Print Page | Close Window

Надградба на Куманово - Табановце

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Патишта
Forum Discription: Автопатишта, магистрали, патарини, одморишта...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=649
Printed Date: 28-Mar-2024 at 17:35


Topic: Надградба на Куманово - Табановце
Posted By: Cloverstack
Subject: Надградба на Куманово - Табановце
Date Posted: 15-Sep-2007 at 01:56
Делница Табановце-Куманово, км. 0+764.70 - км. 8+388.43

Цената се најавува да биде околу 11.000.000 €. Работите треба да почнат кон крајот на годинава или почетокот на наредната, а се надевам ќе бидат готови за неколку месеци.




Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2008 at 23:14
Cheers

ВЛАДАТА ПЛАНИРА ДА ПОТРОШИ НАД СТО МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА


Приоритет за дозавршување на скопската обиколница


Од другите патишта што треба да се подигнат на ниво на автопат се и делницата Табановце - Куманово за чија реализација се определени околу 707.000 евра, а за Демир Капија - Смоквица околу 900.000 евра


Во земјава годишно во просек се градат 10 километри автопат и шест километри магистрални и регионални патишта, за кои се трошат околу 80 до 100 милиони евра. Ова е состојбата во последниве 15 години, а според Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта што ја усвои Владата, со исто темпо ќе се продолжи и оваа година. Според оваа Програма, Владата има намера за реализирање на капитални проекти во патната инфраструктура да потроши 6,25 милијарди денари или 102 милиони евра.

Приоритет и годинава е ставен на дозавршувањето на обиколниот автопат на Скопје за што се наменети 4,6 милиони евра. Од другите патишта што треба да се подигнат на ниво на автопат се и делницата Табановце - Куманово за чија реализација се определени околу 707.000 евра, а за Демир Капија - Смоквица околу 900.000 евра.
Според портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Драган Симоновски со Програмата се предвидени 16,3 милиони евра за нови инвестиции на делници од регионални патишта. Така, за изградба на патниот правец Радовиш - Струмица ќе бидат одвоени 4,8 милиони евра, за третата лента на патниот првец Градско - Прилеп се планирани 1,8 милиони, а за ски-центарот "Кожуф" е предвидено 4,2 милиони евра. За изградба на пат до населбата "Сончев град" се проектирани 700.000 евра.

Изградбата на патот Жировнички мост - Бошков мост ќе се поддржи со околу два милиони евра, патот Делчево - Црна Скала со 325.000 евра, по 650.000 евра се планирани за заобиколницата Охрид - улица "Железничка" и за рехабилитација на патниот правец Тетово - Јажинце, додека за приклучоци на клучката "Прдејци" се предвидени над 160.000 евра. Над 1,06 милиони евра се предвидени за реконструкција и рехабилитација на регионални патни правци и наплатни станици.


Светлана БЛАЖЕВСКА


Извор: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=37CF51E302548943AAEC93F40B98C7DF - Вечер


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 20-Jan-2008 at 23:23

Од другите патишта што треба да се подигнат на ниво на автопат се и делницата Табановце - Куманово за чија реализација се определени околу 707.000 евра, а за Демир Капија - Смоквица околу 900.000 евра.
 
Нели се ова премалце пари? Според некои груби проценки до кој јас имам дојдено 1км автопат на рамен терен е околу 1.000.000 евра. Куманово-Табановце е околу 8, а за комплексноста и должината на ДЕмиркапија-Смоквица и да не зборувам. Дали е ова дополнување на некои веќе одреденуи средства или се работи за средства доволни само за изработка на идеен проект?
 
Кловер ова е твоја област, дали можеби знаеш повеќе?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jan-2008 at 23:28
Оваа цена од 1 милион мислам дека тоа е со све експропријација, мостови и тунели просечно, а само асфалт не чини толку, сега ако се работи за државно земјиште незнам колку би чинело, ама сигурно е многу многу поефтино.


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Jan-2008 at 23:31
Originally posted by UrbanFreak

Нели се ова премалце пари? Според некои груби проценки до кој јас имам дојдено 1км автопат на рамен терен е околу 1.000.000 евра. Куманово-Табановце е околу 8, а за комплексноста и должината на ДЕмиркапија-Смоквица и да не зборувам. Дали е ова дополнување на некои веќе одреденуи средства или се работи за средства доволни само за изработка на идеен проект?
 
Кловер ова е твоја област, дали можеби знаеш повеќе?


Веројатно се работи за дополнителни средства. За Куманово-Табановце колку што знам финансира Светска банка. За Демир Капија-Смоквица исто има средства од други извори, колку што ми текнува во моментов меѓу нив е и Грчкиот план за обнова на Балканот.


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 20-Jan-2008 at 23:37
Originally posted by pbanks


Веројатно се работи за дополнителни средства. За Куманово-Табановце колку што знам финансира Светска банка. За Демир Капија-Смоквица исто има средства од други извори, колку што ми текнува во моментов меѓу нив е и Грчкиот план за обнова на Балканот.
 
И јас помислив на оваа варијанта. Се надевам дека сме во право. Во секој случај сумите за останатите правци делуваат разумно.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jan-2008 at 00:25
Originally posted by pbanks

колку што ми текнува во моментов меѓу нив е и Грчкиот план за обнова на Балканот.


Леле брат немој жити се со таа терминологија, тоа е најобична пропагандистичка етикета што ја имаат измислено грците. Тоа се во голема мерка европски пари за балканот, за кои на Грција (за жал) и беше доверено да ги планира, распоредува, контролира... Тие средства веќе долго им служат на грците за притисок и уцени. За среќа не се само нивни парите, па не можат премногу да беснеат, ама сигурно злоупотребиле максимум колку што можеле.


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2008 at 00:31


абе во ред, муабетот ми беше дека ако добро ме служи меморијата, веќе се обезбедени пари и за таа делница, ова што го уфрла владава е само некој процент плус.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2008 at 00:17
Зошто година ипол за 7.8km на најлесниот терен на светот? До кога со вакво темпо. Ohno

Регионалниот пат Табановце - Куманово ќе стане автопат

 

Парите вањето ќе се покријат од кредитот од ИБРД и од буџетот на Фондот за магистрални и регионални патишта

Верче Георгиевска

Регионалниот пат од граничниот премин Табановце до Куманово ќе стане автопат. Сообраќајот од границата со Србија до Куманово моментално се одвива по една коловозна лента двонасочно. Но, предвидено е проширување, кое ќе стартува напролет. Со градежните работи треба да се изгради нов коловоз и да се прошири постојната лента. Проширувањето треба да заврши за една и пол година, по што овој регионален пат ќе влезе во рамките на трансевропскиот Коридор 10.

Фондот за магистрални и регионални патишта распиша тендер со кој бара изведувач на работите, а фирмата ќе биде позната на 21 март годинава. Работите ќе се изведуваат според проектот на „Гранит проект“. Парите за проширувањето на регионалниот пат од Табановце до Куманово, во должина од 7,6 километри, ќе се покријат од кредитот што Македонија го зеде од Меѓународната банка за обнова и развој -ИБРД и од буџетот на Фондот за магистрални и регионални патишта. Од кредитот на ИБРД се предвидени средства во висина од 3,2 милиони евра, а Фондот обезбеди 707 илјади евра.

Според програмата на Фондот за патишта, годинава ќе започне да се реализира уште еден клучен проект за државава, кое е влезен во листата на приоритети. Станува збор за изградба на сосема нов автопат од десната страна на реката Вардар, на потегот од Демир Капија до Смоквица. Изградба, според првичните најави, ќе стартува кон средината на годинава. Автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе биде во должина од 26,8 километри. Проектот се реализира со заедничко партнерство на грчката влада, Генералниот директорат за регионална политика на Европската комисија и меѓународни финансиски институции. Средствата за изградба на автопатот ќе ги обезбедат владата на Грција, Европската унија, кредитни извори и нашата Влада. За автопатот од Демир Капија до Смоквица, според годинешната програма на Фондот, ќе се наменат речиси 5,9 милиони евра, од кои околу 897 илјади евра се пари од државата, а остатокот се средства од кредит.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F390C74719112841927139E8F28C547F


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Feb-2008 at 00:28
Originally posted by pbanks

Зошто година ипол за 7.8km на најлесниот терен на светот?


И мене ова многу ме изненади... Остај другото, туку самите највуваа дека изградбата ќе траела неколку месеци.

Абе кога треба да се ветуваат мегаломански проекти, немаат мерка... Ама кога треба навистина нешто да се реализира, слабо им оди, без разлика колку е мал и едноставен проектот.

Bash Bash Bash


Posted By: Supervisor
Date Posted: 04-Feb-2008 at 01:19
Originally posted by pbanks

Зошто година ипол за 7.8km на најлесниот терен на светот? До кога со вакво темпоOhno

Регионалниот пат Табановце - Куманово ќе стане автопат

 

Парите вањето ќе се покријат од кредитот од ИБРД и од буџетот на Фондот за магистрални и регионални патишта

Верче Георгиевска

Регионалниот пат од граничниот премин Табановце до Куманово ќе стане автопат. Сообраќајот од границата со Србија до Куманово моментално се одвива по една коловозна лента двонасочно. Но, предвидено е проширување, кое ќе стартува напролет. Со градежните работи треба да се изгради нов коловоз и да се прошири постојната лента. Проширувањето треба да заврши за една и пол година, по што овој регионален пат ќе влезе во рамките на трансевропскиот Коридор 10.

Фондот за магистрални и регионални патишта распиша тендер со кој бара изведувач на работите, а фирмата ќе биде позната на 21 март годинава. Работите ќе се изведуваат според проектот на „Гранит проект“. Парите за проширувањето на регионалниот пат од Табановце до Куманово, во должина од 7,6 километри, ќе се покријат од кредитот што Македонија го зеде од Меѓународната банка за обнова и развој -ИБРД и од буџетот на Фондот за магистрални и регионални патишта. Од кредитот на ИБРД се предвидени средства во висина од 3,2 милиони евра, а Фондот обезбеди 707 илјади евра.

Според програмата на Фондот за патишта, годинава ќе започне да се реализира уште еден клучен проект за државава, кое е влезен во листата на приоритети. Станува збор за изградба на сосема нов автопат од десната страна на реката Вардар, на потегот од Демир Капија до Смоквица. Изградба, според првичните најави, ќе стартува кон средината на годинава. Автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе биде во должина од 26,8 километри. Проектот се реализира со заедничко партнерство на грчката влада, Генералниот директорат за регионална политика на Европската комисија и меѓународни финансиски институции. Средствата за изградба на автопатот ќе ги обезбедат владата на Грција, Европската унија, кредитни извори и нашата Влада. За автопатот од Демир Капија до Смоквица, според годинешната програма на Фондот, ќе се наменат речиси 5,9 милиони евра, од кои околу 897 илјади евра се пари од државата, а остатокот се средства од кредит.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F390C74719112841927139E8F28C547F
 
Стварно за толку краток дел од 8 км е многу година ипол. Добра е иницијативата за завршувње на оваа делница посебно од Демир Капија до Смоквица. Сигурен сум дека тука изградбата ќе оди многу многу подолго поради теренот.


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2008 at 01:22
Па и таму не би требало да оди споро (а ќе оди). Хрватите направија чуда за само две години и тоа на многу потежок терен.

На нашиве само една делница им се лизна да ја завршат брзо како што треба а тоа е Гевгелија-Смоквица. Таа беше стварно експресна. Исто така за  пофалба е релативно делницата на Скопската северна обиколница која ја гради Терна. Можеше и побрзо но сепак е во некаков разумен рок.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 04-Feb-2008 at 01:27

Да се согласувам за Хрватска сигурно мислиш за Крапина. Како и да е штета што не е опфатен и патниот правец до Косово. 



-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: pbanks
Date Posted: 04-Feb-2008 at 01:40
Originally posted by Junkie

Да се согласувам за Хрватска сигурно мислиш за Крапина. Како и да е штета што не е опфатен и патниот правец до Косово. 



Па не само тој дел и автопатот накај Сплит е потфат. За само една година направија нешто над 100км, од Карловац до Задар скоро. Остатокот следната година.

Не треба воопшто да спомнувам какви вијадукти и тунели има на тој автопат.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 04-Feb-2008 at 01:58
Originally posted by pbanks

Originally posted by Junkie

Да се согласувам за Хрватска сигурно мислиш за Крапина. Како и да е штета што не е опфатен и патниот правец до Косово. 



Па не само тој дел и автопатот накај Сплит е потфат. За само една година направија нешто над 100км, од Карловац до Задар скоро. Остатокот следната година.

Не треба воопшто да спомнувам какви вијадукти и тунели има на тој автопат.
 
Можеме само да кажеме дека располагаат со многу поголеми финансиски средства. Кај нас тоа е голем проблем.


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: AKADEMIK
Date Posted: 07-Feb-2008 at 02:03
Се согласувам во врска со средтсвата што ги имаат Хрватите, но ја имаат и ненормалната организација на нештата, многу добро се логистички организирани. Инаку во главнина поголемиот дел од патиштата ги реконструираше и градеше Гранит, а особено 3-те вијадукта кај Риека.

П.С. Не дека немаме стручњаци, него дома не ни се работи.


Posted By: blejdsk
Date Posted: 22-Mar-2008 at 00:50
ОСУМ ПОНУДИ ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТ ТАБАНОВЦЕ-КУМАНОВО


Пелагонија и Бетон понудија најниски цени


Пелагонија, иако достави најниска цена поради тоа што ја немаше потребната банкарска гаранција, е неизвесно дали тендерската комисија ќе ја земе предвид нејзината понуда


Две домашни и шест странски градежни компании доставија понуди за изградба на автопат од граничниот премин Табановце до Куманово. На вчерашното јавно отворање на понудите, скопските градежни фирми Пелагонија инженеринг и Бетон понудија 10,6, односно 12,97 милиони евра за изградба на 7,62 километри автопат. Од тендерската комисија појаснија дека се уште не може да се дефинираат четирите компании со најниска понудена цена бидејќи треба да се разгледа нивната доставена техничка документација. Пелагонија иако достави најниска цена, поради тоа што ја немаше потребната банкарска гаранција, е неизвесно дали тендерската комисија ќе ја земе предвид при рангирањето.

Во трка за изградба на ова мало парче од патниот Коридор 10 влегоа и хрватските компании Виадукт и Конструктор инженеринг чии понуди се околу 14,3 милиони евра. За градење на автопатот понуда од 11,1 милиони евра пристигна и од хрватскиот конзорциум меѓу Ингра и Осиек Котекс. Алпине Бау од Австрија понуди 12 милиони евра, Страбаг од истата земја - 15,21 милион евра. Највисока е понудата на грчката Терна - 16,7 милиони евра. Терна и Бетон како подизведувач се ангажирани на изградбата на втората фаза од обиколниот автопат на Скопје.

Делницата од Табановце до Куманово треба да се подигне на ниво на автопат за 18 месеци и ќе биде финансирана преку заем што Фондот за магистрални патишта ќе го земе од Светската банка.
Во Програмата на Владата за инвестиции во патната инфраструктура за годинава, од Буџетот за оваа делница се планирани 707.000 евра. Овие средства ќе се искористат за експропријација на земјиштето.

http://vecer.com.mk/?ItemID=382CA44974C3C848847795A1486C842E - http://vecer.com.mk/?ItemID=382CA44974C3C848847795A1486C842E



Posted By: ProMKD
Date Posted: 22-Mar-2008 at 01:09
"Пелагонија и бетон понудија најниски цени"
10.6 милијони и 12.97 милијони
а потоа пишува " За градење на автопатот понуда од 11,1 милиони евра пристигна и од хрватскиот конзорциум меѓу Ингра и Осиек Котекс"

значи понудата на бетон е поскапа од хрватската...


Posted By: blejdsk
Date Posted: 27-Mar-2008 at 02:04

СПОРЕД ХРВАТСКИТЕ МЕДИУМИ


Ингра ќе го гради автопатот Куманово - Табановце


Хрватската компанија Ингра доставила најповолна понуда за градење на автопатот Куманово -Табановце, тврдат хрватски медиуми. Оваа компанија веќе најави дека ќе инвестира во Македонија преку преземањето на скопската градежна компанија "Маврово", за чија понуда ќе гарантира и австриската Рајфајзен банка.

Хрватските медиуми пишуваат дека оваа е прва зделка која Ингра ја добила на македонскиот пазар. Станува збор за изградба на автопатот во должина од 7,5 километри, кој е дел од паневропскиот Коридор 10.

Ингра, наводно, за реализација на овој проект, вреден околу 10 милиони евра, планирала да ја користи оперативата на "Маврово".

Од Фондот за магистрални и регионални патишта вчера изјавија дека тендерската комисија треба допрва да ја избере најповолната понуда, а тоа, според нив, не значи дека најниската понуда ќе бидат избрана на меѓународниот тендер.

Ингра на тендерот настапи во конзорциум со Осиек Котекс и понудија околу 11 милиони евра.
http://vecer.com.mk/?ItemID=2B72BC02DE537C4E87D2E9CF219F7EA2 - http://vecer.com.mk/?ItemID=2B72BC02DE537C4E87D2E9CF219F7EA2


Posted By: evolutionary
Date Posted: 30-Jun-2008 at 04:07
Bi zamolil nekogo da mi odgovori na prasanjevo:gledam deka malata delnica na avtopatot od Kumanovo do Tabanovce stoi sekogas oznacena deka e vo izgradba, dali e taa veke zapocnata, koga ke zapocne i koga bi trebalo do zavrsi? Blagodaram odnapred.

-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-Jun-2008 at 04:14


Лани ова време беше најавено дека кај да е ќе почнеле со изградба и пошто делницата била многу едноставна и кратка, работата ќе била готова за неколку месеци (мислам беше спомнато почетокот на 2008 или дури крајот на 2007).

После тоа наидов и на информација дека почнале со „припремни“ работи, што и да им значеше тоа...

Јас сепак до ден денес немам наидено на конкретна информација дека почнале вистинските градежни работи, ниту на веродостојна информација кога се очекува сегментот да биде готов...


Posted By: evolutionary
Date Posted: 30-Jun-2008 at 04:21
Verojatno planiraat da vleze vo funkcija nekade posle 2013, koga "bi trebalo" da profunkcionira delnicata Demir Kapija-Smokvica. Zalno

-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: pbanks
Date Posted: 20-Sep-2008 at 14:50
Само кратка вест од МИА. Супер вест секако ваљда другите медиуми ќе ни донесат повеќе информации (на сајтот на МТЦ има некаков политички памфлет околу ова но никакви конкретни информации околу рокови, изведувач, цена итн) Cheers

14:14  http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=57225207&lId=1&pmId=501 - Поставен камен-темелник за изградба на автопат на делницата Табановце-Куманово (ДПЛ)
Скопје, 20 септември (МИА) - На граничниот премин Табановце денеска свечено беше поставен камен-темелник за изградба на автопат на делницата Табановце-Куманово


http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=57220679&lId=1&pmId=501


Posted By: theone
Date Posted: 20-Sep-2008 at 15:09
i


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Sep-2008 at 20:37
Па нели хрватска фирма нешто требеше или грешка сум?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Sep-2008 at 20:39


И ја така знам...
Сега дали беше Ингра или Конструктор, нешто ми се испомешани работите, ама и ја памтам на времето дека се објави некоја хрватска фирма Dunno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Sep-2008 at 20:55
Контруктор го градеше патот до манастирот  Преображение во Крушево. Ингра е овдека.


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-Sep-2008 at 10:27
theone имаше право, веројатно се Алпина.

Зошто цела година ипол за ваква смешна делница Wallbash

Камен-темелник на автопат Куманово-Табановце


Од Куманово до граничниот премин Табановце за 1,5 година ќе се вози по автопат. Камен-темелникот на новото автопатско решение, со должина од 7,6 километри, беше ставен во саботата и него ќе го гради австриска фирма. Парите за делницата во висина од 720 милиони денари се обезбедени од буџетски средства и од заем на Светската банка.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и директорката на Агенцијата за државни патишта, Наташа Валкановска оценија дека со изградбата на делницата се очекува да се подобри протокот на возила и да придонесе за економски развој.
- Со ова продолжува реализацијата на програмата на Владата за изградба на Коридорите 8 и 10, како и на други приоритетни патни правци за подобрување на комуникацијата не само на домашниот, туку и на меѓународниот транспорт - рече Валкановска.

Министерот Јанакиески најави распишување тендери за изградба на регионални и локални патишта.
- Министерството за транспорт и врски не запира овде. За таа намена ќе се употребат 60 милиони евра од Светска банка - истакна Јанакиески.
Тој информира дека добиле одобрување од грчката влада за користење на европските средства со што ќе се овозможи реализирање на проектот за изградба на Коридорот 10 во целина, вклучувајќи ја и изградбата на делницата Демир Капија - Смоквица на ниво на автопат.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3BF50674BA6EBE4F947B237CD85D5246


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Sep-2008 at 23:41
Куманово-Табановце прилично скапа делница излезе. 12 миљони евра за 7,6 км е стварно многу! Имам слушнато некоја просечна бројка од 1миљон/1км, или па можеби тоа е само за една насока?!


Posted By: Plugger
Date Posted: 22-Sep-2008 at 23:46
Da be i ja se zachudiv, pa tolku e za kilometar pruga 1 miljon americki dolari na kilometar. Da ne im baraat nekoj specificni standardi za toj avtopat??

Stvarno e premnogu toa, pa imaat vo plan deka 2000km patista ke pravat niz drzavata sekoj grad i selo ke ima pat i plus da gi servisiraat i da gi chistat ke koshta gjavol ipol na kraj.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 22-Sep-2008 at 23:52
@ lslcrew

Таа бројка од еден милион за еден километар автопат по рамен терен, важела (и тоа само условно) за други врмиња. 12 милиони не се многу за 7.6km, баш напротив, но во случајов ме буни тоа што се работи за дуплирање на постојниот пат, а не за комплетно нов автопат... Но претпоставувам дека доста средства ќе одат во реконструкција, проширување  и подигање на стандардите на постоечкиот пат што ќе се искористи во функција на овој автопат, така да нема баш простор за забелешки. На крајот на краиштата зарем немаше тендер?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Feb-2009 at 05:05

Протест кај Табановце, автопатот се гради

КУМАНОВО - Четириесетина сопственици на земја и имоти од село Табановце вчера протестираа на автопатот незадоволни од висината на надоместокот за плодни парцели и градежно земјиште по кое минува втората коловозна лента од Коридорот 10. Градежните работи на оваа делница во должина од осум километри почнаа да се изведуваат пред околу еден месец, на просторот од граничниот премин кај Табановце до Куманово.

Претходно биле склучени договори со околу 150 сопственици на земјиште од селата Табановце, Речица и Долно Којнаре, во кои било предвидено сопствениците да се обесштетат со 2,5-5 евра за квадратен метар зависно од бонитетот на земјата. Стотина сопственици се согласија со таквата цена и надоместоците веќе им се исплатени. Другите, незадоволни од цената, се упатени своите барања да ги остварат по судски пат.

На вчерашниот протест незадоволните земјоделци од Табановце бараат надоместок од 5 евра за земјоделско место до 15 евра за дворни места и градежно неизградено земјиште. Тие изјавуваат дека веќе еден месец втората лента од автопатот се гради насила, а тие ќе протестираат и со порадикални мерки.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0927857AEF41FB4AA4A5F2A6508E868B


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 20-Feb-2009 at 12:55
Previous
15 EUR за М2 во Табановце, Речица и Долно Коњаре е секако лудило. Се надевам дека правниот систем ќе профункционира, дека ќе бидат сопстбвениците прво обесштетени, проектот нормално ќе продолжи а секако незадоволните можат да бараат на суд поголема исплата, но само откако ќе почнат градежните работи.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jun-2009 at 11:29
Еве конечно фотки од овој зафат. Се работеше интензивно, но во очи ми упаднаа неколку прекини на трасата за кои се плашам да не се завлечкани имотно-правни спорови. Исто така да забележам дека и на постојниот пат очајно му е потребно пресвлекување со нов асфалт - некои делови изгледаат како да биле бомбардирани со касетни бомби.

1


2


3


4


5


6


7


8


9


10


11


12


13


14


15  Табановце...


16  ...и после назад


17


18


19


20


21


22


23


24


25


26


27


28


29


30



Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Jun-2009 at 11:43
Е овие фотки очајно ни требаа. Браво Кловер, динамиката ми се допаѓа.

Неможам да проценам од сликите. Дали се гради цел паралелен автопат или постоечката траса ќе се прошири и адаптира како еден правец на идниот автопатот?




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jun-2009 at 11:47
Се гради само „пола“ автопат кој ќе биде докомплетиран со постоечкиот пат.

Со оглед на карактеристиките на трасата и со оглед на постоечката околна патна мрежа, мислам апсолутно оправдан пристап.


Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Jun-2009 at 11:49
Originally posted by Cloverstack

Се гради само „пола“ автопат кој ќе биде докомплетиран со постоечкиот пат.

Со оглед на карактеристиките на трасата и со оглед на постоечката околна патна мрежа, мислам апсолутно оправдан пристап.


Не те разбирам баш. Карактеристиките на теренот се баш едноставни за изградба на ефтин автопат и задржување на постоечката траса како алтернативна.

Што сакаш да кажеш со оглед на постоечката околна патна мрежа? Ги немам многу разгледувано патните правци околу, сакаш да кажеш дека постојат доволно патишта кои може да служат како алтернативни?

Во секој случај доколку се гради само пола автопат а постоечкава траса ќе се надградува дефинитивно ти е неоправдан стравот дека нема да се пресвлече асфалтот. Сигурен сум дека тоа ќе го направат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 03-Jun-2009 at 11:56
Да не навлагам офтопик, на слика 5 и на 6 се гледа некое објектче во изградба. Табла нешто имаше?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jun-2009 at 11:59
@ pbanks
Карактеристиките на постоечката траса ги спомнав во контекст на тоа дека нема никакви пречки да се надгради во автопат од аспект на оштри свиоци и или големи нагиби, баш напротив. Значи и со едноставно дуплирање нема да има никакви импровизации во однос на таквите стандарди.

А постојната патна мрежа е доволна за да не е потребна дополнителна алтернатива како задржување на постоечкиот пат и изградба на комплетно нов автопат. Паралелно со патов од источната страна е Р-101 кој не само што ги поврзува населените места туку е и класична алтернатива на идниов автопат. И од западна страна се е добро поврзано. Не знам во каква состојба е тоа и како се одржува, но тоа секако е друго прашање само по себе и нема врска со резонирањето како да се изведе автопатов.


@ lslcrew

Тоа е дел од зафатов - очигледно го модифицираат надвозникот за да може да се протне автопатот.


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 03-Jun-2009 at 19:18

dosta shiroko e. mi se svigja. da se sredi i stariot del top ke bide



Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jun-2009 at 22:26


Протестираа сопственици на земјиште


Жителите од селата во близина на граничниот премин Табановце, вчера, еден час протестираа поради незадоволството од ниските цени за земјиштето кое државата го откупува за доизградба на Коридорот 10. Цената што им е понудена од 3 до 7 евра за квадрат за нив е неприфатлива.
- Бараме повисока цена за нашето земјиште кое за нас е единствен извор на егзистенција - изјави Снежана Стојановска, сопственик на земја.

Простестираа околу 100 сопственици на земјиште. Дел од нив се обидоа да ја спречат работата на механизацијата по што полицијата интервенираше со приведување три лица.
Државата го гради Коридорот 10 на автопатот М-1 во овој реон во должина од 7.620 метри, а откупот на дворните места, нивите и бавчите го врши Агенцијата за патишта.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=41C8CDF98253854F944B1CED6E3DC871


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jun-2009 at 22:57
Џуро јас ја чекав веста да излезе на веб, добро што си ја постирал. Незнаев дека и до вамо ќе ја дотераме работата. Од она што го видов на вести, срварно трагично што се доведуваме до вакви ситуации. Видов имало и срцев удар некој од сопствениците, па брза помош, болници, чуда. Имаше една сопственичка со полиција ја отстрануваа. Да биде кашата поголема се злоупотреби настанов политички дополнително, како пресија врз српското малцинство, хелсиншки комитет и слични гомнарии. Искрено, уште еднаш, не сум очекувал дека до вакви ситуации ќе се дотераме. Ај разбирам све, ама до тука не ја очекував. Ноако погледнеме од аспектот на државен интерес, очигледно новиот закон за експропријација делеку е подобар од предхосниот, барем овој сега дава можност да се работи на терен додека се тера судската процедура, пошто ионака имотот ќе биде одкупен. Во ситуација сум да незнам каков став да заземам, од една страна имам строги ставови за ваквите процедури, знаете поддржувм и национализација во крајни инаети, но дефинитно и од страната на државата, кога веќе ја има моќта да одземе, де факто, имот па после да го обештети, сепак треба да се има обѕир околу цената и не треба да има потценување и да не се злоупотребува позицијата. Но пак од друга страна луѓето и се преценуваат, така да ај да веруваме дека судот ќе одлучи праведно, со праведна цена. Но дефинитивно неможе еден сопственик да кочи изградба на европски коридор. Инаку се работи за една од клучките коишто треба да бидат на патов, само незнам за локацијата.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jun-2009 at 23:01
сепак мојот впечаток е дека и покрај веќе очекуваниот фолкор, овој проект се одвива без некои големи пречки.

лично сум уверен дека неможе државата толку да потцени колку што сопствениците знаат да преценат.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jun-2009 at 23:03
Originally posted by pbanks

лично сум уверен дека неможе државата толку да потцени колку што сопствениците знаат да преценат.
Па донекаде и точна ти е констатцијава, но колку што разбрав се нудела цена од 2 евра по квадратен метар, што е далеку подоле од цената што поранои се нудеше какопочетна цена се даваше 3 евра, и тоа за земјишта у сред вукојебина. Па после се идеше на 5, па на 10, па на крај идеше судската постапка.


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Jun-2009 at 23:09
Значи немам точни сознанија за ситуацијата ниту сум експерт по законодавство за експопријација (не сум ни познавач). Сепак... сомнително ми е за секој проклет проект во оваа држава да има проблеми со некои профитери на кои никогаш не им е доволно, а цената ја плаќаме сите.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Jun-2009 at 23:16
Сега малку ќе забегама, имаме соодветна, нишка. Еве аш за аеродромот во Штип лично познавам луѓе што купуваа ниви само што разбраа дека ќе се гради аеродромот. Тоа се цели шеми разврзани на профитирање, па по некогаш незнаеш колку од тие сопственици се всушност во право. Исто така, од блиску го знам случајот со терминалот на преминот Богородица, каде што од политички причини се купуваше замјиште да се опструира изградбата на терминалот и слични гомнарии. Срамота!!!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jun-2009 at 11:57
МВР приведе тројца, а еден заврши во болница

Жи­те­ли­те на селото Табановце вчера ја блокираа изградбата на вто­ра­та траса од автопатот Куманово - граничен премин Табановце. По­ли­ци­ја­та ги приведе Станка Стошиќ и нејзиниот син Јовица, нејзината сес­тра Добринка Тасевска, а на зетот Тоде му се слоши, па заврши на ин­тер­но­то одделение во Кумановската болница.
Дра­ма­та започна околу 11.30 часот, кога педесетина жители на Та­ба­нов­це, сопственици на ниви, дворни места и на викендички се спро­тив­ста­ви­ја на понатамошната изградба на автопатот. Најупорни беа чле­но­ви­те на семејствата Стошиќ и Тасевски, на чиј имот сега се работи. Тие сед­наа пред градежната механизација. Полицијата се обиде да ги тргне, но кога не успеа, жените и мажите беа со сила одвлечени и пикнати во по­ли­ци­ско комбе каде што на Тоде му се слоши. Онесвестен го извлекоа од комбето и го пружија на асфалтот, обидувајќи се да му помогнат. Же­ни­те го полеваа со вода и го масираа додека пристигна брзата помош, по што сите ги однесоа за Куманово.
Из­ре­вол­ти­ра­ни од интервенцијата на полицијата, табановчани велат де­ка е срамота за државата така да постапува со својот народ.
"Ние не сме против изградбата на автопатот, само бараме соодветен на­до­мест на експроприраните имоти. Не ја прифаќаме максималната це­на од 5 евра за квадратен метар, понудена од државата. Сметаме де­ка нашите ниви и дворови чинат многу повеќе. Затоа ги обжаливме пр­вос­те­пе­ни­те судски пресуди, а сe уште немаме одговор од вто­рос­те­пе­на­та судска инстанција", велат жителите на Табановце.
Прет­став­ни­кот на Агенцијата за државни патишта, кој беше на местото на протестот, изјави дека сите што протестираат имаат добиено пр­вос­те­пе­ни правосилни судски решенија за експропријација, што на гра­ди­те­ли­те им дава право да влезат во, наводно, спорните имоти. Автопатот мо­ра да се изгради, без оглед кога и какви пресуди ќе изрече Апе­ла­ци­о­ни­от суд во Скопје за висината на надоместокот. Оние сопственици што не ја обжалиле првостепената пресуда можат да ги добијат парите.

Но­ви­от автопат од граничниот премин Табановце до влезот на Ку­ма­но­во, во должина од 8 километри, се гради веќе половина година.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=FDDAC5046FD80E4CAFFDFBEA0035E387



Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-Jun-2009 at 11:57
Еве подетално околу експропријацијава! сепак колку што се сеќавам на вести, една од анкетираните сопственички изјави дека и биле нудени 2 евра. Но како што се вели во текстов, ако се сепак 5 евра, мислам дека е некоја фер цена. Сепак и порано уимаше случаеви каде што чак и до 20 евра стигаа цените за оние најинаетлиите, ама тоа со стариот закон кој немаше можност да се влезе наградилиште. Но како што споменав предходно, околу аеродромот во Штип се препродаваа нивите за 3 евра, чисто колку да имате споредба како иде цената на земјиштето.


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 08-Aug-2009 at 20:01
Слики од мојата скорешна посета на Македонија. Изградба на автопат А-1 Куманово- Табановце.  Мојот впечаток е дека се работи, но не со посакуваниот интензитет. Сликиве се направени на 4 Август 09 година, на враќање кон Љубљана. Беше околу 9 часот наутро кога би требало веќе работниците да работат под полна пареа, но тоа не беше случај. Скоро сите машини седеа паркирани а редко се забележуваше напредок. Еве ги сликите од Куманово кон ГП Табановце.

















Пристигнуваме на ГП Табановце, кој навистина изгледа како голем и добро одржуван граничен премин, барем за наши стандарди.




Posted By: La Linea
Date Posted: 31-Oct-2009 at 02:33
Целосна студија на надградбата со секој можен податок, од должина на мостови до број на вијадукти и квалитет на подземни води.

http://mtc.gov.mk/new_site/images/storija_doc/1350/EIA_20rider.pdf - http://mtc.gov.mk/new_site/images/storija_doc/1350/EIA_20rider.pdf

Она што ме зачуди е оваа бројка, очекував повеќе

2.3.1 Quality of the ambient air (particles, gases, dust etc.)
...according to the data of the
Fund of Regional roads and Highways, the traffic on the existing regional road is estimated at around
2000 vehicles running per day



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-Oct-2009 at 22:41


Срамота Ohno

Ако 2000 е просекот тоа значи дека вон сезона кога е поплавата на Турци и горишноодморци просекот е што? 100, 200, 500? Ставрно ужасен просек.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2009 at 04:48
1  Тргаме од Табановце





3


4


5


6


7  Во овој дел (42°13'6.95"N  21°42'11.66"E) засега комплетно фали насип од околу 300 метри


8


9


10



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2009 at 04:51
11


12


13


14


15


16


17


18


19


20



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2009 at 04:56
21  Стариот надвозник (42°11'12.98"N  21°42'22.58"E) оди во пензија


22


23


24


25


26   42°10'26.96"N  21°42'32.67"E


27


28


29


30



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2009 at 05:00
31


32


33


34


35


36


37  и се разбира овде   42° 9'54.95"N  21°42'35.23"E



Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Dec-2009 at 09:10
А што е со хоризонталната сигнализација?! Зашто има дупла линија?! Дали се спрема преслекување на застарениот асфалт од другиот правец, па новиов да се корсти за двата правци?!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2009 at 15:54


Да, апсолутно:

Напредува автопатот Куманово-Табановце

Привршува надградбата на делницата Куманово – Табановце на ниво на автопат. Проектот се состои во изградба на нов коловоз со ширина од 11 метри, и реконструкција и проширување на постоечкиот пат од сегашните 8, исто така на 11 метри. Средишниот дел ќе биде со ширина од 4 метри. Најголем дел од новиот коловоз е веќе асфалтиран, а рокот за пуштање во употреба на автопатот е март 2010.


Градежните работи започнаа во септември 2008. Изведувач е австриската „Алпине“ (Alpine Bau GmbH). Делницата е долга 7,6 километри, а инвестицијата е во вредност од 12 милиони евра. Парите се обезбедени од буџетот и преку задолжување кај Светска банка.


И од српска страна на границата се дооформува коридорот 10. Автопатската делница Прешево – Левосоје беше пуштена во употреба во јули годинава, а се работи и на останатите сегменти кои недостасуваат. Во Македонија пак, со заокружување на проектот Куманово-Табановце, за комплетирање на коридорот 10 на ниво на автопат, останува да се изгради уште делницата Демир Капија – Смоквица, во должина од 27 километри.


http://www.build.com.mk/portal/?p=936


Posted By: goce2009
Date Posted: 05-Jan-2010 at 23:13
A ke se naplaca li patarina na ovaa delnia (od Ku-vo do Tabanovce)?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-Jan-2010 at 01:59
Па ова мислам дека е дол од другата делница, односно досега некомплетната. Па така да вероватно ќе си биде како досега. Колку што знам досега не сме виделе дека се гради наплатен пункт.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Jan-2010 at 02:29
И јас мислам дека нема да има патарина. Такво нешто не сретнав никаде досега, вклучувајќи и официјални документи за проектов, како на пример тој што погоре го има постирано LaLinea. Плус тоа, се работи за исклучително кратка делница (7,6 километри), а патарина веќе има веднаш кај Куманово.

Но со нашиве ништо не е невозможно... чим на скопската обиколница форсираат патарина, веќе не знам што се може да очекуваме од господата.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 06-Jan-2010 at 11:08
Зошто би имало патарина лол
Ќе зголемат цена ако треба за 10 денари на веќе постоечките !


-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jan-2010 at 22:25

Незаконска екпропријација на имот во кумановско Табановце

Експропријацијата на земјиштето каде што треба да помине трасата од коридорот 10 е незаконска тврди семејството Станоевски од кумановското село Табановце.

„Без да се утврди цената на земјиштето, дворното место, овоштарникот и дел од куќата што ми се одзема поради изградба на автопатот со асистенција од полиција булдожери ангажирани од Агенцијата за државни патишта целосно ми го уништија имотот а бевме приведени и во полиција“, велат сопствениците.

И правниот застапник на семејството Станоевски смета дека се прекршени некои членови од законот за експропријација. Во управната постапка се водени два предмета и се донесени две решенија. Бидејќи во предвидениот рок не е постигната спогодба за надоместок за вредноста на недвижноста, предметот е пратен во суд со цел во вонпарнична постапка да се одреди надоместокот на експроприраното земјиште, но само по едното решение. Другото решение никаде не се спомнува секако за да се изманипулира по однос на плаќањето по второто решение, тврди правната застапничка. Со слични проблеми се соочуваат повеќе семејства во Табановце.

Од Агенцијата за државни патишта велат дека поседуваат одобрение за градба од министерството за транспорт и потврда од службата за имотно правни работи од подрачната единица во Куманово. Постапуваат по правосилно решение и не го прекршуваат законот за експропријација. Доколку странките не се согласуваат со понудената просечна цена за метар квадратен земјиште можат да поднесат тужба. Ако судот пресуди во корист на странките Агенцијата Ќе ја надомести разликата во цената.

[tube]sHLbSdvnhEs[/tube]

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=57268


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jan-2010 at 22:37
Колку што можам да видам на ГЕ во Табановце нема куќи од страната кајшто се гради новата делница. Или ова е можеби некоја клучка?!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Apr-2010 at 03:47
Многу спора ми изгледа изградбата. Се работи на повеќе фронтови. Некако малку чудно, но може би и подобро така што се работи поле проблемите со експропријацијата што се јавија на неколку локации. Дополнително се работи под сообраќај, а има преслекување на стариот асфалт каде што новиот дел е веќе завршен. Сликите се сликани во два правци, првите 14 се во правец накај Табановце, другите 33 во правец накај Куманово. Се извинувам за квалитетот на сликите, сликани се преку нечисто стакло, битно се доловува статусот на изградбата.

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.


13.


14.


15.


16.


17.


18.


19.


20.


21.


22.


23.


24.


25.


26.


27.


28.


29.


30.


31.


32.


33.


34.


35.


36.


37.


38.


39.


40.


41.


42.


43.


44.


45.


46.


47.



Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Apr-2010 at 04:03
Слика 42. и 46. изгледаат како да си применил некој back to the 60's ефект. Сликај автобус на ЈСП и југо низ твојата шофершајбна, и никој нема да ти верува дека сликата не е од 1960


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Мартин
Date Posted: 25-Apr-2010 at 12:07
Зошто неможам да ги видам фотографиите после 37тата?


Posted By: La Linea
Date Posted: 25-Apr-2010 at 12:13
Originally posted by Мартин

Зошто неможам да ги видам фотографиите после 37тата?


Изгледа ти прегорел цинцилаторот на федерфуфната Big%20smile




Можеби го имаш истиот проблем како мене ако имаш firefox. Пробај да смениш табови, или фати го од страна скрол-барот и лизгај до најдоле, пробувај така нешто. Мене знае да ми испадне ако му направам финта - ќе стиснам(ако моментално се наоѓам на пример, на 4-та страна од нишката) ќе стиснам на 3-ка , но нема да го пуштам копчето од маусот туку ќе ја тргнам стрелката од 3-ката па ќе го отпуштам маусот некаде на страна.  Мајсторија


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 25-Apr-2010 at 12:24
Мене бавниов прогрес не ме изненадува бидејќи од старт беше најавен некој неверојатно долг рок за оваа кратка делница. 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Apr-2010 at 13:16
Истиот проблем со фотките ја го решевам со кликање на менито Пост Оптионс. Во конкретниов случај воопшто немав проблем, се јавува кај многу големи галерии.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 06-May-2010 at 12:51

Куманово - Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ќе ја посети локацијата на која се во тек градежни активности за изградба на патната делница Табановце - Куманово. (14:30)

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=73678565&lId=1&pmId=13


Posted By: The_Night_Hawk
Date Posted: 09-May-2010 at 13:54
Big%20smile
Поздрав од новиот член од Бањалука!
Со месеци веке гледам,читам и барам информации во врска со сите видови на сообракај...
Вашиот форум многу ми се бендиса, како што зборуваат
во Штип, каде што ми живеат роднини...
Thumbs%20Up
Да за првпат не бидам здодевен, имам едно прашање.
Кога ке се целосно заврши(глуп израз,ама Балкан е ова)
делницата на автопат од Табановце до Куманово?
Секоја година се мачам со автомобили или автобус од Грделица во Србија до накај Куманово(Макпетрол)...
Има ли шанса пред Илинден да градежни работи на полн профил на делницава завршат?
Се извунувам поради мојот македонски,ако згрешив...
Big%20smile 




Posted By: pbanks
Date Posted: 09-May-2010 at 14:03


Поздрав, добредојде Cheers

Според она што го имаме забележано на форумов почетокот на изградбата бил 20 септември 2008 година со најавен рок на реализација од година ипол. Рокот е очигледно веќе пробиен а според последните слики што ги има погоре на страницава, скептичен сум дека ќе им успее да завршат до Илинден 2010, но до Илинден 2011 мислам дека сигурно ќе ги немаш проблемите Табановце-Куманово


Posted By: The_Night_Hawk
Date Posted: 10-Jul-2010 at 19:11
Уште еднаш поздрав од Бањалука...
Со години веке читам што се случува со македонски патишта, а секоја година сум тука кај вас во татковина...
Не ми се верува дека се уште нема прогрес на делницата Табановце - Куманово.
Еден другар од фирма беше пред десет дена во Скопје, службено, и ми кажа дека во муабет со лугето од медији(новинари сме и двајца) има слушнато дека делницава може да се пушти во промет дури пред Илинден!!!
Малку невозможно ми изгледа вака со овие фотки од април,али сепак живеам во Босна каде што се е можно кога изборите се поблиску...
Конкретно кај нас(офтопик,пардон) делницата на автопат од 35 километри која беше одредена за комплетирање во 2012,сега ке биде завршена, до октомври...
Впрочем, да не одам повише во офтопик, има ли некоја шанса да се побра со тие 8 километри,дури имам читано некаде да министерот Јанакиески има кажано за некои хрватски медиууми,дека планираат за НОЕМВРИ ГОДИНАВА отворењето?!
Што е вистината? Фала однапред...    


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Jul-2010 at 13:56
TNH, би сакал да имав некаква попрецизна информација, но кога веќе тргнало со пробување на рокови, единствено сигурно е дека ништо не е сигурно. Единствено што можам да ти понудам е овој извадок од интервју на министерот Јанакиески за МИА, од пред 10-тина дена:

Журнал: Веќе се гради делницата Табановце – Куманово? До каде е изградбата на овој автопат?

 

- Делницата Табановце - Куманово е дел од паневропскиот Коридор 10, кој ја поврзува Македонија со Србија и Грција и со неговата изградба ќе се заврши автопатот до границата со нашиот северен сосед. Во тек е изградба на оваа делница, каде се работи на целосно автопатско решение, со сите придружни елементи, паралелно со постоечкиот пат и раздвоено со ограда и зелен средишен појас. Делницата е во должина од приближно 8 километри и очекувам целосно да биде завршена до крајот на оваа година.

Ohno



Posted By: anton
Date Posted: 05-Aug-2010 at 21:01
sakam


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Aug-2010 at 21:48
???


Posted By: se_manda
Date Posted: 06-Aug-2010 at 17:14
Си сака човекот бе Crazy


Posted By: anton
Date Posted: 07-Aug-2010 at 19:58
Случајно наидов на форумов и бидејки темата ме засега на некој нацин,та сакам да написам некој збор и јас.Зивеам во Долно којнаре и автопатот ми поминува блиску до куката,така да некои работи ги гледам и знам


Posted By: anton
Date Posted: 07-Aug-2010 at 21:22
Уште кога се градел автопатот -братство-единство,едната лента, беа направени некои грески сто сега по автоматизам се повторени.Беа оставени три подвозника над селото сто требасе да овозмозат нормална циркулација на селаните и нивните земјоделски масини кон нивите и понатаму до соседното село Речица.Едниот на север од селото кај селските гробиста сто еве сега го прават иза другата лента, го прават година дена така да зимоска и кога е дозд со возило немозе да се стигне до гробистата.Замислети ги маките на селаните кога има закоп.Вториот односно средниот подвозник е направен на селскиот пат сто оди кон селските ниви и понатака до спортскиот аеродром Адзитепе се до Резановце.Тој е оставен толку тесен и низок сто и песакот мора да се наведне за да помине.Третиот е појузно тој е посирок и повисок но сепак комбајн или натоварен трактор немозе да помине Интересантно за овој подвозник е сто тамо непостоел пат па селаните и ден денеска мора да одат по нивите покрај автопатот за да излезат на оној пат за Резановце Досега бесе една лента и немасе ограда,мреза, па лугето во зорт минуваа преку автопатот со комбајни и трактори , како ке биде во иднина кога ке немозе да се мине преку автопат кој знае.Усте понасевер од селото кај Терминалот велат се прави поголем подвозник со излез и влез на автопат но дали ке мозат да го користат селаните незнам.И дамозат да го користат би требало да има пат покрај автопатот сто ке ги поврзува двата селски пата за да мозат селаните да стигнат до своите ниви. за другуте проблеми другпат


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Aug-2010 at 19:24
anton, можеш ли да ги посочиш овие премини кои ги спомна на google earth или google maps?

Штета што ситуацијата е таква, но не е непоправлива и доколку се има воља може да се корегира. Зарем нема ни проект за сообраќајните врски во регионот каде што поминува автопатот? Со оглед на тоа дека кредитот е земен од ИБРД која е под капа на Светската банка, верувам дека сите можни детали биле прочешлани и ревидирани пред да биде одобрен, инаку тие не би дале кредит за несериозен проект. Во секој случај не е на одмет ни малку притисок од локалното население, чисто колку да ги подразбуди надлежните, инаку по правило тие се што можат би бутнале под тепих.


Posted By: anton
Date Posted: 08-Aug-2010 at 20:22
Овие премини се помегу местото кај сто заврсуваа двете ленти -старите-и т терминалот еве го линкот    http://maps.google.com/maps?f=d&source=s_d&saddr=42.163992,21.709735&daddr=%2B42%C2%B0+9'+56.27%22,+%2B21%C2%B0+42'+34.82%22+(42.165630,+21.709671)&hl=en&geocode=%3BFX5lgwIdZ0NLAQ&mra=mi&mrsp=0&sz=16&sll=42.165614,21.711044&sspn=0.008445,0.013797&ie=UTF8&t=h&z=16&lci=com.panoramio.all
незнам колку се гледа на мапата кај тоцката А епреминот сто нема пат па се оди покрај автопатот прку нивите до тоцка Б кај се вклуцува во селскиот пат кај сто преминот е мал.Сега тука се гради другата лента и тој пат це се унисти како тоа е планирано јас незнам го прасував председателот на м.заедница и тој нисто не знае. Усте погоре се наога вториот пат сто води до селските гробиста ипонатаму за РеЧица мегу нив има ниви ида би досол до мојата нива треба да поминам низ десет туги, затоа викам дека треба да има пат покрај автопатот.

                                                                  


Posted By: Supervisor
Date Posted: 23-Sep-2010 at 23:33
До кај е правецов? Па веќе го претераа уште не е пуштен, се работи за 10 километри...

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: axel
Date Posted: 05-Nov-2010 at 19:50
decki sekoj den se raboti na avtopatov duri i vo nedeli u posledno vreme dosta go zabrzaa tempoto na gradba,bidejki rab na fitosanitarnata stanica na tabanovce i sekoj den pominuvam tuka.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Nov-2010 at 00:42
Axel, како ти изгледаше тебе, блиску ли е денот на отварање?


Posted By: axel
Date Posted: 06-Nov-2010 at 14:30
clover ima uste mnogu rabota do denot na otvaranjeto imaat uste 4-5 mali mostovi nedovrseni i toa odzema vreme ama ako prodolzat vaka a i porebno e zabrzuvanje na tempoto ima sansi za nekoj mesec da bide gotov avtopatot


Posted By: Denko
Date Posted: 11-Nov-2010 at 15:33
8 km avtopat gradat veke 2 godini, a zamislete se raboti za ramen predel, bez planini, kotlini i pogolemi reki. Kolku godini ke im treba za izgradba na delnicata Demir Kapija-Smokvica?


Posted By: Andrej_LJ
Date Posted: 11-Nov-2010 at 19:45
А делницата Гостивар - Охрид што е неколку кратно подолга? Веројатно одговорот лежи во Толку, колку и пругата Бељаковце-Девебаир...

-------------
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте


Posted By: Supervisor
Date Posted: 19-Nov-2010 at 11:00
Срамота е ова 8 км автопат... Ја се надевам дека до нова година ќе биде пуштен

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: Plugger
Date Posted: 19-Nov-2010 at 16:08

Supervisor, Ke bide nov avtopat so novi letni, pa rushenje asvaltiranje ne e tek taka lesno.

Sea Demir Kapija-Smokvica ke vidis kakvi problemi ke ima.


Posted By: Tuvok
Date Posted: 18-Jan-2011 at 22:24
Originally posted by Plugger

Supervisor, Ke bide nov avtopat so novi letni, pa rushenje asvaltiranje ne e tek taka lesno.Sea Demir Kapija-Smokvica ke vidis kakvi problemi ke ima.


Абе и најмодерен каков сака нека е 8 килмотри за толку долго време е срамота. Со вакво темпо ако се работи и на другите делници кои што се низ значително потежок предел би требало се да биде готово околу 2200 година.

Да се надеваме дека кон другите делници и од двата коридора ќе се пристапи сериозно и ќе се завршат со темпо како во секоја нормална држава. Македонија како мала земја може да се покрие лесно со модерни автопати. Сеа надевам дека ќе се направи и крак од коридорот 10 преку Прилеп и БИтола до Охрид. Исто така и еден крак од према Штип и СТрумица. Кога можат сите во регионот зошто не и ние.


Posted By: Sale SK
Date Posted: 20-Jan-2011 at 01:23

Спомена мала и нормална држава.За едното си во право,за другото не.Да сме нормална држава ќе најдевме и некој концесионер.И за такви багателни цени никој не не зема за озбилно.

И да,дискусија за 8-9км автопате срамота во нормални држави.



Posted By: Tuvok
Date Posted: 05-Apr-2011 at 17:12
До каде е овде работава, глеам оддавна нема нови информации.


Posted By: phenomenon
Date Posted: 05-Apr-2011 at 19:46
Само што поминував по автопатот, па може да ви го кажам следново:

1. Втората лента е речиси готова, со исклучок на околу 1 километар над селото Табановце (всушност таа е старата, којашто е изгребана и треба да се асфалтира).

2. Од седум моста, колку што ги избројав, готов е само еден, 2 или 3 се избетонирани, останатите треба допрва да се направат.

3. Од трите клучки, изградена е само една и таа е недовршена - кај селото Гормно Којнаре, м.в. Костурник. Допрва треба да се градат клучките за село Табановце и терминалот (само е трасирана) и за Детоил.

4. Само на почетокот (кај Долно Којнаре) е поставен собирниот канал за атмосферски води измеѓу двата коловоза.

5. Допрва треба да се ставаат: ивичници, браници, хоризонтална и вертикална сигнализација и мрежа покрај автопатот.

6. Мене највеќе ми боде очи што коловозот што оди од Долно Којнаре кон Табановце е со само ДВЕ ЛЕНТИ (како што е на потегот Миладиновци - Куманово) и никаде не видов дека ќе се проширува. Значи ќе има една лента за возења и една за претекнување, а ќе нема лента за застанување!

Според моја проценка, треба летото 2012 да биде готов автопатот.

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Grunf
Date Posted: 05-Apr-2011 at 21:19
Originally posted by phenomenon

Според моја проценка, треба летото 2012 да биде готов автопатот.
То се такмиче са овима мојима  ко ће спорије да ради Ohno


Posted By: pbanks
Date Posted: 05-Apr-2011 at 21:25


За која делница зборуваш/споредуваш. Прешево-Давидовац/Ристовац?


Posted By: Grunf
Date Posted: 05-Apr-2011 at 21:42
Previous
Генерално. Одличан пример је Прешево-Левосој , деоница коју су пре 2 године покушали да протуре као завршени аутопут Nuts, а ту је и аутопут од Новог Сада ка граници са Мађарском који се гради деценијама. Истина, ту имају оправдање, тежак терен, клисуре, планинчине... Naughty


Posted By: phenomenon
Date Posted: 05-Apr-2011 at 21:45
Где бре? Код Фрушке Горе?!

-------------
開始されていないだけの戦いが失われ、


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Apr-2011 at 21:53
Иронија


Posted By: Grunf
Date Posted: 05-Apr-2011 at 21:56
Шала Big%20smile 
НС-Суботица-Хоргош (Мађарска) је у Бачкој, а то је равно као тепсија...
Фрушка Гора је са друге стране Дунава, у Срему, аутопут пролази поред ње...


Posted By: StreetStruck
Date Posted: 01-May-2011 at 13:11
Вчера на врата ми донесоа Отчет на владеачкава партијаSmile и еве што пишуваше во него: Изградбата на Табановце-Куманово треба да заврши до крајот на 2011, а вредноста на проектот изнесува околу 15,5 милиони евра.

-------------
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански



Print Page | Close Window