Print Page | Close Window

Битолски сообраќај (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Градска инфраструктура
Forum Discription: Улици, булевари, сигнализација, јавен превоз...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=643
Printed Date: 28-Mar-2024 at 21:56


Topic: Битолски сообраќај (општо)
Posted By: beTon
Subject: Битолски сообраќај (општо)
Date Posted: 14-Oct-2008 at 10:23

http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=261:kamioni&catid=14:vesti&Itemid=26&strana=16 - Тешките камиони ќе одат на битолската обиколница

Ќе се асфалтираат десет од тампонираните улици и уште четири други кои допрва ќе се реконструираат

Битола - Финишира реконструкцијата на битолските сообраќајници и улици што започна оваа градежна сезона. Од денеска околу 15 од тампонираните патишта, меѓу кои и транзитната обиколница која е дел од магистралниот пат М-5, ќе се асфалтираат. Со тоа се очекува сообраќајот да се пренасочи на обиколницата и градот да се растовари од движењето на тешките товарни возила по тесните градски улици. Работите ќе ги изведува градежната фирма „Маврово инженеринг“, која го доби тендерот распишан од Општината.

„Ќе се асфалтираат десет од тампонираните улици и уште четири други кои допрва ќе се реконструираат. Тука влегуваат ’Индустриска‘, ’Никола Тесла‘, улиците ’Пецо Божиновски‘ и ’Столарска‘, ’Широка‘, како и улицата ’Железничка‘, така што ќе се доврши и кракот од магистралата М-5. За една недела ќе се асфалтира и улицата ’Прилепска‘“, вели Зора Симјановска, раководителка на Комуналното одделение во Општина Битола.

Напоредно со асфалтирањето, новата транзитна обиколница, која зафаќа 2.300 метри, ќе добие и осветление. Светилки ќе бидат поставени во должина од три километри.

Реконструкцијата и изведувањето на подземната инфраструктура на сообраќајниците и помалите улици на периферијата од градот се финансирани од буџетот на Општината, додека, пак, изградбата на обиколницата, со која се очекува да се растоварат дел од сообраќајниците во градот од тешките товарни возила, се гради со средства на Европската агенција за реконструкција.

http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=261:kamioni&catid=14:vesti&Itemid=26&strana=16 - Битола Инфо

http://bitolski.makmreza.com/FullInfo.aspx?NID=353671c8-e8da-4c97-9864-a6df430a7a02 - БИТОЛА ЌЕ ДОБИЕ НОВ, ЕВРОПСКИ ЛИК - Битолски Весник 06.08.2008

Веќе подолго време Битола наликува на вистинско градилиште. На многу делови од градот, градежната оператива на “Гранит”, “Нискоградба”, “Мак-Строј”, “Урбан инвест’ интензивно работат на довршување на голем број од започнатите инфраструктурни проекти. Се работи би рекле ударнички, дури и на температура од плус 35 степени. Додека илјадници наши сограѓани во овие топли августовски денови се разладуваат покрај дебелите сенки и ладните езерски и морски води, градежните работници и локалната самоуправа на Битола, под будното око на градоначалникот Талески се “капат” во пот и интензивно работат на довршување на започнатите инфраструктурни објекти. Деновиве во локалната самоуправа во Битола, дури во шега ни рекоа дека поради големиот број започнати работи на голем број проекти, градежната оператива не може да ја следи динамиката на изведување на работите, па се чувствува недостигот од градежна работна сила и механизација во градот.
 Навистина во Битола ваква динамична изградба на толку многу инфраструктурни проекти одамна немало. Активностите на голем број инфраструктурни објекти беа повод за ова летно интервју со градоначалникот Владимир Талески.

Битолски весник: Господине Талески на кои проекти моментно е сконцентрирана локалната самоуправа?
Владимир Талески: Работиме на повеќе приоритетни проекти кои се дел од Програмата на Советот, што тој ја носи секоја година. Таа програма е многу обемна, бидејќи проблемите кои ги наследивме од претходната власт на СДСМ беа големи. Ние се трудиме во рамките на нашите можности и во зависност од големината на буџетот, дел од тие проекти, предвидени со Програмата да ги реализираме. Воедно, како локална самоуправа аплицираме за добивање на средства за одредени проекти од Владата, а со нашето аплицирање успеваме да добиеме позитивен одговор за одредени донации, финансиска поддршка и од европските фондови. Во ова прилика сакам да нагласам дека истовремено, има доста и битолски приватни претпријатија кои ни помагаат и од повеќе аспекти се обидуваме да реализираме поголем дел од она што е приоритет во градот.

Б.В.: Општ впечаток на јавноста е дека во реализацијата на сите овие проекти влеговте доста амбициозно. Дали и Вие го делите таквото мислење?
В.Т.: Како локална власт навистина влеговме во остварувањето на една амбициозна програма, за која сметам дека со поддршка на јавните претпријатија, на нашите раководители, на јавната администрација во Општината и поддршката која секојдневно ја добиваме од граѓаните, се обидуваме да ја реализираме максимално колку што можеме. Но знаете, покрај испланираните обврски излегуваат и некои други работи кои не биле предвидени и треба дополнително да се реализираат. Активностите кои се однесуваат на асфалтирањето, главно досега ги изведува градежната фирма “Гранит” и тука навистина имаме една обемна работа и се обидуваме да опфатиме што повеќе пунктови во градот.

Б.В.: Според Вас кој е најкрупен инвестиционен проект што моментно го изведувате?
В.Т.: Проектот на улицата “Прилепска” која се протега до улицата “Железничка” е еден од најкрупните проекти за оваа градежна сезона, а е дел од проектот М5 кој го добивме преку Програмата Интерект 3. Тој не само што е најголем, туку е и најскап проект, чија вредност е околу 750 илјади евра и со него е предвидено комплетно асфалтирање на целиот тој дел со промена на азбестните водоводни цевки, и се она на што стручните екипи ќе делуваат.

Б.В.: До каде се активностите за реализација на проектот за влезот во градот?
В.Т.: Проектот за влезот на Битола дополнително се наоѓа во Владата на ревизија и доколку не постојат одредени проблеми со прашањата за експропријација, мислам дека ќе се реализира и тој крупен проект во градот.

Б.В.: Изминатиот период бевте преокупирани со асфалтирање на голем број улици. Кажете ни кои улици се комплетно завршени?
В.Т.: Веќе се завршени неколку улици во градот како: “Ружа Делчева”, “Васко Карангелевски”, “Социјалистичка”, “Народни херои”, “АСНОМ”. Деновиве ќе се асфалтира дел од улицата “Железничка” и потоа екипите ќе се префрлат кон асфалтирање на улицата “Прилепска”. Потоа ќе се премине кон реализацијата на проектот М5, кој е доста комплициран и сложен зафат од делот на улицата “Прилепска” каде што е Ветеринарната служба, и оттаму до мостот ќе се копа целата улица, ќе се менува канализацијата и по нејзиното покривање и тампонирање, истата ќе се асфалтира. Бидејќи овој дел од градот е доста фреквентен, тој дел ќе го оставиме за на крај и сите капацитети ќе ги насочиме кон реализацијата на тој проект.

Б.В.: Оваа година конечно започна реализацијата на улицата “Железничка”, која беше долги години “чир на градот”?
В.Т.: Улицата “Железничка” ја ветивме и како што можеме да видиме истата и ја реализираме. Во голем дел таму покрај училиштето “Коле Канински” веќе е комплетирана целата подготовка за асфалтирање, решено е и прашањето со експропријација, отстранети се објектите кои пречеа, се изведуваат тековни активности и за брзо време улицата “Железничка” ќе биде финиширана во оваа градежна сезона.

Б.В.: Оваа градежна сезона многу се работеше и на дотерување на градот, на поплочување и уредување на тротоарите и другите површини?
В.Т.: Интервенираме и во градските средини. На пример, го завршивме делот од спротивната страна на Саат кулата. Таму се поставени канделабри, патеки. Деновиве започнаа активностите за изградба на пешачка патека од мостот до следниот мост, спроти “Саат кулата”. Пред Судската зграда се поставува патека идентична со патеката пред Општинската зграда, пешачки патеки се поставени наспроти Автобуската станица. Исто така на улицата “Борис Кидрич” ќе се постави комплетно нова пешачка патека, но претходно таму инфраструктурно ќе се реши осветлувањето и телекомуникациите. И тука на тој дел се планира дополнително и паркинг простор кој се надевам дека наскоро ќе заврши.

Б.В.: Доста бевте ангажирани и за изградба на спортски игралишта?
В.Т.: Се градат и спортски игралишта во повеќе училишта во градот и во селските средини. Тука заедно со Агенцијата за млади и спорт при Владата на РМ, се трудевме да им излеземе во пресрет на сите кои побараа изградба на такви спортски објекти. Ние во границите на нашите можности се обидуваме да ги задоволиме сите барања. Тука ќе помогнеме и со дополнителни средства од буџетот. Навистина реализираме доста проекти кои бараат доста финансиски средства, но Општината Битола има капацитет истите да ги реализира.

Б.В.: За реализација на сите овие инфраструктурни зафати, ќе признаете дека се потребни доста пари. Дали локалната самоуправа има средства за реализација на сите овие проекти и како се тие обезбедени?
В.Т.: Годинава, локалната самоуправа максимално се погрижи да ја реализира Програмата, бидејќи во изминатиот период успеавме да ги вратиме сите долгови што ги наследивме од претходната власт на СДСМ. Воедно со максимално домаќинско и ефикасно работење на локалната администрација успеавме во голема мера да го зајакнеме и буџетот на Општината.


Б.В.: До каде се активностите за ревитализација на “Тумбекафе”, проект кој исто така го најавивте дека ќе го реализирате до крајот на Вашиот мандат?
В.Т.: За проектот “Тумбекафе” веќе е прецизирано со директорите на јавните претпријатија како ќе се реализира сето тоа и воедно задолжен е човек од Општината, кој ќе го води проектот. Во тек е изготвувањето на План-програмата, тајмингот кога ќе се стартува и се како ќе изгледа. За поголема интервенција на “Тумбекафе” неопходен е детален урбанистички план, кој не се донесува за брзо време. Неговото донесување го очекувам кон крајот на годинава и затоа во меѓувреме работиме на чистење и средување на зелените површини, патеките, осветлувањето, поставуваме клупи за седење, корпи за отпадоци и правиме едно пријатно рекреативно катче за граѓаните. По донесувањето на ДУП, ќе избереме по пат на оглас најдобро идејно решение за проектот “Тумбекафе” и дури тогаш ќе размислуваме за еден поинаков изглед на ова место.

Б.В.: Најавивте изградба на споменикот на Филип Втори. До каде се активностите за неговата изградба?
В.Т.: Споменикот на Филип Втори е завршен и деновиве ќе пристигне во Р. Македонија. Споменикот се изработуваше во леарница во Нови Сад. Но, тој ќе биде ставен одредено време во мирување, бидејќи претходно сакаме инфраструктурно да го средиме местото каде ќе биде поставен. По завршувањето на инфраструктурниот дел и постаментот, споменикот ќе биде поставен.

Б.В.: Деновиве Битола беше прогласена за град во кој има најдобра бизнис-клима во конкуренција на 20 градови во Југоисточна Европа. Што претставува тоа признание за Вас?
В.Т.: Досега имавме добиено многу награди и признанија од значајни релевантни институции. Но, најмногу и се израдувавме на последната и најважната, а тоа е признанието што Светската банка ни го додели, бидејќи сме Општина која според нивните критериуми е најдобра во условите кои ги дава за таканаречениот “Дуинг бизнис”, и беше прекрасно да се чуе дека Битола како град на културата, град на конзулите, на клавирите, е прв град во бизнисот во споредба со 22 града од 7 земји од Југоисточна Европа. Имаме како Општина одлични оценки за работата и од реномираната УСАИД и од ЗЕЛС.

Б.В.: До каде се активностите за изградбата на Индустриската зона “Жабени”?
В.Т.: Индустриската зона “Жабени” е најдобро подготвениот проект и ниту една друга општина во државава нема изготвено таков проект. Индустриската зона “Жабени” е заокружена со целата документација и досега имам потпишано неколку градежни одобренија. Заедно со директорот на Индустриската зона и директорите на јавните претпријатија се договараме од кој дел и кога ќе стартуваме со инфраструктурните активности кои ќе ги направи Општината Битола.
 Во Индустриската зона партиципира Општината која ќе ја среди целокупната водоводна мрежа, одводната канализација, атмосферската и фекална канализација, ќе се среди телефонијата, се инфраструктурно ќе се среди и по примерот на светските индустриски зони и ќе направиме парцели кои кога ќе бидат готови, Владата ќе ги објави на тендер и заинтересираните да можат тоа регуларно да го добијат.
 Општината Битола убеден сум дека е во врвот на европските општини со својата подготвеност да се понуди пред идните инвеститори. Оние процедури кои би му одзеле време на секој еден инвеститор на пр. 6 месеци, сето тоа во нивно име го среди Општината. Имаме површина за крупни инвестиции од 86 хектари која е сега подготвена, со можност понатаму доколку има потреба да се развива во фази до 230 хектари, за идните 50-тина години. Индустриската зона оној момент кога ќе биде полна со објекти, предвидени се вработувања за 5.000 граѓани на Битола.
 Во оваа прилика сакам да кажам дека ќе мора да ги разочарам луѓето од СДСМ кои не обвинија каде се парите предвидени за електрификација на Индустриската зона “Жабени”, дека парите се наоѓаат во МЕПСО и одделени се за електрификација на Индустриската зона.

Б.В.: Деновиве опозицијата, преку пратеникот Јани Макрадули Ве обвини дека малку сте направиле во градот и изјавија дека ќе поднесат кривични пријави против Вас. Како ги коментирате Вие таквите изјави?
В.Т.: Некои луѓе од опозицијата кои деновиве ме нападнаа, живеат во некоја зона на самракот, немаат ниту преку советниците од нивните партии информации, ниту пак од граѓаните. Ревизијата која тие ја бараат, сакам да ги информирам дека е направена од страна на државните институции и из-вештајот го очекуваме. Некој од нив се чуди по кои крите-риуми Општината Битола напреднала, но во оваа прилика ќе ги информирам дека кога ги даваа изјавите, веројатно мислеле на некој друг дел од државата, претпоставувам на источниот. Во Битола имаме активности кои ја развиваат Општината, и жалам што некои поранешни наши сограѓани се луѓе кои својата душа ја дале на некој друг град.

Б.В.: Макрадули најави против Вас и поднесување на кривични пријави.
В.Т.: На минатонеделната вонредна седница на ЗЕЛС, градоначалниците од редовите на СДСМ не дојдоа и доставија писмо од Штабот на партијата во кое го откажаа учеството. Мислам, дека СДСМ се наоѓа во една голема криза. ЗЕЛС нема обврска да соработува со политичките партии и мислам дека врз градоначалниците партијата вршела притисок да го напуштат ЗЕЛС, да прават деструкции. Додека на состанокот разговаравме на таа тема, и настаните околу градоначалникот на Струмица Заев, и баравме начин за излез од ситуацијата, паралелно некој од СДСМ информиран за тој состанок дојде во Битола, мислејќи дека е во Струмица и почна да се занимава со криминалните теми. Но, ќе го информирам Јани Макрадули, дека криминал во Битола нема. Тој набрзина дојде во Битола, за да исчита некои фрагменти од неговите советници и во својата паника и очај за излез од кризата во која се наоѓа неговата партија, дури стана експерт за локални теми. Но, штом е експерт за локалните теми во Битола, еве јавно го повикувам да повели на престојните локални избори нека биде мој противкандидат од СДСМ. На сите ние е познат последниот резултат од предвремените избори, можеби Макрадули истиот ќе го смени, но во која насока ќе видиме.

Б.В.: Битола ги живее фестивал-ските денови на “Бит-фест” Колку сте задоволни од досега прикажаното на овој фестивал?
В.Т: “Бит-фест” годинава е преполн со културни настани. На стартот на фестивалот беа во план 75 настани и кажавме дека нема да се држиме строго до таа бројка. Годинава, имаме одлична соработка со организаторите на “Охридско лето”, дел од тие манифестации беа дел од Битолското културно лето. Тука ќе ги споменам настапите на “Леб и сол”, Влатко Стефановски и многу други. Првата половина на август ќе имаме чест да ја видиме преставата на Питер Брук, врвно име во светската театарска уметност.

В.М. Младеновска


 

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1043&Itemid=36 - ПОРАДИ ГРАДЕЖНИОТ БУМ ВО БИТОЛА: Поместен рокот за нова улична сигнализација

Асфалтирањето на главните улици во Битола го одложи поставувањето на вертикалната и хоризонталната сигнализација. Фирмата “Вија Сигнал“ дури минатата недела почна да ги обележува пешачките премини и сообраќајниците, а замената на старите и поставувањето на нови сообраќајни знаци се уште не е почната. Според општински извори, се чека да се потпише договор со фирмата која ќе ги набави и постави сообраќајните знаци. На јавниот повик првоизбраната фирма не доставила навреме банковна гаранција, па според тоа општинските власти го избрале вториот најповолен понудувач, фирмата “Вија Сигналз“.

Замената на старите и поставување на нови сообраќајни знаци по еврпски стандарди, според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот донесен врз основа на овој Закон, требаше да се случи до крајот на декември минатата година.

Важно е да се напомене дека по иницијатива на Автомото друштвото од Битола до крајот на годинава дигитални одбројувачи на време треба да добијат сите семафоризирани крстосници. Во Битола од вкупно 11, досега вакви тајмери се поставени само на три крстосници. Ваквата иницијатива ја финансира Друштвото со вкупно еден милион денари. Според податоците на МВР, во Битола, во првата полвина на 2008 година, односно во периодот јануари-јуни се случиле 50 сообраќајни несреќи со настрадани, што претставува намалување за 13 отсто во споредба со лани, истиот период. Намален е и бројот на жртви, од пет на две, како и бројот на повредени лица од 97 на 74 во сообраќајна незгода.
http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1043&Itemid=36 - Porta3 - Н.Ч. - број 91




Replies:
Posted By: BOJAN
Date Posted: 14-Oct-2008 at 10:32
Морам да кажам дека Битола нема толку капитални проекти како Прилеп. Не велам дека битолскиот градоначалник не работи ништо, но Прилеп последниве години е препороден, па доколку не сте биле последниве години нема да го препознаете.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 23-Nov-2008 at 01:50
     

Битола ќе добие нови влезови во градот
понеделник, 27 октомври 2008


Општина Битола ќе гради нови влезови во градот од страната на Прилеп и Охрид, а ќе се уреди и постојниот кон Грција

      


Општина Битола обезбеди средства за изградба на влезовите во градот од страната на Прилеп и Охрид, а со помош на државата ќе се уреди и влезот од страната на Република Грција.

- Ги добивме првите педесет, од вкупно сто и дваесет милиони денари колку што ќе бидат обезбедени веднаш по нова година за сообраќајниот влез од страната на Прилеп. Кај месноста Дулие ќе има голем кружен тек со булеварски дел во четири ленти, потврди битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Општина Битола ја заврши админстративната поткрепа за сообраќајниот влез од страна на Ресен, додека третиот влез од страната на Грција ќе го уредува Фондот за патишта на Република Македонија.


преземено од: http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=17851 - http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=17851

P.S. Има нешто многу позитивно во оваа вест: Таа сликата што ја гледате тука горе (та шо е од сајтот на кирилица) е истата што ја сликав ЈАС и постирав на форумов (само ја секле малце)! Ја имам постирано во слики од Битола. А пошто ја нема нигде друго место (освен на imageshack.us, ама оттаму не може да пребаруваат), значи дека од овој (владин) сајт, некој го чита форумов Е сега колку е тука позитивно со оглед на тоа што никој не презел ништо, само ми украл слика Додуша нема авторски права, еве ако го читаат ова, им ги подарувам ним авторските права. Само за инфо за која слика зборувам:



или втората слика во нишкава: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=211&PN=1 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=211&PN=1

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Nov-2008 at 02:33


Thumbs%20Up


Дефинитивно не читаат многу повеќе луѓе отколку што имаме членови, а и трендот е прилично стрмно нагоре. Тоа можам со сигурност да ти го потврдам бидејќи ја следам статистиката за сообраќајот на сајтов.
Инаку и мене од Порта3 ми ја лапнаа скицата за клучката Бит-Пазар. Тоа само значи дека помеѓу тие што пасивно читаат има веќе и порелевантни „гости“ што е и цел на форумов.
Cheers


Туку ајде дај координати каде се наоѓа „месноста Дулие“  Smile





Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Nov-2008 at 03:58
@Гитардемон Thumbs%20Up

Што се однесува до Битола, Битола има доста транзитен сообраќај којшто иде према грција и транзитен сообраќај прилеп-охрид и обратно. Кога ќе бидат готови автопатите што се планираат да идат према Битола, тогаш ќе биде време да се размислува и за обиколница околу Битола за да избегне транзитниот сообраќај да иде низ градот. Трасата прилеп-охрид и не е толку критична, но трастите прилеп-грција и охрид-грција директно го загрозуваат градското јадро, така да треба да се размислува околу овие две траси.



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Nov-2008 at 13:32
Обиколница на правец Прилеп-Ресен што му доаѓа како северна обиколница веќе има. Значи фали само источна обиколница.
А за автопатите подобро да почекаме и да видиме кои ќе се градат.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 23-Nov-2008 at 15:59
Па има повеќе работи, мислам дека треба да си имаат своја нишка работите за Битола (може да се преместат сите постови за Битола во неа)... Сепак во контекст на муабетов, еве ви го проектот кој неодамна се реализира, и можам да кажам дека е навистина добро испадна (освен што се реновира патот споменат во веста, се проби и нов пат кој се поврза со еден стар кој исто така се обнови, и на некој начин е една 'обиколница' иако е во градот, поминува низ оддалечени населби каде што нема многу сообраќај).

Еве ја веста:


Проектот е во рамките на програмата за меѓугранична соработка со Р.Грција, INTERREG 3, во висина од 820.000 евра од кои 10% е учество на општината. Со проектот се предвидува реконструкција на делот од автобуската станица до раскрсницата кај Дулие, опфаќајќи го целиот потег преку селската автобуска станица.













Ова е дулие


И ова е дулие


Ова е кај автобуската, патот кој (ако сте дошле со автобус некогаш) отсекогаш бил со коцка и беше влез за автобусите во градот.


Преземено од: http://www.bitola.gov.mk - http://www.bitola.gov.mk

А сега ќе ви постирам мапа каде е тоа дулие, и каде се простира овој новиот пат. Инаку има само една нелогична работа, тој новиот пат го изградија како ново решение за камионите, а низ градот (кога бев последен пат сеуште се градеше) видов знаци кои ги преусмеруваат камионите во сосема спротивен правец од новиот пат!? Дали било привремено решение или навистина планираат камионите низ градското подрачје да поминуваат не знам. Ќе видите за што зборувам.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 23-Nov-2008 at 16:49
 Не можев да се снајдам со овие програмите за уредување за Mac, ми треба малку време да проучам Сепак извадов скриншатови ама не можам некако да додадам текст, треба преку уредувач за текст... долга процедура. Еве тука ги имате координатите од дулие (тие што се долу во линијата со координати). Дулие е таа крстосницата со 4 помошни за вртење десно (во горниот дел на сликата, близу до средината). Знам дека не помага вака, но не можев да се снајдам со програмите.

http://img526.imageshack.us/my.php?image=picture1zo7.png">

Многу запуштено беше (се гледа од горните слики) сега веројатно ќе заличи на нешто, викаат две со две ленти ќе биде патот. Да видиме Cheers


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 18-Jan-2009 at 01:19

2 милиони евра за патиштата во Битола
Сабота, 17 Јануари 2009 17:20
CVETANKA%20za%20patistata%20sl%20001Каква е иднината на патиштата во Битола? Планот на министерството за транспорт и врски за изградба на локални и регионални патишта е во фаза на реализација, а општините сеуште имаат можност за аплицирање со проекти:

 Тоа е проектот со Светска банка и Европска банка за реконструкција и развој во износ од 120 милиони евра, значи 70 милиони евра се обезбедени од Светска банка,

а 50 милиони евра од Европска банка. Половина од тие средства ќе се користат за регионални патишта, а половина за локални патишта. Веќе проектот за регионални патишта стартуваше, а за локални ќе стартува во февруари, вели Миле Јанакиевски, министер за транспорт за транспорт за врски.

Општина Битола веќе аплицирала со повеќе проекти важни за градот. Владата извршила една ревизија, а во тек е нејзина ревизија од страна на Светска банка.

 Убеден сум дека пролетва, веројатно не сега пред изборите и за време на изборите, но пролетва штом се финишира тој дел, општините ќе ги добијат средствата. Меѓутоа, тоа нема да биде оној класичен начин на добивање на средствата, на пример општината да ги добие тие и тие средства. Убеден сум дека формата ќе биде преку фондот за патишта, односно тендерите за изградба и реконструкција на патиштата, веројатно ќе ги прави повторно министерството за транспорт и врски, односно фондот за патишта, вели Владимир Талески, градоначалник на Битола.

Вкупните финансиски очекувања на Талески во овој дел се околу 2 милиони евра:CVETANKA%20za%20patistata%20sl%20002


 Овој пат, првиот пат за Општина Битола конкретно се работи за вредност од 1 милион и 200 000 евра и втората можност е некаде 70 до 80 проценти од првата сума, со нова инфраструктура, што ќе биде поволност исто така и за општината. Значи, вкупно се работи за некои 2 милиони евра кои што би требало според сето ова како што е досега нагласено откако ќе се заврши целата тендерска постапка, откако ќе се направи целата ревизија на проектите, очекуваме некаде 2009 година, вкупно помош на нашата општина или реализација на проекти од околу 2 милиони евра, додава Талески.

На синоќешната трибина граѓаните имаа можност да даваат свои предлози и сугестии по однос на приоритетните патишта. Во присуство на министерот за транспорт и врски, претставници од министерството, како и други претставници од катастар и имотно правни работи граѓаните имаа можност да добијат одговори и на повеќе прашања од овие области.

Цветанка Ристевска



Преземено од: http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3476&Itemid=106 - http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3476&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-Apr-2009 at 20:26

Битола почнува нова градежна офанзива
Четврток, 02 Април 2009 16:54

NATASA_gradezni_rabori_sl_001

Општината Битола од денеска ги почна интензивните градежни зафати, односно ги продолжува инфраструктурните активности од минатогодишните договори кои поради временските услови беа прекинати. Една од локациите каде што се работи е улицата во населбата Карпош која се подготвува за нов асфалт. Ведна потоа ќе почнат градежни работи на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ" која е во лоша состојба.

-Се работеше водоводна инсталација која беше многу застарена, имаше многу прекопи, во моментот и Телеком поставува своја мрежа, потоа ќе вршиме асфалтирање - вели Зора Симјановска, раководител на општинско одделение за комунални работи.

NATASA_gradezni_rabori_sl_002

За ден или два, вели Симјановска, ќе почне да се санира и улицата „Иво Лола Рибар". Паралелно ќе се работи и во населбата Мал Париз.

-Пробиваме улица во Мал Париз која е со земјен коловоз, има постоечка водоводна мрежа, сега проверуваме дали има евентуално дефект во канализационата мрежа, ако има ќе ја реконструираме, постоа следува пробивање на улицата - додава Симјановска.

Освен коловозните санации, општината на неколку локации ќе изведува и подземни инсталации.

NATASA_gradezni_rabori_sl_003

-Во населбата Јени Маале продолжува реконструкцијата на водоводната мрежа, тоа со средства од државниот буџет, а со општинскиот буџет водоводна инсталација и канализација согласно програмата за уредување, работиме во населбата Буковски ливади. Таму ќе пробиваме и улица, „Апостол Здравевски" - вели Симјановска.

Градежните работи кои почнуваат овој период, се најавува дека ќе завршат за околу еден месец.

-Овие беа застарени улици од минатите години, со старост од 30 години, со право граѓаните реагираа - вели раководителката на одделението за комунални работи.

Со конституирањето на новиот совет следува формирање на нова комунална програма за новата градежна сезона.

- Приоритетите ги утврдивме, тие се утвредени и со развојните програми кои се однесуваат за период од три години - додава Симјановска.

Поголемиот дел од инфраструктурните и комунални актвности се финансирани од општинскиот буџет, а дел со пари од држаниот буџет. Општината и оваа година ќе настојува дел од потребните средства за реализација на проектите да обезбеди од ИПА фондовите за прекугранична соработка.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5996:xzcvzxvc&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5996:xzcvzxvc&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 15-Apr-2009 at 12:15

Градоначалникот Владимир Талески денес ги обиколи улиците коишто деновиве се асфалтираат во населбата Карпош во Битола.     
    Улиците во населбата Карпош, односно нивното повторно асфалтирање, се само еден од 14-те проекти кои беа планирани да се реализираат во вкупна вредност од 9.000.000 денари.
    Со асфалтирањето на улиците во Карпош, пробивањето на улицата "Железничка" и реконструкцијата на улиците од проектот М-5,  се заокружува еден дел од Битола со модерни сообраќајници кои ќе го олеснат движењето на возилата.











http://bitola.gov.mk/ - http://bitola.gov.mk/


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 04-May-2009 at 21:28

КРУЖНИОТ ТЕК СЕ „ЗАОКРУЖУВА“

Хроника

http://bitolski.makmreza.com/NewsFiles/RealSize/299b09da-4eb6-4027-86d8-788280998b12.jpg">

Неколкунеделната работа на градежната оператива кај Дулието не остана незабележана од битолчани, а веќе сите кои со љубопитност сакаат да видат како оди работата таму можат да ги видат контурите на новиот влез во Битола, односно да го препознаат новиот кружен тек.
 
Од страна на улицата „Прилепска“ кон бензинската пумпа на „Торпедо-Мобил“ се поставени ивичниците за кракот кој „Прилепска“ ја поврзува со новопробиената улица „Железничка“.
 
Исто така веќе се поставени и електричните инсталации и се обележани местата на кои ќе бидат поставени столбовите за осветлување на улицата од Дулието до крстосницата кај Француските гробишта, од двете страни на улицата. Со оваа инвестиција не само што ќе се осветли овој „опасен“ дел преку железничката пруга, туку ќе се разубави и овој дел од Битола.
 
Паралелно се работи на тампонирање на местото каде ќе се вклучува улицата од кај пругата кон „Прилепска“, на местото каде што досега беше „Даципласт“, а се копа и на Турските гробишта за кракот од кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ кон улицата „Иван Милутиновиќ“.
 
За потребите на влезот на Битола, веќе се урнати објектите на гредежната фирма „Бетон“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ до Дулието, според планот за уредување на влезот односно за проширување на улицата, бидејќи се планира овој дел да биде со четири ленти, по две за секој правец. Поради тоа ќе се дислоцира и бензинската пумпа на „Макпетрол“, а ќе се урнат и времените објекти од пумпата до влезот на населбата Стрелиште.
 
Претходно во овој дел од градот, кај Дулието, се поставени и подземните инсталации, канализацијата и водоводните цевки.
 
По завршувањето на подготвителните работи, асфалтирањето на улиците од овој дел од градот во кружниот тек ќе се постави и фонтана кој ќе биде украс на кружниот тек.
 
Според тоа со каков интензитет се работи на овој проект на локалната самоуправа потпомогнат од Владата на Р.Македонија за брзо време Битола ќе има нов, модерен влез кој долго време го очекуваат битолчани.

С.Ристевски



http://www.bitolski.makmreza.com/FullInfo.aspx?NID=c6da6431-5fd9-4507-bd39-0434bb731d1a - http://www.bitolski.makmreza.com/FullInfo.aspx?NID=c6da6431-5fd9-4507-bd39-0434bb731d1a

Ова е еден од проектите за уредување на (трите) влезови на Битола. Овој беше од страната на Скопје, и беше ужасно запуштен и грд (не дека сега со четирите ленти нешто подобар ќе биде).


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 06-May-2009 at 19:08
Фуере пристигна со воз. Талески очекува пругата Битола – Лерин наскоро да се стави во употреба
Среда, 06 Мај 2009 17:16

CVETANK%20fuere%20vo%20bt%20sl%20001

Евроамбасадорот Фуере и Градоначалникот Талески денеска официјално го пуштија во употреба реконструираниот дел на патот М-5, проект поддржан со средства од европската унија и десет проценти учество на општината. 850 000 евра се од програмата Интерект 3, а останатите вклучувајќи ги и дополнителните првично непредвидени ангажмани ги финансираше општината. Инфраструктурно се делуваше на се што беше потребно за да не биде неопходно дополнително интервенирање.

CVETANK%20fuere%20vo%20bt%20sl%20003

 Денеска сме горди на еден проект со што се покажа дека Општина Битола има капацитет и знае да ги исполнува условите што ги поставуваат европските фондови:навреме аплициравме, имавме добри проекти, комисиите ни ги прифатија и навистина на наша голема заедничка радост сведоци сме денеска на официјалното пуштање на овој проект М5. Нашите граѓани знаат дека тој функционира веќе подолго време меѓутоа баравме еден добар термин каде што амбасадорот ќе биде присутен и затоа досега всушност и не го официјализиравме овој проект, вели Владимир Талески, Градоначалник на Општина Битола.


Обновата на патот е важна за поврзување на пограичните општини.

CVETANK%20fuere%20vo%20bt%20sl%20004

 Обновата на овој пат е поддржана како дел од програмата за прекугранична соработка и целта беше да се олесне транзитниот сообраќај кон Грција. Овој пат е навистина од особена важност во овој пограничен дел затоа што е единствен начин на комуницирање во недостиг на железница, вели евроамбасадорот Ерван Фуере.
 Ваквата комуникација треба да придонесе за промоција на претприемништвото, развој на локалните човечки ресурси, туризмот, како и други проекти поврзани со природата и културното наследство:

 Како што веќе знаете денеска јас со моите колеги допатувавме од Скопје со воз, стигнавме на време и се беше навистина одлично. Јас се надевам дека наскоро ќе го имаме и делот кој што ќе не поврзува и со Грција затоа што на овој начин ќе се испрати една многу позитивна порака како на политички и економски план, вели Ерван Фуере, амбасадор на ЕУ во РМ.
 Успешното реализирање на овој проект за локалната самоуправа е предуслов за реализација и на други предвидени проекти:

CVETANK%20fuere%20vo%20bt%20sl%20002

 Веќе отворивме една голема врата, имаме два прекрасни проекти: овој е инфраструктурен М-5 и уште еден кој што успешно се реализира тоа е во делот на туризмот меѓу Битола и соседниот Лерин, значи прекугранична соработка. Убедени сме дека иднината е токму во меѓуграничната соработка со соседна Грција и во соработка со администрациите на двете држави ќе направиме прекрасни проекти. Се надевам дека ќе има интерес и за индустриската зона, се надевам дека во идно време ќе можеме да ја ставиме во функција и железничката пруга и се разбира многу, многу проекти за кои што сега можеби и самите нема да се сетиме, вели Владимир Талески, Градоначалник на Општина Битола.
  

За добивање европски пари за други проекти општината веќе се подготвувала, општинската администрација се обучувала, а се следеле и сите инструкции на оние кои бараат посебен концепт во аплицирањето.


Цветанка Ристевска
< ="" ="text/"> \n mailto:aktuel@tera.com.mk - aktuel@tera.com.mk



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=7468&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=7468&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-May-2009 at 17:36
Се пробива улица Кукуш во населба Ушици
Вторник, 26 Мај 2009 17:45

natasa%20ulici%20001

Општината Битола почна со реализација на нов инфраструктурен проект - пробивање на улица „Кукуш" во населбата Ушици. Според градоначалникот Владимир Талески овој градежен зафат по својата важност е како и улицата „Железничка" затоа што е децениски проблем на мештаните од населбите Горно Оризари, Стрелиште и Ушици.

natasa%20ulici%20002

-Се работи за нешто помалку од 2 километри каде оваа улица ќе биде пробиена, ќе биде направена, ќе се постават пешачки патеки. Целата инвестиција е некаде околу 9 милиони денари се разбира без осветлувањето, но дополнително целата улица ќе се осветли. Ценевме дека ова е важен проект и мислам дека оваа градежна сезона во целост ќе го реализираме - вели Талески.

natasa%20ulici%20003

И со улицата „Кукуш" се планира да се растерети сообраќајот како што тоа се направи со улицата „Железничка" за централното градско подрачје.

-Многу од мештаните ќе го користат овој дел за да излезат кај Горно Оризари. Тоа е и спојот што ќе го направиме со булеварскиот влез - додава Талески.

Граѓаните од околните населби велат дека овој потег на општината е за поздравување затоа што со години тука им сметала дивата депонија која се создавала, а отсега ќе се олесни и движењето на децата од Горно Оризари кон училиштето „Тодор Ангелески".

natasa%20ulici%20004

-Долго го очекувавме ова. Мислам дека е многу добра работа - вели Киро Јаневски, граѓанин.

Паралелно со овој градежен зафат се работи и на кружниот тек.

-За да го направиме ова до крај како што треба, треба да дислоцираме голема цевка околу 1,5 километар која снабдува со вода голем дел од населението на таа страна. Сега сме во почетна фаза на дислокацијата и тоа ќе ни го комлицира малку животот затоа што околу 100 метри од предвидените средства за асфалтирање на булеварот ќе ги потрошиме за дислокација. Но во секој случај сме во подготовка да почнеме со булеварскиот влез - вели Талески.

Според градоначалникот изградбата на кружниот тек треба да заврши оваа градежна сезона, а во зависнот од средставта со кои ќе располага општината, исто така до крајот на оваа градежна сезона требало да заврши и изградба на половина од булеварскиот влез во Битола.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8213&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=8213&Itemid=106

Ова е навистина значајна вест, и во прилог ви ја давам мојата „скица“ да видите колку е навистина ова важно Тука во близина ќе се гради инаку новиот туш, новиот кружен тек а и влезот од страната на Скопје (кој ќе биде демек булеварско решение, што и да треба да им значи тоа - веројатно 2x2 ленти), инаку дел од М-5. Не сум сигурен дали ќе биде вака пушка прав патот, но тоа е поентата, да се поврзуваат овие 2 населби (таа третата е најгоре најлево на сликата). Инаку ова спаѓа во М-5 и неговата реконструкција (заедно со сите оние вести што ги имав постирано порано) па може да се отвори нишка за реконструкција на М-5.




-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-May-2009 at 18:19
А да отвориме нова нишка „Битолски Сообраќај“? Дури се мислам таму да го вметнеме и делот од М-5к1 што сега поминува низ Битола, бидејќи по тој урнек ги имаме поделено темите за Скопје (урбаните автопати), а исто така е зацртано Битола да има источна автопатска обиколница (дел од коридор 10Д) која ќе биде „вистинскиот“ М-5к1, а моменталнава сообраќајница ќе си остане внатрешна градска која нема да е дел од републичката мрежа.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-May-2009 at 18:27
Не сум знаел за источната обиколница!? Имаш ли некаде таква вест да ја видам? Инаку може битолски сообраќај, мислам дека има доволно вести, само расштркани се низ повеќе нишки.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: beTon
Date Posted: 26-May-2009 at 18:34
добро гитар во контекст на улица Кукуш, ај малку светло на оваа недоумица!
Зошто проектот „Битоласка обиколница“ беше реализиран „про-форма“?
Цели четири кривини на потегот от „Коле Канински“ до „Партизанска„ , а можеше и требаше да нема ниту една. Кој ќе понеси одговорност за таа глупост?
 
http://bitola.gordsys.net/forum/viewtopic.php?t=3748 - http://bitola.gordsys.net/forum/viewtopic.php?t=3748


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-May-2009 at 18:38
Навистина не знам што се обидува да каже човекот. Не ни знам улица Коле Канински во Битола...

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 26-May-2009 at 18:56
Originally posted by гитардемон

Не сум знаел за источната обиколница!? Имаш ли некаде таква вест да ја видам? Инаку може битолски сообраќај, мислам дека има доволно вести, само расштркани се низ повеќе нишки.
Додуша не знам дали имаме регистрирано нешто за ова, но кога еден убав ден ќе се реализира автопат по должината на коридорот 10Д, веројатноста е голема тој да не оди внатре низ Битола туку да се оформи обиколница. Исто така гледам дека би имало и просторни проблеми за постоечкиот пат да се надгради до автопат, па нова траса прави логика барем за некои сегменти.

Иначе океј за нишката, ќе прелистам и ќе издвојам што треба да оди во нејзе. Ако приметите нешто што е испуштено известете ме.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-May-2009 at 03:46
Се работи за нешто помалку од 2 километри каде оваа улица ќе биде пробиена


гитар, ова е многу повеќе од тоа што имаш обележано

ај ако можеш дознај ја целата траса   ...или евентуално да не се работи за новинарски промашај?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-May-2009 at 10:32

 

На задоволство на жителите на двете битолски населби Ушици и Г. Оризари започна изградбата на улицата Кукуш . Оваа улица преставува поврзување на двете населби и им го скратува патот до училиште на децата од населбата Г. Оризари.Улицата се очекува да биде готова до крајот на градежната сезона вели градоначалникот Владимир Талески.


Со изградбата на оваа улица ќе се реши проблемот со улицата која ги поврзува двете населби. Како што можете да видите овде е работи интензивно .парите се обезбедени од биџетот на општината Битола. Овој проект е втора Железничка – рече градоначалникот и додаде дека парите се обезбедени од страна на општината и тие се во висина од 9 милиони денари во кои не влегува осветлувањето кое дополнително ќе се поставува по завршувањето на улицата која се очекува да биде готова до крајот на градежната сезона .

 

Од интервенцијата на овој дел од градот се задоволни и граѓаните кои се среќни што го дочекаа крајот на нивните маки околу улицата Кукуш.

 

Се е убаво кога е прави и затоа изградбта на оваа улица ние ја поздравуваме и им благодариме за  ова што досега  го нема направено ниту една власт досега .Затоа се за пофалба заедно со ВМРО ДПМНЕ, ова тие што го прават досега никој го нема направено – вели жител на улицата Кукуш.

 

Малку подолу од оваа локација беше уште пофрекфрентно на делот на кружниот тека на сообраќајот.

 

Работите застанаа околу дислокацијата на водобвна цевк з која ќе треба да се прави нова траса која ќе врви по тротоарот. Сето ов адојде непредвидено и општината ќе ја чини повеќе пари – рече градоначалникот.

 

Од сето ова може да се заклучи дека и годинава општината Битола ја очекува обемна градежна сезона.


http://174.133.138.86/%7Eorbiscom/orbis/index.php?option=com_content&task=view&id=7038 - Орбис ТВ

Инаку ќе се обидам да дознам која е трасата но не гарантирам. Знам само дека тие населби се одделени со еден рид, па веројатно ќе поминува низ ридот сето тоа.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-May-2009 at 19:37
На вчерашниот прес Грдаоначалникот Талески го најави почетокот на изградбата на улица Кукуш со која ќе се поврзат двете населби Ушици и Горно Оризари, а со тоа ќе им го скратат патот до училиште на децата од двете населби. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Битола во висина од 9 милони денари
 во кои не влегува осветлувањето кое дополнително ќе се поставува по завршувањето на улицата која се очекува да биде готова до крајот на градежната сезона .
 Од интервенцијата на овој дел од градот се задоволни и граѓаните кои се среќни што го дочекаа крајот на нивните маки околу улицата Кукуш.











Градоначалникот Талески ја посети и локација кај Дулие каде интензивно се работи на  кружниот тека на сообраќајот.
 
Работите застанаа околу дислокацијата на водоводна цевка за која ќе треба да се прави нова траса која ќе врви по тротоарот. Сето ова дојде непредвидено и општината ќе ја чини повеќе пари – рече градоначалникот.
 









http://bitola.gordsys.net/?UlicaKukusIDulie - http://bitola.gordsys.net/?UlicaKukusIDulie


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-Jun-2009 at 19:00

КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ДУЛИЕТО ПОДГОТВЕН ЗА АЛФАЛТИРАЊЕ

Хроника

http://www.bitolski.makmreza.com/NewsFiles/RealSize/091cf636-97bc-4cf1-acad-202b907f06b0.jpg">

Уредувањето на кружниот тек кај Дулието со што всушност треба да се заокружат двата големи инфраструктурни проекти во тој дел на Битола, реконструкцијата на улицата „Железничка“ и проектот М5 и кој треба да претставува „круна“ на градежните зафати кои Општината ги направи во тој дел на градот, се приближува кон крајот. Деновите веќе се тампонираше просторот со што крстосницата е подговена за алфалтирање. Претходно беше поставена комплетна подземна инсталација, нови водоводни и канализациони цевки, а поставени се и електричните инсталации со кои треба комплетно да се осветли крстосницата. По асфалтирањето на крстосницата ќе бидат поставени и нови ивичници за кракот кон улиците „Прилепска“ и „Железничка“.
 
Иако во моментов додека се изведуваат градежните зафати кај Дулието на крстосницата се создава сообраќаен метеж и конфузија кај возачите во кој правец треба да се движат заобиколувајќи го импровизираниот кружен тек, сепак, граѓаните имаат разбирање и трпение за локалната власт.
 
-Малку се создава метеж и забуни кај возачите. Како таксист неколкупати во текот на денот поминувам тука, и гледам дека некои од возачите не знаат каде треба да се исклучат, а се случува иако има поставено неколку сообраќајни знаци тие да не се почитуваат или да ги збунуваат возачите, па така се создава хаос. Не се почитува првенство на минување, сите некаде брзаат и може да се предизвика сообраќајна несреќа. Но треба да бидеме малку трпеливи, зашто, сепак, важно е да се уреди оваа крстосница која се наоѓа на влезот на Битола и која досега беше во катастрофална состојба и беше срам за Битола. Локалната самоуправа работи континуирано и да продолжи со ова темпо за што побрзо да се завршат работите, за да се среди сообраќајниот хаос - вели Миле Стојановски, таксист од Битола.
 
Инаку, покрај асфалтирањето и уредувањето на крстосницата треба да се постави и фонтана која дополнително ќе го разубави овој дел на Битола. По уредувањето на кружниот тек кај Дулието треба да се уреди и влезот на Битола до Оризари за што веќе се урнати дел од објектите на градежната фирма „Бетон“ кај безнинската пумпа на „Макпетрол“, со цел да се прошири улицата, а ќе треба да се урнат уште неколку времени објекти од пумпата до влезот на населбата Стрелиште, затоа што новиот влез во Битола треба да биде булеварски со четири ленти, по две за секој правец. Со реализацијата на овој проект со помош на Владата на Р. Македонија, Битола треба да добие еден современ влез како што и му доликува на градот на конзулите.



http://www.bitolski.makmreza.com/FullInfo.aspx?NID=c6eed119-e325-4788-ad31-96290a0f9908 - http://www.bitolski.makmreza.com/FullInfo.aspx?NID=c6eed119-e325-4788-ad31-96290a0f9908


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Jun-2009 at 14:41
Aсфалтирање улица во село Трап
Петок, 19 Јуни 2009 17:42
TRAP%20001Минатата година АЛКА и Општина Могила, изработиле 2 проекти еден помал кој ги офаќал месните заедници на селата Трап и Беранци и еден поголем проект од 30 000 евра во кој влегувал предлог план за селото Добромири и Општината Могила.И покрај четири годишната соработка меѓу АЛКА и Могила дури сега се почна со реализација.

„Жителите на овие села предложија асфалтирање на улица така да еве реализација на тој проект каде што е предвидено асфалтирање во Трап една улица во должина од 250 м вчера заврши асфалтирање на три улици во селото Добрушево и утре односно денес и тре во Општина Могила и во село Беранци каде е планирано изградба на едно спортско игралиште во рамките на училишниот двор односно во основното училиште."-вели градоначалникот Славко Велевски на Општина Могила.TRAP%20002

Вредност од 38 000 денари финансиска покриеност од Алка е улицата во Трап, додека подготвителните работи се обврска на Општината.

„Подготвителните работи тампонирањето бидејќи беше обврска на Општина Могила изборот на фирмата го направи Општина Могила тоа е део транс од Демир Хисар додека градежните работи во делот на асфалтирањето ги работи ГП Гранит нели тоа АЛКА си прави посебен тендер тој дел во кој си ги финансира." -вели градоначалникот Славко Велевски на Општина Могила.

Изборот на локациите каде ќе се инвестира се правел со изработка на работилници за месните заедници од сите села кои потпаѓаат под Општина Могила.TRAP%20003

„Тоа беше подолг процес кој што еден проект што го спроведуваше АЛКА реков во заедничка сорабитка со Општина Могила што прво беа опфатени населените места од сто до илјада жители беа повикани сите месни заедници со повик да учествуваат на тие работилници.Учествуваа со проект предлог за асфалтирање на улици во село Трап и со предлог проект за изградба на спортско игралиште во село Беранци."-вели градоначалникот Славко Велевски на Општина Могила.

Велевски не бил задоволен од одзивот на претставбици на месните заедници, прво биле само седум пријавени па со развојот на работилниците тој број постепено се зголемувал.Вели народот мора да научи да ги користи приликите за искажување и наметнување на своите проблеми.
Втор проект произлегол како резултат на успешени работилници за асфалтирање на улици во Добрушево и Општина Могила, каде се конкурирало со готови прокети..Вели тешко е сите села да сеопфатат но соработката ќе ја продолжат, наскоро влегуваат во програмата и за рурален развој со два проекти за кои се надева дека ќе бидат одобрени.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9187&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9187&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jun-2009 at 11:30
Градежните работи на рaскрсницата кај Дулие
Среда, 24 Јуни 2009 17:20
DULIE%20002Непредвидени проблеми, ја кочат работата на кружниот тек, кој се гради на влезот на Битола.Јавните набавки биле доделени на неколку фирми-изведувачи, кои подетално на фази, делуваат врз овој проект.
„Бидејќи е ова стара раскрсница ,а сега ја прошируваме во многу поголем обем, најдени се подземни инсталации со високонапонска мрежа едно десет киловолти кабел кој што опфаќаше еден голем регион од градот и имавме проблеми за нивна дислокација , а таа нивна дислокација беше условена со многу карпеста средина која што бараше специјални машини за нејзино отстранување."-вели Зора Симјановска сектор за комунални дејности

Овој нов проблем го забавил и финансиски го оптеретил проектот.

„Иначинот каде и местото ,локацијата каде да се постави тој кабел беше условен со ново проектно решение во зависност од тој детал пет , се бараше да се постави добра локација која што ќе ја опфати новата населба Ушици."-вели Зора Симјановска сектор за комунални дејностиDULIE%20003

Паралелно создавала проблеми и 40 години старата железна водоводна цевка која ги напојува населбите горно и долно Оризари.

„Исто така течеше тендер за да го средиме бидејќи таа цевка не се наоѓа на пазрот за да се купи и веднаш да се носи.Специјална фирма која што ја изработува ,тој вид на цевка и условени сме од нејзино поставување."-вели Зора Симјановска сектор за комунални дејности

Ова наметнувало и измени на проектот односно поставување на нови шахти.Во моментов работи еден изведувач.

„интензивно и денес бевме на лице место за некои работи односно ја отстранува постоечката коловозна конструкција од асвалт и поставивме тампон и веќе го оформивме тој кружен тек."-вели Зора Симјановска сектор за комунални дејности

Изведбата на работите продолжувал до стариот авто-ремонт па следувало дислокацијата на бензиската пумпа Макпетрол.DULIE%20004

„Сега сме условени и од изградбата односно дислкацијата на пумпата Мкапетрол која што ќе има е во тек на вадење на докуманетацијата за изградба на истата."-вели Зора Симјановска сектор за комунални дејности

Следело дислоцирање на времените објкети, а како проблем се наметнал и продорот на водоводна инсталација под пругата,овде биле вклучени и Македонски железници кои изработиле проектно и надзорно решение што исто било времено условено.

„Овој објект е од капитално значење и е голем во фаза е и наизградба и на реконструкција значи сето тоа условува долг период на градба."-вели Зора Симјановска сектор за комунални дејностис

Буџетско покриетие бил овој проект за кого биле предвидени околу 45 милиони денари, но новите препреки,финансиски се наметнале, за кои во моментов вршеле детекција колку ќе чинат.Од општина предвидуваат дека се работело за не многу висока сума ,но и напоменаа дека средствата кои Државата им ги давала за влезот М5, во случај да неможат да ја заокружат и покријат сумата со буџетските пари,ќе ги искористат овие извори, зошто раскрсницата всушност и била дел од магистралниот пат М5.



http://www.tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9403&Itemid=106 - http://www.tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9403&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Jun-2009 at 11:54
Де бре ништо не може да помине без „непредвидени“ проблеми и одлагања, мада не знам колку е непредвидено да налеташ на кабел кога за подземен катастар не сме ни чуле...
Па барем тие главните кабли како овој да знаат кај се! Не знам што кажува ова за нас. Па евиденција и координација се базични работи за секоја држава. На кое ниво функционираме ние?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jun-2009 at 17:46
Пуштен во употреба пат во село Егри
Четврток, 25 Јуни 2009 17:53
EGRI%2001Во селото Егри денеска се пушти во употреба асфалтен пат со должина од еден километар и 200 метри. Овој инфраструктурен проект е финансиран со еден милион денари од буџетот на општината Битола, а еден милион и 600 илјади денари од Центарот за одржлив развој АЛКА. Според градоначалникот Владимир Талески, овој проект е доказ дека општината вложува и во руралните средини, а не само во сообраќајниците во градското јадро.

- Во соработка со нашите постојани партнери се обидовме да асфалтираме и да придонесеме во делот на инфраструктурата и во руралните места. Егри е прекрасно место. Се сеќавате во 2005 година со помош на европските фондови пристапниот пат се стави во функција - вели градоначалникот Талески.EGRI%2003

Мештаните се задоволни што овој пат конечно се асфалтира и што ќе го олесни животот на 70 домаќинства, односно 296 жители од селот Егри.

-Тампон беше овој пат, една третина порано беше готов, една третина сега се асфалтира, жителите се благодарни и остануваат уште 800 метри да се врзат сите улици во селото - вели Павле Митревски, претседател на МЗ.

Центарот за оджлив развој АЛКА во изминатите години имаат реализирано околу 7 проекти во битолските села. Од нивната работа заклучиле дека уште треба да се вложува за подобрување на условите за живот во селата.

-Ние секојдневно се среќаваме и велиме дека донаторите треба да ги продолжат своите активности, EGRI%2004пред се за инфраструктурата, таа е една болка и предуслов за иден економски развој и од социјалната сфера треба да се вложува во реконструкција на училиштата затоа што долго време не е вложено во нив - рече Жарко Чипунов, извршен директор на АЛКА.

Следен проект на АЛКА е во областа на енергетскта ефикасност, осносно замена на дограмата во училиштето „Елпида Караманди" во село Доленци.


Наташа Чавдаровска
< ="" ="text/"> \n mailto:aktuel@tera.mk - aktuel@tera.mk < ="" ="text/"> Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите < ="" ="text/">





http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9445&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9445&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Dragan
Date Posted: 25-Jun-2009 at 18:01
Na patot samo edna kola moze da projde a nde dve da se razminuvaat WallbashWallbash


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jun-2009 at 18:25
Абре село со 200 жители е, и тоа им е премија, 3 коли се во цело село. Инаку може да се разминат, не мора само на асфалт да биде разминувањето.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 25-Jun-2009 at 20:15
Многу ми паѓа во очи неквалитетната изведба на овие локални патишта кај нас. Немаат ниту рабници, ниту одводи, ниту ознаки, банкини, да не збориме за тротоари. Сепак мислам дека се ново што правиме треба да го правиме максимално квалитетно и по сите модерни стандарди, за да ја надокнадиме разликата помеѓу Македонија и Западот, а не да ја продлабочуваме. Разлика меѓу наш локален и селски пат и таков во Словенија, општина Шенчур при Крању:





Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Jun-2009 at 20:30
Друго е ова. Пример патот за Магарево и Трново е поголем и подобар од овај овде. Ама Егри е џенем од градот, и многу слаб сообраќај има. Не дека е оправдување, ама тие градот не можат да го суредат, не селата.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 12-Jul-2009 at 02:06
100 дена работа на терен на новата локална власт
Сабота, 11 Јули 2009 19:05

Stevo%20%20taleski%20001

Денеска градоначалникот на Битола работно ги прослави првите сто дена од неговиот втор мандат. И во неговиот нов мандат продолжи со асфалтирање на битолскиот улици. Денеска механизацијата беше во центарот на Bитола кај Гроздот.

„ Завршена е целата процедура, тендерот е завршен, договорите се потпишани, значи неколку улици меѓу кои прва денеска е Ѓуро Ѓаковиќ ќе се асфалтира. Значи 100-те дена активностите на терен главно се со подготовка и асфалтирање на улицата Ѓуро Ѓаковик" изјави градоначалникот Владимир Талески.

Го прашавме колку очекува дека новиот заменик министер за транспорт и врски ќе помогне во лобирањето за повеќе средства од буџетот на траснпорт и врски за инфраструктурни проекти во Битола.

Stevo%20%20taleski%20003

„ Многу ми е мило што во Владата на Македонија има уште еден човек битолчанец, посебно што е тоа нашиот советник Горан Михајловски, со кој што имавме доста успешна соработка и убеден сум дека тој ќе ни ги динамизира сите активности со министерството за транспорт и врски" вели Талески.

Градското шеталиште кое беше негов најголем проект во претходниот мандат сега е во темница.

„ Значи во почетокот имавме ден прекрасен проект за градското шеталиште, тој го финиширавме, го завршивме, меѓутоа како што знаете, на повеќе места низ градот урбаната опрема се уништуваше. Ние секоја пролет или лето имаме една програма за санирање на оштетените делови од нашата урбана опрема. Овој пат се случи еден голем дел од сите канделабри кои што ни беа на некој начин подарок или донација, да бидат уништени. Сега е во тек тендер, распишавме тендер за друг вид на канделабри поинакви поцрврсти со подруг материјал, јас сум убеден дека штом заврши целата процедура ќе ги добиеме тие над 100 канделабри и сите ќе бидат поставени на градското шеталиште" вели тој.

Ќе применат словенечко искуство за да си ја спасат урбаната опрема.

Stevo%20%20taleski%20%20001%20voda

„ Видете полицијата во неколку наврати интервенираше, фати неколку групи, но изгледа дека тоа не е доволно и покрај тоа што се обидуваме со разни чуварски служби, сепак факт е дека она што беше поставено на градското шеталиште е уништено. Значи ќе го засилиме делот на чување на нашата урбана опрема, а да ви кажам искрено сега скоро се вратив од Словенија. Мислам дека е тој добар пример иако многу ни забележуваа и велеа дека не е коректно тоа да го направиме, ќе поставиме видео камери во секој случај низ целиот простор на градското шеталиште, секаде онаму каде што имаме урбана опрема, значи ќе оставиме на стручните луѓе да кажат каде точно ние ќе ги поставиме мини камерите каде што ќе бидат невидливи за голо око, а кои што ќе имаат за цел едноставно да ги чуваат односно да ги држат под будно око практично оние простори каде што имаме урбана опрема" вели градоначалникот на Битола.


Талески ветува дека ќе продолжат со асфалтирање на улици не само во градот и периферијата, туку и поодалечените населени места на територијата на општина Битола.




-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 24-Jul-2009 at 14:10
Од изградбата на кружниот тек кај Дулие

( Битолчани засрамете се! Чекате Скопјанец да дојде да слика што се гради низ Битола Shocked  Big%20smile  )

1


2


3


4



Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Aug-2009 at 03:08

Обиколницата без сигнализација

Битола - Новата обиколница „Железничка“ во Битола се' уште нема сообраќајна сигнализација, иако од пролетоска, кога беше свечено предадена во употреба, поминаа неколку месеци. Возачите, во отсуство на сообраќајни знаци, се снаоѓаат како што знаат и умеат. Обиколницата „Железничка“ го поврзува магистралниот пат М-5 со граничниот премин Меџитлија на македонско-грчката граница и се изгради со намера да се растоварат другите сообраќајници што поминуваат низ централното градско подрачје. Од Општина Битола ја отфрлаат одговорноста дека тие се единствено надлежни за комплетирање на сообраќајната сигнализација. „Сите тендери се завршени и ќе се постават сообраќајни знаци секаде каде што недостасуваат. Но, Општината е надлежна само во еден дел за сигнализацијата, остатокот е на ’Македонија пат‘ и на Фондот за патишта“, изјави градоначалникот Владимир Талески. Од Општината уште велат дека се' уште се занимаваат со хоризонталната сигнализација низ битолските сообраќајници, а дури потоа ќе започнеле со поставување на вертикалната сигнализација.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=796D57534E9DE54BAC1BBBCAB299EA38


Posted By: jonny
Date Posted: 12-Oct-2009 at 18:40
Има некој информации до каде е изградбата на обиколницата?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Oct-2009 at 02:10
Де бре, нема ли да се најде ни еден јунак од Битола што може да одговори на прашањево на jonny  Big%20smile


Posted By: jonny
Date Posted: 24-Oct-2009 at 19:42
Originally posted by Cloverstack

Де бре, нема ли да се најде ни еден јунак од Битола што може да одговори на прашањево на jonny  Big%20smile


Дури бев Битола, асфалтирањето беше завршено.
Е сега ме интересира како стои работата со вертикална и хоризонтална сигнализација, осветлување, уредување, такви работи...

Еве, најдов некои слики, малку да се има претстава













Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Oct-2009 at 03:00


Од општинскиот информатор, само очигледно е пред асфалтирањето, ама знаци постојат.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Oct-2009 at 14:40
А може една мапоа да скицирате кој му е јасно што се прави тука?!


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Oct-2009 at 15:52


Ако не се лажам се работи за ова и гитар веќе има постирано мапа...

Originally posted by гитардемон

 Не можев да се снајдам со овие програмите за уредување за Mac, ми треба малку време да проучам Сепак извадов скриншатови ама не можам некако да додадам текст, треба преку уредувач за текст... долга процедура. Еве тука ги имате координатите од дулие (тие што се долу во линијата со координати). Дулие е таа крстосницата со 4 помошни за вртење десно (во горниот дел на сликата, близу до средината). Знам дека не помага вака, но не можев да се снајдам со програмите.

http://img526.imageshack.us/my.php?image=picture1zo7.png">

Многу запуштено беше (се гледа од горните слики) сега веројатно ќе заличи на нешто, викаат две со две ленти ќе биде патот. Да видиме Cheers


Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Nov-2009 at 00:16
3 такси возила по еден патник заглавија на Кукуш
Понеделник, 26 Октомври 2009 17:14

CVETANKA%20ulica%201

20 години жителите на Горно Оризари и Стрелиште кои најмногу ја користат улицата Кукуш чекаа нејзино асфалтирање. Желбата им се исполни, но се плашат дека радоста нема да им трае долго затоа што сметаат дека изведувачот не си ја дозавршил работата:

,,Има 10 дена откога завршија цревото за вода пуштено го оставија, тие требаше да ги завршат сите работи, вели Славе Долевски, жител на Улица Кукуш

CVETANKA%20ulica%202

Саботните обилни дождови направија голем проблем на местото каде што стариот дел од улицата се поврзува со новиот:

,,Беше пресечен за цревото и нетампониран и од водата пропадна. Во саботата тоа беше драма: 3 такси возила дојдоа за едн патник. Едниот го тргаше заглавениот, другиот за да го земе патникот дојде, вели Славе Долевски, жител на Улица Кукуш

CVETANKA%20ulica%20slave

Жителите од околните улици вчера сами го тампонирале овој дел, затоа што додека надлежните работеле не успеале да ги натераат да доасфалтираат:

,,Асфалт му остана. Ние им рековме турете го уште ова, а тие велат не било нивна надлежност, а колку сега ќе ја чини нискоградба да дојде со машинерија, вели Славе Долевски, жител на Улица Кукуш

CVETANKA%20ulica%203

Жителите се плашат дека и оваа улица може да го има истиот проблем кој е присутен на стотина метри од новопроблематичниот дел:

,,Оваа улица пропадна пред 5 години и за уште еден слој асфалт останати се голем број искршени возила, вели Славе Долевски, жител на Улица Кукуш

CVETANKA%20ulica%204

Жителите ги информирале општината, водовод и нискоградба. Од Општина Битола велат дека интервенции треба и натаму да има затоа што технички прием сеуште не е извршен и улицата не е предадена на Општина Битола.

Цветанка Ристевска



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=13907:3-&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 01-Nov-2009 at 00:17
Општината за катните гаражи
Четврток, 29 Октомври 2009 19:01

TALESKI%20ZA%20KATNI%20GARAZI

-Има модул 10 и 16 кои треба да се доработат. Убеден сум дека до Нова година ќе се заврши измената на деталниот урбанистички план, каде се предвидува подземна катна гаража со два ката и позади хотел Македонија една надземна катна гаража. Убеден сум дека ќе има и финансиери, во подземната гаража ќе има и деловни објекти за кои има и инвеститори затоа што тие ќе го платат целиот износ, а за возврат ги добиваат деловните објекти - вели Владимир Талески, градоначалник.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=14013:2009-10-29-18-02-00&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Nov-2009 at 04:37

Битола ќе добие булеварски влез

Битола ќе добие булеварски влез во градот со четири ленти од страната на Прилеп. Проектот се спроведува, а го финансира Владата со 90 милиони денари. Се очекува модернизацијата и проширувањето на влезот да завршат в година. Со ова градот конечно ќе се ослободи од стариот тесен пристап полн со дупки и крпеници, кој оставаше лош впечаток кај посетителите.

Во новото сообраќајно решение добро се вклопува и големиот кружен тек при влезот што го направи Општината со сопствени средства. Тој поврзува повеќе градски улици, меѓу кои Прилепска и Железничка, кои беа реконструирани годинава. З

аедно со градбата на новиот влез, се средуваат и околните парцели, кои треба да привлечат странски инвеститори, меѓу кои и словенечки „Туш“, кој се споменува дека од десната страна на влезот ќе изгради голем трговски центар.

По 2010 година се планира да се осовремени и влезот на градот од страната на Охрид со три ленти.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6A35D4BDFFCC5342810FF15FA2E6C9AD


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Nov-2009 at 10:35
Некако чудни стандарди имаме за профил на улици. Улички се кај нас булевари, раскрници се клучки, па сега еве и авении ќе слушнеме.






www.bitola.gov.mk


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Nov-2009 at 17:18
@lsl

http://en.wikipedia.org/wiki/Avenue_%28landscape%29 - http://en.wikipedia.org/wiki/Avenue_(landscape)

Апсолутно е можно да направат авенија на влезот на битола. Профилот не клучен параметар.

Инаку навистина одлично што го реновираат влезот од кај Прилеп, навистина беше мизерен. Влезот од Охрид не ми текнува во каква состојба беше.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Nov-2009 at 22:20
Originally posted by pbanks

Влезот од Охрид не ми текнува во каква состојба беше.
Исто мизерен 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Dec-2009 at 00:59
Ќе се асфалтира во Јени маале
ПЕТОК, 04 ДЕКЕМВРИ 2009 18:06




Дупките низ битолските улици е проблем многупати инициран во нашиот дескод страна на граѓани кои се соочуваат со кал, прашина, вода и скинати чевли , минатиот месец посебен акцент беше ставен на улицата Гоце Делчев на која во Битола пред неколку години се вршел зафат за инсталација на водоводна или канализациона мрежа, па ископините останале така само тампонирани заедно со дупките во асфалтот, ја направиле улицата непогодна за движење ни за автомобилите ни за пешаците.




Денеска таму се работи улицата се подготвува за асфалтирање.Искршениот асфалт се корне и отстранува, наредно следело тампонирање по што ќе се асфалтира целосно улицата.Се работело активно известуваат од Општината, проблемот на граѓаните ќе се реши во целост откако ќе завршат овие предасфалтни фази.Општината во план има асфалтирање и на други проблематични улици, велат ќе се работи се додека работат и асфалтните бази.

Оливера Михајловска


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=15186&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=15186&Itemid=106

Ги менуваа азбестните цевки во цела населба (прилично голема), и замислете дупка на секои буквално 5 метри, на секоја можна улица. Катастрофа, а така стоеше цела година. Значи кон секоја куќа има една цевка која требаше да се замени, па после секоја куќа има засек во асфалтот широк ~60 cm а широк колку коловозот. Повеќе од 10 km/h не се вози таму.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Dec-2009 at 01:07


Штета што Битолчани не се воопшто активни на форумов (не те критикувам тебе, знам дека ретко си во Битола), таква глетка како што опишуваш дефинитивно требало да се фотографира и постира. Од оние сличките во веста само се насетува како било.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-Dec-2009 at 04:40
Подземни катни гаражи во Битола!?



Предизборните ветувања на градоначалникот Владимир Талески во центарот на Битола да изгради подземни катни гаражи со намера да се реши хаосот со парирањето на автомобили во градското јадро никако да се реализира. Талеси вели дека ова негово ветување ќе започне да се реализира пред Нова година иако не остнаа многу денови до 1 јануари.
„За да се реализира една работа од идеја до стварност има долга постапка. Јас сум убеден дека до Нова година ќе завршиме . Таму има дополнување и измена на деталниот урбанистички план значи во централното градски подрачје, каде предвидуваме катна гаража на два ката под земја , и некаде зад хотел Македонија уште една надземна катна гаража . Овие се двата модули кој треба да се подготват и спремат и законски да ја спроведиме процедурата потребна за тоа да биде реализирано.“

Заа своите предизборни ветувања Талески допрва ќе бара инвеститори. За политичките ветувања нема да се трошат пари од општинската каса.

„Убеден сум дека за двата проекти ке има финансиери , затоа што во вториот дел кога го разгледуваваме проектот за катните гаражи дополнивме со деловни објекти, значи во двата ката под земја на Гоце Делчев ќе има деловни објекти за што веќе се интересираат инвеститори , бидејќи целиот износ нема општината да го плаќа , туку ќе го плаќа инвеститорот , кој за возврат ѓи добива тие деловни простории кој би биле сместени во катните гаражи.“

И поранешните власти во Битола ветуваа подзени гаражи но за жал битолчани се уште секојденвно се соочуваат со хаосот во паркирањето. Од ситуацијата единствено профитира пајак службата на ЈП Комуналец.


http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=373:2009-12-24-15-19-23&catid=1:novosti&Itemid=41 - http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=373:2009-12-24-15-19-23&catid=1:novosti&Itemid=41

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-Dec-2009 at 06:39
По асфалтирањето на кружниот тек, сега се дислоцираат објектите наспроти црквата “Св. Недела“ заради пробивањето на булеварскиот влез кај Дулието.


Иако е крај на градежната сезона градежните работи кај Дулието, не намалуваат туку продолжуваат со несмален интензитет. По асфалтирањето на кружниот тек, поставувањето на осветлувањето, одбележувањето на хоризонталната и вертикалната сигнализација, работите продолжуваат на влезот во Битола од страната на Прилеп.



Сега се работи на дислокацијата на неколките објекти, а на нивно место да се пробие булеварот од кружниот тек до Горно Оризари.

Се дислоцира бензинската пумпа на “Макпетрол“ и таа ќе оди дваесетина метри во ридот. Иако оваа реконтрукција на бензинската пумпа беше планирана да се случи наредната година, сепак раководството на “Макпетрол“ донесе одлука поради завршувањето на градежните работи во Битола, предвидените пари да ги пренамени од источна Македонија за оваа пумпа.



Исто така и сервисот на поранешен “Авторемонт“ ќе се реконструира, а паркингот кој е пред сервисот сега ќе се префрли зад сервисот во ридот, а целиот овој простор ќе добие нов модерен урбан лик.

Неколкуте ресторани кои се на оваа локација на истата страна ќе се рушат, а нема да можат да се дислоцираат во ридот, туку ќе мора сопствениците да бараат друга локација.

До населбата “Стрелиште“ ќе се “сечи“ ридот за да се направи простор за новиот булеварски влез.

Напоредно со овои рушења и дислокации се работи на поместување на водоводната цевка која е дел од регионалниот водовод Битола-Могила-Новаци, а наместо старата која поминува под патот, ќе се дислоцира десетина метри покрај патот согласно проектот за овој дел од Битола.

Не е прецизирано кој е крајниот рок за завршување на овој проект, а како одат работите за брзо време битолчани ќе имаат убав влез во градот, како што и наликува на Битола.

Инаку околу финансирањето на овој проект, кружниот тек е финансиран од страна на локалната самоуправа, а булеварскиот тек се гради со средвста на Фондот за патишта, и е дел од регионалниот пат М-5.

Со завршувањето на овој проект ќе се реши едеб горлив проблем, а од клучката кај село Кукуречани па се до село Кравари возилата ќе се движат по комплетно нови коловози, без разлика дали поминуваа низ Битола или по новоотворената улица “Железничка“.


http://wwww.informator.ws/novosti-od-bitola/6939-2009-10-13-20-56-39.html


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Dec-2009 at 12:55
Каде е хотел Македонија?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 27-Dec-2009 at 16:18


Сето тоа што е покриено со натписот Манаки е всушност хотел Македонија. Не знам најточно, но мислам дека е заробен во некои денационализациони постапки, и абер нема од решавање. Бил денационализиран но не сака едниот да му го продаде својот дел на другиот, а заедно да работат не доаѓа во предвид, и такви глупости.

А што се однесува на влезот од кај Прилеп, се надевам ќе можам да сликнам бидејќи времето многу ме зафркава. Таму се гради уште една бензинска на Лукоил (треба да се регистрира), се премести бензинската на Макпетрол и се гради бензинска од новиот тип, а рушен е и пола рид и изгледа интересно, барем за битолски услови.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 27-Dec-2009 at 16:38


Ова ли е:
41° 1'41.87"N  21°20'9.32"E
?

Не гледам баш некој простор зад него за надземна катна гаража како што најавува Талески... А за онаа подземната има ли абер каде би било тоа „во централното градско подрачје“ или допрва ќе смислуваат?


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Dec-2009 at 01:22
Хотелот е баш тој, а подземниот паркинг се планира на местото каде што има многу паркирани коли (тоа е веднаш спроти хотелот) ако ги видиш координатите во google earth.

Ова се планира подолго време, имавме еден пријател од Хрватска кој е официјален претставник за Балканот на една јапонска фирма која гради катни гаражи со лифт и колите се редат како во библиотека подземја, кој дојде да разговара пред 3 години со локалната самоуправа, но не дојдоа до договор. Баш ќе побарам нешто повеќе за тие подземни гаражи, кои што надземно зафаќаат место колку за една кола.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Jan-2010 at 19:13




-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Jan-2010 at 19:20
Многу сум горд што го најдов ова:

http://www.kristibombol.com/uploads/proekti/Elaborat.pdf - http://www.kristibombol.com/uploads/proekti/Elaborat.pdf

Сепак некој направил многу детална студија за ова. Браво. Sирнете ја, интересно е кој не видел како тоа изгледа.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Jan-2010 at 02:53


Конечно стигнав да го разгледам елаборатот  Cheers

Навистина за пофалба - не само исклучително студиозниот пристап, туку и фактот што овој документ е достапен, макар само преку сајтот на професорката Бомбол. Нека се замислат оние од општината, зошто служи нивната веб страна...

Инаку имам слушано едно излагање на професоркава и морам да признаам дека ме воодушеви. Ите како отскокнува од сивилото на просечните македонски било експерти, било академски работници, вотевер.

Еве да ја постираме оваа мапа од елаборатот, може да ни се најде понатака во дискусијата:





Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Jan-2010 at 03:06
Само за инфо, таа неизградената железничка е веќе изградена (таа е таа што беше толку помпезно градена до пред 6-7 месеци).

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Feb-2010 at 00:31

Во центарот на Битола ќе се гради нов плоштад

Проектот кој предвидува две катни гаражи и деловен простор ги вознемири борците и опозициските советници

БИТОЛА - Локалните власти имаат сериозна намера да градат нов плоштад, со две катни гаражи и деловен простор. Урбанистичкиот план за овие решенија е веќе готов. Проектот ги вознемири борците и опозициските советници. Тие прашуваат каде ќе завршат спомениците на двата Илиндена и на првиот снимател на Балканот, Милтон Манаки, кои сега се поставени во строгиот центар на Битола. Енигма е дали таму се планира простор за илинденските споменици и дали можеби споменикот на Филип Втори ќе се постави пред театарот наместо на малиот плоштад „Магнолија“.

Битолските борци почнаа да реагираат откако пред советниците беше презентиран нацрт-план за централното градско подрачје во Битола со кој се заговара да се урне плоштадот во Битола и да се изгради сосема нов. Изготвувачот на планот, архитектот Јорго Шундовски, најави дека физиономијата на центарот на Битола ќе се менува. Под плоштадот ќе се гради катна гаража, а уште една катна гаража ќе никне зад хотелот „Македонија“, кај зградата на ЈАТ. Двете гаражи ќе имаат 800 паркингот-места. Подземно, на површина од 2.500 квадратни метри е предвиден и деловен простор.

„Привремено, до изградба на новиот плоштад, и двата споменика што се наоѓаат тука ќе се дислоцираат. Плоштадот ќе има ново решение во целост, нема да се паркираат автомобили, туку ќе има две нови гаражи, фонтани, но и нови места за споменици“, најави Шундовски.

Само за изградба на споменикот посветен на двата Илиндена се потрошени 400.000 евра, потсетуваат борците. А, стотина илјади евра чини и споменикот на Манаки што го донираше бизнисменот Трифун Костовски, лоциран непосредно пред влезот на Центарот за култура. Борците велат дека за уредување на плоштадот во 2004 година ги обезбедиле сите општински дозволи. Но, тогаш никој не им навестил дека само по неколку години веќе изграденото ќе се преуредува.

„Самата помисла дека ќе се дислоцира споменикот премногу не' вознемирува. Зошто никој не кажа за тоа? Таму се вложени големи суми, 23 милиони денари. Направено е комплетно партерно уредување со гранит од Верона, Италија. Споменикот го направи Драган Поповски, а се лееше во Белград, кај браќата Јеремич. Поставени се скапи системи за осветлување и за наводнување на зелените површини. Споменикот е вметнат не само во Деталниот, туку и во Генералниот урбанистички план“, коментираа од седиштето на Сојузот на борци од Битола. Тие отворено прашуваат дали споменикот на двата Илиндена ќе заврши во општинскиот двор, на местото каде што повеќе од една година стои коњаникот Филип Втори, чекајќи да биде поставен на малиот плоштад „Магнолија“.

Архитектот Шундовски убедува дека проектот за целосна реконструкција на плоштад на Битола не е нов, туку постои од 1990 година, кога поранешното битолско раководство го нарачало планот. Но, не како катни гаражи, туку како изградба на двонаменски засолништа. Сега, вели Шундовски, само го пренамениле проектот.

Новите планови на локалната власт ги разбранува и советниците. „Ако планирате да ги тргнете спомениците оттаму, тогаш е многу коректно за ова да ги информирате борците, бидејќи тоа е нивна инвестиција. Ова што сега го најавувате личи на почеток на реализирање на изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ. Колку време ќе трае изградбата на плоштадот и колку ќе чини новиот лик на централниот плоштад“, праша Наташа Струмениковска, советничка на СДСМ. Но, за жал, ниту советничката ниту, пак, јавноста добија одговор на поставените прашања.

Опозицијата смета дека Битола е препознаталива по својата стара архитектура и дека тој лик не треба да се менува, а дека на секаде во светот плоштадите се реставрираа. „Со овие планови тотално ќе се менува лицето на Битола, препознатливо како стар град. Со новите паркинзи ќе се наруши мирот на граѓаните од центарот. А, сега доаѓам до сознание дека споменикот на Филип Втори ќе се пренесе пред театарот наместо да се постави на Магнолија“, рече Борис Чоревски, советник на СДСМ.

Советниците уште обвинија дека наместо нов плоштад, во срцето на градот власта планира трговски центар со паркинзи, чија вредност на деловниот простор би имала астрономски цени. „Бидете отворени. Кажете дека на плоштадот планирате да градите трговско-деловни објекти со паркинг чии цени од кавадратен метар би биле енормно високи. Со тоа ќе ја уништите целата чаршија и ќе ги затворите сите дуќани на Широк сокак“, обвини социјалдемократот Златко Ќурчиевски.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=700328C57BAE8A4F81B810FA5C7CDB1D


Posted By: JOE
Date Posted: 03-Feb-2010 at 19:50
Originally posted by гитардемон

Многу сум горд што го најдов ова:

http://www.kristibombol.com/uploads/proekti/Elaborat.pdf - http://www.kristibombol.com/uploads/proekti/Elaborat.pdf

Сепак некој направил многу детална студија за ова. Браво. Sирнете ја, интересно е кој не видел како тоа изгледа.


Во студијава е наведено влезот/излезот да биде улица како што е и сега само реконструирана ама општината сепак се реши за Булевар. Што за мене мислам дека правилно постапи


Posted By: JOE
Date Posted: 10-Feb-2010 at 20:40
[tube]EFr97JpMjWE[/tube] http://www.youtube.com/watch?v=EFr97JpMjWE -


-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Feb-2010 at 21:29
Во толку дискусија за Скопје 2014 никој не се потруди да искоментира нешто за гаражите во Битола. Во моментов немам време, ама утре ќе се потрудам да искажам еден поопсежен став зошто треба да се градат некои, а зошто не треба некои делови од ова. Сепак би сакал да слушнам и мислење од другите членови на форумот, сепак ова ако се реализира ќе биде еден од најголемите градежни зафати во Битола во последните 20-30 години, а и богами најважен.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Mar-2010 at 20:43
Минирање на патот кај Св. Недела
ПЕТОК, 19 МАРТ 2010 18:05



Денеска дел од ридот на патот кај светонеделските гробишта, беше миниран поради тоа што градежните машини неможат да го копараат каменестиот дел. Овде како што изјави градоначалникот на Битола Владимир Талески се разботи проектот за уредување односно модернизирање на влезот на Битола од страната на Прилеп, со поддршка на Министерството за транспорт и врски.



Минирањето беше околу 16 часот, а ЈП Нискоградба денеска ги извести учесниците во сообраќајот дека оваа делница еден час ќе биде затворена.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=19320&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 20-Mar-2010 at 01:18
Денес во 16 часот беше миниран дел од ридот кај населбата “Стрелиште“ во Битола, за вкопување на двете цевки со голем пречник за канализација и водовод.



Градежната сезона во Битола денес беше започната, како рече градоначалникот Талески, бучно со минирање, а во таа насока ќе се одвива и целата оваа градежна сезона.


Минирањето го направи специјализирана минерска фирма која сосема безбедно го минира местото, а потоа и го активира експлозивот.

Целата работа беше успешно завршена, а поради карпестите места каде треба да поминува новиот булевар, кај црквата “Св. Недела“, се предвидува дека ќе бидат потребни уште две минирања.




На самото место беше и градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој по безбедно завршената работа рече:

-Денеска дел од ридот на патот кај светонеделските гробишта, беше миниран поради тоа што градежните машини не можат да го копаат каменестиот дел. Овде како се работи проектот за уредување, односно модернизирање на влезот на Битола од страната на Прилеп, со поддршка на Министерството за транспорт и врски, како дел од патот М-5.




Сообраќајот и целокупното движење на пешаците беше запрено со помош на сообраќајната полиција, а возилата и пешаците беа препраќани по ново изградената улица “Кукуш“ кај населбата “Ушици“.




Поради специфичноста на работите на новиот булеварски влез, денес не се кажа до кога ќе траат работите и кога овој дел на Битола ќе биде комплетно завршен.

Текст и фото: Сашо Ристевски


http://www.informator.ws/novosti-od-bitola/12104-2010-03-19-22-04-42.html - http://www.informator.ws/novosti-od-bitola/12104-2010-03-19-22-04-42.html

---

Видео со минирањето.

[tube]aNk1Ln5mauo[/tube]

---

BONUS:

Originally posted by lslcrew

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=173&PID=36894#36894 - гитар ти озбилен си за динамитов?! Многу гледаш Brainiac!


И Двојче изгледа гледа Braniac

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Mar-2010 at 01:05

Улиците плачат за крпен живот

Граѓаните на Битола се жалат дека во големиот број дупки ги кршат возилата, а локалната власт дека тие се последица на зимата и оти наскоро ќе ги санираат

Дупки зинаа низ битолските улици по зимата, која беше со обилни врнежи од снег и дожд, поради што беа истурени големи количини сол и ризла. Возачите реагираат дека освен неколку поглавни сообраќајници, кои се во солидна состојба, низ другите поради распуканиот асфалт мора да возат слалом и да ги избегнат ударните дупки.

- На секој метар има или дупка или крпеница. Зијан имаат амортизерите, споните, паѓаат зглобови... Можеш и гума да скинеш, а потребно е почесто балансирање на тркалата. Ако едно возило по европските патишта може да помине 200 илјади километри, кај нас ќе издржи многу помалку поради ваквите патишта - реагираат битолчани.

Лошата состојба на градските улици најмногу по џеб ги удира таксистите што по цел ден со автомобилите кружат низ сообраќајниците.

- Ех, се гордееме со градска Битола, а низ улиците дупки зинати и со пречник од метар. Ортаклак врзавме со механиничарите. Половина од годишната заработувачка ни завршува кај нив. На градот му е потребна инфраструктура, преасфалтирани, а не крпени улици - велат таксистите.

Критика за патната инфраструктура упати и локалната опозиција. Советникот од СДСМ, Златко Ќурчиевски, иронично му порача на градоначалникот Владимир Талески следниот пат кога премиерот Никола Груевски ќе ја посети Битола, да не го шета само низ улицата врз која е ставена ладна асфалтна база, туку и низ другите за кои рече дека се во очајна и катастрофална состојба.

- Во општина Битола се' уште постои турска калдрма. Веќе сте пет години на власт, поминавте еден манадат, добивте реизбор - обвини Ќурчиевски.

Во сличен стил забелешки упати и Борис Чоревски, исто така советник од СДСМ. Рече сите советници да се фатат за рака и да излезат да прошетаат низ улиците да видат во каква очајна состојба е градот.

- Да се одделат средства за крпење на дупките, да не прска водата по пешаците кога низ улиците минуваат автомобили - рече Чоревски.

Градоначалникот Талески признава дека зимата предизвикала поголеми оштетувања на патиштата, но досега не можеле да ги санираат поради лошите временски услови. Тоа ќе се случи со пролетната санација.

- Оваа зима имавме многу снег, многу вода и факт е дека голем дел од улиците се во ситуација во која инвестициите овој пат ќе бидат поголеми од претходните години. Ние одиме на целосно санирање на улиците, а помалиот дел ги санираме онолку колку што е можно за да издржат колку една сезона, да не трошиме многу пари- вели Талески.

Според него, штом се создадат услови екипи на „Нискоградба“ ќе излезат на терен и ветува дека голем дел од улиците ќе бидат реконструирани. За турската калдрма вината ја префрлува на претходните градски власти.

- СДСМ во претходните мандати над турската калдрма стави еден и пол прст асфалт и еве го сега цел асфалт испукан. Јас за тоа не сум виновен, јас тогаш не бев градоначалник. Ако сакате ќе ви набројам улици каде што ѕирка турската калдрма, каде што се стави асфалт, без менување на подземната инфраструктурата, водоводните цевки, одводна канализација, ниту тампониралениту ја извадиле калдрмата - врати Талески.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=82658DB05E50BF4B9819FF678FDE99A5



Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Apr-2010 at 18:33
Битолските семафори не работат
Среда, 21 Април 2010 17:37

OLIVERA%20semafori%201

Битола веќе два недели сообраќајно функционира без семафори.Три фреквентни крстосници во градот не располагаат со светлечка сигнализација.

„ Па причината е дефект најнормален дефект на старата инсталација вие знаете од кога се поставени овие раскрсници кои се регулирани со светлосна сигрализација."- вели Зора Симјановска раководител на Комунално одделение

OLIVERA%20semafori%20zora

Тендерски избраната фирма е од Скопје, па потребно е време за да дојде и да го отстрани дефектот.Тендерот за избор на нова фирма која ќе ја одржува светлосната сигнализација е во тек дотогаш на повик скопјаните ќе ни ги поправаат семафорите, но и на овој тендер битолска фирма нема да ја земе работата за годишно одржување.

„ Битолските фирми немаат лиценца за софтеврот, софтеврот е на Еурософт од Скопје и општината ја откупи за градот."- вели Зора Симјановска раководител на Комунално одделение.

OLIVERA%20semafori%205

За да се избегнат проблемите од овој вид Општината во размислување.

„ Ние планираме кај Безистенот тука раскрсницата да ја решиме со кружен тек но тоа зависи од урбанистичко идејно решение."- вели Зора Симјановска раководител на Комунално одделение.

OLIVERA%20semafori%204

Трајно решение базирано врз идеи имало и за други крстосници низ градот, но сеуште се трагало по најдобриот проект.На улицата Железничка не била предвидена светлосна сигнализација таму состојбата ќе се решавала со сообраќајни знаци, кои денес чекаат да ги добијат и да почнат со поставување , или со правец на движење, еднонасочен или двонасочен.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=20473&Itemid=106 - TEPA TB


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-May-2010 at 17:02
Сообраќајни знаци се поставуваат низ Битола
Среда, 26 Мај 2010 17:09

OLIVERA%20ZNACI%20001

Конечно им дојде редот и на битолските улици да се обележат со вертикална сигнализација.Тендерите завршија, фирмите се избрани, набавката реализирана и знаците се тука, од денеска Нискоградба, започна со поставување на знаците односно ископување на стопите и нивно поставување.

OLIVERA%20ZNACI%20SIMJANOVSKA

„ Испораката е извршена, стигнати се знаците, Нискоградба почна со поставување , оставувањето не се однесува конкретно на Железничка."- вели Зора Симјановска раководител на комунално одделение.

Денеска се поставени неколку знаци за првенство на минување на раскрсницата кај Гроздот и во близина на месноста викана Аргирица.

OLIVERA%20ZNACI%20002

„ Конкретно за динамиката на поставување каква ќе биде и приоритетот на улиците го одредува сообраќаен инспектор."- вели Зора Симјановска раководител на комунално одделение.

OLIVERA%20ZNACI%20003

Тимот на Нискоградба денеска со копање почна од улицата Васко Крангелевски каде се ископуваат места за стопите.Како понатаму ќе тече поставувањето одлучува полицискиот надзор кој е постојано на терен заедно со сообраќајниот инспектор, приоритетот на улиците е пресуден кога ќе се стигне до Железничка како и спојот кај Триангал со улицата Никола Тесла.



http://www.tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=21952&Itemid=106 - http://www.tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=21952&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Jun-2010 at 18:31

Во Битола општинските багери узурпираа приватен имот

03.06.2010 18:59
Драги Павловски

 

Изградбата на булеварскиот пристап кон Битола ја отвори и првата кавга на локалната власт со сопственик на приватен имот.

Драги Павловски е сопственик на две парцели од 3.000 метри квадратни кај населбата „Стрелиште“ кои биле одземени со експропријација во 1977 година, но бидејќи во законскиот рок од 10 години ништо не се изградило, сопствениците имотот си го повратиле.

Во овој период додека течат градежните работи, Павловски не успеал да се нагоди со градските татковци и вчера, како што вели, по нивни налог влегле багерите и го узурпирале неговиот имот.

„Во Катастарот се водам како сопственик. Во текот на денешниот ден ангажирав стручно лице кое поднесе барање за издавање на времена мерка за да се запрат градежните работи , се до завршувањето на постапката за експропријација и утврдување на надоместокот. Се надевам дека овој пат ќе биде издадена таква мерка зашто очигледно, постои кршење на Уставот и законите“, рече денеска Драги Павловски, соптвеник на имотот.

Од Општината сакаат да се нагодат, иако се поочигледно е дека за проценка на оваа парцела ќе има судски епилог.

„Господинот што реагира преку медиуми, досега нема дојдено кај нас и да каже дека сака да ги стопира градежните работи. Кога писмено ќе ни се обрати, ние веднаш ќе ги стопираме“, вели Зора Симјановска, координатор на проектот.

Булеварскиот влез од патниот правец М-5 кон Битола во должина од 2,3 километри и ширина од 24 метри ќе се гради етапно, без да се знае колку ќе има имотни спорови.

Изградбата на булеварскиот влез кон Битола, за Општината ќе донесе уште многу предизвици бидејќи допрва ќе има пазарења со ЕВН за приватен имот и за други приватни имоти, а исто така и за подземната инфраструктура на оваа локација за која се уште нема никаков катастар.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123858



Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Jun-2010 at 23:41
Партизанска ќе се преасфалтира
Понеделник, 28 Јуни 2010 18:14

http://www.tera.mk//components/com_jlvotes/templates/jlvotes.css">NATASA%20ul%20partizanska%203

http://www.tera.mk//components/com_jlvotes/templates/jlvotes.css - -Попладнево почнуваме со реализација на програмата за реконструкција на улицата „Партизанска".

http://www.tera.mk//components/com_jlvotes/templates/jlvotes.css">NATASA%20ul%20partizanska%202

http://www.tera.mk//components/com_jlvotes/templates/jlvotes.css - Ќе се реши потегот од кај „Веро" до факултетот за јавна администрација. На тој дел ќе има посебен режим на сообраќај. Отприлика се работи за еден километар, во 3-4 фази. Изведувачи се „Македонија пат" - вели Марјан Ѓероски, секретар во општина Битола.


http://www.tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=23588&Itemid=106 - http://www.tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=23588&Itemid=106


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Jun-2010 at 23:45
Молам координати за факултетот за јавна администрација Smile


Posted By: гитардемон
Date Posted: 28-Jun-2010 at 23:53
Ah, the wonders of Google!

http://maps.google.com/maps?f=q&source=s_q&hl=en&geocode=&q=%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0&sll=37.0625,-95.677068&sspn=36.231745,78.574219&ie=UTF8&hq=&hnear=Bitola,+Macedonia&ll=41.026426,21.312618&spn=0.002108,0.004796&t=h&z=18 - Βερο 4

http://maps.google.com/maps?f=q&source=s_q&hl=en&geocode=&q=%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0&sll=37.0625,-95.677068&sspn=36.231745,78.574219&ie=UTF8&hq=&hnear=Bitola,+Macedonia&ll=41.023249,21.326625&spn=0.002109,0.004796&t=h&z=18 - Факултетот за јавна администрација




-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Jun-2010 at 00:01
Е добро де зошто да пребарувам и лутам, а без гаранција дека е обележано и дека ќе го најдам... Додека Македонија не биде детално и точно обележана, пологично ми е да прашам некој што знае со сигурност. Ќе ти вратам со гугл кога ќе прашаш нешто за Скопје Bash 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Jun-2010 at 00:13
Ако имаш жалби и поплаки, да се обратиш кај Горчо. Тој ги исцрта сите битолски села! LOL LOL

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=809&PID=68532#68532 - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=809&PID=68532#68532


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Jun-2010 at 03:36
Не видов дека сум во битолски сообраќај (неколку нишки имам отворено паралелно) и за момент се шокирав додека не видов дека се работи за битола во првите неколку реченици. Веднаш низ глава ми се сврте оној искршен дел од скопска Партизанска од Соборна до Градежен Факултет.


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jun-2010 at 10:28
Originally posted by lslcrew

Не видов дека сум во битолски сообраќај (неколку нишки имам отворено паралелно) и за момент се шокирав додека не видов дека се работи за битола во првите неколку реченици. Веднаш низ глава ми се сврте оној искршен дел од скопска Партизанска од Соборна до Градежен Факултет.


LOL исто истрипав




Posted By: jonny
Date Posted: 07-Jul-2010 at 16:00
Јас пред некој ден се вратив во Битола, и најверојатно првата фаза (?) од овој проект е завршена.
Преасфалтирана е на потегот од Факултетот за Јавна администрација до таа раскрсницата (улици Тошо Даскало, Стрчин и Партизанска).

Барем се работи нешто


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 07-Jul-2010 at 22:07
Еве слики од асфалтирањето на Партизанска









Posted By: jonny
Date Posted: 19-Jul-2010 at 15:30
Втората фаза е почната. Денес поминав од таму, за жал не можев да сликам.
Улицата е ископана до следната раскрсница (со улица Ѓорѓи Наумов).


Posted By: jonny
Date Posted: 27-Jul-2010 at 15:36
Започна и третата фаза од реконструкцијата на Партизанска.
Улицата е ископана на потегот од болницата од Веро.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Aug-2010 at 00:44
Што се случи со кружниот тек на влезот кај Дулие? Зашто тука всушност улицата од населбата Ушици не се приклучи на кружниот тек како шестти крак, туку остана стариот влез од кај еврејските гробишта? Може слободно да се приклучи населбата, а старата уличка да си остане како слепа. Нешто вака.




Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Aug-2010 at 01:07
Тоа е добра идеја, но обележаното со сино поминува низ приватен плац. Тоа што го гледаш како патче е всушност влез за дворот на едно стовариште. Така што ништо од тоа, за жал. Малку глупаво е решена ситуацијата, но тоа е тоа.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 25-Aug-2010 at 02:05
Експропријација треба почесто да се користи. Навистина е супер решение ова што го посочи lslcrew


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 25-Aug-2010 at 12:18
Тоа приватното земјиште, велат дека го имаат купенo Словенци за да градат трговски центар. Ама што ќе биди понатаму незнам...Dunno

-------------


Posted By: alexgizh
Date Posted: 25-Aug-2010 at 13:13
Добро е што го купиле http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8 - Словени , поарно отколку http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8 - Антички Македонци ...

Дај бе луѓе научете ја разликата меѓу Словени и Словенци... и јазикот е словенечки, а не словенски. Тој само припаѓа на групата словенски јазици.


-------------
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 26-Aug-2010 at 19:35
Кружниот тек...




-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Aug-2010 at 20:53
Нова пешачка патека кај Новиот пазар
ЧЕТВРТОК, 26 АВГУСТ 2010 16:19



Просторот меѓу Декорпот и Новиот пазар кај Веро, кој порано беше вечно актуелна тема поради дивите пазарџии и несредената околина, полека добива нов лик. Деновиве таму се подготвува теренот за да се изгради нова пешачка патека.



-Бидејќи фрекфенцијата се зголеми, по иницијатива на сообраќајната полиција и граѓаните решивме да направиме пешачка патека. Зафатот чини околу 2 милиони денари - вели Владимир Талески, градоначалник.

Општината овој период завршува или доправа почнува градежни активности на неколку локации во градот.

-Концентрирани сме на улиците во централното градско подрачје, на „Пецо Божиновски", во завршна фаза сме за „Никола Тесла", сакаме да почнеме кај „Иво Лола Рибар" - вели Талески.



Новата пешачка патека на улицата „Васко Карангелевски" во зависност од динамиката со која ќе се извршуваат градежните активности се очекува да биде готова до крајот на оваа градежна сезона.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=26044&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=26044&Itemid=106

Ова е тука:



Инаку ова Бугари е битолски назив за тезгаџиите кои седеа таму. Ако некој пазареше кај Бугарите, тогаш тој пазареше до градската болница, па кога ги преместија тогаш дојдоа каде што пишува на сликава Бугари, а после тоа ги преместија во новиот пазар - така наместо да се продава зеленчук, на средина имаме тезги со фуш роба.

Инаку добро е што конечно се посветува малку внимание на пешачките патеки/тротоари, само нешто ми вика дека ќе бидат асфалтирани или со бехатон

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 26-Aug-2010 at 22:58
pesackata pateka ke bidi po cela dolzina na ul ''vasko karangelevski'' ili samo na toj delot ''bugarite'' kaj so bea ???? neka ja naprat po cela dolzina , 100m vaka idat samo


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 08-Sep-2010 at 18:16
Да. По целата должина на улицата, веќе првиот дел е нареден со плочки, а другиот сега го копаат...(слики од утре...)

-------------


Posted By: axel
Date Posted: 17-Sep-2010 at 14:17

Булевар на влезот во Битола

До крајот на годинава на влезот во Битола од страната на Прилеп треба да се доизгради булеварот, кој е предвидено да има четири сообраќајни ленти. Со тоа ќе се олесни протокот на возила, а Битола ќе се ослободи од стариот тесен пат полн со дупки и крпеници, кој им оставаше лош впечаток на посетителите.

- Планирано е оваа градежна сезона да завршиме со сите активности околу булеварскиот влез во градот. Во еден дел тој е веќе направен, односно на потегот до црквата Света Недела. За другиот дел имаше проблем со преклопување на парцелите, па моравме дополнително да интервениравме во делот на ридот - изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Инаку, патот се реновира со пари на Владата, која за овој проект издвои 90.000 денари. (Ж.З.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CF68360DF976DE4180EF849E67B4ED47


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 20-Sep-2010 at 19:51
90000 денари?? Изгледа е грешка. А инаку наскоро во Битола ќе се гради подземна улица од зградите "грозд" до Епинал. Знае некој нешто повеќе за тоа?


-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Sep-2010 at 19:58
Таа локација за Битола е потполно истото што е рекорд за Скопје. Централна возачка улица пресекува централна шетачка улица. Мене ми изгледа ова апсолутно потребно да се премости сообраќајот и да се се запази континуитет за пешачката зона Широк Сокак.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Sep-2010 at 10:36
Од постов на lslcrew сфатив за која улица се работи и апсолутно се слагам околу потребата. Но кои се поточно тие згради „грозд“? И дали имало некаква објава за ова каде има некаква информација за кога поточно се планира, или е типичен македонски проект на хартија.


Posted By: Danielbtmk
Date Posted: 21-Sep-2010 at 10:49
Обележаното со зелено е улицата која треба да биди под земја...




-------------


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Sep-2010 at 16:39
Originally posted by Cloverstack


Од постов на lslcrew сфатив за која улица се работи и апсолутно се слагам околу потребата. Но кои се поточно тие згради „грозд“? И дали имало некаква објава за ова каде има некаква информација за кога поточно се планира, или е типичен македонски проект на хартија.


Информирав за ова со скечови, рендери и нацрти уште пред 5 (ПЕТ) месеци, ама кој ме тркала...

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Sep-2010 at 16:47
Originally posted by гитардемон

Originally posted by Cloverstack


Од постов на lslcrew сфатив за која улица се работи и апсолутно се слагам околу потребата. Но кои се поточно тие згради „грозд“? И дали имало некаква објава за ова каде има некаква информација за кога поточно се планира, или е типичен македонски проект на хартија.


Информирав за ова со скечови, рендери и нацрти уште пред 5 (ПЕТ) месеци, ама кој ме тркала...


А после малку пребарување гледам дека постот не ми е тука!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Sep-2010 at 16:47
Originally posted by Cloverstack

дали имало некаква објава за ова каде има некаква информација за кога поточно се планира, или е типичен македонски проект на хартија.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Sep-2010 at 16:50
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by Cloverstack

дали имало некаква објава за ова каде има некаква информација за кога поточно се планира, или е типичен македонски проект на хартија.


А, за така Па немало баш конкретно затоа што уште не е донесен ДУП. Како и да е, навистина не знам каде ми е постот?!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Sep-2010 at 16:52
За овие велиш?

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=57000#57000 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=57000#57000


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Sep-2010 at 17:25
Гитар добро се сеќавам на овие рендери и претпоставив вчера дека се работи за истиот проект, но ме мрзеше да проверувам и не прашав да не стварам конфузија.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Nov-2010 at 07:22
Технички факултет изработува сообраќајна студија за Општина Битола

Битола, 29 октомври 2010 (МИА) - Повеќе од 300 студенти волонтери лоцирани на сите сообраќајни крстосници во Битола денеска извршија пребројување на возилата и мерење на фрекфенцијата на целата територија на подрачјето на оваа општина.

- Се броеја возилата што минуваа на 41 крстосница во Битола за да се подготви база на податоци со просторното и временско движење на моторните возила во градот. Решавањето на сообраќајните проблеми во Битола се вршело парцијално, а со оваа студија очекуваме целосно и подолгорочно решавање на сообраќајниот транспортен систем во Битола со зголемување на пешачките зони, истакна Никола Ристановски, одговорен за студијата што ја изработува Сообраќајниот отсек при Техничкиот факултет во Битола.

Нарачател на студијата е општина Битола, а од решенијата се очекува да се обезбеди поефикасен начин на водење и контрола на сообраќајот, поставување на повеќе кружни текови и паркинг зони во централното градско подрачје.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=78176734&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%A1%D0%9E%D0%9E%D0%91%D0%A0%D0%90%D0%8C%D0%90%D0%88+%D0%98+%D0%92%D0%A0%D0%A1%D0%9A%D0%98





Print Page | Close Window