Print Page | Close Window

НЛБ Тутунска банка

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Деловни
Forum Discription: Канцелариски згради, деловни центри, седишта на компании...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=64
Printed Date: 22-Oct-2019 at 12:55


Topic: НЛБ Тутунска банка
Posted By: pbanks
Subject: НЛБ Тутунска банка
Date Posted: 12-Oct-2007 at 03:25

Sea pominav tamu i imaat istaknato render. Objektot izgleda dosta glomazno, osnovata ic ne mu e mala. Visina nemozev ubavo da procenam bidejki vrnese pa ne mi se iskacase ama ima nekade 6 kata, mozda i 7. Renderot e kako po obicaj mnogu los, bojata na staklata ne ja biva, ama veruvam deka kje iskoci razlicno vo ovoj slucaj nema valjda NLB Tutunska da se zeza so nekoj kiceraj, sepak e toa ozbilna banka. Neobicen moment e sto fasadata koja e crvena ama verojatno kje bide oblozena so nekoi ploci, taka barem izgleda, nema da bide nekoj crven malter ili nekoja takva glupost.

 
Kako i da e kje imame potreba od thread-ov pa eve da go otvoram, kje gleam use utre da go sliknam renderot a naskoro kje imame sigurno i consturction update-i.
 
 



Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Oct-2007 at 14:27
epa bujrum Smile. Za razlika od vcera vpecatokot mi e popozitiven. Mislam deka ova kje bide ubav objekt.
 
 


Posted By: dejan
Date Posted: 13-Oct-2007 at 06:08
Jas ja sakam zgradata mnogu. Crvnata boja e interesna i nekako klasichna.

Znaci NLB i Tutunska Banka se zaedno vo ovaa zgrada?? Ili se zaedno vo biznis??
A sto e toa City Plaza??


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Oct-2007 at 12:59
Originally posted by dejan

Jas ja sakam zgradata mnogu. Crvnata boja e interesna i nekako klasichna.

Znaci NLB i Tutunska Banka se zaedno vo ovaa zgrada?? Ili se zaedno vo biznis??
A sto e toa City Plaza??
 
I mene mi e OK, iako go razbiram Realek, valjda ocekuvase nesto poavangardno na taa lokacija i od toj investitor. No mislam deka odlcno kje se uklopi so zgradite vo okruzenieto. Plus konecno zgrada bez prokleto podkrovje.  
 
NLB Tutunska e edna banka. NLB e sopstvenik an Tutunska.
 
City Plaza e ocigledno koinvestitor vo proektot i kje upravuva so katnata garaza. A sega dali City Plaza kje vklucuva i uste nesto osven katna garaza ostanuva da vidime. A postoi takva moznost bidejki City Plaza mi e cudno ime za katna garaza.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 13-Oct-2007 at 13:35
Odlichno devluva zgradave be ludje... Shto poveke staklo toa podobro :)))).
Correct me if I'm wrong, ali NLB ja kupi Tutunska pred nekolku godini a duri sega se rebrendirashe taka??

"A postoi takva moznost bidejki City Plaza mi e cudno ime za katna garaza."
- Definitivno. Kao da reces "SkyTower" deka e ime za sportska sala.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 13-Oct-2007 at 16:47
@ gotso

Мислам не толку одавна влезе НЛБ во Тутунска, пред ~2-3 год, ама не сум сигурен... Џуро е сигурно подобро информиран.

Иначе малце ми е чудно што експерт за еколошка енергртика ко тебе толку многу сака што повеќе стакло хаха Big%20smile.
А што се однесува до изгледот, не викам дека е лоша... Ама факт е дека ако оваа зграда се изградеше во индустриската зона кај Визбегово воопшто немаше да отскокнува од околината освен малце по висина. Ама нормално гајам надежи дека рендерот по обичај кај нас не баш најдобар, па ваљда ќе испадне подобра одошто мислиме...

Smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 13-Oct-2007 at 16:53
Originally posted by Cloverstack

@ gotso

Мислам не толку одавна влезе НЛБ во Тутунска, пред ~2-3 год, ама не сум сигурен... Џуро е сигурно подобро информиран.

Иначе малце ми е чудно што експерт за еколошка енергртика ко тебе толку многу сака што повеќе стакло хаха Big%20smile.
А што се однесува до изгледот, не викам дека е лоша... Ама факт е дека ако оваа зграда се изградеше во индустриската зона кај Визбегово воопшто немаше да отскокнува од околината освен малце по висина. Ама нормално гајам надежи дека рендерот по обичај кај нас не баш најдобар, па ваљда ќе испадне подобра одошто мислиме...

Smile
 
NLB e vlezena vo Tutunska mnoogu od poodavna no pred 2-3 godini se rebrendirase vo NLB Tutunska spored novite pravila vo grupacijata.
 
Objektot sigurno kje bide podobar od renderov, samo trgnete od staklata i kolite kolku se amaterski napraveni.


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 14-Oct-2007 at 00:23
Originally posted by Cloverstack

@ gotso
Иначе малце ми е чудно што експерт за еколошка енергртика ко тебе толку многу сака што повеќе стакло хаха Big%20smile.

Smile


Работи како Кјото протоколот не се почитуваат, а ние сеа прозори да броиме!! Не сум до толку еко-фрик


Posted By: dejan
Date Posted: 14-Oct-2007 at 00:48
Originally posted by pbanks

Originally posted by dejan

Jas ja sakam zgradata mnogu. Crvnata boja e interesna i nekako klasichna.

Znaci NLB i Tutunska Banka se zaedno vo ovaa zgrada?? Ili se zaedno vo biznis??
A sto e toa City Plaza??
 
I mene mi e OK, iako go razbiram Realek, valjda ocekuvase nesto poavangardno na taa lokacija i od toj investitor. No mislam deka odlcno kje se uklopi so zgradite vo okruzenieto. Plus konecno zgrada bez prokleto podkrovje.  
 
NLB Tutunska e edna banka. NLB e sopstvenik an Tutunska.
 
City Plaza e ocigledno koinvestitor vo proektot i kje upravuva so katnata garaza. A sega dali City Plaza kje vklucuva i uste nesto osven katna garaza ostanuva da vidime. A postoi takva moznost bidejki City Plaza mi e cudno ime za katna garaza.

Aa ok fala.
I jas toa mislev deka ke se uklopi vo okolinata.


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Nov-2007 at 20:12
овие не се заебаваат. Сеа поминав беше блокирана уличката кај Рамстор (покрај паркингот) и работеа под рефлектори. И друг пат ги имам видено да работат под рефлектори. Изгледа објектов ќе се гради со Рамсторска динамика.
 
BTW од некои мои неофицијални "интерни" информации сеуште не биле решени дали фасадава ќе биде ваква црвена или ќе се иде на нешто постандардно стакло алумиум.
 
Искрено мене црвенава варијанта ми легна и не сум за менување. Ако го преплавиме градот со едни исти стаклењаци и тоа ќе изгуби смисла. Сеа се ОК изглеа бидејќи имаме дефицит на добар деловен простор но....
 
А веќе се имаат случено такви работи. Наплив на трговски центри во 80тите или наплив на квази ретро станбени згради од 90те. Ретко кога правиме нешто со усул.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Nov-2007 at 20:23
Ме радува тоа што го кажуваш за динамиката со која почнале да градат и се сложувам за вториот дел околу потребата од разновидност. Ама искрено се надевам дека зградата во живо ќе изгледа подобро отколку на рендерот (доколку решат да одат на оваа варијанта).


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Nov-2007 at 20:30
 
па еве ко за старт разбрав дека стаклата ќе бидат нешто како оние на Рамстор, значи зеленкасти и транспарентни а не плави и рефлектирачки ко што се на рендерот. Тоа не е лошо ко за почеток


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Nov-2007 at 19:02
znam deka dosagjam so ovie flash izvestai, ama stvarno sum impresioniran od dinamikata. Sea pominav tamu nema veze sto e sabota i sto vrne ko nenormalno tamu se raboti ko da nema utre. Se isturase beton od 3 strani. Na edno mesto imase dupka vo ogradata i kolku vidov skoro e stignato do "ground zero"... kaj i da e kje pocnat da strcat armaturi nad ogradata. 


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 17-Nov-2007 at 21:07
odlicno. Veruj ne si dosaden, kako shto ne me nosi patot cesto nataka tvoite flashevi mi se edinstven izvor na informacii


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Nov-2007 at 16:42
Од денеска:

http://imageshack.us">

http://imageshack.us">

http://imageshack.us">



Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 24-Nov-2007 at 20:41
Човече кај си се качувал??


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Dec-2007 at 13:50
ги најдов сликиве на фото.идивиди. Колку што сфатив од насловот на сликата типот жали што ете во Скопје само се гради а не се садат дрва... Како и да е сликиве ќе ни завршат работа на нас







Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Dec-2007 at 21:16
од завчера сабајле Cheers




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2007 at 21:19
Веќе никнал Smile

Ова ќе биде брзо  готово Cheers


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 29-Dec-2007 at 12:38
Овие стварно работат со полна пареа Applause


Posted By: dejan
Date Posted: 29-Dec-2007 at 12:45
Edvaj cekam! Ubavo ke lici.


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Dec-2007 at 12:47
Јас вчера кога го видов, не можев да поверувам колку брзо работат - сакав да го сликнам , ама беше темно. Фала pbanks


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 18-Jan-2008 at 12:15
Абе шо бидна со зградава!?!


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jan-2008 at 12:25


приземје е готово, први кат е при крај Banana


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Jan-2008 at 03:33
Зградава напредува со невероватна брзина, навистина сум пријатно изненаден

А, кога сме веќе во тоа маало, после многу долго време, видов некаква активност во НИП Нова Македонија - не во новиот дел, туку во главната зграда, така ќе му дојде. Banana


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jan-2008 at 03:37
Душа ми се шири кога ќе видам како се гради Скопје. Ама кога ќе видам насекаде низ градов од четири ленти одеднаш две, преку глава ми е од неисполнети планови и недоизградени улици.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jan-2008 at 19:23
Да го поткрепиме сето ова со слики. Значи идеме на втор кат или на 5то ниво (мисам дека објектот има две подземни нивоа). Banana

1

2



Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 19-Jan-2008 at 19:27

Навистина брзо се ѕида здгадава. Колку ката (надземни) уствари треба да има?



Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jan-2008 at 19:30


мене ми делува на П+4


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2008 at 16:13
Објектов се граги ептен брзо, фуче! Денеска пројдов од таму и гледам веќе два ката напраени скроз.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Feb-2008 at 18:32
Еве ви едно кадро, денеска од кола у вожња. Може е малце од далечко фатено ама....




Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Feb-2008 at 21:07
Ubav agol lsl

Секогаш ме неревирала празнината што се отвара во правец на Рамстор и Јужен булевар кога се припѓа од Нова Македонија. На фоткава баш си фатил како еднаш засекогаш таа празнина ја снемува Thumbs%20Up

Објектов со ова темпо веројатно за месец ипол некаде ќе биде комплетно дигнат во висина Cheers


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Feb-2008 at 03:02
Па тие шипките арматура што штрчат се од предпоследниот кат. Ако се земе фактот дека прошлата недела вака штрчеа шипките од предходниот кат, јас би рекол дека и за помалце од месец ипол ќе го видиме ова руменило како се краси со својот сјај.

Лелеее поетика, аааа ?!

Се шалам бе, мене стварно ми се свиѓа ова како ќе изгледа.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 07-Feb-2008 at 03:06
April mesec , ke se otvori ,,,moja procenka...


Posted By: lslcrew
Date Posted: 07-Feb-2008 at 03:16
Вероватно на 1 април. Априлилили, е нема на 1, него на 3.




Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 10-Feb-2008 at 12:05
Ајде една убава вест со надополнување. Овие изгледа секоја недела по еден спрат креваат.  Thumbs%20Up
 
Фоткиве се од вчера со мобилен (извинете на квалитетот)
 
 


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 10-Feb-2008 at 14:14
Абе дали дека ние сме навикнати да градат кај нас по еден спрат годишно, али.. не ви изгледа ко да го градат пребрзо бе ова??? Се надевам внимаваат на квалитетот.

Мислам далеку сум од експерт по градежништво, можеби со ова темпо и е вообичаено да се гради Dunno. Зачудуваат луѓево.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Feb-2008 at 14:18
Абе ја како што знам цементот стврднува за 3-4 дена, ама се суши потполно околу 27-8 дена. Значи он е стврдат и може да се тера нагоре за некои три дена. ама целосно ќе се ослободи од водата во него дури за скоро месец. Вака може да се тера нема ништо спорно. И ја сум далеку од гредежништво, ја на електро сум, ама случајно имам дојдено до ваква информација. феникс_м е на архитектура па кога ќе дојде може он да ви објасни.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 10-Feb-2008 at 14:52
Ovaa firma definitivno treba da gi gradi oblakoderite vo Skopje.... )))


Posted By: kire85
Date Posted: 10-Feb-2008 at 18:27
Originally posted by gotsomekicks


Абе дали дека ние сме навикнати да градат кај нас по еден спрат годишно, али.. не ви изгледа ко да го градат пребрзо бе ова??? Се надевам внимаваат на квалитетот. Мислам далеку сум од експерт по градежништво, можеби со ова темпо и е вообичаено да се гради Dunno. Зачудуваат луѓево.


Tempoto so koe se gradi objektov se smeta za normalno...barem tuka vo germanija sto sum imal prilika da vidam...


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Feb-2008 at 18:21
Еве ги новите рендери за НЛБ, проектот е ревидиран.

1

2

3

4

5



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Feb-2008 at 18:28


Unhappy

Се надевам дека проблемот е во тоа што не ги доловуваат добро боите


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Feb-2008 at 18:29
Originally posted by Cloverstack



Unhappy

Се надевам дека проблемот е во тоа што не ги доловуваат добро боите


Ако се загледаш поубаво грдата боја на рендерот всушност треба да биде рефлексија Crazy
Значи повторно рендерско ремек дело. Инаку стаклата ми личат во ред, погледни ги тие кои што као немаат рефлексија. Сосема на место.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Feb-2008 at 18:30
Уствари има два влеза од девете страни. Ја па мислев само од кај мито ќе има. Ај ако знае некој нека пише од кај ќе се влага у катната.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Feb-2008 at 18:32
Originally posted by lslcrew

Уствари има два влеза од девете страни. Ја па мислев само од кај мито ќе има. Ај ако знае некој нека пише од кај ќе се влага у катната.


Стварно неам претстава за катната :(

Ваљда ќе го решат тоа добро бидејќи и онака се прави гужва од колите што излегуваат од Рамстор. Со оглед на тоа дека ове а упте поблиску до раскрсницата гужвата ќе биде уште поголема.

Инаку кога сме веќе кај стакла, ЕУ ја измасакрирале ГЕМА :(. Има некакви безвезни фолии нафрлано на многу од прозорците (но не на сите) ваљда за да не ги гледаат од надвор и ноќе изгледа без врска а изгледаше совршено.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 19-Feb-2008 at 18:37
Originally posted by pbanks


Ако се загледаш поубаво грдата боја на рендерот всушност треба да биде рефлексија Crazy
Значи повторно рендерско ремек дело. Инаку стаклата ми личат во ред, погледни ги тие кои што као немаат рефлексија. Сосема на место.


Ко за почеток не ми се свиѓа бојата на зградата, не само на прозорците. А и за прозорците не знам што да мислам, погледни го на пример рендерот број 2... Рефлексија ли е или нешто друго стварно не може да се заклучи... Арно викаш, уште едно ремек дело од рендер. Ќе мора да чекаме да видиме како ќе испадне.


Posted By: La Linea
Date Posted: 19-Feb-2008 at 18:39
Повеќе ми се допаѓаше претходната верзија на проектот, вака изгледа депресивно.Unhappy Навистина не знам што ги терало да го расипат вака изгледот, башка што сега на некои места замениле стакла со плочки, така да новиот проект изгледа помалку атрактивно според мене. Wallbash

Барем брзо го градат...




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Feb-2008 at 18:44
@La Linea да имаш право променета е и стаклената површина.

Незнам јас сум некако сеуште воздржан. Црвениот ми легна некако на срце (иако од почеток не ми се свиѓаше скроз), веќе го визуелизирав таму па ова некако ми дојде како нагла промена.

@Clover дефинитивно е рефлексија, поглени на слика бр. 5 во долниот дел има отслукување на околината. Нема да биде сигурно така шарена зградата.

А за брзо градење, денес го завршуваа 4иот кат. Значи само уште еден и ја имаме контурата пред нас


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 19-Feb-2008 at 19:19
Изгледа само на мене ми се свгиѓа новиов дизајн . Кловер, не треба да се грижиме за бојата, ми се чини дека проблемот е во рендерот.

Дефинитивно вака сакам да се гради се во Македонија!!! Thumbs%20Up А уствари, кога е предвидениот датум за отварање?


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Feb-2008 at 19:32


Август


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Feb-2008 at 19:37
Топ си е зградава.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 19-Feb-2008 at 20:20
Odlicno


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 19-Feb-2008 at 21:07

И мене ми се допаѓа. Ми беше убава и претходната црвена варијанта.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Feb-2008 at 22:48
Мене ми изгледа дека габаритот е запазен. Само маската е изменета.


Posted By: La Linea
Date Posted: 20-Feb-2008 at 00:41
Previous Се разбира дека е запазен, скелетот скоро и да е готов... Торко LOL

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Feb-2008 at 19:29
1


2


3



Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Feb-2008 at 22:55
Banana за едно три недели изглеа ќе заврши со растење оваа лепотица Yes


Posted By: La Linea
Date Posted: 26-Feb-2008 at 20:00
Previous За мене зградава го изгуби тој епитет откако искочи новиот рендер. Сепак е најголемото освежување што сме го имале во долго време


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Feb-2008 at 20:19
Originally posted by La Linea

Previous За мене зградава го изгуби тој епитет откако искочи новиот рендер. Сепак е најголемото освежување што сме го имале во долго време


abe lepotica ne bese ni prethodno ni sea... Sepak mislam deka pristojno kje go popolni prostorot


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Feb-2008 at 21:40
Ја сум обожавател на стаклени згради, така да овој има повише стакло од првиот.


Posted By: pbanks
Date Posted: 26-Feb-2008 at 22:07
Originally posted by lslcrew

Ја сум обожавател на стаклени згради, така да овој има повише стакло од првиот.


абе и јас сум ама не по секоја цена. Во Скопје има неколку страшно грди стаклени примероци...

сепак мислам дека НЛБ ќе биде добра Yes


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-Feb-2008 at 22:10
Новиот рендер има баш помалку стакло BTW


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Mar-2008 at 22:27
Еве една замашна рунда фотки од денеска. Последниот кат се привршува во делот на НЛБ а во делот на City Plaza е веќе готов. Веќе се реди и фасадна цигла на повеќе места како што може да видите.

Една работа скроз ме збуни. Делот City Plaza кој треба да биде и катна гаража воопшто не ми личи на тоа. Се утепав од гледање но неможев да заприметам рампи за качување на колите. Дали под катна гаража мислат неколку нивоа под земја (мислам дека објектот има 2 нивоа под земја) а горниот дел ќе биде комплетно деловен простор незнам.

Објектите се комплетно одвоени физички во надземниот дел (бр. 8).

1

2

3

4

5

6

7

8



Posted By: se_manda
Date Posted: 10-Mar-2008 at 23:19
ne e toa fasadna cigla,obicna cigla e toa.fasadna cigla ti e onaa na zgradine u kapistec so e


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Mar-2008 at 23:21
Кај и да е, за месец дена максимум ќе ја биде скроз!!!


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Mar-2008 at 23:25
Originally posted by se_manda

ne e toa fasadna cigla,obicna cigla e toa.fasadna cigla ti e onaa na zgradine u kapistec so e


имаш право се заебав Bonkбрза кучка, слепи кучиња..............


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Mar-2008 at 23:26
Originally posted by lslcrew

Кај и да е, за месец дена максимум ќе ја биде скроз!!!


Не верувам ова е побрзиот дел, тоа што следува има повеќе цепидлачење. Колку што јас знам во Август треба да биде предадена во употреба. И до тогаш да биде брзината ќе е пак импресивна.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Mar-2008 at 23:32
Абе ја да видам фасада, па однатре што сакаат нека и прават!!!


Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Mar-2008 at 00:16
Originally posted by lslcrew

Абе ја да видам фасада, па однатре што сакаат нека и прават!!!


Хаха, да.

@pbanks исто и јас кога и да поминам пробувам да ги видам рампите што би требало да се видливи , ама нема ништо слично на тоа? Можеби е тоа што викаш, да бидат паркинзите под земја, ама тогаш рендеров би немал смисла:



Гледате како на делот што би требало, нели, да биде катна гаража, најгоре се паркирани коли како што е кај сите катни гаражи. Ако не е целиот тој дел катна гаража, тогаш колите би требало со кран да се паркираат горе Smile Исто има измени кај рендеров, најочигледна е тоа дека City Plaza и НЛБ се сега комплетно одделени, а на рендерот се споени и мислам дека изгледа подобро така.


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Mar-2008 at 00:21


Да и јас размислував на овој рендер. Тука е логично да се споени зградите, доколку беше до горе катна гаража има логика да има директен влез со зградава, бидејќи во голема мера вработените во НЛБ ќе ја користат зградава можеби ќе го закупат последниот кат да речеме. Доколку не е катна гаража до горе спојки и не мора да има. Не ми смета што зградите се раздвоени може да биде убаво и вака иако беше убаво и да се споени.

Единствено решение е колите да се качуваат горе со лифтови но тоа ми звучи чудно/неефикасно. Со толку катови ќе треба да има барем 4 лифта (јас колку што видов има инсталација за два лифта) за да иде работата како што треба и веројатно ќе треба колите да ги качуваат спуштаат авторизирани лица а не секој да се вози горе доле. Сепак ова ми звучи нереално но останува да видиме.


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Mar-2008 at 00:23
BTW спојки има и на новиот рендер. Можеби ќе ги насадат на крај Dunno




Posted By: vardar
Date Posted: 11-Mar-2008 at 01:19
Браво пбанкс гледам си се изнасликал. Зградава ми се допаѓа, не е нешто спектакуларно али е ок,  темпото на градба е скоро невидено за наши услови. Новиот рендер(боја) повеќе ми се допаѓа, делува поозбилно, одговара за банка Thumbs%20Up.
Ако нешто ми смета тоа е што стаклената површина е намалена во  однос на оригиналниот рендер (лично хоризонталните плочки би ги заменил со стакло), и второ зошто не одат нагоре уште 5-6 спрата? Одлична централна и прометна локација, сигурно може да идат нагоре, па нип-от и околните згради се 10-ина ката, доколку не им е потребно на НЛБ нека ја издаваат.
Се некако касно влегувам со овие мислења и измени што ја мислам треба да се направат али шо да праам таков сум Dunno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Mar-2008 at 01:25
Да сакаат и комерцијална да ја средат онаа грдосијата преку мост!!! На такво видливо место а грдо ко ноќ!!!


Posted By: La Linea
Date Posted: 11-Mar-2008 at 01:32
Previous На ова ли мислиш? Спроти ГТЦ?

Не верувам дека вооопшто им паднало на ум да го средат тој дел... дефинитивно сум за, особено кога веѓе се планира да се изгради и зградата на филхармонијата...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: vardar
Date Posted: 11-Mar-2008 at 01:40
Стварно треба малце да ја средат зградава, па нели само се фалат со рекордни профити, па нека фрли Хари некој денар. И на мнт му треба малце боичка, па после кога ќе се изгради филхармонијата (најдобар нов проект во мк според мене) целиот тој простор да трешти.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Mar-2008 at 01:45
На ништо не личи. Сега хари ќе дал 700000 евра за мостот на аларова. А кај него пред врата не си погледнал. Или па погледнал ама тендерите за мостот поубави му се виделе!


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Mar-2008 at 16:20
Еден друг агол




Posted By: lslcrew
Date Posted: 24-Mar-2008 at 18:35
Зашто имам впечаток дека малце се успори работата тука?!


Posted By: La Linea
Date Posted: 04-Apr-2008 at 23:57
Тектов е полн со типичен новинарски булшит како споредувањето на Скопје со другите европски метрополи и напумпани фрази од типот „единствено во регионот“. Но ќе одговори на многу прашања околу катната гаража и бев пријатно изненаден од тоа што го прочитав. Cheers
http://www.utrinski.com.mk/print.asp?ItemID=3403FAE272380549B04EC17BCDB2EEE9">


Во Скопје се раѓа деловно-банкарски центар

Во рамките на овој „сити центар“ се гради и модерна катна гаража за 500 возила

Деспина Трајковска

Скопје полека, но сигурно го добива својот нов деловен центар во централното градско јадро. На растојание од нецел километар, веќе се сконцентрирани голем трговски центар, факултет, седиштето на Европската унија, се гради комплексот на НЛБ Тутунска банка, а наскоро се очекува на едно место, во поранешната зграда на НИП-от да се преселат голем дел од буџетарите и централата на ИК банка. Во непосредна близина на „Рамстор“ пак, наскоро треба да се постават темелите на уште еден деловен објект и ексклузивен хотел.

Сите овие субјекти меѓусебно одвоени со мали растојанија ги исцртуваат контурите на „сити центар“ на Скопје, сличен на оние во европските метрополи. Современата нишка на комплексот дефинитивно ќе ја „влече“ првата катна гаража во градов, која се гради како дел од банкарскиот комплекс на НЛБ Тутунска банка. Таа ќе треба да ги задоволи потребите за паркирање. Паркирањето е еден од главните проблеми во центарот на градот, па со изградбата на катната гаража тој проблем треба да се намали.

Инвеститорите на гаражата, која практично претставува дел од проектот за деловниот објект на НЛБ Тутунска банка, се убедени дека таа ќе претставува полн погодок за центарот на Скопје. Посочуваат дека гаражата ќе има капацитет за паркирање за околу 500 возила, а банката, за своите потреби, ќе има сопствен подземен паркинг.

Ајдован Адемовски, сопственик на фирмата „Сити плаза“, која е делумен инвеститор на катната гаража и деловниот објект, вели дека комплексот треба да биде комплетно завршен најдоцна до септември. Според проектот, и двата објекта имаат приземје и пет ката. Катната гаража ќе биде една од најсовремените во регионов и ќе има осум нивоа за паркирање, ако се има предвид дека покрај приземјето и петте ката, објектот има и две нивоа за паркирање под земја. Единствено во тој дел возилата ќе се паркираат преку рампа-систем, додека на катовите ќе се искачуваат со товарен лифт.

„Овој современ принцип на паркирање ќе го спроведуваат специјално вработени лица, односно, возачите само ќе го остават клучот од возилото, а се' друго ќе биде наша работа. Оваа услуга воопшто нема да значи дека паркирањето ќе биде прескапо, ќе чини приближно колку и услугата што се нуди на блиските јавни паркинзи“, вели Адемовски.

Предвидено е приод до катната гаража да има од кај „Рамстор“, односно од насока на Јужниот булевар, додека за излезот од гаражата треба да се одлучи деновиве. Карактеристично за катната гаража, што не е случај со другите во регионов, е тоа што објектот ќе биде целосно затворен, а можност за паркирање ќе има и на покривниот дел од објектот. „Единствено тоа ќе остава впечаток дека станува збор за катна гаража и тоа доколку се гледа од некој повисок објект“, посочува Адемовски.

Тој категорично ги отфрла шпекулациите дека наместо катна гаража таму се гради хотел. Увид во досегашните градежни активности неделава направи и Градежната инспекција од Општина Центар. Инспекторите велат дека работите на терен се изведуваат според предвиденото и додаваат дека „засега, секоја шајка е на место предвидено со проектот врз основа на кој е издадена дозволата за градба на катна гаража и деловен објект“.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3403FAE272380549B04EC17BCDB2EEE9 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3403FAE272380549B04EC17BCDB2EEE9



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Apr-2008 at 00:34
Предвидено е приод до катната гаража да има од кај „Рамстор“, односно од насока на Јужниот булевар, додека за излезот од гаражата треба да се одлучи деновиве.


WTF?!?

 Crazy


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 05-Apr-2008 at 21:00
noviot render ne mi se sviga, stariot render so poveke staklo bese po moderen.


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Apr-2008 at 21:10
Originally posted by pbanks


Единствено решение е колите да се качуваат горе со лифтови но тоа ми звучи чудно/неефикасно. Со толку катови ќе треба да има барем 4 лифта (јас колку што видов има инсталација за два лифта) за да иде работата како што треба и веројатно ќе треба колите да ги качуваат спуштаат авторизирани лица а не секој да се вози горе доле. Сепак ова ми звучи нереално но останува да видиме.


Bow добро ја предвидов работата Уште сум скептик околку тоа како сето тоа ќе функционира


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Apr-2008 at 01:41
Абе и мене ми е мутно некако, уште не ми е све јасно како ќе се паркира, ама битно ќе се паркира. Ај ќе видиме, и кај нас нешто вакво во тек со светските трендови.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Apr-2008 at 01:48
Колку само си имаме проблем што не ни е изграден јужен булевар. А башка овој дел некако не ми е многу прикладен со урбанистичкиот план. Така е кога секоја будала изиграва архитект, па после ќе се крпиме со улички.


Posted By: pbanks
Date Posted: 30-Apr-2008 at 17:42
Одавна немаме апдејт за овој проект но и нема некои големи промени визуелно. Еве една ретро слика, дупката која седеше со години пред да почне градбата.




Posted By: blejdsk
Date Posted: 03-May-2008 at 18:48
eve eden UPDATE ,,










-------------





Posted By: La Linea
Date Posted: 26-May-2008 at 20:33
Многу забави темпото на работа... нема видлив напредок последниве 2-3 недели... 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: nikla802
Date Posted: 28-May-2008 at 02:10
 Предлог за фасадно обликување на објект CITY PLAZA во градба од ДНА Архитекти.

1.


2.


3.


4.



Posted By: nikla802
Date Posted: 28-May-2008 at 02:11
.. се извинувам морам да се дополнам....ништо од предлогот


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-May-2008 at 11:19
Убаво. На прв поглед не ми се допаѓаа лилаковите детали но потоа "ми легнаа". Претпоставувам дека изборот потекнува од корпоративните бои на НЛБ Тутунска?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-May-2008 at 11:24
Мене ова некако ми изгледа поскапо за изведба од претходните, ама па е многу поубаво од претходните.


Posted By: vardar
Date Posted: 28-May-2008 at 12:04

Дефинитивно најдобар предлог што сум гo видел до сега со исклучок на лилаковите детали кои воопшто не ми "легнаа" како на пбанкс. Smile



Posted By: pbanks
Date Posted: 28-May-2008 at 12:17
Originally posted by vardar

Дефинитивно најдобар предлог што сум гo видел до сега со исклучок на лилаковите детали кои воопшто не ми "легнаа" како на пбанкс. Smile





Знееш како е.... Кога скролувам нагоре не ми се свиѓа (на погорните слики). Но на долната изгледа добро.


Posted By: vardar
Date Posted: 28-May-2008 at 12:21
Значи сакаш да кажеш кога не се гледа  (навечер како на последниот рендер) ти се допаѓа а преку ден не????? Poke Poke Poke Big%20smile


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-May-2008 at 12:25
Originally posted by vardar

Значи сакаш да кажеш кога не се гледа  (навечер како на последниот рендер) ти се допаѓа а преку ден не????? Poke Poke Poke Big%20smile


LOL тоа ти е дипломатски тип сум по природа


Posted By: dejan
Date Posted: 28-May-2008 at 12:55
Jas mislam super ke izgleda. Mene mi se dopagja! Barem nema 'kupola'


Posted By: vardar
Date Posted: 28-May-2008 at 13:03
Е супер ќе изгледаше само изгледа ти го утна овој пост
 
Originally posted by nikla802

.. се извинувам морам да се дополнам....ништо од предлогот


Posted By: dejan
Date Posted: 28-May-2008 at 13:05
Aa da, go vidov toa...mislev nesto drugo sakase da kaze niklaShifty


Posted By: Djole88
Date Posted: 28-May-2008 at 13:09
dali nekoj znae zosto nastanala promena od prvicnata zamisla, sto seuste stoi na tablata kaj sto se gradi. I dali se znae konecniot izgled i koga kje se zavrsi ova. Spored mene ova kje dojde kako ogromno osvezuvnje za gradot


Posted By: dejan
Date Posted: 28-May-2008 at 13:11
Kako prvo, dobro dojde Djole88, gledam vo ista godina sme rodeniYes
Kako ftoro, neznam



Print Page | Close Window