средства

- вработување на 20 луѓе кои од овие 1,7 милиони евра би можеле да ги исплаќате најмалце 5 години/ако удриме дека 250 евра е некој просек, ондак 20 лица се 5000 месечно, годишно 60 000, за 5 години 300 000 евра, еве и пола од сумата плус за даноци, пензиско, здравствено и слично, еве за 5 години за плати ќе требаат 450 000 евра

- плус може од тие што престојуваат, а што продаваат шишиња да се наплатуваат 1000 денари месечно за тековно одржување

Ја знам Коце дека за ваков проект нема да те гласа никој, можда евентуално ја, а за оградата ќе те гласаат 150-200 000 заслепени граѓани кои ако треба и ред ќе чекаат за да се сликаат, ама Коце на тој начин ќе го средиш градот, а не на Њу Делхи сеа да личиме. Ако, ве боли Вас, битно да имате гласачи, а тоа што се труеме секојдневно коа низ ваквите места проаѓаме идејќи на факс, работа и сл, тоа не е битно, има нали некој идна власт која можда тоа би го средила. 



-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: N23
Date Posted: 31-May-2012 at 18:55
избори се ближат, избори се ближат

Град Скопје конечно ги дислоцираше чергарите кои што живее под железничка, па дури опотребија и механизација. Единтвено сега што останува е ѓубрето да се собере и да се поплочи или асфалтира едниот дел. Конечно да направат како што граѓаните бараат.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: N23
Date Posted: 21-Jul-2012 at 16:02
Скопска


ПО ОБЈАВАТА ВО ВЕЧЕР


Инспекторите ги дислоцираа чергарите од Центар


Во текот на вчерашниот ден општинската инспекција изврши дислокација на лицата кои во изминатиот период беа дивонаселени во непосредна близина на катната гаража што се гради на Јужниот булевар, а за кои информираше редакцијата на Вечер. Оваа акција е реализирана по направениот увид на терен од страна на општинската инспекција. Според раскажувањата на жителите коишто живеат во околните згради околу еден месец на надвозникот кај Јужен булевар во шатор живееше едно ромско семејство, а до него бил врзан коњ којшто пасел. Граѓаните што живеат во околината се пожалија и дека од шаторот наутро постојано се слушала расправија и викање, а навечер ечела музика и се веселеле пијани луѓе. Околните жители велат и дека постојано слушале како плаче бебе.

http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=236C4A71993AEC468C39765A16816C28


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 22-Feb-2013 at 15:28
Не сум сигурен дали во вистинска нишка го пишувам ова, но гледам во близина на градската плажа кај градски парк, на неполни 100 метри од неа само од спроти(на кејот од другата страна на Вардар), почнала да се развива нова Ромска населба. Прекрасна глетка од плажата и од кејот. Вистински урбанистички крик во сред главен град. Не знам дали некој поминал од таму во скоро време, но јас се запрепастив.
Депонија наспорти главен градски парк на главен град. Диво изградени картонски-алуминиумски бараки и околу распослано во радиус од 30 метри буквално цело ѓубре од Скопјево, обесени облеки за сушење на оградата од рампата во близина, и за да биде глетката уште повпечатлива, 2-3 оџака од "бараките" кои џурат со полна пареа сив џад во радиус од 200 метри карши главен градски парк... Only in Skopje, only in Macedonia!

Имам и слики да ги префрлам на компјутер и ќе ги постирам на форумов.

Се запрепастив... Страшно.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 22-Feb-2013 at 15:54

Постои ли број во град Скопје каде што можат да се пријават вакви работи а социјалните служби да реагират. Исто вакви населби има по кејот во аеродром во близина на паркот со езерца поточно пред него кога се движиш од центар. 

Може треба посебна тема за ваквите диви населби. 

Според мене државата, градот и општината треба (мора) да изнајдат решение за ваквите појави. А уште пострашно е што тоа ни е случува во централното градско подрачје. И ајде Градотот , државата и општината што  не се интересират за ваквите проблеми. Но што е со луѓето кои живеат во близина на ваквите населби, зошто тие не реагират.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Feb-2013 at 16:56
Originally posted by HugoGoulding

и за да биде глетката уште повпечатлива, 2-3 оџака од "бараките" кои џурат со полна пареа сив џад во радиус од 200 метри карши главен градски парк... Only in Skopje, only in Macedonia!

Имам и слики да ги префрлам на компјутер и ќе ги постирам на форумов.

Добро е што не бил црн чад од запалени гуми, каков што неретко сум имал можност да се надишам поминувајќи по кејот. Еднаш ги приметив и дека топат стар метал на таков оган, веројатно алуминиум или некој друг метал што се топи на пониска температура.


Posted By: HugoGoulding
Date Posted: 31-Jul-2013 at 22:00
Карши Градски Парк и карши Градска Плажа 1 во непосредна близина.







Posted By: alexsend
Date Posted: 01-Aug-2013 at 15:10
Истиот случај е и на кеј веднаш карши ред кафе.

Мора да признаеме дека има сериозен проблем со ромите во Скопје.
Не зборувам за Шутка. Зборувам за оние кои решиле да живеат номадски живот, и заработуваат по семафорите.
Соодветното министерство мора да направи соодветен план, стратегија и да реагира.

-------------
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Aug-2013 at 18:51
Originally posted by alexsend

Истиот случај е и на кеј веднаш карши ред кафе.

Мора да признаеме дека има сериозен проблем со ромите во Скопје.
Не зборувам за Шутка. Зборувам за оние кои решиле да живеат номадски живот, и заработуваат по семафорите.
Соодветното министерство мора да направи соодветен план, стратегија и да реагира.
Карши Ред кафе нема една черга, туку цела тенеќе населба која се стреми да и парира на шутка по површина... ако некогаш се реализираат плановите за Ќерамидница и мостот преку Вардар, се надевам дека ќе ги решат и тие живеалишта


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Jan-2016 at 09:53
Во Мичурин веднаш до црквата Св.Три Светители има напуштен објект во кој повеќе од пет години живеат дивовселени Роми кои собираат и расфрлаат купишта смет наоколу,собираат кучиња скитници од цел град,диво се приклучени на струја,палат гуми,пластика,алишта и се што ќе им дојде при рака.Од Општина Аеродром воопшто не сакаат да го решат проблемот и притоа наоѓаат разноразни оправдувања оттргнувајќи ги своите ингеренции од објектот.Можеа барем да го оградат и да ги соѕидаат влезовите.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 17-Jan-2016 at 14:07
Не ми е јасно зошто се нема сила, желба, одговорност да се реши ова со дивите депонии и циганите. Особено во центарот на Скопје. Неможе спроти градскиот парк и плажата (има погоре слики) да има депонии и диво населени фамилии. Неможе под секој мост на Вардар да има диво населени фамили и депонии. Неможе секое ќоше во централното градско подрачје да е узурпирано, загадено и уништено. Треба овие луѓе консеквентно и без одложување да се преместат на локации кои се предвидени за нив. Толеранција не треба да има една секунда.


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Jan-2016 at 14:26
Се согласувам.Не е убаво за градот толку расфрлано ѓубре,кучиња скитници особено до главната автобуска и железничка станица во земјава и до еден верски објект.
Било кој и да дојде од странство овој хаос го асоцира на Бомбај и некои такви градови.Незнам зошто никој не превзема ништо,стално се вадат дека станува збор за приватно земјиште и дека немаат никакви ингеренции врз него.


Posted By: fichot
Date Posted: 17-Jan-2016 at 14:46
Од блиски извори ми кажаа дека имаат план, ама прво мора на сите до последен комити да им се направи споменик па после тоа.


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Feb-2016 at 13:43
На влезот во општина Аеродром веднаш до Црквата Св.Три Светители.Извонредна глетка.


Posted By: fichot
Date Posted: 10-Feb-2016 at 19:11
Како го имаат окупирано целото течение на Вардар да ти се одмили да прошеташ/повозиш по кеј. Се зачадено од Злокуќани до Три бисери.


Posted By: stef4o
Date Posted: 10-Feb-2016 at 19:55
Znam. Megutoa ova e epten poblisku do Centar,aj sea ne tolku ama u noemvri i dekemvri smrdi na izgorena plastika,gumi pa ne se izleguva nadvor. Neznam kako nikomu ne mu smeta. Da se nadevam deka koga crkvata ke bide gotova konecno ke se sredi ruglovo.


Posted By: Petar Skopje
Date Posted: 23-Feb-2016 at 20:26



Posted By: zabegan
Date Posted: 23-Feb-2016 at 21:00

како што можете да видите, овој врв на недвижнината има свое ќумбе а и антена која ја нема на фотографијата
со струја најверојатно се напојува од локалната бандера

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Petar Skopje
Date Posted: 23-Feb-2016 at 21:22
Да, точно. Антената не се гледа . А нормално дека е поврзан со бандерата, внатре има и телевизор.


Posted By: Џоле
Date Posted: 23-Feb-2016 at 21:50
Денес поминав покрај комбево по велосипедската патека, смрдеше на гомна. Веројатно нужда вршат во близина.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: fichot
Date Posted: 24-Feb-2016 at 02:54
метлаб.


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Apr-2017 at 12:16
Еве извадок од Нова Македонија за напуштени објекти во Центар и во Аеродром

Напуштените објекти се депонии и дувла за зарази
еѓу новите фасади и згради низ метрополата има и повеќе напуштени и делумно руинирани објекти кои се „трн во око“ за жителите, кои постепено се претвораат во депонии. Жителите од околните згради, пак, стравуваат дека може да станат и дувло на зарази. Освен тоа, овие објекти се и опасност за минувачите, бидејќи поради нивната дотрајаност може ненадејно да се сруши некој дел. Повеќето од нив се во приватна сопственост, па така локалните власти немаат надлежност врз нив.
За токму ваков објект, реагираа граѓаните во општина Центар и општина Аеродром. Во општина Центар таков објект има во близина на Католичката црква.
- Мислам дека со години е во оваа ужасна состојба. Се случува дури и да паднат циглите од застареноста на објектот. Некој нешто мора да преземе, оти верувам дека во време на горештините може да почнат да се шират зарази и болести од ова место, а од околните згради има деца што играат во негова близина - рече Симона М., која живее во близина на напуштениот објект.
Во консултација со општина Центар, кои пуштија општински инспекции на локацијата, се утврди дека објектот е во приватна соппственост.
- Тој објект е приватна сопственост и општината нема надлежност. Еднаш се обидовме да исчистиме во двор на приватен напуштен објект, но ни замерија што влегуваме во приватен објект - велат од општината.

Аеродромци, пак, реагираа на ваков напуштен објект. Поточно, нивните реакции се однесуваат на напуштена куќа во населба Мичурин.
Куќата што веќе не личи на куќа е во непосредна близина на црквата што се гради. Многу неубава слика би било кога ќе се изгради црквата. Дворот е натрупан со ѓубре. Налето од него се шири страшна лоша миризба - коментира Кристијан О., жител на населбата Мичурин.Граѓаните оттаму велат дека сопственикот се обидел да стави и ограда околу објектот, но редовно во куќата има диво населни лица.

- Станува збор за објект кој е во приватна сопственост. Самиот сопственик си го заштитува објектот - велат накратко од општина Аеродром.

Од Македонската православна црква, која е инвеститор на црквата во населбата Мичурин, велат дека црквата се очекува наскоро да биде готова, недостига уште внатрешното уредување, како фрески и слично. Но, објаснуваат дека е комплицирана процедурата за МПЦ да сопственик на овој напуштен објект во близина на црквата, што зависи од тоа дали објектот е на продажба, која е цената и слично.

Според адвокатите, доколку некој напуштен приватен објект предизвикува функционална грубост, како рушење на дворот или делови од објектот и предизвикува опасност за минувачите, градежните општински инспектори можат да му наложат да го среди својот објект за да не биде опасност. Ова е предвидено во Законот за градење, под членот 99, каде што се вели дека отстранување на објект или негов дел се врши во случај на оштетување на објектот ако постои опасност за негово уривање.

Сопственикот на објектот е должен и да преземе итни мерки за отстранување на објектот односно да го означи објектот како опасен со соодветни ознаки, да постави заштитна ограда до отстранувањето на опасноста и да поднесе барање за добивање на одобрение за отстранување до надлежниот орган од членот 58 (градоначалникот на општината, односно градоначалниците на општините во градот Скопје) на овој закон - вели ставот 2 од овој член, така што според ставот 3 ако сопственикот не го стори тоа, надлежниот орган има право да ги преземе мерките.
Дополнително, според законот овие мерки се преземаат на трошок на сопственикот. Што се однесува на лошата миризба, за санкционирање е надлежен комуналниот инспектор.







http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Напуштените-објекти-се-депонии-и-дувла-за-зарази&id=9bba5ba2-5fe9-431f-8942-d01e3c8cc44f


Posted By: stef4o
Date Posted: 24-May-2018 at 13:11
Превземено од фејсбук-Урбан Парк-Општина Центар













Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Aug-2018 at 23:16


Ова е на булевар Кузман Јосифовски Питу, кај НБРМ:





А ова долу е вчерашно соопштение на Град Скопје. Навистина фасцинантен генерички бирократски испрдок.
Дали некој разбра што всушност планираат да преземат градските власти и кога?

Тргнувајќи од фактот дека Градот Скопје има обврска да се грижи за чистотата во градот, а особено да превенира и да се справува со причинителите на загадувањето на воздухот, комуналните инспектори на Градот извршија увид на јавните површини во делови од градот на кои се поставени импровизирани живеалишта.

По извршениот увид на терен, тие констатираа нарушување на комуналниот ред и јавната чистота, односно непочитување на одредбите од Законот за јавна чистота, и согласно со Одлуката за комунален ред во Градот Скопје, им изрекоа опомена на лицата коишто се населени во близина на НБРМ, пред зградата на АСТЕРА и лицата лоцирани под Кале.

Градот Скопје има обврска да се грижи за чистотата во градот, а особено да превенира и да се справува со причинителите на загадувањето на воздухот. На основа на ингеренциите што ги има Град Скопје и секогаш водени од потребата на граѓаните, Градот Скопје има намера да го решава ова прашање кое години наназад се провлекува.



Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 03-Aug-2018 at 20:00
Во Бардовци градат населба за бездомници (некаде прочитав дека 80те луѓе што живеат под Кале ќе се згрижат таму, некаде дека прифатниот центар во Визбегово има капацитет за 80 луѓе, а сега ќе се прошири бидејќи во Град Скопје има 452 бездомника), па би можеле и луѓево што живеат во овие живеалишта да ги сместат таму.

Не верувам дека би било смногу скапо, а би било од огромен бенефит бидејќи овие луѓе ќе станат колку-толку продуктивни и ќе се подобри чистотата во градот.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Aug-2018 at 14:40
Во населба Острово-О.Аеродром има напуштен објект останат уште од времето на бившите самопослуги Славија во кој се имаат вселено неколку ромски фамилии.
Сликиве се од фб





Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Sep-2018 at 16:25
Дали некој има повеќе инфо околу оваа зграда која се наоѓа на бул.Гоце Делчев спроти Вип Хотел?? Дали некогаш во нејзе била сместена некоја институција или сл?Прашањево го поставив во оваа нишка бидејќи моментално во зградата се вселени неколку ромски семејства а и скоро сите прозорци се искршени во последниве неколку години бидејќи фоткава е од Google Street View.



Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 08-Sep-2018 at 16:42
Во една група на Facebook пред неколку години прочитав дека била средно. Ќе пробам да ја најдам објавата. Мислам дека местово е одлично за парк.

Инаку, министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на Ромите во Македонија, во соработка со другите надлежни институции, како Министерството за труд и социјална политика, треба поактивно да се борат за искоренување на сиромаштијата и бездомништвото кај Ромите. Прво треба да ги научат дека повеќе деца не значи повеќе пари, потоа да ги сместат во домови за бездомници (нека се изградат уште неколку во Бардовци, каде веќе се гради дом или прифатен центар за бездомници), каде што би имале кров над глава, топол оброк и образование за децата. Огромен бенефит би имале и самите Роми кои сега живеат на улица или во картони, и останатите граѓани зашто ќе се намали питачењето и загаденоста.

Не сум ја прочитал Стратегијата и не знам што се планира со неа, но на овие Роми мора да им се помогне да се интегрираат и да станат активен дел од економскиот живот во државата. Не треба многу да се мисли колку пари ќе се потрошат на средување на проблемот кога ќе видиме гладни луѓе кои спијат по улици и рушевини; а и онака парите кои ќе се потрошат на тоа би се вратиле бидејќи овие луѓе ќе станат (колку-толку) економски активни.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 08-Sep-2018 at 17:08

Благодарам на информацијата.Само се плашам дека наместо парк многу поверојатно е да дигнат за некое време некаква си зградурина бидејќи кај нас ретко од некој напуштен објект би станал парк.(Цветан Димов го срушија никна Флетајрон,исто и Алумина каде никна џунгла од згради).Патем веројатно објектов е во државна сопственост да беше некој приватник до сега сигурно ќе беше нешто направено.


Posted By: daci92
Date Posted: 09-Sep-2018 at 09:58
За ова место ако не се лажам пред неколку години беше заинтересирана Адора Инженеринг, што се случи со тоа навистина незнам.


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 09-Sep-2018 at 20:20

ова чинам е предземјотресна зграда, порано мислам била училиште, а и да е постземјотресна прашањето зошто сеуште нема дуп за таму, е бидејќи тука требапе чинам да минува булевар Крупевска Република, но откако Трифун со полу клучката кај Континентал го отпиша овој урбан автопат, посетне Никола го пушти Владимир да прави за Маџир Маало урбани дупови, та зградава си остана а сега сигурно локацијата ќе ја оправат за некоја од скопските масонски ложи, нели велат годинава градежниот сектор потфрлил па посекако и ќе побрзаат за догодина тоа да не е случај!

тука впеочем ко речиси последно ачик место во о.Центар добро ќе беше да паркираа некој објект на државна институција пр. ко Кинотека на Македонија или пак некоја продолжена рака на МСУ за Визуелни Уметности како место за со павиљони за Перформанси покрај Вардар иако верваат дека тоа може да биде МКЦ па нема да се одважат за нешто слично, а бидејќи државата веќе не е градежнонинвестициски расположена и со новата владејачка гарнитура ко во случај со претходната, бар ќе им требаат едно две три четири години додека застанат економски на нозе а во меѓувреме за следни избори спремат соодветна програма која Народ ко во случајот со претходните изборно им ја аминува, та цел овој простор до МРТВ многу веројатно ќе го пуштат на приватници, иако логично е на ваква атрактивна локација да се распостелат општествени објекти за да не биде екстра какафонично во линија со судоите академијата мкц и мртв да никнат стамбени згради, па дури и деловни ќе делуваат грдо, но беласичани та не ме чуди да ја шитнат и мол локацијава!

едно време ја бев мерачел зградава за невладина пред десетина години, сега нешто лани ми светна дека би била супер локација за партиски мрмр епицентар посимболично во однос институциите одоколу здравје, а и како ресторан може да ја биде, дури чинам имаат пробано како кафана да ја завозат мислам има ставено лимен скараџиски оџак на неа, но веројатно бидејќи има таму наезда на глодари та се пишманеле ко закупци да инвестираат во дератизација, што и да го направат ако не инвестираат дополнително во репарација на цел објект тнко дека хигиената ќе биде токму за секого!



Posted By: stef4o
Date Posted: 23-Sep-2018 at 16:02
Среде центар на град,до НБРМ,главна железничка и автобуска станица и пак неможе(несака) да се реши [IMG]smileys/smiley13.gif" align="middle[/IMG

[tube]gZQuBrg8FGg[/tube]

https://www.youtube.com/watch?time_continue=7&v=gZQuBrg8FGg


Posted By: stef4o
Date Posted: 06-Apr-2019 at 14:17
Кај Транспортен повторно имаат направено еден куп импровизирани куќарки,купишта ѓубре и кучиња.Бидејќи ретко минувам во овој дел денес се зачудив колку е неуреден,знам дека отсекогаш овој простор имал ѓубре ама не до толку.Исто така и во напуштената зграда спроти Вип Хотел се имаат вселено Роми и има купишта смет наоколу.
Еве една фотка



Posted By: stef4o
Date Posted: 25-Oct-2019 at 17:07

Тука ситуацијата е горе-долу иста дури и полоша,незнам како никому не му пречи ова,баш ме интересира сега за неколку дена на што ќе се грее населбава на пелети или инвертери



------------------

Патем дел од ѓубриштава и населбата е направена на паркинг,зарем Градски паркинг не е заинтересиран да ги стави рампите во функција и да си наплаќа на автобусите кои паркираат тука??



Posted By: stef4o
Date Posted: 30-Oct-2019 at 17:23

Конечно







https://www.facebook.com/inspektoratgradskopje/

------------------------------------------------------------------------------
Гориме отпад за да преживееме!

Ромска фамилија која се распослала во импровизирани живеалишта под мостот кај Железничка станица, гори сè и сешто и воздухот во околината смрди на гума и пластика. Инспекторатот на Град Скопје денеска го задолжи ЈП “Комунална хигиена“ просторот да биде целосно исчистен, а лицата затекнати на лице место веднаш да бидат згрижени

Жителите од населба Аеродром и Ново Лисиче, кои ја користат велосипедската патека покрај Вардар за рекреација или за одење и враќање од работа со велосипед, секојдневно се гушат од чадот кој излегува од импровизираните живеалишта. Велат дека чадот смрди на изгорена гума и пластика.

Во близина живеам. Секој ден на најмалку десет места долж патеката тука Ромите палат сè и сешто и нè гушат. Така со години. Мора да се стави крај на оваа анархија – вели Лиле Симоновска.

Просторот околу живеалиштата е полн со пластика, гуми, кабли и картони. Иако знаат дека со тоа ја загадуваат околината, Ромите признаваат дека горат отпад.

– Што да правиме. Гориме отпад за да преживееме – велат тие.

Инспекторатот на Град Скопје денеска го задолжи ЈП “Комунална хигиена“ просторот под Железничката станица да биде целосно исчистен.

– Известени се Центарот за социјални грижи и градежниот Инспекторат на општина Аеродром кој е надлежен за отстранување на изградените импровизирани живеалишта. Инспекторатот на Град Скопје нема надлежност да отстранува градби и згрижува луѓе. Очекуваме брза реакција од надлежните институции – велат од Инспекторатот на Град Скопје.

Исчистен беше и паркингот под Железничка каде превозниците од меѓуградскиот превоз тука ги паркираат автобусите. Емилија Владимирова вели дека возачите кога ги чистат автобусите, отпадот го фрлаат на паркингот иако во непосредна близина има контејнери. Таа бара да се казнат таквите неодговорни возачи.

Филип Здравески бара надлежните да се погрижат и за бездомните кучиња кои сè почесто ги има на патеката и ги напаѓаат минувачите.

(С.Бл.)

https://www.vecer.press/гориме-отпад-за-да-преживееме/


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Jan-2020 at 19:53

Тука ништо не се сменило,исклучиво се палат гуми,најлони и пластика се трујат добар дел од Аеродром(поготово Мичурин и Острово) исто е и од спроти само населбата е во се поголеми размери,со години никој ништо не превзема.









https://www.facebook.com/Урбанизам-во-Македонија-313588822516630/


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Apr-2020 at 14:05
Овој проблем никој не се нафаќа да го реши...џабе се сите мерки против загадување кога овие луѓе од ноември до март/април се греат на што најдат(гуми,најлони,пластика,лакирани дрва) а плус што вршат топење кабли и вадење на бакарот од нив...
Ова се диви(импровизирани) живеалишта во Гази Баба(спроти ПИОМ) и под Транспортен кон Сајмиште...







https://www.facebook.com/groups/192261398109214/


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-May-2020 at 16:32
Ќерамидница(спроти ПИОМ)-од фб









Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-May-2020 at 19:25


https://www.facebook.com/inspektoratgradskopje - https://www.facebook.com/inspektoratgradskopje

Реагираат на пријави и дојави.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 12-May-2020 at 19:37
Колку точно бездомници и луѓе кои живеат во картонски населби има во Македонија?
Колку е тешко сите да се сместат во куќи (по теркот на малите групни домови), да им се плати кирија од 100 евра месечно во првата година и да им се бара работа (најлесно би било да се ангажираат како ниско-квалификувани работници во државните органи и државните претпријатија)? Исто така, дел од бездомниците имаат какви-такви знаења или искуство, а поради сплет на околности останале на улица.

Може да се започне со помал број луѓе, а ако системот работи и носи бенефиции, а државата може да си го дозволи, истиот би продолжил да се имплементира.

Откако ќе добијат алтернатива и на секој бездомник и полу-бездомник ќе му се понуди сместување, горново поведение, па дури и самото живеење во картони би биле казниви со закон.

Влијанијето врз економијата, екологијата и кохезијата би било многу добро.

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: stef4o
Date Posted: 12-May-2020 at 20:57
Originally posted by гитардемон



https://www.facebook.com/inspektoratgradskopje - https://www.facebook.com/inspektoratgradskopje

Реагираат на пријави и дојави.


Znam nekolku pati imaše prijavi za zapaleni gumi i slično no toa e samo kratkoročno rešenie. Cela zima ne se pominuva pod mostot kaj Transporten se e zaposednato od vakvi kartonski naselbi,kupišta otpad i kučinja. Za žal nikoj ne se nafati da go reši problemot i vakvite naselbi stanuvaat se pogolemi a so toa i problemot so zagaduvanje se poteško ke može da se reši.


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-May-2020 at 00:36
Originally posted by Staro Skopje

Колку точно бездомници и луѓе кои живеат во картонски населби има во Македонија?
Колку е тешко сите да се сместат во куќи (по теркот на малите групни домови), да им се плати кирија од 100 евра месечно во првата година и да им се бара работа (најлесно би било да се ангажираат како ниско-квалификувани работници во државните органи и државните претпријатија)? Исто така, дел од бездомниците имаат какви-такви знаења или искуство, а поради сплет на околности останале на улица.

Може да се започне со помал број луѓе, а ако системот работи и носи бенефиции, а државата може да си го дозволи, истиот би продолжил да се имплементира.

Откако ќе добијат алтернатива и на секој бездомник и полу-бездомник ќе му се понуди сместување, горново поведение, па дури и самото живеење во картони би биле казниви со закон.

Влијанијето врз економијата, екологијата и кохезијата би било многу добро.
проблемот лежи и во менталитетот на дотичната социјална група, не е дека државата или барем индивидуи и друштва не се обиделе да им излезат во пресрет
значи да се доведат во ред треба да се под надзор 24/7 и државата освен тоа што ги помага, треба и да ги условува

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Staro Skopje
Date Posted: 12-Jun-2020 at 17:13
Пред година-две беше актуелен случајот со жената што живееше во картон до НБРМ. Ѝ го отстранија, ѝ понудија живеалиште, ама таа одби и отиде да живее под мост. Царовска рече (парафразирам) не можат со сила да ја натераат да живее на нормално место.

Мора да се реши овој проблем; не може да е толку невозможно.

ЕДИТ:
Срушено засолништето на жената која живееше спроти Железничка

Спроти ВЕРО ЏАМБО во Маџар Маало, на отворениот простор долги години престојуваше Елизабета во колиба која самата ја имала направено.
Општина Центар реши да го среди просторот и да ја дислоцира Елизабета. Во соработка со МТСП и локалниот Центар за социјална работа на Елизабета и биле понудени решенија, вклучително и преместување во шелтер за бездомници во Чичино село, но таа ништо не прифатила.
Пред неколку дена инспекторите од Општина Центар со механизација и асистенција на полицијата го урна живеалиштето на Елизабета и го расчисти просторот.

„Иако наредбата беше да целосно засолништето се сруши и исфрли во истиот ден, успеавме да се договориме со инспекторите да креветот, постелнината, шпоретот на дрва и некои основни работи останат на располагање на Елизабета и таа да ги префрли во една куќа во Маџар Маало. Исто така и сопственикот на механизацијата се понуди да бесплатно и ги пренесе работите на жената.

На оваа жена и беа понудени солуции, сепак таа решава да не ги прифати, но како и да е во целата комплицирана ситуација, сепак се покажа мала човечност од сите кои беа на терен што не е пример секогаш (за жал)“, се вели во објавата на Фејсбук.

https://skopje1.mk/archives/5410 - skopje1.mk

-------------
Градот убав никна, но го откорнаа


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Jun-2020 at 17:25
Originally posted by Staro Skopje

Пред година-две беше актуелен случајот со жената што живееше во картон до НБРМ. Ѝ го отстранија, ѝ понудија живеалиште, ама таа одби и отиде да живее под мост. Царовска рече (парафразирам) не можат со сила да ја натераат да живее на нормално место.

Мора да се реши овој проблем; не може да е толку невозможно.
ја не знам што се комплицира нешто што не мора да се комплицира, ако не сакаш да ти помогне државата и соодветно да те вдоми, тогаш ќе те притворам за нарушување на јавен ред и мир и загадување и сквернавење на јавни просотри, толку едноставно

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Zelenikovo
Date Posted: 13-Jun-2020 at 06:17
Originally posted by zabegan

ја не знам што се комплицира нешто што не мора да се комплицира, ако не сакаш да ти помогне државата и соодветно да те вдоми, тогаш ќе те притворам за нарушување на јавен ред и мир и загадување и сквернавење на јавни просотри, толку едноставно


Инклузивност Рулз кај денешната власт дали, смешно од една страна не е дозволено сквотинг по напуштени објекти, а од друга оставаат да се креваат картонски пачои па и населби, а може да им ја средат бар Стаклара ем таму да се погрижат за Ред Едукација Социјализација, просто хигиенски да ги помогнат Бездомните Сограѓани така! тоа и хостелски-социјално сместување да им понудат [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3465&PID=229297#229297 - 1 ] а така ќе им се најдат на мнозина да застанат на нозе кои сега рентаат Соби на диво низ Скопје, речиси ко да чекаат власстите да се спакуваат сите заборавени бездомни и отфрлени Сограѓани да си се спакуваат и да ги снема, мислам и најубаи рурални Комуни да им кренат ако таму се заборавени несплотени и без брз а бесплатен пристап до Град што мислат ќе дреме таму некој ко да е на доживетен одмор!? вака сега по секој основ се маргинализирани мнозина и тешко дека со постојниот акал како тераат политичарите некогаш и ќе им помогнат да ја надминат https://en.wikipedia.org/wiki/Social_invisibility - таа гачка!

еве интересна примедба од сАд кај нив пак бидејќи предградијата се населени со мидл-клас семејства, според Инклузив Зонинг спона [ https://www.rwjf.org/en/library/research/2018/06/housing-and-health--the-role-of-inclusionary-zoning.html - 1 ][ https://www.urban.org/sites/default/files/publication/99647/inclusionary_zoning._what_does_the_research_tell_us_about_the_effectiveness_of_local_action_2.pdf - 2 ] претежно каде демократите дрмаат се миксаат сиромашни со средни класи на жители, при што тоа треба да е потстрек да не се гетоизираат понапредните генерации претпоставувам како би имале и стимул и прилика уште повеќе да напредуваат, но некои велат таквиот пристап е контрапродуктивен [ https://en.wikipedia.org/wiki/Inclusionary_zoning#Controversy - 1 ][ https://www.citylab.com/equity/2018/07/citylab-university-inclusionary-zoning/565181/ - 2 ] слично ко што јас би рекол дека сред социјална населба ко Ново Лисиче богатите деца исто биваат истормозени што од лично искуство би рекол дека дури и во СРМ беше случај за веќе во транзицијата на ангро побогатите да се иселуваат дури и оние кои имаа лапнато по два стана та си сториле в зградата куќа, просто биднаа први на Удар за гето-дружба, мислам сите топтан но тие на пик беа и после онакви браноите пељушење, бреј го удараа секој кој има стаено и дупла врата заради промаја!
Hard-working Americans, whoever they are, don’t want—in the name of “inclusive zoning”—to have homeless people, including drug addicts, alcoholics, criminals, perverts, and the insane corralled into backyard “mini-homes,” or into apartment buildings dropped randomly into neighborhoods of single-family homes. They especially don’t want this to happen when their taxes will help pay for the construction and help pay the rents [ https://amgreatness.com/2020/02/27/when-is-extremism-justified/ - 1 ]

Common sense would suggest that if the civic authorities had the slightest respect for the residents, this shelter would have a curfew, and would not admit intoxicated individuals. But the opposite is the case. Out of respect for the human rights and dignity of the “unhoused,” Venice Beach’s Hotel California is a “wet” shelter, meaning that any time of day or night you can stagger in as stoned or smashed as you wish, get some sleep or a free meal, then leave again. [ https://amgreatness.com/2020/03/09/gathered-for-the-feast-at-the-hotel-california/ - 1 ]
интересна поента е дека Сиромашни Сограѓани доколку се гетоизирани во комиблокои уште повеќе девијатни стануваат, освен ако општините не им ги сервисираат зградите и воопшто цел Социјален Живот, а од друга страна доколку ги мешаш со богатите се искомплексируваат та и она што го имаат им станува мизерно иако се пример тоа основни потреби како 4-ѕида вода струја комунална хигиена паркови школство здравство, просто демотивирани се за Повеќе Да Дадат Од Себе, од друга страна Фацелизација рулз ако ги заборават на маргините, та речиси и да немаат друга алтернатива него ко сега да се снаѓаат како знаат и умејат, особено имајќи го во предвид фактот дека постојано придоаѓаат нови и нови Сиромашни и Бездомни Семејства од Внатрешност, крај на овој затворен круг единствено ет Печалба ...

ЕДИНСТВЕНО ЛОКАЛНО ЧАРЕ пак е http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=31595&PID=3154129#3154129 - РУРАЛНА РЕЕМИГРАЦИЈА јасно која со Државна Помош би се осигурала така за да им биде не само ним СПАС туку и на сите оние на кои им збоктисало во Град по кој и да е основ, а така и Бездомните и Сиромашните нема да се чувствуваат ко некој намерно да сака само од нив в градоите да се реши, напротив ќе се чувствуваат и попривилегирани бидејќи за такво нешто да профункционира во државава ќе треба не само озбилна агенда туку и постојана евалуација на таквиот пред се’ Пивот За Поздрав Живот ... за жал како натака ќе дрмаат светски економски гајрети, така се’ повеќе Сограѓани ќе бидат принудувани на ваква Самоодржлива Спона доколку сакаат бар помалку да ризикуваат ризици од невработеност ако не безбедност во случај се изнајдат Паметни Модели за малџиско обезбедување од страна на локалните комшии полицајци [ http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=2979&PID=240524#240524 - 1 ] но дури и’ комфорно му било на Народ низ Урбано Градинарство да се аклиматизира на посиромашен градски живот, повторно треба да се сеќава дека Домакини денес во Град од својте Деца нема да сторат!





Posted By: stef4o
Date Posted: 16-Jun-2020 at 15:21
Под Транспортен,од ден на ден населбава е се поголема,се повеќе отпад и никој не реагира...гледам голем број луѓе ретко минуваат во овој дел бидејќи има и доста агресивни кучиња скитници(особено велосипедистите знаат да бидат мета)







https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom/


Posted By: stef4o
Date Posted: 19-Jun-2020 at 10:37
До новата црква во Мичурин,штета за ова парче приватна сопственост што остана вака несредено,си има маркица за зграда(П+5+ПК) но очигледно има некои ептен долги и комплексни судски спорови па којзнае кога и дали ќе се реши.Сопственикот се појави пред 4-5 години сруши само дел од објектите кои претходно беа во дворот на куќата и го ослободи просторот од дивовселените Ромски семејства но и по неколку години повторно никна џунгла и чат-пат некои го користат објектот како живеалиште.
Да можеа да го откупат и овој дел да влезеше во склоп на црквата ќе беше многу подобро но тоа најверојатно нема да се случи

Еве по некоја фотка од ситуацијата на терен



...











Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Sep-2020 at 12:05
Спроти ПИОМ



Posted By: skopskodete
Date Posted: 01-Sep-2020 at 12:36
Originally posted by stef4o

Спроти ПИОМ


Уште колку години (децении) треба вака да биде местово за да нешто се преземе...


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Sep-2020 at 12:44
Се додека не се вклучат овие луѓе во системот(образование,засновање каков-таков работен однос и слично) нема да има решение.Еве и да ги срушат од тука ќе се преместат на друго место и пак со исто ќе се занимаваат.Ова е комплексен проблем кој не треба да го решаваат само локалните инспекторати и КХС туку голем број надлежни институции треба сериозно да се позанимаваат со ваквите случаи низ градот и општо низ земјата.Конкретно за овој потег со години сите се прават дека не гледаат како се спалуваат гуми,пластика и слично(добар дел од миризбата се чувствува цело лето во Острово,Мичурин и Маџир маало).Мислам дека уште многу зими и лета ќе стои населбава дури има тенденција да стане и поголема...Исто важи и за локациите во близина под Транспортен и напуштената зграда спроти Вип хотел(ако имам време деновиве ќе сликам огромна депонија стана околу).


Posted By: skopskodete
Date Posted: 01-Sep-2020 at 12:47
Originally posted by stef4o

Се додека не се вклучат овие луѓе во системот(образование,засновање каков-таков работен однос и слично) нема да има решение.Еве и да ги срушат од тука ќе се преместат на друго место и пак со исто ќе се занимаваат.Ова е комплексен проблем кој не треба да го решаваат само локалните инспекторати и КХС туку голем број надлежни институции треба сериозно да се позанимаваат со ваквите случаи низ градот и општо низ земјата.Конкретно за овој потег со години сите се прават дека не гледаат како се спалуваат гуми,пластика и слично(добар дел од миризбата се чувствува цело лето во Острово,Мичурин и Маџир маало).Мислам дека уште многу зими и лета ќе стои населбава дури има тенденција да стане и поголема...Исто важи и за локациите во близина под Транспортен и напуштената зграда спроти Вип хотел(ако имам време деновиве ќе сликам огромна депонија стана околу).

Да, меѓутоа, колку што јас знам и се сеќавам, до сега ниту една институција нема нешто видливо прикажано дека прави со цел да се реши (или почне да се решава) овој проблем.


Posted By: stef4o
Date Posted: 01-Sep-2020 at 13:00
Точно,затоа ги има по цел град,во речиси секој напуштен објект и само ако дојде ред да се руши за правење зграда тогаш ќе се иселат и ќе одат под некој мост или во некои импровизирани објекти.Треба да се знае дека ги има голем број вакви случаи а оттука во корелација е и загадувањето на воздухот бидејќи јавна тајна е дека се греат на што стигнат но ете времето си минува а никој не сака ни да го спомене овој проблем тоа значи дека сме децении далеку од негово решавање(од мој аспект така ми личи дај боже да грешам и да ме демантираат во следниот период).


Posted By: zabegan
Date Posted: 01-Sep-2020 at 19:12
Originally posted by skopskodete

Originally posted by stef4o

Се додека не се вклучат овие луѓе во системот(образование,засновање каков-таков работен однос и слично) нема да има решение.Еве и да ги срушат од тука ќе се преместат на друго место и пак со исто ќе се занимаваат.Ова е комплексен проблем кој не треба да го решаваат само локалните инспекторати и КХС туку голем број надлежни институции треба сериозно да се позанимаваат со ваквите случаи низ градот и општо низ земјата.Конкретно за овој потег со години сите се прават дека не гледаат како се спалуваат гуми,пластика и слично(добар дел од миризбата се чувствува цело лето во Острово,Мичурин и Маџир маало).Мислам дека уште многу зими и лета ќе стои населбава дури има тенденција да стане и поголема...Исто важи и за локациите во близина под Транспортен и напуштената зграда спроти Вип хотел(ако имам време деновиве ќе сликам огромна депонија стана околу).

Да, меѓутоа, колку што јас знам и се сеќавам, до сега ниту една институција нема нешто видливо прикажано дека прави со цел да се реши (или почне да се решава) овој проблем.
ја гарантирам дека проблемот не е до институциите, туку до дотичната граѓанска група

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: stef4o
Date Posted: 11-Sep-2020 at 16:26
„А БЕ ГО САКАМ БАИРО ЧИСТ“- БИТОЛСКИТЕ ЕКОЛОЗИ БАРААТ РЕШЕНИЈА ЗА ДИВАТА НАСЕЛБА ВО БИТОЛА

Околу 1.500 жители или 244 објекти во неурбанизираната ромска населба Горен Баир во Битола се со повремен доток на вода, а 500 жители или 88 објекти без вода, покажа истражувањето спроведено во рамки на проектот „А бе го сакам Баиро чист“ на Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола во соработка со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и Националната коалиција за животна средина. Добиените податоци беа презентирани денес на тркалезна маса со цел изнаоѓање на одржливи решенија.

„Најголемите проблеми врз основа на извршената анкета е што луѓето се жалат за комунални проблеми, големи отпадоци, две големи депонии кои го загрозуваат животот. Едната депонија е кај каналот за прифаќање поројни води, па се доведува во опасност и населбата Бадембалари од евентуални поплави, а од друга страна имаат проблем со водоснабдувањето. Околу 1.500 до 2.000 жители се засегнати или немаат воопшто вода или имаат во краток период од 2 по полноќ до 6 наутро. Од три улични чешми функционира само една и луѓето се собираат во редици, што не е препорачливо во услови а ковид-19“, рече Мите Ристов од „Геосфера“.

За да се реши поблемот со недостиг на вода, од „Геосфера“ предлагаат инсталирање пумпа за вода, а за депониите еко акција. Во анкетата врз 60 семејства, на прашањето каде го фрлаат отпадот дури половината одговориле на депонија, а 35 проценти насекаде. Смет во контејнер фрлаат само 15 проценти од семејствата вклучени во анкетирањето. Дури и половината како причина за депониите го навеле однесувањето на жителите од населбата, но исто така 65 проценти сметаат дека ќе се реши проблемот со ѓубрето, ако има контејнери и корпи за отпадоци кои јавните претпријатија ќе ги одржуваат. Сепак, во однос на подигањето на отпадот, само 18 прооценти е достапен простор во населбата, а останатата територија е недостапна за организирано собирање на смет како во другите делови од градот. Таму 369 метри од улиците се асфалтирани, а 1591 остануваат неасфалтирани.

Друг еколошки проблем е спалувањето на каблите за да го извадат бакарот и да го препродадат со што заработуваат за леб, а ја загадуваат животната средина.

„Ние предлагаме решение да се враши откуп од јавните претпријатија на оваа гума, со што ќе ги мотивираме жителите да не ги спалуваат каблите за да добијат бакар, туку да го продаваат. Поделивме преку 20 алати за соголување кабли во населбата. Тие сфаќаат дека е загадување и штетно по здравјето. Но, најголем дел од луѓето таму се невработени и немаат друга можност освен да прават нешто за да добијат средства за живот“, рече Ристов.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/a-be-go-sakam-bairo-chist-bitolskite-ekolozi-baraat-reshenija-za-divata-naselba-vo-bitola/


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Oct-2020 at 14:33
Конечно им текна на овој потег да расчистат

------------------------------------------------------------------
ВО ПРЕСРЕТ НА СЕЗОНАТА СО ЗГОЛЕМЕНО ЗАГАДУВАЊЕ СЕ ОТСТРАНУВА ДИВАТА НАСЕЛБА ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКА
Со заедничка акција во која учествуваат екипи на Инспекторатот на Град Скопје, Центарот за социјални работи на град Скопје, Министерството за внатрешни работи и ЈП „Улици и патишта“ денеска се отстранува дивата населба и сметиштето под Железничката станица.
Од раните утрински часови, со механизација се отстранува импровизираното картон-маало формирано на паркиралиштето под Железничка, како и натрупаниот отпад, купиштата пластична амбалажа и стариот мебел што го нагрдуваат овој јавен простор и претставуваат извор на загадување. Со оваа акција во пресрет на сезоната со зголемено загадување се става крај и на огновите на отворено кои често гореа во оваа дива населба и го загадуваа воздухот.
На двете семејства кои живееја во импровизираните живеалишта под Железничката станица, без основни хигиенски услови и опкружени со смет, Центарот за социјални работи им понуди алтернативно сместување во текот на зимскиот период.
По отстранувањето на дивата населба, овој јавен простор ќе се расчисти. Во наредниот период комуналните редари од Град Скопје и екипи на МВР ќе вршат чести контроли на оваа јавна површина за да не се дозволи повторно формирање на ваква импровизирана населба под Железничката станица.
Ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во борбата против загадувањето на воздухот и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават во кол-центарот, на телефонскиот број 193. Градот Скопје преку својот Инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, во борбата против огновите на отворено, како една од мерките за намалување на аерозагадувањето во Скопје.











https://www.facebook.com/CityofSkopje


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Oct-2020 at 16:15
(видео) Се отстранува импровизираното картон-маало, на паркингот под Железничка

[tube]RD0Ue--St_0&feature[/tube]

%20 - https://telma.com.mk/2020/10/17/се-отстранува-импровизираното-карто/


Posted By: skopskodete
Date Posted: 17-Oct-2020 at 16:25
Конечно! Супер ќе биде да продолжат со расчистување на дивите населби и во останатите делови од градот и тие луѓе кои таму живееле да можат да ги интегрираат во општеството. Реално, вакви населби сигурно имаат огромен удел во загадувањето на воздухот.

Плус, конкретно за оваа локација, еве дополнителен стимул конечно да се урбанизира и ова ретко, неурбанизирано, место во населба Острово.


Posted By: stef4o
Date Posted: 17-Oct-2020 at 21:09
Ова е решение на еден мал дел од целокупниот проблем со дивите населби и депонии што ги креираат конкретно за овој дел ќе дојде малку спас од чадот и смрдеата што ја дишат околните населби но за решението да биде 100% комплетно треба да најдат решение за дивата населба спроти ПИОМ и за оној приватен напуштен објект спроти Вип Хотел кој во рамки на дворот има еден тон отпад и неколку фамилии вселени во дел од зградата која е буквално разрушена и треба што поскоро да ја срамнат отколку да ја остават така да загрозува безбедност. Со тоа би го решиле загадувањето во извесна мера барем во овој дел од градот иако тоа е комплексен проблем врз кој влијаат и други фактори но еден поголем дел би бил решен.
Што се однесува до локацијата во Острово се надевам дека набрзо ќе се урбанизира бидејќи е доста атрактивна а за жал од околу ја демнат разни проблеми кои се провлекуваат со децении...освен ако и самата парцела не е нешто имотно правно спорна бидејќи на цела инвазија со згради што сд случи во општината и тука досега некој ќе изградеше нешто.?


Posted By: skopskodete
Date Posted: 17-Oct-2020 at 21:27
Originally posted by stef4o

Ова е решение на еден мал дел од целокупниот проблем со дивите населби и депонии што ги креираат конкретно за овој дел ќе дојде малку спас од чадот и смрдеата што ја дишат околните населби но за решението да биде 100% комплетно треба да најдат решение за дивата населба спроти ПИОМ и за оној приватен напуштен објект спроти Вип Хотел кој во рамки на дворот има еден тон отпад и неколку фамилии вселени во дел од зградата која е буквално разрушена и треба што поскоро да ја срамнат отколку да ја остават така да загрозува безбедност. Со тоа би го решиле загадувањето во извесна мера барем во овој дел од градот иако тоа е комплексен проблем врз кој влијаат и други фактори но еден поголем дел би бил решен.
Што се однесува до локацијата во Острово се надевам дека набрзо ќе се урбанизира бидејќи е доста атрактивна а за жал од околу ја демнат разни проблеми кои се провлекуваат со децении...освен ако и самата парцела не е нешто имотно правно спорна бидејќи на цела инвазија со згради што сд случи во општината и тука досега некој ќе изградеше нешто.?


Да, затоа и реков дека би било супер ако продолжат да ги решаваат овие диви населби. А добро им е и тоа со дивите депонии што ги средуваат, како на пример во Мичурин и во Карпош (тој делот каде што планираат да биде како Градски парк 2).


Posted By: stef4o
Date Posted: 22-Oct-2020 at 11:05
Се пофалија со расчистување на картон-населбата под Железничка, но оставија купишта отпадоци



Градските комуналци пред некој ден се пофалија дека го отстранија импровизираното картон-маало под новата Железничка станица. Населбата навистина претставуваше грда слика за Скопје, извор на загадувањето, опасност од ширењето на заразни заболувања. Оттаму, добро беше што конечно се најде решение таа да се расчисти, а за нејзините жители да се обезбеди друго сместување во зимските услови.

Но, уште поубаво ќе беше работата да се завршеше до крај. Односно, импровизираната населба од картони и штици да се расчистеше целосно. За жал, таму остана куп отпадоци. За тоа сведочат и фотографиите кои денеска ни ги испрати скопјанецот Дејан Ристевски.

-Секој ден поминувам покрај тој простор и забележав дека расчистувањето не се заврши до крај. Со оглед на тоа дека е повлечена механизацијата, најверојатно така ќе и остане. А на тој простор остана куп отпадоци, парчиња од мебелот, ламарини, најловни, картони… се она што беше собрано од луѓето кои живееле тука. Грдата слика пак остана. Мислам дека и ова треба да се дорасчисти ако сакаме работите да ги правиме како што треба, потенцира овој наш сограѓанин.

На просторот сега се собираат и кучиња скитници. Градските власти најавија дека во наредниот период комуналните редари од Град Скопје и екипи на МВР ќе ги засилат контролите во овој дел од Скопје за да се спречи повторно формирање на ваквата импровизирана населба под Железничката станица. Но, пред тоа најдобро би било просторот темелно да се расчисти.

https://skopskoeho.mk/se-pofalija-so-raschistuvane-na-karton-naselbata-pod-zheleznichka-no-ostavija-kupishta-otpadotsi/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Oct-2020 at 13:20
Конечно

----------------------------------------------------

На барање на жителите, од просторот под Железничкиот мост во Маџир Маало отстранивме 4 нелегално поставени помошни објекти и неколку диви депонии, кои подолг период претставуваа проблем во овој дел на општината.Продолжуваме и во наредниот период со контроли и инспекции и во останатите делови на Центар и апелирам до граѓаните да не градат на своја рака, да ги почитуваат законските одредби и да се придржуваат до постоечките правилници за градба.











https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj/


Posted By: stef4o
Date Posted: 26-Oct-2020 at 16:53
ОПШТИНА ЦЕНТАР УРНА ДИВА НАСЕЛБА ВО МАЏИР МААЛО

Општина Центар отстрани дива населба во Маџир Маало, односно на кејот под мостот кај Железничката станица во Скопје.

Од Општината велат дека од жителите на Маџир Маало секојдневно добивале поплаки дека луѓето кои живеат во објектите создаваат диви депонии, палат и претставуваат голем проблем на жителите од околните места и на минувачите.

„Откако не се постапи по решението за самостојно отстранување, Секторот за инспекциски работи со помош на механизација пристапи кон присилно отстранување. По отстранувањето на објектите, општината го исчисти просторот и дополнително истиот ќе биде уреден“, велат од Општина Центар.

Од таму додаваат дека и во наредниот период ќе се продолжи со активностите за уривање на нелегално изградените објекти.

Пред две недели Град Скопје ја урна дивата картонска населба под Железничката станица односно од другата страна на мостот.

%20 - https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-urna-diva-naselba-vo-madhir-maalo/


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Oct-2020 at 11:02
ОТСТРАНЕТА ДИВАТА НАСЕЛБА ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА
Со оваа акција на Град Скопје во пресрет на сезоната со зголемено загадување се става крај и на огновите на отворено кои често гореа во оваа дива населба и го загадуваа воздухот.
За семејствата кои живееја во импровизираните живеалишта под Железничката станица, без основни хигиенски услови и опкружени со смет, Центарот за социјални работи им понуди алтернативно сместување во текот на зимскиот период.







https://www.facebook.com/p.shilegov


Posted By: skopskodete
Date Posted: 27-Oct-2020 at 12:02
Сега треба и едно темелно чистење на местово.


Posted By: stef4o
Date Posted: 27-Oct-2020 at 12:20
За жал тоа мислам ќе изостане и дека следното лето пак ќе има појава на вакви живеалишта на овој потег бидејќи системски не се решава проблемот,се вели ќе им најдат сместување за да презимат океј,но дали тоа значи пак под шатори и импровизирани куќи од април па натаму...?Ако не се населат пак тука ќе одат неколку километри подолу кај мостот Близнак под кој веќе има вакви населби





https://www.facebook.com/groups/145337166272043/



Print Page | Close Window