Print Page | Close Window

Пазари (општо)

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=656
Printed Date: 29-Nov-2020 at 15:05


Topic: Пазари (општо)
Posted By: La Linea
Subject: Пазари (општо)
Date Posted: 29-Mar-2008 at 15:29
Добри вести од Гевгелија Thumbs%20Up
Во Гевгелија ќе се гради Градско Пазариште и автобуска станица

Активностите на локалната самоуправа во оваа година ќе бидат насочени кон реализација на повеќе проекти, вели градоначалникот на Гевгелија, Драги Делев.

Ќе се стартува со изградба на ново Градско пазариште, чија реализација се чека повеќе од десет години, пренесува дописникот на Нетпрес од Гевгелија

.........

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=26867&kategorija=1 - Netpress




Replies:
Posted By: pbanks
Date Posted: 07-Aug-2008 at 09:46
Зелено пазарче ќе се премести кај Цветен пазар

Од „Скопски пазар“, кој е сопственик на земјиштето, засега нема коментар за намерата да се направи парк на таа локација


Жителите од околните згради наместо низ пазар, ќе шетаат во парк

Зелено пазарче во центарот на градот ќе се премести кај сегашниот Цветен пазар кај Старата железничка станица. На местото од пазарчето ќе се направи парк. Ова се предвидува со најновите измени на Детаљниот урбанистички план за дел од „Голем ринг“ во централното градско подрачје.Со измените на ДУП ќе се дозволи на сите стари згради околу пазарчето што имаат рамни покриви да се изградат потпокриви со коси покриви. Со измените се предвидува да се пробијат неколку нови сервисни улици. На тој начин ќе се олесни пристапот на жителите од околните згради до паркинзите.

Зелено пазарче е во сопственост на „Скопски пазар“. Компанијата пред неколку години го откупи земјиштето под пазарчето со површина од 2.300 квадратни метри по цена од 10 евра за квадрат. Од „Скопски пазар“ вчера не добивме одговор за нивниот став околу дислокацијата на Зелено пазарче, со образложение дека надлежните се на годишен одмор.Измените на ДУП се изложени на јавна анкета во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“. Граѓаните ќе можат да дадат забелешки на планот до недела. Покрај пазарчето, ќе се преместат и сите објекти и магацини на локацијата. Ќе се дислоцира и бараката зад зградата на дирекцијата на „Макпетрол“- вели Катерина Додевска, технички секретар на урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“. Според подготвувачот на измените и дополнувањата на планот, архитект Лидија Андреевска од Институтот за просторно планирање, урбанизам и сообраќај (ИНПУМА), со Генералниот урбанистички план за Град Скопје на локацијата на Зелено пазарче се предвидува парковско зеленило и детаљниот план мораше да се усогласи со него.


http://%20www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2E2B23C45BF84D498F26133375C651E9 -
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2E2B23C45BF84D498F26133375C651E9


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Aug-2008 at 00:16

Со ДУП се предвидува изградба на парк на местото на Зелено пазарче

Дел од граѓаните прашуваат како ќе се гради парк на земјиште во сопственост на „Скопски пазар“!?

Снежана Калабакова

Јавната презентација и анкета на Деталниот урбанистички план за „Голем ринг“ во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“ деновиве предизвикува голем интерес кај жителите во околината на Зеленото пазарче. Новината за дислокацијата на пазарот и изградба на парк ја поздравуваат најголем дел од граѓаните, а дел од нив се зачудени како е можно да се гради парк кога се знае дека „Скопски пазар“ е сопственик на земјиштето. Лидија Неделковска, одговорна за информирање во Општина Центар, тврди дека кога се правел ДУП-от, биле земени предвид катастарските парцели и ДУП бил пресликан врз основа на Генералниот урбанистички план и тука нема ништо спорно. Од „Скопски пазар“, поради годишните одмори на раководството, немаше кој да потврди дали земјиштето на кое Центар планира да гради парк е во негова сопственост. Засега никој не зборува каде ќе се пресели пазарот. ДУП-от предвидува и рушење на сите објекти на ’Скопски пазар‘ и сите мали дуќанчиња на двата влеза од булеварот ’Кочо Рацин‘“, објаснува Катерина Додевска, технички секретар во урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“.

Границите на опфат на ДУП-от на север се простираат на улицата „Мирче Ацев“, а на северозапад по линија на улицата „Даме Груев“ и „Војвода Васил Аџиларски“. На југоисток границата оди по должината на булеварот „Кочо Рацин“, а на југозапад по булеварот „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Опфатот на планот на запад се движи по линија на улица „Македонија“.




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Aug-2008 at 16:58
Највеќе ме буни она со зелениот пазар и како законот го има регулирано тоа прашање и дали навистина толку лесно ќе го дислоцираат (со оглед на тоа дека има приватен газда, кој без разлика на аферите и замерките, денес легално го поседува тој простор). Останува да видиме... Инаку на пазар од таков тип дефинитивно не му е местото таму, но и рокадата со зеленилото што ја направиле не ми се допаѓа баш многу (а прашање е и дали долгорочно сериозно се предвидува таму да има поголем парк, или е тоа само мачкање очи за да се смират граѓаните за одземање на друго зеленило).


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Aug-2008 at 20:08
Во врска со зелен пазар и правниот модус најлесно ќе биде доколу Скопски Пазар и општината, (градот, државата, незнам кој треба да го откупи земјиштето) потпишат договор за екпропријација и нормално на СП му се исплатат реални средства според тарифник. секако ова е најлогичната опција. Но доколку СП не се согласи на такво тогаш има една метода која се применува во МаџирМаало, а тоа е , било какова санација, дури и лепење плочки во вц, се казнува со рушење под изговор дека тоа не е предвидено со ДУП. Оваа метода широко ја оправдувам се додека од неа не сум засегнат, и се додека методава носи напредок поготово со нашиот менталитет. (Го знаете моето мислење по повод екпропријација). Но сепак мислам дека однапред е разговарано со СП и дека веќе има решение за ова.


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Aug-2008 at 20:59
ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ НА НОВИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
.......
Во врска со делот од ДУП „Голем ринг“ кој се однесува на дислокацијата на Зелениот пазар, некои од граѓаните кои живеат во неговата околина велат дека веќе се навикнале на метежот што се создава од пазарот, но немаат ништо против тука да се изгради парк. Единствено не им е јасно како тоа ќе го изведе Општината доколку земјиштето е приватно и откупено од „Скопски Пазар“.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1474&ArticleID=96399
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357&PID=14281#14281 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357&PID=14281#14281


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Aug-2008 at 22:42
Originally posted by lslcrew


Во врска со зелен пазар и правниот модус најлесно ќе биде доколу Скопски Пазар и општината, (градот, државата, незнам кој треба да го откупи земјиштето) потпишат договор за екпропријација и нормално на СП му се исплатат реални средства според тарифник.
Ако се исплаќа навистина реално за таа локација и за таа квадратура, ќе се дојде до вртоглава сума. Ја мислам дека на никого не му паѓа на памет таквакомбинација. Најверојатно ќе идат на компензација со земјиште за дислокација на пазарот (нели се спомна околината на цветен пазар), комбинирано со политички притисок за СП да прифати ваква за него не баш многу добра трампа.



Originally posted by lslcrew

било какова санација, дури и лепење плочки во вц, се казнува со рушење под изговор дека тоа не е предвидено со ДУП. Оваа метода широко ја оправдувам се додека од неа не сум засегнат
Колку принципиелно од твоја страна LOL


Posted By: Shopgirl
Date Posted: 13-Aug-2008 at 12:31
Од целиот план најдобра е само идејата за дислокацијата на пазарот без разлика која е веројатноста тоа да се случи, меѓутоа прашајте еден жител околу пазарот дали би бил среќен да се тргне пазарот...
Живеам долги години со поглед на пазарот, и е ужасно... од 4 часот наутро почнуваат да се влечат гајби, да трескаат тезги, да викаат пазарџии по цел ден... вечерта да останат најхрабрите и да се пијанчат до доцна вечерта... и најлошо од се што ја чуваат робата во комбиња кои седат на паркинг со денови и фаќаат паркинг места наменети за станарите, а ако не се чува во комбе тогаш се чува во подземните гаражи каде ужасно смрди поради скапаните патлиџани и пиперки... Верувајте ужасно е да се живее покрај пазаров!! Некој ми спомна дека зелениот пазар имал традиција и требал да остане таму? Која црна традиција? и дали воопшто е зелен пазар, или пазар за се, за долна облека, за банани, за супер лепак, за папучи, за сирење....

за останатите работи од планот не коментирам.. само морам да ја пофалам идејата за дислокација.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Aug-2008 at 23:13

Општина Центар ќе одговори на сите забелешки за ДУП за „Голем ринг“

Надлежните тврдат дека сите решенија во планот се во согласност со ГУП на Скопје

..........

Граѓаните се и против затворањето на Зелениот пазар, од кој со свежи продукти се снабдуваат огромен број скопјани. (С.Н.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=25F3B459A3B83A419C88EF63C4A24DB7

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357&PID=14569#14569 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357&PID=14569#14569


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Aug-2008 at 23:15
Основната цел што се носеше овој дуп беше да се дислоцира зелениот пазар кој е ругло на центарот, смрди на скапано околу, несоодветни магацини, мокро насекаде. И сега се нашле некој говеда (вероватно страци-мрчала) да се бунат.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Aug-2008 at 23:24
Граѓаните се и против затворањето на Зелениот пазар, од кој со свежи продукти се снабдуваат огромен број скопјани.
„Граѓаните“ нека уклучат малку мозок, па можеби ќе увидат дека дислокацијата на пазарот е апсолутно потребна и оправдана.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 31-Oct-2008 at 03:57
Ова нормално би идело во Комерцијални => Трговски објекти, ама читам некаков станбен простор, па нека иде тука.

http://prespasky.com/index.php?option=com_content&task=view&id=4448&Itemid=221 - http://prespasky.com/index.php?option=com_content&task=view&id=4448&Itemid=221

Заврши изградбата на Градскиот пазар javascript:void%20window.open%28http://prespasky.com/index2.php?option=com_content&do_pdf=1&id=4448,%20win2,%20status=no,toolbar=no,scrollbars=yes,titlebar=no,menubar=no,resizable=yes,width=640,height=480,directories=no,location=no%29;"> PDF javascript:void%20window.open%28http://prespasky.com/index2.php?option=com_content&task=view&id=4448&Itemid=221&pop=1&page=0,%20win2,%20status=no,toolbar=no,scrollbars=yes,titlebar=no,menubar=no,resizable=yes,width=640,height=480,directories=no,location=no%29;"> Испечати javascript:void%20window.open%28http://prespasky.com/index2.php?option=com_content&task=emailform&id=4448,%20win2,%20status=no,toolbar=no,scrollbars=yes,titlebar=no,menubar=no,resizable=yes,width=400,height=250,directories=no,location=no%29;"> Е-маил
ImageОпштина Ресен наскоро ќе добие модерен градски пазар, кој интензивно се градеше последнава година.

Новиот пазар зафаќа урбан блок од околу 4 035 м2 и во многу блиска иднина ќе биде и свечено отворен дознава ПреспаСкај.

Според информации на ПреспаСкај, речиси сите дуќани се распродадени, а голем е и бројот на резервирани тезги.

Пазарот е веќе подготвен, обезбеден со вода и електрична енергија.

Дознаваме исто така дека огромна била заинтересираноста за петнаесете дуќани кои се интегрирани во Градскиот пазар. Пазарот исто така располага со 72 тезги од по 2 квадрата и голем паркинг.

Граѓаните за овој модерен проект, позитивно гледаат на решението на општината за градскиот пазар кој конечно ќе добие складна локација, тие го поздравуваат ваквиот чекор на инвеститорите и се надеваат на уште идни успешни проекти кои ќе допринесат за економски развој на Преспанскиот крај воопшто.

Просторот кој го зафаќа овој комплекс се наоѓа во Урбана единица 2, јужно од центарот на градот, Урбана единица во која има во главно индивидуално и колективно становање и се наоѓа на магистралниот пат Ресен - Битола на улицата Ленинова.

На вкупната површина на опфатот реализирани се следните инвестиции:
  • Новопроектирани објекти 2 420м2;
  • Затворена хала – пазар 600м2;
  • Отворен пазаришен простор 550 м2;
  • Административно деловен простор – дуќани на приземје 1 220м2;
  • Катна површина – станбен и деловен простор 1 190 м2;
  • Настрешници над двата главни влезови 140 м2;
  • Внатрешни сообраќајници со паркинг простор и пешачки стази  1 680 м2;
  • Зелени површини 130 м2.
PrespaSky,
29/10/2008



Posted By: pbanks
Date Posted: 03-Nov-2008 at 14:48
Како и за се друго најкриви си се граѓаните Thumbs%20Down. Не еднаш ме терале да купувам од такви диви пазарџии, демек поефтино било ама од принцип не го правам тоа. Некој на пазарите редовно си плаќа давачки за да работи а овие говеда освен што ни го загадуваат градот и ја крадат државата.

ДИВИТЕ ПАЗАРЏИИ СЕ НЕРЕШЛИВ ПРОБЛЕМ ЗА ГРАДОТ
Продаваат од камиони, создаваат ѓубре со тони

Елена Мачевска

Скопје е преполно со диви пазарџии, кои продаваат производи на јавните градски површини и покрај високите казни од 300 евра предвидени за ваков прекршок. Речиси на секоја ширинка се паркирани камиони и се поставени импровизирани тезги, на кои се продаваат зеленчук и овошје, кои на граѓаните им се нудат по пониски цени отколку на пазарите низ градот, што е разбирливо ако се има предвид дека за ваквата дејност овие трговци не плаќаат никакви законски давачки. Покрај тоа, зад пазарџиите се создаваат диви депонии од расипани производи, од каде се шири непријатна смрдеа. Граѓаните реагираат на купиштата ѓубре, но и покрај тоа купуваат од импровизираните пазари. - Честопати кај нас на паркингот пред зграда се паркираат два или три камиона. Луѓето доаѓаат да купуваат тука затоа што стоката која што се нуди е поевтина. Покрај тоа, поблиску ни е да купуваме од нив наместо да патуваме до пазар. Ама од друга страна, се прави многу ѓубре по улиците - вели Наталија Кракутовска од Кисела Вода. Најалармантна е ситуацијата во населбата Горно Лисиче. Таму секојдневно се паркирани десетина камиони со разновиден зеленчук. Тамошните жители за ваквата состојба досега неколкупати реагирале кај општинските служби, но од таму не добиле никаква реакција. Од Општина Аеродром велат дека иако дивите пазарџии незаконски продаваат на нивна територија, тие не можат ништо да сторат за да ги дислоцираат, туку единствено можат реагираат кај надлежните институции. Општинарите тврдат дека досега неколкупати за овој проблем се обратиле кај пазарната инспекција и кај полицијата. - Се додека немаме наше комунално претпријатие, нема да можеме да дејствуваме против продавачите. Откако ќе се формира, ќе се отвори можност да профункционираат јавни пазари во општината и на тој начин да се реши прашањето со дивите препродавачи - објаснуваат надлежните од Општина Аеродром. Комунални инспектори од Град Скопје велат дека и покрај високите казни, секојдневно доаѓаат нови и нови пазарџии кои нелегално ги продаваат своите производи. Од таму велат дека само во периодот од јуни до октомври, за непрописно продавање се изречени четириесет пријави. Како дополнителен проблем, тие го наведуваат и создавањето диви депонии затоа што, како што велат, пазарџиите практично со недели живеат во камионите од кои ги нудат сопствените производи. За фрлањето отпад, според Законот за јавна чистота, следуваат дополнителни казни покрај казната од 300 евра за продавање производи на недозволено место.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1541&ArticleID=101501


Posted By: evolutionary
Date Posted: 04-Nov-2008 at 10:08
Sloboden pazar Applause

комуналните ИНСПЕКТОРИ НЕ СЕ ПАЗАРАТ СО ДИВИТЕ ПАЗАРЏИИ

Крај за тезгите на картонски кутии

Се проретчија импровизираните пазари по спроведувањето на Законот и казнувањето на злоупотребите на јавните површини заради остварување личен профит


Продавачите од пазарите се лутат што се толерира нелегалната конкуренција

На картонска кутија распослани гаќи, чорапи, појаси... Бабичка потпрена на скршено столче вади парче леб од стоката што ја нуди. Врвулица од луѓе минува покрај неа, итајќи со торбите кон блискиот пазар. Не ја ни забележуваат. Некој ќе подзастане, ќе потпраша и ќе замине.

- Нема муштерии, ќерко. И три пара гаќи за 100 денари им се скапи. Мислат дека ако продавам тука, треба без пари да им ги дадам - вели Н.Ѓ. од скопското село Марино.Одненадеж, сите реагираат молскавично и ги прибираат пљачките пред себе. Бабичката знае зошто бегаат: доаѓа општинскиот редар. Таа нема ниту сила ниту брзина да му избега. Но, спремна е за карање.

- Ти мене ќе ми бараш 50 евра, не ти е срам. Дома сите мои блиски седат без работа, не сме виделе месо на трпезата со месеци, а ти сакаш и корката леб да ми ја земеш - му вели на комуналниот инспектор. Тој пак, виде-не виде, се откажа од глобата. Не оди да и' понуди ниту општокорисна работа на женичката што одвај се крепи.

АКЦИЈА "ЧИСТЕЊЕ"

Градските комунални инспектори почнаа да ги „чистат“ скопските пазари од дивите продавачи. Акцијата трае континуирано веќе неколку недели. Се казнуваат пазарџиите што продаваат од чорапи, долен облека, чадори, до цвеќиња или чаеви. Дивите продавачи ги окупираат претежно тротоарите пред пазарите, плочниците меѓу зградите, а и хаубите на своите возила се често излогот за стоката што ја нудат. Казните се 50 евра, според Законот за јавната чистота, поради валкање на јавните површини.

- Градската инспекција во изминатите два-три месеци казнила 87 диви пазарџии за нарушување на комуналниот ред. Не станува збор за инцидентни и засебни акции на комуналната инспекција, туку за редовна активност. Инспекцијата и понатаму ќе врши контрола на јавната површина околу пазарите за да спречи нарушување на комуналниот ред - изјавија од градското одделение за односи со јавност. Надвор од пазарите, за разлика од порано, деновиве не може да се видат диви продавачи. Инцидентно има, но не може да се зборува за масовна појава како претходно. Од Градот најавуваат дека ќе казнуваат се' додека не се уништи таа појава. Тие се водат од законската обврска да ги казнат сите тие што ги злоупотребуваат јавните површини за остварување личен профит.

НЕЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА

Пазарџиите што легално продаваат на тезги и му плаќаат за нив на „Скопски пазар“, се задоволни.

- Не плаќаат за тезга, а им се дозволува да ги намалуваат цените на истите производи што ги продаваме и ние. Ни ги крадат муштериите - се жали еден продавач на мед од пазарчето „Буњаковец“. Со него се согласија и неколкумина негови „колеги“.Една жена, пак, која со години на диво продава цвеќе, вели дека сега нема со што да го храни своето семејство. Не ја казниле бидејќи избегала навреме.

- Немам пари да платам за тезга, затоа и продавам цвеќе, кое го берам во мојот двор. Ги разбирам градските власти, но илјадници, па и стотици илјади живеат од сивата економија. Зошто не' бркаат нас, кои живееме со 100 денари на ден, а на Бит-пазар уште може да се видат шверцери како продаваат цигари на црно. Не е фер - вели таа. Од Градот ја повикуваат и пазарната инспекција, која со години не реагира соодветно.

- Апелираме до пазарната инспекција да преземе засилена контрола и да ја санкционира недозволената трговија што се врши околу пазарите. На тој начин се штити и злоупотребата на јавните површини, а ќе се зачува и комуналниот ред - велат од Градот.

Од пазарната инспекција со месеци, но и со години се недостапни кога бараме одговор за ова прашање. Според пазарџиите, од инспекторите дознале дека им е кажано да се избегнува долевање масло врз огнот под социјалниот лонец што одамна врие.

ИНФО -За три месеци 87 казни

Градската инспекција во изминатите два-три месеци казнила 87 диви пазарџии за нарушување на комуналниот ред. Казните се 50 евра во денарска противвредност, според Законот за јавната чистота, а се изрекуваат за валкање на јавните површини. Од Градот најавуваат дека ќе казнуваат се' додека не се уништи таа појава.

СТАВ
Фиктивна борба со „дивите“

Прогледувањето низ прсти на луѓето од социјалното дно, кои „на диво“ се борат парче леб, е константа на сите досегашни македонски влади. Колку и да зборува гласно за борба против сивата економија, цутат „бизниси“ со диви пазарџии, таксисти, занаетчии и сите други дејности со кои можеа да се занимаваат неквалификувани стечајци, отпуштени од работа, технолошки вишоци, предвреме пензионирани...Ваквата „социјална политика“ е со краток здив. Комуналните инспектори со право бараат да се почитува законот, иако пазарната инспекција ги толерира тезгарите од пред картонските кутии. Време е државата да пресече и да каже што сака да постигне. Ако веќе носи европски закони, пред да воведе ред со „дивите“, треба да им даде алтернатива за преживување.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4995AF0829931A42BB6FF2FA2E2B64E5


-------------
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone


Posted By: pbanks
Date Posted: 08-Nov-2008 at 13:53
Општините ги кријат плановите од граѓаните

Детаљните урбанистички планови се на јавна расправа за време на годишни одмори,аогласите за анкети се објавуваат во училиштата и во нетиражни весници


Кога е во прашање ДУП, се' се работи кришум, иако општините и инвеститорите се оградуваат

...........

СУДИРИ СО ПОЛИЦИЈАТА

Ваквиот начин на информирање на граѓаните доведува подоцна до несакани реакции: блокади, протести, уривање на оградите на инвеститорите, дури и насилни однесувања кон луѓето што ги обезбедуваат градежните објекти или кон полицијата.

.....

И во Општина Центар летоско имаше слична реакција, кога требаше да поминат измените и дополнувањата на ДУП „Голем ринг - Јужен дел-Исток“. Според планот, треба да се дислоцира Зеленото пазарче. Реализацијата на измените и дополнувањата на овој ДУП, жителите од месната заедница „Роберт Гајдиќ“ беа подготвени да ја бранат и со жив ѕид. Собираа потписи што со писмо беа доставени до градоначалничката на Општина Центар, Виолета Аларова. Тие најавуваа и тужба против инвеститорот, Општината Центар, и проектантот на планот, со барање привремена мерка за запирање на сите активности до правосилната пресуда. Тие се противеа што ќе се сечат четириесет години стари дрвја и на изградбата на паркинг наместо детски игралишта, клупи за одмор и шеталиште.

- Ние максимално го почитуваме законот. Огласите за јавна презентација и анкета се објавуваат во два медиума и на нашата веб-страница, како и на објектот каде што треба да се одржи расправата, најчесто е на најфреквентните места - објаснува Неделковска. Како што информираат од Општината Центар, се почитуваат и термините за спроведување на јавната анкета, а проектантската куќа со часови стручно ги објаснува измените на планот. Анкетата трае уште 10 дена потоа.

.......


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=20DDB075AB8CB443B7F3FDE1A108FEF4
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=21035#21035 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=21035#21035


Posted By: beTon
Date Posted: 12-Nov-2008 at 19:53

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100101 - 5.000 евра казна за „Фершпед“

„Фершпед“ заработи прекршочна пријава. Ќе плати казна од 5.000 евра во денарска противвредност, 600 евра заработило одговорното лице, а 400 службеното кое било затекнато на автопазарот.

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат во неделната рација на автопазарот утврдиле дека „Фершпед“ го прекршил законот за трговија, според кој на специфичните пазари може да се продава само одредена стока.

Во случајов на автопазарот може да се продаваат само стари автомобили и стари делови. Инспекторите во неделата утврдија дека таму се продава се и сешто, нови делови за автомобили, храна, постелнина, детски играчки, живина, мобилни телефони.

Постапката за утврдување на работата на автопазарот се уште трае. Дури потоа ќе се одреди конечната казна за организаторот на автопазарот. Во зависност од тежината на прекршоците, судот може да донесе одлука и да го казни „Фершпед“ со затворање на автопазарот од три до пет години.

Од Министерството за економија велат дека тие не издаваат дозвола затоа што за автопазарот требало само да се исполнат минимални технички услови за вршење на дејноста, кои таму не се испочитувани.

Повеќе од 18 години на автопазарот царува сивата економија, годишно таму се прави обрт од над 100 милиони евра.

Акцијата на инспекторите продолжува. Денеска се чешла Пластичарската улица. Допрва ќе се знае какви се нерегуларности се откриени во работата на дуќаните во овој дел од Скопје.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=100101 - A1 - Емилија Јовановска - 12.11.2008



Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Nov-2008 at 21:19
ги казнуваат за валкање на улиците Crazy, треба за нелегален бизнис да ги казнуваат бе
а за тоа дека немаат пари и дека преживуваат нека не јадат многу бурек, им нудеа во минатото бесплатни тезги на одреден период и ги одбија, па не просат на улица да му се невиди
инаку овие диви тезгаџии беа проблем во аеродром и сеуште се, во околината на пазарот кај Бисер, порано си имаа направено свој пазар карши Т.Ц. Бисер, па ги бркаа, па пак се враќаа, и така неколку пати
можда е малку нападно и предрасудно, ама мислам дека пазарџииве собираат барем по илјадарка дневно само од пензионери кои или не се во можност или ги мрзи да идат до пазар


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Nov-2008 at 22:08


Јас за друго сум загрижен... Да не банкротира Фершпед со ваква огромна казна Crazy


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Feb-2009 at 19:22
И ПОКРАЈ ПРОТИВЕЊЕТО НА ЖИТЕЛИТЕ
Усвоен планот за дислокација на Зелен пазар
Жителите најавија дека ќе го обжалат планот на Уставен суд и нема да дозволат да се изгради нова сообраќајна зона кај Градски sид

.............

Жителите од  Советот на Центар, и покрај забелешките од жителите, вчера доцна попладне го усвои новиот ДУП "Голем ринг - јужен дел - исток" кој, меѓу другото, предвидува дислокација на Зелен пазар, спротивно на забелешките на жителите. Според планот, просторот на денешниот пазар треба да стане парк. (Е.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163327&idg=9&idb=2595&rubrika=Skopje - http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163327&idg=9&idb=2595&rubrika=Skopje
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357&PID=30253#30253


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Feb-2009 at 20:35
Збогум, Зелено пазарче
СкопјеСкопје
По долга и бурна расправа во која беа вклучени и дваесетина жители на центарот, мнозинството советници во општината Центар го усвоија деталниот урбанистички план за Големиот ринг, јужен дел - исток, кој го опфаќа појасот од улицата Македонија спроти хотелот „Бристол“, преку Зеленото пазарче и Градската болница, до зградата на Сојузот на синдикатите.

Со оваа одлука пазарчето престана да постои на хартија.

..........

Рак-рана на овој простор е токму Зеленото пазарче, а со деталниот план се решава овој голем проблем.

- До 1990-тите проблемот не беше толку голем, бидејќи на пазарчето не се продаваше сè и сешто. А сега секое утро од четири до шест часот таму има кванташки пазар. Доаѓаат камиони што испуштаат штетни издувни гасови, а од кои се продава стоката за на тезгињата. Преку целиот ден, пак, хаосот е огромен, бидејќи на пазарот има од игла до локомотива. Затоа е вистински потег таму да се направи зелена површина. Што се однесува до зеленилото што треба да се сече, пак, сите треба да знаат дека сè си има свој рок, па и тоа треба да се замени, за да не стане опасно - смета Бахчовановски.

Г.Т.
 
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=313&ArticleID=17746 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=313&ArticleID=17746
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357&PID=30262#30262


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 11-Feb-2009 at 11:52

Центарот ќе остане без Зелено пазарче

Заради поврзување на улиците „Даме Груев“ и „М. Х. Јасмин“, треба да се урне станбена зграда

Деспина Трајковска

Парк на местото на Зелено пазарче, катна гаража пред Домот на синдикатите и нови сервисни улички низ „Градски ѕид“ со кои треба да се поврзат улиците „Даме Груев“ и „Мито Хаџи Василев-Јасмин“. Ова се суштинските предвидени работи со Детаљниот урбанистички план „Голем ринг- јужен дел - исток“, кој го донесоа советниците од Центар и покрај револтот на жителите што живеат во реонот на предметниот план. Тие на завчерашната седница не успеаја да издејствуваат да се пролонгира неговото донесување, ниту, пак, таков идентичен предлог од советникот Иванчо Вучевски не беше поддржан од мнозинството на Советот. Засегнатите жители се обидоа да им укажат на советниците дека предвидениот ДУП ќе им се загрози нормалното живеење. Реагираа дека планираното поврзување на сообраќајниците ќе придонесе за огромен метеж и загадување на маалото, а пак за сметка на неговата реализација ќе треба да се исечат десетици педесетгодишни липи и неопходно ќе биде и да се урне една зграда. Од „Скопски пазар“, пак, најавија дека дури денеска официјално ќе реагираат во јавноста во врска со новиот ДУП, бидејќи тој предвидува дислокација на Зелено пазарче, субјект со кој стопанисува и се наоѓа на нивно приватно земјиште.

.........

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6FD5055E54DA674E81D051CA837404D5
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357&PID=30333#30333


Posted By: beTon
Date Posted: 11-Feb-2009 at 12:06

се е ок ова со револтот на граѓаните оправдано за едни неоправдано за други т.е. секој со својот памет, но едно не ми е јасно ова зеленото пазарче на СП досега беше на државно земјиште, односно не ја имаа откупено земјата? или станува збор за трампа на локации помеѓу општината и СП, ако тука се прави паркинг треба тоа гаражите од дуќани се да се порушат што повеќе мислам дека се и приватни односно јасно легализирани, исто како и гаражите кои се надвор од пазарот, така да малку ми делува целиов муабет нејасно, односно не сум најдобро информиран дали се ќе оди подмачкано со дупот, или допрва ќе гледаме разноразни накнади од страна на општината на сметка Скопски Пазар. ај ако некој има точни информации околу сопственоста на земјиштето на денешно зелено пазарче нека ги нафрли да видиме дали и легално правно работите стојат како што треба! 



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Feb-2009 at 22:59

Зелен пазар е испазарен за градилиште

Граѓаните од соседството велат дека зад ургентното донесување на урбанистичкиот план со кој ќе се дислоцира Зелениот пазар се кријат други планови - да никне градилиште

Жителите од Градски ѕид ќе го обжалат на Уставен суд усвојувањето на новиот Детален урбанистички план за Голем ринг, со што се уништува и Зелениот пазар.

- Ако треба, и со жив ѕид ќе спречиме да ни направат градилиште под прозорците, велат станарите од соседството.Од општината неофицијално коментираат дека граѓаните најмногу негодуваат оти сите што имале подземни гаражи им ги издале на пазарџиите и дека револтот произлегува оттаму што тие ќе изгубат добри месечни приходи. Станарите на околните згради имаат спротивно мислење и велат дека зад итното донесување на планот, под „превезот“ приоритет на Владата, се кријат други намери.

- Се сомневаме дека воопшто ќе се гради парк на местото на Зелен пазар, што би било идеално. Познавајќи го кадарот во општината Центар, сигурни сме дека се' е лага и дека ќе се градат други објекти. Проектот набрзина се турка, а тоа ни остава сомнеж дека има таен план - вели Ѓоре Блажевски, кој живее во Градски ѕид.

Зелен пазар од пред неколку дена веќе не постои на хартија со донесувањето на ДУП „Голем ринг - јужен дел - исток“. Од Општина Центар велат дека со донесувањето на планот се предвидува изградба на парк и паркинг. Според општинарите, тие немаат обврска да бараат ново место за преселба на пазарот.

- Не е надлежност, ниту обврска на општината да го дислоцираме или да бараме ново место за Зелен пазар. Според ДУП, јасно е предвидено што треба да има на тоа место. Можеби е добра волја што општината размислува пазарот неофицијално да го смести на местото кај Цветниот пазар. Но, секако општината нема обврска да го прави тоа. Досега ниту еден од граѓаните не доставило писмено барање или молба пазарот да го дислоцираме - вели Ратко Савовски, секретар во општина Центар.Скопски пазар, кој стопанисува со Зелениот пазар, по повод дислокацијата испрати соопштение во кое велат дека се надеваат оти општина Центар предвидува соодветна локација, со која ќе се надомести евентуалното селење на Зелениот пазар и целокупниот деловен простор во тој реон.

„Пазарот е на површина од 6 000 квадратни метри и обезбедува егзистенција за повеќе од 600 корисници на тезги, како и за голем број корисници на деловен простор. Логичен е заклучокот дека повеќе од неопходно е да се обезбеди континуитет во работењето за сите овие луѓе. Скопски пазар има повеќе 3.500 квадратни метри од актуелната локација, а за другата површина има корисничко право“, се вели во соопштението.Жителите на овој дел од градот уште лани реагираа поради планот да се дислоцира Зелениот пазар. Тие сметаат дека поврзувањето на сообраќајниците во овој дел на градот ќе предизвика метеж и загадување во нивното маало.

ИНФО-Со жив ѕид против планот

Парк на местото на Зелено пазарче, катна гаража пред Домот на синдикатите и нови сервисни улички ќе никнат покрај Градскиот ѕид. Детаљниот урбанистички план „Голем ринг - јужен дел - исток“ го донесоа советниците од Центар. Жителите што живеат во реонот се подготвени со жив ѕид да спречат изградба на други објекти и се сомневаат во кадрите од општината Центар поради досегашните искуства.

Марија Тасев



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3A188BE802C936458CFC5AA8E849A88D


Posted By: zabegan
Date Posted: 12-Feb-2009 at 23:25
моментот со гаражите ја објаснува целава оваа ситуација Big%20smile


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Feb-2009 at 01:40

Буњаковец ќе стане пазар од затворен тип

„Буњаковец“ ќе стане пазар од затворен тип, опкружен со продавници, а во приземјето ќе има подземен паркинг, овие промени се предвидуваат со новиот ДУП. Според планот, на пазарот ќе се влегува од сервисните улички зад булеварот Партизански одреди. Тие сметаат дека така ќе се избегне сообраќајниот метеж на булеварот и на неколкуте сервисни улици околу пазарот.

Граѓаните од тој дел од градот велат дека решението им одговара, бидејќи сега не можат да паркираат пред своите згради се' додека работи пазарот поради сообраќајниот метеж

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=70ED11E29036EA4A90C327CAA5B6F734


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-Feb-2009 at 12:28
БИЗНИС ВРЗ ВОЗИЛАТА НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ГРАДСКИ SИД
Им ги покриваат колите со гаќи и градници
Граѓаните доцнат на работа бидејќи речиси секое утро чекаат дивите продавачи да си ја соберат стоката изложена на нивните возила

Дивите продавачи околу Зелено пазарче, автомобилите на жителите од околните згради ги користат како тезги. Колите паркирани на уличката која од кај Цветен пазар води кон пазарчето, секое утро се покриени со чаршафи врз кои се наредени гаќи, мидери, градници, корсети, комбинезони, маици, чорапи и капи. Граѓаните што живеат во овој дел од Градски sид велат дека секој ден мака мачат првин да си ги најдат колите, а потоа доцнат на работа бидејќи мораат да чекаат додека дивите продавачи си ја соберат стоката изложена на нивните возила.
"Наутро не можам да си ја познаам колата оти целата е прекриена со долна облека. Постојано се расправам со луѓето што тераат бизнис на мојот автомобил, ама залудно. Наредниот ден повторно се тука. Ми велат, на шега, дека кога ги користат автомобилите како тезги, многу поубаво им одел бизнисот, оти производите биле изложени многу поубаво отколку на картонски кутии", вели жителката на Градски sид, чиј автомобил секое утро е претворен во тезга.
Од Пазаришната инспекција велат дека не е нивна одговорност да ги санкционираат дивите продавачи туку оти тие се обврска на комуналната инспекција на Општина Центар и на полицијата.
"Наша обврска е да ги контролираме пазарџиите во рамките на пазарот. На оние што се надвор од пазарот ние можеме да им ја одземеме стоката, но само доколку комуналната инспекција е со нас и им напишете прекршочни пријави", вели Сашо Акимовски, директор на Пазаришната инспекција.
Од Општина Центар велат дека тие, заедно со полицијата во неколку наврати излегле на терен да ги казнуваат дивите продавачи околу Зелено пазарче и да им ја запленат стоката. Но залудно, наредниот ден дивите продавачи, како што велат од Центар, повторно излегувале околу пазарот.
"Деновиве повторно ќе имаме акција за санкционирање на дивите продавачи", најавија од Општина Центар.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163749&idg=9&idb=2603&rubrika=Skopje


Posted By: zabegan
Date Posted: 19-Feb-2009 at 14:27
WTF?! јас мислев ннивни автомобили дека се тоа, значи стварно да се немало срам Ohno


Posted By: se_manda
Date Posted: 19-Feb-2009 at 17:43
mmmmmmmmmmmm koj filing e da si najdes od sabajle prsluci i tangi na kola....LOL 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Feb-2009 at 18:56

Ќотек, нема друго... И онака сме дивјаци нација, кога полицијата не иди за диви продавачи можеби ќе дојди за тепачка... NOT!


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 23-Feb-2009 at 22:14
СТАРИТЕ АМБИЦИИ ВО НОВ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕБАР МААЛО
„Буњаковец“ во обрач од високи згради

Роза Петкова

Пазарот „Буњаковец“ ќе стане затворен пазар со сопствен паркинг, кога на Партизанска, во делот пред пазарот, ќе се изградат објекти високи до 26 метри, а ќе се пробијат и неколку слепи улички. Со новиот детален урбанистички нацрт-план за Дебар маало 2, кој во моментот е на јавна анкета пред граѓаните, покрај овие, се предвидени и измени во парцелите, со кои на сопствениците им е овозможено самостојно да градат до височина од дваесетина метри. Планот предизвика огромен интерес кај жителите од населбата, кои во голем број доаѓаат во урбаната заедница „Дане Крапчев“ од каде што потврдуваат дека за првите неколку дена примиле педесетина забелешки. Една од нив се однесува на новата уличка, која ќе се пробие зад пазарот за да се овозможи пристап до него. Жителите што имаат имоти во овој дел беа гневни поради ваквото решение за кое во урбаната заедница им објаснија дека ќе се реализира со одземање на површина од нивните дворови. - Властите на Општина Центар се, навистина, арогантни, кога по којзнае кој пат ја цртаат оваа уличка врз нашите имоти - револтирано се бунеше семејство од населбата Дебар маало. Пазарот се предвидува да биде сместен во објект со висина до пет метри, кој ќе овозможи и подземно паркирање. Надлежните од секторот за урбанизам во Центар велат дека по вторпат се предвидува затворен пазар на локацијата, но дека неговата реализација зависи само од сопственикот „Скопски пазар“. Според општинарите, објектот морале да го вцртаат затоа што немало друг начин како да се означи дека на местото има пазар.

...........


http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=32031#32031 - http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=79&PID=32031#32031


Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-May-2009 at 15:55

http://prespasky.com/index.php?option=com_content&view=article&id=308:2009-05-02-23-56-46&catid=35:2009-02-10-04-21-00&Itemid=57 - Отворен новиот градски пазар

Сабота, 02 Мај 2009 18:47 PrespaSky

Саботата на 2 мај 2009 беше свечено отворен новиот градски пазар во Ресен кој на улицата Ленинова се градеше последнава година.

Во присуство на сопственикот на комплексот, Г-дин Пеце Џурковски и Градоначалникот на Општина Ресен, Г-дин Михаил Волкановски беше пресечена лентата со што и официјално стартуваше новиот градски пазар.

Церемонијата ја следеа стотина присутни, а после осветувањето на објектот беше извршена и обиколка на новиот пазар.

Просторот кој го зафаќа овој комплекс се наоѓа во Урбана единица 2, јужно од центарот на градот, Урбана единица во која има во главно индивидуално и колективно становање и се наоѓа на магистралниот пат Ресен - Битола на улицата Ленинова. Големината на овој урбан блок е околу 4 035 м2.

Во непосредна близина се наоѓа и Автобуската станица на град Ресен која е уште еден придонес за економската местоположба на предвидената локација, согласно стандардите и нормативите за овој тип на објекти.


http://prespasky.com/index.php?option=com_content&view=article&id=308:2009-05-02-23-56-46&catid=35:2009-02-10-04-21-00&Itemid=57 - http://prespasky.com/index.php?option=com_content&view=article&id=308:2009-05-02-23-56-46&catid=35:2009-02-10-04-21-00&Itemid=57



-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jun-2009 at 03:51
Пазар во сендвич меѓу шеталиште и паркинг

Тодоровиќ сака да го измени новиот детален урбанистички план, кој ги негира постоечките тезги, со цел да се овозможи изградба на покриен пазар со подземен паркинг и шеталиште врз него


Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, сака да издејствува промена на деталниот урбанистички план за дел од локалитетот Голем ринг и тоа за просторот каде што сега се наоѓа Зеленото пазарче. Со идеен проект за покриен пазар со шеталиште врз него, Тодоровиќ ќе се обиде да го реши проблемот што постои околу уредувањето на овој простор во центарот. Постоечкиот детален план, донесен пред два месеци, предвидува таму да има парковско зеленило, согласно Генералниот план, а од АД „Скопски пазар“, кои го поседуваат земјиштето под пазарчето, велат дека без обештетување според пазарна цена нема да се повлечат од локацијата. И граѓаните од Урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“ се сомневаат дека ако се дислоцира зеленото пазарче, наместо парк, може да добијат градилиште.

Градоначалникот Тодоровиќ смета дека со неговата идеја локацијата може да се уреди на начин што ќе им одговара на сите.

- Сакам, пред се', граѓаните да се задоволни и затоа предлагам проект со кој пазарот нема да ја менува локацијата, а станарите од околните згради ќе здивнат од метежот и вревата. Значи, предлагам да се направи подземен паркинг за муштериите и сопствениците на тезги, приземјето да се покрие и во него да работи пазарчето, а одозгора да се изгради шеталиште со клупи, осветление и зеленило.
Ќе има и подрумски магацин за стоката. Сета работа ќе се изведе етапно, со цел да не се затвори пазарчето, па изградбата би можела да трае подолго. Тогаш граѓаните ќе имаат чиста ситуација - вели Тодоровиќ.Бидејќи важечкиот детален план предвидува само парковско зеленило, тој ќе го стави на ревизија, односно ќе побара измени и дополнувања пред Советот.

- Се надевам на разбирање и поддршка од советниците. Граѓаните што живеат во околните згради не се должни секое утро околу 5 часот да се будат поради вревата на пазарот, а и сегашниот изглед на тезгите не е глетка како за центар на град - вели Тодоровиќ.

За својата идеја тој ќе бара и согласност од „Скопски пазар“ бидејќи земјиштето е нивно. „Скопски пазар“ поседува повеќе од 3.500 квадратни метри од локацијата, а за другата површина има корисничко право. Пазарот е на површина од 6.000 квадратни метри и обезбедува егзистенција за повеќе од 600 корисници на тезги и на деловен простор.

Во акционерското друштво велат дека соработката со Општина Центар, како и со сите други општини отсекогаш е на високо ниво.

- На тема Зелен пазар, досега немаме официјален предлог од Општина Центар, но отворени сме за соработка. Секоја идеја, која е за општо добро на градот и граѓаните и која не е на штета на нашата компанија, е добредојдена - велат од „Скопски пазар“.

Без разлика дали ќе се оствари идејата на Тодоровиќ, од пред два месеци, со донесувањето на ДУП „Голем ринг - јужен дел - исток“, Зелениот пазар веќе не постои на хартија. Покрај паркот, урбанистичката документација предвидува да се организира сообраќајот на сервисните улици и да се догради анексот на блокот осум.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F07E387A164D5E4C9493850EBEF7559C


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Jun-2009 at 13:07


Според мене идеално решение сепак би било дислокација на пазарот, но со оглед на околностите, ми се чини дека концептот изложен во текстот е веројатно најдобар можен компромис, каде сите интереси (јавни и приватни), би биле разумно испочитувани.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 08-Jun-2009 at 18:12
ОПШТИНАТА ГИ ПОДГОТВУВА ПРОЕКТИТЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА
Три нови пазари ќе се градат во Аеродром

Жителите на општина Аеродром наскоро ќе добијат три нови пазари. Едниот од нив треба да се гради во населбата Горно Лисиче, каде што во моментот нема ниту еден пазар, а граѓаните што живеат таму се принудени да одат до тој во населбата Лисиче. Пазар ќе се изгради и на локацијата меѓу црквата „Св. Пророк Илија“ и поликлиниката „Јане Сандански“, а третиот ќе биде зад ТЦ „Бисер“. Граѓаните што живеат во непосредна близина на местата каде што е предвидено да има нови пазари, велат дека е крајно време општината да вложи во нивна изградба, затоа што, како што велат, ќе можат без да патуваат со автобус да појдат до пазар за да си купат основни намирници. - Најчесто одам да купувам дури до Зелен пазар или од неколкуте тезги што се поставени во близина на ТЦ „ Бисер“. Сепак, проблемот се јавува во тоа што за да стигнам до таму мора да користам автобус, па губам време со часови. Во близината каде што живеам има неколкуте тезги, но цените се превисоки оти има малку производи “ вели Лидија од Горно Лисиче. Таа се надева дека што поскоро ќе се реализира идејата за изградба на пазарите со што значително ќе им се олесни купувањето на луѓето што живеат во оваа скопска населба, а со тоа ќе им се обезбеди и пазарење по пониски цени заради поголемата конкуренција, како и поголем квалитет на производите. Од Општината Аеродром, која ќе инвестира во изградбата на трите пазари, велат дека се уште нема одредено конкретен датум кога ќе се почне со нивната изградба. - Проектот за пазарот што ќе се наоѓа на локацијата меѓу црквата „Св. Пророк Илија“ и поликлиниката „Јане Сандански“ е изработен, додека за двата пазари предвидени за локациите зад ТЦ „Бисер“ и во Горно Лисиче во моментов се прават проекти “ објаснуваат од Одделението за односи со јавност на Општина Аеродром. Проектот за првиот пазар го изработи фирмата ЗУАС, а, според него, локацијата на пазарот ќе зафаќа максимум површина од 1.300 квадратни метри. Трите пазари ќе бидат отворени и ќе служат за продажба на кондиторски производи, овошје и зеленчук.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1725&ArticleID=115293


Posted By: гитардемон
Date Posted: 09-Jun-2009 at 18:14
Еве две слики да го уловите блискоисточниот амбиент на битолскиот пазар

Pazar%20001


Pazar%20003





-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-Jun-2009 at 14:10

Нов автопзар го блокира Маџари

Секоја недела, од 6 до 16 часот, улицата Благоја Стефковски е бло­ки­ра­на од реки од луѓе што доаѓаат на пазарот, а колите ги оставаат на ули­ца­та

Тро­то­а­рот на улицата Благоја Стефковски во населбата Маџари, Општина Га­зи Баба, е претворен во паркинг. Од испаркирани автомобили, кој каде стиг­нал и како сакал, нема една педа слободно место да се застане и по­ми­не покрај улицата.Тамошните жители се принудени место по тротоар, да одат на коловозот на улицата меѓу автомобилите, па сообраќајот во на­сел­ба­та буквално е блокиран.
Ха­о­сот во сообраќајот, како што велат жителите, е од пред еден месец, ко­га покрај улицата бил отворен нов автопазар. Велат дека секоја недела, од 6 до 16 часот, улицата Благоја Стефковски е преполна од луѓе што до­а­ѓа­ат на пазарот да продаваат автомобили.
"Ме­те­жот на улицата го прават граѓаните што тука доаѓаат на пазар. Пред да влезат да си купат нешто, ги паркираат автомобилите на тротоар и со са­а­ти не излегуваат од пазарот. Нам не ни пречи толку автопазарот колку што ни пречат испаркираните возила пред влезот. Доколку некој сака да ра­бо­ти ваква дејност на улица, мора да најде решение за паркирање на ав­то­мо­би­ли­те, во спротивни, секој ден ќе викаме полиција да ги казнува", ре­а­ги­ра­ат тамошните жители.
Од фирмата "Севеада", која е сопственик на новиот автопазар, велат дека па­за­рот работи на европски начин, спред сите правила и прописи.
"Не е вистина дека пазарот го блокира сообраќајот. Напротив, откако го зат­во­ри­ја пазарот на 'Фершпед', ние најдовме начин дивите препродавачи на автоделови и на половни возила да ги сместиме на едно место. Секој што са­ка да си купи или да продаде автомобил, си плаќа 200 денари влезница, си до­би­ва фискална сметка и раат си работи цел ден. Површината на па­за­рот е 10.000 квадратни метри, собира околу 500 возила и воопшто нема пот­ре­ба некој да се паркира пред влезот. Имаме дозвола за работа, а нас­ко­ро ќе го поплочиме пазарот и ќе отвориме ресторан", велат од "Се­ве­а­да".
Од Министерството за економија вчера не добивме одговор дали фирмата "Севеада" има дозвола за стопанисување со автопзарот

http://www.vest.com.mk?ItemID=F1F1E62A3696524E9208F2BF9B28DADD


Posted By: lslcrew
Date Posted: 23-Jun-2009 at 11:43

Три нови пазарчиња во Аеродром

Мини-пазарите ќе бидат поставени на три локации, и тоа едно на прос­то­рот меѓу црквата "Св. Пророк Илија" и поликлиниката "Јане Сан­дан­ски", еден пазар ќе биде лоциран зад трговскиот центар "Бисер" и еден во на­сел­ба­та Лисиче

Оп­шти­на Аеродром во септември ќе отвори три нови пазарчиња. Сто тезгиња за продажба на овошје и зеленчук ќе се постават на просторот меѓу црк­ва­та "Св. Пророк Илија" и поликлиниката "Јане Сандански", вториот па­зар ќе биде лоциран зад трговскиот центар "Бисер", а третиот во на­сел­ба­та Лисиче. Отворањето на зелените мини-пазари Општина Аеродром го нај­а­ву­ва­ше уште пред три години, но реализацијата на проектот постојано се одлагаше, поради доцнење на тендерот за избор на фирма која тре­ба­ше да ги изработи тезгињата.
"Ко­неч­но, во септември ќе бидат готови проектите за мини-пазарите. Но­ви­те пазарчиња ќе го решат проблемот на дивите препродавачи на овош­је и зеленчук. Веднаш штом ќе се создадат потребните услови, па­зар­чи­ња­та ќе почнат со работа", рече градоначалникот на Општина Ае­род­ром Ивица Коневски.
Спо­ред она што го најавуваа општинарите во изминатиот период, тезгите ќе бидат во црвена и жолта боја со многу рафтови, а ќе бидат и покриени за да можат да се користат и зиме.
Од Аеродром велат дека цената по која ќе им ги издаваат тезгињата на па­зар­џиите ќе се утврдува допрва со одлука на Совет.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=FFBA0FDC32D7B04288221FFC879A29D4


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 09-Aug-2009 at 02:01

До крајот на годинава ќе се отворат три нови пазари во Аеродром

На пазарите ќе биде дозволена продажба исклучиво на овошје и на зеленчук

До крајот на годинава се очекува да профункционираат три нови пазари на подрачјето на Општина Аеродром со кои ќе стопанисува локалната самоуправа. Идејата за отворање на пазарите, промовирана уште од претходниот градоначалник, речиси е стасана на половина од реализацијата. Едниот од трите урбанистички планови со кои ќе се предвидат пазарите веќе е усвоен од општинскиот Совет, а наскоро се очекува да бидат изгласани уште два плана. Најдоцна до октомври, Општината ќе распише тендер за изведувач на трите пазари. Едниот од нив е планиран да се изгради на просторот меѓу црквата „Свети Пророк Илија“ и амбулантата „Јане Сандански“, вториот зад ТЦ „Бисер“ и еден пазар ќе се гради во населбата Горно Лисиче.

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, информира дека се' уште се работи на изготвување на програмата за привремени објекти, со што делумно ќе се регулира и функционирањето на пазарите и нивниот изглед.

„Овој проект е дел од стратегијата за дислоцирање на дивите пазарџии. Со оглед на тоа дека пазарите планираме да ги дадеме на користење за симболични цени, сметаме дека оние што сега на диво продаваат овошје и зеленчук ќе бидат заинтересирани за користење на тезгите. Не само што ќе ги избегнат акциите за санкционирање на дивите пазарџии, туку ќе ги исполнат и ХАСАП-условите кои наскоро ќе треба да почнат да се применуваат, бидејќи нашите пазари ќе бидат изградени според најсовремени стандарди“, вели Коневски и се надева дека сите диви пазарџии кои продаваат на подрачјето на Аеродром ќе ги искористат условите што ќе ги понуди Општината за работа на новите пазари.

Најверојатно, тезгите за пазарџиите кои се жители на Аеродром ќе се издаваат по пониски цени, а тоа ќе важи и за социјалните случаи. На пазарите ќе биде дозволена продажба исклучиво на овошје и на зеленчук. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3758C5F72638C64EAE607C6920932135


Posted By: lslcrew
Date Posted: 02-Sep-2009 at 11:30

Тешко е да се направи организиран пазар за книги

Градоначалникот Трајановски вели дека ќе го реши проблемот со уличните продавачи на стари книги, но проблем е да се најде локација во центарот за да се изгради пазар

%20
Скопје треба да има организиран пазар на книги, со што ќе добие посебен имиџ и ново култно место, а ќе се зголеми и интересот за книгата, каков што е случајот со европските градови, порача советникот Владо Поповски на последната седница на градскиот совет, наменета за прашања до градоначалникот и до неговата администрација.

- Дали градската управа има во план да го реши прашањето со уличните продавачи на старите книги - праша Поповски.

Градоначалникот Коце Трајановски истакна дека досега не направиле ништо конкретно за овој проблем, но формиран е тим со библиотеката „Браќа Миладиновци“ и веќе се разгледуваат неколку опции.

- Во програмата е предвидено да се изгради пазар на книгата, но секогаш се бара тој да биде сместен во центарот или во околината, што е тешко изводливо бидејќи локациите се ограничени. Во секој случај, тој проект ќе биде реализиран - објасни Трајановски.

Веќе неколку години продавачите на стари книги се стационирани пред платото на Македонската опера и балет, место што по реновирањето на плоштадот „Македонија“ само го избрале поради раздвиженоста и близината на неколку факултети. Идејата тие да се преместат во дворот на библиотеката „Браќа Миладиновци“ е стара околу три години, но никој не се заложува да го реши нивниот проблем. Од градската управа пред неколку месеци изјавија дека сé додека не се регулира дејноста за продавање на стари книги, нема да може да се направи сериозен концепт за наменско организирање на оваа дејност.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9291012225&id=14&prilog=0&setIzdanie=21778


Posted By: vardar
Date Posted: 14-Sep-2009 at 14:26
 
Радовиш ќе добие европски покриен пазар
 
 
13.09.2009 19:26

Радовиш ќе гради покриен пазар според европските стандарди, најавува радовишкиот градоначалник Роберт Велков. Ќе го градат странски инвеститори во партнерство со општината, а станува збор за инвестиција од 2,5 милиони евра.

„Проектот на кој денеска сакам да ставам акцент, а за кој сметам дека особено ќе придонесе за развојот на општината е изградбата на покриениот пазар во градот Радовиш, кој ќе ги исполнува сите стандарди и европски норми за безбедност на храна, како при ракувањето, така и при продавањето на ваквиот тип производи“, соопшти Велков,

„Во завршна фаза сме со преговорите со странски инвеститори кои преку јавно-приватно партнерство во Радовиш ќе вложат 2,5 милиони евра“, додаде Велков

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113662 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113662


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Nov-2009 at 07:16

Радовиш ќе гради покриен пазар

Има реални шанси да се реализира повеќегодишната идеја Радовиш да добие покриен пазар, односно современ трговски објект во центарот на градот, на местото на сегашниот отворен градски пазар. Првобитниот проект неодамна е изменет, во согласност со новите потреби на градот. Современиот трговски центар треба да има корисна површина од 4.000 квадратни метри и, според пресметките, треба да чини нешто повеќе од три милиони евра.

- Дозвола за градба имаме, а веќе има и интерес за инвестирање од домашни и од странски фирми. Локацијата е многу атрактивна, па инвестицијата може да се врати за не повеќе од три години. Се' уште не сме одлучиле дали ќе го избереме моделот на јавно-приватно партнерство или некој друг. Ќе водиме сметка за интересите на општината и целата постапка ќе биде транспарентна и според законите. Очекувам изградбата да почне во текот на 2010 година - вели градоначалникот на Радовиш, Роберт Велков.

Пазарот ќе биде двокатен, со 60 до 80 дуќани, голем супермаркет, со посебен простор за продавање земјоделски производи и со подземен паркинг за 80 возила.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=20BE60EDC302E940BA3C0DAD9D3506EB


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Dec-2009 at 03:54
Пред половина година ја регистриравме веста за отварањето на новиот, затворен градски пазар во Ресен, но немавме некаков визуелен материјал за да можеме да уживаме во оваа „убавина“
Се надевам барем дека добро се разработил.

Локација:  41° 5'6.57"N   21° 0'49.30"E

1


2



Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Dec-2009 at 14:23


Нуклеарна катастрофа. Не значи дека ако е малечок објект, во малечок град дека треба да се направи вака фушерски и транзициски. Окружението пак (тротоарите, калта, чакалот, улицата...) се дупла нуклеарна катастрофа.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Dec-2009 at 15:12
Абе ОК сепак не можеме да очекуваме светска уметност за некое пазарче маргинално во некое маало од некој мал град од државата. Сепак повеќе за поздрав е потегот што воопшто се иде на вакви затворени пазари што се реткост кај нас. Сепак ова е објект од функција, мање више и не е битно во колкава мера содржи "транзиционост". Да се работеше да речеме за општинска зграда или слично, ќе имав замерки доста за зградава. А за вака објект кој треба да си обаво основна функција, задоволен сум што не е грб. Тоа што не е убав не е воопшто битно.

Окружувањето се слагам, таман да е најзабален дел од земјава заслужува тротоар нормален.


Posted By: Makedonij
Date Posted: 31-Jan-2010 at 11:58
Еве еден нов проект во Радовиш

Има реални шанси да се реализира повеќегодишната идеја Радовиш да добие покриен пазар, односно современ трговски објект во центарот на градот, на местото на сегашниот отворен градски пазар. Првобитниот проект неодамна е изменет, во согласност со новите потреби на градот. Современиот трговски центар треба да има корисна површина од 4.000 квадратни метри и, според пресметките, треба да чини нешто повеќе од три милиони евра.


- Дозвола за градба имаме, а веќе има и интерес за инвестирање од домашни и од странски фирми. Локацијата е многу атрактивна, па инвестицијата може да се врати за не повеќе од три години. Сеуште не сме одлучиле дали ќе го избереме моделот на јавно-приватно партнерство или некој друг. Ќе водиме сметка за интересите на општината и целата постапка ќе биде транспарентна и според законите. Очекувам изградбата да почне во текот на 2010 година - вели градоначалникот на Радовиш, Роберт Велков.


Пазарот ќе биде двокатен, со 60 до 80 дуќани, голем супермаркет, со посебен простор за продавање земјоделски производи и со подземен паркинг за 80 возила.

http://img694.imageshack.us/i/rad.png/"> http://img684.imageshack.us/i/pazar1.jpg/">
http://img210.imageshack.us/i/pazar4.jpg/">
http://img710.imageshack.us/i/pazar2.jpg/">
http://img19.imageshack.us/i/pazar3.jpg/">

http://radovis.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=79

Имам ногу роднина во Радовиш, па ако почне да се гради ке го пратеме проектот.


-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: lslcrew
Date Posted: 31-Jan-2010 at 16:26
Може би непотребно се остава атриумот така. Ќе има ефект во однос на вентилација од мирис од пазар и од цела таа храна што ќе се продава тука и по пазари и по продавници и месраи и рибарници, ама па од друга страна пак дожд ќе врне. Она што јас би го направил е би го покрив пазаров со некој проѕирен покрив, да речеме плексиглас, со тоа што монтажниот дел нема директно да преоѓа во фиксниот, туку малку ќе биде издигнат за вентилација.






Posted By: Makedonij
Date Posted: 28-Feb-2010 at 17:00
Во Кавадарци ќе се гради градски зелен пазар - Советот донесе одлука за поволен кредит http://www.ktv41.com.mk/index.php?view=article&catid=48%3A2009-09-21-13-08-16&id=945%3A2010-02-22-17-47-57&format=pdf&option=com_content&Itemid=73">PDF http://www.ktv41.com.mk/index.php?view=article&catid=48%3A2009-09-21-13-08-16&id=945%3A2010-02-22-17-47-57&tmpl=component&print=1&layout=default&page=&option=com_content&Itemid=73">Печати http://www.ktv41.com.mk/index.php?option=com_mailto&tmpl=component&link=aHR0cDovL3d3dy5rdHY0MS5jb20ubWsvaW5kZXgucGhwP29wdGlvbj1jb21fY29udGVudCZ2aWV3PWFydGljbGUmaWQ9OTQ1OjIwMTAtMDItMjItMTctNDctNTcmY2F0aWQ9NDg6MjAwOS0wOS0yMS0xMy0wOC0xNiZJdGVtaWQ9NzM=">Е-пошта
Понеделник, 22 Февруари 2010 18:46
sovet_kavadarci_sednicaКавадаречкиот совет на денешната 16 та седница што се одржа попладнево со 10 гласа “За“ и 7 “воздржани“ даде зелено светло за долгорочно задолжување на општина Кавадарци со 115 милиони денари,   со цел обезбедување на средства за изградба на градски зелен пазар. Условите за задолжување се поволни и се дел од посебен инвестициски заем помеѓу Владата на РМ и Светска Банка. На усвојувањето на одлуката претходеа бројни дискусии.Градоначалникот Александар Панов ја образложи одлуката и притоа потенцира дека се работи за ретка голема инвестиција. “За ваков поволен кредит плаче секој стопанственик“ беше дециден Панов.
Одлуката за задолжување советниците во своите настапи ја окарактеризираа како историска. Советникот Бетиане Китев смета дека за одлуката треба да се продискутира и трезвено да се размисли дали е момент за реализација. Китев посочи дека не треба неговиот настап да се свати како опструкција, туку забелешки за законита одлука.  Забележа дека на одлуката и недостасува транспарентност иако нејзината нацрт-верзија беше помината на совет, а недостасува и јавна расправа по истата.
“Пред странските фондации и институции треба да изразиме едногласносст дека во име на граѓаните сакаме да го изградиме тој објект“ рече меѓу другото во својата дискусија советникот Панчо Минов и побара усвојување на заклучок дека одлуката за задолжување нема дополнително да ги оптерети граѓаните и правните субјекти со зголемени давачки.  Градоначалникот Панов беше дециден дека граѓаните нема да имаат зголемени давачки освен оние кај кои ќе се утврди поголем основ за данок на имот со акцијата за ажурирање на базата на податоци на даночните обврзници. Советникот Борис Давидов со став дека како совет треба да покажат храброст и да дозволат градот да се гради.
“Нема што да се мислиме. Оваа шанса за поволен заем не смееме да ја пропуштиме“ со став и советникот Ристо Сакалиев.
Претседателот на советот Илија Тренчев рече дека е воодушевен од идеата и е за подршка на како што рече ова историска одлука. Советуваше, да не им бидат на советниците во преден план суетите или политиката.
“Кој од вас во изборната програма не застапуваше изградба на нов градски пазар“? Запраша советникот Развигор Кабранов и образложи дека од предизборната кампања на која сите ветуваа изградба на градски пазар поголема јавна расправа и нема. “Јас со двете раце ќе гласам за оваа одлука“ беше дециден Кабранов.
По советничките дискусии орбразложение на условите за заем и што тоа ќе значи за буџетот на општина Кавадарци даде раководителот на секторот финансии Цанка Јованова.
“Износот на долгорочниот кредит кој се бара е во согласност со членот 20 од Законот за финансирање а единиците на локалната самоуправа и истиот изнесува не помалку од 30 % од остварените тековно оперативни приходи во основниот буџет на општина Кавадарци  за претходната фискална година. Тековно оперативните приходи  во Основниот буџет на општината за 2009 се во износ од 106.501.175 денари. Согласно ова одредба 30% изнесува 31.950.353 денари како максимален годишен ануитет согласно Законот. Користејќи ја законската одредба  и можностите кои ги нуди Законот со предложената одлука се предлага задолжувањето да биде во износ од 115 милиони денари со законски лимит на годишен ануитет во износ од 17.700.000 денари. АНГЕЛ ДАНОВ
















-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Mar-2010 at 19:01


„Новиот“ пазар во Битола.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: La Linea
Date Posted: 16-Mar-2010 at 19:14
Ми се допаѓа, изгледа културно. Тазе е реновирано ова? И ај ако може координати


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: leonid23
Date Posted: 16-Mar-2010 at 20:05
Супер реновирано


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Mar-2010 at 20:49
Не не, стариот пазар си е уште на место, и си се наоѓа http://maps.google.com/?ie=UTF8&ll=41.032986,21.339081&spn=0.00227,0.004817&t=h&z=18 - тука .

Ова е новиот пазар, кој иако требаше да биде зелен пазар, на крајот испадна место каде што ги сместија сите нелегални тезгаџии (средината, каде што ги гледате тезгите), а пак „бутиците“ одоколу на катот се ш-класа, а има и по некоја сендвичара и нормално обложувалница. Светла страна е што неколку банки имаат филијала таму, има 3-4 кафулиња, и по некое претставништво на т-моубл, vip и one, па просторот живна. Инаку се наоѓа веднаш до http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=255 - новата црква што ја следиме и на форумов , и спроти веро 4. http://maps.google.com/?ie=UTF8&ll=41.027531,21.314743&spn=0.00227,0.004817&t=h&z=18 - Еве каде . (сè уште не постои на сликите, прастари се).

Еве ќе се потрудам да најдам по некое сличе од пазарот, но премногу е скудно со овие содржини на интернет.



-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 16-Mar-2010 at 21:00
Сопствениците на дуќаните во новиот градски пазар со барање до градоначалникот Талески
16 МАРТ 2010


Сопственицте на дуќаните во новиот градски пазар, загрижени за пропаѓањето на пазарот и неговото секојдневно руинирање, деновиве, одржаа состанок, на кој формираа иницијативен одбор, кој во иднина ќе ги брани нивните ставови и барања, а прво барање е да му се одземе концесијата на “Полимер“.



Сопствениците на дуќаните се крајно незадоволни од начинот на кој со новиот градски пазар стопанисува фирмата “Полимер“ и затоа бараат, доколку оваа фирма не ги отстрани недостатоците и барањата од заклучоците на сопствениците на дуќаните, Општината Битола да и ја одземе концесијата и да им го врати владеењето со дуќаните во нивна сопственост.


Градоначалникот Владимир Талески треба да и ја одземе концесијата на “Полимер“ бидејќи оваа фирма воопшто не ги исполнува условите од концесискиот договор и владеењето со дуќаните да ни се довери нам, бараат сопственците на дуќаните во новиот градски пазар. Тие воедно бараат сите оние кои нелегално и бесправно ги проширија дуќаните да ги вратат како што е предвидено со проектот. Тие бараат да се отстрани дисконт-маркетот кој беше наменет за сирењара и во него да бидат сместени продавачите на сирење кои моментно сирењето го продаваат на паркингот пред пазарот.

Воедно се бара од фирмата “Полимер“ да ги врати просториите за ПП апарати, кои се узурпирани и се издаваат под наем.

Доколку сите овие барања не бидат исполнети сопствениците на дуќаните во новиот пазар ќе бараат градоначалникот на Општината Битола да го раскине концесискиот договор со фирмата “Полимер“ и истиот да им го довери ним, кои се подготвени да плаќаат и двојно поголема цена за концесијата од онаа што моментно ја плаќа “Полимер“.

Текст и фото: Сашо Ристевски


http://informator.ws/novosti-od-bitola/11978-2010-03-16-00-28-35.html - http://informator.ws/novosti-od-bitola/11978-2010-03-16-00-28-35.html

Еве да се види дека не го велам само јас тоа, туку буквално се распаѓа пазарот, и павер елементите се партал и на скалите, и одоколу на жардињерите.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 19-Mar-2010 at 20:34
Концесионерот да го напушти пазарот – расправа во Советот
ПЕТОК, 19 МАРТ 2010 18:07


Опозицијата го запраша градоначалникот дали е запознат со барањата на сопствениците на дуќаните во новиот пазар за одземање на концесијата на фирмата „Полимер".



-Сопствениците тврдат дека „Полимер" не се придржува до концесионерскиот договор при што затворениот дел од пазарот кој изворно е предвиден за продавање сирење бесправно им го дал под наем да се отвори дисконт маркет. Додека пак просториите за ППЗ апарати ги испразнил и ги дал под наем, праша на последната седница на советот советникот од СДСМ, Златко Ќурчиевски.

Градоначалникот бил информиран за нивните барања.



-Има писмо кај мене во кое имаат забелешки, досега трипати ревизија имам направено, но досега не во ваков обем. Ако се потврди ќе имаме сериозен проблем, рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Ќурчиевски праша и за инвестициите кои се планираа.



-Што стана со вашето ветување дека ќе се склучи анекс на договорот во кој ќе ги дефинираме инвестициите, ветување кое вие ми го дадовте пред една година, рече Ќурчиевски.
-Сите обврски кои доаѓаат со договорот ги пуштаме да ги ревидираат, како надзор е комисијата. Имаме забелешки за просторот, за осветлувањето и одржувањето на хигиената. Комисијата ќе разгледа и доколку достави докази, сериозно ќе разговараме, рече градоначалникот.



Сопственикот на „Полимер", Љупчо Стојчевски вели дека во средата бил на средба со градоначалникот, му објаснил како стојат работите и вели дека се е регулирано според обврските. Наскоро и подетално од „Полимер" ќе ја информираат јавноста.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=19321&Itemid=106 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=19321&Itemid=106

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-Mar-2010 at 00:54

Се уредува прилепскиот зелен пазар

Прилепскиот пазар ќе се уредува, ќе се поплочува со бекатон-плочки, а ќе се копа и бунар за техничка вода, со која ќе се чисти пазарот. За дупчење на бунарот, ЈП „Пазари“ инвестира околу 5.000 евра. Директорот на „Пазари“, Пецо Димоски, вели дека со инвестицијата површината на градскиот пазар ќе се мие секој втор ден, а не само двапати неделно како досега, кога се користеше вода за пиење. Со вложените средства хигиената ќе се покрене на повисоко ниво, се штеди, а пазарџиите добиваат чистота и подобри услови за работа - вели Димоски.

Тој вели дека пазарот ќе се уреди со бекатон-плочки на површината од околу 5.000 квадратни метри, инсталација на десетина чешми со пивка вода, канализација, осветление и канти за отпадоци. - Ќе се репарираат и тезгите што се селат од пазарот за дреболии на централниот пазар. Околу 180 трговци на конфекција и други стоки ќе бидат поблиску до потрошувачите. Просторот се чисти за почеток на градба на нова катна гаража - вели Димоски.

Наскоро се предвидени и покривање на пазарот и инсталирање на тезги по ХАЦЦП-стандардите.

http://dnevnik.com.mk/?itemID=356C2DD3CC76664195A65182B70BD17A&arc=1


Posted By: гитардемон
Date Posted: 25-Apr-2010 at 20:14

http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=1035:2010-04-25-06-25-40&catid=1:novosti&Itemid=41 - Битолскиот пазар нема пари за ХАЦЦП

Вести - Битола

Истекоа роковите за спроведување на стандардите, па можно е затворање на сирењарата и забрана за продажба на јајца на отворено. Затворање на халата за продажба на сирење и можна забрана за продажба на јајца на отворено му се заканува на битолското градско пазариште. До мај годинава истекува рокот што Министерството за земјоделство му го остави на јавното претпријатие „Пазари“ од Битола, да ја почне постапката за воведување на ХАЦЦП стандардите. Но, досега пропишаните правила за безбедна храна не почнеле да се имплементираат. Фирмата се соочува со финансиски проблеми - загуба од 700 илјади денари, па од таму признаваат дека немаат пари за комплетно да го спроведат системот. Ваквите состојби предизвикаа паника кај стотина продавачи на сирење и јајца во битолскиот пазар дека ќе останат без продажбен простор.

 

- Зошто кај нас да се затвори? Ние плаќаме паушал, па нека воведат услови. Во Битола барем сме во хала, а во другите градови луѓето продаваат сирење од автомобил. Каков ХАЦЦП, од канти на земја продаваат. Вака го вадам лебот откако ме отпуштија од фабрика како технолошки вишок. Со вакви закони ќе остане само индустриското производство, а традиционалното што се негувало сто и повеќе години ќе замре - вели Драги Стојчевски, произведувач на домашно сирење.
Новите стандарди од нив бараат да регистрираат фирма, да постават декларации на производите и да ги продаваат пакувани.
- И да се регистрираме дали ќе може да се издржи. За тезгата плаќаме 4.200 денари месечно, а толку не вадиме. Најверојатно ќе си одиме сите и ќе станеме социјалци. Порано беше друго, се трошеше, народот имаше повеќе пари, сега е се' катастрофа. Земаа цели канти, а сега по половина килограм. Цената на сирењето е иста со години, а потрошувачката е намалена за педесет отсто - се пожали Зоран Јовановски. 
Уредувањето на халата за сирење според ХАЦЦП системот предвидува замена на корозираните тезги со нови, инсталирање топла вода, вентилација, клима. Да се изгради халата за јајца, градски тоалет во пазарот и ред други работи. Дел од купувачите велат дека со ХАЦЦП стандардите барем ќе знаеме што јадеме. 
- Да поминете низ пазар, што се' не се продава по земја, зеленчук, јајца, живина исполегната до храната. Дел не плаќаат паушал, па влегуваат на диво и производите ги изложуваат на земја. Сите велат дека е здраво, природно, домашно, а дел од она што ќе го купите не го задоволува квалитетот. Нека се изложи каде е произведено, увозно е или наше - реагираат купувачите. 
Случајно или не, пред еден месец оставка од директорката функција во ЈП „Пазари“ даде Лазар Ивановски, а за в.д беше поставена Весела Петровска. Таа признава дека доцнат со ХАЦЦП и не ја исклучува можноста да им ги затворат местата каде што се продаваат сирењето и јајцата. 
- Само за промена на тезгите во халата за сирење ќе ни бидат потребни 400 илјади денари, а комплетно за целиот процес околу еден милион денари. Од каде да ги најдеме одеднаш овие пари? Ние ќе се обидеме со сите сили деновиве да почнеме со делумно воведување на стандардите, но не и за целосно - вели Петровска.

  http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=1035:2010-04-25-06-25-40&catid=1:novosti&Itemid=41 - http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=1035:2010-04-25-06-25-40&catid=1:novosti&Itemid=41



-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: SkyBoy
Date Posted: 06-May-2010 at 22:45

Ќе се осовременува битолскиот пазар

ЈП „Пазари“ најави неколку инвестиции за осовременување на централниот градски пазар и на сточниот пазар во Битола.

- Во оваа календарска година ќе се изврши поплочување на градскиот пазар, промена на покривот и пребојадисување на управната зграда, адаптирање на халата за сирење според ХАЦЦП-стандардите, ќе создадеме подобри услови за продажба на јајца, маслинки и на зрнеста храна и ќе изградиме нов санитарен јазол - информираат од ЈП „Пазари“.

Според програмата за работа во 2010 година, „Пазари“ планира приходите од продажба на услугите на домашен пазар да изнесуваат 65 отсто, а приходите од наемнини да достигнат 32,49 процента, со што ќе се обезбеди стабилна финансиска состојба во претпријатието.
 
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0425EE6E67502F41982C698FA2829B55 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0425EE6E67502F41982C698FA2829B55


Posted By: Makedonij
Date Posted: 19-Jul-2010 at 19:05
Реконструкција на Градскиот Пазар Ресен

ЈКП Пролетер во соработка со Локалната Самоуправа врши реконструкција на Градскиот Пазар.Старата лимена кровна конструкција се прошитува и се заменува со плексиглас со дебелина од 8 мм.Вкупната покриена површина на Градскиот Пазар е околу 600 метра.


1

2

3http://www.resen.gov.mk

-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: axel
Date Posted: 30-Jul-2010 at 16:40

Прилеп ќе гради пазар на големо

Околу еден милион денари ќе вложи ЈП „Пазари“ од Прилеп за адаптација на неискористениот дел од сточниот пазар за простор за големопродажба на земјоделски и на други производи. Тоа е содржината на дел од кредитното задолжување од 3 милиони денари, за кое виза даде Советот на Општината, како основач на „Пазари“. Останатиот дел од кредитот ќе се инвестира во адаптација на руинираната управна зграда и ќе се доврши покривањето на градскиот пазар.

Просторот за големопродажба се резервира за продавачите на зелени производи на ангро, за превозниците со огревни дрва, песок, вар, за стари автоделови, за автопазар и други продавачи. Со овој потег ќе се растовари централното градско подрачје од продавачи со приколки.

- Еден милион денари се насочуваат за покривање на незавршениот дел од пазарот во центарот на површина од 2.200 квадратни метри. Со вториот дел од кредитот ќе се реновира управната зграда, а со еден милион денари ќе се уредуваат околу 4.000 квадратни метри од Сточното пазариште во пазар на големо. Таму ќе се инсталира водоводна и канализациска мрежа и ќе се тампонира до асфалтирање - вели Пецо Димоски, директор на ЈП „Пазари“.

Градскиот совет дозволи „Пазари“ да утврди месечен паушал од 3.300 денари за превозниците на дрва и на песок, а не по 600 до 700 денари за едно влегување и излегување. Советот му го пренесе на ЈП „Пазари“ да го стопанисува и просторот зад меморијалниот музеј „11 Октомври“ за адаптирање на платото за понуда на ракотворби и на сувенири. (Љ.М.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D4C7552FF2F4564BA679F29B32FABEED


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 04-Aug-2010 at 17:49
НО­ВИ­ОТ ПЛАН НА МЕС­ТО­ТО НА ТЕЗ­ГИ­ЊА­ТА ПРЕД­ВИ­ДУ­ВА ЗЕ­ЛЕ­НИ­ЛО

Тез­га­џи­и­те не са­ка­ат да се се­лат од Зе­лен па­зар

Па­зар­џи­и­те од­би­ва­ат да се пре­мес­тат на дру­га ло­ка­ци­ја, се­ле­ње не при­фа­ќа­ат ни­ту, пак, од "Скоп­ски па­зар", од ка­де што ве­лат де­ка пре­мес­ту­ва­ње­то на па­за­рот ја ста­ва на коц­ка суд­би­на­та на над 600 ко­рис­ни­ци на тез­ги и 60 ки­ра­џии на ду­ќа­ни

Па­зар­џи­и­те од Зе­лен па­зар не са­ка­ат да се се­лат. Ко­рис­ни­ци­те на тез­ги­ња и на ду­ќа­ни на вто­ри­от по го­ле­ми­на па­зар во Скоп­је од­би­ва­ат да се пре­мес­тат на дру­га ло­ка­ци­ја. Проб­ле­мот нас­та­на по про­ме­на­та на Де­тал­ни­от ур­ба­нис­тич­ки план "Го­лем ринг - ју­жен дел - ис­ток", спо­ред кој на се­гаш­но­то мес­то на Зе­ле­но па­зар­че е пред­ви­де­но зе­ле­ни­ло. До­де­ка па­за­рот би се пре­се­лил на со­се­ма дру­га ло­ка­ци­ја. Ка­де точ­но би се дис­ло­ци­рал па­за­рот, сe ­уш­те не е де­фи­ни­ра­но, но од Оп­шти­на Цен­тар твр­дат де­ла но­ви­от ДУП мо­ра да се ре­а­ли­зи­ра.
Но и пок­рај вак­ви­те фак­ти, ни­ту па­зар­џи­и­те ни­ту, пак, од "Скоп­ски па­зар" има­ат на­ме­ра да се се­лат. Спо­ред нив, пре­мес­ту­ва­ње­то на па­за­рот ја ста­ва на коц­ка суд­би­на­та на над 600 ко­рис­ни­ци на тез­ги­ња и 60 ки­ра­џии на ду­ќа­ни.
"Ние во­оп­што не пла­ни­ра­ме да се от­ка­же­ме од оваа деј­ност на оваа ло­ка­ци­ја, од при­чи­на што по­ве­ќе од 50% од зем­јиш­те­то е во сопс­тве­ност на 'Скоп­ски п'азар, а цврс­та­та град­ба е ком­плет­но на­ша. Ако по­ра­ди ло­ши­те ДУП-ови 700 се­меј­ства тре­ба да ос­та­нат без нив­на­та ег­зис­тен­ци­ја, то­гаш ние сме­та­ме де­ка сe уш­те има лу­ѓе во др­жа­ва­та што има­ат вол­ја и ин­те­рес да из­нај­дат ре­ше­ние за ова пра­ша­ње" об­јас­ну­ва Са­шо Да­вит­ков­ски, прет­се­да­тел на Уп­ра­вен од­бор на "Скоп­ски па­зар" АД Скоп­је.
Спо­ред пла­нот " Го­лем ринг - ју­жен дел - ис­ток", пред­ви­де­но е се­ле­ње на Зе­лен па­зар, а на не­го­во­то мес­то е про­ек­ти­ра­но пар­ков­ско зе­ле­ни­ло.
Од Цен­тар ве­лат де­ка во Ге­не­рал­ни­от ур­ба­нис­тич­ки план и во Де­тал­ни­от ур­ба­нис­тич­ки план, на мес­то­то од па­за­рот е пред­ви­де­но пар­ков­ско зе­ле­ни­ло.
"Оп­шти­на­та има над­леж­ност да до­не­се де­та­лен ур­ба­нис­тич­ки план, но ре­а­ли­за­ци­ја­та на ис­ти­от за­ви­си од си­те суб­јек­ти оп­фа­те­ни во пла­нот кои се но­си­те­ли на сопс­тве­ност на имот во не­го­ви рам­ки", об­јас­ну­ва­ат од Оп­шти­на Цен­тар.
Во по­че­то­кот на 2009 го­ди­на, до Ус­тав­ни­от суд на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е под­не­се­на ини­ци­ја­ти­ва за оце­ну­ва­ње на ус­тав­нос­та и за­ко­ни­тос­та на од­лу­ка­та за до­не­су­ва­ње на Де­та­лен ур­ба­нис­тич­ки план "Го­лем ринг - ју­жен дел - ис­ток", до­не­се­на од Со­ве­тот на Оп­шти­на Цен­тар. Ус­тав­ни­от суд кон кра­јот на ми­на­та­та го­ди­на до­не­се ре­ше­ние, спо­ред кое не се по­ве­ду­ва пос­тап­ка за оце­ну­ва­ње на ус­тав­нос­та и за­ко­ни­тос­та на ДУП-от.
(Љ.С)
http://vest.com.mk/?ItemID=EB60A3652A37E645BB53A30E492AD5B1


Posted By: lslcrew
Date Posted: 28-Oct-2010 at 12:34

Ќе се реконструира млечниот пазар во Прилеп

Млечниот пазар во Прилеп комплетно ќе се реконструира, иако претходно е воведен ХАСАП-стандардот. Во план е да се подигне уште еден кат на објектот, додека другиот дел од околу 1.500 квадратни метри комплетно ќе се реновира. Инвестицијата ќе чини 250 илјади евра


- Ја комплетираме документацијата и веднаш штом ќе дозволат условите, ќе почнеме со реконструкцијата со која ќе ги подобриме условите за продажба на млечни производи и јајца во пазарот - вели Пецо Димоски, директор на ЈКП „Пазари“.

Во централниот пазар, пак, привршува поставувањето на покривната конструкција, што се врши со пари од фирмата и со кредит, а претходно заврши поплочувањето.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1028101039175&id=10&prilog=0&setIzdanie=22118


Posted By: гитардемон
Date Posted: 21-Jan-2011 at 19:38
Продолжува уредувањето на градскиот пазар
20 ЈАНУАРИ 2011



Финансискиот план и планот за јавни набавки минатата година биле успешно реализирани соопшти денеска на пресконференција директорот на ЈП “Пазари” Пецо Димоски. Одредени активности започнати минатата година како што е допокривање на градскиот пазар за зелени производи на површина од 2 700 м2 се во тек, а планирана е интервенција во делот на текстилниот пазар за допокривање на тој дел од пазарот. Покрај тоа во тек е средувањето на санитарните јазли. Минатата година заврши поплочувањето на пазарот и избушен е еден бунар за подмирување на потребите околу одружување на хигиената. За подобрување на условите на градскиот пазар во изминатиот период покрај поплочувањето на пазарот извршено и поставивање на хидранти, корпи за отпадоци, воспоставен е пазарен ред и се градат санитарни јазли.

- Приоритетно е уредувањето на млечниот пазар и сточниот пазар и реконструкција на управната зграда на јавното претпријатие која што е во навистина лоша состојба, рече Димоски.
Вкупните инвестиции околу допокривање на пазарот,реконструкцијата на административната зграда и уредување на млечниот и сточниот пазар се планира да изнесува околу 450 илјади евра.


http://informator.ws/prilep/prodolzhuva-ureduva-eto-na-gradskiot-pazar - http://informator.ws/prilep/prodolzhuva-ureduva-eto-na-gradskiot-pazar

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: axel
Date Posted: 04-Feb-2011 at 17:23

Кавадарци ќе гради современ пазар

Кавадарчани ја оправдуваат потребата од современ пазар, бидејќи во новиот објект ќе има и подземен паркинг

Ангел Данов



КАВАДАРЦИ - Со заем од близу два милиона евра локалната самоуправа ќе гради пазар. Кавадарчани ја оправдуваат потребата од современ пазар, бидејќи во новиот објект ќе има и подземен паркинг. На тој начин ќе се реши проблемот со паркирањето.

Според одлуката на Советот, висината на задолжувањето изнесува 105 милиони денари, а ќе се реализира преку потпишување договор за подзаем со Министерството за финансии. Тоа се средства од проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка.

Опозицијата во Советот на Кавадарци побара максимална транспарентност пред и за време на реализацијата на проектот „Зелен пазар“. „Ние сме против задолжувањето на општината, оти граѓаните ќе треба да го враќаат долгот“, објасни советникот Тошо Радњански.

Одлуката ја бранеше градоначалникот Александар Панов, кој нагласи дека ќе биде привилегија Кавадарци да добие средства за кои владее вистински натпревар меѓу општините. На провокацијата од советникот Радњански дали скапиот проект има економска оправданост, Панов одговори дека и пазарџиите и купувачите ќе добијат многу подобри и посовремени услови.

Одлуката за задолжување ја поддржа советничката група на Панчо Минов. „Секогаш сум за реализација на капитални развојни проекти“, нагласи Минов. Според советникот и актуелен раководител на зелениот пазар, Љупчо Делов, изградбата на објектот е неминовна. „Притиснати сме од законските одредби за ХАЦЦП и од други обврски што мора да ги имплементираме“, објасни Делов.

Програмата за изградба на зелен пазар ќе се реализира во неколку фази, а вкупната вредност, според добиените податоци од пред физибилити- студијата, е 184.500.000 денари. Планирано е средствата да се обезбедат со кредит од Светска банка во износ од 105 милиони денари според направен скен на кредитоспособноста со податоци од буџетот на Општина Кавадарци, а останатите средства ќе се обезбедат преку јавно приватно партнерство.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0B07DF190126644B851BBB6A019A6E5A


Posted By: axel
Date Posted: 12-Aug-2011 at 19:43
Скопски пазар го модернизира пазарот во Тафталиџе
Александар Поповски -  12 август 2011   14:40 GMT

Компанијата Скопски Пазар  соопшти дека започнала со осовременување на зелениот пазар во скопската населба Тафталиџе.

„Во рамките на проектот ќе биде изграден голем продажен објект и ќе биде модернизиран просторот наменет за поставување на тезгите за овошје и зеленчук“, се наведува во соопштението.

Предвидено е во новиот продажниот објект со површина од над 2.000 метри квадратни да бидат вклучени голем супермаркет, како и повеќе продажни места за услуги од различни дејности.

На отворениот дел од пазарот ќе бидат поставени 90 тезги за овошје и зеленчук, опремени со современа кровна конструкција и соодветно осветлување.

Од Скопски пазар најавуваат дека тезгите ќе бидат изработени според современи стандарди и ќе бидат новитет во Македонија, а за полесен пристап до пазарот ќе биде изграден паркинг простор за 85 возила.

Целокупната реализација на проектот треба да заврши до крајот на годината.

http://daily.mk/cluster3/e03ae44a9d0b5cc00753adf1c2df9573/861508


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Aug-2011 at 23:38

Еве и рендерче:

СЕ РЕНОВИРА ПАЗАРОТ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

Во Тафталиџе ќе се купува зеленчук на отворено

Предвидено е покриениот пазар каде што сега се наоѓа пазарчето да се урне, новите тезгиња да се постават на отворено, да се покријат со натстрешник и секоја тезга да има приклучоци за вода, струја и за осветление

Пазарчето во Тафталиџе ќе се реновира. Ќе се поставуваат нови тезгиња, кои за разлика од сегашните, ќе бидат на отворено, а ќе се гради и деловен објект веднаш до пазарчето. Предвидено е покриениот пазар каде што сега се наоѓа пазарчето да се урне и на негово место да се изгради новиот деловен објект.
Старите тезгиња ќе се заменат со нови, со модерен изглед. Целиот простор каде што ќе биде пазарчето ќе биде покриен со натстрешник и секоја тезга ќе има приклучоци за вода, струја и за осветление.
"Пазарџиите ќе имаат услови да работат и попладне. Ќе има мало покачување на цените за издавање на тезгињата, но тоа нема многу да отстапуваат од постојните цени", велат од "Скопски пазар".
Деловниот објект пак ќе се гради на површина од 2.500 квадратни метри. Тој ќе биде на еден кат и во него ќе има супермаркет со површина од 1. 500 квадратни метри. Останата површина од 1.000 квадрати ќе биде адаптирана во дуќани.Предвидена е и изградба и на паркинг-простор за 85 возила. Новото пазарче ќе биде готово до крајот на годинава.
(А.А.)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=56A5CDD49915004C9117F142F29CFDD5 - http://www.vest.com.mk/?ItemID=56A5CDD49915004C9117F142F29CFDD5


Posted By: axel
Date Posted: 04-Sep-2011 at 15:11

Ноќно пазарување во Штип – отворен првиот пазар под рефлектори

Зошто по ден, кога може ноќе. Штипјани пазаруваат под рефлектори. Деновиве профункционира првиот ноќен пазар во Македонија. Граѓаните повеќе од задоволни. Пазаруваат на раат, растоварени од бремето на жештината.

„Ова им требаше на штипјани од почетокот на летото, но за тоа никогаш не е доцна за почеток. Убава замисла за сите како мене кои жештините им се непријател“, коментира Коле Манев - штипјанец, кој пазарењето од дење го преместил за навечер.

„ Практично за сите кои знаат што значат штипските летни пеколни денови. Идејата е повеќе од добра“, дополни Веска Радева -штипјанка редовен посетител на градскиот пазар.

И трговците се задоволни. Ноќното пазарување било благодат. Без нервозни муштерии, без непотребни нервозни ситуации што ги предизвикува пеколното време.

„Убаво, добро, ладничко, муштериите повидно се расположени за купување, ама и за краток муабет, вели Душан Димов –трговец.

„Подобро е. Најбитно времето е посвежо, поладно и повеќе муштерии има по нашите“ тезги дополни неговата колешка, трговецот Лефтерка Конева.

Газдите на градското пазариште, штипското комунално претпријатие Исар, пријатно ги изненади реакцијата на граѓаните. Ноќните тезги биле по посетени отколку преку ден.

„Ноќниот пазар ќе работи се додека временските услови го дозволуваат тоа. На пролет наредната година повторно ќе ги вклучиме рефлекторите за ноќните тезги, најави директорот на ЈКП Исар, Никола Мицевски.

Пазраџиите побрзаа да се пофалат. Профитот двојно им се зголемил откако работи ноќниот пазар. Полните кеси го надополнуваат скусениот сон кај муштериите, а кај пазарџиите пополнетиот паричник.

Дејан Ефремов

http://www.time.mk/read/NONE/5229fefe8b/index.html


Posted By: Dave Gahan
Date Posted: 21-Oct-2011 at 14:56
Сликиве со од денеска. Ова е веќе поранешната зграда на пазарот во Тафталиџе. Пазарџиите се преместени во тезги надвор, за што негодуваа и негодуваат уште, ама никој не ги врти (дури им го покачиле и наемот на тезгите за 2000 ден.) - ама тоа е друга тема. Подоле се слики од објект со помали трговски единици, кој е во некоја завршна фаза на реновирање. Имав прилика да го видам проектот за новиот маркет. Тој ќе го задржи габаритот на стариот пазар, истата носива конструкција, а фасадно ќе биде обложен со панели, претпоставувам како на објективе кои се веќе завршени.





-------------
MAKE CAPITALISM HISTORY


Posted By: gjoko
Date Posted: 21-Oct-2011 at 18:03
требаше да заличи овој простор,живеев 5 години во близина и можам да кажам само дека е ова добар чекор,барем за почеток


Posted By: Makedonij
Date Posted: 29-Oct-2011 at 12:15
Реконструиран “Кванташкиот пазар“ во Струмица

Струмичкиот Кванташки пазар заедно со Сточниот пазар е целосно реконструиран и  повторно е ставен во функција на земјоделците и трговците. Кванташкиот пазар сега се простира на површина од 14.000 м², со асфалтирани 2.500 м², нова фекална и атмосферска канализација во должина од 870 метри, нова водоводна мрежа од 450 метри и дополнително осветлување. Вкупната инвестиција чинеше 5.830.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Струмица, а оваа активност ја организираше ЈПКД “Комуналец“ Струмица, и истиот дава можност за проширување и адаптирање на дополнителен простор.
Со новата комплетна инфраструктура, Струмичкиот Кванташки пазар, за разлика од останатите во Македонија е направен многу помодерен, поорганизиран, каде што самите препродавачи и земјоделци од регионот и пошироко во многу подобри услови би ги нудиле своите производи.

http://www.strumica.gov.mk/pictures/galerija/kvantaski/kvant1.jpg
http://www.strumica.gov.mk/pictures/galerija/kvantaski/kvant2.jpg
http://www.strumica.gov.mk/pictures/galerija/kvantaski/kvant3.jpg
http://www.strumica.gov.mk/pictures/galerija/kvantaski/kvant4.jpg

http://www.strumica.gov.mk



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: гитардемон
Date Posted: 02-Feb-2012 at 03:39
Ќе се реновира пазарот во Битола



Битолскиот пазар во Старата Чаршија, ќе се реконструира и просторот ќе се осовременува. Потребата од реконструкцијата на јавното прептијатије му се наметнало со Законот за безбедност на храна кој бара исполнување на минимални технички услови. Претпријатието во овој момент ги исполнувало уловите за таков зафат.


„ Две години работиме со позитивен финансиски резултат има добри резултати прептијатието е ликвидно и сме кредитоспособни и прептијатието може да се јави како инвеститор."- вели Благој Дивитаров директор на ЈП Пазари Битола

7 милиони денари се предвидени за реконструкцијата годинава, прво ќе се работи на исполнувањето на техничките услови од законот, а наредно ќе се работело на максимално искористување на просторот во пазарот.

„ Во сегашната ситуација имаме дел од тезгите кои не функционираат заради одредени причини заради немањето партерно уредување."- вели директорот.


Партерното уредување го почнале во фази за да не им се случи ефектот брзи решенија скапа инвестиција, инфраструктура, водовод, канализација собирање на атмосверските води се во план, веќе со соспствени средства од два милиони денари, асвалтирале улици, поплочиле дел од пазарот, набавиле нови тезги во халата за сирење по ХАССАП стандарди од инокс материјали, останатите пари за реконструкцијата, ќе ги обезбеделе преку кредити. Планираат и од темел да изградат нов пазар, за да ги решат сезонските продавачи.

„ Лубеници, бостан, сите тие сезонски производи нема, не само битолскиот туку ниеден пазар во светот, толкав капацитет кога им е сезоната да ги згрижи, да не прават проблеми кај населението."- вели Дивитаров.



Одобрение добиле и била во процедура измената на Деталниот урбанистички план, која предвидува поголем пазар, кој ќе биде сервис на градскиот пазар, односно на продавачите на мало, на рестораните, хотелите и маркетите, а ќе се разликува од пазарот планиран со ГУП кај француските гробишта, кој требало да биде собирен откупен ценатр, каде робата, би се собирала доработувала, сортирала и пакувала за извоз надвор од државава. Сточниот пазар во Битола, во иднина ќе се дислоцирал, заради безбедност на стоката и луѓето. Приоритет во реконструкцијата на пазарот ќе бидат јајцата и маслинките, кои мора да ги решат до на лето, бидејќи законот за продажба на јајца и маслинки, предвидува продажбата да се врши во затворени и климатизирани простории.

[tube]dATZy-AnsWc[/tube]



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=44999:kje-se-renovira-pazarot-vo-bitola&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=156 - http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=44999:kje-se-renovira-pazarot-vo-bitola&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=156


Posted By: Makedonij
Date Posted: 02-May-2012 at 20:29
камен темелник на градски пазар во Пробиштип


На денешен ден (25.04.2012) се поставува камен темелник на градски пазар во Пробиштип. Вака започнува текстот што е запишан во Повелбата, која беше ставена во стаклено шише и беше положена во темелите на новиот градски пазар во Пробиштип. Во присуство на неговото високо правосвештенство, Митрополитот брегалнички, господин Иларион, кој го изврши чинот на осветување на поставувањето на камен темелник во Пробиштип, Градоначалници од соседни општини, Советниците во Советот на општина Пробиштип, претставници од бизнис секторот во Пробиштип и голем број на посетители беше изведен чинот на осветување и поставување на камен темелник. По долго време во Пробиштип се поставува камен темелник на еден капитален објект.

Пробиштипјани не го криеја задоволството од отпочнувањето со изградба на новиот градски пазар, како од причина што конечно Пробиштип ќе добие пазар по сите стандарди, така и што конечно просторот каде ќе се гради конечно ќе биде оплеменет. Овој простор е во непосредна близина на центарот на градот, а заради својот несреден изглед оставаше една грда слика за градот, на овој начин целиот овој простор ќе биде оплеменет и ќе даде еден урбан лик, а воедно со ова ќе се прошири центарот на градот со што нема да се сведува само на една улица. Своето задоволство не го криеше ни првиот човек, градоначалникот Тони Тоневски, од причина што токму овој капитален објект беше еден од приоритетните проекти во неговата програма и истиот започнува да се реализира. „Сакам да го искажам моето длабоко верување дека  на крајот на оваа 2012 година повторно ќе се собереме овде и ќе имаме можност свечено да го пуштиме во употреба новиот градски пазар во Пробиштип!“ , рече меѓудругото Тоневски. Изградбата на пазарот е инвестиција вредна 53 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Пробиштип, истиот ќе се простира на површина од околу 8000 метри квадратни од кои бруто покриена површина изнесува 2300 квадрати, нето површината изнесува 2100 квадрати. Од оваа површина 1600 квадрати се наменети за земјоделски производи, 260 квадрати за продажба на текстил, 124 квадрати за продавници за сирење, јајца и млечни производи согласно ХАСАП системот, простор за млечен ресторант, јавни тоалети, 2700 квадрата простор за партерно уредување во кое се вклучени пристапни патишта, сообраќајници, паркинг простор, како и 3500 квадрата за хортикултурно уредување со поставување на урбана опрема за одмор на граѓаните.

http://www.probistip.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=610%3A2012-04-25-13-46-27&catid=41%3Anastani&Itemid=269&lang=mk - http://www.probistip.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=610%3A2012-04-25-13-46-27&catid=41%3Anastani&Itemid=269&lang=mk




-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: build.mk
Date Posted: 13-Sep-2012 at 23:02
Општина Гевгелија ќе гради нов пазар, локацијата за автобуска станица повторно ќе оди на продажба

Локалната самоуправа на Гевгелија објави оглас за избор на компанија која ќе ја реализира првата фаза од изградбата на новото градско пазариште, на локација надвор од строгиот центар на градот. Според публикуваната документација, покриениот пазар ќе се простира на површина од 5.888 метри квадратни, а изведувачот на работите е задолжен да го комплетира заедно со пропратен паркинг простор, пристапни патеки и простор за контејнери за ѓубре. Во втората етапа е предвидено да се подигне голем супермаркет како составен сегмент на пазарот. Општинарите сметаат дека зафатот би можел да се оствари во временски период од две години, а како официјален почеток на активностите на терен се споменува ноември 2012 година. Новиот градски пазар е дел од проектот „Гевгелија 2013“, кој предвидува на местото на досегашниот пазар и старата автобуска станица да се изградат станбено – деловни објекти и подземен паркинг простор.

Во меѓувреме, Општина Гевгелија е приморана да подготви втор оглас за продажба на градежната парцела на која е замислено да се никне новата меѓуградската автобуска станица. На првото електронско јавно наддавање одржано на 3 септември не се јави заинтересиран инвеститор што би вложил во овој објект, кој е зацртано да се состои од приземје, два ката и поткровје, со максимална бруто развиена површина од 7.686 метри квадратни. Во согласност со ветувањата на локалните власти, Гевгелија во наредните две години треба да добие http://www.build.mk/?p=17876 - современа автобуска станица , градско пазариште, како и http://www.build.mk/?p=16430 - репрезентативен градски плоштад.

http://www.build.mk/?p=18522 - #
Објавено на 13.09.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b0%d0%b2%d1%82%d0%be%d0%b1%d1%83%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8 - Автобуски станици , http://www.build.mk/?tag=%d0%b3%d0%b5%d0%b2%d0%b3%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0 - Гевгелија , http://www.build.mk/?tag=%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d0%bb%d0%be%d1%88%d1%82%d0%b0%d0%b4-%d0%b3%d0%b5%d0%b2%d0%b3%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0 - Градски плоштад Гевгелија , http://www.build.mk/?tag=%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Деловни , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8 - Комерцијални , http://www.build.mk/?tag=%d0%bf%d0%b0%d0%b7%d0%b0%d1%80%d0%b8 - Пазари , http://www.build.mk/?tag=%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b3 - Паркинг , http://www.build.mk/?tag=%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b7%d0%b5%d0%bc%d0%bd%d0%b8-%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%b6%d0%b8 - Подземни гаражи , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b1%d0%b5%d0%bd%d0%b8 - Станбени , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d1%83%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b8-%d1%85%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8 - Супермаркети и хипермаркети , http://www.build.mk/?tag=%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8 - Тендери и лицитации

http://www.build.mk/?p=18522


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Nov-2012 at 01:02
Новиот градски пазар во Гевгелија ќе биде готов до крајот на 2014

http://www.build.mk/docs/users/1/Proekti/Komercijalni/Nov%20gradski%20pazar%20Gevgelija%20viz01.jpg">Новиот%20градски%20пазар%20во%20Гевгелија%20-%20визуелизација


Градежната компанија „Бауер БГ“ од Скопје ќе го гради новиот градски пазар во Гевгелија. Локалната самоуправа од градот потпиша договор со скопското претпријатие во вредност од 68.241.598 денари или над 1,1 милиони евра за реализација на првата етапа од проектот. Објектот поделен во три блока е предвидено да се гради на површина од 5.888 метри квадратни заедно со отворен паркинг простор, пристапни патеки и простор за контејнери за ѓубре. Идниот пазар ќе биде лоциран во северозападниот дел од Гевгелија во седмата урбана единица, за разлика од досегашниот кој се наоѓаше во строгиот центар на градот.  „Бауер БГ“ доби рок од 24 месеци за да го изгради градскиот пазар, а од Општината истакнуваат дека локацијата е веќе расчистена и подготвена за почеток на градежните работи.

По комплетирањето на објектот, во втората фаза, на просторот ќе се изгради голем супермаркет од страна на приватен инвеститор. Зданието е дел од проектот „Гевгелија 2013“ со кој се планира изведба на http://www.build.mk/?p=17876 - нова меѓуградска автобуска станица и на http://www.build.mk/?p=16430 - модерен градски плоштад . На локацијата на некогашниот пазар во централното градско подрачје ќе се подигнат станбено – деловни објекти и подземен паркинг простор.


http://www.build.mk/?p=20674 - #
Објавено на 27.11.2012 во категорија http://www.build.mk/?cat=28 - Вести .

Тагови: http://www.build.mk/?tag=%d0%b0%d0%b2%d1%82%d0%be%d0%b1%d1%83%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8 - Автобуски станици , http://www.build.mk/?tag=%d0%b1%d0%b0%d1%83%d0%b5%d1%80-%d0%b1%d0%b3 - Бауер БГ , http://www.build.mk/?tag=%d0%b3%d0%b5%d0%b2%d0%b3%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d1%98%d0%b0 - Гевгелија , http://www.build.mk/?tag=%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Градска инфраструктура , http://www.build.mk/?tag=%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b8 - Деловни , http://www.build.mk/?tag=%d0%b8%d0%bd%d1%84%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0 - Инфраструктура , http://www.build.mk/?tag=%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8 - Комерцијални , http://www.build.mk/?tag=%d0%bf%d0%b0%d0%b7%d0%b0%d1%80%d0%b8 - Пазари , http://www.build.mk/?tag=%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b3 - Паркинг , http://www.build.mk/?tag=%d0%bf%d0%bb%d0%be%d1%88%d1%82%d0%b0%d0%b4%d0%b8 - Плоштади , http://www.build.mk/?tag=%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b7%d0%b5%d0%bc%d0%bd%d0%b8-%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%b6%d0%b8 - Подземни гаражи , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b1%d0%b5%d0%bd%d0%b8 - Станбени , http://www.build.mk/?tag=%d1%81%d1%83%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b8-%d1%85%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%b8 - Супермаркети и хипермаркети


http://www.build.mk/?p=20674


Posted By: Makedonij
Date Posted: 12-May-2013 at 08:19
Originally posted by Makedonij


Еве еден нов проект во Радовиш

Има реални шанси да се реализира повеќегодишната идеја Радовиш да
добие покриен пазар, односно современ трговски објект во центарот на
градот, на местото на сегашниот отворен градски пазар. Првобитниот
проект неодамна е изменет, во согласност со новите потреби на градот.
Современиот трговски центар треба да има корисна површина од 4.000
квадратни метри и, според пресметките, треба да чини нешто повеќе од
три милиони евра.


- Дозвола за градба имаме, а веќе има и интерес за инвестирање од
домашни и од странски фирми. Локацијата е многу атрактивна, па
инвестицијата може да се врати за не повеќе од три години. Сеуште не
сме одлучиле дали ќе го избереме моделот на јавно-приватно партнерство
или некој друг. Ќе водиме сметка за интересите на општината и целата
постапка ќе биде транспарентна и според законите. Очекувам изградбата
да почне во текот на 2010 година - вели градоначалникот на Радовиш,
Роберт Велков.


Пазарот ќе биде двокатен, со 60 до 80 дуќани, голем супермаркет, со
посебен простор за продавање земјоделски производи и со подземен
паркинг за 80 возила.

http://img684.imageshack.us/i/pazar1.jpg/"> [


Nekoi nov proekt e predstaven tuka.... šo e i po verovatno da se sluči






Segašnata sostojba


Od skypers...



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Makedonij
Date Posted: 07-Aug-2013 at 09:01

Се дислоцира градскиот пазар во Ресен

На својата седма седница, Советот на општина Ресен донесе одлука за дислоцирање на зелениот пазар на мало.

Според таа одлука, се дислоцира сегашното пазариште на просторот на новиот градски пазар на улица “Ленинова“ со кој во иднина ќе стопанисува ЈКП “Пролетер“.

ЈКП “Пролетер“ и сопственикот на објектот на новиот пазар се очекува да склучат меѓусебен договор каде ќе се уредат односите на користење на просторот.

Согласно овие одлуки од наредната сабота 10.08.2013 ќе започне со работа новиот пазар на ул. „Ленинова“ , а од страна на инспекциските служби ќе биде санкционирно продавањето на овошје и зеленчук надвор од новиот градски пазар во Ресен.

http://regioni.mk



-------------
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Posted By: Dragan
Date Posted: 09-Aug-2013 at 11:01
Тетовскиот пазар тоа од лева страна, со една мала реконструкција на внатрешноста ќе биде одличен.
http://s893.photobucket.com/user/AmonRa_01/media/1001359_511047062307386_1437714733_n_zps5bccce3b.jpg.html">


-------------


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Nov-2013 at 09:37
Пазарот во Пробиштип (преземено од Срѓан Адамовиќ од ЅЅС)



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 28-Dec-2013 at 17:37
Битола



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 19-Mar-2014 at 17:29
Уште една фотографија од пазарот во Пробиштип (добитник на специјално признание од Асоцијација на архитекти на Македонија за 2013 година). Автори: Горан Мицковски, Љубица Будимовска, Дејан Паскалов



-------------
За сè има вторпат


Posted By: Џоле
Date Posted: 12-Apr-2014 at 19:04
Гевгелија

На градилиштето на Градскиот пазар веќе е подигната конструкцијата, а претстои поставувањето на покривната конструкција.

Дел од покривот ќе биде покриен со панели, а дел од плаксиглас. Додека пак страничниот дел од пазарот ќе биде отворен. Станува збор за првата фаза од реализацијата на овој проект, вели градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов. Притоа, најавува дека по изградбата на првата фаза, во која е предвидено уредување на паркинг простор и придружни објекти, ќе следи реализацијата на втортата фаза. Односно, изградба на уште една хала, дуќани и голем супермаркет.

Покриениот дел на новиот Градски пазар ќе се простира на 5.888 метри квадратни, а веднаш по завршувањето на првата фаза и изградбата на првата хала ќе уследи преселување на пазарот од старата на новата локација.



-------------
За сè има вторпат


Posted By: daci92
Date Posted: 13-Apr-2014 at 00:52
Да не знае некој на какви панели мислат ? Фотоволтаици да не ставаат ? Или пак за стандарден лим ?


Posted By: Џоле
Date Posted: 05-Jun-2014 at 06:47
Приватен инвеститор ќе го гради новиот градски пазар во Охрид



Локалната самоуправа од Охрид денеска распиша оглас за пронаоѓање инвеститор за изградба на новиот градски пазар, на местото на постоечкиот пазар на булеварот „Туристичка“ во центарот на градот. Од општината соопштуваат дека по пат на јавно – приватно партнерство ќе се гради нов објект, во кој ќе биде вклучен и затворениот зелен пазар. Објектот ќе има бруто развиена површина од 6.779 метри квадратни и три надземни нивоа. Приватниот инвеститор исто така ќе треба да изгради и подземен паркинг со капацитет од 150 возила. Како помош при спроведување на проектот, Општина Охрид изработи физибилити – студија.



Во согласност со изготвениот документ, градот треба да добие затворен зелен пазар со 192 тезги што ќе се простира на површина од 1.230 метри квадратни на приземјето од објектот. На приземјето е предвиден и деловен простор на 341,5 метри квадратни. Вториот кат ќе премине во сопственост на инвеститорот, додека третиот кат ќе биде наменет за локалната самоуправа. За најповолен понудувач ќе се смета оној инвеститор што ќе понуди најголема површина за сместување на локалната самоуправа, при што тој ќе треба да понуди административен простор од минимум 713 метри квадратни.

Покрај овие обврски, приватниот партнер ќе треба да ги реконструира фасадата и кровот на постојниот објект на Ј.П. Градски пазар, да го санира објектот за продажба на јајца и млечни производи, но и да им обезбеди плати и придонеси во период од шест месеци на сите вработени во ова охридско јавно претпријатие. Понудите на заинтересираните инвеститори треба да се достават до општина Охрид најдоцна до 25 јуни.

http://www.build.mk/?p=35750 - http://www.build.mk/?p=35750

-------------
За сè има вторпат


Posted By: гитардемон
Date Posted: 05-Jun-2014 at 13:09
Каква грдосија од град гледаме на сликата, секоја чест. Град како Охрид да го направиш да изгледа вака, бара умешност.

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Џоле
Date Posted: 21-Jul-2014 at 22:23
Ново Село ги пушти во употреба новите пазари, дел од проектот „Агробизнис без граници“

Општина Ново Село ги пушти во употреба новоизградените пазари кои беа дел од проектот Агробизнис без граници. Овој проект беше дел од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.







http://strumicadenes.mk/novo-selo-gi-pusti-vo-upotreba-novite-pazari-del-od-proektot-agrobiznis-bez-granici/ - http://strumicadenes.mk/novo-selo-gi-pusti-vo-upotreba-novite-pazari-del-od-proektot-agrobiznis-bez-granici/

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 30-Jul-2014 at 21:51
ОПШТИНАТА НЕ НАЈДЕ ТРАЈНО РЕШЕНИЕ

ЦЕНТАР ГО ВРАТИ ДИВИОТ ПАЗАР НА СТАРОТО МЕСТО



Општината Центар не најде нова локација за продавачите на стари работи од дивиот пазар, па привремено ги вратија на старото место, на Kејот на Вардар, кај полигоните за обука на возачи. Општинската власт оттаму ги тргна лани, со објаснување дека го валкаат просторот, по што тие се преселија на тротоарите на улицата Лазар Личеноски под Kале. Распослани со стока и на картонски кутии, тие цела година секој вторник и петок предизвикуваа застој и метеж во сообраќајот и општа опасност за минувачите, а за тоа време општинарите од Центар бараа Град Скопје да го реши проблемот, односно да определи локација на која ќе се организира пазар за стари работи, но одговорот на градоначалникот Kоце Трајановски беше дека градската власт е ненадлежна. Тој на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, му порача дека сам го создал проблемот, па редно е и сам да го реши...

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=6ACEFA94C744314E911FAA9E040EC0A3 - http://www.dnevnik.mk/?ItemID=6ACEFA94C744314E911FAA9E040EC0A3


Posted By: zabegan
Date Posted: 31-Jul-2014 at 19:49
смешно м ие како општина Центар и град Скопје се расправаат за нешто што е работа на МВР


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: gjoko
Date Posted: 31-Jul-2014 at 20:56
И јас го делам ставот на Коце за Андреј.Премногу пати ги хушкаше пазарџиите и застана зад нив кога им го забранија бувљакот.Држеше говори со солзи.....и сега кога треба тој да го оправа проблемот...?


Posted By: N23
Date Posted: 01-Aug-2014 at 14:08
Жерновски праи класична грешка у чекори при двокорак, сам у контра-напад. Јас бев за да се расчисти бувљакот, и сум и даље, али дечко најди им локација, напрај ко у Загреб што е, на самиот пазар има и бувљак за вакви работи, истиот и таму е одвратен, прљав, али е изолирана површина и не влијае на околината, како естетски така и хигиенски. Затоа до сеа Жерновски требаше да најде нова локација за зелено пазарче и на истата да ги убаци и овие "продавачи", и така ќе добиеше плус поени. Вака Коце не прави ништо, иако вината е и негова пошто он е градоначалник на главен град и мора по секоја цена да ја тргне оваа глетка, а си добива плус поени. Се залета многу Жерновски, сега има проблеми и со лоби групи у Работнички кој тренер да го потпишат, го растегнаа со Шиповиќ и со тоа што уште не почна да гради градинка и школо, така да колку и да сака Жерновски да направи европска општина, мораше да има голем арсенал спремен да се одбрани од хиени. Он влезе без гард и сеа мора да проба да спаси колку може, иако у Центар ќе биде он сигурен и наредниве години.

-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Џоле
Date Posted: 01-Aug-2014 at 14:23
Никако не смее продавачите од т.н. „бувљак“ да се префрлат на Зелено пазарче или на некој друг пазар во центарот на градот! Кога зборувам за нашиот „бувљак“, не мислам на препродажба на стари предмети од комунизмот или од некои други времиња, туку на буквално препродавање ѓубре што оние кои пребаруваат низ градските контејнери мислат дека може да се продаде. Не знам дали сте го посетиле овој пазар (јас барем еднаш во два месеци одам), но таму 90% од работите се ѓубре најдено во канти и контејнери. Префрлувањето може да им се дозволи само на продавачите на риболовна и друга опрема, како и на оние што продаваат овошје и зеленчук. На другите, колку и да ми е жал поради нивната социјална положба, никако не смее да им се дозволи да дојдат во центарот на градот, па дури ни во некоја периферна населба. Најдобро е да им направат пазар под Кале, кај напуштениот полигон (не е потребна голема инвестиција, доволно е само да се изградат нужници и можеби натстрешници за да не умрат под силното сонце или дожд). Полигонот си има асфалт, и можеби само треба да се обележат местата со бројки, за да не се создава хаос. И можеби треба да воведат редари и служба за чистење, зашто после секој пазарен ден голем дел од ѓубрето останува таму и никој не го отстранува. Засега под Кале никому не пречат, а и далеку се од повеќето туристички локации, па не мораме да се срамиме пред другите од нашата беда и мизерија.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: N23
Date Posted: 01-Aug-2014 at 15:44
Originally posted by Џоле

Никако не смее продавачите од т.н. „бувљак“ да се префрлат на Зелено пазарче или на некој друг пазар во центарот на градот! Кога зборувам за нашиот „бувљак“, не мислам на препродажба на стари предмети од комунизмот или од некои други времиња, туку на буквално препродавање ѓубре што оние кои пребаруваат низ градските контејнери мислат дека може да се продаде. Не знам дали сте го посетиле овој пазар (јас барем еднаш во два месеци одам), но таму 90% од работите се ѓубре најдено во канти и контејнери. Префрлувањето може да им се дозволи само на продавачите на риболовна и друга опрема, како и на оние што продаваат овошје и зеленчук. На другите, колку и да ми е жал поради нивната социјална положба, никако не смее да им се дозволи да дојдат во центарот на градот, па дури ни во некоја периферна населба. Најдобро е да им направат пазар под Кале, кај напуштениот полигон (не е потребна голема инвестиција, доволно е само да се изградат нужници и можеби натстрешници за да не умрат под силното сонце или дожд). Полигонот си има асфалт, и можеби само треба да се обележат местата со бројки, за да не се создава хаос. И можеби треба да воведат редари и служба за чистење, зашто после секој пазарен ден голем дел од ѓубрето останува таму и никој не го отстранува. Засега под Кале никому не пречат, а и далеку се од повеќето туристички локации, па не мораме да се срамиме пред другите од нашата беда и мизерија.


Дадов чисто пример како на други места тоа е решено. Не дека треба да е директно поврзан со зелено пазарче, плус напишав погоре дека треба сето ова да биде на друга локација. Од друга страна колку што има работи што се од контејнер извадени, толку ваму има и сосема солидни работи, што крадени, што шверцани, што добиени од хуманитарна помош, така да сите овие кои нудат роба која не е земена од контејнер, а таквата лесно се препознава, може да бидат додаток на било кој пазар.
Иначе овде не станува збор за туристи, мене искрено гајле ми е за нив, туку едноставно јас како Скопјанец се гнасам од овој див пазар, особено што некои носат и живина тука.
Најбезболно решение би било рушење на сегашниот Бит пазар, негова изградба на 2-3 спрата и секој спрат со различна понуда, а со тоа и овие кои сега продаваат на бувљакот и оние кои секој ден продаваат кокошки пред амбулантана спроти Бит пазар ќе добијат боље место. На некој треба само да му текне.


-------------
23ka.wordpress.com


Posted By: Џоле
Date Posted: 22-Oct-2014 at 06:34
Охридскиот затворен пазар ќе чини над 3,3 милиони евра

#На примамливата парцела на која во моментов се наоѓа зелениот градски пазар во Охрид ќе се гради нова зграда со административен, деловен и трговски простор. Општина Охрид денеска по втор пат го распиша огласот за изградба на планираниот објект со подземен паркинг, приземје и три ката со бруто развиена површина од 6.779 метри квадратни. Иако тендерот е објавен од страна на локалната самоуправа, во идниот објект во кој ќе се смести новиот затворен пазар ќе инвестира приватна компанија. Јавниот партнер, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот ќе му го додели на оној приватен партнер кој понудил најголема квадратура на вториот кат од објектот наменета за општина Охрид.

Од локалната самоуправа засега не ги соопштуваат причините за пропаѓање на првиот оглас што беше публикуван на почетокот од јуни годинава. Она што се знае од објавените информации на веб – страницата на Бирото за јавни набавки е дека проценетата вредност на објектот е заокружена на 203.059.346 денари или околу 3,3 милиони евра, без вклучен ДДВ. Изградбата на идниот објект ќе се одвива во временски период од 18 месеци, кој ќе отпочне да тече по финалното потпишување на договорот со приватниот партнер.

Во согласност со изработената физибилити – студија, градот ќе добие нов градски пазар на приземјето од планираниот објект, со 192 тезги што ќе се простираат на површина од 1.230 метри квадратни. Приватниот инвеститор ќе добие деловни простории од 341,5 метри квадратни на приземјето на објектот, како и целокупните простории на останатите катови, со исклучок на вториот кат каде општина Охрид треба да добие минимум 713 метри квадратни. Во рамките на идното здание ќе се наоѓа и подземен паркинг со капацитет од 150 возила. Приватната компанија што ќе го гради зацртаниот објект ќе биде позната на 10 ноември, за кога е предвидено да се отворат пристигнатите понуди.

Бојан Блажевски

http://www.build.mk/?p=39939 - http://www.build.mk/?p=39939

-------------
За сè има вторпат


Posted By: jyvation
Date Posted: 16-Aug-2015 at 23:07
Доцни изградбата на градскиот пазар во Гевгелија

Општина Гевгелија доцни со изградбата на новиот пазар во градот. Жителите не можат да ги користат услугите на овој објект, и покрај првичното ветување дека истиот ќе биде целосно подигнат до крајот на 2014 година. Првата фаза од изградбата на пазарот не е докрај завршена. Од локалната самоуправа дури деновиве го објавија огласот за пронаоѓање на градежна компанија што ќе ја изведува втората етапа од проектот, која вклучува изградба на дуќани и административен објект во рамки на пазарот.



Според Извештајот за работа на градоначалникот на Гевгелија за минатата година, општината во 2014 година работела на реализација на првата фаза од проектот, при што прогнозата е дека изведбените работи на пазарот ќе завршат до крајот на 2015 година. Сепак, во објавениот тендер од пред неколку дена се најавува дека за втората фаза ќе се потпише договор во времетраење од 12 месеци. За изведба на дуќаните и административниот објект е проценето дека ќе бидат потребни околу 190.000 евра.

За досегашните градежни работи досега беа потрошени 68.241.598 денари, односно над 1,1 милиони евра. Скопската фирма „Бауер БГ“ има за задача да ги изгради трите блока од објектот со површина од 5.888 метри квадратни, заедно со планираниот паркинг простор, пристапните патеки и просторот за одлагање на отпадот. Реализацијата на новиот градски пазар во Гевгелија започна кон крајот на декември 2012 година.

http://www.build.mk/?p=45736 - http://www.build.mk/?p=45736


Posted By: kultuzin
Date Posted: 04-Nov-2015 at 19:35
Видео - Најголемиот добиточен пазар во Македонија наскоро во употреба

[tube]dg9hSR-V8ps[/tube]
http://www.patokazmagazin.com.mk/vesti/item/video-najgolemiot-dobitochen-pazar-vo-makedonija-naskoro-vo-upotreba - http://www.patokazmagazin.com.mk/vesti/item/video-najgolemiot-dobitochen-pazar-vo-makedonija-naskoro-vo-upotreba

-------------


Posted By: sase
Date Posted: 27-Dec-2015 at 00:59
Знае ли некој каде е префрлен бувљи пазар што беше под калето?


Posted By: hcitrS
Date Posted: 27-Dec-2015 at 14:20
Koj den si bil? Mislam deka seushte e tamu.. pazarni denovi tamu se vtornik i petok, ako ne se lazham, i ne odi podocna od 8-9.


Posted By: sase
Date Posted: 27-Dec-2015 at 20:28
Бев во петокот на 25 околу 11h.
Читав една статија во која вика дека од 22ри декември не постои повеќе овој пазар.



Posted By: Џоле
Date Posted: 27-Dec-2015 at 20:50
Пазарот можеби не постои, но ѓубрето си остана и никој не го чисти.

-------------
За сè има вторпат


Posted By: sase
Date Posted: 14-Feb-2016 at 23:58
Пошто никој не ми одговори соодветно на моето прашање јас морав самиот да откријам каде е префрлен БУЉАКОТ.
Ако некој сака да го посети тој се наоѓа на патот перма Кванташки пазар така што не вртите лево према пазарот туку продолжувате право накај отпадот и веднаш после одпадот на ширината се наоѓа пазарот.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 15-Feb-2016 at 00:00
Originally posted by sase

Пошто никој не ми одговори соодветно на моето прашање јас морав самиот да откријам каде е префрлен БУЉАКОТ.
Ако некој сака да го посети тој се наоѓа на патот перма Кванташки пазар така што не вртите лево према пазарот туку продолжувате право накај отпадот и веднаш после одпадот на ширината се наоѓа пазарот.


Sase znaes zosto na volkot mu e debel vratot?

E toa e tvojata situacija.


Posted By: kultuzin
Date Posted: 03-Jun-2016 at 17:43
Денес на свечен чин пред многубројни гости, преставници на Општинската и Државната администрација преставници на МВР и АРМ, и Граѓани на Општина Штип беше отворен реконструираниот дел од Градскиот пазар со 14 нови времени дуќани, на свеченоста се обратија директорот на ЈП Исар г-дин Ангел Бојаџиев и градоначалникот на Општина Штип Прим-мр. Илчо Захариев

http://s1189.photobucket.com/user/kultuzin/media/PAZAR%20STIP_zpsnyhy9sb5.jpg.html">

http://s1189.photobucket.com/user/kultuzin/media/Pazar%20stip2_zpsskli5rru.jpg.html">


https://www.facebook.com/Јп-Исар-1535891290021221/ - https://www.facebook.com/Јп-Исар-1535891290021221/
Poveke fotografii na Facebook profilot na JP Isar Stip


Posted By: Џоле
Date Posted: 03-Jun-2016 at 20:10
Две-три фотографии од пазарот и триесет други од насобраните луѓе Тибам пропагандата. Како и да е, добро што е Штип од мегаградби на мостови премина на посуштински нешта.

-------------
За сè има вторпат



Print Page | Close Window