Print Page | Close Window

Реставрација на Камени Мост

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Културни
Forum Discription: Музеи, театри, историски објекти...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=665
Printed Date: 12-May-2024 at 15:27


Topic: Реставрација на Камени Мост
Posted By: dejan
Subject: Реставрација на Камени Мост
Date Posted: 05-Dec-2007 at 02:15
Fala Istanbul

Скопје



Истанбул ќе донира 1,2 милиона евра за Камениот мост

Истанбул ќе донира 1,2 милиона евра за довршување на Камениот мост. Збратимениот град на Скопје веќе одлучил да ја помогне долгогодишната реконструкција на едно од најголемите обележја на главниот град, а се обезбедени и финансиите. За што конкретно тие ќе бидат употребени, ќе се знае следната недела, кога од Истанбул во Скопје ќе пристигне екипа од архитекти. Тие ќе имаат средба со домаќините од Скопје и со стручњаци од Заводот за заштита на споменици, со кои ќе бидат договорени деталите околу реконструкцијата. Засега, претставниците на Истанбул не прецизирале дали имаат желба конкретен дел од Камениот мост да биде обновен со нивната донација, односно не нагласиле дали тоа може да биде Стражарницата, за која по нејзиното уривање имаше најава за обновување со турска донација.

Во Градот Скопје велат дека се многу задоволни од соработката со збратимениот Истанбул и дека со задоволство ќе посредуваат меѓу нив и Заводот за да се реализира реконструкцијата со донираните средства.

„По неколку средби со претставници на Истанбул, нашите колеги ја изразија желбата да помогнат во реконструкцијата на Камениот мост. Бидејќи мостот е споменик на културата, ние се обврзавме да им обезбедиме средба со надлежните во Заводот, што ќе се оствари идната недела“, информираат од Градот и нагласуваат дека со оглед на тоа дека Советот на Истанбул веќе ја донел одлуката за донацијата, парите можат многу брзо да дојдат и реконструкцијата да започне.




Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 05-Dec-2007 at 02:22


Да фала им Smile


А ние да се запрашаме зошто реконструкцијава трае подолго него кога го граделе и тоа у среден век или порано... Bash


Posted By: dejan
Date Posted: 05-Dec-2007 at 02:25
Da epten go tupat so taa 'rekonstrukcija'...zasto e tolku tesko, aman.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 06-Dec-2007 at 02:43
Дополнително инфо за „камени“

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3DB19677885A3A4BA744E5D5A37217B8 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3DB19677885A3A4BA744E5D5A37217B8


Со турската донација ќе се обноват клуновите на Камениот мост


Донацијата на збратимениот град Истанбул, од 1,2 милиона евра наменети за реконструкција на Камениот мост ќе се употреби за обновување на клуновите, информираат во Градскиот конзерваторски центар. Мостот во последниве десетина години е близу 70 проценти реконструиран, а останува да се обноват уште Стражарницата и клуновите кои ја сечат водата на Вардар. Со турската донација ќе може да се реализира реконструкцијата на клуновите, додека за Стражарницата веќе се обезбедени пари и во тек е тендерот за избор на изведувач. Во конзерваторскиот центар велат дека ја очекуваат екипата турски архитекти на кои ќе им ги пренесат своите сугестии околу потребите на Камениот мост и веруваат дека со оваа донација конечно ќе заврши децениската реконструкција.

„Со Турција соработуваме одамна, бидејќи тие имаат политика за донирање за спомениците од османлискиот период насекаде на Балканот. Од досегашната соработка знам дека тие никогаш не преземаат ништо на своја рака, туку секогаш се консултираат со нас. Ние и за Камениот мост имаме готов проект, според кој останува уште овој зафат, со оглед на тоа дека за Стражарницата се веќе обезбедени финансии. Донацијата е доволна да се затвори и оваа реконструкција, како и осветлението. Клуновите завршуваат рамно, а треба да се пирамидални“, вели Јани Антониев, директор на Градскиот конзерваторски центар и објаснува дека е планирано надворешно осветление на Камениот мост, со што тој ќе биде забележлив од далеку. Кога ќе ја добијат донацијата, ќе биде избрана и фирма која ќе го изврши зафатот, со оглед на тоа дека за него ќе биде потребна тешка градежна механизација. (С.Н.)



Posted By: Cloverstack
Date Posted: 28-Dec-2007 at 23:44
Еве одлична вест (веќе најавена). Прилично голема донација, благодарни сме им Cheers

Само сепак прашање е колку е цифрата точна. Имам сретнато:
1,15
1,2
и сега 1,5
(милиони евра)

Стварно немам објаснување... толку ли е тешко да се пренесе една егзактна и едноставна информација како оваа Question Nuts

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FD80F66A0A292446A486AD34CB9981E8 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FD80F66A0A292446A486AD34CB9981E8

Скопје ја прими донацијата од Истанбул

Советот на Скопје, вчера во присуство на амбасадорот на Турција, Танер Каракаш, ја прифати донацијата од збратимениот град Истанбул за реставрација на Камениот мост. Донацијата, во висина од 1,5 милиони евра ќе биде наменета за реконструкција на клуновите на мостот, во согласност со препораките на Градскиот конзерваторски центар. Изразувајќи благодарност за донацијата, градоначалникот Трифун Костовски истакна дека Истанбул има посебно место во соработката со Скопје. Тој нагласи дека е особено задоволен, бидејќи парите ќе бидат наменети за еден од најрепрезентативни споменици на Скопје. Амбасадорот Каракаш изјави дека да се живее во Скопје е посебно чувство. (С.Н.)




Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Dec-2007 at 01:40
Знаете за што ќе бидат искористени? Се спомнува нешто како реконструкција на стражарницата?

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 29-Dec-2007 at 01:49
Originally posted by La Linea

Знаете за што ќе бидат искористени? Се спомнува нешто како реконструкција на стражарницата?


Па и тука не можеш да дојдеш до јасна информација, мада за тоа можам да ги разберам. Можеби допрва ќе прават проценки...

Колку што памтам се спомнуваа „клуновите“ и стражарницата


Posted By: La Linea
Date Posted: 28-Jan-2008 at 23:25
Има интересни податоци, а не знаев дека е планирано копање на кејот за откривање на делови од мостот што се под земја, некои 3,5 метри...

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ГО ЗАБОРАВИ МОСТОТ, СТРАНЦИ ДАВААТ ПОМОШ

Да не беа Турците, Камениот мост и натаму ќе чмаеше недовршен

Иако лани Министерството го зеде мостот под свое, годинава за него оттаму не издвоиле ниту денар и велат дека за него надлежен е Градот

Министерството за култура годинава не одвоило ниту денар за продолжување на реставрацијата на Камениот мост. Иако лани Министерството ги презеде обврските за реконструкцијата од Градот Скопје, оттаму сега даваат изјави дека тоа не е точно. Мостот, според нив, се' уште бил грижа на градските власти.

- Поради тоа, ние немаме обврска да одвојуваме пари за него - изјави Александар Ѓорѓиев, од канцеларијата за односи со јавноста во Министерството.

Од Градот се вчудоневидени од изјавите од Министерството.

- Официјалното примопредавање на надлежноста околу реставрацијата беше извршено лани меѓу градоначалникот Трифун Костовски и тогашниот министер Илиријан Беќири. Потоа Министерството го задолжи Конзерваторски центар - Скопје да ја продолжи реставрацијата. Мостот се води како споменик од национален интерес и нормално е за него да се грижи државен орган - изјавија од Градот.

Додека Министерството не знае дека треба да се грижи за Камениот мост, во петокот градските власти и претставниците на Конзерваторскиот центар-Скопје имаа средби со турската делегација, која донираше 1,1 милион евра за довршување на објектот. Сега се чека нивниот конечен одговор за тоа на што конкретно ќе се трошат овие пари. Доколку се потрошат само на реставрацијата, тогаш се очекува обновата конечно да заврши. Според паушалните процени, за довршувањето се потребни од 500 до 800 илјади евра. Досега за обновата градските власти потрошија 3,5 милиони евра.

Во третата фаза од обновата предвидена е и изградба на плоштадот Карпошово востание, на просторот меѓу мостот и Старата чаршија, а би чинел околу 250.000 евра. Јани Антониев, директор на Конзерваторскиот центар објасни дека доколку сега се донесе одлука за изградба на плоштадот, најпрво ќе треба да се извршат сондажни истражувања за да се види дали под земјата има археолошко наследство. Доколку се утврди дека има, тогаш мора да се пристапи кон систематски истражувања. Тие се скапи, но од Центарот се децидни дека мора да се спроведат.

Надлежните очекуваат и да утврдат колку точно бил долг мостот. Се претпоставува дека околу три и пол метри од неговата должина сега се наоѓа под земја. За истражувањата е предвидено да се направи ископ од 5.000 кубни метри земја, а ќе се урнат и околу 60 метри постојни ѕидови на кејот.

Од Градот, преку кој е остварена турската донација, велат дека на стручњаците од Турција им бил презентиран проектот за реставрација.

- Стручните лица од Истанбул, откако ќе ја направат потребната анализа, писмено ќе не' известат за тоа како понатаму ќе се реализира донацијата и конкретно за што ќе се потрошат парите - велат од Градот.

За да се доврши мостот, потребно е да се изгради и урнатата стражарница, клуновите на мостот, да се пломбираат 60 лежишта од тргнатите метални конзоли и да се изведе осветлување. За стражарницата парите ги обезбеди Министерството за култура, кое лани издвои осум милиони денари, а фирмата изведувач, според нив, веќе почнала со подготвителни работи.

Изградбата на плоштадот Карпошово востание требаше да почне во мај 2000 година, но тогашниот градоначалник Ристо Пенов не ги обезбеди потребните финансии. Проблем излегоа парите потребни за истражување на земјиштето. Тогаш Пенов рече дека изградбата би траела девет месеци и би се одвивала на етапи. Според него, ако местото се раскопа наеднаш, тогаш со години на тој простор може да остане една голема дупка. Според тогашните процени, испитувањето на овој локалитет би чинело 500.000 евра.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7D3D35F709F73B4EB71C449F227E0A6D - Дневник



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: mitatos
Date Posted: 28-Jan-2008 at 23:29
pa se nadevame, Kameni most e najgolemiot monument vo skopje opstanat so vekovi,koj e i simbol na gradot ,i zamisli ministerstvoto ne odvoila pari za nego, ova e sramota :(



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: blejdsk
Date Posted: 10-Apr-2008 at 23:14

НА КАМЕНИОТ МОСТ


Се поставува стражарницата


Од вчера започна реконструкција на стражарницата на Камениот мост, која се урна во текот на неговото реновирање. Според надлежните во Заводот за заштита на споменици на Град Скопје, градежните работи треба да завршат во наредните месец дена.

-Подготвителните работи на овој дел од мостот траат веќе неколку дена, а од вчера започна и поставувањето на камените блокови, односно деловите од стражарницата. При реконструкцијата на стражарницата ќе се искористи дел од старите блокови, кои беа извадени од водата, односно оние кои не беа многу оштетени. Дел пак, ќе бидат новоизработени камења, вели Јани Антониев, директор на Градскиот завод за заштита на споменици.

Инаку, стражарницата ќе се прави согласно проектот на Васил Иљов, според кој е реконструиран и самиот Камени мост. Градежните работи ќе ги изведува фирмата "Металоелектрик".

http://vecer.com.mk/?ItemID=19C68A5B912FF44F846F7E13E76A06D1 - http://vecer.com.mk/?ItemID=19C68A5B912FF44F846F7E13E76A06D1



-------------





Posted By: mitatos
Date Posted: 11-Apr-2008 at 00:30
e ova veke me raduva )

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: La Linea
Date Posted: 29-Apr-2008 at 21:48
Лумикс побрзо ќе го изградат.

1.


2.

3. Ова е интересен детаљ на Камениот мост, прв пат го забележувам



Извинете за големината на сликите, ама Photobucket не ми ги прикажува намалени откако ќе им направам resize.

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: La Linea
Date Posted: 18-May-2008 at 16:38
Стражарницата е речиси готова Cheers



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-May-2008 at 16:39
LOL како сме опасни со веб камерава све гледаме 


Posted By: ProMKD
Date Posted: 18-May-2008 at 18:20
Агенција за урбано обезбедување - БИЛД.ком


Posted By: lslcrew
Date Posted: 19-May-2008 at 14:12
Камениот мост ја доби назад стражарската кула

http://netpress.com.mk/vestiimages/30327/IMG_1448.JPG">

Претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски, денеска имаше обраќање по повод завршувањето на градежните интервенции на стражарската кула на Камениот мост.

Настанот се одржи на Камениот мост во Скопје, каде што премиерот изјави дека “Скопје како мултиетнички и мултикултурен град не случајно го има камениот мост како свој симбол кој преставува метафора на поврзувањето на граѓаните и културите, кој симболизираат комуникација и интеграција и ги надминува препреките во меѓусебните односи. Македонија е земја што инвестира во негување, развивање и истакнување на културните особености на заедниците кои живеат во Македонија, и треба понатаму да ја продолжиме ваквата политика. Да продолжиме да градиме нови мостови на меѓусебна доверба и да ги надградуваме старите, само на тој начит ќе овозможиме подобро утре за нашите деца, ќе овозможиме прогрес на Македонија”.

Камениот мост  обновуван е во периодот 1421- 1451 година во времето на Султан Мурат втори. Рекронструкции на камениот мост се вршени во 1555 година, во XIII, XIX и почетокот на XX век. Последна рекронструкција е отпочната во 1994 година. Стражарницата во форма на Михраб е обновена оваа година.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=30327&kategorija=1 - http://netpress.com.mk/vest.asp?id=30327&kategorija=1



Posted By: La Linea
Date Posted: 20-May-2008 at 12:57
Премиерот дошол за да се обрати по повод обновувањето на стражарницата Ohno



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: gotsomekicks
Date Posted: 20-May-2008 at 15:36
Зарем мислеше дека ќе остане нешто неискористено во кампања?? 


Posted By: pbanks
Date Posted: 22-May-2008 at 09:31
еве и еден предизборен кадар од стражарницата




Posted By: lslcrew
Date Posted: 22-May-2008 at 11:29
Еј тука можеле да уфрлат 100 катница у позадина.


Posted By: pbanks
Date Posted: 31-May-2008 at 12:09
Што е сеа со таблата. Веројатно никој не е надлежен да ја отстрани. Сликата е од вчера Bash




Posted By: Cibi
Date Posted: 07-Jun-2008 at 13:36
Морам да дадам лоша забелешка на чистотата и одржувањето на камениот мост. Тој од година во година се повеќе се запушта.Мора да проработи свеста на граѓаните во Скопје дека камениот мост мора да се чува,одржува итн. Тој е еден од главните симболи на Скопје. Ohno


Posted By: La Linea
Date Posted: 07-Jun-2008 at 20:20
Previous Tоа нешто на сите ни е јасно. Но сега сум навистина оптимист! Мислам дека турциве добро ќе си ја завршат работата и дека во догледно време Камениот мост ќе го добие третманот што одамна требаше да биде направен. 

-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 09-Jun-2008 at 13:56
Originally posted by La Linea

Previous Tоа нешто на сите ни е јасно. Но сега сум навистина оптимист! Мислам дека турциве добро ќе си ја завршат работата и дека во догледно време Камениот мост ќе го добие третманот што одамна требаше да биде направен. 


хммм... Турците може добро ќе го средат мостот но Циби зборува за друга работа. Одржување. Кај нас е тоа голем проблем, одржливоста. Ниту властите ниту граѓаните (и тоа посебно граѓаните) воопшто не внимаваат ни на најелемнарните работи.

Од властите мислам дека би бил добар почеток за тој реон да постават 2-4 редари кои секојдневно ќе ги отстрануваат дивите продавачи. Значи од пред камени мост, плоштадот итн. Доволно е да работат во 2 смени и се ќе биде тип топ.


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Aug-2008 at 11:16
Зошто треба да имаа соопштение од министерство за нешто толку елементарно, и зошто тоа треба да биде во најава Wallbash. Толку ли е сложено да тргнат една обична табла Bash

Конечно ќе биде отстранета таблата од Камен мост

На таблата нема ниту еден податок за историјатот на мостот

Таблата до стражарницата на Камениот мост ќе биде наскоро отстранета, информира Министерството за култура. Иако изминаа четири месеци од завршувањето на градежните работи со кои стражарницата по шест години повторно си го зазеде своето место на мостот, металната табла со информации за инвеститорот и изведувачот, каква што има на секое градилиште, се' уште не е отстранета. Да биде работата поаспурдна, на таблата е испишан и датумот до кога треба да заврши реставрацијата на мостот, а кој е веќе одамна изминат.

Таблата е голема колку речиси половина стражарница и не содржи информации за Камениот мост, што логично, би ги интересирале граѓаните или туристите, туку технички податоци кои се веќе застарени и непотребни. На таблата пишува дека инвеститор на реставраторските работи на стражарницата е Владата, која за таа намена потрошила пет милиони денари, а изведувач на работите е фирмата „Металелектрик“.

Стражарницата, која се урна во Вардар при изведувањето на градежните работи во 2002 година на Камениот мост, се врати во мај годинава. Реставраторските работи на кулата ги направија екипите од Националниот конзерваторски центар. Повеќе од осумдесет отсто од камењата од урнатата стражарница се спасени и повторно вградени во кулата, а направена е и камена ограда околу стражарницата, плочник и столпчиња.

Иако уште минатата година беше најавено дека стражарницата ќе се обнови со донација од Турција, тоа не се случи поради проблемот со надзорот над изведувањето на градежните работи, кои домашните стручњаци не сакале да им го препуштат на колегите-донатори од Турција. Донацијата од 1,2 милиони евра, според најавите, ќе биде искористена за други проекти околу реконструкцијата на мостот. (С.Н.)


http://%20www.utrinski.com.mk/?ItemID=B6FD5B880D60B44A82F7B784DE681396 -
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B6FD5B880D60B44A82F7B784DE681396


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2008 at 13:16
Originally posted by pbanks

Зошто треба да имаа соопштение од министерство за нешто толку елементарно, и зошто тоа треба да биде во најава Wallbash. Толку ли е сложено да тргнат една обична табла Bash


Зависно од способностите, на некои очигледно и тоа им е тешко... А кога пи-арот ќе ти стане безусловен рефлекс, мислиш дека треба да ги известиш сите и за еден ваков грандиозен зафат Crazy


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Aug-2008 at 17:26
а што е тоа чадорчето пред стражарницата? 

-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Aug-2008 at 17:52


Претпоставувам дека припаѓа на некој од тезгаџиите Wallbash


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Aug-2008 at 19:43
значи паднаа на гз за една глупава табла а тезгаџиите (кои се тука подолго од таблата) воопшто не ги засегаат
колку фино од нивна страна Wallbash


-------------
Architects create dreams...politicians create nightmares


Posted By: lslcrew
Date Posted: 05-Sep-2008 at 11:46
ФИРМАТА "МАКАУС" ГО ДОБИ ТЕНДЕРОТ ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ НА СИМБОЛОТ НА СКОПЈЕ
Камени мост ќе светне до Нова година
Со проектот е предвидено целосно осветлување не само на мостот туку и на арките на мостот

Камени мост, по три години мрак, конечно ќе добие осветление. Градежните работи за целосна илуминација на мостот, според надлежните од националната установа Конзерваторски центар - Скопје, треба да почнат во текот на овој месец, а да завршат до крајот на годината.
Јани Антониев, директор на националната установа Конзерваторски центар - Скопје, вели дека на тендерот за изведувач на градежните работи, од 12 пријавени понудувачи е избрана скопската фирма "Макаус", но додава дека се уште не е завршен рокот за жалби.
"Рокот за жалби истекува неделава, и ако нема жалби и се потпише договор со избраната фирма, со поставување на осветлувањето ќе може да почнеме уште веднаш. Тие би требало за неколку месеци да го завршат проектот за илуминација на Камени мост, односно до крајот на годината мостот да биде осветлен", вели Антониев.
Со проектот е предвидено целосно да се осветли мостот, односно и однадвор и однатре. Антониев објаснува дека целосно ќе се осветлат арките на мостот по целата должина од надворешната страна, како и дека ќе се заменат искршените подни светилки и искинатите кабли од инсталацијата, кои беа поставени при една од претходните реконструкции на мостот.
Со реализација на овој проект, Камени мост конечно ќе светне, откако пред три години беше искршена поставената светлосна инсталација и скопјани во мрак и темница мораа да минуваат по него. Средства за осветлување на мостот Конзерваторскиот центар - Скопје доби од Министерството за култура, кое пред три години од Градот ја презеде одговорноста за уредување и одржување на овој споменик на културата. (Е.А.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156574&idg=8&idb=2467&rubrika=Skopje


Posted By: dejan
Date Posted: 05-Sep-2008 at 14:10
Незнам како ке заличи недовршен мост со тоа осветлување?? 


Posted By: mitatos
Date Posted: 05-Sep-2008 at 14:47
 И ја се чудам, македонија е единствена земја што ги врака донациите назад ,турците дојдоа во Скопје, дадоа пари за Целосна Реконструкција овие гомнариве извинете на израз не прифатија , ем немаат пари ем се прават фраери , јас не знам стварно се нервирам за вакви работи ,и сега ке го гледам недовршен што ке правиш кога имаш работа со не-скопјани  кои се градоначалници немат појма ни што значи СКОПЈЕ , ниту пак која е негова главна карактеристика, ниту пак економска ниту пак културна вредност.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Nov-2008 at 03:46

Камениот мост ќе добие осветление

Проектот чини околу 300 илјади евра и ќе го финансира Министерството за култура

Камениот мост во почетокот на идната година ќе биде целосно осветлен, најавуваат во Градскиот конзерваторски центар. Конечно, по неколку години од завршувањето на дел од реконструкцијата, највредниот историски споменик во главниот град ќе свети ноќе. Проектот, што ќе се изведе под надзор на Конзерваторскиот центар, ќе го финансира Министерството за култура и ќе чини меѓу 200.000 и 300.000 евра.

На тендерот за изведувач, спроведен во текот на минатите два месеца, е избрана фирмата „Макаус“ од Скопје, која ќе го реализира проектот за осветление на мостот.

Според проектот, на Камениот мост се предвидени две варијанти на светилки кои ќе се поставуваат на оградата и на страните кон реката. Во Конзерваторскиот центар велат дека ќе се комбинираат најдобрите елементи од два различни проекта за осветление, но дека не е избрано решение со канделабри, какви што некогаш имаше на мостот, туку сите светилки ќе бидат вградени. Едните ќе бидат на камената ограда за да се осветли пешачката патека, а другите на лаците на мостот во правец кон Вардар. добие И стражарницата ќе биде осветлена.

„Реализацијата на проектот за осветление на Камениот мост е договорена со изведувачот, кој доби рок од 40 дена, откако ќе бидат набавени светилките. Тие се увозни од италијанско производство“, вели директорката на Конзерваторскиот центар, Ема Петрова.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=ECCFB6C7F70B4247A712A4503B60A4FF



Posted By: zabegan
Date Posted: 26-Nov-2008 at 11:57
алелуја Cheers
имам идеја, светилките да бидат поставени на столбовите на мостот и да светат кон нагоре
а инаку на оградата од мостот има мали правоаголни дупки, тие да не се предвидени за осветлувањето?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Nov-2008 at 11:58
@ Zabegan, Да за тие дупки се работи!


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 01-Dec-2008 at 07:32

Конечно светло на темниот Камени мост


Во рок од 40 дена ќе треба да се постават новите светилки на Камениот мост. Како што дознаваме тие треба да бидат набавени од Италија, а до Новата година се очекува дел од мостот да биде осветлен


Камениот мост кој кратко време по негова реконструкција и осветлување пред неколку години, повторно беше во темница, ќе се илуминира по втор пат. Конзерваторскиот центар -Скопје, минатата недела потпиша договор со фирмата "Макаус" која во рок од 40 дена ќе треба да ги постави новите светилки на мостот. Како што дознаваме, тие треба да бидат набавени од Италија, а до Нова година се очекува дел од мостот да биде осветлен.
-Проектот се однесува на поставување на вградени светилки на бочната страна од мостот односно на оградата, на газечката површина, како и на лаците на мостот кон реката Вардар, со што мостот целосно треба да биде осветлен. Средствата се обезбедени од Министерството за култура, но колку ќе бидат искористени ќе зависи од тоа што од постоечката инсталација ќе може да се искористи. Допрва треба да се изврши проверка кои од каблите се употребливи со оглед дека во моментот светилките се откорнати од своите лежишта, а дел од инсталацијата уништена, вели Стојчевска Љиљана, инженер проектант.

Инаку, поставените светилки на мостот само неколку месеци по негова реконструкција, беа уништени од несовесните граѓани.
Скопјани, пак, се сомневаат дека и оваа илуминација ќе биде од подолг век на траење.
-Срамота е мостот кој е во самиот центар на градот ноќе да биде во целосна темница, а при секое поминување по него во вечерните часови да ве лазат морници и да очекувате дека некој ќе ве нападне и ограби. Ова е сепак историски споменик кој доколку се осветли соодветно, ќе му даде сосема нов и атрактивен изглед на целото централно градско подрачје, сметаат скопјани.
Довршувањето на клуновите на мостот и затворање на лежиштата од конзолите, кои стојат во вид на отвори, според надлежните пак, ќе остане за наредниот период кога ќе бидат обезбедени пари за таа намена. Од конзерваторскиот центар потенцираат дека како трета фаза останува да се доврши и поврзувањето на Камениот мост со плоштадот кон Скопската чаршија. Во овој дел неопходно е отворање на една третина од мостот, а предвидено е да се извршат и археолошки истражувања. Овој проект би предвидел и уривање на околу 60 метри постојни кејски ѕидови и изведување на нови со партерно уредување и илуминација на непосредна околина.


Даниела ТРАЈКОВСКА
Фото:Ѓ.Личовски

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D53B6BFB5B0A114A804DDF76D3B83B92 - http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D53B6BFB5B0A114A804DDF76D3B83B92 http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D53B6BFB5B0A114A804DDF76D3B83B92 -


Posted By: lslcrew
Date Posted: 04-Dec-2008 at 12:52
ИТАЛИЈАНСКИ СВЕТИЛКИ ЗА СИМБОЛОТ НА СКОПЈЕ
Камени мост ќе светне до март
Новите светла ќе бидат од Италија бидејќи од Конзерваторскиот центар велат дека тие биле поквалитетни

Камени мост ќе се осветлува со италијански светилки кои место, до Нова година, како што беше најавено летово, ќе бидат поставени до март следната година.
Ема Петрова - Николовска, новоименуваната директорка на националната установа Конзерваторски центар - Скопје, вели дека пред неколку дена го потпишале договорот за илуминација на мостот со скопската фирма "Макаус", која на тендерот беше избрана да ги постави светилките. Таа објасни дека реализацијата на проектот за осветлување на Камени мост не почнала во септември, како што беше најавено од претходното раководство, поради долгата тендерска постапка.
"Реализацијата на проектот се уште не е почната, бидејќи мораше да заврши законскиот рок за жалби по тендерот. Со избраната фирма деновиве потпишавме договор, но не би можела да кажам кога ќе почнат со работа на терен, бидејќи изведувачот допрва треба да ги набави светилките. Камени мост ќе го осветлуваме со светилки од Италија бидејќи тие се поквалитетни и затоа ќе се изгуби уште малку време додека да се увезат", вели Петрова - Николовска.
Надлежните од националната установа Конзерваторски центар - Скопје велат дека откако фирмата изведувач ќе ги набави светилките, има рок од 40 работни дена да ги постави на мостот и да ги пушти во употреба.
"Реално може да се очекува дека работите на мостот ќе завршат до март следната година, иако ние тоа би сакале да биде побрзо. Но бидејќи треба време да се увезат, а изведувачот ќе има и малку покомплицирана задача при поставување на светилките на бочните лаци, ќе мора тоа да се прави со скелиња. Освен на лаците, светилки треба да се стават на подниот дел и по должината на оградата", вели Лилјана Китановска од националната установа Конзерваторски центар - Скопје.
Поради дефект на електроинсталацијата, Камени мост е во мрак од 2004 година, кога заврши неговата реконструкција и обновата на Плоштадот.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160480&idg=8&idb=2541&rubrika=Skopje


Па добро бе!!! Бива ли во набавка на сијалици да се пробие рокот!!! Wallbash


Posted By: Б.Ѓ.Т
Date Posted: 04-Dec-2008 at 14:26
za sto i da e mora da se probie rokot inace ne ja biva rabotata..Big%20smile


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 02-Mar-2009 at 08:33
kakvi prikazni

Камен мост напролет ќе биде осветлен

Камен мост напролет ќе добие целосно ново осветление. По неколку години, најзначајниот историски споменик на Скопје ќе засвети и ноќе. Временските услови се пречка што осветлението на мостот не може да биде готово до 8 март, тврдат од Градскиот конзерваторски центар. Оттаму додаваат дека минатата недела со два типа канделабри било направено пробно осветлување и се покажалао како успешно.

Проектот за осветлување на Камен мост ќе чини помеѓу 200 и 300 илјади евра и ќе го финансира Министерството за култура. На тендерот за изведувач на работите е избрана фирмата „Макаус“ од Скопје.

„По потпишување на договорот, фирмата што ќе го изведува осветлението ги започна подготвителните работи. Но, временските услови не' спречуваат да продолжиме, затоа што овие температури се неповолни за поставувањето на бакарните кабли. Исто така, невозможно е да се исчистат и цевките во кои ќе стојат каблите, па затоа решивме да ги прекинеме работите. Ќе продолжиме штом ќе биде возможно да се работи и ќе мора да внимаваме тоа да се одработи квалитетно. Тоа е предусловот да не се направат пропусти, бидејќи осветлението треба да биде трајно“, вели директорката на Козерваторскиот центар, Ема Петрова. (Сн.К.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=07AAE6A8ABA3A74C8BC5D6A5496899BA - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=07AAE6A8ABA3A74C8BC5D6A5496899BA
 


Posted By: lslcrew
Date Posted: 20-May-2009 at 12:08

Камени мост ќе светне во јули

Расипаните светилки ќе бидат поправени, а нови ќе се постават по целата должина на оградата од надворешната страна, по арките на сво­до­ви­те и под нив

Еки­пи од Конзерваторски центар - Скопје дваесетина дена работат на про­ек­тот за осветлување на Камени мост. Симболот на Скопје, по четири години по­ми­на­ти во мрак, до крајот на следниот месец треба да биде целосно ос­вет­лен.
Ема Петрова - Николовска, директор на Конзерваторскиот центар, вели дека ра­бо­ти­те на мостот ги почнале кон крајот на минатиот месец и оти во мо­мен­тов се работи на поправка на расипаните светилки, кои на плочникот и на внат­реш­на­та страна од оградата беа поставени при последната фаза од ре­конс­трук­ци­ја­та на Камени пред околу четири години. Таа објасни дека со про­ек­тот за осветлување на мостот, освен поправка на постојните светилки, ќе се постават нови по целата должина на оградата од надворешната стра­на, по арките на сводовите и под нив.
"Во моментов се поправаат светилките на плочникот на мостот и на ог­ра­да­та, кои хулиганите за многу кусо време по нивното поставување ги откорнаа и ги уништија. Светилки ќе ставиме и на Стражарската кула, од надворешната стра­на. Ќе ставиме три типа светилки, и целиот мост треба да добие многу уба­во осветление", вели Петрова - Николовска.
Из­ве­ду­вач на работите на мостот е скопската фирма "Макаус", а светилките Кон­зер­ва­тор­ски­от центар ги набави од Италија.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=E7CD9CA0963775489D6844B8C63D0B65


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 21-Jun-2009 at 04:37
Се наметна потреба за разгранување на темите за http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=68 - Реставрација / Реконструкција , па еве ги собрав постовите што се однесуваа на камениот мост во нова нишка.

Резултатот интересен... Вака на купче одма се приметуваат некои работи. Покрај тоа што необјасниво се прекинати сите информации околу реставрацијата, интересен тек зел дури и проектот за осветлување:

- прво требало да почне во септември 2008 и да заврши до крајот на годината
- после требало да заврши 40 дена од набавување на светилките то ест да било готово на почетокот на 2009
- после требало да биде готово до март
- во март ни кажаа дека ќе било готово „напролет“
- најново, требало да биде готово во јули

Навистина злато вреди овој форумски начин на регистрирање на вестите.

Кога толку сме експедитивни со осветлувањето, не е ни чудо што реставрацијата ја изведуваме подолго отколку што било потребно да се изгради мостов и тоа со таа заостаната технологија со која располагале на времето. Мостов го реставрираме веќе втора деценија... А таблата за стражарската кула беше тргната после три месеци и тоа со медиумска помпа!

Македонштина пар екселанс

Suicide


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 21-Jun-2009 at 07:47
Со еден збор, не изеде МРАК Ohno

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: lslcrew
Date Posted: 25-Jun-2009 at 02:01

Камениот мост ќе се гледа и ноќе

По десетина години поминати во целосен мрак, Камениот мост конечно ќе биде осветлен. Поставувањето на осветлението на најпознатиот културно-историски споменик на Скопје се врши веќе два месеца, а треба да заврши до почетокот на јули. Директорката на Конзерваторскиот центар Скопје, Ема Петрова, вели дека мостот ќе биде осветлен со два реда светилки, кои се набавени од Италија.

- Едниот ред светилки ќе биде поставен од внатрешната страна на оградата и ќе ја осветлува патеката на мостот. Другиот ред светилки ќе биде поставен од надворешниот дел на оградата и тоа линеарно, при што едни ќе бидат насочени надолу кон реката, а другите нагоре, кон оградата. Со по една светилка однатре и однадвор ќе биде осветлена и стражарницата. Освен осветлувањето, мостот ќе биде исчистен од графити со пескарење, како најевтина алтернатива - вели Петрова.Таа информираше дека со првичниот проект бил предвиден да се постави еден ред светилки, но со најновите измени мостот ќе добие поголемо осветление.

Проектот го работела скопската фирма „Блаком“, а изведувач е фирмата „Макаус“.Петрова не сакаше да каже колку ќе чини реализацијата на проектот, но одговори дека за првичната варијанта биле предвидени 16 милиони денари. Не сакам многу да говорам за парите, бидејќи произлегуваат дополнителни работи. Дојде до промена на проектот, па ќе настојувам да се заштеди што е можно повеќе - рече Петрова.

Таа се пожали дека постојните подни светилки, кои беа поставени пред неколку години при конзервацијата на објектот, веќе не можат да се искористат, бидејќи хулигани истуриле киселина врз нив. Откако била исклучена струјата, вандалите ја искорнале и инсталацијата. И првичните и сегашните светилки се порачани од Италија. Еден рефлектор чини 500 евра. Мислевме дека некои од старите ќе ги искористиме, но ништо од тоа. Веќе е доцна за дополнителна испорака од Италија, но ќе се снаоѓаме - додаде Петрова.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F884377F8071104ABF019CE85258F9FB


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 25-Jun-2009 at 09:01
Таа се пожали дека постојните подни светилки, кои беа поставени пред неколку години при конзервацијата на објектот, веќе не можат да се искористат, бидејќи хулигани истуриле киселина врз нив. Откако била исклучена струјата, вандалите ја искорнале и инсталацијата.
 
Знам дека местово не му е овде туку во дивјаштво, не сепак морам да констатирам дека треба да си максимално болен да направиш нешто вакво. Каква изопаченост, киселина врз светилки...Ohno


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 25-Jun-2009 at 10:12
Originally posted by UrbanFreak

Таа се пожали дека постојните подни светилки, кои беа поставени пред неколку години при конзервацијата на објектот, веќе не можат да се искористат, бидејќи хулигани истуриле киселина врз нив. Откако била исклучена струјата, вандалите ја искорнале и инсталацијата.
 
Знам дека местово не му е овде туку во дивјаштво, не сепак морам да констатирам дека треба да си максимално болен да направиш нешто вакво. Каква изопаченост, киселина врз светилки...Ohno

Потполно се слагаме, но има и една друга страна - да се монираа светлата додека се градеше немаше бар да ги искорнат каблите и .... иако и така ќе им најдеше некој да го искали својот „грагански“ бес.


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: La Linea
Date Posted: 25-Jun-2009 at 23:21
Еве еден според мене поинформативен текст

Камениот мост од јули ќе засвети со нови светилки

Проектот за новото осветление на мостот чини околу 300.000 евра

По неколку години темнина наредниов месец Камениот мост ќе блесне со ново осветление. До 7 јули треба да бидат завршени електричарските работи околу поставувањето на сите елементи за новата илуминација на мостот, што е дел од големите проекти на Градскиот конзерваторски центар. Оттаму велат дека веќе е реализирано пробното осветление и од јули мостот ќе блесне со нови светилки. Проектот за осветление на Камениот мост ќе чини меѓу 200.000 и 300.000 евра и ќе го финансира Министерството за култура. Изведувач на работите е фирмата „Макаус“ од Скопје.

Од Градскиот конзеравторски центар објаснуваат дека на првите четири арки од објектот во правец на плоштадот „Карпошово востание“ поставени се бехатон плочи и дозни. По линијата на оградата се поставуваат држачи за светилките, а од внатрешната страна е извршена замена на електричните кабли.

„Дел од светилките за мостот веќе се пристигнати од Италија. Кога ќе се вклучат тие ќе формираат светлечка линија на оградата. Светилките се производ на фирмите ’Симес‘ и ’Тарџети‘ и ќе бидат со различна јачина. Одреден број светилки ќе ги осветлуваат арките на мостот, а други оградата, односно светлина ќе навлегува до длабочините на реката Вардар. Некои светилки специјално се доработуваат во Италија“, вели Ема Петрова, директорка на Конзерваторскиот центар.

Паралелно со поставувањето на осветлението ќе се бришат и графитите од мостот. Оваа акција ќе се реализира по втор пат, бидејќи по првата акција мостот повторно беше ичкртан. (Сн.К.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DBF9186E211B494891D39753BD914195



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cifra
Date Posted: 26-Jun-2009 at 01:23

Паралелно со поставувањето на осветлението ќе се бришат и графитите од мостот. Оваа акција ќе се реализира по втор пат, бидејќи по првата акција мостот повторно беше ичкртан. (Сн.К.)



Дур не се организира служба да пази да нема такви вандализми бар у најстрог центар на градот џабе све. Можете да пескарите 1000000 пати дур не се сруши мостот и пак за 2 дена ќе има нови графити. Дајте више вработете бар неколку луѓе да створат ред бар на тие неколку клучни централни точки. Градов плаче за урбана полиција а и обичната да е поактивна против говеда


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Jun-2009 at 12:02

Општинска полиција му е мајката. Општината плаќа за сите проекти во градот (ете во Битола на пример), па ако скрши некој нешто општината е таа што плаќа и да се поправи, нели? Државната полиција прима наредби од МВР, а (со право до некаде) гајле му е на МВР за проблемот во Битола што ги кршеле ламбите во паркот. Тука во Грција, општинската полиција е задолжена за паркирањето, и за патрола низ населбите (заедно со другата), и други минорни работи кои се од корист за општината. Јас мислам дека е многу паметно, бидејќи така градоначалникот е командант на најважниот сектор што се однесува на градот (паркингот), а не може министерот од Атина (Скопје) да се сеќира за паркингот во Лерин (Валандово), и да добива извештај секој ден. И онака министерот гласови нема да добие дека го решил паркингот во некое село, ама градоначалникот ќе добие. Барем тоа треба да ги мотивира нашиве. Оф-топик избегав, ама кога прочитав дека некој истурил киселина (кој будала шета со киселина?), ми се згади.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 26-Jun-2009 at 14:45
Гитар кај отиде ти да споредуваш со Грција. Грција е една од земјите кои имаат подобра децентрализација на ингеренциите и хиерархија во неколку нивоа. Кај нас со ваква каша-попара во децентрализацијата и со воопшто не довршена децентрализиција, рано е за било каква безбедносна служба, а не па уште организирана полиција на локално ниво.


Posted By: Cifra
Date Posted: 26-Jun-2009 at 17:03
@ гитардемон

Глеј, каква и да има општинска или урбана полиција, пак обичната полиција не треба да мижи ако примети некој да шкрта по камени. Нормално дека треба да има специјализирана урбана или некаква друга полиција за тоа која ќе се фокусира на тие проблеми али ако обичен полицаец се најде у ситуација он да може да интервенира тогаш зашто да не. Шо има везе тоа со наредби и со министерот ? Цела поента ми беше баш да се формира некоја специјална служба ама и обичната полиција да помага. Баш им е у надлежност и треба да им биде

Иначе не сакам сега да навлегувам толку офтопик за тоа како да се организира полицијата. Али ако така строго поделиш кој кога да смее да интервенира ќе мораш да ангажираш 100.000 луѓе за да функционира


Posted By: гитардемон
Date Posted: 26-Jun-2009 at 17:32
Ај овај муабет во територијална или локална самоуправа да се префрли, како се викаше темата.

Cifra, јас само кажав како е тука, меѓутоа изгледа грешно и се разбравме. Не реков дека ако види државен цајкан (кои во Грција морам да кажам дека се сите 2x2 и знаат 99 боречки вештини, барем тие што ги пуштаат на улица) некого да црта графити, дека ќе седи со скрстени раце. Реков дека општинските се тие што ги бркаат тезгашите (црнците што продаваат сè и сешто низ градот) и лепат казни, а државните се оние како демек опасни батки - доаѓаат со посебни автобуси и возила, носат панцири и автомати и чуваат амбасади, полициски станици. Другите (подебелите од државните) само се возат со кола и викаат засилување ако има нешто, или работат по цел ден во канцеларија Значи како што е тука системот, тешко дека државен полицаец ќе се најди на место каде што се цртаат графити, бидејќи едноставно не му е тоа задача. Тие се стационарни, општинските се тие што шеткаат низ градот. Како и да е тука и колку и да се говеда, не се колку кај нас. Можеби грчкиот систем нема да функционира кај нас, и не знам кој треба кај да ги пази ваквите објекти како мостот (особено уличните светилки), ама дефинитивно не може МВР и да лепи казни и да мава ластици на тие што цртаат графити, а и да е задолжено да го чува редот и мирот и да се занимава со контратероризам и дилери на дрога.

Меѓутоа дека мора да се децентрализира и полицијата, мора. Во САД имаш FBI, имаш state troopers, имаш country sheriffs, имаш милјарда работи. Исто и во Британија и други држави. Навистина тие се огромни по територија, меѓутоа и таму е истото. Тој што лепи казни го плаќа општината, ама и општината ги зема парите од казните, бидејќи општината е оштетена кога има погрешно паркирање, а не министерството кое е на 400 km од местото каде што се паркирал некој погрешно. Јас сепак не очекувам некој ум да донесе одлука ваква во следните 20 години. Најпаметно е веројатно приватно обезбедување во случајот со мостот и парковите и сл. Со толку security фирми, се наоѓа нешто и за поефтини пари. Доволно е да поминуваат таму на сат време, да им фуфка на дечиштата да чкртаат.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 28-Jun-2009 at 21:01
Можеле и равно да ги постават Ohno



Детал од светлата, со заштитна пластика во сина боја која не е уште поставена


од 2009-06-28





-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 28-Jun-2009 at 21:08
Имаш право ептен криво ги поставиле Ohno

Се мислам дека ова и не е најсреќното решение за илуминација на мостот. Како прво целата инсталација е премногу приметлива, не прилега на еден ваков стар мост. Како второ мислам дека кај камениот мост најимпресивни се сводовите и токму таму треба да биде и акцентот на осветлувањето а не некакво линиско осветлување што би ги дефинирало контурите.

Еве еден пример на мост во Кина кој носи ваква илуминација каква што поставуваат (или слична)

http://img140.imageshack.us/i/xin48202061017152032802.jpg/">

Еве го Карлов мост во Прага, модел коој мислам дека треба да се примени и во Скопје

http://img229.imageshack.us/i/tee2466.jpg/">



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 28-Jun-2009 at 21:12
Originally posted by pbanks

... Како второ мислам дека кај камениот мост најимпресивни се сводовите и токму таму треба да биде и акцентот на осветлувањето а не некакво линиско осветлување што би ги дефинирало контурите...

На трите почетни сводови се поставени „новогодишни жолти црева“, штета сто не ги усликав. Ohno
Иначе истите брзо ќе им се најде крајот


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 28-Jun-2009 at 21:16
lele mu ja e*le majkata


Posted By: mitatos
Date Posted: 28-Jun-2009 at 21:16
ostaj sto krivo gi stavile ,ako gi ostavat taka rok 5 meseci aj da ne kazam pomalku ,ke gi skrsat neonkite kako sto svetea porano kaj mostot goce delcev

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 28-Jun-2009 at 21:26
цццц абе кој го направил ова бе?бог да чува го осакатаа мостот


Posted By: vardar
Date Posted: 29-Jun-2009 at 10:22
Па за ова ср*ње ли чекавме со години, ова ли се тие фамозни светилки BashSuicide
 
 
Пбанкс целосно се согласувам, подобар коментар од ова не можам да дадам:
 
Originally posted by pbanks

Како прво целата инсталација е премногу приметлива, не прилега на еден ваков стар мост. Како второ мислам дека кај камениот мост најимпресивни се сводовите и токму таму треба да биде и акцентот на осветлувањето а не некакво линиско осветлување што би ги дефинирало контурите.
 


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Jun-2009 at 11:11
Неонки повеќе ни во веце не ставаат, а не на мост стар со векови. Good job! Сериозно мислев дека е заебанција прв пат ко ја видов веста - ама после ми текна дека политичарите кај нас потаму од неонки не виделе (кои се последниот збор на технологијата за нив).


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 29-Jun-2009 at 12:52
Кога ќе ми текне колку Васил Иљов „цепидлачеше“ за секој камен да биде во оргинална големина, положба, .... и сето тоа на крај ќе се запраша човек зашто, години се правеше - неделно се уништи. И ...

-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Jun-2009 at 13:23
незнам колку тоа влечкање на Васиљ Иљов беше за оправдување но овакви брзоплети заебанции на објект од такво значење за градот се недозволиви.



Posted By: FoSsiL
Date Posted: 29-Jun-2009 at 13:36
малку офтопик...не знам каде да пишам...добро ќе биде да се осветли и Ристиќиева палата.


Posted By: гитардемон
Date Posted: 29-Jun-2009 at 13:44
Многу ќе бидам радосен кога ќе одам Скопје и кога ќе фрлам 2-3 камења од мостот (ако сакате пријавете ме, со гордост ќе одам да направам малку урбано дивјаштво) баш на неонките. Него многу ми е парадоксално - како секогаш има некои мангупи кои ќе го ичкртаат најновиот убав објект, или ќе ги скршат најновите канделабри, а никогаш нема некој да унакази (да поправи е поточен збор) грдосија како оваа, резултат на величествена идеја?


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 29-Jun-2009 at 13:51
ne be ostaj, ako skersis  neonkite nemat da svetlat, no seuste ce bidat tamu
ostaj barem da svetlat vo noce...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 01-Jul-2009 at 18:40
Бехатон... кај симболот на градот и културно-историски споменик од таков ранг... наздравје нека ни е...

Се на се барем добро ќе се вклопува цел тој невкус - бехатонот, осветлувањето, уставен суд / архив / археолошки музеј, новиот пешачки мост итн итн

Suicide



КАЈ ГРАДИЛИШТАТА НА КЕЈОТ
Поплочен просторот под Камени мост

Просторот под Камени мост, веднаш до градилиштата за музеј на ВМРО и жртвите од комунизмот и до парцелата за нова зграда на Уставниот суд, деновиве е поплочен со бекатон-плочки. Конзерваторскиот центар на Скопје најави дека ќе го уреди делот околу трите последни лаци на Камениот мост, свртени кон чаршијата.
Директорката Ема Петрова пред еден месец изјави дека засега просторот нема да се уредува хортикултурно, бидејќи во моментот во близина има многу градилишта, па само ќе се расчисти околината и ќе се стават плочките. Истовремено по мостот се монтираат и нови светилки кои треба да бидат дел од комплетното осветлување на мостот.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1745&ArticleID=116840


Posted By: Vladimir P
Date Posted: 03-Jul-2009 at 15:22
Осветлување на лаковите на камени мост


2009-07-03


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: ivopfc
Date Posted: 03-Jul-2009 at 17:25
Мислам дека цревово не е за осветлување, него е некој кабел за струја...Како и да е, за целава работа околу осветлувањето на камениот мост, и одвратнотот поплочување околу него од левата страна на Вардар треба некому да се суди. Ужас. Се нема никаков осет како се постапува со нешто што е вреднои историски значајно, а има пари за бесмислени „триумфални“ порти.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 03-Jul-2009 at 17:44

Ако не се лажам ти беше таму некаде во близина. Може ли да го документираш поплочувањето, бидејќи за бехатон кај камени човек стварно мора да види за да поверува. Вака без слика навистина не можам да го визуелизирам тоа  Wallbash


Posted By: ivopfc
Date Posted: 04-Jul-2009 at 17:12
Може ќе искочам утре да направам неколку слики да ја доловам очајната ситуација. Искрено, жално ми е да сликам се што се случува во овој реон, пошто е вон секаков разум тоа што се гради. 


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 11-Jul-2009 at 03:46

Поздрав до стие нов сум тука, па еве за почеток го сликав камени мост како е светнат, многу убаво делува.

Еве слики вечерва што сликав



Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Jul-2009 at 04:07
in motion добредошол! Интересни фотки. Треба да го изнасликаме мостов вака осветлен, вака интересно делува, но што всупност освеклува новото осветлување?! Шкртаниците.


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 11-Jul-2009 at 14:35
Да има многу шкртаници, ама сепак убаво делува од далку, а би требало и од другата страна да го осветлат сега свети само од кај трговски од таа страна.


Posted By: pbanks
Date Posted: 11-Jul-2009 at 14:47
Мора да признаам дека барем од сликите изгледа ОК, сепак не гледам новогодишни црева или некои други кич елементи кои ги претпоставувавме. Би сакал сепак да видам како сето тоа изгледа во живо пред да донесам "финален суд".

IN_MOTION Cheersза сликите


Posted By: mitatos
Date Posted: 11-Jul-2009 at 14:59
Ajde i ja da postiram nesto od vcera ,ne go nosev stativot ama se obidov nesto da napravam ,no ubavo izgleda mostot navistina, samo ova so neonkive ne mi se dopaga bas , drugite svetla se ok
1.


2.



3.



4.



5.




-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: Raisinloaf
Date Posted: 11-Jul-2009 at 15:25
Хаха се убаво можеби тие неонките малку го грдат но другите се ОК , инаку џабе однадвор го осветлите кога внатре е темница т.е шеталиштето


Posted By: IN_MOTION
Date Posted: 11-Jul-2009 at 15:44
Не е баш темница шеталиштето, така изгледа на последната слика заради јакото странично светло од лево. Види на 3 та слика супер е, односно многу подобро од предтоа Smile


Posted By: mitatos
Date Posted: 11-Jul-2009 at 15:53
malku e temno se slozuvam jas so Rasinloaf ,no deka e mnogu temno za razlika od sto bese super e

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Jul-2009 at 00:18
На Камени мост ќе светат 300 светилки


Денес на плоштадот Македонија, со почеток во 21.30 часот, Министерството за култура и Владата на Република Македонија, ќе го промовираат проектот за илуминација односно осветлување на Камениот мост, најимпозантниот симбол на мултикултурното поврзување на градот Скопје. Промоцијата ќе ја извршат премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Мостот ќе биде осветлен со три типа светилки, односно со повеќе од 300 светилки.
Мостот е еден од најзначајните културни споменици на Скопје, со векови ги поврзува минатото и сегашноста со иднината, спојувајќи ги двата брега на реката Вардар, стариот и новиот дел на нашата метропола. Изграден кон средината на 15 век, Камениот мост досега повеќепати е реставриран, претставува симбол на Скопје.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=8F1E23F525A4E04484B36A0B8AE96164


Posted By: FoSsiL
Date Posted: 15-Jul-2009 at 07:17

mene mi se dopaga samo na nekloku mesta imaat propusti. nekoi neonki ne svetat aedna e svrtena obratno sveti nanadvor.da go sredat toa i top ke bide.ne e nesto tesko. isto taka dobro bi bilo i nekoi denovi da sveti razlicno vo boja.ama dobro e i vaka.



Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Jul-2009 at 13:11
наместо неонкиве имав друга замисла, мислам дека страните на мостот можат да се осветлат со поставување на светилки на триаголните основи на мостот кои ќе светат нагоре меѓу сводовите


Posted By: xnx
Date Posted: 15-Jul-2009 at 13:14
ubavo izgleda, no se nadevam deka ke go odrzuvaat osvetluvanjeto, bidejki veke gledam nekoi neonki pregorele, ke bide propust ako za nekoe vreme se ispokrshat i pregorat pola od svetlata


Posted By: maestro
Date Posted: 15-Jul-2009 at 13:28
Убаво делува осветлено на слики. Само што графитите многу го нагрдуваат мостот.

Имам три прашања, фала однапред за одговорите.
-Кога е започната реконструкцијата на мостот која трае предолго?
-Кога се урнала стражарската кула кога се реновирал мостот?
-Што уште треба да се направи за да се доврши реконструкцијата?


Posted By: mitatos
Date Posted: 15-Jul-2009 at 13:36
Jas kako so se sekavam zapocna vo mandatot na risto penov , nekade 1996-97, strazarnicata se srusi vo 2001, a trebaat uste stranicnite kraci da se zavrsat za da bide mostot tip top, a uste po ekstra treba i plostadot karpos da se napravi sto pobrzo

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jul-2009 at 21:19
01.


02.


03.


04.


05.



Posted By: lslcrew
Date Posted: 15-Jul-2009 at 21:20
Голема замерка што осветлувањево почнува/завршува така апансас. Требало да биде сосема до скалите!


Posted By: mitatos
Date Posted: 15-Jul-2009 at 21:23
celiot most go osvetlile, a 3 metri ostavile bez osvetluvanje, glupo izgleda neli ?

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: ovaj_stariov
Date Posted: 15-Jul-2009 at 21:40
Според мене вака по сликиве изгледа доста интересно.

Би сакал да го видам во живо за поубава представа.


-------------
build.mk, гради форумска историја


Posted By: zabegan
Date Posted: 15-Jul-2009 at 23:57
Originally posted by lslcrew

Голема замерка што осветлувањево почнува/завршува така апансас. Требало да биде сосема до скалите!
мене па ми смета и што со неонките е осветлена само половина од мостот, ко некоја сенка да го покрива, но сепак ќе чекам да го видам мостот во живо


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jul-2009 at 05:15
300 светилки за симболот на Скопје


Осветлувањето на Камениот мост не само што ќе претставува туристичка атракција, туку значително ќе придонесе за заживување на левата страна од реката Вардар


Најимпозантниот симбол на мултикултурното поврзување на градот Скопје, Камениот мост кој се наоѓа во центарот на Скопје и ги поврзува стариот и новиот дел на градот, протегајќи се во продолжение на плоштадот Македонија доби осветлување.

Министерството за култура и Владата на Република Македонија, го реализираа проектот за илуминација односно осветлување на Камениот мост, чија промоција се случи вчеравечер. На промоцијата присуствуваа министерката за култура, Елизабета Канческа -Милевска, премиерот Никола Груевски и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Осветлувањето на Камениот мост е уште еден капитален проект на Министерството за култура, со чија реализација, овој препознатлив белег на Скопје и на Република Македонија блесна во полн сјај.

Мостот е осветлен со три типа на светилки, односно со повеќе од 300 светилки.
Од внатрешната страна на оградата на мостот за осветлување на газечката површина поставени се 32 светилки, а од надворешната страна на мостот, во два реда во висина на венецот кој се наоѓа помеѓу оградата и телото на мостот поставени се 238 линиски флуоресцентни светилки.
Инаку, половината од овие светилки се насочени нагоре со цел да ја осветлуваат оградата на мостот, а другата половина се насочени надолу за да го осветлуваат телото на мостот.
Поставени се и 64 светилки во арките на мостот, и поставени се три светилки со цел да се осветли стражарницата од надворешната страна и една за да се осветли стражарницата од внатрешната страна.

Светилките се во топлобела боја, која е во согласност со бојата на каменот на мостот и му дава изглед на романтичност и атрактивност.

Осветлувањето на Камениот мост не само што ќе претставува туристичка атракција, туку значително ќе придонесе за заживување на левата страна од реката Вардар и ревитализирање на Старата скопска чаршија, оживување на предел каде во моментот во тек е изградбата на Стариот театар и Музејскиот комплекс ,,Музеј на ВМРО" и ,,Музеј на жртвите од комунизмот".
Осветлувањето и илуминацијата на Камениот мост беше изведена според проектот на Влатко Тодоровски изготвен според мислењето на Конзерваторскиот центар.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=ED6CA49ABF26FC40B17C3F4CA61064DD



Posted By: Vladimir P
Date Posted: 17-Jul-2009 at 12:15
Originally posted by lslcrew

Голема замерка што осветлувањево почнува/завршува така апансас. Требало да биде сосема до скалите!

Секако ќе изгледа многу подобро со завршници, но предпоставувам дека разлогот е вандализмот на „кршење на се што не е мое“ ако им се на ракофат на нашите почитувани „грагани“


-------------
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ - https://www.facebook.com/767277056651521/


Posted By: zabegan
Date Posted: 17-Jul-2009 at 13:18
уште една добра работа кај осветлувањето на мостот е што добро ќе биде осветлена и реката заедно со мостот Smile
а инаку текстов што го постираше лсл е уште една голема реклама, ќе направат една добра работа и после треба да им се клањаме


Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Jul-2009 at 13:25
Од вчера



-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Jul-2009 at 13:26


навистина одлично изгледа, само тие краевите неосветлени да ги средат и ќе биде сосема на место


Posted By: lslcrew
Date Posted: 17-Jul-2009 at 15:01

300.000 евра за романтика на Камени мост

Со проектот на Влатко Тодоровски, поставени се над 300 светилки од внатрешната и надворешната страна на мостот и под арките, комплетно е заменета електричната инсталација, а поставени се и нови дозни за заштита на светилките

Камени мост по пет години во мрак конечно светна. Завчеравечер министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска и премиерот Никола Груевски со прошетка по мостот и официјално го промовираа неговото ново осветлување, кое инаку е пуштено пред неколку дена. Илуминацијата на Камени мост ја правеше Конзерваторскиот центар-Скопје по проект на Влатко Тодоровски, со кој на мостот се поставени над 300 светилки од три типа. Монтирањето на светилките го изврши скопската фирма "Макаус".
"Светилките се во топло бела боја, која е во согласност со бојата на каменот на мостот што ќе му дава изглед на романтичност и атрактивност", велат од Министерството за култура.
Камени мост повеќе од пет години беше во целосен мрак, откако хулигани ги искршија и демолираа светилките што ги постави Градот во 2004 година при последната реконструкција на мостот.
Ема Петрова, директор на Конзерваторскиот центар-Скопје, рече дека проектот за илуминација на мостот бил изработен уште во 2006 година, но дека досега останал нереализиран, бидејќи немало доволно пари. Таа објасни дека за реализација на проектот потрошиле 20 милиони денари, или над 300.000 евра.
"Од внатрешната страна на мостот поставени се 32 светилки, а од надворешната 238 линиски флуоресцентни светилки. На арките на мостот има 64 светилки и три на стражарницата. Обновени се постоечките, а вградивме и нови дозни за заштита на светилките кои се наоѓаат на газечката површина на мостот. Променета е целата електрична инсталација во мостот, бидејќи постојната беше комплетно уништена. Светилките, кои се штедливи, набавени се од италијанските фирми Симес и Торџети", рече Петрова.
За да не се повтори случајот од пред пет години, кога по само неколку месеци не остана ниту една светилка на мостот, Конзерваторскиот центар-Скопје и Градот се договориле да има зајакнато обезбедување на мостот.
"На градоначалникот Коце Трајановски му кажав дека ние нашата работа ја завршивме и дека сега Градот треба да го одржува осветлувањето и да го заштити од хулиганите", вели Петрова.

Бојата за светилките ја преполови светлината на плочникот

Скопјани што завчера вечер присуствуваа на презентацијата на светлото на Камени мост реагираа дека и покрај 300-те светилки што ги стави Министерството за култура, мостот е полумрачен. Тие велат дека од надворешната страна мостот блешти од светлина, додека по плочникот каде минуваат светлото е толку слабо што едвај гледаат каде газат. Влатко Тодоросвки, автор на проектот за осветлувањето на Камени мост, вели дека и со проектот е предвидено мостот од надворешната страна да е посилно осветлен, отколку од внатрешната, бидејќи во тоа е поентата за да се истакне мостот како вечен симбол на Скопје. Тој признава дека светилките од внатрешната страна на мостот се многу послаби од планираното, бидејќи скоро 50 проценти од светлината се изгубила откако тие биле бојосани за да бидат во согласност со бојата на каменот од кој што е направен мостот.
"Ќе ја замениме бојата и сијаличките, па така и плочникот ќе биде соодветно осветлен", вели Тодоровски.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=2E3E96CBB1BC8A4A852C9C9C557A6ABF


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Jul-2009 at 16:31
Де бре каква е оваа невидена помпа, за поставување на осветление се собраа и премиер и министерка за култура и градоначалник. Ми се гади од ваков чалам.   Puke

Зарем овие луѓе немаат важни тековни работи од јавен интерес, па имаат слободно време секој ден да одат да се сликаат негде, дури и за осветлување на мост??? Реално само за Коце можам да прифатам дека му било местото таму.



На градоначалникот Коце Трајановски му кажав дека ние нашата работа ја завршивме и дека сега Градот треба да го одржува осветлувањето и да го заштити од хулиганите, вели Петрова
Амин


Posted By: dejan
Date Posted: 18-Jul-2009 at 12:04
Фала богу заличи на мост од своје време! Ми се допаѓа овака со осветлувањетоYes


Posted By: vendetta
Date Posted: 18-Jul-2009 at 19:19
Originally posted by Cloverstack

Де бре каква е оваа невидена помпа, за поставување на осветление се собраа и премиер и министерка за култура и градоначалник. Ми се гади од ваков чалам.   Puke

Зарем овие луѓе немаат важни тековни работи од јавен интерес, па имаат слободно време секој ден да одат да се сликаат негде, дури и за осветлување на мост??? Реално само за Коце можам да прифатам дека му било местото таму.



На градоначалникот Коце Трајановски му кажав дека ние нашата работа ја завршивме и дека сега Градот треба да го одржува осветлувањето и да го заштити од хулиганите, вели Петрова
Амин


Не ти реплицирам во политички контекст со цел да бранам некоја партија или слично, иако ти го имаш ова така искоментирано.
Изминативе десетина години никој и не се сликаше зошто немаше и со што да се слика. Што не се сликаше Трифун, еве како по тазе пример. Уставари да пропушти шанса да го направи тоа кога се поплави клучката кај континентал, знам дека си ја зема заслугата како негов најголем проект во неговиот мантат.
Незнам кога е отворен форумов али сигурно дека ако беше отворен пред 10-15 години , навака многу малку постови ќе се читаа...  се до пред некое време..


-------------
------------------------------


Posted By: pbanks
Date Posted: 18-Jul-2009 at 19:30


vendeta не е поентата ако ништо не се случувало порано сега по автоматизам да фалиме се што се случува. форумов е прилично аполитичен и критиката сите се трудиме да ја насочиме низ некои универзални мерила.

секако мислам дека е јасно дека агресивниот ПР на владатаа ги има надминато сите граници на добар вкус и те како заслужува критика. Особено што промоцијата на вакви елементарни зафати треба да е субституција за нерешавање на крупните прашања кои ги имаме како земја во доменот на комуналното и инфраструктурното уредување.

Самиот проект за осветлување на мостот, мислам дека наиде на претежно добри критики на форумов.


Posted By: vendetta
Date Posted: 18-Jul-2009 at 19:56
pbanks многу е јасно дека премногу се експонира владата медиумски и тоа навистина не е во ред, иако од друга страна е оправдан таквиот пристап но да не коментирам натаму...
Ги прочитав убаво сите коменрати на форумов и видов дека се предежно добри критиките за тоа ништо не ни спомнав.

Тука ти воопшто не ме сфати, само се обидов работите да ги ставам на кантарче.
Види вака, дали некој тука на форумов спомна за тоа дека во изминативе години во Скопје и воопшто во Македонија ама баш ништо не се изгради, реставрираше па макар и да се бојадиса некоја ограда?
Не!
Дали е подобро да коментираме отварања на готови проекти или да го нема форумов воопшто доколку не се гради ништо?
Сепак сметам доколку е аполитичен форумов не треба да се коментира пристапот на сегашната влада и тоа како ги "рекламира" своите проекти. Не велам дека не треба да се критикува системот кој што дозволува да имаме ваква држава како што имаме.
Исто кога сега на 2ри Август на отварањето на стадионот да коментираме зошто се прави толкава помпа, па луѓе до сега имавме селско стадионче а од сега натаму ќе имаме до некаде современ и модерен стадион со доволен капацитет. Не само тоа, ќе имаме и театри музеи...





-------------
------------------------------


Posted By: mitatos
Date Posted: 18-Jul-2009 at 20:04
Ako gledame realno nekoi proekti mi se dopagaat, no nekoi ne, eve da receme stadionot, toa e ubav proekt, teatarot vo veles isto tamu falese teatar, restavracija na kaleto toa e se ok , no ovie pari za osvetluvanje na mostot ne gi dade vladata, ne znam zosto se falat tolku neli T-HOME na pocetokot kako sto se sekavam rece deka ke go osvetli ? pa sega od kaj tolku falenje so tugi pari i na tuga smetka ...e toa me cudi.

-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)



Print Page | Close Window