Print Page | Close Window

Коридор 8

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Железници
Forum Discription: Возен парк, инфраструктура, железнички станици...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=635
Printed Date: 18-Sep-2018 at 20:29


Topic: Коридор 8
Posted By: Cloverstack
Subject: Коридор 8
Date Posted: 23-Mar-2009 at 08:00
Последниот наплив на вести за коридорот 8 дојде како иницијална каписла за одвојување на нишкава.

Досегашните муабети што сме ги правеле во врска со темава ќе останат во постојната општа железничко-инфраструктурна нишка, без да ги префрламе тука, бидејќи се испреплетени со тамошната дискусија и тешко би се издвоиле. Кој сака да види или да се присети на тоа што досега сме регистрирале за коридорот 8 (а има доста материјали и дискусија) нека ја ѕирне таа нишка:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=476 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=476



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Mar-2009 at 17:00

Милијарда евра загуба поради неизградената железница

Земјите од регионот годишно губат најмалку милијарда евра поради недоизградената транспортна мрежа на Коридорот 8, кој се протега од бугарското пристаниште Бургас преку Скопје до градот Валона во Албанија. Ова се процените на бугарските власти, кои во соработка со македонските и албанските колеги во изминатите десетина години потпишаа повеќе меѓународни договори за изградба на овој коридор, како и за обезбедување пари од европските фондови.

И додека Бугарија во последниве години го интензивира довршувањето на нејзиниот дел од патната и железничката мрежа, Македонија повеќе од пет години тапка во место. По 15-годишно градење на железницата и потрошени повеќе од сто милиони евра, нашата земја единствено успеа да истрасира земјен дел кој стасува некаде пред Крива Паланка и неколку железнички мостови кои веќе имаат оштетувања.

Приоритет за македонските власти, според нивните најави, е довршувањето на железничката пруга кон Бугарија, односно изградба на уште 89 километри пруга. Но, со оглед на планираната динамика на градежните активности, железничкото поврзување со источниот сосед нема да биде можно ни во следните пет години. И изградбата на делницата од Кичево до Албанија, во должина од 66 километри нема изгледи во скоро време да биде готова бидејќи се' уште е во фаза на студија. Со тоа се намалува можноста за брзо железничко поврзување на Црното Море со Јадранското, делница што е особено значајна за трговската размена меѓу трите земји.

Според планираните активности на македонското Министерство за транспорт и врски, до септември годинава треба да биде изработен главен проект за делницата од Крива Паланка до Деве Баир. Откако ќе се обезбедат пари за изградбата, која ќе чини околу 157 милиони евра, процените се дека довршувањето на пругата кон Бугарија ќе заврши за четири години.

- При изработката на главниот проект разработени се неколку опции на траса поради планинскиот терен. Предвидена е изградба на неколку тунели и мостови кои ја зголемуваат цената на целиот проект. Стручните тимови ќе ја изберат онаа траса што ќе биде оптимална во технички и финансиски поглед. По обезбедување на парите и изборот на градежна фирма ќе почнат градежните работи - велат од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму објаснуваат дека во вкупната сума е вклучен и надомест за штетите што ги претрпеа градежните фирми поради прекинот на работите на пругата пред пет години. Бугарските власти објаснуваат дека за нив приоритетна е изградбата на железничко-патната делница на трасата од Бургас до Дура, за што ќе се искористат пари од фондовите на Европската Унија, како и пари обезбедени по пат на јавно-приватно партнерство.

- Од бугарска страна, од Ѓуешево до македонската граница има 2,5 километра без железничка линија, но тоа е најмалата пречка за изградбата на коридорот. Во изминатиов период склучивме повеќе договори за успешно функционирање на овој коридор. Меѓу другото, за годинава е предвиден ремонт на железничката пруга на делниците Варна-Софија и Бургас-Софија, со што ќе се зголеми брзината на движење на возовите. Во процес на проектирање е магистралата Радомир -Ќустендил што ќе ја поврзува Бугарија со Македонија - вели Даниел Неделков, од извршната агенција „Железничка управа“ од Бугарија. Процените се дека комплетирањето на Коридорот 8 ќе чини 2,7 милијарда евра, но засега не може да се даде точен рок за довршување на сите работи. Само за изградба на железницата кон Бугарија Македонија досега потроши околу 2,2 милиона евра.

ИНФО-Пруга кон Бугарија

Земјите од регионот годишно губат најмалку една милијарда евра поради неизградениот Коридор 8, кој треба да ги поврзе Црното и Јадранското Море. Приоритет за македонските власти е довршувањето на железничката пруга кон Бугарија, односно изградба на уште 89 километри пруга. Но, со оглед на планираната динамика на градежните активности, железничкото поврзување со источниот сосед нема да биде можно во следните пет години.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B69A6177240C5D49BAE6F039B1BBBD28


Posted By: Dragan
Date Posted: 07-May-2009 at 18:38

Ќе се гради пруга кон Албанија


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108214#komentari - Коментари (0)    
07.05.2009 18:41
Еден милион евра ќе чини само изработката на студијата

 

Воскреснува идејата за железничко поврзување со западниот сосед. Еден милион евра ќе чини само изработката на студијата. Избрана е бугарската компанија што ќе ја прави студијата.

Компанијата на терен ќе испитува каде ќе минува трасата за да се утврди која опција е поекономична. Од Кичево до границата со Албанија според првичните проценки ќе треба да се направи железничка линија од 60 до 70 километри.

Студијата треба да заврши за една година а потоа ќе се прави проектот и експропријација на земјиштето. Освен со Албанија, Македонија нема ниту железничко поврзување со Бугарија. Пругата кон Бугарија - проект за кои се потрошија огромни суми пари, а сето она што некогаш таму беше изградено сега пропаѓа.

Од македонски железници најавуваат дека веќе се работи и на овој дел - од железничката траса, но досега ниту една Влада не успеа да го реализира овој проект. И покрај бројните најави, министерски конференции и потпишани декларации, се остана само на хартија.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108214



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-May-2009 at 08:48
Ќе се гради пруга кон Албанија

Истата вест во видео формат

[TUBE]POl4Ynnuq7k&feature=channel_page[/TUBE]


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-May-2009 at 13:26
И истата вест од нејзината прва објава на министерит Јанакиевски

Јанакиески најави активности за довршување на железничкиот дел од Коридорот 8

Скопје, 4 ноември
Во буџетот за 2009 година се предвидени 10 милиони евра за изградба на железничкиот дел од Коридирот 8, а дополнително ќе има средства и за Коридорот 10, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, на која даде отчет за сработеното во првите сто дена од мандатот на Владата.


Јанакиески информира оти за докомплетирање на железничкиот дел од Коридидорот 8 во западниот дел на Македонија веќе е распишан тендер за потребната документација за проектирање, а до крајот на неделата ќе има тендер за физибилити студија со идеен проект.


Според министерот за транспорт, со консултантската куќа „Балкан консалтинг“ е во завршна фаза и утврдувањето на активностите за финализирање на железничкиот дел од Коридорот 8 во Источна Македонија.


- Во тек се преговори со градежни компании кои треба начелно да завршат до крајот на годината за да се ревидираат договорите од 1995 година за тој дел од железницата, рече Јанакиески.

....

http://vlada.mk/?q=node/1517 - http://vlada.mk/?q=node/1517


Па сега веста на А1 дали е нова, или ... !!!??


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 08-May-2009 at 23:38
Пруга кон Албанија, потпишан договор за изработка на физибилити студија

[TUBE]lYSDlkIA1js&feature=channel_page[/TUBE]

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 09-May-2009 at 02:27
Од 2015 со воз до Албанија


Почна реализацијата на идејата за железничко поврзување со Албанија. Со околу 840 илјади евра ќе се финансира изработката на студија со која точно ќе се дефинира каде точно ќе поминува трасата од Кичево до Ќафасан, која опција е поекономична и со кои технички детали ќе биде пропратена изградбата на 63 километри долгата пруга до границата со Албанија од чија страна недостигаат само два километри за да ја постигне железничката врска со Македонија. Изработката на студијата ќе ја прави бугарската компанија Евротранс проект која има рок од една година да ја собере документацијата и да ја подготви физибилити студијата, по што ќе стартува експропријацијата на земјиштето, а од 2012 и изградбата на пругата која според проценките треба да чини 300 милиони евра. Железничкото поврзување со западниот сосед треба да профункционира за шест години.
-Ова е дел од владиниот инвестициски пакет од 8 милијарди евра. Парите за изработка на студијата во висина од половина милион евра се обезбедени со годинашниот Буџет, а исто толкава сума се предвидува и за 2010 година - вели директорот на Македонски железници-Инфраструктура, Бесир Деари.

Освен со Албанија, Македонија нема ниту железничко поврзување со Бугарија. Пругата кон Бугарија - проект за кои се потрошија огромни суми пари, а сето она што некогаш таму беше изградено, сега пропаѓа. Деари најавува дека веќе се работи и на овој дел од железничката траса. Се преговара со петте компании што беа ангажирани на пругата, на кои им се платени средства, а ги немаат извршено обврските.

Досега ниту една Влада не успеа да го реализира овој проект. И покрај бројните најави, министерски конференции и потпишани декларации, се остана само на хартија. Од Паневропскиот Коридор 8 низ Македонија поминуваат 309 километри од кои изградени се 152, а за доизградба остануваат уште 157 километри.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=43FF120D2F55F94D8C86159E43DC1D5C

Возот за Албанија ќе тргне во 2015

Бугарската фирма „Евротранс проект“ за една година треба да направи студија за трасата на пругата од Кичево до албанската граница

До 2015 година треба да тргне возот за Албанија, што е дел од проектот за железничко поврзување со западниот сосед преку Европскиот транспортен коридор 8. Владата од буџетот веќе обезбедила 839 илјади евра за изработка на студија што ќе ја прави бугарската фирма „Евротранс проект“, која победила на конкурсот на јавното претпријатие МЖ „Инфраструктура“.

Компанијата на терен ќе испитува каде ќе минува трасата за да се утврди која опција е поекономична. Од Кичево до границата со Албанија, според првичните процени, треба да се направи пруга долга 60 до 70 километри, а од албанска страна фалат уште 2 километра.Од годинашниот буџет се обезбедени половина милион евра за студијата, а остатокот ќе се обезбеди од буџетот за наредната година. Студијата треба да биде готова за една година, а потоа ќе се прави проект и ќе се експроприра земјиштето. Целиот проект чини 354 милиони евра и се планира да заврши во 2015 година.

- Ова е дел од инвестицискиот пакет на Владата вреден 8 милијарди евра. Коридорот 8 во земјава опфаќа 309 километри пруга, од кои 152 километра се изградени, а неизградени се 157 километри. Неизградени се делот Куманово-Деве Баир и Кичево- Ќафасан. Изградбата на Коридорот 8 ќе биде приоритет на Владата. Ќе се доврши пругата кон Бугарија и ќе се ревитализира постојната пруга Куманово-Кичево. Во тек се преговори со петте фирми што беа ангажирани за изградба на пругата кон Бугарија за завршување на заостанатите работи - изјави Бесир Деари, директор на МЖ „Инфраструктура“.

Во Железници велат дека на конкурсот за изработка на студијата се јавиле седум фирми, четири странски и три домашни, од кои за најповолна била избрана бугарската компанија, иако не била најевтина.Според претставникот на бугарската фирма „Евротранс проект“, Илија Илиев, тие работеле ваква студија и во Бугарија и се надеваат дека проектот ќе го завршат за една година, како што се предвидува со договорот.Според процените на Бугарски железници, земјите од регионот годишно губат најмалку една милијарда евра поради недоизградената транспортна мрежа на Коридорот 8, кој се протега од бугарското пристаниште Бургас преку Скопје до градот Валона во Албанија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CF6978204758A24599258A649FE9F682




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-May-2009 at 22:04
2015 според мене е недозволиво опуштено темпо, а нормално се поставува прашањето колку може да се верува и на ваква најава со оглед на тоа што кај нас рокови за инфраструктурни зафати апсолутно не важат.
Но ајде да почекаме подетални вести и за кракот кон Бугарија, можеби тој се планира да се догради со забрзано темпо, па тоа да ја залечи ситуацијава...


Друга работа што ми боде очи е цената, која е значително повисока од досега спомнуваните. Всушност од каде таква прецизна сума наведена како потребна за изградба на пруга до албанска граница (354 милиони евра) кога допрва ќе се прави физибилити студија? Нешто најсвежо до што може да се дојде на нет е пре-физибилити студијата изработена од итаљанскиот секретаријат за коридор 8, каде што цената на Кичево-АЛ е проектирана на околу 200 милиони евра (во согласност и со дотогашните проценки):
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=476&PID=12959#12959 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=476&PID=12959#12959


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-May-2009 at 22:10
Па добро и 200 милиони и 354 милиони се некои бахати бројки за некоја ориентација, а и драасично се разликуваат. Е сега вероватно можеби е 354 милиони бројка за целосно и поврзување со Албнската мрежа и тука може би е застапемна и цената на албанскиот дел. Комбинации има милион, а додека не излзе изведбен проект нема ни конечната цена да ја знаеме за сигурно.Па сури и тогаш нема да имаме впредвид дополнителни трошоци што ќе се јават попатно. Во Македонија кај и да копаш или ќе наидеш на археолошки локалитет или на денационализациона постапка, или па може некоја инфраструктура која никој ја нема во евиденција. И не само средства што ќе земат него и дополнително може да ја одложат изведбата.

Но мене една работа воопшто не ми е јасна кога се работи за вакви зафати. Зашто на пример целата пруга не се подели на 20-тина делници и да се дадат на посебни фирми да ги градата истовремено, со многу повеќе механизација и кадар одколку што тоа би го работела ена фирма. Како на пример обиколница што беше две делници. Ионака парите ќе бидат некој априори кредит, а не тековно обезбедување средства.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-May-2009 at 22:55
Па поскапо е да се подели на премногу субјекти кои би граделе бидејќи секоја фирма ќе треба да влечка механизација и да се организира, а сето тоа за мала делница и мал обрт, што значи неефикасно од финансиска гледна точка. Таа разлика некој ќе треба да им ја надополни... Исто така тука се наметнува и проблем со пристапноста - нема пристап до сегде, тој во голем дел се обезбедува како што се пробива прасата.

Сигурно кога се планира се мисли на овие работи и се балансираат, но и јас би рекол дека треба да направиме максимум, барем еден од двата краци што ни недостасуваат да го изградиме најбрзо можно колку што е разумно.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-May-2009 at 15:04
Гледиште од Турција

The Corridor VIII Project: Albania and Macedonia




Friday, 14 November 2008

After the fall of Berlin Wall, the project of "Trans-European Transport Corridors" has been emerged between the Europe and the Balkan countries. The main aim of the project was to make trade relations easier among the countries in the region and to develop ties on oil and other energy supplies, and telecommunication. Although, this was a complex infrastructure network, for Europe it had a strategic importance in the sense that these Corridors will also improve the stability in a region which has always been troubled.

The Corridor VIII is one of ten trans-European corridors which connects the Adriatic and Black Sea. It sets out from the Italian ports of Bari and Brindisi and knocks on the door of Durres in Albania before carrying on through Tirana, Skopje and Sofia, finally arriving in the Black Sea ports of Burgas and Varna. In this regard, it has a significant importance for Albania and Macedonia from a geopolitical and geo-economic point of view.

Corridor VIII will launch Albania and Macedonia towards the Eastern European markets. Besides, it will provide a large amount of investments from the West for the roads, railways, ports, logistic infrastructure. Therefore, it will guarantee business opportunities in short term and structural economic advantages in long term. On the other hand, it brings political benefits of breaking the isolation and provides a new geopolitical importance as a bridge between Eastern Europe and Asia.

However, the project faces some difficulties in terms of feasibility. The region is a mountainous district, especially between Albania and Macedonia. This current problematic is increasing the cost and extending the time period needed to finalize the project. Hence, last Tuesday (November 11th) Albanian Parliament Speaker Jozefina Topalli proposed and Macedonian counterpart Trajko Veljanovski came together in Skopje and decided to lobby in the EU in order to secure financial aid. Both country officials called for intensified bilateral economic ties.

Now it is time for Albania and Macedonia to reveal the studies for Corridor VIII in order to stimulate the integration with the EU.


Muzaffer Vatansever, JTW.
November 14, 2008


http://www.turkishweekly.net/news/61276/the-corridor-viii-project-albania-and-macedonia.html - http://www.turkishweekly.net/news/61276/the-corridor-viii-project-albania-and-macedonia.html


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 12-May-2009 at 17:22
Документарен филм за Коридор 8


Corridor #8
(Docu – Bulgaria)
An Agitprop production, in association with YLE Co-productions, with the participation of Television Suisse Romande. (International sales: First Hand Films, Zurich.) Produced by Martichka Bozhilova. Directed, written by Boris Despodov.
 
With: Argir Boyadjiev, Georgi Petrov, Gligor Taskovich, Mile Janakieski, Riza Haza, Xhevair Ngjeqari, Ted Ferguson, Gjin Marku, Argon Xhunga.
 

By http://www.variety.com/index.asp?layout=bio&peopleID=2321 - JAY WEISSBERG


All the ironies and absurdities of the Balkans come into play in “Corridor #8,” a witty road trip proving you can’t get there from here. Produced and shot by the same team as Andrey Paounov’s award-winning docus, current pic, under Boris Despodov’s drolly inquisitive helm, views the region in a similar puckish manner as it asks why the neighboring nations of Bulgaria, Macedonia and Albania have no means of common transportation. Both delighting in the illogicality and pointedly commenting on the retarding effects of isolation, docu deserves a smooth ride along the fest circuit, with probable Euro cable pick-up.

In 1997 the European Union inaugurated Corridor #8, a project to link the Black Sea to the Adriatic by creating transportation channels between Bulgaria, Macedonia and Albania, all neighboring countries that, logically, should already be connected. However, as any good Balkan resident or visitor knows, logic is the last quality expected. What Despodov reveals as he travels the stated path from the Bulgarian Bourgas to Albanian Durres are a people mistrustful of their neighbors and unimpressed by grand claims from local and European politicos.

A perfect example are the train tracks in the Bulgarian town of Gyueshevo, on the border with Macedonia. Less than 550 yards of rail lines need finishing to connect the village with its neighbor across the frontier, but the incomplete tunnel begun by the occupying Germans in 1941 is still being used to grow mushrooms and store cheese. Plenty of delegations come, with hyperbole and promises, but it remains impossible to get from Bulgaria to Macedonia by train.

Most interviewees are vaguely aware of the term Corridor #8, but few know anything concrete, and in economically depressed regions where nationalities are deeply suspect of each other, there’s little support on the ground. Besides distrust of their neighbors, few have faith in the European Union, all with an attitude whose origins go back nearly a century to the redrawing of the map following the two world wars. Add to that a disturbingly underdeveloped infrastructure and it’s little wonder skepticism and apathy are rampant.

In keeping with the absurdist tone, Despodov, smoothly making his docu feature debut, uses a generally light, tongue-in-cheek approach without ridiculing any of his subjects. Of course, the underlying message is deeply serious, and stories such as an Albanian family’s horrific isolation following a blood feud threat are reminders of the multilayered problems the region has to conquer before significant change can occur.

Unsurprisingly, the Corridor #8 project, with all its fanfare, was canceled in 2007. Docu doesn’t say where all the funds have gone in the last decade, though it’s not really necessary to spell it out.

Top-notch HD quality has no problems maintaining sharpness on the bigscreen, and Despodov’s endlessly curious eye, capturing the general picture and then cutting to well-chosen close-ups, increase the welcome sense of exploration. Perhaps the most fitting commentary on Corridor #8 comes at the end, when Albanian composer Argon Xhunga sings the official song he wrote for its inauguration. Natch, he’s forgotten most of the words.

Camera (color, HD), Boris Missirkov, Georgi Bogdanov; editors, Gergana Zlatanova, Despodov; music, Petar Dundakov; sound, Momchil Bozhkov; line producer, Dobryana Petkova. (Reviewed at the Berlin Film Festival — Forum). January 8, 2008. Running time: 74 MIN. (Bulgarian, Macedonian, Albanian, English dialogue)

http://www.variety.com/index.asp?layout=cannes2007&jump=review&reviewid=VE1117936154 - http://www.variety.com/index.asp?layout=cannes2007&jump=review&reviewid=VE1117936154




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Jun-2009 at 08:00
Имам едно прашање за пругата кон Бугарија. Нели е завршена скоро цела до Крива Паланка? Зошто не сообраќаат (или не сообраќале кога можеле) возови кон тој правец, ете барем до селата да се опслужува, барем нема да 'рѓосува пругата џабе. И ме интересира, дали самото тоа што поминува воз ја прави пругата поупотреблива, или понеупотреблива? т.е. дали е подобро да 'рѓосува или да ја врви воз секој ден? И дали тоа што толку време не е искористена оваа пруга значи дека е бескорисна целосно?


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 01-Jun-2009 at 09:00
Previous
Да сообраќа воз на токлку кратка патека е стварно нерентабилно.
Секако ако поминува воз по трасата таа не само што не рѓосува него и се одржува, по нормите кој постојат.
Имам некаде постирано слики од таа траса но никако неможам да ги пронајдам каде сум ги ставил, со пропаѓање на трасата и објектите кој веќе се рапаѓаат, ЖАЛОСНО


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-Jun-2009 at 14:51
Интервју на А2 ТВ на министерот Миле Јанакиески за железничкиот коридор 8 

[TUBE]y6pwd2hSRNs[/TUBE]

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 01-Jul-2009 at 14:26

Албанија ќе гради пруга кон Македонија

Околу 53 милиони евра е донацијата што Брисел ќе и ја даде на Албанската железница за подобрување на инфраструктурата, сигнализацијата и брзината.
Ова, како што пишува Панорама, го соопшти Генералниот директор на железницата, Замир Рамадани појаснувајќи дека благодарение на ова инвестиција брзината на албанските возови ќе се зголеми од 60 на 100 километри.

Драч може да се поврзе преку железницата со Црното Море, само ако се инаугурира линијата Лин-Кичево со вкупна должина од 45 километри, албанската страна треба да изгради само 2,8 километри, додека македонската многу повеќе.
Изградбата на делот од селото Лин до Кичево ќеe овозможи транспорт на стоки на истокот кон бугарските градови Варна и Бургас, појаснува Рамадани и додава дека за меѓународниот транспорт на стоки со железница, албанската страна со 5 милиони евра ќе гради пруги до македонската граница.
Тој додава дека за три години Македонија и Албанија ќе се поврзат со железница



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=18141


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Jul-2009 at 14:42
Па нека фрлат некоја донација и навака и да го решиме проблемот Big%20smile


Posted By: polval
Date Posted: 02-Jul-2009 at 08:53
Абе нешто да пробавме и сами, се додека чекаме донации ништо нема да се направи.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 02-Jul-2009 at 15:46


Мојот коментар беше повеќе шеговит, инаку одсекогаш сум се залагал дека барем клучните приоритети треба да ги туркаме без разлика дали ќе капне нешто од ЕУ фондови или слично.

Конкретно за веста, иако не е точно наведено на кои делници би се вложувале парите, би било логично коридорот 8 да добие најголем дел од колачот. Но тоа само по себе нема многу да вроди со плод доколку не се оствари поврзувањето помеѓу Македонија и Албанија. Па се надевам дека сепак ќе има финансиска инекција и за МК, барем колку работите да тргнат од мртва точка.

Мислам дека со оглед на многуслојното долгорочно значење на коридорот 8, логично е ЕУ да вложи значајно во овој пан-европски коридор.
Дополнително, со оглед на сите непријатности и изнудувања што ни ги има приредено ЕУ (капак на се е мижењето кога нивната членка Грција се јавува како сериозна пречка за нашата надворешна трговија), можно е „во Брисел“ да постои расположение да се обидат барем колку толку да компензираат, колку да задржат минимум позитивна перцепција кај нашиов народ, бидејќи сепак еден ден треба да бидеме членови на тоа семејство.

Донацијата за Албанија исклучително ме радува и е во корист и на Македонија, бидејќи во моментов и да имавме изградено пруга до албанска граница, немаше да ни биде од преголема корист:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=476&PID=12030#12030 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=476&PID=12030#12030

До скоро немаше никакви позитивни случувања во албанските железници, ниту пак барем некакви поконкретни и пореални најави. Оваа вест е вистинско освежување!

А ние дефинитивно треба да почнеме да го третираме железничкиот коридор 8 како наш врвен приоритет и максимално да се посветиме на него. Неуморно нека се лобира за средства, но проектот нека се турка без разлика дали и во колкава мерка тие ќе дојдат од надворешни извори!


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jul-2009 at 16:52
@Vladimir

презентацијата на Павче ми отвори едно прашање.

Со какви перформанси е пругата која се "гради" кон Бугарија? Значи дали зборуваме за електрифицирана траса од старт, за колкави брзини е проектирана пругата итн?


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Jul-2009 at 17:18
Originally posted by pbanks

@Vladimir

презентацијата на Павче ми отвори едно прашање.

Со какви перформанси е пругата која се "гради" кон Бугарија? Значи дали зборуваме за електрифицирана траса од старт, за колкави брзини е проектирана пругата итн?

По информацијата на Павче брзината од 160 км/ч е за трасата до Радомир, за другиот дел ??

Иначе нашио дел е проектиран:

Куманово - Бељаковце

- Брзина 100 мк/ч
- Мах. радиус 500 м
- Мостови 8 со должина 224 м
- Станица 1

Бељаковце - Крива Паланка

- Брзина 100 мк/ч
- Мах. радиус 500 м
- Мостови 33 со должина 3,437 м
- Тунели 15 со должина 3,437 м
- Станица 3

Крива Паланка - граница

- Брзина 100 мк/ч
- Мах. радиус 500 м
- Мостови 41 со должина 4,544 м
- Тунели 25 со должина 8,593 м
- Станица 2

Секако електрифицирана


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Jul-2009 at 19:26
Eeek2

Знаев дека ќе има многу тунели и мостови, но до толку не очечував. Ако се земе каква е постоечката пруга Скопје-Кичево и каква треба да биде понатака накај Струга, патување по железничкиот коридор 8 низ Македонија ќе биде вистинско доживување.

Инакау разочарува проектираната брзина од 100km/h по цела должина од Куманово до Крива Паланка.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 23-Jul-2009 at 20:22
Originally posted by Cloverstack

Eeek2

Знаев дека ќе има многу тунели и мостови, но до толку не очечував. Ако се земе каква е постоечката пруга Скопје-Кичево и каква треба да биде понатака накај Струга, патување по железничкиот коридор 8 низ Македонија ќе биде вистинско доживување.

Инакау разочарува проектираната брзина од 100km/h по цела должина од Куманово до Крива Паланка.

Ако биде побрзо нема да ја доживееш природата поред тебе Big%20smile

Шала на страна, нека ја изурат на оваја брзина би бил пресреќен,
да не биде за следни и следни сле ...... избори


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: vardar
Date Posted: 24-Jul-2009 at 10:41
 
Ова ми изгледа како народната .... сиромавиот два пати плаќа .... види во право си до негде али треба да се прашаме дали вреди да се фрлат стотици милиони евра за застарена пруга (барем според брзината) и после неколку години пак да плаќаме за модернизирање. И ти самиот кажуваш по српскиве пруги три-четириесет тераат возовите, епа исто ќе биде и овде случајот, околу нас сите 160-200 а ние .... (барем српските пруги со децении не се модернизирани!)
 
 


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 24-Jul-2009 at 13:32
Previous
На тој терен и со финансии кој ги има или би можела да одвои оваја држава би бил задоволен и со 100 км/ч, бидејќи таа пруга мислам ќе има тежиште на товарна, истото важи и за другиот крак кон Албанија. Растојаниата не се големи и за  да влиае драстично некој 20-40 км/ч повеќе.
А и заитересираноста на Европа не е нешто голема освен за овие 3-4 земји.

Ја би бил пресреќен да коридор 10 полека се дигне на 120-160, а подоцна и двоколосечен.
Тој е оној правец кој е меѓународно значаен за теретен и патнички сообраќај и за кој сигурно би можеле да чепнеме од меѓународните фондови, зошто овој правец и е и те како потребен на ЕУ.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 30-Jul-2009 at 00:50
Тогашна Ф.Н.Р. Југославија во 1947 ја гради првата пруга во Албанија, Драч-Печин и еве ена карта за изградени и проектирани пруги од тој период `47-`48 и врските со нас.
т.е. денешен коридор 8




-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 14-Dec-2009 at 12:32

Србите печалат зашто нема пруга меѓу Софија и Скопје

Пред еден век, а и денес, кај експертската јавност нема двоумење околу потребата за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, меѓутоа и тогаш и денес постои двоумење дали поврзувањето треба да биде преку Крива Паланка или преку други премини


Македонија и Бугарија и денес немаат директна железничка врска. Ако во време на СФРЈ тоа беше сфатливо поради политиката на СКЈ, која налагаше Скопје и Софија меѓусебно да се држат што подалеку, по речиси 20 години македонска самостојност и по речиси 20 години откако во двете земји, барем формално, беше отфрлен комунизмот, одењето со воз за Софија преку Ниш нема никаква логика. Пред повеќе од деценија и пол, тогашното раководство на СДСМ вети дека за неколку години пругата од Скопје до границата со Бугарија кај Крива Паланка ќе биде готова, и тоа за сума од околу 120 милиони долари.

Навистина, парите беа потрошени, беа изградени некои делници, подигнати неколку столба за идните железнички мостови, но тука се застана. Во меѓувреме, Бугарите го изградија својот дел од пругата и чекаат македонската страна да ја изгради делницата за потоа да можат двете страни да се спојат. Како и да е, сега е крајот на 2009 година, а железничка врска меѓу двете земји не постои (како што не постои ниту меѓу Македонија и Албанија).


Пред 112 години: Пругата е неопходна


Уште пред 112 години, во извештајот до бугарското министерство за надворешни работи, бугарскиот трговски агент во Скопје, полковник Д. Ризов, изградбата на оваа делница ја посочува како еден од клучните приоритети за да може да се очекува развој на трговијата меѓу Бугарија и тогашна Македонија во состав на Османското Царство. Документот (кој е објавен во редакција и коментар на д-р Михајло Миновски во рамките на пошироката збирка Документи - Македонија во билатералните и мултилатералните односи на балканските држави 1861-1913 година) е испратен на 28 септември 1897 година и во него, меѓу другото, агентот Ризов вели:

„...И навистина, г. министер, за какви сериозни и постојани трговски врски помеѓу Бугарија и Македонија може да стане збор кога, за да стасаат до своите пазари, производите на двете земји треба да поминат 221 километар туѓа територија.“

Ризов мисли на Србија, која не се стеснувала да најде многу разни начини за да го забави и онака бавниот превоз на стоки од Бугарија за Македонија и обратно. Поради тоа, во извештајот вели дека воопшто не треба да се размислува за тоа дали е потребна железничка пруга меѓу Бугарија и Македонија, туку кој правец да се одбере како најповолен: тој преку Ќустендил, другиот преку границата кај Дупница (правецот Радомир - Неврокоп - Серес) или третиот правец од Пловдив преку Драма до Кавала. Последниот правец, вели Ризов, одвај дека ќе е привлечен за било кој рационален Бугарин. Втората линија, за Ризов не е толку спорна, но ги нема предностите на првата, таа што од Скопје оди преку К. Паланка за Софија.

Слично двоумење кај експертската јавност околу најдобриот правец за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија има и денес.

Во книгата „Препораки за развој на патната и железничката инфраструктура во РМ“, подготвена од д-р Зоран Кракутовски и магистрите Љупчо Тодоровски и Горан Мијоски, се вели дека поврзаноста на државава со железниците од соседството е од примарно стратегиско значење за развивање на економијата и меѓународната размена на стоки и на луѓе. Во неа се наведува дека владите на Македонија и на Бугарија потпишале спогодба за изградба на железничката делница Куманово-Крива Паланка- Ѓуешево-Ќустендил во 1999 година и дека со протокол од заедничка експертска средба уште во 1994 година биле договорени брзините што треба да се обезбедат на оваа железничка траса. Со протоколот се предвидува пругата на територијата на Македонија, во должина од околу 60 километри, да се проектира за брзина од 80-100 километри на час и во перспектива за 160 километри на час, а на територијата на Бугарија за брзина од 130 километри на час и во перспектива 160 километри на час.


Без анализа, потрошени 120 милиони долари


„Работите што се изведуваа на долниот строј заедно со објектите (мостовите и тунелите) се за елементи димензионирани за статички и динамички влијанија од брзини од 100 километри на час, па поради тоа и поради неповолните теренски услови практично не ќе може да се обезбеди брзина од 160 километри на час. За меѓународен сообраќај железничка пруга со вака ограничени брзини и без перспектива за подобрување, дискутабилно е дали ќе може да обезбеди поквалитетни услуги од постојната автопатска врска по истиот коридор, а со тоа дискутабилна е и рентабилноста на инвестицијата“, се вели во книгата.

Експертите констатираат дека досега биле изведени само 30 отсто од градежните работи на пругата кон Бугарија преку Крива Паланка, за што биле потрошени 120 милиони долари. Повеќе од 7 години градежните работи се прекинати.

„Упатно би било да се извршат дополнителни испитувања за можност да се обезбедат решенија за брзини од 160 километри на час. Потребно е да се напомене дека за двете логични варијанти за изградба на пруга кон Бугарија, преку Крива Паланка и преку Делчево, не беа направени целосни и рамноправни испитувања и проучувања за долгорочно задоволување на примарните потреби, туку изборот беше направен врз база на нецелосна документација, исклучиво за задоволување на моменталните потреби (апсурдно за ваков вид објекти)“, се вели во книгата.

Овие експерти велат дека со оглед на тоа што изградбата на пругата преку Крива Паланка е во прекин 7 години и дека се потребни околу 400 милиони евра за да се доврши, заслужува внимание природно најповолниот коридор за железничко поврзување со Бугарија, а тоа е од Струмица до Петрич, со приближна должина од 30 километри на територијата на Македонија. Според нив, вкупната инвестиција за овој проект би чинела 4 пати помалку во однос на парите потребни за довршување на пругата преку Крива Паланка.

Назад во историјата, во извештајот на Ризов, кој нормално го одразува тогашното бугарско стојалиште кон Македонија и македонското население, кое не е многу променето, до денешен ден се наведени низа политички причини поради кои Бугарија треба да настојува таа пруга да се изгради, а една од клучните е со помош на пругата да се скуси растојание меѓу Скопје и Софија во споредба со растојанието меѓу Скопје и Белград и на тој начин да се попречи српската во однос на бугарската пропаганда.

„Српската пропаганда во Македонија започнува токму со поврзувањето на турските железници со српските. Оттогаш наваму, маса Срби официјални и неофицијални лица, основаат групи низ Македонија со цел да агитираат’“, вели Ризов, образложувајќи дека на тоа мора да му се стави крај и српската да се замени со бугарска агитација.

Понатаму, Ризов истакнува дека за Бугарија не е спорно оти во тој предел ќе биде идното главно боиште меѓу Турција и Бугарија и дека со изградба на пругата Бугарија би добила стратегиска предност поради можноста за брзо распоредување на војската, која не само што би војувала со турската војска, туку и би претставувала брана за продор на српските војници. Меѓутоа, клучот е во економски предности на пругата.


Без пруга со загуба од 1 милијарда евра годишно


„Дали е тешко човек да се сети какви се пазари ќе се отворат за Бугарија во таков случај? Сега српската текстилна фабрика во Параќин има многу работа во Скопско, дури и во Солунско... Освен тоа, Бугарија би можела во Скопје да внесува камен јаглен (Серес има свои рудници за камен јаглен), а и некои свои фабриканти. Во замена за тоа за Бугарија, Кочанско би можело да доставува ориз, Велешко и Тиквешко вино, Кумановско жито и земјоделски производи, Стара Србија (Косово, н.з.) добиток, Албанија маслиново масло итн. Па зарем можат да предвидат уште од сега сите оние трговски производи што Бугарија би можела да ги внесува и изнесува од Македонија преку директна поврзаност со неа со железничка линија?“, прашува Ризов. Поради сето, тој заклучува: „Без да чекате какво било завршување на какви било преговори со Турција за директно поврзување на бугарските со македонските железници, побрзајте да внесете уште на сегашното заседание на Народното собрание законски проект за изградба на железничка линија Радомир-Ќустендил-турска граница и откако ќе го спроведете тоа, пристапете кон изградба на таа линија уште во почетокот на наредната година’“, истакнал Ризов.

Денес, 112 години по овој извештај, пруга меѓу Скопје и Софија сé уште нема. Идејата на Ризов за размена на производи меѓу Македонија и Бугарија се остварува со дишење на жабри. Во меѓувреме, патниот сообраќај, кој во време на извештајот одвај може да се каже дека постоел, доживеа експлозивен развој, но тој сé уште го нема исфрлено од игра, ниту тоа наскоро ќе се случи, железничкиот транспорт. Македонија има повеќе причини да запне во изградбата на железницата кон Бугарија. Една од нив е што Бугарија е на шесто место на трговските партнери на Македонија после Србија, Германија, Грција, Италија и Русија. Ние остваруваме размена од 515 милиони долари при што имаме извоз на стока од 243 милиони и увоз од 270 милиони долари. Друга причина е што железничкото поврзување со соседите има стратегиско значење за Република Македонија, а станува збор за прашање од меѓународна важност со оглед на тоа што оваа пруга е дел од Коридорот 8. Според процените, земјите од регионот губат најмалку по една милијарда евра годишно бидејќи на Балканот нема железничка линија по Коридорот 8 (Бугарија-Македонија-Албанија).

Ветувања за изградба на железницата во Македонија доаѓаа од повеќе политички гарнитури што се сменија на власта. Таков е случајот и со актуелната влада, која пред да дојде на власт ветуваше дека железничкото поврзување по Коридорот 8 ќе биде еден од приоритетите.

За жал, парите предвидени за капитални инвестиции најбргу се кратат од првичните буџетски проекции. Така и актуелната влада со образложение дека мора да штеди поради кризата реши да ги намали средствата за инвестиции во железничката инфраструктура од 14 милиони евра предвидени во почетокот на 2009 година со првичниот буџет, на едвај 3,7 милиони евра. Индикативно е што и во Националната програма за железничка инфраструктура се гледа дека Владата до 2012 година воопшто не планира посериозни инвестиции во железницата. Имено, во програмата се предвидени два периоди, и тоа од 2008 до 2012 и по 2012 година. Во првиот се планира подобрување на сегашната состојба на инфраструктурата, а таканаречена развојна компонента што подразбира изградба на нови пруги е оставен за вториот период по 2012 година. Тогаш, завршува и мандатот на Владата.





Патниците се дават во метежи, МЖ гајле си нема

И по три години од рестартирањето на железничката линија Скопје – Кичево, проблемите на патниците на оваа релација никако да бидат надминати. За време на викендите и празниците, а често и во другите денови, вагоните се преполни со два-три пати повеќе патници од нивниот вистински капацитет. Голем дел патници се и многу стари лица, кои немајќи место да седнат целиот пат го минуваат на нозе по ходниците или каде што ќе се најдат во моментот.

- Ние сме сега два издвоени субјекти - инфраструктура и транспорт. Овој проблем е на втората компанија, која го врши превозот на патници. Во повеќе наврати, што писмено, што телефонски, се обраќавме до централата во Скопје, на која и се посочени проблемите со кои се соочуваме. Од таму добиваме одговор дека поради економска неисплатливост не се пуштаат повеќе од два-три вагони. Нагласено им е дека барем за викендите и за празниците на оваа релација треба да се пуштат повеќе вагони за удобно патување на патниците. Но барем засега од Скопје на нашето барање нема никаков одговор - вели Кире Фиданоски, шеф на железничката станица во Кичево.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121491025116&id=9&prilog=0&setIzdanie=21861


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Dec-2009 at 14:10

Прекрасен текст, мора да се пофали Нова Македонија за досегашните аналитички текстови за железницата.

Но една омашка не од новинарот туку од добиените информации
... Од таму добиваме одговор дека поради економска неисплатливост не се пуштаат повеќе од два-три вагони. Нагласено им е дека барем за викендите и за празниците на оваа релација треба да се пуштат повеќе вагони за удобно патување на патниците. Но барем засега од Скопје на нашето барање нема никаков одговор - вели Кире Фиданоски, шеф на железничката станица во Кичево.
Вагони не идат кон Кичево него ДМВ (дизел моторен воз) - гарнитура составена од 3 коли-вагони.
Класичен воз (со вагони) не може да сообраќа бидејќи пругата е застарена и неможе да го издржи осовинскиот притисокотна на локомотивите 661 - кенеди.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Dec-2009 at 17:05


Владимир, да не мислиш на Кочани наместо Кичево?


----------------------------------------------------------------------


Во врска со текстот, односно извадоците од книгата „Препораки за развој на патната и железничката инфраструктура во РМ“, има некои работи кои многу ми бодат очи.

Прво ова:
„Работите што се изведуваа на долниот строј заедно со објектите (мостовите и тунелите) се за елементи димензионирани за статички и динамички влијанија од брзини од 100 километри на час, па поради тоа и поради неповолните теренски услови практично не ќе може да се обезбеди брзина од 160 километри на час. За меѓународен сообраќај железничка пруга со вака ограничени брзини и без перспектива за подобрување, дискутабилно е дали ќе може да обезбеди поквалитетни услуги од постојната автопатска врска по истиот коридор, а со тоа дискутабилна е и рентабилноста на инвестицијата“, се вели во книгата.
Се слагам дека е штета што така се пристапило кон градба, но никако да не се заборава дека се работи само за многу краток сегмент во однос на целиот коридор и дека вредноста на целокупниот железнички коридор 8 ите како ќе ја релативизира оваа слабост. Дополнително, доколку е економски исплатливо, во иднина никој не може да не запре да ја надградиме делницата за поголеми брзини. Директни и еднодимензионални споредби со автопатска врска и исклучување на едното со дрогото се крајно неумесни.


Уште повеќе збунува горниот цитат кога ќе се прочита следново:
„Упатно би било да се извршат дополнителни испитувања за можност да се обезбедат решенија за брзини од 160 километри на час. Потребно е да се напомене дека за двете логични варијанти за изградба на пруга кон Бугарија, преку Крива Паланка и преку Делчево, не беа направени целосни и рамноправни испитувања и проучувања за долгорочно задоволување на примарните потреби, туку изборот беше направен врз база на нецелосна документација, исклучиво за задоволување на моменталните потреби (апсурдно за ваков вид објекти)“, се вели во книгата.

Овие експерти велат дека со оглед на тоа што изградбата на пругата преку Крива Паланка е во прекин 7 години и дека се потребни околу 400 милиони евра за да се доврши, заслужува внимание природно најповолниот коридор за железничко поврзување со Бугарија, а тоа е од Струмица до Петрич, со приближна должина од 30 километри на територијата на Македонија. Според нив, вкупната инвестиција за овој проект би чинела 4 пати помалку во однос на парите потребни за довршување на пругата преку Крива Паланка.
А по истата логика што беше наметнувана во претходниот цитат, зарем железничко поврзување преку Делчево или преку Струмица би било она што ќе може да се носи со автопат Скопје-Софија?!?

Па уште се вели дека преку Струмица бил најповолниот правец  Crazy
Да го тргнеме на страна очигледниот факт дека проекцијата за цената на ваквото поврзување е неточна со самиот факт што се спомнува само пруга Струмица-Петрич, а се заборава дека ни до Струмица немаме пруга. Но побогу, колкаво кружење на коридорот е тоа??? Со колкава брзина треба да се обраќаат возовите по овој правец, за да бидат конкурентни во однос на критикуваните 100km/h преку Куманово (и тоа конкурентни само во однос на времето на патување). 300 или 400 km/h ?!?

Крајно несериозно!

Апсолутно сум за железничко поврзување на Делчево и Струмица и од двата града понатака кон БГ, но дефинитивно треба да расчистиме кој е стратешкиот правец и кој е приоритетот. Нема никакви дилеми дека тоа е преку Куманово и Крива Паланка.


Пред еден век, а и денес, кај експертската јавност нема двоумење околу потребата за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, меѓутоа и тогаш и денес постои двоумење дали поврзувањето треба да биде преку Крива Паланка или преку други премини
А дали можеби и ова бескрајно двоумење има некаквва улога во бескрајното одлагање на железничкото поврзување?

Идеални решенија нема. Правиш рачуница и во еден момент пресекуваш и ги насочуваш силите кон опцијата што си ја избрал. До кога ќе се премислуваме и ќе си играме играчки??? Доста беа приказни и дефокусирање! Нека продолжи веќе еднаш да се гради почнатата пруга преку Крива Паланка, пруга верификувана и како дел од пан-европски коридор!


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 14-Dec-2009 at 17:28
Да, ова се неколку работи кои навистина зачудуваат. Повеќе историја отколку решенија во текстов. Да, секако дека Скопје-Софија (преку Куманово и Ќустендил)   мора да е приоритет. Околу 100 км/ч би рекол дека тоа е занемарливо, затоа што не се работи за далечна дестинација па да прави некаква голема разлика.Сепак на наша територија се околу 110 (сметано од Скопје). Но, доколку со прилично ефтини корекции може да се подигне брзината уште при првичната градба, тоа е добредојдено. Исто така незнам за каква брзина е градена пругата Софија-Перник-Ќустендил, но сигурно сегашната експлоатациона брзина не е повисока од 80 до 100км/ч оптимистичка варијанта. Мене повеќе ми боде очи електрификацијата.
Исто така не е воопшто точно дека се подигнати НЕКОЛКУ СТОЛБА на трасата. Секој што патувал накај Бугарија се уверил дека се работи за навистина долги ем многубројни мостови и тунели, така што едноставно да ја заборавиме (или замениме) трасата да си скапе е безумие!

Потоа треба да се гледа железничката мрежа на соседот со коишто се поврзуваме. Во Бугарија, на делот коишто се граничи со Делчево и Струмица има само една пруга и тоа Софија-Радомир-Дупница-Благоевград-Петрич-Солун. И да се врземе со оваа пруга преку Делчево и Струмица, ние нема да ја заобиколиме Софија па да го скратиме патот за Пловдив, Варна, Бургас, Истанбул или скраја Дунав, Романија и Русија. Пак ќе треба да се оди северно преку Софија. Единствено локално значење би добиле.



Но, за земја во која 30% од популацијата живее во главниот град и огромен дел од индустријата е концентрирана во Скопје, треба да се приоретизира токму пругата преку К. Паланка. Кога ќе го изградиме комплетно К8 и ќе ги рехабилитираме сите пруги, тогаш може да се мисли за пруги кон Делчево-Благоевград и Струмица - Петрич.


-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Dec-2009 at 17:53
Originally posted by Andrej_LJ

Исто така незнам за каква брзина е градена пругата Софија-Перник-Ќустендил, но сигурно сегашната експлоатациона брзина не е повисока од 80 до 100км/ч оптимистичка варијанта.
Да и тоа треба да се земе во предвид.

Минатата година во нишката за железничка инфраструктура се осврнав на пре-физибилити студијата за железничкото поврзување долж коридорот 8, изработена од http://www.corridor8.org/index.php - секретаријатот за коридор 8 во Бари кој е под покровителство на италјанската влада.

../docs/FDL_final_report.pdf - http://www.build.com.mk/docs/FDL_final_report.pdf


http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=476&PID=12959#12959 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=476&PID=12959#12959 :
Во студијата е прилично добро објаснето дека за финансиска одржливост на проектот под нормални услови, неопходно е комплетно поврзување Бургас-Драч

Инаку еве некои проценки за потребните инвестиции:

За Македонија
- изградба на Кичево-Струга = 130 милиони евра
- изградба на Струга-АЛ = 70 милиони евра
- довршување на работите на Куманово-БГ = 205 милиони евра
- изградба на мултимодални терминали во Скопје и Струга = 18 милиони евра вкупно

За Албанија
- изградба на Лин-МК = 6 милиони евра
- ургентна реконструкција на Драч-Лин за обезбедување минимални безбедносни услови = 50 милиони евра
- темелна реконструкција на Драч-Лин до стандарди што ќе се носат со остатокот од коридорот во Македонија и Бугарија = дополнителни 140 милиони евра
- исто така и огромни инвестиции во модернизација, проширување и продлабочување на пристаништето во Драч, за што студијата не дава попрецизни проценки.

За Бугарија
-
довршување на Ѓуешево-МК =10 милиони евра
- темелни зафати во модернизација на Радомир-Ѓуешево = 220 милиони евра
Интересно, Бугарија планира и сосема нова пруга Ѓуешево-МК, бидејќи постоечката има многу лоши технички карактеристики, на пример радиус на кривина од 230m, што за железница е навистина ужасно... може да се претпостави дека ова ќе чини цело богатство, затоа што теренот е тежок, слично како кај нас околу Паланка.


Сосема извесно делот Софија-Радомир е во далеку подобра кондиција отколку Радомир-Ѓуешево, но и покрај тоа овие бројки кажуваат поинаква приказна од тоа што беше цитирано во Нова Македонија.




Posted By: Vladimir P
Date Posted: 14-Dec-2009 at 20:51
Originally posted by Cloverstack



Владимир, да не мислиш на Кочани наместо Кичево?
----------------------------------------------------------------------
Едно читам друго гледам, трето пишувам Wallbash
 
 
Иначе еве колку е актуелен коридорот
 


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Dec-2009 at 22:20

Пругата кон Бугарија на слеп колосек

Евентуалниот влез на земјава во европското семејство на површина ќе ја исфрли неспособноста на македонските власти десетина години да го довршат железничкото поврзување со Бугарија

Само 89 километри недоградена пруга се причината поради која Македонија и Бугарија може да влезат во историјата како единствените земји-членки на Европската Унија кои немаат железничка врска. Евентуалниот влез на земјава во европското семејство на површина ќе ја исфрли неспособноста на македонските власти десетина години да не можат да ја довршат пругата, која е дел од значајниот Коридор 8, што се протега од бугарското пристаниште Бургас преку Скопје до градот Валона во Албанија.

По 15-годишно градење на железницата, неколку менувања на трасите и потрошени повеќе од 100 милиони евра, нашата земја единствено успеа да истрасира земјен дел што стасува некаде пред Крива Паланка и неколку железнички мостови на кои веќе има оштетувања. Дотраен мост на реката Пчиња кај кумановското село Клечовце, на кој изгниени дрвени греди и лимени крпеници ги придржуваат металните шини, е крајната изградена делница од „линкот со Европа“. За целосно железничко поврзување со Бугарија недостигаат уште 89 километри пруга. Состојбата е таква откако пред пет години градежните активности беа прекинати без подетаљно објаснување, механизацијата повлечена, а веќе изградените делови оставени на забот на времето.

Издадените метални прачки кои одненадеж завршуваат, а продолжува само истрасиран земјен пат, се потврдата за тоа колку земјава е блиску, а сепак далеку од европското семејство.

- И да ги постават шините над новата траса, пругата што веќе постои не е употреблива. Најголем дел од металните прачки се украдени и продадени како старо железо. А овој мост не може да издржи човек да помине, а не воз - велат мештаните од селото Клечовце.

Од бугарска страна, пак, недостигаат само 2,5 километра пруга, за кои властите во Бугарија велат дека се најмалата пречка за изградба на коридорот. Сепак, и за нив приоритет е изградбата на железничко-патната делница на трасата од црноморското пристаниште Бургас до албанскиот град на Јадранското Море, Драч. За да се реализира овој проект, ќе искористат пари од фондовите на Европската Унија, како и пари обезбедени по пат на јавно-приватно партнерство.

- Изминатиов период склучивме повеќе договори за успешно функционирање на Коридорот 8. Меѓу другото, за овој период предвиден е ремонт на железничката пруга на делниците Варна-Софија и Бургас-Софија, со што ќе се зголеми брзината на движење на возовите. Во процес на проектирање е магистралата Радомир- Ќустендил, што ќе ја поврзува Бугарија со Македонија - велат од извршната агенција „Железничка управа“ од Бугарија.

Според процените на бугарските власти, земјите од регионот годишно губат најмалку милијарда евра поради недоизградената транспортна мрежа на Коридорот 8.

Од македонското Министерство за транспорт и врски велат дека испратиле апликација до Европската комисија за финансирање на студија за оправданост на делницата Куманово-Деве Баир. Процените се дека изградбата на железничката пруга ќе чини 157 милиони евра, во кои се вклучени и надомест за штетите што ги претрпеа градежните фирми поради прекинот на работите на пругата пред пет години.

- Доколку се одобри апликацијата, се очекува студијата да биде завршена во рок од половина година. Во однос на делницата од Крива Паланка до Деве Баир, на почетокот од следната година е предвидена изработка на главниот проект за трасата, при што ќе треба да се распише тендер за изработка на идејни проекти за мостови и тунели, како и физибилити студија - велат од Министерството за транспорт.

Според претходните најави на ресорното Министерство, тој проект требаше да биде готов уште во септември, но засега нема одговор на што се должи новото одложување на рокот. Македонската Влада во планирањето на секој годишен буџет предвидува пари за довршување на пругата кон Бугарија, но секоја година ги пренаменува парите оставајќи ја таа инвестиција за некои подобри времиња.

Наспроти проблемите што на нашата земја и ги создаваат фамозните 89 километри, останатите земји од ЕУ се светлосни години напред. Така, на пример, данскиот град Копенхаген и шведскиот Малме се поврзани со железнички мост преку Балтичкото Море долг 16 километри. Мостот „Оресунд“ беше пуштен во употреба во 2000 година, по четиригодишна изградба. Преку него со воз се стига од едната до другата земја по дваесетина минути патување. Пред два месеца данските власти потпишаа спогодба со Германија за изградба на нов, 20-километарски мост што ќе ги поврзе двете земји. Новиот мост ќе има четири патни и две железнички линии и ќе биде најдолг во Европа.

Даница Тунтевска


Трошоците постојано растат

На почетокот на изградбата на пругата, пред петнаесетина години, тогашниот премиер од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски, најави дека таа ќе биде готова за една година. Оттогаш работите неколкупати беа прекинувани, а трошоците неколкупати се зголемија. Од почетните 120 милиони долари, трошоците достигнаа 336 милиони долари, покажуваат последните пресметки.

Пред неколку години изградбата целосно беше прекината и одложена на неодредено време, иако дотогаш во железницата беа вложени 125 милиони долари и изградени беа околу 45 отсто од трасата. Македонската градежна фирма „Бетон“ ја тужеше државата и бараше околу 2,4 милиона евра поради разлика во цените и изгубен профит. Раководството на компанијата тогаш предупреди дека стопираната изградба ќе биде погубна и дека повеќекратно ќе ја зголеми цената на целиот проект.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=152294422B43B545B2F17D2F688522E6


Posted By: zookisk
Date Posted: 18-Dec-2009 at 22:39
Originally posted by Vladimir P

Вагони не идат кон Кочани него ДМВ (дизел моторен воз) - гарнитура составена од 3 коли-вагони.
Класичен воз (со вагони) не може да сообраќа бидејќи пругата е застарена и неможе да го издржи осовинскиот притисокотна на локомотивите 661 - кенеди.
Грешка си Владимир...Кенеди 661 може да сообраќа на оваа релација но со ограничена брзина и тоа:
Велес-Тошо Арсов со 50 км/час
Тошо Арсов-Штип со 50 км/час
Штип-Соколарци со 50 км/час
Соколарци-Кочани со 20 км/час
Ова е извадок од новиот Возен Ред кој важи од 13.12.2009 до 11.12.2010 година.


Posted By: BOJAN
Date Posted: 19-Dec-2009 at 01:24
Хм, дали тоа значи дека Шпанецот за Кочани сообраќа со поголема брзина од 50 километри на час.
Ме интересира дали се прават некои размислувања за реконструкција на пругата од Велес за Битола. Со новиот возен ред времетраењето на патувањето кон Битола е зголемено на околу 3 часа и 45 минути, а повторно возовите доцнат. Мислам дека 4 саата патување во просек, без никакви дефекти и проблеми при патувањето, се премногу за оваа релација.


Posted By: zookisk
Date Posted: 19-Dec-2009 at 17:36

Шпанецот од Скопје до Кочани сообраќа со следнава брзина:

Скопје-Јане Сандански со максимум 100 км/час
Јане Сандански-Велес со максимум 80 км/час
Велес-Кочани со максимум 50 км/час
Инаку на пругата на релација Велес-Битола не се планира некоја поголема реконструкција а со новиот возен ред возовите од Скопје до Битола сообраќаат со следно времетраење:
4901 сообраќа 3 часа и 45 минути
4903 сообраќа 3 часа и 45 минути
4905 сообраќа 3 часа и 43 минути
Доцнењата на возовите на оваа релација се најчесто поради дефекти на парниот генератор на локомотивите 661.За овој возен ред и за оваа зима МЖ располага со вкупно 4 локомотиви од серија 661 со исправен парен генератор кои сообраќат на релација Скопје-Битола и Скопје-Кичево.Доволни ли се само 4 такви локомотиви за да се покријат овие релации???????


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 19-Dec-2009 at 17:47
Originally posted by zookisk


Грешка си Владимир...Кенеди 661 може да сообраќа на оваа релација но со ограничена брзина и тоа:
Велес-Тошо Арсов со 50 км/час
Тошо Арсов-Штип со 50 км/час
Штип-Соколарци со 50 км/час
Соколарци-Кочани со 20 км/час
Ова е извадок од новиот Возен Ред кој важи од 13.12.2009 до 11.12.2010 година.

Зоки во право си, НО сето тоа што го велиш е во забелешка *, или просто речено само во екстремни случаеви таа локомотива може да се пушти по таа траса која е означена со слаб горен слој (не само сто ќе отиде трасата него и самите венците на лок).

Иначе во истата књига пишува дека тамо можат да сообраќат локомотивите 642, 642, 732,734. Тука се подразбира и „Шпанецот“


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: BOJAN
Date Posted: 20-Dec-2009 at 00:00
Навистина не ми е јасно како е воопшто возможен сообраќај со 4 дизел локомотиви со исправен парен генератор, кога два пара од возовите Скопје-Битола-Скопје се пресретнуваат, а за Кичево е потребна дополнителна локомотива, а и како воопшто се одвива сообраќајот кон Приштина.
Навистина е жалноDunno!  


Posted By: zookisk
Date Posted: 20-Dec-2009 at 00:45
И замисли што се случува кога една од овие локомотиви ќе дефектира??? Инаку за оваа зима исправен парен генеератор имаат:
МЖ 661-223
МЖ 661-235
МЖ 661-236
МЖ 661-238


Posted By: zookisk
Date Posted: 20-Dec-2009 at 00:52

Распоредот на сообраќање на локомотивите 661 за 24 часа за Битола и обратно изгледа вака:

Локомотивата од воз 4901 се враќа со воз 4902 па истата таа локомотива по доаѓањето на 4902 во Скопје се намирува во депо Лисиче и повторно оди за Битола со воз 4905 а се враќа ноќта со воз 4900...
Локомотивата од воз 4903 се враќа со воз 4904 и по враќањето во Скопје локомотивата оди во депо Лисиче и после паузата оди на чело на воз 6900 или 6902 за Кичево...


Posted By: BOJAN
Date Posted: 20-Dec-2009 at 01:45
...и ако евентуално се расипе некој Шпанец...Ohno
Мама миа, Африка чентралеBig%20smile!
Сега разбирам зошто се расипуваат локомотивите.
Ги исклучувам локомотивите 408 и 410, но се сеќавам дека на форумов се говореше пред некој месец дека 661-146 е реконструирана и е со парен генератор.
Тоа значи дека некои локомотивите, како што се 144, 220, 237 и останати се со расипан парен генератор.



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 20-Dec-2009 at 13:50
Originally posted by BOJAN

...и ако евентуално се расипе некој Шпанец...Ohno
...
Новиот „шпанец“ е на пробно тестирање низ пругите на МК
 
И еве го како ми пролета МЖ 712-101/102, без можност да го усликам подобро
 


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Max
Date Posted: 21-Dec-2009 at 00:09

постар но пообемен текст кој е во ред и тука да се постира http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=476&PID=32834#32834

Возот за Бугарија ги чека милијардите

Пропаднатите гигантски бетонски столбови од недоизградените мостови сведочат за неуспехот да се заврши пругата кон источниот сосед иако се потрошени повеќе од сто милиони евра и неповратно се загубени 15 години



Дотраениот мост на реката Пчиња кај кумановското село Клечовце со шини поставени на изгниени дрвени греди е крајната делница од железничката пруга што треба да ја поврзе Македонија со Бугарија. Во продолжение се издадени две метални прачки, по кои се издолжува земјен пат. Оваа пруга и трасираниот пат се дел од Коридорот 8, кој се протега од бугарското пристаниште Бургас преку Скопје до Валона во Албанија. Делот од Коридорот низ земјава, македонските власти повеќе од 15 години не успеваат да го завршат.

Градежните активности на теренот без подетаљно објаснување беа прекинати пред неколку години. По долгогодишно градење и потрошени повеќе од сто милиони евра, државата успеа да направи само десетици гигантски бетонски столбови за предвидените железнички мостови и да трасира земјен пат до пред Крива Паланка. Железничката пруга кон Бугарија стои недовршена, градежната механизација е повлечена, а почнатите објекти на трасата пропаѓаат. Македонија е единствената земја која не го завршила својот дел од работите, со оглед на тоа дека Бугарија одамна е подготвена за железничкото поврзување со нашата земја, а Албанија ја изгради пругата до Поградец.Екипата на „Дневник“ ја следеше трасата на идната железница за да откриеме што се случува со веќе изградените делови. Мештаните од Клечовце се сомневаат дека пругата некогаш ќе биде комплетирана.

- И да ги постават шините над новата траса, пругата што веќе постои не е употреблива. Најголем дел од металните прачки се украдени и продадени како старо железо. А овој мост не може да издржи човек да помине, а не воз - велат селаните што работеа на нивите крај Пчиња. Следејќи ја трасата, се наидува на неколку големи моста за кои се изградени носечките столбови. Некои од нив се целосно покриени, но најголемиот дел не се. Најголем е мостот кај кратовското село Кетеново. Високите бетонски столбови се покриени до половина со големи блокови, додека останатите се донесени до мостот, но се' уште не се поставени. Според бројките на нив се забележува дека на локацијата се донесени во 2003 и 2004 година, од кога не се поместени. Делови од трасата веќе се обраснати со трева и грмушки, поради што е непрепознатлива.

Според процените, неистрасиран останува делот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир во должина од околу 20 километри.Уште додека траеја градежните активности на теренот, трасата на пругата постојано се менуваше. Мештаните низ чии населени места треба да минува железницата коментираат дека трасата се менувала како што се менувала и власта, при што разни експерти сметале дека решенијата на нивните претходници се лоши. Крива Паланка се' уште има проблеми поради постојано менување на трасата. Цели 15 години Општината не може да донесе детаљни урбанистички планови, кои зависат токму од тоа каде ќе се движи пругата.

- Околу 15 години чекам одобрени за надградба и реконструкција на семејната куќа, но не можам да го добијам. Одговорот со години е ист - поради нерешените прашања со пругата и немање соодветна планска документација не можам да градам. Со години не можам да го решам станбеното прашање на моето семејство. Многу граѓани го имаат истиот проблем, некои ризикуваат и градат на диво зашто повеќе немаат трпение - вели Блаже Николовски од Крива Паланка, кој живее во близина на трасата на новата пруга.Општинските власти од Крива Паланка немоќно креваат раменици, бидејќи за железницата одлучува Владата. Велат дека и тие трпат штета заради урбанистичкиот хаос.

- Општината не може да гради инфраструктура, да планира индустриски зони, локации за мало стопанство. Трпиме огромни загуби во буџетот бидејќи не можеме да собереме пари од комуналните такси, кои се главниот извор на приходи - вели Драги Трајчевски, градоначалникот на Крива Паланка.Пред повеќе години беше донесено решение за таканаречената вистинска траса, врз основа на која беа изработени нови урбанистички планови за градот. Но, во последен момент повторно се смени трасата, а плановите за кои Општината потроши околу 50.000 евра станаа неупотребливи. Лани проектот конечно беше ревидиран, но општинските власти немаат пари за нова урбанистичка документација.

Од Министерството за транспорт и врски не успеавме да добиеме одговор за тоа колку чини изградбата на железницата и кога таа ќе продолжи. Премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески пред една година при посетата на Крива Паланка посочија дека за довршување на железничката пругата се потребни околу 400 милиони евра. Во оваа сума влегуваат пругите кон Бугарија и кон Албанија. Според нив, парите ќе треба да се обезбедат од меѓународните финансиски институции, со оглед на тоа дека досега во пругата се вложуваа пари само од државниот буџет.

Довршувањето на големата инвестиција во железницата не е спомнато ниту во политичката програма на владејачката ВМРО-ДПМНЕ која се однесува на периодот од 2008 до 2012 година. Во делот на планираните инвестиции за Коридорот 8 се споменува само изградбата на патишта кои се дел од овој проект. Приоритет е даден на автопатиштата Куманово-Крива Паланка и Кичево-Ќафасан, а железницата никаде не се спомнува. Експропријацијата на имотите низ кои треба да минуваат автопатиштата веќе е во тек, а нивната изградба се очекува да почне во текот на годинава или најдоцна следната година.

Од пругата купил два стана во Скопје 

Дел од граѓаните ќарија од честото менување на трасата за железничката пруга. На еден универзитетски професор државата два пати му експроприрала две ниви во различни села низ кои требало да минува пругата. Уште на самиот почеток од изградбата, државата му платила тогашни 30.000 германски марки за нива во кумановското село Дељадровце. По две години, добил уште 60.000 германски марки за нива во кумановското Клечовце.

- Откако видов дека и по неколку години ништо не се гради на нивите, почнав да ги издавам на луѓе што ги работеа. До денеска нивите стојат така, ништо не се гради таму, а нема ни изгледи дека набрзо ќе почне некаква активност. Со парите што ги заработив од нивите, на двете ќерки им купив по еден стан во Скопје - вели професорот.

Трошоците постојано растат

На почетокот на изградбата на пругата, пред петнаесетина години, тогашниот премиер Бранко Црвенковски најави дека таа ќе биде готова за една година. Оттогаш работите неколкупати беа прекинувани, а трошоците неколкупати се зголемија. Од почетните 120 милиони долари, цената на пругата достигнаа 336 милиони долари. Пред неколку години изградбата целосно беше прекината и одложена на неодредено време, иако дотогаш во железницата беа вложени 125 милиони долари и изградени беа околу 45 отсто од трасата. Градежната фирма „Бетон“ ја тужеше државата и бараше околу 2,4 милиона евра поради разлика во цените и изгубен профит. Раководството на компанијата тогаш предупреди дека запрената изградба ќе биде погубна и оти повеќекратно ќе ја зголеми цената на целиот проект.

http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=0FC1557308527744BB64FCCB46308773&arc=1 - http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=0FC1557308527744BB64FCCB46308773&arc=1



Posted By: zookisk
Date Posted: 21-Dec-2009 at 00:20
Originally posted by BOJAN

Ги исклучувам локомотивите 408 и 410, но се сеќавам дека на форумов се говореше пред некој месец дека 661-146 е реконструирана и е со парен генератор.
Тоа значи дека некои локомотивите, како што се 144, 220, 237 и останати се со расипан парен генератор.

МЖ 661-146 е реконструирана пред некој месец и беше со исправен парен генератор но не знам од која причина парниот генератор од оваа локомотива е префрлен на МЖ 661-238...


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 17-Feb-2010 at 19:23
Еве едно решение за пругата која треба да не поврзе со Албанија. Според мене ова е идеално: Од Сопотница до кичево, од кичево до Дебар па од Дебар во Албанија


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Feb-2010 at 19:41
Ама дали е погоден теренот особено од албанска страна, па и од Кичево до Дебар? Плус тоа Охрид и Струга би останале и понатаму отсечени, а поготово Охрид мислам може да генерира голем патнички сообраќај.

Добра страна на планов е што би се оформил прстен, но прстенот секако треба да го оформиме без разлика на коридор 8.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Feb-2010 at 20:26
Сепак мора двете страни да се согласат за нова траса, иако твојот предлог на тој терен е преамбициозен.

Еве неколку слики од грдата реалност на некој локални правци во Албанија.





А Clov ги даде другите разлози

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: micko_v
Date Posted: 17-Feb-2010 at 21:49
Ау, па ова е за превоз на стока!!


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Feb-2010 at 22:12
Еве и нешто многу поубаво - Охридско езеро од другата страна



-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 17-Feb-2010 at 22:34

Првите две слики неможам да ги сфатам, како ѓубре да носат наместо луѓе. А втората слика е ''wow''  вистински пејзаж... (само бункерите малце ја грдат сликата ама ако)



Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Feb-2010 at 22:40
Навистина спектакуларна траса покрај Охридското езеро Thumbs%20Up


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Feb-2010 at 22:41
Еве и видео на железницата од таа страна на Охрид

[TUBE]4_mMh3Q0vTg[/TUBE]

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 18-Feb-2010 at 00:21

Дали е точно дека до мај-јуни годинава, ќе биде готов планот и испитувањата на теренот, за железницата која треба да се гради кон албанија, и само планот чини 1 000 000 евра  ???



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 18-Feb-2010 at 00:50
Ова веќе е трета студија, па ....

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 18-Feb-2010 at 13:44
Ај можи ќе почнат со градење... ама јас искрено се сомневам :S


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Mar-2010 at 14:06
Добри вести за генералниот урбанистички план на Крива Паланка, кој директно го тангира коридорот 8:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=60795#60795 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=60795#60795


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 06-May-2010 at 14:59
Деновиве заврши рокот од 1 година за студијата за коридорот 8 од страна на бугарската фирма „Евротранс проект“, се надевам дека ќе го презентираат.

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-May-2010 at 03:59

Пругата кон Бугарија чека европски кредити

Изградбата на уште 90 километри од делницата што е
дел од Коридорот 8 тапка в место десетина години

Маја Томиќ

Дали европските банки ЕБОР и ЕИБ наскоро ќе ја спасат нашата катастрофална патна инфраструктура и ќе придонесат земјава, конечно, да добие сообраќаен лик како повеќето земји од соседството? Има ли шанси наскоро од Македонија да се патува со воз за соседна Бугарија, со која земјава никогаш немала железничка врска, ниту, пак автопат, и покрај фактот што Софија е најблиска престолнина на земја-членка на ЕУ и е оддалечена само околу 200 километри. Според последната најава на ЕБОР и на ЕИБ, овие две значајни финансиски институции имаат намера да инвестираат околу половина милијарди евра во повеќе инфраструктурни проекти во земјава наредните неколку години.

Нерешената инфраструктура, секако, имала и има последици врз политичката, туристичката, а посебно врз трговската соработка и релациите меѓу двете земји.

Според некои пресметки, земјите од регионот годишно губат најмалку една милијарда евра поради се' уште неизградената транспортна мрежа од Коридор 8, што треба да ги поврзе Црното и Јадранското Море, а која оди од Бургас, преку Скопје до Валона во Албанија. Приоритет за македонските власти беше и е довршувањето на железничката пруга кон Бугарија, односно изградба на уште 90 километри пруга.

Бугарските, македонските и албанските власти во изминатите десетина години потпишаа повеќе меѓународни договори за изградба на Коридорот 8, најавуваа странска помош од повеќе фондови и институции. Но, како што стојат работите со досегашната динамика, уште неколку години коридорот сигурно нема да биде изграден. Се проценува дека неговото комплетирање ќе чини вкупно 2,7 милијарди евра.

Бугарија во последниве години го интензивираше довршувањето на нејзиниот дел од патната и од железничката мрежа од Коридорот 8, а кај нас работите тапкаат в место. Македонија досега успеа да го истрасира земјениот дел кој стасува пред Крива Паланка, да изгради неколку железнички мостови и да пробие неколку тунели. За довршувањето на железничката пруга треба да се потрошат уште најмалку 150 милиони евра. Од бугарската страна, од Ѓуешево до македонската граница останаа уште 2,5 километри без железничка линија, што не се смета за клучна пречка за реализација на проектот Коридор 8.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека се во тек повеќе активности за подобрување на железничката инфраструктура, пред се', на изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8. Се очекува ЕБОР да финансира околу 18 милиони евра и за реконструкција на железничката пруга од Коридорот 10. За таа цел, оваа банка веќе обезбедила средства за изработка на физибилити студија. Според Министерството, во тек е изработка и на идеен проект и студија за изградба на железничка пруга од Кичево до Лин - граница со Албанија.

Покрај тоа, со средства од ЦЕИ е предвидена и изработка на физибилити-студија за делницата Куманово – Деве Баир. Се очекува договорот со избраната консултантска куќа да се склучи во втората половина од 2010 година, а ангажманот ќе биде 8 месеци. Во фаза на изработка е и основен проект за траса на делницата од Крива Паланка до Деве Баир.

ЕБОР досега во Македонија има финансирано повеќе од 510 милиони евра во над 40 проекти од инфраструктурата и корпоративните дејности, како и во финансискиот и енергетскиот сектор.

Во земјава со години нема никакви инвестициски активности и за сообраќајници од повисок ранг, како што се автопатишта, вклучувајќи ги и тука и патните артерии, Коридорите 8 и 10. Се' што се работи во земјава досега се само реконструкции или изградба на регионални патишта. Моментално се работи само на седум километри автопат од Табановце до Куманово.

„За изградба на делницата Демир Капија – Смоквица, во должина од 28 километри, е изработен главниот проект и следува обезбедување на финансиските средства, при што делумно ќе се искористат и средства од ИПА-фондовите“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Токму за овој недоизграден дел од Коридорот 10, владина делегација деновиве разговараше со претставниците на ЕИБ. Беше посочено дека се потребни од 200 до 250 милиони евра за довршување на овој проект.

Кога ќе почне да се гради некоја делница и од Коридорот 8 на ниво на автопат, се' уште е непознато, затоа што се' уште се во тек многуте постапки за експропријација на земјиштето по должината на оваа траса.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=64DE66A6F14ADC439A43B369BA361C3E


Posted By: axel
Date Posted: 30-Jul-2010 at 17:08

Во 2011. реално може да се обезбедат средства за железничката пруга кон Бугарија

  • http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis - Бизнис
  • Кон крајот на 2011 и почетокот на 2012 година се  очекува да се обезбедат средства за изградбата на делот од  железничката пруга од Куманово до Бугарија.

    - Се надевам дека во 2011 година реално може да ги обезбедиме финансиските  средства и потоа да почнеме со изградбата и реконструкцијата на постоечкиот дел  од железничката мрежа од Коридорот 8, изјави денеска во Софија министерот за  транспорт и врски Миле Јанакиески по средбата со неговиот бугарски колега,  Александар Цветков.

    Се очекува кон средината на септември да се изработи физибилити студија и  студија за влијание врз животната средина за што се обезбедени средства во  висина од 500 илјади евра од Европската банка за обнова и развој.

    - Тоа е првичен чекор за обезбедување на финансиски средства за да почне  изградбата на Коридорот 8, најпрво кон Бугарија, а потоа и кон Република  Албанија, нагласи министерот Јанакиески.

    На средбата со Цветков било разговарано и за либерализацијата на железничкиот  соообраќај во Бугарија каде во моментот оперираат десет компании, како и за  гасификацијата и авиосообраќајот. Министерот Јанакиески го информирал својот  бугарски колега и за прогресот што државата го прави во делот на концесијата на  патиштата каде се очекува кон крајот на август и почетокот на септември да бидат  познати компаниите кои ќе одат во втората фаза. Договорено е да се обноват и  мешовитите работни групи за размена на искуства.

    Коридорот 8 е значаен не само за трите балкански држави туку и за европските  земји затоа што е предвидено тој да ги поврзува пристаништата во Бари во Италија  и Бургас и Варна во Бугарија. На македонска страна припагаат 313 километри од  кои постоечки се 154 километри од Кичево до Куманово, додека од бугарска страна  недостигаат околу два и пол километри за поврзување со Македонија.

    За комплетирање на железничкиот дел од овој паневропски коридор Македонија,  Бугарија И Албанија имаат потпишано Меморандум за заедничко лобирање пред меѓународните финансиските институции за обезбедување на потребните средства.

    http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/vo-2011-realno-moze-da-se-obezbedat-sredstva-za-zeleznichkata-pruga-kon-bugarija


    Posted By: Danielbtmk
    Date Posted: 15-Aug-2010 at 17:15

    Коридорот 8 на слеп колосек

    15.08.2010 16:14
     

     

    Огромен број декларации за значењето на коридорот 8 стојат потпишани во функционерските фиоки. Но, на терен само проекти на хартија за железничка траса кон Албанија, кон Бугарија пак недовршени остануваат мостовите и тунелите.

    „Треба да се најдат начини тоа да се реализира, посебно да се поврзе бугарија , македонија со албанија“, вели Касам Зендели од северозападната комора на Македонија.

    Пругата кон бугарија е предизборен адут на сите политичките партии - инвестицијата за која се потрошени 123 милиони долари пропаѓа.

    Неколкуте тунели низ кој возовите треба да стигнат до Бугарија се недовршени, овде изградени се само 100 метри, работите се стопирани пред шест години, а машините и опремата оставени на забот на времето.

    Овие луѓе биле главни во надзорот, но сега кога изграденото пропаѓа не сакаат да зборуваат. Се уште стојат и импровизираните населби, каде престојувале работниците, на нив се присетува и оваа жена која секојдневно им готвела.


    „Работев шест години од 96 до 2003 година во кујна, добро беше додека имаше финансии се работеше, одеднаш се прекина“, вели Лиле Стојановска.

    Локалните жители сега крадат цели арматури од недовршените мостови, што се оставени незаштитени и опасни за детската игра.

    Само еден од овие бетонски носачи чини 20 илјади евра, направени се во 2001 година, но наместо да бидат поставени на мостот, тие стојат далеку од него, оставени надвор, некои дури и паднати и прашање е дали воопшто може да се употребуваат.

    На Македонската страна недовршени се 23 километри, а на Бугарска два километри. Недостигаат неколку стотици милиони долари.

    „Подобрување на инфраструктурата било да е патна било да е железничка инфраструктура ќе биде еден позитивен сигнал за внатрешните и за надворешните инвеститори, освен економската и политичката клима во земјава“, рече Касам Зендели.

    Коридорот 8 обединува неколку земји,од Италија, преку Албанија и Македонија до Бугарија и претставува една од најсилните транспортни врски, но Македонија е заробена во својата финансиска немоќ да ги доизгради.


    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126393



    -------------


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 14-Oct-2010 at 19:27

    Ќе се разгледува повторно пругата кон Бугарија

    Иако со години се најавува, па дури делумно почна и да се гради, за железничката пруга кон Бугарија дури сега ќе се прави студија за да се утврди дали ќе има финансиски ќар и дали воопшто е изведлива. Студијата ќе треба да покаже и во каква состојба се неколкуте железнички мостови кои беа изградени пред десетина години и потоа заборавени од властите. Ќе се утврди и крајната сума за овие 89 километри пруга. Како што денеска беше договорено меѓу претставниците на Европската инвестициска банка и министерот за финансии Зоран Ставревски, половина од парите за изградбата ќе ги даде банката.

    „ Околу Кордорот 8 што се однесува до железницата ние сме задоволни од напредокот што се постигнува во овој проект и секако финансиските средства за него ќе бидат брзо реализирани. Околу енергетиката ние сме навистина заинтересирани да го поддржиме искористувањето на хидропотенцијалот на вашата земја“Дарио Сканапиеко, Европска инвестициска банка

    Проценките направени во текот на изминатите години се дека железницата кон Бугарија ќе чини околу 150 милиони евра. Инаку од ЕИБ велат дека ќе го кофинансираат и довршувањето на автопатот на Коридорот 10 од Демир Капија до Смоквица, гасификацијата, браната и системот за наводнување во проектот Злетовица... Од банката најавија и дека ќе го продолжат кредитот за малите и средните фирми кој беше потпишан минатата година во износ од 100 милиони евра од кои пак досега бизнисмените искористиле околу 54 проценти.    

    „Уште еднаш ги охрабруваме малите и средните претпријатија да ја искористат кредитната линија која им стои на располагање со субвенционирана камата и во тој контекст ветуваме дека врз база на она што го слушнав денеска од потпретседателот на ЕИБ дека ќе има и нови средства над тие 100 милиони евра за македонските претпријатија“Зоран Ставревски, министер за финансии

    Ставревски инаку вчера се врати од годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон со отворена понуда земјава да земе кредит во износ од вкупно 600 милиони долари со ниска камата. Тој најави дека за понудата прво ќе треба да се изјасни стручната јавност, стопанството и владата по што евентуално ќе се определи и во што ќе се инвестираат.

    http://alsat.mk/ekonomija/1408887.html


    Posted By: Makedonij
    Date Posted: 21-Oct-2010 at 07:47
    Брз воз ќе татне во охридско и струшко

    http://ohridnews.com/sliki/vesti1/2010/10/20/19-34-08_5776/voz2.jpg

    Експертите ги усогласија ставовите за трасата по која треба да поминува пругата од Коридорот 8, која охридско стушкиот регион треба да го поврзе со пристаништата на исток и запад. Изготвена е и  студијата за оцена на  влијанието на пругата врз животната средина, која вчера беше презентирана на јавна расправа во Струга.

    Железничката пруга „Еуробалкан“ која треба да ги поврзе пристаништата Бургас и Драч, преку Кичево ќе поминува низ селата Брежани, Сливово, Издеглавје и Мешеишта, по што продолжува кон Струга, која е предвидено да се поврзе со албанскиот град Лин. Вкупната должина на трасата од Кичево до Лин е 62,6 километри.

    Пругата претежно ќе биде наменета за товарен сообраќај, проектираната максимална брзина е 100 километри на час, а предвидено е да има повеќе мостови и тунелски решенија. Почетокот на изградбата на пругата е неизвесен и зависи од изнаоѓање на финансиски средства, посочија експертите, според кои проектот е еколошки издржан и нема да има значајно влијание врз животната средина.

    Реализацијата на овој проект ќе значи многу за економскиот развој на Охрид и Струга, бидејќи регионот железнички ќе биде поврзан со Европа.


    http://ohridnews.com


    -------------
    ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 21-Oct-2010 at 10:20
    Направиле некоја забуна со трасава. Сливово, Издеглавје и Мешеишта се дел од трасата на коридорот 8. Но Брежани не е дел од трасата на коридорот, туку е дел од онаа траса што треба да се затвори прстенот Кичево-Битола односно од страна на Прилеп пруга има до Сопотница. Од Сопотница треба да се пробие до Брежани како потежок терен и после тоа некаде помеѓу Издеглавје и Ботун треба да се спои со Коридор 8 со што ќе се затвори западниот прстен. Веројатно Издеглавје ќе биде разводната станица. Е сега всушност ќе има алтернативна траса на Коридорот 8, односно ќе има две можни патеки од Скопје до Издеглавје. Наместо преку Тетово, Гостивар, и Кичево, ќе може да се оди и преку Велес, Прилеп и Демир Хисар. Ако има некој информација со должината на пругите па да каже колку е таа разлика меѓу двете можни патеки од Скопје до Издеглавје.


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 21-Oct-2010 at 13:02
    Јас мислам дека е забуна со името на селото (не треба да е Брежани туку Брждани)

    Еве каде е Брждани -  41°26'46.56"N  20°54'44.25"E
    А еве каде е следната спомната точка, Сливово -  41°24'15.24"N  20°50'34.25"E

    Со оглед на рељефот, можеме да очекуваме еден солуден тунел измеѓу. Не колку Буковик, но солиден


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 21-Oct-2010 at 13:53
    Да, дефинитивно е Брждани, еве еден корисен документ на кој наидов:
    http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/zeleznica/_k8/pismo%20za%20namera%20kicevo-al.pdf - http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/zeleznica/_k8/pismo za namera kicevo-al.pdf

    Еве мапа, значи за делницата 1 е избрана варијантата 2




    Реално колкаво ограничување претставува големиот број на кривини со радиус од 500m?
    - Делница 1 Варијанта 2

    При повлекувањето на траста на оваа варијанта проектантот водел сметка за новопредвиднета брана Подвис и проектниот услов зададен од браната да котата на нивелетата во пределот на браната биде на кота 780. Од станица Кичево проектантот ја води трасат по долината на Бржданска река во правец на југ до селото Брждани каде со подолг базен тунел трасата се насочува на запад и кон трасата на првата варијанта. Во с. Брждани предвидена е првата вкрсница после станица Кичево. Вкупна должина на првото меѓустанично растојание е 10,2 km на кое има 13 хоризонтални кривини од кои 7 се со радиус од 500m. Второто меѓустанично растојание е помеѓу вкрсница Брждани и вкрсница Пресека кое е со вкупна должина од 9,2 km. На оваа делница проектиран е базен тунел со должина од 5625 m во правец, а последните 300 m на излезниот портал се проектирани во кривина со радиус од 500 m. Вкрсницата Пресека е службено место каде се спојуваат варијантите на првата и втората варијанта. Од вкрсницата Пресека до крајот на оваа втора варијанта од Делница 1, трасата се поклопува со трасата на првата варијанта и нејзината вкупна должина од вкрсницата Пресека до станица Струга е 50,76 km што дава пократка траса за 2880 m од онаа во првата варијанта. Максималниот наклон на нивелетата е 22,76‰ на делница пред влез во базниот тунел Бигла во кој се врши ублажување на нивелетата заради тунелски отпори и во тунелот истата е сведена на 14,00‰. Бидејќи е предложен попречен пресек на тунел поголем од 50m2, согласно швајцарските стандарди може да се смета дека не се јавуваат 7 тунелски отпори за ваков светол отвор на тунелите. Проектантот во идејните проекти може да направи оптимизација на трасата со занемарување на отприте од тунели за попречен пресек на тунел над 50m2 и водење на трасата со наклон на нивелетата кој би бил поголем од проектираниот. Разликата во ископаниот и насипаниот материјал за оваа варијанта е околу 1,4 мил. m3 што значи дека треба да се предвидат соодветни места за депонии на ископаниот вишок на земјан материјал. Вкупната должина на тунели 13 тунели за оваа варијанта е 9000 m, односно 17,73% од вкупната должина на трасата. Вкупната должина на мостови е 2,94 km (5,79% од должината на трасата).



    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 21-Oct-2010 at 16:01
    Еве ја и студијата за оценка на влијание врз животната средина, за делот од Кичево до албанската граница. Нормално, темата е опфатена максимално широко, па во тие 454 страници може да се најдат секакви податоци. Кого го интересира нека повели

    http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/zeleznica/_k8/sovzs%20kicevo-al.pdf - http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/zeleznica/_k8/sovzs kicevo-al.pdf






    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 21-Oct-2010 at 18:48
    Незнам таа акумулација каде точно треба да биде и колкава треба да биде но трасава не ми изгледа најповолна. Не се сомневам дека не се истражило и ставило на маса секоја можна опција, сепак не ми е јасно зашто неможе да иде покрај идното езеро. 5км тунел и не е ниту мала, ниту ефтина работа во ситуација кога има можна траса што немора да иде со тунел.


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 21-Oct-2010 at 19:08
    Ни јас не знам кај треба да е акумулацијата, ама тунелот е ради планината, не ради акумулацијата
    Се работи за базен тунел кој треба да поминува под масивот специфичен за оваа варијанта, а акумулацијата се спомнува и кај варијантата 1, така да веројатно тунелот нема никаква врска со акумулацијата. Енивеј, акумулација или не, и на гугл земја се гледа дека таа планина едино со тунел може да се реши. Друга варијанта е пругата да оди по долината долж сегашната траса на магистралниот пат (официјалната варијанта 1), но таа е уште понеповолна. Ако тунел со должина од 5 километри носи значителен квалитет на трасата, тогаш јас немам забелешки, бидејќи еден едноколосечен железнички тунел сигурно не е нешто особено поскап отколку било какво друго решение за ваков терен, кое секако би морало да содржи многу тунели и мостови и сигурно не би било којзнае колку поевтино, ако воопшто.


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 21-Oct-2010 at 19:41
    Еве мапа каде е таа акумулација. Не се гледа многу убаво од мапата, браната треба да е тука (41°28'53.77"N 20°53'41.30"E).




    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 21-Oct-2010 at 19:53
    Да, се потврдува дека акумулацијата нема врска со тунелот, но сега не ми е јасно каква врска има со втората варијанта воопшто и во кој контекст е спомнато дека се водело сметка за нејзе... хммм....


    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 21-Oct-2010 at 21:20

    Интересно. 

    Во кој случај и да е, ако се обезбеди брзина од 100км на час (солидно) и сигурен транспорт ќе биде од одличен бенефит за цела држава...

    Сум го гледал тој терен од ГЗ, навистина е зафркнат, и сум правел свои варијанти, но како што гледам овде е доста размозгано....

    И ми е мило што барем има некој концепт, студија.... еден чекор напред...

    Ако се обезбеди и собраќај на патнички возови, ќе биде одлично..... ~170-180 км за ~2 часа и најмногу 30 минути со се застанување....

    Ако се обезбеди ова време.... мислам дека оваа линија ќе биде доста искористена и профитабилна.... многу луѓе поготово летно време би користеле воз до Охрид, за повратна, па и ~600 денари да е.... а и поатрактивно, поинтересно е со воз..... поготово младите кои би оделе.....


    Е сега неколку прашања....

    1. Кривина со радиус 500м? Нормално е тоа, во дозволеното и дали е пригодно за самите возови? На кратко, колку изнесува, некоја претстава ако може....

    2. Кои локомотиви би влечеле.... Најверојатно и тие сега што се за Кичево, ако во меѓувреме не се подновиме со нешто ново, или пак ако се електрифицира трасата.... ?

    3. ова не е прашање.... мислам дека најдобро од Струга до Ќафасан да се оди по варијанта 1, пошироко е, а и полесен терен е..... поефтино сигурно....



    Posted By: FoSsiL
    Date Posted: 21-Oct-2010 at 21:25

    Уште една работа која ме засегна... 

    Зошто не се изгради делница по автопатот Скопје - Тетово, пократко е, а и не е некој зафркнат терен.... веќе е пробиено со автопатот....

    И дали има некои такви идеи, од официјалните лица....



    Posted By: BOJAN
    Date Posted: 21-Oct-2010 at 22:39
    Долго сме дискутирале за оваа работа, имам замерка и за трасата и за проектираната брзина. Во 2010 година да се проектира максимална брзина од 100 километри на час за да се гради во наредните 10-тина години истата пруга е катастрофално.

    Во развојните европски и светски фондови нема да не разберат сериозно, бидејќи сите пруги што денес се проектираат имаат минимална брзина од 160 километри на час, а да не говориме тоа што се работи за паневропски коридор.

    Ова е како да правите автопат со коцки или макадам или да направите автопат и да ја ограничите брзината на 60 или 70 километри на час.

    Втората моја аматерска замерка е тоа што се потрудиле трасата да мине што е можно подалеку од Охрид!

    Знам дека покрај сегашниот магистрален пат, треба да се гради и нов автопат во иднина има и аеродром а конфигурацијата на теренот е лоша, но барем да се потрудиле да направат и план за евентуално поврзување на Струга-Охрид со пруга која би минувала покрај езерото, барем да има план за пруга која нема да биде магистрална.

    Охрид е туристички центар во пошироки рамки и тие десетина километри пруга до Охрид неколкукратно ќе се повратат од домашниот и меѓународниот патнички сообраќај барем на дестинациите од Софија, Белград и Тирана.
     


    Posted By: Cloverstack
    Date Posted: 22-Oct-2010 at 00:01
    Originally posted by BOJAN

    Долго сме дискутирале за оваа работа, имам замерка и за трасата и за проектираната брзина. Во 2010 година да се проектира максимална брзина од 100 километри на час за да се гради во наредните 10-тина години истата пруга е катастрофално.

    Во развојните европски и светски фондови нема да не разберат сериозно, бидејќи сите пруги што денес се проектираат имаат минимална брзина од 160 километри на час, а да не говориме тоа што се работи за паневропски коридор.

    Ова е како да правите автопат со коцки или макадам или да направите автопат и да ја ограничите брзината на 60 или 70 километри на час.
    Се слагам 100%, мада дури и со 100km/h ќе има огромен ефект и бенефит од пругава.


    Originally posted by BOJAN

    Втората моја аматерска замерка е тоа што се потрудиле трасата да мине што е можно подалеку од Охрид!

    Знам дека покрај сегашниот магистрален пат, треба да се гради и нов автопат во иднина има и аеродром а конфигурацијата на теренот е лоша, но барем да се потрудиле да направат и план за евентуално поврзување на Струга-Охрид со пруга која би минувала покрај езерото, барем да има план за пруга која нема да биде магистрална.

    Охрид е туристички центар во пошироки рамки и тие десетина километри пруга до Охрид неколкукратно ќе се повратат од домашниот и меѓународниот патнички сообраќај барем на дестинациите од Софија, Белград и Тирана.
    Апсолутно Охрид треба да се поврзе, без трунка дилема. И мене ме зачуди што не фигурира во планов, ама ваљда таа врска не спаѓа формално во Коридорот 8. Ваљда се планира посебно, а и реално доколку се пробие онаа тешка траса низ планините, поврзување на Охрид (без разлика дали со Струга или со Мешеишта) би било многу полесна работа.


    Originally posted by FoSsiL

    Уште една работа која ме засегна... 

    Зошто не се изгради делница по автопатот Скопје - Тетово, пократко е, а и не е некој зафркнат терен.... веќе е пробиено со автопатот....

    И дали има некои такви идеи, од официјалните лица....

    Сигурно имале некаква математика кога ја граделе пругата во 50-тите години на минатиот век. Прво што ми паѓа на памет е Југохром (сега Силмак)... нормално е железничката мрежа во голема мерка да се планира за тешката индустрија. Плус тоа, од око тешко се проценува дали теренот покрај автопатот е баш толку поволен. Патишта многу полесно се провлекуваат отколку пруги (пругите се лимитирани со потреба за далеку помали нагиби)

    А дека сега кога веќе има сосем добра пруга низ Дервенската клисура, ќе размислуваат за изградба на нова покрај автопатот, тоа нема шанси. Барем да ја планираа новата пруга после Кичево за поголеми брзини, па да останеше некој простор за размислување што помеѓу Скопје и Тетово. Вака нема ни шанси ни било каква реална потреба.



    Posted By: Vladimir P
    Date Posted: 22-Oct-2010 at 13:39
    Originally posted by Cloverstack

    Се слагам 100%, мада дури и со 100km/h ќе има огромен ефект и бенефит од пругава.

    Секогаш товарниот сообраќај носел пари, а за него брзината е ограничена на максимум 100 км/ч.
    А за патнички за толку мала земја разликата би била максимум 30-тина минути.
    Да се подигне на високи брзини прв услов помеѓу другите е да има правец, што во овој планински предел би коштало премногу.

    Originally posted by Cloverstack

    Апсолутно Охрид треба да се поврзе, без трунка дилема. И мене ме зачуди што не фигурира во планов, ама ваљда таа врска не спаѓа формално во Коридорот 8. Ваљда се планира посебно, а и реално доколку се пробие онаа тешка траса низ планините, поврзување на Охрид (без разлика дали со Струга или со Мешеишта) би било многу полесна работа.

    Тој крак е нормално дека ќе се врзе, точно не е коридор 8.

    Originally posted by Cloverstack

    Сигурно имале некаква математика кога ја граделе пругата во 50-тите години на минатиот век. Прво што ми паѓа на памет е Југохром (сега Силмак)... нормално е железничката мрежа во голема мерка да се планира за тешката индустрија. Плус тоа, од око тешко се проценува дали теренот покрај автопатот е баш толку поволен. Патишта многу полесно се провлекуваат отколку пруги (пругите се лимитирани со потреба за далеку помали нагиби)

    А дека сега кога веќе има сосем добра пруга низ Дервенската клисура, ќе размислуваат за изградба на нова покрај автопатот, тоа нема шанси. Барем да ја планираа новата пруга после Кичево за поголеми брзини, па да останеше некој простор за размислување што помеѓу Скопје и Тетово. Вака нема ни шанси ни било каква реална потреба.



    Веќе е речено се со одговорот на Clov. Плус замисли пруга на тој веќе „урбан“ дел на правецот Тетово - Гостивар.

    -------------
    Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
    https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


    Posted By: zookisk
    Date Posted: 24-Oct-2010 at 21:20
    Владимир,максималната брзина за движење на товарните возови според возен ред е ограничена на максимум 80 km/h а не 100 km/h...


    Posted By: Vladimir P
    Date Posted: 24-Oct-2010 at 22:54
    Originally posted by zookisk

    Владимир,максималната брзина за движење на товарните возови според возен ред е ограничена на максимум 80 km/h а не 100 km/h...

    Зоки, лоше се изразив празни можат и до 100, но смислата ми беше колку на таја должина ќе се заштеди за разлика од 20 км/ч.

    Ма нека се направи и нека трча бруто извоз и со 60 би бил пресреќен.

    -------------
    Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
    https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


    Posted By: Plugger
    Date Posted: 25-Oct-2010 at 05:50
    Interesna diskusija, mislam deka sto pogolema brzina toa po skapo ke chini za oddrzuvanje na prugite i vozovite. Da ne zaboravime deka i poveke struja ke se trosi a se znae deka Zeleznicite se zaguba i ne moze nikako da se napravi profit na niv taka da skoro celiot tovar ke bide na drzavata. Se soglasuvam da se napravi pruga do Ohrid, ali za sporedba so sega mislam deka so 100km na cas e preubavo za nasite uslovi. Nie sme mala teritorija ne ni treba nekoja ogromna brzina, so dva sati mozes cela makedonija da ja pomines od istok-zapad ili sever-jug.

    Se soglasuvam deka treba da imame po brza i po efikasna zeleznica ali kolku vredi i se isplati toa? Kako vikame kolku pari tolku muzika so 100km/chas ke bide puna kapa za site nas.


    Posted By: Vladimir P
    Date Posted: 25-Oct-2010 at 09:29
    Ние дискутираме за 20 км/ч повеќе или помалку, а денешната вест вели дека возовите ќе стојат 5 дена на железничката станица Гевгелија неможејќи понатаму.

    Дефинитиво ни треба алтернатива кон друго пристаниште кое е посигурно и поефтино.
    Неминовност и приоритет ни е изградба кон Албанија па макар тие се движеле и со 40-50 км/ч.


    -------------
    Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
    https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


    Posted By: zookisk
    Date Posted: 25-Oct-2010 at 10:50
    Originally posted by Vladimir P


    Дефинитиво ни треба алтернатива кон друго пристаниште кое е посигурно и поефтино.
    Неминовност и приоритет ни е изградба кон Албанија па макар тие се движеле и со 40-50 км/ч.


    Излезот кон Албанија би значело помалку приходи за МЖ...колку повеќе километри вагоните трчаат на македонска територија толку приходите се поголеми...Табановци-Гевгелија е одлична километража...а од Табановци до Албанска граница???



    Posted By: <Fresno>
    Date Posted: 25-Oct-2010 at 10:57
    Па од Табановци до Ќафасан ништо чудно и повеќе километри да има него до Богородица. Не сфаќам како дополнителна пруга што ќе поврзува со соседна држава ќе ги намалела приходите.


    Posted By: my Macedonia
    Date Posted: 25-Oct-2010 at 11:09
    Jas mislam deka Mz kje ima duri promet!Ima dosta lugje sto patuvaat do albanija!Juni i juli se bas onie meseci sto bi imal promet vo MZ vo ovaa relacija!

    -------------


    Posted By: Vladimir P
    Date Posted: 25-Oct-2010 at 11:28
    Originally posted by zookisk

    Originally posted by Vladimir P


    Дефинитиво ни треба алтернатива кон друго пристаниште кое е посигурно и поефтино.
    Неминовност и приоритет ни е изградба кон Албанија па макар тие се движеле и со 40-50 км/ч.


    Излезот кон Албанија би значело помалку приходи за МЖ...колку повеќе километри вагоните трчаат на македонска територија толку приходите се поголеми...Табановци-Гевгелија е одлична километража...а од Табановци до Албанска граница???


    А колку не кошта само овие 5 дена урнебес на гевгелиска станица и низ целата мрежа, стави ги тука лежењето, пеналите, загубите не само на железницата него и на нејзините консументи кој ќе бидат принудени во иднина да потражат некој друг превоз, ... па дали не ни треба АЛТЕРНАТИВА

    -------------
    Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
    https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 25-Oct-2010 at 12:03
    Zookisk која е целта владата (државата, сеедно) да ја бејбиситува МЖ со плус километража само за да и обезбеди повеќе приходи. Нема никаква логика ниту економска, ниту сообраќајна ниту било каква. Во нормален пазар тоа се прави со регулирање на цената по километар, односно со приближување до некоја горна граница после која веќе на странските товари не би им било исплатливо да одат преку Македонија. Тоа се прави со анализа на пазар и со регулација на тарифници. А во однос на километражата секаде во свет здравата логика говори дека се иде кон секое можно ускратување на трасите, а не продолжување. Ниедна компанија во Македонија, па и секаде во свет нема логика да биде бејбиситувана на вакви неконвенционални непродуктивни начини. Како што имаше барања да тоа биде Колска, МЖ-Т, МЖ-И, еве сега и планирањето. Мислам дајте веќе да го трансформираме овој железнички сектор. До кога ќе се обидуваме во страв од новото да се фаќаме за старото кое колку толку некако живуркало. Неможеме во среде капиталистичка економија, да правиме социјалистички острови и оази, најмлаку со вакви навидум ефтини, а суштински прескапи трикови.


    Posted By: BOJAN
    Date Posted: 25-Oct-2010 at 15:27
    Се сложувам дека и 100 километри на час пруга се подобри од ништо, но треба да се земе предвид фактот дека низ овој паневропски коридор нема да поминуваат пратки само од Македонија кон Драч, туку и од Турција, Романија, Израел кон Италија на пример. Не е сеедно дали пратката ќе стигне за 24 часа или за 48 часа.

    Iscrew, твојата идеолошка определеност за да приватизираш СЕ не постои во ниту една држава во светот, па дури ниту во САД. Либерализација на железничкиот пазар е можна, но дај те молам прочитај како функционираат железничките претпријатија низ европски рамки, бидејќи како земја-кандидат за ЕУ треба да ги почитуваме нивните услови. Значи, инфраструктурата е на државата, а на пругите вози државното претпријатие во огромен дел(МЖ-Транспорт во земјава) плус неколку приватни претпријатија. Сите тие и плаќаат на инфраструктура за изминатите километри.

    И пак ќе повторам, земја без квалитетна државна железница, образование, здравство, јавен радиодифузен сервис, социјалната политика итн. подобро да не постои.

    Доколку Македонија треба да се базира само на државна полиција и судство, тогаш која е мојата полза од нејзе? Ваквата радикална идеологија е тоталитарна, барем според мене и води кон целосно угнетување на нејзините жители.


    Posted By: lslcrew
    Date Posted: 25-Oct-2010 at 17:35
    Не зборам за сеопшта распродажба на државата, ниту за сопственичка структура како треба да изгледа, најмалку за иделошки економски модели. Едноствано намерно продолжување на траса е вон секаква логика и вон принципите на било кој досега напишан и испробан во пракса економски систем. Светот ги крати делниците, нема логика да ние идеме обратно од здравиот разум и да ги продолжуваме. Тоа се регулира со цената.


    Posted By: Vladimir P
    Date Posted: 25-Oct-2010 at 21:50
    Вкупна должина на коридор 8 од БГ до АЛ е ~309 км

    Сега да збориме за профит, тоа значи товарен сообраќај не патнички кој секаде во свет е на граница на рентабилност.

    Значи ако возат товарните вагони
    - 100 км/ч (што не може, освен празни) ќе го преминат коридорот за ~ 3:10 часа,
    - 80 км/ч коридорот ќе биде пројден за ~ 3:50 часа.

    Разликата е замислете цели 40 мин.

    Сега да ја поставиме истата теорија за патнички сообраќај ко рековме не е рентабилен

    - 120 км/ч ќе го преминат коридорот за ~ 2:30 часа
    - 100 км/ч ќе го преминат коридорот за ~ 3:10 часа

    Тука не би бил сигурен но за да се подигне брзината на 120 или побрзо би требало да се изравни правецот на трасата, што значи нови усеци, виадукти, тунели за кој цената на изградбата во тој планински предел би се зголемила најмалку за 3-5 пати (претпоставка)

    Дали за тие 40 мин се исплати на овакво мало растојание да се инвестира. Друго е растојанија од 1000-ци км каде времето прогесивно расте.

    Мое мислење е да се инвестира во електрификација, вагони, локомотиви, гарнитури, целосна компутеризација и е еве го профитот, и среќни патници.

    Друга добивка на делот кон АЛ веќе спомнав
    - Поврзување на Охрид, Стуга а да не ја заборавиме и Преспа како туристички места. Исто и кон море како туристичка дестинација.
    - Поврзување со коридор 10 д преку Сопотница со тоа се добива прстен и бекап на целиот систем на коридор 10.
    - Поврзување со пристаниште многу поефтино и подобро поставено од Солунското, и секако „непроблематично“.

    П.С. Ја спомнав копјутеризацијата која во некој друг ден ке ја промовирам ако добијам дозвола за тоа.

    -------------
    Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
    https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


    Posted By: Plugger
    Date Posted: 26-Oct-2010 at 04:07

    Се сложувам дека и 100 километри на час пруга се подобри од ништо, но треба да се земе предвид фактот дека низ овој паневропски коридор нема да поминуваат пратки само од Македонија кон Драч, туку и од Турција, Романија, Израел кон Италија на пример. Не е сеедно дали пратката ќе стигне за 24 часа или за 48 часа.


    U pravo si do nekade, samo racunaj tuka se prasanje za golemi pari na odrzuvanje na prugite, da ne zaboravime deka mora sekade kaj sto ima pat da se stavat zeleznicki rampi, da se napravi signalizacija, da se stavat novi semafori, pa obezbedvanje,video nadzor posto ima luge sto kradat zelezo ima vandali sto skrtaat,krshat i taka natamu. Treba da se vrabotat chuvari toa e golem trosok i sve ke bide teret na drzavata sto ke mora da go plati toa.

    Toa sto drugite drzavi ke idat prema Albania ili bilo kade sie nivna rabota, Makedonija e mala drzava i mislam deka so 100km/chas ili 80km/chas so poln tovar kako sto spomna Vladimir e sosema dovolno za nashite uslovi i koga ke ja vidime distancata pa nema povise od 200km. Drugo e drzava kako Francija,Germanija,Turcija kade distancite se ogromni i tie drzavi se mnogu pogolemi pa mora da imaat i po brzi vozovi. Ako nekogas dojdeme vo moznost da se zabrza kilometrazata dobro bi bilo samo toa mora nekoj da go plati i da go odrzuva.




    Posted By: Vladimir P
    Date Posted: 26-Oct-2010 at 22:08
    Прекинот на грчката железница удри врз бизнисот

    Застој во испораките, поскапи алтернативи за транспорт. Штрајкот на грчките железничари предизвика сериозни проблеми и огромни штети за македонските компании. Најтешко погодени се металуршките компании кои се директно зависни од железницата и немаат алтернатива за друг вид на транспорт. Александар Панов, директор на Макстил за Алфа вели: Без наша вина доаѓаме во состојба да се прашуваме како ќе работиме. Ако ја загубиме довербата кај нашите партнери ќе имаме проблем, зошто во еден пострецесионен период е многу важно да се почитуваат обврските и роковите кон бизнис партнерите“, вели Панов.

    Притиснати од проблемите бизнисмените алармираат дека е крајно време владата да го изгради железничкиот дел од коридорот 8 како алтернатива на коридорот 10. Според Панов, коридорот 8 е многу важен за земјава од стратешки, политички аспект: „Не сме сигурни дека сите овие пречки се од социјална природа. Се отвораат дилеми дали Македонија треба да биде заробеник ма состојбите во Грција или ќе се бара алтернатива која можеби на почеток ќе биде скапа, но стратешки неопходна. Ако тоа не се направи, Македонија ќе биде зависна и ќе мора да проектира производство не колку што може, туку колку што ќе биде способна да превезе“, смета Панов.

    Последниов штрајк ќе биде најдолг во низата протести на железничарите во Грција кои се противат на предложената приватизација, со тоа и штетите на македонските компании ќе бидат значително поголеми. Компаниите кои имаат друг алтернативен превоз, се соочени со 40% поголеми транспортни трошоци.

    http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=29349 - http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=29349 [/quote]

    -------------
    Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
    https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


    Posted By: Danielbtmk
    Date Posted: 30-Oct-2010 at 13:20

    Коридорот осум на слеп колосек

     
    http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,6175094,00.html">
    http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,6175094,00.html -

    По пет години застој, Македонија продолжи со активностите за доградба на железничкиот Коридор 8. Потребни се близу една милјарда евра за трасите кон Бугарија и Албанија во должина од 124 километри.

     

    Eкспертите го препознале eкономскиот интерес за железничко поврзување на пристаништата Бургас и Драч преку Македонија уште пред век и половина. Тогашните околности наложувале пругите да завршуваат до националните граници, а во Македонија до Куманово и Кичево .Проектот пруга кон Бугарија почна во 1994 година. Завршена е само една третина на трасата кон Бељаковце и се потрошени околу 120 милиони долари. Изграденото пропаѓа. Одново се мисли на коридорот. Годинава работите се придвижија, се работи физибилити студија  вели Владимир Пановски, помошник на генералниот директор за пруги во Македонски железници:

     

    „Таа ќе биде виза за барање на финансиски средства. Стартот на работите на пругата кон Бугарија би можел да биде во 2013 и би можело да биде завршена пет години потоа. Вредноста е проценета на околу 550 милиони евра. “

     

    http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,6175094_ind_1,00.html">Македонија%20уште%20десет%20години%20ќе%20чека%20на%20Коридорот%208 Bildunterschrift: http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,6175094_ind_1,00.html - Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: -  Македонија уште десет години ќе чека на Коридорот 8

    И додека светот руши рекорди во брзината на возовите, по пругата на која Македонија ќе чека уште околу десет години, возовите ќе се движат  само со сто километри на час. Пановски уверува дека тоа е доволно:

     

    „Тоа е планинска пруга . Брзина од сто километри на час е предвидена со договорот потпишан меѓу Албанија, Македонија и Бугарија. За овој терен и за потребите на товарниот сообраќај е сосема доволна брзина. Дистанцата помеѓу Скопје и Софија не е толку голема и сто километри на час не е мала брзина и за патничките возови.“

     

     

    На другиот крај на коридорот во Македонија може само да се претпостави каде ќе минува пругата. До шеесеттите години од минатиот век, се` уште биле видливи трагите од старата пруга, која поради нерентабилност била напуштена. Деновиве во Струга беше презентирана Студијата за оценка на влијанието врз животната средина, која е пред усвојување во Министерството за екологија ја работеше фирмата „Декомс Ема “. Менка Спироска е децидна:

     

    „Ова е безбедна траса. Во разговори со проектантите, одредени тесни грла беа надминати и доколку оваа линија се реализира со сите параметри како во студијата и проектите, ќе има најмали можни влијанија врз сите медиуми на животната средина.“

     

     

    http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,6175094_ind_2,00.html">Од%20транзит%20ќе%20ќарат%20соседните%20држави Bildunterschrift: http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,6175094_ind_2,00.html - Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: -  Од транзит ќе ќарат соседните држави

    Студијата за економската оправданост ќе биде готова за неколку недели, но има уште многу до стартот на градбата на оваа делница, вели Владо Паноски од Македонски железници:

     

    „Идната година треба да аплицираме преку ИПА фондовите за средства за изработка на проектот потребни се околу 3 милиони евра. Следи решавање на експропријацијата на земјиштето. Ако потрошиме една година да бараме средства, уште две години да се направи главниот проект и една година да се изврши експропријација, стартот е можен во 2015 година, а завршувањето на оваа делница во 2019 година.“

     

    На татнежот на локомотивите по железничкиот коридор 8 реално ќе се чека уште деценија. Дотогаш Македонија ќе губи милиони евра во зголемените трошоци за транспорт и од транзит ќе ќарат нејзините соседи.


    http://www.dw-world.de/dw/article/0,,6175094,00.html?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

     



    -------------


    Posted By: Vladimir P
    Date Posted: 09-Nov-2010 at 00:50
    Еден настан од другата страна на границата

    превод со google translate
    Фотодокументална изложба "100 години на границата" во Ќустендил



    Фотодокументална изложба "100 години на границата" по повод јубилејот од отворањето на железничката линија Ќустендил-Ѓуешево беше средена во куќата-музеј "Димитар Пешев". Организатор на настанот е Регионалниот историски музеј.

    Изложбата е дело исклучиво на креативни колектив од Регионалниот историски музеј, изјави наш новинар н.с. д-р Ангел Джонев. Помош се покажале книгохранилищата во градот - државен архив, регионалната библиотека. Љубомир Желязков и Џулијан Кинтишев од РИМ се директни изведувачи на репродукции и изложени на фотографиите и другите документи.

    Изложеноста беше отворена од директорот на музејот Валентин Дебочички, а интересни историски факти за изградба на линијата раскажа н.с. д-р Ангел Джонев. Тука беа заменик. градоначалникот на општина Ќустендил Надја каратно, историчари, новинари, граѓани.

    Изложбата е ретроспективно, посветена е на 100-годишнината од отворањето на железничката линија Ќустендил-Ѓуешево, која е дел од еден голем проект - за изградба на железен пат Софија-Ќустендил-Куманово-Скопје.

    Тоа покажува историјата од 70-тите години на 19 век до 40-те години на 20 век, појасни Ангел Джонев. Оваа железничка магистрала има суштинско значење да поврзе Бугарија со Јадранското Море и Беломорието.

    Следниве перипетиите за изградба на било кој од делови: Софија-Перник; Перник-Радомир, Радомир-Ќустендил-Ѓуешево ... Станува збор и за противниците на овој възлов инфраструктурен коридор, кои се главно балканските земји (во лицето на Србија и Грција) и големите сили.

    Претставена е и сагата во домашната план во тоа време, проблемите на претприемачот и некои интересни работи околу изградбата. Во тоа време тука се привлечени на работа тунелджии - Италијанци, има Срби, Црногорци, воопшто Гастарбајтерите од соседните балкански земји. Сето ова е ватирани со оригинални фотографии и предмети од тој период, документи и весници, покажува конкретни аспекти за изградба на линијата.

    Елена Асенов, E79 news
    Фотографии: авторот

    http://www.e-79.com/?news_id=23980 - http://www.e-79.com/?news_id=23980


    Нови сознанија или ....

    -------------
    Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
    https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


    Posted By: pavche
    Date Posted: 09-Nov-2010 at 11:57
    Originally posted by Vladimir P

    Еден настан од другата страна на границата

    Нови сознанија или ....


    Владимир, специjално ти го препорачувам еден документарен филм на Борис Десподов од 2005-6 мислам... Зове се "Коридор #8"

    Еве ти го делот односно Гjуешево - Крива Паланка...

    [tube]1OlM69knric[/tube]

    Некаде 8:20 има едни сборове на еден местен од Гjуешвево односно започнатиот 1941-ва и недовршен тунел, коj има 350-500 метри да стигне до границата... " При доагане на една делегагиjа од НАТО, jaс специално се обратих на германците, и им рекох: Нека да кажуват на своите деди, кои са уште живи, се разбира дел от нив, да доjдат овде и да си завршат работата, со наша помошт..."

    Еве го првиот дел на овоj филм: http://www.youtube.com/watch?v=BhMW19e2uv4&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=BhMW19e2uv4&feature=related (во десно ги има и останалите) Ако некоj му е интересно нека го види. Незнам смао дали ова не е за темата "Филмови кои ги сакаме"


    Posted By: SJCF
    Date Posted: 09-Nov-2010 at 15:22
    Стартот на работите на пругата кон Бугарија би можел да биде во 2013 и би можело да биде завршена пет години потоа
    Мене ми изгледа дека ова е недозволиво споро. Башка ако има дополнителни одложувања и одолговлачења.

    @ zookisk
    Не те разбрав кои километражи ги споредуваш? Мислам грешка си и за километрите ама и за сржта на проектот. Коридоров нема едноставно да го пренасочи постоечкиот сообраќај туку ќе креира многу нов сообраќај и македонските железници може да видат само ќар кога ќе се изгради.


    Posted By: Vladimir P
    Date Posted: 09-Nov-2010 at 15:26
    @pavche,

    Го имам гледано тој документарец го имаше на HBO documentary во датотеката долго време.

    -------------
    Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
    https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


    Posted By: pavche
    Date Posted: 09-Nov-2010 at 16:29
    Originally posted by Vladimir P

    @pavche,

    Го имам гледано тој документарец го имаше на HBO documentary во датотеката долго време.


    Thumbs%20Up


    Posted By: axel
    Date Posted: 23-Dec-2010 at 17:42

    Железницата кон Бугарија ќе се гради во 2012!?

    четврток, 23 декември 2010, 17:21

    Уште најмалку две години ќе се чека на почеток на реализација на железничкото поврзување со Бугарија. Владата е оптимист дека градежните работи ќе стартуваат во текот на 2012 година. Веќе било договорено да се изработи физибилити студија од страна на Европската банка за обнова и развој, а имало и конкретен интерес од бугарска страна, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски. Според него, железницата кон Бугарија двојно ќе ја зголеми трговската размена со Бугарија. Почетокот на реализацијата на проектот би требало да се очекува во 2012 година.

    За изградбата на пругата кон Бугарија, според некои проценки потребни се најмалку половина милијарда евра. Ова е едно од клучните барања и на бизнис заедницата, која бара алтернативни патишта за извозот како клучна компонента за поттикнување на економскиот развој. Според Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори инвестицијата во пругата кон Бугарија ќе се врати за неколку години. Железничкото поврзување со Бугарија, не само што ќе го раздвижи и поевтини бизнисот, туку и ќе поттикне поефикасен и поодговорен однос на грчки железници кон регионот. Дотолку повеќе што постојат шпекулации дека грчки железници поради мерки за штедење планирала по Нова година да ја укине железничката линија Скопје-Солун.

    http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=31736


    Posted By: Danielbtmk
    Date Posted: 26-Dec-2010 at 02:17
    Коридор 8 сериозен проблем за извозните компании

    Македонските компании се соочуваат со големи проблеми и загуби поради неизградбата на железницата Коридор 8 кое е од клучно важење за да стигнат до други пристаништа



    Една од најголемите извозни компании „Макстил“ вели дека 90 отсто од нивниот извозот е врзан за железничкиот транспорт, доколку се земе дека над 60 отсто е насочен кон солунското пристаниште и тешко се стигнува до другите пристаништа.
    „Барското пристаниште дава поевтини услуги, но проблем е како да се стигне до Бар, истиот случај е и со Бургас и треба да бараме наши решенија, во услови на штрајкови во Грција ние немавме испорака 90 дена со што губиме клиенти“, рече Александар Панов, генерален директор на „Макстил“
    Панов вели дека Коридор 8 е проблем кој под итно мора да се реши и додава дека сите влади во своите проекции го спомнуваат коридор 8 се додека не дојдат на власт.
    „Кај нас политики не даваат резултати со високи стапки и немаме на нови работни места. Прашањето не е дали ние ќе одиме со раст од 1,5 или три отсто нас ни треба стапка од четири до шест отсто доколку сакаме да имаме значаен резултат“, изјави Минчо Јорданов, претседател на управниот одбор на „Макстил“.
    Извозот на железо и челик претставува 24 отсто од вкупниот извоз на Македонија, а вредноста изнесува 550 милиони долари, Макстил во однос на минатата година производството го зголемиле за 20 отсто.


    Извор: http://forum.com.mk/238832



    -------------


    Posted By: Max
    Date Posted: 26-Dec-2010 at 13:01
    верувам затоа и се зајмивме кај ммф, но дали нешто од тој заем ќе заврши и тука или ќе се чека ебор да го кредитира овој коридор тоа незнам, премногу отпочнати проекти, премногу мал буџет, а уште па и килава администрација, се на се чекориме смело кон концесии ако ништо друго!


    Posted By: <Fresno>
    Date Posted: 26-Dec-2010 at 14:01
    Кредитна линија за претпазливост е тоа од ММФ, нема врска со финансирање на вакви проекти. Прашање е дали и ќе повлечеме нешто од тие пари.


    Posted By: pavche
    Date Posted: 04-Jan-2011 at 09:57

    Обявиха изпълнителя на рехабилитацията на жп линията Пловдив - Бургас


    от 29.12.2010, Автор: Строителство.инфо

    Спестени са 110 млн. лв. за рехабилитацията на железопътната линия Пловдив – Бургас, съобщи министърът на транспорта, информационните технологии и съобщенията Александър Цветков.

    Това е разликата между най-ниската оферта от първия търг и предложението на фирмата, която вчера бе избрана за изпълнител.

    На първо място е класиран консорциумът "Джи Си Еф – Ск 13 – Трейс рейлинфра", а цената за строителните дейности по цялото трасе е 316 968 850.42 лева, обясни министър Цветков.

    Александър Цветков подчерта, че проектът Пловдив – Бургас е от изключително голямо значение и с огромни ползи за обществото, защото е "част от т. нар. железопътна "Тракия", която трябва да се движи паралелно с аутобана.
    След приключването на проекта ще се постигнат скорости от 130/160 км/ч при средни скорости в момента от около 80 км/ч, а времето за пътуване ще се намали с 1 час и 10 минути. Ползите от това ще са големи, както за самите железници, така и за пътниците, категоричен е министърът.

    Търгът за Пловдив – Бургас бе прекратен в началото на тази година, защото всички оферти надвишаваха с около 30% индикативната му стойност от 366.45 млн. лв.
    Това принуди възложителят Национална компания "Железопътна инфраструктура" да повтори процедурата в максимално кратки срокове, припомнят от министерството на транспорта.

    Проектът за рехабилитация на железопътната инфраструктура по участъците на линията Пловдив – Бургас е разделен на обособени позиции, за които избраният изпълнител предложи следните цени:
    Позиция 1 - Рехабилитация на железопътната отсечка Михайлово – Калояновец, включително главните коловози в гарите Михайлово и Калояновец – 29 652 343.58 лв. без ДДС;

    Позиция 2 - Рехабилитация на железопътните отсечки Стара Загора – Ямбол и Завой – Зимница, включително главните коловози в гарите Стара Загора и Ямбол и всички гари и спирки между тях – 151 536 000,19 лв. без ДДС;

    Позиция 3 - Рехабилитация на железопътната отсечка Церковски – Карнобат, включително главните коловози в гара Церковски – 135 780 506,65 лв. без ДДС.

    Поръчката обхваща проектиране на строителните работи и тяхното изпълнение за всяка обособена позиция.
    Проектът се финансира по Оперативна програма "Транспорт" от Кохезионния фонд на Европейския съюз.


    http://stroitelstvo.info/infrastructure/2010/12/29/1018017_obiaviha_izpulnitelia_na_rehabilitaciiata_na_jp/



    Print Page | Close Window